68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 165 / ПЕТОК 09.09.2011 година VII ДВЕ ЛИЦА НА УРБАНАТА ОБНОВА! аеродроМот „алекСандаР Велики“ со нов лик прва куќа од бРодСки контејнеРи во Македонија Неповторлив амбиент под златниот врв

PORTA3 165

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 165

Citation preview

Page 1: PORTA3 165

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

165

/ ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11 г

один

а VI

I

ДВЕ ЛИЦА НА УРБАНАТА ОБНОВА!

аеродроМот „алекСандаР Велики“

со нов лик

прва куќа од бРодСки контејнеРи

во Македонија

Неповторлив амбиент под златниот врв

Page 2: PORTA3 165
Page 3: PORTA3 165

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

165

/ ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11 г

один

а VI

I

ДВЕ ЛИЦА НА УРБАНАТА ОБНОВА!

АЕРОДРОМОТ„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

СО НОВ ЛИК

ПРВА КУЌА ОД БРОДСКИ КОНТЕЈНЕРИ

ВО МАКЕДОНИЈА

Неповторлив амбиент под златниот врв

број 165 петок 09.09.2011 Година VII

08

По шест месеци работа, Македонија ја доби првата куќа од бродски контејнери. Штипјанецот Влатко Зејтиников го заврши својот нов дом со што стана пионер во користење на материјали кои значат екологија, заштеда и пониска цена на чинење. Со желба да има сопствен дом, свој покрив над глава, семејна куќа побрзо, поефикасно и поевтино, тој барал начин како сите овие квалитети да ги спои во едно. И решението го нашол во искористувањето на бродските контејнери, за што пишувавме во едно од претходните изданија на „Порта 3“. Со почетен буџет од 4.000 евра, Зејтиников даде одговори на овие прашања со првата еко-куќа на Балканот. Во минатиот број на нашето списание ви го претставивме првиот дел од обемната работа на професори, асистенти и студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ, студијата за скопското Кале. Во овој број е продолжението на истата тема. Прикажани се уште две можни локации за изградба на комплексот. Првата предвидува Музеј јужно од МСУ со поглед кон Калето, а втората предвидува Музеј под западниот бедем покрај реката Вардар.

Немирите во Англија од пред еден месец, кога толпи млади палеа и кршеа ширум некои градови, доведоа до тоа во оваа земја да се отвори дискусија не само за причините и поводите што доведоа до нив, туку и за урбаната обнова! Авторот вели дека „Без компетентна анализа, несоодветно би било да се тврди во колкава мерка пристапот кон урбаната обнова во изминатиот период навистина има придонесено за скорешните немири во Англија, но не може да се избегне впечатокот дека обновата во минатото не придонесе за создавање на нови работни места...“ Тековите на современиот урбанизам и агилноста на развиените европски општински центри, резултира со интервенција на пренамена на објекти кои веќе не се рентабилни, кои ја губат својата функција или пак, најчесто стануваат еколошки „непријатели“ на човековата околина. Пред вас е приказна за животот на „Фабриката во Рубе“. Нејзината судбина била да прерасне во современ трговски центар.

од Редакцијата

ИНФО 08АЕРОДРОМОТ „АЛЕКСАНДАР

ВЕЛИКИ“ СО НОВ ЛИК

ГРАДЕЖНИШТВО 16НОВИ БРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА

РЕГИОНИ 18КУЌА ОД БРОДСКИ

КОНТЕЈНЕРИ ВО ШТИП

ПАТЕПИС 22НЕПОВТОРЛИВ АМБИЕНТ

ПОД ЗЛАТНИОТ ВРВ

АРХИТЕКТУРА 26ЕДЕН ИЛИ ТРИ МУЗЕИ НА

СКОПСКОТО КАЛЕ (2)

УРБАНИЗАМ 34ОД ФАБРИКА ДО

ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

ЕКСПЕРТ 46ДВЕ ЛИЦА НА УРБАНАТА ОБНОВА

26

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВИгор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница: музеј на македонСката боРба

фото: катја штРкоВа

22 18

46

дРаГи читатели,

Page 4: PORTA3 165

4

Page 5: PORTA3 165
Page 6: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 201136

6

инфо

Реконструираниот аеродром „Александар Велики“ во Скопје, инвестиција на турски

ТАВ, официјално е пуштен во употреба. Аеродромот е десет пати поголем од досегашниот, со капацитет да обезбеди услуга за четири милиони патници годишно. Во скопскиот аеродрoм, кој „ТАВ Аеродроми“ го презеде во март минатата година и со него ќе управува во следните 20 години, до март 2030 година, турската компанијата вложи 100 милиони евра. Модернизацијата и изградбата траеја 18 месеци и 5 дена. Со додавање на нова терминална

зграда од 40 илјади квадратни метри со шест патнички пристапни мостови, „ТАВ Аеродроми“ го зголеми капацитетот на 4 милиони патници, ја прошири пистата, како и карго делот и паркинг просторот. Изграден е карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, нова противпожарна станица, службена зграда од 5.000 квадратни метри, паркинг за 1.300 возила, 23 места за чекирање, а постојната писта е проширена за 500 метри. Во средишниот дел на аеродромската зграда е поставен симболот на аеродромот - споменик на Александар Велики

поставен на коњ. Споменикот е подарок за Македонија од Мурат Орнекол, оперативниот директор на концесионерот ТАВ. Новиот аеродром, според инвеститорот, е најмодерен на Балканот, а поради стратешката локација треба да стане балкански транспортен центар. Минатата година „ТАВ Аеродроми“ го реновираа и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, една од најпопуларните туристички дестинации во земјата. Холдингот „ТАВ Аеродроми“ е меѓу водечките авиооператори во светот. Управува со истанбулскиот

аеродром „Ататурк“, со аеродромот „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и со по два аеродроми во Македонија, Тунис и Грузија. Компанијата неодамна го доби на управување и аеродромот „Медина“ во Саудиска Арабија. „ТАВ Аеродроми“ исто така раководи и со други сектори од аеродромските услуги како дјути фри продажба, услуги со храна и пијалаци, информациски технологии, безбедност и др. Во 2010 година компанијата обезбедила услуги за околу 420.000 летови и за просечно 48 милиони патници.

Скопје доби најмодеРен аеРодРом на балканот

„алекСандаР Велики“ со нов лик

Со додавање на нова терминална зграда од 40 илјади квадратни метри со шест патнички пристапни мостови, „ТАВ Аеродроми“ го зголеми капацитетот на 4 милиони патници, ја прошири пистата, како и карго делот и паркинг просторот. Изграден е карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, нова противпожарна станица, службена зграда од 5.000 квадратни метри, паркинг за 1.300 возила, 23 места за чекирање, а постојната писта е проширена за 500 метри.

Page 7: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 7

7

инфо

Page 8: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 201138

8

инфо

меѓунаРодно здРужение на Студенти од ГРадежните факултети (IACES)

академСки конГРеС на Студенти

локалниот комитет на Меѓународното здружение на студенти од градежните

факултети (IACES) - Скопје, ја има честа да биде домаќин и организатор на Академскиот конгрес на студенти, кој ќе се оддржи од 9 до 16 октомври. Стремежот на комитетот е да реализира богата стручна и културна програма, за чија реализација е потребна поддршката од градежните компании од Македонија. Локалниот комитет - Скопје

има земено учество во повеќе интернационални активности организирани низ Европа, а имаше и чест да биде домаќин и организатор на една ваква размена од интернационален карактер („Feel Macedonia“ exchange, август 2008 година). И овој пат, Локалниот комитет- -Скопје се надева на успешната соработка, која е есенцијална за реализација на овој конгрес,

овозможувајќи им на градежните компании учество и презентација за време на конгресот, што претставува клучен фактор за успех во стручниот дел од програмата и најпогодно претставување на градежништвото во Македонија. Меѓународното здружение на студентите од Градежните факултети е плод на студентската пасија за дружба, спознавање на развојот и културата во

градежништвото, како и збогатување на кругот на пријателства. Ова здружение е основано во Делфт, во 1989 година, на првиот официјален Академски конгрес (ACCESS). Функционирајќи преку репрезентативните локални комитети - претставници на универзитетите, тоа активно работи на збогатување и распространување на својата идеологија и надвор од европските рамки.

во Скопје е потпишан договор меѓу АД ЕЛЕМ и PYORY-INFRA за потготовка на студија за

оценка на влијанието врз животната средина за проектот „Изградба на акумулација Луково Поле“. На потпишувањето присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање,

Абдилаким Адеми и директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски. Министерот Адеми истакна дека проектот „Брана Луково Поле“ е опфатен во Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за период до 2030 година и Просторниот план на РМ до 2020 година и Водостопанската

основа на РМ. Поради тоа на овој проект е даден приоритет од страна на Владата на Република Македонија. Проектот е планирано да се изведува на подрачјето на Националниот парк „Маврово“. Согласно Законот за животна средина, прво беше изготвен Извештај за стратегиска оценка на животната средина (СЕА) за Стратегија за развој на енергетиката во РМ до 2030 година, каде е вклучен проектот „Луково Поле“. МЖСПП има дадено позитивно мислење по однос на содржината и обемот, и примена на мерките за ублажување на можните негативни влијанија во Извештајот за СЕА. Во СЕА е наведено дека енергетските активности можат да ја нарушат состојбата на биодиверзитетот, флората, фауната, станичтата, заради фактот што дел од планираните енергетски објекти се наоѓаат во заштитени подрачја или во области кои се од особена важност за Република Македонија, како национални

паркови или дел од Емералд мрежа. Со СЕА се препорачува на изработка на ОВЖС студии за сите планирани хидроелектрани.Согласно Законот за заштита на животната средина од страна на инвеститорот АД Електрани на Македонија Елем до МЖСПП е доставено известување за намера за спроведување на проектот „Акумулација Луково Поле и довод на Корабски Води и МХЕ Црн Камен“. Имајќи предвид дека проектот ќе се спроведува на подрачјето на Националниот парк „Маврово“, МЖСПП побара мислење од Јавната установа „Национален парк“ по однос на овој проект. Таа го поддржува реализирањето на проектот, по што МЖСПП издаде Решение со кое се утврдува потребата од оценка на влијанието од проектот „ Изградба на Акумулација Луково Поле и довод на Корабски Води и МХЕ Црн Камен“, како и обемот на студијата за оценка на влијанието на проектот врз животната средина.

акумулација лукоВо поле

потпишан доГоВоР за Студија за оценка на Влијанието ВРз жиВотната СРедина

Page 9: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 9

9

инфо

дваесете години од независноста на Република

Македонија, во Скопје ќе бидат одбележани и со промоција на дел од објектите од проектот „Скопје 2014“. Музејот на македонската борба, споменикот „Воин на коњ“ и недовршената Триумфална порта се трите објекти кои ќе доминираат во одбележувањето. Контроверзниот проект, за кој и на страниците на „Порта3“ можевте да прочитате стотина искажувања, полека станува стварност. Кич, „Буре барок“ или комплекс со највисоки естетски вредности, беа дел од атрибутите што авторите на текстовите ги даваа на овој проект. Сега, кога дел од нив се реализирани, останува да ја чекаме целата слика па да видиме кој атрибут одговара најмногу на прокетот. Неговите автори не сакаа да ги слушнат критичките искажувања на многу експерти и доследно го реализираа зацртаното. Подигната е дури и Триумфалната порта, која во некои анкети беше најнеодобрувана. Првите впечатоци од досега направеното, за некои луѓе, се дека станува збор за дела со кои треба да се гордееме, на пример „Воинот на коњ“, а за други пак, дека добивме македонски Лас Вегас.

одбележуВање на 20-Годишнината од незаВиСноСта на Република македонија

проМовираЊе на првите објекти од проектот

„Скопје 2014“

фото: Катја ШТрКова

Page 10: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011310

10

скопје

багерите и другите машини на градежните фирми изминативе осум месеци работеа под

полна пареа на секакви временски услови. Пролетните дождови ниту прежешкото летно сонце не ги натераа градските власти да им дадат „голем одмор“ на работниците и на машинеријата. Едноставно мораше да се раскопаат сите клучни булевари во градот да се поправат, а некои од нив и да се прошират уште за по некоја лента. А, кога ќе се тргне на видување што градските власти работат ќе се наиде на огромен метеж, нервозни возачи и прашина која влегува во очи. Првото поминување со автомобил по реконструирана улица е збогатено со тумби по веќе нивелираните шахти. Приказната со улиците и булеварите почна на почетокот на оваа година со реконструкцијата

на булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин во делот од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со Климент Охридски. Тука се реконструираше површина од 9.500 метри квадратни. Постојниот асфалт се изгреба, се санираа оштетените делови од подлогата и се поправаа рабниците. Потоа, по целата широчина на улицата се нанесе нов асфалтен слој. Стартот и не беше така успешен. Асфалтот почна да пропаѓа, да се прават дупки и ведаш вината падна врз изведувачот. Лош почеток, но градските власти како да се охрабрија и билбордите веќе беа преплавени со пораката дека додека се гради ќе биде метеж, но кога ќе се изгради ќе биде добро за сите. И тогаш градоначалникот Коце Трајановски најави офанзива. Одеднаш ќе се реконструираат пет булевари и улици. Булеварите

Партизански одреди, Даме Груев, Крсте Мисирков, Кузман Јосифовски-Питу и улиците Васил Аџиларски и Стив Наумов беа првите што „легнаа под нож“. Булеварот Партизански одреди се реконструираше од крстосницата со булеварот ВМРО до крстосницата со улицата Рузвелтова, во должина од 1.300 метри. Во овој градежен зафат се изгребе стариот и оштетен асфалт од булеварот во двете насоки, се нивелираа шахтите и сливниците и се нанесе нов асфалтен слој. Градежните работи продолжија на булеварот Даме Груев, од објектот „Тифани“ до трговскиот центар „Палома Бјанка“. За обнова на коловозот на булеварите Партизански одреди и Даме Груев, Град Скопје потроши околу 82 милиона денари, а работите ги изведуваше ГП „Пелагонија“ ¬- Гостивар. Улиците Васил Аџиларски и Стив

Наумов се реконструираа на потегот од Градската болница до објектот на МНТ, во вкупна должина од 850 метри. Во овој градежен зафат се изгребе асфалтот на четирите коловозни ленти на овие улици, се поправаа рабниците, се нивелираа шахтите и сливниците и се нанесе нов асфалт. На терен работеа екипите на градежната фирма „Хуљуси комерц“ од Куманово, а за овој градежен зафат Град Скопје потроши околу 27 милиони денари. Асфалтот на булеварот Крсте Мисирков се обнови од клучката „Детелинка“ до Судската палата, во должина од 772 метри. На овој потег се реконстуираше коловозот во двете насоки од оваа улица. На обнова на оваа улица работеа екипите на градежната фирма „Бауер БГ“, а за градежните работи Град Скопје потроши околу 15 милиони денари.

ГРадежна офанзиВа и лете и зиме

лента по лента,

Page 11: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 11

11

скопје

Булеварот Кузман Јосифовски-Питу се реконструираше на потегот од Железничката станица до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, во должина од 475 метри. Обновата на коловозот ги опфати двете насоки од булеварот. Стариот и оштетен асфалт се изгреба, се нивелираа шахтите и сливниците и се нанесе нов асфалтен слој. На терен работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“. А, кога почна големата реконструкција на овие пет булевари се пушти во употреба и оној што долги години беше нужно да се направи. Се пушти во употреба реконструираниот булевар Србија. Изградена беше нова сообраќајна траса со три коловозни ленти со широчина од по 3,5 метри на потегот од булеварот Видео Смилевски - Бато до улицата Првомајска, а од оваа улица кон цементарница УСЈЕ е изградена комплетно нова сообраќајница со

четири коловозни ленти со широчина од по 3,5 метри. Крстосницата пред цементарницата УСЈЕ е решена со кружен тек со дијаметар од 40 метри. Асфалтирана е вкупна површина од 42.200 квардратни метри при што се вградени 16.500 тони асфалтна маса. На почетокот на јуни беше пуштен во употреба вториот дел од булеварот Македонска војска во општина Ѓорче Петров. Овој булевар се градеше од потегот од крстосницата со улицата Ѓорче Петров кон стадионот на фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“. Со овој градежен зафат се пробиени 850 метри од сообраќајницата и е изграден коловоз широк седум метри, со по една коловозна лента во секоја насока. Асфалтирана е површина од 5.550 метри квадратни. На изградбата на овој булевар работеа екипите на градежната компанија АД „Гранит“. На средина од летото се раскопаа уште две клучни сообраќајници во

центарот на градот, булеварите Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов. Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов треба да има четири ленти во широчина од 13 метри и од двете страни тротоари со широчина од 3,5 метри. Она што е карактеристично за овој булевар е тоа што ќе има еден нов турбо кружен тек кој е прв во потесниот градски центар. Булеварот Свети Климент Охридски, кој е само уште еден во низата реконструирани и проширени булевари и улици во метрополата, својот финален изглед ќе го добие во првата половина на следниот месец. Со реконструкцијата на овој булевар ќе се добие проширување со уште една дополнителна лента и ќе има три коловозни ленти, широки по 3,5 метри. Ќе има средишно зеленило широко пет метри, а воедно ќе се обноват и тротоарите од двете страни со бехатон плочки и атмосферска канализација.

булеВаРите Се шиРатмолк за амбициозните пРоектиГодината како што почна така и ќе заврши, со реконструкција и проширување на булевари и улици. Градските власти засега размислуваат за нови проширувања и реконструкции. Но, немаат одговор кога може да се очекува проширување на Никола Карев, Трета Македонска Бригада, Првомајска и на преостанатиот дел од Илинденска, и кои се идните проекти по овие што сега се работат? Долгогодишната болна точка во градот - Јужниот булевар и по десетици години останува тајна, бидејќи ниту една градска власт досега не кажала дали и натаму тој ќе биде само напишан на хартија. Нема одговор ниту за тоа дали проектите како продолжението на Илинденска до Северната обиколница и пробивањето на Климент Охридски под Кале со тунел се остварливи или сепак се преамбициозни за Скопје? Она што сега останува е да ја чекаме Нацрт-верзијата на новиот Генерален урбанистички план на Скопје за да видиме што е она што следно не чека во градот.

Катерина СпаСовСКа ТрпКовСКа

Page 12: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011312

12

градежништво

Стаклото како градежен материјал сè повеќе се применува во градбите и сведоци сме на сè помали рам-конструкции за носење на стаклото, а сè поголеми стаклени површини . Строгите барања за исполнување на техничките карактеристики како градежен материјал доведува до секојдневно нови комбинации на стакло-пакетите.

Што се очекува денес од стаклото како градежен материјал:

1. Пренос на ултравиолетовите зраци - UV зрачење Tuv (%)2. Пропустливост на светлина/ рефлексија Lt (%)3. Пропустливост на сончевата енергија - соларен фактор g (%)4. Коефициент на топлопроводливост U (W/m²K)5. Звучна изолација Rw (dB).

Сл. 1 ја покажува улогата на стаклото во летен и во зимски период колку стакло-пакетот треба да ја пропушти или рефлектира сончевата енергија и колку од потрошената енергија (за загревање или ладење) на просторијата ќе остане како корисна.Односот помеѓу пропустливоста на светлината и соларниот фактор

е битен фактор при изборот на стаклото. Вредноста кај провидните рамни стакла - термопан е S ~1 додека оптималните вредности се

Собна темпеРатуРа (° С)Производителите на стакло последните неколку години интензивно направија развој на нискоемисивните стакла со повеќеслојни наноси кои ги следат сè построгите барања за заштеда на енергија, помала емисија на штетни гасови во атмосферата, се со цел заштита на човековата околина.Податоците што се користени се од произведителот на стакло GUARDIAN, повеќегодишен испорачател на стакло за ПРОТОТИП и се со докажан квалитет и перформанси на повеќе објекти во нашата држава и надвор од неа.

Ќе направиме споредба на термопан 4 + 12 + 4 кој се користеше и сè уште се користи во некои градби со нискоемисивните и соларните стакла.Надворешна температура 35 ° ССобна температура 21 ° СТемпература на внатрешната страна на стаклото Изолационо стакло 4+12+4 флот провидно

• УВ зрачење 54,3 %• Пропустливост на светлина 81,1 %• Соларен фактор 77 %• Звучна изолација 32 дБ • Коефициент на топлопроводливост 2,9 ( W/m²K ) Изолационо стакло 4 + 16 + 4 SunguardSolar• УВ зрачење 25 %• Пропустливост на светлина 66,5 %• Соларен фактор 41,9 %• Звучна изолација 32 дБ • Коефициент на топлопроводливост 1,1 ( W/m²K )Разликата е очигледна • Помала изложеност на УВ зрачење - поволно, намалено• Пропустливост на светлина помала - понеповолна но поголема од 50 %• Соларен фактор - поволен, намален • Звучна изолација - идентична• Коефициент на топлопроводливост - поволен, намален

„пРототип“ Ги пРименуВа еВРопСките ноРми

Стаклото зема замаВ како ГРадежен матеРијалСтаклото игра голема улога во летниот и во зимскиот период за тоа колку стакло-пакетот треба да ја пропушти или рефлектира сончевата енергија и колку од потрошената енергија за загревање или ладење на просторијата ќе остане како корисна

Page 13: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 13

13

градежништво

Спомен дом на Мајка ТЕрЕЗа

Page 14: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011314

14

градежништво

`

Овие стакла ги препорачуваме за помали стаклени површини, прозорци, врати и фасади кои не се изложени на сончева светлина заради релативно повисокиот соларен фактор. Доколку се бара од стаклото намалување на УВ зрачењето во пакетот се поставува ламинирано стакло 44.1 или 44.2 кое ќе го намали на 2,4 % / 0,5 %, односно ќе го сведе УВ зрачењето на минимум, а ќе ја подобри звучната изолација 32 / 34 дБ.Доколку се работи за стаклени фасади и изборот на архитектот - дизајнер на типот на фасада е полуструктурална или структурална изведба, ги препорачуваме стаклата со високи перформанси (SunGuard high performans) и селективните стакла (SunGuard high selective) кои ги задоволуваат сите технички барања. За објекти кои се изложени на целодневна сончева светлина и висока градска бука, комбинацијата на HP стаклата во ламинирана изведба монтирани на повеќе објекти во државата даваат одлични резултати. Еве еден пример за термопакет: 44.1 ламинирано SunGuard HP Silver 35 + 16 мм простор исполнет со 90 % Аргон + 6 мм провидно стакло.• UV зрачење 1,8 %• Пропустливост на светлина 34,3 %• Соларен фактор 25,0 %• Звучна изолација 39 дБ • Коефициент на топлопроводливост 1,1 ( W/m²K ) Последната генерација на нискоемисивни стакла се High selective, кои исто така се монтирани на повеќе објекти и се покажаа како високо енергетски стакла и во целост ги задоволија барањата на архитектите и инвеститорите во сите погледи. SunGuard HS Superneutral 51 kaleno 6 + 16 Ar + 6 • UV зрачење 15,5 %• Пропустливост на светлина 50,6 %• Соларен фактор 27,9 %• Звучна изолација 34 дБ • Коефициент на топлопроводливост 1,0 ( W/m²K )

Комбинацијата на стакло во видлива зона и парапетна - невидлива зона е доста честа, и е потребно да се избере потребната нијанса на керамичката боја која се нанесува на внатрешната страна од стаклото. Во зависност од бојата на стаклото се избира потребната нијанса во согласност со РАЛ картата.

Кај старите градби кои веќе имаат фасада за подобрување на енергетските, звучните и естетските карактеристики на објектот, се поставуваат вентилирани фасади кај кои најчесто стаклото се прицврстува на држачи изработени од не'рѓосувачки челик со висок квалитет и стакла кои се термички подобрени - калени и ослободени од заробени никелсулфиди (heatsoak test) со максимална сигурност во случај на термошок и кршење.

Посебно треба да се напомене и сè поголемата побарувачка за ламинираните стакла кои бележат сè поголема примена и во последните години се категоризираат во 5 групи.

1. Сигурносно стакло за општи потреби 2. Сигурносно стакло против продор на метална топка 3. Антивандал ламинирано стакло4. Стакло отпорно на куршуми 5. Стакло отпорно на експлозив Кај ламинираните стакла посебно треба да се напомене и звучната изолација која се добива со употреба на специјалната

PVB (polyvinilbytilen) фолија која се поставува помеѓу стаклата во неколку слоеви и се намалува буката и до Rw = 48 dB. Стакло-пакет SunGuardSolar 44.2 + 16 mm Ar + 66.2 Low – E so Rw = 47 dB е монтирано на новата зграда на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Стаклото како градежен материјал сè повеке се применува во градбите и сведоци сме на сè помали рам-конструкции за носење на стаклото, а сè поголеми стаклени површини. Строгите барања за исполнување на техничките карактеристики како градежен материјал доведува до секојдневно нови комбинации на стакло-пакетите.

Т. Цветановски, дипл.маш.инж.

Page 15: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 15

15

градежништво

Page 16: PORTA3 165

градежништво

ПОРТА 09 септември 2011316

16

Во Македонија во тек е градба или треба да отпочнат со градба брани и хидроцентрали

со кои значително треба да се зголеми производството на енергија и волуменот на акумулациите на вода. Во наредната табела е даден преглед на браните и хидроелектраните со основните каркактеристики и година нa предвидено завршување.

Табела: Брани и акумулации во Македонија кои се градат и кои треба да се градат во наредниот период

Средногодишното производство на електрична енергија од новите хидроелектрани би било 659,9 GWh или 330,1 kWh, што заедно со производството од постојните хидроелектрани би било 1860,2 GWh или 930,1 kWh по жител во Македонија.На наредната слика е даден приказ на местоположбата на новите брани. „СВ. петка“ХЕ „Св. Петка“ (претходно Матка 2) е алката што недостасува за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска. ХЕ „Св. Петка“ е лоцирана меѓу новата ХЕ „Козјак“ (околу 16 километри спротивно од

„Св. Петка“) и постојната ХЕ „Матка“, лоцирана низводно.Објектот ХЕ „Св. Петка“ има основна намена да го искористи расположивиот хидроенергетски потенцијал на истечните води од ХЕ „Козјак“ и локалните води од сливот на реката Треска, на потегот од профилот ХЕ „Козјак“ до профилот ХЕ „Св. Петка“. Освен горенаведената намена, корисниот простор на акумулацијата ХЕ „Св. Петка“ заедно со расположивиот корисен акумулационен простор од постојната акумулација „Матка“,

треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕ „Козјак“, (проектирана и изградена да работи како врвна електрана според дневните потреби на конзумот), според потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕ „Матка“ (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби). Како енергетски објект ХЕ „Св. Петка“ практично ќе работи како проточна хидроелектрана со истечните води на ХЕ „Козјак“ во тек на денот, пререгулирани и максимално изедначени според барањата на останатите водокорисници низводно од ХЕ „Матка“. Браната ќе биде двојна лачна брана,

со висина од 69 m, со должина на круната од 118 m и со вкупен волумен на браната 24.600 m3.Вкупниот волумен на акумулацијата е 9,1 x 106 m3. Должината на акумулацијата е 11 km долж реката Треска. Инсталираниот капацитет на централата е 36,4 MW со две Францис турбини. Годишното производство на електрична енергија е 66 GWh. „лукоВо поле“Размислувањата за изградба на браната „Луково Поле“ со акумулација и доведување на

Корабските води во неа, се последица на констатираните преливања преку изградените зафати на системот „Горна Радика“, а со временски интервал на траење повеќе од еден месец. Тоа е посебно изразено на зафатот „Црн Камен“ што истовремено служи за регулација на протокот во доводниот канал кон Мавровското Езеро, па и преливањата преку овој зафат се најголеми и најдолготрајни. Основното техничко решение за зафаќање и префрлање на нешто повеќе од 2,0 м3/с вода (или вкупно годишно 65.000.000 м3 вода) од средногодишен проток од сливот на Горна Радика, се состои во изградба на браната „Луково

Поле“ и акумулација во која со доводен канал се доведуваат главно преливните Корабски води и преливни води од повеќе зафатени водотеци на системот „Горна Радика“. На овој начин годишно ќе произведат дополнителни 141 GWh електрична енергија преку веќе изградените три хидроцентрали „Врбен“, „Вруток“ и „Равен “ и новата хидроелектрана „Црн Камен“.

Браната со која ќе биде формирана новата акумулција „Луково Поле“ е земјано насипна со висина од 78,5 м, должина во круната 286 м и вкупен волумен од 1.5 х10 6 м3. Акумулацијата ќе биде со вкупен волумен од 35.800.000 м3.

(Продолжува)м-р Славко МилЕвСКи,

дипл.град.инж.

H – висина на браната над теренот; Hs –конструкциска висина; L –должина во круната; VD–волумен на браната; VR–максимален капацитет на акумулацијата; E-R–земјано-камена брана; AR–лачна брана; HEP–за хидроенергија;

Слика 2: Попречен пресек низ браната и електраната „Св. Петка“

ноВи бРани и хидРоелектРани Во македонија

значително зГолемуВање на пРоизВодСтВото на енеРГија и на акумулациите на ВодаСредногодишното производство на електрична енергија од новите хидроелектрани би било 659,9 GWh или 330,1 kWh, што заедно со производството од постојните хидроелектрани би било 1860,2 GWh или 930,1 kWh по жител во Македонија

Page 17: PORTA3 165

градежништво

09 септември 2011 ПОРТА3 17

17

Слика 1: Местоположба на новите брани во МакедонијаСлика 3: Пресек на браната „Луково Поле“

Page 18: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011318

18

региони по шеСт меСеци

македонија ја доби првата куќа од бРодСки контејнеРиШтипјанецот Влатко Зејтиников го заврши својот нов дом. Тој е сопственик на првата куќа изградена од брод ски контејнери, пионер во користење на материјали кои значат екологија, заштеда и пониска цена на чинење.

тула по тула, изградбата на куќа како семеен дом во Македонија не е лесна работа. Не само што

е тешка и скапа инвестиција, туку за неа е потребно и многу време. Со оглед на економската состојба, животите на многумина Македонци се вградени во куќи кои по обичај траат со генерации. Со желба да има сопствен дом, свој покрив над глава, семејна куќа побрзо, поефикасно и поевтино, штипјанецот Влатко Зејтиников извесно време барал начин како сите овие квалитети да ги спои во едно. И решението го нашол во искористувањето на бродските контејнери, за што пишувавме во едно од претходните изданија на „Порта 3“ (број 151 од февруари 2011). Со почетен буџет од 4.000 евра, Зејтиников даде одговори на овие прашања со првата еко-куќа на Балканот, направена од бродски контејнери и тоа за само шест месеци! Времето поминато во истражување, сурфањето по Интернет, прегледувањето на модели и софтверски апликации како најпрактичен советник за Зејтиников не било губење на време туку, напротив, му дало

вистински одговор и правец каде да го бара решението за својот иден дом базиран на енергетска ефикасност, мала тежина, а огромна носивост и издржливост и, пред сè, поевтина цена на чинење. Една од движечките сили која го натерала Зејтиников да направи ваква куќа е токму еко-компонентата. Од она што може да се види во штипската населба Пребег, младиот Зејтиников успеал безличниот метал да го претвори во дом со душа, пријатен за живот на неговото семејство. „Куќата е комплетно мој производ. Над 90 отсто од вложениот труд е моја заслуга и, пред сè, моја макотрпна работа. Пред да почнам со реализација не кажав никому, освен на сопругата. За секоја идеја требаат пари, а ограничениот буџет ме натера два месеца деноноќно да пребарувам по Интернет, за да најдам солуција како да го спојам практичното и реалното“, вели Зејтиников за „Порта 3“. Тој ги проучувал монтажните куќи на „Хот & Хот“, но на крај увидел дека тоа е прескапа инвестиција. Се одлучил за бродските контејнери. На почетокот соседите со доза на

иронија гледале на неговиот обид од трите бродски контејнери да направи место за живот. Им изгледало невозможно, а згора на сè такви погледи имале и луѓето од кои барал совет и мислење, иако се архитекти и дизајнери со соодветно знаење. Решил да продолжи, да биде упорен и без оглед на традиционалниот штипски (македонски) менталитет да ја истурка работата до крај и од металот да направи фини урбани ѕидови. „Предноста во градењето на ваква куќа е прво што е економски поисплатлива, дури за 40 отсто од класичната бетонска градба. При градењето на оваа куќа нема трошок за бетон, а со тоа и нема емисија на штетни гасови при изготвувањето на бетонот. Контејнерите се купени половни, подготвени за рециклирање, така што е заштедено и на испуштање на емисија на гасови при самиот процес на рециклирање на истите. За недостатоци засега немам пронајдено податоци“ - додава Зејтиников. Куќата е на плац со површина од 1.334 квадратни метри. Градбата е започната со фундамент со носечки столбови за контејнерите. Долниот

како наСтанаа куЌите-контејнеРи?Првата куќа изградена од контејнери е направена во САД во 1985 година. Оваа конструкција од три контејнери од по 6 метри е патентирана како уникатна градба од таков тип. Првото масовно живеалиште – населба е конструирано во Заливската војна во 1991 год. од страна на американската војска. При изградбата се користени контејнери кои се покажале не само погодни за живеење туку и отпорни на куршуми. Во 2002 год. во Англија е изграден Container City. Градбата траела 8 дена, употребени се 30 контејнери, изградени се 22 простории. Просторот е искористен за живеалишта и работни простории. Се наоѓа во Лондон, Trinity Buoy Wharf.Во 2004 година во Холандија е изграден студентски дом од контејнери. Оваа градба има добиено награда за еколошка револуционерна конструкција.

Page 19: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 19

19

региони

македонија ја доби првата куќа од бРодСки контејнеРиШтипјанецот Влатко Зејтиников го заврши својот нов дом. Тој е сопственик на првата куќа изградена од брод ски контејнери, пионер во користење на материјали кои значат екологија, заштеда и пониска цена на чинење.

простор е претворен во гаражно место и подрумски простории со површина од 88 квадратни метри во основа, а контејнерскиот дел, составен од трите контејнери, е со површина од 100 квадратни метри. Куќата зафаќа вкупна површина од 150 квадратни метри. Преостанатиот дел од парцелата е предвиден за садење на дрвја и трева (зелена површина). Заштедата на енергијата најмногу доаѓа до израз преку изолацијата. Внатрешноста на куќата е така решена, што помеѓу металот и гипсениот картон е ставена високо квалитетна изолација, која е иделна и за летни и за зимски услови. „Како и кај класичната градба така и овде, доколку нема изолација ќе биде ладно во зима, а топло во лето. Со соодветна изолација се решава проблемот со ниските температури во зима и топлината на лето. Со изолацијата што ја поставив можам да заштедам енергија до 0,25W на еден квадратен метар. Ова не е произволна констатација, туку пред сè математичка пресметка, која се базира на соодветни модели“ - вели Зејтиников. Изградбата на куќата ја почнал со 4.500 евра, колку што го чинеле трите бродски контејнери купени од отпад на старо железо. Вишокот

материјал успеал да го препродаде, па карабината на куќата не го чинела ниту 4.000 евра. Кога ја поминал и фазата поставување прозорци, пресметал дека за целата куќа потрошил помалку од 35.000 евра. Ако се спореди со куќа од класични материјали во кои влегуваат тули, армирани железа, поставување на плочи и уште што ли не, излегува дека оваа цена е повеќе од погодна. Имено, според пресметките што ги направил Зејтиников, за просечна куќа од 100 метри квадратни се потребни околу 18 тони бетон, 35 тони песок, 60 тони тула и 5 тони железо. Емисијата на јаглероден диоксид при градењето на оваа куќа би била 15 тони од бетонот, околу 8 тони од тулата и 6 тони од железото или вкупно 29 тони емисија на јаглероден диоксид. Во споредба со оваа градба, кога се гради со контејнери воопшто нема емисија на ова соединение, затоа што се употребуваат веќе користени контејнери подготвени за рециклирање. Впрочем, доволно е само да се земе предвид фактот што добил куќа за шест месеци, за разлика од класичните што се градат и со години. Издржливоста и временската трајност е уште една важна компонента за

овие објекти. Ваквите градби имаат неверојатно голема издржливост. Бетонската конструкција има рок на траење 100 години, 50 години до ферментирањето и потоа следува фазата на еродирање. За разлика од бетонот, ако металот соодветно се заштити, има издржливост и до 1.000 години. Зејтиников појасни дека при изградбата успеал оксидацијата да ја сведе на минимум. Освен надворешноста, која не остава впечаток дека е поразлична од која било друга куќа, внатрешноста на првата еко-куќа од бродски контејнери е импресивна. Иако сè уште во фаза на уредување, евидентно е дека фантазијата и имагинацијата на сопственикот дошле до израз. Тоа покажува дека се можни различни солуции, во зависност од вкусот на луѓето што води кон неограничени можности за моделирање на металот, а со гипс картонот до совршенство и ентериерна шареноликост. На крајот на краиштата, се смени и „сарказмот“ кај соседите. Оние што до вчера се смееја, сега само љубоморно ја гледаат куќата со која Зејтиников привлекува големо внимание. Некои признаваат и срамежливо прашуваат... од каде да почнам?

каРактеРиСтики на бРодСкиот контејнеРСтанбениот контејнер е со димензии 12,2м х 2,6м х 2,4м. Основната конструкција му е челичен рам кој ги следи правоаголните облини, а во самиот рам се вградени подни, ѕидни и кровни облоги. На врвот и дното на конструкцијата се наоѓаат отвори за закачување и утовар на контејнерите. Со спојувањето на два или повеќе контејнери можат да се изградат комплексни и атрактивни објекти. Бидејќи конструкцијата е веќе изготвена, се заштедува на време во изградбата и квалитетот на објектот. Поради преголемата застапеност на стари контејнери кои би требало да подлежат на рециклирање, достапноста и исплатливоста за нивна набавка е повеќе од очекувана. За набавка на еден контејнер, во зависност од оддалеченоста на земјата во која се наоѓа, потребни се од 800 до 1.500 евра. Станува збор за модулар (карабин) од 30 квадратни метри. Значи, за еден квадрат цената е просечно 35 евра. Оваа цена е за 65 отсто пониска од цената за класична бетонска градба.Во западните земји постои и стимулација од страна на државата, која партиципира кај оние што сакаат да прават куќа од контејнери. За многу западни влади ова е поевтино отколку контејнерите да се рециклираат и разградуваат, што е прилично скап процес.

Page 20: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011320

20

сеќавање

Page 21: PORTA3 165

архитектура

Page 22: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011322

22

патепис кРаток запиС за манаСтиРот тРеСкаВец

Неповторлив амбиент под златниот врвСредновековниот градителски комплекс на манастирот Трескавец претставува единствен споменик на културата, не само кај нас во Македонија туку и пошироко на балканските простори, како по своите архитектонски така и по своите сликарски остварувања. Подигнат е на тешко пристапен терен под Златоврв (1422 м), меѓу грамадни карпи кои го сокриваат од ветровите, но и од погледите оддалеку.

Page 23: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 23

23

патепис

Неповторлив амбиент под златниот врв излегувајќи од Прилеп, одејќи покрај Варош и Маркови кули, нагоре, патот ве носи

кон север. Чекорам полека по кривулестиот каменен пат, следејќи ги белезите што ги поставиле планинарите. Наоколу интересни форми на карпи и камења. Окото во нив не гледа карпи, туку фигури на луѓе и животни. Прва е карпата со облик на слон. На десетина километри од неа по два часа пешачење, патот ќе ве донесе до манастирот Трескавец. На хоризонтот, во далечината, се забележуваат големи карпести форми, едната во облик на желка, другата во облик на лав. До нив на една карпеста платформа е изграден манастирот Трескавец. Се прашуваш, ако за прв пат одиш таму, каков ли е навистина манастирот до кој се стигнува по пат со многу знаци, што ли содржи и што ли крие? Сместен под карпестиот и висок Златоврв, погледот ви оди кон небото по кое се движат облаците. Си го замислуваш преку неговото име и на ум ти доаѓаат разни слики! Но штом ќе дојдеш пред капијата на манастирот, сето она што претходно си го замислувал, исчезнува. Од оној прв миг на видување па наваму, името на манастирот Трескавец ја повикува во моите мисли глетката на чудните форми на карпите, црвените покриви на црквата и конаците, плаветнилото на небото, светкањето на сончевата светлина низ воздухот, дворот поплочен со калдрма и зуењето во ушите на мирот и тишината, кои одвреме навреме ја прекинува лаењето на бернардинецот Бруно. Мислите одат и кон Калист, единствениот монах кој живее во манастирот! Средновековниот градителски комплекс на манастирот Трескавец претставува единствен споменик на културата, не само кај нас во Македонија туку и пошироко на балканските простори, како по своите архитектонски така и по своите сликарски остварувања. Подигнат е на тешко пристапен терен под Златоврв (1422 м), меѓу грамадни карпи кои го сокриваат од ветровите, но и од погледите оддалеку. Постојат многу легенди и преданија за животот во манастирот како и за неговото име.

Page 24: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011324

24

патепис

Преданието раскажува дека врз највисокиот врв на планината било поставено златно јаболко и по него го добило името Златоврв. Тоа јаболко толку светело што зраците се гледале дури до Солун. Јаболкото паднало од врвот при силни грмотевици во некое дамнешно невреме, а името манастирот го добил поради тресокот на грмотевиците, иако постои легенда и за земјотрес што некогаш се случил таму! Во тој извонреден и неповторлив природен амбиент е изграден

манастирот, во кој низ многу векови се среќавале и надоврзувале различни уметнички и архитектонски погледи. Манастирската целина на Трескавец се состои од црквата посветена на Успението на Богородица, манастирските конаци и трпезаријата. Има докази за постоење на ранохристијанска базилика од VI век, врз чии темели е изградена црквата, но најстариот дел на сегашната градба потекнува од XIII век, а дел од ѕидните фрески од XIV век. Во XIV век манастирот го обновил српскиот крал Милутин

во архитектонски стил кој е развиен под влијание на византиското градителство. Фасадата е изградена од светло црвеникава тула, а ја украсуваат декоративни надворешни ниши како и неизедначениот кров. Црквата е со пет кубиња, а во внатрешноста секое претставува посебна просторија. Начинот на градење покажува дека црквата е правена многу порано од времето на цар Душан или пак цар Урош! Југозападниот дел е целосно заѕидан, оставен е само еден прозорец. Според преданијата, што

ги има многу, тука во таа просторија се венчал некој владетел, а обичаите од старо време биле да се заѕидуваат влезовите каде што се венчаваат царевите, за друг смртен човек да не може да влезе од таму. Сликарството од XIV век во ексонартексот на црквата е создадено во три периоди: најстарото, чиј ктитор е царот Душан потекнува од 1334 - 1343 година, со илустрации на црквениот календар. Од педесеттите години на XIV век потекнуваат фреските на некогашната фасада на

Page 25: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 25

25

патепис

доградениот параклис, а веднаш по нив се создадени фреските на фасадата на ексонартексот. Се претпоставува дека сликарите потекнувале од околината на Солун. Во калотата на северозападната купола е насликан Исус Христос како цар над царевите во современа облека. Околу централниот дел, во круг се насликани девет ангелски хорови во дворска облека, додека пред нив, во облека на византиска царица, со круна на главата, стои Богородица пред празниот престол. Благодарејќи на

култот на Богородица, манастирот Трескавец од средниот век до денес е собиралиште на верниците, а во минатите векови го посетувале и кралските фамилии што владееле со овие простори. Византиските императори Андроник II и Михаило IX биле ктитори на манастирот, а по нив како освојувачи на овие простори и како ктитори доаѓаат српските кралеви Милутин и Душан, чиј портрет е насликан во западниот дел од црквата. Некогаш Трескавец бил многу богат манастир и поседувал многу

недвижни имоти, но денес е сето тоа само минато. Денес се нема пари за изградба на патот преку кој би доаѓале полесно многу верници и туристи, се нема пари за истражувања и поправка на испуканите ѕидови и фрески во црквата, манастирот нема вода, нема тушеви и тоалети! Но затоа вие во Скопје имате зоолошка градина со животни од бронза, беа зборовите на еден верник од Прилеп, кого го сретнав по патот за Трескавец! Нема многу посетители во манастирот, дали затоа што

е далеку во планината и не е достапен за сите или пак затоа што немаме навика да ги посетуваме манастирите? Повеќе луѓе се собираат тука за време на празникот на Успението на Богородица, но тоа е еднаш во годината. Може уште многу да се пишува, а и има што да се пишува за манастирот Трескавец. Намерата ми беше со мојов краток запис за манастирот Трескавец кај некои од вас да создадам желба да одите и да ги видите убавините што јас ги видов.

текст и фото:ангел СиТновСКи,

дипл.инж.арх.

Page 26: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011326

26

архитектура

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во пролетта 2008 година одлучи да реализира продлабочена настава од областа на градителското наследство на тема „Археолошки музеј Горен град - Кале, Скопје“. Во текот на два семестри, во овој проект зедоа учество четири професори, два асистенти и други соработници. Тие работеа со 24 студенти, и изработија студија за значењето и вредностите на Калето од различни аспекти, и предложија нови соодветни локации за подигање на тематски археолошки музеј.

интеГРација или СепаРација на култуРната Ризница (2)

ЕДЕН ИЛИ ТРИ МУЗЕИ НА СКОПСКОТО КАЛЕ?

Сл.12. Ситуација на музејскиот ансамбл составен од МСУ и Археолошки музеј

Page 27: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 27

27

архитектура

локација 2: музеј јужно од мСу Со поГлед кон калето(Маја велкоска и снеЖана сиМевска)

Втората можна локација се наоѓа на јужната страна и непосредно се надоврзува на Музејот на современата уметност (МСУ), од каде се пружаат убави визури кон Калето и непосредната околина. Новопроектираниот музеј има навидум сложена подземно-надземна експресионистичка структура, но всушност тој има многу јасно и прегледно функционално решение.

Влезот е предвиден од јужната страна преку шпицот истакнат кон Калето, а од него посетителот преку вестибилот има директен пристап до рампата што се искачува кон МСУ. Оваа рампа всушност претставува 'рбет на композицијата со кој се поврзани изложбените и административно-техничките простории, а од нејзината највисока кота е овозможена директна врска со МСУ. Вкопувањето на археолошкиот музеј во наклонетиот терен не ги нарушува визурите кон Калето и кон МСУ, а со едно „атриумско“ пробивање на теренот се создава нормално осветлување и вентилација за новиот објект. (Сл.12)

ЕДЕН ИЛИ ТРИ МУЗЕИ НА СКОПСКОТО КАЛЕ?

Во минатиот број на нашето списание ви го претставивме првиот дел од обемната

работа на професори, асистенти и студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ, студијата за подигање на „Археолошки музеј Горен град - Кале“. Во овој број е продолжението на истата тема.

Page 28: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011328

28

Со наведениот концепт се создава своевиден музејски ансамбл составен од МСУ и Археолошки музеј, кои меѓусебно се надополнуваат. Посетителите на едниот, автоматски се „предизвикани“ да го посетат и другиот. Паркингот пред МСУ може да му послужи и на Археолошкиот музеј, и обратно. Овој ансамбл е надополнет и со рекреативни содржини, кои се наоѓаат северно од МСУ и југозападно од Археолошкиот музеј. Изградбата

на новиот музеј сама по себе бара претходно археолошко истражување на локацијата, што би создало и можност за „ин ситу“ презентирање на евентуалните пронајдени структури. Во таков случај, проектот би требало да се надополни и приспособи. Со негова панатамошна разработка би можел да се предвиди и „ескалатор со кабини“ од подножјето на Калето до овој атрактивен музејски ансамбл, кој заедно со Горниот град би сочинувале еден многу

архитектура

Сл.13. Основа на влезното ниво

Сл.14. Отклопен приказ на просторниот состав на музејот. Југозападен поглед од воздух

Page 29: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 29

29

значаен и ретко виден кул парк. Новопроектираниот археолошки музеј, генерално земено, има три функционални нивоа: влезно ниво, едно над него и едно под него. На влезното ниво, покрај вестибилот (со повремена изложба, библиотека и предавална) има и административно-технички дел, како и депоа поврзани преку скали и лифт со депоата на МСУ. Кабинетите за научни истражувања се распоредени околу еден атриум, што како

функционален состав продолжува и на подолното ниво. Таквата концепција овозможува пријатна работна атмосфера со доволно осветлување и вентилација. (Сл.13) Над влезното ниво се појавуваат само горното ниво од влезниот кубус и од кубусот до МСУ. На горното ниво влезниот кубус содржи повремена изложба, читална, кафе-бар и библиотека, додека во кубусот до МСУ е сместена сала за постојана изложба и техничка

просторија. Таквиот просторен концепт истовремено овозможува рационално, функционално решение на објектот со негово истовремено совршено вклопување на наклонот на теренот, така што воопшто не се наметнува над околината. (Сл.14, 15 и 15а) Делумното вкопување во теренот на овој длабоко осмислен модерен музеј наложува употреба на армирано-бетонски ѕидови со потребната термичка и

хидроизолација. Зениталното осветлување преку специјални заштитни стакла создава пријатен амбиент, збогатен со соодветни извори на вештачко осветлување. Деталната разработка на изложбените витрини е во целосна согласност како со потребата на изложбените експонати така и со севкупниот архитектонски израз. Сето тоа на овој проект му дава голема доза на уникатност, па и авангардност.

архитектура

Сл.15. Југоисточен поглед од Калето кон музејскиот ансамбл

Сл.15а. Југоисточен поглед од воздух врз музејскиот ансамбл

Page 30: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011330

30

архитектура

локација 3: музеј под западниот бедем покРај Р. ВаРдаР(драГана данилова и ЗоиЦа долдурова)

Од направените претходни анализи, студиската група заклучи дека трета поволна локација за подигање на Археолошки музеј – Кале претставува рамниот терен под западниот бедем на Тврдината. Тука всушност е локацијата каде што неодамна започна изградбата на управната зграда на Скопски водовод, во вид на една неокласична ротонда. Како што може да се види подолу, и за музејот на тоа место, две години порано студиската група предложи еден вид кубична ротонда, но во согласност со современите функционални и обликовни трендови. (Сл.16) Една од главните поволности на

таа локација претставува нејзината близина до главните пешачки токови, како што е кејот на реката Вардар и нејзината видливост од другиот брег. Од источната страна новиот објект би бил во директен визуелен контакт со Тврдината, како што на пример е остварен контактот меѓу Археолошкиот музеј и Акрополот во Атина. За посетителите на музејот и за останатите заинтересирани, искачувањето на Калето и во овој случај би можело да биде обезбедено преку контролиран влез во едно од постојните стари засолништа, а од таму со помош на лифт да се искачи на горната површина. Се разбира дека таквата атракција би привлекла голем број посетители. Предвидено е ротондата да има сутерен, приземје и три ката. Во сутеренот би биле сместени техничките простории и подземниот

паркинг со пристап од улицата „Лазар Личеноски“. По средината на ротондата има процеп со пасарела, кој зафаќа височина од приземје и два ката. На таков начин тие три нивоа се поделени на по две функционални целини. Во приземјето е предвидено, освен влезната партија, да биде сместена и административната управа. (Сл.17) На првиот кат во северниот сегмент се наоѓаат простории за стручни служби, а во јужниот сегмент има привремена изложба. Соодветно на тоа, на вториот

кат се предвидени простории за едукативен центар, а на јужната страна се развива воздушниот простор на привремената изложба од првиот кат. Постојаната изложба со своите придружни простории го зафаќа целиот трети кат од ротондата. Преку нејзината стаклена обвивка се овозможени погледи кон околината во круг од 360º, со што посетителот при разгледувањето на изложбата по желба може да прави паузи. Дел од средновековната изложба е сместен во стаклена кула на кровот, пристапна преку рампа. Мала стаклена кула се развива и над просторот со скали и лифт за посетители. Ова двојство на транспарентни кружни кули фино контрастира на масивните квадратни кули 14 и 15 од Тврдината. (Сл.18) Наведената флексибилност на функционалното решение и просторно-волуменското обликување е постигнато со помош на скелетна армирано-бетонска

Сл.17. Основа на приземјето со партерно решение

Page 31: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 31

31

архитектура

конструкција. Конструкцијата, исто така овозможува конзолно испуштање на третиот кат во вид на кружна нагласена лента од темно стакло, која ја стабилизира динамичната структура на објектот. (Сл.19) Како и сите останати студиски идејни проекти, така и овој изобилува со прилози за внатрешно уредување, за опремата и за конструктивни детали. Секако дека овој проект не би можел да биде реализиран на првобитно замислената локација, но сепак тоа би било можно со извесни поместувања на Деталниот урбанистички план за конкретниот простор. *

На крајот треба да се нагласи дека за трите разгледани локации, од страна на студиската група беа направени уште по три идејни проекти, кои имаат свои специфични квалитети и по некоја оригинална идеја. Меѓутоа, јас како раководител на курсот, поради ограниченоста на просторот можев да презентирам само по еден. Во изборот ми помогнаа аналитичките дискусии, кои се одвиваа при јавната одбрана на проектите во почетокот на 2009 година. На јавната одбрана и дискусијата, официјално беше поканета и Управата за заштита на културното наследство, но нејзин претставник не дојде. Сепак, сметам дека иако веќе се работат проекти за три сепаратни музеи на Калето, не е доцна да се преиспита целата замисла и да се тргне по патот на интеграцијата: во еден музеј да се сместат сите периоди распоредени во свои оддели по хронолошки ред. Видовме дека за таа цел постојат погодни и слободни локации, за кои накратко презентирав по една варијанта на идејни проекти, со чие додефинирање би можело целосно и квалитетно да се одговори на поставената задача, на современите барања и на предизвикот на времето.

проф.д-р Михаил ТоКарЕв

Сл.18. Пресек низ објектот во правец север-југ (1-1)

Сл.19. Поглед кон музејот од југозапад

Сл.16. Напречен профил на теренот со р. Вардар, музејот и Тврдината

Page 32: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011332

32

ентериер

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

Page 33: PORTA3 165

33

Во подготовка е најновото пречистено џебно издание на Законот за градење!Закупете рекламен простор на ударни позиции по промотивни цени:

- внатрешна корица- Задна корица- внатрешна страница- лого на насловна корицаЗаконот за градење ќе биде доставен како додаток со Порта3, дистрибуиран до сите градежни фирми, проектантски бироа, јавни претпријатија, општини, како и во продажба за време на саемите - Технома и Саемот за градежништво 2012.Тел. за информации: 02/3243 790 и 02/3243 797

Page 34: PORTA3 165

34

34 ПОРТА 09 септември 20113

урбанизам

изградениот јавен простор и сликата што тој ја пренесува на корисниците има моќ со

несогледливи размери. Силата и развиеноста на европските држави низ историјата се огледува преку способноста да се изгради јавен простор. Тој овозможува владетелот да ја зајакне својата власт и својата држава, во исто време. Исто така и населението што му ја доверило власта или пак е покорено од таа власт има можност да ги задоволува своите потреби во тој ист јавен простор. Како што во минатото кралевите на француската монархија имале

потреба да ја изразат моќта на империјата градејќи градини од гигантски размери со скулптурни декорации, фонтани, езерца кои се протегале низ непрегледни површини, така во 19 век било потребно моќта на државата да се прикаже со што повеќе фабрики и со што повеќе оџаци кои го затемнувале урбаниот пејзаж. Така, со појавата на индустриската револуција во поголемите европски центри во средината на 19 век, се создаваат масовни индустриски производствени капацитети и комплекси кои ги окупираат влезовите на градовите.

Еден од тие индустриски центри кои се формираат во овој историски период во француската република е и Рубе, еден од нејзините најсеверни градови. Во средината на деветнаесетиот век, Рубе прераснува во главен текстилен центар во Франција и во целиот регион на северна Европа добивајќи го прекарот „францускиот Манчестер“. Еден од „виновниците“ за добивањето на овој прекар на градот, е и една брачна двојка од Рубе која одлучува да отвори фабрика за предење на памук. Луј Мот и Адел Боси ја создаваат

фабриката и препријатието што го носи нивното заедничко име Мот-Боси, а подоцна со раѓањето на нивните четири синови ја добива и додавката: Мот-Боси и Синовите (Motte-Bossut Fils). Во 1845 година ја градат „фабриката ѕвер“ како што ја нарекувала конкуренцијата поради фактот што нејзиното производство го надминувало вкупното текстилно производство на сите фабрики во Рубе и регионот. Благодарение на силната поддршка од мајката на Луј Мот како и добриот „мираз“ на неговата сопруга која била ќерка на тогашниот градоначалник на Рубе, се гради оваа фабрика долж брегот

Тековите на современиот урбанизам и агилноста на развиените европски општински центри, резултира со интервенција на пренамена на објекти кои веќе не се рентабилни, кои ја губат својата функција или пак, најчесто стануваат еколошки „непријатели“ на човековата околина

пРиказна за жиВотот на „фабРиката Во Рубе“

Од фабрика до трговски центар

Фабриката и градот денес

Page 35: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 35

35

урбанизам

на една од притоките на главниот речен канал во Рубе. Со текот на годините производството бележи раст и управителите одлучуваат да се фокусираат на производство на велур кој се користел во изработката на воени униформи. Поради се поголемиот раст на производството и потребата од поголем простор, корпорацијата Мот-Боси одлучила да изгради нова и поголема фабрика во истиот град. Новата фабрика

била подигната во 1903 година со големо влијание на тогашната градителска тенденција пренесена од Англија преку една стилизирана средновековна архитектура. Овој архитектонски стил бил пренесен од англиските архитекти на почвата на континентална Европа во периодот на втората половина на 19 век. Фабриката претставува интерпретација на средновековните дворци, форсирајќи ги оние исти назабени ѕидни завршетоци

кои ги имаат средновековните кули. Па така и главниот фабрички оџак ги симболизира средновековните градски кули како дел од архитектонското наследство на Франција. Имајќи предвид дека објектот се гради во почетокот на дваесетиот век и ерата на новите материјали и конструктивни методи, тогаш е логично што е избрана челична конструкција за новата фабрика. Што се однесува до надворешната

обработка на новата текстилна фабрика, употребена е црвена тула, фасадна карактеристика на целиот северен дел од Европа. Фамилијарниот бизнис на Мот-Боси низ историјата има подеми, но и големи падови. Економската криза помеѓу двете светски војни значително го намалува производството во фабриката, но кризата најмногу се чувствува кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век кога текстилната

денешен изглед

Фабриката за кадифе од 1903

Page 36: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011336

36

урбанизам

индустрија во цела Европа бележи големи загуби. Клуч на фабриката официјално се става во 1982 година кога таа постепено ја менува и својата функција. Најпрво, дел од палетата на своите производи фабриката ги продава по минимални цени само за своите поранешни вработени, а понатаму оваа примарна продавница се отвора и кон обичниот граѓанин. Но, поради екстремно ниските цени оваа продавница не функционира повеќе од две години. Во 1984 година двајца братучеди, Жислан и Иге Дал, ја откупуваат фабриката Мот-Боси и го формираат првиот центар на фабрички продавници во Европа наречена „Фабрика во Рубе“ по теркот на веќе неколкуте американски примери. Идејата на Дал била 25-те продавници кои се наоѓале на различни локации во лилската метропола, да се сместат под ист покрив во поранешната текстилна фабрика Мот-Боси. Пренаменетата фабрика комплетно е реновирана, целосно задржувајќи го стариот надворешен изглед за кого се преѕидани 2 милони тули и направени се нови 800 километри фуги помеѓу нив. Се градат и нови крила, ескалатори на влезовите обложени со стаклена фасада, но никогаш никој не ни помислувал да се наруши првобитниот изглед од деветсто и третата. Од сегашна гледна точка, интересно е да се направи паралела помеѓу приказната за „Фабриката во Рубе“ и, за жал, само размислувањата на поединци за пренамена на индустриските капацитети на просторите на Република Македонија. Дали може годината „1903“ врежана на фасадата на фабриката да не асоцира нè само на случувањата на нашиот народ туку и на случувањата во развиената Европа во тој ист период? Но, сега се поставува и прашањето, ако чекавме педесетина години до ослободувањето од деветсто и третата, дали сега ќе треба да чекаме уште толку за да се имплементираат овие тенденденции за пренамена на запуштените индустриски капацитети кои за жал ги има во изобилство во Македонија? Транзицијата во Македонија остави голем белег со изумирањето на голем број индустриски капацитети кои во

Старо рубе од почеток на 20 век

Page 37: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 37

37

урбанизам

моментот се користат како некакви складови или пак се користат како сценографија за филмови со апокалиптични содржини. Но сепак, во најчест случај, овие запуштени фабрики имаат изглед на недефинирани археолошки

ископини кои се обраснати со диво зеленило и имаат диво вселени станари со сомнителна, ниска социјална-цивилизациска и криминогена структура. Верувам дека современата ера на информатичкото општество

и многу поедноставните начини на патување на нашиот граѓанин низ европскиот континент ќе овозможат македонскиот граѓанин да ги види успешните примери на стариот континент за пренамена на запуштените објекти, и конечно овие

успешни примери да се применат и на нашето тло и по можност без преголемо задоцнување.

д-р александар андовСКи, доц. при Универзитет МИТ-Скопје

www.aleksandarandovski.webs.com

денешен влез во фабриката

Page 38: PORTA3 165

ентериер

ПОРТА 09 септември 2011338

38

Топла атмосфера и современа естетика

лукСузен Стан Во мадРид

Page 39: PORTA3 165

ентериер

09 септември 2011 ПОРТА3 39

39

Топла атмосфера и современа естетика

Станот, чиишто фотографии можете да ги погледнете, е сместен во строгиот центар на Mадрид. Се работи за необично поткровје, кое го уредил архитектот Чарли Диаз. Станот се простира на две нивоа, со мошне неправилна геометрија. Интересно е да се види како архитектот го обликувал вкупниот простор во рамките на геометриските зони на станот, обидувајќи се просторот да го исполни со природна светлина и позитивна енергија.

Станот влегува длабоко во внатрешноста на зградата, и тоа во должина од 12,5 метри, додека неговата широчина варира. На долното ниво се наоѓа дневна зона со кујна, трпезарија и дневен престој. Слободниот план се наоѓа и на вториот етаж, каде што е сместена спалната соба со мал работен агол. Ентериерот е исполнет со голем број детали, стратешки распоредени. Текстурата на материјалите и колоритот мошне успешно се надополнуваат креирајќи топла атмосфера и современа естетика. Бидејќи станот е наменет за клиентка, ентериерот е исполнет со елементи на женствени линии и ведар колорит. д.Б.

Page 40: PORTA3 165

40

40 ПОРТА 09 септември 20113

ентериер

истражување на „потенцијалното" во еден стан, е една од

поконкретните реченици кои добро го објаснуваат процесот кога бараме повеќе од нашиот дом. Тоа не мора задолжително да рефлектира на комплетно реновирање, бидејќи СЕКОЈ ДОМ ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ - треба само да се научиме каде и како да го бараме. Луѓето најчесто немаат трпение

да се занимаваат со цртежи и проекти на својот нов стан. Но кога ќе се вселат во него се среќаваат со сериознен проблем како да постапуваат и по кој редослед, кој ќе им обезбеди најдобро и најдолгорочно решение. Оваа е отприлика критичната точка во која ви треба дизајнер и архитект со кого заедно ќе успеете да ги реализирате измените, кои инаку се доста комплексен

процес. Случајот на нашиот денешен стан говори токму за една извонредна соработка на нашиот признат уметник Антони Мазнески со куќата што се задолжи за производство на опремата „Дизајн Фантазија“, причина поради која крајниот резултат е еден ваков ентериер. Просторот е најнапред демаркиран со отворање на одредени ѕидови и негово проширување. Влезот во

станот ја креира сцената на ентериерот. Подната обработка (дијагоналниот начин на редење) го нагласува ефектот на експанзија на просторот. Просторот, потоа е дематеријализиран со постапката на боење на ѕидовите и таваниците во снежно бело. Изборот на дабов паркет (штици од 60 сантиметри) и завршен со бел ефект само го прави просторот уште повоздушест,

Врвен ликовен уметник автор на ентериерот

Флуидно белото го дематеријализира просторот, а сликите, скулптурите и мебелот му даваат карактер

Љубовта за добра кујна живее тука. овој модел е последната експресија на „дизајн фантазија“, филозофијата за постојаноста на кујнскиот мебел. им ја предлагаме на оние што се способни да направат сопствен, рационален

избор и на оние што уживаат во сопствените кујни. ништо помодерно на пазарот нема да сретнете, совршено компактна е оваа темно сива кујна.

уметноста на готвењето е поедноставна во доброорганизирана кујна. „дизајн фантазија“ се соочува со темата кујна, нудејќи водечки сугестии, за креирање на единствени, персонални решенија. ,,кујната“ како уживање да правиме нешто за себеси и за другите, како можност да ги истакнеме нашата фантазија и креативност.

Page 41: PORTA3 165

3

41

09 септември 2011 ПОРТА 41

отворен и флуиден. И потоа одеднаш среде оваа мекост одделни динамични точки: аголна софа во кожа, трпезариска гарнитура, вртлива фотелја, скултпура од дрво на Мазнески - сите во црно. Тенденциозно малкуте комоди, едната за Хи-Фи и втората трпезариска се изведени во бел мдф со висок сјај, за истите да се стопат со заднината. Само еден од ѕидовите е изведен во сива боја и на него ги гледаме двете слики од Мазнески, кои чинат одлична комбинација со заднината и комодата. Единствениот црвен детаљ во просторот е мега вазната крај трпезаријата, и сликата во специфична маслена техника (А.Мазнески). Погледите низ куќата во ентериерот - од соба в соба, од ниво на ниво, од внатре кон надвор - значат голем придонес во просторниот квалитет. Контрастот во боите кај мебелот овозможува дефинција на различните зони во рамките на единствениот простор, кој е помалку опремен со мебел. Во речиси празните соби погледите се фокусираат на уметничките дела на ѕидот и на одредените доминантни парчиња мебел. Животот во просторите со отворен план, каде има минимум

прегради помеѓу зоните, како тука полутранспарентната преграда со кујната, драматично ја зголемува перцепцијата на ентериерот. При ваквата постапка важно е да не се занемари приватноста и конзистентноста на другата зона во станот- ноќната. Вратите се одбрани да бидат во темна завршница на антрацит ефект врз фајн лајн фурнирите со делумна декорација во инокс хоризонтални ленти. Иноксот се јавува и кај изборот на светилки, станува збор за една серија светилки наменети за поставување во вид на сет, заедно во просторот. Стручен зафат бил избор на мебел со завршница која се надоврзува на останатиот корпусен мебел кој е црн. Така во случајот со кујната станува збор за темна завршница на антрацит (темно сиво) ефект врз фајн лајн фурнирите. Декорација повеќе во оваа ултра модерна кујна се:

- извонредниот избор на вертикално поставено црно стакло преку целата работна должина на кујната наместо ќерамички плочки; - инокс завршница за сите електро технички елементи; - застаклени врати во

инокс рамка со отклопно отворање нагоре; - детаљот со висока бар-маса за појадоци на едниот крај од кујната; Погледнете само како е добар спојот помеѓу дневната соба и кујната за оние што сакаат да готват во друштво, а и согласно последните тенденции за отворање на кујната кон другите содржини на дневната соба. Ноќната зона е наполно одделена од дневната преку високофункционалниот дегажман кој не води во двете детски соби, едната родителска спална како и заедничката бања. Високофункционалниот дегажман ја одделува ноќната од дневната зона, едниот негов ѕид е наполно искористен за сместување на американски ормани со лизгачки врати од мат алуминиум конструкција и бело стакло како што се бели и сите ѕидови. А кога сме веќе кај белото и кај чувството за нежност и чистотина кое неизбежно го буди, погледнете ја само родителската спална. Одличен пример за тоа како модерно уредените спални соби ослободени од секој додатен детаљ или декорација можат да делуваат топло и романтично, наспроти некои застарени убедувања. Дизајнот

на креветот и на наткасните е сосема едноставен како и низата вградни ормани со отклопни врати кои ја исполнуваат целокупната висина на просторот. Изборот на светилки, столни ламби во јајцевидно мат стакло е приказна за себе во спалната, совршено нема што!!! И покрај своето име - детска, оваа соба е всушност многу повеќе младешка, бидејќи е наменета на студент со изострен вкус за уметност, погледнете ги само неговите фотографии. Ова се податоци кои еден дизајнер мора да ги земе предвид при изработка на спалните, тие персонализирани острови во хаосот на секојдневието. Покрај лежајот и стаклената работна маса, едниот ѕид од собата е наполно искористен за сместување на американски ормани со лизгачки врати од мат алуминиум конструкција и бело стакло како што се бели и сите ѕидови.

доц. д-р Елена ниКоЉСКи панЕвСКи, дипл.инж.арх.

фото: владимир СЕКуловСКи

Во соработка со:

Page 42: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011342

42

наука

Барањето нови патишта во италијанската архитектура претставува главна тема на подвижната изложба во 1965/66 година. Во тек на неколку месеци, изложбата ги прикажува истражувањата на одделните архитекти, направени за неколку градови со средна големина. На изложбата нашироко се претставени делата во кои се изразува една од најсветлите тенденции во развојот на италијанската модерна, навраќањето кон историските традиции. Меѓу учесниците на подвижната изложба се и некои автори кои ќе одиграат значајна улога во идниот развој на италијанската архитектура, како што се: Алдо Роси и Паоло Портогези. Од средината на 60-тите години од минатиот век започнуваат и т.н. постмодерни тенденции, со кои италијанската архитектура се приклучува кон најновите трендови во светот. Таков е на пример комбинираниот административно-деловен и станбен објект во Рим (1965) на браќата Пасарели. Тие го подигаат и новото крило на Археолошкиот музеј во Ватикан (70-тите), сместено веднаш до дворецот Белведере, со што ја продолжуваат замислата на Браманте од XVI век за уредување на овој значаен простор. Архитектурата во 70-тите години настојува да најде одговор на длабоката економска криза, од што произлегуваат три главни правци. Тенденциите на овие правци се ставени на оценување преку големите конкурси за новите универзитетски комплекси во: Фиренца (1971), Калјари (1972) и Козенца (1973). Новата авангарда, предводена од експерименталната група Суперстудио (1996) на чело со Адолфо Наталини, го отфрла рационализмот и се заложува за нова креативност. Другата група помлади архитекти од венецијанскиот универзитет, на чело со Карло Ајмонино и Алдо Роси, предлага повторно да се земат предвид традиционалните принципи на урбаните форми. Третата, најмлада група архитекти се залага за едно моќно урбано планирање, кое главно се базира врз конзервацијата и ревитализацијата на постојната урбана структура.

италија (5)михаил токаРеВ: 100 Години модеРна аРхитектуРа (116)

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ - РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

П. Портогези, Исламскиот центар, Рим. Изглед

П. Портогези, Исламскиот центар, Рим. Внатрешност

Браќата Пасарели. Археолошкиот музеј во Ватикан. Изглед и внатрешност

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

www.porta3.com.mkГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

29ти Ноември бр.60

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Page 43: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 43

43

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

www.porta3.com.mkГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

29ти Ноември бр.60

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Page 44: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011344

44

урбанизам

Б

Page 45: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 45

45

Б

спортски храмовиноВиот „Сан мамеш“ - билбао, шпанија

баСкија СобРа паРи за ноВата аРенана местото на симболот на

фудбалот во Баскија, од 2013 година ќе почне да

се гради нов фудбалски храм. Шпанскиот фудбалски клуб „Атлетик Билбао“, еден од ретките шпански тимови кои никогаш во својата историја не испаднале од Првата лига, на Баскија ќе и донесе едно ново супермодерно спортско здание, со зголемен капацитет, функционалност и атрактивен изглед. Првата фаза од изградбата на новиот „Сан Мамеш“ ќе стартува во почетокот на 2013, а треба да заврши кон крајот на истата година. Втората и последна фаза од изградбата на новиот убавец треба да заврши до летото 2015 година. Проектот за изградба на нов стадион во Билбао потекнува уште од 2007 година, но долго време се чекаше на комплетирање на документацијата, и секако

најважно, обезбедување на финансиите. Во октомври 2009 година беше претставен конечниот нацрт-план, кој има задача да изгради стадион со значително поголем капацитет од сегашниот и секако многу пофункционален, според стандардите на УЕФА и ФИФА. Откако се обезбедија средствата, компанијата што стои зад проектот „Сан Мамеш Бариа“ во своите редови ги вклучи и провинцијата Баскија, баскиската влада, клубот„Атлетик (Б)“ и Градскиот

совет на Билбао за да ја постигнат конечната сума од 175 милиони евра, кои ќе бидат потрошени за изградбата на новиот стадион и уривањето на стариот објект. Интересен е самиот дизајн на новиот стадион. Надворешноста, фасадата и покривот ќе бидат изградени од комбинација на стакло и метал. Покривот ќе има еден вид проѕирна покривка во вид на кожа, преку која архитектите испланираа стадионот да добива многу повеќе природна светлина. Обезбедувањето на

високо ниво на осветленост ќе се постигне и со вертикалните метални елементи, кои сами по себе дозволуваат светлината да навлезе во внатрешноста на стадионот, а со тоа да се зголеми и видливоста и функционалноста. Зад потписот на проектот и дизајнот на новиот „Сан Мамеш“ стои архитектот Сезар Азкарате (Баскиец, кој го предводи Idom ACXT studio). Азкарате изјави дека овој проект е неговиот најголем предизвик во кариерата. Покрај зголемениот капацитет, од сегашните 40.000 места на 53.000, новиот стадион на „Атлетик (Б)“ ќе има и 122 ВИП места, 301 паркинг место на самиот стадион, и дополнителни паркинг-капацитети во радиус од 1 километар околу стадионот.

Сашо КуЗМановСКи

ФаКТи за НОВИОТ „САН МАМЕШ“ - Билбао, ШпанијаСедишта: 53.000период на реконструкција: 2013 - 2015Цена на градба: 175 милиони еврадизајн: Idom ACXT studioСопственик: San Mames Barria

Page 46: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011346

46

експерт

Веројатно, денес тешко може да се замисли пооригинален начин за

отсликување на двете лица на Велика Британија од пристапот на архитектонското списание The Architects' Journal - AJ, во своето издание од 18-ти август оваа година. Имено, претплатниците на списанието (основано во 1895 година) ја имаат добиено една од двете верзии на овој број, а единствена разлика меѓу двете верзии е насловната страница.

ДВЕ ЛИЦА НА УРБАНАТА ОБНОВА!

Без компетентна анализа, несоодветно би било да се тврди во колкава мерка пристапот кон урбаната обнова во изминатиот период навистина има придонесено за скорешните немири во Англија, но не може да се избегне впечатокот дека обновата во минатото не придонесе за создавање на нови работни места, во кои лицата вклучени во нередите би можеле работно и социјално да се вклучат

Page 47: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 47

47

експерт

Оригинално планираната насловна страница е насловена „Лондон 2012“, и ја краси фотографија на внатрешноста на неодамна завршениот импозантен олимписки базен, испроектиран од страна на архитектонското биро Zaha Hadid Architects, презентиран во претходниот број на „Порта 3“. Проект вреден околу 309 милиони евра (269 милиони фунти). Наместо оваа, алтернативната насловна страница е насловена „Лондон 2011“, и на неа е

прикажана фотографија на разрушени опожарени објекти при неодамнешните немири, кои ја зафатија британската престолнина Лондон и други градови низ земјата.

не Ги обВинуВајте аРхитектитеУводниот текст на уредникот на списанието Кристин Мари, под наслов „Нередите ги разоткрија недостатоците на урбаната обнова - но не ги обвинувајте архитектите“ (The riots have exposed the failures

of regeneration - but don't blame architects) е концизно, но силно експозе за едно видување на состојбата со урбаната обнова во Велика Британија денес. Таа укажува дека главни учесници во нередите се главно млади машки невработени Британци на возраст помеѓу 18 и 24 години, кои најверојатно се согласуваат со определбите за непочитување на власта. Според уредникот Мари, овие лица покажуваат задоволство од она што го сториле:

бесчувствителност кон своите сограѓани, непочитување за местото во кое живеат, и уништување на своето соседство. Во овој контекст, таа се прашува во колкава мерка централната власт и локалните власти имаат придонесено, преку површниот пристап кон урбаната обнова, за овие проблеми со кои се соочува земјата денес. Како резултат на нередите, беше свикана вонредна седница на британскиот парламент. Илјадници полицајци од други

(Специјално за Порта3 од Велика Британија)

д-р владимир Б. ладинСКи, дипл.инж.арх.

Page 48: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011348

48

експерт

делови на земјата беа донесени како зајакнување на полициските сили во жариштата на нередите. Судовите работеа по 24 часа на ден за да се процесуираат околу 2.500 уапсени лица. Многу ригорозни казни беа изречени и за релативно мали дела, како на пример, за кражба на шише вода или примање на поклон од украдена стока. Нередите предизвикаа и одредени позитивни примери на граѓанска инцијатива. Така на пример, граѓаните се самоорганизирале за да ги заштитат своите продавници и соседства, и да помогнат во расчистувањето на штетата по немирите. Она што не стивнува во моментов е дебатата за вистинските причини за нередите, односно како да се спречи нивното повторување во иднина, и како да се надминат противречностите во современото британско општество, кога богатите никогаш не биле побогати, а бројот на сиромашните постојано се зголемува. Се разбира, ќе треба да почекаме повеќе години за да добиеме одговори на дел од овие прашања. Во меѓувреме, веројатно може да се укаже само на некои примери од блиското минато, кои можеби имаат удел, барем делумно, за ваквата состојба денес.

Станбен бумНесомнено е дека во изминатите 20-30 години градовите во Велика Британија беа предмет на големи градежни активности и на урбана обнова, особено во централните градски подрачја и напуштените индустриски зони во градовите. Приватизацијата на добар дел од социјалниот станбен фонд и ефективното стопирање на социјалната станбена изградба, со ислучок на непрофитните добротворни организации, веројатно ја имаат намалено можноста за решавање на станбеното прашање, не само за оние што се социјални случаи туку и за оние што се вработени, но со ниски примања. Истовремено, падот на вредноста на акциите на берзата, по трагичните настани во Њујорк од 11 септември 2001 година, е причина дел од инвеститорите да ги префрлат своите средства од берзански акции во недвижен имот. Ова придонесе за уште поголем подем во градежништвото и

изградба на илјадници помали станови во градовите, но дел од овие беа наменети и за оние што веќе го имаат решено своето станбено прашање, а сакаат да го издаваат станот под наем. Во вакви случаи, вообичаените очекувања беа дека од ќиријата ќе се исплаќа кредитот, а потоа ќе се стекне голема материјална добивка преку зголемување на вредноста на станот во изминатиот период. Ова отвори можности за одредени игри во пазарот на недвижности. Физички и правни лица со пари во готово можеа да купат ефективно неограничен број на станови и куќи доколку платат 10% учество, а потоа истите да ги продадат, но по многу повисока цена од договорената, пред станбените единици да бидат завршени. Алтернативно, се купуваа стари запуштени објекти на аукции на недвижности, за

истите да се реновираат и да се продадат или изнајмат за значително поголеми цени. Се чини дека реконструкцијата на станбените единици во изминатите години стана национален спорт, промовиран преку бројни телевизиски програми и публикации. Се разбира, ова од една страна е добро бидејќи се промовира изградба, производство, вработување и прибирање на данок од страна на државата и локалните власти. Од друга страна, станбените единици енормно поскапеа заради зголемената побарувачка, и стана сè потешко за оние што сакаат да си го решат своето станбено прашање да го сторат тоа. Тие имаа ограничени опции - или да изнајмат од приватен сопственик или дополнително да се задолжат и да купат на кредит. Така банките почнале да даваат кредити и над 100% од вредноста на купениот

имот. Во колкава мерка сето ова има придонесено за колапсот на банкарскиот систем во земјата во 2008 година, е прашање за финансиските експерти.

пРиВатна финанСиСка иницијатиВаОд друга страна, лимитираните финансиски средства во буџетот имаат придонесено за промовирање на „Јавното приватно партнерство“ (Public Private Partnership), и особено на „Приватната финансиска иницијатива“ (Private Finance Initiative). Така во изминатиот период, голем број јавни објекти се имаат изградено по вториот модел, според кој, приватен финансиски конзорциум го финансира проектирањето, изградбата, одржувањето и експлоатацијата на јавниот објект за период од 20-30 години. За овој временски период, корисникот на

Page 49: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 49

49

експерт

објектот плаќа фиксна наемнина, а по истекот на периодот, објектот преминува во јавна сопственост. Несомнено е дека ваквиот пристап има придонесено за обнова и модернизација на застарениот јавен градежен фонд, но овој пристап, се чини, носи со себе и свои проблеми. Според медиумите, не сите вака изградени објекти ги задоволуваат потребите на своите корисници, со оглед на тоа што има примери на објекти кои требале да се адаптираат пред или веднаш по пуштањето во употреба. Корисникот, јавната установа, мора да ја плати договорената наемнина без оглед на тоа дали објектот се користи или не. На пример, имаше случај на изградено училиште кое не се користи бидејќи додека да се изгради, бројот на учениците во реонот се има толку намалено што нема доволен прилив на ученици за училиштето. Или, на

пример, мала болница за лица со тешки душевни заболувања, која не се отвори за употреба бидејќи локалниот здравствен фонд не бил во состојба да вработи персонал. Се разбира, и локалната образовна установа и локалниот здравствен фонд директно, или поточно даночните обврзници индиректно, треба редовно да ја исплаќаат договорената наемнина за договорениот период од 20-30 години.

уРбана обноВаПаралено со ова, беше спроведена и голема „тематска“ обнова на одредени реони во градовите, базирана на одреден спортски, културен или друг објект, кој треба да послужи како магнет и да привлече други инвеститори да градат во истиот регион. Појдовните објекти главно беа изградени со јавна финансиска

помош во комбинација со финансиска поддршка од фондови за развој и обнова, лотарија и слично. Ваквите објекти не секогаш успеаја да привлечат дополнителни инвестиции кои би отвориле нови можности за вработување. Поголемиот број на новоотворените работни места се во ниско платените услужни дејности, како на пример продавници и ресторани, кои не создаваат доволна основа за зголемена потрошувачка. Во случаи кога ваквите проекти беа финансирани од приватни инвеститори, е создадена ситуација на приватизација на јавниот простор, во која одредени сегменти на населението не се веќе добродојдени. Без подетална и компетентна анализа, несоодветно би било да се тврди во колкава мерка пристапот кон урбаната обнова во изминатиот период навистина

има придонесено за скорешните немири во Англија. Но, и покрај ова не може да се избегне впечатокот дека обновата во минатото нема доволно придонесено за создавање на нови работни места, во кои оваа генерација на лица вклучени во нередите би можела работно да се вклучи, или пак доволно да се ангажира во спортски, уметнички или социјални активности. Можеби фокусот премногу бил насочен врз изградба на атрактивни импозантни објекти и обнова на надворешниот изглед, а не доволно врз создавање капацитети, преку зголемено вработување и лични доходи кои би придонеле за создавање на стабилни и одржливи соседства.

штети од немиРитеНајтрагично во сево ова е што финансискиот товар за предизвиканата материјална штета ќе падне на товар на полициската служба која, според Законот за штети од немири од 1886 година (The Riot Damages Act 1886), е задолжена за плаќање на обесштетување во случаи на безредија доколку оштетеното лице не е приватно осигурено. Дури и за оние што се приватно осигурени, се очекува осигурителните компании да побараат надомест од полициската служба. Тука веќе влегуваме во бесконечна спирала. Да имаше поголемо полициско присуство, сигурно немаше да има толку големи нереди. Помалото присуство, можеби е резултат на определбата на владата за штедење и намалување на бројот на вработени во полициската служба. Со оглед на тоа што полициската служба треба да штеди, она што најверојатно ќе се случи во наредните години е локалните даночни обврзници да плаќаат зголемен данок за имот за да се плати поголем придонес за полициската служба. Да се надеваме дека горенаведеното, барем индиректно, укажува на потребата за посеопфатен пристап во урбаната обнова, со фокус на зголемување на капацитетот на локалната средина преку зголемени можности за вработувања, кои долгорочно ќе го поткрепат одржливиот развој и подем на самата средина, наспроти најчесто козметичката обнова на надворешноста на објектите и нивните меѓупростори.

Page 50: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011350

рубрика

50

www.gim.com.mk

1

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи.Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при

Page 51: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 51

рубрика

51

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Сеуште губите време во објаснување на Вашите

клиенти за Вашата локација

Контакт:

Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

Тел: +3892 / 6090 - 671Моб: +38978 / 330 - 313

[email protected]

1

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи.Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при

Page 52: PORTA3 165

еко инфо

Сиднеј

австралија воведува CO2 таксаСпоред плановите на австралиската Влада, Австралија ќе биде првата земја во светот која од 1 јули 2012 година ќе воведе такса за емисија на јаглероден диоксид во вредност од 24,6 USD/t. Неодамнешните студии покажаа дека нивоата на емисијата на јаглероден диоксид по глава на жител во Австралија се меѓу највисоките во светски рамки. Иако има население од само 22,6 милиони, Австралија е одговорна за 1,3% од вкупната емисија на светско ниво. Владата се надева дека со примена на овие мерки, до 2020 година ќе успее да ја намали емисијата на јаглероден диоксид за 5% во однос на 2000 година, а до 2050 година дури за 80%. Средствата што ќе се обезбедат на овој начин ќе бидат вложени во енергетски ефикасни проекти и обновливи енергетски извори.

(New Scientist)

келн

„луфтханза“ стартуваше со првиот редовен лет на биогоривоГерманската „Луфтханза“, една од најголемите авиокомпании во светот, стана првата компанија која воспостави редовна авиолинија во патничкиот сообраќај на која се користи исклучиво биогориво со специјален состав. Се работи за линијата Хамбург - Франкфурт, а првиот авион приспособен за погон на ова гориво е Airbus A321. Компанијата Air France пред повеќе од еден месец го направи својот прв комерцијален лет на биогориво, и веќе е во фаза на адаптирање на својата флота Boeing авиони. Овие активности се вклопуваат во амбициозната цел на Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), според која до 2050 година ќе се прават напори за потполно елиминирање на емисијата на јаглероден диоксид од авиосообраќајот.

(Green Optimistic)

денВеР

Волуменот на земјата се зголемуваНаучниците открија дека волуменот на Земјата постојано се зголемува, а главен виновник за таквата состојба е глобалното загревање и топењето на мразот на половите. Со топењето на мразот се зголемува количината на вода во океаните, оваа дополнителна количина се насобира околу екваторот, со што уште повеќе доаѓа до израз отстапувањето од сферичниот облик. И покрај верувањето дека како ефект од крајот на леденото доба, Земјата ќе добие правилен сферичен облик, во практиката се случува обратен процес кој е регистриран по пат на сателитски мерења. Геофизичарот John War од Универзитетот во Колорадо, тврди дека глобалното затоплување е главниот виновник што Земјата сè повеќе отстапува од правилниот сферичен облик.

(Daily Mail)ПОРТА 09 септември 2011352

52

Page 53: PORTA3 165

еко инфо

подготви: даниела МладЕновСКа

беРлин

E.ON ги затвора електраните во ГерманијаКомпанијата Е.ON планира да ги затвори своите постројки во Хановер, Минхен и Есен, со што би се укинале стотици работни места. Се шпекулира дека идејата на компанијата е да се приспособи на одлуката на државата за престанок на користење на атомската енергија до 2022 година, па се обидува да го намали долгот преку продажба на нестратешки имот во вредност од 15 милијарди евра, како и ориентирање кон пазарите од земјите во развој

(Oil and Gas Eurasia)

каиРо

пумпни системи на сончева енергија за земјоделствотоВо Египет се реализира проект во рамките на кој обезбедувањето вода за земјоделските површини се врши преку пумпни системи, за чие напојување се користат фотоволтаици, односно сончева енергија. Се работи за софистицирана технологија, т.н CPV фотоволтаици, кои во споредба со стандардните модули зафаќаат помал простор. Ова е одлично решение за подрачјата што немаат пристап на електричната мрежа, а од друга страна пак, овозможуваат исфрлање од употреба на дизел моторите низ земјоделските полиња. Целиот систем е дизајниран од страна на Институтот за соларни технологии во Фрајбург.

(Green Optimistic)

бон

Германските возови на обновливи енергетски извори Германските железници (Deutsche Bahn) и компанијата RWE потпишаа договор во времетраење од 15 години, за испорака на електрична енергија од хидроелектричните централи за потребите на железницата. Идејата на германските железници е целата количина на електрична енергија што ја користи да има потекло од обновливи извори. Во моментов, потрошувачката на енергија за потребите на германските железници е 900 GWh годишно.

(UPI)

09 септември 2011 ПОРТА3 53

53

Page 54: PORTA3 165

екологија

ПОРТА 09 септември 2011354

54

нови 900 растителни и животински видови се додадени на познатата Црвена

листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) во последнава година. Тие се означени како критично загрозени, загрозени или ранливи. Со последното дополнување, кое беше објавено деновиве, Црвената листа сега брои 19.265 видови на кои им се заканува исчезнување, јавуваат од оваа организација. Тоа што на оваа листа постојано се додаваат нови растителни и животински видови покажува дека напорите на меѓународната заедница не даваат плод во заштитата на живиот свет, но од IUCN, сепак повеќе сакаат да ги истакнуваат успешните примери. Арапскиот орикс (Oryx leucoryx) ја обезбеди својата иднина, според последното дополнување на Црвената листа на загрозени видови. Неговата популација во

дивината сега брои 1.000 единки. „Тоа што овој вид антилопа го вративме од работ на исчезнувањето е вистинска успешна сторија за заштитата, што се надеваме дека ќе се повтори кај многу други загрозени видови“, вели Разан Калифа Ал Мубарак, генерален директор на Агенцијата за животна средина од Абу Даби. Антилопата може да се најде само на Арабискиот Полуостров и е локално позната како Ал Маха. Се верува дека последната единка во дивината е убиена во 1972 година. Оваа година, благодарејќи на размножувањето во заробеништво и повторното воведување во природата, антилопата премина од категоријата Загрозени во категоријата Ранливи на Црвената листа. Случајот на оваа антилопа е забележан првпат - вид што еднаш бил истребен во дивината да го подобри својот статус за три категории, информираат

од оваа организација. Во продолжение следуваат загрижувачки податоци. Од 19 водоземци кои годинава се додадени на Црвената листа, осум се во категоријата Критично загрозени, вклучувајќи ја Atelopus patazensis, вид крастава жаба од Перу и Dendrotriton chujorum, џуџест вид саламандер од Гватемала. Во случајот на ендемичните влекачи од Нова Каледонија, кои биле земени предвид за првпат, дури две третини (67 отсто) се на работ на истребување. Во дополнувањето на Црвената листа на IUCN влезе и неодамна откриениот примат, Tarsius wallacei. Овој жител на шумите на Индонезија за првпат беше опишан во 2010 година. На листата е и неговиот роднина, Tarsius tumpara, кој е во категоријата Критично загрозени. Загубата на биодиверзитетот е една од најголемите кризни состојби со кои се соочува

светот. Некои видови трајно исчезнуваат неприметено. Според проценките на IUCN, стапката на исчезнување е за 1.000 пати побрза од природниот процес. Причина за ова е брзото уништување на природните живеалишта на видовите, пренамената на земјиштето за земјоделие и урбан развој, климатските промени, загадувањето, илегалната трговија и ширењето на инвазивни видови.

фаза „изумиРање“Познатата риба ослич е во опасност да биде целосно истребена во Средоземното Море, го пренесоа деновиве светските медиуми предупредувањето од Обединетите нации. Според последните информации, дури 43 вида морски риби се во опасност од изумирање во Средоземното Море во наредните 40 години како последица на неконтролираниот риболов, загадувањето, загубата

Загубата на биодиверзитетот е една од најголемите кризни состојби со кои се соочува светот. Некои видови трајно исчезнуваат неприметено. Причина за ова е брзото уништување на природните живеалишта на видовите, пренамената на земјиштето за земјоделие и урбан развој, климатските промени, загадувањето, илегалната трговија и ширењето на инвазивни видови.

меѓунаРодна унија за зачуВуВање на пРиРодата (IUCN)

цРВената лиСта дополнета со 900 нови заГРозени ВидоВи

Oслич (M. merluccius)

Page 55: PORTA3 165

екологија

09 септември 2011 ПОРТА3 55

55

на живеалиштата и глобалното затоплување. Во опасност е и туната. Неодамна британски „Телеграф“, пак, го пренесе извештајот на меѓународниот панел на експерти за морскиот свет, според кој состојбата на океаните се влошува многу побргу отколку што се предвидуваше. Научниците собрани на работилница на Универзитетот Оксфорд предупредиле дека цели екосистеми, како што се коралните гребени, може да бидат загубени за само една генерација. Дури и сега се чувствува дека бројот на риби во морињата е драстично намален, што може да доведе до покачување на цената на храната и глад во одредени делови на светот. Како причина за влошената состојба на океаните, научниците го навеле зголеменото количество јаглероден диоксид во воздухот, кој влијае на зголемување на температурата на водата, зголемената појава на алги што го

намалува количеството на кислород и зголемувањето на киселоста на водата. Овие услови, коментираат експертите, се слични на сите претходни услови кои довеле до масовни истребувања на видовите во историјата на планетата Земја. „Се соочуваме со последици за целото човештво кои ќе имаат влијание врз нашиот стил на живот и, полошо, на животите на нашите деца и генерациите по нив“ - коментира за „Телеграф“ доктор Алекс Роџерс, директор на International Programme of the State of the Ocean (IPSO), учесници на работилницата. Научниците уште еднаш апелирале да се преземат итни мерки за намалување на емисиите на јаглеродни оксиди во атмосферата, да се намали прекумерното ловење, да се затворат рибните фабрики што не се одржливи, да се намали загадувањето и да се креираат заштитени подрачја во морињата.

климатСките пРомени Се најГолемиот пРоблемАко климатските промени продолжат со сегашниот интензитет, со истребување ќе се соочи еден од десет вида до 2100 година. Ова е резултат на истражувањето на Универзитетот на Ексетер, коешто споредува студии за ефектите на климатските промени врз растителните и животинските видови, како и предвидувањата за идните години. Истражувањето обработува 200 проекции за климатските промени за во иднина, како и 130 анализи за промените кај видовите што веќе се случуваат, пренесува списанието Science Daily. Студијата опфаќа голем број видови од различни хабитати ширум земјината топка и потврдува дека климатските промени предизвикани од човекот се закана за биодиверзитетот. Ефектите од тие промени се чувствуваат во сите групи растенија и животни,

од птиците, црвите, до морските цицачи, од високите планини до џунглите и до океаните. Истражувањето што го анализира Science Daily ги наведува следниве предвидувања за во иднина: - На Тенерифе, ендемичното растение Cañadas rockrose има дури 83 отсто шанса целосно да исчезне во наредните 100 години, како резултат на сушата предизикана од климатските промени. - На Мадагаскар, климатските промени се најголема опасност за ендемичните влекачи и водоземци кои се жители на планинските делови. Со зголемување на температурата на воздухот од два целзиусови степена своите хабитати ќе ги загубат три вакви вида. - Во бореалните шуми на Европа на удар се птиците. Популацијата на некои птици може да се намали за 97 отсто.

Сашо КуЗМановСКи

арапскиот орикс (Oryx leucoryx)

Tarsius wallacei

Atelopus patazensis, крастава жаба од перу

Page 56: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011356

56

хортикултура

декоРатиВни ползаВци

Ползавците честопати може да ја извршуваат функцијата на грмушестите видови, а притоа да заземаат многу помал простор од градината - со своето ползење да создадат зелен килим, да сокријат неугледен ѕид, столб или ограда, обвивајќи се по вертикалната површина. Покрај естетската вредност, ползавците помагаат во намалување на загревањето од директното сончево зрачење - пониски температурни екстреми.

Трубеста ползавица (Campsis radicans) - цвет Ipomoea - цвет Ползечки трендафил (Rosa sp.) - цвет

Бршлен (Hedera helix) - хоризонтален зелен покривач

Page 57: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 57

57

хортикултура

Растенијата што ползат, поради што го добиле и овој народен назив - ползавци,

уште се нарекуваат лијани. На француски јазик, зборот „lier“ значи сврзува, врзува. Дрвенестите ползавци се брзорастежни зимзелени или листопадни видови чии изданоци може да достигнат и до неколку метри. Тоа е причината што ползавците може за кусо време да покријат поголеми површини. Често, еден вид ползавец, зависно од еколошките услови, односно условите на месторастење, развива еден или повеќе начини на ползење. Бидејќи за нивниот раст и развој им е потребна прикрепа, во природата се среќаваат околу здрави или исушени дрвја, прилепени или надвиснати на стрмни карпести падини, како и полегнати врз почвата во потстојниот кат на шумската вегетација. Според начинот на нивното распространување, односно поткрепување, ползавците можат

да бидат самоприкрепувачки, видови што се испреплетуваат околу поткрепата и видови кои ползат во хоризонтален правец, полегнати по подлогата. Видовите што сами се прилепуваат не зависат од подлогата и може да се распространуваат со помош на дополнителни воздушни коренчиња кои ги прилепуваат до каква и да е површина - вертикална или хоризонтална. На тој начин, се формира таканаречен зелен ѕид или зелен килим. Такви ползавци се бршленот (Hedera spp.), партеноцизусот (Parthenocissus quinquefolia, P. tricuspidata). Видовите, пак, што се испреплетуваат околу поткрепата се повитот (Clematis spp.), анамски раце (Lonicera caprifolium), како и видовите од родот Wisteria, кои со своите привиснати крупни и гроздести виолетови соцветија се извонредни за создавање на таканаречен растителен тунел во правец на патеките во градината или за засена на паркиралиштето во дворот. Сличен вид е доброцветот

(Laburnum spp.), со жолти соцветија, па во комбинација двата ползавци претставуваат незаменлив и несекојдневен градинарски украс. Декоративните лози (Vitis vinifera) и Passiflora spp. се прикрепуваат со помош на нивните „мустачиња“. Најчесто се ползуваат за вертикално декорирање на помали ѕидови или огради поради побавниот растеж, а ако кон нив се придодадат и Bougainvillea sp. и ароматичните повити, се добива фантастичен колорит преку целата вегетациска сезона. Во зависност од еколошките услови, како градинарски ползавци може да се користат и некои грмушести видови, како што се мушмулките со нивните култивари

(Cotoneaster spp.), Lonicera spp., јасминот (Jasminum spp.) и други. Во однос на негата и одржувањето, споменатите ползавци се скромни кон еколошките услови, па така се и економични како градинарски растенија. Сепак, доколку навремено не се контролира нивниот раст, често може да се случи да ги прераснат површините на кои се прикрепуваат. Меѓутоа, со повремено поткастрување, ползавците едновремено се освежуваат и збогатуваат со нова лисна маса, цветаат продолжено и полесно се одржуваат.

текст и фото: м-р Бојан СимовскиКатедра за ботаника и дендрологијаУКИМ Шумарски факултет во Скопје

Ползавците се една од трите категории дрвенести растенија според нивната видова припадност. Тие немаат правостеблеста форма и растат по други правостеблести растенија, ползат по површината на почвата, се обвиваат или надвиснуваат по карпести падини. Во Македонија, овие декоративни растенија најчесто се употребуваат за озеленување покрај огради или за формирање на засена над дворните паркиралишта.

Wisteria - соцветија

Повит (Clematis vitalba) - цветПетлистен партеноцизус (Parthenocissus quinquefolia) - лист

Хмељ (Humulus lupulus) - соплодија

Бршлен (Hedera helix) - јазење по стебло

Bougainvillea - цвет

Page 58: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011358

58

арт инфо

атина

пронајдена слика од РубенсГрчките власти соопштија дека пронашле слика на славниот фламански сликар Питер Пол Рубенс од 1618 година, а која пред точно една деценија беше украдена од музеј во Белгија. Притоа беа уапсени двајца Грци. Според грчкото Министерство за внатрешни работи, во заедничка акција со Министерството за култура, вратена

е исклучително важна слика на Петер Пол Рубенс од 1618 година. Иако не се наведува за која слика точно станува збор, се претпоставува дека се работи за сликата „Лов на диви свињи“ украдена од музејот во Гент во 2001 година. Двајцата Грци биле уапсени, откако на полицајци на тајна задача се обиделе да им продадат слика за милион евра.

Скопје

Германија и македонија низ уметничка фотографијаВо галерискиот простор на НУ „Мала станица“ се отворени две изложби на фотографии: „Целиот град“ и „Портрет Скопје - боите на еден град“. Изложбата „Целиот град“ е посветена на уметничката фотографија во Германија, и претставува патувачка поставка на субјективна авторска фотографија во која се испреплетуваат документарни моменти и уметнички интерпретации. Шесте фотографи: Ева Бертрам, Золтан Јокај, Андреас Рост, Мариа Севц, Улрих Вуст и Томо Јамагучи, воопшто не ги користат дигиталните методи, и остануваат верни на техниката на „видената“ фотографија и естетските особености на нејзиното фотохемиско развивање. Од друга страна, изложбата „Портрет Скопје - боите на еден град“ ги прикажува боите на градот низ дигитални фотографии. Автори на овие фотографии се: Атанас Бајлозов, Хенрик Елбурн, Иван Илиев, Александар Ников, Томислав Георгиев, Иво Велјанов, Иван Блажев, Благоја Јанкоски, Сања Николиќ и Славица Панова. Куратор на изложбата е Ролф Заксе. Изложбите публиката може да ги види до 15 септември.

лондон

точкестите слики на хирстЗбирката на дела со наслов „Точкести слики 1986-2011“ од контроверзниот уметник Демијан Хирст ќе биде отворена во 2012 година во сите галерии што го носат името „Гагосијан“. Така, изложбата во јануари наредната година ќе биде отворена истовремено на повеќе места како што се Њујорк, Лондон, Париз, Лос Анџелес, Рим, Атина, Женева и Хонг Конг. Ова е прв проект на познатата галерија „Гагосијан“, во кој сите свои ограноци да ги посвети на делата на еден уметник. Точкестите слики на Хирст се меѓу најценетите дела во колекционерската современа уметност, почнувајќи од првата создадена во 1986 година, преку монументалните платна каде што ниту една боја не се повторува двапати, па сè до најновите дела составени од огромен број милиметарски точки.

Page 59: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 59

59

арт инфо

подготви: дејан БуЃЕваЦ

Виена

меланхолија и провокацијаПо повод десет години од отворањето, музејот „Леополд“ планира, од 23 септември оваа година до 30 јануари 2012 година, да организира изложба посветена на опусот на Егон Шиле со наслов „Меланхолија и провокација“. Изложбата има за цел на јавноста да ѝ се претстави раното творештво на овој уметник кој умрел на 28 години. Поднаслов на изложбата е „Проект Егон Шиле“, кој најавува дека изложбата не се ограничува само на историската анализа на неговите ремек-дела.

толедо

Во чест на ел ГрекоВо 2014 година, Шпанија ќе одбележи 400 години од смртта на Ел Греко (1541-1614). По тој повод, Шпанците, а особено жителите на Толедо, веќе започнале со подготовките за тој голем настан посветен на славниот сликар, вајар и архитект на шпанската ренесанса. Властите на овој град веруваат дека овој настан ќе привлече голем број љубители на уметноста на Ел Греко. Меѓу другото, се спремаат големи ласери со кои ќе се презентираат значајните дела на овој уметник на ѕидовите на катедралата „Света Марија”, болницата „Тавера”, манастирот „Сан Хуан де лос Рејес”, и на градските порти на Бисагра од 10. век. Исто така, во мадридскиот музеј „Прадо” ќе биде поставена изложба посветена на овој уметник, на која ќе се најдат некои од неговите маестрални дела како што се „Господин со рака на градите”,„Поклонение на пастирите” или сликата што ја направил за олтарот на мадридската црква „Долна Марија де Арагон”.

бРеГенц

Ретроспектива на аи ВеивеиВо Брегенц, во музејот Кунстхаус, во тек е ретроспективната изложба на познатиот кинески уметник/дисидент Аи Веивеи. Илзожбата е насловена „Аи Веивеи – уметност/ архитектура”, а се работи за поставка за која не се знаеше дали воопшто ќе биде организирана и во колкав обем, ако се земат предвид познатите случувања околу апсењето на Веивеи и неговото пуштање од затвор, како и забраната да ја напушти земја. Аи Веивеи деталите околу изложбата ги координирал од Кина, преку електонска пошта. На изложбата поставена на 1500 квадратни метра, се претставени аспектите поврзани со неговиот ангажман на полето на архитектурата, дејствување и градење кое е спроти грубото соц-реалистичкото сивило. Исто така, на изложбата е поставен и еден експонат - инсталација „Месечеви ормани“, кој експертите го сметаат за едно од неговите најуспешни дела. Изложбата ќе трае до 16 октомври.

Page 60: PORTA3 165

арт дизајн

ПОРТА 09 септември 2011360

60

ЛИсИЦАТАрурален или урбан жител?Џиновска скулптура

наречена Урбана лисица беше подигната на една

платформа во екстерниот простор на Hayward Gallery, во Southbank Centre во Лондон. Таа беше само една од содржините што зедоа учество на фестивалот по повод 60-годишнината од прочуениот Британски фестивал одржан прв пат во 1951 година на истата локација. Скулптурата беше изложена за времетраење на овој фестивал, кој се одржуваше од 22 април до 4 септември оваа година. Во рамките на фестивалот беа опфатени голем број содржини поврзани со културниот идентитет

на Британија, со акцент на некои „чувствителни“ теми, претставени преку уметнички решенија. Лисиците се синоним за дивиот свет и руралните подрачја на Британија. Тие успеваат да навлезат и да опстојат во урбаните населби и големите градови, во повеќето случаи дури подобро и од луѓето. Урбаната лисица е изработена од напластено сено со дрвена конструкција. Идејата и изведбата е на Pirate Technics, кои своето дело го објаснуваат како зближување на руралното и урбаното, како и подигнување на свесноста за оваа проблематика на игровит и ненаметлив, но

сепак забележителен начин. „Лисиците се карактеризираат со див инстинкт и „смисла за хумор“ кој им помага да се снајдат во метежот на градовите дури подобро и од луѓето. Доколку се посвети доволно внимание и едукација, тие можат да добијат место на рамноправни домашни миленици. Лисиците нè охрабруваат на еден поинаков светоглед, каде под прашалник се ставени идеите за посед и припадност, пристап, но и авторитет“ - за тематиката на инсталацијата изјавија de Butts и Geldenhuys, припадници на организацијата Pirate Technics, одговорна за идејата и изведбата.

Денес, ставовите на граѓаните се драстично спротиставени - додека еден табор организира кампања за истребување, другиот се залага за заштита од ловење. Едната страна го пропагира екстремниот став кој предлага истребување и контролирање на прирастот на лисици, додека другата страна смета дека лисицата со право го „бара“ своето место меѓу луѓето и треба да се прифати како заштитено животно и како милениче. Долгогодишната дебата на оваа тема се развила во силна поларизација по еден немил настан во 2010 година, кога лисица нападнала деца за време на спиење.

леонида пенка БаШа

Page 61: PORTA3 165

арт дизајн

09 септември 2011 ПОРТА3 61

61

како Се Создаде уРбаната лиСица?

Конструкција - Скелетот на лисицата е сочинет од над 200 метри обработени челични столбови и поврзани со 15 метри OPTI kinetics спојници. За конструкција на главата и ликот се користени дрвени греди и лесонитни табли.

Текстура - Мрежа од метална жица е основата на „крзното“ на Лисицата, кое пак е сочинето од еден тон сено, напластено врз мрежата.

Пренесување - Лисицата се состои од пет елементи, изработени на една фарма во Нотингхемшир. За нивно пренесување се користени две транспортни возила со отворени приколки, а товарот е транспортиран во ноќните часови, заради избегнување на метежот.

Инсталација - Составувањето на елементите е извршено на самото место каде што е изложена, со помош на кран висок 48 метри. Исто така, тука се поставени и очите на лисицата, изработени од рефлектирачки материјал, како верна реплика на сјајните очи на лисиците.

Page 62: PORTA3 165

совети

Работен пРоСтоР за СекоГо

- Новата учебна година е нов почеток за нашиот син кој стана прваче и нашата ќерка која е сега студент. На секого од нив би сакале да им обезбедиме одделен простор за учење, па ве прашуваме како и каде тоа да го организираме за да не си пречат меѓусебно додека учат.

Мери и Васко Георгиевски, Битола

за функционално и удобно да го уредите домот, така

што секој ќе си добие свој простор за учење и работа, добро е дневниот простор да го разделите на неколку амбиенти. Покрај трпезаријата и делот со ниско седење, веднаш под прозорецот, добро е да се организира мини работен простор за ќерката студентка. Со високи полици овој дел одвојте го од останатиот дел на дневниот престој. Синот, во детската соба, покрај својот кревет има и своја работна маса. Неопходните гардеробни плакари сместете ги во влезниот хол и дегажманот што води кон спалните соби. По можност, плакарите нека бидат со лизгачки врати и со огледала. Во дневниот престој, покрај двоседот, седалката и ниската масичка, долж ѕидот што ги дели спалната соба од дневната, се наоѓа долга комода. Релативно малиот простор бара принцип кој ќе го обедини целиот простор, но воедно и визуелно ќе го зголеми. Изборот на бела боја и сродните на неа крем и беж нијанси, ќе бидат полн погодок.

Билјана СТЕвКовСКа-СавиЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

пред

потоа

ПОРТА 09 септември 2011362

62

Page 63: PORTA3 165

најчудни градби

најдобРиот финансиски облакодер се наоѓа во кина

иако постои само една година, облакодерот на финансискиот центар на

градот Гуангжу, кој е главен град на провинцијата Гуангду, стана свовидно провинциско, па и национално обележје. Во оваа урбана 11-милионска средина, меѓународниот финансиски центар овозможи засилени инвестиции во бизнис секторот. Овој објект има 103 катови и е висок 530 метри. Веднаш до него се гради уште еден облакодер (Чоу Таи Фок Центар) кој ќе биде основа на новиот бизнис кварт. Меѓународниот финансиски центар Гуaнгжу има уникатна градежна конструкција. Во ера кога на архитектонски план владеат усовршени и модерни дизајни во вид на коцка или квадрат, овалните линии се доживуваат како своевидна уметност. Таква форма има и овој центар кој одлично функционира повеќе од една година. Има вкупна површина од 285.000 квадратни метри, додека со основата, подиумот и подземните објекти вкупната површина изнесува 448.371 квадратни метри. Дизјанот го изработија архитектите од студиото Вилкинсон Ајри. Центарот почна да се гради во 2005 година и во рок од три години беа завршени сите надворешно-градежни активности по што започна внатрешното уредување. Хотелот има три главни намени: конференциски центар, канцелариски дел и дел за гости. Од први до 66-ти кат се лоцирани

канцелариите, 67-от и 68-откат се резервирани за механичка опрема, од 69-от до 98-от кат се наоѓа луксузниот хотел „Четири сезони“, додека 99-от и 100-от кат се декови (павилјони) за набљудување. Хотелското лоби се наоѓа на 70-от кат. Овој објект има специфичен начин на конструкција, бидејќи покрај тенката овална форма, од основата до врвот постојат четири т.н. градежни прстени. Секој од тие прстени служи како дополнителна основа на објектот. Ова особено доаѓа до израз во вечерните часови со оглед на тоа што два ката (последниот од секој прстен и првиот од новиот прстен) имаат специфично осветлување кое јасно ја отцртува линијата на раздвојување помеѓу прстените. За овој облакодер се потрошени 280 милиони британски фунти и во 2011 година е прогласен за најдобра висока зграда за Азија и Австралија од страна на „Советот за високи објекти и урбано живеење“. Инаку, првично објектот бил именуван како „западна кула“ бидејќи инвеститорот планирал изградба и на источна кула висока 475 метри, но се откажале и таа сега е во сопственост на студиото Кон Педерсен Фокс кои ја градат веќе споменатата Чоу Таи Фок Центар кулата. Овој објект ќе биде завршен во 2016 година и ќе има 116 катови.

драган риСТов

09 септември 2011 ПОРТА3 63

63

Page 64: PORTA3 165

ПОРТА 09 септември 2011364

64

занимливости

за да го реши проблемот со напуштените силоси кои служеле за

преработка на отпадните води, градот Амстердам организирал конкурс за нивна пренамена. На конкурсот се пријавиле повеќе проекти, но еден од најинтересните и оригинални предлози бил на амстердамското студио NL Architects. Нивната замисла е трансформација на силосите во центар за алпинизам, со дополнителни комерцијални содржини. Проектот е всушност мошне сличен на веќе реализираниот проект - реновирање на водните кули во Данска. Според предлогот, потребно е да се подигне кров за 18 метри, колку што моменталната структура може да издржи. Кулата А е предвидена да послужи како простор кој ќе биде исполнет со вештачки карпи со разни шуплини и испупчувања. Кулата Б би понудила содржини како кровен ресторан, кафе-бар, киносала и мал хотел. Двете кули би биле поврзани со мост кој би се наоѓал на височина на некогашниот кров на силосите. За да можат внатрешните активности да бидат пренесени во надворешноста, архитектите предложиле креирање на испупчености на фасадата, кои би послужиле како терен за алпинизам. Ваквиот вид на трансформација на некогашните силоси е всушност мошне актуелна, особено во САД, кои поседуваат богата земјоделска традиција. Сепак, и покрај оригиналноста на оваа идеја, победникот на овој конкурс бил проект кој е пошироко ориентиран и повеќе посветен на семејните активности. Реализацијата е моментално во тек, а новиот културен центар (победникот на конкурсот), според планот, треба да биде отворен оваа година. д.Б.

силоси како центарза алпинизам

Page 65: PORTA3 165

09 септември 2011 ПОРТА3 65

65

занимливости

дали би се откажале од комодитетот на хотелите со три и повеќе ѕвезди и би

резервирале стара, одводна, бетонска цевка како соба за престој? Овој тип на хотел веќе постои на две места во Европа: во Есен, Германија и Отеншајм, Австрија. Дело е на австрискиот дизајнер Андреас Штраус, кој е поборник за практичност, едноставност и функционалност. Овие три карактеристики успеал да ги соедини во, најверојатно, наједноставниот тип на хотел во светот. Хотелот е составен од повеќе бетонски цевки поставени на тревна ливада, кои во внатрешноста се опремени во мини хотелски соби. Собите се едноставни, имајќи предвид дека се сепак само големи бетонски цевки. Во секоја бетонска цевка има ѕид на едниот крај, кружна врата на другиот крај од цевката, една дупка за влез на сончева светлина, два душек-кревети, сосема мал простор за сместување на багажот и мала ноќна ламба. Тоалет и тушеви се достапни во близина на собите, по принцип на организација на тоалети како во камповско сместување. Исто така, комплексот содржи и кафуле на отворено во

кое се служи храна и пијалаци. Хотелот е вистинска атракција за туристи од целиот свет. Работи на принцип - плати колку сакаш, што го прави совршен за патници со мал, ограничен буџет. Парите што се оставаат како надомест за сместувањето се всушност донација за одржување на паркот во кој е сместен овој хотел. Интернет резервации се примаат од мај до октомври, и веќе е доста популарен кај кану спортистите во Дунавскиот регион и за организирање пикник со ноќевања.

александра пЕТровСКадипл.инж.арх.

ХОТЕЛ Бетонска цевка

Page 66: PORTA3 165

јавни набавки

66

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 99/2011

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ, ПОСТАПКАТА И

УСЛОВИТЕ ПОД КОИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ДАВА

СОГЛАСНОСТ ЗА ИЗГРАДБА НА ДРЖАВЕН ПАТ НА ДРУГ ИНВЕСТИТОР

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 100/2011

УРЕДБА ЗА ЕКО ДИЗАЈН НА ПРОИЗВОДИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 102/2011

УРЕДБА ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА НА

ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И

ВИСИНАТА НА ПОСЕБНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ

ЗА ОТУЃУВАЊЕ И ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП

ОДЛУКАЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА

ЗАКУП НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКАТА

РАЗВОЈНА ЗОНА СКОПЈЕ 1 И ЗА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 69/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма со лиценца за изведувач Б, за хортикуларно и партерно уредување на јавни зелени површини на територија на општина Аеродром.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 19.09.2011 год.

БРОЈ: 20/2011Назив на договорниот орган:Општина Кисела Вода, “Првомајска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка – лиење на спомен обележје – скулптура “Македонски војвода на коњ“ во бронза.Контакт тел/факс: 2785-417, 2770-210, лице за контакт: Борче Лазаревски.Јавно отворање на понудите на ден 15.09.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 104/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 17/2011Назив на договорниот орган:ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. “Вељко Влаховиќ“ бр. 11, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Услуга за вршење на стручен надзор

при изведување на градежни активности за изградба на објект управна зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје.Контакт тел/факс: 02 3240-304, лице за контакт: Бојан Василевски.Јавно отворање на понудите на ден 13.09.2011 год.

БРОЈ: 112/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка и монтажа на заштитна ограда и канделабри согласно идејно обликовно решение за заштитна ограда и илуминација на Мост на улици Васил Аџиларски и Стив Наумов по Конкурс за избор на идејно решение бр. 112/09.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 21.09.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 106/2011

ОДЛУКАЗА УТВРДУВАЊЕ НА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ

ЗА ПОСЕБНИ НАМЕНИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 107/2011

КОНКУРС

ОГЛАСЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 01/2011Назив на договорниот орган:Општина Куманово, ул. “11 Октомври“ бб, 1300, Куманово.ПРЕДМЕТ:Конкурс за избор на идејно архитектонско – урбанистичко решение за зграда на локалната самоуправа во Куманово – центар – Парцела 43.36.Контакт тел/факс: 031 475-832, лице за контакт: Дарко Станојковски.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 12.09.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 108/2011

ПРАВИЛНИКЗА ОПАСНИТЕ И ШТЕТНИТЕ МАТЕРИИ И СУПСТАНЦИИ И НИВНИТЕ ЕМИСИОНИ

СТАНДАРДИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ИСПУШТАТ ВО КАНАЛИЗАЦИЈА ИЛИ

ВО СИСТЕМ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ, ВО ПОВРШИНСКИ ИЛИ ПОДЗЕМНИ

ВОДНИ ТЕЛА, КАКО И ВО КРАЈБРЕЖНИ ЗЕМЈИШТА И ВОДНИ ЖИВЕАЛИШТА

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ НА ПРЕНОС НА

ИНФОРМАЦИИТЕ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ИСПУШТЕНИТЕ ОТПАДНИ ВОДИ, КАКО И

ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ СО КОЈ СЕ ДОСТАВУВААТ ПОДАТОЦИТЕ

ПРАВИЛНИКЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА, РЕФЕРЕНТНИТЕ

МЕРНИ МЕТОДИ, НАЧИНОТ И

ПАРАМЕТРИТЕ НА МОНИТОРИНГ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА

И ТИЊАТА ОД ПРЕЧИСТУВАЊЕТО НА УРБАНИТЕ ОТПАДНИ ВОДИ

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИКЕНД КУЌИ ВО ОПШТИНА БЕРОВО

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план вон населено место за Туристичка населба “Суви лаки“, донесен со одлука бр. 07-974/1 од 15.08.2007 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за нивната намена (викенд куќи), катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, катност, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 06.09.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје, или директно во писарницата на министерството.Јавното наддавање ќе започне на 12.09.2011 година, во 14,00 часот.

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИКЕНД КУЌИ ВО ОПШТИНА ДОЈРАН

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план донесен со одлука бр. 194/4 од 30.11.2004 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 06.09.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје, или директно во писарницата на министерството.Јавното наддавање ќе започне на 12.09.2011 година, во 12,00 часот.

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА КАТНО ПАРКИРАЊЕ ВО ОПШТИНА ШТИП

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план на град Штип нас. “Горно маало/штипски сокак/“ донесен со одлука бр. 0701-272/1 од 20.05.2010 година, наменето за изградба на катно паркирање (Е2), со максималната висина од нивото на заштитниот тротоар до венец од 7 метри, вкупна површина на градежната парцела од 338 м2, градежна парцела составена од КП 7027/4 КО Штип 5, со површина за градење од 307,85 м2.Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 07.09.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје или директно на писарницата на министерството.Јавното наддавање ќе започне на 13.09.2011 година, во 12,00 часот.

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО

НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ОПШТИНА КРАТОВО

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕГрадежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план на град Кратово донесен со одлука бр. 07-498 од 27.02.2009 година, наменето за изградба на хотелски комплекс, со максималната висина од нивото на заштитниот тротоар до венец од 13,60 метри, катност П + 3, вкупна површина на градежната парцела од 1.657 м2, градежна парцела составена од КП 3690/2 КО Кратово, со површина за градење од 887 м2.Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 07.09.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје, или директно во писарницата на министерството.Јавното наддавање ќе започне на 13.09.2011 година, во 14,00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 01-143/2011Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на топографски подлоги на идни скијачки терени на Попова Шапка.Контакт тел/факс: 02 3149-162, 02 3111-309, лице за контакт: Соња Наумоска.Јавно отворање на понудите на ден 13.09.2011 год.

БРОЈ: 07-17/2011Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Услуги за дисконтинуирано мерење на емисија на штетни материи во воздухот и континуирано следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во однос на SO2 и суспендирани честички (склучување на договор во траење од три години).Контакт тел/факс: 045 259-802, 02 3111-309, лице за контакт: Сашо Вренцоски.Јавно отворање на понудите на ден 12.09.2011 год.

Page 67: PORTA3 165

рубрика

67

Page 68: PORTA3 165