64
Здравко Стојкоски ПОИМАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА

Поимање на историјата

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Историја/Теорија

Citation preview

Page 1: Поимање на историјата

Здравко Стојкоски

ПОИМАЊЕ НА

ИСТОРИЈАТА

Page 2: Поимање на историјата

Здравко Стојкоски, Поимање на историјата Современост, Скопје, 2014 За издавачот: м-р Славчо Ковилоски Рецензенти: д-р Ана Мартиноска м-р Славчо Ковилоски Лектура: Мирјана Стојкоска Печати: Академски печат

CIP - Каталогизација во публикација

Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски",

Скопје

930.1(0.062)

СТОЈКОСКИ, Здравко

Поимање на историјата / Здравко Стојкоски. - Скопје :

Современост, 2014. - 64 стр. ; 21 см

Библиографија: стр. 62-64

ISBN 978-608-4501-33-6

а) Историја - Историјата како наука - Популарна литература

COBISS.MK-ID 95371530

Page 3: Поимање на историјата

3

ПРЕДГОВОР

Луѓето отсекогаш се интересирале за сопственото

минато и за минатото на другите. Овој интерес, на еден или на друг начин, може да се следи уште со почетоците на човековата цивилизација. Преку познавањето и истра-жувањето на минатото се добиваат важни информации и знаења кои се корисни да се разбере сегашноста, а и по-добро да се определи иднината. Познавањето на минато-то, исто така, им овозможува на луѓето подобро да се за-познаат самите себеси, кои се, од каде се, што сакаат да бидат и слично. Дисциплината која се занимава со орга-низирано и систематско проучување на човековото ми-нато е позната како историја. Како поле за истражување и како научна дисциплина, таа многу одамна го привлекува вниманието на истражувачите, како на историчарите кои професионално се занимаваат со истата, така и на голем број други професии, како: филозофите, социолозите, книжевниците, политичарите, културолозите, обичните луѓе, ентузијастите итн. Сите тие, често ги поставуваат прашањата, од типот: Што претставува историјата? За што ни служи истата? Која е целта и користа од нејзиното познавање и изучување? и слично.

Во оваа книшка, на еден краток и сублимиран на-чин ќе биде направен обид да се одговори на дел од овие прашања. Целта е читателот да се запознае со историјата, како наука и дисциплина, кој е нејзиниот предмет на интерес, со тоа како таа се поимала и практикувала во минатото, а како се поима денес, потоа, со некои од ме-тодите и техниките на историското истражување и слич-но. Посебно внимание е посветено на претставувањето на различните теоретски правци, школи и концепти на историското истражување, кои се појавиле во различните временски епохи, како и на филозофските и идеолошките погледи кои довеле до нивно оформување. Повеќето од

Page 4: Поимање на историјата

4

нив се разликуваат и се дијаметрално спротивни едни со други, но, гледани од друга перспектива, тие можат да бидат и многу блиски, да се поклопуваат, преклопуваат и да се надополнуваат меѓу себе.

Концепциски, делото е поделено на четири поглав-ја во кои по хронолошки редослед е претставено како се менувала идејата и поимањето на историјата во различни историски периоди. Така, во првото поглавје направен е преглед на развојот на историската мисла во долгиот ис-ториски период од појавата на писмото и на првите држа-ви, па некаде до почетокот на 19 век. Тоа во најголем дел е периодот кој ги опфаќа епохите на Антиката и Средни-от век. Тоа е периодот кога луѓето за првпат почнале по-сериозно да се интересираат за минатото, истото да го проучуваат и да го запишуваат. Сепак, како што ќе види-ме, и покрај различните погледи и концепти на проучува-ње на минатото, заедничко, за овој период е што генерал-но историјата не била сметана за посебна научна дисцип-лина. Историчарите, најчесто, не биле професионалци во својата работа, а во своите дела тие често ги мешале вис-тинските настани со измислените, со митовите и фантази-јата, при што, во нив, тешко било да се направи разлика каде завршува фактичкото, а каде започнува фиктивното.

Второто поглавје, во најголем дел, го обработува периодот на 19 век и првата половина на 20 век, кога како резултат на крупните општествено-политички и економ-ски промени, кои настанале во западна Европа, но и на промените во филозофските и идеолошките сфаќања, ис-торијата започнала да се изградува како посебна научна дисциплина, со сопствен предмет, методи и техники на истражување. Историчарите во овој период се професио-нализирале и институционализирале, а главната цел која си ја поставиле била “објективно и вистинито да го проу-чат човековото минато” и “да објаснат што навистина се случило”.

Page 5: Поимање на историјата

5

Третиот дел е посветен на појавата и развојот на марксистичката идеологија и на марксистичката теорија во однос на историјата. Тоа бил еден нов, и во голема ме-ра, различен концепт на разбирање на општествената стварност, наспроти дотогашните доминантни теории, кој имал големо влијание и врз промената на сфаќањата во однос на минатото и на историјата. Тој од своја страна го проширил и продлабочил поимањето на историјата и от-ворил нови правци, теми и методи на историското ист-ражување.

Последниот дел се однесува на развојот на истори-јата, историските правци и школи во периодот по Втората светска војна до денес. Во овој период, историјата го про-ширува и продлабочува својот предмет на интерес врз го-лем број разновидни аспекти од човековото минатото. Се појавуваат голем број нови истории, кои се однесуваат, практично, на “сè и сешто”. Во исто време, тоа е време кога се засилуваат критиките, негирањата и релативиза-цијата на историјата како наука. Во овој дел посебно вни-мание е посветено на развојот и влијанието на аналитич-ката историографска школа, позната уште и како гра-ѓанска школа, а и на теоретските погледи и сфаќања на некои од најзначајните историчари од крајот на 20 и по-четокот на 21 век.

Имајќи ја предвид тезата на Џереми Блек и Доналд Мекреилд, дека “историчарите имаат ограничено знаење за минатото” при што “само многу мал дел од сето она што се случило низ историјата му е познато денес на со-времениот свет”, ќе се обидеме да дадеме еден преглед за тоа на кои начини и во какви форми тоа “ограничено знаење” за минатото се поимало, се собирало, се система-тизирало и се пренесувало на следните генерации, со цел да остане запаметено до денес.

Скопје, декември 2013 година

Page 6: Поимање на историјата

6

Поимањето на историјата во антиката и во средниот

век

Поимот историја потекнува од старогрчкиот збор

iστορία, кој во основа значи испитување, иследување, рас-

каз, познавање на она што е испитано. Овој старогрчки

збор подоцна преминал во латинскиот јазик како historia

или historie, што значи “збир на настани што настанале во

време и во простор, раскажување за настаните, извештај

за настаните, испитување” (Петреска, Ачкоска, 2007: 3). Истиот збор, со мали модификации, преминал во сите ев-

ропски јазици, меѓу кои и во повеќето старословенски

јазици, вклучително и во македонскиот јазик. Речиси, во

сите овие јазици, поимот “историја” означува она што се

случило, што настанало, што било. Самиот поим “истори-

ја” има две значења, едното е за означување на минатото

како такво, т.е. на настаните, појавите и процесите од

минатото, на човековото постоење во минатото, додека

второто значење се употребува за именување на науката

која го проучува тоа минато, т.е. историјата како наука

(Ачкоска, 2001: 5-7). Историјата го проучува човековото минато хро-

нолошки, од најстарите времиња до денес. Притоа, треба

да се прави суштинска разлика меѓу она што се нарекува

“историја” и “минато”. Поимот историја некогаш може да

доведе до забуни, бидејќи тој често се употребува како

замена за поимот минато, а во исто време се употребува и

за означување на она што историчарите го пишуваат за

самото минато (Arnold, 2000: 5).

Историјата наједноставно може да се дефинира

како наука за проучување и истражување на човековото

минато. Тука, веднаш се поставува прашањето: Зошто, воопшто, некои би се занимавале и би изучувале истори-

ја, односно нешто што веќе поминало? Наједноставен од-

Page 7: Поимање на историјата

7

говор на ова прашање е дека историјата ни помага по-

добро да ги разбереме луѓето и општествата и, пред сè, ни

помага да разбереме како општествата се подложени на

промени и како тие промени придонесле до тоа ние да

живееме во општество какво што е денешното (Stearns,

1998).

Даринка Петреска и Виолета Ачкоска, во нивното

дело “Осознавање на историјата”, истата ја определуваат

како “посебна човеково интелектуална дејност, во која

човекот се бара себеси, согледувајќи се низ минатите настани каков бил, што можел да направи и каде да оди.

Луѓето и нивните творби од минатото живеат во нас, а

нашите ќе живеат во оние кои ќе дојдат по нас” (Петрес-

ка, Ачкоска, 2007). Притоа, тука, се става акцент на вос-

питната улога на историјата, т.е. таа да биде во функција

на: “патриотско, хуманистичко, работно, културно, естет-

ско воспитание на граѓаните, а особено на младите во

формирање на нивното филозофско и општествено опре-

делување”. Но, според нив, оваа улога, историјата може

да ја остварува само кога во неа е вградена и критич-

носта, “лишена од прагматизам (политичка употреба) што често се прикрива со некакви високи општествени или

национални интереси” (Петреска, Ачкоска, 2007: 7).

Во своите проучувања на минатото, историјата се

базира на извори. Во зависност од различните класифика-

ции, постои и разновидна поделба на историските извори.

Така, тие можат да бидат: усни, пишани или материјални

извори; посредни или непосредни извори; директни или

индиректни извори; извори од прв ред (примарни) или

извори од втор ред (секундарни), потоа визуелни извори,

како: филмови, телевизиски и документарни емисии, раз-

новидни мултимедијални програми и слично. Усни изво-ри за историјата, најчесто претставуваат: митовите, ле-

гендите, приказните, преданијата, кои се пренесуваат од

Page 8: Поимање на историјата

8

генерација на генерација, потоа, усните сеќавања и све-

дочењата на живи сведоци и сл. Иако овие извори можат

да бидат мошне значајни, посебно усните сеќавања и

сведочењата, кои често претставуваат извори од прв ред,

сепак, треба да се биде доста внимателен при нивното

користење, бидејќи тие често можат да бидат: субјектив-

ни, непотполни, ограничени, неверодостојни, а многу

често и целосно измислени.

Многу поголемо значење за историјата имаат пи-

шаните извори, како: анали, хроники, летописи, мемоари, биографии и автобиографии, потоа, официјалните доку-

менти, акти, извештаи, преписки, спомени, сеќавања и

слично, кои најчесто се сметаат за примарни извори или

извори од прв ред. Извори од втор ред или секундарни из-

вори претставуваат историските дела, книги, есеи и тол-

кувања, додека како терцијарни или извори од трет сте-

пен, се сметаат: енциклопедиите, учебниците и слично.

Секако, дека при користењето на сите овие видови из-

вори, а посебно во однос на: спомените, мемоарите, био-

графиите и автобиографиите, треба да се има предвид

дека сите тие можат да бидат еднострани, пристрасни, неточни во датумот или во редоследот на настаните и да

бидат во улога на себеоправдување и себепромовирање.

Археолошките, како и другите видови материјални

извори, исто така, се од голема корист при историските

истражувања, а во последно време, сè поголемо значење

добиваат новите и разновидни мултимедијални извори.

Денес е општо прифатено дека историјата, а со тоа

и нејзиниот предмет на проучување започнуваат со

појавата на писмото и на првите држави, како органи-

зирани облици за живот на човекот. Претходниот период

се нарекува предисторија или праисторија и тој, во ос-нова, не е предмет на проучување на историјата, пред сè,

поради тоа што во овој период нема организирана форма

Page 9: Поимање на историјата

9

на живот (држава) и не постојат пишани документи.

Проучувањето на праисториските периоди, главно, се

базира на материјални докази и остатоци и е предмет на

проучување на: археологијата, историјата на уметност,

антропологијата и на другите сродни научни дисциплини.

Главна цел кон која се стреми историјата се “вистината”

и “објективното проучување на минатото”, а како основ-

но средство на изразување, таа го користи наративниот

метод, т.е. раскажувањето.

Во различните временски периоди и епохи, поима-њето на минатото, на тоа што претставува историјата, неј-

зините толкувања, цели, задачи и методи, биле различни

и се менувале во зависност од различните општествени,

политички, економски и културни услови во кои живеела

одредена група луѓе, како и од нивните филозофски и

идеолошки погледи и сфаќања. Или како што ќе напишат

Петреска и Ачкоска “секоја генерација го разбира ми-

натото на свој начин... и поставува други прашања пред

историјата” (Петреска, Ачкоска, 2007: 7-8).

Денес, општо прифатено е дека почетоците на ис-

торијата, како дисциплина која го проучува минатото, можат да се следат од времето на Античка Грција. Еден

од првите кој се занимавал со организирано и рационално

проучување на човековото минато бил грчкиот историчар

Херодот. Тој го напишал делото насловено едноставно

“Историја”, во кое ги опишал грчко-персиските војни.

Херодот се смета за “класичен пример на наративната

историографија, која само ги опишува настаните, а не

прашува за нивната причинска поврзаност” (Gross, 1980:

36). Од страна на римскиот говорник Цицерон, Херодот

бил именуван како “татко на историјата”. Во минатото,

долго време, се сметало дека делото на Херодот, во осно-ва, претставува фиктивно и имагинарно дело, но архео-

лошките и други истражувања покажале дека многу од

Page 10: Поимање на историјата

10

местата и настаните кои тој ги опишал во неговите дела,

навистина, постоеле и се случиле како такви.

За разлика од Херодот, кој во своите пишувања п-

овеќе се интересирал за луѓето и за приказните, неговиот

следбеник Тукидит сметал дека “историјата се однесува

на политиката и на државата и на ништо друго” (Arnold,

2000: 34). Тукидит се смета за вториот голем антички грч-

ки историчар. Живеел во 5 век пред новата ера, отприли-

ка во исто време како и неговиот претходник Херодот.

Тој, денес е најпознат според делото: “Историја на Пело-понеските војни”, во кое ги опишал војните што се воделе

меѓу грчките градови-држави. Тукидит “прв применил

посистематско и критичко преиспитување на информаци-

ите. Исто така, тој забележал дека извештаите и сведошт-

вата на различни сведоци на еден ист настан можат ме-

ѓусебно значително да се разликуваат” (Ачкоска, 2001: 5).

Аристотел бил еден од првите мислители, кој се

осврнал на историјата од филозофски аспект. Во своето

дело “Поетика”, тој ја споредил историјата со поезијата,

тврдејќи дека и двете претставуваат филозофски дисцип-

лини, само што “поезијата... има повозвишен карактер от-колку историјата, бидејќи поезијата зборува за општото, а

историјата за посебното” (Ачкоска, 2001: 5). Со тоа,

Аристотел го отворил прашањето со кое подоцна се зани-

мавале голем број историчари, а тоа е дали историјата

треба да се занимава само со поединечното или, меѓу

другото, и со општото, т.е. да биде во функција на вооп-

штување!?

Римските историчари, во прво време, ги презеле

традициите и начините на пишување од нивните грчки

колеги. Еден од првите римски историчари бил Полибиј,

кој живеел во вториот век пред новата ера. Напишал ис-торија на Рим и Средоземјето, во 40 книги. И тој како и

Тукидит “свесно настојувал своите заклучоци да ги теме-

Page 11: Поимање на историјата

11

ли врз извори од прва рака или врз сведочења на учесни-

ци во самите настани” (Ачкоска, 2001: 5). Полибиј, веру-

вал дека историјата можат да ја пишуваат само луѓе кои

имаат животно искуство. Според него, таа има задача да

ги поучува политичарите и “како таква не смее само да ги

опишува настаните, туку и темелно да ги објасни” (Gross,

1980: 39).

Еден од најзначајните римски историчари бил Кор-

нелиус Тацит (56-117 година н.е.). Негови најпознати

дела се: “Annales” (“Анали”) и “Histories” (“Истории”), во кои ја опишал историјата на Рим и на римските кралеви

во текот на првиот век од новата ера, т.е. од Октавијан

Август до неговото време. Карактеристично за него е тоа

што тој во еден период бил и сенатор, со што имал

пристап до сенатските акти, дневните извештаи и другите

државни документи, од кои некои и ги користел при

пишувањето на своите дела. Целта на историјата, според

Тацит, е: “да не се минува молчешкум преку доблестите,

и лошите зборови и дела да се плашат од потомството и

срамотата” (Машкин, 1995: 21).

Лукиан од Самосата (125-192), во прв ред бил по-лемичар и сатиричар, а дури потоа историчар, но тој на-

пишал едно многу интересно дело кое се нарекува “Како

се пишува историја”, во кое образложува каков, според

него, треба да биде историчарот: “Историчарот треба да

биде: храбар, неподмитлив, слободен, пријател на висти-

ната, човек кој кога ќе каже “леб” мисли на “леб”, а кога

ќе каже “вино” мисли на “вино” и кој поради пријател-

ство или омраза никогаш нема да попушти или некого да

го жали или да се срами. Тој мора да биде праведен суди-

ја..., човек кој кога пишува нема своја татковина, ниту

град, ниту владетел..., човек кој го изложува она што се случило” (Gross, 1980: 43). Ова, претставува, по малку,

идеализирана слика на историчарот. Меѓутоа, тоа е слика,

Page 12: Поимање на историјата

12

која историчарите, во минатото, ја имале предвид и често

ја истакнувале, посебно оние од 19 век, а некои и денес ја

истакнуваат како некој вид етички и морален кодекс, кој

треба да го следат историчарите, иако во практиката све-

доци сме дека тоа многу тешко се постигнува.

Од многубројните римски мислители (Плутарх,

Диодор, Квинт Куртиј Руф, Аријан и многу други), кои,

покрај другото, се занимавале и со историја, вреди да се

спомене и името на познатиот говорник Цицерон. Имено,

освен тоа што тој, Херодот, го нарекол “татко на истори-јата”, нему му се припишува и изјавата за историјата, ка-

ко “учителка на животот”, што асоцира на тоа дека позна-

вањето на минатото претставува важна лекција, која ни

помага подобро да ја разбереме сегашноста и да ја опре-

делиме иднината. Оваа изјава често се користи од страна

на професионалните историчари при дефинирањето на

самиот поим “историја”, на нејзиното место и улога во

науката, но и на нејзиното значење како образовен пред-

мет во училиштата. Цицерон е автор и на голем број пис-

ма, говори и расправи, кои имаат големо значење за исто-

ријата на културата, како и за политичката и социјалната историја (Машкин, 1995: 13).

Историјата, во антиката не претставувала посебна

научна дисциплина и истата најчесто била измешана со

митологијата и со фикцијата. Карактеристично за антич-

ките грчки и римски автори е тоа што при составувањето

на нивните дела, тие ретко се ослонувале на официјални-

те извори и документи од тоа време, кои им стоеле на

располагање во релативно голем број. Дел од причините

може да се бараат во тоа што овие документи, во антика-

та, биле изразито несигурни и неверодостојни. Од друга

страна, и самите историчари не чувствувале голема по-треба да се повикуваат на нив. Наместо тоа, тие многу

повеќе се ослонувале на мемориските сеќавања и на ус-

Page 13: Поимање на историјата

13

ната традиција на нивните современици (Grant, 1995: 32-

35). Тоа, овие дела, поточно, дел од фактите, настаните и

процесите обработени во нив, ги прави прилично неси-

гурни, а понекогаш и историски невистинити, поради

што, на истите, треба да се пристапува со голема доза на

внимателност и во консултација со други видови извори,

во прв ред, материјални, епиграфски и слично.

Некои од познавачите на античката грчка и рим-

ската историографија сметаат дека значењето на ис-

ториските дела од овој период треба да се гледа, не толку во нивната историска вредност, колку во литературната и

уметничката вредност, која голем дел од нив несомнено

ја поседувале. Имено, историчарите од овој период имале

желба да им се додворат и допаднат на нивните читатели

и слушатели, кои од своја страна, пак, сакале да бидат

задоволни и исполнети со она што го читаат. На тој на-

чин, постоела силна тенденција, историјата да се доживу-

ва како “историска романса” (Grant, 1995: 93).

Од друга страна, придонесот на античките истори-

чари за развојот на историската наука може да се гледа во

тоа што “тие биле првите кои ги поставиле прашањата за причините на историските случувања”, како и тоа што,

барем теоретски, “се стремеле за објективност во излага-

њата”, иако, како што видовме, тоа многу тешко успевале

да го постигнат и во практиката (Петреска, Ачкоска,

2007: 46).

Историчарите во средниот век, особено оние од за-

падна Европа, биле повеќе аналисти, хроничари или ан-

тиквари. Аналите и хрониките биле основните историски

текстови со кои се занимавале средновековните исто-

ричари, за кои и не може да се каже дека претставувале

историчари во класична смисла на зборот. Имено, тие само ги запишувале најважните настани, кои се случувале

во една година без притоа да ги систематизираат и кри-

Page 14: Поимање на историјата

14

тички да ги обработат. “Средновековните историчари ‹

верувале на традицијата, а не ја проверувале, кај нив

имагинацијата го надвладувала разумот, па не успевале

да направат разлика меѓу некој еп со историска тематика

и вистинските случувања од тој еп” (Gross, 1980: 43).

При пишувањето на средновековните текстови, го-

лема улога играла религијата, во прв ред, христијанската

идеологија и филозофија. Најголемиот дел од историски-

те текстови биле со религиозна тематика или испреплете-

ни со религиозни мотиви, најчесто пишувани по приме-рот на Библијата и останатите религиозни текстови. Нај-

големиот број од авторите на овие текстови и самите по-

веќето биле религиозни лица, т.е. свештеници и монаси.

Во западна Европа, во овој период, целосно била

прифатена христијанската религиозна филозофија, како

основа од која се поаѓало во целокупното знаење, а со тоа

и во пишувањето на историјата. Така на пример, еден од

најпознатите мислители од периодот на раниот среден

век, Августин (354-430), во неговото најпознато дело “За

божјата држава” сметал дека световната држава е дело на

ѓаволот и таа нема никакво значење наспрема божјата др-жава. Сите световни вредности и појави, а со тоа и исто-

риските настани и историската вистина, се неважни спо-

редени со спасението и божјиот суд (Gross, 1980: 47). На

тој начин, Августин кој, денес, се смета за основополож-

ник на средновековната филозофија, всушност, ‹ го одзел

правото на историјата да го проучува минатото независно

од религиозните догми.

Наспроти тоа, во средновековна Византија, пишу-

вањето и поимањето на историјата се разликувало во од-

нос на тоа од западна Европа. Имено, Византиската држа-

ва како продолжение на Римската империја, во нејзините источни провинции со центар во градот Константинопол,

ја следела античката, грчка и римска, традиција во пишу-

Page 15: Поимање на историјата

15

вањето на историјата. Раните книжевни и историски дела

на византиските автори биле пишувани на латински јазик,

додека во подоцнежниот период, тие се пишувале на грч-

ки јазик, поточно на варијанта од грчкиот јазик. Дури и

во историските дела од доцно византискиот период, по 12

век, може да се забележи влијанието на античката исто-

риографска традиција, која посебно се огледа во однос на

биографскиот и аналитички пристап на авторите при пи-

шувањето на нивните дела. Византиските автори, на некој

начин, се обиделе да ги обединат световната и божестве-ната вистина, т.е. да го комбинираат класичното историс-

ко истражување со доминантната христијанска религиоз-

на филозофија на нивното време. Такви тенденции посеб-

но се среќаваат во византиските хроники, кои претставу-

вале една од најзначајните форми на пишување на исто-

ријата во Византиската држава (Gregory, 2005: 13-14).

Карактеристичен претставник на византиската ис-

ториска традиција и, воедно, најзначаен историчар од 6

век, чиј начин на пишување на историјата бил следен и од

идните генерации византиски историчари, бил Прокопиј

Кесариски (500-565). Тој го напишал делото “За војните” во кое, во осум книги, ги опишал војните на царот Јус-

тинијан I со Персијците, Вандалите и Готите. Прокопиј и

самиот учествувал во некои од овие војни и бил сведок на

настаните за кои пишувал. Покрај другите дела, напишал

и една Тајна историја, во која ја критикувал политиката и

однесувањето на царот Јустинијан I и на неговата сопруга

Теодора (Острогорски, 1992: 45-46).

Меѓу позначајните неевропски историчари од

средниот век, може да се спомене името на арапскиот ис-

торичар Ибн Калдун. Калдун живеел и работел во втората

половина на 14 век и бил еден од најпознатите среднове-ковни филозофи и историчари од муслиманска прови-

ниенција. Негово најпознато дело е: “Al-Muqaddima” или

Page 16: Поимање на историјата

16

“Вовед”, што, всушност, претставува прв дел од неговата

“Универзална историја”. За Калдун, “историјата прет-

ставувала циклус кој постојано се менува” (Hozien Dr.

Muhammad). Тој разликувал две групи луѓе: скитници

(номади) и граѓани. Номадите ги опишува како: груби,

диви и некултурни, чие присуство секогаш е штетно за

цивилизациите. Но, во исто време, тие биле и: “жилави,

скромни, некорумпирани, самопрегорни и слободоумни,

кои имаат чувство за општествена солидарност”. За

разлика од нив, граѓаните биле носители на занаетчис-кото производство, на науката, културата и уметностите.

Но, животот во раскош нив ги направил да бидат под-

митливи и поодговорни спрема државата и семејството

(Hozien Dr. Muhammad). Основната теза на Калдун, тука,

е дека кога едно општество е на врвот на својот развој и

цивилизација, тогаш започнува и процесот на негово

пропаѓање. Општеството кое претходно било изградено

од варвари (номади), во текот на развојот станувало сѐ

повеќе цивилизирано, но во исто време и поподелено и

фрагментирано. Притоа, владејачките елити постепено го

губеле контактот со своите потчинети, кои ги поставиле на власт. Општеството постепено пропаѓало, при што

секогаш варварите или номадите имале поголеми шанси

да излезат како победници. На тој начин започнува нов

циклус, кој според Калдун трае, наредните, неколку

стотина години (Hozien Dr. Muhammad).

Денес, Ибн Калдун, од голем број научници и

мислители, се смета за еден од зачетниците на историјата

на филозофијата. Покрај тоа, тој во своите дела се зани-

мавал со економија, но и пошироко, со општествените и

културните прилики во тогашните општества и во ми-

натото. Поради тоа, според многумина, тој бил и еден од првите проучувачи на: економската, социјалната и

културната историја. “Калдун се разликувал од оста-

Page 17: Поимање на историјата

17

натите муслимански историчари, како и од сите негови

претходници поради тоа што тој на историјата гледал

како на наука која вреди да биде проучувана, а не како на

приказна која треба само да се регистрира” (Mohammad,

1997: 109). Според други познавачи на делото на Калдун,

неговото значење за историјата може да се гледа и во тоа

што тој е еден од оние истражувачи кои се обидувале да

ги објаснат причините за историските случувања, иако

неговите дела, главно се базирале на усната традиција во

арапскиот свет (Black, MacRaild, 2000: 29). Историјата, на еден или на друг начин, им била

позната и била практикувана и од страна на многу други

народи и цивилизации, надвор од Европа. Така, општо е

познато дека во средниот век, цивилизациите кои ег-

зистирале на Далечниот исток, т.е. во Кина и Индија биле

на многу повисоко ниво на општествениот развој од

европските земји. Џереми Блек и Доналд Мекреилд, во

нивната студија за историјата, “Studying History”, тврдат

дека историјата во Кина, била позната уште од периодот

на најстарите царски династии. Кинеските императори

сметале дека историјата игра важна улога за запознавање на минатото, но и за остварување на нивните цели во

сегашноста. Кинеските мислители и историчари на

историјата гледале од аспект на: вистината, моралот и

образованието. Тие биле составен дел од императорскиот

двор и продуцирале историја која била во функција на

императорите, на нивните династии и на останатите

високи кругови во општеството (Black, MacRaild, 2000:

29). За кинеската, но и за средновековната индиска исто-

риографија, карактеристично било и тоа што, тие, во

голема мера, се базирале на пишани текстови и изворни

документи, кои, во овие земји, ги имало во голем број во овој период (Black, MacRaild, 2000: 29, 42).

Page 18: Поимање на историјата

18

Во периодот на хуманизмот и ренесансата (крај на

14 до 17 век.), во западна Европа, настанале големи про-

мени во сфаќањата за општествените и културните

процеси. Овие промени не ја заобиколиле ни историјата.

Ренесансата или Преродбата, во основа претставувала

културно движење, кое се стремело кон навраќање кон

вредностите од антиката, кои, биле долго време потисну-

вани и заборавени во ерата на “мрачниот” среден век.

Хуманизмот, пак, повеќе претставувал филозофски

правец, кој се стремел кон напуштање на верата и рели-гиозната доктрина и воспоставување вредности базирани

на вербата во човековиот разум (рационализмот) и

знаењето (емпиризмот). Под влијание на овие хуманис-

тички вредности, историчарите од овој период постепено

започнале да се ослободуваат од религиозните догми и

божјите толкувања, а на настаните и процесите, кои ги

проучувале, сè повеќе, им давале световни каракте-

ристики и се труделе, истите, рационално да ги објаснат и

докажат. Историчарите од доцниот среден век и во

периодот на ренесансата, се ориентирале кон проучување

на политичката историја, посебно на историјата на државите и на народите. Проучувајќи ги и обидувајќи се

да ги следат античките традиции, ренесансните мис-

лители го прифатиле цикличниот поглед на историјата.

Според нив, сите цивилизации, а најдобар пример за тоа

биле: Стариот Египет, Грција и Рим, се создавале, се

развивале во одреден период, по што пропаѓале. На нивно

место се појавувале нови држави и цивилизации, и така

постојано во круг. Според претставниците на оваа тео-

рија, “народите и цивилизациите биле осудени на развој и

на пропаѓање, при што не постоеле изгледи за кон-

тинуиран напредок” (Black, MacRaild, 2000: 30). Ваквата теза подоцна била оспорена од страна на просветителите,

кои ја прифатиле линеарната прогресивна теорија за

Page 19: Поимање на историјата

19

развојот на човештвото и на историјата, според која, секој

нареден период од човековиот развој бил понапреден и

поцивилизиран од претходниот, а според тоа и позначаен

за проучување.

Еден од најзначајните претставници на ренесан-

сната историска мисла, бил Николо Макијавели (1469-

1527). Овој познат италијански политичар, дипломат,

филозоф и историчар, живеел во Фиренца, во време на

владеењето на моќната фамилија Медичи. Во еден период

бил и во служба на Фирентинската Република. Негово најпознато дело е “Il Principe” или “Владетелот”, во кое

ги изложил своите ставови како треба да се владее со

едно кнежевство и држава и како треба да се однесува

оној кој сака да ја освои или да ја задржи власта. Имено,

според него, многу поуспешни биле оние владетели од

кои народот се плашел, отколку оние кои биле сакани,

оние кои биле сурови и тирани, наспроти оние кои биле

мирни и благи. Или како што ќе напише Макијавели:

“сето она што се смета за добро дело, било причина за

пропаст, а она што личи на порок секогаш го благосло-

вува владетелот со безбедност и напредок” (Макијавели: 2011: 74). Ова дело на Макијавели, било користено и

претставувало инспирација за многу владетели во

минатото, но било подложено и на жестоки критики и

отфрлања. Однесувањето, според неговите принципи,

денес е познато како “макијавелистичко”, при што не се

избираат средства и методи за да се остварат зацртаните

цели и интереси. Меѓутоа, ниту во обичниот живот, ниту

како политичар, Макијавели не се однесувал според

принципите кои ги навел во “Владетелот”. Сосема спро-

тивно, тој, се чини, бил плашлив човек и просечен

политичар, кој немал големи успеси во дипломатијата и останал во сенка на многу помоќните личности, кои

владееле во неговото време. Многу поверојатно е дека

Page 20: Поимање на историјата

20

ставовите кои тука ги застапува Макијавели, всушност,

ги рефлектирале приликите и условите кои владееле во

Италија во времето во кое тој живеел, време на големи

поделби, војни, на политички сплетки, интриги и слично.

Макијавели напишал и “Историја на Фиренца”, во

која ја опишал историјата на градот Фиренца од неговото

основање до 1492 година и смртта на Лоренцо де

Медичи. Делото било напишано во типичен хуманистич-

ки стил. Како и неговиот претходник и еден од втемелу-

вачите на хуманистичката историја, Леонардо Бруни (1370-1444), Макијавели ја пишувал историјата според

правилата на класичните историчари. Тој, особено внима-

ние посветувал на раскажувањето и набројувањето на

настаните, како и на нивното синтетизирање, користејќи

ги притоа само најважните факти кои ги имал на распола-

гање. Според Ана Марија Кабрини, “неговата цел била да

ги идентификува причините и последиците од настаните,

да ги проучи мотивите и преземените потфати на поедин-

ците и групите, како и да фрли светлина врз краткороч-

ните и долгорочните ефекти од тие потфати” (Cabrini,

2010: 134). Но, од друга страна, Макијавели, како и Бру-ни, во своите дела често внесувал измислени разговори и

настани, кои ги претставувал како вистински, поради што

нивните дела не може да се сметаат како истории во

вистинска смисла на зборот (Cabrini, 2010: 128-142).

Англиската буржоаска револуција од 17 век и нејз-

ините вредности одиграле важна улога во понатамошниот

развој на филозофската и социолошката мисла, а во тој

поглед и на историјата. Најзначајни претставници на

англиската емпириска филозофија биле: Франсис Бејкон,

Томас Хобс и Џон Лок. Филозофот, научник и политичар

Франсис Бејкон (1561-1626), бил еден од првите кој го прифатил и го промовирал планското и систематско

проучување, базирано на знаење и на докази. Поради тоа,

Page 21: Поимање на историјата

21

тој денес се сместува меѓу основоположниците на на-

учното методолошко истражување, кое одиграло голема

улога и во изградувањето на историјата, како посебна

научна дисциплина. Тој бил еден од првите научници, кој

своите дела ги засновал на собирање и организирање на

податоците, нивна анализа и подложување на експери-

менти, со цел да се дојде до вистинити и точни одговори.

Бејкон, верувал дека, на ваков начин, “науката би можела

да стане алатка за подобрување на човештвото” (Bacon).

Бејкон, на историјата гледал како на една од основ-ните дисциплини. Имено, тој разликувал три способности

на човекот: меморија, имагинација и разум, кои соодвет-

но одговарале на: историјата, поезијата и филозофијата.

Историјата, според него, имала инклузивно значење и таа

во себе го обединувала целокупното поединечно и ин-

дивидуално знаење. Додека поезијата, претставувала само

“фиктивна историја”. Бејкон, историјата ја поделил на

природна и на граѓанска или државна историја, во која ги

вклучувал и црковната и книжевната историја. Исто така,

тој сметал дека историјата е таа која ѝ ги дава основните

суровини (raw materials) на филозофијата, т.е на општото знаење, кое “индуктивно произлегува од неа” (Urbach).

Најпознато дело на Бејкон, со историска проблематика, е

делото: “Историја на кралот Хенри VII”. Во него, тој ја

интерпретира историјата и политиките на кралот Хенри

VII поаѓајќи од аспект на личниот карактер на Кралот

(Urbach).

Француските просветители од 18 век, исто така,

одиграле важна улога во развојот на историјата и во

нејзиното прераснување во посебна научна дисциплина.

Тие, меѓу првите, на историјата гледале како на одделна

дисциплина. Посебно значаен придонес, во овој правец, дал Франсоа Волтер (1694-1778). Тој бил филозоф,

писател и историчар. Неговото значење се гледа, пред сè

Page 22: Поимање на историјата

22

во развојот на филозофијата на историјата, а бил и еден

од првите кој го употребил поимот универзална историја,

како заедничка историја на целокупното човештво и на

неговата култура. За Волтер, “целта на историјата е да го

следи прогресот на човековата мисла” (Force, 2009: 465).

Имено, за разлика од ренесансните автори, но и на дел од

авторите од неговото време, тој ѝ дал предност на

модерната историја, наспроти античката традиција. Како

типичен претставник на просветителската мисла и тој

верувал дека историјата на човековиот развој претставува линеарен и прогресивен процес, при што секоја наредна

епоха е понапредна, поцивилизирана и попросветлена од

претходната. Логично на тоа и времето во кое тој живеел

е на повисоко ниво од минатите епохи, па според тоа има

и поголемо значење и заслужува поголемо внимание од

претходните. Така, за Волтер многу поважно значење за

историјата имала ерата на Кралот Луј XIV, отколку, на

пример, античката грчка и римска историја, на која се

воодушевувале и која сакале да ја имитираат претстав-

ниците на ренесансата, но и некои историчари од

неговото време, како, на пример, Чарлс Ролин. Волтер, сметал дека само модерната историја може да се смета за

вистинска историја, додека античката историја, за него,

претставувала само “прашање на љубопитност”, слично

како и проучувањето на природниот свет (Force, 2009:

467).

Волтер, на историјата гледал од позиција на сегаш-

носта, а не од гледна точка на минатото. Поради тоа, при

пишувањето на историските дела, тој не посветувал

големо внимание на фактите и на изворите, туку повеќе

се концентрирал на презентирање на настаните и про-

цесите, како и на давање морални судови и филозофски размислувања за истите, за што, неговите дела, често,

биле критикувани дека се “неисториски” засновани.

Page 23: Поимање на историјата

23

Волтер, сметал дека развојот на човештвото во последни-

те двесте години довело до поврзаност и зависност меѓу

различните делови на светот и различните култури, по-

ради што можело да стане збор за пишување на една уни-

верзална, светска историја. Сепак, од оваа универзална

историја, тој ги исклучил “примитивните народи”, како и

историите на земјите како Кина и Индија (Force, 2009).

Меѓу позначајните историски дела на Волтер се

сметаат: “Историјата на Чарлс VII”, “Епохата на Луј

XIV”, “Историја на војната од 1741”, есејот “За обичаите и духот на нациите” и многу други. Волтер, за своите

дела, често бил обвинуван за неисторичност, како и за тоа

дека не ја следи доследно методологијата на историското

истражување, а многу повеќе се концентрира на нара-

цијата и на филозофијата на историјата. И покрај тоа, тој

одиграл голема улога за идниот развој на историјата и за

нејзината развој во посебна научна дисциплина. Со

своите историски, но и филозофски и литературни дела,

тој, заедно со останатите просветители од неговото

време, како Монтескје и Жан Жак Русо, теоретски ја

подготвиле Француската буржоаска револуција од 1789 година и нејзините вредности, кои дефинитивно извоју-

вале победа во наредниот, 19 век. Со прифаќањето и

зацврстувањето на овие вредности и на идеалите на

просветителството, светот влегол во една нова ера, во

која и историјата, за разлика од порано, добила едно ново

и сосема поинакво значење.

Германските просветителски мислители, како, на

пример, Емануел Кант, исто така, ја застапувале тезата

дека историјата е, пред сè, општа историја. За да се

напише историја, според нив, потребно е големо знаење

на податоците и фактите од минатото, но потребно е и филозофско размислување. Поради тоа, пишувањето на

историја треба да биде комбинација од познавањето на

Page 24: Поимање на историјата

24

минатото и на фактите (историчарот), со познавањето на

процесите, мислењата и толкувањата (филозофот).

Горното излагање претставува само еден краток и

сублимиран преглед на развојот на историјата и на

нејзиното поимање во текот на еден долг временски

период, започнувајќи со создавањето на писмото и првите

организирани држави, па некаде до крајот на 18 век. Исто

така, тоа претставува и прилично селектиран приказ,

бидејќи, како што видовме, во него не се опфатени рано

античките цивилизации во Месопотамија и во Стариот Египет, потоа источните азиски цивилизации, цивилиза-

циите од пред колумбовска Америка и слично. Вни-

манието, во основа, беше насочено спрема европските и

средоземноморските држави. Сепак, од изложеното може

да се констатира дека, во различни периоди и во различни

општества, на историјата се приоѓало од различни

аспекти и истата, различно се разбирала и се пишувала.

Иако, уште античките автори, или барем дел од нив, се

обидувале преку историјата да ја откријат вистината од

минатото, а средновековниот арапски мислител Ибн

Калдун директно ја именувал како “општествена наука”, историјата, во овој период, генерално, не претставувала

посебна научна дисциплина, со утврдени правила и

методи на проучување, ниту пак историчарите биле

специјалисти во својата професија. Тие, во исто време,

биле и: филозофи, раскажувачи, фантазери, хроничари и

слично. Според тоа и во историските дела од овој период,

стварноста, најчесто, била измешана со филозофските

погледи и размисли на нивните автори, како и со

литературата, фолклорот и митологијата, така што било

многу тешко да се разграничи каде завршува фактичкото,

а каде започнува фиктивното.

Page 25: Поимање на историјата

25

Развојот на историјата како научна дисциплина

Денес, општо e прифатено мислењето дека истори-

јата, како научна дисциплина со посебен предмет на про-

учување и со сопствена методологија и техники на истра-

жување, се појавила кон крајот на 18 и почетокот на 19

век, т.е. во ерата на просветителството и модернизмот.

Иако, како што видовме и претходно, некои историски

правци и школи се појавиле многу порано, сепак, гене-

рално 19 век е времето кога историјата дефинитивно се утврдила како науката и го добила она значење кое, во го-

лема мера, го има и денес. Всушност, како што е тоа

случајот и со поголемиот број други модерни науки. 19

век е време кога под влијание на идеалите на француската

буржоаска револуција, на просветителството и на модер-

низмот, во западна Европа се формирале современите

граѓански држави, а во нивни рамки и организираното

школство и наука. Историјата, во овој период, за прв пат

се професионализирала и станала академска дисциплина.

Во исто време, таа сѐ повеќе започнала да се меша во по-

литичките и државните прилики, како и да игра важна улога во процесите на национално изградување. Една од

причините за ваквата нејзина улога, може да се бара во

тоа што модерните држави, во тоа време, биле во мож-

ност материјално и финансиски да се грижат за науката и

нејзините практикувачи - интелектуалците, а со тоа и

историчарите (Arnold, 2000: 56). Така, почнувајќи од овој

период, може да се зборува за поголема поврзаност и

зависност на историјата и професионалните историчари

од политичките и културните прилики во одредена земја.

Во текот на 19 век, конечно се утврдила и историо-

графијата, како науката која го опфаќа систематското и организирано проучување и пишување на историското

минато. Самиот поим историографија доаѓа од грчките

Page 26: Поимање на историјата

26

зборови: историја и графија, што буквално означува пи-

шување на историјата. Историографијата, практично, го

обединува сето она што историчарите го истражиле, про-

училе и запишале за минатото. Вака дефинирана, таа

претставува многу широк поим, поради што, денес се

разликуваат голем број поединечни историографии и

историографски школи. Такви, на пример, претставуваат:

античката грчка историографија, која ги обединува исто-

риските текстови кои се однесуваат на историјата на ан-

тичка Грција; римската историографија, ја опфаќа исто-ријата на стариот Рим; американската историографија,

историјата на САД; македонската историографија ги оп-

фаќа текстовите и историските дела кои ја проучуваат ис-

торијата на Македонија и слично. Историографиите и ис-

ториографските школи не мора да се однесуваат исклучи-

во на одредена држава или нација. Така, разликуваме ис-

ториографија на определена епоха, па пример, на модер-

ното време; историографија на одредена религија, како

историја на христијанството или на исламот; или пак ис-

торијата на проучувањето на некоја потесна област од чо-

вековото живеење, како на пример, историографија на феминизмот, историографија на дипломатијата, историо-

графија на театарот итн.

Како резултат на различното поимање на историја-

та и на историските процеси во одреден временски пери-

од, се појавуваат и различни правци и школи во проучу-

вањето на историјата. Вакви историски правци и школи

имало уште многу одамна, но со професионализацијата

на историјата и со нејзиното утврдување како посебна на-

учна дисциплина, во текот на 19 век, овие школи станале

методолошки и систематски многу поорганизирани и

институционализирани. Повеќето од нив, најпрво, се по-јавиле и се изградиле во рамките на одделни Академии,

Универзитети или други научни институции, кои се зани-

Page 27: Поимање на историјата

27

мавале со проучување на минатото и на историјата. Тие,

најчесто, биле препознатливи преку една личност или

група луѓе, кои, најчесто, воведувале нов начин на проу-

чување и поимање на историјата, по што добивале свои

приврзаници и следбеници, кои, подоцна, ги продолжува-

ле и надополнувале нивните методи и принципи на рабо-

та. Секако, треба да се има предвид дека големо влијание

во изградбата на определена историографска школа има-

ло и времето во кое таа се појавила, филозофските погле-

ди на тоа време, политичките и културните прилики во државите и општествата во кои таа егзистирала и слично.

Една од првите организирани историографски

школи се појавила во втората половина на 18 век, во Ве-

лика Британија. Тоа е познатата виговска школа (Whig

historiography), која била доминантна историографска

школа во времето на викторијанска Англија, во втората

половина на 19 век. Таа претставувала либерална исто-

риографија. Наспроти конзервативната теорија, која била

реакционерна и песимистичка и повеќе била свртена “кон

минатото отколку наспрема иднината”, виговската школа

била прогресивна и на историјата гледала како на еден континуиран процес од минатото до денес. Таа, на чове-

кот пристапувала како на прогресивно суштество, кое е

способно постојано да се движи напред, да создава нови

вредности и подобри општествени односи. Според оваа

теза, општествата, а со тоа и историјата се во постојано

движење напред и во создавање подобри вредности. Во

исто време, виговската традиција се развивала и под голе-

мо политичко влијание и била во функција на промоција

на британските вредности, општественото уредување,

британското сфаќање на демократијата и правото како

најдобри и најпрогресивни од сите дотогаш познати системи. Оваа школа, претставувала и еден вид нацио-

нална школа, бидејќи одиграла важна улога во изградбата

Page 28: Поимање на историјата

28

на британскиот идентитет, како и на британската нацио-

нална митологија од 19 век. Виговската историска тра-

диција го задржала своето влијание во британската исто-

риографија и во поголемиот дел од 20 век, а тоа влијание,

во определена мера, може да се следи и до денес (Abbot,

2009: 133; Buterfield, 1931; Mayer, 1990).

Најпознат англиски историчар од втората половина

на 18 век, бил Едвард Гибон, со неговото, во тоа време,

широко распространето дело “The History of the Decline

and Fall of the Roman Empire” (Историја на падот и про-паста на Римската империја). Според Блек и Мекреилд,

Гибон бил мајстор на иронијата и пред с, исклучителен

раскажувач, кој “на еден чист наративен начин, раскажу-

ва за интересни личности, настани и драматични случува-

ња”. Делата на Гибон, во основа, претставувале политич-

ка историја и се однесувале на политичкиот живот и на

управувањето на владејачките елити. Сепак, водејќи се од

просветителските принципи, Гибон важно место ставал и

на улогата на моралот во политиката и на нивната ме-

ѓусебна поврзаност (Black, MacRaild, 2000: 33).

Една од најзначајните историски школи на 19 век, била т.н. позитивистичка школа, која уште е позната и ка-

ко фактографска или фактографско-позитивистичка шко-

ла. Оваа школа, најпрво, се појавила во Германија и била

доминантна историографска школа во 19 век, во повеќето

земји во Европа и во САД. Едвард Кар уште ја именува и

како емпиристичка и здраворазумска школа. Претставни-

ците на оваа школа централно внимание му посветувале

на “утврдувањето на фактите”. Најнапред утврдете ги

фактите, а потоа од нив извлечете ги своите заклучоци и

толкувања, била основната филозофија од која поаѓале

позитивистите во проучувањето на историјата (Кар, 2001: 9-11). Ова сфаќање совршено одговарало на доминантна-

Page 29: Поимање на историјата

29

та филозофија и на системот на вредности што постоеле

во тоа време.

Најзначаен претставник на германската позитивис-

тичка школа бил Леополд Фон Ранке (1795-1886). Тој, де-

нес се смета за еден од основоположниците на модерната

историска наука. Тој сметал дека историчарите можат и

треба да продуцираат “научна и објективна историја”

само ако внимателно се навраќаат на документираните

архиви. Историчарот треба да биде внимателен истражу-

вач на прашливите архивски материјали, кој непристрас-но ќе ги толкува причинско-последичните врски меѓу

личностите, настаните и процесите и на тој начин објек-

тивно и независно ќе ја претстави историската вистина.

Неговата основна филозофија се состоела во тоа: “само да

се каже како навистина било” (Arnold, 2000: 36). Според

Ранке, “историчарот треба да го разбере минатото, а не

само да го толкува” (Black, MacRaild, 2000: 40). Ранке

претставува типичен претставник на традиционалната ис-

ториографија, базирана, исклучиво на документи.

Ранкевиот поглед на светот бил исклучително ев-

роцентричен. Тој сметал дека Европа претставува цен-тарот на светот, бидејќи таа се наоѓа на највисок степен

на развој и има изградено врвна култура. Европската

култура била дело и им припаѓала исклучиво на герман-

ските и на романските народи. Ранке, целосно го за-

немарувал и го сметал за безначаен придонесот на оста-

натите групи народи во европската култура, а посебно

оној на словенските народи. Тој, исто така, централно

внимание посветувал на националната историја, што било

целосно во склад со германската романтичарска традици-

ја од 19 век (Gross, 1980: 97).

Покрај фактографско-позитивистичката школа, во Германија, во овој период, била раширена и т.н. пруска

историографска школа. Главни претставници на оваа

Page 30: Поимање на историјата

30

школа биле: Густав Дројзен, Теодор Момзен и Хајнрих

фон Трајчке. Таа се карактеризира со глорификација на

историјата во корист на Германија и на германската

национална и империјална идеја. Кај претставниците на

пруската историска школа, може да се сретнат и елементи

на расната теорија. Тие сметале дека германската група

народи е расно, културно и историски супериорна во

однос на останатите народи, а особено спрема словенски-

те и семитските народи, кои, според нив, биле, во секој

поглед, инфериорни и помалку вредни. Според оваа теза, германскиот народ и новата обединета германска држава,

имале природно право да го наметнат своето културно,

цивилизациско и економско влијание на инфериорните

народи и држави и да управуваат со нив (Петреска, Ач-

коска, 2007: 84).

Фактографско-позитивистичката теорија во исто-

ријата била доведена под прашање во почетокот на 20

век. Од овој период, повторно, позначајно место започна-

ла да зазема филозофијата на историјата. Така, италијан-

скиот филозоф и историчар Бенедето Кроче (1866-1952),

сметал дека: “целата историја, всушност, е современа историја”, во смисла на тоа дека, секогаш, на историјата

се приоѓа од гледна точка на сегашноста, односно од

потребите на времето во кое таа се пишува. Поради тоа,

за Кроче, главната работа на историчарот не се состои во

тоа само да ги бележи настаните, туку истите да ги

оценува, бидејќи само на тој начин, може да знаеме што

навистина вреди да биде забележано (Кар, 2001: 23-24).

Кроче бил претставник на граѓанската либерална исто-

риографија. Тој ја следел филозофијата на Хегел, во по-

глед на историјата, и сметал дека таа, како наука за се-

гашноста, е тесно поврзана со филозофијата и со умет-носта. Често се прашувал дали на историјата треба да се

гледа како на наука или, можеби, таа е поблиска до умет-

Page 31: Поимање на историјата

31

носта. Притоа, тој сметал дека филозофите на историјата

и уметниците подеднакво треба да ја проучуваат исто-

ријата, како и вистинските историчари.

Во исто време, и американскиот историчар Карл

Бекер, тврдел дека: “историските факти не постојат за ис-

торичарот сè додека тој не ги создаде” (Кар, 2001: 24). Во

истиот контекст, Едвард Кар го цитира и тврдењето на

англискиот политички теоретичар и филозоф на историја-

та, Мајкл Оукшот, според кого: “Историјата е искуството

на историчарот. Неа ја создава исклучиво историчарот: единствениот начин да се создаде историја е таа да се на-

пише” (Кар, 2001: 25). Според овие тези, не бил фактот

најважниот елемент при пишувањето на историското де-

ло, туку оној кој го пишува делото. Поточно тоа е истори-

чарот, оној кој ги избира, оценува и толкува “фактите”.

Тесно поврзано со последното, секако, е и времето кога

се создава делото, а тоа секогаш е сегашноста.

Друг значаен претставник на филозофијата на ис-

торијата бил британскиот филозоф и историчар Џорџ Ко-

лингвуд (1889-1943). Тој, исто така, сметал дека минатото

би било мртво, доколку не е тука историчарот и доколку “тој не ја сфати мислата што стои зад одредена постапка

во минатото” (Кар, 2001: 25). Најзначајно дело на Ко-

лингвуд е: “The idea of History” (Идејата за историјата).

Во него, тој критички се осврнал на дотогашното пои-

мање и практикување на историјата, посебно во поглед на

позитивистичкото сфаќање. Колингвуд, се спротивставил

на реалистичкиот поглед на историјата, кој бил каракте-

ристичен за неговите претходници и, заедно со Кроче, се

сметаат за претставници на идеалистичката историогра-

фија, според која, за историјата многу поважно од самиот

факт претставува нејзиното филозофско разбирање и тол-кување.

Page 32: Поимање на историјата

32

Швајцарскиот историчар Јакоб Бурхарт (1818-

1897), иако живеел во ерата на Ранке, се спротивставил на

сфаќањето дека историјата е само политичка, национална

или воена и дека само овие теми треба да бидат предмет

на интерес на историчарите. Тој имал малку поширок по-

глед од повеќето негови современици и сметал при исто-

риското иследување, покрај политичките критериуми,

подеднакво, треба да бидат земени предвид и: културата,

уметноста и религијата. Бурхарт денес се смета за еден од

основоположниците на културната историја. За него, “ис-торијата е запис за она што едно време смета дека е вред-

но за бележење за некое претходно време” (Кар, 2001:

64).

Американските историчари од крајот на 19 и поче-

токот на 20 век, исто така, го прифатиле позитивистички-

от пристап во историското истражување. И во САД, исто-

ријата била во функција на изградбата и дефинирањето на

американскиот идентитет, начин на живот, и воопшто во

определувањето на природата на американското општес-

тво, на неговото минато, сегашност и иднина. Кон крајот

на 19 век и во првите децении од 20 век, во САД започнал да се развива и еден нов историски правец, познат како

“New History” или “Нова историја”. Претставниците на

оваа “Нова историја” постепено ги напуштале дотогаш-

ните практики да се занимаваат, исклучиво, со политич-

ката историја, а со тоа истовремено се ослободувале и од

позитивистичкиот пристап спрема историјата. Тие во

своите истражувања, освен политичките фактори и уло-

гата на големите личности во нивното обликување, се

стремеле да земат предвид поширок спектар општествени

фактори и да утврдат како тие влијаеле врз прогресивни-

от развој и напредокот на човештвото. Најзначаен прет-ставник на американската Нова историја бил Џејмс Харви

Робинсон (1863-1936), кој одиграл значајна улога и во

Page 33: Поимање на историјата

33

развојот на наставата по историја, во неговата земја.

Американската нова историја, подоцна, имала свое вли-

јание и во изградбата на француската аналистичка школа

(Black, MacRaild, 2000: 48-49).

Од друга страна, во нацистичка Германија, истори-

јата претставувала една од алатките за социјална контро-

ла на населението и во тој поглед, таа била масовно упо-

требувана и злоупотребувана од страна на нацистичката

пропагандна машинерија. Според фашистичката и нацис-

тичката идеологија, расата и нацијата требало да бидат на прво место, додека индивидуалните права и слободи биле

второстепени и толерирани само доколку се во функција

на првите. Според Блек и Мекреилд, германската нацис-

тичка историографија требало да го отсликува големото,

херојско и мажествено минато на германскиот народ. По-

ради тоа, митовите и бајките станале неодминлив дел од

пишувањето на историјата (Black, MacRaild, 2000: 11).

Британскиот историчар Арнолд Џ. Тојнби (1889-

1975), се смета за претставник на компаративниот прис-

тап во историјата. Негово најпознато дело е: “A Study of

History” (Студија за историјата). Ова капитално дело во дванаесет томови, претставува практично комплетна ис-

торија на светот. Тојнби, на историјата гледал како на

глобална и универзална категорија. Негова главна пре-

окупација била да ги проучува различните цивилизации

што се појавувале во текот на времето и да ги објаснува

причините и процесите што доведувале до нивното наста-

нување, развој и пропаѓање. Притоа, тој во своите истра-

жувања употребувал компаративен метод. Тојнби, во

своите истражувања, бил под влијание и на средновеков-

ниот арапски историчар Ибн Калдун. Неговиот пристап

бил жестоко критикуван од страна на голем број истори-чари, посебно во периодот по Втората светска војна, кога

компаративната историја, како дисциплина, ги изгубила

Page 34: Поимање на историјата

34

своите позиции и, генерално, била избегнувана од страна

на историчарите.

Погоре споменатиот Едвард Кар, бил еден од оние

историчари, кои посебно се занимавале со теоријата на

историјата. Тој е претставник на т.н. објективистичка

школа. Во своето дело “Што е историјата?”, тој се обиду-

ва да одговори на прашањето што претставува историја-

та, како и да ги објасни методите кои ги користи историс-

ката наука при истражувањето на минатото. Кар не се со-

гласувал со некои од претходните теории, особено со оние од периодот на 19 век, кои при пишувањето на исто-

ријата им давале предност исклучиво на фактите, на тол-

кувањата, или пак, од трета страна, во центарот на вни-

манието го ставале самиот историчар. Тој сметал дека не

треба да се дава предност на ниту еден од овие елементи,

туку на нив треба да се гледа како заемно неопходни и

испреплетени, кои не можат да постојат независно едни

од други. “Историчарот без факти е без корен и без цел,

фактите без историчар се мртви и бесмислени”. Според

тоа, за Кар, “историјата е континуиран процес на интера-

кција меѓу историчарот и фактите со кои тој располага, еден бесконечен дијалог меѓу сегашноста и минатото”

(Кар, 2001: 35). Кар се обидел да ја определи историјата,

како општествен процес и како интеракција меѓу минато-

то и сегашноста. Тој сметал дека минатото нас ни е сфат-

ливо единствено во светлината на сегашноста, а сегаш-

носта можеме да ја сфатиме само во светлина на мина-

тото. Историјата има двојна задача, и тоа да му овозможи

на човекот да го разбере општеството од минатото и да ја

зајакне својата надмоќ во општеството од сегашноста. Во

таа насока треба да биде и функцијата на историчарот,

која “не е ниту да го сака минатото ниту себеси да се ос-лободи од него, туку да го совлада и да го разбере како

клуч за разбирање на сегашноста” (Кар, 2001: 29-30, 64).

Page 35: Поимање на историјата

35

Сумирајќи ги основните теоретски правци и шко-

ли, кои имале своја улога во развојот на историската нау-

ка во текот на 19 и првата половина на 20 век, може да се

каже дека историчарите од овој период, генерално, биле

под влијание на емпиристичките и позитивистички тео-

рии, а во одредена мера и на филозофијата на историјата.

Целта кон која се стремеле при создавањето на историс-

ките дела била да се држат објективно, неутрално и не-

пристрасно, а нивните дела да ги базираат исклучиво на

изворите, фактите и на методолошки прецизното научно испитување. Или како што тврдел германскиот историчар

Бертолд Георг Нибур: “историчарот не би требало да ги

внесува своите погледи и своите вредносни мерила во ми-

натото, туку треба да биде непристрасен” (Петреска, Ач-

коска, 2007: 78-79). Поаѓајќи од овие теоретски сфаќања,

главни прашања со кои се занимавале историчарите во

овој период биле државата, политичките прилики во неа,

улогата на нејзините водачи и елити, потоа, етничката и

националната припадност на населението во неа, како и

војните и религиите, а во поретки случаи и економските

прашања. Доминантни историски дисциплини, во овој период, биле политичката и националната историја.

Политичката историја, во основа, ги проучувала

државите и политичките односи во неа. Традиционалната

политичка историја од 19 век, централно место во обли-

кувањето на настаните и процесите во општеството им

давала на индивидуите и на политичките елити, а посебно

на влијанието и улогата на “големите водачи” и на “вели-

каните” во светската историја. Блиска до неа е и нацио-

налната историја. Таа го проучува минатото на народите,

нивното етничко и народносно потекло. Паралелно со по-

литичката и националната историја, се развивале и вое-ната историја и религиозната историја. Овие историски

гранки, долго време, претставувале основни, а многу

Page 36: Поимање на историјата

36

често и единствени дисциплини со кои се занимавала

историската наука. Другите дисциплини, како на пример,

економската, социјалната или културната историја, многу

малку биле практикувани и скоро биле занемарени од

страна на историчарите, кои често сметале дека тоа не се

теми со кои треба да се занимава историјата.

Во текот на развојот и утврдувањето на историјата,

како научна дисциплина, се развиле и голем број помош-

ни историски дисциплини и науки, како што се, на при-

мер: палеографијата, дипломатиката, хронологијата, хе-ралдиката, архивистиката и многу други. Нивната основ-

на функција е “да ‹ служат на историјата и на нејзиното

историско научно истражување и да ‹ помагаат да ја

исполни својата методолошка задача” (Антољак, 1966: 5).

Марксистичка интерпретација на историјата

Марксистичкиот поглед на општествената ствар-

ност произлегол од учењето на германскиот филозоф

Карл Маркс (1818-1883) и на неговиот современик и при-

јател Фридрих Енгелс (1820-1895). Нивната филозофска мисла била под влијание на класичната политичка

економија на Адам Смит, на ставовите на француските

социјалисти, Жан Жак Русо и Сен-Симон, како и на

германската идеалистичка филозофија од 19 век, на Георг

Хегел и на Емануел Кант. Сепак, марксистичкото учење,

во голема мера, се разликувало од сите дотогашни фило-

зофски правци и претставувало критика на повеќето од

нив. Посебно на жестока критика била подложена хегело-

вата идеалистичка филозофија. За разлика од претходни-

те теории, според кои, основен двигател на општествени-

те односи и промени претставувала идејата, за Маркс и Енгелс и за нивните следбеници, тоа биле материјалната

база и материјалните потреби. Или како што го образло-

Page 37: Поимање на историјата

37

жил тоа Маркс во делото “A Contribution to the Critique of

Political Economy” (Прилог кон критиката на политичката

економија), “не е свеста на луѓето таа што го одредува

нивното постоење, како што тврделе идеалистичките ми-

слители, туку нивната социјална егзистенција ја одредува

нивната свест” (Black, MacRaild, 2000: 139). Со тоа тој ги

поставил основите на т.н. дијалектички материјализам,

уште познат и како историски материјализам, кој се наоѓа

во основата на марксистичката филозофска мисла.

Според материјалистичкото сфаќање, односите ме-ѓу луѓето, како свесни суштества, произлегувале од нив-

ните материјални потреби, потребата за храна, облека, за-

солниште и слично. За да ги остварат овие потреби, тие

меѓусебно се групирале и се организирале во различни

општествени заедници, од кои највисока и најразвиена

заедница претставувала државата. Сите општествени од-

носи, промени и процеси кои се случувале во рамките на

овие заедници, во прв ред, произлегувале од економските

фактори. Во текот на општествениот развој, луѓето, во за-

висност од нивните потреби, економската моќ и позиција-

та во општеството, се поделиле на класи. Во различни временски епохи, постоеле и различни општествени

класи. Според марксистите во секоја епоха може да се

разликуваат две основни класи од кои едната, секогаш,

била доминантна и владејачка, а другата потчинета и екс-

плоатирана. Борбата меѓу овие две идеолошки спротив-

ставени класи или т.н. “класна борба”, ги детерминирала

целокупните општествени односи, промени и процеси,

кои постоеле меѓу луѓето и државите. Така, во антиката,

која марксистите ја сметале и како епоха на робовладе-

телско општествено уредување, постоеле: робовладетели

и робови; во Средниот век или во ерата на феудалните општествено-економски односи, се разликувале: класа на

феудални земјопоседници и на закрепостени селани;

Page 38: Поимање на историјата

38

додека во Новиот век, во ерата на капитализмот и

капиталистичите односи постоела: класа на капиталисти

(буржоазија), која во свои раце ги поседувала сите бо-

гатства и средствата за производство, а со тоа и власта во

општеството и работничка класа (пролетаријат), во која

влегувал најголемиот дел од населението, кое било сиро-

машно, обесправено, без средства за производство и

принудено да работи за буржоазијата. Маркс и Енгелс

предвидувале дека ваквата вечна класна борба, на крајот,

ќе се заврши со конечна победа на работничката класа и со создавање на едно бескласно општество, во кое сите ќе

бидат економски еднакви и кое ќе претставува највисок

степен на човековиот и на општествениот развој.

Основите на марксистичката идеологија можат да

се следат од најзначајните дела на Карл Маркс, како: “Ca-

pital” (Капитал), “A Contribution to the Critique of Political

Economy” (Прилог кон критиката на политичката еко-

номија), “The German Ideology” (Германската идеологија),

“The Communist Manifesto” (Комунистичкиот манифест)

и многу други. Некои од нив, како, последните две, биле

пишувани заедно со Фридрих Енглс. Поаѓајќи од основните концепти на нивната тео-

рија, марксистите сметале дека историјата не претставува

ништо друго освен “историја на класната борба”. Маркс-

истичките проучувачи на историјата се обидувале да се

ослободат од “објективното и непристрасно” истражува-

ње засновано на факти, карактеристично за позитивис-

тичките историчари, а на историското истражување да му

дадат повеќе идеолошки и класен карактер. Застапувајќи

ја тезата за класна борба, тие големо внимание посвету-

вале на улогата на револуциите и на револуционерните

движења. Така, повеќето од делата на Маркс и на Енгелс, кои биле со историска тематика се однесувале на револу-

циите и нивното значење за општествените промени низ

Page 39: Поимање на историјата

39

историјата. Во тој контекст, марксистите ги прифатиле

просветителските идеи за линеарниот и за прогресивниот

развој на историјата. Така, Маркс и Енгелс ги поделиле

историските периоди на: робовладетелско, феудално и

капиталистичко доба во зависност од економските услови

кои владееле во соодветниот период. Секој од овие

периоди, според нив, се карактеризирал со класна борба,

при што секоја следна епоха се јавувала како резултат на

хаосот што настанувал од пропаѓањето на претходната.

Но, во исто време, секоја наредна епоха била понапредна и поразвиена од претходната. Како највисок степен на

општествениот развој, марксистите, го замислувале бес-

класното општество, кое треба да настане по пропаѓањето

на капиталистичките економски односи и во кое ќе

постои само една класа, пролетаријатот (Marx, Engels: 14;

Black, MacRaild, 2000: 136-140).

Марксистичките историчари, исто така, значајно

внимание посветувале на “објективните фактори”, кои

влијаеле врз историските промени и процеси. Односно,

тоа се оние фактори и услови кои се создавале независно

од улогата на одделни личности или групи. Сепак, тие, целосно не ја занемарувале ниту улогата на поединците,

сметајќи дека историските настани се јавуваат како ком-

бинација од објективните и субјективните фактори, или

поточно, историјата ја создаваат поединците, но во усло-

ви и околности на чие создавање тие, најчесто, не можеле

да влијаат (Arnold, 2000: 85, 93; Black, MacRaild, 2000:

138).

По победата на Октомвриската револуција од 1917

година и создавањето на Советскиот Сојуз, идеите на

Маркс и Енгелс започнале да добиваат и своја практична

реализација. Советските водачи и идеолози се стремеле во практика да ги применат марксистичките идеали за

бескласно општество, за економска еднаквост на сите

Page 40: Поимање на историјата

40

луѓе и народи и за “диктатура на пролетаријатот”.

Учењето на Маркс и Енгелс во комбинација со погледите

и ставовите на водачот на Октомвриската револуција,

Владимир Илич Ленин станале официјална и единствено

прифатлива идеологија во Советскиот Сојуз. Марксис-

тичко-ленинистичката идеологија, по Втората светска

војна, како официјална државна идеологија, била воведе-

на и во останатите источно-европски земји кои го прифа-

тиле комунистичкиот систем на управување.

Комунистичките историографии се карактеризира-ле со изразито мешање на политиката во пишувањето на

историјата, глорификација на марксистичко-ленинистич-

кото учење и негово крајно догматско и некритичко тол-

кување, посебно во однос на останатите филозофски и

теоретски правци. Последните, биле обележани како

“буржоаски” теории, а со тоа и помалку вредни од марк-

сизмот и ленинизмот. Основната цел на советските исто-

ричари била повторно да ја напишат историјата и истата

да ја прилагодат на принципите на марксистичко-лени-

нистичката идеологија. Целата историографија пишувана

дотогаш, која не се вклопувала во рамките на оваа идеологија, за нив претставувала “буржоаска историја”, а

според тоа и “фалсификувана историја” (Black, MacRaild,

2000: 64).

Типична историографска школа од овој тип била

т.н школа на Покровски. Таа претставувала прва органи-

зирана историографска школа во Советскиот Сојуз, по

победата на Револуцијата од 1917 година. Била имену-

вана според нејзиниот предводник, а истовремено и нај-

значаен советски марксистички историчар од овој пери-

од, Михаил Покровски (1868-1932). Токму тој ја добил

задачата од новото советско раководство да ја прочисти старата “буржоаска” историја според принципите на

марксизмот и ленинизмот.

Page 41: Поимање на историјата

41

Со зацврстувањето на Јосиф Сталин на чело на

СССР, Покровски го загубил своето влијание во

советската историографија на сметка на сталинистичкото

толкување на историјата која, како и сѐ друго во земјата,

се раководела според инструкциите и желбите на

“големиот водач”. Советската историографија од времето

на Сталин се карактеризирала со строга цензура и кон-

трола на темите и содржините за кои се пишувало. Се

величел култот на личноста на Сталин и на останатите

класици на марксизмот, а не се водело многу сметка за објективноста и научната заснованост на историските

дела (Петреска, Ачкоска, 2007).

Историјата во земјите на т.н. “народна демократи-

ја” била подложена на постојана промена, се пишувала и

повторно се препишувала во зависност од актуелните по-

литички прилики и потреби. Едни личности кои, во еден

период, биле глорифицирани од страна на историчарите,

доколку паднеле во немилост на политичкото раковод-

ство, наеднаш, биле “заборавани” и бришeни од исто-

ријата, како воопшто ‹ да не постоеле, за подоцна, во

други околности, повторно да бидат вратени, но во друго, најчесто, негативно светло (Black, MacRaild, 2000: 10).

Марксистичкото учење, во целина, и посебно

марксистичката теорија во историјата биле широко рас-

пространети, не само во земјите од источниот, соци-

јалистички блок, туку и во западно-европските земји.

Уште повеќе, тие и денес по пропаѓањето на социјалис-

тичкиот општествен систем не губат на актуелност, на-

против, во некои периоди и се засилуваат. Наследството

на марксизмот може да се следи во тоа што многу негови

идеи и толкувања, денес се широко прифатени и прак-

тикувани од страна на голем број историчари, од кои многумина и не се сметаат себеси за марксисти или за

лево ориентирани истражувачи. Така, на пример, идејата

Page 42: Поимање на историјата

42

дека општествените и економските прилики имаат голема

улога во историските промени и процеси, денес е, речиси,

општо прифатена од страна на историчарите. Исто така,

во периодот по Втората светска војна, марксистичката

теорија влијаела врз изградбата на голем број нови

концепти и правци во развојот на историјата. Еден од тие

концепти претставува пишувањето на т.н. “историја

оддолу” (History from below), односно поимањето и тол-

кувањето на историјата од гледна точка на обичните луѓе,

на малите и маргинализирани општествени групи и слое-ви, на нивниот начин на живот и на нивната улога во ис-

ториските процеси. До појавата на марксистичкото уче-

ње, ваквото проучување на историјата било практично

непозната категорија, бидејќи улогата на овие групи во

општеството била сметана за безначајна, а историчарите

целосно се фокусирале на улогата на големите личности,

на државниците и на нивните елити. Во тој контекст,

значењето на марксистичката теорија за историјата, може

да се гледа и во појавата и развојот на нови историски

гранки и дисциплини, како: социјалната историја, култур-

ната историја, економската историја и многу други. Не-кои од овие дисциплини, денес претставуваат доминант-

ни дисциплини со кои се занимава историската наука.

Од друга страна, Маркс и Енгелс, а подоцна и нив-

ните следбеници, често биле критикувани дека им даваат

преголемо значење на материјалните аспекти и на еко-

номските односи, а на сметка на тоа ги запоставуваат

останатите фактори, кои, исто така играле значaјна улога

врз општествените промени и процеси, како: религиозни-

те, идејно-политичките, правните, културните прилики и

слично.

Во рамките на марксистичката интерпретација, по-себно интересен претставува Грамшиевиот концепт на

историјата. Антонио Грамши (1891-1937), бил познат

Page 43: Поимање на историјата

43

италијански интелектуалец: новинар, филозоф и поли-

тичар. Во периодот по Првата светска војна, тој бил еден

од најистакнатите водачи и идеолози на Комунистичката

партија на Италија. Со зацврстувањето на режимот на

Мусолини, бил прогонуван од страна на фашистичките

власти и на крајот бил затворен, каде останал сѐ до

неговата смрт. Неговото најзначајно дело со кое добил

светска популарност е пишувано за време на неговиот

престој во затворот и носи наслов: “Quaderni del carcere”

(Белешки од затворот). Иако се смета за следбеник на Карл Маркс, тој, во исто време, бил и продлабочувач на

неговото учење, но и негов конструктивен критичар.

Најголемата разлика во однос на Маркс и останатите

следбеници на марксизмот, се состои во тоа што, Грамши

централно внимание во општеството им посветувал, на

културните прилики и на образованието, а не само на еко-

номските фактори.

Во своите Белешки, Грамши разработил неколку

прашања, кои и денес претставуваат предмет на интерес и

проучување на голем број научници и мислители од

различни области. Едно од нив било прашањето за инте-лектуалците и нивното место во општеството. Грамши

сметал дека “сите луѓе се интелектуалци, но не сите луѓе

во општеството ја имаат функцијата на интелектуалци”

(Burke Barry, 1999, 2005). Тој ова го објаснувал со тврде-

њето дека секој човек има определен интелект и знаење,

но секој не можел да ја остварува улогата и функцијата на

интелектуалец во општеството. Според Грамши, постоеле

два типа интелектуалци: традиционални и органски. Тра-

диционални интелектуалци биле тие кои самите себеси се

сметале, а и поголемиот дел од населението ги сметало за

автономни и независни од доминантните социјални групи. Втората група интелектуалци, тој ги нарекол “ор-

гански интелектуалци”. Оваа група се издигнала заедно

Page 44: Поимање на историјата

44

со доминантната класа и со владејачкиот режим и прет-

ставувала нивни мислечки и организациски елемент.

Овие интелектуалци претставувале производ на образов-

ниот систем, биле во функција и ги остварувале интере-

сите на доминантните социјални групи во општеството.

Токму преку оваа група интелектуалци, владејачката кла-

са ја остварувала својата хегемонија врз другите класи во

општеството. Грамши објаснува дека секоја општествена

класа, која се стреми да биде доминантна и владејачка во

општеството мора да изгради свои органски интелектуал-ци. Тоа требало да биде случај и со работничката класа,

доколку таа сакала да стане владејачка. Самиот тој, како

една од своите улоги во општеството си ја поставил да

помогне во изградбата на овој тип органски интелек-

туалци на работничката класа (Burke Barry, 1999, 2005). Грамши, бил еден од оние теоретичари кои често

го користеле и го проучувале терминот ”хегемонија”. Под овој термин се подразбира доминацијата на една (вла-дејачка) класа во однос на останатите (потчинети) класи во општеството. За разлика од останатите марксисти, тој сметал дека оваа доминацијата не секогаш се остварувала исклучиво преку насилни, репресивни и економски средства, туку за тоа голема улога играла и ”културната хегемонија”. Оваа културна хегемонија, владејачката класа ја спроведувала преку нејзините органски интелек-туалци, образованието и преку културата, во целина. Анализирајќи ги приликите во Италија и во Русија, Грамши дошол до заклучок дека, доколку Маркс бил во право дека економските фактори се најважни за општествените промени, тогаш многу поверојатно било комунистичката револуција да победи во Италија или во некоја друга западноевропска земја, отколку во Русија. Наместо тоа, за разлика од Русија, комунистичките дви-жења во сите западноевропски земји доживеале неуспех,

Page 45: Поимање на историјата

45

а во Италија победил фашизмот. Грамши тоа го објаснувал со фактот што во текот на италијанското обединување, работничката класа или провинцијата не успеале да изградат сопствено лидерство, т.е. “органски интелектуалци”, нешто што подоцна им пошло од рака на фашистите. Оттука, тој го извел заклучокот дека еден од начините за да се обезбеди хегемонија на една класа во општеството, а во тој контекст и на работничката класа лежел во револуционерната борба. Но, оваа борба, сама по себе, не била доволна ако работничката класа, во исто време, немала изградено свои сопствени органски инте-лектуалци, преку системот на (неформално) образование (Gramsci, 1999; Burke Barry, 1999, 2005).

Од овој аспект, Грамши гледал и на историјата. За него, целокупната историја на државите во 19 век, всуш-ност, претставувала историја на владејачките класи, напи-шана од страна на нивните ”органски” интелектуалци и историчари. Потчинетите и маргинализирани или, како што уште ги нарекол Грамши, “субалтерни елементи” во општеството, исто така, имале своја историја, којашто би-ла подеднакво важна и значајна, но тие немале сили и можности, истата да ја истакнат. Поради тоа, нивната историја, останала непозната и занемарена, испреплетена со историјата на владејачките класи, а со тоа и невидлива за историчарите. Оваа историја би станела видлива и официјална тогаш кога субалтерните класи би успеале да изградат сопствени органски интелектуалци, сопствени историчари и би извојувале трајна победа во однос на владејачките класи. Или со други зборови, тогаш кога ќе создаделе своја држава. Само што, тогаш, според Грам-ши, тие престанувале да бидат субалтерна класа и стану-вале доминантна, односно хегемони (Gramsci, 1999: 202; Morton, 2007: 30-32).

Пишувајќи, во прв ред, за историјата на Италија и за изградбата на италијанската држава, Грамши се освр-

Page 46: Поимање на историјата

46

нал и на улогата на револуциите и на револуционерните движења, а посебно на концептот на т.н. ”пасивна револу-ција”. Грамши, пасивната револуција ја објаснувал како: “историска ситуација во која одредена политичка опција доаѓа на власт без притоа радикално да ги преуреди ос-новните општествени односи” (Forgacs, Hobsbawm, 2000: 428). Под овој концепт, тој ги подразбирал постепените промени што се случувале во рамките на официјалните општествени текови. Посебно тоа се однесува на т.н. “либерални револуции”, што се случиле, во западна Евро-па во текот на 19 век, а се одвивале без учество на прог-ресивните класи и на широките народни маси. Според него, таков бил случајот со борбите за обединување на Италија и создавањето на италијанската држава, потоа, со појавата на буржоазијата во Франција, или, на пример, со изградбата на христијанството во рамките на Римската империја. Грамши не бил приврзаник на ваквиот тип “пасивни револуција”, кои, според него, претставувале “револуции одгоре”, т.е. осмислени и изведени од страна на доминантните класи. Ваквите пасивни револуции, тој уште ги нарекувал и “војни за позиции”, кои ги воспоста-вувале доминантните класи и кои следувале по “активни-те војни”, како вистински револуции “оддолу”. За Грам-ши, типичен пример за “активни револуции”, биле Фран-цуската буржоаска револуција и Октомвриската револу-ција во Русија. Наспроти тоа, процесите на консолидација и зацврстување на новите власти, кои се појавиле по завршувањето на револуционерниот период, во овие земји, претставувале типични “војни за позиции”. Во однос на Италија, пасивниот карактер на Револуцијата, т.е. на борбата за италијанско обединување (Risorgimento) и слабото учество на широките народни маси во неа, за Грамши биле една од главните причини, за подоцнежната појава и победа на фашизмот во земјата (Gramsci, 1999: 194; Forgacs, Hobsbawm,2000: 428).

Page 47: Поимање на историјата

47

Грамши претставува ревизионистички ориентиран

историчар. Иако, бил под влијание на неговиот совреме-

ник Бенедето Кроче, тој во исто време претставувал и не-

гов жесток критичар. Во ”Белешките за италијанската ис-

торија”, во кои се осврнал на италијанското обединување,

“Risorgimento”, Грамши го обвинил Кроче дека, како и

сите европски либерални историчари од 19. век прет-

ставувал типичен пример на историчар на владејачките

класи, кој, историјата ја третирал само од нејзиниот

пасивен аспект и не им придавал значење на активните моменти на борбата, како и на улогата на субалтерните

(маргинализираните) класи во неа (Gramsci, 1999: 309).

Според, Петреска и Ачкоска, Антонио Грамши е

претставник на еден попрагматичен марксизам од запад-

ноевропски тип, наспроти догматскиот и ортодоксен

марксизам карактеристичен за СССР и останатите соција-

листички земји (Петреска, Ачкоска, 2007: 88). Неговото

влијание и значење може да се согледаат, пред сѐ, во не-

говите оригинални идеи и размислувања, како и во голе-

миот број поими и термини кои ги оставил во наследство,

од типот на: “хегемонија”, “органски интелектуалци”, “пасивна револуција”, “субалтерност” и слично. Грамши

и неговото дело, влијаеле врз теоретското оформување и

изградбата на голем број мислители од втората половина

на 20 век, како: Рејмонд Вилијамс, Едвард Саид, Хауард

Зин, Ноам Чомски, Ерик Хобсбаум и уште многу други,

главно, лево ориентирани теоретичари, филозофи и

историчари. Името на Грамши, денес, е неодминливо

присутно во рамките на голем број академски школи и

дисциплини, а пред сѐ во: културолошките и постколони-

јалните студии. Во однос на историјата, неговиот при-

донес може да се следи, во развојот на “историјата оддо-лу”, т.е. во проучувањето на минатото на обичните луѓе,

Page 48: Поимање на историјата

48

на малите и маргинализирани елементи во општеството,

како и во развојот на културната историја.

Од друга страна, Грамши бил критикуван од по-

доцнежните теоретичари дека неговото дело е премногу

идеолошки (марксистички) ограничено. Исто така, Реј-

монд Вилијамс ги критикувал концептите на Грамши во

однос на културата и на културната хегемонија како

премногу “еднолични, статични и апстрактни”. Вилијамс

сметал дека културата не е секогаш единствената која

придонесува за доминација на една група во однос на друга, а според тоа и процесите на хегемонија не се така

апстрактни и статични како што ги замислувал Грамши,

туку напротив тие претставуваат динамични и комп-

лексни процеси кои секогаш се подложни на притисоци,

промени и влијанија.

Современи теории и толкувања на историјата

Во периодот по Втората светска војна, настанале

големи промени во многу аспекти од општественото жи-

веење. Овие промени не ја одбегнале ниту историската наука. Историчарите, посебно оние на Запад, поучени од

лошите искуства од минатото и од штетните последици

кои ги предизвикала војната, започнале да ги напуштаат

традиционалните концепти и сфаќања на историјата и да

се свртуваат кон изнаоѓање на нови начини и форми на

нејзино истражување. Слободно може да се каже дека

овој период, во западната историографија, претставувал

период на борба меѓу “традиционалната” историја и “но-

вата” историја.

Развојот на историјата, во овој период, во голема

мера бил определен од брзиот економски развој, потро-шувачкото општество, демографските промени и зголе-

мениот наталитет во скоро сите делови на светот, како и

Page 49: Поимање на историјата

49

од раширениот оптимизам и вербата во континуираниот

напредок и просперитет на човештвото. Ваквото располо-

жение, кое било карактеристично за првите повоени деце-

нии на 20 век, се променило во текот на кризните шеесет-

ти години, кога оптимизмот бил заменет со песимизам.

Бурните шеесетти години, повторно, довеле до појава на

нови идеологии, нови филозофски и теоретски правци.

Таков бил случајот и со развојот и зацврстувањето на

постмодернизмот и на постмодернистичкото сфаќање на

општеството, кое имало свој одраз и во поимањето на ис-торијата.

Генерална карактеристика на западната историо-

графија по Втората светска војна, претставувало намалу-

вањето на интересот на историчарите за традиционалните

историски дисциплини, како политичката и националната

историја и поголемо свртување кон новите дисциплини,

во прв ред, на: социјалната, културната и економската

историја. За разлика од традиционалните дисциплини

кои, главно, се занимавале со проучување на политичките

елити, владејачките режими, државите и колективитети-

те, последните, повеќе се интересирале за локалната исто-рија, за минатото на обичните луѓе, за нивните традиции,

начини на живот и слично, т.е. за оние слоеви од

општеството и за оние прашања кои во минатото биле за-

немарувани, потценувани и маргинализирани. За ваквото

преориентирање на историчарите во овој период, покрај

штетните последици од национализмот во минатото,

голема улога имале и новите историографски школи, кои

се појавиле по примерот на француската аналитичка

школа, но и распространувањето и зацврстувањето на

марксистичките и социјалистичките идеи.

Наспроти ваквите тенденции, на исток, т.е. во СССР и во останатите земји на т.н. “народна демокра-

тија”, историјата продолжила да се толкува строго дог-

Page 50: Поимање на историјата

50

матски според принципите на марксизмот-ленинизмот, а

во еден период и на сталинизмот, што се карактеризирало

со строго ограничување на темите кои биле предмет на

проучување, контрола на начинот на нивното проу-

чување, како и изразито мешање на државата и на вла-

дејачкиот режим во пишувањето на историјата.

Една од новите историски дисциплини, која се

развила во втората половина на 20 век била социјалната

историја. Таа претставувала доминантна историска дис-

циплина во текот на 60-те и 70-те на 20 век, а подоцна приматот од неа го презела културната историја, која во

голема мера е слична со претходната. Социјалната исто-

рија се појавила како резултат на развојот на социологи-

јата, како посебна научна дисциплина, но и како реакција

на политичката и на националната историја. За нејзиниот

развој, голема улога, имала и појавата на голем број нови

општествени процеси и настани, чие проучување не мо-

жело да биде опфатено преку традиционалните историски

гранки. Посебно место во рамките на социјалната истори-

ја зазема проучувањето на минатото “оддолу”, т.е. од

гледна точка на пониските, сиромашните, потчинетите и маргинализираните слоеви во општеството. Повеќето ис-

торичари, најопшто ја дефинираат социјалната историја

како: “историја која го опфаќа човекот во целина, со сите

аспекти на неговото живеење и на она што го формира

неговиот живот”. Имено, таа “треба да се занимава со оп-

штеството како општество”, т.е. не со она што е “соција-

лно” или ограничено подрачје, туку со “целината, опш-

теството како такво” (Петреска, Ачкоска, 2007: 270-271).

Една од најзначајните историски школи, која има-

ла огромна улога врз развојот на современата исто-

риографија била француската аналистичка школа. Истата, некаде уште е позната и како “француска структурална

школа”. Иако настанала уште во периодот меѓу Двете

Page 51: Поимање на историјата

51

светски војни, своето вистинско место и значење го

добила во периодот по Втората светска војна. Нејзиното

влијание и значење, во голема мера, можат да се следат и

денес, поради што со право се смета за современа исто-

риографска школа. Основачи на оваа школа биле фран-

цуските историчари Лусиен Февр и Марк Блох, а името

го добила според нивното влијателно списание “Annales

d’histoire ѐconomique et social” (Анали за економската и

социјалната историја), основано во 1929 година. Школата

се појавила како реакција на дотогашното традиционално сфаќање на историјата и на нејзиното позитивистичко

толкување, поради што уште од самиот почеток се

сметала за доста револуционерна. Се карактеризирала со

поголема интердисциплинарност во својот пристап, при

што, во своите истражувања користела елементи и

методи од другите општествени науки, како: социологија-

та или културната географија. Во исто време, таа се

стремела на историското истражување да му даде и пого-

лем научен карактер (Gross, 1980: 187).

Првите аналисти сметале дека историското истра-

жување треба да биде “проблемски ориентирано”. Марк Блох и Лусијан Февр не се согласувале со засновањето на

историјата, исклучиво на емпиристички метод на истра-

жување, како и со нејзината неповрзаност и изолираноста

од останатите сродни научни дисциплини. Наспроти тоа,

тие го развиле интердисциплинарниот пристап во истра-

жувањето и сметале дека суштината на истражувачкиот

процес лежи во анализата на настаните и на процесите. За

нив, настаните и фактите, без анализа, сами по себе, не-

мале никакво суштинско значење за разбирање на исто-

риските процеси. Блох и Февр сметале дека вистинскиот

научен историчар мора критички да им пристапува на историските документи. Историчарот, при анализата на

документите, секогаш треба да си ги поставува прашања:

Page 52: Поимање на историјата

52

зошто постои одреден документ? Кој го создал истиот? И

за каква цел бил создаден? Токму ваквиот пристап, ја

правел разликата меѓу вистинските научно ориентирани

историчари и историчарите аматери, кои, според Блох,

некритички ги прифаќале историските извори. Аналис-

тите, исто така, влијаеле врз промената на перцепцијата

во однос на историјата, а вовеле и нови методи и техники

на историското истражување. Тие одиграле голема улога

и во развојот на социјалната историја. Нивниот принцип

на проучување, во основа, бил детерминистички ориен-тиран. Односно, тие поаѓале од ставот дека историските

процеси, барем во одредена мера, се засновани (детер-

минирани) од сили кои се надвор од човековото влијание

(Black, MacRaild, 2000: 19, 66-68).

Во едно од неговите најпознати дела “The Royal

Touch” (Кралскиот допир), Марк Блох, главно, се посве-

тил на проучување на: идеите, верувањата и менталитети-

те на луѓето. Овие прашања претставувале едни од цен-

тралните прашања со кои се занимавале претставниците

на аналистичката историографска школа. Наспроти тоа,

на традиционалните теми, како политичката и воената историја, аналистите не посветувале големо влијание и

сметале дека тие се од второстепено значење за

историјата (Black, MacRaild, 2000: 69, Gross, 1980: 187).

Втората фаза од развојот на аналистичката (струк-

турална) школа, го опфаќал периодот по Втората светска

војна и бил определен од дејноста на Фернанд Бродел

(1902-1985). Бродел се развил под големо влијание на Лу-

сијан Февр и претставувал негов наследник на чело на

аналистичката школа. Во негово време, таа станала

доминантна и неприкосновена историска школа во

Франција, а имала големо влијание и во многу други земји во светот. Најзначајното дело на Бродел е: “The Me-

diterranean and the Mediterranean World in the Age of Philip

Page 53: Поимање на историјата

53

II” (Медитеранот и медитеранскиот свет во ерата на

Филип II). Според некои проучувачи на историографијата

(Блек и Мекреилд), ова дело е едно од најзначајните исто-

риски дела на 20 век. Делото претставувало сеопфатна

студија на Медитеранот, во втората половина на 16 век во

времето на шпанскиот крал Филип II. Ова дело, Бродел,

го пишувал повеќе од дваесет години и при расветлува-њето на неговиот предмет на интерес, ги зел предвид сите

аспекти на човековото живеење: политички, економски,

воени, социјални, како и државата, власта, народот, гео-

графијата, демографските карактеристики итн. Неговата

основна цел била да напише сеопфатна и “тотална исто-

рија”. Како и на повеќето аналисти и неговите дела се ка-

рактеризирале со изразена интердисциплинарност во

пристапот, со големо историско познавање и со широк

спектар на прашања, кои биле земени предвид при анали-

зата на историските процеси. Воопшто, главниот стремеж

на аналистите, од овој период, се состоел во тоа да на-

пишат сеопфатна историја за човештвото, и тоа не само за еден, туку за сите периоди од човековото живеење, при

што ќе бидат земени предвид сите прашања и проблеми

на тоа живеење (Black, MacRaild, 2000: 73-75).

Периодот од 70-те години на 20 век, па до денес,

претставува трета фаза од развојот на аналистичката

школа. Аналистите, познати во овој период уште и како

доцни аналисти, за разлика од нивните претходници, вни-

манието го свртеле од “тоталната историја”, кон праша-

њата од локален и регионален карактер. Притоа, тие се

обиделе концептот на тотална историја да го применат на

локално ниво, концепт познат уште и како микроис-торија. Друга карактеристика на доцните аналисти е тоа

што тие го продлабочиле проучувањето на историјата на

менталитетите (начините на мислење), проучување што

било започнато уште од страна на првите аналисти. Од

Page 54: Поимање на историјата

54

методолошки аспект, доцните аналисти при своите истра-

жувања започнале повеќе да ги користат квантитативните

методи, статистичките податоци и новите компјутерски

технологии, со што се доближиле до економските истори-

чари (Black, MacRaild, 2000: 77-78).

Значењето и наследството на аналистичката школа

се состои во тоа што таа во историското истражување во-

вела голем број нови и иновативни методи. Исто така, таа

го проширила предметот на интерес на историската наука

на многу нови и разновидни теми и проблеми, надвор од дотогаш воспоставените традиционални историски дис-

циплини: политичката, воената и националната историја.

Аналистичката школа, долго време, претставувала доми-

нантна школа која ја определувала француската историо-

графија, а и денес нејзините претставници имаат силно

влијание врз современата француска историографија, но

и пошироко во светската историографија. Во Европа, таа

е позната и како “граѓанска историографија”. Денес,

посебно широко распространети се методите и техниките

на истражување воведени од страна на оваа школа, кои се

користат, не само од страна на структуралистичките исто-ричари, туку и од претставниците на останатите историо-

графски правци.

Од друга страна, претставниците на аналистичката

школа, а особено првите аналисти, биле критикувани од

страна на марксистичките и останатите историчари, дека,

на историјата ‹ пристапуваат премногу детерминистички,

како и дека преголемо внимание посветувале на општест-

вените структури, а на сметка на тоа ја занемарувале

улогата на субјективните и економските фактори. Подоц-

на, од страна на некои критичари жестоко бил напаѓан и

концептот на “тотална историја”. Меѓу најзначајните современи историчари во све-

тот, секако, треба да се спомене името на Ерик Хобсбаум

Page 55: Поимање на историјата

55

(1917-2012). Тој е, можеби, најзначајниот и највлијателен

историчар од втората половина на 20 век. Претставува

еден од основачите на социјалната историја, која, како

што видовме, прераснала во доминантна историска дис-

циплина по Втората светска војна. Хобсбаум, во основа,

претставува марксистички историчар, па неговите погле-

ди во однос на историската наука може да се разгле-

дуваат и во рамките на марксистичката интерпретација.

Сепак, тој не е догматски историчар, а на марксистичката

идеологија и историја им пристапува од еден нов и совре-мен аспект. Според Хобсбаум, марксистичката теорија

нуди само најдобра почетна основа за проучување на ис-

торијата, а “материјалистичката концепција претставува

најдобар водич за историјата, досега” (Hobsbawm, 1997).

Иако е претставник на марксистичката школа, тој не пра-

ви голема разлика меѓу пристапот на марксистичките ис-

торичари и оној на останатите историчари, како, на

пример, претставниците на аналистичката школа. Според

него, и едните и другите имаат исти проблеми и проекти

со кои се занимаваат, само што имаат различен пристап

кон истите и им приоѓаат од различни појдовни основи. Тоа се должи на различната политичка и идеолошка про-

виниенција на самите историчари. Хобсбаум, сметал дека

различните историски школи не се целосно одделени

меѓу себе, туку во голема мера тие се конвергентни, т.е.

се совпаѓаат и, меѓусебно, се надополнуваат. Во исто вре-

ме, тој ја бранел историјата и нејзините способности, “да

ни помага да го разбереме светот”. Сметал дека таа не е

имуна на фиктивни толкувања и измислици, но во исто

време не може да се пишува историја без да се прави

разлика меѓу она што било и што се случило, а што не се

случило (Hobsbawm, 1997). Во тој поглед, Хобсбаум се јавува и во одбрана на историјата како посебна научна

дисциплина, со сопствени методи и техники на проучу-

Page 56: Поимање на историјата

56

вање, како и останатите науки, а наспроти нападите и

негирањата на истата од страна на постмодернистите

(Hobsbawm, 2005).

Хобсбаум, покрај како академски историчар, се ис-

такнувал и како ангажиран јавен интелектуалец. Тој сѐ до

неговата смрт, неодамна, беше често присутен во медиу-

мите и во пошироката јавност, со свои коментари и виду-

вања на актуелни настани и процеси кои ја преокупираат

светската јавност. Така, во последно време, тој им даде

поддршка на демонстрантите од антикапиталистичкото движење “Окупирај го Волстрит”, кое се противи на по-

литиките на банките и на големите корпорации, како и на

создавањето на сѐ поголеми разлики меѓу богатите и

сиромашните луѓе во светот. Според Хобсбаум, улогата

која порано ја имала работничката класа, како носител на

промените и на прогресот во едно општество, во денешно

време сѐ повеќе ја преземаат студентите и средната класа.

Друг влијателен историчар на 20 век, од левичар-

ска провиниенција бил американскиот историчар Хауард

Зин (1922-2010). Тој се смета за доста радикален и реви-

зионистички историчар. Како и Хобсбаум и Зин, во прв ред, бил застапник на “историјата оддолу”, односно го

проучувал минатото од гледна точка на обичните луѓе, на

потчинетите и на маргинализираните слоеви во општест-

вото. Негово најпознато дело е: “A people’s history of the

United States” (“Народна историја на САД”). Во него, Ха-

уард Зин ја отфрлил официјалната американска историја,

која се учела во училиштата и ја разгледувал американ-

ската историја од гледна точка на оние кои претходно

биле занемарени и намерно испуштени од неа. Пред сѐ,

тоа се: американските домородци, црнечкото население,

работниците во фабриките, сиромашните емигранти и же-ните. Притоа, тој дал слика на нивната борба за оствару-

Page 57: Поимање на историјата

57

вање на сопствените права и за обезбедување на подобро

место во американското општество.

Зин сметал дека историчарот не може да биде неу-

трален или објективен, меѓу другото, и поради тоа што

неговото лично искуство има големо влијание при пишу-

вањето и предавањето на историјата. Самиот тој “немал

илузии за објективност, ако тоа би значело одбегнување

на поентата” (Zinn: 616). На Зин отсекогаш му било совр-

шено јасно дека еден историчар, па и новинар, или некој

кој раскажува приказна, мора да избира од морето беско-нечен број на факти. Но, она што ќе избере да го презен-

тира или што ќе отфрли, свесно или несвесно, неизбежно

зависи од интересот на самиот историчар. Како човек, кој

потекнувал од семејство на работници-емигранти, кој

учествувал во бомбардирањето на Европа во Втората

светска војна, а по војната се истакнал како активист за

човекови права, за правата на црнците и жените и бил

против војните и вооружувањето, Зин, природно при пи-

шувањето и предавањето на историјата поаѓал од гледна

точка на овие категории граѓани, кои биле блиски на

неговите погледи и ставови. Тој, сметал дека не постои нешто што се нарекува “чист факт”, независен од интер-

претацијата. “Позади секој факт, којшто се презентира од

страна на наставникот или писателот стои проценката.

Проценката е таа која на крајот одлучува дека тој факт е

значаен, а останатите факти, кои се изоставени не се зна-

чајни” (Zinn: 616).

Наследството на Хауард Зин може да се следи, ка-

ко што самиот тој изјавил во една прилика, “во воведува-

њето на еден поинаков начин на размислување за светот,

за војните, за човековите права, за еднаквоста и за овоз-

можување, луѓето сѐ повеќе и повеќе да размислуваат во тој правец”, како и во тоа што “овозможил што е можно

повеќе луѓе да разберат дека моќта која досега почивала

Page 58: Поимање на историјата

58

во рацете на луѓе кои имаат богатства и оружје, е моќ

која, всушност, почива кај обичните луѓе и таа моќ тие

треба да ја искористат” (Zinn, 2008). Зин, исто така, се на-

девал дека ќе остане запаметен како човек “кој на

обичните луѓе им дал чувство на надеж и моќ, нешто кое

претходно го немале” (Zinn, 2008).

Современата историографија, денес, е толку раз-

гранета и продлабочена, така што практично е невозмож-

но да се проследат сите историски правци и нивните

претставници. Бројот на историски дисциплини и поддис-циплини постојано се зголемува, па може слободно да се

каже дека денес постојат истории “на сѐ и сешто”. Де-

нешните историчари и историографски школи, главно, ги

користат искуствата од нивните претходници и ги комби-

нираат методите и техниките на проучување создавани во

претходните периоди од развојот на историската наука.

Истовремено, постојано произлегуваат нови начини на

поимање и толкување на минатото, нови методи и техни-

ки на негово проучување, а со тоа и нови правци и школи

во историјата. Денес, таа се карактеризира со поголема

интердисциплинароност во пристапот, односно поголема поврзаност и меѓузависност со останатите сродни дисци-

плини, како: археологијата, историјата на уметност, ан-

тропологијата, етнологијата, социологијата, филозофи-

јата, литературата и многу други. Во исто време, таа, сè

повеќе, се поврзува и со други, навидум, несродни науки.

Таков е, на пример, однос меѓу историјата и економијата.

Така, една од позначајните историски дисциплини, која

посебно се развила по Втората светска војна претставува

економската историја. Главна карактеристика на оваа

дисциплина е што нејзините проучувања се базираат на

голем број документи, фактографски и статистички пода-тоци. Напоредно со тоа, може да се следи и т.н. историја

на економијата, како посебна гранка која го проучува

Page 59: Поимање на историјата

59

развојот и карактеристиките на економската наука низ ис-

торијата. И двете дисциплини, истовремено, претставува-

ат и историски и економски дисциплини, при што се

предмет на интерес и на проучување, подеднакво, и од

страна на историчарите и на економистите.

Друга гранка на историјата, која доста се развива

во последно време е и т.н. еко-историја. Претставниците

на овој правец, големо значење во обликувањето на оп-

штествените и политичките прилики им придаваат на

природните и на еколошките фактори. Природните про-мени и процеси, како и обидите на човекот, во минатото и

денес, да ја менува природата и да ја прилагодува на

сопствените потреби, за овие историчари, претставуваат

важен фактор за историските случувања.

Појавата и брзиот развој на компјутерите и на ос-

танатите напредни технологии, од крајот на 20 век и по-

четокот на 21 век, влијаат врз развојот и промените во си-

те општествени области, а со тоа имаат свој одраз и врз

историјата. Интернетот, мноштвото бази на податоци и

големиот број нови мултимедијални содржини, постојано

ја менуваат перцепцијата спрема историјата, како и мето-дите на историското истражување. Историчарот, денес,

има многу полесен пристап до огромниот број, најразно-

видни, документи и податоци, кои му стојат на располага-

ње. Но, во исто време, се зголемува и неговата одговорно-

ст, најпрво, да ја процени нивната веродостојност, а потоа

и истите да ги селектира, систематизира, критички да ги

обработи, како и да остане доследен на професионалните

барања на научното и на историското истражување.

Историјата, денес е и многу поразновидна, отколку

порано, односно постојат голем број различни погледи и

толкувања за едни исти настани, дури, многу често, базирани и на исти документи. Таа не е само откривање

на нови настани и факти или давање нови толкувања на

Page 60: Поимање на историјата

60

веќе познати работи. Современите историчари, можеби,

многу повеќе, се посветуваат на проучување на работата

на нивните претходници и на начините на кои тие ги

пишувале и ги толкувале историските настани. Знаењата

и претставите, кои денес ги имаме во однос на минатите

случувања не се толку резултат на самите случувања,

колку на сеќавањата и пишувањата за тие настани, од

страна на историчарите, но и на сите останати чинители

во општествените процеси: политичари, новинари, науч-

ници од разни профили, литературни автори, обични луѓе итн. Затоа, за историчарите, не е важно само да откријат

одреден настан, истиот да го протолкуваат и да го опре-

делат неговото значење во поширокиот контекст, туку,

можеби уште повеќе, да откријат, на пример, зошто исти-

от тој настан, или настани, од страна на современиците и

од нивните потомци, биле доживувани и опишувани она-

ка како што ги познаваме денес.

Убедувањето дека историјата претставува егзактна

наука, заснована исклучиво на факти, денес, е подложено

на сериозна анализа и критика и сè повеќе се отфрла како

такво. Во исто време, се појавуваат и сериозни тенденции на критика и на релативизација на историјата како научна

дисциплина, како и на нејзината целокупна улога и значе-

ње кои ги има во општеството. Така, многу често се слу-

шаат гласови, кои, за жал, сведоци сме, често се потврду-

ваат и во практика, дека од историјата не може ништо

добро да се научи и дека човештвото, всушност, постоја-

но ги повторува погрешните постапки од минатото, само,

применети во нови околности. Посебно жестоки, во свои-

те критики, се постмодернистичките теоретичари, кои

сметаат дека историјата не ја остварува улогата која сама-

та си ја има поставено, објективно и научно да го проучи минатото и да биде учителка на животот, поради што не

може да се смета за научна дисциплина во вистинска

Page 61: Поимање на историјата

61

смисла на зборот, а нејзините достигнувања треба да се

гледаат на исто ниво со делата на филозофите и на оста-

натите литературни (фиктивни) автори.

Меѓу критичарите на историјата може да го споме-

неме името на американскиот историчар Карол Бекер.

Тој, често, си го поставувал прашањето: “Дали историјата

и историчарите придонесуваат за просветлување на на-

родот?” Притоа, самиот не верувал во оваа теза, како ни

во “објективното историско знаење”, односно во способ-

носта на историјата објективно да го проучи и да го претстави минатото (Петреска, Ачкоска, 2007: 98).

Од искажаното, можеме да констатираме дека, во

последните години, барем што се однесува до западните

историографии, поголем акцент се става на “новите”

историски дисциплини, како: социјалната, културната,

книжевната историја и на историјата на обичните луѓе, на

нивната интердисциплинарност и на испреплетеноста и

меѓузависноста со останатите сродни науки и дисципли-

ни. Сепак, тоа ни оддалеку не значи дека, на пример, по-

литичката или националните истории се ставени во втор

план. Напротив, тие во одредени периоди и општествени околности, секогаш, добиваат поголема актуелност. На-

ционалната, политичката, економската и воената историја

и понатаму остануваат доминантни дисциплини во на-

ционалните историографии на голем број земји, како и во

рамките на организираните образовни системи на совре-

мените национални држави. Тоа е особено изразено во

земјите и регионите, како што е случајот тука во Македо-

нија и пошироко на Балканот, каде политичките и меѓу-

националните проблеми, сè уште сe силно присутни, па,

според тоа и традиционалните историски дисциплини не

губат на своето значење и се доживуваат прилично силно и емотивно.

Page 62: Поимање на историјата

62

На крајот, треба да се констатира и тоа дека заед-

ничко за повеќето историографски школи, теоретски

правци и концепти, кои беа разгледани погоре, е тоа што

сите тие, на историјата и пристапуваат како на посебна

научна дисциплина, со сопствена изградена методологија

и техники на проучување. Разликите кои се јавуваат меѓу

нив, најчесто произлегуваат од различната идеолошка и

општествена припадност на нивните претставници, како

и од различните методолошки пристапи во истражување-

то и разбирањето на она што претставува цел и задача на историјата. Исклучок, од ваквото поимање претставува

постмодернистичката теорија на историјата, која нуди

еден сосема поинаков поглед на историјата и според тоа

заслужува една посериозна анализа во некое посебно ис-

тражување.

ЛИТЕРАТУРА

Abbot Mary (ed.), 2009. History skills, A student’s handbook, second edition,

London, New York, Routledge.

Антољак Стјепан, 1966. Помошни историски науки, Скопје.

Arnold John N. 2000. History A very short introduction, New York, Oxford

University Press.

Ачкоска Виолета, 2001. Методика на наставата по историја,

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Филозофски факултет,

Скопјe.

Ачкоска Виолета, 2008. “Историјата како потреба – помеѓу минатото и

сегашноста”, во: Годишен зборник на Филозофски факултет кн.

61, Скопје.

Bacon Francis, Biography, http://www.biography.com/people/francis-bacon-

9194632, пристапено на: 12.02.2013.

Berger Stefan (ed.), 2007. Writing The Nation, A Global perspective,

Palgrive Macmilan, http://libgen.info, 26.03.2013.

Berk Piter, 2010. Osnovi kulturne istorije, Beograd Clio.

Betts F. Raymond, 2004. A history of popular culture,London, Routledge.

Bilig Majkl, 2009. Banalni nacionalizam. Preveo s engleskog Veselin Kostić,

Beograd, Bibilioteka XX vek.

Page 63: Поимање на историјата

63

Black Jeremy, Macraild D. Donald, 2000. Studying History, second edition,

Palgrave Macmilan.

Brown G. Callum, 2005. Postmodernism for Historians, Edinburgh, Pearson.

Burke Barry, 1999, 2005. Antonio Gramsci, schooling and education, Тhe

encyclopedia of informal education, http://www.infed.org/thinkers/et-

gram.htm.

Butterfield H. 1931. The Whig Interpretation of History, Eletronic Library of

Historiography,

http://www.eliohs.unifi.it/testi/900/butterfield/chap_4.html,

пристапено на: 10.03.2012.

Butler Christopher, 2002. Postmodernism, A very short introduction, Oxford

University Press.

Cabrini Anna Maria, “Machiavelli’s Florentine Histories”, The Cambridge

Companion to Machiavelli, John M. Najemy (ed.), Cabridge University

Press.

Grant Michael, 1995. Greek and roman historians; Information and

misinformation, Routledge.

Djordjevic Jelena (priredila), 2008. Studije Kulture - Zbronik, Beograd,

Sluzben glasnik.

Forgacs David, Hobsbawm J. Eric, 2000. The Antonio Gramsci reader:

selected writings, 1916-1935, New York University Press.

Force Pierre, 2009. Voltaire and the necessity of modern history, “Modern

Intellectual History” 6,3, Cambridge University Press,

http://www.columbia.edu/.

Francese Joseph, 2009. Perspectives on Gramsci Politics, culture and social

theory, New York, Routledge.

Gramsci, A. 1999. Selections from The Prison Notebooks, edited and

translated by Quentin Hoare and Geoffrey Nowell Smith, London,

ElecBook.

Gregory E. Timothy, 2005. A History of Byzantium, Blackwell Publishing.

Gross Mirjana, 1980. Historijska znanost; razvoj, oblik, smjerovi, Zagreb,

SNL.

Hobsbawm Eric, 1997. On History, London.

Hobsbawm Eric, 2005. “In defence of history”, The Guardian newspaper,

january 15 2005,

http://www.theguardian.com/books/2005/jan/15/news.comment,

пристапено на: 15 март 2012.

Holub Renate, 2005. Antonio Gramsci: Beoynd Marxism and

Postmodernism, London, New York, Routledge.

Hozien Dr. Muhammad, Ibn Khaldun: His life and work,

http://muslimheritage.com, пристапено на: 06.03.2012.

Кар Едвард Халет, 2001. Што е историјата? Скопје, Слово.

Page 64: Поимање на историјата

64

Kellner Hans, 1987. “Narrativity in history: Poststructuralism and since”,

History and theory, pp 1-9.

Мазовер Марк, 2003. Балканот, Кратка историја, Скопје, Евро-Балкан

Пресс.

Макијавели Николо, 2011. Владетелот, Скопје, Ѓурѓа.

Машкин Н. А. 1995, Историја на Стариот Рим, Скопје, Зумпрес.

Marx Karl, Engels Frederick, Manifesto of the Communist Party,

http://www.marxists.org/archive/marx/works/1848/communist-

manifesto/, пристапено на: 10.03.2012.

Mayr Ernst, 1990. “When is Historiography Whiggish”, Journal of the

History of ideas, http://www.jstor.org/, пристапено на: 10.03.2012.

Mohammad A. E. 1997, Ibñ Khãldûn, His life and works, New Delhi, India,

Kitab Bhavan.

Noonan Harold, 2011 Winter Edition. “Identity”, The Stanford Encyclopedia

of Philosophy, Edward N. Zalta (ed.),

http://plato.stanford.edu/entries/identity/, пристапено на 27.03.2012.

Ortner B. Sherry, 1991. “Narrativity in History”, Culture and lives.

Острогорски Георги, 1992. Историја на Византија, Скопје, Наша книга.

Папазоглу Фанула, 1995. Историја на Хеленистичкиот период, Скопје,

Институт за историја, Филозофски факултет.

Петреска Даринка, Ачкоска Виолета, 2007. Осознавање на историјата,

Скопје, Филозофски факултет.

Skinner Quentin, The place of history in public life,

http://www.historyandpolicy.org/papers/policy-paper-35.html,

пристапено на: 28.03.2012.

Stearns N. Peter, 1998. “Why Study History”, American Historical

Association,

http://www.historians.org/pubs/free/WhyStudyHistory.htm.

Urbach M. Peter. Bacon Francis, Viscount Saint Alban,

http://www.britannica.com/EBchecked/topic/48126/Francis-Bacon-

Viscount-Saint-Alban, пристапено на: 12.02.2013.

Zinn Howard, The legacy of Howar Zinn, 2008.

http://bigthink.com/ideas/1228, пристапено на: 08.03.2012.

Zinn Howard, The people’s history of the United States, 1492-Present,

http://www.thegoyslife.com/Documents/Books.

Чепреганов Тодор (уредник), 2008. Историја на македонскиот народ,

Скопје, ИНИ.

Шелева Елизабета, 2011. Културолошки есеи, второ издание, Скопје,

Магор.