15

Autizam

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Autizmot -III /5 Marija Meckaroska

Citation preview

Page 1: Autizam
Page 2: Autizam

VOVED:

Аутизам е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена

способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст. Аутизмот делува напроцесирањето информации во мозокот, со тоа што го менува начинот на којштоневроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат. Како доаѓа до оваа појава сѐуште не е познато.

Аутизмот има цврста генетска основа, но генетскиот состав на аутизмот е сложен.Воретки случаи аутизмот е поврзан со фактори кои предизвикуваат вродени малформации. Постојат и многу контроверзни теории за некои причинители, кои што можат дапроизлезат од опкружувањето, како што се тешките метали, пестицидите или вакцините, кои се примаат во раното детство. Аутизмот се појавува кај 1-2 од 1000 луѓе.

Родителите обично ги забележуваат симптомите во првите две години. Симптомитеобично се развиваат постепено, но има исклучоци кај некои деца со аутизам, кои отпрвосе развиваат нормално, а потоа нивниот развој назадува. Иако преземањето мерки вопоглед на воспитување или учење за спознавање на светот уште во раниот период оддетството може да им помогне да станат способни да се грижат за самите себе, дакомуницираат и да се социјализираат, не постои лек којшто делува 100 процентно. Немногу деца со аутизам се осамостојуваат и живеат независно по стекнувањетополнолетство, иако некои од нив стануваат успешни. Развиена е и култура на аутистите, во рамките на која што некои бараат лек, додека пак други веруваат во тоа, дека аутизмотне треба да се третира како нарушување, туку да се толерира како разлика.

Page 3: Autizam

КарактеристикиАутизмот е многу променливо нарушување во психолошкиот развој,

коешто најпрво се појавува за време на многу раното детство или во малку

подоцнежниот период од детството, и во главно продолжува со иста брзина

на развивање, без намалување на интензитетот. Очигледните симптоми се

појавуваат постепено по 6-месечна возраст, веќе можат да се потврдат од 2 до

3-годишна возраст, и имаат тенденција да продолжуваат да се појавуваат во

зрелите години, но често во променета форма. Аутизмот не се утврдува со

само еден симптом, туку со карактеристичната тројка од симптоми:

нарушувања во способноста за социјализација, нарушувања во способноста

за комуникација и ограничени интереси и повторливо однесување. Има и

други чести симптоми, како необичниот начин на јадење, но тие не се

пресудни при дијагностицирањето. Карактеристичните симптоми на

аутизмот се појавуваат низ целиот свет, и на тој начин што аутистите не се

разликуваат драстично од остатокот од населението, при што исто така нема

и некоја остра линија помеѓу поблагите и потешките патолошки случаи на

аутизам.

Page 4: Autizam

Развој на општествено нивоНеспособноста за вклопување во општеството е тоа, по коешто се

разликуваат аутизмот и сличните нарушувања од спектарот на аутизмот оддругите болести, кои се карактеризираат со нарушувања во развојот. Луѓето, кои имаат аутизам, многу тешко се вклопуваат во општествтото и често јанемаат таа интуиција за другите, која што пак другите луѓе ја земаат здравоза готово.

Невообичаениот развој во поглед на вклопување во општеството станувавоочлив во раното детство. Аутистичните бебиња обрнуваат помалкувнимание на општествените стимуланси, поретко се смеат, поретко ги гледаатдругите околу нив и поретко одговараат на нивното име. Аутистичнитедечиња поочигледно отскокнуваат од општествената норма, на примерпоретко имаат директен контакт, поретко се вртат на повик и поверојатно е дакомуницираат со тоа што би ја движеле раката на на некој друг. Аутистичнитедеца од 3 до 5 годишна возраст уште помалку покажуваат дека го разбираатопштеството, тие им приоѓаат на други луѓе спонтано, имитираат, реагираатна емоции, комуницираат невербално и се вртат кога некој ќе ги повика. Но, сепак тие развиваат поврзаност со нивниот првичен негувател. Токмуспротивно на популарното мислење, аутистите не уживаат да бидат сами. Ночесто се покажува дека на аутистите им е тешко да се спријателат и да гоодржат пријателството. За нив, она што покажува колку се осамени е длабината на пријателствата, а не бројот на пријатели кои ги имаат. Функционалните пријателства, како оние кои може да резултираат со поканиза забави, можат да имаат огромно влијание врз квалитетот на нивниотживот.

Page 5: Autizam

Комуникација

Околу една третина од лицата со аутизам не развиваат доволно говорни

способности за да ги задоволат потребите за дневна комуникација. Уште во

првата година од животот на детето можат да се забележат необичности во

комуникацијата, како задоцнет почеток на обидите за зборување/мумлање,

необични гестикулации, необрнување на внимание на надворешните дразби

и неогдоварање на истите, како и начини на обид за комуникација со гласови,

кои што не биле научени од негувателот. Во втората и третата година од

животот, аутистичните деца немаат толку чести мумлања, испуштања на

гласови, зборови или комбинирање на истите, и нивните гестикулации се

ретко проследени со зборови. Мала е веројатноста дека аутистичните деца ќе

ги изразат нивните побарувања или дека ќе ги споделат нивните искуства,

туку поголема е веројатноста тие дека тие едноставно ќе ги повтроуваат

зборовите на луѓето околу нив (ехолалија) или дека погрешно ќе ги

употребат личните заменки.

Page 6: Autizam

Повторливо однесување

Луѓето со аутизам покажуваат повеќе форми на повторливо или ограничено

однесување, коешто скалата за повторливо однесување го категоризира на

следниов начин:

Стереотипија - повторувачки движење, како плескање со раце, правење

звуци, итн.

Компулсивно однесување - однесување кое следи правила, како редење на

објекти во права линија.

Сличност - отпор кон промена, на пример инсистирање мебелот да не се

преместува.

Ритуално однесување - вклучува непроменлива шема на дневни активности,

како на пример непроменето јадење или ритуал на пресоблекување. Ова е

тесно поврзано со сличноста, и една независна проверка на скалата даде

предлог за спојување на двата фактори.

Ограничено однесување - однесување ограничено во поглед на точка на

концентрирање, интерес или активност, како на пример преокупираност со

единствена телевизиска програма, играчка или игра.

Самоповредување -однесување коешто вклучува движења, кои ја

повредуваат или можат да нанесат повреди, како на пример боцкање во око,

гризење рака, удирање на глава.

Page 7: Autizam

Други симптоми

Лицата со аутизам може да имаат симптоми, кои не се поврзани со

дијагнозата но кои што пак може да имаат негативно влијание врз личноста

со аутизам или врз семејството на таа личност. Околу 0,5 % до 10 % од

лицата со НСА покажуваат необични способности, од способноста за

запамтување на непотребни информации до исклучително ретките

способности на запрепастувачките аутистични саванти. Преголемата

осетливост е нешто што го имаат 90 % од аутистите, и некои ја сметаат за

една од главните карактеристики на аутизмот, и покрај тоа што нема сигурни

докази дека абнормалностите во поглед на осетливоста се тие, по кои што

можат да се разликува аутизмот од другите нарушувања на развојот. Околу

60 % до 80 % од аутистите се соочуваат со неспособност за контрахирање на

мускулите (хипотонија), неспособност за планирање на моторните движења,

и одење на прсти. Забележани се и необични навики во поглед на исхраната

кај три четвртини од децата аутисти, и тоа до тој степен, што порано ова

однесување се сметало како индикатор за поставување на дијагноза.

Пребирливоста е најчестиот проблем, но има и случаи на ритуали на јадење и

одбивање на храна, но ова никогаш не прераснало во неисхранетост.

Родителите на децата дијагностицирани со НСА се повеќе под стрес, отколку

другите родители.

Page 8: Autizam

Причини

Долго време се претпоставува дека има заедничка причина на генетско,

когнитивно и невронско ниво за карактеристичната тројка симптоми за

аутизмот. Сложеноста поизлегува од интеракцијата меѓу повеќе гени,

околината и епигенетските фактори, кои не го променуваат составот на ДНК,

но се наследни и влијаат врз репродукцијата на гените. Причината не може

да се пронајде во генетска мутација според Менделовите закони (на еден

ген), или пак во абнормалност на еден хромозом, како што е синдромот

Мартина-Бела, и ниеден од генетските синдроми поврзани со НСА не

покажал експлицитно дека е причинител на НСА. Причината не може да се

пронајде во генетска мутација според Менделовите закони (на еден ген), или

пак во абнормалност на еден хромозом, како што е синдромот Мартина-Бела,

и ниеден од генетските синдроми поврзани со НСА не покажал експлицитно

дека е причинител на НСА. Голем дел од аутистите, чии што семејства не

страдаат од аутизам, може да се резултат на настаната хромозомска аберација

во гените, како спонтана делеција или дупликација на генетски материјал за

време на мејозата. Оттука, голем дел од случаите на аутизам може да ги

бараат своите корени во генетските причини, кои се наследни, но не

наследени - тоа значи дека мутацијата, која го предизвикала аутизмот, не е

присутна во родителскиот геном.

Page 9: Autizam

Неколку докази покажуваат дека причинителите на аутизмот треба да себараат во правец на нефункционалност на синапсите. Некои ретки мутацииможе да бидат причини за аутизмот поради тоа што предизвикуваатпопречување на некои синаптички патишта, како што се мутациите поврзанисо адхезијата на клетките. Сите познати тератогени (агенти, коипредизвикуваат вродени малформации), кои се поврзани со ризик за појава нааутизам, дејствуваат само во текот на првите 8 недели по зачнувањето назиготот, и и покрај тоа што ова не ја исклучува можноста дека аутизмот можеда се појави подоцна во текот на развојот, ова се сепак силни докази за тоа, дека аутизмот се појавува многу рано во развојот. Се покажало декафакторите на опкружувањето го причинуваат или ја влошуваат состојбата нааутизмот, или пак може да се важни за некои идни истражувања, а во нив севбројуваат одредени видови храна, заразни болести, тешки метали, разредувачи, издувни гасови од дизел мотор, полихлорирани фенили, фталатни естери и феноли употребени во пластични производи, пестициди, броминирани заштити од оган, алкохол, пушење, консумирање нанедозволени дроги, вакцини и пренатален стрес. Можно е првиот пат, когародителите ќе станат свесни за фактот дека детето им е аутист, да биде околувремето за прво редовно вакцинирање, и ова ги издигна теориите декавакцините или нивните средства за чување се причинителите на аутизмот. И покрај тоа што нема цврсти научни докази за да ја поддржат оваа теорија, како и фактот дека теоријата е биолошки невозможна, загриженоста народителите во врска со аутизмот е покачена, што пак доведе до се почестислучаи на избегнување на имунизацијата за време на детството и се почестислучаи на епидемии на сипаници.

Page 10: Autizam

МеханизамСимптомите на аутизмот произлегуваат од промените на различни системи на

мозокот, кои се поврзани со процесот на зреење. Не е баш јасно како се појавувааутизмот. Неговиот механизам може да се подели на 2 дела: патопсихологијата наделовите на мозокот и процесите кои се одвиваат во него, која што е поврзана соаутизмот, и невропсихолошките врски меѓу деловите на мозокот и нивнотомеѓусебно однесувањата. Се покажало дека однесувањата имаат повеќебројнипатопсихологии.

Патопсихологија

За разлика од многу други болести на мозокот, аутизмот нема еденединствен механизам на ниту едно ниво - ниту на молекуларно, ниту наклеточно, ниту на ниво на систем на организмот, и не се знае дали аутизмотвсушност претставува неколку нарушувања предизвикани од мутации нанеколку чести молекуларни патишта, или пак (како интелектуалнатанеспособност) е комбинација од повеќе нарушувања со различни механизми.Меѓу хипотезите за клеточна и молекуларна основа за патолошкотопредвремено пребрзо растење на мозокот се вбројуваат:

Прекумерен број на неврони, кои што предизвикуваат локална прекумернаповрзливост во клучните делови од мозокот

Нарушено мигрирање на невроните во раниот период од бременост

Нарушени центри за стимулирање или спречување

Неправилно формирање на синапсите и дендритите, на пример примодулација на неурексинскиот и неуролигинскиот систем од поврзувачкиклетки, или пак со лошо регулирана синтеза на синаптичкиот протеин.

Page 11: Autizam

Невропсихологија

Двете најголеми категории на теории за когнитивниот развој се однесуваат

на врските помеѓу мозокот и однесувањето на аутистите.

1. Првата категорија е сконцентрирана на теориите за способноста за

разбирање на општеството. Теоријата за соживување и систематизирање зема

за претпоставка дека аутистите можат да систематизираат, т.е. тие се

способни да развијат внатрешни правила на функционирање во случај на

решавање на задача внатре во мозокот, но не се толку добри во

соживувањето, односно решавањето задачи предизвикани од други агенти.

2.Втората категорија е сконцентрирана на обработување на несоцијални

или општи информации. Се претпоставува дека нефукционалноста на

екзекутивните функции делумно е резултат на недостаток од работна

меморија, планирање, спречување и други видови на егзекутивни функции.

Тестирањата за егзекутивните процеси на кората на мозокот, како што е

движење на окото, укажуваат на тоа дека има подобрување од детство до

адолесценција, но никогаш не е постигнато нормално ниво како кај возрасен

човек. Силна страна на теоријата е можноста за предвидување на

стереотипно однесување и малиот број на интереси, но две слаби точки се

фактот дека е многу тешко да се измерат.

Page 12: Autizam

LekuvaweI pokraj primenata na cela niza terapiski metodi,zasega nema lek za Autizmot.

No sepak se pravat tie terapii so cel da se otstranat funkcionalnite poremetuvawa

kaj deteto i prodol`uvawe i izvr{uvawe na sekojdenvnite naviki.

Se zapo~nuva so bihejvioralnata terapija so koja se postignuva pogolema

samostojnos kaj deteto. Lekovi isto taka se koristat za vreme na le~eweto na

Autizmot. Od koi se davaat lekovi protiv gr~evi na muskilite , antidepresivi,

stimulatori i antipsihoti~ki lekovi. Vo ponovo vreme vo lekuvaweto se koristi i

HBOT ( hiperbarierna oksigenacija vo barkomora), no i ovaa metoda ne e mnogu

zastapena.

Page 13: Autizam

Како што видовме неодамнешното истражување открива врска помеѓу

аутизмот и абнормалностите во мозокот. Ако причината за

оштетувањето вијае на оние делови на мозокот одговорни за

социјалната интеракција , социјалната комуникација и имагинација

можно е тријадата на нарушување да се појави и на лицето ќе се ќе

развие нарушување .Меѓутоа точните причини не се познати.

Овие сугестии дека различноста на медицинските состојби можат да

водат до оштетување на мозокот и ако критичните делови од мозокот

се зафатени тогаш поединецот можно е да манифестира типични

особености на атуризам

Page 14: Autizam

http://mk.wikipedia.org/

http://www.mnza.org.mk/autismmk/shtoeau.htm

http://tvoebebe.com/POSEBNI-POTREBI/autizam

http://www.autizam.org/

http://www.medicina.hr/clanci/Autizam.htm

Page 15: Autizam

2 вовед

3-6 карактеристики

7 други симптоми

8-9 причини

10-11 механизам

12 лекување

13 заклучок

14 користена литература