64
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 177 / ПЕТОК 24.02.2012 година VIII ВО ОВОЈ БРОЈ: специјален прилог За градежништВо И дрвото овозможува тишина ПОСЛЕДНИОТ граДСКИ арХИТЕКТ ПОМЕЃУ ВОЗВИШЕНОТО и СЕКОЈДНЕВНОТО

Porta3 177

  • Upload
    porta3

  • View
    235

  • Download
    4

Embed Size (px)

DESCRIPTION

arhitektura, gradeznistvo, ekologija

Citation preview

Page 1: Porta3 177

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

177

/ ПЕТ

ОК

24.0

2.20

12 г

один

а VI

II

ВО ОВОЈ БРОЈ: специјален

прилог За градежништВо

И дрвото овозможува

тишина

ПОСЛЕДНИОТ граДСКИ

арХИТЕКТ

ПОМЕЃУ ВОЗВИШЕНОТО и СЕКОЈДНЕВНОТО

Page 2: Porta3 177
Page 3: Porta3 177

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

177

/ ПЕТ

ОК

24.0

2.20

12 г

один

а VI

II

ВО ОВОЈ БРОЈ: СПЕЦИЈАЛЕН

ПРИЛОГ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО

И дрвото овозможува

тишина

ПОСЛЕДНИОТ ГРАДСКИ

АРХИТЕКТ

ПОМЕЃУ ВОЗВИШЕНОТО и СЕКОЈДНЕВНОТО

38 54

БРОЈ 177 ПЕТОК 24.02.2012 ГОДИНА VIII

44

Во земјава одново се актуелизира прашањето за воведување на функцијата Градски архитект, пред сè во Скопје. Според заговорниците на оваа идеја, Градски архитект претставува орган при градските власти, кој би имал задача да ја управува градската урбано-естетска политика. И додека кај нас се зборува за повторно воведување на оваа функција, ви нудиме и британско искуство. Минатото лето, речиси незабележано во јавноста, замина последниот Градски архитект во Велика Британија, господинот Џон Торп, кој беше задолжен за архитектурата на Лидс. Со неговото заминување од должноста, веројатно е завршено едно забележително поглавје во историјата на архитектурата и градоградителството во оваа земја. Плоштадот Македонија ќе го надвиснат куполи. Фасадна обнова на објектите што гравитираат околу плоштадот Македонија и изградба на куполен простор со повеќе

нивоа, се дел од идеите што ќе се реализираат со новиот Детален урбанистички план „Мал ринг". Она што најмногу го привлекува вниманието е надвишувањето на објектите со куполи, што за главниот град е новина. Според повеќемина архитекти, би било добро прво да се подготви некој вид видео презентација, за јавноста да добие увид што точно е предвидено и како ќе изгледа. Македонија и годинава ќе учествува на Биеналето за архитектура во Венеција. Македонски претставник на оваа смотра е проектот Помеѓу возвишеното и секојдневното на „Метамак, Архитектонски колектив“. Во интервју за „Порта 3", кураторите Саша Тасиќ и Александар Радевски го образложија концептот на оваа изложбена поставка која обединува 50 специфични дела во единствена целина - идеален град.

од редакцијата

СКОПЈЕ 08ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ЌЕ

ГО НАДВИСНАТ КУПОЛИ

ИНТЕРВЈУ 14ПОМЕЃУ ВОЗВИШЕНОТО

И СЕКОЈДНЕВНОТО

УРБАНИЗАМ 30 ПРОБЛЕМИ ОД ИНТЕРЕС НА

ГЛАВНИОТ ГРАДСКИ АРХИТЕКТ

АКУСТИКА 34И ДРВОТО ОВОЗМОЖУВА ТИШИНА

ЕНТЕРИЕРИ 38УРБАНА ВИДЕО ПРОЕКЦИЈА НА

ПОП-АРТ И УНИКАТЕН МЕБЕЛ

ТЕХНОЛОГИИ 44ЈАБОЛКОТО ПОВТОРНО

НА ВРВОТ НА СВЕТОТ

ЕКСПЕРТ 46ПОСЛЕДНИОТ ГРАДСКИ АРХИТЕКТ

ЕКОЛОГИЈА 52ВИСТИНАТА ПОСТОИ, МОЖЕ ДА

СЕ ИЗМИСЛУВААТ САМО ЛАГИ

ХОРТИКУЛТУРА 54СТАКЛЕНИЦИТЕ - ОАЗА ВО

ЗИМСКАТА ПУСТИНА

Насловна страница: ДЕТАЉ ОД ОБЈЕКТОТБиЗнис центар „меги“, општина аеродром, скопје

фото: ангел ситноВски

14

34

драги Читатели, Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИАлександар ЧЕРЕПНАЛКОВСКИБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИВесна КОСТОВСКАМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати: Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

жиро сметка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Page 4: Porta3 177
Page 5: Porta3 177

Понекогаш сè што е потребно е една блескава идеја и кожната софа се претвoра во магија. Таа беше и визијата на Lectus Group-Furniture при креирање на новата Elegance collection 2012. Перфекцијата на италијанскиот дизајн инспириран од уметност, кожните софи направени со многу љубов ги доведува до совршенство.Есенцијални вредности на филозофијата на Lectus Group-Furniture се: рафниран италијански дизајн и кожа со врвен квалитет. Софите се резултат на долгогодишна традиција во рачната изработка комбинирана со софистицирана технологија вградена во секое парче мебел. Во секој модел внимателно е проучена ергонометричноста за да се овозможи најдобар комфор во моментите на релаксација.Lectus Group-Furniture ви гарантира софи базирани на вашите специфични потреби од аспект на големина и комфор овозможени од директното производство. Директниот линк помеѓу вас, продажниот центар и производството, дозволува висок степен на избор и доверба во изработката на секој детаљ. Со тимот архитекти на Lectus Group-Furniture, нивната посветеност и професионална услуга најлесно ќе стигнете до решение за тоа како вашиот дом да биде исполнување на вашите соништа.

www.lectusgroup.com [email protected] тел: 026145300 моб: 075 223 553адреса: Јужен булевар (новиот комплекс кај Магнус)

THE PERFECTION OF ITALIAN LUXURY

Page 6: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 201236

6

инфо

Како да се заштеди електрична енергија и како да се употребуваат енергетски ефикасните уреди кои имаат голем степен на искористување на енергијата, беа само дел од препораките

што се поделија на семинарот „Енергетски ефикасно греење и ладење на објекти“, а кој беше организиран од страна на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија. Учесниците на семинарот, претставници на повеќе македонски фирми, исто така се запознаа и со технолошките иновации во производство на опрема за енергетски ефикасно греење и ладење на објекти, добија практични и иновативни решенија за имплементација на техничките уреди и системи во функција на ефикасно искористување на енергијата, а исто така добија и понуда на финансиски инструменти и услуги за финансирање на проекти за производство или имплементација на уреди и системи за енергетски ефикасно греење и ладење на објекти. Дека енергетски ефикасни решенија се применуваат и во Македонија од пред неколку години истакна Драгана Чифлиганец од „Адора Инженеринг“. „Уште пред пет години почнавме со примена на енергетската ефикасност затоа што знаеме дека имаме големи придобивки за животната средина. Почнавме со воведување на фотоволтажен систем, ставаме соларни канделабри и четирисезонски стакла на прозорците. Сето тоа го правиме за да нашите станови се направени по стандардите за енергетска ефикасност“, истакна Чифлиганец. Фирма која инвестира во иднината е и „Озон“. "Постојат многу начини како може да се примени енергетската ефикасност. „Озон е фирма која се грижи и работи за енергијата, иднината, природата“, вели генералниот директор Драгољуб Башески. Неговиот колега Момчило Наумовски објаснувајќи како работат системите на „Озон“

и како тие се грижат за енергијата рече дека нивните уреди се со ниска бучавост, брзо се инсталираат, греат, ладат и вентилираат, имаат долг век на траење и нудат поздрав живот со тоа што ја регенерираат енергијата. Европските искуства околу енергетската ефикасност ги изнесе Стане Томц од словенечката фирма „Ремти“, кои работат на решенија при градење на современи машински системи за ниско-енергетски и пасивни објекти. „Нашата фирма има направено преку 40 референтни објекти во Словенија. Системот што ние го работиме овозможува 365 дена во годината да имате пријатна клима во вашиот дом. Но, за тоа да се направи кај нас е многу потешко отколу во Северна Европа. Нашиот бренд, машинските системи РЕГАИН, кои се посебно наменети за индивидуални објекти, станбени згради и помали деловни објекти, им овозможуваат на архитектите и машинските проектанти полесен избор кој ќе зависи од нивото на комфор на микроклимата во објектот. Добриот систем треба да обезбеди погодна енергија во лето и зима, погодна релативна влага, свеж воздух, спречување на прегревање, максимално искористување на алтернативните извори“, вели Томц. Тој додава дека сака во Македонија да оствари јака групација во заедничко претпријатие која ќе биде носител на развојот на современи машински системи при градење на ниско-енергетски и пасивни куќи.

Снежана Митева - Матхонет, извршен директор во Македонскиот институт за интеграција, нагласи дека од оваа година програмата Intelligent Energy - Europe е достапна и во Македонија. „Станува збор за програма за поттикнување на развојот на чисти и одржливи решенија за енергијата и енергетската ефикасност. За оваа година се предвидени 72 милиони евра. Крајниот рок за пријавување на фирмите што сакаат да воведуваат енергетски ефикасни решенија, е осми мај, а до февруари идната година ќе треба да се потпишат договорите. Имплементацијата на проектот ќе биде во април идната година. За добивање средства приоритетни ќе бидат индустриската совршеност во енергетиката, однесувањето на потрошувачите, енергетските услуги, чисти и енергетски возила, енергетски ефикасен транспорт, обновлива електрична енергија, био-енергија и енергетско-ефикасно јавно трошење“, образложи Митева-Матхонет додавајќи дека Mакедонскиот институт за интеграција може да помогне околу апликацијата. Фирмите, пак, што нема да дојдат до европските пари, можат во Македонија да подигнат еко кредит кој го нуди ПроКредит банка. Еко кредитот е со намена за инвестирање во проекти кои имаат ефект врз намалување на употребата на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, намалување на загаденоста на воздухот и намалување на присуството на јаглероден диоксид. К.С.Т.

За Заштита на природата и поголем профит

Со малку енергија до пријатна клима во домот 365 денаНа семинарот посветен на оваа тема се презентираа технолошките иновации во производство на опрема за енергетски ефикасно греење и ладење на објекти, а беа дадени и практични и иновативни решенија за имплементација на техничките уреди и системи

Page 7: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 7

7

инфо

Враќање на функциите Градски архитект и Совет на архитекти се идеите што партијата Демократска обнова на Македонија повторно ги наметнува. Бараат враќање на овие функции кои ќе бидат

задолжени за донесување и спроведување на Генералниот урбанистички план на Скопје. Лилјана Поповска, претседател на ДОМ, вели дека откако пред неколку години е укината функцијата Главен градски архитект, целата моќ е кај градоначалниците и советите што носат

Детални урбанистички планови без филтер на знаење. За да се избегне оваа бетонска џунгла која ја има во Скопје и за градот да добие целина, треба да постои градски архитект кој ќе се грижи за духот на градот, додава Поповска. Архитектите, пак, се согласни дека на Скопје му треба градски архитект, но се прашуваат кој ќе го предлага, бира и плаќа. Архитектот Владо Поповиќ вели дека градскиот архитект треба да е независен, предложен од фелата. „Ингеренциите треба да бидат големи, но независни. Треба да се знае за кое подрачје ќе биде надлежен градскиот

архитект и за кои објекти. Не може 10 општини да претставуваат ГУП, оваа функција треба да се однесува само за градското јадро“, вели Поповиќ. Архитектот Даница Павловска, е задоволна што почнува процесот за формирање на оваа многу одговорна функција, но вели дека треба да постои правилник за неговото дејствување. „Градското подрачје мора да има унифицираност иако секој нов градски архитект ќе остави свој белег“, нагласува Павловска.

К.С.Т.

асоцијацијата на архитекти на македонија - аамобјавува

јаВен поВикза учество на XVI-то Биенале на Mакедонската архитектура

Бимас 2012XVI-то Биенале на Mакедонската архитектура - БИМАС 2012 ќе се одржи во првата половина на мај 2012 година

Право на учество имаат архитекти со завршен VII степен на образование кои се државјани на Република Македонија и правни лица - фирми кои што учествуваат со дела на архитекти државјани на Република Македонија со завршен VII степен на образование.

Вон конкуренција можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела изведени на територијата на Република Македонија.

За учество на БИМАС, архитектите и фирмите конкуриираат со проекти и реализации во областа на урбанизмот, архитектурата, ентериерот и дизајнот.

Пријавниот лист во кој кандидатот треба да го наведе насловот на трудот, локација, автори, соработници, фирма, инвеститор, година на проектирање, година на изведба и изведувач, може да се добие во канцеларијата на ААМ на ул. Даме Груев бр.14а, Скопје, секој работен ден од 10:00-14:00 часот

(телефон/ факс 02 3237 277), по електронска пошта [email protected]

Рокот за пријавување на трудовите е заклучно со 27.02.2012 година.

После рокот на пријавување, согласно Правилникот на БИМАС, селекторот објавува листа на пријавени (селектирани) трудови, по што на прифатените учесници ќе им се достават детални информации со пропозиции за опремање на трудот кој ќе биде изложен на големата изложба на БИМАС 2012,

како и пропозиции за доставување на материјал за печатење на трудот во каталогот на БИМАС 2012.

јаВни распраВи За предлог дополнуВање на Законот За град скопје

Само градскиот архитект може да ја расчисти бетонската џунгла

Page 8: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 201238

8

скопје

Фасадна обнова на објектите што гравитираат околу плоштадот Македонија и изградба на куполен простор со повеќе нивоа, а кој нема да влегува

во вкупната бруто развиена површина на планираната градба, се дел од идеите што ќе се

реализираат со новиот Детален урбанистички план „Мал ринг“. Она што најмногу го привлекува вниманието е надвишувањето на објектите со куполи, што за главниот град е новина. Досега изграден објект со купола е Музејскиот комплекс Македонска борба, но ваквите надвишувања веќе можат да се забележат и на останатите згради кои се градат во „Малиот

ринг“, а се дел од проектот „Скопје 2014“. Куполи ќе добијат новите објекти на Градска куќа, Офицерски дом, Водовод и канализација, а веќе се градат и на републичкото Собрание. Архитектот Коста Мангароски, автор на проектот за Собранието, вели дека во сите негови објекти ги има вметнато куполите како елементи. „Куполите ги има од најстаро време

со реалиЗација на планот „мал ринг“

Плоштадот Македонија ќе го надвиснат куполи

асадна обнова на објектите реализираат со новиот Детален урбанистички

Сето тоа може да биде многу убаво, согласни се повеќемина архитекти, но би било добро прво да се подготви некој вид видео презентација, за јавноста да добие увид што точно е предвидено и како ќе изгледа

Катерина СпАСовСКА ТРпКовСКА

Page 9: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 9

9

скопје

и се направени од стакло или од некој друг материјал. Внатре има простор кој може да се користи за различна намена. Изградбата на куполите е начин да се добие светло во внатрешноста“, објаснува Мангароски. Според него, куполите добро би се вклопиле на плоштадот Македонија, но сето тоа зависи од мајсторот на проектот. „Архитектурата има

ѕидови, врати, куполи. Архитектурата има убаво и неубаво. Се сè вклопува ако мајсторот добро го осмисли. Затоа сметам дека за сите објекти кои гравитираат околу плоштадот Македонија, а кои се дел од „Мал ринг“, треба да се направи една компјутерска презентација во која ќе ги има решенијата за сите објекти, за јавноста да може да одлучи дали за секој објект ќе одговара купола или не“, додава Мангароски. Дека куполата како елемент може некаде и добро „да легне“, согласна е и архитект Даница Павловска. „Сметам дека куполи на објектите што гравитираат околу плоштадот Македонија се предвидени уште од времето кога на оваа локација требаше да се гради црквата. Инаку куполата како елемент никогаш не се оспорува или наметнува, затоа што некаде може и добро да легне“, вели Павловска. Куполата е подобра од една искршена права линија на објектот, вели архитект Вангел Божиновски. „Објектот изгледа многу поубаво ако завршува со куполест дел со кој се поврзува со небото. Куполите ги сметам како дел од традицијата и наследството. Затоа на многу мои проекти ги вметнувам како решенија. Но, сепак треба да се направи анализа на естетиката“, додава Божиновски. Но, ова не се единствените измени во ДУП „Мал ринг“. На плоштадот Македонија, наместо црквата, ќе никне 29-метарска барокна зграда. Во линија на двата најозборувани и оспорувани проекти од „Скопје 2014“ е предвидена изградба на десеткатница наменета за државна институција. Маркицата е нацртана на истото место каде што се наоѓаше онаа

за црквата, на просторот меѓу „Пелистер“ и „Сити галери“. Црквата сега дефинитивно ќе може да се издигне во зеленилото пред Домот на АРМ. За верскиот објект со планот е обезбедена површина од над 2.000 квадратни метри и максимална висина до 29 метри, или едноставно кажано, ќе се дозволи изградба на објект со висина на десеткатна зграда. Исто така, одредена е и нова локација на панорамското тркало и тоа на новиот мост на Вардар, кој ќе се гради меѓу Музејот на револуционерната борба и зградата на новиот театар на МНТ од едната, и објектот на Македонски пошти од другата страна на реката. „Поставеноста на тркалото, пристапот и преостанатите параметри на тркалото ќе се дефинираат дополнително, со инфраструктурен проект“, објаснуваат општинарите во образложението.Исто така, објектот на Министерството за транспорт и врски е предвидено да се доградува за два ката, да се проектираат две нови клучки. Од Генералниот урбанистички план е преземена сервисна улица со подземно ниво, од мостот Гоце Делчев до зградата на МЕПСО. Во јавната анкета никој не доставил забелешка за новата локација на црквата, а речиси и да нема реакции за планираната десеткатница на плоштадот и новото место за тркалото на мостот, иако тие во изминатиов период често беа на удар на јавноста. Од вкупно 37 доставени забелешки во јавната анкета, само две се однесуваат на планираниот десеткатен објект на плоштадот на локацијата што претходно беше планирана за црквата.

Плоштадот Македонија ќе го надвиснат куполиод пантеонот Во рим до Барокна архитектура

Куполата е архитектонски елемент, кој има облик сличен на полутопка или некое друго слично заоблено геометриско тело. Таа претставува подвижен елемент кој служи како покрив, за кој не е потребна дополнителна поддршка, а најчесто се изработува од камен или тула, а во поново време и од бетон и метал. Преобразбата на конзолестите сводови во куполи, кои биле составен дел од градбите и гробниците, почнала со римската архитектонска револуција, кога куполите биле употребувани како покриви на храмовите и другите јавни градби. Во многу ренесансни и барокни градби биле градени помали куполи, кои биле покриви на кулите околу градбата и не служеле само за примање на повеќе светлина и вентилација на воздухот, туку и како украси. Појавата на првите куполи се поврзува со римската архитектонска револуција, а за најстара купола во светот се смета таа на Пантеонот во Рим, изграден во 128 година. Употребата на елементот продолжила и во византиската архитектура, а најчесто бил составен дел од религиозните објекти. Најголемиот напредок во тој период била едрестата технологија, која меѓу другото се применувала и при изградбата на црквата „Света Софија“ во Истанбул. Во Западна Европа, куполата станала популарен архитектонски елемент со појавата на ренесансата, а најголемиот расцут го постигнала во средината на 18 век како елемент на барокната архитектура.

Page 10: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012310

10

рубрика

Page 11: Porta3 177

рубрика

Page 12: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012312

12

региони

Локалната самоуправа во Штип, по повеќе од 3-4 децении планира да поставува споменици во Штип. Тие ќе бидат дел од пошироко урбанистичко решение кое

подразбира уредување на одредени улици, како и изградба на нови кружни текови.Планирана е реконструкција на три клучни улици, од кои пробивањето на улицата Вардарска ќе означува формирање на пат кој ќе се користи за брз влез и излез од градот преку крстосницата Дујле. Оваа локација е избрана и за големо инфраструктурно-урбано уредување, што подразбира креирање на нов кружен тек и поставување на еден од трите споменици.

Според најавите, на оваа локација ќе биде поставен споменик на Дончо штипјанчето. Идејата за споменикот засега е само на хартија и во форма на техничко решение на ЈП „Штип проект“, кое ја изготвува потребната документација за уредување на улиците. Според замислата, Дончо штипјанчето ќе биде претставен со три магариња натоварени со ориз и бомби, илустрирајќи историска сцена кога заминувал надвор од Штип со поддршка на востаниците. Споменикот ќе биде висок 2,5 метри, а ќе биде поставен во кругот од зеленило и цвеќе. Во строгиот центар на кругот e предвидена водна површина над која ќе има мал мост на кој ќе бидат поставени предвидените

скулпторски решенија. Оваа крстосница е мошне важен сообраќаен сегмент за Штип, бидејќи е во строгиот центар на градот и во најголем случај се користи за влез и излез од Штип. Втората локација за споменик е под Средното текстилно училиште. На оваа локација своевремено постоел споменик на некое српско воено лице, но подоцна е урнат. Локацијата била опколена со потпорен ѕид и претворена во парк, во кој денес има и мала сцена. На истата локација ќе биде поставен споменикот на Михајло Апостолски, со што на некој начин ќе биде обновена сцената од 20-тите години на минатиот век. Локацијата е веднаш до камениот мост на реката Отиња,

штип

Наскоро кружни текови и споменици!Предвидено е поставување на три споменици, од кои два ќе бидат на утврдени локации, додека за третиот ќе биде направена реконструкција на крстосницата Дујле, која ќе стане кружен тек со монумент на познатиот Дончо штипјанчето

Драган РиСТов

Page 13: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 13

13

региони

спроти градскиот плоштад кој е во фаза на реконструкција. Споменикот ќе биде висок 4,6 метри, а се предвидува да биде поставен во центарот на кружна платформа, заштитен со водна површина и зеленило. Последниот од трите споменици ќе биде посветен на заштитникот на град Штип, свети Никола. Во 2009 година Штип го утврди 19 декември како ден на градот, а согласно на ова, и поставувањето споменик на свети Никола е дел од тие активности. Се размислуваше свети Никола да биде дел и од новата фонтана на реконструираниот плоштад, но таа идеја се напушти. Сега е предвидено споменикот на свети Никола да биде во каскадниот

парк, до гимназијата, во кругот на основното училиште „Ванчо Прке“. Споменикот ќе биде висок четири метри, што е доволно бидејќи самиот каскаден парк е на височина од 1,5 метри од постоечката улица, заради што од ЈП „Штип проект“ сметаат дека не е потребно поставување на дополнителен постамент. Предвидена е мала патека и поставување на клупи за одмор, како и отворање на пристапни скалила од едната страна на улицата. Проектите наскоро ќе се најдат на седница на Советот на општина Штип и за нив ќе се дебатира. Градоначалникот очекува поддршка од сите партии кои партиципираат во Советот, со цел проектите да ја имаат поддршката од сите

структури. Дел од новинарите и експертската јавност се согласуваат дека Штип има потреба од овековечување на личностите од историското минато на градот, но дека во изминатиот период немало иницијатива за поставување споменици на видни штипјани. Пред повеќе од пет години, на градскиот плоштад беше поставен споменик на Александар Македонски, кој беше приватна донација. Овој споменик сега ќе се дислоцира близу плоштадот, бидејќи не се вклопува во дизајнот на сегашниот плоштад.Општината нема обезбедено средства за спомениците, но како што велат од локалната самоуправа, поддршка ќе се бара и од приватниот сектор со издвојување на финансии.

Page 14: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012314

14

интервју

Македонски претставник на оваа смотра е проектот Помеѓу возвишеното и секојдневното на „Метамак, Архитектонски колектив“. Во интервју за „Порта 3“, кураторите Саша Тасиќ и Александар Радевски го образложија концептот на оваа изложбена поставка која обединува 50 специфични дела во единствена целина - идеален град.

Која е идејата за овој колективен проект, и на кој начин „Метамак“ го доближи кон годинешната тема на биеналето „Заедничка основа“? Како да се мисли архитектурата денес, фатена во прагматичните текови на општеството кое се менува? Дали може архитектурата повторно да биде возвишена, романтична, хуманистичка, визионерска и секојдневна во исто време? Се чини, архитектурата денес станува сè

посложена, сè повеќезначна, сè поманипулативна, се губи во облакот на секојдневието. Таа би требало повторно да се види во нејзините елементарни соодноси, геометрија, форма, материјал, употреба. Да се изведе од специфичното, идеосинкретичното, секојдневното и да се соочи со безвременото и резистентно ниво. Начинот на кој ние ја искусуваме архитектурата секојдневно, односно нашиот

„Би сакал ова биенале да ја истакне виталната и меѓусебно поврзана архитектонска култура и да отвори прашања за интелектуалните и физички територии кои ги споделува. Тоа треба да поттикне соработка и дијалог, за кои јас верувам дека се основата на архитектурата, а темата исто така ќе биде и метафора за полето на архитектонска активност“, вели Дејвид Чиперфилд, кој ќе го предводи годинешното биенале за архитектура во Венеција, на тема „Заедничка основа“. 13-то издание на оваа интернационална изложба ќе се одржи од 29 август до 25 ноември, во венециските павилјони Арсенале и Џардини.

македонија на Биеналето За архитектура Во Венеција, 2012

ПОМЕЃУ ВОЗВИШЕНОТО И СЕКОЈДНЕВНОТО Бојана Филиповиќ, дипл.инж.арх.

Page 15: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 15

15

интервју

„genius loci“ е во принцип заедничката основа која ги обединува сите, го обединува возвишеното и секојдневното. Преку архитектурата треба да се откријат овие места и да се проектираат примамливи простори во и околу објектите. Архитектурата не е слика. Архитектурата има сликовни својства, но никогаш не може да се сведе само на израз. Таа е сложена организација на активности во еден простор, но и нивна интеракција со околината. Веруваме во колективен ум. Оваа година тоа ни се потврди. Темата на нашиот тим беше предложена и наведена во апликацијата неколку месеци пред официјалното објавување на темата на овогодишното биенале од страна на кураторот Дејвид Чиперфилд. Најдовме заеднички јазик, токму како што упатува и темата.

Темата на годинешното архитектонско биенале, исто така сугерира на градските простори помеѓу објектите. Како архитектурата на овој „идеален град“ влијае на нив и обратно? Меѓупросторите на секој град имаат свој дух, секој меѓупростор може да биде исто така и место или не-место, но секој меѓупростор има потреба да биде конкретизиран во духот на луѓето што го користат тој простор. Меѓупросторот на идеалниот град би требало да ги потенцира врските помеѓу објектите, но и да го интензивира дијалогот помеѓу нив и корисникот. Архитектурата на меѓупросторот е архитектура на секојдневниот живот опкружена со променлива архитектонска текстура. Луѓето природно тежнеат кон посебности, но архитектурата не треба да се гледа како орудие за докажување на сопствената исклучивост. Напротив, таа е матрица на поврзување. Во тој контекст и поврзувањето на меѓупросторот треба да е заедничко сценарио. Сугерира на објектот како артефакт, објект-идеја, а сè помеѓу е врзно средство, еден имагинарен пиедестал кој е составен од видливото и невидливото.

Каква е поврзаноста на овој проект со македонската просторна, социјална и културна реалност? Проектите што ќе бидат претставени се еден вид на портфолио (time line) на она што се случуваше во последните десет години, со архитектонската мисла на МЕТАМАК. Сите проекти се дел, на свој начин, на она што значи архитектонска сцена. Тоа се фрагменти кои даваат одделни размислувања или сугерираат одредени секојдневни процеси, кои преточени во конкретни проекти ги одразуваат нашите размислувања и визии. Сите проекти се поврзани со реални контексти, реални локации, со што може да се каже дека истите дирекно или индирекно имаат некаков одраз врз просторната, социјалната и културната реалност кај нас. Поставени заедно, можеби би формирале една поинаква реалност. Проектите што ќе бидат претставени се изработени во временски распон од 10 години,

многу значаен за нашата архитектура. Тоа се реални проекти - одговор на реални барања.

Како би бил презентиран проектот на интернационалната изложба во венеција? Оваа презентација би претставувала збир на трудови, специфични дела, кои би се поставиле на идентична /различна/заедничка подлога, претставени како модели, дијаграми на полно-празно. Димензиите на самата изложба би биле дефинирани од просторот во кој ќе биде поставена. Како материјал за моделите би се користело дрво, како подлога и како материјал за моделите. Презентацијата до овој момент е сè уште на ниво на концепт, но реален. Останува таа прва идеја да се надгради во претстојниот период, откако ќе биде обезбеден и изложбениот

простор кој директно влијае на поставката, и кога ќе се дефинира буџетот што е на располагање.

ЗаедниЧка поЧВа Проектот обединува различни концепти и различни контексти во единствена сценографија. И како што потенцираат неговите куратори, тие укажуваат на линија на размислување врзана за група архитекти, како и за поднебјето за кое се создадени. Укажуваат на идеја и јазик кој ги врзува. Предлогот на овој тим го потенцира фактот што архитектурата е внатрешно поврзана, интелектуално и практично; дека споделува заеднички интереси и влијанија. И преку соработка и дијалог, овој наш претставник, ја раскажува својата приказна за заедничката основа на професијата, но и на градот.

Page 16: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012316

16

пред и потоа

Kомплетно реновирање до функционален просторИзработил: проектантски тим на БиРо пРоЕКТ

За потребите на двочлено семејство од Скопје, беше направен проект за реновирање на трособен стан во населба Стар Аеродром. Станот се

наоѓа во стар објект, со дотраени инсталации, недоволна термичка изолација, стара столарија, како и истрошен материјал во подовите и ѕидовите. Исто така, од аспект на функционалноста, во станот имаше предвидено многу мал простор за дневна соба и трпезарија, додека во бањата немаше воопшто предвидено

претходна состојба

Page 17: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 17

17

пред и потоа

Kомплетно реновирање до функционален просторместо за машина за перење алишта. Па така, сопствениците биле приморани да ја постават машината за перење непосредно пред влезот на бањата, со што главната комуникација беше попречувана. За да се добие поголема удобност и поквалитетен начин на живеење, сопствениците на станот го ангажираа проектанскиот тим на „Биро Проект“, кој го подготви проектот за реновирање, а воедно го водеше и проектантскиот надзор при изведбата. Подоцна, истиот тим го направи и ентериерот на станот прикажан преку сликите и фотографиите подолу. Во проектот за реновирање беа предвидени неколку градежни интервенции. Пред сè, комплетна замена на водоводната инсталација, потоа електричната инсталација, нови подови, нова столарија, како и сосема ново колоритно решение на ѕидовите. Со мал зафат во скратување на постоечката тераса, добивме поголема трпезарија во која може да се смести маса за шест особи. Исто така, со продолжување на еден преграден ѕид во дневната соба, се доби простор за поставување на голем тв екран, кој го дообликува просторот во една целина. Со поместувањето на еден ѕид помеѓу кујната и ходникот, добивме идеално катче - ниша за сместување на машината за перење алишта. Со тоа го олеснивме ходникот, каде што

Нова состојба

Page 18: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012318

18

пред и потоа

Нова состојба

Page 19: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 19

19

пред и потоа

поставивме нов плакар. Исто така, и купатилото доживеа промени, така што наместо старата када, поставивме туш кабина, која визуелно го прошири просторот. Со поставување на бојлерот во хоризонтална положба, успеавме да сместиме и еден плакар веднаш до мијалникот. Преку овие мали, но важни зафати во станот, добивме исклучително корисен простор, со поголема површина, а со цел попрактично и поквалитетно функционирање во просторот. Надополнување на целиот амбиент беше добиен со поставување на шанк помеѓу трпезаријата и кујната, како и со поставување на полици во дневната соба, со што се даде посебен белег на целиот ентериер.

Page 20: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012320

20

записи

Ледена ноќ втрча во мојот град. Зима е, уште една од многуте, но толку е ладно, како да е за прв пат? Дали се ова некои други времиња или пак јас сум поинаков? Ја чувствувам, после

многу години оваа зима, навистина ја чувствувам. Многу нешта се променија, а јас сè уште како да летам со затворени очи, сонувам исти соништа и како да верувам сè уште во исти приказни. Се обидувам да ги заборавам сите приказни, особено оние за мојот град! Градот секојдневно се менува, дали кон подобро или полошо? Кој знае?! Насекаде забрзано се гради, се менува ликот на она Скопје што јас го познавам и сакам! Добро ли е тоа? Се прашувам? И дали некому воопшто му е грижа за тоа? Зошто ли ја чувствувам миризбата на градот, ако е тоа миризба, и каква ли боја денес има

времето во градот, ако е тоа воопшто боја? Однадвор, низ подотворениот прозорец се слуша врева! Чинам како градот да пелтечи, изморен и збунет од сè она што се случува во него! И јас сум збунет и уморен, прашувајќи се: Зошто ние архитектите сме еднаш на оваа, а потоа на „другата“ страна? Што правиме, или пак, зошто не успеваме да направиме нешто? Ех, да можам да се вратам некако во некои дамнешни времиња, и уште еднаш да запливам со автомобилска внатрешна гума во водите на реката Вардар кај Градска или Руска плажа, во оние води, кои не успеаја да ги изматат сите овие изминати години! Да прошетам по улиците на моето детство, да го гледам градот од дрвеното мовче кај пасажот Ароести, да трчам околу куќите што повеќе не постојат, да играм џамлии, челик и вртимушка со другарите од тоа време. Каде ли се тие денес? Што ли прават?

Баш би сакал да знам! Или да стоиме навечер кај „Кенан”, да муабетиме и да ги гледаме младите девојки, мечтаејќи за љубов со некоја од нив. Но, јас сум само еден обичен Ангел, и кому воопшто му се важни моите желби и моите сеќевања? Во оние времиња на моето детство, како да бев вистински ангел, како да имав крилја кои ме носеа високо, угоре над белите облаци. Во тие времиња, се ми изгледаше возбудливо и возможно. Како стареам, сè повеќе ми недостасуваат тие години на среќа, ми недостасуваат малите радости. Другарите ги нема, џамлиите се стркалаа Господ знае каде, возбудата одамна ја снема! А и девојките што ги сакав, остареа како мене и одамна се заљубија во некои други луѓе. Се прашувам дали сè уште е тоа оној ист повардарец кој дува низ Вардар удолу кон југот, дали е останата истата миризба на мојот

МИрИЗБаТа На граДОТАнгел СиТНовСКи, дипл.инж.арх.

Page 21: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 21

21

записи

град? Денешните деца играат компјутерски игри, нашите игри помеѓу старите куќи и дворови не ги игра повеќе никој. Останаа тајните на тие простори меѓу куќите, неоткриени. Кога ќе ги затворам очите, го гледам небото на моето детство, ги играм старите игри, станувам среќен, а мојата мајка сè уште е жива! Ја чувствувам сè уште миризбата на липите, оние липи кои ги исекоа, велејќи ни дека го прават поубав и посовремен градот, но, незнаејќи или пак со намера, го исекоа нашето детство, нашите сеќавања, и тоа луѓе кои никогаш не растеле тука. Ги вратија двокатните автобуси во градот, оние во кои тие никогаш не се возеле! Можеби, еден ден некој ќе ги врати и старите пајтони, но сега пред новата железничка станица, која веќе не е баш така нова. Можеби некој ќе се сети и неа да ја поднови со „барокна” фасада? Да, би сакал да се врати и миризбата

на јоргованите по скопските дворови? И миризбата на лебот од старите фурни. Да се донесе закон за враќање на јоргованите пред нашите домови, нешто слично како законот за домари и куќни совети! Се разбира, да има и казни за неспроведување на законот, та тоа е толку нормално денес? Посакувам да седам на некоја скопска црешна, да ги јадам нејзините плодови, и онака бесцелно да ги клатам нозете како кога бев мал. Се враќам со мислите во тие денови, потполнувајќи ја со нив празнината на овие денови. Во тие дамнешни времиња, бев среќен кога ќе добиев писмо. Сега сум среќен кога во сандачето нема ништо. Денес со писмата ти стигнуваат опомени и казни, денес писмата не носат ништо добро! Какви ли времиња дојдоа? Се ројат тешки мисли, претешки за она дете кое е во мојата глава, кое сè уште си има свои

соништа и свои игри и покрај секојдневните обврски. Доаѓа уште едно утре, кое набрзо ќе стане денес! Што ли ќе донесе? Нова апатија, конфузија, насилство? Не, јас сум сепак вечен оптимист и секогаш верувам во подобро утре.А од некаде, во оваа зимска вечер, ветерот што подувнуваше ги носеше звуците на песната на Боб Дилан...... Колку пати човекот мора нагоре да погледнеПред да успее небото да го здогледа?Да, и колку уши мора еден човек да имаДа би ги чул луѓето што плачат?Да, и колку ќе мора луѓе да умрат додека тој не разбереДека премногу луѓе умреле?Одговорот, мој пријателе е однесен со ветеротОдговорот е однесен со ветерот.Или можеби беше „Времињата се сменија“, но не беше ни важно!

Page 22: Porta3 177
Page 23: Porta3 177
Page 24: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012324

24

архитектура

ЦИРИХ - КОЛЕКЦИЈа На ПЕПЕрУТКИ ОД АРХИТЕКТУРА

Page 25: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 25

25

архитектура

Цирих, малиот космополитски метрополис има уникатно место во поглед на Швајцарија. Тој е најголемиот град и е дом на интернационално

познати финансиски центри. Претставува економски регион кој дејствува како мотор на Швајцарија, и заедно со Женева е една од најпознатите порти кон целата држава. Големата разновидност, културните и образовните институции го дефинираат Цирих како отворен град со страст за живот. Цирих е главен град на кантонот со исто име и претставува центар на повеќе региони кои заеднички имаат околу 1,9 милиони жители. Тој е познат по езерото, зелeнилото, и густиот шумски предел кој се распростанува од север кон југ во градот. Местото на Цирих на светската сцена не доаѓа од неговата големина, туку од неговата поврзаност со интернационалните економски мрежи. Високите стандарди на живеење, домување и вработување, се потврдени со анкети на локалните граѓани, и Цирих постојано се наоѓа на врвот на интернационалните листи на градови во поглед на стандардот и квалитетот на живеење.

култура на урБанистиЧко планирање и архитектураПриродата околу градот Цирих отсекогаш е поставена на значајно место во однос на просторното планирање на градот. Политиката на урбанистичкиот развиток на градот, без разлика на динамичната иднина на планирање населби за домување, секогаш е поставена со посебен однос и почитување на постоечката природа во околината на градот. Местата околу езерото придонесуваат кон квалитетот на живеење на граѓаните на Цирих. Во последните 50 години, политиката на градење го следи моделот на децентрализирано концентрирање, со центри кои се поврзани со главниот железнички систем и автопатите. Ваквиот принцип успешно го креира и одржува балансот помеѓу емоционалните вредности и економските потреби. Динамичниот економски развиток, бумот во приватното поседување на автомобили, продолжувањето на аеродромот и промената на социјалните услови, во последните 50 години забележуваат брз развиток на регион надвор од политичките и административните граници, особено во регионите на Лимат и Глат. Изграденото во новите региони го надминува и она што претходно било изградено. Сепак, Цирих негува култура на градење и урбанизација на многу високо ниво. Секој објект, секоја улица, секое игралиште, секој урбан

Александра ШЕКуТКовСКА, дипл.инж.арх.

(Специјално за порта3 од Швајцарија)

Page 26: Porta3 177

архитектура

ПОРТА 24 Февруари 2012326

26

елемент е внимателно одмерен, се чини дека секој дел на градот си го знае своето место. Понекогаш, живеејќи во него и движејќи се низ него, имате чувство како да поминувате низ огромна колекција на пеперутки од архитектура.

градот како комуникациски системЦирих е град во кој знаците се распрснати како мали пиксели меѓу остатокот од архитектурата. Спротивно на заборавениот симболизам на архитектонска форма, кој постои во градови како Лас Вегас, Цирих ја претставува другата страна, другиот пол. Постоечкиот урбан пејзаж е испреплетен со „чист воздух, маникирана природа, систем на патеки со внимателно поставени знакови, сево ова опкружено со

природа и планини“. Самата споредба со Лас Вегас, кога се обраќам на Цирих, ја користам за полесно да го објаснам сето она што едното е, а другото не е. Во книгата „Learning from Las Vegas” на Роберт Вентури и Дениз Скот Браун, дело на кое многу урбанистички студии се навраќаат и ден-денес, се зборува за архитектура на оние места, каде што условно кажано ја нема. Преку анализата на билборди, знакови, бензиски пумпи, казина, фокусот се поставува на манифестации на еден свет кој се менаџира самиот себеси без никаков посебен правилник и професионална естетска архитектура. Од друга страна, Цирих е спротивниот пол. Потребата и регулирањето на високоестетска архитектура, спонтаните елементи ги сокрива далбоко меѓу фасадите-излози за домување, кои

се целосно одмерени и испроектирани во рамките на многу правила. Како град во кој биополитиката може да се пронајде во многубројни урбанистички сегменти, градот како механизам сам ги насочува неговите жители. Комерцијалноста е суптилно сплотена со испроектираните идеални домови, и се чини дека архитектурата е прочистена од самата себеси, а иконографијата на градот е како пре(д)создадена. Спротивно на Алиса во светот на огледалото, кога настануваат дуалитети на светот, на постоењето, на градот, Цирих се чини дека живее во објективниот израз на огледалото. Ако во Лас Вегас имаме архитектура која има гласна комуникација, овде архитектурата е гласна со својата доминантност, иако ги нема билбордите и сјајните знаци на Лас Вегас. Сепак, и овие два града имаат нешто заедничко,

Page 27: Porta3 177

архитектура

24 Февруари 2012 ПОРТА3 27

27

нешто кое го спојува Цирих со многу градови во светот. Цирих City Bank во Лас Вегас.

дадаиЗмот и цирихЧудесно, културното антиуметничко движење Дада започнува од кабарето Волтер, што се наоѓа во стариот дел на градот. Во Цирих, кон крајот на 1915 година започнуваат да се формираат знаци на бунтовништво. Во бранот на бегалци со различно потекло, што се нашле одеднаш во овој мирен град, едно од заедничките нешта кои ги поврзуваат се нивната омраза кон социјалниот ред, чии неуспеси се рефлектирале и во војната во овој период. За да им помине времето во нивното приморано бегство, во кабарето Волтер, тие организирале социјални вечери кои многу брзо прераснале во систематски

провокации кон буржоазијата. Повторното отворање на кабарето Волтер во стариот дел на градот, во месец октомври 2004 година, е како белешка за започнување на нова Дада ера. Меѓутоа, колку новиот и целосно детерминиран Цирих дава можност за Дада моментот во него? Цирих е град каде што се наоѓа еден од најпознатите факултети за технички науки - ЕТХ Цирих. На катедрите за архитектура и урбанизам постојано се организираат проекти, истражувања, панел дискусии за самодоволноста на градовите, за градовите и глобализацијата, за развитокот на градовите и нивната иднина. Дури и самите професори признаваат дека Швајцарија е толку испроектирана и детерминирана од правила, што факултетите за архитектура го шират својот дискурс и почнуваат да ја „детерминираат”

иднината на другите градови низ светот. „Секој град е архетип повеќе отколку што е прототип. Претеран пример од кој можат да се извлечат лекции за типичното. Секој град прочистено ги преклопува елементите на наднационалниот размер на локалната урбана морфологија, цркви во религиозниот град, казина и сјајни знакови во градовите за забава”. Дали архитектурата ќе се врати кон тоа да нуди разновидна комуникација наместо да создава апстрактен простор како симболичките патеки на Лас Вегас? Понекогаш и град како Цирих изгледа сосема апстрактно. Од преголемата детерминанта, се чини дека разновидноста бара труд за да може да ве освои во овој град. Меѓутоа, кога ќе ја најдете, сосема е друга сликата во огледалото.

Page 28: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012328

28

рубрика

Page 29: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 29

29

рубрика

Page 30: Porta3 177

урбанизам

ПОРТА 24 Февруари 2012330

30

Јавниот простор, исто како и живите суштества, се раѓа, живее и на крај умира. Така, некој простор живее поквалитетно, поисполнето, еколошки почисто, но некој е

со незадоволителни елементи на егзистенција. Во таа смисла, јавниот простор треба да се негува, одржува и осмисли, со цел самиот да егзистира во подолгорочен период. За разлика од живите организми, кај јавните простори има можност за повторно раѓање. Секако, како граѓански одговорни лица, не смееме да дозволиме јавниот простор да замре, од наједноставна причина што тие ЗАЕДНИЧКИ ПРОСТОРИ НАМ ни припаѓаат. Токму поради тоа, овој текст е посветен на можни интервенции во јавниот отворен простор. Главни параметри кои би требало да бидат приоритет на градскиот архитект на Скопје во функција на зголемување на квалитетот на јавниот простор на подолг рок: I - ФУНКЦИЈАПроектни интрвенции за усовршување на употребната вредност на јавниот простор. II – ЕСТЕТИКАПодобрување на урбаната слика и естетика на јавниот простор. III – БЕЗБЕДНОСТ

Обезбедување на непречен проток на луѓе и овозможување на безбеден простор. IV – ПОВРЗУВАЊЕПоквалитетна пристапност во јавниот отворен простор и поквалитетна собраќајна поврзаност во рамките на истиот простор. V – ЈАВНИ НАСТАНИОвозможување на постојана фреквентност на јавниот простор и центрите. Квалитативното рангирање во однос на приоритетите во центрите е грубо издвојување на нешто што во практиката не би требало или смеело да биде разделно. Овие пет приоритети во целите на развој на центрите се неделиви, нераскинливи и се зависни едни од други. Затоа апелираме кон почитување на рангирањето, но без исклучување на која било од целите. Само така ќе се дојде до квалитетен јавен простор, кој може да биде центар. Функцијата, естетиката, комфорот, безбедноста, одржувањето на јавни настани и поврзувањето со соседството и останатите центри, се основните цели кои треба да претставуваат водилка при планирањето на градот Скопје. Без оптимален јавен простор не е возможно функционирање на вкупниот

изграден и неизграден градски простор. Квалитетно обмислениот и долгорочно проектиран јавен простор ќе овозможи непречен развој на целиот град. Сите овие цели, потребно е да се применат во постоечките центри, но и во потенцијалните нови центри, кои би овозможиле демагнетизација на централниот пол на градот. Петтостепената хиерархија на архитектот Бранко Максимовиќ, пресликана на скопската урбана мрежа, само го акцентира недоволно развиениот систем на градски центри. Имено, второстепените центри или воопшто ги нема или се многу малку развиени. Петтостепените центри, исто така, се маргинализирани и недоволно обмислени во просторна смисла. Ваквото непостоење и недоволна оформеност на центри, само го оптоварува епицентарот на градот, а останатите делови од градот се принудени да ги користат услугите на соседните или подалечните центри. Во една применлива смисла се издвојуваат четири одредници, четири конкретни интервенции во јавниот простор на градот, со цел да се овозможи еден континуиран урбан развој на македонската метропола.

ПрОБЛЕМИ ОД ИНТЕрЕС На гЛаВНИОТ граДСКИ арХИТЕКТ доц. д-р Александар АНДовСКи

формирање на ноВи центри од петти степен

При формирањето на новите центри од петти степен е потребно да се интервенира во приградските скопски населби: Ѓорче Петров 2, Драчево, Хиподром, Волково, Бардовци, Визбегово и Радишани со цел да гравитираат кон новите центри. Овие центри треба да содржат активности потребни за локалното население, за целокупното градско население, како и за граѓаните од соседните градови. За таа цел, се предвидува скопската обиколница да обезбеди квалитетно поврзување со останатите градски центри. Формирањето на центри од петти степен ќе овозможи скопската обиколница да биде сервис за граѓаните на Скопје, а не само транзитна магистрала за оние што го преминуваат главниот град од една до друга страна.

Page 31: Porta3 177

урбанизам

24 Февруари 2012 ПОРТА3 31

31

соЗдаВање ноВи центри од Втор степен

Создавање на нови центри од втор степен на местото на постоечките индустриски капацитети и фабрики кои се лоцирани во непосредна близина на централното јадро на градот. При растењето на Скопје, одредени индустриски капацитети кои во минатото биле дел од предградието на метрополата, денес стануваат дел од градот. За таа цел е потребна пренамена на овие капацитети во: културни центри, парковско-забавни центри, трговски центри, општествени објекти. Примери за вакви актуелни индустриски комплекси се: Треска, Охис, Алумина, Цементарница, Тутунски комбинат и други.

формирање на ноВи пешаЧки оски долж примарната инфраструктурна градска мрежа

• Формирање на нова пешачка оска долж јужниот булевар од оската што се протега од населбата Хром до Музеј на град Скопје и формирање на пешачко-рекреативно-културно-забавна патека во една издолжена зелена зона.• Нова пешачка оска долж булеварот Трета македонска бригада и формирање на нова зелена оска од Населба Лисече до Олимписки базен.• Поставување на нова пешачка зона која ќе ја поврзе населбата Автокоманда со централното гратско подрачје преку една пешачка патека одделена од автомобилскиот сообраќај.

Page 32: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012332

32

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

урбанизам

додефинирање на постоеЧки пешаЧки Зони и ниВна јасна сигналиЗација

• Додефинирање на постоечките пешачки зони како што се потегот од Стара железничка станица (улица Македонија), Камениот Мост, чаршијата завршувајќи со Бит-пазар • Двете страни од кејот на реката Вардар.Истовремено е потребно да се воспостави и континуитет на овие зони со исти такви зони по структура од соседството.

ПЕТТИ СТЕПЕН НА ЈАВЕН ЦЕНТАРБрој на население кое гравитира кон

центарот

Максимално растојание од центарот

до станбениот објект

Тип на објекти-содржиниво центарот

Периодично целото градско население и постојано приградско население

Овој јавен центар треба да биде квалитетно поврзан со сите останати центри

1. Јавни зони со активности резервирани за жителите од градот: излетишта за еднодневен боравок, плажи и јавни капалишта, вонградски ресторани, ергели со хиподром, стрелишта, санаториуми, ски центри, Акваленд, шопингмол центри.

2. Јавни зони со активности резервирани и за градските и приградските корисници на тој заеднички простор:земјоделски образовни институции,санаториуми,трговско-културни центри

3. Јавни зони резервирани само за жителите на приградските зони:јавни објекти карактеристични за јавните центри од втор и трет степен.Од исклучително значење за сите приградски типови на јавни центри е инфраструктурното поврзување со матичниот град.Еколошкиот пристап во поставувањето на овие населби има едно од најважните параметри.

Page 33: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 33

33

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

урбанизам

ПЕТТИ СТЕПЕН НА ЈАВЕН ЦЕНТАРБрој на население кое гравитира кон

центарот

Максимално растојание од центарот

до станбениот објект

Тип на објекти-содржиниво центарот

Периодично целото градско население и постојано приградско население

Овој јавен центар треба да биде квалитетно поврзан со сите останати центри

1. Јавни зони со активности резервирани за жителите од градот: излетишта за еднодневен боравок, плажи и јавни капалишта, вонградски ресторани, ергели со хиподром, стрелишта, санаториуми, ски центри, Акваленд, шопингмол центри.

2. Јавни зони со активности резервирани и за градските и приградските корисници на тој заеднички простор:земјоделски образовни институции,санаториуми,трговско-културни центри

3. Јавни зони резервирани само за жителите на приградските зони:јавни објекти карактеристични за јавните центри од втор и трет степен.Од исклучително значење за сите приградски типови на јавни центри е инфраструктурното поврзување со матичниот град.Еколошкиот пристап во поставувањето на овие населби има едно од најважните параметри.

ВТОР СТЕПЕН НА ЈАВЕН ЦЕНТАРБрој на

население кое гравитира кон

центарот

Максимално растојание од центарот до станбениот

објект

Тип на објекти-содржиниво центарот

6.000 и 9.000 жители

350 и 400 метри или 5 до 6 минути пеш

• зголемен избор во услужните дејности (продавници од поголеми димензии, специјализирани ресторани за брза храна, млечни ресторани, кафе барови,)

• дом за култура (опремени со библиотека, простори за културно-уметнички активности)

• Локален парк со спортски терени (отворени и затворени),

• Сопред големината на станбената заедница во центарот се наоѓаат едно или две основни училишта, изолирани од другите содржини со училишни дворови.

Page 34: Porta3 177

акустика

ПОРТА 24 Февруари 2012334

34

Вревата во денешно време, посебно во градовите, претставува огромен психолошки товар кај луѓето. Затоа во сите сегменти од животот треба што повеќе да се заштитиме од

овие надворешни влијанија и да живееме во тишина. Во проектирањето на градбите со дрвни конструкции, многу внимание се посветува и на звучната изолација. Оваа проблематика е предмет на многу широки испитувања во градежништвото. Секојдневно се спроведуваат истражувања и се усовршуваат конструкциите и слоевите од кои се составени ѕидовите и меѓукатните конструкции. Со искуството од изградените објекти и со опширното истражување, се добиени стандарди во оваа област, кои доколку се почитуваат, можат да се добијат одлични звучни карактеристики. Како главни извори на звук во просториите, се земаат изворите што се пренесуваат преку воздух (говор, музика од звучници, итн.) и преку конструкцијата (одење, тропање и слично). Во процесот на проектирање можат да се запазат неколку фази за поедноставно решавање на деталите од градбата. Постојат четири основни фази во проектирањето. Но покрај тоа, во некои случаи треба да се размислува и надвор од спомнатите фази, за да се достигне посакуваниот ефект за звучна и противпожарна заштита и конструктивна стабилност.

прВа фаЗа - одБирање на материјалиВо првата фаза одбираме материјали, кои ќе се употребат во ѕидовите и меѓукатните конструкции. Овие материјали треба да задоволуваат одреден стандард, како на пример STC (Sound Transmission Class).

ЗВуЧна иЗолација кај дрВните конструкции

И дрвото овозможува тишинаАлександар ЧЕРЕпНАлКоСКи, дипл.инж. по дрвна индустрија

Page 35: Porta3 177

акустика

24 Февруари 2012 ПОРТА3 35

35

ЧетВрта фаЗа - постаВуВање на подотБидејќи доминантните звучни патишта се преку подот во хоризонталните и вертикалните поделени простории, изборот на поден материјал може да биде ефективен начин да се надомести за некои пропусти што би можеле да се направат во претходните фази. Со употреба на меки материјали на подовите, во просториите може да се намали звучниот извор со удар, но нема значително да ја подобри изолацијата за звукот, што се шири преку воздух. Објектите изградени од дрвни конструкции можат да понудат одлично ниво на звучна изолација и можат да се приспособат за различни климатски, културни и економски услови.

Втора фаЗа - решаВање на осноВните деталиОсновните детали можат значително да ја подобрат магнитудата на пренесување на звукот преку конструкциите во други простории. Во втората фаза ги земаме предвид одбраните материјали од фаза еден, и ја проучуваме правата конфигурација на поставување за да го намалиме пренесувањето на звукот преку конструкциите. Насоките во кои звукот може да се пренесува може да се земат како вертикална, хоризонтална и дијагонална насока. Во испитувањата како најпроблематична се јавува хоризонталната насока на движење на звукот, и оттука може да се каже дека се зема како прва при проектирањето.

хоризонтално поделени просторииДоминантната насока во пренесувањето на звукот е преку подот на едната до подот на другата соба. Другите насоки, како на пример од подот преку ѕидот, се релативно неважни кога ќе се постави подната површина. Посебно тука треба да се внимава на преносот на звук преку подовите.

Вертикално поделени просторииКај вертикално поделените простории, доминантната насока е од подот во горната просторија преку ѕидовите во долната просторија. Другите насоки, како на пример преносот од ѕид на ѕид или од ѕид на таван на долната просторија, не се толку важни.

дијагонално поделени просторииДоминатната насока на движење на звукот кај дијагонално поделените простории е преку подот на горната до ѕидовите на дијагоналната просторија, или од подот до таванот на долната просторија.

трета фаЗа - гипсени плоЧиГипсените плочи можат да се монтираат директно на дрвната конструкција или да се одвојат со метални профили за да се добие подобра звучна изолација. Кој систем на монтирање ќе го одбереме, зависи од степенот на изолација што сакаме да ја добиеме. Со оставање на мал простор помеѓу плочата и конструкцијата се добива подобра звучна изолација. Со поставување на повеќе слоеви гипсени плочи може да се добие подобра изолација само ако се монтирани правилно. Генерално, со зголемување на масата на преградите може да се пригушат главните насоки на движење на звукот. Крајната задача во оваа фаза е да се процени приближното ниво на врева во просториите, и со веќе проектираниот ѕид да се види дали ќе ги задоволува основните критериуми за изолација. Доколку проценката е незадоволителна, претходните фази се повторуваат додека не се постигне бараниот критериум.

Хоризонтално поделени простории

Патеки на движење на звукот

Звучен извор што се шири преку воздух

Звучен извор што се шири преку конструкција

Патеки на движење на звукот

Вертикално поделени простории

Патеки на движење на звукот

Дијагонално поделени простории

Page 36: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012336

36

рубрика

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora Inzenering

ЗА

НА Ј С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т И

Т ЕЛ

. ПАТ У В А Њ Е В О Д У Б АИ .

посететеги

Moding

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora Inzenering

ЗА Н А Ј С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т И Т ЕЛ

. П АТ У В А Њ Е В О Д У Б А И .посететеги

Moding

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora InzeneringЗА Н А Ј С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т И Т Е Л

. П А Т У В А Њ Е В О Д У Б А И .

посететеги

Moding

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora Inzenering

ЗА

Н

АЈ С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т

ИТ

ЕЛ

. П

АТ У В А Њ Е В О Д У Б

А

И.

посететеги

Moding

Page 37: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 37

37

рубрика

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora Inzenering

ЗА

НА Ј С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т И

Т ЕЛ

. ПАТ У В А Њ Е В О Д У Б АИ .

посететеги

Moding

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora Inzenering

ЗА Н А Ј С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т И Т ЕЛ

. П АТ У В А Њ Е В О Д У Б А И .

посететеги

Moding

Метрополис АренаСкопје, Македонија//

Саем за недвижности6-10 Maрт 2012

Panorama Residence

Nastel

Официјален партнер:

Trim &Lum

Cevahir Holding

ASOCIJACIJA NAARHITEKTI NAMAKEDONIJA

ASSOCIATION OFARCHITECTS OF

MACEDONIA

AAM

Орагнизирано од: Партнери:

Медиа партнери:

Adora Inzenering

ЗА

Н

АЈ С Р Е Ќ Н И О Т П О С Е Т

ИТ

ЕЛ

. ПАТ У В А Њ Е В О Д У Б

А

И.

посететеги

Moding

Page 38: Porta3 177

ентериери

ПОРТА 24 Февруари 2012338

38

Урбана видео проекција на поп-арт и уникатен мебел

Во јадрото на најстарата урбана целина во градот, Дебар Маало, на аголот што ги спојува улиците „Ленинова“

и „Илинденска“, се наоѓа неодамна отвореното архитектонско концепт студио + продавница за мебел и осветлување Smart Living. Се работи за објект, прв од овој тип во Македонија. Сопственици на ова концепт студио + продавница се брачниот пар Бојана и Иван Мирковски, кои архитектонското образование го имаат стекнато во Рим и Виена. Бојана е магистер со завршени мастер студии за осветлување и проектирање, додека

Иван е урбанист и проектант. Иновативноста на Smart Living е во инкорпорирањето на повеќе архитектонски аспекти во една целина, односно пакет од решенија за проектирање, изградба и целосно опремување на еден дом. Станува збор за системот „паметна куќа” (smart house) веќе применет во архитектонското концепт студио, кој го автоматизира целокупниот простор за живеење. Преку еден далечински управувач се контролираат сите електични уреди во домот, почнувајќи од светлечките тела, греењето, ладењето, работата на бојлерот, кујнските апарати итн. Уникатниот пристап на ова концепт студио, освен во

апсолутната функционалност и рационална идеја, се бележи и во архитектонскиот и естетскиот израз на просторот во кој егзистира. Во конвенционалниот и едноличен уличен фронт, Smart Living е урбана видео проекција на поп-арт и уникатни парчиња мебел. Пристапот до локалот, издигнат на високо приземје, е овозможен преку метални скалила во црна боја, со асиметричен скулптурален облик. Студиото е составено од две функционални целини, изложбен дел и проектантско (оперативно) катче. Јадрото на ова студио е токму оперативното катче, простор од 12м², во кој се артикулирани монохроматски линиски површини

и прочистени форми во манирот на јапонската современа архитектура. Подот е обложен со имитација на тревна површина, која создава пријатна атмосфера за вработените, и за клиентите што се интегрираат во конципирањето на архитектонскиот израз на еден дом. Централна позиција во ова катче зазема белата квадратна маса со три работни места. Просторот за складирање на работни материјали и стручна литература е интегриран и успешно затскриен во рамки на ѕидната површина, зад линиските панели кои наизменично се јавуваат во црна, бела и натур боја со текстура на OSB плоча. Оперативниот простор

Андреа ЈАМАКоСКА и Анастасија НиКоловСКА

локал : Smart Livingлокација: Дебар Маало, Скопјеархитекти: Бојана и Иван Мирковскифотографии: www.zdravo.com.mk

Page 39: Porta3 177

ентериери

24 Февруари 2012 ПОРТА3 39

39

функционира како стаклена кутија, визуелно поврзана во два правци со изложбениот дел. Преку стаклените површини кои овозможуваат транспарентност кон конципирањето на интелигентни простори за живеење, се негираат конвенционалните физички бариери. Непостоењето на цврста граница помеѓу овие две функционални целини доведува до нивна меѓусебна припадност, така што добиваме чувство дека изложбениот простор го обвиткува оперативниот во цврста прегратка. Софистицираниот дизајнерски мебел со потекло од Италија, бројните аксесоари за домот како и специфичните парчиња мебел, кои се вон сериска продажба, умешно го пронашле своето место при конципирањето на изложбена поставка. Во првиот дел од изложбениот простор ѕидната површина во три појаси е исполнета со увозни дизајнерски столици,

додека во останатиот дел од овој простор, кој се развива во Г форма, се изложени уникатните парчиња мебел на Бојана и Иван, реализирани во дрво. Како најспецифичен обликуван елемент во внатрешното уредување и адаптирање на овој локал за потребите на архитектонското концепт студио + продавница, се издвојува таванската конструкција. Имајќи предвид дека се работи за постар објект изведен со ситноребреста меѓукатна конструкција, Бојана и Иван се решиле таа карактеристика да ја вметнат во естетскиот израз на просторот. Имено, оваа одлука на соголување и искрено прикажување на конструкцијата, сосема одговара на транспарентноста и непосредноста со клиентите, што тие ја остваруваат преку концептот на стаклена проектантска кутија.

(Авторките се студенти на Архитектонски факултет, Скопје)

Page 40: Porta3 177

Б

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

наука

шВајцарија (3)михаил токареВ: 100 години модерна архитектура (127)

Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји - резимирани извадоци

МАРИО БОТА (1943-) претставува исклучителна творечка личност, која со својот талент и рано пројавен интерес за архитектурата постигнува меѓународна слава. На возраст од 15 години тој го напушта училиштето во своето родно место Мендризио за да стане помошник во едно архитектонско ателје во Лугано. Следната година веќе ја проектира својата прва куќа. По завршувањето на студиите во Милано и Венеција, тој накратко работи во кругот на Ле Корбизје, Луис Кан и Луиџи Сноци. Марио Бота применува чисти едноставни форми и една мајсторска структура со локални материјали, како кај своите први проекти за вили така и за подоцнежните поголеми општествени и други објекти. На извесен начин може да се каже дека неговиот архитектонски израз се одликува со еден строг, па дури и фундаменталистички постмодерен класицизам. Тоа го илустрира архитектонската композиција на куќата Медичи (Каза Ротонда) во Стабио (1980-1982). Куќата на книгата, сликата и звукот, наречена медијатека во Виљурбан, Франција (1988), исто така претставува монолитен блок, кој во симетралата е пробиен со стаклено-челичен процеп и симетрични ,,гранки“ од мали прозорци. Овој објект, заедно со обликувањето на околниот партер, прави еден вид метафизички простор. Кај банката Готардо во Лугано (1988), релативно големата содржина Марио Бота ја сепарира на помали функционални единици со кои формира необични

волумени по мерка на околината. Секој волумен кон улицата е самиот за себе симетричен и со еден прозорец во

средината, кој е обликуван на уметнички начин. Кон задната страна, симетријата е нагласена со присуството на една кула. Во внатрешноста на објектот доминира линеарната композиција во вид на скулптура, каде што светлоста има посебна улога. Во сите објекти на Марио Бота се присутни следните три препознатливи ликовни елементи: полни геометриски форми, фасади со долги ленти и со врежани отвори, како и совршени па дури и фантастични детали. Според него, архитектурата мора да се спаси од губењето на идентитетот, баналноста на секојдневниот живот и потрошувачкото општество. Административниот објект во Белинцона покажува дека Марио Бота во Тичино не проектира само индивидуални објекти. Овој монолитен блок со тесни прозорци, во симетралата е пробиен со четирикатна модерна ,,триумфална порта“ до која се доаѓа преку мост. Станбено-трговскиот објект во Лугано (1991) има основна форма на цилиндер, кој е омилен облик на Марио Бота, но овде тој го отвора цилиндерот кон езерскиот брег, вметнувајќи во средината пониска кристална стаклена структура. Флексибилниот план овозможува објектот да биде употребуван за различни намени.

М. Бота. Куќата Медичи, Стабио

М. Бота. Медијатеката, Виљурбан

М. Бота. Станбено-трговскиот објект, Лугано

М. Бота. Административниот објект, Белинцона

М. Бота. Банката Готардо. Лугано

ПОРТА 10 Февруари 2012340

40

Page 41: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 41

41

рубрика

Б

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

Page 42: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012342

42

рубрика

[email protected]

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Page 43: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 43

43

спортски храмови

[email protected]

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Но

вио

т по

двиг на

Татари

те

Во мај 2010 година, започна со изградба новиот стадион на еден од поновите руски фудбалски херои од

фудбалскиот клуб „Рубин Казан“. Во годината кога ја прославуваа 50-годишнината од своето постоење, моќниот град од Татарстан вложи многу пари не само во фудбалската селекција на градскиот миленик, која веќе им донесе и шампионска титула во домашното првенство, туку и во осовременување на постоечките фудбалски капацитети. Сопственикот на клубот, градската управа на Казан, вложи преку 70 милиони долари во буџетот за 2008 година, а секоја година

подоцна сумата се движеше околу 55 милиони долари, по што сосема нормално стигнаа и европските успеси. Градските власти на престолнината на Татарстан, не се штедеа и за изградбата на новиот стадион на Рубин, па вложија близу 190 милиони долари во оформувањето на новиот фудбалски храм во оваа руска република. Новиот дом на „Рубин Казан“ се гради на простор од 70.300 м² и ќе има капацитет од 45.105 места. За град како Казан, кој има близу милион жители, овој капацитет е сосема доволен, а според популарноста на клубот и фудбалот, никој не се сомнева во ефикасноста на објектот и неговата

исплатливост. Новиот стадион на Рубин чие име сè уште не е познато, ќе биде замена за Централниот стадион во Казан, кој беше со капацитет од 30.000 места, но беше релативно истрошен и надвор од стандардите што ги бара УЕФА за европските натпреварувања. Рубин и помогна на Русија и во кандидатурата за домаќин на СП во 2018 година, па овој стадион ќе биде еден од оние на кои ќе се игра Мундијалот за 6 години. Зад потписот и на овој визуелно фасцинантен фудбалски стадион стојат момците од мегапопуларната компанија „Populous“ лоцирана во Канзас, која во последните десетина години изгради стотина

стадиони и спортски објекти низ целиот свет. Дизајнер на новиот стадион на Рубин е Дејмон Лавел, кој изгледот на истиот го објасни како фотокопија на локалната култура и традиции. Ова ќе биде стадион со четири влеза. Главниот влез ќе се наоѓа на западната страна, каде ќе биде и главната трибина на која ќе се најдат ВИП ложите и коментаторските места. Во поттрибинскиот простор ќе има кугларница, кино, административен простор, фитнес-центар, како и неколку забавни детски објекти. Завршните работи на стадионот се веќе во тек. По зимскиот период останува да се интензивираат работите, и некаде до август (како што е планирано), Рубин и неговите верни фанови треба да влезат на трибините на новата спортска убавица. На овој стадион треба да се играат и

натпреварите на Универзијадата 2013 што ќе се одржи токму во Казан. Инаку, градските власти во Казан, паралелно со проектот нов стадион, веќе работат и на изградбите на уште неколку клучни објекти за непречено одвивање на Универзијадата следната година. Од новите капациети кои треба да бидат финализирани оваа година, за издвојување се и помалиот стадион, кој исто така ќе го користи „Рубин Казан“, а кој има капацитет од 10.000 места, потоа арената ТатНефт што ќе се користи за хокеј, како и новата кошаркарска арена, која веќе е во функција со капацитет од 7.500 места.

Сашо КузмановСКи

Стадион „Рубин Казан“ - Казан

ФаКТи за СТАДИОН „РУБИН КАЗАН“ - Казан, РусијаСедишта: 45.105Површина на градба: 70.300 м2

Период на изградба: 2010-2012Цена на градба: 190 милиони долариинвеститор: Град КазанДизајнерски Тим: Дејмон Лавел и „Populous“

Page 44: Porta3 177

технологии

ПОРТА 24 Февруари 2012344

44

Јаболкото повторно на врвот на светотКолку повеќе се чудиме, толку повеќе сфаќаме дека Apple Inc е навистина одлична компанија. Компанија која во услови на најтешката финансиска криза по Втората светска војна, без својот „бог“, основач и CEO Стив Џобс, и во исклучително тешка конкуренција порасна за дополнителни 100 милијарди долари за само една година. Акцијата на Apple Inc деновиве вреди над 500 долари (раст од 44% споредено со цената на акциите во април 2011), што значи дека компанијата вреди околу 470 милијарди доларди.

Трајче СТоЈАНов, дипл.инж.арх.

Во сенка на случувањата околу контроверзните закони за борба против пиратеријата, се случи повторното крунисување на Apple Inc како највредна или ако сакате најголема компанија

во светот. Велам по втор пат, бидејќи во периодот од aвгуст до oктомври 2011 година, таа го надмина профитот на нафтениот гигант Exxon и се закити со ова признание. Тогаш, настанот беше протолкуван како случајност, берзанска шпекулација, меур спремен за пукање и сл. Впрочем, како е можно компанија која произведува гаџети (дефиниција за гаџет: мал механички или електронски уред чија генијалност и новитет ја надминува практичната употреба - со други зборови играчки за анимирање на возрасни) да вреди повеќе од еден нафтен гигант? Па нафтата е дефицитарна, побарувачката постојано расте, цените вртоглаво растат. Но, колку повеќе се чудиме, толку повеќе сфаќаме дека Apple Inc е навистина одлична компанија. Компанија која во услови на најтешката финансиска криза по Втората светска војна, без својот „бог“, основач и CEO Стив Џобс, и во исклучително тешка конкуренција порасна за дополнителни 100 милијарди долари за само една година. Акцијата на Apple Inc деновиве вреди над 500 долари (раст од 44% споредено со цената на акциите во април 2011), што значи дека компанијата вреди околу 470 милијарди доларди. Практично, компанијата сега вреди повеќе од своите лути ривали Microsoft и Google заедно. И ќе вреди многу повеќе од тоа. Последниот квартал од 2011 му донесе на Apple рекордна заработка од 13 милијарди долари од продажба на 37 милиони iPhone телефони, 15 милиони iPad таблет компјутери и 5,2 милиони Mac компјутери. Згора на сето тоа, новиот CEO на Apple Inc, Тим Кук изјави дека компанијата има проблеми во задоволување на побарувачката. Со скората најава на iPad 3, цифрите дополнително ќе растат. Знам што се прашувате во моментов, каква е таа светска финансиска криза во која луѓето ги губат работните места или барем заработуваат помалку, а сепак и со денови стојат во редица за да го купат најновиот гаџет од Apple?

Кога производите би биле евтини можеби би имало оправдување, но Apple е познато дека ги има највисоките цени на пазарот. Високи цени, а ниски производни трошоци (денес сè се произведува во Кина). Резултатот на сето тоа е признание за највредна компанија и секако 470 милијарди долари. Бројките збунуваат. Тоа се огромни пари, огромни профити кои се генерираат во една компанија. Пари кои се огромни и за поголемиот број на земји во светот. Целата оваа ситуација со бркањето на профити,

препукување помеѓу ривалите и агресивниот маркетинг е ситуација во која се прашувате дали сè уште важат основните принципи на функционирање на пазарите и општествата во целина. Веројатно Ал Гор има право кога вели дека на капитализмот му треба „чистење“. Ако сè уште сте скептични, погледнете ги бројките:

Apple Inc во 2012 година вреди педесет пати повеќе од македонскиот БДп; Apple Inc во 2012 година вреди колку БДп

Page 45: Porta3 177

технологии

24 Февруари 2012 ПОРТА3 45

45

Јаболкото повторно на врвот на светот на 20-тата светска економија полска во 2010 година според ММФ и Светската банка. Колку за потсетување, БДп (Бруто домашниот приход) ја означува пазарната вредност на сите производи и услуги кои една земја ги произвела. во случајов, Apple со своите 60.000 вработени вреди колку и полската економија која ја гради население од скоро 40 милиони жители; Apple Inc во 2012 година вреди скоро колку целиот грчки долг (485 милијарди долари). воедно тоа е цифра поради која Европа ја тресе финансиска криза, а лидерите на земјите членки на Еу се мобилизирани како да станува збор за трета светска војна; Apple Inc во 2012 година вреди колку целокупниот буџет на Министерството за одбрана на САД за 2005 година; Apple Inc во 2012 година вреди скоро колку целокупниот извоз на 11-тата економија во светот по БДп, Русија; Apple Inc во 2012 година вреди повеќе од вредноста на златото што се чува во ФЕД (Федералните Резерви на САД) на Менхетн, Њујорк; Apple Inc во 2012 година вреди скоро колку резервите во валути и злато на Русија (483 милијарди долари) која е трето рангирана на листата на земји со најголеми резерви по Кина и Јапонија според Index Mundi; Apple Inc во 2012 година вреди повеќе од вкупните даночни приходи на Шпанија во 2006 година.

*Погледнете повеќе на http://thingsappleisworthmorethan.tumblr.com

Дефинитивно бројките се вртоглави. Оттаму е и нелогичноста како една компанија која произведува и продава гаџети (или ИТ ако повеќе сакате) стекна таква економска моќ која може да се споредува со високоразвиените земји. Успехот на Apple Inc сигурно е на радост и на САД чиј буџет го полнат, но и на Кина каде се лоцирани фабриките. И додека Европа протeстира против ACTA (Anti Counterfeit Trade Agreement), во заднина Apple Inc пишува нова страна во историјата каде триумфира информатичката технологија.Новиот CEO на Apple Inc, Тим Кук

Page 46: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012346

46

експерт

Џон Торп (John Thorp MBE), во 1996 година бил назначен за седми Градски архитект (Civic Architect),

функција на која останал до своето заминување од должност во 2011 година. Овој познат архитект-конзерватор, своето архитектонско образование го стекнал на Школата за архитектура во Ливерпул (Liverpool School of Architecture), а најголемиот дел од својата

професионална кариера од околу 40 години, ја поминал во Одделот за градски архитекти (City Architects Department) при Советот на градот Лидс (Leeds City Council). Неговото архитектонско творештво ја вклучува креацијата на Милениумскиот плоштад (Millennium Square) и придонесот во развивањето на програмата за Градски плоштади, објекти и простори (City Centre Squares, Buildings and Spaces) вклучително со Градскиот плоштад

(City Square), Градската куќа во Лидс (Leeds Town Hall), Градската библиотека и уметничка галерија (City Library and Art Gallery), Градините на Викторија (Victoria Gardens) и обновата на зелените површини како Плоштадот Парк (Park Square), Градините на Мертон (Merrion Gardens), итн. Во 2005 година, Кралицата Елизабета Втора го наградила Градскиот архитект Торп со одликувањето М.Б.Е. (MBE – Member of the Most Excellent Order of the British Empire) за неговиот придонес во областа на архитектурата. Неколку години подоцна, следувала и Наградата за животно дело (Lifetime Achievement Award) во рамките на Наградите за архитектура во Лидс во 2009 година (2009 Leeds Architecture Awards), со која му се оддало признание за создавањето на наградени места и простори како резултат на неговата животна посветеност кон градот Лидс. Исто така, Торп е член на советодавниот Панел за разгледување на проектите (Design Review Panel) за Олимписките игри - Лондон 2012 при Комисијата за архитектура и изградена средина (Commission for Architecture and Built Environment - CABE).

За и протиВЗа жал, сета посветеност на Торп, резултатите што тој ги постигнал во своето работење,

како и националните признанија за неговите заслуги во доменот на архитектурата, не биле доволни да ја укажат потребата за зачувување на функцијата Градски архитект во Лидс. Со неговото заминување од должност, и функцијата Градски архитект била укината. Ваквата ситуација го отсликува трендот на подемот и падот на јавните архитектонски проектантски бироа во Велика Британија, во текот на

последните сто години, и тоа од подемот во почетокот на минатиот век, па се до зенитот во 1980 година, кога според Rose (BD 05.01.2007:3) 63 проценти од сите британски архитекти работеле во јавниот сектор за разлика од оценките за само 11 проценти кон средината на првата декада на овој век. Падот на јавните архитектонски бироа во земјата бил пропратен со распуштања на поголем број од овие бироа, како на пример она на Советот на поголемиот Лондон (The Greater London Council), кое реализирало исклучително значајни објекти, вклучително со South Bank Centre во Лондон, или пак нивно преземање од страна на приватни архитектонски бироа. Како резултат на ова, во Велика Битанија веќе подолго време се води една, за жал, не многу видлива дебата за тоа дали треба или не треба да се има Градски архитект. Поборниците „за“ ја истакнуваат потребата од постоење на архитектонска експертиза во рамките на органите на локалната самоуправа, и тоа особено во периодите на големи програми за изградба на јавни објекти, а со цел да се изврши усогласување на предложените проекти за јавни објекти со долгорочните определби на локалната заедница. За разлика од нив, оние што се „против“ нагласуваат дека повторното воспоставување на функцијата Градски архитект не е гаранција дека квалитетот на проектите ќе се подобри, наведувајќи дека дел од објектите испроектирани од страна на јавните архитектонски бироа во минатото, биле само просечни по своите архитектонски квалитети. Оттука, тие се залагаат за потребата да се истакне значењето на квалитетот на проектирањето во

ПОСЛЕДНИОТ ГРАДСКИ АРХИТЕКТМинатото лето, речиси незабележително во јавноста замина последниот Градски aрхитект во Велика Британија, господинот Џон Торп. За жал, со неговото заминување од должноста веројатно е завршено едно забележително поглавје во историјата на архитектурата и градоградителството во оваа земја.

д-р владимир Б. лАДиНСКи, дипл.инж.арх. (Велика Британија)Џон ТоРп

Page 47: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 47

47

експерт

рамките на органите на локалната самоуправа преку зајакнување на тимовите задолжени за јавни набавки во доменот на проектантски и градежни услуги (BD 05.01.2007:3, BD 05.12.2008:9). Дебата ја усложнуваат и најавите на новата Конзервативна Влада, која навестува формирање на нова функција Главен државен архитект, но и предложените промени во урбанистичката регулатива со која би се отворила можноста органите на локалната самоуправа да имаат право да одбијат да дадат урбанистичка согласност на лошо испроектираните објекти. Ова отвора дополнителни прашања со оглед на тоа што вработените во урбанистичките служби задолжени за издавање на урбанистички дозволи најчесто се лица кои завршиле урбанистичко планирање и не се архитекти, и како такви веројатно не се најсоодветно подготвени за оценување на архитектонските квалитети на еден проект. Дали тоа значи дека урбанистичките служби ќе треба да вработат архитекти, наместо општините да отворат свои проектантски бироа со оглед на тоа што веројатно не би имале доволно проектантски задачи да го оправдаaт своето постоење како резултат на масивното пренесување на нивните проектантски функции од јавниот во приватниот сектор во минатото (BD 28.11.2008:2). Веројатно, барем делумно, во прилог на последниот став е и мислењето на бившиот претседател на Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects) Пол Хајет (Paul Hyett), кој коментирајќи во 2007 година по повод отпуштањето на последните 6 архитекти вработени во Советот на Харингеј (Haringey Council) го изнел своето мислење според кое, во услови на современа пазарно ориентирана потрошувачка демократија не се сака и не е потребно органите на локалната самоуправа да имаат капацитет да проектираат и градат објекти. И покрај ова, тој смета дека е потребно овие институции да имаат капацитет софистицирано да коментираат на архитектонски аспекти од интерес за пошироката заедница (BD 05.01.2007:3). Дали некој е поборник „за“

или „против“ постоењето на функцијата Градски архитект, веројатно е прашање на лично убедување и погледи кон светот. Доколку се анализира подемот и падот на јавните архитектонски проектанстки бироа во Велика Британија, може да се заклучи дека нивниот подем се совпаднал со масивни градежни програми во земјата како резултат од потребата за повоената, особено по Втората светска војна, реконструкција на земјата и расчистување на субстандардните, особено станбените објекти од минатото. Ова резултирало во изградба на големи станбени, училишни и болнички комплекси, како и во изградба на „Новите градови“ (New Towns) во земјата. Еден можен начин на интерпретација на ова е дека во услови на големи промени веројатно е пожелно да се има една посеопфатна слика за она што се гради во рамките на изградената средина, што веројатно многу тешко може да се постигне доколку објектите се проектираат и изведуваат на индивидуална основа и без соодветно согледување и усогласување со поширокиот контекст. Историјата на архитектурата ни укажува на тоа дека голем број од најпознатите архитекти и објекти се релизрани под покровителство или во рамките на една јавна организација. Веројатно еден добар историски пример е папската „Фабрика“ (Fabrica), организација задолжена за обезбедување поддршка на Римските Папи (Papal Rome) во областа на градежништвото преку своите оддели за изведба, предмер и финансиска контрола на изградбата. Најпознатите ренесансни архитекти, Браманте (Bramante), Перуци (Peruzzi) и Микeлaнџело (Michelangelo) за голем дел од своите ремек-дела од 16 век биле зависни од поддршката на папската „Фабрика“ (Pepper, 2009 RIBA 03). Во 17 век, во Франиција постоела слична градежна администрација (Royal Building Administration), а во Англија Кралската канцеларија за градежни работи (Royal Office of Works) потекнува од владеењето на Тудорите (Tudors). Како Одговорни за премер (Chief Surveyor) во последната во текот на 17 и 18 век биле великани на англиската

архитектура како Индиго Џонс (Indigo Jones), Кристофер Врен (Chistopher Wren) и Николас Хоксморе (Nicholas Hawksmore). Ваквата традиција на истакнати архитекти на чело на јавните претпријатија за проектирање и градење продолжила и во последователните периоди (Pepper, 2009 RIBA 03). Ваквата ситуација била отсликана и во другите европски земји. На пример, Реинхолд Ѓорѓ Шмелинг (Reinhold Georg Shmaeling), кој во период од 36 години, од 1870 до 1915 година, бил Градски архитект на Рига (Riga), Латвија (Latvia), се смета за заслужен што денес централното градско подрачје е прогласено од УНЕСКО за Локалитет на светско градителско наследство (UNESCO World Heritage Site), со оглед на тоа што под негово раковоство биле воспоставени особените урбани карактеристики на градот. Покрај ова, се смета дека за време на своето работење како Градски архитект, тој испроектирал барем 25 училишта, три болници, пет противпожарни станици, два пазари и голем број други објекти. Според Крастинш (Krastins), тој се смета, заедно со своите ко-автори, и за еден од основоположителите на методологијата за планирање, во која биле искажани основните принципи на современата теорија на урбанистичкото планирање, кои биле отпечатени во 1855 година во „Програма за генерален развоен план на урбан реон“ (Programme for the General Development Plan of the Urban District). Историјата на архитектурата се чини дека укажува на позитивни примери во оформувањето на урбаната средина во услови на постоење на Градски архитект, но и на тоа дека веројатно најголемите придобивки од ваквиот пристап се во услови на значајни промени во средината, без оглед на тоа дали станува збор за реконструкција по катастрофи и воени разурнувања, или пак во услови на расчистување на субстандардните делови на градовите што биле стихијно градени.

сеаЧ на семеСо оглед на тоа што во Република Македонија веќе повеќе од 20 години се наоѓаме во состојба на бесконечна транзиција, и

дека континурано се соочуваме со посложени проблеми во рамките на изградената средина, веројатно е пожелно да се разгледа можноста како преку воведување на функцијата Градски архитект би можело да се помогне барем малку во разрешувањето на овие проблеми. Се разбира, тука се поставува прашањето за тоа кои би биле карактеристиките на Градскиот архитект во 21 век. Дел од одговорот нуди Алберто Варгас (Alberto Vargas, 2006), помошен директор за планирање во Винтер Парк (Winter Park), Флорида (Florida). Според него, Градскиот архитект треба да биде: „сеач на семе“ (Seed Planter) и да ги „посади“ појдовните објекти и комплекси, кои ќе бидат носители на идниот развој; „градител на места“ (Place Maker), каде преку формулирањето на идните определби би го поддржал оформувањето на една квалитена средина; „координатор на проекти“ (Project Coordinator), при што ќе обезбеди реализација на зацртаното; и „коректор на движење“ (Course Corrector), кој со време би ги увидел потенцијалните слабости во одредени предлози и би овозможил да се истрае во зацртаната насока. На ова, веројатно би требало да се надоврзе и клучната карактерстика сврзана со функцијата Градски архитект, а тоа е компромисот. Според Јан Кристијансен, (Jan Christiansen) (Conditions, 21.04.2010), Градскиот архитект на Копенхаген (Copenhagen), архитектурата не е слободна уметност, и таа зависи од ограничувањата и бројните компромиси. Покрај горните атрибути, Градскиот архитект треба да има „тежина“ (gravitas) базирана на неговата стручност, статус и респектираност не само во рамките на професијата туку и многу пошироко. Истовремено, Градскиот архитект треба да биде неполитизиран, доследен и посветен јавен службеник, кој мудро ќе го води урбаниот развој низ мрачните политички води, останувајќи доследен на долгорочните определби и интереси на пошироката заедница на сметка на краткорочните финансиски или други придобивки на одредени групи во рамките на истата.

Page 48: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012348

48

еко инфо

сад

јагленот и натаму водечки енергент во садИ во наредната деценија, јагленот ќе остане главен извор на енергија во САД, и покрај зголеменото производство на природен гас. До 2035 година, САД од природен гас ќе добиваат 39% повеќе енергија, отколку во 2010 година, а од обновливи извори во истиот период 33% повеќе. Меѓутоа, и покрај овие трендови на пораст на користењето на природниот гас и обновливите извори, и понатаму највеќе енергија ќе се произведува од јаглен. Во 2010 година од овој извор се добивало 45% електрична енергија, а во следните две децении тој процент ќе падне на 39%, се разбира доколку не дојде до некои непредвидени промени во законодавството од оваа област.

(UPI)

хрВатска

Загреб се подготвува за LED осветлувањеСогласно регулативата на Европската Унија, до 2016 година Загреб ќе мора да ги замени старите светилки со нови - поефикасни. За таа цел, веќе е во тек проект за замена на околу 20.000 LED светилки во парковите на хрватската метропола. Досега, градот Загреб издвојувал над 28 милиони куни годишно за електрична енергија и одржување на јавното осветлување. Со воведувањето на новиот концепт, сметките за електрична енергија ќе се намалат за дури 75%. Од друга страна, новите светилки нудат можност за имплементирање на камери за надзор, како и уреди за мониторинг на квалитетот на воздухот.

(Vecernji list)

полска

првата нуклеарка во полска сепак до 2025 Полската енергетска компанија PGE, го планира отворањето на првата нуклеарка во земјата за 2025 година, односно тоа е крајниот рок за доведување на погонот во полн капацитет. Вкупниот капацитет на електраната се планира да биде 3000MW, а ќе се состои од два или три реактори. Стратегијата на државната компанија PGE предвидува учество на нуклеарната енергија од 36% во вкупниот енергетски микс до 2030 година. Полска, која има 38 милиони жители, моментално се потпира на сопствените големи резерви на јаглен за генерирање на 94% од потребите за електрична енергија.

(Tanjug)

Page 49: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 49

49

еко инфо

подготви: Даниела МлАДЕНовСКА

Белгија

електромобили - корисни или штетни?Стручњаците од Еколошкиот институт во Фрајбург, сметаат дека автомобилите на електричен погон повеќе и штетат на животната средина отколку што и користат. Современите бензиски автомобилски мотори можат да ја намалат емисијата на стакленички гасови за 25%, додека електричните мотори ја намалуваат емисијата за само 6%, тврдат германските експерти. Ова значи дека, доколку Германија го исполни својот план за еден милион електромобили до 2022 година, тоа не само што нема да и помогне на животната средина, туку напротив ќе има негативно влијание. Намалувањето на негативното влијание врз животната средина со користење на електромобилите е можно само доколку електричната енергија се обезбедува од обновливи извори. Германските стручњаци тврдат дека високите трошоци за производство на електрична енергија, се најголем проблем за масовно користење на електромобили.

(energetika-net)

италија

прекршени човекови права заради отпадИталија ги прекршила човековите права на своите граѓани, бидејќи со месеци не се третирал отпадот во близината на Неапол. Вака гласи пресудата на Европскиот суд за човекови права. Имено, во 2008 година, граѓаните живееле во загадена средина поради отпадот што се натрупувал на улиците. Осумнаесет Италијанци, кои живеат и работат во местото Somma Vesuviana во близината на Неапол, поднеле тужба до Европскиот суд за човекови права, обвинувајќи ја италијанската влада дека го довела во опасност нивното здравје и ја загадила околината.

(HRT)

срБија

фабрика за биодизел во нишХоландската компанија Fertilizer 4 You, која се занимава со производство на биодизел и органски ѓубрива, планира да отвори фабрика во близината на Ниш. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра, а фабриката што ќе се вика „Био-свијет“ ќе вработува 2.000 работници. Сите проекти се подготвени, и во наредните месеци се очекува да започне изградбата. Според најавите, на површина од 20ха ќе се изградат биореактори со складишта за 100.000 тони пченка и соја, мелница и линии за пакување, фабрика за производство на органско ѓубриво, и други придружни објекти.

(Narodne novine)

Page 50: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012350

50

екологија

Европската агенција за животна средина (ЕЕА) ги здружи силите со Истражувачкиот центар на Европската комисија за изработка на „Состојбата со почвите во Европа“, научен извештај кој става акцент на

потребата да се зачуваат почвите во рамките на Европската Унија преку координирана акција. Извештајот објавен деновиве предупредува дека ако не се спречи сè поинтензивната деградација на почвата, може да се доведе во опасност производството на храна. Деградираната почва, исто така, е помалку способна да ги спречи сушите, поплавите и загубата на биоверзитетот.Како што посочуваат од Европската комисија, меѓу 1990 и 2006 година околу 275 хектари почва дневно биле трајно загубени како резултат на покривање на плодната почва со непропустливи материјали. Годишно, таа површина изнесува до 1.000 квадратни километри или на секои десет години површина голема колку Кипар. - Ресурсите од нашите почви ние мора да ги користиме поодржливо. Најдобриот

начин тоа да се направи е преку заеднички пристап низ целата Европска Унија. Комисијата стави законски предлози на маса и се надевам дека нашиот нов извештај ќе му помогне на Советот и на Парламентот да покренат акција - вели Јанез Поточник, европскиот комесар за животна средина. Како подготовка за акција во Унијата, Комисијата континуирано работи на иницијативи за подигнување на јавната свест за почвите, на истражувачки проекти и проекти за мониторинг на почвите. Од Комисијата посочуваат и дека околу 3,1 милијарди евра се наменети за рехабилитација на загадено земјиште, во периодот 2007 - 2013 година. Најголемиот дел од средствата се наменети за Унгарија, Чешка и за Германија.

Витален ресурс Вреден За ЗаштитаПочвата е најгорниот слој на земјината кора. Таа се состои од минерални честички, органски материи, вода, воздух и живи организми – необновлив ресурс кој врши многу витални функции. Почвата игра улога на хабитат, служи

како платформа за човековите активности, а обезбедува и бројни суровини. Овие функции вреди да се заштитат заради нивното социо-економско, но и еколошко значење. Почвата игра исклучително важна улога и во процесите за прочистување на водата и производството на храна. Почвата е огромен глобален бунар за јаглеродот, со значаен потенцијал да ги отстранува стакленичките гасови од атмосферата. Според извештајот „Состојбата со почвите во Европа“ на Европската агенција за животна средина, почвите во Европа се различни и ја отсликуваат комбинацијата на геолошки, климатски и топографски фактори, како и традицијата на обработка на земјата од пред илјадници години. Документот наведува дека и покрај неверојатното значење што почвите го имаат за развој на општеството, не постои специфична европска легислатива која се однесува токму на заштитата на почвите. Различните европски политики за раководење со водните ресурси, отпадот, хемикалиите, заштитата од индустриско загадување,

Новото истражување на Европската агенција за животна средина треба да им помогне на земјите од ЕУ да развијат политики за заштита на почвите и да ги преземат неопходните активности за спас на овој сеопфатен ресурс

ноВ иЗВештај на еВропската агенција За жиВотна средина

Повик за заедничка акција против деградацијата на почвите

Сашо КуЗМАНовСКи

Page 51: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 51

51

екологија

заштитата на животната средина, пестицидите и земјоделството, придонесуваат за заштита на почвите. Сепак, овие политики не се доволни за да обезбедат соодветно ниво на заштита на сите почви во Европа. Спречувањето на деградацијата на почвите е ограничено и поради недоволниот број податоци. Во таа насока, во 2006 година Европската комисија ја усвои Стратегијата за почви која има главна цел да ги заштити почвите низ Европа од следните закани (според извештајот „Состојбата со почвите во Европа“):

- Ерозија: 105 милиони хектари или 16 отсто од копнената површина на Европа (без Русија) се проценува дека се погодени од ерозија од вода. од ерозија од ветер се погодени 42 милиони хектари. - органски материи: тие се клучна компонента на почвата и контролираат многу витални функции. Дури 45 отсто од почвите во Европа имаат ниска или многу ниска содржина на органски материи (0-2% органски јаглерод), а 45 отсто имаат средна содржина (2-6 отсто органски јаглерод). овој проблем особено се јавува во земјите од Јужна Европа, делови од Франција, велика Британија, Германија, Норвешка и Белгија.- Натапкување: употребата на тешка механизација во земјоделството придонесува за натапкување на почвата. Таа состојба го намалува капацитетот на почвата да ја складира и спроведува водата, ја прави помалку пропустлива за корењата на растенијата и

го зголемува ризикот од загуба на почвата поради ерозија. Некои научници велат дека 32 отсто од почвите се многу ранливи пред оваа појава.- Салинизацијата е резултат на акумулацијата на соли од процесите на наводнување и вештачките ѓубрива. високите концентрации на соли ја прават почвата непогодна за раст на растенијата. погодени се околу 3,8 милиони хектари низ Европа.- лизгање на земјиштето: иако не постојат податоци за вкупната површина зафатена од лизгање на земјиштето, постојат податоци за 630.000 случаи на лизгање на земјиштето во Европа.- Загадување: како резултат на повеќе од 200 години индустријализација, загадените почви се чести во Европа, загадувањето најчесто е со тешки метали и минерални масла. Бројката на локации каде што се преземани активности кои предизвикале загадување изнесува околу три милиони. - Биодиверзитетот во почвата се отсликува преку бројни организми, од бактерии до цицачи, кои го оформуваат метаболичкиот капацитет на терестричните екосистеми и бројните функции на почвата. Сите процеси наведени погоре влијаат на намалување на биодиверзитетот во почвата, а со тоа и на намалување на нејзината функција.

Во извештајот посебно се нагласува дека климатските промени дополнително ја намалуваат функцијата на почвата и го поттикнуваат опустошувањето.

Page 52: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012352

52

екологија

ВИСТИНАТА ПОСТОИ, МОЖЕ ДА СЕ ИЗМИСЛУВААТ САМО ЛАГИ

Сигурно некогаш сте посакале да се вратите во времето и да поправите некои од грешките направени во минатото. Но, тоа едноставно не е возможно. Доколку навистина се задлабочиме во нашите

мисли, можеме да ја видиме иднината што треба да се роди како резултат на нашите сегашни активности. Во блиска иднина, новите генерации ќе ни ги постават прашањата: За што размислувавте додека Земјата се распаѓаше пред вашите очи? Зарем не се загриживте ниту во еден момент? Зошто ги занемаривте

предупредувањата на научниците? Од друга страна пак, прашањата може да бидат нешто поразлични: како најдовте доволно морал и храброст за да ја решите кризата со климатските промени, иако тоа на прв поглед изгледа екстремно тешко? Можеме да бираме на кои од горенаведените прашања сакаме да дадеме одговор, бидејќи како што ќе кажат некои ,,вистината постои, може да се измислуваат само лаги“. Мора да го прифатиме фактот што имаме сериозен еколошки проблем, кој се одразува на сите други сфери од живеењето. Тој проблем мора да го решиме, не со зборови, туку со дела - и тоа веднаш.

македонијаСитуацијата во Македонија не е поразлична од таа во другите делови на светот. Македонија во 2001 година преброди една голема суша, но дали има сила да ја преброди и оваа што следи? Температурите ќе растат, а врнежите ќе се намалуваат. Имајќи предвид дека сме земјоделска држава, овие податоци треба да нè загрижат. Во Македонија најранлива земјоделска зона претставува областа каде што се спојуваат реките Црна, Брегалница и Вардар, нашите три ,,мртви“ реки. Реки, кои се карактеризираат со четврта категорија на води, од вкупно пет (прва категорија - најчиста,

Никола НЕШКоСКи, дипл.инж.на жив.средина/еко-менаџер

Кањон на реката Брегалница

Page 53: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 53

53

екологија

петта - најзагадена). За охрабрување се одредени проекти, финансирани од странски организации, со кои ќе се ревитализираат овие подрачја во иднина, со надеж дека повторно ќе бидат вратени во своите ,,златни денови“ (проект поддржан од Швајцарската агенција за развој/Швајцарска амбасада во соработка со МЖСПП). Но, не треба да ги заборавиме и другите ранливи зони, посебно зоните околу Скопје, Гевгелија, Струмица и Куманово, како и Овче Поле и Повардарието. Македонија е на добар пат кон опустошување, кое ќе се јави како резултат на климатските промени и недоволното ангажирање од

страна на надлежните и од страна на сите нас. Оваа појава веќе се манифетсира преку преголемиот процент на еродирано земјиште, кое според некои податоци изнесува околу 25% од земјишната површина на Македонија. Доаѓа време на промени, и тоа првенствено во индустрискиот и автомобилскиот сектор, каде што досегашните технологии базирани на фосилни горива ќе бидат заменети со технологии, кои зависат од обновливи извори на енергија. Оваа опција е одамна позната во светот, а полека но сигурно влегува и кај нас. Затоа, можеби, развивањето на еколошка свест кај граѓаните во Македонија ветува светла иднина,

но и полесно прифаќање на сите позитивни еколошки алтернативи кои се нудат како спас за планетата, или конкретно во случајот, за нашата држава. Треба да се водиме од познатата поговорка - дејствувај локално, мисли глобално. Секоја промена е тешка, но промените што треба да се реализираат на глобално ниво се најтешки. Треба да се запрашаме зошто досега не сме реагирале за да ја спасиме нашата Земја, нашата планета. Дали е тоа поради фактот што постојат и други проблеми? Проблеми, со кои се соочуваме секојдневно, проблеми кои не влијаат на нашата иднина? Или тоа е поради фактот што досега не сме верувале дека имаме проблем?

Ерозија во Богомила

Page 54: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012354

54

хортикултура

СТАКЛЕНИЦИТЕ - ОАЗА ВО ЗИМСКАТА ПУСТИНА

Филип ФилипоСКи, дипл.шум.инж.

Стаклениците претставуваат совршени места каде може полесно да ја преживеат зимата разните видови кактуси, палми, цитруси, декоративни папрати, филодендрони и слично. Во литературата стаклениците често се среќаваат и како зимски градини.

Page 55: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 55

55

хортикултура

Недостатокот од светлина и топлина преку зимата се одразува непријатно врз растенијата. Од таа причина, за време на есенскиот период, тие треба да се преместат

во потопли простории, каде што ќе им бидат осигурани неопходните услови за живот. Но, најчесто, преку зимскиот период растенијата се засолнуваат во простории како претсобја и скали, кои не се загреваат преку зимата, присуството на провев е големо, а осветленоста е сведена на минимум. Затоа растенијата многу често назадуваат во својот развој, закржлавуваат, а поради ниските температури се јавуваат и изгореници по виталните делови. Стаклениците претставуваат совршени места каде може полесно да ја преживеат зимата разните видови кактуси, палми, цитруси, декоративни папрати, филодендрони и слично. Во литературата стаклениците често се среќаваат и како зимски градини. Тие не се само обични магацини, во кои се нафрлани предмети без никаков ред и поредок, туку претставуваат совршено организирани простории, во кои се обрнува особено внимание на условите.

ориентацијаДоколку решите да изградите стакленик, најнапред треба да ги проучите климатските карактеристики на регионот, експозицијата, насоката на ветровите, како и на сите објекти во околината, кои на најразлични начини би влијаеле понатаму врз стакленикот. Стаклениците на јужната страна се градат единствено во регионите во кои има малку сонце. Предноста на зимските градини ориентирани кон југ, е во тоа што во текот на пролет и есен се затоплуваат со помош на сончевата енергија, додека нивниот недостиг е во тоа што во летниот период многу лесно се прегрева просторијата, заради што треба да има големи отвори за проветрување. Источната страна е најдобрата конфигурација за подигнување на стакленици за активно искористување преку лето. Така би се

искористиле утринските сончеви зраци без да ги преместуваме растенијата или да ги мачиме со прегревање преку денот. Преку зимата сонцето не е директно и не може доволно да ја загрее просторијата, а ветровите ги ладат стаклените ѕидови. Затоа при вакви услови, потребна е сериозна топлотна изолација и затоплување во голем дел од годината. Западната експозиција е идеална за пролетната и есенската сезона. Оваа ориентација ги заштитува растенијата во овие сезони, но преку летото има опасност од прегревање. Треба да се предвидат големи отвори за да се осигура вентилација, заради аерацијата. Северната ориентација осигурува сигурна и постојана светлина без ефект на контрасти и сенки. Предноста на оваа изложеност се исползува доколку зимската градина има стаклен покрив. Како недостиг претставува слабата сончева изложеност, заради што треба дополнително да се затоплува.

ВидоВиЗимската градина претставува стаклена соба, која може да се јави како самостојна или како дел од објект. Поврзувањето на стаклениот простор со објектот, претставува прашање на конструктивно и функционално решение, координирање со архитектонскиот стил на објектот и топлотните амплитуди. Во практика, најраспространети се следниве типови на стаклени градини, што не значи дека се и единствените: Странична допрена градина до објектот - се допира со еден од ѕидовите со фасадата од објектот и е наполно различна од конструкцијата на објектот. Тоа е најприменуван стил на зимска градина, кој може најлесно да се реализира, поради тоа што станува збор за монтажен објект. Аголна конфигурација - таквото распоредување на зимската градина го покрива внатрешен или надворешен агол од објектот. Таа конфигурација е пофункционална од странично допрената, што се однесува до термичката размена со објектот.

Вградена во објектот - оваа конфигурација е возможна кога зимската градина се гради заедно со објектот и истата е сместена во целост во контурите на објектот. Може да биде изградена како дел од страничните ѕидови или во центарот на објектот. Од термичка гледна точка, ваквиот вид е најекономичен. Полувградена конфигурација - Кај полувградената зимска градина надворешниот ѕид излегува надвор од фасадата, и овозможува да се зголеми видното поле кога сте внатре. Нејзин недостиг се енергетските загуби, кои се значително поголеми отколку кај вградената. Самостојна конфигурација - кај ваквиот тип на зимски градини има најголеми енергетски загуби. Во тој случај, најдобро е околу нив да се подигне ѕид од растенија кои штитат од ветрови и прегревање. Освен во градината, самостојните стаклени градини може да се подигнат и на покривот од објектот. Тоа е перспектива особено во големите градови, во кои слободните површини се ограничени. Покрај тоа, ова решение ќе создаде дополнителна заштита на покривот од зградата, а естетската светлопрозрачна конструкција ќе придонесе за разноликост на архитектурата. Користењето на соларната енергија е модерен правец кај енергетски ефикасната архитектура. Освен предности, стаклениците имаат и свои недостатоци. Во текот на летото воздухот во нив се прегрева и температурата може да биде многу поголема од комфорноста на растенијата и луѓето. Затоа е потребно да се предвиди топлинска изолација и заштита од вишокот на топлина. Модерно решение е употребата на светлопрозрачна топлотна изолација со одреден процент на светлопропустливост. Исто така, за намалување на температурата се користат и прозорци за проветрување. Се препорачува 1/4 од вкупната стаклена површина од ѕидовите да се отвора, како и 2/3 од покривните прозорци. Отворањето и затворањето на прозорците може да се регулира автоматски со помош на брисолеи.

Page 56: Porta3 177

арт инфо

ПОРТА 24 Февруари 2012356

56

копенхаген

црвениот плоштад во копенхагенПроектот „Superkilen“ во Копенхаген, кој претставува мултикултурен парк каде треба да се обединат 57 различни култури и на еден заеднички простор да се поврзат различни индивидуи, претставува урбана интервенција која има архитектонско, урбанистичко, социолошко и културно влијание во Данска. Овој проект беше започнат да се прави уште во летото минатата година, а голема популарност доби бидејќи во него биле вложени околу 13 милиони евра. Но, според информациите во медиумите, крајната изведба целосно ги разочара очекувањата на граѓаните и експертите, бидејќи според нивните реакции биле „користени многу интензивни бои, има недефинирани знакови кои даваат впечаток како да сте во детски парк и во ниеден дел не може да се забележи мултикултуралноста што беше основна цел. Овој проект требало да ја надополни визијата за интересен јавен простор, кој требаше да има три дела и тоа Црвен, Црн и Зелен плоштад - едниот наменет за спортови и игри, вториот за дружење, а третиот, кој е недовршен, за пазар.

прилеп

Богдан грабуловски во прилепВо Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп e отворена изложба на Богдан Грабулоски - Бонач, насловена „Софија на столица“. Се работи за инсталација од истоименото дело, односно скулптура изработена во мермер, а создадена во 1984 година. Богдан Грабулоски (1948) дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Приштина, а магистрирал на Факултетот за ликовни уметности – ѕидно сликарство на Универзитетот за уметност во Белград. Во 1999 година, тој бил назначен за „Витез на Академијата – оддел за уметност на Ordine Accademica Internacionale, Греци, Марино, Вербано, Италија. Имал повеќе самостојни изложби во Македонија, а неговите дела биле презентирани и на голем број групни изложби во странство.

лондон

пронајдени дела на апел Повеќе од 400 дела на славниот холандски уметник на 20 век, Кристијан Карел Апел, украдени во 2002 година се пронајдени во еден британски магацин цела деценија по нивното исчезнување. Во прашање се цртежи, скици, бележници и други дела, чија вредност се проценува на повеќе стотици илјади фунти. Тие се пронајдени во магацинот што го купила логистичка фирма, која расчистувајќи наишла на осум кутии полни со уметнички дела. Со нив не е пронајдена никаква документација. Инаку, се работи за колекција на дела, исчезната во 2002 година, која требало да биде основа за нова поставка во Амстердам. Кристијан Карел Апел бил еден од основачите на европското авангардно движење „Кобра“, а починал во 2006 година, на возраст од 85 години, никогаш не заздравувајќи од загубата на својот животен опус. Делата на овој сликар, вајар и поет се наоѓаат во водечките светски колекции, а во 1954 година на биеналето во Венеција му била доделена наградата на УНЕСКО.

Page 57: Porta3 177

арт инфо

24 Февруари 2012 ПОРТА3 57

57

подготви: Дејан БуЃЕвАЦ

лондон

изложба „ хаџ - пат во срцето на исламот “Во Британскиот музеј во Лондон е поставена изложбата „Хаџ - пат во срцето на исламот“, на која се претставени голем број предмети од приватни и јавни колекции, поврзани со аџилак во Мека, родното место на Мухамед. Освен оние предметите што аџиите ги носат за време на патувањето и оние што ги враќаат, изложени се и уметнички предмети, археолошки артефакти, молитвени фустани, историски фотографии, ракописи. На изложбата е претставен и еден од најстарите познати примероци на Куранот, стар повеќе од седум векови.Изложбата е конципирана во три дела. Во рамки на изложбата, на јавноста ќе и бидат прикажани и дела на современи уметници. Според информациите, едно од поинтересните дела е „Магнетизам“, магнетна коцка која го симболизира светиот камен Каба, околу кој кружат илјадници железни парчиња, како што аџиите во Мека кружат околу Каба.

нирнБерг

дирер - предмет на раздорЕдно од најпознатите дела на Албрехт Дирер, „Автопортрет со крзнена наметка“, стана предмет на раздор меѓу градовите Нирнберг и Минхен, кои сè уште спорат околу сопственоста на ова славно дело. Конфликтот изби кога Националниот музеј во Нирнберг почна забрзано да се подготвува за големата изложба со наслов „Раниот Дирер“, на која во мај годинава ќе бидат претставени околу 120 дела од овој уметник. Стручната расправа меѓу историчарите на уметност многу брзо се претвори во политичко препукување. Жителите на Нирнберг автопортретот на Дирер го сметаат за „украдено богатство“ - поим кој обично се употребува за уметничките дела што нацистите ги одземале од окупираните територии. Во германската јавност, особено во Нирнберг, се критикува „минхенската ароганција“, додека од Минхен се правдаат дека од последното патување во Нирнберг во 1971 година автопортретот се вратил оштетен.

париЗ

леонардо да Винчи во луврОд 29 март до 25 јуни 2012 година во парискиот „Лувр“ ќе биде поставена изложбата „Св. Ана на Леонардо да Винчи“, посветена на неодамна реставрираната слика „Богородица и Христос со св. Ана“, која ќе биде додадена на верзијата од Националната галерија, односно на цртежот на кој се претставени Богородица со Исус, св. Ана и св. Јован Крстител. Инаку, до пред две недели, во лондонската Национална галерија беше отворена изложбата „Леонардо да Винчи: сликар на миланскиот двор (1482-1499)“, која веќе го стекна епитетот на најголема изложба на светот. На изложбата биле поставени девет слики од познатите 15, кои со сигурност се припишуваат на Да Винчи и преку 50 цртежи позајмени од Полска, Милано, Санкт Петербург, Париз и Ватикан, и се третира како досега најкомплетната изложба на дела од овој генијален сликар, научник и визионер.

Page 58: Porta3 177

совети

ПОРТА 24 Февруари 2012358

58

Беровскиот крај е посебно убав во зимскиот период. Сместена на блага падина во близина на густа борова шума, нашата стара куќа е идеална за одмор. Потребно и е реновирање со минимални градежни интервенции и идеја за внатрешно организирање на просторот за во неа да ужива целото семејство. Молиме за совет.

Семејство Брашнарски, Скопје

ПРИРОДАТА КАКО ИНСПИРАЦИЈА

Инспиративната околина, сонцето и снегот, чистиот воздух и убавите визури секако се идеално место за одмор. За да долго уживате во вашата куќа, определете се за

стил кој за вас ќе биде пријатен и удобен. Едноставниот облик на градбата и употребените градежни материјали, каменот и дрвото, се слика на нашата градежна традиција. Но, модерното време бара синтеза со современите текови во ентериерното уредување. Внатрешниот простор направете го интегрален за сите функции на живеењето. Од претпросторот со плакар се влегува во дневниот простор. Тука доминира големиот камин, кон кој е ориентирана удобната софа, а во другиот дел под галеријата на која е сместена спалната соба се поставува голема трпезариска маса

околу која ќе се собира семејството. Височината на просторот овозможува изведба на галерија, која е отворена кон делот од дневната соба со ниско седење и каминот. На неа се доаѓа преку еднокраки монтажни скали. Кујната и бањата се одделени во задниот дел на куќата. Длабоките ниши во камените ѕидови се искористени за плакари. За да се сочува атмосферата на старата куќа, камените ѕидови се оставаат необработени, а контраст им прават широките бели опшивки на отворите за врати и прозорци. Природните земјани бои, кои би преовладувале во просторот, ќе даваат чувство на мир и спокој, а воедно и хармонизација со пејзажот во кој ќе уживате.

Билјана СТЕвКовСКА-САвиќ, дипл.инж.арх.

[email protected]

основа на приземје

основа на галерија

Page 59: Porta3 177

најчудни градби

24 Февруари 2012 ПОРТА3 59

59

Не е ништо ново ако се каже дека постои убава стаклена куќа некаде по белиот свет. Најчесто перципираме тип на објект, кој подразбира стаклена фасада и екстериер, квалитетно

и издржливо, со многу светлина, убавина и модерен дизајн. Ако напишеме дека во Канада постои стаклена куќа, тоа и не е баш некој материјал за чудни градби, но ако ви кажеме дека е направена од стаклени шишиња, тогаш имаме вистински погодок за сите љубопитници. Дејвид Браун цели 35 години работел во погребно претпријатие во градот Босвел во Канада. Додека работел, едни од основните потрошни материјали биле шишињата со балсамирачка течност, која погребалното ја добивало. Наместо шишињата да се фрлаат, тој ги собирал, бидејќи дошол до уникатна идеја: по пензионирањето да си изгради стаклена куќа или во случајов, шише-куќа во која мирно ќе си ги помине пензионерските денови.

Во текот на оваа негова акција, Браун собрал 600.000 шишиња со тежина од 250 тони. Во 1952 година, кога заминал во пензија, сите шишиња ги употребил да ја направи основата на неговата куќа, при што шишињата ги сложил едно врз друго и добил неверојатен стаклен екстериер. Самата куќа има форма на детелина, затоа што Браун сметал дека таа треба да му донесе среќа. Куќата е лоцирана на една карпа и има одличен поглед кон езерото Кутенај. Објектот е долг 48 метри, широк 24 метри и има вкупна површина од 1.200 м², вклучувајќи ги и собите што ги добил на првиот кат. Ѕидовите имаат дебелина колку и едно шише, а се засилени со ленти од дрво, како и со цемент и жица за поголема поддршка. Изградбата на стаклената шише-куќа траела две години. И самата внатрешност на објектот воодушевува бидејќи нуди топлина, светлина и што е најважно стаклената фасада или ѕид, на кој прозорците се од обично дрво, остава впечаток на куќа како од бајките.

Можеби и од тие причини, Браун посебно внимание посветил на уредување на градината, која има многу цвеќиња, па дури и мал стаклен мост, а целиот цветен аранжман дополнително е збогатен со мали керамички фигури на џуџиња како од приказната за Снежана. Има и мал водопад со водно тркало и фонтана, кои исто така се направени од шишиња. Браун направил и една мала каскадна тераса, од која се гледа целото езеро. Стаклената куќа требало да биде дом на Браун, но проектот го привлекол вниманието и љубопитноста на минувачите од самиот почеток. Почнале сè почесто да доаѓаат, па самиот одлучил да развие туристички бизнис. На самиот влез од куќата направил мала стаклена купола, која служи како билетарница во која туристите купуваат карти за разгледување на необичната и чудна стаклена куќа. Ако и денес ја посетите, љубезно ќе ве пречека стариот Браун, кој е таму и зиме и лете.

КУЌА ОД ШИШИЊА! Драган РиСТов

Page 60: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012360

60

излог

1

2

3

Page 61: Porta3 177

24 Февруари 2012 ПОРТА3 61

61

подготви:Сандра ДоНЧЕвА ТЕоХАРовА, дипл.инж.арх.

излог

1. Држач за садови од Bontempi Casa

2. Бетонско столче „зашиено“ со материјал од Florian Schmid

3. Модуларен мебел од Sandra Figuerola

4. Столица за надворешни простори од младиот дизајнер Tim Kerp

5. Жичани столчиња од Inter link

6. Закачалки-копчиња од германскиот бренд Kare

4 5

6

IMM COLOGNE 2012

Page 62: Porta3 177

ПОРТА 24 Февруари 2012362

62

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 16/2012

ПРОГРАМАЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА

СРЕДИНА ЗА 2012 ГОДИНА

ОБЈАВА БРОЈ 15 (20.01.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ

ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО

ЗЕМЈИШТЕ, СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВА 1ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО

НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА

ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ А2 СОГЛАСНО ДУП

ЗА “АРМ ЧЕТВРТ 1, АРМ ЧЕТВРТ 2 И АРМ ЧЕТВРТ 3“, БИТОЛА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 17/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА

ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ

УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА

“ОТКУПНО ДИСТРИБУТИВЕН

ЦЕНТАР ЗА СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, ПРОИЗВОДСТВО

И ДИСТРИБУЦИЈА“, ВО КО БОГДАНЦИ ОПШТИНА БОГДАНЦИ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА

ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН

НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКА ЗОНА ЗА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА КО ТУРНОВО,

ОПШТИНА БОСИЛОВО

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 18/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ

ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ЗА ИЗГРАДБА НА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН

ЦЕНТАР НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ М6“ КО ДРАГОЕВО, ОПШТИНА ШТИП

ПРАВИЛНИКЗА КАТАСТАРСКИ ПЛАНОВИ

ОБЈАВА 2ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА

ИЗГРАДБА НА ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ Б2 И ХОТЕЛСКИ

КОМПЛЕКС Б5 СОГЛАСНО ДУП ЗА “АРМ ЧЕТВРТ 1, АРМ ЧЕТВРТ

2 И АРМ ЧЕТВРТ 3“ БИТОЛА

посетете н

ена с

аем

от з

а

гра

деж

ни

штво

06-1

0 м

арт 2

012

, скоп

ски

са

ем

, ан

екс1`

Page 63: Porta3 177

ГРАДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 165

/ П

ЕТО

К 09

.09.

2011

годи

на V

II

ДВЕ

ЛИЦА НА

УРБАНАТА ОБНОВА!

АЕРОДРОМОТ

„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

СО НОВ ЛИК

ПРВА КУЌА

ОД БРОДСКИ

КОНТЕЈНЕРИ

ВО МАКЕДОНИЈА

Неповторлив амбиент

под златниот врв

АДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈ

ЕКОЛОГИЈ

ЕК

А

ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11 го

дина

VII

АЕРОДРОМОТ

„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

ГРАДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

8 / П

ЕТО

К 21

.10.

2011

год

ина

VII

Шарената џамија ќе се

зачува за идните генерации

Претходниот Закон за

градење во некои одредби

е подобар од сегашниот

Преку јазикот

на просторот,

светлината и

геометријата

комуницирам

со публиката

БРИТАНСКИТЕ

АРХИТЕКТИ ЌЕ

СЕ ЕДУЦИРААТ

СПОРЕД НОВА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА

ПРОГРАМА

Марио Бота

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11

ГРАДЕЖНИШТВОГРАДЕЖНИШТВОГРАРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈЕКОЛОГИЈЕК А

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

8 / П

ЕТО

К 21

.10.

2011

год

ина

VII

Шарената џамија ќе се

зачува за идните генерации

Претходниот Закон за

градење во некои одредби

Преку јазикот

на просторот,

светлината и

геометријата

комуницирам

со публиката

БРИТАНСКИТЕ

АРХИТЕКТИ ЌЕ

СЕ ЕДУЦИРААТ

СПОРЕД НОВА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА

ПРОГРАМА

Марио БотаМарио БотаМарио Бота

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИпроф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

9 / П

ЕТО

К 04

.11.

2011

годи

на V

II

НОВАТА СОБРАНИСКА КУПОЛА - ПРВЕНЕЦ ВО ДРЖАВАТА

„ЛИНА“ - ЗАСОЛНИШТЕ ОД ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ

МИМОЗА НЕСТОРОВА ТОМИЌ, ЛАУЕРАТ НА НАГРАДАТА

„АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2011

800

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

СОРАБОТУВАЈ

ПРЕТПЛАТИ

СЕ!

годишна п

ретплатаПИШУВАЈ

денари

промотивна цена за студенти 800ДЕН.

уплати на:жиро сметка: 300000001995035Комерцијална банка АД Скопје

за повеќе информации

02 3109 [email protected] www.porta3.com.mk

Соработувајте со Порта3 - претставете ги вашите проекти, размислувања, дизајни, иновации, интерни настани...

Ве очекуваме!

www.porta3.com.mk

Page 64: Porta3 177