Porta3 205

Preview:

DESCRIPTION

Spisanie za gradeznistvo, arhitektura i ekologija

Citation preview

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 2

05 /

ПЕТ

ОК

19.0

4.20

13 го

дина

IX

ПЛАНИНА ОД КНИГИ - СТАРАРХЕТИП ЗА НОВА ЕРА

Стареењето - двигател на градежната индустрија и

економскиот развој!

иЛе никоЛов:

Квалитетот и роковите се наша

Библија

4828

23

16

54

БРОЈ 205 ПЕТОК 19.04.2013 ГОДИНА iX

Агресивната замена на природните површини со урбани средини е главна причина за настанувањето на појавата наречена ”Urban heat island“. Тој термин ги опфаќа изградените подрачја кои се значително потопли од околните рурални средини. Ваквиот тип на топлотни острови влијаат многу врз животниот стандард, пред сè на трошоците за енергија, загадувањето на воздухот и емисијата на штетни гасови, квалитетот на водата итн. Стручната оставина на Борис Чипан, доајенот на македонската современа архитектура, треба да прерасне во „Збирка на архитект Борис Чипан“ како составен дел на Одделението за современа архитектура, урбанизам и дизајн во Музејот на град Скопје. Станува збор за донација која била желба на Чипан, а неодамна се официјализира со потпишување договор меѓу Музејот на град Скопје и неговиот син, Александар Чипан. „Квалитетот и роковите се наша Библија“, вели Иле Николов, генералниот директор на „Актива“ - Штип, компанија која е создадена пред 14 години и која во изминатиот

период се развиваше чекор по чекор, промислено и посветено реализирајќи ја целта да израсне во респектабилна компанија од областа на градежништвото. Може ли стареењето да биде двигател на градежната индустрија и економскиот развој? Велика Британија се зафати со овој проблем и бара централната и локалната власт, станбените асоцијации и градежните фирми специјализирани за изградба на станбени единици под итно да почнат да планираат за тоа како да се задоволат станбените потреби на постарото население. Евидентен е пробивот на информатичката технологија во образовните системи низ целиот свет, без разлика дали се работи за хардверска опременост или софтверска едукација. Нашите деца ќе бидат потковани со ИТ знаење и ќе програмираат без разлика дали го сакале тоа или не. Во светот се прават обиди да се зголеми бројот на часови по програмирање во училиштата.

од РедакЦиЈата

дРаги ЧитатеЛи,

Насловна страница: ЈАВНА БИБЛИОТЕКА, BOOK mOuNtAiN, СПЕЈКЕНИСЕ, ХОЛАНДИЈА

Автори:СТУДИО mVrDV, РОТЕРДАМ, ХОЛАНДИЈА

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВАлександар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌБиљана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Ивана ГРУПЧЕКате АНТЕВСКАКире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: porta3@porta3.com.mkwww.porta3.com.mk

Печати:

Маркетинг:

biroproekt@biroproekt.com.mkmarketing@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

ИНФО 06ОСТАВИНАТА НА БОРИС

ЧИПАН ДОНИРАНА НА МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

ИНТЕРВЈУ 16ИЛЕ НИКОЛОВ:

КВАЛИТЕТОТ И РОКОВИТЕ СЕ НАША БИБЛИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО 23РЕДЕФИНИРАЊЕ НА КРИТЕРИУМИТЕ

ЗА „ДОБРО“ УЧИЛИШТЕ

АРХИТЕКТУРА 28УНИКАТНА ДРВНА КРОВНА

КОНСТРУКЦИЈА

АРХИТЕКТУРА 32ПЛАНИНА ОД КНИГИ - СТАР

АРХЕТИП ЗА НОВА ЕРА

ЕКСПЕРТ 48СТАРЕЕЊЕТО - ДВИГАТЕЛ НА ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА И

ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ!

ХОРТИКУЛТУРА 54ЗЕЛЕНА БОРБА ПРОТИВ ЕФЕКТОТ

”URBAN HEAT ISLAND“

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 2

05 /

ПЕТ

ОК

19.0

4.20

13 го

дина

IX

ПЛАНИНА ОД КНИГИ - СТАРАРХЕТИП ЗА НОВА ЕРА

Стареењето - двигател на градежната индустрија и

економскиот развој!

ИЛЕ НИКОЛОВ:

Квалитетот и роковите се наша

Библија

,

ПОРТА 19 април 201334

4

инфо

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mke-mail: hidropl@t-home.mkwww.konti-hidroplast.com.mkIndustriska bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

19 април 2013 ПОРТА3 5

5

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mke-mail: hidropl@t-home.mkwww.konti-hidroplast.com.mkIndustriska bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

8. Белградска интернационална недела на архитектурата - БИНА18-30 април 2013

РазоткРивање на аРхитектуРата

БИНА – Белградската интернационална недела на архитектура ја доби Наградата на град Белград – специјално признание за исклучителен придонес во реализација на настаните од значење за град Белград за 2012 година, како и наградата Сребрена снегулка на сараевската зима 2012 во категоријата за најдобро остварување на полето на визуелна уметност, за изложбата Богдан Богдановиќ – проколнат градител, организирана во соработка со Музејот на град Белград и со Архитектонскиот центар од Виена.

Овогодишната тема на БИНА е Разоткривање на архитектурата: што сè се крие зад архитектонската продукција, зад готовите слики, на кои сè начини можеме да ја посматраме струката и нејзините проблеми денес... Ни се чини дека разоткривањето на архитектурата е единствено што во овој тежок момент им преостанува на архитектите. Заради тоа сакаме со Вас да ја споделиме надежта дека преиспитувањето на постапките од произведената архитектура – од првите укажувања во свеста до последната завртка на градилиштата - ќе им помогне на сите да ги пронајдат оние места во архитектурата кои денес се важни за другите, а не само за архитектите, и да ги отворат оние патишта кои ќе ги поврзат со опкружувањето што имаат намера да го менуваат.

Учесници:Shohei Shigematsu (OMA, NY)Wolf Prix (COOP HIMMELB(L)AU)Миленија и Дарко Марушиќ Конференција UIA REGION II Урбан инкубатор Белград - Сава маало: преродба на градската четврт (во соработка со инстутутот Goethe во Белград) Мирјана Милановиќ (DRO Amsterdam)Travelogue 2011Изложба на словенечка архитектура Изложба на Годишните награди за архитектура Изложба Архитектонски и урбанистички конкурси Изложба do.co.mo.mo SrbijaИзложба на минијатури Vitra Трибини Прошетки Детски работилници

ПОРТА 19 април 201336

6

инфо Ќе Се ФоРМиРа коЛекЦиЈа на БоРиС ЧиПан

Оставината на Борис Чипан донирана на Музејот на град СкопјеЦелиот материјал содржи многубројни проекти, ракописи, скици, цртежи, стручна и лична библиотека, лични предмети и фотографии, а по обработката треба да прерасне во „Збирка на архитект Борис Чипан“

Стручната оставина на Борис Чипан, доајенот на македонската современа архитектура, треба да прерасне во „Збирка на архитект Борис Чипан“

како составен дел на Одделението за современа архитектура, урбанизам и дизајн во Музејот на град Скопје.

Оваа донација била желба на Чипан, која неодамна се официјализира со потпишување договор меѓу Музејот на град Скопје и неговиот син, Александар Чипан. Во моментов целокупниот материјал се наоѓа на Архитектонскиот факултет, каде што тим работи на негова обработка. „После првичниот преглед на околу 300 единици кои просечно содржат пет,

шест или повеќе поединечни документи, после „брзата“ средба со сето тоа што професорот го чувал и сочувал, пред нас се отвораат нови можности за нови средби со него. Средба со студентот Чипан и неговите книги од студентските денови, рачните белешки, архитектонски цртежи и скици од 40-тите години, потоа средба со младиот архитект Чипан низ добро познатата работа на реставрација и заштита на градителското наследство, но и низ помалку познати негови проекти со кои учествувал на архитектонските конкурси во 50-тите, 60-тите, 70-тите години на минатиот век“, вели архитектот Доминика Бошкова, која е во работниот тим заедно со архитектите Мартин Гулевски и Влатко Коробар, како и Фросина Зафировска од Музејот на град Скопје. Познавајќи го долгогодишното творештво на својот татко, неговиот син Александар Чипан вели дека првите сознанија од обработката на оставината говорат дека таа ќе биде богата. „Ќе содржи скици, цртежи, планови од различни проекти и архитектонски конкурси, од изведени објекти, потоа аналитичко-техничка проектна документација од подрачјето на заштитата, реставрацијата и конзервацијата, оригинални ракописи, текстови, како и скици од неговото архитектонско, теоретско и литературно творештво“, вели Чипан. Меѓу другото, како дел од збирката ќе биде и целокупната стручна библиотека на Чипан, книги, брошури, списанија, фотодокументација, но и цртачки пробор и други лични предмети. „Втората фаза на обработка на материјалот, која пред сè ќе подразбира архивирање на документите, нивна

Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност

Борис Чипан

19 април 2013 ПОРТА3 7

7

инфо

Еден од зафатите на Чипан е конзервација на „Св. Софија“ во Охрид

ПОРТА 19 април 201338

8

инфо

дигитална обработка како и заштита на оригиналите, во овој момент може да процениме дека би се завршила за една година, или во најдобар случај до крајот на оваа година“, забележува Бошкова. Љубица Кондијанова, директорката на Музеј на град Скопје, вели дека основната задача на овој музеј е прибирање, истражување, обработување, чување и презентирање на културното наследство. Според неа, Музејот на град Скопје е единствен музеј, кој има Одделение за архитектура и за современа архитектура,

урбанизам и дизајн, па поради тоа е вистинско место каде што треба да се прибере стручната оставина на професор Чипан. „Ако се земе предвид дека Чипан е и доајен на македонската конзервација во архитектурата, тука би ги издвоиле неговите проекти за конзервација на Св. Софија во Охрид и Св. Пантелејмон во Нерези од 50-тите години на минатиот век, тогаш ќе се види колку тој материјал е неопходен за едукација на сегашните и идни генерации во конзервацијата на архитектурата“, забележува Кондијанова.

Формирањето на посебна збирка на архитектот Чипан го поздрави и Тихомир Стојков, деканот на Архитектонскиот факултет, каде што Борис Чипан беше долгогодишен професор и декан во периодот 1969-1971. Тој истакна дека со овој гест се дава нова можност повторно да се помине низ богатото архитектонско творештво на Чипан. Професор Борис Чипан (1918-2012) бил првиот директор на тогаш формираниот Завод за заштита на културно-историските споменици. Од

Конзервација на „Св. Пантелејмон“ во Нерези

Меѓу најзначајните архитектонски дела на Чипан е МАНУ

19 април 2013 ПОРТА3 9

9

инфо

1969 година бил редовен професор на Техничкиот факултет во Скопје, а заминал во пензија во 1983 година од Архитектонско-градежниот факултет. Автор е на значајни архитектонски проекти кај нас, меѓу кои се секако, судските згради во Штип, Велес и Битола, објектот на МАНУ и други. Познат е по конзервацијата на црквите „Св. Софија“ во Охрид и „Св. Пантелејмон“ во Нерези, како и на Даут-пашин амам и Куршумли ан. Има објавено и стручни книги, меѓу кои капиталното дело „Св. Софија - катедрален храм на Охридската архиепископија“. Добитник е на повеќе награди и државни признанија.

Конзервација на Даут-пашин амам

Конзервација на Куршумли ан

ПОРТА 19 април 2013310

10

непогоди По заЧеСтувањето на ПоПЛавите

Дождот некогаш значи радост, а некогаш тага Ненадејните поплави, за разлика од речните и плувијалните поплави, се мали убијци. Тие се локални, а времето на почеток и траење е кратко и практично нема време за предупредување и дејствување. Поројните поплави се карактеристични пред сè, за Јужна и Југоисточна Европа. Овој тип на поплави обично не се калкулираат во статистиките за катастрофални поплави.

проф. д-р Иван БлИНКоВ, Шумарски факултет,

Катедра за земјиште и вода, УКИМ, Скопје

„Најстарите жители на Срумичкиот регион не паметат вакви поплави уште од далечната 1962 година,

односно поплави од вакви размери не биле видени во последните 50 години“. „Вреќи, сакаме вреќи да се постават, затоа што така водата ќе оди само во нивите“, ги молеа вчера мештаните на

Слатински Чифлик припадниците на Центарот за управување со кризи за да ги заштитат куќите од поплавувањето што им се заканува секој момент, поради можното целосно уривање на браната на Слатинско Езеро.„Како Велес изгледаше како Венеција. Поројниот дожд, кој денес, среда, на пладне го зафати градот, остави големи траги. Загушен сообраќај, поплавени улици и дуќани, сообраќаен метеж“.

„Алармантно - Штип се дави во поплава“.„Пчиња се одлеа и во Горно Коњаре“.„Источна Македонија под вода - еден удавен, загрозени брани, урнати мостови“.„Поплави во Радовишко и Струмичко, урнати мостови, отсечени села“.„Поплавена трафостаница во Свети Николе, одрони во Велес, мостовите во опасност“.„Македонија под вода, поплави низ цела земја“. Ова се некои од насловите, кои беа многу актуелни неодамна.

19 април 2013 ПОРТА3 11

11

непогоди

Поплавите се најопасен тип на непогода во Република Македонија, при што учествуваат со 44% од вкупните природни непогоди во РМ (1989-2006). Со оглед на катагодишните поплави во последните пет години, овој процент е веројатно и поголем. Поплавата е хидролошка природна непогода и претставува излевање на вода (од водотеците, езерата), при што се плават околните пониски места на кои вообичаено нема вода.

какви ПоПЛави Се РазЛикуваат?Различни видови на поплави можат да се дефинираат врз основа на:

• Потекло на водата (крајбрежни, речни, плувијални, поплави од подземна вода).• Географија на областа која се поплавува (крајбрежни, флувијални- низински, поплави на сливот). • Причина (преголеми врнежи, висoко ниво на езеро/море и бури), земјотрес, цунами, рушење на брана).• Брзина на почетокот (ненадејни поплави; поплава со бавен почеток и долго траење).

Карактеристиките на поплавите се многу различни што влијае на последиците и веројатноста на појава но и техниките и пристапите за справување со поплави.

ПОРТА 19 април 2013312

12

непогоди

Речните поплави (fluvial flood) зафаќаат поголеми делови од сливот, се карактеризираат со бавен пораст и траат подолго. Главна одлика е што може да се предвидат неколку дена порано, дозволувајќи време за предупредување и справување со нив. Плувијалните поплави (pluvial flood) во горните делови од сливовите обилно произлегуваат од локални невремиња, можат да имаат катастрофални ефекти врз густо населените урбани области, но последиците се обично ограничени на штета и ретко жртви. Ненадејните поплави (flash flood) за разлика од претходните, се мали убијци. Тие се локални, но често пати се повторуваат. Времето на почеток и траење е кратко и практично нема време за предупредување и дејствување. Поројните поплави се карактеристични пред сè, за Јужна и Југоисточна Европа. Овој тип на поплави обично не се калкулираат во статистиките за катастрофални поплави.Управување со ризици од поплави По катастрофалните поплави во неколку делови на Европа во почетокот на 21 век, Парламентот и Советот на Европската Унија се согласија за Европската Директива за оценка и управување со ризикот од поплава, која стапи во сила на 26 ноември 2007 година. Во Република Македонија оваа проблематика детално е обработена во Законот за води, каде постои и цело поглавје (поглавје V) за штетно дејство на водата. Заштитата од штетното дејство на водите опфаќа активности и мерки за заштита и одбрана од поплави, заштита од ерозија и порои, одбрана од замрзнување на површинските водни тела, како и отстранување

на последиците од таквите штетни дејства на водите. Покрај Законот за води, проблематиката околу штетното дејство на водите директно или индиректно е вклучена и во други закони, пред сè, Законот за заштита и спасување. Управувањето со ризик од поплави е сложен процес во кој има различни активности.

19 април 2013 ПОРТА3 13

13

Главна цел Потцел Карактер Мерка/активност

Намалување

на

веројатноста

за

поплава

Превенција од поплави

Физички (структурни) мерки

Брани/акумулации

Ретенција во горните текови

Ретенција на водата во населбите

Реставрација на меандри

пошумување

Контурно земјоделство

Браноломи

Регулаторни инструменти

Рехабилитација на водни живеалишта

Заштита на крајбрежни водни живеалишта

Одбрана од поплава и контрола

Физички (структурни) мерки

Конструкција/зајакнување на насипи

Реалокација на насипи

Бариери за поплави

Мобилни ѕидови за одбрана од поплава

“Бајпас”

Конектирање на река до блиско езеро

Снижување на плавното земјиште

Отстранување пречки за намалување на рапавината на коритата

Проширување на реки

Намалување на влијанието на поплавата

Контрола на опфатот на поплавата

Физички (структурни) мерки

Поделба на областа на помали делови

Површини за детенција

Канали за евакуација на поплавни води

Заштитни канали околу населби

Каскадирање на водотекот

Адаптирање и регулирање на користењето во зоните подложни на поплави

Физички мер. Одбрана на градбите од поплава

Регулаторни инструменти

Рестрикција на градење

Зонирање користење на земјиштето

Регулирање складиштење хемикалии

Адаптирање на рекреативните функции

Адаптирање на земјоделски практики

Финансиски инструменти

Казни за зголемување опасност од поплави

Субвенции за разни мерки

Дистрибуција на влијанието на поплавата

Финансиски инструменти

Компензација за штети

Осигурување

Владини фондови

Подготвеност Комуникациски инструменти

Управување со кризи

Едукација на населението

Планови за евакуација

Прогноза на поплави

Карти на ризици од поплави

Систем за рано предупредување

Медиумски информации

Во практика, мерките и инструментите се поврзани меѓусебе.

непогоди

ПОРТА 19 април 2013314

14

региони куЛтуРно БогатСтво на БитоЛа ПРеку изЛожБата „МетаЛни ПоРти“

Вкрстување на архитектурата и уметничките занаети

Завод и музеј Битола пред битолчани ја презентираа изложбата „Метални порти од крајот на 19 до почетокот на 20 век“. Автори на изложбата се Оливера

Макриевска и Зоран Алтипармаков.Со изложбата е презентирана еволуцијата на портата како архитектонски и историски документ со посебен акцент на портите изработени од метал. Документирани се порти на куќи кои припаѓаат на

ТЕРА ТВ Битола

19 април 2013 ПОРТА3 15

15

региони

традиционалната архитектура. Изложбата е обид да се сочува еден мал дел од нашето градителско наследство. Зашто секојдневно поминуваме покрај нив но колку ги забалежуваме? Токму поради таа причина и оваа изложба е создадена да нè потсети на нашето културно богатство во нашата средина. Освен тоа, портите го рефлектираат и вкрстувањето на архитектурата и уметничките занаети.Металните дворни порти во Битола се единствени по својата бројност во Македонија и по општата примена на објектите категоризирани како културно наследство.

ПОРТА 19 април 2013316

16

интервју иЛе никоЛов, генеРаЛен диРектоР на „актива“ - ШтиП

Квалитетот и роковите се наша Библија

Во однос на прашањето за индустриски зони за домашните инвеститори мојот став е дека такви треба да има. Во нив домашните компании да можат да градат со одредени бенефиции од страна на државата. Тие бенефиции можат да бидат во обезбедување на објектите со електрична енергија, вода, патна инфраструктура. Тие зони треба да бидат и на државно и на локално ниво, да се во непосредна близина на ТИРЗ, бидејќи во перспектива ќе се јави потреба за меѓусебна соработка на домашните и странските стопански субјекти.

KOJ E иЛе никоЛов?Иле Николов е дипломиран градежен инженер зад кого стои 30-годишно работно искуство во струката. Петнаесет години работи во ГП „Пелагонија“ – Штип, во погонот за производство и монтажа на челични конструкции и други занаетчиски работи. По транзицијата кај Николов се јави потребата, заедно со својот колега Аргир Лазовски, да создадат своја компанија со истата дејност која тие најдобро знаат и умеат да ја работат. Во реализација на идејата тргнале од сопствениот став дека е неопходно, во градот на текстилот, да се развива и друг вид на индустрија, односно, како што Николов вели, да се сочува еснафот. Во 1999 година тие ја формираат „Актива“, чиј почеток е со скромен број од тројца инженери и десет работници, за денес оваа угледна компанија да стигне до бројка од 220 вработени, меѓу кои се и 18 дипломирани инженери од областа на градежништвото, машинството, електротехниката.

Господине Николов, идната година ќе одбележите 15 години од постоењето. Како од денешен аспект би го формулирале Вашиот развој? Нашиот пат, нашата успешна развојна приказна ја градевме заедно со техничкиот директор Аргир Лазовски на еден чисто партнерски однос, одевме чекор по чекор, промислено и посветено реализирајќи ја нашата цел да израснеме во респектибилна компанија од областа на градежништвото. Во овие 15 години успеавме да се стекнеме со сопствен погон од 3.000 квадратни метри, опремен со најсовремена опрема за производство на челични конструкции и за монтажни работи. Опремени сме и со сопствени автодигалки, мобилни платформи за работа на висина до 20 метри, имаме комплетен возен парк за транспорт на луѓе, материјали и готова челична конструкција. Со еден збор, опремени сме со се она што ни е потребно за успешно да одговориме на сите предизвици кои секојдневно стојат пред нас. Започнавме со десет, а во моментов имаме 220 работници.

Колку и како сте обезбедени со работа, каде работите во моментов? Имаме полни раце работа, во погон се сите наши капацитети. Ние сме комплетен изведувач на работите на градскиот пазар во Македонска Каменица, комплетен изведувач сме и на работите на фабриката на „Џонсон контролс“ во штипската индустриска зона со вкупно 12.500 метри квадратни покриен простор, работиме на новата фабрика за автобуси во ТИРЗ „Бунарџик“, чиј инвеститор е белгиската фирма „Ван Хоол“ со 36.000 метри квадратни површина. Нашите стручњаци и работници се ангажирани и на изградбата на новиот производствен погон на фабриката „Ким“ во Неготино, а сме ангажирани и на многу други помали објекти.

Работите за домашни но и за странски инвеститори. Постои ли разлика, односно како е да се работи за странски инвеститори? И во двата случаи работата мора да се

Иван БојАџИСКИ

19 април 2013 ПОРТА3 17

17

интервју

изврши со високо ниво на квалитет, крајно професионално, да се спазат договорените рокови. Тоа е нашата Библија. Странските инвеститори бараат се да се заврши во временскиот рок даден од нивна страна. Тоа нас не присилува да работиме крајно ангажирано за да не плаќаме пенали за евентуално доцнење, но и да не си го нарушиме тешко стекнатиот авторитет на фирма која важи за една од исполнителните во однос на роковите и квалитетот.

Факт е дека индустриските капацитети се Ваша специјалност. Постои ли конкуренција во земјава на тој план? Со оглед на капацитетите со кои располагаме и со кои сме димензионирани, нашиот ангажман секогаш бил во делот на изградбата на индустриските производствени капацитети во нашата држава. Штип како град на текстилот, секогаш имал потреба

од инвеститори во делот на текстилната индустрија, и на тој план имаме изградено поголем број комплетни индустриски капацитети за потребите на оваа индустрија. Освен во овој дел, „Актива“ има изведено капацитети и за потребите на индустријата за тули, металната индустрија, складови за нафта и нафтени деривати како што е складот на „Лукоил“ во Штип, потоа поголем број бензински пумпи. Наш белег имаме оставено и во изградбата на скопскиот аеродром „Александар Велики“, на поголем број трговски центри како што е „Веро“, кај комплексот банки во Скопје, „Сити мол“, сме граделе спортски сали и други објекти.

Голем број на градежни компании во Македонија го намалуваат бројот на вработени, а Вие него постојано го зголемувате. На што се должи тој тренд на зголемена вработеност во „Актива“?

Бројот на вработени е во согласност со нашите потреби за изведба на објекти кои сме ги преземале и кои станале наша одговорност. Зголемениот обем на работа си бара и зголемен број работници поради што постојано примаме нови лица. Наша генерална политика е перманентно да обезбедуваме работен ангажман на тие луѓе. Се водиме од фактот дека се големи вложувањата во нивната едукација во однос на времето и на финансиските средства за тие да станат квалитетни работници - машинобравари, електричари, лимари, водоинсталатери, инсталатери за греење и ладење, бравари... Најлошо од се е да изгубите работник во кој сте вложиле толку многу, поради што тој факт нас нѐ исправа пред неопходноста постојано да бараме и изнаоѓаме работа за целосен ангажман на сите наши капацитети, меѓу кои на прво место е квалификуваната работна сила.

ПОРТА 19 април 2013318

18

Има многу анализи кои укажуваат дека градежништвото е основниот двигател на индустрискиот раст во Македонија во овие кризни години. Би сакале да го слушнеме Вашето мислење за тоа како тоа да стане наша долгорочна состојба, а не само во време на кампањи? Во оваа струка сум цел работен век. Градежништвото отсекогаш било предизвик за создавање нови вредности во сопствената држава. Лично ценам дека оваа гранка секогаш била фактор на ангажирање голем број работници, па со изведба на објектите се создаваат услови за нови вработувања. Овде пред сè мислам на изведените нови индустриски капацитети, додека во делот на патната инфраструктура, спортските терени, трговските објекти се создава една друга димензија за развој на државата чии бенефити ќе се почувствуваат нешто подоцна. Овде би сакал да го потенцирам примерот со спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци. Овој убав објект го изградивме ние во 1991 година како „Пелагонија“, а комплетната челична конструкција е изведена во погонот на „Пелагонија“ каде јас и техничкиот директор на „Актива“ Аргир Лазовски бевме вработени како главен

раководен орган. Како млади инженери ја градевме салата со голем елан и тоа нам ни беше големо задоволство. До тој момент овој град немаше спорт, а кога салата се пушти во функција од Кавадарци излегоа

големи таленти, пред сè во кошарката, како Стефанов, Гечевски и други. Тоа е доказ дека на овој план треба да се инвестира.

Неликвидноста е голем проблем на нашето стопанство. Како истиот да се надмине? Така што банките ќе имаат повеќе пласмани кон стопанството, но со поповолни камати и со подолг рок на отплата. На тој начин уште повеќе ќе може да се раздвижи и да се зголеми индустриското производство. Банките треба да бидат вистински партнери на стопанството, наместо сегашните релативно строги, неповолни услови на кредитирање.

Како одат работите во ТИРЗ во близина на Штип? Фабриката на „џонсон контролс“ која Вие ја градите ќе биде прва од педесетте фабрики за колку што има место во зоната. Работите на овој прв и засега единствен индустриски капацитет во зоната кај Штип се во завршна фаза. Во моментов забрзано работиме на инсталатерските работи и надворешната инфраструктура. Нашите очекувања се дека објектот ќе го завршиме и ќе му го предадеме на инвеститорот во месец јуни годинава, за тие да можат да го стават во функција

интервју

Најлошо од се е да изгубите работник во кој сте вложиле толку многу, поради што тој факт нас не исправа пред неопходноста постојано да бараме и изнаоѓаме работа за целосен ангажман на сите наши капацитети, меѓу кои на прво место е квалификуваната работна сила.

`

19 април 2013 ПОРТА3 19

19

и да вработат многу невработени.

Деловниот свет ве запозна и како производители на првиот македонски индустриски портален кран. Во соработка со германската фирма SWE, „Актива“ работи и на производство на монтажни индустриски портални кранови. Во моментот работиме на изработка на 30 такви кранови за потребите на фабриката за автобуси во „Бунарџик“. И на овој план ќе продолжиме да се развиваме.

Кадрите се најскапата инвестиција без која нема ниту сегашност ниту иднина. Секако дека имате добра кадровска структура, но има ли нешто што ви недостига? Во последно време се јавува млад, образован кадар. Тренд кај младите е не само да дипломираат туку да го подобрат своето знаење и преку студии на трет степен на образование. На наша жалост овие кадри се со мал степен на знаење во делот на практичната примена на нивната професија за која се школувале. Ова е присутно и кај средното стручно образование кое треба да продуцира работници за непосредното производство. Очигледно е дека треба соработка на нашето образование, од

средните школи до факултетите, со непосредното производство при што средношколците и студентите уште во текот на своето образование практично би се едуцирале и би имале барем почетни сознанија за работата. Како стопанственик во овие три децении никогаш не сум имал најава од некој средношколски училишен центар од машинска и електро струка или од страна на технички факултет за посета на нашата компанија, или на некои од објектите што ги изведуваме за да можат да се стекнат со практични сознанија. Во мое време, како студент, имавме организирана пракса и бројни посети на поголеми објекти во изградба. Ова му фали на нашето образование.

Какви се Вашите планови во поглед на новите инвестиции во самата компанија за годинава и долгорочно. И кој е Вашиот став во однос на определување индустриски зони за домашни инвеститори со бенефиции како и за странските? Перманентниот развој на „Актива“ во оваа година бара доинвестирање во опрема и машини, проширување на производствените капацитети и освојување на нови инвеститори со оглед

на нашата позитивна легитимација како одговорна и квалитетна компанија. Во однос на прашањето за зоните за домашните инвеститори мојот став е дека такви треба да има. Во нив домашните компании да можат да градат со одредени бенефиции од страна на државата. Тие бенефиции можат да бидат во обезбедување на објектите со електрична енергија, вода, патна инфраструктура. Тие зони треба да бидат и на државно и на локално ниво, да се во непосредна близина на ТИРЗ бидејќи во перспектива ќе се јави потреба за меѓусебна соработка на домашните и странските стопански субјекти. Таквите локации треба да се определат со генералните урбанистички планови. Во перспектива ова го гледам како еден интересен момент за кој мислам дека повеќе наши компании би имале повеќе шанси за развој како фирми – кооперанти на поголем број странски компании кои инвестираат во ТИРЗ. За почеток можеби ова не изгледа многу интересно за домашните компании, но мое мислење е дека странските компании кои ќе дојдат во Македонија се повеќе ќе бараат домашни фирми кои ќе им бидат сериозни партнери во еден дел од нивните производствени процеси.

интервју

ПОРТА 19 април 2013320

20

градежништво

Геосинтетици како техничко и економично решение

Геосинтетиците претставуваат широка палета на пермеабилни производи од синтетички материјали, кои се користат во спрега со почвите, темелите, карпите или кој било друг материјал поврзан со геотехничкиот инженеринг, како неразделив дел од проектите или конструкциите направени од човекот.

Употребата на геосинтетиците може да претставува оптимално техничко и економично решение, онаму каде што проектните услови или инженерските потреби тоа го бараат. Геосинтетиците имаат примена во повеќе области: • Земјани работи и темели: насипи, косини, ѕидови и потпорни структури; • Изградба на патишта, железници, аеродроми: темелни подлоги, носечки слоеви, насипи, потпорни ѕидови, покривки, дренажа;• Хидраулички конструкции: брани, насипи, канали, речни корита, басени;• Депонии за цврст и течен отпад. Како функции кои ги вршат геосинтетиците, ги наведуваме:• Сепарирање• Филтрирање • Заштита (апсорпција на енергија)• Армирање• Дренажа• Задржување на течности Геосинтетиците можат да се класифицираат во неколку типови:• Геотекстил • Геомрежи• Геокомпозити• Геосинтетички глинени покривки (GCL – Geosyntehic clay liner)• Геомембрани

Геотекстилите се најчесто користени геосинтетици. Се користат во широк опсег на примена во земјани работи и темели, изградба на патишта и железници, хидраулички конструкции и депонии. Ги вршат следниве функции: сепарирање на земјишните слоеви, заштита, филтрирање и дренажа. За нивното производство се користат суровини како полипропиленски, полиетиленски или полиестерски влакна. Постојат повеќе начини на производство, при што најчести методи се перфорирање со игли или термичко поврзување на влакната.Ткаените геотекстили можат да се обезбедат од различни комбинации на суровини и типови на предива. Ткаените геотекстили наоѓаат примена во транспортна инфраструктура, заштита на насипи од ерозија, филтрирање на почви со различна големина на честичките, армирање на земја кај различни апликации, кај кои постојат строги ограничувања на дозволените деформации и др.Неткаените геотекстили се користат за: земјени работи и темели, патишта, железници, тунели, хидротехнички објекти и депонии, каде што вршат значајни функции на сепарирање, филтрирање, заштита и дренажа. Производот може да се произведе во различна должина и ширина со цел да одговара на потребите на теренот. Геомрежите наоѓаат примена кај потпорни ѕидови, степенасти косини, армирање на подтло, насипи, премостување на каверни, површинска заштита од ерозија. За армирање на оптоварените слоевите на тлото и подтлото на објекти и патишта, се користат стандардни биаксиални геомрежи со јакост на затегање од 20 - 40 kN/m. Истите поседуваат високи својства при високи напрегања, висока хемиска отпорност, флексибилност и добра интеракција со почвата и како такви претставуваат економично решение. Геомрежата го разграничува целокупниот слој на тлото, го штити од краткотрајни, динамички

јован ТоДоРоВСКИ, ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО - Скопје

19 април 2013 ПОРТА3 21

21

градежништво

оптоварувања и е ефективна веднаш по инсталацијата. Овие геомрежи, кои дејствуваат како арматура, може да се користат во комбинација со неткаен геотекстил кој ги обезбедува функциите на сепарација и филтрирање. Ова претставува т.н. геокомпозит кој ги обезбедува функциите на армирање, сепарирање и филтрирање главно во околностите каде доминира слабо носив капацитет на почвите, а притоа е особено брз и лесен за поставување, со што овозможува пониски трошоци за инсталација. При изведба на потпорни ѕидови, степенасти косини и насипи се користат моноаксијални геомрежи. Стандардно располагаат со јакост на затегање помеѓу 20 и 400 kN/m. Геомрежи со јакостни карактеристики поголеми и од 2000 kN/m можат да се произведат за специјални намени. Се произведуваат од следниве типови полимер согласно барањата на досегашните проекти: Високојакостен полиестер (PET) за стандардни апликации; Арамид (Kevlar, Twaron) при потреба од поголем модул; Поливинил алкохол (PVA) - поседува висока хемиска отпорност, поголема јакост, многу висок модул. За површинска заштита од ерозија се користат флексибилни, тридимензионални геомрежи произведени од високо-јакостен полиестер со низок степен на ползење. Овие геомрежи мора да содржат специјална полимерна облога за заштита од УВ зрачење и механичко оштетување. Обновувањето на оштетени и испукани коловози се врши преку покривање нов асфалтен слој. Пукнатините во горниот слој на коловозот може да предизвикаат бројни проблеми. Кога пукнатините забрзано се шират низ новиот слој асфалт, оваа појава се нарекува “Reflective Cracking”. За да се спречи оваа појава, се користат мрежи за армирање на асфалтни слоеви. Овие мрежи се карактеризираат со стабилност при високи температури, елонгациските својства се совпаѓаат со модулот на асфалтот, имаат долгорочна издржливост на динамички оптоварувања и добро се врзуваат со асфалтот. Како суровина се користи високојакостно полиестерско плетиво, кое може да содржи и содржи битуменски облоги за да се осигура добра врска со асфалтот. Може да содржи дополнително и неткаен геотекстил, кој ја прави инсталацијата побрза, поедноставна и поекономична, без штетно влијание на врската помеѓу различните слоеви. Ваквото зајакнување на асфалтот успешно се применува и тестира со преку 40-годишното практично користење. Со правилно инсталирање, коловозот зајакнат со

мрежи за армирање останува без оштетувања многу подолго, отколку коловозот што е традиционално прекриен со асфалт. Геосинтетичките глинени слоеви (GCL – Geosyntehic clay liner) обезбедуваат безбедна и економична алтернатива на конвенционалните минерални заптивачи за различни примени. Се состојат од сендвич - тип на композитен материјал со геотекстил и бентонит. Претставуваат технички побезбедна и поекономична замена за конвенционалното заптивање со глина. Полињата на примена се различни: површинско заптивање на депонии, изградба и реконструкција на насипите за заштита од поплави, заштита на површински извори на вода при изградба на патишта преку области за зачувување на водите, заптивање на лагуни во населени места и басени за задржување на атмосферски води. Геомембраните претставуваат тенки непропустливи мембрани произведени од полимерни материјали, кои главно се користат за обложување и покривање на капацитети за складирање течни и цврсти материјали (депонии, резервоари, канали и сл.). Како суровина се користи полиетилен (ПЕ) со различна густина.

MY

KC

MY

KC

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

1

2

3

4

5

1

2

3

4

5

6

Фасаден систем со плочи од стиропор (EPS)

Фасаден систем со плочи од камена волна

Минерални завршни фасадни малтери

Предности на минералните малтери:

• Паропропустливост• Економичност• Доверливост• Едноставна употреба

Силиконска егализациска (изедначувачка) боја, 15 kgПотрошувачка: ca. 0,2 l/m2

SP 260Минерален завршен фасаден малтер-измазнета структура, 25 kg

Гранулација Потрошувачка1,5 mm 2,3 kg/m2

2 mm 2,9 kg/m2

RP 240Минерален завршен фасаден малтер-загребана структура, 25 kg

Гранулација Потрошувачка2 mm 2,9 kg/m2

2,5 mm 3,1 kg/m2

1. Styrokleber *2. Stiropor (EPS)3. KlebeSpachtel со мрежичка4. Putzgrund Fassade5. Addi **

* За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби и Thermok-leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти со висина до 8m нема потреба за типлување, додека при употреба на Thermokleber-от секогаш е потребно типлување.

** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни фасадни нанесувања (Kati, Conni или SP 260, односно RP 240 со егализациска боја)

1. KlebeSpachtel M2. Камена волна*3. KlebeSpachtel M со мрежичка4. Putzgrund Fassade5. SP 260 **6. Егализациска (изедначувачка) боја

* Кај плочите од камена волна неопходно е типлувањето со типли со челично јадро

** Наместо SP 260 и егализациска боја може да се употребат и силикатно завршно нанесување Knauf Kati, силиконско завршно нанесување Knauf Conni или RP 240 во комбинација со егализациска боја.

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf MacedoniaКнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

1

2

3

4

5

1

2

3

4

5

6

Фасаден систем со плочи од стиропор (EPS)

Фасаден систем со плочи од камена волна

Минерални завршни фасадни малтери

Предности на минералните малтери:

• Паропропустливост• Економичност• Доверливост• Едноставна употреба

Силиконска егализациска (изедначувачка) боја, 15 kgПотрошувачка: ca. 0,2 l/m2

SP 260Минерален завршен фасаден малтер-измазнета структура, 25 kg

Гранулација Потрошувачка1,5 mm 2,3 kg/m2

2 mm 2,9 kg/m2

RP 240Минерален завршен фасаден малтер-загребана структура, 25 kg

Гранулација Потрошувачка2 mm 2,9 kg/m2

2,5 mm 3,1 kg/m2

1. Styrokleber *2. Stiropor (EPS)3. KlebeSpachtel со мрежичка4. Putzgrund Fassade5. Addi **

* За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби и Thermok-leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти со висина до 8m нема потреба за типлување, додека при употреба на Thermokleber-от секогаш е потребно типлување.

** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни фасадни нанесувања (Kati, Conni или SP 260, односно RP 240 со егализациска боја)

1. KlebeSpachtel M2. Камена волна*3. KlebeSpachtel M со мрежичка4. Putzgrund Fassade5. SP 260 **6. Егализациска (изедначувачка) боја

* Кај плочите од камена волна неопходно е типлувањето со типли со челично јадро

** Наместо SP 260 и егализациска боја може да се употребат и силикатно завршно нанесување Knauf Kati, силиконско завршно нанесување Knauf Conni или RP 240 во комбинација со егализациска боја.

MY

KC

MY

KC

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

1

2

3

4

5

1

2

3

4

5

6

Фасаден систем со плочи од стиропор (EPS)

Фасаден систем со плочи од камена волна

Минерални завршни фасадни малтери

Предности на минералните малтери:

• Паропропустливост• Економичност• Доверливост• Едноставна употреба

Силиконска егализациска (изедначувачка) боја, 15 kgПотрошувачка: ca. 0,2 l/m2

SP 260Минерален завршен фасаден малтер-измазнета структура, 25 kg

Гранулација Потрошувачка1,5 mm 2,3 kg/m2

2 mm 2,9 kg/m2

RP 240Минерален завршен фасаден малтер-загребана структура, 25 kg

Гранулација Потрошувачка2 mm 2,9 kg/m2

2,5 mm 3,1 kg/m2

1. Styrokleber *2. Stiropor (EPS)3. KlebeSpachtel со мрежичка4. Putzgrund Fassade5. Addi **

* За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби и Thermok-leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти со висина до 8m нема потреба за типлување, додека при употреба на Thermokleber-от секогаш е потребно типлување.

** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни фасадни нанесувања (Kati, Conni или SP 260, односно RP 240 со егализациска боја)

1. KlebeSpachtel M2. Камена волна*3. KlebeSpachtel M со мрежичка4. Putzgrund Fassade5. SP 260 **6. Егализациска (изедначувачка) боја

* Кај плочите од камена волна неопходно е типлувањето со типли со челично јадро

** Наместо SP 260 и егализациска боја може да се употребат и силикатно завршно нанесување Knauf Kati, силиконско завршно нанесување Knauf Conni или RP 240 во комбинација со егализациска боја.

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf MacedoniaКнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

MY

KC

MY

KC

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

1

2

3

4

5

1

2

3

4

5

6

Фасаден систем со плочи од стиропор (EPS)

Фасаден систем со плочи од камена волна

Минерални завршни фасадни малтери

Предности на минералните малтери:

• Паропропустливост• Економичност• Доверливост• Едноставна употреба

Силиконска егализациска (изедначувачка) боја, 15 kgПотрошувачка: ca. 0,2 l/m2

SP 260Минерален завршен фасаден малтер-измазнета структура, 25 kg

Гранулација Потрошувачка1,5 mm 2,3 kg/m2

2 mm 2,9 kg/m2

RP 240Минерален завршен фасаден малтер-загребана структура, 25 kg

Гранулација Потрошувачка2 mm 2,9 kg/m2

2,5 mm 3,1 kg/m2

1. Styrokleber *2. Stiropor (EPS)3. KlebeSpachtel со мрежичка4. Putzgrund Fassade5. Addi **

* За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби и Thermok-leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти со висина до 8m нема потреба за типлување, додека при употреба на Thermokleber-от секогаш е потребно типлување.

** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни фасадни нанесувања (Kati, Conni или SP 260, односно RP 240 со егализациска боја)

1. KlebeSpachtel M2. Камена волна*3. KlebeSpachtel M со мрежичка4. Putzgrund Fassade5. SP 260 **6. Егализациска (изедначувачка) боја

* Кај плочите од камена волна неопходно е типлувањето со типли со челично јадро

** Наместо SP 260 и егализациска боја може да се употребат и силикатно завршно нанесување Knauf Kati, силиконско завршно нанесување Knauf Conni или RP 240 во комбинација со егализациска боја.

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf MacedoniaКнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

Кнауф дооел Скопје, бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, МакедонијаТел: 02 3235750, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk

Кнауф фасаден системСистеми со плочи од камена волна и стиропор (EPS)

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Измазнета структура Загребана структура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm

2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

Addi Акрилен фасаден малтер, 25 kg

ConniСиликонски фасаден малтер, 25 kg

KatiСиликатен фасаден малтер, 25 kg

Putzgrund FassadeПодлога пред нанесување на завршни фасадни малтери, 20 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

MosaicМалтер за цокле, 25 kgПотрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

Thermokleber Малтер за лепење стиропор (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

Styrokleber Малтер за лепење на стиропорни (EPS) плочи, 25 kgПотрошувачка: 5 kg/m2

KlebeSpachtel Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 5 kg/m2 за армирање: ca. 6 kg/m2

KlebeSpachtel MМалтер за лепење, армирање и глетување на плочи и ламели од камена волна, 25 kgПотрошувачка:за лепење: ca. 6 kg/m2 за армирање: ca. 7 kg/m2

Knauf Macedonia

Дозволете им на нашите системи за контактна фасада, трајно да Ви покажат дека "Изгор лето-кочан зима" не е опис и за Вашиот дом.Вдишете голема доза чист и свеж воздух, овозможена од единствените Кнауф системи со изолација од камена волна и паропропусност на целиот фасаден ѕид.Конечно можете да го добиете посакуваниот квалитет на живот во Вашиот дом.

19 април 2013 ПОРТА3 23

23

градежништвоМOдуЛаРен ПРинЦиП на гРадБа на едукативни оБЈекти

Редефинирање на критериумите за „добро“ училиштеРешението ”PodSolve“, за разлика од конвенционалните неподвижни рамкови системи, се состои од независни простории изработени од челични рамки кои лесно можат да бидат преместени, составени или демонтирани, а се со цел креирање на целосно флексибилна средина за одржување на наставата. Круцијален е податокот дека секој од модулите е самостојно носечки систем, кој е целосно изолиран од обвивката во која е сместен.

Трендот на изградба на едукативни единици со низок буџет и стандардизирана конструкција го зафати светот, а не нè одмина ниту нас. Последните години

во Македонија беа изградени, можеби не нови училишта, но спортските сали во состав на основните и средните училишта ширум нашата земја, беа изведени како унифицирани објекти, со исти димензии и дизајн. Со овој начин се заштедуваат пари и време на изработката на проектите и нивно физичко имплементирање со веќе

разработена методологија на градба. Кога станува збор за Велика Британија, на оваа тема има многу што да понуди. Размислувајќи во насока на поедноставување и поевтинување на проектот „нови училишта“, проектантите во оваа земја осмислија школо кое всушност претставува хала со модуларни, движечки училници наречени ”PodSolve“. Покрај придобивката во смисла на рационализација на конструкцијата, со овој проект се добива една нова интригантна алтернатива на образовна институција која за прв пат беше изведена во градот Лидс,

Западен Јоркшир (Leeds, West Yorkshire). Решението ”PodSolve“, за разлика од конвенционалните неподвижни рамкови системи, се состои од независни простории изработени од челични рамки кои лесно можат да бидат преместени, составени или демонтирани, а се со цел креирање на целосно флексибилна средина за одржување на наставата. Круцијален е податокот дека секој од модулите е самостојно носечки систем, кој е целосно изолиран од обвивката во која е сместен. Од економски аспект, овој систем на градба е поевтин и побрз за изградба

Биљана СТојАНоВИќ, дипл.град.инж.

Изглед на модуларната зграда

ПОРТА 19 април 2013324

24

градежништво

во однос на конвенционалното градење на школи. Како пример би ја зеле изградбата на академијата во Лидс, изработена како пилот проект на системот ”PodSolve“, чија изградба чинеше 5 милиони фунти помалку во однос на првично разработениот проект од пред три години, додека времето на изградба е скратено за 20 недели. Воедно, буџетот за изградба на оваа образовна институција е помал отколку алтернативата: реконструкција и проширување со доградување на постоечки школски објект од шеесеттите години кој е во фаза на распаѓање. Од аспект на конструкција, овој модел е со димензии 100 м х 60 м, поделен на три сектори. Првиот сектор, северниот дел од објектот, е резервиран за изведба на големи спортски терени и студија за играње. Средниот, најтесен сектор е наменет за канцеларии и изведба на високо опремени лаборатории и ИТ одделот. Овие два дела се во склоп на костурот на зградата, како стандардни двокатни челични рамки. Крајната и најголема секција го претставува всушност модуларниот концепт, каде во просторот со двојна висина се монтираат движечките модули, секој како посебна училница, со меѓупростор наречен „улица“ кој се протега по целата должина од објектот. Самите модули претставуваат еднокатни метални четвороаголни кутии со површина од 54 м2 до 100 м2. Иако тие не можат да бидат позиционирани еден врз друг, сепак постои опција за нивно лоцирање едни до други, задна со задна страна. Модулите се конструирани како едноставен сет од материјали кои вклучуваат челични и акустични ѕидни панели, двојно застаклени прозорци, сервисни табли со можност за лесна демонтажа во случај на дефект во доводот на струја, тавански систем панели, како и вентилациони панели кои овозможуваат функционирање на вентилациониот систем и системот за ладење. Целокупното електрично построение е лоцирано на таванот од главната конструкција, додека дистрибуција на струја се врши со напојување на секој модул посебно, преку таванот во секоја училница. Кога станува збор за осветлувањето, кај овој вид на модел тоа е целосно задоволено. Факторот на дневна светлина во секој модул е 2, додека северниот дел од самиот објект со помош на формираниот шед кров, достигнува фактор на дневна светлина од дури 5,5.Целосната конструкција на модулите е изработена од квалитетни метални панели кои се отпорни и долготрајни, а се со цел поголема одржливост во опкружувањето од ученици. Сепак металните површини, и покрај изнесената цел за долготрајност, по сугестија на претставници од образовниот систем, се обложени со дрвени плочи. Флексибилноста е суштината на креирањето на овој тип на систем. Воедно, модулите можат да бидат склопени во само четири дена, додека нивната демонтажа трае еден ден. Со

Сектор со модули

3Д пресек на училишната зграда

Надворешен изглед на типското школо

19 април 2013 ПОРТА3 25

25

градежништво

ова, училишната управа може да додава или отстранува училници во согласност со моменталните потреби од простор за учење. Во случај на поголема побарувачка на простор, самата челична конструкција од главниот објект има можност за екстензија, со што на прилично едноставен начин се врши зголемување на објектот, без притоа да е нарушен примарниот комодитет. Кога станува збор за стандардизација на градбата, сепак овде е задржана и индивидуалноста и посебните потреби и барања на секој од предметните професори. Значи, секој од модулите е изведен од стандардни елементи, но со можност за составување во разнообразни форми и димензии во зависност од конкретните услови, со што се создава можност за уникатност и разиграност на просторот. Дополнително е разработен и водоотпорен модел на модули кои по потреба имаат можност да бидат преместени и надвор од затворениот објект, еден вид на настава во природа. Што се однесува до одржливоста, ваквиот тип на градба има долгорочна примена. Во случај по одреден период од 30 или 40 години, овој објект нема примена во образовниот процес, може да се изврши негова пренамена. Со демонтажа на модулите се добива пространа хала која може да послужи како складиште, канцеларии или пак фабрика. Со ова се добива долгорочна инкорпорирана флексибилност на објектот. Интересен е фактот што визуелната и структуралната поделеност на внатрешниот и надворешниот простор оддава чувство дека се работи за некој изложбен центар или можеби стоковна куќа, а не образовна институција. Всушност оваа независност на внатрешните модули од надворешниот објект овозможува оформување на фасада која е разиграна, без притоа да се доведе во прашање функционалноста на внатрешниот простор. Со стандардниот модел на училишни згради ова не е овозможено. Секако, воедно со ова е овозможена промена на распоредот во внатрешноста на просторот без предизвикување на дополнителни трошоци во однос на целокупниот објект. Предностите на системот ”PadSolve“ се очигледни и непобитни, со што се предизвикува експертската јавност да ги редефинира функционалните, финансиските и естетските критериуми за изградба на „добро“ училиште. Како додаток на предностите на овој тип на модерна образовна институција е пасивниот надзор над учениците, кој е овозможен од отворениот дизајн на внатрешноста на објектот, а е клучен за воведување на дисциплина и безбедност кај младиот свет. Па нели и примарна улога во едукативниот систем е токму ова?!

Меѓупросторот од училниците

Шед кров на академијата

Организираност на просторот во училниците

ПОРТА 19 април 2013326

26

архитектура

Б

KS1000 Wall Liteтранспарентен ѕиден панел

Kingspan Wall Lite е транспарентен ѕиден панел кој овозможува природно осветлување во објектите со задржување на топлотната ефикасност и естетика.

Неговата употреба може да помогне во намалување на потрошувачката на енергија и намалување на емисиите на CO2, а на корисниците на просторот им овозможува високо ниво на осветленост.

Wall lite може да се користи како замена за стандардните прозорци со многу поедноставно вградување, со повеќе опции за проектирање и комбинирање со другите ѕидни панели на Kingspan.

Kingspan Wall lite е UV отпорен, лесен и со коефициент на топлинска спроводливост U=1,26 W/m²K. Достапен е во осум различни бои.

I nsulated Panels

19 април 2013 ПОРТА3 27

27

архитектура

Б

ПОРТА 19 април 2013328

28

архитектура оЛиМПиСки ЦентаР во РиЧМонд, канада

Уникатна дрвна кровна конструкцијаАрхитектонскиот тим на Cannon Design креирал објект кој не е само простор за одржување на олимписките игри, туку во неговиот дизајн ги инкорпорирале културните и историските вредности на Ванкувер, заштитувајќи ја еколошката зона во околината

Олимпискиот центар во Ричмонд (Richmond Olympic Oval), Канада, е една од најголемите градби изградени за зимските олимписки

игри во Ванкувер, 2010 година. Проектиран е специјално за да се одржува натпреварувањето во брзо лизгање и да овозможи влез за 8.000 посетители. Објектот се простира на скоро 2,5 хектари површина, која е целосно премостена без поставување на носечки столбови. Оваа градба претставува пример за големите достигнувања на канадските инженери и производителите од областа на дрвната индустрија. Интересно е да се напомене дека објектот е започнат со градба во 2005 година, а отворен во декември 2008 година, на време и во рамките на предвидениот буџет. Неговата цена на изградба изнесува 155 милиони долари. Со посебен пристап во проектирањето се изработувал Олимпискиот центар, кој покрај неговата големина, комплексноста се зголемувала со инсистирањето на

инвеститорите, овој објект да задоволува високи критериуми за енергетска ефикасност и заштита на природата. Уште во почетокот на дизајнирањето, во Олимпискиот центар било предвидено да се адаптира на потребите и по олимписките игри. Со завршувањето на олимписките игри, овој простор бил променет во повеќенаменски спортски центар, кој треба да привлекува домашни и странски спортисти во многу дисциплини. Со овие идеи, архитектонскиот тим на Cannon Design во соработка со инженерите на Glotman Simpson, Fast + Epp, добиле задача да креираат објект, кој нема да биде само простор за одржување

на олимписките игри, туку во неговиот дизајн да ги инкорпорира културните и историските вредности на Ванкувер, заштитувајќи ја еколошката зона во околината. Објектот е организиран на три нивоа, подземен паркинг, прво ниво со влез, лоби, простории за сервисирање на објектот и циркулација на луѓе и следно ниво фантастичната спортска сала со уникатна дрвна кровна конструкција и прекрасни погледи кон надворешната природа.

конСтРукЦиЈаОлимпискиот центар е позициониран на речна делта, каде што ровитата земја достигнува длабочина од цели 213

Александар ЧЕРЕПНАлКоСКИ, дипл. инж. по дрвна индустрија

архитектура

ПОРТА 19 април 2013330

30

архитектура

метри. Ова претставуваше голем предизвик за инженерите и геолозите, кои требаа да проектираат фундаменти кои ќе го задоволат критериумот што се бара за објектот, посебно кога станува збор за спорт како брзо лизгање. Исклучително рамна површина треба да се постигне за достигнување на стандардите за одржување на ваков тип на спорт во олимписки игри. Сликовито претставено, на површина долга околу 400 метри, толеранцијата за отстапување не смее да биде поголема од 20 милиметри. Темелните анализи покажувале дека за оптимални перформанси, ледената површина треба да биде подигната во однос на површината на околниот терен. Како решение било предложено објектот да се проектира во две нивоа, со што не се добива само одлична рамнина за ледената површина, туку долниот простор се искористува за паркинг, помошни простории, продавници, простории за тренинзи и друго. Товарите од големата кровна конструкција се пренесуваат преку бетонски столбови, кои заради дополнителна стабилност се цврсто поврзани со двете меѓукатни конструкции. Внатрешните преградни ѕидови имаат двојна задача: да стабилизираат во случај на земјотрес, и да се дополнителни носачи за дополнителни вертикални товари.

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: izgradba@gmail.comwww.parkingsistemi.com.mkwww.facebook.com/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Расклопна шема

19 април 2013 ПОРТА3 31

31

архитектура

Дизајнот на кровната конструкција е заеднички труд на архитектите, инженерите и градските власти на Ричмонд. Кровната конструкција е составена од дрвни лепени носачи во лачна форма со помошни метални држачи, со што се премостува должина од 100 метри. Визијата на дизајнерскиот тим беше да создадат уникатен центар, кој ќе биде место каде ќе се собираат локални и интернационални спортисти и ќе имаат одлични можности за меѓусебно натпреварување и напредување во спортот. Со Олимпискиот центар во Ричмонд се достигнува сето тоа и многу повеќе. Преку креативниот дизајн и извонредно проектирање, и со иновативниот начин за искористување на локалните материјали, се доби еден прекрасен центар, кој ги спои културата и историјата на тие простори и ја отсликува вистинската економска слика за регионот.

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: izgradba@gmail.comwww.parkingsistemi.com.mkwww.facebook.com/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Фасада

Птичја перспектива

ПОРТА 19 април 2013332

32

архитектура

ПЛАНИНА ОД КНИГИ - СТАР АРХЕТИП ЗА НОВА ЕРАБиблиотеката во Спејкенисе по својата форма и материјал е инспирирана од традиционалната холандска типологија на фарми, како потсетник на агрикултурното минато на селото и неговата растечка трансформација во град...

По десет години од започнувањето на проектот, иконичната јавна библиотека, опишана како „величенствен прозорец за знаење, информација и култура

која недвосмислено ја промовира идејата за читање и дење и ноќе“, е официјално отворена од холандската принцеза Лорентин. Дизајнирана од студиото MVRDV, библиотеката во Спејкенисе е оформена

од огромна застаклена чаура, која ја содржи петкатната пирамидална структура обвиткана со полици со илјадници книги. Библиотеката, која јасно се манифестира како планина од книги, според креаторите претставува повик за читање. „Библиотеката е дизајнирана како реклама за читање. Нејзината видлива присутност и покана има големо значење за заедницата со десет проценти на неписменост. Под стаклената купола, таа е видлива од сите страни, а

од соседниот плоштад таа изгледа како голема планина од книги“, велат луѓето од MVRDV. Прогласен за победник на познатата меѓународна Red Dot награда за дизајн во полето на архитектура, жирито го издвојува проектот поради исклучителен квалитет и рафинирани решенија на детали.

нов еко ЦентаРБиблиотеката е лоцирана во центарот на трговскиот плоштад и во близина на

Бојана ФИлИПоВИќ, дипл.инж.арх.

19 април 2013 ПОРТА3 33

33

архитектура

ПЛАНИНА ОД КНИГИ - СТАР АРХЕТИП ЗА НОВА ЕРА... Дизајнирана од студиото MVRDV, библиотеката е оформена од огромна застаклена чаура, која ја содржи петкатната пирамидална структура обвиткана со полици со илјадници книги.

историската црква на ова приградско подрачје на Ротердам. Нејзиниот екстериер, по својата форма и материјал, е инспириран од традиционалната холандска типологија на фарми, како потсетник на агрикултурното минато на селото и неговата растечка трансформација во град. Таа е дел од поширок план за рехабилитација на станбените и комерцијалните центри на градот. Соседната населба од 42 станбени објекти со различна големина е исто така

проект на MVRDV. Иконичната форма на „амбар“ е дел од амбициозната замисла на архитектот и урбан дизајнер Вини Мас, која го регистрира историското ткаење на населбата и е архитектонска кулминација на прочистување на досегашниот земјоделски процес. Оваа форма е центарот на ансамблот на апстрактни традиционални типологии: современа референца наместо носталгична реплика. Таа одново се појавува во проектите на

MVRDV (како во нивниот проект Didden Village од 2005 година) и овозможува контекстуален, стереотипен холандски скелет за нивните експериментални идеи за просторот. Старите контури на објектите што се разуранти во 60-тите години на минатиот век, сега ги означуваат зградите на новиот центар, со почит кон некогашната историја. Станбените единици и библиотеката делат иста материјалност, јавен простор и енвиронменталистичка

ПОРТА 19 април 2013334

34

архитектура

технологија. „Надворешниот изглед на библиотеката е референца на холандска фарма“, објаснуваат архитектите. „Таа е потсетник на минатото на населбата што во последните четириесет години прераснува од фармерско село во Ville Nouvelle“.

оСветЛен и изЛожен МеуРУште на самиот влез во библикотеката, присутноста на комерцијалните продавници е првата индикација за поинакво искуство

од она што го нудат конвенционалните начини на чување на книгите во темнина. Патеки и скали го водат посетителот кон катовите со различни содржини - енвиронменталистички едукациски центар, шаховски клуб, аудиториум, комерцијални простори. Ансамблите од овие комерцијални функции создаваат пирамидална база за полиците со книги на библиотеката, создавајќи моќен симбол. Платформите се поврзани во континуирано спирално

движење сè до врвот на библиотеката со панорамски поглед на градот. Пристапот на MVRDV е разоружувачки прагматичен. Создавање на максимален волумен за изложување на фондот од 70.000 книги и наоѓање на приватност под огромна затворена лушпа е добар начин да се замисли овој простор. Со дизајнирање на библиотеката како осветлена кула, каде книгите и читателите се изложени кон градот, таа има сосема обратен пристап

19 април 2013 ПОРТА3 35

35

архитектура

од традиционалната стратегија на заштита на книгите од уништување и поставување на вообичаен растер на патеки. „Нашиот обид е да го измениме начинот на затворено архивирање на книгите. Ние едноставно ја свртевме логиката од внатре кон надвор“, вели архитектката Фоке Моерел. „Затоа ја создадовме оваа пирамидална структура која формира содржини околу неа и дава чувство на бесконечност “, вели

таа. „Бидејќи е само наткриен, ваквиот простор е ослобувачки и отворен“. За визуелно поврзување со поранешниот центар на селото и раздвојување на различните функции во објектот, соседната населба и самиот центар на библиотеката е изведен од тула. Консеквентната материјализација го поддржува јавниот статус на библиотеката и посочува на јасната разлика на програмата во објектот – непопречената

видливост на библиотеката зад стаклото и комерцијалните простории, кои се содржани во јадрото од тула. Друга референца со земјоделската историја на местото лежи во изработката на сите елементи на опремата на библиотеката. Изработени од рециклирани цветни листови, тие се воедно огноотпорни, економични и имаат значајна визуелна улога во ентериерот. Целосното застаклување на објектот нуди ефективна употреба на природното

ПОРТА 19 април 2013336

36

архитектура

дневно светло како комфор за читање и истражување во просториите и коридорите за седење, и создава импресија на отворен простор околу јадрото. Според луѓето од MVRDV, изложеноста на книгите на сончева светлина е во баланс со очекуваниот период на замена на книги во рок од четири години. Оваа едноставна транспарентна мембрана обвиткува климатски контролиран простор. Соларна заштита (како системи кои се користат во зелените градини), природна вентилација и подземен топлински систем овозможуваат избалансирани услови на користење на просторот преку целата година. Енвиронменталистичката стратегија и деталите на застаклувањето се однапред технички разработени од различни консултанти. Целта на овој пристап е создавање на „смирена“ термална и визуелна околина. Со употреба на редуцирани материјали и бои, проектот го намалува и визуелниот неред на ентериерот. Со тоа, скелетот на опремата и самите книги се истакнуваат во преден план. Носечкиот правец на јадрото од тула е континуирано продолжен во изработката на плафонот и подната облога.

РаСтеЧка СПиРаЛа од книги Додека пристапноста и јасноста се примарни во овој проектантски пристап, оваа порака не е испорачана како посвета или читлив знак: самите книги се употребени како видлив знак и физичка манифестација на можноста што библиотеката ја нуди. Одвиткана, терасираната конструкција има должина од 480 метри и

површина за складирање на книги од 9.300 квадратни метри. Планината не претставува само поинаков начин на организирање на томовите и циркулацијата во објектот; таа евоцира познат, древен архетип. Виктор Иго во својата книга „Ѕвонарот на Богородичната црква“, употребува архитектонска парадигма за опишување на историјата на книгите: „18 век придонесе за енциклопедијата, а револуцијата за машината за печат. Tоа е конструкција, која исто расте и се таложи во бескрајна спирала; во неа исто постои конфузија на јазици, континуирана работа и активност, неконтролиран натпревар на целото човештвото, ветено бегство за интелегенцијата, нов потоп против напад од варварите. Тоа е втората Вавилонска кула на човековата раса“. На повидок на поплавата од дигитални медиуми, „планината од книги“ повторно убедува за физичката присутност на книгата и објектот. Иронично, архетипот е сега променет: електронската информација е онаа што ги демонстрира квалитетите на Вавилон, со својата „конфузија на јазици, континуирана работа и активност, неконтролиран натпревар на целото човештвото“. Спротивно на неа, физичката библиотека сега го претставува тивкото бегство од напливот. Таа спокојно истакнува засолнувачка аура: вештачки целосен микрокосмос во рамки на свет, кој е вечно некомплетен. Како што посетеноста на библиотеките и стапката на писменост во Холандија, како и секаде, е предизвикана, оптимизмот на овој дизајн е за восхит. Подеднакво импресивна е способноста на јавниот сектор да ја препознае потецијалната улога на архитектите во создавање на скромен локален идентитет како овој.

19 април 2013 ПОРТА3 37

37

архитектура

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

info@dvornik.com.mkwww.dvornik.com.mk

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

ПОРТА 19 април 2013338

38

архитектура тРеЈ, итаЛиЈа

Ревитализација на куќа стара 300 години

Иако неодамна ја зафатил пожар и скоро потполно ја срамнил со земја, оваа трикатна куќа, Casa Olivo, не се дава така лесно. Денес е потполно ревитализирана

и вселива. Проектот на адаптација траел скоро четири години и оваа куќа, која се наоѓа во италијанското гратче Trei (Треј), во потполност го вратила одамна изгубениот сјај и патем добила нешто ново. Бидејќи објектот е под заштита на државата, фасадата морала

да биде задржана во оригинална форма, додека ентериерот претрпел многу измени и добил модерен изглед, што е особено забележливо во кујната и купатилото.Швајцарските архитекти Маркус Веспи (Markus Wespi) и Жером де Мерон (Jérôme

19 април 2013 ПОРТА3 39

39

архитектура

Ревитализација на куќа стара 300 години

да биде задржана во оригинална форма, додека ентериерот претрпел многу измени и добил модерен изглед, што е особено забележливо во кујната и купатилото.Швајцарските архитекти Маркус Веспи (Markus Wespi) и Жером де Мерон (Jérôme

de Meuron) на кујната ѝ дале вселенски дизајн, додека во купатилата го користеле дизајнот и опремата на Филип Старк (Philip Starck). За да биде атмосферата потполна, куќата добила и импресивен „бесконечен“ базен кој е малку подигнат над теренот.

ПОРТА 19 април 2013340

40

архитектура инфо

токио, ЈаПониЈа

Објект: трговска продавница Coach Omotesando Архитектонско студио: OMA

Инспирирани од јасноста на оригиналната, систематска продажна стратегија на брендот Coach, ОМА доаѓаат до концепт на модуларна изложбена единица, која сама по себе е доволно флексибилна за да може да се приспособи на специфичните потреби на секој продукт, како и на трговската средина. Просторните можности на овој високо функционален простор ја зајакнуваат мисијата на брендот за репрезентација на „логика и магија“. Деветтата трговска продавница на брендот Coach претставува двокатен простор, на аголот на Омотесандо, значаен трговски коридор во Токио. Во споредба со доминантно декоративните елевации кои го карактеризираат Омотесандо, дизајнот на OMA интегрира дисплеј на фасадата, кој безрезервно го прикажува присуството на брендот од внатре кон надвор.

хаг, хоЛандиЈа

Објект: Реновирање на резиденција Архитектонско студио: Personal Architecture

Холандското студио Personal Architects се креаторите на обновениот концепт на традиционална куќа во Хаг, додавајќи дополнителни нивоа на мезанин, стаклена елевација, кујна со трикатна висина и спирално скалиште. Старата руинирана состојба пројавила неопходно темелно зајакнување на темелите, како и на носечката конструкција на целиот објект, отворајќи несекојдневно извонредни можности при реновирање на еден најобичен простор. Комбинацијата на амбициозни визии за дизајнот, како и големата доверба од страна на клиентот, резултирале со ригорозен и бескомпромисен редизајн, каде празнините и поделбата на нивоа ја акцентираат целокупната висина на традиционалните холандски куќи во низа. Овој проект на строг редизајн ја реорганизира целокупната корисна површина на објектот во однос на остатокот на катните површини, генерирајќи повеќе соби и поголем пристап на дневна, природна светлина.

хаРБин, кина

Објект: Музеј за дрвени скулптури Архитекти: MAD Architects

Наречен „Ледениот град“, градот Харбин често доживува обилни снежни врнежи, па затоа архитектонското студио MAD Аrchitects, повикувајќи се на спецификите на градот, го дизајнирале кинескиот Музеј за дрвени скулптури како 200-метарски извиен волумен, модулиран од форми произлезени при замрзнување на течности. Музејот отелотворува дел од најдоминантните концептуални и формални идеали кои ја дефинираат работата на архитектонското студио, презентирајќи експресија и апстракција на природа во едно сосема контрастно секојдневно опкружување. Границите помеѓу полното и ликвидното низ објектот се недефинирани, навестувајќи ги локалниот природен предел и пејзажното опкружување. Кинескиот Музеј на дрвени скулптури е првата изградена структура во проектот за културен развој на островот Харбин, проект кој вклучува три објекти проектирани од архитектонското студио MAD Architects - музеј, опера и културен центар.

19 април 2013 ПОРТА3 41

41

архитектура инфо

токио, ЈаПониЈа

Објект: Резиденција NH House Архитектонско студио: Kozo Yamamoto

Оваа фамилијарна резиденција е лоцирана во комерцијална област близу главната магистрала во Токио. Просторот и формата на објектот се дефинирани во однос на барањата на клиентот - креирање на дизајн на „отворена куќа“ во ова густо населена област, како и на природното опкружување без никакви произволни причини. Ѕидовите се обоени во црна и бела боја, т.е. надворешните ѕидови во црна, а внатрешните во бела боја. Во одредени делови внатрешните бели ѕидови се провлекуваат кон надвор и се среќаваат со црните фасадни, додека пак во некои делови белите ентериерни волумени се видливи однадвор. Со цел да се избегнат непотребни излагања кон јавните очи, состојбата на опкружувањето е интерпретирана како природен предуслов специфичен за областа. Позиционирањето на сите отвори во одредени секции е внимателно обмислено, на начин да можат да се отвораат кон слободните, празни површини на опкружувањето. Висината и локацијата на ѕидовите во однос на дворот и кровната тераса се дизајнирани според исто така бројни специфични фактори од околината.

ЛувиеР, ФРанЦиЈа

Објект: Рехабилитација и проширување на музичко училиште Архитект: Opus 5 Architectes

Античкиот манастир во централниот дел на градот Лувиер, Нормандија, претставува исклучителен пример за „конаци на вода“, како комплексен склоп од последователни конструкции. Идејата се базира на создавање на ново музичко, современо, функционално, атрактивно и репрезентативно во однос на градската културна полиса. Планот цели кон потенцирање на археолошкото наследство и неговото исклучително опкружување во централното јадро на градот. Како финален продукт, концептот на проектот е прикажување на нова слика на местото, откривајќи ги досега недостапните убавини и специфики. Проектот за новото музичко училиште на Лувиер резултира со компактност каде новоизградените делови доминираат над античките елементи, меѓутоа историската конструкција е сè уште онаа примарната. Целокупната програма за конципирање на просторот бара интимност, на начин што секоја активност има потреба од изолација и концентрација, и безрезервно би се адаптирала во компактниот и интимен карактер на дизајнот на објектот.

подготви: Андреа јАМАКоСКА

ПОРТА 19 април 2013342

42

50 години оБнова и изгРадБа на СкоПЈе

Михаил Токарев1963 2013

ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (7)

Љубица Никољски (1936-) во 70-тите години создава неколку значајни објекти од станбен карактер, кои имаат нагласена пластичност во обликувањето, со истакнување и вовлекување, со полно и празно. Притоа, фасадната обвивка е направена од комбинација на фугирана тула и натур-бетон. На таков начин во 1977 година таа го подига станбениот блок на ул. Орце Николов, а истата година во соработка со Александар Смилевски го создава Домот за самци во населбата Јане Сандански.

Културниот центар (1979) на левиот брег на реката е изграден според конкурсниот проект на група словенечки архитекти од Бирото 77 (Ж. Кацин, Ј. Принцес, Б. Спиндлер и М. Уршич). Тој има обемна содржина составена од: театар, опера, балет, музичка академија и дел од банка. Неговата скулптурална архитектура од натур-бетон наликува на бела санта лед, која за момент е застаната на брегот на реката Вардар. Профилот на таа композиција има наклон кон реката, покрај чиј брег формира отворен ,,плоштад на културата“. Сепак, оваа цврста комплексна градба од армиран натур-бетон, тешко се одржува и не им дава шанса на следните генерации овој огромен објект да го приспособат за свои потреби и според свој вкус. Релативно поволните општествено-економски услови во втората половина на ХХ век придонесуваат за појавата на сестрано образовани архитекти. Меѓу нив се вбројува и Благоја Колев (1930-), кој се занимава со урбанизам, архитектура, сликарство, публицистика, а исто така работи и како професор.

Архитектура на општествениот стандард

Љубица Никољски. Станбениот блок на ул. Орце Николов (1977)

Бирото 77: Културниот центар (1979). Панорама и ситуација: А. Музичка академија, Б. банка, В. Опера и балет, Г. плоштад над паркингот, Д. Филхармонија, Ѓ. кино сала, Е. трговски објект. Делумно реализиран

19 април 2013 ПОРТА3 43

43

Во центарот на Скопје, заедно со Александар Серафимовски најпрвин ја создаваат зградата на Стопанска банка (1975) која има ритмично распоредени волумени и фасадна облога од мермер. Набргу потоа, на јужната граница од Старата чаршија, Колев ги подига терасестите станбено-деловни објекти (1977). Неумерената желба на тогашните раководни структури за архитектура со големи волумени, слично како кај Културниот центар, се манифестира и кај зградата на НИП Нова Македонија

(1981). Неа Благоја Колев ја прави со скалеста силуета, која е поделена со хоризонтали, но сепак доминира над околната ниска урбана структура. Во втората половина на 70-тите години се зајакнуваат активностите и во областа на спортските објекти, при што се создаваат неколку значајни примери. Оваа активност продолжува и во почетокот на 80-тите години, кога се завршува најзначајниот затворен спортски објект во Скопје, Пливачкиот центар

(1981-1983) на авторскиот тим П. Зографска, Р. Раѓеновиќ, Б. Филиповска и О. Чоланчевска, кои со употребата на челична конструкција бараат рамнотежа меѓу рационалната функција и експресионистичкиот облик. Михајло Волканов (1941-), по победата на конкурсот за типска спортска сала и затворен пливачки базен (1981), добива можност за реализација на своите идеи со подигањето на три значајни објекти во Скопје: затворениот пливачки базен Чаир (1981), Спортската сала Јане Сандански (1982) и спортската сала Расадник (1983).

Кај сите нив доминира јасната функционална шема, рационалната конструкција и економичното градење со монтажни елементи. Во почетокот на 80-тите години, македонската архитектура доживува силен подем, слично како по земјотресот во Скопје. Во овој исклучително продуктивен период се завршуваат голем број објекти од разновиден карактер. Македонските архитекти се афирмираат на сојузно, па и на меѓународно ниво. Од таквата бројна продукција тешко може да се издвојат позначајните објекти, а да не се направи некој пропуст. Среќна е околноста што почнувајќи од 1981 година, редовно се одржува Биеналето на македонската архитектура, чии каталози остануваат траен документ за хронолошки преглед и анализа на архитектонското творештво. Тодор Георгиевски, како голем познавач на здравствените функции, уште во 70-тите години создава неколку објекти од таа област во: Прилеп, Дебар, Кичево, Охрид, Струмица, Кавадарци, Штип и др. Оваа своја стручна насоченост тој ја потврдува во 80-тите години со подигањето на Детската клиника во Скопје (1980-1983) и Медицинскиот центар - болница во Кочани.

Група автори. Пливачкиот центар со олимписки базен (1979-83)

Михајло Волканов. Спортската сала Расадник (1983)Тодор Георгиевски. Детската клиника при Медицинскиот центар (1980-83)

Благоја Колев. НИП Нова Македонија (1981)

ПОРТА 19 април 2013344

44

спортски храмови CirCuit Of thE AmEriCAs, оСтин, Сад

Микс на легендарните европски писти

Кога поранешниот американски возач и промотер, Таво Хелмунд, во 2010 година најави изградба на нов автодром во Остин, многумина знаеја дека тоа ќе биде едно поинакво

искуство. На простор од 890 хектари грaдежно земјиште во југоисточниот дел на округот Тревис, почна изградбата на патеката Circuit of the Americas, како што

гласи официјалниот назив на автодромот, кој најпрво се проби во светот на МОТО ГП натпреварите, а од оваа година влегува на голема врата и во најлудиот циркус во светот на брзините, Формула 1. Инвеститор на проектот за изградба на патеката во Остин е милијардерот од Тексас, Били Џо МекКомбс, кој вложил 7 милиони долари во првата фаза од изградбата на патеката. Taa започна на 31 декември

2010 година, и за неполни две години, Остин беше подготвен за првите брзински натпревари. Изградбата на патеките, како и кај најголемиот дел од постоечките, особено оние што се специјално наменети за Формула 1 натпреварите, помина под „диригентската палка“ на незаменливиот Херман Тилке, чија компанија Tilke GmbH во копродукција со HKS Inc. работеше на изработка и изведба на проектот. На

Сашо КуЗМАНоВСКИ

19 април 2013 ПОРТА3 45

45

спортски храмови

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í,èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon.Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñîñâî¼àòà óíèêàòíîñò.Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signumïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíèíå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíàíà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk contact@ontime.mk +389 75 431 135

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

21 септември 2012 година сè беше подготвено за пуштање во употреба на објектот, кој дебитираше само еден месец подоцна со церемонијалното возење на Марио Андрети и моделот на Лотус 79. Дизајнот на патеката е инспириран од европската традиција на оформување на кружни контури во земјиштето. Дизајнот е црпен од неколку европски Формула 1 патеки, вклучувајќи ја легендарната Силверстоун, па во добар дел и конфигурацијата на просторот на исто така легендарната Хокенхајм. Острите свиоци, велат, се копија на патеката во Истанбул, додека оние што не се под толку остар агол наликуваат на Интерлагос во Бразил и на патеката во Австрија, позната како А1. Посебна карактеристика на патеката во Остин се проширените агли, за да се поттикнат возачите да се претркуваат во повеќе линии. Слична карактеристика беше искористена и за изградба на автодромот во Индија. Во состав на патеката има и неколку составни елементи кои заслужуваат внимание. Еден од нив е Гранд Плаза, простор дизајниран од Миро Ривера, архитект од Остин, кој вклучува базен, тревник и различни пејзажни зони. Во него има шеталиште, тоалети, мали капацитети под концесија, како и простор за влез на трибините. Кулата за набљудување е висока 77 метри, а на 70 метри висина има платформа во 360 степени, од која може да се нaбљудува цел Остин. За карактеристиките и перформансите на „Обиколницата на двете Америки“ своите позитивни критики веќе ги дадоа најдобрите возачи во Формула 1, како Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.

ФАКТИ за Circuit of the Americas - Остин, САДПовршина на градба: 890 хектари Должина на еден круг: 5.513 метриКапацитет: 100.000 места или до 117.000 за Формула 1Период на изградба: 2010 - 2012Придружни објекти: ВИП кула, Гранд Плаза, Остин Амфитеатар 360Дизајн: Tilke GmbH и Миро РивераАрхитекти: Херман Тилке и Миро Ривера

ПОРТА 19 април 2013346

46

технологии оБид да Се згоЛеМи БРоЈот на ЧаСови По ПРогРаМиРање во уЧиЛиШтата

Сите навлечени на код!

Евидентен е пробивот на информатичката технологија во образовните системи низ целиот свет, без разлика дали се работи за хардверска опременост или софтверска едукација. Нашите деца ќе бидат потковани со ИТ знаење и ќе програмираат без разлика дали го сакале тоа или не.

”Hello World“ е популарна фраза со која започнува секое изучување на кој било програмски јазик.

Во основа, значи „еве ме и мене (во светот на програмирањето)“. Горе-долу, секој програмер ќе потврди дека програмирањето е лесно како и испишувањето на славната фраза на мониторот, се разбира штом еднаш го совладаме програмирањето. Можеби не сите ќе се согласат со изнесеното, но неодамна славните фаци порачаа: „Сите на код“. На пораките од Бил Гејтс, Марк Цукерберг и Џек Дорси се приклучија и низа спортисти, музичари, политичари и одеднаш она што беше само обид да се зголеми бројот на часови по програмирање во училиштата низ САД, стана интернационално движење

за популаризација на програмирањето. Мајкл Блумберг, на пример, популарниот градоначалник на Њујорк, изјави дека негова Новогодишна резолуција за 2013 година е да научи да програмира. Светски познатиот музичар Will.i.am од Black Eyed Peas, веќе програмира. Такви примери има уште многу. Што е тоа што ги предизвикува луѓето да преземат такви чекори? Сигурно не се плашат за своите работни места и приходи, нели? Ќе беше полесно за разбирање да стануваше збор за Кабала или исхрана базирана на сурова храна. Но програмирање? Нели е тоа за бубалици, асоцијални типови и денгубци? Очигледно не. Пред неколку децении, персоналните компјутери беа асоцирани со научници, математичари и натпросечни студенти. Денес компјутер користи (скоро) секој без разлика на образование, коефициент на

Трајче СТојАНоВ, дипл.инж.арх.

19 април 2013 ПОРТА3 47

47

технологии

интелигенција и слично. Ако се посети www.code.org и нему сличните веб страници, ќе видиме дека базично програмирање можат да работат и деца од претшколска возраст. Едноставно, постојат алатки кои го овозможуваат тоа. Во ред, да претпоставиме дека програмирањето е навистина лесно. Која е користа од способноста да програмираме? „Секој во оваа земја треба да научи да програмира бидејќи те учи како да размислуваш“ - е изрека на Стив Џобс, легендарниот соосновач на Apple Inc. ОК, се согласувам. Поставувањето на проблемите и целите низ добро осмислен дијаграм/алгоритам ќе доведе до логични избори и решенија. Но, настрана тоа, има и друга причина. Тоа се предвидувањата дека светот е пред софтверска револуција со оглед на тоа што хардверот (компјутерите, телефоните, телевизорите, фрижидерите и сите други електронски уреди на кои може да се сетите) е веќе во прилично напредна фаза, но без соодветно развиена софтверска поддршка. Експертите сметаат дека можноста корисниците да извршат барем и минимално програмирање на своите уреди експоненцијално ќе ја зголеми користа од нив, ќе се намали периодот на пробивање на производите на пазарот и ќе ги направи уредите поевтини. Приспособувањето на уредите преку нивно програмирање ќе создаде буквално уред за секој. За новата генерација да може да биде во форма, за да ја понесе оваа софтверска револуција, се предлага воведување на програмирањето како школски предмет уште од самот почеток на образованието. Ситуацијата денес регистрира недостиг

на програмерски кадар во индустријата како евидентен проблем дури и во САД. Тој ја намалува конкурентската предност на компаниите. Во обид да стигнат до квалитетен кадар, софтверските компании нудат безбројни повластици кои се изразени преку иновација во работната средина. Проблемот, сметаат некои експерти, е настанат поради издвоеноста на програмерите како посебен професионален профил. Програмери на иднината ќе бидат инженери, доктори, адвокати кои низ образованието ги совладале програмерските вештини, за низ својата практика да бидат во можност да приспособат или дури и да креираат софтвер кој 100% ќе биде во функција на конкретните барања и потреби. Објектно-ориентираните средини за програмирање практично го овозможуваат тоа. На пример,

напредното користење на програмите за калкулации и бази на податоци се основни знаења кои економистите денес мора да ги поседуваат доколку бараат сериозна работа. Во годините кога AutoCAD сè уште се развиваше кон идеален CAD програм, корисниците беа приморани да програмираат рутини за да го овозможат она што софтверот во тоа време не го можеше. Френк Гери, од друга страна, мораше да развие софтвер и софтверска компанија за да може да го унапреди своето творење. Додека едни ја возвишуваат идејата за сеопшто учење на софтверското програмирање, други изразуваат загриженост од евентуална девалвација и дилентатизам на програмирањето како професија. Во случајот со градоначалникот Блумберг, велат не гледаат ама никаква корист за граѓаните на Њујорк, од неговата желба да научи да програмира. Шегите на негова сметка велат дека е подобро, наместо сите да станат програмери, сите да станат водоводџии, бидејќи тогаш славините низ светот нема да прокапуваат и водата како ресурс ќе се заштеди. Сфаќајќи ја прилично сериозно професијата програмер, опонентите велат дека мора да постои разграничување помеѓу есенцијалните вештини, како што се: читањето, пишувањето и математиката, од програмирањето, бидејќи квалитетното програмирање, а само таквото се цени, бара животна посветеност, надградба и искуство. Како и да е, евидентен е пробивот на информатичката технологија во образовните системи низ целиот свет, без разлика дали се работи за хардверска опременост или софтверска едукација. Нашите деца ќе бидат потковани со ИТ знаење и ќе програмираат без разлика дали го сакале тоа или не.

ПОРТА 19 април 2013348

48

експерт БРитанСки ПРедизвиЦи

Стареењето - двигател на градежната индустрија и економскиот развој!Централната и локалната власт, станбените асоцијации и градежните фирми специјализирани за изградба на станбени единици под итно да почнат да планираат за тоа како да се задоволат станбените потреби на постарото население. Во наредните 20 години во Обединетото Кралство ќе треба да се изградат 10 нови градови со големина на Манчестер, преку кои би се овозможило сместување на постарото население.

Во сложените економски услови во кои светот, Европската Унија и Велика Британија се наоѓаат денес, наполно е разбирливо ако секоја вест, која може значително да влијае на идниот економски подем и развој, предизвика особено внимание. Економската ситуација во Велика Британија во

моментов е исклучително сложена и деликатна. На речиси секои неколку недели, како ќе се објави вест за најновите клучни економски показатели на стопанството, така и се менуваат предвидувањата дали земјата ќе влезе или не во рецесија со тројно дно. Политиката на сегашната конзервативна влада е базирана на големи намалувања на потрошувачаката во јавниот секотор,

д-р Владимир Б. лАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

19 април 2013 ПОРТА3 49

49

експерт

намалени инвестиции, далекусежни реформи во социјалниот и пензискиот систем, зголемување на даночното оптоварување и други мерки, а се со цел да се намали буџетскиот дефицит и задолженоста на земјата. Ваквиот пристап е предмет на жешки дебати за тоа дали тој воопшто ќе ги даде очекуваните резултати, и доколку ги даде која ќе биде „цената“ на еден ваков успех. Оттука, по малку зачудувачки е што во една ваква сложена општа состојба релативно незабележително во јавноста помина веста за објавувањето на најновиот извештај на Домот на лордовите (House of Lords) на британскиот Парламент под наслов „Подготвени за стареење?“ (Ready for Ageing?). Во овој извештај се разгледуваат дологорочните последици од забрзаното демографско стареење на населението во земјата, и се истакнува колективната неподгодветност на земјата да одговори на предизвиците што ќе произлезат од новонастанатата ситуација, а што без преземање на итни активности може да прерасне во низа кризи и покрај тоа што продолжувањето на животниот век може да биде голема придобивка. Притоа, комитетот што учествувал во изготвувањето на извештајот се фокусирал на последиците од стареењето на населението како за поединците, така и за јавната политика во релативно блиска иднина, и тоа за периодот од 2020 до 2030 година.Податоците до кои дошол комитетот укажуваат на исклучителни демографски промени во наредниот период, при што веројатно најзначајните се: Во Англија во 2030 година ќе има 51 процент повеќе лица со старост од 65 и повеќе години во споредба со 2010 година; Во Англија во 2030 година ќе има 101 процент повеќе лица со старост од 85 и повеќе години во споредба со 2010 година; 10,7 милиони лица во Велика Британија можат во моментот да очекуваат несоодветни примања по пензионирањето; Во Англија до 2018 година ќе има над 50 проценти повеќе лица со три или повеќе хронични заболувања во споредба со 2008 година; и Во 2030 година во Англија и Велс над 80 проценти повеќе лица со старост од 65 и повеќе години ќе имаат деменција со средни или големи сознајни (когнитивни) нарушувања во споредба со 2010 година. За комитетот, горенаведените промени не се предзнак на голема економска или општа фискална криза. Продолжениот животен век не е само показател на напредок, туку и можност за уште поголем придонес на постарите лица кон општеството. Тие веќе даваат импресивен придонес кон општество, а според истражувањето тој се очекува да биде уште поголем со оглед на тоа што 30 проценти од лицата постари од 60 години регуларно волонтираат преку формални организации. Во својот извештај комитетот дефинирал низа аспекти од значење за општеството, а со цел да се поттикне јавна дебата во оваа насока. Еден од овие аспекти се однесува и на домувањето и на пошироките јавни услуги. Во таа смисла комитетот нагласува дека подобриот систем за здравстена и социјална заштита бара соодветни станбени единици и поддршка во домашни услови за

да може да им се овозможи на лицата независно да живеат. Тие ја поздравуваат улогата на адаптацијата на станбените единици за потребите на изнемоштените лица и поправките што ги нудат добротворните организации, но констатираат дека потребите стануваат се поуниверзални и дека пазарот на станбени единици испорачува многу помалку специјализирани станбени единици за потребите на постарите лица од потребните. Оттука, комитетот ја нагласува потребата, централната и локалната власт, станбените асоцијации и градежните фирми специјализирани за изградба на станбени единици под итно да почнат да планираат за тоа како да се задоволат станбените потреби на постарото население. Исто така, комитетот укажува дека подеднаков приоритет треба да се даде за промовирање на соодветено пазарно и социјално домување, како што веќе се дава за задоволување на потребите на помладите лица. Комитетот, меѓу другото, исто така ја нагласува потребата, урбанистичкото планирање, банкарските услуги и дизајнот на производите да се приспособат за постарите лица и за постара потрошувачка база, со што би се реализирала важната улога за спречување на социјалната изолација на постарите граѓани. При ова комитетот укажува на потребата постарите лица задолжително да бидат вклучени во дизајнот на погоре наведените аспекти. Само неколку недели по објавувањето на извештајот почнаа да пристигнуваат и првите реакции од страна на индустријата. Така, станбените организации и градежниците нагласуваат дека изградбата на специјализирани станбени единици за постари лица со само околу 1.600 изградени единици за пазар за целата територија на Обединетото Кралство, значително се помали од побарувањето. Во оваа смисла една од градежните фирми специјализирани за изградба на станови за постари лица „МекКарти и Стоун“ (McCarthy & Stone) нагласува дека за да се задоволат потребите искажани во Извештајот на Куќата на лордовите во наредните 20 години во земјата ќе треба да се изградат 10 нови градови со големина на Манчестер, преку кои би се овозможило сместување на постарото население во Обединетото Кралство. Ова значи дека на секои две години во наредините 20 години ќе теба да се изгради град за 500 илјади жители, со што би се ослободиле до 3,75 милиони постојни станбени единици за средно по големина семесјтво, со што би се задоволила и побарувачката во сегментот на домови за семејства од средна големина. Притоа, од еден ваков пристап се очекува да резултира во 250 илјади нови работни места во градежништвото секоја година заклучно со 2033 година, што несомнено би придонело за значаен пораст на стопанството на земјата. Според професор Кирквуд (Kirkwood) од Институтот за стареење и здравје (Institute of Ageing and Health) при Њукасел универзитетот (Newcastle University) во Влика Британија, во рамките на САД економските придобивки од продолжениот животен век од 1970 година до сега се проценуваат на 73 билиони американски долари. Оттука веројатно се поставува прашањето дали стареењето (продолжениот животен век) ќе стане двигател на градежната индустрија и идниот економски подем на Велика Британија до 2030 година, со кој барем делумно ќе се потпомогне излезот од сегашната криза со две, три или повеќе дна, но и ќе се одговори на некои од предизвиците од очекуваните демографски промени во наредниот период?

ПОРТА 19 април 2013350

50

еко инфо

тетово

нова фабрика за рециклирање во тетовоНајголемата европска компанија за рециклирање на гуми „Инова Технологии“ (Innova Technologies) ќе инвестира во Македонија во Индустриската зона во Тетово. Компанијата е сопственик на најголемиот капацитет во Европа за рециклирање на гуми преку пиролитички процес од кој се добиваат три производи: течно гориво, челична жица и тонер. Договорот за инвестирање е потпишан на 12 април од страна на министерот за животна средина на Македонија, Абдулаќим Адеми, директорот на агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида и претставници од компанијата „Инова Технологии“ во Гебзе, Турција.

(honeybiz.mk)

БРиСеЛ

отпадот од не козлодуј согласно европските прописиЕвропската комисија зазеде службен став во врска со складирањето на радиоактивниот отпад кој настанува во реакторите 1 и 2 на НЕ Козлодуј во Бугарија, и во врска со неговото потенцијално влијание на останатите членки во Унијата. Според податоците што ги доставила бугарската страна, се забележува дека сите процедури се во согласност со прописите. Се заклучува дека локацијата на централата е 4 km од романската граница, и дека при вообичаени услови на разградување на нуклеарното гориво нема непосредна опасност од радиоактивно загадување на околината.

(Новините)

њу хеМПШиР

голема казна за ExxonmobilСудот во Сојузната држава Њу Хемпшир одреди казна од 236 милиони долари која компанијата ExxonMobil мора да ја плати за чистење на подземните води загадени од адитивите за бензин. Поротата утврдила дека компанијата е одговорна за неинформирање на јавноста за штетноста на адитивите за животната средина. Според тврдењата на стручњаците, повеќе од 5000 подземни извори се загадени на овој начин.

(Voice of Russia)

19 април 2013 ПОРТА3 51

51

еко инфо

БеЛгРад

голем интерес за мали хидроцентрали во СрбијаЗа изградба на мали хидроцентрали во Србија се пријавиле пет пати повеќе инвеститори од бројот на проекти. На јавниот повик за изградба на 317 мали хидроцентрали се пријавиле вкупно 1.380 апликанти. Конечната ранг листа се очекува да се објави веќе во мај, по што инвеститорите ќе добијат дозволи за градење, и ќе склучат договори со локалните самоуправи. Министерката Зорана Михајловиќ очекува веќе во 2015 година да бидат изградени првите од 317-те мали хидроцентрали на 17 локации во Србија.

(Novosti)

Сент ПетеРСБуРг

тнг како гориво за бродовите на БалтикотЗагаденото Балтичко Море има прилика да стане пилот подрачје за користење на втечнет природен гас како алтернативно бродско гориво, изјави норвешкиот премиер на собирот за Балтичко Море во Сант Петерсбург, Русија. Норвешка ги поддржува напорите на Европската Унија за намалување на емисиите на штетните гасови од сообраќајот по Балтикот. Затоа веќе се донесени построги правила за содржината на сулфур во горивото, кои ќе стапат на сила во 2015 година. Во врска со тоа, се настојува да се воведе и ТНГ како гориво кое на бродовите би требало да го замени дизелот и да ја намали емисијата на азотни оксиди за дури 80%.

(UPI)

БРиСеЛ

Поголема транспарентност за приходите од нафта и гасВо Европската Унија се усвоени нови закони чија цел е зголемување на транспарентноста на државните приходи од индустриите на нафта и гас, како би се овозможила поуспешна борба против корупцијата и избегнувањето на даночните обврски. Меѓу другото, новите прописи бараат од европските компании да ги пријавуваат сите уплати над 100.000 евра на сметка на Владите во земјите во кои работат. Европската Унија проценува дека се губат милијарди евра на даночни затајувања од страна на компаниите и тајкуните, а доказ за тоа се неодамна објавените податоци за тајните трансфери во offshore оазите.

(EurActiv)

подготви: Даниела МлАДЕНоВСКА

ПОРТА 19 април 2013352

52

екологија

Ова е „Лицето на климатските промени“ - пријавете го Вашето

ПоСЛедни Подготовки ПРед денот на ПЛанетата зеМЈа - 22 аПРиЛ

За многумина, климатските промени се нешто далечно

- неодреден и сложен проблем некаде далеку од нив, нешто што би требало

да го решаваат нашите внуци. Но, климатските

промени имаат вистински последици врз луѓето,

животните, екосистемите и природните ресурси

од кои зависиме.

Еден маж на Малдивите е загрижен каде да го пресели своето семејство поради тоа што нивото на морската вода се покачува. Фармер во Канзас се бори да врзе крај со крај

зашто продолжената суша му го уништила родот. Еден рибар на реката Нигер мрежите сè почесто ги вади празни. Едно дете во Њу Џерси неодамна го загуби својот дом во супер-бура, а жена во Бангладеш не може да дојде до чиста вода за пиење поради сè почестите поплави... Имате ли и вие ваша приказна поврзана со климатските промени? Ако е така, вашата фотографија заедно со приказната испратете ја преку интернет-порталот http://www.earthday.org/2013/ и активно учествувајте во одбележувањето на 22 април - Денот на планетата Земја 2013 што традиционално, по 43. пат, го организира светски афирмираната организација Earth Day Network (EDN). - На 22 април повеќе од милијарда луѓе ќе учествуваат во 43-то одбележување на Денот на планетата Земја. Низ целата земја, поединци, заедници, организации и влади ја уважуваат нашата неверојатна планета и преземаат акција за да ја заштитат. Ние на светот ќе му го покажеме „Лицето на климатските промени“ и ќе ги повикаме нашите лидери да преземат храбри акции.

До 22 април, ќе собираме и ќе прикажуваме слики на луѓе, животни и локации во директна опасност од климатските промени, како и слики на луѓе кои преземаат нешто во врска со оваа состојба. На светот ќе му ги раскажеме тие приказни. Но, потребна ни е и Вашата помош. Пратете ни ги Вашите слики и приказни кои го покажуваат „Лицето на климатските промени“ – порачуваат од Earth Day Network. Климатските промени имаат многу лица, коментираат од EDN. Но, лицата на климатските промени не се само лица на луѓе. Тоа се и поларните мечки на арктичкиот мраз што се топи, тигрите во загрозените мочуришни шуми во Индија, китовите во северните делови на Атлантскиот Океан осиромашени со планктон, орангутанот во шумите во Индонезија што се погодени од суши и пожари... Лицата на климатските промени стануваат побројни од ден на ден. - За многумина, климатските промени се нешто далечно – неодреден и сложен проблем некаде далеку од нив, нешто што би требало да го решаваат нашите внуци. Но, климатските промени имаат вистински последици врз луѓето, животните, екосистемите и природните ресурси од кои зависиме. Ако не посветиме внимание, тие ќе се прошират како шумски пожар. Затоа,

во деновите околу Денот на планетата Земја, интерактивна дигитална изложба на сите пристигнати слики ќе биде прикажана на илјадници еко-настани низ целиот свет. Изложбата ќе биде достапна и на Интернет. Се надеваме дека ќе ги инспирираме нашите лидери да дејствуваат и меѓусебно ќе се поттикнеме да ги зајакнеме напорите за борба против промените на климата - додаваат од Earth Day Network. За првпат, Денот на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970 година со масовни протести во кои се вклучиле 20 милиони Американци барајќи поголема грижа за средината. Тие протести го означија стартот на модерното еколошко движење во светот, а се роди и организацијата Earth Day Network која денес работи со повеќе од 22.000 партнери во 192 земји.

кЛиМата Се Менува, аРктикот Ќе озеЛенуваЗголемените температури на воздухот може да доведат до големо озеленување на арктичкиот појас до средината на овој век. Научниците утврдиле нови модели според кои деловите под шуми во арктичкиот појас може да се зголемат за дури 50 проценти во децениите што следуваат. Истражувањето поддржано од Националната фондација

Сашо КуЗМАНоВСКИ

19 април 2013 ПОРТА3 53

53

екологија

за наука (NSF) од САД, како дел од Меѓународната поларна година, покажува и дека драматичното озеленување ќе го забрза глобалното затоплување зашто темната вегетација апсорбира поголем дел од сончевата радијација во споредба со мразот, што ја одбива. Меѓународната поларна година

(IPY) е двегодишна глобална кампања за истражување на Арктикот и на Антарктикот во која учествуваа научници од повеќе од 60 нации во периодот 2007-2009 година. NSF е водечката американска владина агенција во рамките на поларната година. Како што пренесува магазинот ScienceDaily, научниците во своето

истражување развиле модели кои статистички ги предвидуваат типовите растенија што може да растат во поларните региони под одредена температура и врнежи. Според предвидувањата, во Сибир дрвја ќе почнат да растат стотици километри северно од сегашната крајна линија на дрвјата.

ПОРТА 19 април 2013354

54

хортикултура

ЗЕЛЕНА БОРБА ПРОТИВ ЕФЕКТОТ ”URBAN HEAT ISLAND“

Филип ФИлИПоСКИ, дипл.шум.инж.

Скоро две третини од светската популација живее во урбаните средини. До 2030 година се очекува нивото на урбанизација да се зголеми до 75%, поради

постојаното мигрирање од руралните во градските подрачја. Зголемената урбанизација негативно се одразува на животната средина, првенствено со загадување, изменување на физичката и хемиската особина на атмосферата, како и покривањето на земјината површина. Познато е дека агресивната замена на природните површини со урбани средини, претставува главна причина за настанувањето на оваа појава. Природните површини во најголема мера се составени од вегетација, која создава специфични микро-климатски услови. Тие користат релативно голем дел од апсорбираната радијација и евапотранспирација и испуштање на водена пареа, која придонесува за ладење

на воздухот во нивна близина. Спротивно на нив, изградените површини имаат висок процент на нерефлексивни и водоопорни градежени материјали, што доведува до тенденција да апсорбираат значаен дел од зрачењето што се испушта во вид на топлина. Терминот ”Urban heat island“ ги претставува изградените подрачја кои се значително потопли од околните рурални средини. Годишната просечна температура на воздухот во град од рангот на Скопје, може да биде 2-4оС потопла од температурата во близина на урбаниот дел. Во вечерните часови разликата може да биде доста поголема, па дури и до 14оС. Ваквиот тип на топлотни острови кои се јавуваат во урбаните средини, влијаат многу на животниот стандард, пред сè на трошоците за енергија, загадувањето на воздухот и емисијата на штетни гасови, квалитетот на водата итн. Како одличен пример за справување со овој феномен може да се согледа

во Словенија, која повеќе од 60% од целокупната територија е прекриена со шума (според извештајот од 2004 година). Швајцарија, пак, која е прекриена со околу 37% од целокупната површина, што процентуално е приближно исто како и кај нас, но степенот на урбанизација и концентрација на голема популација на мала површина е мала. Во урбаните средини во Швајцарија не постои град каде што се јавува пренаселеност, иако станува збор за земја со приближно осум милиони жители. Така, најнаселен е Цирих со 350 илјади, и нема ниту еден град со повеќе од 190 илјади жители (Женева 177 илјади, Базел 170 илјади, Лозана и Берн по 130 илјади).

зеЛена БоРБаГолемите дрвја, грмушките и тревите многу може да придонесат во ладење на урбаната средина преку формирањето сенка и евапотранспирација. Листовите и гранките од дрвјата во голема мера ги

19 април 2013 ПОРТА3 55

55

рубрика

редуцираат сончевите зраци, кои допираат до површината на земјата под просторот од крошните на дрвјата. Количината на сончеви зраци кои поминуваат низ крошните е различно, зависно од видот на дрвото. Главно, преку лето тоа се движи од 10 % до 30%, додека преку зима од 10 % до 80%, бидејќи зимзелените и листопадните видови имаат различна зелена маса преку зимата. Дрвјата се најкорисни во борба против оваа појава кога се садат во близина на објектите, плочниците, патиштата и паркинзите. Како најефикасен начин на садење е употреба на листопадни видови од западната страна, особено ако ги засенуваат прозорците и покривите од објектите. Многу важно е при проектирањето на зеленилото на макро ниво да се внимава и на ружата на ветрови, за да не се стопира постојаната циркулација на свеж воздух од повисоките делови, што е особено значајно вдолж сообраќајниците, каде концентрацијата на издувни гасови е многу висока. Вегетацијата водата ја консумира преку коренот, а подоцна ја испушта преку своите

лисја, процес познат како транспирација. Од големите дрвја може да испари и до 20.000 литри вода годишно, додека еден декар пченка може и до 2000 литри за седум дена. На тој начин доаѓа до ладење на воздухот во околината. Евапотранспирацијата сама или во комбинација со засенување може многу да влијае врз намалување на температурата на воздухот во летниот период. Ладните покриви се еден од начините да се намали појавата на овој ефект. Употребата на соодветни материјали за изградба на покриви кои во текот на летниот период би рефлектирале голем дел од топлинската енергија (апсорбираат и до 30оС помалку), во голема мера може да влијаат на намалување на испарувањето во текот на ноќта, со што би се намалил степенот на загревање. Зелените коровови или кровни градини го намалуваат загревањето преку евапотранспирација и засенување на површината од кровот. Во жешките летни денови површинската температура на зелените кровови може да биде поладна за цели 40оС во однос на класичните кровови.

ПОРТА 19 април 2013356

56

дизајн

Пловечки цвеќиња

Обликувана како концентрични бранови, оваа мала едноставна вазна - потпорка на дизајнерите од јапонското студио Оodesign, овозможува пловење на еден мал цвет по водата. Цветот едноставно се става во потпорката што ќе ја пуштите да плови во Вашата омилена вазна. Поставете еден или повеќе цветови во посебни потпорки

и гледајте ја магијата. Обично, цветот во класична вазна би бил статичен, но оваа вазна му овозможува слободно да плови, менувајќи ја неговата положба и појава во склад со струењето на воздухот. Прототипот на оваа вазна бил објавен уште во 2010 година на DESIGNTIDE TOKYO, а во меѓувреме главниот дизајнер Taku Omura го ревидирал обликувањето и начинот на производство, така што оваа мала пластична вазна постигна идеален сооднос на цврстина и тежина.

19 април 2013 ПОРТА3 57

57

најчудни градби

Црква трансформирана во луксузен дом Драган РИСТоВ

Сигурен сум дека сте читале многу интересни работи за многу градби, кои не само што се чудни туку можат да се сметаат и како застрашувачки. Но не верувам дека сте

слушнале дека постои и црква во која може да се живее. Да, црква која се наоѓа во центарот на Лондон е трансофмирана во еден од најскапите домови во Англија, и сега е на продажба по цена од околу 40 милиони евра. Таа била изградена во 1837 година, на земјиште кое било купено за само 300 фунти, но пред 15 години заради итна реконструкција на друг црковен имот, оваа црква била продадена за еден милион фунти. Објектот го купил

писателот Ален Бубли, автор на „Клетници“ (Les Misérables) и на „Мис Сајгон“, и го претворил во свој дом. Во 2009 година тој ја продал куќата за 13,5 милиони фунти. Дел од црквата останал да работи со верници, а преостанатиот дел со инвестиција од 10 милиони фунти бил адаптиран во рок од три години во совршено здание со модерен и луксузен изглед. Но, оваа сума сепак е преголема за обичните смртници, па жителите од улицата коментирале дека само грст луѓе од Англија или пошироко, имаат шанса да ја купат и да се вселат во куќата.Многумина се сомневале дека вакво место може да биде претворено во дом, но оние што влегле во куќата, многу бргу го отстраниле сомнежот.

До самиот влез се наоѓаат скали кои водат до врвот, но и мал лифт целиот во стакло, а големиот меѓупростор, заради висината во самиот објект, има еден вид на меѓукатен простор. Станува збор за модерна и со стил уредена раскошна куќа во која се наоѓаат седум спални соби, пространи простории, базен, сауна, теретана и бар, додека техничката опременост на куќата е неверојатна. Во главната дневна соба постои и плазма екран, толку голем што можат симултано да се гледаат осум канали во исто време. Она што е особено важно, е што при адаптацијата на црквата се заштитени сите мурали и витражни прикази, со што вредноста на домот е огромна од уметничка точка.

ПОРТА 19 април 2013358

58

арт

Во Музејот на современа уметност во Скопје, отворена е изложба на големиот англиски уметник на 20 век, Хенри Мур, насловена „Хенри Мур: Графичарот“.

Посетителите ќе може да ја видат до крајот на месец мај. Изложбата е во организација на Британскиот совет во Македонија, и се состои од осумдесет графики (бакрописи и литографии) и шест бронзени скулптури-минијатури. Делата се дојдени директно од централата на Британскиот совет, која

поседува збирка од над 200 уметнички трудови на познатиот скулптор и графичар, кој на Советот му ги донирал во 1984 година по повод 50 години од неговото постоење. Мур, кој правел големи скулптури за отворени простори, на оваа изложба во МСУ е претставен со дела во помали димензии, од кои две минијатури се макети кои ги направил за своите големи скулптури „Мајка со дете“ и "Knife Edge". Покрај изложбата, за која фондацијата „Хенри Мур“ подготви каталог, до 31 мај ќе има и придружна програма во МСУ - работилници

за млади кои ќе творат инспирирани од делата на Мур, како и едночасовен филм „Уметноста на Хенри Мур“. аПСтРактни деЛаХенри Спенсер Мур (1898-1986) бил син на работник во рудник за јаглен од северна Англија. Тој бил седмото од осум деца и растел во време на превирањата во Европа, кои резултирале со двете светски војни, трката за нуклеарно вооружување и Студената војна. Бил најпознат по монументалните апстрактни бронзени

Хенри Мур во Скопје

Five Reclining Figures 1979 Two Reclining Figures 1977-8

Mother and Child,1979Seated Mother and Child

19 април 2013 ПОРТА3 59

59

арт

скулптури, кои се изложени на јавни места низ светот. Правел апстракни претстави на човечко тело, а најчести мотиви му се мајка со дете и фигури во легната положба. Иницирал нов скулптурален облик на модернизмот во Обединетото Кралство и влијаел на творештвото на многу англиски и светски скулптори. Мур во своето творештво ги комбинирал елементите на традиционалната грчка и римска скулптура со смелите, примитивни дизајни од уметноста на Ацтеките, Маите и африканските култури, барајќи значење во органската форма, а не

во верната претстава. Имал многу нарачки за скулпторски дела, меѓу кои се делата пред седиштето на УНЕСКО во Париз и во близината на Вестминстер во Лондон.

теМна СтРанаОд друга страна, наспроти овој модерен имиџ на создавач на нежни скулптури, огромни, апстрактни сведнати фигури и пријатните семејни сцени кои може да се забележат во парковите и јавните плоштади од Далас до Берлин, скулпторот Хенри Мур во своето творештво имал и поинаков

пристап кога ја истражувал мрачната страна на светот на сексот, војните, холокаустот и смртта. Така, пред две години, лондонската галерија „Тејт Британ“ организираше изложба со над 150 од неговите скулптури и слики, а која се смета воопшто за една од најдобрите ретроспективи на неговите дела. На неа биле претставени од клаустрофобичните цртежи на скелетни фигури кои се кријат од воздушни напади, до примитивните камени маски и огромни, еротски дрвени женски фигури, кои Мур ги создавал во распон од преку 40 години.

Knife Edge Two Piece (1962-1965)

Sculptural Ideas 5 1980 Sculptural Ideas I 1980

Mother and Baby The Tamarind,1941

Large Reclining Figure (1984)

ПОРТА 19 април 2013360

60

нова книга ФотоМоногРаФиЈа на ангеЛ СитновСки и БРатиСЛав диМитРов

„Поглед на ангелот... во љубов со Скопје“

Оваа фотомонографија ќе им овозможи на сите оние што ќе ја купат или добијат на подарок, да го запознаат Скопје од неговата добра страна, но и преку недостатоците што секој град ги има. Текстовите се на македонски и англиски и во неа има 250 фотографии на околу 200 страници, снимени во изминативе три години.

Секој месец нови изданија доспеваат на полиците на кнжарниците. Секоја година излегува понекоја книга која заслужува да го најде местото во вашиот дом. Во времето на

Гугл и на пребрзиот Интернет, како и брзиот начин на живот, брзиот стил како да се пренесе и во фотографијата. Многу работи поминуваат покрај нас и ние не успеваме да ги забележиме. „Поглед на ангелот... во љубов со Скопје“ е нова фотомонографија

во издание на скопска „Култура“, а финансирана од Министерството за култура на Република Македонија, која на свеж и динамичен јазик зборува за нашето Скопје. Автор на сите фотографии во книгата е архитектот Ангел Ситновски од Скопје. Во книгата се поместени и пет негови текстови за Скопје, додека останатите дваесет се на познатиот драматург и колумнист Братислав Димитров. Дизајнот е на Матеја Катаршник, архитект од Марибор. Повеќето од фотографиите како и текстовите на

Ангел Ситновски беа веќе објавувани во списанието „Порта 3“, но овде можете да ги најдете сите заедно на едно место! „Мислам дека имав добра причина да го земам в рака својот фотоапарат и долго чуваните слики во мојата глава да ги ставам преку него на фотографии“, вели Ангел Ситновски, архитект, вечен оптимист, вљубеник во фотографијата и трагач по неименуваното. „Впрочем, би било непоштено, а можеби и себично, само за себе да го задржиш она убавото

19 април 2013 ПОРТА3 61

61

нова книга

„Поглед на ангелот... во љубов со Скопје“

од твојот град, она што само ти го гледаш. Се зборува дека човекот е навистина онолку богат колку што повеќе слики собрал во животот“, додава Ситновски. „Книгата сака да го отслика и истовремено да му се обрати на она Скопје кое мене најмногу ми недостасува: она што сè уште не е форматирано и вкалапено, што не е стандардизирано до ниво на безличност, она Скопје што живее во пукнатините на големите историски и идеолошки нарации“, вели во својата препорака за книгата Сашо

Мацановски Трендо. „Но, мојата маленкост пека барем за миг да ја напуштиме илузијата на ’големата слика‘, да се обидеме да ги зумираме нешите живеачки за да ги видиме онакви какви што навистина се: попатни и неповторливи“, додава тој. Оваа фотомонографија ќе им овозможи на сите оние што ќе ја купат или добијат на подарок, да го запознаат Скопје од неговата добра страна, но и преку недостатоците што секој град ги има. Текстовите се на македонски и англиски

и во неа има 250 фотографии на околу 200 страници, снимени во изминативе три години. Монографијата ќе се прелистува, ќе се гледа, но и ќе се чита секој пат кога ќе посакаме да видиме нешто убаво за нашиот град, можеби ќе предизвика носталгија за оние што ќе ја однесат во своите нови домови ширум светот? Можеби оваа книга ќе ве натера малку да подзабавите, да ги погледнете фотографиите, предизвикувајќи во вас желба да одите на местото каде што тие се направени.

ПОРТА 19 април 2013362

62

совети ПРенеСено од DCD hOmE

Водич на еден архитект за процесот на проектирање ентериерВо проектирањето ентериер навистина има нешто повеќе отколку во собирањето разнобојни слики од страниците на списанијата. Постои процес на проектирање, кој резултира со краен креативен производ. Архитектот Лери Берлин (Larry Berlin) и многуте негови клиенти најмногу уживаат во крајниот резултат од тој процес.

Марта Нитертон (Martha Netherton)

Сè започнува вака:Клиентите влегуваат и почнуваат да го прелистуваат портфолиото на Берлин (Berlin). Како некои ликовни критичари на изложба тие кажуваат: „Не, тоа не е тоа“ и „И ова не е, исто така“. Конечно, Берлин ги наведува на помислата дека во неговото портфолио нема да го најдат тоа што го бараат. „Зошто не?“, се прашуваат тие. Тој објаснува: „Сè уште не е испроектирано“. Тогаш се вадат слики, сите убави и привлечни. Вообичаено тоа

се слики на дневна соба со масивен ѕидан камин, големи прозорци кои врамуваат панорамска слика на околината, со златен сјај на светилки, кој се рефлектира на зимскиот снег, масивни дрвени таваници и увозни мебел штофови. „Што ви се допаѓа на сликава?“, прашува тој. По кусо размислување клиентот кажува дека тоа е мебел штофот на столовите. Берлин не е збунет. Тој знае дека зад сакањето на таков мебел штоф всушност се крие скриената желба. Дури тогаш започнува процесот на

проектирање. „Се обидувам да дефинирам што е тоа што клиентот навистина го сака“, вели тој. „Ако добро слушате набргу ќе разберете дека тоа што навистина го гледа на сликите е топлината, бојата, текстурата и просторот, а вообичаено сугерира дека сака пријатен, интимен простор. Клиентите вообичаено се едуцирани, се разбираат во многу работи и се сигурни во своите желби. Нивните идеи понекогаш се тешко остварливи, но како идеи заслужуваат внимание од архитектот бидејќи ќе

19 април 2013 ПОРТА3 63

63

совети

Водич на еден архитект за процесот на проектирање ентериерпослужат за доаѓање до посакуваниот резултат. Разменувајќи идеи со клиентите се доаѓа до остварливи решенија. „Луѓето за кои работам знаат што сакаат и јас не се обидувам тоа да го сменам“, вели Берлин. „На клиентите им се допаѓа процесот некогаш дури и повеќе од самиот резултат и тоа ги прави среќни. А кога ги правам среќни, тоа е најдоброто што го правам во мојата работа“. Стручното наметнување на Берлин се состои во изнаоѓањето задоволувачки одговори на повеќето прашања на клиентот, кои секогаш кажуваат дека се бара интимност, комфор и пријатни визури. Пропорциите треба да се човекомерни, а проектираниот простор функционален и привлечен. „Тоа што навистина ме интересира е што го прави клиентот среќен“, вели Берлин. „Дали е тоа просторот, сликовитоста на куќата, местоположбата, светлината, погледот, течењето на просторот или бојата? Зошто клиентот сака еден простор повеќе од некој друг?

процеСот потоа Се одвива вака: Берлин им сугерира на клиентите да ја разгледаат околината и да размислат кој од различните погледи би го врамиле за потоа да уживаат движејќи се низ куќата. Дали прозорците ќе бидат на средина или странично, која големина ќе ја имаат, дали ќе бидат покривни. Ова се работи кои ќе дефинираат каков карактер ќе има куќата. „Клучот за убави визури кон надвор“, забележува Берлин, „е излегувањето и заоѓањето на сонцето што ја детерминира светлината. Од каде доаѓа светлината и дали прави сенки е битно прашање. Без светлината не може да се дефинира домот. А да се креира дом, да се формира неговиот карактер и персоналитет што ќе ги рефлектира желбите и визиите на клиентот е всушност сè“. Берлин го работи ова веќе 30 години. Неговиот дом е одраз на идеите манифестирани во текот на овој период и открива уникатна мешавина на традиционалната и модерната архитектура, што може да се дефинира како „допадлив модернизам“. Стилот го има чувството на пријатност и топлина. Берлин продолжува да се фокусира на процесот на проектирање, но секогаш притоа барајќи одговор на прашањето што е тоа што луѓето ги прави среќни во нивното опкружување.

Лери Берлин

ПОРТА 19 април 2013364

64

излог

2

1

19 април 2013 ПОРТА3 65

65

излог

1. Рој од светлечки тела - дизајнирани од Jangir maddadi, во облик на пчели. Аголот на секое светлечко тело може да се приспособи во секоја позиција. Направени се од три едноставни материјали: стакло, дрво и метал, кои сплотени заедно даваат прекрасен производ.

2. Комода во движење - дело на шведскиот дизајнер markus Johansson. Формата што прикажува движење и рамнотежа, ја прави комодата да наликува на игрив и хармоничен танц. Ногарките, кои се поставени во различна позиција на подот, му даваат сопствен стил на предметот.

3. „Гушкачка“ фотелја - Барајќи одредена силуета, дизајнерот Claesson Koivisto rune за Arflex го креира овој пријателски и добредојден гест во форма на широко отворени раце за гушкање кој Ве мами да седнете во комфорната фотелја.

4. Држач за вина - дизајниран oд Luca trazzi, во ретро стил. Фурнираниот медијапан и хромираните завршетоци, заедно со тркалцата и лизгачките држачи го прават овој производ практичен и убав додаток во сечиј дом.

подготви: Сандра ДоНЧЕВА ТЕоХАРоВА, дипл.инж.арх.

3

4

ПОРТА 19 април 2013366

66

Ñ Î Î Ï Ø Ò Å Í È Å Ä Î £ À Â Í Î Ñ Ò À

çà ïðîòèâïðàâíî êîðèñòå�å íà èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ� Êèðèë è �åòî�è¼� âî Ñêîï¼å

Èì ñå ñîîïøòóâà íà äåëîâíàòà è íà ïîøèðîêàòà ¼àâíîñò äåêà Çàâîäîò çà è�ïèò�âà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å, îä 2009 ãîäèíà ïðîòèâïðàâíî âî íàçèâîò íà ñâî¼àòà ôèðìà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Íà îâî¼ íà÷èí ãè äîâåäóâà âî çàáëóäà äåëîâíèòå è äðóãèòå ñóá¼åêòè âî Ðåïóáëèêà Ìàêåäîíè¼à è ïîøèðîêî äåêà ñå ðàáîòè çà èíñòèòóöè¼à âî ñîñòàâ íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å.

Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å ñîîïøòóâà äåêà ñòàòóñîò ïðèäðóæíà ÷ëåíêà íà Óíèâåðçèòåòîò, Çàâîäîò çà èñïèòóâà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å ãî èìà èçãóáåíî ñî Îäëóêà íà Óíèâåðçèòåòñêèîò ñåíàò è ñî ïðàâîñèëíà è èçâðøíà ïðåñóäà íà Îñíîâíèîò ñóä Ñêîï¼å 2 - Ñêîï¼å, à ñî òîà ãî èìà èçãóáåíî è ïðàâîòî äà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò.

Óíèâåðçèòåò �Ñâ� �èðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å