25
СОУ ”Нико Нестор” – Струга Проектна задача по предметот Деловно работење На тема: НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – УЛОГА И ФУНКЦИИ

Проектна НБРМ

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Проектна НБРМ

СОУ ”Нико Нестор” – Струга

Проектна задача по предметот Деловно работење

На тема:

НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – УЛОГА И ФУНКЦИИ

Струга 2010 година

Содржина:

Page 2: Проектна НБРМ

Содржина................................................................................... 1

Користена литература и извори................................................2

Вовед........................................................................................... 3

Главен дел:

*Улогата на Народната Банка на Република Македонија.......4

*Функции на Народната Банка на Република Македонија.....5

*Спроведувањето на монетарната политика како основен

инструмент на НБРМ.......................................................................10

Завршен дел..................................................................................14

Прилози.........................................................................................15

Користена литература и извори

2

Page 3: Проектна НБРМ

Монетарна економија- Проф.д-р Тихомир Јовановски

Банкарско работење- Љубе Трпески

Финансиски пазари и институции- Доц.д-р Гордана Витанова

Макроекономија- Таки Фити

www.nbrm.gov.mk

www.vlada.com.mk

Вовед:

3

Page 4: Проектна НБРМ

Народната Банка на Република Македонија е највисок орган на монетарната

власт во Република Македонија. На 26.04.1992 година со донесувањето на неколку

законски акти од областа на монетарната и девизната политика, бил промовиран

чинот на монетарното осамостојување на Република Македонија, во рамките на

утврдениот суверенитет и самостојност на државата со Уставот на Република

Македонија од 17.11.1991година. Уставот на Република Македонија ја определил

Народната Банка на Република Македонија како емисиона банка, самостојна и

одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата

ликвидност за плаќањата во земјата и во странство.

Определувањето на основните функции, задачите и работењето на Народната

Банка на Република Македонија во системот, произлегува од местото и улогата на

Народната Банка на Република Македонија како централна банка пред се во

утврдувањето на основите на монетарно-кредитниот и девизниот систем во

Република Македонија.

Благодарение на мерките на Народната Банка на Република Македонија во

изминатиов период стапката на инфлација од околу 2000% годишно (1992), успеа

за 2-3 години да се намали на 3-4%. Оваа стапка на инфлација до денес се одржува

преку следење на количината на пари во оптек и преку управувањето со девизниот

курс на домашната валута.

ГЛАВЕН ДЕЛ

www.nbrm.mk

4

Page 5: Проектна НБРМ

Улогата на Народната Банка во Република Македонија

Народната Банка на Репубика Македонија е основата на банкарскиот систем на

Република Македонија. Таа е централна и највисока банкраска институција. Работи

само со банките, надредена е над нив, го контролира нивното работење односно таа

е БАНКА НАД БАНКИТЕ.

Основна цел на НБРМ е одржување на ценовната стабилност односно стабилноста

на домашната валута која може да биде: интерна стабилност заради обезбедување

ликвидност во земјата и екстерна стабилност заради обезбедување ликвидност кон

странство и стабилноста на девизниот курс. НБРМ е независна во остварувањето на

своите функции т.е. нејзините органи при одлучувањето не бараат и не добиваат

инструкции од државната власт и управа.

НБРМ има својство на правно лице во целосна државна сопственост, со

финансиска и административна самостојност. Во рамките на своите права и

обврски таа е одговорна за обезбедување на сигурен и стабилен банкарски систем

во земјата. НБРМ има важна улога и на подрачјето на девизното регулирање со што

се определува ликвидноста на плаќањата спрема странство и врши работи со кои се

определува спроведувањето на девизната политика во земјата. Исто така во

своите активности НБРМ ја става и примената на инструментите и мерките за

монетарно регулирање , со кои влијае врз општата ликвидност на плаќања во

земјата и стабилноста на валутата. За да обезбеди стабилност на домашната

валута и регулирање на количеството пари во оптек, НБРМ на крајот на секоја

тековна година подготвува Проекција на монетарни движења за следната година.

Врз основа на таа проекција, Собранието на Република Македонија донесува

одлуки за целите и задачите на монетарната и девизната политика. Воедно НБРМ

ги проучува и појавите и движењата во кредитните односи со странство, а за тоа му

поднесува на Собранието на Република Македонија извештаи.

НБРМ остварува приходи по многу основи и со нив ги подмирува трошоците кои

настануваат во нејзиното работење. Трошоците на НБРМ што настануваат со

5

Page 6: Проектна НБРМ

вршењето на работи за сметка на Република Македонија се покриваат од

Републичкиот буџет.

Функции на Народната Банка на Република

Македонија

Согласно со Законот за Народната Банка на Република Македонија, Народната

Банка ги врши следниве функции:

Ја утврдува и спроведува монетарната политика

Ја регулира општата ликвидност на банкарскиот систем

Ја регулира општата ликвидност во плаќањата кон странство

Ја утврдува и спроведува политиката на девизниот курс на денарот

Го уредува платниот систем

Управува и ракува со девизните резерви

Издава дозвола за основање и работење на банка и штедилница и врши

супервизија на банките и штедилниците

Издава дозвола за вршење услуги брз трансфер на пари и врши надзор над

работењето на субјектите кои вршат услуги брз трансфер на пари

Издава дозвола за работата на менувачниците и врши надзор над

работењето на менувачниците

Издава книжни и ковани пари

Врши работи за сметка на органите на државната власт и органите на

државната управа

Откупува ретки и оригинални монети од тлото на Република Македонија

Ја претставува Република Македонија пред меѓународните финансиски

институции

Воспоставува информативен систем

6

Page 7: Проектна НБРМ

Од сите овие функции најважна е функцијата на регулирање и управување со

паричната маса – монетарната политика. Како основни функции на НБРМ се

сметаат:

Утврдување и спроведување на монетарната политика

Одржување на ликвидноста на банкарскиот систем

Одржување на ликвидноста во плаќањата кон странство

Емисија на пари

Улога на фискален агент на државата

Супервизија над банките и штедилниците

Одржување на ликвидноста на банкарскиот систем

Како и секоја централна банка така и НБРМ води грижа за одржувањето на

ликвидноста на банките и другите финансиски организации. За одржување на

ликвидноста на банкарскиот систем НБРМ пропишува одредени правила кон кои

треба да се придржуваат сите комерцијални банки. НБРМ преку редовни контроли

утврдува дали и колку комерцијалните банки се придржуваат на пропишаните

правила, како и за тоа какви пласмани имаат.Банката се смета за неликвидна

доколку нема доволно средства да ги исполни пристигнатите обврски без да ги

користи средствата од задолжителите резерви. Во рамките на правилата и

стандрдите за одржување на ликвидноста на банките НБРМ ја пропишува рочната

усогласеност на средствата и изворите (депозитите треба да бидат усогласени со

дадените кредити), ги пропишува минималните општи услови за кредитната

способност на банките и другите финансиски организации, и ги утврдува лимитите

за различни видови ризични вложувања на банките.

Сите мерки и одлуки кои ги пропишува НБРМ во врска со одржувањето на

ликвидноста на банките се применуваат на единствен нацин кон сите банки.

Одржување на ликвидноста во плаќањата кон странство

7

Page 8: Проектна НБРМ

За да се одржува ликвидноста на Република Македонија во плаќањата спрема

странство, во рамките на утврдената девизна политика, НБРМ купува и продава

девизи на девизниот пазар.Преку купопродажбата на девизи на девизниот пазар во

земјава, НБРМ влијае врз големината на паричната маса.Со купувањето на

странски средства за плаќање се зголемува паричната маса во прометот за денарска

противвредност на купените девизи.Обратна ситуација имаме кога НБРМ продава

девизи. За продадените девизи таа добива денарска противвредност и на тој начин

влијае врз провлекувањето на денарите од прометот во касите на НБРМ. Во

рамките на своите права и обврски НБРМ го следи остварувањето на платниот

биланс на Република Македонија, а во тие рамки и кредитните односи со

странство. НБРМ може да учествува во трансакциите на девизните пазари со

странство и да се задолжува во странство на свое име и за своја сметка заради

одржување на ликвидноста во плаќањата со странство. НБРМ може да се

задолжува во свое име, а за сметка на Република Македонија само врз основа на

закон. НБРМ мора редовно да ги следи обврските спрема странство и одговара

пред Собранието на Република Македонија за извршувањето на обврските спрема

странство .Исто така НБРМ има на располагање девизни резерви со кои врши

одредени плаќања кон странство во случај кога должникот не може да го врати

долгот. Девизните резерви не се чуваат во зградата на НБРМ туку во првокласни

реномирани странски банки.

Емисија на пари

НБРМ ја има привилегијата да биде единствената установа во државата која има

право да издава книжни и ковани пари на територијата на Република Македонија.

НБРМ донесува одлука за пуштање на нови банкноти и ковани пари, во која ги

утврдува начинот на издавањето , видот апоени и основните белези на книжните и

кованите пари. Помалите апоени на книжните пари НБРМ ги печати во Република

Македонија, а поголемите апоени ги печати во странство, заради избегнување на

фалсификати. Книжните и кованите пари кои гласат на домашна валута се законско

средство за плаќање на територијата на Република Македонија, а тоа значи дека

8

Page 9: Проектна НБРМ

законско средство за плаќање во Република Македонија е Македонскиот денар кој

се состои од 100 дени.

Улога на фискален агент на државата

НБРМ за сметка на органите на државната власт и органите на државната управа,

може да врши депозитни работи, пласман и тргување со хартии од вредност, платен

промет и други финансиски активности (Член 50 од Законот за Народна Банка на

Република Македонија). Улогата на фискален агент на државата се остварува со

тоа што сите депозити на јавниот сектор се држат кај НБ. Таа располага и со

екстерната сметка од која се вршат плаќања кон странство во име на државата. Во

случаи кога државата нема пари во буџетот, може да се задолжи кај НБ до 5% од

буџетот.

Мешање на политиката во монетарната политика не треба да има бидејќи е штетно,

но тоа станува се почеста појава кога владите настојуваат буџетскиот дефицит да

го прикријат со нова емисија на пари што води до инфлација. Позајмените пари од

НБ државата треба да ги врати до крајот на фискалната година.

Како улога на агент НБРМ се јавува и како учесник во платниот промет. Платниот

промет се одвива преку банките, а порамнувањата на банките се врши во НБ или

преку Клириншка куќа (помали износи).

Супервизија на банки и штедилници

НБРМ врши супервизорска контрола на банките и на штедилниците и инспекциска

контрола на спроведувањето на мерките на монетарната и на девизната политика и

над прописите со кои се уредува девизното работење и кредитните односи со

странство. Банките се контролираат затоа што работаат со туѓи средства.

НБРМ ја врши контролата посредно, со контрола на документацијата која до неа е

доставена од страна на банките и од штедилниците, и непосредно со увид во

самата банка или штедилница од страна на НБ. Ако со контролата се констатира

дека банката или штедилницата не се придржува кон пропишаните стандарди т.е.

9

Page 10: Проектна НБРМ

се констатираат неуредности и неправилности НБ односно гувернерот презема

соодветни мерки спрема таа банка или штедилница. Доколку и покрај преземените

мерки, гувернерот оцени дека финансиската состојба на банката или штедилницата

нема можности за подобрување , тој може да донесе решение со кое на банката

односно штедилницата и се укинува дозволата за работа. Во одредени случаи

НБРМ може да врши контрола и врз надворешно-трговското и девизното работење

на претпријатијата и на другите домашни лица. Во рамките на својата

супервизорска функција НБРМ утврдува и кога некоја банка е неликвидна и

покренува постапка за стечај, врши контрола на пласманите на банките и

штедилниците и го оценува степенот на ризичност на пласманите, пропишува

мерки за отстранување на неправилностите во работењето на банките и

штедилниците и др.

Заради извршување на супервизијата и отстранување на мерките на монетарната

и на девизната политика НБРМ донесува одлуки, пропишува методологија, форма,

содржина, начини и рокови во кои банките и штедилниците ги доставуваат

податоците до неа.

Спроведувањето на монетарната политика како основна цел

1

Page 11: Проектна НБРМ

на Народната Банка на Република Македонија

НБРМ е централна банка, чијашто основна цел е одржување на ценовната

стабилност, при што таа е независна во остварувањето на функциите. Притоа,

НБРМ ја поддржува економската политика и финансиската стабилност на земјата

без да се загрози остварувањето на основната цел, почитувајќи ги начелата на

пазарната економија.

Основните задачи и функции на НБРМ се: да ја регулира емисијата на пари, а со

тоа и количеството пари во оптек; да се грижи за стабилноста на валутата и да се

грижи за ликвидноста на банките и стопанството.

Монетарната политика претставува една од најважните функции на НБРМ, со која

се регулира количеството пари кое е во оптек за остварување на својата основна

цел т.е. одржување на ценовната стабилност. Постигнувајќи ја својата основна цел,

одржувањето на стабилноста на домашната валута, монетарната политика создава

услови за остварување и на некои други цели како што се: постигнување економски

раст, пораста на вработеноста и продуктивноста, стабилност на цените, стабилност

на девизниот курс, урамнотежени односи со странство, подигање на нивото на

животниот стандард и др. Монетарната политика врз овие цели не може да влијае

директно, туку само индирекно т.е. посредно. До 1995 година монетарната

политика , врз целите се влијаело со определување на обемот на паричната маса во

оптек ( имало дирекно влијание врз цените, инфлацијата, вработеноста и растот на

производството); а после 1995 година врз целите се влијаело преку девизниот курс

(индирекно се влијае врз цените, инфлацијата, вработеноста и растот на

производството)1. За да се регулира и управува паричната маса во оптек, НБРМ

преку Комитетот за монетарна политика ја следи состојбата на буџетот на

државата, односно потрошувачката на државата која што влијае на девизниот курс

и цените. Понудата и побарувачката на девизниот пазар има директно влијание врз

висината на девизниот курс. Во услови кога монетарната политика е насочена кон

одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот, каматните стапки и

1 Извештај од НБРМ

1

Page 12: Проектна НБРМ

понудата на пари се зависни категории, одредени од остварувањето на посредната

цел- стратегија на целење на паричната маса М1. Преку својата каматна политика

НБРМ упатува монетарни сигнали до банките и на тој начин настојува да влијае

врз висисната на нивните активности и пасивни каматни стапки.Тековна основна

на каматна стапка на НБРМ е каматната стапка остварена на аукциите на

благајнички записи.

На крајот на тековната година, во согласност со претходно утврдена рамка на

макроекономската политика, НБРМ изготвува Проекција на монетарни движења за

следната година која ја усвојува Советот на НБРМ.

Спроведување на монетрната политика

Заради остварување на ценовната стабилност, како примарна цел на монетарната

политика НБРМ располага со различни инструменти за монетарното регулирање.

Имајќи предвид дека помеѓу инструментите и крајната цел на монетарната

политика постои сложена и индиректна поврзаност со временското задоцнување,

НБРМ го следи движењето на одредени економски варијабли- оперативни и

посредни цели. Оперативните цели полесно се контролираат, но се подалечни до

крајната цел, додека пак посредните цели потешко се контролираат но се поблиску

до крајната цел.

Преку управувањето со нивото на каматните стапки, а со тоа и нивото на

ликвидните средства во банкарскиот систем, како оперативна цел, НБРМ настојува

да влијае врз нивото на девизниот курс како посредна цел на монетарната

политика.

Инструменти на монетарната политика

1

Page 13: Проектна НБРМ

При спроведувањето на монетарната политика НБРМ ги користи следниве

инструменти:

Операции на отворен пазар

Задолжителна резерва

Ломбарден кредит

Интрадневен кредит

Операции на отворен пазар, односно аукциска продажба на хартии од вредност

се еден од најприменуваните инструменти на монетарната политика, преку кои

НБРМ врши продажба и купување на хартии од вредност.Со овие инструменти се

влијае врз нивото на краткорочните камати стапки, односно нивото на

расположливите ликвидни средтства на банките. Зголемувањето на каматната

стапка кај овие операции упатува на порестриктивна монетарна политика и

обратно, намалувањето на каматната стапка овозможува релаксирање на

монетарните движења. Операциите на отворен пазар се остваруваат преку аукции

на депозити (давање на кредити) и преку аукции на благајнички записи. Под

аукции на депозити се подразбира пазар на кој НБРМ откупува депозити,

односно им дава кредити на комерцијалните банки кои имаат недостиг на

ликвидни средтсва и на тој начин пушта пари во оптек. За да може успешно да се

реализира овој инструмент треба да постои развиен пазар на капитал. Преку

аукции на благајнички записи НБРМ врши провлекување на вишокот пари во

оптек. Комерцијалните банки кои имаат вишок на средства купуваат од НБРМ

благајнички записи, на краток рок со определена камата. Така НБРМ го повлекува

вишокот на пари во оптек, а банките остваруваат сигурен пласман на своите

средтсва.

Задолжителна резерва е стандарден инструмент на монетарната политика на

НБРМ, којшто ги обврзува банките и штедилниците да издвојуват средства на

сметките кај НБРМ (централната банка). Со овој инструмент се предвидува

банките и штедилниците да издвојат определен процент од своите депозити и тој

износ да го чуваат како резерва на посебна сметка кај НБРМ. Со промената на

1

Page 14: Проектна НБРМ

висината на стапката на задолжителна резерва, НБРМ влијае врз количината на

пари во оптек. Кога НБРМ ја зголемува стапката, тогаш влијае кон намалување на

количината пари во оптек и обратно, кога НБРМ ја намалува стапката на

задолжителна резерва тогаш влијае врз зголемување на количината пари во оптек.

Ломбарден кредит (расположлив кредит преку ноќ) е кредит за надминување

на ликвидносните проблеми кај поединечни банки со што се придонесува кон

стабилизирање на ликвидноста на пазарите на пари и флуктуациите на

краткорочните каматни стапки. Ломбардниот кредит се одобрува со рок на

достасување преку ноќ, за надминување на краткорочниот ликвиден недостиг кај

банките на крајот на денот.

Интрадневен кредит – основната функција на овој кредит е надминување на

ликвидносните нерамнотежи кај банките кои што настануваат како резултат на

поголемите одливи во однос на приливите во текот на денот. На тој начин овој

инструмент овозможува непречено реализирање на платните трансакции во текот

на денот и го подобрува ликвидносното управување на банките. НБРМ не наплаќа

камата на интрадневниот кредит.

1

Page 15: Проектна НБРМ

Завршен дел:

Централните Банки имаат голема улога во економскиот живот за една земја.

Централите банки воглавно имаат иста улога, но нивните функции, од земја

до земја се разликуваат. Нивната различност произлегува од различниот

степен на стопанскта развиеност, разликите во општественото уредување,

степенот на развиеноста на финансиската структура, разликите во банкарскиот

систем..... Но и покрај различностите од една до друга Централна Банка тие

секаде во светот имаат иста задача: да се грижат за регулирањето на

количеството пари во оптек и за вредноста на домашната валута, за

ликвидноста на банкарскиот систем и за ликвидноста на земјата во

внатрешниот и во надворешниот платен промет.

Од сето ова можеме да заклучиме дека доколку не постои Народната Банка

(Централната Банка) во економијата би настанала анархија или кажано со

други зборови општ хаос. Доколку никој не го регулира количеството пари во

оптек би настанале финансиски кризи, пропаѓање на приватните фирми,

пропаѓање на берзи, опаѓање на вредноста на парите и подигање на општото

ниво на цените односно состојба во која паричните фондови ги надминуваат

стоковните фондови т.е. инфлација.

Преку оваа моја проектна задача би сакал да ја истакнам неопходноста од

потребата на Народните Банки и нужната потреба од нивното постоење, како

важен сегмент за политиката на една земја. Народната Банка преку

остварувањето на монетарната политика дава голем придонес во

остварувањето на целите и задачите на општата макроекономска политика на

земјата.

1

Page 16: Проектна НБРМ

Прилози:

1

Page 17: Проектна НБРМ

ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА

Транспарентноста на Народна банка се загарантирани со следниве одредби и

активности:

Именување и разрешување на гувернер (член 70, Закон за Народна банка на

Република Македонија);

Надлежните комисии на Собранието на Република Македонија, најмалку

еднаш во шест месеци го повикуваат гувернерот и одржуваат средба заради

информирање во врска со работењето на Народната банка (член 55-а, Закон

за Народната банка на Република Македонија);

Поднесување на полугодишниот и годишниот извештај за работењето,

полугодишен и годишен извештај за супервизија и преземени мерки спрема

банките и штедилниците и полугодишен и годишен извештај за ракување со

девизните резерви на Народната банка до Собранието на Република

Македонија. Сите овие извештаии Народната банка е должна да ги објави

најдоцна шест месеци од истекот на периодот за кој се изготвени (член 55,

Закон за Народната банка на Република Македонија);

Јавно објавување на целите на монетарната политика;

Јавно објавување на интермедијарниот таргет на монетарната политика

(номинален курс на денарот наспроти еврото);

Јавност во спроведувањето на монетарната политика (објаснување на

мерките и промените);

Задолжително објавување на Одлуките  на Советот на Народната банка во

Службен весник на Република Македонија  (член 65, Закон за Народната

банка на Република Македонија);

Јавно објавување на ревизорскиот извештај за Годишната сметка на

Народната банка  член 94, Закон за Народната банка на Република

Македонија);

Навремена обработка и дистрибуција на информации  (член 40 и член 41,

Закон за Народната банка на Република Македонија);

 

1