18
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 98 од 17.05.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот www.mchamber.mk СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922 Македонија и кризата во Грција БИЗНИСОТ И ПОЛИТИКАТА РАКА ПОД РАКА МОЖНОСТИ ДЕЛ ОД БАЛКАНСКАТА ТУРИСТИЧКА ТУРА, НО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ХОТЕЛИЕРСТВОТО Катарските туроператори во Стопанската комора на Македонија најавија интензивна соработка со домашната туристичка индустрија ПОСЕТИ

Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Економски неделен информатор на Стопанската комора на Македонија

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 17 мај 2012, Бр. 98СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 98 од 17.05.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Македонија и кризата во Грција

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРЕНОТО ВО ПЕКИНГ!

Кинеските приоритети, Балканот и Македонија

БИЗНИСОТ И ПОЛИТИКАТА РАКА ПОД РАКА

МОЖНОСТИ

ДЕЛ ОД БАЛКАНСКАТА ТУРИСТИЧКА ТУРА,

НО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ХОТЕЛИЕРСТВОТО

Катарските туроператори во Стопанската комора на Македонија најавија интензивна соработка со домашната туристичка индустрија

ПОСЕТИ

Page 2: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

ПОЛ ВОЛЕРС ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА „ФЕРШПЕД“

Американскиот амбасадор Пол Волерс неодамна ја посети компанијата „Фершпед“. На средбата со генералниот директор Штерјо Наков било разговарано за актуелните услови за водење бизнис во Македонија.

Волерс и неговите соработници од амбасадата се интересирале за начинот на кој функционира шпедитерскиот бизнис, транспортот на стоки и логистика во земјата и во регионот што е клучна дејност на најголемата шпедитерска компанија во земјава.

Освен ова станало збор и за другите економски области во Македонија во кои групацијата Фершпед е активно присутна. Разговорите биле во пријателски тон и продуктивна атмосфера, а двете страни констатирале дека ваквите разговори се од интерес на бизнис заедницата и развојот на економијата во земјава.

УКРАИНСКИ ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Македонскиот извоз во Украина во текот на последните две години значајно се зголеми и воопшто во 2011 година регистрирани се највисоките показатели на трговскиот промет меѓу двете земји. Единствено што главни ставки во извозот од Македонија станаа не зеленчукот и овошјето, туку феролегурите и производството на кабли. Истовремено не ја сметам оваа тенденција за перманентна – дајте да ги дочекаме заклучоците од тековната година. Обемите на набавките на македонското вино од украинските структури значајно се зголемени и во 2011 година изнесуваа 10,5 милиони литри. Како резултат на тоа Украина влезе во петорката на водечките увозници на вино, како по неговиот физички обем така и по обемот на потрошените средства за неговата набавка. Има основи за очекување понатамошен пораст на набавките на вино во 2012 година. Можам да ве уверам дека украинскиот пазар е со доволен капацитет за да го апсорбира македонското производство. Во завршна фаза е создавањето на украинскиот дистрибутивен центар во Скопје.Целта на неговата дејност се состои не само во промовирање на украинската продукција во Македонија и во регионот на Западен Балкан туку и во давање можност за македонскиот бизнис прегледно да се запознае со индустрискиот потенцијал на Украина и соодветно да воспостави

деловни контакти со украинските претприемачи на обострана корист.(Јуриј Гончарук, амбасадор на Украина во Република Македонија)

ЈУРИЈ ГОНЧАРУК, АМБАСАДОР НА УКРАИНА ВО МАКЕДОНИЈА

РАБОТИМЕ ТУРСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИДА СТИГНАТ ДО 1 МИЛИАРДИ

ДОЛАРИ

Турските инвестиции во Македонија моментно се околу 420 милиони долари, и со тоа не сме задоволни. Но, кога Реџеп Таип Ердоган ја посети Македонија во септември 2011, рече дека бројката мора да ја донесеме на една милијарда долари.

Работиме на тоа и мислам дека за период од четири години тоа ќе се реализира. Инаку, оваа година веројатно ќе стигнеме до 500 милиони долари.(Хади Незир, министер без ресор)

ВЛОЖУВАМ ВО ТАЛЕНТ, ТЕХНОЛОГИЈА И ИНОВАЦИИ

Ако ви кажам дека јас сè уште немам личен асистент, нема да ми верувате. Патувам нонстоп и не можам да ангажирам некој да биде 24 часа на моја услуга. Додека потрошам време на некој друг да му кажам да ми резервира авионски билет или хотелска соба, побрзо самиот ќе го сторам тоа преку Интернет. Едноставно, попрактично е. Мојот основен принцип сиве овие 20 години е да вложувам во три работи:

талент, технологија и иновации. Кога ќе препознаам некаков талент, јас сакам да го имам во фирмата. И да нема во моментот конкретно слободно работно место, јас ќе го ангажирам, затоа што знам дека порано или подоцна ќе се најде сегмент каде што тој ќе може да го покаже својот потенцијал. Во технологија имаме инвестирано огромни пари досега, пред сè во ИТ-системи, без коишто системот на продажба на Студио Модерна не би можел да функционира. Во таа област сме меѓу најдобрите во регионот, дури и Мајкрософт нè зел како case study за успешно имплементирана информатичка технологија во бизнис-процесите. И третата работа, иновациите. Производот сам по себе не е доволен за успех. Како што велат Американците, сè може да се “комодитизира“, а маржите одат постојано надолу. Секој може да го произведе истиот поевтино. Нашата разлика не е само во душекот. Секој може да отиде во Италија и да нарача душеци. Разликата е во сервисот, во сите тие парично немерливи компоненти за тоа како ќе успееш да ги задоволиш потребите на купувачите, без оглед дали е во сегментот бизнис-кон-бизнис или бизнис-кон-потрошувач.

(Санди Чешко, основач и сопственик на Студио Модерна, познат во Словенија како „кралот на телешопингот“)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

Пишува: Љубица НУРИ *Најниска покриеност на македонскиот увоз со извоз во трговијата со јужниот сосед

* Грција, сепак, не стана наш ветер во грбот на патот кон ЕУ, како што очекувавме пред повеќе од 15 години

Kолку политичката ситуација во Грција влијае врз стопанската соработка или врз тровијата на Република Македонија? Тоa e, всушност, принципиелно, општото прашање коешто меѓународните и овдешните бизнис и финансиски кругови го анализираат при проценката на ризикот. Загриженост треба да има во однос на трговската размена на Република Македонија со соседна Грција, ако се споредат движењата во изминативе месеци со 2008 година, која за земјава беше една од добрите години во надворешно-трговската размена (финансиската криза се` уште беше во зародиш и последиците се` уште не се чувствуваа врз трговијата). Никогаш не сме имале толку мал индекс на покриеност на увозот со извозот со јужниот сосед - само 25,2 индексни поени. Нашиот извоз, во првите три месеци годинава, во споредба со 2008 година, е намален за 69 % и двојно е намален бројот на извозните производи, од 86 на 44. А Грција е втор наш партнер во првите три месеци од оваа година, за разлика од истиот период во 2008 година кога беше на петто место. Анализите на вака зголемениот увоз и намалениот извоз говорат за намалените стопански активности во Грција во индустриските гранки во кои се користат производи на црната и обоената металургија, но и дека се намалуваат нивните инвестиции во македонскиот текстил. По се` изгледа дека не се работи само за намалена побарувачка на нивниот домашен грчки пазар, туку дека Грција има намалена побарувачка од трети земји. Фактот дека околу 2200 грчки производни компании, меѓу нив и некои банки, ги префрлиле целосно или делумно своите бизниси во Бугарија, исто така е причина за прикажување на намалените стопански активности. Податокот дека

нашиот увоз од Грција расте, може да биде сигнал дека во услови на криза набавката преку јужната граница е поевтина и дека, што е значајно, не е изгубена довербата меѓу партнерите.

Трговската експанзија на Грција кон Балканот беше со финансиска поддршка на ЕУ, почнувајќи од првата половина на 2000 година, што влијаеше на зголемувањето на трговските и инвестициските активности на грчките фирми, но, се разбира, со единствена цел - извлекување на профит, а не и унапредување на сопствената конкурентност. Само во Македонија грчките инвестиции беа со цел нивните компании да се инсталираат на пазарот (телекомуникации, трговија, финансиски сектор), во експлоатацијата на природните ресурси и во трудоинтензивните гранки (тутунската, текстилната, индустријата на метали и неметали). Регионот беше, а и сега е, во логистичка функција на Грција како поддршка за нејзиното позиционирање

на трети пазари. Очигледен пример е обемот на нашиот увоз на нафта од Грција и нашиот извоз на нафта и деривати на Косово. Сега кога пристапот кон ЕУ-фондовите и програмите за поддршка на реструктуирањето на грчкото стопанство и прекуграничната соработка се драстично намалени, се сведуваат сметките преку соочување со сопствените реални можности. Како пред многу години, сега, во Грција повторно се заговараат реформи на јавната администрација, промени во образовниот систем, здравството, пензиската и социјалната заштита, зголемување на конкурентноста, приватизација на јавниот сектор, промени во регулаторната сфера – се` со цел поттикнување на индустриското производство и инвестициите. Како перспективни пазари се посочуваат: Германија, Франција, Италија, Англија, Русија и земјите од Западен Балкан. Притоа, се има впечаток дека нема бегање од недовршените, а ветени обврски. За сите промени потребни се политики и поддршка од народот. Економијата секогаш градела партнерства со политиката, а демократијата во економијата се мери со независноста на малите и средните компании во однос на политиката. Колку таа е поголема, толку е поголема веројатноста за корпоративен опстанок, а пред се` за негов развој. Свесноста на соседите на оние кои имаат мака од тоа што им се случува, едновремено е и една од гаранциите за излез од кризата, што неминовно мора да дојде. Но,

ОД МОЈ АГОЛМакедонија и кризата во Грција

БИЗНИСОТ И ПОЛИТИКАТА РАКА ПОД РАКА

Page 4: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

воедно и на соседите „од спротива“ целата состојба во Грција им е добра порака што треба тие да сторат. Токму затоа не треба да не` плаши мартовскиот дефицит со Грција, туку многу повеќе треба сериозно да не` загрижува фактот дека во трговската размена со Грција ние немаме производи со додадена вредност, дека со нивните компании немаме заеднички производ (освен во текстилот и тоа во вид на користење на нашата работната сила), дека тамошниот бизнис-

сектор во нас не препознал терен каде што може да ги пресели бизнисите, дека со Грција немаме синергија за да станеме центар во транспортната логистика југ-север и запад-исток, и дека, како што очекувавме пред повеќе од 15 години, не е наш ветер во грбот на патот кон ЕУ.

Надворешно-трговска размена на РМ – Грција во 000 САД $

Јан - март Обем Структура Извоз Структура Увоз Структура Покриеност увоз со извоз

2012 (2 )* 194.987 18,2 39.193 4,3 155.794 10,2 25,22011 (6) 142.728 5,6 42.918 4,6 99.810 6,2 43,02010 (2) 143.704 8,2 59.150 9,2 84.553 7,7 70,02009 (3) 141.902 8,5 58.002 11,1 83.900 7,4 69,12008 (5) 234.769 9,4 124.001 13,5 110.758 7,0 112,0

* Партнер

Извоз РМ – Грција во мил. САД $

јануари-март

Црна и обоена

металургијаТекстил

Земјоделско- прехранбени

производиЕнергенси

Вкупен извоз на РМ со

Грција 2012 год. 8,6 12,6 1,7 2,0 39,22011 год. 8,3 14,9 2,4 0,2 42,92008 год. 56,00 30,0 3,6 / 124,0

Увоз РМ –Грција во мил. САД $

јануари - март

Црна и обоена

металургијаТекстил

Земјоделско- прехранбени

производиЕнергенси

Вкупен увоз на РМ со

Грција 2012 год. 15,3 4,4 8,6 99,8 155,82011 год. 19,9 7,6 9,6 25,8 99,82008 год. 22,2 18,0 10,4 6,7 110,7

РМ – Грција

јануари – март Број на производи во увозот

Број на производи во извозот

2012 год. 96 442011 год. 129 612008 год. 172 86

ИСТРАЖУВАЊА

Размената со странство на ГрцијаСАМО ВО ЈАНУАРИ 2,3 МИЛИЈАРДИ

ЕВРА ДЕФИЦИТ!

Само во јануари 2012 година, Грција забележала трговски дефицит од 2,337 милијарди евра (1,744 милијарди евра извоз и 4,081 евра увоз). Грција главно извезува овошје, зеленчук, маслиново масло, текстил, челик, алуминиум, цемент и разни други стоки за широка потрошувачка, како што се конфекција, прехранбени производи, рафинирана нафта и деривати. Грција останува нето-увозник на индустриски и капитални

стоки, прехранбени производи и нафта.Трговијата со Германија, Италија и Англија заедно е околу две третини (65%) од вкупната трговија на Грција со земјите од ЕУ. Бугарија е трет, а Романија шестиот извозен партнер на Грција. Во последните години, Русија и Кина стануваат се` позначајни увозни партнери на Грција. Кредитите од ЕУ, дознаките од странство, бродарството и туризмот и` помагаат на Грција да се справува со трговскиот дефицит. Се` уште во грчкиот БДП јавниот сектор учествува со 40%, а туризмот со 15%. Една петтина од вкупно вработените се странци,

претежно во областа на туризмот и во аграрот.

Кристин Лагард, шефот на ММФМОЖНО Е КОНТРОЛИРАНО ИЗЛЕГУВАЊЕ

НА ГРЦИЈА ОД ЕВРОЗОНАТА

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард во неодамнешното интервју за француската телевизија Франс 24 ја спомена можноста за контролирано излегување на Грција од еврозоната.

- Доколку не бидат испочитувани заложбите, треба да се направат соодветни преразгледувања, а тоа значи или дополнително финансирање или дополнително време или механизам за излегување, кој во овој случај

треба да биде контролиран, рече Лагард.- Тоа би било нешто што скапо ќе чини и кое ќе содржи големи ризици, но тоа е дел од варијантите, кои сме

должни и технички да ги разгледаме, додаде таа.

Грците масовно ги повлекуваат парите од банкитеМЕСЕЧНО ВО ПРОСЕК БАНКАРСКИТЕ СЕФОВИ ОСТАНУВААТ БЕЗ 2 ДО 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Грчките граѓани почна да ги фаќа паника поради нестабилната економска и политичка ситуација во земјата. Само првиот ден од неделава од деловните банки штедачите повлекле над 700 милиони евра. Претседателот Каролос Папуљас признава дека состојбата е сериозна и дека може да се очекува до крајот на неделата граѓаните да

продолжат масовно да ги повлекуваат депозитите од банките.И гувернерот на грчката народна банка призна дека банкарскиот систем е на стаклени нозе и дека ќе им бидат потребни повеќе пари од Европската централна банка. Ова е најголемо повлекување на штедни влогови од

банките од почетокот на кризата во Грција во 2009-та година.Во последниве две години, во просек граѓаните повлекувале помеѓу 2 и 3 милијарди евра од банките месечно, а само во јануари годинава таа бројка надмина 5 милијарди. Во Македонија, грчките банки имаат влогови во две

домашни деловни банки – Алфа и Стопанска.Оттаму велат дека нивната работа ја регулира Народната банка на Македонија и дека не зависат премногу од

грчкиот капитал.

Page 5: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

Деновиве м-р Никола Груевски со својот домаќин Ван Џиабао, премиерот на Народна Република Кина, во Пекинг разговараа за можностите за инвестирање на Кина во технолошко-индустриска развојна зона која би била во целосно управување на кинескиот инвеститор, како и за инвестирање во енергетиката и во патишта. Овие разговори на двајцата премиера се за поздравување, бидејќи

отвораат можности и се вклопуваат во стратешките активности кои ги има Кина кон Европа и обратно, како и во нејзината глобална економска стратегија кон останатиот дел од светот. Премиерот Ван Џиабао, во својот говор во кинескиот парламент на 5 март оваа година, ја определи општата цел – одлучност и понатаму да се одржи економската стабилност на земјата спроти светските економски турболенции. Тој ги презентираше приоритети содржани во стратешките правци за развој во наредниот петгодишен план, со кој се задржува стратегијата за зголемување на домашната потрошувачка, со што треба да се отворат нови 9 милиони работни места; зголемување на исплатувањето на социјалните бенефити; развој на руралните области; поголемо учество на населението во прераспределбата на добрата; намалување на стопанскиот раст од 8 на 7,5 %, како и продолжување на започнатите глобални трговски стратегии кои се трансформираат во геостратешки. Кина, една од земјите на БРИК, веќе е влезена со инвестиции во рудните и нафтените ресурси на Африка, има формирано фонд од милијарда американски долари за развивање на трговската соработка со Латинска Америка и веќе е присутна во неколку јужноамерикански земји, а

влезена е во автомобилската индустрија на Европа и САД и во финансискиот пазар на САД. Преку глобалниот проект за ревитализација на „Патот на свилата“ ги доближува своите стоки и технологии кон ЕУ, со што влијае врз економијата на централноазиските земји. Од Кинеската стопанска делегација, Сичуан, од Западна Кина, при посетата на Скопје, на почеток на март оваа година, можевме да слушнеме

дека на 1 јануари оваа година започна со реализација триесетгодишниот план за развој на Западна Кина, дел кој е поблиску до Европа. Кинеските гости презентираа дека светските брендови и меѓународни компании веќе воспоставуваат бизниси во овој регион и очекувањата се оптимистички во однос на поголемо привлекување на странски капитал. Досегашниот исклучителен економски раст на Кина, кој достигнуваше речиси 10% годишно во последната декада, влијаеше на експанзијата на нејзината трговија во евроазиските земји. Истовремено, б и л а т е р а л н а т а трговска размена меѓу Кина и ЕУ се зголеми трипати – од 101 милијарда евра во 2000 година, на 395 милијарди евра во 2010 година. За да ја зацврсти својата позиција на „стариот континент“, не само во ЕУ, Кина го препозна Балканот

како дел од транспортниот коридор кон Европа и како се` уште неискористен деловен потенцијал. И не само во однос на транспортот, туку и во однос на енергетиката - посебно обновливите извори, во што ја гледа Македонија, со своите природни потенцијали, како лидер во овој дел на Европа. Она што восхитува во однос на Кина е тивкост, упорност, дефинирање на целта на долги патеки, утврдување на методите, обезбедување финансиска поддршка и што е суштинско – конзинстентна реализација. Во своите потфати таа не тргнува од стратегијата за краткорочни профитни интереси на либералната економија, туку таа внимателно инвестира во својата иднина. Дел од тие стратешки инвестиции е и Југосточна Европа – железница под Босфор, пристаништа и железница во Грција, мост преку Дунав на потегот Земун - Борча, железници во Хрватска и во Србија заедно со автопат низ Србија кон јужен Јадран. ЕУ, пак, со својата стратегија за Конективна Европа, идиректно се вклопува во оваа стратегија. Имено, определени се приоритетите за Бугарија до 2020 година: изградба на железница Софија - македонска граница, унапредување на железницата Софија – српска граница, електрификација на железницата по обиколницата до Пелопонез. Романија има обврска да изгради железница Темишвар – српска граница. Инвестирањето на Кина во унапредувањето на операционализацијата на Пирејското пристаниште е од причини што преку Суецкиот канал и грчкото пристаниште, стоките за европскиот пазар пристигнуваат побрзо отколку преку северните пристаништа на Холандија и

ПОВОДИ

Кинеските приоритети, Балканот и Македонија

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРЕНОТО ВО ПЕКИНГ !

Page 6: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

Германија, земајќи ги предвид и стовариштата кои се градат и со кои подобро ќе се манипулира со стоките за земјите од Северна Африка. Исто така, подобар е пристапот и до пазарите на Украина, Русија, Турција и Балканот. Освен Пирејското пристаниште, како битни точки за Коридорот 10, се разговара и за Игуменица, Волос, а во тек се преговорите за Солунското пристаниште. Ревитализацијата на балканските железници е клучен фактор во протокот на стоки во правците југ - север, запад – исток. Во таа функција е и формирањето на КАРГО 10 – Асоцијација на словенечките, хрватските и српските железници со цел побрз проток на стоките. Прва задача е забрзување на транспортот на стоките од западноевропските земји кон Истанбул. Македонските железници се` уште не се во оваа асоцијација. Не биле поканети – а дали треба? Во сите овие стратегии, македонското стопанство ги препознава сопствените интереси, но и сопствените обврски – не се може „без светот“ и да се сака. Доколку ние и не сакаме да пријдеме, во што не верувам, ќе ни пријдат нам. Затоа инвестиционите иницијативи на премиерот во Кина се за поздравување и веруваме дека ќе ги вклучат ревитализацијата и изградбата на железничките коридори. Само иницијативите да не се претворат во одисеја – очекувањата на кинеската страна од Југоисточна Европа се експлицитни, а тоа се имплементација на европските стандардни вредности.

Љубица Нури

БРОЈКИ И ФАКТИ Трговска размена меѓу Република Македонија и НР Кина

Јануари - март трговска

размена РМ – НР Кина

Обем во 000 САД $ Структура Извоз во 000

САД $ Структура Увоз во 000 САД$ Структура Покриеност

увоз со извоз

2012 (7) 132 021 5,5 37 977 4,1 94 044 6,3 40,42011 (10) 117 167 3,2 20 976 1,6 96 191 4,2 21,82010 (7) 83 869 4,8 18 411 2,9 65 458 5,9 28,1

Партнер

Во периодот јануари – март 2012 година Република Македонија во Народна Република Кина има извезено два производа (исто како и во 2011 година во истиот период), а тоа се фероникел и вино. Извезено е вино во вредност од 251 илјада САД долари. Во структурата на увозот, најзастапени се производи од електротехника (27,8%); патнички транспортни средства (15,3%), текстилни производи (8%); обувки (3,1%). Од статистичките податоци може да се констатира дека дека разновидноста на производите (150), како и малата вредност - две третини од увозните ставки се со вредност под 400.000 САД долари, остава впечаток дека се работи за набавки за индивидуални потреби – одредени парчиња на опрема, или стоки за широка потрошувачка што ги набавуваат трговските компании.

Најголемиот кинески дистрибутер на вино ќе потпише договор со девет винарски визби од Македонија

МАКЕДОНСКОТО ВИНО ВО 600 ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ ВО НАЈГОЛЕМАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ

Најголемиот кинески дистрибутер на вино ќе потпише договор со девет винарски визби од Македонија за извоз на македонското вино во Кина. Како што изјави за МИА вицепремиерот Владимир Пешевски, Фу Сјуе Ју, претседател на кинеска дистрибутивна винска компанија која за потребите на Кина увезува вино од целиот свет и која има повеќе од 600 дистрибутивни единици, на презентација и дегустација во рамки на бизнис форумот во Ченгду, изразил особено задоволство од квалитетот на македонските вина и покажал сериозен интерес за продлабочување на соработката со македонските компании. - За време на Бизнис-форумот во Ченгду беше направена презентација на македонските вина на голем број дистрибутери во Кина, но еден од најголемите од нив што има преку 600 продавници - дистрибутивни центри во Кина беше прилично задоволен од квалитетот и беше договорено дека со сите девет винарии од Македонија ќе потпише договор за извоз на македонското вино од Македонија во Кина, - рече Пешевски. Со тоа, додаде, Владата ќе им помогне и на винската индустрија и на производителите на грозје, но генерално и на македонската економија, ќе придонесе Кина повеќе да се запознае со она што се произведува во Република Македонија.

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Page 7: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Катарските туроператори во Стопанската комора на Македонија

најавија интензивна соработка со домашнава туристичка индустрија

ДЕЛ ОД БАЛКАНСКАТА ТУРИСТИЧКА ТУРА, НО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ХОТЕЛИЕРСТВОТО

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, на 9.5.2012 година, одржа состанок со најголемите туристички агенции и туроператори од Катар. На состанокот претседателот на Здружението, Снежана Јовановска Трајковска имаше презентација на туричките можности на Република Македонија, а присутните претставници на најзначајните туристички агенции и туроператори, ресторани и хотели од Македонија ги претставија своите понуди за туристите од Катар.

Снежана Јовановска нагласи дека Катар, како една од најбогатите светски економии, во туристичка смисла сега е она што претходно беше Дубаи. Македонија нема престижни хотели со спа-центри и не може на Катарците да им понуди луксузни летувања или зимувања, но сепак може да биде одлична дестинација за неколкудневни патувања во рамки на тури низ Балканот, - изјави Јовановска. Ние, како земја, посочи, можеме на Катар да му понудиме стручна работна сила во областа на туризмот, нешто што ним им недостасува. Во Македонија постојат млади образовани кадри од областа на туризмот кои можат по примерот на пилотите и стјуардесите од нашата земја во „Катар ер“ да работат во луксузните хотели во Доха. Добро би било да успееме да привлечеме и инвеститори од областа на хотелиерството од Катар кои би можеле во Македонија да изградат луксузни хотели, со што дополнително би се привлекле туристи, нагласи Јовановска. Македонија иако нема лускузни

хотели е сосема погодна за развивање на семеен туризам за катарските семејства. Земјата е безбедна и нуди забава за малите деца што е особено погодно за катарските семејства. Ова го истакна Сердар Мухамед Кан, катарски туроператор од агенцијата „Амбасадор Травел“ пред почетокот на работниот состанок меѓу катарските и македонските туроператори, туристички агенции и хотели во Стопанската комора на Македонија. - Она што го бараат катарските семејства е безбедноста во една земја која тука ја има, топлата гостопримливост и храна подготвена по Халал-стандарди. Во овие два дена имав можност да се запознаам со гостопримливоста на македонскиот народ, вкусната храна и природата. Сметам дека постои можност Катарците да ја посетуваат Македонија, но и Македонците да дојдат во Катар кој има

многу да понуди, - изјави Мухамед Кан. Македонските и катарските менаџери од областа на туризмот очекуваат многу брзо да ги продолжат контактите, да отпочнат интензивна соработка и да склучат повеќе договори за соработка.

Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори ја поздрави

кооперативноста на Министерството за животна средина и просторно

планирање, и упати благодарност до Владата на РМ за укинувањето на забраната за трговија со стари

металиЗАЕДНИЧКО ДОПРЕЦИЗИРАЊЕ

НА НОВАТА РЕГУЛАТИВА

Владо Момировски, претседател на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија, на прес-конференција, ја поздрави кооперативноста пред се` на Министерството за животна средина и просторно планирање, и упати благодарност до Владата на РМ за укинувањето на Наредбата за забрана за вршење на внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг (14.5.2012 година). Јавно-приватниот дијалог за укинување на наведената наредба, даде позитивна разрешница по речиси едномесечни интензивни активнисти, укажувања, барања и предлози на претставниците на Стопанската комора на Македонија - членки на Здружението на енергетиката, црната и обоената металургија и на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори, - истакна тој. Непосреден повод за укинување на забраната е поддршката од членките на Стопанската комора на Македонија и понудената интензивна соработка со надлежите институции за реализација на предложените мерки и активности од страна на Владата на РМ, за надминување на состојбите поради кои и беше донесена истата. Во тој контекст, по укинувањето на горе наведената забрана, работна група интензивно работи заедно со

Page 8: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

стопанствениците на допрецизирање на веќе зацртаните мерки од Владата на РМ, кои се во функција на спречување на нелегитимните појави во управувањето со секундарни отпадни суровини. Една од зацртаните мерки - исплата на трансакциона сметка, веќе започна да се применува, а останатите ќе се применуваат по нивното допрецизирање и донесување со изменувањето и дополнувањето на Законот за управување со отпад. Останатите договорени мерки, пред се` се однесуваат на измена на регулативата во однос на основните услови за добивање лиценца за вршење откуп на секундарни суровини, мерки за системот на контрола, со цел да се избегнат можни злоупотреби, потоа барањето отпадните суровини кои се наменети за извоз да се товарат само на плацеви на субјектите кои се лиценцирани за складирање и третман на отпад, како и да се прецизира дилемата по прашањето дали предложените активности ќе се однесуваат во постапувањето со сите видови неопасен отпад, или само со металите, кои се всушност причината поради која се донесе Наредбата за забрана за внатрешен промет и извоз на овој вид секундарни суровини и друго. Владо Момировски укажа дека сите членки на Асоцијацијата безрезервно ја искажуваат подготвеноста за активно партиципирање во постапката за донесување на потребните регулативи и за нивно целосно и доследно применување, а во реализација на заедничката цел - спречување на нелегитимното работење во дејноста на управување со секундарни отпадни суровини.

Во Регионалната комора со седиште во Охрид презентација на Постојаниот

избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија

ПОЕФИКАСЕН И ПОБРЗ НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

На 11 мај 2012 година, во Регионалната комора со седиште во Охрид, се одржа презентација на тема: „Арбитражата како поефикасен и побрз начин на решавање на споровите“. Присутните имаа можност да се запознаат накратко со постапката и со можностите за решавање на споровите пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, како и со предностите на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови. Покрај тоа, предавачите проф. д-р Арсен Јаневски, претседател на

Арбитражата при Стопанската комора на Македонија, проф. д-р Тони Дескоски, потпретседател и проф. д-р Татјана Зороска Камиловска, член на претседателството на Арбитражата, во своите излагања посветија посебно внимание на најзначајните прашања поврзани со арбитражната постапка, меѓу кои и содржината и полноважноста на арбитражната клаузула, арбитрабилноста на споровите, трошоците во арбитражната постапка, како и начинот на договарање на Арбитражата.

Семинар за внатрешна контрола и внатрешна ревизија

ОБУКА ЗА ЗНАЧАЈНАТА АЛАТКА НА МЕНАЏМЕНТОТ

На 15 мај 2012 година во Стопанската комора на Македонија се одржа еднодневен семинар на тема: „Внатрешна контрола и внатрешна ревизија како алатка на менаџментот“. Предавач на семинарот беше Александар Бужаровски, обучувач за финансиски менаџмент и внатрешна ревизија на MF I MDF на Холандија и надворешен соработник во Друштвото за консалтинг „СФиД“. Тој на присутните учесници, кои беа од aкционерските

друштва, јавните претпријатија и останати правни лица, на едноставен начин успеа да им ги пренесе иновативните решенија за намалување на оперативниот ризик со утврдување , мониторинг и контрола на ризиците; стандардизирање на процесите и процедурите на внатрешната ревизија; како и улогата , вештината и техниките на внатрешниот ревизор, со цел создавање на ефективен контролен мониторинг на внатрешната контрола и внатрешната ревизија. Елизабета А. Ефтимова

Регионалната комора со седиште во Прилеп и издавачката куќа „Зенит“

ги прогласија најдобрите компании во општината за 2011 година„ДЕ-НИ КОМПАНИ“ НА ЧЕЛО

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп и издавачката куќа „Зенит прес медиа“ од Прилеп, на 11 мај 2012 годинана пригодна свеченост во хотелот „Сонце,“ во присуство на голем број стопанственици и угледни претставници на локалната самоуправа, беа доделени награди за најуспешните компании во 2011 година од општината. По критериумите за најголем вкупен приход, број на вработени и остварена неоданочена добивка беа доделени наградите за големи, средни и мали компании кои досега не биле добитници.

Прва награда за најголеми и најпрофитабилни компании беше доделена на:

- Индустријата за мебел „ДЕ-НИ КОМПАНИ“;

- Модната конфекција „КУЛИ“ и- Градежната индустрија „ТЕРА КОТА

ИНЖИНЕРИНГ“.

Втора награда за најуспешни средни компании беше доделена на:

- „МИКРОСАМ“; - „ЕУРОТЕРМ“ и- Прехранбената индустрија „РОЈТЕМ“.

Трета награда за најуспешни мали компании беше доделена на:

- Графичката индустрија „АЦЕТОНИ“;- Прехранбената компанија „ДИЗНИЛЕНД“

и- Трговската компанија „ЗЕМЈОДЕЛЦИ“.

Наградите им ги врачи извршниот директор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ристо Најдоски, додека наградените и присутните гости ги поздрави Ирена Јакимоска, член на Управниот одбор на Регионалната комора, упатувајќи им искрени честитки со желби за уште поголеми успеси. Воедно, на пригодната свеченост весникот „ЗЕНИТ“ го одбележа 4-тиот роденден.

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Page 9: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

Повик за проекти на потпограмата Цип еко-

иновации за 2012 година

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ДО 6 СЕПТЕМВРИ

Европската комисија објави повик за еко-иновации на проекти во висина од 34.800.000 евра.

За овој повик можат да аплицираат претприемачите од цела Европа, со цел да се помогне да се донесат еколошки проекти на ЕУ-пазарот.

Повикот е отворен за еко-иновативни

производи, техники, услуги и процеси кои имаат за цел да се спречи или да се намалат влијанијата врз животната средина, или кои придонесуваат за оптимално користење на ресурсите.

За еко-иновативни проекти ќе може да се аплицира: – како прва апликација по спроведен развој или истражување – пилот-проект; – или реплицирање на еко-иновативна технологија, процес, услуга на пазарот.

Повикот на ЦИП еко-иновации за пријавување е објавен на 8 мај 2012 година, а крајниот рок за аплицирање е 6 септември 2012 година. Стопанската комора на Македонија организира Инфо-ден за ЦИП-еко-иновации на 25 мај 2012 година. За финансирање ќе бидат селектирани околу 50 проекти. Јанез Поточник, европски

комесар за животна средина, истакна дека во изминатите четири години, Програмата на ЦИП-еко-иновации им помогна на повеќе од сто иновативни зелени бизниси. Малите и средни претпријатија се особено охрабрени и можат да аплицираат за финансирање бидејќи тие имаат витална улога во придвижувањето на ЕУ-економијата. Минатата година, повеќе

од 65% од апликациите беа апликации на проекти од малиот и средниот бизнис.

Оваа година ќе бидат поддржани околу 50 нови проекти.

Повикот за 2012 година има пет главни приоритетни области:

- материјали за рециклирање;- вода;- одржливи градежни материјали; - зелени бизниси и- храна и пијалаци.

Повикот е насочен особено за малите и средни претпријатија, кои имаат развиен иновативен зелен производ, процес или услуга, кои прават напори да си најдат свое место на пазарот. Повикот нуди кофинансирање 50%, со тоа што 50% од цената на проектот ќе го покрие ЕУ-проектот, додека останатите 50% се самофинансирање.

Примерите на тековни проектни идеи од 2011 година вклучуваат конвертирање на стари отфрлени телевизори во плочки, нови механизми за сортирање на отпад, иновативна еко-амбалажа за млеко, како и новата техника за рециклирање на текстил. Проектот Еко-иновации е финансиран преку Програмата за конкурентност и иновации (ЦИП) и има буџет од околу 200.000.000 евра (од 2008 година до 2013 година). Таа поддржува технолошки докажани производи кои помагаат да се подобри употребата на природните ресурси во Европа. Еко-иновации е зелена компонента на ЦИП и придонесува кон Еко-иновации акционен план (EcoAP). Средствата во рамките на Програмата се управувани од страна на Извршната агенција за конкурентност и иновации (EACI). Подетални информации можат да се добијат на веб-страната на ЕУ-Потпрограмата за ЦИП Еко-иновации: http://ec.europa.eu/ecoinnovation

МОЖНОСТИ

Page 10: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

Витаминка ги ребрендираше своите чаеви со комплетно нов, модерен изглед, пакување и име „Витеа“.

„Нe случајно се одлучивме за ребрендирање на чаевите сега во пролетниот период. Ова е период на детоксикација на телото за подготовка на претстојниот летен период, а во тој процес најдобро помагаат чаевите. Потрошувачите можат да ја започнат својата пролетна детоксикација со чаевите на Витаминка со веќе потврдениот квалитет но во нов помодерен дизајн и име “Витеа”,” изјави комерцијалниот директор на Витаминка Владимир Трпаноски.

Добро познатите чаеви на Витаминка од нане, камилица, шипка и хибискус со шипка се дел од асортиманот на Витаминка повеќе од 15 години. Новото име и дизајн се во насока на новите трендови за

дизајн на пакување, а квалитетот на производот на веќе потврдено високо ниво. Предвидено е оваа линија на чаеви да се проширува во согласност со пазарните трендови и барања на потрошувачите.

„Витеа“ чаевите на Витаминка се добиени од квалитетни и високо ароматични плодови и билки од сончевото македонско поднебје.

Чаевите на Витаминка може да се служат и како ладен напиток.

ПОКРОВИТЕЛИ

ПИ „Витаминка“ од Прилеп ги ребрендираше своите чаеви„ВИТЕА“ СО КОМПЛЕТНО НОВ, МОДЕРЕН

ИЗГЛЕД И ПАКУВАЊЕ

Page 11: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

Дуна Компјутери

Пристигна новиот iPad

Новиот iPad пристигна во „Дуна Компјутери“ и е достапен во продажниот салон Duna iS-tore од 15 мај 2012 година. Третата генерација на iPad доаѓа со неверојатен Retina дисплеј, нов моќен процесор и iSight камера со 5 мегапиксели и можност за снимање на HD видео. Воедно, новиот модел обезбедува поддршка за ултра брзи мрежи како 4G.

Само три дена од светското претставување, продажбата на iPad достигна неверојатни 3 милиони продадени уреди, што претставува рекордна продажба за оваа категорија на уреди. Повеќе информации за новиот iPad на следниот линк.

iPad може да се купи во единствениот авторизиран увозник и продажен центар „Дуна Компјутери“. Воедно, компанијата како единствен сервисен центар за производите на Apple, ќе се обезбеди исклучителна сервисна поддршка и услуга за сите корисници на iPad.

ПОКРОВИТЕЛИ

Дуна Компјутери

APPLE PREMIUM RESELLER

„Дуна комјутери“ е македонска компанија со деветнаесет годишно искуство на домашниот и меѓународниот пазар.

Фокусот на компанијата е насочен кон обезбедување на интегрирани и целокупни IT решенија - хардверска

опрема, документ менаџмент, напредни софтверски услуги и решенија, како и сервис и 24/7 поддршка. „Дуна Компјутери“ е застапник на врвните светски брендови

- Apple, RICOH, OKI, Psion, Clasus Interactive Whiteboards, Brahler ICS, Tentnology; дистрибутер за Garmin; HP preferred partner; Adobe и Corel партнер; производител на фискални

каси Браво; и ERP софтверот ULTIMA. Во 2006 година, Дуна го потпиша дистрибутерскиот

договор за Apple, со што стана единствен овластен увозник и сервисен центар за Apple производи, здобивајќи се со статус Apple Premium Reseller. Истата година, на големо задоволство на вљубениците во Apple, е отворен првиот

продажен салон Duna iStore во Градскиот Трговски Центар во Скопје.

Page 12: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 21 мај 2012 година еднодневен семинар

„МЕНУВАЧКОТО РАБОТЕЊЕ И ВРШЕЊЕТО УСЛУГИ БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ“

(9:45-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат)

Проблематика и дилемите поврзани со надзорот над спроведување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари и прописите донесени врз основа на него, како во постапката за лиценцирање, во известувањата за измени во податоците и документите, водењето на евиденцијата, доставувањето на извештаите, така и при вршењето на услугата брз трансфер на пари се јавуваат актуелни и значајни прашања поврзани

со правилното вршење на оваа услуга од страна на давателите на услуги брз трансфер на пари и субагентите. За таа цел, Стопанска комора на Македонија, на 21 мај 2012 годинa со почеток во 9.45 часот , во сала 4 на 5-ти кат организира еднодневен семинар на тема: „Менувачкото работење и вршењето на услуги брз трансфер на пари“. ПРОГРАМА : Услови за добивање дозвола за вршење менувачки работи: - Промена на условите, податоците и документите во врска со веќе издадени дозволи за вршење менувачки работи. Начин на вршење на менувачките работи: - евиденција на трансакциите од менувачки работи и извештаи; - надзор и мерки. - Услови за добивање дозвола за вршење на услугата брз трансфер на пари (трговско друштво/банка); - услови за склучување договор меѓу давател на услугата брз трансфер на пари и субагент. Начин и услови за вршење на услугата брз трансфер на пари: - водење евиденција на трансакциите брз трансфер на пари,

известување и извештаи; - надзор и мерки.

Предавачи: Царка Накова, самостоен советник; Зора Петровска, самостоен советник супервизор; Елеонора Симовска, супервизор; м-р Милена Делева, помлад супервизор.

Предавачите се практичари во сферата на лиценцирањето и следењето како на менувачкото работење, така и на вршењето услуги брз трансфер на пари во Народната банка на РМ. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен материјал и сертификат за учество на истиот. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 18 мај 2012 година.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 [email protected]

Од 22 – 24 мај 2012 година, во Бидгозч, Полска

„WOD-КАН“ - МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА МАШИНИ И КАПАЦИТЕТИ ЗА

ВОДОСНАБДУВАЊЕ И КАНАЛИЗАЦИЈА

Во периодот од 22-24 мај 2012 година, во Бидгозч, Полска, ќе се одржи „WOD-КАН“ - Меѓународен саем на машини и капацитети за водоснабдување и канализација. Саемот има 20-годишна традиција и игра важна улога во заштитата на животната средина во Европа и пошироко. Стопанската комора на Македонија ве поканува да учествувате на најпознатиот саем за снабдување со вода и канализациони системи во Полска.

„WOD-КАН“ - Меѓународниот саем ќе ги опфати следниве области во делот на саем на машини и капацитети за водоснабдување и канализација за заштита на животната средина:• системи и опрема за климатизација на вода;• Технологии на вода климатизација и третман на отпадни води;

• мерење на опрема за климатизација, третман на отпадни води, техника на мерење, контрола и анализи;• машини и апарати за градежништво, поправка и одржување на водоводна и канализациона мрежа;• хидраулични единици, пумпи и водоводен прибор;• регенерација на снабдување со вода и канализациона мрежа и длабоки бунари;• модерни технологии за реновирање на снабдување со вода и канализациони системи;• цевки, фасонски делови и бунари за изградба на водоснабдителни и канализациони системи;• безбедност и опрема за спасување;• софтвер за водоснабдување и канализација на компании, за управување со економијата и техничката инфраструктура;• дизајн, технологија и опрема на базени. Сите посетители на саемот ќе добијат бесплатни влезници и бесплатен каталог. Доколку се пријавите за учество на саемот ќе имате можност да учествувате бесплатно на бизнис-средбите (Б2Б) кои ќе се одржат на 23 мaj 2012 година во Торун, Полска. Оддалеченоста од градот Бидгозч, Полска, каде ќе биде „WOD-КАН“ саемот и градот Торун, Полска, каде што ќе се одржат бизнис-средбите е околу 50 км или околу 55 минути. Бизнис-средбите имаат за цел на компаниите да им овозможат:• средба со други компании што доаѓаат од ЕУ;• да се запознаат со најновите технолошки и комерцијални трендови со цел да изнајдат нови технолошки решенија;• да запознаат потенцијални деловни партнери како и партнери за проекти за соработка со Европските проекти за развој и истражување;• да најдaт и да воспоставaт прекугранични контакти.

За успешна реализација на саемот и бизнис-средбите, неопходно е македонските компании да го пријават својот интерес, преку пополнување на Пријавниот лист, даден во прилог. Посетителот ги покрива патните и сместувачките трошоци, како и организационите трошоци кон Комората. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 [email protected]

Page 13: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 22 мај 2012 годинаЕднодневен семинар:

„ПРОМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И ПРОПИСИТЕ ОД БЕЗБЕДНОСТ

И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА“(10:00 – 16:00 часот, Стопанска комора

на Македонија, сала 3 на 3.кат)

Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализираат стручна тематска обука поврзана со промените во Законот за здравствена заштита и од областа работни односи. Цел на обуката е запознавање на правните субјекти, раководителите и други лица засегнати од примената на овој закон во кој се опфатени здравствените оптоварувања на сметка на ФЗО, делот на работодавачите и практичен пример Kолку ја чини тоа компанијата?

Обучувачи на семинарот ќе бидат претставници од: Фондот за здравствена заштита, Организацијата на работодавачи, Државниот инспекторат за труд и МЗЗПР. Тие на учесниците на обуката ќе им ја презентираат промената во Законот за здравствена осигурување, промена на евиденција на несреќите при работа според член 122 од Законот за здравствено осигурување, прописите од безбедност и заштита при работа и економски анализи за безбедност и заштита при работа. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен материјал и сертификат за учество. Пријавување најдоцна до 18 мај 2012 година.

Контакт: Анита МитревскаТел:++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт лице : Ана МилковаТел:++ 389 2 3244052Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

На 23 мај 2012 годинаЕднодневен семинар:

„АКТУЕЛНИ ТЕМИ ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИТЕ“

(10:00 - 16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

Имајќи го предвид значењето и важноста на правилното утврдување, пресметување и плаќање на даноците, нивното влијание во договарањето со деловните партнери, правата и обврските во однос на враќањето на даноците од деловните односи со странски компании, Стопанската комора на Македонија, на 23 мај 2012 година, во сала 1 на 5-ти кат, организира еднодневен семинар на тема: „Актуелни теми од областа на даноците“. Учесниците на советувањето ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања кои ќе бидат третирани на советувањето и пред се` практичните искуства во примената на даночните прописи.

ПРОГРАМА

I. Данок на добивка

1. Задржан данок (задржување на данокот на приход платен на странски правни лица):

√ вовед;√ задржан данок и даночен обврзник;√ приходи на кои се задржува данокот;√ пресметување и плаќање на данокот по задршка;√ одбегнување на двојно оданочување;√ постапка за враќање на задржаниот данок.

2. Донации и спонзорства:√ вовед;√ давател и примател на донација и спонзорство;√ постапка за давање и примање донација/спонзорство;√ даночни поттикнувања.

II. Данок на додадена вредност3.Исклучување на правото на одбивка на претходниот ДДВ (практични примери):

√ вовед;√ набавки или увоз на добра и користењето услуги за цели на прометот;√ исклучување на правото на одбивка кај промет ослободен од данок;√ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци при промет во странство;√ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за превозни трошоци;√ исклучување на правото на одбивка на издатоци за репрезентација;

√ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за одредени предмети за опремување простории;√ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за патни трошоци;√ исклучување на правото на одбивка

на претходни даноци за трошоци за сместување и исхрана;√ исклучување на правото на одбивка за одредени предмети за превисоко искажан данок.

4. Даночна консолидација за цели на ДДВ:

√ услови за регистрација на поврзано лице;√ претставник на поврзаното лице;√ пријава за регистрација за ДДВ на поврзано лице;√ рок за регистрација на поврзано лице за ДДВ;√ службена регистрација на поврзано лице за ДДВ;√ прекинување на регистрација за ДДВ на поединечните лица кои се регистрираат како поврзано лице;√ обврски на лицата пред нивната регистрација како поврзано лице;√ пренесување на обврските, односно побарувањата за ДДВ од поединечните лица на поврзаното лице.

5. „Кеш бек“:√ поврат на ДДВ кој е платен во странство по основ на трошоци за услуги.

Предавач: Славче Николовски Интересна група за семинарот се директорите/раководителите на финансиско-сметководствените сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за пресметување на даноци и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Page 14: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 21 мај 2012 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-ЕфтимоваТел:++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Анита МитревскаТел:++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Од 23 мај до 11 јули 2012 година oбука„ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/

ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД”10:00-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Времетраење на обуката: 8 недели, еднаш неделно по 6 часа дневно.

Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно член 21 од Законот за управување со отпад, компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, должни се да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад.

Кои се задачите на управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад; • да води евиденција и изготвува извештаи; • да ја спроведува годишната програма на својата компанија; • да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на

создадениот отпад; • да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија. Што треба да поседува управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад.

Управителот со отпад треба да поседува уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува обука со која се стекнува со потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад.

Кој може да стане управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина.

Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето тоа ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата.

Кој ја спроведува обуката? Стопанската комора на Македонија е овластено правно лице за

спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 20 мај 2012 год. Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088 [email protected]

Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 23 мај 2012 година бесплатна инфо-средба

“ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА АРБИТРАЖА”

(12:00-13:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат)

Стопанската комора на Македонија како носител на секогаш актуелни настани и теми од областа на стопанското работење, уште еднаш им излегува во пресрет на своите компании и организира советување на тема: „Последните случувања во меѓународната трговска арбитража“, со цел да им ја доближи оваа проблематика на сите заинтересирани учесници, да им ги

презентира значењето и можностите кои им се нудат на компаниите преку предвидените инструменти на истата. Свое видување на темата ќе даде д-р Антониос Цавдаридис, партнер во Адвокатското друштво „Рокас“, кој воедно е и шеф на Одделот за меѓународна арбитража од 2011 година. Д-р Цавдаридис е еминентен и докажан професионалец во областа на правото кој своето образование го стекнал на Аристотеловиот универзитет

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 15: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

во Солун, каде што дипломирал во 1989 година и во Лондонската школа за економија, а воедно е и професор по меѓународно трговско право на Правниот факултет на Универзитетот Демокритус. Д-р Антониос Цавдаридис специјализирал и во комплексни судски постапки во спорови пред грчките судови, па се` до Врховниот суд, член е на голем број комисии од областа на правото и абритражата, член на Одделот на Европскиот суд за арбитража, автор на безброј лични публикации, написи во правни списанија, учесник на речиси сите конференции од областа на меѓународната трговска арбитража со долгогодишно практично искуство од оваа област, за што говори и листата на клиенти со кои тој досега соработувал и практично го применил своето знаење кое постојано го надградува. Токму затоа ги покануваме сите заинтересирани учесници да присуствуваат на оваa средба на којашто детално ќе бидат презентирани: - UNCITRAL Модел законот за меѓународна трговска арбитража; - UNCITRAL Арбитражни правила; - IBA Правила на собирање докази по Меѓународната арбитражa; - Меѓународната комора за трговија 2012 Арбитражни правила; - Њујоршката конвенција за признавање и спроведување на странските арбитражи.

Сите заинтересирани за учество на овaа-инфо средба можат да се пријават најдоцна до 21 мај 2012 година. Контакт: Билјана Пеева-ЃуриќТел:++ 389 2 3244034Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Анита МитревскаТел:++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

На 28 мај 2012 годинаПрезентација на повикот за

ЦИП-ПРОГРАМАТА ЕКО-ИНОВАЦИИ ЗА 2012

(11:00 часот, Стопанска комора на Македонија)

Целта на презентацијата е да се запознаат македонските компании со условите на ЕУ Програмата ЦИП (Програма за конкурентност и иновативност). За повикот за еко-иновации на проекти во висина од 34.800.000 евра објавен од страна на Европската комисија,

можат да аплицираат претприемачите од цела Европа, со цел да се помогне да се донесат еколошки проекти на ЕУ-пазарот. Оваа година ќе бидат поддржани околу 50 нови проекти.

Повикот е отворен за еко-иновативни производи, техники, услуги и процеси кои имаат за цел да се спречи или да се намалат влијанијата врз животната средина, или кои придонесуваат за оптимално користење на ресурсите. За еко-иновативни проекти ќе може да се аплицира: – како прва апликација по спроведен развој или истражување – пилот-проект; – или реплицирање на еко-иновативна технологија, процес, услуга на пазарот. Повикот за 2012 година има пет главни приоритетни области: - материјали за рециклирање; - вода; - одржливи градежни материјали; - зелени бизниси и - храна и пијалаци.

Повикот е насочен особено за малите и средни претпријатија, кои имаат развиен иновативен зелен производ, процес или услуга, кои прават напори да си најдат свое место на пазарот. Повикот нуди кофинансирање 50%, со тоа што 50% од цената на проектот ќе го покрие ЕУ-проектот, додека останатите 50% се самофинансирање. Повикот на ЦИП еко-иновации за пријавување е објавен на 8 мај 2012 година, а крајниот рок за аплицирање е 6 септември 2012 година. За успешна реализација на презентацијата, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Јадранка Аризанковска

Тел:++ 389 2 3244038Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

На 30 мај 2012 година, семинар на Институтот за стандардизација

на Република Македонија на Филозофскиот факултет во Скопје„СТАНДАРДИ, КВАЛИТЕТ И ГЛОБАЛНА

КОНКУРЕНТНОСТ“

Институтот за Стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) ќе организира семинар на тема: „Стандарди, квалитет и глобална конкурентност“, на кој ќе бидат опфатени значењето на стандардите, бенефитот од примената на стандардите, квалитетот и конкурентноста на компаниите. Семинарот ќе го води претставник на Меѓународната

организација за стандардизација (ISO). Семинарот ќе се одржи на 30.5.2012 (среда), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Филозофскиот факултет – Скопје (предавална 19), а учеството на семинарот е без надомест. Ве молиме да го потврдите вашето учество.

Контакт: Емилија ТодоровскаТел:++ 389 2 3244047; Факс:++ 389 2 [email protected]

На 30 и 31 мај 2012 година дводневен семинар

„УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕЦЕСИЈА И ВЕШТИНИ НА

ПОТТИКНУВАЊЕ ЦИКЛУС НА РАСТ НА ПАЗАРОТ ВО РЕЦЕСИЈА“

(9:00-17:00 часот, Стопанска комора на Македонија,сала3 на 3-ти кат)

Што кога започнуваме процес на промени во моменти на криза? Кој е одговорен за управувањето со промени, а кој е носител на целиот процес? Кои се алатите со кои успешно ќе управувате со промените во рецесија? Кои се најчестите грешки? Кои се проактивните стратегии? Кои се стратегии на раст во услови на

Page 16: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

рецесија? Каков мора да биде лидерот за да обезбеди раст на својата компанија? Обуката е наменета за сите нивоа на менаџментот, а пресудна е за врвниот и средниот менаџмент во целина, како и за сопственици на помали компании. Целта на овој тренинг е да се запознаат учесниците со основниот „категоријален апарат“ за управување со промените во рецесија; како ефективно да ги мобилизираат вработените и целокупниот менаџмент за да се обезбеди неопходна синергија за остварување на деловните резултати во рецесиското опкружување.

Ќе бидат истакнати неколку типови на можни стратегии со кои може да се поттикне раст во ограничувачки околности, запознавање со критичните ресурси и варијабли неопходни за успешна реализација на деловниот раст. Учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со сетот на компетенции и вештини кои се неопходни за лидерите на системот кои сакаат да растат спротивно од можностите на опкружувањето.

Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт оо финансиии и организациски промени Едукација:2010 - EBU – HRM and Change Management, Ge-neva, Swiss2004 - MBA Henley Management College, Oxford2003 - Diploma in Management - Henley Manage-ment College, Oxford2001 - Executive Certificate, Henley Management College, Oxford1991 - 1996 Универзитет во Осиек - Економски факултет - Финансиски менаџмент

Работно искуство:- директор за човечки ресурси во ХРТ (Хрватска Радио Телевизија);- директор на друштвото EKS d.o.o.;- корпоративен директор за човечки потенцијали на ADRIS GRUPA d.d.; - директор за човечки потенцијали во TVOR-NICA DUHANA - Ровињ;- раководител на заводот за вработување HZZ – Осиек;- стручен соработник за финансии, заменик на Директорот на финансии; стручен соработник за управување со човечките потенцијали SAPONIA d.d.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23 мај 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и

сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 [email protected]

Еднодневен семинарCASH FLOW АНАЛИЗА И ИЗВЕШТAИ

(1 јуни 2012 година, oд 09:00 до 17:00 часот)

Стопанска комора на Македонија Предавач: Александар Василски За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 25 мај 2012 година Контакт: Елизабета А.Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 [email protected]

Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 [email protected]

Од 6 до 9 јуни 2012 година во КосовоМЕЃУНАРОДЕН ОПШТ САЕМ

„ПРИШТИНА 2012“

Стопанската комора на Косово, во соработка со Министерството за трговија и индустрија на Косово, организира Меѓународен саем „Приштина 2012”, што ќе се одржи од 6 до 9 јуни 2012 година во просториите на Трговскиот центар „Планета”, во Приштина. На површина од 4060 м2, Меѓународниот општ саем „Приштина 2012” е настан на којшто ќе се претстават компании од Косово, од регионот и од други земји.

Саемот е еден од најголемите економски настани што се организира во Косово.

Саемот претставува добра можност македонските компании да се запознаат со странските производители и со стопанските потенцијали на земјите кои ќе настапат на овој реномиран саем. За време на манифестацијата, ќе бидат одржани повеќе промоции и бизнис-средби. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи, за што е неопходно да се пополни пријавниот лист и да се достави до Комората најдоцна до 15 мај 2012 година.

Контакт: Станка ДамјановскаТел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 [email protected]

Од 12-15 јуни 2012 годинаКУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА

МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА УБАВИНА И КОЗМЕТИКА „BEAUTY EURASIA 2012“, ВО

ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА

Обезбедено бесплатно хотелско сместување за македонските компании. Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „BEAUTY EURASIA 2012“. Меѓународниот саем за убавина и козметика ќе се одржи во периодот од 14-16 јуни 2012 година во Истанбул, Турција. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество над 400 реномирани компании од преку 40 земји од средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток, од Северна Африка и земјите од Голфот . На овогодинешното издание

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 17: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

на “BEAUTY EURASIA 2012’’ ќе бидат претставени следниве сектори:

• парфеми, дезодоранси, мириси;• боја за козметика;• производи за нега на тело и коса;• опрема и производи за салони за коса; • опрема и производи за салони за убавина;• производи за коса;• производи за нега на кожа;• средства за хигиена; • козметика за бебиња;• алатки за убавина;• пакување;• суровини и репроматеријали;• природни производи и др.

Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании

неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 23.5.2012 година. Прилозите може да се превземат од веб порталот на Комората: www.mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004Факс:++ 389 2 [email protected]

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009Факс:++ 389 2 [email protected]

Од 4 до 6 јули 2012 година, во Софија, Бугарија

БИЗНИС-ФОРУМ НА ФРАНЦУСКИ СО ПРЕТПРИЕМАЧИ

ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Стопанската комора на Македонија организира бизнис-средби што ќе се одржат 2 дена, од 4-6 јули 2012 година во хотел „Хилтон“ во Софија, Бугарија. Македонските компании ќе имаат можност да остварат директни средби со околу 150 француски претприемачи и со други компании од десет други земји во Југоисточна Европа кои прават бизнис со Франција, со земјите на ЕУ и со претприемачи од соседните земји.

Бизнис-форумот нуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите француски компании и со други компании од Југоисточна Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот. За да воспоставите повеќе трговски, финансиски, технолошки или инвестициски партнерства, приклучете се на повеќе од 150 француски и странски компании кои учествуваат во оваа динамична бизнис-средина. На форумот ќе учествуваат компании од различни сектори: туризам, хотелиерство, земјоделие, инфраструктура, енергетика, животна средина, производи за широка потрошувачка, франшиза, услуги, итн. За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес, преку пополнување на пријавниот лист. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија до 28 мај 2012 година .

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Влатко СтојановскиТел:++ 389 2 3244004Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Page 18: Бизнис ИНФО број 98 од 17.5.2012 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 17 мај 2012, Бр. 98

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со производители на мермер и

природен камен.Валидност do: 3.9.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании во областа на

градежништвото, проектирањето и трговијата со градежни материјали.

Валидност do: 3.9.2012 година

Македонска компанија нуди завртки и навртки (сврзувачки елементи), опрема, резервни

делови и врши одржување на термоцентрали.Валидност do: 4.12.2012 година

Компанија од Шпанија заинтересирана е за соработка со фармацевтски фабрики во Република Македонија за пласман на суровински материјали - прашак за

фармацевтско производство на лекови. Сакаат да регистрираат лек во РМ, како и да отворат

претставништво.Валидност do: 4.7.2012 година

Компанија од Македонија издава производен објект со простор од 3500м2. Погонот се користел за производтсво на конфекција,

комплетно е опремен за производтво. Објектот има струја, вода, паркинг, климатизација, осветлување и др. Локација Индустриска

Зона Здуње - Гостивар, близу поранешната Стакларница.

Валидност do: 7.12.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за плaсман на ткаенини

од памук, вискоза и полиестер.Валидност do: 8.9.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машки,

женски и детски чорапи.Валидност do: 8.9.2012 година

Компанија од Шпанија бара соработка со македонски компании кои би вршеле

склопување на сигурносни врати во Република Македонија, за натамошен нивен пласман.

Валидност do: 9.10.2012 година

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за плсман на

безбедносни каси/сефови.Валидност do: 10.9.2012 година

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

индустриски пумпи.Валидност do: 10.9.2012 година

Компанија од Шпанија бара да пласира во Република Македонија користени автобуси за

превоз на патници.Автобусите можат да бидат стари од 6-16

години.Валидност do: 10.9.2012 година

Компанија од Шпанија заинтересирана е да отвори погон за производство на канцелариски

мебел во Република Македонија.Валидност do: 11.9.2012 година

Компанија од Уругвај, со претставништво во Бугарија, бара дистрибутер во РМ за пласман на лепило двокомпонентно, за лепење метал,

цемент, мермер, пластика, стакло, дрво, каучук, бетон, керамика, гранит, порцелан.

Валидност do: 11.9.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

апарати за алко-тест, апарати за откривање на конзумирање дрога и апарати за мерење крвен

притисок.Валидност do: 14.9.2012 година

Компанија од Белгија бара да откупува стари шини во Република Македонија.Валидност do: 15.9.2012 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ќерамиди

од глина за кров.Валидност do: 2.9.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со производители на шајки во

Република Македонија.Валидност do: 2.7.2012 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на комерцијални молекуларни ДНК маркер-

тестови во соработка со светските експерти за размножување во Одделот за земјоделство

на Хебрејскиот универзитет, за земјоделскиот сектор (главно за компании кои се занимаваат

со семиња).Валидност do: 2.9.2012 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на природна

козметика за нега на кожата од овошје и зеленчук.

Валидност do: 2.8.2012 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со производители на мермер и

природен камен.Валидност do: 3.9.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании во областа на

градежништвото, проектирањето и трговијата со градежни материјали.

Валидност do: 3.9.2012 година

Македонска компанија нуди завртки и навртки (сврзувачки елементи), опрема, резервни

делови и врши одржување на термоцентрали.Валидност do: 4.12.2012 година

Компанија од Полска бара соработка со македонски производители на работна

облека кои би произведувале по нарачка или имаат свој производ, кој би ги задоволил

нивните критериуми. Тие би откупувале готови производи за пласман на нивниот пазар.

Валидност do: 9.9.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со производители на чорапи, долна облека,

костими за капење и пижами во Република Македонија.

Валидност do: 9.9.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

термостати за радијатори со чија помош се штедат милиони тони нафта или кубни метри природен гас и придонесуваат за намалување

на емисиите на СО2.Валидност do: 9.7.2012 година

Компанија од Турција бара застапник во Република Македонија за пласман на

декоративни платна.Валидност do: 10.9.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни

и земјоделски машини, багери, ровокопачи, сеалки и носачи на сено.

Валидност do: 10.7.2012 година

Компанија од Германија нуди услуги за изградба на биогас-постројки во Република

Македонија.Валидност do: 10.6.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт: Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088