16
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Факултет за ликовни уметности Семинарски труд по предметната програма историја на уметноста [ курс: 1] Карпестото сликарство во палеолитот Изработила: Александра Ацеска Инд. Бр 1497 ликовна педагогија предметен наставник: ред. Проф. Д-р Небојша Вилиќ

Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

Embed Size (px)

DESCRIPTION

karpesto slikasrtsl

Citation preview

Page 1: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Факултет за ликовни уметности

Семинарски труд

по предметната програма

историја на уметноста

[ курс: 1]

Карпестото сликарство во палеолитот

Изработила:

Александра Ацеска

Инд. Бр 1497

ликовна педагогија

предметен наставник:

ред. Проф. Д-р Небојша Вилиќ

Скопје

декември 2013

Page 2: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

Вовед

Потеклото на создавање на слики започнува многу одамна, уште од

Палеолитикот (околу 35 000-8 000 г.п.н.е.), период кој го карактеризира

употребата на работни камени алатки од што и следува самото име на периодот

(зборот „Палеолитик“, „Старо камено време“ е изведено од грчките зборови

palaios, што значи „стар“ и lithos што значи „камен“).

Поголемиот дел од луѓето кои живееле во овој период биле миграторни ловци –

собирачи кои патувале во групи од дваесет до триесет и повеќе членови на

семејството. Како што ја следеле миграцијата на животните, така мажите ловеле,

а жените, покрај што се грижеле за старите и за децата, ја собирале останатата

потребна храна – риби, овошје, растенија и сл.

Палеолитикот делумно се поклопува со последната Ледена ера, па научниците

претпоставуваат дека во топлите месеци пралуѓето живееле во шатори од коски и

животинска кожа, а во останатиот дел од годината се засолнувале во камени

засолништа и пештери. Токму во овие пештери се создадени првите слики кои до

ден денес фасцинираат со нивната убавина и мистичност.

Карпестата уметност е откриена многу доцна, односно во текот на летото од

1876г. Од страна на ќерката на еден шпански архелог, кој копал во близина на

влезот на пештерата во Алтамира, надеваќи се дека ќе пронајде праисториски

алатки со слики од животни (кои околу 1840тата година биле откриени во

Франција). Неговата ќерка низ тесен отвор влегла во пештерата, па наскоро тој ги

слушнал нејзините возбудени повици. Кога археологот влегол во пештерата ја

затекнал како возбудено покажува во сликите на бизони и други животни на

ѕидовите. Така била била откриена уметноста во Алтамира, но сликите не биле

прифатени како палеолиткса уметност се до 1982та година кога биле откриени

други такви пештери. Денес има повеќе вакви наоѓалишта од кои најважни се

Алтамира, Ласка, Коске, Шавет и други.

Page 3: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

Дел А

Значењето на карпестата уметност

Вистина е дека луѓето имаат желба да се украсуваат себеси и нивната

околина. Многумина верувале дека пралуѓето започнале да создаваат уметнички

дела само поради љубовта кон се што е убаво. Но тоа не можи да го објасни

големиот труд кој е вложен за да се создадат големите слики во пештерите, па

затоа научниците сугестирале дека сликите не се направени само за секојдневни

задоволства.

Ако ја разгледаме сл.1 можеме да забележиме слика од бик. На сликата се

гледаат сите четири нозе, телото, главата, едно око и двата рогови, што е

нелогично, ако го гледаме од чист профил, како што е насликан. Со тоа можеме

да заклучиме дека уметникот преку сликата пробал да пренеси најмногу

информации за животното што можел, иако тоа доведува до нелогичност. Значи,

ако сликите не се целосно реалистични, каква функција имаат?

За жал сеуште не знаеме со сигурност која е нивната вистинска функција, но од

откривањето на Алтамира, антрополозите и научниците имаат развиено неколку

хипотези за да го објаснат значењето на палеолитската уметност.

Затоа што сликите се направени пред да се измисли писмото, прва хипотеза е

дека тие имаат наративно значење. Оваа хипотеза настанува поради фактот дека

во некои од сликите се кријат приказни, најчесто сцени од лов. Научниците

претпоставуваат дека пралуѓето ги сликале ѕидовите за да ги подобрат шансите

во ловот. Но, тука има еден мал проблем. Во пештерите во кои се насликани

бизони, пронајдени се коски од срни, а во оние кои се насликани мамути има

коски од кози. Значи, пралуѓето не ги сликале животните кои ги јаделе, туку се

концентрирале на други, покарактеристични видови.

Друга хипотеза е дека тие се инструкции за младите генерации полесно да научат

да ги препознаваат животните и нивните навики, за потоа полесно да ги ловат. Се

претпоставува дека служеле и како цели додека младите ловци вежбале да

ловат.

Трета претпоставка е дека сликите биле церемонијални. Ова следува од тоа што

најпрекрасните слики се наоѓаат на тешко достапни и темни места, па се

Page 4: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

претпоставува дека биле направени само за одреден број на членови на

семејството. На сл.2 можеме да забележиме дека од десната страна на ѕидот

има насликано носорози, обоени и со дебели контури, а од левата страна има

лавици и елени, насликани со тенки контурни линии и неисполнети со боја. Исто

така, животните се преклопуваат, што значи дека станува збор за неколку

генерации на уметници.

И последна, можеби најфасцинанта и најважна хипотеза е магиското значење на

сликите. Порано се верувало дека шаманите (племенските доктори) во состојба

на транс можеле да го напуштат своето тело и да комуницираат со спиритуалниот

свет. Научниците веруваат дека сликите претставуваат души на животните, кои го

претставуваат спиритуалното патување на шаманите низ духовниот свет во фаза

на трансна состојба. Во трансна состојба шаманите халуцинирале и се верува

дека точно тие халуцинации се сликите кои ги гледаме во пештерите.

Дел Б

Техники

Во темните пештери, работејќи на светлина од лампа од животинска маст,

уметниците во својата уста држеле јаглен за да го разредат со својата плунка и

вода, а потоа ја издувувале мешавината од нивната уста на површината на ѕидот

користеќи ги нивните раце како шаблони. Цртежот на сл.3 покажува како

археологот Микаел Лорбланчет и неговиот асистент, одат чекор по чекор при

реконструкција на еден сложен дизај на Точкаст коњ од Франција ( сл.4 ).

Претворајќи се себеси во човечка прскалка за боја, Лорбланчет направил прави

линии на грубиот пештерски ѕид, многу подобро одколку со четка за боја. За да го

нацрта грбот на коњот, со рамен горен дел и заматен долен дел тој го издувал

предходно создадениот пигмет под неговата дланка. За да го направи бутот на

коњот кој се наоѓа под одреден агол тој ја поставил раката на ѕидот, држеќи ја

малку закривена. За да ги нацрта најострите линии како што се линиите на

задните нозе и на опашот на коњот, тој ги поставил двете свои дланки една до

друга и го издувал пигментот од неговата уста меѓу нив. За да ги наслика

предните нозе и крзното на стомакот на коњот тој едноставно ги искористил

неговите прсти. На Лорбланчет му биле потребни само 32 часови да ја

Page 5: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

репродуцираат сликата од Точкастите коњи во Франција. Неговата брзина

укажува дека највероватно само еден праисториски уметник го направил

оригиналот (највероватно со мала помош од асистент кој ги мешал пигментите и

се грижел за осветлувањето).

Палеолитскиот човек користел три методи на сликање: првиот метод бил методот

на Лорбланчет, со прскање на бојата или пигментот со устата; вториот метод бил

цртање со прсти или мали парчина окер и последниот метод бил со доцртување

со четки направени од животинско крзно или мов.

Пигмент

Пигмент (од латинскиот збор pingere, што значи „да се обои“) е основа на

бојата која е најзабележителниот дел од сите слики. Пигментот е обоена прав

создадена од органски супстанции, како растенија и животински состојки, или

неоргански супстанции како што се минералите и полудрагоцените камења.

Пештерските уметници или директно ги нанесувале боите од минерали на

нерамниот ѕид или ги мешале со течност, таканаречена сврзник, за да се

прилепат на сувиот пештерски ѕид.

Всушност, сврзникот е течност во која пигментот е суспендиран но не растворен.

Сврзникот помагал при нанесувањето на бојата на ѕидовите, исто така и помагал

да се продолжи животниот век на сликата. Пештерските уметници користеле

животинска маст, сокови од зеленчук, вода па дури и крв како сврзници.

Пигментот се нанесувал на површината на сликата наречена потпора или основа.

Основата или потпората е многу различна во Запаните култури- хартија, платно,

глинени садови, па дури и нечие тело. За пештерските уметници потпората или

осовата биле само пештерските ѕидови.

Дел В

Пештерата во Алтамира

Незината посебна важност доаѓа од фактот дека е првата пештера во која

биле пронајдени праисториски слики. Кога откритието било донесено во јавноста

во 1880 година, донело горка јавна контраверзија помеѓу експертите која траела

Page 6: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

се до 20тиот век, бидеќи голем дел од нив не верувале дека праисторискиот човек

имал интелектуален капацитет да наслика таква слика. Докажувањето на

автентичноста на сликите, кое конечно било донесено до јавноста во 1902 година,

засекогаш ја променило сликата за праисториските луѓе. Пештерата е приближно

300 метри долга и се состои од серии од вкрстени премини и комори. Висината на

главниот премин е од 2 до 6 метри. Пештерата била формирана во камен-

варовник на планината Виспиерес.

Пралуѓето живееле само во блискиот отвор на пештерата, иако слики биле

откриени по целата должина на пештерата. Уметниците користеле јаглен и окер

или хематит да насликаат слики и многу често ги разредувале овие пигменти за

да направат варијации во интензитетот и да направат импресија на контраст. Тие

исто така ги користеле природните контури на пештерата за да ги направат како

да се тродимензионални. Полихромниот кров на пештерата е најимпресивната

одлика на пештерата кој покажува стадо од изумрени степски бизони (Bison

priscus) во различни пози, два коња, голема срна и највероватно една дива свиња.

Голем број од други пештери во северна Шпанија содржат Палеолитска уметност,

но ни една од нив не содржи слики сложени или многубројни како во Алтамира.

Пештерата во Шавет

Пештерата е сместена на течението на реката Ардаче. Клисурата во

регионот на Ардаче е место каде што се наоѓаат многу пештери, многу од кои

имаат и геолошка и археолошка важност. Пештерата Шавет е значително голема

и квалитетот, количината и состојбата на уметничките дела најдени во неа се

спектакуларни. Врз основа на радиокарбонски отпечатоци, пештерата се смета

дека била користена од луѓе за време на два периоди: Аургиниканот и

Граветианот. Многу од делата датираат од раната Аургиниканска ера (пред 30000

до 32000 години). Од Граветенианска ера (пред 25000 до 27000 години) има

остатоци од децки стапалки, изгорени остатоци од древни срца и дамки од

јагленов чад од бакли кои се користеле за осветлување на пештерите. Според

доказите, се смета дека поради одронување на земјата околу историскиот влезот

на пештерата, тој самиот останал затрупан што придонело до зачувување на

артифактите во самата пештера се до незиното откирање во 1994 година.

Page 7: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

Отпечатоците од човечка нога пронајдени таму се можеби најстарите отпечатоци

од човек што можат да бидат прецизно датирани. Мекиот, глинест под на

пештерата до ден денес ги задржала отпечатоците од канџи на пештерски мечки.

Покрај тие отпечатоци има и големи вдлабнатинки во почвата за кои се смета

дека се „гнездата“ каде што спијале мечките. Фосилизираните коски пронајдени

во пештерата се многубројни и вклучуваат черепи од пештерски мечки и черепи

со рогови кои припаѓаат на ибекс.

Во 1994 година, тројца спелеолози (пештерски истржувачи) нашле влез во

подземен пештерски комплекс во Ардешката долина, во североисточна Франција.

Тие наишле на внатрешна комора, која подоцна е наречена по Џин-Мари Шавет,

еден од истражувачите во тимот. Пештерата била една од наголемите дотогаш

најдени во тој регион; содржела повеќе од тристотини слики, гравури,

палеолитски скелети и череп од мечка поставен на една карпа, докази за огани па

дури и стапалки од нозе. Радиокарбонски анализи индицирале дека некои слики

потекнувале од многу рана доба, околу 30,000 години пред нашата ера, кои во

глобала биле исцртани со црвен и црн пигмент. Тие воглавно претставувале

животни, влкучуваќи и некои знаци, особено црвени точки и отпечатоци од рака.

Но сликите од животни биле многу чудни при што имало многу носорози и големи

мачки. Се на се, биле пронајдени 34 слики од мамути, од кои 21 биле

изгравирани во карпите а 13 биле насликани. Така наречениот лавовскиот панел

(Lion Panel) кој се протегал во една нишка од пештерата, претставувал голем број

видови на животни. Најзабележливи се трите огромни лавици и многубројни

помали, но погусто насликани, носорози, неколку од кои се иссенчани.

Пештерата во Ласка

Во летото на 1940 година, влезот на пештерата Ласка бил откриен од

18 годиншно момче, Марцел Равидат. Равидат се вратил во пештерата со три од

неговите пријатели, Жак Маршал, Ѓорѓ Ангел и Симон Коенкејс кои влегле во

пештерата преку долг отвор. Четирите тинејџери ги откриле ѕидовите на

пештерата кои биле покриени со животни. Комплексот на пештерата бил отворен

за јавноста во 1948 година. До 1955 година, јаглеродниот диоксидот, направен

Page 8: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

при издишувањето на посетителите, видно ги оштетил сликите, па затоа

пештерата била затворена за јавноста во 1963 со цел да се заштити уметноста.

По затворањето на пештерата, сликите биле реставрирани и нивната состојба

била следена секојдневно. Секоја комора во пештерата има посебно име: „The

Hall of the Bulls“, „Тhe Passageway“, „Тhe Shaft“, „Тhe Nave“, „Тhe Apse“, и „Тhe

Chamber of Felines“.

Ласка II, е реплика од две комори од оригиналната пештера („Great Hall of the

Bulls“ и „the Painted Gallery“) и била отворена за јавноста во 1983, на само 200

метри оддалеченост од оригиналот.

Најпознатите пештерски цртежи во Ласка се направени скори 15000 илјади

години подоцна од тие во Шавет. Тие вклучуваат огромен опсег на слики (околу

2000 ) од животни и неколку човечки фигури насликани со земјено-обоени

пигменти – кафеав, црн, жолт и црвен пигмент. Овие пигменти биле направени од

окер, хематит и манган и биле нанесени на природно-белата површина на

варовните карпи. Уметниците од Ласка ги направиле овие фигури со цртање на

надворешните линии и пополнуваќи ја внатреноста со пигмент. Пигментот бил

складиран во шупливи коски, затнати на едниот крај. Се смета дека истите тие

коски биле користени за да се издува пигментот на ѕидовите. Некои од овие

коскени цевки, сеуште содржеќи траги од пигмент, биле пронајдени во пештерите.

Можеби коските кои содржеле трагови од пигмент се надвор од контекст – кој е

далеку од сликањето – па затоа биле донесени различни заклучоци за нивната

намена.

Сликите во Ласка се меѓу најдобрите примери за способноста на палеолитските

уметници да направат илузија на некакво движење и да ја “заробат“ смислата на

некои животни со благо преувеличување на нивните карактеристики.

Дијагоналните линии на белите бикови на сл.5 даваат до сознание дека биковите

одат по некаков рид. Бидеќи голем број од животните во пештерата се

суперимпозирани (преувеличени), тие се протолкувани како слики – магија.

Една од сликите раѓа ново толкување на карпестата уметност. Сликата е

наречена Кинескиот Коњ (сл.6) и неговото протегнато тело се толкува дека

означува бременост. Две дијагонални форми, од кои една е скоро паралелна со

вратот на коњот и другата се поклопува со со надворешните линии на коњот, се

смета дека се или растенија или стрели. Знакот над главата на коњот се толкува

Page 9: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

дека е кобила. Не е познато зошто такви знаци се поставени на животните.

Поради знаците археолозите имаат тешкотии при читање на делата на

праисториските уметници.

Во 1998 година петерата претрпела епидемија од фунги и многу експерти го

обвиниле системот за филтрирање и вентилација на возухот кој бил инсталиран

во пештерата. Исто така се смета дека високо-напонските светилки придонеле за

таа епидемија, како и многуте посетители. Од 2008 година во пештерата има црна

мувла од која научниците сеуште се обидуваат да ги заштитат сликите. Во

јануари 2008 година, властите ја затвориле пештерата на три месеци дури и за

научниците и за конзерваторите. Една личност имала дозвола да влезе во

пештерата еднаш неделно на 20 минути за да ги провери условите во пештерата.

Моментално само неколку експерти имаат пристап во пештерата на само неколку

дена во месец, но трудот е речиси залуден, затоа што моментално на ѕидовите

има црни флеки и оштетување на пигментите.

Page 10: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

Сл.1 Сл.2

Сл.3 Сл.4

Сл.5 Сл.6

Page 11: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

Список на фотографии:

Сл.1: Ходник на бикови

Пештерата Ласка. Франција. 15,000 год. п.н.е. Слика на варовник, должина на

најголемиот бик 5.50 m.

Сл.2:

Пештерата Ласка. Франција. 15,000 год. п.н.е. Слика на варовник

Сл.3:

Aрхеологот Микаел Лорбланчет.

Сл.4: Точкасти коњи

Пештерата Шавет, Франција. 30,000-27,000 год. п.н.е.

Сл.5:Ходник на бикови

Пештерата Ласка. Франција. 15,000 год. п.н.е. Слика на варовник, должина на

најголемиот бик 5.50 m.

Сл.6: Кинески коњ

Франција. 25,000-16,000 год. п.н.е

Page 12: Karpestoto Slikarstvo Vo Paleolit

Користена литература:

Iscezle civilizacie, Mladinska kniga, Beograd, (2009).

Laurie Schneider Adams, A History of Western Art, New York, McGraw-Hill Humanities,

(2005).

Marilyn Stokstad и Michael W. Cothren, Art History, Volume 1, Books a la Carte Edition (4th

Edition), Boston, Pearson, (9 јули 2010г).

Marilyn Stokstad и Michael W. Cothren, Art History, Volume 2, Books a la Carte Edition (4th

Edition), Boston, Pearson, (10 јули 2010 .)