58
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 1 1 1 1 1 9 9 9 9 9 2 2 2 2 2 2 2 - - 2 2 2 2 0 0 0 0 0 1 1 1 6 6 go o o d d di i in n ni i Отворена македонска инвестиција во Република Србија Во Стопанската комора на Македонија претставена новоформираната Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена „СМЕЛТИНГ“ СО ФАБРИКА ВО ВЛАДИЧИН ХАН Број 263 www.mchamber.mk 14.4.2016

Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

  • Upload
    hahanh

  • View
    271

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

11111999992222222 -- 22220000011166goooddddiiinnnii

Отворена македонска инвестиција во Република Србија

Во Стопанската комора на Македонија претставена новоформираната Групација за оружје, експлозивни и опасни материи,

пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена

„СМЕЛТИНГ“ СО ФАБРИКА ВО ВЛАДИЧИН ХАН

Број 263 www.mchamber.mk 14.4.2016

Page 2: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО2

ПОДВЛЕЧЕНО четврток, 14 април 2016, Бр. 263

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

дос тапни насек аде . . .

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

http://www.youtube.com/user/MKChamber

http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

СИЛВЕР Покровители СТАНДАРД Покровители Н

ИКО

Б ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

SECURI TY NI KO

B�� �НИКОБПовеќе сигурност.ОБЕЗБЕДУВАЊЕ R

MCobin

Page 3: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 3

ПОДВЛЕЧЕНО3

ПОДВЛЕЧЕНО

Претседателот на Владата на Република Србија Александар Вучиќ, на 7.4.2016 година, реализираше работна посета на „Смелтинг“ - Владичин Хан. Компанијата „Смелтинг“ - Владичин Хан, која е македонска инвестиција, се протега на површина од 4.300 м2 производствен дел и вкупна површина од 8.600 м2. Во моментот, оваа компанија има вкупно 13 вработени, но планирани се 60 вработувања до крајот на годинава.

Инаку, оваа компанија се занимава со производство на полиестерски и метални ормари, трафостаници, трансформатори, алу-челично јаже, НН табли и друго.

На отворањето на оваа фабрика присуствуваа и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, извршниот директор на Комората д-р Јелисавета Георгиева, градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, како и претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес Ѓеорѓи Чадиев.

Д-р Јелисавета Георгиева

четврток, 14 април 2016, Бр. 263

„СМЕЛТИНГ“ СО ФАБРИКА ВО ВЛАДИЧИН ХАН

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, со соработниците, присуствуваше на отворањето на македонска

инвестиција во Република Србија

Page 4: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО4

ФОКУСИРАНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

Заради унапредување на дејностите поврзани со производство или трговија со оружје, експлозивни и опасни материи, на иницијатива на повеќе компании од оваа област, на 23 март 2016 година се основаше Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена како посебна форма на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија.

Претседателот на Групацијата, Димитар Мангутов ги презентираше основните цели и задачи на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена кои ќе се состојат во:

- разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста;

- усвојување заклучоци и предлагање мерки што се од заеднички интерес на членовите; разгледување предлози на закони и други прописи;

- давање мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и

ПРЕТСТАВЕНА НОВОФОРМИРАНАТА ГРУПАЦИЈА ЗА ОРУЖЈЕ, ЕКСПЛОЗИВНИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ,

ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ВОЕНА И ЦИВИЛНА НАМЕНА

Во Стопанската комора на Македонија

Page 5: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 5

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

ФОКУСИРАНО

покренување иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите, како и - воспоставување поблиска соработка со надлежните органи и институции во

земјата во насока на унапредување на дејностите поврзани со производство или трговија со оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена.

На прес-конференцијата беше претставено и раководството на Групацијата, односно претседателот, заменик-претседателот и Управниот одбор, во кој членуваат претставници од сите области поврзани со оваа проблематика, со цел систематско и сеопфатно разгледување на сите прашања кои ги засегаат членките на Групацијата, и тоа:

- трговија со ловно спортско оружје, муниција, експлозивни и опасни материи;- трговија со пиротехнички средства и реализација на огномети;- трговија на наменски средства (вооружување и воена опрема);- обука за теоретско и практично оспособување за ракување со оружје и

стрелишта за цивилна намена;- производство на оружје и опрема;- концесионери на ловишта и ловечки друштва.Во моментов, Групацијата број 28 членки, а листата на членки постојано се

зголемува токму поради фактот што кај сите членки постои интерес за решавање на определени прашања поврзани со измени во регулативата, или пак со практичната примена на определени законски решенија, за кои е неопходно институционално делување, со цел да се укаже дека определени прашања кои се јавуваат во тековното работење на компаниите од оваа област не се поединечни проблеми, туку прашања кои ги засегаат поголемиот број компании и за истите, преку разговори со надлежните институции (Министерството за внатрешни работи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за економија и др.), треба да се настојува да бидат надминати или решени во што е можно пократок период.

Господинот Мангутов посочи и некои од прашањата кои заслужуваат внимание и на кои Групацијата ќе работи во наредниот период, а тоа се следните:

- прашањата поврзани со поефикасно водење и завршување на постапките за издавање одобренија за набавка на оружје;

- поедноставување на постапките за полагање ловечки испит и други прашања; - честите измени на законската регулатива - Закон за оружје, Закон за ловство,

Закон за промет на експлозивни материи, чиј основен текст е од 1985 година, како и други значајни прашања поврзани со унапредување на соработката со надлежните институции во насока на унапредување на дејностите на македонските компании од оваа област.

М-р Елена Милевска Штрбевска

Page 6: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО6

МЕЃУНАРОДНА АКТИВНОСТ четврток, 14 април 2016, Бр. 263

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, повеќечлена делегација, предводена од потпретседателот на Регионалната комора Сашко Самарџиоски и градоначалникот Марјан Ристески, беше во работна посета на збратимениот град Валево, Република Србија.

Во делегацијата покрај градоначалникот и потпретседателот на Регионалната комора, кој е и генерален директор на „Прилепска Пиварница“, беа и раководните лица на повеќе компании и институции од Прилеп, како што се: Месната индустрија „Марфил“, прехранбената индустрија „Витаминка“, Трговската фирма на алкохолни и безалкохолни пијалаци „Ники Комерц“, Стопанска банка - Скопје, „Водостопанство“ - Прилеп, „Кривогаштани промет“ и Општата болница од Прилеп.

РАЗМЕНАТА СО РЕГИОНОТ 30 МИЛИОНИ ЕВРА, МОЖНОСТИТЕ ДАЛЕКУ ПОГОЛЕМИ

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп работна посета на Валево во Србија и Саемот „СПРЕГ 2016“

Page 7: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

Целта на работната посета беше, на покана од Регионалната стопанска комора од Валево и локалната самоуправа да се продолжи досегашната соработка и, по можност, истата да се прошири во повеќе области, како и посета на Регионалниот саем „СПРЕГ 2016“ во Валево.

За време на дводневниот престој на делегацијата во Регионалната стопанска комора на Валево имаше средба со раководството на Комората, при што беше извршена презентација за Колубарскиот регион, што го покрива Комората, кој ги опфаќа градовите: Валево, Шабац, Лозница, Мионица, Љиг, Лајковац, Осечина, Уб, Крупањ, Љубовија, Коцељево, Владимирци и Богатиќ.

Посебно беше нагласена економската соработка меѓу Македонија и Србија, коко и регионот на Валево со Македонија, за што се заклучи дека меѓусебната размена во 2015 година изнесува околу 700 милиони САД долари, од кои 500 милиони САД долари се извоз во Македонија, а 200 милиони САД долари увоз од Македонија. Размената со регионот на Валево изнесува околу 30 милиони САД долари.

Ристо Најдовски

7

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

МЕЃУНАРОДНА АКТИВНОСТ

Page 8: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО8

МЕЃУНАРОДНА АКТИВНОСТ четврток, 14 април 2016, Бр. 263

Групацијата на пазари со 15-тина учесници, членки на Групацијата во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на II МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЈНОСТА ПАЗАРИ ВО РЕГИОНОТ, организирана од страна на Здружението на пазари на Р. Србија, а беше реализирана и посета на пазарите во Ниш и во Нови Сад.

На дводневната конференција беа реализирани две панел-дискусии на тема:• Приспособување на пазарната дејност на пазарните предизвици на XXI век и• Трибина на тема: Модели на формирање на цена, издавање тезги под закуп и

наплата на пазарните услуги. На Конференцијата беа присутни претставници на пазарите од Република Српска,

Босна и Херцеговина, Македонија, Република Унгарија и Република Србија. Во рамките на Конференцијата беа презентирани различните начини на организациска поставеност на пазарите, предизвиците со кои се соочуваат, влијанието на големите хипер-маркети на дејноста. Беа презентирани и моделите на организација и техничка поставеност на пазарите на големо во Унгарија, а претставниците од Босна и Херцеговина информираа за тоа каква е организациската поставеност и функционирањето на пазарите во нивната земја.

Во насока на остварување поголеми можности за модернизација на пазарите, за потенцирање на нивната важност и местото во вкупната економска активност на секоја од земјите од регионот, особено поради фактот што традицијата за пазарење на зелените пазари е се` уште дел од дневното живеење во сите земји од регионот, на Конференцијата беше констатирано дека ваквите средби се неминовност и дека размената на искуство и ставови може позитивно да влијае на натамошниот развој на дејноста.

КОРИСНА РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ВО ПРАВЕЦ НА МОДЕРНИЗАЦИЈА

НА „ЗЕЛЕНИТЕ МАРКЕТИ“

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија учествуваше на Меѓународна конференција за дејноста пазари, што се одржа во Суботица, Р. Србија

Page 9: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 9

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

МЕЃУНАРОДНА АКТИВНОСТ

Во рамките на организираното присуство на Меѓународната конференција, попатно беше организирана и посета на пазарите во Ниш и во Нови Сад, а беа посетени и зелените пазари во Суботица и пазарот на големо во истиот град. Учесниците од Македонија имаа можност да направат компарација на начинот на кој функционираат зелените пазари во Србија, споредено со Македонија, да се запознаат со начинот на организација, техничката поставеност, законската регулатива, видовите производи кои се продаваат на тезгите и сл.

На крајот на Конференцијата беше договорено за еден месец да се одржи нов работен состанок со претставници од земјите од регионот со цел потпишување меморандум за соработка, со можност за формирање регионална асоцијација, со цел зголемување и подобрување на меѓусебната соработка.

Даниела Михајловска Василевска

Page 10: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО10

СОРАБОТКА четврток, 14 април 2016, Бр. 263

Една од главните активности на Клубот на менаџери-претприемачи, покрај организирање едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис-соработка и размена на контакти. Следејќи ја својата годишна програма и со цел обезбедување сѐ поголеми предности и бенефиции за своите членови, на 8.4.2016 година, како дел од агендата на редовниот настан на Клубот, со потпишување Меморандум за соработка официјално се обележа и соработката со Здружението на жени-менаџери „ЕЛИТ“. Меморандумот за соработка, кој го потпишаа д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија и Ленка Угриновска, претседател на Здружението, предвидува поинтензивна соработка во делот на организирање заеднички настани, поддршка и креирање на менторски систем за млади жени-претприемачи, промоција и поттикнување на женското претприемништво и лидерство.

Како дел од настанот, заедно со членовите на Клубот, своето искуство како успешен менаџер-претприемач го сподели и Ирена Јакимовска, косопственик и директор на „Комфи Ангел“ ДОО – Прилеп, извозно ориентирана компанија од текстилната индустрија со повеќе од 1.000 вработени. На сите членови на Клубот им беа доделени и подароци од новата линија на „Комфи Ангел“ ДОО – Прилеп, која е долгогодишен покровител на Стопанската комора на Македонија.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА

ЖЕНИ-МЕНАЏЕРИ „ЕЛИТ“

Клуб на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија

Page 11: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 11

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

СОРАБОТКА

Како дел од агендата на настанот Мирјана Марковска, адвокат и менаџер на Адвокатската канцеларија „Марковска и Андревски“ ја презентираше пред членовите актуелната тема за „Арибтража и медијација – збогум на судските лавиринти и енормни трошоци“.

Клубот на менаџери-претприемачи во својот домен на работа освен едукативните активности кои постојано ги организира и освен настаните на коишто успешни домашни менаџери ги презентираат своите искуства, секојдневно своите членови ги информира за економските информации во земјата и во светот, за можностите за аплицирање на проекти достапни од ЕУ-програмите, за правните прописи, за саемите и деловните настани во земјата и надвор од неа, за арбитражата како ефикасен начин на решавање на стопанските спорови, како и за други прашања од интерес за фирмите.

Симона Ристоска

Page 12: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 14 април 2016, Бр. 263

ПОСЕТИ

На 7 април 2016 година Стопанската комора на Македонија ја посети амбасадорот на Република Индија во Репиблика Бугарија, Н.Е. Рајеш Кумар Саџдева. При неговата прва посета на Комората беше примен од страна на Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Н.Е. Рајеш Кумар Саџдева во разговорите со својот домаќин се заблагодари за приемот, истакнувајќи дека ваквите средби треба да станат редовна пракса и воедно

ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, ИКТ-ИНДУСТРИЈАТА И ФАРМАЦИЈАТА ЛОЦИРАНИ КАКО НАЈПОГОДНИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА

РАЗМЕНАТА

Индискиот амбасадор Н.Е. Рајеш Кумар Саџдева во Стопанската комора на Македонија

Page 13: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 13

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

ПОСЕТИ

го пренесе интересот на индиската бизнис-заедница за средби со своите партнери од земјава. Со оглед на тоа што ова беше прва посета на индискиот амбасадорот на Комората, Антони Пешев на гостинот му ја претстави целовкупната работа на најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава.

На средбата беа посебно опсервирани можностите за продлабочување на економските релации помеѓу Идија и Република Македонија во правец на зголемување на размената. Антони Пешев истакна дека Македонија за Индија, како и за голем број други земји, претставува одлична можност за инвестирање особено во делот на земјоделието, информатичката технологија и фармацевтската индустрија. На Македонија треба да се гледа како стратешки партнер и мост за поврзување на Индија со останатите земји од балканскиот регион, но и со Европа.

- Македонија е земја отворена за соработка, проевропски ориентирана со одлични поволности за инвестирање и развој на бизнисите според потребите на ЕУ, - истакна Пешев.

Според Н.Е. Рајеш Кумар Саџдева размената на информации и искуства е многу важен фактор за креирање позитивна перцепција за земјите кај бизнисмените од двете земји. Многу индиски компании веќе се присутни на европскиот пазар, но потребно е да се запознаат и со бизнис-климата во земјите од Југоисточна Европа, а тоа би можело

Page 14: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

да придонесе за нивен настап и во овој регион. На средбата беше договорено да се организираат посети на бизнис-делегации

од двете земји, при што деловните луѓе би имале можност да се запознаат, да разменат искуства и да се договорат за соработка.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Индија во 2015 година изнесувала 62,2 милиона САД долари, што претставува пад од 8,95% во однос на 2014 година.

Вкупниот извоз изнесувал 13,8 милиони САД долари и има намалување од 31,56% додека пак вкупниот увоз изнесувал 48,4 милиони САД долари, што претставува зголемување од 0,54 % во однос на 2014 година.

Трговскиот дефицит изнесувал 34,5 милиони САД долари во 2015 година.Во 2015 година Индија се наоѓа на 29-то место во надворешно-трговската размена

на Република Македонија.Споредувајќи го периодот

од 2010 до 2015 година во надворешно-трговската размена меѓу двете земји, може да се забележи константен трговски дефицит на македонска страна, кој варира од година во година.

Во 2010 година извозот е 2,4 милиони САД долари. Значително зголемувањето на извозот почнува од 2011 година. Најголема вредност е остварена во 2013 година од 28.734.109,00 САД долари. Тогаш се забележува и најголемата трговска размена помеѓу двете земји од 97.446.003,00 САД долари и како резултат на зголемената размена е постигнато и позначително зголемување на негативното трговско салдо на страна на Република Македонија од 39.977.785,00 САД долари.

Во изминатите пет години најголемиот дел од извозот на Република Македонија во Индија се должи речиси 99 отсто на пласманот на фероникел. Земјава од Индија во овој период најмногу увезува прехранбени производи, зачини и сусам, лекови, автомобили и друго.

М-р Сања Николова

14 четврток, 14 април 2016, Бр. 263

МОЖНОСТИ

Page 15: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФОБизнис центар за тренинг и оБука

Bussines center for traning and education

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

Osnovana 1922

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер

настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа

Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање.

Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите.Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во ГерманијаУписите се во тек!

Page 16: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО16

АКТУЕЛНО четврток, 14 април 2016, Бр. 263

На 12.4.2016 година, Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија одржа редовна седница и расправаше за практичната примена на Законот за заштита на укажувачи. На седницата се укажа дека со овој закон се уредуваат заштитеното пријавување, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите. Присутните бараа дефинирање на поимот „Заштитено пријавување“. Со овој закон тоа е прецизирано дека е пријавување со кое се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго незаконско или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес.

РАСПРАВА ОКОЛУ ПРАКТИЧНАТА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ

ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ

Здружение на трговијата

Page 17: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 17

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

АКТУЕЛНО

Членките на Здружението дискутираа за сите спорни прашања поврзани со новодонесениот Закон за заштита на укажувачи, кои ќе им бидат од корист на сите страни што се директно засегнати од неговата примена. Стана збор за начинот на кој треба да бидат формирани документите со кои ќе се регулира заштитата на укажувачите; за интерните процедури кои ги предвидува Законот, како и начинот на кој ќе се определува кое лице ќе може да се јави како овластено лице за прием на пријави од страна на укажувачот и дефинирање и заштита на укажувачите.

Посебен интерес присутните пројавија за практични примери за изработка на правилници, кои според нив треба да бидат унифицирани, како и за запазување со роковите предвидени со Законот.

Законот за заштита на укажувачите се однесува и на јавниот сектор и на приватниот. Пријавувањето може да биде внатрешно, во самите институции, но и надворешно преку четирите институции - Народниот правобранител, Јавното обвинителство, МВР и Државната комисија за спречување корупција.

Заштитеното внатрешно пријавување во приватниот сектор се уредува со внатрешен акт на правното лице со најмалку 10 вработени лица.

Лазо Ангелевски

Page 18: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 14 април 2016, Бр. 263

На 8.4.2016 година во Охрид се одржа еднодневна работилница во организација на GS1 Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, а посебен акцент беше ставен на усогласувањето со правните норми кои ја регулираат областа поврзана со безбедноста на храната. Претставниците од Агенцијата за храна и ветеринарство ги презентираа законските измени при обележувањето на храната, а го потенцираа новиот Правилник на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) согласно ЕУ-регулативите.

„ЗАЕДНИЧКИ ДА ИЗГРАДИМЕ РЕГИСТАР НА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ ПО СВЕТСКИ GS1 СТАНДАРДИ“

Во Охрид одржана работилница под мотото

АКТУЕЛНО

Page 19: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 14 април 2016, Бр. 263

Претставникот на GS1 Македонија го објасни GS1 Каталогот усогласен со новиот Правилник на Агенцијата за храна и ветеринарство по ЕУ-регулативата 1169/2011. Оваа бизнис-алатка има за цел да помогне во промоцијата на македонските производи и да послужи како основа за зголемување на националната конкурентност.

Во текот на презентациите посебно беа објаснети Правилникот за информации поврзани со храната и законските барања, како и дополнителните задолжителни информации за храната од животинско потекло.

По извршената официјална презентација, присутните претставници од компаниите од Охридско-струшкиот регион продискутираа со надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарство и од GS1 Македонија со цел да ги разјаснат определените тешкотии кои се јавуваат во секојдневното работење на компаниите од прехранбената индустрија.

Борис Тримчев

АКТУЕЛНО

Page 20: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО20

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА четврток, 14 април 2016, Бр. 263

По повод прославата за 20 години од основањето на Македонската берза беа доделни награди на неколку компании. Меѓу најстарите членки на Македонската берза е Комерцијална банка АД - Скопје, инаку и членка-основач на Македонската берза. Банката како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност е присутна од 1998 година. На Годишната конференција на Македонската берза, на големо задоволство на комитентите и корисниците на услугите на Банката и на брокерското друштво, беа наградени со 3 награди и едно признание:

*Награда за котирано друштво со најголем остварен промет во изминативе 20 години од постоењето на Македонската берза за хартии од вредност. Наградата се доделува за тоа што во изминативе 20 години се истргувани вкупно 4.116.118 акции од КМБ во 39.096 трансакции, со што е остварен најголем промет од сите друштва во висина од 16.799.393.903 денари.

*Награда за членка со најголем број трансакции и со најголем промет во изминативе 20 години од постоењето на Македонската берза за хартии од вредност.

Во изминатите 20 години, преку членката КБ се направени вкупно 179.304 трансакции со што е остварен вкупен промет од 96.576.834.738 денари, односно 23,41% од вкупниот промет остварен на Македонската берза за хартии од вредност, што претставува и најголем промет споредено со останатите 34 членки на МБ.

*„Кристално ѕвоно“ за постигнато прво место за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза за 2015 година.

*Плакета за постигнато второ место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2015 година. (Комерцијална банка)

ПРИЗНАНИЈА ЗА ДОСТИГНУВАЊА ВО ИЗМИНАТИТЕ 20 ГОДИНИ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА

Комерцијална банка со вредни награди

Page 21: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 21

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

На Светскиот ден на здравјето – 7 Април, Цементарница „УСЈЕ“ донираше апарат за спирометрија на Болницата за лекување на белодробните заболувања кај децата во Козле.

Половина од потребните средства за набавка на апаратот ги обезбедија вработените на „УСЈЕ“ во рамки на акцијата „На работа без автомобил“. Сакајќи да дадат личен придонес кон промоција на здравиот начин на живот и заштитата на животната средина, вработените и менаџментот на „УСЈЕ“, почнувајќи од март минатата година, секоја среда, наместо со автомобил, на работа пристигнуваат пеш, со велосипед или со јавен превоз. Во рамките на акцијата се собираа средства од вработените кои беа удвоени од страна на компанијата, со што се постигна потребната сума од 4500 евра за набавка на спирометарот, којшто, од страна одговорните во детската болница „Козле“, е посочен како приоритетен за ефикасноста на Одделот за рана дијагностика на респираторните заболувања кај децата.

- Овој апарат е од исклучително значење за оваа специјализирана здравствена установа. Тој ќе им помогне на нашите специјалисти при побрзо откривање и прецизна дијагностика на болестите на дишните органи кај децата, што е еден од важните предуслови за успешно лекување. Во името на нашите пациенти, но и персоналот на Болницата, сакам да упатам благодарност кон вработените и менаџментот на „УСЈЕ“ за нивната донација, која доаѓа во вистинско време и се вклопува во новиот современ лик на Болницата, - изјави д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле.

Од Цементарница „УСЈЕ“ потврдуваат дека акцијата преку која се собрани дел од средствата за набавка на новиот апарат ќе продолжи и во наредниот период со што ќе се овозможи реализација на други вакви донации.

- Посебно сум горда што идејата за оваа донација произлезе од вработените на „УСЈЕ“ кои уште еднаш покажаа дека хуманизмот, волонтерство и работата во интерес на заедницата се длабоко вградени во деловната културата и традиција на нашата компанија. Со набавката на овој апарат на најдобар начин заокружуваме една етапа од Проектот „На работа без автомобил“. Даваме личен пример за тоа како треба да се однесуваме кон здравјето и животната средина, а дополнително покажуваме и грижа за здравјето на нашите поколенија, - истакна Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси во Цементарница „УСЈЕ“.

Цементарница „УСЈЕ“ и во оваа прилика ги повика останатите компаниии, институции и здруженија да се приклучат кон овој вид активизам и со свој ангажман да придонесат кон омасовување на акцииите со кои ќе се промовираат здравите животни навики и ќе се обезбедат дополнителни придобивки за заедницата.(Цементарница „УСЈЕ“)

ДОНИРАН АПАРАТ ЗА СПИРОМЕТРИЈА НА БОЛНИЦАТА ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО КОЗЛЕ

Цементарница „УСЈЕ“, општетствено одговорна компанија

Page 22: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО22

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА четврток, 14 април 2016, Бр. 263

Групацијата „Триглав“ минатата година ја заврши со 919,1 милион евра премија од осигурување и соосигурување, што е 4 проценти повеќе од планираното и 3 отсто повеќе од претходната година. Добивката пред оданочување изнесува 102,5 милиони евра, што е 20 отсто повеќе од планираното и 2 отсто повеќе од резултатот во 2014-та година.

„Триглав Осигурување“ АД - Скопје, член на Групацијата „Триглав“, достигна удел на пазарот на неживотно осигурување од 18 отсто, со што постигна раст од еден процентен поен во споредба со 2014 година и со тоа ја задржа лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување.

Во доменот на здравственото и пензиското осигурување, Групацијата „Триглав“ ја презеде „Скупна покојнинска дружба“, втората најголема словенечки компанија, којашто обезбедува доброволно пензиско осигурување.

На почетокот на 2016 година „Заваровалница Триглав“ започна да користи надграден систем на управување со ризици, во согласност со законските прописи од Солвентност II. Новиот режим ја менува културата на работење, воведува надграден систем на управување со ризици и го одредува вреднувањето на влијанието што одредени деловни одлуки го имаат врз профилот на ризик на осигурителната компанија, на капиталот и на финансиската состојба. Групацијата „Триглав“ и според новите пресметки задржува висока адекватност на капиталот, којашто варира во целниот распон на адекватност на капитал на групацијата, помеѓу 250% и 300%.

Во согласност со обновената политика за дивиденда, којашто е дел од политиката на управување со капитал на групацијата, Надзорниот одбор и Управата на „Заваровалница Триглав“ предложија на Собранието на акционери исплата на дивиденда во висина од 2,5 евра по акција, а во вкупна висина од 56.837.870,00 евра.

- Зад нас оставаме година полна со предизвици, но истовремено и многу успешна. 2016 година ја започнавме со силен капитал и во согласност со Солвентност

ОСТВАРЕНА БРУТО ПОЛИСИРАНА ПРЕМИЈА ОД 21 МИЛИОН ЕВРА

„Триглав Осигурување“ АД - Скопје е лидер на пазарот во земјава во 2015 година

Page 23: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 23

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

II, што им овозможува на Управниот и Надзорниот одбор на Собрание на акционери да предложат исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто вредност по акција. Нашето внимание е веќе насочено кон иднината. Во главен фокус ќе остане осигурителната дејност, затоа што нашата главна цел се задоволни осигуреници, - изјави Андреј Слапар, претседател на Управата на „Заваровалница Триглав“.

„Триглав Осигурување“ АД - Скопје е лидер на пазар, којшто го сочинуваат 15 осигурителни компании. Компанијата во 2015 година обезбеди бруто полисирана премија во износ од 21 милион евра (1.294.416 илјади денари), што е за 13 отсто повеќе, споредено сo претходната година. Со тоа компанијата достигна удел од 18 отсто на пазарот на неживотно осигурување, со што постигна раст од еден процентен поен споредено со 2014 година.

- Задржувањето на лидерската позиција е една од главните стратешки цели на „Триглав Осигурување“, покрај определбата за профитабилно и сигурно работење, која на нашите клиенти, вработени и акционери им обезбедува сигурна иднина. Целиме да бидеме креатори на растот на пазарот на неживотно осигурување, изјави Ѓорѓе Војновиќ главниот извршен директор на „Триглав Осигурување“ АД. („Триглав Осигурување“ АД - Скопје)

Page 24: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО24

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТАчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

Македонски железници Транспорт АД - Скопје го одбелeжа 9 Април - Денот на железниците во Македонија.

На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница што своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување.

Од тој ден, во 143-те години до денес, железницата помина низ многу премрежија, војни, конфликти, природни катастрофи, но и убави моменти. И покрај многуте турбуленции железничкиот систем опстанал и до ден денес кога се слави Денот на железничките работници на Македонија и тоа по 143-ти пат.

Од компанијата нагласуваат дека во изминатите години има инвестициски циклус во железницата, почнаа и завршија реконструкции на повеќе постојни пруги, изградба на Коридорот 8, реконструкција на железнички станици.

- Набавени се 150 товарни вагони, две електромоторни гарнитури и четири дизел-моторни гарнитури. Во железничкиот систем во Република Македонија се инвестираат околу 1 милијарда евра, инвестиции кои ќе придонесат за еден поефикасен, поефективен, побрз и поквалитетен железнички превоз на патници и стока, кој ќе овозможи подобар развој на стопанството и раст на економијата во државата. Имплементирани се највисоки стандарди за интероперабилност во новите возови, со мерки за зголемување на мобилноста на студенти, стари лица...( Македонски железници Транспорт)

ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СИСТЕМ СЕ ИНВЕСТИРААТ

ОКОЛУ 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА

Сто четириесет и три години железници во Македонија

Page 25: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

СРЕДСТА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО ОДДЕЛОТ ЗА ДЕТСКИ

БОЛЕСТИ ПРИ ГРАДСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

Хуманитарна акција на општетствено одговорната компанија „Жито Лукс“ заедно со граѓаните од Тетово

25

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Со секој купен производ на „Жито Лукс“ во Тетово, се донира за реновирање на Одделот за детски болести во Клиничката болница во градот. Во следните три месеци ќе биде активна хуманитарна акција на најголемиот македонски производител на леб и брашно, компанијата „Жито Лукс“.

-Искрено веруваме дека оваа хуманитарна акција ќе предизвика интерес и со помош на граѓаните на Тетово тие ќе добијат подобри услови за лекување на дечињата. Дел од нашата стратегија за општествена одговорност е да помагаме онаму каде што е најпотребно без разлика дали станува збор за институции или индивидуи, - истакна Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на „Жито Лукс“.

„Жито Лукс“ преку ваквите хуманитарни кампањи се залага за подобрување на условите во различни општествени сегменти. Нивната општествена одговорност и грижата за заедницата се покажува како еден од приоритите во работењето и ветува продолжување на ваквите акции што имаат улога да придонесат за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.(„Жито Лукс“)

Page 26: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО26

СВЕТСКИ ПЕЧАТ четврток, 14 април 2016, Бр. 263

*Поради т.н. „Панама документи“ се распламтеа нови дискусии за борба против затајувањето данок и пред сe против даночните оази. Еве што е досега сторено и што се очекува натаму.

Сe започна уште во 1998. година со обидот да се направи листа на земји чие даночно законодавство

не одговараше на правилата на фер натпревар - организацијата на индустриски земји ОЕЦД така ја

започна борбата против даночните оази. Веднаш се побунија членките на ОЕЦД, Швајцарија, Австрија,

Белгија и Луксембург. Овие држави сметаа дека е загрозена банкарската тајна, но- по ублажувањето на

барањата- сепак донекаде попуштија.

Кога во 2005. година се донесени Европските насоки за оданочување камати, овие четири земји

повторно се побунија, бидејќи не сакаа да праќаат податоци за своите клиенти на државите од кои тие

потекнуваат. Наместо трансфер на податоци, најдено е алтернативно решение - воведување изворен

данок на капитална добивка. Но, трансферите на податоци не се направени потранспарентни.

ДОЛГАТА БОРБА ПРОТИВ ДАНОЧНИТЕ ОАЗИ

„Панама документите“ го отворија досието

Page 27: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО 27

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Притисок по финансиската криза Дури по меѓународната финансиска криза во јануари 2009. година се создаде нова динамика во

натегањето околу заедничките правила во борба против затајувањето данок. На јавните каси им беа

потребни дополнителни пари, бидејќи беа оптоварени со трошоци за спасување на банките. Поради

заканата дека ќе биде формирана нова „црна листа“ на некооперативни земји, европските држави

кои се на глас како даночни оази, како Лихтенштајн, Андора или Монако, решија малку да ги ублажат

одредбите за банкарска тајна.

На 29. октомври 2014. година државите практично ја укинаа банкарската тајна. Тие потпишаа

договор кој се темели на стандардите на ОЕЦД. Уште 100 земји ги поздравија новите мерки, иако

не го потпишаа договорот. Во потписниците спаѓаат и важни финансиски центри како Швајцарија,

Лихтенштајн и Сингапур, како и различни острови од Карипскиот архипелаг и Ламанш кои секогаш им

пружаа гостопримство на офшор-компаниите.

Панама и САД не учествуваатНи Панама ни САД не ги прифатија стандардите на ОЕЦД. „Панама на почетокот беше подготвена

да учествува“, го цитира „Шпигел онлајн“ Маркус Мајнцер, даночен експерт од мрежата „Таск џастис

нетворк“. „Но, се предомисли кога виде дека САД нема да потпишат. Американците, додуша, остро

постапуваат против затајувањето данок, кое им носи голема штета“, пишува „Шпигел онлајн“. Но, и во

американските сојузни држави Делавер и Невада многу офшор-компании имаат свои седишта.

Потписниците на договорите се обврзуваат меѓусебно да се информираат за сметките кои

приватните лица ги имаат во странство. Автоматската размена на податоци на даночните власти би

требало да им ја олесни контролата на одлив на пари во странство и во борбата против „даночните

бегалци“,

Размена на податоци и информацииБанките и другите финансиски институции во иднина мораат во својата земја да пријават

информации за камати, дивиденди, состојба на сметки и добивка од продажбата на финансиска

сопственост - кога станува збор за лица кои живеат во странство. Договорот ги регулира и правата и

обврските во случај од некоја друга земја да стигне барање, а одговор на тоа барање веќе не може да

се избегнува со повикување на фактот дека информациите се наоѓаат во сопственост на некои банки.

Новото правило се однесува на сметките отворени од јануари 2016. година. Од септември 2017. година,

државите ќе можат меѓусебно да разменуваат соодветни податоци.

Затворање на даночни дупкиВо меѓувреме е активиран и акцискиот палн на водечките индустриски нации за затворање дупки

во даночните одредби за меѓународните концерни. Во средината на јануари, претставници од над

Page 28: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО28

СВЕТСКИ ПЕЧАТ четврток, 14 април 2016, Бр. 263

30 држави го потпишаа првиот детален договор за тоа прашање. Според тој договор, меѓународно

активните компании би требало да поднесат извештаи за работењето и стекнатата добивка. Цел е

концерните во сите земји примерно да се оданочуваат. И овој концепт го разработи ОЕЦД.

ОЕЦД тоа го нарече „закопување на секирата“ во спроведување на т.н. иницијатива БЕПС. Станува

збор за борба против распоредувањето добивка на компаниите на помали фирми сместени во странство.

Така, на пример, интернет-концернот Гугл успеа да се ослободи од плаќање данок на целосна добивка,

бидејќи соодветните права ги пренесе на помали фирми кои ги смести на Бермудските острови, во

Ирска и во Холандија.

Г20 учествува во сe`На самитот на Г20 во Анталија, усвоен е и акциски план против ваквата практика. Станува збор за

точката 13 од планот БЕПС со вкупно 15 точки. Бараните извештаи за поединечни земји би требало да

ги пишуваат компаниите-мајки во земјата во која се наоѓа нивното главно седиште. Извештајот тогаш

се испраќа до даночните власти, иако не е предвидено и да се објави. Но вакви извештаи мора да

поднесуваат само претпријатија кои имаат свои фирми во странство и чиј промет е поголем од 750

милиони евра. Експертите сметаат дека во Германија има околу илјада вакви фирми.

Од летото 2015 година важи и четвртата директива на ЕУ за перење пари, која би требало да ги

отежне финансирањето на тероризмот и зделките „на црно“. За тоа е потребно да се имаат прецизни

и актуелни податоци за лицата кои поседуваат банкарски сметки. За да се намали ризикот од перење

пари, германското министерство за финансии ја проверува и можноста за ограничување на плаќањето

во готово - тема за која во Германија жестоко се дискутира, пред сe` поради битното намалување на

заштитата на личните податоци.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)

Page 29: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

*План во 10 точки за ставање крај на даночната евазија, нуди германскиот министер Шојбле. Клучна точка е меѓународната контрола на сопствениците на оф-шор компании. Расте притисок врз Камерон во Британија.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле повика

на формирање меѓународен регистер во кој ќе бидат наведени

вистинските сопственици на оф-шор компаниите. Во интервјуто за

првиот канал на германскиот јавен сервис АРД, Шојбле претстави

план во 10 точки кој има за цел да им стави крај на даночните оази.

„Потребна ни е целосна транспарентност во светски рамки“,

рече германскиот министер.

Шојбле смета дека кон договорот кој го потпишаа околу 100

светски држави за автоматска размена на даночни податоци- а кој стапува во сила во 2017 година-

треба да се приклучат и земји како САД и Панама.

„Со пристапот до овие два система, ќе биде можно да се пронајдат сите луѓе кои ги користат

даночните оази за перење пари или прикривање данок“, рече Шојбле.

Германија веќе повика на поголема меѓународна соработка за даночната евазија во 2014 година,

но протекувањето на документите на панамската адвокатска фирма Мосак Фонсека минатата недела

повторно го издигна проблемот на врвот на агендата во Берлин.

Околу 11,5 милиони документи анализирани од новинарски конзорциум покажаа како богатите

ги кријат своите пари со помош на оф-шор компании, а во скандалот се вмешани политичари, спортски

ѕвезди и познати личности од над 80 земји од целиот свет.

Планот во 10 точки на Шојбле предвидува Организацијата за економска соработка и развој

(ОЕЦД) да стане тело за надзор кое ќе осигура дека земјите учествуваат во размената на податоци.

Планот предвидува и олеснувања за даночните обврзници кои признале даночна евазија дури откако

ќе ги предадат сите потребни информации, потоа поостри закони за борба против перењето пари во

германскиот комерцијален сектор, и обврска за банките да откриваат детали за шемите за заштеда на

даноци кои им ги нудат на клиентите.

ШОЈБЛЕ САКА ДА ГИ „ПРЕСУШИ“ ДАНОЧНИТЕ ОАЗИ

План во 10 точки за ставање крај на даночната евазија

29

ПОДВЛЕЧЕНОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 30: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО30

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

„ПОСТАПУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОД

ПРИВАТНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО НОВИОТ ЗАКОН

ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ“

БЕСПЛАТЕН еднодневен семинар

18.4.2016 година (понеделник)

10:00-14:00 часотСтопанска комора на

Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Програма - Општо за Законот за заштита на укажувачи;- Што претставува заштитеното пријавување;- Видови на заштитено пријавување;- Категории на лица кои можат да се јават во својство на укажувачи; - Законска заштита на укажувачот; - Ништовност на договори и акти;- Товар на докажувањето;- Обврски на правните лица од приватниот сектор за воспоставување на процедура за заштитено пријавување; - Прекршочни санкции за постапување спротивно на Законот;- Правилник за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правното лице во приватниот сектор; - Донесување и содржина на внатрешните акти на правните лица; - Воведување на процедура на заедничко заштитено пријавување на повеќе правни лица.

Предавачи:- Доц.д-р Костадин Дуковски, консултант во друштвото „Некст Левел Консалтинг“ ДОО - Скопје, лиценциран вештак, внатрешен ревизор и член на асоцијацијата за финансиски измами ACFE;- Јане Севдински, правен советник во друштвото „Некст Левел Консалтинг“ ДОО - Скопје;- Лидија Јаќимовиќ, адвокат.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

18

Page 31: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Модули на доживотно учењеАкредитирани програми од

Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите:

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија.

• Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка.

• Се добива сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

• Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок.

• Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците.

• Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници.

Готвач во угостителски објектКелнер - гастроном

Гипсер – монтерФасадер

Аргон заварувач

За повеќе информации:

М-р Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043Моб. +389 72 20 70 91 [email protected]

Симона РистоскаТел. +389 2 32 44 [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Page 32: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО32

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

„ICSG ISTANBUL 2016“ ВО ИСТАНБУЛ

Од 18 до 21 април 2016 година купувачка мисија

и посета на Меѓународен конгрес и саем за паметните

мрежи и за градовите во Република Турција

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ICSG Istanbul 2016 “.

Оваа манифестација е посветена на иновациите во полето на паметното организирање на дистрибуцијата на електрчна енергија, гас и вода. На овогодишниот саем се очекуваат повеќе од 5000 посетители кои ќе можат да посетат повеќе од 150 штандови од 39 земји од светот.

На овогодинешното издание на „ICSG Istanbul 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • паметна дистрибуција на електрична енергија; • паметна дистрибуција на гас; • паметна дистрибуција на вода; • паметен начин на градење на градови и технологии за постигнување на тоа.

Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking).

Page 33: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263 33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција.

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција

За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија најдоцна до 3.4.2016 година.

За повеќе информации околу настанот посетете ја официјална веб- страна на саемот: http://www.icsgistanbul.com/en/ Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Page 34: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО34

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

„THE FUTURE OF BUILDING“– (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ

СЕКТОР)

Конференција и меѓународни деловни средби во Австрија

http://www.b2match.eu/build-ing2016

18-19 април 2016 година, во Виена

Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на оваа Конференција. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на европските можности на градба и влијанието на енергетската ефикасност врз градбите од следните сектори: • инженерство и планирање - архитектура и градежни услуги; • градежништво -договори за подизведувачка работа; • градежни материјали - видови; • обновливи енергии - технологии за градење и клима уреди; • бизнис-агенции (кластери и асоцијации), агенции за планирање на нов/стар простор.

Конференцијата и деловните средби ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со можност да се дознае повеќе за најновите трендови на иновативни решенија за градење објекти од високоградба, за континуиран и одржлив процес на реновирање на старите објекти и изградба на висококвалитетни згради со цел да се најдат нови деловни партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери и слично. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://www.b2match.eu/building2016. Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 35: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263 35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

САЕМ ЗА ХРАНА ВО БУДВА

Од 21 до 23 април 2016 година во Р. Црна Гора

Стопанската комора на Македонија постетата ја организира во соработка со Јадранскиот саем од Будва. Овој 42. Саем за храна е место каде што се поврзуваат стратешките економски гранки на земјоделството и туризмот, и каде што се дава можност за промоција на квалитетот на производите и воедно да се подобрат сите бизнис-можности. Паралелно со Саемот за храна ќе се организира и 25. Саем за туризам, хотелска опрема и кетеринг, што им дава можност на учесниците да ги спојат овие два настана и да оставарат голем број нови контакти и потенцијални можности за соработка. Саемот за храна има за цел на едно место да ги собере:

• индустријата за храна;• земјоделството;• одгледувачите на лозје;• производителите на вино;• производителите на алкохолни и безалкохолни пијалаци;• медитеранската култура;• индустријата за кафе;• производителите на маслиново масло;• органско производство на храна;• производсво на риба;• производство на слатки;• амбалажа;• производители на машини за преработка на храна;• увозници и дистрибутери на механизација за земјоделството и сл.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 36: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО36

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО

БАРСЕЛОНА

Од 25 до 28 април 2016 година во

Шпанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Alimentaria Exhibitions Slu“ - Барселона, ве покануваат да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на „Gran Vía“ изложбениот салон во Барселона. Веќе четири децении овој саем придонесува за мотивирање на најголемите промени во индустријата на храна, како и на прехранбените навики. Од 1976 година светската прехранбена индустрија го избира „Алиментариа“ како настан на кој ќе ги презентираат своите бројни креации, откритија и иновации во сите сфери и аспекти на производството (процесите, аблажата, материјалите, состојките и одржувањето), како и дистрибуцијата, логистиката и технологијата во индустријата коишто со тек на време станаа значаен дел од „Алиментариа“. Целта е да се излезе во пресрет на секојдневните потреби на потрошувачите и нивните нови купувачки навики. Денес „Алиментариа“ е посветена на промоција на прехранбената индустрија и зголемување на нејзиното севкупно интернационално присуство, што воедно го направи и еден од главните светски саеми и лидер во оваа индустрија. Оваа година предвидено е Саемот да го посетат повеќе од 140.000 професионалци од дадените области, од кои 42.000 доаѓаат од повеќе од 143 земји од светот. Водечките оперативци во интернационалните сиџири на прехранбената индустрија ќе ја посетат „Алиментариа“ со цел да пронајдат нови иновативни решенија за производство на храна и пијалаци со врвен квалитет. Саемот „Алиментариа“ можат да го посетат, но и да земат учество на истиот: увозници; дистрибутери; агенции за купување; угостители; кетеринг услуги; трговци на големо; трговци на мало; менаџери и генерални директори на угостителски објекти, произведувачи на храна; комерцијални директори и директори на продажба; раководители на маркетинг; готвачи; сомелиери; професионални носители на одлуки во прехранбената индустрија.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 37: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

Семинар: „ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВНА ПРИРОДА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА

НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ И ВИДОВИТЕ ДОКАЗИ“

27.4.2016 година (среда)

10:00-14:30 часотСтопанска комора

на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Програма • Договор за превоз согласно Законот за облигациони односи

- Карактеристики; - Обем на права и обврски;- Основи за одговорност;- Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на судската постапка.

• Договор за шпедиција- Карактеристики; - Обем на права и обврски;- Основи за одговорност;- Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на судската постапка.

Овој семинар е наменет за вработените во правните служби на друштвата, адвокатите и за законските застапници.

Предавач: - Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; закуска и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

27

четврток, 14 април 2016, Бр. 263 37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

Page 38: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО38

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

Еднодневна работилница: ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО

РАБОТЕЊЕ И ДАНОЧНА РЕГУЛАТИВА

27.4.2016 година(среда)

10:00-16:00 часотСтопанска комора

на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРВ ДЕЛ

Готовинско благајничко работење-Готовинско благајничко работење (подигање, плаќање, наплата и исплата во готови пари);-Утврдување на благајнички максимум и одлука за благајнички максимум;-Главна, помошна и девизна благајна;-Денарска благајна за материјални и патни трошоци:-Прием на готовински пари во благајна – каса прими;-Исплата на готовински пари од благајна – каса исплати; -Врз основа на кои законски документи и до кој износ се врши готовинска исплата од благајна;

Благајна за дневен промет:-Врз основа на кои документи се прави прием на готовински пари од дневен промет;-Во кој законски рок готовинскиот дневен промет се уплатува на трансакциска сметка во деловните банки;

Девизна благајна:-Врз основа на кои документи се врши откуп и подигање на девизи;-За кои трошоци се наменети девизните средства;-Прием и исплата на готови девизи.

ВТОР ДЕЛ

Благајнички извештај - задолжителна деловна книга-Благајнички извештај за материјални и патни трошоци;-Благајнички извештај за дневен промет;-Девизен благајнички извештај - двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност.

ТРЕТ ДЕЛПресметка на дневници за службени патувања во странство во 2015 година -Дневници за службени патувања;-Утврдување на висината на дневниците за службени патувања во земјата;

Page 39: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263 39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

-Право на дневници за службени патувања во странство;-Последните измени на Уредбата за дневници за службени патувања во странство, се враќаат старите правила кои важеа до 21.6.2010 година;-Уредба за службено патување и селидби во странство;-Решение и налог за службено патување; -Патен налог за службено патување во меѓународен транспорт;-Издатоци за сместување, исхрана, превоз и друго за службени патувања во странство; -Трошоци за службени патувања во меѓународен транспорт;-Износ на дневница за исплата;-Утврдување на бројот и висината на дневниците;-Пресметка на трошоците искажани во странска валута.

ЧЕТВРТ ДЕЛ Благајничкото работење во однос на даночните регулативи во РМ -Закон за даночна постапка;-Закон за ДДВ;-Закон за персонален данок на доход;-Закон за данок на добивка.ПЕТТИ ДЕЛ-Правилник за благајничко работење;-Интерни акти;-Практични примери за пресметка на дневници и трошоци за службени патувања во странство;-Практични примери за пресметка на дневници и трошоци за службени патувања во земјата.

Предавачи: - м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје. - м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје. Учесниците на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 40: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО40

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

САЕМ ЗА МАСЛИНИ, МАСЛИНОВО МАСЛО И ТЕХНОЛОГИИ ВО ИЗМИР

Од 27 до 30 април 2016 година во

Република Турција

Стопанската комора на Македонија, во соработка со саемските услуги и култура од Измир и организацијата IZFAS, ве покануваат да бидете дел 6. Саем за маслини, маслиново масло и технологии. Овогодинешниот саем ќе се одржува во просториите на Измирскиот саем. Саемот за маслинки, маслиново масло и технологии е место каде што се собираат компании кои се занимаваат со производство на маслини и маслиново масло, почнувајќи од дрво до дистрибуција на финален производ, односно оние кои се заинтересирани за машини за производство и преработка, како и за најновите технолошки иновации во дејноста. На манифестацијата ќе има посетители од повеќе земји од светот, што им дава добра можност за остварвање на бизнис-контакти. 6. Саем за маслини, маслиново масло и технологии е наменет пред се` за оние кои се занимаваат со: • одгледување на маслини; • производство на маслиново масло; • производство на расад, семенски материјал и ѓубрива; • производство на амбалажа; • технологии за производство; • складирање и сл.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20 април 2016 година (среда).

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 41: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

Page 42: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО42

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ISK-SODEX 2016“. Станува збор за еден од најважните настани во секторот, кој е значаен за сите професионалци кои сакаат да останат во чекор со најновите случувања и иновации. На него ќе се појават повеќе од 1300 изложувачи, кои ќе ги посетат повеќе од 80.000 посетители од 126 земји од светот. На овогодинешното издание на „ISK – SODEX 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори:

• греење;• ладење;• климатирирање и вентилација;• конструкторство;• енергетика;• прочистување на вода;• инсталација на пумпи;• соларна енергија;• производство на механизација и друго.

Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција.

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 17.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна на Саемот: http://www.sodex.com.tr/

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

„ISK-SODEX 2016“ ВО ИСТАНБУЛ

Од 2 до 5 мај 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем

за санитарија, водовод, греење, ладење и климатизација во репоублика Турција

Page 43: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263 43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

БИЗНИС-ФОРУМ ВО САРАЕВО

На 4 и 5 мај 2016 година во Република Босна и Херцеговина

Бизнис-форумот има за цел да ги собере бизнисмените и сопствениците на проекти од Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија од една страна и нивни потенцијални соработници од повеќе од 30 земји од светот. Настанот претставува платформа за поврзување на бизниси и отворање на можности за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа со единствена цел да се поттикне економскиот развој.

Секоја година Бизнис-форумот под еден кров собира повеќе од 1000 учесници и има комплетна медиумска поддршка како на локално така и на глобално ниво.

Бизнис-форум во Сараево на учесниците ќе им понуди презентации од инвеститори од областа на: • енергетиката; • инфраструктурата; • земјоделието; • ИТ-секторот; • туризмот; • здравата храна; • образованието.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис-форумот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 25.4.2016 година (понеделник).

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 44: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО44

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

САЕМ НА ЕКОЛОГИЈАТА ВО БУДВА

Од 11 до 15 мај 2016 година во Р. Црна Гора

Учеството на саемот Стопанската комора на Македонија го организиеа во соработка со Јадрански сеам – Будва.

Саемот, покрај останатото, има за цел дополнително да ja унапреди и поттикне соработката помеѓу граѓанскиот сектор, владините институции и бизнис-секторот во областа на екологијата.

На манисфестацијата ќе бидат организирани различни тематски настани од бизнис-карактер, кои примарно ќе бидат наменети да излезат во прилог на барањата и потребите на посетителите и учесниците на Саемот. Саемот за екологија е наменет пред се` за:

• производителите и давачите на услуги од областа на заштитата на животната средина;• одржливиот развој на животната средина;• енергетската ефикасност;• обновливи извори на енергија;• рециклажа;• нови технологии околу планирање и изградба на објекти;• мониторинг на системи и друго.

За сите заинтересирани компнании коишто ќе се пријават за учество како излагазчи на оваа саемска манифестација, Стопанската комора на Македонија им овозможува заеднички попуст од 30 %. Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 45: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263 45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО БЕЛГРАД

Од 16 до 20 мај 2016 година во Р. Србија

Стопанската комора на Македонија учеството на саемот го организира во соработка со Белградскиот саем. Меѓународниот саем за техника веќе 60 години претставува најголем развојно-технолошки настан во целиот регион. Тој е голем поттикнувач на меѓународната деловна соработка овозможувајќи им на странските излагачи да ги претстават на српскиот пазар нивните експонати кои не се произведуваат во државата, а на домашните компании да ги прикажат сопствените производи наменети за извоз. Минатата година на Саемот учествувале 510 излагачи од 23 земји од светот, а настанот го посетиле повеќе од 20.000 посетители. Саемот за техника има за цел на едно место да промовира повеќе сегменти, но како главен акцент ќе биде ставен на: • електроенергетиката; • индустриската автоматизација и фабриките на иднината; • иновациите и новите технологии; • телекомуникациите; • новите материјали; • инсталациите; • опрема за професионална и научна цел.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 46: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО46

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2016 – BITE ВО

ПЕКИНГ

Од 20 до 22 мај 2016 година во НР Кина

Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, да им овозможи на излагачите промоција на своите услуги, да ги зајакнат своите брендови, како и да ја подобрат својата меѓусебна соработка со професионалци од истата дејност. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 81 држава и 27 локални провинции, а се очекуваат и над 120.000 посетители од целиот свет.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 47: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263 47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА

САЕМОТ ВО НОВИ САД

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на

Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни

партнери

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад.

Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн.

„AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови.

Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад.

Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NS-Fair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо АнгелевскиТел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088Е-адреса: [email protected]

Page 48: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО48

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

AUSTRIA CONNECTЈугоисточна Европа 2016

„БИЗНИС СУБВЕНЦИИ И ФИНАНСИРАЊЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

На 18 и 19 мај 2016 година во Загреб, Р.

Хрватска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Трговското одделениот при Амбасадата на Австрија во Македонија, ве покануваат да бидете дел од Конференцијата AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа 2016 – „Бизнис субвенции и финансирање во Југоисточна Европа”, што ќе се одржи на 18 и 19 мај 2016 година, во хотелот „Дубровник“, во Загреб, Р. Хрватска. Главен акцент на Конференцијата ќе биде ставен на можностите за унапредување и финансирање во земјите од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија, Косово и Грна Гора). Паралелно со тоа се отвора поле за меѓусебно поврзување на компаниите и размена на искуства. Целта на Конференцијата е на едно место да ги собере претприемачите од Австрија, управителите на австриски компании во Хрватска и во регионот, како и нови потенцијални инвеститори и економски експерти за стимулирање и развој на екомониите во Југоисточна Европа.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 49: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Веб-сертификатEXCELLENT SME

Page 50: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО50

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

AUSTRIA CONNECTЈугоисточна Европа 2016

„БИЗНИС СУБВЕНЦИИ И ФИНАНСИРАЊЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

На 18 и 19 мај 2016 година во

Загреб, Р. Хрватска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Трговското одделениот при Амбасадата на Австрија во Македонија, ве покануваат да бидете дел од Конференцијата AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа 2016 – „Бизнис субвенции и финансирање во Југоисточна Европа”, што ќе се одржи на 18 и 19 мај 2016 година, во хотелот „Дубровник“, во Загреб, Р. Хрватска. Главен акцент на Конференцијата ќе биде ставен на можностите за унапредување и финансирање во земјите од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија, Косово и Грна Гора). Паралелно со тоа се отвора поле за меѓусебно поврзување на компаниите и размена на искуства. Целта на Конференцијата е на едно место да ги собере претприемачите од Австрија, управителите на австриски компании во Хрватска и во регионот, како и нови потенцијални инвеститори и економски експерти за стимулирање и развој на екомониите во Југоисточна Европа. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Конференцијата со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 15.4.2016 година .

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 51: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Тузланскиот саем од Тузла, ве поканува да бидете дел од 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 7 - 9 јуни 2016 година, во Тузла, Р. Босна и Херцеговина. Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираат како успешни и атрактивни бизнис-настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на угледни компании и институции, кои на стручната јавност и` ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка. Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана нза учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“. 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“ главен акцент ќе стави на следните дејности: електрична енергија; јаглен; гас и нафта; соларна енергија; еолската (ветерна) енергија; биомаса; енергетска ефикасност и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20.5.2016 година.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

четврток, 14 април 2016, Бр. 263 51

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

„ЕНЕРГА 2016“ ВО ТУЗЛАОд 7 до 9 јуни 2016 година

Меѓународен саем за енергетика во Р. Босна и Херцеговина

Page 52: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО52

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

„TEXTILE, FASHION AND FAÇON SHOW“ ВО ТИРАНА

Од 8 до 10 јуни 2016 година, Саем за текстил и

мода во Р. Албанија

Учеството на саемот, што ќе се одржи во Конгресната палата, го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Klik Ekspo Group. Покрај изложбениот дел ќе бидат организирани и: деловни средби; ревија (претставување модели); посета на институции и конференции, на коишто ќе се дискутира за развојот на текстилната индустрија со претставници од албанските институции, како што се Албанската агенција за инвестиции и равој и Стопанската комора на Албанија.Ќе бидат организирани и посети на албанските производствени капацитети, како и модни ревии на кои ќе бидат прикажани сите производи од Саемот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 18.4.2016 година (понеделник).

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 53: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263 53

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ

И ЗАШТИТАТА - ММЕ

Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид,

Република Македонија

Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.

Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.

Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).

Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера.

Дополнителни информации: [email protected] www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16

Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Page 54: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО54

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016

(CXSRITE)

Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата.

Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми.

Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет.

Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок).

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 55: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФОчетврток, 14 април 2016, Бр. 263 55

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИчетврток, 14 април 2016, Бр. 263

„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА

НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР

Кина

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени

повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 56: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

Компанија од Полска производител на патнички моторни возила (автобуси, комбиња) бара компании за соработка од Р. Македонија за пламан на своите производи. Валидност до 17.6.2016 година.

Реномирана компанија од Украина, производител на брановидна хартија, картонска амбалажа, бара компании од

Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.Валидност до 17.6.2016 година.

Украинска компанија производител на разни филтри за моторни возила (автомобили, автобуси, камиони, земјоделска механизација), бара компании за соработка од Р.

Македонија за пласман на своите

производи.Валидност до 17.6.2016

година.

Компанија од Украина производител на материјали

наменети за градежна индустрија (малтери, бои, силикони и сл.)

бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.Валидност до 17.6.2016 година.

Компанија од Украина производител на градежни материјали, меѓу кои и автоклавeн аериран бетон со висок квалитет кој е во согласност со сите меѓународни стандарди, со сертификати за санитарно-епидемиолошка усогласеност и тестирани на оган и топлинска спроводливост.Валидност до 17.6.2016 година.

Компанија од Украина производител на високо квалитетни полипропиленски вреќи, бара компании од Р. Македонија

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

56 четврток, 14 април 2016, Бр. 263

Page 57: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

за соработка и пласман на своите производи.Валидност до 17.6.2016 година.

Украинска компанија, една од најголемите компании за производство на храна (доматно пире, сосови, мајонез, тестенини, сончогледово масло и сл.) бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.Валидност до 17.6.2016 година.

Компанија од Украина која е во состав на голем агро-холдинг, одгледува живина и произведува јајца, бара компании од Р.

Македонија за соработка, за се` што е во врска со оваа дејност.Валидност до 17.6.2016 година.

Компанија од Украина која призведува и извезува житарки и маслодајни растенија, одгледува говеда и свињи, има терминали за претовар, бара компании од Р. Македонија за соработка.Валидност до 17.6.2016 година.

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

57

Контакт: Ванчо СпасескиДирекција за регионални комори и меѓународна соработкаТел: +389 2 3244-095Факс: +389 2 3244-088 [email protected]

www.mchamber.mk

четврток, 14 април 2016, Бр. 263

Page 58: Бизнис ИНФО број 263, 14.4.2016

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, [email protected]

Дизајн и графичка обработкаСтево Серафимов

тел: : (02) 3244032, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

http://www.youtube.com/user/MKChamber

http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia