248
МИРЈАНА БУРНИК СРЦЕ РАНЕТО

СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

МИРЈАНА БУРНИК

СРЦЕ РАНЕТО

Page 2: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

2

М и р ј а н а Б у р н и к

С Р Ц Е Р А Н Е Т О

ДАТА - ПЕСНОПОЈ

Page 3: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

3

ИЗДАВАЧ: ДАТА - ПЕСНОПОЈ

Библиотека:

МИРЈАНА БУРНИК

С Р Ц Е Р А Н Е Т О

Битола,

2012 година

CIP - Каталогизација во публикација

Page 4: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

4

Page 5: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

5

БЕЛИ РУЖИ

Бели ружи,

мое омилено цвеќе,

од денес

не ве сакам веќе,

црна чипка

на вас ќе ставам,

на каменот

ќе ве оставам.

Како спомен

буќетот ќе стои,

за љубов

што не постои,

јас љубев

но бев осамена,

ти... си имал

душа камена.

Ружи мои бели,

во вас беа сите

мои соништа врели,

сега, остана тагата

... победи лагата.

Page 6: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

6

Тој замина во својот

безгрижен свет,

јас останав,

ранета птица

во последен лет...

Бели ружи

не сакам да видам,

повторно ранета

не дозволувам да бидам,

ќе побарам

некои, други ружи

можеби животот,

милост ќе ми пружи.

Page 7: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

7

БЕСКРАЈНО ВЉУБЕНИ

Тежок чемер в’гради ми е

црна змија болно рие,

од нелуѓе испратена

во мојата душа напатена.

Болно кине, корне, гребе

од срце да те извади тебе,

или срцето да го откорне цело

празно да остане моето тело.

Љубовта била илузија лажна

остава, болка за секогаш тажна,

брчки длабоки на мојата лика

љубовта, како апстрактна слика.

Но... тоа за мене не важи

кој сака нека лажи,

ти си мојот најубав цвет

не би те менувала за цел свет.

Јас и ти бескрајно вљубени

во нов свет изгубени,

во небото полно тајни

ние сме две ѕвезди сјајни.

Во универзумот ќе живееме

во страста ќе дивееме,

во љубовна игра ќе гориме

никому нема да се покориме.

ЈАС И ТИ, заедно...

Page 8: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

8

БИДИ МИНАТО

Бездушнику, погледни се

црна ти е душата, поцрна

од најтемната длабочина

во срцето твое налегната,

ниту дно има,

ниту крајот се гледа.

Налегнала тешко

потиснала сѐ под себе,

ништо да не мрдне,

никој да не мисли,

глава да не поткрене.

Ти и само ти...

светот за тебе постои,

самозаљубен, пред огледало

се восхитуваш сам на себе,

на својот имагинарен изглед,

во твојата превртена свест,

изопачени критериуми

без морални вредности.

Page 9: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

9

Погледни се,

погледни околу тебе

излези од школката

твоја позлатена,

побарај го човекот,

човекот во изумирање

од благодетите

што ти му ги даруваш,

слушни го

последниот здив на заоѓање,

распаѓање на сѐ живо

отруено од ”милоста” твоја

од душа излеана.

Застани, погледни и удави се

во сопствената беда,

растопи се во црнината

на душата твоја,

и неповратно закопан

замини во минатото.

Page 10: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

10

БИДИ ЧОВЕК

Распарај ја

сопствената утроба

со поглед искрен,

погледни внатре

погледни го сопственото

... ЈАС.

искрено, сам пред себе

признај што гледаш,

дали постои човечност,

искреност,

морал,

љубов,

разбирање,

совест разумен,

дали...

хуманоста те краси.

Погледни наоколу,

побарај човек,

а не марионети

со човечка кожа

на кои од секоја пора

им прска лагата,

бездушност прикриена,

со насмевка на лице

од гримаса створена.

Page 11: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

11

Побарај човек,

а не ѕвер во кожа човечка,

не отров во чаша

со вино прикриена,

не звист во сјај обвиена,

не љубов од сенка

вешто исцртана,

побарај искрена човечност.

Погледни кои раце

кон Бога пружат,

бараат надеж, молат,

во рајот да се дружат,

погледни и човек биди,

човек со чиста душа

можеби тогаш, твоите молитви

Бог ќе ги послуша.

Доста е од суети,

човечки слики лажни,

ветувања празни,

повредувања безобразни,

желба на врв да се биде

издигнат над сите,

поглед со презир што гледа

не сфаќајќи ја

сопствената беда,

гледај ги сите луѓе збрани

а не само некои одбрани,

Бог е еден за сите,

биди човек,

напразно не губи ги дните.

Page 12: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

12

БОЈА НА ТАГАТА

Бојата на вино, бојата на ноќ

болна воздишка на мојата немоќ,

сеќавање на твоите очи лажни

поцрни и од ноќите тажни.

Со болни раце воздишки бришам

распната, тешко дишам,

срцето страдно тивко чука

од тежина главата ми пука.

Околу мене завеса од тага

на душата остава горка трага,

претешко на гради ми паѓа

а зората веќе почна да се раѓа.

Душата моја, тоа не ја радува

за сјајот твој таа гладува,

остана само, срцето рането

од лажна љубов нахрането.

Студени ветрови да го косат

во несреќи да го носат,

со тага црна да го покријат

од животот вечно да го сокријат.

Облечена во црна боја

ќе останам јас вечно твоја,

сите ѕвезди, нека згаснат сјајни

да ги сокријат лузните трајни.

Page 13: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

13

БОЛНА ТИШИНА

Ова е последен пат

скршена,

реков на заминување

а во срцето,

знаев дека лажам

и еве ме пак

сред белината на денот.

Во тишината

газам врз коските

во болка закопани,

а секој чекор вриска

срцето немо вришти

растреперено, разулавено

сака да избега,

претесни се градите

за болката присутна.

Одам како боса

врз жар истурена,

пече како солзите

во очи насобрани,

го оставив цвеќето

да те закитам

и дел од болката оставам,

да ми олесне душата.

Page 14: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

14

Се залажувам...

не помага...

ништо...

преголема е болката

за душите изгубени

некаде... далеку...

каде погледот не стига,

плачот не се слуша,

љубовта се растопува.

Само...

тагата останува

рана што не заздравува,

погледот заматен

очај што прашува

и мртвата тишина

што... боли до бескрај.

Page 15: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

15

БОРБА ВО МЕНЕ

Мисли разбранувани

низ виугите на мозокот

се надмудруваат

претекнуваат,

судираат

паѓаат

крварејќи продолжуваат.

Камшици разулавени,

немилосрдно,

ја камшикуваат

душата распарчена

силно, посилно...

до уништување,

премалена од болка

сеуште опстојува.

Повторно молњи

во бесна олуја

низ мене струи,

вечна борба

непомирливи, непријатели,

во мене се судираат

свеста со подсвеста,

лута борба

за превласт,

за победа жедни

низ вените

крвта ја смрзнуваат...

Page 16: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

16

Запираат,

до срцето да не стигне,

и тоа да замре,

да побесни,

да се разулави...

кого ќе го послуша?

кој ќе победи?

неизвесност блика

од сите страни

пече, боли, убива,

ќе победи... кој?

ќе завршам... каде?

уморна...

се препуштам целосно,

на победникот…

до наредната борба.

Page 17: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

17

БОРБА

Вкрстени погледи

на пола пат како мачеви

се судираат, бесно,

кој подлабоко ќе продре

кој љубов ќе всади

кој рана ќе остави.

Од остар звекот

искри блескаат,

во погледот чуден сјај

неизвесност горка

за посакуваниот крај.

Борба за љубов се води

во чие срце

побрзо ќе се роди,

кој колку ќе љуби

дали... љубовта

ќе се изгуби,

или во срце ќе остане вечно,

оваа непотребна борба

ќе престане конечно.

Срцата верно ќе се љубат

душите споени во една

во страста ќе се изгубат,

преплетени во едно тело

совршенство, ќе бидат цело

и птиците весело ќе пеат

од небото ѕвезди ќе се леат.

Љубов силна штом се роди

во прегратка на среќата

заљубените, вечно ќе ги води.

Page 18: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

18

ВЕЛИГДЕН

Ширум портите отворени,

од секаде светлина зрачи

патот да ни го означи,

храброст да ни дари

милост и вера, во срцата

кај сите да загосподари.

Да зачекориме среќни сите

во божјиот дом со чиста душа,

радоста насекаде да се слуша,

со свеќи во раце, запалени

кон светлината да се придружиме,

среќата на овој ден да ја здружиме.

Да кренеме гордо глава

нема поголема од оваа слава,

камбаните силно бијат

радоста, луѓето не ја кријат,

од секаде молитва се слуша,

мелем за секоја душа.

Се слави божјата моќ

оваа ѐ таа волшебна ноќ,

со живот по смртта Бог не дари

секој од срце заблагодари,

прошка бара и милост света,

Бог на сите да им подари

светлина вечна да загосподари,

од секаде како река што тече

радосно, од душа секој ќе рече:

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ... НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ.

Page 19: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

19

ВЕЧЕРВА

Не знам зошто

вечерва душата ми жали,

тага ме обвиткала

светло, никаде да се запали,

без надеж, сама седам

поглед празен од очи тече,

ништо не гледам, само

болка во гради ме пече.

Зошто толкава тага

корне, силно гребе

остава длабока трага

тивко, тагува за тебе,

ти, се што имаше кажа

ме остави како зрно песок

на напуштена морска плажа,

од срце се откина нем вресок,

тоа, беше последниот блесок.

Ти го подарив целиот свет

и мојот... последен лет,

ти на сѐ се смееше

мојата болка те грееше,

зошто, вечерва сѐ се врати

зошто душата вака ми пати

меѓу нас, веќе се е згинато

ти си моето болно минато

зошто, зошто вечерва.

Page 20: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

20

ВЕЧНА ЉУБОВ

Бакни го врвот

од мислите мои,

што кон тебе течат

како бистра вода

од кладенче планинско.

Усни ќе ти напојат

душата измијат,

вратата од срцето

за љубов ширум

ќе ја отворат.

Допри го сонот

во почеток, недосонет

на душата моја

мирна разгалена,

блаженство тивко

ќе те облее, како блесок

од сончев зрак откинат,

патот да го осветли

до љубовта моја

безгранична.

Page 21: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

21

Заиграј го танцот

на чувствата мои,

пламен од искра

врз пепелта ќе разгори,

љубовта ќе ти ја подари

љубов чиста искрена

за тебе долго чувана.

Искапи се во среќата

како плима надојдена

во тебе да оживе,

низ вените проструи

раните да се излечат,

болките ќе преболат.

Љубовта да завладее

јас и ти заедно

сонцето ќе го погалиме,

љубов вечна, искрена

на сите ќе им дариме.

Page 22: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

22

ВО ДРУГ СВЕТ

Те закопав

длабоко во тагата

каде презирот

не допира,

те звиткав

во силата на болката,

каде сечивото

од зборовите

не продира,

те измив

со солзите пролеани

крвта да исчезне,

те закитив

со бакнежи врели,

студенилото,

да не те смрзнува,

те погребав

тебе...

душо напатена

од животот немилосрден,

тешко повредена.

сега...

пред вратите рајски

чекај свој ред

благослов или казна

ќе добиеш, што треба

за нов животен лет,

знам... ти пак

ќе се вратиш

само... во друг,

поинаков свет.

Page 23: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

23

ВО ДУШАТА

Не , не гледај ги

кадриците

што подигруваат,

танцуваат на ветерот,

не гледај го телото

му пркоси на денот

заводливо исправено,

не гледај го лицето

насмеано, блескаво

од сонцето облеано.

Не, не држи ме

за зборот остар,

дланките ќе ти прокрварат

болка ќе те пресече,

ништо не ќе сознаеш,

не слушај го

ниту гласот милозлив,

со музика се преплетува

сака да ја надпее.

Погледај ме,

ќе ги отворам зениците

влези во душата,

таму ќе ме запознаеш

во темнината на пламенот,

ќе блеснам пред тебе

онаква како што сум

вистинската јас.

Page 24: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

24

ВО НЕДОГЛЕД

Во недоглед на болката

денот срамежливо

се провлекува полека

на секој чекор запирајќи,

да се појави...

да го открие лицето

на болката страдалничка,

или да остане

под наметката темна

од ноќта исткаена,

реалноста да не се гледа.

Пресушена рака

во мракот лузните ги брои,

се изгуби во лавиринтот

на безбројноста,

усните испукани

за капка милост...

жедни останаа,

очите крвави солзи истурија,

со крвта своја

жедта да ја изгаснат,

болката, само ја зголемија.

Page 25: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

25

Преплашен погледот исчезна,

крик во грло пискаво занеме,

срце на колена молеше

крајот побрзо да дојде,

денот да не се разбуди

во темнината горчлива

мир свој да пронајде,

во недоглед вечен

денот да остане.

Page 26: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

26

ВРЕМЕТО ТЕЧЕ

Времето немилосрдно

како камшик бесен,

постојано опоменува

нема, живот лесен.

Удира без милост

шибајќи по сѐ и сешто,

не гледајќи кој и колку

направил лошо нешто.

Секојдневно остава траги

на телото, душата страдна

не, нема место за лаги

маската конечно падна.

Секој е оставен сам на себе

како знае да се бори

за свој достоен живот

и душата, тажна гори.

Лицето со брчки тажни

немо ќе го проколнува,

за надежи изгубени лажни

и сон што не се исполнува.

Секоја година мината

животот брзо го троши,

од младоста згината

остава, само спомени лоши.

Page 27: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

27

ВРИСОК НА ДУШАТА

Дојди,

слушни ја бурата

во моите гради

разулавени бранови

се судираат меѓусебе

како најлути непријатели

потопуваат сѐ пред себе

болка зовриена

крвта во пена ја претвори

се излеа од вените

ги удави чувствата

остана таа...

душата,

распарчена, вриштеше

за помош, молеше,

гласот се изгуби.

Мртва тишина...

а бурата беснееше

безмилосно, со сласт

секоја клетка

болка ја виеше

крвнички,

до распаѓање.

дојди, погледни,

погледни задоволно

можеби ќе ја видиш

болката на душата.

Page 28: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

28

Слушни,

можеби,

можеби ќе чуеш

колку е силен,

немиот врисок

на мојата душа.

Page 29: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

29

ГОСПОДЕ, ПРОСТИ НИ

Јас плачев,

долго, тивко безгласно

се гушев,

во сопствената тага

во немоќта,

што гради ми корнеше

гледав болно,

во вашето лицемерие

се молев,

да не биде вистина

само јас,

тоа, така да го чувствувам

погрешно да разбирам,

вие сте

добри луѓе, верници

вашите зборови

се искрени, од срце

вашите дела...

можеби понекогаш грешите

човечки е да се погреши

вам,

милост ви течи во вените,

очите ви зрачат светлина,

срцето со љубов е исполнето,

се обидував

да ве разберам, да ве оправдам,

нажалост, не успеав...

премногу болеше,

вашето лицемерије

ни мерка, ни крај немаше

тогаш...

Page 30: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

30

и БОГ не издржа,

заплака од вашата нечовечност,

реки солзи истури

да ги измие безбожните,

и гревовите,

ваши лицемерни

тивко, во срце шепотев

ГОСПОДЕ ПРОСТИ НИ.

Page 31: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

31

ГРЕШКА

Во ноќта црна

долга, тешка

повторно се случува

некоја грешка,

болка ме мачи

болест или тага,

ништо не ми значи.

разумот некаде

го изгубил патот,

болката почнува

да стега од вратот,

студенило гладно

до нозете течи, срцето...

престана да ечи,

и тоа јадно

одбива да слуша,

сѐ препушта

на уморната душа,

а што може таа,

кутра и јадна,

сум имала

судбина страдна

за болеста, лек нема

тагата, никој

не сака да ја зема

грешката царува,

со среќа

другите ги дарува,

болката, не престанува

надеж...

само времето останува.

Page 32: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

32

ДАЛИ ВРЕДЕШЕ

Кога со неа проаѓаш

не веди го погледот пред мене,

гордо глава крени

покажи ја љубовта што те плени.

Сѐ што имаше ти даде

за таа љубов лажна,

што од тебе направи

само сенка тажна.

Ме боли кога те гледам така

безвредна играчка,

во нејзината рака

и солзи тешки ми течат,

незнам како да ги спречам.

Со тага одам кон клупата стара

ќе заплачам, со мојата гитара

една за болката моја,

другата за судбината твоја.

Двајцата тивко ќе патиме

за минатото,

што не може да го вратиме.

Тоа што е скинато не се шие

навредата вода не ја мие

а дали вредеше, ти само знаеш

среќен си, или горко се каеш.

А дали вредеше?...

Page 33: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

33

ДВА ГУЛАБИ

Мислата ми одлета,

како два бели гулаби

раскрилено што летаа,

небото да го досегнат

врз мене меко распослано.

Месецот да го погалат

силно да ме осветли,

меѓу ѕвездите да поминат

најсветлата да ја одберат,

во срцето да ми ја пренесат

среќа да ми донесе.

Милоста да ја почувствувам,

радост во очите да распламти,

на цветот да се радувам

љубов ширум да дарувам,

животот да го прегрнам.

Просветлена,

среќна воздишка да излеам

благодарност да изразам

за моето постоење.

Page 34: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

34

ДВЕ ДУШИ

Со глави наведени

на раце те однесоа,

од срце грутка се откина

темна дупка остана,

пластови болка ќе наредам

постела ќе ти направам,

од солзи бисерни

венец ќе исплетам,

сјајот да те осветли

мракот да го растера.

Со милост

рака ќе ти погалам,

љубовта да ја чувствуваш

спокој да ти дарува,

болката да ја намали

душата да ти мирува,

со мојата, да другарува.

Вечно таму ќе останат,

две души ранети

во едно срце прегрнати,

на животот ќе пркосат

со љубовта нивна искрена

ѕвезден мост ќе направат

во вечност ќе се преселат.

Page 35: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

35

ДОЈДИ

Прескокни ја

оградата на монотонијата

дојди во градината

на неспокојот,

заедно да лебдиме

по брановите на ветровите,

во длабочината непозната,

ќе ја носиме милината

од песната на срцето,

ќе танцуваме

по пулсирањето на срцето,

ќе му пркосиме на сонцето,

ќе и се смееме

месечевата светлина,

ќе се галиме со ѕвездите

по небо распослани,

дојди…

напушти го јавето

ќе влеземе

во светот на соништата,

будни ќе сонуваме

жедни ќе се опиваме

со љубовта,

гладни ќе се љубиме

во страста нескротива,

во безумие

разумот ќе го посееме,

ќе трепериме

од жештината на воздишките,

ќе уживаме…

во прегратките на невозможното.

Page 36: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

36

ДРУГАТА СТРАНА НА ЉУБОВТА

Ми велеа, животот не е драма,

ниту пак љубовта се мери на грама,

на љубовта, ти сѐ му препушти

во тебе ќе остане вечно,

не кажаа,

таа ќе те уништи конечно.

Кога сфатив, касно беше

од љубовта, само болка постоеше,

парче по парче кинеше од мене,

безмилосно сакаше сѐ мое да овене,

на крај немаше веќе што да бара

од мене, остана само сенка стара.

Како авет страшен, во мракот скитав

во темнината да се стопам брзо итав,

да ја закопам љубовта твоја,

во црната земја, со судбината моја

ништо повеќе да не остане од нас

само црната птица, ќе ликува на глас.

Page 37: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

37

ДУША ИЗМАЧЕНА

Душа измачена,

од брат погазена,

од сестра прекорена,

од крвта своја, отруена,

чекори во место,

понекогаш...

и чекор наназад,

само мислата,

нема се движи.

Бран од грутки камени,

од планина гневно пишти,

горчлива магла,

пуста надвиснала

та денот светол го зема,

и ноќта црна ја крие

не се знае што е,

сеедно...

а тежина болна притиска.

Вчудоневидена,

душата изгубена,

со очи ширум отворени

светло никаде не гледа,

мракот тежок сѐ изеде...

немоќно, на колена падна

и родна земја милно погали,

рапави дланки состави,

од душа, воздишка откина,

поткрена очи насолзени

кон Бога ги упати.

Page 38: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

38

Од соседи се чував

и од душмани се бранев,

како ли од рода најблиска

болката да ја преболам,

од ист корен разгранети

од таткова крв создадени

со мајчина љубов света

за навек поврзани,

како?...

со нив да постапам,

зарем и јас, грев да направам,

на свое ли рака да кренам,

поколенија да уништам.

Page 39: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

39

ЖОЛТА ТРЕСКА

Години тешки, многу изминаа

маките нивни, не згинаа

низ векови еве течат

болни гласови, од гради ечат.

Лек за нив никаде нема

жолта треска замав зема,

тежок живот, тешка мака

од најстара, до најмала рака.

Сите наведени,

во душа повредени

и пак…

Лист по лист,

од рани зори го берат,

лист по лист,

до касни саати го нижат,

горчлива и тешка мака

за невина детска рака,

зарем ова тие го заслужиле

зарем вака би ги понижиле.

Page 40: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

40

Лица бледи, натажени,

дланки суви, испукани,

со ракави засукани,

во гради болка преголема,

а душата, тажна соголена,

надеж нема ни за лек

пустата мака,

останала и во овој век.

Зарем никој од нив право нема,

за маката,

достоен надомест да зема,

да прехрани гладни усти

од мака тешка

останати суви, пусти.

Зарем и сега

среќата од нив ќе бега,

за тутуноберачите, нема лек

ниту во овој нов век.

Page 41: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

41

ЗА МИГ

По стапките,

твои појдов...

трошки од изгубена среќа

ќе собирам...

зад себе траги

не оставам...

ќе болат...

никој болка не сака

а јас,

јас сум од болка создадена,

во тага искапена,

со пелин задоена,

во темнина повиена,

на невреме препуштена,

патот да го пронајдам...

не го гледам,

само стапките твои

врежани во спомените,

искра што блесна во миг

блесна и исчезна...

ја барам неа,

те барам тебе

да го потврдиш,

моето постоење

барем за миг.

Page 42: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

42

ЗА ТЕБЕ МАЈКО МИЛА

Во туѓина кога заминав

кај тебе мајко поминав,

да ме благословиш со уста твоја

да се намали болката моја.

Овде мајко има голем сјај

но болката моја нема крај,

срцето мое среќа не виде

цел живот болно ќе биде.

Еве и младоста помина

болката за дома не загина,

секоја вечер молам бога,

дома да стапне ногата моја.

За тебе мајко, вечно болна ќе бидам

тебе мајчице побрзо да те видам,

на гради твои милно да се свијам

со насмевка на лице да заспијам.

Овде сонце туѓо, пусто грее

а во гради силна болка тлее,

на срце црна змија ми лежи

тагата моја како планина тежи.

Секој ден мајко, ти ме чекаш

многу години за мене пекаш,

да се вратам дома да те видам

со тебе среќна и јас ќе бидам.

Page 43: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

43

ЗА ТЕБЕ СИНЕ

За тебе сине мој

одделен од домот твој,

голема е мојата тага

ја кријам, со насмевка блага.

Само мајка љуби така

би ја дала и својата рака,

среќа вечно да те прати

кај мене пак да те врати.

Со солзи леб ќе замесам

брашно бело ќе растресам,

на гради со љубов ќе го печам

болката, малку да ја спречам.

Уште еднаш да се вратиш дома

со убава млада мома

благослов од душа да ви дарам

во староста мирно да одмарам.

Најсреќна сине јас ќе бидам

кога тебе дома ќе те видам,

до бога, ја испраќам молбата моја

тебе да те дари со милоста своја.

Page 44: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

44

ЗА ТЕБЕ

За тебе сѐ би сторила,

земјата во рај

би ја претворила.

За тебе ѕвездите,

би ги симнала сјајни

да изгаснат,

сите немири трајни.

За тебе сите солзи

в гради би ги збрала,

на минато во заборав

да паднат, би ги дала.

За тебе

љубовта цела,

на дланка би ја ставила

тебе би ти ја дарила,

на сѐ би заборавила.

За тебе,

душата

би ја затворила,

во постела за тебе

мека би ја претворила.

За тебе, јас...

а ти?

не, ништо немој да кажеш

знам...

ќе треба да лажеш.

Page 45: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

45

ЗАРОБЕНА

Слушам, детска смеа, жива радост

од небо, виножтито сјае

како пеперутки, во рана младост

со игра, цветен венец се ткае.

Немоќно, без сила сама седам

потисната од болка тешка,

со солзи во очите немо гледам

градите ги кине воздишка жешка.

Зошто, зошто јас не сум како сите?

само за болест и тага знам црна,

копнеев да заиграм со другите

но јас бев, само ранета срна.

Раце опуштени, немоќни, слаби

срцето мое детско, се потивко чука

а болеста, безмилосно длаби,

знам... само мракот ќе царува тука.

Од ден на ден, сѐ потешко беше

душа веќе немав, беше здробена,

од мене болеста алчно се хранеше

а јас...

останав во дрво заробена.

Page 46: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

46

ЗЕМЈО МОЈА

Горда сум

земјо моја,

што се родив

во прегратка твоја.

Ти си за нас

мајка света,

среќна птица

што гордо лета.

Земјо моја

ти си напатена,

со болки многу

пропратена.

Сепак ти

гордо стоиш,

навредите тешки

не ги броиш.

Земјо моја

земјо мила

на сите нас

ти ни даваш сила.

Спремни сме

се да сториме,

за тебе сите

храбро, ќе се бориме.

Page 47: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

47

Твоето вечно име

нема да дозволиме,

никогаш да згине.

Ти заслужуваш

голема слава,

сите одиме

со крената глава.

Земјо моја

мачена со векови,

никој нема

да ги смени

твоите текови.

За тебе земјо

силно сонце сјае,

со златни конци

иднината наша

со среќа ја ткаe.

Page 48: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

48

ИГРА НА ЅВЕЗДИТЕ

Месечината на ѕвездите

шеретски им намигна,

ајде среќа да правиме

на несреќните да ја дариме.

Мрежа од желби силни

ние веднаш ќе исплетиме

од чедни усти упатени,

исполнети ќе им бидат вратени.

Погледнете на сите страни

сите желби од срца важни,

да бидат во сјајот збрани

да нема повеќе лица тажни.

И времето ќе го вратиме

среќни ѕвезди ќе испратиме,

да нема веќе солзи разлеани

само души среќни распеани.

Нека тагата минато биде

за секој што неа ја виде,

утре сите за среќа ќе зборат

ќе научат и тие за неа да се борат.

Page 49: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

49

ИГРА

Пламени искри

го оросија телото,

копнеж заспан побесна

во срцето, страст

извор непресушен,

раце испружени

за тебе жедни,

со нежен трепет

по кожа се лизгаат

како по свила воздушна

од пламен исткаена,

од сонце обоена.

мирис од ирис

нежно нѐ опива

јас растопена,

врз тебе прелиена

се впива љубовта

од срце преточена.

моето, твоето танцуваат

музика на страста,

на копнежот,

на прекорот премолчен,

вришти во занесот

воздишки забрзани,

кон врвот упатени

таму, сафир заблеска

врз погледот заматен,

блажено чувство

крајот го означи.

Page 50: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

50

ИДИЛА

Ветар се дигна

разлета прашина густа

боди во очи

солзи крвави течат...

некому тие и’ не му пречат

лелекот смеа го прекри,

среќници ѕвездички гледаат

се радуваат тие бедни

нивните усни,

никогаш не останале жедни.

Каков сјај, каков раскош

врз плеќи подвиткани тажни,

создаваат слики лажни

овој свет се сјае

убавина од милост се ткае,

така гледаат нивните очи

а што е важно,

секој треба да молчи.

Важно е што велат тие

вистина или лага,

само тие знаат што се крие

и камшик разлетал бесен,

колку да се знае

нема живот лесен,

сите не се исти

има одбрани, со срца чисти.

Page 51: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

51

Се одбрале, самите тие

кога и која ли вода

гревовите ќе им ги измие,

насмевка лице им краси

којзнае дали и Бог ќе ги спаси,

дали и Тој ќе ги разбере

нивните племенити дела,

сѐ што тие сторија

пустината, во оаза ја претворија.

.........................................................

(среќа што сѐ само сон било

па ова не може биде,

ниту во најголемото лудило.)

Page 52: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

52

ИСЧЕЗНИ

Покриј ги очите,

да не ја гледаш бедата

што зад тебе ја оставаш,

собери ги рацете

да не го допреш,

пустошот

од тебе направен.

Врисок нем, тага тешка,

темнина ,длабока

болка, неиздржлива

живот, уништен

е сѐ што остана,

сѐ од тебе.

А ти...

скокни во реката

крвава,

од злоба надојдена,

како камен потони

на дното проколнато,

душата

на врагот подари ја,

злото на црното припаѓа.

Удави се,

во болката надојдена

и исчезни,

во солзата крвава

од душа пророната

солзата, морал наречена.

Page 53: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

53

ЈАС НЕ ЖАЛАМ

Вечерва сакам да ти кажам

нема за што да лажам,

не жалам за ништо

љубев, искрено чисто.

Ти беше моја ѕвезда сјајна

моја љубов бескрајна,

на моите чувства господар

од бога најубав дар.

Јас бев робинка твоја

нежно те греев со љубовта моја,

во твоето срце дишев

солзите со бакнеж ги бришев.

Не, јас не жалам веќе

иако овена и последното цвеќе,

љубовта кон тебе е жива

како река, немирна дива.

Иако, сега со друга си ти

сепак живееш во моите сни,

таква ми била судбината клета

како птица, од мене ти одлета.

Не, јас не жалам за ништо што било

сал срцето мое ко пиле се свило,

со трепет, тивок тоа чука

мечтае јадно, пак да си тука.

Page 54: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

54

ЈАС ЌЕ МОЛАМ

Непријатно чувство,

необјаснива тежина,

побркани мисли,

немир ја бранува душата,

треперење горко,

секојдневно,

чувство на грешност

вина безпричинска,

ми го заматува погледот

морам да излезам,

светлината ќе ме просветли,

можеби и ќе се врати

радоста на животот.

Одам, излегувам надвор

со искра надеж,

ох, какво разочарување,

се е помрачено

ја нема светлината,

наоколу луѓе - сенки

подвиткани под теретот

едвај се движат

души разрушени,

тела скршени, безживотни,

болна тишина

нарушена само од

остри звуци,

од железните ланци околу нив

на нозе оковани,

звекот продира низ главата,

тешко, болно, неиздржливо.

Page 55: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

55

Насекаде очи разочарани,

зборови неречени,

запрени на усни испукани,

во гради, само црна трага

од срце искорнато,

дали ова ќе престане,

крај... ќе има ли?

само молитви

од душа прошептени

надеж... само од него,

ТОЈ... семоќен

гледа се, знае се,

само ТОЈ, спасот го има.

Конечно, сега спремна сум,

нема повеќе сомнеж,

пред неговите нозе

ќе клекнам,

со солзи ќе ги измијам

трагите крвави,

со бакнеж од срце

раните ќе ги излечам,

јас признавам, од срце

ќе го молам јас, за сите

да ги растера сомнежите,

да ги избави душите

од буниште расфрлани,

како прашина

да ја истресе тагата

од душите немоќни,

да ја растера темнината.

Page 56: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

56

ТОЈ... милостив,

во прегратка негова

утеха и мир ни дари,

животот забранет,

човечноста изгубена

во нас пак да ги врати.

Page 57: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

57

КАДE СУМ

Каде сум...

што сум...

зрно песок

во пустина жедна,

перо од крило

на птица во јато,

изгубен корал

на морското дно,

капка дожд

во олуја бесна,

каде сум…

што сум…

Скршена сенка

што по тебе иде,

само миг од трепет

на твоите очи,

житно зрно во грст

под мелнички камен,

или, само тревка

во ливада цветна,

каде сум…

во твојот живот

што сум…

Избледена слика,

заборавен спомен,

безвреден трепет,

украдена воздишка,

можеби...

удавена капка

во чашата вино,

ништо...

ме нема...

Page 58: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

58

Тогаш...

зошто толку ме притиска

дави,

боли,

убива,

безмилосно,

секојдневно,

повторно

и повторно,

бескрајно.

Page 59: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

59

КАЖИ КАКО ЉУБОВ МОЈА

Кажи,

каде да те барам

љубов моја

кога во бескрајот те опеав.

Како,

како да те видам

кога очите,

со погледот ти ги дарив.

Како,

како да те допрам

кога рацете мои

во косата ти ги сплетив.

Како,

како љубов моја

тебе да те најдам,

кога љубовта моја

тече низ крвта твоја.

Како,

кога воздишката тешка

пред мене сѐ избриша,

на кое тло да застанам

а да не потонам

од болката тешка по тебе.

Page 60: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

60

Кажи,

кажи, каде да те барам

кога душата моја соголена

клечи сега на колена.

Кажи,

кому да му зборам

со која сила да се борам,

солзите, со усни ги пијам

тагата да ја измијам,

на душата болка тежи

темнина врз неа лежи.

Кажи ми,

кажи љубов моја

како пак со тебе да бидам

светлост, во очи да ти видам,

како крај тебе да спијам

во сонот тивко да се скријам,

кажи,

кажи како љубов моја.

Page 61: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

61

КАЖИ МИ

Можеби сега

сонцето поинаку сјае,

или денот

помалку трае,

кому сега

постела од ружи спремаш,

или веќе

за тоа сила немаш,

кому сега

насмевнат душа галиш,

љубов, со насмевка палиш.

Кажи ми,

кому сега песни пееш

чија душа

милозвучно грееш,

кому подаваш рака

кога душата премалува

натежната од мака.

Дали некого

со рака допираш,

или желбата

во почеток ја сопираш.

Page 62: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

62

Кажи ми,

дали солза последна

од око се слива,

дали желбата успеа

од тага да исплива,

нов свет

околу тебе создаде,

срцето без цена

тажно го продаде.

Кажи, кажи ми

без мене како ти е,

од чии усни

погледот празен

страсно, живот пие

дали сега срцето,

мирно во гради ти бие

кажи ми.

Page 63: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

63

КАЗНА

Кој ли бран

тежини носи,

кој немир буден

сѐ пред себе коси,

со поглед безмилосен

како камшик шиба,

во раната болна

трновито гиба.

На полјана равна

трева нема да се вее,

сал изгубена душа

безнадежно тлее,

остра злоба,

нагрнала од сите страни,

во понор без дно

онемени срца збрани,

од воздишка

последен здив кинат,

не постои надеж

клетници да згинат.

Задоволни, тие слават

за злото што го прават,

светло нема, ниту зрак

уште една зора болна

ќе осамне пак,

ако некој смогне сила

да подигне глава,

е тогаш следува

онаа... казна права.

Page 64: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

64

Во бездната на болка

оставени така,

ни живи ни мртви

само крајот се сака,

крвави раце,

узди тешки затегнале,

глуви и слепи за милост

од пеколот побегнале

по човечкото посегнале,

грешна сметка направиле

на правдата заборавиле,

заслепени од надежи празни

заборавиле...

за сѐ има праведни казни.

Page 65: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

65

КАКОВ ( НЕ ) ЧОВЕК

Зошто, зошто некој

цвет предвреме

безмилосно кине,

само така,

желбата да му мине,

зошто некој,

со камен фрла

по распеано пиле,

тој срце нема

нему, камен

во гради му свиле,

зошто, зошто некој

за љубов нема сила,

никого да љуби

ниту сопствената

рожба мила,

зошто, зошто некој

на туѓа болка се смее,

во душата темна

радост го грее,

зошто некој

сонцето го мрази,

се радува на сѐ тажно

по земја што лази,

зошто?...

каков е тој човек?

жално... но...

таквите ги имало, ги има

и ќе ги има довек.

Page 66: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

66

КАМЕНО СРЦЕ

Наминав во твојата градина,

онаа… нашата

каде љубовта цветаше,

мирисот нѐ опиваше,

цветовите трепереа

од страста на воздишките.

Наминав,

сакав да ја почувствувам

топлината на спомените

длабоко во срце закопани,

застанав вкочанета,

не верував на очите

гневно ги протрив,

... повторно исто

насекаде камења,

грутки големи растркалани.

Срцето вресна,

душата не издржа,

очите крвави солзи проронија,

болките во гради

уште подлабоко заронија,

се срушив скршена,

онемев од очај немоќен.

Page 67: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

67

Само солзите крвави

непрестано течеа,

дланките ги зарив во земјата

така останав...

ден, два, вечност... незнам.

Нечии крила ме подигнаа,

го почувствував срцето,

ги отворив очите

чудо...

секој камен, црвен цвет беше

секоја грутка, гранка

растреперена што зеленееше,

во кругови чудно распоредени

кругови без почеток, без крај,

еден во друг се преливаа

сѐ повеќе се стеснуваа

во центарот се слеваа

како разбеснета лавина,

кон срцето распукано

во камен претворено.

Page 68: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

68

КАНДИЛО

Само пламенот

на кандилото ме тешеше

онака страмежливо,

трепетливо надеж будеше

во темнината

на пустата пештера,

каде душата,

мир бараше.

На колена

пред каменот падната,

солзите ги истурав

гревот да го измијам,

со дланките во грч стегнати,

огинот го гаснев

целосно да не ме изгори,

со солзи крвави

црнината ја боев,

со милост да ја разблажам.

Со усните испукани,

жедно мир барав

злото да го растера,

несрќата да не царува

да не ликува,

над немоќта човечка

силно, љубов испратив

пламенот го распламтив,

светлина ме заплиска

како птица, лесно

се вивнав кон небото.

Page 69: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

69

ЌЕ ДОЈДЕ ЛИ ДЕН

Сонцето ете веќе зајде

срцето мир никако да најде,

и ноќта темна пак се спушти

срцето глас не испушти.

Стои немо, со рани тешки лути

за сите неправди решило да ќути,

со горчливи солзи во своите очи,

налегнати, како мермерни плочи.

Кажи, кажи ми мили боже,

да се живее вака дали може

до кога срце за неправда ќе ќути,

ќе трпи оган и јазици лути.

Ќе остане ли тоа вечно така

или ќе најде излез за својата мака,

ќе дојде навистина ли тој ден

кога никој, нема да биде повреден.

Секој среќен да живее ќе сака

ќе ставиме заборав на секаква мака,

ќе свети цел ден сонце силно

во душата, ќе разлева топлина милно.

Page 70: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

70

КОРОВ

Искорни го плевелот

нечујно,

ја труе земјата,

породот,

тукушто изникнат.

Ружите мирисни

глава да поткренат,

да заблескаат

со цела убавина,

телото да го исправат,

трњата да им пораснат

невидливо, скриени

да не повредуваат.

Доста се болки

од злобници,

бездушници тајни

со човечка лушпа

облечени, сјајни

со насмевка лажна,

остро прободуваат

душа бедна, тажна,

со непозната, милост во очи

рушат гранитни плочи,

гревот свој да го сокријат

бисерот редок, го покријат.

Page 71: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

71

Нека небото

ги растера облаците,

сонцето да заблеска

со сиот свој сјај

на маката да стави крај,

сѐ лажно протера,

коровот сам себе

нека се уништи,

ниту семе да не остави трага

да избрише секаква лага.

Добрината, да се цени

милоста, да плени,

љубовта, љубов да биде,

радоста да заблеска,

среќата да и ракоплеска

животот, живот конечно

за секој, достоен да биде,

како што Бог на сите ни го дал

за возврат, ништо не побарал.

Page 72: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

72

КУСУР ОД ЉУБОВТА

Ти,

тука си,

во мене, околу мене

насекаде ти,

твоето лице,

пресликано на моето.

На огледалото замаглено,

гледам...

само лик безличен

се изгубив некаде

во презирот

на погледот твој

од небото, обоено,

со бојата на немирот.

Ти,

твоите зборови

ги голтам со сласт

капки отровни, кои

крвта ми ја трујат

вжештени струјат

низ вените разулавени

потскокнуваат на грутките

од воздишки откинати

стрмоглаво спуштајќи се

до дното на душата.

Page 73: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

73

Бездушно кинат, распарчуваат

и повторно ти

во секое парче,

те има... и премногу

бездушнику,

љубов моја неизмерна

вечна, бесценета

со живот платена

за кусур,

само сенка остана

од љубовта моја

со нозе твои прегазена,

бакнежи на земја вкочанети

од усните жедни,

само бразди пресушени.

Page 74: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

74

ЛАЖНА НАДЕЖ

Пролет е,

а ветер есенски,

како листови пожолтени

кине дел по дел од мене,

бездушно,

го избркал сонцето,

ми гази по душата, дрско,

го чека моето паѓање,

да се насладува

на суровата победа.

Занемена,

се трудам да не паднам,

стојам со глава наведена,

како крик, спомен ми помина,

го слушнав во мислите

гласот на баба ми

”наведена глава, сабја не ја сечи”.

Ветерот,

се посилно бриши сѐ пред себе,

невреме беснее крваво,

кожата ја дери,

на живи рани сол истура,

парчина од душа корне

насекаде ги расфрла,

болка ме полудува...

ќе издржам, морам...

до кога?...

има ли крај?...

не го гледам.

Page 75: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

75

Боли, боли до бескрај,

крвожедна уста

коските ми ги глоба

на земја црна се распаднав,

но...

надеж силна секавично блесна,

доста е,

ќе се исправам,

прости бабо, но ти грешеше,

со револт глава ќе подигнам

на свои нозе ќе застанам,

никој да не ме гази

живот свој, гордо ќе живеам

пуста била, надеж лажна…

Живот, во мене веќе немаше

останав така...

распарчена,

во прегратките на земјата,

црна, тешка, изгазена.

Page 76: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

76

ЛИБЕ МОЕ

Зошто либе сега дојде

кога младоста одамна пројде

зарем сакаш мед од усни

зарем не гледаш, веќе се пусти.

Зошто либе по години толку

прашуваш дали љубам и колку

зарем не гледаш дека не остана веќе

ниту пусто гранче од тоа цвеќе.

Зошто либе сега доаѓаш

зарем на гледаш, сал само сенка наоѓаш

од длабока љубов срце изгорено

во животот мој се е затворено.

Немој либе, не доаѓај пак

не остана, веќе ниту зрак

само сива пепел во моите коси,

од болката што спомени носи.

Оди си либе не отварај рани

во срце сите се збрани,

пропадна пуста младост

нема повеќе ниту радост.

Оди либе, свеќи запали

душата веќе, нема да се разгали

сѐ беше само песна тажна

за изгубена љубов лажна.

Page 77: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

77

ЉУБОВ ТИ ПОДАРИВ

Искрата,

во пламен ја претвори

да ми ја докажеш љубовта,

зошто не го гаснеш?

го остави

целата да ме изгори,

во пепел да ме претвори.

Од пепелта

бела ружа направив,

да ти ја подарам

во знак на простување,

и пријателство искрено.

Не успеав,

окото ме предаде

крвави солзи пророна,

ружата ја обои

љубов бескрајна

јас пак ти подарив.

Page 78: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

78

ЉУБОВ - Love, (Amor)

Убедлово најдобар и

најчесто употребуван

лек за среќа,

УПОТРЕБА:

Три пати дневно пред јадење.

КОНТРАИНДИКАЦИИ:

Може да изгубите врска со реалноста.

Губење на апетит.

Зголемена потреба за пушење,

запоставување на пријателите.

ПРЕД УПОТРЕБА:

Добро протресете

ја сопствената глава.

ДОЗИРАЊЕ:

Додека чувствувате симптоми,

но не зголемувајте ја дозата,

може да се јави зависност.

Реакциите се индивидуални.

Ако ви одговара,

слободно продолжете со употреба

Page 79: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

79

ПРЕДОЗИРАЊЕ:

Можете да одлепите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Пред употеба,

задолжително проверете го

рокот на траење.

СОВЕТ:

Не барајте од лекар,

снаоѓајте се сами.

Сѐ останато,

е ваша одговорност

НА ЗДРАВЈЕ!

Page 80: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

80

ЉУБОВНА БОЛКА

Во темна бездна

јас чекајќи седам

плачам без солзи, без глас

се смеам, а срце се кине

ох боли, љубовта врела.

Дали разделба клета

или смртниот час

да го земам,

дали љубовта слатка

или родбинска рака

да прифатам јас.

Но љубов се сака

без неа живот...

во темнина седи,

а разделба,

не, за неа не сакам

ниту да зборам.

Таа боли, во срце те пече

без драгите очи

денот ко ноќ ќе ти биде,

а со нив, во рајот

да погледнеш можеш.

Page 81: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

81

Но, боли и тоа

што гласови силни

ме гушат и сега,

доаѓаат тие

без милост, без страв,

јас бегам...

во бездна подлабока итам.

Ах љубов, што пат

ти во часов ми дари,

дали кон тебе тој сега ме води

или ќе потонам сама

во матни разбуркани води.

Јас итам, од гласови бегам

срцето боли,

од љубов се кине

пред мене трн се створи

се решив, јас птица ќе бидам

на трн ќе се набодам

место прекрасна песна

името... твое ќе го вриснам.

а смртната рака

како ледена стрела

ја чувствувам сега,

нема веќе каде да бегам.

Page 82: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

82

ЉУБОВНА НОТА

Разиграни ноти

ја брануваат крвта,

вените потскокнуваат

по ритамот на музиката,

јас и ти... играме.

во танцот на љубовта...

занесени, опиени,

со раце преплетени

тела нежно припиени,

мисли силно вкрстени

од страст, жедно испиени.

Танцуваме

по сртот на месечината,

по краците на ѕвездите,

кои страмежливо трепкаат

да не ја расипат магијата

што силно нѐ обзела,

занесени во бескрајот

во лулката љубовна,

голи се препуштивме.

Срцата забрзано чукаат,

тропотот на душата распламтува,

танцот се стопи со музиката

во ноќта тивка, волшебна,

само нежен шепот ечеше,

од сите страни музика течеше

само... една нота, љубовна

воздухот го сечеше,

еден глас, од душа откинат ... ТЕ САКАМ ...

Page 83: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

83

МАЌЕДОНИЈА

Има една земја мала

како звезда таа сјае,

својте маки, болки страдни

во песни, од душа ги ткае.

Своите чеда со љубов ги храни

од душмани храбро ги брани,

растурени низ светот болно патат

желба им е дома да се вратат.

Наша мила, родна Маќедонија

мајка на вековни поколенија,

од секаде љубов и праќаме

со радост ние дома се враќаме.

Молчи, срце мое не плачи

Маќедонија мила нас нѐ чека,

нејзината љубов за нас зрачи

во прегратката, нејзина мека.

Ние дома пак ќе се вратиме

нема вечно во туѓина да патиме,

со радост силно ќе пееме

маќедонско знаме ќе вееме.

Page 84: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

84

Маќедонијо мајко мила

рашири силно свои крила,

прегрни ги своите чеда

спаси ги од секаква беда.

Доста туѓо сонце нас не грее

душата за тебе болно тлее,

ќе престане оваа наша мака

со благослов од божја рака.

Page 85: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

85

МАЌЕДОНСКА ДУША

Би сакала птица да бидам

дома да летнам тебе да те видам,

и сите пријатели драги

во срцево мое, што оставиле траги.

Жално е овде сама да седам

сликите ваши низ солзи ги гледам,

и нашата рајска градина

од твоја рака мајко создадена.

Секоја вечер бога молиме

да ни даде сила сѐ да сториме,

дома здрави да се вратиме

овде повеќе да не патиме.

Тажни очи болен поглед

копнеж голем во недоглед,

тешка грутка во гради не гуши

ние сме тажни маќедонски души.

Една желба имаме пуста

вечно тлее на пресушена уста,

а срцето вика на сиот глас

Маќедонија е нашиот спас.

Ќе кренеме гордо глава

ќе исправиме вита става,

песна наша, насекаде да се слуша

ние сме чиста маќедонска душа.

Page 86: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

86

МЕСЕЧИНО МОЈА

Месечино, сестро моја

само ти ја знаеш

болката моја,

меѓу сите ѕвезди

на небо што светат

светлина од душа лачиш

сама, но сепак зрачиш

Јас овде на земјата света

а мислата кон тебе лета,

стојам сама со својата тага

од мене не оставам ниту трага

на плоштадот,од болки одам

дланките со трн ги бодам,

барам место јасно да те видам

што побрзо кај тебе да бидам.

Од копнежи мост ќе сплетам

со скршени крила неможам да летам,

љубовта болна ми ги скрши

без тебе животот мој заврши.

дозволи ми зад тебе да застанам

вечно таму,сама да останам

со срцето полно тага

за овој живот,

каде сѐ било лага.

Page 87: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

87

МИЛО МОЕ

Кажи ми,

кажи мило мое

како да гледам без окото твое,

како сонцето да го видам

кога со тебе неможам да бидам,

кажи, кажи среќо моја

каде да ја барам насмевката твоја,

кого во раце да замам

сега кога тебе те нема,

кажи по кој пат да појадам

само кај тебе да дојдам.

Овде за мене живот нема

сѐ што имав ти со себе зема,

кажи, кажи ми

дали ќе помине оваа тага

без твојата лика драга

без твоите усни чедни

што лееја песни медни.

Сега само темнина плиска

душата во грч вриска

јас...

од дното ќе се дигнам

кај тебе мило мое

морам да стигнам

очи ѕвезди да ти видам

твое небо јас ќе бидам.

Page 88: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

88

МОЕТО СРЦЕ

Никој нема, ова цвеќе

да го мирисне веќе,

од твоја рака

фрлено со иронија,

остана да вене,

само, во агонија.

Во него, моето срце беше

а тоа јадно,

само за тебе живееше.

Ти отфрли многу лесно,

сѐ што дадено ти беше

и срцето мое,

што за тебе живееше.

Го остави на ветрот

каде сака, да го вее

и никогаш повеќе,

сонце да не го огрее.

Ќе остане само

во мракот да тлее,

а песната за тебе

вечно ќе ја пее.

Page 89: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

89

МОЖЕБИ

Некој страв чуден

неповикан, непознат

во болката на градите

гнездо свое направил,

темнина, со цела своја тежина

ме притиска, гневно

душата да ме напушти.

Јас чекорам по работ

на амбисот недогледен,

жедно подзинат

нова крв да испие,

алчноста да ја нахрани.

Тишината морничава

морски бран ја наруши

гневно удирајќи по карпата,

ме кани со синилото

да му се препуштам,

болката да ја распарчи

тагата да ја удави.

Page 90: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

90

Јас, чекорам

со раце испружени

ништо не допирам,

крајот не го гледам,

ни жива, ни мртва

на камен се потпрев,

него да му се исповедам

со последна солза

тивко да го измијам.

Тој болка не чувствува,

тајната од душата излеана

во себе ќе ја скамени,

горчината што дави

нечујно ќе ја испие,

од светот,

вечно ќе ја сокрие.

Јас како сенка избледена

стравот ќе го прелетам,

на душата испразнета

надеж чиста ќе посадам,

утре...

можеби уште утре,

пред гавраните да го уништат

семето на среќата,

блескаво цветот ќе разлиста.

Page 91: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

91

МОЖЕШ ЛИ

Врати ми ги деновите

поминати со тебе,

врати ми ги ноќите

исплакани за тебе,

можеш ли.

Врати ми го сјајот

на очите изгубен

од тебе,

врати ми ја насмевката

на лицето

од тебе избришана,

врати ми го мирот

на срцето растреперено,

можеш ли.

Врати ми ја младоста

од тебе потрошена,

врати ми ја душата

изгубена што лута,

можеш ли.

Врати ми ги

среќата,

сонцето,

ѕвездите,

мирот,

музиката.

Page 92: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

92

Врати ми се

заради тебе изгубено,

само љубовта не,

тебе ти ја оставам

мене само болка

ми донесе,

тебе...

не знам

прави што сакаш

врати ми ја иднината,

можеш ли?

Page 93: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

93

МОЈ ЖИВОТЕ

Изобличени сенки

темни, нејасни,

ме прогонуваат

вечерва.

Сите тие

и бледи и мрачни,

го имаат твоето лице,

ангелско.

Душата затрепери,

желба страмежлива,

страст за тебе

цела ме пресини.

Без тебе,

тоа е болка голема,

твојата љубов

вечна непреболена.

Без тебе, јас сум

извор пресушен,

птица без крила

на брегот оставена.

Ти, живот

во душа ми дари,

во срце,

љубов твоја господари.

Page 94: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

94

Растерај,

сѐ темно и црно

да не остане,

од тагата ни зрно.

Мој животе,

ти среќо моја

дозволи ми,

да бидам вечно твоја.

Page 95: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

95

МОЈ СВЕТ

Собирам

нишки од чувства

искинати,

со златни ѕвезди

од копнежи

ги врзувам,

за душата твоја

постела спремам.

Во зениците

од очите ја постилам,

со љубов

вечно да ја греам,

безшумно,

во тишина,

со болка свечена

капаците ги затворам,

никој да не те види,

никој да не дознае,

никаде да не одиш,

во мене

вечно да останеш.

Душо моја запри се

срце мое не трепери,

остави

музиката да тече,

разумот

со ноти разиграни

лесно да го опие .

Page 96: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

96

Погледот го изгубив,

завеса бодликава

врз очи ставив,

светот да не го гледам,

свет сопствен со тебе

во мене створив.

Душата твоја заробена

со цветови покриена,

со бакнежи полиена,

јас со тебе

ти во мене,

цвет што не венее,

тоа е мојот свет

... бескрајна пролет.

Page 97: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

97

МОЈА СУДБИНА

По колена се влечам

како, кому да речам

колку боли поглед еден

те прави мал, беден,

а такви многу ги има,

смрзната како во зима

одам цела подвиена

од болка убиена.

Секој, со презир гледа

срамно, каква ли беда

ах судбино моја пуста,

те има во сечија уста

нека, нека мислат така

само јас ја знам оваа мака,

со мене ќе ја однесам

сметка, никому нема да поднесам,

ќе ја закопам со мене

со младоста и таа нека вене.

црна земја сѐ покрива

ничија тајна не открива,

сѐ што беше ќе биде скриено

со болка во душа обвиено.

Page 98: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

98

И ти задоцни ѕвездо сјајна

не ја виде мојата тајна,

затоа безгрижно сјаеш

љубовен сон весело ткаеш,

побрзај, покри ги сите

среќни нека им бидат дните,

мојата судбина била чудна

немам сила да останам будна,

ќе заспијам за на век

тоа, ми е единствен лек,

ништо не може да се стори

чекам, земјата да се отвори.

Page 99: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

99

МУЗИКА НА ДУШАТА

Остави,

остави нека свири музиката

го прати

плачот на душата напатена

секој акорд, парче кине

секој трепет воздишка корне

болката игра занесена

во воздухот лебди љубовта,

музиката слатко опива.

Грчот на усните

во бакнеж се претвора,

ја бакнува болката

љубовта тивко се разлева,

се впива во музиката

нежно ја гали душата,

страста разиграна

срцето во пламен го обвива.

Музиката тактот го менува

се возвишува до бескрајот,

или... одненадеж паѓа

крик во грлото шумоли,

сѐ е испреплетено

крајот е неизвесен..

ќе заврши ли музиката

пред душата да исчезне?

или... музиката сама ќе остане

крајот да го оплакува

на душата изгубена.

Page 100: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

100

НА КАРПАТА НАДЕЖ

Ти, невернику

скриен во свештеничка облека

дојди,

ти со ореол на главата

само измислен

дојди,

земи го и ова парче душа

оставено на карпата…

наречена надеж.

Дојди,

ти за кого милоста,

љубовта, благородноста

се измислени именки

само за љубовни романи.

Дојди,

самоуверено каков што си

изгази го и ова што остана

од душата напатена,

трага да не остане

достоинството човечко

во темнина закопај го.

Дојди,

или искорни го злото од срцето

со сопствените раце крвави,

нека потече отровот,

нека го уништи семето

на злото со години засејувано.

Page 101: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

101

Дојди,

овде на карпата, јас и ти

од бога,

прошка ќе побараме

останатото...

ангелите или демоните

сами ќе го направат

дојди...

Page 102: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

102

НАДЕЖ СЕ РОДИ

Зеленило на крошната

гранки од ветер разиграни,

лисја заљубени шепотат...

јас, гранка пресушена

сама, сред сите треперам.

Играта ме заобиколува,

ветерот не ме допира

лисјата, сенка фрлаат

љубовта не ме милува.

Кон водата поглед ме води

солзи од душа извираат

во реката тивко паѓаат

сѐ повеќе и повеќе,

надеж се роди...

водата ќе ја разбрануваат,

каменот во срце заглавен

со сила ќе го поместат,

товарот ќе се намали

и јас ќе се исправам.

Лисја ќе ме закитат

живот, низ жили ќе потече,

меѓу сите среќни

можеби...

и јас ќе заиграм,

сонцето ќе го досегнам

љубовта ќе ме прегрне.

Page 103: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

103

НАДЕЖ

Ако небото

ги отвори портите

само за миг

појави се,

трепни со очите

да знам каде си,

само за миг

смири ми ја душата,

сама оставена

уплашена,

растреперена,

потисната,

од болка

раскината,

во вртлог ужасен

живот наречен.

Занемена стојам,

со мисла

тукушто родена,

во грлото

зборот занемува,

очите пресушија,

раката на тагата

во дланка ги сокри.

Page 104: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

104

За миг, само за миг

те видов зад облакот

плачеше неутешно,

како дожд пороен

солзите ги истураше,

тагата да ја избришеш

од лицето мое овенато

од душата браздите

од болка издлабени.

Сама, заглавена

во лавиринтот на мислите,

напразно барав одговор

оправдување за отсутноста,

празнината што ја остави,

оградата срушена

на која се потпирав,

одговор...не најдов

премалена,

се препуштив

на горчливата темнина,

да ме опие,

да ме сокрие,

да ме покрие,

никој да не види,

никој да не дознае,

колку ми недостигаш

а можеше...

можеби и не,

сепак... знам

ќе се сретнеме пак

некогаш...

некаде...

засекогаш.

Page 105: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

105

НАША МАЈКА

Корените, од дедо ми

се будат,

решение за проблемот

нудат.

Деца мои, живи и здрави да сте

зарем вие,

во кукавици прераснавте.

Деца мои, гордост наша,

во раце свои, храбро

земете ја судбината ваша,

во вашите вени,

наша крв течи,

нема болка која не се лечи.

Вие сте потомци наши,

маќедонецот нема,

од ништо да се плаши,

МАЌЕДОНИЈА е вечна

тоа е наша одлука конечна.

Кој што сака нека збори,

во МАЌЕДОНИЈА

храбро песна ќе се ори,

залудни се желбите

на душмани пусти,

ќе останат, тие со гладни усти.

Page 106: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

106

Секој нека слуша,

секој нека види

МАЌЕДОНИЈА е наша

и вековита ќе биди.

Деца мои гордост наша,

единствената мајка

е само МАЌЕДОНИЈА ваша

сакајте ја храбро со срцето цело

не газете го споменот

на нашето, со крв создадено дело.

Page 107: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

107

НЕ ЛАЖИ

Кому да верувам?

На медот,

што од усни ти течи

или на пелинот,

што грло ми сечи.

Кому да верувам?

На рацете,

што нежно ме милуваат

или на канџите,

што во месо се зариваат.

Кому да верувам?

На погледот,

што нежно ме гали

или на ножот,

во грб што ми го зари.

Кому да верувам?

Тебе,

на љубовта твоја

или себе,

на болката моја

Кому да верувам?

Кажи,

вечерва... не лажи,

имам премногу траги

од сите твои лаги,

срцето,

распарчено лежи,

душата,

кон земја веќе тежи.

кому да верувам?

Page 108: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

108

НЕ ТАГУВАЈ

Не тагувај љубов моја

цвет оставив во градината твоја,

на небо ѕвездено јас летам

соништа среќни за тебе плетам,

со ѕвезди ги китам, сјајни

страсти врели и копнежи тајни.

За тебе месечев зрак праќам

љубовта во срце ти ја враќам,

да можеш вечно да љубиш

храбро, па дури и кога губиш.

Еве зората веќе иде

со тебе и таа ќе биде,

хоризонти нови ќе ти покаже

дека животот е дар од бога,

со насмевка ќе ти докаже.

Искини од сомнежи мрежи,

дозволи и на љубовта

на срце слободно да лежи,

милозвучно таа да ти пее

душа напатена да ти згрее.

Болки да ти излечи тешки

нежно со бакнежи жешки,

од нив да нема ни трага

минато ќе биде твојата тага.

Page 109: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

109

Не тагувај, поглед крени

со насмевка дочекај нова

љубов што срце плени,

не мисли повеќе на мене

ќе заминам тивко со залезот,

на денот што почнува да вене.

Page 110: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

110

НЕБЛАГОДАРНО

Зошто ми ги дари деновите,

премногу се светли

сѐ откривааат...

ме заслепуваат солзите

на очите надвиснати,

не ги сакам

неблагодарно, зарем не?

Зошто ми ги дари ноќите,

долги се, тажни...

уште повеќе кога лазам

по лавиринтите на подсвеста,

во сонот да се сокријам

а него ... го нема

очајнички го молам

да ме обземе,

ах, уморна сум

а ноќите предолги

немилосрдни.

Кога е моето време?

времето на постоење

ден... не, ноќ... уште помалку.

Можеби треба прилагодување

да ја ставам маската

со гримаса на насмевка,

да летам како пеперутка

да се воодушевувам

од разнобојните цветови.

(иако се безмирисни, вештачки)

Page 111: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

111

А кога ноќта ќе се спушти,

да ја спуштам главата на перница

да заспијам блажено

како безгрешно новороденче,

(ништо не сум згрешила,

а и да сакам - неможам

во ова идеално опстојување)

Неблагодарно...

се изгубив некаде,

помеѓу реалноста

(што не можам да ја сфатам)

И чувствата што горат

гребат по душата

се гушат во врисокот,

немоќено,непомирливо,

бескрајно...

неблагодарнo, зарем не?

можеби.

Page 112: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

112

НЕВЕРСТВО

Од небото,

темен зрак се спушти

душата,

тажен крик испушти

темнина,

сѐ пред мене покри

сонцето,

засрамено се сокри

пред срце невино,

за љубов жедно

и тоа

се почувствува бедно.

Како, како тоа да свети

тешко неверство

надвиснало, прети

среќата,

ја избриша лажна

се разлеа,

само песна тажна

секој акорд,

за здив се бори

секој збор,

во срце гори

неверството твое,

тешко ме рани

ги уништи,

сите надежи збрани.

Page 113: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

113

Во темнина

ќе останам јас,

нема да чуете

од мене ни глас,

немо во мракот

мирно ќе стојам,

минутите до крајот

жедно ќе ги бројам.

На неверство, заборавете

таа авантура жешка,

ва љубовта

остава болка тешка,

за неа лек нема

неверството

свој данок си зема.

Page 114: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

114

НЕДОВРШЕНА ПЕСНА

Безмилосно срцето го кинам

а можев среќна да заминам,

што ме тера да пишувам вака

лудост, или немирната рака.

Околу мене ѕвездички снежни

лесни како воздишки нежни,

разиграни весело пеат

како гроздови бели што зреат.

Со сила насмевка нудат

во гради топли бранови будат,

со љубовен пламен дишат

спомените да ги избришат.

Можеби сѐ ова е само илузија

во сон нестварна визија,

лажна среќа што блеска

или крик, на срце што вреска.

Ќе ја оставам песната вака

со непознат крај на мојата мака,

сонот можеби стварност ќе стане

во срцето радост ќе остане.

Можеби...

Page 115: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

115

НЕПОВИКАН

Кој си ти, неповикан

што стално

во сон ми доаѓаш,

браздиш незапирливо

по виугите на мозокот,

тешко газиш

по дамарите на душата,

господариш со чувствата

мои соглени,

ти непоканет

господариш со мене,

сонот ми го одземаш

надеж не ми даваш,

рушиш пред себе

сѐ од мене што остана

.....................

само парчина искршени

на подот расфрлени,

душа искината

во постела полегната,

чувства празни

од срце откинати,

болна празнина

секоја ноќ присутна,

кој си?

неповикан,

непознат господар

крадец на соништа

кажи, кажи ми кој си?...

Page 116: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

116

НОВА ЅВЕЗДА

Во безгласноста на тишината,

темнината налегнала

на постелата на душата,

со цела своја тежина

мислата истркалана,

ја зароби недородена

светлоста да не ја види,

тука да остане

на дното на безнадежот.

Кој ли ова го запишал

за моето постоење,

миг што како вечност трае.

Не бројам...

денови, години,

сѐ вечност станало,

изместена реалност надвладеа

рамки и граници невидливи.

Само тагата ја познавам,

ниту солзите свои

не ги гледам, натежнале

на трепките се населиле,

погледот го заробиле

само болка ме раскинува.

Page 117: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

117

Безгласно плачам, со страв

тишината мртва, скаменета

да не ја разбудам, да побесни

спокојот да и го нарушам,

врз мене бесот да го истури

зората да ја избрка,

ден нов да не се роди

темнината вечна да е

во кралството на тагата.

Само душата не престана,

молитва за светлост плетеше

од воздишки болно откинати,

со надеж кришум ги праќаше

до ѕвезда на небо што сјаеше,

светлосен мост да направи

душата чиста ја избави,

во своите двори ја пресели

со месечев зрак да ја прероди,

нова ѕвезда најсветла

на небо, вечно да засвети.

Page 118: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

118

НОЌ НА СТРАСТА

Бесцелно како сенка

ја газев ноќта,

што врз мене се спуштила

да ме стопи во црнината.

Одев напред

некоја сила ме водеше,

барав зрак да ме освести,

да ме потсети на животот.

Одеднаш врата се отвори

светлина силно заблеска,

се појави ти неодолив, непознат

нежно, како кристален цвет

ме поведе низ светлината,

со лице ангелско,

насмевка која зашеметува,

ме спушти на креветот.

Опиена од нежноста, од среќата

се препуштив целосно,

рацете се преплетуваа,

усните шетаа по кожата,

телата се припиваа, танцуваа

по музиката на срцата,

врели воздишки се кинеа.

Page 119: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

119

Запловивме по морето на страста

брановите не лулаа,

душата забрзано поскокнуваше,

очите ѕвезди сјајни сееја

среќна, опиена

на сонот се препуштив.

Кога очите ги отворив

бев јас, сама во изгужваните

прекривки на постелата,

само твојот мирис опоен

како грутка ме гребеше во грлото,

од тебе ниту трага,

само неколку зборови, испишани

на парче хартија згужвана,

КЛУЧОТ остави го над вратата.

Page 120: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

120

НОЌВА

Ноќта тивка

пак се спушти,

срцето премалено

очаен крик испушти.

Темнина се разлеа

врз постела мека,

душата потисната

жедна, сонот го чека.

Минатото притиска

се јави како авет,

јас, пред години многу

твоја сум, ти дадов завет.

Сега, коса побелена

овисната на сите страни,

од болката насобрана

нема кој да ме брани.

Одамна ти замина

како сѐ да беше шала,

јас сѐ во себе сокрив

во оваа душа мала.

Page 121: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

121

Вечерва пак сама

во бунар без дно,

повторно го истурам

цело претрпено зло.

Само, за едно молам

уморна глава да спуштам,

на нечие мирно рамо

ноќва, душа да испуштам.

Page 122: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

122

ОВАА ЗЕМЈА ИМА ДУША

Ве има безброј,

од сите страни напаѓате

ајде, не страмете се

не глумете изненадување,

крвта ја намирисавте

свежа, чиста, црвена

па вие ја разлеавте

сега безсрамно

насладувајте се.

Воздухот го затрувте,

цвеќината ги распаравте,

низ реките крв протече,

погледот го замагливте

тагата проплака.

Посегнавте по семето

од срце со надеж посеано,

во земјата, бездушно длабите

оставете ја,

барем утробата земјина

чиста оставете ја

таму, некаде длабоко

во нејзината душа

постои вистината,

постои искрата на животот.

Page 123: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

123

Барем неа, не гибајте ја

издржала многу

и вашето, ова ќе го издржи

насладете се на отровот

што го истуривте

и одете,

одете си затруени,

во сопствените проклетија.

Вистината, љубовта, моралот

се неуништиви,

оваа земја пак ќе процвета

лисјата ќе разиграат,

реките весело ќе зажуборат,

сонцето среќа ќе разлее,

оваа, оваа земја има душа

голема, вечна, неуништива.

Page 124: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

124

ОСЛОБОДУВАЊЕ

Заробена во туѓо тело

болеше секој поглед,

длабеше по облините

на телото посакувано,

немо, потклекнав

на ласкањата,

...ме срушија.

Сонцето ме огреа,

среќата се насмевна,

небото ме повика,

се ослободив

од тежината на оковите

тогаш, конечно

блесна мојата душа,

моето вистинско

...ЈАС...

Page 125: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

125

ОСТАВИ МИ ГИ СОЛЗИТЕ

Ех животе,

ти се можеш

од секого се земаш

за никого

милост немаш,

еве и мене...

се веќе ми зеде,

тело, душа, срце мало

растреперено пиле заспано,

немам ниту воздух

јас да дишам,

уште само малку сила

ова да го запишам.

Сега... животе...

...само едно те молам,

во очите не гледај

солзите не ми ги земај,

остави ги, од очи да се лијат

тагата да ја сокријат

во црната земја, жедна

гробница, за судбина бедна.

Ќе останат очи влажни

од денови

минати...тажни,

на лице длабока трага

од љубов изгубена

само болка и вечна тага.

Page 126: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

126

ОСТАНАВ ВО МОРЕТО

Закопана во сопствените мрежи

исплетени од болка што тежи,

на морското дно душата падна

во тешка, осаменост ладна.

Околу мене чуден морски свет

Јас... изгубена во мојот лет,

тешко кон дното ме влече

а болката, пече ли пече.

Сама, во овој последен час,

да признам... морам јас

не знам како да живеам без тебе

што да правам, со самата себе.

Грубо заплеткана така

во очај студен испружив рака,

барав нешто цврсто, за спас

душата, врискаше немо без глас.

Останав растргана, ни долу ни горе

телото, го подарив на синото море,

копнежот голем по тебе ме уби

место тебе, песокот нека ме љуби.

Page 127: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

127

ПАРЧИНА

Болка, ја раскина душата

излета воздишка тешка

го искрши,

огледалото на парчина

зачекорив,

боса по жарчината

во пепелта,

од љубовта згасната

се фрлив,

во прегратката на тагата

денот,

во сенка го оставив

во тишина,

крикот го истурив.

Пустина,

во телото ми царува

по патот на твоите допири,

заводнички, страсни

бесрамно лажни,

жедта,

со верба ја гаснам

од роса насобрана

на лисја овенати,

надеж,

за љубов искрена

на небо барам

меѓу ѕвезди потемнати,

во мисли,

мечти бледо исцртани

од парчина искршени.

Page 128: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

128

ПАТ

Тежок пат за себе одбрав

сама да го одам

болка, тага

се со себе водам.

малку среќа, надеж

што животот ми даде

непозната, туѓа рака

од мене го украде

Останав сама

без надеж, без трага,

пред мене море од тага

со бранови се толчи

крик во душата молчи,

како птица со скршени крила

ќе дарувам насмевка мила

морето ќе се смири

анѓел ќе почне да свири,

негова песна ќе ме води

патот да го видам

на крстопат, да не бидам.

Како прашина бела

ќе ја истресам тагата цела,

ќе оставам се тажно

овде, каде се е лажно

ништо повеќе да не видам,

среќна сакам да бидам

благослов само барам

желбата да си ја остварам.

Page 129: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

129

ПОБАРАЈ МЕ

Се преполни чашата

од солзи пролеани,

се искрши вазната

од проштевање,

се распарчи огледалото

од лажни илузии,

ги собирам парчината

од срцето распукано,

нечујно излегувам

од сенката,

каде престојував.

Ако некогаш,

во градите почувствуваш

болка да почне да ти чука,

на местото на срцето

побарај ме.

Зад мене

траги ќе оставам,

од секоја воздишка

ружа откината

на патот ќе наоѓаш,

следи ги ружите

мирисот на љубовта,

отчукувањата на срцето,

сенката твоја изгубена,

така, мене ќе ме пронајдеш.

Page 130: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

130

ПОБАРАЈ МИ

Побарај,

побарај ги очите

ќе ти ги дадам,

да ги видиш ѕвездите

на небо разиграни,

солзите ќе ги задржам

лицето да ми го мијат,

пресушено,

тагата да ја впијат.

Побарај,

побарај ги рацете

ќе ти ги дадам,

да ја погалиш

љубовта

во цветот нерасцветан,

допирот ќе го задржам

мразот да го растопат

врз чувствата мои

бездушно распослан.

Page 131: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

131

Побарај,

побарај го срцето

ќе ти го дадам

милоста да ја осетиш,

отчукувањата,

ќе ги задржам за себе,

со секое од нив

името твое ќе го слушам.

Побарај,

побарај сѐ што сакаш

сѐ ќе ти дадам,

само душата не ја барај

неа ќе ја здржам,

во ѕвезда ќе ја претворам

на небо тажно нека тлее,

во зимскиот немир

сепак, тебе ќе те грее.

Page 132: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

132

ПОБЕДА

Се изгубив,

одненадеж

ме обзеде фантазија

ја потисна,

минатото.

Парам конци,

од прекрасната чипка

сенка искината,

конци расфрлани

слики среќни,

од време прегазени.

Јас, сега...

само блед одраз

на тоа што беше

...

сепак победи.

Се распрсна неповратно

фантазијата,

ружа сина откината

на земја, отфрлена.

Page 133: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

133

ПОВТОРНО РАЃАЊЕ

Се чувствувам…

некако...

посебно, поинаку,

нешто се случува

што?... незнам,

чувствувам,

јас... не сум јас,

како душата да излезе

ја гледам,

како...

магла лебди околу мене.

Празнина глува

во гради ме стега,

јас сум...

само нем посматрач,

на случувањата болни

околу мене натежнати.

Се прашувам...што е?

а се борев, долго

гребев со ноктите

додека ги имав...

додека прстите оставаа

крвави траги по опстојувањето,

додека силата

ме сруши од изнемоштеност,

додека срцето

почна да чука со шепот.

Page 134: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

134

Се борев,

сѐ додека остана само трепет,

се молев,

сѐ додека свеста ми се помати,

немоќно, се срушив без надеж,

се препуштив на неизвесноста,

на судбината...

отсутна, празна, непозната.

Почувствував допир,

ме помилува нежно, лесно,

рака ...крило ...воздишка,

насмевка од лик непознат,

сенка бела, самовила...

крвта повторно проструи,

срцето, продолжи да чука

оживеав, повторно.

Јас поинаква, сепак јас,

како празен бел лист,

немаше никакво минато,

ништо...

повторно раѓање,

нов живот,

поинаков поглед,

видов надеж,

нова, поубава иднина

се идигна од пепелта, од очајот,

го осветли патот,

неочекувано...

ме поведе, напред.

Page 135: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

135

ПОЕТСКА ДУША

Ти, ти што имаш душа

која секоја болка ја слуша,

ти, што секоја болка

во срце те гори,

за мир во душа,

безмилосно се бори.

Ти, што секој крик те гуши,

од тиранин,

што сѐ пред себе руши,

ти, што ја познаваш

секоја човечка тага,

и оставаш вечна трага

на хартија испишана,

за љубовта избришана

од срцето тешко откината,

во спомени замината.

Ти, ти пишувај вечно

милозвучно, болно и течно

нека боли, нека пече

од срце песната ќе тече,

како река што сѐ носи,

како студ што силно коси,

како сонце што грее,

како љубов што тлее,

пишувај,

пишувај за љубов.

Page 136: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

136

Ти душо, за нежност гладна

за искреност, болна и страдна

ти, само пишувај

поетска душо тажна

тоа е твоја мисија важна,

стихови од себе да сееш

човечко срце, милно да грееш.

Page 137: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

137

ПОКАЖИ ГО ЛИЦЕТО

Ти, кој незнаеш

што е болка,

што е срам,

не го слушаш

крикот на душата

во грло заглавен,

не крвариш од венецот

од трња исплетен,

не го чувствуваш огнот

кога бос по жар газиш.

дојди,

доста е робство

на стравот непознат,

толку силен

постојано присутен,

невидлив, а ужасен

болка од студенило

што до коска продира.

дојди,

по пат извади ги

сите лушпи на пластени,

искини ги од лице

сите маски застрашувачки,

така, соголен

со вистинското лице

покажи се,

застани пред мене

и речи, така дрско, надмено

јас сум злото

тогаш...

Page 138: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

138

јас и ти на работ

од провалијата недогледна,

лице во лице

силите ќе ги одмериме,

ти, со цело твое зло

јас со милоста

од бога дарена,

дојди покажи се, сакам

да знам кого испраќам

на дното на пеколот,

од кого,

во сенката на темнината

нема, во трепет останав.

Page 139: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

139

ПОМАТЕНА СВЕСТ

Јас, јас и ти, или

само јас со твојата сенка,

гледам упорно,

трпки ми шетаат пред очите,

виугите на мозокот

пулсираат, се исправаат,

се попречуваат,

свеста ми е поматена …

… што се случи ?

со мене, со тебе,

тука си?..

или нечујно замина

ја остави само сенката,

за спомен, дека беше тука.

Пребирам по сетилата,

погледнувам, во душата,

ништо, сè ми откажа…

празнина глува,

простор, безвоздушен

само ... јас...

или пожолтен лист

донесен од ветрот есенски.

Page 140: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

140

Магла сива натежнала

ме обвитка, се изгубив

сѐ исчезна, се избриша,

а јас ... ме нема

можеби... било само сон,

или илузија

во облак натажен,

нем посматрач

на исчезнувањето,

бришење на минатото,

или... воопшто

на постоењето,

мое, твое... наше...

Page 141: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

141

ПОНЕКОГАШ

Понекогаш, незнам,

размислувам...

што сум?

во овој свет,

дојденец

од универзумот,

пуста душа

со мисија чудна,

рани да гледа

срце болно да ечи,

немоќна, да ги излечи.

Од болка на болка

патот ме води,

секоја во срце ме боди

дали тоа малечко, јадно

во себе ќе собере

сѐ болно и страдно.

Секој миг вечност ми е

безгласно молам..

сакам да се вратам,

крајот го барам...

каде ли се крие?

Page 142: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

142

Дали ова живот значи,

или епизода минлива

без сјај што зрачи,

на пропатување...

низ лавиринти пусти,

од рани, изрезбани лузни

во темнини густи, сама

јас морам да пројдам.

Милост од душа да дарам

кај тебе чиста да дојдам

и прошка да барам,

за сѐ што овде сторив

на совеста и’ се покорив.

Еден си ти да ми судиш

дали живот,

милост ми нудиш

или некоја казна тешка,

за секоја сторена грешка.

Молам, само за мир во душа

тага и болки да не слуша,

само ти, сѐ можеш да сториш

и оваа бездна од тага тешка

во рај, вечен да ја претвориш.

Page 143: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

143

ПОРАЗЕНА

Нечујно

како сенка

лазам по ходниците

на тагата,

болката,

љубовта

тукушто родена

неочекувана

ме допре

тивко,

како искра

светна за миг,

нестварна

ме обзеде топлината

од пламенот,

врз пепел

што се разгори.

Невозможното

ме прелага пак,

уште еден сон

недосонет,

уште еден удар

немилосрден

ме разбуди,

ме освести,

желбата ја растрга

љубовта...

Page 144: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

144

Ја избрка,

изгубив

уште една битка

поразена,

уште една надеж

разрушена,

стварноста

заблеска победнички,

со цела своја

суровост,

ликувајки

безизлезот

ми го покажа.

Page 145: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

145

ПОСЛЕ ТЕБЕ

Се изгубив

во црнилото од твоите очи,

изчезна душата

раскината на парчина,

јас овената, сама

последен есенски лист

на пресушена гранка

чекам, ветрот да ме однесе,

некаде во некој друг свет

без болка и живот клет.

Што остана од мене,

каде се изгубив?

престрашена,

пред огледало стојам,

ликот ми го нема...

непознат лик во мене гледа

од душа, ми измами

само болен крик,

од гради силно се разлеа

темнината ја распеа.

Page 146: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

146

После тебе,

од мене не остана ни трага

само една болна тага,

од песна, само празни ноти

свеќа, што во сопствениот

пламен неуморно се стопи,

ѕвезда што гасне

полека...

до исчезнување,

прашувам, немо гледам...

од мене ништо не остана,

сфатив... без тебе

мојот живот престана.

Page 147: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

147

ПОСЛЕДЕН ЛЕТ

Лоша судбина ми дале,

цела несреќа

за мене ја збрале.

Сама јас да бидам,

родителска љубов

никогаш да не видам.

Напуштена од сите,

во темнина болна

да ги минувам дните.

Јас со мојата мака,

милост да барам

со испружена рака.

Зарем моите очи тажни,

заслужиле вакви

погледи, искривени лажни.

Разочарана од овој свет,

ќе соберам сила

за последен лет.

Детето, најнежен е цвет,

љубете го со срце чисто

тоа е богатство на овој свет.

Page 148: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

148

ПОСЛЕДНА СОЛЗА

Тонам некаде,

помеѓу

мечтите и стварноста,

помеѓу

различностите и сличноста,

помеѓу

разумот и чувставата,

се обидувам

да се пронајдам,

сѐ повеќе се губам

се воздигнувам

безтелесно во бескрајот

можеби, мислата ме носи

до себепронаоѓање,

светлината ме заслепи

ништо не видов,

се втурнав, во длабината

на сопствената душа

таму, во лавиринтот на лузните

од раните болно издлабени

ја пронајдов .... блескаше

последната солза

за младоста моја,

безвредно потрошена.

Page 149: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

149

ПОСЛЕДНАТА СОЛЗА НА СТАРЕЦОТ

На клупа стар човек седи

болни спомени реди,

од душа тешко ги кине

тагата да му згине.

Тука, ја љубеше неа

ечеше песна и смеа,

две срца силно вљубени

во љубов вечна изгубени.

Ги галеше тие бујни коси

како пролет, мирис што носи

љубеше, со цела душа чисто

сега, ништо веќе не е исто.

Помина таа бујна младост

со себе однесе и среќа и радост,

љубената, го напушти без збор

и денес за тоа, тој нема одговор.

Душата сеуште болно му жали

сал искра една, мала се пали,

и таа болно гори и пече

во гради, како пелин му тече.

Page 150: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

150

На срце стави растреперена рака

да ја погали својата мака,

од душа пушти воздишка врела

ја проколна судбината за сѐ што му зела.

Последна солза од око падна

на земјата како камен ладна,

згасна тој поглед влажен

од срце испушти крик тажен.

Page 151: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

151

ПОУБАВ СОН

Шепот на есенски лисја,

Ја параа тишината,

секавичен врисок

ме разбуди,

во рацете сеуште ми стоеше

книгата во која

ги запишував соништата

да запишам?... што?...

сонував?... или

тоа беше имагинација.

Лажна слика во украсна рамка,

ти пред мене,

понизно, нудиш љубов,

раката растреперена

го подава цветот,

нежен, бел, мирисен, нестварен.

не, тоа не може….

ти, покорно да молиш….

пружаш цвеќе..за мене…

не, тоа не може ниту во сон.

Ти овде до мене

како бледа сенка,

топлина, не чувствував

студенило

ми се вовлекуваше во телото,

срцето среде пламен, смрзнато

се стопи и последната надеж.

Page 152: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

152

Не се чувствувам

ниту самата себе,

во градите голема празнина,

само змија издолжена,

со мирис на крв солена

ми влегува, излегува

и пак влегува во кичмата,

алчно глодајќи по коските.

Гледав сѐ, ништо не видов,

со рацете прегрнував,

никој, ништо не допрев,

се беше толку блиску, а далеку,

нејасно, магловито, искривено,

визија, сон,

или сон во сон, неважно.

Ја затворам кнгата со насмевка,

денес нема да запишам,

ќе чекам нов ден,

ново сонце, ново утре,

поубав сон, да запишам.

Page 153: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

153

ПРАЗНИ РАЦЕ

Испружени рацете

во исчекување...

празни останаа,

безмилосно студенило

крвта ми ја замрзна...

ме прегрна тагата.

Подадени раце

со надеж...

за мала топлина,

огнени јазици

со жарчина ги прекрија...

ме обвитка пеколот.

Раце прекрстени

за љубов молеа,

кон срцето упатени

нечовек ги пресече,

раните останаа,

крвта се разлеа…

животот го удави.

Рацете...

на земја, беспомошно

празни останаа.

Page 154: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

154

ПРЕСЕК

Постојам ... јас

во непостоечка иднина

… небиднина,

ме растргнува непознато,

чувство, тешко неиздржливо

ми се превртува утробата,

се кине дел по дел,

мрачни сили ме черечат,

црната земја, подзинала

цинички го чека моментот

кога снагата ќе попушти,

ќе се струполам,

алчно да ме проголта.

Денес… зошто денес?

јас уште одамна

се откажав… од животот,

се предадов на темнината,

горкчлива, тажна, болно

неизвесна.

Зошто баш денес…

денес е посебен ден,

ден кој се слави,

јас… ќе славам со немирот

слеан во мене,

прекриен со тага за животот,

минат, иден, небитен.

Page 155: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

155

Доволно и премногу ѐ

белината ме заслепува,

ништо не гледам, само

болка неиздржлива чувствувам,

темнината е моја

верна попатна придружничка,

ја чувствувам, познавам,

нема болни изненадувања,

константно болка,

непроменлива.

Зошто?... зошто денес,

правам пресек на минатото,

калкулација за иднината,

ништо посебно,

само денот е значаен, свечен

раѓање, што се слави

блаженство, за радување

за луѓето,…за мене.

Јас .... каде сум?

постојам, или привремено

престојувам во тело, непознато.

повлекувам црта .... исто

под неа, ништо не останало,

над неа, ништо не се гледа,

останав заглавена помеѓу,

можеби .... во линијата

граница, темна црта помеѓу

грешноста во минатото,

надеж, милост неизвесна

пред мене, празна….

…небиднина...јас…

слеана, непрепознатлива,

живеам или исчезнувам?..

Page 156: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

156

ПРОКОЛНАТА

Од белата месечева

свелост создадена,

очи, две плави

капки од море подарени,

тело прекрасно

од анѓели извајано,

срце чисто, бисерно

во изворска вода измиено,

убавина од богиња

пред која

самовилите глава ведеа.

Во градите љубов страсна

само за еден ветена,

од никого недопрена

но сепак проколната.

Со чекор на газела

лесно бегаше,

очи безброј

од страст зацрвенети,

постојано ја следеа

беше плен

кој сите го посакуваа

а никогаш не го добија.

Page 157: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

157

Пуста желба

која сите ги измачуваше

таа... прекрасна,

жена посакувана

пред нив, но сепак

недостижна,

за рацете нивни пружени,

за бурата во гради

нестивната,

за страста во гради

распламтена,

болна немоќ која

во клетва премина.

таа, божица

со раскошна убавина

од сите посакувана,

никогаш, од никој недопрена

за вечност од сите

алчни бездушници

остана... проколната.

Page 158: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

158

ПРОСВЕТЛУВАЊЕ

Чекор,

молк,

река од луѓе

гладни души,

надолу се слива

кон тебе,

невидлив,

а сеприсутен.

Времето

како да стои

нозете,

во место тапкаат,

само срцето

во галоп трча,

погледот здрвен

кон каменот,

светилиште

на вечноста твоја.

Колку болки донесени,

колку солзи пролеани,

од колку раце помилуван,

сите траги оставиле,

во твоите се споиле.

Page 159: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

159

Мир во душа

свечена тишина,

нечујно,

глас благословува

молитва,

на усни прикована

преродени,

просветлени,

во реката

кон светлината,

тивко

реката се излива,

кон опстојуванјето

наречено живот.

Page 160: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

160

ПРОШКА

Од бога

прошка побарав,

и тебе

не те заборавам

еве идам

со цвеќе во рака,

душата

в немир паѓа.

Преголема е

ваа мака,

каде цвеќе

да ти дарам,

зарем на камен

да го оставам,

зарем тој знае

да се радува,

кога душата

болна тагува,

ќе го оставам така

како симбол,

на мојата мака.

Ти...

никаде не можам

да те видам,

само во сон

се радувам,

на твојата лика.

Page 161: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

161

Тоа е,

единствена прилика

со блажен израз,

лицето ти зрачи

спокој ми дава

за болка што ме мачи.

како, како прошка дабарам

од која душа,

кога твојата

во мојата ја сокрив,

зарем душа напатена

од себе

прошка да бара,

за се што сторила

тебе во мене

те затворила.

Прости ми,

сепак ќе речам

солзите...тешко

но, сепак ќе ги спречам,

ќе погледнам внатре

во мојата душа,

да видам

твојата дали слуша.

Прости ми БОЖЕ

можеби грешам, пак

помогни ми,

прав пат да одберам

каде никого,

нема да повредам

грешни мисли да немам

од тебе

само милост да земам.

Page 162: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

162

ПТИЦИ

Понесете ме,

однесете ме,

на патот ваш

носете ме,

птици црни,

злослутници

вие...

во темната соба,

во градината

на тагата,

оставете ме.

Таму сонце

не допира,

радоста е

измислена именка,

среќата,

равенка непозната,

срцето скаменето

сувенир оставен.

Page 163: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

163

Таму, сѐ спуштаме

на подот

од цвеќина овенати,

лисја изгниени,

искинати,

изгазени,

души раскинати

бездушно заборавени,

неми во врисокот,

на сите агли

провиснати,

болки претрпени.

Птици злослутници

земете ме,

од илузијата лажна,

ве молам, спасете ме.

Page 164: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

164

ПУРПУР

Пурпурот

ја расцепи темнината

се насмевна на болката,

надеж светла

во огледало се јави,

се измеша,

сонот со јавето.

Сал тропотот

на срцето е стварен,

забрзува се повеќе

да ја досегне светлината,

да оживее јавето.

Во грлото

заглави неуспешно,

сал ропот на душата

жално се слушаше,

мислата ја давеше.

Пурпурот се разлеа

огнени јазици испушти,

сѐ изгоре, јаглениса

неродената љубов ја пеплоса.

Ја остави на ветерот

трепетливо да поигра,

низ градина ја разнесе

ги обои цветовите

сонот да го насликаат,

со бојата на пурпурот.

Page 165: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

165

ПУСТИНА

Како срна

преплашена,

од шума

во пустина

пренесена,

сама,

изгубена,

празна,

како бунар

одамна пресушен.

Сама останав

сонцето да ме пече,

ветрот да ме шиба,

дождот од мене

чувствата ги измие,

во неповрат

ги однесе,

од душата

раскината.

Без глас,

со немир непознат

здивот ми смрзнува,

сама себе

не се чувствувам,

живеам...?

...ова е живот

или сон?

недосонет.

Page 166: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

166

Порака ...

за мојата судбина,

за мојата иднина,

за раната отворена

болно што вришти,

за љубов од срце

откината,

за неправда

безмилосно сторена,

напуштена

сред пустина,

без живот

јас да живеам.

Page 167: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

167

РАЗБУДИ ЈА ЖЕНАТА

Дозволи му

на прстите да лутаат

по предел неоткриен,

нека лизгаат прстите

по кожата оросена

како по стакло замаглено,

нека потскокнуваат од возбуда

по клавијатурата разиграна,

допри ја црната

страсна набрекната,

премини на белата

нежно разгалена,

милувај ги виугите

на градите подадени,

нежно, како облини

од песок направени,

лизгај надолу

кон морето страсти

со тајни закопани,

затрепери од мирисот,

на цветот тукушто расцветан

под усни што се отвора,

испиј го нектарот

само за тебе ицседен,

опиј се,

танцувај,

допри ме,

разбуди ја жената

во мене скриена.

Page 168: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

168

РАЗГОВОР СО СРЦЕТО

Пред огледало

немо стојам,

брчките свои

на лице ги бројам,

животот ги направил така

по една, за секоја мака.

Немам кому да кажам

во душа како горам,

затоа решив срце мое

со тебе да прозборам,

ти и така знаеш

сѐ што мене ме боли,

го чувствувам тоа

по отчукувањата твои.

И усните гледам

силно се стиснале,

од болката голема

како не би писнале,

очите наведени тажни

избришале празни

надежи лажни.

Page 169: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

169

Во огледало се гледам

чувствувам како бледам,

помина пуста младост

ја однесе цела радост,

и огледалото чудно,

ми прави гримаси смешни

како да вели...

тоа е…

за деновите грешни.

Кажи ти срце мое

што да правам сега

од минатото...

не можам да бегам,

гледам...секој прегрнува

нешто мило, свое

ме боли...зошто јас

немам нешто свое,

но..сепак ...

ќе соберам сила,

ќе раширам паднати крила

лицето ќе го закитам

со насмевка нежна, мила,

ќе продолжам, по овој пат

во предизвик непознат,

сѐ тажно ќе оставам зад себе

доволна е љубовта

што ја имам во тебе.

Page 170: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

170

РАНЕТА

Како птица мила

намина,

како болест тешка

замина

остави крвави траги

болки,

за мигови драги.

А беше љобовта моја

анѓел во сребрена боја,

светлост во очите мои

животен извор

што срце ми пои,

само поглед еден ми дари

со моето срце,

вечно загосподари.

Без најава, ме понесе

во светот на љубовта

тивко ме однесе,

со светлина ме полеа,

со среќа ме облеа

те љубев, со цела душа

како музика,

што вечно се слуша.

Page 171: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

171

Но...

ти неповратно замина,

во душата остави

горчлива лавина,

изгубена, останав така

без излез,

за мојата мака

на земја се спуштив црна,

заплакав ко ранета срна

чекајќи го часот суден

во тој Октомври студен.

Page 172: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

172

РЕКА

Како река

неуморно течеш,

камења од воздишки

со себе влечеш.

Брзо течеш

милост немаш,

се пред тебе

во пазуви земаш.

Коритото твое

граници нема,

водата бесна

и што не треба зема.

Зад себе

само пустеж оставаш,

длабоки рани

како бразди создаваш.

Page 173: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

173

Надеж... има

само замор да те стигне,

главата наведена

горе да се дигне.

Во очи да блесне

среќа, сонце сјајно,

па, ништо во животот

не останува трајно.

Течи реко, таго моја

и години нека одат,

во срцето искри има

кон среќата да ме водат.

Page 174: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

174

РОЗА

Од срцата ваши откинати

зборови, со милост

и благослов изречени,

кон мене упатени.

Душата ми ја наполнија,

срцето го растреперија,

среќна солза, радосно

од окото се излеа

разиграно земјата ја напои.

Од неа цвет изникна

црвена роза прекрасна,

симбол на љубовта постана

љубов чиста, искрена,

од пријатели драги

... ПОДАРЕНА

Page 175: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

175

САКАНАТА ЖЕНА

Една рака,

една рака обвиткува едно тело

едни усни

во мракот бараат други,

еден поглед

пред месецот што лута

го бара својот занес

ах, луда ли игра

во ноќта што цари.

Тој допира

допира една карпа

што се капе покрај брегот

мисли таа плаче

и затоа раката во вода се мие,

тој допира еден цвет

на своите усни,

и во мислите страсни

тој нејзините ги стега,

и тогаш, нешто во срце

оштро како да го рани

на својата љубов

спомени и дари.

Page 176: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

176

Дали и таа вака

во ноќите красни,

погледот го веди

со воздишки страсни,

и во срце болка

како да се запре,

со поглед жеден,

за љубовен лик,

со цветот во раце

се сруши над карпата сива

и плачејќи почна

да ја гали таа карпа дива,

мислејќи дека плаче

саканата жена.

Page 177: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

177

САМО ДЕНЕС

Денес,

само денес

нека биде посебен

ден...

обои ме

во бојата на сонцето,

облечи ме

со облека на среќата,

стопли ме

со воздишка страсна,

накити ме

со сјајот од солзата,

полиј ме

со мирисот на ружата,

погали ме

со крилото на птицата.

Денес,

само денес

милувај ме

без страв,

без обвинување,

непромислено,

безгрешно,

страсно,

безгранично.

Денес нека биде

мој ден,

ден на

проколната самовила,

да живее само ден.

Page 178: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

178

Денес таа

ќе се стопи во твоите раце,

ќе се впие во твојата кожа,

ќе продре низ очите твои

ќе се всели во твоето срце,

нежно, мирно, нечујно,

ќе исчезне

пред очите твои,

без да сознаеш

ќе стане дел од тебе,

само денес.

Page 179: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

179

САМО ЗА ТЕБЕ

На брегот на желбите,

на врвот на копнежот,

кон ѕвездите посегнав

со милост да ги погалам,

ме пречека студенилото

на месецот што сјаеше.

Утрото,

сонцето ме привлече,

рака испружив

топлина да земам,

за срцето мое смрзнато,

ме испече,

како сред жив оган да застанав,

од желбите, од копнежот

само пепел остана.

Се препуштив,

ветерот да ме разнесе

брановите да ги обои,

шумите да ги разлиста,

цветовите да ги отвори,

од љубовта,

посакав рај да направи

рај, само за тебе.

Page 180: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

180

САМО СЕНКА

Во синилото на небото,

во блескавоста на сонцето,

во убавината на животот,

ти се згрози, од сознанието

и пред да се појави

ти не го сакаше.

Молеше да не се појави

да исчезне... некако

бараше..

материјални оправдувања,

неуспешно.

Се појави несакан, неуништив

раснеше во сенка

онака, без внимание

солзите блеснуваа повремено

и се враќаа, во изворот

... од нив се хранеше.

Болката на врската

меѓу срцето и разумот

не стивнуваше.

сите се радуваа на бојата

на мирисот, на цветот.

Page 181: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

181

Само ти..

ништо не чувствуваше,

ги штедеше твоите

скапоцени чувства

... или ги немаше

сепак, тој опстојуваше.

Болката внатрешна,

неизмерна, неуништива

длабеше, корнејќи се пред себе

неуморно,… сепак годините

своето, го направија

остана само сенката,

која.. ти... и така

ниту ја забележуваше.

Page 182: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

182

САМО ТВОЈА

Не, не ставај ми

превез на очите,

сакам да те гледам

додека ме убиваш,

да го впијам

изразот на лицето твое,

да видам..

дали раката ќе затрепери,

срцето ќе ти поскокни.

Убиј ме,

зариј го ножот

до крај, силно

само нека биде брзо

најбрзо...

за миг ќе паднам

покосена...

Измиј ја крвта распрскана

трага да не остане,

со солзите болни

во очите твои надојдени,

земи ја љубовта чиста

како цвет бел

во срцето твое посади ја.

Page 183: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

183

Така...

вечно ќе ја имаш

во тебе длабоко скриена

за себе...

чиста,

само твоја

од никого невидена

никогаш недопрена,

љубов заробена

во срцето на крвникот

од болка издробена.

Page 184: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

184

СВЕТЛИНО МОЈА

Одненадеж глас...

како,

бог да проговори,

љубов да давам од душа,

милозвучна песна

насекаде да се слуша.

Секој што љуби

искрено, милно,

ќе победи тага

неизмерно силно,

погледот твој

надеж ми пали,

во душата, нежно

радост ме гали.

Долго време

во тага бев обвиена,

ти направи

таа да биде разбиена,

на парчина,

се распрска ситни

сфатив,

колку биле небитни.

Page 185: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

185

Животот,

оди со непознат тек

времето е тоа,

што ќе пронајде лек,

тебе,

светлино моја

ти ја дарувам,

душата своја.

Твојата светлост

нека ме понесе,

во градите

радост да донесе,

твојата сила

безгранично голема,

ќе направи лесно

секоја тага,

да биде преболена.

Светлино, моја

ти си животна река

ќе издржам, со тебе

мирно, сѐ што ме чека.

Page 186: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

186

СЕ ИЗГУБИВ

Во моментот,

кога ти поверував тебе

се изгубив, самата себе,

во вртлогот на страста

душата се распарчи,

страст дива, одмазничка

немилосрдно ме кинеше,

дел по дел расфрлајки

по креветот, oд свила

за тебе, со љубов исткаен,

не остана... ништо,

само капка крв

од пресушено срце

грубо исцедена,

во вино помешана,

ја гаснеше жедта твоја

алчна, бездушна...

те закопав в погледот,

пред очи да затворам.

Page 187: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

187

СЕ ОТКАЖАВ

Уморна,

се откажав од љубовта

залудно,

таа не се откажа

ме демне

на секој мој чекор,

чека да ме запали

во пламенот на стрста,

во бурата на воздишките,

крвта да забректа

низ вените разулавено,

да ги растопи сетилата

во мразот одавно смрзнати.

Уморна,

се откажав од животот

залудно,

тој не се откажа

постојано

околу мене спремен,

да продре низ порите

во невнимание отворени

да навлезе,

да ме растресе,

душата окована од мене

да ја разбуди.

Page 188: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

188

Животот да проструи,

да го почувствувам

во цела негова убавина,

на колена да паднам

да молам...

и успеа, јас... молам

со усните пресушени

за љубовта,

за животот,

за нивната вечност.

Page 189: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

189

СИ ОДАМ

Си одам,

преголем е товарот

од копнежот врел,

грутки од воздишки,

на срцето

венец исплетиле,

тежи, боли, пече...

љубовта кон тебе.

Си одам,

ќе го понесам со себе

само ковчегот

со црнила збрани,

во годините поминати

со тебе љубов моја.

Си одам,

со љубовта кон тебе

во вените разлеана,

во секој атом

длабоко всадена,

со очите заслепени

кои само тебе те гледаат,

ти си мојата стварност

мојата илузија,

мојата искра на животот.

Page 190: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

190

Си одам,

тебе сонцето ти го оставам

вечно да те грее,

мразот да го истопи

среќата да ја почувствуваш,

љубовта да ја запознаеш

во срцето да ти се насели,

на цветот да се радуваш

од мирисот да се опиваш,

душата да ја разбудиш

во некој агол заборавена.

Си одам,

љубов моја единствена

тебе, вечноста ти ја дарувам.

Page 191: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

191

СИЛАТА НА ЉУБОВТА

Допри ме со раката

да го почувствувам

животот,

погледни ме со очите

да видам дека

постои светот,

дозволи му на сонцето

да ме огрее,

да знам дека

постои ден,

светлина,

радост.

Подари ми цвет

да се искапам

во виножитото,

да станам дел

од спектарот на боите,

обоена

во бојата на љубовта.

Без тебе,

без тебе јас сум само

бледа сенка од ѕвезда

во непознато соѕвездие

изгубено во космосот,

бескраен, таинствен.

Page 192: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

192

Затоа, те молам

насмевни се,

насмевката ќе ми го

осветли патот

кој до тебе ќе ме донесе

и тогаш,

тогаш бакни ме,

твоите усни

ќе ја потврдат

силата на љубовта

вечна и бескрајна,

благодет во животот

еден и единствен.

Page 193: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

193

СИРОМАШТИЈА

Јас имам име… знам… проклето,

ме покрсти…

непозната бештија,

името ми е…

СИРОМАШТИЈА

јас морам од секого да грабам и земам,

жал и милост за никого да немам,

насекаде да оставам гладни подзинати усти,

раце за помош што молат, да останат пусти,

да не слушам, кога несреќниот болно тажи,

да верувам, само на оној кој добро лажи.

Секој ден, сè повеќе да земам,

уморна сум и јас веќе сила немам,

насекаде само очи наведени тажни

на никого тие… не му се важни,

јас не бирам, деца, стари или млади,

секој од нив болка ми остава во гради,

барем да можев…

деца да не оставам гладни,

што згрешиле, тие душички страдни.

На болниот барем, да му дадам надеж,

за корка леб и лекови да не страда,

а старите… тие нема долго да се живи

попаѓаа кутрите на сиромашките ниви,

уморна сум… едвај се влечам,

Page 194: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

194

Тешко ми е, што ништо не можам да спречам

затоа ги молам, тие што ме создале,

безмилосни, на демони што душа продале,

да ја тргнат оваа клетва фрлена на мене,

да не гледам повеќе, пуста душа како вене.

Се откажувам од името што ми го дадовте,

гледам и за мене милост веќе нема,

ви оставам вам, што се продадовте,

кој што сака и колку сака, сам нека зема.

Page 195: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

195

СОБИРАЧ НА ТРОФЕИ

Го собра гневот

во облак тмурен,

и небото плаво

го затемни...

сепак,

ги препознав очите

што низ него претеа,

истури го гневот непотребен

распрсни молњи,

нека го расцепат небото

отвори го срцето,

разулавени ветрови

нека ја поматат свеста,

откачи ги стегите

околу душата оковани,

нека се истурат дождови

ќе го измијат гневот,

ќе го соголат срцето

од тага обвиено,

непотребно...

Page 196: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

196

Ќе го уништат бесот

на твојата болна суета,

ќе остане едно празно место

на ѕидот твој за трофеи

нека...нека остане празно

како...опомена..

ти, ти не си семоќен

безгрешен, неодолив

ти, ти си безобзирен

собирач на трофеи

од срца уништени

храна за твојата

себична и бедна суета.

Page 197: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

197

СОНОТ ТИ ГО ДАРУВАМ

Душо моја, среќо моја

сеуште ме грее насмевката твоја

твоите усни румени медни

вечно ми спијат на градите чедни.

Од грло пеам најнежна песна

за љубовта што одамна блесна

јас и ти во нашата младост

облеани со божја радост.

Сега, мојот сон ти го дарувам

во душата твоја да царува

среќа да ти подари

на бога да заблагодари

за љубовта наша силна

од душа искрена милна.

Ти си ми стално во мислите

желбите се повторно истите,

јас и ти под сонце сјајно

меѓу цветови, заљубени бескрајно.

Page 198: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

198

Се што имав од срце ти дадов

на месецот насмевката ја украдов,

во прегратка ти ја ставив

сѐ што можев за тебе направив.

Сега, мојот сон ти го дарувам

во душата твоја да царува

среќа да ти подари

на бога да заблагодари

за љубовта наша силна

од душа, искрена милна.

Page 199: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

199

СОНЦЕ ДА ЗАСВЕТИ

Врисокот на срцето

ја расцепи,

тишината на темнината,

небото бранови го прекрија

и ѕвезите вознемирени,

растрчани уточиште бараа

секоја во своето соѕвездие,

блескаво, небото го прошараа.

Не издржа тоа јадно

окови претешки да носи,

од човечка рака ставени

терет огромен,

од злоба тешка напластен.

Како фиданка млада

вито тело навали,

земјата ја молеше

во себе да го сокрие,

неправди веќе да не трпи.

Page 200: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

200

И солза последна да протече

на лице да се скамени,

душата веќе да не пати

телото да го напушти,

кон небото да се извиши

тагата да се избриши,

среќа да надвладее силна

љубов, човечка милна.

За сите, со срце чисто

сонце силно да засвети,

темни мрежи за навек

тоа да расплети,

да не остане ни трага

од темнина и горчлива тага.

Page 201: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

201

СПАС

Со поглед вперен

напред кон иднината,

врз мислата си газев

болката да ја осетам

тука, сега

душата да не сети,

срцето невино

да го поштедам,

молев за немост

тишината да не ја расцепи,

прегласна беше тагата

во гради насобрана,

вените набрекнати спласнаа

крвта да не шумоли

во своето течение,

премногу темнина

надвисната наоколу,

замрзнати сетилата

тапо мируваа..

во исчекување неизвесно,

дланките избраздени

во молба се споија,

прошка побараа

за се направено,

пропуштено,

грешно и безгрешно

помислата за спас,

блажено сѐ разлеа.

Page 202: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

202

СПАСИТЕЛУ

Рано, во прегратките на сонот

пред зората да зазори,

го почувствував

тропотот на моето срце,

со очи ширум отворени

прашално, погледот

го упатив во бескрајот небесен.

Нејасно, во сон или јаве

пораката ја добив,

непознат глас, визија...

од спасителот ,чувар

на божествената вистина,

за мир и благодет меѓу нас

меѓу сите луѓе еднакви,

со сите различности

ние сме божји чеда.

Те молам,

ти Пресветол Спасителу

што се всели во мојата душа,

дај ми мир, совет,

покажи ми го патот,

направиме достојна,

желбата твоја да ја исполнам

верата да не ме напушти,

љубовта безгранична да биде

од срце да ја дарувам,

милоста крај да нема

да може секој, колку треба

од неа, сам да зема.

Page 203: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

203

Ти заштитнику на правдата,

дарител на мир и благодет

помогни ми, научи ме

за јас да им помоганам...

на немоќните сила,

на болните,болките да се ублажат

на несреќните, блажена верба.

Светителу,

се препуштам во рацете твои,

поведи ме по патот

кој за мене си го одбрал,

дај ми сила да издржам,

пред сите искушенија

исправена и чиста да останам.

Page 204: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

204

СПОМЕНАР

Трпки ми го прекрија телото

разумот стапи на сила

мир совршен да створи

се на свое место да стави,

брканица од чувства

повеќе да не се прави,

ќе ги оддели сите

во посебен ковчег ги стави

болни, љубовни, тажни...

и оние помалку важни.

Спомените што животот

на срцето ги пише

никој не може да ги избрише,

оставаат резби разни

површни, длабоки, болни

за грешките заслужени казни.

Во споменарот ќе ги среди

по важност ќе ги подреди,

за секоја по една страна

споменар за животот ќе состави,

во предсобјето на срцето

нечујно ќе го остави.

Page 205: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

205

Срцето исчистено така

ќе го подари на твојата рака,

прави со него што знаеш

твое е, се додека траеш

можеш да го галиш,

со оган да го палиш

под нозе да го ставиш,

на делчина да го раставиш

и пак да го составиш,

како сувенир да го оставиш.

Споменарот таму ќе стои

деновите да ги брои,

и секоја болка створена

во буква ќе биде претворена,

буква по буква збор ќе стане

запишан вечно да остане.

Page 206: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

206

СРЕЌА

Празнично,

насмевка следи,

среќата,

од чаша се цеди,

барам причина

среќна да бидам,

од срце се трудам

за жал, среќа,

не можам да видам.

Од секаде

музика се слуша,

а каде е мојата душа,

за радост,

таа можеби и не знае,

за пропуштеното,

сега залудно се кае,

години изминати,

тешки многу биле

на дното,

среќата ја скриле.

Page 207: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

207

Не престанувам,

сепак ќе се борам,

ако среќа не чувствувам

сепак за неа ќе зборам,

можеби,

сѐ што тежи ќе исчезне

ако се забележи,

испише на хартија бела

верувам ќе ја собере

тагата, натежната цела.

Желба во мислата

насилно ќе влезе,

насмевка од срце

на лице ќе излезе,

во очи блесок ќе сјае,

секој ден иден

од среќа килим ќе ткае

ден прекрасен,

до сега невиден.

Page 208: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

208

СТАРАТА ВИОЛИНА

Земи ме,

земи ме во рацете

нежно,

избриши ја прашината

од болка напластена

раскини го,

минатото во спомени

тажно обвиено

засвири.

засвири ја мелодијата

на љубовта исконска

чиста,

од душа откината

свири,

помилувај ја жицата

за најтажни звуци,

со раката растреперена

легни ме на вратот,

каде пулсира душата

тактот,вистински

ќе го почувствуваш.

музиката ќе те опие

душата ќе заплаче,

спомените ќе надојдат...

Page 209: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

209

Јас, во твоите раце

повторно,

твојата виолина напуштена.

свири,

по нотите со солзи испишани

свири,

со душата, врз душата моја

разлеј ја болката,

свири,

сети се,

почувствувај ја

твојата виолина заборавена,

во аголот на погледот заматен

свири...

свири, само со мене

свири само за мене.

Page 210: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

210

ТВОЕТО ИМЕ

Ме прегрна ноќта

нежно,

и таа се сожали

на судбината,

ме милуваше

со рапавата црнина,

силата

да ми ја поврати,

така скршена,

пак на нозе да останам.

Болка преголема,

секоја болка…

буква,

болка по болка

со чеканот удирав,

буква по буква

во каменот врежував,

длабоко, болно

името ти го пишував

на каменот студен

врз срцево налегнат.

Page 211: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

211

Силата ме напушташе,

мислата не се предаваше,

и повторно

силна болка,

нова буква

длабоко врежана,

ништо да не ја избрише

болката да не престане,

името...

вечен спомен да остане,

за љубов,

една безнадежна.

Page 212: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

212

ТЕ ГЛЕДАМ

Те гледам,

подвиткан, исплашен

и тебе болката те помилувала,

онаа истата

која врз мене ја плетеше

со денови, години

премногу.

Ја пијам болката

од очи што ти извира,

ме дави горчината,

воздухот се згуснува,

тешко е дишењето.

Те гледам,

одиш бесцелно, наслепо,

патот ти се губи под нозете

во темна бездна се претвара.

Престрашена стојам,

ни рака не ми помрднува,

огнени камшици

ми ја парчосуваат душата,

раната пак се отвора.

Page 213: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

213

Те гледам,

кон крајот се приближуваш

остана, само сенката

твоја скршена.

Конци кинам,

од чувствата исплеткани

раната да ти ја зашијам,

преголема е болката.

Неможам...

несакам да помогнам,

за спомен…

срцето ти го дарувам

и така, за тебе живееше.

Page 214: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

214

ТЕ ИМАМ ВО СПОМЕНИТЕ

Лебдам, по брановите од твојата душа

страста од воздишките ги зголемуваат

летам, се поблиску до небо ме креваш,

возбудена, гласно воскликнувам, љубов

и таа е сина како небото, како морето,

ме опива, се давам во страст, изгубена.

Ти, каде си, не гледам, само те чувствувам,

можеби летам превисоко, се изгубив во бескрајот,

па нели твојата љубов беше безгранична...

вибрациите на твоето срце ги разулавија брановите,

се препуштив, на музиката од твоите мисли

го танцувам, танцот на возбудата до самиот крај.

Гледај ме, пати, уживај, ако можеш врати ме

го видов невиденото, го осетив заборавеното,

да ти се вратам, не верувам...

не сакам,

задоволството не се напушта, одам кон звездите,

тебе, не те заборавам, ќе те понесам во спомените.

Page 215: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

215

ТЕШКА БОЛКА

Слушам, детска смеа, жива радост

од небо, виножтито сјае

како пеперутки, во рана младост

со игра, цветен венец се ткае.

Немоќно, без сила сама седам

потисната од болка тешка,

со солзи во очите немо гледам

градите ги кине воздишка жешка.

Зошто, зошто јас не сум како сите?

само за болест и тага знам црна,

копнеев да заиграм со другите

но јас бев, само ранета срна.

Раце опуштени, немоќни, слаби

срцето мое детско, се потивко чука

а болеста, безмилосно длаби,

знам... само мракот ќе царува тука.

Од ден на ден, сѐ потешко беше

душа веќе немав, беше здробена,

од мене болеста алчно се хранеше

а јас... останав во дрво заробена.

Page 216: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

216

ТРЕБАШЕ ДА ЗНАМ

Требаше да знам...

те однесе ветер студен

ти, за мене не си бил суден,

и последна надеж згасна

болка, премногу гласна

во глава сеуште силно ечи,

ништо не може да ја спречи

вистината ...

пред мене, соголена

ме падна веднаш на колена.

А требаше да знам...

во пустина,

мирисно цвеќе не расне

во пустина,

река бистра не тече

во пустина,

живот, радост нема

бездушно, таа сѐ зема.

Page 217: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

217

А требаше да знам...

твоите очи лажно светеа

на душата и претеа,

усни што се смееја

бури наоколу вееја,

раце што милуваа

честа ја силуваа,

крвта што врие бесно

ја удави...

мојата среќа, многу лесно.

А требаше да знам...

ти срце немаш

од животот само страст земаш,

сѐ што среќен тебе те прави

на мене...одамна заборави

а требаше да...

Page 218: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

218

ТРНЛИВ ПАТ

Бесни бранови

секојдневно удирајки

по карпите студени,

душата ми ја зедоа.

Празна,

уморна,

од воздишки искорнати,

со стварноста

будна се соочив.

Соништата се изгубија,

како капки распрснати

од беснилото

на морски бранови,

сѐ е стварност, сурова

живот, немилосрден.

Сама лазам..

по трнлив пат,

друг не постои,

не гледам,

свеста ме води

упорно напред,

кон непознатото.

Page 219: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

219

Црна птица

тишината ја пара,

над мене лета

морничави крици

страв во мене будат,

се сруши...

надежта,

желбата,

илузијата,

сѐ неповратно исчезна.

Само сеќавање горчливо

за сѐ пропуштено,

промашено,

погрешено,

за љубов

грешно подарена,

невиност детска

грубо изгазена,

милост од срце

од грабливци

болно растргана,

само бледа сенка

остана...

да чекори низ ЖИВОТОТ.

Page 220: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

220

ТОГАШ ЌЕ ЗНАЕШ

Тогаш

кога двете оски

од улиците пусти

во точка се спојат,

кога по нив

луѓе ќе шетаат,

кога птиците

ќе престанат

да летаат,

ќе знаеш

дека ти простив.

Тогаш

кога темен авет

ќе те стопли,

на мразот

оган ќе запалиш,

од очите

бели ружи

ќе течат,

во тишина

песни од срце

немо ќе ечат,

ќе знаеш

дека ќе се вратам.

Page 221: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

221

Тогаш

кога љубовта

непозната

ќе биде,

која во сон

само ти ја виде,

кога денот и ноќта

на разминување

ќе се бакнуваат

тогаш, е тогаш

сам себе,

можеби...

ќе си простиш,

за бездушноста

во очајот, мир

свој ќе најдеш.

Page 222: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

222

ЌЕ СЕ ВРАТИШ

Те исплаши

љубов силна,

страст што блика

од душа милна,

набрзина замина

ниту за поздрав

кај мене не намина.

Не знаеш дека

ништо нема да не раздели,

на овие земјини предели

ниту планини силни,

ниту долини милни,

неможат да те одделат

ниту срцето да го поделат.

Јас си имам место свое

на дното од срцето твое,

па каде и да одиш

со себе ме водиш,

залудно погледот ти шара

окото нешто бара.

Го правиш тоа често

а знаеш, во срцето

за друга нема место,

можеби по пат

некаде ќе свратиш,

но конечно сепак

кај мене ќе се вратиш.

Page 223: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

223

ЌЕ ТЕ ОТКИНАМ

Во ноќта глува

бесчујно одам,

по ходниците

на тагата,

да те оттргнам

од душата,

како плевел

зараснат таму

предолго остана,

сѐ што беше

ти уништи.

Рацете ми крварат

од болката смрзнати,

да те откинам

од мене...

И ноќта лелека

од камшиците

на деновите минати,

бесно разиграни

по сетилата распарчени,

ќе те откинам.

Page 224: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

224

Секоја рана

со мислите родени

ќе ја зшијам,

ќе се оглушам

на болката што моли,

нека се разлее

крвта отрујена,

и небото обоено

црвено ќе биде.

Со раце испружени

ќе посегнам

сонцето да го допрам,

можеби еден зрак

сѐ ќе покрие,

тебе откинат

мене ранета

двајцата...

... болно минато.

Page 225: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

225

УБАВА ПЕСНА

Убава песна, лесно се пише

тоа се воздишките на срцето,

со кои тагата ја брише

раката сама, ја води тага

трудејќи се да остави

вечита трага.

Секој збор, запишан со крв

секогаш ќе боли

како да е прв,

а, ги има многу

се сливаат како рој

верувајте, им нема број.

Ги пишувам оние

повеќе важни,

сепак се трудам

да не се премногу тажни,

оставам, по некоја болка да збори

сепак срцето

не треба цело да изгори.

Page 226: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

226

Ќе остане,

само убава тажна песна,

да ја чита некој

со воздишка лесна,

можеби некој

болно е, ќе рече,

и солза од око

срамежливо ќе потече.

Убавата песна крај нема,

секојдневно од душата

дел по дел зема

збор по збор ги реди

и утре, нова болка следи.

Page 227: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

227

УМОРНА

Уморна сум

од прикази нестварни,

живот накитен

во болка завиен,

празнотија бедна,

болка онемена

глас да не и’ се чуе,

со чипка прекриен

од празни илузии

исплетена…

Уморна се влечам

во долина стрмоглава,

трња ме гребат,

камења наоколу

расфрлани…

на секој чекор препрека,

мртва тишина,

само срцето свое

слушам како чука,

посилно и посилно

ми гази по душата.

Page 228: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

228

Уморна, болна

поглед не можам да кренам,

солзи тешки

надолу го влечат,

до дното на болката

... ако го има.

Уморна, сѐ повеќе

од надежи лажни,

празни, неостварливи,

гласот го изгубив,

врисок немоќен

немо се разлева,

гуши сѐ пред себе

во борба проколната,

разумот го изгубив

вербата трепна

пред згаснување.

Page 229: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

229

УШТЕ ЕДЕН ДЕН

Сонцето нежно

зората ја гали

гордо чека

денот да се јави,

светлина да блесне

од секаде радост

за секого да има

нов ден во оваа зима.

Кај мене болка се раѓа,

грч во стомакот,

срцето натажено,

во главата,

мисла разулавено копа

зборот во грло запира

очите солзи ги мијат

сѐ што ноќите кријат.

Со првиот зрак

длабоко, болно,

во мене горчини ријат

уште еден ден без тебе.

Page 230: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

230

Чекај зоро,

не раѓај го денот,

остави ноќта нека трае

таа тајните ги знае,

од светот вешто ги крие

раните сеуште се живи

а копнежи беснеат диви,

ко вулканска лава

болката засилено тече

во камен да се претвори

можеби помалку ќе пече,

чекај, само уште малку

да згасне оваа болка моја

уште еден ден без љубовта твоја.

Секој нов ден

нова болка раѓа

пустош сред виножито гледам

сама со себе не можам да се справам

како да живеам и што да правам,

ниту надеж, ниту желба имам

тивко, ти сѐ зеде со себе

без збогум, замина од мене,

постелата ми остана празна

животот ми стана казна.

Прашања безброј

низ глава се ројат

одговор, само еден барам

како, како да издржам

уште еден ден,

живот без тебе.

Page 231: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

231

ХРИСТОС СЕ РОДИ

Вечерва,

срцето мое слави,

на небото,

нова ѕвезда се јави.

Ова е ден голем

за здрав и за болен,

надеж за спас се јави,

севишниот,

благослов ни дари.

Мир во срцето,

спокој во телото,

љубов во душа,

плач, никаде

да не се слуша.

Во животот

тој да не води,

со светлина силна

и благосостојба милна.

Page 232: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

232

Кренете гордо глава,

на среќата се радувајте,

тага,

никому не дарувајте,

на сѐ што е лошо

заборавете,

место за среќа

направете.

Викнете од срце

на сиот глас:

И за нас имало спас,

синот божји

низ животот да не води,

вечерва,

ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!

Page 233: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

233

ЦВЕТ ОД КАМЕН

Крај постела бела

тажна мајка седи,

скршена од болка цела

сите молитви ги реди.

Зошто Боже таква казна

мојата куќа за цел век

да остане празна.

Со треперлива рака

подвиткана од мака,

ќерка нежно си гали

мисли, болка ќе и намали.

За таа болка лек нема

секојдневно болеста

поголем замав зема.

Page 234: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

234

Дојде и тој ден суден

сè да покрие камен студен,

стара мајка прсти крши

животот за неа заврши.

Ја скрши таа тага пуста

онеме мајчина уста

кога виде, момче цвеќе носи

од глава си искуби коси.

На мермер студен

бело цвеќе, тој нежно стави,

тешка рана пак се отвори,

цветот, во камен се претвори.

Не издржа мајка страдна

врз каменот таа падна,

од болка испушти душа,

со крик, што вечно ќе се слуша.

Page 235: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

235

ЦВЕТ

Меѓу цветови красни

во градина раснеше,

анѓелско лице,

очи од срна

на бело лице сјаеа,

за друга љубов

тие не знаеа.

Дождот,

лице ѝ миеше

додека таа мирно спиеше,

сонце ја грееше,

а месечината милно,

приспивни песни ѝ пееше.

Со птиците другаруваше,

за мајчина љубов,

длабоко во срце тагуваше,

сама, без никој свој,

се радуваше таа

на птичјиот пој.

Page 236: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

236

Со поглед празен

и непознат сјај,

сонуваше бајки

со среќен крај,

нежна мајчина рака,

во прегратки да ја стави,

со радост во срце да слави,

да исчезне цела оваа беда

во лице мајчино, таа

милно да гледа.

Безгрижно детство да има,

да исчезне студената зима,

со палтенце ново

и црвена капа на глава

да биде малечка, принцеза права,

ѝ беше тоа сон што ја хранеше

од тага и болка што ја бранеше,

да издржи ѝ даваше сила

и надеж

за љубов мајчинска, мила.

Page 237: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

237

ЧЕКАЈ ЖИВОТЕ

Чекај животе,

зошто брзаш така

остави да се справам

со досегашната мака.

Секој ден е само миг

кој остава болен крик,

во срцето, само коров остана

болката никако не престана.

Чекај животе,

помина мојата младост,

ти не остави место

за никаква радост.

Ги скрши моите крила

тага пуста ме покрила,

ниту сонце не можам да видам

како среќна јас да бидам?

Животе, зарем милост немаш

бездушно сѐ од мене земаш,

секој ден ти ми го крадеш

на кого ли, ќе му го дадеш.

Page 238: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

238

Место за среќа не остави

нуту сонот мој да се оствари,

секој ден подлабока бразда правиш

зарем нема веќе да ме оставиш.

Чекај животе...

искра вечна во срце ми тлее

време е, и мене еднаш

љубовта да ме огрее.

Ѕвезда, на небо да видам

малку среќна јас да бидам,

ех животе, ти брзо одиш

среќата, со себе ја водиш.

Чекај...животе чекај.

Page 239: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

239

ЧУДНА ПТИЦА

Тешка болка гради ми кине

црн сокол со канџи гребе

неуморно силно, од срцето мое

како да сака да те оттргне тебe,.

безмилосно срцето го кине,

љубовта кон тебе да загине.

Ах соколе ти чудна питцо

ти моја вечна несоницо,

имај барем милост малку

не гази го животот толку.

Погледни во очите мои

зарем љубов не ги пои,

зошто солзи насекаде искрат

во тага и болка сами се плискат.

Ах соколе ти си чудна птица

ти ќе бидеш вечна несоница,

мој најголем животен бол

мојот вечен, тежок непребол.

Page 240: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

240

ШЕПОТ

Шепот,

или само мимика

на усните смрзнати,

твои безмилосни

а раскинува…

врисокот на презирот,

допира до дното

на душата.

со милост, без збор

на дланка

срце подарено,

сеуште свежо

од гради откинато.

молкум,

ја поднесувам грмотевицата,

острите секавици

од очи твои истурени,

ги горат зениците

приковани

во очите твои впиени.

раката испружена,

во желба за допир

скаменета остана,

пресртната,

од празнната

во душата твоја притаена.

Page 241: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

241

Прикриена

со крила ангелски,

на злото одамна

продадена.

како ѕвезда трепнав

солзата ме погали

болката ја бакнав

молчејќи

милост побарав

за љубовта изнудена,

со шепот,

во шепот... заминав.

Page 242: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

242

ЗА АВТОРОТ НАПИШАЛЕ...

Мирјана Бурник е родена во Битола 1956 год.

Првата нејзина стихозбирка песни ја доби како

ПОДАРОК објавена е во Битола, 2008 год.

Од танцот на солзите, бисер се откина...

... Во нејзината втора стихозбирка со наслов

ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА, која е објавена во Битола

2011 година, се појавуваат извонредно добри поетски

приказни за кои не може со сигурност да се каже оваа е

прва , оваа е десетта.

...Тие со сета своја целост се лепат за душата како

една судбина со сопствени дилеми, искушенија., говори,

реален чекор, судбински следејќи ја трагата на загубата на

човекот.

...Таму некаде низ бескрајниот лавиринт низ кој

минувале големите лиричари се впишува и името на

Мирјана Бурник.

Илија Мерковски

Ангелот на љубовта... Човек сожалува човека. Мирјана го оплакува и чува,

таа бдее над човекот, над секој од нас, а тоа го прават само

Ангелите. Таа е цврста, неотстапна, постојана до нас и со

нас преку стихот и песната. Јас си земам за право да

кажам дека и Мирјана Бурник е еден Ангел. Таа е

Ангелот на љубовта!

Ана Кондоклоцис

Page 243: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

243

Бели ружи 5

Бескрајно вљубени 7

Биди минато 8

Биди човек 10

Боја на тагата 12

Болна тишина 13

Борба во мене 15

Борба 17

Велигден 18

Вечерва 19

Вечна љубов 20

Во друг свет 22

Во душата 23

Во недоглед 24

Времето тече 26

Врисок на душата 27

Господе прости ни 29

Грешка 31

Дали вредеше 32

Два гулаби 33

Две души 34

Дојди 35

Другата страна на љубовта 36

Душа измачена 37

Жолта треска 39

За миг 41

За тебе мајко мила 42

За тебе сине 43

Page 244: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

244

За тебе 44

Заробена 45

Земјо моја 46

Игра на ѕвездите 48

Игра 49

Идила 50

Исчезни 52

Јас не жалам 53

Јас ќе молам 54

Каде сум 57

Кажи како љубов моја 59

Кажи ми 61

Казна 63

Каков (не) човек 65

Камено срце 66

Кандило 68

Ќе дојде ли ден 69

Коров 70

Кусур од љубовта 72

Лажна надеж 74

Либе мое 76

Љубов ти подарив 77

Љубов 78

Љубовна болка 80

Љубовна нота 82

Маќедонија 83

Маќедонска душа 85

Месечино моја 86

Page 245: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

245

Мило мое 87

Моето срце 88

Можеби 89

Можеш ли 91

Мој животе 93

Мој свет 95

Моја судбина 97

Музика на душата 99

На карпата надеж 100

Надеж се роди 102

Надеж 103

Наша мајка 105

Не лажи 107

Не тагувај 108

Неблагодарно 110

Неверство 112

Недовршена песна 114

Неповикан 115

Нова ѕвезда 116

Ноќ на страста 118

Ноќва 120

Оваа земја има душа 122

Ослободување 124

Остави ми ги солзите 125

Останав во морето 126

Парчина 127

Пат 128

Побарај ме 129

Page 246: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

246

Побарај ми 130

Победа 132

Повторно раѓање 133

Поетска душа 135

Покажи го лицето 137

Поматена свест 139

Понекогаш 141

Поразена 143

После тебе 145

Последен лет 147

Последна солза 148

Последната солза на старецот 149

Поубав сон 151

Празни раце 153

Пресек 154

Проколната 156

Просветлување 158

Прошка 160

Птици 162

Пурпур 164

Пустина 165

Разбуди ја жената 167

Разговор со срцето 168

Ранета 170

Река 172

Роза 174

Саканата жена 175

Само денес 177

Page 247: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

247

Само за тебе 179

Само сенка 180

Само твоја 182

Светлино моја 184

Се изгубив 186

Се откажав 187

Си одам 189

Силата на љубовта 191

Сиромаштија 193

Собирач на трофеи 195

Сонот ти го дарувам 197

Сонце да засвети 199

Спас 201

Спасителу 202

Споменар 204

Среќа 206

Старата виолина 208

Твоето име 210

Те гледам 212

Те имам во спомените 214

Тешка болка 215

Требаше да знам 216

Трлив пат 218

Тогаш ќе знаеш 220

Ќе се вратиш 222

Ќе те откинам 223

Убава песна 225

Уморна 227

Page 248: СРЦЕ РАНЕТО - Мирјана Бурник - Битола

Срце рането

248

Уште еден ден 229

Христос се роди 231

Цвет од камен 233

Цвет 235

Чекај животе 237

Чудна птица 239

Шепот 240

За авторот напишале... 242