68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 152 / ПЕТОК 11.03.2011 година VII Калатрава автор на новата Белградска филхармонија Сино-Сингапур Тијанџин еко-град на иднината ПРИ ТОЛКУ СОНЦЕ СЕ УШТЕ ПРЕМНОГУ ТРОШИМЕ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА `

PORTA3 152

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 152

Citation preview

Page 1: PORTA3 152

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

52 /

ПЕТ

ОК

11.0

3.20

11 го

дина

VII

Калатрава автор на новата Белградска филхармонија

Сино -Сингапур Тијанџин еко -град на иднината

ПРИ ТОЛКУ СОНЦЕ СЕ УШТЕ ПРЕМНОГУ

ТРОШИМЕ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

`

Page 2: PORTA3 152
Page 3: PORTA3 152

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

52 /

ПЕТ

ОК

11.0

3.20

11 го

дина

VII

Калатрава автор на новата Белградска филхармонија

Сино -Сингапур Тијанџин еко -град на иднината

ПРИ ТОЛКУ СОНЦЕ СЕ УШТЕ ПРЕМНОГУ

ТРОШИМЕ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

`

БРОЈ 152 ПЕТОК 11.03.2011 ГОДИНА VII

По долги расправии во Парламентот се усвоија законите за градење и за дивоградбите. Првиот навестува градежен бум, но многумина се прашуваат со каков квалитет ќе биде тој. Очекувањата се големи, но и резервите исто така. Но, сега кога се донесоа, да видиме како ќе се спроведуваат во практиката. Во Скопје заврши Саемот за градежништво, со двете придружни манифестации - Саемот за недвижен имот и инвестиции RealEX и Саемот на извозни производи од Турција. Излагачите повеќе внимание посветија на екологијата во градежништвото и користењето на еколошките материјали и обновливите извори на енергија. Архитектот на најубавите концертни сали во светот, Сантијаго Калатрава ќе ја проектира новата зграда на Белградската филхармонија. На тој начин, Белград се појавува на картата на избрани метрополи во кои се наоѓаат зданијата на овој великан.

Тијанџин, првиот кинески елитен еко-град за 350.000 жители ќе никне во најбројната земја на планетата до 2020 година. Тијанџин ќе зазема 30 квадратни километри во областа на селото Квинтоци и околното езеро на север на Кина. Енергијата од фосилно потекло неповратно се троши и станува сè поскапа. Во интерес на намалувањето на климатските промени и во интерес на одржливиот развој, Македонија треба одлучувачкиот исчекор да го направи уште денес. Како ликовна авторка, Биљана Кајевиќ, изразува ликови со една деперсонализирана убавина, една заводливост која заведува, но која не се однесува на никого, една свесност за убавината што можеби повеќе се потпира на една иронизирана дистанца која е во согласност со времето во кое живееме...

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ИНФО 06НА ПРАГОТ НА ГРАДЕЖЕН БУМ,

НО СО КАКОВ КВАЛИТЕТ?

АРХИТЕКТУРА 22КАЛАТРАВА - АРХИТЕКТОТ НА

НАЈУБАВИТЕ КОНЦЕРТНИ САЛИ ЌЕ ПРОЕКТИРА ВО БЕЛГРАД

EKO УРБАНИЗАМ 34СИНО-СИНГАПУР ТИЈАНЏИН,

ЕКО-ГРАД НА ИДНИНАТА

ЕКСПЕРТ 44КАКО ДО ПОМАЛКУ

СООБРАЌАЈНА ТУРКАНИЦА?

ЕКОЛОГИЈА 38ПРИ ТОЛКУ СОНЦЕ СE

УШТЕ ПРЕМНОГУ ТРОШИМЕ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

АРТ ДИЗАЈН 58ФРИДЕНСРАЈХ ХУНДЕРТВАСЕР

(1928 - 2000)ЗЕЛЕНИОТ КРАЛ НА КРИВИТЕ ЛИНИИ

ПОРТРЕТ 60БИЉАНА КАЈЕВИЌ

ТАКТИЛНО ТКАЕЊЕ НА СЛИКАТА

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИИгор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВАВладимир Б. ЛАДИНСКИТрајче СТОЈАНОВСашо КУЗМАНОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАДаниела МЛАДЕНОВСКАБилјана САВИЌДраган РИСТОВАлександра ШЕКУТКОВСКАКире КИПРОСКИСузана ВАСИЛЕВАПавлинка АТАНАСОВАЕлена ПЕТРОВСКА

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл. град. инжВања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

22

Насловна страница: КУЌА ВО ВИЕНААвтор: ФРИДЕНСРАЈХ ХУНДЕРТВАСЕР

4434

58 60

`

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Page 4: PORTA3 152

4

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 5: PORTA3 152

`

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 6: PORTA3 152

инфо

ПОРТА 11 март 201136

6

Квантитет ќе има, квалитет можеби. Ова е главниот заклучок што може да се

изведе од различните, дури и спротивставени мислења во врска со новиот Закон за градење кој веќе стапи на сила, откако беше усвоен во Собранието. Усогласени ставови нема ниту меѓу експертите, ниту меѓу градежниците, ниту меѓу локалните власти. Сите знаат само едно: законот ќе овозможи голем број населни места за пет или за 10 години да изгледаат сосема различно отколку

денес. Ова, пред сè, се должи на поедноставните процедури, како на пример обезбедувањето на градежна дозвола во три чекори, укинувањето на технички прием за индивидуалните куќи до 300 квадратни метри и отсуството на постојан надзор. Меѓу другото, законот предвидува и да се намали бројот на категории градби, од пет на две, и тоа во првата да влезат објектите што се од значење за државата, а во втората сите градби што досега спаѓаа во трета, четврта и петта категорија.

Исто така, измените предвидуваат и укинување на Одобрението за градба за помошни објекти кои се во функција на објектот за домување, а се градат на иста урбанистичка парцела. Тоа значи дека освен куќата за која димензиите се строго зацртани во урбанистичкиот план, остатокот од дворот може да биде полн со разни шупи, гаражи и други помошни објекти, без разлика кое место ќе го зафаќаат, на што ќе личат или за што ќе се користат. Сопственикот на плацот ќе мора само да достави проект,

а општината нема да може да го одбие и градбата може да почне.Првиот чекор е добивање извод од план и графички приказ на инфраструктурата, кој општината ќе треба да го издаде по службена должност за три дена. Потоа геодетските фирми ќе имаат надлежност да ги доставуваат на градежниците сите потребни податоци, а околчувањето на парцелата ќе ја врши самиот изведувач. Третиот чекор е доставување на основниот проект во општината и тоа е една од

Очекувањата се големи, но и резервите исто така. Произлегува дека граѓаните би можеле да имаат придобивки поради олеснетите процедури и намалените трошоци ако сè се одвива како што треба, но ако треба нешто да поправат, би имале поголем проблем.

Почна да функционира новиот Закон За градење

на Прагот на нов градежен бум, но со каков квалитет?

Page 7: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 7

инфо

7

новините, затоа што се укинуваат локациските услови и изработката на идејниот проект. По добивањето на основниот проект општината е должна веднаш да ги информира надлежните институции за електроенергетска, водоводна и канализациона инфраструктура да го разгледаат проектот и во рок од седум дена да го дадат своето мислење. На крајот општината сите собрани забелешки во рок од 15 дена треба да и ги достави на странката, а доколку тоа не се случи, тогаш Законот предвидува казни за локалната самоуправа и за градоначалникот. Последниот четврти чекор е плаќањето комуналии и почеток на градење.

новините во Законот не се Прифаќаат со раширени раце

За професорот Горан Марковски укинувањето на идејниот проект на почетокот на градбата подоцна ќе предизвика проблеми. „Во идејниот проект се разработува идејата, тука се гледа соработката на сите што се вмешани во една градба. Ако тој не постои може да има проблеми подоцна. Мислат дека на тој начин ќе заштедат пари, но не е така. Подоцна сите измени ќе треба да се прават на основен проект“, вели Марковски. Тој е незадоволен и од идејата да нема задолжителна равизија за време на градбата и на објекти до 300 квадратни метри. „Безбедноста е приоритет за се и за сите објекти. Сега сè се сведува на потпис на надзорот што секако, нема да даде негативна оценка за нешто што тој постојано го надгледувал. Со немањето ревизија, која е задолжителна, не се штити никој, дури и инвеститорот може да биде оштетен“, смета Марковски. Согласен со Марковски е и неговиот колега Санде Атанасовски. И за него не е добро укинувањето на техничкиот прием за објекти до 300 квадрати, но и непостоењето на идеен проект. „Нема зијан од изработка на идеен проект за сите градби. Ако не се направи идеен проект големи се шансите да се погреши при градбата и потоа треба да се интервенира во основниот проект што пак ќе одземе многу време и средства“, вели Атанасовски.Освен стручната јавност забелешки на законот за градење има и

Page 8: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 201138

инфо

8

part of Gretsch Unitas GruppeÓë. 29 Íîåìâðè 601000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼àÒåë.: + 389 (0)2 3246-586Ôàõ: + 389 (0)2 [email protected]

Ãåðìàíñêè îêîâèçà ïðîçîðöè è âðàòèñî ïîâå�å îä 100 ãîäèíè òðàäèöè¼à

part of Gretsch Unitas GruppeÓë. 29 Íîåìâðè 601000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼àÒåë.: + 389 (0)2 3246-586Ôàõ: + 389 (0)2 [email protected]

Ìóçå¼ „Ãóãåíõà¼ì“ - Áèëáàî, Øïàíè¼à

Ñîâðåìåíà òåõíîëîãè¼à çà ïðîçîðöè è âðàòè

part of Gretsch Unitas GruppeÓë. 29 Íîåìâðè 601000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼àÒåë.: + 389 (0)2 3246-586Ôàõ: + 389 (0)2 [email protected]

Äóðè è ïî 100 ãîäèíèíàøàòà âèçè¼à íåìà äàçàñòàíå. Íîâè ïîãëåäèêîí ñâåòîò, çàñåêîãàø.Ãåðìàíñêè îêîâè çàïðîçîðöè è âðàòè.

BMW Welt- Ìóçå¼îò íà ÁÌ âî Ìèíõåí, Ãåðìàíè¼à

локалната самоуправа која не е приврзаник на партијата на власт. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски смета дека Владата само прави помпа со новите закони од областа на градежништвото без притоа да разбере дека пократкиот пат не е и побрз. „Ако се укинува идејниот проект, тогаш сите забелешки што ќе ги дадат институциите ќе бидат на основниот проект и тогаш исправките ќе се прават на него, што ќе одземе многу време. Со овој закон само ќе се амнестираат утките во урбанизмот“, вели Јакимовски додавајќи дека општина Карпош и пред овој закон издавала одобренија за градба за 45 дена. Наспроти градоначалникот на општина Карпош, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) велат дека Законот е веќе во употреба и нема зошто да се коментира. „Имавме разни трибини и средби со сите општини. Градоначалниците велат дека ќе

имаат административни капацитети за да ги завршат сите работи во предвидениот законски рок. Ваквото законско решение ќе им помогне на граѓаните“, сметаат од ЗЕЛС.Од Стопанската комора, пак, се делумно задоволни од законот затоа што за измените што беа направени пред неговата конечна верзија делумна заслуга имаат токму тие. „Многу малку од забелешките што ги имавме дадено се вметнати, но сепак не послушаа и се прифати проект на изведбена состојба за одредени објекти и се зголеми површината од 200 на 300 квадрати за укинувањето на ревизија на основен проект за објекти наменети за индивидуално домување. Имаше и некои други забелешки кои беа прифатени“, велат од Стопанската комора. Но, од Министерството за транспорт и врски, кој е носител на законот, велат дека во рамки на неговото изготвување биле вклучени работни групи од ЗЕЛС, од општините, како и од 150 компании. „Врз основа на нивните предлози и сугестии,

како и проблемите со кои се справуваат компаниите при нивното работење, беа извршени и измените на неколку законски решенија, меѓу кои и измените на Законот за градење. Забелешките од овие субјекти, пред сè, се однесуваа на долгата процедура за добивање на одобрение за градење. Едно од барањата што беше прифатено, е укинувањето на решението за локациски услови и скратување на постапката за добивање на одобрение за градење возависност од типот на градбата и намалување на потребната документација за одобрение за градење“, објаснуваат од Министерството за транспорт и врски.Според министерот Миле Јанакиески, сите промени во Законот се со цел да се укинат административните пречки, да се примени правилото „молчењето е одобрување“ и со тоа да се олесни работата на граѓаните. „Овие реформи ги правиме за да се олесни

процесот на издавање одобрение за градење како за физичките, така и за правните лица, но исто така и Република Македонија уште еднаш да се најде меѓу првите земји реформатори во извештајот на Светска банка“, вели Јанакиески.Сè на се, очекувањата се големи, но и резервите исто така. Произлегува дека граѓаните би можеле да имаат придобивки поради олеснетите процедури и намалените трошоци ако сè се одвива како што треба, но ако треба нешто да поправат, би имале поголем проблем. Голема придобивка е и тоа што нема никаква постапка за изградба на помошните објекти, но не е јасно како ќе се заштитат оние што не градат, од своите соседи, а кои би можеле целосно да го изменат амбиентот на една населба. И, секако, укинатиот технички преглед остава простор за сомнеж за квалитетот на градбите до 300 квадратни метри.

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Page 9: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 9

инфо

9

По долги најави, расправи и конечно усвојување на Законот во Собранието на

Република Македонија, минатата недела почна легализацијата на дивоградбите во државава, со што им се дава можност на граѓаните во наредните шест години да ги легализираат бесправно изградените домови по едно евро за квадрат.Според она што е зацртано во Законот за легализација на дивоградбите, заинтересираните треба во рок од шест месеци до општината да поднесат барање за легализација, уверение за државјанство или копија од лична карта, доказ за приклучок

на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот со имотен лист.Ценовникот за геодетски елаборат, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, е донесен на последната владина седница и е со повластени цени. Тој мора да се почитува од страна на геометрите, зашто во спротивно ќе следат казни за нив, велат во Министерството.Предвидено е прекинување на постапката доколку со барањето не се поднесени потребните документи, кои може дополнително да се достават сè до важноста

на законот од шест години.Освен првично предвидените објекти за легализација - оние од државно значење, индустриските објекти и индивидуалните куќи, овозможено е да бидат легализирани и сите видови градби (доградби и надградби) предвидени со Законот за градење, како и јавните здравствени установи. Тие ќе се легализираат согласно надоместокот за уредување на градежното земјиште или т.н. комуналии.Општината е должна во рок од шест месеци да издаде урбанистичка согласност, а во период од пет години да ја донесат урбанистичко-

планската документација со која се врши вклопување на бесправно изградените објекти. Од Министерството за транспорт и врски очекуваат дека со ова законско решение ќе се реши повеќедеценискиот проблем со дивоградбите во државата.Со законот се очекува да бидат легализирани околу 310 илјади евидентирани дивоградби во земјава. Сите средства од легализацијата ќе се слеваат во општините, а објектите што нема да бидат легализирани ќе се третираат согласно одредбите од Законот за градење, и ќе бидат отстранети од страна на надлежните инспекциски служби.

Сите средства од легализацијата ќе се слеваат во општините, а објектите што нема да бидат легализирани ќе се третираат согласно одредбите од Законот за градење, и ќе бидат отстранети од страна на надлежните инспекциски служби

Почна легалиЗацијата на бесПравно иЗградените објекти

легалиЗирање на 310 илјади дивоградби

Page 10: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011310

10

скопје

сарај

се премостуваат проблемите за изградба на нов мостПо цела деценија јалови ветувања и по две години административно-технички проблеми, градските власти конечно распишаа тендер за изградба на нов мост на влезот во Сарај, веднаш до сегашниот

тесен и дотраен премин.Од проектот треба да има корист целиот град, па дури и пошироко од тоа, бидејќи Сарај и Матка се популарни туристички дестинации. Но, иако најавата сега е многу поконкретна и доаѓа во облик на барање фирма-изведувач кој ќе го гради мостот, граѓаните што сега поминуваат по стариот премин сѐ уште не веруваат дека проектот ќе се спроведе. Велат дека едноставно

слушнале премногу најави за да можат да поверуваат пред да видат дека машините навистина влегле во Вардар и ги поставиле темелите. Тие предупредуваа дека мостот е нестабилен и опасен цела деценија, додека секојдневно ги гледаа водите на реката низ дупките во коловозот и додека постојано чувствуваа силни вибрации кога поминуваа. Нивните сомнежи пред шест години ги потврдија и професори од Градежниот факултет, кои направија тестирање и препорачаа итна санација и забрана за движење на автобусите и на камионите, а како најдобро решение предложија да се изгради нов мост. Повремено имаше забрани, кога требаше да се закрпи некоја дупка, па тешките возила кружеа преку автопатот кон Тетово, но на сите им беше јасно дека тоа не може да биде трајно решение.Апелите доаѓаа и до општината Сарај и до градот. Првите се правдаа дека немаат пари за таков зафат, а вторите дека не можат да постасаат да го решат и тој проблем, бидејќи ги имало многу.

Сега конечно направија нешто конкретно, па останува граѓаните да се уверат дека тендерот ќе биде успешен и работата ќе почне. Засега се планира градот сам да ја финансира изградбата, што според некои процени би чинела околу еден милион евра. Но, конечната цена ќе се знае откако ќе заврши постапката за избор.Според изведбениот проект, мостот во Сарај ќе биде од армирано бетонска конструкција со две коловозни ленти, и пешачки и велосипедски патеки. Мостот е на погодна локација, а според урбанистичкиот план, во негова близина се предвидува и изградба на средно училиште, универзитет, како и болница, информираа од општина Сарај. должината на новиот мост ќе биде 50 метри, а ширината 12,5 метри. Сообраќајот ќе биде регулиран со семафоризирана раскрсница. Тој ќе биде сообраќајница меѓу Сарај и Ѓорче Петров, додека стариот железен мост во иднина ќе биде затворен за возила и преку него ќе може да се движат само пешаци.

ќе се гради оПштинска Зграда во центар

модерен објект наместо дотраени баракиМинистерството за транспорт и врски распиша јавна објава за продажба на државно земјиште во општината Центар. Парцелата со површина од 7.528 квадратни

метри се продава со почетна цена од 6.480 денари за квадрат и според дУП „дебар Маало 1“ е наменета за изградба на општинска зграда. Станува збор за местото каде што сега се наоѓаат старите и дотраени општински бараки, па службите на Центар ќе треба да најдат локација каде што ќе се сместат привремено додека трае изградбата на новиот објект.Маркичката на плацот има мешовита намена, па така тој што ќе го купи

ќе треба да направи објект кој ќе биде 60 отсто со канцеларии за општинската администрација, а преостанатите 40 отсто ќе може да ги искористи како комерцијален и деловен простор за продавање или за издавање. На тој начин општината планира да добие нови простории без да потроши ниту денар од својот буџет за тоа. Таа имала потреба од нов простор, но немала пари да си изгради зграда, па затоа во соработка со Министерството за транспорт и врски го договориле ова решение.Рокот за пријавување на инвеститорите ќе трае до 22 март. Инвеститорот потоа ќе треба да обезбеди градежна документација и за две години целосно да го изгради објектот. На крајот ќе биде обврзан да и ги предаде на општината просториите што и следуваат.Минатата година надлежните распишаа конкурс за идејно-архитектонско решение на новата зграда на општината Центар, на кој за најдобри се прогласени трудовите на архитектите Слободан Велевски и Марија Мано- Велевска за конкурсниот труд со шифра „ФОЛИЕ“; Миодраг Радоњиќ-Бато и Ранчо Христов за трудот „МОТИВ“;

„Мираж“ на Звонко Тасевски и Ирина Бојаџиевска; како и проектот со шифра „61125“ на драги Зафиров и Владимир Арсовски. Објектот, како што најавуваа лани надлежните од Центар, треба да се гради од комбинација на четирите проекти што беа избрани и откупени на јавниот конкурс. Во конкурсната програма за локацијата на општинска зграда, само за објектот беше зададена нето површина од околу 5.500 квадратни метри корисен простор, 500 квадрати за матичната служба, а преостанатото, според видувањата на авторите, е наменето за други јавни институции (административен простор). И максималната дозволена висина на објектите е условена од можноста да се обезбеди доволен број паркинг-плацови за понудените содржини, во согласност со правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот. Па, сите понудени решенија имаат предвидено подземен паркинг на две нивоа. На сите четири проекти заедничко им е тоа што предвидуваат модерен изглед за зградата од три ката со надворешна фасада од стакло.

Page 11: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 11

11

скопје

најавен нов Проект

аеродром во септември ќе има плоштадГолемата празна површина на аголот меѓу булеварите Јане Сандански и Србија во населбата Аеродром наскоро ќе стане голем зелен парк со плоштад, според проектот што го најави општината Аеродром.Според општинарите, со изградбата на паркот граѓаните не само што ќе добијат ново зелено катче за рекреација туку и место на кое ќе можат да се одржуваат разни манифестации. Проектот предвидува во централниот дел на паркот да биде поставен споменик на македонскиот револуционер Јане Сандански. Паркот ќе се простира на околу 4.000 квадратни метри, од кои околу 1.600 квадрати ќе бидат изградени пешачки патеки, ќе има 3 езерца и еден водопад. Во паркот се предвидени и мултимедијална бина со платно, клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема. Ќе има тревни површини и, што е најважно, паркот ќе има сопствен бунар што ќе се користи за полевање. Паркот ќе го одржуваат екипи од општината и од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Изградбата на паркот се очекува да почне во март и да заврши во септември, кога и официјално треба да биде пуштен во употреба. Со проектот, плоштадот ќе се простира на 3.824 квадратни метри, а се претпоставува дека изградбата ќе чини околу 25 милиони денари.Инаку, целата проектна документација за паркот и за плоштадот е донација од градот Прилеп.

К.С.Т.

центар

ново градилиште за катна гаражаПеткатна комбинирана гаража ќе се гради спроти универзитетскиот кампус, на просторот меѓу зградата на Кривичниот суд во изградба и на МТВ. Катната гаража, која треба да се изгради во рок од 16 месеци, ќе има капацитет од околу 500 паркинг-плацови со бруто развиена површина од речиси 19.000 квадратни метри, од кои 1.537 квадрати ќе бидат наменети за деловен простор. деловниот простор ќе се наоѓа на првите три ката, а останатите два и едно подземно ниво ќе се користат за паркирање. За изградба на објектот општина Центар ќе треба да плати пет милиони евра, од кои за половината зема кредит, а остатокот од парите очекува да ги обезбеди од

продажба на деловниот простор.„Со продажбата на деловен простор ќе обезбедиме половина од сумата. На тој начин ќе добиеме 50 проценти поевтино паркирање. Имаме економски елаборат и за 10 години таа ќе биде исплатена“, објаснува градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ.Според најавите на градоначалникот, еден час паркирање ќе чини најмалку 40 денари, но, сепак, цената ќе зависи од пазарните услови кога објектот ќе се предаде во употреба. „Ова е втора капитална инвестиција по мостот Око. Следна е уште една катна гаража, која ќе се гради кај поранешната зграда на Нова Македонија, а најверојатно ќе ја почнеме оваа пролет“, вели Тодоровиќ. Тој најави дека фасадата ќе биде модернистичка со стилски елементи, со цел да се вклопи во околината, имајќи предвид дека во непосредна

околина се гради новиот Кривичен суд, кој ќе има стилски изглед. Судиите, вработените во МТВ, како и оние од државниот Архив и други вработени во околните објекти се очекува да бидат корисници на катната гаража.Проектот за катната гаража го изработи проектантската куќа „Мегарон“, а изведувач на работите е градежната фирма „Бетон“. Објектот, според договорот, мора да биде завршен за 16 месеци.Оваа е една од седумте катни гаражи што ќе ги градат општина Центар, Град Скопје и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Ќе се градат катни гаражи кај полициската станица „Беко“, кај Старата железничка станица, кај НИП „Нова Македонија“, на влезот на Главната пошта, близу до Музејот на холокаустот, како и кај Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“.

Page 12: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011312

12

градежништво

Под мотото „Градиме иднина" минатата недела во Скопје се одржа 8. Саем за градежништво,

градежни материјали и градежна механизација. На Саемот се претставија над 300 изложувачи во четири саемски хали, на површина од околу 10.000 квадратни метри Годинава излагачите повеќе внимание посветија на екологијата во градежништвото и користењето на еколошките материјали и обновливите извори на енергија. Во рамките на саемот имаше и две придружни манифестации, Саем за недвижен имот и инвестиции RealEX и Саем на извозни производи од

Турција. Нивни организатори беа „Леорон груп“ од дубаи и „Меридиен“ во соработка со Македонско-турската стопанска комора. На Саемот за недвижен имот, што се одржа под

мотото „Сега е време да го купите вашиот нов дом", имаше компании од Македонија, Косово, Албанија и од дубаи, банки, осигурителни компании

и институции кои се занимаваат со пазар на недвижен имот. На Саемот за извозни производи од Турција беа присутни околу 55 турски компании од областа на градежништвото,

козметиката, прехранбената, текстилната индустрија и туризмот. Отворајќи го саемот, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, изјави дека градежниот сектор, кој со себе поврзува уште најмалку 20 други

гранки, за Владата претставува една од најзначајните алки во економијата. „Ќе продолжиме со подобрување на даночната и

Годинава излагачите повеќе внимание посветија на екологијата во градежништвото и користењето на еколошките материјали и обновливите извори на енергија. Во рамките на саемот имаше и две придружни манифестации, Саем за недвижен имот и инвестиции RealEX и Саем на извозни производи од Турција.

турците Заинтересирани да градат во македонијаНа Саемот за градежништво беа дојдени неколку турски компании кои се интересираа за состојбите со пазарот на недвижности, можностите и условите за инвестирање во градежништвото, како и можната соработка со македонски компании и локалната самоуправа. Тие се заинтерсирани за градење на големи станбени комплекси и облакодери, бидејќи сметаат дека има големи можности за профит, доколку се вложи во овој бизнис. Тие се подготвени да донесат знаење и технологија, а веруваат дека ќе успеат и благодарејќи на традиционално добрите односи меѓу Македонија и Турција.

8. саем За градежништво

градење на иднината

Page 13: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 13

13

градежништвоадминистративната сфера, но и ќе продолжиме со финансирање на сите проекти кои значат поттик за овој сектор“, рече Пешевски. Тој информира дека градежниот сектор во 2009 година имал пораст од 4,4 насто, а во 2010 најверојатно ќе има пораст над 10 насто. Градежниците присутни на Саемот не се сомневаат во искажувањата на вицепремиерот, но се загрижени од фактот, што и покрај зголемената побарувачка, сè повеќе се влошува наплатата на завршени работи. Ако се има предвид дека најголем инвеститор во моментов е државата, се чини дека токму таа е адресата на која се обратени овие искажувања на градежниците. За дел од нив, градежништвото го очекуваат напорни и неизвесни денови, но сепак, веруваат во најавите дека годинава ќе биде подобра за нивните компании, особено што се најавуваат нови државни инвестиции. Претставникот на компанијата „АдИНГ", даниел Цеков,

оцени дека градежниот сектор излегува од криза, и изрази надеж дека ќе има поголемо придвижување годинава. „ Побарувачка има, но најголем проблем со кој се соочуваме е наплатата. Начинот како да ги наплатиме нашите производи и услуги“, вели Цеков.Во компанијата Ера не го кријат задоволството од овогодишната манифестација. Според информациите што ги добивме од организаторите на Саемот за градежништво, годинава него го посетиле над 16.000 посетители. Тоа за нив значи добар знак, кој навестува зголемување на интересот на излагачите за овој саем. Оттука и најавите дека во наредната година, покрај традиционалните, се очекуваат и нови фирми-излагачи, кои ќе донесат поголеми новитети, ќе придонесат во развојот на градежништвото и ќе го поттикнат градежниот бум.

Page 14: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011314

14

градежништво

„Македонија во градежништвото не треба да ги минува сите

развојни фази, туку треба да учи од позитивните искуства од регионот и од светот, и да ги усвои најдобрите практики, односно еколошката градба“, изјави главниот говорник на Меѓунарoдната конференција за недвижности и инвестиции на која своите искуства ги разменија дваесетина експерти од Македонија, Европа и САд, светски познатиот француско-американки архитект, со голем број наградени проекти на пет континенти и основач на компанијата IN VI, Гај Пери, oдгoварајќи на прашања на делегатите по неговото излагање. Конференцијата се одржа во рамките на Саемот за недвижности и инвестиции RealEX Скопје 2011. Според Пери, градежниците треба повеќе да се насочат кон градби кои се добро инфраструктурно поврзани и хортикултурно уредени, бидејќи тие ќе им останат на поколенијата и секогаш ќе

имаат добра цена, наспроти нивниот примарен интерес да остварат профит веднаш. Интерактивната конференција ја отвори директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо. Тој истакна дека владините мерки во комбинација со стабилната макроекономска политика и нискиот даночен пакет кој се нуди во Македонија, даваат стабилна рамка за дополнителен развој на пазарот на недвижности. За политиката на кредитирање за изградбата на недвижности и станбени кредити, бизнисмените ги информираше претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе банка - Македонија, Срѓан Крстиќ. директорот на Импрент - Хрватска, дел од Ерсте групацијата за финансирање на недвижности, Томислав Матија Варга, во своето обраќање го нагласи интерсот на неговата компанија, која има амбиции да прерасне во лидер за ЈИЕ во својот сегмент на пазарот за инвестирање и во Македонија.

Промените во законската регулатива за градежништвото и нејзиното усогласување со европската, се очекува да доведат до натамошен раст во градежниот сектор, беше оценето на првата панел дискусија на конференцијата, на која учествуваа претседателот на градежната комора на Сојузот на стопански комори на Македонија, Сеад Кочан, раководителот на Секторот за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски, димитар димовски, помошникот директор на Агенцијата за катастар на недвижности Славчо Трпески, како и градоначалниците на општините Прилеп и Карпош, Марјан Ристески и Стевчо Јакимовски. делот за финансирање, како на изградбата на објектите, така и на купувањето на земјиште, станови, куќи и деловни простори, беше анализиран во втората панел дискусија во која активно

учествуваа генералниот директор на КБ Прв пензиски фонд, Јанко Тренкоски, директорката на секторот за кредитирање на население на Комерцијална банка Ад Скопје, Габриела Стојановска, директорката за корпоративно управување на Шпаркасе банка - Македонија, Викторија Јовановска, како и сопственикот на градежната компанија „Адора“, Ванчо Чифлиганец. За подемот во изградбата на резиденцијални и комерцијални објекти во Македонија и во регионот, на последната панел дискусија зборуваа директорот и главен уредник на магазинот „АГ Некретнине“ од Србија, основачот на „Фортон“ (C&W) за Македонија и Бугарија, Ксавиер Пинкарт, основачот и директор на градежната компанија „Модинг груп“, Салим Хасани, како и Жаклина Рира, директорка за маркетинг и продажба на „Едил Ал“, една од најголемите градежни компании во Албанија.

Градежниците треба повеќе да се насочат кон градби кои се инфраструктурно поврзани и хортикултурно уредени, бидејќи тие ќе им останат на поколенијата и секогаш ќе имаат добра цена

REALEX 2011 - Прва меЃународна конференција За недвижности и инвестиции

еколошката градба клуч За македонското градежништво

Гај Пери

ПреЗентација

Пасивна ПротивПожарна Заштита

Спречување на продор на пожар, вода и гас во објектите е она на што секоја фирма

треба да посвети особено внимание, а тоа е најдобро да се направи уште при градење на секој објект. Фирмата „Викас“ е авторизиран застапник на противпожарни системи за заштита на кабелски и вентилациони продори и пластични цевки од австрискиот

производител БСТ, кои веќе неколку години им ги нуди на фирмите во Македонија. На годинашниов Саем за градежништво, оваа фирма се претстави со своја презентација. Слободан Томиќ, сопственик на фирмата „Викас“, во презентацијата насловена како „Пасивна противпожарна заштита и нејзина примена во градежништво и индустрија“, истакна повеќе видови на оваа заштита од пожари која може да се примени во секој објект од каква било намена. „Она на што најмногу работевме во изминативе две години беше систем на заштита со камена волна и премази. Кај оваа заштита при пожар масата

експандира, ја пополнува секоја пора на ѕидот и се спречува ширење на пожарот, па дури и на чадот", објаснува Томиќ, додавајќи дека овој тип заштита го има вградено во Клиниката за гинекологија, Тутунска банка, ЕВН-Бунарџик, како и во многу други објекти.друг вид на пасивна противпожарна заштита е системот на модуларна заштита за затнување на кабелските продори, што исто така е огноотпорен, водонепропустлив и не пропушта гас. Негова предност е што брзо се монтира и демонтира, а елементите потоа може пак да се употребуваат. „Освен овие два вида на пасивна противпожарна

заштита, ги монтираме и заштитата на пластични цевки, системот на противпожарни сунѓери и перничиња, како и противпожарната фолија која од оваа година е новина на нашиот пазар", истакна Томиќ на презентацијата. Потврда за квалитетот на пасивната противпожарна заштита даде и гостинот од австриската БСТ, Флоријан допфл, кој рече дека нивната компанија веќе 35 години работи на ова подрачје, а секој нивни производ се тестира од овластени институти и досега се покажале особено квалитетни.

К.С.Т.

Page 15: PORTA3 152

градежништво

Најдобрите проекти и компании изложени на првиот Меѓународен саем за недвижности и инвестиции, Real EX Скопје 2011, беа

наградени со статуета Real Estate Ѕвезда. Ѕвездата за најдобра компанија во 2011 година и припадна на градежната компанија „Адора“. Наградата за најдобар дизајн ја доби проектот „Гранд Престиж“ на компаниите „Еуроактива“ и „Импексел2“. Ѕвездата за еко-проект на годината и припадна на компанијата „Венс инженеринг“ за нискоенергетските објекти, а за проект од јавно значење на ТАВ, за проектот за реконструкција на аеродромите во Македонија. Наградата за најдобар резиденцијален проект отиде во рацете на „диас контракшн“ за станбен проект Ново Лисиче, додека за комерцијален проект кај „Ремис“ од Охрид за апартманскиот комплекс Хотел Парк. Наградените проекти ги избра жири составено од познатиот француско- американски архитект, со искуство на пет континенти Гај Пери, деканот на градежниот факултет во Скопје проф. д-р Петар Цветановски и RealEx тимот на компанијата „Леорон“, како претставник на организаторот на целиот настан.

„ЅвеЗда“ За најдобрите Проекти

Real Estate Ѕвезда за најдобра компанија во 2011 година - „АДОРА“

Page 16: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011316

16

градежништво

17

1717TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

Во втората половина на февруари во Солун, по дваесет и осми пат, се одржа

ИНФАКОМА 2011, меѓународниот саем за градежништво, изолација, врати и прозорци , санитарии, сигурносна опрема, опрема за греење и разладни уреди, како и градежни конструкции и градежни технологии. Главното мото на саемот оваа година беше „Екологија и зелениот развој”. Грчкото министерство за животна средина, енергетика и климатски промени, за времетраењето на саемот ја претстави програмата „Заштеда на енергија во домот”, со цел да се

прикажат можните интервенции за надградба на енергетската ефикасност на зградите.На саемот беа претставени многу фирми со своите производи за градежништво, изолациони материјали, декоративни облоги, инсталациони материјали, врати и прозорци, машини и алати, камини и бањи, но акцент беше ставен на екологијата и обновливите извори на енергија. Нагласени беа и производите од алуминиум, со учество на многу големи компании од овој сектор, со специјализирани презентации, а имаше многу информации за сите современи трендови поврзани со

камини и бањи и нивна опрема. Тешко е да се издвои најинтересната локација на саемот, имајќи го предвид широкиот спектар на производи и убаво уредените штандови. Во халите на саемот имаше голем број производители кои се застапени и на нашиот пазар, но сепак, поголем беше бројот на оние што кај нас ги немаме. Исто така, имаше доста комерцијални презентации. Ние, групата од Скопје што отиде на саемот на покана од фирмата „Кнауф“, најмногу се задржавме на нивниот штанд, каде што ја следевме нивната практична презентација на гипсани глет малтери, како и

презентацијата на системите за сува градба и малтерисување.Во рамките на ИНФАКОМА 2011 се одржа и дводневна конференција за енергетската ефикасност на зградите.Сè на се, и покрај тешките времиња што ги доживува грчката национална економија, ИНФАКОМА 2011 го одржа динамичниот карактер со учество на многу големи и меѓународни компании од градежниот сектор. Саемот е комерцијално ориентиран и можеби затоа е многу посетен, нè само од луѓе вклучени во градежниот, туку и од други сектори!

А.С.

саем на градежништво во солун - INFACOMA 2011

екологија и Зелениот раЗвој

Page 17: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 17

рубрика

1717

ПОРТА 03 декември 2010317 ПОРТА 19 ноември 2010317TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Page 18: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011318

рубрика

18

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

Page 19: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 19

19

архитектура

На крајот на февруари на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа промоција на првото издание на прирачникот „Архитектонско проектирање“ од Ернст Нојферт на македонски јазик, чиј издавач е Арс Ламина. Се работи за превод на најновото 39-то издание на ова дело кое игра голема улога во архитектурата на денешницата. Според деканот на Архитектонскиот факултет проф. д-р Тихомир Стојков станува збор за „дело кое одбележува значаен период, генеза на модерната архитектура...“ Промоторот на првото македонско издание на прирачникот „Архитектонско проектирање“, проф. д-р Анета Христова Поповска, која заедно со асистентот Филип Ценовски се стручни редактори на изданието, истакна дека овој настан има уште поголемо значење затоа што со него се обележуваат два големи јубилеи: 25-годишнината од смртта на авторот, архитектот и професорот по архитектура Ернст Нојферт, и 75-годишнината од првото издание на ова дело на германски јазик, излезено од печат во 1936 година и досега преведено на 19 јазици. Подготвено во истото место каде пред речиси осум децении Нојферт ги започнал своите истражувања во областа на стандардизацијата и рационализацијата на градежните

процеси, поттикнат од неговиот голем учител Валтер Гропиус, најновото издание го продолжува востановениот концепт на постојано надградување на стандардите во проектирањето и обезбедување на беспрекорни информации за професионалците. Голем придонес за ова имаат и наследниците на Ернст Нојферт, Никол делмес, родена Нојферт и Инго Нојферт со тимот соработници од различни области чии експертизи се вградени во низата дополнителни содржини, чија заедничка цел е да отворат значајни теми и дилеми за архитектурата во овој милениум, од кои секако најзначајно е јакнењето на свеста за грижата на животната средина, што пак е директно поврзано со одржливоста во проектирањето и заштедата на енергетските ресурси. Прирачникот е организиран во најголем дел според архитектонските типови, подредени програмски. Методолошки ги покрива принципиелните планерски и проектантски аспекти на организацијата на планот и обезбедува податоци за просторните барања, градежните стандарди и норми кои го одредуваат квалитетот на градбата. Текстот е илустриран со бројни цртежи во духот на оригиналните, со мерни единици, табели и дијаграми кои ги појаснуваат одделните аспекти. Библиографијата на 39-то ревидирано и надополнето издание ја илустрира континуираната интенција за следење на живата и развојна материја на архитектонското проектирање, која од ден на ден станува се покомплексна и посеопфатна. Пред бројната публика на промоцијата зборуваше и доајенот на македонската архитектура, професорот Борис Чипан: „Како единствен присутен на овој собир кој имал личен контакт со Ернст Нојферт, должен сум да ви ги пренесам неговите зборови во однос на ова дело. Имено, тој самиот ни има посочено дека оваа книга не е рецепт за добро проектирање. Таа

е прирачник кој е алатка за секој архитект, но не треба да се сфати како ултимативно достигнување, туку како предизвик за младите архитекти за понатамошна еволуција на стандардите, односно покана за нивно надминување и надградување.“- Ова издание вклучува над 7.000 цртежи на околу 600 страници. За последната надградба се вложени преку 3.200 часа напорна работа од страна на експерти од универзитетот Баухаус во десау. Преводот на „Архитектонско проектирање“ од Ернст Нојферт беше дел од владиниот проект за превод на 500 стручни книги кои се користат

на врвните универзитети во САд и Европа и веќе е достапна во библиотеките и на универзитетите низ Македонија. Со цел да ја направи книгата достапна и за пошироката публика, издавачката куќа Арс Ламина своето издание го става во продажба веднаш по промоцијата, по цена пониска од кое било издание на другите светски јазици. За студентите по архитектура на продажните места обезбеден е попуст од 50 отсто - вели дарко Фиданоски од издавачката куќа.

подготви: Леонида Пенка БАшА

Прирачникот „Aрхитектонско Проектирање“ од ернст нојферт конечно достаПен и на македонски јаЗик

алатка За секој архитект

Page 20: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011320

20

архитектура инфо

никоЗија

луксуз на 19 катаВо Никозија, во Cypriot city во моментов се подига нова кула, по нацрт на Ateliers Jean Nouvel, а во изведба на Lois Builders for Nice Day Developments. Проектот тежи 10 милиони евра, а предвидено е да содржи делoвен простор, канцеларии, и девет луксузни апартмани од кои едниот ќе се простира на два ката. Терасите ќе гледаат кон стариот дел на градот, а покрај максималниот внес на дневна светлина што го обезбедуваат, отворена е и можноста за нивно проширување. довршувањето на објектот ќе трае до следната година.

бирмингем

реновирање на Cumberland HouseОваа година ќе се реновира екстериерот на Cumberland House во Бирмингем. Објектот е еден од многуте зданија типични за шеесетите години на минатиот век градени во текот на модернистичката повоена архитектонска регенерација. Ваквите објекти најчесто „исчезнуваат“, или пак, како во конкретниов случај, доживуваат потполна реконструкција во стилот на 21 век. Според планот, објектот од канцелариски простории ќе биде пренаменет во современ хотел. Промени се планираат да се направат и во уредувањето на околниот простор. Ваквиот зафат е дел од реновирањето на Broad Street во Бирмингем.

виниПег

боемска резиденцијаВо Винипег, Канада, неодамна е довршена реконструкцијата на приватен станбен објект, од страна на архитектонските студија 5468796 Architecture Inc и Cohlmeyer Architecture Ltd. Суштината на старата куќа, не во нејзина вистинска присутност, станува центар на новата резиденција, додека оригиналната основа на куќата е сочувана „потопена во двориште“. На уникатен начин внатрешниот простор е заменет со двориште, и обратно. Оваа промена, овозможува духот на старата куќа да остане. Истовремено, дворот го прави целиот објект визуелно попростран, и се создава врска околу која циркулираат спирали во три димензии. Пеку спиралната циркулација се доловува боемскиот дух на стариот објект.

Page 21: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 21

21

архитектура инфо

белград

на Young Balkan Designers нема претставник од македонијаКултурната организација „Миксер“ од соседна Србија неодамна ја објави листата на победници на регионалниот конкурс под наслов Young Balkan Designers. Избрани се четиринаесет дизајнери кои доаѓаат од пет земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција и Србија. Наградените ќе го претставуваат креативниот потенцијал на регионот на меѓународниот саем за дизајн во Милано, во средината на месец април. Потоа, ги очекува учество на Миксер фестивалот 2011, што ќе се одржи во Белград, како најголемо регионално дефиле на креативноста и иновацијата.

токио

небесна потпора Tokyo Sky Tree во моментов надминува 600 метри, а висината на овој објект и натаму се движи кон рангот на втора највисока зграда во светот. Изградбата е започната во јули 2008 година, а се очекува да заврши во текот на пролетта 2012 година. Силуетата на челичната кула е инспирирана од традиционалната јапонска култура, конкавните и конвексни криви се симбол на естетските идеали за елеганција во Јапонија. Акцентот ќе биде поставен на осветлувањето на објектот, при што освен на естетиката ќе се внимава и на економично користење на енергијата.

њу Џерси

Палисадни резиденции „Полихедра“Резиденцијални објекти, дизајнирани од John Beckmann и Masaru Ogasawara, во форма на кристални многуаголници се закачени над гребен стар над 200 милиони години по долниот тек на реката Хадсон, во Њу Џерси. Гребенот е речиси вертикален од брегот на реката и претставува еден од најдраматичните видици во поширокиот регион. Висечките објекти се изработени од бетонска структура, алуминиумски панели, специјално стакло, и фотонапонски материјали вградени во површините што се изложени на инсолација.

Page 22: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011322

22

Аудиторијум Тенерифе

Град на уметноста и науката , Валенсија, Шпанија

Музеј на уметноста, Милвоки, Висконсин, САД

„Мост“ во Мурсија, Шпанија

Page 23: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 23

23

архитектура

Неодамна во соседна Србија беше објавена ексклузивна вест. Еден од најславните светски архитекти,

Сантијаго Калатрава, прифати да ја проектира новата зграда на Белградската филхармонија. Имено, на покана од Фондацијата на Белградската филхармонија, Калатрава гостуваше во главниот град на Србија неколку дена за да ја согледа ситуацијата и можните локации каде што би била изградена зградата на идната Белградска филхармонија. „По исклучителниот прием што го доживеав во Белград, имав можност да се запознаам со ситуацијата во која се наоѓа оркестарот и да поразговарам за нивните планови за изградба

на нова концертна сала“, изјавил Калатрава. Според зборовите на овој архитект, кој инаку е автор на една од најубавите концертни сали во светот, „Аудиторио де Тенерифе“ на Канарските Острови, „Од огромно значење е овој

проект да се реализира. Пред сè, заради младите амбициозни луѓе во Белградската филхармонија, кои напорно работат на проект од немерливо значење за својот град и земја. Овој оркестар, апсолутно посветен на музиката, со своето залагање и успеси непрекинато работи на креирање на потполно нова културна мапа на Србија“.Прославениот шпански архитект, Сантијаго Калатрава, во текот на својот престој во Белград направил посета на неколку локации, а како посебен момент за целиот проект ја истакнал можноста потенцијалниот концепт на проектот да биде близу брегот на дунав, како еден од најважните европски патишта на културата. Исто така,

Калатрава изјавил дека проектирањето на новата Белградска филхармонија за него претставува нов творечки предизвик. Како што пренесуваат медиумите во регионот, Калатрава бил воодушевен од урбанистичките потенцијали на Белград, и го поздравил планот на градските челници за трансформација

на крајбрежјата на реките дунав и Сава во голем белградски градежен ресурс. „Врската што на овој начин би се остварила со средна Европа - Германија, Австрија, Унгарија - за Белград би претставувала вистинска шанса силно да се позиционира

како културна престолнина на Балканот“, истакнал Калатрава.

Придонес Исто така, според челните луѓе на Белградската филхармонија и нејзината Фондација „Зубин Мехта“, Белград со ангажманот на Калатрава се појавува на картата на избрани градови, во кои постојат градби и зданија на овој великан на соврмената архитектура. Инаку, новата концертна сала е дел од стратегијата за развојот на иницијативата „Белград - културна престолнина на Европа 2020“.

антроПоморфностСантијаго Калтрава (Валенсија, 1951) е шпански архитект, и еден од најпознатите во светот. дипломирал на Архитектонскиот факултет и на факултетот за уметност и занает во родниот град. По завршувањето на студиите во 1975 година, се запишува на Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих каде студира нискоградба. Најголемо влијание врз него имал Ле Корбизје. По завршувањето на две докторски дисертации, почнал да се занимава со архитектура и инженерство во 1981 година. Единствениот и креативен стил на Калатрава го поврзува јасен архитектонско-визуелен стил кој хармонично делува со цврстите принципи на инженерството. Тој ја претставува школата на класичните

архитекти кои се грижат како за уметничкото така и за техничкото обликување на градбата. Неговото дело честопати резултира во форми и структури кои можат да се најдат во природата, заради што архитектонските критичари ги третираат и дефинираат како антропоморфни. Ги подигнал стандардите на многу инженери и проектанти кога се во прашање изградбата на мостови. Исто така, Калатрава дизајнирал голем број железнички станици кои дишат со бистри, отворени и функционални простори. Со својот централен уред во Цирих и ограноците во Њујорк, Париз и Валенсија, Калатрава на три континети проектирал зданија кои се препознатливи како важни обележја во градовите ширум светот, и чија постмодерна естетика денес се оценува како највисок домен на архитектонската уметност. Меѓу нив се „Трнинг Торсо“ (Малме, Шведска), „Светски саем“ (Севилја, Шпанија), „Град на уметност и наука“ (Валенсија, Шпанија), „Аудиторијум Тенерифе“ (Санта Круз, Канарски Острови), „Музеј на уметноста“ (Милвоки, Висконсин, САд) „Мост Џејмс Џојс“ (даблин, Ирска), обнова на „Олимпискиот стадион“ (Атина, Грција), „Железничка станица“ (Лион, Франција), „Мост на жени“ (Буенос Ајрес, Аргентина)...

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

ИЗБРАНИ ГРАДОВИ Белград со ангажманот на Калатрава како автор на новата зграда на Белградската филхармонија, се појавува на картата на избрани метрополи во кои се наоѓаат зданијата на овој великан, препознатливи како важни обележја на градовите ширум светот

Калатрава - архитектот на најубавите концертни сали ќе проектира во Белград

Цртеж на Калатрава посветен на Белградска филхармонија

Page 24: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011324

ентериер

24

Новата продавница на “Aesop” во Париз

Page 25: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 25

25

ентериер

Австралиската компанија “Aesop”, специјализирана

за производство на специфични козметички производи, секогаш била препознатилива по својот визуелен идентитет кој го развивала уште од самите почетоци на своето постоење. Секоја продавница на овој бренд поседува сличен визуелен концепт кој донекаде е приспособен на барањата на просторот во кој се наоѓа. “Aesop” неодамна отвори продавница во Париз, во соработка со March Studios. Овој тим реализирал веќе неколку ентериери, па архитектите веќе биле добро запознаени со барањата на овој клиент. Највпечатливата карактеристика за оваа продавница е нејзиниот богат излог со големи стаклени површини, и затоа целокупниот ентериер е третиран како изложба или поставка на излог. Амбалажата на производите е заробена во црни мрежи кои висат од плафонот и ѕидовите, а низ која се пробиваат неколку класични светлечки тела. Бидејќи подвижниот излог служи како влез во продавницата, призорот на заробени кутии ги дочекува посетителите, што им остава импресивен прв впечаток. Остатокот на продавницата е уреден по идејата на визуелниот идентитет на компанијата, а тоа се необработени дрвени даски со кои се обложени сите внатрешни ѕидови. Ваквиот ѕид делува како декоративен елемент, но и како сталажа за производи. Примарните геометриски облици и едноставната проектантска идеја креирале мошне интересен простор и според реакциите на експертите, но и на посетителите - успешен проект.

подготви: Д.Б.

Page 26: PORTA3 152

Почитувани проектанти, архитекти и дизајнери, студенти и постдипломци! ЕРА / Скопски саем, во рамките на претстојниот саем МЕБЕЛ 2011 (22-27.03.2011) Ве покануваат да земете учество на КОНКУРСОТ за дизајнирање на мебел со следната конкурска задача:

ДИЗАЈНИРАЊЕ НА ЕЛЕМЕНТ ЗА СЕДЕЊЕ

Пропозиции: • На Конкурсот можат да учествуваат сите заинтересирани проектанти, дизајнери и студенти одМакедонија • Нивото на образование и искуството во проектирањето и дизајнирањето на мебелот ќе ја дефиниракатегоријата на која ќе припаднат (дизајнери или студенти) • Конкурсната задача „Дизајнирање на елемент за седење“ се однесува на дизајн на столица илифотелја • Нема ограничување на материјалите за изведба на предложениот дизајн

Формат на трудовите: • Да биде изработена техничка документација во компјутерски цртачки програм со следните прилози:

три проекции (изгледи), карактеристични пресеци, детали за применетите конструктивни врски засоставување на елементите во готов производ и просторен приказ

• Да се достават во печатена верзија (принт) во формат Б1 (100х70см.) на 1 прилог • Трудот да биде репрезентативен и самиот по себе да претставува достоен графички дизајн.

Категории и награди: I категорија – професионалци (дизајнери и проектанти) – награда од 30.000 денариII категорија – студенти – награда од 18.000 денари

Трудовите изготвени според пропозициите ќе бидат разгледани од страна на стручната комисија: 1. проф.д-р Нацко Симакоски, Кластер на дрвната индустрија на РМ – претседател на комисијата 2. проф.д-р Иванка Кировска, Архитектонски факултет Скопје 3. доцент Владимир Каранаков, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Скопје 4. дипл.инж.тех. Киро Спанџев, Министерство за економија на РМ (оддел за индустрија) 5. дипл.инж.арх. Корнелија Конеска, Скопски саем / Хуманополис, фондација за едукација и развој

Краен рок на достава на трудовите – 15.03.2011 Конкурсните трудови треба да се достават на адреса на Скопски саем: Беласица 2, 1130 Скопје Објавувањето на добитниците на наградите во двете категории ќе биде на 22. март (вторник) во 11ч. во Метрополис арена, во рамките насвеченото отворање на саемот МЕБЕЛ 2011, а сите пријавени трудови ќе бидат изложени во евент холот за време на траењето на саемот. Послезавршувањето на конкурсот, трудовите не се враќаат. Повеќе информации на: 02/3218-472 ([email protected]) или www.skopjefair.com.mk

ДЕНОВИ НА КАРИЕРА 2011Денови на Кариера е централниот настан во областа на развојот на кариерата во нашата земја. Цел на проектот е да се овозможи интеракција помеѓу студентите и македонските компании, да се зголеми свеста кај студентите за тоа што точно компаниите ценат кај своите идни вработени, развој и едукација на студентите со цел оспособување за почетните чекори на успешна кариера, зголемување на вработеноста на студентите од сите факултети.

Еден дел од проектот ќе биде и саемскиот дел пред техничките факултети:

Career Days TechnicalОвој дел годинава ќе се одржи за првпат со посебен нагласок на студентите од областа на информатичките технологии, машинството, градежништвото, архитектурата, природните науки и телекомуникациите, како есенцијални струки во општествениот живот.Вашата компанија ќе биде претставена пред повеќе од 5.000 студенти од техничките науки

Зошто Вашата компанија да биде дел од Денови на Кариера 2011?

Пристап до топ таленти - можност за интеракција и директен контакт со студенти за време на одржување на проектот преку едукативниот семинар, саемот на компании, индивидуални интервјуа. Можност каде што ќе ги запознаете Вашите идни вработени; позиционирање како најпосакувана компанија за идно вработување;дата база на студенти - освен дата базата со над 1.300 биографии на студенти Денови на КариераВи нуди можност да создадете сопствена дата база од посетителите на саемот на компании; промоција - одличен начин да ја претставите Вашата компанија пред потенцијалните вработени, соработници и пошироката јавност; преставување на компанијата како општествено одговорна компанија - со Вашето учество наДенови на Кариера директно придонесувате во намалување на бројот на невработеност меѓу ново дипломираните студенти.

На 8 и 9 април ќе се одржи едукативен семинар, а на 11 и 12 април Саем на компании на техничките факултети посетете не на careerdays.org.mk

Page 27: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 27

27

ентериер

Младиот американски дизајнер Шон

Виланд (Shawn Weiland) е креатор на столот “Affectual Chair”, кој добил признание од тамошната стручна јавност. Според зборовите на самиот дизајнер, за главниот мотив на обликување му биле одредени релации: односот меѓу материјалите, односот корисник и предмет и на крајот, односот предмет со контекстот на локацијата (просторијата). дизајнот настанал преку истражување на физичките и емоционалните врски меѓу човекот и предметот што секјдневно го користи, и обидите за креирање дизајн кој поседува универзални вредности. Формата и материјалите на овој стол комуницираат со формален јазик, и затоа тој може лесно да се змисли во деловните и комерцијалните простори. Стручњаците столот го опишуваат како мошне крут дрвен облик со топол карактер, ублажен и со благо закривени челични потпирачи кои овозможуваат студено чувство на метал и елегантност на конструкцијата. Кога се гледаат другите негови дела, меѓусебно мошне слични, лесно може да се заклучи дека овој дизајнер е поклоник на минимализмот и примитивната морфогенеза. Ваквиот принцип е присутен и на овој стол, каде што дизајнот копнее кон искористување на максимум од минимумот на масата и материјалот.

подготви: Д.Б.

Американскиот дизајнер шон Виланд е автор на столот “Aff ectual Chair”, кој добил признание од тамошната стручна јавност.

Стол "Affectual Chair"

Page 28: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011328

28

интервју

Неодамна во Скопје беше промовирана книгата „Созревање“ од архитектот

Валентино Константиновски. Авторот ја издаде оваа книга како обележје на неговото професионално созревање во архитектурата. Константиновски намената на неговата книга ја гледа како „инспирација за помладите генерации и за нивно созревање преку архитектурата“. Во книгата се опфатени триесетина проекти, а промоцијата беше дополнета со стилски уредена изложба.

Господине Константиновски, да се седне и да се напише книга потребна е идеја и мотив. Која беше Вашата идеја и мотивот за нејзино издавање? Мотивот за целиот овој проект беше да се направи архивирање

на целокупното творештво според хронологија, односно да се заокружи една етапа од творечкиот развој во која авторот созревал низ времето, и паралелно да се отвори простор за дебата и понатамошен развој на креативниот дизајн од областа на архитектурата. Изложбата трае извесен период додека трае и потоа останува само еден мемориски запис кај оние што ја посетиле, а книгата ќе остане во трајно сеќавање поради својата физичка присутност. И 17 години можат да бидат јубилеј, секако повеќе од личен аспект, како сопствен јубилеј, посебно ако е проследен со самостојна изложба и промоција на книга, а не случајно е одбран датумот 17 февруари како ден за отворањето.

Во што, според Вас, најмногу се воочува некаква посебност при еден ваков преглед на вашето творештво? Веројатно имам поминато низ некоја архитектонска еволуција, или едно прочистување низ времето. Постои препознатливост во однос на чистината на концептот и едноставниот јазик на изразување, линеарност, честа употреба на примарни материјали при проектирањето и нивно вклопување со околниот амбиент. Постои еден минималистички пристап и функционална читливост на проектите со употреба на чисти геометриски линии и форми. Што се однесува до примена на боите, некаде има смела игра со бои заради постигнување на некакви визуелни ефекти, а некаде се употребени само

природните бои на материјалите. Ги следам светските достигнувања на современата архитектура, се обидувам максимално да ги приспособам на домашните услови и секако да внесам доза на индивидуалност, заедно со тимот со кој работам, бидејќи архитектурата е тимска работа.

По што е специфичен вашиот поглед на архитектурата? Постојат безброј дефиниции за архитектурата, но таа не може точно да се дефинира, токму поради нејзината комплексност. Како што е специфична неповторливоста на моментот во фотографијата, тоа всушност се случува и со архитектурата. Секој архитектонски проект е неповторлива приказна за себе. Токму тука го гледам

соЗревањелична архитектонска еволуција

Page 29: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 29

29

интервју

одговорот на вашето прашање, сите ние гледаме од различен агол на архитектурата, а специфичноста на погледот кон неа се нашите дела, нашите остварувања.

На кои ваши проекти сте најгорди? Неколку од проектите ми се посебно драги како на пример: Универзитет за информатички технологии со Студентски дом и Спортска сала, Природонаучен музеј на Матка, индивидуален станбен објект „Тријада“, потоа куќа „Коцки“ и можеби мојот последен проект Викенд куќа во Радожда, поради едноставноста на концептот.

Дали имате проектирано и на меѓународно ниво? да, имаме учествувано со тимот на неколку меѓународни конкурси

во и надвор од нашата земја. Надворешни се Национален музеј во Осло, Норвешка; Административна зграда во Вишеград, Република Српска; Центар за промоција на наука во Белград, Србија; Build a Better Burb, Long Island, USA.

Кој период од архитектонското творештво во нашата земја го издвојувате како посебен и што мислите за актуелната состојба во областа на архитектурата? Како посебен го издвојувам периодот од крајот на шеесеттите години до крајот на осумдесеттите на минатиот век, во кој беа изградени македонските архитектонски ремек дела, но за жал, мислам дека тие не беа прифатени од граѓаните како добри проекти. Претпоставувам дека им

е потребна поголема едукација за современата архитектура. Веројтно вистинската вредност ќе ја согледаат некои следни генерации. Сегашната актуелна архитектура е агресивна, да се искористи секој можен квадратен метар површина, на штета на квалитетот и хуманоста на просторот, пред сè мислам на јавниот простор. Исто така би го употребил терминот декадентна архитектура, како најсоодветен на денешните случувања во полето на архитектурата на нашите простори, секако со чест на исклучоци. Единствено оправдување би било ако целта на денешниве архитектонски случувања била да се постигне „пародија“ во архитектурата.

што следно може да очекуваме од вас? Бидејќи конкурсите се навистина феномен и предизвик во нашата професија и можеби затоа се најинтересен момент за нас архитектите, сигурен сум во тој поглед дека ќе продолжиме со учество на домашни и меѓународни конкурси. Останатото, како тековна работа исто така продолжува во континуитет, а јас планирам во меѓувреме да поработам на мојата лична едукација т.е. теоретска надградба. За повторна изложба или друга промоција во моментов рано е да се зборува, но јас едноставно сакам изненадувања и поради тој факт велам дека никогаш не се знае...

Леонида Пенка БАшА

Валентино КОНСТАНТИНОВСКИ, архитект

Page 30: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011330

30

урбанизам

Холанскиот град Ротердам, еден од најголемите светски пристанишни градови, епитетот „метропола“

можеме да речеме дека го добива дури во дваесетиот век. Историски, урбаниот развој на овој град зависи од неколку крупни настани и зафати, кои значајно влијаеле на неговото архитектонско и урбанистичко развивање. Првата поголема трансформација на урбанистичко архитектонски план овој град ја доживува во деветнаесетиот век, во 1872 година, со пробивањето на каналот „Нов воден пат“ во должина од десет километри. Овој канал доволно широк и длабок за по него да пловат прекуокеански бродови, ја поврзува Рајна со Северното Море, односно функционира како водна врска помеѓу Англија, Холандија и Германија. Со овој зафат ќе се отвори нова страница во развојот на Ротердам како едно од најзначајните европски пристаништа.

Втор значаен настан, кој силно влијае на формирањето на овој град и стекнувањето на денешниот лик е Втората светска војна кога Ротердам ќе доживее комплетна катастрофа. Воздушната флота на хитлеровската војска Ротердам ќе го срамни со земја, давајќи пример како ќе си помине секој град и земја што ќе пружи отпор. Ова за Ротедам ќе значи уште една радикална промена и овој град повторно ќе се најде пред важна одлука: да се реконструира срушеното или не!? Ротердам и градските власти, за разлика од останатите поголеми европски градови кои ја делат истата судбина, имаат сосема поинаков пристап во повоената обнова на градот. Тие одлучуваат: ниедна од срушените градби да не биде реконструирана! Покрај неколкуте предвоени објекти кои случајно ги избегнале авионските бомбардирања, Ротердам ќе биде одново изграден во духот на една сосема нова, современа

архитектура. Во Ротердам ќе бидат изградени најголем број современи висококатници на континентот. Всушност, овој холандски град веќе ја има традицијата на градење на висококатници. Првата висококатница во Европа е изградена токму во Ротердам, во 1898 година, во квартот на старото градско пристаниште. Била наречена „Бела куќа“ и имала височина од 43 метри. Оваа тенденција продолжува и до денешни денови. Тука облакодерите го имаат најдено своето место обележувајќи го градскиот урбан пејзаж на еден многу впечатлив начин, својствен само за Ротердам.На границата помеѓу старото пристаниште и останатиот дел на градот е изградена населбата наречена Cube houses или Tree houses, кварт кој денес е еден од најпосетуваните урбанистичко – архитектонски атракции во овој холандски град. Во седумдесеттите години од минатиот век, замислата

на локалните урбанисти била да се премости големата градска сообраќајна артерија во центарот на градот, со населба во која ќе се предвидат и трговско-угостителски содржини. Оваа замисла и нејзиниот проект биле инспирирани од мостот Ponte Vecchio во Фиренца, а архитектот Пјет Блом оваа идеја ја реализирал на еден контроверзен и тотално радикален начин. Тој го обмислил овој кварт низ еден крајно егзотичен и оригинално обликовен пристап, решавајќи куќите во форма на коцка да ги ротира за 45 степени и да ги „обеси“ на призмични носачи - добивајќи ја сликата „куќи на дрво“. Неговата идеја била да се добие еден комплекс на станбена структура во кој ќе коегзистираат јавниот и приватниот простор. Со реализацијата на оваа замисла, Пјет Блом го навестил стрмежот на ротердамците да предводат во екстремните современи архитектонски тенденции. Но, токму ова преклопување,

Page 31: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 31

31

урбанизам

коегзистирање на јавниот и приватниот простор било направено на штета на станарите на овие куќи. Незадоволството на граѓаните од овој простор прогресира со текот на годините. Граѓаните на Холандија честопати се прашувани што мислат и како се чувствуваат по прашање на извесни архитектонски зданија, независно дали пред нивната изградба или потоа. Честопати тие и имаат забелешки околу заживувањето на објектите и нивната функционалност. Ваквото незадовослство е предизвикано од многу фактори за кои граѓаните преку анкети се изјаснуваат. Главен „виновник“ за можноста на јавни дебати во врска со веќе изградените згради од јавен и приватен карактер од Ротердам и од цела Холандија, е холандскиот Институт за архитектура (NAI) сместен токму во Ротердам. NAI во состав на изложбата насловена како „дебатирани градови“ (Dispute Cities) што беше отворена минатата година во просториите на Институтот, всушност реално ја дава можноста за критика на четириесет проекти изградени во текот на изминатиот

век низ повеќе холандски градови. Транспарентноста на јавното мислење во однос на изградениот простор во Холандија е значајно не само пред неговата реализација туку и по неа. Симболично речено, преку традицијата за одгледување цвеќе, Холанѓаните знаат дека без особено внимание секој организам венее и пропаѓа. Затоа овој народ знае дека на секој јавен изграден простор му е потребна соодветна грижа за да биде секогаш жив и функционален. Преку изложбата „дебатирани градови“ граѓаните го даваат својот глас „за“ за оние објекти што „добро стареат“ и опстојуваат во урбаниот простор, и својот глас „против“ за оние што во текот на своето опстојување не ги задоволуваат потребите на граѓаните. За таа цел, организаторите на изложбата поставуваат макети во голем размер на сите четириесет објекти, и за секој посебно се снимени видео материјали претставени во неколку минути од избрана група млади архитекти. На овој начин посетителот на изложбата добива можност одблиску да се запознае со детали за секоја зграда поединечно, и може лесно да ги спореди

објектите затоа што се поставени во еден зеднички простор. Круна на демократичноста во ова дебатирање на јавниот простор претставуваат џиновските копчиња за гласање пред секој објект со зелена и црвена боја што би значело одобрување или негирање на соодветниот изложен објект. За изненадување за архитектонската фела, во изборот на граѓаните не помина ни Kunsthal на Колхас, ни објекти на Питер Оуд, ни други амблематични објекти од минатиот век. Институтот ги објавува резултатите на неговиот интернет портал во кој се издвоени само десет објекти кои се позитивно оценети од посетителите на оваа изложба од отворен карактер. Најмногу гласови доби објектот Hoofdkantoor Nederlandse Middelstandsbank од архитектите Албертс и Ван Хут изграден во 1987

година во Амстердам. Тоа е објект во кој повеќе ја препознаваме традиционалната холандска архитектура од надворешноста на објектот, додека внатрешноста е многу поиновативна со исклучителна пластичност во декорацијата и интересни внатрешни отворени простори со органски форми. Интересно е што „губитниците“ ќе бидат ставени во магацинските простори на Институтот, а избраните десет згради ќе бидат изложени во истиот простор на постојаната изложба наречена “Cities of Holland“. Овој пример за транспарентност на јавното мислење за архитектурата во јавниот простор во Холандија претставува јасна слика за демократичноста на општествената јавност на оваа северноевропска земја. Можноста да се чуе гласот на поединецот, на граѓанинот и

јАВНИ ДЕБАТИ Ротердамците, за да го претстават современото општество во градската средина, секогаш оставаат простор за јавни дебати во кои се вклучува целата јавност, за да бидат задоволени потребите на сите граѓани

Мапа од 1890, Ротердам

Мостот Erasmus, Ротердам

Мапа од 1652, Ротердам

Page 32: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011332

32

холандски институт За архитектура (NAI)Во Ротердам, во паркот наречен „Парк на музеите“, еден од шесте музеи е и зградата на холандскиот Инситут за архитектура. „Паркот на музеите“ е проект на архитектот Витевен настанат во дваесеттите години од минатиот век. Тој е замислен како отворен музејски простор кој треба да ги обедини сите музејски згради иако припаѓаат на различни архитектонски епохи. Една од најновите згради е Институтот, објект креиран од архитектот Џо Коенен во 1993 година. Институтот ја поседува една од најбогатите светски колекции на книжевен архитектонски фонд со околу 30.000 книги претставени во три изложбени галерии. Неколку милиони архитектонски цртежи, основи, пресеци, фасади, фотографии, писма и многу други документи кои се целосно дигитализирани се наоѓаат во оваа зграда. Благодарејќи на грижливо сочуваната и одржувана архива на овие вредни документи, архитектите, урбанистите и сите заинтересирани посетители од Холандија и од целиот свет имаат можност преку еден мултимедијален приказ на повеќе нивоа, поставен во зградата на Институтот, да се запознаат со ова исклучително светско архитектонско наследство.

урбанизам

NAI институт

Бела куќа од 1898 - прв облакодер во Европа

Kunsthal музеј, Ротердам

Page 33: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 33

33

конечно на корисникот на просторите што ги креираат архитектите и урбанистите е од исклучително значење. Значењето се состои во тоа што следните планери и креатори на новата градска слика ќе го имаат на ум и мислењето на граѓаните што секогаш се почитува знаејќи дека само на тој начин можеме да го бараме балансот помеѓу вкусот на креаторот и на корисникот. Секако дека граѓаните не проектираат, но сепак постои факт дека и објектите на светски реномираните архитекти може да не бидат прифатени од граѓаните, без разлика дали архитектонската елита се воодушевува на нивните форми, креации. доволно е архитектите да ги имаат отворено сите сетила со цел да ги насетат вистинските потреби на крајните корисници на проектираниот простор. Ротердам со својата оригиналност, во секоја смисла, на својата урбана слика што ја создаваат неговите висококатници, мостовите и современиот израз на новите зданија, претставува пример за храбри архитектонско-урбанистички зафати. Несомнена е потребата да се отслика печатот на современото општество во градската средина. Ротердамците тоа го прават на одличен начин, оставајќи секогаш простор за јавни дебати во кои се вклучува целата јавност, а со крајна цел да се добие оформен простор во кој секој негов учесник и корисник ќе ги задоволи своите потреби.

д-р Александар Андовски, доц. при Универзитет

МИТ- Скопје

урбанизам

Макета на Museumpark

Hoofdkantoor Nederlandse Middenstandsbank,победник во дебатата

Ротердам, пред и по

бомбардирањето

Ротердам, Cube House

Page 34: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011334

34

еко урбанизам иднината на урбаниот раЗвој

Сино-Сингапур Тијанџин е еко-град и стратегиски проект овозможен со соработка

меѓу Кина и Сингапур, со цел да се подобри животната средина и да се креира идната еко-култура. Имајќи реално и историско значење, проектот ја одразува силната решеност на двете земји за борба против климатските промени, подобрување на животната средина, како и заштедата на ресурси и енергија. Поради тоа, обата лидери, кинескиот и сингапурскиот, му имаат дадено голем акцент на проектот и

имаат направено важни забелешки за истиот. Како што истакна кинескиот претседател Ху Џинтао, проектот манифестира сеопфатен, координиран и одржлив поглед на научниот развој. Главниот министер на Сингапур, Го Чок Тонг, изјави дека е подготвен да соработува со Кина за промовирање на проектот. Кинескиот премиер Вен Џијабао, исто така изјави дека очекува дизајнот на проектот да гледа напред, и притоа да се присвои високиот стандард за изградба, така што би се реализирала

заедничката желба да се заштети енергија, да се заштити животната средина, а искуствата да останат во наследство за помладите генерации. Премиерот на Сингапур, Li Hsijen Lung, истакна дека проектот за еко-град ќе придонесе за ефикасно искористување на ресурсите и ќе иницира социјална хармонија. Во април 2007 година, премиерот на Кина Вен Џијабао и главниот министер на Сингапур Го Чок Тонг, ја покренаа идејата за изградба на еко-градот во Кина, а подоцна беа разгледувани можните локации

и принципите на изградба на проект за еко-град. Врз основа на резултатите од спроведените истражувања и мислењата од релевантните институции од двете држави, проектот е сместен во Тијанџин, област Бинхаи. Потоа е потпишан рамковен договор меѓу двете држави за градење на еко-градот. Во исто време, Министерството за градежништво на Кина и Министерството за националнен развој на Сингапур, потпишаа договор за ребаланс на рамковниот договор меѓу двете

Page 35: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 35

35

еко урбанизам

ТИјАНЏИН Првиот кинески елитен еко-град за 350.000 жители ќе никне во најбројната земја на планетата до 2020 година. Тијанџин ќе зазема 30 квадратни километри во областа на селото Квинтоци и околното езеро на север на Кина

Сино-Сингапур Тијанџин еко-град на иднината

држави, со што беше означен почетокот на проектот. Владата на Сингапур годинава формираше Комитет на министри, со цел да се подобри координацијата и имплементацијата на дизајнот на проектот, што укажува на важноста на проектот за регионот.

иЗбор на локацијаПроектот е заснован врз почитување на принципите за добивање на земјиштето преку правни процедури, заштеда на земјата и водата, реализирајќи ги ресурсите

за рециклирање. Реализирање на ваков проект, поставен на место со недостиг на вода, солена земја, малку вегетација, неповолни природни услови и кршливи еколошки параметри, претставува голем предизвик. Процентуално, површината за градот е поделена на три дела и тоа: солена земја, напуштена плажа и водна површина која вклучува езерце за отпадни води. Во меѓувреме, со поддршка од страна на соседните метрополи, местото е поврзано со добра транспортна мрежа и ниска

цена на чинење на изградба на инфраструктурата што е добро за еколошка реставрација.

клучни Перформансни индикатори (кПи)Врз основа на тековните услови кои ги наложуваат ресурсите, животната средина, човековите потреби и локацијата на еко-градот, КПИ рамката ја следи човековата ориентирана перспектива. Притоа се опфатени неколку аспекти: здрава еколошка средина, социјална хармонија и напредок, енергична и

ефикасна економија, интегрирана регионална координација преку 22 квантитативни индикатори, но и 4 квалитативни индикатори кои ќе го насочат развојот на еко-градот. Некои од нив се следните: 1. Квалитетот на воздухот во еко-градот треба да ги исполнува стандардите на кинеската национална оценка за квалитетот на амбиенталниот воздух за најмалку 310 дена во годината; 2. Квалитет на вода од славини (водата од сите чешми треба да биде за пиење);

Page 36: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011336

36

еко урбанизам

3. Процент на „зелени згради“ (сите згради во еко-градот мораат да ги задоволат стандардите на „зелените згради“); 4. „Зелен транспорт“ (најмалку 90% од патувањата во рамките на еко-градот треба да бидат овозможени до 2020 година. „Зелените патувања“ се однесуваат на патувања преку немоторизиран превоз, односно возење велосипед и пешачење, како и патувања со јавен превоз); 5. Создавање на работни места во еко-градот (доволно работни места треба

да бидат генерирани за најмалку 50% од жителите на еко-градот во рамки на истиот, со цел да се намали дистанцата од нивниот дом до работното место); 6. Користење на вода од нетрадиционални извори (најмалку 50% од водоснабдувањето на еко-градот ќе биде од нетрадиционални извори како бигор или преработена вода).На овој начин, преку овие клучни перформансни индикатори (КПИ) се задржува суштината и се зголемуваат стандардите на урбанистичкото планирање. Тоа е одраз на новите барања на урбанизмот со акцент на заштитата и обновата на природните еколошки системи, подобрени услужни функции и врвен квалитет на животната средина, како и координиран човечки направен еколошки систем.Тијанџин еко-градот е лоциран во важна национална стратешка област, одалечен на 40 км од Тијанџин и

на 150 км од Пекинг. Целокупната површина на градот е 31.23 км2, со планирана популација од 350.000 жители. Се очекува градот да биде целосно развиен околу 2020 година.

Планирање и социјална хармонијаПланот за градот е заеднички изработен од Кинеската Академија за урбанистичко планирање и дизајн и Институтот од Тијанџин за урбанистичко планирање и дизајн. Тијанџин еко-градот ги применил

концептите на планирање на еко-економија, еко-резиденции за живеење, еко-култура, хармонична заедница и научно управување. Со интегрирање на напредни еколошки и штедливи техники на енергија ќе се креираат природни, за човекот адекватни резиденции за живеење, а со тоа се очекува градот да биде економски жив. Проектот ја промовира употребата на чиста енергија и обновливи извори на енергија, со засилени способности на иновација и оптимизирана индуструска струкутра за да се постигне високоефикасна рециклирачка економија. Фокусирајќи се на координацијата со соседните региони во однос на животната средина, социо-културата, економијата и политиката, ќе се реализира и регионална интеграција. Градот е дизајниран за да биде практичен, репликативен и да е во можност да се примени на друга локација во зголемен или

СОРАБОТКА Како резултат на климатските промени, зачувувањето на природата и заштедата на постоечките ресурси, настанал еко-градот Сино-Сингапур Тијанџин, проект осмислен во соработка меѓу Кина и Сингапур

Page 37: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 37

37

еко урбанизамнамален размер. Постојните мочуришта и биодиверзитетот ќе бидат зачувани, а зелените површини ќе бидат составен дел на градот. Во градот ќе се спроведува интегрирано управување со отпадот, со посебен акцент на редукција, ре-употреба и рециклажа на отпадот. Планиран е лесен железнички транзитен систем, дополнет со секундарна мрежа на трамваи и автобуси, и тоа ќе преставува главниот начин на транспорт во еко-градот, со што емисиите на јаглерод ќе бидата редуцирани.Социјалната хармонија е клучна карактеристика на еко-градот. Субвенционирани станови за домување ќе бидат овозможени од државата, со што ќе бидат задоволени потребите за домување на средните и пониските слоеви на општеството. Со тоа ќе биде овозможена комуникација и заеднички услови за живеење на различни слоеви од општеството, а така и интеракцијата ќе биде на високо ниво. Еко-градот е проектиран да биде без бариери со цел да бидат задоволени и потребите на старите луѓе, како и на лицата со посебни потреби. Јавни социјални и рекреативни содржини се планирани близу домовите преку лесен пристап, со што желбите на граѓаните ќе бидат исполнети и ќе им биде овозможена добра комуникација. Развојот на еко-градот го почитува и локалното наследство. Профилот на каналот Ји, што е стар 1.000 години, ќе биде зачуван. Во рамките на еко-градот ќе бидат конзервирани две постојни села преку адаптивни методи за понатамошно користење или делумна обнова. Во секоја од приградските населби ќе се сместат комерцијални под-центри, со цел да се обезбедат можности за вработување на жителите, а и да се намали нивната потреба за патување. Исто така се планирани сервисни индустриски паркови, универзитет и болница, а сето тоа ќе придонесе за долгорочен економски развој на еко-градот.

подготви: Маја ЛУКАРЕВСКА

Page 38: PORTA3 152

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 39: PORTA3 152

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 40: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011340

рубрика

40

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

Page 41: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 41

41

спортски храмови

Чеченскиот град Грозни, во мај годинава, официјално ќе го промовира својот нов спортски комплекс во чии редови ќе доминира новиот фудбалски стадион со капацитет од 30.000 места. Иако досегашниот фудбалски стадион на кој настапува екипата на „Терек“ од Грозни неколкупати беше реконструиран, се чини минималниот капацитет од само 10.000 места за седење беше главна инспирација за жителите на Чеченија да се решат за изградба на нов.Оваа руска република во третиот квартал на 2009 година почна со изградба на спортскиот комплекс кој ќе го носи името „Ахмад Кадиров“, а во чии рамки освен овој стадион со олимписка атлетска патека ќе се најдат и неколку помали објекти кои ќе се користат како тренинг капацитети. Во планот за изградба на целиот спортски комплекс се опфатени и изградба на две помошни игралишта, спортска сала со капацитет до 5.000 места, тениски терени, фитнес сала, два базени (затворени), како и посебни секции за одржување на боксерски и боречки тренинзи. Вкупната цена на изградбата на спортскиот комплекс чини 250 милиони долари, а најголемиот дел од нив ги обезбеди владата на републиката. Словачката градежна компанија НСФ е изведувач на најголемиот дел од работите на стадионскиот комплекс. Таа доби дополнителна задача да изгради и два хотела во

непосредна близина на комплексот, со што ќе се добие на дополнителна поврзаност на локацијата и обезбедување комодитет во сместувањето на гостите што ќе доѓаат да ги следат големите спортски случувања. Во целата изградба на стадионот се вклучени околу 1.000 работници. Словачката компанија работи со полна пареа, а како своја специјалност уште на стартот на градбата во 2009 година го истакна високо квалитетниот бетон кој ќе биде употребен при изградбата на стадионскиот комплекс.Експертите што го добија планот, потенцираа дека дизајнот е специфичен, а состојбата и начинот на подигнување на трибинскиот простор ќе го даде неопходниот комодитет на навивачите. Изградбата на стадионот е под целосен надзор на ФИФА, која на отворањето во мај ќе го врачи и сертификатот за стадион со 4 ѕвезди според стандардите на Светската куќа на фудбалот.

Сашо КУЗМАНОВСКИ

„ахмад кадиров сПорт комПлекс“ - гроЗни

чеченија доби реПреЗентативен сПортски комПлекс

ФАКТИ ЗА „АХМАД КАДИРОВ СПОРТ КОМПЛЕКС“ - Грозни, ЧеченијаСтадион, капацитет: 30.000 местаСала, капацитет: 5.000 местаПридружни објекти: 2 базена, тениски терени, 2 помошни игралишта, 2 хотела, фитнес сала.Период на изградба: 2009 - 2011Цена на градба: 250 милиони долариИзведувач: НСФ Словакиа

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

Page 42: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011342

42

технологии

Средината на март, последниве години, е период кога на сцена пристига новата верзија на

Аутокад. Можеби некој ден порано или подоцна, но Аутодеск никогаш не го промашува март, како месец за промоција на Неговото Височество, Аутокад. Тоа е убиствено темпо - секоја година нова верзија на најпознатата КАд апликација. Иако сами си го наметнаа, се чини дека Аутодеск успешно се носи со предизвикот. Велам успешно, бидејќи досега Аутокад не доцни, а верзиите се релативно „без бубачки“ и со задоволителен број на новини. Но тоа не е се. Аутокад и покрај тоа што е „ѕвезда“, е само делче од огромното софтверско портфолио. да биде

уште повпечатливо, правилото „нова верзија секоја година“ важи речиси за секоја апликација од тоа портфолио. Можете ли само да си замислите со кое темпо се работи со Аутодеск? И запамтете, секоја нова верзија треба да биде подобра од претходната, „без бубачки“ и секако, со доволно примамливи новитети за да може клиентите да ја купат. Во минатите изданија, под новитет се подразбираа револуционерни потези, како на пример, поддршка за 64-битните процесори или верзија за Мек (Епл). Што е ново годинава?Прво, Аутокад 2012 е сè уште шпекулација, бидејќи не е официјално претставен ниту пак најавен за конкретен датум, иако на Аутодеск јапонската веб

страница, како и на други јапонски веб страници, Аутокад 2012 е веќе пуштен во употреба. Морам да признаам дека сум малку збунет, но веројатно, Аутодеск доживува различни промоции во различни региони. Ако може да му се верува на Гугловиот сервис за превод, со оглед на тоа што не разбирам јапонски, Аутокад 2012 е објавен со сите негови новитети, додека официјален датум кога апликацијата ќе биде пуштена во продажба е 16 март 2012. Бесплатната временски-ограничена верзија на Аутокад 2012, ќе биде пуштена во април годинава. Меѓу позначајните новитети се спомнуваат:

• Аутокад 2012 е за двапати побрз од својот претходник, што особено се забележува при навигација од едно јазиче на друго при „рибон лентата“.• Аутокад 2012 нуди вградена поддршка за работа „во облак“, преку додаток за Аутокад ВС, онлајн верзијата на Аутокад. Со оваа новина,

корисникот може директно да ги испраќа двг фајловите на својот акаунт, од каде преку Аутокад ВС, може подоцна да ги прегледува и едитира преку својот мобилен, таблет или друг компјутер.• „Олеснетата“ верзија на Аутокад, Аутокад 2012 отсега го содржи популарниот менаџер на проектните листови или Sheet Set Manager.• Подобрени алатки кои овозможуваат ултимативно фри-форм 3Д моделирање,• Нови алатки, како на пример, алатката за отстранување на дуплицираните (вишок) објекти итн.

Системските побарувања на Аутокад 2012 се релативно скромни: се бара оперативен систем Виндоус ИксПи или понов, процесор од рангот на Пентиум4 или подобар, 2 Гб меморија и дајректИкс графичка картичка со минимум 128 Мб доколку работите во 3д. Назад во историјата, па и сега, Аутодеск релативно цврсто ги чува информациите пред објавувањето на секоја нова верзија. Информации протекуваат најчесто од бета тестерите, кои од година во година се сè повеќе и се бројат во илјадници. Нивна задача е да ја пробаат „свежата“ бета верзија и да вратат назад информации за нивното искуство, забелешки и слично.

Пристига аутокад 2012

Двапати побрз од претходникот

Page 43: PORTA3 152

технологии

11 март 2011 ПОРТА3 43

43

Бета тестер може да стане секој регистриран корисник на https://beta.autodesk.com. Во однос на цената, Аутокад 2012 се очекува да чини исто како и претходната верзија, а тоа е околу 800 евра за Аутокад ЛТ и 2.500 евра за целосната верзија. Надградбата од претходната верзија вообичаено се движи околу 1.200 евра. Со Аутокад 2012, Аутодеск ќе престане да дава поддршка на верзиите Аутокад 2008 и постари, што значи дека Аутокад 2008 нема да може да се надградува кон понова верзија, односно кон Аутокад 2012. За оние што воедно и се корисници на Претплатничката поддршка, се очекуваат дополнителни бенефити. Аутокад 2012 беше развиван со кодно име “Ironman” или во превод Железен човек. дали името ќе соодветсвува со можностите на апликацијата, останува да видиме. Во меѓувреме посетете ја веб страницата на Аутодеск www.autodesk.com за да се запознаете со новитетите на групата апликации за дигитален ентертеинмент, како што се 3дс Макс 2012, Маја 2012, Софтимиџ 2012, Мадбокс 2012 итн. Оваа група на најнови верзии веќе се објавени.

Трајче СТОјАНОВ

Двапати побрз од претходникот

Page 44: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011344

44

експерт

Големи колони стационарни возила, одложено време на патување, бучава, загадување, нервоза, несигурност,

непочитување и сл., стануваат препознатливи обележја на нашето секојдневие. Тие, се чини, стануваат поизразени во поголмите и особено постарите урбани средини. Во првиот случај тоа е најчесто резултат на обемот на моторен

сообраќај, а во вториот тоа може да биде дополнително истакнато како резултат на улична мрежа која оргинално не била испроектирана за моторен сообраќај. За жал, кон последнава група припаѓаат и бројни неформални населби во кои, во периодот на нивното настанување, не е водена доволно сметка за оставање простор и оформување на соодветна комунална инфраструктура. Несопирливиот подем на моторното возило, без сомнение, нема крај. Ова, во комбинација со постепена ерозија на јавниот сообраќај и физичките ограничувања на сообраќајните коридори, само дополнително ја усложнуваат состојбата. Најавените или во реализација обнови на урбаните центри во земјите, најверојатно, ќе придонесат со дополнително ниво на комплексност и зголемен интезитет на движење како моторно така и пешачко. Новите технологии ќе придонесат за намалување на загадувањето на воздухот и емисијата на штетни материи преку примена на возила на електричен, хибриден или сличен погон, но не се очекува дека ќе имаат некое поголемо влијание врз намалување на обемот на сообраќај. Оттука, веројатно, произлегува и прашањето дали постојат некои алтернативни решенија за намалување на обемот на сообраќајот во урбаните центри,

со цел да се намали сообраќајната турканица, но на начин кој ќе им овозможи непречен пристап до урбаниот центар на сите оние што сакаат или треба да појдат до него. Европските искуства укажуваат на одредени можни пристапи, кои главно се базираат на принципите на ограничување на моторниот сообраќај во градските центри во комбинација со унапредување

на јавниот сообраќај. Така, на пример, во Осло веќе повеќе години постои систем на наплатни станици на пристапот кон централното градско подрачје, и секој оној што сака да влезе со моторно возило во централното градско подрачје треба да плати. Ваквиот пристап е искомбиниран со добар јавен железнички, трамвајски и автобуски сообраќај. Средствата собрани од наплата се користат за сообаќајни подобрувања во централното градско подрачје (изградба на тунел за транзитниот сообраќај кој поминува низ пристанишниот дел на градот и сл.). За разлика од Осло, во Лондон, наместо наплатни рампи се користат специјални камери за видео надзор способни да ги отчитаат регистрациските таблички на возилата и компјутерски да издадат сметка за тоа возило. Возачот треба да ја плати сметката во текот на истиот ден кога влегол со возилото во централното градско

подрачје, во спротивно следуваат казни кои се зголемуваат за секој ден дополнително задоцнување. Од плаќањето на надомест за влез во централното градско подрачје се ослободени автобусите, малите автобуси и сличните возила, како и оние возила со минимално загадување на атмосферата. И тука органичувањето е компензирано со добар јавен железнички, метро

и автобуски сообраќај. Слично на Осло и Лондон, во дарам (Durham), историски град, универзитетски центар во Северноисточна Англија и престолнина на бившите носители на титулата „Принц владика“ (Prince Bishop), исто така оперира систем за наплата на возилата што сакаат да влезат во историското јадро на градот. За разлика од Осло, Лондон и дарам, каде пристапот во централното градско подрачје за возилата е органичен преку плаќање надомест, во Цирих градските власти успеале да реализираат слични цели, но на нешто подруг начин. Тука за влез во централното градско подрачје не се плаќа, но најголемиот број паркинг-плацови е наменет за краткорочно паркирање, најмногу неколку часови. Ова, се разбира, е искомбинирано со исклучително ефикасно спроведување на правилата за паркирање и со исклучително добар

јавен сообрќај. Самиот факт дека оние што работат во централното градско подрачје во најголем број случаи нема каде да паркираат, го намалува обемот на сообраќај, а ограничените паркинг-плацови ги користат само оние што треба да завршат некоја работа набрзина. Во Кембриџ, Источна Англија, веќе со години функционира нешто поинаков систем. Тука, во централното градско подрачје и историското јадро физички е ограничен пристапот со возила преку примена на автоматски столбчиња кои се вградени во конструкцијата на улицата. Тие се спуштаат само за возилата што имаат вграден специјален сензор. Вообичаено, тоа се возила на оние што живеат во рамките на ова подрачје, возила на ургентните служби (брза помош, полиција, противпожарна заштита), автобуси на локалниот градски сообаќај кои го сервисраат централното градско подрачје, возила за комунална хигиена, и одреден број доставни возила кои ги снабдуваат продавниците во овој дел на градот. Со оглед на тоа што јавнит сообраќај е ограничен на автобуски и железнички, во рамките на околијата е промовиран и нов систем на јавен сообраќај наречен „Паркирај и вози се“ (Park and Ride). Станува збор за ситем од пет јавни паркинзи лоцирани на клучните пристапи на градот со капацитет за паркирање на 4.500 возила. Паркирањето на овие паркинзи е бесплатно, но е дозволено само во текот на денот. додека паркинзите се отворени од нив оперираат забрзани (подиректни) автобуси кои одат од паркингот до центарот на градот и назад, а застануваат само на неколку клучни попатни станици. Овој автобуски превоз се плаќа, но неговата цена е отприлика иста колку и обичен автобуски билет или

Како до помалку сообраќајна турканица?

Page 45: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 45

45

експерт

едночасовен билет за паркирање во централното градско подрачје. Како резултат на ова, системот „Паркирај и вози се“ е популарен особено кај оние што доаѓаат од приградските и околните населби и места за повеќечасовен престој во градот. Овој ситем е поддржан и со ограничениот број паркинг-плацови за подолго паркирање лоцирани во неколку катни гаражи и со цената за вакво пракирање. Според податоците на околиските власти (Cambridgeshire County Council),

над четири милиони дневни патници, купувачи и посетители годишно го користат овој ситем, кој им овозможува попријатно и поспокојно патување до центрот на Кембриџ, но истовремено, значително придонесува нè само за намалување на сообраќајните турканици во градот, туку и за намалување на загадувањето. Петте паркиралишта од ситемот „Паркирај и вози се“ имаат вградени пречки кои ја ограничуваат висината на возилата што можат

да се паркираат за да се спречи паркирањето на товарни возила и сл. Истовремено, сите паркиралишта се опремени со чекална, санитарни јазли, просторија за пресвлекување на бебиња, информативни штандови и автомати за пијалаци и прехрамебени прозиводи. Автобуските станици на овие пакиралишта, исто така се користат и како станици за одредени меѓуградски автобуси, со што се намалува оптоварувањето на централното

градско подрачје со лица кои сакаат да патуваат од Кембриџ со автобус до други дестинации. Горенаведените примери, по сета веројатност, се добра илустрација за дел од можните пристапи кон проблемот за намалување на сообраќајните гужви и загадувањето во централните градски подрачја, а на начини кои не ја загрозуваат нивната виталност.

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж. арх.

Несопирливиот подем на моторното возило нема крај. Ова, во комбинација со постепена ерозија на јавниот сообраќај и физичките ограничувања на сообраќајните коридори, само дополнително ја усложнуваат состојбата со сообраќајните турканици. Оттука, веројатно, произлегува и прашањето дали постојат некои алтернативни решенија за намалување на обемот на сообраќајот во урбаните центри, со цел да се намали сообраќајната турканица, но на начин кој ќе им овозможи непречен пристап до урбаниот центар на сите оние што сакаат или треба да појдат до него.

Page 46: PORTA3 152

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

ПОЧИТУВАНИ,

Во текот на месец март 2011 АДИНГ заедно со Бизнис Центар АДИНГ ќе одржи неколку презентации на својата производствена програма и

продажна палета низ градовите во Р. Македонија:

1. На 10.03.2011 (четврток) во Струмица, за регионот Радовиш, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Неготино. Локација, Хотел СИРИУС во 13:00 часот. 2. На 15.03.2011 (вторник) во Штип, за регионот Велес, Куманово, Штип, Кочани, Делчево, Берово. Локација, Хотел ОАЗА во 13:00 часот. 3. На 17.03.2011 (четврток) во Битола, за регионот Битола, Прилеп, Ресен. Локација, Хотел ПРЕМИЕР (кај нова болница) во 13:00 часот.

4. На 22.03.2011 (вторник) во Гостивар, за регионот Тетово, Гостивар, Кичево. Локација, општинска зграда Гостивар во 13:00 часот. 5. На 24.03.2011 (четврток) во Охрид: за регион Охрид, Струга, Дебар. Локација, Хотел ГРАНИТ во 13:00 часот.

10.03.2011 Струмица за регионот:

Радовиш, Струмица, Гевгелија,

Кавадарци, Неготино

15.03.2011 Штип за регионот: Велес, Куманово, Штип, Кочани, Делчево, Берово

22.03.2011Гостивар за регионот: Тетово, Гостивар, Кичево

Ве Поканува на ПРЕЗЕНТАЦИЈА

24.03.2011 Охрид за регионот: Охрид, Струга, Дебар

17.03.2011 Битола за регионот: Битола, Прилеп, Ресен

Ве покануваме на презентација со коктел дружење!

Page 47: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 47

47

наука

ТОМАС ХЕРЦОГ (1941-) ги прифаќа предизвиците за создавање на т.н. биоклиматска или одржлива архитектура, за чие функционирање е потребна минимална ,,вештачка” енергија. Тој е роден и се школува во Монако, но неговото творештво во најголем дел е поврзано со покраината Баварија, Германија. Веќе кон крајот на 70-тите години од минатиот век, Томас Херцог ја покажува новата концепција за

т.н. пасивна соларна архитектура, која без т.н. машински додатоци штеди 50% од енергијата. Таков е индивидуалниот станбен објект во Регенсбург (1977-79), кој на јужната страна има зимска бавча со наклонет стаклен покрив, преку кој во внатрешноста се ,,заробува” сончевата топлина. дека оваа концепција може да биде широко применлива, покажуваат следните објекти на Томас Херцог:

станбената зграда во Минхен (1979-82), куќата од дрво во Валдмор кај Пфалц (1982-84) и двојната куќа во Пулах кај Оберхаузен (1986-89). Во Гостинската куќа на Младинскиот истражувачки центар во Виндберг, долна Баварија (1987-91), заштедата на енергијата е зголемена преку организацијата на внатрешниот простор. Така, на пример, просториите што во текот на денот се користат подолго време, се издвоени од останатите. Санитарната вода се затоплува единствено со помош

на соларните колектори.Таквиот систем Томас Херцог го усовршува кај производствените и енергетски објекти Вилкан во Ајмбекхаузен (1989-92), каде што кон нискоенергетската архитектонска концепција се додадени и фотоволтажни елементи, со чија помош сончевите зраци се трансформираат во електрична енергија. дождовната вода од покривите и од дворот се собира во посебни резервоари, од каде што може да се користи за противпожарни потреби. За реализацијата на овие објекти Томас Херцог го добива златниот медал на Здружението на германските архитекти.Дизајн центарот (за одржување на конгреси и изложби) во Линц (1989-93), претставува високотехнолошка интерпретација на стаклените (кристални) палати од XIX век. За да се обезбеди максимум дневна светлина, кровната површина на овој објект со лачен распон од 127 м е покриена со специјални светлосни панели. Овие панели,

произведени од фирмата Кристијан Бартенбах, се дебели само 16 мм и пропуштаат индиректна светлост, а ги рефлектираат неповолните зраци. По градењето на Изложбениот хол во Хановер (1995-96), кој има кров со облик на превртени лушпи, Томас Херцог се зафаќа со подигање на објекти кои се првенствено наменети за производство на енергија. Такви се: фотоволтажната стреа пред халата за снабдување во Ерфурт (1999-2001) и соларната фабрика во Минхен (1997-2001).

михаил токарев: 100 години модерна архитектура (104)

германија (8)Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји - резимирани изваДоци

Т. Х

ерцо

г. И

ндив

идуа

лнио

т с

тан

бен

обје

кт, Р

еген

сбур

г. И

згле

д и

шем

и на

ене

ргет

скио

т к

оцеп

т

Т. Херцог. Дизајн центарот, Линц

Т. Х

ерцо

г. Го

стин

скат

а ку

ќа н

а М

лади

нски

от

ист

раж

увач

ки ц

ент

ар, В

индб

ерг

Page 48: PORTA3 152

еко инфо

ПОРТА 11 март 2011348

48

нов Зеланд

се отцепи леден блокЛеден блок со тежина од над 30 милиони тони, се отцепил од најдолгиот ледник (Тасманов ледник) на Нов Зеланд, само неколку минути по силниот земјотрес кој на 22. февруари го погоди подрачјето на градот Крајстчерч. Ледениот блок паднал во Тасмановото Езеро и подигнал бранови високи 3 метри, при што водата во езерото била немирна скоро половина час, известиле туристичките работници на Националниот парк Aoraki Mount cook. Ледениот блок бил долг еден километар, а се распарчил на повеќе санти лед, од кои некои биле долги и по 200 метри. Стручњаците известуваат дека ледниците сега покриваат една четвртина од езерото Тасман, кое е оддалечено од подрачјето на земјотресот околу 200км.

(HINA)

сад

он за вложувања во зелената економијаВложувањето на 2% од БдП на светско ниво, односно 1.300 милијарди долари во одржлив развој на секторите како градежништво и енергетика, би можело да создаде цврсти основи за свет со ниски емисии на стакленички гасови, е заклучокот на Обединетите Нации во неодамна објавениот извештај. Извештајот се фокусира на поттикнување на одржливиот развој во десет клучни сектори (градежништво, енергетика, рибарство, земјоделство, шумарство, индустрија, транспорт, туризам, управување со отпадот и управување со водите). Можно е, благодарение на таквиот обем на вложувања, глобалната економија да остварува и поголеми стапки на раст во однос на оние што се остваруваат на база на актуелната економска политика. Со оглед на фактот што 2,5 милијарди луѓе ширум светот живеат со помалку од 2 долари дневно, и очекувањата дека до 2050 година светската популација ќе се зголеми за над 2 милијарди, јасно е дека развивањето и ширењето на стопанските гранки е императив. Притоа, очекувано е во некои сектори да дојде до губење на работни места, но тоа би било надоместено со отворање на нови „зелени“ работни места.

(HINA)

германија

BMW ги претстави електричните автомобилиГерманскиот производител на автомобили BMW лансираше нов концепт и има амбиција да стане „зелен“ концерн. Веќе од 2013 година на пазарот ќе се појават BMW автомобилите на иднината, односно електрично возило и хибридно спортско возило под името BMWi. И двата модела ќе се произведуваат во модерната фабрика на BMW во Лајпциг каде се најавени инвестиции од околу 400 милиони евра во производна инфраструктура. Се планира отворање на 800 нови работни места, со што BMW останува верен на Германија како производна локација. BMWi3 (модел кој досега беше познат под името Megacity Vehicle) е првиот електричен автомобил кој BMW сака сериски да го произведува. Со оглед на фактот што во електричните возила се вградуваат батерии кои се прилично тешки, компензацијата се прави со намалување на тежината на каросеријата, применувајќи лесна конструкција од јаглерод. Цената на овој модел би била околу 40.000 евра. За споредба, цените на електричните автомобили кои во моментот се нудат на пазарот се помеѓу 30 и 40 илјади евра.

(Deutche Welle)

Page 49: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 49

49

еко инфо

подготви: Даниела МЛАДЕНОВСКА

светски институт За ресурси

коралните гребени ќе исчезнатТри четвртини од коралните гребени во светот се во опасност поради неконтролираниот риболов, загадувањето и климатските промени, а се проценува дека до 2050 година сите корални гребени во светот би биле во сериозна опасност, се вели во извештајот од истражувањето кое е направено од Светскиот Институт за ресурси од Вашингтон во соработка со уште 25 истражувачки центри. Последиците за земјите како Хаити или Филипини, за кои коралните гребени претставуваат и извор на храна би биле поразителни. дури и во Австралија, каде што коралните гребени се заштитени, би биле во сериозна опасност до средината на векот, доколку нешто не се смени во образецот на однесување кон климатските промени. Состојбата е особено акутна во Индискиот Океан и Пацификот, поради честите случаи на риболов со екстремни методи, односно со користење на динамит. Од друга страна пак, и самиот хемиски состав на океаните претрпува измени поради зголемената концентрација на јаглероден диоксид во атмосферата. Овие промени, познати како ацидификација им создаваат тешкотии на коралите да се прикрепуваат и да создаваат гребени.

(Guardian)

EPSU

во просек сè постара работна сила во секторот енергетикаСпоред истражувањето објавено од EPSU (European Federation of Public Service Unions - Европско здружение на синдикатите на јавните служби), чиј предмет на анализа била просечната старост и очекуваниот број на пензионирани работници во енергетските компании во наредниот период, скоро една четвртина од работниците во енергетиката ќе се пензионираат до крајот на оваа деценија. Синдикатите предупредуваат дека без квалификувана работна сила, енергетската сигурност, квалитетот на услугите како и воведувањето на нови технологии со ниски емисии на стакленички гасови ќе бидат сериозно загрозени. Испитани се 23 компании, кои во просек ќе мора да надоместат 30% од работната сила до 2020. Најзагрозена е француската компанија EdF (Electricite de France), во која веќе до 2015 година дури 40% од работниците ќе се пензионираат. Затоа синдикатите бараат од Европската комисија да ги вклучи во европската Енергетска стратегија прашањата на стручно образование и усовршување, односно вложувањата во работна сила да бидат едно од приоритетните подрачја.

(www.mojaenergija.hr)

сад

биодизел од микроалги одгледувани во отпадни води Истражувачите од Рочестер Институтот за технологија развиваат проект за производство на биодизел од микроалги одгледувани во отпадни води. Проектот е именуван како двојно „зелен“, бидејќи алгите конзумираат нитрати и фосфати, и ги редуцираат бактериите и токсините во водата. Крајниот резултат е чиста вода и солидна количина биогориво. Алгите ќе отстранат 99% од амонијакот, 88% од нитратите и 99% од фосфатите во отпадната вода. Одличен пример за решавање на старите проблеми со нови и креативни решенија. Алгите како суровина за производство на биогориво имаат повеќе предности во однос на другите видови биомаса. Тие се поевтини и полесно се одгледуваат, а се елиминирани и проблемите околу транспортот. Единствено им е потребна вода, сонце и јаглероден диоксид.

(Renewable Energy World)

Page 50: PORTA3 152

екологија

ПОРТА 11 март 2011350

50

Растечкото ниво на јаглеродниот диоксид во атмосферата што се поврзува со глобалното

затоплување може да има влијание врз интеракцијата меѓу растенијата и инсектите што ги јадат, менувајќи го така текот на еволуцијата кај растенијата, покажува последната студија на Универзитетот во Мичиген, која деновиве ја пренесе магазинот ScienceDaily. Истражувачите се фокусирале на ефектите на покаченото ниво на јаглеродниот диоксид врз растението Asclepias syriaca. Ова растение е едно од многуте што произведуваат отров или горчливи хемиски состојки кои го заштитуваат да не биде изедено од инсекти. Оваа хемиска одбрана е резултат на долгата историја на интеракција меѓу растенијата и инсектите, како што е гасеницата што се храни од нив. Но, сега, научниците посочуваат дека под дејство на зголемени

концентрации на јаглероден диоксид во воздухот млечката покажува поинакви особини.Одбраната на растенијата и шемите на хранење кај инсектите реагираат на условите во средината. Ова, како што пишува ScienceDaily, наведува дека зголеменото ниво на јаглероден диоксид во атмосферата може да влијае врз еволуцијата на растенијата менувајќи ја селекцијата што ја вршат инсектите што се хранат од растенијата.Истражувачите од Универзитетот во Мичиген испитувале дали различни генетски фамилии од Asclepias syriaca од една популација во Северен Мичиген ќе се однесуваат различно кон зголемените нивоа на јаглероден диоксид во атмосферата и ако тоа навистина се случува, како тој одговор ќе влијае врз можноста растенијата да бидат изедени од инсектите. - Го испитувавме одговорот на

растението на покачените нивоа на јаглероден диоксид во смисла на растот на растенијата, асексуалната репродукција и на производството на хемиска и физичка одбрана. Сите растенија растеа поголеми како последица на зголемените нивоа на јаглероден диоксид и сите фамилии покажаа сличен раст и репродуктивен одговор. Но, фамилиите покажаа различен одговор на зголемените нивоа на јаглероден диоксид во нивната продукција на хемиска и физичка одбрана против инсектите што се хранат со нив - велат истражувачите.На пример, како што пренесува магазинот ScienceDaily, нивното производство на отровите cardenolides се разликувало. Некои фамилии растенија под влијание на зголеменото ниво на јаглероден диоксид го зголемиле производството на cardenolides, но најголемиот број од нив го

Две студии кои беа објавени во текот на овој месец укажуваат на сериозните последици од климатските промени кај растителниот и кај животинскиот свет. Ваквите промени во однесувањето на видовите може да го промени текот на еволуцијата на планетата, коментираат научниците.

научниците со нови алармантни соЗнанија

глобалното ЗатоПлување го менува текот на еволуцијата

Page 51: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 51

51

екологија

намалиле производството на тие отрови и тоа за околу 50 проценти.- Тоа е огромна разлика за гасениците. Инсектите што се хранат со Asclepias syriaca, вклучувајќи ги и гасениците, ги одбираат растенијата од кои ќе се хранат многу внимателно, врз основа на концентрацијата на токсичните состојки во растението. Така, овие инсекти ја играат улогата на селекција кај ова растение. Со намалувањето на хемиските заштитни агенси кај испитуваните растенија забележавме поголема физичка отпорност. Растенијата имаа поцврсти листови и побрзо зараснуваа по нападот од гасениците - се нагласува во студијата.Резултатите од новата студија покажуваат дека како последица на зголемените нивоа на јаглероден диоксид во атмосферата различните фамилии растенија различно

одговараат, а со тоа и различно се адаптираат на климатските промени. - Сè уште не знаеме дали ваквите промени кај Asclepias syriaca ќе им помогнат или ќе им одмогнат на гасениците. Тоа е прашањето што го истражуваме - коментираат авторите на студијата.Нивните анализи детално се содржат во наредното издание на Global Change Biology.

ПотоПла клима, Помалку рожбиКлиматските промени директно влијаат и врз одржувањето на животинските популации на Земјата. Поларните мечки раѓаат помал број мечиња ако мразот почне порано да се топи, ја пренесува британски „Телеграф“ последната студија на научниците од Универзитетот во Алберта. Истражувачите од овој универзитет испитувале како мразот што се

топел во 90-тите години влијае врз размножувањето на поларните мечки. Во текот на пролетните и летните месеци женките ловат фоки на мразот за да складираат енергија за во есен и во зима кога ќе хибернираат цели осум месеци и ќе родат младенчиња. Студијата покажала дека раното топење на мразот предизвикало проблеми во ловењето на фоките и складирањето енергија кај мечките. Оттаму и помалите шанси за успешна бременост кај поларните мечки. Во раните 90-ти години 28 проценти од бремените женки кои складирале помалку енергија во регионот на Хадсон Беј не донеле на свет ниту една рожба. Со помош на математички пресметки истражувачите процениле како мразот што се топи ќе влијае врз бројот на поларните мечки во иднина. Студијата што ја пренесува „Телеграф“, покажува

дека ако мразот почне да се крши два месеци порано отколку во 90-тите, 55 од 100 отсто бремени женки нема да донесат на свет ниту една рожба. Ако пролетта во Хадсон Беј дојде еден месец порано во споредба со 90-тите, 40 од 73 проценти од бремените женки нема да се репродуцираат. Последните бројки покажуваат дека во јануари годинава арктичкиот мраз е на најниско ниво од рекордот во 1979 година. Бројот на поларни мечки на Арктикот се проценува дека е меѓу 20.000 и 25.000. Популацијата на поларни мечки во западните делови на Хадсон Беј, пак, се проценува на 900.Студијата заклучува дека ако мразот продолжи да се топи ќе има катастрофален ефект врз поларните мечки во Хадсон Беј и на Арктикот.

Сашо КУЗМАНОВСКИ

глобалното ЗатоПлување го менува текот на еволуцијата

Page 52: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011352

52

екологија

- Потенцијал за користење на сончевата енергија во Македонија има, постои и едуциран кадар, постојат производители на опрема, но сепак само 4 отсто од испитаниците во Македонија имаат вградено соларен колектор - истакна Македонка димитрова од МППМ, на Регионалната конференција „Кон поволни услови за зголемена употреба на термални сончеви уреди во домаќинствата и индустријата”, презентирајќи ги резултатите од истражувањето спроведено во ноември 2010 година од страна на МАЦЕФ, а со кое биле

опфатени 1.000 испитаници по пат на телефонско анкетирање. Поразителен е фактот од анкетата дека дури 94 отсто од населението користи електрична енергија за подготовка на санитарна топла вода, и уште поразочарувачки звучи информацијата што дури 78 отсто од нашите граѓани воопшто не се расположени и не размислуваат за инсталирање на сончев колектор. Регионалната конференција беше организирана со цел да се прошири употребата на термални сончеви уреди во Република Македонија, преку презентирање

на успешни модели од регионот, идентификување на расположивиот потенцијал, но и посочување на пречките и слабостите што ја ограничуваат примената на овие уреди. Настанот е организиран во рамки на пошироката Транснационална програма за Југоисточна Европа, финансирана преку IPA средства, а беше имплементиран од Центарот за енергетска ефикасност (МАЦЕФ). Конференцијата понуди квалитетни презентации од реномирани експерти, универзитетски професори

како и производители на опрема од регионот.Покрај домаќинот на конференцијата МАЦЕФ, воведно излагање имаше и д-р даниел Шрот, советник за економија од делегацијата на Европската Унија. Тој потсети дека во актуелниот период енергијата има исклучително сериозен третман во агендата на Европската комисија, посебно подрачјата на енергетска ефикасност, интегрирањето на европскиот енергетски пазар, подобрувањето на енергетската инфраструктура, заштитата на

Потребно е брзо и неодложно делување во насока на имплементирање на новите концепти во практиката, бидејќи енергијата од фосилно потекло неповратно се троши и станува сè поскапа. Во интерес на намалувањето на климатските промени и во интерес на одржливиот развој, одлучувачкиот исчекор треба да се направи уште денес.

како до Поволни услови За Зголемена уПотреба на термални сончеви уреди

При толку сонце сè уште Премногу трошиме електрична енергија

Page 53: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 53

53

екологијапотрошувачите и сигурноста во снадбувањето со енергија. Искористувањето на обновливите извори на енергија како одржлив концепт е исто така еден од приоритетите, посебно енергијата од сонцето, но за жал и покрај огромниот потенцијал Македонија има мал број проекти, истакна Шрот. Понатаму, тој укажа на можностите што Европската Унија ги нуди за финансиска поддршка на ваквите проекти: IPA фондовите, FP7 и Интелегентна енергетска програма (Intelligent Energy Programme), и заврши цитирајќи го поранешниот американски претседател Џими Картер, кој во еден од своите најпознати говори во 1977 година рекол „Поради тоа што остануваме без гас и нафта, мора брзо да се подготвиме за трета промена, да го зголемиме зачувувањето на јаглен и на постојаните обновливи енергетски извори, како соларната енергија.“ Ѓорѓија Пеев, од компанијата „Тивериа“ што произведува

термални сончеви колектори, се осврна на просечните дневни потреби од санитарна топла вода за просечно македонско домаќинство, кои во зависност од навиките се проценуваат на 200-300 литри дневно, за што е потребна колекторска површина од 4-6м2. Колективните станбени згради, според Пеев, се во особена предност при инсталирањето на вакви уреди во однос на индивидуалните куќи, од следните причини: поголема економичност во димензионирањето, комодитет и побрзо враќање на инвестицијата. Освен класичното и добро познато поставување на термални сончеви колектори на покривите, „Тивериа“ прикажа и едно неконвенционално решение, односно еден австриски пример на фасадно поставени колектори на станбена зграда, која на тој начин обезбедува дури и вишок топлинска енергија која ја продава на своите соседи. Гостинот од Институтот за индустриски системи од Грција,

д-р Атанасиос Калоџерас го елаборираше влијанието од употребата на термалните соларни уреди врз животната средина, подвлекувајќи дека Грција е трета земја во Европската Унија по инсталирани термални соларни уреди по глава на жител (прва е Австрија, а на второ место Кипар). Оценката за влијанието врз животната средина е направено врз основа на следните критериуми: заштеда на гориво и редукција на емисијата на јаглероден диоксид. Според резултатите од истражувањето на д-р Калоџерас, доколку само 1 отсто од жителите на Скопје би користеле термални сончеви уреди, би се остварила заштеда од 12.700 MWh енергија годишно, што е еквивалентно на 1.000 тони екстра лесно масло за горење. Проф. д-р Славе Арменски од Машинскиот факултет во Скопје го ислустрираше со бројки огромниот потенцијал на сончевото зрачење над нашата земја, при што

истакна дека Охрид е подрачје со најголем интензитет на сончевото зрачење од 1590 kWh/m2 годишно. Скопје воопшто не заостанува во тој поглед, особено поради фактот што просечниот број на сончеви часови годишно е 2200. Професорот презентираше еден пример на изведен објект во Штип со применети термални сончеви колектори за греење и подготовка на санитарна топла вода. Се работи за објект со површина од 100 м2, чиј инсталиран соларен систем е во состојба да подготвува санитарна топла вода и да обезбеди дел од топлинската енергија за загревање на објектот, со што ќе субституира околу 30 отсто од потрошувачката на гориво со бесплатна енергија од сонцето. Во блиска иднина се планира докомплетирање на овој проект, на тој начин што сончевата енергија ќе се искористи за погон на апсорпциона ладилна машина која ќе обезбеди ладење на објектот. Со оглед на фактот што максималното оптоварување за ладење се јавува

Page 54: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011354

54

екологија во период на максимално сончево зрачење, ваквата инвестиција, се разбира, би била повеќе од успешна. Претставничката од Стопанската Комора во Ксанти - Грција, Анти Панајоти, ја претстави состојбата со искористеноста на сончевата енергија во секторот туризам, односно во хотелиерството, преку презентирање на резултатите од истражувањето спроведено во рамките на европскиот проект за промовирање на обновливи извори на енергија во туризмот - HOTRES. Во рамките на ова истражување е извршена анализа на 50 најдобри примери на примена на сончеви колектори, геотермални пумпи и фотоволтаици во различни хотели во европските медитерански земји, при што резултатите покажале дека најголема застапеност имаат термалните сончеви колектори со над 60 отсто, и тие имаат релативно краток период на враќање на инвестицијата, кој во Грција е само 1,7 години. М-р Јасминка Капац ја презентираше програмата за кредитирање на индустријата од Западен Балкан (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility), преку средства обезбедени од EBOR, а наменети за проекти кои ќе обезбедат најмалку 20 процентна заштеда на енергија, односно намалување на емисијата на јаглероден диоксид. Корисници на оваа кредитна линија може да бидат компании од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, се разбира, доколку ги исполнат пропишаните општи и посебни услови без кои еден проект не би можел да се квалификува. Вкупната сума што ќе се пласира преку овие кредити е во висина од 60 милиони евра, при што максималната вредност што може да ја добие еден субјект е два милиона евра. Особено интересна новина која ја нуди оваа програма е можноста за добивање грант во висина од 15-20 проценти од вредноста на кредитот веднаш по успешното имплементирање на проектот. Аналитички и критички на многуте фактори кои делуваат дестимулативно на користењето на сончевата енергија и воопшто обновливите извори на енергија се осврна доц. д-р Сања Поповска Василевска од Техничкиот факултет во Битола. Пред сѐ, долгорочниот игнорантски однос на државата кон обновливите извори на енергија, ниската свест, нереалната и депресирана цена на електричната енергија, како и неконзистентната

политика и колебањето во поглед на feed in тарифите за производство на електрична енергија од фотоволтаици, немањето регулативи и механизми за одржување и контрола на инсталираните соларни системи и сл. Во земјава не постои ниту систем за регистрирање, односно евидентирање на бројот на инсталирани соларни уреди. Неофицијално, се оперира со бројка од околу 20.000 м2 под сончеви колектори. Поповска Василевска презнтираше кратка пресметка според која за задоволување на потребите за санитарна топла вода на вкупно 400.000 домаќинства во Македонија, годишно се троши 400.000 MWh електрична енергија, што е еквивалентно на планираниот годишен увоз за кој од буџетот се издвојуваат скоро 80 милиони евра. доколу државата се одлучи да финансира 50 отсто од средствата потребни за инсталирање на сончеви колектори во секое домаќинство, тоа ќе биде еднакво на еден и пол буџет потребен за увоз на електрична енергија, но во овој случај добиваме решение со бесплатна енергија на долг рок. Љупчо димов од општина Карпош презентираше идејно решение за технолошки парк, односно иновативен образовен центар како дел од програмата за енергетска ефикасност на општината за периодот 2008-2012 година. Проектот е сѐ уште во фаза на разработка, точната локација не е утврдена, финансиската конструкција не е затворена, но се работи за објект кој би бил потполно енергетски независен (zero emission building) со површина од 1.700 м2.Центарот ќе биде целосно во функција на новите технологии, на тој начин што применетите уреди и материјали во неговата изградба би имале и функција на експонати. Како заклучок од исклучително квалитетните презентации и успешни примери, се наметна потребата од брзо и неодложно делување во насока на имплементирање на овие концепти во практиката, бидејќи енергијата од фосилно потекло неповратно се троши и станува сѐ поскапа. Во интерес на намалувањето на климатските промени и во интерес на одржливиот развој, одлучувачкиот исчекор треба да се направи уште денес.

Даниела МЛАДЕНОВСКА

Page 55: PORTA3 152

www.biroproekt.com.mkproektproekt

Page 56: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011356

56

арт инфо

скоПје

„времеплов“ во мкцВо Младинскиот Културен Центар е отворена првата самостојна изложба на Маја Ковачевска, графички уметник од Битола. Изложбата опфаќа дваесетина дела работени во повеќе графички техники: бакропис, акватинта, сува игла, шабманир, комбинирана техника. Средиштето на изложениот опус го сочинува циклусот на дела наречен „Времеплов“, тематски поврзан со времето, претставено на начин на кој авторот субјективно го доживува низ неговото манифестирање во вид на минатото, сегашноста и иднината.

филаделфија

шагал и неговиот круг Изложба на дела од Марк Шагал ќе биде отворена во текот на овој месец, во Музејот за современа уметност на Филаделфија. Фокусот на оваа изложба е поставен на дела од Марк Шагал создадени меѓу 1910 и 1920 година. Покрај тоа, изложбата опфаќа делови од творечкиот опус и на некои негови современици како Архипенко, Модилјани, Задкин, Орлоф и други. Изложените дела се претежно дел од извонредно богатата колекција на слики и скулптури во сопственост на самиот музеј, но дел се обезбедени како позајмици и од други музеи и приватни колекции од САд и Европа. Изложбата ќе биде опфатена и како содржина во програмата на новиот фестивал на интернационални уметности, кој во Филаделфија ќе се одржи за првпат, во периодот од 7 април до 1 мај, 2011 година.

лондон

гоген повлечен од аукцијаМинатиот месец, на аукција на импресионистичка и модерна уметност на лондонската куќа „Кристи“, меѓу другите дела беше понудена и „Мртва природа и надеж“ на Пол Гоген. делото е проценето на 11,7 милиони евра, но не ја постигнало најниската цена, заради што било повлечено од аукцијата. „Мртва природа и надеж“ е насликана во 1901 година, пред крајот на животот на авторот. Претставува едно од четирите дела што Гоген ги посветил на својот колега и пријател, Ван Гог. На истата аукција, сликата „две млади балерини“ од Едгар дега е продадена за 5,42 милиони фунти, а дело на Пабло Пикасо е откупено за 3 милиони фунти.

Page 57: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 57

57

рим

необична изложба на караваџоденовиве во државниот архив во Рим е отворена изложба на Микеланџело Караваџо, но наместо неговите дела, изложени се неговите „не-дела“ - изводи од неговото обемно полициско досие. Според изложените полициски извештаи, судски налози и пресуди, Микеланџело Мериси, познат како Караваџо, бил брутален и бунтовен човек, кој излегувал вооружен до заби. Имено, резултат на неговиот темперамент биле бројните инциденти и престапи. Со овие документи се разјаснуваат некои детали од неговата биографија, но се разоткрива и мистеријата околу смртта на Караваџо. Според изложените документи, Караваџо умира во местото Порто Ерколе, недалеку од Рим, во јули 1610 година, на свои 38 години, а не на некоја пуста плажа бегајќи од полицијата, како што е наведено од биографите, туку во болница, враќајќи се во Рим, убеден дека ќе му помогнат неговите моќни пријатели на кои секогаш се повикувал кога запаѓал во проблеми.

скоПје

тони чатлески во кицИзложба на слики од ликовниот уметник Тони Чатлески е отворена во просториите на Културно информативниот центар во Скопје. На овој уметник кој живее и работи во Прилеп, ова му е осма самостојна изложба, а прва во Скопје. Покрај тоа има земено учество и на повеќе групни изложби и неколку меѓународни ликовни колонии. Чатлески е роден 1967 година во Прилеп, а Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје, во 1993 година, во класата на професор Танас Луловски. Сите дела претставени на изложбата се изработени во маслена техника. Неговиот начин на гледање на сликарството е во насока на претставување на човековиот карактер во онаа ситуација во која се наоѓа. Со самото гледање на овие ликови и фигури се гледа тежината што македонскиот човек ја преживеал во овие 20 години, а се одразува и на психолошката состојба на самите луѓе. Изложбата претставува ретроспектива на работата на авторот во изминатите 13 години, а во тек е изработка на нов циклус на слики.

дреЗден

изложба на саксонски уметнициВо текот на овој месец, во Staatliche Kunstsammlung во дрезден, Германија, се одржува изложба на дела на саксонски уметници. На изложбата се претставени триесет и пет слики, графики и скулптури создадени од страна на уметници со саксонско потекло, во периодот од 1956 до 2004 година. Меѓу изложените дела е и „Маската што пее“ (1987) од Францискус Ефенди. Посетата на изложбата од страна на љубителите на уметноста и други заинтересирани, е можна исклучиво со претходно извршена резервација.

арт инфо

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Page 58: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011358

58

арт и дизајн

За голем број ликовни критичари во Австрија, Фриденсрајх Хундертвасер е еден од најпознатите и

најконтровезни модерни австриски уметници. Неговите зданија се едни од најпосетените дестинации во Виена. Тој бил хиперпродуктивен, и зад себе оставил огромен број слики, графики, текстови, одевни предмети и архитектонски достигнувања. Но, она што било најважно за самиот Хундертвасер, бил неговиот сензибилитет да е во директна согласност со природата. Познат како тврдокорен противник „на теророт“ на правите линии и правите агли, на кои се настрвил за прв пат преку својот „Манифест против рационализмот во архитектурата“. Потеклото на човековата деструктивност и автодеструктивност ја видел во тоа што модерниот човек бил заробен во правите линии, заглибен во стерилните коцки, без можност за вистинска експресија. Затоа и бил голем заговорник на индивидуализација на просторот, што можеби најдобро се гледа во манифестот „диктатура на прозорецот и правото на прозорецот“. Во овој манифест тој заговара за преубавата идеја, дека секој треба да има право да ја тргне фасадата и да го обои просторот околу прозорците до онаа граница до која може раката да му досегне со четка. Хундертвасер целиот свој творечки живот го проучувал начинот на кој луѓето живеат во своите човечки домови. Бил огорчен од фактот што во модерното општество градител и архитект може да биде само оној што со диплома бил овластен за таква работа. Бил огорчен што на обичниот човек не му било дозволено да се праша каква е суштината на неговиот дом. Верувал и гласно ја прокламирал идејата дека човековото живеалиште мора да биде природно и

самоодржливо, и место каде што креативноста мора да биде израз од перспектива на природата.

сликарствоТокму затоа, тој одлучил креативната слобода која „функционира“ во сликарството да ја пренесе на архитектурата - од 1972 година почнал да се бави со проекти на градење и редизајнирање станбени згради (Хундертвасер), јавни простори и јавни добра (Кунст Хаус Виена, онкологошко одделение во

болницата во Грац, бања Блумау... ). Сите објекти на Хундертвасер имаат неколку заеднички карактеристики: лелеави ѕидови, неправилни мозаици од различни и скршени плочки наместо регуларни поплочени подови, ориентални детали, мноштво бои и уште поголемо мноштво на „растенија-станари“. Во исконската креативност на Хундертвасер сè има своја цел, токму како и во природата. Природниот циклус во станбена зграда.

еколошка уметностХундертвасер бил голем борец за заштита на природата, активно учествувал во еколошките кампањи - од иницијатива за садење дрвја до борба против нуклеарната енергија. Садел, држел говори, дизајнирал постери, обезбедувал финансии. И покрај неговата голема активност, тој во сè останал индивидуалист, согледувајќи ги работите секогаш во нивната најширока можна слика. Немал голема доверба во еколошкото право и наука.

Зелениот крал на кривите линии

Page 59: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 59

59

арт и дизајн

Верувал дека сржта на проблемот во загадувањето на човековата свест е во погрешните концепти на живеење, кои последично се пренеле и на околината. Со својата уметност ја внел спонтаноста во ригидно структурираната екологија. Интересно е дека зелените кровови, што Хундертвасер силно ги пропагирал пред околу триесет години, денес се еден од најголемите хитови на новата, зелена архитектура. Според него, уметноста може да има моќ

да ги поврзе отуѓените луѓе со средината од која потекнуваат, без оглед на рационалните и материјалните бариери кои сме ги изградиле во однос со нашето природно опкружување, затоа што во нас и натаму тлее оган од исконските пештерски огништа кога сме живееле пократко и потешко, но во рамнотежа.

неоПримитивиЗамИако е бесмислено и нереално да се зборува за нео-примитивизмот и за

комплетното враќање кон корените како на емотивни суштества, според Хундертвасер, „потребно ни е да ја почувствуваме топлината на исконскиот оган“. Седење под дрво, лежење под отворено небо и впивање на сензибилитетот на делата на Хундертвасер, се едни од можностите што неговите почитувачи ги поддржуваат... Неговите дела стануваат портал за пронаоѓање на она од кое човекот се откажал само за да стане „доминатна врста“, која само

на прв поглед е непобедлива.

биоХундертвасер е роден под името Фридрих Стовасер. Откако во 1929 година починал неговиот татко, кога имал само една година, во холокаустот му погинале сите роднини од мајчина страна. Со само пет години почнал да ја открива умертноста и да ги прави првите цртежи. Во 1936 година се запишал во Монтесори школото, но го напуштил само по една година заради финансиски проблеми. Во школото веќе била воочена неговата смисла за бои и облици. Во 1948 година се запишал на Академија за ликовни уметности во Виена, во класата на Робин Христијан Андерсен. Откако ги научил основните знаења за пропорциите на телото, цртањето акт и копирањето од природа, ја напуштил академијата бидејќи сметал дека таа веќе не може ништо да му понуди. Набргу тој посетил една изложба на Егон Шиле, чие творештво имало многу силно влијание врз него, и тука бил импресиониран од боите, живоста и хуманоста на градбите што биле претставени на сликите. Покрај Шиле, големо влијание имале Паул Кле, Густав Климт и Валтер Кампман. Во 1949 година тој отпатувал за Италија, а потоа заминал во Париз каде што останал до крајот на 1950 година. Заминувањето во Париз било пресудно и силно влијаело на неговиот живот и работа. Кон крајот на 60-тите години на минатиот век, тој станал мошне препознатлив преку големиот број изложби, предавања и перформанси. Својата уметничка теорија ја нарекол „трансавтоматизам“, а била заснована врз надреалистичкиот автоматизам, но и врз искуството на гледачот.

имеТој многу пати го менувал своето име. Првиот пат своето презиме го променил од Стовасер во Хундертвасер (сто води). Во 1961 година додека живеел во Јапонија го променил името од Фриедрих во Фридерих, потоа во Фридереих, и на крајот во Фриденсрајх. На прашањето зошто толку пати го менувал своето име, тој изјавил дека во себе носи повеќе личности.

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

ГОДИшНИНА Оваа година се навршуваат 11 години од смртта на Фриденсрајх Хундертвасер, австриски сликар и архитект кој се претворил во обединител на човекот и природата

Фриденсрајх Хундертвасер

(1928 - 2000)

Page 60: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011360

60

портрет

Биљана Кајевиќ во изминатиот период се претстави како едно од најактивните имиња

на ликовната сцена во Македонија. Особено, кога е во прашање сликарството како класичен визуелен медиум, односно она што честопати знаеме на мошне излитен начин да го третираме како „фигуративност“. Од сето она што досега го видовме на нејзините самостојни изложби, може да се забележи дека е во прашање едно творештво базирано на неколку суштински елементи. Пред сè, авторката изразува едно деликатно и органско третирање на цртежот, една цртачка посветеност со истенчено и трпеливо мајсторство во креирање на детаљот, и конечно, она што може да се примети е дека нејзиното досегашно уметничко создавање е созревано далеку од очите на јавноста, во еден облик на творечка самоизолација. Опусот на Биљана претставува фигурално доживување на нештата, но кој не робува на реалитетот и на вулгарната дескрипција. Нејзините сликарски простори се натопени со фин колористички еротизам, со еден нежен афинитет кон декадентниот и декоративниот естетизам. Сликарските и цртачки претстави се дотерани, но не и патетично измазнети. Ова творештво ја изразува идејата за артикулирана сензибилност, која се игра со алегориската претстава на фигурата, романтичното доживување на убавото и меланхолијата како извесна состојба на некогашната посакувана духовност. Биљана во своите дела ја разоткрива вистината на исчезнатите луѓе и предмети, кои на нејзините слики и објекти се изразени во состојба на некаква опуштена безгласност, чудна оддалеченост и заборавеност. Доволно е да се погледнат очите на насликаните стари мудреци и да се забележи нивната пробивност која ве „фаќа“, но со едно поинакво заведување кое е ослободено од секакво субјективно убедување. Сликарската координација меѓу исчезнатото време, емотивното спознание, евокативното доживување на одредени искуства и поетики од историјата на уметноста, симболичкиот декоративизам, интроспективното истражување на сликарскиот простор и сигурната експресивност на цртачкиот гест, доаѓаат во полн изблик во ненаметливиот творечки опус на Биљана.

Тактилно ткаење на сликата

ИРОНИЗИРАНА ДИСТАНЦАКако авторка, Биљана изразува ликови со една деперсонализирана убавина, една заводливост која заведува, но која не се однесува на никого, една свесност за убавината што можеби повеќе се потпира на една иронизирана дистанца која е во согласност со времето во кое живееме...

Биљана КАјЕВИЌ

Page 61: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 61

61

Биљана Кајевиќ

човекЧовечкиот лик за авторката претставува базична, исконска и комплексна форма. Средиште на corpus mundi. Човечкиот лик во нејзините слики е сензибилен патник низ световите, сонлив и интимен флуид изграден од можните тајни на нашите духовни и душевни состави. Истовремено, овој лик е симбол и сплотена игра на творечката моќ на природата со нестварното и со нашиот естетизиран свет.Како авторка, Биљана изразува ликови со една деперсонализирана убавина, една заводливост која заведува, но која не се однесува на никого, една свесност за убавината што можеби повеќе се потпира на една иронизирана дистанца која е во согласност со времето во кое живееме... Покрај избраните човечки ликови, авторката за своето медитативно третирање на цртежот, во кое го провлекува конецот на кревкото творење, наоѓа артифициелно прибежиште и во животинскиот свет (гаврани, гуштери, риби... ) Од друга страна, во симболот на дрвото, Биљана наоѓа суштинска космолошка слика на мудроста и скриените тајни. Нејзините мистични кулиси од дрвја, сликарски најчесто обработени до мека експресија на апстрактен гест, заедно со култивираниот фигуративен лиризам на насликаните „портрети“, ја втемелуваат авторската и истражувачка стратегија меѓу природата, магичниот човечки лик, времето, сложениот регистар на топлите и студените бои и сенки.

фотографија и ПоеЗијаВо поново време, Биљана своето естетско истражување го комбинира и со други креативни пракси, како што се фотографијата и поезијата. добиениот резултат се мали, интимни, камерни визуелизации, во кои имаме компјутерска обработена фотографија како „сликарска површина“, едноставен и сетилен цртеж кој „природно“ се надополнува и продолжува одредени фрагменти од фотографската содржина, и поетски стихови кои се распоредени динамично и тактилно со својата изразност. Прашањата за разликите меѓу сликарското, фотографското и поетското во овие камерни приказни се губат во неодреден простор.

пишува: Дејан БУЃЕВАЦ

Page 62: PORTA3 152

ПОРТА 11 март 2011362

62

советиби

бли

оте

ка и

ви

но

тека

во

дн

евн

ио

т П

рост

ор

- Го видов списанието Порта 3 и рубриката Совети, па молам да ме посоветувате како да го уредам станот. Во кујната не би го менувала распоредот на елементите, а во составот на дневната соба би сакала да има место за библиотека и винотека.

Анета, Скопје

Несомнено е дека современиот животен стил го дефинира начинот

на уредување на домот, но многу е важен личниот пристап произлезен од желбите и потребите на секој од нас. Во вашиот стан , кујната, трпезаријата и дневната соба се оформени како заеднички отворен простор. Кујната може да остане иста, а на пултот да

се надоврзе трпезариската маса. Положбата нема да ја отежнува комуникацијата, а ќе овозможи непречено влегување на светлината преку балконската врата и прозорецот. При уредувањето на дневната соба, едноставноста и удобноста нека ви бидат примарна мотивација. Големиот тросед и двата двоседа нудат комотно чувство, а комплетноста е

дополнета со ниски масички на кои се поставени ламби како израз на топлината на

семејниот дом. На преградниот ѕид меѓу ходникот и дневната соба, поставете ја библиотеката, а пред неа

двоседот и подна ламба.Винотеката може да се оформи како визуелна преграда меѓу дневната соба и трпезаријата. Преградата содржи два асиметрични дела, еден полн на кој од страната на дневната ќе биде телевизорот, и еден решеткаст за вински шишиња и висечко зеленило. Убаво е да ја ускладите бојата на дрвото на трпезариската маса со бојата на дрвото од кое ќе се изработи преградата. Светлото дрво делува модерно, го освежува просторот и не го оптоварува. Темното дава сериозен тон на ентериерот и бара елеганција и во останатиот дел на ентериерот. Полното дрво се врзува за рустичниот изглед. Ако вашата трпезариска маса има стаклена површина, треба да се води сметка за „базата" на масата. Едноставната црно бела комбинација на дрвото делува шик и е за ентериер со ултрамодерна концепција, па во тој стил се уредува и останатиот дел од дневната зона.

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

пред

потоа

Page 63: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 63

63

најчудните градби на светот

Многумина сметаат дека конструкциите што се градат низ светот мора да имаат

строго детерминирана намена за живот. Или за канцелариски простор. Ама не секогаш е така. Постојат објекти кои ги правиме од забава, за подобро уживање, за престиж, па дури и за туристичка атракција.Таков е случајот со пристанишната кула во градот Кобе во Јапонија

(Kobe port tower). Висока е 108 метри. Направена е од испреплетена мрежа на метални столбови во црвена боја, со стаклена фасада. Во основа, објектот има две обвивки. Едната, стаклено-металната, е основа на објектот, а другата е метално-црвена мрежа обвиткана околу јадрото. Најчудното е тоа што употребливиот дел на кулата е над 90 метри од структурата каде што се наоѓа место за набљудување.

На височина од 18 метри се сместени пет платформи (катови) за набљудување. Тие се направени со цел да се избегне голема концентрација на луѓе на само една платформа, а така се создаваат услови и за други активности освен панорамското разгледување.Кулата е комплетирана во далечната 1963 година и е своевидна копија на кулата во Сиднеј во Австралија. Секако, не во дизајнерска смисла туку во поглед на намената.

Посматрачкиот елемент на врвот на кулата ја прави особено атрактивна за туристи кои сакаат да го видат целото пристаниште на дланка, но и многу подалеку од хоризонтот околу Кобе. Целата метална структура е украсена со светилки во различни бои, кои во комбинација со црвено бојадисаниот метал остава неверојатен впечаток во вечерните часови.

Драган РИСТОВ

метална мрежа само За Подобар Поглед

Page 64: PORTA3 152

ИЗЛОГ

Стол од Patricia Urquiola за Moroso

Полици дизајнирани од италијанската компанија Lago.

ПОРТА 11 март 2011364

64

Page 65: PORTA3 152

Италијанскиот дизајнер Luca Nichetto ја креираше оваа колекција на ниски маси за Casamania,

инспирирани од неговата желба за патување. Формите на секоја од четирите маси е базирана

на апстрактни мапи од различни европски градови - Париз, Барселона, Венеција и Истанбул.

подготви:Сандра ДОНЧЕВАдипл.инж.арх.

Трпезариска маса од компанијата Bonaldo, во различни комбинации, бело матирано стакло со метални ногарки обоени во бела боја, или боја на орев со метални ногарки обоени во различни бои.

Плакар-остава од италијанската фирма Lago.

11 март 2011 ПОРТА3 65

65

Page 66: PORTA3 152

66

јавни набавкиСЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 23/11 - ЗАКОН ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 18/2011

ОГЛАСИInvitation for Tenders

Reference: 02EBRD/11Employer:Agency for State Roads, Macedonia, Str. “Dame Gruev” no. 14, 1000, Skopje.PROJECT:Rehabilitation and Improve-ment of Regional Roads:R108 Kavadarci-Musov Grob, km 0+000 – km 16+302, 24, R418 Struga – Debar, Section 1, km 0+000 – km 16+053 Sec-tion 2, km 40+366 – km 51+020.Contact: Tel: +389 2 3118-044; Fax: +389 2 3220-535, person: Misko Arsov.Tenders must be delivered at the address below on or before 12:00 (local time) on April 04, 2011, at which time they will be opened in presence of those tenderers’ representatives who choose to attend.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 22/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 07-01/2011Назив на договорниот орган:Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на техничка документација на ниво на проект за Инфраструктура и Основен проект за патен правец од с. Опае до Граница со Косово.Контакт тел/факс: 3118—044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска.Јавно отворање на понудите на ден 24.03.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 23/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКАБРОЈ: 19/2011Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на монтажни училишта во рурални средини по систем клуч на рака.Контакт тел/факс: 02 3224-997, 02 3118-414, лице за контакт: Александра Џингова.Јавно отворање на понудите на ден 21.03.2011 год.

БРОЈ: 01-32/2011/2011Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Консултантски услуги за Проектот Бошков Мост.Контакт тел/факс: 02 3111-308, 02 3111-309, лице за контакт: Никола Стојановски.Пријавите за учество да се достават најдоцна до 04.04.2011 година во 12.00 часот.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 24/2011ЗАКОН

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ НА ЗАТВОРАЊЕ И ОЗНАЧУВАЊЕ

НА ЗАТВОРЕНО ГРАДИЛИШТЕ

ПРАВИЛНИКЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА

БАРАЊЕТО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ

НА ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДЕЊЕ

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА

ИЗДАВАЊЕ, ОБНОВУВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ

НА ГРАДБИ, РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ИНЖЕНЕР ЗА

ИЗВЕДБА И НАДЗОРЕН ИНЖЕНЕР, КАКО И ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ

НА ВОДЕЊЕТО НА РЕГИСТАРОТ ЗА ИЗДАДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ ОВЛАСТУВАЊА

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ, ОБНОВУВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НА ГРАДБИ, РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, УПРАВИТЕЛ НА

ГРАДБА, ИЗВЕДУВАЧ НА ГРАДБИ, НАДЗОР НА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДБИ И УПРАВИТЕЛ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ, ФОРМАТА

И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ЛИЦЕНЦИТЕ КАКО И ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА

И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ ЗА ИЗДАДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИ

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА

ТЕХНИЧКИОТ ПРЕГЛЕД

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА

УРЕДУВАЊЕТО НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СО ОБЈЕКТИ НА КОМУНАЛНТА

ИНФРАСТРУКТУРА И НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ

ЗА УРЕДУВАЊЕТО ВО ЗАВИСНОСТ ОД СТЕПЕНОТ НА УРЕДЕНОСТ

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА

ИЗВОДОТ ОД ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН,

УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО, УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ВОН НАСЕЛЕНО

МЕСТО, ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ОД ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ПРАВИЛНИКЗА СОДРЖИНАТА НА ПРОЕКТИТЕ,

ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ, НАЧИНОТ НА ЗАВЕРКА НА ПРОЕКТОТ ОД СТРАНА

НА ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА И НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЗАПИСИ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 10/2011Назив на договорниот орган:Министерство за здравство, ул. “50 Дивизија“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Набавка на услуги за вршење на стручно-технички надзор при изградба на нов објект во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца “Козле“ – Скопје и изведување на градежни и градежно занаетчиски работи во ЈЗУ Геронтолошки завод “13-ти Ноември“ – Скопје.Контакт тел/факс: 02 3112-500, 02 3113-014, лице за контакт: Бетим Љамалари.Јавно отворање на понудите на ден 18.04.2011 год.

БРОЈ: 16/2011Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на ново основно училиште во Реонски центар Аеродром.Контакт тел/факс: 02 3224-997, 02 3118-414, лице за контакт: Александра Џингова.Јавно отворање на понудите на ден 23.03.2011 год.

БРОЈ: 23/2011Назив на договорниот орган:

Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на мост на река Вардар и сообраќајница помеѓу Сарај и Ѓорче Петров.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 24.03.2011 год.

БРОЈ: 5/2011Назив на договорниот орган: ЕЛС – Општина Прилеп, ул. “Питу Гули“ бр. 2, 7500, Прилеп.ПРЕДМЕТ:Изградба на други објекти – реконструкција на плоштади, тротоари, пешачки патеки, улици сл. (Архитектонско партерно уредување на плоштад пред Дом на Култура –МАРКО ЦЕПЕНКОВ- во град Прилеп, III фаза –Плато), на територијата и за потребите на ЕЛС –Општина Прилеп.Контакт тел/факс: 048 401-721, 048 401-720, лице за контакт: Рубинчо Биновски.Јавно отворање на понудите на ден 24.03.2011 год.

БРОЈ: 04/2011Назив на договорниот орган:Општина Желино, с. Желино, 1226, Тетово.ПРЕДМЕТ:Набавка на бекатонски плочки од 8 цм. со транспорт и истовар во количина од 13.000 м2, тампонски материјал (0-30) мм. во количина од 650 м3 и фракција – песок (4-8) мм. во количина од 650 м3 за изградба на локални патишта за н.м. во општина Желино, по Програма бр. 07-93/5 од 27.01.2011 година.Контакт тел/факс: 044 378-040, 048 378-030, лице за контакт: Хебиб Јахиу.Јавно отворање на понудите на ден 21.03.2011 год.

БРОЈ: 2/2011Назив на договорниот орган:Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведување на завршни работи, изведба на сценографски елементи и ентериерна обработка за објект Музејски комплекс на Македонската борба, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот.Контакт тел/факс: 02 3240-535, 02 3226-920, лице за контакт: Бранко Костовски.Јавно отворање на понудите на ден: 25.03.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 25/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 22/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма, со потребната лиценца за изведувач Е, за изградба на парк Јане Сандански на територија на Општина Аеродром.Контакт тел/факс: 2401-548, 02 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 23.03.2011 год.

БРОЈ: 02/2011Назив на договорниот орган:Општина Пехчево, ул. “Борис Кидрич“ бр. 8, 2326, Пехчево.ПРЕДМЕТ:Реконструкција и надградба на објект караула.Контакт тел/факс: 033 441-321, лице за контакт: Марија Ризовски.Јавно отворање на понудите на ден 23.03.2011 год.

БРОЈ: 5/2011Назив на договорниот орган:Општина Кавадарци, Плоштад “Маршал Тито“ бб, 1430, Кавадарци.

ПРЕДМЕТ:Набавка на услуги за ревизија на урбанистички планови и проекти.Контакт тел/факс: 043 416-107, 043 400-216, лице за контакт: Елена Трајкова.Јавно отворање на понудите на ден 23.03.2011 год.

БРОЈ: 7/2011Назив на договорниот орган:Општина Кавадарци, Плоштад “Маршал Тито“ бб, 1430, Кавадарци.ПРЕДМЕТ:Набавка на услуги за изработка на проекти.Контакт тел/факс: 043 416-107, 043 400-216, лице за контакт: Елена Трајкова.Јавно отворање на понудите на ден 23.03.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 26/2011ПРАВИЛНИК

ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ГРАДЕЖЕН ДНЕВНИКИК И ГРАДЕЖНАТА КНИГА

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЗАПИСНИКОТ ЗА ИЗВРШЕН УВИД

НА САМОТО МЕСТО СО ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ

ПРАВИЛНИКЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА

БАРАЊЕТО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 26-1856/2/2011Назив на договорниот орган:Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. “Ленинова“ бр. 2, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на техничка документација за работи поврзани за тековното одржување на брана Слатино.Контакт тел/факс: 02 3134-477, 02 3230-429, лице за контакт: Ана Јајчевска.Јавно отворање на понудите на ден 21.03.2011 год.

БРОЈ: 26-1857/2/2011Назив на договорниот орган:Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. “Ленинова“ бр. 2, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Ревизија на техничката документација за брана “Конско“ со придружни објекти.Контакт тел/факс: 02 3134-477, 02 3230-429, лице за контакт: Ана Јајчевска.Јавно отворање на понудите на ден 21.03.2011 год.

БРОЈ: 15-3481/2/2011Назив на договорниот орган:Фонд за здравствено осигурување на Македонија, ул. “Македонија“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција и санација на објекти на подрачни служби за нови позиции и зголемени количини од претходна постапка.Контакт тел/факс: 389 02 3289-008, 02 3289-048, лице за контакт: Николче Крстевски.Јавно отворање на понудите на ден 28.03.2011 год.

БРОЈ: 25/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на паркинг за автобуси и леќи коли кај Транспортен центар.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 28.03.2011 год.

Page 67: PORTA3 152

11 март 2011 ПОРТА3 67

рубрика

67

Page 68: PORTA3 152