117
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Унверзитет „Св.Климент Охридски“- Битола Економски факултет - Прилеп ОЦЕНКА НА БИЗНИС АМБИЕНТОТ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА МАЛИ БИЗНИСИ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП -магистерски труд- Изработил: Ментор: Стефана Чепоска 03/13 Проф. д-р Мирослав Гвероски Прилеп јуни, 2017 година

ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

  • Upload
    others

  • View
    37

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Унверзитет „Св.Климент Охридски“- Битола

Економски факултет - Прилеп

ОЦЕНКА НА БИЗНИС АМБИЕНТОТ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА МАЛИ

БИЗНИСИ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП

-магистерски труд-

Изработил: Ментор:

Стефана Чепоска 03/13 Проф. д-р Мирослав Гвероски

Прилеп

јуни, 2017 година

Page 2: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

2

Содржина Вовед .............................................................................................................................................. 3

I Дел ............................................................................................................................................ 6

1. Значење и карактеристики на малите бизниси ...................................................................... 6

1.1. Улогата на малите бизниси во економијата ............................................................... 6

1.2. Карактеристики на малите бизниси ........................................................................... 13

1.3. Форми на малите бизниси ............................................................................................ 17

1.4. Фактори за основање на малиот бизнис .................................................................... 26

II Дел ......................................................................................................................................... 31

2. Значење на амбиентот за развој на малиот бизнис .............................................................. 31

2.1. Создавање на поволна инвестициона клима за започнување со мал бизнис ..... 31

2.2. Општи елементи на бизнис климата .......................................................................... 34

2.3. Избор на локација на малите бизниси ....................................................................... 40

2.4. Финансирање на малите бизниси ............................................................................... 44

2.5. Оценка од меѓународни институции на бизнис климата за развој на малиот

бизнис ....................................................................................................................................... 50

2.6. Информациските технологии како динамички фактори за развој на малите

бизниси .................................................................................................................................... 54

III Дел ....................................................................................................................................... 60

3. Постапка за започнување со малиот бизнис ....................................................................... 60

3.1. Фази и етапи за започнување на малиот бизнис ...................................................... 60

3.2. Елементи на бизнис планот како неопходен документ на претприемачот ........ 69

3.3. Правно-административни услови за започнување на малите бизниси ............. 76

IV Дел ....................................................................................................................................... 82

4. Оценка на бизнис климата во Р. Македонија ....................................................................... 82

4.1. Состојби и перспективи на малите бизниси во Република Македонија ............. 82

4.2. Улогата на малите бизниси во општина Прилеп ..................................................... 88

4.3. Емпириско истражување и резултати од истражувањето ..................................... 92

Заклучок ..................................................................................................................................... 110

Користена литература............................................................................................................... 113

Page 3: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

3

Вовед

Дефинирањето на малите бизниси е формирано на различна основа, но во сушнитна

на исто ниво зависно од територијалната, политичката и економската слобода на државата.

Во основа дефинирањето е диктирано од страна на економски најмоќните сојузни држави

на Америка и Европа, па од таму Европската Унија дефинирањето на малите бизниси го

формира на основен степен кој е задолжителен за сите нејзини земји членки, а истиот

подлежи на дополнито дооформување од страна на самите членки.

Постојат суштествени разлики помеѓу малите и големите претпријатија, што треба да се

имаат предвид кога се зборува за примената на менаџментот. Општо кажано, малите

претпријатија имаат неколку иманентни карактеристики кои произлегуваат од големината.

Така на пример, малите претпријатија имаат мал број на вработени, мал обем на работа, мал

број потрошувачи и претежно дејствуваат на локален пазар. Менаџментот претставува

универзална цивилизациска придобивка, што значи дека еднакво се применува во сите

видови претпријатија, независно од нивната големина.

Меѓутоа примената на менаџментот неможе да биде иста во сите претпријатија кои се

разликуваат во својата големина. За да се објаснат разликите во примената на менаџментот

во големите и малите претпријатија, потребно е да се објаснат дополнителните

карактеристики на малите претпријатија со кои тие се разликуваат од големите.

Тие разлики се следниве: побрзо донесување одлуки, поголема флексибилност,

поголема централизација во одлучувањето, едноставна организациона структура, големо

влијание на сопственикот, директна комункација одгоре-надолу, едноставно формално

планирање, ограничена партиципација на вработените во одлчувањето, помалку нивоа на

менаџмент, краткорочна ориентација во работењето, пократок животен век на

претпријатието, поефикасна координација во работењето, непосредна и поефикасна

контрола во работата.

Најпрепознатлива карактеристика на малиот бизнис се иновациите. Така, малите

бизниси претставуваат до извесен степен природен извор на алтернативен стил на работење

во бирократизираното општество, кој обезбедува вон институционализирани канали на

креативност. Инвенциите и иновациите како на пример: климатизацијата, автоматска

трансмисија, бакелитот, целофанот, хеликоптерот, авио моторите, брзото замрзнување,

Page 4: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

4

стерео звукот, природната боја на телевизорот и многу други биле развиени од страната на

независни иноватори надвор од групите за истражување и развој во големите корпорации.1

Малиот бизнис често е извор на нови материјали, процеси, идеи, услуги и производи, а

големите бизниси се колебливи нив да ги обезбедуваат. Малиот бизнис е принуден да биде

иновативен за да може да обезбеди конкурентност на пазарот. Многу од денешните нови

производи потекнуваат од малиот бизнис. Листата на откриени и донесени нови производи

и идеи на пазарот од страна на малите бизниси е голема независно од комплексноста и

потребните трошоци за истражување.

Малите бизниси претставуваат извор за нови вработувања. Последните истражувања

во САД, Канада и Европа обелодениле дека најголем број нови можности за вработување

биле креирани од малите бизниси.

Овие резултати укажуваат на важниот придонес што тие може да го дадат за

националната економија во време кога новите можности за вработување бележат

зголемување.

Економскиот придонес на малите бизниси се согледува во давањето надеж за поединецот

преку независноста во дејствувањето. Секој кој сонува независност може да основа мал

бизнис. Важноста на малите бизниси за економијата се согледа во нивната независност и

во поддржувањето на конкуренцијата.

Во Македонија, бројот на мали и средни претпријатија особено се зголемил во

периодот од 1990 до крајот на 1993 година, потоа се намалил, а повторно се засилил

по 1996 година. Во 2001 година, како последица на војната, речиси и не се формирале нови

мали и средни претпријатија, но нивната динамика повторно се засилила во 2002 година.

Малите и средни претпријатија имаат повеќе неформална и флексибилна

организациска структура. Тоа резултира со употреба на поедноставени пристапи во

управувањето со деловните активности. Организациските структури, вообичаено, се

формираат во зависност од способностите и интересот на сопственикот-менаџер. Во

денешно време се поголем акцент се става на малите и средни бизниси, кои што опфаќаат

значителен дел од економијата во земјите. Се поголемиот развој и раст на малите

претпријатија е резултат на зголемените мерки за помош за основање и работење на малите

1 William A. Fisher, Leonard Groenevela: “Social Responsibility and small business”, Journal of small business management, vol.14 p 18-19

Page 5: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

5

бизниси. Со воведувањето на поголемиот број на марки за помош за основање на малите

претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал бизнис. За добар

бизнис амбиент и поволна бизнис клима при основањето на мало претпријатие имаат

влијание повеќе фактори. Значењето и влијанието на одредени фактори за започнување со

сопствен бизнис како и општите елементи на бизнис амбиентот, локацијата како и оценката

на одредени меѓународни институции за поволноста на амбиентот за создавање на поволни

услови за започнувње со мал сопствен бизнис се клучните елементи за изработката на мојот

магистерски труд. При самото елаборирање и оценување на бизнис амбиентот клучен

фактор се институциите кои што преку различни параметри вршат оценување на бизнис

амбиентот на економијата на едно подрачје. Добрата оценка за инвестиционата клима значи

и добар амбиент на економијата за почеток со мал бизнис.

При изработката на овај труд ќе се служам со повеќе научни методи и тоа формирани

на две нивоа: обемна расположлива литература и анкетно истражување кое што беше

спроведено преку електронски анкетен прашалник во кој беа поставени повеќе видови на

прашања и тоа: дихотомни прашања кои претставуваат прашања на кои се дава краток

одговор ,,да’’, ,,не’’ или неутрална варијанта од типот ,,незнам’’ или ,,немам мислење’’.,

отворени прашања, каде што испитаникот е слободен да одговори со сопствени зборови на

определено прашање, прашања со мултиплај избор каде што испитаникот има низа на

одговори и може да избере повеќе алтернативни поставени одговори.

Со помош на овој прашалник ќе се добијат одговори на различни прашања кои се

обработени во службата на Google Drive за чување на датотеки и синхронизација од страна

на Google. По добиените резултати извршив табеларно пресметување во Microsoft Excelа

потоа графички ги прикажав во мојот магистерски труд.

Page 6: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

6

I Дел

1. Значење и карактеристики на малите бизниси

1.1. Улогата на малите бизниси во економијата

Малите бизниси се столб на современите пазарни економии. Тие ги претставуваат

индивидуалните способности и вештини со помош на кои збирот на единки – сопственици,

го движат полето на економски раст и развој на една држава како целина. Самата улога на

малиот бизнис и неговото значење за една економија може да се согледа преку влијанието

кое го има малиот бизнис за економијата. Во земји каде што има голем број на претпријатија

кои се од неформален карактер како и микро претпријатија, малите и средни претпријатија

треба да ја претставуваат средината за опсегот на големината, факт кој што објаснува голем

дел од нивната стратешка важност. Во поглед на организационата структура, мали и средни

претпријатија, во просек, се значително повеќе комплицирани, затоа што во голема мера се

вклучени само-вработени лица и лица кои претходно биле вработени во други поголеми

компании.

Политиката на една влада, вклучувајќи ја и даночната политика, може да направи

значителна разлика на тоа колку добро малите и средни претпријатија ја исполнуваат

својата потенцијална улога во придонесот за една здрава економија. Една од значајните

карактеристики за економиите во развој како и за една брзорастечка економија е развојот

на малите и средни претпријатија. Малите и средни претпријатија играат важна улога во

развојот на земјата и тоа главно, со вработување на еден добар број на луѓе.

Според Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој (УНИДО), за земјите

во развој, интеграцијата во глобалната економија преку економска либерализација,

дерегулација и демократизацијата се смета за предност како начин за удар на сиромаштијата

и нееднаквоста. Значајно за овој процес, е развојот на приватниот сектор, во кој малите и

средни претпријатија може да играат централна улога.

Малите и средни бизниси имаат значаен придонес во процесот на транзиција од

земјоделско во индустриски предводени економии така што резултираат со широка лепеза

на можности за обработка на активности кои можат да генерираат одржлив извор на

приходи и подобрување на процесот на развој. Малите и средните претпријатија

Page 7: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

7

претставуваат основа за проширување на системски продуктивната способност. Тие

помагаат во процесот на апсорбирање на продуктивните ресурси на сите нивоа на

економијата и формирање на флексибилен економски систем во кој меѓусебно се поврзани

малите и големи фирми. Ваквите врски се многу важни за привлекување на странски

директни инвестиции (СДИ). Малите и средните претпријатија се главна растечката сила

зад најбрзо растечките економиии, затоа што имаат удел во придонесот за националниот

бруто-домашен производ (БДП), обемот на средствата, диверзификацијата на

производството, како и создавањето на работни места. Постојат голем број на фактори што

влијаат на важноста на малите и средни претпријатија. Прво, малите и средни претпријатија

го зајакнуваат претприемачкиот дух и влијаат врз насочувањето на една економија да се

движи напред. Второ, малите и средни претпријатија најчесто се застапени во најбрзо

растечките под-сектори за извоз, како што се агрономијата, земјоделството и

градежништвото. Трето, тие ги поддржуваат напорите за намалување на сиромаштијата

преку процесот на генерирање на вработувањето. Од социјална гледна точка, мали и средни

претпријатија се поефикасни во распределбата на средствата во споредба со големите

компании.

За економиите кои се во развојот карактеристично е тоа што тие можат да бидат

предводени од страна на малите и средни претпријатија, што не е случај за развиените

економии. Но, сепак поголем дел од институциите кои се формирани за да ја олеснат бизнис

активноста, своите напори ги фокусираат кон големите бизниси, а додека пак малите и

средни претпријатија остануваат заборавени. Малите и средните претпријатија се

карактеристична потпора на секоја економијата.

Во повеќето случаи малите фирми се релативно дискриминирани за разлика од

големите фирми. Големите фирми во поголем дел од случаите можат да се справат и да ги

решат нивните пречки поради поседувањето на моќ, интегритет и финансиска положба.

Малите и средни претпријатија, поради нивната мала големина и како резултат на

особеностите кои ги поседуваат се далеку помалку способни за прилагодување и

извршување на успешен бизнис затоа што во повеќето случаи почетниот притисок на

проектот потекнува од страна на јавните набавки на компанијата.

Исто така, постојат некои скриени но и очигледни пречки на патот кон на развојот

на малите и средните претпријатија. Како најважни се: законот и редот; финансиските

Page 8: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

8

ограничувања; енергетската криза; проблеми во оданочување; недостатокот на

координација и механизми за размена на информации меѓу институциите, и друго. Сепак

треба да се продолжи со еден ефикасен инструмент за прецизни политики и регулаторни

реформи кои може да ги примени за малите и средни претпријатија за подобрување на

економскиот раст и вработувањето. Но во текот на водењето на ефикасните политики може

да дојде до промени, особено во случај на глобализација и степенот на отвореноста на

економиите. Затоа, текот на делувањето на малите и средни претпријатија треба да се

постави за период од долг рок, имајќи го во предвид предвидливото однесување на сите

акционери.

Како позначајни елементи за улогата на малиот бизнис и неговото влијание во една

економија се:

Вработување - Голем број на експерти тврдат дека бројот на мали и средни бизниси

ширум светот го достигнува својот максимум со бројка од 99% од вкупно основаните

претпријатија. Оваа бројка не се однесува само на бројот на активни деловни

субјекти, туку оваа бројка е и показател за цврстината и способноста која ја имаат

малите бизниси во процесот на вработување. Станува збор за бројка од милиони

работни места што овозможува стабилизација и економски просперитет креиран од

можноста за преструктуирање и реорганизирање на невработеноста, како и созавање

услови за подобрена и зголемена конкурентност на пазарот. Во Европа над 99

проценти од сите фирми се мали фирми. Уште повеќе во најголемиот дел од овие

економии малите фирми претставуваат над 60 проценти од вкупното вработување и

над 50 проценти од додадентата вредност. Со ова станува јасно дека малите фирми

се ,,значајниʻʻ. Кога во претходново би го побарале каде се малите бизниси јасно се

гледа дека тие во оваа слика учествуваат со 80%, тие го креираат стопанскиот систем

кој е двигател и клучен фактор за општествен регионален развој.2 Постојаното

вработување во секторот на малиот бизнис и генерирањето на нови иновативни идеи

во бизнисот, се сметаат за совршена комбинација која драстично може да ја промени

економијата во развојот, отколку што истата можат да ја подвижат една или две

големи компании. Размислувањата водат до тоа дека новите бизниси не само што ќе

2 http://www.nfib.com/Portals/0/PDF/AllUsers/research/studies/small-business-problems-priorities-2012-nfib.pdf

Page 9: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

9

создадат нови работни места во локалната заедница, тие исто така со помош на

инвентивноста и иновацијата имаат потенцијал да прераснат во фирми кои можат да

обезбедат нови стотици работни места и да станат индустриски лидери на иднината.

Несомнено малите бизниси се творци на јака работна сила, најголем дел од ,,нето

новите работни места“ се создадени од страна на фирми со помалку од 20 вработени.

Нето новите работни места ни го покажуваат вкупниот број на нови работни места

создадени од страна на фирма start-up и вкупниот број на создадени работни места

намален за бројот на фирми кои се затворени и ликвидирани. Поголем дел од

претприемачите започнуваат како самовработени лица и со тек на време ги

прошируваат своите капацитети по основ на вработување. Голем дел од овие

вработувања произведуваат некаде околу три проценти од вкупната годишна

продажба во државите. Суштинската особина на малите и средни претпријатија се

состои во фактот дека тие претставуваат важен извор на работни места. Во денешно

време две третини од вработувањето, се должи на секторот на мали и средни

претпријатија. Трошоците поврзани со создавањето на работни места во малите или

средни претпријатија се намалени во споредба со оние кои се вклучени во создавање

на работни места кај големите претпријатија. Остварувањето на производи и услуги

со пониски трошоци од големите компании се главните фактори кои ја одредуваат

оваа разлика меѓу малите и средни претпријатија и големите компании како и сѐ

пониските конвенционални трошоци, повисоката продуктивноста на работната сила

во услови на постојано присуство на претприемачи во компанијата. Малите и

средните претпријатија претставуваат фактор за билансот на микро и

макроекономско ниво.

Иновација - Друг важен аспект е фактот дека малите бизниси во поголема мера

генерираат технички иновации за примени во економијата. Многу од работните

места произлегуваат од иновациите и новите откритија кои ќе донесат нови

претприемачки авантури. Малите и средни претпријатија играат голема, активна и

критичка улога во процесот на иновациите и нивната способност да се

инкорпорираат во новите технолошки простори за подобрување на високата

Page 10: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

10

технологија, информациите и мрежите.3 Креативноста на малите претпријатија е

гориво на претприемачкиот дух и економскиот раст. Улогата на малите и средни

претпријатија е светски призната поради нивниот уникатен придонес кон

економскиот развој. И во развиените земји и оние во текот на својот развојот треба

да сфатат дека малите и средни претпријатија и претприемачите играат витална

улога во индустрискиот развој на една земја.

Малите и средните претпријатија се важни речиси за сите земји во светот, а

особено за земјите во развој кои резултираат со големи разлики во приходите помеѓу

богатите и сиромашните, како и големите проблеми со невработеноста. Од друга

страна малите и средни претпријатија претставуваат основа за големите фирми во

иднина затоа што се повеќе и повеќе големи компании започнуваат како мали или

средни претпријатија, така што поради тоа малите и средни претпријатија се важен

чекор за проширување на микро претпријатијата, кои директно и значително

придонесуваат во штедењето и инвестициите на секоја нација, и исто така се

вклучени во развојот на соодветна технологија. Кај оваа група на бизниси се

застапени и иновациите во голем број и со јак потенцијал, малите фирми се големи

иноватори во некои индустрии, додека големите фирми во голем дел од историјата

претставуваат ,,хронологија на персоналните интереси“. Малите бизниси нудат

можност за настап на нови пазари и воведување на нови производи во различни

категории, а при тоа потпомагајќи ги и снабдуваќи ги потребите на големите

компании, па така заедно креирајќи систем на заеднички интереси и планови кои

значително ја подобруваат економската стабилност и сигурност како на локално така

и на државно или меѓународно ниво. Местото кое го имаат малите бизниси во

развојот на техничко - технолошките процеси е неоспорлив. Oвие единки

своевремено допринесуваат многу во развојот на овие процеси, улогата која ја играат

малите бизниси нуди можност на пазарот да се појаваат многу од денешните

мултимилјардерски компании. Да не беа малите бизниси денес немаше да постојат

“Google”, “Apple”… сите тие започнале како мали локални бизниси, а денес се

водачи во секторот на ИТ технологијата.

3 Almeida, Heitor and Murillo Campello, 2002, Financing constraints and investment-cash flow sensitivies: New

research directions, Working paper, New York University and University of Illinois.

Page 11: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

11

Флексибилност - Во услови на постојани промени на економската средина, малите

и средни претпријатија се флексибилни и тие имаат голем капацитет на

прилагодување, поттикнати од ниските димензии и брзиот процесот за донесување

на одлуки. Тие лесно се прилагодуваат на барањата и потребите на потрошувачите,

се со цел да се биде поблиску до пазарот. Малите претпријатија се карактеризираат

со поголема флексибилност во одност на поголемите. Флексибилноста означува

способност на малото претпријатие да ги менува активностите и брзо да реагира на

промените на локалниот пазар. Од друга страна, флексибилноста означува

превземање на брза, корективна акција на веќе донесените одлуки. Флексибилноста

може да се однесува на обемот, цените, асортиманот и слично. Таа може да влијае и

за промена на дејноста на малото претпријатие. Содржински, флексибилноста може

да означува менување на активностите во врска со промените на пазарните услови и

брзо приспособување на капацитетот на промените во побарувачката. Една од

значајните карактеристики на ,,новата економија“ е можноста за движење во

производството. Успехот на голем број компании се гледа во нивната флексибилност

и постојаната интервентност за воведување на нови подобрени и пософистицирани

производи или услуги. Се смета дека малите бизниси се пофлексибилни и затоа

можат подобро да се прилагодат на промените и условите кои ги генерира пазарот.

Производство - Главното и клучно прашање за улогата и значењето на малите и

средни бизниси во една економија произлегува од нивниот удел врз производството,

вработувањето или било која друга агрегатна променлива како и нивното влијанието

за економското работење во секторот на малите и средни претпријатија. За секоја

земја без разлика на кое ниво на развој се наоѓа, потребни се активности кои

вклучуваат економии од обем. Големината на оваа дистрибуција во голема мера е

под влијание на малите и средни претпријатија. Ваквата поставеност исто така може

да биде под влијание и на меѓународната трговија. Важен предизвик за секоја земја

е да осигура значителен дел од производството кој се одвива надвор од секторот на

капитал со што им дава можност на малите и средни претпријатија за одредени

активности во економијата. Постигнувањето на оваа цел е тешко доколку активноста

на малите и средни претпријатија во целина не е поддржана од страна на политиката

на една земја. Оваа цел на еден начин може да се реализира доколку големите фирми,

Page 12: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

12

со одреден договорен дел од нивната работа или дел од одреден процес на нивната

работа се пренесе на помалите и средни претпријатија. Исто така, може да се

реализира со кластери, во која малите фирми меѓусебно соработуваат заедно се со

цел за да се справат со сите оние аспекти на бизнисот, кој навистина се

карактеризира со економии од обем. Со самото спојување на малите и средни

претпријатија може да се постигне масовно решение, што во исто време придонесува

за агресивно решавање на националните работи.

Малите претпријатија како субконтрактори на големите претпријатија - За

големите компании, малите и средните претпријатија претставуваат основата од која

што се формирале односно секоја голема компанија на самиот почеток со

работењето започнала како мал бизнис кој што подоцна прераснал и се проширил во

голем бизнис. Меѓутоа се повеќе големите компании стравуваат од малите бизниси

затоа што со текот на времето малиот бизнис може да прерасне во голем а тоа за

големите компании претставува и дополнителна конкуренција на пазарот со која

треба да се соочат и надминат, што значи малиот бизнис претставува еден вид на

закана за големиот бизнис. За поединци, мали и средни претпријатија често

претставуваат прва работа, односно првиот чекор во кариерата. Тие се, исто така, и

првиот чекор кон светот на претприемачите. За економијата во целост, малите и

средни претпријатија се генератори на нови идеи како и рекламатори за забрзување

на растот врз основа на поефикасна употреба на ресурсите.4 Надворешно влијание

на малите и средни претпријатија се состои во фактот за нивниот придонес во

развојот на една економија. Малите и средни претпријатија служат како мотор на

економскиот раст. Статистиките во речиси сите земји покажуваат дека малите и

средни претпријатија се апсолутно доминантни во економијата, кои претставуваат

повеќе од 99% од сите компании, кои имаат значително влијание за добивањето на

бруто домашниот производ и понудата на работни места.

4 Zaman, G. & Vîlceanu, G. (1999). Coexistenţa întreprinderilor mari şi mici, Tribuna Economică, no. 45, 1999

Page 13: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

13

1.2. Карактеристики на малите бизниси

При споредувањето на малиот и големиот бизнис можат да се утврдат бројни

основни и дополнителни разлики. Основните разлики произлегуваат од големината,

подрачјето на дејствување, менаџментот, организационата структура, пазарот,

финансиските средства и др.

Дополнителните разлики произлегуваат од односите во процесот на работењето.5

Првата разлика се однесува на големината. Иако генерално не постои општо-

прифатена дефиниција за малото претпријатие квантитативните елементи сепак помагаат

во идентификување на разликата помеѓу малото и големото претпријатие. Имено, малото

претпријатие вработува до 50 работници, додека пак големото претпријатие вработува над

250 работници.

Втората разлика произлегува од подрачјето на дејствување. Оваа разлика

произлегува од дефиницијата на малото претпријатие. Имено, подрачјето на дејствување не

треба да биде доминантно.

Тоа има карактер на локално дејствување, од каде што ги набавува потребните ресурси за

работењето. Големото претпријатие дејствува на поголемо подрачје.

Третата разлика произлегува од менаџментот. Станува збор за три аспекти. Според

првиот аспект, сопственикот на мало претпријатие е истовремено и негов менаџер, додека

пак овие односи во едно големо претпријатие се разделени. Постојат случаи во пракса кога

менаџерите се истовремено и сопственици на акции од претпријатието, но сепак не се

сопственици на целиот капитал. Според вториот аспект сопственикот-менаџер на едно мало

претпријатие го управува бизнисот, додека пак кај големото претпријатие постојат органи

на управување како што се собрание на акционери и одбор на директори. Покрај ова во

големото претпријатие постојат и други стручни служби кои помагаат во одлучувањето.

Според третиот аспект тенденцијата е во почетната фаза од развојот на малото претпријатие

да се создаде менаџмент на една личност. Во таков случај, сопственикот има општи знаења,

а не специјализирани. Со такви знаења, тој е ставен во позиција да донесува погрешни

одлуки и да придонесува за неуспех или за пропаѓање на малото претпријатие.

5 Feliciano R.Fajardo, Menagement, Philippine Copyright, Rex Book Store, Inc., 1997, p. 61

Page 14: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

14

Четвртата разлика произлегува од организациската структура на претпријатието.

Малото претпријатие обично има едноставна организациска структура која ја сочинуваат

сопственикот-менаџер и работниците. Големото претпријатие обично има сложена

организациска структура која може да биде: бирократска, матрична, линиска, линиско-

штабна, проектна, функционална и слично. Таквата организациска структура на

сопственикот му овозможува непосредна комуникација, заснована на пократки канали на

комуникација, и таа обично е вертикална. Кај големите претпријатија постои индиректна

комуникација со повеќе посредници, каналите може да бидат хоризонтални, вертикални и

дијагонални, а каналите на комуникација се подолги.

Петтата разлика произлегува од пазарот. Малото претпријатие своите производи-

услуги ги нуди на локален и мал пазар по обем. Оттука произлегува и малиот број на

потрошувачи, корисници на производот-услугата. Големото претпријатие обично има

голем пазар на кој ги нуди своите производи-услуги.

Шестата разлика произлегува од финансиските средства. Капиталот на малото

претпријатие му припаѓа претежно на сопственикот. Тој ги ангажира сопствените фондови

за основање и за работа на малото претпријатие. Капиталот во големото претпријатие не се

наоѓа во сопственост на еден или на неколку сопственици туку на поголем број на акцонери.

Поради големите разлики помеѓу малите и големите бизниси произлегуваат и

суштествени карактеристики на малите претпријатија. Препознатлива карактеристика за

малите бизниси се иновациите затоа што често пати во секојдневието токму малите

претпријатија се извор на нови материјали, процеси, идеи, услуги и производи се со цел да

бидат што поконкурентни на пазарот. Малите претпријатија го претставуваат центарот на

иновациите и инвенциите за големите претпријатија. Малите претпријатија располагаат со

претприемачки дух затоа што сопствениците на малите претпријатија имаат доста голема

мотивација, желба за успех и оптимизам. Располагаат со ограничени вештини на

управување, затоа што менаџментот во голема мера вклучува планирање, организирање,

раководење и контрола во поглед на активностите на самиот бизнис. Самите сопственици

на малите бизниси поседуваат одредени вештини за управување со финансиите,

продажбата, маркетингот, производството и сл. Поголем дел од малите бизниси располагаат

со ограничени средства, и многу често имаат потреба од финансирање, што резултира

сопствениците на малите претпријатија да посегнат по заеми за да може нивниот бизнис да

Page 15: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

15

опстои на пазарот. Поради ниската профитабилност што ја имаат малите бизниси, плаќаат

и ниска стапка на придонеси за даноци. Нивниот придонес се остварува преку данок за

плата и даноци за потрошувачка на стоки и услуги што се купуваат и продаваат. Поголем

дел од малите бизниси немаат сила и добар квалитет на производите за да можат да се

соочат со конкуренцијата на пазарот така што имаат ограничена трговија во рамките на

конкурентните пазари, каде што цените се под притисок, бариерите за влез се ниски, а

стапката на неуспех е висока. Причините за науспех обично се лошото управување или

недостатокот на финансиски или материјални средства. Поседувањето како и раководењето

со мал бизнис е мошне поволно, исплатливо и благородно на психолошка основа на

сопственикот кој е одговорен за успехот на својот бизнис кој се должи на правилно

однесени одлуки во правиот момент од раководењето со бизнисот.6

Малото претпријатие има карактеристики кои се лесно препознатливи. Овие

карактеристики произлегуваат од самото работење на малите бизниси. Како позначајни

карактеристики на малите бизниси можат да се издвојат: непосредноста во деловните

односи односно, сопственикот-менаџер има блиски интерни односи со вработените и

непосредни, екстерни односи со потрошувачите, доставувачите и банките. Кај малите

бизниси е застапен менаџментот на една личност. Во почетната фаза од развојот преку

формата на организирање позната како единствен сопственик, малото претпријатие

спроведува менаџмент на една личност. Таквите сопственици-менаџери имаат општи

познавања, располагаат со неограничен авторитет и со одговорност во управувањето. Исто

така сопствениците-менаџери на мали претпријатија ги донесуваат сите стратегиски и

тактички одлуки поврзани со работењето. Малите бизниси располагаат со ограничен обртен

капитал. За сопствениците на мали претпријатија, во почетната фаза од развојот,

карактеристични се ограничени финансиски средства. Станува збор за ограничени обртни

средства за одржување на опремата, за финансирање на набавка на суровини, за

финансирање на залихите и слично. Малите претпријатија се карактеризираат со

независност. Нивните сопственици уживаат во автономијата која им овозможува да дојдат

до израз иницијативата, инвентивноста, иновацијата и амбицијата. Сопствениците на

малите претпријатија можат повеќе да се посветат кон потрошувачите и своето внимание

6 http://www.examiner.com/article/characheristics-of-a-small-business

Page 16: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

16

да го насочат кон исполнување на потребите на потрошувачите. Самата комуникација

помеѓу потрошувачите и сопствениците на малите претпријатија е директна односно тоа

значи дека постојат кратки канали на комуникација. Во процесот на комуницирање не

постојат и трети лица како што се добавувачите, промоторите и слично за да се изврши

самиот процес на комуницирање. Кај малите претпријатија сопствениците имаат

непосредни односи со вработените односно имаат директен контакт на комуникација, што

значи дека процесот на договарање е лесен и едноставен. Самите сопственици кај малите

претпријатија можат да извршат специјализација на производите и услугите кои ги нудат,

поради тоа што се во директен контакт со потрошувачите и ги знаат потребите на

потрошувачите на пазарот. Најчесто сопствениците на малите претпријатија се и

самовработени па поради тоа лично го познаваат пазарот и ја знаат потребата за пласирање

на одредени производи за задоволување на потребите на потрошувачите. Кај малите

претпријатија при процесот на работење постојат ниски вкупни трошоци. Како друга

значајна карактеристика на малите претпријатија е едноставноста на процесот при

влегување и излегување од бизнисот, односно самиот процес на формирање и започнување

на бизнисот е лесен и едноставен како и неговото затворање.7

7 Kenneth R. Van Voorhis Entrepreneurship and small business management, Allyn and Bacon, Inc. p 16

Page 17: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

17

1.3. Форми на малите бизниси

Најчесто во современото општество при изборот на формата на малиот бизнис

влијание имаат повеќе фактори. Сопствениците на малите претпријатија често пати се

среќаваат со дилеми како да настапат на новиот пазар се со цел својот бизнис да го

претстават во најдобро светло. Поради тоа при формирањето и основањето на малиот

бизнис добро треба да се размисли која форма на мал бизнис да биде избрана. Како основни

фактори кои влијаат врз изборот на формата на малиот бизнис се:

Финансиските планови и почетниот капитал со кој се располага, затоа што мал дел на

претпријатија се финансирани од сопствени средства. Поголем дел од малите претпријатија

се финансираат најчесто преку заеми. Основачите на претпријатија најчесто имаат потреба

од дополнителен капитал, поради што кредиторите повеќе посакуваат форма на

партнерство одколку корпоративна форма. Поради овие причини и финансиските интереси

инвеститорите можат да влијаат врз изборот на формата на малиот бизнис. Даноците и

владината регулатива каде што на почетокот сопствениците-менаџери намаат поголеми

проблеми, меѓутоа подоцна со текот на работењето даноците и владината регулатива се

сериозен проблем за текот на работењето на малиот бизнис. Искористувањето на

различните ресурси, производи, време и пари можат да бидат комбинирани на различни

начини во различни услови. Франшизата, договорите, сопствеништвото можат на

најразличен начин да влијаат врз сопственикот за промена на формата на организација за

извршување на деловните активности. Менување на обврските и погодностите на

сопствениците – менаџерите. Сопствениците – менаџери се оние кои треба да размислат за

иднината на малиот бизнис односно дали таа иднина ќе зависи само од нивните самостојни

одлуки или одлуките ќе ги донесуваат заедно со други менаџери. Поради тоа следствено е

и да зависи и изборот на формата на малиот бизнис. Поради раст, експанзија, интеграција и

продажба. Важноста на овие аспекти со текот на работењето на малиот бизнис се зголемува

и поради тоа тие претставуваат една од главните причини за промена на формата на малиот

бизнис.

Како основни форми на малите бизниси се единствен сопственик, партнерство и

корпорација. Покрај овие форми на мали бизниси постојат и други форми и тоа: заеднички

Page 18: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

18

вложувања, S корпорација, деловен труст, компанија со ограничена одговорност и

кооператива.

Табела број 1. Форми на организација на малите претпријатија

Единствен сопственик, трговец поединец или самостоен трговецае вид на деловен

субјект кој е во сопственост и ееуправуван од страна на еден поединец, каде не постои

законска разлика помеѓу сопственикот и бизнисот. Целиот приход оди кај сопственикот

(подлежи на оданочување соодветно на бизнисот) и има неограничена одговорност за сите

загуби и долгови. Целиот имотуна бизнисот го поседува сопственикот и сите долгови се

негови. Ова значи дека сопственикот нема помала одговорност иако дејствува како

индивидуа, а не како фирма. Единствената сопственост e спротивна на партнерствата. Еден

Неактивен партнер

Номинален партнер

Таен партнер

Тивок партнер

Општи партнери

LLC компанија

Деловен труст

S корпорација

C корпорација

Единствен

сопственик Партнерство

Основни форми на

организација

Корпорација

Ограничени партнери

Page 19: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

19

трговец поединец може да користи заштитно име различно од неговото или нејзиното

законско име по поднесување изјава за вршење на дејност до локалните власти. Кај овој вид

на мал бизнис постои едноставна организациска структура односно комуникацијата е

сведена помеѓу двајца субјекти, а тоа е однос на единствен сопственик и вработени како и

централизиран авторитет, моќ и одлучување.

Вториот вид на форма на мал бизнис е партнерството кое што може да биде

партнерство во сопственост од двајца или повеќе поединци. Кај секое партнерство мора да

постои еден општ партнер. Распределбата на капиталот на претпријатието не мора да биде

еквивалентно распределено на сите поединци во партнерството, затоа што некои поединци

може да располагаат со поголем дел од капиталот на бизнисот, а некои со помал дел.

Партнерството е доброволно здружение помеѓу двајца или повеќе сопственици на бизнисот.

Иако повеќето бизнис партнерства се формирани по желба, малкумина од нив преживуваат

со текот на времето. Многу често сме сведоци на бизнис партнерства кои едноставно не

функционираат. Најчести причини за основање на партнерствата се потребата од

дополнителни финансиски средства или комбинирањето на знаењето, искуството и

ресурсите што двете страни ги имаат со цел да се постигне т.н. синергиски ефект, според

кој резултатите што двете страни би ги постигнале доколку работат заедно би биле многу

подобри во споредба со резултатите постигнати доколку двете страни работат самостојно.

Честа причина за влегување во партнерство е и неспособноста или стравот кај

претприемачите за превземање на целосна одговорност при водењето на сопствен бизнис.

Затоа постојат и одредени начини за решавање на проблемите со кои се соочуваат

партнерствата. Дури и сите страни да имаат инвестирано подеднакво во компанијата, во

нејзиниот развој и краен успех, често се појавува причина што ќе ги вознемири односите на

партнерите. Во основата на такво сценарио е тоа дека партнерите не ја делат истата визија

за иднината на фирмата или за нејзиното управување. Има еден голем недостаток во бизнис

партнерството како целина и тој може да се формулира како „разлики во приоритетите“.

Партнерството може правно да биде оформено како партнерство или како корпорација. И

во двата случаеви двете страни имаат свои права и обврски. Пред да се започне со планови

за измена на договорот, треба да се консултира адвокат околу ограничувањата кои се

наметнати со договорот. Добро е да се знаат ограничувањата пред да се почне со

планирањето. По консултациите, адвокатот ја ревидира листата на улоги и обврски.

Page 20: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

20

Некогаш не е толку важно што партнерот бара од партнерството, туку дали партнерот ќе

помогне да се реализираат плановите што сами како единки не може да ги исполнат поголем

дел од сопствениците. Партнерот има сопствен интерес, но неговиот интерес не треба да

влијае врз одлуките. Всушност, партнерот има улога на некој што ќе помогне да се остварат

интересите. Не треба да се преокупирате со интересите на партнерот, се додека неговите

интереси се дел од законската регулатива. Не дозволувајте нерегуларности и криминал, но

во исто време не се преокупирајте со туѓите интереси. Потребно е да се направи план за

начинот на кој ќе се исполнуваат бизнис цели и да се биде спремен во секој момент да може

да му се презентира овој план на партнерот. Планот може да биде и напуштање на

партнерството и индивидуален настап на пазарот или целосно напуштање на бизнисот. Во

тој случај потребно е да се наведат и причините поради кои се одлучило на ваков чекор.

Најчесто луѓето влегуваат во партнерство како пријатели и излегуваат како непријатели.

Успешните менаџери не прават такви грешки. Всушност, на сите треба да ни биде јасно

дека секој кој влегува во партнерство си има свои интереси. Во деловниот свет нема

солидарност. Никој нема да влезе во партнерство, доколку не гледа ниеден начин на кој би

можел да искористи. Затоа треба да се биде свесен дека личниот интерес секогаш ќе

преовладува над заедничкиот, па затоа нема потреба од тензии и непријателски чекори.

Затоа најдобро е да се влезе во партнерство како пријател и да се излезе како уште подобар

пријател. Доколку се наведат оправдани и економско-исплатливи причини за истапување

од партнерството, тогаш никој нема да се налути. Можеби во иднина повторно може да

постои интерес за воспоставување на партнерство со истите луѓе. Партнерството не е само

прибирање на дополнителни средства за финансирање или искористување на машини на

партнерот. Партнерите се одличен извор на нови идеи. Заедничкото искуство лесно може

да генерира нови решенија за потребите на клиентите. Покрај ова, честите средби и

разговори со партнерите резултираат со значаен фидбек за досегашната работа. Често

постојат и задоволни, но и незадоволни партнери. Проблемите се решаваат со интелигентни

разговори за причините кои ги предизвикале и начините на кои истите можат да се

пребродат. Доколку очекувањата не се исполниле, доколку само еден од партнерите ги

извршува сите обврски, а другиот партнер е несериозен, тогаш мора да се биде подготвен

за промена на бизнис формата. Во овој случај постојат повеќе опции. Може истовремено да

Page 21: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

21

се истапи од партнерството и од бизнисот, и да се продаде уделот на сегашниот партнер или

да се купи неговиот удел и самостојно да се продолжи со работа.

Партнерството се формализира со договор пред започнување со заедничкиот

бизнис. Во договорот се определуваат правата и должностите на бизнис партнерите како

што се: поделбата на профитот или загубата, износот од вложувањата на секој од

партнерите, датумот на формирањето на партнерството, адресите и имињата на партнерите

како и условите на раскинување на партнерствата. Постојат две општи категории на

партнери во партнерствата и тоа: општи партнери и ограничени партнери. Општите

партнери имаат неограничена одговорност во работењето на претпријатието, а додека пак

ограничените партнери имаат ограничена одговорност за висината на инвестираниот

капитал на претпријатието. Карактеристика на ограничените партнери е тоа што постојат

четири видови на ограничени партнери и тоа: таен, тивок, неактивен и номинален партнер.

Тајниот ограничен партнер има активна улога во управувањето на бизнисот, меѓутоа

неговиот идентитет е анонимен односно не е познат за јавноста. Доколку неговиот

идентитет биде откриен тогаш тој станува општ партнер. Тивкиот ограничен партнер е

познат за јавноста, меѓутоа не е активно вклучен во процесот на управување со бизнисот.

Неактивниот ограничен партнер е партнер кој не е познат за јавноста и не е активен во

процесот на одлучување за управување со бизнисот. Номиналниот ограничен партнер е

партнер само по име односно позната личност. Овој вид на партнер не инвестира пари во

претпријатието и не учествува во менаџментот.

Третиот вид на форма на мал бизнис ни претставува коропрацијата која е вештачки

ентитет и е создадена со договор меѓу државата и три или повеќе сопственици.

Корпорација е бизнис здружение, пријавено како посебен правен субјект со свои

овластувања и обврски кои се разликуваат од оние на нејзините членови. Постојат многу

различни форми на корпорации, од кои повеќето се користат за водење бизнис. Важна (но

не и општа) карактеристика на една корпорација е ограничената одговорност. Ако една

корпорација пропадне, акционерите единствено ризикуваат да ги изгубат своите

инвестиции, вработените да ги изгубат своите работни места, но никој не е одговорен за

долговите на доверителите на акционерското друштво.

Page 22: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

22

Иако не се физички лица, според законот, корпорациите имаат права и обврски како

физички лица. Корпорациите можат да ги користат човековите права против индивидуи и

државата, и се често одговорни за повреда на човековите права. Исто како што се ,,раѓаатʻʻ,

преку добивање дозвола за основање на нејзините членови, така можат и да ,,умратʻʻ со

,,распуштањеʻʻ на истите со законска постапка, судски налог или доброволно, од страна на

акционерите на корпорацијата. Стечај може да води кон ,,смртʻʻ на корпорацијата кога

доверителите, со помош на судски налог, бараат ликвидација и распуштање на

корпорацијата, но најчесто резултира со преструктуирање на истите. Корпорациите дури

можат да бидат осудувани за кривични дела, како што се измама и убиство. 8

Покрај основниот вид на корпорација кој уште е наречен и C - копрорација, постојат и други

видови на корпорација и тоа:

S - корпорација9 која настанува кога корпоративната форма на организација на малите

претпријатија се трансформира во S – корпорација, со согласност на сите акционери. Се

формира со согласност на сите акционери и со полноважечка одлука да не плаќа

корпоративен данок на доход туку акционерите да плаќаат персонален данок на доход.

Компанијата со ограничена одговорност10 е најновата форма на организација на малиот

бизнис. За разлика од партнерство или трговец поединец, акционерите на современата

деловна корпорација има ,,ограниченаʻʻ одговорност за долговите и обврските на

корпорацијата. Како резултат на тоа, нивните загуби не можат да го надминат износот кој

го вложиле во корпорацијата во вид на заеми или акции. Ова им овозможува на

корпорациите да ги ,,социјализираат нивните трошоциʻʻ во полза на акционерите; да се

социјализира трошок значи тој да се прошири и во општеството како целина. Економскиот

мотив за ова е што се овозможува анонимно тргување со акциите на корпорацијата, преку

елиминирње на доверителите како акционери при таква трансакција. Без ограничена

одговорност, доверителот најверојатно не би дозволил некоја акција да биде продадена на

купувачот кој е кредитоспособен, барем онолку колку што е продавачот. Понатаму,

ограничената одговорност им овозможува на корпорациите да подигнуваат големи

8https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%86%D

0%B8%D1%98%D0%B0

9 Subchapter S corporation (tax-option corporation)

10 Limited Liability Company - LLC

Page 23: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

23

количини на финансии за нивните претпријатија преку комбинирање на средства од повеќе

сопственици на акции. Ограничената одговорност го намалува износот кој акционерот може

да го изгуби во една компанија. Ова ги привлекува потенцијалните акционери, а со тоа се

зголемува како бројот на заинтересирани акционери, така и сумата што сакаат да ја

инвестираат.

Покрај основните форми на мал бизнис постојат и други форми. Во оваа група на други

форми на малиот бизнис спаѓаат:

Заеднички вложувања што претставува форма на малиот бизнис каде што е

создадено со здружување на неколку партнери кои своето работење го насочуваат

на специјализирано подрачје.

Деловниот труст е форма на мал бизнис каде што една личност е назначена да

управува со работењето на бизнисот преку труст – односи.

Кооператива е форма на мал бизнис во сопственост на патрони (производители,

потрошувачи, трговија на мало, големопродажба) која работи во нивна корист и ги

користи нивните услуги.

Изборот на соодветна форма на организација на мало претпријатие зависи од аспект на

основањето на малите претпријатија, големината на капиталот со кој тие располагаат

како и расположивиот капитал за раст и експанзија, контролата во претпријатието,

распределбата во профитот, одговорноста, правните ограничувања и можноста.

Од аспект на основањето на малите претпријатија, формата на единствен сопственик

најбрзо и неједноставно се основа во споредба со формата на партнерство и корпорација.

Додека кај партнерството и корпорацијата постојат правни услови кои треба да бидат

исполнети за да истите се основаат во смисла на одредени договори за партнерство

односно договор за основање на корпорација. Кај формата единствен сопственик

потребно е да постои интерес за основање на мало претпријатие или со други зборови

кажано лесно се влегува во бизнисот што претставува главна предност на оваа

организациска структура.

Од аспект на расположливиот капитал за основање на мало претпријатие оваа

организациска форма има ограничен и помал капитал во споредба со партнерството и

корпорацијата. Ограничениот капитал ја ограничува можноста за привлекување на

Page 24: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

24

капитал од други извори односно за обезбедување на дополнителен капитал од различни

фондови, банки и слично. Кај партнерството можноста за зголемување на капиталот е

ограничена во споредба со копропацијата, но во споредба со единствениот сопственик

постои можност за зголемување на капиталот од различни фондови. Кај корпорацијата

можноста за зголемување на капиталот претставува предност што оваа организациска

форма ја има во однос на другите форми.

Од аспект на соственоста кај единствениот сопственик како форма на организација

сопственоста припаѓа на една индивидуа за разлика од партнерството каде сопственоста

е поделена меѓу партнерите, а додека пак кај корпорацијата сопственоста припаѓа на

акционерите. Видот на сопственост ја определува и одговорноста која постои кај малите

претпријатија. Единствениот сопственик покрај со имотот на претпријатието одговара

и со целиот личен имот за разлика од партнерството каде партнерите одговараат само

до висината на износот на вложувањата, а кај корпорацијата ограничената одговорност

претставува главна предност односно акционерите одговараат во висината на капиталот

кој е инвестиран во акции во карпорацијата.

Од аспект на остварениот профит од работењето кај единствениот сопственик во

целост припаѓа на сопственикот, а додека пак кај партнерството профитот се дели

помеѓу партнерите во согласност со износот на вложените средства, а кај корпорацијата

профитот се дели помеѓу акционерите во согласност со износот на инвестиран капитал

во акции. Промената на сопственоста наједноставно се спроведува кај единствениот

сопственик и корпорацијата за разлика од партнерството каде преносот на сопственост

не е едноставен процес и истиот е предвиден со склучениот договор за партнерство.

Континуираноста во работењето кај единствениот сопоственик зависи од интересот и

волјата на сопственикот а во одредени ситуации од некои лични состојби на

сопственикот како ненадејна болест или смрт. Кај партнерството континуитетот во

работата зависи од општите партнери. Ако се повлече еден општ партнер од работа

тогаш партнерството може да престане. Кај корпорациите не постојат препреки во однос

на континуитетот на работењето односно корпорацијата може да постои неограничено.

Во однос на трошоците за основање на мало претпријатие, корпоративната

организациона структура претставува најскапата организациона структура во споредба

Page 25: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

25

со формите на единствен сопственик и партнерство од причина што за основање на

корпорација потребно е да се обезбедат средства за членарина и средства за издавање на

лиценца за работа. Трошоците за членарина и средства за издавање на лиценца за работа

како почетни трошоци не постојат кај останатите организационите форми.

Од аспект на можноста за раст и развој, организационата форма на единствен

сопственик има ограничена можност за раст од причини што можноста за зголемување

на капиталот е ограничена и развојот на претпријатието зависи од остварениот профит

и одлуката на сопственикот истиот да го реинвестира. Кај партнерството постои подобра

можност за раст и развој спредено со единствениот сопственик, но во споредба со

корпоративната организациона структура можноста за раст и развој е ограничена во

висина на капиталот. Корпорацијата има најголема можност за зголемување на

капиталот. Управувањето кај трите организациони форми е различно. Кај единствениот

сопственик, сопственикот истовремено е и менаџер. Кај партнерството за управувањето

одговорни се партнерите а кај корпорацијата управувањето го вршат менаџерите кои се

независни од сопственоста а се одговорни пред сопствениците – акционерите за

успешно управување со корпорацијата.

Page 26: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

26

1.4. Фактори за основање на малиот бизнис

Факторите кои што влијаат врз почетокот и основањето на малиот бизнис се делат

на две групи фактори кои што имаат интерен карактер и фактори кои што имаат екстерен

карактер.

Табела број 2. Фактори за основање мал бизнис11

11 http://www.arihantbooks.com/chapterdownloads/D530.pdf

Интерни вијанија

-мотивите на сопственикот

-лични обележја

-техничко знаење

-менаџмент компетентност,

посебно во

-маркетинг

-финансии

-управување со луѓето

Екстерни влијанија

Макторокружување

-политичко

-економско

-социјално

-технолошко

Микроокружување

-локална економија

-пазар

-конкуренти

-потрошувачи

Веројатност за формирање и опстанок на мали претпријатија

Page 27: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

27

Факторите кои што имаат интерен карактер и кои влијаат врз формирањето т.е.

основањето на малиот бизнис се:12

Мотивите на сопственикот – Сопствениците најчесто се ентузијасти и

оптимистички ориентирани кон иднината и веруваат дека можат да бидат успешни

и се подготвени да ги ризикуваат своите ресурси во извршување на профит.

Сопствениците имаат високо ниво на енергија и понекогаш се нетрпеливи и секогаш

размислуваат за нивниот бизнис и како да се зголеми нивниот удел на пазарот,

притоа насочувајќи ја својата мотивираност да се направи ова, и да се остане

мотивиран за подолг временски период зависи само од сопственикот.

Личните обележја – Сопствениците честопати не ги нагласуваат своите лични

обележја како што се комуникациската вештина, човечката вештина, концепциската

вештина и техничката вештина иако имаат пресудно значење за формирањето на

малиот бизнис.

Техничкото знаење - Кога станува збор за технички вештини, тогаш не се мисли

само на инженерската техника, туку на сите знаења потребни за функционирање на

компанија. Техничките знаења опфаќаат: технички и технолошки знаења, познавање

на право, финансии, маркетинг, сметководство, кадровско, односи со купувачи.

Потребно е да се поседува знаење за методите, техниките и опремата коишто се

неопходни за извршување на работните задачи. Сопствениците се обидуваат на

почетокот од работењето сами да применат голем број од наведените технички

знаења, но кога компанијата ќе порасне тие се принудени да побараат помош од

одредени специјалисти. Овие знаења се добиваат со искуство или со образование и

потребно е непрекинато да се усовршуват и прошируваат, бидејќи општото ниво на

знаење секојдневно расте.

Компетентност на менаџментот во маркетингот – Претставува колку

сопствениците односно менаџерите на малиот бизнис се ангажираат да го

промовираат свој бизнис односно својата дејност со која работат и заработуваат за

живот, затоа што мал дел од сопствениците на малиот бизнис го насочуваат своето

12 http://www.arihantbooks.com/chapterdownloads/D530.pdf

Page 28: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

28

внимание кон рекламирање на својот бизнис, затоа што не располагаат со доволно

финансии.

Компетентноста на менаџментот во финансиите – Најчесто сопствениците на мал

бизнис се и вработени во својот бизнис, односно тие се што заработуваат е за нив,

што значи дека изворите со кои се финансира нивниот бизнис всушност се нивните

лични извори на финансирање, а доколку немаат сопствени извори на финансирање,

сопствениците на малите бизниси позајмуваат најразлични финасиски средства за да

можат да го продолжат животниот век на својот бизнис.

Компетентност на менаџментот на управување со луѓе – Целта е што повеќе

сопственикот на малиот бизнис да привлече потрошувачи. Меѓутоа секогаш секој

менаџер односно сопственик треба да има јасна цел и идеја како да привлече повеќе

потрошувачи за да оствари профит.

Факторите кои што имаат екстерен карактер се фактори на општото окружување и фактори

на посебното окружување и имаат влијаат врз формирањето т.е. основањето на малиот

бизнис се:

Политичко подрачје - Оваа подрачје се базира на законските и подзаконските акти

донесени од страна на законодавните домови на една држава како и прописи од

страна на владите. Политичкото подрачје може да се состои од законодавството,

стабилност на владата, штрајкови, политички состојби во соседните земји, начин на

оданочување итн. Законодавецот донесува закони кои што индивидуалците, групите

и организациите мора да ги почитуваат, бидејќи доколку не ги почитуваат може да

сносат одредени последици. Тие закони имаат различно влијание на бизнисот. Без

разлика дали се добри или лоши тие мора да се почитуваат. Политичката состојба во

некоја земја има влијание на бизнисот доколку таа ги извезува своите производи во

таа земја. Стабилност на влада во одредена земја влијае на бизнисот доколку тој

бизнис има учество со своите производи во таа земја или пак доколку одлучи да

инвестира во нов погон во истата земја. Начинот на оданочување е доста значаен

фактор за еден бизнис кој што може да влијае во однос на нивото на инвестиции во

една земја.

Page 29: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

29

Економско подрачје - Во оваа подрачје спаѓаат конкуренти, добавувачи, каматни

стапки, стапка на невработеност, приходи на населението, кредитна политика, бруто

општествен производ, инфлација, степен на меѓународна размена и многу други

фактори кои влијаат на бизнисот. Влијанието на конкурентите на работењето на еден

бизнис е многу значајно. Воведување на нов производ од страна на конкуренцијата

бара соодветно реагирање од страна на бизнисот и претприемачот. Добавувачите

исто како и конкурентите имаа големо влијание врз работењето на бизнисите преку

можноста истите да ги исполнат барањата на бизнисот како и навремена и точна

испорака на репроматеријалот потребен за производство. Кредитната политика и

каматните стапки на банките имаат големо влијание врз бизнисот во однос на

расположивоста на финансиски средства кој може да биде потребен за одредени

инвестициони потфати. Стапката на невработеност ја дава структурата на

распложливиот кадар кој би можел да се најде на пазарот на трудот. Доколку е мала

стапката на невработеност бизнисот има помал избор во однос на обезбедување на

квалитетно обучена работна сила и обратно при поголема стапка на невработеност

поголема е можноста за избор и привлекување на работна сила за бизнисот. Приходи

на населението се значаен фактор за секоја организација. Тие ја отсликуваат

куповната моќ на населението од пазарот каде учествува еден бизнис. Бруто

домашниот производ и инфлацијата влијае на способноста на бизнисот да ги

обезбеди потребните ресурси.

Социјално подрачје - Ова подрачје е составено од вредности, навики/традиција,

норми, ставови, и демографски карактеристики на луѓето. Секое општество има

сопствени вредности и ставови кои може да се разликуваат врз основа на регионот,

етничката основа, населението итн. Овие вредности и ставови можат различно да

влијаат на работењето на бизнисот. На пример, ставовите на луѓето кон загадувањето

може да имаат влијание врз бизнисот во однос на тоа дали да се инсталира системи

за заштита на животната средина или не. Нормите претставуваат стандарди на

однесување прифатени од општеството кои се разликуваат од едно до друго

општество. Секое општество има одредени навики во однесувањето кои се резултат

на историјата на одредено општество. Навиките на луѓето влијаат на работењето на

организацијата со тоа што доколку се работи за потрошувачи тие навики може да

Page 30: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

30

влијаат на начинот на консумација на производот, навики да користат други

производи (супститути) итн. Демографските фактори се составени од старосната

структура на населението, полот, составот на работна сила, нивото на едукација,

работни вештини на населението и други карактеристики на истите. Овие фактори

влијаат на работењето на бизнисот со тоа што даваат прецизна слика на новите

пазари или пак инвестирање во нови погони од страна на организацијата.

Технолошко подрачје - Технологијата претставува примена на знаење, методи,

техники и средства со кои еден бизнис го трансформира влезот во излез. Тука

најважен фактор е иновацијата или развој на нови процеси, производи или услуги.

Стапката на влијание на технологијата како екстерно опкружување врз бизнисот

варира од индустрија до индустрија. На пример, влијанието на технологијата на

информациската индустрија е многу поголемо во однос на влијанието на било која

индустриска гранка.13

Локална економија – Всушност ја претставува економијата на локално ниво

односно економијата во градот односно околината на дејствување.

Пазарот – Има пресудно влијание за основањето и развојот на малиот бизнис. Колку

пазарот е поразвиен толку е и потежок развојот на новиот мал бизнис. Релацијата

помеѓу пазарот и малиот бизнис е обратно пропорционална развиен пазар –

потешкотии на малиот бизнис за развој, помалку развиен пазар – подобра можност

за раст на малиот бизнис.

Конкуренти – Се едни од најзначајните за основањето на малиот бизнис, затоа што

доколку постојат повеќе конкуренти во областа со која што се сака да се започне со

работа може да биде доста тешко. Конкурентите често пати ја коваат и судбината на

малиот бизнис.

Потрошувачи – Во денешно време доста е тешко да се одреди вкусот на

потрошувачите, меѓутоа малите бизниси се поблиски со потрошувачите и на секој

потрошувач (голем или мал) можат да му посветат посебно внимание при

услужување што претставува голема предност.

13 http://www.pretpriemac.com/kako-da-se-spravite-so-prekini/

Page 31: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

31

II Дел

2. Значење на амбиентот за развој на малиот бизнис

2.1. Создавање на поволна инвестициона клима за започнување со

мал бизнис

Секојдневно, фирмите од целиот свет се соочуваат со значајни одлуки. Локална

компанија често размислува дали своето производство да го прошири со нова производна

линија и да вработи повеќе работници. Мултинационална компанија се стреми своите

алтернативни локации да ги насочи и ориентира кон објекти надвор од границите на својата

земја за да може да оствари глобалното производство. Одлуките на бизнисите имаат

значајни импликации за раст на економијата и за намалување на сиромаштијата. Нивните

одлуки во голема мера зависат од начинот на кој владата ги спроведува своите политики и

ја обликува инвестиционата клима во тие локации. Добрата инвестициона клима обезбедува

можности и стимулации за фирмите од микро на мултинационалните компании да

инвестираат продуктивно, да создадат работни места, и да се прошират. Инвестиционата

клима на тој начин игра централна улога во растот на економијата и намалување на

сиромаштијата. Земјите со релативно ниско ниво на странски директни инвестиции може

значително да го зголемат нивнато учество на странските директни инвестиции со

заеднички напори за подобрување на деловната клима.

Не постои прецизна дефиницијата за бизнис односно инвестициона клима. Светската

банка ја дефинира бизнис и инвестиционата клима, како можност и иницијатива на фирмите

да инвестираат продуктивно, да креираат нови работни места, како и да се прошируваат.

Бизнис инвестиционата клима служи како рамка кој им овозможува на странските и

домашните компании да водат бизнис и да остваруваат профит во дадена земја.

Инвестициската клима може да биде определена и дефинирана од страна на три широки

групи на варијабли:14

макроекономски политики, како што се: фискална, монетарна и трговска политика;

управување и институции; и

14 https://openknowledge.worldbank.org/handle/10986/20335

Page 32: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

32

инфраструктура.

Бизнис инвестициската клима е составена од повеќе компоненти како што се: примена

на даночни стапки и фискални стимулативни мерки, политичка стабилност, владеење на

правото, макроекономските услови, согледувања на владата и регулаторната животната

средина.

Инвестиционата клима е клучен фактор во способноста на една земја да привлече

странски инвестиции и да оствари развој на мали и средни претпријатија.

Транснационалните компании можат да инвестираат во претпријатија во земји со здрава

бизнис клима - каде што се минимизира трошоците, доцнењето, и ризикот. Покрај тоа,

малите и средни претпријатија се со поголема веројатност да се развиваат во клима каде

што тие не се повеќе оптоварени со даноци и прописи. Добрата инвестициона клима

претставува основен столб на стратегија на една држава за стимулирање на економски раст,

што пак создава можности за сиромашните луѓе да имаат повеќе продуктивни работни

места и повисоки приходи.15

Низ целиот свет и во рамките на ОБСЕ, побогатите земји имаат тенденција да имаат

поповолни бизнис и инвестициона клима. Кај овие земји врската помеѓу економскиот раст

и просперитет, инвестиции и бизнис климата е доста слична. Многу земји од Источна

Европа кои се сиромашни со енергија или суровински резерви ги трансформираат нивните

економии во некои од најатрактивните дестинации на странските директни инвестиции

преку реформи на нивната бизнис и инвестициона клима. Владите често ја потценуваат

важноста на бизнис инвестиционата клима кога започнуваат со странски директни

инвестиции. Тие имаат тенденција да се фокусира на големината на пазарот, достапноста

на природните ресурси и трошоци. Иако сите овие фактори се важни, инвестиционата клима

е критичен фактор, кој не треба да се потценува.16

Добрата инвестициона клима нуди неколку можност и тоа:

15 World Bank, “Investment Climate”

16 World Development Report 2004: Making Services Work for Poor People focused on key aspects of that second

pillar.

Page 33: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

33

Малите бизниси да настапат на странските пазари и да бидат актери во креирањето

на инвестициите, зголемување на вработеноста и се разбира да имаат централна

улога во процесот на донесување на одлуки.

Малите бизниси да вршат оценување на инвестиционите можности кои се поврзани

со однесувањето на владините политики како дел од пакетот. Со ова се зајакнува

важноста на правата, регулативите, даноците, финансиите, инфраструктурата,

корупцијата како и другите области на владината политика и однесувањето како дел

од интегрирана целина отколку во изолација.

Преку инвестиционата клима се нагласува прогресивниот карактер на

инвестициската активност. Инвестициите се базирани на очекувања за иднината, а

не само на тековните услови. Ова ја нагласува важноста на владите за поттикнување

на стабилноста и кредибилитетот, кои се критични елементи на инвестиционата

клима.

Инвестиционата клима претставува основна потреба на креаторите на политика се

со цел да балансираат поттикнување на продуктивни приватни инвестиции со други

социјални цели. Малите бизниси обезбедуваат многу предности за општество, но

интересот на бизнисите и општеството не се секогаш исти во сите погледи. Добрата

инвестициона клима обезбедува подобри можности за луѓето, а подобрувањето на

инвестиционата клима е стратегија на секој бизнис во целокупниот развој.17

17 Stern, Nicholas. 2002. A strategy for development. Washington DC ; World Bank.

Page 34: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

34

2.2. Општи елементи на бизнис климата

Според Bayard O Wheeler, бизнис средина се однесува на вкупниот износ на сите

надворешни работи на фирмите и индустриите, кои влијаат на нивната организација и

работа.18

Keith Davis, ја дефинира бизнис средината како - бизнис средина е збир на сите услови,

настани и влијанија кои не опкружуваат и влијаат врз таа бизнис средина.19

Според Arthur M Weimer бизнис средината опфаќа клима или збир на услови, економски,

социјални, политички и институционални во кој се изведуваат бизнис операции.20

Бизнис климата ги опфаќа сите фактори (внатрешни и надворешни) кои влијаат на

работењето на компанијата и ги вклучува предностите, слабостите, внатрешните односи на

енергија, ориентациите на организацијата, природата на економијата и економски услови,

социјалните и културните фактори, демографските трендови, природните фактори,

глобалните трендови и прекуграничниот развој, клиенти и добавувачи, технолошки

случувања, законите и владините активности.

18 https://www.coursehero.com/file/p2rc4tg/Definition-of-Business-Environment-Bayard-O-Wheeler-as-the-total-of-all-things/ 19 Reviewed Work: Business and its Environment. by Keith Davis, Robert L. Blomstrom Vol. 11, No. 3 (Dec.,

1966), pp. 504-507

20 http://www.academia.edu/4652524/Business_environment

Page 35: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

35

Табела број 3. Поделба на бизнис климата

Бизнис климата всушност е поделена на внатрешна средина и надворешна средина,

додека пак надворешната средина е поделена на микро и на макро средина.

Внатрешната средина се однесува на внатрешните фактори на фирмата односно, фактори

кои постојат во рамките на бизнис фирма. Овие фактори генерално лесно се контролираат,

бидејќи компанијата има контрола над нив и може да се утврди потенцијалот на

Бизнис клима

Внатрешна

средина

Надворешна

средина

-култура

-визија, мисија и

цел

-структура на топ

менаџментот

-структурна моќ

-човечки и други

ресурси

-Имиџот на

компанијата и

непристрасноста

кон марката

Микро

средина

Макро

средина

-добавувачи

-потрошувачи

-посредници на

пазар

-натпреварувачи

-јавност

-економска средина

-политичка средина

-социо-културна

средина

-технолошка

средина

-правна средина

-животна средина

-финансиска

средина

-глобална средина

Page 36: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

36

компанијата за да ги задоволи предизвиците на животната средина. Најважните внатрешни

фактори односно елементи на бизнис климата се:

Култура - Широко е прифатен фактот дека секоја бизнис организацијата обично

презема група на мерки за зголемување на профитот. Сепак, лицата кои извршуваат

високи позиции во одредени современи корпоративни претпријатија имаат некои

вредности кои влијаат врз нивните политики, норми, работен јазик, системи,

практики како и целокупната внатрешна средина. Ова може да се однесува на

културата на организацијата, која е колективно однесување на луѓето кои се дел од

една организација. Степенот до кој културата на организацијата се дели од страна на

сите, доведува до важен фактор за успехот.

Визија, мисија и цел - Визијата, мисијата и целта на компанијата ја водат

приоритети, филозофија, политика, итн. Визијата го истакнува тоа што сака да

претставува организацијата, или тоа каков сака да биде светот во којшто таа работи.

Станува збор за долгорочен поглед којшто се концентрира на иднината. Визијата

може да има емотивна содржина и претставува извор на инспирација. Мисијата ја

определува основната цел на една организација или на едно претпријатие, прецизно

опишувајќи ја причината за своето постоење и активностите коишто ги превзема за

да ја реализира својата визија. Целта всушност претставува реализирање на визијата

и мисијата за она што претпријатието има планирано да го исполни.

Структура на менаџментот што се наоѓа на врвот од организацијата - Составот

на одборот на директори е многу критичен фактор за развојот и одржувањето на

компанијата, бидејќи тие претставуваат највисокиот орган за донесување на одлуки,

кои имаат за цел преку својата професионалност да управуваат и контролираат.

Одборот на директори има голем удел во компаниите и може да имаат важни

менаџерски импликации. Сите овие фактори се од големо значење од аспект на

внатрешната средина на компанијата.

Структурна моќ - Односот на внатрешната сила помеѓу одборот на директори и

високите извршни службеници високо влијаат на процесот на донесување одлуки во

организацијата.

Човечки и други ресурси - Квалитетот на човечките ресурси на компанијата зависат

во голема мера од надлежноста, посветеноста, ставот и мотивацијата кои играат

Page 37: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

37

важна улога во успехот на организација. Во други ресурси спаѓаат: физички ресурси

и технологија, капацитет на производство, дистрибуција, логистика и сл, се фактори

кои влијаат на функционирање и конкурентноста на фирмата.

Имиџот на компанијата и непристрасноста кон марката - Сликата и бренд

капиталот на компанијата се многу важни особено во зголемување на финансиите,

формирање на заеднички вложувања и други сојузи, изборот на дилери и добавувачи

и др.

Надворешната средина се однесува на надворешните аспекти на околината на

бизнис претпријатијата, кои имаат влијание врз функционирањето на бизнисот. Микро

средината или задачата на животната средина се состои од тие сили во непосредна близина

на една организација кои влијаат на тоа функционирање. Микро силите не мора да влијаат

на сите фирми во одредена индустрија на ист начин. Некои од микро факторите може да се

особена за одредена фирма.

Како најважни елементи на микросредината се:

Добавувачи - Претпријатијата бараат голем број на добавувачи, кои снабдуваат

суровини и компоненти за компанијата. Тие се важна сила на микро опкружувањето

на компанијата.

Потрошувачи - Се високо влијателни можеби претставуваат и централна точка на

секој бизнис. Успехот на бизнисот во голема мера зависи од идентификацијата на

потребата, желбата и вкусот на клиентите.

Посредници на пазарот - Секое бизнис претпријатие е помогнато од страна на

посредници на пазарот кои вклучуваат агенти, брокери, кои им помогаат на

компаниите да најдат клиенти. Посредниците претставуваат врска меѓу компанијата

и крајниот потрошувач.

Конкуренти – Секој бизнис своите активности треба да ги прилагоди според

акциите и реакциите на конкурентите. Овој фактор може да оствари профит на

компанијата само доколку биде воден под контрола од страна на компанијата.

Јавноста - Било која група која има вистински или потенцијален интерес за бизнис,

кој исто така има свое влијание врз бизнисот. На пример, растот на групи на

потрошувачи може да влијаат на работата на ново развиениот бизнис.

Page 38: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

38

Макро околината има големи надворешни и неконтролирани фактори кои влијаат

врз донесувањето одлуки на организацијата и влијаат на ефикасноста и стратегиите. Кога

макро животната средина е неконтролирана, успехот на една компанија зависи од неговата

адаптибилност кон животната средина.

Овие фактори вклучуваат:

Економска средина – Претпријатијата ја спроведуваат својата активност во

системот на пазарот со цел за максимизација на профитот, бидејќи бизнис

претпријатијата се суштински економски институции. Поради тоа економската

средина која се состои од економски фактори влијае врз бизнисот во земјата. Овие

фактори вклучуваат бруто националниот производ, корпоративни профити, стапка

на инфлација, вработување, биланс на плаќања, каматните стапки, приход на

потрошувачи итн.

Политичка средина - Економските и политичките системи на една земја се

меѓусебно зависни, што претставуваат одраз на идеологии на еден врз друг. Таа се

состои од политичка стабилност и политика на влада. Идеолошката наклонетост на

политичките партии, личниот интерес на политичарите, влијанието на партиски

форуми и друго ја создаваат политичката средина.

Социо-културната средина - Социо-културната средина ја сочинуваат

вредностите, ставовите, верувањата и обичаите на луѓето во дадена групата или

општеството. Социо-културните димензија на претприемачите кои имаат можност

да управуваат со нивните вложувања, стапката на писменост, обичаите, вредностите,

верувањата, начинот на живот, демографските карактеристики и мобилноста на

населението се дел од општествената средина. Тоа е важно за менаџерите да

забележат во која насоката се движи општеството и да се формулираат прогресивни

политики во согласност со социјалните промени.

Технолошката средина - Напредокот на еден бизнис зависи од нивото на

располагање со технологија во земјата која дава голем поттик за економско

заживување. Тоа, исто така, укажува на темпото на истражување и развој и

напредокот во воведување на модерна технологија во производството.

Технологијата обезбедува интензивност на капиталот, но и намалување на

Page 39: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

39

ефикасноста на трудот, односно машините ја заменуваат човековата рака. Во

конкурентна бизнис околина технологијата е клучна за развојот.

Правната средина - Има големо влијание врз функционирањето на организацијата

што ги поставува кодовите и процедурите за различните типови и аспекти на

бизнисот и се занимава со отстапувања или кршење на законот како поткуп,

фалсификување на производ, сива економија, црн пазар, измама на потрошувачот и

даночни избегнувања. Покриеноста, ефикасноста и ефективноста на правниот

систем ја утврдува соодветноста, цената и брзината на економската правда и овие

фактори се од големо значење за раст на бизнисот. Во секоја земја постојат одредени

бизнис легислативи, кои заедно водат контрола и ги регулираат бизнис активности,

како што е Законот за трговска марка од 1969 година и законот за заштита на

потрошувачите од 1986 година.

Животната средина - Непостои бизнис кој може да преживее во климатски

непријатни услови. Односот на бизнисот и животната средина не е заеднички. Прво,

животната средина е извор на ресурси и суровини и второ, а додека пак процесот на

производство е оној кој и штети на животната средина.

Финансиската средина - Бизнис финансиите се занимаваат со донесување на

одлуки за инвестициите во бизнисот. Тоа ги вклучува пазарите на обврзници,

странските (forex) пазари, берзи, стоковите пазари, пазарите преку шалтер, пазарите

на недвижности или пазарите на самото место. Сите овие пазари играат важна улога

во подигање на средства за компаниите и истовремено остварување профит на

инвеститорите.

Глобалната средина - Ги вклучува правилата и прописите на светстака трговска

организација - СТО, меѓународниот монетарен фонд - ММФ, Светска банка, Г-20 и

други меѓународни тела кои влијаат на работата на бизнис организација во секоја

земја поединечно. Бизнисите мора да постојат во светот на пазарот и затоа треба да

се разбере нивниот ефект и да се превземи акција во согласност со овие правила и

прописи.21

21 The factors of macro environment are also considered as the elements of business enviroment

Page 40: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

40

2.3. Избор на локација на малите бизниси

Една од првите одлуки која треба да се донесе при започнување нов бизнис е

одлуката дали да се купи или да се изнајми деловен простор. За да се донесе правилна

одлука, потребни се консултации со надлежните служби за урбанистичкиот план на градот,

како и консултации со агенции за недвижности за да се добие професионален совет и други

потребни информации.

Изборот на бизнис локацијата може да биде од пресудно значење за успехот или

неуспехот на бизнисот поради што на овој проблем треба да му се посвети големо внимание.

Погрешно избраната локација не е само непотребно трошење пари, туку може да биде

причина за пропаѓање на бизнисот. На пример, објектите во кои се одвива процесот на

производство, или магацински простор за кој се потребни повеќе стотици метри квадратни

простор, може да биде лоцирани подалеку од центарот на градот каде цената на локацијата

е многу пониска. Во овие случаеви при изборот на локација пресудно влијание има

близината на суровините, близината на работната сила и кумуникациските врски.

Локацијата на колонијални продавници, бутици, аптеки, фризерници, трафики и други

слични мали бизниси, треба да се избира во близина на потенцијалните клиенти, на

прометна улица во центарот на градот, во близина на големи стамбени објекти на

определена населба и сл. Во овие случаи неопходно е да се провери и фрекфенцијата на

сообрајќот околу бизнис локацијата за да се предвиди колкав е бројот на потенцијалните

посетители.

Големо влијание врз изборот на бизнис локација има и постоењето на паркинг

простор. Објектот во кој се купува или изнајмува деловен простор треба да е во добра

состојба, да е добро одржуван и да ја поседува целата неопходна инфраструктура. Од

значење може да бидат соседните бизниси (на пример продавници), зависно дали се

конкурентни или пак се доволно атрактивни за да привлечат клиенти и за околните

продавници.

Бизнис локацијата треба да се проучи и од аспект на луѓето кои живеат во

околината (култура, традиција, религија и социјална состојба), за да се дознае дали

понудените производи можат да бидат доволно привлечни за нив.

Page 41: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

41

Во зависност од подрачјето на дејствување на бизнисот (производство, трговија,

градежништво, услуги), при изборот на локација доминантно значење имаат различни

фактори. Но и кога станува збор за бизниси од ист вид, може да бидат доминантни различни

фактори во зависност од големината на бизнисот.

На пример, идеална локација за пекарница која има производство од мал обем би

била локација на објектот во градот во кој ќе биде сместена и продавница за леб и пецива.

Во овој случај блиску е целниот пазар, транспортните врски се одлични, а сопственикот има

идеални можности за надгледување на целиот процес. Меѓутоа, за истиот бизнис, но од

поголем обем, ваквата локација не е воопшто адекватна.

Под бизнис локација обично се подразбира местоположбата на објектите на претпријатието.

Табела број 4. Пет клучни фактори за локација на бизнисот

Услови за

окружување на

бизнисот

Расположливост

на ресурси

Расположливост

до потрошувачот

Лична склоност на

сопственикот

Расположливо

подрачје во градот

и трошоците

Оптимална локација

Page 42: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

42

Клучни фактори при селектирањето на добрите локации се следниве:

Достапноста на бизнисот до потрошувачот. Многу производи, како што е

снекхраната и бензинот, се погодни производи кои бараат локација до

потрошувачот; во спротивно, потрошувачите можат да ги супституираат со

конкурентските марки. Услугите, какви што се дуќаните за поправка на гуми и

фризерниците, исто така, се класифицираат како погодни и бараат локација достапна

до потрошувачите.

Условите на окружувањето на бизнисот можат да промовираат успех или неуспех.

На пример, временските услови се важен фактор на окружувањето кој влијае на

побарувачката на производи како што се климатизери и базени за капење.

Конкуренцијата, правните барања и структурата на даноците се само неколку од

многуте други критични фактори на окружувањето.

Расположливоста на ресурсите во врска со производството на производот треба,

исто така, да се земе предвид кога се избира локацијата. Суровините, понудата на

работна сила, транспортот се само некои од факторите коишто влијаат на локацијата.

Личната склоност на сопственикот често се истакнува како еден од поважните

фактори на локацијата во однос на претходните. Од лична гледна точка,

сопственикот на мало претпријатие повеќе може да ја цени и да се чувствува

попријатно во атмосфера на домашна заедница, без оглед на тоа дали станува збор

за мал или за голем град. Доколку потенцијалните потрошувачи се локални жители,

сопственикот, веројатно, има подобри познавања на вкусот и преференциите

отколку сопственик надвор од градот.

Расположливоста на потенцијалното подрачје и трошоците сврзани со

добивањето на локацијата треба да се истражуваат како важни фактори на одлуката.

При определувањето на расположливоста и соодветноста на локацијата треба да се

побара помош. Трошоците поврзани со изградба на нова локација можат да бидат

ограничувачки или куповната цена на постојната структура може да го надминува

расположливиот буџет на сопственикот. Доколку на располагање е соодветна зграда,

сопственикот треба да одлучи дали може ја изнајми или да ја купи.

Page 43: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

43

Независно од видот на бизнисот, постојат неколку општи фактори кои треба да се земат

предвид пред да се донесе одлука за избор на локацијата. Тие се следниве:

Лични фактори кои му укажуваат на сопственикот каде да го лоцира

претпријатието;

Економски фактори се однесуваат на: куповната моќ на заедницата, бројот на

вработените, вкупниот приход по фамилија, банките, депозитите, малопродажбата и

друго;

Конкуренцијата може да биде корисна кога бизнисот напредува, но штетна кога

него го уништува;

Географски размислувања, тие се важен фактор во маркетингот на малото

претпријатие. Понекогаш некои производи треба да бидат лоцирани во непосредна

близина на местото каде што можат да бидат продадени.

Законите и прописите се посебно важен општ фактор за локација на бизнисот.

Одредени прописи пропишуваат услови под кои може да почне работата на малото

претпријатие (струја, вода, противпожарна заштита, еколошка заштита и сл.).

Посебните фактори при изборот на локацијата се однесуваат на различни подрачја на

дејствување, како на пример малопродажба, големопродажба, услуги и производство.

Сопствениците на мали претпријатија, често пати, донесуваат погрешни одлуки во врска со

локацијата, а пазарот не е единствен фдктор од кој зависи ефикасноста во работењето.

Оттука произлегува дека полесно е да се идентификуваат факторите што треба да бидат

земени предвид кога се донесува одлука за локација отколку да се донесе вистинска одлука.

Покрај подрачјето на работа, клучни фактори при изборот на локација се и следниве:

Анализа на теренот (физички фактори) - Вистинската локација бара испитување на

неколку карактериститки: големината на земјата, пристапните патишта,

транспортните услуги, зонирањето, помошните услуги (противпожарна заштита,

полициска заштита, систем за вода, осветлување), трошоците за изнајмување и

трошоците за одржување.

Page 44: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

44

Поддржувачки фактори (фактори кои не се директно поврзани со локацијата) - Во

оваа група спаѓаат: карактеристиките на локацијата, окружувањето, конкуренцијата,

трговското подрачје, трошоците за транспорт и услуги.

Невидливи фактори - Типични примери на невидливи фактори кои треба да се

оценат, но кои тешко се мерливи со сигурност се следниве: заштитата на

потрошувачите, стандардите за заштита на окружувањето, како и правните мерки за

користење на земјата.

2.4. Финансирање на малите бизниси

Почетното инвестирање или започнување на малите бизниси секогаш е поголем или

помал проблем. Кај повеќето случаи, почетните инвестициски средства се најчестата

тешкотија за основање почетни бизниси насекаде низ светот. Некои сопственици се во

состојба и можност целосно да го финансираат (стартираат) својот бизнис со сопствени

средства, што го олеснува фокусирањето кон работењето на компанијата без грижи за

додатните финансиски реперкусии кои ги имале доколку не би постоела таква можност.

Други, пак, мораат своите почетни инвестиции да ги побараат од надворешни (не

сопствени) извори на финансирање. Доколку средствата што се планирани да се вложат во

компанијата не се доволни за почнување со работа, треба да се најде дополнително

финансирање на идеите.

Постојат два вида извори на финансирање на бизнисите и тоа:

Неформални извори

Формални извори на финансирање.

Во неформални извори на финансирање на бизнисите спаѓаат:

Сопствените заштеди на претприемачите (3F пари т.е. пари на основачите –

founder) овде влегуваат релативно мали суми во форма на банкарски депозити,

средства на тековни сметки, на кредитни картички и сл. Во категоријата на лични

заштеди на претприемачот влегува и имот во хартии од вредност (акции, државни

Page 45: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

45

или компаниски обврзници и сл.), потоа недвижен имот (на пример, земјиште, куќи,

деловни згради и сл.).22

Заемот од семејствата и роднините (3F пари т.е. пари на фамилијата – family)

овој потенцијален извор на финансирање добива форма на сопственички капитал,

само доколку се вложени пари во замена на акции.

Заемот од пријателите (3F пари т.е. пари на пријателите – friends) доколку

пријателите вложат пари во фирмата во замена за акции, тогаш тие се стекнуваат со

сопственички и управувачки права, но често може да се стекнат и со одредени

привилегии кои ќе им пречат на вработените или на другите инвеститори и ќе

предизвикуваат проблеми во работењето на фирмата.

Предностите на таканареченото 3F финансирање (пари од основачите, фамилијата,

пријателите) се бројни: станува збор за сопствени средства кои не подлежат на враќање;

лесно се добиваат (полесно од банкарски заем или од бизнис-ангелите); кога се земаат како

заем, тие претпоставуваат пониска каматна стапка; притисокот за нивно враќање може да

биде помал и сл.

Негативни страни на овој извор на финансирање се следниве: станува збор за мали

износи; кога членовите на семејството добиваат акции и управувачки права во фирмата, тие

може повеќе да се експонираат и да бараат привилегии; доколку претприемачот не ги

објасни јасно и отворено ризиците со кои се соочува новиот бизнис, може да создадат

проблеми и тензии во односите со членовите на семејството или со пријателите и сл. За да

се избегнат ваквите можни конфликти, најдобро е бизнис барателите да ги претстават пред

своите пријатели и семејството сите позитивни и негативни аспекти кои произлегуваат од

тој деловен потфат, како и да ги запознаат со висината и природата на ризикот кој

произлегува од тој деловен потфат. Со други зборови пријателите и членовите на

семејството, како и бизнис барателот мора да ги разграничат приватните односи од

работните и истите да се засноваат само на работен однос.

Парите што доаѓаат од неформалниот ризичен капитал т.е бизнис ангелите

(Bussines Angels) Бизнис-ангели се група на луѓе (иневеститори) кои својот капитал

22 Start-up Financing, EBSCO Publishing 2003, p. 59.

Page 46: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

46

го вложуваат во надежни почетни бизниси или проекти, а за возврат добиваат дел од

заработката или удел во компанијата. Бизнис ангелите се главните даватели на

капитал за бизнисите што ја поминале фазата на самопробивање, фазата на семејство

и пријатели. Бизнис ангелите го пополнуваат јазот меѓу семејството и пријателите,

чиишто инвестиции се ограничени на ниски петоцифрени износи (долари), и

инвеститорите со шпекулативен капитал, кои генерално инвестираат со вискоки

шестоцифрени износи, а често пати и повеќе.

Поимот ангел за првпат се поврзува со описот за финансирањето на богатите Њујорчани

кои инвестирале во претставите на Бродвеј на почетокот на ХХ век.

Најважни карактеристики на бизнис-ангелите како форма на финансирање на малите

бизниси се следниве:

Бизнис-ангелите, како богати поединци (обично тие се поранешни претприемачи кои

веќе не се активни, но кои имаат добро познавање на бизнисите и секторите во кои

порано работеле), инвестираат сопствени средства, главно во замена за акции, со што

стекнуваат сопственички и управувачки права во фирмите во кои вложуваат.

Изборот на фирмите го вршат внимателно, врз основа на бизнис-идејата, бизнис-

планот и проучување на личноста на претприемачот

Најчесто вложуваат во бизниси со кои се семејни, во кои порано биле активни и

добро ги познаваат.

Интересите и специјализацијата во индустриската гранка на ангел-инвеститори многу

варира, но во праксата се сретнуваат следните типови на ангел-инвеститори:

Прептриемачки ангели – овие инвеститори се некогаш подготвени да инвестираат

поголеми суми и да преземат поголеми ризици од просечниот ангел. Повеќето

поседуваат и управуваат успешни бизниси или тоа го правеле предходно. Овој тип

ангели диверзифицираат за да избегнат целосна зависност од една инвестиција.

Повеќето претприемачки ангели инвестираат на застапеност во одборот, но

вообичаено не се мешаат во секојдневното управување со бизнисот.

Page 47: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

47

Ангели со животен стил – инвеститорите од овој тип ги сметаат инвестициите

главно како хоби. Општо земено, тие не се вклучени во управувањето на бизнисот

или во советувањето на претприемачот и затоа имаат пасивна улога.

Ангели базирани на професија – овие ангели се поврзани со определена професија,

како што е медицина, право или сметководство и претпочитаат да инвестираат во

компании што одговараат на нината експериза и искуство. Овој тип на бизнис

ангели, не се директно вклучени во претприемачкиот процес, тие само ги

споделуваат своите способности и знаење со останатите вработени.

Ангели – алтруисти – овие инвеститори се мотивирани и од финансискиот профит

и до желбата на направат нешто добро.

Ангели во групи – станува збор за ангели кои инвестираат во групи. На многу такви

инвеститори им недостига заднината да бидат инструктори за претприемачите и

затоа се пасивни, иако важен дел од нив имаат релеванто професионално искуство и

затоа покажуваат тенденции за поактивна улога во бизнисот што го финансираат.

Зеднички елемент за ваквиот тип на бизнис ангели е желбата за поделба на ризикот

со други или да учествуваат во договори што во друг случај би биле премногу големи

за еден инвеститор. Ангелите во група уште се познати и под името „ангелски

алијанси“. Овие алијанси обично рутински одржуваат состаноци и доколку се

заинтересирани за конкретенен предлог, брзо ќе одлучат да инвестираат.

Во формални извори на финансирање на бизнисите спаѓаат:

Парите од официјалните финансиски институции како што се формалниот

ризичен капитал (Venture capital)

Поставеноста на формалниот ризичен капитал претставува постоење на два ентитета

институционалните инвеститори како што се пензиските, осигурителните и донациските

фондови, оддели при комерцијалните банки и компанија на ризичен капитал, кој што ги

менаџира односно ги управува овие фондови. Институционалните инвеститори се јавуваат

во улога на лимитирани, ограничени партнери, а компанијата на ризичен капитал дејствува

како генерален, општ партнер. Формалниот ризичен капитал претставува вложување во

акции, варанти, конвертибилни хартии од вредност што му овозможува активно

Page 48: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

48

инволвирање на фирмата којашто се финансира – мониторинг т.е. надгледување на работата

во фирмата, учество во бордот на директори, давање на менаџерска и претприемничка

експертиза.

,,Ризичниот капитал, кој генерално гледано е многу селективен и сериозно го

студира проектот при донесувањето на одлуката за инвестирање, забележува пониска

нето стапка на пропаѓање од вообичаените, бидејќи ризичниот капитал носи совети

напоредно со финансирањето и реализира експертизи пред инвестирањето.ʻʻ23

Формалниот ризичен капитал претставува долгорочно финансирање на фирмите и се

протегна низ почетната, раната и зрелата фаза на развојот на бизнисот.

Парите од банките

Под поимот кредит или кредитен однос треба да се подразбира оној должничко-

доверителски однос во којшто доверителот отстапува на друго лице определена вредност

на определено време и со определен надоместок. Кредитирањето, како однос, се заснова на

некои услови што треба кредиторот и кредитираниот да ги исполнат или да ги прифатат, а

тие можат да бидат од најразлична природа. За да дојде до кредитен однос меѓу партнерите

потребно е да се воспостави должничко-доверителски однос во којшто кредиторот мора да

добие сигурност и да верува дека преотстапените средства ќе му бидат вратени по истекот

на договореното време. Кредитирањето на деловните субјекти завзема централно место во

кредитната активност на банките. Банкарските кредити претставуваат еден од најважните

извори за финансирање на деловните субјекти. Кредитите на деловните субјекти имаат

посебно место во кредитната функција на банките и поради нивните карактеристики. Овие

кредити, вообичаено, се одобруваат во големи износи, така што во поголема мера ја

изложуваат банката на кредитен ризик.

Банките, најчесто не се подготвени да го финансираат развојот на малиот бизнис, пред се

поради:

23 Jean Lachmann ‘’Le capital – risque au coeur du financement de I’inovation des PME’’, Problemes economiques,

No 2658 / 2000, p.1.

Page 49: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

49

Недовербата која ја имаат кон ново креираните бизниси, како резултат на отсуството

на долгогодишна традиција во стопанисувањето на голем дел од нив;

Недовербата дека враќањето на кредитот ќе се изврпи дисциплирано, безболно и

навремено;

Високите банкарски трошоци за еден кредит, бидејќи износот на бараните кредити

е релативно мал, а трошоците се стандардни, фиксни;

Oтсуството на потребен сопствен капитал за сопствено учество и гаранции за

враќање на кредитот на сопствениците на малите бизниси, па според тоа и постоење

на надпросечно висок ризик кај банките во нивното кредитирање.

Трговците поединци и малите бизниси имаат отежнат пристап до банкарските кредити

што се должи на високиот степен на нестабилност во работењето, малата капитална моќ

итн. Во поново време банките повеќе се ориентирани кон кредитирање на оние бизниси,

што се одликуваат со динамичем раст и голема флексибилност. Најголем дел од кредитите

за малите бизниси се финансираат од странски кредитни линии што се обезбедени од

странски влади и јавни агенции или од меѓународни банки и агенции. Кредитите можат да

бидат денарски или девизни, а обично се одобруваат во мали износи, но можат да достигнат

и до големи износи. Рокот на втасување може да изнесува и неколку години, при што

обично е вклучен и некој грејс-период, а каматните стапки се постојани или променливи.

Како обезбедување на кредитите се прифаќаат повеќе инструменти: хипотека на недвижен

имот, залог на превозни средства, залог на хартии од вредност, депозити, скапоцености,

меници, чекови итн.

Девизни кредити - Регулативата им дозволува на банките да одобруваат девизни и

денарски кредити, што содржат валутна клаузула.

Финансиски лизинг - Лизингот е форма на долгорочно финансирање и се

применува при набавка на опрема, на пр: компјутери, машини. Со договорот за

лизинг се определува времетраењето на лизингот и височината на надоместокот, а

по истекот на периодот на закуп, компанијата го откупува предметот според некоја

објективна цена.

Page 50: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

50

Факторинг - Кај факторингот, банката ги откупува барањата од купувачите. Банката

ги превзема сите активности за администрирање и наплата на превземените

побарувања, а таа го поднесува и ризикот од не плаќање.

Парите што се мобилизираат преку берза - Пазарот на капитал го сочинуваат два

сегмента: купувањето и продавањето на долгорочни хартии од вредност и класично

банкарско долгорочно кредитирање. Пазарот на долгорочни хартии од вредност се

дели на на примарен и секундарен пазар. На примарниот пазар на капитал се врши

пласман на нови емисии на хартии од вредност, а на секундарниот пазар на капитал

се врши повторно продавање на претходно емитирани хартии од вредност каде што

акциите и обврзниците ги менуваат своите сопственици.

2.5. Оценка од меѓународни институции на бизнис климата за развој

на малиот бизнис

Главната цел на меѓународните институции се состои во давање помош за почеток и

развој на бизнисите. Со помошта на овие институции може да се создаде поволна

инвестицина клима за развој на бизнисите. Дуинг бизнис проектот е една од институциите

кои нуди помош за започнување на бизнисите.

Дуинг бизнис проектот на Светска банка пренесува објективни информации за бизнис-

регулативите при започнување бизнис низ 189 економии, ана национално, како и на локално

ниво. Податоците собрани од страна на Дуинг бизнис ги покажуваат трошоците, времето и

процедурите за арегулирање на документацијата при започнување и водење бизнис.

Овој извештај е создаден поради повеќе причини, меѓутоа како главни и основни

можеме да ги посочиме следниве:

Многу земји во развој не се реформираат и не се адаптираат на регулативите што,

генерално, се прифатени во модерните економии. Поради тоа, инвеститорите

имаат аогромни проблеми при регистрирањето бизнис или при гринфилд

инвестиции. Овој извештај ги посочува проблемите и ануди решенија за нив.

Дуинг бизнис забележуваа дека социјалистичките правни регулативи и

социјалистичката бизнис-средина аоставаат малку простор за флексибилност на

Page 51: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

51

приватниот сектор. Во вакви случаи, каде што регулативите сериозно го

ограничуваат профитот, амотивацијата за инвестирање е многу помала.

Споредливоста и искористувањето на успешнитеапримери од регионот се една од

причините зошто постојат овиеа извештаи. Поради тоа, покрај извештаите на

државно ниво, Светска Банка изготвува и извештај за регионите во кој може

непосредно да се види колку напредувале адржавите во регионот и да се земат

нивните успешни примери и ада се имплементираат во државата.24

Бизнис-регулативите се акруцијални при започнувањето ана еден бизнис, како и за

целокупниот развој на една економија. Според некои аинформации на Светска банка,

аоколу 90% од работните позиции во светот се обезбедени аод приватниот сектор.

Постоењето ана добри и аефикасни бизнис и правни регулативи е есенцијално за една

здрава и стабилна економија. Дуинг бизнис, главно, се фокусира на локалните бизниси,

уште попрецизно на малите и средните абизниси на локално ниво. Главно работи со

стандардизирани студии на случаи во кои се вклучени аквантитативните и квалитативните

индикатори во различни нивоа на развојот на бизнисот.

Во секој момент извештајот ануди јасна споредливост со 189 економии што ги

опфаќа. Од горенаведеното може да сеазаклучи дека целта на Дуинг бизнис е да обезбеди

објективна основа за разбирање и подобрување на регулаторното аопкружување на

бизнисите.25

Како што веќе споменавме неколкупати, Дуинг бизниса-аизвештајот е фокусиран на

приватниот сектор, односно на малите и на средните компании. Малите и средни

претпријатија се аглавни „виновници“ за отворањето нови работни позиции. Пред сè, ова

се аоднесува на земјите во развој. Малите и средни претпријатија се анајголем акцелератор

на нови идеи и развој на претприемаштвото. Зошто токму малите и средни претпријатија

се во фокусот на овој извештај говори и фактотадека развиените економии имале огромни

бенефиции во минатото токму од адомашните инвеститори, а денес малите и сè уште

недоволно развиени економии се фокусираат на странските аинвеститори. Дуинг бизнис се

24 https://openknowledge.worldbank.org/bitstream/handle/10986/16204/19984.pdf

25 Doing Business (2013), A Joint Publication and Project by the World Bank and IFC

Page 52: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

52

обидува да поттикне промена на регулативите токму апоради поголема застапеност на

домашните инвеститори ашто често значително се разликуваат од големите меѓународни

корпорации во поглед на абенефитите што ги добиваат од една економија.

Секоја година извештајот, главно, се фокусира и на законските ареформи и тоа

поединечно за секој град. Сепак, мора да се знае дека аовие мерки не ги рефлектираат

искуството и успешноста на компаниите. Во некој град може да аима голем број успешни

компании поради различни причини, а тоа не значи адека локалната самоуправа е

флексибилна, и обратно.

Таму каде што регулативите се нефлексибилни и каде што компаниите немаат

доволно информации за нив, сè се асведува на индивидуално познавање на регулативите од

страна на менаџерите во компаниите. Меѓутоа, таму каде што арегулативите се

транспарентни, ефективни и се имплементираат на лесен начин, развојот на

претприемаштвото е многу полесно.

Со олеснување на бизниса-арегулативите и на правните регулативи сите луѓе што

имаат идеја можат да ја преточат во бизнис, а другите фирми можат ада инвестираат во тие

идеи и со тоа како краен резултат ада се отворат нови работни позиции.

Дуинг бизнис-извештаите покриваат квантитативни мерки поврзани со арегулативите

при започнување бизнис, регулативите за адобивање одобрение за градба, регистрирањето

правно лице, добивањето кредит, азаштитата на инвеститорите, плаќањето давачки за увоз

и извоз (меѓугранична трговија), процесот при потпишување и аизвршување договори и

ликвидирање на бизнисите (стечај). Сите овие, главно, се однесуваат на малите и средни

претпријатија.

Во Дуинг бизнис-извештајот е вклучен индикатор кој има свој подиндикатор што

целосно ги објаснува процедурата, трошоците и времето за одреден процес. Овој индикатор

се однесува на започнување на бизнисот. Овој индикатор ги адокументира сите процедури

што официјално се потребни и се акористат во практика во процесот на формално

започнување на бизнисот, без аразлика дали станува збор за производство или за услужна

дејност. Тука влегуваат арегистрацијата на име, сметката на адруштвото, добивањето

Page 53: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

53

идентификациски број и слично. Елементи што се вклучени аи кои ги мери овој индикатор

се:

Процедурата за легално започнување на работата а(се мери во бројки)

Времето што е потребно за да се собере целата документација а(се мери во

календарски денови)

Цената што е потребна за да се заврши секоја процедура а(процент од приходот per

capita)

Задолжителниот почетен капитал а(процент од приходот per capita)

Во текот на оваа деценија државите имаат сè посериозен пристап кон овој аизвештај.

Овој извештај служи како алатка што нуди многу информации штоаможат да се искористат.

Многу држави и институции го користат овој извештај за привлекувањеастрански

инвестиции, иако извештајот и неговата методологоја не сеаексплицитно создадени токму

за тоа. Од моментот кога е дизајниран овој извештај годишно биле напишани околу 2.000

атекста во интернационални весници и телевизии, споредувајќи ги директните странски

инвестиции со Дуинг бизнис-извештајот. Сите текстови анапоменуваат дека колку што е

повисоко рангирањето на листата, толку рапидно се зголемил бројот на странски

инвестиции. Самите бизниси сметаат дека колку што е повисоко рангирањето, тоа значи и

подобра клима за развој на нивниот бизнис. Веќе неколкупати е споменато дека Дуинг

бизниса-извештајот, главно,ае фокусиран на малите и на средните домашни компании, но

тоа не значи дека законите и регулативите не се корисен сигнал за странските и за

домашните инвеститори што сакаат да отворат голема компанија. При процената на

бизниса-аклимата во една економија, голем број на закони и арегулативи можат да влијаат

врз странските компании на ист начин како што би влијаеле и врз домашните.

Токму тука владата треба да помага во насока на упростување ана регулативите и нивно

спроведување во практиката. Би требало државите да бидат свесни адека практиката не се

интересира за хартии и формални аправила, туку за суштински случувања. Поради тоа,

влијанието што го има Дуинг бизнис треба да биде апоттик за државата, а со тоа да привлече

колку што е можно повеќе странски бизниси што, покрај вработувањата, би ги зголемиле и

конкурентноста и техничкоа-атехнолошкиот развој на бизнисите. Директното стимулирање

Page 54: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

54

од страна на државата, помагањето и адавањето работа водат кон бизнис-модел и бизнис-

размислување.

Со цел да се намали влијанието од глобалната финансиска криза, авладите преземаат

низа мерки за да им олеснат на локалните и на странските компании да почнат и да водат

бизнис. Поради ова голем број фирми одлучиле ада го преместат својот капитал во други

држави. Токму тука се судриле со комплицираните процедури при започнување и аводење

бизнис. Дуинг бизнис-извештајот и неговото влијание значајно помогнале при

согледувањето на владите за потребата од упростување на арегулативите и политиките на

економиите. Според тоа, од јуни 2009 до мај 2010 година владите ана 117 економии

имплементирале повеќе од 216 бизнис-реформи со цел да се олесни започнувањето бизнис,

да се зајакне транспарентноста при водењето бизнис, да се подобрат законите за стечај и

многу други промени. Сето ова би било амаксимално отежнато ако не би постоел овој

извештај. Дуинг бизнис извештајот јасно и транспарентно ги покажуваарегулативите на

сите економии за започнување и водење бизнис,апа така една држава може да земе пример

од некоја повисоко рангирана држава,асо цел позитивниот пример да го преточи во измени

што би ги олесниле некои процедури.

2.6. Информациските технологии како динамички фактори за развој

на малите бизниси

Динамиката и насоките на технолошкиот развој на секое општество во основа е

условена од нивото на вкупната развиеност на кое се наоѓа и од расположливоста на

факторите на развој.

Во услови на економска транзиција процесите на економско учење започнуваат во

претпријатија кои во променети услови на пазарот се принудени да ја зајакнуваат нивната

конкурентна способност преку процесите на економско учење и внесување иновации. За

секторот на мали и средни претпријатија е од особена приоритетна важност да се утврди

конзистентна национална политика на поддршка на неговиот непречен развој заради

големата улога и значење во економскиот развој на земјата. Брзиот технолошки развој бара

нови стандарди во управувањето и во донесувањето на одлуки во економијата на сите

Page 55: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

55

нивоа. Малите и нови претпријатија имаат тежок пристап до капитал, до информации и до

нова технологија, вклучувајќи ги и новите знаења, што е аргумент повеќе во индустриските

политики на високо развиените земји да се дава приоритетно место и значење на севкупната

поддршка на развојот на малите и средни претпријатија.

Особено важни за примена на нови технологии и знаења, без кои не е можна успешна

интернационализација на малите и нови претпријатија се партнерството и соработката со

странските партнери. Продлабочувањето на соработката со странски партнери е можна

преку преземање на повеќе мерки на макро и микро ниво и нивна доследна реализација. За

разлика од ерата на индустријализација, каде најважно прашање беше развојот на

индустриската дејност, во ерата на постиндустриското (информатичко општество) едно од

најактуелните прашања е развојот на малите и средни претпријатија. Фактори кои што во

прв ред го детерминираат развојот на малите и средни претпријатија се: развојот на

информатичката техника и технологија, развојот на други технологии (телекомуникации,

транспортни средства , биоинженеринг и генетски инженеринг итн. ) како и глобализација

на светската економија која наложува нови современи облици на деловно работење,

примена на нови знаења, нова технологија и деловна соработка во интерес на обезбедување

конкурентно производство и опслужување на светскиот глобален пазар на стоки и услуги.

Секторот на малите и средни претпријатија во стопанството има многу големо место и улога

и добива се поголемо значење како клучен динамички фактор на целокупниот општествено

економски развој. Токму прашањето за технолошкиот развој на малите и средни

претпријатија треба да се бара преку трансфер на соодветна технологија, преку соодветна

застапеност на истражувачко развојната дејност, како и преку реализирање на програми кои

овозможуваат поддршка на развојот на малите и средни претпријатија. Знаењето,

иновацијата и вмрежувањето се основни елементи на новата инфраструктура за

просперитет во новата економија. Истите се нагласуваат како промотори на економскиот

развој. Мрежите и колективното учење ја зголемуваат креативноста и иновацијата на

малите бизниси. Тоа придонесува за нова иновативна средина која овозможува слободен

проток на знаења меѓу претпријатијата, нивна синергија и зголемен иновативен капацитет.

Долгорочната конкурентност на малите и средни бизниси е поврзана, наместо со

експлоатација на евтини ресурси и економијата на обемот, со нивната способност постојано

Page 56: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

56

да ја надградуваат својата база на знаење.26 Новиот вид на иновации произлегува од

мрежната поврзаност на малите и средни бизниси и поради тоа се јавува нов термин наречен

„иновативни мрежи“. Во овој контекст малите и средни претпријатија се дефинирани како

главните агенти на регионални мрежи и иновативни активности. Во мрежата на мали и

средни претпријатија, динамичната синергија предизвикува пренос на кумулирани знаења.

Покрај тоа, таа исто така е неопходна за надополнување на т.н. премолчени знаења на

малите и средни претприемачи со кодифицираните знаења.27 Вмрежувањето на малите и

средни бизниси во интерес на иновациите е од големо значење не само за нивниот успех,

туку и за зголемување на економските перформанси на регионите. Со цел да се разбере

односот помеѓу иновацијата и вмрежувањето, иновациите можат да се дефинираат како

,,комерцијално успешна експлоатација на нови технологии, идеи или методи преку

воведување на нови производи или процеси или подобрување на постоечкитеʻʻ.28 Малите и

средни бизниси немаат доволно ресурси за да иновираат. Затоа истите треба да ги

искористат предностите на т.н. иновативни мрежи како средство за влез во меѓународниот

пазар.29 Влијанието на иновациите и иновативните мрежи врз перформансите на

претпријатијата се прикажани на следнава табела:

26 Maskell, P. and Malmberg, A. (1999) “Localised Learning and Industrial Competitiveness”, Cambridge Journal of

Economics, 1999, V.23, p.167-185.

27 Patrucco, P.P. (2003) “Institutional Variety, Networking and Knowledge Exchange: Communication and Innovation

in the Case of Brinza Technological District”, Regional Studies, 37(2), p. 159-172.

28 Simmie, J., Sennett, J., Wood, P. and Hart, D. (2002) "Innovation in Europe: The Tale of Networks, Knowledge and

Trade in Five Cities", Regional Studies, 36(1), p. 47

29 Scott, A. (1996) Regional motors of the global economy, Futures 28: 391–411.

Page 57: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

57

Табела број 5. Влијанието на иновациите и иновативните мрежи врз перформансите

на МСП

Во мрежата на соработка, одржливоста на иновациите е од клучно значење. Притоа,

кодификацијата, акумулирањето и примената на ново знаење придонесуваат за нови

концепти и искуства, со што се зголемил т.н. капацитет за иновации. Како целина,

иновативната мрежа го подобрува капацитетот за иновации кој се состои од ресурси и

знаење на членовите на мрежата.30 Малите и средни претпријатија, дури и повеќе од

поголемите компании, зависат од надворешните извори на информации, знаење, know-how

и технологии, со цел да ги изградат своите сопствени иновативни способност и да стигнат

до нивните пазари. Иако различни видови на мали и средни претпријатија имаат различни

потреби, сите мора да бидат поврзани мрежно или меѓусебно или со други високо

иновативни компании на регионално, национално и глобално ниво. Емпириските студии

потврдуваат дека претпријатијата кои соработуваат се поинвентивни отколку оние кои не

соработуваат, без оглед на нивната големина. Но, тие исто така покажуваат дека склоноста

да се вклучат во мрежи базирани на знаење се намалува со нивната големина.31 Ова е како

30 Szeto, E. (2000), Innovation capacity: working towards a mechanism for improving innovation within an inter-

organizational network, The TQM Magazine, Volume 12 Number 2, pp. 149-158.

31 OECD (2001), Innovative Networks: Co-operation in National Innovation Systems.

Карактеристики

на

претпријатието

Иновации Иновативни

мрежи

Перформанси на

МСП

Page 58: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

58

одраз и дел од објаснувањето на фактот дека иновативноста на малите и средни

претпријатија е многу ограничена. Создавањето соодветни услови и стимулации за

зголемување на учеството на малите и средни бизниси во иновативни мрежи е клучен

предизвик. Соработката преку иновативни мрежи на малите и средни бизниси им

овозможува зголемување како на иновациите, така и на конкурентската предност. Во

денешната економија на знаење, малите и средни бизниси се натпреваруваат во комплексно

окружување како резултат на зголемената глобална конкуренција, технолошка еволуција и

флексибилните структури на организациите. Во таква конкурентна средина, вмрежувањето

се претвора во јадрото на постигнување успехот и конкурентност во регионот, бидејќи се

намалува неизвесноста од страна на споделување на ризиците и овозможува соработка за

брзо менување на окружувањето. Затоа, тоа би можело да се нагласи дека со вклучувањето

на малите и средни бизниси во регионалните и глобалните мрежи е од суштинско значење

за регионален развој и иновативност во процесот на глобализацијата. Од друга страна, пак

и иновативност има влијание на регионалниот развој. Од тој аспект може да биде разгледана

и нивната меѓузависност. Во овој контекст вмрежувањето на компаниите станува се

поважно и овозможува компаниите да делуваат поединечно но како дел од еден поголем

систем. На тој начин компаниите можат се повеќе да инвестираат во знаење а како резултат

на тоа да се забрзаат иновативните процеси кои би биле основа за конкурентска предност.

Еден од најважните фактори кои што во денешно време влијаат врз

претприемничката сила на компаниите е нивната способност да иновираат процеси,

производи и услуги. Основната цел на современите компании е создавање на конкурентна

предност на пазарот која не може да се постигне само преку цената на постоечките

производи и услуги, или преку подобрување на нивниот квалитет, туку примарно преку

брзината со која компанијата воведува нови производи или услуги. Бидејќи иновациите

претставуваат главен двигател во борбата за опстанок и конкурентност на компаниите,

обемот и брзината на воведување на иновациите се последица на голем број научни и

технолошки достигнувања и нивно имплементирање во практиката. Поради овие причини,

голем број на компании со цел да влијаат врз нивниот раст, односно врз иднината на

претпријатијата вложуваат дел од своите средства во истражување и развој, како активност

на која се придава особено значење во денешното време на модернизација. Способноста за

иновирање е еден од најважните фактори од кои зависи економската сила на

Page 59: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

59

претпријатието. Придобивките кои произлегуваат од иновациите на претпријатието се

многубројни и придонесуваат за:

подобрување на продуктивноста;

намалување на трошоците;

обезбедување на конкурентна пазарна позиција;

зголемување на вредноста на брендот на пртпријатието;

воспоставување на нови партнерства;

зголемување на профитот и профитабилноста.

Конкурентноста на компаниите во современи услови се намалува како резултат на

зголемениот број на конкуренти на пазарот и појавите на дуплирање па дури и имитирање

на веќе постоечките производи. Оттука, особено е значајно претпријатијата перманентно да

ги иновираат своите производи, услуги и процеси со цел да не заостануваат зад

конкуренцијата, која би можела да им ја превземе водечката улога.

Формирањето на „Кластер за имплементација на информациско-комуникациската

технологија и решенија за зголемување на конкурентноста на малите бизнисиʻʻ,

претставува важна стратешка мерка за надминување на ограничувањата во ресурси како и

овозможување на софтверските компании здружено да се насочат кон нови пазарни

сегменти на домашниот и на меѓународниот пазар. Фокусот е ставен на едукација на малите

и средни претпријатија кои може да станат поконкурентни на пазарот и да ги продаваат

нивните производи и услуги, со користење на информациско-комуникациски технологии.

Целта е да се поврзат понудувачите на решенија на информациско-комуникациската

технологија со малите и средни претпријатија, преку обезбедување на интегрирана понуда

на информациско-комуникациската технологија за услуги за задоволување на потребите на

малите бизниси кои што произлегуваат од предизвиците на дигиталната економија,

глобализацијата и отварањето на пазарите во Европската Унија.

Page 60: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

60

III Дел

3. Постапка за започнување со малиот бизнис

3.1. Фази и етапи за започнување на малиот бизнис

Од моментот кога ќе се донесе одлука за да се формира мал бизнис, самиот бизнис

се наоѓа во рамката за животниот циклус на бизнисот. Фазите и етапите го отсликуваат

патувањето од идејата за стартување односно започнување на бизнисот доколку е успешен,

до текот на фазите на раст и зрелост.

Формирањето на бизнисот претставува предизвик, затоа што во секоја од фазите на

бизнис животниот циклус се нагласува уникатен сет на пречки со кои треба да се справи

малиот бизнис и да ги надмини. Затоа при работата со бизнисот мора да се биде

флексибилен во размислувањето за раководењето на бизнисот се со цел за полесна

адаптициај на стратегијата на бизнисот. Всушност, се бараат различни пристапи за

пробивање на пазарот, на пример, што може да се бара за да се постигне раст или удел на

пазарот. Доколку не се спроведе добра стратегија за почеток на бизнисот првенствено може

да резултира со самоуништување на бизнисот. Како причини кои можат да се наведат за

самоуништување на бизнисот се:

сопствените лоши избори на основачите на бизнисот кои најчесто се и нивни

сопственици;

недостатокот на подготвеност односно т.н. ,,лоша среќаʻʻ;

условите на пазарот, кои се надвор од контрола на основачите

Разбирањето на позицијата на бизнисот во деловниот животниот циклус може само да

помогне да се остане малку понапред во играта на водењето на бизнисот, како и да се

искористат потенцијалните шансите за развој, и да се предвидат идните потенцијалните

предизвици и пречки во зависност во која фаза се наоѓа бизнисот или е во премин од една

во друга фаза.

Едноставно кажано, како бизнисот расте и се развива, така се исполнуваат замислените

бизнис цели, приоритети и стратегии. Поради тоа треба да се биде добро информиран во

која фаза на бизнис животен циклус се наоѓа бизнисот и што може да биде од корист.

Page 61: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

61

Категоризацијата на проблеми и модели за растот на малите бизниси на прв поглед изгледа

многу тешко изводлива. Малите бизниси меѓу себе се многу различни по големина и

капацитет за раст. Тие се карактеризираат со независноста на акција, различни

организациски структури, и различни стилови на управување.

Сепак, очигледно е дека тие се соочуваат со заеднички проблеми што произлегуваат во

слични фази на нивниот развој. Овие точки на сличност може да се организираат во рамка

која го зголемува разбирањето на природата, карактеристиките и проблемите на бизнисите

со кои се соочуваат. За сопствениците и менаџерите на мали и средни претпријатија, може

да се помогне во проценката на тековните предизвици; на пример, потребата за надградба

на постоечките компјутерски систем или да се вработат и обучуат менаџери за да се одржи

планираниот раст. Како што се развиваат бизнисите мора да поминат низ различни фази

(секоја со свои карактеристики). Овај процесот на развој кај бизнисите може да се спореди

со животниот циклус на производот. За разлика од производите, бизнисите не се движат

преку циклусот со иста брзина, но за разлика од повеќето производи, бизнисите може да

остана во една истата фаза за подолг временски период. Иако е јасно дека секој бизнис е

различен сепак бизнисите меѓусебно имаат доволно сличности во проблемите со кои тие се

соочуваат и при тоа користат општ модел на раст во управувањето на мали бизнис. Тоа

претставува претходно познавање на она што може да се очекува во следната фаза на

развојот, што го прави моделот на раст корисен за планирањето на иднината на бизнисот.

Поради различните карактеристики на секоја фаза преминот од една на следна фаза

често е придружен со криза, кој може да биде или надворешно или внатрешно во фирмата.

Следува дека малиот бизнис има два големи проблеми во движењето низ фазите односно

од една фаза на развој на следна. Прво сопственикот има за цел самиот да се спаси од

кризата. Доколку успее во ова, тој се соочува со вториот проблемот со управување на новата

компанија. Во овој дел се вклучува управувањето со промени кое е тешко и често одзема

време. Второ планирањето е од суштинско значење. Ова значи дека настаните следат еден

по друг со наверојатна брзина и поради тоа кризата треба да се следи постојано, така што

менаџерот може да биде проактивен отколку реактивен во движењето од една фаза на

развојот на следна. Користењето на овој модел е во можноста за предвидување кога следува

криза и можноста успешно да преговара за развој во следната фаза на раст. Постојат пет

Page 62: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

62

различни фази за развој и започнување на малиот бизнис. Секој успешен мал бизнис во

текот на својот развој минува низ петте фази од животниот циклус на деловното работење.

Слика 1. Фази во развојот на малиот бизнис32

1 Фаза – Почеток или опстанок – За започнувањето на нови бизнис потребно е

многу размислување и прилагодување. Заада се придвижи напред од една идеја до

успешен бизнис потребно е голем обем на клиенти кои се заинтересирани за новиот

потфат, пари но и ментална цврстина. Токму затоа во оваа фаза, главниот проблем

на бизнисите е да се добијат потрошувачи и навремено да се испорачуваат

производите или услугите. Како што едно лице станува сопственик на бизнис, така

тоа станува извор на капитал и работа, при што има една важна цел ‒ да опстои и да

32 https://www.aabacosmallbusiness.com/advisor/stages-business-lifecycle-challenges-100036770.html

Page 63: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

63

преживее. Клучни прашања кои сопствениците треба да ги постават во оваа фаза,

според Черчил и Луис се33:

Дали може да се привлечат доволно клиенти, да се испорачаат производи и да се

обезбедат услуги доволно добро за бизнисот да стане одржлив?

Дали може бизнисотада се прошири од услужување на клучни потрошувачи и од

почетниот процес на производство кон многу поширока база на продажба?

Дали бизнисите располагаат со доволно пари за покривање на големите парични

барања во почетната фаза?

За жал, многу сопственици на мал бизнис не успеваат и пропаѓаат во оваа фаза.

Многу од нив никогаш нема да успеат да привлечат доволен број потрошувачи или да

успеат да го зголемат производниот капацитет. Во овие случаеви, кога сопствениците се

решат на затворање на бизнисот, и го изгубат почетниот капитал или ако имаат среќа ќе го

продадат бизнисот за истата цена за која инвестирале. Некои од причините може да се

најдат во погрешното инвестирање во одредени сектори во кои уште од почеток би имале

многу мали шанси за успех. Многу од нив едноставно треба да се насочат кон успешно

исполнување на својата производна програма и заборават да го разгледаат и да придадат

важност на идентификацијата, привлекување и продажба на клиенти. Вештините кои ги

поседува сопственикот се исто така важни во оваа фаза на развој на малиот бизнис. Во

суштина, главните напори на секој сопственик треба да бидат развивање на комерцијално

прифатен производ којшто има шанси да опстои на тековниот пазар.

Потешкотиите во остварување на претходното варираат од бизнис до бизнис. На

почетокот на бизнисот ресурсите се минимални, што најчесто значи дека бизнисите имаат

едноставна организациска структура со само една оперативна единица, ограничена

комуникација и ограничени канали на дистрибуција. Во оваа фаза малите бизниси се

соочуваат со потешкотии во добивањето на средства (фондови), па затоа нивните

сопственици во најголем случај се потпираат на средствата од нивните роднини и

пријатели. Тоа значи дека овде се случува едно високо ниво на несигурност во нивните

ризични инвестиции.

33 https://hbr.org/1983/05/the-five-stages-of-small-business-growth

Page 64: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

64

Меѓутоа, сето ова е зависно од тоа кои се плановите на сопствениците или дали

сакаат да се придвижат кон наредните фази. Ако тоа го сакаат, тогаш со претераното

трошење на ресурсите уште во првата фаза бизнисот ќе се соочат со прерана смрт уште во

втората фаза. Токму затоа сопствениците фокусот во првата фаза треба да го пренасочат од

основање и развој на производот кон можност да се генерира позитивен готовински тек. Тоа

се постигнува со ставање акцент на максимизирање на профитот, а тоа се остварува со

минимизирање на загубите и промена на стилот на менаџирање кој става главен акцент на

профитабилноста. Доколку сака да се премине во втората фаза „преживување“, на

сопственикот му се потребни вештини, искуство и многу внимание.

2 Фаза - Преживување - Во фазатаана преживување се работи за преживување на

бизнисот и воспоставување солидна бизнис-основа за во иднина. Доколку бизнисот

успее да ја достигне оваа фаза, многу веројатно е дека тоа е деловен субјект, кој има

доволно потрошувачи и ефикасно ги задоволува нивните потреби од производи и

услуги. Клучен проблем во оваа фаза е определувањето на оптималниот однос

помеѓу приходите и расходите. Како што бизнисот се проширува и расте, расте и

потребата од поголем работен капитал, а бизнисот има потреба и од финансирање на

зголемените залихи и побарувања. Токму затоа сопственикот мора да се префрли на

краткорочни кредити за да ги финансира овие потреби. Многу веројатно е дека во

оваа фаза бизнисот се соочува со повеќе конкуренти, поради привлечноста на

секторот во кој тој работи. Ова се јавува како резултат на тоа што во почетните фази,

бариерите за влез се ниски, што значи влегувањето на нови конкуренти ќе биде

поедноставно. Најверојатната криза која се јавува во фазата на преживување е

останување на бизнисот во оваа фаза некое време, а доколку се случи тоа бизнисот

ќе ги намали шансите за раст. Токму затоа од витално значење е сопственикот или

сопствениците да се одлучат за движење кон следната фаза на растот. Пред да се

пресели во наредната фаза, бизнисот треба да се справи и со други кризни моменти.

Во оваа фаза се случува зголемување на продажбата, но доколку се сака

придвижување кон наредните фази, потребно е уште поголемо зголемување и

разликување на производната програма.аТака, заедно со зголемувањето на

комплексноста на дистрибутивните канали, бизнисот треба да се префрли на

работење во други области или насочување кон друг тип купувачи. Кога на пазарот

Page 65: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

65

се вклучуваат нови и силни конкуренти, важноста од одржувањето на пазарот,

силите и предностите се од витално значење за преживувањето. Тоа пак ја зголемува

потребата од нови знаења и од дополнителен капитал.

Овде главен аспект треба да биде ставен на финансиската експертиза и доброто

управување со буџетот. Доколку бизнисот успее да ги надмине сите овие кризи и проблеми,

потребата од раст го води бизнисот кон наредната фаза. Организациската структура се уште

е едноставна, но како што новиот бизнис се етаблира и има солидна основа за континуитет,

одговорностите и бизнис-одлуките од страна на менаџментот стануваат уште повеќе

значајни. Затоа, тие треба да делегираат повеќе одговорност на пониските нивоа, но не

некои стратегиски одлуки, туку одлуки за коишто вработените на пониско ниво се повеќе

специјализирани. Исто така, ангажирањето на надворешни стручни лица, како консултанти

и советници е важно во решавање на конкретни проблеми и може многу да му помогнат на

малиот бизнис.

Доколку бизнисот сака да се префрли во друга фаза на развој, тој мора да претрпи

клучни организациски промени, како што се промени во постојната бизнис-стратегија и

постојните организациски системи. Тој незсмее да ја одржува „статус-кво“ ситуацијата.

Доколку се дојде до мислење дека постојната стратегија и организациски ситеми го кочат

бизнисот или се закануваат тој да остане „парализиран“, тогаш неопходни се промени.

Многу веројатно е дека овде ќе се јави т.н. психолошки отпор затоа што луѓето се навикнати

на рутини и навики, па затоа барањето за промени може да доведе до отпор од нивна страна.

Токму затоа, бизнисот може да расте и по големина и да ја зголеми профитабилноста за да

се придвижи кон третата фаза или да остане во фазата на преживување некое време, да

заработува маргинални приходи и по некое време да пропадне.

3 Фаза – Раст или полет - Кога претпријатието се придвижи кон понапредната фаза

на растот ‒ успехот откако ги надминалоасите кризи во фазата на преживување, тоа

почнува да станува профитабилно. Одлуката која треба да се донесе во оваа фаза е

дали се сака бизнисот да се чува стабилен и профитабилен или се сака тој да

претставува платформа за раст. Според ова се разликуваат две потфази на фазата на

успех, според Черчил и Луис:34 успех-ослободување и успех-раст.

34 https://hbr.org/1983/05/the-five-stages-of-small-business-growth

Page 66: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

66

Успех-ослободување потфазата, се карактеризира со здрава економска средина

која ја има постигнато бизнисот, има доволна големина и добра пенетрација на

пазарот, има економски успех и заработува просечен или натпросечен профит.

Малиот бизнис може да остане во оваа потфаза на неодредено време сѐ додека

промените во окружувањето или неефикасниот менаџмент не ги намалат

конкурентските способности. Организациски, бизнисот расте доволно голем, при

што потребно е да се бараат оперативни менаџери кои ќе преземат одредени

задачи кои дотогаш се извршувале од страна на сопственикот. Готовината овде е

во изобилие, а главна грижа е да се избегне нејзин одлив во просперитетни

периоди на штета на способноста на компанијата да ги издржи тешките времиња.

Сопственикот и менаџерите во помала мера треба да ја следат стратегијата и да ја

одржуваат статус-кво состојбата. Учеството кое го има на пазарот не му дозволува на

бизнисот да продолжи да расте, а ова е случај со многу мали и средни бизниси. Доколку

бизнисот успева на подолг рок да се справува со промените во окружувањето, тоа би

можело да биде продадено, да се спои со друг бизнис или да биде стимулирано да расте,

односно да се придвижи кон следната потфаза. Доколку не успее, тоа би можело да се врати

во претходната фаза на преживување.

Успех-раст потфаза. Овде сопственикот го консолидира бизнисот и ги користи

парите и средствата за да оствари финансиски раст. Најважни задачи во оваа

потфаза се да се осигура дека бизнисот може да остане профитабилен и да се

развијат менаџери кои ги задоволат потребите на растечкиот бизнис, сѐ со цел

бизнисот да продолжи напред, а не да остане во тековната состојба.

Оперативното планирање е доволно развиено, но овде исто така се јавува и

стратегиското планирање кое станува обемно. Ако е успешен во оваа потфаза,

бизнисот продолжува во четвртата фаза на развој, но ако не е, се враќа во

потфазата успех-ослободување со големи шанси да падне и во втората фаза на

преживување.

4 Фаза – Полет или експанзија - Од клучно значење во оваа фаза е да се

преструктуира менаџмент-структурата на претпријатието, при што од големо

значење тука ќе биде ефикасната бизнис-политика. Исто така, како важни во оваа

фаза се јавуваат буџетската контрола, редовните менаџмент-извештаи, како и

Page 67: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

67

децентрализацијата на власта, придружена со воведување на формализиран

сметководствен систем. За претпријатието од клучно значење е да располага со

долгорочни средства кои се обезбедуваат преку давање на дивиденди, со цел да

привлечат нови инвеститори, но и преку барање на долгорочни позајмувања кои ќе

му овозможат да експанзира ‒ „полета“.

Во зависност од конкурентната средина, бизнисот може да продолжи да работи

успешно, а особено ако индустријата се развива, има големи шанси да направи капитална

добивка, сѐ додека постои желба и можност за раст. Според Скот и Брус35 постојат две кризи

кои е многу веројатно да се случат за време на фазата на експанзијата, а тоа се:

Држење на топ-менаџментот настрана од преземање акција. Основачот на

претпријатието во понапредната фаза на развојот ќе се држи подалеку од

превземање акција и ги овластува професионалните менаџери за таа задача. Тие

на тој начин собераат повеќе моќ и играат позначајна улога во донесувањето на

одлуките, а основачот кој во првите фази бил претприемач, проактивен во оваа

улога, само да го планира и да го набљудува извршувањето на активностите;

Потреба за надворешен фокус. За да се одржи конкурентската предност,

потребно е фирмите да развиваат производи различни од оние на конкурентите.

За да се направи ова, потребно е повеќе фокусирање на потребите на

потрошувачите и адаптирање на производот со нивните потреби. За разлика од

тоа, во оваа фаза многу фирми се фокусираат само на производот кој е

доминантен во нивната работа, односно се внатрешно фокусирани. Ставање на

акцентот на надворешниот фокус и помага на фирмата да го преброди ова.

Сопствениците треба да одлучат дали и понатаму има можности и начини да се

прошират или да ја зајакнат својата тековна позиција. Натамошното проширување има свои

ризици и ако не е применета соодветната стратегија, тогаш настанува намалување на

стабилноста и профитот. Затоа е потребно добро идентификување и проценување на

предностите и слабостите, но и на заканите и можностите. Ова е клучен период во развојот

на малите бизниси. Доколку сопственикот успее да ги надмине финансиските и

менаџерските предизвици на растечкиот бизнис, може да се развие во голем бизнис. Ако

35 http://citeseerx.ist.psu.edu/viewdoc/download?doi=10.1.1.462.4083&rep=rep1&type=pdf

Page 68: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

68

не, тоа ќе биде продадено и тоа доколку сопственикот што побргу ги признае неговите

ограничувања. Многу често, оние кои го доведуваат бизнисот во фазата на успех се

неуспешни во фазата на полет ‒ експанзија. Причини за тоа се обидот да се расте пребрзо,

при што како последица се јавува недостиг од парични средства, како и неможноста да се

направи ефикасно делегирање.

5 Фаза – Зрелост на бизнисот - Малиот бизнис може да продолжи да расте сѐ додека

не стигне до работ до кој едно мало или средно претпријатие повеќе нема да биде

сметано како такво, туку ќе премине во големо. Моделот на 5-те фази на развој ја

дефинира оваа фаза како зрелост, но се смета дека претпријатијата сѐ уште растат и

во оваа фаза. Бизнисите во оваа фаза имаат доволно и кадри и финансиски ресурси

за да вклучат детално оперативно и стратегиско планирање. Менаџментот е

децентрализиран, а сопственикот и работењето почнуваат да се одвојуваат, како

финансиски, така и оперативно.

Постојат три главни прашања во оваа фаза а тоа се: продуктивноста, контролата и

пронаоѓањето на дополнителни можности за раст. Однесувањето на малите бизниси во оваа

фаза се карактеризира со стабилизирање и одржување на една средина во која

претприемачот, заедно со еден мал менаџмент-тим може да бидат во директен контакт со

клучните оперативни активности, каде секој член во менаџмент-тимот може да биде

одговорен за одредена функција, но доколку планираат и понатаму да растат можно е

додавање на дополнителни нивоа на менаџмент за да се подготват за понатамошен раст. Во

овој момент потребно е да се развијат различни или стандардни начини на комуникација со

вработените од оние што ги одликуваат малите бизниси, а тоа е директна комуникација и

контрола во комуниккацијата со нив. Ваквите промени во интерното окружување носат и

предности и ограничувања.

Менаџерските тимови во оваа фаза имаат повеќе време за планирање и обезбедување

на дополнителни средства, меѓутоа од друга страна се намалува оперативната контрола и

се намалува чувството за конкуренција и организациски способности. Во оваа фаза важна

станува ценовната конкуренција, при што овде до израз доаѓа продуктивноста. За да се

постигне едно високо ниво на продуктивност потребни се големи инвестиции во

маркетингот и во инфраструктурата. Претпријатијата кои целосно се потпираат на

Page 69: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

69

производи, мора да најдат нови начини за зголемување на вредноста на бизнисот во фазата

на зрелост.

Ако приходите кои ги остварува се доволни за континуирано инвестирање во

фирмата со цел да останат конкурентни, повеќе од веројатно е дека оваа фаза ќе ја поминат

без проблеми и ќе навлезат во светот на мали и средни бизниси. Сепак, поради жестоката

конкуренција ваквите приходи се тешко остварливи во реалноста. Затоа претпријатието во

оваа фаза го намалува своето работење и своите операции, со цел да ги намали трошоците.

За многу растечко-ориентирани мали бизниси најважното средство за успех во оваа фаза се

иновативните стратегии.

Но, на развивањето на вакви стратегии влијаат повеќе фактори, како што се:

поседувањето на повеќе информации во процесот на одлучување, недостиг од посветеност

на состојбата статус-кво, ниски трошоци за развој и др. Други фактори кои влијаат на оваа

фаза на развој се: стратегиските способности на сопственикот, неговите финансиски

ресурси и менаџмент-вештини, неговите деловни и лични цели, менаџмент-персоналот и

воспоставените системи. Интересно е тоа што во посебни случаи одредени претпријатија

може да ја прескокнат оваа фаза. Сепак, ако навлезат во неа, сопствениците имаат можност

да бираат дали сакаат да останат стабилни со подобрување на организациската ефикасност

или сакаат да продолжат да се зголемуваат и да ја надминат границата на мало и да се

развијат во средно или големо претпријатие.

3.2. Елементи на бизнис планот како неопходен документ на

претприемачот

Планот на работењето или бизнис-планот покрива временски период до една година

и ги опфаќа краткорочните задачи од работењето на претпријатието. Бизнис-планот е

најважен плански документ во претпријатието. Пред основањето на едно мало претпријатие

сопственикот треба да изработи бизнис-план кој ги вклучува следниве елементи:

Подрачјето на работење што ќе се произведува, продава, обемот на планските активности,

конкуренцијата, капацитетот, локацијата, потребните кадри и слично. Покрај овој бизнис-

план сопственикот треба да изработи уште и бизнис-план или план на инвестиции за

обезбедување финансиски средства од потенцијалните инвеститори. Сопственикот на

Page 70: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

70

малото претпријатие треба да изработи и бизнис-план за тековното работење. Постојат

различни приоди во дефинирањето на бизнис-планот, и тоа од содржински аспект, од аспект

на корисноста, од аспект на водењето на деловните активности и од аспект на деловниот

потфат. Како најопшта дефиниција за бизнис-планот е бизнис-планот претставува документ

во писмена форма којшто ги содржи сите релевантни внатрешни и надворешни фактори кои

влијаат на работењето на фирмата, општата деловна стратегија, како и нејзините

поединечни елементи, неопходни за започнување со работа на нов бизнис, или пак за

идното работење на постоен бизнис. Бизнис-планот е потребен и за самиот претприемач, за

да си ги среди сметките, да се обиде да ја согледа состојбата и да оцени колку навистина

неговата идеја е остварлива и профитабилна. Меѓутоа, бизнис-планот исто така е првиот

неопходен документ што потенцијалните инвеститори ќе го побараат од претприемачот.

Според првиот приод бизнис-планот ги содржи целите на претпријатието, постапките за

нивно остварување и потребните финансиски средства. Со определување на целите кон кои

треба да се насочи работење на компанијата, менаџерите го определуваат правецот на

дејствување на компанијата како целина и на секој поединец како член на таа

целина. Бизнис планот треба да се ажурира, користи, усовршува и освежува, а врз база на

согледаните резултати треба да се корегира, но и да служи за контролна врска помеѓу

планираното и оствареното. Повеќето бизниси се соочуваат со инвестициски одлуки во

текот на нивниот живот. Често, овие инвестициски одлуки не можат да бидат финансирани

од страна на слободни готовински текови на самите сопственици, па поради тоа често

сопствениците на бизнисите мора да бараат надворешно финансирање. Сепак, и покрај

фактот дека на пазарот за финансирање постои висока конкурентност, сите потенцијални

кредитори бараат пристап до последните извештаи на билансот за успехот на компанијата.

Добро подготвениот бизнис план може да помогне за да се воспостават добри односи со

потенцијалните инвеститори, помагајќи им да се чувствуваат сигурни во својата

инвестиција. Најважните компоненти за инвеститорите е да се прикаже јасен доказ за

иднината способноста на компанијата да генерира доволно парични текови за да ги исполни

своите обврски за долг, што им овозможува на бизнисите да работат ефикасно.

Според вториот приод бизнис-планот му обезбедува на сопствениците поголема

шанса за успех и ги намалува шансите за пропаѓање. Со составувањето на бизнис план во

кој редоследно се прикажани постапките и намерите како и целите за раст и развој на самиот

Page 71: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

71

бизнис, и доклоку тие постапки правилно се исполнуваат сето тоа може да резултира со

успех на бизнисот, а со тоа се намалуваат и шансите за пропаѓање на бизнисот.

Според третиот приод, бизнис-планот е картата на патот. Бизнис планот служи како

карта на патот на бизнисот со појаснување каде се наоѓа бизнисот во моментот, каде

сопствениците сакаат да бидат со бизнисот во иднина и како планираат да стигнат до таму.

Без јасна слика за бизнис план, може да се прибегне кон грешки. За да се постигне успех во

бизнисот, треба да се утврди дали може да се постигне вистински напредок.

Според четвртиот приод, бизнис-планот е писмен документ во кој во детали е

опишан предложениот деловен потфат. Бизнис-планот треба да ја прикаже тековната

состојба, очекуваните потреби и очекуваните резултати. Со помош на бизнис планот се

прикажува реалната тековна состојба на бизнисот односно кои се очекуваните потреби на

бизнисот за во иднина и дали тие потреби можат да резултираат со очекувани резултати.

Бизнис-планот е документ за продажба кој ги пренесува возбудата, посветеноста и

ветувањата на бизнисот за потенцијалните поддржувачи или стеик холдери.

Оттука произлегува дека:

Бизнис-планот се поврзува со новиот деловен потфат

Бизнис-планот се третира како документ за барање кредит при основањето на мало

претпријатие

Бизнис-планот се третира како документ за продажба не само на производи и услуги

туку и на целата компанија

Бизнис-планот е документ за планирање кој содржи информации кои ќе им помогнат

на доносителите на одлука за остварување на целите на бизнисот

Бизнис-планот е писмен документ кој се користи во тековното работење на малото

претпријатие

Бизнис-планот се третира како документ за инвестирање во текот на работењето на

малото претпријатие.

Содржината на бизнис-планот се однесува на деловите и елементите од кои треба да

биде составен. Формата или содржината на бизнис-планот треба да се разгледува како општ

водич. Секој бизнис е различен што значи дека и секој бизнис-план е различен. Формата на

бизнис-планот ја дава неговата структура: резиме, претпријатието и неговата индустрија,

Page 72: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

72

производи и услуги, пазари, маркетинг, производство, истражување и развој, менаџммент,

финансиски барања, ризици и претпоставки кај финансискиот план, детален финансиски

план и анех. Фактот дека бизнис-планот е важен документ значи дека треба да биде логично

изработен и јасно прецизиран. Специфичните содржини на бизнис-планот треба да содржи:

вовед, резиме на врвниот менаџмент, содржина, историја на бизнисот, дефинирање на

бизнисот, дефинирање на пазарот, опис на производот, цели и политика, финансиски

податоци и прилози и менаџмент-структура.

Кратка содржина на бизнис – планот:

Секој бизнис план во првиот дел е составен од увод односно предговор. Со предговорот

треба да се обезбеди јасен преглед на главните аспекти на бизнис планот. Предговорот

најчесто е напишан на една до две страници. Во самиот предговор треба да се содржат

информации за: име и седиште на претпријатието, име на претприемачот и контакт детали,

предмет-цел заради која се подготвува бизнис-планот, краток опис на дејноста на

друштвото како и краток опис на обликот и обемот на инвестицијата што се бара: кредит

или емисија на сопственички хартии од вредност, како и за што ќе се користат добиените

средства.

Вториот дел од бизнис планот го сочинува извршното резиме. Извршното резиме се

пишува откако ќе се напише целината на планот. Во извршното резиме се содржат главните

аспекти и наоди од бизнис-плканот, но исто така во него се нагласува дека за да се имаат

сите елементи предвид потребно е да се прочита целиот бизнис-план.

Во третиот дел од бизнис планот е опфатена анализата на дејноста (секторот) на

друштвото (претпријатието). Секое друштво работи во определена стопанска дејност-

сектор. Дејноста на друштвото мора да се смести во определен контекст, а тоа е направено

со методологијата на класификација на дејностите на ниво на земјата во моментот на

пишувањето на бизнис-планот. Како основни прашања кои треба да бидат одговорени се

следниве: кога е основано претпријатието?, изготвена статистика за вкупниот приход

произведен во дејноста во последните 3-5 години, што е посебното што го одликува

друштвото што презентира бизнис-план?, кои се основни карактеристики на дејноста во

која работи претпријатието?, кои се главни учесници на пазарот во соодветната дејност?,

колкав е предвидениот раст на дејноста за идниот период?, дали постои движење меѓу

Page 73: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

73

конкурентите во последните години?, кои се предностите и слабостите на поголемите

учесници на пазарот-конкуренти и во кој дел на бизнисот се вклучува друштвото: Дали има

определена специјализација, определени целни потрошувачи? Како тоа би се рефлектирало

на постојните односи на пазарот?

Четрвртиот дел од бизнис планот го содржи описот на работата на претпријатието. Овој

дел од бизнис планот треба да биде подобро елабориран. Прашањата кои треба да се

разработат се: краток опис на производот / услугата на друштвото, дали производот /

услугата користи определен патент, трговски знак, франшиза или друга интелектуална

сопственост?, причините за формирањето на претпријатието, главните стратегии на

бизнисот, локацијата на претпријатието. Дали е тоа сопствен простор или е под закуп? Која

е месечната кирија? Дали просторот е готов или треба да се гради и која е цената за тоа?,

потребна канцелариска опрема, мебел и компјутери: Дали се планира да се купи или да се

изнајми, и по која цена?, активностите што треба да бидат преземени, потребните стретства

за инвестиција и нивно користење, очекуваниот принос на капитал, искуството на

претприемачот во соодветната дејност, личните податоци за претрпиемачот (образование,

деловно искуство, посебно искуство и интереси), дали постои работна сила соодветна за

предложената дејност на друштвото?, зошто претприемачот мисли дека претпријатието и

деловната идеја ќе бидат успешни?

Доколку станува збор за постојно друштво се презентира само новиот проект, тука треба да

се даде историјата на друштвото, со целосна презентација на друштвото: Оперативна,

технолошка, пазарна и финансиска. Менаџментот врз основа на овие анализи има поцврста

подлога за она што го тврди, и може да посочи што е тоа што ќе се поправи со новиот

проект: кратка историја на бизнисот, досегашното работење на претпријатието, изработка

на SWOT анализа36, главните причини поради кои се влегува во новиот проект како и детали

за сегашното финансирање на бизнисот, сопственичката структура, задолженоста,

основните финансиски резултати и показатели на финансиската перформанса и

финансиската позиција: ( кои се клучните фактори на финансискиот резултат, да се наведат

некои невообичајни фактори, да се коментираат евентуалните флуктации во продажбата, во

профитабилноста, во средствата, да се коментираат значајните ставови од билансите, да се

36 Petar Steidl “How to SWOT your competitors”, enterprise, Vo l.2, N0 1, 1992

Page 74: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

74

коментира постигнатиот рентабилитет, коментар на стратегијата на друштвото и

евентуалните предвидени промени во неа.

Петтиот дел на бизнис планот го сочинува производствениот план.

Производствениотп план е составен од: детален опис на главните производи и услуги,

производот по што се разликува од другите слични производи – точка на диференцирање,

дали се изработува целосен производ / услуга или само дел од него?, доколку производот

има одредени недостатоци, тоа треба да биде наведено во забелешка, колкав ќе биде

животниот век на производот, дали слични нови производи се воведуваат од страна на

конкуренцијата како и опис на производствениот процес, со потребни шеми, дијаграми и

технички нацрти.

Описот на производствениот план е составен од: опис на производствениот капацитет и

плановите за експанзија, клучни фактори кои влијаат врз производството, капиталот и

шкартот, опис на главните суровини, зависноста од еден снабдувач, главните добавувачи

на суровини, полупроизводи, услуги, наведување за постоење одредена предност во

производниот процес и наведување на фиксните трошоци на различни нивоа на

производство.

Како други елементи на производниот процес кои треба да се наведат се: кои се главните

производствени трошоци на секој основен производ / услуга?, каква е профитабилноста на

секој основен производ / услуга?, во кој стадиум на развој се наоѓаат основните производи?,

идни планови за нови производи / услуги и орентационен роковник, презентирање на

истражувачките и развојните планови, детали за производите кои се заштитени со патенти,

обезбедување на потребни дозволи од страна на владата за одреден производ и заклучни

согледувања дека производот ја задоволува предвидената продажба.

Шетиот дел од бизнис планот го содржи планот на пазарот и маркетингот. Овој план на

пазарот и маркетингот му покажува на инвеститорот дека претприемачот размислил за

производот и за неговото пласирање на пазарот. Планот содржи неколку елементи и тоа:

целосен преглед на пазарот, дефинирање на неговата големина, раст и перспектива,

дефинирање на позицијата на претпријатието на пазарот. Низ сите аспекти, статистички

податоци за потврда на состојбата на пазарот, указ зошто претпријатието го избрало тој

сегмент на пазарот и дали има планови за во иднина, кои се потрошувачи, каде се наоѓаат,

Page 75: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

75

зошто и кога го купуваат производот?, дали нешто што не е во домен на претпријатието има

влијание врз одлуките на потрошувачите, која е позицијата на главните потрошувачи на

нивниот пазар, која е конкуренцијата и каде се наоѓа, кои се силните, а кои се слабите страни

на конкуренцијата, запознавање со глобалната маркетинг стратегија, детали од политиката

на цени и дали таа ќе биде трошочно ориентирана, очекувања за глобалните движења на

цените, детали за можната промоција на производот, предвиденото ниво на трошоци за

промоција и очекуваната корист како и детали за големината на нарачката, за продажниот

персонал и за негово наградување.

Планот за организација на друштвото (претпријатието) е седмиот дел од изработката на

бизнис планот. Во овој дел се опишува обликот на сопственост и организацијата на

друштвото, правните прашања, одговорностите и улогата на одделни учесници,

сопственици, вработени и менаџментот. Во овој дел спаѓа: видот на друштвото

(акционерско друштво, друштво со ограничена одговорност, трговец поединец или друг

вид), правните сертификати што треба да се поседуваат при работењето на друштвото,

потребните лиценци и дозволи за работа и дали се набавени, прашањата за интелектуална

сопственост, кои се главните акционери т.е. сопственици на бизнисот, односот меѓу

сопственоста и менаџментот, кој го формира менаџмент тимот, кратка биографија на

врвните менаџери (воздраст, искуство, стручност и сл.), дали постои потреба од нови

менаџери и како ќе се изберат, потребно е да се наведат и грешките во минатото затоа што

тие ќе бидат лекција за во иднина, колкава е висината на плати, бонуси и награди што се

предвидени за менаџментот, за вработените, детали за сегашниот менаџмент

информациски систем и дали има надворешни соработници, советници, правници и сл.

Изработката на финансискиот план го сочинува осмиот дел од бизнис планот.

Менаџмент тимот е оној кој ги изработува економските и финансиските проекции.

Проекциите во првата година се изразуваат месечно, а после првата година може да се

изразуваат месечно, квартално и годишно. Притоа, треба да се посвети големо внимание на:

проекцијата на продажбата за наредните 5 години, големината на оптималното ниво на

производство за да ја задоволи проекцијата на продажбата, калкулација на директните

трошоци на производство, проценка на основните фиксни трошоци, проекција на билансите

на успех во наредните 5 години, проекција на билансите на состојба во наредните 5 години,

Page 76: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

76

проекција на готовинските текови во наредните 5 години, детали од даночната регулатива

на која подлежи проектот, коментирање на значајни ставки од билансот на успехот и од

готовинските текови, забелешки околу основните средства, подетален коментар на

проекциите и анализа на чувствителноста, каков е ефектот врз профитот од продажбата,

ефикасноста на трудот.

Нареден дел од бизнис планот се ризикот и наградите. Со ова се појаснува дали

менаџментот е свесен за ризикот. Овде треба да се нагласат силните страни на проектот и

да се укаже дека постои свесност за негативните страни и опасностите. Овој дел ги содржи

следниве елементи: можните ризици во секој дел од планот, стратегија и активности кои се

превземени за да се минимизира ризикот, анализа на ефектот на ризикот на профитот,

добивка на инвеститорот доколку планот се исполни и антиципирање на некои идни

потреби за инвеститорот.

Последниот дел од бизнис планот го сочинуваат прилозите. Како прилози кои треба да

се достават заедно во бизнис планот се: биографии на топ менаџерите, организациони шеми,

анализа на пазарот, објавени написи од списанија во врска со претпријатието, литература и

технички спецификации на производот, референции, список на склучени договори со

добавувачи, купувачи доколку постојат, приказ на економско-финансиската состојба во

последните три години преку финансиски извештаи, финансиски проекции за наредните 3

до 5 години и за крај индекс на основните термини.

3.3. Правно-административни услови за започнување на малите

бизниси

За функционирањето на малите и средни претпријатија најдобар е економски систем

заснован на пазарни и демократски принципи, приватна сопственост, слобода на правната

иницијатива и антимонополско однесување на стопанските субјекти. Малите и средни

претпријатија се значајни носители на економската активност и се од пресудно значење за

стопанството. Од суштинско значење претставува правната заштита на сопственост и

слободата на пазарот на претприемништвото.

Page 77: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

77

Со текот на времето биле усвоени поголем број на законски и подзаконски акти

(Законот за трговски друштва, Законот за стечај, Законот за едношалтерски систем, Законот

за договорен залог, Законот за угостителска дејност, Законот за туристичка дејност, Законот

за занаетчиска дејност, Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за

индустриска сопственост, Законот за коморите, Законот за данокот на добивка, Законот за

лизинг и сл.) со којшто се промовира поволната средина за промоција и развој на

претприемачките идеи. Меѓутоа постојат уште низа на законски решенија кои треба да

бидат донесат за да биде обезбедено непречено функционирање на пазарната економија.

Малите бизниси стануваат се поважни за општестество како место каде се создаваат

нови можности за вработувања и се клучни чинители на добросостојбата на локалните и

регионалните заедници. Затоа, Законот за мал бизнис за прв пат предлагал создадавање на

опсежна политичка рамка на Европската Унија и нејзините земји членки. Законот за мал

бизнис се заснова на убедувањето дека на претприемништвото и претприемачите треба да

им биде одадено признание и награда бидејќи го претставуваат рбетот на едно општество.

Грижата за малите и средни бизниси треба да биде носечка политика. На малите и средни

бизниси треба да им се помогне да напредуваат. Кога при отварањето на нов бизнис и во

текот на неговиот растеж, се наметнуваат непотребни препреки кои мора да бидат

отстранети. Кога малите и средни бизниси заостануваат како последица на пазарни

дефекти, истите мора да бидат корегирани. Законот за мал бизнис предлага партнерство

меѓу Европската Унија и земјите членки. Збирка на десет основни принципи треба да ја

водат политиката подеднакво, во Европската Унија и на ниво на националните економии.

Законот е амбициозен пакет на нови мерки, вклучително четири законски предлози, кој

истите ги претвора во акција.37

Со Законот за едношалтерски систем се овозможува брза и ефикасна регистрација

на трговските друштва. Едношалтерскиот систем претставува единствен електронски

регистар. Со тоа се олеснува пристапот до податоците за јавноста. Со посета на само еден

шалтер можат да се добијат точни информации за деловните партнери, финансиските

извештаи, бонитетите, билансите, тековните состојби и многу други податоци. Со

имплементацијата на Едношалтерскиот систем деловните субјекти добиваат многу

37 http://www.apprm.gov.mk/webdata/dokumenti/Zakon%20za%20mali%20pretpetrijatija%20za%20Evropa.pdf

Page 78: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

78

предности: поевтина регистрација, посета на само еден шалтер, времето за регистрација

изнесува само 3 дена, точни информации за деловните партнери. Странските инвеститори

многу лесно можат да добијат информација за потенцијалните партнери преку нивните

матични регистри (европски бизнис регистар), намалување на административните бариери

за влез, добивање на точни и комплетни информации за работењето на компаниите во кој

може да се инвестира. Државните органи добиваат олеснување на процесот на контрола на

субјектите, поедноставна постапка за издавање на дозволи, заштеда на буџетски средства

за мултиплицирање на административните регистри, поефикасно управување со

податоците. Банкарскиот и деловниот сектор преку едношалтерскиот систем исто така

добиваат лесен и брз пристап до финансиските и кредитни информации за нивните клиенти.

Едношалтерскиот систем се состои од три компоненти кои етапно се реализираат и тоа се:

компонента за електронско поднесување документација

компонента за воведување на ,,црна листаʻʻ на субјекти

компонента за електронски систем за стечајни постапки и електронски систем за

регистрација на залог и лизинг.

Со измените и дополнувањата на Законот за едношалтерски систем и за водење на

трговски регистар и регистар на други правни лица и Законот за трговски друштва, воведена

е нова категорија на подносител на пријави во единствениот трговски регистар преку

системот на е-регистрација ,,регистрационен агентʻʻ. Овластување на регистрационен агент

може да се издаде на трговско друштво или трговец поединец кое ги исполнува следниве

услови:

да е регистрирано/регистриран во регистарот на трговци поединци како овластени

сметководители, односно во регистарот на трговски друштва за вршење на

сметководствени работи;

да има вработено едно лице кое поседува уверение за овластен сметководител,

воедно успешно да ја завршило обуката за користење на Системот за е- регистрација

организирана од страна на Централниот регистар;

да поседува лиценца за вршење на дејност за сметководствени работи;

да имам потпишана изјава за заштита на личните податоци;

Page 79: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

79

да има потпишано Договор за користење на Системот за е-регистрација.38

Донесувањето на Законот за заштита на конкуренцијата позитивно се рефлектира

врз поттикнувањето и развојот на малите и средни бизниси. Со овој закон се утврдуваат

забранетите форми на спречување, ограничување или нарушување на конкуренцијата,

односно мерките и постапките во врска со ограничувањето на конкуренцијата. Главната цел

на овој закон е обезбедување слободна конкуренција на домашниот пазар за поттикнување

на економска ефикасност и благосостојба на потрошувачите.39

Со Законот за додадена вредност се регулира пресметувањето и плаќањето на

додадената вредност. Данокот на додадена вредност се пресметува и плаќа во сите фази на

производство и трговија, како и во целокупниот услужен сектор. Предмет на оданочување

е прометот на производи и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на

даночниот обврзник, во рамките на неговата стопанска дејност и увозот на добра.

Реформите во даночниот систем имплицираат промени во Законот за данок на

добивка и персоналниот данок на доход, и тоа во функција на поттикнување за основање и

развој на малите и средни бизниси.

До денес голем дел од законските прописи претрпеле промени со цел нивно

прилагодување според директивите на Европската Унија. Промените истовремено треба да

овозможат заживување и на секторот за мали и средни бизниси, меѓутоа сепак тие промени

не се доволни.

Поради овие причини, големиот број на закони биле донесени за малите и средни

бизниси кои ја создале законската рамка која треба да биде насочена кон надминување на

проблемите со кои што се соочуваат малите и средни бизниси. Главната цел на законската

рамка за малите и средни бизнис опфаќа голем број на закони и прописи кои има за цел да

им помогне на малите и средни бизниси да се развиваа, а најдобрите да ги воздигне во

класата на светски играчи. Законот за мал бизнис всушност претставува пресудана

прекретница во вистинската имплемнтацијата на Лисабонската стратегија за економски

раст и работни места. Тоа би значело поодговорна јавна администрација, помалку

задоцнети плаќања, подобрен пристап до поддршка со финансирање за малите и средни

38 http://www.apprm.gov.mk/webdata/dokumenti/Opseratorija_za_MSP_2015.pdf

39 Види пошироко, Закон за заштита на конкуренција, Службен весник бр. 145/2010.

Page 80: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

80

бизниси, повеќе иновации и едукација, пониски стапки на данокот за додадена вредност за

услугите кои се обезбедуваат локлно и подобрен пристап и можност за склучување

договори при јавните набавки, наламување на долгите и бирократизирани административни

процедури и високите трошоци поврзани со нив, намалување на ограничениот и тежок

пристап до финансии, полесна достапност до индустриски локации, намалување на

недостаток на претприемачки зони што нудат низа погодности за основање и натамошно

функционирање на малите и средни бизниси, намалување на несоодветно квалификуван

кадар, зголемување на соработката со локалните заедници како и создавање и развојот на

деловните субјекти со нови високи технологии и сл.

Бидејќи малите и средни бизниси се клучни двигатели на економскиот развој во

текот на своето основање и натамошно функционирање се соочуваат со голем број на

бариери од екстерна и интерна природа. Самите проблеми поврзани со развојот на

бизнисите започнуваат уште со изготвувањето на потребната документација, набавувањето

и добивањето на потребната дозвола за вршење на определена дејност, а продолжуваат при

плаќањето на даноци, добивање на кредити, затворањето на бизнисот и сл. Долгите

административни процедури ги зголемуваат трошоците на работењето на фирмите и

претставуваат тешка и сериозна пречка за водење на бизнисот.

Анализите во поголем дел од земјите покажуваат дека малите и средни бизниси се

среќаваат со ограничувања, главно од административна природа, па токму поради тоа се

етаблирани низа на мерки и стратегии за нивно надминување. Како дел од мерките се

донесувањето на низа на закони се со цел за да се создаде добра основа за развој и

имплементација на ефикасен и рационален интегриран систем за регистрација на малите и

средни бизниси. Овој закон придонесува деловните субјекти да ги спроведуваат постапките

за регистрација во неколку различни институции, односно постапката за регистрација да

може да се врши во судовите, во државните заводи за статистика, даночните институции,

царината, деловните банки и слично.

Исто така голем напредок за надминување на административните бариери може да

се постигне и со воведувањето на едношалтерскиот систем што обезбедува ефикасен и

ефективен интегриран систем за регистрација на бизнисите. Овој систем значително може

да ја поедностави и рационализира постапката за регистрација на младите бизниси, така

што секој претприемач лесно може да ги добие сите потребни информации на едно место,

Page 81: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

81

и тоа брзо и едноставно со минимален број на потребни документи. Пред воведувањето на

овој концепт според едно истражување на FIAS40 се заклучува дека не само што постојат

сложени постапки за регистрација на бизнисите во поголемиот број на земји, туку и

членовите на бизнис заедницата немаат доволен пристап до информации за постапките и

условите за регистрација на определен бизнис. Како резултат на имплементацијата на овој

систем целосно може да се надминат проблемите кои што произлегуваат од сложеноста на

постапката за регистрација на бизнисите, при што постапката станува многу поефикасна,

поедноставна и пократка. Во денешно време регистрацијата на младите бизниси односно

деловните субјекти се врши преку Централните регистри на земјите, при што на едно место

може да се добие решение за регистрација, даночен и маричен број, како и жиро – сметка

во деловните банки. Подобрувањето на начинот за реализирање на административните

постапки може да се согледа преку индикаторите за постапката за започнување на

бизнисите.

Општата јасна слика за земјите за постојаните законски прописи е дека се ригорозни

и нефлексибилни, постапките се сложени, долготрајни и скапи и се проследени со огромна

документација, а државната администрација е бирократизирана, корумпирана и доста

ригидна.

Проблемите поврзани со развојот на бизнисите започнуваат уште со изготвувањето

на потребната документација и набавувањето на овластувања за добивање дозвола за

отпочнување и вршење на определена дејност. Токму поради тоа натамошните реформи

треба да бидат насочени кон промени како во правната рамка на државите, така и во

економското окружување поради поттикнување на развојот и растот на малите и средни

бизниси.

40 Foreing Investment Advisory Service

Page 82: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

82

IV Дел

4. Оценка на бизнис климата во Р. Македонија

4.1. Состојби и перспективи на малите бизниси во Република

Македонија

Во 2004 година, со измените во Законот за трговски друштва, Македонија ја

прифатила методологијата на Комисијата на Европската Унија за класификација на

претпријатијата според големината. Според оваа методологија, врз основа на три

критериуми (број на вработени, големина на обртот и вкупна вредност на деловната актива),

претпријатијата, се класифицираат на микро, мали, средни и големи. Притоа, првиот

критериум од методологијата (број на вработени) се применува и во Македонија (микро до

10 вработени, мали до 50 вработени, средни до 250 вработени и големи над 250 вработени),

додека останатите два критериума се соодветно намалени во случајот на Македонија (на

пример, во Македонија, мали претпријатија се оние со годишен обрт до 2 милиони евра, за

разлика од Европската Унија, каде тој износ е 10 милиони евра).

Во Македонија, бројот на мали и средни претпријатија особено се зголемил во

периодот од 1990 до крајот на 1993 година, потоа се намалил, а повторно се засилил

по 1996 година. Во 2001 година, како последица на војната, речиси и не се формирале нови

мали и средни претпријатија, но нивната динамика повторно се засилила во 2002 година.

На крајот од 2004 година во Македонија имало регистрирано 172 297 мали и средни

претпријатија. Меѓутоа, повеќето од нив биле неактивни претпријатија, т.е. не

остварувале приход, не вработувале работници и не вршеле плаќања), а активни биле само

49 123 мали и средни претпријатија. На почетокот на 2012 година, во Македонија постоеле

73 118 активни претпријатија, од кои дури 72 933 (или 99, 7%) биле мали и средни

претпријатија. Притоа, тие имале доминантно учество и во формирањето на бруто

домашниот производ (преку 55%, во додадената вредност), и во вкупната вработеност во

бизнис секторот (преку 75%).

Главен двигател на економијата во нашата земја се приватните претпријатија. Тие се

еден од важните сегменти при создавањето на нови работни места, зголемувањето на

извозот, создавањето на иновативни производи и услуги, поголема промоција на

Page 83: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

83

домашните производи на странските пазари итн. Речиси во сите земји во светот бројот на

мали и средни бизниси изнесува помеѓу 95% и 99% од вкупниот број на приватни

претпријатија.

За секторот на малите и средни бизниси е од приоритетна важност да се утврди

конзистентна национална политика на поддршка на неговиот непречен развој заради

големата улога и значење во економскиот развој на земјата. 99% од вкупниот број на

претпријатија41 во Република Македонија го претставуваат малите и средни претпријатија.

Бројот на регистрирани претпријатија во Македонија од година во година се зголемува.

Најголемиот дел од тие претпријатија спаѓаат во категоријата мали претпријатија. Малите

претпријатија претставуваат важен сегмент во вкупната национална економска активност.42

Од аспект на својата големина и фелксибилност малите и средни претпријатија го

претставуваат најдинамичниот, но во исто време и најчувствителниот сегмент во

структурата на стопанството чии што перформанси директо и објективно ги рефлектираат

општите состојби во економијата на земјата. Од таму креаторите и носителите на

политиките и развојните стратегии за мали и средни бизниси им е непоходен механизам за

систематско следење и оценка на состојбите во секторот кој понатаму може да им помогне

во донесувањето на соодветни решенија и мерки во корист на развојот на малите и средни

бизниси.

За таа цел, во 2004 година во рамките на проектот ,,Поддршка на политиките на

Министерството за економија“, финансиран од Европската Агенција за Реконструкција,

била воспоставена Опсерваторијата за МСП во Македонија, која работи во состав на

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија.

Опсерваторијата има целосната поддршка од Министерството за економија на Република

Македонија, а особено за Секторот за поттикнување на претприемништвото, со што

поддршката на малото стопанство согласно четиригодишната програма на Владата и

Повелбата на Европската Унија за развој на малите и средни бизниси добива соодветно

место во вкупните заложби на земјата за постигнувањето на општа економска стабилност и

развој.

41 Регистрирани според Законот за трговски друштва

42 http://www.apprm.gov.mk/webdata/dokumenti/Opseratorija_za_MSP_2015.pdf

Page 84: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

84

Со ова Република Македонија е единствената земја во регионот, со исклучок на

Словенија, која во својата институционална инфраструктура за поддршка за малото

стопанство има Опсерваторија за мали и средни бизниси и изготвува комплексни

периодични и годишни извештаи. Со тоа Владата на Република Македонија располага со

релевантни и компаративни показатели и анализи за состојбата на секторот. 43

Графикон број 1 Процентуално учество на активните претпријатија во 2015

година.44

43 http://www.apprm.gov.mk/msp1.asp?id=3

44 Извор: Централен регистар на РМ 2016

Page 85: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

85

Табела број 6. Број на ново регистрирани на мали и средни претпријатија преку едно-

шалтерскиот систем (2011 - 2015)45

Сектор година 2011 2012 2013 2014 2015

А А - ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО

И РИБАРСТВО

253 260 222 253 248

Б Б - РУДАРСТВО И ВАДЕЊЕ НА

КАМЕН

16 29 35 28 16

В В - ПРЕРАБОТУВАЧКА

ИНДУСТРИЈА 691 681 617 649 719

Г

Г - СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА

ЕНЕРГИЈА, ГАС, ПАРЕА И

КЛИМАТИЗАЦИЈА

28 79 41 50 32

Д

Д - СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА;

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДНИ

ВОДИ, УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И

ДЕЈНОСТИ ЗА САНАЦИЈА НА

ОКОЛИНАТА

47 39 44 24 32

Ѓ Ѓ - ГРАДЕЖНИШТВО

459 444 483 438 537

Е

E - ТРГОВИЈА НА ГОЛЕМО И

ТРГОВИЈА НА МАЛО; ПОПРАВКА

НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И

МОТОЦИКЛИ

2403 2131 2342 2278 2235

Ж Ж - ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ

819 477 470 430 515

3 З - ОБЈЕКТИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И

СЕРВИСНИ ДЕЈНОСТИ СО ХРАНА

761 809 884 974 904

Ѕ Ѕ - ИНФОРМАЦИИ И

КОМУНИКАЦИИ

224 154 180 186 279

И И - фИНАНСИСКИ ДЕЈНОСТ И

ДЕЈНОСТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ

18 34 23 29 28

Ј Ј - ДЕЈНОСТИ ВО ВРСКА СО

НЕДВИЖЕН ИМОТ

49 37 37 37 44

К К - СТРУЧНИ, НАУЧНИ И

ТЕХНИЧКИ ДЕЈНОСТИ

396 410 487 423 528

Л Л - АДМИНИСТРАТИВНИ И

ПОМОШНИ УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ

135 134 168 161 155

Љ

Љ - ЈАВНА УПРАВА И ОДБРАНА;

ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО

ОСИГУРУВАЊЕ

2 3 1 2

М М - ОБРАЗОВАНИЕ

51 50 69 66 89

Н Н - ДЕЈНОСТИ НА ЗДРАВСТВЕНА И

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

5 7 6 8 7

Њ Њ - УМЕТНОСТ, ЗАБАВА И

РЕКРЕАЦИЈА

88 119 118 116 128

45 Извор: Централен регистар на РМ 2016

Page 86: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

86

О О - ДРУГИ УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ

270 217 170 229 224

П

П - ДЕЈНОСТИ НА

ДОМАЌИНСТВАТА КАКО

РАБОТОДАВАЧИ; ДЕЈНОСТИ НА

ДОМАЌИНСТВАТА КОИ

ПРОИЗВЕДУВААТ РАЗНОВИДНА

СТОКА И ВРШАТ РАЗЛИЧНИ

УСЛУГИ ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ

1

Со усвојувањето на Законот за едно-шалтерски систем и зачување на трговскиот

регистар и регистарот на други правни лица, кој што стапил на сила од 01.01.2006 година,

започна функционирањето на едно-шалтерски како интегрален дел од Централниот

Регистар. Според податоците од едно-шалтерскиот систем, бројот на ново- регистрирани

компании во 2015 изнесува 6 723 компании т.е претпријатија. Најмногубројни ново

регистрирани претпријатија се евидентирани во секторот за трговија на големо и трговија

на мало со 2 235 претпријатија, понатаму секторот за објекти за сместување и сервисни

дејности со храна бележи 904 ново-регистрирани претпријатија и секторот на

преработувачка индустрија со 719 од вкупниот број на ново-регистрирани претпријатија.

Погледнато од секторски аспект, во раните 1990-ти, најголемиот број од малите и

средните претпријатија биле во секторот на трговијата (во 1993 година, дури 67%).

Подоцна, се случило постепено пренасочување на малите и средните претпријатија од

трговијата кон производството – преработувачка индустрија, градежништво и услуги

надвор од трговијата. Оттука, во 2004 година, во секторот на трговијата стопанисувале 54%

од малите и средните претпријатија.

Набљудувано од регионален аспект, најголем број мали и средни претпријатија биле

концентрирани во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп,Охрид, Струмица и Тетово.

Во 1997 година, Владата на Република Македонија, со поддршка на програмата PHARE

на Европската комисија, ја формирала Националната агенција за поддршка на малите и

средните претпријатија – НЕПА. Основните цели на НЕПА биле:

да го поддржи развојот на малите и средните претпријатија, посебно на

производствени, иновативни и извозни претпријатија,

да придонесе за обука на постојните и на потенцијалните претприемачи,

да воспостави систем на консултативни услуги за малите и средните претпријатија,

да ги координира претприемничките идеи во Македонија,

Page 87: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

87

и да придонесува за осмислување на политики на поддршка на малите и средните

претпријатија и на претприемништвото во Македонија.

Во почетокот, НЕПА функционирала во рамките на Агенцијата за приватизација, а

во 1998 година добила статус на самостојно правно лице. Финансиската поддршка на

нејзината активност главно доаѓа од програмата PHARE, додека средствата од буџетот на

Македонија биле скромни. Во 2002 година престанала финансиската поддршка за НЕПА од

страна на програмата PHARE, а НЕПА се укинала, т.е. прераснала во Агенција за поддршка

на претприемништвото на Република Македонија (АПП), со функции слични на НЕПА.

Секторот на мали и средни претпријатија претставуваат 99% од вкупниот број на

постојни претпријатија. Бројот на МСП бележи постојан пораст, со исклучок на 2010 година

кога како резултат на ефектите од економската криза, бројот на претпријатија се намали од

63.086 во 2009 година на 57.832. МСП го апсорбираат најголемиот дел од работната сила,

при што од вкупниот број на вработени (335.495), во 2010 година 63,51% или 213.077 лица

се вработени во микро и малите претпријатија, 18,81% или 63.114 лица во средните, додека

17,68% или 59.304 лица се вработени во големите претпријатија. МСП во 2010 година

вработуваат 82,3% од вкупната работна сила, со што се потврдува нивната значење во

економијата како целина, меѓу другото и во процесот на создавање на бруто домашен

производ.

Сектор со најголем број на вработени, како и во изминатите години, бил Секторот -

Преработувачка индустрија кој во 2009 година има 100.898 вработени или 29,4% од

вкупниот број на вработени лица. Исто така, и Секторот-Трговија на големо и трговија на

мало има значајна улога во вкупниот број на вработени, односно 80.192 вработени или

23,37%.

Page 88: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

88

Табела број 7. Број на вработени во мал бизнис46

Број на

вработени 2008 2009 2010

Проценти (%)

2008 2009 2010 2015

Микро 61.701 68.982 65.550 18,90 20,22 19,54 56.261

Мали 136.036 144.597 147.527 41,67 42,39 43,97 4.979

средни 58.030 58.415 63.114 17,78 17,12 18,81 1.339

големи 70.678 69.134 59.304 21,65 20,27 17,68 231

Вкупно 326.445 341.128 335.495 100,0 100,0 100,0 62.810

Иако се бројчано доминантни, малите бизниси се далеку помалку отпорни на кризи

и економски шокови во споредба со средните и големите бизниси. Во услови на криза кај

малите бизниси многу побрзо се намалува бројот на вработени, а бидејќи немаат големи

залихи и финансиски резерви, секое поголемо намалување на побарувачката за нивните

производи веднаш се одразува на неликвидноста и поголема потреба од обртни средства.

Во услови кога банките ги сметаат за ризични и одбиваат да ги поддржат во овие тешки

економски услови голем дел од малите бизниси банкротираат или се на работ на банкротот.

Според статистиката за малите бизниси во Република Македонија покажува дека голем

процент од новоотворените бизниси банкротираат, па затоа потребно е постојано да се

отвораат нови работни места.

4.2. Улогата на малите бизниси во општина Прилеп

Малите бизниси завземаат се позначајно место во рамките на Прилепската

економија. Малите бизниси во Прилеп се основа односно ја претставуваат конструкцијата

за стабилен и напреден економски раст и развој на регионот. Малите бизниси нудат

46 Извор: Централен регистар на РМ 2016

Page 89: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

89

можност за вработување, создавање на поволен социјален амбиент и реинвестирање на

профитот и претставуваат клучни чинители за благосостојбата на градот. Прилепската

општина поради добрата локација, клима, историја, традиција и успешност на градот

претставува поволно место за инвестирање и за започнување на мал бизнис. Прилеп е град

со добар амбиент за бизнис, а како доказ се и постојаните нови мали бизниси кои се отвараат

на секој чекор особено во центарот на градот. Пазарот на Прилеп е секогаш отворен за нови

бизниси, а потрошувачите подготвени за прифаќање на нови понудени производи. Од тој

аспект колку и да е голем бројот на мали бизниси пазарот сепак постои можност за успее

да ги задоволи побарувањата и потребите како на домашните и постојаните купувачи, така

и на гостите особено за време кога се одржува најголемата манифестација на Балканот, а

тоа е Прилепскиот Пиво фест.

За поволната и доста добра бизнис економија на градот има заслуга Локалната

самоуправа на градот, која што преку низа на голем број проекти ги мотивира и ги

актуелизира сопствениците за малиот бизнис да продолжат со работа, а на помладите им ја

доделува целосната поддршка за основање на мал бизнис.

Постојат голем број на различни проекти за поддршка и развој на малиот бизнис на

територијата на Општина Прилеп. Како позначајни проекти, програми и примери за

поволната бизнис инвестициона клима на мали бизниси во Прилеп се следниве:

,,Избор на бизнис на годинатаʻʻ - Компаниите ,,Тритексʻʻ, ,,2006 - Зоки лимʻʻ и

,,Нат текстилʻʻ биле избрани за најуспешни компании. Општината заедно со мерките

кои што ги превзела Владата, континуирано работат на подобрување на бизнис

климата во градот. Целта на Манифестација ,,Избор на бизнис на годинатаʻʻ

претставува афирмација на прилепските фирми, преку промоција и популаризација

на производите и услугите.47

АВРМ - Прилеп постојано располага со нови јавни објави за кредити за

самовработување – Локалната самоуправа има за цел да ги продолжуват кредитите

за самовработување за невработени лица со посебни поволности за младите лица до

29 години, за кои 7000 евра може да предвидат за носителот на кредитот кој можел

47 http://www.prilep.gov.mk/news/mk/5-ta-manifestacija-izbor-na-biznis-na-godinata-vo-organizacija-na-zenit-vo-

sorabotka-so-regionalnata-stopanska-komora/

Page 90: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

90

да вработи плус 4 лица или вкупно 23 000 евра за отпочнување на сопствениот

бизнис со 1% камата, 1, 5 година грејс -период и 7 години рок на отплата со вклучен

грејс -период. За лицата над 29 години кои се невработени можат да користат кредит

за непроизводствена дејност во висина од 3000 евра, а за производствена дејност

5000 евра и можност да се здружат од 1 до 5 лица. Каматата била 1%, една година

грејс-период и 4 години рок на отплата со вклучен грејс-период. Исто така малите и

микро фирмите можат да вработат од 1 до 3 лица и за секое лице да користат 4000

евра ако е до 29 години и 3000 евра ако е над 29 години, со 1% камата 1 година грејс-

период и 3 години рок на отплата со вклучен грејс-период. За секое вработување кај

приватен - правен субјект на лице до 29 години работодавачот бил ослободен од

придонеси за лицето 12 месеци.48 Практиката на овие владини активни мерки, од кои

87 фирми во општината ги искористиле погодности и има вработено над 100 лица.

Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро компании од Прилеп се

запознале со предностите на Бизнис комплет пакетот на Еуролинк како и

размената на искуства и знаења. Бизнис комплет пакетот нудел целосно осигурување

за малите бизниси кои имале деловни и продажни објекти, како колонијални

продавници, мини маркети, аптеки, парфимерии, козметички салони и други.

Поддршката на малите бизниси е потребна за да можат целосно да се фокусираат

кон понатамошен раст и развој.49

Фондот за иновации и технолошки развој за микро, мали и средни претпријатија

(не постари од 6 години) –„старт-апʻʻ и „спин-оф“ претпријатија, е во доминантна

сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна

идеја со солидно очекување за комерцијализација. Преку овој инструмент, Фондот

обезбедил финансирање до 85% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ

од 30.000 евра. Другата можност која што ја нудел овој Фонд е кофинансирани

грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. Предлог проектите за

48 http://www.prilep.gov.mk/news/mk/avrm-prilep-so-novi-javni-objavi-za-krediti-za-samovrabotuvanje/

49 http://markukule.mk/%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81-

%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-

%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BA-

%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B2/

Page 91: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

91

оваа варијанта може да бидат поднесени од поединечен апликант (микро, мало или

средно претпријатие) или од конзорциум воден од микро, мало или средно

претпријатие. Преку овој инструмент, Фондот обезбедувал финансирање до 70% од

вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100.000 евра по проект за оние

компании кои се во понапредна фаза на иновацијата. Вкупниот износ на средства

кои им стојат на располагање на компаниите со овој повик изнесуваат 1.450.000 евра,

од кои 1 милион евра се наменети за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат

да развијат комерцијализација и иновација и 450.000 биле наменети за уште 15

„старт ап“ претпријатија. Досега Фондот имал доделено 1.500.000 евра, со кои биле

поддржани 37 компании.50

Партнерски организации од Битола и Прилеп биле вклучени во проектот за

експанзија на мали бизниси за развој на пелагонискиот регион во соработка

со УСАИД. Целта била да се научат претставниците на малите бизниси како

полесно да пристапат до различни фондови. - Проектот за експанзија на мали

бизниси кој бил лоциран во два региона, во Полог и Пелагонија и имал за цел да го

зголеми економскиот раст и развој на локално ниво. Главна цел била да се намали

невработеноста и да се создадат нови работни места во заедницата. Проект бил

базиран на партнерство, но партнерствата не секогаш се доволни и затоа потребно е

финансирање и затоа преку овој настан се помога на малите бизнис како да дојдат

до финансии. Целта била да се поттике развојот на претпријатијата во регионот, да

им се помогне се со цел за обезбедување што повеќе информации и знаење за

достапните финансиски инструменти со што се зголемува интересот за нивно

искористување.51

Прилепската фирма „Стара фурна“ најдобар пример за мал бизнис, изграден и

ставен во функција во индустриската зона „Прилеп 1“. Оваа фирма за производство

на леб ги проширила капацитетите и вработила нови лица преку владините програми

за вработување. Последните години оваа фирма била дел од владините мерки за

вработување и претставува успешен пример како од нула се развива успешен

50 http://www.prilep.gov.mk/news/mk/vo-prilep-prezentiran-povikot-za-dobivanje-grantovi-od-fondot-za-inovacii/ 51 http://faktor.mk/bitola-i-prilep-zbratimeni-vo-idejata/Close

Page 92: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

92

приватен бизнис. Фирмата почнала со еден, а сега има 39 вработени и поседува

повеќе објекти. Компанијата „Стара фурна“ е вистински пример за тоа како се

развива сопствен бизнис. Ова е показател дека оперативните планови и активните

мерки на владата за вработување и намалување на невработеноста се успешни. Стара

фурна имала за цел да го прошири својот бизнис преку вработување на уште 12 лица,

а со тоа и создавање на нови работни места на територијата на Општина Прилеп,

како и отворање на бизнис во друг сектор т.е. млечен ресторан.52

4.3. Емпириско истражување и резултати од истражувањето

Бизнисите кои што беа дел од истражувачката активност на овој труд овозможија да

се изгради релативно добра слика за состојбата на малите бизниси на територијата на

Општина Прилеп. Самата форма, начинот и типот на кој што беше извршено ова

испитување обезбеди јасен пристап во постигнувањето на целта, а тоа е да се види растот и

развојот како и да се даде оценка на бизнис амбиентот на работата на малите бизниси во

Прилеп, кој е мотивот на започнувањето на малиот бзнис, времето потребно за планирање

на истиот, каков вид на бизнис е најдобар за раст на овај регион, дали при самата постапка

за отпочнување на бизнисот, државата нуди одредени олеснителни околности и помош, кои

се предностите и недостатоците на бизнисот, која е најдобрата локација за лоцирање на

бизнисот и какво е влијанието на локацијата врз растот и развојот на младиот бизнис.

Во најголем дел од одговорите кои беа забележани, а се однесуваа на предностите

кои ги имаат сопствениците во водењето на бизнисот, се увиде дека личното задоволство,

можноста за вработување и профитот се главните причини за започнување со сопствен мал

бизнис.

Во истражувањето учествуваа 35 компании од различни дејности. Од нив на

прашалникот позитивно одговорија 30 компании, каде што сопствениците сметаат дека

преку оваа анализа ќе се добие добра слика за фактичката и економската состојба на малите

бизниси во прилепскиот регион. Прашалникот кој беше доставен имаше вкупно 16

52 http://republika.mk/732996

Page 93: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

93

прашања во структурната форма со неколку видови на прашања и тоа: дихотомни прашања

кои претставуваат прашања на кои се дава краток одговор ,,даʻʻ, ,,неʻʻ или неутрална

варијанта од типот ,,незнамʻʻ или ,,немам мислењеʻʻ., отворени прашања, каде што

испитаникот е слободен да одговори со сопствени зборови на определено прашање,

прашања со мултиплај избор каде што испитаникот има низа на одговори и може да избере

повеќе алтернативни поставени одговори. Прашалникот беше спроведен во електронска

форма. Од добиените податоци се изработи и базата за обработка на податоците, а понатаму

истите беа анализирани и прикажани табеларно и графички употребувајќи различни форми

на приказ.

1. Првото прашање се однесува на возраст на сопственикот на бизнисот, каде што

одговорите за старосната граница беа поделени во пет групи започнувајќи од 18

години па се до 66 години старост. Од графичкиот приказ подолу може да се

забележи дека најголем дел од испитаниците кои се сопственици на мал бизнис се

наоѓаат помеѓу 18-27 годишна возраст, односно од 30 испитаници 8 се наоѓаат на

оваа возраст или изразено во проценти тоа изнесува 26.7%. 6 испитаници се на

возраст помеѓу 28 и 37 години, односно 20%. 23.3% од испитаниците се на возраст

помеѓу 38 и 46 години односно 7 испитаници. 5 од испитаниците се на возраст

помеѓу 47-56 години односно 16.7%, а додека пак само 4 од 30те испитаници се на

возраст помеѓу 57 и 66 години односно 13.3%.

Графикон број 2. Возраст на сопствениците на бизнис53

53 Извор: Сопствена анализа

8

6

7

5

4

0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

18-27 ГОДИНИ 28-37 ГОДИНИ 38-46 ГОДИНИ 47-56 ГОДИНИ 57-66 ГОДИНИ

Page 94: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

94

2. ,,Период на постоење на Вашиот бизнисʻʻʻ е второто прашање од анализата.

Најголем дел од малите бизниси на територијата на Општина Прилеп постојат од 1

до 5 години или 43%, а додека пак 17% од малите бизниси се со подолг век на

постоење односно повеќе од 25 години. Што значи дека најголем дел од

испитуваните бизниси се млади што значи се на почетокот од своето дејствување.

Графикон број 2. Период на постоење на бизнисот54

Извор : Сопствена анализа

3. Третото прашање е: ,,Форма на организација на Вашиот бизнисʻʻ. Како одговори

на ова прашање беа понудени трите форми на организација на бизнисот, а тие се:

единствен сопственик, партнерство и корпорација. Резултатите од испитаниците

укажуваат на тоа дека дури 73.3% од малите бизниси на територијата на Општина

Прилеп се самостојни сопственици на своите бизниси, а само 26.7% од бизнисите се

во форма на партнерства. Итересен е податокот што од 30 испитани бизниси ниту

54 Извор: Сопствена анализа

20%

43%

3%

7%

17%

10%

Прашање број 2. Период на постоење на Вашиот бизнис

10-15 години

1-5 години

15-20 години

20-25 години

25 и повеќе години

5-10 години

Page 95: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

95

еден не е во форма на корпорација, што значи дека најголем удел има формата

единствен сопственик односно сам свој газда.

Графикон број 3. Форма на организација на бизнисот55

4. ,,Број на вработени во компанијатаʻʻ е четвртото прашање од анкетното

истражување. Од графичкиот приказ може да се увидат поединечно бројот на

вработени на сите 30 испитани мали бизниси. Четворица од испитаниците се и

сопственици на бизнисот но и вработени. Само еден бизнис има 80 вработени, а

додека пак другите бизниси на територијата на Прилеп се со од 2 до 20 вработени.

55 Извор: Сопствена анализа

Единствен сопственик

73%

Партнерство27%

Прашање број 3. Форма на организација на Вашиот бизнис

Единствен сопственик

Партнерство

Page 96: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

96

Графикон број 4. Форма на организација на бизнисот56

5. ,,Наведете причини за започнување на Вашиот бизнисʻʻ е петтото прашање од

електронскиот анкетен прашалник. На ова прашање испитаниците имаа отворена

можност сами да го изнесат своето мислење. Секој од испитаниците на свој начин го

произнесе своето мислење за причината поради која отпочнал со работа на бизнисот.

Сепак, од 30 испитаници 8 одговориле дека својот бизнис го започнале поради

вработување, 5 од испитаниците одговориле поради профит и самофинансирање, 6

поради подобра егзистенција, 2 од испитаниците го започнале својот бизнис како

хоби, 2 одговориле поради подобра иднина за нив и нивното семејство, 1 од

испитаниците одговорил дека причината поради која го започнал бизнисот била

поради претходно прекинување на работен однос, па поради тоа морал да започне

свој бизнис, 3 од испитаниците одговориле дека причината за започнувањето на

бизнисот била поради градење на кариера и самофинансирање, 1 испитаник како

причина за почетокот на бизнисот ја навел потребата од докажување на своите

способности на пазарот, а додека пак 2 од испитаниците не презентирале свое

мислење на ова прашање односно не навеле која е причината за почетокот на

нивниот бизнис. Од согледаните одговори во овој дел од анкетата односно конкретно

56 Извор: Сопствена анализа

2

80

6 6 1 1 1 3 1 16 2 2

23

2 10 5

45

205 4 4 17

46

7 10 2 15 3 8 6

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30

4. Број на вработени во компанијата

Page 97: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

97

според стапката ТЕА (Total Early-Stage Entrepreneurial Activity)57 или стапка на

вкупна претприемачка активност во рана фаза, поконкретно дефинирана, стапката

ТЕА претставува процент на лица на возраст 18–64 години кои се во процес на

зачнување нов бизнис или веќе водат нов бизнис (не постар од 3,5 години). Стапката

ТЕА во себе ги содржи:

лицата кои се мотивирани да влезат во бизнис поради нужност (немаат друга

подобра можност за работа и вработување), како и

лицата кои се мотивирани поради согледување можност (за подобрување на

приходите или за поголема независност), и покрај тоа што најверојатно имаат и

други опции (работа кај друг работодавач). Од добиените резултати од анкетата

според стапката ТЕА може да се утврди дека поголем дел од испитаниците биле

мотивирани да влезат во нов бизнис поради нужност затоа што немале друга

можност за вработување и за нив ова била единствената можност за вработување.

Графикон број 8. Причини на започнување со бизнис58

57 http://www.mrfp.org.mk/images/docs/publikacii/pretpriemnistvo-vo-makedonija-gem2013.pdf 58 Извор: Сопствена анализа

0123456789

Прашање број 5. Причини за започнување со бизнис

Прашање број 5. Причини за започнување со бизнис

Page 98: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

98

6. Наредното прашање од анкетата е: ,,Пред да започнете со Вашиот бизнис колку

време ви беше потребно за планирање на бизнисотʻʻ. На ова прашање беа

понудени 4 можни одговори каде што испитаниците требаше да го изберат периодот

на планирање. Како можни одговори беа од 1-3 месеци, 4-6 месеци, од 7-9 месеци и

од 10 до 12 месеци. Притоа најголем дел од испитаниците односно 33.3% се

изјасниле дека за планирањето на својот бизнис потрошиле од 1 до 3 месеци. 23.3%

од испитаниците својот бизнис го планирале од 4 до 6 месеци. На 20% од

испитаниците им било потребно од 7 до 9 месеци за да се подготват за почеток на

бизнисот, а додека пак на 23.3 % им било потребно од 10 месеци до година.

Графикон број 6. Потребен период на планирање на бизнисот59

7. ,,Предности од водењето на бизнисотʻʻ е седмото прашање од прашалникот. На ова

прашање во самата анкета беа доставени повеќе можности за одговор односно

мултиплај избор. Како предности од водењето на бизнисот беа наведени:

59 Извор: Сопствена анализа

1 -3 месеци34%

10 - 12 месеци23%

4 - 6 месеци23%

7 - 9 месеци20%

Прашање број 6. Пред да започнете со Вашиот бизнис колку време Ви беше потребно за планирање на

бизнисот

1 -3 месеци

10 - 12 месеци

4 - 6 месеци

7 - 9 месеци

Page 99: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

99

Профит на сопственикот – 10 испитаници ја избрале оваа предност од

водењето на бизнисот односно 33.3%

Избор на локација – 2 испитаници ја навеле оваа предносот односно 6.7%

Управувањето со сопствен капитал – 6 испитаници мислат дека ова е

најдобрата предност во водењето на бизнисот т.е. 20%

Неизвесност во донесување на одлуки – 3 испитаници ја избрале оваа

предност од водењето на бизнисот односно 10%

Вработувањето – како предност го сметаат 9 испитаници т.е. 30%

Изборот на организација – исто така беше наведен како предност, но

испитаниците не го сметаат за предност на водење на бизнисот.

Графикон број 7. Предности од водењето на бизнисот60

8. ,,Слабости од водењето на бизнисотʻʻ е наредното прашање на прашалникот. 8 од

испитаниците како слабост од водењето на бизнисот мислат дека се високите

трошоци од работењето како и трошоците потребни при формирањето на бизнисот.

60 Извор: Сопствена анализа

9

2

3

10

6

0 2 4 6 8 10 12

ВРАБОТУВАЊЕ

ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА

НЕЗАВИСНОСТ ВО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ

ПРОФИТ НА СОПСТВЕНИКОТ

УПРАВУВАЊЕ СО СОПСТВЕНИОТ КАПИТАЛ

Прашање број 7. Предности од водењето на бизнисот

Page 100: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

100

Најголем дел од испитаниците односно 11 се изјасниле дека како најголема пречка

односно негативност претставуваат големите даночни трошоци. 4 испитаници како

слабост го сметаат неискуството во работењето, а додека пак 7 од испитаниците

сметаат дека ризикот е најголемата слабост на бизнисот.

Графикон број 8. Слабости од водењето на бизнисот61

9. Деветтото прашање се однесува на локацијата на бизнисот т.е. ,,На која локација

во Прилеп се наоѓа Вашиот бизнисʻʻ. При процесот на анкетирање изработив и

мапа од градот Прилеп за поделбата на градот по зони односно испитаниците имаа

можност да изберат на кој дел од градот е лоциран нивниот бизнис.

Слика број 2. Територијална поделба на Прилеп по зони

61 Извор: Сопствена анализа

05

1015

Високи трошоци од работење и основање

Големи даночни трошоци

Неискуство во

работењето

Ризикот

811

47

Прашање број 8. Слабости од водење на бизнисот

Total

Page 101: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

101

Графикон број 9. Локација на бизнисите во Општина Прилеп62

Од самиот графикон може да се утврди дека најголем дел од бизнисите се лоцирани

во централното подрачје на Општина Прилеп односно во зона 1. Вкупно 12 од 30

испитаници бизнисот го имаат лоцирано на најфрекфентното место во градот, а

додека пак само 3 испитаници од вкупно 30 својот бизнис го имаат лоцирано во

периферијата на градот.

10. ,,Какво влијание има локацијата врз развојот на бизнисотʻʻ е наредното

прашање. Од графиконот може да се заклучи дека поголем дел од испитаниците

одговориле позитивно т.е. 46% мислат дека локацијата е доста клучен фактор за

растот и развојот на малиот бизнис. Само мал дел од испитаниците одговориле

негативно, односно 10% мислат дека локацијата не представува битен фактор за

растот и развојот на малиот бизнис.

62 Извор: Сопствена анализа

0 2 4 6 8 10 12

ЗОНА 1

ЗОНА 2

ЗОНА 3

ЗОНА 4

ЗОНА 5

(BLANK)

12

9

3

2

3

Прашање број 9. На која локација во Прилеп се наоѓа Вашиот бизнис

Page 102: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

102

Графикон број 10. Влијанието на локацијата врз развојот на бизнисот63

11. ,,Дали имавте финансиска помош од некоја државна институцијаʻʻ е наредното

прашање. Како можни одговори на ова прашање беа два односно да – не одговори.

Од самата анализа може да се заклучи дека дури 10% т.е. 3 од испитаниците

одговориле позитивно, односно имале можност да подигнат банкарски кредит за

почеток на бизнисот, а додека само 90% т.е. 27 одговориле негативно односно

немали никакви поволности од државата за растот и развојот на бизнисот на

територијата на Прилеп.

63 Извор: Сопствена анализа

46%

17%

10%

7%

7%

13%

Прашање број 10. Влијанието на локацијата врз развојот на бизнисот

големо

добро

задоволително

профитабилно

ефективно и ефикасно

не големо

Page 103: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

103

Графикон број 11. Финансиска помош од државата за бизнисите во Општина

Прилеп64

12. ,,Дали имате финансиска помош од државата за натамошен развој на Вашиот

бизнисʻʻ. На ова анкетно прашање поголем дел од испитаниците односно 77%

немаат никаква помош од државата на понатамошен развој на бизнисот, односно

самите сопственици се финансиери на сопствениот бизнис, а додека пак 23% од

испитаниците се уште имаат помош од државата преку одобрување на кредит за

понатамошен развој на бизнисот и промовирање на истиот.

64 Извор: Сопствена анализа

0 5 10 15 20 25 30

Да, доколку имавте наведете од која

Не

Прашање број 11. Дали имавте финансиска помош од некоја државна

институција

Page 104: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

104

Графикон број 12. Финансиска помош од државата за натамошен развој на

бизнисите во Општина Прилеп65

13. Тринаесетото прашање од оваа анализа е ,, Дали информациските технологии

влијаат врз развојот на Вашиот бизнисʻʻ. На ова прашање каде што беа понудени

да – не одговори 26 испитаници се изјасниле позитивно за влијанието на

информациските технологии, а 4 мислат дека информатичката технологија не

придонесува за развој на бизнисот.

65 Извор: Сопствена анализа

Да23%

Не77%

Прашање број 12. Дали имате финансиска помош од државата за

натамошен развој на Вашиот бизнис

Да

Не

Page 105: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

105

Графикон број 13. Влијанието на информациската технологија врз развој на

бизнисите во Општина Прилеп66

14. ,,Дали Вашата компанија ги задоволува потребите од потрошувачите во

Прилепʻʻ гласи наредното прашање. На ова прашање како можни алтернативни

понудени одговори беа три и тоа: да, не и можеби. Најголем дел мислат дека ги

задоволуваат потребите и вкусовите на потрошувачите односно 19 испитаници го

мислат истото. 4 од испитаниците мислат дека не ги задоволуваат потребите на

потрошувачите, а додека пак 7 од испитаниците се со надеж дека можат да ги

задоволат потребите на нивните клиенти.

66 Извор: Сопствена анализа

0 5 10 15 20 25 30

Да

Не

Прашање број 13. Дали информациските технологии влијаат

врз развојот на Вашиот бизнис

Page 106: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

106

Графикон број 14. Задоволување на потребите на потрошувачите67

15. ,,Дали постои потенцијал на пазарот во Прилеп за понатамошна работа на

Вашиот бизнисʻʻ. На ова прашање 67% од испитаниците мислат дека Прилеп има

поволна бизнис клима односно добар бизнис амбиент и потенцијал за опстанок на

малите бизниси и понатамошен раст и развој. 27% од испитаниците мислат дека

Прилепскиот пазар нема добар потенцијал за развојот на нивниот бизнис, а додека

пак 6% не се одлучни и незнаат дали потенцијалот на пазарот на територијата на

Општина Прилеп може да влијае врз понатамошната работа на бизнисот.

Графикон број 15.Потенцијал на пазарот во Прилеп за натамошен развој на бизнисите68

67 Извор: Сопствена анализа 68 Извор: Сопствена анализа

Total

Да Можеби Не

19

74

ПРАШАЊЕ БРОЈ 14. ДАЛИ ВАШАТА КОМПАНИЈА ГИ ЗАДОВОЛУВА

ПОТРЕБИТЕ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ …

Да67%

Не6%

Незнам27%

ПРАШАЊЕ БРОЈ 15. ДАЛИ ПОСТОИ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ПАЗАРОТ ВО ПРИЛЕП ЗА

ПОНАТАМОШНА РАБОТА НА ВАШИОТ БИЗНИС

Да

Не

Незнам

Page 107: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

107

16. Последното прашање од овој анкетен прашалник гласи: ,,Што планирате во иднина

да превземете за вашиот бизнисʻʻ. На ова прашање беа понудени следниве

одговори:

Зголемување на бројот навработени - 6

Проширување на бизнисот на нови пазари - 11

Зголемување на производството - 4

Вметнување на нови производи - 5

Промена на местото на локација - 1

Воведување на информациски технологии за понатамошен развој – 2

Графикон број 16. Планирање на мерки за иднината на бизнисите69

69 Извор: Сопствена анализа

Вметнување на нови производи

Воведување на информациски технологии за понатамошен развој

Зголемување на бројот на вработени

Зголемување на производството

Промена на местото на локација

Проширување на бизнисот на нови пазари

(blank)

5

2

6

4

1

11

ПРАШАЊЕ БРОЈ 16. ШТО ПЛАНИРАТЕ ВО ИДНИНА ДА

ПРЕВЗЕМЕТЕ ЗА ВАШИОТ БИЗНИС:

Page 108: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

108

Со помош на оваа електронска анализа спроведана на 30 испитаници, може да се

залкучи дека Општина Прилеп има поволна инвестициона клима односно добар бизнис

амбиент за започнување со сопствен мал бизнис. Поголем дел од сопствениците кои што

беа испитани се наоѓаат на возраст помеѓу 18 и 27 години, што значи дека многу млади луѓе

самостојно започнуваат со сопствен бизнис по завршувањето на средното образование.

Исто така од оваа анализа може да се заклучи дека поголем дел од бизнисите што работат

на територијата на Општина Прилеп се млади бизниси со период на постоење помеѓу 1 и 5

години. Најголем дел од бизнисите на подрачјето на Прилеп имаат организациона форма на

единствен сопственик, што значи сопствениците на бизнисите се и самовработени. Како

главна причина поради која сопствениците на малите бизниси започнуваат се сопствен

бизнис е поради вработување, односно самовработување. Уште како еден факт што

позитивно влијае врз добриот бизнис амбиент за економијата на Општина Прилеп е и

времетраењето за почеток со сопствен бизнис и времето потребно за планирање на бизнисот

кое е помеѓу 1 и 3 месеци. Најголема предност од водењето на бизнисот во Општина Прилеп

е профитот кој што го остваруваат сопствениците, а најголема слабост се високите трошоци

од работењето и трошоците потребни за формирање на бизнисот. Најголем дел од

анкетираните испитаници, своите бизниси ги имаат лоцирано во центарот на градот што

значи дека локацијата е клучен фактор за раст и развој на бизнисите. Иако може да се утврди

дека постои позитивно влијание за почеток на сопствен бизнис, сепак најголем дел од

започнатите бизниси немале финансиска помош од некои државни институции за почетокот

на самиот бизнис, но и во текот на работењето. Иако поголем дел од бизнисите на

територијата на Општина Прилеп се млади бизниси сепак според резултатите добиени од

испитувањето најголем дел од сопствениците мислат дека ги задоволуваат потребите на

портошувачите и мислат дека информациските технологии се важен сегмент од процесот

на промовирање на бизнисот. Поради позитивната бизнис оценка за пазарот на Општина

Прилеп може да се заклучи дека постои одличен потенцијал на пазарот за понатамошна

работа на бизнисите. Затоа што на територијата на Општина Прилеп постои поволна клима

најголем дел од бизнисите имаат за цел да го продолжат своето работење во иднина преку

проширување на бизнисот на нови пазари и зголемување на бројот на вработени. Бидејќи

постои поволна инвестициона клима на пазрот во Прилеп постојат добри услови за почеток

на нови бизниси во иднина како и за проширување на веќе формираните бизниси се со цел

Page 109: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

109

за продолжување на својата дејност. Од целата анализа може да се заклучи дека економијата

на Општина Прилеп е добро развиена и секој нов бизнис е актуелен на пазарот поради

добриот бизнис амбиент кој е реализиран и кој треба уште повеќе да се актуелизира во

иднина се со цел за привлекување на што е можно повеќе млади бизнис. Се со цел за да

може да се привлечат што повеќе млади бизниси да започнат со работа потребно е да се

применат одредени мерки во иднина за нивен развој. Најдобар начин за да се поттикне

населението во Прилеп за да започне со мал бизнис се мерките кои што ги превзема владата.

Како некои мерки кои што можат да се превземат се намалување на времето и трошоците

потребно за апликација, односно на еден шалтер да можат да се извадат сите потребни

документи за почеток на малиот бизнис и младите инвеститори да бидат ослободени од

секакви административни плаќања што треба да се извршат при самиот процес на

регистрација. Државата да понуди поволни микро кредити за финансирање за почеток на

бизнисот, но исто така и во текот на работењето на бизнисот. Да се формираат курсеви за

едукација на младите претприемачи со што ќе бидат едуцирани како да управуваат со

сопствениот бизнис и како да се справат со тешкотиите и проблемите што настануваат на

пазарот поради големата конкуренција. Да се формираат програми за поддршка од страна

на соодветни агенции со цел да се минимизира неефикасноста во работењето. Да се понуди

помош од страна на локалната самоуправа за намалување на трошоците при промовирање

на сопствениот бизнис односно локалната самоуправа да им понуди финансиска помош за

да можат сопствениците да ги рекламираат сопствените производи во најдобро светло. Со

намалените трошоци за рекламирање, производите ќе бидат повеќе актуелни на пазарот, а

со тоа и самите производи ќе се доближат повеќе до потрошувачите, така што самите

потрошувачи ќе бидат убедени дека тие производи им се потребни за да ги користат. Во

иднина со наламувањето на трошоците за почеток на мал бизнис и со зголемувањето на

актуелизирањето и рекламирањето на ново создадениот бизнис постои адекватна можност

за почеток и развој на малите бизниси.

Page 110: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

110

Заклучок

Оваа теза пред се се фокусира на важноста на малите бизниси во денешните

современи економии каде што имаа големо влијание врз развојот на едно општество,

бидејќи се создаваат можности за вработување кои што резултираат со позитивно влијание

врз економијата. Поради големата флексибилност на малите претпријатија и можноста за

побрзо прилагодување на пазарот овој вид на претпријатија се дел од движечкат сила на

сите економии. Една од најзначајните карактеристики на малите претпријатија е можноста

за постојано создавање на нови работни места и создавање на значајни бизнис идеи. Малите

претпријатија стануваат се поважен фактор за развојот на секоја национална економија. Тие

создаваат нови можности за раст и развој и се основните чинители за подобрување на

економската состојба во локалните заедници. Поради тоа потребно е да им се помогне на

малите претпријатија во насока на поттикнување за започнување со претприемничка

иницијатива во одредени подрачја на работа или воведување на иновативни промени на

веќе постојните мали претпријатија.

Подрачјето на малите и средни претпријатија а посебно подрачјето на т.н. мал сектор

и е предмет на постојано изучување и истражување. Секторот на мали претпријатија во

светски рамки има значајна улога во развојот на секоја национална економија. Малите

претпријатија претставуваат важен сегмент во вкупната економска активност. Тоа е оној

сегмент кој постојано ги менува работите, ги движи и развива. Појавата и развојот на малите

претпријатија во изминатите дваесетина години е тесно поврзана со изразените економско-

развојни димензии и демократските општествени процеси. Малите претпријатија,

претприемништвото и претприемачите се основа на современото пазарно стопанство.

Развиените пазарни односи, промените во начинот на економско размислување,

преземањето на иницијатива и развојот на претприемништвото придонесуваат за промена

на односите во националната економија и локалната заедница. Малите претпријатија

стануваат клучен фактор од аспект на создавањето на поголеми можности за сопствениците

на истите и подобрување на состојбата во локалната, регионалната заедница и пошироко.

Тие се носители на економскиот развој и се поврзуваат со претприемништвото и

претприемничката иницијатива

Имајќи го ова во предвид, а исто така знаејќи ги и карактеристиките на малите

претпријатија и нивното значење врз економијата на едно општество основната цел е да се

Page 111: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

111

образложи, како постапката и одредентите услови влијаат врз оценката на бизнис амбиентот

за создавање т.е. започнување со сопствени мали бизниси.

Како посеби цели, со чија помош детално се доближив до остварување на основните

цели би ги потенцирала следните целни определби:

потенцирање на улогата и значењето кое го имаат малите бизниси врз економијата

во целост;

можноста за создавање на поволна бизнис клима за започнување со сопствен бизнис

како и општите елементи на бизнис амбиентот;

објаснување на значењето на начинот и постапките за започнување со сопствен

бизнис, односно исполнувањето на одредени предуслови за можност за формирање

на мал сопствен бизнис

целта на емпириското истражување преку анализа на примерок од индивидуалци

сопственици на мал бизнис, да се утврди тековната состојба на овој план во

Република Македонија, односно на малите бизниси на територијата на Општина

Прилеп.

Притоа, целите на овој труд беа насочени кон објаснување за големото значење и

улогата на малите бизниси во економијата и нивните карактеристики со кои се

диференцитаат во едно општество. Поради својата разноликост постојат голем број на

разлики во начинот на форми на водењето на малите бизниси и начинот на нивното

настапување на пазарот. Но, при самиот пристап на еден пазар во едно општество постојат

голем број на фактори кои што влијаат врз позиционирање на бизнисот како и голем број

на проблеми кои што се следствени при основањето на малиот бизнис. Можноста за

создавање на поволна бизнис клима за започнување со сопствен бизнис. Каде што најважно

е да се истакне влијанието на одредени фактори за започнување со сопствен бизнис како и

општите елементи на бизнис амбиентот, значењето на изборот на локацијата како и

оценката на одредени меѓународни институции за поволноста на амбиентот за создавање

на поволни услови за започнувње со мал сопствен бизнис.

Начинот и постапките за започнување со сопствен бизнис, односно исполнувањето

на одредени предуслови за можност за формирање на мал сопствен бизнис. Како најзначаен

документ за пристап кон постапката за започнување со мал бизнис ни претставува бизнис

Page 112: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

112

планот кој содржи низа на елементи кои што треба да се исполнат за да се започне

постапката со основање на бизнисот. Покрај изработката на бизнис планот кој е значаен

сегмент од постапката за започнување со сопствен мал бизнис за еден претприемач,

потребно е да се исполнат одредени правно-административни услови кои ќе бидат одобрени

од страна на општествените институции за започнување со постапката.

И на крајот од мојот магистерски труд беа презентирани резултатите од емпириското

истражување кое беше спроведено во овој контекст, како и заклучоците кои што се

донесени во тој контекст. Имено, целта на емпириското истражување е, преку анализа на

примерок од индивидуалци сопственици на мал бизнис, да се утврди тековната состојба на

овој план во Република Македонија, односно на малите бизниси на територијата на

Општина Прилеп и да се истакни значењето и улогата за малите бизниси на територијата

на Општина Прилеп врз економијата на Република Македонија. Од спроведената анализа

која што ја направив на 30 мали бизниси кои што дејствуваат на територијата на Општина

Прилеп и предлозите кои ги понудив може да се заклучи дека пазарот во Прилеп нуди

поволна инвестициона клима за започнување на сопствен мал бизнис, односно бизнис

амбиентот е поволен за инвестирање. Најголем дел од малите бизниси имаат форма на

организација на едниствен сопственик што значи дека најголем дел од инвеститорите се и

сами свои газди односно сами инвестираат и сами го трошат профитот кој што го оствариле.

Поголем дел од малите бизниси во Прилеп имаат добра локација на нивното дејствување.

Поради поголем дел од поволностите кои што ги поседуваат овие бизниси може да се

заклучи дека имаат за цел да го прошират работењето на својот бизнис преку вработување

на дополнителен кадар како и преку вметнување на нови производи во производствената

линија преку користењето на информациско-комуникациската технологија.

Page 113: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

113

Користена литература

Книги:

1. Барон А.Р., Шејн А.С., ,,Претприемништво-процес со перспектива’’, Превод од

влада на Р. Македонија, 2005;

2. Дракер Ф. П., ,,Иновацијата и претприемништвото’’, Просветно дело, Скопје, 2005;

3. Пејковски Ј., ,,Претприемништво и развој’’, Експрес, Скопје, 1997;

4. Портер Е. М., ,,Стратегија за конкурентност’’, Дата Понс, 2009;

5. Развојни перспективи и малите бизниси во Македонски Брод, реферати идискусии,

Економски институт, Скопје, 1998;

6. Секстон Л. Д., Бауман-Аптон Н., Смилевски Ц., Јанкоски Д., ,,Претприемништво –

креативност и развој, искуства од САД и Македонија’’, Центар за кадровски и

информатички услуги ,,ДЕТРА’’, Скопје;

7. Фити Т., Хаџи Василева-Марковска В., Бејтмен М., ,,Претприемништво”, Економски

факултет, Скопје, 2007;

8. Шуклев Б., ,,Менаџмент на малиот бизнис’’, Економски факултет, Скопје, 2006;

9. ,, The third millennium: small business and enterprenuership in the 21stcentery’’, A special

publication prepared for delegates to the 1995 White nouse conference on small business,

DIANE publishing company, Washington, 1995;

10. Cerović B., Ekonomikatranzicije-ćlanci’’, Ekonomskifakultet, Beograd, 2003;

11. Coase R. H., ,,The nature of the firm’’, 1937;

12. Deakins D., Freel M., ,,Enterprenuership and small firms’’, 4 edition, McGraw-Hill

International, 2005;

13. Draker P., ,,Upravljanje u novomdrustvo’’, ASEE Books, Novi Sad, 2005;

14. Graham, Beaver., ,,Small business, Enterprenuership and enterprise development,

Edinburdg Gate, Harlow, Essex CM20 2JE, England, 2002;

15. Improving the competitiveness of SMEs in developing countries, United nations, 2001;

16. James E. M., ,,Starting and running a small business: The bare facts, 1663 Liberty drive

suite 200, Bloomington, Indiana, 2009;

Page 114: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

114

17. Kennedy, Joe., ,,The small business owner’s manual: Everything you need to know to start

up and run your business, Book – mart Press, USA;

18. Levry M. P., Strategies for growth in SMEs, 2004;

19. May, Gary., ,,Strategic planning: Fundamentals for small business”, Businesehpert press,

New York, 2010;

20. Paunović B., ,,Preduzetništvo I upravljanjemalimpreduzećem, Ekonomskogfakulteta,

Beograd, 2012;

21. Proter M. E., ,,The competitive adventages of nations’’, Macmillan, 1990;

22. Samuelson P., ,,Economics’’, IX edition, 2001;

23. Solow R., ,,A contribution to the theory of economic growth’’Quarterly journal of

economics, Fevruary, 1956;

24. Stoey D. J., ,,Understanding the small business sector’’, London, 1994;

25. Stokes D., ,,Small business menagement’’, Contuunom, London, 2002;

26. Weil P., ,,Economics growth’’, Braun university, 2004;

Интернет извори:

1. http://biznis101.com/osnovaj-biznis/pocetno-finasiranje/209-mozhnosti-za-

finansiranje.html

2. http://documents.worldbank.org/curated/en/2013/10/19457918/doing-business-2014-

macedonia-understanding-regulations-small-medium-size-enterprises

3. http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf

4. http://eprints.ugd.edu.mk/8617/1/MAGISTRATURA-27.12.2013.pdf

5. http://photos.state.gov/libraries/macedonia/8573/ArchivePDFs-jan2013/CCG-2012.pdf

6. http://pretpriemac.com/inkubator-ili-cador-strategija/

7. http://siteresources.worldbank.org/INTWDR2005/Resources/complete_report.pdf

8. http://siteresources.worldbank.org/INTWDR2005/Resources/FNL_WDR_SA_Overview

6.pdf

Page 115: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

115

9. http://standard.mk/6-soveti-za-uspeshno-biznis-partnerstvo/

10. http://unpan1.un.org/intradoc/groups/public/documents/UNTC/UNPAN015504.pdf

11. http://vlada.mk

12. http://vlada.mk/programa/biznis-klima-i-konkurentnost

13. http://www.aicpa.org

14. http://www.apprm.gov.mk/webdata/dokumenti/Opseratorija_za_MSP_2015.pdf

15. http://www.apprm.gov.mk/webdata/dokumenti/Zakon%20za%20mali%20pretpetrijatija

%20za%20Evropa.pdf

16. http://www.arihantbooks.com/chapterdownloads/D530.pdf

17. http://www.avrm.gov.mk

18. http://www.cea.org.mk

19. http://www.doingbusiness.org/~/media/GIAWB/Doing%20Business/Documents/Annual-

Reports/English/DB15-Chapters/DB15-About-Doing-Business.pdf

20. http://www.doingbusiness.org/~/media/GIAWB/Doing%20Business/Documents/Method

ology/Foreign/DB15OnePagerEnglish.ashx

21. http://www.doingbusiness.org/about-us

22. http://www.doingbusiness.org/data/exploreeconomies/macedonia-fyr/starting-a-business/

23. http://www.eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Duli_Milco.pdf

24. http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/Biznis-3-MK-%20PRINT%20.pdf

25. http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/Osnovi%20na%20biznisot-1-MK-PRINT.pdf

26. http://www.examiner.com/article/characheristics-of-a-small-business

27. http://www.fasb.org

28. http://www.finance.gov.mk

29. http://www.ft.com

Page 116: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

116

30. http://www.konkurentnost.mk/StrateskiDokumenti/een-brosura-za-web.pdf

31. http://www.management.ase.ro/reveconomia/2011-1/25.pdf

32. http://www.management.ase.ro/reveconomia/2011-1/25.pdf

33. http://www.mchamber.org.mk/(S(w0psq445czrr4y55e0gcoi45))/admin/upload/publicatio

ns/57_1.pdf

34. http://www.mse.mk/Repository/UserFiles/File/Misev/Regulativa/Zakoni%20ENG/LL_C

G_TradeCompanies_Dec_2004_E.pdf

35. http://www.nbrm.gov.mk

36. http://www.osce.org/eea/19768?download=true

37. http://www.pks.rs/Documents/Centar%20za%20inovacije/O_uslovima_za_upis_u_regist

ar_inovacione_delatnosti_i_za_brisanje_iz_registra.pdf

38. http://www.plusinfo.mk/vest/1857/-duing-biznis-2015-makedonija-megju-najvisoko-

rangiranite--vo-regionot

39. http://www.pretpriemac.com/kako-da-se-spravite-so-prekini/

40. http://www.pretpriemac.com/zapochnuvanje-na-biznis-faktori-na-koi-treba-da-se-

vnimava/

41. http://www.sbagency.sk/sites/default/files/file/annual_report_nadsme_2008.pdf

42. http://www.stat.gov.mk/GSearch.aspx?cx=005984792435174779271%3Av7t0sn-

wu1a&cof=FORID%3A10&ie=UTF-

8&q=%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B8+%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82

%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0

&sa=%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98

43. http://www.stat.gov.mk/Inov_mk.aspx

44. http://www.thevillager.com.na/articles/1973/The-Importance-of-Small--Medium-

Enterprises--SMEs--in-the-economy/

45. http://www.tse.org.jp

Page 117: ОЦЕНКА НА БИЗНИС ... - eccfp.uklo.edu.mk · претпријатија се подобрува и бизнис амбиентот на започнување со мал

117

46. http://www.worldbank.org/mk/news/press-release/2014/10/29/fyr-macedonia-once-again-

among-region-highest-performers

47. https://www.pdf-archive.com/2012/10/10/pbi5989/pbi5989.pdf

48. https://www.pwc.com/mk/en/publications/assets/pwc_doing_business_guide_2012.pdf

49. www.crm.com.mk

50. www.mtsp.gov.mk

51. www.nvca.org

52. www.pwc.com