31
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 105 од 06.09.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот www.mchamber.mk СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922 Средба на 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија НАЈГОЛЕМИТЕ ДА СЕ НЕГУВААТ, НА ОСТАНАТИТЕ ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ ДА ГО ДОСТИГНАТ ТОА НИВО

Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Електронски бизнис информатор на Комората

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 6 септември 2012, Бр. 105СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 105 од 06.09.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Средба на 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија

НАЈГОЛЕМИТЕ ДА СЕ НЕГУВААТ, НА ОСТАНАТИТЕ ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ

ДА ГО ДОСТИГНАТ ТОА НИВО

Page 2: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО ЛИЧНОСТ ВО ФОКУСОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ИНОВАТИВНИ И ПРОАКТИВНИ ЛУЃЕ Бизнис можностите и областите за соработка се широки, но потребни се иновативни и проактивни луѓе за да ги искористат тие можности. На Инвестицискиот самит ги покануваме сите компании од Македонија што имаат извозен потенцијал, кои што активно бараат партнерства за глобална дистрибуција. Исто така, сите иновативни бизнисмени со предлози за инвестиции во различни сектори се добредојдени да учествуваат на Самитот, и ги охрабруваме да присуствуваат на билатералните средби со потенцијалните инвеститори. Постојат бројни успешни примери на соработка помеѓу македонски и компании од дијаспората што ќе бидат истакнати на Глобалниот инвестициски самит. Ние сме во контакт со веќе етаблирани и многу успешни дистрибутери на македонски производи на странските пазари, кои што се повеќе од заинтересирани да пронајдат добри производи направени во Македонија со цел да ја

прошират својата понуда. Нашата цел е да ги истакнеме и поддржиме овие успешни примери, а со тоа да им помогнеме на компаниите со идеи. Се надеваме дека учесниците на самитот ќе ги следат овие примери и ќе формираат профитабилни бизнис релации одржливи на долг рок. Исто така помагаме да се зголеми оваа соработка и преку зголемување на можностите на нетворкингот. Изминативе неколку години, членовите на Управниот одбор на Македонија 2025 имаа можност да се сретнат со истакнати македонски топ менаџери. Веруваме во нивниот потенцијал и сакаме да ги поддржиме нивните напори за развој на сопственото знаење и меѓународните контакти. Минатиов јуни, имавме задоволство да се сретнеме со познати македонски бизнисмени на Македонскиот Голф Опен што се одржа во Торонто, Канада. За време на голф турнирот и приватниот ручек организиран од Македонија 2025, го претставиме Инвестицискиот самит, што предизвика голем интерес кај

членовите од дијаспората. Како организација, Македонија 2025 го гради линкот што се надеваме дека ќе ја подобри соработката помеѓу членовите на дијаспората и македонските компании. Инвестицискиот самит, како прв од тој вид, веруваме дека ќе биде силна платформа која ќе помогне да се организираат идни настани и да се изградат нови партнерства. Треба време и напори за компаниите да развијат вистинска стратегија за експанзија, а Самитот и Македонија 2025 се тука за да помогнат со својата експертиза, искуство и меѓународни контакти.

(Мајк Зафировски, претседател на бордот на директори на Македонија 2025)

Реализирана личната донација на Даниел Сас, првиот човек на „Македонски Телеком“

БЕЛОДРОБНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТАПОЛЕСНО ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ!

Набавени се и ставени во функција два апарата за анализа на крвта во Козле, лична донација од Даниел Сас, главен извршен директор на „Македонски Телеком“. Во мај годинава, Сас и неговата партнерка Мелинда Вида донираа 12.000 евра на Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле. Станува збор за лична донација, која е наменета за набавка на софистициран хематолошки апарат. За децата кои се лекуваат во клиниката тоа значи дека нема да поминуваат повеќекратни испитувања затоа што со една анализа на крвта докторите ќе ги добијат сите параметри што се потребни. А тоа ќе придонесе да се намали стравот и стресот кај децата. Белодробните заболувања се едни од најчестите, ако не и најчести заболувања кај децата од најраната возраст, а во Институтот за белодробни заболувања кај децата, Козле годишно се лекуваат околу 3.500 деца.

Page 3: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

МАНИФЕСТАЦИИ

„Капитал медиа груп“ во скопскиот ресторан „Ден и ноќ“ официјално го презентираше најновото издание на едицијата „200 најголеми и најуспешни во Македонија“ (3.9.2012 година). Генерален покровител на настанот беше Стопанската коморта на Македонија, во која без исклучок се членки најголемите и најуспешните во македонската економија. „ОКТА“, „Македонски Телеком“, „Макпетрол“, „Лукоил“, „Витаминка“, „Гранит“, „Бетон“, „Арчелор Митал„, ЕЛЕМ, ЕВН, МЕПСО, „Фени Индустри“, „Орка Холдинг“, „Империјал Тобако“, се меѓу рангираните на листата 200 најголеми и најуспешни.

- И во делот на специјални изданија и истражувања „Капитал“ креираше производ во стилот на светските бизнис-часописи, - истакна во воведниот збор Љупчо Зиков, директор и главен уредник на македонското бизнис-издание. - Факт е дека како никогаш досега на Македонија и нејзината економија и` се потребни нови иновативни проекти. Нови визии. Потребни се нови нови идеи, слободно и креативно деловно размислување кое во основа ќе има храброст во преземање одлуки и нови деловни потези.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, посебно подвлече дека е чест да се биде во друштвото на 200 најголеми и најуспешни компании и дека уште 50.000 компании сонуваат да стигнат до тоа ниво. Ним треба да им се помогне и да им се овозможи да имаат силен раст, а најуспешните треба посебно да се негуваат бидејќи остваруваат 47 отсто од вкупните приходи во земјата, вработуваат најголем дел од населението и се локомотива на економскиот развој.

- Донесување закон за поттикнување инвестиции со кои ќе се обезбеди рамноправен третман на домашните и на странските вложувачи, изградба на нов модел за поврат на данокот на додадена вредност и покренување селективна регулаторна гилотина за надворешно-трговското работење во делот на извозното законодавство и легислативата за девизното работење, се трите предлози на чие реализирање ќе се фокусира Стопанската комора на Македонија, – истакна Бранко Азески.

Првиот човек на најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава истакна дека земјава во моментов се судира со неколку диспропорции: јаз

Промоција на едицијата „200 најголеми и најуспешни во Македонија“ на „Капитал медиа груп“

НАЈГОЛЕМИТЕ ДА СЕ НЕГУВААТ, НА ОСТАНАТИТЕ ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ ДА ГО ДОСТИГНАТ ТОА НИВО

Page 4: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

меѓу производството и потрошувачката, увозот и извозот и активно вработеното население наспроти невработените. Токму активностите на 200 најголеми и најуспешни компании влијаат тие диспропорции да не се продлабочуваат, – додаде Азески.

И заменик-претседателот на Владата, м-р Владимир Пешевски, истакна дека најголемите и најуспешните мора посебно да се негуваат.

- Македонија мора да се потпре на домашните инвеститори. Привлекувањето странски инвестиции, пак, е нужно не само од аспект на носење свеж капитал, туку и поради трансферот на нови знаења и вештини што ќе им овозможи на домашни фирми да се развијат многу повеќе,.- подвлече Пешевски. - Она што Владата во однос на економските политики досега го правеше, ќе продолжи да го спроведува, а особено тоа се однесува на директната комуникација со фирмите. Покажавме дека досега, во споредба со претходните влади, имаме најголем слух за бизнисот. Оваа и наредната година не` очекува тежок период. Должничката криза во Европа зема се` поголем замав. Не можеме да ги одбегнеме сите ефекти, но она што може, Владата ќе го стори, пред се`, во консултации со Стопанската комора на Македонија и со останатите деловни заедници.

Најголемите 200 компании прават половина од целата македонска економија. Во 2011 година оствариле вкупно 7,7 милијарди евра приход и 470 милиони евра профит, што е пет отсто помалку во споредба со 2010 година. Дури 151 од нив забележале раст на приходите. Дваесет компании имале 100 отсто поголем раст на приходите. Најуспешните, пак, оствариле 730 милиони евра профит и 4,4 милијари евра вкупен приход од продажба.

Саво Пејчиновски

МАНИФЕСТАЦИИ

Page 5: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Дебата со Роберт Арсов за „Глобалните финансиски движења и инвестициските перспективи во Република Македонија“

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ВРСКИТЕ НА ДИЈАСПОРАТА СО ДОМАШНАТА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦА

Во Стопанската комора на Македонија пред претставници од бизнис- заедницата се одржа дебата насловена како „Глобалните финансиски движења и инвестициските перспективи во Република Македонија“ (30.8.2012 година). Дебатата, всушност, беше интерактивен разговор со Роберт Арсов, член на Управниот одбор на невладината организација „Македонија 2025“. Тој е директор на дивизијата за инвестициско банкарство во „Кредит Свис“ од САД и потпретседател на невладината организација „Македонија 2025“. За прв пат оваа година ќе се одржи Глобалниот инвестициски самит за Македонија, од 18 до 21 октомври 2012 година, во Охрид. Организатор на самитот е токму „Македонија 2025“, а и во Стопанската комора на Македонија сметаат дека овој прв инвестициски самит ќе биде значаен чекор кон зајакнување на врската меѓу дијаспората со македонската бизнис-заедница, co цел стимулирање на трговијата, инвестициите и економскиот развој. Главната цел на Самитот е да ги презентира македонските инвестициски и извозни можности пред претставниците на македонската дијаспора и останати потенцијални инвеститори. Медијацијата на разговорот беше од страна на Антони Пешев, претрседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. Притоа, беа потенцирани главните причини за економската криза, позиционирањето на Македонија како инвестициска дестинација, со потенцирање на основните фактори кои треба да се преземат за да може земјава во глобални рамки да има поконкурентна позиција. Посебно беше подвлечено дека сигурноста на инвеститорот е најважен сегмент во процесот на одлука дали некој ќе вложува во Македонија.

На средбата беше истакнато дека добрата законска регулатива и нејзината примена се клучни за стабилноста на деловното опкружување на економските субјекти, додека решавањето на проблемот со неликвидноста е клучен за поттик за вложување, како на домашните, така и на странските инвеститори. Учесниците можеа да ги слушнат најновите трендови и движења во областа на директните инвестиции изнесени од страна на Роберт Арсов. Тој, имено, има 15-годишно искуство во финансискиот сектор во САД, со специјализација за инвестициско банкарство, коешто го има стекнато работејќи со голем број трговски друштва на сложени интернационални проекти, како и проекти во САД.

АКТУЕЛНО

Page 6: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Инаку, организацијата „Македонија 2025“ е основана во 2007 година во Краун Поинт, Индијана, од страна на угледни членови на македонската дијаспора. Својата канцеларија во Скопје организацијата ја отвори во 2011 година. Посветена е на позиционирање на земјава како преферирана дестинација за директни странски вложувања, промовирање на транспарентно управување и корпоративни практики, креирање на просперитетна клима за претприемништво. „Македонија 2025“ е предводена од Мајк Зафировски, кој е претседател на бордот на директори.

Јадранка Аризанковска

Повик до компаниите да учествуваат на Глобалниот инвестициски форум во Охрид во организација на „Македонија 2025“

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МОСТОВИТЕ ЗА СОРАБОТКА СО ДИЈАСПОРАТА

Организацијата „Македонија 2025“ преку глобален инвестициски самит во Охрид ќе ја зајакнува соработката меѓу бизнис-заедницата од Македонија и ОД дијаспората. Мотото на Самитот, што ќе се одржи од 18 до 21 октомври 2012 година во Охрид, е: „Нови можности: Преку бизнис со дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“. Од Организацијата оценуваат дека ова е еден од најголемите настани годинава на кој ќе присуствуваат над 40 панелисти, истакнати професионалци од сферата на економијата. Меѓу учесниците, како што беше посочено на денешната прес-конференција, ќе бидат Сами Елхејџ, главен оперативен директор на „Нокиа Сименс Нетворкс“, Курт Гајгер, директор на одборот на Рајфајзен банк Инт, Хубертус Јан Ван дел Ваарт, коосновач на СЕАФ, како и премиерот Никола Груевски, заедно со економскиот владин тим. - Целта ни е да ги зајакнеме мостовите на соработка на домашниот бизнис и нашите луѓе од целиот свет. Ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија, како и потенцијалите за извоз, успешни бизнис-модели кои веќе се тестирани и испробани со цел да мотивираат слични потфати и во иднина, рече Зоран Мартиновски, член на одборот на директори на „Македонија 2025“ и претседател на Глобалниот инвестициски самит и притоа упати повик до сите заинтересирани компании, пред се` од извозните сектори, да дојдат на Самитот со цел да ги проверат можностите за соработка со нашата бизнис-дијаспора. Според Минчо Јорданов, член на одборот на директори на „Македонија 2025“, овој Форум особено е значаен во овие услови на криза за зацврстување на соработката. - Овој мост на соработка што сакаме да го засилиме не е целта само да се оствари поинтензивна соработка, туку и да се направи трансфер на знаење и технологии. Tреба да се направи соработка со дијаспората како онаа на Израел, Ирска и Италија, - рече Јорданов. Преку Самитот ќе биде претставено она што е предност за инвестирање во Македонија. Според него, потребен е отворен дијалог за бизнис-климата и со дијаспората. - За да имаме странски инвестиции треба да бидат запознати луѓето да разберат за нас. Многу малку сме афирмирани. Пред се`, треба да ги понудиме оние можности преку кои компаниите ќе прават профит, - рече Јорданов. Живко Мукаетов, член на одборот на директори на „Македонија 2025“, потенцира дека Македонија има многу потенцијални и интересни производи и брендови и затоа треба да се етаблира надвор. Од Самитот ќе произлезат препораки и очекувања од врвните бизнис-лидери од Македонија и од дијаспората, со цел да се поддржат, поттикнат и да се унапредат напорите за инвестирање во земјата.

ПОСЕТИ

Page 7: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија не се согласува со новата „музичка“ давачка

СВИРЕЛО, НЕ СВИРЕЛО, ТАРИФИ СЕ МНОЖАТ Една такса на име надомест да се плаќа за уметниците - музички изведувачи, за авторските права, правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи бараат од Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. Тие не се согласуваат со нова давачка што сега се иницира со предложениот општ акт за определување на висина на надоместоците, односно Предлог-тарифата за надоместок на уметниците-музички изведувачи од Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи – ММИ. Со овој акт, всушност, паралелно со сегашната давачка кон ЗАМП хотелиерите, угостителските објекти, трговските дуќани ќе плаќаат уште една давачка кон новоформираното друштво ММИ. - Предложениот акт има многу недостатоци и недоследности од законска гледна точка и како таков е неприфатлив за Здружението на угостителството и туризмот. Особено сега во услови на криза и влошена ликвидност дополнителен фиансиски товар за фирмите само го обременува нивното работење, изјави претседателот на Здружението на туризмот и угостителството Снежана Јовановска Трајковска на редовната прес-конфернција во Стопанскатга комора на Македонија (4.9.2012 година). Соња Бибановска, потпретседател на Здружението и финансиски директор во хотелскиот комплекс „Македонија турист“, посочува дека голем дел од предвидените надоместоци во Предлог-тарифата се идентични со Тарифникот на ЗАМП, кој веќе е оспорен пред Уставниот суд на Република Македонија од неколку правни субјекти во Република Македонија. - Ова претставува дополнителен финансиски товар за правните субјекти од угостителството, како и воопшто за сите субјекти што би биле должни да ги плаќаат наведените нови, непланирани давачки, - вели Бибановска. Затоа, побарано е максималниот износ, односно вредноста на бодот и бројот на бодовите наведен во Предлог-тарифникот да бидат драстично намалени, а конкретниот износ да се утврди во консултација со сите заинтересирани страни, преку еден процес на широка консултација. Без оглед што во Законот за авторското и сродните права е наведена и можноста за дополнително договарање на износот на тарифата во посебни договори, при што цената мора да биде пониска од максималниот износ на вредноста на бодот, сепак корекција на екстремно високата вредност мора да има. Исто така, во оспорениот предлог се врши градација на самите објекти кои треба да ја намируваат оваа тарифа, но начинот не соодветствува со нивната основна дејност. Имено, определено е дека во случај кога просторот (угостителски дуќан, хотел, диско клуб, диско бар, кабаре, ноќен бар, превозно средство, спортски објект и сл.) е издаден под закуп, обврзан да го плати надоместокот за користење на фонограми е закуподавачот, освен ако со договорот за закуп не е посебно одредено дека надоместокот го плаќа закупувачот. Како проблем кој го посочуваат угостителите е дека доколку се прифати постоењето на ММИ, Законот дозволува во иднина да се појави на пазарот и друго здружение кјое ќе бара воведување на иста ваква давачка. За таа цел, Здружението на угостителството и туризмот има доставено писмен допис до сите надлежни државни институции - министерствата за култура, за економија, Агенцијата за туризам, а договорен е и состанок во Министерството за економија, каде што има посебен сектор за туризам. Прес-конференцијата во Комората беше повод да се посочи на реалните проблеми со надеж дека аргументите на бизнис-секторот ќе бидат земени предвид при носење конечно решение за новонастанатата ситуација.

Групација на пазари при Стопанската комора на Македонија ги посети пазарите во регионот во потрага по искуства

ОРГАНИЗИРАНИ ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ - ПРЕДУСЛОВ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА „СИВАТА“ ЕКОНОМИЈА

Во пресрет на донесувањето на нов закон за трговија на зелени пазари, кој го изработува Министерството за економија, Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија на прес-конференција (27.8.2012 година) информираше дека ќе му предложи на ресорното министерство во законот да се внесат искуствата од соседните земји.Еден од предлозите е да се изземат од обврската за регистрација случајните продавачи кои само 10-тина дена ги продаваат своите сезонски вишоци на производи на зелените пазари. За утврдување на состојбите на зелените пазари во околните земји како предуслов за креирање на законската рамка во Македонија работна група од Групацијата за пазари при Стопанската комора кон крајот на јуни годинава ги посети зелените пазари во Белград, Суботица, Љубљана, Загреб и Вараждин.

СИГНАЛИ

Page 8: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

- При посетата констатиравме дека никаде на пазарите не се издаваат фискални сметки и трговијата се одржува на традиционален начин со ценкање и оти се дава посебно значење на домашното производство, за што се делат посебни сертификати и има посебни ознаки на тезгите. Најголем дел од пазарите се на атрактивни локации и се во сопственост на општините, иако има и приватни. Но, без разлика на сопственоста, сите пазари се со решени инфраструктурни проблеми, особено начинот на одржување на хигиената, приодот и паркинзите, - рече претседателот на Групацијата, Благој Девитаров на прес-конференцијата. Искуствата од посетата ќе ги пренесат на претставници од Министерството за економија на состанокот закажан за 29.8.2012 година, со цел да се донесе закон со којшто ќе се осовременат зелените пазари во Македонија и ќе се решат проблемите на пазарџиите и на организаторите на пазарите. Со тоа, како што рече, ќе се придонесе за намалување на „сивата“ економија во земјава. Раководителот на ЈКП „Дервен“ од Велес Љупчо Лазевски, информираше дека при посетата на пазарите од регионот беше констатирано дека главно е решен проблемот со „дивите“ продавачи, чиј број во Македонија е многу голем. Околу 40 отсто од продавачите на пазарите работат надвор просторот на зелените пазари, - вели Лазевски. Студиското патување во регионот од страна на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија, со посета на пазарите во Белград, Суботица, Вараждин, Загреб и Љубљана на крајот на јуни беше организирано со цел да се види начинот на организација на пазарите во регионот кои по многу нешта се слични со зелените пазари во Македонија, како и директно да се добие информација за законската рамка во која работат пазарите. Заклучокот од посетата е дека пазарите во регионот се во поодмината организациона фаза во делот на регистрација на закупците на тезги, но проблемот со законска регулатива е присутен секаде. Ниту еден од посетените пазари нема конкретен закон за пазари, а беше покрената и ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕГИОНАЛНО ПОВРЗУВАЊЕ , како предуслов за зачленување на пазарите од Балканот во светската организација на зелени пазари. Инаку, организаторите на пазари со години бараат посебен закон за пазари, како и закон за трговија од мал обем кој во голема мерка би ставил ред во работата на пазарите, ќе ја намали драстично нелегалната трговија, а ќе го стимулира и плаќањето на давачките кон државата. За опстојување на зелените пазари, на организаторите на пазарите и на повеќе од 20.000 луѓе кои закупуваат тезги единствено решени да продолжат законски да работат е да се донесе посебен Закон за трговија од мал обем. Во меѓувреме, Министерството за економија подготви предлог-текст кој треба да ја регулира трговијата на зелените пазари. Првичниот предлог-текст на законот е изработен. Во тек се разговори со надлежните во ресорните министерства. Организаторите на пазари ќе дадат свое мислење по предлог-законот.

* http://www.bgpijace.rs/newsitem.php?id=12078 – Линк од изјавата на директорот на „Градски пазари“ - Белград, Предраг Веинович, за посетата на македонската делегација од Групацијата на пазари. Во изјавата која ја дава на интернет-порталот посочува дека целта на состанокот е унапредување и зајакнување на регионалното поврзување на пазарите од западен Балкан и воспоставување ПЛАТФОРМА за редовна размена на информации, искуства и знаење. * http://www.pks.rs/ONama.aspx?id=243 – Линк од информацијата за нашата посета во прес-клипингот на Здружението на комуналните дејности од Стопанската комора на Србија во изданието од јуни.

СИГНАЛИ

Групација за пазари

РАСПРАВА ЗА ПРАВИЛАТА ЗА ТРГУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ

Групацијата за пазари при Стопанската комора на Македонија на состанок со претставниците од Министерството за економија, инспектори од Комуналниот инспекторат при Министерството за транспорт и врски, како и претставници на Комората на пазарџии, разговараа за Предлог-законот за трговија на зелените пазари, изготвен од Министерството за економија (29.8.2012 година). Со овој закон ќе се регулира работата на закупците на тезги на зелените пазари. Групацијата за пазарите го поздравува носењето на овој закон, особено што со години наназад алармира дека е потребен посебен

закон кој ќе ја регулира работата на оваа комунална дејност. На состанокот на Групацијата, претставниците на организаторите на зелени пазари изнесоа серија забелешки на дел од предложените членови во Предлог-законот. Претставникот од Министерството за економија, Александар Поповски, ги ислуша забелешките и вети дека поголемиот дел од нив се прифатливи и ќе бидат инкорпорирани во Предлог-законот. Работниот состанок беше во насока да се слушнат ставовите на организаторите на пазари, со цел да се изработи закон во интерес на сите инволвирани страни, кој на крајот треба да придонесе за ставање ред во работењето на зелените пазари, место кое многу често се посочува како производ, односно простор каде постои голема „сива“ економија. Групацијата за пазари своите забелешки ќе ги достави и во писмена форма. Во следниот период, по инкорпорирање на забелешките во новата верзија на Предлог-законот, тој повторно ќе биде доставен до Стопанската комора на Македонија

Даниела Михајловска Василевска

Page 9: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

РЕЗУЛТАТИ

Стопанската комора на Македонија заедно со надлежните државни органи се избори за отстранување на нетарифна бариера на хрватскиот пазар

ПРОФЕСИОНАЛНОСТА И УПОРНОСТА И` ОВОЗМОЖИ НА

„ЦЕВИТАНА“ ФЕР ПАЗАРЕН НАТПРЕВАР

Прехранбената индустрија „Витаминка“ од Прилеп повторно, од јули месец, може нормално, без нетарифни бариери, да го извезува својот производ „Цевитана“ во Република Хрватска и со фер натпревар да се соочи со конкуренцијата на тамошниот пазар! Но за да дојде до тоа, беше потребен сериозен ангажман на Стопанската комора на Македонија и надлежните државни органи во правец на инсистирање за доследно целосно почитување на ЦЕФТА-договорот. Од примерот на „Витаминка“ може да се види значењето на соработката меѓу реалниот и јавниот сектор базиран на стручност и координираност.

ПИ „Витаминка“ АД од Прилеп, во април месец годинава се обрати до Стопанската комора на Македонија со молба за поддршка во надминување на тарифната бариера што ја воведе Царинската управа на Република Хрватска уште од февруари месец, при извозот на производот „Цевитана“ на тамошниот пазар. Имено, Царинската управа на Хрватска изврши претарифирање на производот и од суплемент во прехраната, го подреди во групата - сокови за растворање. Ваквата категоризација повлекуваше плаќање трошоци при увозот на

стоката во Хрватска и ја намалуваше конкурентностa во однос на истите производи, како што е „Цедевита“ кој е нивен домашен производ. Извршеното претарифирање не беше во согласност со правилата за тарифирање и претставуваше протекционистичка трговска мерка со цел нелојалната заштита на „Цедевита“ на хрватскиот пазар. Стопанската комора на Македонија за овој случај го информираше ЦЕФТА-Поткомитетот за нетарифни бариери, преку Стопанската комора на Хрватска, бидејќи тој заседаваше во Загреб и ЦЕФТА-Царинскиот поткомитет преку Надворешно-трговската комора на БиХ, бидејќи истиот заседаваше во Сараево. Едновремено, Стопанската комората на Македонија се обрати до ЦЕФТА-Секретаријатот во Брисел, Националниот ЦЕФТА-координатор, Царинската управа на Македонија и до Министерството за надворешни работи, кое достави информација до Владата на Република Македонија и до Амбасадата на Република Македонија во Хрватска. Со допис, Бранко Азески се обрати до Надан Видошевиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска, инсистирајќи деловната заедница да „реагира до надлежните за да се почитуваат одредбите на ЦЕФТА-договорот“. Со ангажирање на сите наведени институции, протекционистичката тарифна мерка беше отстранета од страна на Хрватска во месец јули. Сличен заеднички ангажман Стопанската комора на Македонија имаше и со партнерската Стопанска комора на Косово, вклучувајќи ги Царинската управа на РМ, Министерството за надворешни работи на РМ во месец јуни, кога Владата на Косово, вон ЦЕФТА-процедурите, воведе акциза при увоз на македонски цемент во Косово. И овој ангажман се

заврши со повлекување на воведената акциза. Професионалноста, довербата, партнерството и истрајноста се клуч за надминување на нерегуларностите во деловните активности кои можат да се изродат смислено или не. Во време на економска криза, реално е да се очекуваат обиди за примена на мерки на нелојална конкуренција, но кон нив треба да се има активен и брз однос, користејќи ги транспарентно сите легитимни средства за нивно отстранување. Впрочем, стопанските комори постојат и за тоа и се на располагање на своите членки. - Високо професионалниот пристап во разрешувањето на овој случај претставува пример како се бранат интересите на македонското стопанство и на земјава во странство, – истакнува Љупчо Велески, директор на секторот за извоз во ПИ „Витаминка“ од Прилеп.

Владата ги прифати барањата на Здружението на енергетика, црна и обоена металругија

ДОНЕСЕНИ МЕРКИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО

МЕТАЛУРШКИОТ СЕКТОР Уште еден позитивен резултат од јавно - приватниот дијалог - Владата ги прифати барањата на Здружението на енергетика, црна и обоена металругија при Стопанската комора на Македонија за ублажување на негативните состојби во металуршкиот сектор. Во почетокот на јуни прозиводителите на основни метали укажаа на неповолните движења во овој сектор, како резултат на должничката криза во Европа. Во седумте месеци од оваа година производството на метали бележи намалување на производните активности за 9,1%, а само во јули 2012/јули 2011 година намалувањето на физичкиот обем на производството изнесува 34,6% (на ниво на индустрија евидентиран е пад на производството од 6,9%). Деловните тенденции укажуваа на натамошно намалување на побарувачка на странските пазари, која реално се очекува до крајот на годината да опадне за 50%, во услови на паѓање на берзанските цени на металите од една страна и зголемување на енергенсите од друга страна. Согласно тоа, Владата го прифати барањето на претставниците на црната и обоена металургија и донесе пакет мерки за опстојување на овој, особено значаен сектор за националната економија. Пакетот на мерки предвидува 30 милиони евра од кредитната линија на Европската инвестициона банка да бидат наменети за еколошкото услоглаување на компаниите од металургијата, пролонгирање на периодот за добивање интегрирана еколошка дозвола за 5 години, поинтензивни активности за решавање на прашањето со сопственост на земјиштето на фирмите кои работата во кругот на поранешна „Железарница Скопје„, модернизација на железничката инфраструктура во функција на обезбедување поквалитетен транспорт на производите и интензивирање на активностите за формирање балансни групи за решавање на прашањето на трошокот за електрична енергија, како значаен инпут за компаниите од овој сектор. Дијалогот на претставниците на Здружението на црна и обоена металургија при Комората со Владата ќе продолжи во насока на оперативна реализација на донесените мерки, а согласно подготвеноста на Владата и за изнаоѓање можности за донесување дополнителни мерки за подобрување на состојбите во овој индустриски сектор.

Page 10: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

НА САМОТО МЕСТО

Претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, со соработници, во посета на „Џевахир Гуруп“ – подружница во Скопје

ПОДРШКА И ПОМОШ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЧЕТРИЕСЕТКАТНИЦИТЕ ВО АЕРОДРОМ

Претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, заедно со вишите советници во Управниот одбор, Љубица Нури и Стојмирка Тасевска, беа во посета на „Џевахир Гуруп“ – подружница во Скопје, турска компанија која ја започна изградбата на четри четриесеткатници и трговски центар во скопската општина Аеродром. Домаќини на делегацијата на најстарата и најбројната бизнис асоцијација во земјава им беа Есер Џавахир, генерален менаџер на фирмата во Скопје и Ејуп Учак, задолжен за односи со јавноста. На своите гости тие им ја претставија инвестицијата која што е вредна 300 милиони евра и чии што старт започна неодамна.

-Не радува фактот што се поголем број турски компании покажуваат интерес за инвестирање во Република Македонија. Подготвени сме да за да пружиме помош и заеднички да ги решаваме сите инситуционални проблеми, доколку тие се појават во текот на реализацијата на инвестицијата - порача Антони Пешев во разговорот со домаќините.

Есер Џавахир истакна даке реализацијата на инвестицијата на стартот оди без било какви проблеми, но дека за компанијата е од големо значење да биде во тек со легислативата во земјата и нејзините измени, за што неопходна помош може да добие од Стопанската комора на Македонија.

Инаку, Џевахир Холдинг Истанбул, централата на скопската компанија, е составена од 9 компании во областа на градежништво, туризмот, инвестициите, внатрешна и надворешна трговија. Во сезона ангажираат во просек 7000 вработени од кои 300 се технички персонал. Имаат изградено трговски центар во Истанбул ( 2008 година по квадратура тој беше најголем шопинг центар во Европа и втор во светот). Имаат изградено и повеќе престижни хотели со конгресни центри во Истанбул.

Во областа на градежништвото, освен во изградба на хотелските објекти, имале ангажман во изградба на патишта, факултетски и стамбени комплекси, фабрика за производство на шеќер, меѓународна автобуска станица во Истанбул... Во Либија имаат

изградено стамбени и деловни комплекси, ( 5 проекти), учествувале во изградба на електрана и на аеродромски хангари. Во Саудиска Арабија имаат изградено 8 објекти, стамбени, деловни и депо за вода.

„Џевахир Гуруп“ – подружница во Скопје наскоро се очекува и офицајално да стане членка на Советот за странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, во кој што членуваат сите македонски компании со странски капитал. Саво Пејчиновски

Page 11: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

ПРЕНЕСЕНО

Интервју на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија за неделникот „Граѓански“

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ДИШАТ

НА ЖАБРИСпоред податоците од Централниот

регистар, македонските претпријатија од нефинансискиот

сектор ја завршија 2011 г., односно ја започнаа 2012 г. без работен

капитал, всушност, со вкупни обврски од 609.757 милиони денари, кои се за 2,4 отсто повисоки од вкупните

тековни средства во износ од 595.336 милиони денари

На прва: Како го „преживуваат“ ова кризно лето македонските компании?

Дишат на жабри, што би рекле охриѓани. Загрижени се, и тоа многу. Влегоа во неизвесност, по „јубилеен“ стоти пат. Соочени се со силни неповолни трендови - ограничената домашна потрошувачка, од една страна, и намалената побарувачка од странство, од друга страна. Продолжи падот на индустриското производство (за шесте месеци годинава -7% во однос на истиот период лани), намалени се активностите во градежништвото (извршените ефективни часови за -11%, вредноста на извршените градежни работи за -15,6%, на договорените градежни работи за -14%), намален е извозот на стоки за 10,5%, а увозот за 7,3%, прометот во трговијата на мало реално е намален за 2,2%. Забележани се позитивни движења само во туризмот (бројот на туристи бележи пораст за 5,8%, а ноќевањата за 2,9%), благодарение на стимулативните мерки на владата за оваа дејност, со што се забележа пораст на странските туристи за 8,6%. Секако дека наведените движења во првата половина од годинава не мора да бидат знаци за негативна оценка за целата година, впрочем и Народна банка на Република Македонија (НБРМ) излезе со проекција за пораст на БДП од 1%. Но, сепак, според изјавите за деловните тенденции на нашите членки, тешко е да се каже дека економските движења во второто полугодие значајно ќе се разликуваат од истите во првото полугодие. Дури и постепените промени на движењата во позитивна насока во втората половина од годинава не ќе мoжат значително да го променат предзнакот кај клучните показатели за цела 2012 г. Сепак, охрабрува фактот дека и во такви услови македонските компании работат упорно и посветено, на 43 степени, а што е најинтересно – под мотото „инвестирај или умри“, значаен е бројот на компаниите што продолжуваат да инвестираат во модернизацијата на капацитетите. Го бараат излезот, но бараат и помош.

Владата промовираше некои социјални мерки, но најзасегнати се извозните компании. Потребни ли се конкретни мерки за да им се помогне?

Па, тоа се гледа од авион. Тие, кога и’ беше најтешко на државата, и’ подадоа рака. Сега состојбата е обратна. Вкупниот обем на стокова размена во шесте месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, е намален за 9,5%, при што извозот за -10,5%, а увозот за -5,5%. Но, одделно по сектори, кај производите класирани според материјалот, кои во структурата на извозот учествуваат со 27,2%, извозот е намален за 13,4%. Поконкретно, на пример, како резултат на должничката криза во Европа, производството на основни метали во шесте месеци од годинава бележи намалување на производните активности за 6,3%. Со оглед на тоа што овој сектор е под силно влијание на случувањата на странскиот пазар, односно на странската побарувачка, која е во директна корелација со обемот на инвестициските активности на глобално ниво, тоа повлекува соодветно движење на берзанските цени на фероникелот, челичните производи и на феросиликоманганот, а кои во наведениот период забележаа намалување за околу 15%-20%. Оттаму, државата треба да помогне, особено ако дојде до поголеми нарушувања на пазарот кај „металургијата“ и извозот воопшто. Впрочем, преземањето систeмски мерки за намалување на неповолните движења е подеднакво значајно како на микроплан, така и на макроплан.

Page 12: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

ПРЕНЕСЕНО

Економските авторитети во земјава велат дека владата ќе даде најголема поддршка за стопанството ако навреме си ги плаќа обврските кон него. Новинарите не добиваат одговор за сумата на долговите. Дали вие, како Стопанска комора, располагате со таков податок и дали сте го побарале од владата?

Долгувањата се одамна одомаќинети во Македонија, како „свинска тенија“. Сега само ескалираа. Според податоците од Централниот регистар, македонските претпријатија од нефинансискиот сектор ја завршија 2011 г., односно ја започнаа 2012 г. без работен капитал, всушност, со вкупни обврски од 609.757 милиони денари, кои се за 2,4% повисоки од вкупните тековни средства во износ од 595.336 милиони денари. Краткорочните обврски во износ од 450.581 милион денари (што се 74% oд вкупните обврски, а дури 47% од вкупните расходи во 2011 година), се 4% поголеми од вкупните тековни средства без резервите. Краткорочните побарувања од 319.413 милиони денари се 54% од вкупните тековни средства, а дури 33,3% од вкупните приходи во 2011 година. Ако на тоа се додадат изнесените негативни економски движења во изминатиов период од годинава, состојбата во делот на ликвидноста во моментов е уште понеповолна од онаа на почетокот на годината. Оттаму, клучен ограничувачки фактор, покрај другите, за падот на економските активности е хроничниот проблем со неликвидноста и високиот степен на внатрешна задолженост и затоа Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија (СКМ) сугерираше, во соработка со владата и со гувернерот на НБРМ, да се разгледа можноста за утврдување соодветно решение на тој план. Правиме сè што е во наша моќ за да најдеме решение со владата за овој горлив проблем.

Стопанствениците беа исцрпени од кризата во 2008 г., тешко добиваат кредити поради проблемот со неликвидноста. Како во оваа ситуација ќе дојде до нов инвестициски циклус каде што двигател ќе биде приватниот сектор?

Во овој момент не може да дојде до нов инвестициски циклус со раст на БДП над 5%. Пролонгираниот период на стагнација на македонската економија и неизвесното опкружување условуваат слаб прилив на странски капитал, како и воздржување на домашните инвеститори, што недостига како основна претпоставка за пораст на економските активности. Бруто-инвестициите во 2011 г., според податоците на Државниот завод за статистика, изнесуваа 101.224 милиони денари, со пораст од 22,7% во однос на истите од 2010 г., чиј пораст се должи, главно, на порастот на реализираните капитални инвестиции, пред сè, во градежништвото. Впрочем, за поттикнување на економските активности во услови на рецесија од големо значење се капиталните инвестиции, како јавна потрошувачка во функција на стопанството. Затоа, една од позначајните мерки што ги предлагаше СКМ за оваа година беше зголемување и целосно реализирање на капиталните инвестиции. Со буџетот за 2012 г. истите се зголемија за 38% во однос на лани, но со ребалансот на буџетот за 2012 г. капиталните расходи се намалуваат од 27.008 на 21.535 милијарди денари, односно за 5,5 милијарди денари. Нивното учество во вкупните расходи од 15,9% се намалува на 13,3%. Исто така, побаравме да се формира гарантен фонд за обезбедување дополнителен колатерал - гаранции. Имено, една од главните потреби за основање гарантен фонд е тешкотијата фирмите да обезбедат доволно

Page 13: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

колатерал, според барањата на банките, како обезбедување на одобрените кредити. Гарантниот фонд при МБПР, преку издавање гаранции, ќе им овозможи олеснет пристап во добивањето кредити, за поддршка на својот развој или за тековно работење, како и за повисок степен на аплицирање за средствата од расположливите ЕУ-фондови, посебно од ИПАРД-програмата. Затоа, за подинамичен економски раст треба да се почека, но да се работи трпеливо. Има позитивни сигнали кај странските инвестиции. Треба посмело да се поддржат домашните инвестиции, но и да се свртиме попрофесионално кон европските фондови. Тука стоиме слабо.

Веднаш по изјавата на турскиот инвеститор, основач на „Џевахир холдинг“, се објави промена на законот со кој се релаксираат условите за „увоз“ на работници од странство. Дали е иста ажурноста во реакциите и за домашните инвеститори и дали односот на владата е ист или, пак, чувствувате дека некои се „привилегирани“?

Се радувам на секоја инвестиција, било да е странска или домашна. Сепак, факт е дека ако во едно стопанство, како што е македонското, каде што имаме ограничено знаење, технологија и познавање на меѓународните дистрибутивни канали, тогаш влезот на странските претпријатија е најбрзиот пат до нивното стекнување, што, всушност, го оправдува потенцираното значење на странските директни инвестиции. Но, ако за странскиот инвеститор појдовна точка е сознанието дали имаме домашни инвестиции, како првична оценка за инвестиционата клима во земјата, приоритетот го имаат домашните инвеститори. Затоа, подеднакво се важни и домашните и странските инвестиции. Не правиме разлика. Мислам дека тоа не го прави намерно никој во државава. Се работи само за различни концепции и приоритети.

Инаку, странските компании се наши членки и тие многу придонесуваат за подобрување на севкупниот бизнис-амбиент. На прсти се бројат македонските компании што изградиле брендови познати надвор од нашите граници. Кој е патот до поголема конкурентност и успех на пазарите во регионот, па и во ЕУ?

Инвестиции, извоз, инфраструктура - е препораката на СКМ, содржана во нашиот предлог за промена на економскиот модел на развој, што ќе обезбеди порастот на БДП, главно, да произлегува од производството и од извозот, а не од потрошувачката. Новиот модел за економски развој, всушност, е заеднички именител на предложените системски мерки за создавање поволна инвестициона клима во земјата, за поттикнување на производството и на извозот, за подобрување на деловниот амбиент и на агрегатната потрошувачка, кои заедно ќе условат промена на досегашниот модел на економски развој, во насока на пораст на вработеноста и на животниот стандард на македонските граѓани. Таму е покажан патот за зголемување на конкурентноста на македонската економија, и тоа уште во февруари 2010 г., се разбира, како видување на реалниот сектор. Секако, не настапивме дека тоа е единствениот пат, па затоа бараме дијалог со сите релевантни фактори.

ТРИ ПРАШАЊА, ТРИ ОДГОВОРИКолкав е капацитетот на државата да го помогне процесот на долгорочен развој наспроти краткорочен раст, преку преструктуирање на стопанството од гранки што имаат производи со ниска додадена вредност во пософистицирани, што ќе ја смени сликата на извозот?

Во последните 20 години капацитетот на државата и на бизнисот беше ограничен. Во наредните 20 г. ќе дојде до подобрување затоа што веќе имаме изградена нова стопанска структура, која над 60% од своето производство го пласира во ЕУ, веќе имаме добра регулатива што треба само „доследно“ да се спроведува и затоа што „капацитетите на државата и на бизнисот“ веќе ги презема една нова, помлада и пообразована генерација.

Дали гледате „вина“ кај македонските компании за огромната зависност од буџетските тендери? Не. Тие само се приспособуваат на севкупните состојби. Тоа е формулата за опстанок. Знам многу наши успешни компании кои во изминативе години престанаа да учествуваат на буџетските тендери. Се чувствуваат способни да го супституираат тоа надвор од Македонија. Се надевам дека во иднина ќе се зголемува бројот на компании чија конкурентност ќе се подобрува и ќе имаат поголема можност за избор во однос на склучување на договорни зделки.

Како гледа стопанството на одлуката за пораст на платите за 5% од јануари и на најавата за зголемување на пензиите за исто толку?

Ако е тоа „можно“, без да се загрозат капиталните инвестиции и субвенциите, како и да нема нови даночни оптоварувања, тоа треба да се поздрави. Значи, „сме ја победиле кризата“. Тоа би бил оптимистички сигнал. На иднината гледам со оптимизам и лично мислам дека Македонија, конечно, мора да ја напушти политиката на „депресирани“ лични примања, која како сенка нè следи во изминатиот период и нè држи заковани на дното.

ПРЕНЕСЕНО

Page 14: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

АД ЕЛЕМ потпиша Договор за проектирање и надзор за Проектот

Луково ПолеПОСЛЕДЕН ЧЕКОР ПРЕД ПОЧЕТОК НА

ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ

Со цел ажурирање на изведбените проекти за Проектот Луково Поле, согласно најновите технологии за изградба на високи брани, АД ЕЛЕМ и консултантската куќа „Ациона Инженериа“ од Шпанија во конзорциум со „АВЦ Консалтинг“ од Македонија, потишаа Договор за проектирање и надзор во износ од 774.400 евра за фаза А - проектирање и 1.120.875 за фаза Б - надзор, - соопштуваат од АД ЕЛЕМ. Средствата се обезбедени со кредитот за подготвителни работи

(ППА – Project preparation advance), за што договор бил потпишан минатата година меѓу АД ЕЛЕМ и Светската банка. Со кредитот за подготвителни работи досега ЕЛЕМ ангажирал консултанти за изработка на студија за животна средина според највисоки стандарди, извршил дополнителни геолошки истражувања на теренот и формирал Панел од експерти за сигурност на брани и Панел од експерти за животна средина и социјални ефекти. - Ангажирањето на консултантот за проектирање и надзор е последниот чекор пред отпочнување на фазата на градежни работи на Проектот Луково Поле. По успешно завршување на фазата на ажурирање на проектите и подготовка на соодветна техничка документација за меѓународен тендер за градежни работи за изградба на Проектот Луково поле, која трае една година, односно до септември 2012 година, предвидено е да отпочнат главните градежни работи и изградбата, која треба да заврши до крајот на 2016 година. Вкупната инвестиција за изградба на Луково Поле во моментот е проценета на приближно 62 милиона евра, од кои близу 52 милиона евра ќе се обезбедат од кредит на Светската банка, стои во соопштението од АД ЕЛЕМ. Во него се додава дека придобивките од изградбата на овој систем се многубројни. - Ќе се намали зависноста од увоз на електрична енергија на Република Мкаедонија, односно АД ЕЛЕМ годишно ќе произведе и пласира на конзумот дополнителни 159 гигаватчасови електрична енергија преку веќе изградените три хидроцентрали и новата мала хидроелетрана Црн Камен. Останатите не помалку важни придобивки се зголемување на инсталираниот хидрокапацитет на АД ЕЛЕМ, регулација и управување со водите, потенцијал за развој на туризмот како и остварување на стратешките определби за намалување на

емисиите на CO2 и исполнување на стратешките цели на Република Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори, се истакнува во соопштението од компанијата. Новата инвестиција на АД ЕЛЕМ, велат од компанијата, претставува продолжување на традицијата и заложбите за заштита на човековата околина и посебно за намалување на емисиите на стакленички гасови, увозната зависност на Македонија од енергија, како и потребата за обезбедување поголема разнообразност и со тоа и сигурност во снабдувањето со енергија.

Инвестиција од 49 милиони евра во модернизацијата на два блока во РЕК

„Битола“ДВЕ ДЕЦЕНИИ ПРОДОЛЖЕН ЖИВОТНИОТ

ВЕК НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТ

Животниот век на најголемиот енергетски капацитет во Македонија РЕК Битола ќе се продолжи за 20-тина години со ревитализацијата и модернизацијата на блокот 2 и блокот 3 во ТЕ Битола што ќе се спроведе во нардните две години. Тоа ќе го овозможи Договорoт за гаранција меѓу Република Македонија, претставувана од Министерството за финансии и Дојче банка и Договорот за заем меѓу АД ЕЛЕМ и Дојче Банка за проектот „Модернизација на блок 2 и блок 3 во ТЕ Битола“ што во Скопје го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Влатко Чингоски и Мајкл Зипф, заменик-претседател на Дојче банк. Со Договорот за заем Дојче банка им додели кредит од 49,232 милиони евра на Електрани на Македонија, за што како гарант се јавува Република Македонија преку Договорот за издавање на државна гаранција. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, односно 12 години со каматна стапка од 6 месечен ЕУРОИБОР плус 1,675 што во моментов изнесува 2,26 проценти. Заемот де поделен на два дела од кои 22,4 милиони евра се за модернизација на блок 3, а 22 за блок 2. Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Влатко Чингоски истакна дека вкупната вредност за ревитализација и модернизација на ТЕ Битола со намалување на емисијата на азотни оксиди изнесува 88,5 милиони евра, за сите три блока. - Со потпишувањето се отвора

патот за почеток на втората фаза во проектот за модернизација и ревитализација на ТЕ Битола што треба да се оствари во наредните две години. Главните придобивки кои се очекуваат се продолжување на животниот век на котлите за најмалку уште 120.000 часови или 20 години нормална експлоатација на ТЕ Битола, зголемување на ефикасноста на котлите, намалување на потрошувачката на гориво и намалување на емисијата на азотните оксиди и задоволување на критериумите за максимално дозволени емисии во ТЕ, односно усоглсеност со најновите директиви на ЕУ. Со тоа ќе се овозможи непречена работа на ТЕ и после 2016 година, рече Чингоски. ЕЛЕМ, нагласи тој, континуирано работи на подобрување на совите капацитет, како и на изградба на нови кои ќе придонесат за поголема енергетска стабилност и унапредување на енергетскиот систем на Македонија за што, посочи, има поддршка од Владата на Република Македонија. - Потпишавме два исклучително значајни договора со Дојче банка кои ќе овозможат продолжување на животниот век на РЕК Битола за нови 20-тина години. Со овие два договори обезбедивме 49,232 милиони евра со што целосно ја затворивме финансиската конструкција за вртората фаза за модернизација и ревитализација на РЕК Битола. Преостанатите 3 милиони евра до вкупната вредност од 52,096 милиони евра ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства, рече вицепремиерот Ставрески. Само со инвестиции во енергетскиот сектор, додаде, може да се обезбеди енергетската стабилност и зголемено домашно производство на електрична енергија, а со тоа да се намали зависноста од увозот на електрична енергија.

ПИ „Витаминка“ и УСАИД започнаа пилот-проект за проширување на локалната мрежа на снабдувачи

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПАЗАРНИТЕ ВРСКИЗА СУПСТИТУЦИЈА НА УВОЗОТ

ПИ „Витаминка“ се вклучи во четиригодишниот Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, којшто има за цел зголемување и зајакнување на капацитетите и квалитетот на малите и средните бизниси од Полог и Пелагонија за да може да станат добавувачи на големите фирми. Една од целите на овој проект е отворање на нови работни места, зајакнати пазарни врски меѓу локалните добавувачи и големите извозно ориентирани компании, намалување на увозот и поддршка на локално набавување на суровините. -Лидерската позиција на „Витаминка“ како компанија е обврска плус за нас да се вклучиме во овој тип на проекти каде реално ќе може да помогнеме на стопанскиот сектор во земјава. Изминативе години докажавме дека една од основните цели на „Витаминка“ како општествено одговорна компанија е да придонесе во развојот на

Page 15: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

локалната заедница каде опстојува и функционира. Со овој проект реално може да се помогне на малите и средни бизниси да одат чекор напред, да се развиваат и да опстојуваат во средина каде конкуренцијата е голема. Ние како компанија го имаме знаењето, искуството, можностите за развој што може да се имплементира во синџирот на

добавувачи на „Витаминка“. Овој тип на соработка поставен на здрава основа со поддршка од УСАИД не може да не донесе позитивни резултати,- изјави Сашо Наумоски, генералниот менаџер на „Витаминка“. Соработката со „Витаминка“, како што објаснуваат од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси е многу значајна бидејќи е пилот-проект од каде што треба да се идентификува што е тоа што во моментов се увезува, а со помош на проектот би можело локално да се набавува. -Со соработката со „Витаминка„ реално можеме да почувствуваме што навистина се случува во синџирот на производство каде важен дел играат и добавувачите. Компаниите кои ќе бидат идентификувани како потенцијални добавувачи на суровини за „Витаминка“ ќе добијат помош согласно нивните потреби за истите да можат да ги постигнат потребните стандарди што ги налага една развиена фирма како „Витаминка“. Преку пилот-проектот со „Витаминка“ ќе се направи модел за поддршка, кој ќе се реплицира и во други компании од пелагонискиот и полошкиот регион, - изјави Мирјана Македонска од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. За време на проектот од страна на УСАИД ќе се даде реална поодршка на добавувачите во поглед на помош до пристап до различни видови на извори на финансирање, обука и развој на работна сила, и поддршка за воведување на нова технологија и потребни стандарди за да можат добавувачите да ги исполнат критериумите за квалитет што ги поставуваат фирмите како „Витаминка“.

Македонски телеком и T-Mobile општествено одговорни компанииВО АВГУСТ ПОДДРШКА НА НИЗА

СПОРТСКИ И КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ

Т брендот во Македонија во август поддржа неколку различни активности и настани низ повеќе градови на Македонија, кои имаа за цел унапредување на спортот, музиката, културата и уметноста. Месецот започна доста активно, со одржувањето на неколкудневниот

АКТО фестивал во Битола, годинава по седми пат, а продолжи со Balkan Music Square по 11-ти пат годинава, во организација на Трето Уво, а петта година со поддршката на Т брендот во Македонија. Секоја година фестивалот се одржува на отворено во Античкиот театар во Охрид, а гостите имаат можност да уживаат со музиката на наши познати музички имиња, ѕвезди од екс ју просторите, но и пошироко од Европа. – соопштуваат од компаниите. Август месец веќе 26-та година по ред е резервиран за најголемиот спортски настан кај нас, Охридскиот пливачки маратон, на кој околу дваесетина маратонци ја препливуваат 30 км долгата патека Климе Савин. Годинава се одржа на 19 август, во Охрид, со учество на дури шесторица Македонци, Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски, Александар Панчевски, Дејан Младеновски, Миро Крстевски, Александар Торомановски. Инвестирање во развој и унапредување на младите е дел од стратегијата за социјална и општествена одговорност на Т брендот. Токму поради тоа соработката со Школата за млади лидери, на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, трае веќе две години и има за цел да им овозможи на младите и талентирани луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. Школата се одржува во Охрид, а за време на десетдневниот престој досега над 100-тина млади луѓе имаа можност бесплатно да ги поминат обуките за развој и унапредување. Како дел од проектот на Т брендот за поддршка на општините низ Македонија, кој започна во 2011 година, општина Струмица годинава во август месец организираше неколкудневен настан исполнет со различни уметнички и културно забавни активности. Целовечерните забави со Прљаво казалиште, Психомодо Поп, Цеца Ражњатовиќ, многу поетски вечери и театарски збиднувања, привлекоа посетители дури и од околните држави, а истовремено придонесоа Струмичани после долго време да почувствуваат дека во градот се враќа уметничкиот карактер. Август месец 2012, Т брендот го заокружи со 51-то издание на Струшките вечери на поезијата. Од 23 до 26 август се одржува овој настан со светско реноме, кој е посветен на поезијата, а во кој учествуваат голем број на поети со свои излагања. Оваа година, темата е „Може ли убавината да го спаси светот“. А на 20 август во предворјето на црквата Св. Софија, после 40 дни музика и театар со уметници од кај нас и светот, се затвори и годинешното 52 издание на Фестивалот Охридско лето. Ова лето беше обележано со многу музика, изложби, поетски вечери и театарски претстави реализирани со поддршката на Македонски Телеком и Т-Мобиле.

Експлоатација на минерални суровини„ГРАНИТ“ И „БЕТОН“ ПОТПИШАА

КОНЦЕСИСКИ ДОГОВОРИ

Министерот за економија Ваљон Сарачини потпиша два од вкупно седумте договори за експлоатација на минералните суровини со претставници на компаниите кои добија концесии.Договорите се однесуваат на седум локации во исто

толку општини, а нивната реализација се очекува да отвори по најмалку 80 до 100 нови работни места. Стручна комисија ги избра најповолните компании кои конкурираа на јавен повик. Меѓу нив, за каменоломите, се и најголемите, „Гранит“ и „Бетон“. - Вкупниот приход што избраните компании ќе го уплатат по основ на концесиски надоместок е 77 милиони денари од кои, согласно новиот Закон за минерални суровини, 78 отсто ќе бидат уплатени на сметката на општините, а останатите 22 процента во државниот Буџет. Тоа директно ќе влијае врз зголемување на средства во касата на локалните самоуправи, рече министерот Сарачини пред потпишувањето. Позначајни ќе бидат дологорочните ефекти од експлоатацијата на минералните суровини особено за градежниот сектор како еден од клучните мотори на економскиот раст. Но, битно е и тоа што

приватните фирми го препознаваат потенцијалот на оваа индустрија па и во време на криза вложуваат во неа. - Конецисиите што ги доделуваме индиректно ќе значат раздвижување на малите бизниси ангажирани како подизведувачи, транспортот и другите услуги, нагласи Сарачини. Владата веќе ги избра и најдобрите понудувачи за 37-те нови локации за детални геолошки истражувања. Во фаза е и изготвување нови, уште 40 локации, за експлоатација на минерални суровини. Комапниите кои добија концесии го поздравија овој потег на Владата, посебно неговата брз реализација. Максимално ја поддржуваат и иницијативата за отворање нови геолошки истражувања. - Каменоломите се крвоток за една фирма како нашата. Тоа е основниот материјал што се употребува и нискоградби и во високоградби. Би сакал геолошките истражувања да завршат побрзо, најскоро да се спроведе и постапката, да имаме доволно простор за купување нова опрема и за нови вработувања, истакна директорот на „Гранит“, Страшо Милковски. „Бетон“ до минатата година се занимаваше со нискоградба. Во меѓувреме купи комплетна опрема за афалитрање. Сега, со тендерот на кој зема три каменолома, во Дојран, Оризари и Краста, ќе може да го заокружи производниот процес. Министерот соопшти дека е веќе покрената иницијатива за интензивирање на експлоатацијата на металичните минерални суровини, злато, бакар, железо, во кои, посочи, има голем потенцијал.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 16: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Семинар на 6 септември 2012 година “ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ, РАБОТОДАВАЧИТЕ И ДЕЛОВНИТЕ ЛИЦА (МЕНАЏЕРИТЕ)

СОГЛАСНО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО, СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ОТПУШТАЊА ОД ДЕЛОВНИ ПРИЧИНИ”

Од 9.30 до 15:00 часот во Сала 1 на V кат во Стопанска комора на Македонија ПРОГРАМА• Член 95 од Законот за работни односи – отказ од деловни причини;• Привремено отстранување на работникот од кај работодавачот;• Надомест на материјална штета предизвикана на работникот со незаконска одлука со која се одлучува за неговите права од работниот однос;• Остварување на заштита на правата работникот – извесни нејаснотии во Законот за работните односи, со посебен акцент во делот на отказот на договорот за вработување;• Улогата на инспекцијата на трудот според Законот за работните односи;• Меѓусебен однос на член 54 и 55 од Законот за работни односи со Законот за трговските друштва во делот кој се однесува на статусната положба на деловните лица;• Наградување на менаџерите;• Договор за уредување за односите меѓу деловните лица;• Претставување на важноста на менаџерскиот договор;• Одговорност на деловните лица;• Партиципација на вработените во управување на друштвото.

Предавачи: д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд Скопјед-р Марко Андонов, универзитетски професор, Факултет за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје

Сите заинтересирани за учество на овој семинар, можат да се пријават најдоцна до 5 септември 2012 година. Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари за 1 учесник (4500+ДДВ) за компании членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Семинар на 11 септември 2012 година “ОЦЕНКА НА БОНИТЕТОТ НА КЛИЕНТИТЕ ВО СТОПАНСТВОТО”

Од 9:00 до 16:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Семинарот е во организација на Стопанската Комора на Македонија а во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија. Цели на семинарот: Учесниците на семинарот ќе имаат можност да го разберат значењето на адекватната проценка на кредитниот бонитет на клиентите во стопанството, на основа на извршена анализа на квалитативните и квантитативните показатели за работата на клиентот како и проценка на кредитниот ризик. Целна група: Вработени од компаниите во комерцијалниот и финансискиот сектор, односно лица кои работата на продажба и оцена на бонитетот на клиенти во стопанството или финансиски аналитичари со работно искуство од 5 години. Содржина: Модул 1 – Значeње на адекватната оцена на бонитетот на клиентите во стопанството Модул 2 – Квалитативна анализа (со студија на случај) Кавнтитативна анализа (со студија на случај) Модул 3 – Одобрување на кредитен лимит за клиенти во стопанството Инструменти за обезбедување на побарувањата Модул 4 – Наплата и начин на регулирање на доспеаните побарувања

Предавач:Уна Вукоје е магистер по банкарски и финансиски менаџмент. Нејзина стручна област е проценка на кредитниот ризик на стопанските субјекти и развој на методологија за проценка на кредитниот ризик. Од 2007 година работи во Комерцијална Банка АД Белград, како Директор на секторот за анализи на кредитниот ризик на правните лица. Петгодишното академско работно искуство го стекнува како асистент на предметите по Банкарство и Меѓународни финанасии, за редовни студенти, english devision за вработени и студенти на Алфа универзитет. Ангажирана е како интерен предавач за банкарска група, а често е домаќин на меѓународни обуки и состаноци во доменот на креирање работна стратегија на компаниите и нивна анализа, проценка и управување со кредите ризик и др Работен јазик се семинарот е српскиот јазик.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Page 17: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: Ø работен материјал; Ø ручeк и освежување; Ø сертификат за присуство на семинарот.

Рокот за пријавување е најдоцна до 7 септември 2012 година

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Семинар на 12 септември 2012 година “АСПЕКТИ ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА СТАТУСНАТА ПОЛОЖБА

И ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И СОРАБОТНИЦИ”Од 9.30 до 15:00 часот во Сала 4 на V кат, во Стопанска комора на Македонија

ПРОГРАМА Ø Здравствени установи - Основање, статусни измени и дозволи за работа на здравствените установи - Видови на здравствени установи; - Управување и раководење со здравствените установи;

Ø Статусната положба на здравствени работници и здравствени соработници – степен на усогласеност со Законот за работни односи како lex generali - вработување на здравствените работници и здравствените соработници; - прераспоредување на здравствен работник, односно здравствен соработник; - права и должности на здравствените работници и здравствените соработници; - право на синдикално здружување; - право на штрајк; - членување во политичка партија; - одговорност на здравствените работници, односно здравствените соработници; - дисциплинска одговорност; - заштита и одлучување за правата и обврските на здравствените работници, односно здравствените соработници; - права и обврски на вработени во здравствени установи кои не се здравствени работници, односно здравствени соработници.

Предавачи: -д-р Марко Андонов, универзитетски професор, Факултет за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје; -д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд Скопје

Сите заинтересирани за учество на овој семинар, можат да се пријават најдоцна до 7-ми септември 2012 година. Цената за еден учесник изнесува 3.540 денари за 1 учесник (3.000+ДДВ).

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 ;Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015 ; E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 18: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Од 12 до 18 септември во Словенија САЕМ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ЗАНАЕТЧИСТВО И ПРЕТПРИЕМНИШТВО “ЦЕЛЈЕ 2012”

Станува збор за најголемиот саем во Словенија на чие овогодинешно издание ќе земат учество над 1000 директни и околу 1700 индиректни изложувачи од преку 30 земји од целиот свет, од следниве стопански гранки: • деловни услуги и сервиси (ИТК индустрија, телекомуникации, банкарски сектор итн.); • опрема за дрвна и метална индустрија; • мебел; • градежни материјали; • обновливи извори на енергија; • прехранбена индустрија; • бела техника; • туризам; • текстил и облека; • автомобилска индустрија и др. Стопанската комора на Македонија организира посета на Саемот и учество на билатерални средби со словенечките излагачи , со организиран бесплатен автобуски превоз, хотелско сместување (цц. 30 евра на товар на посетителот) и бесплатни саемски влезници.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 ; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 ;E-адреса: [email protected]

На 13 септември 2012 година во Словенија

ТРГОВСКИ САЕМ ВО ЦЕЛЈЕ Европскиот информативен и иновативен центар во Стопанската комора на Македонија ве информира дека во рамките на Меѓународниот трговски саем во Целје, Словенија, ќе се одржи Меѓународниот посреднички настан – „Словенија 2012“. Главни области на настанот што го организира Комората на занаетчиството и малиот бизнис, во соработка со Enterprise Europe Network се: обновливи извори на енергија, метална индустрија, пластика, дрвна индустрија, градежништво и електроиндустрија. Посредничкиот настан има за цел да ги иницира економската и технолошката соработка, како продажбата и дистрибуцијата, лиценцни договори, заеднички вложувања, комерцијални договори со техничка поддршка - или економски истражувачки проекти со понуда за пред-договорни билатерални средби на компаниите. Доколку учествувате на настанот, ќе можете да сретнете бројни потенцијални партнери за соработка во еден ден – штедите време и пари наоѓајќи го правиот партнер; ќе можете сами да ги поставите темите на состанокот, со идејата која однапред ќе ја прикажете при барањето партнер и ќе можете истовремено да го посетите 45. Меѓународен трговски саем во Целје. Учеството на Посредничкиот настан е бесплатно. За регистрација на Б2Б посредничкиот настан или за дополнителни информации, посетете ја интернет-страната: http://www.b2match.eu/slovenia2012

Контакт лице : Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 ; E-адреса: [email protected]

Семинар на 13 септември

“АКТУЕЛНИ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ”Од 10.00 до 16.00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 4, на Vти кат

(Успешно подготвување на понуди, запознавање со новини,успешно користење на ЕСЈН, електронско поднесување на понуди и учество на е-аукции во 100% објавени огласи и правна заштита во постапките)

Со оглед на фактот дека од 01 јули 2012 година, стапија во сила голем број на измени и дополнувања на Законот за јавни набавки како што се портал мали јавни набавки (објава на сите огласи до 5.000 евра), технички дијалог со понудувачите за набавките над 130.000 евра, негативни референци, квалификациски систем како и објава на огласи за ЈПП (јавно приватно партнерство) и концесии, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар со наслов “Успешно подготвување на понудите, запознавање со новините, успешно користење на ЕСЈН, електронско поднесување на понуди и учество на е-аукции во 100% објавени огласи и правна заштита во постапките”. Семинарот ќе се реализира на 13 септември 2012 година (четврток), во периодот од 10.00-16.00 часот, во просториите на Комората (сала 4 на Vти кат).

На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми во јавните набавки, како што се: Ø примена на последните новини во јавните набавки

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 19: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Ø како да се подготви исправна понуда Ø каква документација се користи за поднесување на понуда Ø како најбрзо да дознаете за ново-објавените тендери Ø како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат Ø што е електронска аукција и како да учествувате на неа Ø што е интегрираниот електронски систем за јавни набавки Ø како се подготвува жалба Ø кои се вашите права во постапката Ø негативни референци

Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: Ø лицата кои ги подготвуваат понудите и поднесуваат понудите во хартија, по електронски пат и учествуваат на е-аукции Ø менаџментот кој одлучува за содржината на понудите и вашите права во постапката.

Обучувачи :Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: Ø книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“ -второ издание; Ø работен материјал; Ø ручeк и освежување; Ø сертификат за присуство на семинарот.

Книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“ -второ издание ќе ви даде одговор на многу прашања и дилеми: Ø како и каде се објавуваат тендерите? Ø како полесно да ја подготвите вашата понуда? Ø кои документи се потребни за учество во постапката? Ø што е технички дијалог и како се спроведува? Ø Негативна референца и основи за нејзино издавање? Ø како правилно се поднесува понудата? Ø како да се учествува на е-аукција? Ø кои се вашите права во постапката? Ø како и каде да ги заштитите овие права? Ø како да се решат одредени проблеми во пракса?

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: lence@mchambe

Семинар на 18 и 19 септември 2012 година

”МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА”Од 9:00 до 16.00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Во услови на нестабилни економски состојби не постои поголем предизвик во областа на финансиите од менаџмементот со обртен капитал. Овој семинар ќе ги адресира сите главни прашања поврзани со организирањето и подобрувањето на контролата врз готовинските текови на компаниите, идентификацијата на пропорциите помеѓу различните финансиски функции и воспоставување на ефикасни инвестициски и долговни пристапи, со цел да се обезбеди ефикасен систем на менаџмент со обртен капитал во компанијата, да се развијат успешни стратегии за краткорочна ликвидност, олесни конверзијата на побарувањата во готовина, како и мерење и контрола на трошоците на менаџменмтот со обртен капитал, низ анализа на најдобрите практики од оваа област. На семинарот ќе бидат опфатени следните теми: 1.Менаџмент со обртен капитал - Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија - Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност - Кредитен менаџмент и управување со побарувањата - Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата - Менаџмент на залихи 2.Стратегии за финансирање на обртните средства и техники за менаџмент на ликвидноста - Извори на краткорочно финансирање - спонтано финансирање, трговски кредит, договорно финансирање и факторинг - Финансирање на обртни средства со краткорочен и долгорочен финансиски микс - Хеџинг стратегија - Конзервативен приод - Агресивна стратегија за финансирање на обртни средства - Мерење на ликвидноста - Техники за менаџмент на ликвидноста - Анализа на практичен пример

Page 20: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинарот е наменет за: Ø Повисокиот и средниот менаџмент на компаниите Ø Финансиските директори и вработени во секторот финансии Ø Ревизорите Ø Финансиските аналитичари Ø Бизнис стратези Ø Финансиски консулатнти

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054;Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 ;E-адреса: [email protected]

Од 19 до 23 септември 2012 година во Хрватска

“КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА” ВО ЗАГРЕБ Оваа меѓународна конференција претставува единствена од ваков тип во регионот која преку деловни и стручни анализи е и најважна во област на Енергетска ефикасност. Целта на оваа меѓународна конференција на исто место под ист покрив да се соберат сите институции и експерти во областа на енергетската ефикасност и преку заедничка соработка да допринесат во зголемување на енергетската ефикасност и зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија. Посебен акцент ќе биде ставен на промовирање на принципите на одржлив развој во сите сегменти на општеството на локално, регионално и глобално ниво. Сите заинтересирани за посета на оваа меѓународна конференција може да се пријават најдоцна до 10 септември 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Од 20 до 22. септември 2012 во Турција

„EUROASIA PACKING - ISTANBUL 2012„ И “ISTANBUL FOOD-TECH 2012” Организирана посета на Саемот со обезбедени бесплатни влезници и хотелско сместување. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странски компании ќе ги пласираат од областа на: системи за автоматизација, полнење вреќи, енокодирање со бар код машини, компресори, подвижни ленти и системи, машини за сушење, флексо-машини за печатење, машини за пакување храна, машини за кеси, регулатори, отпори, машини за сечење, машини за вакуум-пакување, индустриски миксери, артикли за намалување на мувлата, адитиви, пластични суровини, заштитни материјали за пакување, алуминиумско пакување, шишиња, кутии, картони за пакување, флексибилни пакувања (стиропор), стаклена амбалажа, херметички кутии, метално пакување, хартиено пакување, пластични кеси, угостителски прибор за еднократна употреба, дрвена амбалажа, лепила, маркери, пакување рециклиран материјал и др. Во делот на технологијата на храна можат да се видат пекарници, технолгија за пијалоци, безбедност на храната, адитиви, системи за складирање на храна, технологија на пијалаци и течна храна, технологија за млеко и млечни производи, технологија за месо, технологија за слатки и производи од житарки, хигиена и контрола за квалитетот на технологијата за прехранбени адитиви, чување храна, ладење, вентилација и друго. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 20-22.9.2012 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.720 денари за нечленки на Комората). Заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 5.9.2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 ;Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Page 21: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Од 24 до 29 септември 2012 година во Бугарија

САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО ПЛОВДИВ Меѓународниот саем за техника е еден од најголемите саемски настани во Југоисточна Европа и еден од најголемите индустриско-трговски форуми во Бугарија. Во специјално аранжиран павилјон по повод прославата на 120 годишнината од Првата бугарска земјоделска и индустриска изложба во 1892 година, која ги има поставено темелите на индустриските саеми во Бугарија, ќе има огромна медиумска покриеност и можност компаниите да се промовираат пошироко. На 68. Меѓународен саем за техника ќе учествуваат водечки компании од следните дејности: машиноградба, автомобилска индустрија, транспорт, ИТ, софтвер производи, електроника и електротехника, градежништво, хемиска индустрија, енергетика и екологија. Учесниците ќе ги презентираат најновите иновации и движења во технологијата во рамките на следните меѓународни изложби:

• AQUATECH – водостопанство и технологии; • AUTOTECH – транспорт и опрема за сервисирање на автомобили; • ELTECH – електроника и електротехника; • ENECO – енергетика и екологија; • INFOTECH – информативни технологии; • INTERMIN EXPO – рударска индустрија; • MACHINE BUILDING – машиноградба; • STROYTECH – градежни материјали, машини и технологии; • CHEMICAL INDUSTRY - хемиска индустрија; • MOTOR SHOW PLOVDIV – салон на автомобили.

Меѓународниот саем во Пловдив е одлична платформа за корисни бизнис-контакти, како за новоформирани, така и за познати компании. Предностите што се нудат на Меѓународниот саем за техника се: • учество од над 900 компании од 25 земји; • 47,165 посетители од 51 земја, вклучувајќи 89% бугарски и 11% странски посетители (во 2011 год.); • претприемачи и партнери сочинуваат 29% од трговските посетители, генерални директори - 11%; директори на оддели - 13%.

Официјално учество е регистрирано од Австрија, Чешка Република, Словачка, Тајван, Грција, Турција, Јужна Африка и Ирак. Компании од Полска, Србија, Германија, Кина и Русија ќе учествуваат на заеднички штандови. Сите заинтересирани македонски компании може да се пријават за учество како излагачи и посетители на саемската манифестација најдоцна до 10 септември 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Од 26 до 30 септември во Црна Гора

САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО БУДВА Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на градежни материјали, градежна столарија и галантерија, системи за вентилација, електро и енергедски уреди и др.. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на искористување на обновливи извори на енергија. Значаен сегмент на оваа манифестација го прават компаниите кои се занимаваат со производство и дистрибуција на мерни инструменти, регулациона и геодетска опрема, градежна механизација, како и производители на врати, прозорци, браварија и столарија, компании кои се занимаваат со проектирање и софтверски инженеринг, издавачи и продавачи на стручна литература. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 16 септември 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 22: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Од 27 септември до 28 септември 2012 година во Украина“ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ “ ВО КИРОВГРАД

Овој бизнис форум претставува платформа за дијалог со претставниците на државните Украински и меѓународни бизнис органи, кои ќе помогнат во решавање на економскиот развој прашања и подобрување на инвестиционата клима во регионот. Во рамките на форумот, претставници компании ќе можат да развијат дебата за условите и можностите за работа и инвестирање во Украина и регионот Бизнис-форумот нуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите Украински компании и со други компании од Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот. За време на форумот, покрај дискусија за стратегијата за регионален развој, исто така, ќе се формираат посебни одделенија наменети за развој на инженеринг и рударската индустрија, земјоделската и прехрамбената индустрија кака подобрување на енергетскиот потенцијал во регионот. За да воспоставите повеќе трговски, финансиски, технолошки или инвестициски партнерства, приклучете се на повеќе од Украинските и странски компании кои учествуваат во оваа динамична бизнис-средина. Сите заинтересирани за учество на инвестицискиот форум во Украина може да се пријават најдоцна до 16 септември 2012 .

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 ;Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Од 27 до 29.септември во Турција “BURSA AGROCULTURE 2012” И “BURSA 5TH STOCKBREEDING AND EQUIPMENT FAIR“

Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании Посетителите на Саемот ќе имаат можност да видат: - земјоделска механизација и технологија, стакленици, системи за наводнување, земјоделски лекови, семиња, саден материјал, хортикултура, цвеќарство, еколошко земјоделство, стаклени градини, агроинформатика, млеко и млечни производи и живинарство. Во областа на сточарството може да се видат: сточарски производи, ветеринарство, лекови и опрема и механизација за сточарство. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 27 - 29 септември 2012 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 7.9.2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Од 27 до 29 септември 2012 година во Босна и Херцеговина “САЕМ ЗА ХАЛАЛ” ВО САРАЕВО

Што всушност претставува Халал? Зборот „ХАЛАЛ” потекнува од арапскиот јазик и означува дозволено, допуштено, а неговите принципи се темелат на исламското учење. Халал може да се примени во различни индустриски гранки и системи на работење. Најчеста примена има во производството на храна, пијалаци, во фармацијата, транспортниот сектор, угостителството, туризмот и др. Концептот Халал претставува битен елемент кој позитивно влијае на економскиот развој, научните истражувања и целокупната конкурентност на производите на локално, регионално и меѓународно ниво. Примената на концептот Халал во различните гранки на индустријата во последната деценија е во фаза на континуиран раст. Имајќи го предвид значењето на концептот Халал, од 27 до 29 септември 2012 година во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи Првиот меѓународен саем за Халал. Во рамките на Саемот ќе се одржи и бизнис-форум.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 23: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Зошто треба да се посети оваа меѓународна саемска манифестација? Посетителите и излагачите на Саемот ќе можат на едно место, во исто време да се запознаат со широкиот спектар на производи и услуги кои се според Халал-стандардот. Воедно, ќе имаат можност да се запознаат со производителите и да дознаат нешто повеќе за Халал-стандардот, начинот на производство, достапноста на производите. На овој Меѓународен саем ќе се претстават компании од Југоисточна Европа, како и водечки светски производители на прехранбени производи и услуги, според Халал-концептот. Посебно внимание ќе се посвети на угостителството и туризмот, со цел да се привлече што поголемо внимание на туристичките капацитети коишто работат по Халал-стандардот. Во рамките на Саемот ќе се одржи и биснис-форум, на којшто потенцијалните партнери, кои сакаат да остварат соработка со сертифицирани компании ќе можат да разменат искуства со другите учесници, за што ќе биде обезбеден посебен простор за состаноци.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Семинар на 27 септември 2012 година “MАКЕДОНСКИТЕ И EВРОПСКИТЕ БАРАЊА И УСЛОВИ ВО МЕСНАТА И КЛАНИЧНАТА ИНДУСТРИЈА”

Од 10:00 до 16:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Со цел да се зајакне соработката и довербата помеѓу АХВ и бизнис заедницата и да се подобри безбедноста и квалитетот на месото и производите од месо во Р.Македонија, Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на организира семинар на тема: „Безбедност и квалитет на месо и производи од месо“. Преку организирањето на семинар од ваков тип целиме подетално да се запознае месопреработувачкиот и кланичниот сектор во Република Македонија со законските барања и услови за производство на безбедно месо и производи од месо. На овој семинар ќе бидат презентирани и образложeни законските рамки во месната и кланичарската индустрија во однос на безбедноста и квалитетот на нивните производи. Предавачи на семинарот се екперти од Агенцијата за храна и ветеринарство. ПРОГРАМА: 1. Благосостојба при одгледување на бројлери. - Предавач: Димитар Терзиевски – Советник за следење на благосостојба на животните во Одделение за благосостојба на животните во Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните 2. Благосостојба на живината за време на транспорт, прием во кланица и за време на колење. - Предавач: Зоран Антовски – Помлад соработник за собирање и анализа на податоци во Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство во Сектор за јавно ветеринарно здравство – Скопје. 3. Благосостојба на животните за време на транспорт, прием во кланица и за време на колење. - Предавач: Елеонора Минова – Официјален ветеринар - Советник во Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство во Сектор за јавно ветеринарно здравство - П.Е. Скопје 4. Микробиолошки критериуми за месо и месни производи. - Предавач: Светлана Колариќ – Официјален ветеринар - Советник во Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство во Сектор за јавно ветеринарно здравство – П.Е. Скопје 5. НАССР во месопреработувачки претпријатија - Предавач: Дарко Петровски – Помлад соработник за собирање и анализа на податоци во Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство во Сектор за јавно ветеринарно здравство - Скопје 6. Услови за увоз на месо и производи од месо - Предавач: Марија Маневска - Стручен соработник на Агенцијата за храна и ветеринарство 7. Означување – (етикетирање) на финален производ. - Предавач: Ленче Јовановска – Раководител на Сектор –Агенцијата за храна и ветеринарство.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25 септември 2012 година.

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 ; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 24: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 28 и 29 септември 2012 година

“УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ЗА МЕНАЏЕРИ”Хотел “Милениум ****”, Охрид

Инвестирањето во човечките ресурси претставува една од најзначајните инвестиции во компаниите, во таа насока, нејзиното управување е посебно значајно од апект на развојот и конкурентската позиција на компаниите. Цели на семинарот: Запознавање на менаџерите/раководителите во компаниите со процесот на управување со човечките ресурси, управување со ефектот и развојот на вработените, како и ефикасно водење на тимови и развојот на проактивна организациска култура. Целни групи: Директори / менаџери на сите нивоа на управување со вработените во претпријатијата. Содржина: Управување со човечките ресурси и вработување -Основна функција на управување со човечките ресурси -Планирање на кадарот -Вработување -Ориентација -Обука Обука и развој на вработените -Обука на вработените -Развој на вработените -Ориентација Управување со учинокот -Процес на управување со учинокот -Мониторинг на учинокот на вработените -Проценка на учинокот на вработените Развој и управување со тимови -Мотивирање и инспирирање на соработниците -Тимски улоги и односи Ефикасно управување -Лидерство -Успешно водење на состаноци -Развој на проактивна организациската култура

Предавач: Драгана Томиќ Филиповиќ е магистер по економија, а исто така има магистрирано на темата “Локален развој на Балканот” на Универзитетот во Тренто, Италија. Нејзината област на експертиза е управување со човечките ресурси, организациски развој и управување со промените, поддршка на локалните и регионалните иницијативи за развој, бизнис обука и предавања на организации и поединци. Драгана Томиќ Филиповиќ има покажано долгорочни резултати во успешното управување на човечки ресурси во големи системи (Ерсте банка Србија, Pharmaswiss), но исто така и во ангажманот со голем број на јавни и невладини организации, вклучувајќи го и Републичката агенција за развој на МСП со својата мрежа на регионални агенции, Стопанската комора на Србија, Стопанската комора на Белград, Регионалната стопанска комора- Ужице, Регионалната стопанска комора- Ваљево, РЕЦ и УНДП-ГЕФ, УСАИД. Работен јазик се семинарот е српскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: Ø работен материјал; Ø ручeк и освежување; Ø сертификат за присуство на семинарот.

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Од 2 до 4 октомври 2012 година во Босна и Херцеговина

САЕМ НА МЕТАЛИ –“ZEPS INTERMETAL 2012” ВО ЗЕНИЦА На овогодинешното издание на саемската манифестација ќе земат учество производители на руда и суровини за производство на метали, опрема за рударство, металуршки, машини и опрема, полупроизводи од метали, машини, опрема и алати за обработка на метали, опрема за контрола на квалитетот, на материјали, заштита на животната средина и др. Стопанската комора на Македонија, преку Партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК ќе земе учество на Саемот на заеднички ЦЕФТА-штанд со коморите од регионот на кој македонските компании можат бесплатно да се претстават преку промотивни материјали, брошури и каталози. Стопанската комора на Македонија, од 2-4 октомври 2012 година организира посета и учество на Саемот во Зеница за македонските компании и учество на семинарот на тема: “Како успешно да се извезува во Гeрманија” со еминентни предавачи и експерти од Германија. Сите заинтересирани македонски компании можат да се пријават за посета на саемската манифестација или да достават промотивни материјали за изложување на штандот најдоцна до 15 септември 2012 година.

онтакт лице : Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 ; Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015 ; E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004; Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Page 25: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 4 октомври до 7 октомври 2012 година во Хрватска

САЕМ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА ВО ОСИЈЕК Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани хрватски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што хрватските и странски компании ќе ги пласираат од областа на: - Земјоделството семенски и саден материјал, пр-во на сточна храна, хортикултура, машини и опрема за полјоделство и сточарство, одгледување и нега на стока,овоштарство. - Вода , Почва и Енергија Производтсо на питка вода, управување и лување на водните ресурси, опрема и уреди за производство на питка вода, екологија и испитување на почвата, алтернативни извори на енергија, заштеда на енергија, рационално користење на енергијата, алтернативни извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност, управување со отпад, јакнење на еколошката свест за потребата од здрава храна, водата, почвата и воздухот, во смисла на одржливиот развој, производство на локални производи, - Прехрамбен сектор производство на прехрамбени производи, прехранбената индустрија и производство на еколошки здрава храна, преработка на овошје и зеленчук, производство на ракија и ликери од овошје, производство на месо и месна преработка. - Домување Производи и опрема за внатресно и надворешно опремување на стамбени објекти, греење, климатизација и вентилација – “Здраво спиење”, технолошки решенија во функција на заштеда на енергијата, алати за домаќинство. - Текстил , кожа и обувки - Здравје и козметика - Осигурување и Банки - Денови на медот во хрватска , одгледување и заштита на пчели, опрема за производство на мед, амбалажа, консултативни предавања. За компании – излагачи пријавени преку Стопанската комора на Македонија е обезбедено 25 % попуст за наем на штанд. Обезбедено е бесплатен влез за компании пријавени преку Стопанската комора на Македонија Обезбедено е сместување/ноќевање од 20 евра по особа за компании пријавени преку Стопанската комора на Македонија. Трошоците за превоз и сместување ги сносат пријавените компании. Овој е интересен, разновиден и високо посетен настан на кој присуствува широка палета на дејности од индустријата, настан кој оваа година ќе собере голем број на изложувачи. Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.9.2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Моб 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088; Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Семинар на 8 октомври 2012 година “РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД СОЗДАВАЊЕ НА ЛОШИ ПЛАСМАНИ”

Од 9:00 до 17:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат Стопанската Комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, на 8 октомври 2012 година, организира еднодневен семинар на тема “Рани знаци на предупредување во превенцијата од создавање на лоши пласмани”. Цели на семинарот: За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да осознаат и да научат: • Сеопфатност на моделот на наплата на побарувањата за правните лица • Важноста од соодветна проценка на бонитетот на клиентите (кредитен рејтинг) • Критериумите за утврдување на потенцијално проблематичните клиенти • Начини на решавање на потенцијално проблематичните клиенти • Влијанието на потенцијално проблематичните клиенти во финансиските извештаи на доверителите. Целни групи: Вработени во банките кои работат во секторот- работа со правни лица (account и relationship менаџери), директори на филијали и вработени кои се занимаваат со управување со ризик и наплата на проблематични кредити. Содржина: • Важноста на наплатата на побарувањата во услови на криза • Целосен пристап за наплата на побарувања на клиентите • Анализа на рејтингот и нејзиното значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите према банката • Важност на мониторингот на фаза детектирање на потенцијалните проблеми • Квалитативни и квантитативни знаци на предупредување • Третман на клиентот по откривање на потенцијални проблеми • Влијание на лошите пласмани врс финансиските извештаи на банката како доверител.

Предавач: Александар Василски дипломирал на Факултетот за бизнис студии, Гренобл, Франција (Grenoble Ecole de Management, France). Тој ја започна својата кариера со Рајфајзен банка АД Белград, во секторот управување со ризици. Во 2007 година поминува во Ерсте банка АД Нови Сад, каде што во 2008 година стана директор на Дирекцијата за управување со ризици за правни лица. Неговите главни области на работа и усовршување се поврзани со прашањето за управување со кредитниот ризик, финансиска анализа, управување со наплатата, управување со стратегиски ризик. За време на неговиот професионални ангажмани, тој работел на многу проекти во земјата и во странство. Работен јазик се семинарот е српскиот јазик.

Page 26: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: Ø работен материјал; Ø ручeк и освежување; Ø сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување на учеството е до 28 септември 2012 година

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Семинар на 9 и 10 октомври 2012 година “ПРИМЕНЕТО ВРЕДНУВАЊЕ И ФИНАНСИСКО МОДЕЛИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ НА ДИСКОНТИРАНИ СЛОБОДНИ ГОТОВИНСКИ ТЕКОВИ “

Од 9:00 до 16.00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Обуката е наменета да обезбеди кај слушателите напредно разбирање на вреднувањето на проекти и компаниите и финансиско моделирање, преку стекнување на вештини за креирање на сеопфатни финансиски модели и анализи на вреднувањето. Семинарот се фокусира на финансиско моделирање на готовинските текови на компаниите со цел создавање на финансиски модели за вреднување на компании и инвестициони проекти - преку интеграција на финансиските извештаи на компаниите и дисконтирање на слободните готовински текови. Стекнатите знаења и вештини се применливи во повеќе области на финансиите - корпоративните финанси, финансиската анализа, оценка на инвестициите, спојувања и припојувања на компании, корпоративно банкарство, фондовите и консалтингот за вреднување. На семинарот ќе бидат опфатени следните теми: 1.Вреднување - Вреднување-поим, мотиви, митови и корисници - Улога на вреднувањето во корпоративни финансии - Пристапи кон вреднувањето 2.Модел на дисконтиран слободен готовински тек (Discounted Free Cash Flow) - Презентирање на моделот на ДСГТ - Ризикот и вреднувањето 3.Вреднување на инвестициони проекти - Предвидување на добивките - Одредување на слободен готовински тек (Free Cash Flow) - Утврдување на дисконтна стапка – метод на WACC - Вреднување на проекти со метод Тек-Главница (Flow to Equity) 4.Вреднување на компании - Имплементација на моделот на ДСГТ - Практично вреднување на компанија од МБИ-10 со метод на ДСГТ

Семинарот е наменет за: Ø Повисокиот и средниот менаџмент на компаниите Ø Финансиски директори и вработени во секторот корпоративни финансии Ø Специјалисти од инвестиционо банкарство Ø Специјалисти за корпоративно банкарство Ø Кредитни аналитичари Ø Претприемачите Ø Специјалисти за управување со средства (Asset Management) Ø Специјалисти за управување со сопствен капитал и фондови Ø Проект менаџери Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Сите заинтересирани учесници за овој семинар можат да се пријават најдоцна до 5 -ти октомври 2012 година.

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057;Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015 ;E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Семинар од 9 октомври до 27 декември 2012 година “СЕОПФАТНА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ВО 3 МОДИУЛИ”

Финансискиот менаџмент е од витално значење за секоја компанија, особено за оние кои имаат цел подобрување на профитабилноста, ликвидноста и солвентноста. Целта на обуката е сеопфатна едукација на менаџерите за финансискиот менаџмент, неговиот јазик, алатки и техники, со цел стекнување знаења, вештини и компетенции за нивно ефективно користење во работењето. Обуката е организирана во три модули (нивоа), при што во првиот модул се даваат основите на финансискиот менаџмент и истата е наменета и за финансиски и не-финансиски менаџери. Вториот модул е продолжение на првиот модул и нуди средно ниво на знаења од областа на финансискиот менаџмент преку обработка на поголем број на области и теми, на ниво на додипломски студии на економските факултети. Третиот модул нуди напредни теми од областа на финансискиот менаџмент и обработка на специјални случаеви и анализа на најдобрите практики од оваа област, на ниво на напредни курсеви од областа на корпоративните финансии. Обуката се реализира со користење на алатките на Microsoft Excel и препорачливо е секој слушател да има свој notebook компјутер. За секоја тема се предвидени вкупно по три часа (два часа предавања и еден час практични вежби). На крајот на секој модул, сите учесници ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена обука за Финансиски менаџмент.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 27: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

МОДУЛ 1: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 1:“Финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиско планирање, контрола и левериџ“ ќе бидат опфатени следните теми:1. Основи на финансискиот менаџмент - Цели и функции на финансискиот менаџмент- Претпријатието, капиталот и финансискиот менаџмент- Претпријатието и капиталот- Вложување, трошење и циркулација на средства2. Финансиски извештаи - Елементи на финансиските извештаи- Биланс на состојба- Биланс на успех- Извештај за акумулирана добивка- Извештај за готовинските текови o Готовински текови од оперативни активностиo Готовински текови од инвестициони активностиo Готовински текови од финансиски активности- Данокот и цената на туѓиот капитал3. Финансиска анализа- Анализа на финансиски показатели o Показатели на ликвидностаo Показатели на активностаo Показатели на задолженоста или показатели на левериџотo Показатели на покритиетоo Показатели на профитабилностаo Показатели на пазарната вредностo Анализа на трендотo Дипон (Du Pont) анализаo Компаративни показателиo Корисност и ограничувања на рацио-анализата4. Финансиско планирање- Предвидување (планирање) на продажбата- Планирани (Про Форма) финансиски извештаи – Метод процент на продажба- Анализа на планирањето- Планирање на капацитет- Процес на финансиско планирање- Видови и структура на поединечните планови5. Временска вредностна парите - Концепт на идна вредност- Период на вкаматување- Идна вредност на ануитет- Концепт на сегашна вредност- Сегашна вредност на серија различни и еднакви идни вредности- Пресметка на сегашна вредност на непрекинати парични текови - Пресметка на депозити- Амортизација на заеми- Пресметка на стапката на растеж и на каматната стапка6. Финансиска контрола- буџетирање и левериџ- Анализа на оперативна преломна точкаo Графикон на преломотo Пресметка на преломната точкаo Готовинска оперативна преломна точкаo Употреба на анализата на оперативната преломна точка- Оперативен левериџ- Финансиска преломна анализа- Графикон на преломот- Пресметка на преломот- Финансиски левериџ- Комбиниран оперативен и финансики левериџ- Употреба на левериџот и планирањето во контролата7. Ризик и принос- Ризици и стапки на принос - Дефинирање и мерење на ризикотo Дистрибуција на веројатностаo Мерење на ризикотo Очекувана стапка на приносo Континуирани и дискретни дистрибуции на веројатноста

o Стандардна девијација o Информации содржани во стандардната девијацијаo Просек на варијансаo Коефициент на варијација- Поимно дефинирање на портфолио- Ризик на портфолио- Коваријанса на приносите- Очекуван принос на портфолиото- Модел на карактеристичен правецo Системски ризик мерен со бета- Модел за одредување на цената на вложениот капитал –CAPM- Пазарна линија на хартија од вредност- Импликации врз вреднувањето на претпријатијата

МОДУЛ 2: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 2: “Финансиски пазари и инвестиции“ ќе бидат опфатени следните теми:1. Вреднување на хартии од вредност- Вреднување на обврзнициo Стапка на принос до достасувањето (YTM) - Вреднување на акцииo Вреднување на приоритетни акцииo Вреднување на обични акции2. Планирање на долгорочни вложувања (капитално буџетирање)- Карактеристики на инвестиционото одлучување- Постапка за планирање на долгорочните вложувања - Kлучни компоненти на процесот на инвестиционо одлучувањеo Должина на периодот на експлоатацијаo Цена на капиталот наменет за вложувањеo Содржина на финансиските ефектиo Kомпоненти на готовинските текови на инвестицијата3. Kритериуми за оценка на финансиската ефикасност на инвестиционите вложувања - Инвестициони критериуми кои не се базирани врз- концептот на временска вредност на паритеo Период на враќање на инвестицијатаo Просечна стапка на принос на инвестициите- Инвестициони критериуми кои се базирани врз концептот на временска вредност на паритеo Метода на нето сегашна вредностo Методот на индекс на профитабилноста.- Метод на интерна стапка на рентабилност - Ризикот и менаџерските опции за оценка на - исплатливоста на инвестицијатаo Вкупен ризик на проектотo Метод на компјутерска симулацијаo Менаџерски опции4. Долгорочно финансирање- Пазар на капиталo Функции на пазарот на капиталo Учесници на пазарот на капиталo Организација на пазарот на капитал и долгорочни- хартии од вредност- Пазар на долгорочни хартии од вредностo Улогата на инвестиционите банки на примарниот пазар на капиталo Привилегиран уписo Вредност на правото на акцијаo Почетно финансирање- Долгорочни обврски o Термински заемиo Лизингo Долгорочни обврзнициo Преференцијални акции (приоритетни)o Обични акции- Конвертибилни хартии од вредност- Опции

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 28: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

o Опции за акции- Варанти 5. Менаџмент со обртен капитал и краткорочно финансирање- Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија- Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност- Кредитен менаџмент и управување со побарувањата- Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата - Менаџмент на залихи- Извори на краткорочно финансирањеo Спонтано финансирањеo Обврски према добавувачите (Трговски кредит)o Договорно финансирањеo Факторинг

МОДУЛ 3: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 3: “Трошок на капитал и напредни техники на вреднување и структура на капитал“ ќе бидат опфатени следните теми:1. Трошок на капиталот- Одредување на безризична стапка- Трошок на долгот- Трошок на приоритетни акции - Трошок на сопственички капитал (главница)- Пристап со моделот на одредување на цената на вложениот капитал (CAPM)- WACC модел2. Вреднување на хартии од вредност- Вреднување со модел на дисконтирани готовиснки тековиo Дисконтирани слкободни готовински тековиСтапка на принос до достасувањето (YTM) - Релативно вреднување3. Структура на капитал- Теоретски разгледувања за важноста на структурата на капиталот- Трошоци на банкротството - Менаџмент на структурата на капиталот4. Политика на дивиденди- Пасивна во однос на активна политика на дивидендиo Неважност на дивидендитеo Аргументи за важноста на дивидендите- Политика на дивиденда- Дивиденди во акции и поделба на акциите- Откуп на акции - Исплата на дивиденди5. Спојувања и други начини на реструктуирања на претпријатија- Извори на вредноста- Стратешко купување- Преземања, лицитациски понуди и одбрани- Дивестирање- Реструктуирање на сопственоста6. Меѓународен финансиски менаџмент- Оценка на исплативоста на вложувањата и фактори на ризик- Менаџмент со курсните ризициo Фактори кои влијаат на движењето на курсевите7. Специјални теми од областа на финансискиот менаџмент8. Проверка на знаењето

Обуките се наменети за:Ø Повисокиот и средниот менаџмент на компаниитеØ Финансиските директори и вработени во секторот финансии во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатијаØ Вработени во секторот сметководство во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатијаØ ПретприемачитеØ Финансиските аналитичариØ Бизнис стратезиØ Финансиски консулатнтиØ Специјалисти во секторт за интерна контрола и ревизијаØ Проект менаџери

Ø Контролни и сметководствени аналитичариØ Дипломирани на факултети за економија, бизнис администрација, информатикаØ Студенти на последипломски студии за економија, бизнис администрација, информатика

Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор

на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство.

Со оглед на фактот дека секој модул претставува заокружена целина, сите заинтересирани учесници

можат да се пријават за учество на целиот пакет или ќе одберат пооделни модули зависно од потребите. Динамика на модулите:Октомври, Ноември, Декември 2012 година, (два пати неделно од 15-18.00 часот) , Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 13 до 17 октомври 2012 година во ТурцијаСАЕМ ЗА МАШИНЕРИJА ЗА ПРЕРАБОТКА

НА ДРВО ВО ИСТАНБУЛ На површина од околу 34.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 750 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 50.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во од областа на дрвопреработувачката индустрија На Меѓународниот саем за земјоделие поканети се да земат учество сите оние кои се занимаваат со: • производство на големи и мали машини за дрво прераборување • машини и опрема за сечење на дрво • механизација и опрема за индустијата за преработка дрво • Лица кој се занимваат со производство и продажба на производи од дрво На овој меѓународен саем ќе се најдат компании: • Произовдители на мебел • Компании од шумската индустрија • Декорации и мебел • Градежни • Машинерија • Архитектонски бироа • Хемиска индустрија Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Присутните ќе имаат одлична можност да се запознаат со најновите технологии во областа на дрвопреработувачката индустрија. Сите заинтересирани македонски компании може да се пријават за учество на саемската манифестација најдоцна до 28 СЕПТЕМВРИ 2012 година. Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 29: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Од 17 до 20 октомври 2012 година во Романија

САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО БУКУРЕШТ Меѓународниот саем за техника во центарот ROMEXPO ќе се претстави заедно со Меѓународниот салон на пронајдоци (ИНВЕТИКА) и Меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, конвенционална енергија, опрема и технологии за нафта и природен гас (ЕЕЕ). 38. Меѓународен саем за техника е посветен на следните дејности: • металопреработувачки машини; • индустриски роботи и алатки; • пумпи, компресори, хидраулични машини и алати; • металургија и заварување; • електротехника, електроника и автоматика; • мерење и контрола на уреди и индустриски ИТ-софтвер; • комуникации; • машини и опрема за обработка на пластика; • автомобилски инженеринг, транспорт и складирање.

Минатата година ТИБ беше домаќин на над 10.000 посетители, со над 300 компании од 17 земји на 20.000 квадратни метри изложбен простор на којшто се презентираа компании со најнови технологии и машини. Оваа година ТИБ планира да обезбеди платформа за претставување на најновите технологии и техники за зголемување на квалитетот на производите и услугите по сектори и ефикасноста на специјализирани инвестиции во технологија и опрема. Сите заинтересирани може да се пријават за учество на Саемот најдоцна до 1 октомври 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 18 до 21 октомври 2012 година во Турција

САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО АНТАЛИЈА

Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на градежни материјали, градежна столарија и галантерија, системи за вентилација, електро и енергедски уреди и др. На површина од околу 15.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 350 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 28.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во светот. Зашто баш Анталија??? Анталија е еден од најголемите побарувачи за градежни материјали во Турција. Во моментов има огромна побарувачка за градежни материјали, машини, производи и технологии.Во ово крајбрежен дел на Турција е планирано да се изградат илјадници туристички капацитети и преку 300.000 куќи да бидат реновирани.Нови згради, туристички центри и нови инвестиции се потребни.Оваа меѓународна организација ви ја дава можноста да бидете дел од овие

проекти. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на градежништвото. Значаен сегмент на оваа манифестација го прават компаниите кои се занимаваат со производство и дистрибуција, градежна механизација, како и производители на врати, прозорци, браварија и столарија, компании кои се занимаваат со проектирање и софтверски инженеринг, издавачи и продавачи на стручна литература. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 08 октомври 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 1 до 3 ноември 2012 година во Турција

САЕМ ЗА ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ ВО АНТАЛИЈА

Турција како земја домаќин која има голем број на природни термални извори, спа и велнес центри и високо развиени здравствени институции е спремна да даде голем допринос за развојот на здравствениот туризам и за таа цел го организира “Anfas Hetex 2012 4th International Health Tourism Exhibition” Оваа меѓународна манифестација ке биде домаќин на сите производители, трговци и корисници на медицинска и естетска опрема.Меѓународни осигурителни компании, здравствени организации, болници здравствени туристички агенции ќе се најдат на едно единствено место во исто време. На овој меѓународен саем како излагачи ќе се најдат Претставници на: • Здравствени установи • Национални и меѓународни осигурителни компании • Медицински центри • Орални и стоматолошки здравствена центри • Центри за трансплоатација на коса • Центри за диализа • Центри за вештачко оплодување • Центри за геријатрија • Spa & Wellness и таласо центри • Центри за третмани за слабеење • Термални центри • Центри за убавина • Офталмолошки Болниците • Фитнес центри • Spa & Wellness центри • Авиокомпании • Официјални институции и претпријатија • Поврзани здруженија и фондации

Производители на: • медицински материјали и опрема • еколошки производи • дијабетски производи • производи за нега на коса • козметика • производи за нега на лице и тело • ортопедски материјали и опрема • производи за брза помош

Page 30: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

Оваа меѓународна саемска организација е местото каде ќе имате можност да се сретнете и да остварите контакти со: • Луѓе вработени во национални и странски осигурителни компании • Управници на болници и лекари • Туристички агенти во област на здравствениот туризам • Менаџери и сопственици на спа и велнес центри • Менаџери и сопственици на хотели • Фризери и козметичари • Нутриционисти • Претствници на спортски и здравствени центри • Менаџери на фарматцефски компании

Присутните ќе имаат одлична можност да се запознаат со најновите производи и технологии во областа на медицинскиот туризам. Сите заинтересирани македонски компании и поединци да се пријават за учество на саемската манифестација најдоцна до 20 октомври 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 15 до 17 ноември 2012 година во Турција

САЕМ ЗА ТРГОВИЈА СО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ВО АНТАЛИЈА

Ова е единствениот меѓународен саем поддржан од сите турски увозни унии и провинциски дирекции за земјоделски култури, земјоделски комори и слични земјоделски асоцијации. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании со организиран превоз и бесплатно хотелско сместување. На овој саем ќе се сретнат производители и трговци од целиот свет, кои ќе имаат можност да создават нови партнерства и да ги споделат последните технолошки достигнувања. Главни области на кои ќе се базира овој саем ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани со производство и трговија на земјоделски култури. Неколку причини зошто треба да се посети овој саем:• единствен саем во Турција специјализиран за трговија со овошје и зеленчук;• универзална B2B платформа – можност лично да остварите контакт со сопственици и менаџери на ресторани, хотели, дистрибутери и потрошувачи;• место каде што се разгледуваат и се решаваат актуелните индустриски проблеми;• место каде што се разгледуваат најновите технолошки достигнувања;• Anfaş Fesh не обезбедува само штанд, туку и можност за евалуација и истражување на земјоделските култури;• илјадници производи кои ги покриваат сите потреби на индустријата;• професионална национална и интернационална промоција на активностите;• средба со различни групи на купувачи (сопственици на супермаркети, хотели,

асоцијации и други). Ова се само дел од фактите зошто не треба да ја пропуштите можноста да бидете дел од овој саем! Сите заинтересирани македонски компании учеството може да го пријават најдоцна до 5 ноември 2012 година.

За сите учесници ќе биде обезбедено: • 2 бесплатни хотелски ноќевања со доручек; • слободен влез на саемот; • локални транспорт услуги помеѓу хотелот и саемот; • слободен влез во стручни семинари и активности. Трошоците за превоз се на товар на учесникот.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 6 до 9 декември 2012 година во Турција

САЕМ ЗА МЕТАЛНА ИНДУСТРИЈА ВО БУРСА Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на машини за обработка на метали и луѓе од металната индустрија кој се занимаваат со производство и обработка на метали. На површина од околу 15.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 370 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 32.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во област на металната индустрија. На овој саем ќе се сретнат производители и трговци од целиот свет, кои ќе имаат можност за реализирање нови партнерства и да ги споделат последните технолошки достигнувања.. Главни области на кои ќе се базира овој саем ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани со производство, обработка и трговија со обоени метали.

Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на металната индустрија. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании може да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25 ноември 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 31: Бизнис ИНФО број 105 од 6.9.2012

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 6 септември 2012, Бр. 105

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија на прехранбени производи и бара да

увезува овошје и зеленчук.Валидност до: 21.10.2012 година

Компанија од Србија бара да откупува феферони, доматно пире и краставички од Република

Македонија во количина од 2 шлеперa.Валидност до: 22.10.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да пласира машини за ферментација на ѓубриво во Република

Македонија.Валидност до: 22.12.2012 година

Компанија од Хрватска бара да увезува грав во суво зрно (шарен,бел и зелен) и свеж лук во пакување од

Република Македонија.Валидност до: 22.12.2012 година

Хотелот „Москва“ сместен во центарот на Белград во близина на плоштадот „Република“ има 124

комфорни соби и 6 луксузни апартмани опремени со стилски мебел, мини бар, кабловска ТВ и бесплатен

безжичен интернет. На приземјето има кафе - слаткарница и ресторан, ноќен клуб, банкет сали, гаража и паркинг, конференциски сали за бизнис-

состаноци и презентации. Опремени се со системи за аудио и дигитална видео-проекција, како и безжичен

Wi Fi интернет на 10Mbps брзина.Стручниот тим на готвачи на хотелот е подготвен да

помогне во подготовка на бизнис-ручеците.Контактирајте ги на :www.hotelmoskva.rs

Hotel „Moskva“, Belgrade, Terazije 20Tel: +381 11 2686 255Fax: +381 11 2688 389

Reservations: +381 11 3642 069E-mail: [email protected]

лице за контакт:Нада РодоичиќВалидност до: 22.12.2012 година

Компанија од Унгарија бара да откупува вишни и чоколадирани производи со вишни од Република

Македонија.Валидност до: 25.12.2012 година

Германска компанија бара соработка со производители на обувки во Република Македонија за пласман на сучен конец и други видови конци со

различна јачина, боја и дизајн.Валидност до: 25.12.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделски

машини, кипери со една или 2 оски, булдужери „гигант„ садови за течни ѓубрива, автомати за биогас,

мешалки за бетон, миксери за цемент.Валидност до: 25.12.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со македонски производители на

земјоделски производи кои вршат продажба на територијата на Хрватска, а сакаат да ги складираат

во магацински простор.Валидност до: 25.12.2012 година

Британска компанија со седиште во Загреб заинтересирана е да инвестира во Охрид и во новиот

зимски туристички центар на Кожув.Валидност до: 25.12.2012 година

Чешка компанија е заинтересирана да пласира во Република Македонија уреди за локализација и

систем за следење и откривање каде што живеат лица во урбана средина.

Валидност до: 26.10.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со производители на зеленчук и овошје во Република

Македонија за извоз во Србија.Валидност до: 26.12.2012 година

Турска компанија бара соработка со македонски млекарници за плaсаман на најсовремени машини

за молзење.Валидност до: 26.10.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема и машини за

пекарници.Валидност до: 26.10.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со македонски компании во областа

на фотоволтаични системи, соларен термален инженеринг, силата на ветерот, биомаса, моќ на

водата, еколошка технологија и услуги.Валидност до: 26.12.2012 година

Компанија од Република Македонија заинтересирана е да пласира во земјите на Европската унија

гроздов мед - маџун кој е 100% природен производ добиен по традиционален домашен рецепт од најквалитетните видови грозје од Тиквешкиот

регион, без додаток на адитиви, конзерванси, шеќер, бои. Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при нарушена функција на црниот дроб (жолтица, алкохолизам), инфекции на дишните

патишта, подобрување на крвната слика, психички нарушувања, подобрување на имунитетот. Содржи

гроздов и овошен шеќер, витамини (A, B1, B2, B3, B6, C, E, K), минерали (K, Na, Ka, P, Fe).

Валидност до: 27.6.2013 година

Компанија од Република Македонија нуди стаклена амбалажа тегли и шишиња за прехранбената

индустрија.Валидност до: 27.6.2013 година

Компанија од Република Македонија бара соработка со компании во Европа кои би сакале да пласиираат

филц за изработка на медицински маски.Валидност до: 2.7.2013 година

Компанија од Италија заинтересирана е да најде партнер за соработка во заедничка изградба на

фабрика за стаклена волна и стакло во Република Македонија

Валидност до: 12.10.2012 година

Компанија од Шпанија бара соработка со фирми во Република Македонија во областа на металната

индустрија кои се занимават со механичка обработка, монтажа и заварување на наменски машини и делови . Изработката на опремата и

деловите ќе се работат по претходно направени скици и документи.

Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се занимаваат со продажба на

домашен текстил за пласман на хрватскиот пазар. Фирмата има свое царинско складиште што

овозможува директен реекспорт и пласман во нивните 50 малопродажни салони препознатливи

под нaзивот Family.Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Црна Гора бара ангажман на градежни компании од Република Македонија за градење на

болница и туристичко село во Ирак со одобрен буџет од 500 милиони САД долари.

Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со текстилни фабрики кои произведуваат кошули во Република

Македонија.Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Србија нуди современи типови на мешалки за бетон и уреди за рециклажа на бетон и друга опрема за подготовка на бетон и е заинтересирана да ги пласира во Република

Македонија.Валидност до: 13.9.2012 година.

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт: Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

PonudaPobaruva~ka