40
Izbor Godina I Broj 4 21 septemvri 2009 g. Nastani na nedelata Ekonomija Komentari Kolumni Intervju Feqton Nadvor od zakonot Nauka i novi tehnologii Kultura i obrazovanie @ivot, moda, estrada Reporta`i Patuvawa i patopisi Avtomobili Semejstvo Sport Slobodno vreme Zanimlivosti Zdravje i ubavina Horoskop Izleguva vo ponedelnik Станете претплатник на нашиот електронски неделник “Избор” со што стекнувате право на: - 52 броеви на неделникот “Избор” - Две бесплатни мултимедијални книги на ЦД, со бројни аудио и видео прилози, кои ќе Ви бидат доставени бесплатно по пошта на Ваша адреса (Првата книга - ЦД за Че Гевара: “ОД ИСТОРИЈА ВО ЛЕГЕНДА - ЕРНЕСТО ЧЕ ГЕВАРА” ќе биде дистрибуирана во периодот од 15 до 25 декември оваа година; Втората книга - ЦД: “ЦАР САМУИЛ И НЕГОВАТА ДРЖАВА” ќе биде дистрибуирана во периодот од 15 до 25 јуни 2010 година); - 26 бесплатни книги од македонски и други автори кои ќе можете да ги “симнете” преку страниците на нашиот неделник, почнувајќи од 28 септември оваа година и понатаму на секои 15 дена; - Бесплатен ЦД со најпопуларниот музички албум за 2009 година на просторите на бивша СФРЈ, кој ќе Ви биде бесплатно доставен по пошта на Ваша адреса (кој ќе биде дистрибуиран од 20 до 28 април следната година). Интервју со Слободан Унковски: Љубовта е прекрасна зараза (стр. 11) Да се биде “спонзоруша” на руски начин (стр. 22) Неуништливиот “боб” (стр. 24) Сан Франциско: што да се посети за еден ден (стр. 26) Новиот Volvo C70 (стр. 28)

Izbor br.4

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Izbor br.4

Izbor Izbor

Godina I Broj 4

21 septemvri 2009 g.

Nastani na nedelata

Ekonomija

Komentari

Kolumni

Intervju

Feqton

Nadvor od zakonot

Nauka i novi tehnologii

Kultura i obrazovanie

@ivot, moda, estrada

Reporta`i

Patuvawa i patopisi

Avtomobili

Semejstvo

Sport

Slobodno vreme

Zanimlivosti

Zdravje i ubavina

Horoskop

Izleguva vo ponedelnik

Станете претплатник на нашиот електронски неделник “Избор” со што стекнувате право на:- 52 броеви на неделникот “Избор”- Две бесплатни мултимедијални книги на ЦД, со бројни аудио и видео прилози, кои ќе Ви бидат доставени бесплатно по пошта на Ваша адреса (Првата книга - ЦД за Че Гевара: “ОД ИСТОРИЈА ВО ЛЕГЕНДА - ЕРНЕСТО ЧЕ ГЕВАРА” ќе биде дистрибуирана во периодот од 15 до 25 декември оваа година; Втората книга - ЦД: “ЦАР САМУИЛ И НЕГОВАТА ДРЖАВА” ќе биде дистрибуирана во периодот од 15 до 25 јуни 2010 година);- 26 бесплатни книги од македонски и други автори кои ќе можете да ги “симнете” преку страниците на нашиот неделник, почнувајќи од 28 септември оваа година и понатаму на секои 15 дена;- Бесплатен ЦД со најпопуларниот музички албум за 2009 година на просторите на бивша СФРЈ, кој ќе Ви биде бесплатно доставен по пошта на Ваша адреса (кој ќе биде дистрибуиран од 20 до 28 април следната година).

Интервју со Слободан Унковски:

Љубовта е прекрасна

зараза(стр. 11)

Да се биде “спонзоруша” на

руски начин(стр. 22)

Неуништливиот “боб”(стр. 24)

Сан Франциско: што да се посети за

еден ден(стр. 26)

Новиот Volvo C70(стр. 28)

Page 2: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

2 Nastani na nedelata

Излез од безизлезноста

Јоргос Папандреу, лидерот на ПАСОК, нај-веројатно победник на парламентарните избори на 4 октомври и иден Премиер на Грција, на затворањето на 74-иот Меѓународен саем во Солун, објави еко-номска програма на “новата влада”. - На стопанството му се потребни решени-ја. Тоа не е време за продолжување со лутања кои водат во безизлезност. На зем-јата ѝ требаат одлуки за да се обезбеди функционирање на правото, ефикасно правосудство и безбедност на граѓаните”, рече Папандреу, бурно поздравен од при-сутните стопанственици.Лидерот на ПАСОК не се задржа на општи-те области и вообичаените политички фрази за “почеток на ново доба”. Објави дека презел конкретни чекори “за идната влада, доколку народот се определи за промени, навистина да ги изврши проме-ните!”Четири насоки, формулирани во пет закон-ски рамки, би ја сочинувале база на новиот кабинет на Папандреу во првите 100 дена владеење. Замрзнување на тарифите за комунални услуги, активирање на Фонд за солидарност на должници меѓу малите и средни претпријатија, задржување на даночните стапки на сегашното ниво - се најважните приоритети.

Оживувањето на пазарите и зајакнувањето на економијата преку покренување на јавни инвестиции, мерките за внесување ликвидност и подобрувањето на бизнис климата, Папандреу ги наведе како втора-та насока на новата влада. Веднаш потоа најави “бескомпромисна борба против зголемувањето на невработеноста, што особено ги погодува младите и активира-

ње на социјалната програма за заштита на работниците во време на економска криза”. Посебна приказна е отворената војна кон даночно затајување, “црните политички фондови”, како што рече тој,” кои растат како печурки во предизборниот период”, но и преструктуирање на даночната адми-нистрација и контролните механизми. Буџетскиот дефицит кој надминува се-дум проценти од бруто домашниот про- извод бара “длабоки резови во држав-ниот финансиски сектор”, најавува лиде-рот на социјалистите, ветувајќи “апсолут- на транспарентност” на владините функци- онери и тотална автономијата на Држав-ниот завод за статистика, кој “вистинито и реално ќе ја соопштува состојбата во економијата и општеството. Тој со тоа, посредно ја обвини сегашната конзерва-тивна влада на “Нова Демократија” за “фризерање” на резултатите.

Папандреу, чиј ПАСОК, според најновите мерења води за 6,3%, ги повика “Гркинки-те и Грците да ја прифатат одговорноста и да им помогнат на социјалистите да ги донесат неопходните промени во земја-та.”

Извор: “Новости”, Белград, автор: З. Шимунец

Првиот договор на Косово и САД

Претседателот и премиерот на Косово, Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи, го потпишаа првиот меѓудржавен договор со САД кој во име на САД го потпиша амбасадорот Кри-стофер Дел.

Овој договор американската страна се обврзува да помогне во развојот на Ко-совската држава во повеќе области. Амба-садорот Дел во таа прилика изјави дека САД и натаму се залага да му помогне на независно Косово и дека заедничка цел е градење на демократска, мултиетничка и просперитетна држава за сите етнички за-едници кои живеат во неа.

“Со овој договор владите на Косово и САД повторно го истакнуваат јасното определување заедно да работат за ост-варување на значајните цели на патот за продлабочување на економскиот проспе-ритет на Косово”, рече амбасадорот Дел. Тој вети американска поддршка во однос на буџетот, на промоција на јавното парт- нерство, за подобрување на јавната ин-фраструктура и создавање услови за конку- рентна економија базирана на слободен пазар. Остварувањето на овие определби претставува предизвик за Косово, рече амбасадорот Дел нагласувајќи дека со за-едничка работа со владата на САД може да се обезбеди подобра иднина во однос на досегашните достигнувања кои, рече тој, високо ги цени. Претседателот Сејдиу тој ден го оцени ка-ко особен и потсети на големата помош од САД во многу области во последните десет години. “Со овој договор тоа се пренесува на ниво на државна соработка меѓу САД и Косово, а не како што досега беше случај преку разни американски агенции”, изјави ко-совскиот претседател.

“Помошта ќе биде ориентирана на се-опфатен развој особено во областите на инфраструктурата на Косово, што зна- чи и во економијата, транспортот, образо-ванието и други области и како таков ќе биде посебен поттик за забрзан развој на земјата “, рече косовскиот претседател.Тачи рече дека тој договорот уште еднаш ја потврдува определбата на Америка за поддршка и помош на Косово и истакна дека тој ќе се искористи на најтранспарен-тен начин. Амбасадорот Дел со министерот за над-ворешни работи на Косово Скендер Хисе-ни потпиша и договор за дополнителна финансиска помош во областа на под-дршка на владеењето на правото од 13 милиони евра.

Извор: “Бета”

Откако пропадна екстрадицијата на

Хрватска: капетан Драган да ѝ се испорача на БиХ

Новоименуваниот амбасадор во Австрали-ја, Дамир Арнаут тврди дека поседува цврсти докази дека Васиљковиќ со својот ескадрон на смртта оперирал по источна Босна и направил воени злосторства

Две недели откако федералниот суд ја запре екстрадицијата на австралиски др-жавјани обвинети за воени злосторства во Хрватска, пресудувајќи дека нема да има-ат фер судење, сега Босна и Херцеговина, собера докази за да ѝ поднесе барање на Австралија за екстрадиција, пишува ав-стралискиот The Age.

Фото: Lajmi Shqip

Page 3: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nastani na nedelata 3Производ на ЕСОТоа, се разбира, се однесува на Драган Ва- сиљковиќ, во Австралија познат и како Daniel Snedden, на луѓето од нашиот реги-он најпознат по озлогласениот прекар Ка- петан Драган, еден од командантите на

Единицата за специјални операции, ко- ја настана во кујната на Државната без-бедност, под будното око на Јовица Стани-шиќ и Франко Симатовиќ.Единица е изроди негативци како Миодраг Улемек Легија, Жељко Ражњатовиќ Аркан, Звездан Јовановиќ Звеки, луѓето кои се, според тоа, ги одбележаа деведесеттите години од минатиот век и добар дел на оваа деценија, не само во Србија, туку и во целиот регион. Како и да е, капетанот Драган не беше ис-порачан во Хрватска, во чии окупирани те-ритории познати и како Република Српска Краина, со седиште во Книн, ординираше ‘91 и ‘92.

Новоименуваниот амбасадор во Австра-лија, Драган Арнаут, за The Age вели дека можната екстрадицијата ќе биде еден од неговите приоритети. Арнаут додава де-ка има цврсти докази дека “Vasiljković со своите парамилитантни одреди на смртта, оперирал по источна Босна, најмалку до крајот на 1994 година.”

Извор: “Ослобођење”, Сараево, автор: Фарук Бориќ

Американската ФДА ја одобри вакцината за

грипот H1N1

Американската Управа за храна и лекови (FDA), објави дека се одобрени четири ви-дови на вакцини против вирусот на грипот H1N1, чија дистрибуција низ САД се очеку-ва веднаш штом првиот резерви ќе бидат достапни, за околу четири недели. “Денешното одобрување е добра вест за одговор на нашата земја на вирусот

H1N1. Оваа вакцина ќе помогне луѓето да се заштитат од сериозна болест и смрт од грип”, изјави комесарот FDA Маргарет Хамбург. Производителите на вакцини се CSL Limi- ted, LLC MedImmune, Novartis Vaccines и Diagnostics Limited, како и Sanofi Pasteur Inc., и сите имаат долга историја на произ-водство на безбедни вакцини против се-зонски грип, се вели во соопштението на FDA.

Првите тестови на возрасни покажаа дека вакцината за H1N1 создава силен имуно-лошки одговор кај најголем број здрави возрасни лица во рок од осум до 10 дена, ка-ко и кај вакцината против сезонски грип.Во текот се клинички испитувања на вак-цините, за да се одреди оптималната доза од вакцината за децата. Луѓето со по живот опасна алергија на јајца или некоја друга компонента на вакцината, не треба да се вакцинираат, наведува FDA, и додава дека учесниците во клиничките испитувања добрo ја под-несуваат вакцината.

Извор: “Национал”, Загреб

На Хрватска ѝ е отворен патот кон ЕУ

Одборите за надворешна политика и европски прашања на словенечкиот пар-ламент го прифатија предлогот на Вла-дата на Словенија за деблокирање на при-стапните преговори на Хрватска со ЕУ и про- должување на договорите за решавање на прашањето за словенечко-хрватската гра- ница. Пристапна конференција на 2 октом-ври.

Шведското претседателството на Европ- ската унија свика на 2 октомври Меѓувла-дина конференција за да се продолжат пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, се наведува во писмото кое премиерот на Хрватска Јадранка Косор го доби од Претседателството на ЕУ. Тоа е одговор на писмото, кое на 11 септември го упати Ко-сор по средбата со словенечкиот премиер Борут Пахор во Љубљана, пренесуваат хр-ватските медиуми.

Шведското Претседателството го поздра-ви писмото, кое, велат тие, на соодветен начин ги отстрани резервите на Словенија во поглед на прејудицирање на границата помеѓу Хрватска и Словенија во прегова-рачките поглавја. Членови на одборот на словенечкиот парламент за надворешни работи и ев-ропски прашања го поддржаа договор за деблокирање на преговорите за при-стапување на Хрватска во Европската унија и на тој начин му овозможи на швед-ското претседателство на ЕУ да свика кон-ференција за пристап на Хрватска. Одлуката уследи по бурна неколкучасовна дискусија на заедничката седница на тие два собраниски одбори, јавуваат слове-нечките медиуми. На деблокадата на пристапните прегово-рите на Хрватска ѝ се спротивставија прате-ниците од опозиционата Словенечка на- ционална странка и Словенечката народна странка, додека најголемите опозиционе-ри - Словенечката демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша беа воздржани.

Премиерот Борут Пахор ги повика члено-вите на двете комисии да го поддржат об-новувањето на преговорите за прием на Хрватска во ЕУ, тврдејќи дека одлуката за деблокадата не е донесена под притисок од другите земји членки на ЕУ. Словенечки премиер рече дека договорот со хрватскиот премиер Јадранка Косор овозможува продолжување на разгово-рите за решавање на спорот околу грани-цата, оценувајќи дека тоа е поволен дого-вор за Словенија. Тој објасни дека преговорите за склопува-ње на арбитражен договор со Хрватска ќе продолжат паралелно со преговорите за пристапување на Хрватска и нивната по-четна точка ќе биде вториот предлог на Европскиот комесар за проширување Olli Rehn. Пахор наведе дека во тој предлог, кога станува збор за границата на морето, не се споменува принципот на еднаквост на што инсистира на словенечката опозиција, но се споменува земањето во предвид на посебните околности и директен контакт на Словенија со отворено море

Извор “РТС”

Полициска рација во просториите на весникот

“Курир”

Дваесет инспектори се појавија во просто-риите на Курир барајќи да им се предаде документацијата која веќе повеќе пати е контролирана и во која не се пронајдени ни-какви неправилности

Во просториите на дневниот весник “Ку-рир” упаднаа инспектори на даночна по- лиција со налог да ја запленат документа-

Page 4: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

4 Nastani na nedelata цијата за работење на фирмата која е издавач на овој весник! Инспекторите, дванаесет на број, се појави барајќи да им се предаде документацијата која веќе повеќе пати е контролирана и во која не се пронајдени никакви неправилности!Инспекторите не сакаа да му даваат ни-какви изјави на новинарот на “Курир” ни-ту се согласија фоторепортер да ги слика. На обидот да се добијат одговори на пра-шањата зошто и по чиј налог го прават тоа, тие рекоа дека новинарот ги спречува во работата и контролирањето.

СНС: осуда на нападот на Курир Српската напредна партија жестоко го осуди “нападот на режимот на слободата на печатот и обидот да се воведе целосен медиумски мрак во Србија.” “Со упадот на вооружените полицајци во просториите на дневникот весник “Ку- рир”, со запленување на серверите и ком-пјутерите, кои претставуваат основни средства за работа, режимот испраќа јасна порака дека сака да го спречи ната- мошното излегување на Курир и било каква критика на власта. СНС смета дека со овој потег, режимот јасно е покажува целта на усвојувањето на Законот за информации - во Србија да се оневоз-можи различното мислење, а во исто вре- ме да се овозможи затворање на сите печатени или електронски медиуми кои се осмелуваат да изразат мислење кое не им по волја на претставниците на режи-мот”, се вели во соопштението на оваа партија. Видно вознемирени, на сите начини се обидуваа да спречат нивната контрола да биде медиумски проследена, поради што неколку пати на репортерите и фотогра-фите им упатија груби коментари. Проти-вењето го оправдуваа со зборовите дека тие се само официјални лица кои си ја за-вршат работата. За време на жестока дискусија еден од инспекторите се закани дека, ако камера-та им пречи да работат, можеби и да ја скрши! Потоа, инспекторите одлучи да повикаат полицијата, наводно затоа што работниците не им дозволуваат на ја за-пленат документацијата, по што им се приклучија уште осум други даночни по- лицајци. “Посетата” на даночната поли-ција на “Курир” ја забележаа и голем број на други телевизиски и новински куќи.Поради потсетување, даночната поли-цијата последен пат упадна во простори-ите на Курир во јуни со налог да се пре-контролираат сите фирми поврзани со компанијата која е издавач на дневниот весник “Курир” и со објаснување дека ста-нува збор за редовна контрола. Ни тогаш не се најдени ни најмали неправилности во работата на компанијата. Тогаш тие ин-систираа на увид да им се даде целата документација на претпријатието, а по-

стојано беа на врска со своите шефови. Иако на сите начини се обидува да најдат и најмала грешка, не успеа да ја најдат.Сета побарувана документација досега во текот на сите контроли ставена е на распо-лагање на даночните полицајци. Меѓутоа, ваквиот вид на притисок на нашата куќа не е новост. Притисок на државата на Ку-рир трае од 15 февруари 2005 година.

Извори: “Курир” и “Глас јавности”, Белград

Претседателот Стјепан Месиќ се сретна со

кубанскиот лидер Raúl Castro

Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, кој е во официјална посета на Куба, во Ха- вана со кубанскиот претседател Raúl Ca-stro зборуваше за подобрување на била-тералните односи, особено на нивната еко-номска и трговска соработка. Пред почетокот на официјални разговори во Палатата на револуција, интонирани се националните химни, а хрватскиот прет-седател ја посети почесната единица на кубанската армија построена во негова чест.

Разговорите на претседателот Месиќ и Кастро се одржа во атмосфера на прија-телство и меѓусебно почитување, која ги карактеризира односи меѓу Куба и Хрват-ска, известува кубанската агенција Prensa Latina. Двајцата лидери изразија задоволство од напредокот на билатералните односи и ја потврдија својата подготвеност да се искористат можностите за нивно ната-мошно унапредување. На средбата се потврди желбата за подобрување на односите во повеќе об-ласти, особено економски, врз основа на заедничкиот интерес. Месиќ и Кастро дискутираа и околу пра-шањата за меѓународните односи и мул-тилатерални интереси, се додава во из-вештајот на Prensa Latina. Двајцата претседатели по средбата не да-ваа изјави за печат. Гласникот на кубанската Комунистичка партија весникот Granma во својот извеш-тај истакнува дека претседателот Месиќ се

изјаснил во прилог на укинување на еко-номскиот, комерцијалниот и финансиски-от ембарго на САД против Куба, кој е во сила речиси половина век. Месиќ, исто така, рекол дека во минатото постоеле многу хрватски компании кои успешно учествувале во разни проекти на Куба, и дека ќе ги има многу повеќе во ид-нина, бидејќи и на двете страни постои голем потенцијал.Тој укажа дека големите можности кои Куба ги има во туристичката индустрија, каде што Хрватска како силна туристичка економија може да ѝ пренесе искуства. На прашањето како тоа тој да е првиот ев-ропски шеф на држава кој ја посетува Куба по многу години, Месиќ изјави дека верува во тоа дека мора да постои соработка по- меѓу Куба и европските земји, и дека предвидува дека и останатите европски државници наскоро ќе дојдат, наведува Granma.

Претседателот Стјепан Месиќ 2006 ја по-сети Куба, како шеф на делегацијата на Република Хрватска на 16-тиот самит на Движењето на Неврзаните, во кој Хрват-ска има статус на набљудувач. Сите кубански медиуми во извештаите за посетата на претседателот Месиќ истакну-ваат дека Хрватска на Генералното собра-ние на ОН гласа за резолуцијата со која се бара елиминирање на блокадата на САД кон Куба.

На Кубанската-хрватски бизнис форум кој се одржа во Хавана, стопанските ко- мори на Хрватска и Куба потпишаа акцио-нен план за 2010 година, кој треба да при-донесе во развојот на трговските односи меѓу двете земји.

Државната секретарка Тајана Кесиќ, која ја предводи хрватската бизнис делегација, изјави дека нафтата и енергетиката, ту-ризмот, градежништвото, транспортот и прехранбената индустрија,се областите на соработка, за кои на разговорите е из-разен најголем интерес. Таа рече дека на трговската размена на Хрватска и Куба е под постоечките по-тенцијали, додавајќи дека актуелната глобална економска криза може да даде поттик за истражување на можностите за соработка меѓу двете земји, пренесува Prensa Latina.

Претседателот на Стопанската комора на Куба Ivan Marichal се согласи со оценката за “недоволниот” промет на стоки и ус-луги меѓу Куба и Хрватска, и рече дека посетата на претседателот Месиќ ќе ја унапреди деловната соработка и дека ќе придонесе за проширување на односите меѓу двете земји.

Извор: “Хина”

Фото: AIN/ Prensa Latina/POOL/Photo Ismael Francisco

Page 5: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Ekonomija 5

“Прахово” на колена

На индустријата за хемиски производи (ИХП) “Прахово” од Неготин, најголемиот српски произведувач на минерални ѓубрива, доколку нема итно инвестирање во произ-водството, му се заканува колапс - дознава-ат “Новости”.

Според информациите на нашиот весник, сè почнало кога во март 2007 година ИХП, по цена од пет милиони евра, со обврска за плаќање на наследените долгови, заос- танати заработки за околу 2.000 поранеш-ни и сегашни работници и инвестирање од 20 милиони евра, го купи грчката фир- ма “Неокимики”, во чиј посед е и рафине-ријата за нафта “Београд”.Грците во поседот на “Прахово”, по плаќа-њето на купопродажната цена, влегоа во март 2008 година, а две месеци подоцна американскиот фонд “Карлајл” на берзата, по цена од милијарда долари, ги купи 100-те проценти акции на “Неокимики”.Од тогаш, дознаваме, “Прахово” повеќе стои отколку што работи. Бидејќи, од со договорот предвидените инвестиции, во оваа фабрика не влегол ни еден единствен цент. Претставниците на “Карлајл” во март оваа година од Агенцијата за прива-тизација побараа да им одобри нов пет-годишен рок за вложувања, што им е и дозволено. Меѓутоа, од тогаш измина по-ловина година, но инвестирање и пона-таму - нема!

Поради ваквата ситуација во ИХП, во не-завидна положба е и Рударско-топилнич- киот басен (РТБ) “Бор”, кој неготинската фабрика ја снабдува со сулфурна кисели-на. Имено, бидејќи производството во “Прахово” е сведено на минимум, резер-вите на сулфурна киселина во Бор се натру-пуваат, па, доколку таа сировина итно не се продаде, РТБ или ќе мора буквално да ја истури или да ја запре работата на Фа-бриката за сулфурна киселина.Покрај тоа, на 27 септември истекува

рокот кога на поранешните и сегашните работници на ИХП треба да им бидат исплатени преостанатите заработки. На работниците им се должи помеѓу 14 и 24 плати.

Од друга страна, Миша Булајиќ, генерал-ниот директор на ИХП, вели за нашиот весник дека “Прахово”, сепак, работи.- Точно е дека претставниците на “Карлајл” во март бараа од Агенцијата за привати-зација да ни одобри дополнителен рок за инвестирање - истакнува Булајиќ. - Меѓутоа, со инвестициите уште не сме поч-нале бидејќи од Агенцијата за привати-зација чекаме уште еден потпис, за бара-њето да биде потполно регулирано. И, тоа е единствената причина зошто со вложу-вањата уште не е почнато.Булајиќ нагласува и дека купопродажниот договор дозволува можност на работници-те да им исплатат заостанатите заработки најдоцна до март 2010 година.- Од РТБ “Бор”, исто така, редовно добиваме сулфурна киселина, која во на-шите погони се преработува во вештачко ѓубриво - заклучува Булајиќ.Враќање на Грците?Лаврентис Лаврентиадис, некогашниот сопственик на “Неокимики”, како што пре-несува “Фајненшл тајмс”, во потрага е по банки кои би му овозможиле подигање кредит за повторно да ја купи фирмата која му ја продаде на “Карлајл”, бидејќи и таа грчка компанија, од кога стана дел од американскиот инвестициски фонд, е во незавидна положба.Истече мазутПред неколку дена, по пукнување на из-менувач на топлина, од колекторот во кругот на ИХП “Прахово”, во Дунав се изли голема количина на мазут, која на површи-ната на реката направи “дамка” од голе-мина 20 х 30 метри. Водостопанската ин-спекција наложи итно санирање на по-следиците од тој инцидент.

Извор: “Новости”, Белград, автор: Љ. Трифуновиќ

Јавниот долг на Србија 9,7 милијарди евра

Вкупниот јавен долг на Србија на крајот на август изнесуваше 9,7 милијарди евра, што е за околу милијарда евра повеќе отколку на крајот на минатата година.

Како што објави Министерството за фи-нансии, вкупните директни обврски на Србија изнесуваат 8,5 милијарди евра, од што надворешен долг беше 4,8 мили-јарди, а внатрешниот 3,7 милијарди евра.Индиректните обврски на Србија беа 1,2

милијарди евра. Учеството на јавниот долг во бруто општествениот производ е 31,6%.На крајот на 2008 година вкупниот јавен долг на Србија изнесуваше 8,8 милијарди евра, а неговото учество во БОП - 25,9%.

Извор: “Бета”

Монтенегроерлајнз превезува повеќе патници

Црногорската авиокомпанија Монтенегро-ерлајнз превезла од почетокот на оваа година 385.000 патници, што е околу 12% повеќе отколку во истиот период 2008 го-дина.

Комерцијалниот директор на Монтенегро-ерлајнз Чедомир Ѓуришиќ рече дека таа компанија во оваа година бележи месечен раст на бројот на патници од 10 до 12% и додава дека “ Монтенегроерлајнз очекува во оваа година да превезе околу 560.000 патници, додека во 2008 имал 495.000 патници”.

Како што изјавуваат во таа компанија, од вкупниот број на патници кои Монтенегро-ерлајнз ги превезол од 1 јануари до 9 септември оваа година, околу 104.000 се патници на летовите меѓу Србија и Црна Гора.Ѓуришиќ најавува дека Монтенегроерлајнз во зимскиот ред на летање ќе воведен специјална понуда на секојдневни лето-ви од Белград, преку Подгорица, до десе-тина западноевропски градови, со цена за повратен билет, со сите такси, од околу 180 евра.

Цената на повратниот билет, без такси е 29 евра, прецизира тој и додава дека про- дажбата на билети за летовите од Белград, преку Подгорица, до Лондон, Виена, Рим, Франкфурт, Диселдорф, Париз и Цирих ќе почне од 20 септември.Комерцијалниот директор на Монтенегро-ерлајнз изјави и дека досега картите на тие линии биле од 240 до 280 евра, а за Лондон биле и преку 350 евра.Црногорската авиокомпанија има флота од седум авиони, од кои пет летала се од типот “фокер 100” а две од типот “ем-брајер 195” и вработува околу 400 ра-ботници.

Извор: “Бета”

Page 6: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

6 Ekonomija

Словенечките фирми најдобро котирани

На Дилоитовата листа на 500 најуспешни компании во 16 земји на Средна Европа се наоѓаат 22 словенечки компании, што е нај-многу меѓу земјите во регионот.

Словенија оваа година на листата ја прет-ставуваат три друштва повеќе од минатата година. На чело на словенечките фирми е Petrol Grup кој го зазема 41-то место (лани 57-то), додека Групата Mercator 46-тото која минатата година беше најдобро ко-тирана сега го зазема второто место.Горење се наоѓа на 134-тата позиција, а Меркур на 143-тата, со што во однос на минатата година напреднале за 23, односно 41 место. Холдингот на Словенечката електрана паднал од мина-тогодишното 183-тото место на 199-тото.На листата на 500 најголеми се наоѓаат и 11 хрватски компании. Како стои во извештајот на Дилоит меѓу најдобрите е пласиран Агрокор кој се наоѓа на 25-тото место. Со тоа ја надмина ИНА која во претходната година беше на чело на хрватското стопанство.Првото место го држи полскиот нафтен гигант PKN Orlen, го следи MOL, а на скала-та се уште 151 компанија од секторот енергетика.На листата покрај Агрокор, се позициони-рале и ИНА, на 27-то место, Конзум на 106-тото место, ХЕП, кој ја зазема 119-тата позиција, Хрватски Телеком на 149-тото место и Плива, Т-mobile, VIPnet и Под-равка. Во првиот квартал од 2009 Агрокор остварил 739 милиони евра приход од продажба додека ИНА имана само 608 милиони евра.“Меѓу хрватските компании само Агрокор има визија за регионално проширување, што би требало да биде пример за сите хрватски компании”, оценува Ивица Крешиќ, директор на Одделението за фи-нансиско советување во Дилоит.Во банкарскиот сектор нема значителни промени, па во хрватска секторски ли-дер останува Загрепска банка, додека во светот на осигурувањето уверливо пред-ничи Croatia osiguranje со 498 милиони евра бруто пресметани премии.“Хрватските банки имаа добра позиција што е се докажува со позиционираноста на бројот 12, меѓу педесетина банки од регионот”, коментира Крешиќ.Србија има шест компании, кои по при-ходите зазеле места на листата, а на нај-високите позиции се наоѓаат Нафтена Ин-дустрија на Србија и Електростопанство.Единствена македонска компанија меѓу 500-те најдобри е ОКТА, а Црна Гора и БиХ не пласирале ниедна компанија.“Дури 76% од компаниите меѓу топ 500-те забележале пад од приходите од продаж-ба, кои просечно паднале во првото тро-месечје за 23%”, вели Крешиќ.Најголем пад забележан е во секторот производство, со приходи помали за 33%, а лоши резултати постигнал и секторот на недвижности со пад од 22%.

Извор: “Seebiz”

Пад на стоковната размена на Македонија за 37%

Трговскиот дефицит на Македонија за седум месеци достигнал износ од 1,31 милијарди долари, а стоковната размена опаднала за 37,4% во однос на истиот период лани.

Значителниот пад на увозот и извозот е последица на глобалната криза, прецизи-ра Државниот завод за статистика. Вкуп-ната вредност на извозот на стоки за се-дум месеци од 2009 е 1,45 милијарди долари, додека македонскиот увоз бил 2,76 милијарди. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 52,5%.

Во извозот и натаму доминираат произ-водите од челик, текстил и фероникл. Ма-кедонија најмногу увезува нафта, струја и возила. Претежно тргува со Германија, Србија, Грција, Италија и Русија.Инаку, Македонија за 37 места ја подобри својата положба на листата на Светската банка за Услови за работење за 2010 го-дина и го зазеде 32-то место на листата од 183 држави, што е најдобар пласман за земјите на бивша Југославија.Светската банка наведува дека Македони-ја од јуни 2008 до јуни 2009 ги подобрила условите за работење во доменот на покре-нување на бизниси, издавање градежни дозволи, вработување работници, упис на имоти, добивање кредити, заштита на вложувачите и наплата на даноци.

Извор: “Бета”

Договор за албанскиот долг кон СФРЈ

Земјите на поранешна Југославија постиг-наа начелен договор со Албанија за нејзиниот клириншки долг кон бившата федерација во висина од 20,7 милиони долари.

Високиот словенечки претставник за сук-цесијата Рудолф Габровец изјави дека по- стигнатиот начелен договор за тој ал-бански долг вклучува курс еден спрема еден помеѓу клирингот и американскиот долар и камата. Тој додава дека сите страни треба да донесат меморандум по кој ќе уследат договори помеѓу секој сук-цесор поединечно и Албанија.Се очекува меморандумот да биде заклу-чен до крајот на октомври, кога Албанија

и секој од сукцесорите ќе имаа направени билатерални пресметки. Потоа можат да почнат билатералните преговори за тога “кога и под какви услови” Албанија ќе му го отплати долгот на секој од сукцесорите, објаснува Габровец.На Србија ѝ припаѓа 35,76% од тој износ, односно 7,42 милиони долари, рече Зо-ран Ќировиќ, помошник на српскиот министер за финансии и овластен прет-ставник на Србија во Комитетот за распре-делба на финансиската актива и пасива на поранешна СФРЈ. Србија, како што вели тој, по основ на камати би можела да смета на дополнителни нешто преку милион долари.Во рамките на сукцесорската формула, Словенија би можела да смета на 3,3 милиони долари од вкупниот албански долг и на заостаната камата во висина од околу половина милион долари. Хрват-ските медиуми по средбата во Тирана пренесоа дека на таа држава по основ на наведениот долг ќе ѝ припаднат околу 5,5 милиони долари.

Извор: “Танјуг”

За Галеника малку 200 милиони евра?

Ако владата на Србија ја одобри стратеги-јата на Агенцијата за приватизација, фа- бриката за лекови Галеника ќе биде на продажба од октомври. Работниците, ис-товремено, стравуваат за работните ме-ста.

Иако фармацевтската индустрија е една од оние кои најмалку ја почувствуваа кри-зата, многумина сметаат дека сега не е вистинскиот момент за продажба на еден од наголемите државни претпријатија, а во Владата тврдат дека оваа стратешка компанија сигурно нема да биде продаде-на под цената...Според проценките на приватизациониот советник, конзорциумот Ротшилд и Цитадел, вредноста на единствената пре-останата државна фабрика за лекови е 200 милиони евра. Б92 дознава дека во таа компанија само тековните инвестиции се повеќе од 60 милиони евра, а меѓу нив е и изградбата на фабриката од која, од јануа-ри, лекови ќе можат да се извезуваат и на нов пазар - во Европската унија.Во Владата велат дека се свесни дека на продажба даваат компанија со значително учество на пазарот, квалификувани работ-ници и добра производна програма. “Ние јавно излеговме со проекцијата, од прилика 100 процентниот капитал на Галеника вреди околу 200 милиони евра, што значи дека на продажба ќе биде понудено минимално 70% од капиталот, сходно на тоа ќе биде одре-

Page 7: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Ekonomija 7дена минималната цена”, објаснува Не- бојша Ќириќ, државен секретар на Мини-стерството за економија.“Од друга страна, ќе се бара стратешки партнер кој е од истата бранша, исто така фармацевтска компанија. Нема да биде дозволено на тендерот да учествуваат од- редени инвестициони фондови, некои други финансиски институции итн., туку са- мо стратешки партнер, бидејќи стратешки партнер може низ инвестиции да го по-дигне производниот капацитет и да го прошири работењето”, наведува Ќи-риќ.Директорот на Галеника Ненад Огњано-виќ, меѓутоа, не сака да влегува во про-ценка на вредноста на компанијата ко-ја ја води и вели дека е тоа работа на надлежните во Владата. “Кризата кај нас влијае на формирањето на цените. Неко-гаш нешто многу повеќе вреди, а не може да се продаде, а некогаш помалку вреди - а може поскапо да се продаде. Треба са-мо да се почека вистинскиот момент за продажба, вели Огњановиќ.“Галеника во 2009 година, во првите шест месеци потполно го исполни планот. Нема дефицитарен ниеден лек, работниците работат во три смени, личните примања и сè што оди кон работниците и кон држа-вата - сè е исплатено”, наведува тој.Синдикатот, меѓутоа, има проценка на вредноста и тврди дека компанијата вреди барем двојно повеќе. Зоран Пантелиќ од синдикатот Независност Галеника вели дека тие бараат од Министерството за економија да ја образложи пресметката. “Цената од 200 милиони апсолутно е не- реална. Таа е прениска”, тврди Панте-лиќ. “Сметаме дека уште не е време приватизацијата да се спроведе, токму од причина што изградбата на новата фабрика се приведува кон крајот и на почетокот на идната година ќе биде пуш-тена во погон и убедени сме дека со тоа “Галеника” ќе вреди многупати повеќе”, рече тој.Повеќето од работниците се уплашени со најавената смена на сопственикот и можноста да останат без работа. Тие, по продажбата на компанијата, ќе станат неј-зини мали акционери, а покрај нив делче од сопственоста низ бесплатна поделба на акции ќе добијат и сите граѓани на Србија кои порано не учествувале во при-ватизации.Но, по сè судејќи, како и во случајот со бесплатните акции на НИС, и акциите на Галеника ќе бидат бројчено и вредносно иситнети. “Ретко кога се случува акционери, кои прв пат добиваат акции, да имаат само една акција. Секогаш ситуацијата е да имате не-колку акции до номинална вредност, тоа ќе биде одредено откако ќе се заврши и прифати, од страна на Владата, процената на вредноста на капиталот. Со самото тоа ќе биде одредена и номиналната вред-ност на секоја акција”, вели државниот секретар Ќириќ. “Мое лично мислење е дека во случајот на Галеника и некои дру-ги фирми граѓаните ќе добијат повеќе од една акција со одредена номинална вредност”, наведува тој.Галеника веќе помина низ приватизација 1991 година кога му беше продадена на Милан Паниќ и тогаш вредноста на фа-бриката беше проценета на 360 милио-

ни долари. Кога државата го раскина тој договор, на Паниќ меѓународната арби- тража му овозможи надомест од 40 ми-лиони долари. Сега како потенцијални купувачи, само неофицијално, се споме-нуваат “Штада” која е сопственик на Хемо-фарм и “Алапис” кој веќе го привати-зираше Шумадијалек.

Извор: “Б92”, Белград

Странски инвестиции само 900 милиони евра

Во Србија од почетокот на годината до крајот на јули, според податоците на НБС се слеале околу 900 милиони евра странски директни инвестиции, што е за половина помалку од лани.

За жал, со слаб српски инвестициски учи- нок или поточно со својата добра процен-ка, единствено можат да бидат задоволни аналитичарите на лондонскиот “Econo-mist intelligence Unit” кој веќе во март, кога владините функционери уште беа оптимисти, ги предупредија овогодиш-ната сметка да ја прават со “до околу 1,5 милијарди долари странски директни ин-вестиции, во најдобар случај”.И со толку оваа година навистина би мо-жела да се заврши. Бидејќи од поголе-мите приватизациони приходи, кои во 2009 претставуваат барем половина од вкупниот инвестициски биланс, до крајот на годината, дури и министерот Млаѓан Динкиќ смета само на парите од “Галеника”. Прашање е дали и тоа ќе лег-не на овогодишните сметки.Што се однесува до новите гринфилд и браубфилд вложувања, и во српската Аген-ција за странски вложувања и промоција на извозна листа на до сега најавуваните и сега неизвесните инвестиции додаваат уште едно: до крајот на годината би тре-бало да започне изградба на фабрика на австриска компанија за производство на градежни машини “Wacker Neuson” во Лапово.Вкупната вредност на оваа инвестиција по фази би требало да биде околу 180 милиони евра, но за податоците за вло-жување во оваа година не располагаат. Како што сигурно не можат да кажат ни колку која фирма учествува во преоста-натите 500 милиони евра, кога од вкупната сума која стигнала на сметки во земјата се одземат 400 милиони од приватизацио-ниот приход од продажбата на НИС.На основа на податоците на Народна Банка на Србија за вкупниот прилив по дејности и земји од каде парите се упла-тени и дополнителното истражување на Агенцијата на терен, очигледно е дека нај- големиот дел од разликата помеѓу вкуп-ната вредност на странски директни вложувања во оваа година и инвести-циите на “Гаспром”, се всушност вложу-вања на постоечките инвеститори - банки, осигурителни куќи, телекомуникациски компании и фирми кои главно се занима-ваат со изградба на недвижности, кои во претходните години ги почнеле своите проекти или најавиле дополнителни вло-жувања, а од кои дел е веќе реализиран во 2009. Кој дел и колку, прашање е без сигурен одговор.

Типичен пример, велат, е “Мобилком”, кој планира вложувања од 250 милиони евра во наредните неколку години. Дел од овој план исполнил во првата половина на оваа година, но немаме информација за точната вредност на неговите инвестиции, велат во СИЕПА. И НБС би сакала барем од приватизацијата да ги раздвои гринфилд и браунфилд вложувањата, но поединечни фирми за жал не доставуваат податоци, на кои, инаку, со закон се обврзани.Меѓутоа, ако се изземат од листата на СИЕПА приватизациите и преземањата на фирми, повеќе од јасно е дека нови ин- вестиции, започнати во оваа година, мо-жат да се избројат на прстите од една ра-ка.Ако се смета дека само конзорциумот “MPC Properties and Merrill Lynch” својата инвестиција од 150 милиони евра во ТЦ “Ушќе” ја завршил во оваа година, дека уште некои фирми како “Нексиа”, “Eurogroup” и “Кроноспан”, исто така само ги продолжиле или завршиле порано започнатите работи, листата на нови инвеститори кои во Србија се вселиле оваа година се сведува на две фирми - германскиот “Leoni” (браунфилд вложување) и данскиот “Grundfos” (грин-филд), без податоци за овогодишните вложувања.Само поради кризата или од други причи-ни, своето доселување во Србија за подоб-ри времиња или услови го одложија и најавуваните Јапонци и Норвежани и Швеѓани и Италијанци... Иако Србија им вети дека ќе им плати само да дојдат. Испадна дека во ова време ни директни ни индиректни поттикнувања не биле доволно убедлива мамка да ги одврзат кесињата. Како и да е, иако државните поттици на инвеститорите им се важни, и покрај тоа што раснеа, нивото на инвести-ции се намалуваше.Како што беше јасно дека најавите од почетокот на годината за преземање на инвеститорите од конкуренцијата од соседството и селење на фабриките од но-вите членки на ЕУ на нашите простори беа само обид за ширење оптимизам и како што треба да се бидеме реални дека во годината на криза Србија не ни можеше нешто позначително да го поправи својот биланс, така е и фактот дека дел од одгово-рот зошто нема вложувања лежи во двете вести кои деновиве стигнаа од Женева и Вашингтон. Оние за нашиот прилично лош пласман во конкурентноста и по условите на работење. Особено ако се споредиме со земјите од околината, кои минатата година добро ја искористија за подобро рангирање.Доволно за признание на оние кои на прашањето “како да се привлечат стран-ски инвестиции”, упорно повторуваат дека “работа на државата не е да инве-стира во претпријатија и да управува со стопанството, туку да се грижи за здравје-то на јавните финансии, да обезбеди влез на конкуренција во секторот на ин-фраструктура и да ги отстрани бариери-те за вложувања”. Кога тоа ќе го направи ќе има и подобра позиција на светските листи кои странските инвеститори внима-телно ги читаат додека донесуваат одлуки каде да го удомат својот капитал.

Извор: “Политика”, Белград

Page 8: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

8 Ekonomija

ЈАТ очекува загуба од 25 милиони евра

JAT Airways ќе забележи на крајот на годи-ната од 20 до 25 милиони евра, доколку до-тогаш не се случи ништо позитивно, вели генералниот директор Срѓан Радовановиќ.

“Ако до 1 јануари 2011 година не дојдеме на ‘позитивна нула’ лошо ни се пишува”, изјави Радовановиќ во интервјуто за новиот број на “Економист магазин” и укажа дека глобалната економска криза негативно се одразила на работење на ЈАТ.Тој укажува дека ЈАТ тешко ја поднесува кризата и дека прометот на таа авиокомпа-нија паднал за околу 20%.“ЈАТ во минатата година превезе 1,3 ми-лиони патници, а оваа година тешко ќе достигне до 1,1 милион патници”, рече Радовановиќ.Според неговите зборови, главни причи-ни за досегашното лошо работење на компанијата, која минатата година забе-лежи загуба од 29 милиони евра, е тоа што е ЈАТ “старомодна, организациски над- мината фирма, направена по калапот од пред 20-30 години”.Радовановиќ додава дека ЈАТ, покрај тоа, “нема особено квалитетна услуга, це- ните се повисоки отколку што треба да бидат, нема никаква промоција и не се позиционирал во свеста на потрошува-чите”.Тој изразува уверение дека до 2010 година, поради “белиот шенген” и допол-нителните напори на менаџментот компа-нијата да се модернизира, ЈАТ ќе успее да превезе околу 1,5 милиони патници.

“Главна задача на новата управа е да го зголеми бројот на патници и Јатови ави-они, а за почеток е доволно стјуардесите да бидат насмеани, услугата квалитетна и да бидеме поконкурентни, бидејќи дру-гите компании, како German Wings, се однесуваат сѐ поагресивно”, истакнува Радовановиќ.Тој наведува дека побарувањата на ЈАТ изнесуваат околу две милијарди динари и дека се поголеми од обврските, истакну-вајќи дека најголем дел од парите ЈАТ по-тражува до една нигериска компанија, Ербас и од македонскиот МАТ.“Најголеми доверители се државни фир-ми, Агенцијата за контрола на летање и Аеродромот “Никола Тесла”, додека на НИС не ѝ должиме многу, затоа што доц-

ниме со плаќањата само една недела, а плаќаме најскап керозин на светот”, рече Радовановиќ.Моментната пополнетост на Јатовите ави-они е околу 60%, што според зборовите на првиот човек на компанијата, е најслаб резултат во опкружувањето.“Проблемот е можеби и тој што ЈАТ е секогаш неврзан. За нас е потполно при-родно да бидеме во Стар алијансата, во која се Turkish Airlines и Lufthansa, иако не е неистересно ни друштвото на Aeroflot и Air France, вели Радовановиќ.Говорејќи за акциите на ЈАТ, тој истакна дека акциите на националната авиокомпанија се веќе регистрирани во Централниот ре- гистер за хартии од вредност и дека фор- мално е сè спремно за поделба на бес-платни акции на граѓаните.Радовановиќ истакнува дека ЈАТ е вредна компанија, бидејќи ликвидационата вредност на нејзиниот имот е најмалку 250 милиони евра и додава дека ЈАТ би требало да се приватизира побргу, бидеј-ќи како што рече “со време девојката нема сигурно да стане поубава и сега мо-раме малку да ја нашминкаме и убаво да ја облечеме”.Тој рече и дека, по владината уредба за замрзнување на заработките во јавниот сектор, месечно заработува 168.000 ди-нари.

Извор: “Танјуг”

НИС: Загубите паднале на 7,4 милијарди динари

Нафтената Индустрија на Србија во втори-от квартал од оваа година остварила добив-ка од 3,8 милијарди динари, соопштено е од НИС.

Компанијата, како е наведено, успеала да ја сврти негативната динамика на првиот квартал и на тој начин да ги намали загу-бите по шестмесечната пресметка за 2009 на 7,4 милијарди динари.“Констатирајќи позитивно влијание на надворешни фактори, како што е јакне- ње на динарот, на делувањето на ком-панијата, Управниот одбор ја пофали работата на менаџментот, кој во вториот квартал успеа да го стабилизира финан-сиската состојба на компанијата, да ги зголеми експлоатациите на нафта и гас, како и да понуди на пазарот нов квалите-тен производ - евро дизел”, изјави претсе-дателот на Управниот одбор Вадим Јаков-љев.Тој рече дека “ваквиот резултат не би бил можен без постојана поддршка на Владата на Србија и конструктивната со-работка на ниво на Управниот одбор”.Управниот одбор одобри Програма за оп-тимизација на бројот на вработени кој претставува прва фаза во остварувањето на програмата за зголемување на ефикас-

носта на вработените. “Вработените кои ги задоволуваат критериумите на програ-мата и кои се пријавиле за доброволно заминување од компанијата ќе можат да си одат веќе до крајот на септември со отплата на отпремнина во износ од 750 евра за секоја година работен стаж, плус четири просечни плати”, се вели во сооп-штението.Компанијата, како е наведено, ќе го про- должи процесот на зголемување на ефи-касноста на вработените и ќе понуди спе- цијални програми за доброволно замину-вање за други категории работници.Според зборовите на генералниот дирек-тор Кирил Кравченк, паралелно е започнат процес на планирање на кариера и развој на “клучни” вработени, како и ангажира-ње на најдобри стручњаци.

Извор: “Танјуг”

Секој втор има дозволен минус

Секој втор вработен или пензионер во Ср-бија користи дозволен минус на тековна сметка, иако е ова најскапо од сите видови кредитирања кои банките го нудат.

Корисници би имало и повеќе, платежните можности тоа да им го дозволуваат, однос-но да не се веќе максимално задолжени со други видови кредити, пишуваат Но-вости. Заеми по тековна сметка, како по- кажуваат истражувањата во некои банки, најмногу земаат граѓаните со најниски примања. Радо ги користат и добро стоеч-ките клиенти. Главна причина е тоа што дозволените минуси се лесно достапни.Во нашата земја, според податоците на Кредитното биро, отворени се 6,1 милион тековни сметки, кои ги користат 4,1 ми-лион граѓани. Заемите за дозволени минуси изнесуваат дури 33,4 милиони динари. Каматните стапки на дозволено пречекорување се движат од 2,3 до 2,8% месечно, или кај некои банки од 30 до 35% годишно. Влегување во недозволен, “црвен” минус се казнува најчесто со ка-мата од 3,5 до 5% месечно. Заемите можат да ги користат сите вработени и пензионери во висина на една плата, односно пензија, доколку ос-танатите обврски кон банките, на пример рата за кредит или кредитна картичка, им се помали од 30% од заработката. Дозволениот минус се одобрува на една година и потребно е во целост да се отпла-ти пред повторното обновување.Според зборовите на Раде Шевиќ, од Хипо-Алпе-Адриа банка, иако се бележи зго-лемување на бројот на тековни сметки, многу граѓани морале или да го намалат износот на дозволениот минус или да се

Фото: Liyin the Designer

Page 9: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Komentari 9откажат од него. Причина е одлуката на НБС дозволениот минус да влегува со 5% од оптоварувањето на платата. Така во оваа банка е забележен пад на користење на заеми по тековни сметки за 25%.Во Комерцијална банка има повеќе од ми- лион тековни сметки. Од тоа повеќе од 150.000 корисници редовно примаат пла-ти и пензии во оваа банка и банката има можност да користи дозволен минус во износ од скоро пет милијарди динари. Во моментов 88.392 граѓани во Комерцијална банка користат заем во вредност од околу 2 милијарди динари.Во Уникредит банка повеќе од 40% ко-рисници на “пакети сметки” користат до- зволен минус. Околу 45% од клиентите ко-ристат право на дозволено пречекорува-ње до лимитот, и тоа главно повремено.Од како започна кризата, според подато-ците на Кредитното биро, сè поголемо е доцнењето во отплатата на овие видови заеми. Така во доцнење со враќање на заемот се 181.221 граѓанин, а уделот на доцнење во вкупниот износ на дозволен минус е 5,7%. Тоа во однос на крајот на минатата година е зголемување на доцне-њето од 1,6%.

Извор: “Новости”, Белград

Полесно до градежна дозвола

Законот за планирање и изградба, кој ќе ја поедностави и забрза процедурата за изда-вање на градежни дозволи, стапи на сила.

Законот предводува и легализација на об- јектите изградени до денот на стапување во сила на истиот, а сопствениците барање за легализација можат да поднесат во рок од шест месеци.Објектите, се наведува во Службениот гла-сник, изградени на заштитени природни и културни добра, на туѓо или државно земји- ште, на трасите на Коридор 10, како и оние кои се градени од нестандардни материја- ли и претставуваат опасност за безбедно-ста на луѓето нема да бидат легализирани.Надлежниот министер во следните 30 дена ќе пропише мерила за утврдување на на- домест за уредување на градежното зем-јиште во постапките на легализација. Оп- штините, градовите и градот Белград дол-жни се во рок од 18 месеци од стапувањето на сила на законот да донесат урбанистич-ки и просторни планови.Министерот за животна средина и про-сторно планирање Оливер Дулиќ изјави порано дека благодарение на тој закон сто- тици илјади објекти во Србија ќе бидат ле- гализирани во следните две години. Ду-лиќ истакна дека законот ќе овозможи ма-совна, евтина и ефикасна легализација и додаде дека тој правен акт е напишан во интерес на секој граѓанин, кој има намера да гради или да купи стан.

Извор: “Танјуг”

Хрватска завера

Премиерко, можете ли да ми дадете цигара? Леле,

би ви дала со драга волја, ама оваа ми е последната

Идеал на хрватските премиери е Дедо Мраз кој великодушно дели подароци сè до-дека ноктите не му загребат по дното на вреќата. И не е за толкавата желба за исполнување на желби виновна лично Јадран-ка Косор - иако по тоа што постојано се смешка во камерите се гледа дека очајнички сака на сите да им се допадне

“Сите министри се сложни дека законот за ограничување на употребата на тутун-ските производи треба да се менува” и “Законот не смее да го ограничува роди-телството” - се две типични речици кои го изразуваат гласот на народот околу двата непопуларни закони, за пушењето во ка-фулињата и за вештачкото оплодување. Скоро па се сожалив над владата: прво ја напаѓаат поради законите, а кога ќе се обиде да ги ублажи, тогаш тие истите ја напаѓаат поради тоа што донесува лоши закони. Но Владата не донесува лоши закони, таа едноставно сака да им удоволи на луѓето и да им ги исполни желбите. Бидејќи кој видел закони кој ог-раничуваат нешто?- Министерот сака мост до своето село и му се изградува - владата не сака ограни-чување на слободата на движење- Селаните сакаат да садат пченица, а не зеленчук, ок - владата не сака да го огра-ничува аграрот- Школските автобуси го наплатуваат дуп-ло поскапо превозот на децата, а владата тоа им го плаќа - владата не сака да ги намалува можностите на приватните сто-панственици- Полудени возачи убиваат безмилосно по патиштата, а владата не им ги конфискува возилата - владата не сака да ја ограничува употребата на приватната сопственост- Тутунската индустрија сака да го зголеми профитот, само нека се пуши - владата не сака да го ограничува полнењето на буџе-тот- Анто Ѓапиќ сака пензија, еве ја иде - вла-дата не сака да го ограничува празнењето на буџетот- Му купив на синот вежбанка која цела го-дина ја носеше на училиште и ја враќаше од училиште, а никогаш во неа да не напи-шале ни цртичка - владата не сака да го ограничува печатењето книги- Јуре радиќ сака Пељешки мост, нема проблем, владата ќе ги заложи Бански двори, само да му изгради - владата не сака да го ограничува градежниот сектор.Идеал на хрватските премиери е Дедо Мраз кој великодушно дели подароци сè додека ноктите не му загребат по дното на вреќата. И не е за толкавата желба за исполнување на желби виновна лично Јадранка Косор - иако по тоа што постоја-но се смешка во камерите се гледа дека очајнички сака на сите да им се допадне. Наметнувањето на желби стана и пред неа единствен закон во Хрватска и тоа по-веќе не може да се запре. Тито им рече на своите судии да се држат до законот ка-

ко пијан за плот, ама плотот барем уште постоеше, а сега пијаниот се тетерави во празен простор. Иако би било поразумно пари да се вложуваат во компјутери от-колку во цртанки, во салата наместо во пченица, во базени наместо во рак на бели дробови, во машини наместо во шанкови, во сообраќајна полиција намес-то во сообраќајни несреќи, во фабрики наместо во мостови - џабе добрите идеи кога ние тоа не го сакаме. А општеството во кое единствен закон е желбата, веќе не се вика општество туку глутница. Ама кога срцето таму нè влече...

Извор: “Национал”, Загреб, автор: Boris Bech

Вук Драшковиќ: Тајната служба на Милошевиќ и денес ја држи Србија во

шака

Поранешниот српски министер за надво-решни работи Вук Драшковиќ смета дека и денес во Србија мрежата на паралелната тајна служба на Слободан Милошевиќ, Ра-домир Марковиќ и Милан Радоњиќ е по- силна од државата: “Само со тоа може да се објасни фактот дека пет години по убиството на Зоран Ѓинѓиќ многумина од припадниците на тајните служби кои учествувале и уште учествуваат во зло-сторства остануваат недопирливи за срп-ската полиција и за српската, службена, тајна служба БИА”.“Нашите судови и обвинителства се пре-полни со судии и обвинители на Мило-шевиќ, собраниските клупи со негови следбеници, многумина од новинарите и уредниците кои патат по оние времиња на омраза, лудило, злосторства... Не мо-жеме ни да претпоставиме колку таа омраза е силна. Да погледнеме само во поранешниот Советски сојуз кога се расформираше КГБ. Од него никна, во светот најсилната, руска мафија. Довче-рашните КГБ-овци со пари, техника, ис-куство... почнаа да се занимаваат со други, криминални дејства”, наведува Драш-ковиќ, додавајќи дека ситуацијата ќе би-де таква сè додека “не бидат отворени досиејата на тајните служби и не се пронајдат имињата на соработниците и поткажувачите на УДБА”.Говорејќи за избегнувањето на власта да поведе реформа во тајните служби, Драш-ковиќ рече: “На оние на кои устата им е полна со Европа стануваат зависни од тај-куните кои бегаат од Европа. Интересот, наречен пари, плус демагогијата ја заме-нија европската стратегија која и ја нема. За антиевропските сили, патриоти се сите кои влечат во минато и несреќа, како пат кон својата партиска и сопствена среќа. И, така, сите си молчиме”.Драшковиќ наведе и дека хашкиот бегалец Ратко Младиќ веќе можел да биде уапсен да не е таа “мрежа на злосторничка пира-мида на смртта, која опструира сè што ќе ѝ падне на памет, па дури и потрагата по гробот на Дража Михајловиќ”. “Како службената полиција и тајната служба да го пронајдат жив Младиќ, кога не можат да го пронајдат ни мртов Михајловиќ?!”, наведува Драшковиќ.

Извор: “Index”, Загреб

Page 10: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

10 Kolumni

Утврдување на српскиот идентитет: Брод или Костајница не можат

да бидат Босански, но училиштето може да биде

Србија!?

Премиерот на Република Српска Милорад Додик и претседателот на Република Срби-ја Борис Тадиќ свечено на Пале го отворија - а Неговото високопреосвештенство митро-политот дабробосански Никојал го освети - современото ново Основно училиште “Ср-бија”.

Училишната зграда изградена со заеднич-ки средства на Република Српска (РС) и Ср- бија е и најдобро опремено училиште во Република Српска: илјада ученици ќе имаат на располагање осумнаесет училни-ци, осум кабинети, три лаборатории, библиотека, читална и кујна - сѐ на сè, Ос-новното училиште “Србија” се простира на убави две и пол илјади квадратни метри. Циниците би рекле, голема е Србија.За пофалба е вредна - како што обично се кажува во за пофалби вредни прилики ка-ко оваа - заедничката иницијатива на РС и матицата Србија на Пале да се изгради ново основно училиште. Како и да се вика, во него децата ќе ги учат првите бук- ви и бројки, првите песнички, хемиски еле- менти, главни градови и рудни богатства на својата татковина. Циниците би додале - како и да се вика. Татковината или основ-ното училиште, сеедно.Зошто, меѓутоа, основното училиште на Пале се вика баш “Србија”? Ако тоа на- вистина биде “училиште за деца од сите вери и нации”, како што наставната про-грама ја сумираше премиерот Додик, зо-што училиштето да не се вика, да речеме, по Веселин Маслеша, босанскиот Србин кој се родил во Бања Лука, се школувал во Загреб, а живеел во Белград, работејќи и за бањалучка “Нова штампа” и за “Бел-градски новости”? Или - добро, тоа е мал-ку на прва топка - по босанско-српско-хрватскиот писател Иво Андриќ? Зошто токму Основно училиште “Србија”?Работата е уште покомплицирана кога се знае дека во РС во која гордо стои зграда-та на Основното училиште “Србија”, зна-чи училиште со име на друга држава, со закон се забранети имиња во кои се спо-менува државата во која тоа училиште и самото се наоѓа. Брод или Костајница не можат да бидат Босански; но училиштето може да биде Србија. Може ли тогаш и во Србија да има Основно училиште “Босна”? Тоа е најлудиот дел: однапред, имено, од- говарајќи на обвинувањата, свечениот от-ворач Борис Тадиќ рече дека не би имал ништо против Федерацијата БиХ во Нови Пазар да изгради основно училиште кое

би се викало Босна. На страна сега што би било многу интересно да се види како Тадиќ заедно со реис-ул-улема Мустафа Цериќ отвора основно училиште “Бос-на” во Нови Пазар - зошто, имено, тоа е теоретски можно, а практички лудо? За-тоа што, ете, Основно училиште “Босна” е теоретски можно во Србија, додека во Република Српска, значи насреде Босна, не е можно ни теоретски ни законски.Како тогаш во Пале Основно училиште “Србија” не само што е можно, туку - ка-ко ќе видиме - задолжително? И тоа го об- јасни директорот на Србија. Пардон, прет- седателот. Значи, претседателот на учи- лиштето. Односно на Србија, јас се извину- вам. Гледате како незгодно е тоа со Србија. “Србија има обврска на секо-ја точка на светот да ги образува припадни-ците на својот народ, ние не сме одго-ворни само за своите граѓани, туку за си- те луѓе кои носат српско име, и ќе стори-ме сè да му помогнеме на српскиот на- род каде и да живее”, рече така во инспи-рaтивното слово драгиот гостин и свечен отворач, потсетувајќи на крајот дека и тој самиот како професор школувал некол- ку генерации, и дека знае дека “образова-нието е област во која мора да се вложува, бидејќи само така може да се зачува и идентитетот на народот”.Накратко - она што на неупатениот на-бљудувач, на некој храбар питач, му из-гледа како училишна зграда, всушност е утврда на српскиот идентитет. На друго место децата да одат на училиште да на-учат да собираат и одземаат, да пишу-ваат и читаат, на друго место имено се подразбира дека во училиштето се учат јазикот, книжевноста, културата или гео-графијата на кои детето им припаѓа и де-ка примарна функција на училиштето е образованието. Не и во Србија. Мислам, секако, на училиштето. Таму, како што рече високиот спонзор и драг гостин, при-оритет е “зачувување на идентитетот на народот”. Затоа, сфаќате сега, училиштето се вика “Србија”. На други места, ете, не е таков обичајот, но овде училиштата се нешто како фолклорно друштво или фуд-балска репрезентација, не значи обична образовна институција, туку повеќе како знак на идентитет.Накратко - не знам како поедноставно да објаснам - во некои национално осветени и заостанати култури училиштата се гра-дат за деца, значи ученици, додека на овие простори училиштата ги градат за родителите. Како знак на нивниот иденти-тет. Само да биде, и да се вика.Каква тогаш ќе биде наставната програма во Основното училиште “Србија”? Не знаеме, ама можеме да си играме претпо-ставување. Ќе се учат српски јазик, писмо и книжевност, српска историја, географија, и останатите ентитетски и идентитетски предмети. Математиката, да речеме, не само што е потполно анационална наука, туку при тоа се пишува со арапски бројки, а понекаде дури и со римски, и тука учени- ците се во голема опасност да се однаро-дат и да ги прифатат арапско-римските, односно исламско-католичките вредно-сти и закони. Математиката, затоа, претпо-ставувам, ќе биде изборен предмет за “де- цата од сите вери и нации”, како што рече премиерот. Додека српските деца ќе одат

на веронаука, малите Хрвати и Бошњаци ќе учат математика.Основното училиште “Србија” отвора и бројни други, ненаслутени можности, осо-бено оние јазичните. Децата од Пале, на пример, од сега ќе можат да се школуваат во Србија. Таканаречените Останати Деца ќе можат на крајот на школската година да ја демолираат и испокршат Србија. Ди-ректорот Борис Тадиќ, на пример, ќе може гордо да рече дека е изградена нова, со-времена и модерна Србија. Може дури да рече и дека во следната година Србија ќе добие и фискултурна сала. Всушност, ко-га подобро ќе размислам, тоа и го рече. Веќе ја гледам веста од Пале, каде покрај Основното училиште “Србија” свечено се отвора фискултурна сала, во знак на добра волја наречена “Босна”. Да имаат децата од “Србија” каде да си играат.

Извор: “24 сата”, Мостар, автор: Борис Дежуловиќ

Во Хрватска е опасно да се биде успешен

Ништо полошо отколку во Хрватска да се биде успешен. За разлика од Европа која ги цени своите големи луѓе, ние им ја “вадиме утробата”. Дали е тоа хрватска завист или терор на медиокритетите?

Овие денови, кога многумина се трудат да ја прикажат Хрватска како најлоша земја на светот, на ред дојде и професорот Дра- ган Приморац. Една исклучително добра иницијатива која ја покрена како мини-стер, учениците да добијат бесплатни учебници, сега некои сакаат да ја прика-жат како нешто крајно негативно. Еден мошне успешен министерски мандат во кои се направени бројни чекори нана- пред, сега се прикажуваат сосема поина-ку. Типично за Хрватска. Сè што е добро веднаш се заборава, а анонимуси кои зад себе немаат ништо упорно сакаат се-кого да го прикажат само во негативно светло. Што се однесува до Приморац, применета е истата тактика, само нема да даде резултати. Тој врвен стручњак, ценет во светот, направи исклучително мно-гу за хрватскиот просветен систем да му се приближи на европскиот, да се примени она најдоброто што постои во Европа. Чекори кон подобро се на-правени, но ништо не е идеално, се разбира. Уште многу мора да се стори, но не може да се оспорува заслугата на

Page 11: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Intervju 11Приморац дека на просветата се обидел да ѝ осигури повеќе чесно место во хрват-ското општество. Навистина е банално просветните работници толку малку да заработуваат, да се постојано на самото дно и од нив да се зема, без оглед на поединечниот квалитет. И меѓу нив има добри, одлични и полоши, а сите се во ист лонец. Тоа не е добро, бидејќи води кон уравниловка, а таа води кон просечност и тогаш нема напредок. За тоа беше свесен и министерот Приморац, се обиде таквото нешто да го избегне, но не ни можеше во толку кратко време да спро- веде сè што наумил. Но, многу добри не-шта направи, нема сомнеж. Сега сепак некои и него се обидуваат да го стават на столбот на срамот. Не било добро ова, не било добро она. А тоа што е добро, на кого му е гајле. Времињата се тешки, не само кај нас, сега пари за такви одлични иницијативи како што се бесплатните учебници за сите нема, но времињата ќе се подобрат, па државата повторно ќе може да создава услови луѓето полесно да ги школуваат децата. Всушност, така е во целиот свет, но единствена разлика е што другите ги ценат луѓето кои сториле нешто позитивно.Кај нас е сосема поинаку, кај нас е така вообичаено анонимуси да ги напаѓаат ус-пешните луѓе, да им ја “вадат утробата”, да се насладуваат на измислици. Оние кои зад себе немаат ништо да им делат лекции на луѓето кои се успешни. Сè во Хрватска може да се биде, само не успешен! Не дај Боже! Не е тоа од вче-ра, иста судбина успешните Хрвати ја до- живеале и во минатото. Колку само оспо-рувања доживеал големиот Мирослав Крлежа, а можат да се изредат такви при-мери од сит сфери на животот. Сите тие опоненти се заборавени, кој ги памти нив, но историјата ги задржала оние кои нешто создале. Ништо подобра судбина не до-живеа ни првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман. Уште додека беше жив му замеруваа и што треба и што не треба, а му признаваа скоро ништо. Човекот кој им овозможи на Хрватите да живеат само-стојно, да имаат своја држава! Само тоа да го направил, а направил многу повеќе, би требало да го зачуваат во помнењето како еден од најголемите Хрвати кои ис-торијата ги познава. Да се гледа во сè по-зитивното што е сторено. А каде се денес неговите опоненти, оние кои така грубо го оспоруваа? Ги нема никаде, бидејќи и тогаш биле и сега се нули.Ете, тоа е животот во Хрватска, па не чу-ди што многу способни и паметни си ги пакуваат куферите и заминуваат. Ги бркаме ние самите, бидејќи таквите се свесни дека кај нас ги очекува само ома-ловажување. А од кого? Од оние кои никогаш ништо не постигнале во животот.Се менуваат општествените системи, се менуваат политичарите, но таа особина на Хрватска останува иста. Можеме да говориме за хрватска завист, можеме да говориме за потенцијален синдром во кој неуспешните им за видуваат на успеш-ните. Но, најчесно би било кога тоа би го нарекле со полно и право име. Терор на медиокритетите.

Извор: “Вјесник”, Загреб, автор: Jurica Körbler

Љубовта е прекрасна зараза

Почетокот на оваа сезона на Големата сце-на “Љуба Тадиќ” на Југословенскиот Драм-ски Театар, ќе ја обележи и Шекспировата комедија “Како што милувате”, која за прв пат се изведува во оваа куќа, и тоа во ре-жија на Слободан Унковски. Премиерата е закажана за ноември, и тоа ќе биде сед-ма претстава на оваа сцена со потпис на познатиот македонски режисер, кој исто-ријата на оваа куќа ја обележи со “Хрватски фауст”, “Театарски илузии” и “Буре барут”, како и со претставите “Шини”, “Галеб” и “Брод за кукли”, кои исто така имаа значи-телен успех.

* Ако знаеме дека Шекспир во оваа дра-ма не отвора важни политички теми, а вие сте познати токму по таквиот вид ли- тература, што беше причината да се решите токму за оваа, само навидум на-ивна љубовна комедија?- Кај Шекспир ништо не е ослободено од врската со реалноста и политиката, иако не во едноставен вид. “Како што милувате” е најпосле една пасторална ко- медија која ја работам, прекрасна љубов-на приказна која ги допира и другите, многу важни сегменти, како што се пра- шањето на идентитет, пол, однос меѓу половите, слобода... Тоа се некои совре-мени теми кои денес можат многу убаво да функционираат во театарот. А до са-миот избор на дело, некако дојдовме за-едно - сакавме приказна која е одвоена од, условно речено, грубата реалност, тешките цивилизациски проблеми во све-тот, а сепак да дофатиме некои базични прашања и да најдеме врска со животот.* Од друга страна, таа “невина” приказна сериозно говори за човековото преправа-ње - духовно и физичко, интелектуално и сензуално. Дали е тоа нејзин ангажман во ова наше време на општа мимикрија и разновидно преправање?- Многу е тешко да дознае што се крие под појавниот облик на луѓето, под карактерот. Главно живееме со дадени “слики” кои ги добиваме, кои се можеби автентични, а можеби се и резултат на мимикрија или некој друг облик на криење. Во се-кој случај, потрагата по вистината која е некаде зад маската, зад скриеното, е многу интересна и возбудлива. Во оваа драма, преправањето донесува чувство на слобода, а таа слобода дава можност за

акција за која порано не сме биле спрем-ни, така што во таа смисла претставува, всушност, отворање на простор на слобо-да за нејзините јунаци. А во драмата кај Шекспир, секогаш е јасно поделено ур-баното со селското, односно редот со сло-бодата, што е, од друга страна, и многу политички.* Текстот “Како што милувате” е повеќе-слоен - Силвија ја сака пастирката Феба, Феба го сака Ганимед, Ганимед го сака Орландо... Има ли во оваа Шекспирова игра травестија?- Да, секако. Текстот произлегол од една борба на Шекспир да го освои лондонски-от театарски маркет, да биде најдобар во тој момент, да се разликува од сите дру-ги писатели, и смислил разни работи, во разни драми. Овде смислил жена да се преправи во маж, и тој маж да игра же-на, за неговиот љубовник да се вљуби, и така натаму, така натаму... Сè е толку комплицирано, што повеќе не се знае од кој пол е таа личност и што понатаму се случува. Травестијата, таа игра во играта и надигрување на самата игра, е она што е, веројатно, и највозбудливо во оваа приказна, бидејќи е многу тешко да се ра- боти истовремено. Но, таа е и голема про-вокација, и големо задоволство за мене и за актерите - да го истражуваме просторот на играта, и да воспоставиме нешто што, во суштина, ќе биде многу смешно, и на моменти можеби многу трогателно.* Дали таа двојна смисла на сетилно преправање може на некој начин да се анализира и низ хомосексуалноста, што е, исто така, една од водечките големи полемики на 21-иот век?- Претставата се занимава и со тој аспект, но не на директен начин, бидејќи праша-њата на идентитетот на половите се нао-ѓаат во самата структура на драмата. Кога Шекспир пишувал, мажи ги играле сите улоги - сте имале момче кое игра девојка, па се преправа во машко, кое заведува маж како да е девојка, и тоа е таа многу комплицирана ситуација во која е Розалинда, всушност, Ганимед. Во нашата приказна, нема чисти ставови или сцени кои се однесуваат на геј или лезбејски односи, но кога ќе се постави прашање за полот, тие прашање секако се отвораат понатаму. Лично, мошне сум ли-берален кон тоа, не само кон покретот, ту-ку и кон ставот кон животот, иако тоа не е мој поглед на светот. Но, го разбирам, и прилично често сум работел со луѓе со таква ориентација. Тоа никогаш не е хен-дикеп во работата, напротив, секогаш со нив сјајно сум соработувал.* Шекспир на крајот сепак ја апострофира љубовта како апсолутна вредност на на-шите животи. Дали тоа ќе биде и ваш лајт мотив на оваа приказна?- Мене ме интересира љубовта, пред сè, и тоа како се шири како некоја “болест”, “за-раза”, “епидемија”, како влијае на луѓето и како ги менува - нивниот карактер, тем- перамент, поглед на свет, навики, изглед... Секако, кога говорите за љубовта, морате да говорите и за љубомората, издајството, невозвратената љубов, и за сè она што го следи комплексот прашање врзани за љубовта. Ќе ви откријам дека ние дискути-равме за тоа оваа претстава да се заврши со некој огромен оптимизам и еуфорија,

Page 12: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

12 Intervjuнекој прекрасен, потресен, чудесно убав хепиенд, онаков по каков копнееме, иако е сепак далеку од реалноста.* Дали “Како што милувате” ќе биде прет-става во “слава на љубовта”, и покрај ова наше време, за кое се тврди дека има сè помалку блискости, вистинска комуника-ција и големи страсти?- Се надевам дека ќе биде, но не на оној старовремски начин, затоа што кога гово-риме за слава на љубовта, ми се чини дека тоа звучи премногу романтично и архаично. Би сакал да ги допреме ба-зичните вредности на љубовта, но и да најдеме современа артикулација, не по секоја цена хипермодерна, и не со “Фејс-бук”, но да отвориме начин на разбирање на оваа приказна за современиот гледач. Нешто, да речеме, како романтичните, популарни комедии во кои се прослави Хју Грант, а тој тип на пристап, ми се чини дека го имал и Шекспир кога ја пишувал оваа драма.* Во која мерка глобалното општествено и политичко преправање, денес управува со нашите животи?- Немам прецизен одговор на тоа. Рабо-тите во светот на цивилизацијата се многу изменети, денес веќе не сте во ништо сигурни. Не само како поединец, туку генерално - оние кои напаѓаат, говорат за демократија, оние на кои им е устата “полна” со слобода и потреба за слобода, гушат на страшни начини. Значи, многу се комплицирани и контрадикторни ра-ботите и суштината на нештата. Во таа смисла, нашата претстава не може да помогне подобро да се разбере светот во кој живееме, туку само да се проди-скутира проблемот на преправање и од-говорноста за преправањето, проблемот на слободата.

Извор: “Новости”, Белград, разговорот го водела: Радмила Радосављевиќ

Ритам на успехот

Драгољуб Ѓуричиќ критичарите го вброју-ваат во 50-те најзначајни тапанари на светот. Снимил помеѓу 750 и 800 компози-ции, што би значело 75 до 80 албуми. Ра-ботел и како студиски музичар а музика компонирал и за театар. Познат е и како илустратор. На прашањето за колку теа-

тарски претстави потпишал музика, вели:Ѓуричиќ: Во театар сум направил музика за околу 22 претстави, еден балет и еден мјузикл. Од најпознатите ги издвојувам “Запали ме”, “Алиса во земјата на чудата”, “Волшебната соба на Анила”, “Арт” (сите во режија на Алиса Стојановиќ), “Сира- но де Бержерак” (режија Буле Гонциќ), “Улични пци” (режија Дарјан Михајло-виќ), “Детски работи” (режија Душан Пет-ровиќ), “Popcorn” и “Поблиску” (автор на музиката со Коки Димушевски). На по- четокот на деведесеттите, кога се вратив од Америка, направив иновација во теа- тарската музика. Тогаш со групата Леб и сол тргнав во правење на светска кари-ера. Бидејќи овде ги оставивме жени- те, а почна и војната, се решивме да се вратиме. И покрај тоа, успеав во некол-ку наврати да бидам на Бродвеј, па имав прилика да посматрам околу што театар-ската музика се врти. Во кариерата од 12 години со Леб и сол направив музика за уште четириесетина театарски претстави. Со оглед на тоа дека мајката на Влатко Сте-фановски е актерка, татко му театарски режисер, братот драмски писател а нај-добар пријател Слободан Унковски, ком- понирање на музика за театар беше така-речи неизбежно.

Монитор: Кои книги сте ги илустрирале?Ѓуричиќ: Пред дваесетина година една девојка од Ужице, која ми донесе албум со исечоци од новини за мене и мојата ка-риера, го побуди моето внимание. Тогаш се наоѓаше во некој вид на психичка не-среденост, па мислев дека можам да ѝ помогнам. Ѝ напишав разгледница од не- која турнеја, чисто да ја изненадам. Епи- логот на таа приказна е дека до денес ос-танавме добри пријатели, со тоа што мојот влог во нашето дружење резултираше со тоа што таа стана една од најдобрите пое-теси на хаику поезија во светот. Нејзиното име е Татјана Дебељачки, а нејзината прва збирка песни “Куќа од стакло” ја илу-стрирав. Исто така работев илустрации за Биљана Петровиќ, како и за книгата “Ру-бато” на Владан Савиќ.Монитор: Кои се Вашите најзначајни со-работници со кои досега сте работеле? Можете ли некого посебно да издвоите како главен “виновник” во формирањето на Вашиот уметнички израз?Ѓуричиќ: Имав среќа што се наоѓав на вистински места во вистински момент. Ги отсвирев, на овој или оној начин, сите најважни работи од ex-yu просторите. Не постои ни еден голем гитарист од пора-нешна Југославија со кого не сум имал барем еден успешен концерт. Луѓето кои на мене оставија најмногу трага секако се Влатко Стефановски, Корнелие Ковач и Дадо Топиќ. Во естрадна смисла тоа е Здравко Чолиќ со кого соработував 12 го-дини во два наврати. Ни еден негов голем

концерт не помина без мене. Со Леб и сол исто така свирев во два наврати, се-дум и пол, па шест години. Yu grupa е пр-вата група која ги направи почетоците на официјалната рок музика во тогашна Југо-славија. Со нив свирев песни кои личеа на косовско-српски мелос, со призвук на рок. Со Леб и сол свиревме етно-џез-рок, кога тој термин уште не ни постоеше. Свирев и со Ѓорѓе Балашевиќ, кој е значаен во етно смислата на рамничарскиот дел на Евро-па кој се вика Панонија.Монитор: Им удиравте темпо на шетачите во текот на граѓанските протести во Бел-град (96/97). Да се случат во Србија (или Црна Гора) демонстрации поради некое незадоволство, како би реагирале?Ѓуричиќ: Многу е тешко од било кој агол да се посматра она време на демонстрации и граѓански протести, но горд сум што сум дел од историјата на една земја. Луѓето и натаму не можат да сфатат дека сето тоа е сторено без никаков интерес. Никогаш повеќе нема да има такви улични журки. Забораваа и против кого и за кого тоа се случува. Народот кај нас е везден ист. Тоа ќе се привикне на она што му е понудено. Искрено мислам дека повеќе ги нема тие емоции и дека онакви демонстрации ни-когаш нема да се повторат. Лично, едвај чекам на овие простори да се воспостават држави во кои нема да има потреба од лидер ниту место за примитивизам. Ско-ро видов демонстрации во Србија, каде некој одлучил на еден пејач да му се платат 100.000 евра за настап. Граѓаните излегле со транспаренти барајќи ним да им платат и дека не го сакаат пејачот.

Монитор: Имате ли став за приликите и неприликите кои се викаат секојдневие на Црна Гора и како ја чувствувате културна-та клима во Вашиот роден град - Херцег Нови?Ѓуричиќ: Нема држава која преку ноќ ќе стане културна. Овде во Црна Гора гле-дам генијални работи. Кога ќе се појави телевизиска камера сите трчаат да “влезат” во кадар. Сите се тогаш многу паметни и многу важни, а всушност никој ништо не кажува. Градот Херцег Нови има многу културни случувања, земете само колку регионални фестивали има, но, за жал, никаде не се гледаат резултатите.

Извор: “Монитор”, Подгорица, разговорот го водела: Марија Чолпа

Page 13: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Feqton 13ШАРЛ ДИЛ

ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИСКОТО

ЦАРСТВО (продолжение III)

ГЛАВА IV

Исавријански (сирски) цареви и иконоборство (717-867 г.)

Обнова на царството под првите двајца исавријански цареви (717-

775 г.)

Новиот цар Лав III (717-740 г.) бил значајна личност: одличен војсководец, тој, не без успех, се обидел да ја одбрани Азија од муслиманите; вешт дипломат, добар организатор, тој ги имал сите осо-бини на еден државник. Неговиот син Кон- стантин V (740-775 г.), со кого рано ја по-делил власта за да ја зачува династијата,

бил, исто така, и покрај погрдите и клеве-тите со кои го опсипувале неговите непри-јатели, и покрај прекарите Копроним (“ѓу-бреимен”) и Кавалинос (“коњушар”) со кои со уживање го валкале, еден одличен владетел. Тој бил умен, енергичен, голем воин и голем организатор; и иако бил, уш-те повеќе од неговиот татко, прек, строг и жесток, сепак и двајцата први Исавријци биле многу големи цареви чиј спомен долго време останал драг на византиската војска и византискиот народ и на кои ни нивните непријатели не можеле да не им оддадат правда. И црковните отци на седмиот вселенски собор во Никеја (787 г.), остро осудувајќи ги верските политики

на Лав III и Константин V, им оддале при-знание за нивната храброст, мудрите мер-ки кои ги презеле за доброто на своите поданици, законите кои ги обнародиле, нивните граѓански установи, за сè она со што го заслужиле признанието на својот народ. Двата први Исавријци навистина биле славни трудбеници во преуредува-њето на царството.

Надворешна политика Неколку месеци по стапувањето на престолот на Лав III Арабјаните се појави-ле пред Цариград и го нападнале и од копно и од море; ни зимата, која била многу остра, не ја прекинала борбата. Но муслиманските бродови биле победени во неколку судири; војската на копното, исцрпена од глад, претрпела сериозен пораз. По цела една година залудни напори (од август 717 до август 718 г.) Арабјаните ја подигнале опсадата. Тоа за Лав III претставувало славен почеток на владеењето, за исламот голем слом, и тоа бил настан со сосема поинакво значење од победата која ја однел петнаесет годи-ни подоцна (732 г.) Карло Мартел кај По-атје.

Арабјанскиот налет бил конечно скршен, и побожните Византијци можеле со пра-во да се гордеат поради тоа што Бог и Богородица секогаш верно го штитат хри-стијанскиот Град и царството. Сепак, и покрај поразот, Арабјаните биле и понатаму опасни. После неколку години одмор, тие ја продолжуваат војна-та, и повторно секоја година, Мала Азија страдала од нивните упади. Но поразот кај Акроин (739 г.) им бил сурова поука. Константин V ја користи приликата да преземе напад на Сирија (745 г.), да го освои Кипар (746 г.), да прејде со војската на Еуфрат и во Ерменија (751 г.). Исто така, и внатрешните спорови кои ја потресувале арабјанската држава, стапувањето на пре- стол на Абасид (750 г.) кој ја пренесе пре- столнината на калифот од Дамаск во да-лечниот Багдад, многу допринеле за ви- зантискиот успех. За сето време на вла-деење на Константин V војната среќа би-ла на страната на Грците; и по него, него- виот син Лав IV можел во 778 г. со војска од

100.000 луѓе да упадне во Сирија и 779 г. со голем успех да ги одбие муслиманите во Мала Азија. Арабјанската опасност, толку страшна во VII век, не му се заканувала веќе на царството.

Константин V исто така се трудел да ја неутрализира бугарската опасност. 775 г. тој презел напад и, во тек на девет последователни војни, им приредил кај Маркела (759 г.) и кај Анхијал (762 г.) толку крвави порази што 764 г., упла-шени, тие не се ни обиделе да се спро-тивстават и склучиле мир. Војната која е продолжена 772 г. и која траела до крајот на владеењето не била помалку победо-носна; и иако Константин V не успеал да ја уништи бугарската држава, сепак на Балканскиот Полуостров го повратил уг-ледот на византиското оружје. Освен тоа, ги задушил востанијата на тракиските и македонските Словени (758 г.) и, по углед на Јустинијан II, префр-лил во Мала Азија, во темата Опсикион, еден дел од нивните племиња (762 г.).

Внатрешно уредување

Во исто време кога на непријатели-те на монархијата им влеале почитување кон царството, двата први Исавријанци се дале на внатрешно преуредување. Тоа било големо дело на административно, економско и општествено преустројство. За да ја осигурат одбраната на гра-ницата Лав III и неговиот син почнале да го воопштуваат устројството на темите, делејќи ги големите воени области од VII век на многубројни воени окрузи, помали по простор и попогодни за одбрана; ос-вен тоа, оваа нова поделба им давала политичка корист, бидејќи на тој начин опаднала моќта која на стратезите им била дадена со управување над многу пространи покраини и бидејќи била нама-лена опасноста од побуни која оттука про-излегувала. И додека Воените закон ја обнову-вал дисциплината во војската, државната благајна се полнела со парични средства благодарејќи на внимателната, често без-обѕирна, финансиска администрација. Земјоделскиот закон се трудел да го ограничи вознемирувачкиот развој на големите поседи, да го запре пропаѓањето на малите слободни своини, да им осигура на селаните подобри животни услови. Поморскиот закон потпомагала во развојот на трговската морнарица. Но, над сè, големото законодавно преустројство, кое се обележува со обја-вувањето на граѓанскиот законик наречен Еклога (“избор”, 739 г.), ја поправил судска-та администрација и внело во законот,

Page 14: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

14 Feqtonсо повеќе јаснотија, еден сосема нов и повеќе христијански дух на човечност и еднаквост. По половина век владеење двата први Исавријанци го направиле царството богато и напредно, покрај чумата која го опустошила 747 г. и покрај тревогата која ја предизвикало иконоборството.

Иконоборство (726-780 г.)

За да го изведат своето дело на закрепнување на државата до крај, Лав III и Константин V се обиделе да извршат го-лема верска преобразба. Тие ги укинале иконите, ги прогонувале калуѓерите кои се бранеле, и според сериозниот конфликт кој го предизвикале и кој доби име по иконоборството го сочувале во историјата називот иконоборци.

Многумина често погрешно ја сфатиле природата на верската политика на иса-вријанските цареви и лошо ги разбрале нејзините цели и значење. Причините кои ја предизвикале биле истовремено верски и политички. На многу побожни луѓе, на почетокот на VIII век, непријатно делувало претераното суеверие, а особе-но големото обожување на икони, чудата кои од нив се исчекувале, начинот на кој тие биле вплетени во сите човечки дејно-сти, и многу исправни духови со прави биле загрижени поради штетите кои ваквите обичаи можеле да ѝ нанесат на верата. Во Азија посебно постоело силно нерасположение кон иконите: Лав III, Ази-јат по потекло, го делел. Ни тој ни неговиот син не биле, како што понекогаш се смета, слободни мислители, рационалисти, претходници на реформацијата или француската рево-луција; тоа биле луѓе на своето време, побожни, верници, богослови дури, ис-крено трудејќи се да ја поправат верата, чистејќи ја од сè она што им се чинело за идолопоклонство. Но тие биле исто така и државници кои се грижеле за големината и спокојство-то на царството. Меѓутоа, големиот број на манастири и непрестајниот пораст на манастирските братства претставувале за државата сериозна опасност.

Ослободувањето од порез кое го уживале црковните добра го намалувало приходи-те на државната благајна; мноштвото на луѓе кои се закалуѓерувале биле изгубени за земјоделство, војска, чиновничка служ-ба. Но особено влијанието кое калуѓерите го вршеле на духовите и моќта која на тој начин ја здобивале создавале од нив опасни чинители на нереди. На таквата состојба на нештата два- та Исавријанци се обиделе да одолеат: укинувајќи ги иконите, тие целеле на калу-ѓерите кои наоѓале во нив и во нивното обожување едно од своите најмоќни средства во судирите. Несомнено, борбите кои така ги започнале исавријанските цареви преди-звикале долготрајни немири; несомнено, од тие конфликти произлегле сериозни политички последици. Не треба да се заборави, меѓутоа, ако се сака да се до-несе правичен суд за иконоборачките владетели, дека тие во оваа своја борба наишле на голема поддршка кај високото свештенство, завидливо на влијанието на калуѓерите, во војската составена претеж-но од азијатски народности, дури и во од- реден дел од народот, и дека нивните обиди не биле ниту без причина ниту без големина.

726 г. Лав III го обнародил првиот указ против иконите со кој, како изгледа, не наредил да се уништат туку да се обесат повисоко за да се тргнат од обожувањето на масите. Таа мерка предизвикала голе-мо вриење: имало жестоки судири во Цариград, една побуна, брзо задушена, во Грција (727 г.), општото востание во Италија (727 г.); и иако папата Гргур II се задоволил со вложувањето на остар протест против иконоборачката ерес, неговиот наследник Гргур III започнува наскоро посмела политика и, не задоволу-

вајќи се само со фрлање на проклетства на противниците на иконите (731 г.), бара, во еден момент, сојуз со Лангобардите против царот. Во Сирија Јован Дамаскин исто така грмел против Лав III. Изгледа сепак

дека указот бил благо примен; против бра- нителите на иконите не е преземено ни- какво систематско прогонување; и иако патријархот Герман бил сменет, а на негово место бил поставен еден приврзаник на новата верска политика (729 г.), иако биле преземени мерки против духовничките школи, побуната во Грција била благо за-душена. Но заострувањето на борбите било неизбежно. Начелни прашања наско- ро биле поставени во спорот во кој се суд-риле царскиот уплив во верските работи и желбата на црквата да се ослободи од мешањето на државата. Освен тоа, Кон-стантин V, повеќе богословски расположен од татко му, внел во борбите лични сфа-ќања, спротивни не само на иконите туку и на обожувањето на Богородица и по-средувањето на светците; а бидејќи бил пострастен, ја водел борбата со поголема занесеничка ревност, со подоследна и не-умолива жестина. Откако, со десетгодишна слава и благосостојба, го зацврстил престолот, кој во еден момент му бил занишан со буната на Атравазд (740-742 г.), тој свикува во Ијерија црковен собор (753 г.) кој свечено ги осудува иконите. Оттогаш владетелот можел да ги казнува противниците не са-мо како одметници од царот, туку и како побуненици против самиот Бог. Сепак, во почетокот се надевал дека ќе ги убеди. Дури во 765 г. започнале прогоните.

Иконите биле уништени, манастирите за- творени или претворени во јавни и оп-штествени добра, касарни и крчми; мана- стирските имоти биле одземени, калуѓерите апсени, злоставувани, проте-рувани од земјата; некои, како Св. Стефан помладиот, биле осудени на смрт; други,

Page 15: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Feqton 15во смешни спроводи, биле изложени на срам на народот насобран во Хиподром. Неколку високи царски достоинственици биле погубени или протерани. Патријар-хот Константин, првин прогонет, бил осу-ден на смрт (767 г.). Цели пет години гонењето беснее-ло по царството, помалку страшно, може-би, од она што го претставиле царските противници, - смртните казни изгледа де-ка биле ретки, - но сепак многу жестоко. Се чинело, вели еден современик, “дека владината намера била потполно да го искорени калуѓерскиот ред”. Калуѓерите огорчено се опирале; тие храбро стра- дале “за правда и вистина”. Сепак многу-мина попуштиле, многумина побегнале, особено во Италија: така што, како што вели, со малку претерување, еден совре-меник, “изгледало дека во Византија не-ма повеќе калуѓери”.

Неоспорно е дека борбата дала по- води за незабележани насилства, неве-ројатни свирепства и ѕверства, и дека предизвикала во монархијата длабоко вриење. Таа имала, освен тоа, многу се-риозни последици. Уште Лав V, трудејќи се по пат на сила да го совлада отпорот на папството, одземајќи од Рим и ставајќи го во зависност од цариградскиот па-тријарх Калабрија, Сицилија, Крит и за- паден Илирик (732 г.), ги поострил незадо-волствата на папите и ненаклоност на Италија. Кога 751 г. равенскиот егзархат подлегнал под ударите на Лангобардите, Стефан II не се колебал многу да се од-вои од еретичкото царство и, бидејќи бил немоќен да го брани Полуостровот, да по-бара кај Франците поуспешна и помал-ку тегобна заштита; тој ги примил од по-бедникот Пипин областите кои порано

ѝ припаѓале на Византија и кои оттогаш го сочинувале папското световно господар-ство (754 г.). Тоа бил раскинот помеѓу цар-ството и Рим. Константин V правел сè можно за да го казни папата кого го сметал за еден

обичен издајнички и вероломен поданик кој незаконито го присвоил она што им припаѓа на неговите господари. Сите тие напори биле залудни. Карло Велики, кој 774 г. повторно се замешал во политички-те прилики на Полуостровот, свечено го по- тврдил Пипиновиот дар. Византија ги со-

чувала во Италија само Млеќаните и не- колку градови на југот. И иако, на тој на-чин, е смаленото царство уште повеќе било упатено на Истокот, со овој раскин се подготвувал никулецот на стравотни за- плети и сериозни опасности во иднина.

Ирина и воспоставување на иконите (780-802 г.)

Со својата верска политика првите Исавријанци посеале семиња на многу раздори, незадоволства, немири. По смртта на Константин V тоа веднаш било јасно. За време на своето кратко владее-ње Лав IV (775-780 г.) ја продолжил по-литиката на своите претходници; штом умрел, неговата вдовица Ирина, владеејќи

наместо малолетниот Константин VI, сме-тала дека е покорисно за своите тежнее-ња да се потпре на православците и да го обнови обожувањето на иконите. За да целата се посвети на својата голема цел, таа ја занемарува борбата со мусли-маните кои се повратиле 782 г. до Хри-стопол, кон Цариград, и заклучила со ка-лифот прилично понижувачки мир (783 г.); таа се приближува, освен тоа, кон па-пата и стапува со франечкото кралство во срдечни односи; што се однесува до внат-решната политика, особено се трудела да ги отстрани од владата противниците на иконите и ги оддалечува своите девери, синовите на Константин V; извршувајќи ги така сите подготовки, таа, со учество на патријархот Тарасиј, свечено ја осудува на

седмиот вселенски собор во Никеја (787 г.) иконоборачката ерес и го обновува обо- жувањето на иконите, на голема радост на богомолците кои во својата победа гледале гаранција за блиски и потполно независни цркви од државата. Опиена од победата, охрабрена со омиленоста кај народот која ја здобила со својата побожна ревност, Ирина не се ко-леба да стапи во борба со својот син, кој станал полнолетен, и да му го оспорува престолот. Прв пат, пред незадоволството на војската која останала верна на спо-менот на Константин V, а освен тоа раз-дразнета поради неуспесите кои царските трупи ги трпеле во борбите со Арабјаните, Бугарите, Лангобардите, таа морала да се одлучи на повлекување (790 г.). Но со упорна вештина го подготвувала враќа-

њето на власт: 797 г. го оборила својот син и без колебање му ги ископала очите. То-гаш завладеала како вистински цар (797-802 г.) и била прва жена која во свое име владеела со монархијата. Но иако црквата, зајакната, обно-вена во борбата, повторно го заземала во византиското општество, благодарејќи ѝ на неа, своето вистинско место, иако ка-луѓерската и побожна странка, предводе-на со луѓето како што бил Теодор Студит,

станала помоќна и похрабра од било ко-га, исклучителното внимание кое Ирина го посветила на верската политика имала за царството тешки последици. И покрај привремените успеси кои Константин VI ги постигнал над Арабјаните и Бугарите (791-795 г.), багдадскиот калифат, за вре-ме на владеењето на Харун-ал-Рашид,

успешно преминал во на- пад и ги присилил Визан-тијците на плаќање данок (798 г.). На Запад грчката влада покажувала иста слабост кон Карло Велики и настанот од 800 г., кој го обновил западното римско царство во корист на фра- начкиот крал, значел за ви-

Page 16: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

16 Feqtonзантискиот двор чувствително понижу-вање. Намалена однадвор, монархијата била ослабена внатрешно поради пре-тераната попустливост која владата ја покажувала кон црквата, поради дла-боките раздори кои настанале како после-дица на иконоборството, поради мачниот пример, најпосле, кој го дала Ирина за-почнувајќи повторно ера на династички револуции. Иконоборачкото време, несомне-но, било обележено со голем духовне и уметнички полет; исавријанските цареви не биле пуританци; иако ги забраниле иконите, тие го сакале раскошот, светски-от сјај на живот, и, за да ги украсат сво-ите градби, ја помагале световната умет-ност која била вдахновена со античка традиција како и со арабјански обрасци; тие околности, како и местото кое го зазе-маат Азијатите во VIII век, допринеле византиското царство сосема да се “поис-точни”. Но колку и да била голема улогата на монархијата која ја зачувала како ви-тез на христијанството против исламот, како чуварка на цивилизацијата против варварството, неа, на крајот на VIII век, ѝ се заканувале големи опасности до сите страни и таа била многу слаба. Со падот на Ирина, која со државен удар ја срушил Никифор I, (802 г.) бил отворен патот на неволјите и анархијата.

Второ време на иконоборството (802-842 г.)

Никифор I (802-811 г.) бил умен владетел, вешт финансиер; тој се грижел да ја поправи очајната состојба во кое се наоѓала државната благајна, иако тоа би-ло на штета на црковните добра. Тој бил умерен дух и не го сакал насилството на иконоборците; но, од друга страна, сакал да ги очува нивните реформи, и особено ги сметал за недозволиви стремежите на византиската црква која, опиена со победата, отворено се стремела да се ос-лободи од државната власт и да се здобие со потполна слобода.

Тоа е значителната линија на вто-рото иконоборачко време; тогаш во Ви- зантија се случувало нешто слично на она што на Западот била борбата околу ин-веститурата. Калуѓерите на Студискиот манастир, под водство на нивниот игумен Теодор, се заложувале за најжестоки и најнепомирливи во стремежите за црков-ните права. Тие со подеднаква острина се бореле и против мудрата помирливост на патријархот Никифор (806-815 г.), кој се

трудел да го избрише сеќавањето на ико-ноборачката борба, и против царевата финансиска политика и неговиот уплив во прашањата на верата. Владата морала строго да поста-пи со нив (809 г.), да ги растури и да ги прогони. Калуѓерите не се либеле про-тив царската власт да побараат помош од папата, решени да го признаат пр-венството на римската црква само за да можат по таа цена да осигурат неза-висност на источната црква кон државата. Таквото држење морало да предизвика иконоборачко противдејство. Тоа било дело на Лав V Ерменец (813-820 г.) и двајца цареви од фригиската династија, Михаил II (820-829 г.) и Теофил (829-842 г.). Повторно, цели триесет годи-ни, царството било стравотно немирно.

На црковниот собор кој се состанал 815 г. во Св. Софија иконите биле пов-торно забранети и вратени на сила ико-ноборачките одлуки од 753 г. Според тоа, иконите почнале повторно да се уни-штуваат; особено секое јавно покажу-вање и опирање на калуѓерите било неми- лосрдно задушувано со казни, злоставу-вања, прогонства. Теодор Студит умира во прогонство (826 г.), а гонењето станало уште посу-рово за време на Теофил, страстен иконо-борец и упорен богослов. 832 г. бил об-народен уште еден остар указ против при-врзаниците кон иконите и патријархот Јован, наречен Леканомант (“врач”), се согласил да ги спроведе. Манастирите биле затворени, калуѓерите прогонувани и апсени; ужас повторно завладеал. Но по сто дваесет години заморна и залудна борба се појавува заситеност. Веднаш по смртта на Теофил неговата вдовица, на-месницата Теодора, советувана од нејзи-

ниот брат Варда, решила да се заведе мир со воспоставување на обожување на иконите. Таа одлука била донесена на соборот од 843 г., со кој претседавал нови-от патријарх Методије, и прогласена на една величествена свеченост. Во спомен на тој ден грчката црква уште и денес го прославува 19 февруари секоја година (“Недела на православието”). Но, ако иконите се воспоставени, ако, според тоа, црквата ја однела побе- дата, од друга страна, делото на иконобо-рачките цареви останало недопрено во главната точка. Тие сакале да ја држат црквата во зависност од државата и да ја зголемат над неа царската власт; против тој стремеж Студитите огорчено се боре-ле, упорно му го одрекувале правото на царот да одлучува за догмите и верата и, не попуштајќи, барале независност на црквата од световното влијание. Исходот на иконоборството бил, меѓутоа, тоа што црквата станала попотчи-нета повеќе од било кога на царската власт.

Надворешна политика на царството и обнова на монархијата (802-867 г.)

Додека така монархијата била обземена со верската борба, сериозни настани го поматиле нејзиниот внатре-шен мир и ја загрозиле однадвор нејзи-ната безбедност. Злосторствоот на Ирина против синот, тргнувајќи ја од власт иса-вријската династија, отворил ново време на династички борби. По државниот удар кој го подигнал на престолот Никифор I (802 г.) следувале една јавна објава кој го издигнува Лав V (813 г.) и една завера која, по убиството на Лав V, го ставила на него-вото место Михаил II (820 г.); но, освен овие успешни завери, долг е списокот на пропаднати обиди од кои најопасно било Томиното востание (822-824 г.).

Page 17: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Feqton 17 Тој, потпирајќи се на пониските општествени редови, ѝ даде на својата побуна скоро социјалистичко обележје. Полни дваесет години анархија беснеела по царството. Ни надворешните односи не стоеле подобро. Договорот од 812 г., спо-ред кој на Карло Велики му бил признат називот цар, го потврдил губењето на Италија во која Византија ги сочувала са-мо Млеќаните и некои области на југот на Полуостровот. Војната продолжена со Арабјаните (804 г.) се завршила со два се-риозни порази: заземањето на Крит од страна на шпанските муслимански гусари (826 г.) кои оттогаш постојано, скоро не-казнето, пленеле по источниот дел на Средоземното Море и освојувањето на Сицилија (827 г.) од страна на африкан-ските Арабјани кои 831 г. го поседнале Палермо. Но особено голема била бугарска-та опасност откако страшниот кан Крум го

проширил своето царство од Хем до Кар-патите. Никифор I се обидел да се бори против него упаѓајќи во Бугарија: при вра-ќањето погинал во еден крвав пораз (811 г.), и Бугарите, по втор пат победници кај Андријанопол, стигнале до пред цари-градските ѕидини (813 г.). Победата на Лав V кај Месимврија (Месиврија, 813 г.) го спасува царството. Но, ако на сите тие разни опасности се додадат уште и буните на недоволно потчинетите народи, како што биле пелопонеските Словени (807 г.), ќе се разбере дека по овие дваесет го- дини на нереди делото на големите иса-вријански цареви изгледало потполно уништено. Царството сепак, заздравило од таа криза. Владеењето на Теофил (829-842 г.) донекаде ги надоместила, благо-дарејќи на сè поголемото слабеење на багдадскиот калиф, поразите претрпени на Исток; и иако, навистина, по порази-те кад Дасимон и заземањето на Амори- ја (838 г.), Византијците биле принудени да ги замолат Арабјаните за мир, од друга страна, благодарејќи на цврстото управување со земјата, добрата финан-сиска администрација и дипломатската вештина, Византија повторно дошла до углед и благосостојба. Со велелепноста на градбите, раскошот на Светиот двор, блесокот на цивилизацијата, Цариград, на средината на IX век, се натпреварувал со престолнината на калифот. И кога беско-нечната борба околу иконите најпосле престанала, царството се чинело уште по-сјајно и појако. По излегувањето од тоа долготрајно време на немири изгледало дека, навистина, уметноста и книжевноста добиле нова сила, а цариградскиот уни-

верзитет, кој во дворецот Магнарва го обновил Варда (околу 850 г.), повторно станал, под управа на Лав Солунски, сре-диште на извонредна духовна култура. Во истото време и црквата, подмла-дена во борбата, ѝ ја ставила во служба на државата својата препородена дејност. Таа го повратила верското единство, бо-рејќи се против ересите, особено против павликијаните кои за времето на владе-ењето на Теодора биле сурово прогону-вани во Мала Азија, и довршувајќи го по-крстувањето на пелопонеските Словени (849 г.), забележително на целиот Исток го раширила византиското влијание со мисионерската работа. На повик на моравскиот кнез Ки-рил и Методија, “словенските апостоли”,

им ја донеле христијанската вера на вар-варските племиња кои биле населени во Унгарија и Чешка (863 г.). Тие направиле повеќе. Ги превеле на словенски јазик свештените книги за новите преобратени-ци; ја составиле, во таа цел, глаголицата, давајќи им така на Словените и нивна азбука и нивен книжевен јазик; пропове-дале на словенски, служеле служба на сло-венски, се труделе да создадат словенско свештенство; и со такво промислено и умешно сфаќање ги придобиле Словените за православието.

Преку дваесет години (863-885 г.) двата браќа Солун-ци проповедале евангелие по Мо-равска. И иако, ко- нечно, нивното дело поради гер- манското непри-јателство и унгар-ската наезда про- паднало, нивниот начин на работа ѝ донел на Визан-тија во другите по-

краини долготраен успех. На бреговите на Дон христијанството продрело во еврејска-та држава Казара. 864 г. Борис, бугарскиот

кнез, го примил православието; и иако, следните години, новообратениот верник се колебал едно кратко време меѓу Визан-тија и Рим, иако стапил во односи со папа-та Никола I барајќи од него да заведе латински обред во неговото кралство (866 г.), грчкото влијание сепак после тоа дла-боко продрело во Бугарија. Сето тоа претставувало голем ус-пех. Лекомисленоста на Михаил III (842-867 г.), особено кога младиот владетел се

оттргнал од туторството на својата мајка Теодора (856 г.) и на својот вујко Варда, несомнено привремено ги довеле во прашање постигнатите резултати. Араб- јанските гусари од Крит ограбувале по источните мориња; во Мала Азија, око- лу дваесет години, се сменувале успе-си и неуспеси (844-863 г.); на Запад мусли-маните го довршиле, од 843 до 859 г., освојувањето на Сицилија. Најпосле и Русите, по прв пат, се појавуваат пред Цариград (860 г.), и само благодарејќи на чудото кое го извршила Богородица, според народно верување, спасена е пре-столнината. Уште еден настан, посерио-зен и позначаен, го обележал вла- деењето на Ми-хаил III. Наместо Игнатие, кој го симнал цесарот Варда, на цари-градскиот патри-јаршиски престол се качил Фотие (858 г.) Папата Никола I, на повик на симнатиот патријарх, се замешу-

Page 18: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

18 Nadvor od zakonotва и им наложува на посланиците да по-ведат истрага.

Славољубивиот Фотие умеел многу ве-што да го искористи незадоволството кое, со векови, Истокот го чувствувал кон папските барања и непријателството кое го имал кој Западот; наспроти папското по- лагање на правата на првенство тој, ве-што, на својот личен спор му го додава и обележјето на вистински народен спор. На исклучувањето од црквата кое го објавил против него Никола I (863г) тој одговара на раскин со Рим. Цариградскиот црковен собор (867г) фрлил проклетство на папата, го огласил неговото незаконско мешање во работите на источната црква и го довр-шил расцепот. Тоа бил очевиден доказ за постоењето на византиското народно чув-ство кое се покажало отприлика во исто време, на не помалку јасен начин, во возбу-дата предизвикана од страна на освојувач- ката политика на Рим во Бугарија (866 г.). Така, во средината на IX век, по-стоела несомнено византиска народност која постепено ја создавале настаните: царството, по престанувањето на иконо-борството, повторно се здобило со вер-ско единство, политичка сила, духовна го-лемина; пред сè, станало чисто источно царство. Моментот се наближувал до кој тоа ќе го достигне врвот на својата моќ. Кога Василие Македонец,5 љубимец на

Михаил III и негов совладар, откако се ослободил од својот соперник Варда (866 г.), го убива најпосле и својот добротвор (867 г.) и подигнува на престолот нова ди-настија, тој му донесува на византиското царство, со помош на извршен државен удар, сто педесет години на сјај, благосо-стојба и слава.

5. Овој назив е вообичаен; треба да се наспомене, меѓутоа, дека семејството на Василие има ермен-ско потекло и дека неодамна се доселило во Ма-кедонија.

Крај на четврти дел.

Во следниот број продолжуваод Глава V -

Врв на царството под македонската династија

(867-1081 г.)

Не му може никој ништо

Јездимир Васиљевиќ би можел да ја избегне екстрадицијата во Србија и судењето за превара затоа што холандскиот закон не го познава делото за кое го товари нашето правосудство

Пропаднатиот банкар Јездимир Васиље-виќ (60), некогашен сопственик на Југо-скандик кој од почетокот на април се наоѓа во екстрадициски притвор во Холандија, би можел многу лесно да ја избегне екстрадицијата во Србија и су-дењето за повеќемилионска превара на штедачи, бидејќи холандскиот за-кон не го познава кривичното дело злоупотреба на службена положба! Него-вото испорачување дополнително се компликува и поради фактот дека во таа земја пред тоа го чека судење за илегален влез и казна затвор од шест месеци до две години!

- Српското Министерство за правда уште одамна го заврши својот дел од работата и на холандските колеги им ја испрати сета неопходна документација за екстрадиција на Васиљевиќ. За тоа, меѓутоа, уште ништо не е разгледувано, затоа што пред тоа мора да одговара прекршочно за илегален влез во земјата. Верувам де-ка оваа постапка ќе биде завршена со изрекување на некоја симболична казна, а евентуалното испорачување ќе биде работа на интерната проценка на Холан-ѓаните, кои можат да решат и да го про- тераат на Еквадор, чиј државјанин е исто така. Искрено, се сомневам дека воопшто ќе ѝ биде испорачан на Србија, со оглед на тоа дека холандскиот закон не го познава кривичното дело за кое го товари нашето правосудство - вели за Курир неговиот бранител, адвокатот Драгољуб Ѓорѓевиќ.Васиљевиќ е во екстрадициски притвор во Хаг веќе полно пет месеци, по апсењето по Интерполовата потерница, која по не- го ја распиша српското правосудство по-ради бегство од судење. Во меѓувреме тој побара политички азил од тамошните власти, но тоа не му беше одобрено би-дејќи влегол во земјата со туѓ пасош. Според една од неофицијалните верзии, во Холандија дошол во посета на поране-шната сопруга и синовите Давид и Лав. Се шпекулираше дека имал намера на хаш- киот трибунал за воени злосторства да му ги понуди своите сознанија за набавка и купување на оружје во текот на војните во Хрватска и БиХ, а за возврат барал укинување на потерницата. Иако тоа не е официјално потврдено, добрите познава-чи на неговиот “лик и дело” убедени се дека тој веќе ќе најде начин и овој пат да се провлече низ иглени уши.- Слушнав дека побарал политички азил, но не сум запознаен со тоа што навел

како причини, бидејќи во Холандија го застапува адвокат кој му е доделен по службена должност. Можно е дека имал и некои состаноци со претставниците на Трибуналот, бидејќи и порано е сослушу-ван како потенцијален сведок, но немам за тоа директни сознанија. Крајниот епи- лог околу тоа во која земја ќе биде испо-рачан во овој момент навистина никој не може да го прогнозира - додава Ѓорѓевиќ.

Извор: “Курир”, Белград

Вероучителка имала секс и се забавувала со ученик

Омажената Madeleine Martin (39) признала дека се допишувала со ученикот по пат на Facebook, а во февруари се сретнале и започ-нале 9-дневна врска

Учителката по веронаука од Манчестер ќе заврши во затвор откако признала дека имала сексуални односи со 15-годишен ученик. Madeleine Martin се допишувала со ученикот на Facebook, а во февруари се сретнале и започнале 9-дневна врска. Обвинителката Jennifer Birch рекла дека момчето и учителката имале секс три пати, додека таа над него извршила “сексуален чин” седум пати. Парот спогод-бено одлучил да прекине. Медлин, која е мажена но не живее со својот сопруг, на суд ги признала 10-те точки од обвине-нието. Судијата ѝ рекол дека во ноември, по судењето, ќе оди во затвор, а ќе влезе и во регистарот на сексуални престапници и дека можеби ќе ѝ биде забранета ра-бота со деца. Исто така ќе ја проучува психијатар да види каква била нејзината психичка состојба додека била во врска со момчето.

Не е познато како случајот стигнал на суд.

Извор: “24сата.хр”, автор: Магдалена Муциќ

Училиштетот Audenshaw

Page 19: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Nauka i novi tehnologii 19суперкомпјутер, кое истовремено го кори-стат 30 истражувачи. Огромен поттик на новиот вид побрзи “електронски сметал-ки” им дадоа програмските јазици осми-слени за графички процесори.

Извор: “Политика”, Белград

Во Кина се гради најголемата соларна електрана на светот

Американската компанија и кинеските власти договориле проект вреден шест милијарди долари. Количината на произве-дената електрична енергија ќе биде до-статна за задоволување на дури три мили-они кинески домаќинства

Американската компанија First Solar со се- диште во Аризона објави деновиве дека со кинеската влада потпишала меморан-дум за разбирање според кој ќе градат соларна електрана со капацитет од два гигавати недалеку од градот Ордос во ки-неската покраина Внатрешна Монголија.“Таквата значителна посветеност на со-ларната енергија е директен резултат од прогресивните мерки на кинеската енергетска политика чија цел е да се создаде одржлив, долгорочен пазар за иднината на Кина која ќе ја обележи со-ларната енергија и ниските количини на емисија на јаглеродни гасови”, изјави по потпишување на меморандумот изврш-ниот директор на First Solar Mike Ahern. При тоа појасни дека проектот за соларна енергија во Ордос ќе биде завршен за 10 години. Со првата фаза предвиден е проект на изградба на постројките со капацитет од 30 мегавати чиј почеток се планира за 1 јуни идната година. Во втората, тре- тата и четвртата фаза предвидено е зго-лемување на капацитетот за 100.870 од-носно 100 мегавати. Предвидениот рок за завршување на втората и третата фаза е 2014, додека завршната фаза се планира за 2019 година.

И кинеската страна е задоволна со прет-ставениот проект и партнерството со во-дечката компанија во светот во секторот на соларната индустрија. Кинезите смета-

Суперкомпјутер на масата

Новиот вид на брзи компјутери, во чие име влегува присвојната придавка личен, стигна на бранот усовршени графички процесори

Како да се скрати долгото чекање во кори-стењето на компјутерското време? Загатката која создава главоболки нај-многу ги тишти научниците и стручњаците, соочени со многу тешки пресметки и си-мулации. Џон Стоун, истражувач и програмер на Универзитетот Илиноис (САД), се фатил во костец со тоа искушение. Плодот на ед- ногодишните напори на дружината ко-ја ја предводел се нарекува - личен супер-компјутер (personal supercomputer) или скаламерија со многу графички процесо-ри која е во состојба да изведен сложени имитации (симулација). Наместо залудното чекање во ред пред големата машина, пресметките се вршат на секое биро. Научните истражувања на добивка. Личните суперкомпјутери се достапни во секакви изданија или за сечиј вкус: и како гроздови на централните процесорски единици (CPU) и како вмрежени графички процесорски единици (GPU). Во друг облик на истражувачите им е достапен брз и лесен пристап до огромната ком-пјутерска моќ. На произведувачите на графички чипови, како “Енвидија” и “AMD”, веќе им се насмевнува мустаќот. Суперкомпјутерите, инаку, важат за ѕвез-ди на компјутерството, бидејќи тие се оспособени во една секунда да напра-ват милиони компју-

терски акции. Пора-

но се п о м и с л у в а ш е на “Кре- јовите” или ИМБ-овите г р д о с и и , сместени во бројни орма-ни, кога некој ќе го споменеше зборот суперкомпјутер. Единствена маана им е дека се многу скапи: за најбрзиот на све-тот, “птицата тркачка” (IBM, RoadRunner), морате да изборите 120 милиони дола-ри! Оттука, достапни им се само на компа-ниите со длабоки џебови и на државните институции.Дали е потребна поубедлива причина експертите и научниците да издвојат значително помалку пари за прилично брза “електронска сметалка”, надарена

со голема моќ на пресметки, која не е по-голема од сличната на масата? Нарачките, од 2003 година. од 2008, раснеа по 20% годишно: компанијата “Ен-видија” во последните 365 дена продаде

5.000 парчиња на лични суперкомпјутери, наречени “Тесла”, дури 250 пати побрза од обичен персонален компјутер на масата. И тоа по цена од само 10.000 долари за парче.

Повеќето американски универзитетски ис-тражувачи веќе имаат поднесено барање до Националната научна фондација (NSF), која ги исплаќа трошоците за одреден број на “процесорски часови”, да им се одобри употребата на суперкомпјутерите во големите компјутерски центри. Сега тие се распоредени по список, построени како испраќачи пред поштенски шалтер. Дали повеќе би сакате да го трошите дра-

гоцено време на чекање на својот ред или тоа да го направите од

својата соба? Не мачете се, го знаеме одговорот.

Иако не се толку брзи како најмоќните, личните суперкомпјутери земаат замав. Споменатите “Тесла”, со четири графички чипови, во истовремена (паралелна) обработка на податоци достигнуваат че-тири терафлопси (билиони пресметки во секунда), што е четири илјаден дел на моќта на “птицата тркаќка”, чија брзина изнесува еден петафлопс (илјада били-они или милијарда милијарди). Но, и тоа е сосема доволно за повеќето да ја завр- шат работата, бидејќи во голема мерка се скратува времето на чекање за исходот: сега изнесува само 20 минути, во спо-редба со суперкомпјутерското кое по-трајува неколку часа. Џон Стоун со неговите соработници го осмисли програмот (софтверот) за сликов-но (визуелно) доловување на устројството на биомолекулите на 19 поврзани лични

Page 20: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

20 Kultura i obrazovanieат дека станува збор за проект од голема важност за иднината на Ордос која ќе ја обележат ниски емисии на јаглерод, додека количината на произведената електрична енергија ќе биде достатна за задоволување на потребите на дури три милиони кинески домаќинства. Цената на овој проект би требала да изнесува врто-глави пет до шест милијарди долари.Анализирајќи го влијанието на изградбата на соларната електрана врз кинеската еко- номија, се предвидува дека вкупниот ре-зултат ќе биде секако поволен, бидејќи тој проект на американската компанија, но и на сите останати, им отвора голем простор на досега прилично затворениот кинески пазар, додека од друга страна во Кина, која е веќе познат и етаблиран про-изведувач на соларни панели, ќе биде от-ворена уште една фабрика.

Со претставениот проект се задоволија и еколозите. Имено, на почетокот на 2008 година во склоп на радикалното свртува-ње кон обновливите извори на енергија кинеската влада постави пред себе задача да достигне 5000 мегавати инсталирана снага во обновливи избори на енергија до крајот на 2010, но набргу таа бројка е покачена на 10.000 мегавати, за по сè судејќи за нова цел оваа година да се постави број од дури 30.000 мегавати ин-сталирана снага.Најмногубројната држава на светот, име-но, “мака мачи” со резервите на фосилни горива, но и со загадувањето во големите градови, оттаму одлуката на кинеските власти за градба на споменатите електра-ни наиде на одобрување на стручњаците кои се заложуваат за искористување на обновливите извори на енергија. Треба да се наспомене дека американските струч-њаци на Кинезите им понудиле и состав на ветроелектрани кои се исклучително популарни во САД и никнуваат ширум целата земја како “печурки по дожд”. Аме-

риканците така на кинеските власти им предложиле градење на ветроелектрани кај градот Дунхуанг во пустината Гоби со инсталирана снага од 10.000 мегавати.Ако овој проект се реализира, тој систем би станал најголемата ветроелектрана на светот. Но, освен ветроелектраните на иста локација е најавена градба на преносна мрежа и постои можност за настану-вање на проблем во реализацијата на така големи планови. Уште еден битен проблем за кој не е најдено решение се и песочните бури кои секоја пролет го пого-дуваат подрачјето на пустината Гоби.

Извор: “Вјесник”, Загреб, автор: Вања Мајетиќ

Распеан Густав Климт

Мистериозниот живот на виенскиот сликар инспирирал и нов музички спек-такл за него

Интересирањето за Густав Климт (1862-1918), родениот Виенчанец и такаречи првиот австриски уметник кој го остварил сонот “од сиромав до богаташ”, не се врзува само за неговиот автентичен ко-лорит во сликарството и симболично - алегоричните прикази, туку и за бурниот живот кој го водел сè до прераната смрт од мозочен удар.Приказната на Климт полна издигнувања и падови почнува 1876, кога заедно со својот брат Ернест добива стипендија за студии на Ликовната академија во Виена, по што браќата Климт со уметникот Ернест Мач ја основаат фирмата “Компанија” која своите приходи ги стекнува со дизајн на театарски ентериери. За своето фресконо сликарство во виенскиот Бургтеатар, Гу-став Климт добива царска награда од Фра-њо Јосиф (1890). Година дена подоцна станува член на виенскиот Кинстлерхаус, а 1897 еден од соосновачите на Сецесија.Уморен од норми и желен за креативност, несреќен поради начинот на кој неговата уметност - инаку славена во цела Европа и наградена со златен медал на Светската изложба во Париз 1900 - поради на-гласената еротика (не)прифатена во Ав- стрија, Климт со графичарот на виенска- та работилница Кол Мозер ѝ се спротив-ставува на старомодната, но моќна ви-енска академија на науки. Расколот со академијата која го прогласува за прет- ставник на “модерната, безвредна умет-ност”, за малку доведува до прекин на не-говата плодоносна кариера.

Како вечен ерген, Климт има љубовни авантури со своите модели, а му се при-пишуваат и бројни афери со дамите од виенското богато друштво. Серена Леде-рер, Адела Блок-Бауер, Алма Малер-Вер-фел и Емили Луиз Флеге.Животот на познатиот австриски сликар - трагичната смрт на братот Ернест (исто та-ка врвен уметник), двете вонбрачни деца со Мици Зимерман (неговата “еротска заточеничка”, која ја криел од јавноста), кршењето на табуата во уметноста, кав-гите со влијателните луѓе од јавниот жи-вот - неисцрпен се извор за театарски и музички материјал, но и мистерии. Климт, имено, многу нетипично за своето вре- ме, бил мошне дискретен - повеќе чо-век од дела отколку од зборови. Отта-му не е ни чудно што и филмот на чиле-анскиот режисер Раул Руиз Климт (2007) разочара со плиткото дејствие и пре-тераната концентрација на еротската врска на сликарот со Емили Флеге. На ед- нодимензионалната и невозбудлива при- казна ни сјајниот избор на актери (Џон Малкович и Вероника Ферес) не ѝ помог-наа да се воздигне над клишето.

Австријците со феноменот Густав Климт се занимаваа главно со проверениот кла- сичен пристап: театарски претстави, науч-ни расправи за неговото сликарство и те-матски изложби. Веројатно поради тоа, делумно поради недоволно испитаниот приватен материјал за Климт, делумно поради големата жед за нови музички со-држини, најавата за мјузиклот посветен на легендарниот сликар одекна како бомба. На светската премиера одржана на 7 јули на Фестивалската програма на Гутенштајн (Долна Австрија), ѝ претходе-ше медиумски успешната презентација во “природниот хабитат” на Леополд му- зејот, во опкружение на маслата на платно на Климт.

Page 21: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Kultura i obrazovanie 21Мјузиклот Климт ја следи животната приказна на сликарот од момчешките де- нови сè до смртта, со концентрација на неговата сликарска инспирација. На пу-бликата објаснување ѝ е дадено низ Му-зата на Климт (сјајната Дана Харбауер) со која сликарот комуницира во текот на целиот мјузикл. Она што уметничкиот директор на проектот Ернст Нојшпил го опиша како “бран на емоции кој ќе ја преплави публиката” се претвори во ед-на од најчудните музички продукции на годината која предизвикува прилично спротивставени емоции.Музиката на композиторот Гералд Грацер, со наместа сјајно компонирани рефрени, делува недовршено и наместа потсетува на мешавина на поп-хитови од локалната радио-станица: “Имаме неколку слатки гулабици (мелодии кои би можеле да се издигнат високо во воздухот), но во моментот кога би требало да се вивнат високо, на место ги погодува куршумот кој го испукува лично композиторот”, проко-ментира критичарот Мартин Бруни.

Извор: “Политика”, Белград,

автор: Зоран Аврамовиќ

Хрватска архитектура во Амстердам

Изложбата “Авангарда и континуитет: фрагменти на хрватската архитектура од модернизмот до 2009-та” се отвори на 19 септември во Амстердамскиот центар за архитектура. Изложбата ги опфаќа трите раздобја кои ги претставуваат најпро- дуктивните фази на хрватската архитекту-ра настаната под специфични услови; триесеттите години на минатиот век ткн. меѓувоено раздобје, педесеттите и шеесет-тите години во социјалистичкиот систем и денешното време со нова ориентација по воените случувања во деведесеттите,

покажувајќи ги така најзначајните оства-рувања на хрватската архитектура. Како што е најавено, изложбата ја отвори хр-ватскиот амбасадор во Холандија Јошко Паро, а за нејзиното значење ќе говорат директорот на ARCAM Maarten Kloos, авторот на изложбата Андрија Русан и Ведран Мимица, директор на Институтот Berlage. На отворањето му претходеше разговор на тема современа хрватска архитектура и претставување на книгата “Repetitions: Buildings&Projects 1999-2009” на авторите Бранимир Медиќ и Перо Пу-љиз. Покрај Андрија Русан во реализа-цијата учествуваат о Адолф Стилер, Вера Гример, Тадеј Глажар и Мароје Мрдуљаш, автор на воведниот текст во каталогот на изложбата. Дизајнот на изложбените паноа го потпишува Студиото Рашиќ, а проектот се остварува со помош на хрват-ското Министерство за култура, хрватската амбасада во Холандија и Netherlands Ar-chitecture Fund.

Извор: “Хина”

Оперните диви Томчиќ и Багариќ ја одушевија

публиката

Оперетен спектакл на загрепски Бундек. Двете диви со својот проект “BelCante” одушевија неколку илјади луѓе кои под „ѕвез-дената прекривка” слушаа класични оперни арии во потполно нови ангажмани.

Многумина Загрепчани вечерта решија да ја поминат под ведро небо покрај езерото Бундек. Причината за тоа беше едноставна: бесплатен концерт кој на граѓаните им го подарија нашите две најпознати млади оперни пеачки - сопранистката Сандра Багариќ и мецосо-пранистката Мартина Томчиќ.Двете диви со својот проект “BelCante” одушевија неколку илјади луѓе кои под „ѕвездената прекривка” слушаа класич-ни оперни арии во потполно нови ангаж-мани. Загрепчани со бурен аплауз го следеа разиграниот музички театар на дуетот оперни диви, чиј настап го следе-ше Ревискиот оркестар на ХРТ, под дири-гентска палка на Здравко Шљивац. Овој

волшебен оперен спектакл го дополнија и гостите - Ивана и Марија Хусар, Ѓани Сти- паничев и госпел хорот Агапе. Слуша-телите уживаа во бројните арии од позна- ти опери и оперети, партии од секому дра- гите мјузикли, популарни канцони и ме- лодии. Публиката ги поздравуваше извед-бите на Пучини, Офенбах, Бизетовата “Кармен”, преку “Peer Gynta” на Edward

Grieg, »West side story« на Leonard Bern- stein, па сè до “Mala Floramye” на нашиот Иво Тијардовиќ. Овој концерт беше спек-такуларна завршница на нивната лет- на турнеја со проектот “BelCante”, а која вклучуваше концерти во Задар и Шибеник. Но, на публиката на која ѝ се допадна настапот на Сандра Багариќ и Мартина Томчиќ, ќе може и дополнително да се утеши - двете пејачки снимиле албум со споменатите композиции, “BelCante - Теа-тар на мармеладот”, со низа на врвни аран- жери како што се Анте Гело, Никша Бра-тош, Горан Ковачиќ и Иван Попескиќ.

Извор: “Вјесник”, ЗагребФото: Биљана Гаурина / CROPIX

Ќе се снима филм по мемоарите на Ernest

Hemingway

Мемоарите на познатиот американски пи-сател Ernest Hemingway ќе биде преточени во филм, пренесува дневниот Varajeti.

Внуката на писателот Мариел Хемингвеј ги откупи филмските и телевизиските пра- ва на книгата негови мемоари “Подви-жен празник” и изјави дека планира сни-

мање филм според книгата. Мариел Хе-мингвеј, кој како актерка дебитираше со 13 години во филмот “Lipstick”, е проду-цент на “The Suicide Club” од 1988, а не-одамна ја објави својата трета книга,” Ma-riel’s Kitchen”. “Подвижен празник”, објавен по смртта на Хемингвеј во 1964 година, зборува за младоста на писателот во Париз меѓу двете светски војни.

Извор: “Бета”

Page 22: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

22 @ivot, moda, estrada

Да се биде “спонзоруша” на руски начин

- “Руската Мата Хари”, порасната во сибир-ските тајги, која во Париз се прослави со книгите и ТВ емисијата за руските бога-таши кои се расфрлуваат, за Глобус оддава како да се смота руски милијардер, а тоа да не го дознае ни тајната служба ни неговата жена

Елена (Лена) Ленина веројатно е најпо-знатата Русинка со привремена адреса во Париз.

Дете на советски научници кои живееле и работеле во научниот центар Академго-родок од малечка покажувала смисла за ексцентричност, па се издвојувала од тамошното академско опкружување, во сибирските тајги учејќи бонтон и фран-цуска книжевност. Убавата 32-годишна Елена, мајка на еден син, едвај ја дочекала приликата да отиде во Париз и таму да започне телевизиска кариера. Прво била продуцент, а потоа, поради егзотичната биографија, изгледот на фатална блондин-ка и познавање на францускиот јазик, кој сè повеќе го губел рускиот акцент, дошла и од другата страна на екранот. Руската Пепелашка во Париз, град во кој од секогаш сакала да живее, го пронашла сопствениот пат во светот на познатите - кога срамежливо најавила да се дружи и со руските милијардери и дека за нив би сакала да прави емисии, таа идеја веднаш била прифатена: Русите веќе биле познати како нови богаташи на Европа кои со свое-то расфрлно однесување забавуваат, но и ја вчудоневидуваат Европа од стар ков и

добро однесување. Деталите од својата биографија Лена полека ги дозира па не е ни чудо што француските медиуми во руската убавица пронашле нова инспи- рација. И иако може многу да се дознае од нејзините 17 објавени романи на гра-ницата меѓу документарното и фикцијата, а сите се занимаваат со новата Русија и нејзините нови владетели, Лена Ленина никогаш на прашање не одговара едно-ставно и еднозначно. Тоа се однесува и на прашањата од нејзиниот приватен жи-вот, бидејќи во книгата за тоа како да се заведе богат Русин говорела од лично ис-куство, љубовната афера со еден руски милијардер чиј идентитет грижливо го чу-ва. Можеби затоа што сака што подолго да биде во центарот на медиумскиот ин-терес и за неа да се говори и пишува. Веќе е сопственичка на насловните страни на сите француски списанија кои за синоко-сата “дјевушка” пишувале дури и дека е КГБ агент, руска Мата Хари, додека таа за себе вели само дека е “современа писа-телка”.

Како беше да се порасне во научниот цен-тар Академгородок, покрај Новосибирск, во кој Вашите родители работеа?- Уште како дете знаев дека не живееме во едноставно гратче, туку во научен сибирски центар и дека не мораме да сто-име во ред за купување на производи. Така ми објаснија децата во дворот. Поточно, редовите за специјалниот оддел за нарачки беа многу пократки од редовите за салама во обичната совет-ска продавница и тука се продаваа се-какви деликатеси. Меѓу деликатесите особено се издвојуваа кондензираното млеко и чоколадниот путер. Родителите сметаа дека јас од себе треба да напра-вам една многу учтива дама која на беспрекорен француски ја оценува временската прогноза за утре. Инаку, теш- ко е да се објасни зошто ме дале во екс-периментална група во градинката со учење на француски јазик. Мадам, која ни го предаваше јазикот, имаше двојно пого-лема причина за снобизам. Таа жвакаше француска мастика која ја донела со себе од патувањето преку граница. Во тоа вре-ме на апсолутно советски години, таа која жвакаше мастика, убаво мирисаше на парфем и беше убаво облечена, во увозни фармерки, не можеше да не биде совршенство. Кога денес јас би сретнала такво жвакачко совршенство во градин-ката на својот син, би го префрлила токму во таа друга група.

Што за вас тогаш значеше Франција?- Најмодерното девојче во одделението секогаш, мечтателно затворајќи ги очите, зборуваше дека таа сигурно ќе емигрира во Франција. Зборот “емиграција” беше модерен во советските времиња. На часо-вите по француски марливо ги изучував знаменитостите на Париз, во мислите го гледав девојчето од одделението како вреска на највисокиот кат на Ајфеловата кула и не знае како да се симне, или изгу-бена во Лувр во кој, дури и за површен поглед на секој експонат, барем за една минута, по статистиката треба да се по-трошат шест месеци. Кога мојот татко, проверувајќи го мојот дневник, ги виде постојаните петки по француски јазик и по некоја четворка по руски, ме праша: “Моето дете руско е или француско?” Тие лесни успеси во францускиот јазик и, да, уште и неочекуваното второ место во реци-тирање на стихови на Maurice Carême на француски јазик пред илјадници луѓе кои го проучуваат јазикот на Молиер, го зацврснаа моето уверување дека сме Франција и јас - близнаци, браќа...

Велите дека со телевизиска работа сте по- чнале да се занимавате токму од причи-ни кои се вкоренети во вашето детство. Како тоа?- Брат ми и јас, одгледани во семејство на интелектуалци, бевме ограничени во еле-ментарните детски радости, кои се сметаа за ниско-интелекуални, како што се киното и телевизијата. Потполната отсутност на знаење за кинематографијата ми пречеше за интервјуирање на најпопуларните ак-терки - јас едноставно не ги познавав. А со оглед на тоа дека кај нас, како и кај си-те останати нормални деца - денот исто така се состоеше од 24 часа, празнината од телевизорот ни ја пополнуваа книгите. Додуша, родителите ни го контролираа и изборот на литературата. Не би ми ги зеле Georges Simenon или Alexander Dumas и да ги фрлат во ѓубре. Секако дека не. Но за-тоа на семејната маса би ме зафркавале поради мојот литерарен вкус.

Page 23: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

@ivot, moda, estrada 23Пишувате за руските милијардери, нив- ните жени и љубовници, како тие живеат. Дали сте сакале да бидете една од нив?- Имав романса со еден од милијардерите. Тоа е истовремено и пријатно и опасно. Од една страна, тие како никој знаат да се грижат за жената, со силата на своите огромни можности. Признајте, пријатно е да се слета со приватен авион на ро-мантичен ручек во друга земја или на по- дарок да се добие убав украс и илјада рози кои воопшто не може да ги собере во твојот дом. Од друга страна, тие луѓе не можат да се опуштат. Нив постојано ги прислушуваат конкурентите, руските и странските разузнавачки служби. Тие

имаат колосална одговорност пред сто-тици илјади соработници и хроничен не-достаток на време, а притоа се плашат за сопствениот живот, постојано стравуваат некој да не им ги киднапира децата, ним блиските личности. Затоа денес, приватно, преферирам еднаквост меѓу партнерите во секој сегмент на животот: еднаквост по физичко прашање, еднаквост во возраста, интелектуална, финансиска, социјална и во духовен поглед...

Избор: “Глобус”, Загреб, разговарала: Бисера Фабрио,

Фото: „Глобус“, AFP

Се венчаа Џим Кери и Џени Мекарти

Како што и се очекуваше, со оглед на тоа дека и двајцата често изјавуваа дека пар-чето хартија и легалниот брак ништо не им значи, ова беше “венчавка” само за нив-ните срца.

По четири годишна врска, Џим Кери во Малибу ги размени заветите со Џени Ме-карти во кои се заколнаа еден на друг на вечна љубов. Со заветите еден на друг си

ветија дека засекогаш ќе бидат вљубени и дека засекогаш ќе останат заедно, прене-сува National Enquirer.На церемонијата ѝ присуствуваа тесен круг пријатели, по што среќниот пар от-патува во Лас Вегас на она што тие го под-разбираат под поимот меден месец.Како што пренесува National Enquirer парот отседнал во Fantasy Tower во луксуз-ниот апартман на Sky Villa.Џим, кој законски беше во два брака, секо-гаш тврдеше дека просењето на Џени са-мо би ја расипало нивната врска. Често изјавуваше дека тие двајца се пресреќни заедно и дека не сакаат да привлечат ло-ша карма со бракот. Среќа негова што и таа се сложува со таа опција.

Извор: “Јутарњи лист”, Загреб

Narciso Rodriguez “прозрачи” нова колекција

Највпечатливи беа белите фустани, сѐ еден поубав од другиот. Од едноставното и по малку асиметрично свилено совршенство во облик на фустан до колена до многу по-структурираното со закопчување на шлиц (да, уште се ин!).

Првите излегувања на ревијата на Narciso Rodriguez секогаш наликуваат едни на други. Креација создадена од црни и бе-ли бои (минатата сезона исклучително беж) секогаш оддава впечаток на една

силна самодоверба на една Њујорчанка. Кога ги гледаме ревиите на Rodriguez на-назад три сезони, не можеме да не ја за-бележиме значителната опуштеност во првото излегување, а со самото тоа и во целата колекција.

Она што минатата година беше припиено-то мини-здолниште, сега е прозрачниот, помладешки и поромантичен бел фустан дополнета со опуштено сако. Rodriguez исто така си поиграл и со испробаниот пролетно-летен тренд на лесно слоевито облекување. Преку краткиот црн фустан (една од неговите специјалности) се ре-шил да ја “префрли” проѕирната и лесна максимизирана поткошула што се чини едноставно совршена и секси идеја за пролет.

Narciso најмногу се искажа со белите фу-стани кои беа еден поубав од другиот. Од едноставното и по малку асиметрично свилено совршенство во облик на фустан до колена до многу поструктурираното со закопчување на шлиц (да, уште се ин!). Белата завладеа со неговата писта.Црната не се истакнуваше толку, но беше најпрефинета во комбинациите со боја на кожа, а и наједноставните црни панталони се вистински погодок за било која врабо-тена жена. И ако ги комбинирате вие со сако за ден или со свилен топ за ноќ, нема да погрешите.Вистински бои имаше малку во оваа колекција (вообичаено за работата на

Page 24: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

24 @ivot, moda, estrada

Rodriguez), а кога се појавија, најчесто беа на типичните нарцисовски фустани (читај: чисти линии, симетричен крој и “гушкање” на облините) кои неговите

пријателки од првиот ред како Jessica Alba и Emmy Rossum веднаш ќе ги резервираат.

Класичен вечерен дел од колекција овде немаше бидејќи сите прикажани фустани ги надминуваат дневно-ноќните бариери. Особено импресивни беа последните три фустани со асиметричен пораб кој совр-шено ја опишуваат пораката на Narciso Rodriguez до женскиот род за следните

пролет и лето: “Опуштете се и пуштете вет- рот малку да си поигра со фустаните би-дејќи совршенството е преценето”.

Извор: “Јутарњи лист”, Загреб, автор: М. Миколчевиќ

Неуништливиот “боб”

Со изборот на фризура која ќе ја посакуваат илјадници обожавателки ширум светот се осигурува опстанок во центарот на јавно-ста на подолг период. Последните години, “боб” фризурата беше сигурен потег на светските убавици.

Во текот на шеесеттите години од ми-натиот век, кога припадничките на поуба-виот пол прилично конзервативно се од- несуваа кон уредувањето на косата, Видал Сасун направил приличен метеж со само неколку потези со ножиците.

Сасун имал добро чувство и “боб” фризу-рата (или “паж”, како некои ја викаат) станала хит. Жените конечно се ослобо-диле од виклерите, како и од долготрај-ното седење во фризерските салони, за секоја вештачка локна да биде сместена на соодветното место.Од тогаш “боб” фризурата има приврза-ници благодарение на едноставноста и леснотијата во одржувањето, а не треба да се заборават ни бескрајните можности кои ги дава. Само неколку поинаку распо-редени прамени даваат сосема нов из-глед.“Боб” фризурата најчесто досега до ви-личните коски, косата е рамно сечена, а неретко се и шишките составен дел на “уметничкото дело” на фризерот.

Стана позната уште во текот на дваесеттите години од минатиот век, благодарение на американската филмска актерка Колин Мур, но тогаш била сметана за шокантен одраз на независноста на младите жени.Во 21-виот век, “боб” и натаму е една од најпопуларните фризури, која еднакво добро се сложува со разни облици на ли-цето.Прилагодливоста на фризурата лежи токму во изборот на должината, аголот под кој косата се сече, “опашестиот” или рамен стил и типот на шишки, секако, само доколку фризерот и клиентот се од-лучат за нив.Боб во светот на шоу бизнисотНа познатите убавици стилистите и фри- зерите често им препорачуваат “боб”, бидејќи и најмалите промени се забе-лежуваат и делуваат како пријатно осве-жување, што во светот на познатите е ис-клучително важно.За фризурата која Елизабет Тејлор 1963

Page 25: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Reporta`i 25година ја имаше толкувајќи ја Клеопатра долго се зборувало. Викторија Бекам, со- пругата на славниот фудбалер и поранеш-на членка на групата “Спасј грлс”, 2003 го-дина го привлече вниманието на јавноста со новата фрузира.

Ријана 2007 година храбро се појави со потполно асиметричен “боб” кој вооду-шеви многумина. Најголемо изненадува-ње приреди сопругата на Том Круз, актер- ката Кејти Холмс, кога се појави со густи шишки и коса која ѝ ги прекриваше обра-зите.Јавноста во сите три случаи остана вчу-доневидена колку “боб” се сложува со об- ликот на лицата, очите, но и темпера-ментот и личноста на убавиците.Делува како со “боб” фризура дека не мо-же да се згреши, дека на сите добро им стои. Меѓутоа, стручњаците во областа на стилот ѕвездата на серијата “Медиум”, актерката Патриша Аркет, ја наведуваат како пример кој го потврдува правилото, т.е. како една од ретките славни личности на кои “боб” не ѝ прилега, и тоа само за-тоа што е подолга од што би требало.

“Боб” е сјајна фризура. По повремените престои во “илегала” се враќа поинтересна и посвежа од било кога.Новите верзии на фризурата се практично истиот “боб” од шеесеттите години со вни- мателно вмешани трендови од 21-виот век. Таа прилагодлива фризура и денес има огромно влијание на модата и инспи-рација е за многу дизајнери и креатори.Бидејќи сепак не им стои на сите добро, при изборот на вистинска фризура треба да се побара совет на стручњак кој на ос-нова на обликот на лицето, тенот, но и ка- рактерот, ќе одреди каков “боб” може на-бљудувачите да ги остави “без здив”.

Извор: “РТС”

На лице место - Како се живее во општина со најниска просечна плата во Србија

Поцрнета Бела Паланка

Со просек од 12.735 динари Белопаланчани се снаоѓаат како знаат - купуваат на вересија или бараат продавачите да им измерат ме-со за 100 динари

Општината Бела Паланка во која просеч-ните примања се 12.735 динари веќе со години го држи неславното последно ме-сто на листата на најниски заработки во Републиката. Многу фирми се пропад-нати, а работниците останати без работа. Се снаоѓаат на разни начини некако да преживеат. На евиденцијата на НСЗ се 2.863 невработени, а работат 2.177 работ-ници.

Бела Паланка на пописот од 2002 година имаше 14.380 жители, но таа бројка за седум години се намали за повеќе од илјада луѓе. Наназад неколку години присутен е негативен природен пораст ка-ко и постојана миграција на населението, особено на младите кои во ова гратче не гледаат скоро никаква перспектива.Во продавниците, фурните и месарите нема гужви и се купува само она што е нај- неопходно. Во поедини продавници купувачите бараат многу животни про-дукти на вересија, а ќе платат - велат трговците - кога ќе добијат пензија или детски додаток.- Доаѓаат поедини муштерии и бараат да им измерам месо за 100 или 150 динари. Толку можат да купат. Тоа е нашето секој-дневие - раскажува работничката во ме-сарницата во центарот на градот.Белопаланчани велат дека овде многу тешко се живее и дека многумина едвај составуваат крај со крај. Велат дека ова не е бела туку црна Паланка и дека со про-сечна плата малку повисока од 12.000 динари тоа не е живот, туку само голо преживување.- Работам во една приватна продавница и примам околу 10.000 динари. Дали од тоа може да се живее? Само јас знам како преживувам - вели девојката која не сака да си го каже името.На зелениот пазар се гледа вистинската социјална слика на оваа неразвиена оп-штина.- Куповната моќ значително е опадната. На многумина им давам на вересија. Ќе дој-дат и велат немаат пари. Имам тетратка во која водам евиденција за должниците. Ми плаќаат кога ќе добијат пензија или плата - вели продавачката на зеленчук од сопствен пластеник Милена Вучиќ.Миле Мијалковиќ, долгогодишен работ-ник во фабриката за мебел “Украс” која

повеќе не работи, од скоро е на евиден-цијата на Пазарот на работа. Живее од

13.000 месечен надомест.- До пензија ми фалат две години. На па-зар, да заработам некој динар, прода-вам крушки. Беда е благ збор со кој би ја опишал оваа ситуација во нашата општи-на. Од парите кои ги добивам додека ги платам сметките малку ми останува за леб и млеко - раскажува.Претседателот на општината Александар Живковиќ вели дека најголем проблем во општината е невработеноста и дека не ра-боти ни една приватизирана фирма.- Во стопанството некогаш работеа околу 5.000 работници, а сега имаме нешто по-веќе од 2.000 вработени. Бела Паланка ја погоди катастрофална приватизација. Во сите приватизирани фирми новите соп-ственици не го почнаа производството, а во некои претпријатија се поништени приватизациите или отидоа во стечај. Од онаа поранешна белопаланечка ин- дустрија не работи ни една фирма. Судби-ната на тие работници не е ни малку сјајна. Оние кои останаа без работа во “Будуќност”, погонот на ЕИ, фабриката за детски обувки “Весна”, фабриката за ме-бел “Украс” и конфекцијата “Први мај - Новитет” се најдоа на Пазарот на работа. Во поединечни случаи цели семејства не работат. Се снаоѓаат на разни начини не- како да преживеат. Обврските се натрупу-ваат, не можат да ги платат сметките за вода, канализација, струја... Тие луѓе немаат никакви примања и понекогаш се прашувам како воопшто живеат. Тешко е, ние тоа го знаеме и го гледаме секој-дневно и се обидуваме некако да им по-могнеме - вели Живковиќ.- Секојдневно во општината доаѓа голем број луѓе кои бараат помош за купување леб или лекови, плаќање школарина и месечни карти. Бараат пари за операција или струјата им е исклучена. Секојдневно доаѓаат по триесеттина граѓани, главно бивши работници на пропаднатите прет-пријатија. За жал, не можеме на сите да им помогнеме - вели Горан Миљковиќ, заменик на претседателот на општина Бе-ла Паланка.- Пред девет години на Пазарот на работа имаше 638 невработени, а сега ги има околу 3.000. бидејќи стопанството главно пропадна, во Бела Паланка работат само општинските служби, образованието, здравството, полицијата, банките, желез-ницата... Работат и неколку приватни чевларски фирми како и приватната фирма за производство и преработка на месо “Сим импекс”. Во нив само околу 300 луѓе. Сето останато е на Пазарот на работа. На вработените во Општинската управа и јавните претпријатија и установи чиј основател е локалната самоуправа по-ради намалениот трансфер на средства од Републиката платите им доцнат веќе три месеци - вели претседателот на оп-штината Александар Живковиќ.

Извор: “Данас”, Белград, автор: Зоран Паниќ, фото: „Блиц“, „Данас“, Белград

Page 26: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

26 Patuvawa i patopisi

Сан Франциско: што да се посети за еден ден

За разлика од Њујорк или Лос Анџелес, СФ не е голем, а сообраќајот е добро решен. По-ради тоа во Сан Франциско е можно да се посетат барем десет места за само еден ден, пишува американскиот неделник Time.

Појадувајте во ресторанот Mama’sАко во Сан Франциско сте дошле од по-доцна временска зона, одете до North Beach, некогашниот боемски кварт, и на- рачајте еден сериозен појадок во рестора-нот Mama’s. Ако не дојдете доволно рано, може да се случи да чекате и до половина час, бидејќи Mama’s прави убедливо нај-добар појадок во градот па гужвите се го- леми, особено во викендите, наведува Time.

На секој град му е потребен барем еден фалусен симбол - Empire State Building во Њујорк, обелискот Washington Monument во Вашингтон, Ајфеловата кула во Париз.Кулата Coit во Сан Франциско е сместена на врвот на брдото Telegraph Hill од каде се протега спектакуларен поглед на гра-дот. Обрнете внимание и на муралите кои се изградени 1933 година, во соц-реалисти-чки стил, инспирирани со делата на Диего Ривера, мексикански сликар и комунист, сопруг на Фрида Кало.Во кулата се влегува бесплатно, но возе-њето со лифт на врвот на кулата се плаќа 4$. До кулата Coit се доаѓа нагоре по ули-цата Lоmbard од квартот North Beach, или земете Минибус 39 од Washington Square Park.

Откако ја видовте Coit Tower и панорамата на градот, време е да се симнете по ска-лите - вкупно 800. Самото симнување е интересно бидејќи покрај скалите се ни-жат прекрасни куќи, градини и шарено цвеќе. Обрнете внимание на папагалите кои по околните дрвја слободно живеат.Спуштете се до подножјето на брдото, а потоа тргнете источно кон Заливот, до

булеварот Embarcadero кој е покрај само-то море, и тука седнете на трамвај.

Побарајте станица на линијата F, и со старата трамвајска кола одвезете се до квартот The Castro - во САД не постои по-добра забава за само 1,5$. По шините со-обраќаат вкупно 17 стари трамваи, кои се обоени исто како и во 1920 и 1930.The Castro некогаш бил исклучително геј кварт во кој се доселувале геј мажи кои во текот на Втората светска војна биле от- пуштани од војската поради своите сексу-ални определби.Од тогаш работите се малку променети и The Castro е сега fancy дел од градот, во кој повеќето живеат богати, стрејт луѓе.Оттаму тргнете пешки до квартот Haight (околу 1,5 km) или седнете на Минибус 33.

Родното место на американската контра-култура и хипи покрет е токму во Haight-Ashbury, кој својот врв го доживеа 1967 го-дина. Меѓутоа, во еден момент хипиците почнале да се растураат, дошле поимотни-те јапии, кои ги накупувале живописните викторијански куќи, а продавниците на бонгоси и ризли ги замениле бутици со фирмирана гардероба.Како атракција на квартот, Time ја препо-рачува музичката продавница Amoeba Mu- sic која ја има едната од најголемите колек- ции на нови и половни CD-и во светот.

Оттаму тргнете западно по улицата Haight до паркот Golden Gate, каде можете да се одморите со колаче со марихуана (во Ка- лифорнија таа е легална за оние кои има-ат заверен лекарски рецепт).

Паркот Golden Gate често се споредува со Central Park во Њујорк, но всушност е неспоредливо поубав од него, а и пого- лем. Задолжително посетете ја огромната стаклена градина од 1878 година, Con-servatory of Flowers, како и рингишпилот кај Kezar Drive (обете се на источната стра-на на паркот).

Ако имате доволно енергија, прошетајте се до западната страна на паркот и посе-тете ја ергелата на бизони Bison Paddock, а потоа седнете на трамвај или автобус па

Page 27: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

27

назад на исток. Следна станица - Explora-torium.

Exploratorium е легендарниот научен му-зеј на Сан Франциско, сметен во паркот El Presidio. Музејот се промовира како не-формален едукативен центар, и се оби- дува да направи микс на науката и умет-носта.Надувајте го најголемиот балон од са-пуница на светот или движете се во лавиринтот во потпол мрак само со по-мош на допир. Влез: околу 15$.

Во текот на својата 230 години долга исто- рија, паркот El Presidio бил прво касарна каде биле сметени шпански и мексикан-ски војници, а подоцна станал воена база на САД.

Тоа е убедливо најруралното место во гра- дот, со безброј стебла на еукалиптуси и висока трева. Ако во овој момент веќе сте одлучиле да си помогнете со коктел или вечера, седнете во Presidio Social Club. Од паркот Presidio прошетајте до мостот Gol-den Gate, кој воопшто не е златен, туку

бојата повеќе му влече на рѓа. Мостот е индустриско чудо, а шетањето преку него е неверојатно пријатно (под услов да не е премногу ветровито и магловито).

Добра последица од земјотресот 1989 го-дина беше ревитализацијата на градскиот брег на Сан Франциско, меѓу останатото и терминалот за траекти Ferry Building. Терминалот првобитно е изграден 1898, а потоа е реновиран и повторно отворен 2003 година.

Оваа совршена градежна структура е една причина, а добрата храна е втората која ќе ве повлече наваму. Во дното на улицата Market Street до вторник до сабота овде работи зелен пазар со одличен избор на

храна. Доколку во СФ се затечете во текот на сезоната на бејзбол, не пропуштајте да погледнете натпревар на еден од најдобрите стадиони во Америка - AT&T Park. И не само тоа - ќе добиете најдобра

храна која некогаш сте ја јаделе на некој натпревар.За крај на денот седнете на филтер кафе во блиското Philz Coffee.

Извор: “Б92”, Белград, Фото: „Time“,AFP

Page 28: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

28 Avtomobili

Новиот Volvo C70

Шведскиот произведувач ги објави први-те фотографии на освежениот модел C70, а највпечатливите промени се од-несуваат на редизајнираните преден и заден дел, кои многу потсетуваат на S60 Concept.

Редизајнираниот модел C70 одработен е според примерот на атрактивниот кон-цепт S60, кој исто така би можел да се по-јави на изложбениот простор на Волво во Франкфурт.Отворениот четворосед сега повеќе го следат линиите на поголемите и посилни модели во понудата на шведскиот произ-ведувач.Редизајнираните предни светла, поширо-ката и помасивна предна маска, како и новиот дизајн на задните светла во LED технологија, го заокружуваат визуелниот впечаток, а нова е и внатрешноста која се-га блеска со луксуз.Актуелниот C70 лансиран е во април 2006, а најзаслужен за дизајнот е John Kinesey.

Надалеку познатата сигурност на Волво автомобилите, во новиот C70 подобрена е со заштита од странични удари и roll.bar заштита од превртување, вградена зад задните седишта.Со сите наведени системи, C70 заслужува титула на еден од најсигурните кабриолети на светот.Тврдиот кров на склопување се состои од три дела, а преминот од купе во кабрио трае само 30 секунди.

Палетата на мотори се состои од унапреде-ни бензинци и дизел мотори, со особен

акцент на заштита на околината.Два дизел мотори се во понуда - D5 со 180 КС и 400 Nm и 2.0D со 136 КС и 320 Nm. Од бензинците во понуда се T5 со 230 КС и 320 Nm и послабиот 2.4i со 170 КС и 230 Nm.

Почетокот на продажба е закажан за јануари 2010 година.

Изберете вистински спорт за детето

Прилагодете ги спортските активности на телесните можности на своето малеч-ко. Освен што благотворно делува на пси-хофизичкото здравје, добро обраниот спорт може да биде и долгорочна забава и мотивација за усовршување и развивање на вештините на детето.

Штом детето ќе прооди и почне да трчка, на некои родители веднаш им се јавува идеја за заедничко играње фудбал, возе-ње ролерки или партија тенис. Смирете ги амбициите и не претерувајте, бидејќи спортските активности мораат да бидат прилагодени на зрелоста и телесните можности на детето.Стручњаците сметаат дека е најважно де-тето да се вклучи во било која спортска активност бидејќи на тој начин ќе зајакне физички и ментално, а воедно ќе усвои и бројни социјални вештини.Сепак, не заборавате дека секое дете се развива на посебен начин, што значи дека вежбите треба да бидат прилагодени на неговата возраст, степенот на развој, вр-лините и мааните.

Од втората до третата годинаМногу малите деца допрва почнуваат да ги совладуваат трчањето, фаќањето и скокањето, па е прерано за тренинзи и занимавање со конкретен спорт. Додека малку не порасне, детето може:- Да се шета и трчка по парк, игралиште или двор.- Да се качува на ниски катови на играли-ште.- Да си игра во вода под непрекинат над-зор на возрасно лице.- Да испроба гимнастички вежби прилаго-дени на возраста, под будно око на профе-сионалец.

Page 29: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Semejstvo 29

Од четвртата до шестата годинаНа оваа возраст детето е спремно за не-кои индивидуални активности кои му да-ваат слобода во движењето. Тоа можат да бидат:- Часови по танц.- Возење трицикл или велосипед.- Прескокнување јаже.- Вртење на хулахоп.

Од седмата до десеттата годинаПосле шестата година од животот кај пове-ќето деца се унапредуваат моторните вештини, како и чувството на сигурност. Детето на оваа возраст веќе е спремно за тимски спортови какви што се:- Одбојка- Гимнастика- Фудбал- Пливање

Емоционално или физичко неверство

Неверството на саканата личност секо-гаш боли, за какво и да е неверство да се работи. Повремено се покренува распра-ва за тоа дали е полошо физичкото или емотивното неверство - мислењата се по- делени, плус постојат и оние кои велат дека обете неверства се најлоши.Некои сметаат - по стереотип, мажи, иа-ко има и жени кои така мислат - дека фи- зичкото неверство е најлошо. Физичкото неверство особено тешко им паѓа на визу-елните типови, особено ако фантазијата силно им работи, бидејќи постојано од- ново ќе замислуваат некоја друга личност која го допира неговиот партнер или парт-нерка, ја бакнува, ја гали, води љубов со неа, и тие ментални претстави ја јадат. Мо- же саканата личност да излезе со кого са-ка, да се дружи со кого сака, ни пристап до неј- зиното тело не би требало да го има секој.Други пак - по стереотип, жени, иако и мажи кои така гледаат на работите - сме-таат дека физичкото неверство, особено ако е во прашање нешто за една вечер, не мора да биде голем проблем, додека емотивното неверство тоа секогаш е. Емотивното неверство не може да трае една вечер, потребно е време некој да ви стане поважен од саканата личност, интимата на својата душа да ја делите со таа личност, а не со партнерот или парт-нерката - и, еднаш кога до тоа ќе дојде, веќе емотивно сте го отфрлиле партнерот или партнерката. Затоа, според оние кои на тој начин размислуваат, физичкото не-верство е можно да се прости, но емотив-ното не, бидејќи кога до емотивно невер-ство ќе дојде, тука е веќе и крајот на вр-ската.

Секако, физичкото и емотивното невер-ство можат да одат и заедно. А, за кое и да е неверство да се работи, тоа ќе боли; какви и проблеми да постојат во врската, било кои потреби да не се задоволени, неверството не е добар начин тоа да се реши. Не е секогаш лесно да се решат проблемите во врската, не е секогаш из-водливо да се заврши врска на која ѝ “не-ма лек”, но предавството на довербата на партнерот или партнерката тешко дека на било кого било што ќе му поправи во животот, само ќе направи дополнителни проблеми.

Извор: “Крстарица”, автор: Ивана Милаковиќ

- Тенис- Возење велосипед

Извор: “Блиц”, Белград, автор: Јелена Вукелиќ

Page 30: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

30 Sport

Дел Потро го победи Федерер

Во финалето на US Open Аргентинецот Ху-ан Мартин Дел Потро направи големо изне-надување совладувајќи го Швајцарецот Ро-џер Федерер со 3:2, по сетови 3:6, 7:6, 4:6, 7:6, 6:2

Првиот сет на мечот, кој обилуваше со пре-сврти а заврши со големо изненадување, му припадна на Федерер кој на почетокот направи брејк и предност од 3:0 што му овозможи лесно да го освои првиот сет.

И вториот сет Швајцарецот го почна со брејк и водство од 2:0 во гемови, но Дел Потро првиот чекор до крајната победа го направи кога, при резултат од 5:4 за Федерер го врати брејкот, изедначи на 5:5 и го воведе сетот во тај-брејк. И тука Аргентинецот направи мини-брејк при резултат од 3:3, за на крајот на биде 7:5 во тај-брејкот, односно 7:6 во вториот сет за Дел Потро и изедначување од 1:1 во се-тови.

Од тој момент во следните два сета се видоа многу пресврти. Во третиот сет Дел Потро направи брејк во седмиот гем, и поведе со 4:3, но Федерер во продолже-нието возврати со два брејка и славеше со 6:4, што му донесе водство во сетови

од 2:1.Во четвртиот сет Дел Потро проба со пов-торни пресврти, брејкот во петтиот гем му донесе водство од 3:2, потоа и 4:2, и до изедначување во сетови Аргентинецот дојде низ уште еден тај-брејк.

И на крајот, во петтиот одлучувачки сет беше 6:2 за Дел Потро кој на тој начин сосема заслужено стигна до титулата на US Open.

Клајстерс победничка на US Open

Некогашниот прв рекет на светот Белгиј-ката Ким Клајстерс е победничка на US Open во Њујорк откако во финалето ја победи данската тенисерка Каролина Возњацки со 2:0 во сетови (7:5, 6:3)

Во полуфиналниот дуел, Клајстерс беше поуспешна од вториот носител, Американ-ката Серена Вилијамс, со резултат 6:4, 7:5, додека Каролина Возњацки до борбата за титулата стигна со победата над Белгијка-та Јанина Викмајер од 6:3, 6:3.Клајстерс (26) во мај 2007 година се повлече од светот на тенисот поради по-вреда. Потоа се омажи за американскиот кошаркар Брајан Линг, а 2008 година ја роди ќерката.Во март оваа година објави дека повторно му се враќа на професионалниот тенис. Со оваа победа, Ким Клајстерс по втор пат го одвојува пехарот на терените на Фле-шинг Медоуз, бидејќи на истиов турнир триумфираше и 2005 година.

“И понатаму не можам да верувам дека го освоив трофејот. Сакав да се вратам на терен токму овде, но не очекував дека ќе ја освојам титулата”, рече Клајстерс по мечот.“Се чувствувам сјајно но и збунето. Сè се случи бргу, имавме проблеми со дождот во Њујорк, но и мечот против Серена Ви- лијамс во полуфиналето беше чуден. Мно-гу ми значи оваа титула, сега ќе можам да ја прославам со својот сопруг и нашата ќерка, а тоа ми е најважно”, додаде таа.

Клајстерс рече дека пред две години се решила да се повлече поради недостаток на мотивација, но и затоа што сакала да им се посвети на некои други работи.“Снемав мотивација. Покрај тоа ме мачеа повреди и не можев 100 процентно да му се посветам на тенисот. Потоа, сакав да се омажам и да засновам семејство и драго ми е што во тоа успеав. Среќна сум што триумфално се вратив, но најважно ми е да бидам добра мајка и сопруга. Успешно ги комбинирам семејните обврски со те-нисот, а драго ми е што уживам голема поддршка од најблиските”, рече таа.

Лош старт на Динамо и Партизан во Лигата на

ЕвропаЗа многумина неочекувано Динамо, на својот стадион во максимирскиот парк, на стартот на овогодишната УЕФА лига, доживеа убедлив пораз од белгискиот Андерлехт (0:2). Можеби самиот пораз играчите и навивачите не би ги болел толку да не е претрпен од Андерлехт кој, овој пат, ама баш ништо (освен малку сна-одливост) не покажа.

Page 31: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Sport 31Динамо одигра скромно прво полувреме, а очајно второ, создавајќи само една при-лика за гол (која не ја искористи), примајќи два “евтини” гола, со што надежите за не-каква пролет во Евро Лигата, навистина ги претвори во убав сон.

Фудбалерите на Партизан изгубија (по кој знае кој пат во европските натпреварува-ња) на свој терен од францускиот Тулуз 3:2, во првото коло од Ј групата во Лигата на Европа. Надежите на навивачите дека овој пат ќе биде поинаку од поранешните настапи во куповите на Европа, ги подгреа Крстајиќ, постигнувајќи прекрасен гол за водство на Партизан во 22 минута од натпреварот. За жал тоа беше скоро сè.

Иако бодрен од верната публика, Парти-зан, што благодарение на невештите (по-некогаш и траги-комични) интервенции на својот голман Божовиќ, што со брзите контра-напади на гостите, своето водство го претвори во сигурен пораз (гостите во-деа и 3:1). На средината на второто полу-време, голот на Кле повторно им ги врати надежите на навивачите, но, за жал тоа беше сè, па играчите на гостинскиот Тулуз крајот на натпреварот го дочекаа како по-бедници.

Србија со максимален учинок во мечевите со

Узбекистан (5:0)

Иако во овие мечеви настапуваше без својот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ, машката репрезентација на Србија, на теренот на добро пополнетата “Белградска арена”, без изгубен натпревар, со победа од 5:0, нас со-лидните Узбекистанци, си обезбеди право и натаму да се натпреварува во светската лига на Дејвис Куп.

Одлучувачкиот поен за триумф на Србија над Узбекистан го донесоа Ненад Зимо-њиќ и Јанко Типсаревиќ, кој во дубл беа поубедливи против Денис Истомин и Фрик Дустов со резултат 6:2, 6:2, 6:2, по 1 час и 37 минути. Претходно, во петокот, Типсаревиќ го совлада Истомин во сингл со 3:1, додека Виктор Троицки беше подо-бар од Дустов со резултат 3:2.

Конечниот резултат, во последниот меч, го постигна младиот тенисер Илија Бозо-љац кому ова му беше прв меч во Белград во Дејвис Купот, победувајќи го Ваја Уза-ков во два сета (6:1, 6:4).

Чешка едноставно пресилна за Хрватска

Поразот на Хрватска е логична последица на драматичното заостанување од првиот ден на натпреварувањето (2:0)

Хрватска е запрена, на свои терени во По-реч, во полуфиналето на Дејвис Купот, со поразот од силната и “незгодна” тениска репрезентација на Чешка.Во првиот меч, одигран во петокот, Радек Степанек по 5 часа и 59 минути го победи Иво Карловиќ 6:7 (5), 7:6 (5), 7:6 (6), 6:7 (2), 16:14, во текот на кој тенисерите поставија и два своевидни те-ниски рекорди: во ас

поени на еден меч (78) и во гемови во еден меч (82).Во следниот меч Томаш Бердих во мечот со Марин Чилиќ, исто така по пет одиграни сетови, се надоврза на успехот на својот сонародник, однесувајќи победа со 6:3, 6:3, 3:6, 4:6, 6:3.

Чешкиот пар Степанек-Бердих, по водство- то на својата репрезентација од 2:0, многу лесно обезбедија конечна победа во сред- бата со Чилиќ-Зовко со 6:1, 6:3, 6:4.По водството од 3:0, за натпреварите од последниот ден остана само прашањето дали хрватските тенисери ќе успеат да за-пишат барем чесна победа или не. Тоа му успеа на младиот Ловро Зовко (Откако и

третиот Хрват - Крнусиќ го изгуби својот меч), кој, во последната средба беше по- добар од својот соперник, па на тој начин, донекаде гои ублажи поразот на хрватска-та репрезентација, поставувајќи го конеч-ниот резултат на натпреварите - 4:1.

Page 32: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

32 Sport

Сребрен медал за Србија на европското првенство

во Полска

Најмладата репрезентација на ова Првен-ство, на која никој не ѝ даваше некои шанси за висок пласман, со сјајна игра и голема бор-беност во текот на целото Првенство, со овој успех ја врати Србија во елитата на ев-ропската кошарка

Во финалето: два тима, една цел - европ-ската титула. Сепак, искусната екипа на Шпанија (која во натпреварите по гру- пи го изгуби првиот меч од Србија), пред-водена со сјајниот Пол Гасол, овој пат бе-ше пресилна. Златниот медал и првото ме- сто му припаднаа на актуелниот светски првак (85:63).

Србија, без сомнение, со своето влегува- ње во финалето, веќе направи сензацио-нален резултат. Шпанците беа очекувани финалисти, според многумина и најголеми фаворити на ова Првенство. Душан Ивко- виќ, искусниот стратег, водач на бројни на-

ционални селекции на бивша Југославија (а не помалку успешен тренер и на бројни клубови ширум Европа) ја создаде оваа репрезентација на Србија од млади игра- чи, потпирајќи се само на еден од плејада-та српски играчи во НБА лигата - капитенот Ненад Крстиќ.

Без сомнение, иако претрпе висок пораз во финалето, оваа екипа ќе има и тоа ка- ко прилики и натаму да се докажува. За тоа

можеби најдобро говорат зборовите на поранешниот селектор на една од селек-циите на некогашна Југославија и селек- тор на Германија, Светислав Пешиќ, кој зборувајќи за овој голем успех на Србија, нагласи:- Многу повеќе значи што формиравме тим за иднината, како и оптимизмот кој ни го даде оваа селекција. Резултатот е секогаш важен, а ние со тоа веќе можеме да се пофалиме. Сега е најважно да ост-вариме континуитет и во работата со по- младите селекции. Филозофијата на игра е неопходно да се униформира. Одбрана-та мора да биде основа на сè. Од неа до израз доаѓа нашиот талент - а него, без сомнение, го имаме.

На словенечките кошаркари, и премногу потпрени на шутирање за три поени и слободни фрлања (кои во минатите нат-превари од ЕП и тоа како ги служеа), им побегна победата и бронзениот медал во мечот со Грција за само еден бод (56:57).Со мноштвото избрзани потези, со иг-рачи на кои се гледаа последиците од претходните долготрајни релативно теш- ки натпревари, но и со недоволната кон-

центрација во самиот финиш, како и рела-тивно слабиот учинок на дотогаш најдоб-рите играчи (особено Еразмо Лорбек),

иако во текот на поголемиот дел Грците беа во предност, Сло-венците сами се- беси си ја упропа-стија шансата ко- ја ја имаа во по-следната минута на мечот, па така мораа да се за-

доволат со солидното четврто место на ова Европско првенство. Откако го победи сега веќе бившиот првак на Европа - Русија (76:69), во борбите за пласман од петтото до осмото место, Хр-

ватска не успеа да ја повтори добрата игра од мечот со Франција (кои и без Паркер се покажаа како премногу силни противници за Хрватите, поразувајќи ги со 69:62), но, сепак, и по поразот си обез-беди себеси пласман за претстојното светско првенство (кое следната година се одржува во Турција). Така, повторно по долгите 16 години (од Канада 1994 годи-на), Хрватските кошаркари повторно ќе се најдат на најголемата кошаркарска смотра. Освен пласман на СП 2010, Хрватска во влегувањето меѓу шесте најдобри во Пол-ска избори и директен настап на ЕП 2011, во Литванија, избегнувајќи ги можните заморни квалификации. Европа, на претстојното првенство во Тур- ција, ќе ја претставуваат домаќинот, Шпа- нија, Франција, Грција, Словенија, Срби- ја и Хрватска, а како олимписки првак ди- ректно се пласираа и САД. Од американ-ската зона одат уште и Бразил, Аргентина, Хрватска и Порторико, Африка ќе ја прет-ставуваат Ангола, Брегот на слоновата коска и Тунис, од Азија - Иран, Кина и Јор- дан, а како претставници на Океанија Нов Зеланд и Австралија. ФИБА на 13 декем- ври ќе одлучи уште кои четири репрезен-тации ќе добијат покана за учество.Македонија заврши на деветата позиција на ЕП во Полска и со тоа си обезбеди место

во првиот барабан за ждрепката за след-ното ЕП. Тоа е шанса македонскиот тим повторно да учествува во завршницата од Европското Првенство, а останува и можноста да учествуваме и на Светското Првенство во Турција, доколку ФИБА ни додели покана.

З. Димитријевиќ

Page 33: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Slobodno vreme 33

EQ тест

Уште не постои сигурен тест за мерење на емоционалната интелигенција како што постои IQ тестот за рационална интели-генција, но постојат многу ситуации во кои емоционално интелигентната реакција може да биде измерена.

Немојте да го користите вашиот висок IQ за да погодите кој од одговорите донесува најмногу поени, туку одговорете искрено што навистина би сториле во следниве ситуации:

1. Се наоѓате во авион кој ненадејно влегува во зона на јака турбуленција и почнува силно да се тресе. Што прави-те?А. Продолжувате да читате списание или книга, или да гледате филм, не обрнувајќи внимание на турбуленцијата.Б. Вознемирени сте, внимателно ги следи-те со поглед стјуардесите и го проучувате “Упатството за случај на опасност”.В. И едното и другото (и под А. и под Б.)Г. Не сте сигурни што би правеле.

2. Сте повеле група четиригодишни де-ца во парк, и едното од нив почнува да плаче затоа што другите не сакаат да си играат со него. Што правите?А. Се држите настрана - ги оставате децата тоа да го решат меѓу себе.Б. Разговарате со него и му помагате да смисли начин како да ги привлече другите деца да си играат со него.В. Љубезно му велите да не плаче.Г. Се обидувате да го забавувате покажу-вајќи му други работи со кои може да си игра.

3. Замислете дека сте студент кој се надевал дека ќе добие десетка на семе-стралниот тест но кога реултатите излегле испаднало дека сте добиле шестка. Што правите?А. Правите план како да ја поправите оценката и решавате цврсто да се држите до него.Б. Одлучувате во иднина да бидете подоб-ри.В. Ќе си кажете себеси дека не е толку важна оценката од тој предмет и се кон-центрирате на другите предмети во кој успехот ќе Ви биде подобар.Г. Одите кај професорот и се обидувате да го убедите да Ви даде поголема оценка.

4. Замислете дека сте агент на осигу-рително друштво кој им телефонира на можните клиенти. Петнаесет кли-енти по ред Ви спуштаат слушалка и Вие станувате обесхрабрени. Што пра- вите?А. Го нарекувате тоа лоша среќа и се наде-вате дека утре ќе имате повеќе среќа.Б. Размислувате за тоа кои се Вашите осо-бини кои Ви ја смалуваат можноста да продадете осигурување.В. Се обидувате нешто ново во следниот повик и упорно продолжувате.Г. Ја разгледувате можноста да ја смените работата.

5. Замислете дека сте менаџер во ор-ганизација која сака да го поттикне уважувањето на расните и етничките разлики. Го слушате својот службеник како раскажува виц со расистичка пора-ка. Што правите?А. Го игнорирате тоа - во прашање е само виц.Б. Ја повикувате таа личност во својата канцеларија на укор.В. На лице место му велите дека такви ше-ги нема да бидат толерирани во Вашата организација.Г. Ѝ предложувате на таа личност да по-мине низ Курс за почитување на расни и етнички разлики.

6. Се обидувате да го смирите пријате-лот кој побеснел поради возачот кој му “влетал во ножици”. Што правите?А. Му велите да се смири и да заборави на тоа; сега е сѐ во ред и ништо страшно не се случило.Б. Му ја пуштате неговата омилена музика и се обидувате да го забавите.В. Му се придружувате во нападот на дру-гиот возач во знак на Ваше пријателство.Г. Му кажувате дека нешто слично и Вам еднаш ви се случило и дека исто така сте побеснеле но дека потоа сте сфатиле де-ка другиот возач некого возел во итна по-мош.

7. Вашиот партнер и Вие сте започнале расправа која ескалирала во сцена со викање и навредување. Обајцата сте вознемирени и во врелината на бесот лично го напаѓате и навредувате иако тоа не го мислите навистина. Што е најдобро да се стори?А. Да направите пауза од 20 минути и по-тоа да ја продолжите дискусијата.Б. Едноставно да ја прекинете расправата и да замолчите без разлика што зборува Вашиот партнер.В. Да му кажете дека Ви е жал и да поба-рате од Вашиот партнер и тој да Ви се из-вини.Г. Да застанете на миг, да ги средите свои-те мисли и потоа да му ја изложите својата страна на случајот што појасно можете.

8. Распоредени сте да водите работен тим кој се обидува да најде креативно решение за досаден проблем на рабо-та. Што е првата работа која ќе ја на-правите?А. Составувате распоред и оставате довол-но време за дискусија на секоја тема и та-ка на најдобар начин да го искористите заедничкото време.

Б. Им давате на луѓето време прво добро да се запознаат.В. Почнувате така што ја прашувате секоја личност за нејзините идеи како да се ре-ши проблемот додека идеите се сеуште свежи.Г. Почнувате со “brainstorming session”, ги поттикнувате да ги кажат сите идеи кои ќе им паднат на ум без оглед колку и да се чудни.

9. Замислете дека имате тригодишен син кој е многу срамежлив и кој по мал-ку се плаши од нови луѓе и места прак-тично од самото раѓање. Што ќе на-правите?А. Прифаќате дека има срамежлив темпе-рамент и се трудите да го заштитите од ситуации кои можат да го вознемират.Б. Ќе го одведете кај детски психолог за помош.В. Намерно ќе го изложите на голем број нови луѓе и места така да може да го над-мине својот страв.Г. Ќе направите цела серија на предизвику-вачки но лесно решливи ситуации со кои ќе го научите како да ја совлада својата срамежливост и како да се однесува во средбите со нови луѓе и места.

10. Веќе со години сакате да му се вра-тите на учењето на свирење музички инструмент кој сте го пробале во детството и сега, од забава, конечно можете да му се посветите на тоа. Сакате на најдобар начин да го иско-ристите своето време. Што правите?А. Се држите до стриктен распоред на вежбање секој ден.Б. Избирале лесни делови кои постепено ќе ги зголемуваат Вашите можности.В. Вежбате само тогаш кога сте располо-жени.Г. Избирате потешки делови кои ги надми-нуваат Вашите можности, но кои ќе ги со-владате со марлива работа.

РЕШЕНИЈА:1. А=20, Б=20, В=20, Г=0Сè освен одговорот Г донесува 20 поени, бидејќи тој одговор укажува дека не сте свесни за својот вообичаен одговор на стресна ситуација. Непознавањето на сво-ите емоционални реакции го намалува Вашиот EQ.2. А=0, Б=20, В=0, Д=0Одговорот под Б е најдобар. Емоционално интелигентните родители ги користат мо-ментите на вознемиреност на своите деца да бидат нивни емоционални тренери, помагајќи им на своите деца да сфатат што ги вознемирило, што чувствуваат и алтернативите кои можат да ги пробаат.3. А=20, Б=0, В=0, Г=0Една од особините на емоционално инте-лигентните луѓе е само-мотивација и фор-мулирање на план за надминување на препреките и фрустрациите, упорност.4. А=0, Б=0, В=20, Г=0Оптимизмот, особината на емоционално интелигентните луѓе, прави тие да ги видат поразите како предизвици од кои можат да учат, и да бидат истрајни обидувајќи се нови пристапи кон проблемите (попрво отколку да се откажат, да се обвинуваат себеси или да се деморализираа).

Page 34: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

34 Slobodno vremeБАКАЛАР - грижи, болести БАКАР - да видиш, да коваш: биди поскро-менБАКАРНИ САДОВИ - те чека благосостојбаБАКНЕЖ - Ако некој те бакне - те лаже; ако бакнеш некого - добар напредок; ако ја бакнеш земјата - ќе доживееш понижува-ње; ако сакаш да бакнете некого, а не смееш или не можеш - жалост; ако бак-неш непознато лице - пазете се при љу-бовните средби; ако бакнеш женет/ма-жена - кавга; ако бакнеш некому рака - грижи. БАКТЕРИИ - Болест. БАКШИШ - Ако ти дадат бакшиш - ќе ти доверат некоја тајна; ако дадеш бакшиш - занесеноста ти носи само штета. БАЛ (забава) - ќе бидеш поканет на свад-ба или свршувачка; - играње на бал: чу-вајте се од непријатности; - убаво да се забавуваш на бал: некому му се допаѓаш; бал со маски - репутација ти е во опасност БАЛЕРИНА - непотребни трошоци БАЛЕТ да гледаш - ти претстои разочарува-ње, измама, проневера, анксиозност; да играш - ненадејни добри вести;БАЛКОН - да видиш: љубовта ќе ти би-де возвратена; - да бидеш на балкон: пози-цијата ти е несигурна БАЛОН во воздух - добивката ќе ти избега од раце; многу балони - чувај се од лаж-ливци; балон да експлодира - неуспех и кавга. БАНАНА - радост, пријатни вести; гнила банана - лага. БАНКА да посетиш - тага, грижа, штета во работатаБАНКАР - не се впуштај во шпекулации БАНКРОТ да бидеш - ќе им помогнеш на своите пријатели БАЊА (лековита) - пази се од подвалиБАР (вариете, кабаре) - парични трошоци, загуба БАРА - да видиш: многу работа малку пол-за; - да упаднеш во бара: си пошол по лош пат, болест - голема разлиена бара: мали задоволства БАРАКА - да видиш: сиромаштија и неси-гурност; - да живееш во неа: те чека без-грижна иднинаБАРАЊЕ - ако бараш некого - ќе се возне-мириш; ако на сон бараш нешто - желбите ќе ти останат неисполнети. БАРОМЕТАР - болест, неволја, расправии во домот БАРУТ - да видиш: не му се поверувај се-кому; - да запалиш: несреќаБАРУТАНА - ќе имаш работа со суд, рас-правии БАТАК - да јадеш: долг и мирен живот БЕГСТВО од некого - ќе избегнете опасност, страв; да бегаш, а да не побегнеш - загуба, жал, кражба БЕДА - да бидеш во сиромаштија: поволна ќе ги средиш своите прилики, - да видиш други во беда: каење, несреќа БЕДЕМ - да видиш: ќе добиеш подарок; - да се искачуваш на бедем: домашните проблеми БЕДРО женско - убаво, полно: смири ги своите желби; - грдо, слабо: кавги во се-мејството БЕЗРАБОТЕН - да бидеш: среќа на коцка БЕЗРЕДИЕ - ќе бидете омаловажени. БЕЌАР - да бидеш: ќе ти дојде тага, - да ви-диш: ќе претрпиш штета БЕЌАРСКА (ергенска) вечер (вечерта пред

свадбата) - набргу свадба во близина БЕЛА БОЈА - радост БЕЛЕЖНИК - не секирај се, на крајот сѐ ќе се среди. БЕЛОУШКА (ВОДНА ЗМИЈА) - среќа во љу-бовта. БЕНЗИН - да купуваш, точиш: краткотрајно воодушевувањеБЕРБА - да учествуваш во берба: ќе имаш радосен состанок; - да видиш: расположе-ние, среќа во љубовта, богата награда БЕРБЕР - загуба, штета, - да те бричи: оз-борувања БЕРЗА - напредок во работата. БЕС - опасност; ако владее бес - судски про-цес; ако сонувате дека другите се бесни, а ти не - среќа. БЕСИЛКА - ако гледаш како некој виси на бесилка - штета и загуба; ако ти висиш на бесилка - те очекуваат големи успеси, ќе ти се исполнат желбите. БИБЕР - трудољубивост и упорност те во-дат кон успех, среќа во љубовта БИБЛИЈА - да читаш: Радост, веселба во домот; - да видиш: смрт, непријатност БИБЛИОТЕКА - залудно го трошиш вре-мето. БИВОЛ - да видиш: голема добивка БИК - да го видиш гозба, радост; - да го убиеш или заколеш: ќе изгубиш пријател, тага; - да јаваш на бик: несреќа во семеј-ството; - да бидеш гонет од бикот: неволјаБИЛЈАРД - да играш: те очекува успех во бизнисот; - да видиш други да играат: загубата на коцка ; топки за билјард - не-постојана среќа. БИЛКИ - собирање, берење: страв, болест, грижа БИСЕР - да видиш: радосна вест; - да до-биеш на подарок: ќе бидеш излажан; ако купуваш бисери - лоши вести; ако носиш на себе бисери - солзи радосници; бисе-рен ѓердан - чувај се од преправања. БИСКУП - добиток на игра; да бидеш би-скуп - те чека голема чест. БИТКА - да видиш: имаш голем број на тајни непријатели, опасност, финансиски тешкотии; - учествување во битка: кав-ги, немир; - за венчани или свршени: финан-сиски тешкотии БЛАГАЈНА - ненадејна вест; полна благајна - благосостојба; празна благајна - загуба. БЛАГАЈНИК - да бидеш: пријателите ја ис-користуваат твојата добрина; - да видиш: мали издатоциБЛАГОСЛОВ - голема веселба; долг живот; ако дадеш благослов - голема добивка; ако одбиеш благослов - болест.БЛИЗНАЦИ - да видиш: за венчани: сре-ќа; - за невенчани: грижи, расправии; бли-знаци да родиш - ти се заканува напаст и неволјаБЛУД - да правиш: добро здравје; - да ви-диш: ќе доживееш понижување или срам БЛУДНИЦА - пазете се од подмолност и злоба БОБИНКИ - среќна љубов; ако јадеш бо-бинки на сон - верна љубов; расипани бобинки - пријателите ќе ти помогнат во неволја; ако купуваш бобинки - загуба. БОГ - да бидеш Бог: напредување во ра-ботата; - да видиш: краткотрајна среќа, остварување на желба, - да зборуваш со него: среќа во бракот; - да го колнеш, псу-еш: ќе западнеш во неволја, болестБОГАТ да бидеш на сон - Избегнувај ризик, болест: -да станеш богат човек во

5. А=0, Б=0, В=20, Г=0Најефикасен начин да се постигне атмо-сфера на почитување на расни и етнички разлики е јавно да се објасни кои се нор-мите на Вашата организација. Многу потешка задача е да се менуваат нечии предрасуди.6. А=0, Б=5, В=0, Г=20Податоците за бесот и за тоа како тој може да се смири покажуваат дека најефикасно е да се сврти вниманието на побеснетата личност од фокусот на неговиот бес, да се сочувствува со него и да му се сугерира друг поглед на тој случај.7. А=20, Б=0, В=0, Г=0Треба да се направи пауза од барем двае-сет минути. Толку време е потребно телото да се исчисти од физиолошкиот налет на бес, кој ги намалува перцепцијата и способноста за јасно размислување. По смирувањето поголеми се шансите за плодна дискусија.8. А=0, Б=20, В=0, Г=0Креативните групи работат најдобро кога односите, хармонијата и комфорот се на највисоко ниво, луѓето тогаш се послобод-ни да го дадат својот најдобар придонес.9. А=0, Б=5, В=0, Г=20Децата родени со срамежлив темпера-мент можат да станат послободни со ви-стинска родителска помош.10. А=0, Б=20, В=0, Г=0Поставувајќи си себеси скромни предиз-вици, поголема е можност дека ќе бидете задоволни со својата работа а тоа е поттик-нувачки за понатамошен напредок.До 100 - под просекот100-120 - просек120-140 - над просекот140 и повеќе - далеку над просекот.

Извор: “Глобус”, Загреб

СОНОВНИК

БАБА - својата баба да ја сонуваш: семејна радост; - туѓа баба: секирање и лутење; баба во друштво - чувај се од женски со-седиБАБИЦА - на слободните брак, на венчани-те деца, на старите болест, откривање на некоја тајни БАГРЕМ - без цвет: тага, жалост - во цут: надеж за успех БАДЕМ - ќе ви дојде пријател во куќа; рас-цветено бадемово дрво - ќе ви се исполнат желбите; нерасцветаено бадемово дрво - ќе мора да почекате за да ви се остварат желбите; бадем (плод) - ве очекува искре-на љубов; бадеми - неизлупени радост, за- доволство; - излупени: грижа БАДНИК - душата ќе ти најде утеха, радост БАЈКА - Радост во фамилијата; ако слушаш бајка - некој ќе те излаже; ако раскажуваш бајка - безуспешно ќе се обидуваш да ла-жеш. БАЈОНЕТ - ќе бидеш војник

Page 35: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Slobodno vreme 35сон - кавга во домот, загубаБОГАТСТВО - да ископуваш: неуспех на пла-новите; - да најдеш: срам, а понекогаш и смрт, загуба; - да бараш: залудни маки; - да видиш: внимавај да не те ограбат, бо-лест - да имаш: те демне несреќа БОЖИЌ - благосостојба во домотБОЖИЌЕН ПОДАРОК - ќе израдуваш не-кого БОЖИЌНО ДРВО - ќе добиеш драг гостин БОЖУР - голема радост и среќа во љубов-та. БОИ за бојадисување на сон - црна: жа-лост, болка; - Бела: грижа; - црвена: голе-ми трошоци; - сина: црни претчувства, - жол- та: ќе ја оствариш намеруваната работа; - зелена: свадба или крштевање; - купува-ње боја: нешто се одлучува во врска со тебе; - мешаат бои: пријател ќе остави на цедило; боење на нешто - непријатно из-ненадување БОЈНО ПОЛЕ (боиште) - тага, загриженост, кавга БОКАЛ - добри вести, подарок ; ако пиеш од бокал - омилен си во својата околина или ќе добиеш подарок; ако скршиш бо-кал - имаш скриени непријатели. БОЛВИ - да бараш: кавги во домот, озбо-рувања; - да убиваш: помладите те пот-крадуваат, да скокаат: ќе добиеш лажни гласовиБОЛЕН - да го посетиш: ќе ти се исполни желба; - да те посетат болен: ќе добиеш голема награда или признание; - да негу-ваш: среќа и радост; - да бдееш крај него: напорот ќе ти биде награден; болен да бидеш - полесно: не им подлегнувај на преодните грижи; - потешко: ќе западнеш во долгови, неволји; болен да бидеш, па да оздравиш - радост, веселбаБОЛКА - телесна да чувствуваш - те очеку-ва радост, ќе бидеш спасен од беда БОЛНИЦА - да дојдеш во болница: ќе се ослободиш од товар; - да видиш болница: те очекува подобар живот - да излезеш од неа: опасноста ќе те одмине БОЛНИЧАР - БОЛНИЧАРКА - непријатни вести, болест во семејството БОМБА - да видиш: неуспех во планирани-от потфат; - да фрлаш: деловен успех, - да бидеш повреден од бомба: загуба; - да експлодира: неочекуван настан БОМБАРДИРАЊЕ да претрпиш - ќе те снајде несреќаБОНБОНИЕРА - да видиш: ќе се вљубиш; - да даваш на некого: ќе станеш нечиј доб-ротвор; - да добиеш на подарок: ќе се ра-зочараш; - да купуваш: ќе се жалостиш; - да јадеш: доаѓаат зли времиња БОР во шума - очекувај подобри денови; ако видиш многу борови - веселба; те оче- кува подобрување на ситуацијата.БОРАЛИШТЕ - успех во работата. БОРЕЊЕ - со животно: пропаднато наслед-ство; - со жена: караница; - со мртви: не-успехот во работата; - да победиш во бо-рењето: ќе избегнеш голема опасност; да се бориш во војна - финансиски тешкотии БОРОВИНКА - ако видиш: веселба и среќа; ако јадеш боровинки - задоволство; ако береш боровинки - наскоро ќе ги снема грижите. БОСИЛЕК - да береш: помала болест; - да мирисаш: напредок, просперитетБОСОНОГ - да бидеш: сиромаштија; - да одиш: ќе станеш угледен; - да бегаш: ќе западнеш во финансиски проблеми; бо-

соног да видиш: сиромаштија БОЦКИ - ако се боцнеш - загуба; непријат-но познанство. БОЧВА - полна бочва - задоволство; праз-на бочва - грижа; бочва без дно - залуден труд БРАВА - помирување со противникот, ќе откриеш една тајна, те очекуваат овие препреки БРАВАР - ќе чуеш некоја тајна БРАДА - Голема брада - голема чест; мала брада - беда; седа брада - големи грижи; црна брада - здравје, добивка; долга бра-да - слава; ако на млада девојка ѝ расте брада - некој ќе ѝ откаже љубов; ако сону- ваш брадеста жена - непријатности; бри-чење брада - караница. БРАДЕСТИ ЛУЃЕ - ќе се налутиш на некогоБРАДАВИЦА - да видиш: некој не ти сака добро, - да имаш: богатство, добивка, благосостојба БРАЗДА - тешка работа; БРАЗЛЕТНА - ако носиш бразлетна - ќе до-биеш подарок; ако поседуваш бразлетна - среќа; златна бразлетна - блиска радост; бразлетна од лажно злато - имаш лоши пријатели; ако ја добиеш како подарок - некоја желба нема да ти се исполни; ако украдеш бразлетна - веселба.БРАК - да договараш: добивка; - да скопу-ваш: желбата нема да ти се исполниБРАКОЛОМСТВО (неверство) - да на-правиш: несреќа; - да се опираш: исполну-вање на интимните желби; - да видиш не-верство: расправии, срам, пожар БРАНА (јаз) на река - да видиш: незгоди, штета; - да паднеш во неа: забораваш на обврските БРАТ - да го видиш, семејна среќа, долг жи-вот - да го изгубиш: ќе ти умре пријател; - кавга со својот брат: загуба, лутина, - да зборуваш со него: те чека долг живот БРАТУЧЕД - Не им верувај на ветувањата; ќе започнеш некоја тајна врска. БРАЧЕН ДРУГАР - да го сонуваш: добивка, деловни успеси; - да се гушкаш или бакну-ваш со него: наскоро кавги БРАЧНО ПАТУВАЊЕ - среќата ти е кратко-трајна БРАШНО - напредок во животот; среќа и за-доволство; ако купуваш брашно - имаш добар пријател; мелење брашно - благо-состојба; вреќа со брашно - беда; ако на сон растураш брашно - внимавај кому му ги кажуваш своите планови. БРДО - големо: чест, - мало: некој те озбо-рува; - стрмо: не се потпирај на друг; - ка- менито: многу тешкотии при работа; - зе- лено: те чека радост; - пошумено: ќе до-биеш подарок; - вертикално засечено: голе- ми препреки; -да се искачуваш: грижи, опасност; - да се симнуваш: ќе доживееш понижување, неисполнети желби БРЕГ - да стоиш: триумф над противниците, успех; - пошумен: некој ти е неверен; - брег со дворец -куќа: богатствоБРЕЗА - добри вести; - бутната, исечена: чувајте се од казни БРЕЗА - ако се качуваш на бреза - ќе дожи-вееш непријатности; сува бреза - болест; расцветена бреза - веселба; исечена бреза - среќа. БРЕМЕНОСТ - Бремена жена: болест. БРЕСТ - безгрижен живот. БРЗАЊЕ - ако брзаш некаде - ќе ти дојдат гости. БРИЛИЈАНТ - тешкотии.

БРИЧ - сиромаштијата, грижа; да се бри-чиш: загуба, сиромаштија, беда БРОД - ќе добиеш помош во последен момент; заринкан брод - големи грижи; усидрен брод - сѐ добро ќе заврши; брод што стои на мирно море - наследство. БРОДОЛОМ - да видиш: искрено при-јателство, - да претрпиш: заштита, непри-јатности БРОЕВИ на сон - ако ги запомниш: пробајте ги во лотарија; - ако не ги запомниш: ќе претрпиш загуба; броење на нешто - некој ќе те вознемири БРУСЕЊЕ - добро пази на себе; ќе стекнеш непријатно искуство. БРЧКИ - да имаш - на чело: ќе западнеш во неволја; - на лицето: не мислиш на ста-ри денови БРШЛЕН - стекнуваш нови пријатели БУБАЧКИ - ќе те ценат поради скромноста БУВ - ќе слушнеш лажни вести; ако ги ло-виш - макотрпна работа без награда; ако видиш був - болест на некое блиско лице; ако го слушнеш - смрт на некој пријател или близок во фамилијата. БУДЕЊЕ - ти претстои опасност. БУДИЛНИК - ако на сон чуете како ѕвони будилник - некој ќе ве опоменува. БУИЦА - да видиш: несреќа во семејството; - да се бориш со неа: љубената личност е во опасност БУКА - имате верни пријатели. БУКВА - ако гледаш букви - новост; ако пишуваш букви - несреќа; ако учиш букви - децата ќе ти приредат некакво задо-волство; измешани букви - некој ќе те на-дитри. БУКЕТ ЦВЕЌЕ - раѓање на дете; ако добие-те букет цвеќе - среќа во љубовта; ако да-дете букет цвеќе - додворување; свенат букет - неисполнети надежи. БУМБАР - ќе фатиш крадци на дело БУНА (гужва, метеж) - во започната рабо-та нема да имаш среќа, промена на про-фесијата, губење на пријател БУНАР - да видиш: по опасностите очеку-вај подобри моменти, ќе добиеш јавно признание; - да црпеш вода од бунарот: брак со миразлика; - да пиеш вода од бу-нар: здравје и задоволство; - да скокаш во бунар: среќа; - да паднеш во него: тешка иднина, грижа, жалост - бунар без вода: грижа, загуба, штета, болест - длабок: сре-ќа; - плиток: немаштија; - да копаш бунар: загуба, сиромаштијата БУНДА - ќе стекнеш големо богатство БУНИШТЕ - да видиш: наследство, сре-ќа во коцкање; - да одиш по него: ќе дожи-вееш некои непријатности БУРА на море - да видиш: среќа во љубов-та; - да се најдеш во бура: отфрли ги непо-требните деловни задачи БУРГИЈА - смрт, болест

Page 36: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

36 Zanimlivosti

Овде јаваше познатиот одметник

Округот Линколн во Ново Мексико, по-знат е по сточарската војна, која тука се распламти 1878 година, во времето кога тоа бил најголемиот округ во САД и зазе-мал скоро четвртина од тогашната тери- торија на (денес сојузна држава) Ново Мексико. Војната е завршена без победа или пораз на една од страните, со интер-венција на претседателот на САД, кој поста-вил гувернер со големи овластувања, искусниот генерал Lew Wallace, кој, пре-стојувајќи во Ново Мексико, токму таму и го завршил пишувањето на својот познато роман “Бен Хур”.Како последица на нерешената ситуација, вон законот (и покрај амнестијата) ос-танале “регулаторите”, кои јавале на стра- ната на ранчерите John Chisum и (во суди- рот убиените) John Henry Tunstall и Alexan-der McSween. По смртта на Dick Braver, ме-стото на водач го презел еден од десетте “најжестоки” регулатори, 18-годишниот Вилијам Бони (вистинско име Хенри Ма-карти), наречен Billy the Kid. Во текот на следните две години Били и неговата бан-да живееле живот на одметници и кра- деле стока од ранчерите, како што бил Џон Чизам кој одбил да им плати за услу-гите во војната. Пријателот на Били Pat Garett именуван е за шериф и успеал да го фати младиот одметник, кој потоа спекта-куларно побегнал од затворот во Линколн, убивајќи ги при тоа двајцата помошници на шерифот кои го чувале. Но, Гарет до-бро го познавал движењето на Били и го пронашол во куќата на Педро Максвел во Форт Самтеро, и тука го убил. Били Кид бил погребан во заеднички гроб со уште двајца “најжестоки” регулатори, своите блиски пријатели Том О’Фолијард и Чарли Боудрем.

За време на својот краток живот Били Кид не бил славен, но кога Пат Гарет ја напишал книгата за неговиот живот, славата на младиот одметник почнала да се шири и денес е еден од најпознатите ликови на Дивиот запад. Туристи ги обиколуваат местата каде тој јавал и пукал, судницата во Линколн од која спектакуларно побег-нал денес е нему посветен музеј, а и заед-ничкиот гроб на тројцата регулатори е место на чести посети, на кое никогаш не недостасува свежо прериско цвеќе.

Дополнителна слава на младиот одметник му донел и Холивуд. Покрај Наполеон, Били Кид е историска личност за која се снимени најмногу филмови, скоро 100, а го глумеле такви актерски величини како што се Пол Њумен, Емилио Еставез, Вал Килмер, Крис Кристоферсон, Денис Хупер, Роберт Вон, Роберт Тејлор. Иако многу филмови повеќе го следеле митот откол-ку реалноста (Били не бил леворак, туку единствената негова фотографија е на-правена обратно), имало и дела кои вер-

но се држеле до историските факти (на пример, филмот на Пекинпо “Пат Гарет и Били Кид”).

За да им се олесни туристичката посета на оние кои сакаат со свои очи да ги видат местата на кои се одвивала историјата на Дивиот запад, Туристичката заедница на Ново Мексико отворила посебна веб-страница посветена на Били, Billy the Kid Territory (http://www.newmexico.org/billythekid/). На неа освен деталите за ис-ториските настани во округот Линколн, можат да се дознаат и информации за организирани посети на местата важни за животот на Били Кид, како и работното време на сите локални музеи во чии збир-ки се наоѓа нешто поврзано со овој познат одметник.

Извор: “Крстарица”, автор: Драгомир Влајсевиќ

Откриено кој го уапсил Дража Михајловиќ

На Републичкото јавно обвинителство до-ставен му е список на оние кои ги “извршувале” метеоролошките испитувања на терен, односно припадниците на разузнавачката служба која ги “покривала” апсењето на четничкиот генерал

Безбедносно информативната агенција му ја достави, пред неколку дена, на Ре-публичкото јавно обвинителство доку-ментацијата со имињата на офицерите на Озна кои учествувале во апсењето на четничкиот генерал Драгољуб - Дража Михајловиќ. Истовремено, на обвини-телството му е доставен и список со ими- ња на лицата кои ги “извршувале” метео-ролошките испитувања на терен, односно припадниците на разузнавачката служба која ги “покривала” апсењето на Михајло-виќ.Според зборовите на Слободан Радовано-виќ, в.д. републички јавен обвинител, и Слободан Хомен, државен секретар во Ми-нистерството за правда, инаку членови на Државната комисија за утврдување на ви-стината за смртта на Дража Михајловиќ, доставената документација многу ќе до-принесе за откривањето на местото на кое е погребано телото на некогашниот четнички војвода. Покрај списокот, на домашната јавност прв пат ѝ се покажуваат и фотографиите на припадниците на Озна каком позираат со четничкиот генерал - на една се во партизански униформи, а на друга во чет-нички, бидејќи пред апсењето таа група изигрувала четници, инфилтрирајќи се во нивните редови.

- Обвинителството во овој момент, преку полицијата и другите надлежни органи, проверува кој од списокот е жив и кој, евентуално, би можел да сведочи пред членовите на Државната комисија за утвр- дување на вистината во врска со смртта на Дража Михајловиќ - вели за “Политика” Слободан Радовановиќ.Според документот кој БИА му го достави на Републичкото јавно обвинителство, гру- пата која, како што во него се наведува,

Page 37: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Zanimlivosti 37“учествувала во фаќањето на Д.М.” ја сочи-нувале 12 офицери на Озна. Групата “која вршела метеоролошки истражувања на терен”, како се наведува во документот ја сочинувале 8 офицери. Интересно е дека имињата на двајца од списокот, првиот и четвртиот по ред, се прецртани, додека последното е испишано со рака.

- Иако наша примарна цел беше открива-ње на гробното место на Михајловиќ, со сплет на околностите во текот на истра-жувањето дојдовме до документацијата за една друга голема непознаница, а тоа е неговото апсење. Комисијата дојде и до податоци за нови жртви кои се стрелани во тој период. За нив ќе биде “задолжена” друга комисија чие формирање е во тек. Отвореноста која службите ја покажаа кон членовите на Комисијата ја покажува апсолутната определеност на државата да ни ги достави сите документи кои ги има во свој посед. Без оглед на новите откритија, ни претстои голема работа - на-ведува Слободан Хомен.Според неговите зборови, наскоро треба да почне земање на ДНК примероци од членовите на семејството на Драгољуб Михајловиќ, а потоа и вршење разговори со нив. Планирано е и со помош на посеб-на опрема, сонари, да се прегледаат ме-стата на кои, според некои сознанија, евентуално би можеле да бидат пронај-дени остатоците на четничкиот војвода.

- Интересно е дека добивме потврда дека во архивите на странски разузнавачки служби, исто така, се наоѓа документација во врска со Дража Михајловиќ и четнички-от покрет. Голем дел од таа документација има ознака за поверливост. Републичкиот јавен обвинител следните денови ќе упати официјално барање до овие служби да ни ја достават документацијата. Во овој случај, ќе се фокусираме на три служби: англиската, руската и, евентуално, амери-канската. Нема да бараме да ни откриваат имиња на оперативци, туку да ни помогнат да го најдеме гробот на Михајловиќ. Оваа документација многу би ни ја олеснила работата - рече Хомен и нагласи дека ве-

рува, како што постојат фотографии со апсењето на Дража Михајловиќ, дека по-стојат и снимки на неговата егзекуција.

Извор: “Политика”, Белград

Потомците се откажуваат од Хитлер

Двајца истражувачи на животот на Адолф Хитлер успеаја да ја декодираат ДНК на нацистичкиот водач, откривајќи ја добро чуваната тајна која овозможува да се иден-тификуваат сите негови роднини.

Историчарот Marc Vermeeren и новинарот Jean-Paul Mulders откриле 39 живи родни-ни на Хитлер. До тоа откритие дошле анализирајќи до- горчињата од цигари во едно село во Ав-стрија, користена салфета во ресторан за брза храна во Њујорк и плунка оставена при лепење на марка на коверт испратен од северна Франција пред повеќе од 30 години. Vermeeren вели дека, меѓу останатите, пронашле тројца правнуци на Хитле-ровиот татко, на Лонг Ајленд во близина на Њујорк, кои користеле лажно презиме Стјуарт Хјустон. Тоа се негови потомци кои Германија ја напуштиле за да побегнат од фашистите. Луис и Брајан имаат мала дрвена куќичка и работат како градинари, додека Алек-сандар е пензиониран психолог, кој им помагал на ветераните од виетнамската војна.Било невозможно да се дојде до нив, за-тоа што тие не ја отвораат вратата кога не-кој на неа ќе затропа и избегнуваат било какви конфронтации кога станува збор за нивните предци.“Тие се договориле да немаа деца за така да се заврши сагата за Хитлер и за да пре-станат да живеат во страв, но ветија дека ќе објават книга пред да умрат”, вели 41-годишниот новинар Mulders.Педесетиедногодишниот Vermeeren, ис- торчар и аматер кој се занимава со генео-логија, а опседнат е со нацистичкиот лидер и собрал повеќе од 500 биографии на овој диктатор и 20.000 други документи, вклу-чувајќи го и неговиот извод од матичната книга на родени.Во Австрија, сосема спротивно, роднините на Хитлер своето минато се обиделе да го избришат со менување на неколку букви во презимето, па сега се презиваат Huettler. “Сите Huettler-ови, кои живеат во регионот Валдфиртел, се далечни роднини на Ад-олф Хитлер, иако многумина од нив тоа и не го знаат, бидејќи нивните предци го смениле презимето и никогаш не им кажа- ле од кого потекнуваат, вели Vermeeren.

Извор: “Фонет”, Белград

Црвената армија на Олд Трафорд

Лондонскиот дневен весник Гардијан пи- шува дека Советскиот Сојуз пред 35 годи-ни, за време на “студената војна” имал планови во случај да дојде до вооружен судир со Западот, да изврши инвазија на англискиот град Манчестер. Пред 35 години, пишува весникот, ниту било лесно, ниту пријатно да се живее во Манчестер, град кој три дена во не-делата го погодувале недостатоци на струја, фудбалскиот клуб “Манчестер Ју- најтед” испаднал во втората лига, а него- вите граѓани, дури и не знаејќи, биле по-тенцијална цел на советските освојувачи. Според лондонскиот весник, откриени се советскиот мапи од тој период, на кои многу прецизно со портокалова боја се означени насоките на продирање на со-ветскиот оклопни единици кои, ако се су- ди по оваа карта, би поминале покрај ста-дионот “Олд Трафорд”. Советите за своите мапи ги користеле на- секаде достапните англиски, но, понеко-гаш, и застарени патни карти, но затоа мно- гу добро знаеле каде, на пример, се пози-циите на британските нуклеарни сили. Мапите кои на советските тенкисти тре-бало да им помогнат да го окупираат Ман-

Мапа на Манчестер со означени потенцијални правци при напад на советските тенкови

(извор: “Гардијан”)

честер, според Гардијан, се многу детални и во нив јасно се обележани сите патишта по тенковите би можеле да поминат, и по кои не, кои делови на градот треба да се избегнат, каде се владините згради, каде деловните, а каде другите стратешки важ-ни објекти. Советската студено-воена картографијата, наведува весникот, ѝ станала достапна на јавноста, но и на Западот, во времето на колапс на комунистичкиот систем, кога шефовите на советскиот картографски завод и печатница, во потрага по брза заработка, на западните клиенти за бади-јала им продавале слични воени мапи на другите западноевропски и американски градови. Наводно, британската Министерството за одбрана 1991 во Москва, испратило луѓе во комбе со една мисија: да купат што повеќе советски воени мапи за да се анализира и процени ефикасноста на со-ветските шпиони, пренесува Би-Би-Си.

Извор: “РТС”

Page 38: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

38 Zdravje i ubavina

Авокадото - овошје, зеленчук и лек

Авокадото (Persea americana) е тропско овошје, но во исхраната најчесто се ко-ристи, за разни салати и предјадење, како зеленчук, поради неговиот карактеристи-чен вкус.Авокадото е повеќегодишна дрвенеста зимзелена билка по потекло од Јужна Америка, а најчесто се одгледува во Мек-сико и Калифорнија. Дрвото може да на-расне до 20 метри, а листовите му се со должина од 10-12 см.

Плодот му е во облик на крушка со голема семка во средината и груба рапава кора. Поради обликот и рапавата кора, Англича-ните го нарекле “алигаторова крушка”. Плодот на авокадото е ниско-калоричен, а многу хранлив и лековит.ВидовиСо вкрстување се добиени околу 80 сорти на авокадо, а најпознати се калифорни-ското авокадo и авокадото од Флорида. Авокадото се наоѓа во продажба во текот на целата година, па и во исхраната е по-стојано.Корисни состојкиАвокадото има мала енергетска вредност па е погодно за диетална исхрана, но за-тоа е богато со минерали, витамини и други корисни состојки.Плодот во себе ги содржи корисните со-стојки:БакарБета-ситостеролБета-каротенБилни влакнаБилни мастиВитамин АВитамин БВитамин ЦВитамин ЕЖелезоГлутатионДиетални влакнаЗеаксантинКалиумЛутеинМагнезиум

НатриумНиацинМононезаситени мастиПротеиниРибофлавиниЈаглени хидратиФолна киселинаШеќер

Примена во исхраната:Се користи сирово во исхраната: како прилог на јадењата, како сос или како са-лата посолено, залиен со лимонов сок и маслиново масло. Со авокадо може да се користи лук и други зачини. Корисно е и маслото од авокадо, па и тоа се употребу-ва во исхраната.

Користење:Покрај употребата во исхраната, авокадо-то поради своето поволно делување на кожата се користи и во козметиката како состојка на многу козметички препарати, или како маска за лице.

Лековито дејствоАвокадото спаѓа во антиоксиданси и брзи чистачи на организмот, а помага и во ле-кување на некои болести и тегоби:АлергииАнемијаАнксиозностАстмаБолести на срцетоБронхитис, настинки и грипВисок крвен притисокГубење на концентрацијаДепресијаДијабетесЗабавување на процесот на стареењеИмпотенцијаИнфарктКашлицаМакуларна дегенерацијаМигренаНекои видови ракНеплодностНесоницаНервозаОстеопорозаОстеоартритисПовишен ниво на холестерол во крвтаПовишена телесна тежинаПоволно делува на метаболизмотПоволно делува на рамнотежата на електролититеПоволно делува во бременостПоволно влијае на ПМСПроблеми со простатаПроблеми со мускулиПроблеми со крвни садовиПроблеми со циркулација

РаздразливостРеуматски артритисОчни болестиСинуситисСмалување на уморСтресШтити од УВ зрачење

Заклучок:На основа на сè што е напишано, лесно може да се заклучи дека доколку имате можности, авокадото треба да го вклучите во храната.

Извор: „Здравје Крстарица”

Зошто глуждовите “раснат”?

Отоците на нозете и на другите делови од телото се вообичаена појава во летните месеци, но често можат да бидат знак на болести од кои некои бараат итно лечење. Како да ги разликуваме?

Летните горештини им погодуваат на појавите на отоци на нозете, рацете, ду-ри и на лицето, но по разладување и од-мор тие бргу се повлекуваат. Доколку, меѓутоа, насобраните течности во кожата, поткожните ткива и зглобовите останале - тоа е причина да отидете на лекар, бидеј-ќи таквите отоци можат да бидат знак на разни болести од кои некои значајно го нарушуваат здравјето. Најчеста причина за отекување на нозете е повишениот притисок во вените, попушта- ње на венските залистоци и излегување на течност, прво во околината на глуждовите и другите зглобови на стапалата, а со на-предување на болеста и во другите ткива на потколеницата. Овие отоци се чести кај лицата кои работата ја извршуваат стоејќи, како што се угостителите, продавачите, физичките работници, но исто така се чести и кај лица кои извршуваат седечки занимања. Хроничен застој на крвта во венскиот систем на потколеницата освен отоци предизвикува и чувство на тежина и болка, особено при стоење.Отечени од лековиОд прим. др. Петровка Боровичанин, специјалист по општа медицина во бел-градскиот Дом на здравје “Вождовац”, дознаваме дека отоците можат да бидат придружна појава на заболувања на срце-то, белите дробови, бубрезите, црниот дроб, штитната жлезда, заболување на простатата и задржување на урина во бу-

Page 39: Izbor br.4

Izbor Izbor

Izbor Izbor

Zdravje i ubavina 39брезите, како и вродено стеснети лимфни жлезди. Кај бубрежните и срцевите слабо-сти отокот е “тестест”, бидејќи со притисок на отокот во него останува отпечаток како во тесто, кое се повлекува во текот на ноќ-та. Смалување на овие отоци може да се постигне со земање на диуретици, но са-мо по совет на лекар.Докторката Боровичанин нагласува дека и земањето на лекови за повишен крвен притисок од групата на блокатори на ка-лиумовите канали (амлодипин со долго дејство) може кај поедини болни да пре-дизвика отоци на нозете.Отекување е можно и поради употреба на некои антидепресиви, контрацепциони апчиња и други хормонски препарати (стероиди). Во бременоста отоците наста-нуваат поради притисокот на плодот на венските крвни садови или повишениот притисок кој мора веднаш да се лечи за да се избегне опасноста од еклампсија. Во постарото животно доба често се јаву-ваат безболни отоци на зглобовите на стапалата и нозете.Со отоци се соочуваат и заболени од ма-лигни тумори поради отстранување на лимфните јазли и оштетување на лимфни- те садови. Долготрајно отекување на тки-вата може понекогаш да предизвика и дијабетесот, гладувањето кај неправил-ните диети, недостатокот на белковини во исхраната и на калиум. Во многубројните причини за отоци се вбројува и нарушената статика на телото која ја предизвикуваат рамните табани, глуждовите и високите потпетици. Важен фактор во појавата на отоци има и повишената телесна тежина која значително го оптоварува крвотокот.Посебен вид на оток е лимфедем кој е предизвикан со стеснети лимфни садови и прекумерно насобирање на протеини во течностите. Единствен начин за осло-бодување од вишокот течности е лимфна дренажа со кој течноста се потиснува во подрачје каде лимфотокот нормално функционира.Што може да се стори за да се спречи појавата на отоци? Пред сè би требало да се избегнува солена храна (вкупното вне-сување на соли во текот на денот не би требало да биде поголемо од три грама), бидејќи натриум хлоридот ги задржува течностите во организмот, советува др. Боровичанин. Во спротивно, се зголемува волуменот на крвта, а преполнетите вени не се кадри да ја пренесуваат крвта до ср-цето и течноста се задржува во ткивата. Последица не се само отоците, туку и про-паѓање на кожата, венски рани и зголемен ризик за мозочен и срцев удар.Повеќе шетајтеСедењето е голем непријател на нашето здравје, дури и кога немаме отоци на но-зете. Затоа е неопходно што почесто да се станува и да се прошетаат неколку чекори. Со одењето мускулите ја потиснуваат крвта кон срцето и со тоа се спречува за-држување на течностите во ткивата. Во те-кот на долги патувања со авион и воз би требало исто така повремено да се станува и да се протегаат нозете, или барем на секои 15 минути да се помрднуваат ста-палата горе-доле. За време на возење на автомобил застанете на секои 100 кило-метри и малку прошетајте.Кога и да можете, престојувајте на отво-

рено. Одете барем една автобуска стани-ца, или со брзи чекори 20 до 30 минути дневно. Возете велосипед. И пливањето е извонредна лимфна и венска дренажа.Отоците кај здебелените лица ќе се повле-че со намалување на тежината, бидејќи вишокот килограми е товар за срцето и венската циркулација.Престанете со пушење! Димот до цигари-те ги оштетува сите крвни садови.Алкохолни пијалаци консумирајте како лек: дневна доза е една чашка жесток пи-јалак или чаша црно вино.Не носете високи потпетици, ни претесни чорапи.Подигнете ги нозете една дневно над ви-сината на срцето во траење од 10 до 15 ми- нути. Ставете перничиња под стапалата.

За смалување на венските и другите отоци најважно е делувањето на причината за нивна појава, бидејќи со намалување на тегобите отоците не исчезнуваат. Кај лекар задолжително треба да отидете кога се појавуваат и зголемуваат наутро или на-вечер и кога со отоците имате и болки, притисок, стегање во градите, намалено излачување урина, или отечени, црвени и сјајни потколеници.

Природни диуретици

Менито против отекување би требало да содржи продукти кои на различни начини помагаат во елиминација на течностите од организмите. Добро е да јадете чорби и супи од кромид.Се препорачуваат и шпаргли бидејќи со-држат аспаргин, аминокиселина која ја поттикнува работата на бубрезите и ја подобрува циркулацијата. Рдоквите и белата репа исто така се вбројуваат во природни диуретици.Кељот има исти својства бидејќи содржи минерали кои ја стимулираат работата на бубрезите. За излачување на вишокот течности добро е да се јадат и моркови и зелка. Коренот на целерот го поттикнува метаболизмот и е извонреден диуретик,

а може да се зема и во свежа состојба кај реуматските и други отоци. Краставицата содржи минерали кои ги поттикнуваат бу-брезите повеќе да лачат мочна киселина и ги смалуваат отоците од гихт. Во извон-редни диуретици се вбројуваат и ренот и зелената салата.Доматите и босиљокот се добри диуре-тици за лицата кои боледуваат од реу-ма, воспаление на зглобови и гихт. Природни диуретици се и чајот од ко-прива и листовите од магдонос: по пет супени лажици од коренот и листот на магдоносот се варат пет минути во поло-вина литар вода, се цедат половина час и се земаат три пати дневно. За овој чај мо-же да се користи и замрзнат магдонос. Истото дејство на крвните садови има и елдата. Со редовно земање на продукти од елдено брашно може да се намали пропустливоста на капиларите.

Препарати против отекувањеПостојат и многубројни препарати против отоци, во облик на кремови и гелови, кои се подготвуваат од екстракти на див костен, цветови од невен, рузмарин, див лимон. Есцинот од дивиот костен и состојките од кората на дивиот лимон ја зголемуваат отпорноста на капиларите, ги намалуваат воспаленијата и проширу-вањата на вените на нозете. Етеричното масло помага кај отоци предизвикано од артритис или гихт. Се произведуваат и препарати со други екстракти (гинко) а помага и земањето на Ц витамин.

Вежби за подобра циркулацијаСо јакнење на мускулите на стапалата и нозете се за-брзува движе-њето на крв-та од нозете кон срцето. У т р и н с к и т е вежби се из-ведуваат во исправена по- ложба. Со ра-

ширени раце подигнувајте ги и спуштајте стапалата, а потоа колената полека вит-кајте ги и исправајте ги. Во текот на денот на работа вежбите се изведуваат во седечка положба. Врвовите на стапалата раздвојте ги и повторно приближете ги. Стапалата полека подигнувајте ги така што прстите да останат на подот, а петите се свр- тени на надвор, а потоа приближете ги.Повремено измасирајте ги потколеници-те. Ставете ја десната рака на Ахиловата тетива на левата нога, а потоа стегнете го зглобот со палецот и показалецот. Повле-чете ги прстите нагоре, благо масирајќи ги листовите.

Извор: “Политика”, Белград, автор: Вера Бошковиќ

Page 40: Izbor br.4

Izbor Izbor

40 Nedelen horoskop od 21. 09. do 27. 09.Овен 21.03 - 20.04Сте го постигнале душевниот мир. Не дозволу-вајте било кој да го наруши. Се наѕираат промени. За што и да се работи, барем ќе зна-ете на што сте.Работа: Конфликтна ситуација бара ладно-крвност. За чудо, успевате да останете ладно- крвни. Владеете со ситуацијата, иако го при-кривате стравот дека нема да профитирате.Здравје: Доколку имате главоболки, во пра-шање се синусите. Бидејќи станува збор за хронично слаба точка или за девијација на но- сот, сами знаете што ви е најдобро да правите.Љубов: Иако упорно му се наметнувате дока-жувајќи му доминација, партнерот без кавга го постигнува она што го наумил. Меки сте ка-ко памук.Совет: Искористете ја кратката пауза што по-добро да се одморите и да уживате. Чувајте се од повреди како последица на брзање.

Бик 21.04 - 20.05Крајно време е да поведете повеќе сметка за тоа кому му се доверувате. Наредните наста-ни бараат дискреција и брзи рефлекси.Работа: Плановите засега остануваат мртва буква на хартија. Не губете надеж, бидејќи тоа што сте го наумиле ќе го реализирате со задоцнување. Само трпеливо и ладнокрвно.Здравје: Слаба точка се жлездите и хормоните. На нив слабо можете да влијаете, но на исхрана- та можете. Барем ќе го ублажите проблемот.Љубов: Комуникацијата со партнерот е едно-страна. Како да не слуша што му говорите. Слу-ша тој и тоа добро, но се прави луд, бидејќи така му одговара. Кризата е на повидок!Совет: Не ја префрлајте вината на другите ко-га е во прашање односот со партнерот. Само вие двајца сте виновни. Затоа сами и барајте излез. Не избрзувајте со одлуката.

Близнаци 21.05 - 20.06Морате да бидете поцврсти и да “се опамети-те”, па сè ќе биде во ред. Во спротивно - сè по старо.Работа: Амбициозни сте, така што успехот не е доведен во прашање. Бидејќи енергијата е силна, постигнувате енормни резултати. Се-пак, не претерувајте.Здравје: Депресијата, меланхолијата, јалови-те планови - прават да бидете злоради и па-косни кон околината. Тоа не е болест, туку на-чин на размислување.Љубов: Никако да ја најдете вистинската личност, ниту да се усогласите со постојаниот партнер. Не е ни чудно што сте полни со горчина поради киксовите од минатото.Совет: Свртете им се на духовните работи. Доколку го најдете мирот, лесно ќе функцио-нирате. Материјалната ситуација и односите со околината во моментов се во застој.

Рак 21.06 - 20.07Во фаза сте на преиспитување на одлуките и личностите на кои им ја подарувате доверба-та. Доколку на извесно време се осамите и се оддалечите од главниот проблем, ќе можете реално да го согледате.Работа: Работата бара усовршување, за да можете да напредувате во кариерата. Ѕвезди-те им се наклонети на Раковите кои се зани-маваат со интелектуална работа повеќе от-колку на останатите.Здравје: Стравот од стварноста и лошите на-вики се последица на неадекватната кому-никација. Престојот во природа ќе ви помогне да постигнете внатрешна хармонија.Љубов: Девицата е вистинска личност за вас, немојте да ја одбивате. Ако ништо друго, таа со совети ќе ви помогне да решите проблем. Незадоволството е евидентно.Совет: Трпение и упорност имате за извоз. Секогаш кога работите ќе тргнат надолу, сете-те се на овие свои тајни адути и вклучете ги во игра. Ќе биде подобро!

Лав 21.07 - 21.08Бидејќи лавовската суета е изразена, уживате во сјај и луксуз. Ве опсипуваат со комплименти од сите страни. Една од причините е и тоа што сте слепи за стварната ситуација.Работа: Неодлучни сте. Со соработниците не-свесно манипулирате. Избегнувате одговор-ност и лично заложување.Здравје: Во релативно добар период сте. Суе-тата е задоволена, па уживате во личноста ко- ја ја обожувате - сами себе. До кога тоа ќе по-трае?Љубов: Партнерот константно го става вашето трпение на проба. Таман ќе помислите дека ќе му го завртите грбот, тој прв се повлекува. Цело време се натпреварувате и докажувате.Совет: Бидејќи натпреварувачкиот дух е на-гласен, обидете се да се занимавате со спорт или со игри на среќа. Избегнувајте докажува-ња во погрешно време и на погрешно место.

Девица 22.08 - 22.09Од вас се очекува потпирање на сопствената сила. Само со истрајна акција ќе постигнете забележителни резултати. Доколку работите ги оставите недовршени, ќе има проблеми.Работа: Деловната експанзија е евидентна. Иако во прашање се ситници, задоволно ги тр-лате рацете. Еден проект ве прави прилично несигурно, но без причина.Здравје: Срцевите тегоби се последица на променливиот крвен притисок. Избегнувајте конфликти и личности кои ви се мешаат во приватноста. Здравјето во тој случај ќе биде подобро.Љубов: Лавовите ви се слаба точка. Со нив доживувате упони и падови. Пожилави сте отколку што партнерот може да претпостави.Совет: Иако ви се чини дека моментната ситуација е тешка, тоа е само прв впечаток. Умеете вие кога сакате да ги свртите работите во своја полза.

Вага 23.09 - 22.10Се наоѓате пред значителни промени. Бидете реални. Не очекувајте премногу, за да не се ра- зочарате. Зошто се оптоварувате со трачови?Работа: Занимавањето со детали на сметка на суштината негативно се одразува на рабо-тата. Бидејќи избегнувате совети кои не ви се по волја, и овој ќе го превидите.Здравје: Толку сте окупирани со планови што немате време да размислувате за здравјето. Некои Ваги ги очекува промена на подобро, но дури кога ќе ги отстранат препреките.Љубов: Сте сфатиле дека со итрина можете да дојдете до партнеровото срце и паричник. Колку повеќе го мачите, толку повеќе ве сака. Врската е по малку патолошка.Совет: Пожелно е да ја сфатите суштината, за да не ги повторувате грешките. Октомври ќе биде напорен, па полека подготвувајте се за ризици.

Скорпија 23.10 - 22.11Зошто сте рамнодушни? Во фаза сте на кон-стантно преиспитување и размислување за тоа што да правите за да ја подобрите ситуаци-јата која почнала да ви бега од контрола.Работа: Иако максимално се залагате, имате чувство дека сè е залудно. Како работите да не ветуваат поволен исход. Нетрпението ве депримира.Здравје: Болки во нозете, проблеми со вени-те и депресивна состојба - тоа е реалната сли-ка овие денови. За почеток, носете удобни обувки и не ја префрлувајте вината на себе.Љубов: Врската е во криза. Преиспитајте ги грешките. Чувствувате безизлезност и про-сто не знаете што да правите. Пожелен е дирек-тен разговор - па нека биде што биде.Совет: Главата горе! Сте биле и во потешки си-туации, па сте испливале. Бидејќи донекаде сте невротични, а малку повеќе песимист, имајте го тоа во предвид.

Стрелец 23.11 - 20.12Било која одлука да ја донесете, едно каење не ви бега. Чувствата понекогаш можат да би- дат погубни, па имајте во предвид дека мак-симално емотивно се трошите.Работа: Опкружени сте со личности кои не ви влеваат доверба. Не само што не ви помагаат туку и ви одмагаат. Но вам барем ви е лесно, бидејќи поседувате изобилство на конструк-тивни идеи.Здравје: Променливо расположение, незадо-волство во комбинација со стомачни тегоби. Пожелно е да се вразумите и да ги зачестите оброците. Овој начин функционира.Љубов: Бурните емотивни изливи ги прават односите подинамични. Не ги прикривате чувствата. Паррнерот го бомбардирате со страст. Врската е постабилна од било кога.Совет: Потпрете се на личноста која ви е вис-тински пријател. Таа со своите совети ќе ви помогне од извесни ситуации да го извлечете максимумот.

Јарец 21.12 - 19.01Крајно време е да се завртите кон духовноста. Ако сето внимание го фокусирате на матери-јалните добра, ќе одите кон деструкција.Работа: Во изглед е материјална добивка. Сама по себе, работата е досадна, бидејќи ни- што интересно не се случува. Што сакате, ба-рем паричникот е полн.Здравје: Стомачните проблеми можат да го на-прават наредниот период непријатен. Соби-рањето на течностите во организмот ве прави мрзеливи и троми. Користите диуретици.Љубов: Со Девица врската до таа мерка е иди-лична што помислувате за тоа колку долго ќе трае? Можеби премногу ги анализирате чув-ствата на сметка на спонтаноста?Совет: Активирајте се. Ваша слаба страна е отпорот кон промените. Повеќе би трпеле не-пријатности отколку да направите мал напор да ги избегнете.

Водолија 20.01 - 18.02Бидејќи уживате во секој миг, веројатно нема да имате време да ги читате овие редови. До-колку прогнозите не се во право, значи дека некаде грешите.Работа: Со леснотија ги завршувате работите. Постигнувате одлични резултати. Пари ќе ви се прелеваат, иако вам ви проаѓаат низ раце-те. Постојано во нешто инвестирате. До кога?Здравје: Срце, хормони, но не поради нерви-рање, туку поради претерување во задовол-ствата. Пожелно е да најдете златна средина во сè, па и во пороците.Љубов: Го идеализирате партнерот, сеуште неувидувајќи ги неговите грешки. Кога еднаш ќе ги спознаете, ќе биде доцна. Но, што да се прави? Летате на крилата на среќата.Совет: Позитивно делувате на околината, да-вајќи несебична помош на секого. Продолжете со ова темпо, бидејќи сте симбол на хуманост.

Риби 19.02 - 20.03Ситуацијата бара прилагодување на нови при- лики. Бидејќи паметно расудувате, тоа ќе ви појде од рака. Вагите во моментов ве ирити-раат, па избегнувајте ги.Работа: Одличен период за потпишување договори, склопување зделки, учење и обра-зование. Избегнувајте влегување во судски спорови, бидејќи ќе бидат долготрајни.Здравје: Болките во пределот на долниот дел на грбот не се во врска со рбетот, туку од рефлексен тип. Веројатно се работи за слабе-ење на работата на бубрегот.Љубов: Партнерот го ставате на прво место. Не сте задоволни со развојот на настаните, но барем точно знаете што од него можете да очекувате. Нема дилеми.Совет: Пожелно е да водите сметка за тоа сите наредни акции да бидат легални. Пора-ди мало невнимание, можна е средба со за-конот. Тоа не ви е потребно.