18
Бизнис План За интернет кафе „StartMото: Светот е ваш со интернет кафе StartИзработил : Ментор: Борче Костовски Александар Трајковски

Borce Biznis Plan

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Borce Biznis Plan

Бизнис План

За интернет кафе „Start“Mото: Светот е ваш со интернет кафе „Start“

Изработил : Ментор:Борче Костовски  Александар Трајковски

Битола 2011

Page 2: Borce Biznis Plan

Назив на трговското друштво: „Start“

Адреса: Маршал Тито бр. 15 - Битола

Телефон: +389 70 225 555

e-mail: start @ hotmail .com

Веб страна: www. start_bt .com

Лице за контакт: Борче Костовски

Даночен Број: 100001498856111

Жиросметка: 5810000000544

Деловна Банка: А.Д. Стопанска Банка - Битола

Датум на прва регистрација: 05.05.2006

Структура на сопственоста: приватна сопственост

Број на вработени: 5

Шифра на дејноста: 40/151

Директор: Борче Костовски

Page 3: Borce Biznis Plan

Резиме:

Со големиот развој на информатиката, а посебно на глобалната мрежа т.е.

интернетот, се поставуваат нови видици во човековото живеење, а посебно кога на

корисникот му се потребни одредени информации.. Целта на „Start“ е зголемување на

информатичката технологија во земјата, а и општо пошироко. Бидејќи условите во нашата

земја се минимални за користење домашен интернет, “Start” не работи за профит, туку за

услужување на граѓаните и нивните потреби. Со зголемување на интересот кај луѓето за

интернетот, се зголемуваат и информациите кои им се достапни.

Претпријатието претставува Друштво со ограничена одговорност основано од едно

лице (ДООЕЛ) што спаѓа во групата на трговски услуги со шифра на дејност 40/151

според единствената класификација на дејноста. Одлуката за основање на друштвото е

донесена по претходното истражување на пазарот на интернет услуги. Друштвото се

занимава со интернет услуги чиј пристап имаат сите физички лица 24 часа, односно без

прекин. Со оглед на тоа дека и ние и конкуренцијата даваме ист вид на услуга, предноста

ја гледаме во користење на услугата по пониски цени, поволни услови и добро обучени и

мотивирани вработени. Просториите нудат услови за работна атмосфера со современи

компјутери чие обновување се врши на секои 6 месеци. Има 4 вработени избрани по пат

на конкурс, при што секој вработен има работно искуство и работно време од 8 часа.

Менаџерот има целосна контрола на работата и е задолжен:

- да го зголемува профитот годишно за 10%

- да ја зголемува добивката од 100 000ден. Годишно

- да врши истражување на пазарот на услуги за остварување на претходните цели

- да врши стручно едуцирање и усовршување на професионален план на

вработените

- да вработи нови кадри кои ќе придонесат подобар развој на компанијата.

Располагаме со деловен простор од 100м2 на ул. Маршал Тито бр. 15, во

централното градско подрачје на атрактивна локација. Наши корисници на услугата се

физички лица на возраст од 7-77 години, најмногу млади луѓе од 15 до 35 години. Ние се

стремиме да ги задоволиме нивните вкусови, потреби и желби според страндардот и

животниот стил. Цените на услугите се доста поволни. Врз основа на маркетинг

истражувањето во овој регион се јавуваат неколку мали конкуренти кои нудат ист вид на

Page 4: Borce Biznis Plan

услуга и со еднаков квалитет. Сметаме дека пазарот може да поднесе уште еден субјект и

дека можеме да учествуваме со 15% во задоволување на вкупната побарувачка.

Потребниот капитал за отпочнување на ваков бизнис и опстојување од минимум 1

година изнесува околу 10 500 евра.

Историја на бизнисот:

„Start“ претставува интернет кафе кое нуди интернет и гејмерски услуги.

Компанијата е основана на 5 Мај 2006 година. Деловните простории на друштвото се

наоѓаат на улица Маршал Тито бр.15 во Битола. По претходното истражување на пазарот

донесена е одлука за основање на друштвото. Проценките на пазарот кои беа направени

покажаа дека недостасуваат компании кои нудат услуги за користење на интернет. Затоа

сметаме дека услугите кои ги нудиме ќе бидат значајни за младата популација, како и за

бизнисмените во нивните контакти со своите соработници. Карактеристики кои го прават

овај бизнис поразличен од другите се: сателитскиот интернет (кој има 4-5 пати поголема

брзина од ADSL), добро опремени компјутери (за да се задоволат гејмерите), и луксузниот

ентериер.

Цели на бизнисот:

Целите на интернет кафето „Start“ се доминација на локално ниво, зголемување на

работата 15-20% годишно, а тоа се постигнува со:

-Маркетинг: Рекламирање на интернет кафето на веб сајтови, и телевизиски медиуми,

како и во одредени списанија.

-Иновативност: Во посебна просторија ќе бидат поставени волани и џојстици за

задоволување на страстите на гејмерите.

-Материјални ресурси: Обновување на компјутерските конфигурации најмалку еднаш на

6 месеци, а со тоа и обновување на застарениот софтвер.

Page 5: Borce Biznis Plan

-Планирани приходи: Во првите две години од работењето фирмата има одлични

резултати, а тоа покажува дека се развива во правилна насока. Исто така намален е

ризикот, бидејќи фирмата веќе обезбедила обртни средства, а за наредната година

планирано е развој на бизнисот, односно зголемување на материјалните ресурси, односно

компјутерите, и зголемување на вработениот персонал.

-Организација на кадри: Интернет кафето го развива директорот, а има 4 вработени за

работа во интернет кафето, и 2 сервисери кои се грижат за исправноста на компјутерите.

-Предвидување: За секоја настаната штета со компјутерите има вработено сервисери, кои

ќе ги поправат настанатите штети.

Услуги:

Интернет кафето „Start“ нуди интернет и гејмерски услуги. Услугите на

корисниците им се достапни 24 часа во денот. Eден час интернет или игри изнесува 30

денари, а за корисниците на апликативен софтвер (Word, Excel, PowerPoint, Photoshop)

изнесува 20 денари. Услугите се овозможени преку серверот, кој има контрола над сите

компјутери. Исто така софтверски може да се определи одредено време, или одредена

парична вредност за стопирање на компјутерот на кој што седи корисникот, со што се

избегнуваат одредени проблеми при заборавање на вработениот во одредено време да го

исклучи компјутерот. Исто така во интернет кафето може да се порача било каков

безалкохолен пијалок.

За најредовните муштерии имаме попуст од 30%, или има картички за користење

на интернет или игри 10 часа, кои се поефтини за 15%. Заштитен знак на фирмата е името

„Start“.

Page 6: Borce Biznis Plan

Пазар, клиенти и конкуренција:

Интернет кафето го опфаќа центарот на Битола, со што и самата конкуренција е

голема. Сепак, брзината на достапноста на податоците (сателитскиот интернет) е првата

работа која го издвојува „Start“ од другите конкуренти.

За најголемите клиенти има попуст од 30% на услугите, или користење на еден

пијалок во текот на едно користење на услугата бесплатно, или добивање на гратиси за 5

часа интернет 1 гратис. Исто така менаџерот се грижи за стабилност на брзината на

интернетот и во лошите временски услови, со што фирмата би ги задржала и би привлекла

нови корисници. Наши корисници на услуги се физички лица, млади луѓе. Ние се

стремиме да ги задоволиме нивните вкусови, желби и потреби според стандардот и

животниот стил. Тенденцијата на вкупната побарувачка на услугата забележува пораст

поради современото и динамично живеење и понудата на поволни цени и услови. Врз

основа на маркетинг истражувањето на пазарот утврдивме дека вкупната побарувачка на

интернет услугите од година на година се повеќе се зголемува.

Page 7: Borce Biznis Plan

Има доста многу конкуренти, нивните цени се исти со „Start“, но нељубезноста на

персоналот во односот со клиентите е нивната лоша страна.

Политика на цени:

Користење на интернет или игри во „Start“ изнесува 30 денари за 1 час, што

претставува доволно ниска цена за привлекување на повеќе корисници, а истовремено

покривање на трошоците. Безалкохолните газирани пијалоци се 30 ден. Цените се

формираат во зависност од цената на интернетот што го нуди интернет провајдерот. Кај

повеќето конкуренти цената изнесува исто така 30 денари и за интернет и игри, но кај

некои изнесува и 40 денари. Сепак тие фирми кај кои изнесува 40 денари, опстојуваат

подолго време, и имаат привлечено доволно корисници за нивниот бизнис да опстани.

Промоција:

Во оваа фирма се користат два вида на промоција. Првиот вид на промоција е

економската пропаганда, која се испрајќа до две телевизии во градот, и до едно списание,

кое е наменето за компјутери. Трошоците за ваквата промоција се минимални и се плаќаат

од приходите од работата на фирмата. Втората е односи со јавноста, која се одвива на

Page 8: Borce Biznis Plan

форумот на нашата веб страна, а таму можат сите клиенти да го искажат своето мислење

во однос со работењето на фирмата, можат да ги потенцираат слабостите за во иднина да

се елиминираат, или пак можат да даваат предлози за поуспешно работење на фирмата во

иднина. За ваквата промоција фирмата нема трошоци, а личното искуство надополнува за

успешното претставување на фирмата. Со самиот почеток со работа, сметаме дека

побарувачката на нашите услуги ќе се зголеми поради квалитетот на услугата и пониските

цени во однос на конкуренцијата.

Менаџерски тим и вработени:

Во нашата компанија има 5 вработени, и тоа 1 топ менаџер и 4 вработени.

Менаџерот, односно главниот директор го води бизнисот и според пирамидално

хиерархиската структура на фирмата се наоѓа на врвот, што истото му дава најголеми

права но и обврски во врска со управувањето на фирмата. Вработените се избирани по

конкурс објавен на интернет и во одредени дневни весници, при што секој вработен треба

да има минимум завршено средно училиште, да има 2-3 годишно работно искуство со

компјутери и да знае Англиски јазик. Меѓу менаџерот и вработените постои доверба, така

што и самостојната и тимската работа не претставува проблем за никого. Предноста на

нашите вработени е завршеното високо образование, отсек информатика, а исто така и

големото работно искуство кое го имаат стекнато во поголеми фирми кои работат со

компјутери. При проширување на бизнисот и при потреба од нови вработени, исто така

тие ќе се бираат преку конкурс.

Page 9: Borce Biznis Plan

Водење на бизнисот:

Водењето на бизнисот во „Start“ го води главниот менаџер т.е. директорот, кој

најповеќе се ориентира кон водечките играчници и интернети во светот. Сепак во текот на

6 месеци, треба да се внесува барем по една нова иновативност, со која интернет кафето

би повлечило повеќе корисници од досегашните. При донесувањето на одлуките

најголемо мислење се зема од вработените, бидејќи тие имаат контакт со корисниците.

Исто така се зема мислење и од поголемите корисници кои имаат и добри и лоши

карактеристики за работата на интернет кафето. Контрола се врши поретко, затоа што

главната програма самата пресметува колку има остварен профит од интернет, игри,

пијалоци, а со тоа се елиминира и дополнителното лажење или крадење на вработените.

Финансиски податоци:

Во почетокот интернет кафето се стремеше за опстанок, како и за повлекување на

голем број од корисниците, а помалку за остварениот профит.

После 2 годишното работење, интернет кафето им ги зголеми платите на

вработените за 5%, при тоа се зголеми и остварениот профит. Ако 1 компјутер работи 5

часа дневно, 30 дена во месецот, тоа се 4500 денари. Во интернет кафето има 20

компјутери, и ако се пресмета вкупниот збир, тој изнесува 90.000 денари. Ако се плаќаат 5

вработени по 9000 денари тоа се 45000 денари, сателитскиот интернет изнесува 12000

денари, и да се плаќа 3000 денари за струја и вода. Значи профитот изнесува 30.000

денари, што е доволно за опстанок и понатамошен развој на фирмата.

Page 10: Borce Biznis Plan

Истражување и развој:

Менаџерот на интернет кафето ги следи светските трендови на компјутерите, а

исто така и на новиот софтвер кој се испраќа на пазарот. Со најбрзото стигнување до

потребните програми или игри, интернет кафето секогаш има предност пред другите.

Затоа менаџерот има договор со одредена фирма која увезува лиценциран софтвер, и која

најпрво го доставува во интернет кафето.

Исто така како резултат на истражувањето на светскиот развој, интернет кафето

вложи во купување на волани и џојстици, кои најповеќе ги интересираат тинејџерите, а

исто така и понекогаш повозрасните корисници.

Долгорочно (стратешко) планирање на бизнисот:

Како резултат на досегашното успешно работење на бизнисот, во иднина

менаџерот планира да го зголеми бројот на компјутери во интернет кафето од 20 на 30.

Отпочнување со реализација на оваа инвестиција се планира во месец јуни 2012год.

додека планот се очекува да се оствари во наредните 2 години. Притоа се очекува да се

зголеми и профитот и платата на секој од вработените. Просторијата нуди можност за

остварување на ваквата иновација. Во иднина ќе започне подготовка на планот и

реализирање на идејата.

Page 11: Borce Biznis Plan

Планови за непредвидени случаеви (ризици):

Пазарни ризици, односно појава на конкурентна фирма со што би настанал

недостаток на корисници во интернет кафето, менаџерот би ја намалил цената на услугата,

со што би повлекол повеќе муштерии, а по одредено време би ја вратил на нормалната

цена. При лоши временски услови, менаџерот е спремен да активира АДСЛ интернет во

интернет кафето, со што нема да ги изгуби корисниците.

Ризикот од неликвидност не би се појавил затоа што инвестицијата на фирмата не

се врши со позајмени кредити од банките, туку од сопствени средства.

За да се избегнат технолошките ризици потребно е комплетно истражување пред

набавката на компјутери и друга потребна технологија.

При проблеми со кадарот, прво се разговара со вработениот, а потоа со сите

вработени. Ако при тоа не се најде заедничко решение, вработениот кој направил

проблеми се отпушта и се објавува конкурс за ново вработување.

Прилози

Во почетокот применивме агресивна пропагандна активност користејќи го

промотивниот микс. Реклама на локална телевизија, печатење на рекламен материјал:

каталози, флаери, пенкала, запалки, календари, привезоци, изработка на рекламни табли и

светлечка реклама, како брза и учтива услуга од страна на вработените. За промотивните

трошоци предвидуваме да потрошиме:

Page 12: Borce Biznis Plan

- за локалната телевизија 7 000ден.

- Рекламни ливчиња 3 000ден

- Каталози 500ден.

- Пенкала 2 500ден.

- Запалки 2 000ден.

- Календари 3 700ден.

- Привезоци 3 000ден.

- За светлечка реклама 8 000ден.

- За рекламна табла 1 500ден.

Останатото не предизвикува правење на трошоци. Овие трошоци се најголеми во

првиот месец, односно на почетокот на годината.

Page 13: Borce Biznis Plan

Кратка биографија (CV)

Име и презиме: Борче КостовскиТел/Моб: 047/258-644 076/782-287Место на живеење: БитолаАдреса: Ул. Никола Тесла бр. 95Е-маил адреса: [email protected]

1. Образование: Средна стручна школа2. Странски јазици:

- Англиски јазик- Германски јазик

3. Вештини и знаења:- Познавање на Windows, Word, Power point, Linux, Excel…- Амбиции- Ажурност

4. Способности- Возачка дозвола Б категорија- Сопствено возило- Креативност