23
Мониторинг на медиумите во Република Македонија ИЗВЕШТАЈ БР. 4 - 2013 Програмата „Медиумско огледало“ се реализира со финансиска поддршка од Фондацијата отворено општество - Македонија МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО МАКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ? ЈУЛИ 2013

МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

  • Upload
    others

  • View
    15

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

Мониторинг на медиумите во Република Македонија

ИЗВЕШТАЈ БР. 4 - 2013

Програмата „Медиумско огледало“ се реализира со финансиска поддршка од Фондацијата отворено општество - Македонија

МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО

МАКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА:

ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?

ЈУЛИ 2013

Page 2: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

1

СОДРЖИНА

I Вовед 2

II Заклучоци 2

III Анализа 4

1. Дискредитација на Бугарија како држава и како сосед кој историски го

попречува напредокот на Македонија 4

1.1 Заедничката историја - камен на сопнување 4

1.2 Етикета за бугарски пасоши 7

1.3 Грчко-бугарски „заговор“ против Македонија и нејзиното членство во ЕУ 8

1.4 Протестите протолкувани во позитивен контекст 11

1.5 Бугарија како европска црна овца 12

1.6 Бугарија како држава со сомнителен дeмократски капацитет, ЕУ сомнителен

катализатор на демократизацијата со двојни аршини 13

1.7 Бугарија спасителка на Евреите? 17

2. Компарација на состојбата меѓу Македонија и Бугарија за да се прикаже

дека иако Бугарија е во ЕУ, животот и стандардот не се ништо подобри од оние

во Македонија. 18

3. Позитивни примери на известување 21

Page 3: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

2

I Вовед

НВО Инфоцентарот, во рамките на програмата за содржинска анализа на

медиумите „Медиумско огледало“, во периодот од 1 февруари до 30 мај 2013 година,

го следеше и анализираше информирањето на медиумите за односите меѓу

Република Македонија и Република Бугарија.

Во мониторингот беа вклучени шест дневни весници: „Фокус“, „Дневник“, „Утрински

весник“, „Вест“, „Вечер“, „Нова Македонија“ и централните информативни емисии на

седум телевизии: „Телма“, „24 Вести“, „АлсатМ“; „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и МРТ1.

Во периодот од 4 месеци беа објавени вкупно 461 прилози посветени на односите

меѓу Македонија и Бугарија, како и на општествените случувања во Бугарија.

Во печатените медиуми беа објавени 238 (52%) текстови: „Дневник“ – 80 (17%),

„Утрински весник“ – 49 (11%), „Вечер“ – 39 (8,5%), „Нова Македонија“ – 30 (6,5%),

„Вест“ – 23 (5%), „Фокус“ – 17 (4%).

Во електронските медиуми беа објавени 223 (48%) прилози: „24 Вести“ – 60 (13%),

„Канал 5“ – 40 (9%), МРТ1 – 34 (7%), „Алфа“ – 32 (7%), „Сител“ – 29 (6%), „Телма“ – 17

(4%), „АлсатМ“ – 11(2%).

Оваа анализа ја подготвија: м-р Љупчо Петковски и м-р Бојан Маричиќ, а уредник е

Билјана Бејкова.

II Заклучоци

„Медиумското огледало“, од своите почетоци во 2005 година, па сѐ до денес, во

неколку наврати го мониторираше информирањето на медиумите за односите на

Македонија со соседите, особено со Грција и со Бугарија, главно во контекст на спорот

за името и евроинтеграциите.

Извештајот „Во името на датумот“, кој го опфати информирањето на медиумите за

евроинтеграциите во втората половина на 2012 година, покажа дека македонско-

бугарските односи се предмет на интензивно известување, коментирање и анализа во

македонскиот медиумски простор.1 Тогаш беше утврдено дека медиумите интензивно

известуваат и коментираат за македонско-бугарските односи и за можноста Бугарија

да ја блокира Македонија во евроинтеграциите. Забележано беше дека во

мнозинството медиумски содржини Бугарија е илустрирана во негативен контекст, при

што медиумите правеа алузии за „бугарско-грчки сојуз“ кој од потпишувањето на

Букурешкиот договор во 1913 година работи против Македонија.

Анализата на медиумите во периодот февруари – мај 2013 година покажува дека

ваквиот начин на медиумско покривање на македонско-бугарските односи не е од

краткотраен замав, туку дека станува збор за тренд, односно процес кој сѐ уште трае.

Општ заклучок од мониторингот е дека известувањето на македонските медиуми за

односите на Македонија и Бугарија ја следи линијата на т.н. теорија на замрзнување

на конфликтите. Оваа теорија ја употребуваат националистите кога сакаат определен

конфликт да го илустрираат како одраз на античка, длабоко вкоренета омраза, при

што целта е на тој конфликт да му се даде легитимитет преку затворање на можноста

1 „Во името на датумот“, достапно на http://nvoinfocentar.org.mk/event.asp?site=mm&menu=&lang=mak&id=1518

Page 4: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

3

за дебата и дијалог. Секој неконфликтен период, според оваа теорија, има времен

карактер, бидејќи конфликтот е само замрзнат, а не е решен. Клучно во целиот овој

националистички дискурс е примордијалното поимање на идентитетот, нацијата и

етникумот како неменливи и вечни категории. Оваа теорија, повеќето медиуми ја

спроведуваат во дело преку употребата на низа реторички стратегии и механизми.

Прво, преку селективниот избор и начинот на прикажување на информациите

кои им се сервираат на граѓаните, медиумите го репродуцираат конфликтниот дискурс.

За илустрација, несразмерно поголемо внимание во медиумите им се посветува на

радикалните изјави на бугарските националистички политичари и интелектуалци,

отколку на нивните либерални сонародници како, на пример, Димитар Бечев и

Антоанета Приматарова, кои за односите меѓу државите говорат со помирлив тон и со

критики за двете страни. Целта на оваа стратегија е да се врамат само оние парчиња

информации кои го потврдуваат доминантниот дискурс, кој вели дека државите и

народите се инхерентно непријателски настроени едни спрема други.

Второ, карактеристичен е селективниот избор на темите кои се обработуваат,

прашањата кои се поставуваат и, секако, фокусот врз настаните. На пример, од 461

прилог, колку што беа опфатени со овој мониторинг, само во два прилога (колумни на

Ѓорѓи Спасов и Тодор Пендаров) се постави прашањето за тоа каква е улогата на

Македонија во креирањето на конфликтните ситуации во односите со Бугарија. Овој

тренд беше воочлив и во изборот на темите од Бугарија кои се третираа во

медиумските содржини. Се известуваше и фокусот се насочуваше генерално кон

аспектите од настаните што лесно може да се врамат во негативен контекст, како на

пример, самозапалувањата за време на протестите во Бугарија, насилството и

обидите за фалсификати за време на изборниот процес и др. Обидот источниот сосед

да се прикаже како заостаната држава со огромни демократски, социјални и економски

недостатоци и покрај нејзиното членство во Европската унија, само привидно за своја

директна мета ја има Бугарија. Иако не толку очигледна, првенствена цел на овој

дискурс е идејата дека членството во Европската унија, како и либералните политички

и економски решенија што ЕУ ги носи, не претставуваат успешен модел за

демократизација на државата и подобар живот на граѓаните. Преку илустрирањето на

Бугарија во негативно светло, медиумите ги убедуваат македонските граѓани дека

Европската унија не им носи бенефит и подобар живот. Ова беше забележливо и во

позитивното и благонаклонето известување на повеќето македонски медиуми за

популистичките барања на учесниците на протестите во Бугарија, за одземањето на

лиценците на странските компании кои го „краделе народот“,како и во нивните повици

за демонтирање на целокупната либерална елита и за изразеното жалење што слични

настани не се случиле во Македонија.

Трето, медиумските коментатори честопати експлицитно применуваат теории

на заговор за да објаснат одпределено однесување на актерите од Бугарија. Дел од

новинарите ја следат оваа тактика главно преку правење алузии. Ова беше видливо

во мноштвото коментари во кои оопределени искази и однесување на бугарската

официјална политика се интерпретираа како дел од поширок заговор против

Македонија, во кој, покрај Бугарија, учествувала и Грција, и кој влече корени од 1913

година. Куриозитет е што дел од ваквите коментари се појавија во периодот по

средбата на премиерот Груевски со неговиот бугарски колега, Борисов, во/за која

доминираше попозитивно и помирливо известување и која навести дека можеби ќе

Page 5: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

4

има подобрување на односите и, секако, попозитивно информирање на јавноста.

Посакуваната намера на ваквите коментари беше да се засени тукушто создадената

јавна, позитивна илустрација на односите меѓу државите, преку наметнувањето на

“вистинската“, опскурна страна на политиката, која, сепак, се крои тајно, без разлика

на видливата содржина. Конфликтниот дискурс на овој начин се нормализира.

Четврто, медиумите често се стремат кон нагласување на парадигматскиот пол

на јазикот. На пример, случајот со Казашки, бугарскиот новинар кој разочаран од

состојбата во Бугарија изјави дека ќе побара македонско државјанство, медиумите се

потрудија да го претстават како парадигматски пример за целосната состојба во

Бугарија. Исто така, преку прилозите за „случајот Казашки“ може да се детектира

начинот на кој се нагласува разликата меѓу „добрата состојба во Македонија“ и

„лошата состојба во Бугарија“. Сосема различна стратегија медиумите применија во

известувањата и коментарите во однос на огромниот број Македонци кои поседуваат

бугарско државјанство. Во овој случај се коментираше дека граѓаните тоа го прават од

економски причини и дека повеќето од нив ќе се откажат од документите кога

Македонија ќе стане членка на ЕУ и се имплицираше дека тие не можат да ја

претставуваат целината од граѓани, која, и покрај сѐ, не побарала спас од економските

проблеми во бугарското државјанство.

Медиумите, генерално, во информирањето (не)свесно применуваат техники со

кои се зајакнуваат постојните стереотипи, се репродуцираат предрасудите и се

стимулираат емоциите на публиката. Во ваква атмосфера, да се изрази различно

мислење е акт на храброст, а просторот за дебата за горливите прашања чие

решавање е предуслов за подобрување на состојбите е многу стеснет или воопшто го

нема.

III Анализа

1. Дискредитација на Бугарија како држава и како сосед кој историски го

попречува напредокот на Македонија

1.1 Заедничката историја - камен на сопнување

Во македонските традиционални медиуми, Бугарија е глaвно претставена како

„лошиот сосед“ и традиционалниот непријател на Македонија и на македонскиот

народ, кој во сегашниот момент си најде сојузник во Грција. Темите кои служат за

дискредитација и демонизација на Бугарија се крајно разновидни, од историска до

политичка, но и од прагматична природа.

Една од темите која го тангира јавниот дискурс, на емотивно и на симболично ниво,

е темата за споделување и присвојување од страна на Бугарија значајни историски

личности, како што се Гоце Делчев, св. Кирил и Методиј. Во случајот со св. Кирил и

Методиј се работи за благ интензитет на осудување на бугарските активности за

„преземање“ на овие историски личности, и тоа претежно во контекст на заеднички

потфат од страна на Бугарија, Грција и други држави заинтересирани за почитување

на ликот и делото на сесловенските просветители. Насловите во медиумите

Page 6: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

5

истакнуваа дека „По Бугарите сега и Грците сакаат да ги присвојат Кирил и

Методиј барајќи спомен плоча на грчки јазик во Рим“,2 притоа конструирајќи контекст

дека Македонија има ексклузивитет врз овие историски личности и дека секое

приклучување кон прославата на солунските словенски браќа е, всушност,

присвојување. Поблага варијанта е толкувањето на Канал 5 дека „Грција, Бугарија и

Словачка, во Солун ги славеа Кирил и Методиј без Македонија“3, каде, всушност,

забелешката кон овие држави не е дека ги прославувале Кирил и Методиј, туку дека

Македонија не била вклучена во заедничката прослава затоа што наводно немало

интерес од страна на македонските организации и власти.

Што се однесува до „споделувањето и присвојувањето“ на Гоце Делчев, медиумите

известуваа многу подетално и поинтензивно, но и толкувањата на настаните со кои

Бугарија го слави Делчев беа поостри и понегативни отколку за Кирил и Методиј. На

пример, најостар прилог по повод можната изградба на споменик на Гоце Делчев, на

иницијатива на Бугарија, во неговото родно село во Грција беше прилогот на Канал 5

кој одеше под наслов „Непринципиелно-болна коалиција: бугарско-грчката врска

станува сѐ поцврста и подеструктивна“4. Притоа, во овој прилог намерите на Грција

и Бугарија се претставени како „бесрамни“, а дозволата од грчка страна се цени како

противуслуга кон Бугарија за блокадата на евроинтеграциите на нашата земја, во

декември 2012 година. На таа линија, со силен непријателски набој кој е на граница да

стимулира дури и омраза е еден прилог според кој „Делчев го удавил бугарското

добрососедство“, а иницијативата за изградба на споменик на Делчев во Грција од

страна Бугарија е драматично опишана алудирајќи на бугарските иницијативи за

добрососедство кон Македонија:„...[О]чигледно нивните иницијативи биле и

останале само декларативни, а на терен работат колку што е можно повеќе за

добрососедството да не успее, па вината да ја префрлат врз нашата земја. А

шлагот на тортата е што ни работат зад грб и тоа со Грција, еден од крвните

бугарски непријатели од времето што Софија го смета за заедничка историја со

Скопје. Сликата е јасна: пораките на официјална Софија дека сака добрососедство,

заедничко славење на историјата, како и да ја види земјава во ЕУ - паѓаат во вода.

Целата, навидум пријателска иницијатива, била наменета само за пред очите на

ЕУ. Се удавила во намерите на источниот сосед, кој само пред куќниот совет

сакаше да покаже дека си го почитува соседот, а зад грб му ги краде плодовите од

заедничкиот двор“.5

Во анализираниот период имаше повеќе прилози во кои се алудираше на грчко-

бугарското пријателство за одземање или менување на македонската историја, во

смисла на тоа дека „родното село на мајката на Гоце Делчев е избришано од

картата“6, притоа тврдејќи дека „грчките власти се потрудиле да ги сотрат и

најдлабоките корени (во Мурарци), а Баница пак ја срамнија со земја. Истата таа во

која сега со Бугарија пријателски заговараат да се крене споменик на Гоце Делчев,

прескокнувајќи нѐ нас“. Сепак, имаше новинарски прилози кои само информативно ја

објавија оваа иницијатива на Бугарија, без какви било оцени.7

2 Алфа, 21.05.2013.

3 Канал 5, 24.05.2013.

4 Канал 5 19.05.2013.

5 Дневник, 21.05.2013.

6 Дневник, 22.05.2013.

7 Утрински весник, 20.05.2013.

Page 7: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

6

Остатокот од објавите во медиумите поврзани со славењето на Гоце Делчев како

заеднички херој на македонскиот и на бугарскиот народ беа во контекст на

коментирање на инсистирањата на бугарскиот претседател Плевенлиев за

потпишување договор за добрососедство меѓу двете држави и неговите тврдења дека

Македонија и Бугарија имаат заедничка историја која треба да ја споделуваат и

прославуваат заедно8. Барањата од бугарскиот претседател најчесто беа пренесувани

како уцени, а неговите коментари околу Гоце Делчев се поврзуваа со неговите

тврдења дека во рамките на проектот Скопје 2014 постојат многу споменици на

бугарски историски личности, што укажува на заедничката историја на Македонија и на

Бугарија9. Токму последново многу често се користи во македонските традиционални

медиуми како аргумент зошто заедничкото славење на историјата со Бугарија е

невозможно. Во еден прилог во кој се информира за „скромното одбележување на

годишнината од смртта на Гоце Делчев во Бугарија“ беше пренесено толкувањето

на улогата на Делчев од страна на Бугарија како „борец за ослободување и

обединување на Бугарите од Македонија“. Ова беше оценето како проблематично за

заедничкото славење историски личности и настани и за потпишувањето на договорот

за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија10. Во оваа смисла беа и прилозите во

кои се правеше споредба на тоа дека и во Бугарија се прославува ликот на Гоце

Делчев како нивен национален (присвоен) херој, дополнет со цитат на Плевенлиев со

неговиот апел до Македонија дека нема исклучиво право врз ликот и делото на Гоце

Делчев11. Сосема истиот шаблон, но со порадикален речник, е присутен во прилогот

во врска со Пере Тошев, за кого Бугарија, исто така, тврди дека е Бугарин од Прилеп,

оценувајќи го овој тренд како „небулозни толкувања од страна на бугарските

историчари и политичари“12.

Во однос на инсистирањето на бугарскиот државен врв да се потпише договор за

добрососедство кој ќе го заживее концептот на Декларацијата меѓу Македонија и

Бугарија од 1999 година, како неопходен услов за продолжување на евроинтеграциите

на Македонија, македонските медиуми ги пренесоа ставовите на министерот за

надворешни работи на Македонија, Никола Попоски. Тој со остар тон истакна дека

„активностите на меѓудржавните работни групи не ги врзуваат само во смисла на

прифаќање или неприфаќање на определен наметнат документ туку колку

навистина сакаме да имаме заеднички проекти“13 и констатира: „мојата лична

позиција е дека не е потребен договор за добрососедство меѓу Софија и Скопје.

Добрососедство не се создава на хартија, туку со конкретни гестови и мислам

дека меѓу Бугарија и Македонија има многу добра основа да има одлични односи.

Меѓу луѓето постои тоа и сега... македонските граѓани беа непријатно изненадени

од одлуката на Бугарија да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ. Бугарија

немаше никаква потреба од таа позиција бидејќи Грција веќе петта година многу

ефективно ја блокира Македонија....“14 На ова се надоврзаа повремени жестоки

критики кон бугарската државна политика, а цитатот кој тоа најдобро го отсликува е

8 Овие две точки претседателот Плевенлиев ги посочува како клучни за подобрување на односите меѓу Бугарија и

Македонија, Канал 5, 28.04.2013, и 24 Вести, 01.05.2013. Други објави во оваа смисла се пренесени изјави од поранешни политичари како Соломон Паси (МТВ1, 16.02.2013) или Марин Рајков (Дневник, 30.03.2013). 9 Телма, 08.05.2013, и 24 Вести, 02.05.2013.

10 24 Вести, 04.05.2013.

11 Сител, 04.05.2013.

12 Ibid.

13 Канал 5, 11.04.2013, АлсатМ, 07.05.2013, и Дневник, 19.02.2013.

14 Вечер, 19.04.2013. Слични написи со истите пораки беа објавени неколку месеци порано во Алфа, 14.02.2013, и

Сител, 14.02.2013.

Page 8: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

7

следниов: „во последните месеци Софија интензивно ги враќа духовите од

минатото и притиска декларацијата од 1999 да прерасне во меѓудржавен

договор“15.

Она што е карактеристично за целокупното известување на оваа тема е тоа што во

речиси ниту еден момент (има само малку исклучоци16), од страна на медиумите не

беше направена анализа, ниту пак беше упатена критика кон македонската државна

политика спрема соседите. Медиумите воопшто не навлегоа во рационална

квалитативна анализа на предлозите од бугарскиот државен врв за договор за

добрососедство и заедничко симболично прославување на историските личности и

настани кои ги спојуваат двата народи и држави.

1.2 Етикета за бугарски пасоши

Темата за вадење бугарски пасоши од страна на македонските граѓани е веќе

неколку години актуелна и најчесто се користи за критика спрема бугарската државна

политика како асимилаторска или за дискредитација на определени категории

домашни граѓани и политичари како нелојални спрема својата држава и нација.

Сите прилози поврзани со спорното издавање бугарски пасоши на македонски

граѓани истакнуваа дека станува збор за „бизнис“ и манипулација кои немаат никаква

врска со националното чувство на оние кои бараат бугарско државјанство, туку дека

станува збор за исклучиво економски и лукративни мотиви. Самиот факт изнесен во

еден од прилозите дека „половина се Македонци од натурализираните, велат дека

нешто во државата не е во ред“17, ја отсликува тенденцијата на информирање за овој

феномен. Па така, насловот на една репортажа од Ќустендил, каде што на една

адреса се регистрирани 400 Македонци кои добиле бугарско државјанство, укажува на

лукративноста на цел овој процес и гласи „и јас за пари би им давал лажна адреса на

400 Македонци со бугарски пасош“18. Пренесувајќи сведоштва од локалното

население, беше објавена изјавата на еден жител дека „се знае зошто вадат

бугарски пасоши“, и со тоа се имплицираше дека се работи за интерес, а не за

идентитетско чувство. Можноста овој „бизнис“ да ѝ се удри од глава на Бугарија се

спомна во еден прилог во чиј наслов беше истакнат стравот од изборни манипулации

со македонските државјани кои имаат бугарски пасош: „Бизнис со бугарски пасоши -

Бугарија стравува да не ѝ се случи Пустец“19.

Кога, пак, издавањето бугарски пасоши на Македонци се објаснува од аспект на

бугарската државна политика, тоа се претставува како инструмент за асимилација на

Македонците, не само од Македонија, туку и од другите делови на регионот. Тоа

најдобро се гледа во текстот насловен како „Посредници ги убедуваат Горанците на

Косово да вадат бугарски пасоши“20. Македонците се наведуваат како посебна цел на

бугарските посредници. За да се потврди тенденцијата на бугарската асимилаторска

политика за „слична појава со години присутна“, се известува и во Албанија. Притоа,

целата приказна омаловажувачки се осврнува на Бугарите, а спас се гледа во

членството во ЕУ. Клучните поенти извадени од прилогот се: „И тука најмногу се

15

Вечер, 13.03.2013. 16

Колумна на Ѓорѓи Спасов: „Создаваме непријател и од Бугарија“ (Утрински весник, 04.05.2013). 17

Дневник, 09.02.2013. 18

Дневник, 13.04.2013 . 19

Утрински весник, 05.04.2013. 20

Дневник, 19.04.2013.

Page 9: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

8

агитира меѓу македонското малцинство. Македонци од Корча велат дека

жителите од македонско потекло вадат бугарски пасоши за да избегаат од

сиромаштијата во Албанија или за да купат поевтини автомобили. Но сето тоа се

прави скриено оти Македонците таму се срамат да кажат дека се пишале Бугари...

Сигурен сум дека штом Македонија ќе стане членка на ЕУ овој проблем засекогаш

ќе исчезне. Сѐ додека Македонија и Србија не се вклучат во европското семејство,

овие луѓе се „лесна мета“ за бугарските агитатори... Тоа не е национално прашање

или проблем зашто луѓето вадат пасоши само од економски причини“.

Во овој тон, некои медиуми јавија и за тривијалниот случај на бугарски новинар кој

револтиран од политичката и економската ситуација во Бугарија решил да побара

македонско државјанство21. Натаму, во текстот насловен како „КАЗАШКИ: Ја

признавме Македонија како држава должни сме да ги признаеме и народот и

јазикот!“, ја пренесуваат изјавата на бугарскиот новинар дека дел од политичарите во

Бугарија сѐ уште не можат да се ослободат од политичкото слепило.

Интересен куриозитет кој претставува иронична рефлексија на начинот на

третирање на феноменот со бугарските пасоши во Македонија, е објавата на

бугарската агенција „Фокус“ која како првоаприлска шега ја објави веста дека

тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, побарал бугарски пасош22. Оваа

првоаприлска шега предизвика голем одек во македонската јавност23, а некои портали

дури и ја пренесоа како сериозна вест.

1.3 Грчко-бугарски „заговор“ против Македонија и нејзиното членство во ЕУ

Еден од основните трендови во пренесувањето и коментирањето вести од Бугарија,

како и во контекстуализирањето на односите со Бугарија, е истакнувањето на тоа дека

постои грчко-бугарски сојуз против Македонија, особено против нејзините европски

интеграции. Во тоа светло, особено беа интересни објавите по повод Резолуцијата на

Европскиот парламент (ЕП) за Македонија, која беше актуелна во мај и јуни 2013, и

улогата на бугарските европратеници и нивната соработка со грчките колеги за

поднесување амандмани на Резолуцијата кои медиумите ги оценија како штетни за

Македонија.

Провладините медиуми особено жестоко ги критикуваа амандманите и ги толкуваа

како „активиран грчко-бугарски антимакедонски сојуз“.24 Со цел да дадеме појасна

слика за овој дискурс, табеларно се прикажани прилозите и пораките кои беа

испратени од голем дел од медиумите поврзани со настаните околу Резолуцијата на

ЕП за Македонија.

21

Вечер, 24.04.2013. 22

24 Вести, 01.04.2013. 23

Утрински весник, 03.04.2013. 24

Вечер, 18.05.2013.

Page 10: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

9

Медиум и датум на

објавување

Клучни пораки

Утрински весник, 21.03.2013

Бугарски и грчки европарламентарци притискале да ја снема препораката на ЕП за брзи преговори со Македонија.

Дневник, 09.02.2013

Бугарија и Грција да се здружат против Турција и Македонија, побара вчера бугарскиот министер за земјоделство, кој учествувал на изложба на добиток во Солун. Постоел силен конкурентски притисок.

Канал 5, 17.02.2013

Интервју на Горан Момировски со Далибор Јовановски / „На сто години од Букурешткиот договор Македонија сѐ уште мета на соседите“. Крстосница на која се судираат интересите на соседите. Појавата на современата македонска држава ги нарушила интересите на соседите кои мислеле дека македонското прашање е затворено. Последните години постоел сојуз меѓу Атина и Софија. Цело време се напаѓаат македонските учебници по историја.

Дневник, 13.03.2013

На Грција и Бугарија им се прогледува низ прсти за пресудите во Стразбур (Плаќаат казни, но не ги спроведуваат одлуките) – Случајот со Домот за културата во Лерин е класично исмејување од Грција.

Дневник, 29.03.2013 Вечер, 29.03.2013

Грците и Бугарите - скептични, останатите членки - за датум на Македонија. Грција и Бугарија во ЕУ ја туркаат својата вистина за Македонија.

Нова Македонија, 10.04.2013

Св. Кирил и Методиј ќе ги смируваат Македонија и Бугарија (прикажано во контекст на амандманите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на Резолуцијата на ЕП за Македонија). Историско помирување преку славење заеднички личности.

24 Вести, 08.04.2013

Пренесување на усвоените амандмани од бугарските европратеници со кои се изразува загриженост за процесот на антиквизацијата и за растечкиот национализам.

Канал 5, 08.04.2013

Оцена дека се работи за компромисни амандмани кои влетаа во последен момент и имаат негативни пораки кон македонското општество, пред сѐ во односот спрема Бугарија.

Сител, 08.04.2013

Наполно истата формулација како и Канал 5, со порадикални толкувања дека секое историско помирување би било пораз за Македонија. Оцена дека се работи за компромисни амандмани кои влетаа во последен момент и имаат негативни пораки кон македонското општество, пред сѐ во односот спрема Бугарија. Оцена дека „најлошо за нас е очигледниот успех на бугарските европратеници да вметнат компромисен амандман со кој силно се поттикнуваат властите и граѓанското општество во Македонија да се постигне историско помирување со цел да се надмине поделбата меѓу различните културни и етнички групи каде се споменува и некаков бугарски идентитет“, како и наведување на барањата за „експертска комисија која ќе работи на објективна и фактичка интерпретација на историјата и ослободување на образовните материјали од идеологија“.

Вечер, 18.05.2013

Европратеници со ригидни амандмани ќе ја нападнат Резолуцијата за Македонија – ГРЧКО-БУГАРСКИОТ АНТИМАКЕДОНСКИ СОЈУЗ ПОВТОРНО НА ГОТОВС.

24 Вести, 21.05.2013

За националистичката реторика не се виновни само Атина и Софија, туку и во Скопје, затоа треба да се намалат провокациите и национализмот, порака од европратеникот Ханес Свобода од

Page 11: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

10

Значаен дел од прилозите поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија во

контекст на ЕУ интеграциите му беше отстапен на изборот на доскорешниот

европратеник Кристијан Вигенин за министер за надворешни работи на Бугарија, во

мај 2013 година, по одржувањето на вонредните парламентарни избори. Во таа

смисла, многу грижливо беа пренесувани и толкувани неговите првични изјави,

особено поради тоа што тој во Македонија се смета за умерен политичар кој има

позитивен став кон државава. Со ретки исклучоци, токму во тој умерено позитивен

контекст медиумите информираа за неговиот избор за министер и за неговите првични

изјави во врска со Македонија. Она што е интересно е тоа што изјавите на Вигенин

најчесто беа директно и во целост пренесувани, без обемен коментар и без негативно

толкување, како што вообичаено се случува при пренесувањето изјави од бугарски

политичари.

европските социјалисти. 24 вести, 23.05.2013

ЕП за Македонија усвојувајќи ја резолуцијата на Ховит, против гласале само бугарските и грчките европратеници.

Алфа, 23.05.2013

Вест за усвојување на резолуцијата, загриженост за антиквизацијата од страна на Бугарија.

АлсатМ, 23.05.2013

Добрососедските проблеми и договорот од 1 март – главни предизвици за Македонија, бугарски и грчки европратеници гласале против.

Вечер, 23.05.2013

ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ДЕНЕСКА ГЛАСААТ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА – Грците и Бугарите не доставиле писмени амандмани, но се очекува усна канонада.

Дневник, 28.05.2013

Единствен обид за деконструкција на негативниот предзнак пред бугарските европратеници. Во наслов: Бугарските европратеници не гласале против Македонија. Речиси сите бугарски пратеници го подржаа извештајот за земјава на Ховит, а најмногу негативни гласови сме добиле од Грците, Италијаните, Холанѓаните и Французите.

Медиум и датум на

објавување

Клучни пораки

24 Вести, 30.05.2013

Вигенин: „Проблемот меѓу Македонија и Бугарија не е само во Софија... Односите Скопје-Софија дел од неговите приоритети... Не е важно само да се потпише некаков договор, туку важно е тој да се спроведува со успех... Во исто време да ги прошириме економските и политичките односи за да се стекне поголема доверба и да се отстранат дел од факторите што ги трујат односите меѓу државите... да ја тргнеме можноста екстремисти од македонска и бугарска страна да даваат тон на односите меѓу државите... спомениците се доказ за заедничката историја и треба заедно да прославуваме личности и датуми“.

Алфа, 30.05.2013

Скопје е прва задача на Вигенин, но Бугарија не се откажува од договорот за добрососедство... Според Вигенин: „Проблемите меѓу двете држави не се толку сложени колку што изгледаат“.

Канал 5, 30.05.2013

Блеф или искрена порака: Македонија приоритет на бугарската дипломатија... Вигенин најавува пресврт во меѓусебната комуникација... Потребен е договор за добрососедство... Има некои процеси во Македонија кои водат кон негативни работи... Нова

Page 12: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

11

1.4 Протестите протолкувани во позитивен контекст

Уште на почетокот на февруари, пред посетата на Борисов на Скопје, медиумите

известија за масовните протести во 15 градови во Бугарија,25 предизвикани од

високиот износ на последните сметки за струја26, на кои демонстрантите бараа

национализација на дистрибутерите на електрична енергија: „Дистрибутерите на

електрична енергија мора да исчезнат од Бугарија. Доста нѐ ограбуваат нас

обичните граѓани и државата ги поддржува“.27 Медиумите јавија дека протестите

доведоа до популистички ветувања дека на дистрибутерите ќе им бидат одземени

лиценците за работа и до оставка на владата на Борисов. Македонските медиуми ги

толкуваа настаните во позитивен контекст и во одбрана на ставовите на

демонстрантите, што е видливо во следните наслови и поднаслови на прилозите во

кои се опишуваше паѓањето на бугарската влада:

25

Вести 24, 10.02.2013. 26

Алфа, 10.02.2013. 27

МТВ, 10.02.2013.

реторика на Вигенин која наликува на дипломатијата во Брисел... ова ѝ е потребно на Македонија!

МТВ1, 30.05.2013

Македонија - прва задача за новиот бугарски министер за надворешни работи... критика за екстремистите од двете држави.

Алфа, 29.05.2013

Нејасно е какви ќе бидат позициите на новата влада спрема Македонија, но треба да се спомне дека тие позиции ќе ги соопшти новиот министер за надворешни работи, Кристијан Вигенин, познат како умерен политичар со пријателски и позитивен однос спрема Македонија.

АлсатМ, 29.05.2013

Вигенин: „Македонија и Бугарија треба да потпишат договор за добрососедство... треба да размислуваме на конкретни чекори за поголема доверба на високо политичко рамниште... тоа изминатите години недостигаше... Македонија треба да биде членка на ЕУ, но аранжманите започнати со претходната влада треба да се завршат“.

Канал 5, 29.05.2013

Единствена критичка објава: Познавајќи ги ставовите на новиот министер за надворешни работи Вигенин, политиката на Бугарија спрема Македонија ќе остане непроменета.

МТВ1, 29.05.2013

Вигенин, за нас познат по умерените ставови кон нашата држава, е нов шеф на дипломатијата.

Утрински весник, 28.05.2013

Пофалби за новиот министер за надворешни работи, Кристијан Вигенин, како европратеник познат по најумерените и најпозитивни ставови кон Македонија.

Утрински весник, 29.05.2013

Министер без вокабулар од историјата. Новиот бугарски шеф на дипломатијата, Кристијан Вигенин, беше против бугарско вето за преговорите на ЕУ со Македонија. Пофалби за Вигенин!

Нова Македонија, 30.05.2013

Новиот шеф на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин: „Требаше да се потпише договор за добрососедство со Македонија... Македонија треба да биде членка на ЕУ, тоа е во интерес на Бугарија“.

Вечер, 30.05.2013

Вигенин: „Бугарија со тврда, но разумна политика спрема Македонија“.

Page 13: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

12

„Скапата струја најскапо ја плати Бојко Борисов“ (Канал 5, 20.02.2013); „Скапата струја ја изгоре Владата“(Алфа, 19.02.2013); „Бугарскиот мачомен се сокри под јорган“ (Вечер, 21.02.2013).

Уште поблагонаклонето, македонските медиуми гледаа и кон демократските, но

популистички барања на демонстрантите за одземање на лиценцата на

дистрибутерите на електрична енергија и влечеа паралели со, според нив,

неуспешните иницијативи за намалување на цената во Македонија во последниот

период:

„Компанијата може да ја изгуби лиценцата, протестите се чини дека се исплатеа“ (Вести 24, 18.02.2013); „Во Македонија иницијативата на АМАН без успех, во Бугарија, пак, неколкунеделните протести ќе резултираат со одземање на лиценцата на чешкиот дистрибутер“ (Алфа, 19.02.2013); „Бугарите го срушија премиерот, ние не можеме ниту цената на струјата“ (Нова Македонија, 21.02.2013); „Доказ дека Македонците не се Бугари“ (Фокус, 21.02.2013); „Македонците навикнати на скапа струја“ (Дневник, 22.02.2013).

По паѓањето на бугарската влада, медиумите јавија за променетиот карактер на

продолжените протести кои „прераснаа во протести против штедењето и

владејачката структура“28, на кои се бараше донесување нов устав за промена на

политичкиот систем: „да нема политички партии, а државата да му се врати на

народот“,29 а кои медиумите ги оквалификуваа како „бунт“, односно како „прв народен

бран против сите политичари“.30 Медиумите беа преплавени со прилози за бранот

самозапалувања што се случуваа „против корупцијата во Бугарија“31, односно „од

очај поради големата сиромаштија“32. Некои од медиумите направија и длабинска

анализа на самозапалувањата со компарации на сличните феномени во другите

европски држави, оквалификувајќи ги како политички чин во знак на „протести

против ниските животни стандарди, корупцијата и организираниот криминал“.33

1.5 Бугарија како европска црна овца

Медиумите известуваа, коментираа и ја анализираа лошата состојба во Бугарија на

полето на демократијата и реформите, повикувајќи се на извори од ЕУ и од државите

членки. Големо внимание им посветија на заканите за блокада, а потоа и на блокадата

на бугарскиот влез во Шенген-зоната. Се известуваше и за популистичката кампања

во Обединетото Кралство против отворањето на пазарот на трудот за бугарските и

романските работници. Медиумите посочуваа дека Бугарија ги има истите проблеми

поради кои ја блокира Македонија на патот кон Европската унија. Во табелата се

прикажани дел од насловите, поднасловите и клучните пораки од прилозите кои се

парадигматски за начинот на кој се илустрираше ситуацијата во Бугарија.

28

Утрински, 23.02.2013. 29

Вечер, 23.02.2013. 30

Дневник, 28.02.2013. 31

МТВ, 03.03.2013. 32

Вести 24, 20.03.2013. 33

Нова Македонија, 16.03.2013.

Page 14: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

13

„Германија ќе блокира влез во Шенген на Бугарија и Романија“ (СИТЕЛ

03.03.2013).

„Германија ќе блокира поради слаб напредок во борба против корупцијата“

(Телма 03.03.2013).

„Додека ветото за влез во Шенген-зоната е сѐ поизвесно, граѓаните на

земјите од Западен Балкан сѐ уште ќе можат да патуваат без визи. По

Германија, и Финска се заканила дека ќе ја блокира Бугарија поради корупција

на власта и непочитување на законите“ (Сител, 06.03.2013).

На неопределен период одложен влезот во Шенген-зоната. Освен Германија,

против биле уште неколку земји, во прв ред, Норвешка и Финска (Вести 24,

07.03.2013).

Британците против Романците и Бугарите – 120.000 Британци потпишале

петиција во која барале да се спречи масовната имиграција ( Утрински,

18.03.2013).

„Бугарија, земјата што ги спори демократските стандарди во Македонија,

вчера и самата беше предмет на сериозни обвинувања во ЕП /.../ Бугарски

пратеник, организаторите на протестите во Варна, претставник на

невладина организација и други што се нарекоа ‛дисиденти’ тврдеа дека во

земјата владее партитократија, дека има симбиоза меѓу мафијата и власта,

дека популизмот и национализмот се само политички театар, а вистинската

цел на политичките елити е како за кратко време да станат милионери“

(Утрински весник 06.03.2013).

1.6 Бугарија како држава со сомнителен дeмократски капацитет, ЕУ

сомнителен катализатор на демократизацијата со двојни аршини

Во пресрет, но и во тек на изборниот процес во Бугарија, медиумите покажаа

огромен интерес за случувањата во оваа соседна земја. Во почетокот, медиумите

покажаа интерес за кого ќе гласаат претставниците на непризнаеното македонското

малцинство и македонските граѓаните со бугарски пасош: „Македонците во Бугарија

ќе ги бојкотираат изборите зашто нема политичка опција што би ги застапувала

нивните интереси“34. За граѓаните на Македонија со бугарски пасош оценија дека

нема да бидат дел од изборниот инженеринг, бидејќи добиле пасош „од економски, а

не политички причини“.35

Потоа, интензивно се известуваше и се коментираше за низа скандали:

прислушувањето на опозицијата, заплената на 350.000 лажни гласачки ливчиња,

изјавата на Борисов пред обвинителот, купувањето на гласовите на припадниците на

ромската заедница, како и барањата на Борисов за поништување на изборните

резултати, а медиумите ја најавија и можноста во Бугарија да се примени „сценариото

Пустец“. Темата „Пустец“ се експлоатираше во повеќето од медиумите, особено во

оние кои не важат за провладини. Подолу се прикажани дел од насловите,

поднасловите и клучните пораки од прилозите:

34

Дневник, 26.04.2013. 35

24 Вести, 23.04.2013.

Page 15: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

14

Во однос на изгледите за решавање на политичката криза во Бугарија по изборите,

македонските медиуми прогнозираа нејзино продлабочување без разлика на

изборниот исход, со што сугерираа дека кризата е длабока и тешко решлива, како и

дека граѓаните немаат избор. Ова е видливо од насловите:

За време на изборите и по нив, се известуваше за резултатите, за изборните

скандали и за неправилностите. Подолу се прикажани дел од насловите,

поднасловите и клучните пораки од прилозите.

Се анализира можноста гласачите од Македонија со бугарски пасоши да влијаат

пресудно врз рамнотежата во гласовите, особено доколку нивните гласови

станат предмет на бизнис-зделки (повеќе медиуми повикувајќи се на бугарски

„Стандард“).

Бугарите сѐ уште се плашат од македонски воз на нивните избори (Алфа,

18.04.2013).

„Пустец“ и во Софија (24 Вести, 23.04.2013).

Нема најави за македонски „Пустец“ во Бугарија (24 Вести, 11.05.2013).

„Бугарија без промени и по вонредните избори во недела“ (Вест, 10.05.2013).

„Народот врие пред изборите в недела – Бугарија се плаши од италијанско сценарио“ (Дневник, 11.05.2013).

„Нови протести и потреси по гласањето во недела – Изборите нема брзо да ја решат кризата во Бугарија“ (Нова Македонија, 11.05.2013).

- Изборни резултати, низа нерегуларности и сведоштво на Александар Николовски

како набљудувач (24 Вести, 12.05.2013).

- Во Бугарија веќе се појавија првите сомнежи за утрешното гласање – 350.000

илегални гласачки ливчиња запленети од полицијата (24 Вести, 11.05.2013).

- Изборен резултат, нерегуларности со ливчињата – фалсификат, поткуп (МТВ1,

12.05.2013).

- Изборни очекувања, апатија, економска криза, изборен фалсификат,

продолжение на политичката криза (Сител, 12.05.2013).

- Триста неправилности на изборите во Бугарија (Утрински весник, 14.05.2013).

- Повеќе од триста неправилности на изборите во Бугарија – Борисов во центар на

корупциска афера - ем сведок, ем жртва, ем осомничен (Вечер, 14.05.2013).

- Трагични избори во Бугарија: Пирова победа на Борисов, левицата се враќа на

власт (Алфа, 13.05.2013).

Page 16: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

15

По изборите, медиумите со критичен тон го коментираа демократскиот капацитет на

Бугарија за организирање избори. Цел на ироничните коментари беше и ЕУ, како и

нејзината улога на поттикнувач на демократските процеси. Се коментираа и нејзините

„двојни аршини“.

НАСЛОВ (МЕДИУМ) СОДРЖИНА И КЛУЧНИ ПОРАКИ

Како се станува

член на ЕУ: Нова

лекција од Бугарија

за фалсификување

избори (Дневник,

13.05.2013)

Тамошните медиуми и гласачите стравуваат дека овој грандиозен

скандал во најсиромашната членка на ЕУ само дополнително ќе ја

усложни и онака комплицираната ситуација во која се наоѓа земјата:

сиромаштија, ниско ниво на демократија и корупција... Бугарската

полиција заплени 350.000 лажни гласачки ливчиња во печатницата во

Костинброд... Според аналитичарот и професор Петар Емил Митев,

демократијата во Бугарија е под прашалник затоа што во земјата се

покажаа автократски тенденции. Во центарот на вниманието на

предизборните дебати беа ставени теми како следење и

прислушување, но и начинот на креирање политики.

Бугарскиот воз

полн со

фалсификати

(Дневник,

14.05.2013 / Христо

Ивановски)

Кампањата беше обележана со протести, жестока реторика, скандали

со прислушување, лажни гласачки ливчиња и купување гласови, со што

е јасно дека нашиот сосед, иако е член на НАТО и ЕУ, има сериозни

проблеми со демократијата... Изборниот исход не ни дава надеж дека

може да се потпише догоро за добрососедство со Македонија туку само

може да се очекуваат непријатни пораки од радикалната популистичка

партија АТАКА.

Брисел ги

критикува

кандидатките, а за

членките молчи –

бугарските избори

ги докажуваат

сомнителните

критериуми на ЕУ

(Нова Македонија,

14.05.2013)

Аналитичарите сметаат дека скандалозните избори не се само срам за

Бугарија тука и за целата ЕУ, како и дека ги потврдуваат двојните

европски аршини и непринципиелните услови за членство, штом една

членка покажува дека ни оддалеку не го исполнила тоа што се бара од

кандидатките... ЕУ не е решение за домашните проблеми: Очигледно

дека работите внатре во Унијата не се такви какви што таа се обидува

да ги претстави надвор...

Бугарскиот воз ја

гази ЕУ (Нова

Македонија,

14.05.2013)

Пировата победа на Борисов е пораз за Бугарите, но и пораз за Брисел,

кој декларативно е ревносен кога станува збор за почитувањето на

народната волја и кој очигледно сака да демократија во овој дел на

Европа...

Борисов бара

поништување на

резултатите од

изборите (24 Вести,

16.05.2013)

Поништување на резултатите и повторување на изборите (Алфа,

16.05.2013); Феномен: Победник на изборите бара нивно поништување,

бара поништување и го повикува господ за сведок (Канал 5, 16.05.2013-

); - Борисов бара поништување (МТВ1- 16.05.2013).

Page 17: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

16

Во текот на изборите и по нивното завршување, медиумите различно ги коментираа

можните изборни импликации врз бугарската политика спрема Македонија. Дел од

медиумите применија реторичка техника на т.н. замрзнување на конфликтот и

предвидуваа дека односите нема да се сменат без разлика на промената на власта.

Друга група медиуми коментираа дека какви ќе бидат односите е неизвесно и зависи

од разни фактори. Третата група медиуми предвидоа позитивен развој, темелејќи го

оптимизмот главно врз фактот што нов министер за надворешни односи е Вигенин, кој

важи за умерен политичар.

Такти

ка н

а з

ам

рзн

ув

ањ

е

на

ко

нф

ли

кто

т

МТВ1,

11.05.2013

Изборите нема да направат голема измена во односите

меѓу Македонија и Бугарија.

Канал 5,

13.05.2013

Сѐ додека остатоците од комунистичкиот режим на Тодор

Живков се во врвот на бугарската политика, нема да се

смени односот спрема Македонија.

Канал 5,

29.05.2013

Познавајќи ги ставовите на новиот министер за надворешни

работи Вигенин, политиката на Бугарија спрема Македонија

ќе остане непроменета.

Не

изв

есн

и п

ред

ви

дув

ањ

а Утрински

весник,

15.05.2013

На Македонија не ѝ е сеедно кој ќе владее со Бугарија.

(Бугарските партии речиси се едногласни да стават вето на

нашето членство во ЕУ ако нема договор за

добрососедство. Нестабилна влада во Бугарија ќе има

попаметна работа отколку да се грижи за европските

интеграции на Македонија и за потпишување договор за

добросоедство! )

Алфа,

29.05.2013

Бугарија доби нова влада на социјалистите на чело со

Пламен Орешарски. Нејасно е какви ќе бидат позициите на

новата влада спрема Македонија.

Оп

ти

ми

сти

чки

то

но

ви

АлсатМ,

29.05.2013

Вигенин: Македонија и Бугарија треба да потпишат договор

за добрососедство... треба да размислуваме на конкретни

чекори за поголема доверба на високо политичко

рамниште... тоа изминатите година недостигаше...

Македонија треба да биде членка на ЕУ, но аранжманите

започнати со претходната влада треба да се завршат.

МТВ1,

29.05.2013

Вигенин, за нас познат по умерените ставови кон нашата

држава, е нов шеф на дипломатијата.

Утрински

весник,

29.05.2013

Министер без вокабулар од историјата: Новиот бугарски

шеф на дипломатијата, Кристијан Вигенин, беше против

бугарско вето за преговорите на ЕУ со Македонија.

Page 18: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

17

1.7 Бугарија спасителка на Евреите?

Голем дел од прилозите го третираа односот на Бугарија спрема еврејското

прашање. Медиумите известија дека една невладина организација ја номинирала

Република Бугарија за Нобеловата награда за мир поради нејзиното спасување на

еврејското население во Втората светска војна и ја пренесоа шокираноста на

еврејската заедница во Македонија: „Овој предлог е антисемитизам и перверзија. Се

знае дека бугарскиот цар и владата ја спроведуваа наредбата на Хитлер за

депортација на сите Евреи. Во Македонија се депортираа речиси сите, а тоа го

направија бугарските војници и полицијата. Тие ги пикаа Евреите во вагоните.

Бугарија не спаси и голем дел од тамошните Евреи. Ги спаси Евреите во мешаните

бракови, но чистите Евреи не беа поштедени. Исто како што направија владите

на Недиќ и на Павелиќ во Србија и Хрватска“ (Јован Манев, автор на книгата „

Витлеемската ѕвезда“).36

Во ист контекст, во прилог со наслов „Софија на пиедестал во Брисел“, медиумите

известија за говорите на бугарскиот и израелскиот преседател во Брисел по повод 70-

годишнината од спасувањето на бугарските Евреи за време на нацистичкиот период.

На Бугарија ѝ беше оддадено признание, а министерот за надворешно работи,

Николај Младенов, изјави: „Ова е еден од ѕвездените моменти на бугарската

историја. Треба да им оддадеме почит на тие што се побунија против лудилото на

Хитлер“.37

Сите медиуми ја пренесоа веста дека бугарското собрание усвоило декларација со

која бугарската држава ја признава вината за депортацијата на македонските Евреи.

Медиумите се повикуваа на мислења на експерти и консултираа претставници на

Еврејската заедница, кои беа едногласни дека декларацијата е само делумно

признание за вината на Софија. Перцепцијата што се создаде во јавноста по повод

овој настан е видлива во извадоците од прилозите во табелата:

Бугарскиот парламент усвоил декларација со која се признава неуспех за депортација на Евреите од Македонија. Голем дел од вината префрлен на Германија (ВЕСТИ 24, 08.03.2013); И по декларацијата, македонските Евреи со став дека историските факти се непобитни и укажуваат за вина на Софија за 11.000 депортирани од Северна Грција и Кралството Југославија. Локалните бугарски власти не можеле да ја спречат депортацијата (ВЕСТИ 24, 08.03.2013);

Официјална Софија ја призна депортацијата на Евреите од Македонија. Прифатиле индиректна одговорност со изговор дека територијата била под германска јурисдикција и команда на Хитлер, и покрај обидите, не биле во можност да ја запрат депортацијата. По повеќедецениското негирање, не може да се оспори фактот дека во Треблинка биле испратени 11.000 Евреи (Алфа, 08.03.2013);

Македонската еврејска заедница вели дека депортацијата не била последица на стравот од нацистите. Вината на Бугарија е директна, а не индиректна. Едвард Гафни од Америка ја поздравил декларацијата и признавањето на вината (Алфа, 08.03.2013).

36

Дневник, 06.03.2013 / Наслов - „Бугарија – ‛спасителка на Евреите’ предложена за Нобелова награда“. 37

Дневник, 07.03.2013.

Page 19: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

18

Медиумите известуваа и за одбележувањето на 70-годишнината од злосторството и

за комеморацијата од монополот каде што биле собрани Евреите од Скопје пред

депортацијата. Пренесени беа изјави од сведоци, претставници на заедницата и

експерти, а медиумите потсетуваа на улогата на бугарската војска и полиција во

злосторството. Во јавноста со свои ставови се јавија Светскиот македонски конрес и

Обединетата македонска дијаспора, кои повикаа на вистинско извинување од страна

на Бугарија. Во табелата се издвоени позначајните изјави и извадоци од кои може да

се воочи на кој начин медиумите ја врамија нарацијата:

Подоцна се појавија прилози со следните наслови: „Бугарија глуми невиност за

Холокаустот“,38 „ЕКСКЛУЗИВНО: Писмо од амерканските Евреи за улогата на

Бугарија во Холокаустот - бугарската влада ги плати возните билети во еден

правец за македонските Евреи“39, во кои стана збор за реакцијата на Музејот на

Холокаустот во Вашингтон против предлогот, еден плоштад во Вашингтон да го носи

името на бугарскиот министер за правда, Димитар Пешев, како заслужен спасител на

Евреите од Бугарија.

2. Компарација на состојбата меѓу Македонија и Бугарија за да се прикаже

дека иако Бугарија е во ЕУ, животот и стандардот не се ништо подобри од

оние во Македонија.

Во периодот опфатен со анализата, забележителна е зачестеноста на теми кои

прават директна или индиректна компарација на состојбите во различни области во

Македонија и Бугарија. Она што е посебно интересно за ваквиот дискурс е што се

насетува дека целта на овие споредби кои речиси секогаш завршуваат како напади

или критики кон Бугарија, индиректно се насочени кон застапниците на ЕУ-агендата во

Македонија и поддржувачите на забрзаната европска интеграција на државата. Во таа

смисла, темите кои доминираат го конструираат дискурсот во насока на прикажување

на Бугарија и Романија како држави од втор ред во ЕУ, нагласување на тенденцијата

за иселување од државата, зголемената сиромаштија, а сѐ со цел да се нагласи дека

38

Утрински весник, 09.05.2013. 39

Вечер, 09.05.2013.

Простуваме, но не забораваме / Евреите бараат Бугарија да преземе одговорност

(Вести 24, 11.03.2013);

Црн ден за Евреите и срамен ден за Бугарите кои ги депортираа (Алфа, 11.03.2013);

Седум децении од нацистичкиот злочин во Скопје... Тргнала тажна композиција кон

логорот на смртта во Треблинка. Горан Момировски разговара со директорот на

Меморијалниот центар на холокаустот. Заминаа во смрт, германските и бугарските

војници ги уапсиле сите Евреи... Коментар на новинарот: „За жал. не сите се

согласуваат со историјата како што ја познаваат Евреите. Бугарското собрание

донесе декларација во која делумно признава дека е направена грешка, но вели

дека не е бугарска“ (Канал 5, 11.03.2013);

Пред депортацијата Скопје било блокирано од бугарската војска. Луѓето биле

малтретирани од бугарската војска (МТВ, 11.03.2013).

Page 20: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

19

„ЕУ не е решение за проблемите“ и дека ниски демократски стандарди и

недемократски избори се можни и во (квази)демократски држави, членки на ЕУ. Во

продолжение ги пренесуваме најмаркантните објави и нивните клучни пораки.

Медиум и датум на

објавување

Клучни пораки

Утрински весник, 18.03.2013

Британците против Романците и Бугарите – 120.000 Британци потпишале петиција во која барале да се направи да се спречи масовна имиграција.

Утрински весник, 26.03.2013

Каде отидоа парите од ЕУ за Ромите во Бугарија?

Дневник, 30.05.2013

Странски дипломи проверувани со графолог од МВР, Бугарија многу порано од нас доби приватни универзитети, па многу наши граѓани се одлучија таму полесно и побргу да дојдат до диплома, вели професорот Зоран Поповски и додава дека и јазикот и близината на соседите Бугарија и Косово се главните причини зошто наши граѓани најчесто одат таму. [Наш коментар: Тоа би требало да имплицира дека не постои веројатноста студенти од Македонија да одат во Бугарија заради стекнување поквалитетно образование туку дека образовната миграција се должи исклучиво на тоа дека полесно се завршуваат факултетите и блиски ни се јазиците на кои се учи.]

Дневник, 16.04.2013

Македонија со помалку полицајци од Грција и Бугарија, а исто со Словенија.

Утрински весник, 26.04.2013

Бугарите се радикализираат? Анализа за поддршката на радикалната националистичка партија АТАКА во пресрет на парламентарните избори во Бугарија.

Вечер, 26.04.2013

„Големиот брат“ ја демне Бугарија, а на ЕУ уво не и чуе... Дали за оваа тема ќе се дебатира во Европарламентот нема некое посебно значење. [Наш коментар: На овој начин се имплицираат двојни стандарди во ЕУ за демократските вредности кон Бугарија и кон државите кандидатки, т.е. Македонија. Ваквите претставувања повеќе наликуваат на барање алиби за состојбата во Македонија отколку на укор за принципиелноста на ЕУ.]

Нова Македонија, 09.05.2013

Никако да го добијат своето место во ЕУ – БУГАРИЈА И РОМАНИЈА ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОД ВТОР РЕД... Членството во ЕУ не обезбеди билет во еден правец кон демократска стабилност, економски пораст и поголеми можности за сите... Како целина сметам дека Бугарите и Романците имаат корист од членството, но сѐ уште имаат сериозен демократски дефицит... Романците и Бугарите повеќе би требало да бидат разочарани од нивните лидери отколку од европските институции... Имаат мало влијание врз големите одлуки (на пример добиле само трошки од новиот седумгодишен буџет на ЕУ)... Секогаш ја носиме етикетата дека сме Бугари и Романци. Европските дипломати често тивко го поставуваат прашањето дали воопшто беше паметно на двете земји да им се дозволи членството во Унијата.

Канал 5, 09.05.2013

Над три милиони Бугари и Романци ги напуштиле своите држави во потрага по подобар живот. Сонот за влез во ЕУ се претвори во вистински кошмар 6 години подоцна... напуштени се институциите, особено здравствените без основен неопходен кадар... изолираност и статус на граѓани на ЕУ од втор ред... (70% од родителите ги стимулираат децата да ја напуштат државата).... треба да се погневни на своите лидери отколку на европските институции.

Дневник, 17.05.2013

Кризата ги зголеми непријавените готовински плаќања – Бугарија е прва по сива економија во ЕУ.

Дневник, 27.05.2013

Европско истражување – Бугарија лидер во ЕУ по сива економија, Македонија зад неа.

Алфа, Се анализира можноста гласачите од Македонија со бугарски пасоши да

Page 21: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

20

05.04.2013 Алфа, 18.04.2013 24 Вести, 23.04.2013 24 Вести, 11.05.2013

влијаат пресудно врз рамнотежата во гласовите, особено доколку нивните гласови станат предмет на бизнис-зделки – цитирана објава во „Стандард“... сепак експертите (Владимир Перев) велат дека нема никакви знаци дека бугарските власти ги мобилизираат „Бугарите од Македонија“ со никакви организирани тури, и предвидуваат дека ќе има само општ повик до сите бугарски државјани да гласаат. Бугарите сѐ уште се плашат од македонски воз на нивните избори. Само во Благоевград има 14.000 Македонци со право на глас со добиено државјанство, но тамошниот кмет укажува дека за претседателските избори никој од тие лица не дошол да гласа. „Пустец“ и во Софија – Александар Николовски како набљудувач на изборите тврди дека Македонците нема да учествуваат на изборите и тоа се само шпекулации на бугарските медиуми.

Дневник, 13.05.2013 Дневник, 14.05.2013 Нова Македонија, 14.05.2013

Како се станува член на ЕУ – НОВА ЛЕКЦИЈА ОД БУГАРИЈА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИЗБОРИ. Тамошните медиуми и гласачите стравуваат дека овој грандиозен скандал во најсиромашната членка на ЕУ само дополнително ќе ја усложни и онака комплицираната ситуација во која се наоѓа земјата: сиромаштија, ниско ниво на демократија и корупција... Бугарската полиција заплени 350.000 лажни гласачки ливчиња во печатницата во Костинброд... Според аналитичарот и професор Петар Емил Митев, демократијата во Бугарија е под прашалник затоа што во земјата се покажаа автократски тенденции. Бугарскиот воз полн со фалсификати (колумна на Христо Ивановски). Кампањата беше одбележана со протести, жестока реторика, скандали со прислушување, лажни гласачки ливчиња и купување гласови, со што е јасно дека нашиот сосед, иако е член на НАТО и ЕУ, има сериозни проблеми со демократијата. Брисел ги критикува кандидатките, а за членките молчи – БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ ГИ ДОКАЖУВААТ СОМНИТЕЛНИТЕ КРИТЕРИУМИ НА ЕУ... Аналитичарите сметаат дека скандалозните избори не се само срам за Бугарија тука и за целата ЕУ, како и дека ги потврдуваат двојните европски аршини и непринципиелните услови за членство, штом една членка покажува дека ни оддалеку не го исполнила тоа што се бара од кандидатките... Поднаслов – ЕУ НЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА ДОМАШНИТЕ ПРОБЛЕМИ – Очигледно дека работите внатре во Унијата не се такви какви што таа се обидува да ги претстави надвор... Кога станува збор за прием на нови членки Унијата се обидува да се претстави во најдобро светло, како место во кое сѐ беспрекорно функционира и се исполнети највисоките стандарди – Тања Каракамишева... Според Јове Кекеновски, со ова уште еднаш се покажува хипокризијата и двојните аршини на ЕУ! – Кај себе не си ги гледа недостатоците и нерегуларностите, но постојано ги бара кај други, дури и ако ги нема, а особена кај земјите што сакаат да се зачленат во ЕУ... Наместо да бидат солидарни тие треба остро да реагираат кон Бугарија зашто солидарноста треба да се користи за позитивни цели, а не за нешто што му наштетува на угледот на ЕУ – Каракамишева. Таа оди и чекор подалеку и предлага да се воведе механизам за преиспитување на членството на една држава доколку се утврди дека не е на потребното ниво. Лисабонскиот договор требаше да содржи таков инструмент.

Коментар во Нова Македонија, 14.05.2013

Наслов: Бугарскиот воз ја гази ЕУ... Пировата победа на Борисов е пораз за Бугарите, но и пораз за Брисел, кој декларативно е ревносен кога станува збор за почитувањето на народната волја и кој очигледно сака демократија во овој дел на Европа... Деновиве, првите луѓе на македонската дипломатија придружувани од евроамбасадорот Орав и други амбасадори од земји членки го почнаа карванот низ селата во Македонија, чија цел е на жителите да им ја доближи ЕУ. Што ли ќе им раскаже бугарскиот амбасадор

Page 22: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

21

Дневник 21.05.2013

на македонските граѓани, како се организираат демократски избори во Унијата?... Но не треба да се радуваме на туѓата несреќа, особено не на нашиот сосед, кому „козата“ одамна му е умрена и никако ЕУ да ја реанимира...Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО ја нема поддршката на соседите, кои, ако се остави настрана нивниот проблем со нашиот идентитет, и не можат да помогнат и да сакаат. Финансиски и морално банкротирани не можат да дадат некоја позначителна поддршка. Едноставно се лоша, стара вест, за соседите и за европското семејство... Ако економските бројки се фалсификуваа за Атина да стане дел од еврозоната, што се фалсификуваше за Софија да ги исполнува демократските стандарди за членство. Угледот на Брисел повторно се доведува во прашање. Изборни фалсификати – Во Бугарија пресуда за една недела, во Македонија се чека 2 години. Првите пресуди за „купување гласови“ на изборите во Бугарија што се одржаа на 12 мај паднаа во петокот. Во Македонија за трите случаи на очигледен изборен фалсификат во Куманово, во Чаир и во Струга и по два месеца нема ни обвинение. [Наш коментар: Ова е единствен текст каде во контекст на изборните нерегуларности во Бугарија, нејзиниот државен систем е пофален за ефикасноста во судството].

3. Позитивни примери на известување

Во почетокот на периодот опфатен со мониторингот, медиумите ја најавија

посетата на Борисов, бугарскиот премиер, во Скопје. Медиумите коментираа дека цел

на посетата, која инаку се држеше во тајност, е да се разговара за релациите што се

наметнаа како услов за евроатлантскиот пат на Македонија.40 Медиумите потсетија

дека станува збор за прва средба по онаа од 2009 година во Софија, која се изјалови

поради бугарското барање во договорот да се вклучат правата на бугарското

малцинство.41 Сите медиуми ја пренесоа изјавата на Борисов дадена за бугарска

телевизија во која тој го коментираше телефонскиот разговор со Груевски: „Јас му

кажав на колегата, дојди да разговараме малку. На никого не одговара да не бидеме

во најдобри односи, не само во добри, туку во најдобрите возможни односи. Тој рече

да, но што ќе кажат медиумите, а јас му реков ти само кажи кога, покани ме, ќе

дојдам, ќе седнеме и ќе си разговараме. Едноставно треба да им покажеме на

луѓето во Бугарија и во Македонија, па ние први ве признавме. Нема ништо тајно.

Едноставно му реков дека ќе дојдам да се видиме, да вечераме, да поразговараме,

заедно со министерот за надворешни. Да нема посебни почести и помпезности,

едноставно да седнеме како пријатели, како луѓе и да разговараме за работата на

комисиите. Мислам дека тоа е добар гест“.42

По средбата, медиумите нагласија дека „односите биле унапредени“43, дека

„мразот се топел“ и дека се договарале големи инфраструктурни проекти,44 а

пренесен беше и коментарот на министерот за надворешни, Попоски: „Многу битно за

добрососедството се гестовите, многу побитно од тоа што сте ставиле на

хартија. Само со взаемно почитување можеме да имаме некаков плус од

потпишување на некаков договор“.45 Пренесено беше и уверувањето на Попоски дека

посетата не е ненадејна, туку дека е одраз на постојан дијалог.46 Други медиуми ги

40

Алфа, 15.02.2013. 41

Сител, 16.02.2013. 42

Вести 24, 16.02.2013. 43

Дневник, 18.02.2013. 44

Вечер / Нова Македонија, 18.02.2013. 45

Вести 24, 18.02.2013. 46

Дневник, 19.02.2013.

Page 23: МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА: ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ?nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/05/МО-4-мак.pdf2 i Вовед НВО Инфоцентарот,

22

пренесоа изјавите на бугарскиот министер за надворешни работи дека Бугарија нема

да ја следи Грција во блокадите на Македонија и констатираа дека тој „омекнал“.47

Новинарите го забележаа малиот интерес на грчките медиуми за средбата и тоа го

протолкуваа како доказ дека за нив Македонија е интересна тема само кога можат да

ја нападнат.48 Критичките медиумски коментатори иронично го коментираа

променетиот тон на македонската влада: „Ноќни добрососедски односи“ и „Обаче

идеално“.49

Медиумите информираа за собранието на македонско-бугарската стопанска комора

кое се одржа под мотото „Бизнис без граници“.50 Медиумите пренесоа дека

бизнисмените се пожалиле на лошата инфраструктура и потсетија дека, и покрај тоа,

Бугарија е четвртиот најголем трговски партнер на Македонија.51 Пренесено беше и

ветувањето на министерот Јанакиески дека Коридорот 8 целосно ќе профункционира

во 2022 година.52

Сите медиуми информираа за фестивалот посветен на балканската проза „Про - За

Балкан“, на кој учествуваа бугарски автори, и коментираа дека „полека се отвара

балканскиот книжевен простор“.53

Медиумски интерес предизвика и прекуграничната соработка, односно проектот

„Бизнисот нема граници“, во рамките на програмата за прекугранична соработка на

ИПА.54 Новинарите ја коментираа средбата меѓу претседателите на МАНУ и БАНУ,

при што за бугарскиот претседател Воденичаров констатираа дека има поблаги

ставови во однос на Македонија.55 Беа објавени информации и за уште еден ИПА-

проект, за македонско-бугарската соработка во образованието,56 како и за низа други

културни настани во двете земји.57

47

Канал 5, 18.02.2013. 48

Сител, 18.02.2013. 49

Фокус, 18.02.2013. 50

Дневник, 27.03.2013. 51

Алсат, 27.03.2013. 52

Вести 24, 27.03.2013. 53

Дневник / Фокус / Нова Македонија / Утрински, 06.03.2013. 54

Дневник, 23.04.2013. 55

Дневник, 30.04.2013. 56

Дневник, 10.05.2013. 57

Дневник, 17.05.2013 / Дневник, 18.05.2013 / МТВ1, 19.05.2013 / Дневник, 21.05.2013 / МТВ1, 30.05.2013.