34
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 77 од 08.12.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk РАБОТНИ МЕСТА ЗА ЖЕНИТЕ - ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ПРИМЕР КАКО МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ МОЖАТ ДА БИДАТ КОНКУРЕНТНИ Владата со порака до компаниите и до граѓаните на земјава Стопанската комора на Македонија и УНДП во акција за поголемо вработување на ранливите категории лица Пол Волерс, амбасадорот на САД во Република Македонија, во посета на скопски „Алкалоид“ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОДГОВОР НА СИТЕ МОЖНИ СЦЕНАРИЈА НА ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА!

Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Неделен бизнис информатор на Стопанска комора на Македонија

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 77 од 08.12.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

РАБОТНИ МЕСТА ЗА ЖЕНИТЕ -ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО

НАСИЛСТВО ПРИМЕР КАКО МАКЕДОНСКИТЕКОМПАНИИ МОЖАТ ДА БИДАТ

КОНКУРЕНТНИ

Владата со порака до компаниите и до граѓаните на земјава

Стопанската комора на Македонија и УНДП во акција за поголемо вработување на ранливите категории лица

Пол Волерс, амбасадорот на САД во Република Македонија, во посета на скопски „Алкалоид“

ПОДГОТВЕНИ ЗА ОДГОВОР НА СИТЕ МОЖНИ СЦЕНАРИЈА НА ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА!

Page 2: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ ИЗЛЕЧИВМЕ 10.000 ПАЦИЕНТИ

За осум месеци од работењето на нашата болница поминаа десет илјади пациенти. Според нашите статистики 40 проценти од горенаведената бројка се операции. Со Фондот за здравство имаме склучено договор за шест вида операции, кои според видот и обемот месечно се извршуваат. Од странските земји имаме големо посетеност, посебно од соседните држави. Најмногу имаме пациенти од Косово, Србија, Албанија и Грција. Освен соседните држави имаме пациенти и од Австрија, Германија, Швајцарија, Италија, како и од САД. За кратко време станавме регионален центар за офталмологија. Бројката на пациенти е задоволителна, и очекуваме уште да се зголемува. Како, на пример, имаме заинтересирани пациенти од Пакистан, кои исто така сакаат да не посетат. Целосно ја поддржуваме идејата за ф о р м и р а њ е на Групација за приватни з д р а в с т в е н и установи и чест ни е како новоотворена п р и в а т н а болница да седнеме на маса со најголемите п р и в а т н и з д р а в с т в е н и институции во нашата држава. Се надеваме дека и ние ќе го дадеме нашиот придонес во донесувањето на одлуките и функционирањето на оваа Групација. Се надеваме искрено дека членството ќе се зголемува од година во година и дека преку нашите искуства ќе ги решаваме проблемите на приватното здравство и секако ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на нудење на здравствената услуга на сите граѓани во земјава.

(Нијази Исмаил, менаџер на Европската очна болница)

БАРАМЕ АЛТЕРНАТИВА ЗА ПАЗАРОТ НА ГРЦИЈА

Најмногу извезуваме во Бугарија, Србија, Албанија, Косово и во Грција. Во Грција пласиравме околу 30% од производството до пред кризата. Сега нашиот извоз таму е паднат за дури 70% поради добро познатите причини. Загубената продажба во Грција се трудиме да ја надоместиме со влез на словачкиот, чешкиот и на полскиот пазар, но тоа е процес што не може да се случи преку ноќ. Првите количини се испратени, добро се прифатени, па сега ќе видиме како ќе се развиваат работите. Годинава успеавме да ја зголемиме продажбата во Хрватска, а романскиот пазар, каде што се обидовме изминативе две-три години, се покажа доста несигурен. Доаѓаат производи од цел свет, не се внимава многу на квалитетот и немаме повеќе интерес таму да се обидуваме и понатаму. Пробивањето на нови пазари во нашава дејност е ограничено од транспортните трошоци, затоа што се работи за габаритна стока и секоја подалечна дестинација за извоз ви ги зголемува трошоците и ја намалува добивката. Но, ќе се бориме. Нема друга алтернатива. Ние не престанавме да инвестираме, па во 2009 година отворивме нов погон за производство на пластични профили, инвестиција вредна околу 2,5 милиони евра, а летоска отворивме и нова фабрика за производство на полиетиленски интерхол шахти, тоа е компанија-ќерка на Конти хидропласт. Во наредниот период планираме инвестиции од три милиони евра. Околу една четвртина од парите за овие инвестиции ги обезбедивме од Европската инвестициска банка, ЕИБ, која дел од средствата ни даде како неповратен грант поради добро изготвените проекти и исполнувањето на европските стандарди за квалитет.

(Борис Маџунков, сопственик и генерален директор на „Конти Хидропласт“)

ФОКУСОТ ВРЗ КОРЕКТИВНА И ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА НА КОРИСНИЦИТЕ

Во фаза е изработка на Стратегијата за развојот на електронските комуникации 2012-2015, во која со акционен план детално ќе бидат дефинирани и опишани мерките кои АЕК ќе ги спроведе во наредните четири години во насока на развојот на електронските комуникации и информатичкото општество. Во законскиот дел АЕК со низа мерки и правилници к о м п л е т н о ја заокружи л е г и с л а т и в а т а во областа на е-комуникациите, со новиот Правилник за општи услови се воведе ингеренција на АЕК за проверка и одобрување на стандардните претплатнички договори кои корисниците на е-комуникации (мобилна, фиксна телефонија, Интернет, ТВ и радио) ги потпишуваат со операторите и во кои со точно определена форма и содржина детално се дефинираат претплатничко-корисничките односи и во кои се укинува автоматското продолжување на договорите и поставување услови со помал фонт од стандардниот. Во следниот период апсолутно ќе се фокусираме на корективна, но и на превентивна заштита на правата на корисниците и на нивната едукација, како и на создавање заокружен амбиент за развој на е-комуникации, воведување на новите технологии, како во телефонијата (mobile VoIP over 4G, fixed VoIP over NGN/NGA), Интернетот (широкопојасен,mobile BB over 4G – LTE, fixed BB over NGN/NGA),телевизијата (digital over DVB-T2) и радиото (digital over T-DAB).

(Роберт Ордановски, директор на Агенцијата за електронски комуникации)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

На Скопски саем на 6.12.2011 година беше отворен 9. Меѓународен саем за финансии, деловни можности и економски развој ФИНЕКСПО 2011 на кој учествуваат комерцијални банки од РМ, Управата за јавни приходи, осигуренителни компании, инвестициски фондови и софтверски куќи. Организатор на годинашното издание на оваа саемска манифестација е Скопски саем, покровител е Министерството за финансии на Република Македонија, а партнер е Стопанската комора на Македонија преку Здружението на банкарството и Здружението на осигурувањето. Саемската манифестација официјално ја отвори заменик претседателот на Владата и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески кој истакна дека ваквите саеми се можност да се презентираат состојбите, да се идентификуваат евентуалните проблеми и да се разменат идеи како тие заеднички да се надминат. - Република Македонија како мала и отворена економија е под силно влијание на глобалните случувања, но сепак таа успешно се справи со предизвиците на светската економска криза и остана ниско задолжена земја со стабилни и здрави макроекономски основи, истакна Ставрески, додавајќи дека макроекономската политика за наредната година се темели на тековната економска состојба во земјата и на проценките за економските движења во Европа и светот. Во претстојниот период, истакна министерот, се очекува да продолжи нагорниот тренд на економска активност и задржување на дефицитот на ниско ниво до 2,5 проценти од БДП. Во однос на банкарскиот сектор, м-р Зоран Ставрески посочи дека тој остана добро капитализиран, со стапка на адекватност на капиталот двојно повисока од законски пропишаното ниво, а подобрен е и квалитетот на кредитното портфолио преку намалување на учеството на нефункционалните во вкупните кредити. Изворите на финансирање се стабилни со доминација на домашните депозити, а од друга страна здравиот банкарски сектор преку зголемената кредитна актвиност го поддржа развојот на реалниот сектор. Заменик претседателот на Владата и министер за финансии истакна дека Владата на Република Македонија, во рамки на своите можности и надлежности, го поддржува, и во иднина ќе го поддржува стабилниот

развој на банкарскиот сектор. Во таа смисла Владата преку Минитерството за финансии, а во соработка со банките во следните четири години ќе реализира два проекта со цел да им помогне на граѓаните на кои не им е решено станбеното прашање и немаат сопствен дом и живеалиште.Двата проекта се пола:пола рата за првите пет години и 50 отсто учество за купување стан односно изградба на куќа, потенцира министерот за финансии. Ставрески додаде дека пазарот на капитал и натаму остана најчувствителен сегмент на финансискиот систем кој се уште директно ги чувствува последиците од светската финансиска криза, а во однос на осигурителниот сектор потеницра дека тој и натаму задржува мало учество на пазарот.

Во рамки на ФИНЕКСПО 2011 година, првиот ден се одржа Тркалезна маза на тема „Актуелни состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“ на која учество земаа претставници од реалниот сектор и банките. М-р Зоран Ставрески пред претставниците на банкарскиот и реалниот сектор истакна дека Р.Македонија е

подготвена за сите можни сценарија на должничката криза во Европа. Буџетот содржи три сценарија од кои две се експлицитно, а третото имплицитно содржани во него. Тој нагласи дека првото сценарио е со проектираниот раст од 4,5 проценти кое што ќе зависи од случувањата во Европа и кое подразбира во некој пократок временски период да се решат состојбите. Тоа сценарио е можно, иако не е единствено. Можни се и другите сценарија кои се однесуваат на тоа дека европската криза може да потрае и многу подолго. Токму поради тоа вицепремиерот потенцира дека во рамките на буџетот е проектирана поконзервативна проекција на приходната страна. Наспроти тоа што Владата отиде со реален пораст од 4,5 проценти и инфлација од 2,5 проценти, проектиран е на приходната, а соодветно и на расходната страна понизок номинален раст што покажува дека е водена сметка и за второто сценарио доколку состојбите во европската економија не се подобрат. Третото сценарио, кое не е содржано во буџетот, но е можно, е да бидат направени корекции на буџетот во вид на ребаланс доколку состојбите во Европа дополнително се влошат. - Ако состојбите во Европа дополнително се влошат тогаш ќе биде потребно да се направат корекции во вид на ребаланс кои не очекувам да се случат во првата половина од годината, но доколку биде потребно, најосновно ќе биде да го задржиме ниското ниво на буџетски дефицит, односно тој да остане во проектираните рамки со што најмногу ќе помогнеме во делот на стабилноста и во одржувањето на ниското ниво на вкупниот долг, рече Ставрески. Тој смета дека македонската

ТРИБИНА

На „Финекспо 2011“ се расправаше за „Актуелни состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“

МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА НА СИТЕ МОЖНИ СЦЕНАРИЈАНА ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА

Page 4: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

економија ќе ги задржи позитивните стапки на економски раст благодарение на солидните остварувања во првите шест месеци од годинава кога беше забележан раст во просек од 5,2 проценти. Очекувањата се дека до крајот на годината економскиот раст ќе биде 3,5 проценти и оти за следната година ќе има позитивен економски раст. Според гувернерот на Народна банка на Република Македонија, м-р Димитар Богов, домашната економија ќе претпре штети од кризата во Европа што се очекува, но смета дека државата сега е поподготвена од 2008 година. Тој истакна дека пред ударот што го очекуваме, се наоѓаме во подобра ситуација отколку во 2008 година, односно македонската економија има помалку нерамнотежи

за разлика од 2008 година. М-р Димитар Богов посочи, меѓу другото, дека девизните резерви се на одлично ниво и може да го издржат првиот удар без поголеми проблеми, позитивни показатели има и во банкарскиот сектор, а и јавниот долг е еден од најниските. Гувернерот истакна дека се подготвуваат за сите можни сценарија, но оти скоро е невозможно сценариото за распад на еврозоната. Кое сценарио и да се случи, тој потенцираше дека депозитите на нашите граѓани се сигурни, без разлика дали се во евра или во денари. Тие нема

да изгубат од својата вредност. Динарот останува врзан за еврото така што она што го имаат граќаните во евра ќе вреди исто во денари, а она што го имаат во денари ќе вреди исто во евра. На трибината беше отворена дискусија за предлог Законот за задолжница со цел решавање на неликвидноста на македонското стопанство, беа истакнати забелешките на Здружението на банкарство во врска последните измени на Законот за процена со предлог итна измена на законот и

изземањето на банките и штедилниците од овој Закон, за што м-р Зоран Ставрески истакна дека со оглед на аргументите и забелешките реално е да се прифати барањето на банките, а на тркалезната маса беше исто така отворена дискусија во поглед на состојбата во еврозоната. Двата дена за времетраење на ФИНЕКСО се одржуваат и обуки за „Е-даноци-електронско пријавување на даноци“ и „Промоција на електронски јавни аукции на УЈП“ организирани од Управата за јавни приходи.

НЕЛИКВИДНОСТА ВО ГОЛЕМ ДЕЛНА РЕЛАЦИЈАТА РЕАЛЕН СЕКТОР -

ДРЖАВА

Македонската неликвидност доаѓа од меѓусебната задолженост, но во голем дел и на релација реален сектор - држава. Економијата во регионот и пошироко е во очајна состојба, во услови на цунами треба да бидеме внимателни.

(Антони Пешев, претседавач на Собранието на

Стопанската комора на Македонија)

ТРИБИНА

Нема место за паника и масовно менување на еврото во други валутиКРАХОТ НА ЕВРОПСКАТА ВАЛУТА Е СКОРО НЕВЕРОЈАТЕН!

Нема простор за паника и масовно менување на еврото во други валути. Има индивидуални случаи, но тоа не е воопшто од некои поголеми размери, изјави гувернерот на Народната банка на Република Македонија, м-р Димитар Богов. - Во нашите симулации имаме и сценарија доколку дојде до паника кај населението, но засега ja нема. Сметаме дека граѓаните се многу трезвени и рационални и не подлегнуваат на паника бидејќи навистина нема простор за такво нешто, рече Богов, одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на „ФИНЕКСПО 2011“. Според него, сценариото за крах на еврото е скоро неверојатно, а доколку се случи, депозитите во евра ќе се конвертираат во валутите кои ќе настанат од еврото по избор на граѓаните. - Во денари еврото нема да ја промени својата вредност. Тоа ќе си остане како и сега, така што не гледам никаква опасност за тоа, - потенцира Богов. Претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија и директор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, апелира граѓаните да не избрзуваат со одлуки и со менувањето на еврата во други валути. - Граѓаните да размислуваат со мирна глава и да не избрзуваат со одлуки. Не би препорачал тоа да се прави во моментот додека не се види судбината на еврото, - истакна Јанчески. Во НЛБ Тутунска банка, како што информира, има индивидуални случаи на менување на штедните влогови од евра во други валути, но тоа не е масовна појава. Најголем број од граѓаните се решаваат за замена во денари затоа што тој во моментот е стабилен и каматните стапки на денарот се повисоки.

Page 5: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

ТРИБИНА

На 7. 12. 2011 година, на Скопскиот саем, се оддржа трибина на тема: „Предизвици на друштвата за осигурување во однос на нивното место и улога во финансискиот систем на Република Македонија“, на која покровител беше Стопанската комора на Македонија. Модератор на оваа трибина беше претседателот на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија, Трајче Латиновски, генерален директор на „Триглав осигурување“ АД – Скопје, кој накусо ја

образложи оправданоста на оваа трибина, како и отвори дискусија по однос на моменталната состојба на друштвата од оваа област. Воведно излагање на оваа тема имаше претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, д-р Климе Поповски, кој пред присутните детално презентираше податоци за развојот на осигурителниот сектор во РМ. Имено, тој нагласи дека за осигурителните компании во нашата држава ова е успешна година бидејќи бележат пораст од 9 отсто во своето работење споредено со претходната година, што е забележителен податок. Во однос на претходните години профитабилноста на осигурителните компании е поголема иако на светско ниво постои финансиска криза. Сепак, фактот дека постои криза не треба да се занемари бидејќи во последните

години праксата покажува дека многубројни осигурителни компании работат со странски капитал. Загубите се неминовни, како и во претходните години, но согласно досегашните проекции не се очекуваат да бидат преголеми. Д-р Климе Поповски нагласи дека има поквалитетен пристап на компаниите во нивното работење, што е еден од клучните фактори за развој и на нивните компании. Од големо значење за осигурителните компании се и донесените подзаконски

акти со кои подетално се уредува нивното работењето. Согласно овие акти се зголемува профитабилноста на друштвата, што е најважен фактор за овие компании. Како предизвици кои ги има Агенцијата за супервизија на осигурувањето се носење на подзаконски акт за давање согласност за назначување директори на осигурителните компании, со што ќе се обезбеди увид во рентабилноста на секоја компанија преку извршниот директор. Понатаму, обезбедување на заштита на потрошувачите, како и ширење на осигурителна култура, пред се`, преку студентите како целна група. Проектот за катастрофални ризици е дел од агендата за 2012 година, со што овој дел од работењето на компаниите ќе биде целосно уреден. Желбата на Агенцијата е да се номинираат и нови членови во Комисијата за автоодговорност, со што конечно ова тело

ќе ја заземе правилната улога во развојот на осигурителната дејност. Владо Поповски од „Кроација осигурување – Живот“ АД ја поддржа дискусијата во однос на делот за поддршка на осигурителните компании, но наведе дека нивната профитабилност ќе биде уште поголема доколку се обезбеди даночно олеснување за осигурителните компании. Александра Наќева - Ружин, извршен член во Одборот на директори на „Еуролинк осигурување“ АД - Скопје, наведе дека стопанството не го опфаќа многу осигурителниот сектор и дека треба сите осигурителни компании да работат здружено во остварување на основната мисија, а тоа е стабилност и раст на осигурителните компании. Оваа мисија ќе биде овозможена со помош и на реалниот сектор. Исто така, Александра Наќева - Ружин потенцира дека банките и осигурителните компании треба да работат заеднички. Учество во дискусијата земаа и претставници од „Винер осигурување“ и „Кроација осигурување“, кои дополнително ја продлабочија темата на оваа трибина со нивните ставови по актуленостите во однос на осигурителните компании. На крајот претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Поповски, даде коментари

по сите дискусии. Притоа, наведе дека секоја иницијатива од страна на осигурителните компании, Здружението на осигурувањето, Асоцијацијата, односно од фелата на осигурителни куќи, треба да биде пратена до Агенцијата, која истата образложена ќе ја проследи и до Владата на РМ.

Предизвици на друштвата за осигурување во однос на нивното место и улога во финансискиот систем на Република Македонија

ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР ГОДИНАВА СО РАСТ ОД 9 ОТСТО, НО КРИЗАТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАНЕМАРУВА

МОЖНОСТИ

Во сила стапија обновените Преференцијални трговски мерки на ЕУ

за Западен Балкан БЕЗЦАРИНСКИ ПРИСТАП

ДО ПАЗАРИТЕ НА УНИЈАТА

Европската комисија во месец октомври одобри прoдолжување на посебните трговски мерки за земјите од Западен Балкан кои се во процесот на стабилизација и асоциација.Toa, всушност, значи безцарински пристап кон ЕУ пазарите речиси за сите стоки (преференцијална листа ОЈ Л 122/2008),

вклучувајќи и ослободување од другите давачки со карактер на царинското оптоварување. Оваа одлука на 7.12.2012 година е објавена во Службениот весник на ЕУ Л 324 , со важење до 31 декември 2016, што значи дека станува оперативна. Истата ќе има и ретроактивна примена за период од 1 јанури 2010 до 30 ноември 2011. И понатаму Европската комисија може да ги суспендира посебните трговски мерки за увоз на земјоделски производи и риба и нејзините преработки доколку тие сериозно го нарушат пазарот на Унијата. Земјите од Западен Балкан

уживаат посебни трговски мерки од 2000 година, со нивното продолжување во периодот од 2005 до 2010. ЕУ одлучи и понатаму да ги продолжи мерките за безцарински пристап, бидејќи процени дека нивното ограничување би можело негативно да се одрази на економските перформанси на Западен Балкан, а со тоа и на процесот на реформи. Земјите на кои се однесуваат мерките се Албанија, БиХ, Хрватска (до јуни 2013 кога ќе стане функционална членка на ЕУ), Косово, Македонија и Србија. Љубица Нури

Page 6: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Стопанската комора на Македонија и УНДП во акција за поголемо вработување на ранливите категории лицаРАБОТНИ МЕСТА ЗА ЖЕНИТЕ-ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Општествената одговорност на претпријатијата, што меѓу другото подразбира и вработување ранливи групи лица, кај нас не е нов концепт, но не се применува доволно. Македонските компании речиси воопшто не се заинтересирани за вработување ранливи категории лица. Само 14 компании од вкупно контактираните 470 годинава

ангажирале жени-жртви на семејно насилство. Ова беше истакнато на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема “Корпоративната општествена одговорност на приватниот сектор кон ранливите групи во општеството“ (5.12.2011 година). - Нашите фирми не сакаат да „увезуваат“ проблем, а имаат и предрасуди дека жените-жртви на семејно насилство не се продуктивни поради ситуацијата во која се наоѓаат. Но, праксата го покажува спротивното. Тие се многу вредни, трудољубиви, посветени и лојални, што е особено значајно за приватниот сектор. Затоа, бизнисмените треба сериозно да размислат и да ги ангажираат доколку навистина имаат потреба од отворање нови, одржливи работни места, - истакна Нехад Рамадани од УНДП. Еден од проблемите е и несоодветната едукација на потенцијалните кандидатки за вработување поради што УНДП организира серија специјализирани обуки зависно од потребите на фирмите. Според Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија, во досегашните разговори компаниите посочиле и на потребата од институционално делување, односно

воведување психосоцијални подготовки за ранливите категории лица пред евентуалното вработување. - Со вработувањето ранливи категории лица фирмите ќе го подобрат својот имиџ зашто на надворешните пазари тоа е еден од минимум потребните стандарди. Воедно, овој тип општествена одговорност ќе им послужи и како промотивна алатка, позитивно да бидат прифатени од околината што, пак, би значело интензивирање на бизнисот, - нагласи Рамадани. Во рамките на серијата јавни дебати кои ги организираше Стопанската

комора се очекува да се зголеми информираноста на компаниите за активните мерки кои постојат во рамките на Оперативната програма за 2011 година на Министерството за труд и cоцијална политика, а воедно и да слушне и инкорпорира мислењето и за потребите на компаниите за поактивно вработување на овие лица. Од ранливите категории лица во Македонија, 90 отсто отпаѓаат на жените-жртви на семејно насилство. Нивното економско јакнење и осамостојување е една од целите на Програмата за зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство што од 2008 година ја спроведува УНДП во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Преку Програмата се обезбедуваат шестмесечни субвенции за фирмите што ќе вработат вакви лица, но засега интересот е многу мал. Како што рече Рамадани, оваа бројка догодина веројатно ќе се удвои или трикратно ќе се зголеми ако се земе предвид дека интензивно, низ цела држава, Стопанската комора на Македонија и УНДП спроведуваат серија јавни дебати за приватниот сектор со цел негово поголемо информирање околу бенефитите од вработувањето жени-жртви на семејно насилство.

Јавна расправа за Стратегијата за водиДОПРЕЦИЗИРАЊЕ НА ДОЛГОРОЧНАТАПОЛИТИКА НА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ

Во организација на Стопанската комора на Македонија и на Министерството за животна средина и просторно планирање, на 6 декември 2011 година, се одржа јавна расправа по Предлог-стратегијата за води. Јавната дебата беше наменета за бизнис-заедницата со цел да се запознае и да даде соодветен придонес во дефинирањето на овој плански документ. -Стратегијата за води е мошне важен стратешки и плански документ кој се однесува за период од 30 години и со кој ќе се определи долгорочна политика за управување со водите, - истакна во своето обраќање заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски. Политиките во секторот за води се усогласени со европските барања и директиви и истите треба да обезбедат одржлив развој на водите, рационално и економично користење, заштита на водите и контрола на загадувањето, заштита и подобрување на крајбрежното земјиште и водните живеалишта и заштита и ублажување на последиците од штетното дејство на водите и недостиг на вода. Во презентацијата, подготвена од страна на изготвувачот, „Хидроинженеринг“ од Словенија, беше прикажана состојбата со води во РМ, националните цели за управување со води, нејзино користење, вклучително и од страна на индустријата, земјоделието, туризмот и други стопански гранки, како и програмата на мерки и

активности и изворите на финансирање за нејзина реализација. Во јавната расправа учествуваа голем број претставници на бизнис-секторот и други засегнати страни кои ги искажаа своите видувања и сугестии во делот на: заклучоците кои треба да се допрецизираат во насока на постигнување на целите на Стратегијата, формирањето на регулаторно тело за води и во тој контекст потребата од економски издржана цена на водата, потоа, мониторингот и следење на безбедноста на водата за пиење, активности за подигање на јавната свест за отпадните води, потребата водата да

Page 7: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

стане стратешки ресурс. Стратегијата, како долгорочен плански документ треба да се обновува, особено во период на големи климатски промени. Забелешките и сугестиите дадени од бизнис-заедницата ќе бидат разгледани од изготвувачот - Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел нивно инкорпорирање во текстот на планскиот документ.

З. Мешкова

Конститутивна седница на Групацијата на обновливи извори на енергија во рамките на МЕАД- Р КОЧО АНЃУШЕВ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

На 2.12.2011 година се одржа конститутивна седница на Групацијата на обновливи извори на енергија (ОИЕ) во рамките на МЕА. За претседател на Групацијата е избран д-р Кочо Анѓушев, сопственик на „Фероинвест“, и познавач на проблематиката од областа на обновливи извори на енергија како инвеститор и сопственик на мали хидроцентрали. Во Групацијата членуваат фирми кои се занимаваат со производство на енергија од соларни системи, мали хидроелектрани, ветерници, геотермална енергија и

биомаса. Досегашните инвестициите во оваа област од енергетиката изнесуваат околу 100 милиони евра. Формирањето на оваа групација е пред се` здружување на фирмите кои оперираат во оваа област, со цел да се надминат проблемите при работењето како и давање мислења, сугестии и решенија за одредени законски прописи, како и унапредување и развој на дејноста.

Во работниот дел од седницата се третираа отворените прашања поврзани со законската регулатива во оваа област и истите ќе бидат предмет на активности на оваа групција во наредниот период.

Перо Авакумовски

Здружение на комуналните дејностиПОД ЛУПА НОВИОТ ЗАКОН ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

На состанокот на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, на кој присуствуваа и претставници од Министерството за транспорт и врски, се расправаше за Предлог-законот за комунални дејности (5.12.2011 година). Претставниците на Министерството за транспорт и врски како предлагач на законот информираа дека имале обврска првично да изработат измени на постојниот Закон за комунални дејности, но имајќи во предвид дека постојниот закон е многу стар, било одлучено да се изработи комплетно нов закон. Предлогот што е доставен на разгледување во Стопанската комора на Македонија е првична верзија. Оттука, Министерството, како што изјавија неговите претставници, е на располагање за соработка, прифаќање сугестии по одредени членови и корекција на делови од самиот текст. Здружението на комуналните дејности минатата недела достави и официјални забелешки за овој предлог-закон како што се бараше, но поради значењето на законот (кој треба да претставува еден вид устав за комуналните дејности) било одлучено да се организира средба на комуналните претпријатија со претставници од ресорното министерство. На состанокот беа предочени низа забелешки, како суштински, така и технички. Со цел усогласување на законот и негова имплементација беше донесен заклучок да се формираат работни групи од сите 4 групации при Здружението на комуналните дејности (на пазари, на водовод и канализација, на гробишта). Одлучено е на 14.12.2011 година да се одржат работни средби (секој со својата групација ) и да се изгради заеднички став, кој во форма на официјален предлог преку Здружението на комуналните дејности ќе биде доставен до Министерството за транспорт и врски.

Даниела Михајловска Василевска

Page 8: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Пол Волерс, амбасадорот на САД во Република Македонија, во посета наскопски „Алкалоид“ ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР КАКО МАКЕДОНСКИТЕКОМПАНИИ МОЖАТ ДА БИДАТ КОНКУРЕНТНИ

„Алкалоид“ АД - Скопје произведува производи кои се продаваат на американскиот пазар, кој има многу строги стандарди за квалитет и за безбедност е многу добар пример на кој начин македонските компании можат да бидат конкурентни во државата и во светот, изјави американскиот амбасадор

во Македонија, Пол Волерс, по посетата на компанијата. Тој посочил дека се запознал со производствените капацитети на компанијата која, како што рече, дава многу добар пример и за општествена одговорност. - Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендира студенти по медицина и фармација и им дава можност да го продолжат нивниот професионален развој. Сметам дека со оваа и другите активности компанијата дава многу добар пример за останатите компании на кој начин можат да бидат добри граѓани на оваа држава, додал Пол Волерс, а го цитира МИА. Директорот на „Алкалоид“ АД - Скопје, Живко Мукаетов, рекол дека имале можност да го претстават работењето на компанијата и да поразговараат околу активностите кои ги преземаат на американскиот пазар и во соработката со американските компании кои ги застапуваат на пазарот во Македонија и во регионот. Тој ја истакнал подготвеноста на компанијата и натаму да се носи со предизвиците на времето и да се фокусира кон растење на своите работење на македонскиот и на странските пазари. - Произведуваме чаеви за познати американски производители, како што се компанијата „Аведа“ која е дел од „Есте Лаудер“ групацијата,

компанијата „Арбон“. Од овој месец почнуваме да работиме со компанијата „Свансон“, а освен тоа сме присутни со нашите производи Good nature чаевите и бебешката колекција Бекутан, - истакнал Мукаетов. Ова е прва година, потенцирал тој, во која ќе завршиме со извоз поголем од еден милион САД долари и година во која заклучно со ноември двојно го зголемиле извозот во САД. - Мора да се фокусираме и да бидеме реални за ситуацијата која не` чека. Се најавува на светско ниво рецесија. Дали ќе биде така - ќе видиме. Тоа значи дека треба да се фокусираме кон нашите базични активности, дека треба да се инвестира во дејностите кои прават добар поврат и да се инвестира онаму каде што има логика, а ризиците да се сведат на минимум секаде каде може, додал Мукаетов, а пренесува МИА.

Фондацијата T-Mobile за Македонија ДОНАЦИЈА ЗА ГЛУВИТЕ И НАГЛУВИ ДЕЦА

Техничка опрема која се состои од проектори, лап-топ компјутери, видео-камери, телевизори, печатачи/скенери и платна за проектирање, е донацијата која Фондацијата Т-Моbile за Македонија во партнерство со „Ериксон“, им ја додели на Националниот сојуз за глуви и наглуви лица и на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“-Битола. Леа Липша од Фондацијата Т-Моbile на прес-конференција истакнала дека опремата ќе послужи за изучување на знаковниот јазик и ќе го зголеми квалитетот на наставата. Со помош на опремата овие

лица ќе можат да организираат масовни собири, да евалуираат предавачи, да проектираат видео-материјали и да реализираат обуки. - Донацијата можеби не е голема според средствата, но е многу ефектна и значајна. Донацијата ќе им помогне на децата и возрасните во нивната

секојдневна комуникација, рекла Липша, а ја цитира МИА. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, Васко Марков упати благодарност за донацијата од име на 6.000 глуви и наглуви лица, членови на Сојузот. - Се надевам дека нашата соработка со Фондацијата Т-Моbile ќе продолжи и натаму и заеднички да придонесеме за унапредување на правата и заштита на глувите лица особено за образование, социјален и културен развој на младите глуви лица, - рекол Марков. Пеце Гаштаров, директор на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ од Битола посочи дека Заводот е единствена установа од овој тип каде престојуваат ученици од цела Македонија. - Ова е голем напредок во долгогодишната историја на Заводот во унапредување на наставата и рехабилитацијата. Донацијата е од големо значење за изучување на знаковниот јазик кај децата. Заводот, кој има 80 деца, се залага училиштето да има посовремена настава, истакнал Гаштаров и се заблагодарил за донацијата.

Комерцијална банка со награда од магазинот „Тhe Banker“ПО ШЕСТИ ПАТ БАНКА НА ГОДИНАТА

Комерцијална банка по шести пат е прогласена за Банка на годината од

интернационалниот магазин „Тhe Bank-er“. Како што информира Банката, наградите за најдобри банки во светот се доделени на 30.11.2011 година во Лондон. Прогласувањето на најдобрите банки во светот се врши врз основа на поврат на средствата на акционерите, статегиски предности во однос на конкурентите и проценти на пораст на капитал, актива и нето-профит.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 9: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

НОВИТЕТИ

Page 10: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Економски советМОДЕЛИ И ПРИМЕРИ НА ДРЖАВНА ПОДДРШКА НА НОВИ БИЗНИСИ НА МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ

На седница на Економскиот совет, со која претседавал премиерот Никола Груевски, била разгледана информацијата за модели и примери од други земји и меѓународни финансиски институции на државна поддршка на нови бизниси на мали и средни компании. Членовите на Советот заклучиле анализата да се прошири на повеќе земји и да се направи компарација со постојните

практики на државна поддршка во Република Македонија, а потоа да се видат можностите за инкорпорирање на нови мерки во домашниот систем за поддршка на нови бизниси на мали и средни компании. На седницата била разгледана и информацијата за натамошното постапување по однос на воспоставување систем за интегрирано регионално управување со отпадот во Пелагонискиот, Југозападниот и Вардарскиот регион, – саопштува владината прес-служба.

Стартува проектот финансиран од Европската унија „ПОДДРШКА НА НАЦИОНАЛНАТА ПОЛИТИКА НА ВРАБОТУВАЊЕ“ Развивање капацитети за долгорочна прогноза на пазарот на трудот и градење капацитети во Министерството за труд и социјална политика за мониторинг и евалуација на политиките за вработување со 1,8 милиони евра има за цел проектот финансиран од Европската унија „Поддршка на националната политика за вработување“. Проектот, кој денеска го промовираа министерот за труд и социјална полтика Спиро Ристовски и претставникот на ЕК во Македонија Роберт Лидл, ќе трае околу 2 години, а во негови рамки експерти од Словачка и Австрија ќе му помагаат на Министерството за труд и социјална политика да ги изгради сопствените капацитети во однос на

долгорочната прогноза на пазарот на трудот и евалуацијата на политиката на вработување. - Проектот има две компоненти. Првата се однесува на моделот за прогнозирање на пазарот на трудот што ќе се заснова на податоци од Државниот завод за стaтистика, Народната банка, Министерството за финансиси, Агенцијата за вработување...Мерките од вотората компонента трева да овозможат подобрување на капацитетите и вештините на телата, институциите и социјалните парнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување, рекол министерот Ристовски, а го цитира МИА. Тој е уверен дека реализацијата на проектот ќе овозможи остварување на предвидените цели. - Сметам, истакнал министерот Ристовски, дека имаме добра основа и капацитети да изградиме одржлив модел со конкретни алатки и приоди за долгорочно предвидување, следење и евалуација на политиките на вработување, рече министерот за труд и социјална политика. За значењето на политиката за вработување говореше и претствникот на ЕК Лидл, кој посочил дека таа е од исклучителна важност за развојот на секоја земја, особено во периоди како овој во услови на економска криза. При креирањето на политиката, додаде треба да се земе предвид зголемувањето на учеството на пазарот на труд, треба да да се развие кафалификувана работна сила, да се обезбеди намалување на исклученоста на маргинализираните групи... Земјите членки и кандидати за ЕУ, рече Лидл, треба да ги земат предвид овие насоки кога се изготвуваат политиките за вработување. - Треба да се осмисли и

воспостави систематско и долгорочно предвидување на движењата на пазарот на трудот, што е доста тешко за било која земја, осбено кога се нема традиција за тоа, потоа треба да се развие и систем за мониторнг и евалуација на политиката на вработување на линија на Стратегијата на ЕУ за вработвање. Тоа ќе обезбеди

дополнителни информации на сите чинители на пазарот на трудот и ќе го подобри кавлитетот на воспоставување на политиката на вработување за сите граѓани, рекол Лидл. Додаде дека ова бара не само политичка посветеност, туку и персонал кој ќе го спроведува тоа и ќе биде обучен.

Смена на врвот во Европската бизнис асоцијација (ЕБА)НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДРА НАЌЕВА РУЖИН, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ДАНИЕЛ САС

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Европската бизнис асоцијација (ЕБА)

на одржаното годишно Собрание на Асоцијацијата (1.12.2011 година). На претседателската функција Наќева Ружин доаѓа по заминувањето од функцијата на досегашниот претседател Гинтер Офнер. Нов потпретседател на Асоцијацијата е Даниел Сас, главен извршен директор на Македонски Телеком. Претходно, оваа функција ја извршуваше Николај Бејкерс. На деветтото годишно Собрание, покрај новото претседателство, избрани се и четири нови членови на Управниот одбор на ЕБА, Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Ричард Парт, генерален директор на Империјал Тобако ТКС за јужен Балкан, Константинос Спанудис, генерален директор на Пивара Скопје и Никола Љушев, генерален извршен директор на Вип оператор. Со изборот на нови членови на Управниот одбор на ЕБА бројот на членови се зголеми на осуммина.

Македонско-германското стопанско здружение со нов претседателНА ЧЕЛО МАТИЈАС ХАНЕЛ, МАРКЕТИНГ-ДИРЕКТОР НА „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ И „Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА“

За нов претседател на

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 11: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Македонско-германското стопанско здружение со двегодишен мандат на вонредното собрание, одржано на 1.12.2011 година, е избран Матијас Ханел, маркетинг-директор на „Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“. Ханел доаѓа на местото на Николај Бекерс, кој од 2008 година и со реизбор во 2010 ја извршуваше оваа функција. М а к е д о н с к о - г е р м а н с к о т о стопанско здружение е основано во 2000 година во Скопје. Неговата цел е да ги поддржува и јакне македонско-германските економски односи.

Во ИПАРД-програмата 2007-2013 се предвидени финансиски средства за агроекологијатаФИНАНСИРАЊЕ НА ОДГЛЕДУВАЊЕТО НА АВТОХТОНИ ЖИВОТНИ И РАСТЕНИЈА

Македонија интензивно ги приближува своите политики и стандарди до еврoпските во сите области од земјоделскиот сектор и во делот на зачувувањето на животната средина. Меѓу приоритетните задачи што веќе се остварува е и подготовката на агроеколошката програма.

Програмата ќе им овозможи на фармерите кои одгледуваат автохтони животни - буши и овци и на производителите на вино од сортата „станушина“, јаболка, органски зеленчук и медицински растенија, да го применат концептот на еколошко производство во своите земјоделски практики. Како што велат од ресорното Министерство, целта е да се охрабрат македонските земјоделци да ги применуваат методите за заштита и подобрување на животната средина, почвата, природните ресурси и генетската диверзификација. Во ИПАРД-програмата 2007-2013 се предвидени финансиски средства за агроекологијата, чие користење треба да почне најдоцна до 2012, а сите неопходни подготвки треба да завршат до крајот на годинава. Потребата од почитувањето на планираната динамика е за да се избегне ризикот од неискористување на средствата и несаканите последици. Според Министерството за земјоделство, недоволното искористување на овие финансии од ИПАРД-програмата може да влијае и на намалувањето на достапните пари од европските фондови во следниот финансиски период од 2014 до 2020 година. Од друга страна, пак, од реализирањето на расположливите средства ќе има корист целaта држава, водата и почвата ќе бидат сосема заштитени, а на македонските граѓани ќе им биде достапна поквалитетна храна.

Најави од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) СТРАТЕГИЈА ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА ПАЗАРОТНА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА

До крајот на годинава ќе биде финализирана Стратегијата за регулација на пазарот на електронски комуникации за наредните три години. Во неа ќе бидат предвидени сите идни чекори на Агенцијата за електронски комуникации за следниот период. Директорот на АЕК Роберт Орданоски на средба со новинарите истакнал дека станува збор за документ што првпат се изготвува од основањето на Агенцијата и оти во неговата изработка се вклучени врвни експерти од оваа област. - Во Стратегијата ќе бидат предвидени сите чекори на АЕК во наредните три години. Детално ќе биде опишана нашата замисла како електронските комуникации ќе се развиваат во Република Македонија, - рекол Орданоски.

Драфт-веризијата ќе биде готова до 15 декември по што ќе следува јавна расправа. Се очекува нејзино усвојување и публикување во текот на јануари идната година. Во однос на доделувањето на фреквенции за 4 Г, планирано е таа да почне да функционира од 1 јуни 2013 година. - Заврши јавниот повик за 4Г мобилна телефонија. Веќе имаме неколку апликации и наскоро ќе ги објавиме и ќе кажеме како понатаму ќе се одвива целиот тој проект. Планот е на 1 јуни 2013 година да имаме 4Г мрежа во Република Македонија заедно со дигитализацијата во ТВ сегментот, - истакнал Орданоски. За следниот период од АЕК најавуваат поголема заштита на крајните корисници, а меѓу планираните активности се и измените во Правилникот за општи услови со цел да се заштитат оние корисници на кои им се вклучува роаминг во државава, како и надградување на веб-страницата www.komuniciraj.mk со информации за квалитетот на мрежата што ја нудат операторите.

- Сите активности што ги направивме оваа година беа во насока на заштитата на корисниците. Нашиот Инспекторат е постојано присутен кај операторите. Откривме неколку слабости во нивната работа, кои веднаш ги санкциониравме. Идејата е да работиме корективно, но идната година ќе се обидеме да работиме и превентивно, - нагласил Орданоски. За идната година планирано е и спроведување на едукативна кампања со цел да се запознаат граѓаните како да ги користат смарт телефоните во странство кои знаат да генерираат сообраќај без нивно знаење. Меѓу идните планови на АЕК е и воведувањето на електронски регистар кој ќе ги содржи сите потребни податоци за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктура.

Page 12: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Анкета во рамките на проектот „Охрид – туристички бренд што ветува”ПРИРОДНАТА УБАВИНА ГИ ПРИВЛЕКУВА СТРАНСКИТЕ ТУРИСТИ

Убавината на природата што го краси Охрид е главната причина за интересот на странските туристи да ја посетат најпозната туристичка дестинација во Македонија. Тоа го покажуваат резултатите од истражувањето што со поддршка на локалната самоуправа го спроведе Здружението „Е кул тур“ од Охрид. Во рамките на проектот „Охрид – туристички бренд што ветува” што е во завршна фаза, анкетирани се стотина

странски туристи со прашалник за тоа која им била првата, иницијална мисла што ги заинтересирала да го посетат Охрид. Најголем дел од анкетираните туристи поточно 39 проценти Охрид го поврзуваат со убавината на Охридското Езеро. Висок е и процентот туристи кои го сметаат Охрид како град со значајна историја односно за 24 отсто од испитаниците тоа била причината за интересот да го посетат Охрид. Десет проценти од анкетираните како причина за нивната посета на Охрид го наведуват богатото културно наследство. Мал дел од гостите или само шест проценти го посочиле Охрид како евтина туристичка дестинација, а само еден процент од испитаниците се изјасниле дека главен адут на туристичката понуда во Охрид е добрата забава. Интересно е што ниту еден од анкетираните не го поврзува Охрид со националната кујна, што се смета како значаен дел од туристичката промоција на Охрид.

Ски центар „Кожуф“ ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ПРЕТСТОЈНАТА СЕЗОНА

За претстојната туристичка сезона ски центарот „Кожуф“ ги врши последните подготовки. Изграден е 15 километри нов регионален пат од Смрдлива вода до центарот, кој

ќе овозможи подобро патување на турситите.

- Коловозната лента е 9 метри проширена на кривините, патот е изграден по најсовремени стандарди, со заштитни огради и комплетна сигнализација, рече извршниот директор на ски центарот „Кожуф“, Ангел Наков, а го цитира МИА. Тој информира дека во моментов ски центарот располага со 130 сместувања за туристи во апартманите на центарот, Вила Тодоров и Грин Хаус. - За време на викендите овде се очекуваат гости некаде над 2.000 од кои половината домашни и 50 грчки туристи. За работните денови цената на ски картата ќе биде 12 евра додека за време на викендите цената ќе биде 16 евра, информираше Наков. За наредната сезона, како што додаде, се завршиле и градежните работи на уште две скијачки патеки со вкупна должина од 21 км.

Тетово, Прилеп и Кратово со тригодишни програми за енергетска ефикасност СЕ ОЧЕКУВА ЗАШТЕДА ОД 40 ОТСТО

Тетово, Прилеп и Кратово се три општини кои согласно Законот за енергетика веќе имаат изработено тригодишни програми за енергетска ефикасност со кои се очекува просечна заштеда од околу 40 отсто. Програмите се изработени со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)и тие првенствено го опфаќаат следењето на потенцијалите за енергетска ефикасност посебно во јавните објекти кои се под надлежност на општините, како и мерките што треба да се преземат за да се постигне поголема заштеда. - Кај овие три општини процесот на енергетска заштеда во просек е околу 40 проценти што е огромна сума. Во програмите се дадени не само потенцијалите на заштеда, туку и мерките кои треба да се преземат за постигнување на таа заштеда. Бариера кај овие три, како и кај сите други општини ќе биде финансискиот аспект

што најверојатно ќе ја одоговлечи реализацијата и остварувањето на тие енергетски заштеди, изјавила Катерина Караева од „Топлификација Инженеринг“, фирма која ги изработуваше проектите, а пренесува МИА. За да се постигне максимален ефект на заштеда кај топлинските системи, општините ќе треба да извршат модернизација на котларите заедно со автоматска регулација, додека од градежен аспект се препорачува промена на прозорите и вратите, како и дополнителна изолација на фасадите и покривите. Предвидена е и промена на постоечките светилки со високоефикасни и воведување на контролни уреди за прекин на непотребно користење на електрична енергија. Во однос на уличното осветлување дадени се насоки за промена на постоечките светилки и воведување на контрола согласно со потребите на осветлувањето.

- Кај некои од оопштиние веќе има спроведено некои од овие мерки, како на пример во Прилеп каде целото улично осветлување е променето и ефектите веќе се видливи што дава добра насока за сите други оптшини кои го немаат направено тоа, да ги следат примерите на веќе имплементираните проекти, додала Караева. Трите општини, како што информираат нивните преставници, дел од средствата за реализација на програмата ќе ги обезбедат од сопствениот буџет, а дел преку донации или кредитни линии. Покрај овие општини, досега програми за енергетска ефикасност до Агенцијата за енергетика имаат доставени 10 од вкупно 84 општини. Директорот на Агенцијата Лазар Гечевски побарал унифицирање на програмите со цел да може тие полесно да бидат разгледани. Согласно Законот за енергетика донесен во февруари годинава, општините имаат обврска да изготвуваат програми за енергетска ефикасност кои ги доставуваат на одобрување до Агенцијата за енергетика.

Page 13: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

СТАТИСТИКА Обем на стоковната размена со странствоТРГОВСКИОТ ДЕФИЦИТ НАД 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2011 година, изнесува 3 705 780 илјади САД долари, а на увозот 5 763 655 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 64.3%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2011 година, изнесува 2 057 875 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Во периодот јануари-октомври 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите- членки на ЕУ 27 (60.9%) и земјите од Западен Балкан (27.8%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.9%) и земјите во развој (26.2%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Бугарија, Грција и Италија (44.2% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

Издадени одобренија за градење во октомвриЗА 40 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ИСТИОТ МЕСЕЦ ЛАНИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2011 се издадени 268 одобренија за градба што е за 40.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 431 599 илјади денари што е за 58.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 208 (77.6%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (6.0%) за објекти од нискоградба и 44 (16.4%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 268 објекти, на 205 (76.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 63 објекти (23.5%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 507 станови со вкупна корисна површина од 46 067 м2.

Индекси на цените во угостителствотоНА ИСТО НИВО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2011 година, во споредба со октомври 2011 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2011 година, во однос на истиот месец од

претходната година, е намален за 1.3%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - ноември 2011 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.9%, додека во однос на декември 2010 година е намален за 1.2%.

Индекси на цените на мало и на трошоците на живототЦЕНАТА НА ЗЕЛЕНЧУКОТ СО СКОК ОД 22,5 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во ноември 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на трошоците на животот 100,6. Порастот на трошоците на животот од 0,6% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 22,5%, месото за 1,7%, преработките од риба за 0,6%, млечните производи за 0,4%, свежото млеко, кондиторските производи и алкохолните пијалаци за 0,2%. Во ноември 2011 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај централното греење за 8,3%, услугите за сместување за 2,8%, предметите за домаќинството

1,8%, обувките за 1,4%, облеката за 1,0%, средствата за образование за 0,6%, електричните апарати за домаќинството за 0,5%, течните горива и гасот и храната во ресторани и хотели за 0,4%, козметичките производи за 0,3% и деловите за сообраќајните средства за 0,2%. Намалување на индексот на трошоците на животот во ноември 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај мастите за 4,5%, овошјето за 3,8%, сувото овошје за 0,7%, преработениот зеленчук за 0,4%, рибата за 0,3%, производите од жито и јајцата за 0,1%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај услугите за образование за 3,1%, телекомуникациските услуги

Page 14: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

за 1,5%, нафтените деривати за 1,3%, материјалите за одржување на станот за 0,7%, превозот на патници за 0,2%, мебелот и средствата за хигиена за 0,1%. Индексот на цените на мало во ноември 2011 година, во споредба со ноември 2010 година, бележи пораст од 3,8%, а трошоците на животот бележат пораст од 3,5%.

Индекси на прометот во секторот ТрговијаРАСТ ОД 8,7 ОТСТО

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во секторот Трговија на големо и на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 108.7.

Гледано по оддели, во септември 2011, во однос на септември 2010, прометот бележи опаѓање во одделот Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка за 12.5%, во одделот Трговија на големо е забележан пораст за 10.4%, а пораст е забележан и во одделот Трговија на мало за 9.8%.

Индекси на работниците во индустријатаЕНЕРГИЈАТА СО НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ НА ВРАБОТЕНИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 101.3. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2011 година, во однос на

октомври 2010 година, е зголемен за 3.6%, во Преработувачката индустрија е зголемен за 0.9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е зголемен за 2.7%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 2.8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8%, Капитални производи за 2.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври 2011 година, во однос на периодот јануари - октомври 2010 година, изнесува 102.1.

Превезени патници и стокиТОВАРНИОТ ПАТЕН ПРЕВОЗНАМАЛЕН ЗА ТРЕТИНА

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2011 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 3 841 000, во железничкиот превоз 352 000, во градско-приградскиот превоз 13 585 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 298 550.

Во истиот период, во споредба со третото тримесечје од 2010 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 33.6%, во железничкиот превоз за 14.3%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 6.3%.

МЕГУНАРОДНА СТАТИСТИКА

Намалена прогнозата за економскиот раст на Источна АзијаПОСЛЕДИЦИ ОД ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА

Економскиот раст на земјите од Источна Азија следната година ќе продолжи да забавува, бидејќи должничките проблеми во Европа и анемичниот раст на економијата во САД ја зголемуваат опасноста од длабока глобална криза, соопшти Азиската банка за развој (АДБ). Оваа банка ја намали прогнозата на растот во 2012 година за 14 источноазиски економии, не сметајќи ја Јапонија, на 7,2 отсто од септемвриската

прогноза од 7,5 проценти, додека во најлош случај, ако САД и Европа забележат забавување на растот еднаков на оној од времето на глобалната криза во 2008 и 2009 година, растот во Източна Азија би изнесувал дури 5,4 отсто. Покрај тоа, АДБ ја намали прогнозата на раст на 14 економии, вклучувајќи ги Кина, Хонгконг, Тајван и Јужна Кореја, за оваа година на 7,5 отсто од 7,6 проценти. Во соопштението се наведува дека на „внимателно оптимистичката“ прогноза на Банката и се закануваат „многу поголеми опасности отколку пред само неколку месеци“, вклучувајќи ја можната длабока рецесија во Европа и САД, зголемениот протекционизам и упорната инфлација.

СТАТИСТИКА

Page 15: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Надворешниот долг на Србија зголемен на 23,86 милијарди евраДВЕ ТРЕТИНИ ОД ДОЛГОРОЧНИОТ ДОЛГ НА КОНТО НА КОМПАНИИТЕ

Надворешниот долг на Србија на крајот на септември изнесуваше 23,86 милијарди евра, што е за 1,03 милијарди евра повеќе во однос на претходниот месец, објави гласнилото на Стопанската комора на Србија (ПКС), „Конјуктирни трендови на Србија“. Според списанието, долгорочниот долг на Србија изнесувал околу 23 милијарди евра, од кои 10,43 милијарди отпаѓаат на јавниот сектор, а 12,57 милијарди евра на приватниот. Речиси две третини од долгорочниот долг во приватниот сектор отпаѓа на компаниите, а само една третина на банките.

Краткорочниот долг пак изнесувал 857,9 милиони евра и тој во целост потекнува од приватниот сектор. Кај овој долг, околу 90 проценти се задолжувања на банките, а само десет отсто на компаниите.

Германската компанија „Бош“ влегува во Србија ИНВЕСТИЦИЈА ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА

Германската компанија „Бош“ ќе инвестира во Србија во нова фабрика 70 милиони евра. Изградбата на фабриката почнува во 2012 година, а почетокот на производството е планирано за 2013 година. Германската компанија, која е позната по производството на бела техника и автоделови, ќе вработи 620 работници. Според податоци на

компанијата, продажбите за минатата година надминале 47 милијарди евра. Во Германија компанијата обезбедува работа на 112.000 граѓани, а во странство на 164.000 работници.

Расте албанскиот извоз кон КосовоДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ ПЛАСИРАНА СТОКА ЗА 102 МИЛИОНА САД ДОЛАРИ

Трговската блокада меѓу Србија и Косово, која се случи ова лето, овозможи поголема добивка за албанскиот бизнис, заживувајќи ја трговијата меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Тирана. Последните податоци од Институтот за статистика во Тирана, потврдуваат дека албанскиот извоз кон Косово бележи постојан забрзан раст, почнувајќи од мај. - Заклучно со октомври, Албанија на косовскиот пазар извезла стока во вредност од 102 милиони САД долари, или 38,7 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, потврдуваат од Инситутот. Овој раст е многу поголем од растот на албанскиот извоз кон другите земји, но сепак и понатаму тежината на извозот кон Косово останува мала, односно седум отсто од вкупниот извоз.

Извозот кон Косово забележал најголем раст во октомри и тоа 71 процент, додека во август и септември тој изнесувал над 55 отсто.

АлбанијаСЕ ЗГОЛЕМУВА НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ

Се продлабочува надворешниот долг на Албанија, покажуваат последните податоци соопштени од албанското Министерство за финансии, јави дописникот на МИА од Тирана. Според Министертвото на крајот од септември тој достигнал

висина од 768,9 милијарди лека, што е за 53,5 милијарди лека повеќе споредено со износот од крајот на минатата година.

Поголемиот дел од долгот Владата им го земала на своите граѓани преку еврообврзници. Внатрешниот долг е 437,6 милијарди лека додека надворешниот долг што подразбира замени кредити од меѓународни финансиски институции и странски донатори, 331 милјарди лека. Капиталните трошоци до крајот на септември се реализирани со околу 62,5 отсто од годишниот план. Споредено со истиот период лани, внарешните инвестици се реализирани со 3,2 милијарди лека помалку или околу 9,2 отсто помалку.

Фонд од Саудиска Арабија ќе финансира изградба на станови во БиХОДОБРЕН ЗАЕМ ОД 18 МИЛИОНИ САД ДОЛАРИ

Фонд за развој од Саудиска Арабија одобри заем од 18 милиони американски долари за реновирање и изградба на станови за бегалци и раселени лица во Босна и Херцеговина.

Со заемот ќе бидат реновирани и изградени околу илјада станови за четири илјади лица на целата територија на Б и Х, како и инфраструктурни проекти во општините. Кредитот е одобрен со рок за враќање од 25 години, кој вклучува грејс период од пет години и камата од еден процент. Овој заем е продолжение на соработката меѓу Саудискиот фонд за развој и БиХ за различни проекти на босанска територија.

РЕГИОН

Page 16: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

ЕВРОПСКА УНИЈА Европската унија (ЕУ) го почна спринтот кон очекуваните историски промени„ЖЕЛЕЗЕН ФЕДЕРАЛЕН“ МОДЕЛ ЗА КОНТРОЛАНА ДРЖАВНИТЕ БУЏЕТИ

Европската унија (ЕУ) го почна спринтот кон очекуваните историски промени кои водат кон централизација, со цел за спасување на еврозоната, додека Франција ќе претстави свој план за заедничка контрола на буџетот. Европската централна банка (ЕЦБ) не се двоумеше да повлече остра линија по заедничката акција на националните банки за да се избегне сломот на глобалниот финансиски систем и инсистираше дека нема да попушти пред притисоците и барањата да го зголеми обемот на купување на обврзници за да помогне на земјите од еврозоната. Новиот претседател на ЕЦБ Марио Драги рече во Европскиот парламент (ЕП) дека не постои волшебно стапче и дека Банката нема да делува надвор од рамките зацртани во основачките договори на Унијата, па нејзината моментална програма за купување на обезвредени државни

обврзници е „привремена и ограничена“. „Не треба да се бара од Банката да го работи тоа што не спаѓа во нејзина надлежност. Тоа не е легално, а исто така би било погрешно бидејќи ќе го намали кредибилитетот на ЕЦБ“, - изјави Драги. Гувернерот на Банката на Англија Мервин Кинг наведе дека заедничкиот потег на централните банки е само „привремено олеснување на проблемот со ликвидноста“, а дека причините на кризата треба да „ги решат владите на одредени земји“. Велика Британија не е членка на еврозоната, но како членка на ЕУ, а нејзиниот главен град Лондон како светски финансиски центар е многу изложена на должничката криза во монетарниот блок. Кинг наведе дека Банката на Англија подготвила план во случај да дојде до распад на еврозоната. Германија силно го поддржува ставот на ЕЦБ, наведувајќи дека првиот услов за решавање на кризата е воведување на „железен федерален“ модел за контрола на државните буџети и економските

реформи, за да се поттикне стопанскиот раст. Во говорот пред долниот дом на германскиот парламент, канцеларката Ангела Меркел треба да ја изнесе својата визија како ЕУ треба да функционира во иднина, како и условите кои ги бара нејзината земја. Франција го намали својот притисок на ЕЦБ, а претседателот Никола Саркози ќе мора да ги намали сомнежите кај Французите дека Германија им дава наредби, а финансиските пазари сметаат дека лидерите на ЕУ повторно ќе бидат неуспешни во кроењето на реално решение за кризата, на самитот на 9 декември 2011 година. Неочекуваната глобална акција на централните банки во средата ги поттикна шпекулациите дека Германија и Франција подготвуваат нова стратегија која би вклучувала измени на договорот. Аналитичарите на британската фирма „Маникорп“ наведоа дека пазарите „воодушевено“ изреагирале на заедничкиот потег на централните банки, верувајќи дека тоа е сигурно „дел од новата одлучна акција за гасење на европската должничка криза“. Меѓутоа, „Маникорп“ предупреди дека „европските лидери имаат време до самитот следниот викенд да изнесат план во кој инвеститорите ќе поверуваат. До тогаш еврото е на условна слобода“. Но, тензијата на берзите и понатаму е голема, наспроти неизвесноста дали европските лидери се способни во рок од девет дена да најдат уверливо и реално решение за спречување на кризата која сега се заканува на самиот опстанок на ЕУ и глобалниот финансиски систем. Приходите на француските обврзници се намалени, додека Шпанија на аукцијата на должнички хартии мора да понуди значително повисока каматна стапка. Италија наиде на сериозен проблем, кога нејзините трошоци на задолжување достигнаа нови рекорди, што е знак дека инвеститорите сметаат дека таа земја е под висок ризик од банкрот. Германија и Франција предупредија дека ако италијанскиот долг стане неодржлив, ќе дојде до распад на еврозоната. Министрите за финансии на 17 земји кои како валута го користат еврото, побараа од ММФ да преземе централна улога во обезбедување на гаранции на долговите на еврозоната, признавајќи дека нивниот фонд за спасување нема да биде доволен, дури и по проширувањето кое е договорено. Големата важност на следниот самит на ЕУ ја потенцира и европскиот комесар за економски и монетарни

прашања Оли Рен, кој изјави дека „економската и монетарна унија мора да биде остварена низ многу подлабока интеграција или ќе мораме да прифатиме постепена дезинтеграција на унијата која постои подолго од половина век“. Министерот за надворешни работи на Франција Ален Жипе, исто така предупреди дека распадот на еврозоната може да предизвика „експлозија“ во ЕУ, како и тоа дека ќе ги врати темните сенки од судирите во минатото. Клучното прашање е дали и во која мера Германија и Франција, кои се столбови на Европската унија и еврозоната, ќе ги поведат останатите членки кон нов поредок на Унијата, а посебно кон префрлување на буџетскиот суверенитет на централно тело.

Земјите од еврозоната прават планови за враќање на нивните поранешни национални валути ПАНТОМИМАТА СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО СВОЈОТ КРАЈ

Земјите од еврозоната изработуваат планови за враќање на нивните поранешни национални валути, доколку заедничката европска валута, еврото што сега го користат доживее колапс, пишуваат лондонските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Лондон. - Германија веќе ги печати старите марки, во случај целата сегашна криза околу еврото и еврозоната да се претворат во хаос, тврди американскиот аналитичар Пипа Малмгрен.

Во изјава за лондонскиот неделник „Пипл“, оваа поранешна советничка за економија на американскиот претседател Џорџ Буш, вели дека Германците се подготвуваат за најлошото, па машините за печатење на старата германска марка се вклучени одново во погон. Откритието на Малмгрен доаѓа пред средбатa меѓу германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози во Париз, околу финализирањето на договорот за ревизија на спогодбата од Мастрихт и за создавање на фискална унија, во рамките на еврозоната.

Page 17: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Меркел која и во Германија е критикувана од тамошната опозиција за „премногу тврдата позиција“ околу кризата во еврозоната, бара од земјите-членки да прифатат заедничка позиција за даноците и трошењето, за да се средат нивните економии. Германската позиција, што ја поддржува и официјален Париз, тргнува од тоа дека на еврозоната и` е потребна буџетска дисциплина и ефикасен механизам на управување. Таквиот став на Берлин и Париз, што ќе им биде понуден на членките на ЕУ, предизвикува загриженост во Лондон, каде се стравува од натамошното европско интегрирање, како и од можната изолација на Велика Британија во ЕУ, доколку се спротивстави на ваквите планови. Британските медиуми тврдат дека оваа недела е клучна за судбината на еврото, не одобрувајќи го германското инсистирање за ново реформирање во Унијата. Според „Дејли телеграф“, Меркел и Саркози се блиску до договор за планот што „не носи ништо добро“. Весниците ја означуваат преголематата блискост на овие двајца политичари како „брак од интерес“, забележувајќи дека чудниот пар „Меркози“ ја игра главната улога во пантомимата што се приближува до својот крај.

Речиси 90 отсто од Швеѓаните не го сакаат евротоСИЛЕН ПРЕСВРТ ВО ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ

Довербата на Швеѓаните во еврото бележи ново рекордно ниско ниво, јави дописникот на МИА од Гетеборг. Најновите испитувања на јавното мислење спроведени во текот на ноември годинава, покажуваат дека 87,6 отсто од анкетираните шведски граѓани се изјаснуваат против воведување на заедничката европска валута. Помалку од десет отсто, односно 9,7 проценти од учесниците во сондажата на институтот „Скоп“, сметаат дека би било добро да се замени националната валута круната со еврото.

Во истиот период лани 23,5 отсто од Швеѓаните изразуваа поддршка на

еврото. Првпат досега надолниот тренд во расположението околу еврото во Шведска сега е паднат под нивото од десет проценти. - Ретко се случува таков силен пресврт во јавното мислење, вели аналитичарот Орјан Хултакер.

ЕУ ќе почне трговски преговори со Грузија и со МолдавијаФОРМИРАЊЕ ЗОНА ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

Европската унија соопшти дека на почетокот на 2012 година ќе покрене преговори за зона за слободна трговија со Грузија и со Молдавија, со што ќе закјакнат економиите на овие земји по пат на привлекување на странски инвестиции.

ЕУ ова го соопшти по помалку од еден месец откако Грузија се откажа од спротивставувањето за влез на Русија во Светската трговска организација (СТО), по притисокот од страна на ЕУ и на САД. Двете земји веќе имаат повластен пристап на пазарот на ЕУ, а Унијата и сега е главен трговски партнер на Грузија и на Молдавија. ЕУ е најголем светски трговски блок кој продолжува со реализација на амбициозната програма на билатерални трговски преговори, со оглед на слабеењето на надежта за постигнување на глобален трговски договор во рамките на СТО.

Економскиот раст во еврозоната само 0,2 отсто во третиот кварталВЛЕГУВАЊЕ ВО РЕЦЕСИЈА

Економскиот раст во еврозоната забави во третиот квартал на 0,2 отсто, соопшти Европскиот завод за статистика, Евростат. Во соопштението се наведува дека економскиот резултат на 17-те земји членки на еврозоната во три месеци, заклучно со септември, е поттикнат со растот од 0,5 отсто во Германија и 0,4 проценти во Франција. Четири земји во третото тромесечие забележале негативен економски раст, и тоа Кипар 0,8 отсто, Португалија 0,4 проценти, Холандија, 0,3

отсто и Словенија 0,2 процента. Растот стагнираше во Белгија и Шпанија. Резултатите во третиот квартал се согласно прогнозата на аналитичарите, кои и понатаму предвидуваат дека економијата на еврозоната во последното тромесечие од оваа година ќе забележи негативен пораст, како и дека следната година ќе падне во рецесија. Трговската размена помогна да се зачува економскиот раст во третиот квартал, бидејќи во тој период извозот се зголеми за 1,5, а увозот за 1,1 отсто.

Анализа на Дојче банкаСЕ НАМАЛУВА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГАС ВО ЕВРОПА

Потрошувачката на гас во Европа оваа година ќе биде за 44 милијарди кубни метри помала од лани поради економски проблеми и топлата зима, наведува Дојче банка во анализа. - Во 2011 година очекуваме седум држави да имаат помала побарувачка на гас, вкупно за околу 44 милијарди кубни метри во споредба со минатата година. Половина од тој пад е последица на временски прилики, а другата половина е во помалата потрошувачка во домаќинствата, индустријата и елктраните, се вели во извештајот. Просечната температура оваа година го надмина просекот од 1990 година до 2009 година во седум европски држави Велика Британија, Германија, Италија, Франција, Шпанија, Холандија и Белгија. Потрошувачката на гас во тие држави ќе се намали на 370 милијарди кубни метри во споредба со 414 милијарди во минатата година.

Западни медиуми јавуваат дека аналитичари очекуваат од 2011-2012 година вишок на гас на европскиот пазар од 60 милијарди кубни метри. Според Бритиш петролеум, понудата на гас во 2010 година била за 10,5 милијарди кубни метри поголема од побарувачката.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 18: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Бугарија од извозник би можела да стане увозник на струјаСЕ СЕ ВРТИ ОКОЛУ „БЕЛЕНЕ“

Бугарија доколку не ја изгради нуклеарната централа „Белене“, од најголем извозник на струја во регионот од 2015 година, до кога се очекува затворање на големиот број стари термоцентрали на јаглен кои не ги исполнуваат строгите еколошки барања, ќе стане увозник. Електропреносната мрежа на Бугарија, компанија која управува со мрежата за висок напон во планот за развој до 2020 година, разработи две варијанти - едната, за изградба на „Белене“ и втората, без нуклеарка. Во случај да биде изградена втора атомска централа во земјата, Бугарија годишно ќе има вишок од 8.000 до 12.000 гигават часови струја и во тој случај неопходно е да потпише долгорочни договори за извоз со другите држави. Другата варијанта за

надополнување на струја предвидува модернизација на термоцентралите и продолжување на околу 2.000 мегаватни капацитети до 2020 година. Во Бугарија во првите девет месеци од оваа година е регистрирано зголемување на производството на електрична енергија за 9,5 отсто, а тоа зголемување за цела 2011 година ќе биде 7,5 проценти поголемо од претходната година. Во вкупното производство на струја во Бугарија термоцентралите учествуваат со 43 проценти, хидроцентралите со 12 отсто, нуклеарката „Козлодуј“ задоволува 33 проценти од потребите, додека остатокот го надополнуваат обновливите извори на електрична енергија, главно ветерниците.

„Јужен поток“ е од национално значење за Бугарија РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ПО СКРАТЕНИ АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ

Бугарската Влада го прогласи гасоводот „Јужен поток“ за објект од национално значење, соопшти официјална Софија. Бугарската делница од „Јужен поток“ доби статус на национален објект, во согласност со Законот за просторно планирање и Законот за државен имот.

Благодарение на овој статус значително ќе се скарти времето потребно за административните процедури за пуштање во работа и реализација на гасоводот „Јужен поток“. Во соопштение на Владата се истакнува дека одлуката е донесена во согласност со основните цели на бугарската енергетска политика, со развојот на конкурентските енергетски пазари во ЕУ, како и со еколошките и безбедносни стандарди, - пренесоа агенциите. Како што е предвидено, рускиот гасовод што ќе се постави по дното на Црното Море ќе излезе на брегот на Бугарија, чие учество во овој проект долго време беше под знак прашање. Софија се приклучи кон проектот „Јужен поток“ во јануари 2008 година, во време на Владата на Социјалистичката партија на Бугарија. Меѓутоа, бугарскиот десничарски и популистички премиер Бојко Борисов по доаѓањето на власт во 2010 година ги откажа сите енергетски проекти со Русија.

Во Бугарија околу 600.000 фирми пред затворањеПРЕРЕГИСТРАЦИЈА ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ

Во Бугарија пред затворање се 589.803 фирми бидејќи се` уште не се пререгистрирале, а законскиот рок за пререгистрација истекува на 30 декември, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за упис. Експертите истакнуваат дека

голем број претпријатија го чекаат последниот момент, и во прилог на тоа го наведуваат и податокот дека од почетокот на годината се пререгистрирале 91.655 фирми, пишува весникот „Труд“. Во приватна сопственост се

голем дел од непререгистрираните фирми, дури 480.873, и прашање е колку од нив ќе се пререгистрираат, имајќи предвид дека постојат само на хартија, а сопствениците не покренале постапка за нивно гаснење. Според законот од 1 јануари 2012 година, сите непререгистрирани приватни фирми ќе се сметаат за непостоечки.

Бугарите помалку емигрираат во Западна ЕвропаЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ДОМА ГО СОПРЕ ИСЕЛЕНИЧКИОТ БРАН

Емигрирањето на Бугарите во земјите во Западна Европа значително се намалил поради намалувањето на невработеноста и зголемувањето на платите во земјата. Бугарите најмногу емигрирале во 90-те години, а од влезот на земјата во ЕУ во 2007 година, емиграцијата е доста намалена, се наведува во извештајот на Институтот „Отворено општество“. Примањата во западниот дел на стариот континент биле четири пати

поголеми од оние во Бугарија, додека сега се „само“ 2,5 пати поголеми. Од 1992 до 2001 година емигрирале околу 220.000 Бугари, а во периодот од 2001 до 2011 година околу 175.000 или 28 отсто помалку иако повеќе не постојат ограничувања за патување на бугарските државјани во која било држава на ЕУ, потврдуваат резултатите од последниот попис кој го извршил Националниот статистички институт.

СОСЕДИ: БУГАРИЈА

Page 19: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

СВЕТ

Драматични прогнози на инвестициската банка „Голдман Сакс“ СУРОВИНИТЕ ИДНАТА ГОДИНА МОЖЕДА СКОКНАТ ДУРИ ЗА 15 ОТСТО

Доколку глобалната економија не ја избегне рецесијата цените на основните суровини во 2012 година би можеле да се зголемат за 15 проценти и да продолжат да растат и во 2013 година, прогнозира инвестициската банка „Голдман Сакс“. Иако „Голдман Сакс“ ја намали проценката на светскиот економски раст следната година од 3,4 отсто на 3,2 проценти, експертите од банката не очекуваат позначително влошување на побарувачката на суровини.

Аналитичарите на банката прогнозираат скок на цената на „брент“ нафтата на максимално ниво од 2008 година, на 127,5 долари за барел кон крајот на следната година и 135 долари во 2013. Оптимизмот на „Голдман Сакс“ меѓутоа е во остар контраст со предвидувањата на многу други банки, вклучувајќи ја и „ЏП Морган“, која ја намали проценката на суровините „под пазарот“ минатата недела, додека „Морган Стенли“ оценува дека потенцијалниот раст на пазарот на суровини следната година ќе биде ограничен.

ОН ја намали прогнозата на светскиот економски растДВИЖЕЊЕ НА РАБОТ НА УШТЕЕДНА ГОЛЕМА КРИЗА Обединетите нации ја намалија прогнозата на светскиот економски раст за следната година на 2,6 отсто и предупредија дека должничката криза во еврозоната би можела уште повеќе да ги загрози економските резултати во светот. - Светската економија се движи на работ на уште една голема криза, наведува ОН во предупредувањето објавено во исто време кога ММФ, исто така, најави дека ќе ја намали проценката на глобалниот раст. По светскиот економски раст од четири отсто во 2010 година, ОН прогнозираше раст од 2,6 проценти за 2012 година, односно 3,2 отсто за 2013 година. Економистите на оваа организација првично изнесоа прогноза за раст од 3,6

проценти за следната година. Оваа прогноза е условена со развојот на должничката криза во

еврозоната, како и застојот во движењето кон построгото фискално штедење во развиените земји, се нагласува во Извештајот на ОН за светската економска ситуација и проспектите. Организацијата оцени дека 2012 година ќе претставува „пресвртна“ година, во која светот ќе забележи бавно економско заздравување или повторно ќе влезе во рецесија. Се предвидува дека земјите во развој, на чело со Кина, Бразил и Индија, ќе продолжат да ја предводат светската економија со просечен раст од 5,4 отсто следната година и 5,8 проценти во 2013 година. Меѓутоа, дури и таа прогноза е под растот од 7,1 отсто од 2010 година. Светската организација додаде дека европската должничка криза е „причина и последица“ за глобалното економско забавување, додека САД, исто така, страдаат од невработеност и „слаба потрошувачка и бизнис доверба“. ОН предупреди дека, бидејќи европската и американската економија се многу блиски, „нивните проблеми би можеле лесно, меѓусебно да се испреплетат и да доведат до нова светска рецесија“.

Се поголем број руски милијардери емигрираат од РусијаПАРИТЕ ПАТУВААТ ВО ФРАНЦИЈА, АНГЛИЈА, САД...

Се поголем број руски богаташи ја напуштаат земјата и заминуваат во странство со идеjа повеќе никогаш да не се вратат да живеат во својата татковина, оценува италијанскиот весник „Блиц Квотидијано“. Весникот напоменува дека

руските олигарси не ги продаваат своите раскошни вили во Русија, но очигледно едноставно повеќе не сакаат да живеат во земјата. - Има неколку причини за ваквите бегства. Едни од нив е тоа што на многумина од олигарсите не им се допаѓа идејата премиерот Владимир Путин и претседателот Дмитриј Медведев да ги заменат своите функции. Покрај тоа, олигарсите знаат дека евенуталните нивни критики кон власта можат да им донесат само проблеми. Најдобар пример се Борис Березовски, кој е принуден да живее во егзил во Лондон и поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, кој застана во поддршка на опозицијата и кој сега се наоѓа во затвор, наведува италијанскиот весник. Според „Блиц Квотидијано“, „нога повлече“ Роман Абрамович кој прв од олигарсите замина во странство и за неколку години успеа да продаде се што поседуваше во Русија.

Другите меѓутоа ниту можат ниту сакаат да ги продаваат своите компании и имоти во Русија. Тие едноставно само формираат нови фирми во странство. Најпривлечни за ваквите бизниси им се Лондон, Азурниот Брег, швајцарските Алпи, Сардинија и внатрешноста на Англија, истакнува весникот. Само во текот на 2010 година од Русија во странство се пренесени 34 милијарди долари, а за годинава се очекува оваа сума да биде двојно поголема. Руските милијардери претпочитаат нивните деца да се школуваат во странство, главно во Велика Британија, а и тие самите живеат на релација Шпанија-Англија и во своите домови во Русија доаѓаат само на по неколку дена во годината, наведува „Блиц Квотидијано“.

Во светот во тек е нагло забавување на економскиот раст во светотИ КИНА ВЛЕГУВА ВО РЕЦЕСИЈА

Европската должничка криза можеби ја турна економијата на ЕУ во значително поголема рецесија од очекуваната, но и економскиот раст на Кина почна да се намалува, покажуваат најновите истражувања кои укажуваат на тоа дека во тек е нагло забавување на економскиот раст во светот. Композитниот менаџерски

Page 20: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

СВЕТ

индекс (ПМИ) за еврозоната во ноември се зголеми на месечно ниво, но проценките покажуваат дека во последните три месеци од оваа година ќе забележи квартален пад од 0,6 проценти. Тоа ќе претставува многу полош резултат од прогнозите на сите 30 економисти кои минатиот месец учествуваа во анкетата, а очекуваа пад од 0,1 процент во четвртото тримесечје. Ретко добри вести пристигнуваат од Велика Британија, чиј ПМИ индекс за услужниот сектор во ноември неочекувано се зголеми, што укажува на тоа дека земјата можеби ќе успее да избегне рецесија, но не и стагнација. Додека рецесијата во еврозоната сега изгледа речиси сигурна, исто така се присутни загрижувачки индикатори дека кинеската економија почнува да забавува, што можеби и не е така изненадувачки со оглед на тоа дека Европската унија е најголем извозен партнер на Кина. Растот на кинескиот услужен сектор во ноември се намали на најниско ниво во изминатите три месеци, што ги потврдува мислењата дека официјален Пекинг повторно ќе мора да ја усогласи својата фискална политика.

Инедксот ПМИ на еврозоната, кој укажува на промените на бизнис активностите во зоната на еврото, благо се зголеми во ноември на 47 поени од октомвриските 46,5 поени, но тоа и натаму е значително под нивото од 50 поени кое го дели растот од падот. Главниот економист на агенцијата за истражување „Маркит“ Крис Вилијамсон изјави дека сите најголеми економии од еврозоната моментно бележат забавување на растот и им се заканува опасност од рецесија. Една најновата анкета меѓу економистите, покажа дека има околу 60 проценти од нив веруваат во можност еврозоната да влезе во рецесија.

Кристин Лагард, директор на ММФНА ЕВРОПА ЌЕ И ПОМАГАМЕ ОД СЕНКА

Меѓународниот монетарен фонд со задоволство ќе одигра заднинска улога во решавањето на европската должничка

криза, која мора да биде спречена со помош на фискална консолидација и структурни реформи, изјави во Сао Паоло, директорката на ММФ Кристин Лагард.

Првиот човек на ММФ, кој се наоѓа во посета на Латинска Америка со цел да придонесе за зголемување на поддршката на глобална соработка, истакна дека ризикот од ширењето на должничката криза сега е материјализиран. Лагард изрази подготвеност ММФ да биде ангажиран во помагањето за излез од кризата, „но на ефикасен начин, кој не мора задолжително да биде видлив“. Таа апелираше до земјите од еврозоната да пронајдат заедничко, сеопфатно решение за кризата, бидејќи во спротивно ризикуваат да загубат цела деценија. - Кризата ја потенцира улогата на стопанствата во развој на светската сцена, но исто така би можела да го поттикне воведување на протекционистички мерки, оцени Лагард.

ОЕЦД предлага зголемување на данокот на богатствоЈАЗОТ СО СИРОМАШНИТЕ НАЈДЛАБОК ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИЕСЕТ ГОДИНИ

Земјите во светот би требало да ја разгледаат можноста за зголемување на данокот на богатите за да се намалу се поголемата нееднаквост меѓу богатите и сиромашните членки во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), соопшти организацијата. ОЕЦД, со седишт во Париз, во студијата за трендовите во нееднаквоста на заработките укажа дека јазот меѓу примањата на богатите и сиромашните станал најдлабок во последните 30 години. Јазор меѓу богатите и сиромашните е продлабочен дури и во земјите за кои обично се смета дека ја негуваат

еднаквоста, како што се Германија, Данска или Шведска. Најизразена нееднаквоста е во Мексико и Чиле, укажано е во студијата на ОЕЦД. Заработките на богатите се зголемени ширум ОЕЦД од 1980 до 2010, а најногу во САД, Австралија, Канада, Британија и Ирска.

Кина сака да инвестира во САД ИНФРАСТРУКТУРАТА НАЈИНТЕРЕСНА

Кинескиот министер за трговија Чен Деминг изјави дека кинеската Влада сака да претвори дел од големиот број американски обврзници, кои ги поседува во инвестиции во патиштата и железниците во САД. Деминг истакна дека Владата во Пекинг сака да ја прошири трговската и инвестициската соработка со САД, особено во сферите на инфраструктурата, чистата енергија и технолошката индустрија. Тој особено ја потенцира инфраструктурата како сфера привлечна за вложување, наведувајќи дека за време на посетата на САД пред 20 години бил импресиониран од томашната подземна железница и патиштата, но додаде дека модернизацијата во моментов им е потребна на сообраќајните системи во голем број американски градови.

Турција планира да склучи договор со Јапонија за изградба на нуклеарна централаЛОКАЦИЈА ВО СИНОП НА БРЕГОТ НА ЦРНО МОРЕ

Турската Влада планира, согласно соработката со Јапонија, да изгради нуклеарна централа во градот Синоп на брегот на Црното Море. - Сакаме нуклеарката да биде опремена од јапонска компанија со користење на јапонска технологија, изјави турскиот вицепремиер Али Бабаџан. Тој најави брзо обновување на двостраните преговори за овој проект, кои започнаа кон крајот на минатата година, но беа прекинати по хаваријата во нуклеарната централа „Фукушима-1“ во март годинава. Интерес за договорот покажува јапонската корпорација „Мицубиши хеви индастрис“. Во Турција моментално нема нуклеарни централи, но Анкара планира до 2023 година во земјата да бидат изградени три такви објекти. Русија веќе го доби договорот за изградба на една од нив на брегот на Средоземното Море.

Page 21: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

„Сааб“ оди во рацете на „Банка на Кина“ КУПЕНИ ПОМАЛКУ ОД 50 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА ШВЕДСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ

Холандската група „Шведски автомобили“ (Сван), сопственикот на компанијата „Сааб“ и кинеската фирма „Јунгман Лотус автомобили“ се договорија „Банка на Кина“, четвртата најголема кинеска банка според пазарна вредност, да стане

сопственик на еден дел од акциите на неуспешниот производител на автомобили. Според договорот, „Банката на Кина“ ќе го замени кинескиот инвеститор „Панг да автомобили“, така што „Јунгман“ и кинеската банка ќе имаат малку под 50 проценти од шведската компанија. Ваквата одлука би можела да му помогне на американскиот „Џенерал моторс“ (ГМ), кој и понатаму ги држи преференцијалните акции на „Сааб“, да го прифати договорот, бидејќи досега го отфрлаше планот за финансиско спасување на компанијата. Минатиот месец ГМ соопшти дека ќе ја запре испораката на делови за автомобили и технологија, ако „Јунгман“ и „Панг Да“ успеат да ја реализираат понудата за преземање на „Сааб“. ГМ побара од фирмите „Јунгман“ и „Панг Да“ да не преземаат повеќе од по 20 проценти од „Сааб“. Двете кинески фирми планираа да ги купат сите акции на познатиот шведски производител на автомобили. Групата „Сван“ минатиот месец објави дека е склучен начелен договор за продажба на 100 проценти од неуспешниот шведски производител на автомобили на кинеските партнери „Јунгман“ и „Панг Да“ за 100 милиони евра. Во последните години

„Сааб“ влегувал од криза во криза. Компанијата со месеци не произведувала автомобили поради неисплатените заработувачки и недостаток на пари за набавка на делови, но ГМ не се согласуваше со продажба на компанијата на кинеските фирми. Компанијата сега се наоѓа под судска заштита од кредитори во Шведска, откако претставници од синдикатот на вработенитево „Сааб“ ја тужеа компанијата поради неисплатени лични доходи.

Нема веќе тајност за капиталот и профитот на „Икеа“ШВЕДСКИОТ ГИГАНТ РАСПОЛАГА СО 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

Фондацијата на шведскиот гигант „Икеа“, „Интерого“, која е со седиште во Лихтенштајн и која пред се` ги поседува заштитниот знак и бизнис-концептот на „Икеа“, располага со капитал од околу 10 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Гетеборг. Тоа произлегува од податоците што во интервју за шведскиот дневен весник „Дагенс

Индустри“ ги изнесе Ханс Гидел, генерален директор на холдинг компанијата „Интер Икеа“. Фондацијата „Интерого“ поседува 100 проценти од акциите во „Интер Икеа“, којашто, освен што го развива заштитниот знак, инвестира и во други дејности. „Интерого“ има свој Фондациски совет, кој се состои од двајца адвокати, но Советот е под контрола на Комитетот на

Фондацијата, во чиј состав, меѓу другите, се и основачот на „Икеа“ Ингвар Кампрад и еден од неговите синови. Според Гидел, Ингвар Кампрад денес се кае поради големиот публицитет што во последниве години се појави околу тајноста на податоците поврзани со профитот на „Икеа“. Затајувањето на податоците само му нанесе штета на реномето на „Икеа“ во меѓународни рамки. Во иднина „Икеа“ ќе прави напори да биде потранспарентна, иако не може да се очекува дека ќе дава исто толку информации за својата дејност и капитал како компаниите што се регистрирани на берзата, - вели Гидел.

„Тошиба“ се консолидира со затворање три фабрики во ЈапонијаПОЛУПРОВОДНИЦИТЕ СЕ ЖРТВУВААТЗА МИКРОЧИПОВИ

До септември 2012 година Тошиба ќе затвори три фабрики за полупроводници во Јапонија. Истовремено планира консолидација на оперативниот процес во трите преостанати фабрики за микрочипови бидејќи тоа производство станува се поскапо поради растечкиот курс на јенот. Компанијата ќе ги затвори фабриките во Фукока, Сиџиоки и Чиби во кои се произведуваат дискретни полупроводници. Вработени од тие фабрики ќе бидат прераспоредени во други производствени објекти, а 500 ќе бидат отпуштени поради намалено производство на полупроводни плочи.

КОРПОРАЦИИ

Page 22: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Белата куќа нелегално го помага „Боинг“?„ЕРБАС“ ОБВИНУВА ЗА КРШЕЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА КОНКУРЕНЦИЈА

Европската компанија „Ербас“ ја обвини Белата куќа за кршење на правилата за слободна конкуренција со тоа што ја помогнал фирмата „Боинг“ да добие рекорден договор за продажба на авиони во Индонезија во вредност од 22 милијарди долари. Шефот на продажба на европскиот производител на авиони Џон Лихи изјави дека лобирањето на американскиот претседател Барак Обама во Индонезија за авионите на „Боинг“ го потврди постоењето на двојни стандарди за конкурентноста на слободниот пазар. Обама минатиот месев ја објави нарачката на 230 авиони од индонезискиот авиопревозник „Лајон ер“ во вредност од 21,7 милијарди долари, што е најголем договор во историјата на „Боинг“. Белата куќа соопшти дека за реализација на овој рекорден договор ќе бидат ангажирани 110.000 работници во индустријата на САД. САД и Европската унија во моментот меѓусебно се обвинуваат за субвенционирање на авионите на „Ербас“ и на „Боинг“. Лихи наведе дека „Ербас“ би можел да го добие договорот ако немаше политичка интервенција. Тој истакна дека извршниот

директор и сопственик на „Лајон ер“ повеќе пати претстојувал во Тулуз, седиштето на „Ербас“ и разговарал за купување на авионите,но на крајот рекол дека

„нема избор“. - Не сум сигурен што значеше тоа „немам избор“, но јасно е дека имало политичка интервенција, истакна Лихи. Претставник на „Лајон ер“ одби да ги коментира наводите, додавајќи оти трговијата била на „чисто економска база“.

„Фејсбук“ ја купи компанијата „Говала“ОБЕЗБЕДЕНА УСЛУГАТА ЗА ГЕОЛОКАЛИЗАЦИЈА

„Фејсбук“ ја купи компанијата „Говала“ (Gowalla), лансирана пред три години во Тексас, која обезбедува услуги за геолокализација. Раководителите на „Говала“ објавија дека ќе ги запрат своите

услуги на крајот на јануари и ќе се приклучат кон „Фејсбук“. Компаниите, меѓутоа, не го објавија износот на трансакцијата. „Говала“ им овозможува на корисниците на Интернет на мобилните уреди да разменуваат информации за својата географска положба и да коментираат туристички места. Услугата е достапна во облик на мобилни апликации за уредите „ај фон“, „блекбери“, како и оние под оперативните системи „андроид“ и „вебОС“.

„Мајкрософт“ разви специјален „Виндоуз 8“НАМЕНАТА САМО ЗА ТАБЛЕТ КОМЈУТЕРИ

А м е р и к а н с к а т а информатичка компанија „Мајкрософт“ разви специјална верзија на „Виндоуз 8“ наменета само за таблет компјутерите. Новиот изглед на „Виндоуз 8“ произлегува од веќе познатиот дизајн на „Виндоуз Фон 7“, кој е инспириран од информатичката графика на андроидите. Основиот изглед на овој „Виндоуз 8“ се состои од збир активни плочки кои служат за пристап до апликациите и во исто време прикажуваат актуелни информации слично како уредите со инсталиран оперативен систем „Андроид“.

СВЕТ

Page 23: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Ангела Меркел, германски канцеларНЕМА БРЗО РЕШЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКАТАКРИЗА ВО ЕВРОЗОНАТА

Земјите членки на еврозоната се пред формирање на „фискална унија“ со строга буџетска контрола за совладување на должничката криза, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. - Не само што разговараме за фискална унија, ние почнавме и да ја создаваме, нагласи Меркел во своето обраќање во германскиот Парламент, истакнувајќи дека тоа ќе претставува фискална унија со строги прописи, барем во однос на еврозоната.

Германската канцеларка, исто така предупреди дека не постои лесен начин за решавање на проблемите на фискалната криза во еврозоната и дека за тоа ќе бидат потребни години. - Тоа е процес и тој процес ќе трае со години, истакна Меркел. Меркел исто така повтори дека останува на својата позиција дека Европската централна банка треба да остане независна со цел да ја задржи довербата, како и дека се уште е против воведувањето еврообврзници, укажувајќи дека заедничкиот владин долг на еврозоната не е решение за сегашната финансиска криза. Германската канцеларка ги предупреди германските парламентарци дека дискусиите за еврообврзниците не придонесуваат за решавање на кризата и оти еврозоната наместо заеднички долг има потреба од нова „стабилизациска унија“ со

силна фискална контрола и строга регулатива кога станува збор за задолжувањето. Меркел се обрати до германските законодавци пред самитот на лидерите на Европската унија на 9 декември во Брисел, каде таа и францускиот претседател Никола Саркози имаат намера да претстават заеднички план за справување со должничката криза во еврозоната. Според Меркел, целта на овој самит е да се преразгледаат и изменат основачките договори на ЕУ со цел да се избегне поделбата на ЕУ на земји членки на еврозоната и земји кои не се членки на монетраната унија.

Оли Рен, Еврокомесар за економски и монетарни прашањаЕВРОПСКИОТ СТАБИЛИЗАЦИСКИ МЕХАНИЗАМ ДА ПРОФУНКЦИОНИРА ДО 2012 ГОДИНА

Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен ги повика лидерите на земјите од еврозоната да се договорат Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) да профункционира до 2012 година, наместо до 2013 година, со цел да се намали должничката криза во монетарната унија. - Тоа ќе биде многу силен сигнал дека еврозоната може да донесува одлуки кои ја зајакнуваат економската стабилност, истакна Рен. Тој нагласи и дека е многу важно лидерите на земјите од ЕУ во четврток и петок во Брисел да донесат одлуки кои ќе помогнат во борбата против должничката криза во еврозоната, заштитување на

заедничката валута и спречувајќи го продлабочувањето на кризата. - Точните последици тешко можат да се предвидат, но јасно е дека европската економија на Западот е во рецесија, а опстанокот на еврозоната, онаква каква што е сега, би можел да биде во опасност, објасни еврокомесарот. Рен најави дека ќе продолжат разговорите за ширење на улогата на Меѓународниот монетарен фонд во решавање на кризата.

Јоргос Папандреу за Си-Ен-ЕнЕУ И РЕЈТИНГ АГЕНЦИИТЕ СЕ ДЕЛУМНО ОДГОВОРНИ ЗА ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА ВО ГРЦИЈА

Европските власти за набљудување и рејтинг агенциите имаат делумна одговорност за должничката криза на Грција, која доведе до дестабилизација на еврозоната, изјави поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу во интервју за американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен. Тој нагласи дека неговите претходници не согледале дека натрупувањето на долгот ќе доведе до криза.

- Доколку имаше поголемо набљудување на земјите-членки од страна на Европската унија и дури и на рејтинг агенциите, јас немаше да наследам како премиер една ситуација, во која државниот дефицит се приближуваше до 16 проценти од БДП и долг кој се зголемил речиси двојно за време на претходната влада и никој не говори за оваа ситуација, рече Папандреу. - Тоа е причината поради која сметам дека набљудувањето е важно, бидејќи сега ние ја плаќаме

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Page 24: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

цената за таа ситуација. Многу Грци плаќаат неправедно за сето ова, бидејќи плаќаат за нешто за што не се одговорни, нагласи Папандреу.

Мајкл О’Лиари, извршен директор на „Рајанер“СО ДРАХМАТА ГРЧКИОТ ТУРИЗАМ ЌЕ „ЕКСПЛОДИРА“!

Извршниот директор на Рајанер, најголемата нискотарифна авиокомпанија во Европа, Мајкл О’Лиари изјави дека приходите на Грција од туризам ќе се зголемат ако државата излезе од еврозоната и побара девалвирана верзија на својата валута од пред 2002 година, драхмата. Тој изјави дека „таму ќе

има бум на туризмот“ бидејќи

престојот таму ќе биде со многу ниска цена и ќе биде поатрактивна од останатите делови од Европа. Тој додаде дека очекува нискотарифна трансатлантска линија со цена на билети од 10 евра во економска класа, и доплаќање за багаж и други услуги. Според него, тоа ќе се случи за 3-4 години.

Проценка на поранешниот романски министер за финансии и за економија, Варужан ВосгањанРОМАНИЈА ОСИРОМАШИ ОТКАКО ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

Романија стана посиромашна по нејзиниот влез во Европската унија, изјави поранешниот романски министер за финансии и за економија Варужан Восгањан во интервју за весникот „Бизнис 24“. - Откако влеговме во ЕУ дознавме дека не сме конкурентоспособни. Исто така видовме и дека е потешко да се сиромашен во ЕУ, отколку надвор од неа, вели Восгањан. Според него, гладната Романија е седната на полна трпеза со останатите земји од ЕУ, но не смее да посегнува по храната.

- Не гледам крај на кризата во Романија и во ЕУ за брзо време, истакнува Восгањан во интервјуто, додавајќи дека очекува влошување на инвестициската привлечност на Романија.

Романската Влада минатата година презеде серија мерки за спас на националната економија, која, како што оцени премиерот Емил Бок, се наоѓа во најтешка криза во последните 60 години. Во рамките на мерките за справување со кризата беше и намалување на платите на државните службеници за 25 отсто, кратење на пензиите за 15 проценти, откажување на серија социјални програми и укинување на стотици илјади работни места во државната администрација.

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Page 25: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Што мора веднаш да направи новата гарнитура во Бански Дворови за да го спречи падот на кредитниот рејтинг на Хрватска КРИЗНА ВЛАДА

*Десет мерки за првите 100 дена: да се заштедат три милијарди куни или да се согласат на бродолом

Зоран Милановиќ пред изборите изјави дека идната Влада има само 50 дена да го спречи падот на кредитниот рејтинг. - Задолжување по каматна стапка поголема од 7 отсто би било рамно на самоубиство, рече Милановиќ во интервју за еден неделен весник. Меѓутоа и претседателот на Социјалдемократкста партија (СДП), како и Радимир Чачиќ, претседател на Хравтската народна партија (ХНС), сметаат дека не треба да се намалуваат трошоците од државниот буџет, кој сега е на ниво од 120 милијарди круни. Чачиќ притоа појасни дека нема да растат платите на државните службеници ни социјалните права, но дека ќе растат пензиите врз основ на усогласување со растот на БДП и трошоците за живот. Ако тоа е точно, на име усогласување на пензиите ќе биде потребно да се зголемат расходите на буџетот од околу 600 милиони. Согласно со тоа, ако навистина инсистираат на замрзнување на трошоците, покрај другото, ќе мора да ги намалат останатите ставки за 600 милиони куни. Со синдикатите на здравството Владата склучи Колективен договор со кој платите на некои работници на годишно ниво ќе се зголемат за 500 куни. Тоа значи дека за да се задржи сегашната висина на трошоците, вкупното намалување треба да изнесува 1,1 милијарда куни. Ако на тоа го додадеме и жалниот факт дека идната година, според тврдењето на Жељко Рохатински, гувернер на Хравтската народна банка (ХНБ), расходите за каматите во однос на 2011 година ќе бидат поголеми за 2 милијарди куни, што значи дека во старт расходите на државниот буџет за 2012 година ќе бидат поголеми за 3,1 милијарда

куни (тука не ги сметаме трошоците на бродоградбата, кои можат буквално да го потопат буџетот за 2012 година). Ако идната Влада не најде компензациски заштеди на останатите места, само поради тие ставки дефицитот на државниот буџет идната година ќе скокне за 3 милијарди куни, т.е. за 1,2 отсто од БДП. Дури и ако БДП расте по стапка од 0,5 отсто, колку што предвидува ХНБ и другите слични институции, буџетскиот дефицит во 2012 година во однос на 2011, само по тие основи ќе порасне за 0,7 отсто. А тоа веќе во почетокот на годината ќе го „регистрираат“ рејтинг агенциите кои потоа ќе го намалат кредитниот рејтинг на Хрватска, а каматите на државниот долг ќе одат над 7 отсто, што како што истакна Милановиќ е пат кон самоубиство. Поради тоа и на лаик треба да му е јасно дека идната Влада како прв чекор ќе мора да најде начин да заштеди минимално 2 до 3 милијарди

куни за трошоците од буџетот, ако сака да го спречи падот на кредитниот рејтинг. И тоа ќе биде многу болно, без разлика колку сега го избегнува тој факт Кукурику коалицијата, бидејќи тој чекор тешко ќе се спроведе без макар минимално намалување на платите во државниот сектор. Втор чекор кој мора да се преземе, а што начелно и го најавуваат е донесување на конкретни мерки кои би се однесувале на спречување на раст на неликвидноста која во стопанството достигна самоубиствени 40 милијарди куни. Поврзано за тие мерки, третиот чекор е спроведување на „чистење на стопанството“ преку забрзани стечаи на фирми кои живеат од државна помош. Тоа исто така ќе биде болно, бидејќи најмалку 10.000 луѓе ќе останат без работа, а за сега само Славко Линиќ има храброст јавно да зборува за тоа. Четвртиот чекор кој за жал ќе мора итно да се спроведе е дополнително намалување на правата на работниците преку измени на Законот за труд. Во рамки на тоа, ќе треба со синдикатите да се договорат

за измена на Законот за труд, кој е повлечен поради собраните 800.000 потписи на граѓаните, а кој се однесува на укинување на член кој овозможува одреден вид на некој колективен договор да важи вечно. За да го постигне тоа, Милановиќ мора да се откаже од намерата да не се согласи на актуелниот договор на ХДЗ и синдикатите покрај референдумското прашање за влез во ЕУ да биде и прашањето за намалување на бројот на потребните потписи за спроведување на референдум во Хрватска. Петтиот чекор е донесување на план за намалување на бројот на вработените во јавните претпријатија (можеби и во државната управа но во помал обем), што ќе биде тешко да се спроведе во првите сто дена, но на финансиската заедница ќе покажат дека Владата мисли сериозно. Шестиот чекор кој „ќе ги омекне“ меѓународните финансиски инвеститори е либерализација на пазарот на локалните комунални услуги, но на многу внимателен начин кој ќе овозможи намалување на цените на тие услуги (со барем еднаков квалитет), а не со поскапување. Тешко со бродоградбата Седмиот чекор е покажување на подготвеност на итно решавање на проблемите со приватизација на бродоградбата, што е една од најтешките задачи кои идната Влада ќе ја добие во наследство од ХДЗ. Осмиот чекор е намалување и/или рационализација на работата на единиците на локалната управа. Деветиот чекор е најава на конкретни даночни измени кои ќе мора да вклучуваат воведување на данок на имот и капитална добивка, како и евентуално зголемување на горната стапка на ДДВ, а воведување на мали стапки на ДДВ на некои услуги и производи дозволени во рамки на ЕУ. Десетиот чекор е продолжување на спроведување на инвестициската програма која ја усвои и оваа Влада, но не успеа да ја спроведе речиси во ниту еден поглед. Единаесетиот чекор ќе биде посилна координација со ХНБ, но и враќање на стабилноста внатре во таа институција, која многу се компромитираше во случај на „Кредо банка“ и во ангажманите на сопругата на гувернерот Рохатински со „Агрокор“. Конечно, ако се покаже дека сето ова ќе биде недоволно,

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 26: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

СВЕТСКИ ПЕЧАТ склучување на стенд-бај аранжман со ММФ (како 12 чекор, кој можеби ќе мора да биде и прв), што ќе биде потребно за да се одбрани кредитниот рејтинг, т.е. каматата на државните обврзници да не оди над 7 отсто. Тринаесетиот чекор, како што веќе една прилика наведовме е купување на чадори за членовите на Владата и собраниските пратеници, тие специјалните и дополнително зајакнати за одбрана од бомбардирање со јајца од страна на граѓаните, на што сигурно ќе бидат изложени победниците на овие избори.

(Слободна Далмација – Сплит)

Дали воопшто има успешни грчки компании?ИМА, ИМА - И ЗА НИВ ПАЗАРОТ Е ЦЕЛИОТ СВЕТ

Иако според вестите од Грција може да се заклучи поинаку, одговорот е – дека има многу успешни компании во Грција. Но, на сите нив едно им е заедничко, веќе одамна сфатија дека грчкиот пазар им е многу мал. Меѓу успешните секако спаѓа Евангелос Митилинеос кој во 2007 година на директорите на својот холдинг „Митилинеос Груп“ им даде налог: „Мораме да ја прекинеме нашата зависност од грчкиот пазар“. Денес е една од најзначајните металопреработувачки компании, а исто така е и најголем приватен производител на електрична енергија во земјата. Од неговите фабрики за алуминиум се извезуваат делови за автомобили, се градат турбини на гас во Турција и што е најважно - компанијата постојано бележи раст.

Другите беа на одмор Додуша, тука имаа и среќа. Во август 2008 година, само еден месец пред сломот на финансиската куќа „Леман Брадерс“, по кој банките ги затворија своите благајни, неговиот холдинг собра дополнителни 500 милиони евра за експанзија – со камати кои денес во Грција звучат како да се од некоја друга планета: 0,85 отсто. - Другите беа на одмор, а ние подготвувавме нов пласман, вели сопственикот за германското издание

на „Фајненшел Тајмс“. Оваа деловна ориентација на извоз резултираше со тоа, само во првите девет месеци оваа година да се оствари промет од една милијарда евра – повеќе од цела 2010 година. Крис Контоверос исто така дојде до истиот заклучок како и Митилинеос, иако работи во сосема различен сектор. Тој со својот татко се

најголеми производители на готови јадења од риба и морски плодови во Грција. Тој би требало да биде погоден од фактот дека Грците во овие денови воопшто немаат пари за специјалитети, но тоа не ги погодува толку. Штотуку отвори подружници во Јапонија и Кина и тргуваат во целиот свет.

Грците се променија Или Никос Котсианас, сопственик на „Апивита“, чиј промет минатата година беше 30 милиони евра, а оваа година ќе биде подобро. Тој тргува со козметика од природни состојки, мед и чаеви и извозот оваа година му порасна за 14 отсто. Тој пак забележува дека и неговите сограѓани се промениле: се помалку има алтруизам, а луѓето станаа премногу пасивни. Наместо сами да размислат, како да се извлечат од неволјите, чекаат политичарите тоа да го направат место нив. Бидејќи иако има успешни компании во Грција и Евангелос Митилинеос признава дека се многу малку и дека недостасува токму тој претприемачки дух. - Можеби сме десетина луѓе со толкав профит. Но, тоа не е доволно за да и се обезбеди раст на Грција. За тоа се потребни мали и средни претпријатија, вели Мителинеос. Тоа пак звучи како маѓепсан круг, бидејќи многу семејни компании пропаднаа токму поради тоа што беа премали за извоз, а сепак премногу зависни од грчкиот пазар. Што ќе биде со Грција? Овие успешни Грци добро знаат дека тамошната политика, како што вели Митилинеос: „е безнадежен хаос“. Од друга страна и тој добро знае и дека „пазарите се како волци, ако видат

дека си слаб, ќе те убијат. Тоа им е работа“. Излез гледаат единствено во тоа Грција да ја врати довербата кај финансиските пазари. Наредбите и одредбите тука ништо не помагаат, потребен е само здрав државен буџет.

(Дојче Веле – Берлин)

Дали банкарите повторно го измамија целиот свет?ФИНАНСИСКИОТ „ТРОЈАНСКИ КОЊ“СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ НАИВНИТЕ

ПОТЕГОТ кој најмоќните светски централни банки го повлекоа неодамна лесно може да се покаже како еден од најважните економски потфати на годината, ако не и на декадата. Презентиран како спасоносно решение кое ќе донесе мир на финансискиот пазар, тој е се само тоа не. Се работи за класично продавање на „м*да за бубрези“, лага која скапо ќе ги чини наивните, финансиски Тројански коњ, наречето го како сакате. Едноставно, се работи за нов белот на европските и американските банки, само што не се нарекува така. Ако изворната намера не е таква, конечната последица сепак веројатно ќе биде, а еве и зошто.

Пазарот ќе биде преплавен од евтини долари

Што всушност се случи пред неколку дена? Со едноставни зборови, американските Федерални резерви со ЕЦБ и со централните банки на Англија, Швајцарија, Јапонија и Канада се договори дека ќе ја намали цената на доларот во интерната трговија, со напомена дека банките се подготвени да ослободат дополнителни средства кога ќе биде потребно. Инвеститорите веднаш почнаа да трлаат раце, бидејќи тоа значи дека на пазарот ќе се појави огромна количина на ефтини долари, кредитните линии повторно ќе се отворат, а банките конечно ќе добијат пристап до свежи и ефтини долари. Ликвидноста ќе се зголеми и се чини дека сите ќе имаат добивка. Но, тоа баш и не е така. Во овој момент треба да се земе предвид дека ФЕД одлуката ја образложи со тезата дека моментално

Page 27: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

нема потреба за дополнителни средства и други валути и дека американските банки моментално немаат проблеми со ликвидноста и дека без проблем доаѓаат до капитал на домашниот пазар, па нема да ги загрози „извозот на долари“. А тоа баш и не е вистина. Американските банки имаат проблеми со ликвидноста, што го покажува и фактот дека „Стандард и Пурс“ штотуку го намали кредитниот рејтинг на 20 американски банки, меѓу кои се и Морган Стенли и Бенк оф Америка, чии акции вчера беа на најниско ниво во последната година.

Дали банкарите повторно ќе заиграат?

Она што следи е апсолутна претовареност на пазарот со долари, кое ќе се оправда со потребата да се помогнат несолвентните банки, иако тоа ќе предизвика огромна инфлација и голем пад на вредноста на доларот. Во тоа име, на играта се приклучи и Кина која ја намали обврзната доларска резерва, иако до сега исклучиво ја зголемуваше за да се одбрани од инфлација. Тоа значи уште еден импулс на дополнителни долари на пазарот и негова брутална девалвација. Импликациите кои ќе ги предизвика таа девалвација се бројни. Како прво, логично е да се очекува дека комерцијалните банки ќе се полакомат и ќе заиграат со нова количина на ефтин капитал до кој ќе добија пристап. Мали се шансите дека банкарите се тие кои извлекоа поука од 2009 година, па логично е да се очекува уште еден „буббле“, бидејќи по периодот на стегање на пазарите повторно ќе почнат да пласираат многу ризични кредити. Извесна е нова рецесија

Освен тоа, наглото намалување на вредноста ќе има последици и на останатите „флат“ валути. Секако, прашање е што ќе се случи во меѓувреме со еврото, но извесно е дека доларот повеќе нема да биде доминантна и референтна светска валута, Дали намерата со овој потег на ФЕД е по примерот на Кина, максимално да ја девалвираат валутата и да го поттикнат извозот или само сакаат да го одржат животот на пазарот, со нова но овој пат прикриена санација на банките, не е толку важно. Последиците ќе бидат исти, а инфлацијата брутална. Притоа каматните стапки

ќе бидат на минимално ниво, иако веќе сега се приближуваат на тоа, што исто како во 2009 година ќе создадат „стапица на ликвидност“. Ниските каматни стапки треба да ги поттикнат фирмите и потрошувачите да позајмуваат пари, но и да ги трошат. Меѓутоа, ако преголемиот број на должници се насочи само на враќање на долгот а не и на потрошувачка, на кое бевме сведоци пред две години во комбинација со сломот на пазарот на недвижнини, ниските каматни стапки

нема да имаат доволно силно влијание за поттик на економијата. Овој пат некое ново масовно пуштање на средства на пазарот нема да има ефект бидејќи доларот веќе ќе биде преслаб, а инфлацијата и така преголема. Спас повеќе нема да може да дојде во облик на белот и глобалната економија повторно ќе потоне во рецесија. Банките се подготвуваат на колапс на монетарниот систем

Приказната добива најинтересна насока во момент кога ќе се земе предвид какво влијание тоа ќе има на златото, но и на останатите благородни метали. Секако, како што ќе паѓа доларот нивната цена безусловно ќе расте. Пред две недели Светскиот совет за злато објави дека во третиот квартал било забележано најголемо купување на злато од странските централни банки во последните неколку декади. Набрзо се појавија шпекулации дека тоа е „јасен знак“ дека банките се подготвуваат на слом на глобалниот финансиски систем. Имено, извештаите

покажаа дека централните банки биле на добар пат да купат најмногу злато уште од времето на сломот на Бретон Вудс системот, кога вредноста на доларот за последен пат била поврзана со златото. Да потсетиме, тогаш со „Никсоновиот шок“ доларот стана декретна валута, чија вредност беше поддржана само со ветувањето на централните банки кои стоеја зад него. Шпекулациите вчера добија нова поддршка. Токму поради таа причина, интервенцијата пред два дена на најмноќните светски централни банки може да се гледа како еден голем Тројански коњ – презентирана како подарок, а всушност е „смрт во убаво пакување“. Сметката е едноставна; централните банки купија злато чија вредност драстично ќе се зголеми со вештачко намалување на цената на доларот. Истовремено поради новиот „буббле“ и инфлацијата, глобалниот монетарен систем најверојатно ќе доживее целосен слом.

Од „спасител на светот“ ФЕД ќе стане „господар на светот“

Логиката налага дека ќе следи враќање на врзувањето на валутата за злато, но овој пат со малку променети улоги. Граѓаните ќе бидат задолжени со кредити кои нема да можат да ги враќаат, големите банки ќе ги изедат малите банки, а големите банки повторно ќе бидат препуштени на милост и немилост на тие кои во своите сефови наталожија злато. Ако навистина се оствари најлошото сценарио, нашиот денешен „спасител на светот“ – Федералните резерви, кои всушност се приватна банка и никој не ја контролира, можат да станат „господар на светот“. Ви благодарам, но немојте повеќе да не спасувате. (Index.hr)

Page 28: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Зошто Европа мора да oстане обединета?РЕФОРМИТЕ МОЖЕ ДА УСПЕАТ АКОСЕ ПРИФАТАТ ОД СИТЕ

Напорите на европските лидери за решавање на еврокризата ќе бидат јалови ако, бидејќи се во прашање часови, Европа се подели меѓу оние во и надвор од единствената валута. Како членка на ЕУ која не е дел од економската и монетарната унија (ЕМУ), Полска останува силно посветена во следните години да се приклучи кон единствената валута. Но, ќе го направи тоа само откако еврозоната ќе покаже дека ги научила лекциите и ќе го поправи чувството на поделените улоги и цели. Европа мора да стори повеќе отколку само да презема чекори ваквите разурнувачки околности никогаш повторно да не се појават. Мора да пронајде начини за подобрување на растот, без кои повеќето од она што Европа го постигна ќе биде изгубено. Дозволување поделби меѓу членките на ЕМУ и оние надвор од неа, но и одвојувањето на земји како Полска од европскиот мејнстрим и подподелбата на единствениот пазар може да ги повреди самите членки на еврото. Со влегувањето во еврозоната, се претпоставуваше дека на членките тоа ќе им донесе одржлив раст со пониските кредитни трошоци и овозможување пристап кон заедничкиот пазар. Се увиде дека овие претпоставки се илузии, но целта сепак останува валидна. Искуството на Полска во завршувањето на својата домашна задача без да се потпира на другите, содржи и поглед кон другите држави кои минуваат низ економската транзиција. Прво, европските држави мораат да ја сфатат важноста од себепомагање. Полска профитира најмногу од европската трговија, како и од контрацикличните рецепти од европските структурни фондови, како што е Фондот за кохезија. Но, исто така мора да се потпре и на своите напори. Полска е релативно мала отворена економија, иако е сепак голема да ги апсорбира негативните шокви од надвор, барем делумно. Инфлацијата и јавниот дефицит се се уште високи, но во изминатите години Полска имаше одржлива надворешна позиција.

Второ, во битката со трврдите политички прашања, нема ништо погрешно во одржливиот, чувствителен градуализам. На пример, со полското искуство во подигнувањето на контролата на капиталот чекор-по-чекор, се одбегна масовно одлевање или влевање на луѓе и тоа ја дампираше социјалната прифатливост. На друго поле, некои земји кои се сега во ЕМУ ги пресвртеа нивните фискални дефицити во средината на 90-ите брзајќи да ги остварат мастришките рокови. Фискалната консолидација беше се освен издржлива. Нејзината постојаност со текот на времето можеше да биде и подобра.

Трето, фискалната послушност е приоритет. Тоа е највисоката цел за поставување плафон за јавниот дочг, како што го стори Полска тоа во 1997, заедно со предупредувачките потези, кои автоматски повлекуваат санкции. Таквите мерки сами по себе не гарантираат фискална стабилност, но се исклучително важни во спроведувањето на домашната дисциплина. Со своето искуство, Полска едногласно ги поддржува германските напори да ги воведе плафоните за долгови преку ЕМУ, метода која сега ја применува и Шпанија. Четврто, на фискалните пазари, мора да се применат макроистрајните мерки со цел да се избегнат надувувања низ цела Европа, но тие треба да бидат всадени во националната свест кај секоја земја. Слабата координација на фискалните и структуралните политики, слабата и фрагментирана банкарска супервизија, и недостигот од прекугранични банкарски одлуки, ја забрзаа финансиската слабост, која се прелеа во реалната економија. Во последните пет години, излезе дека слабиот развој на полските финансиски пазари е благослов.

Ова е делумно прашање на култура отколку на правила, но другите нации може добро да поминат ако ја следат претпазливоста на полската внимателност од системски ризици. Петто, луѓето ќе се снајдат со тешкотиите од економската транзиција ако знаат каде одат. Ова не беше секогаш случај во земјите кои влегоа во монетарната унија врз основа на лажни проекции кои не беа соодветно објаснети, ниту пак спроведувани од политичарите. Во случајот со Полска, пресвртот во трговијата со странство зависеше од старите комерцијални врски со Западна Европа, при што дојдоа безброј банкротства и губења на работните места. Но, наместо да испровоцираат протести и социјални немири, ова доведе до неочекувана ерпуција на претприемништво. Еврозоната, сега предводена од Германија, се движи напред кон модел каде нациите треба да се потпираат врз самите себе. Затоа што финансиските пазари се силно поврзани, се погоемите стравувања од банкротство доведоа до прелевања на капиталот кон „безбедни земји“ - создавајќи понатамошна нестабилност и поделеност, со штетна поделба помеѓу брзорастечкиот посолвентен север и задолжениот југ. Земјите кои се надвор од еврото мораат да помогнат да се премости тој јаз. Одговорот лежи во поголема, а не помала, интеграција на трговијата и инвестициите на европскиот единствен пазар. Со подбрување на конкуренцијата, може да се надминат екстремните тешкотии во процедурите за вработувања, во високите трошоци на производство и во единственото даночење. Европа мора да го зголеми извозот на квалитетни производи во споредба со Азија. Земјите кои не се во еврото покажаа примери на добри политики на овие полиња. Во интерес на кохезијата на ЕУ, но истовремено и со почит кон нивните сопствени економски цели, членките што го користат еврото ќе бидат залажани ако дозволат нивните бариери да пораснат меѓу оние од еврозоната и оние надвор од неа. Стратегиите на ЕМУ за повиск раст и стабилност се добредојдени. Тие имаат повеќе шанси да успеат ако бидат прифатени од целата Европска Унија.

(Волстрит Џурнал – Њујорк)

Page 29: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

����������������������

��������������������������������

�������������������������������������������������

�����������������������������������������������������������������������������������������������������������

�������������������������������������������������������������������������������������

����������������������

��������������������������������������������������������������������

�������������������������������������������������������������������

�����������������������������

�������������������������������

�������

������������������������������������������

��������������������������������

��������������������������������������������������������������������������

�����������������������������

�������������������������������������

�������������������

Page 30: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Назив на Проектот

MK-Струга: Медицинска опрема, фармацевтски производи и производи за лична заштита

Референца ECZ71846-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 229-372006

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 29.11.2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори Здравство

Опис на Проектот

Набавка на испораки за хемодијализа според спецификација бр.. 03-662/1 од 25.11.2011

КонтактиИнститут за нефрологијаПартизанска ббЗа Радмила Попоска6330 СтругаРепублика МакедонијаTelephone: +389 46781108 +389 46781108 E-mail: [email protected]: +389 46781206

Назив на Проектот

Проект за развој на земјоделството

Референца WB5038-812/11

Финансиска референца

Credit No. 4325-BOS, Project Id: P101213

Вид на набавка Испораки

Финансиер Светска банка

Земја Босна и Херцеговина

Објавено на 30.11.2011 година

Краен рок за апликација

10 .01. 2012 година

Сектори Информатичка технологија

Опис на Проектот

Набавка на информатички системи за поддршка на евиденција и регистрација на животни

КонтактМинистерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република СрпскаТрг Републике Српске 1 . 78 000 Бања Лука Република Српска, Босна и Херцеговина. Tel. +387 51 338 362 . Fax. +387 51 338 857 . E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

Договор за изведбени работи - EULEX Дополнување

Референца EuropeAid/132152/L/WKS/XK

Финансиска референца

Budget Ar�cle 19 03 03

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 30.11.2011 година

Краен рок за апликација

17.01. 2012 година

Сектори Градежништво - инженеринг

Опис на Проектот

Се менува крајниот рок

КонтактProcurement Sec�on, EULEX Kosovo Main Warehouse Compound,Zona Industriale Veternik, P.O. Box 268. (opposite Gorenje Hotel, next to fuel sta�on) 10000 Pris�na, Kosovo

Назив на Проектот

Ластва – Плевље преносен систем

Референца EBRDZ71883

Финансиска референца

6536-gpn-42768

Вид на набавка Услуги, испораки, изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Црна Гора

Објавено на 01.12.2011 година

Краен рок за апликација

1.12. 2012 година

Сектори Градежништво - инженерингЕнергетикаУправување со програми

Опис на ПроектотИзградба на 400 kV преносен систем Ластва-Плевље Нов 400/110/35 kV подстаница во Ластва и продолжување на системот од 400kV за подстаницата Плевље проширување на постојниот 400 kV преносен систем Подгорица 2-Требиње во SS 400/110/35 kV Ластва

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 31: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

КонтактЉиљана ВучиниќБул.Светог Петра Цетињског 18 81 000 ПодгорицаEmail: [email protected] Tel: +382 20 414 702Fax: +382 20 407 665

Назив на Проектот

MK-Скопје: Услуги обезбедени од автори, композитори, скулптори и други индивидуални уметници

Референца ECZ71928-земји кандидати

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги, изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 2.12.2011 година

Краен рок за апликација

20.01. 2012 година

Сектори Градежништво - инженерингОпштествени служби

Опис на Проектот

Подготовка и инсталација на заштитна ограда и канделабри на мостот на Вардар меѓу улиците Васил Агиларски и Стив Наумов

КонтактГрад СкопјеБул. Илинден бб1000 Скопје За Марија Петрова Блажевска, Ирена СтојменоваРепублика МакедонијаTelephone: +389 23297240 +389 23297240 E-mail: [email protected]: +389 23297292

Назив на Проектот

РС – Белград: Изградба на автопат, дополнување

Референца EIBZ70090

Финансиска референца

2011/S 193-313470; 2011/S 233-376469

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер ЕИБ

Земја Србија

Објавено на 3.12.2011 година

Краен рок за апликација

16 .01. 2012 година

Сектори Градежништво - инженеринг

Опис на Проектот

LOT 1. Тунел Предејане (тунел со две ленти во должина од 1100 m, за 900 дена градежен период) LOT 2. Тунел Манајле (тунел со две ленти со должина од 1800 m за 900 дена градежен период)

КонтактКоридори на Србија ДОО БелградЗа Михајло Мишиќ 21 Краља Петра, 11000, Белград, Србија. Tel: +381 113344174, Fax: +381 113248682; E-mail: [email protected], Web site: www.koridor10.rs

Назив на Проектот

MK - Скопје: Природен гас

Референца ECZ71955-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 233-377845

Вид на набавка Услуги, испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 3.12.2011 година

Краен рок за апликација

24.01. 2012 година

Сектори Енергетика

Опис на Проектот

Набавка на (7) мерни регулациони станици со капацитет од 100 nm3/h, (4) со капацитет од 500 nm3/h, (1) со капацитет од 1 000 nm3/h, (1) со капацитет од 2 500 nm3/h, (1) со капацитет од 22 500 nm3/h за Скопје Запад и (1) главна станица со капацитет од 30 000 nm3/h за гасовод и врска со Логистичкиот центар за ТАВ Аеродромот и Пекабеско

КонтактГА-МА АД - СкопјеБул. Свети Климент Охридскиза Милош Чоловиќ1000 Скопје Република МакедонијаTelephone: +389 23118555 +389 23118555 / 3110518E-mail: [email protected]: +389 23117110 / 3110409

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 32: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Министерство за економија ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ

СРЕДСТВА ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА ЗА

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНДУСТРИСКАТА ПОЛИТИКА ЗА 2011 ГОДИНА

Министерството за економија на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија информираат дека Јавниот повик за користење средства за надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти согласно Програмата за имплементација на индустриската политика за 2011 година е до 9.12.2011 година за оваа година. Министерството ќе надоместува дел од трошоците на деловните субјекти за следните намени: 1. зајакнување на капацитетите и за развој и имплементација на проекти за создавање на конкурентни производи; 2. развој на пазарот; 3. технолошки развој и 6. комерцијализација на патентирани иновации. До крајот на 2011 година, под точките 4 и 5 нема да може сега да се аплицира, туку од следната 2012 година, а тоа се: 4. обуки за еколошко производство и 5. вработување на млади истражувачи.

Право на учество на Јавниот повик имаат сите оние деловни субјекти опфатени со индустриските сектори рударство и вадење камен и преработувачка индустрија согласно НКД рев 2., кои на завршен проект или патентирана иновација аплицираат за да добијат надомест од Министерството за економија. Тоа значи дека имаат завршен проект од страна на консултант, снимена состојба и предлагање мерки за решавање, доколку иновацијата е во промет, патентирана и сл. Подетални информации можат да се добијат во Министерството за економија и во Стопанската комора на Mакедонија, од лицата одговорни за Програмата за имплементација на индустриската политика на Република Македонија: 1. Јасмина Мајстороска, тел. 3 093 492, е-адреса: [email protected]; 2. Славица Петрушевска, тел. 3 093 466; 3. Киро Спанџев, помошник-раководител на Секторот за индустриска

политика, тел. 3 093 488, е-адреса: [email protected] . 4. Ирена Мојсовска, Стопанска комора на Македонија, тел. 02 32 44 009, е-адреса: [email protected] Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 12 декември 2011 година еднодневен семинар

“УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ “

од 10:00 – 15:00 часотСтопанска комора на Македонија

сала 4, на 5-ти кат

Семинар за успешно учество на постапките за доделување договори кои се водат по електронски пат (пребарување на огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Поттикнати од фактот што на голем број компании -понудувачи не им се познати најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: м-р Маре Богева Мицовска, директор и м-р Марија Јованоска, вработени во Бирото за јавни набавки. Програма на семинарот:� Статус на е-набавките во Република Македонија; � Креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор;� Пребарување на објавени тендери и договори;� Електронски систем за јавни набавки и е-аукции;� Дигитално потпишување на понудите;� Поднесување на понудите преку системот;� Учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда.

Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за:� лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и � менаџментот кој одлучува за содржината на понудите. На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се:

� како да се креира кориснички профил;� основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот;� како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН;� како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери;� како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат;� што е електронска аукција и како да учествувате на неа.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 9 декември 2011 година. Учесниците е потребно да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници.

Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 13 декември 2011 година во Стопанската комора на МакедонијаМАКЕДОНСКО-ИТАЛИЈАНСКИ БИЗНИС-

ФОРУМ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и македонската Амбасада во Рим, го најавува одржувањето на Македонско-италијанскиот бизнис-форум, на 13 декември 2011 година (вторник), во Стопанската комора на Македонија. Бизнис-делегацијата е составена од дватесетина реномирани компании од Италија, кои во голема мера се застапени и во земјите од регионот, а имаат сериозна намера да ги прошират своите деловни

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 33: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

активности на македонскиот пазар преку воспоставување соработка со локални партнери и директни инвестиции. Станува збор за етаблирани италијански компании од неколку стопански дејности: медицина и фармација, дрвна индустрија и мебел, внатрешен дизајн, системи за железнички сообраќај, производство и трговија со градежни материјали, обновливи извори, чоколади и слатки, консалтинг, технички гасови и др.

Италијанските компании-учесници на бизнис-форумот се заинтересирани за пронаоѓање деловни партнери од Македонија и тоа: (увозници, извозници, дистрибутери, застапници, трговци на големо и мало, трговски агенти, консултанти, инвеститори, проектанти, партнери за учество на јавни тендери итн.). Деловните средби со италијанските компании се добра можност за воспоставување повисоки облици на соработка, осознавање на заедничките деловни интереси, развивање на идни партнерства. Бизнис-форумот со италијанските компании ќе се одржи на 13 декември 2011 година, со почеток во 15:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 и 4 на 5-ти кат. Се покануваат сите заинтересирани македонски компании да го најават својот интерес за учество на бизнис-форумот, во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 9 декември 2011 година (петок).

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 14 декември 2011 година, на Скопски саем

МАКЕДОНСКО-ИЗРАЕЛСКИ БИЗНИС-ФОРУМ

М а к е д о н с к о - и з р а е л с к и о т бизнис-клуб заедно, со амбасадорот на Израел во Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина, Н.Е. Дејвид Коен, на 14 декември 2011 година, во Мултибизнис Центарот на Скопски саем во Скопје, ќе организира Македонско-израелски бизнис-форум. Бизнис-форумот ќе биде составен од два дела: Генерален бизнис-форум и ИТ-бизнис-форум. ИТ-бизнис-форумот ќе биде организиран од страна на Македонско-израелскиот бизнис-клуб и „Кримсон Капитал“. На Генералниот бизнис-форум ќе присуствуваат компании од следните сектори:• обновливи извори на енергија;• медицина и фармација;• земјоделство, преработувачка индустрија и производство на храна;• туризам;• безбедност, градежништво, образование, финансии и услуги и др.

На Бизнис-форумот ќе присуствуваат компании од Македонија, Израел, Косово, Босна и Херцеговина и од Албанија.

Контакт:Екатерина Димитровскател: + 389 2 3113 259моб: + 389 70 80 20 72e-mail: [email protected]: www.mibk.org.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Стопанската комора на Македонија Ве води на Меѓународен саем на економија,

занаетчиство и земјоделство во Република Хрватска

„ ВИРОЕКСПО 2012„ ВО ВИРОВИТИЦА

Oд 20 до 22 јануари 2012 година во Вировитица, под покровителство на Владата на Република Хрватска, министерствата за економија и за регионален развој, Стопанската комора на Хрватска и регионалните комори, се одржува најзначајната саемска манифестација во Република Хрватска. Стопанската комора на Македонија организира настап и посета на заинтересирани македонски компании на 17. Меѓународен саем на економија, занаетчиство и земјоделство „ВИРОЕКСПО 2012„ во Вировитица, Република Хрватска. Македонија заради минатогодишното учество како земја-партнер добива бесплатен изложбен простор за

стопанствениците од Македонија, а големината на изложбениот простор ќе зависи од потребата и бројот на излагачите. На Саемот секоја година учествуваат голем број земји од цела Европа и од регионот и е втор по големина во Хрватска, по Загребскиот велесаем. „ВИРОЕКСПО“ е одлична прилика за средба на деловни посетители и придонесува пред се` за развојот на економијата, занаетчиството и земјоделието во Вировитица, Вировитичко-подравската жупанија, како и на поширокиот регион, создавајќи добри услови за поголем развој на економската размена и проток на стоки во регионот и пошироко во Европа. Производите од металната, текстилната, градежништвото и дрвната индустрија, земјоделските и прехранбените производи, како и најновите достигнувања од автомобилската индустрија, како и понудите на услужните дејности од банкарски до туристички, традиционално се присутни на овој саем во количина и асортиман, кои ги задоволуваат глобалните бизнис-потреби на излагачите.

Вложете само 3 дена во подобрување на својот деловен имиџ и бидете дел од најзначајната стопанска манифестација во Хрватска, остварете контакти со целиот пазар, со учество на Меѓународниот саем „ВИРОЕКСПО 2012“. Оваа година земја-партнер е Украина, а за прв пат на Саемот ќе учествува и Шведска. Минатата година на „ВИРОЕХПО 2011“ учествуваа 707 излагачи од 19 земји, а беше посетен од 25 200 посетители. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на Саемот „ВИРОЕКСПО 2011“, најдоцна до 20 декември 2011 година. Пријавниот лист мете да го превземете од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mcnamber.mk

Лицa за контакт:Венера Андриевска Тел: 3244037Факс:3244088 [email protected]

Влатко СтојановскиТел:3244004Факс:3244088 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 34: Бизнис ИНФО број 77 од 08.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 8 декември 2011, Бр. 77

Компанија од Црна Гора бара да откупува јаболки од Република Македонија од сортите ајдаред, златен

и црвен делишес, гремит смит, муцо, глостер прва класа, калибража од 75 до 85 мм франко Подгорица.

Валидност до: 22.5.2012 година

Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пиво: Бланш де Брисел (светло пиво), Kriek (светло пиво со цреши), Barbar

(пиво со мед),Hopus (пиво со висока ферментација).

Валидност до: 22.4.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира опрема за лабoрaториски медицински испитувања во

Република Македонија.Валидност до: 23.5.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со производители на производи од кожа во Република

Македонија кои би произведувале кожна галантерија за нив под брендот Галко, машки и

женски деловни чанти и останата кожна галантерија.Валидност до: 24.6.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да пласира полиестерска, винилестерска и акрилна смола во

Република Македонија.Валидност до: 24.4.2012 година

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автомати -машини за кафе

користени.Валидност до: 25.6.2012 година

Турска компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на зашеќерени костени

и други производи од костен, џем од костен, чоколадирани бонбони со костен.

Валидност до: 25.5.2012 година

Македонска компанија заинтересирана е за пласман на леб, пецива, торти и колачи, бел лупен костен,

свежи костени, слатки, преработки на орев, лешник, бадем, костен и замрзнати пекарски и слаткарски

производи.Валидност до: 25.11.2012 година

Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на уникатни пенкала.

Валидност до: 28.6.2012 година

Компанија од Италија заинтересирана е да пласира високо квалитетни полупроизводи за подготовка

на сладолед и состојки за колачи на македонскиот пазар.

Валидност до: 28.6.2012 година

Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на Supertech® уред кој функционира во резервоар за гориво на возила (на бензин или дизел). Има пет модели со

различна големина во зависност од капацитетот на резервоарот. Референците на уредот се: заштеда на гориво до 12% и намалување на емисијата на гасови

до 75%.Валидност до: 28.6.2012 година

Компанија од Турција заинтересирана е во Република Македонија да пласира ткаенини за декорација,

ткаенини за кошули и тексас ткаенини 100 % памук.

Валидност до: 28.6.2012 година

Текстилна фабрика од Белгија бара соработка со производители на текстил во Република Македонија

за заедничко вложување.Валидност до: 30.6.2012 година

Македонска компанија нуди сигурносна опрема од типот на сефови наменети за банки, депозитни сефови, дневно-ноќен трезор, модуларен трезор,

трезорски врати и др. Опрема.Валидност до: 16.6.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија гумени обувки, техничка гума,

лепила од марката „Тигар“.Валидност до: 16.6.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија високонапонски и

нисконапонски линиски изолатори.Валидност до: 16.6.2012 година

Македонската компанија Деловно информативни системи – Архивирај ДОО, претставува прв приватен

архивски центар во Република Македонија чија главна дејност на компанијата е услужно архивирање, дигитализација (скенирање) и

микрофилмување на хартиена документација.ДИС – Архивирај ДОО воведува иновативна форма

на услуга во областа на управувањето со документи, современ начин на услужно архивирање, постојан

квалитет, сигурност и ефикасна комуникација со своите клиенти.

ДИС е одговор на новите предизвици и потреби на современите текови на бизнисот во модерните

општества.Функционирањето на компанијата ДИС – Архивирај

ДОО ги опфаќа сите сфери на системот за менаџирање со документи, во чиј домен се

управувањето и трајното архивирање на хартиена документација.

Валидност до: 17.11.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Mакедонија

добиточна храна, фармацевски ветеринарни дезинфекциони средства на опремата за

фарми.Валидност до: 17.5.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира замрзнато овошје во Република

Македонија, капини, малини, јагоди, сливи, боровница, вишни.

Валидност до: 17.5.2012 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија на опрема за

угостителство.Валидност до: 18.6.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чаеви, мешани чаеви од разни видови

на фитопрепарати, билни капки, сирупи, гелови, креми и масти, капсули и козметички

препарати.Валидност до: 18.6.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија

прашкасти, зрнести производи, зачини и други прехранбени производи.

Валидност до: 21.4.2012 година

Македонска компанија нуди истражување на пазарот, предлог-идеи за реклами и

промотивни кампањи, организирање и обука на хостеси, целосен стајлинг на хостесите и промотерите, организирање промоции на

производи, организирање анкети на барање на вашата компанија, свечени отворања,

саемски изложби, медиа-план и медиа-закуп, организација на семинари и брендирње на

производи.Валидност до: 22.11.2012 година

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

фротирски крпи и постелнина.Валидност до: 22.5.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитни

фолии за заштита при изведба на градежни работи.

Валидност до: 22.5.2012 година

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на садови

под притисок.Валидност до: 22.5.2012 година

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

електронски мерни инструменти кои се употребуваат во медицината и лаборатории,

инкубатори, стерилизатори, дестилатори, миксер,

апарати за дестилирање на вода, опрема за фототерапија.

Валидност до: 22.5.2012 година

Македонска фирма бара директно застапништво од странска фирма во Република

Македонија за месо, месни производи и конзерви, месо од живина и производи од

живина.Валидност до: 11.11.2012 година

Грчка компанија бара соработка со македонски текстилни комапнии кои ќе изработуваат

платнени капи по нарачка.Валидност до: 11.5.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски