20
ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” - БИТОЛА ДОМАШЕН ТРУД по ЕКОЛОГИЈА на тема: ВЛИЈАНИЕТО НА КИСЕЛИТЕ ДОЖДОВИ ВРЗ РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ Изработил: Ментор: Сара Алушовска VIII 1 одд. Мимоза Николовска Битола, 2013

Kiseli dozdovi

Tags:

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Kiseli dozdovi

ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” - БИТОЛА

ДОМАШЕН ТРУД

по

ЕКОЛОГИЈА

на тема:

ВЛИЈАНИЕТО НА КИСЕЛИТЕ ДОЖДОВИ

ВРЗ РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ

Изработил: Ментор:

Сара Алушовска VIII1 одд. Мимоза Николовска

Битола, 2013

Page 2: Kiseli dozdovi

2

Вовед

Многу одамна човекот живееше во склад со природата и нејзините закони. Бројот на населението бил помал, луѓето живееле во помали заедници, така што и влијанието на нивните активности врз околината било помало.

Но, брзиот пораст на населението, порастот на животниот стандард,

развојот на цивилизацијата, појавата на занаетчиството и индустриската револуција, придонесоа за зголемување на уништувањето на природните ресурси и загадување на животната средина од страна на човекот.

Денес, човекот ги исцрпува природните ресурси, ја зголемува количината

на отпадни материи, а со тоа го зголемува и загадувањето на животната средина со огромна брзина. Човекот до таа мерка ја загрози животната средина, што предизвика појава на светска еколошката криза, која претставува закана за опстанокот на животот на Земјата.

Човекот со своите активности како што се градењето, копањето,

сечењето и уништувањето на шумите, изградбата на водоводи, рудници, патишта, пристаништа, производството и потрошувачката на различните природни ресурси во електричните централи, индустриските постројки, моторните возила, користењето на хемиските средства и т.н., доведоа до недозволено загадување на животната средина и нарушување на рамнотежата во природата.

Човекот со своите активности ја загадува и почвата и водата и воздухот,

така што проблемите на загадувањето на животната средина можат да се поделат на три области:

Загадување на почвата (со пестициди, хербициди, отпад и др.);

Загадување на водата (со отпадни води, кисели води и др.);

Загадување на воздухот (присуство на штетни тврди, течни или гасовити супстанции).

Иако овие области се тесно поврзани, постои голема разлика при

решавањето на проблемите од загадувањето, за секоја област посебно. Во оваа семинарска работа е опишано загадувањето на воздухот, т.е.

атмосферското загадување, а посебно е објаснет и изведен е експеримент за влијанието на појавата на „Киселите дождови” врз растителниот свет, со цел да се согледаат штетните последици од овaa појава.

Page 3: Kiseli dozdovi

3

1. Основни поими

1.1. Поимот животна средина

Многу често поимот животна средина се изедначува со поимот човечка средина. Меѓутоа, човечката средина може да му одговара на човекот, но да не му одговара и на останатите живи суштества: растенијата и животните.

Човечката средина е составена од биосфера, т.е. природа или простор

во кој живеат сите живи суштества (растенијата, животните и човекот) и од техносфера која ги опфаќа човечките материјални вредности, урбаната инфраструктура, човечките населби и предметите кои му се потребни на човекот и кои тој ги користи секојдневно.

Додека пак, животната средина, претставува збир од сите природни

процеси кои се случуваат на Земјата и се однесува на околината, просторот и условите за живот на човекот, опфаќајќи го воздухот, водата, земјата, природните ресурси, флората, фауната и нивните меѓусебни односи. Според тоа, животната средина е природно опкружување или природна околина, која може да биде загадена од активностите на човекот.

1.2. Загадување на животната средина

Загадувањето на животната средина може да се подели во две групи и тоа, загадување од природните процеси и загадување од производните активности на човекот.

Загадувањето од природните процеси претставуваат климатските

услови, земјотресите, вулканските ерупции, поплавите, пожарите, силните ветрови и т.н.

Загадувањето од производните активности на човекот го опфаќа

порастот на населението, урбанизацијата, трошењето на природните ресурси, загадувањето од електричните централи, индустриските постројки, возилата и т.н.

Но, природните процеси претставуваат кружни процеси, што значи дека

природата функционира според законот на кружење на материјата без отпад, додека производните активности на човекот претставуваат еднонасочни процеси кои завршуваат со отпад.

Page 4: Kiseli dozdovi

4

Слика 1. Загадување на животната средина предизвикано од природните процеси и од производните активности на човекот

Page 5: Kiseli dozdovi

5

2. Атмосферско загадување

Под атмосферското загадување се подразбира присуство на несакани тврди, течни или гасовити супстанции во воздухот, во одредена количина, со одредени особини и во одреден временски период, кои претставуваат опасност за човекот, растителниот и животинскиот свет, а предизвикуваат и промена на климата.

Заради тоа, атмосферското загадување претставува најзначајна област

од сите видови на загадување и треба да й се посвети посебно внимание.

2.1. Причини за атмосферското загадување

Атмосферското загадување не е нов проблем. Тоа постои уште од

дамнина како последица од природните процеси, како на пример вулканските ерупции. Атмосферското загадување од страна човекот постои уште кога пештерскиот човек го открил огнот и го користел за греење и готвење.

Атмосферското загадување станува посебно изразено за време на

индустрискиот развој и зголемувањето на потрошувачката на јагленот и нафтата кои претставуваат главен извор на енергија. Тоа предизвика да атмосферското загадување прерасне во еден од најбрзо растечките проблеми во загадувањето на животната средина.

Постојаното зголемување на бројот на жители на земјата што повлекува

и поголемо производство на материјални добра наменети за живот, и сé поголем број на моторни возила, исто така доведува до зголемување на загаденоста на атмосферата.

И на крајот, како една од причините за зголемување на атмосферското

загадување е и покачувањето на стандардот на животот на човекот, кој бара сé повеќе електрична енергија која во најголем дел се произведува во електричните централи со согорување на фосилни горива што предизвикува и поголемо загадување на атмосферата.

Оваа група на причини кои взаемно си дејствуваат доведоа до сериозен

проблем на атмосферско загадување.

2.2. Последици од атмосферското загадување

2.2.1. Појавата „ефект на стаклена градина”

Зголемената концетрација на CO2, CO, SOx, NOx, чадот, летечкиот пепел

и други штетни гасови кои се создаваат при согорување на фосилните горива во електричните централи и индустриските постројки. овие штетни гасови, ја предизвикуваат појавата наречена „ефект на стаклена градина” во атмосферата која предизвикува и глобално затоплување на Земјата.

Page 6: Kiseli dozdovi

6

Енергијата од Сонцето стигнува до Земјата и ја загрева, а Земјата ја рефлектира оваа енергија назад. Напредокот во технологијата, изградбата на енергетски и индустриски постројки, големи фабрики, масовното производство и механизираното земјоделство доведоа до зголемено загадување и создавање на штетни стакленички гасови кои ја обвиваат Земјата и ја заробуваат сончевата енергија. Заради тоа, дел од рефлектираната енергија никогаш не ја напушта Земјата, со што се зголемува и температурата на земјината атмосфера и самата планета Земја станува многу потопла. Оваа појава е наречена „ефект на стаклена градина” во атмосферата.

2.2.2. Појавата „дупка во озонската обвивка”

Озонската обвивка се наоѓа на оддалеченост од 15 [km] до 35 [km] од

планетата Земја и ја штити нејзината површина од штетните ултравиолетови зраци (УВ), истовремено пропуштајќи доволно светлина потребна за опстанокот на животот на Земјата. Но, како последица од производните активности на човекот, овој тенок и нежен слој постепено сé повеќе се истенчува, што претставува голема опасност за опстанокот на живиот свет на Земјата.

Последиците од уништувањето на озонот се доста сериозни за човечкото

здравје и може да предизвикаат рак на кожата, очни проблеми, ослабување на имунолошкиот систем и т.н. Постојат и многу сериозни последици кои се однесуваат и на еко – системот, како намалување на родот на земјоделските култури, намалување на ритамот на фотосинтеза и т.н.

Хемиските супстанции што се смeтaат одговорни за нарушување на

балансот во озонот се хлоро – флуро – карбоните (CFC’s). Овие штетни супстанци се користат во големи количини во еден голем спектар на производи, како фрижидерите, клима уредите и т.н. Многу хемиски супстанции кои предизвикуваат дупка во озонската обвивка се веќе забранети и се исфрлаат од употреба, но нивното забранување претставува еден спор и тежок процес. Затоа истpажувањата за ублажување на ефектот „дупка во озонската обвивка” се насочени кон пронаоѓање на нови решенија кои се пријателски настроени кон озонот и не го уништуваат.

2.2.3. Појавата „кисели дождови”

Киселите дождови се создаваат кога сулфур диоксидот (ЅO2) се врзува

со водената пареа во атмосферата, при што се претвора во сулфурна киселина (Н2ЅO4) и паѓа на Земјата во вид на кисели дождови кои имаат погубно дејство за целиот жив свет, а посебно за растенијата. Загадувањето на воздухот со кисели дождови се пренесува и на земјата и се слива во површинските и подземните води, со што сериозно се загадува и водата и е една од главните причини за намалување на количината на питка вода на светско ниво, што претставува многу сериозен проблем.

Page 7: Kiseli dozdovi

7

3. Создавање и последици од појавата „Кисели дождови”

3.1. Создавање на киселите дождови

Сулфурниот диоксид, јаглерод диоксидот, оксидите на азотот, се гасови

од кои се создаваат киселини. Овие гасови учествуваат во создавањето на киселите дождови, но најголемиот виновник за киселите дождови е сулфур диоксидот (ЅO2).

Киселите дождови се создаваат кога сулфур диоксидот (ЅO2) се врзува

со водената пареа во атмосферата, при што се претвора во сулфурна киселина (Н2ЅO4) и паѓа на Земјата во вид на кисели дождови.

Сулфур диоксидот (ЅO2) во најголема мерка потекнува од вештачките

извори на загадување и се создава при согорување на фосилните горива како јагленот, нафтата и нафтените деривати и др. (Слика 2).

Слика 2. Создавање на сулфур диоксидот (ЅO2) при согорување на фосилните горива

Вештачки извори на загадување во кои се врши процесот на согорување на фосилните горива и се создава сулфур диоксидот (ЅO2) се електричните централи, индустриските постројки и возилата. Сулфур диоксидот се испушта во атмосферата и преку ветерот се разнесува на големи растојанија. (Слика 3).

Page 8: Kiseli dozdovi

8

Слика 3. Вештачки извори на загадување на атмосферата со сулфур диоксид (ЅO2) кој се пренесува на големи растојанија

Слика 4. Сулфур диоксид (ЅO2) во облаците се врзува со водената пареа и се претвора во сулфурна киселина (Н2ЅO4)

Page 9: Kiseli dozdovi

9

Сулфур диоксидот (ЅO2) е растворлив во вода. Тој во облаците се врзува со водената пареа, т.е. со водата и се претвора во сулфурна киселина (Н2ЅO4), која потоа се враќа на површината на Земјата во облик на кисели дождови (Слика 4).

3.2. Последици од киселите дождови

Слика 5. Последици од киселите дождови

Сулфурната киселина (Н2ЅO4) е многу јака, така што киселите дождови имаат погубно дејство за целиот жив свет на Земјата (Слика 5).

Загадувањето на воздухот со кисели дождови се пренесува и на земјата

и се слива во површинските и подземните води. Со тоа, киселите дождови сериозно ја загадуваат и водата бидејќи драстично ја намалуваат нејзината „Ph” вредност. Намалувањето „Ph” вредноста на водата претставуваат една од главните причини за намалување на количината на питка вода на светско ниво, што претставува многу сериозен проблем.

Но, киселите дождови штетно влијаат и врз материјалните добра преку

хемиски реакции на сулфурната киселина (Н2ЅO4). Тие ги оштетуваат зградите кои се создадени од варовник и од мермер, историските споменици, предизвикуваат корозија на металот и т.н. (Слика 6).

Page 10: Kiseli dozdovi

10

Слика 6. Влијанието на киселите дождови врз материјалните добра

Слика 7. Влијанието на киселите дождови врз природната средина

Page 11: Kiseli dozdovi

11

Но најштетното влијание на киселите дождови е тоа што тие претставуваат една од главните причини за одумирање на шумите бидејќи сулфурната киселина (Н2ЅO4) драстично ја намалува „Ph” вредноста на водата. Ваквата вода има негативно дејство посебно врз растенијата бидејќи го нарушува процесот на фотосинтеза и како последица на тоа доаѓа до оштетување на лисјата и има погубно дејство за целиот растителен свет (Слика 7).

Бидејќи растенијата претставуваат почетна алка во синџирите на

исхрана и според тоа имаат многу важна улога во опстанокот на животот на Земјата, изведов експеримент за да го оценам штетното влијание на киселите дождови врз растенијата; и набљудувањата, истражувањата и заклучоците од експериментот ги изнесов во оваа семинарска работа.

Page 12: Kiseli dozdovi

12

4. Експеримент „Кисели дождови” 4.1. Потребни подготовки за експериментот

„Кисели дождови”

За изведување експериментот за влијанието на киселите дождови врз растенијата, искористено е својството на сулфур диоксидот (ЅO2) да се раствора во водата и врзан со неа да се претвора во сулфурна киселина (Н2ЅO4), со што драстично се намалува „Ph” вредноста на водата која се враќа на површината на Земјата во облик на кисели дождови.

Според тоа, за изведување на овој експеримент, потребни се две

растенија, две саксии во кои треба да се засадат растенијата, две прскалки за наводнување на растенијата, епрувета со сулфурна киселина (Н2ЅO4) и латмусова хартија за проверка на „Ph” вредноста на водата (Слика 8).

Слика 8. Потребни предмети за изведување на експериментот „Кисели дождови”

Двете растенија се засадуваат во две различни

саксии, се оставаат на доволно светло и топло место и неколку дена се

наводнуваат со вода. На тој начин и на двете растенија йм се овозможовуваат исти

услови за растење и развивање (Слика 9).

Слика 9.

Растенијата имаат исти услови за опстанок

Потоа, во едната прскалка ставаме чиста вода, а во другата прскалка

ставаме вода во која раствораме мала количина на сулфурна киселина (Н2ЅO4). Со латмусовата хартија ја мериме „Ph” вредноста на водата и во едната и во другата прскалка.

Page 13: Kiseli dozdovi

13

Во прскалката со чиста вода латмусовата хартија ја покажува нормалната „Ph” вредност на водата која изнесува 5. Оваа прскалка ни ја претставува незагадената вода, односно дождовите кои не се загадени со сулфур диоксид (ЅO2) (Слика 10).

Слика 10.

Прскалка со чиста вода чија „Ph” вредност

изнесува 5

Во прскалката со вода и растворена сулфурна киселина (Н2ЅO4)

латмусовата хартија покажува пониска „Ph” вредност на водата, која изнесува 2. Оваа прскалка ни ги претставува „Киселите дождови” (Слика 11).

Слика 11.

Прскалка со загадена вода,

т.е. кисели дождови чија „Ph” вредност

изнесува 2

Прскалките мора точно да се означат и на нив да се прицврстат и соодветните латмусови хартии.

Откако ќе изминат првите неколку дена кога растенијата имаат исти

услови за опстанок, едното растение ќе започнеме да го прскаме со прскалката која ни ги претставува незагадените дождови, а другото – со прскалката која ни ги претставува киселите дождови.

Промените на растенијата треба да се пратат секојдневно и да се

фотографираат за да се забележат разликите и да се добијат прецизни резултати од истражувањето, а заклучоците за влијанието на киселите дождови врз растенијата ќе се изведат врз основа на фоотографиите.

Page 14: Kiseli dozdovi

14

4.2. Изведување на експериментот „Кисели дождови”

При изведувањето на експериментот, двете растенија ги

фотографираме, ги споредуваме и ги воочуваме следните разлики:

1 ден – Почеток на експериментот.

Откако растенијата се стабилизираа во овозможените услови за растење и развивање кои се исти и за двете, се започнува со прскање на растенијата.

Растението во незагадена средина се прска со незагадена вода, а растението во загадена средина се прска со прскалката со кисели дождови.

3 ден – од експериментот.

Веќе третиот ден откако започнавме со прскањето на растенијата, се гледа дека растението во здравата средина нема никакви промени и е свежо и зелено,

додека на растението во загадена средина кое го прскавме со кисели дождови се забележуваат црни точки и оштетувања на листовите.

Page 15: Kiseli dozdovi

15

4 ден – од експериментот.

Растенијата повторно се прскаат и тоа растението во незагадена средина се прска со незагадена вода, а растението во загадена средина се прска со

прскалката со кисели дождови.

11 ден – од експериментот.

Додека кај растението во здрава средина нема никакви промени, кај

растението кое го прскавме со кисели дождови веќе можат да се забележат

големи оштетувања на листовите. Растенијата повторно ги прскаме и тоа растението во незагадена средина со

прскалката со незагадена вода, а растението во загадена средина

повторно со прскалката со кисели дождови.

Page 16: Kiseli dozdovi

16

20 ден – од експериментот.

На дваесеттиот ден од почетокот на експериментот може да се забележи

дека кај растението во здрава средина нема никакви промени, а растението кое го прскавме со кисели дождови е

целосно уништено.

Слика 12. Фотографии од изведувањето на експериментот „Кисели дождови”

Од изведениот експеримент може да се заклучи дека најштетното влијание на киселите дождови е тоа што тие навистина претставуваат една од главните причини за одумирање на шумите бидејќи сулфурната киселина (Н2ЅO4) драстично ја намалува „Ph” вредноста на водата што доведува до оштетување на лисјата и има погубно дејство за целиот растителен свет.

Page 17: Kiseli dozdovi

17

Заклучок

Загадувањето на животната средина е последица од начинот на кој живееме, трошиме струја и гориво за автомобилите, авионите, фабриките и т.н. Од сите видови загадувања најзначајно е атмосферското загадување бидејќи претставуваат опасност за човекот, растителниот и животинскиот свет, а предизвикува и промена на климата.

Од оваа семинарска работа може да се заклучи дека при атмосферското

загадување најголемо внимание треба да се посвети на појавата на „Кисели дождови” кои се јавуваат како последица на присуството сулфур двооксидот (ЅO2) во атмосферата и неговата трансформација во сулфурна киселина (Н2ЅO4). Киселите дождови во најголема мерка влијаат врз растителниот свет кој претставува почетна алка во синџирите на исхрана и според тоа имаат многу важна улога во опстанокот на животот на Земјата.

За да се надмине проблемот на киселите дождови, неопходно е ограничување на емисиите на сулфурот. За таа цел потребно е инсталирање на филтри за десулфуризација на издувните гасови кај електричните централи, индустриските постројки и фабриките, но и катализатори кај автомобилите (Слика 13).

Слика 13. Отстранување на сулфур двооксидот (ЅO2)

Следно решение претставува користењето на обновливи извори на енергија бидејќи во овој случај се согоруваат помалку фосилни горива и атмосферското загадување скоро не постои. Ваквите извори за производство на електрична енергија се наречени чисти извори и тоа се ветерот, водата и др. (Слика 14).

Page 18: Kiseli dozdovi

18

Слика 14. Користење на чисти извори на енергија

Page 19: Kiseli dozdovi

19

Користена литература

www.skoool.mk;

www.go-green.gr;

www.rec.org.mk;

Прирачник за еко секција во основните училишта – Александра Младеновска.

Page 20: Kiseli dozdovi

20

Содржина

Вовед ...................................................................................................... 2 1. Основни поими ...................................................................................... 3 1.1. Поимот животната средина ............................................................................ 3 1.2. Природни ресурси ........................................................................................... 3 1.3. Извори на енергија .......................................................................................... 4 1.4. Загадување на животната средина ................................................................ 4

1.5. Заштита на животната средина ...................................................................... 5

2. Атмосферско загадување ...................................................................... 6 2.1. Атмосферско загадување ............................................................................... 6 2.2. Причини за атмосферското загадување ........................................................ 6

3. Последици од атмосферското загадување .......................................... 7 3.1. Појавата „ефект на стаклена градина” .......................................................... 7 3.2. Појавата „дупка во озонската обвивка” .......................................................... 7 3.3. Појавата „кисели дождови” ............................................................................. 8

4. Создавање и последици од појавата „Кисели дождови” ..................... 9 4.1. Создавање на киселите дождови ................................................................... 9 4.2. Последици од киселите дождови ................................................................... 11

5. Експеримент „Кисели дождови” ............................................................. 14 5.1. Потребни подготовки и тек на експериментот............................................... 14 5.2. Изведување на експериментот „Кисели дождови” ......................... 16

Заклучок ................................................................................................. 19

Користена литература ........................................................................... 21