48
Содржина Извори ....................................2 Субјекти...................................3 Судови....................................3 Магистратски судови........................3 Крунски судови.............................6 Апелационен суд............................9 Домот на лордови како судска инстанца.....10 Обвинителство............................10 Бранители................................11 Начела на казнената постапка на Англија. . .12 Тек на кривичната постапка................16 Полициска истрага........................16 Мерки за обезбедување на присуство.......19 Обвинување...............................20 Постапка пред суд.........................23 Санкции...................................27 Правни лекови.............................28 1

Kaznenata Postapka - Anglija

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Kaznenata Postapka - Anglija

Содржина

Извори ...........................................................................................2

Субјекти.........................................................................................3

Судови.........................................................................................3

Магистратски судови..................................................................3

Крунски судови............................................................................6

Апелационен суд..........................................................................9

Домот на лордови како судска инстанца..............................10

Обвинителство........................................................................10

Бранители.................................................................................11

Начела на казнената постапка на Англија...........................12

Тек на кривичната постапка...................................................16

Полициска истрага.................................................................16

Мерки за обезбедување на присуство.................................19

Обвинување.............................................................................20

Постапка пред суд......................................................................23

Санкции.......................................................................................27

Правни лекови...........................................................................28

1

Page 2: Kaznenata Postapka - Anglija

Компаративно казнено процесно право

Англија

Извори

Англискиот систем на казнена правда во голема мерка е сличен со системот на

казнена правда на САД. Оваа констатација произлегува од фактот дека системот на

казнена правда на САД историски произлегува од системот на казнена правда на

Англија, во овие две држави е задржан прецедентниот начин на уредување на

кривичната постапка, односно начин на едно флуидно регулирање на процесните

дејствија, пред се преку преземањето на практиката на веќе преземените процесни

дејствија од страна на судовите, и потоа примена на таквата практика како извор на

правото. Сепак, во однос на казнената постапка на САД, кривичната постапка што

се води пред судовите во Англија се повеќе се стреми кон законско регулирање на

постапката, а со тоа и намалување на влијанието на прецедентното право во однос

на процесните дејствија. Последната значајна реформа на англиската кривичната

постапка е направена со донесувањето на последниот Закон за кривична правда

(Criminal Justice Act) од 2005-та година, а покрај овој закон, кривичната постапка

во Англија дополнително се уредува и со Законот за полиција и за докази во

кривичната постапка (Police and Crime Evidence Act - PACE), Законот за крунската

обвинителска служба (Act on Crown Prosecutorial Service CPS), Законот за гаранција

(The Bail Act)1.

1 Види: Bradley, стр. 150

2

Page 3: Kaznenata Postapka - Anglija

Субјекти

Судови

Англискиот систем на казнена правда се темели врз развиен судски систем. Во

судскиот систем на Англија се предвидени два вида на првостепени судови кои

што се надлежни да постапуваат со оглед на тежината на кривичното дело. Значи

во прв степен според стварната надлежност судовите во Англија може да се

поделат на Магистратски судови (Magistrates Courts) и Судови на круната (Crown

Courts). Во втор степен во определни случаи се јавуваат и Судовите на круната,

како и Вишите судови (High Courts) и Апелационите судови (Courts of Appeals).

Највисок судски орган во Англија е Домот на Лордовите во Англискиот

Парламент2.

Магистратски судови

Во однос на стварната надлежност, првостепените судови од типот на

Магистратските судови постапуваат во сумарните постапки, односно во случаите

кога е сторено некое од подолунаведените кривични дела:

1. Кривични дела поврзани со сообраќајот;

2. Напад;

3. Навреда;

4. Кршење на правилата на социјална заштита (неплаќање на издршка и

сл.);

5. Кршење на јавниот ред под дејство на алкохол;

6. Кривични дела со кои се предизвикува штета во висина до 5000 фунти;

7. Полесни прекршоци.

Во надлежноста на Магистратските судови се и кривичните дела кои што може

да се судат и на двата начини (either way), односно за кои може да постапува и

2 Види поопширно: Bradley, стр. 180 и сл; White, стр. 6 и сл.

3

Page 4: Kaznenata Postapka - Anglija

Крунскиот суд и Магистратскиот суд, во зависност од волјата на обвинетиот. Овие

кривични дела се:

1. Кражба;

2. Поседување на украдени предмети;

3. Измама;

4. Провална кражба (доколку не е сторена под особено отежнувачки услови);

5. Кривични дела со кои е причинета штета од над 5000 фунти;

6. Напад со предизвикување на телесна повреда;

7. Недозволено поседување или промет со лекарства кои што може да се

издадат на медицински рецепти.

Магистратските судови се всушност определен облик на т.н. другарски судови,

во кои всушност правораздавањето го вршат обични граѓани, лаици во правото, а

нивната квалификација на магистрати е врз основа на општествениот статус и

угледот што го уживаат во Англиското општество. Историски гледано

Магистратските судови потекнуваат уште од зародишот на судската власт во

Англија, односно уште од раните 1264 г. Во тоа време овие судови се нарекувале

судови на мирот, термин што во делови на Англија се уште е во употреба за

определувањето на Магистратските судови, а магистратите уште се нарекуваат и

судии на мирот (justices of the peace - JP’s)3.

Во однос на надлежноста на магистратските судови може да се констатира дека

овие судови всушност се едни од најпрометните и најоптоварените судски

институции кои, според официјалните статистики на Англија (односно

статистичките податоци од Home Office-от) решаваат приближно повеќе од 95

проценти од сите судски предмети во Англија.

Судиите во магистратските судови се должни да судат неколку пати во текот на

еден месец, но не повеќе од 26 пати во една година. Карактеристично е дека оваа

функција за магистратите се смета како облик на општествено корисна работа, и

високо почитувана општествена дејност. За оваа дејност магистратите не добиваат

посебен и дополнителен паричен надоместок, освен во исклучителни случаи

3 Така иGibson/Cavadino, стр. 113 и сл.

4

Page 5: Kaznenata Postapka - Anglija

доколку е потребно надоместување на изгубената заработувачка поради учеството

во работата на Магистратскиот суд4.

Со оглед на фактот дека се работи за магистрати што се лаици во правото, на

нив при правораздавањето им помагаат судските стручни соработници кои се

професионални правници.

Тренд е поради зголемениот обем на работа во Магистратските судови во

поголемите урбани центри во Англија, да се именуваат постојани магистрати, со

што всушност оваа судиска функција се професионализира.

Магистратите ги избира Лордот Канцелар во името на Кралицата. При

вршењето на изборот, Лордот Канцелар избира магистратите од предложените

листи од локалните Советодавни Комитети. Советодавните комитети се делови на

локалните власти кои ги креираат листите на магистрати од редовите на лицата кои

што во својата локална средина уживаат углед, професионална етика, личен

интегритет, правичност и коректност. Магистратите може да ја уживаат својата

функција најмногу до навршувањето на 70 години старост, по што се должни да се

пензионираат.

Магистратите по изборот, а понатаму и по истекот од секои три години се

должни да посетуваат посебни професионални тренинзи каде ги учат основните

вештини во правораздавањето и основите на правото.

По правило при одлучувањето магистратите судат во совет од двајца, во

исклучителни случаи може да се определи и совет од тројца магистрати, а

определени одлуки, како на пример одлуките за определување на гаранција може

да ги донесе и самостојно секој магистрат. При тоа од двајцата магистрати едниот

се назначува за претседател на советот, соодветно на ова магистратите кои што

сакаат да претседаваат во советите се должни да посетуваат и соодветен тренинг на

кој ќе се оспособат за претседавање со кривичниот предмет.

Во текот на одлучувањето на магистратите им помагаат стручните судски

советници (Justices’ clerks). Тоа се правници од редот на правните советници -

solicitors или на застапниците пред судот - barristers кои што имаат најмалку пет

годишно работно искуство, а се професионално вработени во Магистратскиот суд:

4 Види поопширно во: White, стр. 10 и сл.

5

Page 6: Kaznenata Postapka - Anglija

Овие лица се задолжени за организација на работите во судот, за давање на стручна

помош на магистратите во примената на правото и определувањето на санкциите,

за обезбедување на доказите, давање на бесплатна правна помош на обвинетите

што немаат бранител, како и за организирањето на судењата (покани,

продолжување на мерките за обезбедување на присуство и сл.).

Стручните судски советници ги избира Лордот Канцелар, по предлог на

советите на Магистратските судови.

Од редот на стручните судски советници, а по предлог на советот на

магистратите во рамките на еден магистратски суд се избира и Раководителот на

стручните судски советници (Justices Chief Executive), кој всушност е раководител

и менаџер на судот и е задолжен за соодветното функционирање на магистратскиот

суд, се грижи за распоредувањето на магистратите и планирање и следење на

нивните судечки активности, се грижи за финансирањето на магистратскиот суд и

за одржување на тековните расходи на судот. Раководителот на стручните судски

советници истовремено може да биде и стручен судски советник, а условите за

именување на Раководителот се исти како и условите за именување на стручен

судски советник, а и овие лица исто така ги именува Лордот Канцелар5.

Крунски судови

Крунските судови (Crown Court)6 постапуваат во прв степен за сите други

потешки кривични дела, како и во случаите за сторени кривични дела кои што

може да се судат пред двата суда, а обвинетиот одлучил да биде суден пред

Крунскиот суд. Крунските судови се всушност областни судови (Circuit Courts)

затоа што постапуваат за определена област во која што се сместени повеќе

магистратски судови. Според тежината на кривичното дело, пак, во надлежност на

Крунските судови е судењето за следните кривични дела:

1. Убиства;

2. Кривични дела против половата слобода;

5 Види поопширно: Sprack, стр. 20 и сл. 6 Види поопширно: Gibson/Cavdino, стр. 110 и сл. и Doran, стр 379 и сл.

6

Page 7: Kaznenata Postapka - Anglija

3. Разбојништва, разбојнички кражби;

4. Сериозни кривични дела сторени со употреба на оружје;

5. Кривични дела сторени од група, банда или злосторнички здруженија;

6. Тешки кривични дела сторени од малолетни сторители.

Покрај првостепена надлежност, Крунските судови имаат и второстепена

надлежност во однос на одлуките на Магистратските судови. Крунските судови, во

овој случај се јавуваат како областни судови за магистратските судови во прв

степен. Апелационата надлежност на Крунските судови, се состои во:

1. Постапки за изрекување на пресудата отстапени од магистратските

судови што се однесуваат на кривичните дела за кои што може да

постапуваат двата суда. Карактеристично за овие предмети е дека

првобитно биле разгледувани од страна на магистратот, но со оглед на

тежината на делото, надлежен за изрекување на санкцијата е Крунскиот

суд.

2. Жалби против пресудите на Магистратските судови во однос на

формални грешки во постапката, како и во однос на висината на

санкцијата.

Карактеристично за системот на казнена правда на Англија е дека е предвидена

поделба на кривичните дела за кои е надлежен да постапува Крунскиот суд. Оваа

поделба се однесува само во однос на тежината на кривичните дела и во однос на

нив се предвидува да суди соодветен судија, во зависност од неговото искуство.

Согласно ова кривичните дела може да се поделат на три вида. Првиот вид на

кривични дела се оние најтешките кривични дела, односно кривичните дела од прв

степен. За овие кривични дела пред Крунските судови постапува судија

професионалец, и тоа од редот на судиите на Вишиот суд (High Court) и порота

составена од 12 члена. Причината за ваквата поделеност лежи во тврдењето дека во

овие случаи се работи за најтешки кривични дела за кои треба да постапува

искусен судија, односно судија од редот на Одделението на кралицата (Queen’s

Bench) што е дел на Вишиот суд. Судиите на Вишиот суд се искусни

7

Page 8: Kaznenata Postapka - Anglija

професионалци кои што се именувани од страна на Лордот Канцелар од редот на

најискусните правни застапници (Barristers), а само во исклучителни случаи за

судија во Вишиот суд може да биде именуван и правни советници (Solicitor)

Иако вака уредена стварната надлежност изгледа прилично компликувана,

всушност се работи само за поклопување, односно преоѓање и тоа само за овие

случаи на судијата од Вишиот суд во Крунскиот суд.

За останатите кривични дела, односно кривичните дела од втор и трет степен

постапуваат судиите од Крунските судови. Судиите во овие судови се именувани

од страна на Лордот Канцелар од редовите на средни по ранг и возраст правни

застапници (Barristers), или правни советници (Solicitors) кои што служеле како

судски бележници најмалку три години.

Покрај професионалните судии за кривичните дела од втор или трет степн во

Крунските судови се предвидува и уште една категорија на судии кои што се

нарекуваат уште и судски бележници (Court Recorders). Овие судски бележници се

судии со скратено работно време и не се вработени во судот. Тие всушност се

правните застапници или правните советници кои што се занимаваат со

застапување на клиентите пред Крунските судови, а имаат аспирации да бидат

именувани за судии или во Крунските судови или во некој од повисоките судови.

Судските бележници мора да имаат лиценца за застапување пред судовите, и тие се

“повремени судии”, постапуваат на доброволна база и за тоа не добиваат

надоместок, а судат најмногу до дваесет дена во една година.

Во рамките на Крунските судови е предвидена и поротата како лаички елемент

која учествува во системот на кривична правда7. Така, за разлика од судијата кој е

должен да го применува правото, поротата составена од 12 полнолетни граѓани на

Обединетото Кралство одлучува за вината на обвинетиот. Должност за учество во

поротата на Крунските судови во Англија имаат сите полнолетни граѓани не

повозрасни од 65 години, кои што престојувале во Обединетото Кралство најмалку

пет години, од навршувањето на нивната тринаесет годишна возраст. Покрај вака

определените генерални услови, во Законот за кривична правда на Англија се

предвидени определени дополнителни услови со кои се регулира непристрасноста

7 Исто, стр. 111 и сл. и Spencer, стр. 148 и 149.

8

Page 9: Kaznenata Postapka - Anglija

и независноста на поротниците. Имено, предвидена е посебна категорија на лица

кои што може да бидат изземени од должноста за служење како поротници во

судовите. Тоа се: членовите на Парламентот, припадниците на вооружените сили,

припадниците на медицинската професија, како и поротниците кои што во

претходните две години веќе биле поротници. Покрај овие лица, предвидена е

посебна категорија на лица кои што може да бидат изземени од должноста да бидат

поротници. Тоа се членовите на правосудството, лицата кои во последните десет

години биле поврзани со примената на правото (полицајци, бранители, адвокати и

сл.), душевно болните лица и свештениците. Конечно, предвидена е и можноста за

одземање на правото за учество во поротата. Правото за учество во поротата во

Крунските судови во Англија им е одземено на лицата што биле осудени на

безусловна казна затвор во времетраење од најмалку 5 години, осудените лица за

било какво кривично дело во последните десет и лицата за кои во моментот се води

кривична постапка.

Апелационен суд

Апелационите судови во Англија судат исклучиво во однос на поднесените

жалби во врска со неправилната примена на материјалниот или процесниот закон

или во однос на погрешната примена на санкцијата. Апелациониот суд е составен

од дваесет и девет судии и овој суд постапува по жалбите на пресудите на

Крунските судови. Апелациониот суд не постапува по жалбите на пресудите на

Магистратските судови. Судиите се избираат исклучиво од редот на судиите на

Вишите судови и нив, исто така, ги избира Лордот Канцелар. Во својата

апелациона надлежност судиите од Апелациониот суд постапуваат во совет од

тројца судии. Пред Апелациониот суд не е предвидена порота8.

8 Види: Gibson/Cavadino, стр. 95 и сл.

9

Page 10: Kaznenata Postapka - Anglija

Домот на лордови како судска инстанца

Според Англиската кривична постапка, во исклучителни случаи е предвидена и

жалба на пресудите на Апелациониот суд до Домот на лордовите9 во рамките на

Парламентот на Англија. Членовите на Домот на лордовите кои што постапуваат

како апелационен совет се од редот на Лордовите, или лица кои што претходно

биле носители на некоја висока судска функција, односно правни застапници

(Barristers) кои што се занимаваат со адвокатура од најмалку 15 години, а по

именувањето на Лордови на правото, стануваат доживотни членови на Англискиот

Парламент. Лордовите на правото (Law Lords), не учествуваат во политичките

дебати во Парламентот на Англија, туку само заседаваат како посебен

Апелационен совет и може да дадат конкретни правни мислења и насоки за

примена на правото, што пак се третира како прецедент. Во Домот на лордови во

Парламентот на Англија се предвидени од 9 до 11 Лордови на правото. Во рамките

на овој Апелационен совет членува и Лордот Канцелар.

Обвинителство

Обвинителството во Англија10, не било од секогаш уредено како посебна јавна

служба. Имено, се до седумдесеттите години на минатиот век, гонењето на

сторителите на кривични дела во Англија се сметало како заедничка должност на

сите субјекти во кривичната постапка, па така него најчесто по приемот на

кривичната пријава или барањето за гонење од оштетениот, го преземале и го

вршеле правни застапници (Barristers). Сепак, поради порастот на кривичните дела

и неефикасноста на кривичниот прогон е донесен Законот за кралското

обвинителство (Crown Prosecutorial Service Act) со кој обвинителството е уредено

како јавна служба, организирана и уредена со овој закон. Носител е Главниот

обвинител (Attorney General), кој е назначен од страна на Владата на Англија.

Раководителот на обвинителство (Director of Public Prosecutions), пак, e

9 Vidi, Krapac, стр. 25.10 Види: Spencer, стр. 149; Gibson/Cavadino, стр. 118.

10

Page 11: Kaznenata Postapka - Anglija

највисокиот обвинител. Јавното обвинителство во Англија е хиерархиски

поставено, во однос на судовите пред кои што постапуваат обвинителите.

Членовите на обвинителството вообичаено се правни застапници, но може да бидат

и правни советници (barristers или solicitors). Должноста на обвинителите е да го

преземат гонењето, но не е предвидено начелото на легалитет во гонењето. Ова

значи дека обвинителот е должен да го преземе гонењето доколку се исполнети два

услови (два тестови). Првиот се однесува на потребата на јавниот интерес за

гонење на стореното дело, а вториот услов е постоењето на доволно докази де

осомниченото лице е сторител на тоа кривично дело. Покрај професионалните

обвинители, понекогаш во Англија, кривичната постапка може да ја покрене и

бранителот кој што формално не дел од обвинителството, но е овластен да го

преземе гонењето по желба на оштетениот. Ова решение е слично со нашето

решение на гонење по приватна тужба.

Бранители

Бранителите – правните застапници се дипломирани правници11. Тие се

поделени во две групи:

Правни советници – solicitors и

Правни застапници – barristers.

По правило, правните советници не застапуваат предмети пред судот, освен

пред Магистратските судови, најчесто овие правници само даваат правни совети,

додека за функцијата на застапување пред судот ги именуваат правните

застапници. Правните застапници особено се задолжително присутни како

бранители кај посериозните кривични дела.

На лицата кои што немаат доволно финансиски средства може да им бидат

определени било која од двете категории на бранители во зависност од потребите

за застапување на нивните интереси пред судот (free legal aid), на товар на буџетот

на Англија. При тоа, потребно е да се добие одобрение за бесплатната правна

помош од страна на Магистратскиот суд, каде се одлучува во секој конкретен

11 Види поопширно во Solley, стр. 311 и сл.

11

Page 12: Kaznenata Postapka - Anglija

случај во однос на барањето за бесплатно застапување од страна на обвинетиот.

Доколку судиите во Магистратските судови одбијат да им дадат бесплатна правна

помош на лицата кои немаат доволно финансиски средства за бранител, тогаш овие

лица имаат право на приговор до Комисијата за бесплатна правна помош. При

оценката дали едно на едно лице кое што нема доволно финансиски средства е

потребно да му биде доделен бранител на товар на буџетот на Англија, судијата во

Магистратскиот суд поаѓа од две премиси. Првата е висината на средствата кои

што му се потребни на обвинетиот и втората премиса е интересот на правдата. Во

првиот случај е потребно да се разграничи колку приходи има обвинетиот и колку

средства му се дополнително потребни за ангажирање на бранителот, а во вториот

случај се утврдува дали навистина во конкретниот случај на обвинетиот му е

неопходно потребен бранител или и самиот тој може сосем успешно да се справи

со обвинението во текот на кривичната постапка.

Начела на казнената постапка наАнглија

Казнената постапка на Англија почива врз неколку начела12. Едно од основните

начела врз кои што почива довербата во ефикасноста и непристрасноста на

судството во Англија е начелото на јавност. Така, според ова начело судењата во

Англија се јавни што значи дека секое лице може да присуствува во текот на

судењата. Покрај процесно незаинтересираната јавност, како дел на ова начело се

јавува и правото на припадниците на медиумите да присуствуваат на судењата. За

оваа цел дури во поголемиот дел од судниците во Англија се предвидуваат и

посебни места за седење на репортерите, до кои тие би можеле полесно да ги

следат судските процеси.

Покрај начелото на јавност, како основно начело се јавува и начелото на

пресумпција на невиност на обвинетиот. Имено, според ова начело обвинетиот

се смета дека е невин се додека неговата вина не биде утврдена од страна на

поротата во судот или од страна на судијата магистрат по пат на законски

спроведена кривична постапка. Пресумпцијата на невиност на обвинетиот е начело 12 Види: Gibson/Cavadino, стр. 18-19.

12

Page 13: Kaznenata Postapka - Anglija

кое што се почитува во текот на целата кривична постапка, без оглед на фактот во

која фаза од постапката се наоѓа конкретниот кривично правен процес.

Како природно продолжение на начелото на гаранција на невиност ана

обвинетиот во текот на казнената постапка се надоврзува и начелото на

акузаторност, односно, според Англиската казнена постапка, ова начело е

уредено на тој начин што товарот на gокажување секогаш паѓа на страната на

обвинителот. Според ова начело, по правило тој што обвинува, т.е. овластениот

тужител е должен да пронајде и презентира доволно докази кои што несомнено ќе

упатуваат врз констатацијата дека обвинетиот е сторител на кривичното дело за кое

се обвинува. Според ова начело, овластениот тужител во Англија не само што го

носи товарот на докажување на вината на обвинетиот, туку тој е должен да ја

докаже неговата вина надвор од секое основано сомневање (beyond reasonable

doubt). Од ова начело во Англиската кривична постапка се предвидени исклучоци

кои се применуваат само во ретки и точно определени случаи. Па така, товарот на

докажување може да се префрли врз обвинетиот доколку е потребно да се утврди

некој факт што му е познат само на обвинетиот, па во тој случај очекувано е тој и

да биде должен да го презентира, а со тоа врз него паѓа и товарот за убедување на

судот во веродостојноста на фактот што обвинетиот го тврди. Втората ситуација

според која товарот на докажување во Англиската кривична постапка може да се

пренесе врз обвинетиот е доколку обвинетиот за преземање на некое дејствие бил

овластен од страна на жртвата или оштетениот, за што во определени случаи

доколку не се предвиди обврската за пренесување на товарот на докажување врз

обвинетиот, би било скоро и невозможно да се утврди таквиот факт. Се разбира

дека степенот на убеденост на судот во последните два исклучителни случаи не е

надвор од основаното сомневање, туку тој се води според начелото на претежност

на доказите.

Правото на обвинетиот да се брани со молчење, во Англиската кривична

постапка се предвидува како посебно начело, иако всушност може да се смета како

да е деривата на начелото на пресумпција на невиност. Сепак, со оглед на големото

значење на признанието на вината во Англискиот систем на кривична правда, како

13

Page 14: Kaznenata Postapka - Anglija

посебно начело се предвидува и правото на молчење. Ова начело е статуирано како

посебно право, при што според ова начело се смета дека обвинетиот во било која

фаза од кривичната постапка не е должен да даде било каков исказ Вака

предвиденото начело, всушност, значи и дорегулирање на начелото на товарот на

докажување да биде само врз овластениот тужител, како и на начелото на

привилегија од самообвинување, односно пресумпцијата на невиност. Се реализира

на тој начин што молчењето на обвинетиот во текот на кривичната постапка се

толкува не како признание на обвинетиот и ваквиот начин на учество на

обвинетиот во текот ан кривичната постапка во ниту еден случај не смее да се

толкува на штета на пресумпцијата на невиност на обвинетиот.

Правото на обвинетиот да биде суден од страна на членови еднакви на него

(trial by peers), во денешни услови има повеќе традиционално и историско значење,

затоа што иако во минатото ова начело претставувало голема придобивка во насока

на заштитата на правата на обвинетиот, во денешни услови ова начело како да го

губи своето примарно место во Англиската кривична постапка. Имено,

историското значење на ова начело се согледува во воспоставувањето на обврската

за судење на обвинетиот од страна на лица кои што се рамни на нив. Ова би

значело дека всушност во судот се воведува лаичкиот елемент, со што судовите се

правеле да бидат поприфатливи и подостапни до обичните граѓани, а со тоа и се

воспоставувала и довербата во правичноста на судот и на судскиот систем

воопшто. Имено, ова начело всушност, ја отворило можноста за учество на

обичните граѓани во работата на судот, а со тоа и судовите престанале да бидат

привилегија само на богатите или нивен инструмент за остварување на нивните

право на штета на обичните граѓани. Воедно ова начело било придобивка и за

владејачката класа во Англија, со што и тие си ја задржале можноста да бидат

судени од суд со лаички елемент составен од членови од исто социјално и културно

потекло како и обвинетиот за стореното кривично дело.

Во современата кривична постапка на Англија, ова начело го уредува

втемелувањето на кривичната постапка според кое за вината на обвинетиот

одлучува поротата, а не специјализиран и стручен орган, т.е. судот. Ова начело е

14

Page 15: Kaznenata Postapka - Anglija

исклучено само во поголемите Магистратски судови во поголемите градови во

Англија во кои поради големиот обем на работа се предвидени и постојано

вработени професионални судии кои што ја вршат должноста на магистратите (т.н.

платени магистрати – salaried magistrates).

Конечно, во Англиската казнена постапка е предвидено и начелото на

правична постапка (due process). За волја на вистината, ова начело во Англискиот

систем на казнена правда не е на рамништето како што ова нечело е предвидено во

САД, но сепак, според ова начело во Англија за една постапка да биде прифатена

како правична потребно е да се исполнат определни стандарди од типот дека било

кое лице не може да биде лишено од слобода, испитувано, против него да се води

судска постапка или да бдие осудено, доколку не бидат почитувани законските

услови и законски предвидените начини за преземање на овие процесни дејствија.

Воедно, при преземањето на овие процесни дејствија на обвинетиот му се

гарантира правото на стручна и професионална правна помош во текот на

целокупната кривична постапка. Консеквенцијата на кршењето на ова начело се

состои во правото за поднесување на правен лек против одлуките што се донесени

од страна на судот во постапка спротивна на законот, што значи дека вака

донесените одлуки во кривичната постапка се манливи и може да бидат корегирани

низ законски рпедвидените постапки за примена на правните лекови.13

Текна кривичната постапка

Полициска истрага

Кривичната постапка започнува во моментот на откривањето дека е сторено

некое кривично дело, но формалните процесни дејствија може да се преземат само

по завршувањето на фазата на откривање и утврдување на идентитетот на 13 Види Gibson/Cavadino, стр. 18-19; поопширно види и во: Thaman, стр. 46; Spencer, стр. 185 и сл. и Feldman, стр. 150 и сл.

15

Page 16: Kaznenata Postapka - Anglija

сторителот, што води до негово идентификување и конечно обвинување за

стореното кривично дело.

Кривичното дело може да биде откриено по пат на добивање на информации за

кривичното дело од страна на жртвата или оштетеното лице, доколку сторителот е

фатен при вршењето на кривичното дело, доколку осомничениот признае дека го

сторил кривичното дело и доколку неговиот идентитет се открие по пат на анализа

и вештачење на доказите. Во оваа фаза од кривичната постапка полицијата ги

собира сите докази кои што се насочени кон утврдување на сторителот на

кривичното дело. Истрагата што ја врши полицијата во себе опфаќа повеќе

истражни дејствија кои што се состојат од сослушување на повеќе лица кои

подоцна во постапката може да бидат идни сведоци, преземање на разни

вештачења и прибирање на материјални докази во врска со кривичното дело.

Преземањето на овие истражни дејствија мора да се врши на начин што е

предвиден во Законот за полиција и докази од кривичното дело (PACE). Во

спротивно докази прибрани на незаконит начин може да бидат одбиени од страна

на судот како доказни средства.

Покрај овие десјтвија чија што цел е откривање на сторителот на кривичното

дело, во текот на оваа фаза од кривичната постапка, полицијата може да изврши и

претрес на лица, може да одзема предмети и конечно може осомничениот да го

лиши од слобода.

Покрај широките овластувања на полицијата што се состојат во претрес на лица

и објекти тие може и да одземат определени предмети кои што во текот на

истрагата ќе бидат откриени како предмети кои што настанале како резултат на

кривичното дело, со кои било извршено кривичното дело, со кои сторилот имал

намера до го стори кривичното дело или конечно, кои што може да послужат како

доказ во текот на кривичата постапка. Во најголемиот број на случаи заради

одземање на овие предмети на полицијата и е потребен посебен налог, освен во

слуачите кога полицијата има налог за претрес, а овие предмети биле пронајдени во

текот на претресот. По исклучок, овие предмети може да бидат одземени и без

налог на судот, доколку до нив се дојде на начин што е итен, односно се откриени

како резултат на неодложна и итна полициска интервенција.

16

Page 17: Kaznenata Postapka - Anglija

Во текот на оваа фаза од кривичната постапка, полицијата може да одлучи и да

го задржи осомниченото лице во полициката станица. Според PACE актот,

полицијата на Англија има неколку различни модалитети при лишувањето од

слобода и задржувањето на осомничените лица. Наједноставниот начин е

краткотрајното лишување од слобода на осомничениот со цел да се утврди

неговиот идентитет и да се преземат некои други истражни дејствија.

Краткотрајното лишување од слобода е најчесто средство заради проверување на

алибито на осомничениот. Најчесто се врши во времетраење не подолго од шест

часа. Доколку ова процесно дејствие опфаќа период подолг од шест часа, тогаш ова

дејствие мора да биде преземено во посебно уредените и назначени за оваа цел

полициски станици. Во овие случаи осомничените во полициската станица ги

презема полицаецот за прифат, кој има повисок ранг од редовните полицајци.

Полицаецот за прифат е задолжен за заштита на правата на осомничениот од било

каква евентуална злоупотреба во текот на периодот поминат на осомничениот во

полициската станица. При тоа за ова лишување од слобода, полицаецот за прифат е

должен на осомничениот и да му објасни кои се неговите права, пред се правото на

бранител и правото да го извести своето семејство за лишувањето од слобода.

Ваквото лишување од слобода е всушност лишување од слобода без судски налог.

Во овие случаи по протекот на периодот од 24 часа, доколку полицаецот за прифат

утврди дека нема доволно докази за обвинување на осомничениот и доколку нема

повеќе потреба од испрашување на ова лице, тој е должен осомниченото лице да ги

пушти на слобода.

Основното правило во Англиската кривична постапка е дека осомниченото

лице во полициската станица по правило без да биде обвинето не може да биде

задржано повеќе од 24 часа. Сепак, шефот на полициската станица или полицаецот

на ранг на надзорник, во исклучителни случаи може да одлучи ова лице да биде

задржано најмногу до 36 часа (односно уште дополнителни 12 часа) доколку

постојат основани верувања кај надзорникот дека задржувањето без обвинение е

неопходно поради обезбедување на некои докази против осомниченото лице кои

што може да се прибават само со неговото присуство во полициската станица,

доколку се работи за некое од најтешките кривични дела и доколку во моментот се

17

Page 18: Kaznenata Postapka - Anglija

води сериозна истрага против тоа лице, а неговото пуштање на слобода би можело

да ја загрози истрагата.

По протекот на овие 36 часа, осомничениот мора да биде пуштен на слобода.

Пуштањето на слобода на осомничениот по истекот на 24 или по исклучок на

36 часа може да биде дополнително обезбедено и со приложување на гаранција од

страна на осомничениот дека ќе им биде достапен на органите на прогонот.

Исто така, во периодот од овие 36 часа, доколку полицијата смета дека е

потребно продолжување н задржувањето на осомничениот, тогаш полицијата е

должна осомничениот да го изведе пред судија во Магистратскиот суд. При тоа

изведувањето треба временски да биде темпирано од страна на полицијата за да се

совпадне во рамките на 36-те часа од задржувањето. Со цел да се избегне периодот

на крај на работното време во кој не работи магистратскиот суд периодот на

задржување од страна на полицијата може да се продолжи за уште дополнителни

шест часа во кој судот би одлучил.

Покрај полицаецот за прифат, во полициските станици се предвидува и посебен

полициски служебник, кој што е должен да ја проверува состојбата во која се

наоѓаат задржаните лица и е должен да врши контрола дали полицаецот за прифат,

соодветно ги заштитил правата на осомничениот уредени во PACE актот и во

подзаконските акти за уредување на полициското постапување.

Мерки за обезбедување на присуство

Во текот на кривичната псотапка на Англија се познати неколку мерки за

оебзбедување на прусуството на обвинетиот. Наједноставната мерка е поканата

која што на осомничениот му се доставува усмено или писмено14.

По поканата по правило втора најзастапена мерка во системот на кривична

правда на Англија е гаранцијата. Гаранцијата претставува ветување на обвинетиот

дека ќе се јавува пред органите на прогонот или пред судот во точно наведените

периоди, при што ова ветување е поткрепено со депонирање на определени

14 Види: Thaman, стр. 46 и следни.

18

Page 19: Kaznenata Postapka - Anglija

финансиски средства во судот. Овие средства претставуваат приход на буџетот

доколку обвинетиот не се појави на определниот термин утврден од судот. Од

самата природа гаранцијата може да биде полициска (доколку е определена од

полицијата во текот на истрагата) или судска доколку е определена од страна на

судот15. Постои и условна гаранција, кај која на обвинетиот покрај финансиското

обезбедување му се наметнуваат и дополнителни услови од типот на забрана за

посетување на определни места или дружење со определени лица. Покрај овие

облици на гаранција, во Англија се предвидува и посебен институт на гаранцијата,

а тоа се упатување во посебни установи со контролиран пристап, со цел

проведување на определен временски период во нив (Bail Hostels). Овие установи

се од типот на хостели во кои се сместува обвинетиот доколку нема пријавено

место на живеалиште или престојувалиште во местото во кое се наоѓа судот во кој

тој е потребно да се појави. Овие хостели се од отворен природа, а обврската на

обвинетиот е само во нив да престојува во текот на ноќта16.

Конечно, притворот во Англискиот систем на казнена правда се изрекува во

исклучителни случаи и тоа доколку не може да се примени гаранцијата. Овие

случаи се предвидени во законот за Гаранција (Bail Act), а тие се доколку постои

основано сомневање дека обвинетиот ќе побегне или стори ново кривично дело или

доколку влијае врз сведоците. Во овие случаи на обвинетиот му се определува

притвор, а траењето е во зависност од кривичното дело. Односно доколку

постапува Магистратскиот суд, до првото читање на обвинението на обвинетиот

(Arraignment) притворот не може да трае подолго од 56 или 70 дена. Првиот рок е

доколку е надлежен Магистратскиот суд, а вториот рок е доколку Магистратскиот

суд утврди дека за пресудување е надлежен Крунскиот суд и предметот му го

отстапи на него. Во вториот случај се предвидува дополнително траење на

притворот за уште 112 дена, односно од денот на отстапување на предметот од

Магистратскиот суд на Крунскиот суд се до денот на првото читање на

обвинението на обвинетиот (Arraignment) пред Крунскиот суд не смее да биде

подолг од 112 дена17.

15 Поопширно во: Cape/Hogson, стр. 64 и сл, како и во Hucklesby, стр. 116 и сл.16 Види: Gibson/Cavadino, стр. 65 и сл.17 Исто, стр. 66-67.

19

Page 20: Kaznenata Postapka - Anglija

По протекот на овие временски рамки судот не смее да го чува обвинетиот во

притвор и тој може да одлучи или да го пушти на слобода или притворот да го

замени со гаранција.

Од моментот на започнување на судењето, притворот може да трае се додека се

присутни основите за негово определување.

Обвинување

По завршувањето на полициската истрага, полицијата е овластена да постапи на

два начини. Првиот начин е доколку се собрани доволно докази во текот на

истрагата и полицијата утврди дека се работи за полесно кривично дело, може

наместо поднесување на предметот до обвинителството со цел обвинителот како

овластен тужител да го преземе гонењето, надзорникот на полициската станица

(Superintendant) на осомничениот да му изрече полициска опомена. Полициската

опомена е многу сличен институт на македонската судска опомена, при што за

примената на овој диверзификационен интрумент во кривичната постапка во

Англија е потребна позитивна прогноза дека целта на казнувањето на

осомничениот ќе се исполни и само со изрекување на опомена. Според правилата

на Англиската кривична постапка, полицката опомена се издава по правило на

малолетни сторители на полесни кривични дела, како и на првопрестапници

полнолетни лица кои се сторители исто така на полесни кривични дела.

Кралската обвинителска служба18 е надлежна за преземање и водење на

обвинувањето. Значи доколку полицијата утврди дека се работи за некое кривично

дело за кое не може да се изрече полициска опомена, тогаш целокупниот предмет

заедно сос сите прибрани докази полицијата ги доставува до надлежниот

обвинител, кој согласно на начелото на акузаторност може да одлучи дали ќе го

преземе обвинувањето или ќе се откаже од кривичното гонење. Според Англискиот

систем на казнена правда, обвинителот (CPS), е самостоен во оценката дали ќе го

18 Види: Spencer, стр. 198 и сл.

20

Page 21: Kaznenata Postapka - Anglija

покрене обвинувањето или не. При тоа заради унифицирање на работите во

Кралската обвинителска служба Раководителот на Кралската обвинителска служба

е должен да издаде формален правилник со која ја уредува работата на сите

обвинители во Англија.

При донесувањето на одлуката дали ќе го преземе гонењето или не,

обвинителот, според Правилникот за обвинителската служба (Code of CPS), треба

да внимава на две основи, односно два теста:

Поткрепеност или основаност со докази;

Потреба за гонење е утврдена заради заштита на јавниот

интерес.

Според првиот тест, обвинителот за да го преземе гонењето терба да испита

дали прибраните докази од страна на полицијата од истрагата се доволни за

формулирање на правно издржано обвинение. При донесувањето на оваа одлука

обвинителот е дложен да испита и дали собраните докази се прибрани на законит

начин, односно дали таквите докази може да бидат изнесени пред судот.

Според вториот тест, односно при оценката дали е во интерес на јавноста

конретниот стоител на кривичното дело да биде обвинит од странана државата,

обинителот се води од неколку претпоставки. Така, најпрвин тој треба да одлучи

според собраните докази може да очекува соодветна осудителна пресуда; дали при

сторувањето на кривичното дело осомничениот носел некое оружје; дали ја

злоупотребил довербата на жртвата или својата положба; дали е водич на некое

криминално здружение; дали жртвата била подложена на осоебно страдање или

суров третмн во текот на кривичното дело; дали сторителот имал умисла; дали

делото го сторил пораи некои расистички или ксенофобични причини; дали се

заканува опасност дека сторителот ќе го повтори делото и конечно дали се работи

за полесно дело, но со зголемена фреквенција на вршење во рамките на некоја

определна територија.

Понатаму обвинителот е должен пред да го преземе гонењето да утврди дали

делото што го сторил осомничениот е тривијално дело; дали делото е сторено во

заблуда или во нужна одбрана; дали постои застареност во кривичното гонење;

каков ќе биде ефектот од фонењето врз психичката состојба на осомничениот; дали

21

Page 22: Kaznenata Postapka - Anglija

гонењето би имало ефект со оглед на поодминатата возраст на сторителот и

конечно дали публицитетот што би се генерирал со судењето би можело да и

наштети на јавноста во Англија или на меѓународните односи на Англија или на

нејзината позиција во меѓународната заедница19.

При разгледувањето на сите овие фактори за и против покренувањето на

обвинението, обвинителот не прави просто собирање или одземање на

околностите. Потребно е обвинителот самостојно и логички да одговори на овие

прашања и да донесе издржана со аргументи одлука зошто ги презема или не го

презема обвинувањето за стореното кривично дело. Овие фактори, всушност се

само насоки споре кои обвинителот би требало да се ориентира при тестирањето

дали јавноста е или би можела да биде заинтересирана за гонење на осомничениот

сторител на конкретното кривично дело.

При донесувањето на одлуката дали да го презем гонењето или не, на

обвинителот му е допуштена и можноста за ова да се консултира и со бранителот

на осомничениот, со цел доколку на обвинителот тоа му е потребно, бранителот да

му даде подетални податоци за личноста на осомничениот и неговиот личен живот.

Покрај обвинувањето од страна на Кралската обивнителска служба, може

оштетениот или жртвата на кривичното дело и самиот да покрене обвинување.

Овие лица може да одат со приватно обвинение во секој случај кога Кралската

обвинителска служба нема да го покрене гонењето, доколку гонењето е забрането

или доколку е то поврзано со некој предлог од овластен државен орган. Гонењето

од страна на оштетениот или жртвата на кривичното дело, е надвор од

финансирањето на државата, и овие лица немаат право да бараат бесплатна правна

помош во овие случаи, што значи дека и доколку го изгубат предметот на суд, овие

лица би биле должни да ги платат судските трошоци. Вака уреденото приватно

гонење е реткост во системот на казнена правда на Англија.

Постапка пред суд

19 Види: Gibson/Cavadino, стр. 57-61.

22

Page 23: Kaznenata Postapka - Anglija

По одлуката за поднесување на обвинението од страна на обвинителот, по

правило сите постапки се поднесуваат до Магистратските судови. Исклучок

претставуваат постапките кои што се поднесуваат до Крунскиот суд само врз

основа на волјата на обвинетиот20. Обвинението во Англиската кривична постапка

се доставува до обвинетиот во писмена или усмена форма. Под обвинение

поднесено во усмена форма во Англискиот систем на казнена правда се подразбира

обвинението што му е предочено на осомничениот уште во текот на полициската

истрага, по протекот на 24-те часа од полициското задржување. Писмено

обвинение, пак, му се доставува заедно со поканата, било тоа да е полициската

покана во текот на истрагата или покана од страна на судот за да присуствува во

текот на судењето. Ваквата невоедначеност произлегува од глаголот обвинува кој

на англиски се нарекува “to charge”, под што, пак, се подразбира и обвинувањето во

текот на истрагат и обвинувањето во текот на судењето. Заради тоа, формалното

обвинение на обвинетиот, е она обвинение што всушност му се чита на глас во

текот на судењето, односно во текот на првото рочиште од судењето.

Ова е вака затоа што во акузаторната постапка, предметот на обвинителот се

гради во текот на главниоот претрес, а само на првото рочиште тој има обврска да

покаже дека поседува prima facie докази кои што понатаму ќе потврдат дека

обвинетиот е сторител на делото за кое што се обвинува. Додека, пак, обвинението

со кое се појавува обвинителот на суд и кое што му се доставува во форма на

покана на обвинетиот, е всушност само скратена верзија од тоа со што располага

како доказ обвинителот, односно само се наброени доказите кои што ќе бидат

презентирани пред судот.

Пред започнувањето на судењето, по поднесувањето на обвинението на

обвинителот до Магистратскиот суд, во овој суд се утврдува за кој вид на кривично

дело се работи, односно дали се работи за кривично дело за кое постапува

Магистратскиот или Крунскиот суд, па понатаму според наброените докази овој

суд глобално гледа дали според казната може да постапи тој или предметот треба

да му се отстапи на Крунскиот суд и конечно го гледа отштетното побарување, врз

чија основа се утврдува дали е надлежен Магистратскиот или Крунскиот суд21. 20 Види, Sanders, стр. 150 и сл.21 Види: Gibson/Cavadino, стр. 63 и сл.

23

Page 24: Kaznenata Postapka - Anglija

Карактеристично е дека и доколку првобитно според набројаните докази

Магистратскиот суд сметал дека се работи за кривично дело од неговата

надлежност, по завршувањето на доказната постапка тој може предметот да му го

отстапи на Крунскиот суд, доколку од изведените докази смета дека е потребно да

се изрече повисока казна од шест месеци затвор, односно казна затвор за чие што

изрекување е надлежен Крунскиот суд.

По утврдувањето на надлежниот суд, на обвинетиот му е доставува

обвинението и поканата за присуство на судењето. Заедно со обвинението на

обвинетиот во поканата му се предочува можноста дека тој и неговиот бранител

имаат право на увид во доказите со кои што располага обвинителот (advance

disclosure). По оваа фаза обвинетиот има право на поднесување на приговор до

судот заради отстранување на некои докази од предметот на обвинителот, за кои

тој може да докаже дека се собрани на недозволен начин (preliminaries).

Со завршувањето на оваа фаза се закажува првото рочиште од судењето на кое

на обвинетиот и формално му се презентира обвинението (arraignment) и се остава

можноста за неговото изјаснување за вината во однос на обвинението. Овие фази се

унифицирани за сите кривични постапки во Англија без оглед дали се постапува

пред Крунските или Магистратските судови.

Карактеристично е во Магистратските судови, во насока на забрзување на

кривичната постапка за полесните кривични дела на обвинетиот покрај

обвинението му се доставува и писмена изјава дека ја признава вината. Доколку тој

ја признае вината и ја потпише таа изјава, тогаш пред судот само се читаа

обвинението и признанието од страна на обвинителот, а судот е должен само да

изрече санкција, со определен попуст за кооперативноста на обвинетиот.

Признанието на вината и пред Магистратските судови и пред Крунските судови

доведува до последицата за прескокнување на една фаза од судењето, односно

прескокнување на изведувањето на доказите кои што се поврзани со вината на

обвинетиот, а само се изведуваат некои докази за кои судот смета дека се потребни

при одмерувањето на санкцијата22. Судот е должен да се увери дека признанието е

22 Оваа фаза е позната и како фаза на спогодување за обвинението – Plea Bargaining. За ова види поопширно во McConville, стр. 353 и сл.

24

Page 25: Kaznenata Postapka - Anglija

доброволно, несомнено и дека обвинетиот ги разбира правните последици од

признанието.

Доколку, пак, обвинетиот одлучи да не ја признае вината, тогаш тој во текот на

судењето е заштитен со претпоставката за неговата невиност, а обвинителот

започнува со воведниот збор во кој се осврнува на prima facie доказите, врз основа

на кои понатаму ќе го гради обвинението во текот на усната и јавна расправа.

Судењето е подеднакво и пред Магистратските и пред Крунските судови, и тоа

се спроведува во една контрадикторна акузаторна постапка. Најпрвин се

презентира секој доказ на обвинението поединечно. По усменото презентирање на

доказот обвинетиот и неговиот бранител имаат право на вкрстено испитување,

односно можност за побивање, дискредитирање или потврдување дека сведокот

или вештакот не ја зборуваат вистината, или пак дека некој материјален доказ не е

поврзан со обвинетиот.

Редоследот на изведување на доказите е следен: сведоци, вештаци, писмени

исправи и на крајот се изведуваат материјалните докази. Доколку по вкрстеното

испитување, некој сведок или вештак е дискредитиран или е дознаен нов факт

тогаш обвинителот ма право на повторно испитување на тој сведок или вештак во

однос на новосознаените факти.

По ист редослед и ист начин после презентирањето на доказите на обвинителот

се изведуваат и доказите на одбраната23.

Сведоците и вештаците по правило пред да го дадат својот исказ пред судот не

смееат да бидат присутни на судењето, освен во исклучителни слуачи кога само на

вештаците им се дозволува да ги следат другите доказни средства со цел да бидат

запознаени со нивната содржина која е од значење за нивниот исказ и

презентирањето на вештачењето.

Сведоците го даваат својот исказ во расказна форма. Само по исклучок на нив

може да им се презентираат нивните изјави дадени во полициската истрага, но овие

изјави може да служат само за потсетување на сведоците (refreshing memory24).

Судот не смее да ја базира својата пресуда врз основа на изјавите дадени надвор од

судењето.23 Види поопширно во: Feldman, стр. 180 и сл.24 Види: Gibson/Cavadino, стр. 73.

25

Page 26: Kaznenata Postapka - Anglija

По презентирањето на доказите на обвинителот на бранителот му се дава право

на завршен збор. Пред завршниот збор доколку сака, може да биде сослушан како

сведок и обвинетиот, иако тој е заштитен од самообвинување со начелото на

пресумпција на невиност.

Реплика на завршниот збор на обвинетиот може да има обвинителот само во

исклучителни случаи доколку тој во својот завршен збор заедно со неговиот

бранител ја извртуваат вистината и даваат погрешни и погрешно наведувани

заклучоци на поротата или магистратите во однос на изведените докази.

Конечно, пред донесувањето на пресудата, судијата во Крунските судови на

поротниците им дава посебни инструкции во врска со утврдувањето на вината на

обвинетиот.

Донесувањето на пресудата, а пред се изрекувањето на санкцијата може да биде

одложено за определн временски период не подолг од два месеци, со цел

изготвување на Пред-санкционен извештај (Presentence report)25. Овој извештај го

изготвуваат службите за надзор врз условната осуда и во него ја наведуваат

имотната состојба на обвинетиот, личноста, семејните прилики и сите други

околности поврзани со обвинетиот кои што може да му бидат од корист на судијата

при одмерувањето на видот и висината на санкцијата.

Судијата може да донесе осудителна и ослободителна пресуда. За да донесе

осудителна пресуда треба по завршената доказна постапка да ги има расчистено

следните прашања:

- дали сите факти и докази се прибрани на законит начин и дали истите се

прифатливи за судот?

- Дали доказите се однесуваат на конкретното кривично дело и дали

целосно е расветлена сосотјбата? и

- Дали презентираните докази го имаат постигнато стандардот на

убедување на судот – надовор од разумното соменвање (beyond reasonable doubt)

дека обвинетиот е навистина сторителот и дали е навистина виновен за кривичното

дело за кое се товари во обвинението.

25 Исто, стр. 79.

26

Page 27: Kaznenata Postapka - Anglija

Доколку не успее да најде потврден одговор на овие прашања судот треба да

донесе ослободителна пресуда26.

Покрај овие пресуди, доколку обвинителот на успее да докаже дека има

prima facie докази, тогаш судот носи пресуда со која го одбива обвинението.

Ваквите пресуди имаат својство на res judicata и понатаму за истиот сторител и за

истото кривично дело, доколку не се пронајдат некои нови докази, не може да се

води кривична постапка.

Санкции

Во системот на казнена правда на Англија се познати следните видови на

санкции:

- Казна затвор, определено времетраење;

- Казна доживотен затвор;

- Парична казна;

- Условна осуда и условна осуда со заштитен надзор;

- Општо - корисна работа;

- Надомест на причинетата штета; и

- Мерки за отстранување на штетните последици и помирување27.

Правни лекови

Системот на правни лекови28 во Англија опфаќа единствено правно средство –

жалбата со која може да се напаѓаат првостепените пресуди на Крунските и на

Магистратските судови. Со жалбата може да се напаѓаат како недостатоците на

првостепената пресуда од типот на погрешна примена на процесниот или

26 Исто, стр. 74-75.27 Види поопширно во: Gibson/Cavadino, стр.76-94. 28 Види поопширно во: Pattenden, стр. 487 и сл.; како и Feldman, стр. 191-196.

27

Page 28: Kaznenata Postapka - Anglija

материјалниот закон, поради неправилно утврдена санкција, како и поради

неправилно утврдена фактичка состојба.

По пресудите на Крунските судови се поднесува жалба до Кривичниот оддел на

Апелациониот суд. По пресудите на Апелациониот суд може да се поднесе жалба

до Домот на Лордовите на Англискиот Парламент само доколку е погрешно

применето правото при донесувањето на одлуката на Апелациониот суд, а ваквото

постапување е до интерес на пошироката јавност.

Во однос на погрешната примена на правото, во Англискиот систем на казнена

правда се издиференцирани следниве основи за поднесување на жалба на пресудата

на Крунските судови:

- доколку од разгледувањето на предметот произлегува заклучокот

дека исходот од предметот не е задоволувачки и е неправеден;

- доколку судот погрешно го применил правото;

- доколку судот погрешно го применил процесниот закон.

Сепак, судот може да ја одбие жалбата иако постоела некоја од

погоренаведените основи, но по разгледувањето на предметот утврдил дека и

покрај сторените повреди, таквите повреди не биле од толкав обем за да се

констатира дека спроведената кривична постапка е неправедна.

При поднесувањето на жалбата во однос на неправилно донесената санкција,

Апелациониот суд е должен доколку ја прифати жалбата самиот да изрече

соодветна санкција, која што би му одговарала на кривичниот предмет. При тоа во

овој случај обвинетиот доколку ја поднел жалбата не смее да помине полошо,

односно, Апелациониот суд не смее да изрече построга санкција од санкцијата на

Крунскиот суд.

Рокот за жалба изнесува 28 дена сметано од денот на добивањето на пресудата.

Во овој рок жалителот мора да го поднесе образложеното писмено (односно да ја

поднесе жалбата наведувајќи ги во неа фактите и основите врз основа на кои се

жали). Навременоста и оправданоста на жалбата ја оценува судија поединец, а

доколку ја отфрли жалбата, тогаш жалителот има право да побара од судот по

однос на жалбата да одлучат сите судии во Апелациониот суд на заедничка

седница. Како брана од преголемиот број на жалби во Англија се предвидува

28

Page 29: Kaznenata Postapka - Anglija

можноста за своевидно санкционирање на подносителите на очигледно

неоснованите жалби на тој начин што во овие случаи судот може да одлучи

времето поминато од првостепената пресуда до второстепената пресуда на

Апелациониот суд да не се засмета во рамките на издржаната казна. Сепак, ова

право во Англија се користи исклучително ретко.

По жалбата одлучува совет од тројца судии на Апелациониот суд. Во однос на

фактите и околностите поради кои се поднесува жалбата најпрвин во рамките на

Апелациониот суд се определува известител од рамките на правните застапници

(Barristers) вработени во Апелациониот суд, а притоа на судот му се обраќаат и

обвинителот и застапникот на обвинетиот, односно неговиот бранител.

Судот својата одлука ја донесува со мнозинство на гласовите. Ваквите пресуди

на Апелациониот суд, понатаму во идната практика на Крунските судови во

Англија играат особено значајна улога, затоа што токму овие пресуди се извор на

правото, односно се правен прецедент.

Во случаите кога Крунскиот суд донел пресуда како резултат на жалба на

Магистратскиот суд, тогаш во однос на оваа пресуда не е дозволена жалба. Сепак,

на жалителот во овие случаи му се обезбедува можноста да побара од Крунскиот

суд да го достави предметот на разгледување до Вишиот суд, но само доколку се

али врз основа на погрешната примена на правото од страна на Крунскиот суд.

Во исклучителни случаи кога се исцрпени сите правни лекови, доколку се

пронајдени нови докази Секретарот на Владата (Home Secretary) може по оваа

основа да побара повторно разгледување на предметот од страна на Апелациониот

суд.

Главниот обвинител (Attorney General) исто така може да поднесе барање за

повторно разгледување на некоја пресуда на Апелациониот суд, но само доколку

смета дека е погрешно применето материјалното право. Во овој случај тој своето

барање може да го поднесе до Апелациониот суд, или пак да побара во однос на

ова прашање правно мислење да донесе Домот на Лордовите од Англискиот

Парламент. Втора основа по која овој субјект може да вложи жалба е доколку

смета дека пресудата на Крунскиот суд е преблага, па во овој случај може да

29

Page 30: Kaznenata Postapka - Anglija

побара од Апелациониот суд да ја изрече построгата санкција, но само до

предвидениот посебен законски максимум за конкретното кривично дело29.

Во однос на пресудите на Магистратските судови, може да се поднесе жалба до

Крунските судови во однос на погрешна примена на формалниот закон или во

однос на погрешно изречена санкција, додека пак во однос на погрешната примена

на материјалниот закон се поднесува жалба до Вишиот суд. Во однос на пресудите

на Магистратските судови, обвинителот не може да поднесе жалба поради

висината на казната, доколку смета дека е прениска или пак поради тоа што

Магистратскиот суд донел пресуда со која го одбива обвинението.

Во однос на погрешната примена на процесниот закон Крунскиот суд е должен

да постапи од почеток, а за предметот одлучува совет од еден судија и двајца

магистратски судии. При тоа судот или донесува друга казна или ја одбива

жалбата. Во однос пак, на погрешно изречената пресуда, Крунскиот суд постапува

повторно во истиот состав, со тоа што тој или може да ја потврди изречената

санкција или може да ја замени со своја построга или поблага, но сепак не смее да

излезе од законските рамки на висината на казната која што може да ја изречат

Магистратските судови.

Поради погрешната примена на правото, односно материјалниот закон,

обвинетиот и неговиот бранител и обвинителот може да поднесат жалба до Вишиот

суд. Во овој случај Вишиот суд може да донесе пресуда која што понатаму има

правно дејство не само врз конкретниот случај, туку и во однос на другите

предмети, односно станува извор на правото. Така; Вишиот суд по оваа основа

може да постапува во три случаи.

Првиот случај се однесува кога Магистратскиот суд бара од Вишиот суд да

протолкува дали тој правилно го применил правото. Во овој случај, во рок до 21

ден од добивањето на пресудата на магистратскиот суд незадоволната странка

може да ја поднесе жалбата до Магистратскиот суд, кој понатаму ја препраќа до

Вишиот суд. Во овие случаи Вишиот суд или ја потврдува пресудата на

Магистратскиот суд или ја укинува и може да му наложи на Магистратскиот суд да

29 Така и:Gibson/Cavadino, стр. 95 и следни

30

Page 31: Kaznenata Postapka - Anglija

постапи на определен начин, односно повторно да го отвори судењето и да го

примени правилно правото.

Вториот случај кога постапува Вишиот суд е кога до него е поднесено барање

од страна на странките или било кое трето заинтересирано лице за судска оценка на

постапката од Магистратскиот суд. Ова барање се поднесува поради основано

сомневање дека судот не постапил правично, непристрасно или поради постоење

на основи за изземање на судиите при Магистратските судови. Во овие случаи

Вишиот суд може да донесе неколку одлуки: certiorari – со која ја укинува

пресудата, mandamus – со која му наредува на Магистратскиот суд да постапи на

определен начин и prohibitio со кој на Магистратскиот суд му забранува да постапи

на определен начин со цел да се избегне погрешната примена на правото. Судската

оценка, Вишиот суд е должен да ја направи во рок од шест месеци од денот на

поднесувањето на барањето.

Конечно, третиот и најредок случај во кој што постапува Вишиот суд е кога од

него било странките било Магистратскиот суд бараат помош во толкувањето на

правото. По добиеното толкување, Магистратскиот суд продолжува со кривичната

постапка.

Користена литература:

Bradley, Craig, M., ed. Criminal Procedure, A Worldwide Study, Carolina Academic Press, 2007

Cape Ed, Hogson, Jacqueline, Suspects in Europe, Procedural Rights at the Investigative Stage of the Criminal Process in the European Union, Intersentia Antwerpen – Oxford, 2007

Doran, Sean, Trial by Jury, in The Handbook of the Criminal Justice Process, ed. McConville Mike and Wilson Geoffrey, Oxford University Press, 2002

Feldman, David, J., England and Wales, in Criminal Procedure, A Worldwide Study, Bradley, Craig, M., ed. Carolina Academic Press, 2007

Gibson, Bryan, Cavadino, Paul, Introduction to the Criminal Justice Process, Waterside press, Winchster,1999

Krapac, Davor, Engleski Kazneni Postupak, Zagreb, 1995.

31

Page 32: Kaznenata Postapka - Anglija

Hucklesby, Anthea, Bail in Criminal Cases in The Handbook of the Criminal Justice Process, ed. McConville Mike and Wilson Geoffrey, Oxford University Press, 2002

McConville, Mike, Plea Bargaining, in The Handbook of the Criminal Justice Process, ed. McConville Mike and Wilson Geoffrey, Oxford University Press, 2002

Pattenden, Rosemary, Criminal Appeals: The Purpose of Criminal Appeals, in The Handbook of the Criminal Justice Process, ed. McConville Mike and Wilson Geoffrey, Oxford University Press, 2002

Sanders, Andrew, Prosecution Systems, in The Handbook of the Criminal Justice Process, ed. McConville Mike and Wilson Geoffrey, Oxford University Press, 2002

Solley, Stephen QC, The Role of The Advocate, in The Handbook of the Criminal Justice Process, ed. McConville Mike and Wilson Geoffrey, Oxford University Press, 2002

Spencer, J., R., The English System, in European Criminal procedures, ed. Mireille Delmas-Marty and Spencer, J.,R., Cambridge University Press, 2002

Sprack, John, Criminal Procedure a Practical Approach, 10-th Edition, Oxford University Press, 2005.

Thaman, Stephen, C., Comparative Criminal Procedure, A Casebook Approach, Carolina Academic Press, 2008.

White, Robin, C., A., The Structure and Organization of Criminal Justice in England and Wales, in The Handbook of the Criminal Justice Process, ed. McConville Mike and Wilson Geoffrey, Oxford University Press, 2002

32