18

Репродуктивен систем

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Репродуктивен систем
Page 2: Репродуктивен систем
Page 3: Репродуктивен систем

Надворешните генитални органи:

Венерин брег - MonsVeneri (Срамен брег) Венерин брег (Срамен брег), се наоѓа пред симфизата. Тоа е

перниче на поткожно масно ткиво.

Големи срамни усни (Labia maiora pudendi) Големи срамни усни се два кожни набори кои напред се спојуваат

во MonsVeneri, a назад во мегичката (perineum).

Мали срамни усни(Labia minori pudendi) Малите срамни усни се помали кожни набори кои се наоѓаат под

големите срамни усни.

Page 4: Репродуктивен систем

Дразница (Clitoris)Дразницата се наоѓа напред каде што се спојуваат малите

усни и содржи голем број крвни садови и нервни завршетоци, па затоа претставува најчувствителното и најраздразливото место на надворешните генитални органи кај жената.

Бартолиниеви жлездиБартолиниевите жлезди претставуваат две жлезди кои се

наоѓаат во долната третина на долните усни. Лачат секрет кој има заштитна улога.

Page 5: Репродуктивен систем

Анатомија и физиологија на внатрешни женски генитални органи

Вагина (Родница) Вагината има цевчеста форма и се протега од хименот до грлото

на матката. Грлото на матката го дели дното на родницата на четири дела: преден, заден и два странични.Ѕидот на родницата е изграден од три слоја:

Внатрешен слој - кој е повеќе слоен плочест епител; Среден слој - мускулен слој; Надворешен слој - се состои од сврзно ткиво и крвни садови.

Page 6: Репродуктивен систем

Матка (Uterus) Mатката претставува шуплив орган во вид на круша, сместен

во средината намала карлица, помеѓу мочниот меур напред и ректум назад. Должината е од седум до осум и пол сантиметри, нејзината тежина изнесува педесет грама.Кај матката разликуваме:

дно - fundus тело - corpus грло - cervix Делот на вратот кој виси од вагината се вика грло на матката

или portio. 

Page 7: Репродуктивен систем

Грлото на матката се состои од три слоја: -Ендометриум ; -Миометриум ; -Периметриум ;

Јајцеводи (Tuba Uterina Falopi) Јајцеводот е парен цевчест орган со должина од десет до

дванаесеет сантиметри, кој се протега од аголот на матката до страничните делови на малата карлица. Јајцеводот е составен од:

Интерстицијалис (pars interstitialis); Паристмика (pars isthmica); Проширен дел (ampula tubae). На слободниот крај од јајцеводот се наоѓаат ресички или фимбрии кои

имаат значајна улога во прифаќањето на јајце клетките. Јајцеводот е изграден од три слоја:

-Лигавица; -Мускулен слој;

-Серозен слој.

Page 8: Репродуктивен систем

Јајникот претставува женска полова жлезда или гонада, е парен орган сместен под јајцеводот од двете страни на матката. До пубертетот неговата површина е мазна а во репродуктивниот период е избраздена од предходните овулации.

Page 9: Репродуктивен систем

1. Репродуктивна - во него се созреваат женските полови клетки - јајце клетки. Вака јајникот се однесува како жлезда со внатрешно лачење.2. Вегетативна функција - лачи хормон естроген и прогестерон па се однесува како жлезда со внатрешно лачење.Кај јајникот се разликуваат:

-Срцевина (medula); -Кора (cortex). Во кората се наоѓаат јајце клетките во различни фази од

развојот. При раѓањето во кората се наоѓаат околу четиристотини примарни фоликули, а до пубертет остануваат околу триесет илијади кои почнуваат да созреваат. Од пубертет секоја година созреваат околу 13 јајце клетки годишно, односно вкупно четрстотини до менопауза.

Page 10: Репродуктивен систем

Хормони на графовиот фоликул Графовиот фоликул лачи естрогени хормони. Сосема мали количини

се лачаат во кората на надбубрежните жлезди, а во текот на бременоста, плодовата постелница - плацента лачи големи количини на естрогени хормони. Од естрогените хормони најмногу се лачи b-естрадиол, потоа следуваат естром и естриол. Најголема физиолошка активност има b-естрадиол. Во периодот на пубертет, под влијание на фоликулостимулирачкиот хормон се лачаат дваесет пати поголеми количини на естрогените хормони, тоа придонесува за растење на половите органи:

се зголемуваат јајцеводите,утерусот и вагината, Клиторисот, малите и големите срамни усни добиваат пропорции на

зрела жена. Исто така се јавуваат и половите секундарни разлики, како што се: нежни и типично женско тело ( се одликува со широка карлица и

потесни рамена), гласот е потенок, ларингсот е послабо развиен, Се јавуваат и други полови карактеристики.

Page 11: Репродуктивен систем

Жолтото тело лачи хормон прогестерон, кој спаѓа во групата на стероидните хормони. Основната материја од која се синтетизира прогестеронот е холестерол. Прогестеронот има специфично дејство за половите ограни кај жената. Прогестеронот дејствува на утерусот така што го подготвува евентуалното примање на оплодената јајце клетка. Заедно со естрогените хормони ја зацврстуваат мускулатурата на утерусот, воедно ја инхибираат контрактибилноста на матката.

Page 12: Репродуктивен систем
Page 13: Репродуктивен систем

Машкиот репродуктивен систем исто како и женскиот репродуктивен систем, не е неопходен за преживување на организмот, но е неопходен за преживување на хуманата раса. Машкиот репродуктивен систем претставува една половина од неопходните органски структури за пропагација на животот. ДНК структурата се пренесува од една на друга генерација преку неселективна селекција што преставува прокреација со интордукцијата на машкиот сперматозоид и женската јајце клетка. Со спојување на овие две клетки, се раѓа нов живот.

Page 14: Репродуктивен систем

Машки полов орган (пенис) Пенисот е машки полов орган чија функција е спроведување на

спермата и урината и нивна ејакулација, односно екскреција надвор од организмот. Тој е сместен над тестисите, а под карличната симфиза. Пенисот се состои од два дела:

-тело (corpus penis); -глава на пенисот (glans penis).

Пасеменик Пасеменикот преставува парен издолжен орган налегнат на

горниот дел од тестисот. Составен е од еден долг извиен каналкој ги одведува сперматозоидите.

Семена кесичка(vesicula seminalis) Семена кесичка(vesicula seminalis), преставува парен орган.

Сместен пред дебелото црево, а под мочен меур. Изводниот канал од кесичката се спојува со семеводот. Жлездите од семената кесичка лачаат секрет кој влегува во состав на семената течност - сперма.

Page 15: Репродуктивен систем

Семеник (епидидимис) е дел од надворешните машки полови органи, сместен во скротумот (мошник) заедно со тестисот. Анатомски има 3 дела:-глава - која лежи над горниот пол на тестисот и е негов најраширен дел, покриена е со туника албугинеа која го обвива и тестисот и на тој начин комуницираат помеѓу себе;-тело - кое лежи на задниот раб на тестисот;-опашка - лежи во долниот дел на задниот раб на тестисот и не е јасно одвоена од телото.

Page 16: Репродуктивен систем

Семевод(ductus deferens) Семевод е дел од внатрешните машки полови органи. Има форма на

тенка цевка и ги поврзува тестисот и простата.Анатомски се дели на 4 топографски дела:

-pars epididimica ; -pars funicularis; -pars libera; -pars inguinalis ; -pars iliaca ; -pars prostatica .

Машка мочна цевка(uthra masculina) Машка мочна цевка преставува уринарен орган. Околу машката

мочна цевка се наоѓа напречно пругаст мускулен свингтер. Уретрата завршува со едно проширување на главичката од пенисот.

Page 17: Репродуктивен систем

Простата Простата преставува жлездено мускулен орган. Простата се наоѓа

под мочниот меур. Преку неа поминува уретрата и нефрлувачките канали. Булбоуреталните жлезди се прилепени за уретрата каде што го излачуваат својот секрет.

Функција на тестисите Основната функција на тестисите е производство на

хормонот тестостерон. Нормално е еден тестис да биде на пониско ниво (обично левиот). Ова се должи на разликите во васкуларната и анатомската структура на левата и десната страна на скротумот и тестисите.

Page 18: Репродуктивен систем

ИЗРАБОТИ: Моника Лазороска III-17