50
ВОЛОНТЕРИ Лидери на заедниците 4 волонтерски приказни кои влеваат ентузијазам! ДАЛИ СКОРО СТЕ ВОЛОНТИРАЛЕ ? Кажете ни ја вашата приказна! Јануари - Јуни ИМКА Битола Двојно издание 36+37 Година X

нотифаи 37-38

  • Upload
    ka-rey

  • View
    233

  • Download
    8

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Целта на НотифаИ е промовирање на граѓански и младински активизам, младинско учество, волонтерство и други општествено корисни облици на дејствување преку споделување на сите поинтересни активности кои се случуваат во ИМКА Битола или пак во кои членови на ИМКА Битола зеле учество.

Citation preview

Page 1: нотифаи 37-38

ВОЛОНТЕРИЛидери

на заедниците4 волонтерски

приказни кои влеваат ентузијазам!

ДАЛИ СКОРО СТЕ ВОЛОНТИРАЛЕ?

Кажете ни ја вашата приказна!

Јануари - Јуни ИМКА Битола Двојно издание 36+37Година X

Page 2: нотифаи 37-38

Содржина НотифаИ 37-38

Биди Волонтер стр. 06Интервју со Кевин Боувјер Три ВолунтериСудбината во КавадарциИнтервју со Мартин НиколовскиСтранските Волонтери во МакедонијаПраво на Младинско Информирање - Отворено ПрашајВолонтири: Лидери на ЗаедницитеШто е Следно?

стр. 20стр. 22

стр. 08стр. 10стр. 12стр. 14стр. 16стр. 18

стр. 52

стр. 53стр. 54

Тренинзи во Зима

Перформанс во СтрумицаШто е Следно?

стр. 53Прв Голем Настап во Зима

Ацид Трипл стр. 50

Материјалите од НотифаИ може слободно да се користатсо наведување на изданието на НотифаИ од каде истите се користени

Здрав Живот Стилстр. 62стр. 64

стр. 68

Денот На Планетата ЗемјаВодичКон Посладок Живот 2

Што е Следно?

стр. 60

стр. 66YMCA World Challenge

ИМКА Битола стр. 78Конференција на Моделот на Обединети Нации во акедонијаСобрание на Коалиција на младински ганизации СЕГАКонференција на Моделот на Обединети Нации во МакедонијаСтратегија на Општина Битола за соработка со граѓанските рганизацииСтратегија за соработка на Владата со граѓанскиот секторИнформативни денoви за програмата „Млади во акција“Работилница „Можности за финансирање преку ИПА 2012-13“Даноците и граѓанските организацииСовет за Малолетничко Престапништво во БитолаОтворање на Летната Училница во ОУ Коле Канински

стр. 80стр. 81стр. 82стр. 84стр. 84стр. 85стр. 85стр. 86стр. 88стр. 90

За НотифајИ стр. 96

стр. 04Момент На Инспирација

И-Тренингстр. 26стр. 28стр. 30стр. 32стр. 34стр. 36стр. 38стр. 40стр. 41

Лидерство Кон Промени 7 Навики на Успешните ЛуѓеДве Нови Обуки Од ИМКА БиролаДобро, Имам Идеја. Сега Што?Тренинг За ЕВС МенториЕдукација За Човекови Права Во АкцијаYES ОбукиШкола За Активно ГраѓанствоОбуки За Младински Активизам

стр. 24

стр. 42Што е Следно?

За ИКМКА Битола стр. 98

Живот во Битола стр. 92стр. 94Запознајте Ја Битола: Музејот

И-Стрип стр. 56стр. 58Toxic Planet 2

И-Филмстр. 46стр. 47стр. 48

Флеш Моб Од БитолаБалкански Камп 2011Што е Следно?

стр. 44

ИМКА Македонија стр. 70стр. 72стр. 74

Генерално Собрание На ИМКАБалкански Проект

стр. 76Што е Следно?

Page 3: нотифаи 37-38

„Како може да се продаде или купи небото или топлината на земјата? Такво нешто нам ни е сосема туѓо. Ние не сме сопственици на свежиот воздух и бистрата вода. Па како можеме да ги купиме? Секое делче од оваа земја е свето на мојот народ. Секоја блескава борова игличка, секое зрно песок во речното корито, секоја маглина во темнината на шумата, секоја ливада и секој трепетлив инсект се свети во мислите и во животот на мојот народ. Соковите во дрвјата се проткаени со сеќавањата на црвениот човек.

Кога мртвите белокошци одат во прошетка меѓу ѕвездите ја забораваат земјата што им го дала животот. Нашите мртви никогаш не ја забораваат прекрасната земја бидејќи таа е мајка на црвениот човек. Еленот, дивиот коњ, големиот орел се наши браќа. Каменитите врвови, сочните пасишта, топлото тело на

moment na inspiracijaВо 1851 год. Сиетл, поглавар на индијанското племе Скуамиш во резерватот близу Вашинтон, напишал писмо кое се смета за едно од најубавите и своевидна „ода на природата“. Градот Сиетл го добил името по него, а е напишано по повод понудата со која Индијанците беа убедувани да продадат голем дел од територијата за $150.000. Индијанците да им отстапи резервати.

ПИСМО ДО СИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТпонито и човекот му припаѓаат на исто семејство.

Кога Големиот Поглавица од Вашингтон испраќа глас дека сака да ја купи нашата земја, премногу бара од нас.

Големиот Поглавица порачува дека ќе ни најде место на кое убаво ќе живееме. Тој ќе ни биде татко, а ние негови деца. Ќе ја разгледаме понудата да ја купите нашата земја, ама

тоа нема да биде лесно. Оваа земја ни е Света. Оваа блескава вода што тече по брзаците на реките, не е само вода, туку и крв од нашите предци. Ако ви ја продадеме земјата, морате да знаете дека оваа вода е

Света, морате да им кажете на своите деца дека е Света, дека секој блесок во бистрото езеро прикажува спомени од животот на мојот народ. Жуборот на водата е глас на таткото, на мојот татко. (To be continued in the following issue - NotifY #39)

Реките се наши браќа, ја гаснат нашата жед. Реките ги носат нашите кануа и ни ги хранат децата. Затоа на реките треба да им пружите добрина како што би му пружиле на вашиот брат. Знаеме дека белиот човек не нѐ разбира. Нему еден дел од земјата му е ист како било кој друг. Тој е странец кој доаѓа ноќе и од земјата зема се што му треба. Земјата не му е како брат, туку како непријател. Кога ќе ја покори, тој тргнува понатаму. Ги остава зад себе гробовите на своите татковци и не му е грижа. Ја одзема земјата од своите деца и пак не му е грижа. Гробовите на неговите предци и земјата што му ги роди децата остануваат заборавени. Кон Мајката Земја и кон Братот Небо се однесува како кон предмети што можат да се купат, ограбат, продадат како стока. Неговата алчност ќе ја уништи земјата и ќе остави пустош.

“Како може да се продаде или купи небото или топлината

на земјата? Такво нешто нам ни е сосема туѓо. Ние не сме

сопственици на свежиот воздух и бистрата вода. Па како можеме да ги купиме?”

(Продолжува во следното издание на НотифаИ)

4 5

Page 4: нотифаи 37-38

стр. 08

стр. 10

стр. 12

стр. 14

стр. 16

стр. 18

стр. 20

стр. 22

Интервју со Кевин Боувјер

Три Волунтери РАБОТАТ ЗАД ГРАНИЦАТА ВО СТАРА ЉУБОВНА

Судбината во Кавадарци

Интервју со Мартин Николовски

Странските Волонтери во Македонија

Право на Младинско Информирање - Отворено Прашај

Волонтири: Лидери на Заедниците

Следни поврзани настани

Биди Волонтер Можности за волонтирање во земјава и странство

И-ФИЛМ Програма за промовирање на видеоарт и поддпшка на млади уметници

Page 5: нотифаи 37-38

Ке

вин

Бев заинтересиран за било која земја, бидејќи сакав да откријам нова култура, да научам нов странски

јазик, итн. Фактот дека овој проект е во Македонија всушност беше супер, бидејќи не знаев речиси

ништо за оваа држава пред да аплицирам за ЕВС.‘‘ ‘‘

Кевин со ИМКА Битола

8 9

Инт

ервј

у со

ЕВС в

олон

теро

т во

ИМ

КА Б

итол

а, К

евин

Боу

вјер

Како ЕВС волонтер имав шанса да одам на обука во Сараево една недела на почетокот на проектот (и не требаше да платам ништо за тоа што е супер), потоа патував малку во северниот

дел на Босна и потоа во Србија, исто така.’’‘‘za

poznajte

se so

НотифаИ: Кажете ни за вас?

Кевин: Здраво, јас сум Кевин и јас сум од Франција. Јас доаѓам од Валенс, град во Југо - Источниот дел на земјата.

НотифаИ: Кажете ни малку за вашето минато?

Кевин: Па, јас студирав филозофија, а потоа кинематографија, во Лион, Франција. Последната година од студиите ја поминав како студент на размена во Италија и навистина ми се допадна. После тоа се вратив во Франција и по некое време решив да се вратам во Италија за да живеам таму на кратко, да најдам работа со оглед на тоа што веќе го знаев јазикот (беше лесно да се најде работа бидејќи зборувам италијански!). Таму живеев во друг град една и пол година отприлика. Потоа, решив да направам ЕВС, и така пак назад во Франција. Потрошив многу време на интернет да најдам некои проекти поврзани со моите интереси.

НотифаИ: Зошто се одлучи да се приклучиш во ЕВС програмата?

Кевин: Едни луѓе ми кажа за оваа програма и јас си помислев дека е одлична можност да се работи на некои интересни работи и да се открие нова култура, да се живее неколку месеци во друга земја.

НотифаИ: Зошто ја избравте Македонија / ИМКА?

Кевин: Јас барав проект пред се поврзан со видео. Потоа го најдов на проектот ИМКА во базата на податоци, на интернет. Мислев дека тоа е интересно, и така аплицирав, а Виктор и Јовче ме прифатија, па еве ме и тука сум! Исто така, морам да кажам дека кога аплицирав јас навистина не се грижев за земјата каде што ќе се случува проектот. Единствено не сакав да одам само во Италија, бидејќи веќе живеев таму две и пол години. Бев заинтересиран за било која земја, бидејќи сакав да откријам нова култура, да научам нов странски јазик, итн. Фактот дека овој проект е во Македонија всушност беше супер, бидејќи не знаев речиси ништо за оваа држава пред да аплицирам за ЕВС. Па еве така на пример тука научив повеќе отколку да одам во Шпанија.

НотифаИ: На какви проекти досега сте работеле?

Кевин: Работев на преводи на стрипови, потоа работев на сценарио за музички спот кој не успеавме да го направиме. Снимав видеа на младинскиот лидерски летен

камп организиран од ИМКА овој Јули, и сега работам на уредување на видео направено од некои од учесниците. Исто така јас си направив профил на Фејсбук, за прв пат во мојот живот. Исто така се обидувам и да научам француски неколку луѓе, а сега јас всушност работам и на личен видео проект, мислам, ние сме на сред снимање токму сега.

НотифаИ: Како го поминуваш твоето слободно време?

Кевин: Неколку нешта, меѓу кои размислување е најважното, јадење, исто така, спиење и обид да се дише, средби со пријатели, одење на забави, и не навистина но... не одењето во кино бидејќи не постојат кина во Битола, што е штета, а ова лето БитФест организира неколку настани во која и јас зедов учество, по некое патување наоколу и многу други работи, исто така.

НотифаИ: Кои се твоите омилени нешта да ги правиш во Битола?

Кевин: Па, јас се обидувам да го трошам моето слободно време на работи што сакам да ги правам, па така ова прашање е продолжение на претходното. Да додадам: набљудување на луѓе, зборување со луѓето (бидејќи сакам да го правам тоа насекаде), правење на слики, пешачење, одење во чаршија исто така секогаш е чудно патување за мене J, пиење пиво во паркот, или пак јадење македонска храна некаде во

градот. Не знам што да додадам, јас сигурно сега заборавам некои работи.

НотифаИ: Кое е вашето омилено искуство досега?

Кевин: Тоа е се измешано, многу работи, не можам да одговорам на ова.

НотифаИ: Дали си имал можност да патуваш?

Кевин: Како ЕВС волонтер имав шанса да одам на обука во Сараево една недела на почетокот на проектот (и не требаше да платам ништо за тоа што е супер), потоа патував малку во северниот дел на Босна и потоа во Србија, исто така. Ќе имам шанса да одам на уште една обука во Белград наскоро што ќе биде повторно одлично, претпоставувам. Освен овие обуки, јас патував главно во Македонија, посетив неколку места (градови и села) и имав шанса да одат на планинарење во близина на Скопје, на Водно - Матка, исто така на Пелистер во голема патување на 4 дена пешачење од Магарево до Преспанското Езеро.

НотифаИ: Кажи ни нешто што не многу луѓе знаат за тебе?

Кевин: Па, јас сум Французин, ова е првото. Второто е фактот дека јас сум риба, па така имам и жабри.

НотифаИ: Кои се твоите планови после ЕВС?

Кевин: Ќе видиме, многу избори, не сум одлучил уште.

НотифаИ: Каков совет би му дал на некој заинтересирани за приклучување во ЕВС?

Кевин: Не знам. Уживајте, што друго?

Page 6: нотифаи 37-38

Следува статија од весник за ЕВС сервис во Словачка, каде што беше наш волонтер. Види оригиналот на словачки јазик на линкот подолуhttp://lubovna.korzar.sme.sk/c/6228299/v-starej-lubovni-pracuju-traja-dobrovolnici-spoza-hranic.html#ixzz1kNBR73Pk

Млади во Акција е името на програмата на Европската Унија која е наменета за млади луѓе на возраст од 13-30 години. Таа им овозможува на младите луѓе да патуваат преку Европскиот Волонтерски Сервис, кратки размени на 1-3 недели, активно да учествуваат во доживотно учење, да учествуваат во разни младински иницијативи или парламенти.

слики на Ана Кузмановскаво Словачка

“Ова е незаборавно едногодишно

искуство и предизвик”

10 11

СТАРА ЉУБОВНА. Целта на проектот е да се подобри социјалната средина, да се подобри соработката помеѓу младите луѓе во различни земји, учејќи и градејќи општествените вредности во општеството, учење за различни култури, почитување и разбирање на нивните разлики, градење на меѓукултурен дијалог и младински меѓународни политики. „Тоа е шанса навистина да се направи нешто, а не само да се жали дека нешто не може да се направи или дека ништо не се случува. Тоа е можност за млади луѓе кои се заинтересирани за она што се случува околу нив, кои сакаат да учат странски јазик, да се движат, да направат проект, да знаат повеќе, да постигнат нешто повеќе и стекнат нови пријатели од различни земји“, вели проектниот координатор во центарот во Стара Љубовна Мирослава Поланска. Проектот започна со Млади во акција во 2007 година до 2013 во Словачка кој предвидува младинската организација Јувента и нејзините активности да се реализираат во центарот за слободни активности во Старата Љубовна.

Три ВолунтериРАБОТАТ ЗАД ГРАНИЦАТА ВО СТАРА ЉУБОВНА

“Ние учествуваме во разни

интересни групи и конференции,

помагаме во подготвувањето

на различни настани во

центарот, притоа учиме Словачки и развиваме своите социо-културни способности”

“Следната година проектот во Млади во Акција завршува па оние кои се заинтересирани да

патуваат во различни земји, без разлика дали е учество во младински размени, волонтерски сервис, проект или други активности имаат последна шанса

да се вклучат и да научат нешто ново.”

Гостите од Романија, Данска

Центарот за слободни активности во Старата Љубовна дејствува како организација домаќин. Тој беше посетен од Романци, Чеси, Полјаци и Данци, а на следната акција се планира да се поканат Франција, Португалија, Шведска и Унгарија. Исто така младите Словаци кои се заинтересирани можат да одат на слични размени во странство. Центарот за слободни активности во Старата Љубовна годишно ангажира три странски волонтери. Во моментов таму се Марта Маркес од Португалија, Ана Кузмановска од Македонија и Улрик Агард Поулсен од Данска.

Научете Словачки„Ние учествуваме во разни интересни групи и конференции, помагаме во подготвувањето на различни настани во центарот, притоа учиме Словачки и развиваме своите социо-културни способности“, вели Ана. Волонтерите се во организацијата домаќин која за својата работа има грант за покривање на трошоците за домување, исхрана и џепарлак. Секоја земја се разликува во висината на средствата според нивните услови, но мора да го исполни наведениот стандард. Ана, Марта и Улрик живеат сами во станот, но во некои земји волонтерите престојуваат со локални семејства или во хотел. Живот во Словачка од аспект на МакедонијаОва е незаборавно едногодишно искуство и предизвик за време на кои младите луѓе можат да го искусат животот и работа

во друга земја, а исто така да ги проверат своите способности и да научат многу интересни нешта. Мотивите зошто Марта, Ана или Улрик одлучија да се дел од ова се различни. Марта вели: „Тоа е добро искуство ако после училиште не можете да најдете соодветна работа дома, уживајте во патувањето, учење за нови земји, или ако размислувате за тоа каде да продолжите во животот.“ Така проектот ги донесе неколкуте земји и Центар во Стара Љубовна во соработка за да работат за нив. На Марта и Улрик им се допаѓа Словачка иако е сосема поинаква во однос на својата родна земја. За Ана се чини дека животот тука е сличен на македонскиот.

Покрај работата останува време да се патува низ земјатаПокрај работата во центарот, волонтерите имаат доволно слободно време за запознавање на нашата земја, разни авантури и учење локалните обичаи: „Ние патувавме многу места, бевме во Нитра, Банска Штајница, Братислава, Ружомберок, Попрад и Прешов и ние се уште имаме многу време да патуваме како и други активности.“ Во текот на годината во Словачка учествуваат на три средби со други странски волонтери. Првата беше информативна за запознавање на нашата земја, другите за можност за размена на искуства и стекнување на нови пријателства.

Добие сертификатНа крајот на програмата учесниците ќе добијат т.н. “Youthpass” Улрик објаснува: „Тоа е сертификат за неформално образование во кој пишуваме за она што сме го научиле, во какви активности сме учествувале, што ни беше нашата

обврска итн.“ Сè мора да биде заверено од страна на организаторите со цел да се обезбеди кредибилитет и вреден документ. Сличен документ се добива и за учесниците во младински размени и обука во разни проекти од Млади во Акција.

Последната можност за учествоСледната година проектот во Млади во Акција завршува па оние кои се заинтересирани да патуваат во различни земји, без разлика дали е учество во младински размени, волонтерски сервис, проект или други активности имаат последна шанса да се вклучат и да научат нешто ново. Пријатели, Центарот е посветен на меѓународна соработка и жалиме дека проектот се ближи кон крајот: „Навистина е штета што проектот завршува бидејќи тој помага на многу млади луѓе. Јас работам со нив и ги гледам промените по интензивните еднонеделни собири, Младите луѓе се чувствуваат побезбедни, посигурни, поискусни, повеќе свесни и отворени за различни начини на живот.“

Page 7: нотифаи 37-38

н е в е р о ј а т н и о т Велигденски викенд поминат со мојата фамилија домаќин во Пробиштип, каде што бев ептен разгалена

си помислив каков морон бев до пред шест месеци кога се жалев дека бев премногу хранета, јас тргнав на моето

патување назад за Битола.

Патувањето за викендот на Велигден во Македонија е слично на патувањето за викенд по Денот на Благодарноста во САД - чист хаос насекаде: луѓе кои се туркаат пред автобусите во потрага по слободни места, а некои дури и стојат за време на целото патување. Јас се сметав

за исклучително среќна што најдов слободно место во автобусот од Штип до Охрид. Во Кавадарци човекот до мене слезе и наеднаш наплив на нови патници во автобусот надевајќи се дека ќе се најде празно место. Една жена со своето дете ме праша дали седиштето до мене е слободно по што јас поканив да седне.

Нормално како и секое патување во автобус во Македонија следуваше неизбежно и разговор. Почнавме со вообичаеното ”Од каде си?” на која што одговорив ”Од Америка”. “Имам семејство во Америка”, рече таа со насмевка. “Навистина? Каде?“, прашав јас, очекувајќи ги вообичаените одговори Њу Џерси, или Чикаго. Наместо тоа, нејзиниот одговор ме зашемети. «Ворвик, Њујорк.», рече таа. Јас веројатно се гледав во неа речиси цела минута со устата широко отворена додека да се приберам и одговорам ... ”Тоа е моето родно место!”

Само една кратка забелешка: Ворвик не е некоја метропола. Тоа е мал град со околу 40.000 луѓе, предградие на Њу Јорк, и ретко кој во Америка има слушнато за нас, а камо ли во автобус во средината на Македонија. Не можев да поверувам моите уши.

Зорица, кој брзо стана дел од моето растечко македонско семејство, беше по потекло од Кавадарци, но моментално живее во Охрид која како мене патуваше кон дома да го посети семејството. Нејзината тетка се пресели во Ворвик пред 15 години и има деца кои, како што излезе се речиси мои врсници и всушност ние бевме во средно училиште во исто време, иако никогаш не сме се запознале. Зорица дури и го има посетено

мојот роден град пред неколку години и дури и јадела во пицеријата на татко ми за време на нејзиниот престој.Како што возењето продолжи ние разговаравме за нашите животи и култури, поврзувајќи се толку што кога тоа би го правеле поинаку би одзело премногу време. Имаше нешто многу пријатно знаејќи некого кој го знаеше мојот роден град толку добро и јас воодушевеа зборував за некои од моите омилени места и потенцијални заеднички пријатели.

Како возењето заврши, Зорица и јас разменивме телефонски броеви и фејсбук, како и информации за контакт за нејзините братучетки дома. Се прегрнавме како стари пријатели и ветивме дека ќе пиеме кафе следната недела.

По неколку дена чисто од љубопитност решив да ги погледнам нејзините роднини

на Фејсбук и се вџашив кога видов дека имаме 25 заеднички пријатели од Ворвик. Дваесет и пет! Финтата е, што тие не се некои познаници, туку со многу од нив се дружевме додека бев дома. Колку пати бевме на исти забави или пак се разминувавме на тротоар притоа никогаш не успевајќи да се запознаеме, за јас подоцна да почнам во Мировниот Корпус Македонија, нивната земја на потекло? Жими мајка ова не е можно!

Јас не сум некој кој верува во судбина, но мислам дека оваа средба може само да се опише како судбина. На најпрометниот ден за патување ден во годината, кога никој не можи да фати автобус, а камоли место во автобус, ние завршивме заедно. Светот е едно навистина извонредно место.

Судбинатаво КавадарциСВЕТОТ Е ЕДНО НАВИСТИНА ИЗВОНРЕДНО МЕСТО

Карли-Мари Рејес

1312

Јас не сум некој кој верува во судбина, но мислам дека оваа средба може само да се опише како судбина.

По

Page 8: нотифаи 37-38

Интервју со Мартин Николовски

локален волонтер , претседател на детски парламент во Битола

“Секогаш го следам она што сум го замислил, ги

игнорирам пречките од околината, насочен сум кон

целта да ги остварам моите идеи. ” 12 13

НотифаИ: Најпрвин да ни се претставиш за читателите на НотифаИ и кажи ни која е твојата поврзаност со Детскиот парламент?Мартин: Здраво, моето име е Мартин Николовски. Учам во ОУ Коле Канински и сум осмо одделение. Во Детскиот парламент членувам две години, а веќе една година сум Претседател.НотифаИ: Последната година се почесто слушаме за Детскиот парламент. Кажи ни ја приказната за Детскиот парламент.Мартин: Детскиот парламент постои подолг период. Во

Битола неколку “целта на нашата емисија е да ги објасниме

работите од наш аспект и да им докажеме на

возрасните дека иако сме деца,

има што да научат од нас.”

години беше затворен, но пред 4 години наставничката Лидија Павловска дојде до идеја да се отвори оваа детска институција.

За таа цел во Скопје се одржа дводневен семинар на кој беше презентирано како функционира една институција од ваков вид и како се раководи со неа. Тогаш ја добивме лиценцата за отворање на Детски парламент што беше многу позитивно прифатено од директорката и од останатите наставници во училиштето. НотифаИ: Имате ли некои други клубови?Мартин: Да, ние сме еден локален клуб и како прво училиште во Битола имаме право да отвораме клубови кои што ќе ги раководиме. Имаме отворено клубови во заводот Кочо Рацин, ОУ Елпида Караманди, ОУ Даме Груев, ОУ Св.Климент Охридски и ОУ Тодор

Ангелевски. Меѓутоа откако почнавме да ја емитуваме нашата ТВ емисија се појави интерес и кај останатите училишта.НотифаИ: Кажи ни нешто за активностите на детскиот парламент.

Мартин: Како институција, Детскиот парламент е невладина организација која има за цел да се бори за правата на децата. Децата преку оваа институција стануваат свесни за своите права, даваат најразлични идеи кои би сакале на некој начин да ги остварат, а ние им ги прифаќаме идеите и им излегуваме во пресрет при нивната реализација. Исто така организираме средби и работилници со други училишта, организираме и хуманитарни акции, новогодишни забави и роденденски забави, маскенбал, дебатираме на најразлични теми со цел да влијаеме врз училиштето и останатите институции, испраќаме забелешки доколку сметаме дека работите не функционираат на правилниот начин, претходната година почнавме да издаваме и наш весник “Детски парламент”, а оваа година и со ТВ емисија.НотифаИ: Ја спомна ТВ емисијата за која сметаме дека е многу важен проект преку кој се популаризира Детскиот парламент. Кажи ни нешто повеќе околу тоа.Мартин: Дојдов до идеја да се направи еден интересен проект емисија која ќе се емитува на некоја од нашите локални телевизии. Идејата

беше прифатена позитивно, меѓутоа кај повеќето владееше сомнеж дали ќе успееме тоа да го реализираме. Станува збор за еден тежок проект иако навидум изгледа лесно и едноставно. Најпрво

требаше да се направи концептот на емисијата. За таа цел се состанавме и дававме идеи што би можело да биде интересно за целата популација од 7 до 77 години. Потоа требаше да се одбери продукција која ќе снима и телевизија која сето тоа ќе го емитува. Од првата продукција која ја избравме не бевме воопшто задоволни. Најдовме друга продукција која беше поскапа, па затоа требаше да се бараат спонзори кои сето тоа ќе го спонзорираат во текот на целата сезона. За среќа, најдовме спонзори и почнавме со снимање. На почетокот ни беше премногу тешко заради тоа што никој од нас немал досега искуство со ваков телевизиски проект. Со тек на време нашата емисија стана една од најгледаните емисии на ТЕРА телевизија. Во емисијата Детски парламент имаат учествувано околу 500 деца од различни училишта во градот. Всушност целта на нашата емисија е да ги објасниме работите од наш аспект и да им докажеме на

возрасните дека иако сме деца, има што да научат од нас.НотифаИ: Посетуваш редовна настава, а имаш и премногу воннаставни обврски. Знаеме дека денес повеќето деца откако ќе им завршат часовите слободното време го користат во главно седјќи пред компјутер. Но, ти поинаку го пополнуваш своето. Сега имаме две логични прашања за тебе: прво, што те мотивира се ова да го работиш? второ, како наоѓаш време за се?Мартин: Јас сум таков човек кој секогаш сака да прави нешто ново. Често ми идат некои идеи кои сакам да ги остварам без разлика колку време тоа ќе ми одземе. Секогаш го следам она што сум го замислил, ги игнорирам пречките од околината, насочен сум кон целта да ги остварам моите идеи. На пример, конкретно

за емисијата ме мотивираше тоа што досега во нашите простори никој реализирал такво нешто. На нашите телевизии ретко може да се забележи некоја емисија за деца освен цртани серии кои се преземени од странски канали. Нашата идеја беше оригинална и замисливме да и подариме нешто наше, македонско на најмладата публика. Времето го користам максимално, така што на прво место ми се училишните обврски кои откако ќе ги завршам продолжувам со воннаставните активности.НотифаИ: Сега си осмо одделение и за кратко време завршува твојата приказна во основно училиште и со тоа и во Детски парламент. Што потоа?Мартин: Потоа продолжувам во средно, се разбира. Планирам редовно да ги посетувам новите пратеници, можеби некогаш доколку сакаат ќе учествувам во нивните активности. Исто така ќе се вклучувам во некои други слични организации и ќе учествувам во нови проекти.

Page 9: нотифаи 37-38

1716

КАКО ДА СЕ ПОДОБРИ ПРЕСТОЈОТ НА СТРАНСКИТЕ ВОЛОНТЕРИВО МАКЕДОНИЈА?Во рамките на проектот „Давање на можности за активно учење“, Коалиција на младински организации СЕГА, на 10 јануари 2012 година, организираше дискусија на тема: „Полесен пристап за престој на странските волонтери во Македонија“.На дискусијата, п р е т с т а в н и ц и т е од невладините организации кои што работат со странски волонтери во Македонија, волонтери – странци во Македонија, Претставници од Министерство за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, разговараа околу процедурите за добивање на дозвола за престој на странските волонтери во Р. Македонија.Исто така, претставниците на институциите на системот и претставниците на граѓанските организации покажаа интерес за соработка и истакнаа дека веќе се направени промени во времетраењето на процедурата за регулирање на престојот, со

воведување на е л е к т р о н с к и

систем за проследување на документацијата со што се олеснува целата постапка. Беше заклучено дека постои недоволна информираност и

на организациите и на службениците за потребната документација, што создава дополнителни трошоци и време.На оваа дискусија беа презентирани

општите препораки и мерки што ќе овозможат полесен пристап за престој на странците во сите европски држави, креирани на состанокот во Романија помеѓу сите земји каде што се спроведува овој проект, што е и основна цел на овој проект. Истите, ќе бидат презентирани и пред Советот на Европа, од страна на АЛДА од Франција, со цел – промена на европската легислатива во полето на имиграција.Проектот „Давање на можности за активно учење“ се спроведува во 7 земји: Франција, Бугарија, Македонија, Албанија, Грција, Романија и Италија, а е раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија од Франција (ALDA), имплементиран од

страна на Коалиција на младински организации СЕГа и општина Берово во Македонија.

Преземено од www.sega.org.mk Claudio Matsouka, alborzshawn / CC BY 2.0

1716

Page 10: нотифаи 37-38

1918

Во рамките на оваа кампања на 17 Април, Европскиот ден на младинско информирање, ИМКА Битола организира средба со Претседателот на Советот на Општина Битола. На средбата учествуваа околу шеесетина млади луѓе активни во полето на застапување на младинските потреби во училишните тела на нивните училишта. На средбата учесниците се стекнаа со основни информации за функцијата и работата на Советот и Претседателот на Советот на општина Битола и беа запознаени со постоечките механизми за нивно вклучување во работата на овие институции.

Механизмите за вклучување кои беа продискутирани се:

•Учество во работните тела (комисии) на Советот на Општината

•Формално барање на писмен одговор

•Кутијата за поплаки и пофалби

•Директен контакт по е-маил преку веб страната на Општината

Младите имаа можност да дискутираат заедно со Претседателот на Советот на Општината за практичната имплементација на овие механизми

и како истата може да се подобри. Младите посебно беа заинтересирани за работата на конкретните комисии за спорт и млади и заштита на правата на децата како и за активностите кои Општината ги спроведува, а ги засегаат младите.

Краен заклучок беше дека средбите од ваков вид се многу корисна алатка за да се споделат и дискутираат потребите, специфично на младите, и беше препорачано дека вакви средби треба почесто да се практикуваат со претставници на различни јавни институции.

Паралелно на овој настан и во неколку други градови во Македонија се организираа исти или слични средби и штандови за анимација на младите низ државава.

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Коалицијата на младински организации СЕГА заедно со организациите членки од 17 Април 2012 година се вклучија во Европската

кампања „Право на младинско информирање“ - „Отворено прашај!“ која ја спроведува ERYICA (Европска Агенција за Младинско Информирање и Советување) во партнерство со Советот на Европа.

Кампањата има за цел да им ги доближи на младите луѓе, донесувачите на одлуки за нивното право да прашуваат и да добиваат информации со цел младите луѓе да разберат дека имаат право на информирање, право на пристап до информации од институциите на системот како и право да го охрабрат донесувањето на одлуките со цел стекнување на нивното право на информирање. Кампањата ќе обработува три клучни теми: социјална вклученост на младите луѓе, развој на демократијата и заедничко живеење во мултикултурните општества.

КАМПАЊА

„ПРАВО НА МЛАДИНСКО ИНФОРМИРАЊЕ -

ОТВОРЕНО ПРАШАЈ“

На средбата учесниците се стекнаа со основни

информации за функцијата и работата на Советот и

Претседателот на Советот на општина Битола и беа

запознаени со постоечките механизми за нивно

вклучување во работата на овие институции.

Виктор Илиев

Кампањата има за цел да им ги доближи на младите луѓе,

донесувачите на одлуки за нивното право да прашуваат и

да добиваат информации

Page 11: нотифаи 37-38

Веројатно не е изненадување за сите вас ако ви кажам дека како волонтер (доброволец) од Мировниот Корпус концептот на волонтерството не е нешто ново за мене. А волонтирањето не стана важен дел од мојот живот по приемот во Мировниот Корпус, но за време на колеџ исто така. Всушност во моментот кога стигнав на колеџ јас веќе имав 100 часа

волонтирање во служба на заедницата. Како што можете да видите, волонтерството е дел од мојот живот откако можам да се сетам, но јас не сум сама. Идејата за волонтерскиот сервис е концепт кој е длабоко всаден во мојата култура и јасно може да се види во текот на американската историја.

Бенџамин Френклин ја основал првата доброволна

противпожарна во 1736 што е долготрајна американската традиција. Денес многу градови и помали населени места во Америка имаат доброволци пожарникари кои прават значајна разлика во нивните локални заедници. Во средината на 1880-тите е основана познатата ИМКА која сега е најголемата непрофитна организација во Америка. Набргу потоа

и американскиот Црвен крст е основан. До 20от век волонтерски организации изникнуваат насекаде и се занимаваат со прашања како: сиромаштијата, нееднаквоста, правата на животните, екологијата, развој на младите, грижа за стари лица и сл. Волонтирањето стана речиси најпопуларен начин на поминување на времето преку организации како

извидниците за момчиња и девојки, програмите како Америкорпс, Учење за Америка и секако Мировниот Корпус.

Според веб страницата за Волонтирање во Америка, во периодот 2008-2010 приближно 27% од Американците имале волонтирано, додека пак во некои држави стапката на волонтирање достигна и до 44%. Истражувањето на Националниот институт за служба на заедницата покажува дека речиси 63 милиони луѓе волонтирале над 8 милијарди часа низ илјадници организации во 2010 година заштедувајќи речиси 173 милијарди долари. Сепак, и покрај статистиките за многу луѓе концептот на волонтерството уште се чини странски и во многу начини залуден. Што разлика може да направи само еден човек во големата слика на нештата? Лично, верувам дека еден човек може да направи голема разлика во светот околу него. Само пребарајте преку

историјата за личности како Махатма Ганди, Мартин Лутер Кинг, или пак од Македонија - Мајка Тереза. Сите овие луѓе секој на сопствен начин извршиле значајно влијание. Но, волонтерството не е за индивидуални достигнувања. Тоа е за да се биде дел од нешто поголемо од тебе и мене. Колку добро може да се вози автомобил со само три тркала? Одговорот е исто колку и организација без волонтери. И додека поединците можат да направат влијание, не постои нешто

што не може да се постигне преку солидарност.

Мислам дека повеќето ќе се согласите дека волонтерството како концепт е голема предност за малите заедници, за големите градови како и за цели држави насекаде. Сепак, големото прашање и натаму останува. Зошто јас нешто би правел за бесплатно кога ќе можам да работам и да заработам пари? Двете не се исклучуваат. Во многу периоди во мојот живот јас имам работено 40-60 часа неделно и пак наоѓав време да волонтирам.

Причините зошто луѓето волонтираат се бројни и лични, но тука ќе наведам неколку од моите омилени: Волонтерството е забавно! Тоа може да биде голем извор на личен успех, гордост и задоволство. Волонтерството

може да биде учење; начин да се подобрат туѓите живее како и својот. Тоа е можност за да се поврзете со други луѓе на личен како и на професионален план. Тоа е шанса да се предизвикате себе си, да ги реши проблемите, да ги искористете научените вештини и да се стекнете со нови. А да не зборуваме дека изгледа одлично и на вашето CV. И, доколку се уште ви треба убедување, Националниот институт за служба на заедницата неодамна издаде една студија која тврди дека поединците кои волонтирале само два часа неделно виделе позитивни здравствени бенефиции како што се поголема долговечност, пониски стапки на депресија и помали шанси за срцеви заболувања од оние кои не волонтирале. Волонтирањето не ве чини ништо, освен неколку часа од вашето време, и запаметете дека не секој треба да даде две години од својот живот (како мене) на волонтерството, постојат стотици различни начини на кои можете да му помогнете на вашата заедница секој ден.

Како што можете да видите, придобивките на волонтерството се очигледни. Значи, дали сте подготвени да излезете во вашата заедница и да почнете да правите разлика, но не знаете од каде да почнете? Прегледајте ја веб страницата на ИМКА Битола, контактирајте не, и вклучете се денес! Статистика може да се најде на:

Волунтерање во 2010Виете броите

• 63 милиони волонтери• 8 милијарди часа• 173 милијарди долари заштедувајќи

2120

волонтерање во АмерикаВолонтирањето нуди здравствени придобивки

“Секогаш се прашував зошто некој не направи нешто околу тоа. Тогаш

сфатив дека јас сум тој некој.”-Лили Томлин

ВВОЛОНТЕРИЛИДЕРИ НА ЗАЕДНИЦИТЕ

вол·он·тир/ˌvälənˈti(ə)r/ глагол: “Да се избере да се дејствува кога има потреба, со став на општествена одговорност и без грижа за финансиска добивка, ги надминува индивидуалните основни обврски.”

“Секој може да биде голем, бидејќи секој може да служи.”

-Мартин Лутер Кинг

Page 12: нотифаи 37-38

ВИДИ ЈА ЕВРОПА!

Програмата ЕВС ви нуди можност да работите на проект во неппрофитна организација во некоја Европска држава и со тоа да стекнете незаборавно интернационално искуство. Државата и проектот самите си ги избирате, а трошоците се покриени!

Отворените конкурси за ЕВС места можете да ги најдете на групата на Фесјбук www.facebook.com/evsmakedonija

Доколку сакате да научите повеќе за ЕВС посетете ја нашата веб страница www.ymcabitola.org.mk или пак контактирајте нè на [email protected]

ВОЛОНТИРАЈ СО ЕВС

БИДИ ВОЛОНТЕР

www.ymcabitola.org.mk www.facebook.com/ymcabitola.org.mk

МОЖНОСТИНапуштете ја дневната монотонија и не останувајте пасивни!

Активирајте се!Ние ви нудиме можности за учење, патување, волонтирање и

откривање на нови хоризонти! Искористете ги овие можности кои се пред вас, учете, градете го личното резиме, стекнете искуство, растете како личност и преземете си ја иднината во вашите раце!

ВОЛОНТИРАЈ ВО ИМКА БИТОЛА

ОСТАНЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

Моментално се отворени следните позиции за волонтирање:• Во весникот НотифаИ (асистент уредник, преведувач и асистент графички дизајнер)• Асистент во И-Филм • Проектен координатор и асистент

НАПОМЕНА: Не очекуваме професионализам, туку ентузијазам и добра волја!

поврзаниСледни

настани

22 23

Page 13: нотифаи 37-38

ЛИДЕРСТВО КОН ПРОМЕНИ

7 НАВИКИ на УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ

ДВЕ НОВИ ОБУКИ ОД ИМКА БИТОЛА

ДОБРО, ИМАМ ИДЕЈА. СЕГА ШТО?

ТРЕНИНГ ЗА ЕВС МЕНТОРИ

ЕДУКАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО АКЦИЈА

YES ОБУКИ

ШКОЛА ЗА АКТИВНО ГРАЃАНСТВО

И-Тренинг

ШТО Е СЛЕДНО?

стр. 28

стр. 30

стр. 32

стр. 34

стр. 36

стр. 38

стр. 40

Програма за оспособување на млади лидери

стр. 42

стр. 26

ОБУКИ ЗА МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ стр. 41

Page 14: нотифаи 37-38

ЛИДЕРСТВО КОН ПРОМЕНИ

Членови на ИМКА Битола на обука на Лука Лидершип

Лука Лидершип Македонија е непрофитна организација која нуди програми за обука на млади на возраст од 18-35 за лидерство

кон промени и таа е мрежа на организации кои се наоѓаат низ целиот свет во Ирска, Велика Британија, Холандија, Австралија, Јужна Африка и Северна Америка.

Мисијата на Лука Лидершип Македонија е да се помогне во развојот на следната генерација на младите лидери да бидат способни да се справат со најголемите проблеми во нивните заедници и општества, и да ги трансформираат нив со користење на холистички пристап, со резултати кои се одржливи и од кои се надеваме дека ќе имаат корист сите. Затоа, програмите на Лука Лидершип се дизајнирани да обезбедат безбеден простор за вистинска потрага за потребите и проблемите со кои се соочуваат младите во нашето општество.

Во таа насока Лука Лидершип Македонија во партнерство со Лука Лидершип Ирска и со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Норвешка во Скопје покани млади луѓе од Македонија со различно етничко и културно потекло на возраст од 18-28 да биде дел од обуката “Водење заедно”, што се одржа од 20 до 22 април 2012 во Берово.

Програмата беше поставена да им даде на учесниците практично искуство во лидерството кон промени преку балансирана мешавина на теорија, пракса, размислување и дијалог. Моќни сесии, рамки и тимски задачи кои истражуваат како човекот функционира, размислува и чувствува, како се донесуваат одлуките и колку етички се тие, што е комуникација и дијалог, што е соработка, тимска работа и водење на тим во предизвикувачки околности беа дел од темите кои беа разгледани. Програмата беше обемна и сеопфатна, но, исто така и задоволството од сите учесници кои добија многу повеќе отколку што се очекуваше од оваа обука.

Марија Ковачевска

Програмата беше поставена да им даде на учесниците

практично искуство во лидерството кон промени

преку балансирана мешавина на теорија, пракса,

размислување и дијалог.26 27

Page 15: нотифаи 37-38

Во минатиот период ИМКА Битола посвети време и внимание

на обработка на темата за работни вештини на младите во главно преку организација и учество на презентации, работилници и дискусии. Исто така бевме дел од проектот ЈЕС за подигнување на работните вештини на младите во Битола.Но и покрај тоа, сите знаеме дека не зависи се само од одредени и специфични работни вештини кои со соодветна обука секој може да ги научи. Тука пред се мислам на: изработка на квалитетно ЦВ и писмо, подготовка за интервју за работа, комуникациски способности и сл.Покрај работните вештини кои се пред се поврзани со нашата надворешност има и некои

други работи кои се поврзани со нашата внатрешност кои не можат така едноставно и лесно да се научат и применат во пракса. Тука мислам за нашиот став кон животот или со други зборови како ние реагираме

или пак се поставуваме во различните ситуации кои ни ги приредува животот, бидејќи и однесувањето на работното место е дел од животот.За да го изградиме својот став и за да знаеме зошто во

одредени ситуации реагираме на одреден начин, треба да проникнеме во себе си и откриеме зошто сме ние овде и која е нашата мисија во животот. Тука доаѓаме до клучниот момент на

самоспознавање каде можеме да ги согледаме личните вредности кои не водат низ животот. Кога сме свесни кои сме, што сме и зошто сме ние тука, тогаш полесно е да се научат, сфатат и применат

сите преостанати работи во животот.Водени од помислата дека на крајот на краиштата се

зависи од самите нас и дека доколку сакаме да иницираме одредена промена во средината најпрво треба да иницираме промена во самите нас, на 12ти Мај во Американското Катче во Битола ја организиравме и првата обука посветена на книгата „7

7 Навикина Успешните ЛуѓеВиктор Илиев

навики на успешните луѓе“ на Стивен Кови. На обуката како гостин и презентер ја имавме покането Катерина Василеска, претприемач и активист за

човекови права од Охрид, а на истата присуствуваа 20 учесници. Иако на почетокот бевме скептични дали изградениот тренинг модул од цели 5 часа е предолг, на крајот се покажа дека е краток и дека луѓето се гладни за знаење што покажува и следнава изјава на

еден од учесниците: “Ретко искуство во кое истовремено многу успешно се вткаени позитивноста на предавачот со пораката која ја испраќа книгата која беше претставена на семинарот. Предлагам следен семинар, најмалку дводневен. Топло им препорачувам на сите оние кои ќе ја имаат шансата да разберат дека овој семинар повторно се одржува, да не ја пропуштат. Најминималната придобивка од семинарот е поттик за градење нова парадигма, доколку досега сте ја немале. Тоа беше дружење во кое времето ја губи својата димензија, а мозокот утврдува дека нашол одговор на прашањата кои одамна го измачуваат” вели м-р Мимоза Богданоска Јовановска.

доколку сакаме да иницираме одредена промена во средината

најпрво треба да иницираме промена во самите нас

“Предлагам следен семинар, најмалку дводневен. Топло им препорачувам на сите”

фотграф: Карли-Мари Рејес

28 29

Page 16: нотифаи 37-38

Следејќи го фокусот на ИМКА Битола на неформалното образование и настава, две мали обуки беа одржани во мај 2012 кои беа насочени кон подобрување на знаењето и искуството на младите од Битола.

Во морето на информации денес ПР се повеќе добива на важност и значење и токму од тој мотив на 9ти Мај во ИМКА Битола организиравме обука

Јовче Крстески

ПР ОБУКА СО КОНСТАНТИН ПЕТРОВСКИ &ОБУКА ЗА ОСНОВНА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ ДЕН ПОЛИКОВ

составување на буџет, вештините за планирање

на финансиите и штедење кои ќе им помогнат на младите подобро да ги организираат нивните

идни приходи и трошоци.

Во морето на информации денес ПР се повеќе добива на

важност и значење

за основите на ПР (односи со јавност). Обуката ја водеше Константин Петровски, новинар, блогер и млад писател од Битола. Тој преку презентација и едноставни примери ја долови суштината на дисциплината позната како Односи со Јавност. Притоа покрај главната тема за основите на ПР се посвети внимание и на јакнење на конкретни способности преку дискусија за: пишување на писмо до медиуми, пишување на новинарска

статија, давање на интервју и вежба за разработка на случка како практичен пример од кој можеше да се види како влијае начинот на кој се известува за некој настан. Се надеваме дека понуденото беше

доволен поттик за понатамошни истражувања од оваа област за учесниците на оваа обука.

Оваа е една од серијата на обуки кои ИМКА Битола ги организира пролетва со цел подобрување на општото познавање од оваа област која последниве неколку години стана популарна и во Македонија.

Во оваа серија на мали предавања на 14ти Мај се одржа и обука за основните финансиски вештини кои се неопходни посебно за младите во денешницава. Тоа беше мала обука која што ги опфати основните поими и способности како што се составување на буџет, вештините за планирање на финансиите и штедење кои ќе им помогнат на младите подобро да ги организираат нивните идни приходи и трошоци. Обуката се одржа во Американското Катче во Битола кои несебично ни го отстапуваат просторот за настани од ваков тип, а гостин и презентер на истата беше волонтерот на Мировен Корпус Ден Полиаков, инаку млад сметководител кој ни доаѓа од Пенсилванија, САД.

Обука за основна финанска со волунтер Ден Поликов

фотпграф:Карли-Мари Рејес

Две Нови Обукиод ИМКА Битола

30 31

Page 17: нотифаи 37-38

ДОБРО, ИМАМ ИДЕЈА. СЕГА ШТО?

Обуката беше организирана и водена од страна на Мировниот Корпус на Македонија. Таа се случи од 16-18 Мај, 2012 година во Скопје со присуство на околу 20 млади луѓе од различни организации, меѓу кои и ИМКА Битола.Тоа беше одлична можност да се здобијат со повеќе знаење и вештини за дизајнирање и управување со мали локални проекти.

Марија Ковачевска

Обука за раководење со

проектен циклус

32 33

Page 18: нотифаи 37-38

Европскиот Волонтерски Сервис како дел од програмата “Млади во акција” (2007-2013) од Европската Унија има за цел да ги поддржи младите луѓе и нивното учество во различни видови непрофитни и волонтерски активности

во странство. Програмата е наменета за сите млади луѓе од Европа на возраст 18-30 години без разлика на нивната културна, социјална, образовна или економска позадина. ЕВС е искуство кое се случува еднаш во животот т.е. волонтерот може да учествува само во една ЕВС активност. Сепак исклучок може да се направи во случаи на волонтери со помали можности кои може да земат учество во повеќе од една ЕВС

ТРЕНИНГ ЗА ЕВС МЕНТОРИМаја Јонческа

активност, под услов вкупното времетраење на периодите на волонтирање да не е подолго од 12 месеци.

Во еден ЕВС сервис клучна улога има ЕВС менторот. Основните задачи на секој

ментор се да воспостави позитивен однос со волонтерот, да му помага на волонтерот да ги развива своите вештини, да му ги покаже сите расположливи ресурси и начинот на пристап до нив, како и да му помогне на волонтерот да воспостави интеракции во новата средина. ЕВС менторот е личноста која треба да му биде на располагање на волонтерот во секое време и за секои негови

потреби и барања.

Поаѓајќи од овој факт од особено значење е да се реализираат обуки за овој тип на волонтери за поддршка. Така во периодот 10-18 март во Србија се одржа еден таков

тренингот за ЕВС ментори кој беше од особено значење за ИМКА Битола земајќи го предвид фактот дека во последнава година работиме со ЕВС волонтери. На тренингот учествуваа 22 учесници од Грузија, Италија, Македонија, Србија, Романија и Шпанија.

Тренингот се одржа во Сремски Карловци што се наоѓа на десниот брег на реката Дунав на 10 км Нови Сад.

“Во еден ЕВС сервис клучна улога има ЕВС менторот. Основните задачи на секој ментор се да

воспостави позитивен однос со волонтерот... и да му помогне на волонтерот да воспостави интеракции во новата средина. ЕВС менторот е личноста која треба да му биде на располагање на волонтерот во секое време и за секои негови потреби и барања.”

3534

Page 19: нотифаи 37-38

Во периодот 9-17 март во Кључ во Босна и Херцеговина се одржа семинарот за едукација за човекови права. На овој семинар имаше учесници од 8 европски земји меѓу кои: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Германија ,Франција, Шпанија и Унгарија. Организатори на овој семинар беа здружението Мрежа од Кључ и Динара Форум од Градишка, Босна и Херцеговина. Проектот беше одобрен од Германската организација и фондација ЕФУРТ Постадам од Германија на наслов „Culture Goes Europe”.

Тема на разговор беа

човековите права, колку тие се почитуваат и кое е нивото на почитување на овие права во државите учеснички на семинарот, но исто така и во кои земји воопшто не се почитуваат итн. На семинарот исто така се спомена и за војната во Босна, за тоа кои беа причините за нејзиното почнување, кои беа последиците од војната и каква е сегашната ситуацијата во

ЕДУКАЦИЈА ЗАЧОВЕКОВИ

ПРАВАВО АКЦИЈА

Гоце Јошевски Овој семинар беше одлична можност за мене како и за другите учесници да излеземе надвор од нашите држави и да се запознаеме со општата состојба за човековите права низ Европа со цел да имаме и

пореална слика на истите назад во нашите земји.Босна. Овој семинар беше одлична можност за мене како и за другите учесници да излеземе надвор од нашите држави и да се запознаеме со општата состојба за човековите права низ Европа со цел да имаме и пореална слика на истите назад во нашите земји.

Семинарот беше одлично дружење така што покрај тоа

што научивме некои нови работи, ние направиве и неколку екскурзии низ градот Кључ и неговата околина. Ја видовме прекрасната река Сана, а некои од нас исто така го посетивме и главниот град на Босна,Сараево кој што е прекрасен град со голема мултиетничка култура и соживот кој функционира што резултира со немање на никакви отворени конфликти.

36 37

Page 20: нотифаи 37-38

Младинската мрежа за стекнување вештини за вработување ЈЕС е петгодишен проект кој го имплементира центарот за развој на образованието. Тоа е непрофитна организација од САД која што е финансирана од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Како волонтер на ИМКА Битола, која што е една од партнер

организациите на локално ниво, во минатата пола година имав прилика да ги посетам обуките и предавањата кои беа понудени, а кои се одржуваа не само во Битола туку и во повеќе други градови низ Македонија, како Струмица, Тетово, а подоцна и Прилеп, Штип и Гостивар. На обуките и предавањата учествуваа млади, невработени лица,

Маја Јонческа

“целиот проект вклучуваше теми од областа на личниот развој и комуникациските

вештини, потоа подучувања за соодветно однесување на работното место, тимска

работа и лидерство, вештини за барање на работа со вклучени дополнителни предавања

за безбедноста, правата и обврските на работното место, како и неопходните основни

познаваа на финансиските вештини”

често членови на локални НВОи кои заради немањето поволни прилики се приклучиле кон оваа мрежа со цел да научат нешто повеќе и нешто попрактично и покорисно за себе.

Целта на овој голем проект наречен Мрежа ЈЕС е да ги зајакне баш тие вештини, кои се неопходни

YES ОБУКИСтекнување Вештини за Вработување

за вработување на младите во Македонија, посебно оние млади на возраст од 15 до 27 години. Инаку, целиот проект вклучуваше теми од областа на личниот развој и комуникациските вештини, потоа подучувања за соодветно однесување на работното место, тимска работа и лидерство, вештини за барање на работа со вклучени дополнителни предавања за безбедноста, правата и обврските на работното место, како и неопходните основни познаваа на финансиските вештини. Во текот на зимскиот период оваа година во Битола, како и во некои од другите градови, се одржаа предавањата, лекциите и вежбите кои се од исклучителна

важност за целната група која ги посетуваше. Со оглед на тоа што претходно бев вклучена во обуките, сега имав шанса и самата да се вклучам и споделам знаењата со останатите учесници но и со останати волонтери во мојата организација ИМКА Битола.

Се надевам дека ќе има повеќе вакви обуки или слични на оваа во иднина, затоа што навистина се тоа теми кои треба постојано да се лесно достапни за младите, а кои од друга страна пак со оглед на недостатокот на вакви знаења во формалното образование, треба да ги користат сите вакви прилики за се стекнат со овие толку неопходни вештини во денешно време за секој млад човек.

“со оглед на недостатокот на вакви знаења во формалното

образование, треба да ги користат сите вакви прилики за се

стекнат со овие толку неопходни вештини во денешно време за секој млад човек.”

38 39

Page 21: нотифаи 37-38

Школата за активно граѓанство беше организирана и наменета пред сè за млади претставници на граѓански организации и неформални групи. Таа се состоеше од два семинари кои се одржаа во 10-13 мај во Велес и вториот во 8-10 јуни во Скопје. Овие семинари имаа за цел да обезбедат неопходно знаење во форма на лекции со интерактивни вежби и да понуди развивање на вештините за реализирање на граѓански иницијативи. Школата за активно граѓанство се спроведува од Форум - Центарот за Стратегиско Истражување и Документација (Форум - ЦСИД), а финансиски е поддржана од Агенцијата на САД за Меѓународен Развој (УСАИД).

Школата за активно граѓанство имаа прилика да ја посетат млади на возраст од 18 до 35 години од разни градови низ Македонија. Преостанува да се одржи уште последниот, трети модул во првата фаза од овој проект и со тоа оваа мини - школа ќе биде завршена. После тоа следува повторно семинар со истите три модули за нови заинтересирани млади луѓе.

Првиот модул кој беше воведен, имаше за цел да ги запознае учесниците со основните поими и алатки потребни за активно граѓанско учество и во тие рамки се одржаа предавања и вежби на следниве теми: граѓанското општество и неговото значење, структурата на општеството и местото на

граѓанскиот сектор во него, граѓанската иницијатива и нејзиното значење, граѓанинот и неговото место како и можноста за активно учество во јавната сфера (држава, политика, граѓанско општество, медиуми). Вториот модул беше насочен кон усвојување и развивање на практични алатки поврзани со односи со јавноста и властите како дел од граѓанскиот активизам, комуникација со медиумите и говорнички вештини. Третиот модул е замислен како еднодневна средба каде учесниците од првата фаза ќе се сретнат со оние од втората и ќе имаат прилика да ги споделат стекнатите искуства и тоа е планирано да се случи во Ноември.

Школата понуди огромно знаење за тоа што значи едно современо и модерно граѓанско општество кон кое што сите ние кои што сме во граѓанскиот сектор треба да се стремиме. Тоа е дел од одговорноста која што паѓа на сите нас кои сме некаков дел од граѓанскиот сектор во Македонија.

ШКОЛА ЗА АКТИВНО ГРАЃАНСТВОЈовче Крстески

Школата понуди огромно знаење за тоа што значи едно

современо и модерно граѓанско општество

кон кое што сите ние кои што сме во граѓанскиот

сектор треба да се стремиме. Тоа е дел

од одговорноста која што паѓа на сите нас кои сме некаков дел од

граѓанскиот сектор во Македонија.

40 41

Проектот на УСАИД за активно граѓанство создаде т.н. Школа за Активно Граѓанство каде што младите, претставници на различни граѓански организации и неформални групи, имаа прилика да стекнат неопходни знаења и вештини за реализирање граѓански иницијативи.

Школата е составена од два дела, кои ги спроведуваат Младинскиот образовен форум (МОФ) и Форум - центарот за стратегиско истражување и документација. Во рамки на она кое што беше реализирано од страна на МОФ учесниците имаа прилика да ги продлабочат своите знаења на следниве на следниве теми:

Слобода на здружување

Младински политики

Граѓански иницијативи и

А р г у м е н т и р а н о

ОБУКИ ЗАМЛАДИНСКИ АКТИВИЗАММарија Ковачевска

ИМКА Битола имаше свои учесници на овие настани, како и на другите слични бидејќи тие нудат вештини и знаења кои се неопходни за одржување на д е м о к р а т с к и о т развој на граѓанското општество во

Македонија.

изразување.

Исто така учесниците имаа можност да организираат иницијативи, стимулираат повеќе страни преговори, да научат за ненасилната комуникација и да ги вежбаат нивните способности во делот односи со медиуми.

ИМКА Битола имаше свои учесници на овие настани, како и на другите слични бидејќи тие нудат вештини и знаења кои се неопходни за одржување на демократскиот развој на граѓанското општество во Македонија.

Page 22: нотифаи 37-38

www.ymcabitola.org.mk

www.facebook.com/ymcabitola.org.mk

МОЖНОСТИНапуштете ја дневната монотонија и не останувајте пасивни! Активирајте се!

Ние ви нудиме можности за учење, патување, волонтирање и откривање на нови хоризонти! Искористете ги овие можности кои се

пред вас, учете, градете го личното резиме, стекнете искуство, растете како личност и преземете си ја иднината во вашите раце!

УЧЕСТВУВАЈ НА ОБУКА

ОСТАНЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

На нашата веб страница www.ymcabitola.org.mk погледнете ја последната понуда на слободни места за аплицирање на некоја обука кои сметаме дека се одлична можност и дека ќе ви бидат од корист доколку посетите некои од нив. Поголемиот дел од обуките се или со ниска партиципација на учество во

вкупните трошоци или пак се со целосно покриени трошоци.Листата на настани ја обновуваме постојано така што во секој момент

можете да најдете отворени конкурси за аплицирање.Доколку имате одредени прашања пишете ни на

[email protected] или посетете нè.

И-ТРЕНИНГ

поврзаниСледни

настани

42 43

Page 23: нотифаи 37-38

ФЛЕШ МОБ ОД БИТОЛА

БАЛКАНСКИ КАМП 2011

ШТО Е СЛЕДНО?

И-ФИЛМ

стр. 47

стр. 48

Програма за промовирање на видеоарт и поддпшка на млади уметници

стр. 46

стр. 20

стр. 22

Право на Младинско Информирање - Отворено Прашај

Волонтири: Лидери на Заедниците

Следни поврзани настани

Toxic Planet 2

И-Стрип Програма са промовирање на стрип и илустрации

стр. 58

Page 24: нотифаи 37-38

I> FILMnovividea

На денот на волонтерите, 5ти Декември се случи еден мал, но интересно спакуван флеш моб на кој учество зедоа повеќе млади од повеќе младински здруженија во Битола. Логистиката на настанот беше на Тугедер Македонија, кореографијата од страна на танцовиот клуб „Степ“ помогнат од младата театарска аматерска група „Без Маски“, а изработката на видео записот на ИМКА Битола.

Настанот претставуваше интересен спој

Изминатава декада прекрасното село Нимфео (Невеска) на 1.500м надморска висина на планината Вици во северниот дел од Грција стана доста познато по организирањето на Балканскиот ИМКА камп.

На кампот вообичаено се организираат разни игри и вежби за зајакнување на лидерските способности помеѓу младите, презентации на организациите и државите од кои доаѓаат и нивните искуства во организирањето

ФЛЕШ МОБ ВО БИТОЛА

Јовче Крстески

БАЛКАНСКИ КАМП 2011

od2или учество на други младински настани, како и планинарење, спортски натпревари, забавни активности и сл.

Текстот за овој камп е објавен во НотифаИ 35, а овде можете да го погледнете промотивното видео кое го изработивме:

http://www.ymcabitola.org.mk/mult i -media/v ideo/balkansk i_kamp_2011_-_%E2%80%9Evrakanjeto_vo_kampot_nimfeo%E2%80%9C

на разни музички стилови и танци кои го привлекоа вниманието на многу случајни минувачи кои тоа попладне минуваа низ Широк Сокак во Битола и со тоа се потенцираа интернационалниот ден на волонтерите.

Погледнете го видеото следниот линк и можеби ќе ве инспирира да направите нешто слично и во вашиот град! Уживајте!

http://www.ymcabitola.org.mk/multimedia/video/flesh_mob_za_denot_na_volonterite

46 47

Page 25: нотифаи 37-38

ШТО Е СЛЕДНО?Следни видеа кои се во фаза на реализација од И-Филм е видеото за Младинскиот Лидерски Камп кој се одржа летово во Тајмиште. Настанот помина супер, а се надеваме дека и видеото ќе го прикажи тоа. Но, за тоа во следното издание на НотифаИ! Исто така се работи и на видеото од истиот настан кое беше во реализација на учесниците и уште едно видео кое е малку поинакво за кое наскоро исто така ќе

чуете во некое од следните изданија на НотифаИ.

И-ФИЛМ

поврзаниСледни

настани

48 49

Page 26: нотифаи 37-38

pg. 11

pg. 12

Volunteerism

Upcoming Events: Volunteerism

стр. 52Тренинзи во Зима

Ацид Трипл Програма за улични перформанси со оран

стр. 53

Прв Голем Настап во Зима

стр. 54

Перформанс во Струмица

стр. 53

Што е Следно?

Здрав Живот СтилПрограма за поттикнување здрав начин на живот

стр. 64ВОДИЧ КОН ПОСЛАДОК ЖИВОТ 2стр. 62ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

ШКОЛА ЗА АКТИВНО ГРАЃАНСТВО

ШТО Е СЛЕДНО?

стр. 40

стр. 42ОБУКИ ЗА МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ стр. 41

Page 27: нотифаи 37-38

52 53

by Goran Mitrevski

За Ацид Трипл оваа година започна интересно. Настапите на Ацид Трипл вообичаено се во периодот мај-септември, но оваа година е различно. Благодарение на соработката на ИМКА Битола и Центарот за Култура оваа година во текот на ладниот зимски период кога не може да се работи на отворено, нас ни беше овозможено да ги правиме тренинзите во сала. Работевме макотрпно и ја подготвувавме програмата за периодот кој следуваше. Благодарност до Центарот за Култура во името на Ацид Трипл!

Тренинзи иво Зима

Прв Голем Настап во

ЗимаНашиот период е лето, но ова беше настан на кој едноставно мораше да се настапи! На 6ти јануари – Коледе, Битола секоја година организира настан за граѓаните на градскиот плоштад со коледарски оган и бесплатно гравче, ракија и вино. Прославата по обичај е збогатена и со музичка програма на неколку битолски бендови. Оваа година Ацид Трипл имаше прилика да ја отвори ноќта на огнот. Групата со својот перформанс учествуваше во традиционалното палење на коледарскиот оган. Публиката на Битола повторно уживаше во 30 минутната програма на Ацид Трипл.

Оваа година Ацид Трипл

имаше прилика да ја отвори

ноќта на огнот. Групата со својот

перформанс учествуваше во

традиционалното палење на

коледарскиот оган.

Отворањето на новиот локал „Космополитен“ кој е во склоп на локалите под покровителство на Пинда беше доволен мотив за уште еден настап на Ацид Трипл пред струмичката публика. Локалот е со капацитет од 3000 посетители. Покрај стандардната програма на жонглирање со шипка и пои, последната егзибиција одење по оган беше збогатена со драматично сценарио од која што публиката остана во занес кој беше проследен со громогласен аплауз. Струмичани со нетрпение ја очекуваат следната можност повторно да уживаат во огненото доживување на Ацид Трипл.

Перформанс во Струмица

Покрај стандардната програма на жонглирање со шипка и пои, последната егзибиција одење по оган беше збогатена со драматично сценарио од која што публиката остана во занес кој беше проследен

со громогласен аплауз.

Танц соОгнотГоран Митревски

Page 28: нотифаи 37-38

ШТО Е СЛЕДНО?Следуваат настапите во кампот на Бондстил на Косово, настапот на ВУФ Фестивалот во Хрватска и настапот на затворањето на БитФест во Битола за кои ќе можете да читате во следниот број на НотифаИ.

АЦИД ТРИПЛ

поврзаниСледни

настани

54 55

Page 29: нотифаи 37-38

Toxic Planet 2

И-Стрип Програма са промовирање на стрип и илустрации

стр. 58

ФЛЕШ МОБ ОД БИТОЛА

БАЛКАНСКИ КАМП 2011

ШТО Е СЛЕДНО?

стр. 47

стр. 48

стр. 46

ИМКА Македонија Ги оспособуваме младите!

стр. 74БАЛКАНСКИ ПРОЕКТ

стр. 72ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ИМКА

Page 30: нотифаи 37-38

58 59

Page 31: нотифаи 37-38

стр. 68ШТО Е СЛЕДНО?

Здрав Живот СтилПрограма за поттикнување здрав начин на живот

стр. 64ВОДИЧ КОН ПОСЛАДОК ЖИВОТ 2стр. 62

стр. 66YMCA World Challenge

ИМКА Битола

Собрание на Коалиција на младински ганизации СЕГА

стр. 80Конференција на Моделот на Обединети Нации во Македонија

стр. 81

Ги оспособуваме младите!

стр. 82Конференција на Моделот на Обединети Нации во Македонија

стр. 53

Прв Голем Настап во Зима

стр. 54

Перформанс во Струмица

стр. 53

Што е Следно?

Page 32: нотифаи 37-38

можете да се вклучете ве молиме контактирајте ја ИМКА Битола или посетете ја:

www.ajdemakedonija.mk.

Откако заврши денот на прославување на нашата земја, учениците беа запознаени и забавувани со проекцијата на

Утрото на 22 Април ново отворената летна училница на основното училиште „Коле Канински“ беше полна со млади насмеани лица и ентузијазам во воздухот. Педесет ученици, наставници и вработени заедно со членови на ИМКА Битола и волонтери на Мировниот Корпус се собраа да учествуваат во

прославата на Денот на планетата Земја. Студентите го поминаа својот ден на учење за значењето на екологијата, креативни проекти од типот „направи сам“, како и за националниот проект за расчистување „Ајде Македонија“. Тоа беше возбудлив и информативен ден за сите.

Утрото започна со интерактивна

презентација од волонтерката на Мировниот Корпус од Битола - Хелен Вејд за тоа како да ги користат фрлените предмети од дома и да се создадат убави уметнички дела. Децата беа охрабрени да ја користат нивната креативност и да размислат за фрлањето на ѓубрето кое лесно може да се претвори во богатство.

По изложбата, учениците беа во можност да ги користат своите ново стекнати знаења за забава преку изработка на ѓердани од стари списанија и жила. Дури и најмладите учесници се уверија во способноста да направат едноставно ѓубре во прекрасно парче накит.

По изработката на ѓерданите сите се упатија кон празната училница на кратка презентација на програмата на Ајде Македонија. Учениците и наставниците беа информирани за тоа како тие би можеле да помогнат на својата заедница и нација во обидот за собирање на ѓубре и да се биде дел од ова национално движење. За повеќе информации за тоа како

цртаниот «The Lorax». Тоа е краток анимиран филм врз основа на книгата на д-р Seuss, забавна приказна која на малите деца на едноставен и забавен начин им покажува за важноста на чувањето на животната средина чиста и безбедна.

Денот на планетата Земја беше ден полн со забава и едукативни активности за децата и возрасните во основното училиште “Коле Канински”. Овие активности кои имаат за цел да ги просветлат и мотивираат сите вклучени нема скоро да се заборават. Ние никогаш не сме премногу млади или стари за да станеме, да проговориме и да ја заштитиме нашата земја.

Карли-Мари РејесКако од отпад да се направи богатство

ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Ние никогаш не сме премногу млади или стари за да станеме, да проговориме и да ја заштитиме

нашата земја.

62 63

Page 33: нотифаи 37-38

ПОСЛАДОК ЖИВОТ

ВОДИЧ КОН 2На што помислувате кога ќе го слушнете зборот „благо“? На нешто слатко? На храната која е богата со шеќери и други материи со сладок вкус? Дали знаете дека шеќерите се самите по себе широка група материи во која постојат многу поделби?

Кога се зборува за шеќери најчесто се мисли на најупотребуваните во човековата исхрана: глукозата (или гроздов шеќер), фруктозата (или овошен шеќер) и нивното соединение - сахароза (или обичен шеќер). Меѓутоа тие не се единствените материи кои се среќаваат во големи количини во слатките што ги јадеме, односно во диеталните производи. Тие најчесто се заменуваат со таканаречените вештачки засладувачи кои иако имаат сладок вкус не мора да се шеќери по хемиска структура.

Вештачки, природни, рафинирани шеќери и засладувачи. Кои се добрите, а кои треба да се избегнуваат? Тоа полесно ќе може да се знае од кога ќе се разгледаат следниве факти:

Рафиниран бел шеќер или сахароза - соединение кое термички се обработува и затоа не содржи минерали, витамини и протеини. Разложувањето на сахарозата во нашето тело ги црпи минералните материи кои се неопходни за нормална функција на целокупниот имун

(Продолжение од минатото издание на НотифаИ)

систем на телото. Резултат? Замор, инфекции и поттикнување на создавање на мрснотии (холестерол и триглицериди).

Мед - соединение кое како и сахарозата е спој на глукоза и фруктоза. Тој е природен засладувач кој содржи ензими, минерали (калциум, калиум, железо, манган, натриум, цинк, селен и магнезиум), антиоксиданси и витамини, кои го јакнат имуниот систем. Покалоричен е и посладок од обичниот бел шеќер па затоа се користи во помали количини.

Аспартам - Вештачки засладувач кој е 220 пати посладок од обичниот шеќер, а самиот не е шеќер по хемиска структура. Својот сладок вкус го добива делувајќи уништувачки врз нервните клетки. Во организмот се трансформира (метаболизира) во неколку отровни и канцерогени супстанции како: Формалдехид - кој останува во нашите ткива засекогаш, Метанол (дрвен алкохол) - кој се користи и како разредувач на лакови и соединението Дикетопитеразин - докажан предизвикувач на тумор на мозокот. Поради ова користењето на аспартамски засладени храни и пијалоци се поврзува со голем број пореметувања како што се: мигренозни напади, губење на вид, автоимуни болести (лупус и паркинсон) и многу други. (Продолжува во следното издание на НотифаИ)

Кога се зборува за шеќери најчесто се мисли на најупотребуваните во

човековата исхрана: глукозата (или гроздов шеќер), фруктозата (или овошен шеќер) и нивното соединение - сахароза (или обичен шеќер). Меѓутоа тие не се единствените материи кои се среќаваат во големи количини во слатките што ги јадеме, односно во диеталните производи. Тие најчесто се заменуваат со таканаречените вештачки засладувачи кои иако имаат сладок вкус не мора да се шеќери

по хемиска структура.

Аспартам - Вештачки засладувач

кој е 220 пати посладок од

обичниот шеќер

64 65

Page 34: нотифаи 37-38

Следува интересен настан. Hoop Springs Eternal е координирана активност која ќе се одржи на 13 Октомври со цел мобилизирање на 5 милиони луѓе при што ИМКА во светот ќе ја каже својата приказна за работата со младите луѓе веќе над 160 години. Настанот ќе се случува во илјадници населени места на 5 континенти и ќе се состои во фрлање на кошеви. ИМКА со овој настан ќе постави нов светски

рекорд во фрлање кошеви.

Настаната во 1890 год, кошарката е еден од најпопуларните спортови на светот кој се користи за оспособување на младите и промовирање на здрав животен стил. Настанот на глобално ниво е поддржан од

Светската Кошаркарска Федерација ФИБА и УНЕСКО.

Во Битола настанот ќе бид организиран од страна на ИМКА Битола. Како партнер организација е Детскиот Парламент на Битола. Листата на соработници е отворена и ги покануваме сите љубители на кошарката да учествуваат во овој интересен настан. Настанот е

од отворен тип и секој е добредојден.

Повеќе информации можете да најдете на следните линкови:http://www.ymca.int/

http://challenge.ymca.int/http://www.facebook.com/ymcabitola.org.mk

66 67

Page 35: нотифаи 37-38

ШТО Е СЛЕДНО?Изминатиот период поради забраните за одење на планина како превенција од пожари не организиравме ниту една планинарска тура. Но во следниот период

очекувајте: планинарење, еколошки акции, пинг понг, кошарка.Спремете се!

ЗДРАВЖИВОТ СТИЛ

поврзаниСледни

настани

68 69

Page 36: нотифаи 37-38

стр. 76ШТО Е СЛЕДНО?

ИМКА Македонија Ги оспособуваме младите!

стр. 74БАЛКАНСКИ ПРОЕКТ

стр. 72ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ИМКА

Toxic Planet 2

И-Стрип Програма са промовирање на стрип и илустрации

стр. 58

Живот во Битола култура, места, навики, традиции, и тренд

стр. 94ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА БИТОЛА: МУЗЕЈОТ

Page 37: нотифаи 37-38

Повеќе од 130 учесници, претставници 29 националните движења се собраа во Прага како делегати на Генералното Собрание на ИМКА Европа. Под насловот “Корени и Лисја» програмата вклучи микс од говорници, групи за дискусија, презентации и изборите за секое место на Извршниот Комитет.

Генералното Собрание оваа година се фокусираше на “Мир/правда/ Демократија” главните програми опишани во Стратешкиот План (2011-2016). Три говорници споделија интересни размислувања на трите теми следени од страна на групите за дискусии на учесниците кои излегоа со неколку препораки што ќе се користат од страна на ИМКА

ГЕНЕРАЛНОСОБРАНИЕ

НА ИМКАКОРЕНИ И ЛИСЈА

Европа во спроведувањето на Стратегијата.

На Генералното Собрание двете програми ЈЕС и за Младински Политики беа истакнати како јасна и ефективна платформа за учество на младите и развој во рамките на нашите ИМКА организации во Европа. Во Градското Собрание на градот Прага се одржа презентација на LOVE2LIVE фестивалот на ИМКА Европа. Различни локални и национални иницијативи беа презентирани на традиционалниот базар.

ИМКА Македонија беше дел од овој голем настан кој нуди можност да се сретнеме и разговараме со нашите партнери за тековните и идните проекти.

На Генералното Собрание двете програми ЈЕС

и за Младински Политики беа

истакнати како јасна и ефективна

платформа за учество на

младите и развој во рамките на нашите ИМКА

организацииво Европа

72 73

Page 38: нотифаи 37-38

АКТУ

ЕЛНО

НА Балканскиот проект координиран како долгорочен процес за развој на

ИМКА во балканскиот регион беше иницирана во 2000 година. Периодот 2012-2014 е следната важна фаза од неа. ИМКА постои во следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Црна Гора, Република Македонија, Косово, Романија и Србија. Сите тие ја создаваат оваа област на фокус интерес. Главната цел на проектот е континуирана поддршка и олеснување на развојот на националните и локалните ИМКИ на Балканскиот Полуостров.

БАЛКАНСКИ ПРОЕКТ

Почнувајќи од 2011 година, идејата за клуб Аикидо во Бачки Петровац почна да има смисла. По идеја и работилници на г-дин Ион Стате - Сенсеи во ИМКА доџо од Констанца, Романија - група на ентузијасти и посветени членови на ИМКА го започна во Бачки Петровац нивниот доџо. Во текот на летото група деца беа вклучени во разни видови на активности: граѓанско образование, средби со полицијата, противпожарната бригада, во Зоолошката градина посети, лекции за храна, посети во радио студио, театар, сликање на лица, игри и многу забава.

СРБИЈА

Не сме никогаш премногу стари за да научиме! Сениорската Академија е социјално-образовен проект направен од страна на студентите на Плус ИМКА Фондација во соработка на Тимис Каунти Советот кој се состои во курсеви по англиски јазик и култура за пензионери. Преку олеснување на пристапот на постарите од овие курсеви, ИМКА има за цел да им помагаат на овие лица да се стекнат со знаења, како и создавање на можности за социјална интеракција, реафирмирајќи ја важноста и нивната улога во општеството и потреба за признание.

Организирана од Азра Богучанин, извршниот директор на ИМКА на Босна и Херцеговина, школата за тенис работи во Сараево. Своите часови се за децата и младите, кои работат во текот на летото на отворено и на затворено во текот на зимата.

Од 1 мај ИМКА Скопје отвори нова канцеларија, лоцирана во Ново Лисиче - една од најурбаните предградија на Скопје. Новата адреса на канцеларијата е Булевар АСНОМ 34, Ламела 3, 1000 Скопје.

Среќни сме да објавиме за нова ИМКА на Балканот - Црна Гора. Нејзините цели за наредниот период се консолидација на програмскиот буџет за одржлив развој, институционално зајакнување на капацитетите во однос на управување и администрација, препознавање на целните групи и развој на програми кои се во согласност со нивните потреби. Честитки од НотифаИ тимот!

БАЛКАНОТ...

Аикидо / Летни активности за деца во ИМКА Бачки Петровац

РОМАНИЈАСениорска ИМКА Академија во Темишвар

ЦРНА ГОРА

Школа за Тенис на ИМКАБОСНА и ХЕРЦЕГОВИНА

Нова ИМКА на Балканот

МАКЕДОНИЈАИМКА Скопје во нова канцеларија

За повеќе следете ја www.ymcabalkans.com74 75

Page 39: нотифаи 37-38

ШТО Е СЛЕДНО?

Прочитајте го информаторот кој го издава Светската ИМКА организација каде ќе најдете и дел од нашите приказни ;)

www.ymca.int/resources/ymca-world-magazine

Запад се сретнува со Исток

Фестивалот на ИМКА Европа 2013

Информатор на Светската ИМКА

Истанбул, се наоѓа во Европа и во Азија, е град каде што може да биде сведок на наследство од осум илјади години од човековата цивилизација, место каде ориенталните и европските култури се испреплетени едни на други а сите големи религии се тука. Истанбул е исто така место каде ИМКА почна да работи уште во 1914 година. Па затоа не е случајно тоа што на 15 до 20 октомври во Истанбул, ИМКА Европа ќе ја одржи следната

конференција под мотото “Каде Западот се сретнува со Истокот».

Настанот ќе биде клучна активност за имплементација на Стратегијата 2011-2016 на ИМКА Европа со акцент на приоритетите во таа стратегија. Таа е наменета за поттикнување на капацитетите на главните иницијативи на ИМКА Европа и тековните проекти во Источна Европа и на Балканот во заеднички форум отворен на пан-европско ниво. Таа, исто така

ќе им обезбеди можност на презентација на ИМКА во Турција.

Регистрирајте се сега На http://reg.yefestival.com можете да се регистрирате група за Фестивалот на ИМКА Европа 2013. Фестивалската веб страна е ажурирана, па можете да ја најдете програмата

и регистрација за сите настапи на фестивалот.ИМКА

МАКЕДОНИЈА

поврзаниСледни

настани

76 77

Page 40: нотифаи 37-38

стр. 82Конференција на Моделот на Обединети Нации во Македонија

ИМКА Битола

Собрание на Коалиција на младински ганизации СЕГА

стр. 80Конференција на Моделот на Обединети Нации во Македонија

стр. 85Информативни денoви за програмата „Млади во акција“

стр. 84Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор

стр. 84Стратегија на Општина Битола за соработка со граѓанските рганизации

стр. 88Совет за Малолетничко Престапништво во Битола

стр. 86Даноците и граѓанските организации

стр. 85Работилница „Можности за финансирање преку ИПА 2012-13“

стр. 90Отворање на Летната Училница во ОУ Коле Канински

стр. 81

Ги оспособуваме младите!

Page 41: нотифаи 37-38

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со волонтерите на Мировниот Корпус во Македонија, во просториите на Економскиот Факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип организираа Годишна Конференција на Моделот на Обединети Нации во Македонија 2012. Повеќе од 170 млади луѓе од: Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Берово, Делчево, Радовиш, Штип и Велес, во улога на делегати ги застапуваа ставовите на 25 земји членки на ОН

Собранието на Коалиција на младински организации СЕГА се одржа во Скопје. Од предвидениот дневен ред со мнозинство гласови од полноправните (основни) членки на СЕГА беа усвоени дневниот ред и записникот од претходната седница на Собранието. Како посебна точка од дневниот ред беше ревидирано членството на СЕГА (организациите членки) согласно Статутот. Исто така Собранието ги разгледа и усвои извештаите на Управниот Одбор и Надзорниот Одбор како и Програмскиот и Финансискиот извештај на СЕГА за 2011 година. Беше разгледана и усвоена Годишната Програма на СЕГА за 2012 година и на крајот Собранието даде свои препораки

за правецот на делување на СЕГА во иднина.

Собрание на Коалиција

на младински организации

СЕГА

Конференција наМоделот наОбединети Нации

во Македонијаво 6 различни тела на Обединетите Нации и имаа задача да дебатираат на реални светски теми, поврзани со трговија

со луѓе, намалување на сиромаштијата, финансискиот долг, нуклеарно разоружување и сл.

80 81

Page 42: нотифаи 37-38

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка

со волонтерите на Мировниот Корпус во Македонија, во

просториите на Економскиот Факултет при Универзитетот

Гоце Делчев – Штип организираа Годишна Конференција на

Моделот на Обединети Нации во Македонија 2012. Повеќе

од 170 млади луѓе од: П

рилеп, Битола, О

хрид, Струга

,

Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово, Крива

Паланка, Кочани, Б

ерово, Делчево, Радовиш, Ш

тип и

Велес, во ул

ога на делегати ги заста

пуваа ставовите

на 25 земји членки на ОН во 6 различни те

ла на

Обединетите Нации и имаа задача да дебатираат на

реални светски теми, поврзани со трговија со луѓе

,

намалување на сиромаштијата, финансискиот

долг, нуклеарно разоружување и сл

.

Конференција на

Моделот на Обединети Нации

во Македонија

82 83

Page 43: нотифаи 37-38

Работилница„Можности за финансирањепреку ИПА 2012-2013“

повеќемесечна заедничка успешна работа на Општина Битола и граѓанските организации. Процесот на подготовка на стратегијата беше воден од МЦМС како дел од проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“, спроведуван од МЦМС, а финансиски поддржан од Европската Унија.

Владата на Република Македонија во Јуни ја усвои Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017) со Акцискиот план за спроведување. Основна цел на Стратегијата е промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор преку мерки на зајакнување на

Во Април Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) во соработка со Општина Битола организираше промоција на „Стратегија на Општина Битола за соработка со граѓанските организации и негов постојан развој (2012-2015).“ Стратегијата е резултат на

Стратегијана Општина Битола за соработкасо граѓанските организации

Стратегијаза соработка на Владата

со граѓанскиот сектор

На почетокот на годинава во просториите на скоро отворената Национална Агенција се одржаа 3 информативни денови за програмата „Млади во акција“ на Европската Комисија. Целта на овие инфо денови беше информирање на граѓаните за можностите кои ги нуди програмата „Млади во акција“, начинот на аплицирање,

Центарот за обуки при канцеларијата за техничка поддршка за ИПА за Македонија Во Април одржа еднодневна работилница во Битола која имаше за цел да го подобри разбирањето на целите и механизмите на ИПА како и да се промовира овој инструмент пред граѓанските организации, односно пред публика која нема искуство во користење на Европските фондови. Популаризацијата на

Информативни денoви за програмата „Млади во акција“

критериуми за користење на програмата и можноста за аплицирање во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Корисници на програмата „Млади во акција“ се младите, младинските здруженија и други институции кои дејствуваат во полето на неформалното образование.

овој сложен инструмент е од големо значење за граѓанските организации кои во Македонија се уште немаат доволно развиена свесност за неговото значење, но и организациски капацитет за искористување на истиот. На работилницата имаше голем број на организации кои поставуваа многу прашања поврзани со темата, а кои произлегуваа од личните искуства при работата со ИПА фондовите.

Стратегијата можете да ја најдете во библиотеката на веб страната на ИМКА Битола.

взаемната соработка во пет приоритетни области: Развиен и одржлив граѓански сектор; Активно учество во дефинирање политки, закони и Европска интеграција; Економски развој и социјална кохезија; Зајакнат граѓански активизам и поддршка од заедницата и Зајакната институционална рамка и практики за соработка.

84 85

Page 44: нотифаи 37-38

Во Јуни се одржа семинарот „Даноците и граѓанските организации - ефекти и како до подобрени решенија“ во организација на тимот на Проектот Техничка поддршка на граѓанските организации –ТАКСО. Целта на семинарот беше да се продискутира даночната рамка која се однесува на граѓанските организации, нејзината примена во пракса и проблемите кои произлегуваат при тоа, како и можностите за нивно решавање и подобрување. На семинарот се обработија повеќе даноци и закони поврзани со граѓанските организации.Кога е во прашање даночната рамка, граѓанските организации, дури и оние кои работат на теми кои се од јавен интерес, сметаат дека се третирани исто како комерцијалните бизниси. Законот за здруженија и фондации од 2010 година предвидува даночни олеснувања, кои се повисоки за организациите со статус од јавен интерес, но истите не се дефинирани со овој Закон. Следствено потребно е усогласување на даночните закони за овие олеснувања да им бидат достапни на граѓанските организации.Експертот за даночни прашања Славко Лазовски смета дека граѓанските организации како непрофитни, по својата суштина на постоење и цел на дејствување не се оние од кои треба да се побаруваат даноци. Според него и тврдокорните даночници треба да се повлечат пред одредени видови приходи кои ги остваруваат организациите како што се: членарината, донациите, средствата за бесплатна помош во кризни ситуации итн.

Даноците и граѓанските организацииефекти и како до подобри решенија

86 87

Page 45: нотифаи 37-38

Советодавната група на граѓани од Битола во соработка со отсекот за превенција при СВР Битола и локалниот совет за превенција за малолетничко престапништво во март одржа трибина за поширока консултација и предлагање и преземање на превентивни мерки на подрачјето на Општина Битола за спречување на насилство меѓу младите.

88 89

Совет за Малолетничко Престапништво

во Битола

Page 46: нотифаи 37-38

Отворање на Летната УчилницаВо месец Март фино беше да се види отворањето на летната училница во ОУ Коле Канински. Задоволството е уште поголемо кога ќе вложиш голем труд и потоа ги видиш резултатите од тоа. Слики од отворањето

можете да најдете во галеријата на наша веб страница.

во ОУ Коле Канинскиет

90 91

Page 47: нотифаи 37-38

Живот во Битола култура, места, навики, традиции, и тренд

стр. 94ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА БИТОЛА: МУЗЕЈОТ

стр. 76ШТО Е СЛЕДНО?

стр. 74БАЛКАНСКИ ПРОЕКТ

стр. 72ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ИМКА

За ИМКА Битола

Page 48: нотифаи 37-38

Еден од најзначајните историски споменици на Битола е Националната Установа „Завод и Музеј“ – Битола.Во минатото овој објект бил турско воено училиште – касарна. Зградата е изградена во 1848 година, кога Битола го доживува најголемиот економски и културен развој. Првата функција на оваа зграда била како Воена гимназија „Идадие“, а подоцна прераснува во Воена академија „Харабие“. Во неа се школувал и таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк.Во архитектонска смисла објектот претставува синтеза на западноевропска и ориентална архитектура, по својот план, единствен примерок во Македонија. Едноставниот и смирен неоренесансен стил на фасадата, како и во основната функционална концепција на објектот, се надополнува со ориентални стилски елементи на прозорците,

ЗАПОЗНАЈТЕЈА БИТОЛА: МУЗЕЈОТ

За повеќе информации: http://www.bitolamuseum.org

Билјана Т.Димко

Во архитектонска

смисла објектот претставува синтеза на

западноевропска и ориентална архитектура,

по својот план, единствен

примерок во Македонија.

влезовите и атиката.Затоа, од 1983 година овој објект е адаптиран за презентација и заштита на културното богатство од ова подрачје. Илјадниците експонати од кои само дел се изложени, ги чуваат цивилизациските вредности на различните епохи, формирајќи ја на тој начин културно историската карта на регионот. Постојаната археолошка поставка каде се проследуваат различните етапи од историјата на ова поднебје, Градската соба, Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк како и бројните повремени изложби од различни области им даваат можност на посетителите да го почувствуваат духот на минатото и барем за момент да доживеат миг од историјата која ја создавале минатите генерации. Но, и овој миг во следниот момент ќе биде историја, па затоа секој од нас постојано станува дел од оваа наша заедничка историја, од ова наше постоење.

94 95

Page 49: нотифаи 37-38

ИМКА Битола е непрофитна, невладина, нерелигиозна инклузивна младинска асоцијација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно работи со нив во нашата средина. ИМКА Битола е дел од семејството на ИМКА распространето во

125 земји ширум светот со повеќе од 45 милиони членови. ИМКА Битола е основана во мај 2002ра.

Во ИМКА Битола добредојдени се сите луѓе, со акцент на младите. Ние работиме на активности од јавен интерес: не-

формално образование, култура и уметност, здрави животни навики, граѓанско општество и човекови права. Активностите ги реализираме во форми на: обуки, семинари, работилници,

кампови, фестивали, меѓународни студиски посети и други активности. Работиме на локално но и на меѓународно ниво.

Мултимедиски производи од нашите активности се: документарни филмови, кратки видеа, стрипови и промотивни материјали.

Погледнете ги нашите активности тука.

Погледнете ја нашата веб-страна: www.ymcabitola.org.mkили следете нè на Фејсбук: www.facebook.com/ymcabitola.org.mk Тел. Канцеларија: 047 529 366Тел. Мобилен: 070 594 341

ИМКА Битола е почитувана локална организација која нуди можности кои ги оспособуваат младите луѓе да одговорат на предизвиците на постојано променливата иднина со поголема храброст, мудрост и љубов.

ИМКА Битола работи со младите луѓе на нивниот личен телесен, умствен и духовен развој преку нудење на можности за

негување одговорност, поттикнување креативност и славење на разноликоста на целата Божја креација.

Ги оспособуваме младите! кои ги негуваме и поттикнуваме:Храброст - Одговорност - Почит - Креативност - Грижа

МИСИЈА ВИЗИЈА

MOTO ВРЕДНОСТИ

Главна цел на Здружението е да развива активности и можности во сферата на културата, уметноста, неформалното образование, промовирањето на здрави животни навики и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе.

КОНТАКТ

За ИМКА Битола

Зошто да донирам? Донирајте во ИМКА БитолаИМКА Битола не е ад хок организација; постои од 2000та, а е

регистрирана во мај 2002ра. ИМКА Битола работи на долгорочна основа, а не само на краткорочни проекти. Ние имаме

стратешки план кој ги покажува нашите следни насоки. ИМКА Битола е отворена и јавна: он-лајн

ги објавуваме активностите, постојано ажурирана веб страница, Фејсбук и сл. ИМКА Битола работи

транспарентно: издаваме квартален Извештај/Информатор, како и Годишен Извештај. ИМКА Битола ви нуди избор каде да донирате и која програма сакате да ја поттикнете зависно од

вашите потреби и вкусови. ИМКА Битола ќе ви издаде писмена потврда за вашата донација. На

ваше барање исто така можеме да ви презентираме и документација за користењето на донацијата. Затоа

што вашата донација ја поддржува не само нашата локална работа, туку и пошироката средина каде младите

од Битола припаѓаат. Затоа што во досегашното постоење имаме служено директно и индиректно на илјадници млади луѓе. Затоа што вашата поддршка ја гледаме не само како финансиска,

туку исто така и како морална поддршка

Донацијата претставува доброволна и безусловна помош во пари, добра или услуги која не создава ниту директна корист за

донаторот ниту обврска за враќање од примателот.

Како може да донирам?Како физичко лице, со еднократна или повеќекратна донација за активностите на ИМКА Битола на износ кој вие ќе го определите на месечно или годишно ниво или пак донирате во услуги или материјални добра. Како правно

лице, со еднократен или повеќекратна донација за активностите на ИМКА Битола на износ кој вие

ќе го определите на месечно или годишно ниво; заедничко партнерство со ИМКА Битола за активности

од заеднички интерес; со донација на дел од приходите од продажбата на вашите производи или услуги; со донирање на вашите производи и/или услуги.

96 97

Page 50: нотифаи 37-38

Целта на НотифаИ е промовирање на граѓански и младински активизам, младинско учество,

волонтерство и други општествено корисни облици на дејствување преку споделување на сите поинтересни активности кои се случуваат во ИМКА Битола или пак

во кои членови на ИМКА Битола зеле учество.

Виктор ИлиевЈовче Крстески

Карли-Мари РејесБилјана Т. ДимкоАна Кузмановска

Катерина Бозиновска Марија Ковачевска

Гоце Јосевски Маја Јонеска

Горан МитревскиПаула Праулина

Пишете ни на: [email protected] или на www.facebook.com/ ymcabitola.org.mk

Логирај се за НотифаИ!

За

НотифаИ ТИМТекстови напишани од уметност и дизајн

Виктор ИлиевБилјана Т. ДимкоКарли-Мари РејесКевин Боувјер (Toxic Planet стрип)

Карли-Мари РејесПаула Праулина

превод иадаптација

Издадено од ИМКА Битола Октомври 2011

НотифаИ излегува на секои три месеци почнувајќи од 2003та, а се подготвува од тим на волонтери на ИМКА Битола. Се дистрибуира бесплатно по електронски пат преку е-маил. Секој кој сака да ги добива изданијата на НотифаИ нека се логира тука со име, презиме и е-маил адреса или пак повремено да ја проверува нашата НотифаИ архива. НотифаИ е наменет за нашите членови, партнери и соработници, како и за сите други кои сакаат да се активираат во општествениот живот.

Ние ги цениме вашите забелешки и поддршка

Читајте на Англиски Јазик

98 99