34
Облици на контрола и надзор Поим на надзор,овластувања на државните органи, видови надзор

Облици на контрола и надзор

  • Upload
    amish

  • View
    75

  • Download
    1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Облици на контрола и надзор. Поим на надзор,овластувања на државните органи, видови надзор. Поим на контрола и надзор. - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Page 1: Облици на контрола и надзор

Облици на контрола и надзор

Поим на надзор,овластувања на државните органи, видови надзор

Page 2: Облици на контрола и надзор

Поим на контрола и надзор

Термините контрола и надзор може да се сметаат за синоними и означуваат следење, проверка и оценка на дејност, акти и однесување со цел да се обезеди нивна целосна материјална и формална законитост.

Page 3: Облици на контрола и надзор

Субјекти на надзор

Активен – субјектот кој го врши и спроведува надзорот, најчесто од позиција на власт.

Пасивен – субјектот врз кој се врши оценка на законитоста на работата, актите и дејствувањето.

Page 4: Облици на контрола и надзор

Принцип на законитост

Општа обврска за сите и за секого во донесувањето на правни акти и во преземањето на материјални дејствија да се придржуваат кон законите и прописите засновани на закон.

Page 5: Облици на контрола и надзор

Принцип на законитост

Начелото на законитост се изразува

низ три насоки: a) Органите и организациите што

постапуваат во упранви работи се должни да решаваат врз основа на закон, меѓународни акти, други прописи на државни органи и организации и општи акти донесени врз осноа на јавни овластувања;

Page 6: Облици на контрола и надзор

Принцип на законитост

Според ЗОУП начелото на законитост

се изразува низ три насоки: б) Кога органот или организацијата

решаваат врз основа на дискрециони овластувања, односно по слободна оцена, решението мора да биде донесено во границите на овластувањето дадено со закон и согласно со целта заради која е дадено такво (дискеционо) овластување;

Page 7: Облици на контрола и надзор

Принцип на законитост

Според ЗОУП начелото на законитост се изразува низ три насоки:

в) Сите одредби од ЗОУП важат и мора да бидат почитувани кога органот решава по слободна оценка односно донесува дискрециони акти.

Page 8: Облици на контрола и надзор

Овластувања (средства) за вршење надзор Правни средства: суспензија на

акт; укинување и поништување на акт; (не)издавање согласност; изрекување управно-правни мерки; изрекување прекршочни казни

Вонправни мерки: укажувања; насоки; стручни мислења; обуки

Page 9: Облици на контрола и надзор

Видови надзор

Надзор врз административните органи во кој јавната администрација се јавува како пасивен субјект

Надзор на административните органи, во кој јавната администрација се јавува како активен субјект

Page 10: Облици на контрола и надзор

Надзор над административните органи Надзорот над органите на државната

администрација опфаќа контрола над законитоста и ефикасноста на нивната работа.

Активен субјект – повисокиот орган на државна администрација од оној врз кој се врши контролата:

1. Над министерство – Влада на РМ2. Над орган во состав – министерство во

чиј состав се наоѓа3. Над управна организација – надлежно

ресорно министерство4. Над органи на л.с. – министерство за

локална самоуправа

Page 11: Облици на контрола и надзор

Надзор на административните органи Надзор над законитоста на општи

акти – превентивен, дополнителен Надзор над законитоста на

конкретни акти - инстанционен Надзор над законитоста на

работењето – инспекциски Надзор (ревизија) врз законитоста

на материјалното и финансиско работење – финансиски

Page 12: Облици на контрола и надзор

Дополнителен надзор

Предмет. Контрола врз законитоста на општите акти на државните органи, установите, трговските друштва и други правни лица.Субјект: Надзорот го врши ресорното министерство кое е надлежно за работата на установата, трговското друштво или др. правно лице.Средства: запирање/суспензија на извршување на актот и поведување постапка за оценка на уставноста и законитоста на актот пред Уставниот суд

Page 13: Облици на контрола и надзор

Дополнителен надзорПостапка за вршење на надзорот:1. Ако актот е во спротивност со Устав или

закон надлежниот министер издава решение за запирање на актот од извршување

2. Министерот е должен да го извести доносителот на актот и да му укаже во рок од 30 дена да ги отстрани незаконитостите

3. Ако во определениот рок незаконитостите не бидат отстранети, во рок од осум дена од истекот на претходниот рок, министерот поведува постапка за оценка на уставноста и законитоста пред Уставниот суд на РМ

4. Ако постапката не биде поведена, решението за запирање на извршувањето на актот престанува да важи и запрениот акт станува извршен

Page 14: Облици на контрола и надзор

Превентивен надзор

Предмет: законитоста и целисходноста на општите акти кои содржат одредби од јавен интерес (целиот акт или само одредбите кои содржат јавен интерес) донесени од органи, организации и установи кои вршат јавни служби

Субјект: Надзорот го вршат основачите (Влада, Собрание, министер, совет, сенат...) или од нив пределени органи на соодветната установа или организација од јавен интерес

Седства: согласност или претходна согласност/одобрение

Page 15: Облици на контрола и надзор

Превентивен надзор

Постапка: Согласност на актот се дава

по неговото донесување и има ретроактивно дејство (ex tunc).

Претходната согласност/одобрението се дава на предлог – акти и има дејство од донесувањето на актот за во иднина (ex nunc).

Page 16: Облици на контрола и надзор

Инстанционен надзор

Предмет: материјална и формална законитост на конкретен првостепен управен акт

Субјект: непосредно повисок државен орган и Владина второсепена комисија или второстепени комисии формирани со посебен закон

Средства: поништување и укинување на незаконитиот акт

Page 17: Облици на контрола и надзор

Инстанционен надзор

Постапка: 1. Незадоволната странка од

првостепениот управен акт во рок од 8 или 15 дена има право на жалба до непосредно повисокиот орган (второстепена комисија)

2. Надзорниот орган може да го укине или поништи актот и да го врати

на првостепениот орган на повторно решавање или

да го поништи актот и самиот мериторно да го реши предметот со донесување на нов акт против кој странката има право на тужба за управен спор

Page 18: Облици на контрола и надзор

Инспекциски (репресивен) надзорПредмет: контрола на законитоста на

работењето (дејноста) на државните органи, установите, трговските друштва и други правни и физички лица .

Субјект: посебни државни органи – инспекторати (санитарен, пазарен, трудов, ветеринарен, рударски, сообраќаен, за животна средина...)

Средства:1. Управно-правни мерки (опомена, укор,

забрана за вршење дејност, затворање раб. простории, ставање на стока во/вон промет...)

2. Покренување на соодветна постапка (прекршочна или кривична)

3. Изрекување на прекршочни казни (глоба)

Page 19: Облици на контрола и надзор

Инспекциски (репресивен) надзорПостапка:1. Се покренува ex officio или по иницијатива на

физичко или правно лице

2. По извршениот увид и контрола се составува записник за утврдените недостатоци и:

се донесува решение за отстранување на утврдените неправилности или

се поднесува предлог до овластен државен орган за изрекување соодветна мерка или

се поднесува пријава за покренување на кривична или прекршочна постапка или

самиот инспекциски орган изрекува прекршочна казна – глоба

3. Против решението на инспекцискиот орган, незадоволната странка има право на жалба до надлежното министерство

Page 20: Облици на контрола и надзор

Финансиски надзор

Предмет: контрола (ревизија) над материјално-финансиското работење на сите физички и правни лица

Субјекти: министерство за финансии (Управа за јавни приходи) и Државен завод за ревизија

Средства: записник за спроведена контрола; решение за: а) отстранување на недостатоци, б) преземање на финансиски обврски, в) привремено одземање на предмети и документи, г)привремена забрана за вршење дејност д) изрекување на мандатна казна; покренување на соодветна постапка

Page 21: Облици на контрола и надзор

Финансиски надзор

Видови: екстерен, интерен и превентивен1. Екстерниот надзор се врши преку

доставување податоци во УЈП од страна на учесниците во платниот промет

2. Интерниот надзор се врши преку инспекциски надзор спроведен во просториите на учесниците во платниот промет

3. Превентивен надзор се врши кога превентивно се укажува на новините во материјално-финансиското работење и на новините во правните прописи со цел да им се помогне на учесниците во платниот промет да работат согласно законот

Page 22: Облици на контрола и надзор

Финансов надзор – Управа за јавни приходи Активен субјект: Министерство за

финансии – Управа за јавни приходи Пасивни субјекти: сите физични и

правни лица – даночни обврзници Средства (мерки): спроведување

постапки во согласност со законите што ги уредуваат даночните постапки и законот што ги уредува одделните видови даноци; привремено одземање на предмети и документи кои можат во кривична/прекршочна постапка да послужат како доказ; привремена забрана за вршење дејност со запечатување на објект, опрема или просторија; изрекување мандатна казна; ставање пломба или други даночни обележја

Page 23: Облици на контрола и надзор

Финансиски надзор – државна ревизија Активен субјект: Државен завод за

ревизија Пасивни субјекти: Буџетот на РМ,

буџетите на е.л.с., на буџетите на фондовите, корисниците на средства од овие буџети, јавни претпријатија, Народна банка, правни лица во кои државата е доминантен акционер, политички партии финансирани од буџетит на државата, агенции и други институции основани со закон и корисници на средства од ЕУ и др. меѓународни институции

Page 24: Облици на контрола и надзор

Финансиски надзор – државна ревизија Начини на вршење: 1. Испитување на документи, исправи и

извештаи од интерна контрола, сметководствени и финансиски постапки и други евиденции за утврдување дали вистинито и објективно ја искажуваат финансиската положба и резултатот од финансиските активности во согласност со сметководствените начела и стандарди и Меѓународните ревизорски стандарди INTOSAI.

2. Испитување на финансиски трансакции кои претставуваат државни расходи во смисла на законито и наменско користење на средства

3. Давање оценка за користење на средствата од аспект на економичност, ефикасност и ефекстивност.

Page 25: Облици на контрола и надзор

Финансиски надзор – државна ревизија Постапка:1. Овластен државен ревизор врши увид во

целокупната документација и има слободен пристап во службените простории и имотот

2. По извршената ревизија составува претходен извештај

3. Се доставува до субјектот на кој е вршена ревизија, и има право да даде забелешки во рок од 15 дена

4. Врз основа на забелешките, овластениот државен ревизор составува и подготвува конечен извештај

5. Против конечниот извештај, субјектот има право на приговор во рок од 30 дена

6. По приговорот одлучува главниот државен ревизор во рок од 30 дена од приемот

Page 26: Облици на контрола и надзор

Финансиски надзор - државна ревизија Мерки (средства):1. Доставување на конечниот извештај до

органот надлежен за надзор врз работата на субјектот

2. Надзорниот орган е должен во рок од 90 дена да го извести ДЗР за преземените мерки во врска со наодите од извештајот

3. Доставување на секој ревизорски извештај до Министерство за финансии ако се констатирани наоди од областа на финансиите

4. Известување за поведување прекршочна или кривична постапка

Page 27: Облици на контрола и надзор

Стручен надзор

Поим: се врши заради унапредување и подобрување на квалитетот на стручната работа во областите на образование и здравство.

Видови: во областа на образованието и во областа на здравството

Page 28: Облици на контрола и надзор

Стручен надзор во образование

Активен субјект: Биро за развој на образование

Пасивни субјекти: основни и средни училишта

Page 29: Облици на контрола и надзор

Надлежности на Бирото за развој на образованието Подготовка на наставни планови и програми; Екстерна проверка и оценка на учениците; Остварување на стручно и педагошко

усовршување на директорите, учителите, наставниците и воспитувачите;

Учествува со свој претставник во комисијата за оценување на наставниците, учителите и воспитувачите;

Покренување иницијатива за оценување на способноста на наставниците, учителите и воспитувачите за реализација на нивните работни обврски;

Предлага концепција за учебник; Изработува програма за издавање учебници; Изработува методологија за стручно вреднување

на учебници; Дава мислење за именување директор

Page 30: Облици на контрола и надзор

Стручен надзор во здравство Активен субјект: Министерство за

здравство: Комисија од редот на истакнати здравствени, научни и стручни работници, или соодветна здравствена организација (на пр. Клинички центар, Медицински факултет и сл.)

Пасивни субјекти: здравствени и други организации кои спроведуваат здравствена заштита и самостојни ординации

Видови: интерен (самите здравствени организации) и екстерен (Министерство за здравство преку наведените субјекти)

Page 31: Облици на контрола и надзор

Стручен надзор во здравство Постапка:1. Се спроведува најмалку еднаш годично2. За спроведениот надзор се составува извештај3. Извештајот се поднесува до министерството за

здравство (МЗЗ)4. Ако е при вршењето на надзорот е констатирана

непосредна опасност по здравјето и животот на луѓето, МЗЗ се информира во рок од 24 часа и му се предлагаат мерки за отстранување на недостатоците

5. МЗЗ ќе донесе решение за забрана на вршење на дејност врз основа на извештајот, ако констатира дека недостатоците може да предизвикаат штетни последици по животот и здравјето на граѓаните

6. За донесеното решение МЗЗ ќе ја извести Владата на РМ

Page 32: Облици на контрола и надзор

Литература

Основна литература:1. Гелевски, Гризо, Давитковски

Павловска Данева „Административно право“, Скопје, 2011, стр. 418-453;

2. Закон за организација и работа на органите на државната управа од 2000 год

Page 33: Облици на контрола и надзор

Литература:

Дополнителна литература:1. Лилиќ, „Управно право“, Београд,

1995, стр. 413-4222. Закон за основно образование3. Закон за средно образование4. Закон за здравствена заштита5. Закон за управа за јавни приходи6. Закон за државна ревизија7. Закон за финансиска полиција

Page 34: Облици на контрола и надзор

Прашања и теми за дискусија и есеи: Поим на контрола и надзор Субјекти Принцип на законитост Овластувања (средства) за вршење надзор Надзор врз административните органи Надзор што го спроведуваат

административните органи Дополнителен Превентивен Инстанционен Инспекциски (репресивен) Финансиски Стручен надзор во образованието и

здравството