22
СОУ ,, Љупчо Сантов”- Кочани Проектна задача по економија Тема: Монопол и олигопол како пазарни структури

Monopol i Oligopol

Tags:

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Monopol i Oligopol

СОУ ,, Љупчо Сантов”- Кочани

Проектна задача по економија

Тема:

Монопол и олигопол како пазарни структури

Ментор: Изработила: Проф.Јакимов Стојанчо Заова Надица

Март 2011

Page 2: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

Содржина:

1. Вовед .............................................................................. 2

2. Основни карактеристики на монополот како пазарна структура ............................................................................ 3

3. Монополот и вкупниот приход...................................... 4

4. Монополот и маргиналниот приход.............................. 5

5. Монополот и максимизацијата на профитот................ 6

6. Извори од кои монополот доаѓа до профит............... 8

7. Основни карактеристики на олигополот како пазарна структура............................................................................ 9

8. Колузија- картел и ценовно лидерство……………….. 11

9. Економски последици од колузијата........................... 12

10. Заклучок...................................................................... 13

Користена литература..................................................... 14

1

Page 3: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

1. Вовед

Наспроти состојбата на потполна конкуренција, кадешто понудата ја даваат голем број мали фирми, стои состојбата на монополот. Во оваа пазарна структура вкупното производство и понуда ги креира едно претпријатие- монополот. Зборот потекнува од грчките зборови моно-еден и полист-продавач, значи станува збор за еден единствен производител и продавач на добра и услуги во рамките на секторот. Бидејќи само монополот ја креира понудата во еден сектор, значи тој без сомнение ќе има силно влијание врз висината на цената на своето производство. Но, како и совршената конкуренција, така и овој модел на пазарна структура во практиката се среќава ретко и тоа најчесто во крупната стопанска инфраструктура ( железница, производство и дистрибуција на електрична енергија, ПТТ-услуги и сл.), каде што има т.н. природен монопол.

Во земјите со развиено пазарно стопанство постои висок степен

концентрација на производството и капиталот, така што најзначајниот дел на добра и услуги, во рамките на еден сектор, доаѓа од неколку големи претпријатија. Доминантни позиции во вкупното производство на автомобили во Германија, на пример, имаат неколку корпорации: Опел, Фолксваген, Мерцедес Бенз, во Јапонија тоа се: Тојота, Мицибуши и Нисан, во Франција: Пежо, Рено и Ситроен итн. Во сите овие случаи станува збор за олигопол (олиго на грчки значи неколку), односно состојба на пазарот кога мал број корпорации (најчесто две, три или четири) имаат доминантни позиции во креирањето на вкупното производство, вкупната понуда и, се разбира, врз висината на цената на добрата и услугите во рамките на секторот.

Овие куси воведни напоменувања покажаа дека за разлика од состојбата на

потполна конкуренција, каде што фирмите немаат практично никакво влијание врз цената на производите или услугите, кај состојбата на монопол и олигопол претпријатијата можат да влијаат врз висината на цените на производите и услугите заради фактот што тие имаат доминантно или значајно учество во креирањето на вкупното производство и вкупната понуда.

Во оваа проектна задача ќе се запознаеме со карактеристиките на претпријатијата кои егзистираат во пазарните структури монопол и олигопол, нивното влијание врз пазарот, начинот на којшто го остваруваат профитот и сл.

2

Page 4: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

2. Основни карактеристики на монополот како пазарна структура

Кога зборуваме за монопол треба да знаеме дека станува збор за крајниот, екстремниот случај на непотполна конкуренција, кога еден единствен производител (продавач) има потполна контрола врз целиот економски сектор. Постоењето на класичен монопол се базира врз две претпоставки :

1. еден продавач го дава вкупното производство во секторот 2. отсуство на супституција, на други производители кои можат да

продуцират добра или услуги кои би биле соодветна замена за оние на монополот

Кога овие две претпоставки би се исполниле монополот би имал силно влијание врз цените на производите.

Во овој контекст посебно се значајни т.н. природни монополи (natural monopoly). Станува збор за економски сектори во кои извршувањето на дејноста бара вложување на огромен капитал, поради што законот за економиите од обем не дозволува таа дејност да ја извршуваат голем број на претпријатија. Типичен пример се железниците, електростопанството, гасоводите, водостопанските системи и сл. Од општествен аспект алокацијата на ресурсите во овие сектори би била сосема неефикасна доколку дејноста ја обавуваат поголем број на субјекти, бидејќи би дошло до неоправдано дуплирање на капацитетите чијашто изградба, инаку, бара голем капитал. Општествените трошоци во ваква ситуација би биле енормни. Затоа, државата во вакви услови дава ексклузивно право дејноста во секторот да ја извршува едно, единствено претпријатие, со што фактички настанува природниот монопол.

Главни карактеристики на монополот се: Едно, независно претпријатие во секторот Големо влијание врз цената Едниствен, уникатен производ Комплетни бариери за влез во секторот Нема конкуренција

3

Page 5: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

3. Монополот и вкупниот приход

Во оваа анализа се поаѓа од претпоставката дека во рамките на еден стопански сектор постои само едно единствено претпријатие коешто го дава вкупното производство на секторот, а со тоа ја креира и вкупната понуда на секторот. Значи, станува збор за егзистенцијата на типичен монопол.

Во ваква ситуација станува очевидно дека зголемувањето на производството и на продажбите на монополот истовремено се покажуваат како зголемување на производството и на понудата на вкупниот сектор. Овој момент, според тоа, ќе предизвика опаѓање на цените на производите, односно на услугите на стопанскиот сектор.

Табелата што е во прилог покажува како на монополот му се намалува цената со зголемувањето на продажбите – првите единици на производи ги продава по цена од 20 п.е., а шестите единици по цена од само 9 п.е. Овде посебно треба да се потенцира фактот дека смалувањето на цената се однесува на сите претходни единици, а не само на последната единица. Значи, монополот со зголемувањето на продажбите и смалувањето на цената на производите губи на сите претходно произведени колични на стоки и услуги.

Табела бр.1 Пазарните услови и монополот

Количина Цена Вкупен приход Граничен приход

1 20 20 202 18 36 163 16 48 124 14 56 85 12 60 46 9 54 -6

Ова не беше случај со фирмата која што работи во услови на потполна конкуренција. Таа има маргинално учество во вкупното производство на секторот и не може да влијае врз висината на цените. За неа цената е дадена, фиксна големина. Со други зборорви фирмата може за таа цена да продаде колку што сака, без да ја мисли цената на производот.

Од приложената табела можеме да забележиме дека вкупниот приход на монополот, кој се добива со множење на количните (q) со цената (p), најпрвин манифестира тенденција на пораст, достигнува максимум од 60 и опаѓа со пораст на продажбите. Доколку продажбите силно се зголемат вкупниот приход ќе се движи кон нула. Графичкиот приказ на движењето на вкупниот приход во случајот на монополот има изглед на купола со максимум во точката М каде што q=5, а р=12.

Законитоста иманентна при формирањето на вкупниот приход во случајот на монополот (цената опаѓа со зголемување на продажбите) потврдува дека е погрешно тврдењето според кое монополот настојува да продава по највисока цена.

4

Page 6: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

Во нашиот пример, највисоката цена е 20 п.е. Кога монополот би продавал по таа цена би реализирал само една единица од своите производи. Во ваков случај колку

График бр.1

и да биде висока цената, вкупниот приход ќе биде низок. Затоа, логички е да се тврди дека монополот во практиката ќе настојува да го изнајде најсоодветниот компромис помеѓу количината и цената, која во крајна линија ќе му обезбеди висок приход и профит. Значи монополот никогаш нема да произведе и продаде толку производи колку што неговиот реален капацитет de facto му овозможува да продуцира.

4. Монополот и маргиналниот приход

Граничниот (маргиналниот) приход ни го покажува ефектот што се добива со производството и продажбата на секоја дополнителна единица на производ. Со други зборови граничниот приход ги мери промените во вкупниот приход како резултат на производството и продажбата на дополнителни единици на производ.Во нашиот пример, граничниот пример помеѓу втората и третата продадена единица на производ е 12 и се пресметува многу едноставно, како разлика помеѓу вкупниот приход реализиран со продажбата на третата и втората единица производ, односно 48-36=12. По истата логика граничниот приход помеѓу третата и четвртата единица ќе биде 8, помеѓу четвртата и петтата единица 4 и помеѓу петата и шестата единица 6.

Овде повторно треба да се потенцира дека со зголемувањето на продажбите и опаѓањето на цената на производите моношполот губи не само на последната продадена единица на производство туку и на сите претходни.

5

Page 7: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

При продажбата на петтата единица, на пример, цената паѓа на 12. тоа значи дека монополот и сите претходно произведени единици (четвртата, третата, втората и првата) ги продава по цена од 12, а не од 14, 16, 18 и 20 респективно.Нашиот пример потврдува дека граничниот приход може да биде позитивен или негативен. Тој е позитивен кога со пораст на продажбите вкупниот приход расте и покрај опаѓањето на цената. Тој е негативен кога со пораст на продажбите опаѓањето на цената е толку големо што предизвикува опаѓање на вкупниот приход.

Практично однесувањето на граничниот приход може да се објасни со еластичноста на побарувачката на производите на монополот. Да се потсетиме дака побарувачката е еластична кога реагира на промените на цените на производите.Во почетокот смалувањето на цените на монополот силно ја зголемува побарувачката за тие производи поради што вкупниот приход и граничниот приход се зголемуваат. Подоцна побарувачката навлегува во зоната на нееластичност. Смалувањето на цените ни ги зголемува продажбите поради што вкупниот приход опаѓа, а граничниот приход поприма негативна вредност.

5. Монополот и максимизација на профитот

Вкупниот профит по дефиниција претставува разлика помеѓу вкупниот приход и вкупните трошоци. Притоа, и во случајот на монополот важи правилото дека максимизацијата на профитот ќе се постигне во точката каде што граничниот приход на претпријатието ќе се изедначи со граничните трошоци што мораат да се направат за постигнување на соодветното производство и соодветните продажби, односно: Max. Prof се постигнува кога MR=MC

Да се потсетиме на логиката на ова правило. На мононполот му се исплатува да ги зголемува производството и продажбите се дотогаш додека дополнителниот приход што го реализира од дополнителните произведени и продадени единици е поголем од дополнителните трошоци за производство на тие дополнителни единици. На пример, ако едно претпријатие со продажба на дополнителни 100 единици производ реализира дополнителен (граничен) приход од 500 долари, при што дополнителните (граничните) трошоци за тие 100 единици производ изнесуваат 450 долари, претпријатието на дополнителното производство и продажба реализира профит од 50 долари. Затоа, претпријатието ќе продолжи со зголемувањето на производството и продажбите се дотогаш додека дополнителните приходи од дополнителните продажби не се приближат или изедначат со трошоците што мораат да се направат за дополнитеното производство.

6

Page 8: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

Претпријатието има можност, резерва или потенцијал, да го зголемува профитот се до точката каде што маргиналниот приход се изедначува со маргиналниот трошок. Во таа точка доаѓа до максимизација на профитот. Над таа точка трошоците за производството на дополнителните единици производ го надминуваат приходот што се добива од дополнителното производство, значи MC>MR поради што претпријатието почнува да бележи загуба на дополнителното производство и дополнителните продажби што од своја страна условува намалување на профитот.

Според тоа станува јасно дека кога граничниот приход е поголем од граничните трошоци профитот може да се зголемува со пораст на продажбите. Но, кога граничните трошоци го надминуваат граничниот приход дополнителниот профит може да се реализира само со смалување на производството и продадените количини.

Во тебелата бр.2 е даден хипотетичен пример за монополистричките трошоци, приходи и профити.

Табела бр.2

Количина Цена Вкупенприход

Вкупни трошоци

Вкупен профит

Гранични трошоци

Граничен приход

0 8.00 0 10.00 -10.00 / /1 7.80 7.80 14.00 -6.20 4.00 7.802 7.60 15.20 17.50 -2.30 3.50 7.403 7.40 20.20 20.75 1.45 3.20 7.004 7.20 28.80 23.80 5.00 3.05 6.605 7.00 35.00 26.70 8.30 2.90 6.206 6.80 48.80 29.50 11.30 2.80 5.807 6.60 46.20 32.25 13.95 2.75 5.408 6.40 51.20 35.10 16.10 2.85 5.009 6.20 55.80 38.30 17.50 3.20 4.6010 6.00 60.00 42.30 17.70 4.00 4.2011 5.80 63.80 48.30 15.50 6.00 3.8012 5.60 67.20 57.30 9.90 9.00 3.4013 5.40 70.20 70.30 -0,10 13.00 3.0014 5.20 72.80 88.30 -15.50 18.00 2.6015 5.00 75.00 112.30 -37.30 24.00 2.20

Извор: R. Miller, Economics today, The micro view, sixth edition, New York, 1988, p.294.

7

Page 9: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

6. Извори од кои монополот доаѓа до профит

Прелевањето на дел од профитот на немонополизираните претпријатија и ситните стоковни производители, како што можевме да воочиме претставува основен извор на монополски екстра профит. Но, не е единствен . Овде ќе наведеме и некои други извори.

Монополските организации доаѓаат до монополски профит и преку експолоатација на работничката класа. Имено, доколку некои од производите кои влегуваат во групата на неопходни средства за живот на работниците, се најдат под монополска цена, а номиналните наемнини на работниците да останат непроменети, во тој случај доаѓа до намалување на реалните наемнини, па дури и паѓаат под вредноста на работната сила.

Еден дел од вредноста на работната сила се прелева како монополски екстра профит кај монополите. На значењето на наемнините како можен извор на монополски профит укажа и Маркс. Овој извор, значи, се базира на експоатацијата на работничката класа, како потрошувач. Од друга страна, и експолатацијата на работничката класа како производител на материјално богатство во периодот на импераијализмот т.е. во услови на делување на монополите, постојано се зголемува.

Освен споменативе извори монополите црпат високи профити и со присвојувањето на дел од националниот доход на недоволно равиените земји и тоа најчесто преку односите на нееднаквата размена. Монополите им продаваат на неразвиените земји производи во кои е вложен помал труд во замена за производи во кои е опредметено поголемо количество на труд, т.е. продават производи од финалните сектори на индустријата по цени кои се над вредноста, во замена за суровини кои се реализираат под нивната вредност. На овој начин, монополите во голема мера придонесуваат за продлабочување на јазот во развојот меѓу развиените капиталистички земји и земјите кои се недоволно развиени.

Друг извор на мнонополски профит, посебно во современи услови е државниот буџет. Монополите и на државата и продаваат производи по цени кои се повисоки од вредноста. Таков е случајот со лиферување на оружје, особено во време кога капиталистичаката држава е воено ангажирана во некои региони во светот. Освен тоа, монополите ги зголемуваа свиоте профити и по пат на користење на низа бенефиции кои што им ги одобрува државата. При консумирањето на производи над кои постои државен монопол, монополските орагнизации користат повластени цени: таков е случајот со производите од екстрактивната индустрија и во областа на инфраструктурата.

Монополите исто така често избегнуваат и плаќање на даноците (голем е списокот на олеснувања кои капиталистичката држава им ги одобрува при однаочувањето на нивните профити) што исто така допринесува за зголемување на монополистичкиот профит.

8

Page 10: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

7. Основни карактеристики на олигополот како пазарна структура

Олигополот е пазарна структура во којашто неколку, најчесто три-четири, крупни претпријатија доминираат на пазарот, односно го креираат најзначајниот дел од производството и понудата во секторот- индустријата.

Основните карактеристики на олигополот се:

Егзистенција на мал број на крупни претпријатија (продавачи) на страната на понудата кои, токму заради големото учество во креирањето на вкупното производство и понуда во рамките на индустријата, имаат значајно влијание врз висината на цената на производот;

Олигополот може да произведува хомогени производи, производи од горе-долу ист квалитет (челик или бетон, на пример, од ист квалитет) или производи со диференциран производ (автомобили од иста класа, но со диференцирани карактеристики- дизајн, сопирачки, бучност на моторот и сл.)

Доминантните позиции на неколку големи претпријатија во индустријата упатува на постоење на бариери за влез и излез во и од индустријата. Покрај егзистенцијата на бариери за влез од типот на економии од обем, правни бариери (природен монопол, патент), дарови на природата и диференцијација на производот, кај олигополот го среќаваме и т.н. стратешко одвраќање како посебна, специфична бариера за влез, т.е. како бариера за влез иманентна за овој тип на пазарна структура. Станува збор за деловни активности на претпријатијата кои веќе го поседуваат и доминираат пазарот со кои им се сигнализира на потенцијалните конкуренти дека доколку се обидат да влезат во секторот, ги чека тешка и исцрпувачка конкурентска борба. Така, на пр., постојните претпријатија преземаат крупни инвестициони активности со цел да ги подобрат перформансите во нивното работење, да ја подигнат својата конкурентска способност и воопшто својата деловна репутација, со што потенцијалните конкуренти се одвраќаат од намерата за влез во секторот (индустријата) којашто е веќе контролирана од неколкуте крупни претпријатија.

Во рамките на олигополистичката пазарна структура егзистираат различни видови на однесување на претпријатијата учесници на пазарот. Различните видови на однесување на претпријатијата, најсинтетички гледано, можат да се сведат на две посебни ситуации: прво, фирмите да манифестираат висок степен на кооперативност, меѓусебна соработка, при што се договараат за ограничување на вкупниот аутпут т.е. на вкупната понуда, а со крајна цел одржување на висока цена на производот и реализација на високи профити; второ, претпријатијата да манифестираат некооперативно однесување, односно да влезат во меѓусебна конкуренција

9

Page 11: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

врз основа на диференцијацијата на квалитетот на производите, агресивна реклама и сл., со цел да им преземат дел од пазарот на постојните конкуренти и да остварат висок профит. Во првиот случај, кога преовладува кооперативното однесување, ограничувањето на производството и одржувањето на цената на високо рамниште de facto доведува до состојба блиска на монопол. Во вториот случај, кога преовладува некооперативно однесување, односно меѓусебна конкуренција помеѓу неколкуте крупни претпријатија, крајниот резултат се оддалечува од состојбата на монопол (ограничен обем на производство и високи цени) и се приближува до состојба која наликува на совршена конкуренција (висок обем на производство и ниски цени).

8. Колузија- картел и ценовно лидерство

Фактот што при олигополистичката пазарна структура во рамките на секторот (индустријата) постојат неколку големи претпријатија со доминантни позиции во креирањето на вкупното производство т.е. понуда, го олеснува процесот на меѓусебно договарање на претпријатијата за вкупниот обем на производство. Со други зборови, претпријатијата можат лесно да се договорат да го ограничат производството и да ги одржуваат цените на високо рамниште. Таквата практика впрочем, често се покажува како исплатлива за олигополистичките претпријатија. Во спротивност, ако таков договор не постои, претпријатијата ќе влезат во меѓусебна конкуренција, настојувајќи преку диференцијација на квалитетот на производите, преку воведување на нови производи, преку реклама на производите итн, да преземат дел од пазарот од конкурентите. Крајниот резултат за олигополистичките претпријатија, во ваква ситуација, станува неизвесен.

Колузијата претставува форма на експлицитно, јавно, отворено или пак имплицитно, тајно, преќутно договарање помеѓу олигополистичките претприја-тија за меѓусебно ограничување на конкуренцијата. Кога договарањето е јавно, отворено, настанува картел. Кога договарањето е тајно, преќутно, станува збор за ценовно лидерство.

Картелот, според тоа, настанува кога олигополистичките претпријатија јавно, отворено, се договараат за меѓусебно ограничување на конкуренцијата. Во рамките на картелот претпријатијата се договараат за: производните квоти што одделните претпријатија можат да ги понудат на пазарот, за висината на цената по којашто ќе го продаваат производот и за деловите на пазарот на кој одделните претпријатија ќе ги пласираат своите производи-т.н. регионална поделба на пазарот. Доколку претпријатијата цврсто се придржуваат на постигнатиот договор резултатот ќе биде ограничено производство и понуда, висока цена и високи профити. Затоа и велиме дека картелот доведува до состојба којашто е слична на

10

Page 12: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

монополот, сеедно што претпријатијата ја задржуваат својата деловна самостојност - продолжуваат да егзистираат како засебни претпријатија.

Еден од најпознатите картели од меѓународен карактер е OPEC (Оrдanization of Petroleum Exportinд Countries- Организа-ција на земјите извознички на нафта). Земјите производители и извознички на нафта го формираа овој меѓународен картел со цел да го ограничат производството на оваа стратешка суровина и да ја одржуваат цената на нафтата на високо рамниште.

Картелот честопати се соочува со внатрешна нестабилност. Имено, членките на картелот многу често го прекршуваат договорот, настојувајќи, со зголемено производство и продажба над договорените квоти за себе да остварат поголем профит. Но, ако едно претпријатие го направи тоа, тешко дека другите претпријатија во рамките на картелот ќе одолеат на таквото искушение. Крајниот резултат ќе биде неефикаснот на картелот или пак дури и негово распаѓање.

Картелот е штетен бидејќи предизвикува економска неефикаснот и монополизација на пазарните структури. Дури се смета дека тој има двоен негативен ефект, понагласен од оној на монополот. Имено, и монополот и картелот, ограничувајќи го производството заради одржување на високи цени, фактички произведуваат под нивните реални можности, односно нерационално ги користат расположливите ресурси. Тоа е штетно за вкупната ефикасност на економијата. Но, монополот, за разлика од картелот, постигнува поголеми економии од обем, т.е. повисока трошочна ефикасност, бидејќи се работи за едно едниствено претприја-тие. Кај картелот, производството е разделено помеѓу неколку претприја-тија, поради што економиите од обем тука помалку доаѓаат до израз. Затоа, современите законодавства го забрануваат и казнуваат секој обид за формирање на картели.

Ценовното лидерство претставува преќутно ограничување на конкуренцијата помеѓу олигополистичките претпријатија кои доминираат во рамките на индустријата. За разлика од картелот овде не постои формален договор помеѓу претпријатијата за производните квоти, за висината на цената и за регио-нална поделба на пазарите. Кај ценовното лидерство координацијата и кооператив-носта на претпријатијата се врши тајно. Едноставно една од фирмите ќе се издвои како фирма лидер, предводник, и цената по којашто таа ги продава своите производи ја прифаќаат и останатите олигополистички претпријатија во рамките на индустријата. По правило како лидер во индустријата се јавува најкрупната фирма, фирмата со доминантни позиции на пазарот којашто, токму заради нејзината големина користи економии од обем и има најниски трошоци на производство.

Она што е посебно важно за олигополистичката структура е фактот дека фирмата лидер обемот на производство и висината на цената ги одредува според истиот принцип којшто го практикува и монополот. Имено, и во овој случај, максимизацијата на профитот се врши според принципот MR=MC. Бидејќи со порастот на производството и продажбите цената опаѓа, фирмата лидер секогаш

11

Page 13: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

бара оптимален сооднос помеѓу производството и цената, ограничувајќи го обемот на производство под реалниот капацитет. На тој начин се постигнува повисока цена од онаа во услови на совршена конкуренција и се остварува надпросечен профит.

9. Економски последици од колузијата

Од она што е досега кажано јасно произлегува дека во услови на олигополистичка пазарна структура, доколку помеѓу фирмите во рамките на секторот постои мотивот за кооперација, договарање за големината на производ-ството, тие ќе можат да ја ограничат конкуренцијата и да ја одржуваат цената на производите на високо рамниште. При тоа, безначајно е дали фирмите ќе го ограничуваат производството преку јавно договарање (картел) или пак преку ценовно лидерство. Крајниот резултат ќе биде секогаш ист: постигнување на висока цена на производот и остварување на надпросечен профит.

Доколку постои колузија (на пр. картел) продажната цена на производот ќе се одржува на многу високо рамниште. Во ваква ситуација профитот ќе биде висок. Овој случај суштински и не се разликува од состојбата на монопол. Разликата е формална. Високиот монополистички профит не го присвојува една фирма, туку меѓусебно го делат неколкуте крупни олигополистички фирми во рамките на секторот.

Доколку, помеѓу фирмите отсуствува кооперативност и тие влезат во заемна конкуренција, цената ќе се воспостави на пониско рамниште. Пониската цена ќе предизвика понизок профит во однос на состојбата на картел. Но, сепак цената е значително повисока од онаа што би се воспоставила при услови на совршена конкуренција. Од досега кажаното можат да се извлечат неколку заклучоци:

Олигополистичките фирми имаат мотив да формираат колузија, бидејќи тоа им овозможува да реализираат надпросечни монополистички профити;

Дури и ако се случи фирмите да не ја ограничат конкуренцијата остварениот профит е поголем од оној што би се остварувал во услови на совршена конкуренција

Егзистенцијата на колузијата предизвикува економска неефикасност и е штетна за економијата. Тоа се гледа од следните факти: прво, фирмите придржувајќи се на претходно постигнатиот договор го ограничуваат производството под нивните реални капацитети, што е нерационално од општествена гледна точка, бидејќи не се користат сите расположливи ресурси; второ, егзистенцијата на колузијата значи висок профит за фирмите, но на сметка на потрошувачкиот вишок. Со мал аутпут, а високи цени, расте профитот на фирмите, но се намалува потрошувачкиот вишок.

12

Page 14: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

10. Заклучок

Од досега кажаното можеме да заклучиме дека монополот и олигополот се најкарактеристични пазарни структури кои имаат големо влијание врз пазарот.

Монополот претставува екстремен случај на непотполна конкуренција, кога еден единствен производител ја дава вкупната понуда во секторот и има целосна контрола врз тој сектор. Бидејќи монополот ја дава вкупната понуда во секторот, тој има силно влијание врз висината на цената на производите. Па така, монополот ќе настојува да го изнајде најсоодветниот компромис помеѓу количи-ната и цената, кој во крајна линија ќе му обезбеди висок приход и профит. При тоа монополот нерационално ги користи расположливите ресурси, што од аспект на целото општество претставува загуба.

Максимизацијата на профитот кај монополот ќе се постигне во точката каде што граничниот приход на претпријатието ќе се изедначи со граничните трошоци што мораат да се направат за постигнување на соодветното производство и соодветните продажби.

Постојат повеќе извори од кои монополот доаѓа до својот висок профит и тоа: експлоатација на работничката класа, со присвојување на дел од националниот доход на недоволно равиените земји (најчесто преку односите на нееднаква размена), со користење на низа бенефиции кои што им ги одобрува државата, како и олеснувања во однос на плаќањето на даноци и сл.

Олигополот пак е пазарна структура во којашто неколку крупни претприја-тија доминираат на пазарот и го креираат најзначајниот дел од производството и понудата во секторот. Претпријатијата кои егзистираат во оваа пазарна структура исто така имаат значајно влијание врз цената на производот. Тие можат да произве-дуваат ист, хомоген производ, или пак диференцирани производи. Постоењето на неколку крупни претпријатија во секторот упатува на постоење на бариери за влез и излез во и од секторот, но овде покрај постоењето на бариери од типот на еконо-мии од обем, правни бариери, дарови на природата и диференцијација на произво-дите, го среќаваме и стратешкото одвраќање како специфична бариера за влез.

Фирмите кои егзистираат во пазарната структура олигопол се растргнати помеѓу две можни алтернативи на интеракција, и тоа: меѓусебно договарање за зголемување на цената преку вештачко ограничување на понудата со цел да се оствари поголем профит, или пак влегување во меѓусебна конкуренција врз основа на диференцијација на квалитетот на производите и сл.

Договарањето помеѓу олигополските претпријатија се нарекува колузија, при што јавното договарање се нарекува картел, додека тајното се нарекува ценов-но лидерство. Доколку постои колузија цената ќе биде висока и тоа претставува состојба слична на монопол, но доколку помеѓу фирмите отсуствува кооператив-ност, цената ќе биде пониска што претставува состојба поблиска до совршената конкуренција.

Како и да е олигополистичките фирми имаат мотив да формираат колузија, бидејќи тоа им овозможува да реализираат надпросечни монополистички профити, но тоа предизвикува економска неефикасност и е штетно за економијата бидејќи нерационално ги искористуваат расположливите ресурси.

13

Page 15: Monopol i Oligopol

Монопол и олигопол како пазарни структури

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Дамеска Лила, ,,Eкономија” за четврта година на реформирано гимназиско образование, Скопје, 2009

2. Проф. Д-р Фити Таки, М-р Филиповски Владимир, ,,Основи на микроекономијата”,Економски факултет, Скопје, 2000

3. Тодоров Тодор, Кадриоски Армен, ,,Економска читанка”, Европски универзитет, Скопје, 2005.

4. http://www.google.com/

5. http://seminar4.blog.mk/2010/10/19

6. http://en.wikipedia.org

14