21
Универзитет "Гоце Делчев" Штип Економски факултет – Штип Семинарска труд по предметот: Основи на Финасии Тема: Финасиска политика и планирње на паричните текови 1

Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Планирање на процесот на раст и развој на претпријатието со фиксните и обртни средства

Citation preview

Page 1: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

Универзитет "Гоце Делчев" Штип

Економски факултет – Штип

Семинарска труд по предметот: Основи на Финасии

Тема:

Финасиска политика и планирње на паричните текови

Ментор: Изработи:

Проф.д-р Зоран Ивановски Арсоска Маја 0229

1

Page 2: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

Кратка содржина:

1. Вовед.............................................................................................3

2. Општ осврт за финансиското планирање..................................4

3. Принципи на финансиското планирање.....................................4

4. Видови финансиски планови.......................................................6

5. Планиран биланс на успех и планиран биланс на состојба…8

6. Планирање на паричните текови…………………………………10

7. Планирање на долгорочните вложувања и оценка на ефикасноста на вложувањата…………………………………….13

8. Заклучок.......................................................................................15

2

Page 3: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

Вовед

Тема на оваа семинирска работа е финасиска политика на деловните субјекти и планирањето односно управување со ликвидноста или во литературата може да се сретне и управување со паричните текови. Знаеме дека во турболетно опкружување во време на должнички кризи и тежок пристап до финасики средства од курцијално значење е со ефикасна и оптимална финасиска политика да се управува си ограничените финасиски средства. Треба во предив да се рагзледаат сите релеватни фактои, како пристапот до финасиските пазари, потребниот износ на капитал и финасиски средства на деловниот субјект, да се предвидаат потребните обртни средства, цената на различните финасиски инструменти кои се во моментот на располаганње на деловниот субјект, на пример дали е поефикасно и поефтино потребниот инвистиционен зафата на деловниот сујбјект да се финасира на финасискиот пазар преку кредит или преки оперативен наем, издавање на обврзници или пак акции. Сите тие финасиски пазари треба да се испитаат и анализират за да може да се ефикасно управува со финасиската политика се со цел за раст и развој на деловниот субјект.

3

Page 4: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

2. Општ опсврт за финасиското планирање

Резултатите од работењето на стопанските субјекти се детерминираат од

повеќе фактори, меѓутоа од аспект на деловните финансии и извршувањето на

финансиската функција, резултатите се детерминирани од рационалноста при

користењето на финансиските средства. Во оваа смисла рационалноста значи

обезбедување финансиски средства коишто по својот квалитет и квантитет ќе

одговараат на поставените плански задачи. Оттука произлегува дека процесот на финансиското планирање е во тесна корелативна врска со финансирањето. Финансирањето е сложен процес којшто значи управување со вкупните парични текови и како такво треба да се организира така што ќе овозможи реализирање на определените акивности и цели акко што се:

- Планирање на потребните финансиски средства,

- Обезбедување на потребните финансиски средства,

- Предвидување на целокупниот прилив и одлив на финансиски средства,

- Финансиска контрола не само на тековните,туку и на идните финансиски и деловни настани.

3. Начела (принципи ) на финасискот планирање

За да можат да се реализираат определени цели во врска со планирањето на

приливот и одливот на фианнсиски средтсва или во врска со рационалното

користење на тие средтсва и почитување на оптималните рокови во кои што ќе

се составуваат финансиските планови, односно за да може подоцна успешно

да се реализира финансиското планирање истото треба да почива на

почитување на определени принципи или начела што ќе овозможат и при

планирањето на паричните текови да се обезбеди раелизација на целите и

4

Page 5: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

задачите не само на финансиската туку и на деловната политика на еден

стопански субјект.

Тие начела се следните:

Начело на систематичност

Начело на јасност

Начело на временска точност

Начело на еластичност.

Начелото на систематичност претпоставува дека при донесувањето и

спроведувањето на финансиските планови ќе се почитуваат определени

услови.

Начелото на јасност поставува во основа две барања или два услова коишто

треба да бидат исполнети за да се обезбеди рационалност во финансиското

планирање:

1.финансиските планови да се донесуваат врз основа на јасно расчленување;

2. донесувањето на финансиските планови да се спроведува преку почитување

на бруто принципот.

Начелото на целосност при планирање на паричните текови, бара сите

приливи и одливи на финансиските средтсва да бидат прикажани во целина,

независно од организациониот облик за којшто се донесуваат тие планови.

Начело на еластичност, во економска смисла на зборот еластичноста

претставува способност на стопанските субјекти да се прилагодуваат кон

промените што настануваат во технологијата на производството, промените во

сферата на финансиите и финансиските односи.

Начело на временска точност. Ова начело бара сите приливи и одливи на

финансикси средства да бидат временски точно да се знае во кој временски

5

Page 6: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

период ќе се оствари определен прилив или одлив на финансики средства.

Почитувањето на ова начело е детерминирано од две компоненти:

-од должината на временскиот период за којшто се донесува финансискиот

план.

-од временскиот период што изминува од моментот на донесувањето на

финансискиот план до моментот на отпочнувањето на планираниот период.

4. Видови финасико палнови

Остварувањето на финансиската и деловната политика на стопанските

субјекти подразбира реализација на голем број финансиски цели. Со нивната

реализација се намалува ризикот во работењето со финансиските средства и

се овозможува таква комбинација на изворите на фианнсирање со помош на

коишто трошоците на финансирањето се минимални. Во таа смисла

остварувањето на финансиското управување, односно финансискиот

менаџмент, преку процесот на финансиската политикаи финансиското

планирање, подразбира диференцирање на финансиксите планови од два

аспекти:

- Од временски аспект

- Од функционален аспект.

Од временски аспект финансиските планови се делат на:

Долгорочни, со рок над пет години-се инструменти преку коишто се

реализира долгорочната развојна стратегија на претпријатието и на тој

начин се овозможува реализација на целите на деловната и

финансиската политика. Долгорочните финансиски планови се

донесуваат за период подолг од 5 години. Нивни основни

карактеристики се: дологорочноста и глобалноста.

6

Page 7: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

Среднорочни, од една до пет години-претставуваат

операционализација на среднорочната деловна, а пред се финансиска

политика и предвидува определување на финансиската конструкција

при вложување во конкретни прпекти за пократок временски период.

Краткорочни, до една година-претставуваат натамошна

операционализација на процесот на финансиското планирање со кој

што се има за цел да се постигне оптимална структура на

средствата,оптимална структура на изворите т.е. оптимална

ликвидност.

Оперативни-квартални, месечни, декадни и сл.

Од функционален аспект се делат на: редовни и специфични. Редовните

финансиски планови се делат на централизирани и децентрализирани, а

специфични се оние што се составуваат во определени специфични услови

коишто можат да настанат во претпријатието и тоа: при основање, при

санација, при ликвидација и сл.

Финансиксите планови како инструмент преку кој се обезбедуваат начините за

остварување на финансиските цели треба да се темелат и врз почитување на

определени финансиски рамнотежи во планирањето како што се:

-оптимална и парцијална финансиска рамнотежа- оптимална постои тогаш

кога пооделните приходи сосема се доволни за покривање на пооделните

расходи и тоа набљудувани не само во вкупен износ, туку и поединечно.

Парцијална финансиска рамнотежа-постои тогаш кога е остварена рамнотежа

помеѓу пооделните независни компоненти што ги содржат финансиските

планови, како што се производството, набавката, наплатата.

-структурна и пазарна финансиска рамнотежа. Структурна постои тогаш кога

се остварува рамнотежа меѓу средствата и изворите за нивно фианансирање.

Пазарна се смета дека е восоставена кога постои рамнотежа меѓу потребните

фианнсиски средства на стопанскиот субјект и понудата и побарувачката на

тие средства на финансискиот пазар.

7

Page 8: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

-статичка и динамичка финансиска рамнотежа. Статичката е таква

рамнотежа кога не настануваат промени во висината на сопствените средства,

односно постои рамнотежа во услови кога стопанските субјекти не остваруваат

ниакква акумулација. Динамичка постои тогаш кога постојат промени во

висината на ангажираните финансиски средства што сосема е разбирливо во

услови на развојна тенденција на претпријатието.

5.Планиран биланс на успех и пканиран биланс на

состојба

Заради функционалната поврзаност на билансот на успехот и билансот на

состојбата тие во практиката обично се изготвуваат паралелно. Бидејќи се

врши испитување и доведување на хоризонталната и вертикалната структура

на билансот на состојбата во нормала, планскиот биланс на успехот и планскиот биланс на состојбата се изготвуваат во повеќе варијанти

Пред оставувањето на планскиот биланс на успехот и планскиот билан на состојбата претходи планирање на продажбата, планирање на набавките, планирање на производството, планирање на вложувањата во постојани средства( основни средства и долгорочни финансиски вложувања), а потоа сите овие планови се слеваат во планираниот биланс на успехот и планираниот биланс на состојбата.

Првата варијанта на планираниот биланс на успехот се составува така што се

поаѓа од планирање на структурата на планираниот обем на произвдство и

планирање на расходите на планираниот обем на продажба.

Планирање на приходите од продажба. Приходите од продажба се утврдуваат

така што планираниот физички обем на производство се множи со очекуваната

нето продажна цена којашто се пресметува како разлика меѓу продажната цена

и попустите.

8

Page 9: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

Планирање на варијабилните расходи. Планиранте варијабилни расходи се

еднакви на резултатот што се добива кога планираните варијабилни трошоци

по едиица производ ќе се помножат со планираната количина на продажба.

Планирање на расходите на периодот без камата. Расходи на периодот без

камата, всушност, се планираните фиксни и релативно фиксни трошоци

содржани во продадените производи и трошоците на продажбата.

Планирање на даноците од резултатот. Даноците од резултатот се планираат

така што бруто добивката се корегира на повисоко ниво за расходите што

националното законодавство не го признава за расходи и на пониско ниво за

даночните олеснувања што даночното законодавство ги признава.

Маржата на покривање се планира како разлика помеѓу приходите од

продажбата и варијабилните расходи.

Планирање на деловната добивка. Деловната добивка е еднаква на разликата

меѓу маржата на покривање и на расходите на периодот без камата.

Бруто добивката се планира како разлика меѓу деловната добивка и нето

расходите на финансирање.

Нето добивката е еднаква на разликата меѓу бруто добивката и данокот од

добивката.

Планирање на основачкиот биланс на состојбата

Кога се основа претпијатие тогаш се составува основачки планиран биланс на

состојба. Основачкиот планиран биланс на состојбата ги прикажува обемот и

структурата на средствата и изворите на финансирање на крајот од

основачкиот период, односно на денот кога претпријатието се одпособува за

извршување стопанска дејност. Основачкиот планиран биланс на состојба по

својата структура се разлекува од планираниот биланс на состојба на веќе

постојно претпријатие.

9

Page 10: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

6. Планирање на паричните текови

1.Планирање на тековите на деловните средства

Планираниот биланс на деловните средства ја прикажува состојбата и

структурата на средствата и изворите на финансирањето на крајот на

планскиот период. Вака изготвениот биланс на состојбата на деловните

средства се разбира не ги прикажува само промените на билансните позиции

во текот на планскиот период, ами и движењето на средствата и изворите на

финансирање врз основа на деловните трансакции.

Планираниот биланс на тековите на деловните средства се систематизира така

што на една страна се прикажува обезбедувањето на средствата, а на друга

страна користењето на средствата. На ваков начин се добива извештај за тоа

врз чија основа ќе се обезбедат средствата од една, и зошто тие средства ќе

бидат искористени во текот на планскиот период, од друга страна. При планирањето на тековите на деловните средства постои едно правило а тоа е следново:

-Секое зголемување на позициите во пасивата и секое намалување на позициите во активата претставува обезбедување средства, и секое зголемување на позициите во активата и секое намалување на позициите во пасивата претставува употреба-користење на средствата.

Спрема ова, обезбедените средства во текот на планскиот период се еднакви

на збирот на зголемувањето на позициите во пасивата и намалувањето на

позициите во активата во истиот период. Планираниот биланс на тековите на

деловните средства по содржина може да биде биланс на бруто тековите на

деловните средства и биланс на нето тековите на деловните средства. За да

се оствари ова нужно е планиранот биланс на состојбата да се состави така

што најнапред ќе се прикажат билансните позиции на почетокот на годината, а

потоа за секоја билансна позиција ќе се прикаже планираното зголемување и

планираното намалување во текот на планскиот период.

10

Page 11: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

Според формата, планираниот билас на тековите на деловните срдства може

да биде во вид двострана или еднострана сметка. Кај двостраната сметка на

едната страна се прикажува употребата на средствата, а на другата страна

обезбедувањето на средствата. Кај едбостраната сметка, по правило,

најнапред се прикажува обезбедувањето на средствата, а потоа нивното

користење.

2. План на тековите на готовината

Планот на тековите на готовината дава информации за тоа како и на која

основа се зголемува или намалува готовината во текот на планскиот период.

Самиот план на тековите на готовината се составува така што се зема

готтовината на почетокот на планскиот период, потоа се прикажуваат

зголемените позиции во пасивата и намалувањето на неготовинските позиции

во активата во текот на планскиот период со што на плус се корегира

готовината на почетокот од планскиот период. Натаму се земаат

намалувањата на позициите во активата во текот на планскиот период, со што

готовината во почетокот на планскиот период се корегира на минус.

-разликата меѓу збирот на готовината на почетокот на планскиот период, зголемувањето на позициите во пасивата и намалувањето на неготовинските позиции во активата во текот на планскиот период, од една и збирот на намалувањето на позициите во пасивата и зголемувањето на неготовинските позиции во активата во текот на планскиот период, од друга страна, ја даваат готовината на крајот на планскиот период.

3.планирање на приливот и одливот на готовината

Целта на планирањето на приливот и одливот на готовината е благовремено

да се добијат информации дали во планираниот временски интервал ќе се

одржи или нема да се одржи ликвидноста.

Планирањето на приливот и одливот на готовината може да се врши по два

метода: биласен метод и динамички метод.

11

Page 12: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

Билансниот метод всушност е планираниот биланс на тековите на готовината,

прикажан во претходните изложувања. Неговата примена за кратки временски

интервали бара изготвување на планираниот биланс на успехот и планираниот

биланс на состојбата за секој квартал посебно, за кој се врши планирање на

приливот и одливот на готовината.

Динамичкиот метод на планирање на приливот и одливот на готовината за

практиката е поприфатлив, бидејќи може успешно да се примени и за подолги

и за пократки временски интервали. Самата технологија на планирање, според

динамичкиот метод, се состои во тоа што за даден временски интервал се

предвидува приливот и одливот на готовината по сите основи и тоа:

Продажба во готово

Наплатата на побарувањата од купувачите

Продажбата на хартиите од вредност

Емисијата на хартиите од вредност

Применети аванси од купувачите

Наплатата на побарувањата на долгорочните и краткорочните пласмани

Обезбедувањето нови кредити, трајни и долгорочни влогови од трети лица.

Планирањето на приливот и одливот на готовината на секоја позиција одделно

се врши во нето износ. Така на пример при планирање на наплатата на

побарувањата се одбиваат: рабатот, касасконтото и сл. Планирањето на

приливот и одливот по квартали е поприфатливо за претпријатијата што вршат

набавки, произведуваат и продаваат.

12

Page 13: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

7. Планирање на долгорочните вложувања и оценка на

ефикасноста на вложувањата.

Сите вложувања на средства чии рок на имобилизација е подолг од една

година се викаат долгорочни вложувања. Спрема тоа долгорочно вложување

се смета секое вложување во основни средства, постојани обртни средства и

долгорочни пласмани. Долгорочните пласмани во вид на кредити или

вложувања во други претпријатија, чии рок на наплата е подолг од една година,

ќе се трансформираат постепено во готовина и тоа со наплатата на

главницата за онолку години колку што изнесува и рокот на наплатата.

На секое вложување во основни средства и постојани обртни средства му

претходи изготвување на проект, односно програма за вложување, што често

во литературата и практиката се нарекува инвестиционен проект или програма.

Од аспект на целите што се сакаат да се остварат со вложувањата во

литературата постои различна поделба на проектите на вложувањата во

основни и трајни обртни средства.

Од многубројните методи за оценка на оправданоста на долгорочните

вложувања во оваа прилика ќе се определиме само за оние методи што се

користат за оценка на ефикасноста од финансиски аспект. Методите што се

користат за оценка на ефикасноста на инвестиционот проект од финансиски

аспект треба да дадат одговор на прашањето дали понудениот инвестиционен

проект е прифатлив или не во случај кога се понудени два или повеќе

инвестициони проекти.

Имено во реалниот живот може да се случи да се понуди само еден

инвестиционен проект за којшто нема алтернативен проект. Во овој случај

примената на методите за ефикасноста на инвестиционите вложувања од

финансиско стојалиште дава одговор на тоа дали е проектот прифатлив или

не. Во случаите пак кога има два инвестициони проекта, но заради немање

на доволно средства или поради други причини треба да се реализира само

13

Page 14: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

еден, тогаш оценката за ефикасноста на инвестиционите вложувања се

врши од аспект на финансиското стојалиште.

Може да се заклучи дека методите за оценка на ефикасноста од

инвестиционите вложувања од финансиски аспект се доста значајни,

бидејќи само тие даваат релевантен одговор за ефектите на

инвестициониот проект, односно како тие ќе се одразат врз рентабилноста

на работењето и врз финансиската сила на претпријатието. Од друга страна

пак без рентабилност и соодветна финансиска сила нема перспектива и

егзистенција ниту за едно претпријатие.

Методите што се применуваат за оценка на ефикасноста на дологорочните

вложувања, од финансиска гледна точка, се делат на динамички и статички.

- Динамичките методи поаѓаат од тоа што меѓу моментот на

вложувањата во инвестициониот проект и моментот на остварувањето

на примањата од тој инвестиционен проект секогаш постои определена

временска разлика.

- Иако динамичките методи за оценка на инвестиционите вложувања

научно се верифицирани, а во таа смисла се и релативно објективн,

сепак треба да се има предвид фактот дека статичките методи со кои

се врши оценка на инвестиционите вложувања, се доста широко

застапени во стопанската практика.

14

Page 15: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

Заклучок:

Од овој семинарски труд можеме да видеме и заклучиме дека финасиката

политика на деловниот субјект е една од најважните политки и воедно опфака

голем сет на планови и инструменти кои се ставаат во функција на

претпријатието се со цел за поефикасно да ги алоцира ограничените

финасиски ресурси, за да оствари маскимизирање на профитот на деловниот

субјект. На претпријатијата се ставени голем сет на инструменти кои во голема

мера им помагаат за да ја предвидаат неизвесната оклина, да ја анализираат

својата работа и секако на крај да гинспоредаат добиените економски

резултати со резултатите што сме ги предвиделе во планираните планови и

полиитики, да се утврдаат одстапувањата и да се преземаат корективни

мерскисе со цел во идинина да се намлаат одстапувањта на фактичките

резултати од планираните.

15

Page 16: Finasika Politika i Planirane So Paricnite Sredstva

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1.Проф. д-р Бранко Трајкоси – Деловни финансии со финансиски

менаџмент

4. Проф. Др. Зоран Ивановски- “Финансиски Менаџмент”

3. Preduzetnički menadžment - Biznis plan i biznis programi - Prof. dr Ivan Vajič

4. Методија Несторовски- “Инвестиционен менаџмент”.

5. http://www.financemind.com;

6. http://www.kapital.com.mk;

7. http://wealth.blog.co.yu;

16