32
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДГОТОВКА ЗА ИЗВОЗ И НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК „Купи куќа, купи стан“ шанса за граѓаните да го решат стамбеното прашање Претседателот Ѓорѓи Иванов, заедно со кинескиот амабасадор во РМ, Цуи Живеи, го посетија „Алкалоид“ ГРАДЕЖНИЦИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДИЈА СО РАБОТА, БАНКИТЕ СО КЛИЕНТИ! ЗАЕДНИЧКО КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ТРАНСФОРМАТОРСКИТЕ СТАНИЦИ Интензивирана на соработката меѓу ЕВН Македонија и МЕПСО за постабилен енергетски систем Главна цел и задача на новоформираната Групација на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација ПЕТТИНА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ДО 2020 ГОДИНА Број 82 од 26.01.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Неделен бизнис информатор на Стопанската комора на Македонија

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПОДГОТОВКА ЗА ИЗВОЗ И НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК

„Купи куќа, купи стан“ шанса за граѓаните да го решат стамбеното прашање

Претседателот Ѓорѓи Иванов, заедно со кинескиот амабасадор во РМ, Цуи Живеи, го посетија „Алкалоид“

ГРАДЕЖНИЦИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДИЈА СО РАБОТА,БАНКИТЕ СО КЛИЕНТИ!

ЗАЕДНИЧКО КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА

ТРАНСФОРМАТОРСКИТЕ СТАНИЦИ

Интензивирана на соработката меѓу ЕВН Македонија и МЕПСО за постабилен енергетски систем

Главна цел и задача на новоформираната Групација на обновливи извори на енергија при

Македонската енергетска асоцијација

ПЕТТИНА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА

ДО 2020 ГОДИНА

Број 82 од 26.01.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Page 2: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

ПредлозиДДВ ПО НАПЛАТЕНА ФАКТУРА

Во Собранието пристигна предлог за менување на начинот на плаќање на данокот на додадена вредност (ДДВ). За да се зголеми ликвидноста во бизнис-секторот, пратеникот на НДП, Изет Зеќири, смета дека фирмите треба да плаќаат ДДВ откако ќе ја наплатат фактурата за тоа што го продале, а не како што е сега, кога компаниите законски се обврзани да платат данок за одредена трансакција, која може да се случи и воопшто да не биде наплатена. -За да му се помогне на бизнис-секторот да ги надмине ликвидносните

проблеми, предлагам ДДВ да се плаќа на принцип на реализација, а не на фактура. Тоа значи даночниот долг да настанува во моментот кога е платена фактурата за извршениот промет на доброто и услугата, - смета пратеникот Зеќири. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, не ја отфрла идејата, но... -Во европските земји има различни искуства, во некои земји е таа методологија, во други е тоа што кај нас се применува. Со оглед дека времињата во економска смисла се релативно ризлични, прашање е дали сега треба да се прават промени во Законот за данок на додадена вредност, кој е најстабилниот и најсигурен извор на буџетски приходи. Ние сепак сме отворени за даночна анализа на предностите на едно такво решение во целост или пак во ограничена форма. - изјавил Ставрески.

НЕМА ИЗЛЕЗ БЕЗ СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ!

Од кога сум јас во Бетон главниот пазар секогаш ни беше надвор од границите на Македонија, а сега состојбите се целосно променети. Во Русија моментално нема македонска компанија. Русија и Украина ги изгубивме целосно. Таму работите се многу стегнати, конкуренцијата е премногу засилена, не може да се добие ни виза, а камоли тендер и работа. Наездата на работници од земјите на Заедницата на независни држави континуирано се зголемува 20 години, а тоа ги снижува цените. Што се однесува на Блискиот Исток и Северна Африка и кога имаме можност сме претпазливи, бидејќи станува збор за несигурни инвестиции и договори, кои многу лесно се кршливи и може да нè заглават со милиони евра. Навистина тешко е да се гледа иднина за македонското градежништво без излез на странските пазари. Ќешки да продолжи оваа градежна експанзија кај нас, но прашање е до кога државата ќе издржи со олкави вложувања.

(Трајко Трпевски, извршен директор на „Бетон“)

ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ НА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ

Признанијата на полето на општествената одговорност се потврда дека нашите искрени намери се добро разбрани од пошироката заедница. Ние на сегментот општествена одговорност посветуваме големо внимание, бидејќи на оваа проблематика гледаме како на нераскинлив дел од нашето секојдневно работење. Тргнувајќи од фактот дека

секоја компанија е дел од општеството или од пошироката заедница, нејзиното делување, па ако сакате и раст и развој, е нераскинливо поврзано со поширокиот општествен развој, како и развојот на човечките ресурси внатре во компанијата. Ниту една компанија не е изолиран субјект, ниту пак нејзиниот долгорочен развој е можен доколку тој не кореспондира со општите прилики на економски и политички план. Оттука, не се работи за компаниски интерес, туку за природна обврска на ЕВН Македонија како дел од македонското општество да биде во постојана интерактивна врска, каде што покрај тоа што ќе работи на реализација на своите деловни цели, паралелно ќе работи на поттикнување на развој во различни општествени сегменти. Токму затоа, ЕВН Македонија е активна во неколку области, како што е едукација за енергетска ефикасност, на што веќе работиме повеќе од пет години и сме едни од пионерите во Македонија кои ја отворија оваа суштинска тема. Младите и потенцијални кадри ги поддржуваме преку различни проекти, како што се летната практична работа, потоа регрутација преку едногодишни тренинг-програми, а за најдобрите студенти на ФЕИТ доделуваме и стипендии како директна поддршка за оформување професионални кадри. Многу важни за нас се и проектите за социјално ранливите групи, особено нашите активности за подобрување на квалитетот на животот на децата со посебни потреби, на децата без родители, социјално загрозените итн. Имаме специјална соработка и со Црвениот крст, со цел да придонесеме за што поквалитетен живот на различни групи граѓани без оглед на возраста. Потоа, би ги истакнала нашите ангажмани во спортот, а особено во културата, како и традиционалната соработка со Македонската опера и балет и многу други институции кои ја негуваат македонската култура и традиција.

(Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН Македонија)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2012 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

Почнува поднесувањето барања за „Купи куќа, купи стан“

АПЕЛ ОД ВЛАДАТА ДО ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ИСКОРИСТАТ МОЖНОСТА

Од 25.1.2012 година почнува апликацијата за проектот „Купи куќа, купи стан“. Владата очекува голем интерес од граѓаните за проектот кој ќе им овозможи да го решат едно од најважните прашања - обезбедување дом. Ова е продолжение на активните мерки и политики на Владата за решавање на станбеното прашање и поддршка за

илјадници граѓани за негово решавање, рекол премиерот, м-р Никола Груевски на заедничка прес-конференција со вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески и претставници на банките кои се вклучени во реализација на проектот, а пренесува МИА. Тој упати апел до граѓаните да ја искористат оваа можност, да се информираат добро со условите за аплицирање на овој проект и да не чекаат. Апликациите до банките, како што информира министерот Ставрески, ќе се доставуваат до 1 март, по што ќе следи одобрување и првите кредити треба да се исплатат на почетокот на април. Проектот е наменет за сите граѓани, а особено за оние што имаат пониски примања. Министерот очекува голем интерес. За подобро информирање на заинтересираните граѓани, Министерството за финансии почнува караван во сите поголеми градови во Македонија. Банкарите го оценуваат како добар проект кој ќе овозможи многу млади луѓе да го решат станбеното прашање. Предноста е, рекол директорот на НЛБ Тутунска банка и претседател на Здружението на банкарството во Стопанската комора на Македонија, Ѓорѓи Јанчевски, што банките ќе добијат многу

нови клиенти, помош при негативни ефекти од кризата и значајна поддршка на градежниот сектор. Владата очекува интерес од градежните компании за изградба на нови станови и намалување на цената на метар квадратен. Како што истакна министерот Ставрески, градежните компании посочиле дека може да се намали цената на метар квадратен во некои скопски населби, како Кисела Вода, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, како и во внатрешноста. Услов за учество е барателите на кредитот да немаат примања поголеми од

900 евра месечно, цената на недвижноста да не биде над 900 евра за метар квадратен, а кредитот да не надминува 50.000 евра. Има две варијанти. Со едната „пола-пола рата“ Владата неповратно ќе обезбеди средства за половина од месечната рата од станбениот кредит во првите пет години. Со вториот модел „пола учество“ државата ќе плати 50 отсто од учеството за кредитот. Кај првиот модел каматата е 4,99 проценти за првите три и 5,5 отсто за следните две години.

Барањата може да се поднесуваат до НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка - Скопје, Охридска банка, Шпаркасе, Прокредит банка, Алфа банка, ТТК банка и Стопанска банка - Битола.

Проектот „Купи куќа – купи стан“ одлична можност за граѓаните да го

решат стамбеното прашање

ГРАДЕЖНИЦИТЕ СИ ОБЕЗБЕДИЈА РАБОТА, БАНКИТЕ КЛИЕНТИ

Проектот „Купи куќа – купи стан“, којшто влегува во реализација е одлична можност за илјадници граѓани на Република Македонија кои не можат да дојдат до средства за решавање на станбеното прашање со овие поволности што ги нуди Владата да дојдат до остварување на својата цел - да изградат своја куќа или да купат стан, изјавил премиерот Никола Груевски. - Проектот се води преку банките и тоа е сериозен негов кредибилитет. Значи, изборот нема да го врши Владата па да речат партиски или вака, онака, туку тоа ќе си го вршат комерцијалните банки. Вклучени се најголемиот дел од банките, сите што сакаа да се вклучат, сите беа поканети, така што очекувам некаде на пролет да ги имаме и првите резултати и огромен број граѓани на Република Македонија да дојдат до остварување на својот животен сон – купување на куќа, изградба на куќа или купување на стан, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на двојно тениско игралиште во наслеба Карпош, а пренесува МИА.

Тој упати апел до градоначалниците да овозможат поголема реализација на деталните урбанистички планови со цел градежните фирми да можат да изградат повеќе куќи или згради затоа што, вели, не се исклучува во иднина да има инвеститори кои нема да инвестираат само во згради, туку и во цели населби со куќи кои подоцна една по една ќе ги продаваат како што се случува во западните развиени земји. - Кај нас обично, досега, само згради се градат, но не се исклучува да земе еден инвеститор поголем плац да изгради 100, 200, 300 куќи и поединечно да ги продава. Доколку нема простор за градба ќе се доведе во опасност проектот, односно ќе нема доволно можности за остварување на сите овие планови или ќе се пренасочи само кон

ПРОЕКТИ

Page 4: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

станови што не е добро. Добро е да се пренасочи кон куќи бидејќи тие имаат дополнителна вредност затоа што во иднина тие може да се надградат, да се прошират кога семејството ќе се зголеми и на тој начин практично овозможуваат повеќе можности за едно семејство да се прошири и да има повеќе деца, посочува премиерот.

Можно ли е намалување на цената на становите цо владиниот проект „Купи

куќа купи стан“?

ЦЕНА ОД 900 ЕВРА ТАМУ КАДЕ ШТОДОЗВОЛУВААТ РЕАЛНИТЕ УСЛОВИ

Проектот „Купи куќа купи стан“ ќе ги намали цените на становите онаму каде што дозволуваат реалните услови, оценил вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески. - Извесно корегирање на цените со цел да се постигне цената од 900 евра за метар квадратен што е услов за учество во овој проект од страна на градежните компании мислам дека е можно онаму каде што реалните услови го дозволуваат тоа, значи таму каде што маржата е прашањето кое треба да се реши односно да се намали, вели Ставрески, а го цитира МИА. Сепак, укажува, ако станува збор за централно градско подрачје каде што цената е многу повисока од 900 евра веројатно тоа не може да се постигне. Но, истакна, има области и во градот Скопје и во внатрешноста на Македонија каде што таа цена е сосема остварлива, изјавил Ставрески, кој очекува голем интерес за учество во проектот од градежните компании, со оглед на намалените потрошувачки и станбени кредити од банките поради кризата. Проектот, смета вицепремиерот, доаѓа во вистинско време со цел да обезбедат станбени кредити и градежните компании да можат да ги продадат постојните станови. Според Ставрески, завршени се сите подготовки за проектот во чии рамки од среда граѓаните ќе може да поднесат барања до осумте деловни банки кои се вклучени во проектот. - Министерството за финансии заедно со банките ги изврши сите подготовки за граѓаните што полесно се вклучат во проектот и бидат што повеќе информирани за можностите за повластената каматна стапка која ја добиваат и за субвенцијата од Владата за половина учество или половина месечна рата, подвлекол Ставрески.

ЗАФАТИ

Владата на РМ усвои Акциски план за намалување на „сивата“ економија за

2012 годинаСО СИТЕ СРЕДСТВА ПРОТИВ

НЕЛЕГАЛНИТЕ БИЗНИСИ

Институциите на системот со повеќе активности за подобрување во делот на регистрацијата на бизнис, плаќање и пријавување даноци и работници и плаќање на придонесите за социјално осигурување, како и со засилување на инспекциските надзори годинава ќе се обидат да го намалат нивото на „сивата“ економија во земјава. Тоа го предвидува Акцискиот план за намалување на „сивата“ економија за 2012 година, што го усвои Владата на Република Македонија (17.1.2012 година). - Трговијата е секторот во кој најмногу е застапена „сивата“ економија, како во делот на неплаќање даноци, така и во делот на непријавени работници. Ќе имаме сериозни проблеми при имплементирањето на Законот за трговија, но ќе мораме заедно со Државниот пазарен инспекторат и со другите инспекторати да ги засилиме нашите активности и полека но сигурно

да ја елиминираме „сивата“ економија, рекол министерот за економија Валон Сарачини на прес-конференција, а го цитира МИА. Во 2005 година „сивата“ економија во Македонија изнесуваше околу 40 проценти од БДП, а анализите и истражувањата направени во текот на минатата година покажуваат дека „сивата“ економија е намалена на околу 30 проценти од БДП. Тоа е резлултат на мерките што ги презеде Владата, која почнувајќи од 2007 година секоја година усвојува и одобрува акциски план за намалување на „сивата“ економија. - Министерството за економија за годинава планира сериозни активности во делот на Законот за трговија и целосно спроведување на Законот за туристичка и угостителска дејност. Во соработка со Државниот пазарен инспекторат ќе ги засилиме инспекциските надзори, а

се планираат и активности во делот на енергетиката и минералните суровини и метрологијата, појаснил Сарачини. -Сигурно е дека целосно нема да ја избришеме „сивата“ економија, но ќе работиме да се намали на завидно ниво. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски посочил дека борбата на Министерството за намалување на „сивата“ економија ќе се насочи кон непријавените работници и нелегалните бизниси. - Започна имплементацијата на новиот оперативен план на активни политики за вработување со кој повротно се предвидува мерката за формализација на неформалните бизниси која во изминатиот период покажа завидни резултати. Очекуваме и годинава да има зголемен интерес за мерката од која имаме двоен бенефит, намалување на нивото на „сива“ економија и влегување на субјекти во реалниот систем со плаќање на придонеси, рекол Ристовски. Тој најавил зголемување на интензитетот на контролите на Трудовата инспекција во следниот период, бидејќи, нагласи, информациите говорат дека повторно има актуелизирање на недисциплината кај дел од работодавачите во поглед на ангажирање работници „на црно“. - Отстапки во однос на контролите за непријавени работници нема да има. Тоа го покажуваат и последните измени на Законот за работни односи со кои се предвидуваат санкции од 6 до 7.000 евра за констатирани непријавени работници, рекол Ристовски и додал дека за Министерството е идентично каде е најден непријавен работник дали во мал маркет или во голема компанија. Засега се смета дека бројот на инспектори е доволен. Лани, нагласил, од инспекциските служби биле откриени околу 2.000 непријавени работници. - Убеден сум дека бројката е многу поголема. Очекувам годинава да имаме многу поголема ефикасност во откривањето на непријавените работници, бидејќи веќе не станува збор за остварување на права од работен однос, туку за хумана димензија и за човекови права, рекол Ристовски и додал дека нема да има сектор или гранка која нема да биде предмет на контрола.

ПРОЕКТИ

Page 5: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

АКТУЕЛНО

Цели и задачи на новоформираната Групација на обновливи извори на

енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА)

ДО 20 ОТСТО ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ДО 2020 ГОДИНА

Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонскарта енергетска асоцијација (МЕА) е конституирана и делува од 2.12.2011 година. Претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија е д-р Кочо Анѓушев. Таа е формирана на иницијатива на членките на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, кои се занимаваат со производство на

енергија од обновливи извори , а тоа се: сончева енергија; хидроенергија; ветерна енергија; геотермална енергија и енергија од биомаса и биогас. Ова беше нагласено на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, на која беа промовирани целите и задачите на оваа новоформирана групација (23.1.2012 година). Во Групацијата членуваат околу триесетина фирми од гореспоменатите области и концесионери на хидропотенцијал за градба на мали хидроелектрани. Здружувањето во групацијата е на доброволна основа, а зачленувањето во истата е отворено за сите заинтересирани. Цел на Групацијата е унапредување на производството на енергија од обновливи извори на енергија во функција на зголемување на процентот на учество во вкупното производство на енергија и стратешката определба 20 /20/20. Учеството на енергијата добиена од обновливи извори во финалната портошувачка на енергија во 2011 година е 16,6 %. Во согласност со стратешката определба на 20/20/20 (20% обновлива енергија до 2020 година) Владата има

пропишана динамика на пораст на процентот на енергија од обновливи извори на енергија и тоа:

Целен процент Година

17,2 % до 31.12.2012

17,6 % до 31.12.2013

18,1 % до 31.12.2014

18,5 % до 31.12.2015

18,9 % до 31.12.2016

19,0 % до 31.12.2017

19,5 % до 31.12.2018

21,0 % до 31.12.2019

21,0 % до 31.12.2020

За стимулирање на градбата на енергетски постројки за произвоство на електрична енергија, воспоставени се повластени тарифи за преземање на електричната енергија.

Во моментот, во Македонија има 23 мали хидро-ентали, од кои 9 се на приватни компани и користат повластена тарифа, 11 се на ЕВН и 3 се на општински јавни претпријатија. Исто така, има 7 фотоволтаични електрани кои користат повластена тарифа. Во тек е изградба на првата ветерна електрана во околината на Богданци, а ја гради ЕЛЕМ. 13 компании имаат 47 концесии за хидропотенцијал за градба ма МХЕ. Перо Авакумовски

МОЖНОСТИ Вкупно 15 проекти во Македонија лани поддржани од WeBSEFF - Програма на ЕБОР/ЕУ за финансирање проекти за

одржлива енергијаКОМПАНИИТЕ ЌЕ ЗАШТЕДАТ БЛИЗУ 3

МИЛИОНИ ЕВРА НА ЕНEРГИЈА

Вкупно 15 проекти во Македонија во висина на задолжувања над 4,4 милиони евра заклучно со декември 2011 година поддржа WeBSEFF - Програма на ЕБОР/ЕУ за финансирање проекти за одржлива енергија за Западен Балкан, соопшти Канцеларијата на Програмата во Скопје. Вкупните годишни заштеди за сите проекти се проценети на приближно 3 милиони евра, додека просечниот повраток по инвестиција за проектите од енергетска ефикасност е три години, а за обновливи извори нешто повеќе од четири години. - Периодот на повраток значително се намалува со готовинскиот грант за успешно реализиран проект од 15 или 20 проценти во зависност од видот на инвестиција. Овие компании - пионери во инвестирањето во енергетска ефикасност и обновливи извори, ќе отворат нови можности за зголемена конкурентност на македонските производи, локално и во поширокиот регион, истакнува Јасминка Капац, координатор на Канцеларијата на Програмата во Скопје, а пренесува МИА. Трите проекти од обновливи извори на енергија, од кои два на „Скопски пазар“ своите енергетски заштеди ги темелат на поставување на геотермални топлински пумпи додека „Тинг Инокс“ од Кочани ќе постави сончеви колектори за загревање на санитарна топла вода како засилување на мерките за енергетска ефикасност. Проектите од енергетска ефикасност кои вклучуваат модерницазија на процесна опрема, замена на котли, ефикасни системи за пареа и централно греење, како и изолација на фасада, замена на прозорци и врати се најзастапени, вели Ирена Златановиќ – Дамчевска, главна инженерка која работи со инвеститорите на развој на проектна документација, активност која е бесплатно на располагање преку Програмата WeBSEFF. Тука се вбројуваат компании од печатарската индустрија, металургијата, транспорт и шпедиција, слатки и колачи, маркети, од хемиска индустрија, но можностите за заштеда се неограничени во сегашни услови на дотрајана опрема и стари машини. Проектите се пласираат од страна на банките-учеснички во Македонија, меѓу кои Охридска банка - Сосиете Генерал, Халкбанк и НЛБ Тутунска банка. WeBSEFF во регионот поддржа 61 проект во висина од околу 31 милион евра, што ја прави најповолна програма за финансирање одржливи решенија во регионот на Западен Балкан.

Page 6: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

НАЈАВИ

За инфраструктурни проекти во 2012-та наменети околу 78 милиони евра

НАЈАВЕНО ДОВРШУВАЊЕ НА КОРИДОРОТ 10

Во рамките на започнатиот проект за обнова на инфраструктурата во Македонија, во 2012 година Владата има предвидено околу 78 милиони евра за изградба и реконструкција на локални и регионални патишта. Премиерот Никола Груевски најавува и довршување на Коридорот 10.

- Во средината или втората половина на годинава треба да почне градбата на последното парче од Коридорот 10 од автопатот „Александар Македонски“, во делот Смоквица - Демир Капија, за што има обезбедено финансии и е во фаза на избор на компанија што ќе го гради. Инвестицијата ќе биде над 200 милиони евра и ќе биде сериозен импут за градежните компании. Независно кој ќе го земе тендерот, секако македонските фирми ќе бидат вклучени, изјавил Никола Груевски по посетата на новата лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии, а го цитира МИА. Премиерот очекува до крајот на 2012-та да почне и првата од неколкуте фази од пругата кон Бугарија. - Работиме со Европската банка за обнова и развој до крајот на годинава да почне изградбата на железницата кон Бугарија, истакнал Груевски. Во инфраструктурниот план е довршување и на други патни правци, како Струмица - Радовиш и уште неколку регионални патишта кои се почнати и треба да завршат со доинвестирање со средства од годинашниот буџет. Премиерот ги посочил и патните правци кон Кожуф, во Поречието...

Три столба на владината стратегија за привлекување инвестиции

МЕЃУНАРОДНА КАМПАЊА, ПОСТОЈАНО ПОДОБРУВАЊЕ НА

БИЗНИС-КЛИМАТА И СОЗДАВАЊЕ ЕДУЦИРАНИ КАДРИ

Владината стратегија за привлекување инвестиции се темели на

три столба - ставање на земјата на светската мапа на инвеститори преку континуирана меѓународна кампања, унапредување на условите за водење бизнис и вложување во образованието за создавање што повеќе едуцирани кадри. - Македонија беше надвор од сите мапи на инвеститорите, на странските инвеститори и на странските инвестициони куќи и на консултантските куќи коишто насочуваат инвеститори. За да се вратиме прво требаше да направиме меѓународна кампања за да се подигне имиџот и да се информира светот за тоа какви се условите за правење бизнис во Македонија и да се повикаат во Македонија. Заради тоа веќе три-четири години имаме меѓународна континуирана кампања за информирање на странските инвеститори и паралелно на тоа имаме меѓународна континуирана кампања за промоција на Македонија како туристичка дестинација што, меѓу другото, помага и за имиџот на државата, нагласува м-р Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија, а пренесува МИА. Во однос на направените крупни промени во сферата на унапредување на бизнис-условите, целта е вели, кога ќе дојдат бизнисмените не само што земјата е добро изрекламирана, туку да видат и дека има ниски даноци, многу помалку бирократски процедури како што било во минатото, многу побрзи услови за правење бизнис и многу погодности.

- Тоа го правиме континуирано. Светската банка го следи и секоја година ни оддава високо признание за тоа и веќе, според листата на Светската банка, сме 22-ри во светот, пред 19 земји во ЕУ во делот на создавање на добра бизнис-клима, односно добри услови за компаниите да прават бизнис, независно дали се странски или се домашни. Ние подеднакво работиме да создадеме добри услови за странските и за домашните инвеститори, подвлекува премиерот. За да се овозможи што поголем број наши граѓани да се едуцираат, да завршат повисоко образование, да стекнат поголеми вештини, Владата, рече отвори нови универзитети, нови факултети, многу дисперзирани студии, кампања за поттикнување на младите луѓе да одат на високо образование. - Овозможивме исто така и

повеќе насочување кон техничките науки и соработка со компаниите и факултетите како што беше со „Џонсон контрол“ пред да ја отвори фабриката тие едуцираа кадар на Машинскиот факултет што подоцна го презедоа во фабриките и го насочија токму за производството што нив им е потребно, рече премиерот Груевски појаснувајќи ги трите главни столба на кои се заснова владината стратегија за привлекување инвестиции и кои важат и за странски и за домашни инвеститори.

Формирана е комисија што ќе го регулира субвенционирањето на евтини

авиолетовиКРЕТИРЕИУМИТЕ ДО ФЕВРУАРИ

Формирана е комисија што ќе ги утвдува критериумите под кои ќе се субвенционираат евтини авиолетови, а за таа намена Владата обезбедила средства во буџетот за 2012 година.

- Тие средства ќе се распределат по критериумите што ќе ги уреди комисијата. Мислам дека тоа ќе биде завршено во февруари и ќе биде објавен оглас на кој ќе можат да се јават меѓународни компании што сакаат да ги користат тие субвенции, кои ќе понудат нови авиолинии и ќе носат туристи во Македонија, вели м-р Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија, а го цитира МИА. Тој нагласува дека важно во овој проект е да се привлечат компании кои не само што ќе продаваат евтини билети, туку и кои ќе ја рекламираат нашата земја за да ги наполнат своите авиони со патници. - Во земјата од каде што го прават летот тие од својот буџет инвестираат голема сума пари за реклама во тамошните медиуми за да привлечат што повеќе туристи да ја посетат Македонија и нивната авиолинија да биде профитабилна. Тоа е додатна вредност. Се работи за три-четири компании од Европа, познати и во светот, кои се од таков тип, кои не само што превезуваат, туку прават и сериозен маркетинг и пропаганда за земјата. Токму такви компании сакаме да привлечеме. Штом ќе ги завршиме критериумите, во февруари, ќе објавиме оглас и потоа ќе има преговори со компаниите, - додава премиерот Никола Груевски.

Page 7: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Претседателот Ѓорѓи Иванов, заедно со кинескиот амабасадор во РМ, Цуи Живеи, во посета на „Алкалоид“ПОДГОТОВКА ЗА ИЗВОЗ И НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, заедно со кинескиот амабасадор во РМ, Цуи Живеи, ја посети фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД - Скопје (23.01.2012 година).

По посетата, Ѓорѓи Иванов изјавил дека компанијата е навистина успешна приказна во Македонија која ги задоволува највисоките стандарди за најпребирливите пазари, што, според него, укажува дека како држава ги негуваме сите можности кои ги бараат странските пазари. - Можам само да му честитам на тимот предводен од господинот Мукаетов што успева да се одржуваат тие стандарди и да се нудат производи за сите странски пазари. Посетата ја искористив сето тоа да му го презентирам и на кинескиот амбасадор, за да може да ги види потенцијалите на фармацевтската индустрија во Македонија и можностите за извоз и за трговска размена меѓу двете земји, рекол Иванов, а пренесува МИА.

Кинескиот амбасадор Цуи Живеи подвлекол дека тоа што го видел во „Алкалоид“ го импресионирало и оти ќе ги вложи сите напори за интензивирање на соработката меѓу двете земји. Директорот на „Алкалоид“ АД - Скопје Живко Мукаетов посочил дека кинескиот амбасадор го запознал со можностите на компанијата во делот на билките и чаевите и ги презентирале производните капацитети и оние кои се врзани за новиот Институт за развој и контрола на квалитет. - Имавме чест да покажеме дека

во Македонија има потенцијал за развој, напредок и уште подобри резултати. Разговаравме дека во овој момент ние се` уште сме во една фаза на снимање на ситуацијата таму бидејќи се работи за еден голем комплициран пазар, каде секој град кој е над еден милиони жители, а има стотина такви, има своја филозофија на функционирање и економско работење, - рекол Мукаетов. Македонија, истакнал тој, има билки и чаеви кои во Кина ги нема, а и вино кое може да го понуди како контра теза на она што Кина може да ни го понуди, а тоа е огромен сегмент на разни производи. Мукаетов додал дека увозот на суровини од Кина е милион и триста илјади американски долари.

Интензивирање на соработката меѓу ЕВН Македонија и МЕПСО за постабилен енергетски системЗАЕДНИЧКО КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ТРАНСФОРМАТОРСКИТЕ СТАНИЦИ

ЕВН Македонија и МЕПСО потпишаа договори со кои ги регулираат меѓусебните права и обврски за работење и одржување на 38 заеднички трансформаторски станици ширум земјава. Заедничкото користење на трансформаторските станици наложува нивно техничко, финансиско и правно детално дефинирање со цел утврдување на правата и обврските на двете компании меѓусебно и во нивните односи со трети лица. Договорите беа подготвувани од стручни лица од двете компании, а преку нив се поддржува амбиент на добра соработка, во остварувањето на основната обврска, обезбедување на високо ниво на сигурност во снабдувањето со електрична енергија, како и безбедност на вработените и околината, велат од компаниите. Материите, кои се предмет на секој од договорите, нагласуваат, меѓусебно се поврзани, при што, дел од работите се базираат на општи правилници, процедури, стандарди, но и на посебни, усвоени концепти за применетите технички решенија и принципи на работењето во двете компании. Со цел потребните

промени во договорите, да се вршат ефикасно, се формира заедничко тело за нивно следење. - Со раздвојувањето на дејностите пренесување и дистрибуција на електрична енергија од старото интегрирано електростопанство, се изврши функционална поделба во 38 трансформаторски станици во кои е интегрирана опрема за висок, среден и низок напон. Во овие објекти, се оперира со специфична опрема која е заедничка за дејностите на ЕВН Македонија и на МЕПСО и има значајна улога во функционирањето на трансформаторските станици, прецизираат од компаниите. Во групата на заеднички трансформаторски станици на двете компании се и објектите ТС Теарце и ТС Бунарџик, кои беа изградени во меѓувреме.

ЕВН Македонија ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВА

ТРАФОСТАНИЦА ВО САРАЈ

ЕВН Македонија ја пушти во употреба новата 10(20)/0,4 киловолтна трафостаница на излезот од општина Сарај, пред клучката за село Матка, а целосно е реконструирана и нисконапонската мрежа во должина од два километра.

Како што соопштува ЕВН Македонија, направена е замена на дотраените стари дрвени столбови со нови, заменети се старите проводници и направено е растоварување на постојните изводи. Се врши и дислоцирање на мерните места на граница на имоти, со што ќе се воведе ред во снабдувањето со електрична енергија. - Со оваа инвестиција се подобрува квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, а со зголемувањето на капацитетите се отвора и можноста за приклучување и на идни корисници, како и можноста за поголем стопански развој во општината, се вели во соопштението. Со новата трафостаница се заокружи инвестиционата програма на ЕВН Македонија за општина Сарај која изнесува 150 илјади евра.

Page 8: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

АД „Електрани на Македонија“ завршила солидна година во многу сегменти на работењетоЦЕЛОСНО ИСПОЛНЕТ ПЛАНОТИ ИНВЕСТИРАНИ 57 МИЛИОНИ ЕВРА

Изминатата 2011 година беше солидна во повеќето сегменти од работењето на АД „Електрани на Македонија“, оценил генералниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чингоски на прес-конференција на која информираше за остварените резултати на компанијата во минатата и за плановите за годинава.

- Минатата година, АД ЕЛЕМ инвестира над 57 милиони евра во нови енергетски проекти, модернизација и ревитализација на постојните капацитети, како и во подготвителни активности за изградба на нови капацитети. Компанијата лани беше на ниво на својата задача и речиси во целост го исполни зацртаниот план за производство на електрична енергија во согласност со Енергетскиот биланс, рекол Чингоски. Тоа, нагласил, се должи на солидната оптимизација и координација помеѓу термо и хидрокапацитетите, одличната техничка подготвеност на капацитетите, успешниот процес на ревитализација на хидроелектраните и на заложбите на вработените за обезбедување на континуирано производство. - Од термо и хидрокапацитети на ЕЛЕМ на електроенергетскиот систем на Република Македонија му се испорачани 6.043 гигаватчасови електрична енергија, што претставува реализација на 99,5 отсто од вкупно планираното производство, појаснил Чингоски. Термоелектраните „Битола“ и „Осломеј“ произвеле 4.775 гигаватчасови или 98,2 отсто од планираното со што е остварено за 498 гигаватчасови поголемо производство од рекордната 2010 година. За да се постигне тоа рудниците „Осломеј“, „Суводол“ и „Брод Гнеотино“ експлоатирале околу 7,8 милиони тони јаглен за потребите на термоблоковите.

Хидроелектрани и покрај сушата произвеле 1.268 гигаватчасови со што за 4,4 отсто го натфрлиле планираното годишно производство. Минатата година, особено во второто полугодие се соочивме со досега незапеметена суша. Дотокот на вода во акумулациите спореден со 2010 година беше помал дури за 1.381 гигаватчасови, односно за огромни 61,5 отсто. Намалениот доток особено е изразен во последното тримесечје од 2011 година, а трендот на намалени дотоци продолжува и во првите денови на јануари со намалување од цели 72 отсто, што е проследено со понатамошен пад на нивото на акумулациите, истакнал Чингоски. Во 2011 година, додаде, е регистриран рапиден пораст на конзумот и натпросечна потрошувачка на електрична енергија кај тарифните потрошувачи во однос на последните пет години. - Во текот на минатата година бележиме потрошувачка од 6.975,7 гигаватчасови што е најголема годишна потрошувачка од 2005 година. Овие бројки алармираат дека голем дел од потрошувачите, особено во Скопје веќе не користат парно греење, туку почнале да ја користат електричната енергија за затоплување. Овој тренд е крајно загрижувачки и би можел да го загрози функционирањето на електроенергетскиот систем, и неговата стабилност и доверливост, потенцирал Чингоски. Лани од редовен увоз АД ЕЛЕМ за тарифните потрошувачи набави 505,9 гигаватчасови електрична енергија што е за 128,9 гигаватчасови повеќе во однос на планираните 377 според Енергетскиот биланс за минатата година. - Вкупниот износ за набавка на електрична енергија во 2011 година изнесува 41 милиони евра, по просечна цена од 80,78 евра за мегаватчас што е за 35 отсто повисока во однос на 2010 година. Преку транспарентна продажба на вишоци на електрична енергија по пат на аукции, АД ЕЛЕМ лани реализира продажба на 172,3 гигаватчасови електрична енергија од кои оствари обрт од 7 милиони евра или чиста добивка од 1,1 милиони евра, средства кои се реинвестирани во нови енергетски проекти, посочил Чингоски. Во најголемиот комбинат за производство на електрична енергија РЕК „Битола“ во тек е модернизација и автоматизација на термоблоковите и продолжување на работниот век на ТЕ „Битола“ вредна 55.9 милиони евра од кои во 2011 беа инвестирани 18,4 милиони евра. - Годинава во РЕК „Битола“ почнуваме и со капиталната инвестиција која опфаќа модернизација на котлите во термоелектраните „Битола“. Овој проект, вреден 88,5 милиони евра ќе го изведува германската компанија „Бобкок Борсиг“, која беше најдобро рангирана фирма

на транспарентен меѓународен тендер со претквалификациска фаза, рекол Чингоски. Проектот опфаќа целосната промена на јагленовиот тракт, доводот на јаглен, доводот на воздух, намалување на нивото на штетните емисии со што РЕК „Битола“ ќе стане компатибилен во делот на емисија на азотни оксиди и ќе ги исполни најстрогите европски директиви за заштита на животната средина. Финишира и изградбата на главниот транспортен систем за јаглен од рудникот Брод Гнеотино до Суводол во должина од 11 километри кој го изведува германската компанија Тисен Круп во вкупен износ од 18,6 милиони евра. Течат и подготвителни активности за изградба на транспортен систем за водено одлагање на пепелта во РЕК „Осломеј“... - АД ЕЛЕМ во текот на 2011 година, работеше и на подготовките за реализација на проектите ХЕЦ „Бошков Мост“, акумулацијата Луково Поле и Паркот на Ветерни електрани „Богданци“. Хидро проектите „Бошков мост“ и „Луково поле“ се во финална фаза на подготовки, а течат активностите и за реализација на ветерниот парк „Богданци“. Хидроцентралата „Св. Петка“ е влезена во својата последна фаза од изградбата, машинската зграда е целосно завршена, а во моментов се работи на монтажа на хидроагрегатите. Доколку работите продолжат со оваа динамика, очекуваме капацитетот до почетокот од летото да почне да произведува електрична енергија. За доизградба на овој проект, во 2011 година се инвестирани 15 милиони евра, рекол Чингоски. Во тек е, нагласи, имплементацијата на Бизнис Информациски Систем (САП ЕРП) чија примена ќе ги стандардизира, интегрира и автоматизира бизнис процесите во сите подружници на компанијата.

Најавена нова кредитна линија од ЕИБ по завршување на претходнатаНОВИ 50 ДО 100 МИЛИОНИ ЕВРА

Премиерот Никола Груевски најави повлекување нова кредитна линија за мали и средни претпријатија од Европската инвестициска банка од 50 до 100 милиони евра, по завршувањето на претходната. По отворањето на лабораторијата за мерење еколошки параметри на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во изјава за медиумите Груевски рекол дека Владата постојано прави мерки и чекори за поддршка на стопанството. - Неодамна усвоивме нови 50 мерки кои треба некаде од средината на годината да се завршат. Една од мерките којашто можеби е најзначајна е тоа што како што завршува кредитната линија

Page 9: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

за мали и средни претпријатија која ја влечеме од Европската инвестициска банка, така ќе повлечеме нова од 50 па можеби и 100 милиони евра за да можат нашите компании да користат кредити по ниски каматни стапки до 5,5 проценти кои се субвенционирани, изјавил премиерот, а го цитира МИА. Најавено e дека Владата субвенционира и ќе продолжи да субвенционира камати за кредити на приватниот сeктор. - Тоа е директна интервенција во приватниот сектор со субвенционирање камати за македонските компании. Се разбира, за да нема политички влијанија, сите тие кредити одат преку комерцијалните банки и тие ги одредуваат компаниите кои ги исполнуваат стандардите, а во финалето, Македонската банка за развој

ги доделува кредитите по претходна согласност со некоја од комерцијалните банки, - појаснил Груевски. Од она што го разбрав на еден од последните состаноци со банкарите и стопанските комори, истакна премиерот, тие целосно се преструктуирани на оваа кредитна линија што и практично сите кредити што ги издаваат ги издаваат од оваа кредитна линија, бидејќи сите други извори на средства што ги имаат банките се поскапи. - Нас тоа не` радува, бидејќи пред две години кога почнавме да ја пласираме оваа кредитна линија на почетокот имаше мала искористеност, најверојатно поради слабата запознаеност. Но, сега интересот е огромен и за неколку месеци, половина од последната кредитна линија е распределена. Се надевам дека наскоро ќе биде распределена и втората половина, а веќе работиме и за нова кредитна линија, - изјавил Груевски.

ПроКредит банка СМС-НОТИФИКАЦИЈА - НОВА УСЛУГА

Од овој месец ПроКредит банка ја воведе услугата СМС известување. Со активирање на оваа услуга клиентите добиваат известувања за пристигнати приливи од странство, приливи по основ на плата, пензија, трансакции со картичка на банкомати, платежни терминали (ПОС)

или интернет-плаќања. СМС-услугата за обновени картички, изработени и пристигнати картички во експозитура, информација за достасување рата од кредитен производ ќе биде бесплатна за сите клиенти на ПроКредит банка. - Со воведување на СМС-нотификацијата обезбедуваме современа услуга за нашите клиенти, повисока безбедност кога станува збор за трансакции извршени со платежна картичка, како и зголемување на ефикасноста на регуларните известувања на клиентите. Во насока на поедноставување и овозможување поголема флексибилност во користењето на банкарските услуги, ПроКредит банка на сите свои клиенти, корисници на ’мастер’ и ’маестро’ им ја овозможува услугата ’мани сенд’. Со оваа услуга се овозможува трансфер на средства од или на сопственик на картички ’мастер’ и ’маестро’ од ПроКредит банка на друг корисник на истиот бренд преку кој било банкомат, платежен терминал (ПОС), интернет или мобилен сервис кој ја поддржува оваа опција,- информираат од оваа банка.

Германско-македонски проект за одржлив развој на туризмот

АКЦЕНТ НА ПРАКТИЧНОТО ДЕЛУВАЊЕ Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид неколкугодишната соработка со германскиот Универзитет за одржлив развој „Еберсвалде“ ја заокружи со почеток на амбициозна тренинг-програма наменета за професори од ФТУ и за други промотери од државни институции и од приватниот туристички сектор во Македонија, насочена кон одржлив развој на туризмот како стопанска дејност. Во рамки на соработката на ФТУ во Охрид се одржа и првата работилница од германско-македонската тренинг програма и мрежа „Одржлив туризам“, на која беа дефинирани содржините на самата програма и нејзиниот временски план. Kако што појаснил деканот на ФТУ Сашо Коруноски, а пренесува МИА, станува збор за долгорочно решение и развојот на соработката е осмислен токму како што тоа го одредува и насловот на

проектот, а тоа е одржливоста. - Не станува збор за огромни зафати што би значеле ризик за нивниот успех, туку чекор по чекор таа соработка да се развива во насока на одржливоста. Во рамките на проектот ќе бидат разработувани реални проблемии реални визии за развојот на туризмот во Охрид.

Сметаме дека за проектот ќе пројават интерес сите кадри од областа на туризмот, но и останатите субјекти инволвирани во туристичкиот сектор, рекол Коруноски, додавајќи дека крајната цел на проектот на оваа соработка е развој на заедничка студиска програма и заеднички дипломи на двете високошколски установи. Професорот Хартмут Раин од „Еберсвалде“ универзитетот кај Берлин во оваа прилика истакнл дека високошколската установа од која доаѓа е единствената институција во Германија која в својата образовна програма вклучува мастер-насока посветена токму на одржлив развој на туризмот. - Целта на проектот е нашето знаење од областа на одржливиот развој на туризмот да го споделиме со партнерите - Факултетот за туризам во Охрид. Интенција е во соработката да бидат вклучени и другите сектори што активно се вклучени во туристичката сфера и на тој начин да продонесеме за развој на туризмот во Охрид. Тоа впрочем е и важно во подготовките на Македонија за влез во ЕУ, оттаму што одржливиот развој е еден од концептите што важат во Унијата, појаснил професорот Раин. Инаку, според предвидените активности, професори од мастер-насоката „Одржлив менаџмент во туризам” на германскиот факултет заедно со свои партнери од праксата и други експерти ќе презентираат релевантни туристички теми со акцент врз аспектите на одржлив развој и со јасна примена во практичното делување. Одвивањето на тренинг единиците ќе го одредат македонските учесници, кои активно го обликуваат концепирањето на проектот. германската сојузна држава Баранденбург. Германско-македонската тренинг програма и мрежа „Одржлив туризам“ беше иницирана во октомври минатата година, со финансиска поддршка од „Германската сојуз на фондација Животна

Page 10: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

средина (ДБУ)”, додека образовните институции меморандумот за соработка го потпишаа во јуни 2011 година. Првиот заеднички проект го нагласува значењето на образованието за одржливи аспекти како основен предуслов за транснационално обликување на идниот соживот. Цел на проектот е обука врз база на соработката, како и размена на искуство во областа на туризмот, туристичката наука и одржливите аспекти. Во текот на проектот кооперационите партнери ќе ги испитаат можностите за формирање на заеднички мастер студии во областа на туризмот. Преку оваа германско-македонска соработка е предвидено во текот на наредните две години да бидат обучени најмалку десет промотери.

Ми-да моторс со нов стратешки партнер од Израел ќе го развива бизнисотРАЗВОЈ И ПРОШИРУВАЊЕ НА КОМПАНИЈАТА СО НОВИ БРЕНДОВИ

Израелската компанија Тавура преку своојата ќерка фирма Гранд Аутомотив е новиот стратешки партнер на македонската компанија „МИ-ДА“. Новата компанија е Ми-да Гранд Моторс која најавува развој и проширување на бизнисот и нови брендови на македонскиот пазар. Претседателот и косопственик во новата компанија Марјан Миновски на промоција рече дека по 25 години успешно работење на компанијата Ми-да поради состојбите во економијата се соочи со предизвикот да бара стратешки партнер при што не беше лесно со кој да се почне развојот и проширувањето на бизнисот на компанијата. - Очекуваме со новото партнерство да се развиваме не само во насока на проширувње на продажбата и сервисната мрежа, туку и во нови брендови, рече Миновски, а го цитира МИА.

Израелската компанија, која е присутна во регионот во Косово, Србија, Црна Гора и Хрватска покрај форд, во други земји ги застапува и брендовите мазда, волво, јагуар, инфинити и лендровер. - Компанијата пред неколку години одлучи да инвестира во Македонија во автомобилизмот. Веруваме во овој пазар и затоа ќе инвестираме и во иднина, изјави претставникот на Гранд Аутомотив и финансиски директор на Ми-да Гранд

Моторс Гил Сегев и додаде дека како ќе се развива бизнисот тие би инвестирале и во други дејности. Компанијата се занимава и со храна, телекомуникации, мода, транспорт и друго. Со поврзувањето од новата компанија очекуваат да се зголеми продажбата и да се подобри пазарниот удел на компанијата во сите сегменти. Минатата година Ми-да ја заврши успешно, вели генералниот директор на Ми-да Гранд Моторс Дарко Димовски. Продадени се 479 возила, со што пазарниот удел е 7 отсто. За годинава најавува новини и промоции.

Со донација од НАТО ќе се реконструираат мостови и патната инфраструктура во земјаваПРОЕКТИТЕ ГОДИНАВА, ИЗГРАДБАТА ДОГОДИНА

Со донација од НАТО во вредност од 8,6 милиони евра во наредниот период ќе се реконструираат мостови и патната инфраструктура во земјава. Ќе бидат опфатени минимум 13 мостови. Проектите ќе се изработуваат оваа година, а изградбата наредната година. Ова, како што изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, е констатирано на седница на Економскиот совет на Владата на Република Македонија. - Нашата цел е покрај мостовите да се реконструира и патната инфраструктура на делницата од Велес до Скопје. Сега се реконструира патниот правец од Скопје кон Велес. Останува во наредниот период на техничко ниво да се договорат сите детали. Она што нема да го реконструира НАТО ќе оди преку Агенцијата за држави патишта. Сепак, нашата крајна цел е кон крајот на 2014 година да ги имаме целосно санирани и патниот правец од Скопје кон Велес и од Велес кон Скопје кои се во една лоша состојба, изјавил министерот Јанакиески, а го цитира МИА. Тој додаде дека проектот, кој е трета фаза, НАТО го одобри на многу дописи и барања од Владата, бидејќи, како што рече, тоа беше обврска во нивниот меморандум за разбирање. На седницата, како што информирал, станало збор и објавите за локации за отворање откупно дистрибутивни центри и тоа во Ресен за каде објавата е до 16 февруари и за Валандово и Чешиново-Облешево за што објавите се до 7 февруари. Сите објави се доставени до Агенцијата за привлекување странски инвестиции и Министерството за надворешни работи со цел да се анимираат повеќе странски инвестиции. Министерот потсетил дека досега во текот на 2011 година се продадени пет локации за откупно-дистрибутивни центри во Штип, Струмица, Чешиново-Облешево, Кочани и Врапчиште.

Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес со позитивно салдо во 2011 годинаДОБИВКА ОД 200 ИЛЈАДИ ЕВРА

Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, по цели десет години, изминатата 2011 година ја завршила со позитивно салдо од 200 илјади евра добивка. Ова според директорот на „Колска“, Александар Атанасов се должи на реорганизација на капацитетите на фабриката, како и на проширување на дејноста кон странските пазари. Иако имаат прилив и од странскиот пазар за кој работеле, информира Атанасов, најголем дел од приходите се од ЈП Македонски Железници. Позитивно е, потенцира, што „Колска“ и за годинава има склучено договори за работа за цела година главно со Македонски Железници, како стратешки партнер, за обновување на возниот парк. Тој посочува дека е склучен и договор со Косовската Железница вреден 350 илјади евра. - Останува сето тоа да го завршиме во предвидените рокови, а што за фирмата ќе значи натамошен подем и редовна плата за вработените, потенцира Атанасов, додавајќи оти за тоа треба да се примат и нови работници, односно подмладена работна сила, а го цитира МИА.

Зголемена фрекфренција на македонските аеродроми ВО ДЕКЕМВРИ ПРЕВЕЗЕНИ 63.925 ПАТНИЦИ

На аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во декември лани се опслужени 63.925 патници, или за 16,9 проценти повеќе во однос на декември 2010 година кога преку двата аеродромa биле превезени 54.678 патници. Министерството за транспорт и врски соопшти дека порастот најмногу се должи на зголемениот број патници на скопскиот аеродром каде што во декември минатата година се регистрирани 61.504 патници, што во однос на декември 2010 година кога биле регистрирани 50.635 патници претставува зголемување за 21,5 проценти. - Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на операции на воздухоплови на редовни линии за 20,7 проценти, односно 717 операции на воздухоплови на редовни линии во декември 2011 година, во однос на 594 кои биле реализирани истиот период 2010 година, соопшти Министерството за транспорт и врски.

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

Page 11: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Нова индустриска зона кај СтрумицаМАЛИ ПРОИЗВОДНИ ПРОГРАМИ И СЕРВИСИ НА 26,7 ХЕКТАРИ

Општина Струмица отвора нова индустриска зона со површина од 26,7 хекатри, а влезот во градот покрај меѓународниот пат од Бугарија. Советот на општина Струмица, на првата седница во оваа година ,донесе Одлука за отварање на нова индустријска зона во урбаниот блок 19. - Станува збор за површина од 26,7 хектари на која во иднина ќе се подигнат нови мали производни погони и сервиси. На овј начин општина Струмица дава придонес за нови вработувања и побрз економски развој на регионо, вели градоначалникот Зоран Заев. На седницата, Советот ја прифати Програмата за уредување на градежно неизградено замјиште за 2012 година ,како и Одлуката за именување на булевари,улици и паркови,која доби потврда од Владата на Република Македонија.

Индустриската зона „Жабени“-Битола продава нови парцели ЕЛЕКТРОНСКОТО НАДДАВАЊЕ НА 8 ФЕВРУАРИ

Општина Битола како основач на ЈП Индустриска зона „Жабени“ објави оглас за продажба на нови парцели за што интерес појавиле неколку инвеститори кои доставиле и писма на намери. Огласот за продажба на новите парцели ќе биде отворен до крајот на овој месец, со што ќе бидат создадени услови да се продолжи со градба во индустриската зона која се наоѓа во непосредна близина на македонско-грчката граница. - Преку две лицитации, досега се продадени 29 парцели со површина од 23 хектари. Одобренија за градба се издадени на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ која воедно претставува најголема гринфилд инвестиција во Република Македонија, а прв домашен инвеститор со одобрение за градба е ИМВ „Велковски“-Битола, информираат од таа локална самоуправа. Со почетокот на градежната сезона ќе почне и изградбата на 12 нови фабрики на инвеститори од Германија, Италија, Грција и од Македонија. Како што е познато германската компанија „Кромберг и Шуберт“ ќе гради фабрика за производство на автомобилска опрема, додека пак ИМВ „Велковски“ ќе гради фабрика за производство на млечна лактоза и олигосахариди за што ќе има посебен собирен центар за сирово млеко. Електронското јавно наддавање за продажба на 31 нова парцела во индустриската зона „Жабени“-Битола се очекува да се одржи на 8-ми февруари, посочуваат од општина Битола.

Општината Кавадарци ќе гради нов деловно-трговски центарПРОЕКТ СО ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Нов зелен пазар, стотина паркинг-места, хипермаркет, куглана, мало кино, ресторан и други содржини ќе бидат дел од деловно-трговскиот центар кој ќе го гради Општината Кавадарци со јавно приватно партнерство.

За таа цел ќе бидат направени одредени измени на урбанистичкиот план, по што, кон крајот на март или почетокот на април би требало да бидат поставени темелите на објектот. Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов на прес-конференција, од која известува МИА, нагласи дека јавниот дел од проектот ќе се финансира со 90 милиони денари од кредитот што го доби Кавадарци пред две години, а комерцијалниот дел со помош на приватно партнерство. Деловно-трговскиот центар ќе биде лоциран во новиот центар на Кавадарци, бидејќи, појасни Панов, пропадна идејата да се гради на местото на постојниот зелен пазар, затоа што Општината се соочи со имотно-правни проблеми. - Жалам што не можевме да најдеме решение објектот да се гради онаму каде што беше првично замислено. Испуштивме шанса да се лоцира на многу атрактивен простор. Иако и новиот простор е атрактивен, згради населени со млади брачни двојки, половина град живее на оваа локација. Светската банка финансира само во јавниот дел, во паркингот и зелениот пазар, а не и во комерцијалниот дел од проектот. Објектот ќе има три ката, на приземјето ќе биде пазарот заедно со маркетот, а во потпокривот ќе има ресторан, - рече Панов.

ЈП „Пазари“- Битола ќе го реконструира централниот градски пазар

МОДЕРНИЗАЦИЈА СО 7 МИЛИОНИ ЕВРА ЈП „Пазари“ - Битола во текот на годината ќе изврши реконструкција и покривање на централниот пазар во овој град и ќе го зголеми деловниот простор за што се планирани 7 милиони денари. Според утврдената програма на ова локално јавно претпријатие за која согласност има и од Советот на општина Битола, во оваа година ќе се изврши реконструкција на управната зграда и изградба на нов санитарен јазол. - Клучните инвестиции за оваа година се поврзани со сточниот пазар кој ќе биде осовременет, како и со познатиот Маас-пазар каде ќе има инфраструктурна интервенција и партерно уредување. Паралелно ќе се одвива континуираниот процес за воведување НАССР-стандардите, информираат од ЈП „Пазари“-Битола. Во ЈП „Пазари“-Битола вработени се 39 лица со кои менаџерскиот тим планира да бележи позитивен раст во финансиското работење со што ќе се одржи стабилната финансиска состојба на овој локален сервис.

МАКАРСКА И КАВАДАРЦИ ЌЕ СЕ ЗБРАТИМАТ

Кавадарци и Хрватскиот град Макарска наскоро ќе се збратимат, а тиквешките џаламари повторно ќе заминат во Макарска каде што на зимскиот карневал со нивните звонци, грди маски и стапови ќе ги избркаат лошите духови од градот на Јадранот. Маја Дерех од Макарска, водач на карневалска група од тој град во Далмација нa средба со новинарите во Кавадарци рече дека меѓуопштинската соработка која датира од пред неколку години се базирала само на карневалска основа затоа што и двата града ги негуваат карневалите, но подоцна соработката се проширила и на други планови како на музички план и економски план. Таа ја најави посетата која во Кавадарци ќе ја направат бизнисмени од Макарска со цел да се запознаат со можностите за инвестирање во Македонија. Хрватите биле најмногу заинтересирани за македонските традиционални производи како маџун и гроздов сок.

Page 12: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

РЕГИОН Српската влада формира специјална екипа со задача да спаси 5.000 работни местаОБИД ДА СЕ СПРЕЧИ ЗАТВОРАЊЕТО НА ФАБРИКАТАЗА ЧЕЛИК „ЈУ ЕС СТИЛ СРБИЈА“

Српската влада соопшти дека ќе се обиде да го спречи затворањето на главнито извозник во земјата - фабрiката за челик „Ју Ес Стил Србија“ (U.S. Steel Ser-bia), и покрај неговите лоши финансиски резултати, пренесоа американските медиуми. Владата посочи дека ќе формира специјална екипа, која ќе помогне

во поддршката на производството на компанијата, како и за зачувувањето на работните места на над 5.000 вработени во фабриката во Смедерево, град на околу 60 километри југоисточно од Белград. „Ју Ес Стил Србија“, која овозможува околу десет проценти од извозот на земјата, размислува да затвори една од двете печки за леење на челик во Смедерево заради зголемување на загубите во сегашната економска криза. Одлуката за тоа ќе се донесе на 31 јануари.

Албанија, Кина и Турција се` поприсутни на косовскиот пазар РАСТЕ УВОЗОТ И ДОЛГОТ

Увозот на Косово за 11 месеци од минатата година пораснал за 15 отсто. Косово се` повеќе увезува стока од Албанија, Кина и Турција, се наведува

во најновата анализа на Европската комисија. Извозот од Албанија кон Косово, јави дописникот на МИА, пораснал за 36 отсто, од Кина 29 отсто, од Турција 36 отсто, додека од Србија пет отсто. Извозот на

косовски производи во втората половина од минатата година бележи стагнација (забавен извоз), поради што трговскиот дефицит пораснал за 16 отсто и достигнал 1,94 милијадри евра. Во анализата стои дека со буџетот за 2012 година, што го усвоил Парламентот, се предвидува дефицит од 3,4 отсто од БДП. Во буџетските приходи внесени се и 300 милиони евра кои се очекуваат да се инкасираат од продажбата на косовски „Пост телеком“. Економскиот раст годинава се предвидува да достигне 3,9 отсто. Невработеноста лани изнесувала 336 илјади работоспособни граѓани, инфлацијата достигнала ниво од 4,2 отсто, а вложени се 127 милиони евра директни странски инвестиции. Босанската економија може да настрада од влезот на Хрватска во ЕУНЕДОСТИГОТ НА СТАНДАРДИ ЌЕ ГО СТОПИРА ПЛАСМАНОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Економијата на Босна има ризик да настрада уште повеќе со присоединувањето на Хрватска кон ЕУ, бидејќи нејзиниот сосед и главен увозник на прехранбени производи ќе биде во скоро време принуден да ги забрани поради недостигот на гаранции за квалитет, соодветен на строгите норми на Брисел. Во една таква ситуација пропуштената заработка ќе претставува околу половина од буџетот на босанската централна влада, според некои проценки. - Ако Босна не воведе до 1 јануари 2013 година - шест месеци пред присоединувањето на Загреб кон ЕУ - контрола на храната во согласност со нормите на ЕУ, ние нема да можеме веќе да извезуваме во Хрватска производи од животинско и растително потекло, предупредува експерт од Надворешно-трговската комора на БиХ Дулко Хасиќ. Босна во 2010 година извезла во Хрватска стоки во износ од 560 милиони евра. Од нив околу 200 милиони евра изнесуваат стоките, за кои има ризик повеќе да не ја поминат границата. Производителите на млеко и млечни производи - еден од малкуте индустриски сектори во Босна, ќе бидат најзасегнати. - Тие компании би можеле буквално да пропаднат, ако властите не дејствуваат, предупредува Хасиќ. Станува збор да се усвои европското законодавство, локалните лаборатории да добијат акредитации од европските органи и да се увери Брисел дека системот за контрола функционира.

Канадски бизнисмен гради луксузен хотел во Тиват ВРЕДНОСТА НА ИНВЕСТИЦИЈАТА Е 100 МИЛИОНИ ЕВРА

Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ и канадскиот бизнисмен Питер Манк положија камен темелник за изградба на луксузен хотел во пристаништето Порто Монтенегро во Тиват.

Во Тиват ќе се гради хотел со пет ѕвездички, вклучувајќи јахтинг клуб и спа центар. Предвидено е капацитетот на пристаништето од сегашните 185 да се зголеми на 370 места. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 100 милиони евра. Лукшиќ истакна дека со изградбата на хотелот ќе се отворат нови работни места во Тиват, односно ќе се зголеми туристичката понуда на градот.

Минималната плата во Албанија НАЈНИСКИ 150 ЕВРА ВО РЕГИОНОТ

Минималната плата во Албанија од јули 2011 година изнесува 20 илјади лека или околу 150 евра, јави дописникот на МИА од Тирана. Споредено со земјите од Европа таа е една од најниските. Во Словенија, според медиумите, минималната лата изнесувала 530 евра, во Португалија 485 додека во Романија, Бугарија и Полска, таа се движи од 160 до 300 евра. Во Грција минималната плата била 739 додека највиоска е во Луксембург 1.757 евра. Албанската Влада донесе одлука за зголемување на износот на минималната плата во земјата за 5,2 проценти во јули минатата година и одлуката мора да ја почитува секое физичко и правно лице, без оглед дали станува збор за домашен или странски работодавец.

Page 13: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

ЕВРОПСКА УНИЈА „Противпожарен ѕид“ за заштита на еврото

Постигнат договор за воспоставување постојан Фонд за стабилизација на еврото

„ПРОТИВПОЖАРНИОТ ЗИД“ СТАРТУВА ОД 1 ЈУЛИ

Министрите за финансии на ЕУ во Брисел постигнаа договор за воспоставување постојан Фонд за стабилизација на еврото (ЕСМ), а договорот со кој се дефинира овој Фонд треба да стапи во сила на 1 јули, една година порано од планираното. Ова во Брисел денеска го потврди претседателот на Еврогрупата Жан Клод Јункер, кој најави дека договорот за ЕСМ ќе биде поврзан со стриктни мерки за буџетска дисциплина.

Исто така, планирано е земјите на кои им се потребни финансии од Фондот, птво треба да се обврзат на буџетска дисциплина, односно да потпишат и спроветад т.н. Договор за фискална политика. Фондот за стабилизација засега би требало да располага со 500 милијарди евра. Членките на ЕУ мораат да уплатат 80 милијарди долари готовина. На тој начин ЕСМ би требало да биде поголем отколку досегашниот Фонд за спасување на еврото (ЕФСФ), чија кредитна способност била краткорочна, поради што американската агенција за рејтинг „Стандард енд Пурс“ ја намали неговата оценка на кредитна способност. Иако ЕСМ се уште не е во функција, веќе започнаа дебати за тоа дали средствата со кои располага се доволни. - Во борбата против финансиската криза во еврозоната мора да биде поставен „поголем противпожарен ѕид“. Утврдивме дека постои глобална финансиска потреба во висина од билион долари во следните две години, а идејата која стои зад тоа не подразбира овој билион да биде потрошен, туку тој да претставува голем противпожарен ѕид кој ќе има функција на препрека и заштита, наглси шефот на ММФ

Кристин Лагард. Со неа се согласува и италијанскиот премиер Марио Монти, но не и германската канцеларка Ангела Меркел. Таа го одбива проширувањето на Фондот и порачува дека моментално е најважно тој да стапи во сила.

Претседателот на Еврогрупата, Жан-Клод Јункер, со предупредувањеЕВРОЗОНАТА НА ГРАНИЦА НА ТЕХНИЧКА РЕЦЕСИЈА

Еврозоната е на границата на техничка рецесија, изјави на прес-конференција во Луксембург претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер. Техничка рецесија според финансиските експерти има во случаите кога се забележува намалување на бруто домашниот производ во најмалку два последователни квартали. Очекувањата се дека во последниот квартал од минатата година економската активност во земјите од еврозоната почнала полека да се опоравува, но официјалните статистички податоци се уште не се објавени. Слични се очекувањата и за првиот квартал од тековната година. Се претпоставува дека во овој период ќе има нулта промена во БДП на земјите од еврозоната, по што ќе започне период на слабо подобрување.

Предлози на Кристин Лагард, извршниот директор на ММФПОВИК ДО ЕЦБ ДА ГИ НАМАЛИ КАМАТНИТЕ СТАПКИ

Извршниот директор на ММФ Кристин Лагард изнесе серија предлози за борба против должничката криза во еврозоната, меѓу кои е веќе фондот за помош на презадолжените членки,

пониските каматни стапки на Европската централна банка (ЕЦБ) и воведување еврообврзници. Во говорот во Германскиот совет за надворешни работи во Берлин, Лагард, исто така, побара од државите да издвојат за ММФ дополнителни 500 милијарди долари, и покрај тоа што оваа организација се обидува да им помогне на земјите погодени од кризата, пренесоа агенциите. Во случај политичарите да не го направат тоа што е неопходно, првиот човек на ММФ предупредува дека светот може да се втурне во „ситуација слична на онаа од триесетите години на минатиот век“ кога вледееше изолационизмот, што резултираше со Големата депресија, а потоа и светската војна. Таа го пофали тоа што во еврозоната е веќе постигнато доста од тоа, но додаде дека досега договорените мерки „ги сочинуваат деловите од сеопфатното решение, но тоа се само делови“. Лагард истакна дека еврозоната која е погодена од криза мора да се фокусира на повторно остварување на стопанскиот раст, како и засилување на браната против ширење на должничките проблеми и поблиска политичка и економска соработка меѓу членките. Таа индиректно ја повика ЕЦБ да ги намали каматните стапки заради поттикнување на економскиот раст. -Со оглед на драстичниот пад на инфлацијата, дополнителното и правовремено олабавување на монетарната политика може да биде од голема важност, истакна таа. -Потребен ни е поголем заштитен ѕид. Без него земјите како Италија или Шпанија, кои всушност не се во состојба да го враќаат својот долг, можат да станат инсолвентни заради неоддржливо високите трошоци на задолжувањето, изјави Лагард и предложи средствата што преостануваат во привремениот Европски фонд за финансиска стабилност да се префрлат во постојаниот фонд на Европскиот стабилизирачки механизам (ЕСМ), што треба да стапи во сила кон средината на годината.

Европски парламентНОВ ЗАКОН ЗА Е-ОТПАД

Европскиот парламент донесе ноз закон со кој подобро ќе се контролира фрлањето електронски отпад на локации кои не се наменети за таа цел. Од 2016 година сите членки на Унијата ќе треба да соберат 45 тони е-отпад за секои 100 тони електронски производи, како што се мобилни телефони, компјутери и телевизори, кои биле на продажба во последните три години.

Page 14: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

До 2019 година таа количина треба да достигне 65 тони, или земјите треба да се обврзат да соберат 85 проценти од вкупната количина на е-отпад. Претставници на ЕУ информираа дека моментално само една третина од е-отпадот се третира соодветно.

Европската комисија соопшти дека според моменталните прописи во ЕУ, максимумот е четири килограми е-отпад по лице, додека новиот закон таа бројка ќе ја зголеми на 20 килограми по човек. Според новите правила, продавниците за електронска опрема кои имаат продажен простор од 400 и повеќе квадрати ќе мора да примаат е-отпад од потрошувачите. За рециклирање на големите апарати, како што се на пример машини за перење, ќе бидат одговорни производителите. Новите директиви, кои имаат за цел да го ограничат илегалниот извоз на е-отпад во земјите во развој, би требало да стапат на сила во 2014 година.

Владата на Монти го усвои планот за либерализација на италијанската економијаОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИТЕ КОИ ГО ЗАБАВУВААТ РАСТОТ

Владата на италијанскиот премиер Марио Монти, по рекордна осумчасовна седница, усвои голем план за либерализација на економијата на земјата. Планот има за цел да ги отстрани пречките кои го забавуваат растот на италијанската економија, која е погодена од должничката криза. Овој план веќе предизвика незадоволство кај голем број

професии кои се погодени од промените. Во рамките на планот влегуваат аптеките, јавниот транспорт, такси услугите, слободните професии, осигурителниот и банкарскиот сектор, доставата на гориво и др. По влегувањето во сила на планот овие професии ќе бидат отворени за конкуренција. Планот предвидува зголемување на бројот на лиценците за такси превоз, аптеките и адвокатските и нотарски канцеларии. Тој дава поголема слобода на сопствениците на бензиски станици при изборот на доставувачи на гориво. Планот, исто така, ги укинува и минималните тарифи за адвокатските и нотарски услуги. Владата на Монти во декември минатата година усвои план за буџетско намалување, кој заедно со планот за либерализација на економијата, претставуваат две фази од програмата на Монти за стимулирање на економијата на Италија, која навлегува во рецесија. Кога ја презеде премиерската функција, поранешниот еврокомесар вети дека ќе постигне економски раст и намалување на бенефициите, кои ги уживаат сите професии во Италија, а кои се многу поголеми од оние во другите земји.

Одобрено создавање на eвропски стабилизациски механизам НА РАСПОЛАГАЊЕ 80 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Министрите за финансии на 17-те држави од еврозоната и министрите од останатите членки на ЕУ, одобрија Договор за создавање европски стабилизациски механизам (ЕСМ). Тој ќе има сопствен фонд од 80 милијарди евра и ќе биде на располагање на државите кои го ратификуваа пактот за строга буџетска дисциплина. ЕСМ ќе го замени досегашниот Европски фонд за финансиска стабилност (ЕФФС). За да добијат финансиска помош од ЕСМ, државите треба да го ратификуваат пактот кој ќе биде прифатен на 30 јануари и потпишан во почетокот на март годинава. Во преодниот период од една година меѓу влегувањето во сила на ЕСМ во јули 2012 година и отфрлањето на ЕФФС во средината на 2013 година, комбинираниот капацитет на заеми ќе биде 500 милијарди евра, но тој лимит може да биде

преразгледан до влегувањето во сила на ЕСМ, гласи текстот. Министрите за финансии вратија на дополнителни преговори предлог за реструктурирање на грчкиот долг.

Повик на Еврокомисијата НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА ЕУ

Европската комисија повика на намалување на трошоците на админитрацијата на институциите на ЕУ. Еврокомесарот за финансиско планирање и буџет Јануш Левандовски испратил писма до раководителите на институциите, во кои ги повикува да ги скратат трошоците, откако многу држави од Унијата прибегнале кон буџетски ограничувања, соопшти Комисијата.

Тој даде пример со ЕК, која во наредната година ќе го намали административниот состав за еден процент како дел од решението за намалување на составот за пет проценти во следните пет години. Комесарот додаде дека изминатата година ЕК не ја зголемила администрацијата дури ниту со еден службеник и во исто време ги скратува расходите за одржување на зградите, комуникациските технологии, проучувањата, публикациите, мисии, конференции и средби.

ЕУ изработи нов закон според кој бродосопствениците се директно одговорни во случај на несреќаОБЕШТЕТУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИЗНЕСУВА ДО 300 ИЛЈАДИ ЕВРА

Европската унија изработи закон според кој бродосопствениците се директно одговорни во случај на несреќа на нивните бродови, но тој нема да стапи во сила пред крајот на 2012-та година и нема да може да се примени на патниците од бродот „Коста Конкордија“. - Европското законодавство ја применува атинската конвенција од 2005-та година и воведува објективна одговорност на бродосопствениците. Нема потреба од докажување на грешката

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 15: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

за да може да се тужи бродосопственикот и осигурувателите, изјави анонимен експерт од комисијата. Законот предвидува дека обештетувањето може да изнесува до 300.000 евра за патниците на бродот кои се жртви на несреќа. Сепак, законот нема да стапи во сила пред крајот на годината. - Беа потребни четири години преговарање за да се усвои закон од доменот на европското право, истакна експертот. Над 70 патници кои доживејаа бродолом на италијанскиот крузер „Коста Конкордија“ покренаа заедничка постапка против сопственикот на бродот со цел секој патник да добие оштета од 10.000 евра. Истрагата ќе утврди чија е одговорноста, а потоа италијанските судови ќе одредат кое право ќе се примени, изјави експерт од Брисел.

Расте е-трговијата во ЕУГОДИНАВА 232 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Американците и Европјаните во последно време имаат уште една заедничка карактеристика - се помалку сакаат шетање по продавници, и се повеќе преферираат онлајн трговија.

Според податоците на британската компанија за онлајн шопинг „Kelkoo“, онлајн потрошувачката во ЕУ ќе продолжи да расте, а изразено во бројки тоа значи дека до крајот на годината може да се очекува онлајн купување во вредност од 232 милијардни долари. Доколку се остварат овие проценки, тоа ќе биде 16-процентно зголемување во однос на е-трговијата во 2011 година која изнесуваше 200 милијарди долари. Собраните податоци укажуваат на тоа дека постои значаен простор за проширување, ако онлајн потрошувачката изнесува само 7,8 проценти од вкупната малопродажба во ЕУ, а Велика Британија, Германија и Франција се „одговорни“ за 71 процент од оваа трговија. Зголемувањето од 16 проценти всушност ќе биде мал пад на растот во однос на минатата година, кога зголемувањето на оваа трговија во однос на претходната изнесувало 18 проценти.

Половина храна завршува во смет додека милиони живеат во сиромаштија, тврди Еуроактив„КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ФРЛАЊЕ ХРАНА“

Речиси половина од храната завршува во корпи за смет во домаќинствата во Европа, но и во супермаркети, ресторани и кетеринг компании. Во исто време,

79 милиони жители на ЕУ живеат под границата на сиромаштија, а 16 милиони зависат од помош во храна од добротворни организации, објави Еуроактив, специјализиран портал за следење на ЕУ. Во резолуцијата „Како да се избегне фрлање храна“ усвоена на 19 јануари, ЕП повика да се донесат итни мерки со кои ќе се преполови количината на фрлена храна до 2025 година и ќе се олесни пристап до храна за сиромашните во ЕУ. Во резолуцијата се предлага држави да почнат кампањи против фрлање храна, пакувањата на храна да бидат помали, но и трговците да стимулираат продажба на храна на која и истекува рокот набрзо, по далеку пониски цени. Во некои членки е забрането маркетите да продаваат храна под трошоците за производство. Годишно на ниво на ЕУ се фрлаат 89 милиони тони храна или 179 килограни по жител. Ако ништо не се преземе, до 2020 година таа количина ќе биде 126 милиони тони фрлена храна. Домаќинствата се најодговорни за фрлањето храна - 42 отсто од вкупната количина, од која две третини може да се искористи. Произведувачите фрлаат 39 отсто, трговците пет отсто додека кетеринг индустријата фрла 14 отсто храна.

Една третина од возрасните Британци годинава ќе трошат помалку ЛУЃЕТО СТАНУВААТ ПЕСИМИСТИ

Една третина од возрасните Британци признаваат дека оваа година ќе трошат помалку, за разни потреби отколку во 2011 година, објаснувајќи го тоа со економската криза и со неизвесноста

до кога таа ќе продолжи, покажуваат резултатите од истражувањето што го спроведе агенцијата Ипсос-МОРИ. Во октомври минатата година, вака размислуваа 19 отсто од луѓето. Стравувањето што и понатаму е присустно за тоа дека би можело да дојде до обнова на рецесијата, ги тера луѓето да бидат песимисти, па една четвртина од сите кои учествуваа во истражувањето веруваат дека нивната финансиска ситуација годинава ќе се влоши, јави дописникот на МИА од Лондон. Тоа придонесува 30 отсто од Британците да признаат дека сега веќе се обидуваат да заштедат пари секој месец што е зголемување за осум отсто во споредба со октомври, кога 22 отсто од испитаниците признаваа дека штедат секој месец. Еден од пет луѓе, во истражувањето на Ипсос-МОРИ откриваат дека ова лето нема никаде да одат на летување, едни затоа што немаат пари, а други затоа што сакаат да заштедат. Истражувањето показа дека сепак 25 отсто од Британците веруваат дека оваа година ќе им се зголемат платите.

Според последните податоци на Државното биро за статистика, инфлацијата од 4,2 отсто се одржува на ниво што е двојно поголемо од планираната проекција на Банката на Англија. Повеќе од 2,6 милиони луѓе во Велика Британија се невработени, а експертите предупредуваат на можноста од враќање на рецесијата.

Цените на горивата во Словенија до небоНОВО РЕКОРДНО НИВО

Цените на горивата на бензинските пупми во Словенија се зголемија на ново рекордно ниво, при што литар обичен безоловен бензин поскапе за 2,6 центи, на 1,406 евра, а литар безоловен супер за 2,7 центи, на 1,423 евра, соопшто енергетската компанија „Петрол“. Во соопштението на „Петрол“ исто така се наведува дека цената на литар дизел се зголемила за 1,9 центи, на 1,324 евра, а на литар масло за домаќинство за 2,3 центи на 1,011 евра.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 16: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

СВЕТ Бизнис лидерите собрани во ДавосВО ЗАШТИТА НА КАПИТАЛИЗМОТ

Капитализмот навистина ја продлабочува нееднаквоста, но сепак е подобар од секоја друга алтернатива, нагласија директорите на водечките светски компании на 42. Светски економски форум во Давос, кој почна на 25.1.2012 година, а ќе трае пет дена. Оваа година атмосферата на Форумот, на кој учествуваат околу 2.600 бизнис и политички лидери, е помрачена од должничката криза во Европа и забавувањето на економскиот раст во земјите во развој. - Капитализмот можеби е најлошиот систем, но само доколку не се сметаат сите други системи, посочи Дејвид Рубенстин, коосновач на меѓународниот инвестициски фонд „Карлајл груп“.

Раководителот на „Алкател Лусент“ Бен Вервајен изјави дека при спроведувањето реформи „не станува збор само за корпорациите и алчноста, туку и за донесувањето одлуки“. - Зошто на Европа и на нејзините лидери им беа потребни две години за да стигнат до заклучокот, кој и пред тоа го знаеја, дека треба да застанат на нозе, додаде тој. - Банките сторија многу за да ги намалат крајностите, нагласи главниот извршен директор на Бенк оф Америка Брајан Мојнихан, додавајќи дека циклусите на растови и падови се дел од структурата на капитализмот. Според други учесници во Форумот сепак тој процес не е неизбежен и владите треба да преземат поголема улога во регулирањето на начинот, на кој работат компаниите.

Сериозни прогнози на ММФСВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗАБРЗАНО ЗАБАВУВА, ЕВРОЗОНАТА „ПАТУВА“ ВО РЕЦЕСИЈА

Оваа година светската економија забрзано забавува и еврозоната оди кон рецесија, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во извештајот, кој денеска го објави весникот „Вашингтон пост“ нарекувајќи го „мрачен“, се наведува дека светската економија ќе оствари раст од 3,25 отсто оваа година, што е помалку од есенските проценки на ММФ од четири проценти. Најголем раст и се предвидува на Кина (8,2 отсто), која и понатаму е економија со најголем пораст во светот, и на Индија (седум проценти). Кога се во прашање САД, проценет е раст од 1,8 отсто, што се совпаѓа со извештајот на ММФ од пред неколку месеци. ММФ истакнува дека финансиската криза на еврозоната и понатаму останува најголем економски ризик за натамошен напредок, па за овие држави се предвидува блага рецесија, објаснувајќи дека ситуацијата лесно може уште повеќе на се влоши. ММФ предвидува дека во еврозоната оваа година најголеми проблеми ќе имаат Италија и Шпанија.

Прв надворешно-трговски дефицит на Јапонија по 30 годиниЗАРАДИ ЗЕМЈОТРЕСОТ И ЦУНАМИТОМИНУС ОД 32 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Јапонија објави дека првпат по повеќе од 30 години, лани забележала дефицит во надворешно-трговската размена во висина од 32 милијарди долари. Последен пат Јапонија имаше

надворешно-трговски дефицит во 1980 година. Јапонското Министерство за финансии соопшти дека ланскиот трговски дефицит е последица на земјотресот и цунамито што ја погодија Јапонија во март, како и на силниот јен што негативно влијаел на јапонскиот извоз. Во текот на 2011 година јапонскиот увоз пораснал за 12 проценти на годишно ниво, додека извозот се намалил за 2,7 отсто. На растот на увозот во најголема мерка влијаеле зголемените набавки на нафта и природен гас, бидејќи по ударот на земјотресот и цунамито од употреба беше исклучена нуклеарната централа „Фукушима“, што ја принуди Јапонија да изнаоѓа алтернативни енергенси. Така, увозот на нафта е зголемен за 21,3 проценти, на природен гас за 37,5 отсто, а на нафтени деривати за 39,5 проценти. Од друга страна, намалениот јапонски извоз се должи на падот на побарувачката на автомобили, полупроводници и други компоненти на глобалниот пазар. Извозот на јапонски возила лани бил намален за 10,6 проценти на годишно ниво, а на електронски делови за 14,2 отсто. Најголем надворешно-трговски партнер на Јапонија лани била Кина со која трговскиот дефицит е зголемен за петпати во однос на 2010 година. Во размената со земјите од ЕУ, Јапонија лани оствари трговски суфицит, но тој бил за 31,3 проценти помал во однос на 2010 година.

Украина не ја исклучува можноста за приклучување во Царинската унијаЗАМЕНА ЗА ЕУ

Украина не ја исклучува можноста да им се придружи на Русија, Белорусија и Казахстан во Царинската унија, изјави во Киев украинскиот премиер Николај Азаров. - Детално проучуваме како Царинската унија функционира и не ја исклучуваме можноста да и` се приклучиме, рече Азаров. Русија ја повика Украина во Царинската унија, но Киев претходно укажуваше дека не планира да влезе во таа организација, предлагајќи во замена соработка во формат „три плус еден“, што не и` одговара на Русија. Киев се надеваше дека до крајот на 2011 година ќе го потпише договорот со Европската унија за соработка, во рамки на кој требаше да биде основана зона на слободна

Page 17: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

трговија, но парафирањето е одложено после судскиот процес во Киев против поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко. Таа е осудена на седум години затвор под обвинение за злоупотреба на положбата при склучување на договор во 2009 година за транзит на гас од Русија преку Украина во други европски земји. Украинскиот премиер Николај Азаров, исто така, изјави дека Киев повторно ќе ги покрене преговорите со Меѓународниот монетарен фонд за одмрзнување на програмата за заем од 15,5 милијарди САД долари. Таа програма е суспендирана во 2011 година поради одбивање на Владата во Киев да ја зголеми цената на гасот за домакинствата, што ќе ја подобри финансиската ситуација во државниот енергетски холдинг „Нафтогас“. ММФ во јули 2010 година договори програма за соработка со Украина во рамки на која беше подготвен до крајот на годинава да ги поддржи реформите во таа земја со заем од 15,5 милијарди САД долари, но Киев минатата година не доби ниту една од четирите планирани транши од вкупно шест милијарди САД долари.

Украина оваа година мора на ММФ да му врати околу 3,8 милијарди САД долари. Азаров изјави дека преговорите со ММФ ќе почнат во блиска иднина и дека ќе ги води новиот министер за финансии Валериј Хорошковски, кој, како што рече, во седиштето на ММФ ќе достави пакет-предлози.

Светска организација за трудЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ РАСТ ПОТРЕБНИ СЕ600 МИЛИОНИ РАБОТНИ МЕСТА

За да се обезбеди раст и да се одржи општествена кохезија во следните десет години би требало да се отворат околу 600 милиони работни места, се вели во извештај за 2012 година за светските движења на

вработувања кои во Женева ги објави Светската организација за труд.

- И покрај напорите на владите, кризата за работни места не престанува и секое трето работоспособно лице во светот или 1,1 милијарда луѓе, се невработени или живеат под прагот на сиромаштија, наведе директорот на Меѓународната организација за труд Хуан Сомавија. - Создавањето работни места во реалниот сектор треба да биде прв приоритет и тоа најмногу во приватниот сектор, додаде тој. Секоја година 40 милиони нови лица стигнуваат на пописот на луѓе кои бараат работа, наведува Организацијата, која за 2012 година очекува нови три милиони невработени. Ако стапката на светски раст падне под два отсто оваа година таа цифра ќе се зголеми и ќе биде четири милиони нови невработени. Најголеми „жртви“ се младите луѓе. Во 2011 година имало 74 милиони невработени од 15 до 24 години, а тоа е четири ммилиони повеќе отколку во 2007 година. Организацијата истакнува дека 900 милиони работници живеат под прагот на сиромаштија, а тоа е помалку од два долара дневно, додека половина од нив живеат во крајна сиромаштија, односно со помалку од 1,25 долари на ден.

Прогноза на водечките австралијски економистиНА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА И СЕ ЗАКАНУВА „ЕВРОГЕДОН“

Водечката австралиска прогнозерска компанија „Делоит-Ексес економикс“, предупреди дека се заканува „еврогедон“ - пропаст

на европската финансиска структура со огромни разорувања, слични на уништувањето во филмот „Армагедон“, во кој банките би доживеале колапс, а светската економија би потонала во ново превирање, што би можело да означи крај на експанзијата на економиите кои се потпираат на рударството. Иако е само „маргинално“ веројатно дека оптоварената еврозона ќе успее да се извлече од финансиските тешкотии, во кварталниот извештај на влијателната австралиска прогнозерска компанија за изгледите на економската активност, предупредено е дека постојат реални шанси за економска криза и пропаст на банките. - Можеби во 2012 година нема да биде толку трауматично како што беше во 2008-2009, но повторно ќе постои шанса глобалниот одговор на каква и да било нова криза ниту овојпат да не биде темелен, бидејќи владите сега премногу се загрижени поради долговите и дефицитот, додека многу централни банки веќе ги намалија своите каматни стапки на рекордните минимуми, се наведува во австралискиот извештај.

„Делоит-Ексес“ повторно предупреди против потпирањето на Кина како „спасител“, укажувајќи дека буџетската позиција на тој азиски џин е нестабилна повеќе отколку што се чини, додека инфлацијата и цените на недвижности, иако се во слабеење, и натаму се релативно високи.

Половина од американските конгресмени се милионериСЕНАТОРИТЕ ВО ПРОСЕК ИМААТ ПО 2,63 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Просечната вредност на имотот што го поседуваат американските сенатори е 2,63 милиони долари, а на членовите на Претставничкиот дом - 756.000 долари, соопшти вашингтонскиот Центар за одговорна политика (Center for Responsive Poli-�cs). - Речиси половина од сите 535 членови на американскиот Конгрес се милионери, изјави извршниот

СВЕТ

Page 18: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

директор на Организацијата, Шијла Крумхолц.

Богатството на американските законодавци не беше објавено откако финансиската и економската криза ги погоди САД пред четири години. Во 2006 година просечната вредност на имотот на сенаторите се проценувал на 1,7 милиони долари, а на членовите на Долниот дом на Конгресот на 675.000 долари. Во периодот од 1984 до 2009 година кога состојбата на Американците малку се намалила, богатството на конгресмените дури тројно се зголемило.

До 2015-та ќе бидат испорачани една милијарда „смартфони“ПАДНАТИТЕ ЦЕНИ ЛОВАТ КУПУВАЧИ

До 2015-та година на светските пазари ќе бидат доставени околу една милијарда „паметни“ телефони, што е речиси двојно повеќе од предвидениот број на испорачани уреди во 2011-та година, соопшти истражувачката компанија ИДЦ.

Според аналитичарите од ИДЦ, причина за тоа е фактот дека милиони корисници се повеќе сакаат „моќни“ мобилни телефони, бидејќи тие станаа подостапни со падот на цената. Експертите од ИДЦ предвидуваат дека „смартфоните“ со

„Гугл“ оперативен систем „Андорид“ ќе останат на прво место на ранг листата за периодот од 2011-та до 2015-та година. Се очекува во 2015-та година „смартфоните“ со „Андорид“ оперативен систем да опфаќаат околу 44 проценти од глобалниот пазар на „паметни“ телефони.

Чернобил повторно отворен за „екстремен туризам“СПЕЦИЈАЛНА РУТА ПО „ГРАДОТ НА ДУХОВИТЕ“

Украинските власти донесоа одлука опасната зона околу Чернобил повторно да биде отворена за „екстремен туризам“.

„Градот на духовите“ Припјат, кој е евакуиран по чернобилската нуклеарна катастрофа во 1986 година, кратко време беше отворен за јавноста, но областа пред неколку месеци беше повторно затворена. Украинското Министерство за вонредни ситуации направи специјални туристички рути, со цел да се избегне опасноста туристите да бидат озрачени. Цената на прошетката чини околу 100 евра. Познатиот магазина „Форбс“

оваа „мртва зона“ ја прогласи за една од најегзотичните туристички дестинации во светот.

Грандиозен енергетски проектПОВРЗУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ МРЕЖИ НА КИПАР, ИЗРАЕЛ И ГРЦИЈА Кипар, со електричен кабел по дното на морето, ќе ја поврзе својата енергетска мрежа со идентичните мрежи на Израел и Грција, информира денеска во Никозија Насос Кторидис, претседател на енергетската компанија ДЕИ - „Qyantum Energs“, пренесе грчката агенција АНА-МПА. Проектот „EyroAsia Interconec-tor“ се смета за најамбициозниот проект во 21 век и предвидува островот да го претвори во енергетски мост меѓу двата континента. Освен со Израел и Грција, целта на компанијата е островот да поврзе и со паневропската електрична мрежа, што се оценува како првиот експеримент за енергетско поврзување меѓу Европа и Азија. Се очекува проектот да чини 1,5 милијарди евра. За неговата реализација ќе се потребни 36 месеци. Изградбата на електричната врска ќе почне следната година и се предвидува да се пушти во експлоатација во текот на 2016 година. Должината на електричниот кабел меѓу Кипар и Израел, по кој ќе можат да се пренесуваат 2.000 мегавата електрична енергија, е 155 морски милји, меѓу Кипар и островот Крит - 320 морски милји, и меѓу Крит и Пелопонез - 65 морски милји. Кабелот ќе биде спуштен на длабочина од 2.000 метри.

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Page 19: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

КОРПОРАЦИИ

Француската нафтена компанија „Тотал“ трупа профит и анализира СЛАБОТО ЕВРО ЌЕ ГО ПОСКАПЕ ГОРИВОТО

Слабеењето на еврото ќе резултира со поскапување на горивото на бензиските станици, предупреди извршниот директор на француската нафтена компанија „Тотал“ Кристоф де Маржери, истовремено оправдувајќи го растечкиот профит на својата фирма. Де Маржери истакна дека очекува цената на барел нафта, која се изразува во американската валута, да се движи меѓу 100 и 120 долари, и дека се „мали“ шансите таа оваа година да изнесува под 100 долари за барел.

- Сите се радуваат поради слабеење на еврото, имајќи предвид дека тоа му користи на извозот, но забораваме дека тоа, исто така, ги зголемува трошоците за увоз на сурова нафта. Жал ми е за нашите клиенти, но така стојат работите, нагласи директорот на „Тотал“. - Ние сме увозници, па во време на криза и пад на вредноста на еврото можеме да забележиме значителна штета, додаде Де Маржери, истакнувајќи дека цената на горивата на бензиските ги вклучува и трошоците за преработка и транспорт на нафтата. Компанијата „Тотал“ во третиот квартал од 2011 година оствари нето профит од 3,31 милијарда евра или 17 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2010 година.

Банкротство на рафинеријата „Петроплус“БЕЗ РАБОТА ИЛЈАДНИЦИ БРИТАНЦИ

Швајцарската рафинерија „Петроплус“ прогласи несолвентност и банкротираше, откако не успеа да се спогоди со кредиторите за да го продолжи рокот за отплата на веќе земените кредити. Суспендирано и тргувањето со акциите на оваа најголема европска независна нафтена рафинерија, јави дописникот на МИА од Лондон. Оваа компанија има своја рафинерија во Коритон, во англиската област Источен Сасекс, чии илјада работници по банкротството ќе останат без работа. Рафинеријата обезбедува гориво за 20 отсто од потребите на Лондон и на југоисточна Англија. Таа порано беше сопственост на БП, која во 2007 година и ја продаде рафинеријата во источен Сасекс на „Петроплус“ за сума од 900 милиони фунти. Во обидот да се најде работа за вработените во Коритон, се врши притисок врз БП да ја земе назад оваа рафинерија, но нејзин претставник изјави дека засега не постои таков

интерес. Покрај во Велика Британија, „Петроплус“ има свои рафинерии и во Швајцарија, Франција, Германија и во Белгија, па неколкумина европратеници и еврокомесарот за вработување во Брисел, прават напори да се обезбадат нови работни места за луѓето од банкротираната компанија. Британскиот европратеник Ричард Ховит, кој го застапува во европскиот Параламент делот од Велика Британија каде е лоцирана рафинеријата во источен Сасекс, изјави за Би-Би-Си дека жали поради она што се случува со луѓето од пропадната швајцарска компанија. Тој потврди дека се прават заеднички напори во рамките на ЕУ да им се помогне на вработените.

Промени кај производител на мобилните телефони „Блекбери“НОВИ ЛУЃЕ НА ЧЕЛО НА РИМ

Канадската компанија РИМ (Research In Mo�on Ltd), која ги произведува мобилнитетелефони „Блекбери“ го промени менаџерскиот кадар, со надеж дека новите луѓе ќе донесат иновации во фирмата која бележи пад на пазарот на мобилни телефони и таблет уреди. Сменети се директорите Џим Балсајл и Мајк Лазаридс, кои две децении ја водеа РИМ, но во последните неколку години ја изгубија битката со новите платформи на „Епл“ (Apple) и на „Гугл“ (Google).

Водењето со компанијата сега ќе го преземе Торстен Хајнс, кој пред неколку години во РИМ дојде од „Сименс“. Акциите на РИМ на берзата во Њујорк во последната година забележаа пад за 75 проценти, додека уделот на „Блекбери“ на американскиот пазар изнесува само 11 отсто. Падот на „Блекбери“ во последните две години се должи на појавата на „Ајфон“ на „Епл“ и на

мобилните телефони со Андроид платформа. Идејата на РИМ беше „Блекбери“ да се потпира на сопствен софтвер, како и „Ајфон“ на „Епл“ додека „Самсунг“, ХТЦ и „Моторола“ преминаа на Андроид, што „Гугл го дава бесплатно.

Признанија od најголемиот автомобилски клуб во Европ - ADACЗА “ФОЛКСВАГЕН“ ТРИ НАГРАДИ ЗА ИНОВАЦИИ

Фолксваген групацијата објави дека во три категории, од пет, освоила награди за иновации што ги доделува најголемиот автомобилски клуб во Европа ADAC. Во категоријата Иновации и животна средина наградени се кочници за верижни судари. Тој систем атоматски се активира по почетниот удар, со цел да се намали сериозноста на несреќата и да се избегнат какви било секундарни судари ако е можно. Системот ќе се вградува во новата генерација на „Голф“. Во категоријата „Автомобил“ победи

Ауди Q3, а читателите на „ADAC Motorwelt“ го избраа меѓи 40 нови возила. Во категоријата Автомобил на иднината победи Пасат TSI на природен гас. Во категоријата Квалитет каде се оценувани возила на пазар најмалку три години, Фолксваген освои второ место со Ауди А5 и трето со Шкода Суперб.

„Ферари“ на биоетанол достигнува моќност од 875 коњски силиДО 100 КИЛОМЕТРИ ЗА 3 СЕКУНДИ

Овластениот дистрибутер на „Ферари“ во Велика Британија им овозможи на своите купувачи автомобилот „Ферари ФФ“ да го конвертираат на биоетанол и со тоа да обезбедат моќност од дури 875 коњски сили. Тоа е за 225 коњски сили повеќе од моќноста на стандардниот модел ФФ, а повеќепати досега е докажано дека биоетанолот може да обезбеди поголема моќност, објави електорнскиот магазин „Ауто екслузив“. Ова е најдобриот резултат досега постигнат, кога станува збор за моторот „В12

Page 20: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

КОРПОРАЦИИ Ферари“. Освен зголемената моќност во однос на бензинскиот модел, моторот на биоетанол емитува и помали количества на јаглерод диоксид. Во однос на перформансите, преработената верзија на „Ферари ФФ“ забрзува до 100 километри на час за помалку од три секунди. Прилагодувањето на бензинскиот модел на „Ферари ФФ“ на биоетанол чини 1.500 евра.

„Хитачи“ запира со производство на телевизориГОЛЕМАТА КОНКУРЕНЦИЈА ГИ ОСАКАТИ ПРИХОДИТЕ

Јапонскиот електронски гигант Хитачи соопшти дека до крајот на септември ќе запре со производство на телевизори бидејќи големата конкуренција на пазарот носи голема штета за приходите. - До крајот на септември, Хитачи ќе запре со производство на телевозори во Јапонија, изјави Сајори Нишино, портпарол на компанијата. Компанијата сепак, ќе продолжи со продажба на телевизор марка „Wooo“. Мудис минатата недела го намали кредитниот рејтинг на Сони и Панасоник поради недоволна рентабилност во секторот за производство на телевизиски уреди.

Грчкиот телеком ОТЕ ќе го продава својот сателитХЕЛАССАТ „ЛЕТА“ ЗАРАДИ НЕЛИКВИДНОСТ

Најголемата грчка телекомуникациска компанија ОТЕ, чиј главен акционер е „Дојче Телеком“, ќе го продава својот телекомуникациски сателит ХеласСат, поради кризата во Грција и сопствената неликвидност, соопшти генералниот директор на ОТЕ, Михаил Цамас. - ОТЕ ќе ги насочи напорите кон рефинасирање на своите кредити до 2014 година, чија вредност сега изнесува 5 милијарди евра, нагласи Цамас, додавајќи дека грчкиот телеком се соочува со исклучитечно тешка конјуктура и со неликвидност. Цамас најави дека еден од приоритетите на ОТЕ во следниот период ќе биде намалување на трошоците за исплата на плати, но нагласи дека нема да има отпуштања од работа, туку дека ќе биде изработена програма за доброволно пензионирање. Нето профитот на ОТЕ во третиот квартал од 2011 година опадна за 17,3 проценти. Покрај во Грција, ОТЕ им свои мобилни оператори и во Албанија, Бугарија и Романија.

Kрај на шведскиот мобилен гигантСАМО ВО ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ ЛАНИНАПРАВЕНА ЗАГУБА ОД 247 МИЛИОНИ ЕВРА

Последната година на шведско-јапонскиот мобилен гигант „Сони Ериксон“ заврши со тажни тонови. Концернот забележа загуба од 247 милиони евра во последниот квартал од 2011 година. Ваквиот поразителен резултат јасно

покажува дека „Сони Ериксон“ не успеал да се справи со прмногу силната конкуренција на пазарот за продажба на мобилни телефони, јави дописникот на МИА од Гетеборг. Падот на вкупната продажба на мобилките на „Сони Ериксон“ е мошне висок - од 43,1 милиони парчиња во 2010 година на 34,4 милиони продадени мобилни телефони во текот на 2011 година. Просечната цена на мобилките на „Сони Ериксон“ исто така забележа пад во

последното тримесечје лани. „Сони Ериксон“ е дел од Андроид-фамилијата, односно мобилните телефони слични на компјутери кои го користат оперативниот систем „Андроид“ на „Гугл“. Делот на „Сони Ериксон“ во Андроид-фамилијата на т.н. “смарт телефони“ изнесувал 10 проценти во четвртиот квартал 2011 година. Според сопствените проценки на „Сни Ериксон“, на глобалниот пазар на смарт-телфони се продадени 463 милиони парчиња. Делот на „Сони Ериксон“ се проценува на околу 7 отсто од тоталниот пазар за мобилки слични на компјутери во 2011 година.

„Арселор Митал“ отпушта 700 работници во ЧешкаПОНУДЕНА ОТПРЕМНИНА ОД 11 ДО 24 ПЛАТИ ПО ВРАБОТЕН

Металуршкиот гигант „Арселор Митал“ ќе отушти 700 вработени од својата челичараница во чешкиот град Острава и од уште две други филијали. Според претседателот на Синдикатот на вработените во челичарницата во Острава, Вичеслав Прак, на отпуштените работници ќе им биде исплатена отпремнина во висина од 11 до 24 плати. - Според нашите проценки, оваа понуда ќе ја искористат од 600 до 700 лица. Сепак точниот број ќе го знаеме наскоро, нагласи Прак, додавајќи дека рокот за пријавување на заинтересираните за доброволно заминување од работа истакува на 15 февруари. Со планот за преструктурирање на челичарницата на „Арселор Митал“ се предвидува по заминувањето на предвидениот број работници да биде извршена реорганизација на работните места. Синдикатите се скптилни кон ваквиот план и сметаат дека реорганизацијата нема да се спроведе едноставно. - Не можам да замислам дека службеник од канцеларија ќе прифати да премине во производството за пониска плата, смета Прак. „Ареселор Митал“ се реши на отуштање на вработените, поради кризата

во металуршкиот сектор предизвикана од глобалната економска криза, што резултираше со пад на производството во металуршката индустрија во светски рамки во втората половина од минатата година. Компанијата „Апселор Митал“ поседува фабрики ширум целиот свет, меѓу кои е и дел од поранешната скопска „Железарница“.

„Норвеџиан“ купува 222 нови авиониНАБАВКА И ОД „БОИНГ“ И ОД „ЕРБАС“ Норвешката нискобуџетна авиокомпанија „Норвеџиан“ ќе инвестира во интерконтинентални летови и за таа цел ќе купи 222 нови авиони, јави дописникот на МИА. „Норвеџиан“ соопшти дека 122 авиони ќе бидат набавени од „Боинг“, од кои 100 од новиот тип „Боинг 737 МАХ8“, како и дека е потпишан договор со „Ербас“ за купување на 100 „Ербас А320нео“. Вкупната вредност на зделката изнесува 127 милијарди норвешки круни (16,5 милијарди евра). Компанијата „Норвеџиан“ има осигурано и право на набавка на уште 150 авиони од двата производители.- Нашата нарачка е најголема во споредба со сите досегашни нарачки на европските авиокомпании и означува нова ера во 10-годишната историја на нашата компанија, потенцира генералниот директор на „Норвеџиан“, Бјорн Кјос.Се очекува енергетски штедливите авиони од нов материјал, при што првите ќе бидат пуштени во употреба во 2013 година, дополнително да ги намалат цените на авионските билети на оваа година.

„Хјулит Пакард“ нуди персонален компјутер „елит АИО“ во формат „се во едно“ИДЕАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ГОЛЕМИ И СРЕДНИ ФИРМИ

Компанијата „Хјулит Пакард“ во понудата на своите деловни персонални комјутери има „елит“ и „се во едно“ од моделот АИО. Станува збор за модел, кој ја користи втората генерација на технологијата на „Интел“, „КорТМ вПРОТМ“, пружа 40 проценти подобри перформанси, 15 отсто побрза работа на хард дискот и покуси периоди на прекин во работата благодарение на далечинското одржување. „Компак 8.200 елит АИО“ е идеален за големи и средни фирми, како и за јавниот сектор, штеди простор, овозможува големи перформанси, корпоративно ниво на безбедност и функција на далечинско одржување.

Page 21: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

Партиските бои и емигрантите веќе не се причина за одалеченостНОВ ДАНСКО-ШВЕДСКИ ФРОНТ ЗА ВЛИЈАНИЕ ВО ЕУ

Премиерот Фредерик Реинфелд ја прими новата данска премиерка Хеле Торнинг-Шмит. Главна тема на состанокот беше актуелната должничка криза. Но, исто така беше навестена некаква можна данско-шведска координација во рамките на ЕУ. Дали е ова знак на ново данско-шведско пријателство? Односите меѓу Шведска и Данска беа донекаде замрзнати во

изминатите десет години. Причината беше контроверзата околу емигрантските прашања, каде Данска има многу стриктна емигрантска политика, додека Шведска беше поотворена.

Старото данско-шведско друштво почнува да се одмрзџнува

Двете страни изградија стереотипи една за друга. Данците, кои претходно се гледаа како порелаксирани, љубезни и либерални, станаа интровертни и ксенофобични во очите на многу швеѓани. Се уште пред очи ми е сликата кога шведскиот либерален политичар Ларс Леијонборг дебатираше против Пиа Кјерсгард, лидер на антиемигрантската Данска народна партија во 2002 Леијонборг го критикуваше изборниот постер на Данската народна партија. Тој всушност го скина изборниот постер за време на една телевизиска дебата. Од друга страна, за многу данци шведската критика беше нефер. Швеѓаните се гледаа како самоназначена морална полиција, премногу исплашени и политички коректни за да дискутираат за позадината на емиграцијата. Дури и ако ова прашање сосема

не доминрало на дебатата, тоа сепак стана некаков вид на „влажно ќебе“ врз данско-шведските односи. Но сега се случуваат други нешта. Шведска по изборите во 2010 има антиемигрантска партија во Риксдаг (Шведските демократи), а пред неколку недели Данска доби нова социјалдемократска влада по 10 години од владеењето на десноцентристите. Па дури и ако таму имало еден социјалдемократ и еден модерат (либерал-конзервативец), тие одржаа заедничка прес конференција на која тонот беше обединет. На еден начин, ролјите се пресвртеа. Во Данска сега има нова

левичарска влада и десноцентристичка влада во Шведска, која за свое преживување делумно зависи од антиемиграциските шведски демократи. Но постои уште една интересна сличност. Данските социјалдемократи ги добија изборите најмногу заради својата стратегија на статус кво во однос на емигрантската политика. Затоа на сила остана и ригидниот дански закон за емиграција. На истиот начин модератите (во Шведска) победија на изборите во 2006, одејќи кон центарот и со ветување дека ќе задржат некои важни социјалдемократски системи, како што се законот за заштита на вработувањето. Можеби и затоа дветет држави се разбираат едни со други многу добро во однос на ова.

Некои интереси по прашањата на ЕУ

Главната тема на состанокот беше Грција и должничката криза. Ова е криза каде Шведска и Данска всушност имаат нешто заедничко. Како што кризата се продлабочува, постои зголемен ризик дека вистнската моќ во рамите на ЕУ ќе се центрира околу земјите од еврозоната. Шведска и Данска не се членки на еврозоната и оттука впечатокот дека имааат

ист интерес. - Целата ЕУ треба да преземе одговорност за еврокризата, а со тоа да има можност и другите членки да земат учество во одлуките, рече Хеле Торнинг-Шмит јасно навестувајќи го ризикот заради кој само земјите од еврозоната сега управуваат со проектот ЕУ. Посебно загрижен беше шведскиот министер за финансии Андерс Борг, заради ризикот од „внатрешен круг“, каде земјите од евозоната ќе доминираат во ЕУ. Борг е најверојатно и среќен што пронајде сојузник во Данска. Фактот што новиот премиер е социјалдемократ, тука е

од помало значење. Реинфелд исто така расправаше дека нордиските земји треба да партиципираат во одлуките околу политиките заради кризата во ЕУ. - Банкарскиот систем не е врзан само за еврозоната, тоа се применува во цела Европа, рече Реинфелд.

Некои теми по прашања за ЕУ

Уше еден интересен пример на повторно приближување помеѓу Шведска и Данска е тоа што Торнинг-Шмид рече дека таа сака да ги обнови прашањата за климата и енергијата во европската дебата кога Данска ќе го превземе ротациското претседателство по Божиќ. - Сакаме да ги искомбинираме зелените прашња со растот во Европа. На нашата дискусија беше интересно да увидиме дека имаме неколку точки каде Шведска и Данска имаат решенија за некои од предизвиците со кои се соочуваме. Тоа е добра основа за Данска и за Шведска, која заеднички силно ќе ја работиме и во Европа. Хеле Торнинг-Шмит дури и навесте дека може да постои некаков вид данско-шведска соработка пред европскиот самит

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

Page 22: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

во недела. - Ова е почеток на соработка каде почесто ќе се среќаваме и каде ќе застанеме пред големите предизвици во Европа, од каде ќе придонесуваме за решенија. Дали данско-шведската соработка по прашањата на ЕУ ќе стане реалност останува да видиме. Хеле Торнинг-Шмит е сеуште нова на својата позиција и можеби ќе и требаат 1-2 години пред да видиме дали таа заедно со Шведкса е подготвена да коородинира голем дел од европските теми.

(stockholmnews.com – Стокхолм)

Американската автомобилска индустрија зајакнуваГОЛЕМАТА ТРОЈКА ОД ДЕТРОИТ ЌЕ ВРАТИНА РАБОТА МНОГУ РАБОТНИЦИ!

Американците во просек возат стари автомобили, покажа најновата анализа во која сепак се проценува дека има знаци за раст на довербата на потрошувачите, што може да ги зголеми испораките, посебно по намалената стапка на невработеност Просечната старост на американските автомобили или камиони лани достигна рекордни 10,8 години, се наведува во анализата и се истакнува дека судејќи според тој податок набрзо може да се очекува зголемена продажба. Многу луѓе се откажаа од купување на ново возило поради невработеноста и неизвесноста во стопанските движења. За споредба, просечната старост на возилата во 1995 година била 8,4 години.

Во 2011 година продажбата на автомобили во САД пораснала на 12,8 милиони, посебно во ноември и декември. Претходната година биле испорачани 11,6 милиони, по падот на испораките во 2009 година, што е најниско ниво во последните 30 години, кога биле продадени 10,4 милиони автомобили. Експертите очекуваат дека оваа година во САД можат да се продадат 13,7 милиони возила и дека тој раст може да се зголемува за околу 1 милион до 2016 година, кога испораките би требало да достигнат 16 милиони. Најголема продажба во САД е забележана во 2005 година, околу 17 милиони возила. Меѓутоа, се предупредува дека и во случај ако годишната продажба на возила се зголемува за 1 милион, тоа ќе има помало влијание на просечната старост на возилата поради тоа што на патиштата во САД има над 240 милиони автомобили и камиони. Бројот на возилата во САД опадна од 2008 година, но тој тренд е променет минатата година. Невработеноста и намалената доверба на потрошувачите спречуваше поединци да се одлучат да купат ново возило, но минатиот месец стапката на невработеност се намали на 8,5 отсто, што е сеуште висока, но тоа е најниско ниво во последните три години. Таа промена придонесе за зголемување на испораките. Минатиот јануари „Форд“ најави дека ќе вработи 7.000 работници во следните две години, а ГМ објави ангажирање на уште 2.500 вработени во фабриката во Детроит во која се произведува електричниот „шевролет волт“. Германската компанија „Фолскваген“ во американската фабрика во Тенеси вработи 2.000 работници, а јапонската „Хонда“ во Индијана околу 1.000 работници. Минатата недела „Крајслер“ објави план за отварање на 1.250 работни места во две фабрики во Детроит идната година, за производство на дизел верзија на „Џим Гранд Чироки“. Центарот за истражување на автомобилската индустрија Ан Арбур во Мичиген проценува дека во

автоиндустријата до 2015 година ќе се вработат 167.000 работници, 28 отсто повеќе од сега. Владата проценува дека Американците потрошиле околу 40 милијарди долари повеќе на нови автомобили и камиони во 2011 отколку во 2009 година. Според проценките, лани за купени нови возила биле издвоени 206 милијарди долари, 1,3 отсто од БДП,

во однос на 166 милијарди долари во 2009 година, околу 1,2 отсто од БДП. Саемот за автомобили во Детроит, кој трае до 23 јануари, прво овогодишно важно претставување на нови модели и нова технологија, се одржува во време на добри резултати на големата тројка - „Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал Моторс“ (ГМ), иако аналитичарите велат дека бизнисот сеуште не е вратен во нормала, пред се поради високата невработеност во земјата. Според новите договори ратификувани со најголемиот синдикат во автоиндустријата, големата тројка од Детроит ќе врати на работа многу американски работници. Иако тоа звучи добро, посебно по кризата од 2009 година и неколкуте банкротства под покровителство на владата, професорот на Универзитетот на државата Мичиген, Брус Пиетриковски вели дека пресвртот не е завршен и дека автоиндустријата повторно може да потфрли. - Многу Американци немаат плати какви што имаа во 2000 година. Повеќето од нив или се невработени или имаат помали плати од времето кога автоиндустријата го достигна врвот на својата продажба“, вели Пиетриковски. Тој оценува дека растот на продажбата во Америка е поттикнат од зголемената побарувачка кај купувачите, кои во текот на рецесијата не купуваа нови автомобили. Но, додава дека втората пречка за идниот развој на американската автоиндустрија е поврзана со Вол Стрит и со падот на пазарот на куќи и станови. - Достапноста до кредитите е значително намалена па Американците тешко наоѓаат поволни кредити за купување на автомобил и потешко се одлучуваат да се изложат на таков трошок, смета Пиетриковски. Тоа е и причина поради која производителите во автосалонот во Детроит нудат помали, поекономични и поефтини автомобили, во обид да допрат до тие потенцијални купувачи кои би сакале да купат ново возило додека истовремено минуваат низ несигурни економски времиња. Пораката која при откривањето на редизајнираниот „Форд Фјужн“ ја изнесе генералниот директор Алан Мјулали, гласеше дека компанијата расте и остварува профит. - Ќе отвориме 12.000 работни места во Америка и ќе работиме на нивно пополнување до крајот на годината. Во пацифичка Азија ќе отвориме уште 3.000 нови работни места, рече Мјулали. - Проширувањето на фабриките на „Форд“ доаѓа по неколку профитабилни

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

Page 23: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

години и од претходната деценија, во која беа затворени десетици илјади работни места. Фактот дека можевме да се договориме околу сите тие работни места и инвестиции, според мене е позитивен за цела производна индустрија, рече претседателот на Обединетите синдикати на автоиндустријата Боб Кинг.

(Гласот на Америка – Вашингтон)

„Џенерал Моторс“ официјално стана лидер во продажба на возилаПРОДАДЕНИ НАД 9 МИЛИОНИ АВТОМОБИЛИ!

Американскиот „Џенерал моторс“ (ГМ) со испорака на над девет милиони возила и официјално ја врати титулата најголем продавач на автомобили во светот од јапонскиот ривал „Тојота“ во 2011 година, но ќе се соочи со многу предизвици да остане на врвот оваа година, бидејќи јапонската компанија зајакнува од последиците од катастрофалниот земјотрес. ГМ кој ја изгуби титулата на најголем продавач во 2007 година, исто така ја надмина и германската компанија „Фолксваген“, која минатата недела објави глобална продажба од 8,16 милиони возила во 2011 година, 14 отсто повеќе од претходната година. „Тојота“ лани продала 7,9 милиони автомобили во светот и се најде на трето место на најпродавана стокова марка. Американскиот гигант ГМ, кој по три тешки години зајакна од контролираниот банкрот со помош на кредити од американската влада, соопшти дека продал 9,026 милиони автомобили и камиони во светот, 7,6 отсто повеќе од 2010 година, благодарение пред се на добрата продажба на брендот „Шевролет“, кој лани забележа рекордна испорака на 4,76 милиони возила. ГМ ја презема круната на најголем продавач на возила во светот, откако „Тојота“ ја објави проценката дека минатата година имале намалена продажба за 6 отсто, на 7,9 милиони возила, погодена од пад на производството поради катастрофалниот земјотрес во март 2011 година, цунамито и нуклеарната криза во Јапонија, како и од неодамнешните поплави на Тајланд.

Јапонскиот најголем производител на возила последните месеци го зголеми производството и ги пополни намалените резерви, а има намера и да ги зголеми производствените капацитети на пазари во земји во развој, како што се Бразил и Кина. Меѓутоа, експертите велат дека и покрај тоа „Тојота“ ќе се соочи со остра конкуренција на пазарите на кои конкурентските компании веќе преземаа дел од „колачот“. Аналитичарот на „Џеј.Пи. Морган“ Кохеи Такахаши смета дека рангирањето на позиција на скалата на најуспешни продавачи не е толку важно, колку што е важен фактот дека „Тојота“ мора да усвои стратегија за да ги зголеми испораките. Тој потсети дека „Тојота“ се најде зад ривалот како што е „Нисан“ во производството на помали автомобили за пазарите на земјите во развој. „Тојота“ која во продажбата ги вклучува и филијалите „Дајхатсу“ и „Хино Моторс“ се најде на третото место, зад германската компанија „Фолксваген“ која минатата година продаде 8,16 милиони возила. До сега „Тојота“ не ја соопшти прогнозата за работењето на групацијата во оваа година, но очекува раст на испораките од 20 отсто, на рекордни 8,48 милиони возила во 2012 година. Лани „Дајхатсу“ и „Хино“ заедно продале околу 850.000 возила. „Тојота“ стана најголема автомобилска компанија во светот во 2008, година во која ГМ се наоѓаше пред колапс и кога поради глобалната финансиска криза и пад на продажбата беше принуден да побара помош од државата. Во 2009 година ГМ се најде во стечајна постапка и од тогаш постепено зајакнува и го враќа добиениот кредит, а минатата година ја заврши со рекордна продажба и повторно стана профитабилна компанија. Гигантската компанија ГМ повеќе од седум децении ја носеше круната на најголем продавач на возила во светот. Минатата година компанијата продаде 640.000 повеќе возила и камиони од 2010

година кога беа испорачани 8,39 милиони возила. Аналитичарите на состојбите во автоиндустријата оценуваат дека оваа година ќе се заостри трката за лидерската позиција меѓу ГМ, „Фолксваген“ и „Тојота“, а во таа трка ќе се вклучи и алијансата „Нисан-Рено“.

(Танјуг – Белград)

Есеншали престиж одморот во Хрватска го наплатува 5000 фунтиЧЕСТ НИ Е ДА РАБОТИМЕ СО ТОЛКУУБАВА ЗЕМЈА!

*Џон Диксон, претседател и директор на Есеншали престиж, вели: Продажбата на аранжмани за Хрватска во првата година од нашето работење ги надмина очекувањата за околу 50 отсто, па следната година очекуваме раст од 150 отсто. Британскиот туроператор Есеншали престиж, дел од групата на познатиот Престиж Холидејс, кој од оваа сезона работи во Хрватска, објави дека исклучително е задоволен од резултатите во првата година кои ги надминале нивните очекувања за 50 отсто, наспроти тоа што некои аранжмани чинеле повеќе од 5.000 фунти по лице. Печатеа нов каталог посветен на хрватската понуда за сезона 2012 на 88 страни, а целта е да го зголемат обемот на работата за дури 150 отсто. Џон Диксон, претседател и директор на Есеншали престиж изјави: „Продажбата на аранжманите за Хрватска во првата година ги надмина очекувањата за околу 50 отсто, па во 2012 година очекуваме раст од 150 отсто. Немаше да постигнеме вакви резултати без поддршка на нашите продавачи, партнерски патнички агенции во Велика Британија, нашиот хрватски партнер Елит травел, како и одличната соработка со регионалните туристички здруженија во Хрватска“. Диксон наведува и дека голем предизвик им е да го зголемат бројот на летовите од Велика Британија во Хрватска. Тој тврди дека ќе се обиде да постави повеќе летови кон Пула и Риека, додека врската со Сплит и Дубровник и сега е добра. Имено, тој истакна дека луѓето денес сакаат повеќе флексибилност при планирање на одморите, па се повеќе луѓе ги менуваат навиките за престој од три до четири дена и го продолжуваат престојот во една недела или десет дена. И новиот каталог, како што тврди Диксон, пред се е напишан информативно, но со јасен стил,

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

Page 24: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

со увид во деталите за земјата кои само вистински специјалист за Хрватска може да ги понуди. Најповолната цена на Есеншали престиж за одмор во Хрватска во 2012 година изнесува 299 фунти по лице за 7 дневен престој, со ноќевање и појадок во хотел Фортуна на островот Св. Никола во поречката лагуна. Летот за тој аранжман е организиран од Лондон (Стансед) за Пула. Интересно е дека во текот на оваа година

организирани се и неколку индивидуални програми за британски гости со поаѓање од Дубровник, а со завршување во Пула, кои клиентите ги платиле над 5.000 фунти по лице. „Како туроператор-специјалист можеме да обезбедиме се што ќе посакаат клиентите. Чест ни е да работиме со толку убава земја, а резултатите само по првата година зборуваат сами за себе“, заклучува Диксон.

(Вјесник – Загреб)

Кога по толку години Бразил застана на зелена гранка, ќе направи се да не западне во криза која се шири на Стариот континентЗЕМЈАТА СЕ ОТВАРА ЗА ЕКСПЕРТИ И ВРВНИ СТРУЧЊАЦИ

Процедурата за добивање работни визи ќе биде поедноставена само за дефицитарните професии и мора да почне во Латинска Америка Хигиеничарки, собарки, чувари и носачи во Бразил има многу меѓу своите невработени сиромашни граѓани. Меѓутоа, недостасуваат експерти и врвни професионалци и нивното пристигнување во земјата ќе биде поттикнато со новата

имиграциска политика. Според податоците кои ги објавија некои од најугледните бразилски медиуми, до март треба да биде подготвен проект за побрзо добивање работни визи, постапка која поради својата комплицирана процедура до сега го забавуваше приливот на експерти од Европа и САД кои сакаат својата среќа да ја пробаат во некоја од просперитетните компании во растечката економија на Новиот свет. За нив нема да се постели црвен тепих, како што тоа го прикажуваат медиумите во Сао Паоло. Но, како што за „Политика“ објасни извор од Министерството за надворешни работи на Бразил, „проектот на селективна имиграција“ ќе овозможи полесен привилегиран пат до работна дозвола на која нема да можат да сметаат неквалификуваните странски работници. „Многу експерти сакаат да дојдат кај нас, Бразил е остров на просперитет“, вели Рикардо Паес де Барос, координатор на проектот кој кабинетот на претседателката Дилма Русеф сака да го види на работната маса до почетокот на пролета. Реформата во образованието е во тек, а за да излезат првите професионалци со квалификации какви што се бараат на пазарот на работна сила, ќе мора да поминат барем уште десет години. На земјата која ја заслужи првата буква во кратенката БРИКС (брзорастечки економии Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република) експерти и требаат сега. Не само поради тоа што на Бразил и претстојат два големи светски настани – мундијалот во фудбал во 2014 година и Олимписките игри во 2016 година, туку и поради неразвиената инфраструктура. Недостасуваат модерни возови, патна мрежа и железнички пруги, пристаништа, механизација, енергетика, а сето тоа ја забавува забрзаната локомотива на латиноамериканскиот џин. Бразил се интересира за „трансфер на технологија“ во областа на екплоатација на наоѓалишта на нафта и за подигнување на индустриското ниво на веќе постоечките фабрики. Проектот за кој официјално се тврди дека ќе овозможи издавање на еден вид ВИП работни визи, сепак нема широко да ги отвори вратите за неограничен работен престој, дознава „Политика“. „Бразил ќе ги отвори своите врати, но државата е многу внимателна и нема ни збор за да се воведе државен иселенички проект каков што се практикува во Австралија и Канада“, вели бразилски извор за „Политика“. „Одобрувањето на работни визи на одредено време не подразбира добивање на дозвола за постојан престој, а уште помалку дава право на добивање

на бразилско државјанство“. Се додава дека „големите бразилски компании со учество на странски капитал или мултинационалните компании со седиште главно во Бразил, како и до сега ќе вработуваат странски дефицитарни експерти“. Но, тие ќе имигрираат од земји од каде е инвестиран странски капитал. Со други зборови, бразилските амбасади и конзулати по светот, па и оваа во Белград, тука нема да можат многу да помогнат. Постапката се покренува во Бразил кај надлежни органи, а иницијатор е бразилскиот работодавец. Откако властите во Бразил ќе издадат налог за издавање на работна виза, апликантот може да ја подигне во дипломатско конзуларно претставништво, на пример, во Белград. Некои големи компании планираат наскоро да отворат свои претставништва за регрутирање на експерти кои се дефицитарни кадри во Мадрид, Лисабон, а можеби и во Рим и Париз. Имиграцијата која доаѓа од овие европски земји, поради сличноста на јазикот, побрзо се прилагодува на условите во латиноамериканските тропски региони. Тоа не значи дека нашите експерти, ако бидат успешни при конкурирањето, ќе бидат отфрлени. Како што дознаваме, во Бразил живеат и работат неколку илјади наши експерти, кои на латиноамериканскиот континент пристигнале главно во 90-тите, преку стипендии, или преку трети земји. Брзо се привикнале на луѓето и работните задачи и задоволни се. Многу се ожениле или омажиле и така најлесно го регулирале својот статус. Други добиле привремени работни визи. Има пластични хирурзи, професори на универзитети, технолози и физичари. Филхармонијата во еден бразилски град вработи група наши уметници, а тие се таму веќе неколку години. Нашите луѓе не се реткост ни на нафтените платформи. Според податоците со кои располагаат агенциите за наоѓање на работа, околу 400.000 експерти од Европа и САД сеуште чекаат на средување на документи и селење на одредено време во Латинска Америка. Кога по толку години земјата застана на зелена гранка, јасно е дека ќе направи се, пред се да го извлече својот народ и да не западне во криза која се шири на Стариот континент. (Политика – Белград)

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

Page 25: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

Назив на Проектот

B-Brussels: ИПА - Испорака на техничка помош за ИТ-интерконекција Дополнување

Референца EuropeAid/132112/C/SER/Mul�

Финансиска референца

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Albania, Bosnia and Herzegovi-na, Croa�a, Iceland, Kosovo,Macedonia, Montenegro, Serbia, Turkey

Објавено на 17.01.2012 година

Краен рок за апликација

20 .02. 2012 година

Сектори Информатичка технологија Финансии и банкарство Односи со јавност Јавна администрација Законодавство

Опис на Проектот

Испорака на специјализирана ИТ и менаџмент на царинска администрација и управа за приходи

Контакти h�p://ec.europa.eu/europeaid/work/procedures/implementa-�on/services/index_en.htm

Назив на Проектот

MK-Скопје: Смоли

Референца ECZ72988-земји кандидати

Финансиска референца

2012/S 10-015680

Вид на набавка

Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Република Македонија

Објавено на 17.01.2012 година

Краен рок за апликација

20 .02. 2012 година

Сектори Општествени служби

Опис на Проектот

Понуда за договор за јавна набавка

КонтактНУ Музеј на Македонија Ул Чурчиска бб 1000 Скопје Република МакедонијаTelephone: +389 23116044 +389 23116044 E-mail: [email protected]: +389 23116439 www.musmk.org,mk

Назив на Проектот

MK-Скопје: Медицинска опрема

Референца ECZ72987-земји кандидати

Финансиска референца

2012/S 10-015681

Вид на набавка

Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 17.01.2012 година

Краен рок за апликација

28.02. 2012 година

Сектори Здравство

Опис на Проектот

Медицински материјали за кардиолошки интервенции Универзитетска клиника за кардиологија Водњанска 17 За Мери Мандалова

Контакт1000 Skopje Република МакедонијаTelephone: +389 23147181 +389 23147181 E-mail: [email protected]: +389 23164134

Назив на Проектот

RS-Приштина: Испорака на работилница и на подвижни потрошни добра

Референца EuropeAid/132425/D/SUP/XK

Финансиска референца

Вид на набавка

Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 17.01.2012 година

Краен рок за апликација

Сектори Општествени служби Транспорт

Опис на Проектот

Испорака на работилница и на подвижни потрошни добра

КонтактThe Head of EULEX Kosovo, Pris�na, KOSOVO.6.

Назив на Проектот

Проект за подобрување на општинските услуги

Референца WB174-814/12

Финансиска референца

Loan No. 7699-?K; Project Id: P096481

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 11.01.2012 година

Краен рок за апликација

24 .02. 2012 година

Сектори Градежништво-инженеринг Урбан развој

Опис на Проектот

Реконструкција на повеќе улици во општината Ѓорче Петров

Контакт

Назив на Проектот

L-Luxembourg: ИПА 2011 - Повеќе наменска програма за статистичка соработка Дополнување

Референца EuropeAid/131755/C/SER/Mul�- Relaunch

Финансиска референца

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Albania, Bosnia and Herzegovi-na, Croa�a, Iceland, Kosovo,Macedonia, Montenegro, Serbia, Turkey

Објавено на 13.01.2012 година

Краен рок за апликација

15.02. 2012 година

Сектори Земјоделие Економски развој Животна околина Трговија, индустрија Односи со јавност Јавна администрација

Опис на Проектот

Целта е да се зајакне и надгради статистичкиот систем во земјите-корисници - макроекономска статистика, статистика на цени, надворешна трговија, статистика на животна средина, земјоделска статистика, социјална статистика и статистика на бизнис. Максимум буџет 3 200 000 евра

Контактh�p://ec.europa.eu/europeaid/work/proce-dures/implementa�on/services/index_en.htm

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАwww.mchamber.mk

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

Page 26: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

На 30 и 31.01.2012 година дводневен семинар:

“ДИЗАЈН МЕНАЏМЕНТ”Дали е време за нов дизајн?

(Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат, од 10:00-16:00 часот)

Дизајнот е моќна алатка во креирањето и пласирањето на новите производи, брендовите и комуникациските стратегии. Дизајн менаџментот е процес на правилно раководење со креативните ресурси и нивно успешно имплементирање во бизнисот и другите општествени сфери. Во денешни услови на силна глобална конкуренција, ефективната и мудра примена на дизајнот во бизнисот влијае врз зајакнување на имиџот и повеќекратно зголемување на профитот. Целта на семинарот е да им ги пренесе на учесниците тајните на дизајнот како моќна сила за позитивни промени во бизнисот, но и вештините за негово успешно имплементирање во процесите на менаџирање на компанијата. -Што е дизајн? Колку знаеме за оваа применета креативна дисциплина? Систем на дизајнот (области, правци, елементи, процеси) и дизајн менаџмент (корпоративно и проектно

ниво). - Зошто дизајн? Начини како дизајнот може да ни помогне во подобрување на имиџот на компанијата, во подобрувањето на производите и услугите, во пласирањето на нови производи. -Дали и кога е време за нов дизајн? - Професија дизајнер: како успешно се соработува со дизајнерите? Предавач: Доц. м-р Гордана Вренцоска, професор на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје. Доц. Гордана Вренцоска е магистер по интердисциплинарни дизајн студии и професор на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје. Студирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а потоа и на Central Saint Mar�ns’ College of Art & Designво Лондон, како стипендист на британската

Влада. Зад себе има децениско работно искуство во McCann – Erickson – Скопје, како менаџер и креативен стратег во областа на адвертајзингот, работејќи за интернационални брендови како Nestlé, Opel, Siemens, Durex и други. Свои дизајни потпишува за Nescafé, Skopje Jazz Fes�-val, Durex, Skopje Film Fes�val, Twinings,Европскиот универзитет. Победник е на престижниот конкурс за дизајн на Twin-ings шапка во В. Британија во 2005 година, а активно твори и на полето на уметноста. За своите уметнички активности до сега има добиено бројни грантови и неколку афирмативни награди во Македонија. Со последната самостојна изложба „Македонски фолклор“ ја претстави македонската култура во Пекинг, Н.Р. Кина во ноември 2011 година. Веќе шеста година работи како професор и едукатор во областа на дизајнот, воведувајќи ги за првпат во македонското високо образование предметите Методологија на дизајнирање и Визуелни комуникации. Држела обуки и работилници за дизајн на летните школи на Британскиот совет во Република Македонија. Од 2010 година е национален селектор за Регпак – регионалната награда за дизајн на амбалажа со седиште во Хрватска. Гости: - Стефан Николовски, дипломиран дизајнер и бренд менаџер на „Рептил маркети“. Автор и имплементатор на проектот за редизајн на брендот „Рептил“. - Ивица Јовановиќ, дизајнер и креативен директор на студиото за дизајн „Бринер“. Дизајнира амбалажи за „Виталиа“ и „Јаффа“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Во рамките на најавенoтo владино road show, што ќе се одржи во Република

Турција од 29 до 3.02.2012 годинаTУРСКО-МАКЕДОНСКИ БИЗНИС-ФОРУМНА 2 ФЕВРУАРИ 2012 ГОДИНА ВО БУРСА

Во рамките на најавенoтo владино road show што ќе се одржи во Турција, од 29.01.-03.02.2012 година, планирано е одржување на еднодневен Турско-македонски бизнис-форум. Форумот ќе се одржи на 02.02.2012 година во Бурса, во организација на TUSKON( Confedera�on ofBusinessmen and Industrialists of Turkey) на кој е предвидено да се изврши спојување на македонските и турските компании. Бизнис-форумот претставува можност за продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. Економската структура на Бурса ја сочинуваат: текстилна индустрија (предива, конци, платно од памук, свила и волна, како и од синтетички материјали) 23,7%; градежништво 19%; земјоделски производи и прехранбена индустрија 13% и автомобилска индустрија 7,2%. Во Бурса постојат две фабрики за автомобили и една за минибуси и пикап-возила. За успешна реализација на настанот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со турските компании, преку пополнување на Пријавниот лист, даден во прилог. Врз основа на наведениот интерес на македонските компании, TUSKON –Турција ќе ги идентификува посочените сектори и соодветно на тоа ќе обезбеди учество на соодветни турски компании.

Трошоците за ноќевање на претставниците на сите македонски компании кои ќе учествуваат на Турско-македонскиот бизнис-форум ќе бидат на товар на TUSKON (Confedera�on of Busi-nessmen and Industrialists of Turkey), додека патните трошоци за чартер летот Скопје – Бурса – Скопје, што ќе се организира наменски за македонските компании, ќе бидат на товар на компаниите.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 27: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 25.01.2012 година.

Контакт:

Венера Андриевска Тел: 3244 037 Факс: 3244 [email protected]

Влатко Стојановски Тел: 3244 004факс: 3244 [email protected]

На 1.02.2012 година во Стопанската комора на Македонија бесплатна

презентација на Меѓународниот саем за екологија и заштита на животната средина

од Србија„ЕКО ЕКСПО 2012“ ОД БЕЛГРАД ВО СКОПЈЕ

Со цел поблиско запознавање со овогодинешнaта саемска манифестација „ЕКО ЕКСПО 2012“ од страна на претставници на Зелената еко-планета, на 1 февруари 2012 година, во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи бесплатна презентација пред заинтересираните македонски компании од областа на заштита на животната средина, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, локалната самоуправа, Министерството за заштита на животната средина, асоцијации и др.

Меѓународниот саем за екологија и заштита на животната средина „ЕКО ЕКСПО 2012“ (www.ecoexpo.rs) ќе се одржи од 1 – 2 март 2012 годи во „БЕЛЕКСПОЦЕНТАР“, Белград во Србија и

е замислен како најпрестижен саем од тој тип во регионот, кој на едно место ќе ги собере излагачите од Србија, регионот и од светот пошироко. Целта на Меѓународниот саем за екологија и заштита на животната средина „ЕКО ЕКСПО 2012“ е на едно место да се соберат сите оние кои се истакнале со постигнати резултати, а и оние кои сакаат да се афирмираат во оваа област, поаѓајќи од тоа дека размената на знаења и искуства е најбрз пат до она за кое сите тежнееме, а тоа е да се заштити и сочува животната средина. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да присуствуваат на бесплатната презентација, што ќе се одржи на 1 февруари 2012 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.

Контакт:

Венера Андриевска Тел: 3244 037 Факс: 3244 [email protected]

Влатко Стојановски Тел: 3244 004факс: 3244 [email protected]

На 4.02.2012, 11.02.2012 и 18.02.2012 година во Бизнис-салата во Конгресниот

центар на Скопски саем ОБУКА ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАЦИИ И

БИЗНИС-ИДЕИ

Со цел да се подигне подготвеноста на учесниците во Балканскиот инвестициски форум, што ќе се организира на 18 и 19.4.2012 година во Скопје, Балкан анлимитед, фондација за развој на иноваторството и претприемништвото, организира Обука за развој на иновации и бизнис-идеи, што ќе се одржи на 4.02.2012, 11.02.2012 и 18.02.2012 година во Бизнис-салата во Конгресниот центар на Скопски саем. Стопанската комора на Македонија ја поддржува иницијативата за соработка и обучување на македонски компании за подготвеност за инвестиции, преку промоција на Балканскиот инвестициски форум и поддршка во процесот на идентификација на соодветни компании. Oбуката за македонските компании е предвидена со цел да им се приближат концептите на македонските компании во делот на иновација, развој на производ, интернационална

комерцијализација, соработка со инвеститори, начин на комуникација. На обуката можат да учествуваат: претприемачи, иноватори, научни истражувачи, консултанти, студенти, специјалисти за развој на производи, професионалци за маркетинг, инвеститори и др. Заинтересираните учесници можат да се пријават најдоцна до 1 февруари 2012 година, на е-адреса: [email protected] или на телефонот (003892) 3 224 711.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 6 февруари 2012 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје

МАКЕДОНСКО-БРИТАНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ

Стопанската комора на Македонија во име на Амбасадата на Велика Британија во Македонија и на британската експертиза, предводена од Краун Агенцијата (Crown Agents) од Скопје, Ве покануваат да присуствувате на Македонско-британскиот бизнис-форум во рамките на ИПА-проектот на тема: “Градење стратешки партнерства за ефикасно користење на ЕУ-фондовите”. Целта на настанот е да се прикаже британското искуство и еспертиза на британските консултантски компании во делот на развојот и имплементацијата на ЕУ-проекти. Бизнис-форумот претставува можност за спојување на британските и македонските компании за успешно и ефикасно користење на ЕУ-фондовите во спроведувањето на сеопфатната реформа во Македонија на македонските институции и компании задолжени за ИПА-програмите и нивна имплементација. Македонско-британскиот бизнис-форум претставува продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Кралството Англија, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. За успешна реализација на

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 28: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

форумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со британските

компании, преку пополнување на Пријавниот лист, кој што може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 02.02.2012 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 9 и 10 февруари 2012 година дводневен семинар

„ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, НИВНОТО „ПРАВИЛНО“ ТОЛКУВАЊЕ, ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ, МЕТОДИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ

НА ИНВЕСТИЦИИ И ПРОЕКТИ, ВРЕДНУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИОТ КАПИТАЛ

И КОМПАНИЈАТА“ (Стопанска комора на Македонија,

сала 1 на 5-ти кат)

Како работи мојата компанија? Како да го испланирам работењето за наредната година? Што ми покажуваат извештаите? Дали да инвестирам? Колку ме чини кредитот? Дали проектот ми е исплатлив или не? Подгответе се самите да го дадете одговорот на овие и уште неколку клучни прашања за успех на бизнисот.

Обуката е наменета за луѓе од бизнисот кои за првпат се соочуваат со позицијата финансиски менаџер,

сопственици на мали бизниси пред кои стојат предизвиците за управување, професионалци кои имаат мало и недоволно познавање на оваа област. Главната и единствена цел е учесниците во текот на двете сесии да се стекнат со потребните теоретски знаења за оваа проблематика, а преку постојана анализа и решавање на примери од практиката со многу позначајните, практични вештини. Фокусот на обуката е поставен на финансиските извештаи, нивното „правилно“ читање, финансиското планирање, методите за вреднување на инвестиции и проекти, вреднување на сопствениот капитал и компанијата. Области без кои не може да се замисли работата на една компанија. Предавачи: проф. д-р Панче Јовановски, редовен професор на Европскиот универзитет - Скопје, м-р Васко Богдановски, асистент на Европскиот универзитет и Славко Гавриловски, асистент на Европскиот универзитет во Скопје. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 6 февруари 2011 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 15 февруари 2012 година во Охрид еднодневен семинар

“УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ”

Семинарот е за стекнување знаење за успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување на огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Обуката ќе се одржи од 11:00 до 16:00 часот, во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој во Охрид. Поттикнати од фактот што на голем број компании-понудувачи не им

се познати најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции.

Предавачи: Марија Јованоска и Горан Давидовски, вработени во Бирото за јавни набавки.

Програма на семинарот: � Статус на е-набавките во Република Македонија; � Креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор; � Пребарување на објавени тендери и договори; � Електронски систем за јавни набавки и е-аукции; � Дигитално потпишување на понудите; � Поднесување на понудите преку системот; � Учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда. Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и менаџментот кој одлучува за содржината на понудите. На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се: � како да креирате кориснички профил; � основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот; � како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН; � како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери;

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 29: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

� како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат; � што е електронска аукција и како да учествувате на неа?

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 14 февруари 2012 година. Учесниците на семинарот треба да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата.

Контакт: Борис Тримчев Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 16 до 19 февруари 2012 година во Република Грција

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ “HELEXPO SA 2012” ВО СОЛУН

* За македонските компании е обезбедено бесплатен автобуски превоз, бесплатни влезници и бесплатен каталог на учесниците на Саемот

На 16 февруари 2012 година Стопанската комора на Македонија организира посета на Меѓународниот саем „Helexpo SA 2012”, (EnergyTech 2012, MarminStone 2012, Infacoma 2012), што ќе се одржи во Солун, Република Грција, од 16-19 февруари 2012 година.

За македонските компании е обезбедено бесплатен автобуски превоз, бесплатни влезници и бесплатен каталог на учесниците на Саемот. Во организација на грчкиот саемски промотор „Helexpo SA“,од 16-19 февруари 2012 година ќе се одржат саемите: 1. Infacoma 2012 - 29. Меѓународен саем за градежништво, изолација, врати и прозорци, санитарна опрема и технологија;

2. EnergyTech 2012 - 4. Меѓународен саем за обновливи и конвенционални извори на енергија, заштеда на енергија, технологија и животна средина и 3. MarminStone 2012 - 36. Меѓународен саем за мермер, камен, минерали, конструкции, машини и опрема. „Helexpo SA“ (www.helexpo.gr), е водечкa организација за саеми во Грција која нуди квалитетни и иновативни услуги за бизнис-секторот. Секоја година „Helexpo SA“ организира ваков тип на саеми, со цел да создаде соодветна клима за развој и унапредување на бизнисот меѓу компаниите, да се остварат контакти и продажба на производи и услуги на локално, национално и на меѓународно ниво. На сите три меѓународни саеми на „Helexpo SA 2012“ се очекува да се претстават излагачи од Грција, но и од земјите од регионот од градежната индустрија, неметалната индустрија (мермер), металната и електроиндустријата и од енергетскиот сектор (мали хидроцентрали, ветерници, биоенергија). Стопанската комора на Македонија за македонските компании обезбедува бесплатен автобуски превоз Скопје – Солун - Саем и обратно, бесплатни влезници за Саемот и бесплатен каталог. Бидејќи бројот е ограничен на 50 посетители, заинтересираните компании треба да се пријават најдоцна до 27.01.2012 година во Стопанската комора на Македонија.

Контакт:

Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 21 до 23 февруари 2012 година, во Тел Авив, Израел,

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ВИНО „ISRAEX-POWINE 2012“

Во периодот од 21 до 23 февруари 2012 година во Тел Авив, Израел, ќе се одржи 4. Меѓународниот саем за вино „IS-

RAEXPOWINE 2012“. „ISRAWINEXPO 2012“ како меѓународна професионална изложба, претставува место за средба на сите чинители во винската индустрија: производители, увозници, дистрибутери, специјализирани медиуми, претставници на ХОРЕКА-секторот, инвеститори и други.

На оваа специјализирана саемска манифестација ќе се претстават домашни и странски производители на различни видови на вино, со посебен акцент на израелската индустрија за вино, со дополнителна програма од прехранбената индустрија. Саемската манифестација ќе има продажен карактер, со присуство на професионална публика и посетители. На минатогодишното издание на овој саем, учествуваа над 300 домашни и странски излагачи, со повеќе од 20.000 посетители. Трошокот за регистрација за секој излагач изнесува 450 САД долари и 320 САД долари за дополнителен квадратен метар. Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски винарници и заинтересирани компании на оваа реномирана саемска манифестација. Заинтересираните компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 27. 01.2012 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 30: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

На 24 февруари 2012 година во Белград, Србија

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС-СРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ 2012

Европскиот информативен и иновативен центар и Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија организираат учество на меѓународните бизнис-средби од областа на туризмот, што ќе се одржат во рамките ма МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2012, во Белград, Србија, на 24.02.2012 година од 10:00 до 18:00 часот.

Цел на овие средби е поврзување и воспоставување деловна соработка меѓу компаниите од областа на туризмот. Ова е единствена прилика потполно бесплатно да воспоставите контакти и деловни врски со странски тур-оператори, туристички агенции, туристички организации, хотели, ресторани, хостели, ски-центри, бањи и слични субјекти. Деловните средби Ви нудат можност да остварите директни контакти со потенцијалните партнери, да ги сознаете новостите и трендовите во туризмот, да ја промовирате својата дејност и да размените искувства. На деловните средби во 2011 година учествуваа 115 компании од областа на туризмот од 9 земји.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 6 март 2012 година, СкопјеМАКЕДОНСКО-АНГЛИСКИ БИЗНИС

ФОРУМ“THE UK AND MACEDONIAN BUSINESS TO

BUSINESS (B2B) EVENT”

Британската Амбасада во Скопје во соработка со коморите, спроведуваат проект за вмрежување меѓу британски и македонски компании. Проектот се спроведува како продолжение на претходниот Проект “UK

Chamber to MK Chamber event”, каде што се оствари институционална соработка помеѓу 9-те стопански комори од Велика Британија и македонските стопански комори.

Учеството на настанот е бесплатно и целта на овој настан е да се унапредат бизнис-поврзувањата меѓу британски и македонски компании, кои ќе бидат идентификувани од страна на британските и македонските стопански комори. За таа цел, Ве покануваме за учество во проектот на 6 март 2012 година, преку номинирање на претставници од вашите компании, кои сметате дека одговараат на профилот на пријавените британски компании, со што ќе се овозможи успешно вмрежување.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 9 март 2012 година на „ГАСТ“ во Сплит, ХрватскаМЕЃУНАРОДНИ СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ

Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Enterprise Eu-rope Network организира 5. Меѓународни бизнис-средби “Tourism@GAST 2012”, што ќе се одржат на 9.3.2012 година (петок), со почеток во 9:30 часот, во рамките на Меѓународниот саем „ГАСТ“, што ќе се одржи од 7 до 11 март 2012 година во Сплит, Република Хрватска. Мултилатералните бизнис-

средби „Tourism@GAST 2012“ се продолжение на истоимените бизнис-средби во рамките на Саемот „ГАСТ“, со учество на повеќе од стотина учесници. Саемот „ГАСТ“ е клучно место за средби и на бројни производители и трговци од секторот за храна, пијалаци, хотелска и угостителска опрема. Ова е единствена прилика за средби со меѓународни компании од регионот и пошироко, на претходно договорени индивидуални состаноци, според Вашиот избор, и тоа во следните сектори:� тур-оператори и туристички агенции;� хотели, мотели и кампови;� здравствен и wellness-туризам;� селски, еко и активен туризам;� промет (автобуски, железнички и воздушен);� осигурување и финансии;� туристички инвестиции;� угостителство, храна и пијалаци;� гастрономска понуда и побарувачка;� интернет-туризам и др. Учеството на средбите е бесплатно, а контакт-лицата од мрежата на Enterprise Europe Network Ви стојат на располагање во процесот на пријавување и во текот на состаноците. И оваа година се очекуваат партнери од Германија, БиХ, Србија, Црна Гора, Словенија, Македонија, Италија, Унгарија и од други земји.

Здружение на угостителството и туризмот Лазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Ph: ++ 389 2 3244090 mob. ++ 389 70 387745 Fax: ++ 389 2 3244026 E-mail: [email protected] Web: www.mchamber.mk

Меѓународен саем за компјутери од 6 до 10 март во Германија

CEBIT FUTURE MATCH 2012 ВО ХАНОВЕР

На саемска површина од околу 450 000 м² и со над 700 000 посетители CeBIT е најголем саем за компјутери во светот. Во рамките на Саемот што се одржува во Хановер, Германија, од 6-10 март 2012 година, Enterprise Europe Net-work ќе организира 14-ти меѓународни бизнис-средби. Од 1999 година Future Match е можност за излагачите и посетителите на Саемот да најдат партнери за соработка,

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 31: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

за развој на производите, истражување, заеднички вложувања, производство, маркетинг и лиценцни договори. Компаниите, универзитетите и истражувачките институти од ИКТ-секторот се исто така поканети за учество на Саемот.

На www.futurematch.cebit.de можете да се регистрирате и да воспоставите контакти со CeBIT 2012.

Здружение на информациско-комуникациски технологии Лазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Ph: ++ 389 2 3244090 mob. ++ 389 70 387745 Fax: ++ 389 2 3244026 E-mail: [email protected] Web: www.mchamber.mk

Од 16 до 19 март Меѓународен саем во Република Албанија

“HORECA ALBANIA EXPO 2012” (ХОтели, РЕсторани, КЕтеринг)

Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување. Во организација на грчкиот саемски промотор „Експолајн“, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација „ХОРЕКА Албанија Експо 2012“. Хорека-секторот, кој го опфаќа прехранбениот и услужните сектори (хотели, ресторани, кетеринг) ќе биде претставен на овој специјализиран саем во Албанија како земја со динамичен развој и посебно со растечки тренд во оваа специјализирана стопанска гранка. На овој Меѓународен саем се очекува да се претстават излагачи од Албанија, но и од земјите од регионот во следниве профилирани сектори: - прехранбена индустрија со сите потсектори, професионална опрема за угостителство, прибор за

готвење и додатоци, машини за перење и миење садови, специјализиран внатрешен и надворешен декор, текстил за домаќинство, теписи, ѕидни облоги, козметика, бањи, опрема за климатизација (ладење, греење), соларни системи, третман на вода, опрема за базени, врати и прозорци, архитектонски решенија, информацискии и комуникациски системи, хотелска и ресторанска компјутеризација, безбедносни системи, опрема за спорт и рекреација и др. Саемот е од отворен карактер на кој се очекуваат професионални посетители и тоа: хотели, спа-центри, кафе-барови, ресторани и брза храна, пекарници, пабови и ноќни клубови, болници, големи трговски синџири, дизајнери, архитекти итн.

Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. Цената за изложбениот простор со стандардна опрема е 126 евра/м2 (плус ДДВ) . Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот. Сите заинтересирани компании своето учество на Меѓународниот саем

“Хорека” можат да го пријават најдоцна до 27.01.2012 година, во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 28 март до 1 април 2012 година 7. Меѓународeн гастрономски фестивал во

Република Хрватска „БИСЕР НА МОРЕТО 2012“ ВО СУПЕТАР

НА БРАЧ

Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 28 март до 1 април 2012 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на седмата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. На оваа манифестација досега имаат учествувано повеќе од 300 готвачи од деветнаесет земји и тоа: Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Австрија, Италија, Швајцарија, Словенија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Украина, Латвија, Молодавија, Албанија, Саудиска Арабија и Русија. Стопанската комора на Македонија и годинава организира учество на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите, членовите на жири-комисијата како и медиумска екипа е обезбедено бесплатно сместување. Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 март 2012 година. Повеќе информации и пријавниот лист се објавени на веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Венера Андриевскател: 3244 037; факс:3244 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 32: Бизнис ИНФО бреој 82 од 26.01.2012 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 26 јануари 2012, Бр. 82

Компанија од Канада заинтересирана е да увезува прехранбени производи од Република Македонија.

Валидност до: 16.12.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се заинтересирани да набавуваат

материјали за амбалажа.Валидност до: 15.6.2012 година

Компанија од Финска заинтересирана е во своите планови за набавка на вина за следната година да ги

вклучи и вината од Република Македонија.Валидност до: 15.12.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да пласира котли за производство на енергија со биомаса во

Република Македонија.Валидност до: 26.4.2012 година

Компанија од Белгија заинтересирана е да пласира радари за раскрсници во Република Македонија.

Валидност до: 26.5.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на квалитетни средства за

лепење за плочки, водоотпорни изолациони производи, технички малтер, термална изолација и др.

Валидност до: 29.12.2012 година

Германска компанија бара соработка со македонски компании во областа на машинската индустрија, нудат

услуги во процесот на производство, дизајнирање и изработка на разни видови алатки.

Валидност до: 16.9.2012 година

Македонска компанија нуди сигурносна опрема од типот на сефови наменети за банки, депозитни сефови,

дневно-ноќен трезор, модуларен трезор, трезорски врати и др.

Валидност до: 16.6.2012 година

Белгиска компанија бара застапник во Република Македонија на бетон во боја кој се употребува за подни

облоги за внатрешни површини. Ваквиот бетон врши замена на подни плочки, многу е декоративен, целосно

е водотпорен и не фаќа прашина.Валидност до: 10.4.2012 година

Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на топлинска техника за бања и

дизајн радијатори, печки на цврсти горива.Валидност до: 10.4.2012 година

Германска компанија производител на ТВ-опрема за инспекција и системи за испитување на протекување нуди ефективни решенија во областа на инспекција

на канализација, почнувајќи од главна инспекција на канализација, па се` до поставување на дренажни

системи.Валидност до: 10.5.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира замрзнато овошје во Република Македонија, капини,

малини, јагоди, сливи, боровница, вишни.Валидност до: 17.5.2012 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија на опрема за угостителство.

Валидност до: 18.6.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални кеси за пакување на течности, вино, маслиново масло и др. Пијалаци: 1,5 литарски вреќа, еквивалентно на 2 x 750 ml шишиња; - 3

литарски вреќа, еквивалентно на 4 х 750 мл шишиња. Амбалажата се рециклира и хартија со 80% пониска емисија на јаглен диоксид и 90% помалку отпад од

стакло, што ја прави еколошка.Валидност до: 10.5.2012 година

Српска компанија бара ексклузивен дистрибутер во Република Македонија за пласман апарати за масажа, палета на апарати за освежување на воздух, апарати за

нега на тело.Валидност до: 10.5.2012 година

Компанија од Шпанија заинтересирана е да соработува со градежни компании во Република Македонија за заедничко вложување (партнерство) во изградба

на јавни објекти и учество на меѓународни тендери во Република Македонија. Можат да ги понудат

бараните сертификати и know-how во конзорциумот, а моментално се заинтересирани за учество во

изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Прилеп.

Валидност до: 13.9.2012 година

Германска компанија бара дистрибутерво Република Македонија за пласман на современи аудиоапарати и

опрема.Валидност до: 20.01.2012 година

Германска компанија бара соработка со производители на обувки во Република Македонија за пласман на

сучен конец и други видови конци со различна јачина, боја и дизајн.

Валидност до: 20.4.2012 година

Македонска компанија нуди истражување на пазарот, предлог-идеи за реклами и промотивни кампањи, организирање и обука на хостеси, целосен стајлинг

на хостесите и промотерите, организирање промоции на производи, организирање анкети на барање на

вашата компанија, свечени отворања, саемски изложби, медиа-план и медиа-закуп, организација на семинари и

брендирње на производи.Валидност до: 22.11.2012 година

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фротирски крпи и

постелнина.Валидност до: 22.5.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитни фолии за заштита

при изведба на градежни работи.Валидност до: 22.5.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кујнски шпорети, вградени шпорети, шпорети на плин, аспиратори со италјански

дизајн.Валидност до: 21.01.2012 година

Компанија од Република Македонија ги нуди следните услуги: писмен и усмен (консекутивен и симултан)

превод од англиски, германски, француски, албански, италијански, унгарски, грчки, словенечки, руски, српски и други светски јазици на македонски јазик и обратно; лектура на текстови на англиски и на македонски јазик;

заверка на документи со печат од овластен судски преведувач; курсеви за странски јазици (англиски,

германски, француски, албански, италијански, унгарски и др.) и македонски јазик за странци. За членките на

Стопанската комора нуди плаќање во рок од 60 дена.Валидност до:12.09.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на купување и продажба на разни видови

компир, имаат 80 регистрирани сорти на компир.Валидност до: 20.01.2012 година

Компанија од Италија заинтересирана е за соработка со македонска фабрика за производство на чевли која би

сакала своите производи да ги извезува во Европа.Валидност до: 27.05.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со трговци на големо и мало од Република Македонија со цел заедничка соработка и пласман на македонската

слатководна риба на хрватскиот пазар.Валидност до: 27.05.2012 година

Компанија од Италија заинтересирана е за соработка со македонска фабрика за производство на чевли која би

сакала своите производи да ги извезува во Европа.Валидност до: 27.05.2012 година

Македонска фирма бара директно застапништво од странска фирма во Република Македонија за месо,

месни производи и конзерви, месо од живина и производи од живина.

Валидност до: 11.11.2012 година

Грчка компанија бара соработка со македонски текстилни комапнии кои ќе изработуваат платнени капи

по нарачка.Валидност до: 11.5.2012 година

Израелска компанија бара соработка со македонски увозници на овошје за пласман на манго и калинки, како

и алат за вадење на семки од калинки.Валидност до: 11.05.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со веледрoгерии во Република Македонија за пласман на лекови и

козметички препарати.Валидност до: 11.05.2012 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на спортска и работна облека.

Валидност до: 28.04.2012 година

Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сензорска арматура.

Арматурата од нивниот асортиман наменета е за монтажа во јавни санитарии (хотели, ресторани,

кафеани, кампови, спортски сали, бензиски пумпи, автобуски и жележнички станици, како и градинки,

школи и факултети).Валидност до: 28.04.2012 година

Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за соларни системи за греење на вода

за искористување на топлината од отпадот во производствените процеси.

Валидност до: 29.04.2012 година

Германска компанија барат соработка со македонски компании во областа на сончевата енергија за плaсамaн на фотоволтаични системи, соларни системи за греење

на вода и топлински пумпи.Валидност до: 29.03.2012 година

Хрватска компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на опрема за пекарска

индустрија.Валидност до: 29.03.2012 година

Бугарска компанија има интерес за соработака со фирми од Република Македонија кои произведуваат струготини

од дрво, а се употребуваат за изработка на палети. Бараната количина треба да биде 1800 м3 месечно, а во

моментот бараат 360 м3.Валидност до: 29.04.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се

превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски