68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 204 / ПЕТОК 05.04.2013 година IX На фитопланктонот му е потребно итно пребројување зоРан азманов: Цените на недвижностите треба да имаат пораст од 2-3% на годишно ниво доменико тРиподи Спој на традицијата и зеленото градење

Porta3 204

  • Upload
    porta3

  • View
    282

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Spisanie za gradeznistvo, arhitektura i ekologija

Citation preview

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 2

04 /

ПЕТ

ОК

05.0

4.20

13 го

дина

IX

На фитопланктонот му е потребно итно пребројување

зоРан азманов:

Цените на недвижностите треба да имаат

пораст од 2-3% на годишно ниво

доменико тРиподи

Спој на традицијата и зеленото

градење

06

14

18

26 48

БРОЈ 204 ПЕТОК 05.04.2013 ГОДИНА IX

Специјално за второто издание на меѓународниот саем на зелена изградба Serbia Green Building Expo 2013, Доменико Триподи заедно со дизајнерката Парк Ју Кјунг, го направи проектот за одржлива луксузна вила во белградската населба Сењак. Вистински спој на традицијата и зеленото градење. Проектот е направен така што ги исполнува барањата на американскиот стандард за зелена изградба LEED for Homes, стандард кој треба да го дополни квалитетот на овој проект, за да може и званично да добие сертификат за „одржлив“ проект. Во текот на саемот, архитектот Триподи и неговата соработничка Кјунг го претставија својот проект на посебен штанд, а за Порта 3 даде и интервју во кое говори за овој проект. Повторната употреба (дообработка или рециклажа) на градежните материјали претставува чекор напред во етичка, еколошка, економска и енергетска смисла. Чинот на реконструкција, или пак рушење на старите и градење на нови објекти зазема се поголем залет со навлегувањето на сè поевтините

материјали со сомнителен квалитет. Денес, депониите и складиштата на градежен шут се вистинска ризница за материјали, кои чекаат повторно да бидат употребени. Со селективен пристап може да се издвојат производи кои директно, со дообработка или рециклажа, нудат можност за повторно вградување во нови градежни објекти. Со овој процес се добиваат одржливи материјали, кои гранката градежништво ја „озеленуваат“. Убавините и ужасите на „океанските“ простории. Отворените канцелариски простории или „океани“, како што ги викаме кај нас, можат да бидат ужасно шумни или со гробна тишина. И тоа се нарекува избор? Денес милиони службеници се соочени со целата „убавина“ на блискоста со началството и учеството во опсудувањата, кои за нив можат да бидат крајно неинтересни. А да не зборуваме за тоа дека некој може гласно да зборува по телефон над вашите уши, не давајќи ви да се сосредоточите на работата.

од РедакЦијата

дРаги Читатели,

Насловна страница: САТЕЛИТСКА СНИМКА ОД Цветање на фитопланктонот ВО НОРВЕШКА

Фото:NASA

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВАлександар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌБиљана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Ивана ГРУПЧЕКате АНТЕВСКАКире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати:

Маркетинг:

[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

ИНФО 06ЦРНО-БЕЛ СВЕТ НА ТРЕНДОВСКИ

ДОКАЖАНИТЕ ДИЗАЈНИ

ИНТЕРВЈУ 14ЗОРАН АЗМАНОВ:

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ПОРАСТ ОД

2-3% НА ГОДИШНО НИВО

ГРАДЕЖНИШТВО 18НОВ ЖИВОТ ЗА СТАРИТЕ МАТЕРИЈАЛИ

ГРАДЕЖНИШТВО 22НОРТ БЕЈ - НОВ СТАНДАРД ВО

СВЕТСКИОТ ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР

АРХИТЕКТУРА 26ДОМЕНИКО ТРИПОДИ:

СПОЈ НА ТРАДИЦИЈАТА И ЗЕЛЕНОТО ГРАДЕЊЕ

ТЕХНОЛОГИИ 48УШТЕ ЕДЕНО РЕМЕК-ДЕЛО ОД

КУЈНАТА НА AUTODESK

ЕКОЛОГИЈА 54НА ФИТОПЛАНКТОНОТ МУ Е

ПОТРЕБНО ИТНО ПРЕБРОЈУВАЊЕ

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 2

04 /

ПЕТ

ОК

05.0

4.20

13 го

дина

IX

,

ПОРТА 5 април 201334

4

инфо

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

5 април 2013 ПОРТА3 5

5

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

8. Белградска интернационална недела на архитектурата - БИНА18-30 април 2013

РазоткРивање на аРхитектуРата

БИНА – Белградската интернационална недела на архитектура ја доби Наградата на град Белград – специјално признание за исклучителен придонес во реализација на настаните од значење за град Белград за 2012 година, како и наградата Сребрена снегулка на сараевската зима 2012 во категоријата за најдобро остварување на полето на визуелна уметност, за изложбата Богдан Богдановиќ – проколнат градител, организирана во соработка со Музејот на град Белград и со Архитектонскиот центар од Виена.

Овогодишната тема на БИНА е Разоткривање на архитектурата: што сè се крие зад архитектонската продукција, зад готовите слики, на кои сè начини можеме да ја посматраме струката и нејзините проблеми денес... Ни се чини дека разоткривањето на архитектурата е единствено што во овој тежок момент им преостанува на архитектите. Заради тоа сакаме со Вас да ја споделиме надежта дека преиспитувањето на постапките од произведената архитектура – од првите укажувања во свеста до последната завртка на градилиштата - ќе им помогне на сите да ги пронајдат оние места во архитектурата кои денес се важни за другите, а не само за архитектите, и да ги отворат оние патишта кои ќе ги поврзат со опкружувањето што имаат намера да го менуваат.

Учесници:Shohei Shigematsu (OMA, NY)Wolf Prix (COOP HIMMELB(L)AU)Миленија и Дарко Марушиќ Конференција UIA REGION II Урбан инкубатор Белград - Сава маало: преродба на градската четврт (во соработка со инстутутот Goethe во Белград) Мирјана Милановиќ (DRO Amsterdam)Travelogue 2011Изложба на словенечка архитектура Изложба на Годишните награди за архитектура Изложба Архитектонски и урбанистички конкурси Изложба do.co.mo.mo SrbijaИзложба на минијатури Vitra Трибини Прошетки Детски работилници

ПОРТА 5 април 201336

6

инфо 39. меѓунаРоден Саем за мебел 2013

Црно-бел свет на трендовски докажаните дизајни

Тоа што е добро и практично не излегува од мода. Ова е главниот впечаток што го остави годинешниот Саем за мебел, на кој доминираа добро познатите и мошне

бараните дизајни кои се актуелни веќе неколку години наназад. Станува збор, пред сè, за веќе докажаните минималистички форми, остри и прави агли и едноставни облици со ненаметливи бои, кои поради

овие свои карактеристики можат да се вклопат во речиси секој простор и амбиент, истакнувајќи се најмногу со својата практичност. Секако, тука беа и изложувачите што се познати по тоа дека не се придржуваат ригорозно на правилата за актуелност и современост, и се обидуваат да наметнат сопствен и препознатлив стил. Сите тие зафаќаат дијапазон од класичните барокни форми со богат декор до минималистичките облици, но изменети

до извесен степен за компанијата да даде сопствен печат. На саемската манифестација не изостанаа ниту исклучително храбрите дизајни (како на пример кујна изработена целосно од стакло), кои особено придонесуваат за нејзината атрактивност. Накратко, ова беа исполнети саемски денови со соодветна понуда за многу категории посетители - од оние што доаѓаа поради потребата да си ги уредат новите домови, па ја искористија шансата да видат речиси сè што се нуди на пазарот на едно место, до оние најпребирливите што бараат нешто што ќе ги изненади со својата инвентивност. МЕБЕЛ е еден од најатрактивните манифестации кај нас заради своите интересни и оригинални ентериерни уредувања кои покрај мебел за домот, го трасираат трендот за модерни кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел за сечиј вкус, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за преработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание.

Катерина СПаСовСКа-тРПКовСКа

На годинешниот 39. Меѓународен саем за

мебел беа прикажани веќе докажаните

минималистички форми, остри и прави агли и

едноставни облици со ненаметливи бои,

кои поради овие свои карактеристики можат

да се вклопат во речиси секој простор и амбиент, истакнувајќи се најмногу

со својата практичност

Категорија Мебел за јавни објекти на СОФА СТУДИО СКОПЈЕ за двосед КОСМО

СПЕЦИЈАЛНА ДИПЛОМА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИ на ДИСПОСИТИВО СКОПЈЕ за успешна примена на современи материјали во изработка на кујни

5 април 2013 ПОРТА3 7

7

инфо

Меѓународниот саем за мебел, кој оваа година го одбележа 39. издание го посетија над 50 илјади посетители кои ги минуваа штандовите, и според информациите од групацијата Ера се повеќе од минатата година. На МЕБЕЛ учествуваа повеќе од 400 домашни и интернационални изложувачи со што го направија овој саем возбудливо и забавно дружење. Оваа саемска манифестација со својата деловност и презентација на производи е берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко. И покрај тоа што на годинешниот саем се понудија веќе видени модели, сепак со самото тоа што има ексклузиви тој бележи подем. „Дизајнот малку заостанува на годинешниот саем, има веќе нешто што е видено, тука се пред сè правите форми и црно-белите нијанси. Производителите го нудат тоа што го бара пазарот. Но, сепак мора да се признае дека има модели кои се навистина нешто ново и тоа ја издига годинешната манифестација“, вели проф. д-р Ѓорѓи Груевски, претставник на Факултетот за дизајн и технологија на мебел, кој годинава беше и претседател на стручното жири за оценување на експонати. Традиционално, секоја година овој саем настапува со стручно оценување наизложени експонати на саемот. Во рамките на ова оценување се доделија награди во две категории, и тоа трговци и производители, со по десет посебни категории. „Комисијата е составена од повеќе стручни лица кои си го кажаа своето мислење при разгледувањето на експонатите. На некого му беше важен дизајнот, на друг изработката, а после тоа се сумираа резултатите и сега ги имаме добитниците. Тоа значи дека сите критериуми беа опфатени“, истакнува Груевски. Мотивацијата за креативен дух преточен во производ и годинава отиде во рацете на 20 производители. Класичниот минималистички производ е тренд кај трпезариските маси. Маса изработена од масивно дрво орев, кое е најбарано на европскиот пазар, без штрафови туку склопена со столарски спојки, завршна обработка во восок за дрва, со специфичен модерен дизајн на прави форми, е добитникот во категоријата мебел за трпезарии во класа на производители на фирмата „Кортекс Монозеро“. Кај трговците, пак, оваа награда ја зема „Стиллес“ за масата направена од црешово дрво, со високо квалитетна изработка и уметничко украсување од горе. Иако модата за дневни соби е да се

Категорија Мебел за дневен престој-корпус на 11 СЕПТЕМВРИ СТРУМИЦА за ТВ витрина АНА

Категорија Мебел за дневен престој-корпус на ЈУГОЕКСПОРТ СТИЛ СКОПЈЕ за серија комоди МИОТТО

Категорија Мебел за дневен престој-тапациран мебел за ЛИД ГРУП СКОПЈЕ, трговец МЕБЛО МАК СКОПЈЕ за гарнитура CORRENTE

ПОРТА 5 април 201338

8

инфо

купуваат аголни гарнитури за пет до десет лица, сепак добитниците во оваа категорија и кај производителите и кај трговците, се за одделни гарнитури, а некои се збогатени и со фотелја. И овде трендот се сведува на црно-белите нијанси и на гарнитурите и на комодите. Црната комода на „11 Септември“ или белите „Миотто“ комоди на „Југоекспорт стил“ може да се вклопат со гарнитурата од природна телешка кожа на „Мебло мак“ или пак со онаа од говедска кожа на „Пункт мебел“. Многу повеќе шареноликост можеше да се види кај кујните. Тука и добитниците на награди се со различен квалитет, изработка, материјал, боја. Но, и тука трендот е

спој на модернистичкото со класичното и со линија на минимализам. Кујната на „Дома мебел“ е изработена од медијапан со фолија која има шара на текстил. Медијапанот е искористен и во кујната на „Леснина Ми“, но тука рачките се направени од истиот материјал, во внатрешноста на елементите има организатори за производи, а механизмите се блум. Оваа година специјалната награда за прозводители отиде во рацете на „Диспоситиво“ и тоа за успешна примена на современи материјали за изработка на кујни. Нивната кујна е направена од стакло, има совршена изработка, а портокаловата боја толку многу свети што дури и најдобрите познавачи

може да ги прелаже дека е медијапан. Најпребирливите посетители на саемот за мебел остануваа без здив кај мултифункционалниот гардеробер на СДИ, кој беше и награден во категоријата дополнителна опрема во класата на производители. Направен од оплеменета иверка, со алуминиумски систем на вратите и стакло со фолија, во внатрешноста е како соба. Има доволно простор да се стави и гарнитура за седење, а зад тоа се полиците со секакви димензии за да може да се складираат сите парчиња облека и чевли. Саемското признание во категоријата јавни објекти во класата на трговци го зема фирмата „Офис и Ко“ за канцелариската фотелја WAU, која ја негира традиционалноста на дрвото и иницира нов концепт кој гарантира удобност, цврстина и естетика. Црно-белите нијанси го освоија и окото на комисијата во категоријата модерен дизајн на штанд. Тука беше наградена фирмата „Сколекс“ на чиј дел се промовираа најновите модели на Фабер, Нарди и Еуролукс. Црно-белиот свет на годинешниот саем за мебел сепак претставува позитивен исчекор според мислењето на стручните лица и на самите изложувачи. Беа презентирани дизајнот и креацијата во индустријата за мебел и се прикажаа актуелните состојби кај домашните производители и трговците.

К.С.Т.

Категорија Јавни објекти на ОФИС И КО СКОПЈЕ за канцелариска фотелја WAU

Категорија Мебел за кујнина ЛЕСНИНА МИ СКОПЈЕза кујна ЕММА

Категорија Мебел за дневен престој- тапациран мебелнa

ПУНКТ МЕБЕЛ СКОПЈЕза гарнитура КАЛЕО

5 април 2013 ПОРТА3 9

9

инфо

Како што знаеме, на меѓународниот саем за мебел, се претставија голем број фирми од Македонија и странство, кои ги изложија своите дизајнерски решенија

и најнови трендови, и новитетите од производите поврзани со опремување на домовите и јавните објекти. Така, видовме гарнитури кои поседуваат модерна и едноставна, чиста форма, обложени со кожа или мебел штоф. Едноставен и минималистички дизајн кој, пред сè, е во функција. Гарнитури со механизам, кој корисникот си ги подесува според своите потреби. Дизајнот на елементите за дневна соба го следи истиот тренд на минималистички композииции. Композиција од елементи поставени симетрично или асиметрично со едноставни и чисти линии, изработени од фурнирана иверка или од високо сјаен медијапан, без рачки со 'touch' механизам за отвoрање. Го имаме модуларниот мебел на FEYDOM, односно гарнитурите што нудат најразлични варијанти на организирање на седењето во зависност од вашиот вкус и потреби. Парчињата мебел се модерни,

повеќефункционални и лесно одржливи.Трпезариски маси со стаклена површина и метални ногарки, со столчиња обложени во кожа или еко кожа, или пак трпезариски маси комплетно изработени од дрво со механизми за отворање. Особено

впечатливи беа парчињата мебел од фирмата MONOZERO од Скопје од масивно дрво, кои се рачно изработени и уникатни. При нивната изработка не се употребувани никакви метални врзувачки елементи, туку се применети столарски техники за поврзување на дрвените елементи. Дизајнот на продуктите е модерен и едноставен со особена нагласеност на убавината на дрвото и неговите природни карактеристики. Кујни дизајнирани со едноставни и прави нагласени форми кои, пред сè, ја задоволуваат функцијата на самата кујна. Изработени од фурнирани иверки и медијапан. Фирмата „Крономак“ престави огромен избор на модерни дизајни на висококвалитетни иверки и медијапански плочи со кои може да се изработи мебел по мерка и сечиј вкус. Исто така, на саемот се претставија и многу фирми, кои нудат квалитетна кујнска бела техника за вградување, од аспиратори, рерни, фрижидери, итн. Вградените плакари претставени од SDI Плакари и Акрон, повторно ги покажаа своите одлични можности и механизми за едноставно и функционално организирање на плакарите и

Од чист и функционален изглед до декоративен стил

м-р Сања Лазова, дипл.инж.арх.

MONOZERO

Саем за мебел 2013

ПОРТА 5 април 2013310

10

инфо

максимално искористување на просторот. Плакари со лизгачки врати, кои може да се изработат и дизајнираат по сечиј вкус и потреби. Исто така, на саемот имаше изложено и мебел за љубителите на класичниот стил, мебел кој се одликува со многу декоративни елементи, изработен од масивно дрво и обложени во кожа или штоф.

Декоративните плочи како ѕидни облоги за збогатување и разубавување на ентериерот од фирмата „Витрина“ се навистина интересни и нудат голем избор на дизајни, како релјефни плочи, плочи со дрвен и метален ефект и со најразлични шари. На крајот, да споменеме дека на саемот беа доделени голем број награди за најуспешните изложувачи на саемот, кои беа поделени во две

категории, награди за производители и награди за трговци со мебел. Како посебни награди за производители на мебел ќе ги издвоиме наградата за мултифункционален гардеробер на SDI Плакари и трпезариските маси на MONOZERO, додека во категоријата трговци со мебел, беа доделени награда за мебел за кујни на „Дома Мебел“ и награда за мебел за детска соба на „Симпо“.

„Крономак“

5 април 2013 ПОРТА3 11

11

од 16 до 18 мај во Скопје

Прва студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

Од 16 до 18 мај, во Скопје, за прв пат ќе се одржи студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој“.

Конференцијата е организирана под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје (ФЕИТ), во соработка со интернационалната студентска организација ИАЕСТЕ Македонија. На конференцијата може да учествуваат сите студенти, додипломци и постдипломци, кои сакаат да изработат и достават труд на некоја од темите на конференцијата, професори кои стручно се занимаваат со оваа проблематика и сите компании кои во текот на своето секојдневно работење имплементираат методи кои се поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој. Регистрацијата може

да се направи на официјалниот сајт на конференцијата www.iaeste.org.mk/skeeor најдоцна до 5 април годинава со апстракти на трудовите. Краен рок за испраќање на трудовите е 30 април. Идејата на оваа конференција е на едно место да ги обедини сите оние што се занимаваат со проблематиката на енергетската ефикасност и одржливиот развој, со цел да се претстави нивната работа и да се овозможи научно-истражувачка работа во оваа област. Целта на организирање на првата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ е да се осознае подобро моменталната ситуација на глобално ниво, запознавање со активностите на компаниите и научните институции кои се занимаваат со оваа проблематика, и кои се најновите трендови за изнаоѓање решенија. Преку организирање на студентска конференција ќе се овозможи

развој на научни вештини и компетенции за истражување на студентите, кои ќе придонесат за оформување на поквалитетни академски кадри во областите на енергетска ефикасност и одржлив развој. Исто така, самата конференција и нејзиното организирање ќе претставува одлична можност за остварување на соработка помеѓу самите студенти и професорите. Со неа ќе се овозможи меѓусебно поврзување на компаниите чија дејност е поврзана со оваа проблематика, како и нивно поврзување со луѓето што се занимаваат со научно-истражувачка работа во областите од интерес.Теми на предметен фокус на конференцијата се обновливи извори на енергија, одржлив транспорт, одржлива - зелена архитектура, енергетски ефикасни материјали, економско-социјални аспекти на енергетската ефикасност и одржливиот развој, квалитет на животна средина и климатски промени.

Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора Инженеринг“, ја доби наградата менаџер на годината на манифестацијата Избор на 10 најуспешни жени менаџери во 2012 година, што се одржа во хотелот Континентал во Скопје. На манифестацијата присуствуваа Маја Иванова, сопруга на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Чифлиганец е една од најмладите и најуспешни жени-менаџери во Македонија,

која се искачи на највисоките скалила во градежниот бизнис, водејќи ја „Адора Инженеринг“, која во 2012 година е меѓу 15 најуспешни компании во државата.

за хуманите СРЦа на лекаРитеПо повод Светскиот ден на здравјето 7 април, „Адора Инженеринг“ спроведува акција „За хуманите срца на лекарите“, со цел поволни услови за оние лекари и други здравствени работници, кои сакаат да купат стан во Скопје, Охрид и Струмица.

Драгана Чифлиганец - меѓу 10 ТОП менаџерки

инфо

ПОРТА 5 април 2013312

12

региони Штип

Мини-населба со времени објекти за ромската заедницаЛокацијата на населбата зафаќа површина од 6.500 м². Предвидено е таа да биде готова за четири месеци. Проектот е вреден околу 300.000 евра.

Општина Штип го претстави проектот и локацијата каде ќе бидат поставени времени објекти за ромската заедница во Штип. Станува збор за

времени објекти за 86 семејства меѓу кои и 15-ина згрижени од локацијата Стара кланица, кои беа принудени да ги напуштат своите живеалишта по поплавите во регионот. Во оваа нова мини-населба ќе се сместат ромските семејства кои живеат

во супстандардни услови. Локацијата на комплексот е на пат кон црквата „Света Недела“ и вклучува изградба на улица со широчина од 4 метри и тротоар широк еден метар. Таа зафаќа површина од 6.500 м². - Локацијата е погодна и се наоѓа во природно опкружување. Почетокот на градежните зафати ќе следи по

завршување на процедурата за тендерски постапки. Предвидено е населбата да биде готова за четири месеци. Проектот е вреден околу 300.000 евра и средствата веќе се обезбедени – изјави Тони Јовев, директор на ЈП „Стипион“. Според Нада Опашинова од ЈП „Стипион“, населбата ќе има триаголна

Драган РиСтов

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Изглед на населбата

Локацијата „Света Недела“ каде ќе никне новата мини населба

5 април 2013 ПОРТА3 13

13

региони

форма со парковска површина во центарот: Секој од времените објекти ќе биде со големина 8,7 х 3,2 метри. Подот ќе биде обложен со ламинат, а објектот ќе има дневен престој, спална соба, претсобје и купатило. Претсобјето и купатилото ќе бидат обложени со керамички плочки, а вратите и прзорците од издржлив и современ материјал. Ѕидовите ќе бидат од обработен термоизолационен панел со облога од внатрешната страна, гипс картон и таван. Исто така ќе има топлотна изолација со гипс картон и тервол. Проектот се подготвуваше извесно време, а заради изработка на планската документација, проверката и обезбедувањето на средствата, дури сега се создадоа услови за конструкција. На тој начин ќе бидат згрижени и ромските семејства, но и ќе биде овозможено отстранување на одредени диви градби од делови на градот, кои се пречка за одредени инфраструктурни зафати. На пример, заради неколку семејства кои се лоцирани веднаш до булеварот „Партизанска“ кај основното училиште „Тошо Арсов“, не беше возможно да се заврши овој дел од булеварот. Работите на втората коловозна лента се запрени токму заради неможноста да се

најде соодветна замена за локацијата на која живеат ромските семејства. Но, со оглед на тоа што овој правец веќе е влезен во програмата за работа, едно од можните решенија е префрлување на семејствата во новите времени објекти.

Имајќи предвид дека градежните зафати би се одвивале четири месеци, постои доволно време за завршување на проектот и вселување на ромските семејства на есен, пред почетокот на сезоната на дождови и постудено време.

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Изглед на времените објекти и внатрешност

ПОРТА 5 април 2013314

14

интервју зоРан азманов - пРетСедател на надзоРен одбоР на компанијата „наСтел“, Скопје

Цените на недвижностите треба да имаат пораст од 2-3% на годишно ниво

Државата мора да биде како сидро, кое ќе води сметка цената на становите да биде стабилна, и во ниту еден случај не смее да најавува намалување на цените, бидејќи на тој начин се девалвира имотот на целата држава и на сите приватни сопственици кои поседуваат имот

Господине азманов, во државата е создадена атмосфера дека доаѓаат времиња на поевтини станови. и сите како да чекаат да паднат цените на становите. од друга страна, инвеститорите велат дека цените нема да паѓаат. Кој е вашиот коментар за оваа состојба? Факт е дека погрешно се створи таква атмосфера, бидејќи никому не му оди во прилог да почнат да паѓаат цените на недвижностите, и тоа не само на инвеститорите што градат нови станови. Истото не им оди во прилог ниту на сите останати иматели на недвижности, а тоа

се сите оние што имаат веќе станови или куќи, а истото не е во прилог ниту на банките, кои имаат хипотекарни кредити. И доколку цените на недвижностите паѓаат, луѓето ќе почнат да не ги враќаат кредитите, бидејќи вредноста на она што треба да го вратат ќе биде поголемо од вредноста на заложениот имот. Со тоа ќе се наруши целиот банкарски систем, па дури и целата економија. Исто така, во ситуација кога паѓаат недвижностите, луѓето што имаат потреба да купат стан или друга недвижност, ја одлагаат својата одлука, чекајќи и понатаму цените

да паѓаат. На тој начин, се стопира понатамошната инвестиција, а ако нема побарувачка, зошто би се градело понатаму? Со тоа, според мене, се прави штета на 26 гранки, кои произведуваат материјали за градежната индустрија. Таква негативна спирала би се одразила на сите гранки, кои ја поддржуваат индустријата на градежништвото.

Што подразбирате под стабилни цени за благ раст и онаму каде што има квалитет нема паѓање на цените? Мое мислење е дека цените на недвижностите треба да бидат стабилни и со благ пораст од некои 2-3% на годишно ниво, колку што изнесува инфлацијата, за да луѓето имаат поголема сигурност и да ги инвестираат своите средства во недвижности, со што придонесуваат во развојот на тие 26 гранки, како што веќе погоре кажав. Како аргумент за тоа е и фактот што за сите овие материјали кои се вградуваат, најголем дел од нив се

Зоран Азаманов

5 април 2013 ПОРТА3 15

15

интервју

материјали каде се вградува енергија за производството на цемент, на челик и слично. И за транспорт на истите. Енергијата не поевтинува, напротив, поскапува секоја наредна година и не гледам причина да поевтинат материјалите, а со тоа не би требало да поевтинат ни недвижностите, освен ако не се оди со намалување на квалитетот на градбата, или ако некој ја добива земјата за градење без пари или за некоја симболична цена. Но, ако се оди на тој начин, самите си го девалвираме имотот на нашата држава.

Дали и колку влијае паѓањето на цената врз квалитетот на становите? Секој оној што на нормален начин ја купува земјата на лицитација, секој оној што инсистира на висок квалитет во материјалите за производство на стан, што подразбира асеизмичка градба која може да издржи и големи потреси, вградени материјали со долг рок на употреба, цената не може да ја намалува. Не може, бидејќи цената на материјалите не се намалува, напротив се зголемува, односно има благ пораст. Единствено, цената може да се намалува ако се вградуваат

неквалитетни материјали и со штедење во употребата на поскапите материјали, како што се железото и цементот. Но, на тој начин би создале несигурни градби. Треба да се каже дека инфлацијата на годишно ниво во Европа и кај нас е на исто ниво, и затоа луѓето што инвестираат во станови треба да имаат чувство дека ако вложуваат во бизнисот со недвижности кај нас, утре нема да падне цената. Исто така, потенцијалните инвеститори ќе имаат чувство дека цената на становите ќе биде со пораст, па ќе инвестираат и со вишокот на капиталот што го поседуваат, и ќе купуваат станови. Кој ја дава оценката за квалитетот на еден стан. Дали тоа е неговата цена? Дали и овде важи правилото „Не прашувај што е добро, туку гледај што е поскапо? Не секогаш тоа што е скапо е и добро. Цената на станот ја одредува локацијата, тоа значи цената на земјиштето и цената на вградените материјали во станот. Тука се цената на плочки, мермер, лифт, паркет, врати и сета останата опрема која се вградува. Меѓутоа, она што може многу да влијае на цената е статичката стабилност на објектот, колку железо ќе

се вгради и како ќе биде распоредено, како и димензионирањето на столбовите и плочите. Потоа, каков бетон се вградува, дали тој се испитува како што ние тоа го правиме, односно од секој миксер испраќаме по една коцка на испитување во надлежните институти, бидејќи во нашта фирма таа мора да биде стабилна. Приметувам дека е мал процентот на купци на станови, кои ги разбираат овие работи, меѓутоа има и такви. Јас се радувам многу кога во нашата фирма ќе дојде купец, кој ги препознава квалитетните материјали и со таквите потенцијални купци во 90% од случаите доаѓаме до склучување на договор за купување.

Какво е вашето и искуство со владиниот проект „Купи куќа – купи стан“? Ние го поддржуваме овој проект и нашата конкретна поддршка за овој проект е што за оние што ги исполнуваат условите за да земат таков кредит, специјално ја спуштаме цената за да се вклопиме во тој проект, па така врз основа на тој проект веќе имаме продадено дваесетина станови. Така, оние што сакаат да се вклопат во овој проект, ние дополнително ја намалуваме цената до 900 евра за 1м2.

Објект Комплекс ПАНОРАМА - ВОДНО

ПОРТА 5 април 2013316

16

интервју

Државната политика е градење на поевтини станови. Како вие гледате на ова? Во принцип, сметам дека државата не треба да нуди станови за комерцијална продажба. Таа ја продава земјата на лицитација на потенцијални инвеститори, кои ја купуваат земјата по цена од 300-400 евра по 1м2, од што корист има државата, но доколку државата планира комерцијални станови на локации каде што цената на земјата ги чини нула денари, тоа значи дека секогаш ќе можат да пуштат пониски цени од останатите инвеститори, бидејќи влезната компонента – локација, ги чини нула денари. Со тој пристап, секогаш можат да им наштетат на инвеститорите, кои од друга страна ја купуваат земјата на лицитација како што погоре веќе одговорив на вашето прашање. Според мене, државата треба да се труди цените на недвижностите да бидат стабилни, а не да паѓаат. Само на таков начин, ќе има стабилна економија. Не се согласувам да има и пирамидално растење на цените, како што имаше во некои држави - на нереална основа растење на цените. Таков случај беше САД, каде по извесно време таквото нереално подигање на цената донесе крах

во економијата. Значи, државата мора да биде како сидро, кое ќе води сметка цената на становите да биде стабилна и во ниту еден случај не смее да најавува намалување на цените, бидејќи тоа е многу погрешна политика и го девалвира имотот на целата држава и на сите приватни сопственици на имот кои го поседуваат.

исто така, секоја држава води сметка за оние делови од населението, кое не може да обезбеди стан под пазарни услови. оттука и стратегијата за поддршка на купувачите на станови со поплиток џеб е прифатлива. Што им пречи тука на приватните инвеститори? Ако државата сака да гради социјални станови, тоа треба да го прави за одредена категорија на луѓе, според одредени критериуми и тука нема ништо спорно. Меѓутоа, државата да гради комерцијални станови од една страна, а од друга страна да го продава земјиштето на лицитација по висока цена нема никаква логика. Нека излезе државата, односно нејзиното претпријатие за градење на лицитација, нека купи земја, нека гради станови и тогаш да видиме дали ќе може да ги спушти цените. Со добивање на земја без пари се прави нелојална конкуренција, и почесно

е државата да ни каже „пријатели ние ќе ги градиме сите станови, а вие затворете ги фирмите“, што би било пофер однос од државата кон инвеститорите да не си ги трошат парите за купување земја, па утре да пропаѓаат од причина што истата таа држава ќе им конкурира со 20-30% пониска цена, колку што е вредноста на земјата.

Како гледате на странските инвестиции во станбениот бизнис? и каков е односот на државата кон нив? Во однос на странските инвеститори сметам дека на Македонија не и недостасуваат инвеститори во градба, дури сметам дека ги има и премногу. Затоа, не гледам потреба на странските инвеститори во градењето да им се даваат поволности како што тоа се прави во моментов. Така, на некои странски инвеститори им се дозволува да плаќаат комуналии од 30%, а ние плаќаме 100%,земја им се дава по цена од 50 евра за 1м2, а ние мораме да платиме шест, седум пати повеќе од таа цена за 1м2. И не гледам која е целта на тоа, бидејќи како што кажав, на Македонија не и недостигаат инвеститори во градежништвото. На Македонија и недостигаат инвеститори во висока

Објект НАСТЕЛ - ВодноОбјект НАСТЕЛ - Водњанска

5 април 2013 ПОРТА3 17

17

интервју

технологија, а странските инвеститори во градежништвото само ќе го одлеат капиталот од Македонија, односно после продажбата целиот капитал ќе го пренесат или во матичните земји или во Швајцарија. Домашните инвеститори ги вложуваат средствата во Македонија и тука ќе ги потрошат истите. И мене да ми дадат такви услови, на пример во Истанбул, како што им даваат на некои странски инвеститори кај нас, и јас ќе инвестирам во Истанбул, но никој тоа не ти го дава. Не само во Истанбул, туку никаде во светот, нема такви поволности како кај нас во Македонија.

Пред самиот крај би ве замолиле за објаснување, зошто становите во

некои соседни земји се поевтини од кај нас, иако тие економски се помоќни и како народи и како држави? Сум прочитал такви изјави дека наводно во соседна Бугарија становите се поевтини од Македонија, но тие луѓе намерно или ненамерно испуштаат да кажат дека во Бугарија се продава бруто површина, каде што се влезени ходници, скали, лифтови, улиците во гаражите, и ѕидовите внатре во становите, бидејќи и тие зафаќаат дел од површината на станот. Кај нас, цената на станот подразбира нето површина од ѕид до ѕид внатре во станот до излезната врата, значи купците на станот во Македонија ги добиваат во сопственост заедно со станот во идеален дел, сите заеднички простори,

скали, ходници, лифтови, ѕидови, идеален дел од патот во гаражите, а плаќаат само нето површина. И токму поради тоа, на луѓето привидно им изгледа дека цената во Бугарија е поевтина отколку во Македонија, што е неточно, бидејќи се споредуваат баби и жаби. Ако се направи точна пресметка, а јас сум ја правел, помеѓу цена на деловен или станбен простор во Софија и во Скопје, на слични локации, веднаш ќе се види дека цените се на исто ниво, па дури и малку поскапи се во Софија. За Грција, пак, не станува ни збор колку се поскапи од Македонија, а во Белград, исто така, се поскапи цените од Скопје, додека во Тирана не знам какви се цените, па не би можел да дадам коментар за таму.

Објект НАСТЕЛ - МФ (ул.11-ти Октомври б.б.)

Објект Универзална сала (ул. Петар Поп Арсов)

Објект НАСТЕЛ - Парк (ул. Коле Неделковски)

ПОРТА 5 април 2013318

18

градежништво

НОВ ЖИВОТ ЗА СТАРИТЕ МАТЕРИЈАЛИПовторната употреба (дообработка или рециклажа) на градежните материјали претставува чекор напред во етичка, еколошка, економска и енергетска смисла

Чинот на реконструкција, или пак рушење на старите и градење на нови објекти зазема се поголем залет со навлегувањето на сè поевтините материјали со

сомнителен квалитет. Шутот што притоа се создава претставува важна ставка

во секоја градежна активност, посебно неговиот транспорт до депонија. Но оваа појава освен од економски аспект, може да се набљудува и од еколошки, каде секоја година се создаваат тони отпаден материјал само од рушењето или реконструкцијата на постојните објекти. Едно истражување спроведено во

Европската Унија, укажува дека просечен Европеец создава 540 кг отпад секоја година, но доколку би се пресметал и шутот создаден со градењето, рушењето и со земјените ископи, тогаш оваа бројка се зголемува на енормни 3.500 кг по човек произведен отпад секоја година. Градежниот шут кој се создава при

Биљана СтојаНовиќ, дипл.град.инж.

Лондонската арена за кошарка

5 април 2013 ПОРТА3 19

19

градежништво

имплентацијата на проектите се проценува на над 90 милиони тони секоја година, од кои дури 10% е материјал кој може повторно да биде употребен. Сепак, само 1 % од новоизградените објекти на територија на Европска Унија се изградени со стари, веќе користени материјали. Денес, депониите и складиштата на градежен шут се вистинска ризница за материјали, кои чекаат повторно да бидат употребени. Со селективен пристап може да се издвојат производи кои директно, со дообработка или рециклажа, нудат можност за повторно вградување во нови градежни објекти. Со овој процес се добиваат одржливи материјали, кои гранката градежништво ја „озеленуваат“.

етикаОвој тренд посебно е застапен во САД каде постојат повеќе ресурсни центри за стари градежни материјали кои се донираат, а донаторите добиваат намалување на даноците, без дополнителни трошоци за складирање на отпадот на депонија. На овој начин, на пазарот се нудат евтини градежни материјали достапни и за економски послабиот слој од населението, а воедно се

отвораат и „зелени“ работни места за оние што го вршат сортирањето и продавањето на донираните материјали. Значаен пример за функционирањето на ресурсните центри претставува непрофитната организација „Хабитат“, која поседува околу 700 продажни места на стар градежен материјал ширум САД, и секој месец отвора дополнителни три до четири нови пунктови. Повторната употреба на градежните материјали претставува чекор напред во етичка, еколошка, економска и енергетска смисла. Етиката во донирањето е помагање на посиромашниот дел од населението при набавката на градежен материјал; еколошките резултати се очигледни односно помали количини на отпад; економската причина за донирање се темели на помалите даноци и расходи за депонирање на отпадот. И на крај, можеби и најбитниот аспект од целиот процес на реупотреба на отпадните материјали е заштедата на енергија каде не се троши дополнително енергија во производство на нови материјали и нивен транспорт до градилиштата. Овој мал чин претставува голем чекор во сферата на енергетската ефикасност и намалувањето на емисијата

на штетни гасови во атмосферата. Голем дел од веќе користените материјали, со соодветна демонтажа, можат повторно да бидат употребени, независно дали се дел од ентериерот или пак екстериерот на објектот. Тие материјали можат да бидат соодветно дообработени, со подобрени карактеристики, или пак да бидат рециклирани и како такви да претставуваат појдовен производ за добивање на нов материјал. Во продолжение се претставени неколку примери, во светот и кај нас, за реупотреба на градежните суровини.

видови на матеРијали за повтоРна употРеба

Тули и ќерамидиСтарите тули, со внимателно демонтирање, можат и тоа како повторно да послужат како градежен материјал. Таков пример е изградбата на основното училиште во Сондербург, Данска, каде за изведбата на фасадата се користени стари, веќе употребени тули. Во овој случај, вградените 60.000 стари тули соодветсвуваат со заштеда на 30 тони емисии на штетни

Паркот под Бруклинскиот мост изграден од стари, гранитни плочи

ПОРТА 5 април 2013320

20

градежништво

CO2 гасови. Меѓу другото, ова школо е и првата образовна институција која не само што претставува пасивен објект, туку произведува повеќе енергија од своите потреби.Исто така, тулата најчесто се реупотребува за изградба на огради, парапети и останати помошни објекти, а во денешно време се почесто и во изведбата на ентериерот, за облагање на внатрешни ѕидови како финална обработка.

Дрвени производиСтарите бродски подови со дообработка се задолжителен детаљ на секој винтаж стил на ентериер, каде квалитетот е загарантиран за разлика од новите подни даски изработени од брзо растечки дрва. Тука можат да се додадат и дрвените прозорци, кои совршено би се вклопиле во секој објект, со дополнително поставување на нискоемисионо стакло за задоволување на енергетските стандарди за столарија.

Гранитна галантеријаВо соработка со Одделот за паркови и рекреација на градот Њујорк, паркот под Бруклинскиот мост наследи гранитни плочки од реконструкцијата на два други мостови. Со повторна употреба на овие плочи, изградено е едно од најубавите парковски зданија досега. Кај нас пак, популарно е постоечките улици со калдрма да се реконструираат во улици под асфалт. Извадените гранитни коцки, чиј рок на траење е над 200 години, се вадат и депонираат наместо само да се прередат. Наместо романтични мали, трајни улици и плоштади под калдрма, кај нас е популарен трендот на нови асфалтни дупки и поплавени улички.

Железна столаријаОвој тип на производ, со појавата на ПВЦ столаријата со ниски коефициенти на топлоспроводливост, масовно се менува. Постојните железни прозорци и врати, освен да се рециклираат, можат да најдат и друга примена. Совршен пример за тоа е Средното државно училиште „Гоце Делчев“ во Валандово, каде старата, железна столарија беше пренаменета за изведба на стакларник за одгледување цвеќе.

Школо во Сондербург, Данска реконструирано од стари тули

Повторно употребени дрвени елементи

Паркот под Бруклинскиот мост изграден од стари гранитни плочи

5 април 2013 ПОРТА3 21

21

градежништво

РеЦиклиРање на гРадеЖниот отпад

Челични конструкцииПоследен познат пример за рециклирање и пренамена на челичните конструкции е демонтажата на олимписката арена за кошарка во Лондон, која беше завршена во 2011 година, во вкупна вредност од 49 милиони евра. Овој објект беше наменски изграден и неговата судбина беше одамна позната, и тоа две третини од вградените материјали да бидат пренаменети или пак рециклирани. Неговото демонтитање со описот на проектот детално беше претставено во еден од претходните броеви на Порта 3.Кај нас пак, фабриката „Алумина“ пред неколку години беше во фаза на демонтажа, каде целосниот комплекс беше изработен од челик. По рушењето, остана да виси единствениот бетонски дел, бетонското јадро на скалите кое очигледно било непримамливо за рециклажа.

Бетонски елементиВо светот, одамна се употребува бетонскиот шут за производство на агрегат. Тоа значи дека секој срушен бетонски елемент би имал соодветна повторна употреба, но сега како суровина за производство на нов бетон.

СтаклоУпотребата на рециклиранo стакло како агрегат во бетон стана популарна во модерните времиња, со обемните истражувања спроведени на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Ова во голема мера го подобрува естетскиот изглед на бетонот. Неодамнешните истражувачки наоди покажаа дека бетонот направен со рециклирани стаклени агрегати има подобри долгорочни својства и подобра топлинска изолација поради подобрените термички својства кои ги дава стаклениот агрегат. Стаклото како рециклиран производ, во секундарен круг на употреба може да се вклучи како:• Стакло во изолациони производи• Стакло во производство на керамички санитарии и опрема• Стакло како флукс во производство на цигли• Стакло како рециклирани плочи• Стакло како медиум за филтрација на вода• Стакло како абразив• Стакло како агрегат

Рециклирано стакло

Уличка под калдрма

ПОРТА 5 април 2013322

22

градежништво

Норт Беј - нов стандард во светскиот здравствен сектор

Канада е светски лидер како во сертификација на домашните шуми така и во одличните методи за менаџирање со шумите. Како резултат на тоа, Канада има зачувано 91% од природните шумски појаси, најмногу од која било друга земја во светот. александар ЧеРеПНаЛКоСКи, дипл. инж. по дрвна индустрија

Здравствениот центар „Норт Беј“ е лоциран на езерото Ниписинг во источна Канада. Овој реон претставува економски поразвиен крај, кој воедно служи и

како транспортен и сервисен центар за околниот регион во државата Онтарио. Со локална популација од 56.000 жители и уште поголема фреквенција на население од регионот, во текот на деведесеттите години на минатиот век спроведени се истражувања за потребата на дополнителни болници и здравствени домови. Деталната анализа на постоечките здравствени центри и потребата на регионалното население, резултираше во одлука да се изгради нов здравствен центар.

5 април 2013 ПОРТА3 23

23

градежништво

Притоа е изграден комплекс од два дела, болница за интензивна нега и болница за ментално здравје, специјализирана за форензички истражувања на лица со психичко растројство.

дизајн пРоЦеСВо почетните анализи истражувањето се спроведувало на база на економската исплатливост за реконструкција и реновирање на постоечките болници или за градење на нови објекти. Сепак, по деталната анализа, боло усвоено да се градат нови објекти. За таа намена биле предложени 28 локации за градба. Избраната локација нудела најдобра достапност на граѓаните на Норт Беј и секако најдобро пејзажно опкружување. Исто така, во првичната анализа се дискутирало и за градење на висококатници или средно високи згради. Сепак, заради најдобро задоволување на потребите на пациентите било одлучено да се гради средно висока зграда. Проектирањето на

здравствениот комплекс започнало во 2000 година. Проектирањето било распределено на три стручни тимови. Првиот тим бил ангажиран за одделот за интензивна нега, вториот за одделот за психофизичко здравје и третиот за поддршка и проектирање на заедничките простории.

употРеба на дРво Постојат повеќе причини зошто употребата на дрво во конструкцијата и декорацијата, значително ја зголемуваат вредноста на здравствениот центар. Прво и основно, дрвото ја збогатува естетската и функционалната вредност на објектот. Со употребата на дрвото се намалува чувството дека се влегува во институција, а пак тоа нуди благопријатност и помага во процесот на заздравување на пациентите. Дрвото е природен материјал, кој на пациентите и на нивните посетители им дава пријатно и топло чувство, а пак на вработените добри услови за работа и безбедност. Втора важна причина за избор

на дрвото како материјал за градење, е секако и областа во која болниците се градат. Огромните шумски површини кои се наоѓаат северно од Норт Беј, долго време придонесувале за развивање на шумската индустрија, па оттука и изборот на материјалот за изградба на болницата има логична поврзаност. Долгата традиција на употреба на дрвото во градба на семејни куќи, кај локалните граѓани предизвикува големо ценење и познавање на материјалот. Целиот процес на дизајнирање и изградба на објектот бил детално надгледуван и анализиран од Министерството за здравство на Онтарио.

СеРтифиЦиРани ШумиКанада е светски лидер како во сертификација на домашните шуми така и во одличните методи за менаџирање со шумите. Како резултат на тоа, Канада има зачувано 91% од природните шумски појаси, најмногу од која било друга земја во светот. Канадскиот менаџмент

ПОРТА 5 април 2013324

24

градежништво

со природните ресурси практикува одржливо искористување на шумските капацитети, покрај тоа што се обезбедува и економски бенефит од шумската сеча. Во Канада има повеќе од 400 милиони хектари шумски предели, и оваа површина опфаќа скоро 10% од светските шуми. Според законот во Канада, помалку од пола процент годишно е дозволено да се сече и секако, површината мора да биде успешно регенерирана по сечата. Болницата „Норт Беј“ е сосема нов модел во канадското здравство. Во дизајнот на

објектот се содржани повеќе иновации за да се деинституционализира неговиот карактер и да се создаде попријатна и потопла атмосфера за пациентите. Искористени се различни методи за да се подобри атмосферата, како на пример, во внатрешноста на објектот се гледаат дрвените конструктивни елементи, употребени се дрвни ѕидни облоги, мебел од дрво и друго. Дрвото е градежен материјал со низок степен на загадување на околината, и во процесот на добивање на градежниот

материјал и во времетраењето на неговото искористување. Секако, дрвото искористено во градежништвото е сечено од обновливи сертифицирани шуми, што претставува докажан обновлив извор на материјал во Канада. Модерните технологии овозможуваат големо олеснување за дизајнот и обработката на дрвото како и голем потенцијал во креирање на архитектонски концепти. Здравствениот центар „Норт Беј“ без сомнеж претставува нов стандард во канадскиот и светскиот здравствен сектор.

Б

5 април 2013 ПОРТА3 25

25

дрвно градежништво

Б

ПОРТА 5 април 2013326

26

архитектура вила Сењак, белгРад - доменико тРиподи

Спој на традицијата и зеленото градењеСпецијално за второто издание на меѓународниот саем на зелена изградба Serbia Green Building Expo 2013, Доменико Триподи заедно со дизајнерката Парк Ју Кјунг, го направи проектот за одржлива луксузна вила во белградската населба Сењак. Проектот е направен така што ги исполнува барањата на американскиот стандард за зелена изградба LEED for Homes, стандард кој треба да го дополни квалитетот на овој проект, за да може и званично да добие сертификат за „одржлив“ проект. Во текот на саемот, архитектот Триподи и неговата соработничка Кјунг го претставија својот проект на посебен штанд, а за Порта 3 даде и интервју во кое говори за овој проект.

Како настана идејата еден италијански архитект да проектира зелена вила во Белград? Пред сè, јас бев повикан да говорам на конференцијата Serbia Green Building Expo 2013 во Белград, за проект на една одржлива куќа. Заедно со организаторите на овој настан, дојдовме до заклучок дека би било интересно да се замисли тој објект во реалниот простор, овде во Белград. Проектот настана како дел од овој настан. Тоа е еден „случај на

учење“ за оваа конференција. Идејата е родена во текот на декември 2012 година, кога дојдов во Белград да го посетам просторот каде би била замислената вила. Се работи за населбата Сењак, станбен дел каде се наоѓаат вили, прилично престижен дел на градот, кој се наоѓа многу блиску до самиот центар.

Какви беа импресиите за Белград, кога прв пат престојувавте во Белград? Морам да признам дека сè уште не сум

го разгледал градот како што треба, но ја почувствував комплексноста на овој простор и слоевитата историја која може да се види. Гледам дека постои потреба за обнова, дури и повторно да се согледаат одредени аспекти на градот. Живеам во Милано и знам како изгледа град кој запрел, кој застанал. Белград е жив град но бара урбана обнова.

Како го избравте Сењак како простор за вилата? Иако е станбена зона, во близина ги

м-р Ѓорѓе јоКиќ, дипл.инж.арх. (Србија)

5 април 2013 ПОРТА3 27

27

архитектура

има сите поволности кои се потребни за живот, Сењак е една престижна населба каде се наоѓаат амбасади и значајни историски згради. Многу блиску се наоѓа голем парк кој многу влијае на квалитетот на просторот. Самата парцела, со петоаголен облик, се наоѓа на ридски терен и тоа влијаеше врз пристапот на проектирање. Влијаеше на почетните размислувања за проектот уште на самиот почеток. Еден од најголемите предизвици беше и ориентацијата на самата вила која се

наоѓа во оската север-југ, главниот влез се наоѓа во долниот, северниот дел на теренот. Влезот е поставен таму затоа што внатрешноста се „отвора“ спрема југ. На некој начин, формата на вилата е замислена што е можно повеќе да ги искористи потенцијалите на јужната страна.

Самиот архитектонски израз е различен од архитектурата што може да се види во околината, која беше основната идеја? Ја проучував традиционалната

архитектура на Србија, која ми изгледаше многу интересно, како и архитектурата во регионот. Мојот пристап, секогаш, е да се запознам со историјата, да спознам најточно кое е потеклото на таа архитектура. Архитектонскиот израз повеќе е израз на современата архитектура отколку користење на традиционалните класични елементи. Оваа современа архитектура има доста врски со историјата на архитектурата на куќи, се користи принципот на централен план и распоред. Тое е еден современ

ПОРТА 5 април 2013328

28

архитектура

Италијанскиот архитект Доменико Триподи завршил Архитектонски факултет при Политехничкиот универзитет во Милано во 1978 година. Тој работи на архитектонски проекти, реставрација и дизајн. Учествува на истражувачки проекти, соработувајќи на предметите Историја на архитектурата и Студио за проектирање на урбаниот пејзаж и средствата за култура и социјализација, на Архитектонскиот факултет при Политехничкиот универзитет во Милано. Како заменик директор работел и на издавање на книгата „Архитектура и идеали“, во издание на издавачката куќа „Синај“ од Милано. Основач е и сопственик на архитектонското биро „Доменико Триподи Архитектура“.

израз кој не се врзува единствено со формата, туку и со историјата на архитектурата.

Што се однесува до употребата на материјали, се гледа голема употреба на дрвото, од каде е тој избор? Основната идеја беше да се направи вила која би можела да биде карактеризирана како „одржлива вила“, затоа изборот на материјали е еден од најважните аспекти. Мојот однос кон дрвото почнува од осумдесеттите години, кога почнав да проектирам архитектура од

дрво, но никогаш не успеав да реализирам еден таков објект зашто тогаш, можеби не беше толку користено како денес. Мислев дека на овој проект можам да користам дрво бидејќи тоа е материјал кој има многу добри погодности, гледајќи го еколошкиот аспект. Пред многу години ги посетив земјите на истокот на Европа каде постои традиција и култура на употреба на дрвото за изградба на традиционални куќи, и тоа на мене одстави силен впечаток. Дома имам многу книги за традиционалната архитектура од дрво.

5 април 2013 ПОРТА3 29

29

архитектура

дрво, но никогаш не успеав да реализирам еден таков објект зашто тогаш, можеби не беше толку користено како денес. Мислев дека на овој проект можам да користам дрво бидејќи тоа е материјал кој има многу добри погодности, гледајќи го еколошкиот аспект. Пред многу години ги посетив земјите на истокот на Европа каде постои традиција и култура на употреба на дрвото за изградба на традиционални куќи, и тоа на мене одстави силен впечаток. Дома имам многу книги за традиционалната архитектура од дрво.

Оваа вила има структура целосно од дрво, користен е системот XLAM, употребата на дрвото на некој начин може да се повика на традиционалната архитектура, а другиот битен аспект е еколошкиот.

Кои се најважните аспекти на еколошката одржливост? Во основа, вилата е замислена да биде компатибилна со американскиот стандард за зелена изградба LEED for Homes. Проектот ги зема предвид сите аспекти

кои се битни за таков вид сертификација, а најважниот аспект е делот со инсталациите. Како архитект, мислам дека значењето на одржливоста зависи од ориентацијата на вилата и од серијата елементи. Одржливоста не е нов концепт туку концепт кој се наоѓа во целата историја на архитектурата.

Дали проектот на вилата, за кој инсталацијата ја работеше компанијата „енерго“ од Белград, претрпе одредени архитектонски промени во однос на

почетниот проект, за да може да ги исполни барањата за стандардот LEED for Homes? Од почетниот концепт проектот е направен заеднички, само за да се избегне потребата за интервенција на обликот и функцијата во подоцнежните фази. Еднаш кога идејата е презентирана, се поставени барања кои се однесуваат на инсталацијата и елементите што ги бара стандардот LEED for Homes. Така, применет е тој принцип на проектирање за структурата, за костуротна вилата но и за дизајнерскиот аспект.

ПОРТА 5 април 2013330

30

архитектура

Како е организиран просторот во вилата? Се работи за вила која не е проектирана за обична фамилија, туку за корисници кои имаат поголеми потреби. Вилата има 800 квадратни метри на три нивоа над земја. Во делот што е делимично вкопан, а има 400 квадратни метри, се сместени базен,

сауна и сè што се однесува на програмата wellness. Предвиден е и посебен објект за послуга, кој е одвоен од самата вила.

Дали ќе биде изградена оваа вила? Тоа сè уште не го знаеме, а како е проектирана вилата, таа ги има сите

аспекти за да може да се изгради. Една од идеите беше да се стапи во контакт со градежна компанија, овие денови разговарав со различни компании кои покажаа интерес за овој тип конструкција. Тие го видоа ова како новост во однос на она што се нуди на пазарот. Ќе

5 април 2013 ПОРТА3 31

31

архитектура

Се работи за вила која не е проектирана за една обична фамилија, туку за корисници кои имаат поголеми барања. Вилата има 800 квадратни метри на три нивоа над земја. Во делот што е делимично вкопан се наоѓаат 400 квадратни мерти, каде се наоѓа базен, сауна и сè што се однесува на wellness програмата. Предвиден е посебен објект за послугата, кој е одвоен од самата вила.

видиме дали ќе дојде до соработка.

Покрај презентацијата на Serbia Green Building Expo 2013, дали проектот ќе биде претставен и на други места? Проектот ќе биде претставен во Москва во почетокот на април на една конференција. Таму ќе биде презентиран проектот преку видео и книга која ја реализиравме за оваа пригода. Сигурно

е дека рускиот пазар може полесно да прифати ваков проект, не конкретно оваа вила бидејќи таа е замислена и проектирана за Белград, но рускиот пазар би можел да биде заинтересиран за ваков проектен пристап.

Како современ милански архитект, на што работите во последно време? Денес е голема криза во цела Европа, и

не постои толку пад во побарувачката за проектирање колку пад во можностите за реализација на проектирањето. Работам на различни проекти кои се одобрени, но инвеститорите во овој момент не се одлучуваат на реализација. Ова е единствен момент, јас сум работел во Италија и во странство, и морам да кажам дека не е лесно да се проектира денес, а уште потешко е да се реализираат проектите.

ПОРТА 5 април 2013332

32

архитектура номинаЦија за „миС ван деР Рое“

Урбана разновидност, а не лажна слика за хомогено општествоСуперкилен е јавен парк долг 750 метри, кој претставува голем изложбен простор за најдобри урбани практики, односно изложување на колекција од глобално пронајдени предмети од повеќе од 60 националности

александар ЧеРеПНаЛКоСКи, дипл. инж. по дрвна индустрија

Квартот Норебро во Копенхаген е еден од културно најбогатите соседства од Данска. Во него живеат најмногу етнички заедници, а социјалните предизвици со кои се соочува

секојдневно се исти како и во сите останати поголеми светски градови. Тоа што го одвојува Норебро од останатите градови е уникатниот одговор на овие предизвици. Со поддршка на Реалданиа, филантропска групација посветена на

урбаниот развој, копенхашката комуна надгледуваше проект кој ја потенцира вредноста на заедничкото наследство. Суперкилен е јавен парк долг 750 метри, кој се протега помеѓу улиците Нореброгаде и Тагенсвеј. Развивањето на дизајнот се водеше од еден сеопфатен концепт - создавање на голем изложбен простор за најдобри урбани практики, односно изложување на колекција од глобално пронајдени предмети од повеќе од 60 националности - националности

кои можат да се пронајдат во околното соседство. Збирот на предмети и дизајни е навстина разновиден. Опрема за вежбање од плажите на Лос Анџелес се наоѓа веднаш до канализацона шахта од Израел, или палмите од Кина се насадени наспроти неонските рекламни знаци од Катари од Русија. Секој објект е обележан со метална плочка на која е напишан текст на дански и на јазикот на земјата од каде што потекнува инспирацијата. Проектот на паркот е креативна

5 април 2013 ПОРТА3 33

33

архитектура

колаборација помеѓу архитектонското студио BIG, архитектонското студио за уредување на пејзажи „Топотек1“ и здружението на уметници „Суперфлекс“. Паркот претставува редок спој на сите три дисциплини, од почетокот на проектирањето па сè до завршување на изградбата. Концептуалниот почеток бил започнат со поделба на просторот

во три обоени зони, зелена, црна и црвена зона. Со овие три бои е обоено буквално сè што се наоѓа во соодветната зона, со што се создава конекција помеѓу сите разновидни предмети.

ЦРвен делСпортската и културна сала во Норебро се наоѓа на самиот почеток од црвениот

плоштад. Овој дел од плоштадот е всушност надворешно продолжување на салата, со што се создава дополнителен простор за најразлични збднувања под отворено небо. Целта на оплеменувањето на надворешниот прстор на салата е да се привлечат и граѓаните на Копенхаген кои живеат подалеку, во околните предградија.Основниот извор на осветлување

ПОРТА 5 април 2013334

34

архитектура

5 април 2013 ПОРТА3 35

35

архитектура

Optimo

тел: +389 75 80 77 00

Изолациони панели

на плоштадот доаѓа од специјално дизајнирани рефлектори од производителот „Хес Ресиденца“, поставени на жица. Рефлекорите се произведни од дообработен алуминиум со заштитен слој, а во нив се поставени 70-ватни халогенски светилки.Четири столбови го дополнуваат светлото со неонско осветлување, кое придонесува и кон уменичката вредност на просторот. Овие четири столбови ги претставуваат државите Русија, Кина, Тајван и Соединетите Американски Држави.

ЦРн делЦентралниот дел на плоштадот е најмал. Црниот плоштад е наменет да биде поинтимен и порелаксиран дел - надворешна дневна соба. И тука, како и на целиот плоштад, се поставени предмети од целиот свет, како на пример фонтана од Мароко, турски клупи, јапонски цреши и друго. Од едниот до другиот крај се повлечени бели линии кои ги заобиколуваат сите предмети, претставувајќи јапонска зен градина.Додека на црвениот дел од пплоштадот може да се види подинамична атмосфера како спорт и најразлични настани, црната зона е за посмирени активности. За време на викендите, клупите и масичките поставени на црната зона стануваат место каде може да се видат играчи на шах, табла и слично. Во центарот на црната зона е изложено уште едно неонско парче кое, овој пат, го обележува патот до стоматологот од Доха, Катар. Покрај тоа, за осветлување на просторот има светилки во кружен аранжман кои се поставени на висок 12-метарски столб, инспириран од берлинскиот реон Спандау.

зелен делЗелениот дел или зелениот парк е најдолгиот дел од целиот плоштад. Всушност, тоа се нежни тревни површини и ритчиња, дизајнирани да привлекуваат деца, фамилии и младинци. За оваа цел во зелениот дел се поставени две игралишта од кои едно е за хокеј а другото за кошарка.За осветлувањето на овој дел се употребени покласични светилки со италијански стил. Седумнаесет осумметарски светилки од производителот „Нери“ се распространети наоколу. Тие имаат од шест до осум глави на кои се поставени по 35-ватни светилки, прекриени со мат стакла.Гледано во целост, плоштадот Суперкилен претставува надреална колекција од урбана разновидност, и нуди вистински одраз за локалното соседство, а не лажна слика за хомогеното општество на Данска. Суперкилен е пејзаж препознатлив за сите различни идентитети кои го користат.

ПОРТА 5 април 2013336

36

пренесено

Убавините и ужасите на „океанските“ просторииДенес милиони службеници се соочени со целата „убавина“ на блискоста со началството и учеството во опсудувањата, кои за вас можат да бидат крајно неинтересни. А да не зборуваме за тоа дека некој може гласно да зборува по телефон над вашите уши, не давајќи ви да се сосредоточите на работата.

Ако работите во канцеларија од отворен тип, најверојатно сте си го поставувале прашањето: кому му паднала во глава таа идеја, за која денес плаќате и

вие и вашите колеги? А сè почна пролетта 1962 година, кога на студентот од четврта година на архитектонскиот факултет, Британецот Френк Дафи, му порачаа да направи план за канцелариски простор. Дафи кон задачата пришол одговорно и почнал да проучува специјална литература. Тогаш тој наишол на некоја белешка за

еден германски експеримент. „Работните столови беа наместени многу органски, таму имаше многу цвеќе во саксии и дури килим на подот“, се сеќава Дафи. Тоа беше канцелариски простор од отворен тип, но не таков како што веќе беа познати во целиот свет. Првите такви канцеларии се појавиле уште пред повеќе од 100 години, кога архитектите од викторијанската епоха почнале први да го применуваат леаното железо за создавање големи простории. Оваа идеја веднаш им се допаднала на Американците, кои во време на индустрискиот бум решиле на службениците

да им ги „пренесат“ искуствата од подвижните ленти. И ги седнале во редови, на мали клупи, претворајќи ги канцелариите налик на школски класови, но без учители. Оние што напредувале во работата добивале свои кабинети, а главниот шеф бил сместен во кабинет со широк поглед, за да може да ја следи работата.

канЦелаРиСки пејзаЖВо Северна Америка ваквото планирање на просторот, по армиски терк, долго време се сметало за врв на продуктивноста, додека пак во Европа, особено во Германија, после

Отворените канцелариски простории или „океани“, како што ги викаме кај нас, можат да бидат ужасно шумни или со гробна тишина. И тоа се нарекува избор?

5 април 2013 ПОРТА3 37

37

пренесено

Убавините и ужасите на „океанските“ просториивојната се наметнала обратна тенденција. Новата концепција разработена од консултантската фирма Quickborner, ја нарекле Burolandschaft - канцелариски пејзаж. На прв поглед во канцеларискиот пејзаж сите маси се расфрлани без некаков ред, под различен агол едни кон други, формирајќи работни зони со разна големина и конфигурација. Меѓутоа, како што објаснува Дафи, токму во тој хаос се крие јасен ред, кој се основа на деталното изучување на заемните односи меѓу различни одделенија и одделни лица. И ако во старите канцеларии зборувањето меѓу соработниците не се поттикнуваше, тогаш ситуацијата во новите, сосема спротивно, ги поттикнувала да разменуваат мислења. Менаџерите во секој поглед станале поблиски со соработниците, ликвидирањето на кабинетите овозможило значително да се заштедат средства, а унапредувањето во службата веќе не значело големо оддалечување од работниот колектив, освен што среќлијата добивал поголема маса.

Впрочем, денес милиони службеници се соочени со целата „убавина“ на блискоста со началството и учеството во опсудувањата, кои за вас можат да бидат крајно неинтересни. А да не зборуваме за тоа дека некој може гласно да зборува по телефон над вашите уши, не давајќи ви да се сосредоточите на работата.

Розов ШумИстражувањето направено во 1988 година од страна на Британското списание за психологија, покажало дека фонот на шум, кој содржи неповрзани делови од зборовите, им пречи на луѓето да запомнат текстови или да пресметуваат нешто во главата. Меѓутоа, како што укажува лекторот на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Алекси Мармот, тој медал има и обратна страна, бидејќи во некои канцеларии од отворен тип царува гробна тишина. „Во многу такви канцеларии во редови стојат компјутери, зад кои во целосен молк работат луѓе, и верувајте, ним тоа не им се допаѓа“. Всушност, колку потивка канцеларијата, толку потешко може да се води приватен разговор. Така што некаков фон на шумот, како на пример во ресторан каде што има и други гости, дури е и неопходен. Некои компании нашле излезво создавањето на вештачки шум,

Токму овој проект на минхенското седиште на компанијата Osram го привлече вниманието на лондонскиот архитект Дафи.

Армискиот пример - врв на продуктивноста или ремек-дело на диктатурата

ПОРТА 5 април 2013338

38

таканаречен „розов шум“, кој доаѓа од звучници во особено тивките канцеларии. Но, шумот или неговото отсуство не се единствениот проблем на канцелариите од отворен тип. Често кавгите со колегите се случуваат поради честите телефонски разговори, мирисот на јадењето, кое некои сакаат да го јадат на работното место, клима-уредот (да се вклучи или не), завесите (да се подигнат или спуштат) и слични други работи. Сите такви постојани кавги, разногласија или едноставно раздразнетости кои се акумулираат, често доведуваат до стрес и како последица од него до зголемен крвен притисок или други болештини. Едно истражување направено во Шведска во 2009 година апсолутно покажало дека луѓето што имаат индивидуални канцеларии се чувствуваат многу покомотно, отколку работниците во средни или големи канцеларии од отворен тип.

Штедење или удопСтво?Не е чудно што уште во 70-тите години во Германија, Холандија, Шведска и Италија било усвоено законодавство, кое им дозволува на работниците сами да одлучуваат во какви канцеларии им е попријатно да работат.„На тој начин, пејзажните канцеларии

во Германија и Скандинавија заминаа во минатото“, објаснува Френк Дафи. Денес во Северна Европа акцентот се става врз офис-модулите, кога „секој работник има прозорец низ кој може да погледне, врата која може да ја затвори и ѕид во кој, доколку сака, може да ја чука главата“. Во новите типови канцеларии, како по правило, има ходници и се сместени мали одделни кабинети. А во најнапредните седишта на компании има нешто во вид на „централна улица“, каде што по желба работниците можат да се среќаваат. Од своја страна Велика Британија и САД тргнаа по патот на штедењето, кога тоа е поважно од удопството на работникот. На пример, едно работно место во лондонскиот Вест Енд (четири мерти квадратни) чини 13.000 долари годишно. Затоа не е чудно што таму концелариите од отворен тип остануваат како норма. Модулните канцеларии создаваат само илузија на индивидуално пространство. За волја на вистината во САД нашле компромис во вид на преносни ѕидови со висина од метар и половина, кои создаваат привид на индивидуално пространство. Но, според зборовите на Дафи, тоа е „патологија и ужасно зло“, затоа што таквите кабинчиња во стварноста не ве прават газда на сопственото пространство,

туку го блокираат целиот простор. Конечно, современите материјали, удобните фотелји и маси ја разубавуваат сликата, но вкупно северноамериканската концепција на отворени канцеларии, еве веќе сто години останува непроменета и луѓето и натаму мечтаат за свој кабинет. Меѓутоа, според мислењето на Алекси Мармот, современата канцеларија не треба да биде компромис меѓу индивидуалното и заедничкото пространство, туку да ја игра онаа улога која се бара од него во дадениот момент. Како пример таа го дава музикантот од оркестарот, кој вежба сам, но свири во колектив. Алекси смета дека канцелариите можат да поминат и без маси: „Многу млади луѓе зборуваат дека претпочитаат неформална атмосфера, затоа што за работа им треба лаптоп и чашка кафе“, појаснува таа. Таква канцеларија Мармот веќе видела во Швајцарија. Таму работниците можат за себе да избираат удобен диван, масичка за кафе, лежалка, да одат во библиотека или дури и во малата ботаничка градина и да работат таму меѓу растенијата. Но, за да можат работодавачите да им овозможат на своите соработници таква слобода, ним пред сè им е потребно да го преосмислат востановениот стил на работа и комуникација, а тоа не оди секогаш лесно.

Модулните канцеларии создаваат само илузија на индивидуално пространство

пренесено

5 април 2013 ПОРТА3 39

39

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

архитектура

ПОРТА 5 април 2013340

40

архитектура инфо

каРуизава, јапонија

Објект: дополнителен објект на музејскиот комплекс Karuizawa Архитектонско студио: Yasui Hideo AtelierДизајн концептот за објектот на музејскиот комплекс се ослонува на јапонската уметничка култура, целејќи кон креација на архитектура која соодветствува со музеј на уметнички дела интернационално вреднувани. При дефинирањето на формата, архитектите се повикуваат на дизајните од јапонските вештини "Origami", "Sensu fan" или пак "Byobu screen", креирани од само едно парче лист, имајќи можност за неограничени можности на игра со формата. Таа, исто така, брои сличности со западниот геометриски дизајн, кој постепено прогресирал во модерната уметност со своја оригиналност и убавина. Дизајнот на новиот објект како дел од музејскиот комплекс истовремено коегзистира со острите линии на ридестото пејзажно опкружување, што претставува целосен контраст во однос на кривулестите линии на музејот. Уште еден фактор кој влијае при конципирањето на еден ваков проект, претставува фактот што архитектурата секогаш треба да егзистира како белег, во кој посетителите би можеле да откриваат разни уметности, а не само да ја перципираат како едноставен објект на музејот.

нада, хиого, јапонија

Објект: РезиденцијаАрхитектонско студио: Fujiwarramuro Architects

Основниот концепт при организација на оваа мала резиденција поаѓа од начинот како да се обезбеди природно осветлување во внатрешните сегменти на пониските нивоа, обусловено од позиционираноста на соседните објекти. Така, централното јадро добива функција на бела „туба“ од која понатаму се разгрануваат останатите функционални содржини. Јукстапозицијата на применетите материјали и самиот контекст го потенцира објектот во однос на оние од непосредното опкружување, особено од соседните. Извишувајќи се над нив, овозможува пријатни и восхитувачки визури од својата кровна партија. Едноставноста, ортогоналноста и максимизацијата при искористувањето на просторот зборуваат за постигнатиот успех при изработувањето на проектот, создавајќи дом кој би го уживал секој негов сопственик.

5 април 2013 ПОРТА3 41

41

маРианг, јуЖна коРеја

Објект: детски центар Gangjin Архитекти: JYA-RCHITECTS

Детскиот центар во ова крајбрежно јужно-кореанско селце е дизајниран како замена на центар со иста намена, срушен во ураганот во 2012 година. При конципирање на основната идеја за проектот, студиото JYA-RCHITECTS користело цртежи изработени од локалните деца, од кои најголем дел прикажувале објекти во форма на куќа. Како одговор на цртежите и „барањата“ на децата, архитектите дошле до дизајнирање на двокатен центар, проследен со цикцак секвенци на калкански кровни профили, на кои дополнително им се додава кровна тераса и лизгалка. Целокупниот простор при развојниот процес на дизајнирање е креиран на начин да создаде неочекувани, интересни простори и разни занимливи сцени кои би ги заинтригирале младите корисници на центарот.

архитектура инфо

њуJоРк, Сад

Објект: Резиденција Архитектонско студио: GLUCK+

Проектот претставува реинвенција на типологијата на урбана куќа позиционирана во типична „празнина“ на површината на Менхетен. Конвенционалните основа и пресек се примарно редефинирани со позиционирање на комуникациското јадро во заднина на уличната фасада, наместо класично да се нижат вдолж страничните фасади. Фронталната фасада го исполнува уличниот фронт со специфично дизајниран алуминиум перфориран со отвори во форма на тула, кои соодветствуваат со полните фасади од тула на соседните објекти, како и панели чии хоризонтални споеви соодветствуваат со поделбата на катовите на остаткот од низата објекти. Минимализмот при ентериерното уредување и постигнатата приватност во однос на улицата, претставуваат комплетен контраст на стандардното њујоршко живеење во низа, каде на фасадите доминираат големи прозорски отвори, вообичаено заштитени од минувачите со завеси или пак ролетни.

оСло, ноРвеШка

Објект: Резиденцијален блок MAD Building Архитекти: MAD arkitekter

Мастер планот развиен за дистриктот во кој се наоѓа објектот MAD Building, наречен Opera Quarter, претставува резултат на интернационален конкурс одржан во 2003 година, на кој „Баркод“ концептот на архитектонските студија MVRDV, A-lab и DARK Arkitekter бил избран како победничко дело. Барањата биле: волумените да се простираат вдолж целата локација, да имаат четириаголна форма и да се специфицираат со униформни материјални експресии. Така, се формирал концепт на изградени блокови кои дефинираат надворешна мрежа на јавни пасарели. Произлезен од претходно наведениот концепт, објектот MAD Building е еден од „највитките“ апартмански блокови. Димензиите на оваа 15-катна конструкција изнесуваат 7,8 x 90 метри, а во нејзината најтенка точка, ширината достигнува изненадувачки шест метри. Вискостандардизираните урбани апартмански простори овозможуваат изложување на природно дневно осветлување и меѓусебна поврзаност во целокупниот контекст. Дизајниран со одмерен хармоничен стил, објектот на уникатен начин целосно се претопува во „баркод“ концептот на дистриктот.

подготви: андреа јамаКоСКа

ПОРТА 5 април 2013342

42

50 години обнова и изгРадба на Скопје

михаил токарев1963 2013

ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (6)

Истовремено, со зајакнувањето на архитектонската активност во Скопје, се случуваат позитивни промени и во другите македонски градови, а особено во Охрид. Архитектите од Охрид, со своите настојувања успеваат до извесен степен да внесат трансформирани традиционални елементи во новата архитектура, постигнувајќи препознатлив современ регионален израз. Од средината на 70-тите години, во Скопје се завршуваат значајни општествени објекти, главно за потребите на културната дејност. Зградата на Музеите на Македонија (1972-1976) во Старата скопска чаршија, Кирил Муратовски (1930-2005) и Мимоза Томиќ (1929-) ја конципираат во вид на павилјонско решение со терасесто поставени кубуси обликувани со јаки еркери. Таквата креативна и храбра интерпретација на традиционалната урбана структура придонесува овој нов објект да биде целосно интегриран во историскиот амбиент. Спротивно на претходното, Кирил Муратовски во соработка со Мирослав Сидоски (1937-1997) на спротивната страна на Скопје го подигаат големиот волумен на ЗОИЛ Македонија (1977), во чие обликување се вложени големи напори и средства, но без соодветен резултат. Тежината на овој волумен авторите настојуваат да ја намалат со неговото расчленување, а „префинетоста“ да ја зголемат со помош на фасадната облога од травертин. Негативниот впечаток уште повеќе се потенцира со поставувањето на овој објект на несоодветна и тесна локација. Славчо Вренцоски (1937-) во втората половина на 70-тите години се јавува како автор на неколку значајни објекти од општествен карактер. Се чини дека Вренцоски има поголема склоност за успешна употреба на новите архитектонски средства без присуство на историјата, што се гледа кај Управната зграда на Македонија табак (1980), каде што кристално чистите волумени со стаклена обвивка импонираат во создадената динамична композиција. Зградата на МАНУ (1976) од Борис Чипан (1918-2012) претставува врвно архитектонско остварување, кое ја дели сојузната Борбина награда. Просторно-волуменските односи на објектот и неговата второстепена пластика асоцијативно се

поврзуваат со традиционалната народна архитектура, кон што придонесуваат модерните тремови, чардаци и избраздената наклонета кровна површина. Својата богата стручно-научна и педагошка работа Борис Чипан во следниот период ја заокружува со неколку книги од областа на архитектонската теорија и книги поврзани со вредностите на градителското наследство.

Кирил Муратовски и Мимоза Томиќ. Музеите на Македонија (1972-76)

Напори за себепрепознавање

Кирил Муратовски и Мирослав Сидоски. ЗОИЛ Македонија (1977)

5 април 2013 ПОРТА3 43

43

Стоковната куќа Мост (1977) е поставена на мостовска платформа, која го поврзува градскиот центар на Скопје со Старата чаршија. Авторот Тихомир Арсовски (1929-) настојува со мултиплицирани волумени на традиционалната народна архитектура да се вклопи во историскиот амбиент, но евидентно е дека премногу ѝ се потчинил на традицијата.

Поврзувањето со традиционалните вредности постепено станува значајна компонента на македонската архитектура во последните децении на ХХ век, особено во областа на индивидуалните станбени објекти. Меѓутоа, голем број куќи се создадени без некоја особена инвенција затоа што содржат непромислен имитаторски пристап. Наспроти тоа,

подигањето на колективни станбени згради честопати поминува во друга крајност. Борбата за поголема материјална добивка придонесува за максимална експлоатација на градежното земјиште, па така се создаваат високи станбени кули во кои е запоставена хуманата компонента, а честопати и безбедноста на станарите од различни непогоди.

Александар Смилевски (1939-), користејќи го своето искуство од тимското проектирање на станбените кули тип Б (П+М+12) во Градскиот ѕид (1966), десет години подоцна ги подига уште повисоките станбени кули (П+М+16) во населбата Карпош IV (1976). Робусните волумени на овие симетрично решени објекти, тој настојува да ги олесни преку расчленувањето со нагласени вертикални ленти и со наклонети кровови. Во истата населба слична проектантска постапка применуваат Донка Петкова-Костиќ (1941) и Здравко Рафајловски (1951-) при создавањето на станбено-деловниот ансамбл Маврово (1979).

Борис Чипан. Зградата на МАНУ (1976). Основа и изглед

Тихомир Арсовски. Стоковната куќа Мост (1977)

Населбата Карпош IV: Црвените кули (1965) на Љ. Маленкова, станбената

низа (1973) на Б. Колев и белите кули (1976) на А. Смилевски

ПОРТА 5 април 2013344

44

занимливости феномени на пРиРодата

По 25 години под вода Епекуен одново се раѓаВо 1985 година, поројни дождови го преполниле коритото на езерото и солената вода го поплавила целиот град четири метри под вода, а жителите го напуштиле оставајќи ги своите имоти потопени под вода. До 1993 година нивото на водата уште повеќе расте и тој станува потопен 10 метри под вода.

Во Аргентина, на околу 600 километри југозападно од Буенос Аирес над површината на водата повторно се раѓа градот Епекуен. Станува збор за туристичко место кое било основано во 1920 година по должината на брегот на езерото Епекуен, кое се одликува со тоа што содржи голема концентрација

на сол, веднаш после Мртвото Mоре. Се верува дека водата на Епекуен, или „вечна пролет“, може да излечи многу болести

како реума, анемија, депресија, дијабетис, кожни болести и др. Поради тоа, туристи од цела Јужна Америка и од останатите делови од светот почнале да го посетуваат езерото, и набрзо местото покрај езерото станало град со повеќе од 5.000 жители и со по околу 25.000 туристи во сезоната од ноември до март. Туристичкиот бизнис почнал да напредува, во градот се изградиле голем број хотели, хостели, бањи, продавници, музеи и сето тоа го раководеле 280 бизнис компании. Но, во 1985 година, на 10

александра ПетРовСКа, дипл.инж.арх.

Некогаш и сега - слика од 1970 год. и денешната состојба на истото место

5 април 2013 ПОРТА3 45

45

занимливости

ноември поројни дождови, многу повеќе отколку вообичаено, го преполнуваат коритото на езерото што се излива, и солената вода го поплавува целиот град. За многу краток период градот станува поплавен, четири метри под вода, а жителите веднаш го напуштаат, земајќи го само најпотребното и оставајќи ги своите имоти потопени под вода. До 1993 година нивото на водата уште повеќе расте и тој станува потопен 10 метри под вода. Во 2009 година, после речиси 25 години водата започнала да се повлекува и почнале да се наѕираат остатоците од градот.

Денеска, водата е речиси целосно повлечена, но градот е пуст, само урнатините се сведоци на некогашниот живот во ова туристичко гратче. Никој од жителите се нема вратено во Епекуен, освен 81-годишниот Пабло Новак. Новак често го посетуваат новинари од различни делови на светот за преку фотографии да ја пренесат приказната за градот, и на кои, тој им раскажува за златните денови на Епекуена, во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. И дека се надева дека „вечната пролет“ повторно ќе процвета како некогаш.

Единствениот жител кој се вратил во Епекуена - Пабло Новак.

ПОРТА 5 април 2013346

46

спортски храмови „бахРеин интеРнаЦионал“, ШахиР, бахРеин

Сашо КузмаНовСКи

Уште една од „убавиците“ од креаторската палка на Германецот Херман Тилке е патеката во Бахреин. Отворена во 2004 година, „Бахреин Интернационал“

е редовно домаќин на трка од најатрактивниот шампионат Формула 1. Изградбата на „Бахреин Интернационал“ била директно иницирана од шеикот Салман бин Хамад Ал Калифа, кој е почесен претседател на Мотофедерацијата на Бахреин. За комплетна изградба на автодромот биле потрошени над 150 милиони долари, кои на Бахреин му го донесоа најбрзиот циркус уште во првата година од пуштањето во употреба на патеката. Изградена на 30 километри од главниот град Манама среде пустина, оваа патека полека станува симбол на Ф1 возбудувањата.Најновите стандарди употребени во изградбата и доопремувањето на патеката, биле причина „Бахреин Интернационал“ во 2007 година да ја добие наградата од ФИА за безбедност, медицинска екипираност и за високи стандарди во технологијата

Пустински предизвик

ФаКти за "БАХРЕИН ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ - Шахир, БахреинПовршина на градба: 74.000 м2 Цена на изградба: 150 милиони долариКапацитет: до 130.000 местатрибини: 65.000 монтажни седишта + 65.000 централни седишта Период на изградба: 2002 - 2004 седишта + 50.000 централни седиштаПридружни објекти: ВИП кула, административна зграда, медицински центар, Депо, повеќенаменски објекти.Дизајн: Tilke GmbH, Германијаархитект: Херман Тилке

5 април 2013 ПОРТА3 47

47

спортски храмови

потребна за непречено одржување на автомобилски натпреварувања. Изградбата на оваа патека се одвивала под капата на главниот изведувач на проектот, инвестициската групација "Cebarco WCT", една од најголемите во Бахреин. Во склоп на изведбата на главната патека, изградени се и шест помали патеки (кругови), кои се во рамките на основниот обем на главната патека, но

можат и се користат за други авто-мото натпреварувања. Сите се со различна должина и различна намена, а како заедничка ја имаат само стартно-целната рамнина. Ова е еден од главните новитети, кои Tilke GmbH ги понуди во ова свое ново револуционерно дело. Покрај тоа во состав на патеката постои и тест-патека (овална). Површината на патеката е направена од "Graywacke" мешавина, која е носена

директно од каменоломот Бајстон Хил во Англија. Станува збор за состав на песок, чакал, згура и кршен камен, кои се составен дел на композитните материјали како асфалт и бетон употребени за изведба на патеката. Оваа специјална мешавина веќе доби супер оценки за нивото на контрола што им го нуди на возачите и при големи брзини, а особено при дожд и високи температури.

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í,èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon.Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñîñâî¼àòà óíèêàòíîñò.Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signumïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíèíå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíàíà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk [email protected] +389 75 431 135

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

ПОРТА 5 април 2013348

48

Стигна 28-то издание на AutoCAD. Насловен AutoCAD 2014, без разлика што во тек е 2013 година. Скриената порака е: AutoCAD е година пред

сите други. Звучи надмено и нескромно? Има и зошто. Оваа верзија барем има зошто да се пофали. Но отпочеток:• AutoCAD 2014 е објавен на 26 март 2013 година. Со тоа се задржа практиката на Autodesk Inc. за објавување на нови верзии на апликацијата секоја година околу 25 март.• Фајл форматот останува ист како во претходната верзија - AutoCAD 2013 Drawing. Логично бидејќи 2013 фајл форматот е на сцената само една година.• Системските побарувања се горе-доле исти како и за претходната верзија, со напомена дека Windows Vista повеќе не е поддржан оперативен систем. Останатите поддржани системи се Windows® 8 Standard/ Enterprise/ Professional, Windows® 7 Enterprise/ Ultimate/ Professional/ Home Premium,

технологии

Уште едно ремек-дело од кујната на Autodesk

AutoCAD 2014 ги освојува нашите симпатии. Воодушевува прегледноста, компактноста и моќноста на апликацијата, нешто што одамна е нејзина карактеристика. Напредните можности во 2Д и во 3Д, како и поврзаноста со мноштво додатоци, го прават AutoCAD 2014 посакуван во секое проектантско биро.

трајче СтојаНов, дипл.инж.арх.

5 април 2013 ПОРТА3 49

49

Windows XP® Professional/ Home edition во 32-и-64-битна верзија. Треба да се напомене дека од 2010 година, Autodesk го нуди Autocad и за OS X оперативните системи, додека GNU/Linux оперативните системи и понатаму остануваат неподдржани. AutoCAD 2014 бара и 2 GB RAM меморија, а за непречена работа со комплексни фајлови пожелно е над 4 GB RAM како и повеќе јадрени процесори.• Најпријатната новина се однесува на низа иновативни подобрувања на командната линија. Покрај внесување на команди, командната линија во AutoCAD 2014 служи и за пребарување на содржини во цртежот како што се слоеви, шрафури, стилови итн. Во претходните верзии, доколку со внес на скратеници, апликацијата не можеше да препознае што корисникот сака, сега Unknown command известувањето не постои. Наместо него, пријателски настроената командна линија на секој непознат внес враќа со автокорекција на внесеното или со сугестии за команди, елементи, карактеристики. Дури, корисникот има опција да избере Помош преку Интернет за опциите што се излистани во командната линија. Се на се, може да се заклучи дека по скоро две децении, командната линија го враќа својот сјај во Autocad.• Неразбирливо долго време Autodesk ги игнорираше желбите на корисниците за додавање на јазичиња за отворените фајлови во AutoCAD како што се сретнува со низа други графички софтвери. Овој пат, желбите се исполнети. Веднаш под Ribbon лентата со икони, се наоѓа лентата на која се прикажуваат јазичињата на отворените фајлови. На тој начин, корисникот има побрз пристап и увид во отворените фајлови. По потреба оваа лента може да се исклучи.• Во AutoCAD 2014, Online јазичето е преименувано во Autodesk 360. Заедно со Design Feed ја заокружуваат опцијата за колаборација и тимска комуникација/работа на проектите. Во неа, корсниците можат да комуницираат со поставување на коментари/постови на самите цртежи, на веб и на различни поврзани уреди. Нормално, за сето тоа е потребен профил кој можат да го имаат само регистрираните корисници на AutoCAD.• Кога веќе Интернетот е дел од секоја професионална работа,

Autodesk ни овозможи поддршка при геореференцирање на проектите. Со наведување на точните координати или адреса на третираната локација, AutoCAD 2014 додава подлога на цртежот преземена од новиот сервис Autodesk Live Maps, но и други важни податоци за локацијата како што е позицијата на сонцето во текот на годината итн. Доколку поседуваме лаптоп со ГПС компонента, овозможено е директно лоцирање на местоположбата во AutoCAD.• Reality Capture е опција која овозможува 3д ласерските скенови од објекти, топографија или цели населби да бидат процесуирани, едитирани и искористени во AutoCAD 2014 за понатамошна употреба.• AutoCAD 2014 поддржува уреди остеливи на допир, а рибон – ленатата со алатки содржи и дел кој се однесува на работа со touch pad. За работа на уреди со помали екрани, останува проблемот со резолуцијата што мора да биде над 1024 на 768 пиксели. Но Autodesk мисли и на тоа. AutoCAD WS е апликација за таа намена.• Вообичаената инсталација на AutoCAD 2014 содржи и низа апликации од сервисот Autodesk Exchange, меѓу кои и додатоци за импорт/експорт на фајлови во и од SketchUp.

• Најновото издание содржи и низа подобрувања на алатките и командите како во 2Д, така и во 3Д. • На веб продавницата на Autodesk, AutoCAD 2014 LT (упростена верзија) чини околу 1.600,00 евра, додека комплетната верзија чини над 4.200,00 евра. Во опција влегува и можноста за претплата, што меѓу другото значи поддршка, редовно преземање на новите верзии и додатоци итн. На прв поглед, AutoCAD 2014 ги освојува нашите симпатии. Воодушевува прегледноста, компактноста и моќноста на апликацијата, нешто што одамна е нејзина карактеристика. Напредните можности во 2Д и во 3Д, како и поврзаноста со мноштво додатоци, го прават AutoCAD 2014 посакуван во секое проектантско биро. Полека, апликацијата го враќа сјајот.

технологии

Уште едно ремек-дело од кујната на Autodesk

ПОРТА 5 април 2013350

50

експерт незавиСен пРеглед на аРхитектуРата и изгРадената СРедина во обединетото кРалСтво

Придонес за политика на владата во областа на архитектуратаОд независниот преглед до крајот на годината треба да произлезе извештај за постојната состојба во рамките на архитектурата и изградената средина во земјата, со препораки и насоки за идниот развој во оваа област. Исто така, преку ова истражување и вклучување на секторот за архитектура и изградена средина, се очекува да се поттикне размислувањето на министерството за култура и креативни индустрии за улогата на владата во постигнувањето на висококвалитетни проекти.

д-р владимир Б. ЛаДиНСКи, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

На 25 март оваа година, британскиот министер за култура и креативни индустрии Ед Веизи го промовираше отпочнувањето на новиот независен стручен

преглед на архитектурата и изградената средина во Обединетото Кралство. Од овој независен преглед до крајот на годината треба да произлезе извештај за постојната состојба во рамките на архитектурата и изградената средина во земјата, со препораки и насоки за идниот развој во оваа област. Исто така, преку ова истражување и вклучување на секторот за архитектура и изградена средина, се очекува да се поттикне размислувањето на министерството за улогата на владата во постигнувањето на висококвалитетни проекти. На овој начин ќе се отвори можност да се влијае и обликува политиката на владата, но и ќе се отвори можност за разгледување на тоа дали евентуално може да се воведе и формална политика на владата за архитектура. Како и секогаш кога владата ќе побара да се изврши независен стручен преглед

за определена област, што поточно ќе се разгледа во рамките на истражувањето, претходно е дефинирано. Така, во овој случај од прегледот за архитектура и изградена средина се бара да се истражат следните четири клучни аспекти:

1. Разбирање на улогата на владата во промовирање на квалитетот на проектите во архитектурата и изградената средина.2. Економските придобивки од архитектурата од аспект на најголемо можно зголемување на потенцијалот за економски подем на Обединетото Кралство.3. Градителското наследство и изградената средина.4. Промовирањето на едукација, соработка и вештини. Како раководител на овој преглед на архитектурата и изградената средина во Обединетото Кралство, министерот за култура и креативни индустрии Ед Веизи го именувал Сер Тери Фарел ЦБЕ (Sir Terry Farrell CBE - Commander of the Order of the British Empire - кралско одликување: Командант од Редот на Британската

Империја). Сер Тери Фарел ЦБЕ се смета за еден од водечките архитекти и урбанисти во Обединетото Крластво, кој има зад себе низа наградени капитални објекти и урбанистички планови, вклучително со објектот на Министерството за внатрешни работи, урбанистичките проекти за регенерација на Полуостровот Гринич, Риџент плеис - кварт во Камден, Лондон, Кејот во Њукасел и други значајни проекти надвор од земјата. Од меѓународните проекти особено се истакнуваат: аеродромот Инчеон во Сеул, Јужна Кореја, железничките станици во Пекинг и Гуангзоу во Кина, при што последната го носи епитетот на најголема железничка станица во светот. Исто така во Хонг Конг се истакнуваат и проектот на кула (Peak Tower), комплексот на железничката станица Коулун и објектот на Британскиот конзулат. Во текот на својата плодна кариера Сер Тери не само што ја промовирал архитектурата и урабнистичкото планирање, туку тој и го потпомогнал оформувањето на владината политика во однос на клучни прашања од областа на изградената средина. Како признание за ова, во рамките

Ед Веизи

5 април 2013 ПОРТА3 51

51

експертнезавиСен пРеглед на аРхитектуРата и изгРадената СРедина во обединетото кРалСтво

на Наградите за планирање Лондон 2013, бил изгласан за поединец кој има најмногу придонесено во доменот на планирањето и развојот во изминатата декада. Се разбира, во рамките на изработката на прегледот, Сер Тери Фарел ЦБЕ ќе биде потпомогнат во својата работа и од повеќе советници - експерти, меѓу кои се: наградуваната архитектка Алисон Брукс (Alison Brooks) позната по своите станбени и културни објекти, Алан де Ботон (Alain de Botton), британски писател, филозоф, телевизиски презентер и претприемач, Ханк Дитмар (Hank Dittmar), урбанист и извршен раководител на Принцовата фондација, наградуваниот архитект Џим Ејр ОБЕ (Jim Eyre OBE), дизајнерот Томас Хеатервик (Thomas Heatherwick), познат по своите иновативни споменици и скулптури, Најџел Хјугил (Nigel Hugill), експерт за недвижен имот, Луси Масграве (Lucy Musgrave), експерт за одржливи заедници и урбан дизајн, Сунанд Прасад (Sunand Prasad), меѓународно признаен архитект во доменот на здравствени, образовни и јавни објекти и бивш претседател на Кралскиот институт на британските архитекти, Викторија Тортон (Victoria Thornton), поборник за подобро разбирање на архитектурата и изградената средина надвор од професијата. За министерот за култура и креативни индустрии Ед Веизи „добриот дизајн гради заедници, создава квалитет на живот, и прави подобри места за луѓето да живеат, работат и уживаат во нив. Јас сакам да се обезбедам дека ние го правиме сето она што е потребно да ја признаеме важноста на архитектурата и да ги прибереме

придобивките на добриот дизајн, и се радувам дека Сер Тери Фарел се согласи да го изготви овој независен преглед. Јас сега ги повикувам сите оние во рамките на индустријата на архитектурата и на изградената средина, активно да се вклучат и да придонесат со своите мислења во овој процес“. Сер Тери Фарел е восхитен дека ќе го води овој значен преглед овој пат: „Многу земји имаат ефективни архитектонски политики и јас сакам да научам од тоа што се работело во другите средини, а исто така сакам да научам од оние вклучени тука во архитектурата и изградената средина. Архитектурата и изградената средина се

толку важни за нас од културен, економски, социјален и енвиронменталистички аспект“. Во својата изјава по повод отпочнувањето на новиот независен стручен преглед на архитектурата и изградената средина, претседателката на Кралскиот институт на британските архитекти Анџела Брејди (Angela Brady) изјави: „Ние сме воодушевени дека Сер Тери е донесен да го надгледува овој толку значаен и сеопфатен преглед. Архитектурата не е проблем кој добро се вклопува ниту во еден ресор на владата, затоа еден ваков сеопфатен преглед е

неопходен за да се обезбеди координиран, заеднички пристап низ целата влада. Клучно, овој преглед нема само да ја истражи политиката, туку и поширокиот контекст на архитектурата, рефлектирајќи ја нејзината клучна културна важност. Ние очекуваме да играме клучна ролја во овој преглед, тесно соработувајќи со Тери во наредните месеци кога тој ќе ги прибира своите докази и ќе ги формулира своите препораки до владата“. Стручната и пошироката јавност со нетрпение ќе го исчекуваат претстојниот извештај на Сер Тери Фарел за архитектурата и изградената средина, во надеж дека тој можеби ќе придонесе конечно формално да се дефинира политика на владата во оваа област.

Алан де Ботон

Тери Фарел

Ханк Дитмар

Алисон Брукс

ПОРТА 5 април 2013352

52

еко инфо

ТИРАНА

Одобрена изградбата на новата албанска хидроелектранаАлбанското Министерство за стопанство, трговија и енергетика потпиша Договор за концесија со компанијата Shala Energy за изградба на хидроцентрала со моќност од 127,6 MW на реката Shala. Проектот ќе чини околу 272,7 милиони долари, што вклучува градежни работи, опрема, далеководи, и други трошоци. Се очекува хидроцентралата да ги произведе првите количини електрична енергија, во рок од пет години од почетокот на изградбата.

(HydroWorld)

БРИСЕЛ

Тужби за Полска и Кипар поради недонесување на Закон за обновливи извори на енергијаИзвршното тело на Европската Унија најави дека ќе ги тужи Полска и Кипар, поради недонесување на новиот Закон за обновливи извори на енергија кој ги транспонира европските правила според кои до 2020 година, 20% од енергијата мора да биде произведена од обновлива енергија. Државите членки имаа повеќе од пет години да го донесат и имплементираат овој закон. Комисијата предложи казна од 133.228 евра дневно за Полска и 11.404 евра дневно за Кипар.

(Energia)

ПРАГА

Крај за субвенциите во ЧешкаЧешкото Министерство за индустрија и трговија подготвува нов закон со кој би се укинале субвенциите за новите енергетски проекти од обновливи извори. Од 1.1.2014 година би требало да престане секаква финансиска помош за нови проекти од обновливи извори, освен за високоефикасните погони за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија. Чешкиот сојуз за обновливи извори се противи на тој предлог, наведувајќи дека на тој начин ќе бидат оштетени операторите од малите обновливи извори.

(Prague Monitor)

5 април 2013 ПОРТА3 53

53

еко инфо

ваШингтон

американското стопанство троши помалку енергијаФранцуската компанија GdF Suez ќе го изгради најголемиот ветерен парк во Северна Африка, поточно во Tarfaya во јужниот дел на Мароко. Централата ќе има моќност од 300MW и ќе започне со работа кон крајот на 2014 година. Проектот вреди 450 милиони евра и ќе го зголеми вкупниот производствен капацитет на компанијата за 8%.

(UPI)

лондон

катарскиот тнг интервентно ја спасува британијаВелика Британија се најде во незавидна ситуација поради невообичаено студеното време за овој период од годината, а спас претставуваат танкерите со ТНГ (течен нафтен гас) од Катар. Континуирано студеното време ги намали британските резерви за снабдување со гас на отприлика 10%, што претставува потрошувачка за 36 часа. Земјата моментално користи 40% повеќе гас отколку што е вообичаено за овој период од годината, а цената на гасот достигна рекордни 150 фунти за 100m3. ТНГ не е долгорочно решение за Британија, но квалитетно го покрива недостатокот на краток рок.

(Independent)

паРиз

наместо бучни косилки, еколошки прифатливи овциГрадските власти во Париз одлучиле за одржување на зелените површини да користат овци наместо косилки. Овците најпрво ќе бидат користени само во еден парк за да се утврди изводливоста на оваа „техника“ во урбани услови. Стручњаците сметаат дека овој начин на одржување на зелените површини е еколошки поефикасен, бидејќи се ограничува бучавата и употребата на фитосанитарни производи. Доколку се постигнат добри резултати, овој метод ќе се користи и во другите паркови, па дури и во познатата Булоњска шума.

(energetika.ba)

подготви: Даниела мЛаДеНовСКа

ПОРТА 5 април 2013354

54

екологија

1

поЧнува маСовна иСтРаЖуваЧка Студија

На фитопланктонот му е потребно итно пребројување

5 април 2013 ПОРТА3 55

55

екологија

Истражувачите од Универзитетот во Плимут, Велика Британија, ги повикаа морнарите и рибарите да учествуваат во единствената глобална студија, која ќе

го одреди количеството фитопланктон во океаните, и тоа преку апликација за мобилен телефон. Фитопланктонот е група едноклеточни организми кои се на почетокот на синџирот на исхрана во морските екосистеми. Научниците тврдат дека нивниот број во последните години драстично се намалил како последица на зголемувањето на температурата на морската вода, што е последица на глобалното затоплување. Новонастанатата ситуација во иднина би имала несогледливи последици по опстанокот на морскиот свет, но и на секое друго битие на планетава,

со оглед на тоа што фитопланктонот во океаните произведува дури половина од кислородот потребен за живот на Земјата, потсетуваат од Универзитетот во Плимут. Проектот што треба да го одреди количеството фитопланктон во океаните го лансираше Поморскиот институт при Универзитетот во Плимут. Истражувачите се надеваат дека ќе успеат да направат мапа на океаните со сезонските и годишните промени на фитопланктонот, од сега за во иднина. „Фитопланктонот живее под површината на морската вода, па е под директно влијание на покачените температури на морската вода, што е резултат на климатските промени. Според еден научен извештај, кој беше објавен минатата година, популацијата на морскиот планктон се намалила за дури 40 проценти, од 1950 година наваму. Ние мора да дознаеме како тие организми се менуваат во новонастанатите услови за да го разбереме нивниот ефект врз морската биологија“, вели биологот доктор Ричард Кирби, водачот на истражувачкиот тим. За да се утврди нивото на фитопланктон во нашите океани, математички експерти од Универзитетот во Плимут развиле бесплатна апликација за мобилен телефон за рибарите и морнарите, која може да се користи во сите делови на светот. Тие ќе треба да изведат едноставен експеримент употребувајќи таканаречен "Secchi Disk", кој може сами да го направат според даденото упатство на сајтот (http://www1.plymouth.ac.uk/marine/secchidisk/Pages/default.aspx). Закачен за мерна лента, дискот се спушта во водата преку работ на чамецот, а длабочината на која тој исчезнува од видот ја проценува количината на фитопланктон во морето. Таа длабочина потоа се внесува во датабаза со помош на апликацијата за мобилен телефон, објаснуваат од Универзитетот.

виСтинСките „бели дРобови“ на планетата земја Овие едноклеточни растенија ја користат енергијата од Сонцето за да го претворат јаглеродниот диоксид и нутриентите во сложени органски соединенија, кои

сочинуваат нов растителен материјал. Со овој процес, познат како фотосинтеза, овие организми растат. Во процесот на фотосинтеза фитопланктонот во светските мориња ослободува кислород во водата, поточно, фитопланктонот произведува дури половина од кислородот на Земјата. Токму поради овој процент произведен кислород, групата организми е како „бели дробови“ на нашата планета и заслужува брза акција за заштита, пишува магазинот ‘National Geographic’. Другата половина од кислородот се добива преку фотосинтеза од дрвјата на копното, грмушките, тревите и другите растенија. Денес, фитопланктонот и растенијата на копното одржуваат рамнотежа во количеството на атмосферскиот кислород.

Сашо КузмаНовСКи

Во процесот на фотосинтеза, фитопланктонот во светските мориња ослободува кислород во водата, поточно, фитопланктонот произведува дури половина од кислородот на Земјата. Токму поради овој процент произведен кислород, групата организми познати како фитопланктон е како „бели дробови“ на нашата планета и заслужува брза акција за заштита.

ПОРТА 5 април 2013356

56

хортикултура

Цвеќиња за разигрување на балконите

Без разлика на тоа што сите видови може лесно да се размножат, вегетативно или генеративно и наизглед е едноставно, сепак за размножување на квалитетен расад треба многу повеќе од љубов. Најдобро е нив да ги набавувате од проверени продавачи, затоа што таму квалитетот никогаш нема да изостане во поглед на издржливоста и естетскиот изглед на единката.

Филип ФиЛиПоСКи, дипл.шум.инж.

доаѓа пРолетта

Со доаѓањето на пролетта и покачувањето на температурите постепено ќе почнат да се појавуваат и саксиите со цвеќе по балконите. Цвеќињата, кои народот кај нас ги одгледува на балконите, најчесто

се традиционални. Најчесто се одлучуваме за сезонски цвеќиња како пеларгониумот, вербената, петуниите, водениката и слично. Кога станува збор за цвеќиња кои се садат во жардиниери, на гелендерите од балконите, секогаш предност добиваат висечките хибриди. Еден од најчесто употребуваните цветни видови се пеларгониумите. Овој вид со потекло од Јужна Африка, цвета доста долг период во текот на

5 април 2013 ПОРТА3 57

57

рубрика

Цвеќиња за разигрување на балконитегодината, од почетокот на пролетта, па се до зима. Важно е растението да биде одгледано на проветрено, топло и светло место. Преку зимата на пеларгониумот потребна му е температура како и во земјата на потекло 10-15оС, па затоа најдобро е да го засолните во затворен простор за да може да опстане до следната година. Со текот на времето растението оголува, па затоа треба постојано да се размножува за да го имате на балконите во континуитет повеќе години. Најлесен начин за размножување е вегетативно со резници долги околу 10 см. Ако почвата е многу влажна, подолг период, се случува да почнат да му гнијат корењата, а понекогаш се образува сива мувла по листовите и пупките. Петунијата е многу убаво едногодишно цвеќе кое може да се сади во најразлични садови или во градината. Цвета од рана пролет па се до касна есен. Достигнува висина од 15 до 40 см, зависно од видот, а најпопуларни се ниските култивари. Доколку за размножување се користат хибридни семиња, декоративноста нема да изостане, но ако од истите растенија следната година се собере семето и се посее, единките ќе бидат со должина од 40 см што изгледа доста штуро. Истото се случува во услови кога петуниите ќе се расадат на позасенети експозиции. Цветовите на петуниите може да се сретнат во најразлични бои, како и во комбинација од повеќе бои. Најдобро се развива на сончеви експозиции, во богат хумус. Има потреба од редовно и секојдневно полевање преку летниот период. Постои специјално комерцијално ѓубриво за петунии збогатено со железо. Како дел од одржувањето на петуниите е тоа што редовно треба да се отстрануваат овенатите цветови, со што во голема мера би се продолжило времето на цветање. Вербената исто така често се среќава кај нас по балконите, иако не толку често како пелaргониумот и петуниите. Има поситни цветови, во најразлични бои. Потеклото и е од Јужна Америка. Освен по балконите може да се користи и во градините, како декор на алпинетумите, за висечки кошници и сандачиња. Цвета од април до октомври. Почвата треба да биде добро дренирана, бидејќи и вербената како и претходните многу страда од застоена вода во кореновата зона. Поднесува големи температурни амплитуди од 2 па се до 30оС. Без разлика на тоа што сите видови може лесно да се размножат, вегетативно или генеративно и наизглед е едноставно, сепак за размножување на квалитетен расад треба многу повеќе од љубов. Најдобро е нив да ги набавувате од проверени продавачи, затоа што таму квалитетот никогаш нема да изостане во поглед на издржливоста и естетскиот изглед на единката.

ПОРТА 5 април 2013358

58

светско културно наследство ЦРквата „Свети витале“ во Равена, италија

Блесокот на равенските мозаициГолемата црква со архитектонско решение кое е типично за објектите од православниот свет е најубавиот споменик на византиската уметност во Западна Европа

Има места и објекти кои од првата средба ти влегуваат под кожа, исто како што е со луѓето. Таква беше мојата средба со црквата Св. Витале во Равена.

Влегуваш и се губиш во просторот, насобрани луѓе пред големиот олтар сликаат, снимаат, главите им се кренати високо горе. Толку многу ги има, а толку се ситни, како песок пред тоа што силно блеска - мозаиците во олтарниот простор на Св. Витале. Досега ги имам видено многу пати овие свети слики, се разбира во книгите, но вистинската средба со нив ја откри и нивната вистинска големина.

И тоа не е поради свесноста за битноста на оваа црква изградена во времето на Јустинијан, туку за чувството со кое излегуваш откако ќе ја посетиш. Избираш да седнеш и мирно да ја набљудуваш или пак да шеташ низ неа. Јас избирам да шетам. Се обидувам да го надминам јазот од петнаесетте векови кои нè делат. Успевам, едвај, во моите мисли.

ЦРквата Св. витале Сместена на јадранскиот брег, Равена била значајно место од каде што се контролирала трговијата меѓу Истокот и Западот. Во 402 година била престолнина на Западното Римско Царство, а во 493 година била

окупирана од Остроготскиот крал Теодорих, кој владеел повеќе од триесет години. Тој го имал прифатено аријанството како религија и изградил неколку цркви за оваа популација, вклучувајќи ја и позната Св. Аполинаре Нуово, мавзолејот на Теодорих и Аријанската крстилница, кои денес се наоѓаат во градот. За време на Јустинијан, Равена конечно е ослободена од владеењето на Готите и станала дел од византиското царство. Токму тогаш е изградена и познатата црква Св. Витале. Историчарите велат дека Св. Витале е најзначаен споменик на византиската архитектура во Западна Европа и меѓу најубавите примери на византиската

Кате аНтевСКа, историчарка на уметност

Внатрешноста на Св. Витале во Равена

5 април 2013 ПОРТА3 59

59

светско културно наследство

Блесокот на равенските мозаициуметност воопшто. Изградена во средината на 6 век, а осветена од бискупот Максимијан Равенски, оваа црква е посветена на свети Витале за кого легендата вели дека бил римски војник и маченик од крајот на 4 век. Црквата е голема, со впечатливо архитектонско решение кое не е карактеристично за објектите од Западот. Планот на црквата е од централен тип, одлика на црквите од православниот свет. Има октагонална форма чиј централен дел е надвисен со купола носена од осум столбови и арки. Куполата со дијаметар од шеснаесет метри и големите ниши биле насликани во 1780 година.

мозаиЦи Првата асоцијација за Равена се мозаиците, кои ги има не само тука, во Св. Витале, туку и во останатите сакрални објекти во градот. Олтарниот простор во Св. Витале, кој е десетици метри висок, кога се набљудува оддалеку се чини како да блеска. Со приближувањето сликите се разјаснуваат, симболите и ликовите се отворат. Централно, во апсидата е претставен младиот голобрад

Христос, облечен во царска пурпурна облека како седи на глобус со ангелска придружба. Во рацете држи дијамантска круна која му ја дава на свети Витале, кој се наоѓа од неговата лева страна. Од другата страна, пак, е претставен бискупот Еклезие со моделот на црквата во раце. Бочните страни на презвитериумот се исполнети со мозаици со сцени од Стариот завет, како Аврамовата жртва, Гостопримството Аврамово и

други. Меѓу највпечатливите и најпознати претстави се раскошните мозаици со цар Јустинијан и царица Теодора. Царскиот пар е претсатвен одделно, во различни сцени, поставени една спроти друга. Јустинијан стои во средина, облечен во пурпурна одора со дијамантска круна на главата. До него, бискупот Максимијан носи златна наметка и држи дијамантски крст во едната рака. Од десната стрна на Јустинијан

Св. Витале во Равена

Поглед кон куполата на Св. Витале во Равена

ПОРТА 5 април 2013360

60

светско културно наследствоОлтарниот простор на Св. Витале

Јустинијан Христос со свети Витале и бискупот Еклезие

Апсида

Царица Теодора

5 април 2013 ПОРТА3 61

61

светско културно наследство

се прикажани двајца дворјани и неговата вооружана стража. Целта на оваа претстава била да го прикаже Јустинијан како Констатинов наследник и како Христов посланик на земјата, кој ги обединува црковната и државната власт. Наспроти мозикот со Јустинијан е мозаикот со Теодора со дворските дами и дворските свештеници. Како и нејзиниот маж, така и таа е облечена во царска пурпурна облека, а главата и е опкружена со ореол. Таа носи златен пехар во гест кој потсетува на сцената „Поклонувањето на кралевите“, која е извезена на краевите од нејзината облека. Ако се разгледуваат ликовно, може да се забележи дека сцените немаат перспектива, а фигурите го имаат византискиот идеал на убавина: високи фигури со овални глави со крупни продорни очи, долг и тенок нос и мали усни. Ликовите се типизирани, статични, но церемонијални, достоинствени и со полна убавина.

Цар Јустинијан, Св. Витале во Равена

ПОРТА 5 април 2013362

62

совети

ПРОЛЕТНО ПРЕУРЕДУВАЊЕПролетва сакаме да го реновираме станот па би направиле и некои измени во распоредот на просториите. Потребен ни е поголем, отворен дневен престој. Спалната соба би ја одвоиле да биде одделна соба. Дали е тоа можно? Не сме сигурни ни околу изборот на боите. Ве молиме за совет.

Семејство Андоновски, Скопје

Доаѓа време кога се јавува желба за внесување промени во животниот простор. Ако веќе планирате реновирање, можно е просторот да се преуреди и да ги задоволи вашите моментални потреби. Со неколку промени во распоредот на преградните ѕидови може да добиете потполно поинаков амбиент. На местото на големата

станбена кујна со поместување на ѕидот ќе се добие помала соба која може да биде спална. Така, просторот во дневната, кој е преграден на дел за спиење и дел за дневен престој, се претвора во една голема отворена дневна соба. Освен делот за одмор со ниско седење, таа содржи трпезарија и отворена кујна со пулт. Бидејќи ѕидот меѓу бањата и кујната се поместува, просторот од бањата се зголемува, па таа може да се подели на помал дел за тоалет и поголем за бања. Во време на економска криза не морате да трошите пари и за нов мебел. Ретро стилот долго се задржа како актуелен тренд. Ретро мебелот игра важна улога во нијансирањето на ентериерот. Токму барските столчиња пред пултот во кујната од времето на седумдесеттите, со чисти бои - црвена, жолта и сина, можат да бидат детаљ кој ќе служи во создавањето атмосфера. Жолтата боја од кујната може да продолжи и кон дневната за да создаде топло релаксирачко чувство.

Билјана СтевКовСКа-Савиќ, дипл.инж.арх.,

[email protected]

потоа

пред

5 април 2013 ПОРТА3 63

63

најчудни градби

Куќа во земја не е само дизајн или тип на некоја уникатна градба, туку еден вид на архитектонски стил кој во основа означува употреба на природата, на земјиштето како

замена за ѕидови или куќна архитектура. Поинаку кажано, тоа значи сместување на куќата во внатрешноста на земјата и засилување на одредени сегменти со конструкција на потпорни ѕидови и слично. Кога се прави ваква куќа, најчесто една страна е ориентирана кон надворешноста додека преостанатите се вметнати во земјата. Страната што е надвор, најчесто има и влез, прозорци, градина, двор и слично, иако не е реткост да се пронајдат индивидуални концепти кои имаат влез и од кровот, односно од горната страна. Порано имало модели кои немале никаков прозорец, освен споменатиот влез од кровот, но со тек на време, енергијата и светлоста станале заштитен знак заради што се посветило внимание и на прозорците и на страничните влезови. Ваквите куќи најчесто се сместуваат во природни нивелации, значи не станува збор за намерно „потрупување“ на куќите со земја, туку таква е конфигурацијата на теренот, на почвата, што овозможува вметнување на објект во таа испакнатост. Иако, денес сè почесто се практикува и моделот на потрупување. Сето друго е имагинација на авторот. За да се направи земјена куќа, потребна е посебна техника на нанесување на цементот во внатрешноста на земјата. По копањето, најчесто се поставува овална армирана конструкција која потоа

се прска со бетон. Ваквиот модел за прв пат го употребил научникот Карл Ејкли во 1911 година, креирајќи посебна машина за прскање на цемент. Моделот и техниката биле усовршени од швајцарскиот архитект Питер Веч, кој на овој начин направил дури 40 куќи во земја. На овој начин станал не само рекордер, туку и основач на практичната примена на овој тип на архитектура. Освен основните метални арматурни столбови, според оваа техника, истите се поврзуваат со спирални арматури. Слојот помеѓу арматурата и земјата, во горниот (кровен) дел се прска прво со пена која овозможува изолација. Таа се става и од надворешната страна на столбовите, по што се става дополнителен слој кој се полни со земја. Денес постојат примери кога целата ваква основа се поставува во природна географска дупка за ваква намена и се дополнува, но можно е и вештачко креирање на земјени куќи со додавање на комплетен слој земја врз целата арматура. Одличен пример за куќа во земја

може да се сретне во Швајцарија и таа е потпишана од самиот Питер Веч, кој ја дизајнирал. Има заоблена форма, што значи дека и внатрешноста се одликува со отсуство на коцка, на остри агли. Има одлична балансираност со надворешноста, која има убава градина, двор со мини езерца, многу цвеќе, а и самите прозорци одлично се вклопуваат во целиот дизајн. Една од најголемите придобивки на ваквите куќи е што имаат и над 50% поголема влажност, која е константна, а исто така нуди и поголема безбедност при потреси. Како негативна страна се напоменува лошата проценка на изолацијата, која може да доведе до појава на влага, а со тоа и на невозможни услови за живот. Своевремено како негативност била посочена и нестандардната форма, овални или кружни соби, што е проблем за мебелот. Но денес, таквата негативност лесно се претставува и како позитивност и шанса за инвентивност и уникатност.

Куќа во земја Драган РиСтов

ПОРТА 5 април 2013364

64

излог

2

1

4

5 април 2013 ПОРТА3 65

65

излог

1. Дизајн на маса во облик на гранки од дрво од студиото IL HOOD ROH.

2. Студиото Yours Design од Нов Зеланд ја дизајнира оваа ламба направена од ногалки од американски јасен.

3. Колекција ламби "Clouds" од студиото Molo, изработени од три дрвени ногалки и бел текстил во облик на облак.

4. Комода за пијалоци направена од фурнир од орев.

Дизајнерот Peter Pierobon инспирацијата на концептот ја наоѓа од топографијата на неговото родно место - Ванкувер.

5. HarmonyWorld Consulting & Design дизајнираа скулптурално работно биро за нивните канцеларии во Шангај, изработено од сјаен медијапан.

подготви: Сандра ДоНЧева теоХаРова, дипл.инж.арх.

5

3

ПОРТА 5 април 2013366

66

јавни набавки

Ñ Î Î Ï Ø Ò Å Í È Å Ä Î £ À Â Í Î Ñ Ò À

çà ïðîòèâïðàâíî êîðèñòå�å íà èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ� Êèðèë è �åòî�è¼� âî Ñêîï¼å

Èì ñå ñîîïøòóâà íà äåëîâíàòà è íà ïîøèðîêàòà ¼àâíîñò äåêà Çàâîäîò çà è�ïèò�âà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å, îä 2009 ãîäèíà ïðîòèâïðàâíî âî íàçèâîò íà ñâî¼àòà ôèðìà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Íà îâî¼ íà÷èí ãè äîâåäóâà âî çàáëóäà äåëîâíèòå è äðóãèòå ñóá¼åêòè âî Ðåïóáëèêà Ìàêåäîíè¼à è ïîøèðîêî äåêà ñå ðàáîòè çà èíñòèòóöè¼à âî ñîñòàâ íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å.

Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å ñîîïøòóâà äåêà ñòàòóñîò ïðèäðóæíà ÷ëåíêà íà Óíèâåðçèòåòîò, Çàâîäîò çà èñïèòóâà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å ãî èìà èçãóáåíî ñî Îäëóêà íà Óíèâåðçèòåòñêèîò ñåíàò è ñî ïðàâîñèëíà è èçâðøíà ïðåñóäà íà Îñíîâíèîò ñóä Ñêîï¼å 2 - Ñêîï¼å, à ñî òîà ãî èìà èçãóáåíî è ïðàâîòî äà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò.

Óíèâåðçèòåò �Ñâ� �èðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 44/2013

ПРАВИЛНИКЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА

ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА

БАРАЊЕТО ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ И ФОРМАТА

И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА

ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДЕЊЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 45/2013

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА

ЗА ИЗДАВАЊЕ, ОБНОВУВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НА ГРАДБИ,

РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, УПРАВИТЕЛ

НА ГРАДБА, ИЗВЕДУВАЧ НА ГРАДБИ, НАДЗОР НАД ИЗГРАДБАТА НА ГРАДБИ И

УПРАВИТЕЛ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ, ФОРМАТА

И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ЛИЦЕНЦИТЕ,

КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ

НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ ЗА ИЗДАДЕНИ, ОБНОВЕНИ И

ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИ

ЛИЦЕНЦА АЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НА ГРАДБИ

ОД ПРВА КАТЕГОРИЈА

ЛИЦЕНЦА Б ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НА ГРАДБИ

ОД ВТОРА КАТЕГОРИЈА

ЛИЦЕНЦА А ЗА РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТНА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДБИ ОД ПРВА КАТЕГОРИЈА

ЛИЦЕНЦА БЗА РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТНА

ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ГРАДБИ ОД ВТОРА КАТЕГОРИЈА

ЛИЦЕНЦА ЗА УПРАВИТЕЛ НА ГРАДБА

ЛИЦЕНЦА А ЗА ИЗВЕДУВАЧ НА ГРАДБИ ОД

ПРВА КАТЕГОРИЈА

ЛИЦЕНЦА БЗА ИЗВЕДУВАЧ НА ГРАДБИ ОД

ВТОРА КАТЕГОРИЈА

ЛИЦЕНЦА А ЗА НАДЗОР НАД ИЗГРАДБА

НА ГРАДБИ ОД ПРВА КАТЕГОРИЈА

ЛИЦЕНЦА БЗА НАДЗОР НАД ИЗГРАДБА

НА ГРАДБИ ОД ВТОРА КАТЕГОРИЈА

ЛИЦЕНЦА ЗА УПРАВИТЕЛ НА

ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ОД ПРВА И ВТОРА КАТЕГОРИЈА

ГРАД СКОПЈЕ

ОГЛАСЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО

ПАРТНЕРСТВО ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА,

ФИНАНСИРАЊЕ, СТОПАНИСУВАЊЕ И

ТРАНСФЕР НА ТРАМВАЈСКИ СИСТЕМ ЗА ПРЕВОЗ НА

ПАТНИЦИ ВО ГРАД СКОПЈЕ КОЕ СЕ ОСТВАРУВА КАКО

КОНЦЕСИЈА ЗА ЈАВНА РАБОТА БРОЈ 002/2012

ОПШТИНА СТРУМИЦА ПОНИШТУВАЊЕ НА

ОБЈАВА БРОЈ 03/2012 (14.9.2012) ОД ТОЧКА 11,

ВО ДЕЛОТ НА ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

СО КАРАКТЕРИСТИКИ СОГЛАСНО ТАБЕЛАРЕН

ПРЕГЛЕД 3 (ВТОРА ПАРЦЕЛА), ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

НАДДАВАЊЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 46/2013

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 22/2013Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Санациони интервенции на фискултурна сала во ОУ “Гоце Делчев“ с. Љубанци – Бутел и реконструкција на училишен објект на ОУ “Тошо Арсов“ нас. Македонка – Штип.Контакт тел/факс: 02 3117-896, 02 3212-915, 02 3118-414, лице за контакт: Маја Симоновска.Јавно отворање на понудите на ден 18.04.2013 год.