20
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 102 10 Dekemvri 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 иНТЕРВЈУ: боРо паВлоски сиГУРЕН сУМ ДЕка МалиТЕ паРТии иМааТ покВалиТЕТНи каДРи и иДЕи аЦо спиРоски ДиРЕкТоР На аДГ ТРУДбЕНик охРиД иНТЕРВЈУ ЖиВоТ На УлиЦа ШЕсНаЕсЕТ ГоДиНи` сТУДоТ Во коскиТЕ болкаТа Во ДУШаТа ЦВЕЌаРоТ Е МоДЕН сТилисТ За ЦВЕЌиЊа билЈаНа кРсТЕВска МУЗЕЈоТ На ВоДа УНикаТНа аТРакЦиЈа Во ЕВРопа definitivno najevtino www.don.com.mk

АМАК ПРЕС 102

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 102

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 102 10 Dekemvri 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

иНТЕРВЈУ: боРо паВлоски

сиГУРЕН сУМ ДЕка МалиТЕ

паРТии иМааТ покВалиТЕТНи каДРи и иДЕи

аЦо спиРоски ДиРЕкТоР На аДГ ТРУДбЕНик охРиД

иНТЕРВЈУ

ЖиВоТ На УлиЦа ШЕсНаЕсЕТ ГоДиНи`

сТУДоТ Во коскиТЕ

болкаТа Во ДУШаТа

ЦВЕЌаРоТ Е МоДЕН

сТилисТ За ЦВЕЌиЊа

билЈаНа кРсТЕВска

МУЗЕЈоТ На ВоДа УНикаТНа аТРакЦиЈа Во ЕВРопа

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 102

2 AMAK PRES

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 102

Традиционалната Све-чена Академија со која Охрид на досто-

инствен начин го одбележу-ва денот на Свети Климент Охридски, заштитникот и Патронот на градот, се одржа вечерва во Цента-рот за култура во Охрид. Во присутво на голем број сограѓани, гости и претстав-ници на збратимени гра-дови и градови-партнери, јавни, политички и културни личности од Охрид и Ре-публиката меѓу кои и гра-доначалникот на Струмица Зоран Заев, како и црковни великодостојници, најнапред со свои програми и настапи се презентираа најмладите-иднината на Охрид, учени-ците од основните училиш-та во градот.На Академијата, свечено обраќање имаше градона-чалникот на Охрид, Алек-сандар Патрески, кој и овој пат укажа на моралниот долг на сите нас кон Па-тронот за создавање нови

вредности и добри дела кои ќе не напојуваат со духот на Свети Климент што под-разбира и меѓусебна по-чит и уважување. Само на тој начин, истакна Петре-ски, ќе можеме да бидеме достојни за да се гордееме со Светецот-заштитник.Според традицијата, на Свечената Академија по повод Денот на Патронот, беа врачени највисоките општински признанија кои ги доделува Советот на оп-

штината во знак на призна-телност за придонесот во растежот на Охрид и него-вата афирмација низ целиот работен век односно за при-донес од особено значење за градот или афирмација во подолг период од страна на поединци или институции.Годинешни добитници на Наградата „Свети Кли-мент Охридски-Патрон на Охрид“ се познатиот писа-тел и дипломат по потекло од охридско, Трајан Петро-

ски и професорот на ФТОН, Миладин Крстаноски – за нивниот животен придонес во интерес на растежот и афирмацијата на Охрид.Повелбите „Свети Кпли-мент Охридски – Патронот на Охрид“ им беа вечерва врачени на доктор Анаста-сика Попоска од Клиника-та за ортопедија во Скопје (по потекло охриѓанка), на првиот електронски весник во југозападниот регион на Македонија, Ohridnews, и на врвните спортисти-веслачи, братот и сестрата Александар и Алекасандра Иваноски.Од името на наградените, се заблагодари добитникот на Наградата, Трајан Петро-ски.Свечената Академија го-динава беше збогатена со учеството на познатата гру-па Синтезис во културно-забавната програма што беше и посебно доживување за голем број охриѓани и го-сти.

ДоДЕлЕНи сВЕТиклиМЕНТоВиТЕ НаГРаДи За 2008

ЛОКАЛ

Page 4: АМАК ПРЕС 102

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

МУЗЕЈоТ На ВоДа УНикаТНа аТРакЦиЈа Во ЕВРопаТу р и с т и ч к а -

та атракција, Музејот на вода

кој на големиот верски празник Св Климент свечено беше отворен во локалитетот Градиште на југоисточниот брег на Охридското Езеро прет-ставува прв објект од тој вид во Европа како сведоштво за 1000 годи-ни старата цивилизација на овие простори. Ре-конструираната населба која датира од желез-ното и бронзеното вре-ме ќе претставува нов магнет за туристите кои ја посетуваат не само Македонија туку и соседни-те земји.-Денеска имаме несекој-дневна можност да отвори-ме објект кој сведочи за пра-историскиот период, место кое ќе биде инспирација за археолозите и за историча-рите, и за уживање на гости-те. Сознанијата и фактите зборуваат дека се работи за напредна цивилизација која во тоа време споредено со другите земји и континен-ти зборува дека Македонија е древна земја која нима што да покаже предн све-тот, истакна премиерот на РМакедонија. Никола Груе-ски.Тој додаде дека проектот

ќе продолжи и понатаму да се доработува а во втората фаза, во наредните две годи-ни, се планира да бидат до-изградени уште 16 куќарки над водата.Директорот на Управата за заштита на културното богатство, Паско Кузман, рече дека Музејот на вода е една силна туристичка дестинација во која гости-те ќе можат да патуваат низ времето, од античко, преку римското па се до праисторијата.- Обезбедени се бројни и дра-гоцени археолошки и научни податоци, значајни за поче-тоците на функционирањето на етногенезите, за поче-

тоците на формирањето и препознавањето на племињата во етничка смис-ла. Во периодот од кога да-тира наколната населба, во тоа време живееле Бригите, најстарото племе познато на балканските простори, а кои најмногу ги имало во Македонија. Токму во тој период, меѓу 1.200 и 700 го-дина пред нашата ера тие за-минале во Мала Азија каде и ја формирале државата Фригија, што е мошне важ-но бидејќи ние сме на одре-ден начин етнички поврзани со нив, истакна Кузман.Според Министерот за кул-тура Елизабета Канчевска-Милевска Музејот на вода

претстваува исклучи-телен проект од висока културна, историска и туристичка вредност, - Се надевам дека тој ќе биде голема туристичка атракција, со оглас на големиот број туристи што доаѓаат во летниот период во Охрид, и со оглед на тоа што Охрид и Охридското Езеро се наоѓаат на најелитната листа на УНЕСКО за за-штита на природните и цивилизациските вред-ности. Самиот музеј има голема вредност, и са-миот проект е од големо значење за Македонија,

но и во пошироки рамки, ис-такна таа.Праисторисјата наколна населба која стана дел од програмата на Владата за реализација на капитални проекти кои се од значење на РМакедонија беше завр-шена за 8 месеци. Со ова се оставри 10 годишниот сон –вели Милутин Секулоски кој во 1997 година нуркајќи во водите на Охридското езеро го откри овој подводен архелошки локалитет, сега како праисториска населба на платформа која е уникат-на во Европа. Сузана Вренцовска

оТВоРЕНа пРаисТоРискаТа НасЕлба На плаТФоРМа

Page 5: АМАК ПРЕС 102

5www.amakpres.com.mk

Христијан Шапкар, помладиот сопстве-ник на компанијата

АМАК СП, Олег Маленко од туристичката агенција Вис пој, и Борис Маркуле-ски, сопственик на хоте-лот “Тино “,се новите ку-мови на манифестацијата Богојавление- Водици ,2009 година. Вака неодамна во Охрид одлучи Управниот oдбор на здружението за Афирмација на Македон-ската православна црква, Богојавление.Новите кумови не го криеја задоволството што ток-му тие се избрани и ветија дека ќе дадат се од себе манифестацијата да биде најдобро организирана и со најбројни новини до сега.“Да му се заблагодарам на здружението “Богојавление“, што ја поддржа оваа наша кандидатура . Сведоци сме дека секоја година овој на-стан добива на масовност и квалитет. Ние, како луѓе кои

доаѓаат од компании на кои не им е прв пат да организи-раат масовни манифестации, ќе се потрудиме оваа година настанот да добие на ква-литет повеќе отколку прет-ходните години. Верувам дека се ќе биде во најдобар ред“, рече Христијан Шап-кар, еден од новоизбраните кумови.Борис Маркулески пак ис-такна дека заедно со друга-рите подолго време ја плани-рале кандидатурата, а Олег Маленко рече дека е чест да се биде кум на Водици.“Ќе ја оправдаме нашата кандидатура со добра работа и ќе се претставиме како ви-стински кумови на Охрид“, додаде Маленко.Кумството на тројцата мла-ди охриѓани ќе им биде пре-дадено на 17-ти јануари, ид-ната година. Новите кумови се избрани во конкуренција на девет кандидатури доста-вени од различни градови од државава.

“Една од кандидатурите што ни беше доставена е од Кава-дарци, тоа јасно ни покажува дека полека, но сигурно цен-тралната манифестација се реализира токму во Охрид, како центар на правосла-вието и христијанството. Но нашата намера е, кај нас Во-дици да го одбележуваат и христијани од соседните и подалечните земји“, изјави претседателот на здружени-ето “Богојавление“, Љупчо Арнаудов кој истакна дека здружението на задовол-ство на верниците, подгот-вува голем број новини а се очекува дента меѓу другите уметници свој настап да има и Александар Делов од Операција Триумф.Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески најави богата туристичка програма во периодот од Нова Година до 20 јануари кога е и денот на рибарите.“Во овој период од 20-на дена, Охрид ќе пулсира во

туристички размери. Ако минатите години за денот на рибарите кај Сараиште се собираа 15-20 охриѓани, нивниот број годинава се очекува да биде 2 000. Сека-ко ова позитивно влијае и до-принесува за развој на зим-скиот туризам кај нас“,рече Петрески.Една од најголемите и најмасовни верски ма-нифестации кај нас во организација на здружението “Богојавление“ ќе се одржи по шести пат. Светиот крст ќе се фрла од градското при-станиште на 19-ти јануари 2009 година. На среќниот фаќач на крстот ќе му биде подарена златна реплика од светиот крст вредна 3 500 евра. Кумовите велат дека ќе има уште многу други пода-роци за кои е прерано да се зборува. Ангела Белевска

иЗбРаНи НоВиТЕ кУМоВи За МаНиФЕсТаЦиЈаТа боГоЈаВлЕНиЕ- ВоДиЦи

Page 6: АМАК ПРЕС 102

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Градските власти, најавуваат спектаку-ларен дочек на Нова

година на Градскиот плош-тад, кој ќе блеска во раскош и сјај. Деновиве ќе почне китењето на централното градско подрачје а ќе се укра-суваат и периферните улич-ки. Централниот дел од гра-дов ќе биде украсен со нови реквизити а ќе се користат и минатогодишните укра-си. Точно на полноќ меѓу 31 декември и 1 јануари ќе има огромен огномет на плош-тад а охриѓани и гостите кои Новата година ќе ја дочекаат на плоштад, ќе ги забавуваат

еминентни естрадни умет-ници од земјава.“Први понуди за настап, од-носно предност во изборот ќе имаат охридските пејачи како, Гоко Танески, Ева, Се-кула Пупиноски и групите “Камелеон“ и “Силви Бенд“, од македонските пејачи не е исклучен настапот на Владо Јанески или Ламбе Алаба-ковски. Но едно е сигурно дека нема да влегуваме во трка со другите градови како што е Скопје или како што беше лани со Куманово. Тие ако за настапот на Вла-до Јанески дале 20 000 евра и ако од нас се очекува да

дадеме 25.000 евра тоа нема да се случи. Нашата сума се знае, нема да биде поголе-ма од 10 000 евра за цела-та новогодишна програма. Кој ќе се вклопи во нашата понуда ќе биде дел односно ќе настапи во реализирање на програмата“, изјави гра-доначалникот, Александар Петрески. Новата Година на градски-от плоштад се очекува да ја дочекаат околу 30.000луѓе а градоначалникот Петре-ски најавува дека дочекот ќе биде подобро организиран и повесел од минатогодишни-от.

“Секоја наредна година мора да биде поуспешна и секој дочек на Новата година по-успешен од минатиот . Ако лани беше спектакуларно го-динава ќе биде уште поуба-во“, додаде тој.Две години по ред, Охрид беше проглсуван за најубаво украсен град во Македонија во периодот за Новогодиш-ните и Божиќните празници. Според најавите на надлеж-ните, градов и годинава ќе биде како место од божиќна бајка.

Ангела Белевска

НоВоГоДиШНаТа пРоГРаМа На плоШТаД НЕМа Да ЧиНи поВЕЌЕ оД 10 000 ЕВРа

Јакнење на регионална-та соработка во делот на прашањата кои се

однесуваат на миграцијата, азилот, бегалците, визната либерализација и трговијата со луѓе, беше тема на вче-рашниот МАРИ регионален форум во Охрид.Во МАРИ иницијативата за миграции членки се шест држави од регионот, Албанија, Босна и Херцего-вина, Хрватска, Црна Гора, србија и Македонија, кои два пати годишно одржу-ваат состаноци на ниво на политичките тела. Година-ва по основ на ротација со оваа иницијатива претседава Македонија.-Регионот на Западниот Балкан е зафатен од мигра-циски процеси но присутна

е и нелегалната миграција која најчесто се случува на релација на транзит во регионот која пак е еден од важните критериуми за либерализирање на виз-ниот режим. Нелегалната миграција е процес кој се следи статистички и треба да се анализира подетал-но за утврдување на спец-ификите и карактеристи-ките на овој процес, вели Трпе Стојаноски директор на МАРИ иницијативата. Според него визната либерализација е една од најтешките завеси со кои се соочуваат младите од ре-гионот и тој режим треба што побрзо да попушти, но тоа, како што рече, зависи од исполнувањето на стан-дардите на кои инсистира-

ат земјите од Европската унија.Проблемите поврзани со миграциите се решаваат само со добра регионална соработка, е оценката и на останатите учесници на Фо-румот.-Земјите од Западни-от Балкан се доведени во ситуација да соработуваат не само во делот на европ-ските интеграции туку и во делот на либерализација на визниот режим, смета Зоран Петров заменик министер за надворешни работи на Македонија. Главната преч-ка за визната либерализација и токму нелегалната миграција и криминалот, но од друга страна ваквите појави се многу повеќе за-стапени во земјите од Ев-

ропската унија. Според Пе-тров Македонија наскоро ќе добие визна либерализација, реформите, како што рече, се спроведени останува само Европскиот совет да се произнесе по ова прашање. Ваква оптимистичка најава завчера од Охрид упати и евроамбасадорот Ерван Фуере. Според него ова е големо остварување и препознавање на напори-те направени од Владата и најави дека во Македонија се очекува да пристигнат ек-спертски тимови на Европ-ската комисија која според Фуере до крајот на годинава треба да предложи датум за укинување на визите.

МаРи РЕГиоНалЕН ФоРУМ

Page 7: АМАК ПРЕС 102

7www.amakpres.com.mk

Туристичките агенции, превоз-ниците, хотелиерите, угостите-лите, образовните институции и

регионалните канцеларии здружени во еден туристички сегмент - Стопанската комора за туризам на Македонија, ќе го јакнат и развиваат туризмот. Градење на туристички капацитети, подобрување на инфраструктура, намалување на це-ната на авио превозот, подобрување на условите во руралните средини, до-стапност на фондовите како и обуката на човечките ресурси се приоритети-те во работата на комората. Eкспертите на првото собрание на Стопанската ту-ристичка комора оценија дека Влада-та издвојува доволно средства за развој на туризмот, гранка која долги годи-ни беше на маргините а сега е една од најприоритетните. Законот за туризам кој предвидува субвенции за носење на странски туристи исто така ќе до-принесе во подобрување на амбиентот во туризмот а од друга страна ќе пре-

дизвика интерес кај странските тур-оператори за посета на Македонија, со-гласни се членовите на комората.-Целта пред се е туризмот да го зазе-ме вистинското место, а Македонија да биде препознатлив туристички реон каде ќе се остварува добар профит, вели директорот на Стопанската ко-мора за туризам на Македонија, Емил Димитровски.Туристичките работници изразуваат оптимизам дека со ваквото здружување конечно ќе се стави крај на нелојалната конкуренција.-Има туристички агенции кои вршат ту-ристичка дејност од сопствените авто-мобили, дивите туристички водичи не го регистрираат прометот а приватните станоиздавачи не ја плаќаат туристич-ката такса. Со формирањето на едно вакво тело конечно ќе се стави крај на ваквите појави, вели Перо Јакимов од туристичката агенција Генерал турист.Според претседателот на Здружението

на Туристички водичи на Македонија, Бранко Босилков, Комората ги обеди-нува интересите на сите субјекти во туризмот. На тој начин, смета Босил-ков, поголемо ќе биде влијанието врз Владата за подобрување на законската регулатива.-Од Владата добивме овластување да издаваме легитимации за водичи, а пазарната инспекција е надлежна да ги следи состојбите во туризмот. Но доколку не ја вршат работата на терен ќе бараме формирање на туристичка инспекција и на тој начин ќе се справи-ме со нелојалната конкуренција, вели Босилков.Туристичките работници очекуваат дека наредната година ќе биде далеку поуспешна од оваа, но колкави прихо-ди се остварени од оваа гранка не знаеа да кажат.

С.В

ТУРисТиЧкиоТ ЕсНаФ ЗаЕДНо ЌЕ Го РаЗВиВа ТУРиЗМоТ

пРВо собРаНиЕ На сТопаНскаТа коМоРа За ТУРиЗаМ

Креирање на нови работни места, легализирање на неформалните договори за работа, интегрира-

на наплата на придонесите за социјално осигурување и персонален данок на до-ход, поголема социјална сигурност за работниците се само дел од придобив-ките и предностите од воведувањето на новиот начин на исплата на плата-та кој ќе стартува од почетокот на на-редната година. Со новиот концепт на бруто плати работодавачите ќе се об-врзани да ги плаќаат сите придонеси, ќе се намали даночната евазија нема да има изигрување на системот, а исто така нема да има можност за исплата на плати без да се платат придонеси-те за пензиско инвалидско и здрастве-но осигурување, велат експертите. На семинарот организиран од Министер-ството за финансии, кој се одржа во Охрид, беше потенцирано дека во пла-тата на раборниците од 1 јануари 2009 година ќе битат вклучени и превозот и хранарината со што придонесите ќе се

плаќаат на повисока основица што зна-чи и остварување на повисока пензија. Од друга страна пак предвидено е намалување на минималната основица за плаќање на придонеси за социјално осигурување.-Користа и за работодавачите и за работниците е во тоа што стапки-та на придонесите за задолжително социјално осигурување се намалуваат и тоа постепено од 32% во 2008 годи-на на 22% во 2011година. Очекувањата се дека реформата дава простор и да се намали трошокот на работодавачот, работниците ќе поевтинат за работода-вачите и тоа ќе предизвика креирање на нови работни места. Од друга стра-на реформата остава доволно простор да дојде до зголемување на платата на работникот, рече Никица Мојсоска-Блажевска, раководител на Секторот за макроекономска политика.Според неа со ваквиот концепт на бруто плати најповеќе се штитат работниците со ниски плати кои досега примаа 50%

од платата во хранарина и превоз. Со новиот начин на исплата хранарината и превозот ќе бидат вклучени во платата што пак дава поголема социјална си-гурност и можност за повисока пензија а тршокот на работодавачот ќе се нама-ли поради новиот начин на пресметка и намалените стапки на придонесите, смета Мојсоска-Блажевска.Претставниците од Министерството за финансии сметаат дека наплатата на продонесите преку Управата за јавни приходи ќе биде многу поефикасна од досегашната наплата од страна на фондовите. Казнените мерки докол-ку се изврши исплата на плата и не се пресмеаат и уплатат придонесите се во износ од 2000-3000 евра а доколку не се исплати платата до 15 во месецот за претходниот месец казната е 8 000 евра. Новина е и начинот на плаќање на при-донесите, при што целиот процес ќе се одвива по електронски пат. С.В

пРиДобиВки и За РабоТоДаВаЧиТЕ и За РабоТНиЦиТЕ

коНЦЕпТ На бРУТо плаТиТЕ

Page 8: АМАК ПРЕС 102

8 AMAK PRES

ИНТЕРВЈУ

аЦо спиРоски – ДиРЕкТоР На аДГ ТРУДбЕНик – охРиД

НаскоРо ЌЕ бУкНаТ НЕкои РабоТи Во ЈаВНосТа и сиТЕ ЌЕ осТаНЕМЕ иЗНЕНаДЕНи коГа ЌЕ исплиВааТ На поВРШиНа НЕкоЈ РабоТи – ВЕли спиРоски Во иНТЕРВЈУТо За НаШиоТ поРТал. ТоЈ ЗбоРУВа и За ЗапиРаЊЕТо На ГРаДбаТа Во 8Ма УРбаНа За каДЕ оЦЕНУВа ДЕка сЕ ГУби ДРаГоЦЕНо ВРЕМЕ За ЗаЖиВУВаЊЕ На локалНаТа ЕкоНоМиЈа, Ги пРокоМЕНТиРа и УРГЕНЦииТЕ и МЕШаЊаТа На пРаТЕНиЦиТЕ Во сиТЕ сФЕРи каДЕ НЕ иМ Е МЕсТоТо како и РабоТаТа На МВР, сУДоТ Во охРиД како и иНспЕкЦииТЕ. спиРоски ГоВоРи и За сосТоЈбиТЕ Во ВМРо ДпМНЕ, иЗбоРоТ На НоВиоТ кооРДиНаТоР како и поТРЕбаТа Да сЕ НапРаВи ВисТиНски иЗбоР За каНДиДаТ За ГРаДоНаЧалНик

Како ја оценувате моменталната економска состојба како во градот така и во земјава со оглед на тоа дека светот е погоден од длабока криза која неизбежно ќе се почувствува и кај нас?- Ако ја следиме програмата на влада-та на Груевски која ја води економска-та политика може да се каже дека она што го проектирала и го сработува и

треба да даде очекувани, да не речам одлични резултати. Ако се следи како се работи, резултатите нема да изоста-ната, бидејќи основната мотивираност на премиерот и тимот е да ја направи Македонија, по просперитетна, по-богата и посредена држава. На тој пат има многу пречки кои треба да се со-владаат но, основно е нашето единство и поддршка. Но, за она што врвот го

проектирал да се реализира во пракса треба да слезе до долу и да се проекти-ра во животот кој се одвива меѓу луѓето во нивното секојдневие. Сите тие пла-нови некој треба да ги спроведе, а ние стопанствениците се судруваме со глобалниот административен апарат кој не се движи во саканиот правец. Таков пример е случајот со админи-стративната гилотина која требаше да

Page 9: АМАК ПРЕС 102

www.amakpres.com.mk 9

обезбеди лесно завршување на адми-нистративните работи се уште како да ни стои во место. Се уште постојат за-старени бирократски односи на некои административци каде има корупција и ги мотивира ненавремено да завр-шуваат одредени работи и проекти. Секојдневно корупцијата не е веќе при-сутна, но бавноста со која се завршува-ат работите потсетува на тоа дека некој нешто очекува да му се даде како начин да се забрза некоја административна работа. Владата со поставувањето на инструментариумот за спроведување на законите и проектите треба да об-рне внимание на третиот ешалон кој ја спроведува власта. Од луѓе кои се поставени на јавни функции нема оче-кувани резултати. Тоа е од причина што се поставени луѓе без искуство и капацитет да одговорат на проблеми-те согласно најновите трендови. Сиот оној кадар административен добро не го следи премиерот и владата нити му помага со овој однос и начин на кој ги вршат работите. Мислам дека во Охрид веќе се лоцирани и се знаат каде се про-блемите, а тоа го даваат резултатите и наодите од органите на прогонот и ин-спекциските органи, така да одредени состојби во Охрид ќе букнат со силен жар и ќе останеме изненадени од некој состојби кои постојат во општинава, корупција која до ден денес се одржува и постои, меѓутоа со идните случувања кои ќе се случат во овој период, а познавајќи го премиерот и доследноста и желбата да направи здраво опште-ство од која се води, мислам дека овие процеси ќе ги совлада. Меѓутоа посеб-но би напоменал тој со тимот да обрне внимание на оние репрезенти на власта на локално и парламентарно ниво. Има појава кај еден или два пратеници да се појавуваат во заштита на некои работи кои се спротивни на законите и држа-вата, т.е. штитат одредени личности од нивни мотиви да ги прикриваат во нивните законски дејствија. Тоа постои во МВР каде се пасивизираат одредени работи со ургенции, се појавуваат во УЈП, во Основниот Суд, така да тие работи се веќе лоцирани и јавноста ги знае и очекува власта да преземе одре-дени дејствија за да ги реши овие рабо-ти. За жал ОК ВМРО ДПМНЕ не нуди ни кадар стручен ни решение за овие состојби, а веројатно не ги ни знаат. Кога се појавува во јавноста ОК наста-пува со пресови кои немаат квалитет во содржината и ќе мора да се води сметка да се засили раковиот состав кој би се носел со проблемите од секјдневието.

Се води во моментов судир меѓу гра-дот олицетворн во Градоначалникот и дел од пратениците од Охрид кои се во отворен медиумски конфликт со него. Како раководител на градежна фирма и бизнисмен какви последици по градот ќе има овој конфликт во предвечерието на изборите?- Како бизнисмен и стопанственик јас го мислам најдоброто, тоа е рабо-та за сите. Одма треба да кажам дека сум против секое стопирање на градба која ја –поминала потребната легисла-тива за да имаме нормален процес на градба. Мислам дека случувањата во 8 урбана единица најмногу се производ на определена група луѓе од локал-ната средина, за жал припадници на владејачката партија, пред се во делот што кон владата и ресорните министер-ства даваат неточни податоци. Тоа не е добро бидејќи Охрид треба да го гле-да развојот во работа на сите граѓани. Градежништвото апсорбира многу други стопански гранки и овие про-цеси кои траеле со години да се дојде до тој Урбан модул кој отвора толкав број работни места и работа за многу фирми не треба да се кочат. Градбата на оваа населба во У.Е. 8 е стопира-на, а последиците од тоа ќе ги сносат граѓаните. Мислам дека информациите и насоките од локално ниво се базираат на неаргументирано тврдење дека тука има криминал, нелегални работи без да се земе во предвид општиот интерес. Во интерес е да се гради, да изгледа ев-ропски и убаво, а не на секоја понудена работа ние да гледаме да ја стопираме, а не да одиме напред.

Јавноста секојдневно е сведок на разни кулоарски муабети дека тука некој ќе направи големи профи-ти. Која е реалноста за големината на бизнисот и штетата која ја трпи локалната економија од упорното блокирање на градбата во оваа Ур-бана единица ?- Да се зборува за огромни профити тоа се обични глупости, Во градежништ-вото си постојат цени кои се вкалкули-рани во сите трошоци кои настануваат додека не се донесе објектот до фаза клуч на рака. Се си има своја цена, а на овој начин губиме сите. Стојат гра-дежните оперативи, машини и капаци-тети, а губиме ние сите и градот со нас. Сето ова се прави од група луѓе кои не ги разбираат тековите во економијата и влегуваат во претпоставени некакви односи, да не речам измислувања и ги стопираат активностите. Сигурен сум дека премиерот не е поддржувалч на

ова, но постојат лица кои немаат ни-какви познавања, а аплицираат дури до местото градоначалник и кочат про-цеси. Јас не ги разбирам тие луѓе што сакаат, кави намери имаат, а влегуваат во односи кои не ги познаваат. Тоа е жална слика. Јас не го правдам градо-началникот има многу забелешки на спорато и неадекватното делување на административниот апарат на локално ниво, но јас зборувам за општиот про-блем дека градот нема работа. Да не го доведеме Охрид до очај користејќи еден момент каде може да добиеме го-лем резултат кој би бил на општа ко-рист од сите нас. Да се ослободиме од овие идеи дека таму градоначалникот имал некоја локација и сега ќе направи огромни објекти.

Некои медиуми пренесоа процени 40 милиони евра е вреден бизнисот во Бејбунар. Градежништвото е гран-ка која во својата работа повлеку-ва цела низа други дејности кои ќе добијат работа тука. Може ли да се процени големината на штетата која ја трпиме со блокадата на ова гради-лиште ?Сите губиме, губи и заболекарот и дуќанџиите и сите Ако тука се вртат 40 мил евра по некое евро ќе заврши во сечиј џеб бидејќи таа голема маса пари ќе се движи низ градот во микро економските односи. На тој Урбан мо-дул треба да има голема градба, да има активно учество на фирмите бидејќи на тоа големо градилиште ќе се јават веројатно неколку илјади извршители и ќе се завртат големи пари. Со овој застој создаваме не работа за некој инает и непознавање на суштествените проблеми кои се спротивни со влади-ните програми. Затоа потенцирав дека треба да се спроведе внимание на тре-тиот ешалон од власта. Недозволено е пратеник да глуми власт и влијание, пратеник да се меша кај началник на полиција, судот и директорот на УЈП е катастрофално лошо, во таа ситуација подобро е да се тргни сосема настра-на тој пратеник. Но јас знам имам сознанија дека овие појави се лоцира-ни и дека наскоро ќе бидат прекинати. Навреме ќе се интервенира и сите мали моќници локални кои ја валкаат ВМРО ДПМНЕ и ја злоупотребуваат власта.

Вие сте меѓу првите вмровци во Охрид. Како ја оценувате партијата денес од оваа временска дистанца и можете ли да го споредите центра-лата на ВМРО ДПМНЕ и локалниот ОК ?

Page 10: АМАК ПРЕС 102

10 AMAK PRES

ИНТЕРВЈУПартијата е една и низ неа фигурира-ат личности кои се поставуваат и си одат. Сите кои ја сакат партијата вле-гуваат со искрен однос кон неа. Мене елементите на кражба, манипулирање и злоупотреба ми сметаат. Ми смета-ат и подметнувањето на некој други личности во партијата кои имаат кри-миногено минато зад нив и се поста-вуваат на високи позиции во власта. Такви работи за жал до сега се случу-ваа повеќепати. Тоа се луѓе водени од лични интереси кои влетуваат на крат-ки патеки, кои се во состојба да го до-ведат во прашање и мандатот како што беше случајот со мандат на владата на Љупчо Ѓеорѓиевски која сите недозво-лени работи кои ги правеа луѓето околу премиерот доведоа до пад на владата. Јас сум таму член со години и мене лично ме болат состојби кога некој во јавна средина настапува пијан или прави некој работи кои се не долич-ни и секојпат кога укажувам на некои состојби,а редовно после тоа јас сум кодошен горе дека сум против ВМРО ДПМНЕ и трпам штета. Јас цело вре-ме тврдам дека работам многу здраво, а тоа го знаат и луѓето кои знаат дека со мене лесно и чесно може да се до-говорат

Како го оценувате локалното ВМРО ДПМНЕ денес?- Мислам дека централното раковод-ство ги има лоцирано проблемите на сите комитети, па така и на охридскиот. Морам да кажам дека ни недостасува кадровскиот потенцијал и тоа наскоро ќе се реши, а наскоро ќе се избере и новиот координатор на ОК каде се гле-да дека не се брза, а и добро е да не се избира координатор на брзина за да се донесе едно добро и здраво решение. Со тоа кадровски ќе се зајакне бидејќи неколку пресови ги промарши ВМРО ДПМНЕ кои одеа на рака на градона-чалникот.

ВМРО ДПМНЕ беше прва партија која се делеше и правеше помали партии од неа. Најпозната партија произлезена од вашата е ВМРО НП. Сите знаеме дека таа партија ак-тивно работи на реорганизирање и појавување на политичката сцена. Имате ли контакти со ВМРО НП ?-Во однос на ВМРО јас сум прифатен кај сите, дали е Народна или не јас сум ВМРО, но ќе повторам дека мене матична партија ми е ВМРО ДПМНЕ и нити сум размислувал нити имам намера да ја напуштам партијата. Јас

можам да се пасивизирам, да се повле-чам или повторно да се активирам но секогаш ќе сум ВМРО ДПМНЕ. Еден подолг период Народна беше пасиви-зирана, се зборуваше дека е во стечај и слично. Јас лично не гледам причи-на зошто таа партија сега би се акти-вирала. Јас можам да кажам Народна партија да си ја тера својата работа и програма, но мене ми смета дека кога се појавуваат во јавноста го напаѓаат само ВМР ДПМНЕ . Ако делуваат како партија нека ги напаѓаат сите па и ВМРО ДПМНЕ , но ако само го напаѓаат премиерот и ДМПНЕ тоа не е добро ни за демократијата ни за по-литиката. Јас сугерирам само малку повеќе вокабуларот да го насочат он општите проблеми.

Но јасно е дека од таа партија се се поактивни, Ве контактирале ли и Вас?Сум разговарал во општи муабети. Но, ни барале ни јас можам тоа да го направам. Знаат и тие познавајќи ми го карактерот дека нема шанси тоа да се случи. Знаат и во народна дека јас кога настапувам во јавноста со крити-ки пред се кон сопствените редови во ВМРО ДПМНЕ ми нанесува дури и повеќе лична штета од колку некоја си корист бидејќи сакам добро и здраво да направам. Секогаш сум лошо прене-суван кај централата во Скопје. Спојот меѓу Народна и Љубе Бошкоски, ако се логично спојат коцките ќе се види дека работите одат во тој правец да се напаѓа ВМРО ДПМНЕ во однос на старо и ново членство. Мислам дека Љубе Бошкоски сам треба да го оцени моментот дал и треба да атакува кон претседателската функција бидејќи мора да се земе во предвид фактот што постои опасност дел од тој не Маке-донски блок пред се Албанците, каде постои опасност да не го прифатат. Тоа треба длабоко да се изанализира. Јас лично сакам да го гледам Љубе како претседател на Македонија но, да биде прифатен од сите. Основно е тука да го прифатат Албанците, пред се од ДПА и ДУИ. Значи ако тие го поддржат јас ќе сум прв што ќе гласа за него. Треба да се направи добра анализа и проценка бидејќи ние овде не живееме сами.

Мислите ли дека тоа може да преди-звика тешки последици ако не биде Бошкоски прифатен од Албанците? Јас не велам дека не би го прифатиле, нои треба час поскоро да се направи проценка или некоја пообемна анкета,

за да не се доведе државата во нова про-тивречност. Сите сме деновиве сведо-ци дека повторно се напаѓа полицијата тоа не е наивно, не е случајно, повеќе е тоа производ на надворешни фактори и затоа мора да го најдеме заедничкиот момент во кој живееме работиме и ја градиме државата.

Деновиве јавноста е преокупирана со анкетите кои партиите ги правеа во Охрид, партите упорно ги кријат резултатите . И Вие бевте спомену-ван во тие анкети . . .Јас сум поборник на вистината. Јас немам сознание дека сум бил ставен во анкета и добро сум котирал таму. Моите сознанија се дека воопшто не ме ставиле во анкета, а исто така мои-те сознанија се дека тие што биле во анкетата до ВМР ДПМНЕ се со слаб рејтинг. Јас би сугерирал партијата час поскоро да направи нова анкета со нови личности, има добри менаџери и стопанственици кои треба да се стават во анкета, така најдобро ќе се добли-жат до противкандидатот. Да не губиме време со овие кандидати без рејтинг и треба да се бараат нови решенија

Мислите ли дека ако се избере еден од овие кои сами се испоставиле во медиумите како да се кандидат и во-дат војна и ако некој стане кандидат какви се шансите на ВМРО ДПМНЕ да ги добие изборите? По неколкуте слаби пресови кои не му наштетија на рејтингот на градо-началникот туку го застанаа проце-сот на градба, бидејќи тие пренесени сомневања се пренесоа во централната власт која за жал ги апсорбира во по-следен момент и општа штета настана. Но тие политички интереси на оние на кои им недостасува рејтинг сакајќи да го добијат рејтингот на некој луѓе се жртвува една важна работа и дојдовме до фаза кога сме без работа или некој кој што има муви во главата и по секоја цена сака да стане градоначалник, а не ја познава проблематиката сите ние страдаме. Тоа се жални работи кои ни се случуваат во моментов. Јас веќе кажав лоцирани се овие проблеми во ВМРО ДПМНЕ и нема да дозволи да продолжат ќе го најде вистинскиот чо-век и ќе одиме на избори со вистинско решение.

Разговорот го водеше Љупчо Таневски

Page 11: АМАК ПРЕС 102

11

1

Page 12: АМАК ПРЕС 102

12 AMAK PRES

INTERVJU

сиГУРЕН сУМ ДЕка МалиТЕ паРТии иМааТ покВалиТЕТНи каДРи и иДЕи

На крајот сме од 2008 година. Како ја оценувате работата на ЈП “Комуна-лец“ за оваа година, како ја завршу-вате финансиски годинава?-Во секој случај општата клима на работење е тешка. Ние работиме со голем број комитенти 16-17 000 домаќинства каде тешко се доаѓа до наплата. Но бројките се позитивни и укажуваат дека позитивно ќе ја завр-шиме 2008 година,следејќи ги шест или девет месечните квартални извеш-таи. Мислам дека за истите пари има-ме направено многу повеќе од предви-деното со програмата за оваа година,но истата според мене ќе биде една од најуспешните поради направените за-штеди, со исти средства направивме

повеќе од предвиденото и секако завр-шуваме позитивно.

Годинава започна со кампањата “Препознатливо чист“. Која е целта на кампањата, како се одвива досега и колку сте задоволни од реализира-ното?-Тоа е работа што ја започнавме и трае подолго време. Таа кампања е пред се за информирање на граѓаните околу примарната селекција на пластиката и хартијата. Навистина има добар одзив на граѓаните и сме меѓу првите општи-ни кои се доста навлезени во таа рабо-та. Значи имаме примарна селекција на пет амбалажата , како што реков на хартијата и имавме успешен проект со

УСАИД од каде добивме одреден број садови и уште поуспешно и подобро вршиме селекција на пет амбалажите.

Наплатата на сметките од граѓаните и фирмите со години наназад се про-влекува како проблем. Каква на-плата реализиравте во 2008 година? Какви услови при плаќањето им ну-дите на охриѓани?-Во однос на економско- финансиската состојба што не опкружува се трудиме да се приспособиме и да го реализира-ме начинот на наплата што најмногу им одговара на граѓаните. Во секој случај наплатата за овие наши македонски услови е релативно добра. Од прилика 75-80% од комитентите без проблем го плаќаат месечниот износ. Тоа е до-бар процент за нашава дејност, зошто ќе се сложите немаме механизам на исклучување на струјомери или водо-мери, туку тоа го правиме со кампањи преку кои најдобро се поврзуваме со охриѓани и на тој начин ги мотивираме да си го платат долгот. Секако воведено е наплаќање на сметката на рати и тоа многу им одговара ним – на граѓаните.

Изминативе години вложувавте во модерни машини за чистење, имате ли планови за осовременување на механизацијата?-Механизацијата од аспект на услуж-на хигиена ни е помалку бројна. Треба да се освежиме со специјални возила за собирање на комуналниот отпад и мислам дека нив мора да ги набавиме во 2009 година. Во периодов наназад набавувавме помали машини кои се поспецифични за вршење на нашава

боРо паВлоВски- ДиРЕкТоР На Јп “коМУНалЕЦ“ и лиДЕР На охРиДскаТа лДп

пРВиоТ ЧоВЕк На Јп “коМУНалЕЦ“ и лиДЕР На охРиДскаТа лДп, боРо паВлоВски ВЕли ДЕка пРЕТпРиЈаТиЕТо ФиНаНсиски УспЕШНо Ја ЗаВРШУВа 2008 ГоДиНа. НаРЕДНаТа ГоДиНа За “коМУНалЕЦ“ ЌЕ ЗапоЧНЕ со ВлоЖУВаЊЕ и обНоВУВаЊЕ Во МЕхаНиЗаЦиЈаТа и ВоЗНиоТ паРк.ШТо сЕ оДНЕсУВа До полиТиЧкиоТ ЖиВоТ, лиДЕРоТ На охРиДскаТа лДп, паВлоВски, ВЕли ДЕка Во МоМЕНТоВ НЕГоВаТа паРТиЈа ДЕЈсТВУВа саМосТоЈНо. Но коН коЈа сТРаНа ЌЕ сЕ пРиклоНи паРТиЈаТа ЌЕ ЗаВиси оД пЕРсоНалНиТЕ РЕШЕНиЈа ШТо ГолЕМиТЕ паРТии ЌЕ Ги поНУДаТ.“коГа сЕ биРа ГРаДоНаЧалНик, НаЈВаЖЕН Е ЧоВЕкоТ ШТо сЕ биРа, а НЕ паРТиЈаТа оД коЈа ТоЈ Доаѓа. ГРаѓаНиТЕ сакааТ поЗНаТи испиТаНи лиЧНосТи На кои иМ ВЕРУВааТ“, ВЕли боРо паВлоВски и ДоДаВа ДЕка лДп ЌЕ НасТапи со поЗиТиВНа каМпаЊа, а НЕ со кРиТики коН ГолЕМиТЕ полиТиЧки паРТии ....

Page 13: АМАК ПРЕС 102

13www.amakpres.com.mk

дејност. Значи сме во плано-ви за освежување на возниот парк.

Подолго време имавте про-блеми со собирање на сметот во село Пештани и останати-те крај езерски населби. Как-ва е сега состојбата таму?-Конкретно со работите кои се одвиваат во Пештани сум на-вистина многу задоволен. По стапувањето во сила на законот за Јавна чистота, направивме неколку состаноци со жителите од село Пештани и сиот про-блем што таму го имавме осо-бено во летниот период веќе е решен и мислам дека уште сега сме подготвени за идната тури-стичка сезона. Имаме нависти-на добра соработка со луѓето која придонесува сметот да се депонира таму каде што треба, истиот го чуваат во сопствени-те куќи до моментот кога треба да се изнесе на улица за да го соберат на-шите служби. Исто така имаме повре-мени дополнителни акции за чистење на брегот и активности за метење сред село.

Плацот за возила кои ги подига Пајак службата е во Бејбунар. Со планот за градба кој може да се реализира как-ва ќе биде иднината на овој имот на Комуналец и што ќе градите тука?-Со генералниот и деталниот урбани-стички план на тој простор предви-дени се други работи и мислам дека е во ред да се дислоцира таа работна единица. Во секој случај јас верувам дека општината и советот ќе најдат со-одветно место за лоцирање на нашата маханизација, тука не и е местото.

Вашиот политички ангажман по-вторно е актуелен во јавноста. Из-бран сте за претседател на Либерал Демократската Партија (ЛДП) за Охрид. Низ кулоарите бевте посо-чуван како носител на независна листа, составена од угледни граѓани од Охрид зад која би застанале некои покрупни бизнисмени. Како ќе на-стапите на изборите?-Во секој случај ние сме помала партија во однос на ВМРО и СДСМ. И мислам дека и вие би се сложиле со мојот став дека мора да почекаме некоја разврска да видиме како ќе се одвиваат работите. Немаме многу вре-ме за размислување но мора да се при-способиме во однос на некои тактики.

Ако веќе овие поголеми партии не се разјаснети ние уште помалку, барем во овој момент не можам да кажам ниш-то поконкретно. Секако овие избори ќе бидат многу интересни, граѓаните ќе имаат поголем избор. Значи дали ќе се оди самостојно или со повеќе неза-висни листи не е толку важно, важно е дека граѓаните ќе имаат поголем избор. Мислам дека персоналните решенија на сите нас ќе ни бидат најбитен сег-мент при одлучувањето. Значи кога се избира градоначалник многу е важна личноста која се бира. Луѓето сакаат личности кои се испитани, кои ги по-знаваат. Речиси сите партии во програ-мите нудат исти факти пред изборите, затоа ЛДП е со размислување да пону-ди добри персонални решенија.

Се дистанциравте од СДСМ како партија, како го оценувате денес нејзиното работење како е ВМРО и работата на градоначалникот Алек-сандар Петрески?-Моментално е таква состојбата каква што е. Од централното раководство имаме одредени насоки на локалните избори да се настапи самостојно. Ќе видиме што ќе донесе времето, наше-то приклонување кон една или друга страна ќе зависи од персоналните решенија што ќе ги понудат другите партии. Според тоа и ние ќе заземеме свој став. Работата на другите партии јас сега не би ја оценувал. Сигурен сум дека многу поквалитетни луѓе и идеи имаат помалите партии и тука ќе се бо-риме со една наша позитивна кампања

а не со критики во однос на поголеми-те партии. Поголемите партии се нави-стина масовни и доста често граѓаните гласаат по инерција за нив, гласаат црно- бело. Навикнати се само на нив што мислам дека не е во ред. Треба пред се за личноста да се гласа. Но за жал гласањето по инерција не го има само кај нас туку и во нај развиените земји во Европа и Америка. Но повторно потен-цирам дека кога се бира градоначалник личноста што се бира е најважна, осо-бено во земји каква што е Македонија каде не се дефинирани сите работи во однос на просторот каде ќе се движи еден градоначалник или совет како и редот други функционери. Поради таа недефиниранос на надлежностите се остава на историската среќа “во рој момент да се појави виситнски човек на вистинско место“. Во некои држави јасно се дефинирани надлежностите во кои дејствува еден функционер. За жал тоа не е случај кај нас. Државава ја мачат многу проблеми замислете уште некој неспособен човек да се појави на некое место, е тогаш настапува вистин-ска стагнација.

А во однос на работата на градона-чалникот Александар Петрески, ќе го кажете својот став?-Па, добро, со градоначалникот Петре-ски сме една екипа каде што мислам дека граѓаните во една голема мера се задоволни од работењето на градона-чалникот. Односите градоначалник ЈП “Комуналец“ се перфектни. Ангела Белевска

фото: Љ.Т.

Page 14: АМАК ПРЕС 102

14 AMAK PRES

LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE

Билјана Крстевска е една од најпознатите продавачи и одгле-дувачи на цвеќиња во Охрид. Со

оваа работа се занимава повеќе од 15 години. По професија е наставник по оделенска настава но за жал никогаш не нашла работа по струката, и веднаш по завршувањето на студиите се врабо-тила во цвеќарница.“Дипломирав во 1991 година, но во на-пливот на наставнички кадар немаше место за сите нас, кои аплициравме за малубројните работни места. Сакав да работам со деца, но за жал желбата не ми се оствари“, вели Билјана која иако

студиите ги завршила со висок просек, во рекордно време животот ја насочил во друг правец.Младата охриѓанка, која трудољубиво ги пакуваше и украсуваше подароци-те и цвеќето, со својот труд и вештина-

та при работењето брзо го одвлекуваше вниманието на купувачите кои веруваа во она, што таа со вештите раце успе-ваше да го направи од целофанот, лен-тите, тантелите или срмата.“Неколку години подоцна јас и сопру-гот, отворивме сопствена цвеќарница. Секако дека е важна локацијата каде што е сместено продажното место. Но најважна од се е креативноста на цвеќарот. Кога цвеќето ќе го поглед-неш, да го замислиш изгледот на бу-кетот што од него ќе се роди. Тре-ба да умееш да ги ускладиш, бои-те, нијансите и секако да внимаваш

за каква пригода го пакуваш цвеќето или подарокот“, раскажува Крстев-ска и додава дека од голема полза при работењето е поддршката и помош-та што ја добива од сопругот Мир-че, кој е вљубеник во цвеќето колку и

таа. Работат ускладено и тимски секој си ги знае надлежностите.Т аа мно-гу повеќе се занимава со пакување, из-бор и продавање на собно- внатрешно цвеќе а сопругот со надворешното од-носно парковско цвеќе.Цвеќето го набавуваат од Холандија, а тантелите, свилените ленти, мре-жите, пергаменти, јутата и сламата за украсување ја купуваат од Грци и Италија.“Често набавуваме цвеќе и украси, но јас покрај познатите сорти растенија секогаш сакам да набавам нови, кои не се толку познати за нашиот пазар.

Што се однесува до украсните додато-ци и тие се менуваат низ времето. Како што постои мода во облекувањето на луѓето има и би ги нарекла“ модни“ до-датоци за цвеќе кои од година во годи-на се менуваат. Истите мора да се

ЦВЕЌаРоТ Е МоДЕН сТилисТ За ЦВЕЌиЊа

билЈаНа кРсТЕВска- пРоДаВаЧ и ВљУбЕНик Во ЦВЕЌЕТо

Page 15: АМАК ПРЕС 102

www.amakpres.com.mk 15

следат и навремено да се применува-ат при пакувањето. Пред неколку го-дини се преферираа флуросцентни це-лофани и светкави ленти ,во последно време тоа е аут, сега најчесто се упо-требуваат хартии со интересен дезен или еднобојни, се користат, тантели, чипки,сатенски машнички. И повтор-но велам, треба да се има чувство за убавина да се умее правилно да се ком-бинираат материјалите и боите. Се е до креативноста на цвеќарот. Ние сме модни стилисти, не за луѓе туку за цвеќе“. Луѓето кои скакаат растенија ги имаат дома и во дворниот простор, независно од годишниот период, со љубов се по-стигнува се.“По нарачка доколку не ангажира-ат средуваме дворови, и паркови. Но мора да се знае дека со 5 000 денари нема шанса убаво да се среди дворот или паркот. Садниците се поскапи, но не смее да се заборави дека цената кол-ку да е висока за муштеријата во да-дениот момент, таа станува минимална ако се земе во предвид дека засадено-

то дрво или растение во дворот остану-ва за неколку години или до крајот на животот “, истакнува Крстевска и дода-ва дека на зима дворот може соврше-но да изгледа со засадените растенија кои опстануваат и во тој период од годината:елвуди, купресоси, туи, врби. При тоа не смее премногу да се нале-ваат со вода. “Најинтересниот и нај пипавиот дел во мојата работа им припаѓаат на свадбе-ните аранжмани кои исто така ги прави-ме. Макотрпна е таа работа, но се раду-вам со секое ново спакувано цветче,со бисерите кои некогаш рачно ги везам на мрежата или тантелите. Правиме се што ќе побараат муштериите. Работата е макотрпна, бара време, но не испол-нува. Во последно време свадбените подароци , додатоци и пропратни укра-си не ги правиме само во бела туку и во беж, боја на шампањ,бледо розова па дури и ултра црвена или бордо боја, се зависи од вкусот на зетот и невестата. Но често се случува се да ми препуш-тат мене јас да изберам и боја и дета-ли кои сметам дека се убави како за об-

леката така и за просторијата во која се одржува свадбената веселба што исто така ја украсувам“.Како стаклена градина во рајски дворови е цвеќарницата чија соп-ственичка е Билјана. Илјадниците цвеќиња од различни видови, пал-ми, бенџамини,млумбергери,циклами, драцени, јапонски ружи и други видо-ви растенија ви го зашеметуваат умот кога ќе влезете во нејзината работна просторија зошто во еден миг замислу-вате дека се наоѓате во најубаво уреде-ните холандски паркови. А тука ќе ве пречека не ликот на студена холанѓанка туку топлиот насмеан лик на Билјана која ќе направи се муштеријата задово-лен да ја затвори вратата зад себе, за повторно да се врати тука.А кога сонцето ќе се умори од небес-ниот пат и кога градската врева полека спласнува во семејните куќи, Билјана одвојува, време и простор за сопругот Мирче и двете најмили деца, Теодора и Милан.

Ангела Белевска

Page 16: АМАК ПРЕС 102

16 AMAK PRES

ХРОНИКА

Завиткана под излите-ниот јорган на тем-пература под нулата

четириесет и пет годишна-та Зоре Малеска поминува уште еден ден од нејзиниот мизерен живот под ведро небо. Без покрив над глава-та, без работа и социјална сигурност, надвор од систе-мот оваа жена веќе 16 годи-ни живее под отворено небо. Спие во дворот на милоз-ливите комшии без никак-ва стреа над главата. Вели, најтешки се зимските ноќи, легнувам и незнам дали ќе се разбудам. Гладот и суровата судбина само и ја надопол-нуваат болката на безизле-зот. На нејзиното лице секоја бора како да ја издава мака-та која Зоре ја преживува во нејзиниот живот без дом, но и стравот како да се прези-ми уште една зима слична на онаа претходната која и при самата помисла се чини невозможно. Куќата во која е родена е на само 50-тина метри од нејзиниот „дом“ но од таму нејзиниот татко и ги затворил вратите уште пред многу години. Дури ни сега кога судбината сосема си поиграла со неа, Зоре нема право да се врати назад. -Некогаш и јас бев како сите вас, имав дом и топол оброк а сега сум за никаде. Се покри-вам со јорганот и спијам тука во дворот на моите комшии. По цели ноќи се смрзнувам но што да правам. Нема каде да одам. Од дома ме избркаа на сред зима во најголемите снегови пред многу години. Од тогаш живеам како куче. Среќа има и добри луѓе па ми даваат храна за да можам да преживеам но ваков живот чуму ти е, вели со солзи во

сТУДоТ Во коскиТЕ болкаТа Во ДУШаТа

Page 17: АМАК ПРЕС 102

www.amakpres.com.mk 17

очите бездомничката Мале-ска покажувајќи го местото каде комшиите и го оставаат дневниот оброк. Со грчо-вити покрети извлекувајќи се од под јорганот тив-ко проговори„Еве веќе се стемнува а замислете как-во ќе биде после полноќ, но најстрашно е кога има снег-тогаш е и ладно и влажно“. Со прстот покажувајќи кон пор-тите на соседните куќи Малеска ни кажа кој од комшите и носи за јадење „Оваа жена ми дава супа, грав, манџа и од тоа живеам. Пора-но ми помагаше еден човек и кај него се ра-нев. Ако не беше тој досега ќе бев умрена но среќа моја некој и мене да ми се најде во животов кој ме напра-ви права питачка, вели МалескаНо тоа не е единствена-та „шлаканица“ која и ја задала судбината во нејзиниот бездомнички живот. Нејзината 11 го-дишна ќерка не живее со неа. Моментално се наоѓа во струшкото село Враниште но сол-зите и го затнаа грлото и Зоре повеќе неможе-ше да зборува за своето чедо кое не го видела долго време.„болката ми ја кине душата мо-жеби така успевам да ја издржам студта во ноќите кои се предолги. Студот ми е во коските а болката на душата. Единствената желба во животот е мојата ќерка да има поубав живот од мојот“, вели таа. Нејзиниот татко, човекот кој пред мно-гу години ја избркал од дома пак вели дека одамна ја за-боравил„ Таквите како неа и треба да живеат на улица“ е неговиот одговор за тоа дали чувствува некаква роди-телска грижа. Според него грижата треба да ја преземе државата. Вели дека вооп-што не чуствува жал затоа

што и таа имала дете кое во-општо не го гледала и не се грижела за него.-Беше мажена во Враниште но избега од таму и ја оста-ви ќерка и која сега има 11 години. И таа е родител но не се грижи за своето дете. На два пати ја прибрав дома но премногу е агресивна

и кршит низ куќа. Повеќе не намеравам да ја прибе-рам сега државата нека си ја земит. Јас си имам друга ќерка и друга жена имам мала пензија и неможам да и помогнам, вели таткото на Зоре, 72 годишниот Тане Малески. Соседите пак токму него го гледаат како „монструм“ кој дозволил не-говото дете да спие по улици а тој и жена му да користат

четири соби од куќата каде Зоре е родена. „Додека беше жива мајка и вакви работи не се случуваа но откако по-чина проблемите беа се по-големи. Најпрвин спиеше во дворот но барем имаше стреа над глава но подоцна ја избркаа и од тука и сега спие по бавчите. Несватливо

е како родител може да му го направи тоа на своето чедо, загрижено се прашуваат првите соседи на Тане. Тие се згрозени и од негрижата на државата која немо гледа на човечките судбини. „И кога има дожд и кога има снег таа е надвор. Треба то-гаш да дојдете и да ја видите таа страшна слика, куче да врзиш ќе избега. Ова е нави-стина греота државата мора

нешто да преземе, коменти-раат тие.-Незнам веќе колку години е на улица, нон стоп ја гледа-ме.Често пати бара кафе да и направиме. Кога ќе наврнит и даваме алишта да се пре-слечит зошто целата е мокра а нема каде да се исушит, вели една комшивка.

Но не е само семејството тоа кое не и подава рака на жената која го има достигнато дното на бе-дата. И од Центарот за Социјални работи не-стигнуваат оптимистич-ки најави дека случајот со охридската бездо-мничка набрзо ќе може да биде решен. Од таму велат дека пред две го-дини и бил понуден смештај во Центарот за бездомници во Катлано-во но Зоре ги одбила. Од тогаш па до денес оваа жена повеќе не е ни по-сетена од социјалните работници. Оние бездомници кои живеат во градови каде има народни кујни ба-рем добиваат дневен то-пол оброк. Зоре ја нема ни таа привилегија затоа што во Охрид останаа само најавите дека ќе се отвори таков објект. Но животот продолжува а Зоре и понатака останува да живее под ведро небо со мисла дека некој неко-гаш ќе и помогне. Завит-кана во неколку џемпери, додека се поздравувавме, се поднавали да го до-фати ќошот од стариот јорган и полека се вовле-че внатре. „И вечерва ќе

биде ладно затоа ќе легнам да ја стоплам постелава“, рече со ироничен глас оса-мената жена која и оваа го-дина празниците ќе ги слави заедно со нејзиниот неразде-лен „пријател“ студот.

Сузана Вренцовска

Page 18: АМАК ПРЕС 102

18 AMAK PRES

SPORT

Празна сала и незаинтресира-ност кај охриѓани за следење на најголемиот спортски на-

стан одржан во РМ.“Тмурна“ беше атмосферата во која се одржаа ЕП во ракомет за жени во спортската сала Билјанини Извори во Охрид. На триби-ните публиката единствено можеше да се забележат репрезентациите кои ги следеа натпреварите на нивните конку-ренти во групата, оние кои според про-токолот се професионално ангажирани како и помал дел граѓани кои стигнале до гратис карта. Билетите кои до пред самиот старт на шампионатот изнесу-ваа 900 денари, по првито ден од нат-преварите беа намалени на 300 токму поради слабиот интерес кај охриѓани. Но ни новата цена не ги “измами“ граѓаните да дојдат и да гледаат врвен ракомет. И покрај тоа што службите не откриваа колку влезници се продадава-ат ние дознавме дека бројката не била поголема од 20-тина карти на ден. Недоволната маркетинг промоција но и слабата организација ги остави охрид-ските хотелиери со празни раце. Ниту од далеку не се исполнија најавите дека во Охрид заедно со осумте ре-презентации ќе пристигнат и 10 000 навивачи. Пропуштена е голема шанса Охрид и Македонија “бесплатно“ да се промовираат пред Европа.Според градоначалникот на Охрид Александар Петрески незаинтересира-носта кај охриѓани се должи на слабата кампање која ја водеше Ракометната федерација за промоција на ова ЕП, но ваквите изјави ни одалеку не ја намалу-ваат вината на Локалната која сама мо-жеше и мораше да пристапи посериоз-но кон промоција на нашиот најголем туристички центар.Одговорните во ЈП Билјанини Извори се свесни за ваквите пропусти. Иако на сопствен грб го понесоа това-рот за реновирање на салата која доби комплетен нов европски лик, од таму велат дека можноста за промоција на Охрид во европски рамки е пропуште-на. -Почнувајќи од влезот на градот има

два три патокази кои покажуваат каде е се наоѓа спортската сала. Изостанаа рекламите за афирмирање на овој го-лем спортски настан што е обврска на РФМ. Рекламирањето и правењето на постери, закупот на билборни не е наша обврска. Ние на самиот ден на отварањето ја добивме финансиската помош од Владата на Р Македонија. Во иднина сериозно ќе работиме на вакви-те проблеми. Во делот на подготовките на салата со подршка од Локалната ,на-правивме чекори кои никогаш не биле преземени. Имавме обезбедено услови Охрид да се рекламира пред Европска-та јавност, но причините зошто тоа не се реализира не ми се познати. Ние како СРЦ билјанини Извори во целост успеавме да ги промовираме нашите услуги направивме неколку потези во тој правец се со цел да ја доближиме спортската сала до европските сали, вели Иван Цветкоски директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти. Како што дознаваме организаторот на ова ЕП, РФМ нема префрлено ни денар за зафатите кои се направија во салата а само во последните неколку денови пред свеченото отварање на шампио-натот за шминкање на објектот биле потрошени околу 30 000 евра. Финан-сиската помош во висина од 70 000 евра пристигнала последниот ден, на самиот почеток на првенството и тоа од Владата на Р Македонија.Многуте пропусти направени во сама-та организација укажуваат дека по се изгледа Македонија не е спремна да организира вакви големи спортски на-стани каде наместо да се рекламира се брука пред европската јавност. Наме-сто да се претставиме како гостоприм-лива туристичка дестинација на дан-ската телевизија оставивме впечаток дека сме питачка земја, најсиромашна во Европа. Ниту репрезентациите кои во првиот круг престојуваа во Охрид, освен природните убавини на градот нема можност да понесат големи им-пресии. ЛЕР не обезбеди пропаган-ден материјал па барем на слика да ги видат културно историските знаме-

нитости на градот на УНЕСКО, ниту пак туристичките агенции и водичите пројавија интерес да ги прошетаат низ градот. Обиколките на ракометарките се сведуваа на прошетка низ градот, пиење кафе во некој од локалите а се завршуваа со пазарење на охридскиот пазар. Дури и приказната за далеку по-знатиот охридски бисер остана дале-ку од нивните очи. Најзачудувачко за нив беше сликата на бројните плакати за текила парти и други забави а ниту една за вака голем настан.-Штотуку прошетавме низ чаршијата но никаде не прочитавме дека во Охрид се одржува Европско првенство. Сека-де каде што сме настапувале на вака го-леми натпреварувања градот живее со тој настан но тука се е некако мирно и без интерес, велат луѓето од Шпанска-та репрезентација кој ги затекнавме по тезгите од пазарот. „Цели два часа ше-таме и незнаеме каде да одиме па затоа дојдовме тука“, ваков беше одговорот кога ги запрашавме зошто токму тука ги најдовме.Туристичките работници целото ова фијаско од спортски настан го препи-шуваат на непланското организирање. Охрид можеше и мораше ова да го ис-користи. Имавме и време за подобра организација затоа што овој настан не ни падна туку така од небо, сметаат тие.-Ова беше одлична можност за промоција на Охрид. Службите за-должени за тоа, кои ја прибираат тури-стичката такса треба да ја искористат исклучиво за промоција на градот. Но во овој период не видовме ниту еден билборд низ градот. Треба нависти-на сериозно да се седне и да се види дали недостасува желба идеа или е нешто трето во прашање. Маркетинг промоцијата е најбитна за едно тури-стичко место а нам можностите за так-ва реклама ни бегаат пред очи. Несват-ливо е на европски првенства хотелите да останат празни. Македонија несмее повеќе да дозволи вакви работи да и се случуваат но исто така и општините треба многу поактивно да се вклучат

НаМЕсТо пРоМоЦиЈа бРУка пРЕД ЕВРопскаТа ЈаВНосТ

слаба оРГаНиЗаЦиЈа На Еп Во РакоМЕТ За ЖЕНи

Page 19: АМАК ПРЕС 102

www.amakpres.com.mk 19

а не традиционално да си ја префрлаат топката кој е надлежен. Доколку и во иднина настапуваме вака неорганизи-рано и некоординирано ќе ни се случу-ваат вакви работи, вели директорот на новоформираната Агенција за развој и промоција на туризмот Зоран Стрезо-ски.

НоВиНаРиТЕ со осУДа За слабаТа пРоМоЦиЈаИ охридските новинари со став дека Охрид не ја искористи можноста да се промовира како туристичка дестинација пред Европстата јавност.-Со самиот податок дека спортска-та сала Билјанини Извори за време на одржувањето на ЕП во ракомет е 90% празна доволно зборува дека во Охрид не се чувствува атмосвера дека има некоја значајна меѓународна манифестација. Несватливи се изјавите и на Локалната самоуправа и Ракомет-ната федерација на Македонија и нивно префрлување на топката кој е надлежен за промоција на ЕП, за изготвување на билборди, плакати и слично. Сметам дека и општина Охрид самата многу можеше да направи бидејки 12 илјади евра за поставување на 5-6 билборди низ градот се многу малку за општи-на која што сака да промовира развој на туризмот. Во охридските хотели се сместени само делегациите на ре-презентациите а изостанаа најавените навивачи факт кој потврдува дека во-општо ништо не е направено. Можеби некоја од ТВ екипите ќе снимаат некоја репортажа за Охрид но тоа ни одалеку не е доволно. Што се однесува за РФМ несватливо е да нема никаква промоција пред се по медиумите, никаков рекламен спот, ниту најмал флаер да не се изработи. Организаторите сакаат салата да ја ис-полнат со давање на гратис билети со цел да со покаже дека сепак има инте-рес за ова ЕП. Жално е што воопшто не успеавме да се промовираме и незнам дали Европа воопшто некогаш ќе се на-фати за да и довери на Македонија една ваква голема организација, вели нови-нарот од Супер радио Мики Трајкоски, дописник на националната телевизија Алсат и ББС -Охриѓани ја испуштија можноста бес-платно да се рекламираат пред Европа. Амбиентот во градот воопшто не потсе-

тува дека во Охрид се одржува вака го-лем настан Покрај тоа што речиси и да нема постери, или какви било обележја, мал е бројот на странските посетители. Во салата каде се играат натпреварите освен еден чичко кој продава сувенири нема никаков промотивен материјал кој на малиот број на странци би им го понудил Охрид како нивна туристичка дестинација. Охриѓани не загризаа на самиот старт и по недела дена од оди-граните натпревари, откако видоа дека бројот на странците е мал, не верувам дека нешто ќе променат во нивната ле-таргична стратегија за развој на туриз-мот, смета Мирко Постолоски новинар од НТВ и дописник на Македонски спорт и Дневник.

ЖУРка и РакоМЕТ Во „билЈаНиНи иЗВоРи“ Диското во составот на салата «Билјанини извори» во Охрид, кое во пресрет на ЕП во ракомет за жени, по-ловина беше преуредено во прес цен-тар, проработе и за време на шампио-натот. Во него се одржа и забава на која присувствуваа и дел од новинарите и ракометарките. Имало и непријатни реакции од странските новинари, но само после два дена забавата се по-вторно продолжи. Од ракометната федерација на македонија велат дека реагирале до луѓето кои управуваат со салата, но не конкретен одговор не добиле. „Тоа зна-чи дека ќе продолжат по старо и во ид-нина ќе се прават забави“, вели Драган Начевски претставник на РФМ. Одговорните пак од објектот велат дека двете страни имаат валидни договори. --Оние кои го работат диското треба самите да одлучат дали ќе работат или не во секој случај немаше никаков про-блем, обезбедувањето беше појачано и се помина во најдобар ред, велат од Билјанини.

аГРЕГаТоТ Го спаси пРВЕНсТВоТоРепрезентациите кои играа во спорт-ската сала «Билјанини извори» во Охрид на три пати останаа без струја. Во двата случаи жртви беа руските ра-кометарки, кои на утринските тенинзи на два пати остануваа без струја, доде-

ка најголемиот проблем беше вториот ден од првенството, пред почетокот на натпреварите, кога повторно откажа склопката во трафостаницата на ЕВН, па организаторите беа принудени да се одлучат за алтернативното реше-ние, агрегат кој во целост го обезбеди објектот со струја. Благодарение на навремената реакција на одговорните во ЈП «Билјанини из-вори» кои непосредно пред стартот на ЕП го набавија агрегатот, од соп-ствени средства, Охрид не се брукаше пред европската јавност. Но и за ваков случај вината беше префрлувана од едни на други. Од ЕВН експресно се огласија дека трафостаницата не е во нивна надлежност туку на локалната, а луѓето од СРЦ Билјанини Извори го потврдија токму спротивното. Според Сашо Велјаноски самостоен рефе-рент за јавно осветлување на општина Охрид, трафостаницата е изградена со отварањето на СРЦ во 1978 година и до ден денес е во сопственост на по-ранешна ЕСМ сега ЕВН.-Поради тоа што дистрибутивната мре-жа во Западна Македонија испадна од систем имаше струјни удари кои пре-дизвикаа прегорување на осигурачите во самата трафостаница, дефект кој ја остави спортската сала без електрична енергија. Истовремено реагиравме до ЕВН и нивното раководство испрати дежурен електричар да го отклони де-фектот што е уште еден доказ дека тра-фостаницата е во нивна надлежност, вели Велјаноски.Инаку, ЕВН како што дознаваме во текот на првенството се закани дека во целост ќе го прекине напојувањето со електрична енергија, доколку не се подмири заостанатиот долг од 1.400.000 денари направен во послед-ните три години. Како што дознаваме, директорот на новоформираното ЈП за стопанисување со спортски објекти Иван Цветковски успеал да ги серви-сира обврските направени од некол-кумесечното постоење на ова ЈП. На сметката на ЕВН легнаа 463.000 дена-ри, што по се изгледа ја спаси салата од целосен мрак. Од друга страна пак ваквата одлука на ЕВН за исклучување на струјата поради неплатени долгови доаѓа без претходна опомена и даден рок за сервисирање на долговите. Од ЈП «Билјанини извори» најавија дека доколку ЕВН ја прекинеше струјата ќе поднесеа тужба.

Сузана Вренцовска

Page 20: АМАК ПРЕС 102