18
27.11.2018 1 КПУ Програма 2018 30 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија МСС 8 Сметководствени политики, промени во сметководствени проценки и грешки проф. д-р Атанаско Атанасовски Катедра по сметкодство и ревизија Економски факултет- Скопје Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје КПУ Програма 2018 30 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија Цели Целта на МСС 8 е да ги пропише: Критериумите за избор кои се користат во одредувањето на сметководствените политики, како и сметководствениот третман и обелоденувањето на промените во сметководствените политики; Барањата за промени во сметководствените проценки, како и сметководствениот третман и обелоденувањето на овие промени; Дефинирањето на грешките и сметководствениот третман и обелоденувањето поврзано со грешките. Делокруг МСС 8 се применува при изборот и примената на сметководствените политики и во сметководството за промени на сметководствените политики, промените на сметководствените проценки и исправките на грешки од минатите периоди. МСС 8 Цели и делокруг

МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

  • Upload
    others

  • View
    12

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

1

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

МСС 8 Сметководствени политики, промени во сметководствени проценки и грешки

проф. д-р Атанаско Атанасовски

Катедра по сметкодство и ревизија

Економски факултет- Скопје

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Цели

Целта на МСС 8 е да ги пропише:

Критериумите за избор кои се користат во одредувањето на

сметководствените политики, како и сметководствениот третман и

обелоденувањето на промените во сметководствените политики;

Барањата за промени во сметководствените проценки, како и

сметководствениот третман и обелоденувањето на овие промени;

Дефинирањето на грешките и сметководствениот третман и

обелоденувањето поврзано со грешките.

Делокруг

МСС 8 се применува при изборот и примената на

сметководствените политики и во сметководството за промени на

сметководствените политики, промените на сметководствените

проценки и исправките на грешки од минатите периоди.

МСС 8 Цели и делокруг

Page 2: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

2

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Споредливоста на информациите содржани во финансиските

извештаи од година во година мора да се одржи за да

информациите бидат квалитетни и корисни за оние кои

одлучуваат врз основа на финансиските извештаи.

Императивно барање, истите сметководствени политики да

се користат секоја година, било какво отстапување од ова

правило да биде јасно обелоденето во извештаите.

Поради овие цели и барања, МСФИ бараат повторно

прикажување на финансиските извештаи од претходни

периоди за корекции на материјални грешки и ретроактивна

примена на новите сметководствени политики.

МСС 8 Цели и делокруг

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Сметководствени политики –специфични принципи, основи,

конвенции, правила и практики применети при подготвување и

презентација на финансиските извештаи.

Промена на сметководствена проценка е исправка на

сметководствената вредност на средството или обврската, или на

износот на периодичниот потрошок на средството, која е резултат на

проценка на сегашната состојба, и очекуваните идни користи и

обврски поврзани со средствата и обврските. Промените во

сметководствените проценки се резултат на новите информации

или новиот развој на настаните.

*Материјалност- информацијата е материјална ако нејзиното

испуштање, погрешно прикажување или затскривање може разумно

да се очекува да влијае на одлуките на примарните корисници, кои ги

носат врз основа на финансиските извештаи за општа намена на

конкретниот ентитет кој известува.

МСС 8 Дефиниции

Page 3: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

3

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Грешки од изминат период –пропусти од и грешки во финансиските

извештаи за еден или повеќе претходни периоди настанати поради

недостатокот од користење, или погрешно користење, на

веродостојни информации, кои:

Биле на располагање кога финансиските извештаи за тие

периоди биле одобрени за издавање;

Би било разумно да се очекува дека тие би биле обезбедени и

земени во предвид во подготовката и презентирањето на тие

финансиски извештаи.

Таквите грешки ги вклучуваат ефектите од математички грешки,

грешки во примена на сметководствени политики, превиди или

погрешно толкување на факти, и измами.

МСС 8 Дефиниции

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Ретроактивна примена –примена на новата сметководствена

политика на трансакции, останати настани и услови, како истата

отсекогаш да била во примена.

Идна примена –примена на новата сметководствена политика на

трансакции, останати настани и услови, како и ефектите од промена

во сметководствените проценки, после датумот на кој што е

извршена таа политика, односно промена.

Ретроактивно повторно прикажување е исправка на

признавањето, мерењето и обелоденувањето на износите на

елементите на финансиските извештаи како да грешката од

претходните периоди никогаш не настанала.

Непрактично. Примената на некое барање станува непрактична

доколку ентитетот и покрај направените разумни напори сепак не

успева да го примени тоа барање.

МСС 8 Дефиниции

Page 4: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

4

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

МСС 8 воспоставува хиерархија на сметководствени

насоки за избор на сметководствени политики согласно

барањата на МСФИ.

1)Кога за одредена трансакција, настан или услов постои

МСФИ кој се применува тогаш треба да се избере

сметковоствена политика која е предвидена во релевантниот

МСФИ (се води сметка за сите задолжителни извори на

МСФИ: МСС, МСФИ, ПКТ, КТМФИ).

2)Во отсуство на МСФИ кој посебно се применува за

трансакцијата, настанот или условот, раководството треба да

користи расудувања во развојот и примената на политиката.

Избор на сметководствени политики

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Расудувањето во развојот и примената на сметководствена

политика треба да резултира во информација која е:

A.Релевантна за економските потреби на корисниците во

донесувањето на нивните одлуки.

B.Веродостојна, во тоа да финансиските извештаи:

Ја претстават веродостојно финансиската состојба,

финансиската успешност и паричните текови на

ентитетот.

Ја одразуваат економската суштина на трансакциите,

другите настани и услови, а не само правната форма.

Се неутрални односно без пристрасност.

Се прудентни.

Се комплетни од сите материјални аспекти.

Избор на сметководствени политики

Page 5: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

5

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

При расудувањето раководството треба да се повика на

следните извори, по хиерархија по која се презентирани:

1. Барањата на МСФИ кои се однесуваат на слични или

поврзани прашања

2. Дефинициите, критериумите за признавање и концептите за

мерење на средствата, обврските, приходите и расходите од

Рамката за подготвување и презентирање на финансиските

извештаи

3. Објавите на други тела кои утврдуваат стандарди и кои

користат приближна концептуална рамка, останата

сметководствена литература и индустриски практики, до оној

степен до кој тие не се во конфликт со претходните две точки.

Избор на сметководствени политики

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Сметководствените политики за периодот треба да бидат

избрани и применети конзизтентно за слични трансакции,

други настани и услови.

Во одредени случаи може МСФИ посебно да бараат или

дозволуваат и различни сметководствени политики за слични

ставки (На пример: Фифо за готови производи и трговска

стока, просечни цени за залихи на материјали).

Конзистентност на сметководствени

политики

Page 6: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

6

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Следните не претставуваат промени на сметководствените

политики:

a) Примена на сметководствена политика за трансакции,

други настани или услови кои суштински се разликуваат од

оние кои претходно постоеле.

b) Примена на нова сметководствена политика за трансакции,

други настани или услови кои не се случиле претходно или

биле нематеријални.

Кога се започнува со политика на ревалоризација според

МСС 16 или МСС 38, иако станува збор за промена на

сметководствена политика таа се третира како ревалоризација

во согласност со МСС 16 или МСС 38.Не се бара

ретроактивна примена согласно МСС 8.

Промени на сметководствени политики

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Дали промената се бара со првична

примена на одреден МСФИ ?

Дали стандардот предвидува

преодни одредби?

Се применуваат преодните одредби

на стандардот

Новата сметководствена

политика се применува

ретроактивноСе работи за доброволна промена на политиката

Промени на сметководствени политики

ДА

НЕ

ДА

НЕ

Page 7: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

7

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Доброволна промена во сметководствена политика се прави

само доколку резултира во поверодостојно и

порелевантно прикажување на информациите во

финансиските извештаи на ентитетот, во однос на ефектите

од трансакциите, другите настани или услови за финансиската

состојба на ентитетот, финансиските резултати или готовински

текови.

Предвремено прифаќање и примена на барањата на нов

МСФИ што резултира во промената сметководствена

политика не се смета за доброволна промена на

сметководствена политика.

Доброволни промени на сметководствени

политики

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Kога промената на сметководствена политика се

применува ретроактивно ентитетот треба:

1. да го корегира почетното салдо на секоја компонента на

главнината на која таа промена има влијание, од најраниот

претходен период кој е презентиран,

2. другите споредбени износи кои се обелоденети за секој

претходен период треба да бидат презентирани како

новата сметководствена политика да била отсекогаш

применувана.

Вообичаено корекцијата се прави во задржаната добивка.

Меѓутоа, може да биде направена исправка и на друга

компонента од главнината.

Ретроактивна примена на променетите

сметководствени политики

Page 8: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

8

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Кога промената на сметководствената политика се прави

ретроактивно и ентитетот врши ретроактивна корекција и

рекласификација на позиции од финансиските извештаи

согласно МСС 8, тогаш според барањата на МСС 1 се бара

трет извештај за финансиска состојба како минимум

споредбена информација.

Датумите за кои се сочинуваат извештаите за финансиска

состојба се крајот на тековниот период, крајот на претходниот

период и почетокот на претходниот период.

Секој презентиран извештај за финансиска состојба на

претходни периоди, кој е корегиран за промената во

политиката, задолжително содржи „корегиран“ во насловот

до годината.

Ретроактивна примена на променетите

сметководствени политики

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

На пример: да претпоставиме дека направена е промена во

сметководствената политика за залихите од фифо на

просечни цени и промената е прифатена во 2018 година.

Тогаш споредбени информации и извештаи за финансиска

состојба треба да се сочинат за 2017 и 2016 година.

Промената влијае на финансиската состојба и резултати и на

претходни периоди, но истите нема да се презентираат како

споредбени во извештајот за финансиска состојба 2018

година.

Кумулативните ефекти од промената на политиката на

приходите и расходите на претходните непрезентирани

периоди, ќе се вклучат како корекција на почетното салдо на

задржана добивка од 2016 година.

Ретроактивна примена на променетите

сметководствени политики

Page 9: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

9

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Примената на некое барање станува непрактична доколку

ентитетот и покрај направените разумни напори, сепак не

успева да го примени тоа барање. Непрактичноста се

утврдува ако постојат следните околности:

Ефектите не можат да се утврдат;

Се бараат проценки на намерите на раководството во тој

период што неможе да се направи непристрасно;

Бараат значителни проценки на износи и не е возможно

објективно да се разграничат информациите во врска со

тие проценки.

Непрактичност на ретроактивна примена

или повторно прикажување

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Во одредени случаи целосна ретроактивна примена не е

можна поради следните причини:

1) Непрактично е да се утврдат ефектите од промената на

политиката кои се специфични за секој презентиран

претходен период.

2) Непрактично е да се утврдат кумулативните ефекти кои

произлегуваат од промената на политиката врз тековниот

период.

Непрактичност на ретроактивна примена

Page 10: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

10

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

1) Кога е непрактично да се утврдат ефектите кои се

специфични за презентираните периоди

Ентитетот треба да ја примени новата сметководствена

политика на сегашната вредност на средствата и обврските

на почетокот од најраниот период за кој е практична

ретроактивната примена, што може да биде тековниот

период и треба да се направат кореспондирачки корекции

на почетното салдо за секоја компонента од главнината во

тој период на кој има влијание промената.

2) Кога е непрактично да се утврдат кумулативните

ефектите со почетокот на тековниот период

ентитетот треба да ги корегира споредбените податоци за да

ја примени новата сметководствена политика перспективно од

најраната дата која е практична.

Непрактичност на ретроактивна примена

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Називот на конкретниот МСФИ;

Дека промената на сметководствената политика е направена

согласно предодните одредби на тој МСФИ (кога е применливо);

Природата на промената на сметководствената политика;

Опис на преодните одредби (кога е применливо);

Опис на преодните одредби кои би можеле да имаат влијание на

идните периоди (кога е применливо);

За тековниот период и за секој презентиран претходен период

износот на исправка за секоја релевантна ставка, вклучително и

објавени заработувачки по акции ако се применува МСС 33;

Износот на исправката која се однесува на периоди кои му

претходат на тој што е презентиран во финансиските извештаи до

степен до кој тоа е практично;

Доколку ретроактивната примена е непрактична, околностите кои

довеле до постоењето на тие услови и опис за тоа како и кога

била применувана промената на сметководствената политика.

Обелоденувања- почетна примена на

одреден МСФИ

Page 11: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

11

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Природата на промената на сметководствената политика;

Причините зошто примената на новата сметководствена

политика обезбедува поверодостојни и порелевантни

информации;

За тековниот период и секој презентиран претходен

период, до степенот до кој тоа е практично, износот на

исправката за секоја релевантна ставка на финансиските

извештаи и заработувачките по акции ако се применува

МСС 33.

Износот на исправката која се однесува на периоди кои му

претходат на тој што е презентиран во финансиските

извештаи, до степен до кој тоа е практично;

Доколку ретроактивната примена е непрактична,

околностите кои довеле до постоењето на тие услови и

опис за тоа како и кога била применувана промената на

сметководствената политика.

Обелоденувања- доброволна промена на

политика

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Кога ентитетот не применил некој нов МСФИ кој бил издаден, но се

уште не е во сила, ентитетот треба да го обелодени:

Тој факт;

Познатата или разумно проценливата информација која е

релевантна за оценувањето на можното влијание кое примената

на новиот МСФИ ќе ја има врз финансиските извештаи на

ентитетот во периодот на почетната примена.

Се разгледува можноста да се обелоденат:

Називот на новиот МСФИ;

Природата на постоечката промена или промени во

сметководствените политики;

Датата од која се бара примена на тој МСФИ и датата до која

ентитетот планира почетно да го примени;

Дискусија за влијанието на почетната примена или ако не е

познато влијанието изјава дека неможе разумно да се процени.

Обелоденувања- МСФИ е издаден но

сеуште не е на сила

Page 12: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

12

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Ентитетите може да изберат да направат промена на методот на

депрецијација и амортизација според МСС 16 и МСС 38 (на пр. од

праволиниска на забрзана депрецијација) со цел подобро да се

признае трошењето на средствата наспроти очекувањата за

ползување на користите од средствата во иднина.

Иако промената на методот на депрецијација/амортизација

претставува своевидна промена на сметководствена политика, за

истата не се постапува според барањата на МСС 8. Промената се

смета за промена во техниката на примена на сметководствената

политика за признавање на трошоци за амортизација според начинот

на обезбедување на користите од средството во иднина. Се

постапува како да се работи за промена во сметководствена

проценка.

Промена на методите на

депрецијација/амортизација

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Сметководствени проценки се неопходни во многу ситуации. На

пример:

(а) Ненаплативите побарувања.

(б) Застареноста на залихите.

(в) Објективната вредност на финансиските средства или

финансиските обврски.

(г) Корисниот век на употреба или очекуваниот модел на трошење на

економските користи на средствата кои се амортизираат.

(д) Гаранциските обврски.

Може да биде потребно да се ревидира дадената проценка доколку

се случат промени во врска со околностите на коишто била

заснована проценка или како резултат на нови информации или

поголемо искуство.

Промени на сметководствени проценки

Page 13: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

13

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Промена во применетата основа за мерење претставува

промена на сметководствена политика, и не претставува

промена на сметководствена проценка.

Кога е тешко да се разликува промена на сметководствена

политика од промена на сметководствена проценка,

промената има третман на промена на сметководствена

проценка.

Промени на сметководствени проценки

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Ефектот од промена на сметководствената проценка треба да

биде признаен перспективно со ефекти во утврдувањето на

добивката или загубата во:

• -Периодот на промената, доколку промената влијае само

врз тој период;

• -Периодот на промената и идните периоди, доколку

промената влијае врз двете.

До степенот до кој промената на сметководствената проценка

резултира со промена средствата и обврските, или одредена

ставка од главнината на ентитетот, таа треба да биде

признаена преку исправка на сметководствената вредност на

поврзаните средства, обврски или главнина во периодот на

промената.

Промени во сметководствени проценки

Page 14: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

14

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Ентитетот треба да ги обелодени природата и износот на

промената на сметководствената проценка која има

влијание на тековниот период или се очекува да има

влијание во идните периоди, освен за обелоденување на

влијанието на идните периоди кога е непрактично да се

процени износот на влијанието.

Доколку износот на влијанието во идните периоди не е

обелоденет заради тоа што е непрактично тој да се

процени, ентитетот треба да го обелодени тој факт.

Обелоденувања за промени во

сметководствени проценки

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Пропусти од и погрешни прикажувања во финансиските

извештаи за еден или повеќе претходни периоди настанати

поради недостатокот од користење, или погрешно користење,

на веродостојни информации кои :

- биле на располагање кога финансиските извештаи за тие

периоди биле одобрени за издавање;

- би било разумно да се очекува дека тие би биле

обезбедени и земени во предвид во подготовката и

презентирањето на тие финансиски извештаи.

Таквите грешки ги вклучуваат ефектите од математички

грешки, грешки во примена на сметководствени политики,

превиди или погрешно толкување на факти и измами.

Грешки

Page 15: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

15

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Грешка од претходен период треба да биде корегирана со

ретроактивно повторно прикажување, освен до степенот до кој е

непрактично да се утврдат ефектите кои се спeцифични за секој

презентиран период или кумулативниот ефект од грешката.

Кога е непрактично да се утврдат ефектите специфични за еден

или повеќе презентирани претходни периоди, тогаш повторно се

прикажуваат почетните средства, обврски и главнина за најраниот

период за кој е практично ретроактивното повторно прикажување

(што може да биде тековниот период).

Кога е непрактично да се утврди кумулативниот ефект, на

почетокот на тековниот период, за грешка во однос на сите

претходни периоди, ентитетот треба повторно да ги искаже

споредбените податоци за да се корегира грешката перспективно од

најраната дата која е практична.

Како се корегира материјална грешка од

претходни периоди?

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Промени во проценки настануваат поради нови околности,

нови информации или ново искуство и знаење за толкување

на факти и околности.

Доколку информациите претходно биле познати и разумно е

да се очекува да биле земени во предвид при подготовката на

извештаите, се јавува потреба од исправка на грешки на

претходни периоди а не промена во проценките.

Треба да се прави разлика помеѓу грешки

и промени во проценките

Page 16: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

16

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Природата на грешката од претходен период;

До степенот до кој е практично, за секој претходен период кој е

презентиран износот на исправката за секоја релевантна линиска

ставка од финансиските извештаи и исправката на

заработувачките по акции ако се применува МСС 33;

Износот на исправката на почетокот на најраниот период кој е

презентиран;

Доколку ретроактивното повторно прикажување е непрактично за

одреден претходен период, околностите кои довеле до

постоењето на тие услови и опис за тоа како и од кога била

корегирана грешката.

Финансиските извештаи во последователните периоди не треба

да ги повторуваат овие обелоденувања.

Обелоденувања на грешки од претходни

периоди

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Ситуација 1: Во 2018 година добивате известување за донесена

судска пресуда од Врховниот суд, за судскиот процес во кој вашето

друштво се јавува како тужена страна од деловен партнер кој барал

надомест на штета (изгубена добивка) поради непочитување на

роковите за испорака на материјалите согласно потпишаниот

договор. Во судската постапка не сте успеале да докажете дека не

постои вина на ваша страна поради објективни околности на кои не

сте можеле да влијаете.Судот утврдил штета од 20 милиони денари.

Судската постапка била започната во 2017 година, кога најдобрите

проценките на адвокатите на крај на годината биле дека судскиот

спор ќе го изгубите, а судот би пресудил надомест на штета за

изгубена добивка во висина од 4,5 милиони денари. Согласно овие

проценки во финансиските извештаи за 2017 година сте вклучиле

резервација и загуби во висина од 4,5 мил. денари. Износот од 20

милиони денари е материјален.

Како треба да се третира судската одлука во 2018 година?

Прашање за дискусија

Page 17: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

17

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Ситуација 2: Во 2018 година добивате известување за донесена

судска пресуда од Врховниот суд, за судскиот процес во кој вашето

друштво се јавува како тужена страна од деловен партнер кој барал

надомест на штета (изгубена добивка) поради непочитување на

роковите за испорака на материјалите согласно потпишаниот

договор. Судот очекувано не утврдил вина и пресудил во ваша

корист. Судската постапка била започната во 2017 година, кога

најдобрите проценките на адвокатите на крај на годината биле дека

судскиот спор ќе го добиете поради доказите за објективна

спреченост, а судот не би пресудил надомест на штета за изгубена

добивка која деловниот партнер ја побарува во висина од 4,5

милиони денари. Сепак, поради материјалноста на износот и

различните искуства со судската пракса сте одлучиле во

финансиските извештаи за 2017 година да вклучите резервација и

загуби во висина од 4,5 мил. денари.

Како треба да се третира судската одлука во 2018 година?

Прашање за дискусија

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Друштво Гордон АД- кратка студија на случај

Практичен пример за промени во

политики и исправка на грешки

Page 18: МСС 8 Сметководствени политики, промени во … 8 Smetkovodstveni politiki, procenki i greski.pdf · Сметководствени политики

27.11.2018

18

КПУ Програма 201830 ноември 2018, Скопје Институт на овластени ревизори на Р. Македонија

Прашања ?