31
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53 Број 53 од 12.05.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА УСЛОВИ ДА СЕ ПАТЕНТИРААТ 4.000 НАМЕСТО 40 ПРОНАЈДОЦИ! ПОРАКИ ЦИРИ започна со серија обуки за конкретна изработка на апликации за проекти во рамките на ЦИП-програмата МОЖНОСТИ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ СЕ ИЗНАЧЕКАА ИДЕИ ЗА КОНКУРЕНТНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ И ПАЗАРОТ НА ТРУД ПРЕПЛАВЕН СО ТЕОРЕТСКИ ЗНАЕЊА Образованието на возрасните далеку од потребите на стопанството Бизнисот се сложува со државата: Без иновации не е можен одржлив економски раст на земјава

Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО - економски неделник на Стопанската комора на Македонија

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Број 53 од 12.05.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

УСЛОВИ ДА СЕ ПАТЕНТИРААТ

4.000 НАМЕСТО 40 ПРОНАЈДОЦИ!

ПОРАКИ ЦИРИ започна со серија обуки за конкретна

изработка на апликации за проекти во рамките на ЦИП-програмата

МОЖНОСТИ

ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ СЕ ИЗНАЧЕКАА ИДЕИ

ЗА КОНКУРЕНТНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ

И ПАЗАРОТ НА ТРУД

ПРЕПЛАВЕНСО ТЕОРЕТСКИ

ЗНАЕЊА

Образованието на возрасните далеку од потребите на стопанството

Бизнисот се сложува со државата: Без иновации не е можен одржлив економски раст на земјава

Page 2: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Порака на Димитар Богов, новиот гувернерНАРОДНАТА БАНКА ЌЕ ГО БРАНИ

ФИКСНИОТ КУРС НА ДЕНАРОТ Народната банка на Република Македонија и натаму ќе

го штити фиксниот курс на денарот, затоа што стабилниот девизен курс добро и` служи на македонската економија, - истакна новиот гувернер на Народната банка Димитар Богов.

Димитар Богов - Економскиот раст не зависи од курсот, дали е тој флуктуирачки или фиксен, туку зависи од квалитетот на економските политики. Не постои гаранција дека девалвацијата би креирала поттик на извозот. Понатаму, висока е евроизираноста на активите и пасивите на населението, банките и претпријатијата во РМ, така што промената на курсот би имала сериозни последици кон сите овие економски агенти, - истакнал Богов, обраќајќи се пред учесниците на Годишната конференција на Македонската берза, што се одржува во Охрид, а го цитира МИА. Зборувајќи за актуелната економска состојба во земјата, новиот гувернер на НБРМ истакнал дека инфлацијата регистрирана во последните неколку месеци е последица на повисоките цени на нафтата и храната на светските берзи. - Се` уште не гледаме преносни ефекти врз останатите цени во македонската економија. Доколку забележиме такви сигнали, НБРМ секако дека соодветно ќе реагира и јас, како иден гувернер, нема воопшто да се двоумам да реагирам во насока на задржување на економската стабилност, - истакнал Богов. Како иден гувернер на НБРМ, според Богов, активностите ќе ги насочи кон зацврстување на стабилноста и конкурентноста на банкарскиот систем, преку воведување на најдобрите европски практики во регулативата и супервизијата, а основна цел ќе биде да се задржи ценовната стабилност, како предуслов за одржлив економски раст.

КАМАТНИТЕ СТАПКИ СЕ КОРЕКТНИ ЗА ОВОЈ ПАЗАР И ПОДОЛГО ВРЕМЕ НЕМА ДА СЕ МЕНУВААТ

Каматните стапки на кредите во Македонија во моментов се на ниво под кое не може да одат. Во моментот каматните стапки се коректни за овој пазар. Може тоа е одраз на монетарната и ценовната стабилност во однос на другите и избалансираноста кај трговскиот биланс. Доколку не настане намалување на задолжителната резерва, а кое според најавите од НБРМ не се планира во моментов, овие каматни стапки би останале во догледно време. Минатата година доста се намалија каматните стапки и направената споредба со земјите во опкружувањето покажа дека Македонија има најниски каматни стапки. Во првите три месеци од годинава има пораст на кредитите за населението за три проценти, а на компаниите за 0,9 отсто и доколку се продолжи со ваквиот тренд ќе се достигне минатогодишното ниво. Откако почна кризата има тренд на влошување на кредитното портфолио и на нефункционалните кредити, но состојбите не се толку драматични и не ја загрозуваат стабилноста на банкарскиот сектор. За мене курсот на денарот е реален и пазарен. Доколку дојде друга ситуација мислам дека нема сила да ги запре тие пазарни закони и да го направи фиксен курсот. Тоа е веројатно затоа што постои избалансираност на понудата и побарувачката и тоа го одржува курсот. Народната банка интервенира во ситуации кога се јавуваат тие шпекулативни моменти или недостаток на девизи кај банките и ако 15 години Народната банка повеќе купува девизи од тоа што продава значи тоа е на некој начин одраз дека тоа е пазарен курс.

(Ѓорѓи Јанчевски, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка и претседател на Здружението на

банкарството при Стопанската комора на Македонија)

Покровители

ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

Page 3: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Стопанството бара квалификувана работна сила, конкретни струки и практично, а не теоретско знаење. На пазарот на труд во Македонија се нудат кадри што речиси не се потребни, а недостигаат оние за кои бизнисот реално има потреба. Голема е и бројката на неврaботени со четиригодишно средно образование - гимназија кои не се квалификувани речиси за ништо одредено. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Образованието на возрасните во функција на потребите на стопанството“ (9.5.2011 година). - Бизнисите денес немаат време, ниту финансии да им овозможат практична обука на нововработените. Ги притискаат рокови и барања за квалитет. Оттука и неопходноста за поголема комуникација меѓу образовниот систем и работодавците. Компаниите треба да кажат каков кадар им е потребен за да се организираат соодветни обуки или едукации, а тоа го овозможува Законот за образование на возрасните донесен во 2008 година, - рече Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија. Согласно Законот, преку посебни, флексибилни програми што ги спроведуваат т.н. понудувачи на услуги, кандидатите стекнуваат знаења и вештини, се доквалификуваат или преквалификуваат. Потоа добиваат и сертификати признати од државата. - Токму тука е нашиот фокус, сертификатите во кои точно ќе стои кои вештини ги стекнал учесникот во програмата, да ги препознаат и признаат и фирмите, - напомена директорката на Центарот за образование на возрасните, Светлана Пинева, а ја цитира МИА.

Според неа, образованието на возрасните во функција на стопанството значи директно поврзување на неопходните кадри со приватниот сектор. Само со воспоставување квалитетна комуникација меѓу работодавците и образовниот систем може да се одговори на барањата на пазарот на трудот. Стопанската комора на Македонија преку Центарот за едукација кој функционира веќе пет години, е вклучена во образованието на возрасните. Како што информира Ленче Зикова, раководител на Центарот, најбарани се струките од

градежништвото, машинската и металопреработувачката индустрија. - Населението мора да се запознае со Законот за образование на возрасните зашто статистичките податоци се поразителни. Од невработените, 35,9 отсто се со основно и незавршено основно школо, 15,3 проценти се со тригодишно средно, со четиригодишно се 39,3 отсто, а со универзитетско образование 7,4 отсто. Од тие со четиригодишно средно, повеќето се гимназијалци кои имаат најмногу теоретски, но не и практични познавања, - рече Зикова. Лицата со основно и незавршено основно училиште се подолго време невработени, немаат соодветни

знаења и вештини, не се квалификувани и потекнуваат главно од сиромашни домаќинства во руралните подрачја. Стопанската комора на Македонија неколку пати побарала од Владата да воведе даночни олеснувања за работодавците кои би анагжирале практиканти и лица на обука. - Даночните олеснувања се предвидени со Стратегијата, но веројатно е потребно време да се дефинираат, - истакна Зикова.

СОСТОЈБИ

Образованието на возрасните далеку од потребите на стопанството

И ПАЗАРОТ НА ТРУД ПРЕПЛАВЕН СО ТЕОРЕТСКИ ЗНАЕЊА

РАДИКАЛНА ПРОМЕНА НА КВАЛИТЕТОТ НААДМИНИСТРАТИВНИТЕ УСЛУГИ

Стратегијата за реформата на македонската администрација има за цел ефектна, ефикасна и отчетна администрација која ќе обезбедува услуги ориентирана кон граѓаните и ќе функционира на транспарентен и отворен начин, а воедно ќе ги исполнува сите вредности и стандарди на т.н. добро владеење во рамките на европскиот административен простор. Во тој контекст, воведени се измените на значителен број закони и прописи со кои ќе се овозможат поефикасни и поедноставни административни постапки при реализирањето на барањата од граѓаните и компаниите, како и од странските инвеститори. Во првата фаза од административните реформи опфатени се сите министерства и секретаријати, како и Службата за општи и заеднички работи на Владата при што воведен е и системот на електронски менаџмент на документите. Идендификувани се 60 услуги и 138 документи кои ќе бидат опфатени во проектот со што радикално ќе се промени квалитетот на административните услуги, а граѓаните и компаниите ќе ги почувствуваат овие промени преку заштеда на нивното време и на значителни трошоци кои ги правеле досега.

(Иво Ивановски, Министер за информатичко општествои администрација во Владата на Република Македонија)

ПРЕНОС НА ИСКУСТВАТА

Франција, која има долга традиција на администрирање на државата, од минатата година се вклучи со поддршка за

реформите во Македонија преку организирање семинари со учество на македонски и на француски експерти како еден од начините за поддршка на евроинтеграцијата на Македонија. Франција во јавниот сектор има признато искуство бидејќи од 2007 година почна амбициозна реформа на сопствената администрација. Таа претставува генерална реформа на јавните политики што има за цел да изврши ревизија на околу илјада милијарди евра што се вложуваат и да ги постави потребните прашања што треба да се направи за да се намалат трошоците. Целта е да се направи конкретна трансформација на целите на државната администрација

и да обезбеди поефикасна државна служба со помал број на службеници, коишто ќе бидат подобро платени.

(Н.Е. Жан Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција во Република Македонија)

НА ИСТА ЛИНИЈА

Жан Клод Шлумберже иИво Ивановски

Page 4: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

ЦИРИ започна со серија обуки за конкретна изработка на апликации за проекти во рамките на ЦИП-програмата

ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ СЕ ИЗНАЧЕКАА ИДЕИЗА КОНКУРЕНТНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ

Како дел од стратегијата на Стопанската комора на Македонија да ја зголеми искористеноста на европските фондoви, Центарот за имплементација на развојни идеи (ЦИРИ) во соработка со Министерството за економија и Кабинетот на вицепремиерот задожен за економски прашања, како и во соработка со Делегацијата на Европската унија во Скопје, како кофинансиер на проектот, организира обуки за компаниите и консултантите во делот на аплицирање за фондовите на Рамковната програма за конкурентност и иновации на Европската унија ЦИП. ЦИП е Рамковна програма за конкурентност и иновации на Европската Унија (Compe��veness and Innova�onFramework Programme – CIP). Програмата ќе се спроведува од 2007 до 2013 година со годишни оперативни програми и повици за доставување предлози за следните 3 подпрограми: • Програма за претприемништво и иновации - ЕИП • Програма за поддршка на политиката на информациско-комуникациска технологија - ИКТ-ПСП • Програма за интелигентна енергија – Европа - ИЕЕ Македонија е дел од ЕИП и ИЕЕ, со што се отвара можност за компаниите и институциите да аплицираат на проекти во рамки на овие две поддпрограми. Овие чекори на Стопанската комора на Македонија се со цел да ги охрабрат компаниите да ги искористат можностите за изградба на нивните капацитети за аплицирање за ЦИП фондови, и ги искористат обуките за вклучување во поширок дијалог со претставниците на приватниот и јавниот сектор. Една од целите на обуките е да се подготват заинтересираните страни од земјата и нивните проектни идеи за некои од веќе објавените, како и предстојните повици. Преку обуките фирмите од Македонија имаат можност за добивање теоретски знаења, но и за конкретна помош при аплицирање за програмите. Обуките се интерактивни со работни групи коишто ќе работат на конкретни проектни идеи при што практично ќе ги применат теоретскиот инпут и студиите на случај. - Делот на иновациите во новата Програма на Владата ќе биде еден од тие на кои ќе имаме поголем акцент отколку досега, најави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој заедно со министерот за економија Фатмир Бесими се обратија на отворањето на обуката во Стопанската комора на Македонија (5.5.2011 година). Според Пешевски, обуките за компаниите се еден од чекорите за давање поголема важност на иновациите. - Очекувам во иднина да има уште поголемо искористување на овие средства бидејќи тоа е насоката во која треба да се движи македонската економија, оцени Пешевски.

Министерот Бесими порача оти е исклучително важно македонските компании да се вклучат во ЦИП за да добијат грантови за нивните проекти за иновации. Од трите компоненти содржани во Програмата, како што појасни Бесими, Македонија е веќе активна во компонентата претприемништво и иновации за што и редовно се плаќа членарина и има можност за аплицирање за финансии од фондовите. Во фаза на завршување се и подготовките за компонентите иновативни услуги базирани на ИКТ и интелигентна енергија. - На фирмите досега им е дадена можност, Македонија плаќа членарина и имала неколку апликации, но праксата покажала оти тоа не било доволно за домашните компании да добијат грант по оваа Програма, речи Бесими. Состојбите може да се променат, додаде тој, преку анимирање на компаниите во соработка со

коморите и со обуки да им се помогне за аплицирање и обезбедување консултанти кои, пак, ќе им помогнат во проектите со кои ќе аплицираат. -Интересот за обуките и за целиот проект е голем и од компаниите и од невладините организации, консултантите и претставниците на институциите, информира Јадранка Аризанковска, претставник на Стопанската комора на Македонија. - Станува збор за Програма за подигање на иновативноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија. Македонија веќе има пристап до Програмата и годинава решени сме да ги поттикнеме компаниите во соработка со консултанти да подготват што повеќе проекти во делот барем на еко-иновациите, наведе Аризанковска. Проектот за помош при пристап на домашните компании до фондовите за иновации ќе трае до ноември годинава. Обуки ќе се одржат во повеќе градови во државата. Обучувачи се консултанти од Европската унија со искуства во таа област. Локациите и датумите за обуки има низ повеќе градови во Македонија и ги охрабруваме компаниите интензивно да учествуваат на нив.

МОЖНОСТИ

Град Датум

Скопје 5-6 мај

Куманово 9-10 мај

Велес 11-12 мај

Кочани 16-17 мај

Струмица 18-19 мај

Битола 23, 25 мај

Охрид 26-27 мај

Тетово 31 мај - 1 јуни

Скопје 2-3 јуни

Кочани 6-7 јуни

Битола 8-9 јуни

Скопје 13-14 јуни

Тетово 16-17 јуни

Page 5: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

ПОРАКИ

Бизнисот се сложува со државата: Без иновации не е можен одржлив економски раст на земјава

УСЛОВИ ДА СЕ ПАТЕНТИРААТ 4.000 НАМЕСТО 40 ПРОНАЈДОЦИ - Во бизнисот најважен не е ниту капиталот, ниту искуството. Најважни се идеите до кои се доаѓа само со отворен ум. Затоа, сметам дека нашиот најголем ресурс се нашите граѓани со нивната работливост, иновативност, креативност и посветеност. А наша најголема одговорност е преку образованието да го култивираме духот на отвореност, инвентивност, решителност. Ова го истакна претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, пред учесниците на Меѓународната конференција за претприемништво, иновации и регионален развој што под негово покровителство се одржа во Охрид.

Претседателот Иванов укажа на последиците од светската економска криза што, како што рече, се` уште се чувствуваат, притоа посочувајќи ја потребата од поддршка на работата на малите и средни претпријатија како носители на економскиот развој на секоја успешна земја. Од средбите со македонските стопанственици увидов дека постои потенцијал за развој на нивните бизнис-идеи, а со тоа и на економијата на државата. Особено ме радува фактот што овој иновативен дух се` повеќе е присутен кај стопанствениците од помладите генерации, рекол Иванов, забележувајќи дека динамичноста на македонската економија може да се достигне, зајакне и да се одржи само преку меѓусебна соработка на државните институции со бизнис-секторот и стопанските комори. Според претседателот Иванов, како што пренесува МИА, првиот чекор кон освојување на иднината се иновациите. - Наша цел е РМ да стане земја на иноватори

и иновации. Наша цел е во Македонија да создадеме економски амбиент во кој малите и средните претпријатија ќе се натпреваруваат преку создавање нови и идеи кои ќе се преточуваат во производи и услуги. На нас останува да создадеме поволни услови, каде што наместо 40 ќе се патентираат 4.000 пронајдоци. Да создадеме држава во која иновациите нема само да ги менуват нашите животи, туку ќе бидат начин на кој живееме, - рекол Иванов. Џон Клакстон, генералниот директор на Одделот за истражување и иновации при Европската комисија посочил на стратешките одределби на Агендата „Европа 2020“ насочени кон обезбедување одржлив економски развој, базиран врз знаење, а истовремено ќе биде инклузивен, односно ќе биде во полза на сите, а не само на бизнис-елитата. Како еден од начините за поттикнување на иновативноста во Европската унија, Клакстон ги посочи финансиските програми за развој, односно предвидените 53 милијарди евра интервентни финансиски средства за периодот до 2014 година, од кои четири милијади се

насочени директно за развој и поддршка на малите и средните претпријатија. Претседателот на Европската академија за науки и уметност, Феликс Унгер, меѓу другото, упатил критика на адреса на Брисел, поточно на бирократските препреки со кои се соочуваат младите претприемачи во нивните обиди да дојдат до финансиска поддршка за реализација на своите креативни идеи. Стотици и стотици п р е т п р и е м а ч и аплицираат за

финансиска помош од некои 20 до 25 илјади евра, за по подолг временски период чекање да бидат известени дека се одбиени, што е фрустрирачки или пак да им бидат одобрени бараните средства, но по мошне долг временски период. Тоа не е начин на кој треба да се работи. Мора да разработиме јасни политики за финансирање во ЕУ, за да знаат луѓето што можат да очекуваат, - рекол Унгер. Четвртата Меѓународна конференција за претприемништво на тема „Од претприемачко учење до иновации и регионален развој“ што се одржува од 5 до 7 мај 2011 година, ја организира Националниот центар за иновации и претриемачко учење. На Конференцијата присуствуваат претставници на Европската комисија, Светската банка, Европската академија на науки и уметности, МАНУ, повеќе универзитети, меѓу кои и еминентните од: Кембриџ, Оксфорд, Рим, Берлин, Виена, Вашингтон, Катар, Белград, Загреб, Љубљана, Грац, Солун, Софија, регионални агенции, бизнисмени од земјата и од странство.

МОЖНОСТИ

Page 6: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Измени во Законот за вино ПАРАГРАФИТЕ НЕ ТЕРААТ ВО РЕДУЦИРАН ОТКУПИ ИЗВОЗ НА НАЛИВНО ВИНО!? Измените во Законот за вино ќе имаат многу поголемо, тектонско влијание врз дејноста во целина, отколку само ако се гледа на секојдневното работење и не може да се каже дека предизвикуваат проблеми само за една или неколку винарници. Како дел од здружението на производители на вино “Вина од Македонија“ стоиме на ставот дека во изготвувањето на законската и подзаконската рамка која ги дефинира условите за работење на одредена дејност, не може да се тргне со занемарување на постојните состојби и на основата од која тргнува развојот. Сликата на страната на винарниците е следна. Денеска во Република Македонија постојат 10 поголеми винарници кои сочинуваат 90 % од вкупното производство, продажба и извоз на вино.Во нашата земја, зачетокот на винарството во поново време е направен од страна на поголемите винарници, што е поинаку од Франција, на пример. Мислам дека е сосема неосновано, прогресот во лозаровинарството да се бара без учество или со маргинализирање на значењето на големите винарници, токму поради тоа што поголемите винарници имаат направено најмногу инвестиции, најмногу извезуваат, но и вложуваат маркетиншки во промоцијата на брендираното македонско вино. Па сепак, стимулациите и регулативата целосно ги исклучуваат овие субјекти, во услови кога од истите се очекува и се бара да повлечат најголема количина грозје од бербата.

Една од областите каде што побаравме измени и за среќа наидовме на добар одѕив во ресорното министерство, беше дефинирањето на виногорјата и правилата за одредување на вино со контролирано географско потекло. Добро е што надлежните ги прифатија нашите аргументи дека територијата на Република Македонија е помала од повеќе светски познати вински региони во чии рамки се добива врвно вино (таков е примерот со Burgundy во Франција, понатаму познатиот Bordeaux регион, кој воедно е и најголемиот вински регион во светот. Денеска овој регион има 116.160 ха винови насади), па очекуваме да следи и редефинирање на виногорјата. Но, клучна точка каде што засега нема никаква волја или простор за размена на аргументи е делот со исплатата на откупеното грозје. Тука не станува само збор за дефинирањето на цврсти рокови, туку и за фактот што членот 30 од Законот за вино, Членот 31 и Членот 32 од Законот за земјоделство и рурален развој, ми се чини сериозно навлегуваат во сферата на слободата на пазарот и претприемништвото, гарантирани со член 55 од Уставот на Р. Македонија. Ги консултиравме сите закони за вино од регионот и забележавме дека апсолутно никој не навлегува во процесот на одредувањето на цената и роковите за исплата на откупот, дефинирање на формата и содржината на договорите и слично. Ние го разбираме моментот во кој е донесен законот и потребата да се покаже грижа за индивидуалните производители, наметнувајќи

строги рокови за исплата, но долгорочните импликации по дејноста можат да бидат изразито негативни.Имено, во рок од 30 дена по откупот или по исклучок најдоцна до 30 април, како што дефинира законот, сe уште не е преработено и продадено ниту 30% од откупеното грозје преработено во вино, а треба да се исплати во целост. Оперативниот циклус во една винарница која се занимава со производство на брендирано вино во шише изнесува околу 1,5 години од преземањето на грозјето. Во услови на немање поволна кредитна политика или, пак, субвенционирани кредити за откуп на грозје, на овој начин винарниците се туркаат кон процес на редуцуран откуп во сите наредни берби, или, пак, напуштање на примарната филозофија за градење бренд од македонското вино – вино во шише. Со други зборови, винарниците повторно се туркаат кон продажба на наливно вино поради побрзо затворање на оперативниот циклус и исплата на преземеното грозје. Ако не се лажам, тоа е во спротивност со сето тоа за кое сите чинители во дејноста, па и државата, се залагаат и декларираат наназад повеќе од десетина години.

(Ѓорѓи Петрушев, директор на „Тиквеш“)

ДОЛГ И НЕИЗВЕСЕН ПРОЦЕС НА ПРОМЕНА НА ПРОИЗВОДНАТА СТРУКТУРА

Единствен начин за промена на структурата на извозот на националната економија е да се промени производната структура на економијата. За промена на производната структура неопходно е прифаќање и институционализирање на долгорочна стратегија за економски развој. Стратегијата за економски развој треба да ги дефинира приоритетните индустриски дејности и гранки што можат да го поттикнат развојот и да обезбедат поголем квалитет и повисок степен на финализација на производството, па оттука и на извозот. Но, промената на структурата не може да се изврши на краток рок, туку само преку процес на долгорочно инвестирање во индустриите за кои ќе биде дефинирано дека имаат посебен приоритет или се од посебен национален интерес. И покрај големиот износ на инвестиции што треба да се вложуваат на долг рок, не постои гаранција ниту, пак, е реално да се очекува дека во новите индустрии ќе создадат совршени производи кои веднаш ќе го привлечат вниманието на странските пазари. Од тие причини се инсистира на странски директни инвестиции, кои ќе овозможат почнување на производства на финални производи преку етаблирани брендови кои гарантираат пласман на производите во странство. За сето тоа да се спроведе на дело потребно е доследно спроведување на стратегијата за развој во рок од 20-25 години и гледање во иднината на уште подолг временски рок.Политиката и мерките што ќе се применат за да се спроведе ваквата стратегија ќе треба да бидат во функција не само на поттикнување на воспоставувањето на нови производства, туку и во функција на изградбата на човечки капитал без кој овие производства нема да бидат можни.

(Ирена Кикеркова, професор на Економски факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“)

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Page 7: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Telekom HotSpot нова услуга на T-Мобиле и Македонски телеком

БЕСПЛАТЕН И НЕОГРАНИЧЕН БЕЗЖИЧЕН ПРИСТАП ДО ИНТЕРНЕТ

НА 300 ЛОКАЦИИ ВО ЗЕМЈАВА

Безжичен пристап за сите интернет-корисници на повеќе од 300 локации низ државата од овој месец нуди Македонски телеком и Т-Мобиле преку својата Telekom HotSpot мрежа. Граѓаните на овие локации обележани со знакот Telekom NotSpot ќе можат преку Wi-Fi да сурфаат во кафулиња, ресторани, хотели, трговски центри, такси возила и во 20 автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие кои сообраќаат на фреквентни линии низ главниот град. Покрај тоа што корисниците ќе може да се информираат за најновите случувања или да ја проверат својата е-пошта, ќе имаат пристап и до мобилните апликации како што се MaxTV водичот, Идивиди-речникот, Идивиди-хороскопот и Златна книга.

Пристапот до интернет преку Tel-ekom HotSpot локациите е промотивен, бесплатен и неограничен за сите корисници. - Со овој чекор Македонски телеком и Т- Мобиле го прават интернетот достапен за сите корисници, истакнал Манчо Трендафилов од Македонски телеком на презентацијата на новата услуга, а го цитира МИА. Од Т-Мобиле и Македонски телеком како изненадување за своите корисници најавуваат он-лајн концерт во живо што ќе се одржи на 7 мај 2011 година, на кој за првпат ќе бидат изведени познати македонски хитови во изведба на Македонската филхармонија. Сите заинтересирани концертот ќе можат да го проследат преку линкот h�p:web.maxtv.mk

Општествено одговорна акција на „Пивара Скопје“ АД

ОБНОВЕН „ХОЛАНДСКИОТ ПАРК“ ВО ОХРИД

„Холандскиот парк“ во Охрид е обновен и збогатен со иновативни елементи за одмор и рекреација, со што добива нов лик за престој и уживање на туристите и жителите на најголемиот туристички центар во Македонија. Во обновувањето на „Холандскиот

парк“ во Охрид учествуваше „Пивара Скопје“ АД, со чија поддршка се набавени и инсталирани маси и гарнитури за седење за посетителите на рекреативниот парк. Паркот е изграден од Амбасадата на Холандија во Република Македонија во чест на Ден Долард, познат холандски писател кој престојувал и работел во Охрид во 30-тите години од минатиот век и кој со своето творештво придонел за популаризацијата на Охрид и Македонија во Холандија, што претставува дополнителен мотив за илјадници туристи од оваа земја да го посетат Охрид. Први посетители на новиот обновен и збогатен со рекретивни елементи парк во Охрид беа членовите на првата група туристи од Холандија кои ја отворија годинашната туристичка сезона на Охридското крајбрежје. Туристите беа пречекани со скопско пиво и традиционална македонска храна.

И „Пивара Скопје“ АД, како дел од системот на „Кока-Кола“, ја

одбележува 125-та годишнина од постоењето на најпознатиот пијалак

на светотБРЕНД ПРИСУТЕН ВО НАД

200 ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ

„Кока-Кола“, најпознатиот безалкохолен пијалак во светот, одбележува 125 години постоење. Сирупот што на 8 мај 1886 година од повеќе состојки го состави Џон Пембертон во својата аптека во САД, стана „национален пијалак“, синоним за „американскиот животен стил“ и најпрепознатлив светски бренд.

Константинос Спанудис

Не би го достигнале овој важен момент без оние кои ги обожуваат нашите брендови, бидејќи секој што уживал во „Кока-Кола“ во изминатите 125 години имал улога да ни помогне да го освежиме светот. Во текот на оваа година, ние сакаме да прославиме заблагодарувајќи им се на луѓето во целиот свет кои го изградија брендот во она што е денес. Им благодариме на нашите соработници, потрошувачи, партнери и на сите кои ја

обожуваат „Кока-Кола“, изјави Мухтар Кент, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на „Кока-Кола“ Компанијата. И „Пивара Скопје“ АД, како дел од системот на „Кока-Кола“, ја одбележува 125-та годишнина со голем број проекти и активации. - Горди сме што сме дел од системот кој, несомнено, е број еден добавувач на безалкохолни пијалаци во светот, но она што навистина не` прави среќни е што со нашата работа, придонесуваме кон создавањето и споделувањето среќа и уживање во освежувањето со најпознатиот пијалак на светот „Кока-Кола“, заедно со голем број луѓе во над 200 земји од светот, изјави по овој повод генералниот директор на „Пивара Скопје“ АД Константинос Спанудис, честитајќи им ја на потрошувачите во Македонија и во целиот свет, 125-годишнината на „Кока-Кола“. Во чест на годишнината, „Кока-Кола“ Компанијата издаде книга која ги содржи рекламите, фотографиите и уметничките дела за Кока-Кола, како одраз на важноста на брендот во популарната култура во текот на изминатите 125 години. Книгите ќе бидат достапни во малопродажната мрежа во целиот свет на www.assouline.com; h�p://www.as-souline.com . Исто така, креиран е и еден вид виртуелен музеј кој на посетителите на интернет-страницата www.theverybestofcocacola.com; h�p://www.theverybestofcocacola.com/ им овозможува тридимензионална онлајн-тура на артефакти за Кока-Кола кои никогаш не биле видени претходно. Историјата на „Кока-Кола“ почнува на 8 мај 1886 година во Атланта, САД, во аптеката на Џон Пембертон. Сирупот што го изуми ниту му го подобри здравјето, ниту, пак, го направи богат. Кратко пред да почине Пембертон за 2.300 САД долари му го продава рецептот на Аса Чендлер, кој успеа од него да направи американски и светски бренд. „Кока-Кола“ дефинитивно се профилира како глобален бренд во текот на Втората светска војна. Во 1942 година американските трупи во Европа добија три милиони шишиња од омилениот пијалак, кој според тогашните генерали, требало да го поттикне моралот на војниците. - За време на Втората светска војна, „Кока Кола’ беше прогласена за неопходен пијалак и секој американски војник имаше право на одредено количество. За таа цел беа изградени и првите филијали за полнење во Европа. По војната, тие веднаш беа преземени, со цел „Кока Кола“ да се пробие и на европските пазари. Населението на тие држави во тој пијалак гледаше еден вид симбол на слободата, демократијата и модерното живеење,- вели Андреа Екслер, авторка на книгата за „Кока Кола.“ Во 1931 година, на компанијата дури и` успева да го реосмисли изгледот на Дедо Мраз. Наместо во неупадливите традиционални бои, тој одеднаш се преоблече во црвено-бел мантил.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 8: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Во текот на изминатите 125 години, „Кока Кола“ се соочуваше и со проблеми и скандали. Тука се обвинувањата дека ги дебелее американските деца, потоа обвинувања за употреба на пестициди и

загадена подземна вода во Индија, па дури и за убиство на лидерот на синдикатите во Колумбија. Но, и покрај се’, имиџот на компанијата и натаму останува неоштетен, нагласува авторката Ексел, што до денес останува загатка, дури и за најдобрите маркетинг-експерти. Рецептот по кој се приготвува до денес останува мистерија. „Кока-Кола“ насекаде во светот се произведува по истата формула. Дури и водата што се употребува мора да биде природна вода од соодветниот регион, но и таа се преработува, врз основа на стандардите на компанијата. Рецептот се крие како најголемата тајна на светот - во банкарски сеф. Претпријатието никогаш не го патентираше рецептот, бидејќи секој патент во САД истекува по дваесет години, а за негово продолжување, компанијата ќе мора да го обелодени скапиот рецепт. Тоа би било како седмица на лото за некои луѓе, бидејќи „Кока-Кола“ денес важи за еден од најскапите брендови во светот. Според анкетите, „Кока-Кола“ е вториот најпознат збор во светот, веднаш зад ’океј’, што значи дека пијалакот им е познат на 98 проценти од светското население.

„Пакомак“ прва лиценцирана

непрофитна компанија за прибирање, селектирање, транспорт и

рециклирање на амбалажен отпадНАСКОРО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ СО

ОПШТИНИТЕ

Прибирање, селектирање, транспорт и рециклирање на амбалажниот отпад е основната дејност на непрофитната компанија „Пакомак“ што неодамна ја формираа 11 водечки фирми во Македонија. - Намалување на дивите депонии, продолжување на животниот век на

постоечките, рециклирање на над 60 отсто од амбалажниот материјал и негово енергетско искористување е крајната цел на „Пакомак“. Со реализација на овие активности ќе се развие цела индустрија, ќе се отворат нови работни места, ќе се развијат нови технологии и воедно ќе се создаде можност за остварување девизен прилив преку извоз на рециклираниот отпад, истакнува директорот на „Пакомак“, Филип Ивановски, а го цитира МИА. Тој најави дека наскоро компанијата треба да почне заеднички проекти со општините - сопственици на комуналните претпријатија. Идејата на овие проекти е да им се овозможи на граѓаните селектривно фрлање на отпадот во посебни контејнери за секој тип ѓубре. Во општините каде има такви контејнери бројот ќе се зголеми, а таму каде што нема ќе бидат набавени. Според Ивановски, денес од 100 тони амбалажен отпад околу 95 до 98 тони завршуваат на депонија, а само незначителни пет проценти се селектира и рециклира во материјали за повторна употреба. Депониите се преполни, се создаваат диви ѓубришта, а со нивното уништување се нарушува животната средина. Покрај економскиот бенефит, за „Пакомак“, особено е важна и еколошката димензија. Со рециклиран еден тон хартија, напомена директорот Ивановски, се заштедуваат 17 просечно големи дрва, еден рециклиран тон пластика значи заштеда на 600 до 900 литри нафта од која се добива ПЕТ-амбалажа за шишиња, а се штеди и еден тон јаглерод диоксид чија штетна емисија оди во атмосферата. „Пакомак“ е формирана од водечките производствени компании „Пивара Скопје“, Прилепска пиварница, „Витаминка“, „Пелистерка, „Кожувчанка“, „Магрони“, „Кодинг“, „Вивакс“, „Благој Ѓорев“ и винарските визби „Тиквеш“ и „Стоби“. Компанијата „Пакомак“ е прва во Македонија која од Министерството за животна средина и просторно планирање доби дозвола за селекција и преработка на отпадот од амбалажи.

Македонските железници со нов телекоманден центар и нови товарни

вагониИНВЕСТИЦИЈА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА

ЗА ПОКВАЛИТЕНИ УСЛУГИ И ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ

Промовирана инвестиција од 10 милиони евра во Mакедонските железници, која ќе го подобри квалитетот на услугите и безбедноста. Пуштен e во функција нов телекоманден центар со кој ќе се следи целокупната железничка мрежа во земјава, како и новите 36 товарни вагони, четири дизел локомотиви и две современи електрични локомотиви. - Ова е инвестиција каква што одамна немало во Mакедонската железница и е крупен исчекор во насока на подобрувње на условите за работа, на подобрување на безбедноста на возовите и се` што значи

подобар квалитет на услугите, истакнал вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, обраќајќи се на промоцијата на новата опрема, а го цитира МИА. Според него, оваа инвестиција е доказ како Владата и претпријатието ја планираат иднината на компанијата, на вработените, иднината која секако се очекува да биде подобра, а која може да се случи само со инвестиции.

Миле Јанакиески

- Тука не застануваме. Владата ќе продолжи со инвестиции во железниците и во подобрување на брзината, на безбедноста и сигурноста на нашите пруги. Владата има веќе склучено договор со Светската банка во вредност од 17,5 милиони евра, инвестиција која ќе почне оваа година, а се однесува на реконструкција на Коридорот 10, рекол министерот, додавајќи дека станува збор за инвестиции од 30-тина милиони евра во македонските железници кои ќе значат подобар квалитет и работење на двете претпријатија, обезбедена работа за работниците во двете претпријатија, како и подобра конкурентност на индустријата, особено на металната индустрија. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, истакнал дека во Македонија, следејќи ги примерите на развиените земји, по подолг период се инвестира во железничкиот транспорт. Според него, со оваа инвестиција и ревитализацијата на пругата на Коридорот 10, самиот Коридор ќе се издигне на една повисока основа.

Оливер Деркоски

Проектот, како што истакнаа директорите на Инфраструктура и Транспорт, Бесим Деари и Оливер Деркоски, се реализира од 2007 година, а целта е задоволување на европски стандарди на железничката структура и подигање на нивото на безбедноста, автоматизација на процесите и замена на човечкиот фактор.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 9: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

- Со оваа инвестиција завршивме еден дел од реформите во македонските железници. Ова е само еден мал чекор кон она што ќе следи во модернизација на железницата, а целта е да го смениме и имиџот на македонските железници и да влеземе во европскиот коридор на транспортни компании, - рекол Деркоски.

„Весна САП“ од ПробиштипВЛЕЗОТ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА - КЛУЧ

ЗА ЦЕЛОСНО КОРИСЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ

Во пробиштипската фабрика за акумулатори „Весна Сап“ се убедени дека само со влезот на Македонија во Европската унија ќе се отвори можноста за целосно искористување на капацитетите. Моментално искористеноста е половична, иако и во такви услови фабриката работи успешно, зголемувајќи го во континуитет своето производство. -Со влезот во ЕУ ќе престанат сегашните бариери во однос на набавката на стратегиските суровини за производство, а преку тоа ќе се зголеми обемот на работа и ќе се обезбеди поголема искористеност на нашите капацитети, - вели директорот Тоше Тошевски.

Се работи за можноста, како што пишува „Утрински весник“, на европскиот пазар фабриката да купува стари акумулатори со чија преработка ќе се добива поевтино олово. На тој начин производите на „Весна САП“ ќе бидат поконкурентни на европскиот пазар. Фабриката пред шест години набави најсовремена технологија за рециклирање, односно преработка на стари отпадни акумулатори што и` обезбеди можност да држи чекор со конкуренцијата. - Цената на оловото и на енергетските компоненти значително се зголемија, а цената на акумулаторите, поради огромната конкуренција на пазарот со години остана иста. Погонот за рециклирање во кој вложивме два милиона евра многу помогна во таа борба за конкурентност на пазарот на кој нашите производи се продаваат. Тоа ги ублажи ударите од рапидно зголемените цени на оловото и на енергијата која ја користиме, - посочува Тошевски.

Во фабриката се апсолутно убедени дека, гледано од аспект на зголемување на производството, само влезот на Македонија во развиеното европско друштво може да ги придвижи работите во посакуваната насока чие мото е поголемо и поквалитетно производство. Според Тошевски, фабриката не е во можност да увезува стари користени акумулатори од земјите на ЕУ бидејќи тие го имаат забрането извозот. Тоа ја упатува пробиштипската фабрика со стари акумулатори да се снабдува од дома, но и од некои соседни држави кои не се членки на ЕУ. А тоа не е доволно да се искористи капацитетот на погонот за рециклажа. Но, и покрај ваквите проблеми во работењето, овој производител на акумулатори лани ја заврши со зголемено производство за 40 проценти во однос на 2009 година. Производите со знакот на „Весна САП“ се продаваат во повеќе европски држави во кои се прифатени поради докажаниот квалитет. Она што загрижува е фактот што финансиските остварувања не се адекватни и не го следат порастот на производството. -Ги интензивираме активностите за искористување на слободниот простор од 25.000 квадратни метри во фабриката кој инфраструктурно целосно е опремен. Има интересенти од други држави за да отворат бизниси. Но и тие чекаат целосно да помине светската економска криза, а најмногу Македонија да стане дел од Европа, - укажува директорот Тошевски.

ЈКП „Дервен“ почнува пилот-проект ПОСТАВУВАЊЕ ВОДОМЕРИ СО

ДАЛЕЧИНСКО УПРАВУВАЊЕ

Велешкото Јавно комунално претпријатие „Дервен“ ќе почне со изведба на првата од трите фази од пилот-проектот за поставување механизми за водомери со опција за далечинско отчитување на еден реон од градската мрежа. Тодорка Пенкова Андреевска, портпарол на ЈКП „Дервен“ на прес-конференција, од којашто известува МИА, истакнала дека во првата фаза 130 водомери со далечинско отчитување пробно ќе се постават во Нова населба. Целта е во иднина сите потрошувачи да се префрлат на новиот систем на отчитување преку кој ќе може навремено да се реагира доколку се појави дефект.

Велес

Во втората фаза од проектот ќе се инсталира модулот со читач и радиопредавател кој за секој корисник ќе има идентификациски податоци, додека во третата фаза ќе се изработи евалуација од примената на новиот систем за отчитување. Зависно од евалуацијата ќе се премине на натамошната изведба на проектот и кај останатите реони од градската водоводна мрежа во Велес. Доколку проектот покаже упешни резултати, ЈКП „Дервен“ годинава бесплатно ќе изврши замена на механизми за далечинско отчитување кај 2.000 водомери во градот.

Успех на „Сковин“ на Новосадскиот саем

ЗЛАТО ЗА „СОВИЊОН БЛАН“

Виното “совињон блан”, берба 2010, на Винарската визба „Сковин“ од Скопје, доби златен медал за квалитет на годинашниот Новосадскиот саем.

Виното беше оценувано во конкуренција на 8 винарски визби од регионот и 64 типови висококвалитетни бели вина, соопштува Винаријата „Сковин“.

Нова линија леб од „Жито Лукс“„НУТРИ“ СО ЦЕЛО ПЧЕНИЧНО ЗРНО

„Жито Лукс“ ја лансираше на пазарот новата линија на леб збогатен со нутритивна вредност „Нутри“. Од компанијата соопштуваат дека новата линија на леб „Нутри“ ги нуди трите вида на леб - 100% интегрален, диетален и интегрален со сончоглед. Произведени се од цело пченично зрно, кое им овозможува збогатена нутритивна вредност, а воедно и неодолив специфичен вкус. Сите овие видови на леб имаат висока содржина на диететски влакна, претставуваат извор на витамини, а ја помагаат и работата на срцето, благотворно делуваат на дигестивниот тракт и го одржуваат здравјето на целиот организам, односно претставуваат темел на здравиот живот.

Page 10: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Ревидирани проекции на Народната банка на Република Македонија за годинаваИНФЛАЦИЈАТА 4 ДО 4,5 ОТСТО, БДП 3 ОТСТО, А ДЕФИЦИТОТ НА ТЕКОВНАТА СМЕТКА 6,1 ОТСТО

Просечна стапка на инфлација од 4,5 до 5 отсто, раст на БДП од околу три проценти и дефицит на тековната сметка на 6,1 процент од БДП на годишно ниво, се дел од ревидираните проекции на Народната банка на Република Македонија, што ги објави гувернерот во заминување, м-р Петар Гошев (5.5.2011 година). Стапката на инфлација од 4,5 до 5 отсто претставува нагорна ревизија во однос на јануарската проекција заради повисоките остварувања и нагорните ревизии на светските цени на нафтата и храната. Базичната инфлација се очекува да се движи околу 1,5 проценти, информира на прес-конференција Гошев, а пренесува МИА. Во вториот квартал се очекува инфлацијата да се движи во интервалот од 5 до 5,5 проценти, а во наредните два квартала благо да забави. Гошев нагласил дека проекцијата за растот на реалниот БДП за 2011 година останува околу 3 отсто при позитивен придонес на домашната побарувачка на нето-извозот. Ризиците околу растот се главно во надолна насока и се поврзани со интензитетот на личната потрошувачка во услови на намалување на реалната куповна моќ на нaселението при зголемена инфлација и евентуално потфрлање во реализацијата на очекуваните инвестиции, - истакнал гувернерот.

М-р Петар Гошев

Во вториот квартал се очекува продолжување на позитивните трендови со годишен раст на економската активност од 3,3 отсто. Ризиците околу проекцијата на дефицитот на тековната сметка, според Гошев, се оценуваат како нагорни и се поврзани со евентуално посилниот раст на светските цени на храната и на енергијата од очекуваниот и преносните ефекти врз увозот и поспората динамика на приватните трансфери заради зголемените инфлациски очекувања. Нивото на девизни резерви до крајот на годинава останува исто со јануарската проекција во износ од 1.908

милиони евра. Гувернерот на НБРМ рекол дека врз на база на резултатите од ревидирањето на проекциите за годинава е заклучено оти се` уште нема доволно јасни аргументи за да се пристапи на монетарната политика, односно се задржува каматната стапка на благајничките записи на непроменето ниво од 4 отсто. НБРМ, истакнал Гошев, ја следи инфлацијата со уште поголема ригорозност и доколку процени оти сегашните движења на цените не се од краткорочна природа ќе преземе соодветни мерки. Според бруто надворешните долгови на јавниот и приватниот сектор гувернерот проценува оти тие се движат околу 65 отсто, што значи дека Македонија не спаѓа во високо задолжени земји.

Заем од ЕБОР на НЛБ Тутунска БанкаЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТАЕФИКАСНОСТ 4 МИЛИОНИ ЕВРА

ЕБОР продолжува да ги поддржува инвестициите во енергетска ефикасност во Западниот Балкан со заем од 4 милиони евра на НЛБ Тутунска Банка. Заемот од ЕБОР ќе се користи за понатамошно кредитирање на приватниот сектор за инвестиции во индустриска енергетска ефикасност, енергетска ефикасност во комерцијалните објекти и мало производство на енергија од обновливи извори. Според соопштението на ЕБОР, со неодамнешната студија за пазарната побарувачка за Западниот Балкан, Република Македонија беше идентификувана како една од приоритетните земји за финансирање во рамки на кредитната програма. Студијата доведе до заклучок дека во земјата има голем потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност, но немањето доволен пристап до долгорочно финансирање се покажа како главна пречка на патот на подобрувањето. Заемот се дава во рамки на Програмата за кредитни линии за одржлива енергија на Западниот Балкан (“WeBSECLF*”). НЛБ Тутунска Банка е една од трите најголеми македонски банки, со голема национална мрежа на филијали и реноме кое ќе помогне во распределбата на финансиските средства од ЕБОР ширум земјата. Заемот ќе и овозможи на НЛБ Тутунска Банка да ја задоволи зголемената побарувачка за подолгорочно финансирање од локалните приватни компании. Заемот од ЕБОР ќе биде поддржан со грант од Европската комисија која што ќе помогне во подготовката и спроведувањето на проектите. Ни претставува задоволство што можеме да ја објавиме оваа кредитна линија на нашиот долгогодишен партнер НЛБ Тутунска Банка, која уште повеќе ќе го збогати нејзиното портфолио на производи за кредитирање. Истовремено, тоа ја покажува континуираната посветеност на ЕБОР за поддршка на македонските деловни компании со подобрувањето на пристапот со финансии и обезбедувањето помош во развојот на нови производи за

конкретни области, како што е енергетската ефикасност, истакнал Франсис Малиж, Директор на ЕБОР.

-Финансирањето проекти кои ја подобруваат енергетската ефикасност е глобален тренд и една од најактуелните теми во моментот, во кое се вклучува и НЛБ Тутунска банка. Ограниченоста на изворите на енергија, што во последните години доведе до пораст на цените на енергенсите, ја наметнува потребата од кредитирање проекти за енергетска ефикасност и проекти за производство на енергија од обновливи извори, со што би се намалиле трошоците на производство, а со тоа би се подобрила профитабилноста на нашите компании. Особено ни е драго што во овој проект влегуваме заедно со ЕБОР, наш долгогодишен партнер со кој остваривме повеќе успешни пороекти во Македонија, - изјави Ѓорѓи Јанчевски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка. Од почетокот на нејзиното работење во Македонија, ЕБОР има инвестирано повеќе од 510 милиони евра во повеќе од 40 проекти во клучните сектори за економијата на земјата, со што привлече дополнителни инвестиции вредни повеќе од 620 милиони евра.

ПроКредит Банка ја заврши 2010 година со позитивни финансиски резултати и силен раст на кредитното портфолиоПРОФИТОТ ЗГОЛЕМЕН ЗА 38 ОТСТОИ ДОСТИГНАЛ 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА

ПроКредит Банка ја заврши 2010 година со позитивни финансиски резултати и силен раст на кредитното портфолио, бележejќи континуиран раст на пазарниот удел на кредити. Вкупното кредитно портфолио достигна 148 милиони евра, што претставува раст од 9,6%, (двојно поголем раст) споредено со 2009 година - (растот на ниво на банкарскиот сектор во Македонија во минатата година изнесуваше 7,1%).

Менаџерскиот тим на ПроКредит Банка

Банката ја заврши годината со профит од 1.300.000 евра, што е

Page 11: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО зголемување од 38% споредено со 2009 година. Процентот на кредити во доцнење во ПроКредит Банка и покрај динамичното и предизвикувачко економско опкружување изнесуваше 2,14%, далеку пониско од нивото на банкарскиот сектор кое изнесуваше 9,3 %. Улогата на “матична банка” за малите и средни претпријатија ПроКредит Банка ја потврди преку отворањето на регионални бизнис-центри во 2010 година – фокусирани на обезбедување на специјализирана услуга за бизнис-секторот. И во првиот квартал од 2011 година, ПроКредит Банка бележи позитивни финансиски резултати со раст на кредитно портфолио од 8,50% споредено со првиот квартал во 2010 година и профит од 35,1 милион денари. - Во фокус на ПроКредит Банка во 2011 година останува поддршката на малите и средни претпријатија иако оваа година Банката големо внимание ќе посвети и на зајакнување на квалитетот на банкарската услуга кон клиентите, правни и физички лица, базирана на фер и транспарентен однос, – истакна Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на Банката. Во првиот квартал годнава, истакна таа, порастот на кредитното портфолио е за 8,5 проценти повисок во однос на првиот квартал од претходната година и се бележи нето-профит од 35,1 милиони денари, а исплатени се 3.000 кредити во износ од 26 милиони евра, но се бележи и пораст од 0,3 отсто на кредити во доцнење над 90 дена. - Бакната дефинитвно продолжува со поддршка кај бизнисите кои имаат проблем со финансирање на своите долгови со нивно репрограмирање и реструктуирање, рече Јованка Јолеска Поповска и додаде дека во првиот квартал од годинава се реструктруирани 110 кредити во вредност од околу 600.000 евра. Лани, посочи, биле реструктуирани кредити во вредност од над 7 милиони евра или 4,9 проценти. - Во првиот квартал од годинава за околу 5 проценти ги намаливме каматите во делот на кредитите за мали бизниси, агросекторот и кредитните картички, рече Јолеска Поповска и појасни дека сега стапките за кредитите за малите бизниси се движат од 9,5 до 10 проценти.

ПроКид - детско штедење од ПроКредит БанкаМАЈ - МЕСЕЦ НА ТРЕНИРАЊЕ НА НАВИКИТЕ

Во текот на месец мај ПроКредит Банка ќе организира едукативни акции за штедење, чија цел е поттикнување на навиката за штедење, а во фокусот на активностите се децата, – соопштуваат од Банката. Главната порака на ПроКредит Банка е дека да започне да штеди може секој, а штедењето како добра навика се вградува токму од најмлада возраст. ПроКредит Банка има посебен производ за детско штедење – ПроКид детската книшка, со атрактивна каматна стапка од 2% за

штедење во денари и 1,75% за штедење во евра. Се` што е потребно е родителите заедно со своите деца да дојдат во која било експозитура на ПроКредит Банка и да отворат штедна книшка. Во текот на месец мај сите

експозитури на ПроКредит Банка подготвуваат едукативни активности за децата кои ќе се реализираат во самите експозитури на Банката, во околните училишта, паркови, плоштади. Програмата за детско штедење ПроКредит Банка ќе ја претстави и на овогодинешниот Бебе саем, кој ќе трае од 6 до 8 мај 2011 година. Од воведувањето на ПроКид штедната сметка во 2007 година, до сега се отворени над 18.000 детски штедни сметки.

УНИБанка со позитивни финансиски резултати во првиот квартал годинаваДОБИВКА ОД 25 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Во првиот квартал од годинава УНИБанка покажа позитивни резултати во своето работење. Добивката, како што информираат од Банката, изнесува 25 милиони денари. Во Соопштението се наведува

дека заклучно со првиот квартал вкупните нето-приходи од банкарски операции забележуваат пораст од 2,33 отсто во однос на истиот период лани. Нето-активата во март 2011 година достигнува ниво од 9.868,48 милиони денари, што значи зголемување на истата за 5,09 отсто во однос на март 2010 година. Вкупните депозити бележат пораст од 7.924,70 на 8.413,95 милиони денари или за 6,17 отсто, што се должи главно на порастот на депозитите на населението. Во периодот март 2010 – март 2011 година тие се зголемиле од 5.736,86 милиони денари на 6.066,05 милиони денари, односно за 5,74 отсто. Банката има и зголемен број клиенти за 7,19 отсто.

ТТК Банка со Макси 15 - промотивен депозитНАЈПОВОЛНА КАМАТНА СТАПКА

ТТК Банка од 1.5.2011 година воведе промотивна каматна стапка за штедење во евра на 15 месеци, во рамките на производот Макси 15 депозитот наменет за физички лица, – соопштуваат од Банката. Со Макси 15 депозитот, ТТК Банка нуди фиксна и најповолна каматна стапка за целиот период на орочување. За штедни влогови во евра орочени на 15 месеци, корисниците добиваат каматна стапка од 5,26% за целиот период на орочување. Каматната стапка на годишно ниво изнесува 4,2%. Макси 15 депозитот нуди можност за месечно подигнување на каматата на девизна трансакциска сметка или на девизна штедна книшка по видување. Промотивниот период на Макси 15 е до 30.6.2011година со можност за продолжување на периодот.

Нов депозитен производ од Еуростандард банка„ЕВРО ПЛУС“ ЗА ОНИЕ КОИ ШТЕДАТ ПО МАЛКУ

Отвореното девизно штедење Евро плус, Еуростандард банка го намени за сите физички лица што штедат по малку, но секојдневно, онолку колку што сакаат и кога сакаат. Овој депозитен производ е надополнување на веќе постојниот денарски штеден влог „денар плус“ и му овозможува на клиентот т.н. отворено штедење, што значи можност да ја подигне својата заштеда во кое било време од договорниот рок на орочување. „Евро плус“, како нов производ на пазарот, предвидува скалеста камата во зависност од износот на штедниот влог и рокот на подигнување на дел од орочените средства, што значи дека каматната стапка расте и опаѓа во зависност од сумата што се вложува или се повлекува од депозитот. Минимално утврдениот износ за овој тип производ што треба да го има клиентот во секое време на својата сметка изнесува 500 евра, а девизните средства може да бидат орочени на 3, 6, 12 и 24 месеци. -„Евро плус“ е така осмислен да им овозможува на граѓаните да штедат според своите потреби, односно да вложуваат и да подигнуваат средства од својата сметка без никакво обврзување и ограничување. Овој вид штедење е можност за граѓаните да вложуваат евра во кој било износ и да остваруваат сигурна добивка за нив. Имено, за минимален влог од 500 евра клиентите добиваат од 3 до 5,5 отсто годишна камата, која може да ја подигнуваат на месечно или на годишно ниво со истекот на рокот за орочување, - вели Горан Јосифовски од Центарот за маркетинг и развој на нови производи во Еуростандард банка, а го цитира „Утрински весник“. Со производот следува бесплатен сеф во Централата на банката за износи на влог над 10.000 евра, „маестро“ или „мастеркард“ платежна картичка, како и бесплатно електронско банкарство.

Page 12: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Македонските винари на средба во Владата на Република Македонија ЗА ЧЕТВРТИНА ПОМАЛИ ПОВРШИНИ ПОДЛОЗОВИ НАСАДИ, АМА ПОКВАЛИТЕТЕН РОД

Да се намалат површините под лозови насади за 20 до 25 проценти за да се добие помалку, но поквалитетен род кој сигурно ќе се продаде и ќе постигне повисока цена. Ова е само еден од предлозите што на заедничка маса во Владата го разгледаа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставници на винарските визби (5.5.2011 година).

На средбата стана збор и за навремена исплата на грозјето, за реализирање поголем извоз на вино во шишиња, за намалување на евентуалните бариери при пласманот на странските пазари,...,. Разговорите, како што изјавиле Пешевски и Димовски, а пренесува МИА, се во насока на што поуспешна година во секторот лозарство. - Владата и годинава продолжува со сериозна поддршка на лозарите. Согласно новите измени во Законот за вино, визбите ќе мора да го подмират долгот кон производителите за откупеното грозје од 2009 и 2010 година, изјави

вицепремиерот Пешевски по средбата. Министерот Димовски нагласил дека Владата која посветува особено внимание на лозарството, освен што редовно ја следи состојбата, продолжува да обезбедува и финансиска поддршка за маркетиншко претставување на македонското вино преку учество на најразлични саеми и презентации. Претставниците на винарските визби ја поздравија заложбата на Владата уште отсега да разговара за можните проблеми кои најчесто, како што рекоа, се јавуваат во август и септември, и искажаа задоволство што има слух за нивните сугестии. Пешевски и Димовски најавија поединечни средби и со лозарите, како и заеднички средби со винарите и лозарите.

Агенцијата за електронски комуникации најавува од јуни месец годинаваНАМАЛЕНИ ЦЕНИ НА СМС И НОВИНИ ВОЗАШТИТА НА КОРИСНИЦИТЕ

Пониски цени на СМС пораките од јуни годинава, новини во услугата преносливост на броеви со поедноставување на процедурите за корисниците на фиксната и мобилната телефонија, поголема грижа за нивна заштита и услови за работа на оператор на универзална услуга, најавува директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски. Цената на СМС пораките, укажува Орданоски, а го цитира МИА, не е променета 15 години, а оваа услуга во Македонија се користи многу малку во однос на останатите држави. АЕК пред неколку месеци почна постапка за намалување на големопродажната цена на СМС, која трае неколку месеци и очекуваме да заврши во јуни. Со тоа цената на СМС треба да се намали,а бројот на пораки драстично да се зголеми, информирал директорот на АЕК. Според него, кај услугата преносливиост на броеви од септемри се

воведува новина со која крајниот корисник ќе се заштити од превисоки сметки преку звучен сигнал кој ќе го информира при повикување на одреден број дека повиканиот број е пренесен во друга мрежа и не се наоѓа во мрежата од која го носи префиксот. На тој начин претплатникот пред да го оствари повикот ќе биде предупреден дека би можел да оствари поскап разговор. За промоција на новината АЕК како регукатор ќе спроведе кампања. Новина е и намалувањето на процедурата за префрлање на бројот од еден во друг оператор на само еден ден за мобилни броеви, а на два дена за фиксни претлатнички броеви. Таквите промени следат по укажувањето на корисници оти таа услуга ја добиваат по подолги процедури и од месец.

Агенцијата, информирал Орданоски, пред десет дена донела правилник со кој им наложила на операторите во наредните три месеци да и ги достават на увид претплатничките договори со корисниците. АЕК, појасни Орданоски, практично ќе ги контролира договорите кои крајниот корисник ќе ги потпише со операторите. На тој начин ќе го заштити од секакви потенцијални манипулации од операторот затоа што треба да биде контролниот механизам кој ќе овозможи крајниот корисник да ги добие сите сервиси за сите финансии за кои има потпишано договор.

Промовиран научен труд од областа на меѓународното транспортно право и меѓународната шпедицијаОДЛИЧНА АЛАТКА ЗА ШПЕДИТЕРИТЕ

Пред значаен број стопанственици, научни работници, претставници на домашни и меѓународни институции, како и пред роднини и пријатели на авторот, во Стопанската комора на Македонија беше промовирано најновото издание “Меѓународно транспортно право - меѓународна шпедиција - договор за шпедиција“ на авторот Никола Костов (11.5.2011 година). Книгата е во издание на РИ-Графика ДОО – Скопје. Најнови трендови во транспортот и современата економија, споредба на македонската, европската и аглосаксонската правна регулатива во шпедитерското работење, шпедицијата како дејност, видови шпедиција, проблеми во работењето на шпедитерите и договори за шпедиција, се содржините во новата книга „Меѓународно транспортно право - меѓународна шпедиција - договор за шпедиција“ од Никола Костов, експерт во областа на шпедитерското работење. Во своето поздравно обраќање по повод објавувањето на овој научен труд за македонската јавност, извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева, посебно се осврна на целта и значењето на ова издание во функција на стопанските потреби, како и за бенефитот што во иднина ќе го има биснис-заедницата за практичната примена на одредените правни

сегменти од областа на шпедитерското работење. Во таа насока беше истакнато дека целта на оваа книга е да ја следи меѓународната шпедиција во нејзиниот динамичен развој на современите текови и промени. Од тој аспект посебно место и улога се става на шпедитерот како креатор и носител на сите активности во рамки на науката, праксата и законската регулатива. Посебно беше нагласено дека динамичниот развој и сложениот процес на меѓународната трговија, ја наметнува потребата од соодветни активности во сите области на технологијата, инфраструктурата, правото, економијата и вкупното општествено уредување. Издвојувањето на меѓународното транспортно право како посебна правна дисциплина е алка од тој динамичен и сложен процес кој најбрзо се развива и постојано е подложен на чести промени и трансформации Во својата поздравна реч промоторот на книгата проф. Александар Николовски, декан на ФОН Универзитетот, истакна дека меѓународната шпедиција порано беше непозната за Македонија, а сега има големо значење. Државата, порача професорот, треба да донесе закон за вршење шпедитерска дејност наместо, како досега, оваа дејност да се регулира со прописи. - Книгата на Костов е одлична алатка за шпедитерите со оглед дека многу едноставно и подробно укажува на проблемите во нивното работење, какви обврски и одговорности имаат, што значи меѓу, а што подшпедитер, - истакна Николовски. Според авторот Костов, книгата меѓу другото нуди нови сознанија за успешно работење на шпедитерите, како и сугестии и предлози за поголемо знаење на идните генерации.

НОВИ КНИГИ

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 13: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА На третиот јавен повик за ИПАРД средствата доставени 74 барања ВРЕДНОСТА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ 7,4 МИЛИОНИ ЕВРА, ПОБАРАНО КОФИНАНСИРАЊЕ ОД 3,7 МИЛИОНИ ЕВРА

Вкупно 74 барања се доставени за третиот јавен повик за користење средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, соопштува Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој. Со повикот што беше објавен на 28 февруари годинава, а заврши на 14 април, за кофинансирање беа понудени над 20 милиони евра во денарска противвредност. Од нив 75 отсто се обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија (ИПАРД), а 25 проценти се од Буџетот на Република Македонија.

Барања има за трите објавени мерки – Инвестиции во земјоделски стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба со цел достигнување на стандардите на Европската Унија (39), Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи со цел нивно преструктурирање и надградба за достигнување на ЕУ стандардите (13) и Диверзификација и развој на рурални економски активности (22). Како што информира Агенцијата, вкупната вредност на инвестициите по однос на примените барања изнесува околу 7,3 милиони евра или побаран е износ за кофинансирање од 3,7 милиони евра. Според годишниот план, во 2011 година треба да бидат објавени уште два јавни повика за користење ИПАРД средства, во јули и октомври.

Пуштен во употреба нов граничен премин меѓу Македонија и СрбијаГОЛЕМА ЦРЦОРИЈА – ГОЛЕШ НАМЕНЕТЗА ЛОКАЛЕН ГРАНИЧЕН СООБАЌАЈ

Министрите за внатрешни работи на Република Македонија и на Република Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ, денеска го пуштија во употреба новиот граничен премин Голема Црцорија - Голеш наменет за локален граничен сообраќај, пред се` за населението кое живее во непосредна близина на границата меѓу двете земји. Патната инфраструктурна мрежа од двете страни се` уште не е средена, но двајцата министри најавија дека во иднина ќе се работи на решавање на тој проблем, како и на реализирање нови проекти од ваков вид. Преминот ќе се користи само шест месеци во годината, односно од пролет до есен. - Во нашата комуникација, која е доста честа, го одредивме отворањето на овој граничен премин како приоритет на кој треба да работиме и денеска ми е задоволство што свечено го отвораме, што ќе значи зближување на луѓето од двете страни на границата. Ваквиот начин на работа потврдува дека интересот на граѓаните за нас е најголем приоритет, поттик нивните потреби да станат дел од нашите програми за

работа и од проектите кои ги реализираме, изјавила Јанкулоска, а ја цитира МИА. Двајцата министри потврдија дека преговорите за финализирање на договорот меѓу двете земји кој се однесува на преминување на државната граница само со лична карта е во завршна фаза. Завршувањето на проектот ќе доведе до непосредна директна комуникација меѓу граѓаните на двете земји и отворање нови можности за соработка. Јанкулоска верува дека новиот состав на Собранието на самиот почеток ќе го ратификува овој договор. - Задоволство ми е што денеска го отвораме граничниот премин кој пред се` ќе им користи на граѓаните кои живеат од едната и од другата страна. Долги години овде не постоеше граница. Отворањето на некој начин е најдобар показател дека двете држави и двете министерства работат во интерес на обичните луѓе и пред отворањето на новиот премин беше потребно да се поминат многу километри за да се дојде до другата страна на државната граница. Дај Боже ова да биде граница на спојување, а не на раздвојување на двата пријателски народа, - изјавил Дачиќ. Тој додал дека во план е да се отворат уште неколку вакви премини, а се работи на уште неколку проекти кои се однесуваат на слободното движење на луѓето, изразувајќи жалење што предолго се чекало на отворање на овој премин. Двајцата министри ја искористија можноста да апелираат за намалување на злоупотребата на визната либерализација и барањата за азил кон западноевропските земји, при што ја злоупотребуваат либерализацијата на визниот режим. Потенцирале дека во иднина ќе спроведуваат контрола и мерки за намалување на злоупотребите на визната либерализација.

Македонија и Словенија договорија ревизија на Договорот за сезонски работнициСОЦИЈАЛНО И ЗДРАСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ И ПРИЗНАВАЊЕ НА ПЕНЗИСКИОТ СТАЖ

Ревидирање на Договорот за сезонски работници социјално со цел македонските граѓани кои одат на сезонска работа во Словенија тоа да го прават преку агенциите за вработување со дозвола од Министерството за труд и социјална работа, за таму да бидат социјално и здравствено осигурени и да им се признава пензискиот стаж, договорија министрите за труд и социјална политика на Македонија и Словенија Џељаљ Бајрами и Ања Копач Мрак. - Македонија во моментов нема податоци колку работници одат на сезонска работа во Словенија. Досега оние кои одеа, доколку немаа дозвола за постојан престој во земјата не можеа да ги користат поволностите на социјалното осигурување во Словенија. Кога ќе се ревидира договорот тоа ќе се овозможи и за лицата кои немаат таков престој, а работат сезонски, изјавил по средбата министерот Бајрами, а го цитира МИА. Неговата словенечка колешка смета дека на ваков начин ќе се подобри состојбата со македонските граѓанини кои сезонски работат во Словенија. - Тие досега не ги уживаа истите права со оглед на тоа што немаа постојан престој. Во ревизијата се предвидено позитивни измени според кои македонските граѓани било да имаат постојан престој во Словенија или во Македонија да имаат право на паричен надомест, рекла Копач Мрак. Двајцата министри разговарале и за ревизија на Доворот за социјално осигурување во делот на посвојување на деца, со оглед на тоа

што, како што појасни Бајрами, во Македонија е воведен нов начин на електронски избор на најсоодветен посвоител.

Kонкурс за придонес во заштитата на животната средина во Град Скопје ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗАВРШУВА НА 15 МАЈ

Пријавувањето за јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина за правни и физички лица, најубаво уреден двор, најубав состав на тема екологија

и најубав цртеж на тема екологија за учениците завршува на 15 мај годинава. Од Град Скопје информираат дека пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица треба да се доставуваат по пошта на адресата: Град Скопје - Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар „Илинден“ б.б., во архивата на Град Скопје, како и на телефонските броеви 3297-273 и 3297-302. Јавниот конкурс на Град Скопје се распишува за избор на најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ИСО 14001 и придонес за зачувување на животната средина), најголем придонес во областа на заштитата на животната средина (правни и/или физички лица кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, во смисла заштита на медиумите и областите на животната средина, намалување на користење на необновливи видови енергија и сл.), најубаво уреден двор (двор на објект за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), најубав состав на тема екологија (за ученици од основните и средните училишта) и најубав цртеж на тема екологија (за ученици од основните и од средните училишта). За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект) во износ од по 40.000 денари. За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. Традиционалниот конкурс за најголем придонес во зачувувањето на животната средина Град Скопје го распишува во рамките на традиционалната градска акција „Денови на пролетта - Денови на екологијата” заради промовирање и популаризирање на грижата за животната средина и природата.

Page 14: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Во Охрид годишна конференција на Македонската берзаСИСТЕМСКО СТИМУЛИРАЊЕ И ПОДДРШКАНА ДОМАШНИОТ ПАЗАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Сегашноста и иднината на македонскиот пазар на капитал, можностите и активностите што треба да го преземат македонските институционални инвеститори за раздвижување на пазарот, како и новините во Законот за трговски друштва што се однесуваат на одржувањето и свикувањето на акционерските собранија се дел од темите на кои расправаа стотината финансиски експерти и берзански работници во рамки на 12-тата конференција на Македонската берза што се одржа во Охрид. Обраќајќи се пред присутните, директорот на Македонска берза, Иван Штериев, истакна дека во денешните анализи на состојбите на пазарот на хартии од вредност мора внимателно да се одбере кои од бројните многупати елаборирани фактори, се идните клучни стратешки пунктови околу кои треба да се фокусира енергијата и креацијата на носителите на одлуките во пазарните институции и учесници. - Повеќегодишните негативни состојби на македонскиот пазар на хартии од вредност се карактеризираат со повеќе физички и психички белези. Главниот берзански индекс МБИ 10 на крајот на минатиот месец изнесуваше 2.540 поени. Тоа значи дека општото ниво на цени на пазарот, мерено преку движењата на 10-те најликвидни акции, е зголемено за 11,4 отсто од почетокот на оваа година, но е се уште за 67 отсто пониско од почетокот на 2008 година или за околу 75 отсто од рекордното ниво во септември 2007 година, рекол Штериев. Како активности што би требало да се преземат за подобрување на состојбите, тој истакнал дека повеќе од потребно е да се пристапи кон повторно системско стимулирање и поддршка на пазарот на хартии од вредност во Македонија. - За таа цел треба да се формира соодветно национално координативно тело според примерот на некои земји (Австрија), а притоа државата да стане поактивен чинител на пазарот на хартии од вредност, како учесник, развоен двигател и како регулатор. Конкретно, како што нагласил Штериев, а пренесува МИА, мора засилено да се промовира и стимулира издавањето и вложувањето во хартии од вредност, да се ревидираат и координираат определени решенија во Законите за хартии од вредност и за трговски друштва, да се постигне рамнотежа меѓу регулацијата, бизнисот и развојот, повторно да се разгледаат можностите за фискални и други стимулации за инвеститорите и компаниите, да се изедначи даночниот третман на вложувањето во сопственички и должнички финасиски инструменти, потоа да се искористат сите три столба на пенизискиот систем како најважен автономен фактор за развој на пазарот. - Општините треба да ја издадат првата обврзница, да се излезе со некаква приватизација на берза, како пример наведувајќи ги државните акции во „Телеком“ и други акционерски друштва во државна сопственост, јавни претпријатија и слично, заклучил Штериев. Штериев додал дека воопшто не треба да се повторува важноста од откочување на процесот на евроатлантски интеграции на Ррепублика Македонија и моментумот што ваквиот развој на настаните би го предизвикал на берзата.

Евроазиската федерација на берзи на работен состанок во ОхридЗАЕДНИЧКА ПРОМОЦИЈА ПРЕД СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ И ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ

Претставници на триесетина финансиски институции и берзи на држави од поширокиот регион на Евроазија учествуваат на интерната конференција на Работниот и Извршниот комитет на Евроазиската федерација на берзи што се одржа во Охрид. Иако на состанокот воглавно се разработуваат прашања од административен карактер односно активности во рамки на Федерацијата како што е воведувањето на заедничкиот берзански индекс ФЕАС, презентација на статистички извештаи, разработка на билатерални тренинг-програми, уредување на веб-страницата на унијата, учесниците на средбата собирот го оценија како добра можност и за размена на информации и искуства во областа на берзанското работење. Директорот на Македонската берза Иван Штериев истакнал, како што го цитира МИА, дека ваквите форуми се одлична прилика да се поделат знаења и информации ида се исцрпат нови идеи што би се имплементирале на локалниот пазар: - Тука има претставници од регионот со кои имаме сличности, но и од подалечни земји во Азија, од кои може да се извлечат корисни искуства, оттаму што кај нив берзанскотоработење има далеку подолга традиција отколку кај нас. Тој укажа на потребата од засилување на т.н. канали за продажба, но и за промоција на понудата на националните берзи, што ќе биде вклучено и во заклучоците од конфенрецнијата. - Мора да се работи на покажување на големите инвестициски фондови, што имате на вашата берза, какви компании, со какви финансиски резултати. Тука заеднички берзите можат полесно, поефикасно и поевтино да ја спроведат таа промоција на светските берзи. Тоа е дел од планираните активности што се разработуваат во рамки на оваа Федерација, рекол Штериев. За директорот на Белградската берза, Синиша Крнета, берзанската соработка меѓу државите во регионот има за цел унапредување на финансиската култура, културата на известување меѓу самите издавачи на акции и да се спроведат активности во насока на претставување на националните компании пред странските инвеститори. - Веќе четири годни берзите од новонастанатите држави во регионот заеднички се обидуваат нашиот пазар да го претстават како единствен, во кој во голема мера на се разликуваат условите за берзанско работење. Битна околност е што сите држави имаат идентична политичка цел односно зачленување во ЕУ што за берзите е олеснителна околност, оттаму што ја конвергираме и регулацијата и преку таа конвергенција конвергираме и ние самите, и на тој начин навистина можеме да се претставиме како пазар кој има многу елементи што го определуваат како заеднички, појаснил Крнета. Како главни фактори што влијаат врз активностите за привлекување странски инвеститори, директорот на Истанбулската берза Хусеин Еркан ги посочил неопходноста од создавање клима за берзанско работење, создавање неопходна инфраструктура што ќе овозможи пристап на инвеститорите на пазарот на акции, како и целосна заштита на потенцијалните инвеститори. - Откако сите овие предуслови се обезбедени, интересот на странските инвеститори неизбежно ќе се појави. Но, за привлекување на внимението на странските инвеститори мошне важно е да им се овозможи пристап до акциите на големите, атрактивните компании или таканаречените нациионални брендови, посочил Еркан, нагласувајќи дека токму акциите на бренд-компаниите ќе резултираат со раздвижување на целата берза.

БЕРЗИ

Иван Штериев

Page 15: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Италијанска компанија ќе гради откупно-дистрибутивен центар во

ВасилевоИНВЕСТИЦИЈА ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА

Италијанската компанија „Итал ТВТ“ најави изградба на современ откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во општина Василево. Претставници на компанијата престојуваа во индустриската зона кај

Василево и се интересираа за условите за откуп на градежно н е и з г р а д е н о земјиште и за поволностите што ги нуди локалната

с а м о у п р а в а како бенефиции во однос на комуналната инфраструктура. - Ние сме заинтересирани за економскиот развој на општината и за влез на домашни и странски инвестиции. Во таа смисла, подготвени сме да понудиме одредени поволности доколку инвеститорите имаат сериозни намери за изградба на капацитети, односно програми и бизнис-планови со кои ќе гарантираат отворање нови работни места. Италијанската фирма „Итал ТВТ“ е кандидат во нашата општина да изгради центар за откуп и дистрибуција на земјоделски производи и ние ваквите намери целосно ги поддржуваме и им даваме приоритет. Во таа насока, наскоро ќе објавиме јавно наддавање за продажба на околу 11 хектари урбанизирано градежно земјиште во индустриската зона, изјавил градоначалникот на Василево Ванчо Стојанов, а го цитира МИА. Најавениот откупно-дистрибутивен центар во Василево, кој по оној на „Агрокор“ што се гради во Струмица ќе биде втор по големина во регионот, ќе располага со комори за ладење и со најсовремени линии за калибрирање, сортирање и пакување на земјоделски производи. За неговата изградба ќе бидат инвестирани околу 15 милиони евра.

Средба на европските геотермални општини во Кочани

ЗАЕДНИЧКО АПЛИЦИРАЊЕ ДО ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ

Примената на геотермалната енергија во општини во Унгарија, Полска и Италија, како и потенцијалите на Кочанскиот геотермален басен беа тема на разговор на претставниците на Европската асоцијација ГЕОКОМ и на Општина Кочани. Координаторот на Проектот Габро Китли, од компанијата „Геонардо“ од Будимпешта, е задоволен од презентираното, но и од потенцијалите со кои располага Кочани во делот на геотермналните води. - Системот во Кочани се`уште не е доискористен и постои расположива енергија за која треба да се најдат соодветни потрошувачи, со што ќе се заокружи системот и неговата економичност, истакнал Китли, а го цитира МИА. Геотермалната енергија во Кочани се користи за загревање на оранжериски комплекс од 24 хектари и за загревање

на неколку згради, училишта и спортски објекти. Градоначалникот Ратко Димитровски смета дека тоа не е доволно и оти Општината презема активности да обезбеди средства од донатори и фондации за целосоно искористување на геотермалната енергија. Средбата на претставниците на европските геотермални општини во Кочани резултираше со размена на искуства, подготовка на заеднички проекти и аплицирање до европските фондови. Носители на овие проекти се Италија и Полска, како членки на ЕУ од кои и Општина Кочани очекува реализација на проектите за изградба на аква-паркот и затоплување на дел од градското подрачје.

Делегација од збратимениот унгарски град Сигенсентмиклош во посета на

КочаниВО ЈУНИ БИЗНИС СРЕДБИ

Тричлена делегација од унгарскиот град Сигенсентмиклош на чело со градоначалникот Иштван Пап престојуваше во Кочани со цел да се определат правците за подинамична соработка помегу двата збратимени града. На средбата во општина Кочани градоначалникот Ратко Димитровски ги информираше гостите од Унгарија за

правците во екомскиот развој на општината, со посебен акцент на искористувањето на геотермалните води, како во земјоделството така и за

затоплување на згради, училишта и установи. - Искуствата од нашата средина ќе ги пренесеме на нашите домаќини и наредниот месец ќе донесеме делегација од триесетина стопанственици за да потпишеме договори за соработка со сродни и заинтересирани форми од Кочани. Ова посебно се однесува на земјоделството, преработката и пласманот на градинарските производи, оризот, но и металската индустрија и текстилот, изјавил градоначалникот Пап. Унгарската делегација ги посети културно-историските споменици на Кочани, Спортско-рекреативниот центар Пониква, како и оранжерискиот комплекс во село Подлог, заедно со изворите на геотермална вода.

Кавадарци и Будва ја продлабочуваат соработката

ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ ВОЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕТО

Делегација од општина Кавадарци се врати од посетата на пријателската

општина Будва во Црна Гора каде престојуваше по покана од градоначалникот Лазар Раѓеновиќ. Претседателот на Советот на општина Кавадарци, Илија Тренчев и советниците Ристо Сакалиев и Пане Кимов на средбите со своите црногорски колеги разговарале за досегашната соработка на двете општини. - Договоривме заеднички настап во делот на туризмот, додека во економијата интересот на двете општини е воспоставување контакти на стопанственици пред се од аграрот, бидејќи Црногорците и градот Будва искажале голем интерес за кавадаречкото трпезно грозје и вино, информираа од Советот, а пренесува МИА. Кавадаречката делегација во Будва се сретнала и со амбасадорот на Република Македонија во Црна Гора, Александар Василевски од кого е побарана помош за деловни средби меѓу наши и црногорски бизнисмени, како и за промоција на тиквешкиот регион. Реализирана е и средба и со делегација од Макарска, при што е потврдена одлуката на Советот на Макарска за збратимување со Кавадарци. За време на посетата, делагцијата од општина Кавадарци имаше можност да присуствува и на традиционалниот Будвански карневал по што се сретна и со Хенри Фан Дер Кроун од Холандија, претседател на Европската асоцијација на карневалски градови. Делегацијата од Кавадарци добила покана и за учество на карневал во Врњачка Бања од 10 до 16 јули годинава. Воедно почнаа и разговори со претставници од овој град за збратимување на двете општини.

Проект на општина Струга ДОИЗГРАДБА НА КОЛЕКТОРОТ

ВО ОПШТИНА СТРУГА

Големи колични на фекални и отпадни води и понатаму се влеваат во Охридското Езеро кај струшкото село Радожда, а причина е недоизградениот колекторски систем во овој дел на езерото. Остануваат да бидат изградени уште неколку километри од потегот Елен Камен до Радожда, информираат од општина Струга. Владислав Жупан, началник на Секторот за локален економски развој изјавил дека се потребни уште средства кои, како што рече, општина Струга нема моќ сама да ги обезбеди. - Затоа аплцициравме до повеќе меѓународни институции, како и до фондовите на ЕУ и очекуваме нашиот проект за доизградба на колекторот во Радожда ќе биде прифатен. Ова е од големо значење како за заштита на Охридското Езеро, така и за жителите на оваа крајезерска населба, чии куќи се уште имаат септички јами, рекол Жупан, а го цитира МИА. Од општина Струга информираат дека ако проектот биде одобрен, остатокот од парите ќе го обезбедат од сопствениот буџет.

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Ванчо СтојановРатко Димитровски

Струга

Кочани

Page 16: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Обем на стоковната размена со странство

до крајот на март 2011 година

ИЗВОЗОТ БЛИЗУ 1 МИЛИЈАРДА САД

ДОЛАРИ

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-март 2011 година изнесува 934 707 илјади САД долари, а на увозот 1 611 563 илјади

САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58,0%. Трговскиот дефицит во периодот јануари-март 2011 година изнесува 676 856 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, благородните метали во колоидна состојба; нивните органски и неоргански соединенија; амалгамите на благородни метали, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-март 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (63,8%) и земјите од Западен Балкан (24,2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (55,0%) и земјите во развој (27,5%). Според вкупниот обем на

надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Србија и Бугарија (48,2% од вкупната н а д в о р е ш н о - т р г о в с к а размена се врши со овие пет земји).

Индекс на цените на угостителските услуги во април 2011 година

НА ИСТО НИВО Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2011 година, во споредба со март 2011 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во април 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0,2%.

К у м у л а т и в н и о т индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-април 2011 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,4%, додека во однос на декември 2010 година е намален за 0,5%.

Број на издадени одобренија за градење

во март 2011 година ТРЕТИНА ПОМАЛКУ ОД

ЛАНИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2011 се издадени 195 одобренија за градба што е за 33.9% помалку во однос на истиот месец од претходната

година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 049 950 илјади денари што е за 35,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број

на издадени одобренија за градење, 147 (75,4%) се наменети за објекти од високоградба, 10 (5,1%) за објекти од нискоградба и 38 (19,5%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 195 објекти, на 154 (79,0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 41 објекти (21,0%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 382 стана, со вкупна корисна површина од 38 201 м2.

Трошоци на животот во април 2011 година

(според класификацијата COICOP)

РЕКРЕАЦИЈАТА И КУЛТУРАТА СО НАЈВИСОК

РАСТ ОД 1,6 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во април 2011, во однос на март 2011, изнесува 100,3, а во однос на април 2010, изнесува 104,8. А н а л и з и р а н о по главни групи, според

намената на потрошувачката, во април 2011, во однос на март 2011година, пораст на индексите е забележан во групите: Рекреација и култура за 1,6%, Храна и безалкохолни пијалаци и Останати стоки и услуги за 0,6%, Алкохолни пијалаци, тутун, Облека и обувки, Домување, вода, електрика, гас и др. горива, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Транспорт за 0,1%. Намалување на индексите на трошоците на животот за 0,6% е забележано во групата Комуникации. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Здравје, Образование и Ресторани и хотели.

Вкупен откуп и продажба на земјоделски

производи во март 2011 година

ПОМАЛИ ПАЗАРНИ ВИШОЦИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во март 2011 година изнесува 1 381 015 илјади денари што претставува намалување за 15,1% во споредба со март 2010 година. В р е д н о с т а на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 14,2%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 19,2%. Намалување на вредноста на вкупниот откуп и продажба е забележено кај индустриските и фуражните растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и млечните производи, додека зголемување е забележано кај: житата, градинарските растенија, овошјето и рибата.

СТАТИСТИКА

Page 17: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Македонците на дното, Словенците на врв со плати

РАЗЛИКАТА ЕДЕН СПРЕМА ТРИ

Граѓаните на Македонија и на Србија се меѓу најсиромашните на територијата на поранешна Југославија. Просечната плата во Србија изнесува 357 евра, а во Македонија 330 евра, пишува белградскиот весник „Дневник“.

Највисоки плати добиваат во Словенија, каде што според последните статистички податоци просечната плата изнесува околу 1.000 евра. Во Хрватска, просечната плата изнесува 736 евра, а во Црна Гора - 518 евра. Во Босна и Херцеговина просечната плата е околу 400 евра. Според изданието и во поранешните земји од социјалистичкиот блок, кои веќе се дел од Европската унија, ситуацијата „не била розова“. Во Унгарија платите се како во Хрватска, а во Бугарија како оние во Србија, пишува понатаму белградскиот весник и појаснува: членството во ЕУ на овие земји не им обезбеди работа - платите на Бугарите се како оние во Србија, но таму невработеноста е двапати помала од онаа во Србија.

Од 2000 година до денес, српската дијаспората директно

инвестирала во домашната економија

550 милиони САД долариВО МАЛИ И СРЕДНИ ФИРМИ

ОТВОРЕНИ 25.000 РАБОТНИ МЕСТА

- Инвеститорите од дијаспората може да придонесат за заздравување на домашното стопанство и за нов инвестициски циклус, но под услов домашниот економски систем да не се разликува од тој во развиениот свет во кој навикнале да работат, – изјавил Срѓан Среќковиќ, министер за вера и за дијаспора на Србија, а пренесува регионалниот портал „Бизнис новине“. Од 2000 година до денес, според неговите податоци, дијаспората директно инвестирала во српската економија 550 милиони САД долари и

во малите и во средните фирми што ги формирала вработила отколку 25.000 луѓе. Тој ја повикува дијаспората да не ја помага матицата на стар и демагошки начин, туку да вложува во профитабилни проекти заради заработка, а притоа да ја вработува домашната работна сила и да придонесе за пораст на општествениот производ. Среќковиќ истакнува дека досегашните вложувања на дијаспората се драгоцени, особено во услови на криза, кога постои борба за секое работно место и дека е добро што, сепак, постојат поголеми можности. - Дијаспората со своите економски потенцијали и со контактите што ги има во деловниот свет е вистински промотор на Србија како добро место за инвестирање и е драгоцен соработник на државата во лобирањето за нашите економски интереси. Нејзиното влијание се`

повеќе ќе расте, - смета Среќковиќ. Според неговата оценка, најголема пречка во привлекување на инвеститорите е бавната и недоволно ажурна администрација. Министерството за вера и за дијаспора има направено каталог за потенцијалните вложувачите од дијаспората со понуда на 193 конкретни инвестициски проекти од 68 општини и градови, со што за првпат еден државен орган ја има обединето на едно место понудата од различни сектори и места. Притоа, најмногу проекти 40,6 проценти се понудени за вложување во туризмот, 20,3 проценти за индустриски зони, 18,7 проценти за инфраструктура. Среќковиќ нагласува дека Министерството за вера и за дијаспора ќе продолжи да ги информира луѓето од дијаспората за можни вложувања во Србија додавајќи дека секој инвеститор е важен и дека Министерството на секој поединечно ќе му се обрати со намера што побрзо да се остварат идеите и да се реализираат проектите.

Хрватска ќе стане регионален лидер за отпад

ДО ИНФРАСТРУКТУРА И НАЈНОВА ОПРЕМА СО КРЕДИТ ОД

СВЕТСКАТА БАНКА

Кредит од 60 милиони САД долари од Светската банка доби Групацијата ЦИОС, најголемиот хрватски концесионер за рециклирање, за проект од областа на складирање и обработка на метален отпад. Целиот проект, кој е со вкупна вредност од 120 милиони САД долари, треба да го направи ЦИОС -водечка групација во оваа област на Балканот. Проектот, освен во Хрватска, ќе се спроведува во сите држави во кои ЦИОС има основано подружници, како што се Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Македонија и Албанија. За Романија, пак, ќе биде задолжен германскиот партнер, Групацијата „Школц“, кој е и сопственик на 51 процент од ЦИОС. Се` уште не се откриваат условите под кои Финансиската корпорација ИЦФ, дел од Светската банка, го одобри кредитот. - За Групацијата е важно преодната фаза на трансформацијата од сегашниот на нов начин на финансирање да не се одрази на ликвидноста и на секојдневната работа. Досега ЦИОС исклучително се финансираше од сопствени извори и комерцијални кредити. Целта на земање кредит од Светската банка е да инвестираме во инфраструктура и во најнова технолошка опрема, а ќе се отворат и нови работни места, - вели Петар Припуз од ЦИОС.

Според Припуз, секојдневното зголемување на количината на производствен и на комунален отпад бара соодветно проширување на капацитетите. - Проширувањето на капацитетите е неопходно како поради обработка на зголемената количина на создаден отпад, така и поради добивање што поголема количина второстепени суровини од собраниот отпаден материјал. Годишно ЦИОС обработува околу 700.000 тони метален отпад, од кои 300.000 во Хрватска.

РЕГИОН

Page 18: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Грција и натаму во кал до гушаНАЈВЕРОЈАТНО Е РЕСТРУКТУИРАЊЕ

НА ДОЛГОВИТЕ

* Излегувањето на Грција од еврозоната за Германија не било ниту е тема на дебата, изјави денеска портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт во Берлин. Но, не стивнуваат шпекулациите за ваква можност.

Портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт го демантираше пишувањето на „Шпигел“ според кое грчката Влада размислува за истапување од еврозоната како излез од должничката криза, што предизвика бранувања на девизните пазари. Зајберт дециден: -Ги имате веќе демантите од сите можни страни, пред се‘ од Грците, значи, сфатете ги сериозно. Информацијата на ’Шпигел’ нема ништо заедничко со европската реалност. За германската Влада и натаму приоритет останува стабилноста на еврото. Викендов грчката Влада демантираше какви било планови за напуштање на еврото и повторно воведување на драхмата. Министрите за финансии на Германија, Франција, Шпанија, Италија и Грција, како и шефот на Еврогрупата Жан Клод Јункер и шефот на Европската централна банка Жан Клод Трише, кои имаа ненајавена средба во Луксембург, исто демантираа дека разговарале за кризата во Грција.

Грчко истапување од еврозоната - најмало зло Реномираниот германски економист Ханс Вернер Зин пак смета дека откажувањето на Грција од еврото би било најмалото зло. Раководителот на минхенскиот Ифо институт го скицира следното сценарио: - Ако Грција истапи од еврозоната, може да изврши девалвација на својата валута и да стане поконкурентна. Грчките стоки за извоз во таков случај би биле поевтини. Меѓутоа, Грција не е позната како голем извозник, што е веќе проблем. Освен тоа, напуштањето на еврото би значело големи потреси на финансиските пазари, јуриш на Грците во банките да ги подигнат своите пари, по што банките ќе пропаднат и ќе мора да бидат спасувани, и тоа од странство.

Реструктуирањето на долгот се чини неизбежно Се чини дека најверојатно е реструктуирање на долговите. Факт е дека Грција и натаму има огромни финансиски проблеми, па се стравува дека милијарди тешкиот пакет за помош нема да биде доволен таа да се спаси од банкрот. Даночниот систем во земјата не функционира како што треба, а не напредува ниту приватизацијата на државните фирми. Сите очи се свртени кон 16 мај, кога се среќаваат министрите за финансии од земјите на еврозоната и тоа не тајно, за да се договорат дали ќе има потреба од нов пакет помош, како што пишува атинскиот весник „Та неа“. Во јуни потоа ММФ и ЕУ ќе извршат проверка за напредокот на реформите на Грција и ќе решат за исплатата на следната транша од пакетот за помош, – пишува „Дојче Веле“.

ЕУ најавува подготвка на нов планДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ ЗА АТИНА ЗА 2012 ГОДИНА

Во подготвителна фаза е нов план што има за цел да и помогне на Грција да ги реши проблемите со својот долг и финансиските потреби во 2012 година, соопштуваат грчките весници, пренесувајќи ја изјавата на еврокомесарот за економска и валутна политика на ЕУ Оли Рен. Рен додава дека планот ќе биде целосно изготвен во следните неколку недели. Тој изјави дека консултациите за овој план се во полн ек и дека е се уште рано да се каже каква од дополнителна помош Грција има потреба, бидејќи експертите на ЕУ и ММФ се уште не ја завршиле својата мисија во Атина, за да дадат оценка за големината на проблемите.

Оли Рен потврди дека се водат разговори за доделување „дополнителна помош“ на Атина за 2012 година, чија големина и услови се уште не се определени. -Сето тоа се уште е во подготвителна фаза од земјите на Европската комисија, државите членки на еврозоната и Европската унија, дополни еврокомесарот. Грчките весници денеска пишуваат дека на седница на владата премиерот Папандреу изјавил дека не фигурира прашањето за излегување на Грција од еврозоната, ниту, пак, за преструктурирање на долгот. Тој, исто така, ги негира шпекулациите за евентуални предвремени избори и за ремонт на кабинетот. -Продолжуваме решително да чекориме напред и да ја следиме политиката, чии основни приоритети се извршување на структурни промени во 2011 година, приватизации и реализирање на среднорочната буџетска програма за периодот 2012-2015 година, рече Папандреу и додаде дека за овие прашања немало разлики во владата. Таблоидите, меѓутоа, предупредуваат дека буџетскиот дефицит на Грција се движи надвор од целите на кабинетот и дека е над предвидените трошоци за четирите месеци од годината.

Грција троши пари на сите страни„ЕЗЕРА“ ШТО ТЕШКО ПРЕСУШУВААТ!

Речиси како и во сите европски земји и во Грција се зголемува бројот на старите луѓе, а се намалува бројот на младите кои заработуваат и уплатуваат во пензискиот фонд. Наспроти тоа, државните службеници начелно можат да одат во пензија и пред да наполнат 50 години од животот, што доведува до тоа дефицитот на пензискиот фонд во Грција да расте побрзо од каде било во Европа. Новите реформи треба да го отежнат одењето во предвремена пензија, но Грција има и многу специфични правила какви што работниците во другите европски земји никогаш не се ни сетиле да ги бараат. На пример, немажените или разведените ќерки на државни службеници, по смртта на двата родитела и понатаму ја примаат нивната пензија. Таа привилегија ја имаат околу 40.000 Гркинки и само тоа ја чини државата околу 550 милиони евра годишно, п р е н е с у в а г е р м а н с к о т о државно радио „Дојче веле“. Вработените во Грција се навикнати дека нивната плата е само основа на која доаѓаат разни бонуси. Така државните службеници лесно можат дополнително да заработат дури и до 1.300 евра месечно. Лепезата на премии е многу широка. Грчки службеник може да смета на награда ако знае да користи компјутер, државата дополнително му плаќа ако знае странски јазик, но и ако на работа доаѓа на време. Посебен трн во око на другите Европјани е навиката Грција да дели не само 13, туку 14 плати. Половина од месечната плата ја добиваат за Велигден, а другата половина за годишен одмор, а 14-та плата се дели за Божик. Со мерките за штедење Владата веќе намали некои награди за 12 проценти, а дополнителните плати за цели 30 отсто, со што Владата се надева дека ќе заштеди 1,7 милијарди

ДОСИЕ – ГРЦИЈА

Page 19: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

евра. Кога за некој проблем постојат разни мислења и интереси, во Грција е обичај да се основа совет кој ги решава тие проблеми. Со оглед дека има многу проблеми, има бесконечно многу совети. Посебно се истакнува Советот кој управува со езерото Копиас, кое пресуши уште во 30-тите години од минатиот век, што секако не смета членовите на тој совет за својот труд и работа и понатаму да примаат плата. Еден грчки весник пресмета дека во сите можни совети се вработени над 10.000 „експерти“ и дека тоа Владата во Атина ја чини над 100 милиони евра годишно. Владата вети дека најмалку 200 комисии или ќе ги укине или повеќе од нив ќе ги спои во една. Од околу 11 милиони жители на Грција, државата е работодавец за над половина милион, наспроти тоа што некои државни компании со години создаваат големи загуби. Тука посебно се истакнува авионската компанија „Олимпик ервејз“, која со години не беше ни на нула, а на вработените во таа компанија не им е лошо – и тие и нивните семејства имаат право бесплатно да летаат каде ќе посакаат. Државата е сопственик на 74 компании и во речиси сите има многу повеќе вработени од потребното. Во грчката државна железница, на пример, има 9.000 вработени, а во 2008 година имала 800 милиони евра загуба. Кога се работи за одбраната, освен САД, ретко која друга држава троши толку пари за одбрана како Грција. Изминатите години за одбраната одеа дури 6 отсто од БДП, т.е. 14 милијарди евра годишно, од кои 80 отсто на трошоци на персоналот и управите. Нема сомневање дека Владата во Атина ги фрла парите низ прозорец, но се` помалку се тие под прозорецот кои можат да ги наполнат своите џебови. Наспроти 13-та и 14-та плата, државните службеници заработуваат многу помалку од нивните колеги во другите земји во ЕУ, наведе германското радио. Додека во приватниот сектор, посебно во секторот за финансиско работење и телекомуникации, разликите во платите се се` помали, многу државни службеници всушност примаат мали плати, така наставниците, пожарникарите или комуналците добиваат во просек само 41 процент од тоа што за истата работа добиваат нивните колеги во Германија. Грчката Влада минатиот мај потпиша минимална плата од 740 евра, што е едвај доволно за живот. Платите надвор од Атина се уште помали, а трошоците за живот се слични на тие во Европа. Всушност, меѓу „старите“ членки на ЕУ постои само една земја во која државните службеници добиваат помали плати – Португалија.

Велика Британија нема одново да и` помага на Грција за спасување на нејзината економија

МОЛЕЊЕТО ЗА ПАРИ – СРАМНО ОДНЕСУВАЊЕ

Британскиот министер за економија Џорџ Озборн изјави дека Велика Британија нема уште еднаш да се вклучува во операцијата за спасување на економијата на Грција, ниту да

го финансира покривањето на нејзиниот огромен долг, - јавува дописникот на МИА од Лондон. Реакцијата на официјален Лондон доаѓа по најавите во финансискиот центар Сити дека грчката Влада бара од Европската унија и посебно од земјите на еврозоната, дополнителни пари за да може да избегне банкротство. Л о н д о н с к и „Фајненшл тајмс“ тврди дека Владата во Атина сега бара уште 15 милијарди фунти, додека британските медиуми ја обвинуваат Грција за неспособноста да се справи со сопствените проблеми, нарекувајќи го новото „молење за пари“ како „срамно однесување“. Грција веќе има добиено 98 милијарди фунти помош од ЕУ и ММФ, а доколку на Атина и` се дадат уште 15 милијарди, тоа ќе биде прв таков случај во досегашното работење за спасување и зачувување на еврото, што се стравува дека може да повелече и другите држави-членки на еврозоната да го направат истото. Велика Британија учествуваше со релативно сосема мала сума во спасувањето на грчката економија и тамошниот финансиски и банкарски систем, само преку средствата што таа ги вложува во заедничкиот фонд на ЕУ и во ММФ, но таа е првата земја-членка на Унијата што најави дека не сака да дава повеќе пари за Грција. Владата во Лондон самата и посебно издвои седум милијарди фунти за спасувањето на економијата на Ирска поради големата економско-финансиска поврзаност на британската и на ирската економија и банкарство, додека учеството во помаѓањето на Грција и Португалија го објасни со големата поврзаност на стопанството на Велика Британија со економијата на ЕУ. Министерот Озборн тогаш рече дека во британски интерес е да не дојде до крах на еврото, без разлика што земјата не е членка на еврозоната и што нема намера да ја замени фунтата за единствената европска валута.

ДОСИЕ – ГРЦИЈА

Џорџ Озборн

ТУРИЗМОТ ТРЕБА ДА СЕ РАЗВИВАКАКО РЕГИОНАЛЕН ПРОЕКТ

Туризмот треба да биде регионален проект што ќе се развива со меѓусебна соработка, особено на земјите од соседството. Грција многу соработува на ова поле со Турција. Не гледам зошто тоа не би било случај и со другите соседни земји.

Туризмот треба да го развиваме на поинаков нов начин, неизолирано, туку, напротив, треба да ги здружиме силите во регионот, бидејќи туризмот е една од позначајните стопански гранки зашто реализира значителен приход.

(Александра Пападополу, амбасадор на Република Грција во Република Македонија)

АСПЕКТИ

Page 20: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Спасување на Португалија ПАКЕТ ОД 78 МИЛИЈАРДИ ЕВРА,

КАМАТАТА ПОВИСОКА ОД КАМАТИТЕ НА ГРЦИЈА

Каматната стапка на заеми од ЕУ за спасување на Португалија ќе биде над 5,5 отсто, што е повеќе отколку каматите кои ги плаќа Грција, - изјави комесарот на ЕУ за економски и монетарни прашања Оли Рен. - Каматната стапка што ќе мора да ја плати Португалија за своите заеми за спасување ќе биде над 5,5 отсто, но под шест отсто, - изјави Рен.

Лисабон

ЕК денеска одобри пакет за спасување на Португалија од 78 милијарди евра, заеднички пари од ЕУ и ММФ што треба да се искористат за раст на португалската економија. Министрите за финансии од еврозоната на состанок на 16 мај ќе одлучат за висината на каматната стапка за Португалија. ЕУ ќе обезбеди 52 милијарди евра, додека преостанатите 26 милијарди евра ќе ги обезбеди ММФ кој минатата недела соопшти дека каматата за Португалија ќе биде 3,25 до 4,25 отсто. Грција моментно плаќа камата од нешто над четири отсто за заемите од 110 милијарди евра.

Германскиот извоз ги урива сите рекорди

ГОДИНАВА МОЖЕ ДА СЕ ПОМИНЕ МАГИЧНАТА

ГРАНИЦА ОД ЕДЕН БИЛИОН ЕВРА

* Бирото за статистика во Визбаден соопшти дека во март германските претпријатија извезле стоки во вредност од 98,3 милијарди евра - најмногу од почетокот на водењето на статистиката во 1950 година. Рекорд бележи и увозот. Никогаш досега германскиот извоз не бил толку силен, колку во март. Најбарани производи од Германија

се автомобили, машини и хемиски производи. Се чини дека земјата најмногу користи од повторното заживување на светското стопанство, – објавува „Дојче Веле“. Остварениот извоз од 98,3 милијарди евра претставува плус од близу 16 проценти, во однос на истиот месец лани - и покрај зголемените цени на суровините и скапиот курс на еврото. Последен пат кога германскиот извоз забележа највисоки вредности беше во април 2008 година, пред почетокот на кризата. Аналитичарите предвидуваат дека годинава Германија би можела да ја премине „магичната граница“ и да извезе стоки во вредност од еден билион евра. -Само вака германската надворешна трговија е полна со самодоверба, - истакна министерот за економија, Рајнер Бридерле. „Made in Germany“ e особено омилена стока во странство, нагласи министерот. Истовремено и рекордот во увозот покажува дека и внатрешната побарувачка повторно заживува, - заклучи Бридерле. Во март годинава во Германија биле увезени 16,9 проценти повеќе стоки, отколку лани. Вкупната вредност – 79,4 милијарди евра.

Најзначајни „муштерии“ на Германија и натаму остануваат земјите од ЕУ. Во членките на европското семејство биле извезени стоки во вкупна вреднот од близу шеесет милијарди евра, што претставува плус од шеснаесет проценти во однос на минатата година. Од истите земји, пак, биле увезени стоки во вредност од 51 милијарда евра, 21 процент повеќе, отколку истиот месец лани. Од кулминацијата на економската и финансиската криза досега, германскиот извоз забележал зголемување од триесет проценти. А, тоа е само почетокот, сметаат аналитичарите, бидејќи во останатите земји од ЕУ дури сега почнува да се чувствува закрепнување

на стопанството. Тоа значи дека германската надворешна трговија е на сигурен пат кон нови рекорди.

Многу богатите во Велика Британија за една

година се уште побогатиОПОРАВЕНИ ОД УДАРОТ НА

СВЕТСКАТА РЕЦЕСИЈА

Многу богатите во Велика Британија, за една година се уште побогати, што показува дека супербогаташите успеале да се опорават од ударот на светската рецесија, открива објавената листа на 1000 најбогати Британци, што традиционално ја објавува „Сандеј тајмс“, јавува дописникот на МИА од Лондон. Економската криза што го погоди светот на крајот од 2008 година, им „избриша“ 155 милијарди фунти на супер богатите кои се наоѓаа и се уште на оваа листа, но илјада најбогатите сега поседуваат богатство што се проценува на преку 395 милијарди фунти.

Лаксми Митал

Тоа се уште не го достигнува максимално богаство, забележано во 2008 година кога најбогатите Британци заедно поседуваа 413 милијарди фунти, но сепак, сегашното вкупно богатство на „една илјада најмоќните“ е повеќе од една третина од државниот долг на Велика Британија. За само една година бројот на милијардерите во земјата е зголемен од 53 на 73 луѓе. Прв на листата и најбогат и оваа година е „кралот на челикот“ Лаксми Митал, со лично богатство од 17,5 милијарди фунти, што е за пет милијарди помалку од претходната година. Втор е рускиот магнат за руди и метали Алсер Усманов со 12,4 милијарди, додека на третото место е потиснат сопственикот на фудбалскиот клуб „Челзи“ Роман Абрамович, чие богатсво сега се проценува на 10 милијарди фунти. Првпат по 1999 година, меѓу

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 21: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

тројцата најбогати не се наоѓа војводата од Вестминстер, кој годинава со лично богатсво од седум милијарди е на четвртото место. Тој како сопственик на дел од центарот на Лондон и понатаму е најбогатиот Британец. На годинешнава листа 40 богаташи се родени Британци милијардери. Меѓу 1.000 најбогатите во Велика Британија 108 се жени, а сопственичката на синџирот за очила „Спејсејверс“ Мери Перкинс е првата Британка, што самата станала милијардерска, откако нејзиното лично богатсво се искачи на 1,1 милијарди фунти. Поранесниот „Битлс“ Пол Макартни е најбогатиот меѓу музичарите, веќе неколку години по ред, додека кај спортистите најбогат и годинава е Дејвид Бекам.

„Северен поток“ покрива само 25 отсто од дефицитот на гас во

ЕвропаНЕОПХОДНИ И ДРУГИ КАНАЛИ

Гасот, кој ќе се доставува преку „Северен поток“ може да покрие само една четвртина од дефицитот на гас во Европа, но не се планира проширување на тој проект, изјавил извршниот директор на конзорциумот „Норд Стрим“ Матиас Варниг.

Неодамнешните истражувања на различни организации покажуваат дека разликата меѓу понудата и побарувачката на гас во Европа ќе биде околу 200 милијарди кубни метри. Северен поток може да покрие само 55 милијарди кубни метри, односно само четвртина од количината која недостасува, нагласи Варинг во интервју за телевизијата „Рашја Тудеј“. Тој оцени дека тоа автоматски значи дека се неопходни и други канали за доставување гас, способни во целост да ја подмират побарувачката во Европа. Варинг рече и дека гасоводот „Северен поток“ ќе се исплати за 14-15 години. - После тој рок планираме да бидеме профитабилни, рече Варинг,

потсетувајќи дека во подводниот дел на гасоводот вложени се 7,4 милијарди евра директни инвестиции. Гасоводот долг 1.220 километри ќе води по дното на Балтичкото Море од Русија до Германија. Пуштањето во погон на првата линија на гасоводот е планирано за октомври 2011 година. Со изградбата на втората линија во 2012 година ќе се зголемат пропусните капацитети на гасоводот на 55 милијарди кубни метри годишно.

Во Шведска 330 бесплатни весници

СЕ ДЕЛАТ ЏАБЕ, А ОСТВАРИЛЕПРОФИТ ОД 250 МИЛИОНИ ЕВРА!

Бесплатните весници во Шведска минатата година остварија профит од околу 2,5 милијарди шведски круни (над 250 милиони евра), јави дописникот на МИА од Гетеборг. Во текот на првото тримесечие годинава приходите од реклами во бесплатните весници бележат пораст од 12 проценти, според извештајот на шведскиот Институт за медиумска и рекламна статистика. Во исто време се посочува дека и покрај фактот што моментно во Шведска се печатат околу 330 бесплатни весници, кои се борат во остра конкуренција за читатели и огласувачи, бројката на бесплатните весници и натаму расте. Големите шведски новинско-издавачки претпријатија во последните години и самите имаат купено или покренато подлистоци финансирани со реклами. Приходите се релативно срамежливи кога станува збор за таков вид публикации. Токму затоа и интересот кај етаблираните новински

компании е ограничен. – Но со опаѓањето на бројките на претплатници, напоредно со преселувањето на делови на пазарот на Интернетот, бесплатните весници стануваат поинтересни за големите дневни весници, вели Денис Оскарсон, претседател на синдикалната организација „Гратистиднингарна“.

Шпанија РЕЈТИНГОТ СЕ УШТЕ НЕ Е

ЗАГРОЗЕН

Стравувањата на пазарите за можно реструктуирање на грчкиот долг ја загрозуваат и Шпанија, но високите трошоци на финансирање на шпанскиот долг веројатно нема да го загрозат рејтингот на таа држава, соопшти меѓународната агенција за кредитни рејтинзи Мудиз. Шпанија се уште не се ослободила од пазарната загриженост за да може да биде следната членка на еврозоната на која и се заканува да биде вовлечена во должничка криза. Меѓународната агенција за кредитни рејтинзи Стандард и Пурс денеска го намали рејтингот на грчкиот долгорочен долг за два степена, на Б од ББ-, а краткоточниот на Ц од Б.

Мудиз укажа сепак, на зголемување на приносите од аукциите за шпанскиот долг дека нема да бидат причина за измена на Аа2 рејтингот на таа држава. - Високите камати кои се барани на некои аукции не се за нас причина за промена на рејтингот, смета Кетрин Мулбронер, аналитичар во Мудиз.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 22: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Русија реализираше десет проценти од планираната

приватизацијаМЕСТО 18 МИЛИЈАРДИ,

СОБРАНИ САМО 830 МИЛИОНИ САД ДОЛАРИ

Русија минатата година реализираше десет проценти од планираната продажба на државниот имот, но и покрај тоа финансискиот план е натфрлен за 26 проценти. Државата минатата година од продажбата на имот оствари приход од 22,7 милијарди рубли (830 милиони САД долари), наместо очекуваните 18 милијарди, пишува весникот „Московске новости“, повикувајќи се на информации од Министерството за економски развој. Русија лани на продажба ги понуди акции на илјада компании, но инвеститори се најдоа за само 120. Најголема побарувачка имаше за компаниите во агроиндустријата и услужниот сектор, како и за издавачките куќи.

Москва

Најголемата реализирана трансакција на приватизација на државна актива лани беше продажбата на 13,1 отсто од руската осигурителна компанија „Росгос страх“, за 8,7 милијарди рубли (318 милиони САД долари), а по неа следеа државниот удел во „Мосметрострој“ (компанија за изградба на московското метро“) и „Научно истражувачкот институт за трактори НАТИ“ за 7,6 милијарди, односно 1,3 милијарди рубли. Руската Влада со амбициозниот план за приватизација во наредните години очекува да оствари приход од 1,8 билиони рубли (65,7 милијарди САД долари).

Самоа ја менува временска зона за да ја поттикне својата

економија НЕОБИЧНА ОПЕРАЦИЈА ЗА

ПОЗИТИВНИ СТАПКИ НА РАСТ

Малата островска држава Самоа, во јужниот Пацифик, одлучи да ја смени меѓународната временска зона во која досега се наоѓаше, за да ја поттикне домашната економија, јавуваат британските медиуми. Самоа досега беше на самиот крај од меѓународната западна временска зона, заостанувајќи на тој

начин, 21 часа од Сиднеј во Австралија. Со „преселувањето“ од крајниот запад, на крајниот исток, Самоа сега ќе биде три часа пред Сиднеј и Австралија и два часа пред Нов Зеланд. Оваа крајно необична операција на Владата во Самоа, има за цел да ја поттикне економската соработака со Австралија и со Нов Зеланд, како и со Америка и Европа, што според нејзиното мислење досега беше тешко погодена поради големата временска разлика. - Додека ние работевме, затоа што кај нас беше петок, во Австралија и во Нов Зеланд, се беше затворено, затоа што кај нив веќе беше сабота. Додека ние седевме на неделната црковна миса, одморајќи се, кај нив засилено се работеше, затоа што беше понеделник, изјави за британските медиуми премиерот на Самоа, Саилете Малелагоал. Најголемиот дел од бизнисот и економијата на Самоа е поврзан со своите километарски гледано најблиски соседи, кои меѓутоа временски беа најодалечени од островот, затоа што меѓу нив сега има временска разлика од цел еден ден. Цели 119 години Самоа беше во западната временска зона, откако еднаш веќе временски беше на крајниот исток од земјината топка. Овој пацифицки остров има само 180 илјади жители.

Куба тргнува на патот на економските реформи

ВОВЕДУВАЊЕ СЛОБОДЕН ПАЗАРВО КОМУНИСТИЧКИОТ СИСТЕМ

Кубанските власти официјално објавија детали од економските реформи - легализирање продажба на недвижности и автомобили и воведување други големи промени. Комунистичката партија на Куба во новите економски насоки не прецизира кога Народното собрание ќе ја озакони новата стратегија.

Во насоките се вели дека владата сака да „воспостави купопродажба на куќи“ за градење, но не е споменато како тој систем ќе функционира или какви даноци ќе се воведат. Предвидено е и продажба на автомобили и други возила, но јасно е ставено на знаење дека државата се уште не е во позиција да одобри за голем број Кубанци продажба на нови возила со посредство на држави фирми. Досега само возилата произведени пред револуцијата можеа да го променат сопственикот. Цел на реформите е излегување на државата од кризата со воведување слободен пазар со задржување на комунистичкиот систем воведен во 1959 година. Претседателот на Куба Раул Кастро лани објави дека на Кубанците ќе им биде дозволено да водат свои бизниси во 178 одобрени сектори, да вработуваат и да изнајмуваат автомобили и куќи.Тој најави и отпуштање на половина милион службеници во државниот сектор и предупреди дека Владата не може да поднесе издвојувања на големи

субвенции за работниците во замена за плати кои се просечно по 20 долари месечно. Во насоките е најавено намалување на субвенциите и помош ќе добиваат само децата, болните и старите лица. Кубанците досега користеа бесплатна здравствена заштита, образование, и речиси бесплатно домување, снабдување со струја, греење и превоз.

Рејтингот на ризикЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ СЕ ПОБЛИСКУ

ДО ИНДУСТРИСКИ РАЗВИЕНИТЕ ДРЖАВИ

Државите во развој се поблиску до индустриските нации кога станува збор за рејтингот на ризик, укажува Mеѓународната агенција за осигурување од ризик (Soface). Државите како Кина, Бразил, Индија или Полска кај Soface имаат во меѓувреме подобар рејтинг од Грција, Ирска или Португалија. Додека обемот на ризик во државите во развој во текот на кризата порасна за само 10 отсто, во споредба се зголеми во државите од еврозоната на 72 отсто. - Државите во развој во изминатите десет години го намалија за 10 отсто својот профил за ризик додека во државите од еврозоната тоа е сосема спротивно, зголемен е за две третини, изјави Кристијан Бергер, член на Управата на Soface. Во државите во развој се очекува раст на БДП за 5,7 отсто додека лани тој изнесувал 6,8 отсто.

Извештајот на ОН предупредуваСВЕТСКИТЕ ЕКОНОМИИ

ЗАГРОЗЕНИ ОДСЕ ПОВИСОКАТА ЦЕНА НА

ПРИРОДНИТЕ КАТАСТРОФИ

Природните катастрофи можат да одземат од светското богатство најмалку 1,5 трилиони долари поради засилените економски ризици, поврзани со економските катастрофи, кои го загрозуваат растежот на многу земји, предупредуваат ОН во извештај. Според документот, објавен по повод Третата конференција на ОН за намалување на ризиците од природни катастрофи во Женева, вредноста на светскиот БДП, загубена поради катастрофи како тропски циклони, се утроила во последните години и достигнала 1,580 трилиони во споредба со 525,7 милијарди. Потенцијалните загуби на богатите земји, причинети од поплавите, се зголемиле за 160 проценти за 30 години. - Ризикот од загуба на богатства, поврзан со природни катастрофи, денеска расте побрзо од темпото, со кое се создаваат богатствата, предупредува координаторот на извештајот Ендрју Маскри. Најизложените на ризик земји се оние со мали и средни приходи поради брзиот развој на инфраструктури (патишта, училишта, болници), од кои многу не се доволно здрави, а исто така и поради нивното послабо управување, додава Маскри.

СВЕТ

Page 23: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Бразил, најголемиот светски производител на кафе, стравува поради можното замрзнување

на родот ВО ФИЛЏАНИТЕ 40 ОТСТО

ПОВИСОКА ЦЕНА!?

Бразил, најголемиот светски производител на кафе стравува поради можното замрзнување на родот на суровото кафе, откако посевите со оваа култура, минатиот месец беа уништени од врнежи на град, па поради тоа, цената на кафето може да порасне и за 40 отсто, велат аналитичарите.

Американските производители на кафе, „Крафт Фудс“ и „Ј.М. Смукер“, веќе ги зголемија цените на своите производи. Како што пренесува Блумберг, повикувајќи се на податоците на бразилската метеоролошка служба, можноста за појава на мраз во Бразил се зголеми со слабеењето на климатската појава наречена „Ла Нина“ што предизвикува ладење на водата во Тихиот Океан. Според податоците на службата, мразот во 1994 година уништил 35 отсто од приносите на кафе до 1997 година, поради што неговата цена во таа година пораснала за 39 отсто. Во случај студеното време да го оштети родот и оваа година, цената на кафето, според процените на експертите што ги анкетираше Блумберг, би можела да достигне рекордни 4,20 долари за 0,45 килограми.

„Мајкрософт“ го купи „Скајп“ ПРЕЗЕМАЊЕ ЗА 8,5 МИЛИЈАРДИ

ДОЛАРИ

Американскиот софтверски гигант Мајкрософт ја купи компанијата Скајп за 8,5 милијарди долари, вклучувајќи го и нејзиниот долг.

Тоа е досега највисока трансакција на Мајкрософт при купување и стратешки потег бидејќи на тој начин на корисниците ќе им се понуди услугата он-лајн телефонирање и пробив на пазарот на интернет и „паметни“ телефони - смартфони. Мајкрософт треба да овозможи пристап за таа услуга преку својата играчка конзола X-box како и телефоните кои функционираат под ОС Виндоуз фон и широка палета уреди кои работат по Виндоуз.

Авон прославува 125 години од основањето

„ПРОГОВОРИТЕ ЗА ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО“

Козметичката компанија „Авон“ прославува 125 години од своето постоење. Годишнината ја посветува на борбата против домашното насилство над жените, под мотото „Проговорете за домашното насилство“, Компанијата е присутна во повеќе од 100 земји со над 10 милијарди годишен приход. Во 2010 година мултинационалниот гигант бележи раст од 6 отсто во споредба со 2009 година, додека бројот на претставниците во 2010 година е за 4 отсто зголемен и сега Авон брои 6,5 милиони независни претставници. Како компанија за директна продажба, АВОН ужива 90 отсто препознатливост на пазарите каде што е присутен, а во креирањето на своите брендови користи иновативни технологии и револуционерни новитети. Анализите покажуваат дека годинава од пет жени во светот, две ги купуваат производите на АВОН.

Освен кампањата за борба против ракот на дојката „Од љубов кон жената“, во 2011 година основен фокус на АВОН во Македонија ќе биде кампањата за борба против домашното насилство над жените. Акцијата е продолжување на глобалната политика на АВОН за поддршка на жртвите на домашно насилство. Со мотото „Проговорете за домашното насилство“ АВОН ги поттикнува македонските жени да му погледаат очи в очи на проблемот и отворено да проговорат за темата. По повод големиот јубилеј, извршниот директор на АВОН Андреа Џанг ќе посети 12 големи светски метрополи и ќе донира средства на различни невладини организации со цел поактивна борба и заложба за намалување на степенот на семејно насилство. АВОН во Македонија е присутен 6 години, во кои што прерасна во лидер на пазарот на препаративната и декоративната козметика. Веќе 3 години по ред АВОН Македонија се вбројува меѓу 200 најуспешни компании во земјава, како единствена козметичка компанија меѓу нив. Силно препознатлив и по својата филантропска активноста во рамките на Кампањата против ракот на дојка, Авон досега има донирано повеќе од 1 500.000 денари за едукација, одржување на бесплатната информативна телефонска линија 0800 55 777 како и апаратура за аплицирање хемотерапија на Државната клиника за онкологија.

Еден век на кремата „Нивеа“„СНЕЖНО БЕЛО“ ШТО

ПОСТОЈАНО ВРАЌА ВО ДЕТСТВОТО

Познатиот мирис кој враќа во детството, составот и прочуената сина кутивка, се ве асоцира на „Нивеа“ кремата, која оваа година прославува своја 100 годишнина.

Германецот Оскар Троплович, кој бил шеф на отсек на фармацевстката компанија „Бајерсдорф“, во 1911 година создал емулзија „Еуцерит“, која веднаш станала хит, бидејќи немала силен мирис сличен на мирисот на конкурентските производи. Подоцна и додал екстракт од портокал, лаванда, рози, јоргован и лилјан и својата нова крема ја нарекол „Нивеа“ по латинскиот збор „нивеус“ што значи снежно бело. Новиот козметички производ многу брзо станал многу популарен и денес се продава во повеќе од 200 земји. „Нивеа“ кремата денес се продава најмногу во Обединетите Арапски Емирати. Минатата година „Бајерсдорф“ продаде 100 милиони кутии „Нивеа“ крема. -Секој дома има нивеа,- изјави Ан Заван, директор на маркетинг на „Бајерсдорф“ во Франција. -Тоа е мајка на сите брендови, тоа е нешто што мора да се има,- вели Жан Ватан-Анкуар, - експерт за брендови. Експертите наведуваат дека „Нивеа“ кремата има голем успех од повеќе причини, но најважна е таа што не е скапа во однос на квалитетот кој го има. Меѓутоа, „Нивеа“ поминала трнлив пат. Во текот на нацистичката ера, властите ја прогласија „Бајерсдорф“ за еврејска компанија и нејзините производи биле бојкотирани. По Вората светска војна, сојузниците ги прекинале донациите, па компанијата дури во 90-тите години од минатиот век успеала да развие различна палета на производи. Иронично, тоа што долго време произведувала само крема во познатата сина кутивка и помогна да создаде репутација на својот бренд. Втора работа која придонела за нејзиното долгогодишно присуство на светскиот пазар е тоа што своето име „Нивеа“ го стави уште на 14 различни производи – дезодоранси, гел за туширање, креми за сончање и го задржа својот квалитет. „Нивеа“ градејќи го така постепено својот имиџ и почитувајќи го константниот квалитет, опстоила дури и во конкуренција со прочуените брендови „Лореал“ и „Буржоа“. „Нивеа“ денес главно се произведува во Хамбург, но и во Азија и Јужна Америка, спаѓа меѓу најголемите конгломерати на светот и произведува цела лепеза на козметички производи, па оригиналната крема во сина кутивка сега има удел од помалку од 10 проценти на приходите на тој бренд.

БМВ со план за инвестиции во Кина

ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗАПРОШИРУВАЊЕ НА

КАПАЦИТЕТИТЕ

Германскиот производител на автомобили БМВ планира да инвестира околу милијарда евра во проширување на своите капацитети во Кина. Компанијата сака на тој начин да ја искористи големата

побарувачка на моментно најголемиот светски пазар за автомобили. Производството во фабриката „Чие-си“ во местото Шен-јанг во следниот среднорочен период треба да се зголеми на речиси 200.000 автомобили годишно. Заедно со зголемување на капацитетите во фабриката во Та Тунг годишното производство долгорочно ќе се зголеми на 300.000 возила.

КОРОПРАЦИСКИ БИЗНИС

Page 24: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Назив на Проектот

MK-Скопје: Вртелешки, нишалки, галерии и други предмети за забава

Референца ECZ64933-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 85-139751

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 03.5.2011 година

Краен рок за апликација

27.5. 2011 година

Сектори Општествени служби

Опис на Проектот

Вртелешки, нишални, галерии и други предмети за забава .

Контакт ЈП Паркови и зеленило -Скопјебул. Илинден ббЗа: Вељан Јагев1020 Скопје Република МакедонијаTel. +389 23070112 +389 23070112 E-mail: [email protected] +389 23070115Internet address(es)www.skopje.gov.mk

Назив на Проектот

MK-Скопје: Апарати за дигитален пренос надополнување

Референца ECZ64668 – земји-кандидати

Финансиска референца

2011/S 78-128832; 2011/S 85-138526

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 03.5.2011 година

Краен рок за апликација

13.6. 2011 година

Сектори Телекомуникации

Опис на Проектот

Апарати за дигитален пренос.

КонтактЈП Македонска радиотелевизија Бул. Гоце Делчев бб За Лазе Новески Република Македонија Tel. +389 25511786 +389 25511786 . E-mail: [email protected]. Fax +389 23221104 +389 23221104 .

Назив на Проектот

MK-Скопје:разни медицински стоки

Референца ECZ64935-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 85-139750

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 03.5.2011 година

Краен рок за апликација

22.6. 2011 година

Сектори Здравство

Опис на Проектот

Лекови за Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија за 2011-2012

КонтактУниверзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Ул. Водњанска 17за: Маја Дерменџиев1000 Скопје Република МакедонијаTel. +389 23111232 +389 23111232 E-mail: [email protected] +389 23111232 +389 23111232

Назив на Проектот

Регионален проект координатор (TCS 32949): EBRD-UNCITRAL Иницијатива за јавна набавка

Референца EBRDZ65009

Финансиска референца

Procurement ref: 32949

Вид на набавка Услуги

Финансиер ЕБРД

Земја Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија,Руска Федерација, Таџикистан, Туркменистан

Објавено на 6 .5. 2011 година

Краен рок за апликација

6.6. 2011 година

Сектори Информатичка технологија Управување со програми Односи со јавност Јавна администрација Законодавство транспорт

Опис на Проектот

Избор на консултантска фирма за поддршка на ЕБРД-UNCITRAL тим и за организирање повеќе работилници

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Page 25: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

КонтактMar�n EhrenbergSenior AdvisorEuropean Bank for Reconstruc�on and DevelopmentOne Exchange SquareLondon EC2A 2JNTel: + 44 20 7338 7657 e-mail: [email protected]

Назив на Проектот

MK-Скопје: Вакцини

Референца ECZ65024-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 88-143812

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 06.5.2011 година

Краен рок за апликација

20.6. 2011 година

Сектори Здравство

Опис на Проектот

Вакцини за континуирана имунизација и имунизација против епидемиолошки индикатори за 2011 година

КонтактМинистерство за здравство 50 Дивизија бр.6Контакт: Be�m Ljamalari1000 Скопје Република МакедонијаTel. +389 23112500E-mail: be�[email protected] +389 23113014Internet address(es) www.moh.gov.mk

Назив на Проектот

Услуги за поддршка на мониторингот и верификацијата на проектите за чист развој

Референца WB2045-799/11

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua andBarbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas,Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, CostaRica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Domi-nica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Hon-duras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kirib-a�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, KyrgyzRepublic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mex-ico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongo-lia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s andNevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slo-vakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezue-la, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на 07.5.2011 година

Краен рок за апликација

3.6. 2011 година

Сектори Енергетика Животна средина Управување со ресурси

Опис на Проектот

Консултантски услуги на Светската банка во делот на механизмите за чисто производство под двегодишен договор за периодот јули 2011-јуни 2013 година

КонтактElectronic Submissions through World Bank Group eConsultant2. h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАКонтакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044

факс.3244088е-маил[email protected]

www.mchamber.mk

Page 26: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Официјална посета на Виктор Орбан, премиер на Република Унгарија,

на Република Македонија, со бизнис-делегација

МАКЕДОНСКО-УНГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ

12 мај 2011 година, 11:00 часотСтопанска комора на Македонија, сала

1 и сала 4 на 5-ти кат

Во рамките на најавената официјална посета на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, на Република Македонија, најавено е потпишување на Македонско-унгарска спогодба за економска соработка. Премиерот Орбан доаѓа во придружба на стопанска делегација, по чиј повод, во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи Македонско-унгрски бизнис-форум, со билатерални средби меѓу македонски и унгарски компании.

Виктор Орбан

Бизнис-форумот претставува можност за продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Унгарија, особено имајќи предвид дека Република Македонија, во 2010 има трговски дефицит од 39 милиони САД $. Во унгарската индустрија се застапени: рударството, металургијата, градежната индустрија, прехранбената индустрија (преработка на храна), текстилната, хемиската (особено фармацевтската индустрија), автомобилската индустрија. Унгарија е производител на жито, пченица, сончоглед, компир, шеќерна репка, свинско, говедско месо, живина и млечни производи. Таа извезува машини и опрема, прехранбени производи, суровини, гориво и електрична енергија, а увезува машини и опрема, гориво и електрична енергија, прехранбени производи, суровини. За успешна реализација на настанот, Ве молиме, да го идентификувате Вашиот интерес за соработка со унгарски компании, преку пополнување на Пријавниот лист, како и да наведете со која унгарска компанија од приложениот список сакате да се сретнете. Исто така, доколку имате интерес да најдете партнери од Унгарија, надвор од списокот на компании, Ве молиме, тој интерес да го дефинирате во Пријавата. Тоа може и директно да му го пренесете на трговскиот претставник при Амбасадата на Унгарија во Македонија, на самиот Бизнис-форум. Воедно, Стопанската комора на Македонија Вашиот интерес ќе го достави до Трговско-индустриската комора на Унгарија.

Контакт: Љубица НуриТел: ++ 389 2 3244045Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Венера АндриевскаТел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Од 14 - 21.5.2011 година во Република Србија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО НОВИ САД

* Стопанската комора на Македонија организира учество на македонските компании на заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови !

Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад е најважен саемски настан во регионот и еден од најголемите во Европа од агроиндустрискиот сектор. Новосадскиот саем на едно место ги собира најзначајните компании од Европа од земјоделскиот сектор, аграрното производство, механизацијата, најдоброто во сточарство итн. На овогодинешното издание на Саемот ќе бидат претставени стопански сегменти од областа на: прехранбената индустрија; органска храна; земјоделски производи; вино ; земјоделска механизација; сточарство; агрохемија и билкарство; индустриски машини и градежништво; амбалажа и пакување и др.

Се очекува оваа година да настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и др. За време на манифестацијата ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Оваа година, земја-партнер на Саемот е Португалија. Стопанската комора на Македонија, имајќи ја предвид одличната соработка со Новосадскиот саем, обезбеди заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови за македонските компании (10% попуст за неопремен штанд во хала 3 и 80 евра попуст за задолжителна објава во каталог (како соизлагач). Стопанската комора на Македонија организира учество на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад за заинтересираните македонски компании со организиран превоз и сместување. Вкупните трошоци

за превоз и сместување, како и на внатрешното уредување (стандардната опрема) на штандот се на товар на секој учесник/фирма.

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Венера АндриевскаТел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

На 16 мај 2011 година, во Иматија, Република Грција

Бизнис-форум меѓу компании од регионите на Иматија и Серес и

компании од регионите на Скопје, Битола, Прилеп и Струмица

Регионалната стопанска комора на Иматија, Република Грција, е домаќин на Бизнис-форумот што ќе се одржи на 16 мај 2011 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Регионалната стопанска комора на Иматија. Бизнис-форумот претставува можност за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, како и за воспоставување повисоки облици на соработка и развивање на деловните односи меѓу компании од регионите на Иматија и Серес со компании од регионите на Скопје, Прилеп, Битола и Струмица.

Во рамките на оваа посета ќе се одржат билатерални средби меѓу компании од двете земји, главно од земјоделскиот сектор, прехранбената индустрија и земјоделска механизација, со цел воспоставување деловни односи и пронаоѓање нови деловни партнери. Стопанската комора на Македонија организира заеднички автобуски превоз за македонските компании кои се заинтересирани за учество на Бизнис-форумот.

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Венера АндриевскаТел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

На 16 и 17.5.2011 година, во Кочани, ЦИП – БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА

КОНКУРЕНТНОСТ И ИНОВАЦИИХотел „Градче“од 8:30 часот

Центарот за имплементација на развојни идеи (ЦИРИ) при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Европската делегација во Македонија

Page 27: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

и Министерството за економија, организира серија бесплатни обуки за ЕУ-програмата ЦИП, ЕУ-програмата за конкурентност и иновативност, со осврт врз трите потпрограми (Екоиновации, ИКТ-технологии и Интелигентна енергија) во повеќе градови низ Македонија.

Учеството на обуката е бесплатно за членките на Комората. Ве молиме, Вашето учество да го пријавите на следниот контакт: Мелита Михајловска, cip@humandynamics, или на телефон 077 555 641.

Контакт: Ирена МојсовскаТел: ++ 389 2 3244009; Факс: ++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Контакт: Јадранка Аризанковска Тел: ++ 389 2 3244038 Факс: ++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

На 18 и 19.5.2011 година во Струмица

ЦИП – БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА КОНКУРЕНТНОСТ И ИНОВАЦИИ

Хотел „Сириус“од 8:30 часот

Центарот за имплементација на развојни идеи (ЦИРИ) при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Европската делегација во Македонија и Министерството за економија, организира серија бесплатни обуки за ЕУ-програмата ЦИП, ЕУ-програмата за конкурентност и иновативност, со осврт врз трите потпрограми (Екоиновации, ИКТ-технологии и Интелигентна енергија) во повеќе градови низ Македонија.

Учеството на обуката е бесплатно за членките на Комората. Ве молиме, Вашето учество да го пријавите на следниот контакт: Мелита Михајловска, cip@humandynamics, или на телефон 077 555 641.

Контакт: Ирена МојсовскаТел: ++ 389 2 3244009; Факс: ++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Контакт: Јадранка Аризанковска Тел: ++ 389 2 3244038 Факс: ++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Од 18 до 21.5.2011 година во Република Косово

САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ТЕХНИКА,

ДРВНА ИНДУСТРИЈА „EXPOKOS 2011“ ВО ПРИШТИНА

* За излагачите 10 отсто попуст на саемскиот аранжман * За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Con-gress & Event Organiza�on, организираучество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2011“ во Приштина, Косово.

„EXPOKOS 2011“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, електроиндустрија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др.

Воедно,во рамките на Саемот ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи.

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Венера АндриевскаТел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Регионалната комора со седиште во Скопје, ве води на Меѓународниот саем за висока технологија во НР Кина, од 18

do 21 мај 2011 година

„CHITEC 2011” ВО ПЕКИНГОбезбеден бесплатен штанд

за излагачите!

Во периодот од 18 до 21 мај 2011 година, Регионалната комора со седиште во Скопје, во соработката со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за висока технологија “CHITEC 2011”, во Пекинг, Народна Република Кина. Саемот за висока технологија во Пекинг е исклучителен настан во својата област, се простира на површина од преку 60 илјади м2, а на кој преку 2000 организации и компании вообичаено учествуваат секоја година. Саемската манифестација ја посетуваат над 200 илјади луѓе од Кина и од светот. На Саемот се излагаат најновите достигнувања во индустријата на високата технологија, вклучувајќи ја електрониката, комуникациските и информатичките технологии, енергијата и заштитата на животната средина, во биомедицината, технологијата за автомобилската индустрија, индустријата за рециклажа, зелени и иновативни технологии, а присутни се и компании кои бараат инвеститори и вложувања во постојни проекти.

Регионалната комора со седиште во Скопје врз основа на својата соработка со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, која е еден од организаторите на Саемот, обезбеди бесплатен штанд за излагачи кои ќе се претстават на колективниот штанд на Стопанската комора на Белград. Покрај тоа, на сите излагачи им се нуди можност за организирање деловни средби со кинески стопанственици и презентација на нивните производи, идеи, проекти и изнаоѓање на адекватни партнери за соработка. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија. Пријавниот лист, регистрациониот формулар и програмата може да се преземат од веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk

Контакт:Венера АндриевскаТел:02 3244037; Факс:02 [email protected]

Page 28: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Од 20 до 22 мај 2011 година, информатичка манифестација во

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје

„LAN FEST CONFERENCE 2011“

Организаторот Learn, Develop and Manage Ideas (LDMI) Ви ја овозможува Информатичката манифестација „LAN Fest Conference 2011“, единствена сеопфатна манифестација од ваков карактер, што за прв пат се организира во Македонија и се одржува во мултинаменскиот Спортски центар „Борис Трајковски“ ,од 20 до 22 мај 2011 година. Во рамките на „LAN Fest Conference 2011“ ќе се одржат: 1. Саем за информациони и комуникациски технологии; 2. конференции, предавања и ИТ-обуки и 3. најголем Дигитален фестивал во ЈИЕ и квалификации за светското првенство во електронски спорт - Кореја 2011.

Покрај саемското изложување на штандови, учесниците ќе се претставуваат и со презентации, обуки и конференции. На Саемот ќе се презентираат: - WAN-услуги и опрема - провајдери, TeleExchange простории, менаџирање и безбедност; - LAN и WLAN-решенија и опрема, како и брендови присутни на локалниот ИКТ-пазар;- пасивни и структурни кабелски технологии и производи ;- Е-услуги, софтверски решенија и консултантски услуги; - Outsourcing и кадровски услуги за туѓи пазари;- финансиски софтвер; - водечки дистрибутери и брендови на пазарот на локално ниво (Хардвер и Софтвер); - ИКТ-образование, консултантски услуги и литература; - сателитски и GPS уреди; - производи, интерактивни и иновативни технологии развиени од страна на

локалните компании и др. Зошто да присуствувате на „LAN Fest Conference 2011“? • Присуство на единствениот ИКТ-саем во регионот од ваков вид; • можност да најдете технички решенија, производи и услуги кои Ви се потребни на Вам и на Вашиот бизнис; • можност за проширување и зголемување на Вашата информатичка едукација, со преку 80 конференции, обуки и предавања што ќе ги реализираат од министерствата, ИКТ-експерти и фирмите-изложувачи; • преглед на најголемото и најкомплицирано техничко решение од јавен карактер во ЈИЕ, во вредност од

200.000,00 САД долари; • преглед на технологии, услуги и производи кои се нудат од локалните и странските ИКТ-субјекти. Подетални информации можат да се добијат на www.lanfest.mk

Контакт:LDMI – Learn, Develop and Manage Ideas – SkopjeМихаил Чаков 7а/1/1тел: 02 2772 568моб: 078 33 03 03Раководител на манифестацијата Лазар Поп Трајков[email protected]

Контакт : Софче Јовановска Тел: (02) 3244060 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected] Стопанската комора на Македонија

Семинар на Крф во Република Грција од 26 до 29 мај 2011 година

“Корпоративно управување и управување со оперативниот ризик”

Хотел Messonghi Beach 4*

Со цел запознавање на компаниите и нивните вработени со корпоративното управување и управување со оперативниот ризик и неговото значење, Стопанската комора на Македонија, од 26 - 29 мај 2011 година, организира семинар на тема: „Управување со оперативниот ризик и корпоративното управување“.

Хотел Messonghi Beach

Агенда:1. Управување со оперативниот ризик - Дефинирање на оперативниот ризик и неговото значење;- Видови настани кои може да предизвикаат материјализација на оперативниот ризик; - Систем за управување со оперативниот ризик;- Процес на управување со оперативниот ризик;- Пристапи за утврдување на капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик.2. Корпоративно управување - Вовед во корпоративното управување;- Корпоративно управување visa vi корпоративно раководење;- Управување со корпоративните перформанси на друштвото; - Улогата на органите на управување;- Корпоративното управување и последната финансиска криза.

Предавач: В. проф. д-р Евица Делова Јолевска, Универзитет Американ колеџ – Скопје.Семинарот е наменет за компании, aкционерски друштва, јавни

претпријатија и други правни лица. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20 мај 2011 година.

Контакт: Ленче ЗиковаТел: (02) 3244054; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Работилница на ДЕТРА Центар и Бизнис-академија Смилевски

ПРОМОЦИЈА НА ПАРТНЕРСТВОТОЗА ОРГАНИЗАЦИСКО УЧЕЊЕ

(27 мај 2011 година, 12:00 часот,во просториите на БАС)

Во текот на 20-годишното работење во Македонија, во областа на консултантството и обуката на човечки ресурси, ДЕТРА Центар се стекна со богато и разновидно професионално искуство и знаење. За таа цел, ќе се одржи работилница за промоција на Партнерството за организациско учење. Тоа е клучниот фактор кој ќе овозможи новостекнатите индивидуални и групни знаења на вработените да станат компаниска придобивка и да се ставаат во служба на целите на компаниите. Искуството покажа дека токму успешноста во трансферот на новото знаење - споделувањето и складирањето на знаењето во организациската меморија - се од суштинско значење за компаниите-клиенти Истовремено, глобалните трендови се’ повеќе зборуваат за организациско учење и организации кои учат, истакнувајќи дека е дојдено ново време на споделување, наспроти криење на знаењето. Истражувањата го посочуваат организациското учење како врска меѓу ефикасноста на работата на секторот за човечки ресурси и подобрувањето на организациската изведба на компаниите. ДЕТРА Центар и Бизнис-академијата Смилевски вe покануваат на настан на кој ќе се промовира и афирмира Организациското учење и улогата на Одделот за човечки ресурси во огранизациите кои учат. Настанот е осмислен како интерактивна работилница за споделување искуства и ставови за формите на организациско учење во македонските компании. Настанот ќе го води проф. д-р Цветко Смилевски, промотoр на Организациското учење како академска дисциплина и консултантска практика. Исто така, овој настан ќе биде и најава на долгорочната иницијатива за формирање на Партнерство за oрганизациско учење со заинтересираните македонски компании. Ова партнерство подразбира здружување околу заедничкиот интерес -

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 29: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

организациското учење. Ова партнерство ќе овозможи споделување знаење и искуства и заедничко развивање на применливи форми и стратегии на организациско учење во партнерските организации. Учеството на работилницата е бесплатно и е наменето за менаџери или претставниците од одделот за човечки ресурси.

Маја Смилевска Извршен директор ДЕТРА Центар

СКМ-ЗП-РУ-10/02Од 28 до 31 мај 2011 година

Меѓународен саем за текстил, предива, трикотажа и машини во Република Турција

“TEXPO EURASIA 2011’’ ВО ИСТАНБУЛ

* Организирана посета за македонски компании на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување!

Во периодот од 28 до 31 мај 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат три меѓународни саемски манифестации и тоа: • 28. Саем за текстил, ткаење, предива, плетење, везење, трикотажа и машини за текстил „TEXPO EURASIA 2011“; • 8. Меѓународен саем за предива „INTERNATIONAL ISTANBUL YARN RAIR“ и • Саем за ткаенини „FABRIC EXPO 2011“.

Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации на којашто ќе земат учество голем број реномирани турски и странски компании и производители на: текстилни ткаенини, текстилни предива, трикотажа, машини за шиење, везење, боење и печатење, текстил за домаќинство, теписи и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 28-30 мај 2011 година, со автобуски превоз. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфери од хотел до саем и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората.

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Венера АндриевскаТел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Од 16 - 18.6.2011 година, во Истанбул, Република Турција

Меѓународен саем за убавина, козметика и уметнички додатоци

“BEAUTY EURASIA 2011’’

Во периодот од 16 до 18 јуни 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи реномираната Mеѓународната саемска манифестација за убавина, козметика, и уметнички додатоци “BEAUTY EURASIA 2011’’. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество над 400 реномирани компании од преку 40 земји од Средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток, од Северна Африка и земјите од Голфот .

На овогодинешното издание на “BEAUTY EURASIA 2011’’ ќе бидат претставени следниве сектори:• парфеми, дезодоранси, мириси;• боја за козметика;• производи за нега на тело и коса;• опрема и производи за салони за коса; • опрема и производи за салони за убавина;• производи за коса;• производи за нега на кожа;• средства за хигиена; • козметика за бебиња;• алатки за убавина;• пакување;• суровини и репроматеријали;• природни производи и др. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15-17 јуни 2011 година. Трошоците за хотелско сместување и превоз паѓаат на товар на пријавените посетители. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 16 мај 2011 година. Подетални информации може да се видат на www.beautyeurasia.com .

Контакт: Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Венера АндриевскаТел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Од 17-18 јуни 2011 година, Постојна, Република Словенија

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „СОЦИЈАЛНА ЕКОНОМИЈА = ХУМАНА

ЕКОНОМИЈА“

Се` започна со професорот и добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година, Мухамед Јунус, кој раздели 27 американски долари меѓу 40 селани од сиромашно село во Бангладеш за да можат да ги отплатат долговите и да започнат со свој бизнис. Парите му беа вратени наскоро, бизнисите почнаа да се развиваат и се подобри животот во селото. Од тогаш до денес професор Јунус помогна на милиони мали бизнисмени. Тој ја оформи социјалната банка Грамеен, која денеска е присутна низ целиот свет. На оваа меѓународна конференција ќе присуствуваат најблиските соработници на професорот Јунус. На Конференцијата ќе учествуваат реномирани професори и харизматични бизнисмени, посебно жени, кои веќе подолго време се активни во таков вид на компании. Конференцијата ќе понуди интересни предавања и работилници, со примери од Словенија, Италија, Германија и од други држави. Конференцијата ја организира непрофитната организација Клуб на европски жени, со поддршка на Општина Логатец, познатата компанија „Постојнска јама“, во соработка со најблиските соработници на професорот Јунус, кои се активни во компаниите Yu-nus Social Business Centre и Grameen Cre-a�ve Labs. На Конференцијата ќе настапат реномирани предавачи и бизнисмени. Цената за учество на Конференцијата изнесува 295 евра/лице (+20% ДДВ). Подетални информации можат да се добијат на телефон: +386 31 606 441 или на: [email protected] или на: h�p://www.cew.si/eng/publica�on.html.

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 30: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина

САЕМ ЗА АВТОДЕЛОВИ CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo)

Од страна на Канцеларијата за економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина, Стопанската комора на Македонија е информирана е дека од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина, ќе се одржи 5. Саем CIA-PE (China Interna�onal Auto Parts Expo). На Саемот ќе се презентираат најеминентните производители, купувачи и корисници на автоделови, електроника, автогалантерија од Кина и регионот. Минатата година на Саемот учествуваа 1.356 компании од 122 земји, а истиот беше посетен од околу 50.000 посетители. Доколку има заинтересирани компании да го посетат Саемот CIAPE, организаторот ги покрива трошоците за две ноќевања во хотел, како и трошоците за транспорт од хотелот до местото на одржување на Саемот. Исто така, организаторот зема обврска да договори средби со најмалку 10 кинески компании со македонските компании-посетители на CIAPE.

Подетални информации за посета на Саемот може да се добијат во Стопанската комора на Македонија или во Канцеларијата на економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина ( e-mail: [email protected], тел.: 02 3069-658 и 02 3069 668). Заинтересираните за посета на Саемот можат да се регистрираат на веб-страницата www.iapechina.com, најдоцна до 10 август 2011 година.

Контакт:Војкан НиколовскиТел.: 02 3244 068 Факс: 02 3244 088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија

САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН

* Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап

Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската

комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за храна и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија.

Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови: - бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување; - во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалаци; - за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна; - за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно).

„COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа:

- месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници;- млеко и млечни производи;- риба; - какао, бонбони, чоколади, сладолед;- брашно и производи од брашно;- диетална, макробиотичка храна;- производители на здрава, био и органска храна;- пакување (хартија, фолија, пластика);- конзервирана храна;- природна минерална и изворска вода;- безалкохолни и енергетски пијалаци;- сокови, сирупи и екстрати;- пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво;- вина од сите винарски земји и региони;- вински и овошни ликери, овошни и други ракии;

- јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство;- опрема и машини за винарство.

Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност за учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбената индустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BRO-YARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни), туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 1 јуни 2011 година.

Контакт: Венера АндриевскаТел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Page 31: Бизнис ИНФО број 53 од 12.05.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 12 мај 2011, Бр. 53

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сточна

храна.Валидност до: 9.7.2011 година

Компанија од Полска бара застапник во Република Македонија за пласман на детски

пелени и хигиенски влошки.Валидност до: 9.5.2011 година

Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

топлинска техника за бањи и радијатори, печки на цврсти горива.

Валидност до: 9.9.2011 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да пласира во Република Македојиа сточно

брашно од 50 до 100 тони и брашно од 300 до 400 тони месечно.

Валидност до: 11.9.2011 година

Српска компанија бара ексклузивен дистрибутер во Република Македонија за

пласман апарати за масажа, палета на апарати за освежување на воздух, апарати за нега на

тело.Валидност до: 27.9.2011 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

специјални машини за улично одржување на хигиена.

Валидност до: 27.9.2011 година

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фета

сирење, павлака и кашкавал.Валидност до: 27.9.2011 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на завеси од

тафта и органтин.Валидност до: 27.9.2011 година

Бугарска компанија бара да откупува масло од пченка од Република Македонија.

Валидност до: 27.9.2011 година

Компанија од Естонија нуди специјални машини за нанесување малтери и други

облоги.Валидност до: 27.7.2011 година

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на садови

за готвење.Валидност до: 28.5.2011 година

Македонска компанија изнајмува комплетно нов индустриски и административен објект со вкупна површина од 4400 м2 и земјиште од 25.000 м2 во индустрска зона Негорци

- Гевгелија на само 10 км од границата со Грција и 60 км од границата со Бугарија. Компанијата е заинтерисирана за заедничко вложување со странски партнер во производствен погон (за

почеток со договорен пласман на производите).Валидност до: 28.12.2011 година

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на професионална опрема за уредување на

градини, алат за копање, косилки за трева, ножици за стрижење трева, ниски дрвја и сл.

Валидност до: 29.9.2011 година

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на 100%

памучно платно, како и постелнина, бањарки, крпи за болница, хотели, крпи кујна.

Валидност до: 29.9.2011 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на јужно

овошје.Валидност до: 29.7.2011 година

Германска компанија заинтересирана е за биопроизводство на житни култури, малини, боровинки и др. видови овошје во Република

Македонија.Валидност до: 28.12.2011 година

Компанија од Германија бара соработка за користење на 100 ха земјоделско земјиште за одгледување култури потребни за нивно

производство.Валидност до: 29.12.2011 година

Компанија од Германија бара застапник во Република Македонија за пласман на ефикасни

комбинирани електрани за топлинска и електрична енергија со јачина од 10 до 400

КВ(ел), а врши и нивно одржување.Валидност до: 29.06.2011 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да откупува кромид и трпезно грозје од Република

Македонија.Валидност до: 07.12.2011 година

Германска компанија производител на ТВ-опрема за инспекција и системи за испитување

на протекување нуди решенија за различни области на инспекција на канализација, па сеж

до дренажни системи.Валидност до: 08.7.2011 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

специјални камери кои се употребуваат при дефекти во канализација и водовод.

Валидност до: 08.9.2011 година

Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

фотоволтаични модули.Валидност до: 3.9.2011 година

Компанија од Косово заинтересирана е за соработка со преработувачи на овошје и

зеленчук од Македонија и за снабдување со овошје.

Валидност до: 4.12.2011 година

Компанија од Косово бара соработка со производители на тутун во Република

Македонија.Валидност до: 4.9.2011 година

Компанија од Косово бара соработка со трговци во Република Македонија за пласман

на зеленчук.Валидност до: 4.9.2011 година

Компанија од Хрватска бара соработка со производители на чорапи, долна облека,

костими за капење и пижами во Република Македонија.

Валидност до: 4.9.2011 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на различни видови кабли, како што се видеонадзор кабли, ХДМИ кабли, САТА кабли, телекомуникациски кабли, мрежни кабли, фибер-оптички кабли,

мултимедија кабли, ЛЦД кабли , како и конектори за електронски уреди. Производите

се во согласност со РоХС-директивата и ул-листата, која може да се користи во индустриска контрола, во медицината, автомобилската телекомуникациската

индустрија.Валидност до: 4.9.2011 година

Компанија од Косово бара соработка во областа на преработка на зеленчук во Република

Македонија.Валидност до: 5.9.2011 година

Компанија од Косово бара соработка со производители на мермер во Република

Македонија.Валидност до: 5.9.2011 година

Компанија од Косово бара пласман во Република Македонија на метални производи од цинк, бакар и олово наменети за кровови и

фасади.Валидност до: 6.9.2011 година

Компанија од Косово бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чевли

за војска и работнички чевли по светски стандарди, отпорни на секаков вид оштетувања

и со различна дополнителна заштита, во зависност од барањата на клиентите.

Валидност до: 6.9.2011 година

Компанија од Косово бара соработка со производители на облека, ткаенини, кебиња и

теписи во Република Македонија за пласман на волнени и синтетички предива.Валидност до: 6.9.2011 година

Компанија од Австрија бара дистрибутер во Република Макдонија за пласман на грејни

апарати на биомаса.Валидност до: 6.9.2011 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може

да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mkКонтакт:

Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски