22
Проектна задача

Проектна задача Логистика

  • Upload
    -

  • View
    77

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

/

Citation preview

Page 1: Проектна задача Логистика

Проектна задача

Page 2: Проектна задача Логистика

Содржина

Апстракт..........................................................................................

Вовед во логистика........................................................................

Дефинирање на поимот логистика...............................................

Алкалоид АД Скопје .....................................................................

Примарна логистика (одгледување ) ........................................

Секундарна логистика ( преработка ) .......................................

Терцијална логистика, складирање...........................................

Пакување .......................................................................................

Транспорт и дистрибуција .........................................................

Глобална логистика, контрола на квалитет ...........................

Корпоративна структура ...........................................................

Заклучок ........................................................................................

Користена литература ................................................................

2

Page 3: Проектна задача Логистика

Апстракт

Уште од дамнешно време лугето се лекувале на природни нацини

користејки ги лековитите билки.

Кај нас е доста познат овој начин на лекување, работи кои останале од

нашите предци, има и луѓе кои до ден денес се занимаваат со овој начин на

лекување.

Често обрнуваме внимание на природен начин на лекување, најчесто со

билки.

Се користат за зајанување на имунитетот, превенција за многу болести,

детоксиканс, антиоксиданс, делува како антивирус, бактерично.

За човек да биде делумно т.е. што повеќе сигурен во валидноста на

одреден лек, најдобро е да бара извештаи од лица кои го споделиле

нивнито искуство при победување на одредена болест по конвенционалн

или алтернативен пат.

3

Page 4: Проектна задача Логистика

1. ПОИМ И ДЕФИНИРАЊЕ НА ЛОГИСТИКАТА

, Да се утврди општата дефиницијата на логистиката мора да се

, утврдат основните задачи и цели а тие денес се разликуваат од пред

. повеќе години

Главната цел на логистиката е оптимизација на трошоците и

. исполнување на барањата на корисниците

Дефиницијата на логистика дадена од страна на Советот на логистичко

- Управување која гласи

" , Логистика е процес на планирање спроведување и контрола на

( ,ефикасен и ефективен проток и чување на материјалите суровини

) полупроизводи и готови производи и поврзани информации од точката

на изворот до точката на потрошувачка со цел да се задоволат

. "потребите на корисниците

1. .,Појавата на зборот логистика било на воено поле

Leon VI "Mudri"(866. - 912. god.)

Со стратегијата и тактиката го претстави новиот новиот концепт на

.логистика

, Задачата на логистиката било да се плати армијата навремено и

. доволно Да се води грижа за каква било воена акција да се случи во

меѓувреме секогаш да се изнајдат средства за истата да се одвива без

. пречки И сите функции да бидат да се усогласат со движењето на

.воените сили

, До крајот на Втората Светска Војна логистиката завземала

.важно место во сите воени походи во светот

4

Page 5: Проектна задача Логистика

1.2. Логистика

Поимот logistika (gr. logistikos = вешт и искусен во проценување, фран.

logistique = работа на снабдувачот, герман. Logistic = логистика) има повеќе

значења, на пр.

1.3 РАЗВОЈ НА ЛОГИСТИКАТА

70-XX. ВЕК- ОПТИМИЗИРАЊЕ НА НЕКОИ ФУНКЦИИ НА ЛОГИСТИКА-ПОЈАВАТА НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МАТЕРИЈАЛ (MRP)

80-ТИТЕ ГОДИНИ НА XX. ВЕК- ИНТЕНЗИВНИОТ РАЗВОЈ НА ИНФОРМАТИЧКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ- СЕОПФАТЕН ПРИСТАП КОН ЛОГИСТИКА- ЕВРОПА - ЛОГИСТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО (ЕФИКАСНО И ЕФЕКТИВНО ПЛАНИРАЊЕ, КОНТРОЛА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ)- СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИЛОГИСТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ("ЛОГИСТИКА Е ПРОЦЕСОТ НА ПЛАНИРАЊЕ, СПРОВЕДУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЕФИКАСНИ, ЕФЕКТИВНА ПРОТОК И ЧУВАЊЕ НА СУРОВИНИ И МАТЕРИЈАЛИ, ИНВЕНТАР ВО ПРОЦЕС, ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ, КАКО И ИНФОРМАЦИИ ОД ТОЧКА НА ПОТЕКЛО ЗА ДА СЕ ЗАДОВОЛАТ НА БАРАЊАТА НА КОРИСНИЦИТЕ. "CLM, 1986)

90. XX- ВЕК-ФАЗА ФУНКЦИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА (ИНТЕГРИРАЊЕ НА ЛОГИСТИЧКИ ВРЕДНОСТИ ВО СИНЃИРОТ НА СОЗДАВАЊЕ ВЕДНОСТИ)-ОПТИМИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТЕН ПРОЦЕС СИНЏИРОТ НА СОЗДАВАЊЕ ВРЕДНОСТ ПРЕКУ КОМПАНИЈА-ИНТЕГРАЦИЈА ФАЗА КОМПАНИИ (ИНТЕГРИРАНИ ЛОГИСТИЧКИ КОМПАНИИ ВО ЛОГИСТИЧКИ ЛАНЕЦ) -ИНТЕГРАЦИЈА НА ДЕЛОВНИ АКТИВНОСТИ ПОМЕЃУ НЕКОЛКУ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ЛОГИСТИЧКИОТ СИНЏИР

• 2000+-ФАЗА НА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЛОГИСТИЧКИ СИНЏИРИ, ГЛОБАЛИЗАЦИЈА -ОПТИМАЛИЦАЦИЈА НА ПРОЦЕСИТЕ ВО ГЛОБАЛНИТЕ МРЕЖИ

5

Page 6: Проектна задача Логистика

Вовед

Суштината на поимот животен циклус на еден производ или услуга, или

општо за еден систем, се состои во тоа што тој настанува (се раѓа) во процесот на

планирање, проектирање, конструирање, изработка или моделирање, развој, употреба,

но по одреден рок на траење ќе згасне.

Во оваа проектна задача јас го анализирав протокот на еден производ,

поточно чајот , преку примарна логистика, секундарна логистика и терцијална

логистика( складирање, пакување, транспорт и дистрибуција) и глобална логистика на

компанијата Алкалоид.

Денешното темпо на живот често пати на исцрпува ментално и физички.

Негативните последици од урбаниот начин на живеење можеме да ги неутрализираме со

внесување на пијалоци кои ја подобруваат нашата психофизичка кондиција и делува на

нашето здравје.

Чајот е еден од најпопуларните пијалaци во многу делови од светот и

неговото консумирање е навика која сè повеќе се шири и опстојува, дури и во услови на

современото живеење.

Значењето на чаевите за здравјето на луѓето е сè попопуларно денес.

Според историските податоци, уживањето во пиење чај датира уште далеку пред 5000

години, во Кина.

Чаевите како стимулативни напитоци станале традиција кај кинезите и jапонците

илјадници години наназад, но постои сознание дека и кај европските народи, навиката да

се пие чај е стара можеби повеќе од 1500 години.

6

Page 7: Проектна задача Логистика

Алкалоид компанија

АЛКАЛОИД AД Скопје е компанија која повеќе од седум децении работи на

производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и

хемиски производи.

Алкалоид АД е акционерско друштво во чии рамки работат два профитни центри:

Фармација и Хемија, Козметика и Билкарство. Има фирмa ќерка: Алкалоид КОНС како и 13

подружници надвор од Македонија (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна

и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Романија, Украина, во Руската

Федерација и САД). Друштвото брои околу 1400 вработени.

Приказната за Алкалоид датира од пред повеќе од 70 години, како една од

најуспешните компании во Македонија од многу аспекти и е нераздвоен дел од мозаикот

на целокупната економска слика во Земјава. Компанијата е присутна на пазарите во 27

земји.

Како дел од Алкалоид АД е профитниот центар - Хемија, Козметика и Билкарство со

богата палета производи за широка потрошувачка.

Одделот Билкарство произведува спектар на чаеви под брендот GOOD NATURE, здрава

храна под брендовите GOOD NATURE ENERGY и Good Morning GOOD NATURE, зачини и

сушени зеленчуци – GRINI, додатоци на јадењата – Зачинал, јодирана сол и други

производи.

7

Page 8: Проектна задача Логистика

Чаевите на АЛКАЛОИД го носат логото GOOD NATURE - (добра природа).

Логото означува од каде потекнуваат билките што се користат при подготовка на

чајните мешавини. Производството на чаевите на Алкалоид АД се одвива според

стандардот за квалитет ISO 9001:2008 и ISO 14001:1996 за животна средина, како и

HACCP стандардот за производство на безбедна храна. Сертификацијата е

извршена од страна на меѓународно признаеното сертификационо тело Quality

Austria, ÖQS.

АЛКАЛОИД АД е единствен производител на сертифицирани органски (organic)

чаеви во Македонија.

Симболот за органски производи и квалитет е добиен со сертификација на трите

сегменти: производи, производство и региони од каде се собираат билните суровини.

Билните суровини кои се користат при производство се со еколошко потекло, одгледани

без употреба на вештачки ѓубрива, пестициди, адитиви и конзерванси и не се озрачени.

Сертификатот е издаден од Control Union Certifications и тоа за методи на еколошко

производство согласно регулативите на Европската Унија EEC No.2092/91, USDA-NOP

(United States Department of Agriculture - National Organic Programme) и JAS (Japanese

Agricultural Standards).

Чаевите и помошните лековити средства од Алкалоид АД се строго контролирани

производи и се регистрирани во Министерството за здравство на Р. Македонија, односно,

имаат Уверенија за здравствена исправност издадени од Републичкиот завод за

здравствена заштита.

8

Page 9: Проектна задача Логистика

Примарна логистика

Одгледување на чајот

Примарната логистика всушност преставува првична, темелна, активност на

која основна цел е да изврши набавка на потребните ресурси за производство на

производот.

Чајната билка е зимзелено растение кое расте на тропска и суптропска клима. Покрај

тропските клими (со најмалку 127 cm3 врнежи годишно), ова растение сака кисели почви.

Многу од висококвалитетните чајни билки растат на надморска височина од 1500 метри,

бидејќи таму растат побавно и добиваат подобар вкус. Се берат само првите 3-5 cm од

зрелото стебло. Овие пупки и листови се берат во „тури“, и за време на сезоната на

растење, растението дава нова тура секои 7 до 10 дена.

Ако се остават природно, чајните грмушки ќе прераснат во дрва, но при одгледувањето

тие се кастрат до висина на човечка половина за лесна берба.

Се користат две главни сорти, малолисното кинеско растение C. camelia sinensis и

големолисното асамско растение C. sinensis assamica.

9

Page 10: Проектна задача Логистика

Секундарна логистика на Алкалоид

Со завршувањето на одгледувањето на чајот, односно откако ќе се заврши со

прибирање на потребните состојки, се врши преработка на состојките со цел да се добие

посакуваниот производ, односно во овој случај тоа е чајот. Можностите за преработка

овозможуваат производство на огромна палета хербален материјал, во внимателно

контролирана средина.

Преработка

Овие видови чај се разликуваат по нивната преработка. Листовите на Camellia sinensis

набргу почнуваат да венеат и оксидираат ако не се исушат веднаш по бербата. Лисjата

стануваат сe потемни заради разложувањето на хлорофилот и испуштањето на танините.

Овој процес, ензимска оскидација, се нарекува ферментација на чајната индустрија, иако

вистинска ферментација не се случува (т.е. процесот не се должи на микроорганизми).

Следен чекор во преработката е да се запре процесот на оскидација во предодредена

фаза со загревање, кое ги деактивира одговорните ензими.

Кај црниот чај ова се прави истовремено со сушењето. Без внимателна контрола на

влажноста и температурата за време на производството и потоа, на растението

израснуваат габи.

Овие габи причинуваат вистинска ферментација која го контаминира чајот со токсични и

канцерогени супстанци и нус-ароми, па со тоа чајот не може да се користи.

10

Page 11: Проектна задача Логистика

Терцијална логистика

Терцијалната логистика е од големо значење во процесот на производство

на чајот, бидејќи ги поврзува примарниот и секундарниот сектор. Терцијалната логистика

ги поврзува овие два сектори на тој начин што е потребен транспорт на потребните

ресурси од приманиот до секундарниот сектор. Во терцијалниот логистички систем се

наоѓаат повеќе логистики како што се: трговска логистика, сообраќајна логистика,

транспортна логистика, складишна логистика и др.

Складирање

Чаевите можат да бидат со различна трајност зависно од условите на чување и

типот на чај. Црниот чај стои подолго од зелениот.

Некои чаеви како цветните може да се расипат во рок од еден месец. Како исклучок, пуер

чајот со време се подобрува.

Чајот стои најсвеж на суво, ладно и темно место во херметички затворен сад. Црниот чај

може вака да стои две години, додека зелениот само една. Барутниот чај има цврство

завиткани листови, па така стои подолго од чаевите со отворени листови. За чување на

зелен чај се препорачува дискретно разладување во фрижидер. Потрошувачите особено

треба да внимаваат на температурните варијации.

Несоодветното чување резултира во губиток на вкусот, добивање на непожелни вкусови

или мириси од други храни, или пак мувлосување.

11

Page 12: Проектна задача Логистика

Пакување

Чајни ќесички

Алкалоид компанија користејќи најразвиена технологија за пакување на чаевите со IMA

C21 и C24, MAI S.A. и H&S Tee - машини, обезбедуваме производи со висок квалитет.

Чаевите се достапни во филтер - кесички со двојна комора без алуминиумска жица.

се пакуваат во мали хартиени чајни ќесички.

Ова е лесно и згодно пакување и затоа ужива огромна популарност денес.

12

Page 13: Проектна задача Логистика

Микрологистичка мрежа

Транспорт и дистрибуција

Транспортот на чајот се врши низ малопродажните места на Р.Македонија колонијал,

аптеки и низ други локални пазарни места, каде што се врши дистрибуција на

производите на компанијата Алкалоид.

Благодарение на дистрибутивната компанија Алкалоид неговите производи поточно чајот

се влкучуваат во макрологистичкиот систем во нашата држава. Оваа компанија има за цел

да обезбеди испорака на производи, односно на чаевите, во исправна состојба, во право

време, на право место со цел со минимални трошоци, а да бидат задоволни купувачите.

Алкалоид компанијата, како дистрибутер на чаеви, лекови, парфеми и други продукти,

( козметика), применува модерна технологија.

Оваа компанија во 1957 год. со пуштањето во работа на "Галенскиот погон" започнува

производство на готови лекови и чаеви интензивниот развој и раст на фабриката.

Благодарение на долгогодишното искуство во дистрибуцијата и изградените модерни

дистрибутивни центри, во можност се на клиентите да им обезбедат комплетна

логистичка услуга. Располага со голема и разновидна флота на теретни возила кои и

13

Page 14: Проектна задача Логистика

овозможуваат на компанијата флексибилност и прилагодување на барањата на

клиентите.

Глобална логистика на Алкалоид

Глобалната логистика како наука и глобалната логистика како активност ги има сите

обележја на мега логистиката како наука и мега логистиката како активност.

Основна мисија на глобално логистичкиот систем е со своите потенцијали и ресурси,

субјекти, знаење, активности, да овозможи рационално производство на логистички

производи на светскиот, глобалниот логистички пазар на планетата Земја.

Глобалнологистичкиот систем е најголем реален, сложен и динамички логистички систем.

Поради тоа, овој логистички систем позитивно влијае на развојот и афирмацијата на чајот

на глобално ниво.

Од аспект на глобално ниво, чајот и другите производи на компанијата Алкалоид се

продаваат во поголемиот дел од соседните земји, како што се Албанија, Србија, Бугарија,

Грција но исто така се дистрибуираат нашите производи и во Романија ,Унгарија, Русија и

други.

Контрола на квалитет

Квалитетот на сите влезни билки и готови производи е обезбеден со контрола која се

врши во нашата добро опремена лабораторија.

Наша најважна цел е обезбедување производи со висок квалитет. Обезбедено е следење

на сите производи почнувајќи од нивниот развој, преку приемот на сите влезни суровини

14

Page 15: Проектна задача Логистика

и други материјали, па сè до излезот на готови производи во маркетите за широка

потрошувачка.

Корпоративна структура на Алкалоид АД Скопје

15

Page 16: Проектна задача Логистика

Заклучок

Од сето може да се заклучи дека вo еден свет полн со промени, кои исто така го менуваат однесувањето на потрошувачот во однос на купувањето, каде што многу е важно компанијата да биде опремена со флексибилност која овозможува многу брзо прилагодување и адаптација на промените, но уште повеќе ако може да се предвидат и да се очекуваат истите.

Она што е значајно е за оваа компанија е тоа што производството на чаевите на Алкалоид АД се одвива според најновите стандарди за квалитет, за животна средина, како и стандардот за производство на безбедна храна. Нивната организациска поставеност одговара на потребите на нивните корисници.

Со големата распостранетост на производите на компанијата може да кажеме дека чајот има голема примена денес. Фокусот на профитниот центар на оваа компанија е насочен кон производи со висок квалитет, градење добри односи со потрошувачите и снабдувачите, промоција и продажба на постојаните пазари, како и освојување нови.

16

Page 17: Проектна задача Логистика

Користена литература

http://www.alkaloid.com.mk/caj

http://en.wikipedia.org/wiki/Tea

Основи на логистика – Проф. Доц. Д-р. Драшко Атанасоски

17