24
Универзитет ,,СВ.Климент Охридски"- Битола Економски факултет-Прилеп Семинарска по: Пари и Банкарство Охридска банка А.Д.Охрид Ментор Изработи Проф. д-р Драгица Оџаклиеска Кузманоска Славица 38/10 СФР

пари и банки

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: пари и банки

Универзитет ,,СВ.Климент Охридски"-Битола

Економски факултет-Прилеп

Семинарска по: Пари и Банкарство

Охридска банка А.Д.Охрид

Ментор Изработи

Проф. д-р Драгица Оџаклиеска Кузманоска Славица 38/10 СФР

Неделковска Каролина 54/10 СФР

Нешкоска Гордана 42/10 СФР

декември 2011

Page 2: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

Содржина:

Вовед.............................................................................................................................3

1.Ретроспектива на банката.........................................................................................4

2.Органи на банката......................................................................................................6

3.Мрежа на филијали и експозитури на Охридска банка А.Д.Охрид.......................6

4.Кодекс за корпоративно управување.......................................................................7

5.Краткорочно кредитирање од средствата на Охридска банка А.Д.Охрид...........9

6.Долгорочно кредитирање од средствата на Охридска банка А.Д.Охрид............10

7.Орочени денарски депозити од правни лица..........................................................10

8.Штедење во денари....................................................................................................11

9.Штедење во девизи....................................................................................................13

10.Тековни сметки.........................................................................................................15

Заклучок.........................................................................................................................18

Користена литература...................................................................................................19

2

Page 3: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

Вовед :

Охридска банка АД Охрид со нејзиното шестдецениско искуство во

банкарството,има развиено систем на банкарски услуги на нејзините комитенти-

правните и физичките лица.Во изминатиов пероид таа доживуваше постојан пораст во

обемот на работата, проширување на видот и услугите и нејзините активности.

Со нејзиното членство во Societe Generale групацијата,успеа да го заземи

четвртото место во Македонскиот банкарски систем.Банката има развиено и своја

политика и стратегија на управување и работење.Има и разгранета мрежа на филијали

и експозитури во областа на цела Република Македонија,кои ќе бидат подетално

разработени во една од подтемите на главниот дел.

Со долгогодишното искуство,стекнатата доверба во јавноста и успешното

работење успеа да воспостави коресподентски односи со првокласни странски банки.

3

Page 4: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

1.Ретроспектива на банката

Охридска банка А.Д.Охрид е универзална банкаарска институција која нуди

широк спектар на домашни и меѓународни банкарски услуги на својот комитент –

правни и физички лица.

Банката има шест децениско искуство и традиција, развивајќи се низ

трансформациите на системот на банкарската сфера, а како самостојна банка со

сегашно име Охридска банка А.Д.Охрид работи од 1995година. Со јасна визија за

развиток и ефикасно управување израсна во модерна и современа банка од

универзален тип со разгранета мрежа од експерти,широк асортиман на финансиски

услуги, софистицирани хардверски и софтверски решенија и високо струшен кадар

оспособен за вршење на најсложените банкарски операции.

Развојот на банката во изминатиот период беше високо динамичен и

одбележан со пораст на обемот на работата, постојаните проширувања на видовите и

услугите и активноистите кои кои ги извршува банката. Унапредувањето на

операционалните проицедури и процеси, соодветно по добивката на ефикасноста и

целосно пресретнување на барањата на модерната банка практичнио доведоа до

значително зголемување на билансните податоци, пазарните и кваклитативните

перформанси од работеето.

Во периодот од десетгодишното функционирање како самостојна банка,

Охридска банка перманенетно го зголеми финансискиот потенцијал и во моментов

банката во банкарскиот систем е рангирана на 4то место според реалозираниот

потенцијал.

Банката на своите комитенти им овозможува 24часовен сервис и тоа 7дена во

неделата на електронски пренос на податоците,за извршување на платежниот промет

4

Page 5: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

Со сопствени решенија од затворен тип - "Електронска банка" пренесувајќи го

шалтерот на банката на компјутерите и мобилните телефони на корисниците.

Банката има развиено широка мрежа на 302 кореспонденти и 28 контокорентни

странски банки што овозвожуваат високо квалитетен сервис и брзо и ефикасно

извршување на услугите во платниот промет со странство.

Основната стратегија е постојаното унапредување наизвршувањето на

банкарскиот сервис и негово целосно насочување кон задоволување на потребите на

комитентите со истовремено креирае на дополнителна вредност за акционерите како

и следење на современите трендови на банкарската индустрија во земјата и странство

и нивно адекватно применување во секојдневната работа на банките.

Преку својат ацентрала и мрежа од една филијала во Скопје и 11експозитури,

од кои 4 во Охрид, 2 во Скопје и по една во Битола, Струга, Ресен, Штип и Струмица ги

извршува сите банкарски трансакции како во земјата така и во странство. Следејќи ги

основните принципи на банкарското работење, ликвидност, стабилноист,

профитабилност и солвентност.

Акциите на Охридска банка А.Д. Охрид котираат на официјалниот пазар на

Макеедноските берзи и се една од десетте компании кои го сочинуваат Македонските

берзански индекси МБИ – 10.

Долгогодишното искуство, стекнатата доверба во земјата и странство

воиспоставуваат кјореспондентски односи со првокласни странски банки, добро

обучениот и професионален кадар, јасна визија и стратегија на менаџментот и

реалната основа дека банката ќе го задржи трендот на раст, квалитетот и успешноста

во работењето.

5

Page 6: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

2.Органи на банката

Органи и управување со банката

Управувањето во Охридска банка, Societe Generale Group е преку статутарно

утврдени органи со права и обврски кои се предвидени во законот за банки за законот

за трговските друштва и тоа: Собрание на акционери, Надзорен одсбор, Одбор за

управување со ризици, Одбор за ревизија и Управен одбор.

3.Мрежа на филијали и експозитури на Охридска банка А.Д. Охрид

6

Page 7: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

4.Кодекс за корпоративно управување

Корпоративното управување во банката претставува збир од заемни односи

меѓу управниот одбор, другите лица со посебни права и одговорности кои ја

извршуваат раководнта функција на банката, Надзорниот одбор, Акционерите на

банката и останатите заинтересирани субјекти на банката.

Под заинтересираните субјекти се подразбираат депонентите, другите

доверители на банката, инвеститорите и регулкаторните и супервизоските органи,

агенциите за кредитен рејтинг, фондот за осигурување на депозитите, друштва за

ревизија, медиумите и други субјекти кои имаат интерес за работењето на банката.

Корпоративното управување, во најширока смисла, се однесува на начинот на

кој се воспоставува рамнотежа на интересите што во однос на банката се проценуваат

нејзините ризици и се одбираат начини за остварување на добри перформанси преку

стандардизација на процесите, која се заснова врз принципите на одговорност,

транспарнтност и контрола во одлучувањето, секопјдневното работење и известување

за состојбата во компанијата.

Корпоративно управување во банката подразбира:

- Јасна организациска структура на банката со прецизно дефинирани права и

одговорности на членовите на Органот на надзор и управување и на други вработени

во банката,

-Ефикасни процедури на идентификување,мерење,следење и контрола на ризиците на

кои е изложена банката,

-Ефикасни механизми на внатрешна контрола,кои меѓу другото вклучуваат детални

административни и сметководствени процедури на банката,

7

Page 8: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

-Транспарентност во работењето на банката во однос на сите заинтересирани субјекти

во согласност со прописите и со деловната политика на банката

-Системи за надзор и контрола кои се воспоставени најмалку на следните нивоа:

А)Надзор од страна на Надзорниот одбор и контрола и следење на работењето од

страна на Управниот одбор,

Б)Системи на внатрешна контрола

В)Систем на интегрирано управување со ризиците

Г)Постоење на функција за контрола на усогласеноста со прописите

Д)Независна внатрешна ревизија.

Охридска банка АД Охрид во своето работење посебно внимание посветува на

квалитетот и ефикасноста на девизното работење и платежниот промет со странство со

остварениот промет во извршувањето,банката се потврди за една од најликвидните и

најкредитабилните банкарски институции во Републикава.

Преку припремање на сопствена курсна листа со вградена стимулативност на

страна на приливите и адекватно конкурентни цени на страна на понудата,банката

овозможува максимално пристапни услови кои заедно со техничката опременост и

поврзаност нудат комплетен сервис на своите комитенти за девизно работење и

платен промет со странство.

Со приклучување на REUTERS информативниот систем овозможен ни е

директен пристап до светските девизни берзи како за своето работење така и како

информационен сервис за своите комитенти.Преку разгранетата мрежа на првокласни

контокорентни и коресподентни банки и приклучокот со сопствениот код на SWIFT

8

Page 9: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

мрежата банката овозможува најбрз и најсигурен начин на извршување на широкиот

спектар на услуги на своите комитенти како што се:

Отворање на девизна сметка

Девизни нерезидентни сметки на странски правни лица

Наплата од странство

Плаќања во странсво

Листа на контокорентни банки

5.Краткорочно кредитирање од средствата на Охридска Банка АД

Охрид

Намена на кредитите:кредити за финансирање на потребите за обртен

капитал-тековно работење,рок на враќање до една година,враќањето на

кредитот може да се врши со еднократна отплата во еднакви месечни

ануитети;

Каматна стапка:каматната стапка се движи од 3% до 11% годишно, за

кредитите обезбедени со 100% депозитен колатерал (каматната стапка е

3% годишно), за кредит со положен депозит во висина од 50% од

одобрениот износ(каматната стапка е 5.5% годишно),за кредити со

положен депозит во висина од 30% од одбрениот износ(каматната

стапка е 80% годишно)

Износ на кредитот:износот на кредитот зависи од кредитоспособноста и

бонитетот на комитентот,квалитетот и вредноста на понудениот

колатерал,како и потребите на барателот на кредитот.

9

Page 10: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

6 .Долгорочно кредитирање од средствата на Охридска Банка

АД Охрид

Намена на кредитите:кредити за набавка на постојани средства и за

финансирањев на обртни средства,рок на враќање до пет

години,враќањето на кредитот може да се врши во еднакви месечни или

тримесечни ануитети и грејс период од една година;

Каматната стапка:каматната стапка се движи од 3% до 11% годишно,за

кредитите обезбедени со 100% депозитен колатерал(каматната стапка е

3% годишно),за кредитите со положен депозит во висина од 50% од

одобрениот износ(каматната стапка е 5.5% годишно), за каматите со

положен депозит во висина од 30% од одобрениот износ(каматната

стапка е 8.0% годишно);

Износ на кредитот:износот на кредитот зависи од кредитоспособноста и

бонитетот на комитентот,квалитетот и вредноста на понудениот

колатерал,како и од потребите на кредитокорисникот.

7.Oрочени денарски депозити од правни лица

ǀ.Орочени денарски депозити од правни лица

На сметката на орочени депозити се депонираат средства на кои се плаќа повисока

каматна стапка од стапката на средствата по видување.

Правните лица може договорено да депонираат денарски средства без определена

10

Page 11: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

намена на период од 1,3,6 и 12 месеци.

Каматата на орочените денарски депозити се пресметува месечно,а се плаќа со

доставување на депозитот по каматни стапки кои се во согласност со Одлуката за

висина на каматната стапка на Охридска банка АД Охрид.

Ефективните каматни стапки се исти со номиналните.

ǁ.Процедура:

1. Орочување на денарски депозит

o уплата на депозит од сметката на депонентот на жиро сметка

од банката

o склучување на договор за орочување на паричните средства

o пресметка на камата и исплата на истата или препис кон

депозитот

2. Повлекување на депозит

o враќање на депозитот по истекот на договорениот рок

o раскинување на договорот пред истекот на рокот со взаемна

согласност на договорените страни

o автоматско преорочување доколку депонентот не се изјасни

за повлекување на депозитот

8.Штедење во денари

Секој граѓанин може својот паричен депозит да го вложи денарска штедна

книшка.Во шетдната книшка се впишуваат уплатите,исплатите,состојбата и

пресметената камата во денари.

11

Page 12: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

Со средства од штедна книшка може да располагаат:

лице на кое гласи книшката

ополомоштено лице од вложувачот односно законскиот застапник

Штедните влогови во денари можат да бидат:

по видување

орочени на 1,3,6,12,24 и 36 месеци

Отворање на денарска книшка се врши со лична карта или со пасош.

I. ПАСИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА ДЕНАРСКО ШТЕДЕЊЕПо видување – Штедни книшки* 0,10%Орочени** на 1 месец  2,70%Орочени на 3 месеци  4,30%Орочени на 6 месеци  4,80%Орочени на 12 месеци  5,00%Орочени на 24 месеци  5,50%Орочени на 36 месеци 6,00%*Минимален износ за отворање на штедна книшка е 1.000 МКД.

**Минимален износ за орочени депозити во денари е 2.000МКД. За депозитите во

износ помал од 2.000МКД се применува каматна стапка за штедни книшки. Каматната

стапка се искажува на годишно ниво со месечна пресметка и се променливи.

Исплатата на каматата кај средствата по видување се врши на три месеци. Кај

денарските орочени депозити на 1, 3 и 6 месеци се врши месечна пресметка и

капитализација на каматата и се плаќа секој ден во зависност од датумот на

орочување.

Кај денарските депозитни орочувања на 12, 24 и 36 месеци се врши месечна

пресметка и капитализација и се исплаќа месечно на крајот од секој месец.

Ефективните каматни стапки се идентични со номиналните каматни стапки.

12

Page 13: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

9.Штедење во девизи

Охридска банка дел од Societe Generalе групацијата ви нуди палета штедни

производи со нови, апстрактивни каматни стапки, период на орочување и начин на

исплата на каматата приспособена според потребите.

Вложувањето на девизни средства се врши на девизна книшка.

Право на отворање имаат:

Сите граѓани на РМ со постојано место на живеење во РМ

Граѓани на РМ на привремено работење во странство

Македонски иселеници

Странски физички лица

Исплата на камата за орочени девизни депозити и за депозитен ексклузив, по

избор на депонентот може да биде:

Во валута на депозитот

Во МКД

Каматата за орочените девизни депозити и за депозитот ексклузив, по избор на депонентот може да се исплаќа:

На датумот на доспевање Месечно

Ефективната каматна стапка се идентификува со номиналната.

13

Page 14: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

I. ПАСИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА ДЕВИЗНО ШТЕДЕЊЕ ИСПЛАТА НА КАМАТАТА НА ДАТУМОТ НА ДОСПЕВАЊЕ

ВалутаПо видување -Штедни книшки

Ороч.* на 1 месец

Ороч. на 3 месеци

Ороч. на 6 месеци

Ороч. на 12 месеци

Ороч. на 24 месеци

Ороч. на 36 месеци и повeќе

EUR 0,10% 1,70% 2,50% 3,00% 3,50% 4,00% 4,30%

USD 0,10% 0,10% 0,50% 0,75% 1,00% 1,00% 1,00%

AUD** 0,20% 2,00% 2,10% 2,20% 2,35% 2,35% 2,35%

CHF** 0,05% 0,10% 0,10% 0,10% 0,10% 0,10% 0,10%

GBP** 0,50% / / / 3,00% 3,20% 3,40%

CAD** 0,50% / / / 3,00% 3,20% 3,40%

Останати валути**

0,20%/ / / 2,00% 2,50% 3,00%

*Минимален износ за орочени депозити во девизи е 100 EUR/USD/AUD/CHF.

**Исплатата на каматата на крајот од годината за депозити орочени на 12, 24 и 36 и повеќе месеци.

II. ПАСИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА ДЕВИЗНО ШТЕДЕЊЕ МЕСЕЧНА ИСПЛАТА НА КАМАТАТА

Валута Ороч. на 3 месеци

Ороч. на 6 месеци

Ороч. на 12 месеци

Ороч. на 24 месеци

Ороч. на 36 месеци и повeќе

EUR2,40% 2,90% 3,40% 3,90% 4,20%

USD 0,40% 0,65% 0,90% 0,90% 0,90%

Охридска банка дел од Societe Generalе групацијата го воведе депозитот ексклузив, карактеристичен со повисоки каматни стапки за вашите слободни парични средства.

I. ДЕПОЗИТ ЕКСКЛУЗИВИСПЛАТА НА КАМАТАТА НА ДАТУМОТ НА ДОСПЕВАЊЕ

14

Page 15: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

Валута EUR 3месеци 6месеци 12месеци 24месеци 36 месеци

Износ20.000 – 49.999 2,55% 3,05% 3,55% 4,05% 4,35%

50.000 – 99.999 2,65% 3,15% 3,65% 4,15% 4,45%Над 100.000 2,75% 3,25% 3,75% 4,25% 4,55%

Валута USD 3месеци 6месеци 12месеци 24месеци 36 месеци

Износ20.000 – 49.999 0,60% 0,85% 1,10% 1,10% 1,10%

50.000 – 99.999 0,65% 0,90% 1,15% 1,15% 1,15%Над 100.000 0,75% 1,00% 1,25% 1,25% 1,25%

Валута AUD 3месеци 6месеци 12месеци 24месеци 36 месеци

Износ20.000 – 49.999 2,15% 2,25% 2,40% 2,40% 2,40%

50.000 – 99.999 2,25% 2,35% 2,50% 2,50% 2,50%Над 100.000 2,35% 2,45% 2,60% 2,60% 2,60%

*Минимален износ за депозитот ексклузив е 20.000 EUR/USD/AUD.

II. ДЕПОЗИТ ЕКСКЛУЗИВМЕСЕЧНА ИСПЛАТА НА КАМАТАТА

Валута EUR 3месеци 6месеци 12месеци 24месеци 36 месеци

Износ20.000 – 49.999 2,45% 2,95% 3,45% 3,95% 4,25%

50.000 – 99.999 2,55% 3,05% 3,55% 4,05% 4,35%

Над 100.000 2,65% 3,15% 3,55% 4,15% 4,45%

Валута USD 3 месеци 6 месеци 12 месеци 24 месеци 36 месеци

Износ

20.000 – 49.999 0,50% 0,75% 1,00% 1,00% 1,00%

50.000 – 99.999 0,55% 0,80% 1,05% 1,05% 1,05%

Над 100.000 0,65% 0,90% 1,15% 1,15% 1,15%

Валута AUD 3 месеци 6 месеци 12 месеци 24 месеци 36 месеци

Износ

20.000 – 49.999 2,05% 2,15% 2,30% 2,30% 2,30%

50.000 – 99.999 2,15% 2,25% 2,40% 2,40% 2,40%

Над 100.000 2,25% 2,35% 2,50% 2,50% 2,50%

*Минимален износ за депозитот ексклузив е 20.000 EUR/USD/AUD.

10.Тековни сметки

Тековната сметка е универзален продукт што нуди практични решенија за вашите секојдневни потреби. Ви обезбедува лесен пристап до целокупниот асортиман на банкарски продукти и услуги на Охридска банка посебно создадени за да ги задоволат вашите потреби.

Можете да примате средства од плати, пензии, стипендии, провизии и други плаќања од трета страна

Можете автоматски да ги платите вашите сметки за струја, телефон, вода и тн преку траен налог

Можете да ги плаќате ратите на вашите кредити и да примате камата од вашиот штеден влог во Охридска банка

15

Page 16: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

Во случај привремен недостаток на средства, можете да искористите краткорочна можност за пречекорување

Можете да користите интернационални Maestro или Master Card поврзани со вашата тековна сметка и да имате постојан пристап до вашите пари преку банкомати или ПОС-терминали низ целиот свет 24 часа.

Едноставно и лесно плаќање преку траен налог со услужен траен налог на

Охридска банка, вашата тековна сметка памти наместо вас, така што може да

гарантирате навремено плаќање на вашите сметки.

Што претставува услугата траен налог?

Услугата е автоматски метод на плаќање на сметките, поврзана со вашето првично

одобрување за повлекување средтва од вашата тековна сметка по барање на кој било

побарувач.

Кои се предностите?

Плаќање на сметките преку траен налог ќе ви заштеди време и ќе ве спаси

од досадното чекање во редици пред шалтери за плаќање струја, телефон,

вода, топлификација, кабловска телевизија, итн.

Месечните сметки на вашето домаќинство автоматски ќе бидат платени

преку траен налог на вашата тековна сметка во Охридска банка.

Покрај вашите или редовни трошоци на вашето семејство, можете да ги

платите и трошоците на вашите родители или роднини.

Пречекорување – доплонителни средства во случај на итни потреби секој пат

кога имате потреби за итни плаќања и немање доволно средства на вашата сметка,

пречекорувањето ги покрива вашите трошоци во периодот додека на вашата

тековна сметка не биде уплатена вашата плата или пензија.

16

Page 17: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

Што претставува пречекорување?

Пречекорување на тековна сметка е краткорочен кредит што ќе ви овозможи

полесно управување со домашниот буџет1. Ви дава можност за решение на проблемот

со плаќањето на месечната сметка во период од крај на месецот до денот на приемот

на вашата плата или пензија.

Како функционира оваа услуга?

Кога користи одборот пречекорување, состојбата на вашата тековна сметка

влегува во салдото за задолжување. Со секој нареден прилив на средтва од вашата

плата или пензија пречекоруваната сума се плаќа и состојбата на вашата сметка

влегува во позитивното салдо.

Заклучок:

Охридска банка како една од позначајните банки во нашата земја зазема

значајно место во платниот промет.Таа постојано забележува напредок при

извршувањето на банкарскиот сервис и целосно негово насочување кон задоволување

на потребите на комитентите,како и нејзиното следење на современите трендови на

17

Page 18: пари и банки

Охридска Банка А.Д.Охрид

банкарската индустрија во земјата и странство и нивната адекватна примена во

секојдневното работење.

Преку својата централа и мрежите од филијали и експозитури ги извршува

банкарските трансакции како и во земјата така и во странство,притоа следејќи ги

основните принципи на банкарското работење стабилност,ликвидност,

профитабилност и солвентност.

Банката на нејзините комитенти им овозможува дваесет и четири часовен

високо квалитетен сервис и брзо и ефикасно извршување на услугите при платниот

промет со странство.

Нејзиното долгогодишно искуство,стекната доверба во земјата и странство,

добро обучениот кадар и јасната визија и стратегија преставуваат реална основа дека

Охридска банка ќе го задржи својот тренд на квалитет, раст и успешност во

работењето.

Користена литература:

1.www.ob.com.mk

2.www.google.com

18