15
Coдржина Вовед.......................................................... 3 Начин на донесување на одлуки и видови на одлуки...............4 Процес на донесување одлуки....................................6 Примена на одлуката............................................7 Видови одлуки и одлучувања....................................10 Заклучок...................................................... 12 Користена литература..........................................13

Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Начин на донесување на одлуки и видови одлуки. Теорија на одлучување-семинарска работа.

Citation preview

Page 1: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

CoдржинаВовед...............................................................................................................................3

Начин на донесување на одлуки и видови на одлуки.................................................4

Процес на донесување одлуки......................................................................................6

Примена на одлуката.....................................................................................................7

Видови одлуки и одлучувања......................................................................................10

Заклучок........................................................................................................................12

Користена литература.................................................................................................13

Page 2: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

Вовед

Да се донесе одлука не значи ништо се додека не се спроведе донесената

одлука. Но, проблемот кој се јавува е тоа што големите одлуки за да се спроведат

ќе бараат многу, а во некои случаи и илјадници мали одлуки.

Одлука за подобрување на квалитет на производот ќе бара одлуки за

проблемите во производството заради кои се добива крајниот производ со послаб

квалитет, ќе бара одлуки на менаџментот на производството за соодветна

распределба на човечки ресурси за да се избегне човечкиот фактор во креирање

на грешки, ќе бара одлука на менаџерот на производството за воведување на

контролни пунктови за да се врши контрола на квалитетот…

Лична одлука за намалување на телесна тежина ќе значи и донесување на

одлука за помала исхрана, за поголемо движење, за спортување, за поздрава

исхрана… Па, потоа одлуката за поздрава исхрана ќе бара донесување на одлука

за тоа која храна спаѓа во групата на здрава храна, па потоа од кога ќе се

имплементира таквата одлука, па одлуката за распоред на исхраната, па одлука

за следење и мерење на резултатите.

Забележувате дека не е проблематично донесување на крупна одлука,

бидејќи секој свесно или потсвесно размислува или пак веќе ја има донесено

таквата одлука во својата глава. Поголем проблем лежи во малите,

инкрементални одлуки кои произлегуваат од крупната одлука и нивното

имплементирање во секојдневниот живот или пак во бизнисот воопшто.

На пример, тешко дека ќе се имплементира одлуката за подобрување на

квалитетот, доколку не се имплементира одлуката за најприоритетни елементи во

кои треба да се изврши подобрувањето. Тешко дека ќе се имплементира одлуката

за најприоритетни елементи во кои треба да се изврши подобрувањето, доколку

2

Page 3: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

не се имплементира одлука за начинот на изведување на подобрувањето во тие

елементи итн.

Начинна донесувањена одлуки и видови на одлуки

Одлучувањето како инструмент за регулирање на функционирањето на

организацијата во основа значи донесување одлуки за регулирање на сите

функции и подсистеми во фирмата. Намената на одлучувањето е да донесе

одлука која ќе ги земе предвид сите теориски или практично релевантни фактори.

Одлуката е резултат на одлучувањето. Одлуката се добива кога на решението

на проблемот ќе му се додадат овластувања и одговорности. Донесувањето

одлуки претставува секојдневна активност на еден менаџер. Дали се тоа добри

или лоши одлуки, дали е тоа одлука за да не се донесе одлука (нулта одлука) или,

пак, нешто друго, постои временска рамка помеѓу донесувањето одлука и

имплементација на истата. Изучувањето на донесувањето одлуки во состав на

решавањето на проблемите е да се согледаат некои опасности кои можат да се

појават на тој пат.

Од дефинициите и структурните карактеристики на одлуката може да се

согледа дека процесот на одлучување е инкорпориран во сите пори од

комплексната активност на стопанската (и некоја друга) организација. Во

претпријатието во секое време и на секое место се донесуваат одлуки. Ваквото

согледување на одлуката и процесот на одлучување иницира одредување две

основни обележја:

настојување на доносителот на одлуката да ја оптимализира одлуката и да

го доведе системот во состојба која ќе го овозможува функционирањето на

системот со намалено дејство на девијациите, што беше повод за

одлучување и

ограничувањата кои стојат на овој пат, а кои произлегуваат од

интеракцијата на системот и околината.

3

Page 4: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

Донесувањето менаџерски одлуки по хиерархијата на компанијата зависи

од нивото на кое се наоѓаат менаџерите. Колку е повисоко нивото, толку одлуките

се непрограмирани, непредвидливи и неструктурни. Како се симнува по

пирамидата одлуките се предвидливи, рутински и структурни (сл.1)

Сл. 1: Донесување менаџерски одлуки во зависност од нивото во хиерархијата

Стретешките одлуки спаѓаат во најважите одлуки на претпријатието.Со

нив се одредува,менува или адаптира стратегијата на работењето или

развој,односно на иднината на претпријатието.

Оперативните одлуки се секојдневни и слижат за реализација на

секојдневните проблеми во работењето на претпријатието..

4

Page 5: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

Процес на донесување одлуки

Процесот на донесување одлуки се одвива во повеќе фази. Различни

автори дефинираат различни етапи. Но, главно сите се однесуваат на ист или

сличен процес. Фази на процесот на одлучување и решавање на проблемите се

следни (Сл. 2):

1. Дефинирање и анализа на проблемот;

2. Оформување на алтернативни решенија;

3. (Пр)оценка на алтернативните решенија;

4. Избор на решението (донесување одлука);

5. Примена на одлуката и

6. Контрола на одлуката.

Сл. 2: Фази на одлучување и решавање на проблемите

Да се биде вклучен во процес на одлучување мора да постои проблем чие

решение ќе претставува донесена одлука. Како што може да се забележи од Сл.

5

Page 6: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

2, првите четири фази се однесуваат на самиот процес на донесување одлука,

додека 5-тата фаза е имплементација на решението, односно одлуката. Шестата

фаза е контролата, која обезбедува повратна врска поради процесот на

континуирано подобрување, односно следење на девијациите (отстапувањата)

помеѓу донесената одлука и резултатите од решението на проблемот (сл.3)

Сл. 3: Два циклуса во решавање на проблеми и донесување одлуки

Првата етапа е дефинирање и анализа на проблемот. Помислата дека

менаџерите се доносители на одлуки може да даде слика на менаџери кои седат

на работни места, решавајќи на мирен начин како да го решат проблемот што се

појавил.

Примена на одлуката

Целокупниот тек во процесот на одлучување и донесување одлука нема

никаква смисла ако таа не се примени, односно ако не се спроведе во практика.

Ако се донесе одлука и не се спроведе акција, тогаш тоа одлучување е само

поради одлучувањето. Има многу одлуки кои не се спроведуваат. Исак Адижес

вели дека за еден ефикасен и ефективен организациски систем потребна е

6

Page 7: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

демократија во донесување одлука, додека за имплементацијата се бара цврста

рака – диктатура. Тој укажува на тоа дека квалитетот на менаџментот е во

функција на квалитетот на одлуката и ефикасноста на спроведувањето.

Менаџерите донесуваат одлуки (индивидуално или групно, на пример, како борд

на директори). Самиот процес на донесување одлука е макотрпен и долг. Оваа

временска рамка може да доведе до тоа одлуката да стане неприменлива или

застарена поради промена на околностите. Треба да се има предвид и

временскиот период од појавата на проблемот, започнувањето барање на негово

решение, па сè до имплементација на решението за проблемот. Во самиот процес

на донесување одлуки треба да се размислува и за периодот на

имплементацијата, доколку процесот на донесување одлуки се однесува за

решение кое бара подолг временски период. На ваков начин, уште во самиот

процес на дефинирање и анализа на проблемот, ќе се имплементира временска

рамка и последиците од реализација на решението.

Во современото живеење и работење како и брзите промени во околината

резултираат одлуките да се донесуваат брзо.

Зошто се потребни брзи одлуки? Водењето успешен бизнис бара брзи

одлуки во силната трка со конкуренцијата и исполнувањето на барањата и

потребите на купувачите. Како најважни причини за потребата од донесување

брзи одлуки се:

брзо искористување на пронајдените можности;

брз одговор на барањата и потребите на потрошувачите;

брз одговор на активностите на конкуренцијата и

брзина на одлучување, наспроти квалитет на одлуката.

Често се поставува прашањето:

Како брзината на одлучување влијае врз квалитетот на одлуката?

Слободно може да се каже дека квалитетот на одлуката е функција од брзината

на одлучување.

Квалитетна одлука = f (брзина на одлучување) каде поголема

брзина значи помал квалитет и обратно

7

Page 8: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

Зад секоја добра и квалитетна одлука стојат информациите кои ги поседува

менаџментот и колку повеќе информации толку потешко се донесува брза одлука.

Оттука следи дека брзината на одлучување е функција од информациите и

способноста на топ менаџментот.

Квалитетна одлука = f (информации, топ менаџмент)

Колку повеќе информации се поседуваат толку е потешко донесувањето

одлуки од страна на топ менаџмент, односно ќе биде потребно повеќе време. За

квалитетни одлуки треба да се поседува оптимална количина информации во

форма која дава можност за одредени проценки од страна на топ менаџментот.

Квалитетна одлука = f { f (оптимална количина информации, одредена

форма на информации), способност на топ менаџмент}

За топ менаџментот да успее да извлече квалитетни заклучоци од

достапните информации, треба да има одредени способности за препознавање на

трендовите за што е потребна способност за аналитичност. Квалитетната одлука

за краток временски интервал ќе зависи од:

Квалитетна одлука = f { f (оптимална количина информации, одредена

форма на информации), аналитичност на топ менаџмент}

Аналитичноста претставува способност на топ менаџментот врз основа на

некомплетни информации да извлече заклучок и да донесе квалитетна одлука. Се

смета дека топ менаџмент донесува брза одлука ако неговата сопствена

сигурност во исправноста на одлуката е 70%. Основен предуслов за да се донесе

вистинска одлука е знаењето и искуството кое го поседува манаџментот и кое

овозможува аналитичност.

8

Page 9: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

Видови одлуки и одлучувања

Постојат различни поделби на одлуките: Според начинот на кој се

регулира функционирањето на едно претпријатие, одлуките можат да бидат

поделени на:

регулативни (одлуки со кои се регулира поставувањето на системите,

подсистемите, нивните меѓусебни врски и др.) и

корективни (одлуки со кои се вршат корекции на девијации).

Според целта која треба да се постигне со извршувањето, одлуките можат да

бидат: инвестициски, кадровски, комерцијални, финансиски и др.

Според доносителите на одлуки: индивидуални, колегијални и хиерархиски.

Според функциите во претпријатието: управувачки, организациски, раководни,

извршни, контролни и сл.

Според ситуацијата во која се донесуваат (сл.4):

одлуки што се донесуваат во услови на извесност (сигурност);

одлуки што се донесуваат во услови на ризик и

одлуки што се донесуваат во услови на неизвесност (несигурност).

Сл. 4: Донесување менаџерски одлуки во услови на неизвесност, ризик и извесност на различни менаџерски нивоа

Одлуките кои се донесуваат во услови на извесност (сигурност) се

базираат на точни, прецизни информации со кои можат да се предвидат

9

Page 10: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

различните опции помеѓу искристализираните алтернативи. Донесувањето одлуки

под услови на извесност значи дека доносителите на одлуката располагаат со

доволно информации за да можат да ги предвидат различните опции. Иднината,

во овој случај, е крајно предвидлива. Трговците на скапоцен накит (дијаманти), на

пример, можат да имаат многу доверлив однос едни кон други, па дури и кон оние

надвор од границите, бидејќи тие прават трансакција на големи суми (повеќе

милиони долари). Тие можат да бидат сосема сигурни во своите договори, колку и

да се тие неформални.

Одлуките што се донесуваат во услови на ризик се базираат на недоволни

сознанија на влез, но се имаат сознанија за веројатноста на исходот. Познавање

на состојбата на потенцијалниот ризик и ситуацијата на зголемена ризичност се

однесува на веројатноста на остварување на посакуваните резултати под

влијание на непознати и претпоставени услови. Одлуките што се донесуваат во

услови на неизвесност (несигурност) се базираат на способноста за

предвидување на можните исходи. Под услови на несигурност (неизвесност)

многу малку се знае. На пример: менаџерите вклучени во меѓународните деловни

договори можат да се соочат со културни обичаи кои се радикално различни од

нивните и за кои можеби и не се подготвени. Кога постојат голем број фактори кои

треба да се земат предвид, кога тие не можат да се стандардизираат, кога се

наоѓаат во процес на континуирано менување, доносителите на одлуки се соочени

со услови на неизвесност. Менаџерите донесуваат одлуки во сегашноста за

дејства кои треба да се превземат и цели кои треба да се остварат во иднината.

Под услови на несигурност менаџерите не ги знаат веројатностите, а можеби не ги

знаат ни можните исходи.

10

Page 11: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

Заклучок

Многу одлуки во претпријатијата се донесуваат во колективен дух на ниво

на претседателство, борд на директори, колегиум, управен одбор, комисија и сл.

Кога се одлучува во група можноста да се донесе квалитетна одлука е поголема,

бидејќи повеќе луѓе имаат повеќе согледувања и размислувања за

проблематиката за која се одлучува. Групното одлучување има и добри и лоши

страни. Позитивната карактеристика е тоа што повеќе луѓе размислуваат за едно

исто прашање, прашањето се анализира од различни аспекти, мислења,

интереси, знаења и сл. Токму затоа има поголеми шанси да се донесе

поквалитетна одлука.

11

Page 12: Начин на донесување на одлуки и видови одлуки

Семинарска работа

Користена литература

http://www.pretpriemac.com

www.slideshare.net/

www.eccf.ukim.edu.mk

www.pf.ukim.edu.mk

12