11

(3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj
Page 2: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

*Досегашната практика во реализација на човековите права и слободи јасно ја покажуваат поврзаноста и меѓузависноста меѓу

1.степенот на почитување на човековите права и слободи

2.со степенот на развитокот на демократијата

3.со степенот на економски развиток во едно општество.

*Не може да станува ниту збор за демократијата без целосно почитување на правата и слободите на човекот но ниту ке има демократија ниту човекови права без развиток.

Page 3: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

*Затоа што е тешко да се очекува дека оние луѓе кои живеат на „работ“ на општеството без шанси за подобар живот за нив и нивните деца ќе се сложат постојано да ги почитуваат „правилата на играта“ а тоа значи правата, слободите и интересите на другите.

Page 4: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

*Спред Џек Донели поврзаноста помеѓу човековите права, демократијата и развитокот е таква да мора да постои рамнотежа помеѓу развојот (а тоа значи развој на пазарот), демократијата ( а тоа значи избори за носителите на власта) и задоволување на човековите права и слободи ( а тоа значи достоинствен живот на сите граѓани).

*Во најголем број на земји е воспоставена таа рамнотежа и развитокот го забрзува задоволувањето на човековите права и развојот на демократијата.

*Но има и земји кои го обезбедуваат развиток на сметка на почитувањето на човековите права и отсуство на демократијата.

Page 5: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

* Две гледишта на развојот.

1. Развиток сватен како

економски развиток (пораст на бруто домашниот производ по глава на жител)

2. Развиток сватен како човечки развиток во најширока смисла на зборот.

Page 6: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

1. Разидување со еднаквоста- тоа значи дека се жртвува правилната распределба во име на брза акумулација на капиталот и економскиот раст.

2. Разидување со слободата- тоа значи жртвување на личните и политичките права во име на ефикасноста или војна со неразвиеноста.

Page 7: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

*Досегашните историски случувања не даваат аргументи за сигурен одговор на поставеното прашање бидејки

1.Од една страна неколку репресивни и диктаторски политички режими постигнаа голем индустриски и економски раст (Тајван, Сингапур, Индонезија, Либија, Јужна Кореја а најнов пример е Кина). Брзиот економски развиток со ништо не им надомести на сите оние кои под присила ги жртвуваа своите лични и политички права.

2.Од друга страна исто толку рапресивни политички режими не постигнаа никаков економски развој (Супсахарска Африка, Државите од Латинска Америка и Средна Азија)

Page 8: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

*Економските и социјалните права и слободи се во тесна врска со пазарот бидејки

1.Од една страна пазарите произведуваат ефикасност, а тоа значи максимизирање на вкупното количество стоки и услуги произведени со дадено количество ресурси.

2.Но од друга страна самата природа на пазарот е таква да тој врши нееднаква дистрибуција на стоките и услугите без оглед на индивидуалните потреби, интересите и правата со што неодминливо создава големи економски нееднаквости.

Page 9: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

*Пазарот сам по себе ги распределува придобивките од економскиот развиток без оглед на индивидуалните потреби и права.

*На пазарот може и да се изгуби а не само да се

добива па така има и такви луѓе кои настрадале и ја платиле цената на неприлагодувањето на пазарните услови (губење на имот или работа, високи цени на артиклите, послаба здравствена заштита и образование...)

*Суштината на социјалните права е токму во тоа на оние луѓе кои поминале полошо да им се компензира со комплетот на социјални права а државата да ја извршува функцијата на „социјална држава“

Page 10: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

*Тоа значи дека колективитетот кој извлекува корист има обврска да се грижи за одделните членови на општеството кои учествувале во создавање на општествениот производ но пазарите тоа не им го признале со некаква добивка туку им наштетуваат преку загубата која ја претрпуваат.

*Социјалната држава ги ублажува страдањата и обезбедува некаква компензација на сите оние на кои пазарот им „наштетил“

Page 11: (3,8) covekovi prava, demokratija i razvoj

*Пазарот по дефиниција е колективна придобивка во таа смисла што долгорочно гледано секој ќе има корист од поголем проток на стоки и услуги.

*Ако човековите права се она нешто што ја цивилизира демократијата, социјалната држава е она што ги цивилизира пазарите.

*Доколку граѓанските и политичките права ја држат демократијата во рамките на соодветните ограничувања тогаш економските и социјалните права им ги поставуваат таквите ограничувања на пазарите.