13
БИОТСКИ ФАКТОРИ

биотски фактори

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: биотски фактори

БИОТСКИ ФАКТОРИ

Page 2: биотски фактори

Биотички фактори

• Биотички фактор е односот помеѓу организмите (растенијата, животните и човекот). Биотичките фактори во еден екосистем ги вклучуваат: растенијата, животните, праживотните и сите други живи организми. Биотичките како и абиотичките фактори се во различни заемни дејства. Сите организми се борат за: храна, вода, простор и други потреби за опстанок во средината која ги опкружува. Поради нивните заеднички особини се јавува конкуренција меѓу различните видови. На пример: два различни видови од една заедница можат да се исхрануваат со исти растенија.

• Други две форми на заемни дејства на биотичките фактори се предаторството и симбиозата. Кај предаторството едно животно, предаторот, го убива и го јаде другото животно, пленот. На пример: во шумската заедница волкот е предатор, а еленот е плен. А симбиозата претставува блиска врска меѓу два организми од различни видови. Обично, барем едниот вид има корист од оваа врска.

Page 3: биотски фактори

Конкуренција

• Конкуренцијата е една од основните начини на кои организмите се во заемни односи. Таа претставува користење или одбрана на еден природен извор од страната на една единка, со што таа го брани изворот од дугите единки. На пример: речната пастрмка се бори за биотопот. Кога другите риби ќе се обидат да влезат во нејзината територија таа се бори да ја задржи. Доколку во тоа биде успешна, таа го задржува изборот на храна и на простор.

• Биолозите препознаваат два главни вида на конкуренција - интраспециска и интерспециска.

Page 4: биотски фактори

Интраспециска конкуренција

• Интраспециската конкуренција е меѓу членови од ист вид. Таа конкуренција е многу остра, бидејќи на членовите од ист вид им се потребни: иста храна, простор, и партнери. На пример: кај многу видови на цицачи како што се волкот или бабунот, мажјаците се борат за место во заедницата кое ќе им овозможи да се парат. Исто и крајбрежните дрвја на ист начин се борат за што поголема достапност до хранливите материи и водата од почвата, како и потребата за сончева светлина при процесот фотосинтеза.

Page 5: биотски фактори

Интерспециска конкуренција

• Интерспециската конкуренција е меѓу членовите на различни видови. Овој тип на конкуренција е со послаб интензитет од онаа меѓу единките од ист вид. Бидејќи единките од различни видови не се натпреваруваат за иста храна, простор или партнери. Но кога два вида се борат за одреден природен извор, едниот ќе го добие, а другиот не.

Page 6: биотски фактори

Биотички фактори застапени во природата

• Во природата се застапени следниве биотички фактори:

• »Компетиција

• »Симбиоза

• »Предаторство

Page 7: биотски фактори

Компетиција

• Компетиција претставува однос помеѓу два организми од ист или различен вид, кој користат исти ресурси за опстанок (Пример храна или простор).

Page 8: биотски фактори

Симбиоза

• Симбиоза претставува меѓусебна животна зависност помеѓу два или повеќе организми. Има многу видови симбиози во природата, од кои најзастапени се: микориза, лишаи, симбиозата меѓу пеперугоцветните растенија и азотофиксаторските бактерии и други.

Page 9: биотски фактори

МУТУАЛИЗАМ

• Мутуализам е форма на симбиоза кога и двата организма имаат корист од заедничкото живеење. На пример ензимските активности на бактериите кои живеат во дигестивниот тракт на добитокот, овозможуваат тие да ја разложат тревата. Мешункастите и некои други растенија се колонизирани од бактерии кои формираат мали топчиња на нивните корени. Овие бактерии го врзуваат азотот за коренот. Азот е основен елемент потребен за сите организми. Ваквиот азот растенијата можат да го користат. Кај животните, мутуализам се јавува помеѓу повеќе тревопасни животни и микроорганизмите на системот за варење. Копитари и некои други животни јадат растенија кои содржат целулоза, иако тие немаат ензими способни за разградување на целулозата. Тоа за нив го прават микроорганизмите кои живеат во нив.

Page 10: биотски фактори

Предаторство

• Под предаторство претставува однос на исхраната измеѓу предаторот и пленот. Тоа е реципрочен однос, кој има позитивно дејство врз предаторот, а негативно за пленот.

• Под предатори спаѓаат животни со слободен начин на исхрана. Тие се брзи животни, и се хранат со други животни.

• Пленовите, за разлика од предаторите, имаат подобро развиени органи за слух, брзина, и поседуваат различни органи за одбрана од предаторите, најчесто тоа се отровни жлезди, рогови..

Page 11: биотски фактори

КОМЕНЗАЛИЗАМ

• Комензализам претставува однос во кој едниот организам има корист, а другиот нема ниту корист, ниту штета.

Page 12: биотски фактори

ПАРАЗИТИЗАМ

• Паразити можат да бидат: надворешни кои живеат на кожата, пр.: вошката, болвата, комарецот, крлежот, пијавицата и внатрешни паразити кои живеат во телото на животните и тоа: во цревата живеат тениите (свинската, говетската и детската глиста); во црниот дроб - кучешката тенија и метилот. Овие паразити со целото тело или со смукалки ги смукаат соковите и сварената храна (Паразитот има корист, а домаќинот претрпува штета)

Page 13: биотски фактори

Изработиле: I-1

• Филип Стојков• Били Костадинов