23
ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР ВОДИЧ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕКСТЕРНИОТ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА 2011 Скопје, 2011 година

UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР

ВОДИЧ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА

ЕКСТЕРНИОТ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА 2011

Скопје, 2011 година

Page 2: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

1

Овој документ е наменет за училишните матурски комисии. Како помагало ќе Ви биде од голема помош при подготвувањето и спроведувањето на испитите од државната матура во Вашето училиште. Во него се дадени сите упатства за подготвување и спроведување на испитите од државната матура. Сите информации во врска со државната матура кои се од интерес за учениците: датумот на испитите, времето за започнување на испитите, распоредот на кандидатите по испитни простории, потребните документи за идентификација на кандидатие и др. училишната матурска комисија треба да ги објави во писмена форма на јавно место, односно на училишната огласна табла.

Државен испитен центар

ОПШТА ИНФОРМАЦИЈА

Со Концепцијата за матура и за завршен испит во средно образование со четригодишно траење во Република Македонија се воведуваат екстерни (централизирани) испити кои се во функција на контрола и подобрување на квалитетот на образованието.

Page 3: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

2

Државната матура за учениците во гимназиското образование се состои од: екстерен дел

еден задолжителен наставен предмет – македонски јазик и литература, албански јазик и литература или турски јазик и литература;

еден изборен наставен предмет – странски јазик (англиски јазик или француски јазик или, германски јазик или руски јазик) или математика (основно или напредно ниво) и интерен дел:

два изборни наставни предмети од Листата на наставни предмети за полагање на државна матура во гимназиското образование и

проектна задача

Државната матура за учениците во средното стручно образование се состои од: екстерен дел

еден задолжителен наставен предмет – македонски јазик и литература, албански јазик и литература или турски јазик и литература;

еден изборен наставен предмет – странски јазик (англиски јазик или француски јазик или, германски јазик или руски јазик) или математика (основно или напредно ниво) и интерен дел:

еден изборен општообразовен предмет од Листата наставни предмети за полагање на државна матура во стручното образование;

еден изборен стручен наставен предмет од Листата на наставни предмети за полагање на државна матура во стручното образование и

проектна задача

Државната матура за учениците во уметничкото образование се состои од: екстерен дел

еден задолжителен наставен предмет – македонски јазик и литература, албански јазик и литература или турски јазик и литература ;

еден изборен наставен предмет – странски јазик (англиски јазик или француски јазик или, германски јазик или руски јазик) или естетика/филозофија и интерен дел:

еден изборен општообразовен предмет од Листата на општообразовни наставни предмети за полагање на државна матура во средното уметничко образование;

еден изборен стручен наставен предмет од Листата на стручни наставни предмети за полагање на државна матура во средното уметничко образование и

проектна задача

СОСТАВ НА УЧИЛИШНАТА МАТУРСКА КОМИСИЈА И НЕЈЗИНИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ

Согласно Правилникот за начинот на полагањето и оценувањето на резултатите на учениците на испитите во државната матура Училишната матурска комисија составена е од:

1. Претседател – по правило е директорот на училиштето. Негови задолженија се: - да формира Училишна матурска комисија според однапред утврдени критериуми; - да ги информира учениците и родителите за целта, значењето и правилата за спроведување на

државната матура; - да изврши верификација на списоците со кандидатите доставени од Државниот испитен центар

(ги проверува податоците со секретарот на УМК, при што ги потпишува конечните проверени податоци за кандидатите);

Page 4: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

3

- да достави пополнети пријави од тестаторите од неговото училиште, кои ќе бидат ангажирани во други училишта до ДИЦ;

- да обезбеди просторни и технички услови во училиштето според однапред утврдени критериуми и изврши нивна проверка пред почетокот на спроведувањето на испитите;

- да изврши нумерирање на места за седење на кандидатите во испитните простории; - да изврши прием и проверка на испитниот материјал и да го смести истиот на безбедно место; - да изврши идентификација и распоредување на тестаторите по испитни простории (според

списоци доставени од ДИЦ) и распоредување на резервните тестатори; - да го предаде испитниот материјал на тестаторите на денот на испитот; - да изврши замена на резервен тест; - да го прими испитниот материјал по завршување на испитот од тестаторите и да ги пополни сите

потребни формулари; - да го провери испитниот материјал при пакувањето и по завршувањето на испитот и да го

предаде на одговорно лице од ДИЦ; - да одговара за регуларноста на испитниот процес во училиштето за време на спроведување на

испитите од државната матура; - да изготви извештај за текот на спроведувањето на испитот и истиот да го достави до ДИЦ ; - да ги информира учениците за резултатите од спроведените испити; - да определи еден или повеќе членови од УМК кои ќе го вршат приемот на приговори од

кандидатите, зависно од бројот на пристигнати приговори; - да ги истакне прелиминарните и конечните резултати од спроведена државна матура, добиени

од ДИЦ, во рок утврден со Правилник.

2. Заменик-претседател – пожелно е да биде заменик-директорот на училиштето. Доколку во училиштето по функција не постои заменик директор, тогаш за заменик-претседател на УМК пожелно е да биде назначен некој од стручните соработници во училиштето (педагог, психолог, социолог).

3. Секретар – препорачливо е да биде лице кое владее добро со компјутерските вештини (наставник, педагог, психолог, социолог или секретар на училиштето). Негови главни задолженија се:

- да ги прибере пријавите од кандидатите за полагање на државната матура; - да ги внесе податоците од пријавите на кандидатите во базата на податоци на ДИЦ; - да достави податоци за испитните простории и податоци за членовите на УМК до ДИЦ; - да ги провери податоците за кандидатите доставени во писмена форма од ДИЦ и да изврши

верификација на податоците за пријавените кандидатите од базата на податоци на ДИЦ. - да ги извести учениците за резултатите од државната матура, согласно процедурите добиени од

ДИЦ Напомена: Доколку дојде до промена на составот на УМК, Претседателот на УМК е должен со писмена потврда да го извести ДИЦ

4. Членови – најмалку двајца членови кои можат да бидат наставници или стручни соработници од училиштето.

Заменик претседателот, секретарот и членовите на УМК ги именува директорот на училиштето по предлог на наставничкиот совет.

Доколку училиштето ја реализира наставата во неколку различни објекти на различни локации, или има паралелки од гимназиско и средно стручно образование, бројот на членовите на УМК може да биде зголемен.

Членови на УМК може да бидат само лица кои се во постојан работен однос во училиштето.

Page 5: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

4

Мандатот на УМК е една година со право на реизбор.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА

За полагање на државна матура (во јунскиот и во августовскиот испитен рок) кандидатот се пријавува со поднесување на пријава во училиштето во кое е запишан. Роковите за поднесување на пријави за двата испитни рока, утврдени се со Правилникот за начинот на полагањето и оценувањето на испитите од државната матура во гимназиското, средното стручно и уметничкото образование (во понатамошниот текст Правилник).

Пријавата за полагање на екстерниот дел од државната матура и Потврдата за пријавување на државна матура се изготвени од ДИЦ и тие се достапни на веб страната на Државниот испитен центар (www.matura.gov.mk).

Кандидатот пополнетата Пријава ја доставува до секретарот на УМК. Пријавите се заведуваат (под деловоднички број) и на кандидатот му издава Потврда за пријавување на државна матура (со ист деловоден број како и пријавата).

Податоците од пријавите на кандидатите секретарот на УМК ги внесува во базата на податоци на ДИЦ, во рокот утврден со Правилникот. ДИЦ му овозможува на секретарот на УМК пристап во базата на податоци. ДИЦ на секој секретар лично му ги доставува корисничките имиња и лозинка за пристап до базата на податоци за државната матура. Пријавување на вонредни кандидати УМК е должна сите вонредни ученици да ги извести да се пријават за државна матура до 31 декември во тековната учебна година, без разлика дали ќе полагаат во јунскиот или августовскиот испитен рок.

Пријавување на кандидати со посебни образовни потреби Кандидатите со посебни образовни потреби, задолжително се пријавуваат со ,,Пријава за кандидати со посебни потреби``, која е достапна на веб страната www.matura.gov.mk. При внесот во базата на податоци на ДИЦ, кандидатите со посебни образовни потреби треба да бидат внесени согласно упатствата добиени од ДИЦ.

Пријавување на кандидати кои од оправдани причини непријавиле државна матура Доколку кандидатот од оправдани причини не се пријавил навремено за полагање на државната матура има можност истата да ја пријави во училиштето најдоцна до 15 февруари за јунскиот испитен рок и еден ден по завршувањето на пријавувањето за августовскиот испитен рок. Во тој случај УМК е должна заедно со верификуваните списоци од кандидатите, за секој ненавремено пријавен кандидат до ДИЦ да достави: фотокопија од заверена пријава од ненавремено пријавениот кандидат; лекарски потврди, документи за оправдано отсуство и сл. и пропратно писмо со објаснување од УМК.

ВЕРИФИКАЦИЈА НА ЛИСТИТЕ НА ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА

ДИЦ во рокот утврден со Правилникот ги доставува листите на пријавени кандидати во печатена форма до училиштата на верификација (повторна проверка).

Page 6: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

5

УМК ги проверуваат листите на пријавени кандидати, корекциите и дополнувањата ги забележатат во самите листи.

При верификацијата Училишните матурски комисии се должни повторно да ги проверат податоците за пријавените кандидати (промена на предмет, корекција на наставниот јазик на кој кандидатот ја следи наставата, проверка на датум на раѓање, печатна грешка во податоците, отстранување на двојно внесени кандидати и сл.). Проверката се врши така што податоците од оригиналните пријави се споредуваат со податоците од верификуваните списоци на пријавени кандидати.

Секој кандидат е должен лично да ги види своите податоци наведени во Листата на пријавени кандидати и да се потпише во истата во местото предвидено за тоа. Со тоа кандидатот ја потврдува точноста на податоците.

По проверката претседателот на УМК става печат и ги потпишува листите, со што потврдува дека листите се проверени и се конечни. Согласно роковите утврдени со Правилникот, листите се праќаат во ДИЦ, каде што евентуалните корекции и дополнувања се внесуваат во базата на податоци, а примерокот од листите на пријавени кандидати добиен од училиштата се чува во архивата на ДИЦ како доказ.

Конечните листи на пријавени кандидати повторно се доставуваат до училиштата во писмена форма, а УМК ги истакнуваат на видно место во училиштето (огласна табла), како истите би биле

достапни за кандидатите.

НАЗНАЧУВАЊЕ НА ТЕСТАТОРИ И НИВНА ОБУКА

ДИЦ го определува конечниот број на тестатори по училишта.

ДИЦ доставува писмено известување – Формулар за назначување на тестатори до УМК во кои е наведен потребниот број на тестатори кои треба да бидат назначени од нивното училиште, а ќе бидат распоредени во други училишта.

УМК, на нивно знаење и со нивна согласност назначува тестатори за спроведување на екстерниот дел од државната матура.

Назначените тестатори се должни да ги пополнат следните документи:

1. Пријава за тестатор (достапна на веб страната на ДИЦ – www.matura.gov.mk) 2. Изјава на тестатор (достапна на веб страната на ДИЦ – www.matura.gov.mk) Формуларот за назначување на тестатори го пополнува УМК. На Формуларот за назначување на тестатори треба да бидат потпишани сите членови на УМК.

Сите горенаведени документи мора да бидат заверени од страна на училиштето, да имаат официјален печат од училиштето .

Конечниот распоред на тестатори по училишта и по испитни простории го изготвува ДИЦ.

ДИЦ за сите тестатори подготвува решенија и договори, со кој се регулирани нивните обврски, нивниот статус, евентуалните казнени мерки и висината на нивниот авторски надоместок. Договорите и решенијата тестаторите ги добиваат на денот на нивната обука. Обуката на тестаторите ја спроведува ДИЦ во соработка со надворешни соработници.

Page 7: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

6

Државниот испитен центар најдоцна до 15 мај 2011 година е задолжен, писмено да ги извести УМК за прифаќањето или одбивањето на листа на тестатори , односно кои лица ќе бидат ангажирани за тестатори.

ДИЦ го задржува правото да не ги прифати оние лица за тестаторите кои не ги исполнуваат критериумите за назначување на тестатор или ги прекршиле испитните процедури при нивните предходни ангажмани.

Секоја Пријава за тестатор содржи СТРОГО ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ (ЕМБГ, бр. на трансакциона сметка, и останати лични податоци на тестаторите). За таа цел Ве молиме Формуларот за назначување на тестатори сите Пријави за тестатори и сите Изјави од тестатори да ги доставите до ДИЦ по Брза пошта

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ТЕСТАТОРИ

Тестаторот ги спроведува екстерните писмени испити од државната матура. За тестатор може да биде избран наставник или стручен соработник (училишен педагог, училишен психолог и сл.) од основно или од средно училиште, кој е во постојан работен однос.

Тестаторот не смее да спроведува испити во училиштето во кое изведува настава. Tестаторот не смее да спроведува испит по наставен предмет по коj ја изведува настава. Тестаторот мора да е од истиот град во кој се наоѓа средното училиште во кое се

спроведуваат испитите од државната матура. Тестаторoт не може да биде лице против кого се води судска или дисциплинска постапка. Доколку тестаторот има близок роднина - кандидат за полагање на државна матура во IV

година, во училиштето во кое е назначен да го спроведе испитот, тој е должен да го извести ДИЦ или локалниот координатор одговорен за тоа училиштетo. Во таков случај ДИЦ или локалниот координатор е должен да побара од УМК да назначи друг тестатор на негово место.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ИСПИТНИОТ МАТЕРИЈАЛ И ПРОВЕРКА НА СОДРЖИНАТА НА ПРАТКАТА

Државниот испитен центар, еден ден пред почетокот на испитот по одреден предмет (најдоцна до 13 часот) го доставува испитниот материјал преку овластено лице од ДИЦ.

Испитниот материјал кој е спакуван во кутии го прима претседателот на УМК во присуство на мнозинство членови на УМК. Потоа претседателот на УМК ги брои кутиите и проверува да не се оштетени или отворени.

При примопредавањето на испитниот материјал, претседателот на УМК потпишува дека примил соодветен број на кутии со испитен материјал во Формуларот за примопредавање на испитниот материјал (ФПИМ 1), кој се наоѓа залепен на една од кутиите.

Потоа, претседателот заедно со останатите членови на УМК во присуство на одговорно лице од ДИЦ ги отвораат кутиите и ги бројат вреќичките со тестови и ковертите со формулари од секоја кутија. Проверката на содржината на испитниот материјал во кутиите се прави на тој начин што се споредуваат шифрите на вреќичките со тестови и ковертите со формулари со шифрите во Формуларот за примопредавање на испитниот материјал (ФПИМ 1 - точка 2 ). Доколку шифрата на вреќичката и шифрата на ковертот е иста со шифрата во формуларот за

Page 8: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

7

примопредавање на испитниот материјал (ФПИМ 1), на соодветното место во тој формулар претседателот на УМК го запишува знакот ,,X”.

Училишната матурска комисија НЕ СМЕЕ ДА ГИ ОТВОРА вреќичките со тестови и ковертите со формулари. Нив ги отвора тестаторoт на денот на испитот пред кандидатите.

Шифрата на вреќичката со тестови и шифрата на ковертот со формулари е идентична и е осумцифрен број. На предната страна на вреќичката со тестови и ковертот со формулари е назначен и бројот на испитната просторија за кои се наменети. Во кутијата на која е залепен Формуларот за примопредавање на испитниот материјал (ФПИМ 1) се спакувани следните материјали наменети за УМК:

1. КОВЕРТ СО НАЗНАКА ,,Материјали за училишната матурска комисија – отворете веднаш,, во кој се спакувани

Формулар за доставен испитен материјал (ФДИМ).

Училишната матурска комисија по извршената проверка на испитниот материјал (содржината на кутиите) , заедно со одговорното лице од ДИЦ го пополнуваат Формуларот за доставен испитен материјал - ФДИМ. УМК и одговорното лице од ДИЦ, по пополнувањето на Формуларот за доставен испитен материјал - ФДИМ истиот го праќаат по факс до ДИЦ, а оригиналот го задржува овластеното лице од ДИЦ. Доколку се констатира недостаток на дел од испитниот материјал тоа се забележува во Формуларот за доставен испитен материјал (ФДИМ), кој веднаш се праќа по факс во ДИЦ. ДИЦ веднаш по добиената информација е должен во најкус можен рок преку овластено лице да го достави материјалот што недостасува. Ако, пак, има вишок од испитен материјал, претседателот на УМК на предната страна на вреќичката или ковертот запишува ,,вишок” . Вишокот на испитен материјал веднаш го зема одговорното лице од ДИЦ.

Секое од наведените отстапувања, УМК е должна да ги забележи во Формуларот за доставен испитен материјал (ФДИМ).

2. КОВЕРТ СО НАЗНАКА ,,Материјали за училишната матурска комисија – отворете на денот на испитот”, кој содржи:

- формулар за примопредавање на испитен материјал на денот на испитот (ФПИМ 2); - распоред на тестатори по испитните простории; - распоред на пријавени кандидати по испитни простории

Ковертот со назнака ,,Материјали за училишната матурска комисија – отворете на денот на испитот,, УМК го отвора 90 минути пред почетокот на испитите, во присуство на набљудувачот.

3. ВРЕЌИЧКИ СО НАЗНАКА ,,РЕЗЕРВЕН ТЕСТ``.

Секој резервен тест е спакуван во посебна вреќичка. По приемот и проверката на целокупниот испитен материјал, претседателот на УМК го сместува во сеф (метална каса) и го заклучува.

Испитниот материјал е службена тајна, означен како испитна тајна – строго доверливо.

ЧУВАЊЕ НА ИСПИТНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО УЧИЛИШТЕТО

Page 9: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

8

Во училиштето испитниот материјал се чува заклучен во сеф (метална каса), во просторија која може да се заклучи. При отвoрањето на сефот по правило треба да бидат присутни сите членови на УМК или најмалку две третини од нејзиниот состав. Доколку членовите на УМК и другите на кои им е достапен испитниот материјал ги прекршат правилата за чување на испитната тајна, одговараат дисциплински, материјално и казнено во склад со прописите кои ја уредуваат таа одговорност.

УРЕДУВАЊЕ НА ИСПИТНИ ПРОСТОРИИ

Екстерниот дел од Државната матура кандидатите оваа учебна година ќе го полагаат во испитни простории (училници). УМК треба да ги извести кандидатите за местото, датумот и времето на спроведување на испитите од државната матура. Уредувањето на испитните простории е обврска на УМК, при што треба да ги почитува следните критериуми пропишани од ДИЦ:

Нумерирањето на испитните простории УМК го врши согласно Распоред на пријавени кандидати по испитни простории.

Секој кандидат е предвидено да има свое место за седење (клупа и столче). Растојанието меѓу кандидатите (клупите) мора да биде најмалку 1,5 метри. Сите клупи треба да

бидат свртени во иста насока. Во секоја испитна просторија мора да биде предвидена и една клупа за тестаторот, на која тој ќе

може да го смести испитниот материјал и една клупа предвидена за оставање на личните предмети на кандидатите

Секое место за седење на кандидатот треба да биде точно нумерирано, согласно Распоредот на пријавени кандидати по испитни простории.

Нумерирањето на местата за седење на кандидатите во испитните простории за првиот и вториот испит е различно (согласно Распоредите на пријавени кандидати по испитни простории).

Од испитната просторија треба да бидат отстранети сите нагледни средства.

Пред секоја испитна просторија треба да бидат истакнати Правила за полагање на екстерните испити. Правилата за полагање на испитите се достапни на веб страната на Државниот испитен центар (www.matura.gov.mk).

Испитните простории мора да бидат уредени и заклучени најмалку дванаесет часа пред почетокот на испитот.

ПОДГОТОВКА НА ИСПИТНИТЕ ПРОСТОРИИ

Три дена пред спроведувањето на испитите ДИЦ по Брза пошта на УМК и доставува:

1. СПИСОК НА ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ ПО ИСПИТНИ ПРОСТОРИИ. 2. РАСПОРЕД НА КАНДИДАТИ ПО ИСПИТНИ ПРОСТОРИИ. 3. ПРАВИЛА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЕКСТЕРНИТЕ ИСПИТИ.

1. Список на пријавени кандидати по испитни простории Списокот на пријавени кандидати по испитни простории е список на сите пријавени кандидати од училиштето по азбучен ред. Во списокот, покрај личните податоци на секој

Page 10: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

9

кандидат (име и презиме, датум на раѓање и избран предмет) е наведена и испитната просторија во кој е распореден секој кандидат.

Прилог 1: Список на пријавени кандидати по испитни простории

УМК е должна да го истакне Списокот на пријавени кандидати по испитни простории на видно место во училиштето (влезна врата, огласна табла и сл.) со цел да им биде достапен на кандидатите.

Списокот на пријавени ќе им помогне на кандидатите навремено да дознаат во која испитна просторија ќе бидат распоредени на денот на испитот.

Page 11: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

10

2. Распоредот на пријавени кандидатите по испитни простории Врз основа на Распоредот на пријавени кандидати по испитни простории УМК ги подготвува испитните простории и врши нумерирање на местата на седење во секоја испитна просторија.

Прилог 2: Распоред на пријавени кандидати по испитни простории

3. Правила за полагање на екстерните испити.

УМК е должна да ги истакне Правила за полагање на екстерните испити на видно место во училиштето. Правилата ќе бидат објавени на веб страната на ДИЦ (www.matura.gov.mk). Еден ден пред почетокот на испитите Правилата за полагање на екстерните испити треба да бидат истакнати и пред секоја испитна просторија.

НУМЕРИРАЊЕ НА МЕСТА ЗА СЕДЕЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ВО ИСПИТНИ ПРОСТОРИИ

УМК треба да ги истакне Распоредите на пријавени кандидати по испитни простории пред секоја испитна просторија.

Распоредите на кандидати по испитни простории ќе ви помогнат да: ги нумерирате испитните

простории; ги нумерирате местата за

седење на кандидатите во сите

испитни простории;

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

По

дато

ци

за д

атум

на р

аѓа

ње н

а к

ан

ди

дати

те

Page 12: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

11

Нумерирањето на местата за седење на кандидатите во испитните простории се врши исклучиво според Распоредите на пријавени кандидати по испитни простории

Бројот на местата за седење на кандидатите во секоја испитна просторија може да биде различен. Во една испитна просторија може да има најмалку 1, а најмногу 15 кандидати.

При нумерирањето на местата за седење УМК треба да внимава, првото место за седење предвидено за кандидатот да започнува со реден број 1, а последното место за седење на кандидатот во испитнaта просторија да завршува со последниот реден број наведен во Распоредот на пријавени кандидати по испитни простории

Прилог 3: Нумерирање на места за седење на кандидати во испитна просторија со 10 кандидати

ДОСТАВУВАЊЕ НА ИСПИТЕНИОТ МАТЕРИЈАЛ НА ТЕСТАТОРИТЕ НА ДЕНОТ НА ИСПИТОТ

На денот на испитот, 90 минути пред почетокот на испитот, претседателот на УМК, заедно со секретарот и останатите членови, ГО ОТВАРА КОВЕРТОТ СО НАЗНАКА ,,Материјали за училишната матурска комисија – отворете на денот на испитот”. Доколку испитите се спроведуваат во друг објект, УМК е должна кутиите со испитниот материјал од училиштето безбедно да ги пренесе до соодветниот објект. При транспортот на кутиите со испитен материјал од училиштето во друг објект УМК ќе биде придружувана од страна на набљудувачот задолжен за соодветниот објект.

Потоа УМК, го вади Распоредот на тестатори по испитни простории, ги прозива присутните тестатори и врши нивна идентификација, врз основа на документ за лична идентификација.

Напомена за УМК:

Нумерирањето на местата за седење се изведува така што на секоја клупа се означува со редниот број на местото за седење (види прилог 3) согласно Распоредот на кандидати по испитни простории, кој УМК го добива 3 дена пред испитите.

1 2

3 4

5

6 7

8

9

10

Клупа за

тестатор

Клупа за лични

предмети на кандидатите

Page 13: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

12

Доколку некој од тестаторите е отсутен, претседателот на УМК обезбедува замена од резервните тестатори и тоа го забележува во самиот распоред.

По извршената идентификација, УМК на секој тестатор му го предава соодветниот испитен материјал, при што тестаторот се потпишува во Формуларот за примопредавање на испитен материјал на денот на испитот (ФПИМ2) Тестатор треба да добие: една вреќичка со тестови и листи за одговори

еден коверт со формулари

Слика 1 Изглед на испитниот материјал

Вреќичка со тестови и коверт со формулари

Слика 2: Содржина на вреќички со испитен

материјал (тестови и резервна вреќичка за

препакување на испитниот материјал и коверт со

ливчиња со задачите од писменито дел од испитот

– мајчини и странски јазици)

Претседателот на УМК и тестаторoт при примопредавањето на испитниот материјал потпишуваaт Формулар за примопредавање на испитниот материјал на денот на испитот (ФПИМ 2), при што тестаторот се обврзува безбедно да го пренесе испитниот материјал до испитната просторија, да го спроведe испитот според Упатството за тестаторот и безбедно да го врати испитниот материјал да претседателот на УМК.

Веднаш по завршувањето на испитот тестаторот во присуство на најмалку двајца кандидати го пакуваат испитниот материјал. Во вреќичката за враќање на испитниот материјал ги става употребените тестовите, заедно со листите за одговори, непополнетите (празни) тестови, формуларот за идентификација на кандидатите – ПРОТОКОЛ (ФИКП). Во ковертот тестаторот треба да ги спакуваат: формуларот за спроведување на испитот (ФСИ) и формуларот за замена на тест (ФЗТ) и неискористените лепенки со бар кодови

При примопредавање на испитниот материјал тестаторoт и претседателот на УМК се потпишуваат во Формуларот за примопредавање на испитниот материјал на денот на испитот (ФПИМ 2).

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КАНДИДАТИТЕ ВО ВРСКА СО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЕКСТЕРНИТЕ ИСПИТИ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА

Кандидатите задолжително треба да носат документ за лична идентификација со ЕМБ и фотографија (лична карта, пасош, ученичка книшка).

Page 14: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

13

Кандидатите да имаат прибор за пишување (пенкало кое пишува сино) и дозволени помагала кои се пропишани со испитната програма.

Кандидатите задолжително треба да ги остават сите лични работи на ташни, мобилни телефони, органајзери, електронски уреди и сл. на предвиденото место во испитната просторија.

ПРОЗИВКА, ЛЕГИТИМИРАЊЕ И РАСПОРЕДУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ПО ИСПИТНИ ПРОСТОРИИ

Кандидатите треба да бидат пред испитната просторија во која ќе го полагаат испитот 15 минути пред почетокот на испитот .

Точно во 10.00 часот, тестаторот пред испитната просторија почнува да ги прозива кандидатите.

Откако ќе го прочита името на кандидатот, тестаторот го проверува неговиот документ за

идентификација (лична карта, пасош, ученичка легитимација) и му го посочува местото за седење.

ПРОЦЕДУРИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ

Процедура за идентификација на кандидати кои заборавиле да понесат документ за лична идентификација

На кандидатите кои на денот на испитот заборавиле да понесат документ за идентификација им се овозможува да го полагаат испитот. Во таквите случаи тестаторот го информира резервниот тестатор, а тој го известува претседателот на УМК . Претседателот на УМК стапува во контакт со родителите (старателите) на кандидатот со барање потребниот документ да го достават најдоцна 30 минути пред завршетокот на испитот. Во спротивно испитот на кандидатот не му се признава.

Процедура за замена на резервен тест

Резервните тестови се чуваат во сеф и пристап до нив има само претседателот на УМК. Во случај на потреба од резервен тест, тестаторот го информира резервниот тестатор дека има потреба од резервен тест (по определен предмет на определен наставен јазик). Резервниот тестатор го информира претседателот на УМК дека во соодветна испитна просторија има потреба од резервен тест. Претседателот на УМК лично доставува резервен тест до соодветната испитна просторија, при што заедно со тестаторот се потпишуваат во формуларот за замена на тест (ФЗТ).

НАДГЛЕДУВАЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЕКСТЕРНИТЕ ИСПИТИ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА

Процесот на спроведување на екстерните испитите во секое училиште ќе биде надгледуван од страна на овластено лице назначено од страна на Државниот испитен центар. Набљудувач може да биде лице од Државниот испитен центар или друга образовна институција. Надгледувачите ќе имаат овластувања и задолженија да:

извршат проверка на сите испитни простории во училиштето; го надгледуваат примопредавањето на испитниот материјал на денот на испитите меѓу

Претседателот на Училишната матурска комисија и тестаторите; го надгледуваат спроведувањето на испитите; ги санкционираат (опоменуваат и отстрануваат) учесниците во испитниот процес (кандидати,

тестатори, резервни тестатори);

Page 15: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

14

да ги евидентираат сите евентуални нарушувања на правилата за полагање на екстерните испити.

ВРАЌАЊЕ НА ИСПИТНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОД УЧИЛИШТЕТО ДО ДИЦ

Претседателот на УМК пред да го спакува испитниот материјал во кутиите, проверува дали шифрите на вреќичките со испитниот материјал соодвет-ствуваат на шифрите што се дадени во (точка бр. 3) во Формуларот за примопредавање на испитниот материјал (ФПИМ 1).

Целокупниот испитен материјал од спроведените испити во училиштето претседателот на УМК, заедно со останатите членови, го пакува во истите кутии во кои го добил материјалот. При примопредавањето на испитниот материјал, претседателот на УМК и одговорното лице од ДИЦ потпишуваат Формулар за примопредавање на испитниот материјал (ФПИМ 1).

Испитниот материјал доставен од претседателот на УМK го презема одговорно лице од ДИЦ .

ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИ

Соопштување на првични резултати ДИЦ е должен во рок од 30 дена по спроведувањето на вториот екстерен испит до училиштата да достави првични резултати од спроведените екстерни испити од државната матура. Прелиминаринте резултати училиштата ги добиваат по Брза пошта, Македонски пошти. По добивањето на прелиминарните резултати, УМК е должна да им ги соопшти резултатите на кандидатите. Начинот на кој резултатите ќе треба да бидат соопштени, на УМК ќе им биде дополнително објаснет во писмена форма преку известување на ДИЦ.

Соопштување на конечни резултати По разгледувањето на евентуалните приговорите, се утврдуваат конечните резултати на кандидатите и се доставуваат до училиштата изразени во оценка и перцентилен ранг. Конечните резултати училиштата ги добиваат по Брза пошта, Македонски пошти. По добивањето на конечните податоци, УМК е должна да им ги соопшти резултатите на кандидатите.

ПРИГОВОРИ

Процедура за поднесување на приговор Право на поднесување на приговор има секој кандидат кој смета дека е направена грешка во оценувањето на испитните задачи, во пресметувањето на бројот на бодовите или во изведувањето на оценката.

Рокот за доставување на приговорите е најдоцна два дена по објавувањето на прелиминарните резултатите од испитот.

Сите приговори пристигнати надвор од наведениот рок се одбиваат како ненавремено доставени.

Задачи на УМК во врска со приговорите

Претседателот на УМК е должен да определи еден или повеќе членови од УМК кои ќе го вршат приемот на приговори од кандидатите, зависно од бројот на пристигнати приговори.

Обрасци од приговорите се наоѓаат на веб страната на ДИЦ (www.matura.gov.mk). УМК треба да ги симне од веб-страницата на ДИЦ www.matura.gov.mk следните документи:

Упатство за подносителите на приговори (кандидатите),

Образец за приговор од кандидатот,

Page 16: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

15

Примерок од пополнета уплатница,

Образец за сумарен извештај за пристигнати приговори до УМК и

Детален преглед на пристигнати приговори.

Документите Упатство за подносителите на приговори (кандидатите), „Образец за приговор од кандидатот и Примерок од пополнета уплатница треба да се испечатат и да се стават на огласната табла или на друго видно место во училиштето.

По приемот на приговорот членот на УМК треба да стави деловоден број на училиштето на образецот Приговор од кандидатот. Потоа УМК правилно треба да ги пополни податоците за секој примен приговор во документот Детален преглед на пристигнати приговори.

УМК на кандидатот задолжително мора да му издаде потврда за прием на која ќе го наведе деловодниот број со кој е заведена пријавата.

УМК е должна да направи фотокопија од сите приговори и потврди кои ги примила, односно издала. Овие фотокопии остануваат во училишната архива и служат како доказ.

По завршувањето на рокот за прием на приговори од кандидатите УМК треба да го пополни документот Образец за сумарен извештај за пристигнати приговори до УМК во кој ќе го наведе бројот на пристигнатите приговори според барањата во документот.

Веднаш по крајниот рок за прием на приговори, со Брза пошта (Македонски пошти) УМК ги испраќа документите до ДИЦ.

Пратката до ДИЦ треба да ги содржи следните документи:

сите оригинални пријави со уплатници

испечатен примерок од пополнетиот Образец за сумарен извештај за пристигнати приговори до УМК со потпис од претседателот на УМК и печат од училиштето.

испечатен примерок од пополнетиот документ Детален преглед на пристигнати приговори.

Page 17: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

16

ПРИЛОГ: ФОРМУЛАРИ

Page 18: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

17

ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР ФПИМ 1

ФОРМУЛАР ЗА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ИСПИТЕН МАТЕРИЈАЛ

1. Превземање на испитниот материјал од Државен испитен центар

Училиште:

Broj na kutii so ispiten materijal:

Реден бр.

Kod na kutiite: Реден бр.

Kod na kutiite: Реден бр.

Kod na kutiite: Реден бр.

Kod na kutiite:

1 4 7 10

2 5 8 11

3 6 9 12

Датум на подигање на испитен материјал:

ден месец година предал примил

_______________________ М.П. _________________________

Овластено лице од ДИЦ Овластено лице од ДИЦ

2. Доставување на испитен материјал до училиштето

Ве молиме да ги отворите кутиите со испитниот материјал и да извршите проверка на содржината на истите. Проверете дали кодовите на вреќичките со тестови и ковертите со формулари се совпаѓаат со кодовите наведени во долната табела. Во долната табела во колоната бр.1 со (X) потврдете го примањето на секоја вреќичка со тестови, а во колоната 2 потврдете го примањето на секој коверт со формулари.

Broj na kutii so ispiten materijal:

KOD NA

KUTIJATA

KODOVI NA VRE]I^KITE

1 2 1 2 1 2 1 2 1 2 1 2

Page 19: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

18

___________________ ____________________________ Претседател на УМК Овластено лице од ДИЦ

Напомена: Доколку при примопредавањето на испитниот материјал УМК забележи некакво оштетување на испитниот материјал или било какво прекршување на процедурите за доставување на испитниот материјал, Ве молиме забележете во просторот предвиден за тоа.

Забелешка:_________________________________________________________________________________________________________________________________________

Datum na primawe na ispitniot materijal: den mesec godina

предал примил

_______________________ М.П. _________________________

Претседател на УМК Овластено лице од ДИЦ

3. Подигање на испитниот материјал од училиштето од страна на овластено лице од ДИЦ

Проверете го бројот на кутии со испитен материјал и нивната содржина. Во секоја кутија треба да се наоѓаат вреќички со тестови и коверти со формулари со шифри забележани во доле наведената табела.

Datum na podigawe na ispitniot materijal:

Broj na kutii so ispiten materijal:

KOD NA

KUTIJATA

KODOVI NA VRE]I^KITE

1 2 1 2 1 2 1 2 1 2 1 2

___________________ ____________________________

Претседател на УМК М.П Овластено лице од

ДИЦ

4. Прием на испитен материјал во ДИЦ

Page 20: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

19

Реден бр.

Kod na kutiite: Реден бр.

Kod na kutiite: Реден бр.

Kod na kutiite: Реден бр.

Kod na kutiite:

1 4 7 10

2 5 8 11

3 6 9 12

Datum na podigawe na ispitniot materijal:

Broj na kutii so ispiten materijal:

предал примил

_______________________ М.П. _________________________

Овластено лице од ДИЦ Овластено лице од ДИЦ

FPIM 2

Формулар за примопредавање на испитниот материјал на денот на испитот

Училиште:_____________________________________

Име на наставниот предмет:_____________________________________

Наставен јазик:____________________________

Примопредавање на испитниот материјал за испит:

Шифра на вреќичка со тестови: _______________

Шифра на коверт со формулари: _______________

Датум ________________, час______________________

Предал: Примил: Претседател на УМК Тестатор ____________________________ ____________________________

Примопредавање на испитен материјал по испитот: Шифра на вреќичка со тестови: _______________

Шифра на коверт со формулари: _______________

Page 21: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

20

Датум ________________, час____________________ Предал: Примил: Тестатор Претседател на УМК ____________________________ ____________________________

Formular za dostaveniot ispiten materijal FDIM

U~ili{te____________________________, mesto______________

U~ili{nata maturska komisija vrz osnova na izvr{eniot pregled potvrduva deka dostaveniot ispiten

materijal e soodveten na фormularot za primopredavawe na ispitniot materijal i na brojot na prostoriite za

testirawe vо ova u~ili{te.

Број на примени вреќички со резервни тестови :

Наставен предмет Бр. на вреќички со резервни тестови

македонски јазик и литература

албански јазик и литература

турски јазик и литература

математика основно ниво (македонски настевен јазик)

математика основно ниво (албански настевен јазик)

математика основно ниво (турски настевен јазик)

математика напредно ниво (македонски настевен јазик)

математика напредно ниво (албански настевен јазик)

математика напредно ниво (турски настевен јазик)

англиски јазик (македонски настевен јазик)

англиски јазик (албански настевен јазик)

англиски јазик (турски настевен јазик)

француски јазик (македонски настевен јазик)

француски јазик (албански настевен јазик)

француски јазик (турски настевен јазик)

германски јазик (македонски настевен јазик)

германски јазик (албански настевен јазик)

германски јазик (турски настевен јазик)

руски јазик (македонски наставен јазик)

естетика (македонски наставен јазик)

естетика (албански наставен јазик

Филозофија (македонски наставен јазик)

Zabele{ki:

I. Vo ispitniot materijal nedostasuvaat ____________ vre}i~ki so testovi so {ifri __________,

___________, ___________.

Vo ispitniot materijal nedostasuvaat ____________ koverti so formulari so {ifri __________,

___________, ___________.

II. Vo ispitniot materijal ima vi{ok ____________ vre}i~ki so testovi so {ifri __________,

___________, ___________.

Page 22: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

21

Vo ispitniot materijal ima vi{ok ____________ koverti so formulari so {ifri __________,

___________, ___________.

Pretsedatel na UMK______________ Zamenik - pretsedatel na UMK______________

^len 1_______________________ Член 2_____________________

Sekretar_____________________ Овластено лице од ДИЦ______________

ФЗТ

ФОРМУЛАР ЗА ЗАМЕНА НА ТЕСТ

1. Барање за резервен тест

Тестаторот_________________________________________________ (цело име и презиме напишано со крупни печатни букви)

од испитната просторија_____________________________________ (бр. на испитна просторија)

има потреба од _______ по наставниот предмет__________________ (број на тестови)

на______________наставен јазик.

_______________ ______________ Тестатор Претседател на УМК

2. Издавање на резервен тест

Претседателот на УМК_______________________________________ (цело име и презиме напишано со крупни печатни букви)

издава__________, по наставниот предмет______________________ (број на тестови)

на_____________наставен јазик.

Предал:________________ Примил:_____________ Претседател на УМК Тестатор

3. Замена на резервен тест

Тестаторот _________________________________________________ (цело име и презиме напишано со крупни печатни букви)

Page 23: UPATSTVO ZA IZVEDUVAWE NA PISMEN ISPIT

22

примил_____________, по наставниот предмет__________________ (број на тестови)

на_____________наставен јазик.

Предал:________________ Примил:_____________ Претседател на УМК Тестатор