18
ПРИРАЧНИК ЗА ВИЗУЕЛНА КОНТРОЛА НА КОРОЗИЈА

Прирачник за визуелна контрола на корозија

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Прирачник за визуелна контрола на корозија

ПРИРАЧНИК ЗА ВИЗУЕЛНА КОНТРОЛАНА КОРОЗИЈА

Page 2: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Изработил:Андреј Чешновар, дипл. инж. металург

За потребите насекторот Техничка инспекција, ОКТА А.Д. Рафинерија за сурова нафта

Page 3: Прирачник за визуелна контрола на корозија

КЛАСИФИЈАЦИЈА НА КОРОЗИЈА

Корозијата може да се класифицира во однос на повеќе критериуми.

Во однос на механизмот на корозивниот процес, односно корозивниотмедиум (средина), таа може да биде хемиска и електрохемиска.

Во однос на изгледот на геометрискиот облик на корозивниот напад,корозијата може да се подели на општа, локална, селективна и интеркристалнакорозија.

Од друга страна, локалната корозија понатаму може да се подели надупчеста, подповршинска и контактна корозија, како и корозија со дамки.

Контактната корозија се дели на галванска и корозија во процеп.

Оваа поделба е претставена на шемата дадена на сл.1.

Сл.1. Класификација на корозивни процеси

Постојат голем број на различни типови на корозија, со свој специфиченизглед, форма, причини за настанување, како и последици кои ги имаат врз

Page 4: Прирачник за визуелна контрола на корозија

основниот метал. На сл.2. е дадена поделба на корозијата во однос на методот заидентификација.

Различни типови на корозија:

1. Галванска корозија (на спој меѓу 2 различни метали)2. Термогалванска корозија3. Корозивни пукнатини; наслаги на корозија4. Питинг (дупчеста) корозија5. Селективен корозивен напад6. Корозија по граница на зрна; лушпеста корозија (ексфолијација)7. Корозивна ерозија8. Кавитациска корозија9. Фретинг (нагризувачка) корозија10. Корозивни пукнатини при напрегање11. Корозивен замор

Сл.2. Поделба на корозијата во однос на методот за идентификација

Page 5: Прирачник за визуелна контрола на корозија

1. ОПШТА КОРОЗИЈА

ја зафаќа целата изложена површина на металот

рамномерна

нерамномерна

2. ЛОКАЛНА КОРОЗИЈА

зафаќа само некои делови од изложената површина на металот

може да биде:

­ корозија со дамки

­ дупчеста (питинг) корозија

­ подповршинска корозија

­ контактна корозија

Во локални корозиски процеси спаѓаат и следните корозиски облици:галванска (биметална) корозија, интеркристална, селективна, корозија принапрегање, корозија во процеп итн.

3. КОРОЗИЈА СО ДАМКИ

ограничена е на определни поголеми делови на површината

4. ДУПЧЕСТА (ПИТИНГ) КОРОЗИЈА

се јавуваат дупчести оштетувања т.е. шуплини кои се протегаат одповршината кон металот

оцена на состојбата на површината се дава со пресметка на густината надупчињата, големината на дупчињата и длабочината на дупчињата

5. ПОДПОВРШИНСКА КОРОЗИЈА

Набабрување – корозиските продукти имаат поголем волумен од волуменотна нападнатиот метал

Page 6: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Разслојување (ексфолијација) – жариштата на питингот се шират водлабочината на материјалот

6. КОНТАКТНА КОРОЗИЈА

различни метали → галванска (биметална) корозија

исти метали → корозија во процеп

7. КОРОЗИЈА ПРИ НАПРЕГАЊЕ

причина: напрегања на истегнување (заостанати или надворешни) воприсуство на OH-, Cl-, H2S во медиумот (>~60oC)

последици: распукување (разгранети транскристални или интеркристалнипукнатини), што доведува до прелом

8. СЕЛЕКТИВНА КОРОЗИЈА

повеќефазни материјали (селективна фазна корозија)

поеќекомпонентни материјали (секективна компонентна корозија)

корозија на легури чии состојки реагираат во удели различни од нивнитеудели во легурите

Главни примери на селективно разложување се децинкација на месингот играфитизација на сивиот лив.

9. ИНТЕРКРИСТАЛНА КОРОЗИЈА

Услови за настанување: материјал во сензибилизирана состојба (топло обликување, заварување,

термичка обработка)

излачување на преципитати по граница на зрна

најчесто ги зафаќа нерѓосувачките челици и легурите врз база на никел иалуминиум

Последици: опаѓање на цврстината, ронење на зрното во многу средини, ираспаѓање на металот до варот.

Page 7: Прирачник за визуелна контрола на корозија

10. ВОДОРОДНА БОЛЕСТ НА ЈАГЛЕРОДЕН ЧЕЛИК

водородните атоми во челикот предизвикуваат напрегања, поради штонастанува разслојување и образување пукнатини во материјалот.

Во Прилогот се дадени слики и примери за различни типови на корозија.

Page 8: Прирачник за визуелна контрола на корозија

ПРИЛОГслики и примери за различни типови корозија

Page 9: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Сл.3. Корозија со дамки

Сл.4. Корозија со дамки

Page 10: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Сл.5. Дупчеста (питинг) корозија

Сл.6. Подповршинска корозија (набабрување)

Page 11: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Сл.7. Подповршинска корозија (разслојување)

Page 12: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Сл.8. Галванска корозија

Сл.9. Корозија во процеп

Page 13: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Сл.10. Корозија во процеп

Сл.11. Корозија во процеп

Page 14: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Сл.12. Корозија во процеп

Сл.13. Корозија при напрегање

Сл. 14. Интеркристална корозија

Page 15: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Сл.15. Селективна корозија

Сл.16. Селективна корозија

Page 16: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Сл.17. Водородна болест кај челици

Сл.18. Корозивно онечистување на бојата (премачкувачот)

Page 17: Прирачник за визуелна контрола на корозија

Сл.19. Корозивно уништивање на заштитна боја

Page 18: Прирачник за визуелна контрола на корозија

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. E.D.D. During; Corrosion Atlas, Elsevier, 1997.

2. R. Baboian ed.; Corrosion Tests and Standards: Application and Interpretation,2nd Edition, ASTM International, 2010.

3. P.R. Roberge; Handbook of corrosion engineering, McGraw-Hill, Inc., NewYork, 1999.

4. D.A. Jones; Principles and Prevention of Corrosion, Prentice-Hall, Inc., USA,1996.

5. С. Хаџи Јорданов; Корозија и заштита на металите, Скопје, 1993.

6. P. Marcus, J .Oudar; Corrosion Mechanisms in Theory and Practice, MarcelDekker, Inc., New York,1995.

7. M. G. Fontana, N. D. Greene; Corrosion Engineering, McGraw-Hill, New York,1965