68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА Вознемирувачкиот реализам на Башески цена: 90 денари БРОЈ 145 ПЕТОК 03.12.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: [email protected] Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924 КОЈ ГО УКИНА БОЖИЌ ОВАА ГОДИНА? Скопје 2014 се спушта под земја Со сензори до здрави конструкции

PORTA3 145

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 145

Citation preview

Page 1: PORTA3 145

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Возн

емир

увач

киот

реа

лиза

м на

Баш

ески

цена: 90 денари БРОЈ 145ПЕТОК 03.12.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

КОЈ ГО УКИНА БОЖИЌ ОВАА ГОДИНА?

Скоп

је 20

14 се

спуш

та п

од зе

мја

Со се

нзор

и до

здра

ви ко

нстр

укци

и

Page 2: PORTA3 145

DE international DOOEL Skopje • [email protected] • Tel. (02) 3228 824 • Fax (02) 3296 790D Messe München GmbH • [email protected] • Tel. (+49 89) 9 49-113 08 • Fax (+49 89) 9 49-113 09

The future of building

World’s Leading Trade Fair for Architecture, Materials, Systems

Преку 1.900 изложувачи

180.000 m2 изложбена површина

212.000 посетители од 150 земји

100549 Bau11puste_230x280_Porta3_MK.indd 1 01.09.10 10:19

DE international DOOEL Skopje • [email protected] • Tel. (02) 3228 824 • Fax (02) 3296 790D Messe München GmbH • [email protected] • Tel. (+49 89) 9 49-113 08 • Fax (+49 89) 9 49-113 09

The future of building

World’s Leading Trade Fair for Architecture, Materials, Systems

Преку 1.900 изложувачи

180.000 m2 изложбена површина

212.000 посетители од 150 земји

100549 Bau11puste_230x280_Porta3_MK.indd 1 01.09.10 10:19

Официјалензастапник на

Mинхенскиот саемза Македонија,

Албанија и Косово

Page 3: PORTA3 145

рубрика

DE international DOOEL Skopje • [email protected] • Tel. (02) 3228 824 • Fax (02) 3296 790D Messe München GmbH • [email protected] • Tel. (+49 89) 9 49-113 08 • Fax (+49 89) 9 49-113 09

The future of building

World’s Leading Trade Fair for Architecture, Materials, Systems

Преку 1.900 изложувачи

180.000 m2 изложбена површина

212.000 посетители од 150 земји

100549 Bau11puste_230x280_Porta3_MK.indd 1 01.09.10 10:19

DE international DOOEL Skopje • [email protected] • Tel. (02) 3228 824 • Fax (02) 3296 790D Messe München GmbH • [email protected] • Tel. (+49 89) 9 49-113 08 • Fax (+49 89) 9 49-113 09

The future of building

World’s Leading Trade Fair for Architecture, Materials, Systems

Преку 1.900 изложувачи

180.000 m2 изложбена површина

212.000 посетители од 150 земји

100549 Bau11puste_230x280_Porta3_MK.indd 1 01.09.10 10:19

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Возн

емир

увач

киот

реа

лиза

м на

Баш

ески

цена: 90 денари БРОЈ 145ПЕТОК 03.12.2010година VI

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

КОЈ ГО УКИНА БОЖИЌ ОВАА ГОДИНА?

Скоп

је 20

14 се

спуш

та п

од зе

мја

Со се

нзор

и до

здра

ви ко

нстр

укци

и

БРОЈ 145 ПЕТОК 03.12.2010 ГОДИНА VI

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Градбите стануваат жив организам.Модерните технологии овозможуваат да се следи како тие „дишат“, или дали имаат зголемена „температура“! Кај нас се прават првите чекори на ова поле. Експертите тврдат дека во Македонија е неопходно следење на „здравјето“ на конструкциите со примена на современи системи кои веќе се користат во развиените држави. Таквите алатки, односно системи за следење на здравјето на конструкциите (Structural Healt Monitoring) им помагаат на инженерите да ја подобрат безбедноста и одржувањето на критичните објекти. Нивното воведување овозможува дури и од сопствената канцеларија секојдневно и во секој момент да се добиваат сите податоци кои се важни за конструкцијата. Интересирањето во областа на следењето на конструкцијата расте со многу брзо темпо во последно време, поради големиот развој во производството на иновативни сензори, лесното поставување на мрежите на сензорите и аквизиционите системи, како и пратечкиот развој на сметачките капацитети, кој стана лесно достапен со помош на персоналните компјутери. GRAWE центарот, изграден спроти Соборниот храм, е најдобро архитектонско остварување за оваа година. Негови автори се архитектите Звонко Тасевски и Крсте Петров од архитектонското студио ДСЦ Дизајн. Тие се и добитници на Големата награда за архитектура на градот, доделена во рамките на годинешната манифестација „Архитектите за Скопје“. Во Скопје продолжува уредувањето на централното подрачје. Скопје 2014 се спушта и под земја. Проектот влегува во нова фаза кога се бираат изведувачи, и тоа за подземната улица на левиот брег на Вардар, за барокната катна гаража и за скулптурите на мостот Око. Истражувањата покажуваат дека 54 отсто од фирмите во Велика Британија што нудат професионални услуги во градежништвото се тешко погодени од рецесијата. Приходот од наплатата за извршени консултантски услуги им е намален во периодот од октомври 2008 до октомври 2009 година, при што 46 проценти од анкетираните фирми во истиот овој период отпуштиле вработени. Архитектите и менаџерите во градежништвото се предвидува да бидат најпогодените категории. Ќе се слави ли Божиќ оваа година?

ОД РЕДАКЦИЈАТА

Официјалензастапник на

Mинхенскиот саемза Македонија,

Албанија и Косово

ФОРУМ 06ЈАВНА ДЕБАТА: АРХИТЕКТУРАТА

И ТОТАЛИТАРИЗМОТ

СКОПЈЕ 12СКОПЈЕ 2014 СЕ СПУШТА ПОД ЗЕМЈА

ГРАДЕЖНИШТВО 16СО СЕНЗОРИ ДО ЗДРАВИ КОНСТРУКЦИИ

АРХИТЕКТУРА 28GRAWE – СИМБОЛ НА ДЕЛОВЕН УСПЕХ

ЕКОЛОГИЈА 43ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ КЛИМАТСКИОТ

САМИТ ВО КАНКУН?

УРАБНИЗАМ 48ПЛАН ЗА ПРОСПЕРИТЕТ НА ПАЛЕСТИНА

ЕКСПЕРТ 54КОЈ ЌЕ ГО УКИНЕ БОЖИЌ ГОДИНАВА?

ПОРТРЕТ 60ВОЗНЕМИРУВАЧКИОТ РЕАЛИЗАМ

НА ЖАРКО БАШЕСКИ

Редакција:

главен и одговорен уредник:Наталија НОвАКОвИќ-дОБрЕвСКА

новинари:Катерина СПАСОвСКА-ТрПКОвСКАјулијана гЕрАСИМОвСКАСузана вАСИЛЕвАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Елена КУзМАНОвСКААнгел СИТНОвСКИИгор рИСТОвСКИ Сандра дОНЧЕвАвладимир Б. ЛАдИНСКИТрајче СТОјАНОвНатка ќОСЕвАСашо КУзМАНОвСКИАлександра ПЕТрОвСКАданиела МЛАдЕНОвСКАБилјана САвИќдраган рИСТОвдејан БУЃЕвАЦАлександра ШЕКУТКОвСКАКире КИПрОСКИПавлинка АТАНАСОвАЕлена ПЕТрОвСКА

графички уредник:дејан дАвИТКОв

фоторепортер:Кире ПОПОв

лектор:Костадинка СОЛЕвА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОвСКИ, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р Мери ЦвЕТКОвСКА,дипл. град. инжвања дОНЧЕвА, дипл.инж.арх.Сања вЕЛИЧКОвСКА, дипл. инж. арх.

Издавач:„Биропрес“ дОО СкопјеУл. васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3132 923; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биропроект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

гОдИШНА ПрЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка Ад СкопјеЕдБ:4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница: GRAWE центар, добитник на наградата АСК 2010Автори: Звонко ТАСЕВСКИ и Крсте ПЕТРОВ од студиото ДСЦ Дизајн

``

Page 4: PORTA3 145

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

4

Page 5: PORTA3 145

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

03 декември 2010 ОРТА3 5

рубрика

5

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занатски работиТОрУС ИНжЕНЕрИНг дООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим на градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите кои ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

Page 6: PORTA3 145

6

форум

Со цитат од Рем Колхас „Архитектурата - отровна мешавина на семоќ и

немоќ“, Никола Гелевски ја отвори дебатата чија цел беше да се дискутира јавно за влијанието на тоталитаристичкиот режим врз архитектурата и тоа да се поврзе со архитектурата што моментно се гради во Скопје.

Гелевски: Многу е важно што оваа дебата е од јавен карактер, бидејќи од една страна има поканети соговорници архитекти, а од друга страна заинтересирани граѓани кои слободно можат да се изразат и да се информираат за оваа тема. Ова е од особена важност за ширењето на една култура на спознавање на архитектурата и урбанизмот, бидејќи намаленото ниво на ваква култура кај граѓаните донекаде има дадено придонес за ова што денес му се случува на нашиот град. Од некој аспект, тоа можеби е единствена позитивна страна на проектот Скопје 2014, што ги заинтересира оние на коишто тоа не им е професија, како што сум и самиот јас, да се упатат и едуцираат, односно да ја развиваат кај себе и во потесната околина оваа граѓанска култура. Благодарение на ова,

откриваме ужасен дефицит на знаење кај популацијата, од којшто произлегува можноста за манипулација со истата. Бакалчев: Ова е една од изјавите на Колхас што јас ја доживувам како негова лична, интимна белешка, не толку идеолошка, според неговиот однос кон архитектурата и општеството. Колхас е практично хроничар на современоста, особено што кај него сретнуваме една специфична новинарска острина, која тој како светоглед ја пренесува и во неговото архитектонско дело... Тој тргнува како визионер, не како реализатор. Подоцна неговите проекти претставуваат еден вид коментар на тогашната политичка ситуација. И покрај неговото творештво, кое во голема мера се вклопува во бранот на комерцијална архитектура, тој има и значајно глобално вијание. Гелевски: Настрана од тоа, за мене оваа реченица доловува и скриени димензии на архитектурата, коишто токму ја прават толку величествена од една и толку манипулативна од друга страна. Тоа е она чувство, претпоставувам уште понагласено и кај нарачателите и архитектите на делото, чувство на тотална егзалтација, а од друга страна,

сето тоа може да се претвори во куп камења. Повторно во врска со Колхас, ми се допадна нешто што прочитав и е напишано од неговиот одамнешен партнер, Елија Зенгелис, а што претставува критика за современата архитектура. Вели дека е тотално диктаторство на окото, односно дека сè што се гради е направено да биде допадливо за окото, како сценографија, кулиси... Ова многу ме потсетува на случајот со Скопје 2014. Бакалчев: Ова спаѓа во сегментот на феноменологијата на ахитектурата. Архитектурата како нешто што е просторно, видливо, но истовремено и нешто друго, нешто спротивно. Тој ја бара и потенцира токму таа материјална линија со ваквиот став. Гелевски: Дали можеби некој вид популаризација на архитектурата е и нејзино артикулирање? Зошто ние тоа го немаме? Зошто нашиот факултет, никогаш не произведувал теоретичари, мислители на архитектурата? Нели мислите дека недостасуваат повеќе рецензии, теоретско следење на архитектурата, воопшто пишување за архитектурата? Дали и тоа е одговорност на архитектите, нè само да градите згради туку и

да разговарате, да го едуцирате народот за архитектурата? Бакалчев: Мислам дека ова е двострано прашање, но и прашање на определба и на домен на кој ќе се делува. Изразување на мислењето не е само преку збор, туку и преку правење дела. Ова е многу важно да се сфати и да се толкува како такво. Но секако важно е да се има и двојна комуникација, да не се фокусираме само на еден аспект на архитектурата или пак целото внимание да го насочиме само на една просторна рамка, конкретно на центарот на градот, туку воопшто да се негува тој однос кон следењето, креирањето на архитектурата. Знаете, минатата година Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј имаше јубилеј, 60 години од своето постоење. Релативно скромно, по тој повод цела година гостуваа извонредни имиња, и на крај отворивме изложба, и морам да потенцирам никаде не беше најавен таков настан, ниту пак подоцна беше објавено дека такво нешто се случило. Тоа е трагично, архитектурата доаѓа во центарот на вниманието само ако се поврзе со некој политички контекст или со скандал. А интересот кај народот

Невладината организација ГЕМ - Граѓани за Европска Македонија, на 11 ноември во просториите на својот клуб во Старата скопска чаршија, одржа јавна дебата на тема „Архитектурата и тоталитаризмот“. Се работи за седма дебата од циклусот „Зборно место“. Салата во ГЕМ клубот беше претесна за гостите што ја посетија дебатата, претежно составена од архитекти, студенти, но и други заинтересирани граѓани. Модератор на дебатата беше Никола Гелевски, а како поканет соговорник се појави проф. Минас Бакалчев од Архитектонскиот факултет при УКИМ . Дебатата беше насочена кон домашните и светските трендови во архитектурата, но и општата состојба денес во Скопје на полето на градежните зафати.

Архитектурата и тоталитаризмот

Page 7: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 7

7

форум

се создава со континуирано хранење со информации. Побунувањето против менување на изгледот на јавни објекти и покривање прекрасни погледи, не би требало да е битка само на архитектонската фела, туку и на народот. Тоа е нешто заедничко и треба заеднички да се делува доколку тоа е потребно. Гелевски: За оние што се спротиставуваат на Скопје 2014, вклучувајќи ме и мене, ми се чини дека е ова само почеток на една длабока деградација. Деградација на јавни простори, на граѓанска култура и сето што следува потоа. Најверојатно допрва не чекаат огромни проблеми на ова поле и заради тоа е важно да се разговара на оваа тема, нè само како познавачи, туку и како граѓани кои сме директно засегнати. Бакалчев: Ги оцртуваш феномените на вистински начин. Доколку некој од градските токови се прекине, целиот град ќе биде заложник, а тоа не смее да биде последица на нечии приватни интереси. Пример за тоа е Јужниот булевар. Меѓутоа, има некои елементи кои се витални за градот. Како такви, треба да се гледаат и како такви треба да се завршат. Понатаму можат да се усовршат или трансформираат, но

ако основните црти не се дадат, тие нема да бидат она што треба да бидат. Во такви работи нема компромис, нити интерес, ниту капитал, ниту политика. Истото важи за сите инфраструктурни решенија кои се сложени за програмирање, а камоли за изведба, кои се предложуваат во врска со сообраќајот во Скопје. Кога се засегнува темата за Скопје после земјотресот, мора да се земе предвид дека тоа е периодот на Модерната. Се има поинакво мислење за архитектурата, за нејзиното битие и воопшто за односот кон општеството. Визијата на тоа време кон архитектурата е еден вид социјален проект. Дури може да се разложи на повеќе периоди според профилирањето на архитектурата во однос на одредени погледи, задачи и тенденции. Така на пример, во еден предземјотресен период, Скопје се гради како еден функционален град, што од своја страна е спротиставување на предвоените тенденции. После земјотресот настапува архитектура која веќе има сегмент на ревизија кон Модерната. Па така, Скопје добива Градски ѕид и Градска порта, што пред ’63-та не постои воопшто ни во вокабуларот, бидејќи претходните принципи се

темелат на слобода во просторот. Гелевски: Архитектонската фела посветува недоволно внимание на дилетантските начини на кои се презентираат сумите на чинење на сегменти од овој проект во јавноста... Бакалчев: Насекаде во светот, кога станува збор за јавните градби, пред започнување со реализација на проектот треба да бидат транспарентно истакнати податоци за изгледот, изведувачот и за цената на чинење и потеклото на средствата од кои е финансиран проектот. Дури потоа, истото може да биде предмет на аргументирање. Тоа е еден начин на комуницирање и доближување на делата до јавноста. Сите поголеми проекти имаат една паралелна комуникација со граѓанството на градот во кој се вршат проектите. Тоа е многу корисно. Не ја гледам причината зошто да не се оствари еден ваков чин. На пример, при обновата на Берлин, пред градилиштето имаше поставено еден контејнер во чии простории беше содржана сета документација за проектот, со изложба на макети со кои се претствува новиот изглед. Можете да замислите, тоа беше главна

атракција за граѓаните, луѓето доаѓаа во голем број на самото градилиште за да го видат тоа. Тоа е обврска кога станува збор за градење интерес кај граѓаните, едукација и двострана комуникација. Јас предлагам уште веднаш, додека не е доцна, да се постават вакви монтажни објекти покрај Вардар и без оглед на различните ставови, граѓаните да имаат каде да се запознаат и да се подготват за новиот изглед на градот. За време на конкурсите, сите имавме дилема дали треба објектите да бидат ресоздадени – онакви какви што биле оригиналите, или реинтерпретирани, со иста функција, но со современи вредности.Впрочем, ова што сега се прави со Скопје не е никакво возобновување или навраќање кон минатото. Ова е изведба на „Град на спектакли“, нов град на атракции. Има многу градови правени според таква концепција - Дубаи, Лас Вегас, Дизниленд... тоа е веќе зона на постмодернизам. Конретно, феноменот може да се идентификува како артифициран регионализам.

ЈАВНА ДЕБАТА

Архитектурата и тоталитаризмот

РЕПЛИКИ Вториот дел од дебатата продолжи со реплики и прашања од посетителите. Проф. др. Михаил Токарев ја негираше констатацијата дека архитектонската фела молчи и е незаинтересирана, потенцирајќи дека одлуките и предлозите од вонредното собрание на ААМ биле игнорирани, нагласувајќи дека за една идеја да биде успешно реализирана, потребно е рамнотежа меѓу општество кое знае да ги разбере нештата и народ кој знае да ги цени нештата.Еден од присутните посетители изнесе податок дека е старо римско правило триумфалните објекти да се градат со пленот од поразените. Со тоа, според него, имаме парадокс владата да гради триумфална капија со парите на народот.

подготви: Леонида Пенка БАША

Page 8: PORTA3 145

>

>

>

>

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

¤

/

/

/

/

/

9

±

Õ

Õ

Õo

OO

OO

O

O

U

U

o

. а. а

Bigla

Sam

ar

Varduq

Glaj{o

Vi{esla

Vetarnik

Suv

o P

ole

Ram

ni D

ol

Volko Legalo

Z d

r a v e c

Pre~na Planina

Petrinsko Pole

X

a

f

a

S t a

r a

G a

l i

~ i

c a

[ a r b o j c a (A

san|ura)

Pogled

Magaro

Tomoros

Lako Signoj

Bugarska ^uka0

884

914

999

971

950

1157

1659

1550

1466

1624

1381

1625

1633

1588

1574

1253

1473

1643

1558

1490

1654

1362

1564

1261

1502

1107

1044

1173

1140

1273

1255

1660

1622

1735

1182

1424

1801

1316

1673

1984

1924

1435

2254

Leska

Rblok

Vojla

Sir Han

Stewsko Blato

Makedonski dab

Samotska Dupka

Karpi i klifovi

Karpi i klifovi

Ostrovo Sv. Naum

Naumova Pe{tera

Leskove~ka Pe{teraKoritski Rid-Zli Dol

Kula

Osoj

Golem Kotel

РОСТОРЕН ЛАН НА НА ИОНАЛЕН АР АЛИЧИ А

/0 1 2 3 4 50 ,5

K m

НАЦРТ ПЛАН 2 0 0 9 - 2 0 2 0

ИНИСТЕРСТВО ЗА ИВОТНА СРЕДИНА ИРОСТОРНО ЛАНИРА Е

А ЕН ИЈА ЗА ЛАНИРА Е НА РОСТОРОТ

РИРОДНО НАСЛЕДСТВО И ТУРИЗА - РОЕ ИЈАкарта А 1 8 7 0 9 0 3

РАЗМЕР 1 : 5 0 .0 0 0

Lokalen pat:

#0 Planinski vrv

Regionalen pat

asfaltiran pat

zemjen pat

pe{a~ka pateka

P el ecanu s onocrotal u s

Lokva

C rocu s cv ijicii

E draianth u s h orv atii

P arnassiu s ap ol l o

H el ix secernenda

Ostrov Golem Grad

Заштитен појас

Za{titni zoni:

Државна граница

Naseleno mesto

Granica na opfat

Prirodno ezero

Reka

Za{titeno prirodno nasledstvo:

Turisti~ki lokaliteti:

¤ Krajbre`en

>PlaninskiVelosipedska pateka®½

Endemi~en rastitelen vid

Õ Prioriteten tip `iveali{taRelikten rastitelen vid

Zna~ajni bez'rbtniciU Vodni ptici

Retki vleka~iRis

Krupen dive~Me~ka

O Lokva

/ Karsten reqef

Divokoza

± Blato

o Steblo RezervatЗона за строга заштита

Зона за активно управувањеЗона за одржливо користење

Прак ПреспаUNESKO

Pe{tera Samotska dupka

L y nx l y nx

U rsu s arctos

Q u ercu s M acedonica

B attarrаеa p h al l oides

ОРТА 03 декември 201038

8

инфо

Советот и жирито на 19. Меѓународен салон за урбанизам кој се одржа во Србија, и ја доделија првата награда на Агенцијата за

планирање на просторот на Република Македонија во категоријата просторни планови, за трудот Просторен план на Националниот парк Галичица. Овогодишниот Салон се одржа во првата половина на ноември во Шабац, во организација на Здружението на урбанистите на Србија, а учесниците од повеќе земји презентираа повеќе од 200 трудови во различни категории.Според зборовите на м-р Душица Трпчевска-Анѓелковиќ, раководител на Одделението за просторно планирање, покрај наградениот, Агенцијата на Салонот учествувала и со два урбанистички плана. За наградениот труд, изработен во ГИС методологија, таа вели дека претставува разработка на Просторниот план за Охридското и Преспанското Езеро. Планот за Галичица во септември доби признание и во Опатија за примена на ГИС технологија во планирањето. Инаку Агенцијата на ланскиот салон за урбанизам освои второ место, токму со Просторниот план за Охридско и Преспанско Езеро.

Експертски тим од ИЗИИС во КраљевоТим експерти-професори од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија го посети настраданото подрачје на Краљево од земјотресот на 3 ноември. Тие извршија увид во оштетувањата и на барање од општината и градоначалникот на градот посветија посебно внимание на објектите од посебен општествен интерес (училиштата, болниците и општинската зграда). Дел од овие објекти претрпеа значителни штети од земјотресот при што е препорачано тие да не се користат сè додека не се преземат соодветни мерки за санирање. ИЗИИС има големо искуство во процени на штети и санирање последици од земјотреси и неговото ангажирање може да придонесе во намалување на штетите од земјотресот.

Пренесувањето на германските искуства во областа на енергетската

ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија е основната цел на отворената Школа за енергетска ефикасност и обновливи енергии на Факултетот за бизнис економија од Скопје.Школата работи по принципот на германските Соларни школи. Формирана е преку јавно-приватно партнерство со Германското друштво за соларна енергија, германската фирма за производство на сончеви колектори „Феникс“ и Друштвото за германска техничка помош - ГТЗ.Таа е прва и засега единствена од ваков вид во Македонија и опфаќа различни видови обуки меѓу кои за соларна термија – загревање на вода со користење сончева енергија, фотонапонска - за добивање струја од сончевата енергија и општ курс за енергетската ефикасност во градежните објекти. Школата е опремена со најсовремени наставни помагала како симулациски уред за следење, лиценцирани софтвери за симулација, мерни инструменти,

термовизијска камера, примерок на целосен систем за соларно греење на вода. Обуката ќе ја изведуваат предавачи од Германија согласно германските наставни програми и европските наставни предмети.- Македонија има големи потенцијали, како за ефикасно користење на енергија и штедење, така и за примена на обновливите извори на енергија - рече заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија Валтер Леуч, кој ја отвори школата.Тој посочи дека Германија и додели кредит во износ од 60 милони евра на Македонија за поддршка на обновливите енергии, посебно на ветерната и хидро- енергијата, со цел да се редуцира зависноста од увоз на енергенси. Претставникот на Германското друштво за соларна енергија Уве Хартман истакна дека во последните 20 години во Германија за 500 пати се зголемија инсталираните уреди за фотонапонско и ветерно производство на енергија.- Во Германија имаме многу добра правна регулатива за енергетска ефикасност и затоа има смисла

да го пренесеме нашето искуство во Македонија. Убеден сум дека Школата може да ја постигне својата цел и да ја подигне свеста за користење на обновливите енергии во Македонија - рече Хартман.Тој нагласи дека во Македонија е можно со малку пари да се постигнат големи резултати на полето на енергетската ефикасност.- Македонија може со помали вложувања во областа на енергетската ефикасност да постигне големо намалување на зависноста од увоз на електрична енергија и нафтени деривати - истакна Хартман.Експертот на ГТЗ Ѓорѓи Трајановски нагласи дека Германија е водечка земја во светот во користењето на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, и додаде дека во Македонија нема правилник за штедење на енергија поради што нема официјални бројки колкава е потрошувачката.- Паушално може да се каже дека потрошувачката на енергија во Македонија е драстично повисока во споредба со Германија, рече Трајановски.

Факултет за бизнис економија од Скопје

Прва школа за обновливи енергии

19. Меѓународен салон за урбанизам

Прва награда за Агенцијата за просторно планирање

`

`

Page 9: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 9

9

инфо Тематска презентација

Геотехника-хармонизација на националната со европската стандардизација

Во организација на Институтот за стандардизација на

Република Македонија во соработка со Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл, се одржа тематската презентација на проектот „Геотехника-хармонизација на националната со европската стандардизација“. Актуелната тема побуди голем интерес, што се цени според големото присуство на учесници на презентацијата, со оглед на тоа што се работи за материја која ги засега сите компании кои непосредно или посредно се поврзани со градежништвото.Презентацијата ја отвори

Љупчо Давчев, директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија, а проектот го претстави неговиот тим лидер, Марија Картон. За хармонизацијата на националната со европската стандардизација во областа на градежништвото зборуваше Соња Черепналковска. Професорот Љупчо Димитриевски на присутните им ја презентираше неопходноста од формирање Технички комитет за геотехника и потребата од хармонизација на националната со европската

стандардизација во областа на „геосинтетиците“, при што ги запозна со веќе усвоените 62 стандарди.Професорот Влатко Шешов ги пренесе искуствата во подготовката на Еврокод 8, и хармонизацијата на стандардите во областа на „Геотехнички испитувања“. Асс.Јосиф Јосифовски во својот труд се задржа на хармонизацијата на стандардите во областа на „Специјални технички работи“ и искуствата во подготовка на Еврокод 7.

Македонија годишно троши четири до пет пати повеќе топлинска

енергија во однос на европските земји. Свеста за енергетската ефикасност е сè уште многу ниска, а мал е и бројот на оние што навистина го разбираат нејзиното значење, без да го мешаат со заштедата на енергија и со обновливите извори на енергија. Ова беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија. Ако половина од објектите се енергетски ефикасни, односно ја сведат потрошувачката за загревање на 35 киловат часови по квадратен метар годишно, можеме да заштедиме енергија колку што произведува една термоелектрана во Битола. - Штедењето енергија не е

енергетска ефикасност, туку нејзин производ. Енергетската ефикасност значи домаќинско користење на енергијата. Целта е всушност да се задоволат потребите со што помалку енергија, нагласи Јордан Војнески, експерт за енергетска ефикасност. Според него, објектите во земјава годишно за загревање трошат 120 до 150 киловат часови по м2 , а во Европа 35 до 50 киловат часови. Грејната сезона, пак, кај нас трае 180 дена, а во Европа 270. Војнески напомена дека од 2005 година наваму, ниту една издадена градежна дозвола не е усогласена со законот во однос на енергетската ефикасност. - Македонија има законска регулатива за енергетска ефикасност, но таа не е

усoгласена со европската. Недостасува правилникот што треба да гарантира дека идните објекти, кои допрва ќе се градат, ќе бидат енергетски ефикасни. Во националната енергетска стратегија, пак, не е дефинирано нивото на дозволена потрошувачка на топлина, рече Војнески и додаде дека властите што даваат дозвола за градба треба да знаат дали идните објекти ќе бидат енергетски ефикасни. Енергетската ефикасност да се насочи кон постоечките објекти, препорачуваат експертите. Според нив, реконструкцијата на фасадите што покрај бојадисување вклучува и топлинска изолација, е 20 до 30 отсто поскапа, но придобивките потоа се многу поголеми.

Најголеми потрошувачи на енергија се становите, домовите, а според последниот попис, ги има околу 49.000. На нив отпаѓа 50 отсто од вкупната потрошувачка на енергија. Македонија досега за екоиновации не искористила воопшто пари од европските фондови, иако и се на располагање. - Освен ЕУ фондовите, од идната година ќе се реализира и проектот т.н. енергетска интелигенција, уште една можност компаниите да имплементираат енергетска ефикасност во своите објекти, рече Јадранка Аризанковска, директор во Стопанската комора. Една од забелешките на стручњаците е и тоа што Топлификација на енергетски ефикасните објекти во земјава им наплаќа несоодветно по квадратен метар потрошена енергија.

Градежните дозволи не се усогласени со законот во однос на енергетската ефикасност

`

Page 10: PORTA3 145

10

ОРТА 03 декември 2010310

скопје

Два месеца откако беше презентиран проектот за плоштадот Скендербег,

иницијаторот за неговата изградба општината Чаир, организираше дебата која ја разбранува јавноста. Расправата за тоа дали проектот е добар или не почна од стручната јавност. Генерално, многу малку забелешки имаше за проектот. Тие најчесто се однесуваа на тоа дека ќе има голема поплочена површина која може да ја наруши климата во градот. Исто така и "преоблекувањето" на околните објекти беше неприфатливо за поголем дел од архитектите. Забелешките се однесуваа и на границите на урбанистичкиот опфат.Меѓу првите соговорници кои дискутираа беше Мирјана Димовска Чоловиќ од Управата за заштита на културно наследство, која реагираше дека во документацијата воопшто не е споменат аспектот дека Старата скопска чаршија е заштитено подрачје во кое не треба да се интервенира. "Старата скопска чаршија е заштитена со закон и во неа не може да се работи, а според она што вие го имате направено тогаш ќе треба да навлезете и во неа, а тоа ќе подразбере и измена на Генералниот и Деталниот урбанистички план. Втората работа што мислам дека ќе пречи е големата поплочена површина која ќе се направи и која ќе ја смени климата во Скопје. Дрвјата што ги имате предвидено се малку, што значи

дека ќе ви треба многу повеќе зеленило", им порача Димовска Чоловиќ на авторите на проектот. Од Бесиан Зеќири, еден од четворицата проектанти, таа доби одговор дека тие како архитекти не сакале да бидат заробени во стегата наречена ГУП или ДУП и затоа направиле ваков проект. "Аспектот заштита на културно наследство не е изоставен и тоа беше дел од тешката загатка што ја имавме. Сметаме дека одлично ја имаме решено. Поплочениот дел воопшто нема да ја наруши климата затоа што во нашиот проект има предвидено многу повеќе зеленило од тоа што моментно постои на теренот. Но, тоа не значи дека нема да се предвидат и нови зелени површини", возврати Зеќири. Според Константин Димитровски од Конзерваторскиот центар и двете варијанти на плоштадот Скендербег заслужуваат внимание. Има навраќање на подзаборавената урбана матрица. На овој обид да се врати тој тепих на урбана матрица треба да му се постави нова содржина. Она што мене ми недостасува е човечка димензија во двете решенија. Се нуди простор кој има недоречености во однос на димензиите. За партерното уредување во делот од Старата чаршија треба да најдете оптимално решение", рече Димитровски. Она што најмногу го привлече вниманието на архитектите се границите на опфатот на проектот. Тие реагираат дека е навлезено

во Старата скопска чаршија и дека со уривањето на постојните дуќанчиња, што се наоѓаат во првите два реда од кај булеварот Гоце Делчев и кои се изградени пред повеќе од 30 години ќе се изгуби сјајот на чаршијата. Но, авторите и општинарите од Чаир го тврдат токму спротивното. "Не се работи за уривање на дуќаните, туку само за редефинирање кое навистина им треба. Нудиме униформно решение за сите објекти. Ако сега погледнете одозгора ќе видите дека покривите им се рамни, а тоа значи дека терасата што се предвидува да биде над нив нема да биде ништо ново", рече авторот Бесиан Мехмети."Делот што се гледа дека е во Старата чаршија всушност припаѓа на Деталниот урбанистички план "Мавровка" што значи дека никако не се навлегува во ова заштитено подрачје", децидни се општинарите од Чаир.Освен овие забелешки на авторите им се дадоа и совети при правењето на плоштадот да се употребат македонски камења, да се предвидат сепарирани површини, да се изведе вода и пред сè да не се брза со изградбата. Но, никој не кажа дали е добро тоа што има толку многу нерамни површини и како тие ќе бидат пристапни за сите луѓе.Бетим Зеќири, Бекир Адеми, Никола Стрезовски и Бесиан Мехмети се авторите што ги направија стратегиите за оформување на плоштадот Скендербег. Првата варијанта

е плоштадот да се гради на површина од 12.865 квадратни метри. Таа верзија предвидува да се поплочи сегашниот паркинг пред стоковната куќа "Илинден", кој би се преместил под земја. Постоечките времени објекти кои се наоѓаат меѓу споменикот на Скендербег и стоковната куќа "Мост" се редефинираат и претставуваат продолжение на платото на плоштадот. Од споменикот, пак, преку амфитеатрални скали се стигнува до отворена градска тераса која нуди нов тип на неформално собирање. Од страната на булеварот Гоце Делчев предвидено е да има отворен трем кој ќе ги дефинира границите на плоштадот. Останатиот дел од просторот ќе биде шеталиште и зелени површини. Вториот проект е со максимална површина од 28.674 квадрати и подразбира уривање на дуќаните на влезот од чаршијата, што се од социјалистичкиот период и не се заштитени како културни споменици, како и премостување на булеварот Гоце Делчев, така што би се добило огромно поплочено пространство. Идејата е плоштадот да се продолжи до зградата на Македонската филхармонија, а булеварот Гоце Делчев да минува под него. И во двата проекта плоштадот ќе биде една неправилна површина која ќе се надоврзува на чаршијата и ќе биде значаен фактор во урбанистичкото ткиво на градот.

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

ДОБАР плоштад за лоша клима или ЛОШ плоштад за добра клима?!?

Одржана стручна расправа за изгледот на плоштадот Скендербег

Влијанијата на новата јавна површина беа

попредизвикувачки за дискусија отколку самиот нејзин изглед

претставен во идејните решенија

Page 11: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 11

11

скопје

Page 12: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010312

12

скопје

Општината Центар ќе гради подземна улица покрај левиот кеј на

реката Вардар, на потегот од обновениот Стар театар до Македонската опера и балет, односно до новата зграда на Министерството за внатрешни работи. Со ова, проектот Скопје 2014 почнува да се спроведува и под земја, односно да се градат сообраќајните решенија од него. Паралелно со тоа продолжуваат и другите активности околу уредувањето на централното градско подрачје, со нарачката на скулптурите за мостот Око, со најавата за почеток на градбата на барокната катна гаража и со подготовките за колонадата на левиот брег на реката.Огласот за изградба на новата улица е веќе објавен на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки. Според деталниот урбанистички план за Малиот ринг се предвидени неколку подземни улици, за кои урбанистите веруваат дека ќе го растоварат сообраќајниот метеж во централниот дел на градот. Од општината појаснуваат дека новопроектираната подземна улица има влез од

булеварот Гоце Делчев, или кај подвозникот во близина на стоковната куќа Мост. Според планот, таа улица би понирала покрај црквата Свети Димитрија и под Даут-пашиниот амам, Музичко-балетскиот училиштен центар, а преку подземното паркиралиште пред МОБ би излегла на улицата Стив Наумов.Се очекува наскоро да почне и изградбата на колонадата, меѓу зградите на Финансиската полиција и на Агенцијата за електронски комуникации. Таа ќе биде во форма на неколку столбови изградени во антички стил и поврзани со венец, со висина од осум метри. Пред неа е предвидено да се направи мал амфитеатар. Ќе се гради според проектот на проектантската куќа Мегаор. И неа ќе ја красат скулптури, на секој столб по една. Засега нема информации какви, од каков материјал и со колкави димензии, иако на анимацијата на проектот Скопје 2014 може да се види дека на столбовите има лавови. Надлежните засега само информираат дека е распишан конкурс за идејно решение за 11 скулптури. Статуите што ќе бидат поставени

на мостот Око ќе се изработуваат во српската леарница Јеремиќ, а ќе чинат шест илјади евра по парче, односно вкупно околу 170 илјади евра. Таму ќе се излеат 28 скулптури, за страните на мостот, а ќе остане уште да се најде изведувач за пајонската свештеничка, која ќе биде висока три метри и ќе се постави во центарот на мостот. Леарницата Јеремиќ треба да ги изработи скулптурите на: последниот македонски крал Персеј; пајонскиот крал Авдолеон; охридскиот архиепископ Прохор Доротеј; сликарите и иконописци Михаил и Евгениј; Јован Заграф; македонските благородници Стрес и Ивец. Мостот ќе го красат и: Ахил, преспански и лариски епископ; Васарион Дебарски, јеромонах и книжевен деец; Јулија Тертила, борец за правда; Будиј, учесник на никејскиот собор; Аврелиј Кратет Птоломеев, лихнидски интелектуалец од 3 век; Дионизиј Прв, епископ на Лихнид; Тит Флавиј Орест, правосвештеник на Хераклеја; Публиј Септиј Николај, патрон на Стоби. Меѓу избраните скулптури се и првиот и вториот крал на

македонската средновековна држава, кнез Хацон и кнез Пребонт, кои владееле во 7 век, потоа Крали Марко и неговиот брат Андреја, охридскиот жупан Андреа Гропа, Петар Делјан, Ѓорѓи Војтех, свештениците Јоаким Осоговски, Прохор Пчињски, Гаврил Лесновски, Јован Кукузел, Георги Кратовски. Почна и процедурата за барокната катна гаража, која ќе се гради на самиот кеј на Вардар меѓу зградите на МЕПСО и на Македонска пошта. Нејзин инвеститор е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и со деловен простор, од каде што очекуваат дека до Нова година ќе склучат договор со избрана фирма, а потоа напролет ќе го удрат и камен-темелникот. Изведувачот ќе има рок од година и пол да го направи објектот, кој, според најавите, иако ќе има старински изглед за да се вклопи во околниот стилски амбиент, внатре ќе биде модерен со најсовремени системи за паркирање и ќе собира околу 315 возила. Еден дел ќе биде наменет и за деловен простор, на приземјето и на првиот од вкупно деветте ката.

Продолжува уредувањето на централното подрачје

Скопје 2014 се спушта под земја

Проектот влегува во нова фаза кога се бираат изведувачи, и тоа за подземната улица на левиот брег на Вардар,

за барокната катна гаража и за скулптурите на мостот Око

Page 13: PORTA3 145

скопје

03 декември 2010 ОРТА3 13

13

Три државни плацови во Скопје се продадоа за кратко време на јавно наддавање. Ги купија

македонски бизнисмен, фирма од Скопје и турско-македонска корпорација. Првите две градежни парцели се наоѓаат под Кале и се наменети за изградба на хотели, а третата е за станбено-деловни објекти во општината Аеродром.Компанијата Воденица Оне купи земјиште на кејот покрај Кале со површина од 13.675 квадратни метри, за кое плати над 34 милиони денари, односно околу 40 евра за квадрат. Тоа е опфатено со ДУП Парк 2 и е наменето за хотел. За девет месеци инвеститорот треба да обезбеди одобрение за градење од општината Центар, а потоа да го изгради објектот во законски предвидените рокови. Во спротивно, земјиштето ќе му се одземе.За слична сума по квадратен метар се продаде и еден од соседните

плацови покрај брегот на реката, исто така наменет за хотел, но со површина од 8.745 квадрати. Го купи бизнисменот Марјан Јованов, кој е и директор на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта. Хотелските плацови во центарот летнаа за релативно евтини суми, но затоа многу поскапо се продаде парцелата за станбено-деловни објекти спроти Американ колеџ во општината Аеродром. За ова земјиште од речиси три илјади квадрати, македонско-турската компанија Ен-Са-Инг даде 55 милиони денари, односно околу 300 евра по квадратен метар. Ќе се прави зграда со приземје, шест ката и поткровје, со вкупна површина од 7.800 квадратни метри.Градежните земјишта во центарот, наменети за хотели, се продаваа со почетна цена од едно евро за квадрат, додека за плацот во Аеродром таа изнесуваше 4.600 денари за квадрат.

На големо се продаваат државните земјишта

Македонци ќе градат хотели, а Турци становиХотелските парцели се продадоа за по 40 евра од квадрат, а оние за станбена зграда по 300 евра од квадрат

Во рамките на проектот Енергетска ефикасност на градежни објекти со

акцент на фасадна технологија, во соработка со ексклузивниот дистрибутер за Македонија АЛПОС, во Скопје се организира обука и реализација на пилот проект кој е донација на австриската развојна агенција ADA и водечката германска компанија за фасадни системи

STO a.g. Пилот проектот се изведува на објектот на Факултетот за бизнис и економија во Скопје, според највисоките европски стандарди со помош на најмодерна технологија.За таа цел фирмата STO обезбеди инструктори кои своето знаење им го пренесоа на изведувачи на фасадни системи. Главен изведувач е компанијата „Боем инг“.

„Истражувањата и мерењата од областа на градежната физика покажаа дека дебелината на термоизолоцијата од 15 сантиметри е најсоодветна за ова поднебје за големи зашетеди на енрегијата. Пилот проектот ќе служи и за натамошно истражување на придобивките од вградените материјали од аспект на заштеда на енергијата’’ рече Никола Рибаровски, претставник

од локалниот координатор на проектот, АЛПОС - Скопје.Вградениот материјал е општопознатиот бесцементен фасаден систем (до десет пати поголема отпорност на пукање од вообичените цементни состави) STOTHERM classic, со запазување на сите детали за соодветно спречување на сите термички мостови и фасада која ги задволува највисоките естетски критериуми.

Пилот проект за енергетска ефикасност на фасадите

подготви: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Page 14: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010314

14

Скопје

Се санираат ударните дупки на градските улици

Машинско гребење и нанесување нов

асфалтен слој на дел од оштетените градски сообраќајници се дел од активностите што ги изведуваат екипи ангажирани од Градот во рамките на акцијата за санирање на ударните дупки. Санирана е површина од 550 квадратни метри на улиците Христо Татарчев, Григор Прличев, Митрополит Теодосиј Гологанов, Октомвриска револуција, 11 Октомври и Кеј Димитар Влахов, како и на булеварите Александар Македонски,

АСНОМ и Јане Сандански.

Ѓорче Петров

Атмосферска канализација за булеварот Македонска војска

Вториот дел од булеварот Македонска војска

ќе добие атмосферска канализација. Екипи на „Гранит", задолжени за нејзиното поставување, веќе работат на трасата што се пробива во населбата Ѓорче Петров. Канализацијата ќе биде долга 280 метри. Исто така, ќе бидат изведени 28 ревизиски шахти и три приклучоци на постојната канализација.

скопје

Зоолошка градина

Ново осветлување и видеокамери

Кругот на скопската зоолошка ќе добие подобро

осветлување, а ќе се постават и видеокамери заради безбедноста на животните и на посетителите. Управата на Зоолошката градина распиша оглас со кој бара најповолна понуда за изведба на внатрешна инсталација, односно електрични инсталации со видеонадзор и јавно осветлување.Времетраењето на договорот што ќе биде склучен со најповолниот понудувач е една година. Најниската цена ќе биде критериум за доделување договор за јавна набавка. Тендерската документација може да се подигне секој работен ден од 11 до 14 часот во административните простории на Зоолошката.

Водно

Жичницата ќе падне во рацете на ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе оперира и ќе ја одржува жичницата што се гради

од Средно Водно до Милениумскиот крст. Почетната станица на жичницата ќе биде кај црквата „Свети Јован", во Капиштец. Во првата фаза ќе се гради делот од Средно Водно до Милениумскиот крст. Ќе има вкупно 62 гондоли од затворен тип, секоја за осум патници. Вкупната должина на целата траса е околу 3.450 метри.

Page 15: PORTA3 145

подготви: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА 03 декември 2010 ОРТА3 15

15

part of Gretsch Unitas Gruppe

Óë. 29 Íîåìâðè 60

1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à

Òåë.: + 389 (0)2 3246-586

Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586

[email protected]

Ãåðìàíñêè îêîâè

çà ïðîçîðöè è âðàòè

ñî ïîâå�å îä 100

ãîäèíè òðàäèöè¼à

part of Gretsch Unitas Gruppe

Óë. 29 Íîåìâðè 60

1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à

Òåë.: + 389 (0)2 3246-586

Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586

[email protected]

Ìóçå¼ „Ãóãåíõà¼ì“ - Áèëáàî, Øïàíè¼à

Ñîâðåìåíà òåõíîëîãè¼à çà ïðîçîðöè è âðàòè

part of Gretsch Unitas Gruppe

Óë. 29 Íîåìâðè 60

1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à

Òåë.: + 389 (0)2 3246-586

Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586

[email protected]

Äóðè è ïî 100 ãîäèíè

íàøàòà âèçè¼à íåìà äà

çàñòàíå. Íîâè ïîãëåäè

êîí ñâåòîò, çàñåêîãàø.

Ãåðìàíñêè îêîâè çà

ïðîçîðöè è âðàòè.

BMW Welt- Ìóçå¼îò íà ÁÌ âî Ìèíõåí, Ãåðìàíè¼à

Визбегово

12 милиони денари за пат

Новиот асфалтиран пат во населеното место Визбегово е

пуштен во употреба. Патот е долг 900 метри, поставено е и ново улично осветление, а со неговата изградба значително ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите на Визбегово. Изградбата на овој пат е инвестиција вредна 12 милиони денари. Карпош

Поправка на тротоарите во Тафталиџе

Реконструкција на тротоарите по должината на улиците Никола

Парапунов, Варшавска и Париска, асфалтирање на Дрезденска, Дамаска и Женевска и изградба на тротоари на улицата 6 во Бардовци, се дел од десетината инфраструктурни проекти

кои ќе почнат да се реализираат на подрачјето на општината Карпош. Дел од предвидените зафати се и обнова на дворната ограда на ОУ „Братство", а ќе се врши и реконструкција на фекалната канализација на улицата Џумајска. Скопје

Аерозагадувањето ќе се чита на електронски табли

Каков ќе биде воздухот во Скопје, ќе може да се прочита на

електронска табла, која градската власт има намера наскоро да ја постави во централното градско подрачје. Надлежните велат дека со неа ќе се следат еколошко-климатските промени во воздухот, но што точно ќе покажува дисплејот, останува да се види на терен кога овој апарат ќе биде инсталиран. Сега засега се знае дека ќе чини околу 74 илјади евра.

подготви: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

скопје

Гази Баба

Нова пешачка патека на Никола Карев

Нова пешачка и велосипедска патека е изградена по должината на булеварот Никола Карев. Патеката е

на потегот од поликлиниката „Бит-пазар" кон хотелот „Континентал" и е долга 350 метри, а широка 2,5 метра.

Page 16: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 20103

Со сензори до здрави конструкции

16

16

Во Македонија е неопходно следење на „здравјето“ на конструкциите со

примена на современи системи кои се користат во развиените држави. Таквите алатки, односно системи за следење на здравјето на конструкциите (Structural Healt Monitoring) им помагаат на инженерите да ја подобрат безбедноста и одржувањето на критичните објекти, беше истакнато на првиот семинар по Structural Health Monitoring (SHM) кој се одржа во просториите на Градежниот факултет во

организација на National Instruments и Digiexx. Нивното воведување овозможува дури и од сопствената канцеларија секојдневно и во секој момент да се добиваат сите податоци кои се важни за конструкцијата. Градежниците апелираат што поскоро овие системи да најдат место во нашето реално градежно конструкторство, за да може навреме да се реагира при одредени состојби и тие да се поправат со што ќе се спречат поголеми штети, а во одредени случаи и хаварии.

Објектите поради несоодветно следење на нивната состојба во текот на изградбата доаѓаат во критична фаза. Тоа предизвикува големи оштетувања кои можат да доведат до губење или редукција на нивната носива способност. Кај нас има законски одредби кои налагаат следење на состојбата на конструкцијата, но, тоа за жал ретко се прави во пракса, а за некои конструкции следењето на состојбата е навистина проблематично.Следењето на здравјето на конструкциите се појавува

како алатка која им помага на инженерите да ја подобрат безбедноста и одржувањето на критичните објекти. Structural Health Monitoring системите се дизајнирани сигурно да го следат и тестираат здравјето и перформансите на различни типови објекти како што се: мостови и брани, згради и стадиони, пловни објекти и платформи, турбини на ветер итн.На семинарот беше објаснето како да се изгради систем за регистрирање на податоци за само неколку минути користејќи

градежништво Прв семинар по Structural Healt Monitoring во Македонија

Page 17: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 17

17

LabVIEW и USB/WiFi/ENET DAQ уреди на начин кој одговара на потребите, како да се користи CompactRIO programmable automation controller (PAC) за брзо градење на дистрибуирани вградени системи за прибирање на податоци, способни да вршат интелигентна анализа и управување со системи, и беа презентирани техники за складирање на податоци кои овозможуваат лоцирање на потребните податоци користејќи NI DIAdem. Исто така беа покажани и примери

за следење на конструкции како што е Националната арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје, беа објаснети техничките решенија базирани на софтверски и хардверски платформи на National Instruments; презентирани референци и искуства и демонстрани во живо инсталации. Еден од примерите за мониторинг на конструкциите претставува станбената зграда BK-2 во населбата Борик во Бањалука, Република Српска. Таа претставува редок пример на градежна конструкција на која

од нејзината изградба во 1972 година до денес, во повеќе наврати се вршени динамички мерења со цел дефинирање, следење и контрола на нејзините динамички карактеристики во текот на времето. Порта3 презентира дел од истражувањето на оваа конструкција кое го направија авторите проф. д-р Миодраг Маниќ, дипл.град.инж., Илија Маниќ, дипл.елект.инж. и тимот од DIGITEXX составен од Сашо Атанасовски, Тихо Михајловиќ и Виктор Пренковски. Овој нивни труд насловен како „Oдредување

на основните фреквенции на вибрацијата на 13-катна станбена зграда BK-2 во населбата Борик во Бањалука по пат на мерење на амбиент вибрации“, беше објавен и во списанието „Простор“.

Мерна опрема

Интересирањето во областа на следењето на конструкцијата расте со многу брзо темпо во последно време, заради големиот развој во производството на иновативни сензори, лесното поставување на мрежите на

градежништво

Развој: Интересирањето во областа на следењето на конструкцијата расте со многу брзо темпо во последно време, поради големиот развој во производството на иновативни сензори, лесното поставување на мрежите на сензорите и аквизиционите системи, како и пратечкиот развој на сметачките капацитети, кој стана лесно достапен со помош на персоналните компјутери.

Основан во 2000 г., DIGITEXX е пионер на Structural Health Monitoring системите за различни конструкции како што се: мостови и брани, згради и стадиони, пловни објекти и платформи, конструкции на авиони, турбини на ветер, големи машини и опрема. Иновативната технологија за детекција на земјотреси и локацискиот алгоритамски систем за високи згради DIGITEXX го патентираше заедно со Caltech. Кога е соодветно конфигуриран, DIGITEXX системот е способен за мерење на оштетувањето на системот и регистрирање на однесувањето на конструкциите под дејството на земјотреси, урагани, оган, пропаѓањето под дејството на забот на времето и заморот на материјалите

Page 18: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010318

18

градежништво

сензорите и аквизиционите системи, како и пратечкиот развој на сметачките капацитети, кој стана лесно достапен со помош на персоналните компјутери. Исто така, софистицираните програми за обработка на дигиталните сигнали за анализа на вибрационите карактеристики на дисперзираните градежни инфраструктури во спрега со пристапите на контролата во реалното време, дозволуваат континуирано следење и оценка на својствата на инструментираната конструкција. Како пример може да се наведе описот на DIGITEXX мерната опрема предложена за перманентно следење на

состојбата на конструкцијата на зградата BK-2 во реалното време, како и мобилната теренска мерна опрема за мерење на однесувањето на конструкцијата во реалното време, а која би била користена во мерењата на амбиент вибрациите и пресметките на основните фреквенции на вибрацијата на зградата BK-2.

Систем за перманентно следење во реално време

DIGITEXX мониторинг системот се базира на многу ефикасен, повеќекратен, функционално дизајниран софтвер, кој овозможува собирање на

податоци од голем број сензори, нивно контролирање и кондиционирање, како и пренос во реалното време преку интернет до поголем број локации.Во случај на земјотрес и во моментот кога претходно наместеното ниво на забрзување ќе ги надмине границите на еден или повеќе сензори, доаѓа до вклучување на снимениот дел на системот и почнува снимање на податоците (вклучувајќи го и делот на "pre-event" меморија), моментна анализа на податоците, алармирање на корисниците на системот по пат на е-mail и SMS пораки, како и пренос на снимените податоци на

сигурен FTP сервер. Нивото на забрзување може да се регулира на самото место, во зависност од бројот на сензори и карактеристиките на зградата.RTMS-2001 повеќеканален систем со високи перформанси, кој врши собирање и анализа на податоци во реално време, има мануелно или автовклучување (на низата канали кои корисникот може сам да си ги одбере).Влезовите за акцелерометри имаат 120DB динамичен опфат, а системот е способен да поддржи различни брзини на семплирање (број на податоци во секунда) по желба на корисникот. Флексибилноста на системот

Апел: Градежниците апелираат што поскоро овие системи да најдат место во нашето реално градежно конструкторство, за да може навреме да се реагира при одредени состојби и тие да се поправат со што ќе се спречат поголеми штети, а во одредени случаи и хаварии.

Page 19: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 19

19

градежништво

се потврдува и со тоа што е возможно да се интегрираат дополнителните сензори, другите производители, и така да се добие уште попотполна слика за состојбата на конструкцијата.RTMS-2001 исто така нуди опширен број на софтверски алатки за далечинска анализа и манипулација на податоци во реалното време по пат на радиосигнали, телефонска врска или интернет и овозможува собирање и анализа на податоци за: контрола на одговорите на конструкцијата што вклучува дејство на земјотрес, динамички ефекти на ветерот, температурни влијанија и експлозии; контрола

на елементите на конструкцијата што вклучува напрегања, релативни изместувања, акцелерација, температура итн.Стандардните карактеристики на системот вклучуваат: 24-битна конверзија на сигналот и филтрирање на сигналот, дистрибуирана сервер/клиент архитектура, подсистем за управување со податоци, можност за надградба на веќе постоечките мрежи на сензори, а притоа да не се наруши основното дејство на мрежата, пресметка во реалното време на хистерезисни криви на катни поместувања, коефициенти на катни поместувања, спектри на одговори и трансфер функции,

како и FFT спектри, далечинско снимање и програмирање на регистрираните податоци за статистичка анализа на однесувањето на системот во тек со времето, алармирање по пат на e-mail или SMS порака во случај на земјотрес.

Мобилен систем за аквизиција на податоците во реалното време PDA Q-8

Овој комплетно пренослив систем ги нуди сите компоненти и сила потребни за теренско/далечинско собирање на податоци и нивната анализа со 16 регистрирачки канали, 24-битна резолуција,

приспособлив регулатор на засилување и можност на мануелно активирање или активирање со надворешна побуда на сите канали. Капацитетот на снимањето е 500 примероци во секунда по канал или, стандардно, 200 примероци во секунда по канал во континуиран режим. Еднакво е импресивен и софтверскиот пакет за филтрирање на сигналите, кој го придружува овој систем нудејќи различни видови на филтри и нивни комбинации, кои се исклучително корисни во мерењето на теренот. PDA Q-8 е лесен (око 15Lbs =7,0 kg), може да се земе во авион како рачен

Page 20: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010320

градежништво

20

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 21: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 21

21

градежништвобагаж и користи разновиден извор на енергија (внатрешни батерии, надворешни батерии или AC напојување), па е широко прифатен како рачен мерен уред. Она што е најважно е дека податоците можат да се видат во тек на нивното регистрирање и анализирање во реалното време.Со овој инструмент е извршено мерење на амбиент вибрациите на зградата BK-2.

Опис на конструкцијата

Конструкцијата на станбената зграда BK-2 е изведена како претходно напрегната армирано-бетонска конструкција. Објектот во основа е квадратен, со димензии 17,84x17,84м. Има подрум со височина 2,47 метри, приземје и 12 ката со височина од 2,80 метри, а на покривот - конструкција со височина од 3,40 м во која се сместени лифтовските окна и скалите. Објектот има лентовидни темели, поврзани со темелни греди во два ортогонални правци. Котата на фундирањето на темелите е на 4,24 м, мерено од котата на теренот. Носечката конструкција на објектот се состои од монтажни столбови, префабрикувани плочи и монолитни ѕидови на смолкнување. Овие ѕидови имаат константна дебелина од 15 см и се протегаат од подрумот до терасата на објектот и монтажно се продолжуваат на секои три ката. МКК се формира од монтажни касетирани таванки со висина од 22см. Големината на монтажните МКК е еднаква на површината помеѓу четири столба. Риглите се формираат помеѓу две соседни таванки и низ нив поминуваат кабли за хоризонтално преднапрегање на целата меѓукатна конструкција.

Локацијата за мерењето на амбиент вибрациите

Мерењето на амбиент вибрациите се вршени на 13 ката и покривот -терасата на зградата во два хоризонтални (N-S и Е-W) со три едноаксијални акцелерометри D110. Контролираното мерење и снимање на податоците е вршено со помош на пренослив сервер за аквизиција на податоци PDAQ-8.

На обете локации се извршени по две мерења во траење од 100 секунди. За да се демонстрира променливоста на условите на мерењето на покривот, каде е сместена лифтовската куќичка со лифтовски погон, и катот по покривот (13 кат) сликовито се презентирани вредностите на амбиент варијациите.

Обработка, анализа и резултати на мерењето на податоците на амбиент варијациите

Обработката на податоците од сите четири независни мерења (две на покривот и две на 13 кат) е вршена на цели регистрирани временски истории од 103 секунди, како и нивни сегменти во траење од 10 секунди, со цел да се утврди стабилноста на појавата на амплитудните пикови во Фуриеовите спектри, кои ни служат за одредување на сопствените фреквенции на вибрацијата на конструкцијата на зградата.За отстранување на несаканите нискофреквентни компоненти (f < 0.1 Hz) и високофреквентни компоненти (f > 25.0 Hz) при обработката на податоците се применувани високопропустливи, нископропустливи и појаснопропустливи Батервортови филтри.Обработените (коригирани) временски истории на акцелерациите, брзините и поместувањата на N-S компонентата, регистрирани во текот на второто мерење на покривот на зградата се прикажани на слика 3.6 (цела временска историја) и 3.7 (само првите 10 секунди од временската историја). Од оваа последна слика можеме да видиме дека во врменските истории на акцелерацијата и брзината доминираат три бранови компоненти, додека во временската историја на поместувањата главно доминира бранова компонента со период околу 0,8 секунди (f = 1.25 Hz). Како и во сите други сегменти на N-S компонентата доминираат овие три компоненти. Би можеле да ги доведеме во врска со првите три транслациони тони на вибрацијата на

Page 22: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010322

22

градежништво

Page 23: PORTA3 145

3 23

23

19 ноември 2010 ОРТА03 декември 2010 ОРТА3 23

23

градежништвозградата во N-S правец, чии фреквенции ќе можеме точно да ги идентификуваме од Фуриевите спектри.До сличен заклучок можеме да дојдеме и при прегледот на првото мерење на покривот, како и првото и второто мерење на 13 кат. Применувајќи иста анализа и начин на прикажување на временските истории на амбиент вибрациите, регистрирани од сите четири мерења во E-W правец, доаѓаме до заклучокот за доминантното учество на трите бранови компоненти во регистрираните движења на 13 кат и покривот- тераса на зградата што е анализирана.Ако извршиме споредба на одговарачките спектри добиени за N-S и E-W компоненти од целите временски истории и првите 10 секунди од временските истории, можеме да заклучиме дека доминантните амплитудски пикови во Фуриевите спектри

се случуваат на приближно исти фреквенции, при што вредностите на фреквенциите што одговараат на првиот, вториот и третиот тон на вибрациите на конструкциите во N-S правец се помали од оние фреквенции кои одговараат на првиот, вториот и третиот тон во E-W правец. Имајќи предвид дека се работи за објект со квадратни димензии во основа, добиените поголеми фреквенции во E-W правец нè наведуваат на заклучок дека во тој правец крутоста на објектот е нешто поголема од онаа во N-S правец.

Заклучок

Споредувајќи ги меѓусебните вредности на фреквенциите за одговарачките тонови и компонентите од три мерења со методот амбиент вибрации, гледаме дека вредностите добиени во првите (AV1982) и третиот (AV2009), мерењата

се исти или незначително се разликуваат, додека вредностите добиени во вторите мерења (AV1983), значително се помали и се резултат на лоши мерења. Тргнувајќи од претпоставките дека вредностите на фреквенциите определени во второто мерење со принудни вибрации (PV1972_OKT) се точни, се поставува прашањето што е причината во мерењето на амбиент вибрациите (AV1982) и (AV2009) да се добијат помали вредности на фреквенциите од 3% до 6% за првите тонови на вибрациите во N-S и E-W правците. Одговорот на ова прашање е следен: масата на објектите на финалната конструкција во октомври 1972 година била помала од масата на експлоатационата конструкција (од 1973 г. до денес) за околу 1.25 пати, а бидејќи фреквенциите на вибрациите на конструкциите се обратно пропорционални на

квадратниот корен на масата на конструкцијата, зголемувањето на масата на конструкцијата доведува до намалување на вредноста на нејзините фреквенции на вибрацијата. Но, различноста на модалните маси предизвикува различен процент на намалување на фреквенциите за поединечни тонови и правци на вибрација на конструкциите.Од анализата може да се заклучи дека основните вибрации на конструкцијата на објектот не се промениле во текот на неговата 40 годишна експлоатација, т.е. дека дејството на земјотресот во периодот од 1974-2009 година не довело до промена на крутоста на конструкцијата, а со тоа и на вкупната стабилност на станбената зграда БК-2 во Бањалука

подготви: Наталија НОВАКОВИЌ- ДОБРЕВСКА

Page 24: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010324

24

градежништво

16 €/m²цена без ДДВ

ФАСАДНО СКЕЛЕ

СТИРОПОРНИ ЛАЈСНИ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Целосната производна програма на стиропорни лајсни може да се најде во просториите на Баукит

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

Page 25: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 25

25

градежништво

16 €/m²цена без ДДВ

ФАСАДНО СКЕЛЕ

СТИРОПОРНИ ЛАЈСНИ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Целосната производна програма на стиропорни лајсни може да се најде во просториите на Баукит

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

Сојузна Република Германија со кредит во износ од 60 милиони евра пласиран

преку КфВ банката ќе го подобрува енергетскиот сектор во Македонија. Дел од средствата во износ од 27,1 милион евра ќе се користат за ревитализација на хидроелектраните Глобочица, Тиквеш, Вруток, Равен, Врбен и Шпиље, а останатите за изградба на ветерни електрани кај Богданци.Тоа го овозможува денеска потпишаната Спогодба меѓу владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија за финансиска соработка за втората фаза на „Програмата за енергетска ефикасност“, како и Договорот за заем меѓу македонската Влада, АД ЕЛЕМ и КфВ банката за реализација на прокетот за рехабилитација на шесте електрани. - Со овој настан се обезбедуваат 60 милиони евра за реализација на два значајни проектa од областа

на енергетиката. Станува збор за проектите „Рехабилитација на шест хидроцентрали“ и „Изградба на ветерни електрани Богданци“ што се дел од втората фаза на „Програмата за енергетска ефикасност“, рече вицепремеирот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето на договорите.- Со проектот „Изградба на ветерни електрани Богданци“ за кој од Владата на СР Германија се обезбедени 32,9 милони евра, од вкупно потребните 75 милиони за негова реализација, се предвидува изградба на парк на ветерни електрани кои треба да постигнат годишно производство од 100 гигават часови. Прoектот е во подготовка и очекуваме во првата половина од наредната година да се склучат договорите за негова реализација, рече Ставрески, заблагодарувајќи се за долгогодишната успешна соработка со СР Германија и КфВ банката.

Греманската амбасадорка Улрике Кноц рече дека е важно Македонија да ја намали зависноста од увоз на електрична енергија и дека земјава има огромни потенцијали за производство на струја од обновливи извори на енергија.Со проектот се предвидува, во хидроелектраните каде веќе се заменети турбинските кола и турбинската опрема со нови со подобри карактеристики, да се замени застарената и истрошена хидромеханичка, машинска, електро опрема и да се извршат интервенции во градежниот дел. Освен замена на старата, дотраена и нефункционална опрема, во рамките на реализација на проектот, ќе се инсталира дополнителна опрема особено во делот на автоматизација на процесот на производство на електрична енергија, како и инсталација на дополнителна опрема за оскултација и набљудување

на состојбата на стабилноста и сигурноста на браните и нејзините придружни објекти.Со спроведување на предвидените зафати вкупната инсталирана моќност на хидроелектраните во системот на АД ЕЛЕМ ќе се зголеми за 18,31 мегавати, како и дополнително производство на електрична енергија од околу 50 гигават часови.Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 31,88 милиони евра, а од нив 4,78 милиони ќе бидат сопствени средства на АД ЕЛЕМ. Проектот треба да биде имплементиран до крајот на 2013 година.Шефот на Регионалната кaнцеларија на КфВ за Македонија и Србија Јирген Велчов истакна дека КфВ досега пласирала 200 милиони евра за водоводи, канализации и наводнување во Македонија.

(МИА)

Германска помош за македонскиот енергетски сектор

електрани кај Богданциелектрани кај Богданциелектрани кај БогданциЌе се градат ветерни

Page 26: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010326

26

ОРТА 03 декември 2010326

26

архитектура

Националниот театар на Рабат во Мароко ќе се гради според проект на Заха Хадид. Објектот ќе има скулптурална форма која се превиткува

и преминува во надворешниот пејзаж, создавајќи флуиден внатрешен простор. Програмата на објектот вклучува три театарски простории, внатрешни сали кои се состојат од 2050 и 520 седишта и надворешен амфитеатар за 7000 луѓе. Во објектот се предвидени и креативни студија. Градењето на овој Национален театар ќе му овозможи на градот Рабат да го покаже своето големо културно наследство, да биде слика за уникатната музичка традиција и диверзитет во сценските уметности и да прерасне во еден од најголемите културни центри во светот.

Куќите во Рубник се обид да се одговори на прашањето за значењето

на современата куќа. Концептот се темели на сончевата ориентација, пристап од патот, визури на шумата, како и топографијата на локацијата. На јужната страна куќите се отвораат кон шумата. Покривните тераси се покриени со тревни површини кои се претопуваат со природното опкружување.

Овие објекти сместени во малото место Рубник наликуваат на објекти оставени од друга цивилизација. Преку креирањето на ваква мала населба помеѓу пасиштата, на сè уште неурбанизирано земјиште, архитектите од студиото Jojko+Nawrocki Architekci се надевале дека ќе иницираат целото соседство да прерасне во современа архитектонска биотопа.

Проектот на новата фабрика за разладување на Универзитетот во Чикаго, архитектот Murphy Jahn го сфатил како предизвик да

дизајнира простор во кој техничката опрема ќе биде прикажана како уметничко дело. Резултатот е објект кој во исто време е и експресија на современа архитектура и дисплеј на техничката опрема. На оние места каде објектот треба да „дише”, кожата има континуирани профили од перфорирани челични панели. Механичката природа на фасадната конструкција како и откриената природа на структурата дозволува функциите во објектот да се зголемуваат со зголемувањето на побарувачката.

МАРОКО

ПОЛСКА

САД

СИМБОЛ НА СЦЕНСКАТА УМЕТНОСТ

КУќИ Од дрУгА ЦИвИЛИзАЦИјА

ФАБрИКА - дИСПЛЕј НА УМЕТНИЧКИ дЕЛА

Page 27: PORTA3 145

архитектура

03 декември 2010 ОРТА3 27

27

подготви: Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх.

“Hat” е трета по ред куќа за чај реализирана од A1 Architects. Тој е мини објект во кој се ужива во

ритуалот на пиење чај, вистински мал рај. Минималниот простор на куќата претставува идеално место за сите што бараат интимен и пријатен простор. Од друга страна тоа е и архитектонски предзвик, да се испочитува антропоморфноста и да се испита и измери до крај можноста на просторот што може да се создаде. Посетителите можат да уживаат во чајот на голема клупа или во градинатa. Особена улога играат природните материјалите чија композиција е креирана од скулпторот Волтех Блишич.

Националниот театар на Рабат во Мароко ќе се гради според проект на Заха Хадид. Објектот ќе има скулптурална форма која се превиткува

и преминува во надворешниот пејзаж, создавајќи флуиден внатрешен простор. Програмата на објектот вклучува три театарски простории, внатрешни сали кои се состојат од 2050 и 520 седишта и надворешен амфитеатар за 7000 луѓе. Во објектот се предвидени и креативни студија. Градењето на овој Национален театар ќе му овозможи на градот Рабат да го покаже своето големо културно наследство, да биде слика за уникатната музичка традиција и диверзитет во сценските уметности и да прерасне во еден од најголемите културни центри во светот.

Градинката во Bosa – Bogota, што ја проектираше архитектот Giancarlo

Mazzanti, е иновативен функционален систем кој се приспособува на различни видови ситуации, и урбани и топографски. Базиран на конструкцијата на флексибилен систем, групирањето на модули, на полно и празно, објектот може да се однесува според локацијата, сончевата осветленост, топографијата и функциите. Моделот е развиен од архетипни модели на форми кои децата ги гледат во својот секојдневен училишен ден. Се состои од неколку делови. Првиот дел е извиткана лента која ги означува рабовите на училиштето и истовремено ја дефинира границата помеѓу јавно-приватно, возрасни–деца. Вториот дел се состои од ротирачки модули - училници, а третиот претставуваат јавни модули за возрасни во околина на лентата. Ваквиот концепт е иновативен и ги интегрира архитектурата и живеењето на луѓето во и вон просторот.

КОЛУМБИЈА

ЧЕШКА

МОдУЛАрНА СТрУКТУрА рЕгУЛИрАНА Од СЛУЧУвАЊЕ

МАЛ рАј зА УжИвАЊЕ СО ЧАј

``

Page 28: PORTA3 145

СИ

МБ

ОЛ

НА

ДЕ

ЛО

ВЕ

Н У

СП

ЕХ

Page 29: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 29

29

архитектура

Page 30: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010330

30

архитектура

Page 31: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 31

31

3

31

архитектураАСК 2010GRAWE центарот - најдобро архитектонско остварување за оваа година во СкопјеАрхитектите Звонко Тасевски и Крсте Петров од студиото ДСЦ Дизајн се добитници на главната награда за архитектура на градот, доделена во рамките на годинешната манифестација „Архитектите за Скопје“. Нивниот објект „Граве центар“, изграден спроти Соборниот храм, ја доби наградата за најдобро архитектонско остварување за оваа година. Добитници на признанија за посебен придонес во архитектурата се и архитектите Никола Велковски, Светлана Јончевска и Марко Трајковски за административно-деловниот објект STIHL во индустриската зона Визбегово. За апартманско-деловниот објект на Градба промет, наградата отиде во рацете на тимот на архитектонското биро Јасива. Ателјето Ајвар, односно архитектите Миодраг Радоњиќ и Ранчо Христов, со соработниците Ана Пановска-Докузовска и Дамјан Христов, добија признание за катната гаража до ТЦ Бисер, а Зорица Блажевска за проектот „Еко хаус“.Признанијата ги врачи градоначалникот Коце Трајановски. „Оваа манифестација веќе единаесет години претставува место каде што се среќаваат архитектонските идеи, проекти и визии кои го креираат лицето на Скопје и проникнуваат во неговата душа. Големата награда на архитектура АСК 2010 оддава почит на архитектите што даваат посебен придонес Скопје да добие лик на вистинска метропола“, рече Трајановски. За овогодишната манифестација пристигнаа 45 труда, но селекторот, архитектот Аљоша Шопар се определи за 37 труда, во кои авторите ја вложиле сета своја енергија, имајќи ги предвид современите текови на архитектурата во светот, но и скромните можности на локалниот амбиент. Изложбата со архитектонските остварувања на АСК е отворена во Музејот на град Скопје.

На атрактивна локација во строгиот центар на градот,

веднаш спроти Соборниот храм, неодамна се отвори новиот Grawe Bussines Center на осигурителна компанија од Грац, Австрија. Сместен на аголот на булеварите Климент Охридски и Партизански одреди, објектот што го проектираа архитектите Ѕвонко Тасевски и Крсте Петров од проектантската куќа ДСЦ Дизајн, паѓа во очи со својот препознатлив архитектонски израз кој е карактеристичен за сите објекти на оваа компанија.

Се одликува со прави линии и јасни форми, кои создаваат имиџ на модерен деловно-административен објект. Дефиниран е со два основни кубуси и нивната материјализација. Првиот е составен од застаклен транспарентен дел нагласен по вертикала со бели траки, а вториот дел e затворениот кубус изведен од контактна фасада.Во ентериерот што содржи 2000м² корисна површина, архитектите успешно одговараат на барањата на инвеститорот како во поглед на функцијата, така и на дизајнот. Содржините се организирани на подрум,

приземје, пет идентични катови и завршен кат. Над него се простира зелен покрив-градина, кој претставува атрактивен простор наменет за најразлични манифестации. Приземјето опфаќа влезен хол со контролиран пристап, вертикални комуникации, додека останатиот дел од приземјето е деловен простор. Внатрешниот простор на сите катови во објектот е решен како „open space”, односно флексибилен простор каде има можност за преградување за еден, два и повеќе корисиници на кат, со што му се овозможува на потенцијалниот корисник

Page 32: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010332

32

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТ А НА СИТЕ ВИДОВИ ОДОВИ

У СТ а 0

н 0 0 4 0

Б

архитектурасамостојно решавање на потребите и ентериерот. Подовите во објектот се изработени од природен гранит и првокласен паркет, а плафоните се од акустични панели.Фасадите на објектот имаат строг, модерен израз. Тие претставуваат комбинација на структурална и полуструктурална фасада, со нагласени хоризонтални профили. Емајлираното стакло на фасадата е во зелена боја, што е препознатливо и карактеристично за изгледот на објектите на компанијата. Фасадата е декорирана со бели вертикални решеткасти носачи, во кои се вградени лед диоди по целата должина, кои придонесуваат за интересен ефект на објектот во својата околина за време на вечерните часови. Северната, најекспонираната фасада е претставена како една мазна, рефлектирачка рамнина, која треба да го истакне во прв план достоинството и стабилноста на инвеститорот. Затоа и структуралниот потег е повлечен од приземјето, па сè до покривот, суптилно завршувајќи со мека линија на скулптура, која има посебни квалитети со начинот на кој е осветлен, а и симболиката што ја носи во себе.Пристапот во објектот е од северната страна преку улицата Пиринска, каде е организиран главниот влез во зградата, додека влезот за автомобили во подземната гаража е од новопроектираната улица. Паркирањето за потребите на објектот е обезбедено во подземното ниво.Изведбата на објектот траеше околу една година, од август 2009 до август 2010 година, кога и официјално се отвори

Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.

Page 33: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 33

33

спортски храмови

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТ А НА СИТЕ ВИДОВИ ОДОВИ

У СТ а 0

н 0 0 4 0

Б

Page 34: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010334

34

региони

Убавината на градот на калајџиите, сарачите, самарџиите, пајтонџиите, терзиите, грнчарите, чалгаџиите и гемиџиите тешко може да се објасни со зборови. Таа се доживува помеѓу кривулестите стрмни и тесни улици поплочени со калдрма, куќите надвиснати еднонадруго, играта на светлината и сенките во сокаците во часовите кога темнината го надвладува денот, звуците на камбанаријата на старата градска кула од камен...

Од Вила Зора до ВЕЛЕС

Page 35: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 35

35

региони

Од Вила Зора до ВЕЛЕС

Градот е изграден во дамнешни времиња на ридот над реката, со

куќи надвиснати еднонадруго, со кривулести стрмни и тесни улици поплочени со калдрма, кои се провлекуваат низ нив. И во часот кога темнината ќе го надвладее денот и во куќите ќе се запалат светлата, одгоре, од патот, го гледаш целиот град. Некаде има повеќе осветлени прозорци, некаде се разретчуваат во едвај осветлени патеки. Се чини како градот да стреми кон небото. Некаде се натрупани сенките од градините, па не се гледа ништо во темнината, а во вечерите со магла се наѕира една нејасна, разлеана светлина, која започнува оддолу, од брегот на реката и се крева нагоре во височините.Тоа е Велес, градот на калајџиите, сарачите, самарџиите, пајтонџиите, терзиите, грнчарите, чалгаџиите, гемиџиите...Велес е древниот град изграден на реката Вардар, градот што го гледаме од автопатот додека патуваме кон други дестинации и во кој, за жал, ретко наминуваме. Велес е обичен град за оној што минува покрај него не влегувајќи, а сосема поинаков за оној што влегува и шета низ него. Поинаков е градот во кој се доаѓа за првпат, поинаков е за оние што живеат во него. Велес има богата и долга историја. Повеќепати доживеал пропаст и расцут, многу народи и многу обичаи честопати се менувале, се менувало и името на градот, но тој секогаш останувал таму, со своите мириси и со својот здив. Минатото и сегашноста се длабоко испреплетени и тие предизвикуваат воздишки при секое поминување на ѕвездите.Како населба постои од 168 година пр. н.е. Градот го менувал името, па така бил познат како Вила Зора, Ќупурли, Титов Велес и

Page 36: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010336

36

региони

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

Велес. Денешното име го добил во VII век со доаѓањето на Словените на овие простори, од словенското В ЛЕС што значи „в шума“, име кое било дадено поради густите шуми што го опкружувале градот. Првите жители на Вила Зора, денешниот Велес, биле раселените жители на античкиот град Стоби, кои подоцна се помешале со словенското население.Значајно за историјата на современа Македонија е тоа што во Велес се отворени првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот театар, првата библиотека, првиот музеј и првото музичко училиште. Од средновековните споменици најпознат е манастирот Свети Димитрија од XIV век, а како една од најпознатите и за нас архитектите највредните градби е црквата Свети Пантелејмон од XIX век, изградена од познатиот градител Андреја Дамјанов. Реката Вардар тече помеѓу двата високи ридови, Вршник од десната и Свети Илија од левата страна. Она што остава силен впечаток кај секој посетител се велешките куќи изградени на ридот. Кога ќе влезете во градот, во самиот центар ја забележувате најпрвин старата градска кула изградена од камен која со својата специфична архитектура е неодминлив симбол на градот. Изградена е во првата половина на XIV век од отоманските власти и во прво време служела за набљудување. Кон крајот на XVII век, во периодот на преродбата на Велес, на кулата бил поставен градскиот часовник со камбанарија. Во осумдесеттите години на минатиот век кулата е реновирана, поправен е механизмот на саатот и тој денес редовно ги отчукува часовите.Архитектурата е условена од поднебјето, местоположбата, традицијата и начинот на живот на луѓето

(продолжува во следниот број)

Анѓел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

Page 37: PORTA3 145

19 ноември 2010 ОРТА3 37

37

архитектура

03 декември 2010 ОРТА3 37

37

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

Page 38: PORTA3 145

наука

ОРТА 03 декември 2010338

38

ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА САЕМОТ - MИНХЕН Цената на аранжманот е 359 евра по лицеВо цената е вклучено:

- Превоз со високо луксузен туристички автобус

- 4 дена /3 ноќевања во хотел ИМПЕРИАЛ www.hotelimperial.de

со појадок (шведска маса) во двокреветна соба

*собите се модерно опремени, со сопствено купатило со туш,

телефон, ТВ и интернет

- Патничко и здравствено осигурување во висина од 30.000 евра

· Со билетот - влезница за саемот за сите саемски денови,

добивате бесплатно користење на градскиот транспорт во Минхен

(автобуси, трамваи, метро)

Туристичка агенција НОА ТРАВЕЛРузвелтова 15, 1000 Скопје, РМ

тел. +389 2 30 77 957факс +389 2 30 77 958

Кон крајот на 20-тите години од минатиот век изградбата на општествени објекти има

забележлив напредок, при што се задоволуваат најразличните програмски барања. Попознати автори во проектирањето објекти од општествен карактер се: - Ернст Мај со училиштето во Франкфурт (1929). Тоа претставува едно ново решение во кое одделните училишни павилјони, преку галерија се поврзани со главниот корпус на објектот, каде што се сместени салите;- Ото Бартнинг (1883-1959) со Шталкирхе во Келн (1928). Таа има скелетен носечки систем од челик и стаклена обвивка која изгледа дематеријализирано. Својата умешност за креативна трансформација на готската традиција, тој ја покажува и кај црквата Густав-Адолф во Берлин (1932), направена од натур-бетон со динамична линија на кулата камбанарија. Се разбира дека во редот на најзначајните дела спаѓаат и веќе анализираните објекти на најпознатите германски архитекти од тој период. Но, со доаѓањето на фашистите на власт, голем број од нив емигрираат, меѓу кои: Гропиус, Мис ван дер Рое, Ерих Менделсон, Марсел Броер, Ернст Мај, Бруно Таут и други. Оние што остануваат во Германија, како на пример Х. Херинг, Х. Шароун и Х. Пелциг, долги години немаат можност за слободно творештво. За време на нацизмот, германската архитектура го напушта рационализмот, застапувајќи еден вид неоромантизам и помпезност, поддржувани од власта и од самиот Хитлер. Оваа архитектура има строги, па дури и стерилно студени форми, кои се јасно видливи на следниве карактеристични примери: обликувањето на Кралскиот плоштад во Минхен од Паул Трост, Германскиот павилјон на Светската изложба во Париз (1939) и новата Рајхсканцеларија во Берлин од Алберт Шпер (1905-81).

ПО ЗАВРШЕТОКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, пред германските архитекти се

поставува огромниот проблем за обнова на земјата. Нацистичкото лошо искуство и губењето на најдобрите кадри, уште повеќе ја отежнува состојбата. Од друга страна, потребата за брза повоена изградба, на архитектите не им остава доволно време за размислување. При обновата на старите градски центри, освен на сообраќаен план, не е искористена можноста за спроведување на модерна урбана реконструкција. Извесни новини се внесени само при градењето на некои нови приградски населби кај Бремен и Франкфурт. На изложбата Интербау во Берлин (1957), со учеството на познати светски архитекти се прави обид во квартот Ханза да се создаде еден вид градски центар во зеленило. Неговата урбанистичка концепција со лошото сообраќајно решение, станува познат пример само поради значењето на одделните објекти во него. Исто така, и големиот конкурс за ново урбанистичко решение на Берлин не дава видни резултати. За разлика од просторното и урбанистичкото планирање, при градењето на архитектонски објекти со разновидни програми се постигнува висок квалитет. Врвни решенија се среќаваат при создавањето на репрезентативни општински или индустриски објекти, а честопати и во архитектурата на училишните објекти. Герхард Вебер станува познат со градење на гледалишни објекти, кои имаат совр-шено функционално и обликовно решение. Такви се: - операта во Хамбург (1951-55), со едноставен растер од челик и стакло на влезната фасада, и- театарот во Манхајм (1954-56), изграден според проектот што има победено на конкурс пред сличната концепција на Мис ван дер Рое. Гинтер Вилхелм, во областа на образовните објекти воведува нова концепција, што се докажува преку училишниот ансамбл кај Штутгарт (1952-53), кој се состои од не-колку објекти за деца на различна возраст. Павилјоните се поставени на живописен наклонет терен и меѓу зеленило.

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 гОдИНИ МОдЕрНА АрХИТЕКТУрА (98)

гЕрМАНИјА (2)Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци

Сл.1. О. Бартнинг. Црквата Густаф Адолф, Берлин. ВнатрешностСл.2. А. Шпер. Германскиот павилјон на Светската изложба, ПаризСл.3. Квартот Ханза, изложбата Интербау, БерлинСл.4., 4а. Г. Вебер. Операта, Хамбург. Основа и изглед

а

ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА САЕМОТ - MИНХЕН Цената на аранжманот е 359 евра по лицеВо цената е вклучено:

- Превоз со високо луксузен туристички автобус

- 4 дена /3 ноќевања во хотел ИМПЕРИАЛ www.hotelimperial.de

со појадок (шведска маса) во двокреветна соба

*собите се модерно опремени, со сопствено купатило со туш,

телефон, ТВ и интернет

- Патничко и здравствено осигурување во висина од 30.000 евра

· Со билетот - влезница за саемот за сите саемски денови,

добивате бесплатно користење на градскиот транспорт во Минхен

(автобуси, трамваи, метро)

Туристичка агенција НОА ТРАВЕЛРузвелтова 15, 1000 Скопје, РМ

тел. +389 2 30 77 957факс +389 2 30 77 958

Page 39: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 39

39

ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА САЕМОТ - MИНХЕН Цената на аранжманот е 359 евра по лицеВо цената е вклучено:

- Превоз со високо луксузен туристички автобус

- 4 дена /3 ноќевања во хотел ИМПЕРИАЛ www.hotelimperial.de

со појадок (шведска маса) во двокреветна соба

*собите се модерно опремени, со сопствено купатило со туш,

телефон, ТВ и интернет

- Патничко и здравствено осигурување во висина од 30.000 евра

· Со билетот - влезница за саемот за сите саемски денови,

добивате бесплатно користење на градскиот транспорт во Минхен

(автобуси, трамваи, метро)

Туристичка агенција НОА ТРАВЕЛРузвелтова 15, 1000 Скопје, РМ

тел. +389 2 30 77 957факс +389 2 30 77 958

ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА САЕМОТ - MИНХЕН Цената на аранжманот е 359 евра по лицеВо цената е вклучено:

- Превоз со високо луксузен туристички автобус

- 4 дена /3 ноќевања во хотел ИМПЕРИАЛ www.hotelimperial.de

со појадок (шведска маса) во двокреветна соба

*собите се модерно опремени, со сопствено купатило со туш,

телефон, ТВ и интернет

- Патничко и здравствено осигурување во висина од 30.000 евра

· Со билетот - влезница за саемот за сите саемски денови,

добивате бесплатно користење на градскиот транспорт во Минхен

(автобуси, трамваи, метро)

Туристичка агенција НОА ТРАВЕЛРузвелтова 15, 1000 Скопје, РМ

тел. +389 2 30 77 957факс +389 2 30 77 958

Под мотото „Иднина на градењето“ од 17 до 22 јануари 2011 година во

Минхен ќе се одржи саемот BAU 2011. На површина од 180.000 квадратни метри ќе бидат претставени архитектoнски објекти, материјали, системи за комерцијално градење, станбена изградба и ентериери во областа на нови и стари градби. На саемот се очекуваат околу 1.900 излагачи од 40 земји. Станува збор за светски водечки саем за архитектура, материјали и системи со повеќе од 210.000 посетители. Присуството на водечки брендови гарантира дека сите важни производи и материјали ќе можат да се видат на едно место. Архитектите и инженерите ќе се соочат со иднината на градежништвото претставена низ различни форуми. Минхенскиот саемски центар има 17 хали со 180.000 квадратни метри изложбена површина, плус 360.000 квадратни метри надворешна изложбена површина и 18.000 места за паркирање.

Речиси половина од посетителите, или 47 проценти се градежници, 18 проценти архитекти и проектанти, 12 проценти се посетители од услужните дејности, универзитетите, училиштата и истражувачки институти, а останатите се производители и трговци со градежни материјали и од областа на недвижностите. Во текот на изминатите години Саемот BAU се разви во информациска и комуникациска платформа за урбанистите, архитектите и градежните инженери. Главните теми на саемот се Одржливо градење, Градење по мерка на генерациите, Истражувања и иновации и Образование и усовршување. На Саемот ќе се одржат и повеќе различни форуми.

Поблиски информации околу учеството и посета на саемот можат да се добијат во Претставништвото на германското стопанство во Македонија, на телефон (02) 322 88 24 или на e-mail: [email protected]

BAU 2011 од 17 до 22 јануари во Минхен

Иднина на градењето

Page 40: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010340

40

екологија

КАЗАХСТАН

Eni под обвинение

Казахстан ја обвини италијанската нафтена

компанија Eni за „измама“ вредна 110 милиони долари. Според обвинувањата, Eni е под истрага заради лажното прикажување на трошоците за изградбата на нафтените инсталации во нафтеното поле Кашаган во Каспиското езеро. Како последица на тоа, компанијата наводно избегнала да плати соодветен данок и заради отуѓувањето на државниот имот. Од друга страна, Eni ги отфрлува овие наводи информирајќи дека истрагата за ова била подигната уште во 2007 година, а дека се работи всушност за притисок од нафтените компании во Казахстан за да се изменат долгорочните концесиски договори и за да се добијат поповолни финансиски услови за експлоатација на нафтата од оние што се договорени во деведесеттите години на 20 век кога цената на нафтата беше исклучително ниска.

(Financial Times)

МАРОКО

Соларна електрана од 500 MW

Американскиот енергетски портал Power-Gen Worldwide информира дека Европската

инвестициска банка (EIB) одобри кредит за проектот соларна електрана во Мароко. За оваа цел се одобрени 500 милиони евра, кои ќе бидат искористени за изградба на електрана со јачина од 500 MW во јужно Мароко. Произвeденaтa електрична струја се планира да биде извезувана во Европа. Истовремено, се водат преговори и со Светска банка за дополнително финансирање на проектот. Градењето на електраната треба да започне во втората половина на 2011 година, а треба да биде готова до 2014 година.

(Power-Gen Worldwide)

TAP близу до реализација

Компанијата Trans Adriatic Pipeline што планира да транспортира гас

од каспискиот регион преку Грција, Албанија и Италија во Европа, ја започна работата на дефинирање на трасата за гасоводот на TAP низ Грција. Во следните три месеци

експертите ќе проценат каде ќе минува трасата долга 520 км. Дефинирањето на трасата на гасоводот во Албанија веќе е завршено, а во Италија е во завршна фаза. Акционери на гасоводот се норвешката фирма Statoil, швајцарската енергетска компанија EGL и германската гасна компанија E.ON Ruhrgas, стои во соопштението за медиуми на самата компанија.

(Trans Adriatic Pipeline)

ШВЕДСКА

Baltic Sea Edition од Electrolux

Electrolux произведе правосмукалки кои се дел од акцијата Vacs From The Sea со

која компанијата сака да ја подигне свеста за огромното количество отпад кој се наоѓа во океаните. Правосмукалките се состојат од 70 посто рециклирани материјали земени од пет океани (Северно Море, Индиски Океан,

Средоземно Море, Тихиот Океан и Балтикот). Оваа специфична серија на правосмукалки под името „The Baltic Sea Edition“ служи за промовирање на акцијата за чистење на океаните. Постојат 5 серии на правосмукалки и секоја претставува еден океан. Сите модели се во потполност функционални и изградени со користење на иста основна структура - шасија и мотор.

(group.electrolux.com)

ГРЦИЈА

Page 41: PORTA3 145

подготви: Дејан Буѓевац

03 декември 2010 ОРТА3 41

41

екологија

РОМАНИЈА

Окрупнување на енергетските компании

Акционерите на повеќе различни романски енергетски компании на своите собранија

одобрија формирање на два големи енергетски холдинга: Electra и Hidroenergetica, во чии состави ќе влезат и нивните фирми. Ова претставува огромна реформа на романскиот енергетски сектор кој е во државна сопственост, и на овој начин, државните рудници на јаглен, термоелектрани, хидроелектрани и нуклеарни електрани ќе се најдат во овие два големи холдинга.

(Nine o' Clock)

ГРУЗИЈА

Не се продава кавкаскиот нафтовод

Грузиската влада не планира продажба на стратешкиот

нафтовод кој оди преку нејзината територија и ги поврзува Русија и Ерменија. Иако повеќе земји се заинтересирани за тој нафтовод, владата цврсто одлучи дека тој нема да биде продаван. Во јуни годинава, претседателот на грузискиот парламент предложи нафтоводот или како дел или во целост да биде продаден. Грузија во 2006 година за него побара една милијарда долари, а руската гасна компанија Gazprom беше спремна да даде 250 милиони долари. Пред четири месеци Азербејџан понуди 500 милиони долари за кавкаскиот нафтовод.

(Oil and Gas Eurasia)

ИТАЛИЈА

Нова геотермална електрана во Сиена

Италијанската електроенергетска група Enel пушти во погон нова геотермална електрана GTE Radicondoli 2 со јачина од 20 MW покрај Сиена.

Се работи за довршување на втората фаза на електраната со што првобитната јачина е зголема на 60 MW, така што вкупната сила на GTE Radicondoli 1 и 2 ќе биде доволна за снабдување на 55.000 италијански домаќинства. Овие бројки се еквивалентни на намалување на емисиите на CO2 за 200.000 тони годишно и потрошувачка на 55.000 тони нафта годишно.

(www.energetika.ba)

Page 42: PORTA3 145

екологија

ОРТА 03 декември 2010342

42

Термоцентралата во Валона, Албанија, беше последната од обиколката

на термоцентралите на Балканот што ја направи БЕЛЛС со цел да стекне слика за тоа колку тие ја загадуваат животната околина.Оваа централа е нова, со современа технологија сосема различна од оние што постојат во Битола и во Обилиќ во Косово, и е градена според стандарди со кои нејзиното влијание врз животната средина се сведува на најниско можно ниво. Барем така е на хартија, бидејќи таа се уште работи пробно, не произведува струја која се употребува, па се уште не се виделе вистинските ефекти.Албанија сепак не е зависничка од валкана енергија како Македонија и Косово, другите две земји што се вклучија во овој проект на Балканското движење за водечки стандарди во животната средина. Нашиот западен сосед си обезбедува околу 90 отсто од електричната енергија што ја троши преку бројните хидроцентрали, пред се преку познатата каскада на Дрим, една од најполноводните реки на Балканот. Тоа е сосема чиста енергија, со чие производство ниту се создава отпад, ниту се испуштаат штетни гасови во атмосферата. Но, според претставниците на тамошните власти што учествуваа на конференцијата на БЕЛЛС, вклучувајќи ги и тие од државната електроенергетска компанија КЕШ и од управата на централата, тие решиле да учествуваат во овие активности за да ги споделат своите добри искуства и за да се потрудат да не ги доживеат ефектите од долгогодишната контаминација што се чувствува во општините Новаци и Обилиќ.Тие изградиле термоцентрала со релативно мал капацитет, која во

енергетскиот биланс на земјата би учествувала со десетина отсто, но однапред ги предвиделе сите можни негативни влијанија. Оваа централа не работи на јаглен како РЕК "Битола" или "Косово 1" и "Косово 2" во Обилиќ. Производството е комбинирано, на гас и на нафта, со технологија која го минимизира загадувањето. Марио Сота, директорот на централата, рече дека за ладењето се земала вода од морето, која потоа се враќала назад со само

два-три степена зголемена температура, разлика која не може да нанесе штета. Пред да почнат со работа, веќе на големо изведувале вежби за тоа како да се справат со евентуални хаварии кои би можеле да станат еколошки катастрофи, на пример истекување на нафта и слично. Објектот е направен среде стара индустриска зона, во која има и рафинерија и други капацитети, па околината е мошне загадена. И таа одлука била наменски донесена, бидејќи

За ладењето на термоцентралата се зема вода од морето, која потоа се враќа назад со само два-три степена зголемена температура која не може да нанесе штета на екосистемот. Објектот е направен среде стара индустриска зона во која има рафинерија и други капацитети, а со него не се зазема земјоделското земјиште. Технологијата што е применета овозможува создавање чиста енергија без отпад и без испуштање на штетни гасови во атмосферата

Проектот на БЕЛЛС за термоцентралите заврте еден круг

Технологија која го минимизира загадувањето во вАЛОНА

Новата термоцентрала во овој град е мала, без големо учество во енергетскиот биланс на Албанија, но со неспоредливо почисто производство од енергетските централи во Македонија и на Косово

Page 43: PORTA3 145

екологија

03 декември 2010 ОРТА3 43

43

во спротивно требало да се зафати чисто, можеби дури и плодно земјиште. Целиот тој простор веднаш до Јонското Море, северно од валонското пристаниште, е опколен со густа, вештачки посадена борова шума стара педесеттина години. За да се ослободи доволно простор за ТЕЦ „Валона“ требало да се отстранат дел од тие дрвја, но се исекле само некои, а другите биле извадени и пресадени бидејќи тоа било изводливо. Потоа, се организирала акција да се засадат по три дрвца за секое исечено.По обиколката на централата, што ја водеше директорот Сота, следуваше БЕЛЛС конференцијата во хотелот „Влора Интернационал“, каде што можеа да се слушнат различни мислења за работата на ТЕЦ „Валона“. Така, имаше и тврдења дека таа ќе биде релативно голем загадувач, што беше негирано од управата. Граѓаните на Валона, која е еден од најголемите албански туристички центри, сепак ќе имаат можност редовно да ја следат работата. Организацијата Влора еко воч е формирана во овој град за да ја спроведува Архуската конвенција, која на населението му го гарантира правото да добива редовни информации за влијанијата врз животната средина. Таа ќе ја надгледува централата и ќе информира за нејзиното работење.На третата конференција свои мислења разменија пратениците од парламентите на трите земји вклучени во проектот, како и претставници од албанското и од македонското Министерство за животна средина и просторно планирање. Арбен Демети, албанскиот заменик-министер

за животна средина, истакна дека е добро што неговата земја е насочена кон хидроенергијата и што старите загадувачки капацитети пропаднале, но тоа мора да се одржува.- ТЕЦ „Валона"е неспоредливо подобро решение отколку застарените централи, но мораме да работиме за да го одржиме квалитетот - рече тој.Косовските пратеници уште еднаш нагласија дека проблемот со загадувањето е најголем кај нив, бидејќи земјата околу 98 отсто од својата енергија ја обезбедува со согорување јаглен во централите „Косово 1“ и „Косово 2“,- Многу ја нарушуваат околината, а многу малку се прави за да се подобрат. И во Собранието сме разговарале за овој проблем, но нема пари за тој да се реши. Ветени ни се донации од ЕУ, па се надеваме дека тие ќе помогнат - вели Берат Лужа, член на косовскиот Парламент.Од Македонија учествуваа повеќемина пратеници, членови на парламентарната зелена лоби група. Зумрета Јакупи го повтори нашиот најголем проблем, дека законодавството ни е максимално усогласено со ЕУ, но спроведувањето на законите оди тешко. Хајрула Мисини предложи пратениците од трите земји да формираат заеднички зелен совет, со кој меѓусебно ќе се информираат до каде се со исполнувањето на стандардите, но и ќе си помагаат. Лилјана Поповска кажа дека енергијата не засега сите, но не треба да размислуваме само за тоа како сегашните капацитети помалку да загадуваат, туку и како да се снабдуваме со обновливи извори.

Катерина СПАСОВСКА- ТРПКОВСКА

Мексиканскиот град Канкун на 29 ноември ги

пречека министрите за животна средина на 193 земји потписнички на Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации (UNFCCC). Тие треба да ги продолжат напорите за изработка на нов климатски договор, кој ќе го наследи популарниот Протокол од Кјото кој истекува во 2012 година. Што може да очекуваме од преговорите во Канкун, е главното прашање што до 10 декември ќе ја окупира светската јавност, за кога е закажан крајот на големата климатска конференција. Главни точки на агендата во Канкун ќе бидат финансирањето на земјите во развој што трпат последици од климатските промени, усвојувањето на програмата за намалување на емисиите на штетни стакленички гасови како резултат на прекумерното сечење на шумите и деградацијата на земјиштето, а од развиените земји најверојатно ќе се бараат конкретни бројки за колку ќе ги намалат емисиите со цел зголемувањето на температурата на воздухот на светско ниво да се задржи под критичните 2 Целзиусови степени, ниво над кое научниците предвидуваат дека ќе се соочиме со сериозна климатска закана. Официјалното име на самитот во Канкун е COP16, што значи 16-та Конференција на земјите членки на Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации Ш

то ќ

е до

несе

кли

мат

скио

т са

мит

во

Канк

ун?

Почна големата конференција на Обединетите нации

Земј

ите в

о ра

звој

ќе тр

еба

да се

оси

гура

ат д

ека

нови

от д

огов

ор ќе

ги з

ашти

ти, а

од

разв

иени

те з

емји

на

јвер

ојат

но ќе

се б

араа

т кон

крет

ни б

ројки

за

колк

у ќе г

и на

мала

т ште

тнит

е еми

сии

со ц

ел з

голе

мува

њет

о на

темп

ерат

урат

а на

воз

духо

т на

свет

ско

ниво

да

се з

адрж

и по

д кр

итич

ните

2 Ц

елзи

усов

и ст

епен

и,

ниво

над

кое н

аучн

ицит

е пре

двид

уваа

т дек

а ќе

се со

очим

е со

сери

озна

клим

атск

а за

кана

Page 44: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010344

44

екологија(UNFCCC). Конвенцијата ја потпишаа 193 земји чии официјални претставници и министри за животна средина се среќаваат еднаш годишно. На конференцијата во Канкун не се очекува да пристигнат шефови на држави.

Кој треба да го понесе товарот

Минатата година во Копенхаген на СОР15 средбата, по двонеделни заморни преговори светските

лидери не успеаја да постигнат согласност и да подготват нов светски договор за намалување на емисиите на стакленички гасови. Тие постигнаа само согласност дека треба да преземат мерки за зголемувањето на температурата на воздухот во иднина да се ограничи под 2 Целзиусови степени. Новата конференција во Канкун

ќе се одржува две недели и има огромно значење во серијата средби на меѓународно ниво што се одржуваат под капата на Обединетите нации. Очекувањата од средбата во Канкун не се високи. Како што пренесува британскиот весник „Гардијан“, неколкумина клучни играчи, меѓу кои генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, европскиот комесар за климатски промени Кони Хедегаард и извршниот секретар

на UNFCCC, Кристиана Фигуерес досега изјавија дека годинава не очекуваат да се постигне обврзувачики договор. Една од клучните дилеми која ќе треба да се разреши во Канкун е кој треба да го понесе товарот. Аналитичарите велат дека помалку развиените земји, малите островски држави и земјите во Африка треба да бидат сигурни

дека новиот договор ќе им помогне. Побогатите земји треба да преземат обврска финансиски да ги помогнат земјите во развој, да ги унапредат „зелените“ технологии и да изградат одржлива инфраструктура. Индустријализираните земји ќе треба да покажат и лидерство со тоа што први, дома, ќе ги намалат емисиите на штетни гасови во атмосферата. Во Копенхаген богатите земји постигнаа согласност да обезбедат 30

милијарди американски долари до 2012 година, а кои ќе бидат наменети за посиромашните земји да се справат со проблемите предизвикани од климатските промени. Земјите во развој што треба да ја добијат таа помош, според аналитичарите, во Канкун ќе сакаат да слушнат дека тие пари ќе бидат канализирани преку Обединетите нации,

наместо преку Светската банка. Ако земјите членки на UNFCCC постават некаква основа за намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата, конечниот климатски договор кој ќе го наследи Кјото се очекува да се постигне на следниот самит за клима на Обединетите нации, COP17, кој ќе се одржи во декември 2011 година во Јужна Африка.

Милијарда луѓе ќе останат без покрив над главата

Огромни промени на морското ниво, монсунски дождови, поплави, проблеми со водоснабдувањето, промени во временските системи и плодноста на нивите не очекуваат пред истекот на овој век, се вели во најновиот извештај за климатските промени кој ќе биде презентиран пред министрите во Канкун. Извештајот чии делови објави британскиот весник „Гардијан“ предупредува дека милијарда жители ќе останат без покрив над главата во наредните 90 години како резултат на климатските промени и на неможноста да се постигне договор за намалување на штетните стакленички гасови. - Главната порака е дека колку повеќе се наближуваме до критичните 4 Целзиусови степени зголемена температура, толку ќе биде потешко да се справиме со последиците - вели за „Гардијан“ доктор Марк Њу, експерт за клима на Универзитетот Оксфорд. Според Франсуа Жемен од Институтот за одржлив развој и меѓународни односи во Париз, последиците што планетата ќе ги претрпи како последица на зголемувањето на температурата за 4 степени, освен наведените катастрофални последици и подигнувањето на морското ниво ќе предизвика и создавање "држави духови" чии влади во егзил ќе владеат врз "исчезната земја" и раселените жители. Малите островски држави Тувалу и Малдиви веќе се соочија со згоеменото ниво на морето што се заканува да ги проголта

Елена КУЗМАНОВСКА

Page 45: PORTA3 145

45

екологија

Евапотранспирацијата се дефинира како процес при кој растенијата ја

извлекуваат водата од и на земјата и истата преминува во атмосферата создавајќи потенцијал за дождови или други форми на атмосферски врнежи. Под нормални околности, евапотранспирацијата е одговорна за околу 60% од врнежите на земјата. Потенцијалната евапотранспирација разгледувана на поширока основа се дефинира како количина на вода која би можела да испари од кое било подрачје. На пример, Тусон во Аризона прима околу 300 mm дожд годишно, а сепак годишно од ова подрачје би можело да испари околу 2500 mm вода. Со други зборови, вредноста на водата што може да испари е поголема за околу осумпати во споредба со количината на врнежи. Стапката на евапотранспирација во определени подрачја како на пример Аљаска е многу ниска, а од друга страна пак во многу делови од светот постојат региони под сериозна закана од опустување, каде стапката на испарување значително ја надминува количината на врнежи. Последново е резултат на сериозната дисфункција во

процесот на евапотранспирација, која според извештајот објавен во Science Daily, започнала во 1982 година и продолжила и во деведесеттите години од минатиот век, за да се забележи успорување по тој период. Но ова никако не значи подобрување на состојбата. Во определени подрачја кои биле предмет на истражување (Австралија, Африка, Јужна Америка, делови од Кина, Индија и Индонезија) опустувањето на почвата е неповратен процес, со оглед на фактот што дисбалансот во евапотранспирацијата достигнал одредена критична точка. Истражувачите од конзорциумот што е формиран од страна на респектирани институции (Max Plank Institute, Institute of Atmospheric and Climate Science, Princeton, Harvard and Oregon States Universities) признаваат дека немаат собрано доволно податоци и затоа не можат да донесуваат заклучоци. Но едно е сигурно: делови од планетата стануваат значително посуви, а последиците по животот на луѓето во тие подрачја можат да бидат навистина сериозни. Научниците веќе долго време стојат на убедувањето дека климатските промени ќе влијаат на вообичаената

шема на евапотранспирација, а истражувањето објавено во октомврискиот број на списанието Nature, токму тоа го потврдува. Заклучокот дека е достигната горната граница во забрзувањето на хидролошкиот циклус на земјата, води до еден друг повознемирувачки заклучок. Имено, со навлегувањето на овој циклус во „црвената” зона, доаѓа до неповратно сушење на големи површини, со што истите стануваат неупотребливи за производство на храна, а неспорен е и фактот што топлотните бранови стануваат почести и поинтензивни. Резултатите од оваа Студија изработена од Oregon State University, се објавени во International Journal of Life Cycle Assessment. Податоците за студијата биле собирани преку FLUXNET, глобална мрежа од околу 500 станици за метеоролошки мониторинг. Резултатите од истражувањето недвосмислено покажуваат дека околу 38% од планетата е под сериозна закана за неповратно опустување, доколку актуелниот тренд со дисбалансот во евапотранспирацијата продолжи. „Еден од најпоразителните факти е констатацијата дека во земјоделството се користат

неодржливи практики на третирање, кои исто така доведуваат до неповратна деградација на почвата”, вели Monsterat Nunez, истражувач од Institute of Agro Food Research and Technology (IRTA) од Шпанија. И конечно, најновиот извештај подготвен од National Center for Atmospheric Research on Desertification, покажува дека овие значителнио посуви услови ќе се интензивираат во толкава мера низ целата планета во наредните три децении, при што многу е веројатно дека би достигнале размери кои ретко или воопшто не биле предмет на опсервација или истражувања во модерните времиња.Спасот може да се гледа и во нови технологии за производството на храна, т.е одгледување на видови култури поотпорни на суша. Од друга страна пак, генетски модифицираната храна веќе се покажа како потполно фијаско. Единственото прашање кое се поставува е дали модерната технологија ќе одговори навреме на сите овие предизвици, и дали навреме ќе го спаси светот. Доколку не биде така, прашањето останува отворено, со целата своја комплексност и сериозност.

Даниела МЛАДЕНОВСКА

Научниците веќе долго време стојат на убедувањето дека климатските промени ќе влијаат на вообичаената шема на евапотранспирација. Истражувањето објавено во октомврискиот број на списанието Nature, токму тоа го потврдува - не очекуваат сe помалку дождови и сe повеќе сушни периоди. Спасот лежи во новите технологии т.е. во одгледувањето на култури поотпорни на суши.

СЛЕДНА ЕКО КРИЗА: ЕвАПОТрАНСПИрАЦИјА

``

03 декември 2010 ОРТА3 45

45

Page 46: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010346

46

МЕСТО ЗА ДЕТСКА СОБА

"Станот ни е мал, функционален и досега ги задоволуваше нашите животни потреби. Но сега, потребна ни е одделна детска соба. Може ли во овој мал стан да се најде простор за детска соба, а воедно да се зголеми и дневната соба?"

- Даниела и Мето Петровски, Ново Лисиче

Библиотеката во Канзас Сити, во сојузната држава Мисури, се смета за еден од

50-те најчудни и најавтентични објекти во светот заради своите фасади кои наликуваат на џиновска полица за книги. Иако библиотеката е изградена во 1873 година и била реновирана неколкупати, обичните минувачи според нејзиниот надворешен изглед тешко можеле да заклучат дека се работи за објект кој чува милиони книги. Во 2004 година кога биле издвоени неколку милиони долари за изградба на катната гаража на библиотеката, огромниот паркинг станал главна атракција и магнет за нови читатели, бидејќи нè само што јасно

ЏИНОВСКА полица з а книги

Најчудните градби на светот

Page 47: PORTA3 145

совети

03 декември 2010 ОРТА3 47

47

МЕСТО ЗА ДЕТСКА СОБА

И покрај малата квадратура на станот, во него може да се организираат сите простории

кои ги барате. Ви предлагам решение во кое преку ходникот се влегува во дневната соба која може да се зголеми за сметка на работната соба. Вашата спална соба може да се уреди во дневната што добива двојна функција: спиење и дневен престој. Во кујната што е и трпезарија, сменете ја положбата на трпезариската маса со што светлината непречено ќе влегува во просторијата. Добро е кујната да се оддели од дневната соба со шибер врата бидејќи дневната соба служи и за спиење. Ходникот одвојте го од дневната соба со преграден ѕид од стаклени тули со што ќе обезбедите осветлување и за долгиот темен ходник. Тука сместете ги гардеробните плакари и плакарот-остава спроти влезот од бањата. Познато е дека во малите простори се користат светли бои, лесен и расклоплив мебел, огледала. Дневната соба уредете ја модерно во стилот на минимализмот. Во детската, мебелот може да биде изработен од светло дрво. Пожелно е и присуство на некое интересно парче мебел и тапети во живи бои. Најважно е собата да изгледа весело и да има доволно место за играње.

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

асоцирал на функцијата на објектот, туку бил и голем маркетиншки потег кој ја прославил библиотеката на Канзас Сити.Наместо класика, сиви бетонски ѕидови и тривијална фасада, архитектите надворешноста на објектот ја украсиле со огромни корици на книги. Изборот на насловите исто така не бил случаен. Архитектите ги утврдиле најчитаните наслови, по што фасадата била адаптирана во гигантски страничен сноп со името на делото, кој е подготвен од специјален некорозивен материјал. Долж едната страна на паркингот распоредиле голем број наслови кои веднаш асоцираат на библиотека. Главната зграда се наоѓа веднаш до паркингот со што е направена една целина која наликува на една голема шарена сликовница.

Драган РИСТОВ

ЏИНОВСКА полица з а книги

Page 48: PORTA3 145

урбанизам

ОРТА 03 декември 2010348

48

The Arc“ e урбанистички проект за Палестина, една од препораките на

RAND корпорацијата за успешна Палестина. Светските водечки архитекти, критичари и планери го поздравуваат проектот и неговата моќ, визија и можност за инспирација на граѓаните на Палестина што веруваат дека идната Палестинска држава ќе просперира во мирни и безбедни односи со Израел. RAND корпорацијата го започна проектот за успешна Палестина во 2003 год. Тој чини повеќе од 3

милиони долари и e финансиран од приватни фондации како и од RAND корпорацијата, но не и од владини органи. Вклучува повеќе од 40 истражувачи. „Што сè треба да се направи за Палестинската држава да успее?” е прашањето на кое проектот се обидува да даде одговор. Дефинирајќи го успехот како приоритет, истражувачите ги поставуваат следните аспекти на планирање: безбедност во Палестина, Израел и регионот, ефективно управување легитимно за Палестинците

како и за светската заедница, социјална благосостојба на Палестинците, овозможувајќи им да се исхранат, облечат, едуцираат, просперираат и да бидат здравствено обезбедени, како и програмирањето на одржлива економија. Во студии кои го придружуваат проектот се разработени седум сектори и тоа: управување, безбедност, демографија, економија, водостопанство, здравство и образование. Препораките од овие студии оформија основа за студијата за физичките

карактеристики на земјата: нејзината топографија, нејзините градови и инфраструктурата. Проектот The Arc е сместен во делот за инфраструктура. Тој започна со анализа на основните потреби на инфраструктурата, домувањето и урбаниот развој, сè со цел за перспективна Палестина. Тимот постави и уште 3 дополнителни цели. Првата е проектот да ги надмине техничките можности, да претставува изграден симбол на Палестинските аспирации, додека втората е планирање модел на

План за просперитет на Палестина

Doug

Suism

an

Page 49: PORTA3 145

урбанизам

03 декември 2010 ОРТА3 49

49

одржлив град и село. Tретата е парадигмата дека изградбата на одржлива инфраструктура ќе придонесе за одржлива економија која ќе еволуира во национален просперитет. Поради сè уште недооформените граници на палестинската држава, односно оформувањето на делови од Западниот брег и Газа во единствен територијален ентитет, проектниот тим не прецизира и препорачува точни граници и очекува тој конфликт да биде договорен меѓу палестинските

и израелските власти. Ако површината на Западниот брег и Газа што изнесува нешто помалку од 6000 км2, се спореди со останатите арапски земји, може да се заклучи дека е релативно мала, но популацијата се очекува да има брз развој. Проектот ќе чини 9 билиони долари. Со него се планира изградба на основните елементи на коридорот. Притоа ќе се отворат 160 000 нови работни места годишно во првите 5 години во конструктивните сектори во кои Палестина е

докажана. Изградбата може да започне со фазни проекти кои ќе ја подобрат мобилноста на Палестинците што секојдневно се среќаваат со небезбедни пешачки патеки, хаос во сообраќајот, неадекватни автобуски постојки итн. Ваквите проблеми се решаваат со неколку почетни практични проекти од кои се очекува станиците за јавен превоз да бидат подобрени за 12 месеци, нови автобуси да оперираат за 24 месеци кои ќе овозможат побрз, поудобен и побезбеден транспорт во и меѓу градовите,

додека за 36 месеци да бидат завршени нови транзитни центри. Квалитетниот транспорт може да го поттикне подобрувањето на животот во соседствата и да го охрабри планирањето на нови станбени единици.Визијата за новиот коридор е прифатена од многу Палестинци и други во регионот, а ќе остави печат на физички подобрувања и ќе понуди материјални алатки во потрагата на дипломатија и мир.

Маја ЛУКАРЕВСКА

„The Arc“ на студиото Suisman Urban Design е победник во категоријата идеен проект на годината на третиот светски фестивал за архитектура (WORLD ARCHITECTURE FESTIVAL) кој пред три недели се одржа во Барселона. На конкурсот беа пријавени 235 проекти од 55 земји, а наградата ја доби овој урбанистички проект за Палестина бидејќи тој претставува „бестрашен пример на архитектура и урбанистичко планирање со цел да промовира политичка солуција”, се вели во соопштението на жирито.

Page 50: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010350

50

технологии

Онаму каде апликацијата затајува, помага хардверот

Аутокад за сите“ е (ре)визијата што Аутодеск ја има за својот првенец Аутокад, кој низ

годините доживеа многу згоди и незгоди. Иако е во своите подоцнежни години, Аутокад добиваше редовно извесни промени, кои му дадоа нова насока на така набилданиот Аутокад. Зарем можеше Аутодеск така лесно да ја еутанизира својата ѕвезда како што тоа се шушкаше пред 6-7 години? Пред налетот на своите помалди ривали (пред сè од сопствените редови), Аутокад бележеше негативен раст, но видете сега што се случи: Аутодеск го „нападна“ и она парче пазар кое беше резервирано за „другите“ - „Мек платформите“. Успехот се чини е загарантиран.Летово Аутодеск ја објави програмата „Аутокад за секого“ што има за

цел да го направи подостапен за сите корисници, без разлика која софтверска или хардверска технологија ја користат. Досега Аутокад беше користен од страна на Виндоус/ПЦ корисниците, но со новите верзии тој станува достапен за „Мек платформите“, за мобилните телефони, но и за интернет апликациите. Сепак, во превод тоа значи дека Аутодеск своето внимание го насочи главно кон Епл-овите технологии: Мек Бук, Мек Бук Про, АјФон, АјПад, АјПод Тач, Мек Мини и други, поради нивниот пазарен удел, пред сè на полето на мобилните уреди. Историски, се исправа една голема неправда во светот каде професионалците не можеа да го користат најпопуларниот КАД софтвер на светот (Аутокад) на најмоќната

дизајнерска платформа (Мекинтош). Во средината на деведесеттите години од минатиот век, Аутодеск ја прекина поддршката на Мек платформите поради „незадоволителните финансиски резултати“, со што потполно се сврте кон Виндоус/ПЦ технологиите, или како што злобниците велат: целосно паѓајќи во прегратките на Мајкрософт. Но, зошто сега Аутодеск се враќа на старите патеки? Од Аутодеск велат дека со години добиваат пораки од Мек корисници кои бараат верзија на Аутокад наменета за Мек-овите. Тие пораки станале илјадници на број со тек на времето. Од друга страна, Аутодеск постојано го следи растот на Епл и нивниот пробив на полето на мобилните уреди. Така, пред две години била пуштена

Очекувањата се дека спојот на двете технологии, односно Аутокад на Мек, ќе резултира со далеку подобри резултати, и дека збирот ќе биде од типот 1+1>2. Зошто? Мек-овите се познати по својата моќност, па ако треба и со Интел процесори. Од друга страна, новиот Аутокад со својот се-во-едно пакет, е најмодерна и најмоќна КАД апликација. Онаму каде апликацијата затајува, хардверот ќе помогне и обратно. Останува времето да покаже.

51

5151TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

Page 51: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 51

рубрика

5151

урбанизамрегиони

ОРТА 03 декември 2010351 ОРТА 19 ноември 2010351TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

грАдЕжЕН ИНСТИТУТ “МАКЕдОНИјА”Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Page 52: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010352

рубрика

52

екологија

03 декември 2010 ОРТА3 52

52

Page 53: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 53

53

технологии

првата експедиција со мисија да го префрли dwg форматот од Виндоус во Мек околина. Мисијата била успешна и дала посебен поттик на тимовите за целосна конверзија на Аутокад за Епловиот OSX оперативен систем. Како што велат од Аутодеск, преводот на Аутокад бил вистински предизвик, нè само по обемот на операциите, туку и поради Мековите не-толку-познати-на-Аутодеск технологии. Сепак посебна тежина, дала Епл-овата препознатливост - естетиката и функционалноста. Аутодеск добро знаел дека истенчениот вкус на Мек корисниците нема така лесно да го прифати Виндоус интерфејсот на Аутокад. Затоа Аутокад за Мек има поинаков интерфејс со што им се олеснува на Мек корисниците навигацијата низ апликацијата. Пред сè, го нема рибонот на команди. Паѓачкото мени е повторно во употреба, но командите се редизајнирани, а нивниот распоред приспособен на Мек околината. Тулбокс палетата е редизајнирана, а Командната линија е невпечатлива и дискретна. Сè на се, интерфејсот изгледа

навистина привлечно, што верувам ќе побуди многумина да побараат истиот да биде инкорпориран и во Аутокад за Виндоус верзиите. Со право, очекувањата се дека спојот на двете технологии, односно Аутокад на Мек, ќе резултира со далеку подобри резултати, и дека збирот ќе биде од типот 1+1>2. Зошто? Мек-овите се познати по својата моќност, па ако треба и со Интел процесори. Од друга страна, новиот Аутокад со својот се-во-едно пакет, е најмодерна и најмоќна КАД апликација. Онаму каде апликацијата затајува, хардверот ќе помогне и обратно. Останува времето да покаже. Лично мислам дека поради овој потег на Аутодеск, Епл ќе забележи бран нови корисници. За волја на вистината, Мек-овите корисници и досега наоѓаа начин за користење на Аутокад на нивните машини со помош на дополнителни програми. Сепак, новиот Аутокад за Мек во целост е компатибилен со двата оперативни системи. Аутокад dwg фајл создаден во Виндоус околина, без никакви конверзии може да се користи на Мек и обратно.

Или ако сакате, овозможена е беспрекорна тимска работа помеѓу професионалци на различни платформи без никакви проблеми.Мобилната верзија на Аутокад се базира повторно на Епл-овата технологија вградена во уредите како АјФон, АјПод, АјПад, при што се инкорпорирани можностите за навигација и едитирање на фајловите со помош на допир на екранот. Интернет верзијата на Аутокад се базира на облак технологијата. Корисникот со помош на интернет и интернет браузер како Сафари, Фајрфокс, Хром и Интернет Експлорер, може да прегледа и едитира Аутокад фајл, без да има инсталирана Аутокад апликација на својот компјутер. Интернет верзијата на Аутокад има наставка WS и е упростена и бесплатна за користење. Со сето спомнато досега, може да се види намерата на Аутодеск, за да го направи Аутокад достапен буквално секаде, сè во корист на своите корисници. Што може да се очекува во иднина? Првин 100% сум сигурен дека Линукс корисниците во блиска иднина нема да добијат

соодветна Аутокад верзија. Сепак, сметам дека најголем потенцијал крие интернет верзијата, и верувам дека со развојот на облак технологијата ќе добие на квалитет и брзина и ќе биде достапна за сите, без разлика на оперативниот систем. Исто така очекувам дека Аутокад ќе добие нови креативни можности и естетски подобрувања. И сето тоа поради бранот свежина настанат со отворањето на апликацијата и за другите не-мајкрософт технологии. Ако претходниот извршен директор на Аутодеск, способната Керол Бартц беше наречена „Освојувач“ поради многуте преземања, особено на директната конкуренција, сегашниот, Карл Бас може да се нарече „Ослободител“ поради грубо кажано „ослободувањето од стегите на Мајкрософт“ и отворање кон други технологии, меѓу кои некои развиени во сопствената лабораторија

Трајче СТОЈАНОВ

Повеќе информации на:www.autodesk.com/macwww.youtube.com/autodesk-for-macwww.autodeskws.com

52

52

Page 54: PORTA3 145

експерт

ОРТА 03 декември 2010354

54

Мојот прв Божиќ во Велика Британија го паметам по тоа што непосредно

пред Божиќните празници во декември 1990 година, на целиот инженерски консултантски тим заедно со градежниот инженер и сите инженери за инсталации со кои работевме на заеднички повеќемилионски проект им беше даден отказ. Ваквата одлука на фирмата не беше резултат на квалитетот на нивната работа и придонес, туку беше само одговор на економската криза во која се најде Велика Британија во тој момент. За новодојденец од тогашна СФРЈ, каде добивањето на отказ беше нешто незамисливо, тоа

беше прво вистинско среќавање со реалноста на пазарната економија на доминантниот општествено-политичко-економски поредок во светот. Оттогаш досега сфатив дека циклусот на подем и пад (boom and bust) е редовен сопатник на капиталистичкото општество. Во пресрет на овој Божиќ вкупниот национален долг на Обединетото Кралство се проценува дека изнесува околу 4.800.000.000.000 или 4,8 билиони фунти, а годишниот буџетски дефицит 155 милијарди фунти. Тоа е веројатно доволна причина за да се потресете и без аналитичарите да укажат дека државата веќе се задолжила во

името на секое лице во земјата на износ од 77 илјади фунти. „Четвртиот Канал“ (Channel 4) во неодамнешната документарна емисија (Britain's Trillion Pounds Horror Story) го илустрираше, преку анимација, националниот долг како столб висок околу 10557 км направен од банкноти од 50 фунти наредени еднонадруго, при што секоја од овие банкноти е дебела само 0.11 мм. Во вакви сложени национални економски услови уште понагласени во текот на глобална економска криза, речиси и нема сектор на стопанството којшто не е зафатен, иако вообичаено одредени сектори влегуваат и

излегуваат од кризата нешто порано во однос на другите. За да ги согледа последиците од оваа рецесија врз професионалните услуги во градежништвото, „Советот на градежната индустрија“ (Construction Industry Council), британска организација која ги опфаќа различните професионални организации и професии во областа на градежништвото, ангажираше повеќе организации да спроведат низа истражувања. Резултатите на овие истражувања беа објавени од страна на „Советот за градежна индустрија“ во документот „Влијанието на рецесијата врз професионалните

ојот прв Божиќ во Велика беше прво вистинско среќавање со

КОЈ ГО УКИНА БОЖИЌ ОВАА ГОДИНА?

Истражувањата покажуваат дека 54% од фирмите што нудат професионални услуги во градежништвото се тешко погодени од рецесијата. Приходот од наплатата за извршени консултантски услуги им е намален во периодот од октомври 2008 до октомври 2009 година, при што 46% од анкетираните фирми во истиот овој период отпуштиле вработени. Според официјалните податоци на „Канцеларијата за национална статистика“ (The Office for National Statistics) во периодот од ноември 2007 до ноември 2009 година е регистрирано 400% зголемување на новопријавени невработени од редовите на професиите во рамките на градежништвото.

Page 55: PORTA3 145

3 55

55

03 декември 2010 ОРТА

експертуслуги во градежништвото“ (The Impact of Recession on Construction Professional Services: Executive Summary). Истражувањето укажува на тоа дека 54% од фирмите што нудат професионални услуги во градежништвото се тешко погодени од рецесијата и дека приходот од наплатата за извршени консултантски услуги им е намален во периодот од октомври 2008 до октомври 2009 година, при што 46% од анкетираните фирми во истиот овој период отпуштиле вработени. Ова е поткрепено со официјалните податоци на „Канцеларијата за национална статистика“ (The Office for National Statistics) според која во периодот од ноември 2007 до ноември 2009 година е регистрирано 400% зголемување на новопријавени невработени од редовите на професиите во рамките на градежништвото, при што архитектите и проект менаџерите се јавуваат како најзагрозени професии. На слична слика

укажуваат податоци за бројот на вработените во професии сврзани со градежништвото при што се прогнозира 12% намалување, од 603 илјади во 2008 на 528 илјади до крајот на оваа 2010 година - архитектите и менаџерите во градежништвото се предвидува да бидат најпогодените категории. Претходно најавените промени во пензискиот систем искажани преку зголемување на потребниот работен стаж за стекнување на пензија во комбинација со намалување на пензиите од вториот (доброволен) пензиски столб и укинувањето на обврската за задолжително пензионирање кога ќе се исполнат годините на потребен работен стаж, може да има дополнително негативно влијание за можностите за вработување во струката, особено на оние помладите, бидејќи повозрасните колеги наместо да се пензионираат ќе треба да продолжат да работат за да можат да се издржуваат. Иако звучи неверојатно, ова може да предизвика недостаток на кадри во

струката среднорочно гледано. Со оглед на тоа што повозрасните ќе бидат приморани да продолжат со работа, ќе има помалку слободни работни места. Ова лесно може да резултира среднишколците да се определат да студираат нешто друго, а факултетите да го намалат бројот на студенти како резултат на намалената побарувачка на пазарот. Според истражувањето, дел од оние што не можат да најдат работа или пак биле одпуштени од работа, изминатиот период го искористиле за да ги збогатат своите квалификации со стекнување на магистратура или докторат во струката. Ова може многу лесно да престане да биде случај со оглед на најавите на Владата за зголемување на партиципацијата за студирање (школарината) од 3000 на 6000 до 9000 фунти годишно. Градежништвото се очекува да остане во рецесија во текот на оваа година, но со нешто помало намалување на активноста во однос на претходната година,

проследено со благ пораст во текот на наредната година. И покрај овој очекуван прогрес, се очекува дека надминувањето на рецесијата побавно ќе се одвива и се проценува дека во 2012 година нивото на вработеност на професиите во градежништвото ќе биде околу 11% помало во однос на зенитот од 2008 година. Иако на многумина градежници овој Божиќ можеби нема да им остане во најдобро сеќавање, се чини дека има потенцијално добри вести за периодот по ресецијата за кога се предвидува зголемена побарувачка на „енвиронменталистички консултанти“ (environmental consultants) и менаџери на објекти (facilities managers) кои ќе можат да одговорат на предзвиците што прозилегуваат од агендата за енергетска ефикасност, одржливост и јагленородна економија.

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх.

Во професиите поврзани со градежништвото се прогнозира 12% намалување, од 603 илјади во 2008 година на 528 илјади до крајот на оваа 2010 година. Архитектите и менаџерите во градежништвото се предвидува да бидат најпогодените категории.

Page 56: PORTA3 145

56

56

Куќата од СЕКСОТ и ГРАДОТ на ПРОДАЖБА

ОРТА 03 декември 20103

занимливости

Се сеќавате ли на убавата куќа покрај плажа во Малибу во која Саманта

Џонс од филмот Сексот и Градот се вдоми со својот згоден свршеник Смит Џерод? Куќата деновиве е дадена во оглас за продажба, па би можеле да ја купите за 14,5 милиони долари или да ја изнајмите за 55.000 долари месечно. Проектирана од архитектот Jay Vanos, куќата со пет балкони има прекрасен поглед на Тихиот Океан. Содржи 5 спални соби и 6 големи бањи, од кои главната бања има голема када, потоа огромен стаклен ѕид преку кој се соочувате со неверојатен поглед на океанот, гурманска кујна со апрати од не'рѓосувачки челик и хај-тек осветлување, вински подрум, бар за дружење со пријателите, базен, ТВ просторија, камин во библиотека и голема дневна соба. Секако, постои и дел за домашна помошничка со посебен влез, одделен од главниот. Во 2008 година, кога се снимал филмот, куќата била проценета на 17 милиони долари, а месечно изнајмување за 75.000 долари, но денес цената и е падната.Дали вреди за бараните пари? Проценете сами. Иако, несомнено погледот кон океанот што го одзема здивот е бесценет.

Александра ПЕТРОВСКА, дипл.инж.арх.

АПАРТМАН ОД 16 м2

Page 57: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 57

57

занимливости

Колку пати сте помислиле дека вашиот дом не е доволно комфорен за

живеење и сте посакале да го замените со нов, поголем дом? Steve Sauer од Сиетл не би се сложил со вас. Тој живее во дом од само 16 м2. Овој мал, но добро организиран дом за двајца е екстремен пример за максимализам на просторот. Звучи неверојатно, ама тој успеал во 16 м2 да смести дневен престој, спална соба, ходник и бања. За да го оствари тоа, изградил и „втор кат“. Просторот што во повеќето домови се користи само за кревет, во ова сценарио служи како соба за забава „долу“ и необична спална соба на „катот“. И покрај тоа што овој дом е

екстремно мал, не му недостасува простор за складирање. Двата велосипеда се вклопуваат толку добро во просторот, како да е создаден за нив. Сопственикот Steve Sauer, повеќето од мебелот го купил во IKEA, а особено е задоволен од малата кујнска маса. „Она што јас навистина го посакував е простор со точно она што ми треба во него. За мене, квалитетот на просторот е поважен од квантитетот, а екстра квадратите претставуваат само проблем“, вели Steve, кој смета дека неговиот дом е удобен и не е воопшто тесен.

Александра ПЕТРОВСКА, дипл.инж.арх.

Куќата од СЕКСОТ и ГРАДОТ на ПРОДАЖБА

Page 58: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010358

58

арт инфо

58

БЕРЛИН

Планот на Кензо Танге инспирација за Јане Чаловски

Македонскиот уметник Јане Чаловски неодамна отвори изложба во галеријата „Жак Браницка“ во Берлин, Германија.

На изложбата што ќе трае до 29 јануари следната година, тој се претставува со делото „Опседнат простор“ во кое како појдовна точка го зема мастер планот на Скопје, односно неговото концепирање изработено од тимот на славниот јапонски архитект Кензо Танге. „Опседнат простор“ е инсталација која се состои од 74 цртежи и колажи и еден архитектонско-скулптурален објект. Исто така, поставката вклучува и дополнителни дела изработени во видео и фотографски медиум.

СКОПЈЕ

Хрватски цртеж во МСУ Скопје

Во Музејот на современа уметност во Скопје во тек е изложбата „Современ хрватски цртеж“ на која се

прикажани 140 цртежи на повеќе од 70 хрватски уметници од различни генерации. Изложбата е поделена во шест тематски целини, и опфатени се различни стилски изрази. Иван Ловренчиќ, Јошко Марушиќ, Војо Радојчиќ, Јосиф Занги, Даборин Радиќ, Златко Кесер, Ивица Шишко, Паулина Јазлиќ, Мајцел Бачиќ, се само дел од ликовните автори чии дела се создавани во последните 50 години, а се претставени во нашиот Музеј на современа уметност. Изложбата досега е претставена во повеќе од 20 земји на сите континенти.

РИМ

Murakami во галерија Gagosian

Нова изложба на Takashi Murakami е отворена во галеријата Gagosian во

Рим, Италија. За таа цел, тој наслика две големи слики под заедничко име „Dragon On Clouds”, кои имаат сосема поинаков изглед и колорит од неговите други дела во последните неколку години. Се работи за комбинација на црвена и сина боја со цртеж на суштество за кое се верува дека е симбол на судбината. Секоја слика е долга 18 метри и се состои од 9 панели.Изложбата ќе трае до 15 јануари следната година.

Page 59: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 59

59

арт инфо

ЊУЈОРК

„Coca-Cola“ на Andy Warhol продадена за 35,3 милиони долари

Црно-белата слика со наслов „Large Coca Cola“ од 1962 година, дело на големиот поп-уметник Andy

Warhol, е продадена за 35,3 милиони долари на аукцијата на куќата Sotheby’s во Њујорк. Сликата претходно беше проценета од 20 до 25 милиони долари. Покрај оваа слика, на аукцијата беа понудени 54 дела, а вкупната продажна вредност достигна сума од 222,4 милиони долари. Според организаторите, шест дела се продадени за повеќе од десет милиони долари, а претставниците на Sotheby’s го нарекле Warhol – „икона на глобалната страст“.

ТОКИО

Инсталација од 670 панели од хартија

Инсталација од хартија насловена како

Hope Tree, дизајнирана од њујоршкото мултидисциплинарно студио „24° Studio“ е претставена во Токио на овогодишната недела на дизајнот. Посетителите можea да влезат и да се прошетаат низ инсталацијата што е составена од 670 хартиени панели на кои се наоѓаат исечени делови во облик на лисја. За доживувањето да биде посилно, овие отвори во облик на лисја се осветлени со LED осветлување. Целиот простор се наоѓа во огромен контејнер, а во центарот на просторот е претставено стебло. Конструкцијата содржи лакови, инспирирани од традиционалниот ѕидан лак, кои овозможуваат оптоварувањето од плафонот рамномерно да се расподели на централниот столб и на ѕидовите. Играта на светлината зависи од тоа дали листовите се извиткале кон внатре или кон надвор и во зависност од влажноста и кондензацијата во просторот.

БЕЛГРАД

Отворен Музеј на Народно позориште

За својот 142-ри роденден, Народно позориште во Белград конечно го доби и

својот долго очекуван Музеј, идеја на Бранислав Нушиќ уште од почетокот на минатиот век. На тој начин, националниот театар доби стална поставка составена од збирка уметничко-историски дела кои се однесуваат на историјатот на работата и истакнати личности поврзани со оваа значајна српска културна и општествена институција. Музејот се наоѓа во реконструираниот простор во кој до неодама бил сместен ресторанот „Боеми“. Работите на 370 квадратни метри биле завршени за само осум месеци, по проект кој бесплатно го изработил архитектот Милан Палишашки.

подготви: Дејан Буѓевац

58

Page 60: PORTA3 145

портрет

ОРТА 03 декември 2010360

60 60

Вознемирувачкиот реализам на Башески

Вознемирувачкиот реализам на Башески

Жарко Башески е роден во Прилеп 1957 година.

Факултетот за ликовни уметности во Скопје го завршил во 1988 година, а постдипломските студии во истата институција во 1998 година. Член е на ДЛУМ од 1988 година. Од 1989 година работи на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а од оваа година е избран за редовен професор на Катедрата за вајарство на истиот факултет. Башевски досега реализирал девет самостојни изложби во Скопје, Њујорк, Битола, Охрид и во Прилеп. Учесник е на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Има реализирано повеќе јавни скулптури и споменици во Македонија. Добитник е на повеќе национални награди за скулптура. Во последно време е актуелен како автор на скулптурите на Гоце Делчев и Даме Груев што се поставени на

плоштадот Македонија, и со споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ од другата страна на Камениот мост во Скопје.Во 1999 година ја постави скулптурата „Храм“ на улицата Климент Охридски, пет години подоцна и „Феникс“ на улица Македонија, а негов е и споменикот „Скршено крило“ во близина на Домот на градежниците. Исто така, автор е и на споменикот на бранителите на Македонија, во населбата Ѓорче Петров. Една негова скулптура одреден период стоеше и пред Балканска банка. Во Прилеп во јавен простор се поставени неговите скулптури „Итар Пејо“ и „Александар III Македонски“. Во 2004 година, Жарко Башески ја постави изложбата „Александар“ во Музејот на град Скопје со пет скулптури, сегменти на портрети на Александар III во големи димензии, изработени во полиестер.

Page 61: PORTA3 145

портрет

03 декември 2010 ОРТА3 61

6160

ЛИНК Оваа година Башески најпрвин во Скопје, а подоцна и во неколку други градови во Македонија, на јавноста и се претстави со својата изложба „Линк“, скулптури работени со силикон и изработени хипереалистично. Изложбата се состои од три скулптури кои претставуваат три различни типа на човек: самиот автор, обичниот човек и историски имагинарен портрет. Овие три скулптури на човекови фигури, раскажуваат една приказна, која како што ќе напише ликовната критичарка Маја Чанкуловска – Михајловска, претставуваат „една генерална претстава на човештвото, поточно човекот како симбол на постојаната егзистенцијална борба која опфаќа реални животни и историски влијанија, но и имагинарни состојби на духот“. Во овие претстави на луѓе, за кои како основа Башески ја употребува фотографијата, човекот е сведен на психолошка даденост, на емотивни состојби, на самиот живот, на феноменот човечка фигура низ која се проткајуваат раѓањето, колективното потсвесно, иднината како неизвесност, како исчекување и драматична напрегнатост. Моќта на фотографијата Башески ја користи за пренесување на најситните детали, мекоста на „живата“ боја и текстурата на „кожата“, односно за изразување на една интензивна и прецизна неидеализирана реалност. Низ трите фигури се раскажува приказната за обичниот човек кој се бори да излезе, да се

ослободи, кој размислува што ќе биде со него, каде е неговиот пат...Во техничка смисла, скулптурите се изработени класично, но со помош на современата технологија и најсовремените материјали - специјален силикон, лесен за обработка, многу ефектен и прецизен кога е во прашање „живиот“ изглед на скулптурите. Без никакво пластично идеализирање и дотерување на човечката фигура, Башески овие скулптури ги доведе до вознемирувачки реализам преку хиперреалната обработка на секој детаљ, односно преку строгата интерпретација на деталите. Од друга страна, овие експлицитни претстави не ги имитираат физичките карактеристики на човековата фигура - тоа најдобро се гледа преку нивните димензии, од кои две се предимензионирани човечки портрети, а едниот е минимизиран автопортрет. Со ваквата предимензионираност и минимизираност во однос на природната големина на човекот, на еден начин, Башески ги ослободува овие скулптури да бидат третирани од гледачот како некакви музејски восочни фигури, и ја задржува идејата за нивно уметничко и скулптурално доживување.Преку овие дела, Башески во нашиот простор го преиспитува феноменот на скулптурален реализам, односно реалистичниот третман на човекот и можните симболички исчитувања од таквото пластично негување на уметноста.

Дејан БУЃЕВАЦ

`

Page 62: PORTA3 145

арт и дизајн

ОРТА 03 декември 2010362

62 62

Џамбо плакатите станаа неизбежни „жители“ на улиците и градовите, но и

доминатни елементи покрај кој било пат или автопат. Со своето присуство тие ги бомбардираат возачите со разновидни шарени пораки и на тој начин им го одвлекуваат вниманието од природата и околниот пејзаж. Американското студио за уметност и архитектура, Lead Pencil Studio од Сиетл направи еден сосема

поинаков билборд од оние што сме навикнати да ги гледаме. Основачите на ова студио, Annie Han и Daniel Mihalyo, на границата помеѓу Канада и САД креираa една уметничка инсталација во форма на традиционалните комерцијални билборди, но која не рекламира ништо. Како „плакат во негатив“, овој интересен билборд исполнет со воздух кој не служи за огласување е провокативно уметничко дело кое заедно со празното сино небо

врамува едно големо „ништо“. Инсталацијата е изработена од многу тенки црни не'рѓосани челични шипки. Daniel Mihalyo, нивното дело го објаснува како инсталација во облик на билборд „сместена меѓу два народа“, која служи како визуелна терапија и претставува рамка низ која јасно може да се видат промените на атмосферските услови. Од друга страна, со оваа суптилна, наизглед „чисто“ просторна

Инсталација насловена како Non-Sign II се наоѓа на американско-канадската граница, близу Ванкувер. Дело е на уметничкото и архитектонско студио Lead Pencil од Сиетл

Билборд кој ја рекла мира природата

Page 63: PORTA3 145

Lead Pencil Studio е студио основано во 1997 година од уметниците и архитектите Annie Han и Daniel Mihalyo. Тие се сретнале на University of Oregon во 1991 година, на одделот и програмата за архитектура. Шест години подоцна нивната врска прераснала во деловно и креативно партнерство фокусирано околу Lead Pencil Studio. Досега имаат работено во Белингам, Чикаго, Портланд, Сиетл и во други места на САД. Тие се добитници на „Rome Prize“ за 2007 година, а во 2006 година беа препознати како „Emerging Voices“ од страна на Architectural League на Њујорк. Живеат и работат во Сиетл, државата Вашингтон.Целта на овие уметници е да соработуваат на поврзување и проблематизирање на односот јавна уметност и функционалност во архитектурата. Својата архитектонска и уметничка практика ја самопрогласуваат за обратна архитектура. „Нашите проекти се целосна архитектура без ниту една нејзина функција. Тие се простори кои немаат поголема цел од тоа да бидат перцепирани од страна на човекот и евентуално да го испровоцираат самиот да се запраша за својата ‘сместеност’ во овој свет“, велат Han и Mihalyo.

03 декември 2010 ОРТА3 63

63

инсталација, авторите сепак мошне провокативно кокетираат со сериозните проблеми и последици од масовниот современ конзумеризам на Америка, светскиот лидер на трендовите во огласувачката индустрија, која сè повеќе ги „јаде“ зградите, улиците и градовите. Може да се каже дека овој уметнички проект, нарачан од страна на тамошните државни институции во рамките на проектот GSA’s Design Excellence program, го претставува сето она што Америка денес веќе не е.

Дејан БУЃЕВАЦ

Annie Han и Daniel Mihalyo, основачи на Lead Pencil Studio

62

Билборд кој ја рекла мира природата

Page 64: PORTA3 145

ИЗЛОГ

Елемент од кориан, претставен од Dupont Corian.

Клупа Romeo&Juliet, дизајнирана за белгиската компанија Extremis.

Саксија Relax на Stauffacher Benz.

ОРТА 03 декември 2010364

64 64

Page 65: PORTA3 145

Nile е маса инспирирана од континуираното течение на реката Нил. Karim Rashid ги соединува концептите на маса и стол во едно парче мебел.

Библиотека Autumn на David Sanchez, со необичен дизајн, инспириран од дрво во есен, каде „гранките“ растат во многу правци креирајќи функционален систем за книги.

подготви:Сандра ДОНЧЕВАдипл.инж.арх.

03 декември 2010 ОРТА3 65

6564

Page 66: PORTA3 145

ОРТА 03 декември 2010366

66

јавни набавки

СЛУжБЕН вЕСНИК Бр. 149/2010

ОгЛАСИ зА дОдЕЛУвАЊЕ НА дОгОвОр зА јАвНА НАБАвКА

БрОј: 03/2010Назив на договорниот орган:Општина Богданци, ул. “Маршал Тито“ бр. 62, 1484, Богданци.ПрЕдМЕТ:Потреба од изработка на нацрт и Предлог Генерален Урбанистички План за град Богданци, плански опфат 340 ха, со вклучено ажурирање на геодетски подлоги.Контакт тел/факс: 034 222-333, лице за контакт: Емилија Паункова.јавно отворање на понудите на ден 05.01.2011 год.

СЛУжБЕН вЕСНИК Бр. 150/2010

ОгЛАСИ зА дОдЕЛУвАЊЕ НА дОгОвОр зА јАвНА НАБАвКА

БрОј: 32/2010Назив на договорниот орган:Општина Центар, ул. “Михаил Чоков“ бб, 1000, Скопје.ПрЕдМЕТ:Изградба на новопроектирана подземна улица на потег од Холокауст до МНТ.Контакт тел/факс: 3225-352, 3211-089, лице за контакт: Анастазија Бабуловска.Пријавите за учество да се достават најдоцна до 15.12.2011 година.

БрОј: 152/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПрЕдМЕТ:Изградба на живеалиште за слон и жирафа.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.јавно отворање на понудите на ден 14.12.2010 год.

БрОј: 153/2010 Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПрЕдМЕТ:Партерно уредување околу Милениумскиот Крст.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.јавно отворање на понудите на ден 15.12.2010 год.

СЛУжБЕН вЕСНИК Бр. 151/2010

ОгЛАСИ зА дОдЕЛУвАЊЕ НА дОгОвОр зА јАвНА НАБАвКА

БрОј: 25/2010Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.ПрЕдМЕТ:Илуминација на објектите Уставен Суд, Државен Архив и Археолошки музеј, Министерство за надворешни работи и Јавно обвинителство и Управа за финансиска полиција.Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска.јавно отворање на понудите на ден 16.12.2010 год.

СЛУжБЕН вЕСНИК Бр. 152/2010

КОНКУрС

ОгЛАС зА КОНКУрС зА ИзБОр НА ИдЕјНО рЕШЕНИЕ

БрОј: 18/2010Назив на договорниот орган:Министерство за животна средина и просторно планирање, бул. “Гоце Делчев“ бб, Зграда на МРТВ, 1000, Скопје.ПрЕдМЕТ:За активна ремедијација на индустриското жариште – Депонијата за згура на Металуршко-хемискиот комбинат (МХК) Злетово, со можност за повторно користење на складираната згура преку нејзина преработка и/или третман.Контакт тел/факс: 02 3251-418, 02 3220-165, лице за контакт: Башким Џомбалиќ.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 30.12.2010 во 12.00 часот.

ОгЛАСИ зА дОдЕЛУвАЊЕ НА дОгОвОр зА јАвНА НАБАвКА

БрОј: 32/2010Назив на договорниот орган:Министерство за труд и социјална политика, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.ПрЕдМЕТ:Надзор над изградба на нови објекти и надзор над реконструкција на постоечките објекти, за потребите на министерството.Контакт тел/факс: 02 3106-449, 02 3106-409, лице за контакт: Благица Мојсова.јавно отворање на понудите на ден 14.12.2010 год.

СЛУжБЕН вЕСНИК Бр. 153/2010

ОгЛАСИ зА дОдЕЛУвАЊЕ НА дОгОвОр зА јАвНА НАБАвКА

БрОј: 122/2010Назив на договорниот орган:Управа за заштита на културното наследство, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000, Скопје.ПрЕдМЕТ:Изведување работи на заштита од обрушување кај Музејскиот комплекс Робевци Охрид.Контакт тел/факс: 3289-759, 3289-777, лице за контакт: Саша Крстевски.јавно отворање на понудите на ден 21.12.2010 год.

БрОј: 150/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПрЕдМЕТ:Оперативни теренски геодетски работи и геодетски работи за посебни намени кои се од влијание за одржување на премерот и катастарот на недвижностите.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.јавно отворање на понудите на ден 17.01.2011 год.

БрОј: 156/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПрЕдМЕТ:Изработка на техничка документација на ниво на Идеен, Основен и Изведбен проект за градежна јама за Објект – катна гаража на ул. “Даме Груев“ – Скопје.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.јавно отворање на понудите на ден 21.12.2010 год.

БрОј: 157/2010Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПрЕдМЕТ:Изработка на техничка документација на ниво на Идеен, Основен и Изведбен проект за градежна јама за објекти Градска Куќа и Административен објект на ЈП Водовод и Канализација.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.јавно отворање на понудите на ден 21.12.2010 год.

МЕЃУНАрОдЕН јАвЕН ПОвИК Бр. 01/10

зА УЧЕСТвО вО ПОСТАПКА зА јАвНО ПрИвАТНО ПАрТНЕрСТвО

(јПП) СО КОНКУрЕНТЕН дИјАЛОг(ПрвА ФАзА)

јАвЕН ПАрТНЕр:ЈП “Доминг“ со адреса ул. “Каменичка“ бр. 2 (Дом на рударите) Македонска Каменица, во чија сопственост е Топланата.ПрЕдМЕТ:- Реконструкција и рестартирање на Топлана за централизирано снабдување со топлинска енергија на градското подрачје.- Проектирање и инсталирање на опрема за производство на електрична енергија.- Проектот треба да опфати и користење на јаглен од локалните наоѓалишта, искористување на биомаса и разни отпадни материјали, како и користење на топлинската енергија преку цела година за, спортско – рекреативни и туристички цели, производство на храна, снабдување со санитарна топла вода и др. Контакт тел/факс: +389 033 432-741, лице за контакт: даниела Митревска при Општина М. Каменица.рок за доставување на пријавите за Првата фаза од јавниот повик, изнесува 60 дена од денот на објавување на огласот, а најкасно до 26.01.2011 година.

INTERNATIONAL PUBLIC INVITATION NO. 01/10 FOR PARTICIPATION IN PROCEDURE FOR PUBLIC PRIVATE

PARTNERSHIP (PPP) THROUGH A COMPETITIVE DIALOGUE

(FIRST PHASE)

PUBLIC PARTNER:Public partner is PE “Doming” residing on the following address: st. “Kamenicka” No. 2 (The Miners house) Makedonska Ka-menica that is actual owner of the plant.SUBJECT:

- Reconstruction and restarting the plant for centralized supply of heat en-ergy into the metropolitan area.- Designing and installing of equipment needed for production of electricity.- The project should include the usage of coal resources from the local sites, use of biomass and various waste materials and the use of thermal energy through the whole year for: sports, recreational and tourism purposes, food production, supply of sanitary hot water etc.Phone/Fax: +389 033 432-741, person for contact: Daniela Mitrevska at the mu-nicipality of Makedonska Kamenica.Deadline for submission of applications for the First phase of the Public announcement is 60 days from the date of publication of the notice and no later than 26th January 2011.

ДООЕ ТАТ АНА

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

www.porta3.com.mkНовоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: ++ 389 / 02 2034 840, 2034 820, Факс:++389 / 02 2034 821, [email protected]

www.ading.com.mk

ХИДРОЗИМ-ТАДИТИВИ ЗА ЗИМСКО БЕТОНИРАЊЕ

состојка на секоја градбасостојка на секоја градба

Page 67: PORTA3 145

03 декември 2010 ОРТА3 67

рубрика

67

ДООЕ ТАТ АНА

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Новоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: ++ 389 / 02 2034 840, 2034 820, Факс:++389 / 02 2034 821, [email protected]

ХИДРОЗИМ-ТАДИТИВИ ЗА ЗИМСКО БЕТОНИРАЊЕ

состојка на секоја градбасостојка на секоја градба

Page 68: PORTA3 145