74
Прирачник за подобрување на когнитивен и социо - емоционален развој кај деца и малолетни лица од 7 - 20 год Прирачник Овој краток прирачник ќе Ви обезбеди насоки за понатамошна работа со деца на возраст од 7-20 години кои имаат проблеми во интраперсоналниот, интерперсоналниот и социјалниот аспект од својот живот 2011година

Priracnik Deca so Autizam

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Priracnik Deca so Autizam

 

Прирачник за подобрување на когнитивен и

социо - емоционален развој кај деца и малолетни лица

од 7 - 20 год

Прирачник

Овој краток прирачник ќе Ви обезбеди насоки

за понатамошна работа со деца на возраст од 7-20 години

кои имаат проблеми во интраперсоналниот, интерперсоналниот и

социјалниот аспект од својот живот

2011година

Page 2: Priracnik Deca so Autizam

 

Содржина

Вовед

Хиперкинетски растројства - ADHD

Основни информации за АCTeRS скалата

АCTeRS скалата

Насоки за работа со деца - аспект ХИПЕРАКТИВНОСТ

Насоки за работа со деца - ОПОЗИЦИОНАЛНОСТ преку вежби за интраперсонални вештини :

a. Самодоверба

b. Емоционална свесност

c. Асертивност

d. Независност

e. Само актуелизација

Насоки за работа со деца - аспект СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ преку вежби за адаптибилност и интерперсонални вештини :

a. Емпатија

b. Социјална одговорност

c. Интерперсонална релација

d. Тестирање на реалноста

e. Флексибилност

Насоки за работа со деца - аспект на ВНИМАНИЕ преку вежби за когнитивен развој

а. Броеви и буквите е,

б. Внимание и трпение

в.    Јакнењето на тимскиот дух и просоцијалното однесување

Page 3: Priracnik Deca so Autizam

3  

В О В Е Д

Емоциите се од фундаментална важност за нашето преживување. Тие се

инстиктивни реакции на ситуации кои бараат делување.За жал, сите се наоѓаме под

постојан емоционален ризик од доживување на траума, најчесто заради обичните

секојдневни животни проблеми, а често пати и заради нешто, што воопшто не зависи

од нас на пр. прекин на основни релации родител – дете. Секое вакво неочекувано

животно изневерување и разочарување создава емоционална болка.

Ако сме емоционално описменети, можеме да направиме нашите емоции да

работат за нас и за другите луѓе околу нас, наместо ,,против нас,,. Никој од нас не би

можел да го пронајде своето ,,јас,, на начин, што тоа го прави и е против другите луѓе.

Учиме како да излеземе накрај со тешките емоционални ситуации кои најчесто водат

до нетолерантност, продлабочување на конфликт, лажење, вербално напаѓање и

повредување на другите луѓе. Емоционалната писменост во чија основа е

толерантноста на највисоко ниво – интерактивност или размена, не учи како да

уживаме во емоциите полни со љубов, надеж и радост, но и како да ја понесеме тагата

без да не скрши, или ако веќе сме ,,паднале,, , на кој начин да станеме и да

продолжиме по животниот пат, свесни за искуствените моменти кои може да ни бидат

предуслов за поголема успешност. На тој начин зрееме.

Во услови кога природните модели на идентификација и најважни животни

фигури ,,родители,, отсуствуваат, системот на социјална заштита унапредувајќи ги

формите и методите за работа, има задача да нуди начини на грижа, кои се најблиски

до природната средина и се системи на поддршка кои треба да обезбедат формирање

и негување на основниот потпорен систем кај овие деца кои преживеале ваква

емоционална болка, и на тој начин го обезбедат нивниот непречен раст и развиток.

Имајќи во предвид дека децата во установите се пред се деца кои преживеале

вакви травматични настани и воглавно се деца без родители и родителска грижа,

сметавме дека е потребно да изготвиме структурирана програма која ќе придонесе

згрижувањето на децата да добие една нова димензија која освен развиток на

креативниот позитивен понцијал кај овие деца ќе даде можност и за подобрување на

нивната социјална и емоционална интелигенција преку развивање на емоционалната

писменост и ќе биде во функција на нивниот личен раст и развој.

Прирачникот дава можност за препознавање и детектирање на децата кои

имаат проблем со хиперактивност, нуди информации и вештини за справување и

поддршка, активности за развивање на свесноста за себе и за другите.

Page 4: Priracnik Deca so Autizam

4  

Кога зборуваме за една посебно ранлива категорија деца во ризик, како што се

децата во установите не смееме да губиме од увид дека и вработените во

институциите исто така имаат неопходна потреба од личен раст и развој, работа на

стрес менаџментот низ јакнење на капацитетите како би можеле да ги зајакнуваат и

надградуваат сопствените компетенции. Имплементацијата на Прирачникот сметаме

дека низ проактивноста на понудените содржини ќе ги овозможи горенаведените

компоненти и ќе даде свој придонес во осовременувањето и усовршувањето на

грижата за децата во Република Македонија.

                                                                           

Page 5: Priracnik Deca so Autizam

5  

ХИПЕРКИНЕТСКИ РАСТРОЈСТВА - ADHD

Растројството на дефицит на внимание со хиперактивност  (Attention Deficit

Hyperactivity Disorder, скратено ADHD) е дел од повеќето биопсихолошки проблеми на

развојниот период. Овој текст е посветен на овој развоен проблем со цел да се нагласи

важноста на институциите- домови, училишта/воспитни институции како важна алка во

процесот на негово навремено препознавање и соодветно третирање.

Терминолошко определување на проблемот

Меѓународната Класификација на Болестите го употребува терминот

‘хиперкинетски растројства’, а во Дијагностичкиот и статистички прирачник за

менталните растројства пак, Attention Deficit Hyperactivity Disorder (ADHD) што во

превод би значело “Растројство на дефицит на внимание со хиперактивност”. Првиот

термин го користат претежно европските, а вториот пак американските автори.

Заради поедноставната прикажаност на симптомите, подолу следува описот на

овој развоен проблем според Дијагностичкиот и статистички прирачник.

ADHD (Attention Deficit Hyperactivity Disorder) – Растројство на

недостаток на внимание со хиперактивност

I. Или А или Б

A. Шест или повеќе од следниве симптоми на невнимание се присутни барем шест месеци до тој степен да се попречувачки и несоодветни за развојното ниво:

Невнимание

1. Често не обрнува внимание на деталите или прави безгрижни грешки во школските задачи, на работа или при други активности.

2. Често има потешкотии да го задржи вниманито на задачите или игровните активности.

3. Често делува како да не слуша кога директно му се обраќаат. 4. Често не ги следи напатствијата и не успева да ја заврши школската задача,

домашните обврски или задолженијата на работното место (не заради опозиционо однесување или неможност да се разбере инструкцијата).

5. Често има потешкотии при организирање активности.

Page 6: Priracnik Deca so Autizam

6  

6. Често избегнува, негодува или не сака да прави нешта кои изискуваат голем ментален напор за подолго време (како школски или домашни задачи).

7. Често губи предмети потребни за задачите и активностите (на пр. играчки, школски прибор, моливи, книги или алати).

8. Лесно му се одвлекува вниманието 9. Често е расеан во дневните активности.

B. Шест или повеќе од следниве симптоми на хиперактивност – импулсивност се присутни барем шест месеци до тој степен да се попречувачки и несоодветни за развојното ниво:

Хиперактивност

1. Често тропка со рацете или нозете или се вртка на столчето. 2. Често станува од столот во ситуации кога се очекува да седи. 3. Често трча наоколу или се јази кога тоа не е соодветно (адолесцентите или

возрасните може да се чувствуваат многу неуморни). 4. Често има потешкотии тивко да си игра или ужива во опуштени активности. 5. Често како да е “во погон” или често делува како да го придвижува мотор. 6. Често зборува прекумерно.

Импулсивност

1. Често извикува одговори пред прашањата да бидат довршени. 2. Често има потешкотии да си го дочека редот. 3. Често ги прекинува или им додева на другите (упаѓа во разговори или игри).

II. Некои симптоми кои предизикуваат влошување биле присутни пред седмата година

од животот.

III. Некое влошување од симптомите е присутно во две или повеќе околности (на пр.

при училишните задачи и дома).

IV. Мора да постои јасен доказ за значајно влошување на социјалното, школското или

работното функционирање

Врз основа на овие критериуми, идентификувани се три типа на АДХД:

1. Тип кадешто предоминира невниманието. Ако се исполнуваат критериумите од IА, но не и оние од IБ, во изминатите шест месеци.

2. Тип кадешто доминира хиперактивноста-импулсивноста. Ако се исполнуваат критериумите од IБ, но не и оние од IА, во изминатите шест месеци.

3. Комбиниран тип. Ако се исполниваат и IА и IБ критериумите, во изминатите шест месеци.

Page 7: Priracnik Deca so Autizam

7  

Кои други проблеми може да наликуваат на ADHD или пак да го

придружуваат?

Растројства во однесувањето

Ова е една група растројства кои многу често се мешаат со ADHD. Проблемот

на подвојување дали се работи за ADHD или растројство во однесувањето особено се

усложнува кај постарите деца. Децата со растројства во однесувањето се многу пркосни

и агресивни. Овие деца имаат многу малку (или воопшто немаат) разбирање и грижа за

туѓите чувства, желби и благосостојби. Тие извитоперено ги интерпретираат намерите

на другите како непријателски, застрашувачки и заканувачки. Настапуваат

бесчувствително и хостилно. Растројствата често се поврзани со ран почеток на

сексуалниот живот, употреба на алкохол, пушње, злоупотреба на психоактивни

супстанци и сл. Но, сите тие дисоцијални активности (крадење, измами, уништување

имот, непочитување правила, агресија према луѓето и животните ….) ги спроведуваат

доста вешто, организирано, структурирано и обмислено. Дваесет до педесет проценти

од децата со ADHD, обично како последица на големите психоемоционални трауми кои

ги доживуваат поради растројството, исто така може да пројават вакви облици на

однесување. Но, тие имаат проблеми со целисходноста на активностите, тешко се

вклопуваат во тие гангови, неуспешни се во акциите и често пати се изложени на

потсмев и отфрленост. И уште нешто многу важно. Кај децата со ХР, можеби

дисоцијалното поведение ќе се коригира, но проблемите со вниманието и

импулсивноста и понатаму ќе останат извор на идни потешкотии и проблеми.

Невротски растројства. Во сета таа сложена феноменологија, кај околу 25% од

децата со ADHD се јавуваат и невротските растројства. И нивното диференцирање е

можно само по подолгo набљудување на детето во различни средини. Доколку кај овие

лица, покрај присутните општи симптоми за ADHD, се забележат и симптоми како

грицкање нокти, претерано барање внимание, бурни емотивни изливи, неосновано

жалење на телесни тегоби итн, недвојбено треба да се размислува и за присуство на

некаква невроза која доплнително може да го отежни лекувањето на примарното

растројство.

Деца од разбиени семејства. Децата кои живеат во дисфункционални семејства

како последица на несредените односи внатре, често манифестираат симптоми слични

на ADHD. Напнатата атмосфера дома се пренесува врз сите нивни активности.

Понекогаш можно е да се расеани и незаинтересирани, да бидат импулсивни,

Page 8: Priracnik Deca so Autizam

8  

тврдоглави и хиперактивни. Можно е да пројавуваат и депресивно расположение. Овие

симптоми немаат установен ритам на јавување. За разлика од нив, децата со ADHD не

развиваат чисти депресивни симптоми и прилично доследнo пројавуваат проблеми на

училиште - после првите два часа се целосно “нефункционалнии”, освен понеделникот

и евентуално вторникот, во останатите денови тешко се снаоѓаат со обврските. Ако се

втора смена целосно се расеани, кон крајот на полугодието кога се очекува максимално

да се ангажираат, тие напротив, делуваат најистоштени итн. Но, тука мора да

внимаваме на еден друг податок. Имено, децата со ADHD многу почесто доаѓаат од

вакви типови семејства што дополнително го усложнува дијагностицирањето.

Биполарно растројство. Растројството се состои од многу зачестени промени

на расположението, од депресивно до манично или измешано, без или со многу ретки

стабилни меѓупериоди. Децата се екстремно зборлести со импулсивно однесување до

степен на насилничко и опасно, пројавуваат растроено мислење,можни се параноидни

толкувања, халуцинации и слично. И овде при подвојувањето на ADHD од

Биполарното растројство пред се треба да се гледаат знаците на невнимание,

хиперактивност и импулсивност. Праксата потврдува и случаи кадешто Биполарното

растројство се јавува заедно со ADHD што значи дека дијагностички не се исклучуваат

едно од друго.

Симптоматска хиперкинетичност. Многу невролошки заболувања во својата

симптоматологија можат да содржат и хиперкинетичност (нагласена потреба за

движење). Но, невролошките иследувања и добро земената анамнеза лесно го отфрлаат

сомнежот дека се работи за ADHD.

Kомбинираниот приод на лекување е најделотворниот. Тој изискува најмногу

труд и време, но дава и најдобри резултaти. Тоа вклучува медикаментозна терапија,

психотерапија, групи на поддршка, психомоторна реедукација, биофидбек и други

методи кои даваат позитивни резултати.

Page 9: Priracnik Deca so Autizam

9  

И С К У С Т В А О Д П Р А К С А Т А

Десет особини кои ги карактеризираат луѓето со ADHD:

1. Се е приоритетно. И сето тоа треба да се заврши сега. Постојаниот притисок создава блага анксиозност која навлегува во нивната стварност.

2. Секогаш постои барем малку хиперчувствување. Колку и да се обидуваат, изгледа како многу малку да има исполнето и како никогаш да не можат да одморат. Секогаш се доаѓа до тоа: “Зошто се нервирам?” Еден чекор ги дели од чувството на превладаност. Заедно со ова се јавува хронична загриженост.

3. Можно е да ги депримираат мали или никакви провокации. 4. Интелигенцијата е секогаш предмет на расправа, но ретко проблем. Чувствуваат

дека можат да размислуваат сосема добро, но се сомневаат во тоа зашто тешко им е да го демонстрираат. На крај, фрустрацијата може да ги спречи дури и да се обидат.

5. Од тие причини лесно ќе се исфрустрираат. Како решенијата да им се вон дофатот, како да знаат како да ја играат играта само што некој ги променил правилата и секому му ги кажал освен ним. Најчесто, оние околу нив, нивната фрустрација ќе ја гледаат како лутина и ќе постапуваат одбрамбено.

6. Во некои работи се ненадминливи, но во останатите воопшто не ги бива. Всушност, се работи за учинок. Кога ќе се мотивираат, повеќето од работите можат добро да ги сработат. Едноставно, тешко е да се мотивираат кога доживуваат дека нивниот труд не се цени.

7. Преокупирани се, со еден куп идеи и мисли кои им пролетуваат низ главата и чекаат да бидат исполнети, барањето на општеството за внимание станува кошмар.

8. Тие се чудаци. Вклопувајќи се тешко, делуваат друштвено само ако ја контролираат ситуацијата. Најугодно им е кога си го пронаоѓаат нивниот пат во животот. Потребата уникатно да се изразат себе си може да создаде шокантни примери на креативност. Често се чувствуваат изолирани.

9. Ги привлекуваат компјутери. Не заради тоа што се логични, туку затоа што обезбедуваат моментално задоволување комбинирано со интелектуален предизвик кој не можат да го најдат на било кое друго место.

10. Без разлика на годините или на она што го привршуваат, не можат да го надминат чувството на незнаење што навистина сакаат да прават со нивниот живот.

Следат неколку совети за воспитувачите/ старателите, наставниците:

Page 10: Priracnik Deca so Autizam

10  

Наспроти верувањето дека надворешната дразба треба да се намали за да

ученикот со ADHD биде посконцентриран, примарната промена треба да се однесува

на прашањето на мотивацијата и на емоционалната содржајност на мотивирачкиот

настан.

Откако ученикот ќе стане свесен дека:

1. навистина може да работи правилно, 2. не го сметаат за глупав, 3. нема казни за извршувањето на работата,

тогаш внатрешната мотивација и емоционалноста, може да почнат да се

развиваат.

Тие можат да работат правилно. Ова може да изискува значително трпение и

можеби почести индивидуални средби. При индивидуалните средби, нервозата,

укорите и заканите заменете ги со охрабрување и смирено повторување. Свесни сме

дека нервите многу лесно можат да попуштат, но ако се препуштите на допустливо или

пејоративно однесување, со гаранција ќе го изгубите корисникот/ученикот.

Како што стануваат свесни дека можат да го сработат тоа, желбата да

продолжат, полека ќе испливува. Со почетокот на себемотивираноста мора да следи

искрено и често позитивно поткрепување.

Не ги сметајте за глупави. Кај сите нас постои силна потреба за надворешнo

вреднување, пофалба и признание. Кај ADHD тоа е од суштинско значење. Уште

еднаш, искреното признание е она на што треба да се повикуваме.

Помогнете им да осознаат без разлика каков успех и да постигнале. Не

растурајте им го задоволството со тоа што ќе им посочувате уште колку имаат да

сработат. Тоа тие веќе го знаат. Нека научат да ги ценат своите постигнувања преку

тоа што ќе бидат ценети и тие.

Нема казни за извршувањето на работата. Ова може да звучи чудно, но не

заборавајте на комплиментите кои боцкаат. Избегнувајте: “Сега, би било фино да

продолжиш со тоа”, или “Веќе е време”, или “Сега кога веќе го можеш тоа, ќе те

оставам сам. Заврши пред да се вратам”.

Како што корисникот/ученикот напредува во постигнувањата така и

воспитувачот/наставникот му поставува се повеќе задачи. Гледано од наставниковата

страна, ова е оправдано, но замислете како тоа иагледа од перспектива на ученикот кој

има ADHD: “Наградата за успешно завршената работа е да ми се даде повеќе од тоа

што јас го можам. Кога конечно ќе успеам, казнет сум со претераните очекувања”.

Page 11: Priracnik Deca so Autizam

11  

Изјавите можеби звучат остро, но слични варијации се провлекуваат дури и во

најнормалните домови.

Мотивацијата којашто е самоиницирана се развива со брзина на полжав. Со деца

или возрасни, ADHD навистина доколку немате развиени вештини за постапување со

оваа проблематика ќе ви се ,,истенчат нервите,, но тоа е проблем на оној кој постапува..

За среќа, потенцијалниот резултат ќе ве мотивира да не се откажувате. Како и да е

знаете дека враќањето кон казниви и рестриктивни мерки само ќе ги влоши работите.

Мит 1: На корисниците/учениците со ADHD потребна им е просторија со

мала или никаква визуелна стимулација. Погрешно. Умот на ученикот со ADHD е

зафатен, а ако не му се достапни податоци од средината, тој ќе ги измисли самиот. Ако

умот на ученикот со ADHD решил да се зафати со нешто, ќе се зафати без оглед на

надворешната средина.

Мит 2: Децата со ADHD треба да добиваат многу паузи додека учат.

Погрешно. Бидејќи оваа потреба за одмор и освежување може да се случува и по

неколку пати во една минута, многу поважно е да се има на ум потребата од

емоционална потврда при којашто ученикот би работел и со часови на еден

компулсивен начин. Изгледа дека невниманието од оваа дисфункција може да се

ублажи преку внатрешните емоционални одговори.

Правило 1: Уверете ги децата да знаат дека сте вистински заинтересирани

да им помогнете. Иако може да ви заличи дека не им е битно, важно им е. Ќе ви

требаат неколку потврди, но ќе се исплати.

Правило 2: Имајте контакт очи в очи. Ова помага да ја откриете поентата од

Правило 1. Тоа исто така ќе им го привлече вниманието кон вас за некој миг кога ќе

можете да изнесете тврдење кое ќе биде слушнато. Ова би било добро време за некое

позитивно поткрепување.

Правило 3: Бидете анимирани околу вашиот предмет. Ако јасно уживате и

во вашиот предмет и во текот на предавањето на вашите ученици, тогаш децата-

учениците ќе се намамат на ова и ќе бидат позаинтересирани.

Правило 4: Не плашете се да правите дигресии. Оние со ADHD го обожаваат

ова. Од време на време, дозволувајте мали дигресии. Повремено, обидете се да ја

поврзете дигресијата со тоа што го предавате. Понекогаш, оставете дигресијата да

лебди во ветер, па дури по некое време вратете се на предметот. Времето поминато во

дигресијата ќе им го задржи интересот, а и вам ќе ви дозволи да ги навратите на него.

Page 12: Priracnik Deca so Autizam

12  

Чистото дидактичко предавање не само што не функционира кај учениците со

ADHD, туку е досадно и сувопарно за повеќето луѓе.

Правило 5: Повторувајте онолку често колкушто е потребно. Ова е можеби

посоодветно при индивидуалните средби отколку во училница, но повторувањето ќе ве

осигури дека сте пополниле некои празнини кај детето кое во еден момент се

“изгубило”.

Правило 6: Секогаш кога повторувате, правете го тоа како првпат да го

кажувате. Без лутина, без фрустрираност, без негативности. Бидете позитивни. Учете

да им приоѓате на проблемите од повеќе агли. Наоѓајте нови и различни начини да ги

презентирате информациите.

Правило 7: Верувајте во себе и верувајте во вашиот дете-ученик. И таму

внатре има разум кој ако го дофатите, на вашето внимание ќе одговори со правилно

работење пред вашите очи. Децата никогаш нема да ве заборават зашто многу малку

луѓе одвојуваат време да ги прифатат во такво расположение.

Од нашите пак наоди, исто така, произлегуваат неколку корисни препораки за

возрасните. Имено, како што јасно се покажа, децата со симптоми карактеристични за

ADHDs повеќе се ангажираат на првите часови од времето на ангажираност. Затоа се

препорачува овие деца да се испрашуваат токму на овие часови (првиот или вториот), а

на останатите, возрасниот е тој кој треба да изнајде соодветно креативно решение овие

деца да бидат почесто ангажирани околу некои моторни активности. Бришењето табла,

носењето столчиња, активности околу средувањето на училишниот двор или

училниците би им биле одлични тераписки активности во училиште кадешто тие би го

празнеле психомоторниот набој и импулсивност. Во текот на наставната недела, нека

бидат испрашувани во првите ден-два (понеделник – вторник), секогаш кога е тоа

можно. Преку тоа и самото дете ќе изгради позитивна слика за себе, многу поголемо

себепочитување и многу поголема интринзична мотивација.

Page 13: Priracnik Deca so Autizam

13  

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ACTERS СКАЛАТА

ACTeRS (ADD-H Comprehensive Teacher's Rating Scale) претставува скала за

процена и се користи како помошен дијагностички инструмент во откривање на

Хиперкинетските растројства. Може исто така да помогне како инструмент за

мониторинг на ефикасноста на одредена интервенција (третирање) на проблемот.

Карактеристики

Има три форми на скалата (за наставници/воспитувачи, за родители/старатели и

самоевалуација). Скалата што Вие ја имате и ќе ја користите е наменета за

наставници/воспитувачи.

Скалата евалуира четири димензии:

Внимание

Хиперактивност

Социјални вештини и

Опозиционалност

Оценување

Скалата е сочинета од дваесет и четири тврдења преку кои

воспитувачот/наставникот го проценува детето на континуум од 1 (речиси никогаш) до

5 (речиси секогаш) во зависност од тоа колку соодветното тврдење важи за тоа дете.

На секоја од потскалите се пресметуваат бодови кои претставуваат прост збир

од обележаните вредности на секое тврдење. Така добиените скорови се пренесуваат на

претходно изготвена перцентилна скала со соодветно поставени бодовни вредности при

што се добива саканиот профил за секоја особа поединечно или во вид на групен

профил изработен според конкретен критериум (возраст, пол,…). Нормите на

профилираниот арак се добиени преку стандардизација направена врз специфичен

примерок. Скалата може да се применува со деца од пет годишна возраст па нагоре.

Не се пресметува вкупен скор од сите скали.

Функција

ACTeRS скалата за воспитувачи/наставници има за цел да помогне во

прибирањето информации за присуство на одредени отстапки во функционирањето на

Page 14: Priracnik Deca so Autizam

14  

децата (бидејќи симтомите на Хиперкинетските растројства треба да се присутни во

повеќе околности). Крајната цел не и’ е да постави дијагноза бидејќи не исклучува

присуство на други растројства кои може да иницираат слични проблеми во

однесувањето кај децата.

Доколку  се  добијат  критични  вредности  на  некоја  од  скалите  (или  на  сите  скали), 

неопходно е понатаму да се ангажираат стручни профили упатени во проблемите на детската и 

младинската  психопатологија  со  цел  да  се  превземат  и  соодветни  мерки  за  решавање  на 

истите.

Скалите се дадени на крај од Прирачникот во Прилог.

Page 15: Priracnik Deca so Autizam

15  

Емоционaлната интелигенција е аспект од личноста кој е составен од богатство на

вештини кои се вродени, но низ годините се развиваат надоградуваат и збогатуваат.

Децата во зависност од возраста, личноста, семејната и социјалната средина може да

имаат различен емоционален капацитет кој за среќа е подложен на влијанија. Така деца

од различни возрасни групи со адекватна едукација и водство може да ги развиваат и

подобруваат емоционалните вештини. Тие се суштински за емоционалната

благосостојба на едно дете а тоа пак води до успех во севкупниот понатамошен живот

на тој човек.

Во следниот материјал наведовме вежби за развивање на емоционални и социјални

вештини кои може да Ви бидат од голема полза. На нив може да гледате како на нови

ресурси кои може да Ви го олеснат едукативниот процес. Вежбите се групирани според

возраста на децата.

Поконкретно во серијата вежби се вклучени вежби за развој на интраперсонални

вештини, интерперсонални вештини, вежби за подобра адаптација, за препознавање на

стресот и совладување на стресни реакции. Секој сектор понатаму е распределен на

субскали, кои посуптилно навлегуваат во темите на емоционални и социјални

компетенции.

Со надеж дека ќе Ви бидат од голема корист, Ве охрабруваме да ги користите овие

активности низ едуцирање на децата за емоционален раст и развој.

Page 16: Priracnik Deca so Autizam

16  

Интраперсонaлнa скала f. Самодоверба

i. Што мислам за себе ii. Како се гледам себе iii. Тест за самодоверба

g. Емоционална свесност i. Препознај го стресот ii. Именувај ја емоцијата iii. Кажи гласно iv. Емоционални коцки v. Разбирање на емоциите

h. Асертивност i. Не е во ред да ми го правиш ова!

i. Независност i. Што правиш?

j. Само актуелизација i. Како се чувствуваш? ii. Не губи контрола!

II. Интерперсонална скала

a. Емпатија i. Да пукне! ii. Театар

b. Социјална одговорност i. Морам ли?!

c. Интерперсонална релација i. Биди најдобар што можеш

III. Скала на адаптација

a. Тестирање на реалноста i. Жешки жаби

b. Флексибилност i. Кооперативно составување на дел

Page 17: Priracnik Deca so Autizam

17  

ИНТРAПЕРСОНАЛНА СКАЛА

За развој на детето во интраперсоналана смисла, потребно е да се развива

аспектот и вештината на интроспекција. Низ следниве вежби ќе се обезбеди начин како

детето да се запознае со себе, своите квалитети, таленти и вештини, ќе се запознае со

своите потреби и желби, и начините на кои може да ги задоволи. Во

интраперсоналниот аспект влегуваат следните субскали кои се обработени во овој

дел и за чие развивање Ви понудивме различни вежби адаптирани според возраста:

самодоверба, емоционална свесност, асертивност, независност и само

актуелизација.

Првите три вежби (вежба бр. 1 – 3) се вежби кои може да Ви помогнат да го

развиете аспектот на самодоверба кај децата, и тоа на начин на кој детето се запознава

себе. Ги запознава своите таленти, способности, квалитети. Спознава што сака, која е

неговата потреба и што може. Спознава дали знае кој е и/или кој сака да биде. Сите

наведени вежби се наменети за деца од 7-20 години. Вежбите може да се адаптираат

развојно, на тој начин што ќе прогредирааат во квалитет во следниве три возрасни

категории (за деца на возраст од 7-10, 11-12 и 13-20). За специфични вежби ќе биде

наведена конкретната возраст на децата.

Следните вежби (вежба бр. 4-8) се пет вежби кои ја развиваат емоционалната

свесност кај децата. Тоа опфаќа повеќе аспекти кои не смеат да се занемарат и доколку

некое дете не ги поседува, внимателно и трпеливо едуцирање може да доведе до големи

промени во личноста на тоа дете. Станува збор за препознавање на своите и туѓите

емоции, препознавање на сопствените и туѓите емотивни реакции и чувства. Понатаму

се оди уште посуптилно, кога емоциите ќе се препознаат важно е тие да се именуваат

т.е. да научат да ги вербализираат своите емоции. Следен чекор е манифестирање т.е.

слободно да изразуват емоции.

Вежбата бр. 9 е наменета за развој на асертивноста како карактеристика на

една личност и овозможува детето да ги запознае и развие своите капацитети да застане

одговорно позади своите избори. Поставувајќи јасни граници во однос на другите за

него значајни, тоа учи да застане спроти толпата дури и кога е тоа спроти

вно од мислењето на другите.

Page 18: Priracnik Deca so Autizam

18  

Вежбата бр. 10 развива уште еден значаен аспект кој е потребно да се негува и

разива кај децата. Сатнува збор за развој на независноста. Кога ги учиме и

поддржуваме да бидат независни ние поддржуваме аспект на самостојност,

самосвесност и одговорност. Кога децата се независни тие бираат самостојно и учат

како да бидат одговорни за своите постапки неазвисно од резултатите.

Вежбите бр.11-12 се две вежби преку кои децата учат како преку запознавање,

диференцеирање и регулација на емоциите да се изразат себе во функција на

самоактуелизација.

Page 19: Priracnik Deca so Autizam

19  

1. ШТО МИСЛАМ ЗА СЕБЕ?

Цел: Оваа вежба ќе им помогне на децата да станат свесни за нивните

верувања, вредности, силни страни, она што го сакаат и она што не го сакаат.

Потребен материја: наведениот прашалник може да се спроведе на обичен

лист хартија. Се работи во група или индивидулано (ако е тоа потребно).

Опис на вежбата: Дали некогаш си одвоил време да размислиш за тоа КОЈ

СИ? Дали се чувствуваш добро во однос на себе? Чувствувањето добро за себе се вика

самодоверба. Доколку не се чувствуваш добро во однос на себе, нема да ги искористиш

сите твои таленти и вештини. Оддвој неколку минути да одговориш на прашањата

подолу. Текстот се дискутира со поттикнување на размислување, со објаснувања и

позитивни примери во поддржувачка атмосвера.

Page 20: Priracnik Deca so Autizam

20  

1. Наброј три нешта кои ти е лесно да ги научиш.

_____________________________________________________________________

___________________________________________________________________________

_______________________________________________________________

2. Именувај нешто што ти било тешко да научиш да го правиш – но си продолжил да

вежбаш додека не си го совладал.

_____________________________________________________________________

3. Напиши една работа што си ја направил или постигнал а на која си најмногу горд.

Зошто?

_____________________________________________________________________

4. Напиши три нешта за себе кои те прават добар другар.

_____________________________________________________________________

___________________________________________________________________________

_______________________________________________________________

5. Напиши три нешта за себе кои би сакал да ги подобриш.

_____________________________________________________________________

___________________________________________________________________________

_______________________________________________________________

6. Дополни ги речениците најдобро што можеш.

Најсреќен сум кога____________________________________________________

Несакам кога оние кои се грижат за мене-родители/старатели

__________________________________________________________________________

Горд сум на__________________________________________________________

Се лутам кога ________________________________________________________

Се плашам од ________________________________________________________

Page 21: Priracnik Deca so Autizam

21  

2. КАКО СЕ ГЛЕДАМ СЕБЕ..

Цел: Преку оваа вежба детето се запознава себе зборувајќи за себе, начинот на

кој се гледа и начинот на кој другите го гледаат. Така, детето ја формира сликата за

себе на основа на споделување и разменување искуства и факти.

Опис на вежбата: Пред да започнете со следната вежба потребно е да ги

воведете децата со кои ќе работите. Следниве прашања може да Ви го олеснат тоа, со

цел детето во целост да ја разбере вежбата и на ефективен начин да ја комплетира. Ова

се некои примери кои може да ги искористите: Дали верувањата кои ги имаш за себе

се ВИСТИНА или ЛАГА? Дали се гледаш себе како победник? Навистина понекогаш се

чувствувам глупаво?Поразговарајте дали се вклопува во групата и со пријателите и

како знае за тоа? Дури иако твоите пријатели велат дека си значаен за нив, сеуште

ти е тешко да мислиш дека тие се искрени кон тебе. Нашата перцепција е нашата

реалност, затоа мора да работиме на промена на начинот на кој се гледаме себе.

Page 22: Priracnik Deca so Autizam

22  

Напиши три збора кои опишуваат како се гледаш себе.

_____________________

_____________________

_____________________

Напиши три збора кои опишуваат како се чувствуваш во однос на себе.

_____________________

_____________________

_____________________

Напиши три причини зошто овие верувања се ВИСТИНИТИ или ЛАЖНИ во

твоите очи.

___________________________________________________________________________

___________________________________________________________________________

___________________________________________________________________________

Сега е време да ги забележиш своите добри квалитети. Именувај три од своите

квалитети.

__________________________________________________________________________

__________________________________________________________________________

Page 23: Priracnik Deca so Autizam

23  

3. ТЕСТ НА САМОДОВЕРБА

Цел: Поставувањето и остварувањето на целите ја гради самоактуелизацијата.

Оваа вежба може да помогне во развојот на добра самодоверба. Подгответе го детето за

овој тест на тој начин што ќе дадете инструкција да се насочи кон себе.

Опис на вежбата: Прочитајте ја секоја изјава а потоа дајте инструкција секое

дете засебно, да го заокружи бројот кој најдобро покажува каде тоа се наоѓа. Скорот ќе

го добиете преку собирање на вашите одговори на секое од тврдењата.

Page 24: Priracnik Deca so Autizam

24  

Никогаш Понекогаш Често

1. Генерално, задоволен сум од

себе.

1 5

2. Среќен сум со начинот на кој

изгледам.

1 5

3. Задоволен сум од своите врски. 1 5

4. Прифаќам критика без да се

вознемирам.

1 5

5.Продолжувам да се обидувам

кога работите не се одвиваат

онака како што јас сакам.

1 5

6.Мило ми е за другите кога им се

случуваат убави нешта.

1 5

7.Барам помош кога ми е

потребна.

1 5

8. Уживам во предизвикот да

пробувам нови нешта.

1 5

9. Се чувствувам пријатно кога

запознавам нови луѓе.

1 5

10. Поставувам цели и очекувања

за себе.

1 5

Вкупен скор ______________

Page 25: Priracnik Deca so Autizam

25  

ДАЛИ ЈА ИМАШ САМОДОВЕРБАТА КОЈА ЈА ПОСАКУВАШ? АКО ДА, ОДЛИЧНО!

ВО СПРОТИВНО НАПРАВИ ОДРЕДЕНИ ПРОМЕНИ И ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ОБИДУВАШ.

Клуч

Вкупен скор

41-50 Твојата самодоверба е ОДЛИЧНА!

31-40 Генерално си задоволен од себе.

21-30 Твојата самодоверба потфрлува.

10-20 Мораш да работиш на својата самодоверба.

Page 26: Priracnik Deca so Autizam

26  

4. ПРЕПОЗНАЈ ГО СВОЈОТ СТРЕС!!!

Цел на вежбата: Оваа вежба ќе Ви помогне во детекција на стресните настани

или настани кои се проблематични за децата. На тој начин детето детектира што е она

што му прави “добор” односно “лошо” т.е. што му годи а што не.

Опис на вежбата: Погледни ги предупредувачките знаци на стрес наведени

подолу. Штиклирај го секој од предупредувачките знаци кои се однесуваат на тебе.

Кога ќе завршиш со штиклирањето, разговарај за својата листа со некој на кого можеш

да му веруваш. Дали постојат некои сличности? На колку стрес мислиш дека си

моментално изложен? Дискутирај за начините на кои можеш да елиминираш дел од

стресот кој може да почне да ти предизвикува физички, емоционални или потешкотии

во однесувањето.

Page 27: Priracnik Deca so Autizam

27  

Физички Емоционални Однесување

___главоболка ___промени во расположение ___пушење

___стомачни болки ___недостаток на концентрација ___грицкање нокти

___вртоглавица ___кошмари ___кубење на коса

___болки во грбот ___панични напади ___шкрипење со заби

___вкочанетост на врат ___вознемиреност ___употреба на

___херпес ___лутина алкохол

___употреба на лекови ___раздразливост ___неконтролирана

___болки при џвакање ___плачливост диета

___губење на тежина ___џвакање на коса ___нервозно смеење

___дебелеење ___самоубиствени мисли ___доцнење

___слабост ___депресија ___одложување на

___мачнина ___збунетост нештата

___поспаност ___чувство на беспомошност ___негрижа за

___прејадување ___расистички мисли надворешен изглед

___неконтролирано ___агресивност

прејадување

___губење на апетит

___несоница

___проблеми со кожа

___ладни стопала и раце

___слабост

___прекумерно потење

___болки во градите

___висок крвен притисок

___брзо или тешко дишење

Page 28: Priracnik Deca so Autizam

28  

5. ИМЕНУВАЈ ЈА ЕМОЦИЈАТА!

 

Цел: Именувањето на емоциите (вербализацијата) е важен елемент во спознавање на

своите емоции. Тоа обезбедува пат понатаму тие да се споделат со другите, изразат и

разменат. Следнава вежба го овозможува тоа и е наменета за деца од 7-11 годишна возраст. Со

мала адаптација може да биде применета и за поголема возраст до 13 год.

Опис на вежбата: Кога си запознаен со своите емоции? Искористи ја оваа вежба за да

ти помогне да препознаеш различни емоции кои се важни да ги знаеш.

Селектирај кој збор одговара на соодветната емоција која ја имаат животните подолу.

Горд корисен смирен спремен тивок изненаден желен задоволен се надева

љубопитен возбуден пријатен задоволен

се чувствува олеснето заинтересиран пријатно среќен зачуден засрамен

несреќен налутен исплашен

Page 29: Priracnik Deca so Autizam

29  

6. КАЖИ ГЛАСНО!!

Цел: Манифестирање т.е. способноста детето да може слободно да ги изрази своите

емоци е исто така важен елемент во спознавање на своите емоции. Изразувањето на емоциите

е природна потреба која треба да се поддржи на адекватен начин. Следнава вежба го

овозможува тоа и е наменета за деца од 7-11 годишна возраст. Со мала адаптација истата може

да се примени и за деца на поголема возраст до 13 год.

Опис на вежбата: Дали твоите пријатели понекогаш прават или кажуваат некои

нешта кои прават да се почувствуваш непријатно? Можеби им кажуваат непријатни работи на

твоите соученици?! Помислуваш ли понекогаш дека е потребно да кажеш нешто, но

истовремено ти е и страв да го направиш тоа? Еве неколку чекори кои ќе ти помогнат да го

кажеш она што сакаш.

Page 30: Priracnik Deca so Autizam

 

Page 31: Priracnik Deca so Autizam

31  

7. ЕМОЦИОНАЛНИ КОЦКИ

Цел: Што имаш повеќе наведено? Позитивни или негативни реакции? Имањето некој

на кого му веруваш и со кој можеш да разговараш кога не се чувствуваш убаво помага во

одбегнувањето на негативните однесувања и последици.

Опис на вежбата: Во секоја од коцките напиши што правиш кога ќе ја искусиш

наведената емоција. Вклучи ги и позитивното и негативното (деструктивното) однесување.

Page 32: Priracnik Deca so Autizam

32  

ПОЗИТИВНО НЕГАТИВНО

Вознемирено?

Луто?

Депресивно?

Тажно?

Задоволно?

Исплашено?

Загрижено?

Среќно?

Енергично?

Page 33: Priracnik Deca so Autizam

33  

8. РАЗБИРАЊЕ НА ЕМОЦИИТЕ

Цел: Разбирањето на емоционалната компетенција ќе ти помогне да се запознаеш себе

и да научиш како да ги подобриш своите интерперсонални вештини.

Опис на вежбата: Преку употреба на дефинициите излистани на втората страна,

впиши го соодветниот број на точната дефиниција во празниот простор пред секој даден поим

за емоционална интелигенција. Постои само еден точен одговор за секој термин.

Page 34: Priracnik Deca so Autizam

34  

1. ______ Толеранција на стрес

2. ______ Самостојност

3. ______Емпатија

4. ______Самодоверба

5. ______Оптимизам

6. ______Контрола на импулси

7. ______Решавање на проблем

8. ______Социјална одговорност

9. ______Асертивност

10.______Флексибилност

11.______Интерперсонални врски

12.______Емоционална свесност

13.______Среќа

14.______Тестирање на реалноста

15.______Самоактуелизација

Page 35: Priracnik Deca so Autizam

35  

a. Јас сум одговорен, кооперативен и придонесувам во општеството. Јас сум социјално

совесен и загрижен за другите.

b. Способен сум да се справам или да одложам импулси, нагон или искушение кога

бирам.

c. Способен сум да го постигнам својот потенцијал и да се вклучам во активности кои

водат кон интересен, возбудлив и живот со значење.

d. Јас се разбирам, прифаќам и почитувам себе .

e. Чувствителен сум за она што, како и зошто луѓето чувствуваат и размислуваат. Се

грижам за другите и покажувам интерес и загриженост за нив.

f. Автономен сум во моите размислувања и активности.

g. Способен сум да гледам на посветлата страна на животот и да бидам позитивен

дури и во тешки времиња.

h. Способен сум да препознаам проблеми како и да изнајдам решенија.

i. Знам што чувствувам и причините заради кои се чувствувам на тој начин.

j. Способен сум да воспоставам и оддржам взаемно задоволувачки врски. Се

чувствувам пријатно кога давам и примам емоции.

k. Успевам да издржам во стресни ситуации преку активно и позитивно справување со

стресот.

l. Се чувствувам добро во училиште, работа и опуштени ситуации. Можам да се

опуштам и да уживам во мојот живот.

m. Способен сум да ги прилагодам своите чувства, мисли и однесувања на нови

ситуации и услови коит. Отворен сум за различни идеи и начини да се направи нешто.

n. Способен сум да се вклопам во моменталната ситуација и објективно да ги гледам

работите, на начинот на кој тие се, наместона начин како што јас посакувам или се

плашам дека ќе бидат.

o. Можам да ги изразувам своите мисли и чувства и да прашам за она што ми е птреба.

Можам да ги бранам своите права на конструктивен начин

Page 36: Priracnik Deca so Autizam

36  

КЛУЧ НА ОДГОВОРИ: РАЗБИРАЊЕ НА ЕМОЦИИТЕ

1. k Толеранција на стрес

2. f Самостојност

3. e Емпатија

4. d Самодоверба

5. g Оптимизам

6. b Контрола на

7. h Решавање на проблем

8. a Социјална одговорност

9. o Асертивност

10. m Флексибилност

11. j Интерперсонални врски

12. i Емоционална свесност

13. l Среќа

14. n Тестирање на реалноста

15. c Самоактуелизација

Page 37: Priracnik Deca so Autizam

37  

9. НЕ Е ВО РЕД ДА МИ ГО ПРАВИШ ТОА!

 Цел : Развој на асертивноста како карактеристика на една личност овозможува детето

да ги запознае и развие своите капацитети да застане одговорно позади своите избори.

Поставувајќи јасни граници во однос на другите за него заначајни, тоа учи да застане спроти

толпата дури и кога е тоа спротивно од мислењето на другите.

Оваа вежба ќе им помогне на децата да научат како да застанат позади својот избор

дури и кога тоа е спротивно на мислењето на мнозинството и/ или групата.

Опис на вежбата: Во оваа вежба ќе го користиме терминот БУЛИ кој ќе означува

некој што ги има следниве карактеристики: були е дете кое на нефер начин ја користи својата

моќ социјално, емоционално или физички за да постојано повредува некого одново и одново.

Тој е нерпијатен, непријателски расположен и отворено агресивен спрема своите соученици и

другари.

Page 38: Priracnik Deca so Autizam

38  

Можете ли да препознаете некои од активностите на Були?

Напишете ги следниве зборови во соодветната категорија:

Клоцање, лош поглед, посрамотување, удирање, навреди, озборување, покажување, именување

со разни имиња, задевање, растурање на пријателства, кршење на предмети, затнување на носот,

исмејување на некого заради облеката

Физички

Пр. Клоцање

Емоционално Социјално

Најдобар начин да се справиш со були е да ја користиш силата на твојот ум и емоции и да му ја

одземеш моќта.

1. Создавај пријателства. Биди учтив и дружељубив. На тој начин повеќето були се чувствуваат

бесно и повредено.

2. Одбиј да се расправаш и оди си. Одлучи дали тепањето ќе реши нешто. Потребно е храброст да

се замине.

3. Согласи се со или спротивстави му се на були. Изненади го. Ако покажеш дека неговите

зборови не те повредуваат, му ја одземаш моќта.

4. Користи авторитет. Му ставаш на знаење на були дека не се плашиш да повикаш некој кој е

помоќен од него за да ти помогне.

Page 39: Priracnik Deca so Autizam

39  

Провери ги своите одговори:

Социјални -посрамотување, озборување, исмевање на некого заради

облеката, растурање на пријателства

Емоционални - лош поглед, навреди, именување со разни имиња,

задевање, затнување на нос

Физички - клоцање, удирање, покажување, кршење на предмети

Page 40: Priracnik Deca so Autizam

40  

10. ШТО ПРАВИШ?

Цел: Независноста е уште еден значаен аспект кој е потребно да се негува и развива

кај децата. Кога ги учиме и поддржуваме да бидат независни ние поддржуваме аспект на

самостојност, самосвесност и одговорност. Кога децата се независни тие бираат самостојно и

учат како да бидат одговорни за своите постапки неазвисно од резултатите.

Следнава вежба ќе ви помогне децата да погледнат во тоа колку се тие способни да

бидат самостојни и да се види важноста на самостојното бирање и делување.

Опис на вежбата: Одговори на следните прашања и сподели ги со другите.

Page 41: Priracnik Deca so Autizam

41  

Направи листа на сите на сите работи кои самостојно ги правиш вклучувајки го и она

што го правиш околу куќата.

____________________________ ___________________________

____________________________ ___________________________

____________________________ ___________________________

____________________________ ___________________________

____________________________ ___________________________

Што мислиш дека можеш да правиш без помош од возрасен?

____________________________ ____________________________

____________________________ ____________________________

____________________________ ____________________________

Мислиш дека луѓето те гледаат како самостоен или како мало дете?

Кои работи би сакал да ги правиш сам а моментално не ги правиш?

____________________________ ____________________________

____________________________ ____________________________

____________________________ ___________________________

Page 42: Priracnik Deca so Autizam

42  

11. КАКО СЕ ЧУВСТВУВАМ?

Цел: Кoга едно дете е соочено со своите потреби, можности, желби и начините на кои

може да ги реализира тоа е спремно да делува во склад со нив со цел да ги задоволи и

реализира своите потреби. Кога ќе го постигне тоа, може да се каже дека тоа дете е

самоактуелизирано. Важно е да се има на ум дека понекогаш децата ќе имаат успех, а

понекогаш ќе доживеат и неуспех. Важно е да не се откажуваат:” Не е неуспешен оној кој

паднал, туку неуспешен е оној кој не станал”. Во следниве две вежби децата учат како преку

запознавање, диференцирање и регулација на емоциите да се изразат себе во функција на

самоактуелизација.

Потребни материјали: Празна кутија, ножички, списанија, весници

Упатства: Земете ги зборовите од колоните и исечете ги. Превиткајте ги ливчињата и

ставете ги во кутијата. Неделно, земете едно од лифчињата хартија и или направете колаж од

слики од списание за тоа како гледате на тоа чувство или напишете текст кога сте се

чувствувале така.

Page 43: Priracnik Deca so Autizam

43  

Грижливо  Тажно 

Нетрпеливо 

Среќно 

Возбудено

Панично 

ДрагоСмирено 

Загрижено 

Повредено 

Надежно 

Бесно 

Page 44: Priracnik Deca so Autizam

44  

12. НЕ ГУБИ КОНТРОЛА!!

 

Цел: Сите ние имаме одредени работи, ситуации или луѓе кои потпомагаат да ја

изгубиме својата контрола од време на време.

Упатства: Одреди што ти придонесува тебе да ја "изгубиш КОНТРОЛАТА" преку

комплетирање на оваа вежба. Кога ќе започнеш да ги идентификуваш своите стресори, може

да постанеш вешт во превенцијата на негативните последици. Штиклирај го секој фактор кој

ти предизвикува стрес. Исто така имаш и празни простори на кои може да допишеш и некои

други стресори.

Page 45: Priracnik Deca so Autizam

45  

Што придонесува да ја "изгубиш КОНТРОЛАТА"

______доцнење

______премногу домашна работа

______јавно говорење

______чување на помал брат/сестра

______одење на забар

______расправии со пријателите

______забрани дома

______недостаток на спиење

______ немање партнер за танцување

______час по физичко

______час по математика

______час по Македонски

______друг час _________

______здодевност

______некултурни луѓе

______немање пари

______немање превоз

______играње во спортски тим

______да бидеш исфрлен од спортски

тим

_______________

_______________

_______________

_______________

______губење на нешто вредно

______расправии на родителите

______добивање на казна

______тестови

______видео игри

______употреба на компјутер

______затворени простори

______реклами

______прекинувања додека си зафатен

______примање инекции

______расправии со родителите

______расправии со дечкото/девојката

______губење

______невнимателни возачи

______бавни возачи

______гласни луќе

______плачење на бебе

______деца кои не почитуваат

______предавство на пријател

_______________

_______________

_______________

____

Page 46: Priracnik Deca so Autizam

I. ИНТЕРПЕРСОНАЛНА СКАЛА

Во оваа серија на вежби акцентот е ставен на интерперсоналните односно

меѓучовечките односи и релации. За едно дете е важно од рана возраст да биде дел од

заедница, група, друштво и тн., во функција на тоа да го научи или развие аспектот на

припадност. Особено е ова значајно за деца кои се без родители, без примарна

заедница-семејство, напуштени и сл. Важни аспекти на ова поглавје се: развој на

емпатија, социјална одговорност и интерперсонална релација.

Емпатијата е способноста да се чувствуваат туѓите емоции, да се доживеат

туѓите стравови, радости, проблеми. Таа е вештина која е возможно да се развие. Кога

некое дете ја има оваа способност велиме дека тоа може со леснотија да се стави “во

кожата на другиот” и / или да “види со очите на другиот”. Психолошки ќе речеме дека

тоа дете е сензитивно на потребите на другите. Вежбите бр. 13-14 помагаат во

развивање на овој аспект.

За развој на социјална одговорност може да се искористи вежбата бр. 15.

Преку оваа вежба се учи одговорноста која постепено се развива како аспект кој

секогаш подлежи на промени. Одговорноста е карактеристика на емоционално зрела

личност. Затоа е важно да се посвети доволно вниамние на овој аспект уште од мала

возраст. Бивајќи одгворен за себе и своите обврски (училишни, домашни и тн.) детето

учи за избори, приоритети и вредности.

Последниот аспект се однесува на развој на интерперсоналната релација

преку вежбата бр. 16 каде најголемо внимание е посветено на тоа дали едно дете во

групата е дел од ланецот на пријатели т.е. дали е тоа дете дел од само една група

пријатели, дали е таа група изолирана или не е, и доколку е да се работи на тоа детето

да стане дел од повеќе различни пријателски формации.

 

Page 47: Priracnik Deca so Autizam

47  

13. ДА ПУКНЕ!

Градењето на себепочитувањето кај себе и другите е многу лесна задача кога се даваат

и примаат комплименти.

Ќе ви биде потребен голем лист во боја залепен на грбот на секое дете и маркер во боја

или боичка.

Секое дете ќе се движи низ собата и ќе напише најмалку еден позитивен коментар на

листот на секое друго дете. Коментарите треба да се однесуваат на силните страни на

детето.

Кога ќе завршат, секое од децата треба да го земе својот лист и да прочита што другите

напишале за него/неа.

Може да следи дискусија.

 

 

      

Page 48: Priracnik Deca so Autizam

48  

14. Т Е А Т А Р

 

Целта на оваа вежба е да се комуницира за емоциите невербално со партнер.

Упатства: Почнете така што на лист хартија или картички ќе почнете да

пишувате чувства кои ќе ги ставите во кутија. Извлечете една од картичките и

одглумете ја емоцијата без употреба на зборови. Останатите треба да се обидат да

погодат кое чувство им се презентира.

После секој збор треба да следат прашања како:

Како знаете кога се чувствувате среќно/тажно/луто?

Како им покажувате на другите дека се чувствувате среќно/тажно/луто?

Како знаете дека некој друг се чувствува на истиот начин?

Какво беше искуството да се обидете чувството да го објасните на невербален

начин?

Секое од прашањата може да биде следено со дискусија за тоа кога некое од

децата искусило такво чувство, или го забележало кај некој друг.

Page 49: Priracnik Deca so Autizam

49  

15. МОРАМ ЛИ?

Цел: Што е одговорност? Одговорност е да се направи избор, превземе акција

која е во слад со изборот и да се застане зад последиците кои таа активност ги носи.

Дали си одговорен? Препознавањето на доброто од лошо и правењето на вистинските

избори се дел од станувањето поодговорен.

Опис на вежбата: За секоја ситуација наведи примери за тоа кога си бил

одговорен и кога си бил не одговорен.

ДОМА:

Бев одговорен кога:

Бев неодговорен кога: УЧИЛИШТЕ:

Бев одговорен кога:

Бев неодговорен кога:

ЗАЕДНИЦА:

Бев одговорен кога:

Бев неодговорен кога:

Page 50: Priracnik Deca so Autizam

50  

16. БИДИ НАЈДОБАР ШТО МОЖЕШ!

 

Цел: Во релацијата со другите важно е да се обрне внимание на тоа дали едно

дете во групата е дел од ланецот на пријатели т.е. дали е тоа дете дел од само една

група пријатели, дали е таа група изолирана или не е, и доколку е да се работи на тоа

детето да стане дел од повеќе различни пријателски формации.

Целта на оваа вежба е да се равијат интерперсоналните односи, со акцент на

развивање на способноста на детето за препознавње на квалитетите кај другите деца

како и нивно споделување.

Опис на вежбата: Користејки ги дадените примери, напиши по една работа на

секој од листовите на цветот за да опишеш што е она што те прави добар другар. Сега,

замисли го твојот најдобар другар и напиши по една карактеристика на секое од

ливчињата на неговиот цвет за да опишеш што е она што нив ги прави посебни

личности

.

Page 51: Priracnik Deca so Autizam

51  

и

м

Page 52: Priracnik Deca so Autizam

52  

II. СКАЛА НА АДАПТИБИЛНОСТ

Во оваа серија на вежби се нудат начини како да се развијат следниве аспекти:

Тестирање на реалноста и флексибилност.

Вежбата бр. 17 овозможува учесниците активно да слушаат и да учествуваат во

активноста и во отворена дискусија да споделат нивни лични искуства. Децата учат за

различните чувства и се способни да одговорат на прашањата од другите деца за

нивните емоции и нивните реакции во специфични ситуации. Тие учат дека е во ред да

се изразуваат емоциите на позитивен и здрав начин. Дополнително, членовите на

групата стекнуваат чувство на универзалност со тоа што секој член се чувствувал на

сличен начин во дадена ситуација.

Вежбата бр. 18 се однесува на аспектот на флексибилност и тоа преку

работењето на заеднички проект. Тоа е еден начин децата да научат за соработка и /

или тимска работа. Во оваа групна игра, децата стекнуваат искуство за имање

позитивен резултат кој доаѓа преку слушањето и следењето на упатствата како и преку

давање на упатства.

Page 53: Priracnik Deca so Autizam

53  

17. ЖЕШКИ ЖАБИ

Потребни материјали:

‐ касетофон и музика

‐ 5 пластични жаби со различни бои на кои има залепено по едно чувтсво

(на пр. бесно, смирено, тажно, среќно, исплашено).

Целта на оваа активност е да ги едуцира членовите на групата да прават

разлики помеѓу чувствата, да ги научат имињата на различни чувства и да ги

идентификуваат свооите чувтсва преку кажување на приказни.

Фацилитаторот бара од децата да се наредат во круг. Секоја жаба е дадена на

член од групата на различни места во кругот. Кога започнува музиката децата во

насока на часовникот почнуваат да ги подаваат жабите на детето до нив како да се

жешки. Фацилитаторот ја стопира музиката и оној кој ја има жабата мора да каже

приказна за ситуација во која го имал чувтсвото кое е залепено на жабата. На пример

детето кое ја држи црвената жаба на која се наоѓа чувтсвото бес, треба да каже пред

групата кога се чувтсвувало бесно. Секое од децата кои имаат жаби кажува приказна и

кога сите 5 ќе завршат музиката почува. Вежбата се продолжува додека сите не добијат

шанса да кажат по една приказна.

Page 54: Priracnik Deca so Autizam

54  

18. КООПЕРАТИВНО “СОСТАВУВАЊЕ НА ДЕЛ”

Потребни материјали:

‐ Боици или маркери

‐ Голем лист хартија

‐ Салотејп

‐ Марама

Упатства: нацртајте тело на дете на голем лист хартија. Залепете го ваквиот

цртеж на ѕид. На секое од децата кога ќе им дојде редот заврзете му ги очите и дајте му

боичка. Негова задача е да додаде едне дел, како на пример очи или уши или коса,

кондури или што и да е она што останатите деца ќе го побараат. Заадача на другите

играчи е да му помогнат на детето кое е на ред да црта, да го нацрта делот на

соодветното место на тој начин што ќе му кажуваат одредени упатстава како на пример

“повеќе на десно” ”движи се нагоре” “топло, топло”. Потоа следи следниот играч кој

исто така треба да нацрта друг дел. Со играта се продолжува се додека сите не

нацртаат по еден дел.

Немојте да се изненадите доколку децата намерно ги даваат упатства за очите

да бидат на колената, а носот на вратот.Она што е битно е дека смеата за крајниот

резултат се споделува со сите а не е упатена на едно од децата.

Page 55: Priracnik Deca so Autizam

55  

ВЕЖБИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КОГНИТИВНИОТ РАЗВОЈ

Вежбите што ги имате пред вас имаат за цел да го развиваат вниманието,

резонирањето, трпението, разбирањето на бројките, употребата на логиката како и

баратењето со буквите и зборовите. Помагаат да се развиваат социјалните вештини и

тимската работа. Може да се применуваат во секоја прилика како во едукативни цели

така и во функција на корисно пополнување на слободното време како незадолжителни

активности. Особено помагаат во усвојување на јазичната компетентност и

математичките способности.

Page 56: Priracnik Deca so Autizam

56  

Сите прикажани вежби може да се модификуваат и вам како

наставници/воспитувачи ви ја оставаме целосната слобода во креирањето на слични

или нови вежби кои ќе произлезат од овие. Вежбите се наменети за деца над

седумгодишна возраст и нивното адаптирање (усложнување или поедноставување)

може да се прави според проценката за степенот на развој соодветно на групата со

која ќе се работи.

Броевите и буквите претставуваат возбудлив феномен. Ги охрабруваат децата

да експериментираат и можат да се поврзат со секој дел од секојдневието. Снаоѓањето

во светот наоколу станува полесно кога децата ќе научат да сметаат и читаат.

Способноста да се сметаат броевите и да се комбинираат буквите и зборовите значи да

се има сила и способност да се формулираат нештата, а децата ова брзо го усвојуваат.

Кога играат со броевите и буквите, ја зајакнуваат способноста смирено да се

фокусираат на дадениот проблем одредено време и да размислуваат барајќи го

решението на проблемот. Покрај способноста за сметање и вербално резонирање, се

подобрува и самодовербата, па кај многу деца кои имаат проблеми со математиката

или јазикот, се намалува срамежливоста кога ги играат овие игри. Ова може да биде

доволен мотив на часовите по математика и јазици да бидат поактивни и повклучени.

Како што е познато, постигнувањата кај децата не зависат само од нивната

интелигенција туку и од тоа како е претставена работната задача. Овде, вниманието и

трпението играат клучна улога. Ако на детето лесно му се одвлекува вниманието, тоа

не може да следи што се случува и заради тоа да не може да ја заврши задачата или пак

ќе ја заврши со тешкотија. Недостатокот на концентрација често е причина за лоши

оценки и проблеми во однесувањето. Може да опадне интересот, да се појави сензорно

преплавување, емоционални проблеми, нелагода во телото итн. Овие вежби може да

помогнат во надминување на овие проблеми кај децата.

Јакнењето на тимскиот дух и просоцијалното однесување се исто така важен

аспект на овие вежби. Доколку вежбите им се допаднат, тоа ќе значи дека целта сме ја

постигнале. Затоа, и вие како наставници и воспитувачи, впуштете се во светот на

креативноста, играјте и смејте се со децата, дајте си дозвола да бидете необични.

Задоволството и насмевката на детските лица значи радосни и среќни срца подготвено

да чекорат напред кон развојот.

Page 57: Priracnik Deca so Autizam

57  

1. БРЗО ПОРЕДУВАЊЕ

Цели и придобивки: Кај децата се поттикнува математичкото резонирање,

невербалната комуникација и организациски способности..

Потребни материјали: Хартија, маркери

Опис на вежбата: Децата се делат во две еднакви групи. Групите одат на два

различни краја од просторијата (или на два краја од игралиштето доколку сте надвор).

Секое дете добива лист хартија и запишува еден број од 1 до 100 (за помалите деца,

број од 1 до 10, постарите може и поголеми броеви). Децата имаат за задача да се

наредат во линија според броен редослед без да зборуваат. Ако некои деца напишале

исти броеви се редат едно позади друго. Групата која прва ќе се пореди победува.

Page 58: Priracnik Deca so Autizam

58  

2. ТОКМУ СПРОТИВНОТО

Цели и придобивки: Се стимулираат вербалните способности, се збогатува

вокабуларот, се поттикнува логичкото и апстрактното мислење.

Реквизити: /

Опис на вежбата: Едно од децата кажува збор кој има спротивен на него, на

пример, “ден”. Првото дете кое ќе го каже точниот спротивен збор (“ноќ”), кажува

нареден збор.

Примери:

Ден – Ноќ

Множење – делење

Плус – Минус

Заробен – Слободен

Лето – Зима

Маж – Жена

Добро – Лошо

Млад – Стар

Горе – Доле

Рано – Доцна

Среќен – Тажен

Вистина - Лага

.....

Page 59: Priracnik Deca so Autizam

59  

3. ПОИНАКОВ МАТЕМАТИЧКИ СИНЏИР

Цели и придобивки: Покрај развој на основните математички функции, се

развива меморијата, мислењето преку претстави, степенот на информираност (општи

факти).

Реквизити: /

Опис на вежбата: Едно од децата почнува со математичката задача, а другите

напамет ја прават пресметката (доколку процените, може да користат молив и хартија).

Кој го има точниот одговор?

Пример: Започнете со бројот на прсти на една рака. Додадете го бројот на

тркала што ги има велосипедот, тој број помножете го со бројот на нозе кај кучето,

одземете со бројот на месеци во годината и поделете со бројот на годишни времиња.

Забелешка: Ќе биде од помош ако прво наставникот покаже како се решава

задачата пред да повика некој ученик да го направи тоа.

Page 60: Priracnik Deca so Autizam

60  

4. ЗАПОМНИ ГО ГЛАСОТ

Цели и придобивки: Се развиваат аудитивното препознавање и помнење, се

подобрува концентрацијата.

Реквизити: /

Опис на вежбата: Едно дете стои со грбот свртено кон групата. Некое од

децата изговара еден збор јасно и гласно, истиот збор го повторуваат уште две - три

други деца. Потоа, детето се врти кон групата и треба да погоди кои деца ги

изговориле зборовите и по кој редослед.

Ако одговорот не е точен, се одбира ново дете да погодува. Ако пак одговори

точно, продолжува истото дете, но за да се усложни играта, при следниот обид се

вклучува уште едно дете плус.

Page 61: Priracnik Deca so Autizam

61  

5. ПИРАМИДА ОД ЗБОРОВИ

Цели и придобивки: Се стимулира јазичната креативност и компетентност, се

збогатува речникот, се ангажираат способностите за комбинирање.

Реквизити: Табла, креда

Опис на вежбата: Наставникот запишува збор од две букви на врвот од

таблата. Децата додаваат уште една буква на тој збор за да создадат нов (редоследот на

буквите може да се размести). Наставникот го запишува новиот збор под првиот.

Потоа се додава четвртата буква итн. Целта е да се изгради што поголема пирамида од

зборови. Ако веќе не може да се создаде нов збор, победник е оној кој ја додал

последната буква и треба да започне нова игра со нов збор од две букви.

Варијација: Играта може да се игра и вербално без визуелна помош на таблата.

Тогаш станува и игра на концентрација.

Page 62: Priracnik Deca so Autizam

62  

6. АТЛЕТСКИ БУКВИ

Цели и придобивки: Децата вежбаат контакт со сопственото тело,

позиционирање во просторот и другите луѓе, меѓусебна соработка и творечко

изразување.

Реквизити: /

Опис на вежбата: Децата се групират во парови. Секој пар треба тивко да се

договори која буква ќе ја формира со помош на двете тела. Потоа, наставникот

повикува еден пар, децата излегуваат пред другите и користејќи ги своите тела ја

формираат буквата за која веќе се договориле.

Останатите внимателно ја гледаат формацијата. Оној кој прв ќе ја погоди

буквата, продолжува со неговото другарче да ја формира нивната замислена буква.

Подоцна, може неколку пара да формираат краток збор.

Page 63: Priracnik Deca so Autizam

63  

7. ПРОШЕТКА НИЗ КВАДРАТОТ

 

Цели и придобивки: Се поттикнува логичкото решавање проблеми,

способноста за визуелизација при решавањето, трпението.

Реквизити: Хартија и маркери

Опис на вежбата: Секој играч црта квадрат со шеснаесет полиња 4 х 4.

Хоризонтално полињата се означуваат А, В, С и D. Вертикално се означуваат од 1 до 4.

Во горното лево квадратче се црта мало човече. Играчот има задача да најде начин да

го прошета човечето низ сите квадратчиња, но притоа, да не помине низ исто

квадратче два пати. Човечето треба да се врати на истото квадратче откај што тргнало.

Победник е оној кој прв ќе го најде патот.

Можно решение: A1, B1, C1, D1, D2, C2, B2, B3, C3, D3, D4, C4, B4, A4, A3,A2,

A1

(погледни ја илустрацијата)

Page 64: Priracnik Deca so Autizam

64  

8. АЗБУЧНИ КАТЕГОРИИ

Цели и придобивки: Се развива способноста за категоризирање, дедуктивното

мислење, се збогатува фоднот на зборови.

Реквизити: лист харија за секој играч, моливи , маркери

Опис на вежбата: Секој играч треба да ги напише буквите од азбуката на

левата страна од листот. Дајте им на децата некоја општа категорија, на пример,

“занимања”. Играчите имаат 5 минути да ги напишат соодветните занимања покрај

секоја буква: автомеханичар, бербер, возач, градинар, доктор... Кога времето ќе истече,

децата си ги разменуваат листовите и ги бодуваат (за секој точен збор, по еден поен).

Победник е оној со најмногу поени.

Некои можни општи категории:

Бои

Нешта што ги има во аквариум, кујна, училиште....

Животни

Храна

Птици

Page 65: Priracnik Deca so Autizam

65  

9. БИНГО

Цели и придобивки: Се вежбаат основните математички функции, се

поттикнува логичкото резонирање и решавање проблеми, се развиваат и

компетитивност и соработката во тимови.

Реквизити: две (три) коцки, два маркера во различни бои, лист хартија

Подготовка: нацртајте решетка со димензии 6 х 6 на лист хартија и впишете ги

броевите од 1 до 36 во квадратчињата со било каков распоред. Секој од паровите треба

да има по една копија.

Опис на вежбата: наставникот ја дели групата во парови и одредува еден од

играчите во секој пар што ќе почне. Секој играч треба да има маркер во различна боја.

Првиот играч почнува со фрлање на коцките. Двата броја што ќе ги добие може да ги

собере, одземе, помножи или подели, а според бројот што ќе го добие, го прешкртува

соодветното поле (бројот) во решетката. Потоа е ред на другиот од парот. Победник е

оној кој ќе прешкрта четири квадратчиња поставени едно до друго (хоризонлатлно,

вертикално или дијагонално).

Пример: На пример, коцките покажуваат 5 и 6. Може да се прешкрта 1 (6 – 5),

11 (6+5) или 30 (6 х 5).

Page 66: Priracnik Deca so Autizam

66  

10.  НА ДОФАТ НА ПРСТИ

Цели и придобивки: Се вежба препознавањето и помнењето преку допир

снаодливост и брзина.

Реквизити: десет различни предмети, превез, маса

Опис на вежбата: Десет различни предмети растурете ги по масата (или на

ќебе ако сте надвор). Тоа може да бидат клуч, привезок, шнола, прстен, сунѓер итн.

Изберете едно дете кое ќе биде “слеп човек” и еден “крадец”. “Слепиот човек” нека

отиде до масата и дајте му 30 секунди да ги запамти предметите пред да му ги заврзете

очите. Потоа, “крадецот” се притајува и краде еден од предметите и се враќа кај

другите во групата. По ова, “слепиот човек” почнува да ги напипува предметите што

останале и што е можно побрзо треба да открие кој предмет недостасува.

Варијација: Играта може да биде особено интересна ако му дадете мала задача

и на “крадецот”, на пример, да добие две шестки со коцките... Победува оној кој прв ќе

ја заврши задачата и избира нов пар деца.

Page 67: Priracnik Deca so Autizam

67  

11. ПОГОДИ ЈА БУКВАТА

Цели и придобивки: Се стимулира логичкото мислење, дедуктивното

заклучување, креативноста, снаодливоста,

Потребни материјали: картонче или лист хартија за секоја буква од азбуката,

селотејп, мала награда

Опис на вежбата: Секоја буква од азбуката напишете ја на по едно картонче

(или лист хардтија). Ако во групата има помалку деца од букви, дополнителните букви

напишете ги на таблата.

Секое дете има картонче со буква залепено на неговиот грб со селотејп. Потоа

децата почнуваат да шетаат низ просторијата; секое дете се среќава со друго дете и го

прашува дали буквата што ја има на грбот се наоѓа, на пример, во зборот “дрво” или

“цвеќе”. Дозволено е да поставуваат прашања на кои може да се одговори само со ДА

или НЕ. По принцип на елиминација, осмислени прашања и дедукција, секое дете се

обидува да ја открие својата буква најбрзо што може.

Page 68: Priracnik Deca so Autizam

68  

12.  БРОЕЊЕ ПРЕДМЕТИ

Цели и придобивки: Се стимулира брзината на визуелна перцепција и

способноста за проценка.

Потребни материјали: Дваесет гравчиња (или други ситни предмети, на пр.

парички, кибритчиња...) за секој пар деца.

Опис на вежбата: Водачот ги дели играчите во парови. Во оваа игра на

проценување, едниот играч, со својата десна рака грабнува одреден број гравчиња по

случајност. Ја држи тупаницата пред партнерот, ја отвора за секунда и потоа прашува

колку гравчиња имало во раката. Другиот играч погодува, на пример, “Има дванаесет

гравчиња”. Потоа, првиот играч ја отвора раката и го бројат гравчињата (предметите)

заедно. Разликата помеѓу проценетиот и вистинскиот број се запишува како минус

поени за оној кој погодува.

Пример: Оној кој погодува вели дека има дванаесет гравчиња, но излегува дека

се четиринаесет. Погодувачот добива минус два поена. Потоа, улогите се менуваат, па

којзнае, дали другиот играч ќе биде подобар погодувач. По пет погодувања од двата

играча, бодовите се собираат па играчот кој има помалку минус поени победува.

Page 69: Priracnik Deca so Autizam

69  

Сите овие вежби може да ги креирате како воспитувач/наставник на прифатлив

начин за вас и децата во вашата група, зашто вие најдобро ги познавате. Останува

важноста на размената, мотивирањето и развивањето на одредени спосбности и

вештини кои ќе ги поттикнeте кај нив. Во светот на детето стимулирањето на

правилниот развиток и обезбедувањето на сигурна и поддржувачка атмосвера се многу

важни за создавањето на неговата перспективност како возрасен. Затоа уживајте во

можноста да го потпомогнете тоа.

Ви посакуваме успешно влегуваање во светот на детето, разбирање и заедничко

градење на светот на возрасниот. Бидете без сомнеж дека за оваа благородна работа ќе

Ви бидат благодарни и многу деца и многу возрасни. Со среќa!

Page 70: Priracnik Deca so Autizam
Page 71: Priracnik Deca so Autizam

AC

TeR

S Скала

(AD

D-H

Com

preh

ensi

ve T

each

er's

Rat

ing

Sca

le)

ПРЕЗИМЕ

И ИМЕ

___

____

___

___

____

___

____

____

__

БР

. НА

ДОСИЕ

___

____

___

ВОЗРАСТ

___

___

___

__

ДАТУМ

___

___

___

____

___

ВНИМАНИЕ

СОЦИЈАЛНИ

ВЕШТИНИ

1.Добро

работи самостојно

1 2

3 4

5

2.На задачата

и’ посветува

разумно

долго

време

1

2 3

4

5

3.Ја завршува

зададената задача

задоволително

со

мала

помош

1

2 3

4

5

4.Точно

ги

следи

едноставните

прим

ери

1

2 3

4

5

5.Следи

дел

од

инструкциите

1

2 3

4

5

6.Добро

функционира

во групата

/установата

1

2 3

4

5

ХИПЕРАКТИВНОСТ

12.Позитивно се

однесува

кон

другите деца

во

институцијата

1 2

3

4 5

13.Вербалната

комуникација е

јасна и

адекватна

1 2

3

4 5

14.Невербалната

ком

уникација

е адекватна

1

2 3

4

5

15.Ги

следи

опш

тествено

прифатените

норми

на

однесување

/куќниот ред

на

институцијата

1

2 3

4

5

16.Се повикува

на

опш

тите

правила при

критизирање

1 2

3

4 5

17.Веш

то склучува нови

пријателства

1

2 3

4

5

18,На ситуациите

им

приоѓа

уверливо

1

2 3

4

5

19.Ги

вовлекува

друготе

во незгода

1

2 3

4

5

20.Започнува

тепачка

без

причина

1 2

3

4 5

21.Прави

злобни

шеги

со луѓето

1

2 3

4

5

22.Се спротивставува

на

авторитети

1

2 3

4

5

23.Се расправа со

другите

1

2 3

4

5

24.Пакосен

и суров

е со другите

деца/луѓе

1

2 3

4

5

7.Екстрем

но активен

(во постојано движењ

е)

1 2

3 4

5

8.Бурно

реагира

1

2 3

4

5

9.Постојано

неш

то работи со

рацете

1

2 3

4

5

10.

Рреагира или

зборува без

претходно

да

размисли

1

2 3

4

5

11.Не знае

да одмори

1

2 3

4

5

ОПОЗИЦИОНЕРСТВО

Вкупно бодови

 ___

___

Вкупно бодови

 ___

___

Вкупно бодови

 ___

____

 

Вкупно бодови

 ___

___

речиси

речиси

никогаш

секогаш

речиси

речиси

никогаш

секогаш

речиси

речиси

никогаш

секогаш

речиси

речиси

никогаш

секогаш

Page 72: Priracnik Deca so Autizam

 

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Интернет литература

Аmerican Psychiatric Association, (2000), Diagnostic and Statistical Manual of

Mental Disorders, Fourth Edition, Text Revision, Washington, DC, APA

Green, H. G., (1998), Тhe A.D.D. Quest for Identity, Reno, The BioFeedback Center

Press, p. 17-19; 43-44; 156-157; 159-162; 183-184;

Bartl, A. (2004). Schnelldenker-Spiele für Grundschulkinder, Berlin: Cornelsen Verlag Scriptor GmbH & Co

Bowkett, S. (2007). Jumpstart! Creativity - Games & Activities For Ages 7–

14, Oxon: Routledge Chandler, C. & McGrath, L. (2004). Four Weeks to a Better Behaved Child,

New York: McGraw-Hill Jacobelli,F. & Watson, L.A. (2008). ADD/ADHD Drug Free: Natural

Alternatives and Practical Exercises to Help Your Child Focus, New York: AMACOM Plummer, D.M. (2010). Helping Children to Cope with Change, Stress and

Anxiety, London: Jessica Kingsley Publishers Schaefer, C. & Reid, S.E. (2001). Game Play - Therapeutic Use of Childhood

Games, 2nd Ed. Danvers, MA: John Wiley & Sons, Inc Sloane, P. & MacHale, D. (1994). Great Lateral Thinking Puzzles, New York:

Sterling Publishing Company, Inc.

Page 73: Priracnik Deca so Autizam

 

Прирачникот го изготвија:

Татјана Ристова - Димова, психолог-психотерапевт ( директор на ЈУ Завод

за социјални дејности, Скопје)

Љубица Наумовска, психолог-психотерапевт (Одделение за психологија и

психотерапија, ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ)

Фросина Ристовска, психолог (Одделение за психологија и психотерапија,

ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ)

Илија Дојчиновски, психолог (Одделение за психологија и психотерапија,

ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ)

Стручна соработка – Јавна Установа Завод за социјални дејности- Скопје

Прирачникот е успешно тестиран од страна на стручниот тим на ЈУЗавод за

социјални дејности во соработка со стручните тимови на:

Јавна Установа - Детски дом " 11 Октомври " - Скопје

Јавна Установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми-

Скопје

Јавна Установа Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и

младеинци “Ранка Милановиќ” - Скопје

Page 74: Priracnik Deca so Autizam

 

Финансиски поддржано од УНИЦЕФ, Канцеларија Скопје, Република Македонија

ЈУ Завод за социјални дејности, Скопје Министерство за труд и социјална политика