19
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina VI - Broj 109 2 April 2009 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 definitivno najevtino www.don.com.mk БОГОЕВ: СВЕСЕН СУМ ЗА СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ ВО ДЕНОВИТЕ НА КАМПАЊА КОГА ГРАЃАНИТЕ СЕ БОМБАРДИРАНИ СО ПОЛИТИКА ОД СИТЕ СТРАНИ ВИ НОСИМЕ ИНТЕРВЈУ СО ЕДЕН ОД МИЛЕНИЦИТЕ НА ОХРИДСКАТА ПУБЛИКА ЕФТИМ БОГОЕВ, КАПИТЕН НА КК АМАК СП.

АМАК ПРЕС 109

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 109

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina VI - Broj 109 2 April 2009

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

definitivno najevtinowww.don.com.mk

БОГОЕВ: СВЕСЕН СУМ

ЗА СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ

ВО ДЕНОВИТЕ НА КАМПАЊА КОГА ГРАЃАНИТЕ СЕ БОМБАРДИРАНИ СО ПОЛИТИКА ОД СИТЕ СТРАНИ ВИ НОСИМЕ ИНТЕРВЈУ СО ЕДЕН ОД

МИЛЕНИЦИТЕ НА ОХРИДСКАТА ПУБЛИКА ЕФТИМ БОГОЕВ, КАПИТЕН НА КК АМАК СП.

Page 2: АМАК ПРЕС 109

2 AMAK PRES

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 109
Page 4: АМАК ПРЕС 109

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

РАЦИОНАЛНО ДА СЕ КОРИСТИ ВОДАТА

Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ го одбележа меѓународниот ден

на водите со пригодна свеченост заед-но со учениците од основните училиш-та во општинава.Оттаму беше упатена пораката, граѓаните совесно да се од-несуваат кон водата која се помалку ја има на планетава. - Претпријатието обезбедува вода за пиење согласно сите стандарди и про-писи. Среќни сме и што во нашата сре-дина сеуште имаме чисти води кои без никаков третман можеме да ги пласи-раме за употреба до нашите потрошу-вачи- рече Хусеин Ќато од Проаква и упати апел до потрошувачите, водата совесно да се користи.

Претпријатието веќе неколку годи-ни наназад се вклучува во светското одбележување на овој ден со девиза-та „Мисли глобално-делувај локално“. Годинешното мото беше „Водата- без граници го поврзува светот“, а на оваа тема беше распишан и ликовен конкурс

за учениците од основните училишта.

Како најдобри ликовни творби беа оценети цртежите на Благој Арсов-ски од основното училиште „Свети Климент Охридски“, Тони Тузески од „Григор Прличев“, Петар Бадалоски и Елиф Мустафа од основното училиште „Братство-единство“, Марија Трајкоска од „Кочо Рацин“ и Валентин Ристески од „Христо Узунов“. Учениците добија пригодни подароци, а ветија и дека ќе ја користат секоја можност да работат на подигнување на јавната свест.

Организацијата на Обединетите нации во 1992 година препорача 22 март да се одбележува како светски ден на води-те.

ВОДАТА ОД ГРАДСКИОТ ВОДОВОД Е КВАЛИТЕТНА

Последните физичко-хемиски анализи на Заводот за здравствена заштита по-

кажуваат дека водата за пиење во град-скиот водовод и во јавните чешми е ис-правна за пиење.- Водата од „Билјанини Изво-ри“, која во изминатиот период пока-жуваше сомнителен квалитет и присуство на бактеријата «ешерихија коли», од по-четокот на годинава досега е здравстве-но исправна за пиење-тврди Сашо Точ-ков, специјалист по санитарна хемија и броматологија во заводот.Во текот на мај, еден месец пред по-четокот на туристичката сезона, оваа здравствена установа ќе започне по-вторно да ги спроведува и анализите на водата од Охридското Езеро.Според примероците езерската вода кои се земаа во текот на изминатите го-дини, реките кои се вливаат во Охрид-ското Езеро покажуваат најлош квали-тет и се најголемите загадувачи на езе-рото.

Александра Ристоска

ПРОАКВА ПОРАЧУВА

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ВОДИТЕ-22 МАРТ ПОМИНА ВО СЕНКА НА ЛОКАЛНИТЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, ЗА РАЗЛИКА ОД МИНАТИТЕ ГОДИНИ КОГА НА ОВОЈ ДЕН МУ СЕ ДАВАШЕ ПОГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

Page 5: АМАК ПРЕС 109

5www.amakpres.com.mk

Page 6: АМАК ПРЕС 109

6 AMAK PRES

ДО 1-ВИ МАЈ ХАСАП, ПОТОА КАСАП СИСТЕМ

Трговците и угостители-те, односно сите оние кои работат со храна, без раз-лика дали е тоа производ-ство, преработка, увоз, из-воз, складирање или дирек-тно служење на прехранбе-ните производи најдоцна до 1-ви Мај мора да го импле-ментираат системот прави-ла за безбедна храна, познат како ХАСАП. Овој систем во Македонија првпат е воведен во 2002 го-дина како дел од Законот за безбедност на храна и на про-изводите и материјалите кои доаЃаат во контакт со храна-та ( Службен весник на Ре-публика Македонија,, бр.54 од 15 јули 2002 г.), но рокот за неговото применување повеЌепати беШе пролон-гиран. Во 2005 година Ев-ропската Унија го ,,стес-

ни ременот,, и побара него-во активирање како еден од условите за влез во Унијата, а пред крајот на минатата го-дина Владата објави дека од 1-ви јануари 2009-та нема веЌе одложување и систе-мот мора да се имплемен-тира. Откако беШе објавено дека инспекторите само до 1-ви Мај 2009-та Ќе преду-предуваат и Ќе опоменуваа-ат, а потоа Ќе почнат да де-лат казни високи до 5.000 евра, сопствениците на фир-мите ги фати паника и поб-рзаа да го имплементираат системот. ПовеЌето трговци ве-лат дека ХАСАП системот Ќе биде ,,касап,, за мали-те претпријатија и ситни-те трговци, кои едвај успе-ваа да ги платат даноци-те и да заработат за скром-

на живејачка. Тие се сложу-ваат дека треба да има кон-трола врз производството на храната и нејзиниот транс-порт, но сметаат оти систе-мот треба селективно да се применува, а не со ист ар-Шин за сите. ,,Нема логи-ка мали сендвичарници кои имаат капитал од 2.000 евра и чии сопственици можеби зеле кредит за да ги отворат, да го имплементираат си-стемот кој чини 3.000 илјади евра» - вели сопственик на колонијална продавница во охридската чарШија.

ЦЕНАТА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ХАСАП-ОТ ЗА УПЛАВ Имплементацијата на си-стемот за мали продавници чини од 300 до 400 евра, за

маркетите од 800 до 1.000, а за рестораните од 800 до 1.800 евра, во зависност од квадратурата на објектот , но и од цената изречена од страна на овластената фир-ма.Како и во секоја друга об-ласт, и овде, секоја овластена фирма или поединец за имплементација на ХАСАП системот си фор-мира своја цена, која за иста-та услуга е и по неколку пати повисока, а како Што дозна-ваме имало и ,,ловци во мат-но» односно профитери кои од недоволно информирани-те граЃани наплаЌале и по неколку илјади евра. Тоа не е се. Сопствени-ците на објектите тврдат дека реалната цена е дале-ку повисока. За да се опре-ми кујна на ресторан, поли-ците треба да бидат проме-

ПРАВИЛАТА ЗА БЕЗБЕДНА ХРАНА ИЛИ ХАСАП СИСТЕМОТ ТРЕБА ДА СЕ ИМПЛЕМЕНТИРААТ НАЈДОЦНА ДО 1-ВИ МАЈ, А ПОТОА ,,НЕПОСЛУШНИТЕ,, ЌЕ ДОБИЈАТ КАЗНИ ВИСОКИ ДО 5.000 ЕВРА

Page 7: АМАК ПРЕС 109

7www.amakpres.com.mk

нети, просторијата да биде направена со плочки ( кои чинат околу 400 евра), да има вентилација,приборот за подготвување на храна-та да биде од росфај,храната да биде преградена,и уШте многу други мали детали кои претставуваат инвестиција од минимум неколку илјади евра. Покрај тоа секој ре-сторан треба да има три ВЦ-а, две за гостите и едно за вработените( последно-то со туШ кабина),Што се заедно достигнува цена од 10-тина илјади евра. Дел од сопствениците на рестора-ните стравуваат дека таква-та инвестиција не Ќе можат да ја вратат и сеуШте, на само еден месец од можно-ста да им тропнат на вратата инспекторите со забрана, се во дилема дали да го импле-ментираат системот. Според слободни проценки, во Охрид досега само 10-тина отсто од угостители-те го имаат имплементирано ХАСАП системот, а остана-

тите или забрзано презема-ат мерки или не знаат Што да прават - да чекаат да из-мине рокот па да го затворат објектот, или да ги воведат стандардите во «5 до 12».

ХАСАП-ОТ СЕПАК НЕОПХОДЕН ,, ЦАРСКИ РЕЗ,, Колку и да е теШка приме-ната на ХАСАП системот, се чини оти е неопходна, сме-таат граЃаните во анкетата Што ја направи АМАК СП.Кога станува збор за храна-та, мора да се почитувааат одредени стандарди. Сега имаме многу ,,продав-ници,, за храна кои рабо-тат во гаражи од 8 квадра-ти и во нехигиенски услови. Многумина велат дека им се случило да купуваат леб во продавница за бели печива, а продавачката да го допи-ра со раце, со кои претходно ја гледале како го чисти по-дот во продавницата. Или да чекаат ред во сендвичарни-

ца и гледаат како готвачка-та, која истовремено е и кел-нерка, и касиерка, и чистач-ка, пржи помфрит во масло старо еден месец, прави са-лата, му наплатува на некој муШтерија и прави тост на тостер кој не е исчис-тен откако е купен. Или да одат во ресторан или кафу-ле и да нарачаат кафе, а да го добијат во недоволно изми-ен филџан. Или Ќе се обиде-ле да влезат во тоалет, а таму неисчистено којзнае од кога, а тоалетната хартијата и теч-ниот сапун се именки кои во тој миг ги сонувале.ХАСАП системот не е из-мислен во фамозната Ев-ропска Унија , а уШте по-малку кај нас. Стар е веЌе 30 години и во превод зна-чи анализа на опасности, идентификација на ризици и критични контролни точ-ки, контролни мерки и ак-тивности :(Х : хазард-опасност, А :аналѕсис-анализа, Ц : цритицал-критични, Ц:–

цонтрол-контрола, П: поинтс-точки). Во 1970 година ПИЛЛСБУРЅ компанијата го имплементирала како гаранција за квалитетот на производите Што тие ги доставувале во рамките на американската вселенска програма, за потоа да биде модифициран од САД како стандард за сите прехранбе-ни индустрии. А дали Ќе го сакаме или не, и на кој начин Ќе се имплементира кај нас, е друго праШање. Обврска-та за имплементација мора да се исполни, а секако, тре-ба да се помисли и на при-добивките кои Ќе произле-зат од тоа. Во секој случај, како Што покажува иску-ството од земјите кои одам-на го примениле, овој си-стем го подобрува квалите-тот на храната, го намалува ризикот од труења со храна и е неопходен за пласман на храната на светскиот пазар.

Васе Врангалоска

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 8: АМАК ПРЕС 109

8 AMAK PRES

РАЗГОВОР

КРАЈЕЗЕРСКИТЕ ЛОКАЦИИ ДАДЕНИ НА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА

Земјиштето во близина на морскиот брег и езе-рата во Албанија со за-

конските решенија кои сега се применуваат, а се однесу-ваат на денационализацијата на одземени имоти може се-риозно да ја сменат етничка-та карта на регионот Мала Преспа и општината Пу-стец.- Тоа е стара рана на Албанија, која не ги погаѓа

само Македонците туку и самите Албанци и сите кои живеат таму. Проблемот е што таму сега се јавуваат сопственици на имоти во места каде живеат Македон-ци вели градоначалникот на Пустец Едмунд Темелко. Тој појаснува дека овој проблем настанал уште во Турското време кога администрацијата во Корча.- Во тоа време население-

то во селата во Мала Пре-спа го пустошеле арамии кои вршеле грабежи и го пљачкосувале населението кое побарало помош во Кор-ча кај власта. Тогаш им било понудено да го дадат имотот под заштита, но тие не биле писмени ни на наш јазик, а не на Турски со Арапско писмо какви што биле до-кументите кои им биле да-дени да ги потпишат. Со тие

подметнувања имотите им биле одземени и запишани како сопственост на други луѓе – вели Темелко.Тој додава дека во Корча се водел спор кој го покре-нал Македонец за да дока-же дека имотот го префрлил на други луѓе со измама за-ради неговата неписменост. Него го застапувал некој ад-вокат и тие тој спор го до-биле пред тогашните судо-

ИГРИ СО ИМОТОТ ВО МАЛА ПРЕСПА

ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ЕЗЕРАТА И МОРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ ВО АЛБАНИЈА СЕ СТАВААТ КАКО ПРЕДМЕТ НА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА СО КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ОБЕСШТЕТАТ ОНИЕ ЧИИ ИМОТИ БИЛЕ НАЦИОНАЛИЗИРАНИ ВО ТЕКОТ НА КОМУНИСТИЧКАТА ЕРА.

Page 9: АМАК ПРЕС 109

www.amakpres.com.mk 9

ОТВОРЕНИ ПРОСТОРИИТЕ ЗА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИАктуелниот градо-

началник Алек-сандар Петрески ,

во приземјето на Основ-ното училиште «Братство-Единство» свеченo ги пуш-ти во употреба простории-те наменети за невладините

организации. Петрески рече дека тоа е доказ за грижата на општи-ната за поддршка на невла-диниот сектор . -Посебно сакам да ја ис-такнам успешната сора-ботка со Цемтарот «Пора-

ка», Здружението на телес-ни инвалиди, Здружението на слепи,глуви и наглуви , Здружението на инвалиоди-те на трудот, Центарот «Би-сера» еколошките и фол-клорните ансамбли и Мла-динскиот совет , кои сега

Ќер имаат свој простор - рече Петрески . Тој најави дека општината Охрид и во иднина ќе реализира слич-ни проекти за поддршка на лицата со посебни потреби.

ви. Тоа е доволен доказ дека е извршена манипулација и измама врз населението кое било целосно неписмено и не знаело што потпишува- додава Темелко.Тој вели дека Македонци-те не можат да се помират со оваа историска измама и нема да се помират доде-ка не се докаже кој се реал-ни сопственици на имотите.- Ние до сега не сме отстапи-ле имот и се држиме на на-шиот став дека тие не се ре-ални сопственици на имоти-те. Седум сопственици веќе водат спорови на суд и од-ржани се околу 60 рочиш-та, споровите се дадени на

Апелациониот суд но зара-ди проблемите со корупција во Албанија една пресуда веќе е на наша штета, т.е. на штета на Македонците. Ако Апелациониот суд ја одбие жалбата и ја потврди одлу-ката на понискиот суд тогаш ние спорот ќе го продолжи-ме во Стразбур каде ќе ја бараме правдата – вели Ед-мунд Темелко.Вториот проблем на населе-нието од Мала Преспа кој се создава и сигурно се закану-ва да ја промени етничката карта на регионот е обидот на властите да обесштетува-ат поранешни национализи-рани имоти кои не може да

се вратат преку доделување на земјиште како надо-мест за штетата држава-та ја нанела на граѓани чии имоти биле предмет на национализација.- Нас не погаѓа тоа што зад оваа работа има јасна поли-тичка позадина чија цел е промена на етничката кар-та на овој регион. Ние сме единствена општина во Албанија која е етнички чи-ста. Со самото носење луѓе од страна кои неминовно ќе дојдат ако добијат земјиште како надомест ќе се менува и етничката карта на општи-ната – вели Темелко.Тој зборувајќи за Македон-

ците во Албанија вели дека самата држава до сега не на-правила попис на кој населе-нието слободно би се израз-ило за својата етничка при-падност. - Според последните подато-ци во Албанија живеат 4 180 Македонци, што секако дека не е реално туку е фингиран податок. Наште податоци го-ворат дека сме од 120 до 150 илјади. Огромен е бројот на Македонци кои живеат во Тирана и се видни граѓани на градот – вели Едмунт Те-мелко.

Љупчо Таневски

Page 10: АМАК ПРЕС 109

15

Page 11: АМАК ПРЕС 109

INTERVJU

Page 12: АМАК ПРЕС 109

www.amakpres.com.mk 13

Тројца средношколци се повредени во крва-вата тепачка што се

случи на 27 март во Стру-га помеѓу шеесеттина уче-ници, Македонци и Албан-ци од втора година во сред-ното училиште „Ибрахим Темо“. Повредените се пре-несени во градската болни-ца во Струга, по што, отка-ко им била укажана лекарска помош, двајца биле пуштени на домашно лекување. Тре-тиот ученик кој имал скрше-ница на носната коска и нагмечување на мозокот бил префрлен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Ераз-мо“ во Охрид. Тепачката се случила околу пладне по завршувањето на претпладневната настава, а двете групи ученици се су-дриле во близина на стара-та противпожарна станица, на околу 300 метри оддале-ченост од училиштето.Спо-

ред очевидец, претходела вербална расправија, а потоа средношколците почнале да се тепаат со тупаници и со цврсти предмети. Струшката полиција под-несе кривична пријава про-тив лицата Г.О (роден 1992), Б.К. (роден 1992) и С.В (ро-ден 1993), ученици во вто-ра година во средното учи-лиште „Ибрахим Темо“, жи-тели на струшкото село Ве-лешта. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „На-силство“.- Трите пријавени лица, на 27 март 2009 годи-на, по завршувањето на часовите, околу 12 часот, из-вршиле физички напад врз три други лица, нивни соу-ченици, удирајќи ги со ту-паници и метални предме-ти. При тоа, лицето А.С. се здобило со тешки телесни повреди односно со фракту-ра на носната коска- изјави портпаролот на полицијата ,

Стефан Димоски.Димоски потврди дека во нападот врз оштетените се вклучиле и повеќе други ученици кои биле во група-та на пријавените, при што, со метална шипка во пре-делот на главата бил удрен второпријавениот кај кого се констатирани лесни телесни повреди.МВР работи на расветлување на случајот, а деновиве на разговор биле повикани 24 средношколци и уште 9 дру-ги лица. Се преземаат и до-полнителни мерки за ин-волвираноста на останатите ученици, против кои ќе би-дат поднесени прекршочни пријави.По овој настан, директорот на училиштето „Ибрахим Темо“, Муса Мусаи, изрази жалење.-Претпоставувам дека некој ги користи децата за поли-тички цели-изјави Мусаи.Тој рече оти вакви инци-

денти досега не се случу-вале помеѓу учениците во ова училиште и најави дека против предизвикувачите и учесниците ќе бидат презе-мени соодветни дисциплин-ски мерки. Во средното стручно учи-лиште „Ибрахим Темо“ во мешани етнички смени учат околу 1 300 ученици. Од нив, 800 се Албанци, 200 се Македонци, а останатите се од другите етнички заедни-ци. Во текот на изминатите де-нови во Струга патроли-раа специјални полициски сили, кои според портпаро-лот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, се посебна едини-ца која делува според одна-пред подготвени планови и програми. Александра Ристоска

ТРОЈЦА СРЕДНОШКОЛЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ

КРВАВА ТЕПАЧКА ВО СТРУГА

УЧЕНИКОТ КОЈ ГО ИЗВЛЕЧЕ НАЈДЕБЕЛИОТ КРАЈ ВО КРВАВАТА ТЕПАЧКА ВО СТРУГА Е ПРЕНЕСЕН ВО СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА ВО ОХРИД.ПОЛИЦИЈАТА РАБОТИ НА РАСВЕТЛУВАЊЕТО НА МОТИВИТЕ ЗА НАСТАНОТ И ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ТРОЈЦА УЧЕНИЦИ

СВР Охрид подне-се кривична пријава против К.М.(20) и

К.Т.(27), двајцата од Охрид за сторено кривично дело „противправно лишување од

слобода“.

На 18.03.2009 година, пријавените инаку вработе-ни во кафетерија во цента-рот на Охрид, револтира-

ни од однесувањето на нив-ниот колега З.Т., насилно го однеле во подрумската просторија од кафетеријата, со селотејп лента му ги врза-ле рацете и нозете, го собле-

кле и го снимиле со мобилен телефон, по што си замина-ле, оставајќи го З.Т. во под-румот.

извор: МВР

ГО ВРЗАЛЕ КОЛЕГАТА ВО ПОДРУМОТВО КАФЕТЕРИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД

Page 13: АМАК ПРЕС 109

14 AMAK PRES

KULTURA

Ансамблот Македонка и оваа го-дина продолжува со несмалено темпо да работи на афирмација

на македонскиот фолклор во Охрид и истиот да го презентира пред светот. Во пресрет на големиот Христијански празник Велигден, ансамблот сериозо работи на кореографиите кои се ставе-ни на програмата на традиционалниот годишен концерт кој овој ансамбл тра-диционално го организира на еден ден пред празникот.Годинава концертот ќе се одржи на 18 април, во домот на културата Григор Прличев, а за првпат се воведува и но-вина со тоа што од годинава годишни-

от велигденски концерт ќе се посветува на личности од минатото и сегашноста кои во нивните животи придонеле за афирмација на Македонија, Македон-ците, македонштината и традициите на нашиот народ. Годинава концертот ќе е посветен на големиот Македонски ре-волуционер и комита Јане Сандански кој пред 94 години на 10-ти Април е убиен од страна на Врховистите. На програмата ансамблот ќе го изведе Комитското оро како и ора од Пирин-ска и Егејска Македонија.Планирано е пред концертот во домот на културата да се прикаже филм по-светен на Македонците од Пиринска

Македонија, снимен во далечната 1947 година, а кој е посветен на образовни-от процес во Пиринска Македонија кој тогаш се одвивал на Македонски Јазик, како и културниот живот олицетворен во програмата која се изведувала во те-атарот кој на репертоарот имал прет-стави на Македонски Јазик во Благо-евград кој тогаш го носел името Гор-на Џумајлија.Ансамблот Македонка и во 2008 го-дина го задржа приматот водечки ан-самбл во Охрид кој постојано патува по светот и на фестивали и концерти ја презентира Македонската култура на европската културна сцена.

ФОКЛОРЕН АНСАМБЛ ОД ГАНА НА ГОСТИ ВО ОХРИД

АНСАМБЛОТ МАКЕДОНКА ПОЧНУВА СО ФЕСТИВАЛИТЕ

Page 14: АМАК ПРЕС 109

www.amakpres.com.mk 15

Деновиве, Охрид беше домаќин на првиот фе-стивал на српски фил-

мови што се одржа во Цента-рот за култура “Григор Прли-чев“. Познавачите на филмска-та уметност, вљубениците во театарот и луѓето кои го позна-ваат шармот на киното,една недела уживаа пред филмско-то платно каде ги гледаа про-екциите на шесте српски фил-мови: “На убавиот син Дунав“, “Ние не сме ангели“,“Буре ба-рут“, “Мал свет“, “Рани“и “Чарлстон за Огњенка“. “Целта на проектот е да ја зго-лемиме културната понуда за Србите кои живеат во гра-дов, а секако и за останатите граѓани. Публиката проследи нови но и стари, веќе потврде-ни и популарни филмски про-екции создадени во соседство-то“, изјави директорката на Центарот за култура “Григор Прличев“, Драгана Боцевска.Честа да го отвори фестивалот му припадна на Дарко Бајиќ, ре-жисер на првоприкажаниот филм “На убавиот син Дунав“.“Размислувајќи како да ја отворам оваа свеченост, во сета мака што филмот ја влече со себе, јас филмските работни-ци ги нареков филмски војувачи , за-што мислам дека во последно време е многу тешко да се направи филм. Филм кој ќе ја отслика нашата традиција и суштина. Ја имав таа среќа пред чети-ри месеци во старото белградско кино “Балкан“ да ја гледам ретроспектива-та на филмовите од Милчо Манчев-ски. Ги гледав по три- четири пати и сум фасциниран од неговата љубов кон Македонија и неговото големо чувство кон традицијата и историјата на ваша-ва земја. Тој е голем визионер и визу-елист зашто преку неговите кадри за првпат ги видов убавините на Охрид и Охридското Езеро и на целата ваша земја. Некогаш живеевме во земја во која ни беше навистина убаво но кога

ќе се сетите што е суштината на таа приказна ќе сфатите дека сите ние до-бро се познававме, ги знаевме истори-ите и културите на двата народи, ма-кедонскиот и српскиот, и тоа е наша-та предност. Мислам дека суштината на Европа е секој од нас да успее да го спакува во куфер се она што е вредно и да влезе во неа -Европа, од која сите ние многу очекуваме“, вели Баијиќ.Неговиот филм “На убавиот син Дунав“, зборува за судирот и недоразбирањето меѓу луѓето од Ис-точна и Западна Европа. Инспириран е од времето во кое живееме и токму поради преголемата доза на секс во повеќето сцени можеби ќе ве возбуди, збуни или налути. Второ прикажаниот филм , “Ние не сме ангели“е тинејџерска комедија која зборува за односот и случките од живо-тот на патолошки љубоморниот татко и неговата ќерка тинејџерка. Режијата и сценариото се на Срѓан Драгојевиќ а главните улоги ги играат актерите:

Никола Којо, Мики Манојловиќ , Саша Тодоровиќ.Драмата- комедија “Буре Барут“е филм во кој играа мноштво од најдобрите актери од екс ју-просторите а режисерот Горан Паскаљевиќ го доживува како до-кумент за едно време.Филмот “Мал свет“, зборува за современото време каде што комедијата на судбината не зема сите нас , или како што вели са-миот автор,Милош Радовиќ, “Пишував комедија за судбина-та , за тоа како мислиме да го ди-ригираме сопствениот живот и како по правило тоа никогаш не се случува“.“Рани “е филм посветен на ге-нерациите родени по Тито, ге-нерации растени во близина на војната и криминализацијата на општеството.Последниот филм “Чарлстон за Огњенка“ кој ја остави публика-та со громогласен аплауз полови-на час по спуштањето на завесите е склоп на жанровите:трагедија,

комедија,фантастика и драма. Овој филм ја носи титулата на најскапиот во српската кинематографија, но и најгледаниот за 2008 година. Познат е по воведувањето на новитети во српската кинематографија како што е употребата на специјални ефекти.Првиот фестивал на српски филмови во Охрид заврши со позитивни оце-ни од филмските критичари и со на-деж дека истиот ќе добие традицио-нален карактер. Бројната публика која за изненадување ја полнеше кино са-лата сите пет дена беше потврда дека охриѓани се жедни за уметност, за те-атар и добар филм. Организатори на фестивалот беа Центарот за култура “Григор Прличев“ и српско- македон-ското друштво “Коштана“од Охрид, поддржани од Министерството за кул-тура на Република Македонија.

Ангела Белевска

ФЕСТИВАЛ НА СРПСКИ ФИЛМОВИ ВО ОХРИД

Page 15: АМАК ПРЕС 109

16 AMAK PRES

SPORT

СВЕСЕН СУМ ЗА СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ

Кој е патот на твоите успеси. Кога за прв пат се појави на паркетот?

Тренирам од мојата 13 го-дина и имам богато играчко искуство зад себе.Уште во основно имам учествувано на државен натпревар на кој го освоивме првото место. И во гимназиските денови имам освоено две први ме-ста и едно второ на државни натпревари. Имам настапу-вано и на ЕП во Израел како средношколец каде се пла-сиравме на одличното де-сетто место. Додека студи-

рав имам учествувано на две финалиња од кои се закитив со еден шампионат и титу-лата МВП. Покрај тоа имам освоено титули и во кадед-ска, младинска и сениорска конкуренција со генерација како што е Маџунков, Ми-ракоски, Илиески, Николов, Рингов.

Твој прв триумф на нацио-налниот Куп по двете неу-спешни финалиња во дресот на Струмица? Годинава го понесе и епитетот на МВП на Купот. Очекуван ли беше ваквиот успех и какво е чув-

ството сега откако впечато-ците се средени?

На Куп натпреварите има многу изненадувања. Ние иако не бевме во списокот на фаворити покажавме дека имаме квалитет за големи натпревари. Се погодивме во најтешката група со МЗТ која е најнезгодна, играв-ме финале пред финале со Фени кој успеавме да го ели-минираме. Победивме во го-лемото финале против Пели-стер, во натпревар кој беше многу потежок поради при-тисокот кој го имавме. Мо-

ето долгогодишно искуство ме научи пред време да не се надевам на голем успех. Така и сега играв а на моите соиграчи ги советував да би-дат смирени, со мирни глави и голема борбеност да влезе-ме во натпреварот со Пели-стер. Со оглед на позицијата на која играм јас сум мотор на екипата кој треба да ги спроведе задачите на тре-нерот. Треба да ги разиграм играчите а не да бидам прв на листата за стрелци. Први-от дел од натпреварот токму тоа и го правам а потоа до-колку е потребно капитен-

РОДЕН СТРУМИЧАНЕЦ МОМЕНТАЛНО НА ПЕЧАЛБА ВО ОХРИД, ВАКА НАКРАТКО МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ЗА ОХРИДСКИОТ ПЛЕЈМЕЈКЕР. ЗАД СЕБЕ ИМА БРОЈНИ ТРОФЕИ А СПИСОКОТ ГО КОМПЛЕТИРАШЕ НЕОДАМНА СО КУП ТРОФЕЈОТ КОЈ НЕДОСТАСУВАШЕ НА НЕГОВОТО КОШАРКАРСКО КОНТО. ДВАЕСЕТ И ОСУМ ГОДИШНИОТ КАПИТЕН НА АМАК СП ВЕЛИ ДЕКА ТРЕНИНГОТ И УПОРНОСТА СЕ ТАЈНАТА НА НЕГОВИОТ УСПЕХ. СВЕСЕН ЗА СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ КОИ ГИ ПОСЕДУВА ОЧЕКУВА ДА ГО ОБЛЕЧЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ДРЕС.

ЕФТИМ БОГОЕВ ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ НА АМАК СП

Page 16: АМАК ПРЕС 109

www.amakpres.com.mk 17

ски ја преземам одговорно-ста во свои раце.

Првенството е во тек, следи шампионската титула. Как-ви се шансите на АМАК СП годинава да биде освојувач на двојната круна?

И покрај поразот од Овче Поле кој беше неочекуван со оглед на разликата на ква-литет која е на наша стра-на но можеби е последица на бројните повреди со кои се соочуваме во овој пери-од воопшто не е алармант-на состојбата. Првенство-то е долго и има време за поправен. Реално очекувам да се зацврстиме на третата позиција, а доколку стигне-ме до полуфиналето тогаш ќе бидеме едни од посериоз-ните претенденти за шампи-онската титула.

Твоите очекувања за настап во репрезентација се повеќе стануваат реалност посеб-

но по изворедниот твој на-стап во големото финале на Купот.

Она што во овој момент ми е најбитно е успехот на клу-бот за кого играм а сето дру-го ќе си дојде само по себе. Секое мое влегување на тре-нинг е со една цел-да го да-дам својот максимум. Само со многу работа се стигнува до репрезентативниот дрес. Голема желба ми е да заи-грам на ЕП во Полска, ра-ботам напорно и се разбира очекувам и шанса ако ниш-то друго да бидам дел еки-пата која ќе оди на подготов-ки за да покажам што знам. Свесен сум за моите квали-тети и мислам дека треба да бидам во конкуренцијата за репрезентативните бои. Се-когаш сум подготвен за тој предизвик

За тебе често велат- струми-чанецот на привремена ра-бота во Охрид. Како ти тоа

го доживуваш и дали се за-работува доволно од кошар-ка кај нас?

На еден начин и тоа е така. Далеку си од дома оставаш фамилија и од тоа што го за-работуваш живееш. Струми-ца е прилично далеку само неколку пати сум бил дома иако е во Македонија. Сето ова ги поткрепува вакви-те тврдења дека сум на пе-чалба. Иако моментално се наоѓаме во една светска кри-за може добро да се зара-боти од кошарката. Секако тука влијае е квалитетот на самата лига, која сега после крахот на Струмица лигата е далеку послаба а со тоа пад-наа и цените на пазарот на играчите.

Каде се гледа Богоев за 5 го-дини?

Секако на терен некаде над-вор од државава. Имам две-годишно меѓународно иску-

ство бев во Грција и се на-девам дека следната годи-на ќе се испробам во некоја екипа во странство. Засега имам некои понуди но сеуш-те не се конкретни. Работам на тоа барем уште две-три години да играм во некоја странска екипа.

Какви се плановите по завршувањето на кошаркар-ската кариера?

Имам завршено рударско ге-олошки факултет во Штип, па според тоа можно е и некој приватен бизнис иако тука кај нас со ваква струка тешко се наоѓа работа. Ко-шарката ми е во душата без неа неможам па би се испро-бал можеби и како тренер.

Доколку не би бил кошар-кар кој друг спорт би бил твој избор. Што е она што те привлекува во слободно вре-ме да следиш?

Page 17: АМАК ПРЕС 109

18 AMAK PRES

SPORT

Во мојот живот имам тре-нирано ракомет, атлетика спринт и скок во далечина, пинг понг, карате, играм те-нис во слободно време. Се испробав во многу спорто-ви но најповеќе ме привле-куваше кошарката таму се пронајдов и се определив за неа. Во моето слободно вре-ме се трудам да пратам со она што се случува на спорт-ската сцена. Ги пратам сите други спортови. Што се од-несува до кошарката мно-гу повеќе ја сакам европска-та од НБА затоа што таму се игра правата кошарка. Од фудбалот навивам за Арсе-нал и за Барселона. Знам да пополнам и ливче во кладил-ница но сето тоа само за за-бава.

Што е она што недостасува кај нас за да се подигне ни-вото на квалитет на лигата?

Пред се треба веќе еднаш да се изгласа тој закон за спорт што ќе овозможи по-голем број на фирми да за-станат зад екипите. Исто така новата иницијатива за професионализација на ко-шарката е за поздрав. Само со вакви мерки ќе се поди-гне нивото на кошарката. Со сегашната состојба играчи-те се оставени сами на себе кои после играчката кари-ера треба да се снаоѓаат сами. Спортот треба да се третита како и секоја друга професија. Исто така недо-волно се работи со младите кадри. Мал број на клубови имаат свои школи. Од друга

страна треба во голема мера да се подобрат и условите за работа. Сеуште тренира-ме во ладни сали, трибините со исклучок на Охрид се по-лупразни. Таа слика ќе мора да ја менуваме доколку са-каме квалитетот да оди едно скалило погоре.

Која е твојата кошаркарска филозофија?Кошарката не е само напад. Во овој спорт најдобар на-пад е одбраната. Треба во натпревар да се влезе со една помисла да одиграш до-бро во одбраната а нападот сам по себе ќе си дојде. Та-лентот во кошарката е 20% а останатото е работа. Само со тренинг и упорност успехот е неизбежен.

Дел од твојот приватен жи-вот кој можеш да ни го от-криеш?

Накратко од мојот живот но и најбитно- имам вереница струмичанка и во скоро вре-ме планирам свадба. Момен-тално таа работи во Струми-ца се слушаме секојдневно но не е лесно да си дале-ку од оној што го сакаш. Понекогаш ми фали токму нејзината подршка и близи-на но благодарен сум што има бескрајно разбирање за она што го работам. Исто така и моето семејство ми дава максимална подршка и тоа многу ми значи.

Сузана Вренцовска

Page 18: АМАК ПРЕС 109
Page 19: АМАК ПРЕС 109