29
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922 Старт на проектот за подобрување на способностите за градење на енергетски ефикасни објекти („Build up skills“) во земјава ОБУКА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА 20/20/20 НА ЕУ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 110 од 11.10.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Неделен бизнис информатор за активностите на Комората и фирмите-членки

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO 9001:2008FS 549642

TMBSI

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Старт на проектот за подобрување на способностите за градење на енергетски ефикасни објекти („Build up skills“) во земјава

ОБУКА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА

20/20/20 НА ЕУ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 110 од 11.10.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

Page 2: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

ФИРМИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР ПОБАРУВААТ 226 МИЛИОНИ ЕВРА!

Податоците покажуваат дека 73 отсто од краткорочните побарувања на фирмите отпаѓаат на обврски меѓу нив, додека само околу 4,5 до 5 отсто, што и не е така мала сума и изнесува 226 милиони евра, се побарувања на фирмите кон јавниот сектор. Најавата на Владата дека ќе се раздолжи кон бизнис- секторот беше дочекана со големо поздравување, но се наметнува прашањето дали ова расчистување ќе биде краткорочно и еднократно, а понатаму, во 2013, пак да има проблеми со државниот долг. Затоа бизнисот препорачува да се донесе закон за финансиска дисциплина, кој би морал да ја вклучи и државата.

(Александра Наќева Ружин, генерален директор на „Еуролинк осигурување“)

ПОМОШ ЗА ИЗВОЗНИЦИТЕ ДА СТАНАТ ПОКОНКУРЕНТНИ И ДА НАЈДАТ НОВИ

ПАЗАРИ Во услови на забавување на економскиот раст фирмите помалку инвестираат и имаме намалување на капиталните инвестиции. Во такви услови не треба да очекуваме дека треба да одиме ние со поттикнување на потрошувачката за да компензираме за тоа, бидејќи тоа не е решение. Решение е да се поттикнат инвестиции со најразлични мерки, меѓутоа со диверзификација на производството, со инвестирања во нови производи, во нови гранки, коишто се секако извозно ориентирани. Треба да најдеме начин да им помогнеме на извозно ориентираните фирми да бидат поконкурентни и да најдат нови пазари, во услови кога европските пазари, кои се наши традиционални партнери, забавуваат и побарувачката од таму е намалена. Некои фирми веќе се пробиваат на азиските пазари, меѓутоа тоа треба да биде помасовно. Навистина нема ниту една причина зошто би имало девалвација, ниту пак слушнав аргументи зошто девалвацијата би била подобра за македонската

економија. Напротив, јас мислам дека девалвацијата би била полоша, бидејќи ќе услови рестриктивна монетарна политика, затоа што девалвацијата ќе изврши голем притисок врз инфлацијата, со тоа и врз девизните резерви, а со тоа Народната банка ќе мора да ја зголеми каматната стапка и да ја затегне монетарната политика и да го намали обемот на кредити во економијата. Значи, би се постигнало токму спротивното од она што заговорниците на девалвацијата сметаат. Девизните резерви во моментов се на историски највисоко ниво, немаме апсолутно никакви притисоци, побарувачката и понудата на девизи е нормална, дури ние повеќе откупуваме девизи отколку што продаваме, штедењето во денари расте, на сметка на штедењето во евра, значи релативното учество се намалува, исто така немаме нерамнотежи во екстерниот сектор, немаме нерамнотежи во банкарскиот сектор. Значи нема апсолутно никаква причина за опасност по курсот на денарот.(Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија)

ПОДОБРУВАЊЕ НА КРЕДИТНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Кризата донекаде го забави, но не го прекина кредитирањето на населението во целиот банкарски сектор во Македонија. Граѓаните се рационални и претпазливи кога е во прашање користењето финансиски средства, како кредити од банките, посебно контролирајќи го износот, рокот и цената на чинење. Стопанска банка а.д. Скопје и во вакви услови продолжи да ги подобрува кредитните производи, да креира промотивни понуди и програми за поттикнување и да им овозможува на граѓаните пристап до средствата што им се потребни. Каматните стапки на потрошувачките кредити се значително намалени со што кредитите станаа поприфатливи и подостапни на граѓаните како опција за финансирање на сопствените потреби и планови. Стопанска банка со години отвора нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги кои соодветствуваат на промените карактеристични за модерното окружување. Токму од повеќекратната понуда произлегоа производите кои клиентите масовно ги прифатија – потрошувачкиот кредит без обезбедување со брза и едноставна процедура, ОК отворениот кредит со флексибилност во користењето, односно можност за повлекување на средства во зависност од потребата на клиентите и отплата на средства зависно од можностите, но најмалку пресметаниот месечен минимум, хипотекарните потрошувачки кредити со поголеми износи и рокови на отплата за поголеми инвестирања и сл. (Милица Чапаровска, директор на сектор за управување со производи во Стопанска банка а.д. Скопје)

Page 3: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

ФОКУСИРАНО

Со средства во износ од милион евра од Програмата ЦИП - Интелигентна енергија на Европската унија, во наредните 18 месеци во Македонија ќе се спроведува Проектот „Градење капацитети во градежната индустрија („Build up skills“) за подобрување на способностите за градење на енергетски ефикасни објекти. Тоа е прв проект добиен во Македонија во рамките на оваа програма. Конзорциумот е предводен од Стопанската комора на Македонија, а партнери во овој проект покрај неа се: Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Градежниот институт „Македонија“ АД, Здружението на бизнис-консултанти „Креација“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје. Проектот отпочна со реализација и имплементација. - Во претстојните 18 месеци ќе утврдиме каква е постојната ситуација во градежниот сектор и ќе направиме шема за отстранување на детектираните проблеми за да се создаде национална мрежа која ќе настојува да има поквалификувани работници во градежниот сектор за енергетски ефикасни објекти, изјави извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева пред почетокот на првиот состанок на Проектот. - Тоа што ќе се евидентира во рамките на Проектот ќе се достави до надлежните институции за да се елиминираат недостатоците. Државниот секретар во Министерството за економија, Анче Труфунов посочи дека Владата преку Министерството за економија, како национален координатор им овозможи пристап на сите заинтересирани компании и институции до ЦИП-програмата на ЕУ за конкурентност и иновации.

- Станува зобор за програма која од 2007 до 2013 година нуди можност за пристап преку свои проекти до средства во износ од три милијарди евра. Овој проект стартува во делот од потпрограмата Интелигентна енергија во кој се вклучени 27-те членки на ЕУ, Хрватска, Норвешка и Македонија, рече Трифунов. Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Лазар Гечевски, воедно и претседател на Насочувачкиот комитет, рече дека во наредните 18 месеци ќе се насочи сите стандарди максимално да се имплементираат. - Во следните 18 месеци ќе гледаме максимално коректно да го импелементираме Проектот што денес започнува и да придонесеме за енергетската ефикасност во Македонија. Сакаме да достигнеме 9-процентна ефикасност на градежните објекти во 2018 година, 14,5-процентна до 2020, а до 2050 година се надевам дека ќе ги постигнеме неопходните проценти што ги предвидува ЕУ за нашата држава, - додаде Гечевски. Во рамките на Програмата за конкурентност и иновативност на Европската комисија - Интелигентна енергија, менаџирана од Европската агенција за конкурентност и иновативност (EACI), покрената е широка иницијатива за

подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор „Build up skills“ (Градење капацитети во градежниот сектор). Проектот има за цел да ја дефинира постојната состојба на градежниот сектор во однос на работните вештини кои ги имаат градежните работници, се` со цел постигнување на целите зацртани во Стратегијата 20/20/20 на Европската унија и подобрување на капацитетите и конкурентноста на градежната индустрија во делот на градење на енергетски ефикасни објекти во секоја од земјите-учеснички во иницијативата преку добиените проекти. Од јуни 2012 година и Македонија е дел од оваа европска иницијатива преку Проектот Build up skill (Градење капацитети во градежниот сектор) како дел од Програмата за конкурентност и иновативност – Интелигентна енергија на Европската комисија. Практичното знаење на специјализираните работници ќе обезбеди и ќе овозможи зголемување на енергетската ефикасност

Во Македонија започна спроведување на Проектот за подобрување на способностите за градење на енергетски ефикасни објекти („Build up skills“)

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ РАБОТНИ ВЕШТИНИ ЗА РЕАЛИЗЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА 20/20/20 НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Page 4: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

и примена на обновливи извори на енергија (ОИЕ) во секојдневната градежна практика. Ќе се зголеми контролата на квалитетот на процесот на градење на енергетски ефикасни објекти од страна на властите, професионалниот и инвеститорскиот сектор. Главната активност на иницијативата Build up skill (Градење капацитети во градежниот сектор) е врз основа на анализата на постојните состојби во градежниот сектор да бидат дефинирани шеми за надградба на работниците во нивните вештини и знаења за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со што Македонија ќе ги зголеми шансите за постигнување на зацртаните цели по однос на намалена потрошувачка на електрична енергија,

како и учеството на обновливите извори во финалната енергија, а истовремено овој проект ќе придонесе да се дефинираат нови професии на работна сила во градежниот сектор (Гап-анализа), со цел подготовка на оваа индустрија за градење на енергетски ефикасни објекти (zero energy buildings). Крајната цел на иницијативата е да се дефинираат и квантифицираат потребите и можностите на македонскиот градежен сектор, за остварување на нивниот придонес во постигнувањето на амбициозните национални цели за енергетска ефикасност согласно Стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија. За да се создаде работна сила со доволно знаење или умешност за градење на енергетски

ефикасни објекти, потребно е развивање на правни и политички мерки со цел постигање на пазарна евалуација на квалификуваната работна сила. Со цел остварување на амбициозните национални цели во ЕЕ-сферата, во рамките на Проектот BUS-M се планира:

• анализа на националниот status quo;• развој на национален патоказ за

воспоставување систем за доживотна обука на градежните работници во областа на енергетската ефикасност;

• обезбедување на одобрување на националниот патоказ, а со тоа и пазарна евалуација на квалификуваната работна сила.

ФОКУСИРАНО

Page 5: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Преработувачката индустрија во земјава се судира со недостаток на квалификувана работна сила

НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЛЕК ЗА ДЕФИЦИТАРНИТЕ СТРУКИ

На пазарот на работна сила недостасува квалификуван кадар, покажува анкетата што ја спроведува Стопанската комора на Македонија во преработувачката индустрија. Целта на анкетата беше директно од работодавачите да се обезбедат информации, кои занимања тешко се обезбедуваат преку пазарот на трудот и каква е потребата од дополнително образование на веќе вработените во компаниите. Согласно добиените податоци од 40-тина од вкупно анкетирани над 150 компании се констатира дека занимањата како, заварувач, бравар, бравар- заварувач, машинобравари, монтери за висина, монтер, одржувач на водоинсталации и други конкретни занимања се дефицитари (постојат во образовниот систем, но нема кадар на пазарот на трудот), вработените имаат недостаток на знаење и вештини, на работно искуство, а за некои работни места пак занимањето засега не постои во образовниот систем, посочи на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, Стојмирка Тасевска, виш советник на УО (8.10.2012 година). Некои од работодавачите во анкетниот лист што го пополниле посочиле дека на вработените им недостасуваат знаење и вештини. Во делот на високото образование недостигаат машински и градежни инженери, технолози, маркетинг-менаџери, контролори на квалитет, инженери за здравје и безбедност при работа, како и тим-лидери на продажба. Проблемот со недостиг на квалификувана работа сила ќе биде изострен со заминување во пензија на повозрасните искусни работници. За таа цел потребно е час поскоро да се почне со дополнително образование, оспособување, усовршување, доквалификација и преквалификација. Анкетата почна да се реалиизра пред три недели и се` уште трае. Во наредните 20 дена се очекуваат информации од градежништвото, текстилната индустрија, дрвнопеработувачката и други, по што ќе се направи целосен извештај за состојбата со квалификуваната работна сила во земјава, - рече Стојмирка Тасевска. За надминување и побрзо решавање на проблемот со немањето квалификуван кадар, во Македонија веќе се воведува систем на неформално образование. Целиот проект го координира Центарот за образование на возрасни кој издава лиценци на сите кои ќе поднесат програми за ваков тип едукација, изјави Линдита Ќазими, директор на Центарот за образование на возрасни. Стопанската комора на Македонија активно учествува и во креирање на програмите за едукација во рамки на формалното образование. За таа цел, согласно јавно-приватниот дијалог со Владата сугерира и предлага програми со кои ќе се обезбеди професионален кадар во дефицитарните професии и занимања согласно потребите на бизнис-секторот. Согласно Законот за образование и Законот за високо стручно образование, Стопанската комора на Македонија е и член на Советот за високо образование при Владата на РМ. Оттука, како социјален партнер на Владата согласно Законот за образование, Комората има право да предлага одредени активности, да се преземаат мерки, во функција на обезбедување стручен кадар за бизнис-заедница.

Даниела Михајловска Василевска

АКТУЕЛНО

Page 6: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, д-р Јозеф Бенце, во посета на Стопанската комора на Македонија

ИНИЦИРАНО ПОТПИШУВАЊЕ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКАМЕЃУ КОМОРИТЕ ОД ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, д-р Јозеф Бенце, најави дека деловната асоцијација од неговата земја е заинтересирана за унапредување на билатералната соработка со Стопанската комора на Македонија и воедно ја најави иницијативата за потпишување Меморандум за разбирање. Претседателите на двете комори својот потпис врз документот се очекува да го стават на 14 ноември 2012 година, во Будимпешта, Република Унгарија, кога м-р Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија ќе биде во официјална посета на оваа земја. Оваа иницијатива ја пренесе д-р Јозеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Република Македонија на својот домаќин Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, при посетата на најстарата и најбројната асоцијација во земјава. Средбата се оствари на 4.10.2012 година во Комората на барање на унгарскиот амбасадор. Со цел натамошно интензивирање на трговската и други видови на стопанска соработка со Македонија, унгарскиот амбасадор ја најави и посетата на унгарскиот министер за земјоделие и заштита на животната средина во Република Македонија, која ќе се случи исто така во месец ноември 2012 година. Средбата се предвидува да биде остварена и со посета на унгарски компании во Македонија од областа на земјоделието, водата и животната средина. Председателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ја прифати иницијативата и поканата за потпишување Меморандум за разбирање. - Ги поздравуваме иницијативите и напорите на Амбасадата на Унгарија и особено на Вас амбасадоре, за поддршката која ја давате на компаниите со цел да се продлабочат и зајакнат деловните контакти. Ние сме големи лобисти унгарските компании да инвестираат во Македонија и сакаме да го видиме „МОЛ“ во Македонија. Одлично соработуваме со „Маџар Телеком“ и извршниот директор Даниел Сас, кој е и претседател на Советот на странски инвеститори во нашата Комора. Посакуваме да се продлабочи соработката и во делот на арбитражата, - нагласи Бранко Азески. Во разговорот гостинот го информираше својот домаќин дека по повод Денот на независноста на Унгарија, на 18.10.2012 година претседателот на Собранието на Унгарија ќе ја посети Македонија и ќе биде присутен на отворањето на Унгарскиот конзулат во Битола. Предвидено е Сашо Јанакиевски да биде

назначен за почесен конзул. Исто така, тој ја најави и посетата на претседателот на Унгарија во Македонија, во првата половина на 2013 година. Во првата година од својот амбасадорски мандат, д-р Јозеф Бенце истакна дека се потпишани неколку спогодби, меѓу кои, ги спомена со македонската полиција и Царината, а во ноември најавено е потпишување на спогодба и со македонското Министерство за земјоделие. По негова иницијатива, направени се и неколку збратимувања на градови од Македонија (Скопје, Кочани, Битола, Делчево) со градови од Унгарија. - Оценуваме дека треба да да ги продолжиме започнатите активности и зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Како земји не сме толку далечни, но сепак имаме реален проблем со далечината, бидејќи се укина авионската линија Скопје - Будимпешта. И покрај тоа, ние сме подготвени да организираме посета на бизнисмени од Македонија за да остварат деловни средби со бизнисмени од Унгарија, но и да ги видат убавините на земјата во делот на ловот и планинскиот туризам. Овие активности треба да го интензивираат процесот за унапредување на соработката, - додаде Бранко Азески.

Ирена Мојсовска

МОЖНОСТИ

Page 7: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Стопанска соработка меѓу Република Македонија и Унгарија Унгарија направи транзиција од централно планирана кон пазарна економија, со приход по глава на жител од речиси две третини на просекот на ЕУ 25. Приватниот сектор учествуваше со повеќе од 80% од БДП. Странските инвестиции во Унгарија се широко распространети, со кумулативни странски директни инвестиции во вредност од 70 милијарди САД долари. Мерките за штедење на Владата, наметнати кон крајот на 2006 година, го намалија буџетскиот дефицит од над 9% во 2006 година на 3,2% од БДП во 2010 година, и проекција на под 3% во 2011 година. Неспособноста на Владата на Унгарија да ги сервисира краткорочни долгови - предизвикани од глобалната финансиска криза кон крајот на 2008 година – ја натера Будимпешта да обезбеди аранжман од ММФ / ЕУ / и Светската банка за финансиски пакет за помош во вредност од над 25 милијарди САД долари. Глобалната економска криза, намалувањето на извозот, како и ниската јавна потрошувачка предизвикаа спроведување на строги владини мерки на штедење, резултирајќи со економски пад од 6,3% во 2009 година. Во 2010 година новата влада спроведе голем број на промени, вклучувајќи намалување на персоналниот данок и данокот на добивка, но наметна „кризни даноци” за финансиски институции, енергетските и телекомуникациските компании, како и на трговците на мало. Економијата закрепна во 2010 година преку големиот раст на извозот, особено извозот во Германија, со проектиран раст од над 2,5% во 2011 година. Невработеноста остана висока, со над 10% во 2011 година.

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Унгарија за периодот јануари - јули 2012 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Унгарија во првите седум месеци од 2012 година достигна вредност од 36.5 милиони САД $. При тоа, остварен е извоз во вредност од 6 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 30,5 милиони САД $. Евидентирана е негативен биланс во трговската размена од 24,4 милиони САД $. Во однос на истиот период од минатата година извозот е зголемен за 31%, увозот е зголемен за 15,5% , а вкупната размена бележи раст од 17,8%.

Трговска размена за периодот јануари - јули 2012година Во САД $Извоз Увоз Вкупно Биланс

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Сума во САД $10.467.547,00 6.064.695,00 28.934.897,00 30.487.926,00 39.402.444,00 36.552.621,00 - 24.423.231,00

Компаративна анализа на трговската размена јануари - јули 2011 година / јануари - јули 2012 година Во САД $Вкупна размена Извоз Увоз

2011 2012 Индекс 2011 2012 Индекс 2011 2012 Индекс31.032.388,00 36.552.621,00 117,8 4.629.526,00 6.064.695,00 131,0 26.402.862,00 30.487.926,00 115,5

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Унгарија во 2011 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Унгарија во 2011 година достигна вредност од 58 милиони САД $. При тоа, остварен е извоз во вредност од 8,3 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 49,7 милиони САД$. Евидентирана е негативен биланс во трговската размена од 41,3 милиони САД $.

ДОСИЕ

Page 8: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Трговска размена во 2011година Во САД $Извоз Увоз Вкупно Биланс

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Сума во САД $13.209.356,00 8.354.678,00 25.219.876,00 49.667.006,00 38.429.232,00 58.021.684,00 - 41.312.328,00

Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2011 година најмногу во извозот се застапени:

Во поглед на застапеноста на производите во увозот, во 2011 година најмногу се застапени:

• електрични акумулатори – 1,9 милиони САД $;• прехранбени производи – 2,3 милиони САД $ и• производи од железо и челик – 2,3 милиони САД $.

• електронски апарати и електрични уреди (7,2милиони САД $); • хемиски суровини и полупроизводи (8,8 милиони САД $) и• прехранбени и земјоделски производи (7,6 милиони САД $).

СТОКОВНА РАЗМЕНА (2000/2008) Во илјада САД $2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010

Извоз 1.831 2.557 2.683 2.832 2.189 2.189 6.392 6.684 7.178 3.824 8.605Увоз 30.892 17.501 28.521 29.136 30.876 30.988 38.056 55.019 80.564 50.896 47.607Вкупно 32.724 20.058 31.205 31.969 33.065 33.177 44.448 61.703 87.743 54.720 56.213Трг. салдо -29.061 -14.944 -25.838 -26.304 -28.687 -28.799 -31.664 -48.335 -73.386 -47.802 -39.002

Приказ на директни инвестиции од Унгарија во Македонија2011 -4,37 (милиони евра)2010 -65,08 (милиони евра)2009 -2,11 (милиони евра)2008 410.555.554 (евра)2007 421.254.856 (евра)2006 350.351.151 (евра)2005 350.006.902 (евра)2004 354.400.334 (евра)2003 313.366.332 (евра)

Билатерални договори меѓу двете земји од економска природа

Име на договорот: Договор меѓу македонската Влада и унгарската Влада за одбегнување на двојното оданочувње и заштита од фискалната евазија по однос на данокот на доход и данокот на капитал.Склучен на: 13.04.2001, Скопје Ратификуван: 24.01.2002 Објавен: 12/2002 Влегување во сила: 14.03.2002

Име на договорот: Договор меѓу Македонската Влада и Унгарската Влада за промовирање и реципрочна заштита на инвестиции Склучен на: 13.04.2001, Скопје Ратификуван: 24.01.2002 Објавен: 12/2002 Влегување во сила : 14.03.2002

Име на договорот: Спогодба меѓу македонската Влада и унгарската Влада за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај (со Протокол за реализација на Спогодбата) Склучен на: 29.05.1996, Будимпешта Ратификуван: 26.09.1996 Објавен: 55/1996 Влегување во сила: 30.08.1997

Име на договорот: Спогодба меѓу Македонската Влада и Унгарската Влада за трговски и економски врски и соработка Склучен на: 07.05.1996, Скопје Ратификуван: 26.09.1996 Објавен: 55/1996 Влегување во сила: 17.02.1997

ПРОМОЦИЈА

Географски показателиУНГАРИЈА

• Површина: Вкупно: 93,030 км² (земја: 92,340 км2 ; вода: 690)• Главен град: Будимпешта• Локација: Централна Европа, северозападно од Романија• Граници: Тотал: 2,171 км (гранични земји: Австрија 366 км, Хрватска 329 км,

Романија 443 км, Србија 166км, Словачка 677 км, Словенија 102 км, Украина 103 км)

• Население: 9,976,012 (јули 2011 година)• Религии: Римокатолици 51,9%, калвинисти 15,9%, лутеранци 3%, грчки католици

2,6%, други христијани 1%, други некласифицирани 11,1%, атеисти 14,5% • Природни ресурси: Боксит, јаглен, природен гас, обработлива земја• Јазици: Унгарски 93,6%, други некласифицирани 6,4% • Валута: Унгарски форинти• Аеродроми: Вкупно 43 (2010)

Економски показатели• БДП куповна моќ: 198,1 милијарди САД $ (2011) • БДП стапка на пораст: 1,7% (2011)• БДП по жител: 19.800 САД $ (2011)• БДП по сектори: Земјоделие 3,7%; индустрија 31,3%; услуги 65% (2011)• Стапка на инфлација: 3,9% (2011)• Работна сила: 4,27 милиони (2011)• Невработеност: 10,9% (2011)• Индустрии: Рударство, металургија, градежна индустрија, прехранбена индустрија

(преработка на храна), текстил, хемиска (особено фармацевтска индустрија), автомобилска индустрија.

• Индустриска стапка на пораст: 5,4% (2011)• Земјоделски производи: Жито, пченица, компир, шеќерна репа, свинско, говедско

месо, живина и млечни производи.• Извоз: 103,1 милијарди САД $ (2011)• Извозни производи: Машини и опрема, останато производство, прехранбени

производи 6,5%; суровини; гориво и електрична енергија • Извозни партнери: Германија 25,1%, Австрија 5,4%, Словачка 5,4%, Италија 5%,

Романија 5.7%, Франција 4,8%, Велика Британија 4,6% (2010) • Увоз: 93,9 милијарди САД $ (2011)• Увозни производи: Машини и опрема; други производи, гориво и електрична

енергија; прехранбени производи; суровини • Увозни партнери: Германија 24,7%, Кина 8,4%, Австрија 5,9%, Русија 8,6%,

Словачка 4,9%, Италија 4,3%, Холандија 4,4%, Австрија 6,2%, (2010)

(Извор: ЦИА)

Page 9: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

ПРОМОЦИИ

Претседателството на Советот на странски инвеститори во посета на Агенцијата за странски инвестиции и извоз на Република Македонија

СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ГО НУДАТ СВОЕТО ИСКУСТВО ВО ПРОМОВИРАЊЕТО НА

МАКЕДОНИЈА Претседателот на Советот на странски инвеститори, господинот Даниел Сас, од „Т-Мобиле“, со заменикот на претседателот, господинот Вернер Хенгст, од „ЕВН“, на нивно барање, остварија работна средбата со господинот Висар Фида, директор на Агенцијата за странски инвестиции и извоз на Република Македонија (27.9.2012 година), со цел запознавање со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и размена мислења за можна институционална соработка. Даниел Сас го информираше директорот на Агенцијата дека Советот има мисија да влијае врз подобрување не само на инвестиционата, туку генерално и на деловната клима во земјата, пред се`, преку сопствената практика и преку пренесување на искуствата и решенијата од земјите од кои доаѓаат. Советот има интенција да биде партнер не само во креирањето на инвестиционата и бизнис-климата, туку е подготвен и да се вклучи во промовирањето на Република Македонија како инвестициона дестинација. Висар Фида ги сподели изнесените видување и се стави лично, како и Агенцијата, на располагање за соработка и поддршка на иницијативите на Советот за инвестиционо промовирање на Македонија. Даниел Сас го информираше директорот на Агенцијата за Иинвестиционата конференција, што Советот, во коорганизација со Комората, ја планира за 27 ноември 2012 година, а воедно го покани Висар Фида да учествува на истата, што беше со задоволство прифатено.

Здружението на комунални дејности

БЕЛГИСКИ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ВЛОЖУВАЊЕ ВО РЕГУЛИРАЊЕ НА ОТПАДОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија реализираше средбата со белгиска делегација на компании заинтересирани за соработка во делот на: собирање и преработка на ѓубре, отпад од пакување и управување, депонии и рехабилитација на загадените локации, изработка на физибилити студии (5.10.2012 година). На состанокот во Kомората, белгиските компании Spaque, Aenergyes и Кластерот Val + ги презентираа своите активности и досегашните вложувања во комунални фирми во повеќе земји во Европа и светот. Презентација за досегашните активности пред белгиските фирми имаше и директорот на ЈП „Комуналец“ од Прилеп, Златко Ристески, кој воедно е и претседател на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија. Тој го афирмираше моделот кој јавното комунално претпријатие од Прилеп го има применето за решавање на примарниот отпад, како и проектот за секундарниот отпад. На состанокот, организиран од Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, освен претставниците на белгиските компании,Claudia Neculau од SPAQUE и De Rijdt и Vasil Capeqi од Aenergyes, Val+, беа присутни и Ерик Санткин, економско аташе од Амбасадата на Белгија во Софија, директори на комунланите претпријатија во Македонија заинтересирани за соработка и подобрување на работењето согласно законските прописи, претставници од македонското Министерство за животна средина и просторно планирање, од регионалните центри за управување со отпад во планските региони и од компаниите постапувачи со отпад. Средбата финишираше со конкретна размена на искуства и информации на компаниите и институциите со белгиските компании и најава за натамошна соработка во делот на собирање и преработка на ѓубре, отпад од пакување и управување, депонии и рехабилитација на загадените локации, изработка на физибилити студии.

Даниела Михајловска Василевска

Page 10: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ Презентација за енергетски ефикасно осветлување од страна на компанијата „И-Импулс“

ЕМ СВЕТИ, ЕМ МАКСИМАЛНО ШТЕДИ На 4.10.2012 година, во Стопанска комора на Македонија беше одржана презентација за енергетски ефикасно (ЕЕ) осветлување од страна на компанијата „И-Импулс“. Настанот побуди голем интерес, што се покажа и преку бројноста на присутните од најразлични компании од индустријата, банките, како и од јавниот сектор и општините.

Главен фокус на презентацијата беше ЛЕД-осветлувањето од кое посебен интерес предизвика ЛЕД-панелот со различни димензии и иновативен дизајн кој е единствен од ваков тип на пазарот. Покрај ЛЕД-панелот, беа претставени LED Downlight-ери, ЛЕД-цевки и други производи кои преку комбинирани решенија конципирани од „И-Импулс“ наоѓаат примена во најразлични објекти, при што се постигнуваат заштеди и до 80 отсто со атрактивен рок на враќање на инвестицијата пократок од 3 години. Покрај целокупната ЛЕД-програма, беше претставено и уникатното решение за индустриско осветлување на големи висини - интелигентната ЕЕ светилка Powerboss ELUMA. Целокупниот настан беше проследен со внимание од многубројните присутни, а посебен впечаток остави презентацијата на моделите, нивниот квалитет и ефикасност. Покрај инзвонредно пренесената порака за решенија за енергетска ефикасност, настанот беше дополнет со присуство на претставници на ГЕФ-проектот на Светската банка. Тие дадоа осврт на состојбата и можностите за финансирање на енергетски ефикасни проекти, што беше проследена со дискусија и конкретни примери од претставниците на локалните банки за конкретен начин на финансирање на проектите за поголема ефикасност во осветлувањето. Мирјана Коцева

Регионална комора со седиште во Охрид

ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИТЕ КРЕДИТНИ ЛИНИИ НА МБПР Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонската банка за поддршка на развојот, во Регионалната комора со седиште во Охрид, на 9.10.2012 година, рганизираа презентација на тема: „Новите кредитни линии на Македонската банка за поддршка на развојот наменети за малите и средни претпријатија“. Настанот се одржа во просториите на Општина Охрид. На презентацијата учествуваа над 25 компании од Охридско-струшкиот регион. Презентацијата беше проследена со зголемен интерес од пристните претставници на фирмите,пред кои претставникот од Македонската банка за поддршка на развојот подетално ги претстави можностите кои им стојат на располагање на малите и средни претпријатија. Во текот на презентацијата подетално беа образложени различните кредитни линии кои ги нуди банката, како и другите финансиски инструменти кои можат да им помогнат во секојдневното работење на компаниите. Настанот беше активно следен од средстават за јавно информирање.

Page 11: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Семинар за колективното договарање

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИЛЕМИТЕ ОД ПРАКСАТА На 5.10.2012 година во Стопанската комора на Македонија, во соработка со предавачите д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд - Скопје и д-р Марко Андонов, професор на Факултетот за правни науки при Универзитет „Американ Колеџ“ - Скопје, беше организиран и одржан еднодневен семинар на тема: „Аспекти на колективните договори и колективното договарање; Потребата од заживување на постапката за мирно решавање на работни спорови”. На семинарот беа опфатени сите специфични аспекти поврзани со колективните договори и колективното договарање во Република Македонија, а се водеше расправа и за одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата. Учесниците подетално беа запознати со поимот на колективните договори; предмет и содржина на колективните договори; правната природа на колективните договори; страни на колективниот договор; видови колективни договори; постапка за склучување на колективните договори; односот на колективните договори со другите извори на трудовото право; идејата и потребата за мирното решавање на работни спорови; домашната регулатива и основите за мирно решавање на работните спорови, постапка за мирно решавање на работни спорови, индивидуални и колективни работни спорови, помирувачи и арбитри. Стопанската комора на Македонија на присутните учесници им додели соодветни сертификати за вештините и знаењата со кои се здобија на овој еднодневен семинар.

Соработка на Стопанската комората на Македонија со образовните институции

УЧЕНИЦИТЕ ОД “ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ” ОД ГЕВГЕЛИЈАВО СЕДИШТАТА НА БИЗНИСМЕНИТЕ

На 5.10.2012 година, во посета на Стопанската комора на Македонија беа околу 40 ученици од економска, правна и трговска насока од Средното општинско училиште “Јосиф Јосифовски” од Гевгелија.

Целта на посетата беше учениците да се запознаат со улогата, задачите, функциите и организационата поставеност на Стопанската комора на Македонија во стопанскиот систем на нашата држава. Тоа треба да им помогне да ги зголемат нивните познавања за функционирањето на институциите на стопанскиот систем во практиката. Презентацијата пред учениците ја одржа м-р Ацо Спасовски.

Page 12: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Стопанската комора на Македонија на 9. Меѓународен саем за метали „ЗЕПС“ во Зеница

ПРЕТСТАВЕНИ ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА МЕТАЛО-ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА НА ЗЕМЈАТА

Во периодот од 2 до 5 октомври 2012 година, во Зеница, Босна и Херцеговина, се одржа 9. Меѓународен саем за метали и рударство и 19. Генерален саем - ЗЕПС. Оваа саемска манифестација е најголем индустриски саем во Босна и Херцеговина, на чиешто овогодинешно издание се претставија 405 излагачи од 27 земји. Најголемо учество имаа компании од Хрватска, Словенија, Црна Гора, Република Чешка, Унгарија, пред се` преработувачи на руда и суровини за производство на метали, опрема за рударство, машини и опрема од металопреработувачкиот сектор, полупроизводи од метали, машини, опрема и алати за обработка на метали, опрема за контрола на квалитетот на материјали, заштита на животната средина и др. Стопанската комора на Македонија, преку Партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК зема учество на Саемот на заеднички штанд со коморите од регионот, на којшто ги претстави потенцијалите на македонската економија, пред се` во металопреработувачкиот сектор, како и можностите за унапредување на билатералната и мултилатералната стопанска соработка со земјите од регионот. ЦЕФТА-регионот после Европската унија е најголем надворешно-трговски партнер на Македонија со којшто во стоковната размена имаме значаен суфицит. На коморскиот штанд земаа учество и неколку македонски компании: „Факом“, АД „Тајмиште“, „Тим Инженеринг“, „ДАС инженеринг“, кои остварија деловни контакти со голем број стопанственици од регионот. Саемот „ЗЕПС“ го отвори премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, кој воедно го посети и штандот на Стопанската комора на Македонија. Во рамките на пропратните саемски настани беа одржани поголем број собири и промоции, меѓу кои и семинарот, организиран од страна на Проектот ЦЕФТА-ДИХК – Како да се извезуваат производи од металната индустрија во Германија? Присутните компании имаа можност да се запознаат со најефикасните начини и правила за настап на германскиот пазар, како еден од најсофистицираните пазари на светско ниво, како и со техниките на започнување соработка со германски партнери.

Влатко Стојановски

Регионалните комори со седиште во Битола и во Прилеп расправаа за подобрување на железничката и патната инфраструктура во Пелагонискиот регион

ЗАФАТИ ДИРЕКТНО ПОВРЗАНИ СО ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески на 3.10.2012 година пред градоначалниците, регионалните комори со седиште во Битола и Прилеп и стопанствениците од Пелагонискиот регион ги промовира трите проекти за подобрување на железничката и патната инфраструктура во Пелагонискиот регион. Вкупниот износ е 8,6 милиони евра, пари одобрени преку ИПА-програмата. Првиот се однесува на рехабилитација на пругата Битола - Кременица со изградба на нов крак кон Индустриската зона „Жабени“. На промотивниот настан во Битола министерот Јанакиески истакна дека со овој проект се предвидува и изградба на крак кон Индустриската зона „Жабени“, со што дополнително ќе се придонесе за атрактивноста на зоната и за развојот на пелагонискиот регион. Министерот Јанакиески истакна дека со средства од ИПА-програмата ќе се врши и рехабилитација на поголемите железнички станици долж Коридорот 10 и 10-д. Тој ги опфаќа железничките станици во Велес, Прилеп, Битола и други седум железнички станици. - Делот Битола - Кременица целосно ќе се доизгради и рехабилитира и очекуваме до 2015 година, според акциониот план да се стави во функција - додаде министерот. Исто така тој посочи дека очекува до крајот на годината да пристигне позитивна одлука со средства од ИПА-програмата да се рехабилитира и патниот правец Прилеп – Битола - граничен премин Меџитлија. Градоначалниците на Битола и Прилеп, Владимир Талески и Марјан Ристески, потврдија дека рехабилитацијата на железничката пруга до границата со Република Грција позитивно ќе влијае врз вредноста на индустриските зони што се во непосредна близина на двата града, поголема ефикасност во однос на изградбата на фабрики и нивно функционирање. -Ние сметаме на Пристаништето во Солун, а целата пруга е реконструирана од страна на Грција до Лерин, - напомена м-р Владимир Талески, градоначалник на Битола. - Воопшто не е случајно што Жабени е лоцирана блиску до Меџитлија, патен правец кој води до границата со Грција. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, спомна дека индустриските зони Прилеп 1, Прилеп 2 и Прилеп 3 се предвидени со ГУП, веќе се во реализација и се распродадени, а низ некои од нив минува пругата и затоа оваа реконструкција е од големо значење. Без добра инфраструктура, тешко доаѓаат инвеститорите, а со оваа целосна реконструкција на железничката и патната инфраструктура на Пелагонискиот регион, ќе се овозможи забрзан економски развој, истакнаа дел од стопанствениците во своите дискусии. На претставниците од стопанството им беше поделен и прашалник со кој ќе можат да ги дадат своите сугестии и потреби во реализација на овие проекти.

НА САМОТО МЕСТО

Page 13: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

МЕПСО започна инвестиција од 26 милиони евра

ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕ ОД 120 КИЛОМЕТРИ ДАЛНОВОДНА МРЕЖА МЕПСО АД почна инвестициски циклус вреден над 26 милиони евра во кој ќе бидат изградени повеќе од 120 километри нова далноводна мрежа, соопштува компанијата. Објавен е тендер за избор на најповолен изведувач за проектирање и изградба на два нови далновода - 400 киловолтен интерконективен далновод на трасата Штип - македонско-српска граница и 110 киловолтен далновод Скопје - Југохром - Тетово. Далноводот од трансформаторската станица Штип до македонско-српската граница е во должина од 70 километри и на трасата ќе бидат изградени 168 челично-решеткасти столбови. Трасата, како што соопшти компанијата, минува низ териториите на општините Штип, Свети Николе и Куманово. На српска страна ќе биде приклучен на трансформаторските станици во Лесковац и во Ниш. Далноводот има исклучително значење за зголемување на преносниот капацитет на македонската преносна мрежа, а воедно значајно ќе ја подобри и стабилноста и доверливата работа на македонскиот електропреносен систем, се вели во соопштението, каде е посочено дека предвидено е проектот да заврши во период до 2 години од започнување на работите. Ова ќе биде второ електроенергетско поврзување со Република Србија. Комплетната реконструкција на далноводот Скопје – Југохром – Тетово предвидува замена на старите бетонски столбови со нови челично-решеткасти столбови долж целата траса од 52 километра. Со реконструкцијата е предвидено и поставување нови спроводни јажиња и потребна опрема за овој далновод. Изградбата на далноводот треба да заврши за 18 месеци од отпочнување на работите. Со оваа реконструкција значајно ќе се зголеми преносниот капацитет на далноводот, во целост ќе се задоволат и идните потреби за снабдување на Тетово од страна на Скопје. Новиот преносен вод значајно ќе ги подобри напонските прилики и доверливоста на електроенергетскиот систем и ќе ги намали загубите на преносната мрежа, - посочуваат од МЕПСО. Двата проекта ќе се финансираат од кредитната линија од Светската банка и од сопствени средства на АД МЕПСО.

Стопанска банка со нова услуга како дел од кампањата “секогаш први“

ВОВЕДЕНО МОБИЛНО БАНКАРСТВО Стопанска банка ја промовираше својата мобилна апликција преку која на корисникот ќе му бидат достапни сите услуги на Банката. Апликацијата овозможува од кое било место и во секое време да се направи проверка на локации и работно време на филијали, банкомати, трговци кај кои може да се плаќа, курсна листа, кредитни и депозитни производи, каматни стапки... Исто така ќе може да се аплицира и кредити, да се проверува состојбата на сметките. Главниот извршен директор на Банката, д-р Глигор Бишев истакна дека ова е дел од кампата „секогаш први“ од пред две години. - Пред две години воведовме плаќање преку банкомат, пред една телефонско банкарство и сега воведуваме мобилно банкрско работење, рече Бишев. Мобилната апликација е бесплатно достапна за сите корисници на паметни телефони на Андроид или i-phone платформа.

Винер осигурување го големи пазарниот удел на 12,4 проценти

ЛИДЕР И ПО ЕФИКАСНОСТА НА РЕШЕНИ ШТЕТИ Винер Осигурување во вториот квартал од годинава го зголеми пазарниот удел достигнувајќи 12,4 проценти. Според последниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, освен по растот на пазарниот удел компанијата е лидер и по ефикасноста на решени штети. - На тој начин Винер Осигурување, освен како лидер во продажбата, се позиционира и како доминантна компанија во поглед на квалитетот на постпродажни услуги, што се покажува како мошне битен фактор при изборот на осигурителната компанија, за што најголем доказ е континуираниот раст на компанијата изминативе години, се наведува во соопштението. Компанијата, како што најавува, од 11-ти овој месец се сели во нови канцеларии лоцирани во Бизнис Центарот Синерџи веднаш до ПИОМ. - Новиот деловен простор на Винер ја отсликува нашата деловна филозофија на модерна, динамична и брзорастечка компанија, чии деловни простории се дизајнирани да понудат максимална можност за брзо, ефикасно и соодветно услужување на клиентите. Пријавата и обработката на штети ќе се одвиваат уште побрзо – на паркинг просторите посебно предвидени за тоа, а продажбата ќе се врши во услови приспособени на целосно задоволство на секој клиент, со задолжителните пријатни изненадувања по кои Винер стана препознатлив на пазарот, посочуваат од Винер Осигурување.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 14: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Пивара Скопје доби А - Интегрирана еколошка дозвола со која се потврдува дека компанијата во сите сегменти од своето работење применува највисоки стандарди за зачувување на животната средина. Заштитата на животната средина е интегриран дел од стратегијата на компанија и, како што истакна генералниот директор Јаак Микел, целосно е вградена во долгорочните планови за развој.

- Добивањето на оваа дозвола не прави горди и ги потврдува и докажува нашите напори. Инвестиравме многу во нашите технолошки процеси и во опремата и целосно сме усогласени со стандардите за заштита на животната средина на „Кока кола“, „Хајнекен“ и со законските стандарди кои се предвидени со Законот за заштита на животната средина во Република Македонија, - рече Микел. Дозволата ја врачија вицепремиерот за економски прашања, м-р Владимир Пешевски и министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми. Според вицепремиерот Пешевски, Пивара Скопје е водечка во Република Македонија не само во инвестициите и во техниките, туку и од аспект на грижата кон животната средина. - Дозволата е потврда дека компанијата се движи во насока на водечките компании во државата и на полето на заштита на животната средина, - рече Пешевски. Абдилаќим Адеми посочи дека доделувањето на А - Интегрирана еколошка дозвола е резултат на имплементираниот оперативен план на компанијата. - Од аспект на животната средина, Пивара Скопје ја препознаваме како инсталација која континуирано вложува напори и финансиски средства во нејзино подобрување. Грижата за животната средина е многу повеќе од исполнување на законските одредби. Тоа треба да биде начин на секојдневно однесување, работење и одговорност на сите нас, - истакна Адеми. Пивара Скопје е единствена компанија во земјава, но и во регионот, која има изградено станица за био третман на води, инвестиција вредна над три милиони евра. Станицата придонесува кон управување на екосистемот, но истовремено овозможува и ефективна заштеда на вода и енергија, што е основно барање на современите текови. Освен Пивара Скопје, А - Интегрирана еколошка дозвола досега имаат добиено „Џонсон Мети“, „Фени“, „Цементара“ - Скопје, „Југохром“ - Јагуновце...

Пивара Скопје доби А-Интегрирана еколошка дозвола

РЕЗУЛТАТ НА ПРИМЕНАТА НА НАЈВИСОКИ СТАНДАРДИ ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Page 15: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Винарницата „Тиквеш“ и нејзиното вино „Бела вода“ се најдоа на престижната листа на магазинот „М и М глобал“ меѓу стоте растечки светски брендови. „Тиквеш“ е единствениот бренд од Македонија и еден од трите од регионот, покрај „Вегета“ од Хрватска и „Улкер“

од Турција кој има потенцијал да стане глобално познат, пишува српскиот портал „Бизлајф“. Црвеното вино „бела вода“, од бербата од 2010 година е првото вино од регионот кое светскиот вински критичар Роберт Паркер го оцени со 94 од можни 100 поени. Листата на магазинот „М и М глобал“ не претставува рангирање според буџетот и профитот, туку според нематеријалните вредности на брендот. Категориите кои се земаат предвид се неочекуваност, каде што „Тиквеш“ освоил 5 од можни 10 поени, глобален впечаток каде што винарницата добила 3 поени, локална автентичност, која била наградена со високи 9 од 10 поени и влијание на општествените мрежи каде што исто така „Тиквеш“ бил оценет со 5 поени. Во подготвувањето на листата се консултирани бренд- експерти од целиот свет. Списанието „М и М глобал“ веќе две децении ги следи промените во медиумското опкружување и многу е ценето кај маркетинг-професионалците и компаниите кои се на светскиот рекламен пазар. Овој магазин ги анализира глобалните теми кои влијаат на секој учесник во бизнисот, како што се цените, креативноста, ефективноста, грагментацијата, бизнис-моделите, мерењето на растот и други.

Успешни бизнис приказниВИНАРНИЦАТА „ТИКВЕШ“ СТАНУВА СВЕТСКИ БРЕНД

Page 16: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Семинар од 9 октомври до 27 декември 2012 година

“СЕОПФАТНА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ВО 3

МОДУЛИ” Финансискиот менаџмент е од витално значење за секоја компанија, особено за оние кои имаат цел подобрување на профитабилноста, ликвидноста и солвентноста. Целта на обуката е сеопфатна едукација на менаџерите за финансискиот менаџмент, неговиот јазик, алатки и техники, со цел стекнување знаења, вештини и компетенции за нивно ефективно користење во работењето. Обуката е организирана во три модули (нивоа), при што во првиот модул се даваат основите на финансискиот менаџмент и истата е наменета и за финансиски и не-финансиски менаџери. Вториот модул е продолжение на првиот модул и нуди средно ниво на знаења од областа на финансискиот менаџмент преку обработка на поголем број на области и теми, на ниво на додипломски студии на економските факултети. Третиот модул нуди напредни теми од областа на финансискиот менаџмент и обработка на специјални случаеви и анализа на најдобрите практики од оваа област, на ниво на напредни курсеви од областа на корпоративните финансии. Обуката се реализира со користење на алатките на Microsoft Excel и препорачливо е секој слушател да има свој notebook компјутер. За секоја тема се предвидени вкупно по три часа (два часа предавања и еден час практични вежби). На крајот на секој модул, сите учесници ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена обука за Финансиски менаџмент.

МОДУЛ 1: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 1:“Финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиско планирање, контрола и левериџ“ ќе бидат опфатени следните теми:1. Основи на финансискиот менаџмент - Цели и функции на финансискиот менаџмент- Претпријатието, капиталот и финансискиот менаџмент- Претпријатието и капиталот- Вложување, трошење и циркулација на средства2. Финансиски извештаи - Елементи на финансиските извештаи- Биланс на состојба- Биланс на успех- Извештај за акумулирана добивка- Извештај за готовинските текови o Готовински текови од оперативни активностиo Готовински текови од инвестициони активностиo Готовински текови од финансиски активности- Данокот и цената на туѓиот капитал3. Финансиска анализа- Анализа на финансиски показатели o Показатели на ликвидностаo Показатели на активностаo Показатели на задолженоста или показатели на левериџотo Показатели на покритиетоo Показатели на профитабилностаo Показатели на пазарната вредностo Анализа на трендотo Дипон (Du Pont) анализаo Компаративни показателиo Корисност и ограничувања на рацио-анализата4. Финансиско планирање- Предвидување (планирање) на продажбата- Планирани (Про Форма) финансиски извештаи – Метод процент на продажба- Анализа на планирањето- Планирање на капацитет- Процес на финансиско планирање- Видови и структура на поединечните планови

5. Временска вредностна парите - Концепт на идна вредност- Период на вкаматување- Идна вредност на ануитет- Концепт на сегашна вредност- Сегашна вредност на серија различни и еднакви идни вредности- Пресметка на сегашна вредност на непрекинати парични текови - Пресметка на депозити- Амортизација на заеми- Пресметка на стапката на растеж и на каматната стапка6. Финансиска контрола- буџетирање и левериџ- Анализа на оперативна преломна точкаo Графикон на преломотo Пресметка на преломната точкаo Готовинска оперативна преломна точкаo Употреба на анализата на оперативната преломна точка- Оперативен левериџ- Финансиска преломна анализа- Графикон на преломот- Пресметка на преломот- Финансиски левериџ- Комбиниран оперативен и финансики левериџ- Употреба на левериџот и планирањето во контролата7. Ризик и принос- Ризици и стапки на принос - Дефинирање и мерење на ризикотo Дистрибуција на веројатностаo Мерење на ризикотo Очекувана стапка на приносo Континуирани и дискретни дистрибуции на веројатностаo Стандардна девијација o Информации содржани во стандардната девијацијаo Просек на варијансаo Коефициент на варијација- Поимно дефинирање на портфолио- Ризик на портфолио- Коваријанса на приносите- Очекуван принос на портфолиото- Модел на карактеристичен правецo Системски ризик мерен со бета- Модел за одредување на цената на вложениот капитал –CAPM- Пазарна линија на хартија од вредност- Импликации врз вреднувањето на претпријатијата

МОДУЛ 2: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 2: “Финансиски пазари и инвестиции“ ќе бидат опфатени следните теми:1. Вреднување на хартии од вредност- Вреднување на обврзнициo Стапка на принос до достасувањето (YTM) - Вреднување на акцииo Вреднување на приоритетни акцииo Вреднување на обични акции2. Планирање на долгорочни вложувања (капитално буџетирање)- Карактеристики на инвестиционото одлучување- Постапка за планирање на долгорочните вложувања - Kлучни компоненти на процесот на инвестиционо одлучувањеo Должина на периодот на експлоатацијаo Цена на капиталот наменет за вложувањеo Содржина на финансиските ефектиo Kомпоненти на готовинските текови на инвестицијата3. Kритериуми за оценка на финансиската ефикасност на инвестиционите вложувања - Инвестициони критериуми кои не се базирани врз- концептот на временска вредност на паритеo Период на враќање на инвестицијата

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 17: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

o Просечна стапка на принос на инвестициите- Инвестициони критериуми кои се базирани врз концептот на временска вредност на паритеo Метода на нето сегашна вредностo Методот на индекс на профитабилноста.- Метод на интерна стапка на рентабилност - Ризикот и менаџерските опции за оценка на - исплатливоста на инвестицијатаo Вкупен ризик на проектотo Метод на компјутерска симулацијаo Менаџерски опции4. Долгорочно финансирање- Пазар на капиталo Функции на пазарот на капиталo Учесници на пазарот на капиталo Организација на пазарот на капитал и долгорочни- хартии од вредност- Пазар на долгорочни хартии од вредностo Улогата на инвестиционите банки на примарниот пазар на капиталo Привилегиран уписo Вредност на правото на акцијаo Почетно финансирање- Долгорочни обврски o Термински заемиo Лизингo Долгорочни обврзнициo Преференцијални акции (приоритетни)o Обични акции- Конвертибилни хартии од вредност- Опции o Опции за акции- Варанти 5. Менаџмент со обртен капитал и краткорочно финансирање- Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија- Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност- Кредитен менаџмент и управување со побарувањата- Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата - Менаџмент на залихи- Извори на краткорочно финансирањеo Спонтано финансирањеo Обврски према добавувачите (Трговски кредит)o Договорно финансирањеo Факторинг

МОДУЛ 3: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 3: “Трошок на капитал и напредни техники на вреднување и структура на капитал“ ќе бидат опфатени следните теми:1. Трошок на капиталот- Одредување на безризична стапка- Трошок на долгот- Трошок на приоритетни акции - Трошок на сопственички капитал (главница)- Пристап со моделот на одредување на цената на вложениот капитал (CAPM)- WACC модел2. Вреднување на хартии од вредност- Вреднување со модел на дисконтирани готовиснки тековиo Дисконтирани слкободни готовински тековиСтапка на принос до достасувањето (YTM) - Релативно вреднување3. Структура на капитал- Теоретски разгледувања за важноста на структурата на капиталот- Трошоци на банкротството - Менаџмент на структурата на капиталот4. Политика на дивиденди- Пасивна во однос на активна политика на дивидендиo Неважност на дивидендите

o Аргументи за важноста на дивидендите- Политика на дивиденда- Дивиденди во акции и поделба на акциите- Откуп на акции - Исплата на дивиденди5. Спојувања и други начини на реструктуирања на претпријатија- Извори на вредноста- Стратешко купување- Преземања, лицитациски понуди и одбрани- Дивестирање- Реструктуирање на сопственоста6. Меѓународен финансиски менаџмент- Оценка на исплативоста на вложувањата и фактори на ризик- Менаџмент со курсните ризициo Фактори кои влијаат на движењето на курсевите7. Специјални теми од областа на финансискиот менаџмент8. Проверка на знаењето

Обуките се наменети за:Ø Повисокиот и средниот менаџмент на компаниитеØ Финансиските директори и вработени во секторот финансии во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатијаØ Вработени во секторот сметководство во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатијаØ ПретприемачитеØ Финансиските аналитичариØ Бизнис стратезиØ Финансиски консулатнтиØ Специјалисти во секторт за интерна контрола и ревизијаØ Проект менаџериØ Контролни и сметководствени аналитичариØ Дипломирани на факултети за економија, бизнис администрација, информатикаØ Студенти на последипломски студии за економија, бизнис администрација, информатика

Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Со оглед на фактот дека секој модул претставува заокружена целина, сите заинтересирани учесници можат да се пријават за учество на целиот пакет или ќе одберат пооделни модули зависно од потребите. Динамика на модулите:Октомври, Ноември, Декември 2012 година, (два пати неделно од 15-18.00 часот) , Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057;Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015 ;E-адреса: [email protected]Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 18: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Обука

“ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД”10 октомври – 28 ноември 2012 год., 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно со членот 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Кои се задачите на Управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад; • Да води евиденција и изготвува извештаи; • Да ја спроведува годишната програма на својата компанија; • Да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад; • Да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија.

Што треба да поседува Управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад. Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со Уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува Обука со која се стекнува со Потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад.

Кој може да стане Управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина.

Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето тоа ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата.

Кој ја спроведува обуката? Стопанска комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад.

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 5-ти октомври 2012 год. Времетраење на обуката: 8 недели, еднаш неделно во траење од 6 часа. Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад.

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 19: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар на 16 октомври

„БИОЦИДНИ ПРОИЗВОДИ - НАЧИН НА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ И НИВНА УПОТРЕБА“ (10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

Со цел подобро запознавање на институциите, индустријата и потрошувачите со Законот за хемикалии, во делот на управувањето со биоцидните производи, како и запознавање со тоа што се биоцидни производи и нивна правилна употреба, Секторот за хемикалии во рамките на Бирото за лекови при Министерството за здравство на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, на 16 октомври 2012 година, организираат еднодневен семинар на тема: „Биоцидни производи - начин на ставање во промет и нивна употреба“. Биоцидни производи се супстанции и смеси кои содржат една или повеќе активни супстанции подготвени во конечен облик што се испорачуваат на корисникот. Истите се наменети за уништување, спречување на дејството или намалување на опасноста, за постигнување на контролирачки ефект на кој и да било штетен организам по пат на хемиски или биолошки начин; дефиниција за биоциден производ, БП, од Законот за хемикалии („Службен весник на РМ“ бр. 145/2010). Значењето на биоцидните производи секојдневно расте поради нивната широката примена насекаде во секојдневното живеење. Се користат за дезинфекција во домаќинствата, здравствените, јавните и индустриски објекти, прехранбената индустрија, во базени за капење, се користат за уништување на инсекти и глодари, како и во конзерванси за заштита на готови производи, во оригинално пакување, за заштита на дрво, кожа, хартија, текстил, за заштита на течностите во разладните процесни системи. Единствениот системот на управување со биоцидните производи на територијата на Република Македонија е воспоставен преку Законот за хемикалии, усогласен со европската Директива за ставањето на БП во промет, се` со цел да се обезбеди високо ниво на употреба на биоцидните производи кои треба да бидат доволно ефикасни да ги уништат штетните организми, при тоа да немаат штетно дејство врз здравјето на луѓето, животните и животната средина. Тоа се постигнува со проценка на активната супстанција и проценка на биоцидниот производ заради утврдување на нивното влијание врз здравјето на луѓето, животните и животната средина, нивната ефикасност и можните несакани ефекти на целните организми, како и соодветен систем на информирање на корисниците за безбедно користење на биоцидните производи. Одговорна институција за спроведување на постапката за ставање на биоцидните производи во промет, како и нивната контрола на употреба е Секторот за хемикалии, во Бирото за лекови при Министерството за здраство и истиот е усогласен со Европската директива за биоцидни производи. Предавач на семинарот е м-р Лидија Савиќ, раководител во Секторот за хемикалии при Бирото за лекови.

ПРОГРАМА: 1. Ставање на биоциден производ во промет, правна рамка: - правилно пополнување на упатството за потребната документација за добивање одобрение за ставање на биоциден производ во промет; 2. Видови на биоцидни производи и начинот на вклучување на активните супстанции во биоцидниот производ; 3. Регистер на биоцидни производи; 4. Разлика меѓу биоциден производ и препарат за заштита на растенијата

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 10 октомври 2012 година на наведените контакти.

Елизабета А. Ефтимовател: 02 32 44 074

факс: 02 32 44 [email protected]

Анита Митревскател: 02 32 44 057

факс: 02 32 44 [email protected]

С ЕМИНА РИ

Page 20: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар

“ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА;ПРЕОБРАЗБА НА ДРУШТВОТО ОД ЕДНА ВО ДРУГА ФОРМА”

18 октомври 2012 година , 09:30-15:00 часот , Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 18 октомври 2012 година, во просториите на Комората организира еднодневен семинар на тема: “Последните измени и дополнувања на Законот за трговски друштва; Преобразба на друштвото од една во друга форма” Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени најзначајните аспекти од последните измени и дополнувања на Законот за трговски друштва. Воедно, ќе биде разгледан и последниот предлог за измени и дополнувања на Законот за трговски друштва од мај 2012 година. Во вториот дел од семинарот, акцентот ќе биде ставен на можностите за преобразба на друштво од една во друга форма. Сметаме дека актуелните состојби во Република Македонија, одат во прилог на посериозно разгледување на наведената можност која ја дава Законот за трговски друштва. Исто така, ќе стане збор и за преземањето на удел, односно акции, а од особена важност ќе биде да се утврди процесот на претворање удели во акции, односно акции во удели, како и правата на содружникот, односно акционерот по извршената преобразба на трговското друштво. Програма: - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на заедничките одредби на трговските друштва - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на застапувањето, трговскиот регистар и постапката за упис и бришење од трговскиот регистар - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на друштвото со ограничена одговорност - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на акционерското друштво - Поим на преобразба на друштво - Одлука за преобразба на друштво - Услови под кои може да се врши преобразба - Преземање удел, односно акции - Претворање на удели во акции, односно акции во удели

Предавачи: -д-р Марко Андонов, универзитетски професор, Факултет за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје; -д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд Скопје

Сите заинтересирани за учество на овој семинар, можат да се пријават најдоцна до 16-ти октомври 2012 година.

Od 23 до 25 октомври 2012 година во Нови Сад, Република Србија

ПОСЕТА НА „INVESTEXPO 2012“ И НА ДЕНОВИТЕ НА ЕНЕРГЕТИКАТА „INVESTEXPO 2012“ ќе се одржи од 23 до 25 октомври 2012 година во Нови Сад. „Investexpo“ е бизнис-настан, кој им овозможува на компаниите полесно остварување на контакти, вмрежување, изнаоѓање нови партнери или инвеститори, како и промоција. „INVESTEXPO 2012“ е комбинација од два значајни настана: Саем на инвестиции и Денови на енергетиката. На Саемот за инвестиции се претставуваат/излагаат општини и градови од Србија и од регионот, стопански комори, агенции за развој и финансиски институции со цел да ги покажат потенцијалните и актуелните локални проекти на нивните влади, анализи кои се однесуваат на искуства, продлабочување на регионалната соработка, остварување на нови бизнис-врски, со цел да се овозможи поголем прилив на инвестиции со создавање на целокупната позитивна слика за побрз и полесен пристап до фондовите на ЕУ. На Деновите на енергетиката се претставуваат релевантни институции, компании и експерти од енергетскиот сектор со цел да се одговори на прашањата на инвестициите во енергетскиот сектор, искористување на обновливите извори на енергија, како и зголемување на енергетската ефикасност.

Контакт: Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064, 070/295-439, Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015E-адреса: [email protected]

Контакт: Перо АвакумовскиТел: ++ 389 2 3244048, Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015E-адреса: [email protected]

Page 21: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Од 18 до 21 октомври 2012 година во Турција

САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО АНТАЛИЈА Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на градежни материјали, градежна столарија и галантерија, системи за вентилација, електро и енергедски уреди и др. На површина од околу 15.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 350 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 28.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во светот. Зашто баш Анталија??? Анталија е еден од најголемите побарувачи за градежни материјали во Турција. Во моментов има огромна побарувачка за градежни материјали, машини, производи и технологии.Во ово крајбрежен дел на Турција е планирано да се изградат илјадници туристички капацитети и преку 300.000 куќи да бидат реновирани.Нови згради, туристички центри и нови инвестиции се потребни.Оваа меѓународна организација ви ја дава можноста да бидете дел од овие проекти. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на градежништвото. Значаен сегмент на оваа манифестација го прават компаниите кои се занимаваат со производство и дистрибуција, градежна механизација, како и производители на врати, прозорци, браварија и столарија, компании кои се занимаваат со проектирање и софтверски инженеринг, издавачи и продавачи на стручна литература.

Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 08 октомври 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Советување

“УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ЗА МЕНАЏЕРИ”25-27 октомври 2012 година (четврток-сабота)

Хотел “Queens Astoria Design Белград ****/www.astoria.rs

Инвестирањето во човечките ресурси претставува една од најзначајните инвестиции во компаниите, во таа насока, нејзиното управување е посебно значајно од апект на развојот и конкурентската позиција на компаниите. Со цел запознавање со техниките на управување со човечки ресурси, Стопанската комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, 25 и 27 октомври 2012 година, во хотел “Queens Astoria Design****”,Белград, организира советување на тема “Управување со човечките ресурси за менаџери”.

Цели на семинарот: Запознавање на менаџерите/раководителите во компаниите со процесот на управување со човечките ресурси, управување со ефектот и развојот на вработените, како и ефикасно водење на тимови и развојот на проактивна организациска култура.

Целни групи: Директори / менаџери на сите нивоа на управување со вработените во претпријатијата.

Содржина: Управување со човечките ресурси и вработување - Основна функција на управување со човечките ресурси - Планирање на кадарот - Вработување - Ориентација - Обука - Обука и развој на вработените - Обука на вработените

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 22: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

- Развој на вработените - Ориентација - Управување со учинокот - Процес на управување со учинокот - Мониторинг на учинокот на вработените - Проценка на учинокот на вработените - Развој и управување со тимови - Мотивирање и инспирирање на соработниците - Тимски улоги и односи - Ефикасно управување - Лидерство - Успешно водење на состаноци - Развој на проактивна организациската култура

Предавач: Драгана Томиќ Филиповиќ е магистер по економија, а исто така има магистрирано на темата “Локален развој на Балканот” на Универзитетот во Тренто, Италија. Нејзината област на експертиза е управување со човечките ресурси, организациски развој и управување со промените, поддршка на локалните и регионалните иницијативи за развој, бизнис обука и предавања на организации и поединци. Драгана Томиќ Филиповиќ има покажано долгорочни резултати во успешното управување на човечки ресурси во големи системи (Ерсте банка Србија, Pharmaswiss), но исто така и во ангажманот со голем број на јавни и невладини организации, вклучувајќи го и Републичката агенција за развој на МСП со својата мрежа на регионални агенции, Стопанската комора на Србија, Стопанската комора на Белград, Регионалната стопанска комора- Ужице, Регионалната стопанска комора- Ваљево, РЕЦ и УНДП-ГЕФ, УСАИД.

Работен јазик се семинарот е српскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Напомена: Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесника. Рок за пријавување 19 октомври 2012 година

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Семинар на 26 октомври

“СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ ОД ЗАКОНОТ ЗА БЗР”Размена на искуства од земјите од балканот – Србија, Бугарија, Хрватска и презентирање на имплементирање на законот на компанија од Македонија –

наградена за добра пракса по препорака на ДИТ10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанска комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и ДИТ (Државниот инспекторат за труд), во октомври 2012 година ќе реализира тематска обука наменета за сите сектори. Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со начинот на примена на Законот во компаниите, залагање за исполнување на Законската регулатива и задоволување на критериум за инспекциски надзор. Обучувачи на семинарот ќе бидат предавачи од Државниот инспекторат на трудот, стручни лица од Државните институции на Македонија, како и претставници од Македонското здружение за заштита при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Закон за безбедност и здравје при работа од 2007 год., новите дополнувања и промени според ново излезените правилници кои недостасуваа во заокружување на законската легислатива. На овој семинар, новитет е учеството на експерти од регионот: Србија, Бугарија и Хрватска, воедно и презентацијата на компанија за начинот на спроведувањето на Законските одредби на ниво кое ги задоволува барањата на Државниот инспекторат за труд и истата е наградена за најдобра пракса од областа на БЗР во изминатиот период. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 22 октомври 2012 година. Агендата и Пријавниот лист може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 23: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Од 1 до 3 ноември 2012 година во Турција

САЕМ ЗА ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ ВО АНТАЛИЈА Турција како земја домаќин која има голем број на природни термални извори, спа и велнес центри и високо развиени здравствени институции е спремна да даде голем допринос за развојот на здравствениот туризам и за таа цел го организира “Anfas Hetex 2012 4th International Health Tourism Exhibition” Оваа меѓународна манифестација ке биде домаќин на сите производители, трговци и корисници на медицинска и естетска опрема.Меѓународни осигурителни компании, здравствени организации, болници здравствени туристички агенции ќе се најдат на едно единствено место во исто време. На овој меѓународен саем како излагачи ќе се најдат Претставници на: • Здравствени установи • Национални и меѓународни осигурителни компании • Медицински центри • Орални и стоматолошки здравствена центри • Центри за трансплоатација на коса • Центри за диализа • Центри за вештачко оплодување • Центри за геријатрија • Spa & Wellness и таласо центри • Центри за третмани за слабеење • Термални центри • Центри за убавина • Офталмолошки Болниците • Фитнес центри • Spa & Wellness центри • Авиокомпании • Официјални институции и претпријатија • Поврзани здруженија и фондации

Производители на: • медицински материјали и опрема • еколошки производи • дијабетски производи • производи за нега на коса • козметика • производи за нега на лице и тело • ортопедски материјали и опрема • производи за брза помош

Оваа меѓународна саемска организација е местото каде ќе имате можност да се сретнете и да остварите контакти со: • Луѓе вработени во национални и странски осигурителни компании • Управници на болници и лекари • Туристички агенти во област на здравствениот туризам • Менаџери и сопственици на спа и велнес центри • Менаџери и сопственици на хотели • Фризери и козметичари • Нутриционисти • Претствници на спортски и здравствени центри • Менаџери на фарматцефски компании

Присутните ќе имаат одлична можност да се запознаат со најновите производи и технологии во областа на медицинскиот туризам. Сите заинтересирани македонски компании и поединци да се пријават за учество на саемската манифестација најдоцна до 20 октомври 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

С А ЕМИ

Page 24: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Дводневен семинар

“КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ”(9 -10 ноември 2012 година, 9:00-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат)

Предавач Јасмина Очко, магистар по банкарски и финансиски менаџмент од Р. Хрватска Стопанската Комора на Македонија во соработка со Консултанската куќа “Когноско” од Република Хрватска, на 9 и 10 ноември 2012 година, организира дводневен семинар на тема: “Контрола на трошоците”.

Цел на семинарот: Трошоците мора да се управуваат, а не само да се намалуваат (по секоја цена). Врз основа на цврсти економски знаења контролирањето проценува кои деловни потези треба да се преземат за да се поправат неправилностите и да се постигнат саканите резултати. Врз основа на практични знаења, контролорите полесно можат да ги разберат методите со кои се управува со трошоците. Оваа работилница многу практично го опишува начин на размислување на контролорите при донесувањето одлуки кои имаат влијание врз трошоците.

Целна група: Сопственици на мали, средни и големи компании, интерни ревизори, врвни менаџери, менаџери за продажба и маркетинг, менаџери на производство, менаџери за логистика или набавка, сметководители, особено за оние кои се заинтересирани за сметководствен менаџмент.

Начин на реализација: Интерактивни предавања со презентација, дискусија, работилница - решавање на задачи во групи; анализа на презентирани модели; примери од пракса на контролори; презентација на студии на случаи.

Содржина:

Прв ден

Модул 1 - Преглед на контролорот на трошоците, методи кои се применуваат за разбирање на трошоците;Модул 2 - Управување со трошоците (АБЦ анализа на трошоците, ФТ наспроти ВT, симулација на модели); Модул 3 - Различни услови на продажба (одредување попусти и рокови на плаќање, симулација на прогноза на добивка); Модул 4 - Контролирање на профитни центри;

Модул 5 - Каталошка и телефонска продажба, теренска, продажба преку застапник, продажба на мало (што треба да се предвиди пред воведување на нов канал за продажба); Модул 6 - Како да се планираат активности кои се избрани по сите најважни деловни сегменти и кои ја следат бизнис-стратегијата на фирмите;Модул 7 - Деловна политика (што навистина сакаме и кои ни се конкурентски предности - предност во цената наспроти диференцијација, растот наспротипрофитабилноста, маржата наспроти коефициентот на обртот, диференцијација на асортиманот - тесен наспроти широк, диференцијација на дистрибутивните канали.

Втор ден

Модул 1 - Контрола на производството (презентација на случај);Модул 2 - Управување со трошоците на производството;Модул 3 - Аспекти на контролата за следење на залихите - по групипроизводи, по старост, по рентабилност / коефициент на обртот;Модул 4 - АБЦ анализа, оптимизација на залихите;Модул 5 - Потребни и оптимални залихи, рентабилни и нерентабилнипроизводи на залиха, модели на управување со залихите(симулација на модели);Модул 6 -Коефициент на обрт по групи производи и неговото влијание врзРентабилноста;Модул 7 - БГЦ матрица на производите - инструмент за управување со залихите;Модул 8 -Залихи и деловна стратегија на компанијата;Модул 9 - Како да се применат техниките на финансиска анализа во областа на залихите и како да се управува со залихите?

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 25: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Предавач:

Јасмина Очко е магистар по банкарски и финансиски менаџмент. Петнаесет години била раководител на контрола во компанијата „Mozaik knjiga“ d.o.o – „Grupa Mladinska Knjiga Zal-ozba”. Работела на имплементација и развој на контрола на функциите во филијалите на „Младинска книга“ во БиХ, Србија и во Македонија. Од 2002 година се занимава со едукација од областа на контрола и до денес одржала преку 200 тренинзи, работилници, предавања и едукација за менаџмент и контрола на разни колеџи и школи ( RRF, Hrvatska Gospodarska Komora, PUMA - Hrvatska udrga poslodovaca, WIFI, IMC, Verlag Dashofer, Altius sovjetovanje, Experta, Poslovna Izvrsnost, Poslovna akademija, Mirakul, SWOt, In-Optium, TEB, Hrvatsko mjeriteljsko drushtvo). Во 2008 година започнува со сопствена претприемничка активност како консултант од областа на контрола, сметководствен менаџмент, управување со трошоците, планирање и буџетирање. Сопственик е на компанијата „Когноско”, која е специјализирана за давање услуги од областа на контролата. Од 2007 - 2008 година придружник е на водечката светска Академија за контрола “Controller Akademie” Munchen ( CA privates Institut fur Unternehmensplanung und Rechnungswesen AG).

Во 2010 година добива звање предавачка од областа на општествените науки, односно станува предавачка на RRIF- Високата школа за финансиски менаџмент. Во 2011 година стручно се усовршува во Америка (New York City). Посетувала бројни едукации од областа на менаџментот, менаџерско сметководство и контрола на најпознатите американски деловни институти во рамките на AMA – American Management Association. Во текот на својата кариера посетува многубројни кратки едукации од областа на контролата, внатрешната ревизија и сметководството во земјата и во странство. Завршила едукација од областа на психологија, педагогија, методика и дидактика при Учителската Академија во Загреб. Коавтор е на книгата „Контрола – управување зад сцената”, издадена во Загреб 2009 година и на Програмата за едногодишно школување за стекнување на звањата менаџер за контрола и финансиско-сметководствен менаџер. Предавачка е на бројни конгреси и конференции наменети за контролорите на високиот и среден менаџмент, како и на деловното училиште „Експерта” и тренер е на WIFI - Хрватска, Институт за унапредување на стопанството во сопственост на Австриската стопанска комора.

Работен јазик на семинарот е хрватскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Напомена: Минимален број за реализирање на овој семинар е 15 учесника.

Рок за пријавување: 6 ноември 2012 година

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Семинар

“ПРВИЧНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД СОЗДАВАЊЕ НА ЛОШИ ПЛАСМАНИ”16 ноември 2012 година, 9:00-17:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Стопанската Комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, на 16 ноември 2012 година, организира еднодневен семинар на тема “Првични знаци на предупредување во превенцијата од создавање на лоши пласмани”. Цели на семинарот: За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да осознаат и да научат: • Сеопфатност на моделот на наплата на побарувањата за правните лица • Важноста од соодветна проценка на бонитетот на клиентите (кредитен рејтинг) • Критериумите за утврдување на потенцијално проблематичните клиенти • Начини на решавање на потенцијално проблематичните клиенти • Влијанието на потенцијално проблематичните клиенти во финансиските извештаи на доверителите.

Целни групи: Вработени во банките кои работат во секторот- работа со правни лица (account и relationship менаџери), директори на филијали и вработени кои се занимаваат со управување со ризик и наплата на проблематични кредити.

Содржина: • Важноста на наплатата на побарувањата во услови на криза • Целосен пристап за наплата на побарувања на клиентите • Анализа на рејтингот и нејзиното значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите према банката

Page 26: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

• Важност на мониторингот на фаза детектирање на потенцијалните проблеми • Квалитативни и квантитативни знаци на предупредување • Третман на клиентот по откривање на потенцијални проблеми • Влијание на лошите пласмани врс финансиските извештаи на банката како доверител.

Предавач: Александар Василски дипломирал на Факултетот за бизнис студии, Гренобл, Франција (Grenoble Ecole de Management, France). Тој ја започна својата кариера со Рајфајзен банка АД Белград, во секторот управување со ризици. Во 2007 година поминува во Ерсте банка АД Нови Сад, каде што во 2008 година стана директор на Дирекцијата за управување со ризици за правни лица.Неговите главни области на работа и усовршување се поврзани со прашањето за управување со кредитниот ризик, финансиска анализа, управување со наплатата, управување со стратегиски ризик. За време на неговиот професионални ангажмани, тој работел на многу проекти во земјата и во странство.

Работен јазик се семинарот е српскиот јазик.За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на сем инарот.

Рок за пријавување: 9 ноември 2012 година

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита МитревскаТел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Од 6 до 9 декември 2012 година во Турција

САЕМ ЗА МЕТАЛНА ИНДУСТРИЈА ВО БУРСА Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на машини за обработка на метали и луѓе од металната индустрија кој се занимаваат со производство и обработка на метали. На површина од околу 15.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 370 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 32.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во област на металната индустрија. На овој саем ќе се сретнат производители и трговци од целиот свет, кои ќе имаат можност за реализирање нови партнерства и да ги споделат последните технолошки достигнувања.. Главни области на кои ќе се базира овој саем ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани со производство, обработка и трговија со обоени метали. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на металната индустрија. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании може да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25 ноември 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 27: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

Месец на изненадувања: Во октомври го славиме роденденот на Дуна! Токму затоа, ќе понудиме големи попусти, промоции и поволности на сите наши корисници. Следете нѐ редовно и проверувајте го вашето сандаче за порака од Дуна за да бидете во тек со сите изненадувања до крајот на месецот!

Од 1 - 6 октомври 2012 во продажниот салон Duna iStore обезбедуваме 11% попуст на сите производи од APPLE и додатоци од други производители. Посетете нѐ во текот на неделата за да го пронајдете вистинскиот производ за вас.

Page 28: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКАСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO 9001:2008FS 549642

TMBSI

Компанија од Босна и Херцеговина заинтересирана е да пласира

производи од хартија во Република Македонија.

Валидност до: 14.02.2013 година

Компанија од Црна Гора бара да ангажира инженери од Република

Македонија во областа на централно греење, соларни системи,

климатизација, вентилација и др.Валидност до: 14.02.2013 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мебел штоф. Од неодмана го има добиено правото за застапување на

француската компанија „Пјер Карден“ за материјали за каучи и декоративни перници за повеќе земји, вклучувајчи

ја и РМ.Валидност до: 14.02.2013 година

Компанија од Босна и Херцеговина заинтересирана е да посредува за извоз на вино од Република

Македонија за Кина. Заинтересираните може да ги достават понудите за количините што ги поседуваат.

Валидност до: 14.02.2013 година

Турска компанија заинтересирана е да најде застапник во Република

Македонија за пласман на копчиња, дрикери, платнени, картонски и кожни

етикети за облека.Валидност до: 14.3.2013 година

Компанија од Шпанија заинтересирана е да соработува со големи супер

маркети во Република Македонија за пласман на разладни фрижидери.Валидност до: 17.12.2012 година

Компанија од Грција нуди ИТ-решенија за банкарскиот и автомобилскиот сектор во Република Македонија.Валидност до: 18.01.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка

со компании од областа на земјоделството во Република

Македонија.Валидност до: 18.02.2013 година

Германска компанија барат соработка со македонски компании во областа

на сончевата енергија за пласман на фотоволтаични системи, соларни

системи за греење на вода и топлински пумпи.

Валидност до: 18.3.2013 година

Компанија од Германија нуди услуги во областа на енергетско безбедносно

истражување во Република

Македонија.Валидност до: 18.12.2012 година

Хрватска компанија бара соработка со македонски компании од областа на телекомуникации, инсталација,

монтажа, инженерство и проектирање.Валидност до: 18.12.2012 година

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман

на цевки и приклучоци за греење и снабдување со вода, цевки и

приклучоци за станбени објекти и за канцеларии.

Валидност до: 19.02.2013 година

Хрватска компанија бара соработка со македонски производители на

конфекција за пласман на копчиња.Валидност до: 19.02.2013 година

Турска компанија бара соработка со бензински пумпи за набавка на

опрема.Валидност до: 19.3.2013 година

Грчка компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за

пласман на узо и разни ликери.Валидност до: 19.12.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да увезува бело сирење и кашкавал

од Република Македонија.Валидност до: 19.02.2013 година

Компанија од Италија заинтересирана е да соработува со македонски

производители на дрво за обработка

PonudaPobaruva~ka

Page 29: Бизнис ИНФО број 110 од 11 октомври 2012

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 11 октомври 2012, Бр. 110

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКАкое ќе биде наменето за финален производ - штици за изработка на

предмети за домаќинството. Валидност до: 24.02.2013 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на комерцијални молекуларни ДНК-

маркер тестови во соработка со светските експерти за размножување

во одделот за земјоделство на Хебрејскиот универзитет, за

земјоделскиот сектор (главно за компании кои се бават со семе).Валидност до: 24.01.2013 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со производители на квалитетен и луксузен мебел во Република

Македонија за пласман на црногорскиот пазар за уредување на

апартмани или станови во сопственост на руски државјани.

Валидност до: 24.02.2013 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира амбалажа од пластични

маси во Република Македонија.Валидност до: 24.02.2013 година

Компанија од Шпанија заинтересирана е за соработка со текстилни фабрики

во Република Македонија за производство на женска линија на

облека за колекцијата „ZARA WOMEN“. Производството би се реализирало

преку соработка со 2-3 конфекции кои се ориентирани кон производство на женска облека под следните услови:

-капацитет на производство да можат

да обработуваат голема количина на производи;

-да прават парчиња облека со одредена комплексност;

-да бидат финансиски позитивни, за да можат директно да откупуваат

текстилни материјали од добавувач, доколку истиот биде одреден од страна

на компанијата.Валидност до: 24.9.2013 година

Компанија од Унгарија заитересирана е да стапи во соработка со македонски

винарници за пласман на буриња за вино.

Валидност до: 27.3.2013 година

Компанија од Црна Гора бара соработка со македонски градежни компании, од коишто може да најми

20 камиони-кипери за изведба на автопатот Приштина - Сува Река кај

Малешево на Косово.Валидност до: 27.3.2013 година

Компанија до Грција заинтересирана е за соработка со градежни компании

во Република Македонија, со понуда на напредни системи и решенија за заштита, односно поправка и

зајакнување на бетон и други видови на структури, бетонски и адитиви за малтер, за сврзување, за виткање;

подземни хидроизолациони системи, системи за тротоари, малтери, средства

за посебна заштита на бетон, челик и други конструкции.

Валидност до: 27.02.2013 година

Реномирана компанија од Македонија продава комплет фабрика со

автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитетен и наменет за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет

од 1000 кг / ч готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 - 50 литри,

со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два

извора на вода (бунари) и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по

договор.Локацијата на објектот е во околината

на Битола, до границата со Грција.Валидност до: 5.10.2013 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската

комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб

порталwww.mchamber.mk

Контакт: Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO 9001:2008FS 549642

TMBSI

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

PonudaPobaruva~ka