43
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 72 од 03.11.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Порака на Здружението на банкарството по повод Светскиот ден на штедењето - 31 Октомври ПОМАЛИ ЦАРИНИ ОД 1 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА „ЗАДОЛЖНИЦАТА“ ЌЕ ЈА ПОДОБРУВА ЛИКВИДНОСТА НА КОМПАНИИТЕ ШТЕДЕТЕ ВО ДЕНАРИ, ВАЛУТАТА Е СТАБИЛНА И НОСИ НАЈВИСОК ПРИНОС! Добра вест од Министерството за финансии за увозот на стоки наменети за индустријата БИЗНИС КЛИМА Доверителите ќе здивнат од почетокот на идната година

Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Неделен бизнис информатор на Стопанската комора на Македонија

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 72 од 03.11.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Порака на Здружението на банкарството по повод Светскиот ден на штедењето - 31 Октомври

ПОМАЛИ ЦАРИНИ ОД 1 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА

„ЗАДОЛЖНИЦАТА“ ЌЕ ЈА ПОДОБРУВАЛИКВИДНОСТА НА КОМПАНИИТЕ

ШТЕДЕТЕ ВО ДЕНАРИ, ВАЛУТАТА Е СТАБИЛНА

И НОСИ НАЈВИСОК ПРИНОС!

Добра вест од Министерството за финансии за увозот на стоки наменети за индустријата

БИЗНИС КЛИМА Доверителите ќе здивнат од почетокот на идната година

Page 2: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

„ЗАДОЛЖНИЦАТА“ ЌЕ ЈА ПОДОБРУВАЛИКВИДНОСТА НА КОМПАНИИТЕ

Во наредните шест месеци треба да започнат и стапат на сила низа проекти и мерки кои имаат за цел да го поттикнат развојот на економијата. Конкретно за поттикнување на извозот предвидено е воведување на извозен факторинг. Можноста да ги продадат побарувањата на МБПР со одреден дисконт претставува значаен бенефит за извозниците.

Со цел подобрување на ликвидноста на компаниите, на почетокот од следната година предвидено е воведување на новиот инструмент “Задолжница”. Овој инструмент ќе овозможи средствата автоматски да се префрлаат на сметките на доверителите од сметките на должниците, при што би се подобрила ликвидноста на компаниите. Понатаму ќе продолжи да се спроведува проектот “Учиме од бизнис-заедницата“, односно ќе продолжат посетите на компани од страна на владини тимови. Оваа практика се покажа како многу успешна, бидејќи директните средби со бизнис-секорот овозможуваат директно воочување на проблемите и нивно брзо решавање. Еден од проблемите кои се наведени од страна на бизнис-заедницата е неетичката селекција од страна на испекторските служби. Воведување на проектот е-инспекторати ќе овозможи електронско избирање испектори, при што ќе се елеминира неетичката селекција. Кога веќе станува збор за проекти кои се темелат на база

на информатичка технологија, би го напоменал и проектот Електронско поднесување на царински декларации и документи. Еден од низата проекти кои се насочени кон намалување на трошоците и потребното времето за извршување на царинските процедури.

(М-р Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања)

KAJ KOМПАНИИТЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА ЗАШТИТА НА КАПИТАЛОТ

Зголемената економска неизвесност, глобалните климатски промени, како и ризиците дека во иднина ќе се случуваат мали или поголеми природни катастрофи претставуваат фактори кои би требало да го зголемуваат интересот за заштита на капиталот на компаниите и граѓаните. Осигурителната индустрија очекува токму на ова поле зголемен интерес за економска заштита на капиталот на компаниите од пожар, поплави, земјотрес и други природни ризици. Голема можност за заштита на имотот на граѓаните и развој на осигурувањето има

во делот на осигурување станови и куќи од катастрофални ризици.

(Трајче Латиновски, генерален директор на Триглав осигурување)

ХОЛАНДСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Промоцијата на билатералната трговија и инвестиции е една од нашите главни задачи и ние сме континуирано посветени на тоа. Засега сме многу задоволни од соработката со македонските власти, во различни сектори, туризмот, земјоделството, храната, телекомуникациите, челикот и конструкциите. Има многу области каде видовме зголемување на холандските инвестиции во Македонија во последните неколку години и тоа е нешто што сакаме да го подобриме и натаму.

Апсолутно можам да потврдам дека холанските инвеститори се заинтерсирани, особено малите и средни претпријатија кои постојано бараат нови можности, нови пазари, но и поефективен начин на производство и трговија. Македонија има многу да понуди во оваа област.

(Мариет Шурман, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија)

„ОДЕТЕ ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ ПАРИТЕВО СЕКТОРОТ НА ПРОДАЖБА“

Најголемиот проблем на Америка и на останатите западни економии, всушност, е вработеноста, а не невработеноста. Зошто? Затоа што невработеноста главно е предизвикана од непропорционалноста меѓу вештините што им се потребни на работодавците и вештините што ги нудат вработените. Во денешниот свет, каде што брзо се живее и секој ден нешто се менува, секој е одговорен за постојано надградување на своите вештини и знаење за тие да може да бидат сè повеќе и повеќе драгоцени за работодавецот.

За жал, во време на просперитет, кога економијата растеше, луѓето станаа мрзеливи и почнаа да го трошат слободното време гледајќи телевизија или уживајќи во други активности. Интересно е што во секое општество има луѓе кои никогаш не се невработени. Секогаш имаат работа, понекогаш и по две, три работи. Тие се како производ за којшто има голема побарувачка. Работодавците секогаш ги ангажираат и добро ги плаќаат. Секој мора да реши да биде скапоцен вработен за својата фирма и да работи напорно за да придонесе за нејзиниот успех. А кога луѓето ме прашуваат како да ги продолжат своите кариери за да бидат подобро платени, им велам ‘Одете таму каде што се парите - во секторите за продажба’.

(Брајан Трејси, најголемиот светски гуру за успех)

Покровители

ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

Page 3: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

- Македонија и македонскиот банкарски сектор се стабилни и граѓаните може да бидат сигурни во своите штедни влогови. Денарот е стабилна валута кој мометално обезбедува најголем принос за граѓаните, односно штедењето во денари е најисплатливо. Тоа ја прави Македонија различна од останатите европски земји кои имаат проблеми и со стабилноста на банкарскиот сектор и со долгот. Ова го нагласи м-р Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија, при свеченото одбележување на Светскиот ден на штедењето - 31 Октомври, што традицинално го прави Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија. Вицепремиерот изрази задоволство што и во вакви околности кога во многу европски земји банките се соочуваат со сериозни проблеми, благодарение на супервизијата на НБРМ, задржувањето на високиот степен на фискална и монетарна дисциплина, како и благодарение на менаџирањето на банките од страна на нивните менаџери, банкарскиот сектор е во сигурни раце и граѓаните и фирмите можат да имаат целосна доверба во нив.

Шедењето, како што во оваа прилика беше посочено, во Македонија расте. Штедните влогови на домаќинствата изнесува 158 милијарди денари. Во последните 12 месеци депозитите на населението се зголемени за 13 отсто, од кои денарското штедење е зголемено за 17 проценти, а во девизи за 9,5 отсто. Паралелно со депозитите, расте и кредитирањето - кај населението за 7, а кај фирмите 6,5 проценти. Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, м-р Димитар Богов, истакна дека особено се зголемува довербата во денарското штедење и оти е важно што во услови на кризни години има исклучително големи зголемување на штедењето на населението. - Штедењето во Македонија оди во добра насока. Депозититите на населението во последните 12 месеци

се зголемени за 13 отсто, од што оние во денари за 17 проценти, а во девизи зз 9,5 отост. Тоа покажува дека се зголемува довербата особено во денарското штедење, што е она што сакаме да го видиме и сакаме да го постигнеме. Ако споредиме со декември 2008 година депозитите на населението до септември 2011 се зголемени за безмалку 50 отсто, изјави Димитар Богов. Според гувернерот во овој период и покрај тоа што беа кризни години не дојде до значително намалување на расположивиот доход на населението, а истовремено во 2009 и до некаде 2010 година се намали потрошувачката, бидејќи населението беше внимателно и во услови на криза повеќе штедеше. -Стапките на зголемување на штедењето се пониски отколку во претходните години, бидејќи сега ги нема оние извори на доход кои беа во 2007 година кога се продаваа акции на Берзата, додаде м-р Димитар Богов. Ѓорѓи Јанчовски, претседател на Здружението на банкарството, смета дека за вакиот пораст на депозитите придонеле стабилноста на банкарскиот сектор, довербата во банките, макроекономската стабилност која е присутна во Македонија и покрај случувањата во светот. Тој потенцира дека до крајот на годината нема да има налаување на каматитет за кредитите. Одговарајќи на новинарско

прашање за тоа како штеди Владата, вицепремиерот рече дека тоа се прави преку ниско ниво на буџетски дефицит, кој е најнизок во Европа и кој покажува дека Владата е посветена на фискалната дисциплина и на штедење, како во период на кризата, така и по неа. - Сметам дека со неколкуте мерки што ги спроведовме во насока на намалување на понепродуктивните

расходи и одржување низок буџетски дефицит Владата се однесуваше многу домаќински во тој дел. Штедеше таму каде што требаше, а го поттикнуваше растот преку зголемување на капиталните инвестиции, бидејќи кога станува збор за јавните финансии битно е да се штеди онаму каде тоа нема да влијае врз економскиот раст и ние тоа го направивме,изјави м-р Зоран Ставрески. Здружението на банкарство одржа седница на која на работниот дел се третираа прашања од делокругот на банкарското работење, додека на свечениот дел на кој присутни беа заменик претседателот на Владата и министер за финании, м-р Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ, м-р Димитар Богов, свечено се одбележа светскиот ден на штедењето - 31 октомври. По повод светскиот ден на штедењето, на 26 претставници од банките и штедилниците им беа доделени признанија за постигнати особени резултати во 2011 година во вршењето на работните задачи од доменот на работењето со населението.

ПОРАКИ

Здружението на банкарството свечено го одбележа Светскиот ден на штедењето - 31 Октомври

ШТЕДЕТЕ ВО ДЕНАРИ, ВАЛУТАТА Е СТАБИЛНА И НОСИ НАЈВИСОК ПРИНОС!

Page 4: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионалната комора со седиште во Велес ги поддржа сите активности за запирање на рестартирањето на

Топилницата за олово и цинкКОМПАНИИТЕ ЦЕЛОСНО ЗАСТАНАА

ЗАД „ЗЕЛЕНАТА“ ИНИЦИЈАТИВА

Региопналната комора со седиште во Велес на 1.11.2011 година одржа вонредна седница во проширен состав. Покрај членовите на Управниот одбор на Регионалната комора, на седницата присуствуваа над сто бизнисмени од регионот на Велес, Кавадарци и Неготино, како и градоначалникот на општина Велес, претседателот на Советот на општина Велес, пратеници во Собранието на РМ и претставници на Зелената коалиција. Регионалната комора со седиште во Велес, во која членуваат најголем дел од велешките бизнисмени, на вонредна седница во мотелот „Романтик‘‘ кај Велешко Езеро беше едногласна во ставот дека е против каков било рестарт на Топилницата за олово и цинк на постојната локација во Велес. Претставниците на Комората во своите дискусии се изјаснија дека енергично и со сите расположиви средства ќе се спротивстават на секој рестарт на Топилницата и ќе дадат морална и секаква финансиска

поддршка на сите активности на Зелената коалиција и општината Велес во заложбите против рестартирањето на Топилницата за олово и цинк, која не работи осум и пол години. Велешките бизнисмени едногласно усвоија заклучоци, кои беа идентнични со нивните предлози и размислувања во дискусијата што ја водеа, а дополнителните предлози дадени на седницата од некои од бизнисмени, како што потенцира претседателот на Регионалната комора Трајче Трајков, ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница на Регионалната

комора со седиште во Велес. По дискусијата во која учествуваа: Трајче Леов, Перо Колевски, Максим Гонев, Аце Коцевски, Румен Смилевски, Развигор Бошевски, Орце Давчев и други, беа донесени следните Заклучоци:

- Регионалната комора со седиште во Велес во целост ги поддржува активностите на Зелената коалиција и градоначалникот на општина Велес, со цел да не се дозволи рестартирање на Топилницата за олово и цинк, на постојната локација од страна на новите сопственици на компанијата „Метерудхем„ од Скопје;

- Комората побара од градоначалникот и од Советот на Општина Велес да ги преземат сите правни мерки кои им стојат на располагање со цел да ги спречат новите сопственици на фирмата „Метрудхем‘‘ - Скопје во намерата да извршат рестартирање Тополницата;

- побарано е да се достави барање до Министерството за животна средина и просторно планирање да изготви информации за моменталната еколошка состојба во која се наоѓа земјиштето и околината на која е моментално лоцирана фабриката;

- градоначалникот и Советот на општината Велес согласно своите уставни и законски овластувања

да утврдат општ интерес за општината и за земјиштето на кое се наоѓа Топилницата да поведат постапка за експропријација со пазарен надоместок (доколку тоа е во сопственост на Топилницата), да донесат измени и дополнување на Деталниот у р б а н и с т и ч к и план каде што на постојната

локација на Топилницата нема да биде предвидено изградба и функционирање на каков било индустриски објект. Измените и дополнувањата да се направат во најкраток временски период;

- судската постапка во врска со Топилницата треба да ја преземат врвни правни експерти со цел таа да заврши на општо задоволство на граѓаните на Велес;

- секоја нова инвестиција, како во Република Македонија, така и во Велес, е добредојдена и Регионалната комора со седиште во

Велес ги поддржува но, тие мора да бидат усогласени со законите на Република Македонија и да бидат во интерес на граѓаните на Велес;

- пратениците од Велес да се обединат, и своите сили да ги насочат кон тоа да не овозможат рестартирање на Топилницата за олово и цинк на постојната локација во Велес.

Пратеникот Илија Димовски потврди дека ќе биде присутен на сите протести против рестартирањето на Топилницата и истакна дека ја поддржува иницијативата на Регионалната комора со седиште во Велес. - Потребен е аргументиран пристап базиран на податоци и информации. Сериозен пристап во борбата што ни претстои. Добри се и оние креативни помалку бунтовнички аспекти на борбата, но како возрасни луѓе мора да знаеме дека само со тие бунтовнички аспекти нема да ја добиеме оваа битка. Мислам дека општината и Зелената коалиција ќе извлечат поука од иницијативата на Регионалната комора и во наредниот период ќе спроведат вакви средби и активности и со други групации во Велес, со вработените во образованието, здраството, професорите..., рече Димовски. Во таа борба, додаде Димовски дека ќе ги искористи средствата што му се на располагање, како што се пратенички прашања, директни контакти со министрите во Владата, па и можноста да се поднесе специјален закон што се однесува на оваа проблематика. И пратеникот Марјан Николовски ја поддржа иницијативата и истакна дека колку повеќе се окрупнува фронтот против рестартирањето на Топилницата, толку се поголеми шансите за успех. - Оваа битка со Топилницата велешани треба да ја водат со институциите на системот кои треба да покажат дека функционираат и дека поважно е здравјето на граѓаните отколку профитот на кој и да било во Република Македонија, - рече Николовски. Бизнис-заедницата од Велес и поширокиот регион будно ќе ги следи активностите во врска со запирањето на процесот на рестартирањето на Топилницата за олово и цинк и ќе ги презема сите неопходни мерки.

Венера Андриевска

Page 5: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Кичево

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ПОВОЛНИ КРЕДИТИ

Во организација на Стопанската комора на Македонија и Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) на 1 ноември 2011 година во Кичево, се одржа презентација на Кредитната линија од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ 2) намената за финансирање на проекти за средните и малите претпријатија. Состанокот го водеше претседателот на Регионалната комора Кичево, Игор Соколески и м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија и на истиот присуствуваа дваесетина компании од регионот на Кичево. На презентацијата беше истакнато дека средствата ќе бидат дистрибуирани од Македонската банка за поддршка на развојот преку комерцијалните банки со поволни услови. Каматната стапка изнесува 5,5 проценти, а ќе бидат одобрувани два вида на кредити - инвестициски

кредити и кредити за трајни обртни средства. Висината на инвестициските кредити ќе се движи од 10.000 до три и пол милиони евра со рок на отплата до осум години и грејс период од две години. Кредитите за трајни обртни средства ќе бидат од пет илјади до 670 илјади евра, со рок на враќање до три години и грејс период од шест месеци. Средствата се одобруваат преку деветте банки кои беа вклучени во првата транша од 100 милиони евра (ЕИБ 1), но побарано е согласност од ЕИБ да бидат вклучени уште три банки за полесна достапност на средствата до крајните корисници. Потенцирано беше дека се скратени процедурите, односно намален е обемот на документација потребен за одобрување на проектите. Оваа кредитна линија се однесува и за компаниите со над 250 вработени. Кредитната линија од 50 милиони евра се надоврзува на претходно реализираниот проект од 100

милиони евра финансиска поддршка за малите и средните претпријатија со кој се финансираа над 300 проекти и се отворија над 2.000 работни места. Заинтересираноста на компаниите од регионот Кичево беше многу голема , со конкретни прашања за можностите кои ги нуди оваа кредитна линија. Александар Станојковски со соработниците од МБПР детално ги образложи активностите на Македонската банка за поддршка на развојот и нивните заложби за доближување на средствата од кредитната линија до малите и средни претпријатија од Република Македонија и даде корисни инструкции за запазување на прецизните процедури за аплицирање за користење и на другите на услуги кои МБПР ги нуди на компаниите, како што се продуктите за осигурување на извозот, за користење на кредитите за извоз, факторингот и слично. На средбата имаше презентација и интерес за меѓународните трговски документи кои ги издава Стопанската комора на Македонија и за помошта што ја дава Европскиот иновативен и информативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) за малите и средни претпријатија за поврзувањето на компаниите од Република Македонија со компаниите од Европа. За остварување на долгорочна соработка во бизнисот, за средбите, саемите и конференциите во организација на ЕЕН и за користење на средствата од фондовите на ЕУ достапни за проекти од македонските компании зборуваше Лазо Ангелевски од проектот ЕИИЦМ. Општа беше констатацијата дека ваквите средби се корисни за стопанствениците и дека треба да се продолжи со постојаното информирање за бизнис-можностите и за бизнис-опкружувањето на претпријатијата од регионот, како и од сите други региони во Република Македонија.

Јавна дебата во Берово за Корпоративната општествена

одговорност и вклучување на ранливите групи во приватниот

секторПОТРЕБНИ СЕ ПРОГРАМИ И

ЗАЕДНИЧКА АКТИВНОСТ

Стопанската комора на Македонија во соработка со Програмата на УНДП за рамноправна вклученост на ранливите групи во општеството, отпочнаа со реализација на јавни дебати

на тема: Корпоративната општествена одговорност и вклучување на ранливите групи во приватниот сектор. Целта на овие дебати е да се слушне мислењето на приватниот сектор на оваа тема и кои сегменти недостасуваат за непречено одвивање на овој процес кој ќе значи поголема сигурност и економско јакнење на ранливите групи во општеството. Првата дебата беше одржана на крајот од минатата недела во организација на Регионалната комора со седиште во Берово и покажа дека компаниите во овој регион веќе имаа искуство во вработување на оваа група на лица. Притоа, беа посочени придобивките и тешкотиите кои произлегуваат од овој процес. Општ заклучок е дека за поттикнување на овој процес неопходно е да се развие соработката меѓу сите засегнати институции, владини и невладини, за да

може приватниот сектор како носител на главната улога во една пазарна економија која се наоѓа сред модерната глобализација да го финишира процесот со овозможување на работни места за овие лица. За изнаоѓање на можностите за поголемо вклучување ранливите групи во приватниот сектор во Македонија потребни се програми кои ќе претходат, а ќе значат социјализирање на овие лица и нивно закрепнување пред да влезат во приватниот сектор со нормални секојдневни работни активности. Стимулативни и мотивациони мерки се неопходни и затоа програмите на Владата, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување значително треба да го поттикнат овој процес, но само со заедничка соработка. Аспектите на имплементирање на корпоративната општествена одговорност се однесуваат на заедничко делување на сите засегнати институции и приватниот сектор, а се однесуваат на одговорно работење, борба против корупцијата, заштита на животната средина, јавност во работењето, грижа за општеството, вработените, и сето тоа е можно само во партнерство.

Page 6: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Целта на овие дебати е да го поттикне тој процес, и затоа сметаме дека соработката на Стопанската комора на Македонија со УНДП, како организација која во континуитет во земјите од цел свет се грижи и воспоставува програми кои ги решаваат или поттикниваат да се решат социјалните проблеми во општеството, ќе даде соодветни резултати и решенија.

Што добива приватниот сектор преку вклучување во активности од сферата на корпоративната општествена одговорност?

* Зголемување на бројот на клиенти;* развивање и подобрување

на врските со потрошувачите, набавувачите, и другите релевантни мрежи;

* привлекување, задржување и одржување на вработените;

* подобрување на репутацијата на компанијата;

* генерирање на позитивен публицитет и можности за бесплатен маркетинг, како резултат на етички исправните бизнис-активности;

* поголеми можности за пробивање на меѓународниот пазар каде што принципот на социјална корпоративна одговорност е дел од статутот на компаниите.

Јадранка Аризанковска

Делегација од градот Подградец во Република Албанија во посета на

Регионалната комора со седиште во Прилеп

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА СО

СРЕДСТВА ОД ФОНДОВИТЕ НА ЕУ

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп и локалната самоуправа, на 27.10.2011 година се одржа работна средба со претставници од локалната самоуправа и претставници на невладини организации од Подградец во Република Албанија. На средбата гостите имаа можност да слушнат за организационата поставеност на Стопанската комора на Македонија и функционирањето на Регионалната комора со седиште во Прилеп. Тие беа поопширно запознати за природните ресурси со кои располага регионот и фирмите кои се носители на стопанскиот развој, со посебен акцент за Мермерниот комбинат, Витаминка,

Тутунскиот комбинат, Прилепската пиварница, како и другите фирми од прехранбената, текстилната и металопреработувачката индустрија. Целта за посетата на делегацијата од Подградец беше поопширно да се запознаат со економските потенцијали на општината, да се воспостави поголема соработка со локалната самоуправа и невладиниот сектор од градот, се` со цел во иднина заеднички да се аплицира за добивање средства од Европската унија преку проектот за погранична соработка на двете општини. Гостите изкажаа голем интерес за соработка на полето на туризмот и угостителството, како и соработка во текстилната индустрија. Членовите на делегацијата при нивниот престој во Прилеп остварија средба со раководството на прехранбената индустрија „Дониа“ и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески.

Во Регионалната комора со седиште

во Прилеп одржан семинар за безбедност и здравје при работа

СТРУЧНА ТЕМАТСКА ОБУКА ЗАМЕНАЏЕРИ НА 30 КОМПАНИИ

Во организација на Регионалната комора со седиште

во Прилеп, Стопанската комора на Македонија и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), на 28.10.2011 година, во Прилеп се одржа еднодневен семинар - стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа. На обуката учествуваа повеќе од 40 претставници на 30-тина компании од Прилеп, Битола, Охрид, Скопје и од Свети Николе. Цел на обуката беше запознавање на правните субјекти, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за безбедност и здравје при работа (БЗР), со основните законски барања од областа на безбедност и здравје при работа кои треба да се применуваат на работните места. Претставниците на Македонското здружение за заштита при работа и Државниот инспекторат за труд: Никола Георгиев, Борче Стојчевски и Благица Трајчевска , на учесниците на обуката им го претставија Законот за безбедност и здравје при работа,со посебен осврт врз правата и обврските на работодавачите и работниците. Во делот на законските акти и прописи, присутните се запознаа со толкувањата на најважните барања од Законот за БЗР, Правилникот за инспекциски надзор и други подзаконски акти за кои присутните конкретно беа заинтересирани. На обуката посебно се посвети внимание на Изјавата за безбедност и Проценката на ризик , кои се сметаат за најголеми новини на Законот за БЗР.

Ристо Најдоски

Page 7: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

Обука за безбедност на производи

РАСЧИСТУВАЊА НА НЕЈАСНОТИИТЕ ОКОЛУ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ И СЕРТИФИКАТИ

Поаѓајќи од потребата за презентирање на можностите што ги нуди Законот за безбедност на производите, Законот за надзор на пазарот и Законот за градежни материјали и правилниците донесени

согласно овој закон, Министерството за економија во соработка со Стопанската комора на Македонија одржа еднодневен семинар на тема: “Безбедност на производи” (28.10.2011 години). Предавачи на семинарот беа претставници од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Агенцијата за електронски комуникации, Министерството за

транспорт и врски, Институтот за акредитација на РМ, Институтот за стандардизација на РМ и Бирото за

метрологија. Економските оператори и увозниците се` уште имаат дилеми околу Законот за безбедност на производи и за контрола на пазарот што се применува последниве два месеца. Недоразбирањата се главно околу обезбедувањето на потребните документи и сертификати. -Најмногу шпедитерите имаат нејаснотии околу потребните документи што треба да ги има стоката при увоз во Македонија,

изјави Елизабета Ч и н г а р о в с к а , директор на Д р ж а в н и о т п а з а р е н и н с п е к т о р а т , пред денешниот семинар. П а з а р н и о т и н с п е к т о р а т , н а п о м е н а Ч и н г а р о в с к а , не ги издава с е р т и ф и ка т и те , ниту изјавите за сообразност. Тоа го прави производителот. Увозникот, пак, е должен да ги

обезбеди, а Инспекторатот да ги исконтролира. На обуката присуствуваа голем број економски оператори - производители, увозници, извозници и шпедитери на пренослива опрема и едноставни садови и опрема под притисок, апарати на гас и гасна опрема, топловодни котли во кои согоруваат течни или гасовити горива, лифтови и сигурносни уреди за лифтови, жичани

постројки наменети за превоз на лица, е л е к т р о т е х н и ч к а опрема наменета за работа во определено напонско подрачје, опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално е к с п о л о з и в н и атмосфери, лична заштитна опрема, автоматски и неавтоматски ваги и сл. На семинарот беа п р е з е н т и р а н и законските рамки,

подзаконските акти, досегашните и идните активности на субјектите за успешна примена на предметната

регулатива. Особено внимание на обуката се посвети на потребната документација што го следи производот како доказ за неговата безбедност, како и начинот за нејзиното обезбедување. Беше истакнато дека цели на овие законски и подзаконски акти се во насока на забрзување на протокот на стоки, како и поголема безбедност на потрошувачите.

Војкан Николовски

Македонски компании на Саемот “PLAST EURASIA” во Истанбул

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ И ДВИЖЕЊА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ПЛАСТИКА

Делегациија од 30-тина македонски компании, предводени од Стопанската комора на Македонија, на 27 и 28 октомври 2011 година го посетија Саемот за пластика „ PLAST EURASIA 2011“. Саемот се одржа во Истанбул, Република Турција.

На оваа саемска манифестација, учествуваат голем број компании од Турција, Германија, Италија, Јапонија, Кина и од други земји, а ги имаа изложено најголемите достигнувања во пластичната индустрија. Македонските компании имаа можност да се запознаат со најновите светски текови во пластичната индустрија, современите технологии, машини и опрема за обраборка на пластични маси, како и хемикалии кои се употребуваат во производството на пластични производи. Стопанствениците од Македонија имаа успешна посета на Саемот, остварија бројни контакти со излагачи на Саемот, дел за купување на машини, дел за унапредување на технологијата и сл.

Перо Авакумовски

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 8: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

АД „Алкалоид“ од СкопјеНОВИ 40 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА

„ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ основана од компанијата АД „Алкалоид“ додели 40 нови стипендии за студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет за учебната 2010/2011 година. Половина од стипендиите се за студентите на фармација, додека 20 се наменети за студентите на

Медицинскиот факултет. Стипендијата се прима во текот на целата година во износ од 6.500 денари месечно. Имињата на добитниците ќе бидат дополнително објавени во печатените медиуми. - Фондацијата заклучно со студентите кои годинава ќе добијат стипендии ќе има бројка од 182 стипендисти. Од нив, веќе 46 се завршени, а 12 кои се дипломирани работат во компанијата „Алкалоид“ со тенденција и понатаму да се зголемува бројот на стипендистите од двата факултета кога ќе дипломираат, а ако имаат желба и да продолжат да работат во нашата компанија, истакна на прес-конференција генералниот директор на АД „Алкалоид“, Живко Мукаетов, а пренесува МИА. Изборот на студенти-стипендисти се врши врз основа на академскиот придонес во студиите и социјалната положба. Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, истакна дека стипендијата многу им значи на студентите во време на глобална економска криза и е поттик за нивното натамошно студирање и работење. - Фондацијата доделува средства и за научни проекти од областа на медицината и фармацевтската дејност. Годинава на Медицински факултет за оваа стипендија аплицираа 57 студенти, од кои издвоени се 20 на предлог-листа, од нив осум се во петтиот семестар на студии, а 12 се студенти од 7-от семестар на општа медицина, - информираше Јанкуловски.

Фондацијата додели и еднократна парична помош за наградата „Студенти на генерација“ на Елена Кочова од Медицинскиот факултет со просек 10,00 и Тања Баковска од Фармацевсткиот факултет со просек 9,35. Покрај стипендиите, Мукаетов соопшти дека на неодамна одржаниот хуманитарен пикник на АД „Алкалоид“ по повод 75 години од постоењето, биле собрани 425.500 денари кои ќе бидат

донирани на Клиниката за детски болести во Скопје во Онколошкиот оддел.

РЕК „Битола“ПАРНО ЗА ОПШТИНИТЕ БИТОЛА,

НОВАЦИ И МОГИЛА

Генералниот директор на АД Електрани на Македонија - ЕЛЕМ, Влатко Чингоски на отворената седница на Владата

на република Македонија потврдил дека почнале активностите за изградба на систем за одведување на топлинска енерегија од РЕК Битола и нејзино спроведување до општините Битола, Новаци и Могила. Според Чингоски, ЕЛЕМ одржале неколку работни состаноци со градоначалниците на Битола, Новаци и Могила за да се забрза овој проект, како и средби со надлежниот производител на опремата во термоелектраната ТЕ „Битола“ кои треба да создадат услови за извлекување на одредени количини топлинска енергија, која преку единствен топловод ќе се дистрибуира до трите пелагониски општини. - ЕЛЕМ во овој момент го изработува проектот за одземање на топлина од турбината, а паралелно се изработува и проектна задача за проектирање на топловодот кој топлината ќе ја пренесе од ТЕ „Битола“ до општинте Новаци, Битола и Могила, посочил Чингоски, а пренесува МИА. Трите Пелагониски општини во оваа фаза подготвуваат документација поврзана со патеката за поставување на топловодот и треба да изберат траса по која топловодот најбрзо ќе минува, а притоа ќе има најмали зафаќања на приватен имот, истакнал генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски. - ЕЛЕМ во оваа фаза вршат подготовки за формирање на посебно Друштво - ДООЕЛ во сопственост на ЕЛЕМ кое ќе биде задолжено да координира и да ја изврши работата се` до ставање во функција на овој топловоден систем, а тоа значи - подготовка во ТЕ „Битола“, изведба на топловодниот систем и изведба на примарните и секундарните топловодни мрежи во Битола за да може во 2013 година, најдоцна до 2014 година, битолчани да ги добијат првите количини на топлина од РЕК „Битола“, - истакнал Чингоски. Најавено е дека топловодниот систем ќе може да го користат и жителите од населените места кои се занимаваат со земјоделство, односно дел од топлинската енергија ќе може да се употреби за формирање оранжерии, со што ќе се поттикнат нови вработувања и развивање на оваа област во Пелагонија.

ЕВН Македонија НОВА КАМПАЊА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СИТЕ ОТВОРЕНИ ДОЛГОВИ

ЕВН Македонија почнува кампања со која на корисниците им нуди можност да ги платат сите отворени долгови кон компанијата. Домаќинствата на девет рати, а бизнис корисниците на пет рати ќе може да ги платат тековните долгови за потрошена

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 9: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА електрична енергија, тужените побарувања, дополнителните фактури, како и веќе пресметаната камата за задоцнето плаќање на редовните и тужените побарувања. - Со склучување на договор за плаќање на рати или во целост, корисниците се ослободуваат од плаќање на каматите кои дополнително би се пресметале по основ на задоцнето плаќање. Доколку пак, корисникот го плати севкупниот долг со склучување на спогодба на една рата, ќе биде ослободен од плаќање на сите камати и на оние што би произлегле од предметниот долг и од претходно задолжените камати, соопшти компанијата.

Слоганот на кампањата е „Победете го долгот“, со што на симболичен начин им се порачува на корисниците да склучат договор за плаќање на рати и полесно да ги подмират долговите кон ЕВН Македонија по сите основи. Само со потпишан договор се добиваат поволностите од кампањата, уплатата без претходно потпишан договор не ги носи бенефитите кои ги нуди ЕВН Македонија. Повеќе од фер е оваа можност која што ЕВН им ја нуди на своите корисници во време кога стапи во сила новиот Закон за извршување. Со него корисниците ќе мораат да го платат во целост долгот кон компанијата, дополнителната камата која се пресметува по плаќањето, како и работата на извршителот. Додека, преку оваа кампања, корисниците имаат можност поедноставно и со помалку трошоци да се ослободат од заостанатите давачки. Спогодбите, домаќинствата и малите бизнис корисници, може да ги склучуваат во сите приемни канцеларии во Корисничките Енерго Центри на ЕВН Македонија низ земјава, а буџетските корисници, локалната самоуправа, јавните претпријатија и индустриските корисници во одделот билинг. Кампањата ќе трае од 1 ноември до 31 декември 2011 година.

АД „Бетон“ ПОТОПИШАН ДОГОВОР ЗА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗГРАДАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И

ВРСКИ Министерството за транспорт и врски склучи договор со градежната компанија АД „Бетон“ од Скопје за изведување на градежните работи за надградба и реконструкција на управната зграда на Министерството. Предвидено е градежните активности за надградба и реконструкција на управната зграда на Министерството за транспорт и врски да почнат на почетокот на ноември годинава. Рокот за изведување на градежните работи е една година од денот на воведување во работа од страна на надзорниот инженер. Проектот за надградба и реконструкција на управната зграда на Министерството за транспорт и врски опфаќа изградба на дополнителни катови, со што ќе се добие приземје и пет ката, во една функционална целина, со цел што подобро и поефикасно функционирање во една главна административна единица. Во управната зграда на Министерството за транспорт и врски по реконструкцијата ќе функционираат и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот комунален инспекторат и Агенцијата за сигурност во железничкиот систем.

- На овој начин ќе се овозможи сите сектори и органи на Министерството за транспорт и врски да бидат на едно место, наместо како што е сега на повеќе локации во Скопје, односно граѓаните ќе можат да ги добиваат сите услуги од овој ресор на едно место, стои во соопштението од Министертсвото. Во рамките на проектот се предвидува објектот да биде подобрен согласно потребните стандарди за статика, односно предвидено е целосно зајакнување на постојната конструкција и на сите столбови, односно столбовите во подрумскиот дел, на приземјето и катовите и предвидено е лоцирање на предната фасада пред постоечките столбови.

Проектирано е објектот да има главен влез на северната страна, два лифта кои ќе ги поврзуваат сите катови, голема сала за состаноци и презентации, како и пристап за лица со посебни потреби и противпожарни скали. Предвидена е целосна обнова на фасадата со термичка изолација, за подобрување на енергетската ефикасност на објектот. Во внатрешниот дел, во подземното ниво на објектот предвиден е технички кат, каде ќе бидат сместени сите помошни уреди за електричните инсталации, системот за климатизација, водоводни и одводни инсталации. Од главниот влез ќе се влегува на приземното ниво во влезен хол, пријавница и простор за чекање. На ниво на влезот ќе се наоѓа и архива. При влезот се предвидува поставување на детектори за контрола.На првите три ката од објектот, според соопштението на Министерството, се предвидува да бидат сместени општите служби, при што соодветно ќе бидат опремени и канцелариите на вработените и раководителите, предвиден е простор за сервер, според сите стандарди потребни за сместување на електронската опрема. Во овој дел се предвидуваат и неколку сервисни простории.На четвртиот и петтиот кат ќе бидат просториите наменети за кабинетите на министерот и заменик-министерот и салите за состаноци. Кровот на објектот е рамен и организиран како кровна градина. Со реконструкцијата ќе се изврши целосно обновување, односно ново инсталирање на термотехничките, електричните и санитарните инсталации. Во периодот на надградба и реконструкција на административната зграда, Министерството за транспорт и врски ќе биде привремено сместено на друга локација.

Македонски железници АД Транспорт - Скопје

МОДЕРНИЗАЦИЈА СО ПЕТ НОВИ ЛОКОМОТИВИ И 160 ВАГОНИ

Возниот парк на Македонски железници АД Транспорт - Скопје треба да биде обновен со пет нови локомотиви и 160 товарни вагони. Владата на отворената седница го усвои мислењето на Комисијата за економски систем за подобрување на состојбата со железничкиот транспорт во Македонија. Предвидено е да бидат набавени пет гарнитури возови - три дизел и две електромоторни, како и 160 товарни вагони. Со тоа според очекувањата на МЖ АД Транспорт, драстично ќе се подобри состојбата во патничкиот и товарниот железнички превоз.

Page 10: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Набавката на новите возови ќе чини околу 45 милиони евра. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески информирал, како што пренесува МИА, дека се водат разговори за обезбедување на потребните средства од ЕБРД или од други финансиски институции. Според предвидената динамика, финасиската конструкција треба да се комплетира во 2012, а возовите да бидат набавени во 2013 година.

„Ренова“ од ТетовоЗА ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ И

СЕДНОШКОЛЦИ 150 СТИПЕНДИИ

Kомпанијата „Ренова“ од Тетово доделува 90 стипендии за талентирани студенти и 60 за средношколци. Ова е шести пат познатата компанија за производство на суви малтери, чии што производни

капацитети се во тетовското село Џепчиште, од своите фондови да издвојува средства за стипендии. За оваа цел компанијата основаше Фондација „Ренова“ во која постојано акумулираат средства за идните образовани кадри. Месечната стипендија за студентите изнесува 3.600 денари, додека за средношколците 2.000 денари. Од компанијата истакнуваат дека стипендирањето талентирани студенти и ученици претставува инвестиција во кадри. Корисниците на стипендии не се обврзани да останат во „Ренова“ по завршување на школувањето, иако, сепак, се задржуваат оние од струките неопходни за технолошкиот процес на компанијата. Основните критериуми за добивање стипендија се висок успех во школувањето и економско-социјалната положба на семејството на кандидатот. „Ренова“ не доделува стипендии на оние што веќе користат помош од друг извор. Со корисниците се склучуваат едногодишни договори, чиешто продолжување зависи од исполнување на двата критериума. Иако доминираат студенти и ученици од тетовскиот крај, во „Ренова“ велат дека има стипендисти од сите краишта на Македонија, што за нив претставува потврда за нивните заложби за создавање кадри за потребите на стопанството. Ако за среднистите нема конкретни барања за видот на образованието, за студентите најмногу се бараат струки како градежништво, архитектура, биотехнички, електротехнички, технички, машински, геолошки, технолошки науки, но и природно-математички, економски, правни, политехнички факултети.

Донација од Жито Лукс во ВелесОПРЕМУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО ХИРУШКО

ОДДЕЛЕНИЕ ВО БОЛНИЦАТА

Детското одделение во Општата болница во Велес ќе биде опремено со помош на донацијата од Жито Лукс. Најнеопходната опрема е веќе нарачана, а во наредната фаза ќе бидат обезбедени и останатите потребни елементи. Се планира набавка на кревети, телевизори, масички, клима, фрижидер, сталаци за инфузија, инхалатори, аспиратори и останати потребни елементи кои ќе бидат сместени во детската соба на хируршкиот оддел. Целта на оваа донација е подобрување на условите за најмалите пациенти, поточно децата кои се на постоперативен третман на хируршкиот оддел.

Жито Лукс АД Скопје ја почна хуманитарната акција пред еден месец. Со секој купен леб се издвојуваат финансиски средства за опремување на детскиот хируршки оддел во Општата болница во Велес.

Page 11: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич ја потврди

фискалната стабилност на Македонија

КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ ОСТАНУВА ББ+

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич ја потврди фискалната стабилност на Македонија со тоа што и` го задржа кредитниот рејтинг ББ+ и одреди дека има позитивен проспект во однос и на странските, и на домашната валута. Фич истовремено го ознaчи краткорочниот кредитен рејтинг на земјата со Б, а крајната граница на задолжување со БББ-. - Рангирањето се базира врз солидната рамка на макроекономска политика, ниската владина задолженост и дефицит, како и стабилниот банкарски систем. Сепак, и натаму демнат фискалната ранливост и политичките ризици, вели Матео Наполитано од групацијата Фич.

За годинава оваа француско-американска агенција очекува Владата да ги оствари или благо да ги надмине проекциите за дефицитот од 2,5 отсто од брутодомашниот производ. Фич предвидува намалување на дефицитот на 2 процента до 2013 година и задржување на јавниот долг до 30 отсто. - Севкупно, кога станува збор за банкарскиот систем, Македонија останува на ниво со низок ризик, споредено со земјите во регионот, стои во соопштението на Фич.

САД го реактивираа Генералниот систем на преференцијали

ПОВРАТ НА ЦАРИНИТЕ И РЕТРОАКТИВНО

Од Амбасадата на Сединетите Американски Држави, Стопанската комора на Македонија е известена дека американскиот Конгрес донел Закон за реавторизирање на Генерализираниот систем на преференцијали (GSP). Реавторизацијата на GSP ќе стапи на

сила на 5 ноември 2011 година и ќе остане во сила до 31 јули 2013 година. Законот овозможува ретроактивност на бенефитите од Генерализираниот систем на преференцијали од 1 јануари 2011 година. Сите царини платени за соодветната класифицирана стока во периодот на прекин ќе им бидат рефундирани на увозниците од страна на Царината и Пограничната заштита на САД (CBP) или автоматски, доколку на царинските формулари или на писменото поднесување до

CBP е назначен посебен индикатор на производот (SPI), а SPI не е користен. За пријави без користење на SPI, враќањето на депонираните царински давачки ќе треба да се побара во писмена форма во рок од 180 дена од Програма за реавторизација на GSP (односно до 18 април 2012 година). Увозниците треба да се советувааат дека, во некои случаи, собирањето на давачките може да потрае до 90 дена, за да може тие да се процесуираат и да се рефундираат ретроактивно. Подетални информации може да се добијат на веб-порталот на CBP: h�p://www.cbp.gov/xp/cgov/trade/trade_programs/interna�onal_agreements/special_trade_programs/ GSP е програма дизајнирана за промовирање на економскиот раст на земјите во развој преку обезбедување на повластен влез без плаќање царини на 4.800 производи од 129 одредени земји. GSP беше воспоставен на 1 јануари 1976 година, со трговскиот акт од 1974 година.

Љубица Нури

Одлука на Економскиот совет

УВОЗОТ НА ШЕЌЕР ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ СО ПЕТ ОТСТО ЦАРИНА

Шеќерот и во наредните три месеци ќе се увезува со повластената царинска стапка од пет отсто, одлучи владиниот Економски совет (31.10.2011 година). Оваа мерка истече со крајот на октомври, но Владата ја

продолжува за да им излезе во пресрет на увозниците и на компаниите од кондиторската индустрија. -Мерката се продолжува за да се спречи создавањето правен вакуум до донесувањето на законот поддржан на владината седница, со кој ќе биде преточена во трајно решение, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски по седницата на Советот, а пренесува МИА.

Финансиската писменост на македонските граѓани

на почетно ниво

СО КОНТРОЛА НА ЛИЧНИТЕ ФИНАНСИИ ДО СИГУРНА ИДНИНА

Агенцијата за финансиска писменост „Синергија Плус“ и на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови, во Стопанската комора на Македонија промовираа заеднички прирачник за инвеститори „Преку контрола на личните финансии до сигурна иднина“ (28.10.2011 годинљ). Со него ќе го подигаат нивото на финансиска писменост, која сметаат дека е на почетно ниво. Преку прирачникот нудат помош на потенцијалните штедачи и вложувачи при управувањето со личните финансии, поставувањето долгорочни цели и креирањето план за нивна реализација. - Финансиската писменост не се мери со износот на пари кој ќе се заработи, туку со износот кој ќе го задржите односно ќе го заштедите, колку вешто ќе ги вложите, т.е. колку вредно таа инвестиција во иднина ќе работи за вас, рече на прес-конференција Лазе Камчев, главен извршен директор за КД Фондови. Македонските граѓани недоволно ги познаваат финансиските продукти на пазарот кои ќе им овозможат заштеди. Без оглед на нивото на образование и без разлика колку се успешни во својата професија, недостасува подетално познавање на производите кои се нудат на финансискиот пазар и нивната намена. Затоа, Прирачникот содржи

Page 12: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА алатки, како што е водење личен биланс, кој, според Камчев, иако многумина го познаваат, ретко кој го применува.

- Фокусот се однесува пред се` на долгорочно вложување како креирање фонд за школување на децата, дополнителна пензија, купување поголем стан во иднина... Искуството покажува дека за нивно остварување најсоодветно е да се вложува во инвестициските фондови, - наведе Камчев. Според него, во Македонија се` уште штедат само постарите генерации, а претежно се одбира класичното штедење во банки, а ретко другите можности за тоа. Финансиско-едукативната публикација може да помогне на три групи граѓани, појасни Коста Мицковски, генерален менаџер на Синергија, пренесувајќи искуства во четиригодишното работење на агенцијата. Во првата се задолжените граѓани, кои трошат повеќе од што заработуваат. Ним им се даваат совети како да ги сменат финансиските навики и менталниот склоп за парите, за да можат ратите за кредити да ги заменат со здрави навики за штедење. Со добри навики за штедење се втората група, но треба да научат како да инвестираат и да разберат дека ако парите не се движат исто е како да ги немаш. Третата група ја сочинуваат претпримачите кои сакаат да научат како да дојдат до дополнителни, активни и пасивни приходи, а на кои им се нудат конкретни можности за соработка со компанијата. Во прилог на тврдењата за големи можности за штедење Камчев и Мицковски упатуваат на податокот дека во Македонија годишно се трошат 75 милиони евра за цигари. Осумдесет проценти од долговите на граѓаните се за лична потрошувачка, а само 20 проценти за инвестиции во куќа, стан, автомобил. Тие показатели се сосема спротивни во Германија, - укажа Мицковски.

Влезе во сила Договорот за социјално осигурување меѓу

Македонија и Канада

ОВОЗМОЖЕНО СОБИРАЊЕ НА ПЕРИОДИ НА ОСИГУРУВАЊЕ

НАВРШЕНИ ВО ДВЕТЕ ДРЖАВИ

Приближно 200.000 иселеници во Канада ќе можат да ги остварат своите права од пензиско и инвалидско осигурување. Тоа им го овозможува Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада што влезе во сила на 1 ноември 2011 година. Договорот ќе се применува на сите лица кои во Република Македонија или во Канада навршиле периоди на осигурување или престој кои се земаат предвид при остварувањето на правото на пензија согласно со прописите на Македонија или на Канада, кои се однесуваат на остварувањето на правото на самостојна пензија. Со Договорот се уредува собирање на периоди на осигурување навршени во двете држави, со што се овозможува лицето да оствари право на пензија.

Договорот за социјално осигурување ќе се применува на сите лица кои работеле во двете држави, како и на членовите на нивните семејства. Договорот го содржи начелото за еднакво постапување кон лицата кои работат на територијата на другата држава. Договорот гарантира исплата на пензијата во другата држава договорничка, односно се дава можност остварените пензии во Канада да се трансферираат во Република Македонија ако корисникот се врати да живее во Македонија. Република Македонија има склучено договори за социјално осигурување со 18 држави - Австрија, Швајцарија, Германија, Чешка, Полска, Луксембург, Холандија, Белгија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција, Црна Гора, Австралија и Канада, а во постапка на ратификација е договорот за социјално осигурување

со Кралството Данска.

Меморандум за соработка меѓу ФИНКИ и компанијата ФХ3Х

СТУДЕНТИТЕ НА ПРАКСА И НАХОЛИВУДСКИТЕ БЛОКБАСТЕРИ

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и македонската компанија ФХЗХ, специјализирана за изработка на филмски визуелни ефекти, во Скопје потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот предвидува на ФИНКИ да се интервенира во наставните содржини за мултимедија, компјутерска графика и визуелизација во насока на додавање на нови содржини и курсеви, како и во прилагодување на постоечките предмети и воведување и користење на нови софтверски алатки во практичниот дел од курсевите. Покрај тоа, студентите од ФИНКИ ќе можат да одат на пракса во ФХ3Х, како и да изработуваат студенстски проекти, самостојно или во група, кои ќе бидат поврзани со практичните работи кои се работат во индустријата. Вработените во ФХ3Х, пак, ќе можат да го користат суперкомпјутерот на ФИНКИ за нивните потреби. Суперкомпјутерот со рам меморија од 2 тера бајти е најмоќниот компјутер во регионот кој ќе биде пуштен во функција на крајот од годинава или на почетокот од идната. Деканот на ФИНКИ проф. д-р Димитар Трајанов истакна дека му претставува чест да соработуваат со ФХ3Х, една од компаниите во Македонија која се покажала како многу успешна во работата надвор од земјава. - Да се соработува со компанија која има учествувано во изработката на Transformers, Terminator, The Golden Compas и.т.н. е посебно задоволство. Се надевам дека соработката ќе им даде можност на нашите студенти да бидат дел, да учествуваат и можеби да работат работи коишто ќе бидат видени од милиони гледачи во светот, рече деканот Трајанов на прес-конференција од која известува МИА. Тој посочи дека соработката со ФХ3Х пред се` е во оспособување на профил на кадар кој ќе може да работи во филмската индустрија, односно компјутерски инженери со уметничка душа. Директорот на ФХ3Х Кристијан Данаиловски рече дека по долги години конечно успеале да остварат

Page 13: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

соработка со универзитетите во Македонија.

- Визуелните ефекти бараат луѓе кои се едуцирани на високо ниво и кои имаат уметнички афинитети. Во нашата работа се соочивме со недостаток на кадри во Македонија и во добар дел моравме сами да ги обучиме. Сепак секоја помош од формалната едукација е добродојдена, рече Данаиловски. Ова ниво на соработка што го постигнавме со потпишувањето на Меморандумот со ФИНКИ, нагласи, е на многу повисоко ниво од досегашната соработка што ја имавме со ФЕИТ и ни дава можност да влијаеме на курикулумот на материјалите кои ќе се изучуваат, како и да овозможиме студенти да доаѓаат на пракса кај нас. Тој нагласи дека компанијата е формирана во 1997 година, но во изминатите четири години имала многу забрзан раст и од 30 вработени нараснала на 70, па на 105, бројка што планираат и натаму да ја зголемуваат.

Промовирано второто издание на македонско-рускиот бизнис-

каталог „По еден пат со светот Русија и Македонија“

МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ ВО РУСКАТАФЕДЕРАЦИЈА ГОДИНАВА СО СКОК ОД

90 ОТСТО

- Неопходно е воспоставување директни деловни контакти меѓу бизнис-заедниците на Руската Федерација и Република Македонија, како на федерално, така и на регионално ниво, со цел подобрување на ефикасниот механизам за размена на информации за македонските компании кои се заинтересирани за работа на рускиот пазар и за руските фирми подготвени за работа на пазарот во Македонија. Ова го истакна амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак на промоција на второто продолжено издание на македонско-рускиот бизнис-каталог „По еден пат со светот Русија и Македонија“. Според статистичките

податоци, како што истакна Шчербак, во осумте месеци од годинава меѓусебната трговска размена меќу двете земји е порасната за 32,3 отсто и ја достигна сумата од 523 милиони САД долари. Притоа, извозот на Руската Федерација е зголемен за 30 отсто, но што е уште позначајно, македонскиот извоз скокнал за 90 отсто. Осврнувајќи се на инвестициската соработка, амбасадорот ги посочи „Лукоил“, „Солвеј“, „Група Синтез“, „Силови машини“, „Камелот“ и „Протек“ како успешни примери. Почнаа, додаде Шчербак, преговорите меѓу руските и македонските компании за изградба на гасоводен систем во Македонија за сметка на рускиот Клириншки долг. Се анализира можноста за приклучување на Македонија кон меѓународниот гасовод Јужен Поток. - Овој значаен список на билатерални проекти што се реализираат или се во план, дозволува да зборуваме за реална перспектива на руско-македонската економска и инвестициска соработка, - потенцира рускиот амбасадор. Второто продолжено издание на македонско-рускиот бизнис-каталог „По еден пат со светот Русија и Македонија“ содржи информации за секоја сфера од македонското стопанство, за инвестициската клима, за пазарот, за деталните услови во слободните економски зони, за извозните можности на фирмите и претпријатијата, како и за саемските манифестации. (С.П.)

Превоз на стоки меѓу Македонија и Летонија

ПАРАФИРАН ТЕКСТОТ НА СПОГОДБАТА ЗА ЦЕЛОСНА

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА

На состанокот на Mешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај на патници и стока меѓу Република Македонија и Република Летонија, што се одржа во Рига, е парафиран текстот на спогодбата

во која се предвидува целосна либерализација на превозот на стоки, односно истиот да се извршува без режим на дозволи. Како што соопшти Министерствто за транспорт и врски, договорено е оваа спогодба министрите за транспорт на двете земји да ја потпишат во првата половина на 2012 година. Со тоа, се подвлекува во соопштението, ќе се воведе целосна либерализација на превозот на стоки и истиот меѓу Република Македонија и Република Летонија ќе се одвива без дозволи. На состанокот е потпишан и Протокол со кој е договорено за 2012 година да се разменат 200 транспортни дозволи за превоз на стока за и од трети земји. Наведениот контингент на дозволи во целост ќе ги задоволи проектираните потреби на македонските превозници.

Град Скопје со обраќање до правните лица и трговците-

поединци

ОПОМЕНА ЗА НЕПЛАТЕНА ФИРМАРИНА И ДАНОК НА ИМОТ

Град Скопје информира дека од почетоков на месецот почна со доставување опомени и решенија за присилна наплата за доспеаните долгови врз основ на ненаплатен данок на имот за правни лица за 2010 година и на комунална такса - фирмарина за правни лица и трговци-поединци за 2009 и за 2010 година. Постапката ќе почне со доставување опомени до сите правни лица и трговци-поединци кои што го немаат намирено својот долг по основ данок на имот и по основ на долг за комунална такса - фирмарина. Правните лица и трговците-поединци по добивањето на опомените, должни се во рок од осум дена да го намират доспеаниот долг, во спротивно Град Скопје ќе ги преземе законски предвидените инструменти за наплата на долгот по присилен пат. Даночните обврзници, по овие основи, доколку имаат потреба може да извршат проверка на своите даночни обврски во Секторот за финансии -Одделение за утврдување и наплата на комунални такси и други надоместоци, во барака број 15, или да се обратат на телефон: 3297 314. Дистрибуцијата на опомените и решенијата за присилна наплата ќе ја вршат Македонски пошти.

Page 14: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

Совет на Народната банка на Република Македонија

ПРЕКИНАТ ПРОЦЕСОТ НА ВЛОШУВАЊЕ НА

КРЕДИТНОТО ПОРТФОЛИО НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ

Народната банка на Република Македонија оценила дека има забавување на годишната стапка на инфлација која во септември изнесувала 3,4 проценти. Од НБРМ информираат (27.10.2011 година) дека просечната годишна стапка на инфлација во третиот квартал изнесува 3,6 проценти и е под јулската проекција (4,4%), што се должи на побрзото

надолно прилагодување на цените на храната. Просечната годишна стапка на инфлација во периодот јануари-септември е сведена на 4,1 проценти, а базичната стапка на инфлација е на ниско и стабилно ниво. Според најновите податоци, физичкиот обем на индустриското производство во август забележало намалување на месечна основа поради што растот на годишна основа значително забавил и изнесувал 0,9 проценти, додека на збирна основа и натаму бележи висок годишен раст, кој за првите осум месеци изнесувал 7,5 проценти во просек. Во однос на банкарскиот систем оценето е дека во второто тримесечје од годината продолжил растот на банкарските активности. Вкупната актива на банкарскиот систем остварил годишен раст од 12,3 процети и на 30 јуни изнесувала 317.162 милиона денари. Депозитите на нефинансиските субјекти се` уште се најзначајниот извор на финансирање на активностите на банките. Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити е намалено 9,3 проценти. - Иако се` уште не може да се извлече заклучок за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио на банкарскиот систем, сосема извесен е фактот дека е прекинат процесот на негово влошување, оценуваат од НБРМ.

Ликвидноста на банкарскиот систем е стабилна и е на релативно високо ниво, а носител на ваквата ликвидносна позиција е високиот степен на стабилност на депозитната база на банките, како и постојаниот нагорен тренд на ликвидната актива. Ликвидната актива на банкарскиот систем на 30 јуни остварила квартален и годишен раст од 0,6 проценти и 19,8 проценти и изнесувала 91.459 милиони денари. Во септември е забележано повторно раздвижување на активноста на кредитниот пазар, што придонело за умерено забрзување на годишната стапка на раст на вкупните кредити до 8,1 проценти. На седницата Советот на Народната банка ја усвои и Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци. Со измените се определуваат трошоците за дополнителни услуги што треба да се вклучат во пресметката на стапката на вкупните трошоци, при што во пресметката се вклучуваат само оние трошоци што се поврзани со договорот за потрошувачки кредит, но и коишто му се познати на кредиторот, – сопштуваат од НБРМ.

Охридска банка, Societe Generale Group го постигна цензусот

ВО КЛУБОТ НА ГОЛЕМИТЕ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА

- Од јуни годинава Охридска банка, Societe Generale Group, се придружи на семејството големи банки со актива од 24 милијарди денари, - соопшти на средбата со новинарите претседателот на Управниот одбор на Банката, Јитка Пантучкова, која истовремено е и потпретседател на Здружението на банкарството при

Стопанската комора на Македонија. Досега овој критериум го исполнуваа Комерцијална, Стопанска и Тутунска банка. Банката во првата половина од годината бележи раст во сите сегменти - и во кредитирањето и депозитите и пазарниот удел и најавува проширување на понудата. Наскоро Охридска банка, Societe Generale Group ќе ја лансира Виза картичката и производ од областа на осигурувањето.

- Инвестицијата на Societe Generale во Македонија е долгорочна и идејата е да го поддржува локалниот развој, локалниот бизнис, но и приближувањето на Македонија кон ЕУ, - нагласи Јитка Пантучкова. Директорот на мрежата на банки на Societe Generale за Европа и претседател на Надзорниот одбор на Охридска банка, Дидие Колин, порача дека Societe Generale како групација е горда што е присутна во Македонија и оти нивното присуство има темелно значење. - Тука сме да го поддржиме бизнисот. Задоволни сме од стратегијата за трошоци што се применува тука и задоволни сме што Societe Generale преку Охридска банка е активна не само во земјата, туку и на Балканот. Со оваа поддршка ќе продолжиме и во иднина, - рече Колин. Од Банката најавија учество во новата кредитна линија од Европската инвестициска банка наменета за мали и средни претпријатија. Очекуваат да почне исплатата на првите проекти

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Page 15: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО од крајот на ноември. Охридска банка учествуваше и во пласирањето на претходната кредитна линија од 100 милиони евра, од кои преку оваа банка се поддржани 20-тина проекти со 8 милиони евра. Во однос на изложеноста на So-ciete Generale кон грчкиот долг, Колин истакна дека нивната изложеност е маргинален дел од вкупната изложеност на групацијата и оти од тој аспект овој долг и изложеноста е едноставна за управување и оти генерално нема да има никакви последици врз групацијата. -Од почетокот на финансиската криза банката посебно обрна внимание и ги „стегна“ трошоците. Успеавме да постигнеме одлични резултати со намалени трошоци во сите сегменти на банкарското работење, - подвлече Јитка Пантучкова.

ПроКредит банка со нова кредина линија од 7 милиони

евра и едукација „ЕКО-минути за енергетска ефикасност“

КОМПАНИИТЕ СО МАЛ ИНТЕРЕС ЗА ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЗАШТЕДА НА

ЕНЕРГИЈАТА!

ПроКредит банка со едноставна порака „Грижата за енергетската ефикасност треба да биде начин на размислување!“ ја започнува кампањата со цел зголемување на свеста за енергетската ефикасност. „Зелената банка“ располага со кредитна линија од седум милиони евра, добиена од германската развојна банка KFW, а се нудат еко-кредити за компаниите, претежно за малите и средни бизниси и за домаќинствата. Каматните стапки се намалени за два процента од стандардите, износите се според инвестициските потреби, а рокот на отплата е до 15 години. Како новитет ПроКредит банка воведува еко-советници кои во филијалите ќе нудат совети за можностите и придобивките од енергетската ефикасност. -Основен проблем за користењето енергетски ефикасни решенија во Македонија е ниската свест за можностите и придобивките од нив. Резултатите од кредитните линии кои се нудат за енергетската ефикасност се многу мали, поради што е неопходно едуцирање и доближување на темата до граѓаните, - нагласи Емилија Спироска, член на Управниот одбор на ПроКредит банка,

на средба со новинари на тема „ЕКО-минути за енергетска ефикасност“, со која почнаа активности за едукација на граѓаните со цел да се зголемат енергетско-ефикасните инвестиции. – Засега искористеноста на кредитот е мала и претежно од физички лица. Според Емилија Спировска, бенефитите може да бидат големи, а тоа најдобро го илустрира преку искуството на ПроКредит банка. Само со промена на сијалиците во енергетско штедливи во сите експозитури банката за една година заштедила 30 илјади евра! - Годишниот пораст на потрошувачката на енергија од 6,64 проценти значи и зголемени финансиски трошоци за енергија. Малите и средни компании треба да инвестираат во обнова на својата опрема со енергетско штедлив машински парк, во поевтино производство на енергија и компримиран воздух и во електромоторните погони. На тој начин може да обезбедат заштеди и до 60 отсто, а инвестициите може да се вратат од 3 месеци до 7 години, – нагласува Игор Петрушевски, од Македонската асоцијација за енергетска ефикасност (МАЦЕФ). Саво Пејчиновски

ТТК Банка добитник на Националната награда за

општествена одговорност за 2010 година

ПРИЗНАНИЕ ЗА УСПЕШНО СПРОВЕДЕНИОТ ПРОЕКТ „ВО

ПОДДРШКА НА ЗАЕДНИЦАТА“

ТТК Банка е добитник на Националната награда за општествена одговорност за 2010 година! Во категоријатата “Вложување во заедницата”, со голем број на општествено одговорни проекти на големи и средни претпријатија, на ТТК Банка и` беше доделена Националната награда за општествена одговорност за 2010 година, за успешно спроведениот

проект “Во поддршка на заедницата”. -Оваа награда претставува големо признание за ТТК Банка која во изминатите неколку години ја дефинираше и спроведуваше својата стратегија за општествена одговорност, за што стана препознатлива во јавноста. Особено сме горди што ТТК Банка се истакнува во однос на другите субјекти од финансискиот сектор, бидејќи ТТК Банка е единствена банка која доби Национална награда. Во денешниот свет на глобализација, потребно е да се посветите на луѓето на кои им е потребна помош, а грижата и хуманата активност е обврска на ТТК Банка која работи етички и се посветува на поддршка и развој на заедницата, – истакнува Елена Младеновска Јеленковиќ, директор на Дирекцијата за маркетинг и развој на производи на ТТК Банка. Проектот “Во поддршка на заедницата” е продолжение на Проектот “Во поддршка на најмладите” за кој ТТК Банка ја доби истата награда во 2008 година. ТТК Банка го реализираше овој проект во повеќе фази кои вклучуваа поддршка на проекти, активности и настани кои имаат за цел да го поттикнат правилниот развој на граѓаните од заедницата, полесна социјализација на лицата со посебни потреби, создавање на еднакви можности и права на сите граѓани.

Еуростандард банкаНОВ ШАЛТЕР ВО КАРПОШ 4

Еуростандард банка во средата стана подостапна и за жителите на Карпош 4. Новиот шалтер за работа со клиенти е во склоп на Станицата за техничкиот преглед на Здружението на возачи во Карпош 4. Шалтерот е отворен со цел што повеќе да им се доближи на своите клиенти и да им го олесни пристапот до сите свои производи и услуги. Лоциран во рамките на Станицата за технички преглед на Здружението на возачи, шалтерот ќе овозможи ефикасна, брза и квалитетна банкарска услуга за сите возачи, клиенти на Банката, при технички преглед или регистрација на нивните возила. На шалтерот граѓаните ќе имаат можност да завршуваат низа банкарски работи како: отворање сметки, примање депозити, исплата на кредити, менувачко работење, брз трансфер на пари, како и платен промет во земјата и во странство. Работното време на шалтерот ќе биде од 8 до 16 часот секој работен ден.

Page 16: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

Најави од Министерството за финансии за увозот на стоки наменети за

индустријатаПОМАЛИ ЦАРИНИ ОД 1 ЈАНУАРИ 2012

ГОДИНА

Согласно Програмата за работа на Владата во делот на царинската тарифа и поддршка на бизнис-климата, предвидени се активности за намалување на царинските давачки од 1 јануари 2012 година на повеќе видови стоки што се наменети за неколку индустрии и сектори значајни за вкупната економска активност во државата, најави вицепремиерот и мининистер за финансии Зоран Ставрески на отворенатa владина седница.

-Со предложените измени на Законот за царинска тарифа се предвидува намалување на царината на стотици полупроизводи, суровини и репроматеријали што се користат од страна на овие индустрии кои врз основа на досегашните барања и контакти со бизнис-заедницата очекуваа да го направиме она што го ветивме во Програмата, иако можеби економскиот амбиент сега не е најповолен за ново намалување на царини, бидејќи од аспект на Владата и државата тоа ќе значи намалување и на приходите во буџетот, рекол Ставрески, а пренесува МИА. Сепак, потенцираше, ветување е ветување и Владата треба да опстои на тоа со динамиката која е наведена во Програмата за работа. - Се работи за следните сектори: поддршка на прехранбената индустрија и производство на сокови, преку укинување на царинските давачки за бел шеќер од 30 на 5 отсто и ќе се намалат на нула проценти давачките за суров шеќер, за рафинирање од шеќерна репка, друг суров шеќер од шеќерна репка и меласа. Се укинуваат давачките од 5 на 0 проценти на низа репроматеријали за производство на пире за сокови и концентрат од овошје кои не се одгледуваат кај нас, - потенцираше Ставрески. Министерот информираше дека се воведуваат нови национални тарифни ознаки за распоредување репроматеријали за сокови, со што се намалуваат и царинските давачки за истите и како што рече, се укинуваат целосно царинските давачки за полиетиленски фолии што се користат во амбалажата на прехранбени производи.

- Со укинување на царинските давачки за семенски материјали што се користат во земјоделството се врши укинување на царинската давачка за увоз на мотокултиватори за да биде понизок трошокот за семенски материјал и да се зголеми продуктивноста на работењето, - додадал вицепремиерот. Во областа на спортот, рече Ставрески, се укинуваат и царински давачки за низа спортски производи, како скиите, сноуборди, производи и опрема за пинг понг, гимнастички справи за вежбање, тениски рекети и слично. - Во исто време предлагаме со измени на Царинскиот закон да поминат и останатите работи ветени во Програмата за намалување за царините што ќе се реализираат од 1 јануари 2013 година. Во тој дел ќе има укинување на сите царински давачки за автобуси и минибуси. Од 10 и 15 проценти, ќе ги сведеме на 5 отсто. Укинување на царински давачки наменети за вагони за железницата од 4 на 0 проценти, а во делот на поддршка на автомобилската индустрија предвидуваме укинување на царините за репроматеријали и производство на резервни делови за автомобили од 15 на 0 проценти и во делот на индустриското производство за голем број компании имаме укинување на царината на голем број алатни машини што се користат во металопреработувачката индустрија, почнувајќи од 2013 година, - рекол Ставрески.

За две години постоење Агенцијата за супервизија на осигурувањето успешно се

етаблираше на пазаротПРОФЕСИОНАЛНО, НЕЗАВИСНО И

КОМПЕТЕНТНО РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО

Агенцијата за супервизија на осигурувањето на првиот ден од ноември одбележа две години од постоењето. На свеченоста организирана по тој повод директорот на институцијата, Климе Поповски оценил дека пазарот на осигурување во Република Македонија е мал и во фаза на динамичен развој, иако се` уште има мало учество во вкупната актива на финансискиот систем во државата. Забележан е пораст на бруто пласираната премија за 7,6 проценти во првата половина од годинава и тоа 6,3 проценти на неживотното осигурување и 30 отсто на животното осигурување. Тоа, рекол Поповски, укажува дека потенцијалот е голем кај животното осигурување и се надева дека во периодот што следи ќе има уште поголем пораст. Според вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески, Агенцијата успеала за две години да се етаблира како професионално, независно

и компетентно регулатно тело што успешно ја остварува целта на зајакнување на стабилноста, ефикасноста и конкуретноста на пазарот на осигурување. - Нема подобра потврда дека нашата Агенција за супервизија е на добар пат од последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во кој посебно се истакнува напредокот на пазарот на осигурување, истакнал м-р Зоран Ставрески, а пренесува МИА. Најавил дека Владата ќе продолжи со поддршката на Агенцијата и на развојот на пазарот за осиругување и во таа насока го спомена донесувањето на законот со кој ќе се овозможи реализација на проектот за осигурување од ризикот од катастрофи Европа Ре. Кон крајот на 2012 година ќе биде донесен и нов закон за осигурување со кој во целост ќе се имплементираат европските стандарди за солвентност на осигурителните друштва.

- Донесувањето на тој закон ќе придонесе за зголемување на довербата во финансиската стабилност во осигурителниот сектор, намалување од ризикот на несолвеност на друштавата и рано предупредување до супервизорите на пазарот на осигурување со цел навремена интервенција и спречување на подоцнежни последици, рекол Ставрески. На осигурителниот пазар во Македонија функционираат 15 друштва, кои се во доминантна сопственост на странски инвеститори, а само едно е во сопстевност на домашни инвеститори. Двегодишнината од постоењето Агенцијата го одбележа и со доделување на наградата за млад истражувачки труд од областа на осигирувањето и управувањето со ризик која годинава му беше врачена на Милан Илисковски. Агенцијата за супервизија на осигурувањето е основана на 1 ноември 2009 година како независно регулатно тело со основна мисија да се грижи за законско ефикасно осигурување на пазарот на осуигурување со цел заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги.

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 17: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

Комитет за претприемништво и иновации

НАУЧНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА

КОМПАНИИТЕ

Научните лаборатории кои ги набавува Владата за универзитетите, покрај за наставно-научна дејност, треба да се стават во функција на поширок круг корисници надвор од универзитетите, односно компаниите. Информацијата подготвена од Министерството за образование и наука ја разгледа на седница владиниот Комитет за претприемништво и иновации, кој заклучи при разработка на финалниот концепт приоритет треба да се стави на компаниите кои би имале интерес за користење на научните лаборатории за нивни сопствени потреби за истражување и развој.

На седницата на Комитетот, како што стои во соопштението од владината прес-служба, заклучено е во рамки на проектот за превод на 1.000 книги и учебници од најреномираните универзитети, да се инкорпорира и превод на 12 книги од областа на претприемништвото и иновациите. Комитетот ја разгледа и информацијата подготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за можностите во рамки на програмата за поддршка на руралниот развој да се разработи концепт за поддршка на трансфер на нови технологии и иновации во областа на земјоделството, со што би се придонело кон зголемување на продуктивноста и квалитетот на земјоделското производство. На седницата е разгледана и реализацијата на повеќе проекти од областа на претприемништвото и иновациите кои што се предвидени во Програмата за работа на Владата, а донесен и заклучок да се разгледа можноста околу ангажман на реномиран странски експерт од областа на претприемништвото и иновациите кој што би се вклучил во работата на Комитетот со давање свои предлози и сугестии за проекти и активности од овие области.

Република Македонија се претстави на Меѓународната изложба на „Идеи – Пронајдоци - Нови производи - ИЕНА

2011“ во Нирнберг, ГерманијаВРВНИ НАГРАДИ

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНОВАТОРИ

Делегацијата од Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија учествуваше на Меѓународната изложба на идеи-пронајдоци-нови производи - ИЕНА2011 година, што се одржа од 27 до 30 октомври 2011 година, во Нирнберг, Германија. На изложбата учествувале 30 земји, со повеќе од 700 пронајдоци. Република Македонија, со цел да го промовира македонското пронаоѓаштво во меѓународни рамки учествуваше на овој меѓународно признат саем. На изложбата беа презентирани пет пронајдоци, при што уште еднаш се потврди дека пронајдоците од македонските иноватори кои се предмет на заштита со правата од индустриска сопственост се вредни за комерцијализација и трансфер на технологии на национално и на меѓународно ниво. Македонскиот штанд привлече големо влијание не само на Меѓународното жири, туку и на останатите учесници на Саемот како и на посетителите. Свеченото доделување на наградите на „ИЕНА 2011“ се одржа на 29 октомври 2011 година. За македонските учесници беа доделени следниве награди: - на подносителот ТЕКОН ДОО и пронаоѓачите Благоја Самакоски, Златко Соколоски, Гари Манески и Самоил Самак, за пронајдокот “МЕХАНИЗАМ ЗА АВТОМАТСКО СЕЧЕЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ВЛАКНА ИМПРЕГНИРАНИ СО СМОЛА“ беа доделени: - ЗЛАТНА ПЛАКЕТА со диплома од Министерството за образование, истражување, млади и спорт на Романија; - бронзен медал од стручното жири; - златен медал и диплома од Руската асоцијација за научна и технолошка меѓународна соработка; - специјална награда од Здружението за промоција на пронаоѓаштвото на Кореја; -на подносителот АЦ ДЦ и пронаоѓачите Иван Поповиќ и Ванѓел Димановски, за пронајдокот “АЦ ДЦ МОС ПРОТЕКТОР - КОНЦЕПТ НА ОСУМСТЕПЕН ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ НА ПРЕНАПОНСКА ЗАШТИТА“ беа доделени: - сребрен медал од стручното жири; - сребрен медал со диплома од Здружението на пронаоѓачи на Полска; - на пронаоѓачите Исмаил Асани и Џелал Алиу, за пронајдокот “ЕЛЕКТРИЧЕН КОТЕЛ ЗА ВОЗДУШНО ГРЕЕЊЕ “ им беа доделени: - специјална награда

од Здружението за промоција на пронаоѓаштвото на Кореја; -на пронаоѓачот Дончо Анчовски, за пронајдокот “ПИРОТЕХНИЧКА СМЕСА ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА ВРНЕЖИ “ му беше доделени - пехар и диплома од Руската асоцијација за научна и технолошка меѓународна соработка; - на пронаоѓачот Владимир Јаќовски, за пронајдокот “УРЕД ЗА ОПТИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЕНЕРГИЈАТА “ му беше доделена - специјална награда од Првиот институт на пронаоѓачи и истражувачи на Исламската Република Иран. Исто така, Државниот завод за индустриска сопственост за своето учество и придонес во промовирањето на пронаоѓаштвото доби диплома од Турскиот патентен завод.

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПРОГРАМАТА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА

РАЗВОЈ НА ЕНЕРГЕТИКАТА

Министерот за економија Ваљон Сарачини и академик Георги Старделов потпишаа Договор за изработка на Програмата за периодот од 2012 до 2016 година за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија до 2030 година. - Задоволство ми е што нашата најстара и најголема научна институција ја доби оваа одговорна задача да работи на развојот на енергетиката на нашата земја, рекол Сарачини по потпишување на договорот, а пренесува МИА. Тој потсети дека Владата во април минатата година ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија. Врз основа на неа, Владата ги носи политиките во областа на енергетиката и ги дефинира оптималниот долгорочен развој на енергетскиот сектор од аспект на сигурност во снабдувањето со сите видови на енергија на потрошувачите во државата. За нејзина реализација Владата донесува Програма за реализација во период од пет години, со која се дефинираат приоритетни проекти со потребни финансиски средства

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 18: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

и рокови за нивна реализација со цел на граѓаните и економијата да им се обезбеди сигурност во снабдувањето со сите видови на енергија на долгорочна основа.

На јавниот повик на Министерството за економија, за Изготвување на Програмата за периодот 2012 – 2016 во рамки на ГЕФ Проектот за одржлива енергија, беа пријавени повеќе домашни и странски заинтересирани организации. Целата постапка беше спроведена според правилата на Светската банка, а на 23 мај МАНУ беше избрана како најдобар понудувач. МАНУ во следните 9,5 месеци од потпишувањето на Договорот ќе ја изготви финалната верзија на Програмата. Најпрво треба да биде изготвена нацрт верзија на програмата во рок од шест месеци, организирање тркалезна маса на која ќе дискутира нацрт верзијата на програмата, изготвување на финална верзија, која ќе биде прифатлива за Министерството и учество во активностите поврзани со донесувањето на Програмата во период од дополнителни два месеци по изготвувањето на финалната верзија.

Конференција за безбедност и здравје при работа

СЛЕДИ НАЈТЕШКОТО – ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНИТЕ

Постоењето социјален дијалог за решавање на проблемите со поддршка на синдикатите и на невладиниот сектор е единствената формула на успехот, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на конференцијата „Безбедност и здравје при работа - основно трудово право“ што ја организираше Сојузот на синдикатите на Македонија. Тој изрази уверување дека ваквите конференции, јавни дискусии и дебати ќе придонесат за подобрување на статусот на работниците во Македонија од аспект и на работни односи, но и од аспект на безбедноста и здравје при работа, усогласувајќи ја областа со европската пракса и легислатива. - Сега ќе следува имплементација на донесените закони и директиви заради

кои ќе мора да се зголеми степенот на соработка меѓу Владата и синдикатите, затоа што само на тој начин можеме безбедноста и здравјето при работа на работниците да ги обезбедиме и подигнеме на ниво со кое ќе можеме потоа да се пофалиме како држава во рамки на која се реализираат активности кои може да ги подобрат состојбите на работниците, рече Ристовски, а пренесува МИА. Државниот пазарен инспекторат од почетокот на годината до септември, како што информира, извршил 10.105 инспекциски надзори, при што биле донесени 3.756 решенија за отстранување на утврдени недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа. Донесени се 112 решенија за забрана за работа, како и 127 барања за поведување прекршочна постапка, 166 мандатни казни и осум кривични пријави. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Жарко Митревски рече дека не може да посочи сектор со непочитување на законските одредби, но смета дека онаму каде што има голем дел непријавени работници, присутни се тие појави.

- Во рамки на Еконосмко-социјалниот совет и со Министерството за труд и социјална политика дискутиравме за подобруавње на одредени инструменти од типот на одредени електронски картички за одобрување со цел да утврдиме определени инструменти со кои ќе го елиминираме работењето на црно, а со тоа и повредите на непријавените работници, изјави Митревски одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата.

Комитет за туризам

Владиниот Комитет за туризам ја разгледа Националната стратегија за развој на туризмот со посебен акцент на формирање работна група која ќе се концентрира на делот на формирање и создавање развојни туристички зони во три региони во Охридско-струшкиот, Преспанскиот и Дојранскиот. На Комитетот било разговарано во иднина да се реформира досегашната Агенција за промоција и подршка на туризмот во нова Национална туристичка

агенција која ќе има за цел промоција на туризмот и едукација на туристичките работници - Новата национална агенција на туризам ќе се состои од управен одбор во кој ќе членуваат членови од пет министрства, односно од министерствата за траснпорт и врски, за животна средина, за економија, за култура и за земјоделство, изјави Сарачини, а пренесува МИА.

Според него, било разговарано и за можноста следната година повторно да бидат воведени субвенции за носење странски туристи, каде бил потенциран фактот дека годинава имало за 25 отсто зголемување на бројот на странски туристи. - На Комитетот разговаравме и за податокот кој деновиве го добивме дека бројот на ново вработени само во делот на туризмот е пораснат за 40 проценти во однос на истиот период лани. Владата на РМ става посебно значење на развојот на туризмот, а тоа го покажа со последните информации дека девизниот прилив во државата пораснал за околу 19 отсто што од прилика значи околу 100 милиони долари прилив, нагласи министерот Сарачини.

Концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровиниПОСТИГНАТ ЗНАЧИТЕЛЕН НАПРЕДОК ВО

РЕШАВАЊЕТО, ОПЕРАТИВЕН КОМИТЕТ ЌЕ ГИ АЖУРИРА БАРАЊАТА

Постигнат е значителен напредок во решавањето на поднесените барања за концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини. Ова го констатирал владиниот Комитет за минерални суровини на состанокот одржан на 26.10.2011 година. Со цел навремено постапување по идните барања за доделување концесии Комитетот заклучил Владата да формира оперативен комитет, кој еднаш неделно на состаноци ќе ги разгледува и ажурира поднесените барања, соопштува владината прес-служба. Имајќи го предвид потенцијалот на наоѓалиштата на минерални суровини за развој на инвестициските активности, што создава можност за отворање нови работни места, Комитетот ги задолжи надлежните министерства да преземат

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 19: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

активности за измени на повеќе закони во насока на скратување и поедноставување на постапките за доделување на концесии, - се вели во соопштението.

Јавен повик за давање под закуп земјиште во Нов Дојран, Црничани,

Сретеново, Тремник, Тработивиште, Град и Стар Истевник во регионот на

ДелчевоНАЈНИСКИТЕ ИЗНОСИ ЗА ЗАКУП ОД

4.423 ДО 6.857 ДЕНАРИ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави нов јавен повик за давање под закуп државно обработливо земјиште. Огласот се однесува на парцели во Нов Дојран, Црничани, Сретеново, Тремник, Тработивиште, Град и Стар Истевник во регионот на Делчево. Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Потребната документација за правни лица е и геодетски елаборат, понуда за износот на годишната закупнина, бизнис-план со основни податоци за учесникот, информација за целта за која ќе се користи земјиштето, применетата технологија, број на вработени, очекувани производно-економски резултати. Физичките лица треба да достават геодетски елаборат, понуда за износот на годишната закупнина, програма за користење на земјиштето со основни податоци за семејството, техничко-технолошка опременост, целта за која ќе се користат површините. Секој понудувач може да достави само еден оригинален образец. Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневниот печат, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Комисијата врши избор на најповолен понудувач врз основа на неколку критериуми, највисока понудена годишна закупнина, минимално материјално-техничката опременост на понудувачот и број на планирани вработувања, односно вработени според бизнис-планот. Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар што можат да го понудат заинтересираните за овие катастарски општини е од 4.423 денари во Делчево до 6.857 денари во Дојран. Времетраењето на закупот е 15 до 50 години зависно од културите.

Објавен јавен повик за аплицирање за финансиска поддршка за формирање задруги и зачувување на руралните

пределиКРАЈНИОТ РОК ЗА БАРАЊАТА

25 НОЕМВРИ 2011 ГОДИНА

Објавен е јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства за мерките 1.4 Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење земјоделска дејност и 2.1 Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики од годинашната Програма за поддршка на руралниот развој. Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, право да користат средства од мерката 1.4 имаат задруга или правно лице со претежна дејност од областа на земјоделството и основано од носители на земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), задруга или правно лице со претежна дејност од областа на земјоделството и основано од носители на земјоделски стопанства регистрирани

во ЕРЗС и преработувачки капацитети за преработка на замјоделско- прехранбени производи, како и правно лице од областа на земјоделството формирано од здружение на земјоделски производители. За мерката 2.1 може да конкурираат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства согласно Законот за земјоделство и рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Средствата за Економско здружување на земјоделски стопанства предвидуваат помош за воспоставување задруга со претежна дејност од областа на земјоделството и основана од носители на земјоделски стопанства регистрирани во Единствен регистар на земјоделски стопанства при МЗШВ и за помош за организирање информативни и промотивни активности за земјоделски производи произведени и пласирани од земјоделска задруга. Средствата од мерката Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики се предвидени за надомест на трошоци за номадско одгледување овци и традиционално овчарство во висина од 80 отсто од просечната бруто плата во дејноста за период од 1 ноември 2010 до 30 октомври 2011 година за вработен овчар во сооднос 1 овчар на 150 овци. Крајниот рок за доставување на барањата е 25 овој месец. Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на телефонот (02) 3097-460 или на интернет страницата www.ipardpa.gov.mk. Потребните обрасци со листата на потребни документи може да се подигнат на веб страната или во писарницата на Агенцијата. Пополнетите барања за исплата се доставуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 20: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

Индекси на цените на мало и на трошоците на живототЗЕЛЕНЧУКОТ И ОВОШЈЕТО

СО НАЈВИСОК СКОК

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во октомври 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, а индексот на трошоците на животот 100,3. Порастот на трошоците на животот од 0,3% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 5,2%, овошјето за 2,2%, млечните производи за 0,8%, сувото овошје и преработките од риба за 0,5%, производите од жито, месото и свежото и киселото млеко за 0,2%.

Во октомври 2011, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај течните горива и гасот за 3,2%, обувките за 1,5%, нафтените деривати за 1,3%, облеката за 0,8%, услугите за образование за 0,4%, предметите за домаќинството и храната во ресторани и хотели за 0,3% и услугите за сместување за 0,2%. Намалување на индексот на трошоците на животот во октомври 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај преработките од месо и јајцата за 0,7% и рибата за 0,3%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај туристичките аранжмани за 5,1%, услугите за одржување на станот за 2,5%, средствата за образование за 0,7%, цврстите горива и садовите и приборот за домаќинствата за 0,6%, останатите услуги неспомнати на друго место за 0,5% и средствата за хигиена за 0,4%. Индексот на цените на мало во октомври 2011 година, во споредба со октомври 2010 година, бележи пораст од 3,8%, а трошоците на животот бележат пораст од 3,3%.

Бруто-домашниот производ во 2010 година

ПОРАСТ ОД 3,4 ОТСТО

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ (БДП) во 2010 година изнесувал 424 762 милиони денари и во однос на 2009 година номинално е зголемен за 3,4%. Реалната стапка на раст на БДП во однос на 2009 година изнесува 1,8%. Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2010 година имаат секторите: (Б, В, Г и Д) Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (18,2%). Финалната потрошувачка во 2010 година, во однос на 2009 година, номинално расте за 3,1%, а во структурата на БДП учествува со 95,4%. Учеството на Извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2010 година изнесува 47,6%. (Податоците за бруто-домашниот производ се пресметани според новата Национална класификација на дејностите - НКД Рев.2).

Инвестиции во основни средствa во 2010 година изнесувале близу 83

милијарди денариПОРАСТ ОД 1,3 ОТСТО, НАЈМНОГУ ВЛОЖЕНО ВО ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вредноста на инвестициите во основни средства во Република Македонија во 2010 година изнесува 82 968 милиони денари.

Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2010, во однос на 2009 година, изнесува 1,3%. Во техничката структурата на инвестициите во основни средства,

градежните работи учествуваат со 60,7%, машините и опремата со 34,3%, а останатите инвестиции со 5,0%. Најголема вредност на инвестициите во основни средства е реализирана во следните сектори: Ѓ-Градежништво 34,7%; В-Преработувачка индустрија 12,4 %; Е-Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 9,7% и Г-Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 8,5%. (Податоците за 2010 година како претходни се пресметани според Националната класификација на дејностите НКД Рев.2).

Индустриско производствоЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ПОРАСТ

ОД 6,3 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 97,7.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на каменво септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи опаѓање од 8,6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,3%, а во секторот Снабдување соелектрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18,8%. Според главните индустриски групи, производството во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст кај Капитални производи за 48,1% и Трајни производи заширока потрошувачка за 8,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17,9%, Интермедијарнипроизводи, освен енергија за 5,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на

СТАТИСТИКА

Page 21: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

периодот јануари - септември 2010 година, изнесува 106,3.

Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

ПРЕПОЛОВЕНИ ДОГОВОРИТЕНА ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-септември 2011 година, вкупната вредност на извршените градежни работи во странство изнесува 1 703 523 илјади денари што е за 8,9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 2 027 279 илјади денари што е за 48,9% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Словенија, Албанија, Хрватска, Италија и Украина, додека на другите пазари е регистриран намален обем.Како нови пазари се јавуваат Црна Гора и Франција.

Бруто и нето плата по вработен ПРОСЕЧНО ИСПЛАТЕНА БРУТО-ПЛАТА

ОД БЛИЗУ 500 ЕВРА

Бруто-плата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен, во август 2011 година, во однос на август 2010 година, изнесува 101,7. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (23,7%), Стручни, научни и технички дејности (8,9%) и

Уметност, забава и рекреација (8,6%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Рударство и вадење на камен (10,.0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5%) и Дејности во врска со недвижен имот (3,3%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2011 изнесува 30 715 денари. Во август 2011 година, 3,1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Нето-плата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во август 2011 година, во однос на август 2010 година, изнесува 101,8. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (23,4%), Рударство и вадење на камен (9,5%) и Уметност, забава и рекреација (9,0%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот

месец, е забележан во секторите: Рударство и вадење на камен (8,7%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,3%) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2011 изнесува 20 912 денари. Во август 2011 година, 3.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.Индекси на прометот во секторот

Трговија

ПРОДОЛЖУВА ОПАЃАЊЕТО НА ПРОДАЖБАТА НА ВОЗИЛА И

МОТОЦИКЛИ

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во секторот Трговија на големо и на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, во август 2011 година, во однос на август 2010 година, изнесува 104.9.

Гледано по оддели, во август 2011, во однос на август 2010, прометот бележи опаѓање во одделот Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка за 15.3%, во одделот Трговија на големо е забележан пораст од 0.2%, а пораст од 9.9% е забележан во одделот Трговија на мало. Бројот на работниците во индустријата до крајот на септември зголемен за 2,1 отсто

ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГИЈАТАОТВОРЕНИ НАЈМНОГУ РАБОТНИ

МЕСТА

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во септември 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 102.2. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен

СТАТИСТИКА

Page 22: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, е зголемен за 2.0%, во Преработувачката индустрија е зголемен за 2.0% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизацијае зголемен за 4.9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 4.0%, Интермедијарнипроизводи, освен енергија за 1.1%, кај Капитални производи за 2.9% и кај Нетрајни производиза широка потрошувачка за 2.6%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на истиот период од 2010 година, изнесува 102.1

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА

Невработеноста во еврозоната достигна историски максимум од

10,2 проценти НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ ВО ГРЦИЈА,

ШПАНИЈА...

Невработеноста во еврозоната во септември достигна историски максимум од 10,2 проценти во однос на 10,1 процент во август, додека во целата Европска унија невработеноста е зголемена на 9,7 проценти во споредба со 9,6 проценти претходниот месец, покажуваат податоците објавени на Интернет страната на Европската статистичка служба. За споредба, во септември 2010 година овој показател изнесувал 10 проценти во еврозоната, а 9,6 проценти во ЕУ. Евростат изврши исправка на податоците за август, зголемувајќи ги на 10,2 проценти по првично објавените 10 проценти невработеност. Земјите со најголемо зголемување на годишно ниво се

Грција од 12,6 на 17,6 проценти меѓу јули 2010 и јули 2011 година, Шпанија од 20 на 22,6 проценти и Кипар од 6 на 7,8 проценти. Најголемо годишно намалување е забележано во Естонија, Литванија и Летонија. Во Романија нивото на невработеност во септември изнесува 7,5 проценти во споредба со 7,3 проценти во август и 7,2 проценти во септември минатата година. Невработеноста во Бугарија бележи зголемување на 11,9 проценти, во однос на 11,7 во август. Мал раст на британската економија во третиот квартал од оваа година Британската економија забележа мал раст од 0,5 отсто во третиот квартал од оваа година, соопшти британското Биро за државна статистика. Во претходниот квартал, економијата во Велика Британија оствари раст од само 0,1 отсто и беше на работ од враќање во периодот на

рецесијата, јави дописникот на МИА од Лондон. Иако растот на економијата во третиот квартал е поголем отколку што се очекуваше, затоа што економските експерти предвидуваа тој да не биде поголемо од 0,3 отсто, постигнувањата на британската економија меѓу јули и септември сепак заостануваат зад владините планови и се далеку под резултатите од почетокот од 2010 година. Владата во Лондон, сепак, смета дека станува збор за позитивен развој на домашната економија.Министерот за финансии Џорџ Озборн изјави дека тоа покажува оти владините економски мерки се добри и дека британската економија полека се опоравува. Тој смета дека заздравувањето ќе оди полека, но нагласи дека тоа веќе не зависи само од состојбите во британската економија, туку и од она што се случува во светот, а посебно

во зоната на еврото каде продолжува нестабилноста. Експерти од лондонскиот финансиски центар Сити сметаат дека опоравувањето на Велика Британија ќе оди многу побавно отколку што тоа се очекуваше, па се предвидува дека можеби ќе требат и шест години, пред домашната економија да се врати на времето на забрзан економски развој. Банкарски експерти сметаат дека малиот раст во третиот квартал годинава, не ја оддржува вистинската состојба и предвидуваат дека британската економија и натаму се соочува со опасноста да западне во нова рецесија.

Бројот на интернет корисниците во Франција за десет години

зголемен четирипати НАЈМНОГУ ВРЕМЕ СЕ ТРОШИ НА

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Во последните десет години бројот на корисниците на интернет во Франција е зголемен за речиси четири пати, јави дописникот на МИА од Париз. Интересот за интернет, логично е придружен со зголемување и на стапката на опременост. Според францускиот Институт за статистички и економски студии (ИНСЕЕ), повеќе од 64 отсто на домаќинствата во Франција имаат интернет приклучок, додека во 2000 година тоа било случај со само 12 проценти од нив. Паралелно со ова оди и „експлозијата“ на смартфони, со кои се опремени околу 10 милиони Французи, како и на електронската трговија, бидејќи 52,1 отсто од француските граѓани изјавиле дека купуваат преку интернет. Сепак Французите најмногу од нивното време го трошат на социјалните мрежи. Испитувањето за однесувањето на Французите на интернет, направено за потребите на интернет и телефонскиот оператор „Оранж-Терафемина“, покажува дек повеќе од половина од Французите имаат Фејсбук профили, а речиси три милиони од нив се корисници на Твитер. Но, сепак Французите имаат уште многу да напреднат при користењето на Твитер, бидејќи тие се само 1,1 отсто од вкупниот број корисници во светот.

СТАТИСТИКА

Page 23: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

На Самитот на „последната шанса“ постигнат договор за спас на

еврозонатаНА ГРЦИЈА И` СЕ ПРОСТУВА ПОЛОВИНА

ОД ДОЛГОТ, ШТО ПОНАТАМУ

На Самитот на „последната шанса“ за излез на еврозоната од должничката криза, кој заврши утрината на 27.10.2011 година некаде околу 4 часот по десет часа заседавање, европските лидери успеаја да постигнат договор со банките што го „поседуваат“ грчкиот долг, со кој тие се согласија да избришат половина од долгувањата на Грција. Како што јави дописникот на

МИА, долгот на Грција кој изнесува околу 350 милијарди евра со договорот ќе биде намален за околу 100 милијарди евра. Во замена на простувањето на дел од долгот, постигнат е договор за декапитализација на банките кои имаат потреба од тоа. Шефововите на државите или владите на еврозоната исто така одлучија да го зголемат обемот на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФФС) на 1.000 милијарди евра од сегашните 440 милијарди евра. Сепак, според многу аналитичари, дополнителните средства во Фондот би биле недоволни да се спречи евентуален колапс на еврозоната, доколку дојде до продлабочување на должничката криза во Италија или Шпанија. Европските лидери го поздравија договорот постигнат во Брисел за реструктуирање на грчкиот долг, со кој приватните инвеститори прифатија да се откажат од 50 проценти од нивните побарувања, - јави дописникот на МИА. Претседателот на Европската централна Банка (ЕЦБ) Жан-Клод Трише ги поздрави овие, како што рече, „крајно важни одлуки“ на лидерите на еврозоната. - Донесовме крајно важни одлуки во повеќе области. Сето ова, сега бара многу работа и многу брза

работа, изјави Трише, кој на почетокот од номеври ја напушта функцијата во ЕЦБ. Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и поранешен француски министер за финансии Кристин Лагард го поздраваи „суштинскиот напредок“ постигнат на европскиот самит во Брисел, честитајќи им на лидеритете на еврозоната, кои „успеаја да донесат програма што ќе одговори на кризата во регионот. - Сега имам намера да му препорачам на Управниот совет на ММФ да ја исплати новата транша од помошта на Грција, рече Лагард, подвлекувајќи дека решавачко било прифаќањето на економските реформи од страна на грчката Влада. Германската канцеларка Ангела Меркел по завршувањето на Самитот оцени дека еврозоната се покажала на „нивото на очекувањата“ и дека го направила „тоа што требаше да се направи за еврото“ со тоа што успеа да постигне согласност за еден поширок план за справување со долгот. Таа призна дека договорот кој беше постигнат изутринава воопшто не бил евидентен пред неколку дена. Францускиот претседател Никола Саркози го поздрави склучувањето на „амбициозниот и кредибилен“ договор против кризата. - Усвоивме елементи на глобален одговор, на еден амбициозен и кредибилен одговор на кризата која ја зафати еврозоната, рече Саркози. Изразувајќи убеденост дека резултатот ќе биде прифатен со олеснување од целиот свет, кој очекуваше одговори од еврозоната, Саркози додаде дека светот очекуваше катастрофа во случај на непостигнување на договор. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека Грција ќе може повторно да се вратила на меѓународниот финансиски пазар пред 2021 година, како што предвидува ММФ, но под услов да ги спроведе на дело реформите. Според него, спроведувањето на реформите нема да трае десет години, тоа ќе се одвива побрзо, бидејќи сега долгот станува „поднослив“ за Грција.

М-р Зоран Ставрески, вицепремиер и Министер за финансии во Владата на

Република Македонија СИТЕ ПРОБЛЕМИ НЕ СЕ РЕШАВААТ, АМА НАПРАВЕН Е ЧЕКОР НАПРЕД

Одлуката на европските лидери за должничката криза во Грција, за отпис на долгот од над 50 проценти, според

вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е одлука која не ги реши сите проблеми за Грција, но претставува чекор напред за надминување на досегашната ситуација. - Со Одлуката за отпис на долгот на Грција во износ од над 50 проценти практично се официјализира банкротот на Грција и неможноста да ги враќа своите долгови и тоа е сепак подобра варијанта отколку другата тоа да се случи без договор. Во секој случај тешко дека ќе претставува конечно решение на ситуацијата и во Грција и во другите должнички земји, бидејќи сега се отвора

прашањето што ќе се случи ако слична ситуација има во Италија, Шпанија, како поголеми земји каде инвеститорите нема да можат да го прифатат отписот на долгот или каде што нема доволно средства за рекапитализација на банките, изјави министерот Ставрески, а пренесува МИА. Според него, што се однесува до Грција, со оваа одлука нема се решат сите проблеми. Со неа, рече минситерот, таа добива привремена помош и поддршка да не се случи целосен банкрот, но тоа во основа значи дека и во иднина ќе се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нивото на државниот долг и покрај ова ќе биде доста висок. - Во однос на Македонија позитивно е што се понуди некој пакет од страна на европските земји за надминување на состојбите и внесување поголема сигурност меѓу кредиторите и инвеститорите. Важно е да се тргне напред, да се прекине со постојаниот фокус на земји, кои се недисциплинирани и имаат должнички проблеми и да се фокусираат на државите кои се добри

ДОСИЕ: ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА НА ЕВРОЗОНАТА

Page 24: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ДОСИЕ: ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА НА ЕВРОЗОНАТА

со здрави политики и кои можат да одат напред. Затоа за Македонија е битна оваа ситуација колку помалку се пролонгира во Европа за Македонија е подобро, бидејќи европските земји и инвеститорите ќе можат да почнат постепено да се враќаат на старите патеки на економски раст. Тоа е единствениот начин како Македонија може да има корист од целата ситуација, оцени министерот за финансии.

Земјите од еврозоната планираат да донесат буџетски „златни правила“

ОЗАКОНУВАЊЕ НА ВРАЌАЊЕТО НА РАМНОТЕЖАТА

НА ДРЖАВНИТЕ БУЏЕТИ

Земјите од еврозоната планираат до крајот на следната година да донесат буџетски „златни правила“, со цел да се озакони враќањето на рамнотежата на државните буџети, се наведува во заклучната декларација од средбата на лидерите на земјите од еврозоната. Меѓу предвидените мерки за

зацврстување на заедничката буџетска дисциплина на монетарната унија е донесување од секоја земја-членка до крајот на 2012 година правила за балансиран буџет, кои ќе се стават во Законот на Пактот за стабилност и пораст, за приоритет на уставно или еквивалентно ниво, се додава во Декларацијата. Кон средината на август Франција и Германија побараа од сите земји од еврозоната да донесат правило со кое се наложува ставање во уставот на државата ограничувања на долгот и дефицитот. Ваков проект во Германија постои од 2009 година. Буџетското златно правило е еден од главните аргументи кој се користи од земјите на еврозоната за да им докажат на пазарите дека се решени да се борат против буџетскиот дефицит и да ја намалат задолженоста. Меѓу главните барања е задолжителното придржување на земјите од еврозоната на плафонот на

буџетскиот дефицит од три проценти од бруто домашниот производ (БДП) и плафонот на државниот долг од 60 проценти од БДП. И двете барања се напишани во Пактот за стабилност и пораст, но досега тие се прекршени од повеќе држави на еврозоната.

Институтот за меѓународни финансии

НАД 90 ОТСТО ОД БАНКИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОТПИС НА ГРЧКИОТ

ДОЛГ

Најмалку 90 проценти од банките се подготвени да простат половина од грчкиот долг, изјави за германскиот неделник „Велт ам зонтаг“ директорот на Институтот за меѓународни финансии (ИМФ) , Чарлс Далара. Лидерите на еврозоната успеаја да постигнат компромис изминатата седмица со банките за доброволно отпишување на 50 проценти од вредноста на грчките државни обврзници, како дел од планот за намалување на вкупните задолжувања на земјата и за совладување на должничката криза во еврозоната. - Многу оптимистички сум настроен, дека над 90 проценти од банките ќе учествуваат, истакна Далара, кој ги раководеше преговорите во името на банкарскиот сектор и приватните кредитори.

Засега, меѓутоа, според него, не е познато какви жртви ќе се согласат да направат другите сопственици на грчките обврзници како осигурителните компании и фондовите. Приватниот сектор поседува грчки државни обврзници за 206 милијарди евра, од кои 24 милијарди купиле минатата година осигурителните компании. Во замена на простување на половината од грчкиот долг, ЕУ и ММФ ќе предложат гаранции во вредност од 30 милијарди евра како финансиски стимул за привлекување на приватниот сектор.

„Фајненшел тајмс“ Кина размислува да и помогне на

ЕвропаИНВЕСТИЦИИ

ОД 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Кина размислува да инвестира околу сто милијарди долари во помагањето на еврозоната да се справи со должничката криза, пишува весникот „Фајненшел тајмс“. Весникот цитира извор близок до кинеската Влада.

Тој истакнува дека Кина може да изрази желба да придонесе со сума меѓу 50 и 100 милијарди долари за стабилизациониот фонд на еврото или за нов фонд, создаден под раководство на стабилизациониот фонд во соработка со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според изворот, ако условите за учество бидат уште поприфатливи, нема да изгледа неосмислива варијантата Пекинг да оддели дури и нешто над 100 милијарди долари. Еврозоната реши во средата да се обрати кон Пекинг, за да го зголеми капиталот во стабилизацискиот фонд за еврото.

Русија подготвена да и помогне на ЕУ преку ММФ

НА РАСПОЛАГАЊЕ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Русија е подготвена да и помогне на ЕУ да се справи со должничката криза, инвестирајќи до 10 милијарди долари преку Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави советникот на рускиот претседател Дмитриј Медведев

Page 25: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ДОСИЕ: ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА НА ЕВРОЗОНАТА

за економски прашања, Аркадиј Дворкович. Тој истакна дека неговата земја би можела да ја стави оваа сума на располагање за помош на еврозоната како свој дел од активноста во рамки на ММФ, додавајќи дека „стабилноста на Европа е важна за Русија“. Дворкович не ја исклучи можноста Русија да им понуди директна помош на некои европски држави, но нагласи дека официјална Москва се уште не добила такви барања. Земјите со брз раст, како што се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република објавија дека се подготвени финансиски да ги поддржат ММФ и еврозоната, но исто така истакнаа дека сакаат поголема улога во Фондот.

Очекување на Никола Саркози ГРЦИЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД КРИЗАТА

Францускито претседател Никола Саркози изјави дека верува оти Грција ќе излезе од кризата, додавајќи оти приемот на Грција во еврозоната била грешка. -Тоа беше грешка бидејќи Грција влезе со показатели кои беа фалсификувани... таа не е беше подготвена. Атина може да се спаси благодарение на одлуките од самитот на Европската унија, наведе Саркози.

Коментирајќи ја согласноста на приватните кредитори доброволно да и опростат 50 проценти од кредитите на Грција истакна дека „ако не беше постигнат договор не само Европа, туку и целиот свет ќе беше соочен со катастрофа“.

Евангелос Венизелос, министер за финасии во Владата на Грција

СЕГА ФОКУСОТ ВРЗ СТРУКТУРНИТЕ РЕФОРМИ

Грција треба да ги продолжи структурните економски реформи, изјави грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос. - Не треба да ја испуштаме таа шанса, што ни е дадена со отписот.

Многу е голема, истакна Венизелос. Ќе ги продолжиме сите структурни реформи, додаде тој.

Според него, учеството во размената на обврзници сега е предмет на преговори со банки. Венизелос истакна дека Владата не планира нови мерки за пензиите и платите.

Валери Жискар д’Естен, поранешен француски претседател

ПАНИКАТА ЗА КРИЗАТА ВО ЕВРОЗОНАТА Е ПРЕТЕРАНА

Поранешниот француски претседател Валери Жискар д’Естен во интервју за француското радио Ер-те-ел ја релативизира европската криза, повикувајќи ги сите „кои сега паничат“ да „гледаат подалеку“. Тој е на мислење дека сега се „претерува“ со кризата и како голем приврзаник на европската конструкција, тој потсети која е смислата на Европската унија. - Ние имаме заедничка монета. Денес што прави таа? Таа расте. Таа не е во криза. Значи, во целата оваа афера, јас сум погоден од тоа што таа (кризата) се разгледува во раздвиженост и со релативно ниска компетентност, изјави тој.

За политичарите, Валери Жискар д’Естен вели дека „тие секогаш велат дека моментот е сериозен бидејќи ситуацијата е лоша, тие тоа го најавуваат и ако се оди како што треба тие ќе бидат заслужни бидејќи го решиле проблемот“. Околу ситуацијата во банките, поранешниот претседател смета дека прашањето за зголемување на нивниот капитал е „неразбирлив за граѓаните“. - Во текот на мај-јуни, сите европски банки беа изложени на

тестови и сите банки кои покажаа дека немаат серизони проблеми и дека тие располагаат со резервен капитал. Тогаш. Три месеци подоцна, се зборува за зголемување на нивниот капитал. Како тоагш граѓаните можат да го сфатат тоа. Од дуга страна, тоа не се теми за шефовите на државите и владите, тоа е во надлежност на гувернерите на централните банки, додаде тој. Поранешниот француски претседател и татко на европскиот устав, смета дека постои една интересна тема: „дали седумнаесетте земји од еврозоната, кои се единствени кои сакаат да напредува Европа, во периодот 2030-2040 година ќе бидат една силна монетарна и економска сила која ќе се споредува со таа на САД или Кина. Сите паничат, но внатрешниот бруто производ на Европа е три пати поголем од тој на Кина. И се однесуваме како да не претставуваме ништо, како да сме незначајни, неорганизирани, неспособни да креираме и произведуваме, вели Валери Жискар д’Естен. Според него, „проблемот е во тоа што треба да се навратиме на голистичката концепција на политичката стратегија, односно да се гледа малку подалеку“. - Дали таа криза служи да му се даде на еврото екононската симетрија која и е потребна на Европа од почетокот. Ако тоа е така, тоа е многу добро, и затоа не треба да се прави од тоа драма, заклучува Валери Жискар д’Естен.

Жозе Мануел Барозо ги предупредува државите од еврозоната

АПСОЛУТНО ЕДИНСТВЕНА И ВОНРЕДНА МЕРКА!

Договорот постигнат на последната средба на лидерите на ЕУ за намалување на државниот долг на Грција е „апсолутно единствена и вонредна“ мерка што нема да се примеенува и за други земји, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо во интервју за португалскиот весник „Еспресо“.

- Грчкиот случај е апсолутно единствен и вонреден. Сите влади се

Page 26: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ДОСИЕ: ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА НА ЕВРОЗОНАТА

ангжираа да не дозволат да им случат слични работи, рече Барозо.

Џорџ Сорос, американски милијардер и финансиер

НАМАЛУВАЊЕТО НА ГРЧКИОТ ДОЛГНЕ Е ДОВОЛНО

Американскиот милијардер и финансиер Џорџ Сорос оцени дека намалувањето на грчкиот долг за 20 проценти не е доволно и оти минатонеделниот договор постигнат во Брисел од лидерите на земјите-членки на еврозоната ќе издржи најмноги три месеци.

- Намалувањето на грчкиот долг, со кои располагаат приватните инвеститори, ќе го ограничи државниот долг на Грција само на 20 проценти, но тоа не е доволно за прекин на финансиската истоштеност на земјата и ќе предизвика уште поголеми социјални потреси, наведе Сорос. Тој наведе дека договорот за должничката криза најмногу ќе ги погоди инсолвентните грчки банки, како и осигурителните компании.

Евроската Комисија со барања до Грција

БУЏЕТСКИ НАМАЛУВАЊА И ПРИВАТИЗАЦИИ ОД 116 МИЛИЈАРДИ

ЕВРА ДО 2014 ГОДИНА

Буџетски намалувања од 116 милијарди евра како и приватизации треба да реализира грчката Влада за периодот 2011-2014 година согласно договорот од минатата недела меѓу еврозоната и банките за доброволно

отпишување на 50 отсто од долгот, објавуваат грчки весници. Според документ на ЕК, од 2001 до 2014 година Грција треба да исполни голема програма за финансиско адаптирање на државата од 49,8 милијарди евра (23 отсто БДП). Истовремено треба да реализира и приватизациска програма од 50 милијарди евра што ја бара Комисијата. ЕК бара од Грција и продажба на државен имот од 35 милијарди евра до крајот на 2014 година. Тие барања се во момент кога државата не исполнила обврски за приходи од пет ммилијарди евра за оваа година. Комисијата анализира дека и покрај тешките економски мерки буџетскиот дефицит и понатаму е висок и оти од првичната цел за 7,6 отсто од БДП за оваа година, се очекува да варира меѓу 8,3 и 9,1 отсто БДП. Истражување на универзитетите во

Харвард и Масачусетс„ЗБОГАТУВАЊЕТО“ НА ГРЦИТЕ Е

НЕОБЈАСНИВО

„Збогатувањето“ на Грците е необјасниво, покажува заедничкото истражување на универзитетите во Харвард и Масачусетс, објави грчкиот весник „Етнос“. Истражувањето е направено во светски рамки, за да се објасни зошто некои земји се богати, а други сиромашни.

Високите доходи на Грците не можат да бидат објаснети ниту со богатите природни ресурси, ниту пак со „интелектуалниот потенцијал“ на земјата, се наведува во истражувањето. Според тие два показатели, Грција е класирана на 53-то место од 128 земји, кои биле проучени. Во него се посочува дека не може да биде објаснет високиот доход, кој Грците го имаат по глава на жител, врз база на постоечките природни богатства на земјата, ниту пак базата на „интелектуалниот потенцијал“ на нацијата. Се смета дека „збогатувањето“ на Грците е резултат на масовниот проток на капитал во земјата и оти сегашните тешкотии се произлезени од драстичниот пад на тој капитал.

Европскиот план влева надеж, но во пракса се уште треба да се докажува

ОЧИТЕ НА СИТЕ СВРТЕНИ КОН ИСТОК

Кризниот план донесен од европските лидери во четвртокот, поттикна славје на глобалните берзи и ги окуражи берзантските работници дека е свртена нова страна во борбата да се поправи довербата во евро регионот. Но, многу аналитичари на пазарите предупредуваат дека планот на 15 страни, искован доцна во ноќта во официјалните евровладини згради во Брисел, останува дело во прогрес. Тие велат дека клучните детали не се познати, и успорувањето на европската економија може да ја исфрли програмата од колосек. Во пресрет на нејзиното објавување во 3 часот изутрината, по напредокот постигнат по маратонските преговори, европските административци донесоа програма која може да се рангира од грандозна до непотрвдлива. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу рече дека очекува за 50 проценти намалување на она што државата им го должи на банките и на другите приватни позајмувачи, и дека тоа ќе го „олесни товарот од минатото“ и на државата ќе и даде простор за послободно финансиско дишење. Францускиот претседател Никола Саркози рече дека програмата ќе обезбеди 1,4 билиони долари за да ги покрие шпанските и италијанските обврзници, иако деталите за механизмот како тоа ќе се изведе остана мистерија. Сепак, изгледа дека планот почна да ги одврзува јазлите на проблемите во центарот на евро регионот: банките ќе добијат свеж капитал од приватни извори или од даночните обврзници, а ослабените влади ќе добијат поголема помош да ги држат долу скапите последици од позајмиците. Грција ќе добие големо одлободување од долгот, но и повеќе време да ја закрепне својата економија. Регионот исто така се обврза да го потпали економскиот раст, што се смета за критично за планот да почне да функционира. САД притискаат регионот да почне позабрзано за да ги решава должничките кризи. Админнистрацијата на Обама предложи некои подраматични и побрзи решенија, кои европските официјалци ги одбија. Претседателот Обама рече дека планот обезбедува „критична основа за прфатливо решение за кризата во еврозоната“. Но откако се увиде дека проблемите на Грција стануваат глобална закана, Обама исто така истакна дека е круцијално и она што ќе следува.

Page 27: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ДОСИЕ: ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА НА ЕВРОЗОНАТА

- Предвидуваме целосен развој и брза имплементација на планот за спас, рече тој.

Големите европски берзи во четвртокот секаде скокнаа од 3 до 6 проценти; акциите на банките во Франција и Германија во некои случаи застанаа на близу 20 проценти по летото во кое инвеститорите ги закочија европските финансиски компании. Американските пазари во четвртокот исто скокнаа - индексот 500 на Стандард и Пур напредуваше 3-4 проценти, а индустрискиот индекс на Дау Џоунс на крајот на тргувањето заврши 2,9 проценти во позитива. И азиските пазари скокнаа во петокот утрината: јапонскиот Никеи скокна 1,4 проценти, постигнувајќи ја границата од 9,000 поени за првпат по осум недели. - Иако можеби ова не се последните зборови на кризата, ова е сепак важен чекор во исправен правец, рече еден аналитичар од ИНГ во истражувањето кое содржи широко распространето верување дека програмата е конструктивна, но дека ќе треба време пред ефектите од неа да станат јасни. Насловите во весниците - 50 проценти отпишување на долговите од скоро 240 милијарди евра високиот долг на Грција кои го држат банките, пенизиските фондови и други инветситори - сепак мора да се финализираат во следните разговори кои ќе се одржат до крајот на годината. И не е извесно дали инвеститорите со добра воља ќе ги прифатат загубите од грчките обврзници за да озбегнат кредитните агенции да ја прогласат Грција за банкрот, што исто така може повторно да ги дестаблиизра пазарите. Деталите кои произлегоа, за инвеститорите изгледа дека се далеку од слободен избор. Во забелешките дадени од новинарите по завршувањето на состанокот, премиерот на Луксембург Жан-Клод Јункер рече дека групата на трговски банки се согласиле на ова „потрстрижување“ откако им било кажано оти е можно нивните обврзници во друг случај да бидат целосно збришани преку „целосната инсолвентност на Грција“. Јункер рече дека ултиматумот

бил „безмилосно доставен“ од него самиот, од Саркози и од германската канцеларка Ангела Мерел. Чарлс Далара, директор на Институтот за меѓународни финансии и главен преговарач на големите банки, пред полноќ издаде соопштение во Брисел во кое стоеше дека „не постои согласност по ниту еден детал од договорот“. Четири и пол часа подоцна тој го поздрави новиот план и рече дека финансиските институции ќе помогнат да се донесе „конкретен доброволен договор“ за да се намали грчкиот долг на пловина кој го држат приватни финансиски извори. Во Германија политичарите и коментаторите реагираа со доза на триумф, затоа што договорот содржи голем дел од барањата на државата и само неколку отстапки. „Меркел триумфираше“, беа насловите на веб страната на таблоидот Билд, кој ја предводеше кампањата против трошењето германски пари за спас на Грција. - По десет часа горчливо евро-заковување, Меркел исплива на врвот, рекоа од таму. И врвниот германски финансиски аналитичар Јорг Асмисен, појасни дека договорот има „чист германски ракопис“, коментирајќи и дека Европската централна банка треба да остане „независна“, но не и да служи како сопственик на последниот остров, што е клучното германско барање. Франција, долгогодишниот партнер на Германија во клучните европски одлуки, се надева на помали загуби за банките и беше помалку загрижена заради обвврските кои беа донесени во четвртокот наутро. - Има многу болна историја меѓу Франција и Германија, рече Саркози по состанокот. - Ако не се согласевме со Ангела Меркел, Европа немаше да преживее. Некои му препушуваат на ММФ голема заслуга заради притисокот врз финансиските лидери за да донесат поголемо олеснување на долгот, додека Грција почна да тоне во финансиска криза и нејзината економија не западна во подлабока рецесија. Анализите на ММФ за ситуацијата претставени пред европските официјалци беше со јасен избор: да се прифатат загубите во приватниот сектор и да се признае дека државите од еврозоната нема да ги плаќаат тие долгови; или да се обезбедат дополнителни десетици милијарди евра од парите на даночните обврзници за да се задржи државата Грција солвентна. Извештајот информира за неколкудневните дискусии кои доведоа до самитот во средата. - Мислам дека

Грција му должи голема благодарност на ММФ, што го изнесе прашањето на маса, вели Миранда Џафа, советник за инвестиции во „ИЏ партнерс“ во Атина и поранешен грчки претставник во одборот на ММФ. Директор на ММФ Кристин Лагард вели дека приватните загуби биле „од најголема важност“ во стабилизирањето на грчките финансии. Загубите се поподносливи отколку оние за кои се преговараше преку летотот со Институтот за меѓународни финансии, во планот со кои на Грција и се олесна пристапот до потребниот кеш, но со всушност не се избришаа основните вредности на обврзниците кои државата ги поседува. Планот од ММФ и европските официјалци ќе ги намали посочениот износ.

Деталите околу тоа како ќе се користи новиот фонд за спас во еврозоната, ЕФСФ, се исто во фаза на нацрт. Планот вели дека официјалните лица ќе ја земат во предвид употреба на скоро 600 милијарди евра од фондот за делумно да ги осигура обврзниците издадени од земјите кои се соочуваат со големи долгови, и ќе го има во предвид тоа дали парите ќе можат да се подигнат во европските инвестиции за обврзници преку новиот специјален инвестициски фонд. Очите на сите се свртени кон исток - со надеж дека Кина - чии лидери доаѓаат во Франција следната недела за самитот Г-20 - можат да инвестираат. Но европските инвеститори признаваат дека работата на фондот за спас сеуште се развива и дека нејзиниот успех како финансиски спас за Италија или другите големи држави, зависи од тоа дали инвеститорите ќе се вратат во ерозоната. За планот за подигнување на капиталот наменет за банките ќе треба исто така месеци за да се стави на место, и тоа може да поттикне некои веќе задолжени нации - како што е Италија - да позајмуваат уште за да си помогнат на своите финансиски системи.

(Вашингтон пост – Вашингтон)

Page 28: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ДОСИЕ: ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА НА ЕВРОЗОНАТА

BREAKING NEWS Јоргос Папандреу

РЕФЕРЕНДУМ ЗА НОВИОТ ПАКЕТ ЕВРОПСКА ПОМОШ!?

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу соопшти дека ќе се организира референдум дали да се прифатат условите од новиот пакет европска помош, пренесоа светските агенции. -Имаме доверба во граѓаните, веруваме во нивната проценка и во нивната одлука, изјави Папандреу пред парламентарната група на владеачките социјалисти. Тој посочи дека ќе побара и гласање доверба од парламентот за спогодбата за грчкиот државен долг, постигната на средбата на врвот на ЕУ на 23 октомври. - Сакаат ли Грците да се прифати новата спогодба или ја отфрлаат? Ако Грците не ја сакаат, таа нема да се прифати, изјави Папандреу. Во изминатите недели во цела Грција имаше протести против политиката на буџетско штедење на социјалистичката влада. Владеачките социјалисти во моментов имаат мнозинство од само три места во парламентот, а рејтингот на партијата драстично падна заради политиката на буџетски кастрења, кои веројатно државата ќе ја задржат во рецесија и следната, четврта година по ред.

Папандреу побара гласање на доверба на Владата

РЕФЕРЕНДУМОТ НАЈВЕРОЈАТНО ИДНАТА ГОДИНА

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу до Парламентот поднесе предлог за гласање на доверба на Владата поради новиот пакет европска финансиска помош од Брисел, со кој се предвидуваат дополнителни строги

економски мерки. Дебатата за доверба на Владата ќе почне на 1 ноември 2011 година и ќе заврши за три дена со гласање. Папандреу предлогот за

гласање доверба на неговиот кабинет најпрво го соопшти на седница на парламентарната група на владејачката ПАСОК. Грчкиот премиер најави дека ќе побара и организирање на референдум, на кој граѓаните треба да се изјаснат дали ќе ги прифатат условите од новиот пакет европска помош. Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос наведе дека референдумот најверојатно ќе биде распишан идната година односно кога ќе се знаат повеќе детали за новиот пакет европска помош за Грција. Тој ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори ако предлогот на Владата не биде прифатен на референдумот. - Грција треба да се насочи кон други решенија, а избори ќе има порано или подоцна, наведе Венизелос.

Две можни сценарија за референдумот

ОПОЗИЦИЈАТА ПРОТИВ СЕГРЧКОТО ИЗЈАСНУВАЊЕ

Грција се соочува со две можни сценарија за референдумот за европскиот план за спас на грчката економија усвоен на 26 октомври во Брисел, што го најави грчкиот премиер Јоргос Папандреу, оценуваат весниците во Атина во своите најнови изданија. Првото сценарио, кое се смета за најверојатно, предвидува Владата да распише референдум за планот, кој би се оджал во текот на јануари, дури откако ќе заврши постапката околу утврдување на договорите за учество на приватните инвеститори во доброволното отпишување на долгот и по исплатата на дополнителната помош за Грција во рамките на вториот европски план за спас. Всушност и самото одржување на референдумот ќе зависи од склучувањето на долгот со ивнеститорите. Согласно грчкото законодавство, одлука за распишување на ваков тип на референдум носи Парламентот со апсолутно мнозинство гласови, што значи дека предлогот ќе треба да биде поддржан од најмалку 151 пратеник. По одобрување на предлогот од страна на Парламентот, шефот на државата потпишува указ по што референдумот се распишува во рок од 30 дена по стапувањето на сила на указот. Ваквиот референдум за планот за спас на Грција би имал задолжителен карактер и за да биде успешен на гласање треба да излезат најмалку 40 проценти од запишаните избирачи.

Второто можно сценарио во врска со референдумот, кое е помалку веројатно, предвидува по усвојувањето на договорот за отплата на долгот во текот на декември, Владата до парламентот да достави законски предлог кој треба да се усвои со апсолутно мнозинство, по што би бил распишан плебисцит за овој закон.

Грчкото законодавство предвидува, референдуми за закони да бидат распишани со квалификувано мнозинство во Парламентот од најмалку 180 гласа. Ова го доведува под знак прашалник самото распишување на референдумот, бидејќи владејачкото Сегрчко социјалистичко движење (ПАСОК) има 153 пратеници во Парламентот, а опозициските партии веќе и најавија дека се против идејата на Папандреу за референдумско изјаснување. Експертите ја доведуваат во прашање и уставноста на ваквата идеја од причина што грчкиот Устав забранува организирање референдуми за прашања поврзани со финансиите на земјата.

Европска Комисија БЕЗ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА

Европската комисија соопшти дека не била официјално информирана од грчката Влада за плановите за организирање референдум за планот за спасување на економијата од 130 милијарди евра. - Грците официјално не не информирале за референдумот и поради тоа не можеме да го коментираме случајот, изјави портпаролка на Комисијата. - Додека не добиеме писмо или документ од грчкиот премиер, не може да се очекува да реагираме, додаде таа.

Велика Британија ЗАГРИЖЕНОСТ И НАЛУТЕНОСТ ВО

ЛОНДОН

Официјален Лондон со загриженост и налутеност ја прими веста дека Грција ќе организира референдум околу пакетот мерки за спас на грчката

Page 29: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ДОСИЕ: ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА НА ЕВРОЗОНАТА

економија, што беа донесени на последниот Самит на лидерите на ЕУ и еврозоната, јави дописникот на МИА од Лондон. Британскиот министер за финанасии Џорџ Озборн не сакаше да ја коментира најавата за референдум, задржувајќи се само на забелешката дека станува збор за грчко решение. Озборн, сепак, смета дека последните решенија на ЕУ, околу економското опоравување во делот во кој учествуваше и Велика Британија, се добри и полезни, како за еврозоната, така и за светот и за британската економија.

Лондонските медиуми јавуваат дека другите британски министри имаат помалку разбирање за „најновиот шок од Атина“, па пред денешната владина седница изразиле загриженост и лутина околу најновиот развој на ситуацијата, откако стана јасно дека берзата во Лондон забележа пад од 2 отсто по најавата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу дека „Грците на референдум ќе треба да одлучат за мерките што ги донесе ЕУ“. Аналитилчарите во Лондон оценуваат дека грчката криза премногу долго трае и дека долгата нестабилност на еврозоната постојано созадава загуби, успорувајќи го опоравувањето на европската и светската економија, а на тој начин и стабилизирањето на економијата во Велика Британија. Евроскептичните министри во Владата во Лондон не веруваат во можноста Кина да ја спасува еврозоната, ниту дека Италија ќе најде решение за својот внатрешен долг, па бараат од премиерот Дејвид Камерон, како и од министерот Озборн поенергични мерки, кога станува збор за односите со ЕУ. Гневот во Лондон е уште поголем затоа што никој во Брисел, како и во Париз и Берлин не знаел за намерата на Папандреу, верувајќи дека работата е завршена, затоа што токму Грција и нејзиниот премиер претходно вршеа притисок врз европските лидери за брзо решене околу грчкиот долг. Финансиски експерти денеска изјавуваат дека е сосема неизвесно што ќе произлезе од референдумот, бидејќи не се ниту знае за што Грците ќе треба да

се изјаснуваат. Според нивното мислење, сето тоа ќе предизвика дополнителна нестабилност на финансискиот пазар и нови загуби на берзите, уште повеќе што референдумот нема да се оддржи до средината на јануари идната година. Претставник на британската трговската комора во Атина изјави за Би-Би-Си дека тоа е предолго време за чекање, изразувајќи стравување дека до тогаш грчката економија не ќе може да издржи без интервенцијата од ЕУ.

ФранцијаСАРКОЗИ „СТАПИСАН“

Францускиот претседател Никола Саркози останал „стаписан“ по најавата на премиерот Јоргос Папандреу за организирање референдум во Грција за најновиот антикризен план, јави дописникот на МИА од Париз. Францускиот претседател, кој веруваше дека е решен случајот со банкротот на Грција и рекапитализацијата на банките на минатонеделниот самит во Брисел, сега во ништо не е сигурен. Потегот на Грците е ирационален и од нивна гледна точка опасен, смета близок соработник на Никола Саркози во изјава за француските медиуми.

Според нрго, помошта од осум милијарди евра од ММФ не е исплатена и тешко е да се замисли дека таа ќе се случи ако ситуацијата не се појасни. Катастрофалното сценарио во Грција е тоа што ја загрижува Елисејската палата, додаде тој. Најаевно е дека Саркози планира во текот на денот телефонски да разговара со германскиот канцелар Ангела Меркел, во моментот кога се повеќе и повеќе се надвиснува сенката на враќање на кризната ситуација во Европа, неспособна да ја реши својата сопствена криза. Париски „Ле Монд“ денеска пишува дека Папандреу бил жртва на внатрешен „бунт“ во владејачкиот ПАСОК. Референдумот за одобрување на планот за спас изработен во Брисел би се одржал на зима, најверојатно во февруари, до кога планот самиот ќе се урне. Никој не знае како Грција ќе живее без помош до референдумот, ако тој

воопшто се одржи, оценува весникот. Евентуалното отфрлање на планот за спас од страна на Грците, според „Монд“, ќе значи дека ќе треба да се оди уште подалеку во бришењето на грчкиот долг, што пак ќе значи дека ќе треба да се прогласи банкрот на земјата.

Вистински шок на европските берзиАКЦИИТЕ НА БАНКИТЕ ВО ПАД

Намерата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу да организира референдум околу најновиот европски план, со кој се предвидува бришење на дел од грчкиот долг, предизвика вистински шок при отворањето на европските берзи на првиот ден од ноември, јави дописникот на МИА од Париз.

Еврозоната повоторно е во несигурни води, по падот на берзата во Атина од 6,31 отсто, берзата во Париз го започна денот со пад од 1,89 процент и за само пет минути се најде на – 3,11 отсто. Француските банки „Кредит Агрикол“, „БНП Парибас“ и „Сосиете Женерал“, кои поседуваат дел од грчкиот долг, исто така изгубија за само десетина минути 10 до 12 проценти од вредноста на нивните акции. Во Франкфурт „Дојче Банк“ изгуби 7,66 отсто и „Комерцијалбанк“ 9,53 проценти, додека индексот на берзата изгуби 3,5 отсто. Берзата во Лондон исто така при отворањето загуби 1,71 отсто, додека берзата во Мадрид три проценти.

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“

НЕСПЕХОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТБИ ЈА ЗАГРОЗИЛА ЕВРОЗОНАТА

Евентуалното „не“ на Грците за време на референдумот, кој е предвиден за јануари за европскиот план за намалување на долгот на земјата, би ја загрозило стабилноста на еврозоната, истакна меѓународната рејтинг агенција „Фич“. -Отфрлањето на европскиот

Page 30: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

ДОСИЕ: ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА НА ЕВРОЗОНАТА

договор за помош го зголемува ризикот од принудна инсолвентност на Грција и потенцијален излез на земјата од еврозоната со тешки финансиски последици по стабилноста на европската монетарна унија, тврди француско-американската рејтинг агенција во своето соопштение.

„Монд“ДАЛИ НА ГРЦИЈА И Е МЕСТОТО ВО

ЕВРОЗОНАТА

Влијателниот париски весник „Монд“ во својот реадкциски коментар на одлуката на грчкиот премиер Јоргос Папандреу за организирање на референдум за европскиот план за помош на Атина, оценува дека сега „се поставува прашањето дали на Грција местото и е во еврозоната“. - Која мува го касна Јоргос Папандреу? Дали грчкиот премиер сакаше да им даде право на сите оние, кои како во Германија и на други места жалеа за присуството на Грција во еврозоната? Најавувајќи го референдумот за планот за излез од кризата, без да ги предупреди своите европски партнери, шефот на грчката Влада во секој случај ја засили бурата која ризикува да го однесе, коментира „Монд“.

Весникот, како што јави дописникот на МИА од Париз, нагласува дека сите биле свесни оти компромисот постигнат во Брисел бил кревок и договорот сложен, поради повеќе празнини во него. Покрај ова, Европската централана банка, вистинската федерална институција во рамките на Унијата, го смени „капетанот“ за време на бурата. На кого тоа му беше потребно, прашува „Монд“. Предлагајќи да се одржи рефрендум за европскиот план за спас, Папандреу направи „луд“ облог. Народот треба да реши, тоа е чест

за демократијата, се разбира. Сите политички сили ќе го одборат, Грците еднаш кога ќе бидат информирани, исто така, тврди тој. Иако според „Монд“, улицата и испитувањето на јавното мислење го велат спротивното. Тешко може да се замисли дека еден народ кој е ставен на големо штедење ќе го прифати тоа, смета „Монд“, запрашувајќи дали Папандреу не го предложи референдумот за да добие нови преговори за нов европски план за спас. Може да се верува во тоа, но Европа не треба да функционира така. Како и да е, Атина се до јануари отвори нов период на несигурност за еврозоната, најлошото што можеше да случи. Тоа не тера да се запрашаме дали за Грција има место во евро зоната, наведува угледниот француски весник.

Роберт Зелик, претседател на Светската банка

ЕВЕНТУАЛНО „НЕ“ ЗА - ХАОС

Претседателот на Светската банка, Роберт Зелик ја означи одлуката на грчкиот премиер Јоргос Папандреу за свикување референдум за новиот спасувачки план како „игра со коцки“, која ќе ја зголеми несигурноста на финансиските пазари. Зелик нагласи дека евентуалното отфрлање на пакетот од грчките гласачи би предизвикало хаос. - Едно „не“ би ги зајакнало сомневањата околу заложбите на Грција да усвои тешки буџетски скратувања, што е потребно за да може да добива спасувачки заеми од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, рече Зелик. Тој истакна дека светската економија се уште е нестабилна и оти политичките лидери треба да дејствуваат за да ја зацврстат довербата. Белата куќа соопшти дека шокантната одлука на Папандреу да распише референдум ја покажува неопходноста од брзо реагирање во еврозоната за имплементирање на планот. Портпаролот на Белата куќа, Џејмс Карни изјави дека Вашингтон верува во способноста на Европа да се справи со кризата.

Франција и Германија се одлучни да го спроведат планот за спас на ГрцијаМЕРКИТЕ ПОТРЕБНИ КАКО НИКОГАШ

ДОСЕГА

Францускиот претседател Никола Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел во телефонски разговор ја разгледаа ситуацијата по одлуката на грчкиот премиер за одржување на референдум за спроведување на одлуките усвоени на самитот на еврозоната на 27 октомври во Брисел. Франција и Германија, според заедничкото соопштение, се одлучни заедно со своите европски партнери да ги спроведат на дело, во најдобар рок,

одлуките усвоени на самитот, кои сега се потребни како никогаш досега, јави дописникот на МИА од Париз. Што се однесува до Грција, Саркози и Меркел нагласуваат дека на самитот бил постигнат договор за спроведување на дело нов повеќегодишен план за помош од ЕУ и ММФ на Грција, што предвидува негово финансирање од 100 милијарди евра. Постигнат е договор и со приватниот сектор, кој на доброволен начин ќе го сведе грчкиот долг на подносливо ниво, со простување на 50 отсто од долгот кој се наоѓа во приватните финансиски организми, односно околу 100 милијарди евра. Државите членки на еврозоната се изјаснија дека се подготвени да придонесат заедно во сите предвидени мерки со нивно учество во приватниот сектор во висина од 30 милјарди евра.Франција и Германија, според комуникето, се убедени дека овој договор ќе и дозволи на Грција да пронајде траен развој, а Париз и Берлин посакуваат, во консултации со своите европски партнери исто како и ММФ да биде изработен еден „патен налог“ кој ќе го гарантира спроведувањето на договорот.На крајот од соопштението, Саркози и Меркел се договорија да се сретнат во Кан, на заеднички консултации со европските институции и ММФ, како и на состанок со грчките власти, со цел да се преземат сите потребни мерки за спроведување во најдобар рок на договорот склучен на 27 октомври во Брисел.

Page 31: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

РЕГИОН

Турција ја одобри изградбата на брза железничка пруга кон земјите

од Југоисточна Европа ВРСКА ЗА ПОГОЛЕМА

КОНКУРЕНТНОСТ НА РЕГИОНОТ

Турската Влада го одобри планот за изградна на железнича пруга за возови со големи брзини, со која Турција би се поврзала со државите од Југоисточна Европа. Договорот за изгрдаба на оваа пруга беше склучен на 4 мај 2006 година во Солун и со него се предвидува создавање на железнчка мрежа за возови со голема брзина меѓу Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

Со планот одобрен од турската Влада, се предвидува оваа пруга низ Турција да поаѓа од Измир и преку Ескишехир и Истанбул да продолжува кон Балканот. Целта на проектот е намалување на времето за патување со воз меѓу земјите од регионот и подобрување на квалитетот на патничкиот и товарниот железнички сообраќај, со што би се зголемила неговата конкурентност.

Холандска фирма сака да гради ротирачка 80-катница во Нов

Белград ВРТЕЊЕ СО ПОМОШ НА СОЛАРНА

И ЕОЛСКА ЕНЕРГИЈА

Холандската компанија „Витал Естејтс“ планира изградба на ротирачка кула висока 80 ката во Нов Белград, објави белградскиот весник „Данас“, нагласувајќи дека градските власти на Белград засега се уште не дале дозвола за градба на овој објект. Според планот за изградба на зградата, се предвидува секој кат да е со површина од околу 1.200 метри квадратни, а за нејзино ротирање ќе се користи соларна и еолска енергија. Секој кат индивидуално би требало да се врти околу оската на кулата, така

што зградата цело време би изгледала различно. Предвидено е во зградата да има хотел, деловни простории и станови.

Според претставникот на „Витал“, Зоран Лукиќ никаде во Европа досега не е изградена ваква „ротирачка кула“ и таа би можела да стане нов симбол на Белград. Лукиќ нагласува дека проектатант на кулата е светски познатиот архитект Дејвид Фишер, кој е автор на ротирачкиот небодер во Дубаи. Според Лукиќ, за изградба на „ротирачката кула“ би се користел „бетон од новата генерација, кој е шестпати полесен од стандардниот“. Материјалот овозможува целосна енергетска независност на зградата, создава можности за иновативно загревање и разладување, при што се штеди до 70 проценти енергија, тврди Лукиќ. „Витал Естејтс“, чие седиште е во Амстердам, е дел од швајцарскиот инвестициски холдинг „Витал Сорс Парадизо“, кој е познат по иновациите во областа на градежништвото. Оваа компанија во моментов гради 220-катна зграда во Бразил, која би требало да биде готова до стартот на Светското фудбалско првенство што во 2014 гппдона ќе се одржи во оваа земја. Овој облакодер треба да биде највискоа зграда на американскиот континент.

Косовскиот Буџет за наредната ќе тежи 1,5 милијарди евра

СВЕТОТ СО КРИЗА, БУЏЕТОТ СО РАСТ

Косовците треба да се горедат со својата економија имјаќи ја предвид светската економска криза, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, преставувајќи го државниот Буџет за

идната година што ќе изнесува 1,5 милијарди евра. Според него, како што јави дописникот на МИА, додека економија во светот бележи пад, Косово бележи раст, што е видливо и во поголемиот Буџет што Владата го планира за наредната година. - Тоа е потврда дека Владата работи за граѓаните. Косово треба да се гордее, бидејќи многу држави во светот се соочуваат со финансиска криза, додека Косово бележи раст на буџетот, изјави Тачи на седница на владата. Буџетот за 2012 од 1,5 милијарди евра, кој според Тачи е „буџет за економски развој, зголемување на социјалната балгосостојба и на приоритетите на владата“, е за 7,6 отсто поголем од годинешниот.

Зголемен интересот на грчките фирми за Албанија

ОСУМСТОТИНИ ФИРМИ СЕ СЕЛАТ, ПОВЕЌЕТО ВО ТИРАНА И ВО КОРЧА

Осумстотини грчки компании планираат да го префрлат своето производство или да соработуваат со пазарот во Албанија, објави грчкиот весник „Етнос“. Во моментот во Албанија егзистираат 270 грчки фирми. Весникот наведува дека поголемиот број заинтересирани грчки фирми за Албанија не се засегнати од финансиската криза. Повеќето грчки фирми се насочени кон Тирана и кон Корча, пред се` во банкарскиот сектор, телекомуникациите, градежништвото и трговијата со градежни материјали, правни и здравствени услуги, трговија со горива, храна и друго. Во 2010 година грчките банки во Албанија поседуваа 23,4 проценти од сметките на банкарскиот пазар (1,7 милијарди евра) и 20,6 отсто од депозитите. Во Албанија свои филијали има Алфа банк (48), Пиреос банк-Тирана банк (52), Национална банка (30) и Емпорики банк (28).

Page 32: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

СВЕТ

Предупредување на Светската организација на трудот (ИЛО)

НА РАБОТ ОД НОВА РЕЦЕСИЈА ВО ВРАБОТУВАЊЕТО

Светската економија е на работ од нова и подлабока рецесија во вработувањето, која може да покрене социјално незадоволство во многу делови од светот и појава на бунтови и немири, предупреди Светската организација на трудот (ИЛО).

Според проценките на ИЛО, дадени во годишниот извештај на оваа организација, ќе бидат потребни „најмалку пет години“ за да може вработеноста во светот да се врати на нивото од пред сегашната криза. Истражувањето што го направи ИЛО открива дека во 45 земји, од вкупно 118 колку што се истражувани, забележано е зголемување на ризикот од избувнување на немири и социјални бунтови, јави дописникот на МИА од Лондон. Експертите на Светската организација на трудот сметаат дека забавеното закрепнување на глобалната економија тешко ги погодува пазарот на трудот и вкупната вработеност. Тие проценуваат дека во следните две години ќе биде потребно да се отворат дури 80 милиони нови работни места за да може вработеноста да се врати на состојбите од пред кризата, но во сегашните услови во кои се наоѓа економијата во светот ќе може да се отворат само околу 40-ина милиони работни места, што е недоволно за стабилизирање на пазарот на трудот и за спречување на заканата од избувнување на социјално незадоволство.

Светската трговска организација предупредува на засилување на

протекционизмот во трговијатаАПЕЛ ДО СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ЗАСПРЕЧУВАЊЕ НА РЕСТРИКЦИИТЕ

Светската трговска организација деновиве предупреди дека е видлива појавата на протекционизам во меѓунардоната трговија, кој се јавува како последица на актуелните економски проблеми и апелираше до светските лидери за спречување на ваквиот тренд. - Расте впечатокот дека во оддели делови во светот се јавува трговски протекционизам како форма на политичка реакција на актуелните локални економски проблеми. Постојат показатели на повторна употреба на индустриски политики кои ги фаворизираат домашните производители, како

и на мерки за супституција на увозот, се оценува во сооопштението на СТО. Организацијата посочува дека во периодот од мај до октомври оваа година е регистрирано значително зголемување на нови извозни рестрикции, пред се во сферата на рударството и прехранбената индустрија. - Иако повеќето од овие мерки со оправдуваат како државен одговор на растот на цената на храната со цел да се поттикне домашната понуда или да се реши проблемот со намалувањето на резервите, тие сепак сериозно влијаат на трговската размена, нагласува СТО. Светската трговска организација предупредува и на опасноста од воведување извозни рестрикции во некои земји, со што би се обезбедила ценовна предност во извозот или би се проширило домашното производство.

- Ситуацијата се уште не е алармантна, но очигледно создава одредени ризици во глобалната економија, нагласува СТО, повикувајќи ги при тоа лидерите на Групата 20 најразвиени земји и држави со забрзан економски развој (Г-20) на својот Самит во Кан идниот месец да преземат мерки со кои ќе се обезбеди слободен прток на трговијата.

ОЕЦД со прогнози за значително забавување во економиите во еврозоната

ПЕТ ПАТИ ПОМАЛ ЕКОНОМСКИ РАСТ!

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предупреди на „големо забавување“ на економиите во еврозоната за идната година и укажа дека ЕУ би требало да ги разјасни своите антикризни мерки. ОЕЦД во економската прогноза предупредува дека дел од членките од зоната на еврото може во 2012 година да имаат „мал негативен раст“. Во извештајот се укажува дека економскиот раст во еврозоната ќе биде 0,3

отсто од 1,6 отсто оваа година. ОЕЦД соопшти дека се потребни „детални информации“ за тоа како ЕУ ќе ги спроведе пакет-мерките објавени минатата недела чија цел е решавање на проблемот со должничката криза во еврозоната.

Европарламентот одобри зголемување на буџетот на ЕУ за 5,2 проценти

ОДЛУКА НАСПРОТИ ЗАЛАГАЊАТА ЗА ШТЕДЕЊЕ

Европскиот парламент одбри зголемување на буџетот на Европската унија за 2012 година за 5,2 проценти, наспроти барањата на Велика Британија и некои други земји- членки за зголемено штедење. Одлуката беше прифатена со 431 глас „за“, 120 „против“ и 124 „воздржани“, со што буџетот на ЕУ ќе биде зголемен на 133 милијарди евра, а повеќе пари ќе бидат издвоени за земјоделска помош, истражување и развој, како и за поттикнување на најсиромашните региони на Унијата.

- Овој буџет е одраз на нашата желба за јакнење на ЕУ, да создадеме конкурентна економија за зголемување на растот, изјави претседателот на Парламентот Јержи Бузек. Зголемувањето на буџетот е значително над поврзаните со инфлацијата 2,02 процентa, колку што очекуваат земјите-членки на ЕУ, додека Европската комисија предложи зголемување од 4,9 проценти. Владите на земјите-членки и Европарламентот сега ќе мораат до септември да најдат заедничка позиција во однос на прашањето за зголемување на буџетот.

Франција си ја поврати титулата светски лидер во производството на вино

ПРЕД ГЛАВНИОТ РИВАЛ ИТАЛИЈАЗА 8,2 МИЛИОНИ ХЕКТОЛИТРИ ВИНО

Франција си ја поврати титулата лидер во производството на вино во светот, откако годинава го надмина својот главен ривал во овој сектор - Италија. Конфедерацијата на француските винари соопшти дека годинава во Франција се произведени 50,2 милиони хектолитри вино, што претставува пораст од 11 проценти во однос на лани. Во исто време, годинава италијанските винарници произвеле 42 милиони хектолитри вино, што претставува намалување за 17 проценти во однос на минатата година.

Page 33: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

На трето место и годинава останува Шпанија со произведени 36,5 милиони хектолитри вино. Ескпертите проценуваат дека зголеменото производство на вино во Франција нема да доведе до намалување на цените на овој алкохолен пијалак, како од причина што во целина вкупното винопроизводство во Европа годинава е помало од лани, така и поради кризата во еврозоната, која напротив би можела да доведе и до поскапување на алколот во Унијата. Во моментов шише француско вино во ЕУ во просек чини околу 10 евра.

Франкфуртската и њујоршката берза се во завршна фаза од интеграција

СЕ ФОРМИРА НАЈГОЛЕМАТА БЕРЗА ВО СВЕТОТ

Франкфуртската Дојче берза и њујоршката NYSE Еуронекст се во завршна фаза од интеграцијата со што ќе се формира најголема берза во светот. Двете берзи до 17 ноември 2011 година треба да достават комплетна документација со која би се разрешиле сите спорни прашања од регулативните служби на ЕУ, јавија американски медиуми. Најавено е дека претставници на двете берзи ќе имаат средби со официјални лица од ЕУ за да се разјаснат постојните проблеми во процесот на фузионирање, со тоа што документирано ќе се обидат да ги смират стравувањата на ЕУ за можна монополизација на трговијата во Европа. Двете берзи на 31.10.2011 година бранеа право на интегации во Брисел докажувајќи дека таа трансакција нема да ја ограничи конкуренцијата и воведувањето иновации во финансиските пазари.

Отворен Првиот интернет-саем во светотПОСЕТА НА www.foire-virtuelle.com.

Француската компанија за информатичка технолигија „Аериал Консеј“ го отвори Првиот саем на интернет во светот. „Аериал Консеј“ очекува преку овој интернет-саем своите продукти на продажба да ги нудат околу 120 компании. Саемот ќе биде отворен до 20 ноември 2011 година. Право за „изложување“ на Саемот има секоја компанија која ќа закупи „штанд“, чија цена се движи од 600 до 1.200 евра во зависност од големината. „Штандовите“ се поделени по тематкси зони графички оформени во кругови. На секој „штанд“ за одреден производ може да се видат рекламини видео клипови, неговите цени, врски со други онлајн-продавачи, па дури и купони за попуст. На интернет-саемот има и „концерта хала“, како и „сала за конференции“. - Наша задача е да создаваме интернет-сајтови за средни и мали претпријатија. Саемот е проект кој ни беше предложен минатата пролет и многу ни се

допадна, па решивме да го реализираме, изјави раководителот на одделот за односи со клиентите на „Аериал Консеј“, Кристоф Миние. Сајтот на интерен-саемот е www.foire-virtuelle.com.

ММФ ја намали прогнозата на економскиот раст на Русија

ПОСЛАБО ЗА 0,4 ОТСТО

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали проценката на годинешниот раст на бруто домашниот производ (БДП) на Русија од 4,8 на 4,3 проценти, изјави претседателот на постојаната канцеларија на Фондот во Москва Од Пер Брек.

На конференцијата посветена на монетарниот пазар на Русија тој истакна дека прогнозата на рускиот БДП за следната година е намалена од 4,5 на 4,1 процент. ММФ во април, спротивно на најновите корекции, ги зголеми своите очекувања за растот на БДП на Русија во 2011 година за 0,3 отсто и во 2012 година за 0,1 процент. Рускиот заменик министер за економски развој Андреј Клепач на конференција во Москва изјави дека официјалните проценки на Министерството се блиски со прогнозите на ММФ, со тоа што очекувањата за следната година се дури и поконзервативни. Клепач притоа нагласи дека рускиот БДП во следните години би можел да се зголемува за 4,5-5,0 отсто годишно.

„Сааб“ ќе биде кинескиПРЕВЗЕМАЊЕ ЗА 100 МИЛИОНИ ЕВРА

Две кинески фабрики за производство на автомобили, „Панг Да“ и „Јангман“ склучија прелиминерен договор за целосно купување на шведската автомобилска компанија „Сааб Аутомобиле“ за 100 милиони евра. Како што јави дописникот на МИА

од Гетеборг, според договорот, главниот сопственик, Виктор Милер, ќе биде исплатен за продажбата на својот дел од акциите во „Сааб“.

Сега се очекува вработените во „Сааб“, чии плати доцнат веќе втор месец, да ги добијат платите по неколку дена. Кинеските компании ветија дека брзо ќе ги трансферираат парите што недостасуваат на сметката на „Сааб“.

„Ериксон“ го напушта производството на мобилни телефони

ВО ЦЕЛОСНА СОПСТВЕНОСТНА „СОНИ“

Шведскиот мобилен гигант „Ериксон“ ја продава својата половина од сопственоста во концернот за производство на мобилни телефони „Сони Ериксон“ за 1,05 милијарди евра. Износот на име на купопродажната цена, кој ќе биде исплатен во готовина, изнесува, изразено во шведската валута, околу 9,5 милијарди шведски круни, јави дописникот на МИА од Гетеборг. – „Сони Ериксон“ ќе биде сестринска компанија во целосна сопственост на „Сони“ и ќе биде интегриран во платформата на „Сони“ за вмрежени електронски производи, се наведува во соопштението на компанијата. „Сони Ериксон“ во текот на второто годишно тромесечие имаше само 1,7 проценти од глобалниот пазар за мобилни телефони, додека пред пет години концернот остваруваше девет отсто од глобалниот пласман.

„Нокиа“ претстави нови „смарт“ телефони „Лумиа“

КОРИСТЕЊЕ НА ОПЕРАТИВНИОТ СИСТЕМ„ВИНДОУС ФОН“

Компанијата за мобилни телефони „Нокиа“ на промоцијата за клиенти, партнери и програмери „Нокиа ворлд“ ги претстави новите модели „Лумиа 800“ и „Лумиа 710“. Станува збор за првите „смарт“ телефони од „Нокиа“ кои користат оперативен систем „Виндоус фон“. Меѓу другото претставени се и повеќе стилски и елегантни мобилни телефони, супериорна „Нокиа“ мапа и резултатите од соработката со компанијата „Монстер“ за изградба на „гаџет“ уреди.

Компанијата ТДК укинува 11.000 работни места во светот

ОТКАЗИ ЗАРАДИ ЗГОЛЕМЕНА РЕНТАБИЛНОСТ

Јапонската компанија ТДК, специјализирана за електронски делови и информатичко скларирање, објави дека ќе укине 11.000 работни места ширум светот поради зголемување на рентабилноста. Во компанијата моментално работат околу 88.000 луѓе и со реорганизација ќе бидат опфатени повеќе од 12 отсто од нејзината работна сила. ТДК соопшти дека реорганизацијата ќе трае една до две години, но се уште треба да се одлучи за географските детали за укинување на овие работни места.

СВЕТ

Page 34: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Постојат само два начини за спас: иновација и инфлација

ПРЕСТРОЈУВАЊЕ ОД ПОТРОШУВАЧКА КОН

ПРОДУКТИВНА ЕКОНОМИЈА

Се се сведува на ова: треба да го прилагодиме растот кон долгот. Ако не можеме да создадеме чуда од растот, треба да ја земеме во предвид инфлацијата за да се намали вредноста на нашиот долг. Имаме само два излеза од нашата сегашна глобална економска каша: иновација и инфлација. И како што се вели, се надеваме на најдоброто (повеќе иновации) и да се подготвиме за најлошото (за повисока инфлација). Погледнувајќи низ светот, главниот проблем е што корисниците - домаќинствата и владата - влегоа во долг кој не можат да го вратат заради сегашната стапка на приходи и економскиот раст. Во САД премногу сопственици на домови се борат со хипотеки кои далеку ги надминуваат вредностите на нивните домови, и кои не можат да се вратат од нивните сегашни приходи. Во Европа, Грција и можеби другите држави издадоа обврзници кои не можат да ги исплатат, освен ако растот неочекувано и забрзано не се зголеми.

Истиот принцип на совпаѓање на растот со долгот кој стои пред нас, ни дозволува да ја согледаме потенцијалната финансиска криза која доаѓа. Младите дипломирани мажи, на пример, гледаат како од 2000 наваму нивната реална заработувачка опадна за 19 проценти, а младите дипломирани жени се соочуваат со сличен пад. Во меѓувреме, кредитите за образование опаднаа што не упатува на тоа дека сме на работ на студентска кредитна криза, кога младите дипломци едноставно не можат да ја вратат нивната планина од долгови.

Не е лесно да се објасни зошто позајмувачите ја преценија можноста на задолжените да ги вратат парите. Или уште подобро кажано, има повеќе објаснувања за ова. Некои веруваат дека комплицираните финансиски инструменти ја осиромашија вистинската висина на долгот, како што беше случај со финансиската криза во САД. Други пак веруваат дека алчните финанисиери очекуваа да бидат помилувани, или уште полошо, воопшто не им е грижа за се. Во Грција, официјалните бројки ги истакнаа буџетските дефицити за многу години наназад. Алтернативна група на објаснувања упатува на претераниот оптимизам за идниот раст како главна причина. Во случајот со студентските кредити, вообичаената мудрост е дека образованието е секогаш добра инвестиција, убедувајќи ги и студентите и позајмувачите дека кредитите за студирање се секогаш добра идеја. Во случајот со домувањата, многу економисти го припишаа ова на вербата дека националната цена на домовите никогаш не паѓа.

Неочекуван пад на иновациите во последните години

Уште еден дел од сложувалката е неочекуваниот пад на иновации во последните години, кои јас, Тајлер Краун, и други ги документиравме. Овој недостаток, посебно во бионауките, доведе до успорување на растот во развиените земји. И уште повеќе, вистинската димензија на успорувањето на растот беше маскирана од тековите во економската статистика. Но без разлика кое објаснување ви се допаѓа, основното несовпаѓање на растот со долгот има само две можни решенија: зголемување на стапката на раст или намалување на долгот. За земја како САД, зголемувањето на стапката на растот бара иновации, а иновациите бараат посветеност во инвестирањето: инвестиции во физички капитал, инвестиции во човечки капитал, инвестиции во капиталот на знаењето. За возврат, ова зголемено инвестирање треба да резултира со повисока стапка на раст на продуктивноста и се повеќе иновации. Со други зборови, треба да се престроиме од потрошувачка економија кон продуктивна економија. Овде делумно станува збор околу промената на потрошувачките

матрици, но исто и за промената на навиките. На пример, треба да ги зголемиме истражувањата и развојот и другите инвестиции во капиталот на знаења, но исто ни треба и федерална регулаторна агенција за се повеќе да ги поттикнува отколку да ги обескуражува иновации. Ни треба повеќе потрошувачка во инфраструктурата и други инвестиции во физичкиот капитал, но тоа треба да биде усмерено кон подршка на извозот и продуктивнноста во САД, повеќе отколку фаќање во костец со увезените потрошувачки добра. Ова длабоко пресвртување во политиката и во однеусвањето е есенцијално на долг рок, но тоа нема да биде ниту лесно, ниту пак брзо. Алтернатива на зголемениот раст е намалување на огромниот долг. Во теорија, владите можат да органиираат постепено отпишување на долгот кој не може да се плати, со што на позајмувачите им ставаат до знаење дека ја разбираат реалноста. Сепак, во пракса посепеното отпишување не е толку лесно да се органзира во сегашниот повеќеслоен финансиски систем. На пример, грчкиот долг го држат европските банки, но тие банки за возврат самите се финансираат со позајмици од надвор. Со фактпот што и САД и Европската унија се големи корисници, јасно е дека крајниот извор на фондови најверојатно ќе бидат големите земји кредитори, како што се Кина и Саудиска Арабија. Тешко е да се види Кина - која сепак се уште е сиромашна земја - да прифати отпишување на вредноста на нивните позајмиици на побогатите земји.

Ако нема поголем раст, тогаш помал долг

Тоа ја остава инфлацијата како непосакуван, но одржлив механизам за намалување на товарот од долгот. Под инфлација мислам на одржливо зголемување, и во однос на платите и во однос на цените. На пример, инфлациската стапка од 4 проценти треба да го зголеми номиналното ниво на платите за 50 проценти во следните десет години, правејќи го долгот помалку загрижуачки. Бен Бернанки токму ова го истакна во документот од 2000, во кој предложи дека Банката на Јапонија може да цели кон инфлациска стапка од 3 до 4 проценти за да се сопре јапонската стагнација од 90-ите. Минатата недела, претседателот на Чикаго Фед, Чарлс Еванс, предложи

Page 35: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

централната банка да се фокусира на инфлација од 3 проценти. Федералните резерви имаат авторитет да извршат таква политика, иако за тоа има многу критичари. Едниот начин е банката едноставно да прогласи дека ќе ги држи стапките скоро на нула, додека очекувањата за инфлација се над 3 проценти. Друг начин е да се зацрта некое ниво на номинален БДП кој со текот на времето ќе расте. И во двата случаи, очекуваните резултати ќе бидат намалување на реалната вредност на долговите од деноминираниот долар, пораст на долгорочните каматни стапки, и најверојатно обезвреднување на доларот. Како и да е, да се биде вистински ефективен, оваа политика на реинфлација треба да ја следат сите големи централни банки во светот. Таквата синхронизирана монетарна политика нема да ја елиминира опасноста од долгот веднаш, но со текот на времето ќе има ефект во изедначувањето на разликите помеѓу позајмувачите и корисниците. Во прифаќањето на реинфлаторната политика, централните банки треба многу да внимаваат инфлацијата да не излезе од контрола. Најлесно е да се впумпуваат пари во економијата, што на крајот ќе доведе до хиперинфлација и општа загуба на вербата во финансискиот систем. Инвеститорите можат да ја загубат вербата и вољата да позајмуваат.

Нема сомнеж дека иновацијата е далеку појдобро решение на нашите проблеми отколку инфлацијата. Иновацијата создава ново богатство, го подигнува животниот стандард на идните генерации, и потенцијално решава некои реални проблеми на нашето време. Инфлацијата не создава ново богатство, но полека го намалува долгот на разумно ниво. Како и да е, инфлацијата е нешто кое знаеме како да го создадеме, додека употребата на јавни и приватни инвестиции за да се спроведе иновацијата е комплициран процес. Сакаме иновации, ни требаат

иновации. Но ако не можеме да имаме иновации, може да ја прифатиме инфлацијата како помалку посакуван, но одржлив излез. (Атлантик – Вашингтон)

Производители на возила од Централна Европа во петта брзинаИМУНИ НА КРИЗАТА, АМА ДО КОГА?

Производителите на автомобили во Централна Европа различно реагираа на предупредувањата од можна нова глобална криза и подлабоки финансиски нарушувања – за некои предупредувањата не важат и го зголемуваат производството, додека други авто-куќи поради пад на продажбата најавуваат повремени прекини на производството. Истовремено, според проценка на аналитичарите, за производителите на возила во период на криза попривлечни се земји со помали даноци и ефтина работна сила, како што се Чешка и Словачка. Јужнокорејската „Хјундаи“ минатиот месец воведе трета смена во фабриката Носовице во североисточниот дел на Чешка, за да може да произведува спортско-теренски возила и седани за европски пазар 24 часа дневно. „Дачија“, филијала на „Рено“ во Романија, пак, објави пад на продажбата од 21,4 отсто на клучниот пазар во Франција, а француската група „Пежо-Ситроен“ минатата недела поради намалена побарувачка најави прекин на монтажните ленти во фабриката Трнава во западна Словачка од крајот на октомври и средината на ноември. Наспроти болната финансиска криза која ја зафати еврозоната и неизвесноста околу глобалниот стопански раст, се уште постои задоволувачка побарувачка за нови автомобили кои се произведуваат во фабрики со ниски трошоци на производство, како што е фабриката Носовице во Чешка, истакнуваат ескпертите. - Не очекуваме ниту еден проблем со продажбата на возила во Германија и Европа во блиска иднина, изјави портпаролот на фабриката Петр

Ванек. Ако се гледа само Германија, продажбата во август на годишно ниво порасна 19 отсто, додаде Ванек. Светските производители во Чешка и во соседните земји во средна Европа се привлечени од ефтината но обучена работна сила, малите даноци, слабите синдикати и добрите автопатишта и железнички врски. Комбинацијата на тие поволности ги направи тие земји посакувано место за инвестиции дури и во период на стопанско успорување, кога трошоците мора да се намалуваат и на многу скапите развиени пазари, како што е западна Европа. Регионот на централна Европа е стратешки пласиран во нејзиното географско срце, блиску до најголемите стопанства во светот како што се Германија и Франција, како и до источните пазари во развој со висока стапка на раст како што е Русија. Вредна 1,12 милијарди евра (1,51 милијарда долари) фабриката Носовице стабилно го зголемува производството од кога е отворена пред три години, покрај глобалната кредитна криза и рецесијата. Лани од таа фабрика продадени се околу 200.000 компактни „Хјундаи“ автомобили „и20“, стејшен вагони „хјундаи и30“ и спортско-теренски возила „их35“ во 48 земји. Со новата трета смена и 755 нови работници, компанијата се надева дека продажбата на возила ќе достигне 240.000 возила оваа година и 300.000 до 2013 година. Во близина на Носовице, но од другата страна на границата, бизнисот исто така доживува вистински „бум“ во фабриката Зилина во северозападниот дел на Словачка, познат како „Европски град на автомобили“ или „Источен Детроит“.

Јужнокорејската „Киа мотор“, дел од групата на „Хјундаи“ во Зилина отвори фабрика за производство на мотори, вработи 1.000 нови работници и најави воведување на трета смена во почетокот на 2012 година. - За сега имаме доволно порачки, рече претставникот на фабриката Душан Дворак. Во главниот град на Словачка, Братислава, во фабриката на

Page 36: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

германската компанија „Фолксваген“, од август се произведува возилото „Ап“, нов помал компактен автомобил. Во таа фабрика на „Фолксваген“ веќе се произведува „Туарег“, потоа моделите „ауди Ку-7“ и шасија за „Порше Каен“. Исто така почна монтажа на градски автомобил со мала емисија на штетни гасови за „Фолксвагеновите“ брендови „Шкода“ и „Сеат“. Со инвестиција на 208 милиони евра во таа фабрика отворени се 1.500 нови работни места и овозможено е производство на околу 400.000 возила во 2012 година, од сегашните 144.000 возила. „Шкода“ во Чешка објави зголемување на продажбата на клучните европски пазари, како и во азиските земји со стопанства кои имаат висока стапка на раст. Оваа година се очекува глобалната продажба на компаниите да се зголеми во двоцифрени проценти, значително над сегашните 800.000 возила. Меѓутоа, регионот на средна Европа, не е имун на глобалното стопанско успорување и веќе јавуваат први предупредувачки сигнали. Наспроти кусите плански прекини на производството поради тешката стопанска состојба и социјалните немири во Европа, „Пежо-Ситроен“ планира да го зголеми годишното производство на 300.000 автомобили, со воведување на трета смена во јули 2012 година, изјави портпаролот на компанијата Ивана Павелкова. Минатата година произведени се 186.000 автомобили во Трнава. Преголемите инвестиции во автомобилската индустрија во централна Европа исто така предизвика загриженост дека регионот може да стане „презадушен“. Чешкиот заменик министер за трговија Томас Хунер, предупреди дека автомобилите претставуваат над 20 проценти од вкупното индустриско производство во Чешка, што според него е „максимум за стабилноста на индустријата“. Ако се изгради уште некоја фабрика за производство на возила, индустријата повеќе не би имала корист од тоа, смета Хунер. Од јануари до септември, чешките фабрики за автомобили, вклучувајќи ги и заедничките компании „Тојота“ и „Пежо-Ситроен“, вкупно произвеле 895.700 возила, 11,4 отсто повеќе од истиот период лани.

(mail.com - Честербрук - Пенсилвaнија)

Водење бизнис 2012ЗОШТО МАКЕДОНИЈА НАПРЕДУВА,

А БУГАРИЈА ЗАОСТАНУВА

Бугарија е на 59. место според леснотија на водење бизнис меѓу 183 земји од целиот свет, покажа последниот извештај на Светската банка - Индекс за водење бизнис 2012. На прво место на листата втора година по ред е Сингапур кој како земја продолжува да ја потврдува својата позиција на лидер - главно со големо користење електронски услуги при интеракцијата на граѓаните со администрацијата и внатре во администрацијата. Меѓу земјите од ЕУ има три во надобрите десет на светската листа - Данска (5), Велика Британија (7) и Ирска (10). Бугарија падна на 22 место во ЕУ и се наоѓа пред Полска, Чешка, Романија Италија и Грција. Во споредба со минатата година Бугарија се оддалечува од шампионот за две позиции. Главните причини за овој резултат се влошувањето на показателите „започнување на бизнис“ (-6 места) „издавање на дозвола за градба“ (-3 места) и „регистрирање на сопственост“ (-3 места). Овој пад донекаде се компензира со позитивното поместување кај индикаторите „меѓународна трговија (+5 места), „плаќање на даноци“ (+3 места) и „извршување на договорите“ (+3 места). Во последните четири години Бугарија заостанала за 14 места додека соседна Македонија се качува за 47 позиции и во овогодинешниот извештај е на 22. место на генералната листа, а е прогласена и за еден од топ реформатори при олеснување на бизнисот. И додека Македонија

продолжува да создава подобра средина за бизнис, намалувајќи ги сите рокови, трошоци и пречки пред своите претприемачи, проблематичните области во Бугарија продолжуваат

да создаваат сериозни пречки пред секој што се зафаќа со бизнис. Како што се гледа од овогодинешниот пласман, најсериозни се тешкотиите кога на бизнисот му треба директно да контактира со администрацијата. Издавање на дозвола за градба во Бугарија веќе стана синоним за тешка постапка и бројни поткупи. Тоа е и показателот според кој Бугарија се наоѓа дури на 128. место на листата. Резултатите покажуваат дека издавањето на одобрение за градба е поврзано со високи трошоци (317 проценти од БДП по глава на жител). Долго чекање (цели 120 дена) и тешки процедури (вкупно 23). За споредба, за една година Македонија се качува за 86 места во овој показател - од 147 на 61 место, намалувајќи ги потребните процедури на десет и обезбедувајќи јасни и транспарентни правила во процесот на издавање на дозвола. Друг проблематичен показател за Бугарија е „поврзувањето со електрична енергија“. Овој индикатор за првпат се вклучува во истражувањето и го мери бројот на постапки поврзани со поднесувањето на сите документи, спроведување проверки, инсталациски работи и на крајот добивање електрична енергија, како и расходите за целото време додека трае целата постапката. Во Бугарија поврзувањето со електрична енергија е во шест одделни постапки, трае 130 дена и чини 366,6 проценти од приходите по глава на жител, што ја однесе земјата на незавидното 133. место на листата. Најскапата и бавна процедура е при надворешно поврзување што се прави во просек за 37 календарски денови и чини над 30 илјади лева. Во Сингапур на пример има само четири постапки кои одземаат 36 дена и 31 процент од приходите по глава на жител. Има и индикатори според кои Бугарија се придвижила напред на листата. Кај „пристап до кредит“ земјата го задржува минатогодишното осмо место поради релативно лесниот пристап до кредити. Второто највисоко место е при „започнување на бизнис“ но тука е дури на 49. место. Причините за релативно добриот пласман во овој случај се намалувањето на потребниот минимален капитал за започнување на бизнис во 2009 година и вадењето на Трговскиот регистар вон судскиот систем во 2008 година. Ако повторно го користиме примерот на Македонија ќе видиме дека таму исто така нема минимален капитал за започнување на бизнис, а

Page 37: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

услугите на администрацијата масовно се нудат на „еден шалтер“ што ја става Македонија на шесто место на светската листа. Овогодинешното издание на индексот за водење бизнис повторно покажува дека администрацијата, а не кризата е најголемиот хендикеп на бизнисот во Бугарија. Споредбата со Македонија не е случајна и примерот што ни го дава западниот сосед јасно покажува дека со храбри реформи и политичка волја Бугарија исто така би можела брзо да оди напред. Најитни промени треба да се направат во развојот на електронска влада, поедноставување на постапките за регистрација, лиценцирање и издавање решенија, воведувањето на транспарентни правила и воведување на премолчена согласност. Се разбира за вистински реформи треба силна политичка волја. На крајот сето тоа ќе доведе до полесно водење бизнис, поголема конкурентност на бугарската економија, повеќе инвестиции, поголем економски раст и просперитет.

(Дневник - Софија)

Зошто младите си одат од селатаMEЃУ КНИГАТА И МОТИКАТА

* Иако во Црна Гора со земјоделство се занимаваат над 100.000 жители,

младите се определуваат за канцеларија

Според земјоделскиот попис од минатата година, со земјоделство како основна дејност во Црна Гора се занимаваат 48.243 земјоделци, кои располагаат со 309.240 хектари земја. Во овие сопствени имоти кои се лоцирани во 1.207 села во Црна Гора живеат и работат околу 170.000 членови на тие мали стопанства од кои околу 60 отсто од работно активното население е од 18 до 65 години старост, што практично значи дека во нашата земја со земјоделство активно се бават 102.000 луѓе. Од вкупниот број на земјоделските стопанства 12.000 се на млади луѓе од 40 години. Меѓутоа, и покрај мерките за нивно останување на село, се повеќе млади се определуваат за канцеларија и се

бројат во евиденција на невработени лица. Не сакаат да работат на нивите од кои како што рекоа Емил Адровиќ сточар од селото Бор кај Беране и Јелена и Благомир Мршовиќ од околината на Плевља, може добро да се живее. Многу подобро отколку во град. Тоа го потврдуваат нивните сметки: Емил Адровиќ од својата фарма од 14 крави секое утро „молзи“ по 100 евра, додека Јелена Мршовиќ од една крава месечно заработува 150 евра. Кој сака да пресмета лесно ќе пресмета колку невработените „заработуваат“ на Заводот за вработување. Праксата уште покажува и дека во земјоделството, како што вели Адровиќ, мора добро да се завртат ракавите, бидејќи на нива и во штала „не може да се оди во салонски чевли и со лакирани нокти“.

Фали го селото, држи се до градот

Зошто младите си одат од селата и зошто црногорските села стареат, се прашања на кои вистински одговор се бара со години. И во едно сите се согласуваат – младите од земјоделство и од селото можат да живеат. Тоа го тврдат и фармерите Емил Адровиќ, Јелена и Благомир Мршовиќ и многу други. Меѓутоа, праксата е сосема спротивна. Сите го фалат селото и сакаат да одат во селата преку викенд, но се држат до градот, до канцелариите и субвенциите од Заводот за вработување, каде се само број во евиденцијата на невработени лица.

Политика за движење на земјиштето

Со желба да ги дознаеме причините за миграциите од црногорските села, разговаравме со многу експерти од оваа област, како и со некои млади земјоделци кои благодарение на поддршката од државата сепак се вратиле на татковиот имот. И сите се согласуваат дека причините за миграции се

многубројни. Почнувајќи од индустријализацијата на селата до стагнацијата во културата, здравството, сообраќајот, инфраструктурата. Затоа, како што вели Бранимир Вујачиќ, секретар на Министерството за земјоделство и рурален развој, развојната аграрна политика во својата суштина е мултифункционална и ги интегрира сите области вклучувајќи ја и традицијата. Треба што поскоро структурно да се решат проблемите со земјишната политика и проблемот со наследување на земјиштето. Тоа практично значи дека земјоделците кои остануваат на село мора да имаат помали даноци, а тие кои имаат земја и не ја обработуваат, треба повеќе да издвојуваат во даночната каса, вели Вујачиќ. Инаку, во Црна Гора со земјоделство денес активно се занимаваат над 100.000 граѓани. Истовремено, имаме 48.243 земјоделски газдинства, од кои 12.000 се млади до 40 години. Што се однесува до поддршката на младите, кои во развојот на земјоделието и приближувањето на аграрната политика на Црна Гора до политиката на Европа, ќе имаат значајна улога но и предност и шанса, таа да се одвива во два правца. Првиот е систем на директно плаќање по хектар или број на грла кои ги чуваат помлади земјоделци, а другиот е поддршка за откупот на стока, интегрални жита, малини, млеко, овошје и зеленчук...

Бесповратна поддршка

Според Вујачиќ, Министерството за земјоделство повеќе не кредитира туку дава бесповратна помош на младите земјоделци. Така на пример, Владата донесе одлука за плаќање на пензиско и социјално осигурување по повластени услови, за над 20.000 млади земјоделски производители.

(Побједа – Подгорица)

Page 38: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

Назив на Проектот

Испорака на ИТ и телефонска опрема за албанската полиција

Референца EuropeAid/132141/C/SUP/AL

Финансиска референца

Вид на набавка

Iспораки

Финансиер Европска комисија

Земја Албанија

Објавено на 25.10.2011 година

Краен рок за апликација

23.11. 2011 година

Сектори Информатичла технологија Јавна администрација Tелекомуникации

Опис на Проектот

Испорака на ИТ и телефонска опрема за албанската полиција

Контакти h�ps://webgate.ec.europa.eu/europeaid/onlineservices

Назив на Проектот

Молдавија - Проект за поДдршка на секторот за патишта- III

Референца EBRDZ70776

Финансиска референца

Procurement ref: 6512-EOI-41442

Вид на набавка

услуги

Финансиер ЕБРД

Земја Молдавија

Објавено на 25.10.2011 година

Краен рок за апликација

25.11. 2011 година

Сектори Управување со ресурси Законодавство Транспорт

Опис на Проектот

Консултантски услуги на секторт за патишта со технички и договорни експертизи

КонтактState Road Administra�onBucuriei str. 12-A, MD 2004 Chisinau, Republic of Moldova A�en�on: Mr. Gheorghe CurmeiHead of Investment Department Tel: (+373 22) 22 11 14 Fax: (+373 22) 74 12 19 E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

ME-Подгорица: ИПА - подготовка и имплементација на национални и локални планови за менаџмент со загадувањето - дополнување

Референца EuropeAid/131273/C/SER/ME

Финансиска референца

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Црна Гора

Објавено на 25.10.2011 година

Краен рок за апликација

25.11. 2011 година

Сектори Животна околина Комуникации Јавна администрација

Опис на Проектот

Подготовка и имплементација на национални и локални планови за менаџмент со загадувањето

Контакт h�p://www.delmne.ec.europa.eu

Назив на Проектот

BA - Бања Лука: Рехабилитација и модернизација на системот за мониторинг на брани

Референца EIBZ70803

Финансиска референца

2011/S 205-332737

Вид на набавка

Испораки, изведбени работи

Финансиер ЕИБ

Земја Босна и Херцеговина

Објавено на 25.10.2011 година

Краен рок за апликација

15.12. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг Енергетика Управување со ресурси

Опис на Проектот

Преглед на генераторите на хидроцентралата Вишеград

КонтактЕлектропривреда Републике Српске За Милан Бејат Трг Републике Српске 8/VIII, 78000, Бања Лука, Република Српска Phone: ++ 387 51 343 924. Fax: ++ 387 51 343 929. E-mail: [email protected]. E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

Енергетска заедница на југоисточна Европа - APL5 Проект за сигурност на брани

Референца WB4548-810/11

Финансиска референца.

Credit No. 4480-AL, Project Id: P110481

Вид на набавка

Испораки

Финансиер Светска банка

Земја Албанија

Објавено на 25.10.2011 година

Краен рок за апликација

19.12. 2011 година

Сектори Енергетика

Опис на Проектот

Испорака и инсталација на опрема во хидроцентралата Комани

КонтактPMU of Rehabilita�on and Dam SafetyProjects. KESH, Albanian Power Corpora�on.A�n: Mrs. Marialis CELO, Project Director.Blloku Vasil Shanto Tirana, Albania. Tel/Fax: (355-4) 226-2148 E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

Дополнително финансирање на Проектот за подобрување на здравствениот систем

Референца WB4570-810/11

Финансиска референца

Project Id: P082223

Вид на набавка

Испораки

Финансиер Светска банка

Земја Црна Гора

Објавено на 26.10.2011 година

Краен рок за апликација

6.12. 2011 година

Сектори Информатичка технологија

Опис на Проектот

Набавка на веб-портал за Министерството за здравство

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 39: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

КонтактМинистерство за финансии Техничка служба За Зоран Мијовиќ81000 Подгорица Црна Гора. Tel: +382 20 201 697. Fax: +382 20 201 698. E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

Договор за изведбени работи - EULEX (PROC/287/11

Референца EuropeAid/132152/L/WKS/XK

Финансиска референца

Budget Ar�cle 19 03 03

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 26.10.2011 година

Краен рок за апликација

10.01. 2012 година

Сектори Градежништво-инженеринг

Опис на Проектот

EULEX Compound Project Design and Build (PROC/287/11

Контакт h�p://www.eulex-kosovo.eu/en/tenders/

Назив на Проектот

RS-Приштина:ИПА —промоција на енергетска ефикасност и на обновлива енергија Update

Референца EuropeAid/132021/C/SER/XK

Финансиска референца

IPA 2009

Вид на набавка

услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 28.10.2011 година

Краен рок за апликација

30.11. 2011 година

Сектори Енергетика Финансии - банкарство Орноси со јавноста Законодавство

Опис на Проектот

Поддршка на владини институции на централно и локално ниво за промоција на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија

Контактh�p://ec.europa.eu/europeaid/work/procedures/implementa�on/services/in-dex_en.htm

Назив на Проектот

RS - Приштина: ИПА - општинска социоекономска инфраструктура - фаза 6

Референца EuropeAid/132119/C/WKS/XK

Финансиска референца

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 28.10.2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори Градежништво - инженеринг Урбан развој Општествени служби

Опис на Проектот

LOT 1. Повеќенаменски објекти LOT 2. Фудбалски игралишта LOT 3. Манастири Изградба на 9 општински социоекономски инфрструктури низ Косово

КонтактEuropean Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary country,Pris�na, KOSOVO

Назив на Проектот

Специјалист за договори

Референца USAID167-PSC-FY12-01

Финансиска референца

Вид на набавка

Услуги

Финансиер УСАИД

Земја Косово

Објавено на 29.10.2011 година

Краен рок за апликација

25.11. 2011 година

Сектори Управување со програми Законодавство

Опис на Проектот

Поддршка на сите аспекти на правење договори за УСАИД Косово

Контактh�p://www.info.usaid.gov/procurement_bus_opp/procurement/forms

Назив на Проектот

MK - Скопје: печатени и слични стоки - Дополнување

Референца 2011/S 209-339490 (2011/S 149-248655

Финансиска референца.

ECZ67841- Agency

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 29.10.2011 година

Краен рок за апликација

10.11.2011 година

Сектори Комуникации - односи со јавност

Опис на Проектот

Се поместува рокот за отворање на понудите за 15.11.2011 година

Контакти Министерство за култура на Македонија Ул. Ѓуро Ѓаковиќ 61 За Јулијана Угриновска 1000 Скопје Република Македонија +389 23240519 +389 23240519 .E-mail: inves�[email protected] +389 23226920 +389 23226920 .

(Supplement to the Official Journal of theEuropean Union, 5.8.2011, 2011/S 149-248655

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 40: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО40 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

На 3 и 4.11.2011 година, во Белград, Република Србија

МЕЃУНАРОДЕН БИЗНИС-ФОРУМ СО КОМПАНИИ ОД АЗЕРБЕЈЏАН

* Стопанската комора на Македонија организира групен превоз и хотелско

сместување за македонските компании

На покана од Стопанската комора на Србија, македонските компании ќе имаат исклучителна можност да земат учество на деловниот настан што ќе се одржи на 4 ноември 2011 година во Белград, Р. Србија.

Стопанската комора на Македонија органзира учество на заинтересирани македонски компании на Меѓународниот бизнис-форум со педесетина реномирани компании од Азербејџан, од различни стопански дејности:

• агробизнис и прехранбена индустрија; • градежништво;• хартија и амбалажа; • тутунска индустрија; • ПВЦ столарија; • туризам; • хотели и кетеринг; • фармацевтска индустрија; • банки и лизинг; • ИТ-сектор; • недвижности; • автомобилска индустрија

На Бизнис-форумот ќе учествуваат и компании и стопански комори од Србија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Стопанската комора на Македонија организира групен автобуски превоз и хотелско сместување (за 3.11.2011 година). Трошоците за превоз и хотелското сместување се на товар на секоја фирма-учесник. Стопанската комора на Македонија ги поканува заинтересираните компании да учествуваат на Меѓународниот бизнис-форум, што ќе се одржи на 4 ноември 2011 година (петок), со почеток во 9:00 часот, во Стопанската коморана Србија, во Белград.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.

На 4 ноември 2011 година, во Белград, Република Србија

ЦЕИ БИЗНИС-ФОРУМ

Стопанската комора на Србија во рамките на Самитот на Централноевропската иницијатива 2011 година, организира Бизнис-форум што ќе се одржи на 4 ноември 2011 година, со почеток во 15:00 часот, во Белград, во Стопанската комора на Србија (ул. Ресавска бр. 15). Централноевропската иницијатива е основана на иницијатива на Италија во 1989 година, а нејзини членки се: Македонија, Србија, Хрватска, Италија, Австрија, БиХ, Бугарија, Белорусија, Албанија, Црна Гора, Чешка, Молдавија, Полска, Романија, Словенија, Украина и Унгарија.

Целта на ЦЕИ-иницијативата е да ги зајакне економските врски меѓу земјите членки, трансфер на знаење и заедничко влијание на европските институции за постигнување на заеднички цели, како и заедничко учество на проекти финасирани од ЕК, ЕБОР и слични институции. Во рамките на овој Форум, Стопанската комора на Македонија организира делегација на заинтересирани компании која заеднички ќе настапи на Форумот во Белград.

Линк до Агендата: www.pks.rs/ceibf

Контакт: Јадранка Аризанковска Тел: ++ 389 2 3244038 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Семинар на 7 и 8.11.2011 година“КАКО УСПЕШНО ДА ПОДГОТВИТЕ ДЕЛОВЕН ПЛАН И ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ДА ДОБИЕТЕ

ГРАНТ ОД ИПАРД-ПРОГРАМАТА”7-8 ноември 2011 година

од 9:00-17:00 часотСтопанска комора на Македонија

Со цел да се подготват компаниите како да користат средства од ИПАРД-Програмата и успешно да ја пополнат

апликацијата и инвестиционата програма за проекти, Стопанската комора на Македонија организира дводневна обука која ќе се одржи на 7-8 ноември 2011 година, во просториите на Комора, сала 53 на 4 кат од 9:00 до 17:00 часот. Ги покануваме сите заинтересирани физички и правни лица од секторот земјоделие (овошје, зеленчук, грозје, млеко и месо), преработувачи на овошје, млеко и месо, преработка на храна, туризам и занаетчиство (рурален туризам) како и:

* производители на вино;* производители на мед;* производители на леб и бели печива; * преработувачи на житни производи;* сопственици на туристички објекти и

локации; * сопственици на семеен имот кои планираат

да се занимаваат со туризам и* занаетчии од традиционални занаети.

Обуката е предвидена да ги исполни следниве цели:

1.запознавање на учесниците со новоизменетите критериумите за учество за ИПАРД-програмата;

2.подготовка за методот на апликација на корисниците за користење на средствата според дефинираните мерки (101, 103 и 302);

3.запознавање на учесниците со прифатливи трошоци и за инвестирање (101, 103 и 302);

4.претставување на бизнис-планот потребен за апликација за ИПАРД;

5.објаснување на постапка за барање и за исплата на средствата за финансирање.

Обучувач: Марија Васкова, тренер на тренери за ИПАРД-програмата. Сите заинтересирани за учество во работилницата можат да се пријават најдоцна до 4 ноември 2011 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 8.11.2011 година еднодневен семинар “ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА

АКЦИОНЕРИТЕ И СОДРУЖНИЦИТЕ И ПОБИВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ВО ТРГОВСКИТЕ

ДРУШТВА”10:00-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Прашањето за остварување на правата на акционерите и содружниците и можноста од поништување на одлуките на надлежните органи на трговските друштва, во ситуација на повреда на овие права е постојано актуелно прашање во услови на динамични

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 41: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 41четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

односи во сферата на економијата и работата на трговските друштва. Во таа насока, Стопанската комора на Македонијa, на 8 ноември 2011 година, со почеток во 10:00 часот, организира еднодневен семинар на тема: “Остварување на правата на акционерите и содружниците и побивање на одлуките во трговските друштва”. На семинарот ќе биде детално презентирано остварувањето на овие права од аспект на тоа како се тие уредени со законот и проблемите и сознанијата од практиката.

Предавачи: Теофил Томановиќ, Фиданчо Стое и Ранко Максимовски, судии во пензија. Ззаинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 7 ноември 2011 година. Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари (4500+ДДВ) за компании -членки и 7.080 денари за 1 учесник (6.000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 8.11.2011 година, во Лондон, Велика Британија

СРЕДБИ ЗА ВИНСКИ ТУРИЗАМ НА WORLD TRAVEL MARKET

Здружението на угостителството и туризмот и ЕЕН при Стопанската комора на Македонија организираат посета на Меѓународниот саем World Travel Market 2011, во чии рамки ќе се одржат средби за вински туризам. Во текот на бизнис-средбите учесниците ќе можат да ги искористат платформите за почеток на нови бизниси, за промовирање на бизнис-контактите и да се добие целосен поглед на пазарот на светскиот туризам. Учеството е слободно, а организаторот ќе обезбеди за учесниците

платформа за локацијата за разговори, за просторот за состанок и за индивидуалните планови.

Средбите се наменети за: - тур-операторите специјализирани

за вински туризам, за да остварат комерцијални договори и

- винарските визби со проекти за вински туризам, за размена на искуства, know-how и др.

За повеќе информации:

Здружение на угостителството и туризмотСтопанска комора на МакедонијаЛазо АнгелевскиТел. (02) 32 44 [email protected]

На 14 ноември 2011 во Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС-ФОРУМ СО 10 РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ОД ГРЦИЈА, ТУРЦИЈА, ХРВАТСКА,

СРБИЈА, КОСОВО И ОД МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на Македонија заедно со регионалните комори од Србија (Ниш), Косово, Осиек - Хрватска, Верија - Грција, Торбали - Турција и регионалните комори со седиште во Битола, Прилеп, Струмица и Скопје организираат Бизнис-форум на компании од различни сектори.

Ве покануваме да земете учество на Бизнис-форумот и бизнис-средбите што ќе се одржат на 14.11.2011 година во Стопанската комора на Македонија, на кои ќе можете директно да воспоставите бизнис-контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација со компании од другите региони. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите и да одредите со кои

компании или со која дејност би сакале да стапите во контакт.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 17-19 ноември 2011 година, Паличко Езеро, Војводина, СрбијаСоветување на тема:

„УПРАВУВАЊЕ СО ОПЕРАТИВЕН РИЗИК, ПРАВЕН РИЗИК И РИЗИК

ОД НЕУСОГЛАСЕНОСТ СО ПРОПИСИ – ПРАКТИКИ И ИСКУСТВА “

(Garni hotel Park i Jezero ****)

Со цел запознавање на компаниите и банките со управувањето со оперативниот ризик, правниот ризик и ризикот од неусогласеност со прописи, Стопанската комора на Македонија, од 17 до 19 ноември 2011 година, организира семинар на тема: „Управување со оперативниот ризик, правен ризик и ризик од неусогласеност со прописи“. Агенда:

1. Управување со оперативниот ризикДефинирање на оперативниот ризик и

неговото значењеСистем за управување со оперативниот

ризик• Стратегија и политика за управување

со оперативниот ризик• Организациска поставеност на

управувањето со оперативниот ризик• Систем на известување на

раководствотоПроцес на управување со оперативниот

ризик• Идентификација на ризикот• Техники за проценка на нивото на

изложеност на банката на оперативен ризик

• Контрола / намалување на оперативниот ризик

• Следење на оперативниот ризикНовата Капитална спогодба и

оперативниот ризик• Пристапи за утврдување на

капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик

Предавач: Проф. д-р Евица Делова Јолевска

2. Управување со правен ризик и ризик од неусогласеност со прописи

Правен ризик • Разбирање на концептот • Извори и видови правен ризик • Идентификација на правен ризик

Page 42: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО42 четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

• Мерење на правен ризик Систем за управување со правен ризик• Интерни акти и системи за управување

со правен ризик• Организациска поставеност • Систем на известување на

раководствотоРизик од неусогласеност со прописи• Разбирање на концептот • Релевантни прописи, практики • Поставување и усовршување на

системите за идентификација и мерење на ризикот од неусогласеност со прописите

• Новини во Европска унија и во САД (прописи и практики)

Систем за управување со ризик од неусогласеност со прописи

• Интерни акти и системи за управување со ризикот од неусогласеност со прописи

• Организациска поставеност • Систем на известување на

раководството• Compliance Checklists, извештаи, други

добри практики

Предавач: Д-р Елена Бундалеска

Советувањето е наменето за поединци и за трговски друштва, банки и штедилници, јавни претпријатија, јавни установи и други правни лица. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 15 ноември 2011 година.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 17-18 ноември 2011 година, во Република Грција

БИЗНИС-СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ ВО КОМОРАТА

НА ХАЛКИДИКИ

Стопанската комора на Македонија и Комората на Халкидики организираат Бизнис-средба на македонски и грчки компании од различни сектори во Комората на Халкидики . Ве покануваме да земете учество на бизнис-средбите (B2B) на кои ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација со грчки компании. Ве молиме Вашето присуство да го потврдите кај лицата наведени во Пријавниот лист и да одредите со кои грчки компании или од која дејност би сакале да стапите во контакт.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс: 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Јадранка Аризанковска Тел: ++ 389 2 3244038Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 17 и 18 ноември 2011 година Mеѓународен саем во Република

Германија„ МЕДИКА 2011“ ВО ДИСЕЛДОРФ

Здружението на угостителство и туризмот и ЕЕН при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Меѓународниот саем за медицина „МЕДИКА 2011“, место број еден за средби од секторот медицина. Целта на настанот е да им се помогне на претпријатијата од медицината, универзитетите и истражувачките институти да најдат патнери во Европа за развој на производите, производството и склучување на лиценцни договори, договори за заедничко вложување и други видови на соработка.

Овој меѓународен настан од медицината има традиција повеќе од 10 години. Во последните години на секој од овие настани имаше повеќе од 160 учесници од повеќе од 20 земји со повеќе од 500 состаноци.

За повеќе информации:

Здружение на угостителството и туризмотСтопанска комора на МакедонијаЛазо АнгелевскиТел. (02) 32 44 [email protected]

На 24 и 25 ноември 2011 година во

КазахстанЖИТО-ФОРУМ „KAZGRAIN” ВО АСТАНА

На 24 и 25 ноември 2011 година ќе се одржи 4. ЖИТО-ФОРУМ - “KazGrain”, во градот Астана, Казахстан. Домаќини на “KazGrain” се Министерството за земјоделство на Република Казахстан и АД “KazAgro” - Национален менаџмент холдинг.

Ве покануваме да учествувате на овој форум, на кој ќе присуствуваат светски водечки експерти во индустријата за жито (мелничко-пекарската) на Казахстан и голем број светски трговци на жито, агрохолдинзи, земјоделски претпријатија, како и претставници на бизнисот од Казахстан и од други земји. Заинтересираните компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 15 ноември 2011 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 43: Бизнис ИНФО број 72 од 03.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 43четврток, 3 ноември 2011, Бр. 72

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за плсман на

маслинки.Валидност до : 20.5.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на брашно и брашно обогатено со цералии,

витамини и минерали.Валидност до: 20.5.2012 година

KNOWLEDGE CENTER ОРГАНИЗИРА НОВА СЕСИЈА ОБУКИ ВО НОЕМВРИ 2011

година!KNOWLEDGE CENTER ЈА ПРОШИРУВА СВОЈАТА ПОНУДА ВО НОЕМВРИ 2011

ГОДИНА СО НОВИ ПРОМОТИВНИ ВИКЕНД-ОБУКИ ВО СЛЕДНИТЕ ОБЛАСТИ:

1.КРЕИРАЊЕ НА НОВ БИЗНИС (5-6 ноември);

2. СТРАТЕГИЈА И ПЛАНИРАЊЕ (12-13 ноември);

3. ЛИДЕРСТВО И ПРОМЕНИ (19-20 ноември);

4. ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ (26-27 ноември).

ЦЕНАТА НА СЕКОЈА ОБУКА ИЗНЕСУВА 1590,00 ден.

ОБУКИТЕ СЕ ОДРЖУВААТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ПСМ ФОНДАЦИЈА

- YES ИНКУБАТОР.СИТЕ ОБУКИ ВКЛУЧУВААТ:

- 14 часа обука од експерти за време на викенд-денови;

- прирачник од темата (пример);- сертификат за учество и

- закуска и пијалаци.Методологијата се заснова на

интерактивност и користење на практични стории на случај.

Аплицирајте на [email protected].

KNOWLEDGE CENTER ВЕ ОЧЕКУВА!Валидност до: 30.11.2011 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман

на суво црвено вино од калинка, порто вино од калинки, десертно вино од

калинки, шампањ од калинки.Валидност до: 21.6.2012 година

Компанија од Израел бара соработка со македонски компании за пласман на

брановидни челични лимови за кровови и ѕидови, синусоидни челични лимови

за кровови и ѕидови, трапезоидни челични лимови за кровови и ѕидови,

заварени подови и кровови, “Z” и “C” пресек на профили со различна

дебелина и величина, рамни галванизирани/обоени челични лимови

по нарачка/налог.

Валидност до: 21.4.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман

на опрема за бебиња, колички, креветчиња, столчиња за јадење и др.

Валидност до: 21.4.2012 година

Компанија од Црна Гора бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на садници на маслинки.

Валидност до: 25.5.2012 година

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

системи и уреди за заштита од гром.Валидност до: 25.5.2012 година

Компанија од Црна Гора бара изведувачи на занаетчиски работи во градежништвото во Република

Македонија.Валидност до: 12.9.2012 година

Компанија од Унгарија бара да откупува вишни и чоколадирани производи со

вишни во Република Македонија.Валидност до: 12.10.2012 година

Израелска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

иверки и панел-плочи.Валидност до: 13.4.2012 година

Грчка компанија бара соработка со компании од Република Македонија

за пласман на машини кои се користат во дејност на семенски и зрнести

производи од сите видови, овошје и зеленчук.

Валидност до: 13.4.2012 година

Компанија од Унгарија заинтересирана е да откупува до 50 тони бобинки од

смрека во Република Македонија.Валидност до: 13.10.2012 година

Компанија од Црна Гора бара дистрибутер во Република Македонија

за пласман на смрзнати пекарски производи.

Валидност до: 13.4.2012 година

Компанија од Босна и Херцеговина заинтересирана е за дистрибуција на

диетална храна, чаеви, етерични масла во Република Македонија.

Валидност до: 14.4.2012 година

Компанија од Босна Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чамци за пренос и воени

чамци.

Валидност до: 14.4.2012 година

Компанија од Јапонија заинтересирана е да гради домови за релаксација, одмор и згрижување на лица во Македонија.

Валидност до: 14.4.2012 година

Македонската компанија Прогрес ги нуди на продажба објектите за

преработка на пченица, магацини и административната зграда со

вкупна површина од 3000м2 и 7000 м2 стопански двор. Објектот се наоѓа на магистралниот пат Штип-Кочани, опремата за млинот за брашно е од

Италија со капацитет 50 тони за 24 часа.Валидност до: 17.10.2012 година

Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на контејнери, електроди за заварување на челик и процесна

опрема.Валидност до: 17.4.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

кабли и ПВЦ цевки.Валидност до: 17.4.2012 година

Компанија од Романија бара соработка со трговци, дистрибутери на храна,

пијалаци и цигари во Република Македонија.

Валидност до: 18.5.2012 година

Компанија од Босна и Херцеговина бара да откупува кожа од Република

Македонија и да пласира конфекција од кожа.

Валидност до: 18.4.2012 година

Компанија од Турција нуди карго превоз на масовен товар во различни

дестинации.Валидност до: 19.4.2012 година

Компанија од Австрија бара дистрибутер во Република Македонија

за пласман на џем и слатко.Валидност до: 19.4.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе

од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски