17
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ -Отсек за сообраќај и транспорт- УПАТСТВО ЗА ИЗРАБОТКА НА СЕМИНАРСКА РАБОТА Вонр. проф. д-р Васка Атанасова

Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ -Отсек за сообраќај и транспорт-

УПАТСТВО ЗА ИЗРАБОТКА НА СЕМИНАРСКА РАБОТА

Вонр. проф. д-р Васка Атанасова

Битола, 2012

Page 2: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

ПРЕДГОВОР

Упатството за изработка на семинарски работи е подготвено со цел да им помогне на студентите од II циклус, при изработката на нивните семинарски работи од соодветните наставни дисциплини. Во упатството се обработени сите фази од добивањето на семинарската работа до нејзиното предавање/прифаќање и презентација/одбрана. Ова упатство пред сè е подготвено за потребите на студентите кои го слушаат предметот Просторно планирање.

Page 3: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

СОДРЖИНА

1. ОПШТИ НАПОМЕНИ 11.1. Цел на семинарската работа 11.2. Основни упатства за изработка на семинарската работа 1

1.2.1. Структура на семинарската работа 11.2.2. Обем на семинарската работа 21.2.3. Тип азбука за пишување 21.2.4. Слики, графици, табели 21.2.5. Броеви, формули и равенки 41.2.6. Нумерирање 4

2. ОПИС НА СОДРЖИНАТА И ПОГЛАВЈАТА НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА 4

2.1.Содржина 52.2. Апстракт 52.3. Вовед 52.4. Заклучок 52.5. Користена литература 5

3. ЗАДАВАЊЕ, ИЗРАБОТКА И ПРЕДАВАЊЕ НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА 6

4. ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ОДБРАНА НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА 6

5. ЛИТЕРАТУРА 7

ПРИЛОЗИ 8Прилог бр.1: Насловна страна на семинарската работа 9

Page 4: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

1. ОПШТИ НАПОМЕНИ1.1. Цел на семинарската работа

Семинарската работа претставува самостоен труд што го изработил студентот на висока школа или на факултет во рамките на програмата на една наставна дисциплина или област. Семинарската работа се изработува во рамките на оние дисциплини/предмети за кои со предметната програма е предвидена изработка на семинарска работа. Семинарската работа може да претставува решавање на дефиниран проблем или обработка на одредена тема поврзана со предметот. Семинарската работа може да обработува поширока тема и да има пообемна писмена презентација.

Семинарската работа има за цел студентот преку нејзината изработка да покаже способност за примена на теориските сознанија кои ги стекнал по предметот, односно да покаже дека тие знаења може да ги примени во практиката решавајќи еден конкретен проблем или задача.

Темите за семинарски трудови можат да се издаваат од страна на предметните наставници, но препорачливо е да се разработува тема по предлог и избор на студентот, а во рамките на предметот. Темите што се обработуваат се, и треба да бидат во контекст на предметната програма, но потемелно се обработуваат и имаат цел да го прошират видикот на студентите и надвор од границите на основниот курс.

Семинарската работа се изработува во пропишана писмена форма (согласно со ова упатство) и се предава печатена на хартија (формат А4) и во електронска форма (на CD). Студентот јавно ја презентира/брани својата семинарска работа пред предметните наставници и пред студентите. Оценката во определен однос влегува во оценката по предметот.

1.2. Основни упатства за изработка на семинарската работа1.2.1. Структура на семинарската работа

Семинарската работа се пишува на македонски јазик, граматички исправен, без правописни грешки и треба да ја има следнава структура:

насловна страна, содржина, апстракт (со не повеќе од 300 збора), вовед, разработка на тематските единици, заклучок, користена литература, прилози (доколку постојат).

Содржината на семинарската работа се изработува согласно наведената структура.

1.2.2. Обем на семинарската работа

Обемот на семинарската работа не треба да поминува повеќе од 40 страници, ниту пак да биде помал од 20 страници. Во овие бројки не треба да се сметаат насловната страна, содржината, апстрактот и прилозите, доколку ги има.

1

Page 5: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

При изработка на семинарската работа треба да се користат следниве маргини: лева (left) – 3 cm, десна (right) – 2,5 cm, горна (top) – 2,5 cm, долна (bottom) – 2,5 cm.

Текстот е порамнет од левата и од десната страна.

1.2.3. Тип азбука за пишување

За главните наслови: TIMES NEW ROMAN BOLD во македонска подршка, 12pt, сите букви

големи.За насловите – ниво 1:

Times New Roman Bold во македонска подршка, 12pt. За поднасловите – ниво 2

Times New Roman во македонска подршка, 12pt.За поднасловите – ниво 3:

Times New Roman Italic во македонска подршка, 12pt. За останатите делови од текстот да се користи фонт Times New Roman во

македонска подршка, 12pt.

Текстот се пишува во делови (параграфи), а првиот ред на параграфот да се повлече за 6 букви (со табуларот – Tabs). При пишувањето да се користи единечен проред (Format⟶Paragraf⟶Spacing⟶Before: 0 pt, After: 0 pt, Line spacing: Single).

Странските називи и имиња се пишуваат транскрибирани на македонски јазик, додека во заграда се пренесува оригиналот.

Пример: Вебстер (Webster).

1.2.4. Слики, графици, табели

Во текстот може да има фотографии, слики (скенирани или изработени во некоја програма), графици и слично.

Сите овие објекти се слики кои во текстот треба да се означат со кратенката Сл.бр. (голема буква С, мала буква л, точка, мали букви б и р и точка), после која се додаваат два броја одвоени со точка. Истите се поставуваат централно. Пример:

2

Page 6: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

Сл.бр.1.2: Просторно решение на зоната на опфат во град Пореч, ХрватскаИзвор: http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=1300127&page=3

Првиот број 1 го означува бројот на поглавјето, а вториот број 2 – редниот број на сликата во поглавјето. После нумерацијата се пишува насловот на сликата (долу), како на Сл.бр.1.2.

Графиците се поставуваат централно во однос на текстот. Се нумерираат исто како и сликите, а се именуваат со цел збор „График“ после кој следуваат нумерацијата и самиот наслов. Пример:

0 2 4 6 8 10 120

102030405060708090

y

TTR

% н

а па

тува

ња

со ЈГ

ПП в

о вк

упни

те р

абот

ни п

атув

ања

График бр.5.1: Учество на патувања со ЈГПП во вкупните работни патувања во зависност од релативното време на патување

Табелите во текстот се нумерираат идентично како и сликите. Нумерацијата од два броја одвоени со точка се додава после зборот Табела бр.(како во примерот подолу – Табела бр.2.3). После тоа се додава насловот на табелата којшто поблиску ја одразува нејзината содржина и се пишува над табелата. Пример:

3

Page 7: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

Табела бр. 2.3: Промени во емисиите од возилата при промени на брзината од 50 km/h на 30 km/hСтил на возење

2-ра брзина, агресивно

3-ти степен на пренос

CO - 17% - 13%HC - 10% - 22%

NOX - 32% - 48%Потрошувачка на

гориво+ 7% - 7%

Извор: Reported in Pharoah and Russell (1989) from German research.

Изворот на сликите, графиците и табелите се пишува под сликата, графикот или табелата со помали букви (Times New Roman 10, во македонска подршка), во однос на насловот на сликата, графикот односно табелата. Пример е прикажан кај примерите за именување и нумерирање на слика, график и табела.

1.2.5. Броеви, формули и равенки

Броевите се пишуваат со празен простор и без точки (пример: 1 000); децималните броеви се одделуваат со децимална запирка (пример: 0,150).

Формулите и равенките се пишуваат во Microsoft Equation 3, јасно, компактно; за сите физички величини се наведуваат називите или мерните единици на SI системот.Формулите треба да се нумерираат според насловите и поднасловите во текстот и тоа со два броја одвоени со точки и ставени во мали загради. На пример:

T ij=t ij⋅F (патувања/ден.) (1.1)

Каде што е:T ij−идеен (прогнозиран) број на патувања од зона i до зона jt ij− сегашен број на патувања од зона i до зона jF- фактор на пораст за целото подрачје за кое се прави прогноза

Бројот (1.1) значи дека горната формула, според првиот број 1 му припаѓа на поглавјето 1 а вториот број 1 го означува редниот број на формулата во ова подпоглавје. Формулата (1.1) е прва формула во поглавјето 1.

1.2.6. Нумерирање

При нумерирање на страниците треба да се внимава на тоа дека насловната страна и содржината не се нумерираат. Апстрактот носи нумерација i, а нумерирањето започнувајќи од 1 (еден) започнува од воведот кој се наоѓа на првата страна.

2. ОПИС НА СОДРЖИНАТА И ПОГЛАВЈАТА НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА

4

Page 8: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

Содржината на поглавјата е правилно одбрана ако овозможува лесно уочување на темелните особини на интерпретацијата на истражувањата, а тоа се: комуникативност, проверливост, поновливост, објективност и веродостојност на фактите, тврдењата, постапките и резултатите прикажани во работата.

2.1.Содржина

Содржината на семинарската работа се пишува така да се истакне односот помеѓу насловите (поглавјата) и поднасловите (подпоглавјата). Содржината се става на почетокот на трудот. Содржината претставува редослед на излагањето од почетокот до крајот на пишаниот труд.

2.2. Апстракт

Во апстрактот студентот треба да ја покаже својата способност за искажување на главната идеја на семинарската работа „во еден здив“, а читателот треба со читањето на апстрактот да ја сфати идејата на авторот.

Апстрактот треба да има описно – информативен карактер, односно во него авторот треба со куси изрази и клучни зборови да ја изрази содржината на семинарската работа и без навлегување во дискусии да го информира читателот за основната идеја и тема на семинарската работа.

Апстрактот треба да ги содржи предметот и целта на семинарската работа и по својот обем не треба да содржи повеќе од 300 зборови, а просечно, околу 100 – тина зборови би требало да бидат доволни за да се истакне идејата на авторот. Се пишува откако ќе се напише семинарскиот труд.

2.3. Вовед

Воведот најчесто е првото поглавје во пишаното дело и има основна функција на пристапен начин да го воведе читателот во содржината на делото, а конкретната содржина и големина се во директна зависност од намената на пишаното дело. Дефинитивниот текст на воведот секогаш се пишува на крајот на работата кога се при-сутни сите информации за предметот на истражување.

2.4. Заклучок

Заклучокот не се планира туку се изведува после обработката на главните делови на пишаниот труд. Авторот треба да ги формулира завршните тврдења кои произлегуваат од фактите кои се изведени во работата. Тие треба да бидат кратки, јасни и еднозначни, а често и такви да можат да се набројат по некаков редослед.

2.5. Користена литература

Библиографските референци (литературата) се прикажуваат во оригинал на крајот од семинарската работа, и тоа редоследно како се појавуваат во текстот. Се означуваат со редниот број на листата на референци ставен во аголни загради, на пример [7].

5

Page 9: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

Книгите се цитираат како: реден број, презиме на авторот, иницијали на името, запирка (ако се повеќе, се одделуваат со запирка), запирка, наслов на книгата, запирка, место на издавање, издавач, година на издавање. Пример: 1. Атанасова В., Просторно планирање, интерни предавања, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Технички факултет, Битола, 2011.

Статии од списанија се цитираат како: реден број, иницијалите на името, запирка, презиме на авторот (ако се повеќе автори се одделуваат со запирка ), запирка, наслов на статијата, запирка, име на списанието, запирка, број на издание, запирка, година, запирка, број, запирка, страница.Пример: 2. Deskovski, S., Slamić M.: “Matematicki model i simuliranje sistema upravljanja rotirajucih raketa s kontinualnim izvrsnim organima”, Naučno-tehnicki pregled, Vol. XXXIV, 1984, br.1.

Интернет адреса: http://www…........

3. ЗАДАВАЊЕ, ИЗРАБОТКА И ПРЕДАВАЊЕ НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА

Семинарската работа се задава и е препорачливо да се заврши во семестарот во којшто се слуша предметот. Таа се изработува во пропишана писмена форма (согласно со ова упатство). Семинарските работи се даваат на корекција кај менторот. Начинот на достава може да биде лично, за време на приемните часови на менторот, или по пат на електронска пошта.

Откога се добива дозвола за печатење на семинарската работа, таа се предава во еден печатен примерок на А4 формат и во електронска форма (CD) и се брани на денот на испитот.

4. ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ОДБРАНА НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА

Одбраната на семинарската работа е јавна и се врши за време на испитот пред наставниците и пред останатите студенти. Целта е останатите студенти да научат повеќе за темата и да учествуваат со дискусија.

Во оценката на семинарската работа влегува квалитетот на обработката на темата, техничката изработка и одбраната. Оценката на семинарската работа влегува во вкупната оценка на предметот со процент утврден со програмата за реализација на наставата по предметот.

6

Page 10: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

5. ЛИТЕРАТУРА

1. Атанасова В., Упатство за изработка на семинарска работа, Технички факултет, Битола, 2012

2. Вељковиќ Д., Будиноски М., Просторно планирање, Факултет за туризам и угостителство, Охрид, 1998

3. http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=1300127&page=3

7

Page 11: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

ПРИЛОЗИ

8

Page 12: Upatstvo Za Izrabotka Na Seminarska Rabota, PP

Прилог бр.1: Насловна страна на семинарската работа

УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО ОХРИД

- СТУДИСКА ПРОГРАМА ТУРИЗАМ -

ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

Предмет: Просторно планирање

НАСЛОВ НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА-семинарска работа-

Изработил: Предметени професори:

Ред.проф. д-р Сашо КоруноскиИме и презиме бр. на индекс Вонр. проф. д-р Васка Атанасова

Охрид, 2012