44
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 74 од 17.11.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Преку иновации и нови технологии македонските компании може да ја зголемат конкурентноста и извозот БИЗНИСОТ МЕЃУ РЕГИОНИТЕ МОЖЕ ДРАСТИЧНО ДА ЈА ЗГОЛЕМИ РАЗМЕНАТА БЕЗ СЕРТИФИЦИРАНИ ШУМИ ЌЕ СТИВНЕ ИЗВОЗOT НА МЕБЕЛ СПОЈОТ МЕЃУ НАУКАТА И СТОПАНСТВОТО ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА Прилеп и Струмица ги трасираа економските врски со Торбали од Република Турција Предупредување на Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел Бизнис заедницата од Битола побара мерки за релаксација на стопанството ГРЧКАТА КРИЗА ГО СТЕГА СТОПАНСТВОТО ОД ПОД ПЕЛИСТЕР

Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Неделен електронски бизнис информатор на Комората

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 74 од 17.11.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Преку иновации и нови технологии македонските компании може да ја зголемат конкурентноста и извозот

БИЗНИСОТ МЕЃУ

РЕГИОНИТЕ МОЖЕ

ДРАСТИЧНО ДА ЈА ЗГОЛЕМИ РАЗМЕНАТА БЕЗ СЕРТИФИЦИРАНИ ШУМИ

ЌЕ СТИВНЕ ИЗВОЗOT НА МЕБЕЛ

СПОЈОТ МЕЃУ НАУКАТА И СТОПАНСТВОТО

ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈАПрилеп и Струмица ги трасираа економските врски со Торбали од Република Турција

Предупредување на Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел

Бизнис заедницата од Битола побара мерки за релаксација на стопанството

ГРЧКАТА КРИЗА ГО СТЕГА СТОПАНСТВОТО ОД ПОД ПЕЛИСТЕР

Page 2: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СТАРИ АВТОМОБИЛИ – НОВИ ПРОБЛЕМИ

Во Македонија од периодот март 2010 година до денес тешко може да стане збор за бизнис кога се во прашање новите возила. Иако е нормално и очекувано во време на светска економска криза, колку и да е нашата економија изолирана и не е директно поврзана со светската економија, феноменот на страв од несигурното утре кој го чувствуваат граѓаните придонесува тие да се одречат од луксузот што може да го понуди новиот автомобил. Тоа е нормално. Меѓутоа, феноменот на намалена ликвидност, скапите кредити на домашните банки, како и присуството на должничко-доверителската криза ги оттргнува и компаниите кои, логично, во европските држави и во нашето соседство се клиенти на автомобилските компании. Овој микс од пречки за нормално развивање на автомобилскиот бизнис со нови возила, секако, е и дополнително оптоварен со дозволата за увоз на половни автомобили без еуронорми или со неадекватни европски норми сè до 2015 година, а и за понатаму не сме сигурни точно

што ќе се случува. Ова се проблемите, а решенијата и напредокот на автомобилскиот бизнис излегуваат од нивното решавање. Со подобрување на општиот стандард кај граѓаните ќе се зголеми продажбата на нови автомобили. Со помалите каматни стапки, но и полиберални услови на банките, секако, ќе се зголеми изборот на граѓанинот – дали да купи возило со сомнителни карактеристики и 10-ина години користено или за истата сума да обезбеди учество за нов автомобил со гаранција од производителот, а за позајмените пари да плати фер камата. Иако постоеја повеќе проблеми за бизнисот на автомобилските увозници во изминатите 2-3 години

во Македонија, сепак, овој феномен, кој го имаат само неколку држави каде што се поддржува увозот на половни автомобили, сметам дека беше најголемиот удар кон увозниците, но и кон граѓаните. Според официјални извештаи од институциите, во Македонија се увезени нешто помалку од 100.000 половни возила. Доколку тоа се спореди со фактот дека во една година во Македонија се продаваат 6.000-7.000 нови возила, увзниците на нови возила си поставуваат многу прашања за и околу логиката на постоењето на бизнисот со продажба на нови возила. Во земјите кои реално треба да бидат пример за нашата држава овој сразмер е најмногу 1:2, нови наспрема половни возила. Значи, пазарот на половни возила постои секаде, меѓутоа, со повисоки еконорми од Еуро 2. (Дарко Димовски, сопственик на „Ми-да моторс“)

АЛТЕРНАТИВНАТА ЕНЕРГИЈА „ЗАРОБЕНА“ВО ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ

Tројца инвеститори се заглавени во државните административни лавиринти и не може да добијат лиценца за повластени производители на струја од сончеви централи. Нема подзаконски акти, а не се донесени од неколку субјективни и објективни причини. Инвеститорите се доведуваат во заблуда. Со несреќно донесениот правилник од Министерството за економија и неносењето на подзаконските акти

инвеститорите се спречуваат да инвестираат и не знаат која ќе биде повластената цена, со која за не повеќе од осум години треба да го вратат капиталот што го

зеле од банка. Повластената тарифа неколку пати се намали, а има најави дека може уште да се намалува. Можно е со новите уредби новите повластени тарифи да овозможуваат поврат на инвестицијата за 11-13 години. Фактот дека лиценцата за повластен производител се дава за 15 години покажува дека инвеститорот веќе е на прагот на рентабилност. Ова ќе значи и крај на влегувањето на нови инвеститори во обновливи извори на енергија.

(Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика)

„КУПИ КУЌА – КУПИ СТАН“ ЈА ОДЛАГА ГРАДБАТА

Сé повеќе инвеститори ја одлагаат градбата или, пак, купувањето дом за живеење во очекување на владиниот проект „Купи куќа - купи стан“. Секој сака да види колку ќе чини купувањето стан или куќа со она што ќе се понуди со овој закон, бидејќи, според најавите, се очекува еден дел од трошоците за купување да ги

субвенционира Владата. Поради ова сé повеќе се во исчекување и одлагање на евентуално планираните градежни зафати.

(Никола Велковски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Во рамките на Проектот Enterprise Europe Network (www.een.mk), Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Македонија (АППРМ), организираа работилница на тема: „Подобрување на успешноста на претпријатијата преку вмрежување, иновации и претприемништво“ (11.11.2011 година). На работилницата, преку видео-

конференциска врска од Њујорк, САД, свое предавање имаше д-р Невенка Димитрова, Research Fellow Philips Re-search North America, Briarcliff Manor, одСАД. -Македонија има луѓе со научен капацитет кои работат во познати истражувачки центри низ светот. За жал, нивната искористеност е многу мала од земјата од која потекнуваат. Треба да се следат примерите на Израел, Сингапур и Индија, – истакна во изјавата за македонските новинари д-р Невенка Димитрова. – Во Израел, на пример, до научните институти се лоцирани и старт-ап центри кои веднаш ја преземаат иновацијата и ја претвораат во бизнис. Во Стопанската комора на Македонија сметаат дека во иднина треба да се посвети поголемо внимание на иновациите, бидејќи само иновациите и технолошкиот развој носат продуктивност и развој на земјата. Стопанската комора на Македонија е подготвена преку своите членки да вложува во инвации и нови технологии. Тоа е патот македонските производи да станат поконкурентни во рамките на рагионот и воопшто на светскиот пазар и да се зголеми нивниот извоз, – нагласи на работилницата Бранко Азески, претседател на најстарата и најбројната стопанска асоцијација

во земјава. – За жал, Македонија во моментов одвојува само 0,18 отсто од БДП за иновации. Се надеваме дека со заеднички напори, и со помош на јавно-приватното партнерство во догледно време ќе ја достигнеме бројката од 2 отсто вложување за иновации. Софче Јовановска, виш советник во Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, препорача многу повеќе да се работи на иницирање иновативни

проекти кои треба да направат спој меѓу науката и стопанството. Приватниот сектор, истакна, ќе се мотивира да вложува во развој на иновациите со регулирање на посебни договори во кои ќе се знае кој дел после имплементираната иновација ќе оди за стопанството, а кој дел за авторот, односно иноваторот. Македонија во 2008 година ја

донесена регулативата што ја третира областа на иновациите и регулирањето на интелектуалната сопственост. Според Лисабонската декларација земјите во Европската унија треба да достигнат 3 отсто од БДП во инвестиции за иновации до 2020 година. Во Македонија до 2001 година се бележеше зголемување на процентот одвоен за иновации, а од 2001 година наваму има драстично намалување.

Саво Пејчиновски

РАБОТИЛНИЦИ

Преку иновации и нови технологии македонските компании може да ја зголемат конкурентноста и извозот

СПОЈОТ МЕЃУ НАУКАТА И СТОПАНСТВОТО ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈАД-р. Невенка Димитрова, Philips Research

СТО НАУЧНИ СТАТИИ И 45 РЕГИСТРИРАНИ ПАТЕНТИ

Д-р Невенка Димитрова работи во Philips Research од 1995 година, по стекнувањетоитo на нејзиниот статус како доктор по компјутерски науки на Државниот универзитет во Аризона, САД. Таа го добива својот магистерски статус од Државниот универзитет во Аризона во 1991 година, а нејзината диплома по математика и информатика од Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје, Македонија во 1984 година. Нејзината истражувачка дејност е во различни области на процесирање на сигнали и информации, биоинформатика: како да најдеме корисни информации во огромни колекции на податоци. Таа започнала со предизвикувачки теми во разбирањето на автоматските видео/ медиуми, компјутерската визија, и мултимедијалното изложување/резимирање за да обезбеди алатки за пребарување во медиумските текови во светот каде што сме сите ние лишени од времето и оштетени од времето. Неодамна, таа продолжи со истражување на содржината на човечкиот геном и е заинтересирана за двете страни на проблемот: што може компјутерската наука да направи за моделирање на биолошките системи и медицината, како и што биолошките системи може да направат за компјутерските науки.

Невенка е визитинг научник во Лабораторијата - Cold Spring Harbor на Универзитетот Колумбија. Таа силно верува дека иновациите се случуваат многу побрзо и полесно во дијагоналниот пресек на различни професионални мрежи. Таа смета дека научната комуникација во облик на патенти и публикации е витален дел на истражувањето, нејзината библиографија содржи повеќе од 100 научни статии и има 45 региструрани патенти. Во минатото, таа има дадено различни воведни презентации, и многу активно учествува на конференциите на Институтот за инжинери по електротехника и електроника (IEEE), Асоцијацијата за компјутерски машини (ACM), Меѓународна асоцијација за оптички инжинеринг (SPIE) и Американската асоцијација за истражување на ракот (AACR). Минатата година таа претседаваше na IEEE Genomic Signal Processing and Sta�s�cs Confer-ence @CSHL. Таа верува во активно слушање и служење на професионалната заедница, па во минатото таа претседаваше и работеше во повеќе од 30 програмски комитети на различни конференции.

Page 4: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СОРАБОТКА

- Трговската размена не го отсликува потенцијалот на двете држави. Нашата цел е да работиме на зголемување на вкупната надворешно-трговска размена, оцени Бекчет Чинар, претседател на Управниот одбор на Стопанската комора од региониот Торбали во Република Турција. - Градежништвото, земјоделството, текстилната и хемиската индустрија

се секторите за кои турските бизнисмени од овој регион се заинтересирани да инвестираат во Македонија. Интерес има и за инвестирање во областа на туризмот и во здравствениот сектор. Во Стопанската комора на

Македонија се одржа бизнис-форум меѓу компании од регионите на Прилеп и Струмица во Република Македонија и компании од регионот на Торбали од Република Турција (15.11.2011 година). - Радува фактот што се` повеќе се среќаваме со турски регионални комори. Тоа покажува дека турскиот бизнис е заинтересиран за земјава, а растат и инвестициите. Земјава

ја посетиле и 20 илјади туристи од Турција и тие се искачија како најбројни гости. Радува што се продлабочува соработката во областа на текстилната индустрија, а можностите се големи и во областа на рециклирарањето на

отпадот, – истакна Ружди Муфти, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Охрид и претседател на МАТИБ, сојуз на турските стопанственици во Македонија. Трговскиот советник во Амбасадата на Република Турција во Република Македонија, госпоѓата Шенол Туркилмаз е оптимист и се надева дека годинава вкупната надворешно-трговска размена ќе достигне 400 милиони САД долари за разлика од лани кога изнесувала 320 милиони долари. - Трговските односи се развиваат со брзо темпо. Турските компании се свесни за географската положба на Македонија и знаат дека при евентуална инвестиција во Македонија нивниот пристап до европските пазари се скратува и поедноставува, - рече Туркилмаз. Горан Таскоски, амбасадор на Република Македонија во Турција нагласи дека заедно со

економските промотори се работи на привлекување турски бизнисмени во Македонија. Пред бизнисмените од двете земји беше извршена презентација на инвестиции и бизнис-климата во земјава и на ЦЕФТА - Договорот за слободна трговија. По завршувањето на форумот, бизнисмените од двете земји имаа и бројни билатерални средби.

Прилеп и Струмица ги трасираа економските врски со Торбали од Република Турција

БИЗНИСОТ МЕЃУ РЕГИОНИТЕ МОЖЕДРАСТИЧНО ДА ЈА ЗГОЛЕМИ РАЗМЕНАТА

Page 5: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СОРАБОТКА

НАДВОРЕШНО ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Трговска соработка

Трговска соработка помеѓу РМакедонија и РТурција во периодот јануари-јуни 2011 годинаво САД$

Извоз Увоз Вкупноколичина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$

7.027.225,00 6.017.838,00 24.147.164,00 18.882.404,00 31.174.389,00 24.900.242,00

Споредбен приказ на трговската размена со Турција во периодот 01-06.2011 / 01-06.2010Во САД долари

Вкупна размена Извоз Увоз2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс

140.638.923 203.839.517 144,6 22.168.092 37.553.326 176,2 118.470.831 166.286.191 140,7

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во првите шест месеци од 2011 година достигна вредност од 203.8 милиони САД$, што претставува раст од 44.6% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 37,5 милиони САД$ или раст од 76,2%, додека увозното салдо изнесува 166.3 милиони САД$, што е зголемување од 40,7% споредбено со истиот период од 2010 година. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 128,8 милиони САД$.

Обем на трговската соработка во 2010 годинаВо САД $

ИЗВОЗ УВОЗ ВКУПНО БИЛАНС 50.909.435,00 260.310.638,00 311.220.073,00 - 209.401.203,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2010 година достигна вредност од 311,2 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 50,9 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 260,3 милиони САД$. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 209,4 милиони САД$. Покриеноста на увозот со извозот е 19,5%.

Компаративен приказ на трговската размена со Турција - 2009 / 2010 годинаВо САД $

Вкупна размена Извоз Увоз2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс

301.655.525 311.220.073 103.2 40.764.204 50.909.435 128,8 250.746.090 260.310.638 103,8

Вкупната надворешно-трговска размена меѓу двете земји во последните години бележи континуиран раст, како во извозот, така и во увозното салдо. Така извозот во 2010 е зголемен за 10,1милиони САД$, што претставува раст од 28,8% во споредба со цела 2009 година, додека кај увозот има раст од 9,6 милиони САД$, или зголемување од 3,8%. Вкупната размена е зголемена за 9,5 милиони САД$, или раст од 3,2%. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2010 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: • Текстилни материјали и ткаенини - 8,5 милиони САД$, • Мермер и огноотпорни тули – 6,2 милиони САД$, • Топло и ладно валани производи од железо и челик – 13,7 милиони САД$, • Сурови кожи од животни– 2,5 милиони САД$, • Прехрамбени производи - 3,6 милиони САД$,

Во увозното салдо најголемо учество имаат: • прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) – 22,1 милиони САД$, • руди од никел – 12,2 милиони САД$, • Текстилни предива, ткаенини и теписи – 62 милиони САД$, • други моторни возила за превоз на лица и стока- 12 милиони САД$, • тови текстилни производи, облека и обувки – 10,6 милиони САД$, • производи од железо и челик – 12,9 милиони САД$, • електрична опрема и бела техника -12,3 милиони САД$, и др.

Page 6: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СОРАБОТКА

Стоковна Размена (2001 / 2009)во илјади САД$

2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009Извоз 8.583 8.462 32.808 53.954 53.954 54.272 53.248 31.564 40,7Увоз 46.407 59.154 78.787 94.843 94.883 106.969 194.766 268.754 250,7

Вкупно 54.990 67.616 111.596 148.798 148.837 161.201 248.014 300.318 301,6Трг. салдо -37.824 -50.692 -45.979 -40.889 -40.292 -52.697 -141.518 -237.190 -210

Споредувајќи го периодот од 2001 до 2008 година, во надворешно-трговската размена меѓу Македонија и Турција, се забележува константен трговски дефицит на македонска страна, кој благо варира од година во година. Во анализираниот период најголемиот дефицит е остварен минатата година (2008) и изнесува 237 милиони САД$.

Приказ на директни инвестиции од Турција во МакедонијаВо мил.евра

2009 2008 2007 2006 2005 2004 2003 -2,35 42.976.042 34.909.718 27.722.719 25.060.107 26.488.657 18.860.126

За турските бизнисмени, најинтересни за инвестирање во земјава се прехранбената и текстилната индустрија и градежништвото. Посебен потенцијал гледаат во туризмот, бидејки – велат – имало многу заинтересирани Турци кои би сакале да го посетат родното место и училиштето во кое учел водачот на модерната турска држава – Кемал Ататурк, во Битола.

Бројки и факти - РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

1. Локација: Југоисточна Европа и Југозападна Азија, граничи со Црното Море, меѓу Џорџија и Бугарија, со Егејско и Медитеранското Море, меѓу Грција и Сирија

2. Површина:• Вкупно: 780.580 км2- Земјена површина: 770.760 км2- Водена површина: 9.820 км23. Граници:• Вкупно: 2.648 км• Земји со кои граничи: Ерменија, Азербеџан,

Бугарија, Џорџија, Грција, Иран, Ирак, Сирија4. Главен град: Анкара5. Население: 76.805.524 (2009) 6. Религија: Муслимани 99.8%, други 0,2% 7. Јазици: Турски, Курдски, Арапски, Ерменски и

Грчки 8. Бруто домашен производ (БДП)• БДП куповна моќ: 960,5 милијарди $ (2010)• Стапка на пораст на БДП: 8.2% (2010)• БДП по глава на жител: 12.300 $ (2010)• БДП по сектори:- Земјоделство: 9.6%- Индустрија: 26.6%- Услуги: 63,8% (2010)9. Стапка на инфлација: 8.6% (2010)10. Стапка на невработеност: 12% (2010)11. Индустрии: Текстил, челик, петролеј,

градежништво, хартија, преработка на храна, хартија, рударствo, челик, електроника

12. Стапка на пораст на индустриско производство: 13,1% (2010)

13. Извоз: 121 милијарди $ (2010) • Извозни партнери: Германија 9,6; Велика

Британија 5,8%, Италија 5,8%; Франција 6,1%; Ирак 5% (2009)

• Извозни производи: прехрамбени производи, текстил, метални производи, транспортна опрема

14. Увоз: 177,3 милијарди $ (2010) • Увозни партнери: Русија 14%; Германија 10; Кина

9%; Италија 5,4%; САД 6,1%; Франција 5% (2009) • Увозни производи: машини, хемикалии, полу

готови производи, горива, транспортна опрема

(Извор: ЦИА)

Име на договорот Склучен Ратификуван Објавен Влегување во сила

Протокол 2 кон договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција

02.12.2005 Скопје 16.05.2007 68/2007 01.08.2007

Протокол за соработка меѓу Република Македонија и Република Турција (ТИКА)

15.03.2005 Анкара 06.12.2005 110/2005 07.11.2007

Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција

07.09.1999 Скопје 17.12.1999 83/1999 01.09.2000

Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Турција

06.07.1998 Скопје 05.02.1999 7/1999 01.07.2000

Меморандум за разбирање меѓу Република Македонија и Република Турција за трговијата со

текстилни производи

27.10.1997 Скопје 11.02.1998 9/1998 01.04.1998

Договор меѓу Република Македонија и Република Турција за поттикнување и заемна

заштита на инвестициите

14.07.1995 Скопје 30.01.1997 5/1997 27.10.1997

Договор меѓуРепублика Македонија и Република Турција за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и

данокот на капитал

16.06.1995 Анкара 20.09.1995 45/1995 28.11.1996

Спогодба меѓуРепублика Македонија и Република Турција за меѓународен патен

сообраќај

27.04.1995 Скопје 20.09.1995 45/1995 04.10.1995

Спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на

Република Турција

09.12.1994 Скопје 29.03.1995 19/1995 11.07.1997

Спогодба за трговска и економска оработка меѓу Република Македонија и Република Турција

17.03.1994 Анкара 29.03.1995 19/1995 03.04.1995

Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за

туристичка соработка

27.10.1993 Скопје 20.07.2007 45/1995 27.10.1995

Проценка на Светска банка за Турција ЗА 25 ГОДИНИ ЕДЕН ОД ГЛОБАЛНИТЕ ИГРАЧИ НА СВЕТСКАТА СЦЕНА

Во следните 25 години Турција ќе стане еден од 15-те глобални столбови на светската сцена со сила да изврши влијание врз други земји, изјави Мансур Дајлами, претставник на Светската банка. Дајлами, кој е раководител на екипа во Светската банка што се занимава со глобалните тенденции, прогнозата ја даде на средбата во Анкара по повод објавувањето на извештајот на банката „Перспективи на глобалниот развој 2011“. Според Дајлами, Турција може исто така да стане една од најбогатите земји во светот во рамки на следните 20 години со соодветно балансиран развој, усогласен со меѓународно и внатрешно побарување. Турската економија има добри перспективи за иднината со младо население, кое има потреба од значителни инвестиции во образованието, посочи Дајлами.

Page 7: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

НОВИТЕТИ

Page 8: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Здружение на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебелБЕЗ СЕРТИФИЦИРАНИ ШУМИЌЕ СТИВНЕ ИЗВОЗOT НА МЕБЕЛ

Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел при Стопанската комора на Македонија, бара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се одвојат околу 200.000 евра од вкупно предвиденте 4.200.000 евра за шумарството

во Предлог-буџетот за 2012 година (од кои 1.650.000 евра се наменети за капитални расходи) за сертифицирање на македонските шуми. Овој заклучок на Здружението беше соопштен на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија. Императивот од сертифицирање на македонските шуми со FSC- стандардот произлегува од барањата на странските партнери - купувачи на мебел (веќе 50% од нарачките од ЕУ), мебелот од земјава да биде произведен со дрво од сертифицирани шуми.

“FSC„ сертификацијата за стопанисување со шумите значи дека со шумата и шумското земјиште се стопанисува согласно строгите еколошки, социјални и економски стандарди, - истакна

Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија. Сертификатот може да го издадат само овластени организции од FSC - централата (The Forest Stewardship Council - FSC), мeѓународно тело кое на одредени организации им дава дозвола за издавање на FSC-сертификат, со кој гарантира за автентичноста на нивните наоди. FSC-сертификатот се издава на пет години, а подлежен е на годишни мониторинг-посети. Согласно наведеното, Здружението укажа на потребата во 2012 година да се започне со сертифицирање на македонските шуми, за што е потребно да се предвидат

бараните буџетски средства за таа намена во истата година. - Сертифицирањето трае со месеци, затоа треба да почне најдоцна идната година. Во спротивно, македонските компании не ќе можат да извезуваат, - предупреди Стојмирка Тасевска. Освен домаќинско стопанисување со шумите и спречување на уништувањето, сертифицирањето ќе овозможи и еколошка заштита. Тоа е воедно услов за добивање т.н. FSC-стандард кој потврдува дека шумите

се технолошки чисти и обновливи, дека се уништува само она што не е добро. Без претходно обезбеден сертификат, не може да се стекне ниту еколошка ознака за мебел, исто така неопходна за извоз. - Сертифицирањето потврдува дека со шумите и шумското земјиште се стопанисува согласно строгите еколошки, социјални и економски стандарди. Тоа е прв и основен услов за извоз на производите од дрвната индустрија. Последниве години имаме голем притисок од нашите партнери. Ако дрвото не е сертифицирано, ги откажуваат нарачките, посочи Димитри Кралевски од „Јунајтед експорт“.

Најпрво, појаснува Кралевски, треба да се почне со сертифицирање на помали површини, а потоа, постепено, да се опфатат шумите на целата територија на државата. Според проценките, ќе треба да се сертифицираат 255.000 хектари високостеблести шуми кои главно се користат при производство на мебел. Соседните земји веќе привршуваат со сертифицирањето на шумите, а трошокот е едно евро за хектар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

П Р А В И Л Н И КЗА КРИТЕРИУМИТЕ КОИШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА

ЕКОЛОШКА ОЗНАКА ЗА МЕБЕЛ(СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 44, 31 март 2010)

Со овој правилник се пропишуваат критериумите коишто треба да се исполнат за добивање на еколошка ознака за мебел, како и начинот и постапката за нивното утврдување. Согласно БАРАЊАТА ЗА ОДДЕЛНИТЕ СПЕЦИФИЧНИ МАТЕРИЈАЛИ, кај масивното дрво, услов е да сите необработени шумски масивни дрва потекнуваат од Одржливо управувани шуми, односно од шуми во кои се имплементираат принципи и мерки кои се стремат кон обезбедување на одржливо управувани шуми. Според Правилникот, најмалку 50 % од необработеното масивно дрво,треба да потекнува од шуми што се управуваат на одржлив начин - одржливо управувани шуми, кои што се серти- фицирани од независен субјект за сертифицирање на шумите. Ова е уште еден аргумент за оправданоста на Барњето на производителите на мебел-членки на Стопанската комора на Македонија.

Page 9: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Здружение на металната и електроиндустријата

НАЈНИСКО НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ НА ОТПАДОТ ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА

Со донесувањето на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпад на електрична и електрoнска опрема целосно се заокружува процесот на хармонизација на националното законодавство во областа на управување со отпадот и посебните видови на отпад и се придонесува кон процесот на приближување на земјата кон воспоставување модерен и сеопфатен

систем за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електрoнска опрема, - беше истакнато од претставникот на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ленче Курчиева, на седницата на Здружението на металната и електроиндустријата при Стопанската комора на Македонија (16.11.2011 година). Се посочи дека со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во земјата електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, потоа се регулира ограничувањето на употребата на одредени опасни супстанции во производството на електрична и електронска опрема, како и начинот на собирање, третман, преработка и одстранување на ваков вид на отпад. Со донесувањето на овој закон се предвидува намалување до најмало можно ниво на негативното влијание на отпадната електрична и електронска

опрема врз животната средина и врз човековото здравје, унапредување на стандардите за заштита на животната средина од страна на производителите, трговците и крајните корисници, особено при третманот, преработката и отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема, постигнување на високо ниво на повторна употреба, рециклирање и на овој вид на отпад, воспоставување и развој на пазар на повторна употреба и рециклирање и остварување на други цели. Во Република Македонија во моментов повеќе од 90 отсто од отпад од електрична и електронска опрема завршува на директно депонирање

без никаков третман кој има големо влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Со донесувањето на овој закон се очекува негово собирање, селектирање и искористување на неговите корисни компоненти, преку повторна упортеба, вклучувајќи ги и составните делови и материјали со што ќе се зачуваат природните ресурси и ќе се јави можност за развој на нови преработувачки индустрии и со тоа вработувања.

Одредбите на овој закон се применуваат на електрична и електронска опрема на големи и мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација, опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт, медицински апарати (освен апарати кои можат да предизвикаат радијација или инфекција), инструменти за следење и контрола и автомати. Исто така, на седницата беа истакнати, процедурите за регистрација на производителите и трговците кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема, преземањето на отпадната опрема, функционирањето на самостојниот и колективниот постапувач, како и финансиските импликации кои произлегуваат од овој закон. Во дискусијата се истакнаа повеќе забелешки на Предлог-законот, пред се` на висината на надоместокот кој би се плаќал по килограм на производот доколку фирмата не склучи договор со колективниот постапувач со оглед дека во производите, како што се електрични шпорети, бојлери, разладна опрема, најголемиот дел од тежината се метали, а мал дел отпаѓа на електричната опрема, непостоење на фабрика за рециклирање на електрична и електронска опрема и сл.

Војкан Николовски

ФОКУСИРАНО

Page 10: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Консултативен состанок во Стопанската комора на Македонија со компаниите од железничкиот, товарниот и патничкиот сообраќајДЕФИНИРАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ И ИНФРАСТРУКТУРАТА

Актуелните состојби во сообраќајот и инфраструктурата, како и приоритетите во наредниот период за подобрување на состојбите во оваа сфера, беа тема на консултативниот состанок со компаниите од железничкиот, товарниот и патничкиот сообраќај, што се одржа на 10 ноември 2011 година во Стопанската комора на Македонија. Согласно официјалните податоци со кои се располага, во првите осум месеци годинава, забележана е поголема стопанска активност на превозниците. Во патниот сообраќај бројот на превезените патници е зголемен за 22,2%, во споредба со истиот период минатата година, додека во градско-приградскиот превоз бројот на превезените патници е зголемен за 2,6%. Намалување е евидентирано само во железничкиот превоз, каде што за периодот јануари - август 2011 година, во однос на истиот период од 2010 година, количеството на превезената стока е намалено за 13,2% а бројот на превезените патници со железница е намален за 4,5%.

Загрижувачки е податокот дека во последните 10 години железницата учествува само со 8 до 10% од вкупниот транспорт на стока, додека останатиот процент се должи на камионскиот транспорт. Констатирано е дека ваквата состојба не оди во прилог на барањата и трендовите во земјите на Европската унија каде што се очекува 30% од транспортот на стоки да биде со користење на железница, за релации подолги од 300 км. Дел од позначајните проблеми со кои се соочуваат превозниците во моментов се однесуваат на застарениот возен парк, отежнатата наплата за извршената транспортна услуга, непостоење на интеграција во транспортот, високите трошоци за патарини, терминали, осигурувања, одржување, што негативно влијае врз конкурентната позиција и позитивното финансиско работење на транспортните компании. Во однос на инфраструктурата, заеднички е констатирана потребата од динамизирање на активностите за реализација на Коридор VIII, посебно на изградбата на железничка пруга кон

Бугарија и Албанија, што е од клучно значење за развојот на македонската економија. Функционалноста на Коридор VIII мора да остане стратешка определба, за да се најде алтернатива за Солунското пристаниште. Со реализацијата на Коридор VIII, кој треба да воспостави комплетна врска меѓу Каспиското Море, Црното Море и јужниот Јадран, односно јужна Италија, видно ќе се зголеми транспортот на луѓе, стока, нафта, гас, електрична енергија и телекомуникациски услуги во Југоисточна Европа, па во такви услови како земја нема да бидеме заобиколени, а во релативно краток период може да сe очекуваат и позитивни економски ефекти.

Биљана Пеева Ѓуриќ

Расправа организирана од Здружението на банкарствоРЕЗУЛТАТИ ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА БАЗЕЛ2 КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ

Во Стопанската Комора на Македонија на 14.11.2011 година се одржа презентација на заклучоците од спроведувањето на проектот „Базел 2 и македоските банки – подготвеност за ефективна имплементација„. Притоа, беа соопштени и резултатите од основната анализа за имплементацијата на Базел 2 кај македонските банки. Расправата ја организираше Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија во соработка со проектот организиран во склоп на програмата за управување со ризици на СИДА/КПМГ Шведска. Презентацијата беше извршена од страна на Владимир Давчев, помошник директорна секторот за управување со ризици при НЛБ Тутунска Банка и Цица Тофоска, директор на дирекцијата за управување со ризици при Стопанска Банка АД Скопје.

Присутните дискутира за повеќе теми околу понатамошните чекори за имплементација на Базел2 стандардите, а беше потенцирана потребата од ваква форма на средба и соработка помеѓу банките при примена на современите банкарски регулативи. Исто така, на состанокот беше формирана неформална група на професионалци во областа на управување

со ризици, со цел да се подигне нивото на меѓусебна комуникација меѓу банките.

Здружение на комунални дејностиГОДИШНО ОСТАНУВААТ НЕНАПЛАТЕНИ И ДО ПЕТТИНА ОД ФАКТУРИРАНИТЕ ТРОШОЦИ

* Златко Ристески – избран за нов претседател

Директорот на ЈКП „Комуналец“ од Прилеп, Златко Ристески е избран за нов претседател на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, со мандат од 5 години. Паралелно избрани се и тројца заменици, како и нови 15 членови на УО на Здружението. До смена на раководните органи во Здружението на комуналните дејности дојде откако досегашниот вршител на оваа функција, Ѓорѓи Коџобашиев, поранешен директор на ЈКП „Дервен“ од Велес стана пратеник во Собранието на РМ на последните парламентарни избори. Новиот претседател и присутните претставници од јавните комунални претпријатија од дејностите - собирање смет, водовод, вршење погребални услуги, пазари и техничко одржување на првата конститутивна седница ги договорија насоките на работа на Здружението. Беа посочени неколку проблеми со кои се соочуваат претпријатијата од оваа дејност, во најголем дел јавни претпријатија, но и Акционерски друштва и приватни фирми. Како приоритетен за решавање, присутните го посочија проблемот на неможноста да се наплатат побарувањата од социјалните семејства - корисници на услугите на водоводните и комунални претпријатија. За таа цел, Ристески посочи дека ќе се бара начин како да се реши овој проблем, бидејќи комуналните претпријатија годишно не можат да наплатат и до 20% од фактурираните трошоци, што за 5 години значи еден цел буџет на комунална фирма. Дополнително треба да се прецизираат и деловните односи со компаниите кои се занимаваат со управување на пакувањето и отпадот од пакување. Претседателот Ристески посочи дека станува збор за нов бизнис во кој дополнително ќе треба да се дефинираат правата и обврските на претпријатија од комуналната дејност. Присутните беа информирани и за работењето на групациите за пазари, за погребални услуги, како и за идејата на следниот состанок да се дефинира како во иднина ќе работат групациите (секој според своите обврски и потреби) во рамките на Здружението на комунални дејности.

Даниела Михајловска Василевска

Page 11: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

БАНКАРСТВО И ОСИГУРУВАЊЕ Стопанска банка одбележува 67 години постоње како стабилна и сигурна банка„НА ВАША СТРАНА“ СО СУПЕРИОРНИ УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ

Стопанска банка е стабилна и сигурна и покрај грчкиот капитал, истакнува директорот на банката д-р Глигор Бишев. На прес-конфернција по повод одбележувањето 67 години постоење, тој потенцираше дека Стопанска банка нема пласирано средства во Грција и оти тие се пласирани во економските субјекти во Македонија, а управувањето со банката е според македонските закони. Во однос на каматите, истакна дека каматата на кредитите може да падне доколку се намали каматата на депозитите.

Стопанска банка, како што рекол Бишев, а пренесува МИА, е со најдолга традиција на македонскиот пазар и стои зад најголемите инфраструктурни и индустриски проекти во земјата, зад секој втор дом купен на кредит и е во тесна соработка со секое семејство во Македонија. - Ваквиот обем на активности се должи на применувањето на корпоративна култура која во фокусот ги има потребите на клиентите. Оттука, мотото на Стопанска банка „на ваша страна“ е суштинска определба во работењето и токму затоа во Стопанска банка секој клиент е супербренд, вели Глигор Бишев. Тој соопштил дека Стопанска банка е прогласена за Супербренд во Македонија, што ќе послужи како мотив Банката и натаму да обезбедува супериорни банкарски услуги и производи.

ПроКредит Банка со нова кредитна линија за премостување на краткорочните недостатоци на финансиски средства во компаниитеЗА ЛИКВИДНОСТ ОД 5 ДО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА

Во насока на својата стратешка определба за поддршка на претпријатијата, ПроКредит Банка понуди кредитна линија за премостување на краткорочните недостатоци на финансиски средства.

Ваквата иницијатива, како што соопшти банката, произлегува од актуелните предизвици со кои се соочуваат претпријатијата оваа сезона и имаат директно влијание на економската активност на претпријатијата. Со кредитна линија од ПроКредит Банка, претпријатијата може да финансираат инвестициски потреби од 5.000-100.000 евра. Средствата се одобруваат еднократно, а претпријатијата можат да ги користат согласно своите финансиски потреби. Искористениот износ можат да го вратат кога ќе имаат доволно расположливи средства. На овој начин претпријатијата можат да имаат расположливи средства во секое време, да ги користат бизнис-можностите што им се нудат, да одговорат на добра пазарна понуда, да плаќаат авансно со што ќе добијат дополнителни попусти, да го прошират својот асортиман на производи/услуги итн.

Кредитната линија за ликвидност се нуди со брза и едноставна процедура, со фиксна каматна стапка и 0 проценти камата при исплата. Обезбедувањето е флексибилно, само со меница.

Шпаркасе Банка МакедонијаКАПИТАЛОТ ЗГОЛЕМЕН ЗА 15 МИЛИОНИ ЕВРА

Австриската групација Штаермеркише шпаркасе инвестираше нови 15 милиони евра во Македонија преку зголемување на капиталот на Шаркасе Банка Македонија, со што вкупниот капитал на Банката во моментов изнесува 25,4 милиони евра. Со новата инвестиција, како што соопшти менаџментот на Банката на прес-конференција, ќе се зајакне позицијата на Банката на пазарот, а ќе може да поддржи и повеќе проекти. - Капиталот сакаме да го искористиме во две цели, за зацврстување на квалитетот на билансот на состојба на Банката и како поддршка на континуираниот раст на Банката зајакнувајќи ја нашата позиција на пазарот како посакуван финансиски партнер за нејзините клиенти, рече првиот човек на Шпаркасе Банка Македонија, Срѓан Крстиќ, а го цитира

МИА. Тој додаде дека нивните напори даваат јасни резултати - подобрена е позицијата и Банката стана петта банка на пазарот, зголемено е пазарното учество меѓу 4-5 проценти, двојно е зголемен бројот на клиенти на над 110.000. Банката усепа да го зголеми своето кредитно портфолио за 25,3 проценти, како и депозитите на физички лица за 50 отсто. Во последните три години пласирани се кредити во износ од 200 милиони евра, а годинава 80 милиони евра. Ненаплатливите кредити се околу 10 проценти. Банката, како што истакна Крстиќ, очекува годината да ја заврши со нето- загуба од 13 милиони евра, кој не е резултат на тековното работерње, туку е акумулиран од претходното работење на Банката. Крстиќ потенцира дека таа загуба е покриена со сегашната инвестиција од 15 милиони евра. Сава Далбоков, член на УО на Штаермеркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе банка Македонија потенцира дека инвестицијата е неопходна во вакви турбулентни времиња. - Условите на пазарот се исполнети со предизвици и во вакви услови мислиме дека треба да ја зајакнеме нашата банка и да го зголемиме квалитетот на услугите, истакна Далбоков, кој додаде дека загубата нема да влијае негативно врз работењето на Банката. - Македонија е јадро на пазарот на Штаермеркише во регионот на ЈИЕ. Групацијата тука е пристуна три години и е долгорочен стратешки инвеститор, - рече Долбоков. Групацијата има околу 2 милиона клиенти и 6.000 вработени, а во Македонија бројот на вработени е 299.

ТТК Банка во поддршка на Глобалната недела на претприемништво 2011ФИНАНСИСКИ ЗАД ТИЕ ШТО САКААТ ДА ГИ ОСТВАРАТ БИЗНИС-ИДЕИТЕ

Започна четвртата Глобална недела на претприемништво 2011 во организација на ПСМ Фондацијата и поддршка на претприемачите во земјата. Во насока на поддршка на оние кои имаат верба и храброст да го остварат својот сон, како и долгогодишната успешна соработка на ТТК банка со ПСМ Фондацијата, за време на свеченото отворање на настанот, ТТК банка беше одликувана со Благодарница за повеќегодишен придонес во организирањето на Глобална недела на претприемништвото. -Ние сме дел од активностите на Фондацијата, како во улога на поддржувач,

Page 12: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

ПЕРСПЕКТИВИ

во улога на ментор, но и како институција која преку својата понуда на производи ќе овозможи финансиска поддршка на претприемачите. Се` со цел да го поттикне и развие претприемничкиот дух во земјата, да го поттикне развојот на претприемачки идеи, кои имаат тенденција да прераснат во големи и успешни бизниси, а послеводателно и да влијаат на развојот на економијата во Р. Македонија, – изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, директор на Дирекцијата за маркетинг и развој на производи при ТТК банка АД - Скопје.

Во насока на поддршка на претприемништвото, ТТК банка беше дел од Startup Weekend (11 – 13 ноември 2011 година, Финки Факултет), каде што Елена Јеленковиќ беше во улога на ментор на младите претприемачи. Дополнително, во насока на развој на соработката и доказ за посветеноста на полето на поддршката на претприемништвото, оваа година во соработка со Британскиот совет, ТТК банка ќе биде и партнер во националниот натпревар во претприемништво во рамките на Проектот Вештини за вработување (Skills for Employability) преку поставување на задачата, евалуација и награда на победниците.

Грант од ЕБОР од 292 илјади евра за техничка помош на Агенцијата за супервизија на осигурувањетоНАБАВКА НА СОФТВЕР ЗА ПОДДРШКА НА СУПЕРВИЗИЈАТА

ЕБОР го поддржува развојот на секторот на осигурување во Македонија со грант од 292 илјади евра техничка помош за Македонската агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Средствата од грантот на ЕБОР, обезбеден од Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР, ќе се искористат за финансирање на набавка на софтвер за поддршка на процесот на супервизија и ангажиарње на соодветен консултант кој ќе помага во подготвувањето на урнеци за генерирање на податоци и развој на соодветен систем на анализирање на овие податоци. – соопштуваат од Агенцијата.

Основана во 2009 година, АСО е независно регулаторно тело со јавни овластувања да врши супервизија над осигурителните ентитети во Македонија. Годишните сметки и финансискиот план на АСО ги одобрува Собранието, додека контролата на регуларноста, економичноста и ефикасноста на Агенцијата се врши од надворешни ревизори. -Нашата поддршка е во време кога постои нагорен тренд на македонскиот пазар на осигурување и зајакнување на конкуренцијата. Во вакви услови од круцијално значење е да постои силен и независен регулатор кој ќе обезбеди фер конкуренција. Од тие причини, ни претставува задоволство да помогнеме во купувањето на неопходниот софтвер, кој нема да биде користен само за генерирање на податоци и известување, туку ќе овозможи откривање на проблематичните области, овозможувајќи Агенцијата да се насочи кон ,,пристап на супервизија заснован на ризик“ и поефикасно да ги користи ресурсите на супервизија. Со нетрпение го очекуваме комплетирањето на овој проект и веруваме дека ќе доведе до поразвиен пазар на осигурување во Македонија, со јасно воспоставени правила, следени од секој учесник, - истакнува Клаудио Вијецоли, директор за Западен Балкан во ЕБОР.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето е независно регулаторно тело одговорно за промовирање на фер и ефикасен пазар на осигурување, со главна цел - заштита на сопствениците на полиси и правата на корисниците. -Во оваа насока, главната цел на овој проект поддржан од ЕБОР, е развој и имплементација на соодветен информативен систем на менаџмент (софтвер), за поддршка на процесите на супервизија. Имплементацијата на софтверот не само што ќе го подобри начинот на изготвување на извештаи на Агенцијата, и нејзините можности за анализирање, туку ќе помогне во блиско следење на солвентноста и другите клучни аспекти на ентитетите инволвирани во осигурувањето. Со него ќе се овозожи он-лајн супервизија, - истакнува Климе Попоски, претседател на Советот на

експерти на Македонската агенција за супервизија на осигурувањето. До денес, ЕБОР има инвестирано над 715 милиони евра во над 40 проекти во клучните сектори во земјата. Средствата на ЕБОР привлекоа дополнителни инвестиции во износ од 700 милиони евра од други извори.

Пазар на осигурителни услуги„САВА ТАБАК“ СЕ РЕБРЕНДЕИРАВО „САВА ОСИГУРУВАЊЕ“

„Сава Осигурување“ е новот име на АД за осигурување „Сава Табак“, која е дел од групацијата „Сава Ре“. Таа го смени визуелниот идентитет, односно логото кое сега ќе биде зелено-бело и е унифицирано за целата групација. - „Сава Осигурување“ посветено работи во правец на задоволување на потребите и очекувањата на нашите сегашни и потенцијални корисници. Пазарот во Македонија ни е особено важен, пред се` поради тоа што е пазар на кој вреди да се работи, пазар кој во себе содржи доста потенцијал и на кој постои голема побарувачка за нашите производи и услуги кај правните и физичките лица. Во следната година, нашата цел е консолидација на сопствените позиции на пазарот за осигурување, на сите компании од нашата групација рече на прес-конференција Звонко Иванушиќ претседател на Управниот одбор на „Сава Ре“ – Словенија, а го цитира МИА.

„Сава Осигурување“ има речиси 18 години искуство, преку 400.000 осигуреници и го зазема второто место на осигурителниот пазар со пазарно учество од 12,3 отсто. „Сава Осигурување“ максимално се залага за обезбедување комплетно портфолио на осигурителни услуги, со исклучителна посветеност и грижа кон сите свои клиенти и е дел од традицијата на македонската економија.

Page 13: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Финансиски резултати на „Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“ за третиот квартал годинаваИ НАТАМУ ЛИДЕРИ НА ПАЗАРОТ

Финансиските резултати за работењето на „Македонски Телеком“ АД - Скопје и „Т-Мобиле Македонија“ за третиот квартал годинава покажуваат намалување на приходите од продажба на ниво на Групација за 10,2 проценти во споредба со истиот период лани.

- „Македонски Телеком“ успеа да ја одржи својата водечка позиција со 77 проценти удел на пазарот во сегментот на фиксна телефонија и со 57 проценти удел на пазарот на широкопојасен интернет, согласно интерните податоци. Но, приходите на МТ од говорни услуги се намалени како резултат на опаѓање на бројот на корисници за 8,5 проценти, што резултираше во корисничка база од 318 илјади корисници на крајот на септември годинава и поради намалувањето на појдовниот сообраќај за 6,7 проценти во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Македонски Телеком“, а пренесува МИА. Вкупниот број на DSL корисници на крајот на септември годинава достигнал 157 илјади корисници, што претставува пораст за 8,5 проценти во споредба со истиот период лани. Компанијата во септември евидентирала 35.000 IPTV корисници, односно за 51 процент повеќе во однос на истиот месец лани. Интензивната конкуренција во мобилната телефонија, особено во сегментот на припејд и деловни корисници, според компанијата, влијае на намалување на приходите од мобилна телефонија во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот квартал во 2010 година. - Опаѓањето на приходите од мобилна телефонија најмногу се должи на намалувањето на приходите од говорни малопродажни услуги, главно како резултат на благото намалување на базата на претплатници чијшто број на крајот од септември 2011 година изнесуваше 1,3 милиони корисници. На страната на трошоците, во текот на третиот квартал од 2011 година, оперативните расходи се намалија за 4,5 проценти во споредба со истиот период во 2010 година.

Сите тие движења на страната на приходите и трошоците, ја намалиле нето добивката за третиот квартал од 2011 година за 18,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, што резултирало во нето добивка од 1.542.768.000 денари.

Пивара Скопје АД официјално ја пушти во употреба станицата за био третман на отпадните води од технолошкиот процесИНВЕСТИЦИЈА ОД 2,7 МИЛИОНИ ЕВРА

По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, Пивара Скопје АД официјално ја пушти во употреба станицата за био третман на отпадните води од технолошкиот процес, единствена од ваков вид во земјава и регионот. Уникатноста на станицата, која е изградена за неполни шест месеци, е во начинот на нејзиното функционирање, како и во крајните ефекти од нејзината работа. Новата постројка има двостепен систем на прочистување на водите кој користи анаеробни и аеробни бактерии што ја прочистуваат водата до степен повторно да може да биде користена за одредени намени во технолошките процеси. Покрај тоа, ослободува и метан кој понатаму се користи како гориво во компанијата за замена на гасот и другите енергенси. Во изградбата на станицата компанијата вложи 2,7 милиони евра сопствени средства.

Стартот на работата на иновативната станица за био третман на вода го означија генералниот директор на Пивара Скопје АД, Константинос Спанудис, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. - Со оваа инвестиција на дело ја демонстрираме нашата определба, континуирано инвестирање во сопствениот развој, еднакво водејќи сметка и за долгорочниот и одржлив развој на пошироката заедница на која и` припаѓаме, истакна Спанудис во пригодното обраќање, а пренесува МИА. Тој изрази надеж дека наскоро и другите македонски компании ќе го следат

нивниот пример. Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Темелковски истакна дека станицата за био третман на води во Пивара е пример како треба да се третира водата која е многу важна за животната средина.

- Во изминатите години следејќи ги европските директиви и глобалните трендови успеавме за 98 отсто да го прочистиме воздухот од лошите гасови. Се надевам дека во најскора иднина ќе се случи тоа и со водата, рече Темелковски. За скопскиот градоначалник Трајановски прочистувањето на отпадните води не е само обврска која произлегува од македонското законодавство, туку претставува и се` поголемо приближување до европските стандарди како услов за освојување на европските пазари. - Со реализацијата на овој иновативен проект, Пивара Скопје АД уште еднаш е пример за тоа како е да се биде општетствено одговорна компанија која покрај тоа што се грижи и вложува во својот развој, истовремено инвестира во општото добро, целосно водејќи сметка за интересите на пошироката заедница, рече Трајановски. Тој потсети дека Град Скопје во својата развојна стратегија предвидува изградба на пречистителни станица за комунални отпадни води. - Оваа стратегија не може да се реализира доколку стопанските субјекти претходно не ги пречистат своите индустриски отпадни води, рече Трајновски.

Coca-Cola Hellenic и Heinekenn го зголемуваат уделот во Пивара АД - СкопјеПЛАН ЗА ПОСЕДУВАЊЕ 96,5ОТСТО ОД ВКУПНИОТ БРОЈ АКЦИИ

Coca-Cola Hellenic и Heinekenn ќе го зголемат својот удел во Пивара Скопје со дополнителни 74.110 акции со што ќе поседуваат 96,5 проценти од вкупниот број на акции. Вкупната планирана вредност од 79,1 милион евра ќе биде наменета за купување на 41,2 проценти од вкупниот број на акции на Пивара Скопје. Претстојната промена на акционерската структура во Пивара,

Page 14: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

како што соопштуваат од компанијата, е резултат на взаемен договор меѓу Coca ColaHellenic и Heinekenn, инвестициската група М6 и останатите акционери. Уделот на Инвеститциската група М6 во вкупиот пакет акции на продажба ќе изнесува 17,9 отсто, со вредност од околу 34 милиони евра. Транскацијата треба да биде одобрена од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата и се очекува нејзина реализација на почетокот на 2012 година.

Потпишани договори со ЕБОР за реализација на Проектот ХЕ „Бошков мост“ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗАПОЧНУВААТ ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД НАРЕДНАТА ГОДИНА

Во вториот квартал од наредната година треба да почнат градежните работи на хидроелектраната „Бошков мост“, лоцирана во непосредна близина на Дебар на магистралниот пат Скопје-Дебар-Струга. До тогаш треба да завршат постапките за избор на изведувач и за доставувач на опремата. Тоа е овозможено со потпишувањето на Договорот за заем меѓу АД ЕЛЕМ и Европската банка на обнова и развој (ЕБОР) и на Договорот за гаранција меѓу Рапублика Македонија и ЕБОР во Министерството за финансии (10.11.2011 година).

Со двата договора се одобрува заем од ЕБОР во износ од 65 милони евра за изградба на ХЕ „Бошков мост“ што ќе биде достапен за месец дена. Покрај тоа, ЕЛЕМ ќе вложи и сопствени средства во износ од 42 милиони евра. Заемот на ЕБОР е дополнет со грант од 340 илјади евра за обезбедување техничка и еколошка длабинска анализа. Изградба на ХЕ „Бошков мост“ ќе значи целосно енергетско искористување на хидропотенцијалот на Мала Река и на сите нејзини притоки. Предвидена е изградба на брана со висина од 33 метри и акумулација со зафатнина од скоро 900 илјади метри кубни, доводен тунел со дијаметар од три метри и должина 8.742 метри, шест зафати од тиролски тип и доводни канали во вкупна должина од 11.366 метри, што ја носат водата во главниот доводен тунел и машинската зграда. Хидроелектраната „Бошков мост“ треба да профункционира во 2016 година. Нејзината инсталирана моќност ќе изнесува 68,2 мегавати со просечно годишно производство од 117,54 гигават часови. - Со потпишување на договорите официјално се создадени сите услови за отпочнување на реализацијата на ХЕ „Бошков мост“ чија вкупна вредност е 107 милони евра. Проектот е целосно финансиски заокружен и ќе може да започне со неговата реализација, рекол вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески по потпишувањето на договорите, а пренесува МИА. Тој посочи дека ЕБОР е значаен партнер на Република Македонија во сите области во делот на инфрструктурата, а од денеска и во делот на енергетската инфраструктура и оти верува дека овој проект ќе се реализира според највисоките европски стандарди. Директорката на Секторот за енергетски проекти при Европската банка за обнова и развој Нандита Паршад рекла дека ЕБОР со задоволство го поддржува овој проект, кој ќе придонесе за стабилноста на енергетскиот сектор во Македонија. - Изградбата на новата хидроцентрала е значаен проект за Република Македонија. ЕБОР со задоволство го поддржува овој важен проект, кој ќе биде развиен и изграден во согласност со најдобрите еколошки практики и ќе придонесе кон натамошните реформи во македонскиот енергетски сектор, изјавила Паршад. Директорот на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски рекол дека потпишувањето на договорите е еден од најважните предуслови за почнување на изградбата на ХЕ „Бошков мост“.

- Проектот Бошков мост е опфатен во националната Стратегија за развој на енергетиката и во Стратегијата за обновливи извори на енергија како еден од хидроенергетските прокети со кој се планира подобрување на количината и на структурата на енергијата произведена во Македонија. Реализацијата на овој проект ќе придонесе за постигнување на критериумот поставен од ЕУ до 2020 година 20 проценти од вкупното производство на електрична енергија во земјава да се добие од обновливи извори на енергија, рекол Чингоски. Тој истакнал дека во рамките на овој проек во ЕЛЕМ е потпшан договорот со консултантот за реализација на проектот - конзорциум составен од двете швајцарски компании - Штуги и АФ консалтинг. Договорот е склучен за времетраење од 58 месеци, а неговата вредност е 3,4 милиони евра, сопствено учество на ЕЛЕМ во реализација на вкупниот прект за реализација на ХЕ „Бошков мост“.

ЕВН Македонија продолжува со проектот за развој на кариерата „Траинеес 2012“РАБОТНИ МЕСТА ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ

ЕВН Македонија го продолжува проектот за развој на кариерата, „Траинеес 2012“, кој е дел од традицијата на компанијата за континуирано вложување во стручното и професионално усовршување на младите кадри, соопштуваат од компанијата. Во проектот може да се вклучат апсолвентите или дипломираните студенти на eлектротехничките факултети, економски и правни студии. Оние кои ќе ги исполнат критериумите предвидени во „Траинеес 2012“ и ќе аплицираат до 18 ноември 2011 година, ќе бидат тестирани и интервјуирани од страна на специјализирана консултантска компанија. Сите кандидати кои ги исполнуваат критериумите имаат еднакви можности за избор и учество во програмата. Обуката трае 12 месеци, а преку систем на ротација во повеќе организациски единици и специјализација во одредена област, студентите се постојано следени од ментори кои се одговорни за поддршка новиот соработник во процесот на работа, негово следење и оценување. На крајот на програмата, а пред истекот на договорот, во зависност од оценката и потребата на

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 15: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

компанијата, постои можност учесникот да добие редовно или вработување на определено време. Досега преку овој проект во изминатите три години поминаа шеесетина студенти, од кои дури 54 позитивно оценети, добија редовен работен ангажман во компанијата. Покрај ова, ЕВН Македонија овозможува и практикантска работа само во летниот период, низ која досега практицираа вкупно 75 студенти од различни факултети.

ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар ПРОИЗВЕДЕНИ 245 МИЛИОНИ КИЛОВАТ ЧАСОВИ, 5 ОТСТО НАД ПЛАНОТ

Во ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар годинава се произведени 245 милиони киловат часови електрична енергија. Според Мирче Котевски, портпарол на ЕЛЕМ, тоа претставува остварување на годишниот план за над 85 отсто, односно повеќе за пет отсто од планираното за оваа година.

Моменталниот просечен дотек во акумулацијата Дебарско Езеро изнесува 14 метри кубни вода во секунда и има резерва на вода за производство на девет милиони киловат часови. Нивото на езерото е шест метри над минималната кота. Електраната работи според потребите на електроенергетскиот систем и со успешно извршените ремонти и ревизии на електромашинската опрема, подготвена е да ја прими и да ја преработи целата количина на вода. Во ХЕЦ „Шпилје“, која со работа почна во ноември во 1969 година, во изминатите децении произведени се над 11.359 гигават часови електрична енегија.

„Дуна“ го претстави првиот македонски ERP софтвер iUl�ma® за iPadКОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ПОДОБРАТУСЛУГАТА И ДА ОБЕЗБЕДАТ КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ

Компанијата „Дуна Компјутери“ ја претстави првата верзија на ERP софтверот iUl�ma® за iPad. Со iUl�ma®. „Дуна“ се

вбројува меѓу водечките светски компании кои понудиле вакво напредно решение за своите корисници.

iUl�ma® е мобилна ERPапликација која е дел од комплетното ERP и CRM сoфтверско решение ULTIMA® на „Дуна Компјутери“. Апликацијата iUl�ma® е дизајнирана исклучиво за iPadкорисниците, како резултат на светските трендови за модерни технологии во мобилната продажба, овозможувајќи флексибилност, стабилност и сигурност во деловното работење, – соопштуваат од компанијата. Со iUl�ma® компаниите ќе можатда ја подобрат својата услуга и да понудат точни и навремени информации за своите корисници, а во насока на обезбедување на конкурентна предност. Вработените ќе можат да користат голем избор на документи и извештаи директно од терен, кои веднаш ќе се синхронизираат со централната база на податоци на компанијата. iUl�ma е додаток на ULTIMA®ERP и може да функционира само како компатибилна апликација на пакетите ULTIMA® Distribu�on, Standard, Profes-sional и Enterprise. Дополнително, за сите корисници на iPad, „Дуна“ нуди демо-база за тестирање на iUl�ma®, без оглед дали секористат ULTIMA® ERP пакетите. Со iUl�ma®, корисниците на ERPсофтверот од „Дуна“ добија неверојатна можност да придонесат кон зголемување на продажбата, продуктивноста на вработените и да добијат комплетен преглед на работењето на компанијата. „Дуна Компјутери“ е македонска ИТ-компанија со седумнаесетгодишно искуство на домашниот и на меѓународниот пазар. Фокусот на компанијата е насочен кон обезбедување на софистицирани решенија, хардверска опрема, документ-менаџмент и напредни софтерски производи. „Дуна“ е застапник за светски познати брендови Apple, RICOH, OKI, Psion, Clasus, Brahler, Tentnology, Garmin и производител на ERP софтвер ULTIMA®.

Битолската млекарница „Бимилк“ го одбележа светскиот ден на квалитетот„ОТВОРЕН ДЕН, ОТВОРЕНИ ВРАТИ“ЗА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ

Светскиот ден на квалитетот 11 Ноември, прогласен од Обединетите Нации, битолската млекарница „БиМилк“ го одбележа со манифестацијата „отворен ден, отворени врати“ за сите заинтересирани граѓани, фирми и бизнис партнери. Посетителите имаа можност да се запознаат со условите на производство каде годишно се преработуваат над 65 милиони литри млеко, како и со современата и софистицирана технологија која на „БиМилк“ и овозможува да се произведуваат педесеттина различни производи.

- Нашата основна цел е производство на безбедни и квалитетни производи според светски стандарди. Битолската млекарница 11 години го одржува имплементираниот стандард ИСО 9001, минатата година го сертифициравме ИСО 22000 а во овој момент сме во фаза на сертификација на „АФС“ стандардот кој е посебно баран на Европскиот пазар, а в година почнуваме со активности за имплементација и сертификација на стандардот ИСО 14000, истакна Радмила Чобанова Василевска, директорка на секторот за контрола на квалитетот во „БиМилк“-Битола, а го цитира МИА. На средбата со новинарите беше истакнато дека ИМБ „БиМилк“ има 1.400 кооперанти, јадро на фармери кои произведуваат квалитетно млеко и за кои ќе бидат изработени нови програми во функција на подобрување на квалитетот на сировото млеко, врз основа на што ќе се утврдува цената на млекото што се откупува. - Имплементацијата и сертификацијата на меѓународните стандарди овозможува присуство на производите на „БиМилк“ на Европскиот пазар и исполнување на строгата европска легислатива. „БиМилк“ е единствената компанија во регионот што има дозвола за извоз во државите на Европската Унија, но и во САД и Канада, посочи Чобанова Василева на прес конференција во овој град.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 16: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

МКД - ЕКОНОМИЈА Tрговија на земјоделско-прехранбени производи на Република Македонија со Република Албанија ЦЕЛОСНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА

Земјоделско-прехранбените производи од Македонија и Албанија ќе се разменуваат без плаќање царина, - соопшти Министерството за економија. Либерализацијата на трговијата на овој вид производи меѓу двете земји е во согласност со Дополнителниот протокол кон Договорот за изменување и пристапување на Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), кој е ратификуван и објавен во „Службен

весник на Република Македонија“. - Со дополнителната либерализација укинати се царините на преостанатите 46 отсто земјоделско-прехранбени производи кои досега се разменуваа со полна царина или се разменуваа во рамки на меѓусебно договорени преференцијални квоти, информира Министерството за економија.

Извештај „Плаќање даноци 2012“ на Светската банка, ИФЦ и PWC – мрежа на компанииПО ДАНОЧНАТА СТАПКА ЗА КОМПАНИИТЕ МАКЕДОНИЈА НА 4. МЕСТО ВО СВЕТОТ

Македонија е на четврто место во светот по вкупната даночна стапка од 9,7 проценти за компаниите, во најновиот извештај „Плаќање даноци 2012“ на Светската банка, ИФЦ и PWC - мрежа на компании. Во извештајот Македонија е посoчена како добар практичен пример, бидејќи како Велика Британија и Кина, има еден данок за секоја даночна база. Во извештајот „Плаќање даноци 2012“, Македонија е рангирана на 20-то место, пред земјите од Источна Европа. Извештајот ги мери сите

задолжителни даноци и придонеси кои една средно голема компанија мора да ги плати во една година. Даноците и придонесите кои се мерени опфаќаат и профит или корпоративен данок на приходи, социјалните придонеси и работните такси платени од работодавачот, даноци на имот, даноци за трансфер на имот, данок на дивиденда, данок на капитални добивки, данок на финансиски трансакции, данок за собирање отпад, данок за возила и патишта и останати давачки и наплати. - Високото рангирање на Македонија во извештајот „Плаќање даноци 2012“ покажува дека подобрување на даночниот систем за бизнисот е високо на владината агенда’, вели Лилија Бурунчук, директор на Канцеларијата на Светската банка во Скопје, а пренесува МИА. Според неа, со креирањето на систем кој лесно се усогласува, многу е извесно дека бизнисите ќе функционираат во формалната економија и ќе придонесат поодржлив извор од даноци во буџетот. Извештајот утврдува дека вкупната даночна стапка за малите и средни компании во светот се намалила за 8,5 процентни поени од 2006 година, што претставува повеќе од еден поен за една година. На глобално ниво, просечната тотална

даночна стапка за малите и средни компании изнесува 44,8 проценти од нивниот комерицијален профит. Извештајот покажува дека 123 од 183 економии направиле значителни регулаторни промени почнувајќи од 2006 година во олеснување на даночните оптоварувања за малите и средни компании, во време кога владите бараат начини за зголемување на бизнис-регистрацијата и намалување на влијанието од глобалното економско превирање. Триесет и три економии направиле олеснувања и го направиле плаќањето даноци со помалку трошоци почнувајќи од јуни 2010 до мај 2011 година. Најчеста даночна реформа претставува зголемената употреба на

он-лајн системите во олеснување на даночната услуга, која е претставена во 23 економии. Електронското заведување и плаќање ја намалува канцелариската работа, овозможува многу поконцентриран пристап кон ревизијата и услугата и помага во намалување на корупцијата, покажува Извештајот.

„Скопје сити мол“ - нова инвестиција од 70 милиони евра во МакедонијаШОПИНГ ЦЕНТАРОТ ПОЧНУВА СО РАБОТА НАРЕДНАТА ГОДИНА

Седумдесет милиони евра е новата инвестиција што ќе се реализира во Македонија. Скопје Сити мол е нов шопинг центар за кој инвеститорот Балфин МК обезбеди финансиски средства за негова доградба од конзорциум од европски и локални банки. Средствата ги обезбедува Комерцијална банка, Рајфајзен банка од Албанија и Европската банка за обнова и развој, чии претставници ги потпишаа договорите, а на што

присуствуваше и вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески. ЕБОР обезбеди 18,9 милиони евра, 20 милиони евра Рајфајзен банк од Албанија и осум милиони Комерцијална банка АД - Скопје. Според Балфин МК, со потпишување на договорите се осигурува натамошната работа на трговскиот центар, кој зад себе ја остава првата фаза од изградбата. Лоциран е меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“. - Задоволство ни е од обезбедената поддршка од страна на ЕБОР, Рајфајзен банка и Комерцијална банка. Довербата на банките при инвестирањето на значителни финансиски средства потврдува дека идејата и визијата на Балфин МК за инвестирање во Скопје Сити Мол е оправдана и економски издржана. Новото уметничко дело трговски центар од 70 милиони евра ќе стане симбол

Page 17: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

на просперитет и ново обележје со кое ќе се воспостави патот за идни внатрешни и надворешни инвестиции и промовирање на довербата во економската иднина и просперитет на новата Македонија која доаѓа, рече Питер Варедн, главен извешен директор на Балфин Мк, а го цитира МИА. Инвестицијата на ЕБОР од 18,9 милиони евра е прва инвестиција во македонскиот сектор на недвижности и малопродажба и според директорот на банката за Западен Балкан Клаудио Виецоли е поддршка на развојот на малопродажната инфраструктура и силен сигнал за банките кои учествуваат. За Рајфајзен банката од Албанија, ова е, исто така, прв проект кој го поддржува во Македонија и е многу добар сигнал за соработка во банкарскиот сектор. - Учеството во овој меѓународен проект е прво искуство од ваков тип на Рајфајзен банка Албанија и сигурни сме дека ќе биде почеток на успешна и плодна соработка со нашата банка партнер од Македонија, истакна Александер Золнаи, заменик-претседавач на Одборот на директори на Рајфајзен банка Албанија. Директорот на Комерцијална банка Хари Костов истакна дека е задоволство да се учествува во проектот и со тоа успеале да покажат дека е можна и заедничка соработка и финансирање на еден поголем проект со такви институции како што се ЕБОР и Рајфајзен банка. Потпишувањето на договорот го поздрави министерот за финансии Зоран Ставрески кој истакна дека оваа инвестиција во Македонија која доби поддршка од конзорциум од меѓународни и домашни банки покажува дека во земјава има добри претприемачи, кои имаат добри идеи и дека има солидна бизнис-клима за инвестирање. Трговскиот центар, кој според инвеститорот ќе биде најмодерен и најголем во Македонија, ќе има 90.000 метри квадратни површина, распределени на три нивоа и катна гаража од 1.300 паркинг места, 150 продажни места со различна големина, потоа простор од 4.600 метри квадратни за хипер маркет во кој ќе биде сместен бренд кој досега не е присутен во Македонија. Ќе има простор за рекреација, кино сали, кугларници, ресторани... Официјално треба да почне со работа следната година во октомври, а ќе отвори нови 1000 работни места.

Во село Пршовце, општина ТеарцеОТВОРЕНА НОВА ФАБРИКА ЗА КАФЕ

Во село Пршовце, општина Теарце свечено беше отворена фабриката за кафе „Нелина кафе“. Новиот стопански субјект е резултат на соработката на браќата Назми и Неџат Лимани со компанијата Корд од Хамбург, Германија. Со почетокот на првата фаза за печење кафе, во фабриката се отвораат 30 работни места, а со реализација на понатамошните етапи - мелење и производство на екстракти од кафе сопствениците браќата Лимани очекуваат да се отворат вкупно 120 работни места.

- Сакавме да оставиме еден вид белег од нас како постара генерација што била на печалба во странство за генерациите што доаѓаат во нашиот крај, изјави Назми Лимани, а го цитира МИА. На свеченоста по повод отворањето на новиот стопански субјект присуствуваа министерот за економија Ваљон Сарачини, претседателот на ДУИ Али Ахмети, градоначалникот на општина Теарце Исен Асани, како и повеќе негови колеги од општините во регионот. - Од економски аспект, ние сме задоволни со оваа инвестиција бидејќи со неа се очекува да се отворат 120 нови работни места, што ќе придонесе за развој на економијата во регионот и пошироко.Овој пример треба да го следат и да ги стимулира инвеститорите и во другите региони на државата, изјави министерот Сарачини. - Ги информирам другите заинтересирани инвеститори дека нашата општина ќе им овозможи низа поволности доколку инвестираат тука, рече градоначалникот Асани.

Туристи од Холандија и Белгија во 2012 година во поголем број ќе престојуваат во СтругаСИГУРНИ ДВА ЧАРТЕР-ЛЕТА НЕДЕЛНО

Туристите од Холандија и во 2012 година ќе престојуваат во Струга. Покрај холандските гости, на струшкото крајбрежје во поголем број ќе престојуваат и гости од Белгија, информираат од туристичката агенција „Генерал турс“ која е застапник на холандскиот тур-оператор ТУИ за Македонија.

- Холанѓаните ќе почнат да доаѓаат во април, односно првиот чартер-лет ќе го имаме на 27 април 2012 година, додека првата група Белгијци доаѓаат во првата недела на мај, изјавила Ана Чукалевска, менаџер во „Генерал турс“, а ја цитира МИА. Чукалева вели дека Холанѓаните и Белгијците ќе бидат сместени во дел од струшките хотели. Очекува дека ќе се реалзираат најавите нивниот број да биде далеку поголем од оваа година. Засега се сигурни два чартер-лета неделно, но не се исклучува можноста нивниот број да биде и поголем. Гостите од Холандија во изминатите две години во Струга престојуваа и во автокампот „Ас“, каде што пристигнуваа со свои камп-приколки.

МКД - ЕКОНОМИЈА

Page 18: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Економски совет на ВладатаВО ДЕЛОТ НА КОНЦЕСИЈАТА НА КОРИДОРОТ 8 ЌЕ СЕ БАРААТ АЛТЕРНАТИВНИ РЕШЕНИЈА

Економскиот совет на Владата на РМ, на седницата одржана на 14 ноември 2011 година, меѓу другото, расправал и за проектите за подобрување на патната инфраструктура особено за поголемите проекти, за автопатиштата и за регионалните патишта, како и за динамиката за нивна реализација, информирал вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. - Беа разгледувани повеќе нови модели. Како што беше најавено, во делот на концесијата на Коридорот 8 ќе бараме алтернативни решенија. Денеска се зазема став околу некои од патните правци за кои би се одело на модел на концесионирање, а за некои ќе се оди со буџетско финансирање. Согласно утврдената динамика тие ќе влезат во програмата за развој на Агенцијата за државни патишта, изјавил Пешевски, а го цитира МИА. На седницата станало збор и за состојбата со браните кои се користат за

наводнување, како и за искористувањето на термалните води. Пешевски рекол дека се разгледувала состојбата на постојните, но и проекти кои се во Програмата за работа на Владата до 2017 година, за голем број нови брани во вкупна вредност од околу 160 милиони евра кои треба да се изградат на десетина локации низ Македонија. Тоа е она што го најавувавме во предизборието, истакнал Пешевски, покрај давањето субвенции, се работи и на подобрување на инфраструктурата за земјоделството бидејќи наводнувањето е едно од основните потреби на земјоделците. - Беше разгледувана состојбата со искористувањето на термалните води во Македонија. Имаме ситуација каде на дел од локациите каде што постојат термални води во моментов не постои законска можност оној што ја добил концесијата да ја даде на друг доколку сака да изгради центри за бањски туризам, спа-центри и сл, посочил вицепремиерот. Тој потенцирал дека измените што ќе се прават во законите за кои се задолжени министерствата за економија и за животна средина се со цел да се забрза развојот на бањскиот туризам и да се забрза изградбата на оранжерии и оранжериското производството.

Во УЈП заклучно со октомври се регистрирани над 105 илјади земјоделциКРАЈНИОТ РОК ИСТЕКУВА НА 31 ДЕКЕМВРИ

Во Управата за јавни приходи заклучно со октомври се регистрирани над 105 илјади земјоделци со што е надмината минатогодишната бројка од 89 илјади. Бројката на регистрирани земјоделци, како што информираат од УЈП, се очекува уште повеќе да се зголеми имајќи предвид дека крајниот рок истекува на 31 декември. Постапката за регистрација се состои во тоа што оние што се занимавале со земјоделство и оствариле вкупен приход до 1,3 милиони денари во 2011 година треба да поднесат барање за паушално плаќање персонален данок и пријава за регистрација до даночната канцеларија на УЈП. Оние земјоделци кои во 2009 година или 2010 година веќе се регистрирани во УЈП, треба да поднесат само барање за паушално оданочување. Од плаќање на персонален данок се ослободени оние на кои земјоделието им е основна дејност и кои оствариле годишен приход до 300 илјади денари, но тие сепак треба да поднесат барање до УЈП. Даночното ослободување не се однесува и за оние на кои земјоделската дејност им е дополнително занимање. На оние граѓани чија основна дејност им е земјоделството и кои оствариле приходи поголеми од 300 илјади, а помали

од 1.300.000 денари, ќе им биде пресметан данок само на 20 проценти од приходот. Од УЈП потсетуваат, како што наведува МИА, дека постапката за регистрација треба да ја запазат и граѓаните кои поседуваат земјоделски имот, а не остваруваат никаков приход од него. Тие треба да поднесат барање односно пријава, во зависност дали се регистрирани или не, а УЈП нема да ги задолжи со плаќање на данок. Граѓаните пак кои вршеле продажба на сопствени земјоделски производи во откупните центри треба да ги пријават приходите во барањето за паушално оданочување заедно со останатите приходи остварени од вршењето на земјоделската дејност. УЈП најавува дека од 15 овој месец ќе почне и со обуки за начинот и постапката на регистрација што ќе се одржуваат низ општините во државата. За распоредот на обуките граѓаните може да се информираат во најблиската даночна канцеларија или

во Инфо центарот на УЈП на бесплатниот телефонски број 0800 33 000.

Договорена квотата на транспортни дозволи за македонските превозници во Полска ЗА 50 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ГОДИНАВА

На состанокот на Македонско-полската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај за стока и за патници, што се одржа на 8 и 9 ноември 2011 година во Варшава, Полска, е потпишан протокол на кој е договорен контингентот на дозволи за превоз на стока за 2012 година. Станува збор за 3.000 билатерално транзитни дозволи, 1.000 билатерално транзитни дозволи за возила со Еуро 2 стандард и 500 дозволи за и од трети земји, соопштува Министерството за транспорт и врски. Договорениот контингент е за 50 проценти поголем од досегашната квота на дозволи која ја разменуваа двете земји. Според Министерството за транспорт и врски, со договорената квота во целост ќе се задоволат потребите на македонските превозници за превоз на стока кон Полска, како и за транзит низ нејзината територија и за превоз на стоки од трети земји.

- Министерството за транспорт и врски континуирано одржува состаноци на мешовитите комисии за меѓународен патен сообраќај со земјите со кои остваруваме економска размена со цел дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот, како и овозможување либерален превоз, се вели во соопштението.

Презентирани измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК САМО 18 МЕСЕЦИПРЕД ИСПОЛНУВАЊЕ УСЛОВИ ЗА СТАРОСНА ПЕНЗИЈА

Осумаесет месеци наместо пет години пред исполнувањето на услови за старосна пензија ќе можат да примаат надомест од државата лицата кои ќе бидат прогласени за технолошки вишок во компаниите во кои работеле, предвидуваат измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност што ги презентираше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Измените се донесуваат, како што појаснил министерот, поради злоупотреба на досегашната законска одредба која

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 19: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

овозможуваше лицата ваков надоместок да примаат пет години, така што се пријавувале како вработени девет месеци пред да ги исполнат условите за да го добиваат овој надоместок. - Најголемиот број на лицата пред исполнување на законските услови за стекнување паричен надомест до пензионирање подолг период не биле во работен однос. Тие засноваат работен однос пред да наполнат возраст од 57 односно, 59 години најчесто фиктивно во некоја приватна фирма и тоа најчесто на определено време. Со престанокот на работниот однос по истекот на определеното време ги исполнуваат законските услови за остварување на ваков

надомест. Лицата, пак, кои се вработиле на неопределено време по истекот на девет месеци се согласуваат да бидат прогласени за технолошки вишок со што повторно го остваруваат правото на ваков надомест, истакнал на прес-конференција Ристовски, а пренесува МИА. Тој додадал дека во најголем број случаи на злоупотребите вработените биле пријавувани на големи суми, со што и надоместоците што подоцна ги добивале од државата биле прилично големи, поради тоа што законската одредба досега предвидувала надоместокот да изнесува од 40 до 50 проценти од платата што ја земале. - Целта на измените на Законот е да се влијае на промените на состојбите во насока на пренасочување и зголемување на финансиските средства за активни мерки за вработување, дестимулирање на процесот на отпуштање постари работници и спречување на другите видови злоупотреби на Законот, - истакнал министерот за труд и социјална политика. На списокот на Агенцијата за вработување во моментов има 22.802 лица кои примаат ваков надоместок. Месечно за нив од Буџетот се одлеваат по три милиони евра, а годишно околу 36 милиони евра. Постојното решение во Законот дозволуваше жените со полни 57 и мажите со 59 години да заминат како технолошки вишок и да примаат паричен надоместок од Агенцијата за вработување во наредните пет години се` до нивното пензионирање. Новото решение, како што појасни министерот за труд, е направено согласно анализи кои, како што рече, покажуваат дека во ниту една држава во Европа ваков надоместок не се прима подолго од две години.

Животна срединаПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗРАБОТКА НА ТРЕТИОТ НАЦИОНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Дијадре Бојд потпишаа договори за изработка на третиот национален извештај за климатски промени и за користење на бугарското искуство за мониторинг, рапортирање и верификација на емисиите на стакленички гасови потребно за учество во шемата за трговија со емисии на ЕУ. Tретиот национален извештај за климатски промени треба да се изработи во наредните две години, со финансиии од глобалниот Фонд за животната средина во висина од 500 илјади долари. Целта на извештајот, според Адеми, е да даде придонес во институционализирањето на прашањето на климатските промени, да изработи анализа на потребите, да ги утврди нивните приоритети со временска рамка, како и потребните финансии од барањата кои произлегуваат од идното членство во ЕУ. - Изработката и доставувањето на националните извештаи за климатски промени претставува обврска на Република Македонија како земја членка во Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени, информира Адеми, додавајќи дека досега се изработени два такви извештаи, во 2003 и во 2008 година.

Проектот за користење на бугарското искуство за мониторинг, рапортирање и верификација на емисиите на стакленички гасови потребно за учество во шемата за трговија со емисии на ЕУ е финансиран од бугарската Влада во вредност од 40.000 евра и ќе се спроведе наредната година. Република Македонија има напредок на полето на намалување на климатските промени и прилагодување на

најранливите сектори, истакна Адеми по потпишувањето на документите посочувајќи повеќе области во кои дејствува ресорното Министерство во функција на национален координатор. - Го вградува прашањето на климатските промени во релевантните стратешки, плански и програмски документи на национално ниво, поставува неопходна законска рамка за изработка на одговори на државата како обврска од нејзиното членство во Рамковната конвенција на ОН за климатски промени и Протоколот од Кјото, негува билатерална, регионална и мултилатерална соработка на полето на климатските промени, дејствува во функција на назначен национален орган за спроведување проекти со кои се намалуваат емисиите на стакленичките гасови во атмосферата, рече Адеми, а цитира МИА. Тој посочи дека Министерство активно спроведува или учествува во повеќе проектни активности помогнати од меѓународната заедница за намалување на емисиите на стакленичките гасови или на негативните влијанија од климатските промени во различни сектори. - Особен предизвик за Република Македонија ќе биде периодот после истекот на првиот дел обврски според Протоколот од Кјото во 2012 година, кога ќе треба да се преземат засилени активности за намалување на климатските промени, кои ќе треба да се избалансираат со потенцијалот за намалување на државата и уделот на таквите активности во бруто-домашниот производ. Се надеваме дека извештајот ќе понуди опции и сценарија за идно правилно донесување политички одлуки за обезбедување балансиран економски раст, рече Адеми. Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Бојд истакна дека климатските промени и другите ризици поврзани со животната средина се меѓу клучните предизвици на животниот свет со значајно влијание на се она што не опкружува почнувајќи од нашето здравје до снабдувањето со вода, еко системите и производството на храна.Адресирањето на прашањата за климатските прмени, според неа, е од примарно значење за земјите од целиот свет. - Двата проекти кои ќе бидат дополнителна помош за Владата за работата по ова прашање ќе помогнат да се овозможи национален консензус во однос на акциите и мерките кои треба да бидат преземени за да се адресираат прашањата поврзани со климатските промени на краток и на долг рок, наведе Бојд потенцирајќи дека климатските промени се глобално прашање со кое се соочува целата планета.

Page 20: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

КавадарциДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ТЕНДЕР ЗАУШТЕ 4 МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

Кавадарци пред неколку години направи важен чекор кога реши да направи четири мали хидроцентрали, а трендот на изградба на вакви објекти кои ја користат водата како извор на обновлива енергија ќе продолжи и понатаму, беше истакнато на трибината посветена на обновливите извори на енергија во регионот што се одржа во салата на општинското Собрание во Кавадарци. Градоначалникот Александар Панов рече дека изградбата на четирите мини хидроцентрали се покажале како одличен потег за општината, бидејќи водата освен за пиење се користи и за добивање на електрична енергија.

- Пред неколку години со изградбата на четири мини хидроцентрали на системот кој од изворот Лукар носи вода за пиење во градот, се направи добра работа оти не само што се подобри финансиската состојба во јавното претпријатие Комуналец кое стопанисува со водата ами се подобри и состојбата со инфраструктурата во општината. Четириесетина години претходно водата од Лукар се користеше само за пиење. Сега од неа се добиваат и пари, рече Панов, а пренесува МИА. Општина Кавадарци ќе гради нови четири мини хидроцентрали на хидросистемот на водостопанство Тиквеш, а до крајот на годината се очекува да биде распишан тендер за утврдување на изведувач на работите. Проектот ќе се реализира по принципот на јавно и приватно партнерство. Професорот Предраг Петровски во својата презентација ги објасни сите обновливи извори на енергија, нагласувајќи дека сепак од сите овие извори како сонце, ветер и други, иднината на Македонија е во поголемото искористување на водниот потенцијал во државата.

Прилеп воспоставува соработка со албанскиот град ПоградецГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Градоначалниците на Прилеп и на албанскиот град Поградец, Марјан Ристески и Артан Шкембиј, на првата официјална средба ја потврдија воспоставената соработка меѓу двата града. - Имаме можност за секаков вид соработка. Прилеп и Поградец се слични по големина градови, а најдобро е регионалното поврзување со проекти за прекугранична соработка со пари од европските фондови, - изјави градоначалникот Шкембиј, а пренесува МИА.

Според градоначалникот Ристески двата града имаат можности за соработка во сите сфери: во стопанството, културата, туризмот. - За интересни посети имаат и доволно фестивали: Прилеп ги има фестивалите на театарот и на пивото, а Поградец - на куклениот театар и на виното. Конкуренција нема, има можности за соработка, - вели прилепскиот градоначалник Ристески. Градоначалниците информираа дека соработката веќе е почната, а невладините и службите на локалните самоуправи веќе работат на проектот што го спроведува прилепскиот Центар за граѓанска иницијатива за мрежно поврзување и можности за вработување, пред се` на маргиналните социјални групи: самохрани мајки и млади. Проектот е насловен „Социјална интеграција на маргинализираните групи преку прекугранични иницијативи во Македонија и Албанија“.

Штипски угостители потпишаа договори со општината„ШТИПСКАТА ПАСТРМАЈЛИЈА“ СТАНУВА БРЕНД

Штипските угостители потпишаа договор со општината за користење и приготвување на брендот „Штипска пастрамајлија“. Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов информира дека

се потпишани првите шест договори со угостителите, кои прифаќаат да ја приготвуваат „Штипската пастрамјлија“, согласно рецептот кој е дефиниран согласно Одлуката за брендирање или заштита на интелектуална сопственост. За користење на брендот „Штипска пастрамјлија“ штипските угостители на општината ќе и` плаќаат годишно по 600 денари и во секој објект ќе има налепници со брендот на градот. Угостителите од останатите градови, кои сакаат да го приготвуваат и служат брендот „ Ш т и п с к а пастрамајлија“ ќе мора да потпишат договори со општина Штип, во спротивно ќе има санкции согласно Законот за интелектуална сопственост. - Најголем бенефит ќе имаат штипските угостители, бидејќи оние угостители кои што не се од Штип ќе мораат да плаќаат далеку повисока сума. Штипската пастрамајлија е уникатен производ, кој се прави само во нашиот град и со гордост го носи името на градот Штип. На овој начин ќе ги привлечеме гостите од другите градови да дојдат кај нас, бидејќи Штипска пастрамајлија се приготвува само во Штип, вели Алексов, а го цитира МИА.

Штипската општина ќе издвои средства за проектот мини акумулации на БрегалницаСТАРТОТ НА ИЗГРАДБАТА КОН КРАЈОТНА ИДНАТА ГОДИНА

Општина Штип од буџетот за 2012 година ќе издвои средства за проектот мини акумулации на реката Брегалница. Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов најавил дека се планирани 1.500.000 денари за изработка на техничка документација за изградба

на неколку мини акумулации на реката Брегалница од населбата „8-ми Ноември до Автобуската станица. - Сметам дека проектот за

Page 21: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

изградба на мини акумулациите ќе даде поголем бенифит на градот, на истото мислење се и експертите кои ги споредија проектите за изградба на брана на река Отиња и овој за мини акумулации, вели Алексов, а го цитира МИА. Тој додава дека веќе кон крајот на 2012 или почетокот на 2013 година може да се почне со изградба на една мини акумулација, која ќе го разубави кејот на реката Брегалница и со дополнителни содржини.

Проект за прекугранично бизнис-вмрежување меѓу Македонија и БугаријаПОЧЕТОК НА ДОЛГОРОЧНА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

Центарот за развој на Источен плански регион – Штип почна со имплементирање на Проектот „Прекугранично бизнис-вмрежување за одржлив раст” со крајна цел подобрување на бизнис-климатата во прекуграничниот регион меѓу Македонија и Бугарија. Целта на проектот е да ја подобри бизнис-соработката преку развој на бизнис-услуги, маркетинг на малите и средни претпријатија и подобрување на пристапот до информации и консултантски услуги во прекуграничниот регион. Во делот на активности п р е д в и д е н и се основање и раководење на бизнис-центар за п р е г у г р а н и ч н и иницијативи во Штип, создавање заедничка веб-платформа за маркетинг и бизнис-информации (ЈУМП), спроведување на серија семинари и обуки на менаџери од мали и средни претпријатија и институции кои нудат поддршка на бизнис-секторот, издавање на прекуграничен бизнис-каталог за мали и средни претпријатија, градење партнерска мрежа за соработка меѓу институциите кои нудат поддршка на бизнис-секторот во целиот прегураничен регион. Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион – Штип, Драгица Здравева истакнува дека ова претставува почеток на една долгорочна соработка меѓу овие два региона и верува дека ќе донесе огромни позитивни резултати на економски план. - Целта е да им овозможиме на компаниите од двете држави да се поврзат со цел да ги подобрат своите производи и услуги и успешно заеднички да настапат

на единствениот европски пазар. Наша крајна цел е постојано да се унапредува соработката, не само на економски план, туку и во останатите сегменти, вели Здравева, а ја цитира МИА. Проектот е со траење од 12 месеци и се очекува да доведе до привлекување на повеќе инвестиции во двата партнерски региона кои нудат огромни можности и неискористени потенцијали. Со воспоставувањето на Партнерската мрежа за соработка меѓу институциите кои нудат поддршка на бизнис-секторот се очекува да се создадат заеднички мерки и инструменти за поттикнување на соработката меѓу малите и средните претпријатија. Проектот е финансиран од страна на Европската унија и се импелментира на територијата на Источниот плански регион во Македонија и областа Благоевград од Бугарија.

Скопскиот плански регионНЕ СЕ ОТСТАПУВА ОД ИДЕЈАТАЗА ФОРМИРАЊЕ НА БАНКА

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта ја отвори 12. седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион на која се разгледува планот за развој на регионот за 2012 година. - Со градоначалниците од Скопскиот плански регион, а во присуство на министерот Бејта сакаме да ги профилираме проектите за 2012 година со кои регионот ќе настапи заеднички. Покрај тоа на дневен ред имаме и други точки поврзани со отчет за финансирањето за буџетот за 2012 година, како и тековни проблеми, изјави претседателот на Скопскиот плански регион и градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски пред почетокот на седницата, а пренесува МИА.

Тој нагласи дека од министерот Бејта ќе побараат поддршка Скопскиот плански регион во 2012 година да добие повеќе финансиски средства за проктите кои се битни за сите општини од регионот и додаде дека 18. општини во регионот не отстапуваат од идејата за формирање банка и сами себе да се финансираат во

одредени проекти. - Проектот за формирање банка е во зачеток и се надевам дека како идеа ќе го реализираме во догледно време со одобрение и поддршка на соодветните министерства, НБРМ и сите институции кои се надлежни, рече Митровски. Министерот Бејта посочи дека Скопскиот плански регион е најголемиот и најразвиениот регион во земјава во кој учествуваат најголем број општини и оти е пример како треба да работат и другите региони. - Како министер согласно Законот за рамномерен развој ќе побарам поддршка од општините кои се членки на Скопскиот плански регион во иднина да се реализира законот и да имаме економски развој на плaнските регион, рече Бејта. Тој нагласи дека Скопскиот плански регион се разликува од другите региони по својата хетерогеност бидејќи има градоначалници од сите политички партии и од сите националности. - Само со добра соработка сите региони ќе се развиваат по примерот на Скопскиот плански регион, а на тој начин ќе се развива и економијата на целата држава, рече министерот Бејта. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека за идејата за отварање банка на Скопскиот плански регион се дискутирало и на Управниот одбор на ЗЕЛС и додаде дека идејата ќе се разработува и во иднина за да се согледаат законските можности и процедурите за отворање на таква банка. - Црпиме искуства од соседните држави каде веќе има пракса на формирање на вакви банки и останува да видиме кога и дали може да ја формираме, рече Трајновски. За проблемите со снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење во дивоизградените населби и за нерешената инфраструктура, градоначалникот Трајановски рече дека не е случајно што се донесе Законот за легализација на бесправно изградените објекти и додаде дека жителите на овие населби мора да сфатат дека треба да плаќаат данок на имот.

Општина Гевгелија огласи продажба на државно градежно земјиштеПРИЈАВИ НАЈДОЦНА ОД 12 ДО 15 ДЕКЕМВРИ

Со добивањето на правото за самостојно менаџирање со државното неизградено земјиште, Општина Гевгелија започна постапка за продажба на седум градежни локации, со вкупна површина од 53.346 метри квадратни. Локациите се распоредени

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 22: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

во четири атрактивни урбани зони. Во населбата „Караорман“ и Урбаниот Блок 5 кој се наоѓа во поранешна Касарна, кај месноста Милци во близина на меѓународниот автопат „Е-75“ и локација кај месноста „Смрека“ непосредно распоредена до граничниот премин Богородица. Градежната намена на продажно огласените парцели е изградба на објекти за семејно домување, туристичко-угостителски комплекси, големи трговски единици и хотелски комплекс.

Почетната продажна цена за еден метар квадратен простор изнесува 61 денар за парцелите наменети за инвивидуално домување, во месноста „Караорман“, за парцелите наменети за времено сместување (хотел) кој треба да се гради на просторот на поранешна Касарна и за мултинаменски стопански комплекс во месноста „Смрека“, додека почетната цена на електронското јавно наддавање за градежната парцели во м.в „Милци “ кај преминот Богородица наменети за големи трговски единици изнесува 600 денари од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 12 декември, за парцелите на Караорман и истиот ден ќе се одржи и јавната лицитација. Рокот за поднесување пријави за поранешна Касарна и месноста „Милци“ е заклучно со 14 декември, а лицитацијата ќе следува после десет дена, на 23-ти истиот месец. Заклучно со 15 декември завршува рокот за поднесување пријави за купување на атрактивната локација во месноста „Смрека“ што се наоѓа во катастарската општина Богородица, наменета за хотелски комплекс, а јавното наддавање ќе се одржи на 26 декември. Продажбата на градежните парцели ќе се врши преку електронско јавно наддавање кое ќе се изведе на наведените датуми, со почеток во 12 часот и ќе трае еден час, на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, кога ќе биде утврдена највисоката понудена цена и купувачот на огласените градежни парцели. Депозитот за учество на

јавната лицитација изнесува соодветно на почетната продажна цена според големината на парцелата од 7.296 денари за градежните парцели наменети за домување, до еден милион 910.940 денари за комплексот големи трговски единици во месноста „Милци“.

Јавно претпријатие „Водовод“ од БитолаНОВ СИСТЕМ ЗА ХЛОРИРАЊЕНА ВОДАТА

Јавното претпријатие „Водовод“, чиј основач е општина Битола, наскоро ќе го пушти во функција новиот систем за хлорирање на водата за пиење. Зоран Илиоски, директор на ЈП „Водовод“ - Битола посочил дека испитувањето на системот за хлорирање на водата за пиење е во последна фаза, сите тестови се успешни и наскоро ќе биде во функција на главниот водоводен систем. - Станува збор за инвестиција во сегмент кој 30 години чекал на обнова. Опремата е целосно инсталирана во филтерницата и на стартот, двата система за хлорирање, стариот и новиот ќе работаат паралелно. Очекуваме во иднина да бидеме поефикасни и посигурни при хлорирање на водата, истакнал Илиоски, а го цитира МИА. Новиот систем за хлорирање на водата е автоматски и ќе биде поврзан на „скада“ – системот за компјутерско мониторирање на водоводната мрежа и системот во градот. - Битолчани пијат бактериолошки и хемиски исправна, или попрецизно - чиста вода. Тоа го гарантираат неколкуте надлежни институции од Битола и од Охрид, но тоа го гарантираат и

секојдневните лабораториски испитувања што ги спроведува ЈП „Водовод“ бидејќи секој ден вршиме котрола на 10 -15 пунктови и ја контролираме хемиската и бактериолошката исправност на водата, - потврди Илиоски.

Во НП Маврово промовирани 500 километри патеки за пешачење и велосипедизамПОДИГНАТ КВАЛИТЕТОТ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА

НП Маврово, најголемиот национален парк во Македонија ја зголеми туристичката понуда со обележани 500 килиометри патеки за пешачење и велосипедизам. Промоцијата на системот на патеки се одржа во информативната канцеларија во Маврови Анови. - Станува збор за поголем проект, реализиран во партнерство со Национален парк Маврово, Општина Маврово Ростуше и Министерството за екологија, со цел подобрување на условите за живот на жителите од овој регион преку подигање на квалитетот на туристичката понуда, беше нагласено на промоцијата. Локалното население и управата на паркот ги одбраа најрепрезентативните патеки кои потоа беа уредени и обележани. Креирањето и обележувањето на патеките траеше речиси две години со помош на Центарот за планински развој. За подобро користење, изработени се мапа за патеките во паркот и посебен водич за користењето на патеките. Наскоро во Ростуше ќе биде промовиран и делот од патеките во Долна Река.

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 23: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Албанија со највисок државен долг во регионотМНОГУ БЛИЗУ ДО НАЈЗАДОЛЖЕНИТЕ Албанија е земја со највисок државен долг во регионот, покажуваат податоците од Светската банка. Извештајот на Банката покажува дека Албанија е многу блиску до земјите со највисок државен долг, бидејќи тој во моментот изнесува 59,4 проценти од бруто домашниот производ на земјата. Светската банка предупредува дека ситуацијата во регионот не буди оптимизам.

Иако банките имаат ликвидност, тие се` повеќе се соочуваат со ризик поради високиот раст на лошите кредити, - се наведува во извештајот. Според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд, економскиот раст на Албанија оваа година ќе се намали на два процента.

Во Бугарија произведен првиoт патнички автомобилиСЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ПОЧНУВА НА СТАРТОТ ОД 2012 ГОДИНА

Во погоните на фабриката „Литекс моторс“ во соработка со кинеската компанија „Грејт вол“ во бугарскиот град Ловеч е произведен првиот бугарски патнички автомобил. Менаџерот на „Литекс моторс“,

Кирил Георгиев изјави дека првиот монтиран автомобил е од марката „Грејт вол волекс Ц10“ (Great Wall Vole-ex C10), а оти сериското производство во фабриката ќе почне во почетокот на наредната година. Тогаш офоцијално ќе биде отворена фабриката во која ќе работат 2000 лица. - Компанијата поради големото интересирање веќе разви дилерска мрежа и отвори претставништва во две балкански земји, - рече тој. Во „Литекс моторс“ ќе се произведуваат три модели на патнички автомобили, вклучувајќи џип и пикап, кои според најавите на компаниите ќе бидат евтини и поквалитетни. Џипот со „фул“ опрема веќе се рекламира по цена нешто поголема од 12.000 евра. Сопственикот на фабриката „Литекс моторс“ е бизнисменот и сопственик на фудбалскиот клуб „Литекс“ Гриша Ганчев, кој поседува 92 отсто од акциите, додека остатокот припаѓа на Корпоративната трговска банка. Неодамна од „Литекс моторс“ е најавено и производство на електромобили, кои во соработка со компанијата „Грејт вол“ ќе почне напролет наредната година.

Црна Гора ја потпиша Спогодбата со ЕФТАВО ПРИМЕНА ОД 1 ЈУЛИ ИДНАТА ГОДИНА

Спогодбата за слободна трговија меѓу Црна Гoра и членките на Европското здружение за слободна трговија (ЕФТА) е потпишана на 14 ноември 2011 година во Женева, соопшти црнигорската Влада. Спогодбата за слободна трговија меѓу Црна Гора и земјите-членки на ЕФТА, како што е најавено, треба да биде во целосна примена

од 1 јули следната година, по ратификацијата од сите потписници. ЕФТА е меѓународна организација основана со Стокхолмската декларација од 1960 година, а ја сочинуваат Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Спогодби со ЕФТА претходно потпишаа Србија, Хрватска, Македонија, Албанија, додека годинава почнаа и преговорите со Босна и Херцеговина.

- Црна Гора е млада и многу отворена економија и потпишувањето на Спогодбата за слободна трговија со земјите од ЕФТА претставува можност за црногорските производители и извозници подобро да се позиционираат во меѓународната трговија, изјави министерот за економија Владимир Кавариќ.

Компанијата „Сваровски“ ќе инвестира во СрбијаВО ПОГОН ЗА ОБРАБОТКА НА КРИСТАЛИ 15 МИЛИОНИ ЕВРА

Српската Влада одобри договор меѓу државата и компанијата Сваровски што наскоро ќе биде потпишан од компанијата и српското Министерство за економија и регионален развој. Компанијата планира во првата етапа да инвестира 15 милиони евра за погон за обработка на кристали во Суботица наменети за извоз. Постои можност за проширување на инвестицијата на Сваровски во Србија во втора етапа. Сваровски во која работат 24.840 луѓе во 120 држави во светот во 2009 година имала 2,25 милијарди евра обрт.

РЕГИОН

Page 24: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Словенија подготвена да го субвенционира „Рено“ со 45,5 милиони евраПРОИЗВОДСТВО НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА „РЕНО ТВИНГО“ И „СМАРТ“ ВО НОВО МЕСТО

Словенечката Влада е подготвена да и даде финансиска помош во висина од 45,5 милиони евра на домашната фабрика за автомобили „Ревоз“, која е во сопственост на француската компанија „Рено“.

Условот е помошта да ја одобри Европската комисија, соопшти Владата во Љубљана. Според соопштението, средствата ќе бидат одобрени за проект во вкупна вредност од 326 милиони евра за производство на нова генерација на моделите „рено твинго“ и „смарт“ во Ново Место, во рамки на партнерството меѓу фирмите „Рено-Нисан“ и „Дајмлер“. Моделите би требало да почнат да се изработуваат во Словенија од 2013 година, а се очекува производството да трае најмалку до 2019 година.

Австрија донесе одлука за избегнување на понатамошно задолжувањеЦЕЛ ДА СЕ ОДРЖИ БОНИТЕТОТ НА ЗЕМЈАТА

Австриската влада денеска донесе одлука за избегнување на понатамошно задолжување, со цел да се одржи бонитетот на земјата. Покраините и општините според оваа одлука ќе треба да се придржуваат кон сторгиот курс на штедење. Под притисок на должничката криза во Европа и опасноста Австрија да го изгуби

својот висок бонитет, канцеларот Вернер Фајман и вицеканцеларот Михаел Шпинделегер постигнаа договор годишниот структурален дефицит да не смее да надмине 0,35 проценти од бруто домашниот производ од 2017 година и тоа да биде внесено во Уставот. Канцеларот Фајман истакна дека оваа мерка предвидува намалување на структуралниот дефицит од две милијарди евра годишно до 2020 година. Тоа, според него значи штедење кое пред се ќе биде во администрацијата и предвременото пензионирање. Избегнувањето на дополнително задолжување, според Владата треба да биде сигнал на финансиските пазари и рејтинг агенции дека Австрија не сака да чека достигнување на кризното ниво со цел да реагира. Фајман нагласи дека усвоените мерки ќе бидат внесени во Уставот, по примерот на германскиот модел. Според него со тоа се обезбедува суверен простор за делување на Австрија, ја намалува зависноста од финансиските пазари, и ги примеува најновите заклучоци на шефовите на владите од еврозоната. Намалувањето на дефицитот треба да биде извршено преку зголемување на приходите, како и намалување на трошоците. Мерките се внесуваат во Устав со цел во предизборниот период да не се даваат нереални очекувања.

Моменталната задолженост на Австрија изнесува околу 75 проценти од бруто домашниот производ, а ЕУ „дозволува“ 50 проценти. Австрија со мерките за штедење сака да дојде до границата под 60 проценти што ја предвидува ЕУ.

Бизнис-организацијата ЦБИ проценува дека растот на британската економија ќе забавуваГОДИНАВА НЕ ПОВЕЌЕ ОД 0,9 ОТСТО

Растот на британската економија оваа година нема да биде поголем од 0,9 отсто, соопштува бизнис-организацијата ЦБИ. Предвидувањето за скромен економски раст на Велика Британија во оваа година, се означува како намалување на претходно дадената проценка за економски раст на земјата од 1,3 отсто, јави дописникот на МИА од Лондон. Експертите на ЦБИ ги изменија и своите претходни проценки за идната година, па наместо првично дадената прогноза за раст на британската економија од 2,2 отсто, во 2012 година сега се предвидува растот да достигне најмногу до 1,2 отсто.

Намалувањето на предвидениот раст на економијата се должат на внатрешните и на глобалните состојби во земјата, како и на острите мерки за кратење на јавната потрошувачка, но ЦБИ ја поддржува Владата во таа политика, инсистирајќи дека Владата на премиерот Дејвид Камерон мора да продолжи со кратењата од буџетот и со намалувањето на внатрешниот долг. Велика Британија мора да продолжи со заштитувањето на својот сегашен кредитен рејтинг ААА, на финансискиот пазар, објаснуваат експертите на ЦБИ. Во нивните прогнози за идната година, се вели дека невработеноста ќе продолжи да расте, па затоа ја изменија проценката што претходно ја има дадено, предвидувајќи невработеноста на земјата да достигне до 8,5 отсто.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 25: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

ЕВРОПСКА УНИЈА

Бугарија со солиден економски раст во ЕвропаПРОГНОЗИТЕ ПРЕДВИДУВААТ ПЛАСМАН НА ПЕТТО МЕСТО

Растот на економијата во Бугарија од 2,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП) ќе ја пласира на петтото место во Европа, прогнозира Европската комисија по спроведеното истражување.

Европската комисија предвидува дека Бугарија до 2013 година ќе достигне три отсто од БДП. Според економскиот раст во еврозоната во 2012 година Бугарија ќе биде на второ место, зад Естронија, чиј раст следната година ќе изнесува 3,2 процента. Моментално најмладата членка на ЕУ следната година ќе биде една од шесте држави со буџетски дефицит под три отсто. Европската комисија предвидува многу слаб раст во еврозоната за следната година од 0,5 отсто, а за оваа година 1,5 проценти. Бугарија е членка на ЕУ од 1 јануари 2007 година.

Бројот на милионери во Бугарија нарасна за време на кризатаСЕКОЈА НЕДЕЛА ПО ДВЕ НОВИ ЛИЦАНА СМЕТКА ИМААТ ПО МИЛИОН ЛЕВА

Бројот на милионери во Бугарија многу нарасна во периодот на економската криза, покажуваат податоците на Бугарската народна банка. Во последните три месеци Бугарија добила 27 нови милионери. Милионер во Бугарија се смета лице кое поседува повеќе од милион лева, односно 500.000 евра. Секоја недела нови две лица на својата банкарска сметка имаат преку милион лева. Најмногу

расте бројот на депозити во банките со депозити меѓу 50.000 и 100.000 евра што е 44,3 отсто или повеќе од 17.000 лица во последните една година. Дека богатите стануваат се побогати, а сиромашните се посиромашни покажува и податокот дека бројот на сметките со количество пари од под 500 евра нараснал за 2,7 отсто или за 262.000 лица. Бројот на фирми кои имаат повеќе од милион евра на сметка нараснал за 11 отсто и сега во Бугарија има 1.928 такви компании. Во Бугарија според последниот попис живеат 7,3 милиони жители. Бројот на вработени изнесува 2,19 милиони и тие месечно примаат во просек 353 евра.

Бугарија од членството во ЕУ заработи 2,25 милијарди евраБУГАРИЈА СТАНА НЕТО ПРИМАЧ НА ЕВРОПСКИ ПАРИ

Бугарија од членството во Европската унија од јануари 2007 година до септември годинава заработи 2,25 милијарди евра, се вели во извештајот на бугарскиот министер за финансии Симеон Дјанков. Бугарија во тој период од ЕУ доби 3,85 милијарди евра од разни фондови. Дел од средствата се од европскиот фонд за развој на земјоделството, а остатокот од претпристапни фондови. - Во општиот буџет на ЕУ, Бугарија уплати 1,65 милијарди евра, нагласи Дјанков. Според него, Бугарија во општиот буџет на ЕУ до 2009 година внесувала повеќе отколку што добивала, но таа тенденција се сменила минатата година.

- Од нас зависи во наредниот програмски период како ќе работиме, за да усвоиме колку може повеќе средства, рече министерот за финансии, кој е и потпретседател на Владата во Софија. Тој посочи дека Бугарија оваа година од ЕУ ќе добие 1,07 милијарди евра, а во буџетот за наредната година се предвидени 1,91 милијарда евра. Преговорите за тоа какви финансии Бугарија ќе добие ќе почнат во пролет 2012 година.

Природниот гас во Бугарија поскапува до пет процентиДИСТРИБУТЕРИТЕ БАРАА 18 ОТСТО!

Претседателот на бугарската Државна регулаторна комисија за енергетика и води Ангел Семерџиев изјави дека нема никакви шанси цената на природниот гас да се зголеми за 18 проценти, како што е барањето на дистрибутерот „Булгаргас“ и дека поскапувањето ќе биде до пет проценти. Компанијата „Булгаргас“ објави дека горивото ќе поскапи за 17,6 проценти со образложение дека Комисијата одобрувала пониски цени од оние кои ги предложиле тие, како и поради поскапувањето на доларот кој е основно средство за купување на природен гас во странство. - Во изминатите две години при регулирањето на цените му овозможивме на „Булгаргас“ позитивен паричен прилив, истакна Семерџиев, нагласувајќи дека проблемите кои компанијата ги има со старите должници треба сама да ги решава, а не да бара компензација преку цената.

Во Бугарија за 1.000 кубни метри природен гас за домаќинство потребно е да се издвојат 834,97 лева, односно 418 евра.

Page 26: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СВЕТ САД со апел до АзијаПОБАРАНА ПОМОШ ЗА СПАС НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Соединетите Американски Држави на Самитот на Азиско-пацифичкиот економски форум (АПЕК) ја повикаа Азија во поголема мерка да го стимулира економскиот раст за да се спречи ширењето на должничката криза во еврозоната. Американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер, кој неодамна претседаваше со разговорите на министрите за финансии на членките на АПЕК, изјави дека централна тема на состанокот била како економскиот раст да се направи поизбалансиран и поодржлив, имајќи ја предвид кризата во Европа. - Азиските економии ќе мораат да вложат повеќе напори во стимулирање на растот на домашната побарувачка, за да бидат помалку изложени на проблемите како што се должничката криза во Европа, но и да можат и понатаму да придонесат за глобалниот економски раст, истакна Гајтнер.

Дваесет и една членка на организацијата на АПЕК учествуваат во светскиот бруто домашен производ со повеќе од 50 отсто, во глобалната трговија со 44 отсто, а во вкупниот број на светското население околу 40 проценти. Самитот во Хонолулу се одржува од 11 до 13 ноември. - Иако економиите на АПЕК се најранливи во време на светската криза, тие исто така, можат да имаат најважна улога во придоносот на глобалното заздравување и поставување темел на силен, оддржлив и избалансиран економски раст во иднина, истакна Гајтнер.

Стапката на невработеност во Турција намалена на 9,2 процентиЕКОНОМСКИОТ РАСТ ОТВАРАРАБОТНИ МЕСТА

Стапката на невработеност во Турција во периодот јули-октомври е

намалена на 9,2 проценти во однос на 11,4 отсто колку што изнесуваше во истото четиримесечие во 2010 година, соопшти Турскиот статистички институт.

Според Институтот, за една година бројот на невработни во Турција е намален за 450.000 на 2,52 милиони лица. Во првата половина на 2011 година економскиот раст на Турција беше меѓу најголемите во светот. Во првиот квратал од годинава растот изнесуваше 11,6 проценти, а во вториот 8,8 отсто. Лани Турција забележа економски раст од 8,9 проценти. Турската Влада минатиот месец објави дека очекува економскиот раст во 2012 година да се намали на четири отсто, како последица на кризата во еврозоната.

Транзициски извештај на ЕБОР за напредок на реформиГЛОБАЛНАТА КРИЗА ВЛИЈАЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ПАЗАРНИТЕ РЕФОРМИ

Глобалната криза предизвика значително намалување на поддршката за демократија и пазарна економија во голем број развиени економии во централна и источна Европа и централна Азија, наведува Европската банка за обнова и развој во годишен извештај за напредок на реформи и економски развој.

Банката истражува причини за големиот пад на поддршка за принципите на демократија и пазарна економија во новите членки на Унијата во изминатите четири години и големиот пораст во многу членки од Заедницата на независни држави.

Извештајот се фокусира на разбирање на кризата од 2008 - 2010 година и нејзино влијание од перспектива на домаќинствата и поединци. Транзицискиот ивештај анализира податоци од 39.000 луѓе претежно од европски транзициски држави во кои инвестира Банката и наведува дека кризата многу повеќе ги погодила обичните луѓе во тие држави отколку во западна Европа. Во него се заклучува дека слободните пазари и демократијата губат поддршка во развиените транзициски држави бидејќи во оваа криза тие имале поголеми загуби отколку во изминатите рецесии од почетокот на 90-те години од минатиот век. За разлика од нив во ЗНД кризата била генерирана како генерално помала отколку по падот на претходниот политички систем.

КОРПОРАЦИИ

Хипотекарна компанија „Фани Меј“ трупа загубиПОВТОРНО ПОБРАНА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА НА САД

Чиста загуба од 7,6 милијарди долари во третиот квартал примора компанијата Фани Меј повторно да се обрати до Министерството за финансии на САД за помош од 7,8 милијарди заради покривање на тој долг. Нето загубите во третиот квартал од 2010 година се 3,4 милијарди долари. Таа хипотекарна компанија досега добила вкупно 104,8 милијарди долари државна помош. Ако Министерството одобри, тоа ќе биде најголема вкупна сума одобрена за компанија. Фани Меј пред две години побара помош од Владата од 10,7 милијарди долари за покривање на загубите во вториот квартал од 2009 година во висина од 14,7 милијарди долари. Во првото тримесечие ФМ имаше загуби од 6,47 милијарди долари, во вториот намалени на 5,1 милијарди и во третиот 7,6 милијарди долари. Минатата недела помош од Владата во САД побара Фреди Мек, втората по големина хипотекарна компанија поради загуби од 4,4 милијарди долари.

Page 27: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СВЕТ

„Хјулит Пакард“ НАЈЕКОЛОШКИ ЕЛЕКТРОНСКИ БРЕНД

Организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ ја прогласи мултинационалната компанија со седиште во САД, „Хјулит Пакард“ (ХП) за „најеколошки електронски бренд“ за 2011 година. Како посебна заслуга на ХП му е припишано и тоа што, меѓу другото, ги намалил емисиите на јаглерод во воздухот.

Со ова ХП на првото место го замени финскиот производител на мобилни телефони „Нокиа“, кој во претходните три години беше неприкосновен лидер на листата на „Гринпис“ на „најеколошки електронски брендови“, а годинава се најде на третото место. На второто место на листата е американската компанија „Дел“, која успеа да напредува дури осум места меѓу другото и благодарејќи на најамбициозната климатска цел. На овогодишната, шест по ред, листа на „Гринпис“ се класифицирани 15 електронски брендови, кои се оценувани според неколку различни критериуми поврзани со заштитата на животната средина.

Американската софтверска компанија „Адоб“ се реорганизираОТКАЗ ЗА 750 РАБОТНИЦИ

Американската софтверска компанија „Адоб“ соопшти дека ја реорганизира компанијата и дека укинува 750 работни места.

Оваа компанија сака да се организира околу два сегмента

„дигитални медиуми“ и „дигитален маркетинг“, пренесоа француксите елекстронски медиуми. Станува збор за реорганизација која ќе резултира со укинување на 750 работни места и трошоци меѓу 87 и 94 милиони долари.

Ворен Бафет вложи 10 милијарди долари во акции на ИБМНАЈГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СЕКТОРОТ НА ИНФОРМАЦИСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА

Американскиот инвеститор и еден од најбогатите луѓе на светот Ворен Бафет купи за 10,7 милијарди долари акции на компанијата „Интернешнал бизнис машинс“ (ИБМ).

Тоа е негова најголема инвестиција во секторот на информациската технологија, која досега, по правило, ја избегнувал. За европските банки Бафет не е заинтересиран, бидејќи не е сигурен дали ЕУ е во состојба да изврши неопходни промени за Европа да се извлече од кризата. Тој во разговор за телевизијата Си-Ен-Би-Си изјави дека акциите на ИБМ ги купувал во делови и тоа преку својот инвестициски фонд „Беркшир Хетвеј“. Бафет со купувањето започнал уште во март, а раководството на ИБМ претходно не го информирал за својата намера. Фирмата дознала дури од телевизиското интервју. Бафет собрал вкупно околу 64 милиони акции, што претставува удел во ИБМ од 5,5 отсто и со тоа се вбројува меѓу најголемите инвеститори во оваа компанија. Ворен Бафет оваа година веќе купил акции во американската финансиска институција „Бенк оф Америка“, најголемата банка во САД. Во неа вложил околу пет милијарди долари.

„Пежо- Ситроен“ отпушта 4.000 работници во Франција КОНСОЛИДАЦИЈА СО КРАТЕЊЕНА РАБОТНИ МЕСТА

Францускиот авто-гигант „Пежо-Ситроен“ (ПСА) ќе укине најмалку 4.000 работни места во Франција следната година, во рамки на планот на намалување на трошоците на сите нивоа, соопштија синдикални извори на компанијата. Влијателните синдикати вработени во автоиндустријата ЦГТ и ВФДТ предупредија дека 1.000 работни места ќе бидат укинати во производството, 500 во секторот на истражување и развој, 400 во другите одделенија и меѓу 2.200 и 2.500 вработени во партнерските компании. Откази за околу 1.600 работници во партнерските фирми ќе уследат во секторот за истражување и развој, соопштија синдикалните лидери. Компанијата ПСА минатиот месец објави дека планира отпуштање на „илјада работници“ во Европа, како дел од планот за заштеди во вредност од 800 милиони евра поради пад на продажбата на возила на европскиот пазар.

„Киа“ доби нов претседател за ЕвропаПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗНАЧИТЕЛНИОТ РАСТ НА КОМПАНИЈАТА

Корејскиот произведувач на автомобили „Киа“ доби нов претседател за Европа, Биунг Тае Јеа. Канцеларијата на „Киа“ за Европа се наоѓа во Франкфурт. Јеа во октомври минатата година во Дубаи беше претседател на „Киа“ за Блискиот Исток и Африка, каде во кус временски период постигна значителен раст на продажбата на тие пазари. Корпорацијата „Киа Моторс“ е основана во 1944 година и е најстар корејски автомобилски произведувач.„Киа“ годишно продава повеќе од 2,1 милион возила, кои се произведуваат во 13 фабрики во осум земји.

Page 28: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ

ПченицаЗГОЛЕМЕНА ПРОГНОЗАТА НА РУСКИОТ ИЗВОЗ

Американското Министерство за земјоделство повторно ја зголеми прогнозата за рускиот извоз на житарки во тековната сезона која трае од јули 2011 крајот на јуни 2012 година. Проекцијата на извоз на житарки Русија е зголемена од 18 на 19 милиони тони. Прогнозата на рускиот извоз на житарки за исхрана на стоката е зголемена од 2,22 милиони тони на 2,42 милиони тони. Министерството ја остави проекцијата на руското производство на пченица на непроменливото ниво од

56 милиони тони, додека прогнозата на пренесени резерви на лебно жито во идната сезона е намалена на 12,14 од 13,14 милиони тони. Американсккото Министeрство за земјоделство ја зголеми прогнозата за светското производство на пченица во тековната сезона од 681,2 на 683,3 милиони тони. Прогнозата на светското производство на сточни жити е намалена од 1.136,28 милиони на 1.135,82 милиони тони.

Русија ГОДИНАВА СЕ ОЧЕКУВА БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ

Русија оваа година би можела да ја заврши со буџетски суфицит од 0,3 проценти од Бруто домашниот производ (околу три милијарди долари), изјави рускиот заменик-министер за финансии Татјана Нестеренко. Буџетскиот суфицит е можен благодарение на растот на очекуваните приходи, како и на значителната заштеда

на буџетските средства. Владата успеа да обезбеди есктра приходи во висина од 78-80 милијарди рубљи, додека расходите се намалени за 50-60 милијарди рубљи, додаде Нестеренко.

Европска комисија: Грчкиот долг ќе достигне околу 200 проценти од БДП следната годинаРЕЦЕСИЈАТА ПРОДОЛЖУВА Европската комисија ја ревидира својата прогноза за буџетскиот дефицит на Грција за оваа и за следната година на 7,8, односно на 5,4 проценти од Бруто

домашниот производ со предвидување дека рецесијата во земјата ќе продолжи и следната година. Грчкиот долг ќе изнесува 198,3 проценти од БДП во 2012 година, нагласи ЕК. Рецесијата во Грција ќе продолжи во 2012 година со намалување на буџетскиот дефицит од 2,8 проценти, предупреди ЕК во есенските економски прогнози, откако во текот на пролетта се` уште очекуваше раст од 1,1 отсто. Растот на грчката економија ќе се обнови во 2013 година со зголемување од 0,7 проценти.

Рекордна стапка од 18,4 отсто на невработеност во ГрцијаНА БИРО ПОВЕЌЕ ОД 900 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ

Невработеноста во Грција достигна рекордни 18,4 проценти во август, кога државата презема економски мерки на барање на странските кредитори за излез од рецесијата. Според грчкиот државен Статистички институт невработеноста во

јули била 16,5 проценти, додека во август се искачила на 18,4 отсто односно 907.953 луѓе и покрај летната туристичка сезона. Грчката економија веќе четврта година по ред е во рецесија, а Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд не очекуваат подобрување пред 2013 година. Стапката на навработеност во Грција во август е значително повисока во споредба со август минатата година, кога изнесуваше 12,2 отсто. Најпогодени од невработеноста и понатаму се младите Грци односно групата од 15 до 24 години. Кај оваа возрасна група стапката на невработеност се искачи на 43,5 проценти, што е двојно поголемо во споредба од пред три години.

Истражувања на нафта и гас во Турција СО „ШЕЛ“ ПОТПИШАН ПАРТНЕРСКИ ДОГОВОР

Турција со холандската нафтена и гасна компанија „Шел“ ќе потпише спогодба за подводни истражувања на нафта и природен гас, изјави турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз. Јилдиз, меѓутоа, не прецизираше каде ќе бидат изведени заедничките истражувања, пренесуваат француските медиуми. До спогодбата доаѓа откако владата на Кипар, која Анкара не ја признава, склучи спогодба со американската компанија „Нобл енерџи“ за истражување на гас во водите јужно од поделениот Кипар.

Турција смета дека владата на Кипар нема право да изведува подводни истражувања на нафта и гас се додека траат преговорите за повторно обединување на островот во Средоземно море, што се водат во рамки на ОН.

Page 29: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Мислење на економистот Владимир ГлигоровФИСКАЛНАТА ЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА НА ЕУ НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НА ПРИЕМОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ

Пишувањата за крај на Европската унија онаква како што ја знаеме, според Владинир Глигоров, научен соработник во Виенскиот институт за Меѓунарoдни економски студии, не се претерани, јавува дописникот на МИА од Прага.

- Во овој момент, проблемот за кој посебно се разговара е понатамошна фискална централизација на ЕУ и секако ако дојде до тоа тоа би било нешто сосема ново во однос на ова што сега го имаме, изјави Глигоров за Радио Слободна Европа. Според него, загрозувањето на еврото е комплицирано поради италијанските долгови, но смета дека десетгодишното функционирање на еврото и меѓусебните финансиски зависности на земјите од еврозоната не може така леснo да се растури. - Ако Грција го напушти еврото тоа не би било од големо значење, трошоците би биле големи, но не и неподносливи, вели Глигоров, додавајќи дека поинаква би била ситуацијата ако тоа се случи со Шпанија, Италија или други земји. Најавените промени на ЕУ, според Глигоров нема да влијаат на приемот на балканските земји во Унијата поради тоа што тоа е подалечна перспектива за сите земји освен за Хрватска која практично е член. - Тоа е прашање на време. Се поставува прашање кој тип на однос овие земји би сакале да го имаат. Досега беше така, што на евентуалното зачленување во ЕУ му следеше зачленување во Шенген, евентуално заеднички пазар на трудот, а

дури подоцна некаква заедничка фискална заедница, смета Глигоров. Тој додава дека е прашање дали би сакале толку далеку да дојдат Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. - Вие знаете дека на Балканот еврата се користат како пари. Според тоа, прашањето за партиципација во монетарната унија би била врзана за некакви услови, објасни Глигоров.

„Јуропиан воис“НОВИТЕ ЧЛЕНКИ НЕ СЕ ВИНОВНИ ЗА КРИЗАТА ВО ЕВРОЗОНАТА

Новите членки не се виновни за кризата во еврозоната, туку за тоа се одговорни старите членки на Европската унија, објави на својата веб страница „Јуропиан воис“ во коментар под наслов „Европа на две брзини, при што бавната ја претрка брзата“. Тврдењето дека проширувањето на Унијата од 15 на 27 членки се случило премногу брзо и оти европските граѓани веќе не го разбираат значењето на ЕУ, нејзините политички цели и нејзините географски граници почива на неверојатна логика, посочува весникот. - Не Естонците (кои речиси и да немаат нето долг), го извадија од колосек европскиот проект, ниту Летонци

(кои спроведоа успешна економска програма, која се разликува од мерките во Јужна Европа). Европа беше турната во рецесија не од Полјаците и нивната уверливо растечка економија, не од Чесите со стабилен банкарски систем и не од Словаците (кои се многу посиромашни од Грците), кои заедно со Словенците и Естонците во моментов придонесуваат за спасувачките еврофондови. Не се ниту Унгарците тие кои претставуваат закана за банките во соседните земји, констатира „Јуропиан воис“. Весникот нагласува дека во одредена мера новите членки Бугарија и Романија претставуваат разочарување во сферите како корупцијата, судскиот систем, односот кон Ромите и други проблеми. - Но да се оспорува целото проширување поради тие проблеми е нелогично. Бугарија и Романија немаше да исчезнат од географските мапи, доколку нивниот прием беше одложен. А надвор од ЕУ нивните реформи ќе беа поспори. Но во секој случај не се Бугарија и Романија тие кои се закануваат на иднината на Европа, на заедничкиот пазар и мирот, констатира „Јуропиан воис“. Весникот потенцира дека најсериозните проблеми во еврозоната се наоѓаат кај старите членки и објави графикон на кој е прикажан економскиот раст, кој би го остварила Италија, доколку навреме ги спровела малите реформи, како што тоа го сториле Летонците. Весникот истакнува дека фискалната дисциплина во Грција е на далеку пониско ниво, отколку во сите источноевропски земји.

Ван Ромпуј, претседател на Европскиот советРЕШИТЕЛНО ВО ЗАШТИТА НА СТАБИЛНОСТА НА ЕВРОЗОНАТА

Европската унија е решена да ја заштити стабилноста на еврозоната, изјави во Цирих претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.

- Стабилноста на еврозоната е од суштинско значење и за светската економија, изјави тој на конференција за новинари по состанокот со претседателката на Швајцарија Мишелин Калми Реј. Ван

Page 30: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Ромпуј со неа разговараше за односите на Берн и ЕУ и за кризта во еврозоната. - Од почетокот на кризата имавме двојна задача - да се соочиме со неа и да спречиме да не почне нова, изјави Ван Ромпуј. Според него, целта е да се зачува интегритетот на еврозоната со сите нејзини членки. Ван Ромпуј оцени дека одговорноста на ЕУ не е само да гарантира стабилност на еврозоната туку и да го стримулира растот.

Дејвид Камерон, британски премиерИТАЛИЈАНСКАТА СИТУАЦИЈА Е ЗАКАНАЗА СЕКОЈА ЗЕМЈА ОД ЕВРОЗОНАТА

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска во Лондон дека ситуацијата во Италија претставува закана за секоја земја членка на еврозоната и за секоја Влада. Тој ги повика сите лидери веднаш да делуваат за смирување на ситуацијата, наместо да го одлагаат решавањето на проблемите, со што само би се зголемила опасноста, јави дописникот на МИА од Лондон.

Опишивајќи ја сегашната ситуација во глобалната економија како алармантна, Камерон смета дека не се знае до каде ќе оди кризата во еврзоната, ниту колку и како ќе се развива европската криза, па затоа се заложи Велика Британија да биде подготвена, како што рече, за секој можен расплет. Изјавата на британскиот премиер доаѓа по натамошното продлабочување на кризата во зоната на заедничката европска валута и шпекулациите околу намалување или поделба на земјите во еврозоната, што беше демантирано од германската Влада, како неточно. Еврозоната во секој случај мора да ја брани својата валута и да спречи нивната криза да продолжува да и прави штета на европската и глобалната економија, рече Камерон. Тој смета дека европските влади треба да поведат сметка за своите буџетски трошоци, па јавниот долг да го усогласат со приходите што ги остваруваат, реафирмирајќи ја уште еднаш политиката на британската Влада, за остро и забрзано скратување на внатрешниот долг на земјата. Британскиот премиер учествува на

конферецијата за повторно придвижување на британската економија, што се одржува во Лондон.

Вацлав Клаус во неделникот „Тиден“ЕВРОПА ЈА ЧЕКА „ИЗГУБЕНА ДЕЦЕНИЈА“

Поради длабоката финансиска и економска криза, Европа, вклучувајќи ја и Чешка, ги чека „изгубена деценија“, пишува чешкиот претседател Вацлав Клаус во неделникот „Тиден“.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Клаус смета дека една од причините за тоа е погрешното системско регулирање на Европската унија каде, како што вели, како и во комунизмот владее „диктат на политиката над економијата“. Европа, според Клаус, треба да помине длабока промена која ќе биде слична на чешката трансформација по падот на комунизмот, во спротивно ќе се најде на работ на светските економии. - Ако треба да бидам рационален песимист, а не претерано оптимист, се плашам дека Европа, а со неа и нас, не чека „изгубена деценија“ слична на таа што ја преживеа Јапонија во 90-те години, вели чешкиот претседател. Постојаниот критичар на ЕУ појаснува дека последната декада Европа ја помина без економски раст, со постојани рестрикции и носење на пакети за спас, односно дека тоа била декада на социјален немир. Според Клаус, кој е познат евроскептик, кој за себе смета дека е еврореалист, причините за актуелната криза не се само економски. - Западната цивилизација создаде економски и социјален модел во кој барањата на поединци, на разни интересни и социјални групи и на држави се надредени над економските перформанси на земјите, пишува шефот на чешката држава. Доколку Европа сака да застане на нозе, според Клаус, мора да се промени од корен. - Да бидеме јасни, или во Европа што е можно поскоро ќе биде спроведена трансформација или Европа ќе стане периферија на остатокот на светот кој

динамички се движи, смета Клаус. Европските политичари, според него, не разбираат дека Европа е на „судбоносна крстосница“ и погрешно мислат дека кон промената ќе и бидат доволни ситни козметички интервенции. Клаус решението го гледа во враќањето на политиката во Европа, но притоа не мисли на политиката на институциите на Унијата. - Политиката може да биде само таму каде има демократија, вели Клаус кој додава дека според него претпоставка за политика и демократија е народот. А тој смета дека не постои европски народ и не може да постои. Пред две години Клаус изјави дека економската криза ќе заврши сама од себе и дека мерките на државите играат „минијатурна улога“. Решавањето на кризата, тогаш Клаус го спореди со лечење на грип и настинка и потсети дека кризата има своја динамика која не може да се прекине или ликвидира.

Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија СИСТЕМСКА КРИЗА ВО ЕВРОЗОНАТА

Кризата со која се соочуваат земјите-членки на еврозоната е од системска природа и бара сериозно ангажирање на сите членки на Европската унија, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пред европратениците.

Тој најави низа мерки за стабилизација на заедничката валута. Меѓу тие мерки е и зајакнат надзор на буџетите на 17 земји-членки на еврозоната, што ќе почне од идниот месец. - Мора да се најде начин земјите од еврозоната повеќе да се интегрираат, но на тој начин да не ги доведат во неприлики останатите десет земји-членки на ЕУ, посочи Баросо.

Page 31: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

ПАРАЛЕЛИ

Туризмот во соседните земји (2)МЕРКИТЕ ЗА ПОТТИК И СУБВЕНЦИИТЕ НОСАТ ГОСТИ

Преку дефинирањето на економското учество на туризмот, може да се споредат реалните постигнувања во националните економии во областа на туризмот. Директното учество на туризмот во БДП ги рефлектира ,,интерните“ трошоци, вкупната потрошувачка во одредена земја на туризмот на резидентите и нерезидентите во службено и рекреативно својство, како и владините индивидуални трошења односно, владините трошоци за субвенции во секторот за туризмот кои директно се однесуваат на туристите, како што се услугите кои владите ги пружаат во областа на културата, на пр. музеите, или рекреација, на пр. националните паркови. Директното учество на туризмот во БДП се пресметува така да биде конзистентно со учинокот на секторите карактеристични за туризмот, како што се хотелите, авио компаниите, аеродромите, патничките агенции и услугите за одмор и рекреација кои се директно поврзани со туристите. Директното учество на туризмот во БДП се пресметува врз основа на вкупната интерна потрошувачка со одделување на купувањата што се извршени во секторот туризам. Оваа мерка е доследна дефиниција на туристичкиот БДП. Вкупното учество на туризмот ги вклучува нивните пошироки

влијанија, односно, индиректните и индуцираните влијанија на економијата. Индиректното учество ги опфаќа БДП и работните места што се поддржани низ инвестициски трошоци во секторот туризам, како купување на нови летала и изградба на нови хотели, потоа колективната владина потрошувачка со која на многу начини се дава помош на секторот туризам, а во името на пошироката заедница, како туристички маркетинг и промоција, авијација, администрација, сигурносните служби, санитарните услуги за туристичките подрачја, и најпосле, домашната набавка на стоки и услуги од страна на секторот што работи директно со туристите: храна, средства за чистење, горива и ИТ-услуги за туристичките компании. Според Светскиот совет за туризам, во Република Македонија се очекува дека директното учество на туризмот во БДП ќе изнесува1,4% од БДП. Ова пред се` ја отсликува економската дејност на инустријата, како што се хотелите, патничките агенции, авио компаниите и другите превози на патниците, без услугите за превоз на работници. Исто така, ги вклучува дејностите на рестораните и одморалиштата кои директно ги поддржуваат туристите. Се предвидува дека вкупното учество на туризмот во БДП, вклучувајќи го поширокото економско влијание, ќе биде 4,8%, со прогноза во 2021 година тоа да достигне 6,%. Во земјите од опкружувањето директното и вкупното учество на туризмот во БДП во 2011 година ќе се забележат следниве постигнувања:

Директно учество на туризмот во БДП

2011 (САД $ милиони)

8 Италија 52.48

23 Русија 13.76

Просек во светот 13.71

37 Полска 6.76

40 Хрватска 5.60

81 Словачка 1.15

82 Словенија 1.11

97 Србија 1.10

116 Црна Гора 0.48

121 БиХ 0.37

153 Македонија 0.13

Вкупно учество на туризмот во БДП

2011 (САД $ милиони)

7 Италија 134.84

14 Русија 53.01

Просек во светот 36.84

27 Полска 22.37

45 Хрватска 10.68

70 Словенија 3.37

84 Србија 3.56

89 Словачка 2.31

107 БиХ 1.26

132 Црна Гора 0.59

147 Македонија 0.48

Во Република Македонија се очекува туризмот директно да учествува во обезбедувањето на 8000 работни места во 2011 година, што претставува 1,3% од вкупната вработеност. Тоа ги вклучува вработувањата во хотелите, рестораните, одморалиштата, патничките агенции и во другите служби за превоз на патници, без услугите за превоз на работници. Проценката е дека секторот туризам директно ќе обезбеди 10.000 работни места до 2021 година, со 1,5% од вкупната вработеност, и со годишен пораст од 1,7% во текот на следите десет години. Додека, вкупното учество на туризмот во вработувањата, заедно со пошироките ефекти на инвестициите и синџирите на снабдување, ќе биде 4,8% од вкупното вработување. До 2012 година се предвидува секторот туризам да има 5,4% од вкупната вработеност. Извозот преку посетата на странските туристи е основната компонента на директното учество во туризмот. Се очекува средствата потрошени од страна на странските туристи, да достигнат 5,9% од вкупниот извоз во 2011 година.

Директно учество на туризмот во 2011 (’000)

19 Италија 715.3

Просек во светот 523.6

23 Русија 477.3

45 Полска 221.2

60 Хрватска 134.9

111 Србија 37.9

115 Словачка 30.4

121 Словенија 26.9

129 БиХ 19.8

141 Црна Гора 14.0

155 Македонија 8.2

Вкупно учество на вработувањата туризмот во 2011 (’000)

9 Русија 3504.3

18 Италија 1965.9

Просек во светот 1789.4

36 Полска 846.9

66 Хрватска 311.0

101 Србија 135.4

115 БиХ 88.2

120 Словенија 81.6

121 Словачка 80.3

151 Македонија 30.0

150 Црна Гора 31.0 Капиталните инвестиции во Република Македонија се очекува да бидат резултат на привлекувањето инвестиции во секторот туризам со учество од 2,3% во вкупните национални инвестиции. Вкупната туристичката индустрија учествува во БДП и вработувањата на повеќе начини и е два пати поголема од нивното директно учество. Наведените неколку табели го покажуваат местото на земјите, со акцент на споредување на дестинациите од соседните и географски блиските и конкурентски земји, како и со просекот во светот. Конкурентските дестинации кои се одбрани имаат слични понуди и се натпреваруваат да привлечат туристи од исти пазари.

Вложувања во туризмот

2011 (САД $ милиони)

Извоз преку странски

посетители

2011 (САД $ милиони)

6 Русија 41.39 6 Италија 42.98

11 Италија 33.15 23 Русија 14.97

Просек во светот 7.66 29 Полска 11.76

30 Полска 6.93 33 Хрватска 10.13

40 Република Чешка 4.52 40 Република

Чешка 7.41

61 Словачка 1.85 Просек во светот 6.53

69 Хрватска 1.28 62 Словенија 2.75

75 Словенија 1.04 69 Словачка 2.24

104 Србија 0.29 74 Србија 1.67

124 Црна Гора 0.27 107 БиХ 0.72

156 Македонија 0.05 144

Македонија 0.25

Генералното рангирање на Република Македонија, од анализираните 181 земја во светот:

* 147. место според апсолутните бројки;* 142. место според релативниот придонес во

националната економија и * 82. место според прогнозите за очекуваните

резултати до 2021 година.

Земјите од опкружувањето преземаат мерки за поттикнување и субвенционирање на туризмот, специфични за односните земји. Табелите покажуваат соодветни резултати. Колку повеќе државата вложува во туризмот, и тоа го третира како чист извоз, толку ќе бидат добри и резултатите од туристичката жетва.

Лазо Ангелевски, Здружение на угостителството и туризмот

(Во идниот број: Мерки за подобрување на туризмот во Македонија)

Page 32: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

МОЖНОСТИ

Развојот на ИКТ-секторот во светотПОСТОЈАН РАСТ, СО ДИРЕКТЕН ОДРАЗВРЗ ПОСТИГНУВАЊАТА НА ЕКОНОМИИТЕ

Постојат две насоки во анализата на ИКТ-трендовите во светот: ИДИ го опфаќа напредокот на ИКТ-инфраструктурата, користењето и вештините, а ИПБ е моќно оружје за следење на достапноста на ИКТ-услугите и во објаснувањето зошто некои земји се движат побрзо од другите во нивниот развој во ИКТ-секторот. Во последните две години, светот е сведок на постојан раст на ИКТ-услугите и на заземањето на светот. Сите економии ги подобрија своите резултати потврдувајќи ја континуираноста на ширењето на ИКТ и развојот на глобалното информатичко општество. Иако ИКТ и нивото на нејзините приходи се многу зависни, пречките за приходите можат да се премостат со силни мерки на економски политики. Треба да се охрабрат сите земји за проактивна промоција на ИКТ-политиките и да се создава опкружување кое ќе овозможува овој сектор да расте. Пристапноста на ИКТ-услугите е значајно за привлекување повеќе луѓе во информатичката ера. Според Едицијата од 2011 година на Меѓународната унија за телекомуникации, споредбата на ИПБ во последните години на тарифите за фиксна телефонија, мобилната телефонија и фиксната широкопојасна Интернет-услуга на глобално и на регионaлно ниво, разликите на цените на развиените и на економиите во развој, покажа намаливање на цените за 50% за две години. И покрај овие крајно охрабрувачки појави, во некои земји во развој широкопојасниот Интернет-пристап е многу скап. Земјите без соодветен широкопојасен Интернет-пристап ризикуваат да се далеку од случувањата на глобалното информатичко општество. Фиксната телефонија продолжува да опаѓа уште од 2005 година, посебно во економски развиените земји, каде пазарот од фиксните линии го презеде мобилната телефонија. Зголемувањто на мобилните телефони во развиените телефони го достигна нивото на заситеност, забележувајќи пораст од 100%, но раст од само еден отсто во последната година. Во земјите во развој растот на мобилните претплатници е се` уште задоволителен, со 20%, без знаци на забавување. Пенетрацијата на фиксниот Интернет-пристап во

развиените земји оствари околу 24% на крајот на 2010 година, растот забавува, што покажува дека заситеноста е постигната, додека таа изнесува само 4,2% во земјите во развој. Безжичниот Интернет-пристап останува најсилен растечки сектор, посебно во земјите во развој каде

што порастот е 160% од 2009 до 2010 година, иако почетокт е на ниско ниво. Интернет-корисниците двојно се зголемија во последниве пет гоини и тие сега се повеќе од две милијарди во светот. Стапката на пораст во земјите во развој е висока (14 % од 2009 до 2010 година), и апсолутните бројки се од големите земји како Бразил, Кина, Индија, Нигерија и Руската Федерација. На крајот на 2010 година околу 30% од светското население имаше Интернет-пристап, од 12% во 2003 и 5% во 2000 година. Учеството на домаќинствата со Интернет-пристап постојано расте, посебно во земјите во развој, каде што околу 16% од домаќинствата имаат Интернет-пристап на крајот на 2010 година, во споредба со 66% во економски развиените земји.

Неодамнешните настани, како оние поврзани со Арапската пролет и публикувањето на доверливи политички информации на Интернет ја демонстрираа силата на комуникациите и поврзаноста и енормно зголемениот политички интерес во информатичкото општество. Ширењето на ИКТ во општествата кеде комуникациите и пристапот до информација беше многу лимитиран, ја прави ИКТ јака

алтка од кога и да било. И покрај овие охрабрувачки трендови, како на крајот на 2010 година, 70% од светската популација (и околу 80% од популацијата од земјите во развој) не користат Интернет, а уште помалку преку широкопојасна конекција. Во повеќето земји во развој, домаќинства, школи, болници и други јавни установи лоцирани надвор од урбаните подрачја не се поврзани со брз Интернет. Новиот светски тренд на насочување на интересот не е веќе чудото од мобилните телефони, туку потребата од најбрз широкопојасен Интернет-пристап. Безжичниот широкопојасен Интернет-пристап е најсилен растечки сектор, со припејд широкопојасни мобилни никнуваат во многу земји во развој и Интернет-корисниците се префрлаат од фиксна на безжична конекција и уреди. Потребата од новите мобилни уреди, како што се смарт телефоните и таблет компјутерите, ги забрзуваат тие процеси, но тие се се` уште многу скапи во земјите во развој и има потреба од развој на уште попристапни модели и производи. Достапноста на Интернет-пристапот и на капацитетите ќе ја зголеми потребата од употреба и корисното влијание од ИКТ, и приходите од нив. Од земјите во развој се регрутираат преку безжичните пристапи, а крајните корисници од бизнис-секторот и јавните и приватните организации продолжуваат да се базираат на најбрзите фиксни широкопојасни конекции. Актитивностите во иднина треба да се насочат кон цената, широкопојасната Интернет-достапност, брзината и квалитетот на услугата, вештините, соржината и јазикот и вклучувањето на корисниците од сите нивоа. Топ десет ИДИ-економии во 2010 година се Република Кореја, Шведска, Исланд, Данска, Финска, Хонг Конг (Кина), Луксембург, Швајцарија, Холандија и Велика Британија. Овие земји се карактеризираат со високо зголемување на Интернет и широкопојасен пристап и употреба, кое кореспондира со нивните економии со голем светски паричен прилив, даден од силната корелација меѓу нивото на ИКТ-развиеноста и БДП.

Лазо Ангелевски,Здружение на информатичко-комуникациски технологии

Page 33: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Единствениот лидер кој ги разбира реалните проблеми на Грција си поднесе оставкаФИНАНСИИТЕ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ, ТИЕ СЕ СИМПТОМНА РАСТУРЕНОТО ОПШТЕСТВО

*Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изгледа се зафати со она што други во Европа го немаат: финансиите се само симптом на грчкото растурено општество

Во август 1992, човекот со име Стефанос Манос дојде на местото министер за финансии во Грција. Тој е во и вон грчката политика уште од 1977, но Манос конечно ја доби работата што ја посакуваше, и платформа да спроведе нешто за кое со децении се залагаше: со приватизацијата. Грчкиот јавен сектор беше огромен и се уште растеше над она за што Манос веруваше дека е одржливо. Но, излезе дека проблемот е полош отколку што можеше да се замисли. Откако ги истражил грчките финансии, тој објави што открил, помеѓу другите нешта, дека грчката државна железница била толку очајна, а вработените во неа преплатени, што ќе било поевтино за државата да ја затвори железницата и на патниците да им плати такси за превоз. Денес ситуацијата не е нималку подобра: грчката железница годишно троши околу 700 милиони евра, од кои 400 милиони одат за плати за вработените, а приходот е само 100 милиони евра. Манос ги предупреди, но Грците не сакаа да слушаат и 15 месеци откако дојде на функцијата мораше да си поднесе оставка.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу поднесе оставка кога тој и грчкиот Парламент ги финализираат деталите во врска со предвремените избори и за преодната влада, која ќе ја води државата низ тешките мерки за кратења; и на Европејците за распоредот (а потоа и откажувањето) за спроведување грчки референдум дали да се прифатат мерките за санација. Грчкиот експремиер имаше две страни - грчките граѓани и европските централни банкари - и не им удоволува ниту на едните. Но, Папандреу изгледа разбира нешто што Стефанос Манос го најави пред 20 години: грчкиот проблем не се финансиите, туку дека се тие само симптом. Неколку илјади години откако Грците ја измислија западната цивилизација, основната премиса зад тоа се распадна: Гркот и државата веќе не работат усогласено. Во текот на минатата генерација, Грција бавно се претвори во држава со тивка анархија. Можеби премиерот во оставка го разбира добро ова како што изгледа или пак можеби и не. Но кој и да ги наследи, ќе треба да се справи со грчкото растечко невладеење пред тој или таа да се надева да ги среди финансиите.Можеби најконтроверзиот потег на Папандреу откако почна кризата во неговата држава беше да закаже народен референдум за помошта од Евроспката унија, со што ќе се спроведат тешки и непопуларни мерки за кратења. Референдумот ги налути Европејците, кои стравуваат дека Грците можат глупаво да ја отфрлат помошта, што ќе доведе до многу потежок банкрот кој може да му нанесе штета на целиот континент. Па дури и да помине, одложувањето може да додаде непотребна штета и нестабилност за веќе опасно потресените европски пазари. Ова изгледаше како мал поен зад неговата политичка заштита. Но, што и да било неговата мотивација за ова, референдумот на Папандреу ќе даде нешто што на Грците им е повеќе од потребно: поправање на веќе изгубениот однос меѓу грчкиот народ и нивната држава.Критиките од Европската централна банка ја промашија поентата. Освен преку помошта и мерките со кои можат да и помогнат на грчката економија, тие можат да сторат малку да се реши кризата. Грчкот народ е оставен сам за себе. Грчката држава која истовремено беше напаѓана од толку свои граѓани, не беше способна самата да се брани. Работниците во грчкиот јавен сектор се здружија да ги бранат

здивено големите плати и бенефити кои државата не можеше да им ги овозможи. Работниците во приватниот сектор станаа неверојатни даночни измамници, па така државата имаше се помалку и помалку приходи за да ги исплати нејзните растечки сметки. Дома, мамењето стана вообичаено за сите: атинските даночни обврзници пријавија 324 базени, за кој данокот беше платен. Но, истражувањето преку Гугл ерт покажа дека атињаните всушност имаат 16.974 базени. По еден на секои 52 Грци , што не соодветствува во врска со нивните даноци.Луѓето се чесни кон собирачот на даноци по две основи: едно според свесноста, а второ заради помалата свесност. Првото е заради законот - мамењето за вашиот данок ќе ви донесе казна или затвор. Второто е да си признаете дека е тоа метод да останете заедно со вашата влада и со општеството околу вас. Можеби вашата држава нема да се распадне ако малку лажете за непријавеното, но ќе се случи тоа ако доволно луѓе си задржат за себе големи даночни долари. Во ваш интерес е да жртвувате малку од вашите пари за поголемата заедница и повеќето луѓе во развиените општества го признаваат и го почитуваат ова. Ние почитуваме да бидеме управувани. Но, со текот на времето, Грците ја загубија таа совесност. Државата не е нешто за кое тие се жртвуваат, таа стана, како што ја опиша новинарот Мајкл Луис, „пињата“ (играчка со подароци која се крши).Токму заради ова грчкиот народ е лут за наметнатите мерки за кратења, ирационални мислења кои им изгледаат логични само на странци. Ниту еден Грк не ја растурил државата. Некој индивдуалец или семејство просто се нашле во систем кој го подржувал мамењето и искористувањето на државата, и не ја подржувал чесноста или себежртвувањето. Вакво нешто слично се случуваше по удирањето на ураганот Катрина врз Њу Орлеанс, каде помеѓу другото се скрши социјалниот код. Пред невремето, граѓаните на Њу Орлеанс воглавно го почитуваа законот. Но, кога поголемиот дел од нив почна да ги ограбува продавниците да си обезбедат доволно храна за да преживеат, индивидуалецот - дури и ако тој или таа сакаше да биде чесен - одеднаш доби сила да се придружи на пљачкањето. Федералната влада не најави дека ќе апси илјадници (или десетици илјадници) граѓани за грабежите: Таа призна дека проблемот беше скршеното социјално единство и побара

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 34: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

(иако го направи тоа бедно) начин да го среди проблемот. Па така, додека инсистирањето од страна на Европската централна банка Грција да ги спроведе мерките за помош е целосно логично, таа му се обраќа само на симптомот на грчкиот проблем.Референдумот на Папандреу можеше да го среди проблемот, но требаше барем да се проба тоа. Народното гласање за прифаќање на помошта која на Грција и е толку потребна, ќе го натераше секој Грк гласач индивидуално да одлучи дали тој или таа се согласува со грчката држава и дали има волја да ја направи неопходната жртва за да ја одржи државата во живот. Со други зборови, ќе ги натераше луѓето да признаат дека се дел од колективот кој ќе опстане или ќе пропадне заради индивидуалното однесување. Со ова немаше да заврши тивката грчка анархија, но ќе ја оттргнеше државата еден чекор поаделу од неа.Дури и заложбата на грчкиот премиер да си даде оставка ќе и помогне на Грција да оди чекор понапред од анархијата и кон национална соработка. Условите од оваа оставка - парламентарен договор за преодна влада и предвремени избори - ја присилија конзервативната опозиција да работи со Папандреу за создавањее на новата влада, со што и тие се вклучуваат во владеењето со Грција. Како и во САД, грчката политичка опозиција беше повеќе совесна да седи настрана и да им коментира на лидерите на државата отколку да учествува во актуелното владеење. Сега ќе треба да се вклучат во донесувањето на тешки и неопходни решенија за тоа како најдобро да се одржи Грција да плива.Ако Европската унија преживее, Грција ќе треба да почне ги решава своите реални проблеми - не само оние финансиските, кои сигурно ќе се повторат ако се занемарат и останат истакнатите социјални проблеми. За секое општество да функционира, неговите луѓе мора да бидат совесни дека со нив се управува: грците со години беа се помалку и помалку совесни, нешто што не беше видливо се додека не почна финансиската криза. Папандреу се обиде да ги доведе грчката држава и луѓето пак заедно, нешто за што ќе требаат години вистински да се оствари. Ако неговиот наследник ја продолжи оваа мисија, нему или на неа ќе и треба подршка од Европската унија. И тие ќе треба да ја дадат, не затоа што ЕУ е зависна од грчката финансиска стабилност. Италија покажува сличен распад на социјалната

материја; корупцијата расте, а политичкиот систем изгледа се помалку и помалку способен да се бори со неа. Италија е осма по големина економија во светот, поголема од Индија и од Русија. Доцна е за Европа да ја спречи грчката финансиска анархија, но ќе има време барем да научи многу од неа.

(Атлантик – Вашингтон)

Вистинската грчка трагедија - нејзините алчни олигарсиБОГАТИТЕ ГО ВОЗВРАЌААТ УДАРОТ

Каприциозност, недоверлививост и идеолошка воденост беа некои од позвучните епитети кои му ги прилепија на Јоргос Папандреу во неговите последни недели како грчки премиер. Но, треба да погледнеме во мотивите на неговите кочничари пред да му дадеме такви критики во лице. Повлечен во тонечката политичка битка дома и во странство, тој тивко се обидуваше да допре еден од од најдлабоко вкоренетите причини за грчката трагедија - криминалот и корупцијата.Додека новата грчка влада се бори да ја убеди Европа за нејзиното решение за одблокирање на закочениот јавен сектор во државата, таа исто треба да реши дали да се соочи со реалната домашна закана по грчката стабилност: мрежата на семејствата олигарси кои контролираат голем дел од грчките бизниси, финансискиот сектор, медиумите и самите политичари.Откога Папанреу стана политичар, неговата влада се обидуваше да ги сопре вообичаените неплаќачи на даноци. Тој во говорот во парламентот јасно кажа колку е длабоко загрижен во однос на се поголемите дубиози на некои од грчките банки. Само можеме да се надеваме дека оние што треба ова да го слушнат, и по наредба на тројката, ќе станат соодветни форензични во откривањето што навистина се случува во финансискиот систем на државата. Во истиот говор, Папандреу откри и некои драматични информации за себалканската операција за шверцување на гориво, од која Грција годишно губи околу 3 милијарди евра. Тој точно

објасни колкава штета направиле таквите криминални активности, освен кои се тие што се вмешани.Ологарсите на ова одговрија на два начини: Прво, тие ја засилија нивната вообичаена пракса да го вадат кешот од државата. Во минатата година, лондонскиот пазар за недвижности пријави огромен прилив на грчки пари.Второ, тие хистерично ги мобилизираа медиумите кои ги поседуваат, со цел да го омаловажат и негираат Папандреу во секоја прилика, предупредувајќи го дека остана сам меѓу грчката политичка елита.Нивната цел е јасна - тие едвај чекаат да го зграпчат државниот имот кој под различни планови за намалувањето на долгот, грчката влада мора да го приватизира. Со слободниот пад на домашната економија, вредноста на акците на овие исклучително вредни имоти - како што се државната електрокомпанија и националната лотарија - во изминатите две години постојано паѓаа. 10 проценти од ОТЕ (грчкиот телеком) летово беше продаден на Дојче телеком за околу 7 евра по акција, што е за 75 центи помалку од неговата вредност пред три години.

Конгломерати од олигарсите чекаат да зграпчат се што ќе падне до една петтина од вредноста - што ќе биде сирмашен финансиски прилив за државата, но за 5 до 10 години ќе биде вистинска бонанца за купувачите. Некои дури и навестуваа излегување на Грција од еврото, по што тие ќе можат да ги користат нивните милијарди евра извадени надвор од државата за да купуваат имоти по сеуште непознатата вредност на драхмата.Ако кризите во Грција и Италија не учат на нешто, тоа е дека Европската унија ја толерираше нашироко распространетата корупција, криминалот и малигното управање не само во Источна Европа, туку и кај некои свои важни европски членки. Додека ние европејците го учиме светот на важнте европски вредности - транспарентноста, доброто владеење и конкуренцијата - често затвараме очи на монополот на Берлускони врз медиумите, на влијанието на Камора на

Page 35: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

политиката во Кампања, и на хриничниот кронизам во грчката економија (за кои британската и германската влада, и не само тие, се целосно запознаени). Ако нешто произлезе од ова катастрофално соочување на Европа, е дека овие воспоставени матрици за корупција се разбиени. Инаку, ниту Грција ниту Италја нема да се ослободат од институционалната склероза која им овозможува на овие практиканти да просперираат. Но, пред да погледнеме со симпатии кон северна Европа за одговори, да се потсетиме и на милијардите долари во подмитувања од германските компании, како што се Сименс или Фероштал, кои им ги плаќаа а грчките посредници. Тоа се правеше со цел да се обезбедат лукративни, но преценети договори кои беа ставени на грбот на оние чесни грци кои заработуваа релативно малку, но неспоредливо со супербогатите во државата, всушност оние кои си ги плаќаа своите даноци.За Грција, прашањето е дали по Папандреу државата ќе најде квалитетен политички талент и визија кој ќе спроведе коренити и широки реформи со цел да ги оживее замрените институции во државата, и да го сопре разграбувањето на грчката економија од најбогатите и најмоќните граѓани на државата. Ова е нешто што меѓунардните кредитори на државата ќе сакаат исто така да го видат.Моите предвидувања се дека тоа нема да се случи и дека напорите на Папандреу подоцна ќе бидат почитувани како последни обиди да се спаси државата. (Фајненшел тајмс – Лондон)

Како се профитира од грчката криза?ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ЗАДОЛЖУВААТПРАКТИЧНО БЕСПЛАТНО

Инвеститорите не сакаат несигурни земји. Грција и Италија кај нив моментно не котираат баш најдобро. Од тоа профитира Германија. Поради големата јагма за државни обврзници, Германците се задолжуваат практично бесплатно. Во поплавата од вести околу драматичниот викенд во Грција помалку незабележан остана извештајот за

новиот кредит кој Германија го „купи“ на пазарот на капитал. Тој кредит за Германија практично беше бесплатен. Сојузната влада во понеделникот на 7.11, со емисија на нов пакет државни обврзници од инвеститорите позајми 3,834 милијарди евра. Само по себе ништо чудно, ликвидните држави редовно „купуваат“ помали или поголеми кредити за да ги подмират своите тековни обврски. Но, тоа што е интересно е висината на каматните стапки по која Германците ги позајмија парите. Во просек за државни обврзници со „рок на доспевање“ од половина година, каматната стапка изнесува 0,08 отсто. - Никогаш каматната стапка во овој сегмент не била пониска, се тврди во финансиските кругови. Пред само еден месец при емисијата на последниот пакет на исти обврзници, каматната стапка изнесуваше 0,291 отсто. Тоа што на прв поглед изгледа како минијатурна разлика во реалноста се два света. Инвеститорите очигледно во потрага за сигурни инвестиции се откажуваат од превисоките очекувања, тие се задоволни и со мини заработувачка. Од Владата во Берлин имено се порачува дека интересот за денешниот пакет бил толку голем што „можело да се продадат и два пати повеќе обврзници“. Пазарот на капитал е нервозен, а Германија од таа нервоза и должничка криза во еврозоната профитира. Берлин практично бесплатно позајмува пари на пазарот. Зошто? Германија во несигурни времиња ужива статус на „мирно пристаниште“, на Германија и се верува и и се позајмуваат пари и под цена за да не се заработи многу на тие позајмици. ААА за БерлинПоради солидните државни финансии Берлин и понатаму има врвен бонитет (ААА). Владата веќе најави дека тоа ќе продолжи да го користи: до крајот на 2011. Како што е најавено, Сојузната Република од инвеститорите ќе позајми вкупно 275 милијарди евра. Моментно сосема поинаква состојба владее во Италија која се наоѓа под зголемен притисок од финансиските пазари. Во понеделникот разни инвеститори на пазарот продадоа поголем пакет италијански државни обврзници. Потоа повторно порасна каматната стапка. И моментално таа е највисока од 1997 година. На обврзниците со рок на доспевање од 10 години изнесува дури 6,59 отсто. Италијанскиот државен долг изнесува околу 120 отсто од БДП, што

предизвикува загриженост во Рим и во Брисел. Притисокот на Италија се зголеми од минатата недела, а стана јасно дека владата на премиерот Силвио Берлускони одолговлекува со спроведувањето на ветените мерки за штедење. Кризата продолжи да се проширува и во почетокот на оваа недела. Во понеделникот многу светски медиуми (исто како и берзанските мешетари) почнаа да шпекулираат дека наскоро и Берлускони може да реагира на актуелниот развој – со поднесување на оставка.

(Дојче Веле – Берлин)

„Супер Марио“ назначен да ги излекува италијанските економски болестиНА ПОТЕГ „НАЈГОЛЕМИОТ ГЕРМАНЕЦ МЕЃУ ЕКОНОМИСТИТЕ“

Човекот кој е назначен да биде следниот италијански премиер го доби својот прекар „Супер Марио“ во кулоарите на Европската комисија откако ги сопре корпоративните џинови како Џек Велш и Бил Гејтс во нивната конкурентска трка.Елегантниот џентлемн со формални манири Марио Монти, се покажа во својата одлучност како тежок преговарач кога ги сопре мерџирањата на Џенерал електрик и Ханивел, и ја определи казната од 500 милиони евра против Мајкрософт за злоупореба на неговата доминантна позиција.„Тој се движи со претпазливост и зборува мудро. Но сепак се движи“, рече Карло Гуарнери, политички научник на Универзитетот во Болоња.Нема да има гаранција за успех во херкуловската задача која стои пред него: создавање доволно големо мнозинство за да ги спроведе болните структурни реформи низ поделениот парламент, за да спречи Италија да биде повлечена од заканувачката должничка криза.Но тој има и неколку чисти позиции: дел е од италијанскиот финансиски естаблишмент, има силни врски со европските институции и влади, и ужива целосна подршка од претседателот Џорџо Наполитано, кој во неделата му го додели маднатот на Монти за да формира нова влада.Како спротивност на бучниот Силвио Берлускони, кој си даде оставка во

Page 36: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

саботата, Монти е исто така фаворит на финансиските пазари, кои го омекнаа притисокот врз италијанскиот долг откако неговата кандидатура стапи на сила.Шеесет и осум-годишниот Монти се справува и крати од големите цифри, а оние кои го познаваат велат дека поседува суптилна мудрост. Зборува повеќе јазици и лесно се движи меѓу европските главни градови. Како актуелен претседател на престижниот милански универзитет Бокони, тој мина 10 години во Европската комисија, половината од тоа време на моќната позиција како комесар, и е еден од основачите на бриселската тинк-тенк организација Бругел, која спојува истражувања со политички препораки. Монти е целосно ангажиран во европските разговори за заедничката валута и за улогата на институциите. Ноќта кога Наполитано го именува за доживотен сенатор во Рим, Монти седеше во Берлин на панел дискусија за иднината на еврото.

„Еден човек на летот од Милано утринава ме праша: г-дине Монти, сигурни сте дека сте на вистинскиот лет?“, изјави тој неодамна. Иако нема дилеми дека Монти е дел од од политичката елита и патник во тесните кругови на европските креатори на политиката, тој не оддава впечаток дека е надвор од животот на обичните италијанци. На една телевискиска снимка се гледа како го полни автомобилот со гориво - што се суштинска спротивност на збунетите одговори кои ги дадоа политичарите кога неодамна на една телевизиска сатирична програма беа прашани која е цената на горивото.Во зовриената Италија, сликата на Монти на бензинска пумпа има поголемо значење како моќна личност ангажирана во обичните обрски, иако тој е моќен човек кој не бара привилегии - нешто за што тој вели дека сака да биде чисто и јасно.„Со воведување на поголема конкуренција, мојата задача ќе биде да воведам поголема меродавност и помалку непотизам, клиентизам,

корупција или било што друго“, рече Монти во Берлин неделава. Монти е роден во градот Варезе на север од Милано, као син на директор на банка. Како тинејџер, татко му за време на Студената војна го одвел да ги види САД и Советскиот Сојуз, за да си направи сопствен став за двете сили. Дипломирал економија и менаџерство на Бокони, и подоцна студирал во САД на Јејл, а минал и повеќе години предавајќи економија на неколку италијански универзитети. Тој е признат како шампион на слободните пазари и на намалената владина потрошувачка, а беше влијателен и во поставувањето на европските и меѓународните антимонополистички стандарди.„Отсекогаш ме сметаа за најголемиот германец меѓу економистите, што го примав како комплимент, но кое ретко вистински значеше дека е комплимент“, рече Монти на панел дискусија за евро-кризата во организација на симпозиумот Дарендорф во Берлин.Тој германската култура на стабилност ја опиша како еден од „подобрите извозни производи“ - став кој сигурно ќе му помогне во односите на Рим со моќниот Берлин, додека се справува со италијанскиот долг и стагнатниот економски раст. Неговите соработници велат дека тој е исто така уверен да застане зад европските институции - нешто што на владата на Берлускони и недостасуваше.Монти е добро свесен за негативните предрасуди со кои се сочуваат италијанците на европската сцена, гледиште кое се распали во последните години заради секс-скандалите на Берлускони, бројните судења за бизнис зделки и јавните гафови, понекогаш дадени на сметка и на другите лидери.Иако е познат по своето дело, неговиот контраст со Берлускони се цени низ цела Европа. Германскиот државен канал ЗДФ неделава го опиша Монти како „трезвен финансиски експерт - сосема спротивен од Берлускони“.„Мислам дека на Марио се гледа како на свеж воздух кој може веднаш да се почуствува од позитивниот однос на другите големи европски лидери“, рече Роналд Спогли, поранешниот американски амбасадор во Италија на маргините на конференцијата на универзитетот Стенфорд.Неговиот милански сораѓанин Џорџо Армани смета дека Монти е „физички совршен да биде премиер“, фалејќи ја неговата „мозочна елеганција“.Монти успеа дда се наметне во поларизираната Италија. Тој е почитуван и од левицата и од десницата. Само малкумина можат да оценат дали е

подобар Берлускони или неговиот вечен ривал Проди, но Монти успеа кај сите. Владата на Берлускони го предложи Монти за Европската комисија во 1994, додека Проди, кој во тоа време беше претседател на ЕУ, го направи конкурент за европски комесар во 1999. Берлускони неделава му честита на Монти на неговото назначување како доживотен сенатор, признаваји ги неговите „исклучителни придонеси на полето на науката и социјалната работа“. Само пред неколку месеци, Монти во колумната која ја пишува за Кориере дела сера од 1978, напиша дека е време Берлускони да си замине.Додека недостатокот на неговите политички врски придонесоа за негова широка подршка, тоа може да биде и против него како водач на технократската италијанска влада.„Во некои кругови се појавува загриженост околу тоа дали е добро да се состави влада која не е поврзана со партиската политика во Италија. Во Италија ви треба политика“, рече Томас Клау од Париз, член на Еврпската комисија за односи со странство. „Со ставање на тој факт настрана, не мислам дека во Италија постои друга линчност која ужива толкава меѓугранична почит како Марио Понти“.„Монти ја најави својата стратегија за управување со полтички поделената Италија во екот на кризата, за која тој пишува во Кориере“, вели Франческо Ѓавази, професор по економија на Бокони. Признавајќи дека таквите структурни реформи ќе бидат непопуларни помеѓу многу сегменти на народот, филозофијата на Монти е да ја распредели болката: балансирани реформи штетни по гласачите на левицата, исто толку блони како и за гласачите од десницата.„На крајот на денот, имаме иста цел. Тоа е неговата филозофија да се избегне блокирањеето на реформскиот процес“, рече Ѓавази. „Можеме да дискутираме дека оваа теорија ќе биде тешко да се спроведе. Мислам дека силната страна на владата е дека сега има чисто јасна идеја што треба да се стори“.

(Стар телеграм - Форт Ворт)

Page 37: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

„Окупирај го Вол стрит“ доаѓа во Германија

„ВИСТИНСКА ДЕМОКРАТИЈА – СЕГА“!

Илјадници демонстранти во неодамна се вклучија во движењето „Окупирај го Вол стрит“ во неколку германски градови, протестирајќи против глобалниот финансиски систем. Слични демонстрации се случија на многу места во светот.Полицијата проценува дека околу 15.000 демонстранти марширале низ Франкфурт до седиштето на Европската централна банка (ЕЦБ), додека околу 10,000 излегоа на улиците на Берлин. Неколку илјади им се придружија на протестите во Минхен, Келн и во други германски градови.Протестите во Келн одеа под слоганот „Вистинска демократија - сега!“ и изјавија солидарност со движењето „Окупирај го Вол стрит“ во Њујорк, каде се демонстрира против суровата неправда од страна на светскиот банкарски систем.Но германските демонстранти го фокусираа нивниот бес кон должничката криза која во моментов ја потресува еврозоната. Демонстрантите во Франкфурт го започнаа настанот „Окупирај го Франкфурт“ со театарска претстава насловена „Европа - грчка

трагедија“.Организаторите изјавија дека ќе го заземат и блокираат плоштадот пред ЕЦБ „на неодредено време“. Демонстрантите наредија пароли на кои пишпува „Шпекулирате со нашите животи“ и „Си играте со нашата иднина“, и побараа воведување даноци за финансиски шпекулации. Демонстрантите се собраа на плоштадот Александарплац во Берлин на пладне,

да маршираат кон канцеларијата на Ангела Меркел. Помеѓу организаторите беше и антоглобализациската група демонстранти наречени Атак.Некои демонстранти планираат и поставување протестни кампови, како оние во Мадрид и Њујорк.Триесет и две годишната Сикле Баскаја вели дека доаѓа од градот Хајделберг да учествува на собирот. Финансискиот сектор е неодговорен и алчен, вели таа. „Хуманоста и природата се исто така тргнати во позадина од гладта по пари“, рече таа, наведувајќи ги шпекулациите на пазарот за основни прехрамбени производи и заради нееднаквата дистрибуција на богатството. И таа самата работела во финасискиот сектор, додаде таа.Дваесет и седум годишниот наставник кој ни се претстави само како Тобиас рече „Го гледам глобалниот капиталистички систем како темпирана бомба за луѓето, но и за планетата. Нашето материјално опскрбување е финансирано на штета на други држави, а ЕЦБ го претставува овој неправеден и убиствен систем“, додаде тој. Тој носеше парола на која пишуваше „Капитализмот ќе го убие капиталимот“.Пензионерката Криста рече дека дошла мислејќи на нејзините деца и внуци „кои ќе треба да ги плаќаат нашите долгови. Мислам дека банкарскиот систем одвратно се нависна над сите нас. Инвестициските банки треба самите да си ги сносат загубите. Време е да се дигнеме инаку ништо нема никогаш да се случи“. Фројке Дистелрат од Атак е задоволна од масовноста. „Одлучивме да демонстрираме пред ЕЦБ, но треба да излеземе и пред Дојче банк или пред франкфурската берза“, рече таа.„Но ЕЦБ е машината која ја движи тројката“, рече таа, со акцент на ЕЦБ, Меѓународниот монетарен фонд и Европската Унија - трите меѓународни организации кои на Грција и даваат помош за излез од должничката криза.

(Локал – Берлин)

Европската унија МОМЕНТАЛНО ЕДИНСТВЕНА ДОБРА ВЕСТ Е ХРВАТСКА

*Церемонијата за потпишување ќе се одржува по петтиот ден по парламентарните избори во Хрватска, а место за потпишување ќе биде зградата на Европскиот совет во Брисел, во која во исто време ќе се одржи и дводневниот декемвриски состанок на врвот на ЕУКако што потврди портпаролот на полското претседателство на Европската унија Конрад Никлевиц, пристапниот договор со ЕУ Хрватска ќе го потпише на 9 декември. Од хрватската страна потпис на договорот ќе стават премиерката Јадранка Косор и претседателот Иво Јосиповиќ. Церемонијата за потпишување ќе се одржи по петтиот ден по парламентарните избори во Хрватска, а место за потпишување ќе биде зградата на Европскиот совет во Брисел, во која во исто време ќе се одржи и дводневниот декемвриски состанок на врвот на ЕУ. Со тоа ќе се оствари и желбата на полското претседавање, на кое потпишувањето на договорот со Хрватска е единствен приоритет на 6 месечното претседавање. До пред неколку недели во игра беше и можноста договорот да се потпише во Варшава на 19 декември, но тоа го откажаа поради состојбата во ЕУ и еврозоната. Откако Хрватска во јуни ги заврши 6 месечните преговори, по потпишувањето на договорот почнува процедура за негова ратификација во 27 земји на ЕУ. На договорот за приклучување се работеше две години. Во документот се предвидува и надзор на тие подрачја кои се опфатени со поглавјата 23, 24 и 8, значи Судството и основните човекови права, Правдата, слободата и безбедноста како и на Пазарниот натпревар. Што се однесува до процедурата за потпишувањето на договорот,

Page 38: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

прво на 14 ноември ќе се гласа во надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент, а потоа документот на нацрт резолуцијата за пристапниот договор со Хрватска ќе оди на пленарна седница и на гласање на 1 декември. Потоа Советот на министри на ЕУ на состанок на 5 декември може да го прифати нацрт договорот за пристапување. Тој ден ќе бидат објавени и сите останати процедурални претпоставки на потпишување. По потпишувањето, Европскиот совет ќе донесе и формална одлука Хрватска да стане „активен набљудувач“ во работата на Советот на ЕУ. На договорот за пристапување се работеше две години. Во документот се предвидува и надзор на тие подрачја кои се опфатени со поглавјата 23, 24 и 8, значи Судството и основните човекови права, Правдата, слободата и безбедноста како и на Пазарниот натпревар.Што се однесува до Европскиот парламент, тој е „согласен со пристапувањето на Република Хрватска во Европската унија и со одлуката на Советот за прифаќање на хрватската апликација за членство“, стои во резолуцијата која има законска сила. Во нацрт резолуцијата за хрватската апликација за членство во ЕУ се поздравува завршетокот на пристапните преговори „кои значително ја промениле с о ц и ј а л н о - п о л и т и ч к а т а , стопанската и културната состојба во земјата“. Во текстот се истакнува потребата да продолжат реформите и се наведува дека „процесот не е довршен и дека треба да се продолжи со еднаква одлучност и со тешка работа“. Во документот известувачот за Хрватска во Европскиот парламент Ханес Свобода, но и останатите претставници, ја повикуваат Европската комисија и понатаму да го контролира процесот на пристапување на Хрватска во Унијата, како и да контролира дали Хрватска ги исполнува сите преземени обврски. По потпишувањето на договорот Хрватска може да очекува од Европската комисија, но и сите земји членки, внимателно да ги следат реформите во судството,

основните права, слободи и безбедност, вклучувајќи непристрасно процесуирање на воените злосторства, борба против корупцијата, управување со границите, полициска соработка, борба против организираниот криминал, како и пазарниот натпревар и реформи во бродоградбата. Хрватска се повикува да ги продолжи судските реформи, бидејќи ефективниот правосуден систем е важен фактор за стопанскиот развој, јакнење на довербата на граѓаните и владеење на правото. Европскиот парламент „за еден од највисоките приоритети“ ја смета борбата против корупцијата на сите нивоа, посебно на високо ниво, потоа основање на тела за спроведување на законите, како и реформи на јавната управа. ЕП ја повикува Хрватска да продолжи „активно да го иницира и поттикнува процесуирањето на воените злосторства и да продолжи да соработува со Хашкиот суд“. Хрватска се повикува и понатаму да поттикнува враќање на бегалците со мерки за станбено згрижување и вработување. Конечно, ЕП ќе ја повика Хрватска да продолжи да развива добри односи со своите соседи, како и активно да учествува во регионалната соработка на сите нивоа. Не се исклучува и повикот на Хрватска да оствари напредок во решавањето на отворените билатерални прашања со некои соседи, пред се поврзани за границите, исчезнатите, бегалците и враќањето на имотот. ЕП смета дека отворените билатерални прашања не смеат да го спречат процесот на проширување на ЕУ и пристапувањето на земји кандидати и потенцијални кандидати од регионот на југоисточна Европа. По потпишувањето, Европскиот совет ќе донесе и формална одлука Хрватска да стане „активен набљудувач“ во работата на Советот на ЕУ. Што се однесува до потпишувањето на пристапен договор, последниот беше во пролетта во 2005 година во Луксембург, а го потпишаа 25 земји членки како и Бугарија и Романија. Потпишувањето тогаш не беше на највисоко ниво на претседатели и премиери, туку на шефовите на дипломатиите. Од бугарската и

романската страна договорот го потпишаа претседатели, премиери и министри за надворешни работи, а од европската министрите за надворешни работи. Поради тоа Брисел не би имал никакви проблеми ако договорот за пристапување со Хрватска од европска страна се потпише на ниво на шефови на дипломатијата, додека од хрватската страна својот потпис ќе го стават претседателот на државата, премиерката на Владата и министерот за надворешни работи. Сега е јасно дека договорот за пристапување Хрватска ќе го потпише на самитот на ЕУ, а тоа значи дека Хрватска моментално ќе биде единствена позитивна вест на самитот ако во совладувањето на кризата не се случат уште некои позитивни чекори. Секако, не треба да се заборави и можноста Србија да добие статус на кандидат, иако тоа зависи од некои големи членки на Унијата кои не се задоволни од српскиот пристап за смирување на тензиите на северниот дел на Косово. И уште еден мал детал: од една европска институција стигна предлог на потпишувањето на договорот со Хрватска да се поканат претседателите и премиерите на земјите од регионот. Дали предлогот е добар и на какви реакции може да наиде, за сега не можеме да коментираме. Единствено е сигурно – зад сите лоши вести кои овие денови стигнуваат од ЕУ и еврозоната, моментално единствена добра вест е потпишувањето на договорот за пристапување на Хрватска во ЕУ.

(Вјесник – Загреб)

Page 39: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Назив на Проектот РС - Белград: ИПА - надзор на градежните работи на Коридорот X, E75 автопат - патишта, мостови од Грделица до Владичин Хан Дополнување

Референца EuropeAid/130239/C/SER/RS

Финансиска референца.

10SER01/15/21

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Србија

Објавено на 8.11.2011 година

Краен рок за апликација

9.12. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг

Опис на Проектот LOT 1. Патишта и мостови од тунелот кај Грделица до Предејане; LOT 2. Патишта, мостови од тунелот кај Предејане до Цадичина Долина; LOT 3. Пат и мостови од Царичина Долина до тунелот кај Манајле; LOT 4. Пат од тунелот кај Манајле до Владичин Хан

Контакти h�ps://webgate.ec.europa.eu/europeaid

Назив на Проектот Проект за Дополнително финансирање на здравствениот систем

Референца WB4757-811/11 (WB4763-811/11

Финансиска референца

Project Id: P082223

Вид на набавка Испораки

Финансиер Светска банка

Земја Црна Гора

Објавено на 8.11.2011 година

Краен рок за апликација

16.12. 2011 година

Сектори Информатичка технологија

Опис на Проектот Набавка на WEB PORTAL, DMS AND ECTD VALIDATION AND REVIEW SOFTWARE (II фаза од проектот во Агенцијата за фармација)

КонтактМинистерство за финансии За Зоран Мијовиќ. Јована Томашевиќа bb. 81000 Подгорица Црна Гора. Tel: (382-20) 201-697. Fax: (382-20) 201-698. E-mail: [email protected]

Назив на Проектот MK - Скопје: ИПА - надградување на системот за идентификација на парцели во рамките на интегрираниот административен и контролен систем

Референца EuropeAid/132159/D/SER/MK

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 8.11.2011 година

Краен рок за апликација

Сектори Земјоделство - рурален развој Информатичка технологија

Опис на Проектот Техничка помош на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството

КонтактСектор за централно финансирање и договарање при Министерството за финансии

Назив на Проектот Ефикасност во преработувачките сектори

Референца EBRDZ71237

Финансиска референца

Procurement ref: 34599

Вид на набавка Услуги

Финансиер ЕБРД

Земја Albania, Austria, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croa�a, CzechRepublic, Hungary, Kosovo, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Serbia, Slovakia, Slovenia, Ukraine

Објавено на 9.11.2011 година

Краен рок за апликација

29.11. 2011 година

Сектори Земјоделство - рурален развој Енергетика Животна средина Трговија – индустрија Управување со програми

Опис на Проектот1) Неоргански хемикалии2) Фарми и агробизнис ( производство на храна, пијалаци и млекопроизводство)

КонтактElena KolodiyTel.: +44 20 7338 6765Fax: +44 20 7338 7451Email: [email protected]

Назив на Проектот MK - Скопје: Течни горива

Референца ECZ71270-земјио кандидати

Финансиска референца.

2011/S 216-352771

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 40: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО40 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Објавено на 10.11.2011 година

Краен рок за апликација

20.12. 2011 година

Сектори Енергетика

Опис на Проектот Набавка на нафта за греење Oil EL-1, набавка на дизел – Eurodiesel BS (DE 5), набавка на Eurosuper - BS-95

КонтактЈП Македонија пат - СкопјеДаме Груев 141000 Skopje, Република МакедонијаTelephone: +389 23111843E-mail: [email protected]: +389 23138736Internet address(es): : h�p://www.makedonijapat.com.mk

Назив на Проектот MK - Скопје: ИПА - Информатичка и комуникациска програма Дополнување

Референца EuropeAid/132061/C/SER/MK

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 12.11.2011 година

Краен рок за апликација

12.12. 2011 година

Сектори Информатичка технологија Односи со јавноста Законодавство

Опис на Проектот Градење на јавна поддршка на пристапниот процес базиран на добро информирање и реални очекувања

Контакт European Union, represented by the Eu-ropean Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary country,Skopje, REPUBLIC OF MACEDONIA

Назив на Проектот Црна Гора: Реконструкција на локалните патишта дополнување – Физибилити студија

Референца EBRDZ71291

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер ЕБРД

Земја Црна Гора

Објавено на 12.11.2011 година

Краен рок за апликација

15.12. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг Управување со програми

Опис на Проектот Реконструкција на 13 локални патишта и нивно доведување до регионални патишта За Далибор Милошевиќ Министерство за транспорт

Контакт[email protected]+382 20 482 432The EBRD’s Contact Person: Yvonne WilkinsonEuropean Bank for Reconstruc�on and DevelopmentOne Exchange SquareLondon EC2A 2JNTel: + 44 20 7338 7123Fax: +44 20 7338 7451E-mail: [email protected]

Назив на Проектот MK - Скопје: Улуги од мобилни телефони

Референца ECZ71323-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 217-354713

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 12.11.2011 година

Краен рок за апликација

15.12. 2011 година

Сектори Телекомуникации

Опис на Проектот LOT 1. Мобилна телефонија и директна линија LOT 2. Пренос на податоци и директна линија LOT 3. Black Berry услуги LOT 4. Индивидуални директни линии за мобилна телефонија

КонтактЕВН Македонија АД - Скопје11 Октомври 9 За Слаѓана Николовска, Лилјана Атанасовска, Маја Ристовска1000 Скопје Република МакедонијаTelephone: +389 23205000/41649E-mail: [email protected]: +389 23205000/45936Internet address : h�p://www.evn.com.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 41: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 41четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Бесплатен семинар на 18 ноември 2011 година

„АЛТЕРНАТИВЕН БИЗНИС-МОДЕЛ”14:00 – 16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Во рамките на Глобалната недела на претприемништвото 2011, Стопанската комора на Македонија во соработка со ПСМ Фондацијата организираат бесплатно предавање на тема: “Алтернативен бизнис-модел”. Предавањето ќе го одржи господин Роџер Коудри, меѓународен консултант од Велика Британија, кој 15 години работи со МСП, а 20 години има работено како дел од сениор-менаџментот на повеќе мултинационални корпорации (IBM, BBC, Business Support Agency, Оксфорд, ABIGEM итн.).

Предавањето ќе се фокусира на слабостите на компетитивниот модел, истакнувајќи ги предностите на колаборативниот модел и разгледувајќи ги различните фактори на успех во бизнисот. Целта на предавањето е да се потенцира неуспехот на „алчноста“ во бизнисот и разликите меѓу термините „живеј за да работиш“ и „работи за да живееш“. Предавањето ќе се одржи на 18 ноември 2011 година, со почеток во 14:00 часот, во Стопанската комора на Македонија. Предавањето ќе биде на англиски јазик. Сите заинтересирани лица можат да се пријават најдоцна до 17 ноември 2011 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 22 ноември 2011 година, еднодневен семинар во Стопанската комора на

Македонија“УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ ЗА

ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ”

Семинарот е за успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување на

огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување), и учество на електронски аукции, а ќе се одржи на 22.11.2011 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.

Поттикнати од фактот што на голем број компании -понудувачи не им се познати најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: Марија Јованоска, Горан Давидовски и вработени во Бирото за јавни набавки.

Програма на семинарот: *Статус на е-набавките во Република Македонија; *Креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите� на профилот на економскиот оператор; *Пребарување на објавени тендери и договори; *Електронски систем за јавни набавки и е-аукции;* Дигитално потпишување на понудите;* Поднесување на понудите преку системот; *Учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда.

Семинарот е наменет за: - сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и менаџментот кој одлучува за содржината на понудите. На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се:

* како да креирате кориснички профил;* основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот;* како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН;* како најбрзо да добиете информација за новите тендери;* како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат;* што е електронска аукција и како да учествувате на неа.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 18 ноември 2011 година. Учесниците е потребно да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на електронскиот систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 22 - 25.11.2011 година, во Киев, Украина

МЕЃУНАРОДЕН ИНДУСТРИСКИ ФОРУМ

Од 22 до 25 ноември 2011 година во Киев, Украина, ќе се одржи 10. Меѓународен индустриски форум. Главни организатори на форумот се Државната агенција на Украина за управување со државните корпоративни права и имотот, Меѓународниот изложбен центар, со поддршка на УНК “Укрверстатоинструмент”. Форумот што ќе се одржи во Меѓународниот изложбен центар во Киев е најголема изложба на опрема за машиноградба во Украина. Неговата вкупна експозиција во 2010 година изнесуваше 15.000 квадратни метри, а бројот на учесниците надмина 430 фирми. Индустрискиот форум го посетија повеќе од 12 000 посетители од различни профили.

Индустрискиот форум обединува неколку специјализираните изложби:• обработка на метал;• УкрМашТех (индустриски технологии, опрема за машиноградбата);• УкрВторТех (комисиона техника, опрема);• УкрЗварјуваннја (технологии, опрема, материјали);• Укр-Пром автоматизација;• хирдоулика, пневматика; • лежишта;• опрема за транспорт и складирање;• примероци, стандарди, еталони,

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 42: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО42 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

инструменти (контролно-мерачки инструменти, лабораториска и испитувачка опрема, метрологија, сертификација);• безбедност на производството (средства за колективна и индивидуална заштита);• поддоговори (барање на партнери за сместување на порачки од видовите на производството и сл.).

Во рамките на МИФ 2011 свои колективни изложби ќе организираат Република Белорусија, Народна Република Кина, Руската Федерација, Република Словачка, Република Tурција и Чешката Република. Програмата на Форумот предвидува одржување на специјализирани научно-практични конференции, семинари, технички советувања, деловни средби. Стопанската комора на Македонија организира учество на македонските компании на овој реномиран меѓународен настан од 21 до 25 ноември 2011 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 24 ноември 2011 година, работилница во Стопанската комора на Македонија“ЗДРАВ ДОБИТОК - КВАЛИТЕТНО МЛЕКО”

Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија организираат работилница на тема: “ЗДРАВ ДОБИТОК - КВАЛИТЕТНО МЛЕКО”, што ќе се одржи на 24.11.2011 (четврток) со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Ве покануваме да земете учество на настанот со цел да добиете информации и корисни совети за зголемување на ефикасноста на производството и грижата за здравјето на добитокот на темите: 1.Менаџирање на фарми за крави и надминување на најчестите проблеми;2.Третирање и исхрана на добитокот во пресушен период;

3. Македонија (состојба, предизвици, предлози

за подобрување).Учеството за сите учесници е бесплатно.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 24 и 25 ноември 2011 година во Казахстан

ЖИТО-ФОРУМ „KAZGRAIN” ВО АСТАНА

На 24 и 25 ноември 2011 година ќе се одржи 4. ЖИТО-ФОРУМ - “KazGrain”, во градот Астана, Казахстан. Домаќини на “KazGrain” се Министерството за земјоделство на Република Казахстан и АД “KazAgro” - Национален менаџмент холдинг.

Ве покануваме да учествувате на овој форум, на кој ќе присуствуваат светски водечки експерти во индустријата за жито (мелничко-пекарската) на Казахстан и голем број светски трговци на жито, агрохолдинзи, земјоделски претпријатија, како и претставници на бизнисот од Казахстан и од други земји. Заинтересираните компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 15 ноември 2011 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Презентација на 30 ноември 2011 годинаХОЛАНДСКИ ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА НА ВАШИОТ БИЗНИССтопанска комора на Македонија, сала 4 на 5. кат, во 11:00 часот

Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија организираат презентација на тема: “ХОЛАНДСКИ ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС’’.Ве покануваме на презентацијата со цел

да добиете практични информации за искористување на достапните холандски програми за поддршка на развојот на македонскиот приватен сектор.

Програмите ќе ги презентираат претставници на холандското Министерство за економија, задолжени за спроведување на програмите за Македонија и претставници на Економскиот оддел на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Презентациите ќе се однесуваат на следниве холандски програми за поддршка за бизнисот: 1. пронаоѓање и поврзување со холандски партнер (за трговија, инвестиции и друго); 2. финансиски грантови за поддршка на инвестиции во нови производи и услуги и 3. бесплатно советување и експертиза од страна на холандски експерти.Наведените програми се достапни за сите приватни компании од Република Македонија, без разлика во кој сектор или област припаѓаат. Користењето на истите е без трошоци, а процесот на аплицирање и подготовка на документација е брз и едноставен.Презентацијата е бесплатна, со времетраење од околу 2 часа, а ќе биде отворена со поздравен говор на амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Мариет Шурман.

Пријавување најдоцна до 18.11.2011 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 1 до 3 декември 2011 година, саеми во Република Турција

„BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGY FAIR“, „ELECO 2011“ и „BURSA SHEET METAL PROCESS-

ING TECHNOLOGY FAIR 20011“

Стопанската комора на Македонија организира посета на Саемот за обработка на метали и нивна технологија „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGY FAIR“, Саемот за електрика, автоматизација, осветлување и кабли, „ELECO 2011“ и Саемот за технологија на лим и обработка на лим, цевки „BURSA SHEET METAL PROCESSING TECHNOLOGY FAIR 20011“ во Бурса, со бесплатно хотелско сместување во хотел со 4 и 5 ѕвезди, влезници за саемот и бесплатен трансфер. Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании кои ќе изложат: - машини за обработка на метал, заварување, сечење, дупчење, рачен алат, пневматски и хидрауличен систем, електромотори, индустриски печки, индустриски системи за климатизација, апарати за заварување и нивни резервни делови, компресори, индустриски работи и др. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“,

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 43: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 43четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

организира посета на македонски компании на овие саемски манифестации, од 1 до 3 декември 2011 година. За посетителите е обезбедено бесплатно хотелско сместување, две ноќевања со појадок, влез, трансфер од хотел до Саемот и од аеродром до хотелот, доколку учесникот патува со авион. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Сите наведени трошоци, пријавените компании треба да ги подмират најдоцна до 25 ноември 2011 година, за да може да се направи резервација во хотелите во Турција. За оние компании кои нема да ги подмират трошоците навреме, нема да биде направена резервација и ќе се смета дека го откажале своето учество. Заради навремено организирање, компаниите своето учество треба да го пријават најдоцна до 21.11.2011 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Лидија Попзлатанова,Тел/факс: 389 23220469„Аdonis“

Од 8 - 12.12.2011 година, меѓународен саем за храна и пијалаци во Република Турција „ISTANBUL FOOD AND BEVERAGE FAIR 2011„

Стопанската комора на Македонија организира учество и посета на Саемот за храна и пијалаци “ISTANBUL FOOD AND BEVER-AGE 2011”; Саемот за продавници, трговски центри „MAMTECH ISTANBUL 2011” и Саемот за приватни посебни брендови „LABEL PROD-UCTS FAIR”, со обезбедени 100 метри квадратни бесплатен штанд и регистрација во саемскиот каталог, за излагачите и 50 % попуст за хотелско сместување, а за посетителите бесплатно хотелско сместување, влезници за саемите и бесплатен трансфер. Во периодот од 8 до 12 декември 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци “ISTANBUL FOOD AND BEVER-AGE 2011”; Саемот за продавници, трговски центри „MAMTECH ISTANBUL 2011” и Саемот за приватни посебни брендови „LABEL PRODUCTS FAIR 2011”. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе

учествуваат голем број реномирани турски и странски компании коишто ќе изложат:- млеко и млечни производи;- месо и производи од животинско потекло;- замрзната храна;- брашно, пекарски производи;- кондиторски производи;- жито и производи од жито;- растителни масти и масла;- маслинки и маслиново масло;- алкохолни и безалкохолни пијалаци;- чај и кафе, ореви, зачини, свежи производи, мед;- храна за бебиња, органски производи, прехранбени адитиви и сл.

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира учество и посета на македонски компании на саемската манифестација, од 8 до 12 декември 2011 година. За излагачите на Саемот е обезбеден бесплатен штанд и регистрација, како и 50 % попуст за хотелското сместување (транспортот е на товар на излагачите). Котизацијата за учество на излагачите на саемот е 3.000,00 денари. За посетителите, пак, обезбедени се бесплатно две ноќевања со појадок, влез, трансфер од хотел до Саемот и од аеродром до хотел, доколку учесникот патува со авион. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Сите наведени трошоци, пријавените компании треба да ги платат најдоцна до 30 ноември 2011 година, за да може да се направи резервација во хотелите во Турција. За оние компании кои нема да ги платат трошоците навреме, нема да биде направена резервација и ќе се смета дека го откажале своето учество. Заради изготвување на саемскиот каталог, компаниите-излагачи на бесплатниот штанд своето учество треба да го пријават најдоцна до 11.11.2011 година, а посетителите најдоцна до 25.11.2011 година.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Влатко Стојановски

Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 14 декември 2 011 година, на Скопски саем МАКЕДОНСКО-ИЗРАЕЛСКИ БИЗНИС-ФОРУМ

Македонско-израелскиот бизнис-клуб заедно, со амбасадорот на Израел во Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина, Н.Е. Дејвид Коен, на 14 декември 2011 година, во Мултибизнис Центарот на Скопски саем во Скопје, ќе организира Македонско-израелски бизнис-форум. Бизнис-форумот ќе биде составен од два дела: Генерален бизнис-форум и ИТ-бизнис-форум. ИТ-бизнис-форумот ќе биде организиран од страна на Македонско-израелскиот бизнис-клуб и „Кримсон Капитал“. На Генералниот бизнис-форум ќе присуствуваат компании од следните сектори:• обновливи извори на енергија;• медицина и фармација;• земјоделство, преработувачка индустрија и производство на храна;• туризам;• безбедност, градежништво, образование, финансии и услуги и др.

На Бизнис-форумот ќе присуствуваат компании од Македонија, Израел, Косово, Босна и Херцеговина и од Албанија.

Заинтересираните компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 14 ноември 2011 година, а пополнетиот формулар да го достават на е-адреса: [email protected]

Контакт:Екатерина Димитровскател: + 389 2 3113 259моб: + 389 70 80 20 72e-mail: [email protected]: www.mibk.org.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 44: Бизнис ИНФО број 74 од 17.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО44 четврток, 17 ноември 2011, Бр. 74

Турска компанија нуди истражувачки и развојни технологии за финални корисници кои се вклучени во производство на системи за лифтови, контрола на индустриска и воена

електроника.Валидност do: 2.4.2012 година

Хрватска компанија бара соработка со македонски компании во дејноста на

телекомуникации, инсталација, монтажа, инженерство и проектирање.Валидност do: 3.3.2012 година

Македонска компанија нуди градежни услуги и бара странски партнери за заедничко

инвестирање во развивање на туризмот.Валидност do: 3.11.2012 година

Грчка компанија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на опрема за

лаборатории.Валидност do: 3.4.2012 година

Компанија од Германија нуди услуги во областа на информирање за профилот на најпогодни

фирми за соработка во разни области погодни за македонските компании.

Валидност do: 3.4.2012 година

Турска компанија заинтересирана е да увезува лековити билки од Република Македонија.

Валидност do: 3.6.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да пласира во Хрватска земјоделски и прехранбени

производи од Република Македонија, свежо и конзервирано овошје и зеленчук посебно

(ајвар, лутеница, пинџур, корнишони, гамби и др., ориз, млечни производи сирење, кашкавал,

кондиторски производи, вино а посебно сакаат да договорат средби со производители

на производите кои се наведени во Скопје, Струмица, Гевгелија, Велес, Битола и Неготино.

Валидност do: 4.12.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира грејни тела на дрва, гас и струја во

Република Македонија.Валидност do: 4.6.2012 година

Компанија од Грција нуди ИТ-решенија за банкарскиот и автомобилскиот сектор во

Република Македонија.Валидност do: 7.4.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на земјоделството во

Република Македонија.Валидност do: 7.5.2012 година

Полска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пумпи и

компресори.Валидност do: 8.4.2012 гodina

Компанија од Грција бара соработка со туристички агенции и туроператори во

Република Македонија.Валидност do: 9.6.2012 година

Компанија од Грција бара соработка со производители на кујнски дрвени елементи,

гардеробери, внатрешни и сигурносни врати во Република Македонија.

Валидност do: 9.6.2012 година

Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пиво.

Валидност do: 9.5.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на апарати

за домаќинство, апарати за топлење вода, пегли и разни видови тостери.

Валидност do: 10.6.2012 година

Компанија од Кина бара соработка со производители на мермер, украсни камења и

др. во Република Македонија.Валидност do: 10.6.2012 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи

наменети захигиена и дезинфекција во здравството, хигиена и дезинфекција во индустријата, земјоделството,

јавни простории и транспорт, дезинфекција на вода за пиење и вода во базените, чистење на

загадени површини.Валидност do: 25.5.2012 година

Германска компанија е заинтересирана да соработува во Република Македонија во областа

на пружање на услужни дејности во тешка индустрија и енергија на ветер.Валидност do: 25.5.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ѓубрива и

пестициди.Валидност do: 25.4.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

земјоделски семиња, масло, слад и разни други производи за прехрана.

Валидност do: 25.3.2012 година

Компанија од Турција заинтересирана е во Република Македонија да пласира ткаенини за

постелнина, кадифени материјали, како и готови производи од текстил, постелнина и пешкири.

Валидност do: 26.5.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со комунални фирми во Република Македонија

за пласман на комунални возила за превоз на ѓубре и фекалии.

Валидност do: 26.10.2012 година

Српска компанија бара соработка со компании во Република Македонија кои вршат третман на

вода за пласман на постројки.Валидност do: 27.4.2012 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитна

облека од ветер, снег и вода.Валидност do: 27.5.2012 година

Романска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни

машини.Валидност do: 28.4.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за оласман на

пластични системи во областа на медицинската технологија (катетри, цевки за инфузија).

Валидност do: 28.4.2012 година

Туристичка агенција од Црна Гора бара соработка со хотели во Охрид за организирање

на дочек на Новата 2012 година.Валидност do: 28.1.2012 година

Компанија од Полска бара соработка со стоматолошки ординации во Република

Македонија за пласман на стоматолошки инструменти и материјали.

Валидност do: 28.3.2012 година

Туристичка агенција од Црна Гора заинтересирана е за соработка со туристички

агенции и хотели за организирање на туристички патувања во Република Македонија.

Валидност do: 30.4.2012 година

Германска компанија нуди консултантски услуги со финансиски решенија кои ќе обезбедат непречен проток на капитал во областа на

претприемништвото во Република Македонија.Валидност do: 30.4.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

електроопрема, приклучоци и кабли.Валидност do: 2.5.2012 година

Компанија од Италија заинтересирана е за пласман на возила во Република Македонија.

Валидност do: 2.5.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на соларни

панели кои се вклопуваат во секој вид на покривни конструкции за домови и за големи

објекти.Валидност do: 2.5.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски