68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА цена: 90 денари БРОЈ 149 ПЕТОК 28.01.2011 година VII www.porta3.com.mk e-mail: [email protected] Тел: 3109 311, 3151 311, Факс: 3132 924 Џефри Вест физичар кој го решава градот Галичица - план за еко баланс Мостовите на амстердамските Борнео и Споренбург

PORTA3 149

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 149

Citation preview

Page 1: PORTA3 149

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БРОЈ 149ПЕТОК 28.01.2011година VII

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]Тел: 3109 311, 3151 311, Факс: 3132 924

ЏефриВест

физичар кој го решава

градот

Галичица - план за

еко балансМостовите на

амстердамските Борнео и

Споренбург

Page 2: PORTA3 149

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 3: PORTA3 149

рубрика

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари БРОЈ 149ПЕТОК 28.01.2011година VII

www.porta3.com.mke-mail: [email protected]Тел: 3109 311, 3151 311, Факс: 3132 924

ЏефриВест

физичар кој го решава

градот

Галичица - план за

еко балансМостовите на

амстердамските Борнео и

Споренбург

БРОЈ 149 ПЕТОК 28.01.2011 ГОДИНА VI

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Овој број на Порта3 го посветуваме на урбанизмот. Ви пренесуваме дел од искуствата во светот, како таму се решаваат сите проблеми во урбанизмот.За разлика од порано, кога на решавањето на ваквите проблеми се фокусираа само архитектите и урбанистите, сега со нив се занимаваат и другите научници. Еден од нив е физичарот Џефри Вест кој по двегодишни анализи откри дека сите урбани варијабли можат да бидат опишани преку неколку едноставни равенки. На пример, ако е позната популацијата на површината на градот во дадена земја, со апроксимативна 85% прецизност, може да се процени неговата просечна заработувачка и димензиите на инфраструктурниот систем. Тоа се законите, велат научниците, кои автоматски се појавуваат кога луѓето се собираат во станбените згради или подземните железници. „Урбаната џунгла изгледа хаотично, но постојат универзални правила кои важат во неа. Ние трошиме многу време размислувајќи за градовите од аспект на нивните локални знаменитости, ресторани и музеи и не се трудиме да ги откриеме скриените закони кои го формираат градот", вели Вест.Во минатиот број на „Порта3“ ви ја пренесовме информацијата дека Агенцијата за планирање на просторот на 19. Меѓународен салон на урбанизам во Шабац, во ноември минатата година, ја доби првата награда во категоријата просторни планови за Нацрт-Просторниот план за Националниот парк Галичица. Планот, пред сè, е фокусиран врз заштитата на овој исклучително вреден и чувствителен простор и во тие рамки нуди плански решенија за одржлив урбан развој на населбите, ревитализација на руралниот простор и традиционалните занимања и координирање на просторниот развој во насока на одржливо управување со природните и културните ресурси.Во рубриката Форум одново се навраќаме на проектот „Скопје 2014“. Авторот Зоран Попоски вели: „За проектот „Скопје 2014", односно за присвојувањето и исчезнувањето на јавниот простор во Скопје на што тековните случувања се само еден аспект, годинава зборував повеќепати. Овој континуиран дијалог на темата го потенцирам токму заради неговото случување, ex postе и целосното негово отсуство на самиот почеток на конципирање на проектот, како една пропуштена шанса за демократска дебата, заснована врз аргументи, во која ќе се вклучат сите засегнати страни, кои се многу, бидејќи јавниот простор по дефиниција им припаѓа на сите. Најпознатиот индустриски дизајнер во Америка, како што во едно свое издание го нарече магазинот "TIME" е блиску до нас. Карим Рашид крајот на 2010 година го одбележа со отворање на своја продавница во Белград. Продавницата наречена "KARIM SPACE" е уште еден доказ за љубовта на Рашид кон неговата сопруга, Србинката Ивана Пуриќ, и се смета дека може да придонесе за ренесансата на дизајнот во Србија.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ФОРУМ 06ЗОРАН ПОПОсКИ: ПРОсТОРИ

НА ДЕМОКРАТИЈАТА

ГРАДЕЖНИШТВО 16ОБЈЕКТ ЗА ДЕНИВЕлАцИЈА НА ВОДАТА

РЕГИОНИ 22ГРАДИТЕлсКИ БИсЕРИ НА ВИлА ЗОРА

ЕНТЕРИЕР 26"КАДО" КАФУлЕ И БУТИК ВО ИсТО ВРЕМЕ

УРБАНИЗАМ 32ПРОсТОРЕН ПлАН ЗА НАцИОНАлНИОТ

ПАРК ГАлИчИцА

УРБАНИЗАМ 40ФИЗИчАР ГО РЕШАВА ГРАДОТ

ЗАНИМлИВОсТИ 62"KarIm Space"

Редакција:

главен и одговорен уредник:Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАДејан БУЃЕВАЦСузана ВАСИЛЕВАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИИгор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВАВладимир Б. ЛАДИНСКИТрајче СТОЈАНОВСашо КУЗМАНОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАДаниела МЛАДЕНОВСКАБилјана САВИЌДраган РИСТОВАлександра ШЕКУТКОВСКАКире КИПРОСКИПавлинка АТАНАСОВАЕлена ПЕТРОВСКА

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл. град. инжВања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биропроект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ:4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница: Куќа во ВЕЛЕСФото: Ангел СИТНОВСКИ

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и нерѓосувачки

челик за

затварање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 4: PORTA3 149

4

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 5: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 5

5

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занатски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, скопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим на градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите кои ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

16 €/m²цена без ДДВ

AKUSTIKAKUSTIK

Page 6: PORTA3 149

форум

ПОРТА 28 јануари 201136

6

Бил Хилиер во едно од своите дела ќе рече дека архитектурата започнува кога конфигурациските аспекти на формата и просторот,

низ кои зградите стануваат културни и општествени објекти, се третираат не како несвесни правила кои треба да се следат, туку се подигнати на ниво на свесна компаративна мисла и на овој начин се дел од објектот на креативното влијание. Додека изминувам чекори и чекори движејќи се низ Скопје, се прашувам за свесната мисла низ која поминувале авторите на објектите, што како печурки после дожд никнуваат во срцевината на градот. Двигателот на целокупната идеја несомнено е неокласицизам, изнасилен постмодернизам и уште некој „изам“ кој не сум ни сигурна дали е сè уште дефиниран во историјата на архитектурата и уметноста. Дури бев во среќна аура на студии, наука, учење, изучување и просветлување, градот се претворил во некој свет во кој моменталните хормонски изливи

го диктираат стилот. Можеби 2014 требаше да ни се случи за да станеме свесни за неархитектурата што му се случува на архитектонскиот свет. Актуелноста на темата нема да фати брчки сè додека не се постави последната лажна фасада од колонада столбови на некој од општествените зданија, но од друга страна ни додека не се постави последната сина нетранспарентна стаклена ѕид-завеса на некој од објектите забиени во некој елоквентен дел од градот. Изживеаноста на секоја од ударните теми прави да се чувствувам очајна што нашето моментално творечко поле изобилува со теми преземени, преправени, маскирани, не наши. Архитектурата постои и почнува да постои како резултат на еден вид интелектуално освојување на свеста: ние градиме, но не како културен автоматизам, туку како свесни битија, критички свесни за културниот релативитет на изградените форми. Доколку не е присутен стремежот за

м-р Зоран ПОПОСКИ, дигитален уметник

и теоретичар за визуелни уметности

Краток коментар за она што ги окупира моите мисли и идеи

Page 7: PORTA3 149

форум

28 јануари 2011 ПОРТА3 7

7

вонвременско и сеприсутно градење, нема да биде создадена ни можноста за остварувањето на ова градење. Поради недефинираниот статус на мислењето, архитектот е ризичен сад во системот на архитектурата. Предизвикот што ме „вознесе кон занаетот” што одбрав да го студирам, некако ми заминува во вода, соочувајќи се првенствено со условите и можноста за идно вработување и моменталното поле за работа со кое располагаме. Идеалноста на можностите далеку дека ја живеам, но барем да е на повидок, во спротивно ќе останеме само уште една неуспешна ниска која својот отпечаток во времето случајно го втиснала или не го втиснала.Доколку не ни се даде можност за изразување, како би можеле да се изразиме?

За проектот „Скопје 2014“, односно за присвојувањето и исчезнувањето

на јавниот простор во Скопје на што тековните случувања се само еден аспект, годинава зборував повеќепати во дијалог со колегите уметници, историчари на уметност, архитекти, социолози и урбанисти од Македонија и странство („Стоп! Се гради“, „Форум Скопје“, конференции во Словенија, САД, итн.). Овој континуиран дијалог на темата го потенцирам токму заради неговото случување ex post и целосното негово отсуство на самиот почеток од конципирањето на проектот, како една пропуштена шанса за демократска дебата, заснована врз аргументи, во која ќе се вклучат сите засегнати страни, кои се многу, бидејќи јавниот простор по дефиниција им припаѓа на сите.А токму дебатата и дијалогот се една од главните карактеристики на јавниот простор. Од една страна, како физичко место каде што се сретнуваме со другите жители на градот, се изложуваме на нивниот поглед и нив ги изложуваме на нашиот, станувајќи свесни за различноста. Но и во пошироката смисла на јавната сфера, како простор каде што граѓаните се конституираат како

јавност(и), наспроти државата, и активно се вклучуваат во рационален и аргументиран јавен дискурс за прашањата од заеднички интерес. Јавниот простор е сферата каде сите слоеви на општеството ја (ре)продуцираат културата, им обезбедува видливост и учество во општествениот живот, го создава чувството на заеднички културен идентитет и припаѓање. Како место за интеракција, општествени средби и размена, каде може да се изразат разликите меѓу групите и заедниците, јавниот простор ги задоволува економските, социјалните, духовните и физичките потреби на луѓето. Тој е клучен и неопходен елемент на урбаниот живот, кој сè повеќе станува индикатор за неговиот квалитет.Демократијата е заснована врз јавниот простор, тој е во самиот нејзин центар. Јавниот простор е единственото место каде што граѓаните го практикуваат своето демократско право на слобода на говорот, но и своето „право на градот“, за кое зборуваше Анри Лефевр. Право нè само да се живее во урбаната средина, туку и активно да се учествува во градот како континуиран процес на производство на просторот и постојано преговарање за тоа кој и како ќе го користи. Да се

биде граѓанин во онаа смисла на активна и легитимна еднаквост со другите поединци, за којашто зборуваше уште Жан-Жак Русо во „Општествениот договор“, истакнувајќи дека „титулата граѓанин никогаш не му била доделена на никој ’поданик’, на ниту еден владетел, дури ни во антиката“. Граѓанството како еден фундаментален републикански концепт, воздигнат дури на ниво на доблест во Француската револуција, како симбол на еманципација и слобода.Градот никогаш не е завршен, никогаш не престанува да се гради. Целосно изграден град е само логорот, како што предупредувачки потенцира современиот филозоф Џорџо Агамбен. Градот не смее да биде само спектакл што пасивно се искусува, уште една стока за културна потрошувачка. Градот треба допрва да се живее, да се апроприра, т.е. постоечкиот јавен простор непрекинато да се пресоздава и да се произведува нов. „А сега набрзина да го погледнеме нашето време! Исплашени сме, па се враќаме назад“, пишуваше Ниче во „За користа и штетата на историјата за животот“, залагајќи се за memento vivere наместо memento mori. Спомни си на животот а не на смртта,

на сегашноста а не на минатото. Оти свртеноста кон личностите и моделите од минатото, колку и да се тие големи, нe тераат да се конструираме себеси само како секундарни, епигонски идентитети.Демократијата е процес на вклучување со поголем број учесници во континуиран јавен дискурс. Демократијата е проект со многу предизвици, кој по својата природа никогаш не може да биде завршен, бидејќи секогаш вклучува несогласување и спротивставени ставови и интереси. Затоа јавната расправа се јавува како нужен демократски инструмент. И затоа е толку неопходно, во нашиот демократски проект кој сите заедно го создаваме, таа што повеќе да биде присутна со истовремено подигнување на нивото на јавниот дискурс. Но не јавна расправа која самата на себе е цел, колку да ја има, туку мора да постојат механизми и подготвеност од избраните претставници на граѓаните да ги спроведат препораките од јавната расправа. Само на тој начин јавниот простор ќе биде простор на сите и за сите, место каде што ќе може да се чуе гласот на различните јавности, еден вистински простор на демократијата.

Простори на демократијата

Ирена РИСТОВСКА, студент на

Архитектонскиот факултет при УКИМ

Page 8: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 201138

8

инфо

Четири факултета потпишаа меморандум за соработка

Заедничка едукација и научно истражувачка работа

Градежниот факултет при УКИМ од Скопје, Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Факултетот за применети науки при ДУТ и Градежно-

архитектонскиот факултет при Универзитетот во Приштина, потпишаа Меморандум за соработка на полето на едукацијата и научноистражувачката работа од областа на градежништвото. Деканите на овие факултети Петар Цветановски, Благоја Голомеов, Абдуљ Колеци и Насер Кабаши, се договорија соработката да ја вршат со зајакнување на регионалната компонента во едукацијата, во контекст со Болоњската декларација за етаблирање на заедничко поле на европското високо образование. Се планира ускладување на студиските програми, односно повисок степен на нивна компатибилнот, со што ќе се олесни размената на студенти и наставен кадар. Исто така ќе се соработува во заедничкиот настап во билатерални и меѓународни научноистражувачки проекти, како и во донесувањето на студиски програми од втор и трет циклус на студии, како и размена на ментори и наставен кадар.

Леорон групата од Дубаи со Саем на недвижности и инвестиции во Скопје

Леорон групата од Дубаи организира специјална елитна бизнис платформа

на која своите проекти, идеи, интереси, средства, знаење и

услуги ќе ги вкрстат главните играчи на пазарот на развој на недвижностите и инвестициите во регионот и пошироко, претставувајќи им ги на широк спектар на потенцијални

купувачи и инвеститори. Платформата се состои од Саем на недвижности и инвестиции, што ќе се одржи во рамките на Саемот за градежништво во Скопје, како и во Тирана, на кој ќе се претстават бројни проекти, и од Конференција за развој на инвестициите во секторот на недвижностите, каде своите

искуства ќе ги претстват десетици експерти во оваа област. Оние што не чекаат кризата сама да помине, знаат дека градежниот сектор долгорочно секогаш се движи по нагорна линија, а инвестициите во недвижностите, особено во регионот на југоисточна Европа имаат значителен поврат. Токму затоа тие решија да учествуваат на бизнис платформата и своите проекти и недвижности да ги промовираат пред голем број на потенцијални купувачи, со што значително го скратуваат

циклусот на враќање на инвестициите, ја зголемуваат директната продажба, како и можностите за продажба. Платформата нуди неповторлива прилика за средби и контакти со лидерите на пазарот на недвижности во регионот, како и со голем број клиенти, партнери и потенцијални инвеститори. Real Ex Скопје 2011 се одржува во Метрополис Арена на Скопски Саем паралелно со Саемот за градежнштво од 1 до 5 март, а Real Ex Тирана 2011, од 7 до 10 март, во Конгресниот дом во Тирана.

НА 25 ФЕВРУАРИСПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВОМОЖНОСТ ЗА РЕКЛАМНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ВАШАТА КОМПАНИЈАлице за контакт: Емилија Петровска 02/ 3243 797, 070/ 248 796 [email protected]

Page 9: PORTA3 149

3 9

9

28 јануари 2011 ПОРТА

инфо

Отворено писмо од Асоцијацијата на архитекти на Македонија

Да се повлече Предлог - законот за дивоградбите

Асоцијацијата на архитекти на Македонија упати

отворено писмо до Владата на Република Македонија и до Собранието на Република Македонија со кое бара да се повлече од расправа предлогот на Законот за постапување со бесправно изградени градби.Во писмото се вели дека Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ја користeла можноста на објавувањето на текстот на Законот за постапување со бесправно изградени градби (на веб страницата на Министерството за транспорт и врски) за да го разгледа и продискутира изнесениот предлог низ стручна дебата одржана кон крајот на декември минатата година.Во писмото се вели дека Република Македонија во својата уставна определба се грижи за обезбедување на елементарното човеково право на дом и соодветно домување што подразбира и обмислени социјални политики во сферата на домувањето кои треба да ја содржат интенцијата за разрешување на појавата

на бесправната градба. - Виенската декларација е документ со кој Република Македонија се обврзува на сериозен пристап во третманот на проблемот со неформалните градби и населби (и тоа во одреден рок). Особено се очекуваше користење на тематската Студија за бесправно изградени објекти и бесправно градење изработена во рамките на третата компонента. Развој на земјишна политика од Проектот за катастар на недвижности и регистрација, поддржан од Светска банка (2009 година). Таа студија укажува дека легализацијата мора да биде придружена со интеграција во урбанистичките планови, со спроводливи политики за домување, со евентуалните промени во регулативата за планирање и користење на земјиштето, со партиципација на јавноста во носењето одлуки, со зголемување на јавната и политичката информираност за придобивките од запишувањето во катастарот и сл. Сите сознанија укажуваат на потреба од долгорочен сеопфатен пристап кон проблемот, наместо да се воведуваат ад хок решенија за легализација кои се неуспешно применети во Албанија, Србија (во тек), Италија, Турција и во други држави - нагласуваат од ААМ.

Понатаму во писмото се вели дека ААМ не ја препознава уставноста и законитоста во предложеното законско решение, а транспарентноста во процесот на неговото донесување (на последната верзија од Законот) сосема изостана – општата и стручната јавност не беше вклучена. Ова обраќање претставува апел за преиспитување на Законот, за радикална измена на механизмите што тој ги предлага и за уважување на изнесените генерални забелешки на архитектите - проектанти, планери, урбанисти. Укажуваме на непобитната потреба од заштита на постојниот просторно-урбанистички систем како дел од државниот правен поредок, затоа што со овој Закон се прави упад во системот со несоодветни планерски и уредувачки активности. Предложената своевидна „амнестија” на бесправноста не е поткрепена со елементарна аргументација, така што веднаш се забележува изместеноста на неговата целна група, отстапувањето од принципите на доброто управување, недискриминацијата, рамноправноста, доверливоста... - Очигледно недостасува повикување и усогласеност со важечките закони кои се во директна корелација со суштината и спроведувањето

на предложениот закон, како што се Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за сопственост и други стварни права, Законот за животна средина, Законот за катастар на недвижности, Законот за градежно земјиште, Законот за данок на имот, како и Кривичниот законик кој во членот 244-а (од 2008 год.) предвидува кривично дело „Бесправно градење” - тврди ААМ. Не навлегувајќи во поединечните констатации кои произлегуваат од деталното разгледување на Законот, мора да се забележи несоодветна терминолошка примена во текстот и недопустиво игнорирање на усвоено значење на веќе воспоставените термини во практицирањето на другите важечки закони од оваа сфера (термините - имател, градежна парцела, проект на фактичка состојба, урбанистичка согласност и др). Во ААМ сметаат дека одредбите на овој Закон се пресложени, прескапи, неприменливи за најголем број на луѓе кои се најлегитимна негова цел. Оттука, според ААМ, е потребно изготвување на ново, поинакво, поквалитетно законско решение како дел од стратегијата за интегрално разрешување на појавата на бесправната градба во Република Македонија.

Реакција на Министерството за транспорт и врски на отвореното писмо на ААМ

Сè беше транспарентно

Министерството за транспорт и врски со соопштение

реагираше на отвореното писмо на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и тврдењата во него дека одредбите од Предлог законот за постапување со бесправно изградени градби се пресложени, прескапи и неприменливи за најголем број луѓе, кои се најлегитимна негова цел, како и дека сосема изостанала транспарентноста во процесот на донесувањето на законот. Согласно предложениот закон за постапување со бесправно

изградени градби е предвидено надоместокот за објектите со намена домување во станбени куќи да изнесува едно евро по квадратен метар од изградената површина на објектот. Оваа симболична цена е со цел сите граѓани кои се засегнати со ова прашање, по усвојувањето на законот да можат да ја искористат историската можност и да си дозволат да го отпочнат процесот на легализација на бесправно изградените градби, се вели во рекцијата од Министерството. Од Министерството тврдат дека постапката на изготвување и предложување на ова законско решение се одвивала на исклучително транспарентен начин. Беа организирани јавни трибини со граѓаните ширум општините во Република

Македонија, а две работни верзии на текстот на законот беа достапни за секој заинтересиран субјект на интернет страницата на Министерството во период повеќе од 30 дена. Покрај тоа, јавно беа

повикани сите заинтересирани кои имаат забелешки и предлози на текстот да ги достават до Министерството за транспорт и врски, се нагласува во реакцијата од Министерството.

Page 10: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011310

10

скопје

Водно

Ски-патека сепак ќе има

Градските власти не се откажуваат од идејата

да изградат ски-патека на Водно, иако досега никој не се реши да изработи ниту студија за оправданост на проектот. Сепак, за градоначалникот Коце Трајановски, неуспешните два обида за избор на консултант не се причина да се откаже од идејата. Напротив, убеден е дека ќе ја реализира, оти како што тврди, имало заинтересирана фирма која ќе ја изработи студијата, па дури и ќе најде инвеститор за патеката.Планирано е скијачката патека да се протега од врвот на Водно од десната страна на Милениумскиот крст, во правец на Нерези, каде што пред дваесетина години се правеле обиди да се изгради патека. Иако токму овој проект е еден од оние за кои имаше безброј негативни реакции во јавноста, градоначалникот смета дека тој би бил полн погодок за Скопје, и тоа од неколку аспекти. Првенствено, скијачката патека би бил еден од начините за привлекување туристи во зимскиот период, а истовремено можност и за скопјани да уживаат во зимските спортови на неколку километри од центарот на градот. Патеката ќе била и гаранција дека Водно ќе стане голема атракција, бидејќи, освен скијачката патека, на планината ќе има и жичарница чија изградба е во тек.

Карпош

Уште две згради со нова фасада во Карпош

Општина Карпош ќе ги реновира фасадите

на уште две згради. Во

општината пристигнале 24 апликации, а општинарите решиле дека зградите на булеварот Партизански одреди број 59 и на улица Никола Тесла број 2 имаат најруинирани фасади, кои мора да се обноват. „Зградите се градени во периодот од 1960 до 1970 година и се во многу лоша состојба, речиси пред распаѓање. Ќе почнеме со овие две фасади, но се надеваме дека ќе имаме пари наесен нов лик да добијат уште две згради“, вели Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Кале

Место за нови амбасади

Место за пет дипломатско-

конзуларни претставништва е предвидено со новиот ДУП за локалитетот Тетовска трошарина. Советот ги утврди и измените на ДУП-от за Судска палата 2, каде што локалната управа ќе треба да земе кредит од околу три милиони денари за изградба на катна гаража, парк. Во овој ДУП, покрај постојните содржини за наука, култура, образование, државна и локална управа, се предвидени и две спомен-обележја. Влае

Се гради жардиниера на Партизански одреди

Во општината Карпош, на потегот од мостот

„Обединети нации" до раскрсницата кај Порта Влае, во тек е изградба на средишната булеварска жардиниера. Жардиниерата ќе биде долга 1,5 километр и ќе има различна широчина, од 2,5 метри до 4 метри, во зависност од условите на сообраќајницата. Ќе биде готова до средината на февруари.

Центар

Паркинг на кредит Кредит од осум милиони евра за

две катни гаражи зеде општината Центар. Првата гаража ќе има капацитет од 500 паркинг-плацови, а ќе биде готова за две години.Втората катна гаража, која ќе има фасада во барок, ќе ја гради ЈПССДП меѓу „Македонска пошта" и МЕПСО. Таа ќе биде висока 29 метри со капацитет од 350 возила и 1.500

квадратни метри деловен простор. Според најавите на Владимир Бахчовановски, директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП), барокната гаража ќе биде првата катна гаража во градот што ќе биде комплетно автоматизирана. Возилата ќе ги паркираат машини, а возачите ќе имаат задача само да го донесат возилото до влезот на гаражата. Оваа катна гаража, според најавите на Бахчовановски, ќе почне да се гради во март.

„Макоил“ од Скопје е новиот сопственик на земјиштето

до плоштадот пред „Телеком“ на кое ќе гради катна гаража. Парцелата со површина од 801 м² „Макоил“ ја купи по цена од 500 евра за квадрат. На јавното наддавање учествуваа и фирмите „Бортас“ и „Тим инженеринг“, но компанијата што има неколку бензински пумпи низ државава понуди највисока цена, која од почетните 7.600 денари за квадрат, на крајот достигна 30.500 денари. За целата парцела „Макоил" ќе треба да плати вкупно 24.430.500 денари. Земјиштето претходно му беше

доделено на Јавното претпријатие за да изгради катна гаража. Но, откако беше изготвено идејното решение за објектот, неочекувано претпријатието се откажа од изградбата и земјиштето и го врати на државата, со образложение дека нема доволно пари и не е во можност финансиски да покрие градење на четири катни гаражи, колку што првично му беа доверени. Сега, наместо Јавното претпријатие, објектот на постојниот мал паркинг на Телекомот во близина на плоштадот Македонија ќе го гради „Макоил".

Центар

„Макоил" го купи земјиштето за катна гаража до плоштадот Македонија

Page 11: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 11

11

скопје

Центар

„Пелистер" и „Тренд" први со барокни фасади

Зградата на „Пелистер" и онаа кај кафулето „Тренд" летото ќе го дочекаат со нови барокни

фасади. Ова се првите објекти околу градскиот плоштад што ќе добијат барокни фасади. Фасадите ќе бидат во стилот на градбите од „Скопје 2014". Реализацијата на проектот за обнова на фасадите ќе се врши етапно и со тоа практично градот Скопје, покрај обновата на оградите на мостовите, ќе го заокружи своето учество во владиниот проект „Скопје 2014". Иако идејните решенија за изгледот на фасадите се избрани пред повеќе од три месеци, градските власти не сакаат да ги презентираат, единствено кажуваат дека се стилски, соодветни да се вклопат во околниот амбиент.

Парк

За Луна-парк требаат многу пари, а ќе има малку ќарИзградбата на нов луна-парк на местото

на стариот ќе чини 12 милиони евра, информира скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Таква пресметка добиле од шпанската консултантска фирма ИДОМ, која беше ангажирана од Градот да направи студија околу давањето под концесија на забавниот парк, кој пропаѓа веќе две децении. "Тој што ќе го земе луна-паркот под

концесија ќе работи со загуби поради малиот број посетители. Имаме намера да побараме средства од Владата, а Градот може да учествува евентуално при изградбата на инфраструктурата", вели скопскиот градоначалник. Реконструкцијата на забавниот парк би подразбирала преуредување на постојниот парк од корен, хортикултурно разубавување, изградба на нова инфраструктура, инсталации, како и набавка на околу 40-ина нови реквизити. Првиот забавен парк во Скопје е изграден во 1955 година и во него имало лулашки, велосипеди, чамци. Сегашниот е отворен во 1973 година со осум реквизити, меѓу кои вовче, панорама, ракетодром, вртелешка, стрелиште. Центар

Васил Ѓоргов со уште еден асфалт

Општина Центар ќе постави уште еден слој асфалт на улицата Васил Ѓоргов, оти

претходната поправка не била завршена како што треба. Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ вели дека воопшто не е задоволен како е направена реконструкцијата на делови од сообраќајницата. Улицата Васил Ѓоргов почнува од семафорите кај улицата Водњанска и минува покрај Агенцијата за вработување. "Наместо нова улица, добивме крпена, на неколку локации се собира водата од дождовите, неколку шахти не се изведени како што треба. И покрај тоа што изградбата имаше надзор и квалификувана фирма со лиценца, сепак, не сум задоволен од изведбата и нема да потпишам дека ја примам улицата вака направена", рече Тодоровиќ. Тој додаде дека од март годинава улицата повторно ќе ја изгребат и ќе се стави уште еден слој асфалт.

подготви: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Page 12: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011312

рубрика

12

ентериер

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

- 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

Page 13: PORTA3 149

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

T : +389 (0) 23 298 411 E : [email protected] W: leoron.net

Исто такаучествувате на------>

------>------>

7 причини зошто да изложувате на Real Ex 20111 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ

2 Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место

3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба

4 Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ

5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ

6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности

7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата

Меѓународен Форум за инвестиции и развој на недвижностите RealEx гала вечера Два интерактивни семинари

Кој ќе учествува на Real Ex 2011?Градежни компании:- Локални градежни компании- Меѓународни градежни компании- Специјализирани градежни друштва

Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности:- Локални инвеститори - Министерства и агенции - Компании за дизајн и проектирање- Меѓународни инвеститори - Општини - Консултанти за имотно-правни прашања - Банки и приватни инвестициони фондови - Јавни претпријатија - Агенции за недевижности

посетители на Real Ex 2011?

- Сите што планираат да купуваат недвижнини- Семејства- Млади брачни парови- Локални инвеститори- Меѓународни инвеститори

1 - 5 Март, 2011 - Скопје, Македонија7-10 Март, 2011 - Тирана, Албанија

Меѓународен Саем и Конференција за Недвижности

Page 14: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011314

14

градежништво

САД

Белата куќа за три години изгуби 25% од својата пазарна вредност

Последна жртва на колапсот на недвижности во САД од

2007 година е резиденцијата на американскиот претседател, чија вредност постојано паѓа. Таа моментно се проценува на 251,6 милиони долари, додека во јануари 2009 година, таа чинеше 291,8 милиони. Најголем пад е забележан во декември, кога нејзината пазарна вредност падна за 4 милиони долари.Ако денешната цена се спореди со 331,5 милиони, цена која Белата куќа ја имаше во декември 2007 година, ќе се заклучи дека падот е 25%. Овие податоци за падот на вредноста сведочат за општата состојба на американскиот пазар и кризата на пазарот на недвижности што не ја ублажија ни милијардите долари кои владата ги вложи во економијата.

(nytimes)

Либија

Strabag- најголем конкурент на градежниците од екс-СФРЈ во Либија

Главен конкурент на градежниците од екс-СФРЈ во

Либија е Strabag. Пред неколку недели оваа австриска компанија ја доби работата за модернизација на крајбрежен пат, инвестиција вредна дури 104 милиони

евра. Strabag е присутна на либискиот пазар од 2008 година, а нејзините досега договорени работи за изведба на градежни објекти чинат дури 430 милиони евра. Компанијата моментно работи и на модернизацијата на градската инфраструктура во Тајура, предградие на Триполи која ќе трае до 2012 година. Српските и хрватските градежници најавуваат дека ќе се состанат во февруари за да се договорат за формирање

конзорциум со кој полесно ќе го освојат либискиот пазар. Моментно на овој пазар најдобро се пласираат градежните компании од Словенија. Словенечката SCT неодамна потпиша договор за изградба на автопатот што води до Бенгази, чија вредност е 332 милиони евра. Ова е најголемата работа која ја добија изведувачи од екс-ЈУ просторите по распадот на СФРЈ.

(SEEbiz)

IN MEMORIAM - Cyril M. Harris

Почина кралот на концертните сали

Cyril M. Harris, еден од најголемите инженери

за акустика во САД, почина во својата 93 година. Ќе го запаметиме како традиционалист кој во ерата на челикот, стаклото и бетонот имаше афинитет кон дрвото и гипсот и се трудеше во современите концертни сали да добие полн звук како во објектите од 19 век. Меѓу стотината негови најзначајни проекти се вбројува и Avery Fisher Hall во Линколн Центарот во Њујорк. Оваа концертна сала имаше големи проблеми со акустиката, но откако Harris направи акустично решение во 70-тите, се стекна со репутација на најдобар акустичар во САД.Harris е добитник на повеќе награди на Здружението на аудио инженерите и на Здружението на акустичарите во САД.

(acousticalsociety.org)

Велика Британија

Владата ги одби предлозите за промена на противпожарните прописи

Министерството за локална самоуправа на Велика Британија (SLG) го одби предлогот на лондонските власти (GLA) за

измена на регулативата за изградба на дрвените конструкции.Лондон во декември побара поостра регулатива за зградите со дрвен скелет поради пожарот во јуни 2009 година кога во Lakanal House во Камбервел шест луѓе го изгубија животот. Предлозите беа: да се забрани вселување во зградите со дрвена конструкција што не се во целост завршени, да се зголеми контролата на ваквите градилишта со одредување на минимален број посети на инспектор, да се објавува комплетна проценка во врска со опасноста од пожар и да се известува противпожарната бригада пред да се отвори градилиште со големи дрвени конструкции.Меѓутоа, Министерството ги одби овие предлози со образложение дека не е потребна нова регулатива, туку е доволно да се почитуваат постоечките прописи.

(building UK)

Page 15: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 15

15

градежништво

САД

Зелениот градежен пропис CALGreen стапи на сила во Калифорнија

Новите згради во Калифорнија мора да се градат според Green Building

Standards Code - CALGreen, кој стана важечки во јануари годинава. CALGreen е првиот градежен стандард на една држава во САД кој содржи обврзувачки и дополнителни прописи за зелена градба кои мора да се почитуваат. Обврзувачка е инспекцијата на KGH системот во сите нови згради кои се поголеми од 930 м².

(reuters)

Јужна Кореја

Сообраќајна инфраструктура вредна 166 милијарди долари

Владата на оваа земја усвои десетгодишен буџет за нови

патишта, железница, аеродроми и пристаништа во вредност од 166 милијарди долари. Според планот што се спроведува од 1999 година и веќе беше еднаш ревидиран во 2007 година, се предвидува до 2020 година да се смали патниот сообраќај за 12%, односно да изнесува 69,3% од вкупниот сообраќај во Јужна Кореја. Во исто време железничкиот сообраќај ќе порасне за 11,4%, односно 27,3%.

(bernama.com)

Русија

Албанија - мета за руските тајкуни

Сè помалку руски богаташи се заинтересирани за купување на недвижности во Црна Гора. По инвестициониот бум пред три години, црногорското приморје повеќе не е хит за руските,

ирските и англиските тајкуни. Нивна најпривлечна дестинација во моментов е Албанија.Цената на квадрат за плац во атрактивните делови на Албанија - Драч, Шенџин, Саранада или Влора чини од 60 до 150 евра по квадрат, додека квадрат станбен простор чини 500 до 700 евра.

(nekretninecrnagora.com)

подготви: Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА

Page 16: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011316

16

градежништво

Регулациониот објект на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро

е изграден во текот на 1961 г. и служел да го спречи истекувањето на водата од езерото за време на

изградбата на кејските ѕидови од регулираното корито на реката Црн Дрим низ градот Струга. После тоа требало да биде отстранет, а регулацијата на истекот на водата од Охридското Езеро да се направи со постојан регулационен објект, лоциран сса 800 м низводно од истекот, при што Охридското Езеро да биде спуштено за да може да се изедначи со нивото на водата во реката Црн Дрим. Спуштањето на езерото, како што било предвидено со првобитната концепција, би предизвикало исушување на крајбрежјето, а со тоа нарушување на еколошката рамнотежа на целиот екосистем, па поради тоа се одложило неговото спроведување. Тоа налагало времениот регулационен објект лоциран на истекот на Охридското Езеро и понатаму да остане како неопходен заради одржување на денивелацијата на водата помеѓу Охридското Езеро и реката Црн Дрим.

Мост за премин на луѓе

Времениот регулационен објект претставува дрвена конструкција

составена од 8 носиви рамки составени од 3 меѓусебно вкрутени колови, кои се наоѓаат на распон од 4 м. Над нив е конструиран мост за премин на луѓе и потпирање на талпи

за регулирање на истекот на водата од Охридското Езеро.

Целата конструкција е поставена на насип од камен со завршна обработка од реден камен, врз

кој се наоѓа дрвен под за да се спречи однесувањето на каменот. Регулацијата на истекот на водата се правела со поставување и вадење на дрвени талпи од низводната страна. Талпите се обработени на перо и жлеб заради подобро запечатување меѓу себе. Ваквиот начин на регулација на истекот на вода од езерото останал и до денес, а управувањето со истекот на водата од Охридското Езеро е вршено и го врши ХЕЦ „Глобочица“. Објектот првобитно требало да служи, до изградбата на коритото на реката Црн Дрим и постојниот регулационен објект сса 800 м низводно, па поради тоа бил направен од дрвен материјал и бил третиран како времен. Но, тој како таков останал до денес, па поради тоа во минатото на неколкупати бил целосно реконструиран и тоа во 1974, 1996 и последно во 2010 година. Со претходните реконструкции конструктивниот систем и материјалот е останат ист, додека

со реконструкцијата во 2010 година е сменет и материјалот за дел од конструктивните елементи.

Материјал на кој не влијае промената на средината

За време на целиот период од постоењето, секојдневно е визуелно контролиран и редовно одржуван, а на неколкупати е интервенирано со замена на дел од дотраените елементи (под, ограда). Со редовните визуелни прегледи и контроли на објектот во последните години е констатирано дека постојат оштетувања на конструктивните елементи, како што се дрвените столбови од дрвените рамки. Тоа особено во деловите (дрвени столбови од рамките) каде поради отворање и затворање на истекот доаѓа до промена на нивото на водата, а со тоа наизменично изложување на суво и вода. Ова предизивика значителни оштетувања на истите и доведување во прашање на стабилноста на конструкцијата. Поради тоа се наметнуваше потреба за нова реконструкција. Ваквите оштетувања на дрвените колови биле причина и за

претходните реконструкции и тоа се решавало со набивање на нови колови. Бидејќи ваквиот тип на оштетување се повторувал

Наместо спуштање на езерото, објект за денивелација на водата

Page 17: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 17

17

градежништво

во целиот изминат период и бил причина за сите претходни реконструкции, сега е пристапено и кон решавање на проблемот со ваквото оштетување на деловите од конструкцијата (рамки) што се постојано изложувани на промена на средината (вода, суво). Ова е направено со избор на друг материјал (бетон) на кој нема да влијае промената на средината.Првобитно е размислувано за набивање на готови армирано бетонски колови, излиени во фабрика, а набиени на местото на старите дрвени колци. Меѓутоа, по проучувањето на претходната документација, се избра друго решение кое предвидува бетонски платна врз темелна греда поставена врз претходно поставените дрвени колци. На армирано бетонските платна е поставена дрвена мостовска конструкција за премин на пешаци и потпирање на талпите за регулација на истекот на водата од Охридското Езеро. Проектот за реконструкција на регулациониот објект е комплетно направен од градежната служба при ХЕЦ „Глобочица“ од Струга, а ревидиран од

Градежниот факултет од Скопје.

Платна од бетон помеѓу старите дрвени рамки

По добивањето на градежна дозвола за реконструкција и објавувањето на јавен тендер за изведувач на реконструкцијата, е избрана фирмата „Марковски К-73“ од Струга со подизведувачот „МН-АС“ од Струга. Со неа е потпишан Договор за реализација и е започнато со подготовки за самата реализација на реконструкцијата. Старата конструкција од регулациониот објект е користена како заштита од водата, додека се изведуваа новите елементи од конструкцијата помеѓу старите дрвени рамки. Најпрво се изработени четири платна на левата страна, а потоа е пристапено кон изработка на четири платна од десната страна. Користен е готов бетон изработен во фабрика при што е постигната марка на бетон МБ 35, докажана со лабораториски испитувања. При бетонирањето е користен и Суперфлуид-Т (суперпластификатор) производ

на АДИНГ од Скопје. Старата конструкција од регулациониот објект е отстранета откако се изведени сите армирано бетонски платна. Над новоизведените платна е поставена новата мостовска конструкција, која заради амбиентален изглед е останата дрвена. Реконструкцијата е изведена во текот на месец ноември 2010 година, за 20 работни денови

колку што беше предвидедно со понудата од изведувачот. За цело време е обезбедуван доволен истек на вода за работа од ХЕЦ „Глобочица“. Со оваа реконструкција се покажа дека со добра подготовка и проучени подлоги е можно на брз и ефикасен начин да се изведе една ваква сложена и рационална реконструкција.

м-р Славко МИЛЕВСКИ, дипл. град.инж.

Наместо спуштање на езерото, објект за денивелација на водата

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВРЕМЕНИОТ РЕГУЛАЦИОНЕН ОБЈЕКТ НА РЕКА ЦРН ДРИМ ВО СТРУГА

Page 18: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011318

18

градежништво

Последниве години проблемот со лошите преводи го среќаваме

многу често. Читајќи рекламен материјал преведен на македонски јазик од некој странски јазик, лесно може да се препознае потписот на развиениот пазар. Во овие случаи преводот често звучи пренакитено, дури има надмена нота бидејќи подразбира дека оној на кој му се обраќа веќе знае сè за производот, па му недостасува само да слушне поетски опис за производот и да се одлучи за него. Колку пати после читање за некој производ ве прашале: а за што се користи овој производ?Успех често постигнуваа оние што наместо брендирање какво диктира развиениот пазар, на своите купувачи им пристапуваат на непосреден начин, пружајќи им прво основни информации, а дури потоа ја развиваат приказната за предностите на својот производ во однос на другите од истиот тип.

Буквални и стручни преводи

Чести се случаите агенциите што нудат услуги за превод, добиениот материјал да го даваат

на слабо платени хонорарци. Тие преводот го добиваат со копирање на текстот на неколку сајтови со автоматски превод, а потоа дополнително само го доработуваат.Проблеми со преведувањето имаше и нашето списание „Порта3“ кога летово се печатеше во двојазично издание. Прво ни беше тешко да најдеме стручен преведувач, а потоа кога од неколкуте понуди ја одбравме најевтината, добивме превод кој беше далеку под професионалните стандарди. Ни пропадна и обидот да најдеме некој кој ќе се нафати да ги лекторира текстовите на англиски јазик, па моравме да ангажираме еден наш професор кој живее и работи во Англија. Тој, шокиран од нестручниот превод ни предложи, како единствено стручно списание за градежништво, архитектура и екологија, да покренеме иницијатива за издавање на македонско-англиски стручен речник. Ваква иницијатива веќе имало во екс СФРЈ, кога дел од професорите на Архитектонскиот факултет во Скопје, во соработка со МАНУ, започнале да пишуваат

стручен речник на технички изрази кои најчесто се сретнуваат во градежништвото. Меѓутоа, тој никогаш не бил завршен.Најголем проблем е што и да имате добар преведувач, тој најчесто не ги разбира техничките поими кои се сретнуваат во градежништвото, а кога би прашале некој експерт од областа на градежништвото да го прегледа нивниот превод , прашање е колку и нему ќе му биде точно јасно за што се работи во текстот и што е клучно во него. Проблемот со стручните преведувачи е подлабок, бидејќи дури и оние преведувачи кои фирмите ги ангажираат како стручни за полето на градежништвото имаат повеќедецениски јаз кон новата терминологија, така што и нивните преводи, особено на конференции и презентации, често звучат комично, а не ретко се дури и неточни.

Што значи добар превод во практика

Сепак, не е се така црно. Фирмите што се занимаваат со дистрибутерство мора да имаат

добар превод затоа што треба да ги знаат карактеристиките на производот што го презентираат на пазарот. Тие најчесто комуницираат со производителот од кој ги земаат производите. Преземаат и технички податоци и скици, а преводот треба да биде пред сè точен и разбирлив за сите потенцијални клиенти. Личното ангажирање на менаџерите навистина е важно во овој дел од работењето. Во праксата често се случува промотивниот материјал преведен надве-натри да отиде во печат и никој да не го провери. Тоа и не е чудно, ако се земе предвид дека кај нас приватните фирми најчесто работат со помал број луѓе отколку што им е потребно и по некое непишано правило се претрупани со обврски. Грешките се забележуват премногу доцна, кога веќе не е можно да се поправат. А тие можат скапо да го чинат производителот и дистрибутерот на производот. Бидејќи ако вие немате добар превод кој ќе ги објасни карактеристиките на вашиот градежен материјал на пример, конкуренцијата што има полош производ од вашиот, може

Пазарот во Западните земји веќе долго време е заситен со различни видови градежни производи. Сите овие производи добро им се познати на купувачите, проектантите, инвеститорите, па и во самата маркетинг компанија не се губи многу време за објаснување на намената и примената на самиот производ. Се печатат и различни проспекти, огласи, соопштенија и други рекламни материјали кои таму некаде можеби имаат тежина во смислa на значењето за распознавање на брендот на пазарот со голем број производи со релативно еднаков квалитет.

Маркетинг - јазик на пазарот

Изгубени во преводот

Page 19: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 19

19

градежништво

Page 20: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011320

20

градежништво

Колку луѓето всушност ќе знаат кој е производот што стои зад брендот со звучно име? Која му е улогата? Како се применува? Зошто би требало да го одбереме токму тој производ, а не некој друг? Што се неговите предности во однос на дирекната конкуренција? Ова се прашањата што треба да бидат објаснети во декларацијата на еден градежен производ. А таа треба да има добар превод, да биде јасно и читливо напишана.

Page 21: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 21

21

градежништвода го освои пазарот со подобра презентација која се должи на добриот превод. Да земеме на пример, хидроизолациони материјали. На нашиот пазар постојат голем број производи од различни производители во рамките на еден тип. Често се случува две различни фирми да работат со ист производ за хидроизолација. Цените по кои ги нудат своите производи се секако многу слични. Двете имаат ист рекламен материјал за производителот. Слична е и цената за транспорт до местото на изведување (градилиштето). За која ќе се одлучите? Веројатно за онаа што во својата презентација на материјалот покажала дека тој успешно ја врши својата улога во нашите климатски услови, добро комуницира со материјалите и со системот на градење, дека изведувањето ќе го изведуваат обучени мајстори... Сето ова најверојатно го пишува

во каталогот на производителот, но во скратените верзии на преводите го нема. А кога сè ќе се преведе се добива информација која влева повеќе доверба. Особено, ако во неа се содржани и искуства од домашниот пазар и од домашната градежна пракса.

Бренд или локален профит

Меѓутоа не ретко се случува производителот, дури и со јасно објаснет отпор од страна на дистрибутерот и познавачот на локалниот пазар, да инсистира на примена на истиот преведен образец за сите земји без оглед на реакцијата на пазарот.Концептот за пласман на бренд-производот се осмислува и одобрува во седиштето на компанијата. Тој се пренесува на сите пазари каде компанијата е присутна. Овој пристап и го поедноставува ПР на целата компанија и и овозможува од еден

центар да ги држи конците на брендот на сите локални пазари.Кај нас, зацртаните принципи и визуелниот идентитет за промоција на градежниот бренд ретко се приспособуваат на ниво на регионален пазар. Затоа често, иако се чини дека ваквиот маркетинг носи малку корист локално, производителот делумно ќе жртвува некој локален пазар поради единствена, широка, светска слика за својот бренд.Добра страна е што производителот тогаш е главно задолжен и за финансирање на маркетингот, па товарот не паѓа на дистрибутерот и може од своите ресурси да ја дополни кампањата.Ова особено важи за оние типови на огласување кои оставаат повеќе слобода во непосредниот контакт: промотивни текстови, платени интервјуа, дополнување на сопствениот сајт или профил на фирмата.Пазарот не бара свои лидери

и брендови, компании и препознатлив стил на презентација...Иако сето ова многу влијае на работењето и претставува предност главно во играта со големи броеви. Затоа не препуштајте се на официјалниот јазик на компанијата производител таа да биде ваш единствен мост со купувачите. Вклучете се активно во објаснувањето и претставувањето на сите предности на она што го нудите, и тоа на мајчин јазик.Можеби звучи оправдано да се рече: па тие знаат најдобро. Точно знаат, но за себе, за својот бренд. Вие сте тие што ја водите работата и имате непосредна комуникација со своите купувачи. Можете да зборувате исклучиво со јазикот на компанијата, но можете да се обидете и нешто повеќе - да зборувате некогаш на мајчин јазик, со својот и на своите купувачи.

Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА

Page 22: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011322

22

архитектура

Во архитектурата на велешката куќа се јавуваат посебни специфичности кои ја одвојуваат од другите градови во Македонија. Куќите се со испуштени стреи, фреско декорации на венците, специфична опшивка на прозорците и вратите и триаголно прекршување на покривниот венец. Катот е еркерно и асиметрично испуштен, со скриени и малтерисани косници. Поради специфичноста на местоположбата на градот и немање многу простор, куќите се граделе во висина. За да ја фатат светлината, во куќите се правеле многу прозорци.

Градителски бисери на Вила Зора

Page 23: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 23

23

архитектура

Куќите имаат по два влеза, од долната улица се влегува во приземјето,

додека од горната се влегува на катот. Отворениот чардак е ориентиран обично кон дворот, а просториите за домување се свртени кон улицата. Во велешките куќи преовладува чувството за однос кон волуменот. Куќите се со високо приземје и со еден до два ката.

Куќата на Коста Солев - Рацин

Во 1962 година куќата е целосно реставрирана. Приземјето е изградено од камен, катот од тула и на него доминира фасадата со бела боја. Високиот покрив на куќата е покриен со керамиди. Во куќата се влегува преку двокрилна дрвена порта во тремот што ги поврзува катот, чардаците, фурната и грнчарската работилница. Чардакот на куќата е споен со фурната, а од него водат скали кон повисокиот чардак. Гостинската соба (собата на Рацин) била поставена на аголот од куќата, кој еркерно се надвиснува над камениот ѕид и ја исфрла оваа соба над сокакот и дворот. Куќата денес е музеј посветен на делото на овој истакнат поет.

Куќата на Васил Главинов

Куќата на првиот пропагатор на социјалистичките идеи во Македонија денес претставува музеј. Таа се смета за еден од најубавите и највредните белези на старата велешка архитектура. Спомен-куќата е во непосредна близина на куќите на Џинот и на Касапови во месноста Долни дуќани, во стариот дел на Велес. На првиот кат се наоѓаат две одаи, големата гостинската одаја и чардакот. На вториот кат се наоѓа чардак со неправилна форма. Со своите испуштени еркери се надвисува над улицата. Прозорците се дрвени со хоризонтални и вертикални пречки, со елементи од барок.

Куќата на Јордан ХаџиКонстантинов-Џинот

Изградена е во месноста Долни дуќани. И таа е направена во специфична староградска архитектура, со приземје изработено од кршен камен, кат изработен од бондрук со жолта фасада, со видливи дрвени столбови. Чардакот е на три нивоа со правоаголна

форма надвиснат над улицата. Ентериерот на оваа, како и на предходните куќи, е добро обработен со детали од нашето традиционално градителство.

Куќата на Матови

Датира од втората половина на ЏИЏ век. Куќата е доста голема, со камено приземје и два ката со идентичен распоред на просториите. Тремот во приземјето е во форма на буквата Г, а ова форма се повторува и кај чардакот на катовите. Преку скалите од тремот се излегува на чардакот од првиот кат и околу него се распоредени собите и кујната. Дел од чардакот, југоисточната соба и кујната биле опремени со вградена покуќнина и со убаво обработени тавани. Од северната страна на чардакот се наоѓа балкон со ограда од ковано железо. Потполно идентичен е и вториот кат, со тоа што чардакот од јужната страна е преграден и се формира помала соба. Покривот е четвороводен покриен со керамиди. Објектот е со целосно обработена фасада која се отвора кон дворот. Куќата денес не наликува на она што некогаш била, премногу е оштетена.

Куќата на Стојанови

Се карактеризира со необична организираност на просторот според своите контури. Поради местоположбата на градбата, формата на куќата е во вид на издолжен триаголник. Куќата се состои од приземје и кат. Целото приземје претставува еден целосен простор обиколен со дебели камени ѕидови. Влезот за катот се наоѓа однадвор. Се влегува преку мал предпростор во одајче. Објектот има само една фасада, другите се наполно слепи фасади. Високото камено приземје претставува постамент на интересно каскадно издадени волумени на катот чии испусти ги потпираат дрвени косници. Во неа и ден-денес живее семејството Стојанови, но на куќата и е потребна реставрација.

Куќите на Паунови, Прнарови и Тренчови

Во 1868 година на левата страна од Вардар во Велес, се изградени три куќи со амбиентални староградски карактеристики кои станаа препознатлив белег на градот. Тоа се куќите на Паунови,

Page 24: PORTA3 149

24

24

ПОРТА 28 јануари 20113

архитектура

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Прнарови и Тренчови. Сите три куќи се со приземје и два ката. Приземјето на куќата на Паунови е од масивна градба. Се живеело на првиот кат кој се нарекувал „зимски стан”. Првиот кат се состоел од голем чардак околу кој биле наредени одаите, во кои имало вградена покуќнина. На вториот кат распоредот бил сличен, освен што тука имало балкон кој се надвиснувал над улицата. Голем број на прозорци ја осветлувале внатрешноста. Ентериерот се одликува со извонредно обработени таваници. Фасадите со своите испуштени еркери се надвисуваат над улицата. Завршната обработка на стреата е изведена со фреско сликарство и сите куќи претставуваат своевидно уметничко дело. Белата боја на фасадата и темно кафените опшивки на прозорците ја дополнуваат убавината на целата композиција. И куќата на Прнарови се развива на три нивоа, приземје и два ката. Приземјето претставува затворен поплочен двор со благи нивелации. На првиот кат се доаѓа преку скали во затворен чардак. Околу него се поставени кујната и две одаи со правоаголна форма. На горниот кат распоредот на просториите се менува. Вториот кат е со поголема височина и завршува со исфрлена стреа исликана со мотиви на флора и фауна. Куќата на Тренчови се состои од приземје и два ката. Приземјето и катот се со помала висина, за разлика од вториот кат кој е со поголема висина. Во куќата се влегува преку поплочен двор од каде водат скали кон првиот чардак околу кој се наредени четирите одаи на „зимскиот стан”. Вториот кат се состои од две одаи и помал чардак, а просторно е доста интересно решен. Одајата е богато осветлена со природна светлина која доаѓа од седум големи прозорци. Приземјето и првиот кат се направени од камен, додека вториот кат е еркерно испуштен и направен од бондрук. Фасадата на оваа куќа е обработена како и двете претходни, а исфрлената стреа е исликана исто така со мотиви на флора и фауна

Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

Page 25: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 25

рубрика

25

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјал

Trimo Makedonija dooel Skopjet: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 [email protected], www.trimo.si

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Page 26: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011326

26

ентериер

Кафуле и бутик во исто време

Варијација на неколку различни стилови и форми кои создаваат естетска рамнотежа, хармонија на неколку пастелни бои. Ова се зборовите што можеби најдобро го опишуваат ентериерот на „Кадо" кој се наоѓа во Трговскиот центар Рамстор. Се простира на функционално осмислени 42 м², а се состои од продажен простор, гардероба, чајна кујна и мал простор за работа

Page 27: PORTA3 149

3 27

27

28 јануари 2011 ПОРТА

ентериер

Вниманието најпрвин ни го привлекува екстериерот на

овој бутик чие име на француски значи подарок, опремен со бел мебел во кантри стил, неколку удобни фотелји и масички кои ја следат формата на квадратот. „Кадо" нуди пријатно чувство во ентериерот, во кој уживате со пијалaк подготвен по оригинален рецепт листајќи ги последните модни списанија. Спроти екстериерот што функционира како кафуле, се наоѓа мал простор во кој навистина се чувствува домашна атмосфера. Креиран без почитување на правилата во ентериерното уредување, просторот му пркоси на актуелниот минимализам. Тој е хармоничен, а во него преовладуваат светлите пастелни тонови, белата боја и бојата на медот. Колонијалистички пристап, со примеси од антиката. На левата страна се наоѓа бел старински орман. Зад него се наоѓа декориран тапет во бела боја, на кој, визуелно не му пречат декоративните моменти, туку се чувствува тактилната текстура, која на допир предизвикува особено чувство и придонесува за креирање на посебен простор. Ѕидот спроти орманот го разубавуваат полиците на кои се сместени марами од германски креатори и кошули од македонско производство кои одлично го надополнуваат амбиентот. Од визуелен карактер, десната страна на просторот создава чувство на квалитет, без директен допир на елементите. Ненаметливо поставениот пулт, единствено се истакнува со директното осветлување од декорираниот, кафен лустер, кој пак,

Page 28: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011328

28

ентериер

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

симпатично фрла сенка со мотив на осна симетрија, и создава илузија дека е дел од тапетот со линии во боја на шампањ. Енергијата на целиот амбиент е фокусирана на левиот агол, каде се наоѓа фотелја со флорални мотиви, на која се забележуваат "cabriole" ногарки. Како акценти се употребени ламба и железен часовник, кои ја надополнуваат приказната

Ирина ЈАНКОВСКА

Page 29: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 29

рубрика

29

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

Page 30: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011330

30

урбанизам

Европската награда за урбан јавен простор е биенален натпревар организиран од

шест европски институции со цел да ги препознае и охрабри проектите за реконструкција, обнова и одбрана на јавните простори во нашите градови. Наградата, креирана во 2000 година, го прославува шестото издание во 2010, односно своето десетгодишно постоење. Покрај следењето на еволуцијата на европските градови, наградата ги препознава природните и политичките потенцијали на јавните простори. Наградата се доделува на авторот на делото, и на инвеститорот што најчесто го гарантира финансирањето. Наградата се фокусира на примери од урбанистичката хирургија и нејзините интервенции од мал и голем размер, примери кои креираат заедништво кое претходно не постоело и примери кои го подобруваат животот на граѓаните. Приоритет е ставен на социјално сензитивните проекти, наспроти проекти со естетски акцент или спектакуларна појава. Во изминатите шест изданија се пријавени 935 проекти, од 40 различни европски земји, од кои на прво место е Шпанија со 255 трудови, Германија со 117,

Италија со 66, Англија со 60, итн. Досегашни добитници на наградата се проекти од Англија во 2008 г., Холандија во 2006 г., заеднички победник со проектот Морските оргули во Задар, Хрватска, во 2004 г. два побенички проекти од Шпанија итн.

Библиотека на отворено

Минатата година наградата беше доделена на проект од Германија, како заеднички победник со Операта во Осло. Не беше зачудувачки кога жири- комисијата чиј претседател беше добитникот на Прицкеровата награда, архитектот од Шпанија, Рафаел Мондео, одлучи да ја додели наградата на проектот за библиотека на отворено од Магдебург, град во Источна Германија во кој процентот на невработеност е речиси 20%. Проектот беше планиран со учество и ентузијастичка поддршка од локалната самоуправа, вклучувајќи групи од млади луѓе. Во изведбата се користени рециклирани архитектонски фасадни елементи, а книгите се во центарот на случувањето со 24-часовна слободна употреба на јавниот простор во областа. Овој

импресивен просторен проект нè само што достигна голем успех кај јавноста, тој исто така и изгледа многу софистицирано, елегантно дизјаниран и балансиран и е генериран од свежа идеја.Во соработка со студиото КАРО со седиште во Лајпциг, основано од архитектот и соработник на Баухаус Десау фондацијата, Штефан Ретих, архитектот Анти Хојер и машинскиот инженер Берт Хафермалц направија сè како што беше планирано, иако притоа многу ризикуваа. Генезата на проектот што авторите ја опишуваат како „ситуиран урбанизам”, покажува бавна еволуција наспроти стратегиски маркетиншки концепт. Проектот беше резултат на трпеливото набљудување на социолошките процеси во јавните простори во Источна Германија, каде што најчесто јавните простори се запуштени или вандализирани од групи на млади луѓе. Во осумдесеттите години од минатиот век на местото каде библиотеката всушност постоела пред да изгори, била поставена скулптура со 1.000 гајби од пиво, а потоа биле работилници за развој на евентуален дизајн за локацијата, како и поетски рецитали, но и фестивали за

читање. Тогаш беше поставена иницијативата за повторно заживување на овој дел од градот. Повиците за донација на книги им донесоа на граѓаните околу 10.000 книги, чиј број во годините што следеа се зголеми двојно. Отворената библиотека, локално позната како “Salbke Bookmark”, потсетува на првиот алтернативен дизајн со гајбите од пиво, поради заштита на внатрешноста на јавниот простор од улиците. Дебелиот ѕид во кој се сместени полиците за книги го формираат префабрикувани фасадни елементи преземени од срушена фабрика. Во највисокиот дел од ѕидот се крие мала кафетерија, која истовремено обезбедува покрив на зелената површина на која луѓето читаат на отворено. Предвидена е и мала бина за јавни функции, која беше поздравена и користена за различни градски настани, училишни претстави, концерти и сл. Младите луѓе се собираат во отворениот простор, поради тоа што не постои место во градот каде би можеле да одат. Кога се појавија првите напади на вандализмот, жителите застанаа да го одбранат нивниот простор. Тие организираа и помогнаа во поправките и пропагираа силен сигнал дека нема да го толерираат

10 години од доделувањето на Европската награда за урбан јавен простор

Урбани атрактори како лек за депресија

Page 31: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 31

31

урбанизамвандализмот на овој простор. Штефан Ретих потврди дека многу од неодамна настанатите јавни простори во Источна Германија се главно остатоци од запуштени јавни простори, настанати од рушење на згради кои не се во употреба, без некакво влијание на социолошките корелации, потенцирајќи го проблемот на одрживост на овие простори. Со отворената библиотека, авторите дадоа многу оригинален одговор на оваа тема, кој е убедлив и одушевувачки. Заради тоа, проектот со право ја заслужува Европската Награда за 2010 г. и служи како пример за сите градови на кои им се заканува пропаѓање. Отворената библиотека е отворена 24 часа и е менаџирана од жителите, без никаков мониторинг систем или проверка, со непречено позајмување и враќање на книги. Проектот е изведен на површина од 488 м² и чини 325.000 евра под мотото: СО КНИГИ ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА.

Достоинството на судирот меѓу градот и фјордот

Како заеднички победник со отворената библиотека, доделена е награда и на Норвешката Национална

Опера и Балет во Осло. Изградена на залив од фјордот во Осло, пристанишната населба Бјорвика е и историскиот центар на градот. Покрај добрата локација, при крајот на 20 век, големите згради кои беа изградени да и дадат инфраструктурна поддршка на пристанишната комерцијална активност, завршија со нивна сегрегација од остатокот на урбаната матрица, со што за кратко време овој дел стана маргинилизирана област. Норвешката влада одлучи да ја претвори оваа зона во репрезентативно соседство кое ќе привлече многу нови посетители и да ја артикулира врската помеѓу градот и фјордот. Првиот чекор од оваа трансформација беше направен со изградбата на објектот на Норвешката Опера. Достапен само од околниот булевар, кровот на новата Опера формира серија нежно наклонети површини кои издигнувајќи се од водата на пристаништето, се воздигнуваат преку концерната сала. Наклонетите површини покриени со бел мермер се целосно отворени за луѓето што можат да го изодат целиот кров. Нивната диспозиција и организација креира простори прикладни за шетање, за

одржување на концерти на отворено и уживање во импресивните погледи на градот и на фјордот. Независно од активноста што се случува во внатрешноста на зградата, кровот со неговите разноврсни делови прерасна во популарно место за состанување. Благите наклони спрема водата, на посетителите им даваат сензација на плажа, додека висината што можат да ја постигнат им дава сјајни погледи кон околните сценарија. Наклонетата површина која го овозможува ова движење не содржи заштитни бариери, туку напротив се отвора во перфектно природен амбиент, почитувајќи ја слободата и интелегенцијата на луѓето што шетаат токму овде. Со инспирација пронајдена во сантата мраз, новата Норвешка Национална Опера и Балет, се издигнува како симбол на Осло кој го претставува достоинството на судирот меѓу градот и фјордот. Проектот е изграден на 38.500 м² и чини 500.000.000 евра. Специјално признание е доделено на проектот од Шпанија наречен Benidorm, Playa de Poniente Esplanade, што претставува еден лонгитудинален проект изработен паралелно со пат од четири коловозни ленти

во Бенидорм, крајбрежен град во Шпанија. Во седумдесеттите години од минатиот век овој дел од градот бил покриен со партерни елементи и тешки бетонски балустради, високи 1,2 м попречувајќи го погледот кон морето. Пристапот кон песочната плажа бил овозможен на 200 м растојание. Новиот проект ги редуцира урбанизираните површини, притоа креирајќи стрип на транзиција меѓу градот и морето. Структуриран е од кривулести бели бетонски ѕидови разграничени со живописни тераси, цветни садници и рампи, со линија од конвексни и конкавни геометриски форми кои всушност се дизајнирани во стриктен модуларен систем. Проектот е изведен на површина од 40.000 м² и чини 10.620.000 евра. Специјално признание е доделено на уште неколку проекти меѓу кои проектот за пасаж во Париз (Passage 56, Espace Culturel Ecologique) на Аtelier D’Architecture Autogeree, проектот во Ротердам насловен како урбани активатори на Аtelier Kempe Thill, и на проектот за рибарските колиби во Риа де Виго, од авторите Irisarri&Pinera.

Маја ЛУКАРЕВСКА, дипл.инж.арх

Она што ја одбележа 2010 година на полето на урбанизмот, е доделувањето на десетата Европската награда за урбан простор, за која Порта3 веќе пишуваше. Овој пат се потсетуваме кои се најдобрите урбанистички остварувања во европските земји изминатава година според мислењето на експертите

Benidorm, Playa de Poniente Esplanade

Норвешката Национална Опера и Балет во Осло

Page 32: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011332

32

урбанизам

Просторниот план на Националниот парк Галичица е стратешки

плански документ кој претставува разработка на Просторниот план на Република Македонија и Просторниот план на охридско-преспанскиот регион. Се изработува во две фази: нацрт и предлог план. Досега е изготвена фазата нацрт план, која е презентирана на 19. Меѓународен салон на урбанизам во Шабац, во ноември годинава, каде ја доби првата награда во категоријата просторни планови.Националниот парк, како комплексна целина со Охридското

и Преспанското Езеро, претставува простор со висока вредност потврдена преку исклучително богатство на биодиверзитетот и уникатност на екосистемот, искажани со присуство на бројни ендемски и реликтни растителни и животински видови. Исто така, застапеноста на високовредните атрибути на антропогените активности, чие значење ги надминува границите на регионот и државата, го комплетира списокот на особеностите што придонеле Охридското Езеро и градот Охрид да бидат прогласени за дел од светското културно наследство под непосредна

заштита на УНЕСКО.Поради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на планината Галичица, дел од нејзините шумски предели на површина од 25 хектари во 1958 година од Народното собрание на Народна Република Македонија, со Закон се прогласени за Национален парк. Токму овој простор, кој согласно националните и меѓународни ИУЦН стандарди е оценет и заштитен како подрачје од највисока категорија - национален парк, е непосреден предмет на изработка на просторниот план.

Со изработката на овој долгорочен интегрален и стратешки документ е направен обид за воспоставување баланс помеѓу барањата за обезбедување економски развој на регионот, социјална благосостојба на населението и еколошка рамнотежа. Планското решение во целост се потпира на принципите на одржлив развој, кои се вградени, односно претставуваат база на просторно планерската методологија, општо прифатена и применета во овој плански документ.Планот, пред сè, е фокусиран врз заштитата на овој исклучително вреден и чувствителен простор

Планот, пред сè, е фокусиран врз заштитата на овој исклучително вреден и чувствителен простор и во тие рамки нуди плански решенија за одржлив урбан развој на населбите,

ревитализација на руралниот простор и традиционалните занимања и координирање на просторниот развој во насока на одржливо управување со природните и културните ресурси

Нацрт Просторен план за Националниот парк Галичица

План заеко баланс

Page 33: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 33

33

урбанизам

и во тие рамки нуди плански решенија за одржлив урбан развој на населбите, ревитализација на руралниот простор и традиционалните занимања и координирање на просторниот развој во насока на одржливо управување со природните и културните ресурси.

Основни цели на Планот

Со оглед на на фактот што Националниот парк Галичица претставува комплексно просторно-функционално подрачје со специфични природни, еколошки и економски вредности,

основните цели на неговиот просторен развој и уредување се повеќезначни. Прво, дефинирање на рационален и оптимален просторен модел за организација и користење на просторот и зачувување на биодиверзитетот и заштита на природните вредности кои го чинат националниот парк. Потоа, координирање на просторниот развој во насока на одржливо управување со природните и културните ресурси. Понатаму, дефинирање на просторни услови за развој, како дел од интегралното управување во рамките на севкупниот систем за заштита на животната

средина. Исто така, утврдување на оптимална дистрибуција на активности, физичките структури и населението, со почитување на еколошките, економските, техничко-технолошките, и просторно-функционалните критериуми, како и обезбедување услови за одржлив урбан развој на населбите и подигнување на квалитетот на живеење. Меѓу другите цели се организација на инфраструктурата со минимално влијание врз околината и ревитализација на руралниот простор, постојните структури и капацитети, и традиционалните начини на стопанисување.

И конечно, дефинирање на потребната просторно-планска документација за уредување и обликување на просторот и утврдување на урбанистичко-технички услови за соодветна изградба, односно реконструкција и уредување на просторот во согласност со намената и зонирањето на просторот.

Плански решенија

Планските решенија кои ги нуди просторниот план ќе обезбедат создавање на порационална организација на различните видови на користење на

Page 34: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011334

34

урбанизамземјиштето, како и нивна меѓусебна поврзаност, со што би требало да се избалансираат потребите од социо-економски развој, заштитата на животната средина, зачувување на природните вредности и нивото на техничката опременост на просторот. Економските решенија за развој на регионот што ги нуди планот се засноваат на дејности кои се еколошки одржливи, односно незагадувачки. Карактеристиките на подрачјето како дел од туристичкиот регион со меѓународен карактер наметнаа доминантно место во економските решенија да добие туризмот, како основна стопанска гранка, во рамките на која максимално се вклучува приватната понуда. Посебен акцент е ставен врз еко-туризмот, развојот на локалните бизниси, традиционалните занаети и дејности специфични за овој простор, потоа производството на здрава храна и др. На ваков начин се очекува повторно заживување на населените места кои се карактеризираат со процеси на депопулација и максимално мотивирање на локалното население за иницирање и развој на производство со печат на еко-производ. За интегрален економски развој и кохезија на целиот простор во Националниот парк Галичица, е потребно да се обезбеди перманентна кооперација на локалната и националната власт, Управата на Паркот, месното население, бизнис заедницата и невладиниот сектор, со цел зголемување на инвестициите, отворање нови работни места, како услов за економски раст, подобрување и просперитет на економската положба на населението во границите на Националниот парк.Концептот за развој на стопанските активности и нивна дистрибуција поаѓа од основната цел за одржлив економски развој поставен врз принципите на заштита на природните вредности на Паркот. Според овој концепт, врз основа на постојните потенцијали и можности во структурата на стопански дејности, се предвидува доминација на туристичката дејност во сите расположиви видови, во сите населби и на целиот простор на Националниот парк, со исклучок на строго заштитените простори. Потоа, развој на земјоделството, со понатамошно зголемување на полјоделското производство и овоштарството, особено производство на градинарски култури и развој на сточарството. Во стопанската структура значајни дејности со перспектива за развој во плански период до 2020 година

ќе бидат трговијата и занаетчиството. Развојот на шумарството, односно експлоатацијата на дрвната маса ќе биде под строго контролиран режим. Исто така и развојот на производните, односно преработувачки дејности се ограничува на строго дефинирани простори според постојната урбанистичка документација и условен со максимална примена на стандардите за заштита на животната средина. Развојот на останатите дејности, сообраќајот, комуналните дејности, финансиските услуги и другите јавни функции ќе се одвива во согласност со процесот на урбанизација и развојот на плански преферираните стопански дејности во вкупната економска активност на населението во рамки на Националниот парк Галичица. Основен чинител за развој на туризмот претставуваат исклучително вредните природни ресурси, водата, планината, воздухот и специфичната флора и фауна. Како дополнителни чинители се културно-историското наследство, амбиенталните и пејсажни вредности.Со цел туризмот да стане поттикнувач и двигател на вкупниот економски развој на Националниот парк, потребно е пред сè остварување на определбите за заштита и зачувување на природните потенцијали и на останатите чинители на туристичката атрактивност на просторот како мотив за туристички престој и материјална база за интензивен туристички развој, ревитализација и ефикасна опременост на населбите со објекти од инфраструктурата и други содржини потребни за дополнување на туристичката понуда (трговска мрежа и услужни објекти, културно забавни, спортско рекреативни содржини). Врз основа на природните потенцијали во Националниот парк се издиференцирани специфични туристички простори: крајбрежниот појас со водите на Охридското и Преспанското Езеро и планинскиот појас на Галичица, во рамките на кои се дефинирани 3 туристички зони (охридско крајбрежје, преспанско крајбрежје и ридско-планинска зона, со вкупно 17 туристички локалитети). Локалитетите се рангирани по значење и во рамките на секој од нив се предвидени видови на туризам кои ќе се развиваат во планскиот период и типови на туристички и рекреативни активности. Со комплексна валоризација на вкупните туристички вредности и компаративните погодности на подрачјето на Паркот, досегашните остварени резултати и очекуваниот туристички промет за наредниот плански период, се проценува дека на крајот

Page 35: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 35

35

урбанизамод 2020 година Националниот парк ќе располага со околу 20.000 легла во хотелите, мотелите, камповите, домашното сместување и во други видови сместувачки капацитети. Предвидената рецептивна материјална основа претставува основа за квалитетна туристичката понуда која во концепцијата на вкупниот туристички развој на Националниот парк поаѓа од поставките за одржлив развој.

Развој на населбите

Планот обезбедува стратешка рамка за изработка и донесување планска документација од пониско ниво, во прв ред урбанистички планови за населбите што се наоѓаат во границите на Паркот, и друга документација за планирање и уредување на просторот. Во таа смисла Планот предвидува насочување на просторниот развој на населбите во рамките на постојните плански граници, со поинтензивно и порационално користење на земјиштето; подигнување на животниот стандард и нивелирање на разликите во квалитетот на живеење помеѓу урбаните и руралните населби. Особено внимание се обрнува на осовременување на традиционалните и внесување на нови функции и активности преку кои, во услови на висок степен на заштита на животната средина, ќе се реафирмира живеењето во руралната средина, како и врз активирање на локалните ресурси за развој и компаративните предности на просторот.Во развојот на населбите покрај соодветното инфраструктурно и функционално екипирање, како предуслов за поинтензивен туристички и воопшто економски развој, особено внимание треба да се обрне и на архитектонското обликување. Негувањето на традиционалната македонска архитектура при изградба на нови и реконструкција на постојните објекти е битно, пред сè заради континуитетот во развојот на населбите и зачувување на културното наследство, но и поради можностите за подигнување на квалитетот на услуги во туризмот, со вклучување на овие објекти во туристичката понуда. Во планирањето и уредувањето на крајбрежните населби треба да се вградат и почитуваат определбите што се потврдени во листата на светското природно и културно историско наследство и ставени под заштита на УНЕСКО во 1980 година.

Тие, во прв ред, се однесуваат на регулиран и плански раст и развој на населбите во крајбрежниот езерски појас. Потоа, на изградба на туристички населби во крајбрежјето, со ограничена туристичка понуда, која не предизвикува деградација на природните вредности и уредување на крајбрежните простори врз основа на регулирана заштита во појас од 300 до 1000 метри од бреговата линија. Во ридско планинските населби акцентот треба да биде врз реконструкција на постоечкиот станбен фонд кој е детерминиран како супстандарден и амортизиран.

Зони на заштита

Со Планот се утврдуваат четири зони за заштита во рамките на кои се определува и видот на економската активност. Тие се: Зона за строга заштита, Зона за активно управување, Зона за одржливо користење и Заштитен појас. Во Зона за строга заштита може да се обавуваат само научно-истражувачки активности. Во одделни делови од оваа зона дозволени се посети под строго регулирани услови, кои се во функција на развој на туристичката дејност и тоа: прошетка по патеката на островот Голем Град, прошетка со кајче по извориштето во Свети Наум организирана од ЈУНПГ и искачување на врвот Магаро по планинската патека.Во Зона за активно управување од економските активности се дозволени екотуризмот и традиционалното екстензивно земјоделство.Во Зона за одржливо користење се дозволени економски активности и тоа: туристички и угостителски активности; производство на огревно дрво; собирање на лековити растенија и габи; земјоделско производство; трговија и занаетчиство; производни и преработувачки дејности за мали претпријатија и семејни бизниси (чисти, незагадувачки техничко-технолошки процеси); други комплементарни незагадувачки дејности. Во Заштитен појас примарна цел на управувањето е контрола на човековото влијание од Зоната за одржливо користење, додека при вршење на стопанска дејност е предвидено задолжителна примена на мерки за заштита

М-р Душица ТРПЧЕВСКА АНЃЕЛКОВИЌ

Page 36: PORTA3 149

Project DescriptionBorneo Sporenburg is a residential district in Amsterdam’s Oostelijk Havengebied (Eastern Dock-lands). Three gigantic blocks, one of which is Fountainhead, stand amid rows of courtyard dwel-lings in this high-density development. However, due to the state of the housing market in 2002, the realization of a block containing large, ex-pensive apartments proved unfeasible, and the pro-gramme and design were therefore adapted. The new Fountainhead retains the original contour of 64 x 64 x 63 metres and it is still a U-shaped buil-ding of 20 storeys, built half on land and half above the water. The new building accommodates 238 owner-occupied dwellings, a primary school, 2650 square metres of space for mixed functions, and 274 parking places in a three-level, abo-veground car park. At the largest level of scale, the building manifests as a gigantic monolith that yet escapes being forbidding thanks to a form that is sensitive to its surroundings. The building is elevated above ground level on two sides, matching the level of the surrounding low-rise construc-tion. At the same time, the scale of the individu-al dwellings can still be perceived throughout the structure, since the facade is articulated with prefabricated concrete cubes that provide space for bay windows, winter gardens and balconies.

ClientFountainhead Enterprise bv, Hoofddorp

ProgrammeApartment building: 238 apartments, 1050sqm. primary school, 2650sqm. mixed use (horeca, offices, swimming pool), 274 parking places

Time2004 - present

RoleArchitect

Fountainhead AmsterdamKCAP Architects&Planners

Fountainhead Amsterdam [NL]

ПОРТА 28 јануари 2011336

36

урбанизам

Речиси без исклучок, архитектурата и урбанизмот претставуваат огледало на менталитетот на народот во определен град или држава. Холанѓаните отсекогаш биле препознатливи по својот слободноумен дух и креативноста која ги довела до идејата за вечното „крадење“ на земја од Северното Море со цел да бидат изградени уникатни градови на северното европско тло

Мостовите на амстердамските Борнео и Споренбург

Neutelings Riedijk Architects „IJ Toren“ KCAP Roterdam „ Fountainhead“ (во изградба)

Page 37: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 37

37

урбанизам

Frits van Dongen „The Whale“

Page 38: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011338

38

урбанизам

Амстердам претставува еден од смелите потфати на холандските визионери

и претставува пример како една рибарска населба може да прерасне во стратешко пристаниште од светски размери. Создаден со брана на реката Амстел во доцниот дванаесети век, за само неколку века подоцна, благодарение на трговијата по воден пат, во 15 и 16 век, тој стана еден од водечките економски центри во Европа. Инвентивните холандски архитекти, пропуштајќи ја реката низ тесните канали, направија градот постепено да расте, формирајќи една зраковидна мрежа на канали, која ги опслужува куќите наредени во низа, паралелна со нив. Истовремено се градат и бедеми од сите страни на градот, а околу нив се остава водотечението. Од северната страна се градат дополнителни заштитни дрвени платформи и бедеми кои ќе го осигураат градот од можните напади од Северното Море. На овој начин,

безбедносно осигуран и одлично позициониран во трговско-географска смисла, тој го одржува и го овозможува сопствениот континуитет низ вековите. Во времето кога македонските револуционери се подготвуваат за Илинденското востание, во истата „деветстотрета“ Хендрик Петрус Берлаге, амстердамскиот архитект и урбанист го предложува својот прв план за јужното проширување на градот. Во планот, јужниот дел од Амстердам е предвиден како Град-градина изолиран од остатокот на градот. Поради недоволна густина на населеност и отсуството на директна врска со остатокот од градот, во 1919 година Берлаге го изработува новиот урбанистички план, овојпат прифатен од општинските власти. Новите предложени сообраќајни оски во форма на буквата Y, како и новата железничка станица Минерва и Олимпискиот кварт го обезбедуваат понатамошниот раст на Амстердам и претставуваат одлична матрица за идните урбанисти. Градот во деведесеттите години

од минатиот век продолжува да се шири и кон источните делови кои дотогаш претставуваат дел од гигантското пристаниште. Типичните издолжени блокови на Берлаге и контрастот на затворените дворови и атрактивните тесни фасади ориентирани кон каналите се само појдовна идеја за архитектонското студио „Вест 8“ кое го изработува деталниот урбанистички план на два полуострови (Борнео и Споренбург) во источниот дел од Амстердам, предвидени за домување.

Полуострови на остров

Пресметано со холандската мерна единица за времетраење, Борнео и Споренбург се наоѓаат на 15 „велосипедски минути“ од центарот на Амстердам. „Вест 8“ понуди решение со 2.500 домувања, распространети на двата полуострови, со два типа станбени згради: ниски, густонаселени станбени низи и пацио-куќи, интерполирани со три значајни лендмаркови

на овој кварт. Тоа се големите скулптурални блокови: „Китот“, „IJ“ Кулата и Фонтејнхед. Иницијативата за проширување на градот на Борнео и Споренбург започнува во 1995 година кога општината продава 60 парцели на индивидуални корисници по пат на лотарија. Понатаму, на усвоениот детален урбанистички план се изработуваат проекти од страна на голем број архитекти кои се базираат на одредбите зададени од „Вест 8“. На пример, за пацио-куќите беше потребно да се предвидат 30-50 проценти празен простор за секоја куќа. Празен простор кој ќе овозможи пробивање на светлина и во исто време формирање на приватен отворен простор. Други критериуми пропишани со деталниот урбанистички план на кои беше потребно да се води особено внимание се: влезните партии, паркирањето, приватниот отворен простор, меѓукатната височина, ширината на парцелите, материјализацијата на објектите, терасите и водниот фронт. Значаен параметар зададен

Page 39: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 39

39

урбанизам

со планот е да се проектираат објектите од страна на стотина архитекти за да се постигне една разноликост во конечниот изглед на овој кварт. На тој начин и овој дел на Амстердам би ја зачувал индивидуалноста, спокојството, а истовремено би постигнал и густ степен на населеност. За жал, само 10 проценти од предвидената разноликост се реализира и планот се сведе на 6 типови куќи од кои некои од нив имаат долги хоризонтални низи не остварувајќи ја разиграноста што впрочем е и една од одликите на уникатната традиционалната амстердамска архитектура. Што се однесува до функционалното зонирање на овој план, околу 90 проценти припаѓаат на домувањето, а зелениот простор е всушност единствената дијагонална оска поставена на северниот полуостров која го скратува пешачкото и велосипедското движење кон центарот на градот. Исто така, постојат и трговско-угостителски содржини кои се во рамките на базичните потреби

на жителите на оваа населба. Изградените структури (ниските станбени низи и скулптуралните блокови) не би биле тоа што се без присуството на двата извонредно естетски мостови кои ги поврзуваат Борнео и Споренбург. Направени од црвен челик со дрвени скалести платформи, овозможуваат непречена комуникација помеѓу полуостровите, а со тоа и со остатокот од градот. Тие се различни по својата височина, но и двата го имаат футуристичкиот дизајн во себе и на некој начин претставуваат и дел од јавниот простор на населбите Борнео и Споренбург, овозможувајќи на своите највисоки точки да се добијат одлични визури врз целиот кварт.

Истакнување на водата како феномен

Меѓутоа не смее да се заборави и водниот фронт на станбените низи на овој источен кварт на Амстердам. Водата како феномен, амстердамците низ векови ја

третираат со извонреден респект, но истовремено и со потценување, ако се земе предвид постојаното „исушување“ на Северното Море во потрага по парче земја повеќе. Каналите што концентрично го опкружуваат централното урбано јадро на оваа холандска метропола претставуваат визионерски концепт на еден од првите урбанистички планови создадени во Северна Европа. Со вкупна должина повеќе од 100 километри, 90 острови и околу 1.500 мостови, каналите на Амстердам формираат една импозантна, кохерентна и оригинална урбана целина. Ги употребувале за најразлични потреби: одбрамбени, сообраќајно поврзување со куќите во низа паралелна со каналите, за превоз на пазарни добра, а денес каналите се едни од најпосетуваните туристички атракции на Амстердам.Водниот фронт на населбите Борнео и Споренбург има многу допирни точки со оваа стара традиционална амстердамска архитектура. Имено, низите во оваа нова населба се поставени на

тој начин што секоја куќа со едната фасада излегува на вода. Дури еден дел од јужниот полуостров излегува буквално на вода, како и некои од куќите во стариот Амстердам. Меѓутоа, кај новата населба имаме тотално зачувување на интимата и спокојството и покрај отвореноста кон водните пространства на каналите. Тука, сопствениците на куќите имаат можност за користење на повеќе типови сообраќај, меѓу кои највеќе се стимулираат еколошките, а тоа се велосипедот и малите пловила. Постоењето на таков избор значително го подобрува квалитетот на живеење на оваа населба. Со современата интерпретација на традиционалната холандска урбанистичка мисла во Борнео и Споренбург се постигнува една импозантна структурална композиција во која се отсликуваат сите карактеристики на оваа северноевропска нација: слободоумност, уникатност и пркос

Александар АНДОНОВСКИ

Page 40: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011340

40

урбанизам

Физичар го решава градот

По двегодишни анализи, физичарот Џефри Вест и неговиот тим открија дека сите урбани варијабли можат да бидат опишани преку неколку едноставни равенки. На пример, ако е позната популацијата на површината на градот во дадена земја, може да се процени со апроксимативна 85% прецизност, неговата просечна заработка и димензиите на инфраструктурниот систем. Тоа се законите, велат научниците, што автоматски се појавуваат кога луѓето се собираат во станбените згради или подземните железници

Page 41: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 41

41

урбанизам

Џефри Вест не јаде. Неговиот доктор вели дека има блага алергија на храна. Оброците

го тераат на спиење и повраќање. Кога работи, односно кога зјапа во некоја равенка начкртана на хартија за скицирање во неговата канцеларија во Њу Мексико, преживува со црн чај и бадеми. Овој светски познат теоретски физичар ја споредува својата работа со Кеплер, Галилео и Њутн. “Отсекогаш сум сакал да ги најдам правилата кои владеат со сè. Зачудувачки е дека такви правила постојат. Уште позачудувачки е дека можеме да ги најдеме”, вели тој.Иако работел како физичар на Stanford University и Los Alamos National Labоrаtоry со децении, 70-годишниот Вест од Сомерсет, Англија, веќе не се обидува да го реши физичкиот универзум, туку се фокусира на градовите. „Урбаната џунгла изгледа хаотично, но постојат универзални правила кои важат во неа. Ние трошиме многу време размислувајќи за градовите од аспект на нивните локални знаменитости, ресторани и музеи, а не се трудиме да ги откриеме скриените закони кои го формираат градот “, вели тој.Така Вест тргна да го решава градот. Ова е интелектуален проблем со огромни практични импликации, смета тој. Растежот на популацијата во градовите е горлива тема во модерниот живот, насекаде низ светот, почнувајќи од т.н. фабрички бум градови во Јужна Кина, па сè до фавелите, сиромашни квартови во Рио де Женеиро. Мнозинството од популацијата на светот живее во урбанизирани подрачја. Бројот на жителите во градовите е повисок во поразвиените земји, на пример површината на САД е 82% урбанизирана. Чекорот на урбанизацијата исто така се забрзува и поради тоа што луѓето ги напуштаат селата и се селат во градовите.

Неколку равенки ги опишуваат урбаните варијабли

Овој немилосрден урбан растеж ги подзамисли професионалците, но и владините служби. Претседателот Обама, во февруари 2009 година, ја основа

првата канцеларија во Белата куќа (White House Office for Urban Affairs) на која и беше наредено да развие политичка агенда за урбана Америка. Во меѓувреме се прикажаа нови перспективи во полето на урбаните студии. Макроекономистите, на пример се фокусираа на улогата на градовите во промоцијата на домашниот производ и подобрувањето на животните стандарди, додека психолозите го истражуваа влијанието на градот врз самоконтролата и самодовербата на поединецот. Дури и архитекти како што е на пример Рем Колхас, тврдеa дека архитектите стануваат сè поопседнати со изгледот на зградите, занемарувајќи ги виталните врски во просторот помеѓу нив.Вест не се согласува со ниту еден од овие пристапи. Тој не сака да биде ограничен со старите методи на социолошките науки и има малку трпение за шпекулациите на архитектите. Урбаната теорија е поле без принципи, вели тој и ја споредува со физиката пред Кеплер кој е пионер на законите за планетарните движења од 17 век. Тој не се согласува со постоечките урбани теории, туку со принципите на новата урбана наука.Тоа значи собирање на што е можно повеќе податоци за градот. Заедно со Луис Бетенкоурт, исто така теоретски физичар и тим составен од повеќе физичари, Вест започна да ги пребарува библиотеките и владините веб страни за релевантни статистики. По двегодишни анализи, тие открија дека сите овие урбани варијабли можат да бидат опишани преку неколку едноставни равенки. На пример, ако е позната популацијата на површината на градот во дадена земја, може да се процени со апроксимативна 85% прецизност, неговата просечна заработка и димензиите на инфраструктурниот систем. Тоа се законите, велат научниците, што автоматски се појавуваат кога луѓето се собираат во станбените згради или подземните железници.

Што го покажува процутот и пропаѓањето на една метропола

Вест не се срами да ја објасни

магнитудата на неговото достигнување, тврдејќи дека тие ги пронајдоа константите што го опишуваат секој град. “Јас можам да ги земам овие закони и да направам прецизни предвидувања за бројот на насилни кривични дела и површината на патиштата во град во Јапонија со 200.000 жители. Јас ништо не знам за тој град ниту пак ја познавам неговата историја, но можам сè да ви кажам за него, а причината за тоа е што секој град е ист. Jасно e дека секој град е уникатен. На тоа и мислиме кога зборуваме за градови, за сите оние работи што го прават еден град различен од кој било друг во светот. Но поради фокусирањето на тие различности, се пропушта поентата. Секако, има разлики, но различни од што. Ние го имаме тоа ШТО”, вели Вест.Градовите најчесто ги опишуваме со нивните локални ентитети дефинирани преку географијата и историјата. Њу Орлеанс не е само генеричко место за 336. 644 жители. Toj e заливот на „Катрина“ и на „Cajun“ кујната. Њујорк не е само уште еден град. Тој е поранешна холандска населба, центарот на финансиската индустрија и домот на Јенките. Притоа Вест кажува дека овие се базични детали, интересни анегдоти кои не објаснуваат многу. Единствениот начин за вистински да се разбере еден град, е да се разбере неговата длабока структура, мрежите што го дефинираат и тоа ќе покаже дали метрополата ќе доживее процут или ќе се распадне. Ние не можеме да ги направиме нашите градови да функционираат подобро сè додека не разбереме како тие вистински функционираат.

Градовите се слични на слоновите

Во 1997 година, Вест ја објави најспорната и највлијателната статија во модерната биологија, во која покажува дека највиталните факти за животните – отчукувањата на срцето, големината, калориските потреби, меѓусебно се поврзани на неочекувани начини. Тој тврди дека диверзитетот во животинското царство може да се карактеризира со едноставна

математичка врска, која има значајни импликации и покажа дека на поголемите видови им е потребно помалку енергија по килограм месо, отколку на помалите видови. Како пример, ако слонот е 10.000 пати поголем од морското прасе, му треба 1.000 пати повеќе енергија.Кореспонденцијата е очигледна за Вест. Тој го гледа градот како раширен организам, дефиниран со неговата инфраструктура (булеварот е како крвен сад, улицата како капилар). Ова подразбира дека вистинската цел на градовите, и причината зошто градовите растат, е нивната способност да создадат масивни економии, исто како што можат и големите животни.По анализирањето на првиот сет собрани податоци, физичарите почнаа со инфраструктурата и потрошувачката статистика, и заклучија дека градовите изгледаат многу слично на слоновите. Во секој град показателите на урбаниот метаболизам, како и бројат на бензински станици или пак вкупната површина на патишта, покажаа дека ако градот се дуплира во големина, тој ќе побара зголемување на ресурсите за само 85 проценти.Оваа директна опсервација има некои изненадувачки импликации. Тоа укажува, на пример, дека модерните градови се вистинските центри на одржливост. Според податоците, луѓе кои живеат во густо населени места бараат помалку топлина во зима и им треба помалку километри асфалт по глава на жител. (Една неодамнешна анализа од страна на економистите од Харвард и УКЛА покажаа дека просечниот жител на Менхетен емитува 14.127 помалку килограми јаглерод диоксид годишно, отколку некој што живее во предградијата на Њујорк.)Малите заедници можеби изгледаат зелено, но тие консумираат диспропорционална количина од сè. Како резултат на тоа, Вест тврди дека создавајќи повеќе одржливо општество ќе побара нашите големи градови да станат уште поголеми. Нам ни требаат повеќе мегалополиси. Но, градот не може да биде само еден скромен слон, биолошки равенки не можат да го објаснат во целост растежот на урбаните

Page 42: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011342

42

урбанизамсредини. Додека првите населби во Месопотамија можеби им помогнаа на луѓето да заштедат на ограничени ресурси, мрежите за наводнување значеа вода за сите, но тоа е концепт на растеж на градот за една сосема поинаква причина. „Гледано во ретроспектива, бев глупав” вели Вест објаснувајќи дека поради возбудата за паралелата помеѓу градовите и живите организми тој не обрнал внимание на начините по кои урбаните средини и организмите се комплетно различни. Тоа што Бетенкоурт и Вест не успеаа да го проценат, барем на почетокот, беше дека вредноста на модерните градови има малку врска со енергетската ефикасност. Како што Вест објаснува: “Никој не се сели во Њујорк да заштеди пари на своите сметки за гас”.

Градот не е силуета, туку танц

Во суштина, тие пристигнаа до разумен заклучок дека градовите се вредни затоа што им ја олеснуваат интеракцијата на луѓето, како луѓе кои се сместени во неколку квадратни километри, размена на идеи и нови соработувања. "Ако се побара од луѓето да ни објаснат зошто се селат во градот, тие секогаш ги даваат истите причини. Доаѓаат за да добијат работа или да ги следат нивните пријатели или да бидат во центарот на случувањата. Тоа е причината зошто плаќаме висока кирија. Градовите се само на луѓето, а не на инфраструктурата", вели Вест.Тој од инфраструктурата се префрла на луѓето, и притоа ја разгледува работата на познатата Џејн Џејкобс, урбан активист и автор на „Смртта и животот на големите американски градови“ (“ The Death and Life of Great American Cities”). Џејкобс беше жесток поборник за зачувување на малите населби како Гринич Вилиџ и северниот крај во Бостон. Вредноста на овие урбани средини, рече таа, е дека тие места обезбедуваат слободен проток на информации помеѓу жителите. За да се илустрира нејзината поента, Џејкобс ја опиша Хадсон улицата во Гринич Вилиџ. Таа го спореди полниот со луѓе тротоар

со спонтан балет изигран од луѓе со различни животни патеки. Учениците на стоп знаковите, озборувачките домаќинки, бизнисмените што итаат назад на своето работно место итн. Џејкобс твреше дека овие случајни размени се есенцијални. Таа го гледаше градот нè како изградена маса од згради, туку како склоп на празни простори, во кои луѓето имаат заемно дејство со други луѓе. Градот за неа не е силуета, туку танц. Предизвикот за Бетенкоурт и Вест беше да се најде начин да се измерат урбаните интеракции, и како и обично тие започнаа со статистика. Првиот сет податоци кои го анализираа беше економската продуктивност на американските градови, и набрзо стана јасно дека нивната работна хипотеза – градовите како слоновите, поефикасни кога стануваат поголеми, се покажа сосема неточна. Според податоците, кога и да еден град дупло ја зголеми својата површина, секоја мерка во економската активност, од конструкција до банкарски депозити се зголемува за апроксимативно 15 проценти по глава на жител. Не е важно колкав е градот, законот останува ист. Оваа равенка објаснува зошто луѓето се селат во големите градови, Вест додава „затоа што можеме да ја земеме истата личност, и само да ја пренесете во град кој е за двапати поголем, таа личност одеднаш ќе прави за 15 проценти повеќе од сè што можеме да измериме”. Додека Џејкобс можеше само да шпекулира за вредностите на нашите урбани интеракции, Вест тврди дека нашол начин кој може научно да ги потврди претпоставките на Џејкобс. Тој вели дека омилените комплименти за него се кога луѓето ќе му кажат дека тој направил исто што и Џејкобс би направила ако би можела по математички пат. Вест вели: „Податоците јасно покажуваат сè што Џејкобс беше доволно паметна да претпостави, а тоа е дека кога луѓето се групираат, стануваат повеќе продуктивни”. Џејкобс тврдеше дека изгледот на нејзиното соседство, кратките блокови, нивните различни намени и функции, густината

на елементите за поплочување, го олесни совладувањето на напрегнатоста на мeтрополата.

Различни урбани модели

Во последните декади, многу од најбрзо пораснатите градови во Америка, како Феникс и Риверсајд, ни нудат различни урбани модели. Овие градови ги заменија отворените јавни простори со индивидуални куќи за фамилии кои сакаат бела дрвена ограда. Бетенкоурт и Вест објаснуваат дека овие евтини субурбани комфорти се поврзани со лоши резултати на различни урбанистички параметри. На пример, Феникс се карактеризира со подпросечни примања и иновации во последните 40 години. „Кога ги разгледуваме овие брзорастечки градови, тие изгледаат како тумори на пејзажот. Имаат екстремен пораст, но тој пораст не е одржлив”, велат научниците.Вест и Бетенкоурт утврдија дека кога се анализираат и негативните варијабили на урбаниот живот, како криминалот и болестите, важи истата равенка и тоа: ако еден град ја дуплира својата големина, се очекуваат 15 проценти по глава на жител, зголемување на насилнички криминални дела, сообраќај и случаи на сида. (Секако овие трендови се вистински само генерално. Ако градот најми дополнителен број на полицајци или стриктни регулативи против загадувањето на градот, овие равенки не важат). Бетенкоурт вели: „Aко се зголеми дупло популацијата на еден град, сè што е поврзано со социјалната мрежа оди по нагорна линија за истиот процент”.Научниците се осврнуваат на феноменот „суперлинеарно зголемување”, модерен начин за објаснување на зголемената продукција на луѓето што живеат во големите градови. Кога суперлиниеарната равенка е графички прикажана, таа изгледа на ролер костер како се искачува кон небото. Позитивниот скок на урбаниот живот се однесува на тоа што градот што расте го прави секој негов жител повеќе продуктивен, привлекува нови луѓе да се преселат во

градовите, итн. Според Вест, овие суперлинеарни равенки, објаснуваат зошто градовите се едни од најважните изуми во историјата на човештвото. Тој вели дека кога почнавме да живееме во градовите, сме успеале да направиме нешто што никогаш претходно не било направено. Ова ги крши сите равенки на биологијата кои пак се сублинеарни. Секое суштество како се зголемува така станува побавно, за разлика од градовите во кои како стануваат поголеми, така сè започнува да се забрзува. За ова нема еквивалент во природата. Тоа е исто како да се сретне слон кој е пропорционално побрз од глушец.Секако, постои многу добра причина зошто животните се успоруваат како стануваат поголеми: целата маса бара енергија. Поради тоа што слонот мора да јаде онолку колку што му е потрбно да се најаде, не може да си дозволи да трча наоколу како глушец. Но, суперлинеарното зголемување на градовите не оди со такви вродени ограничувања. Наместо тоа, равенките на градот предвидуваат свет со постојано зголемување на потрошувачката на ресурси, како и екпанзија на градовите, што доведува до експанзија на економијата. Всушност, општествената потрошувачка управувана од процесот на урбанизација, нашата колективна желба за ајпод, фрапучино и последните модни трендови, ја надминува еколошката придобивка од локалниот масовен транзит. Иновациите го менуваат општеството

Вест го илустрира проблемот со споредба на човековиот живот во вати: „Човекот додека одмара работи на 90 вати” вели тој. „Tоа е толку моќност колку му треба за да легне. Ако станува збор за ловец-собирач кој живее покрај Амазон, ќе му требаат 250 вати. Тоа е моќност потребна за да најде храна. Значи колку енергија е потребна за животот на еден Американец? Кога ќе се додадат сите калории и потоа се додаде целата енергија која е потребна да се вклучи

Page 43: PORTA3 149

урбанизам

Page 44: PORTA3 149

Луис Манфорд

Page 45: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 45

45

урбанизамкомпјутерот или клима уредот, се добива значително поголем број, некаде околу 11.000 вати. Сега се запрашуваме, на кое животно му се потребни 11.000 вати да живее? И притоа разбираме дека живееме живот на кој му е потребна поголема моќност од бел кит. Нам ни е потребно повеќе енергија од најголемото животно кое постои. Ете затоа нашиот живот не е одржлив. Не можеме да си дозволиме да имаме седум милијарди китови на планетава. Не е јасно дали може да си дозволиме дури ни тристотини милиони китови”.Луис Манфорд, американски историчар го опишува издигнувањето на мегалополисот како „последна фаза во класичниот циклус на цивилизацијата”, која ќе заврши со комплетен прекин и порпаст.Bo неговите песимистички расположенија, Вест знае да се согласи: „Jaс знам дека ништо не може да тежи по нагорна линија засекогаш”. Всушност, Вест ја гледа човечката историја дефинирана од страна на оваа постојана напнатост меѓу експанзијата и недостатокот, помеѓу немолосрдниот раст овозможен од градовите и ограничените ресурси, кои го оневозможуваат растот. Единственото нешто што го стопира суперлинеарниот раст е кога ќе ни снема нешто што ни треба. Вест вели: „Тогаш растот се успорува. Ако ништо друго не се промени, тогаш системот ќе доживее колапс”.Како да се избегне оваа мрачна судбина? Единствено со постојана иновација. Откако ресурсот е исцрпен, принудени сме да експлоатираме нови ресурси, сè за сметка на одржувањето на суперлинеарниот раст. Вест наведува долга листа на откритија за да ја илустрира оваа шема историски, од откривањето на парната машина до пронаоѓањето на интернетот. Овие поголеми иновации целосно го променија начинот на кој општеството функционира. Тоа е како да сме на работ на една карпа, спремни да избегаме од нешто, и потоа ненадејно наоѓаме начин да создадеме богатство. Тоа значи дека можеме да почнеме да

се искачуваме повторно. Но, бегството е само привремено, бидејќи секоја нова иновација, на крајот води кон нови недостатоци. Кога ќе се исцрпат изворите на нафта, ќе се префрлиме на електрични автомобили, сè додека не ни снема литиум. Ова помага да се објасни она што Вест го кажува дека градовите се единственото решение на проблемите на градовите. Иако урбанизацијата генерираше навидум невозможни износи на економски пораснувања, таа притоа е инспирирана од иновациите што дозволуваат растот да продолжи. Но, постои сериозна компликација на ова триумфално прераскажување на работ на карпата и на креативноста, бидејќи нашиот животен стил стана толку скап за одржување, поради што секој ресурс сега се празни со многу поголемо темпо. Ова значи дека циклусот на иновации мора постојано да се забрзува, со секој чекор да се обезбеди пократок одмор. Крајниот резултат е дека градовите нè само што го забрзуваат темпото на животот, тие исто така го забрзуваат темпото со кое се менуваат.Вест потенцира дека порано ни требаа повеќе од неколку илјадници години за големи револуции, потоа ни требаше еден век помеѓу пронаоѓањето на парната машина до мотор со внатрешно согорување. Сега ние сме на околу 15 години помеѓу големи иновации. Ова значи дека луѓето доживуваат повеќе револуции во својот животен пат.

Растот бара промени

И сето тоа доаѓа од градовите. Откако почнавме да урбанизираме, влеговме во тркалото. Ние ја разменивме стабилноста на сметка на растот. А растот бара промени. Додека го слушате Вест како зборува за градовите, лесно се заборава дека неговите уверливи соопштенија се само корелации, и дека неговата статистика само алудира на можни објаснувања. Не е за изненадување, но многу урбани теоретичари не се согласуваат со заклучоците на Вест. Некои не се согласуваат со импликациите дека идните

урбани истражувања треба да се сведат на математички закони. Теоретичарот Џоел Коткин тврди дека работниот модел на Бетенкоурт и Вест е веќе застарен и не ги објаснува последните трендови. Тој вели дека во последнава деценија, предградијата имаат произведено шест пати повеќе работни места, и тоа нè само сервис неквалификувани работни места. Тој тврди дека центрите на американските иновации се градските места со ниска густина, како Силиконската долина и Рали Дурам, во Северна Каролина. За наводно целосна теорија за градот, Коткин вели дека работата на Вест и Бетенкоурт не објаснува многу од она што се случува денес. Но, теоретските физичари не ги обесхрабрија критиките. Тие признаваат дека нивните равенки не се совршени, но инсистираат на тоа дека работата останува неопходна после првиот предлог. Тие велат „кога Кеплер ги пронајде законите што ги регулираат планетарните движења, тој не сметаше дека тие се точни. Овие закони го инспирираа Њутн”.Во меѓувреме Вест и Бетенкоурт продолжија да бараат нови статистики, кои се надеваат дека ќе ги имплементираат во моделот. Вест сепак верува дека нивната суштинска теорија, суперлинеарен и сублинеарен раст, ќе остане непроменета.

Креативно неспокојство

Всушност, Вест е толку задоволен од своето урбанистичко истражување, што веќе станува неспокоен. Неодамна, тој и Бетенкоурт, предводени од оваа нетрпеливост, почнаа да истражуваат уште една тема: корпорација. На прв поглед, градовите и компаниите изгледаат многу слично. Тие се двете големи агломерации на луѓето, во интеракција со добро дефинирани физички простори. Тие содржат инфраструктура и човечки капитал, градоначалникот е како извршен директор. Но се покажува дека градовите и компаниите се разликуваат во

многу основни карактеристики: градовите речиси никогаш не умираат, додека компаниите се екстремно кратковечни. Како на пример, „Катрина“ не го избриша Њу Орлеанс, и нуклеарната бомба не го избриша Хирошима од мапата, додека некои водечки корпорации веќе не постојат. Нивниот просечен живот има распон од 40-50 години. Ова го покренува очигледното прашање: Зошто пак корпорациите се минливи? По купувањето на податоци на повеќе од 23.000 компании кои јавно тргуваат, Бетенкоурт и Вест откриваат дека корпоративната продуктивност, за разлика од урбаната продуктивност е сублинеарна. Како расте бројот на вработени, така износот на добивка по работник се намалува. Кога една компанија започнува со работа, тоа е за сите една нова идеја. И тогаш кога компанијата има среќа, идејата заминува. Сите се среќни и богати. Но, кога менаџерството започнува да се грижи за суштината, сите луѓе остануваат најмени само да ги регулираат документите. Ова е почеток на крајот. Вест тврди дека компаниите умираат од нивната потреба да станат поголеми. За Вест непостојаноста на корпорацијата ја осветлува вистинската сила на метрополата. За разлика од компаниите што се менаџирани од врвот надолу, од тим високо платени директори, градовите се оние непослушни места, во некои случаи имуни на желбите на политичарите. „Размислете колку се немоќни градоначалниците, тие не можат да им кажат на луѓето каде да живеат, што да прават или пак со кого да разговараат. Градовите не можат да се менаџираат како компаниите, и тоа е она што ги прави толку вибрирачки. Градовите се излудените маси на луѓе, удирајќи се еден во друг, а можеби и некое случајно споделување на некоја идеја или две. Тоа е слободата на градот што го одржува жив”, заклучува Вест

Маја ЛУКАРЕВСКА, дипл.инж.арх

Page 46: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011346

46

екологија

ПЕКИНГ

Кина водечка во ветроенергетиката

Кина ги претекна САД и стана земја со најголеми инсталирани

капацитети за производство на струја од енергијата на ветерот. Кина во 2010 година инсталирала 16 GW, што е за 62% повеќе отколку во 2009 година, објави Кинеското индустриско здружение за обновливи извори на енергија (CRЕIA). Сега Кина има вкупно 41,8 GW инсталирани капацитети кои и овозможуваат како земја со најголема емисија на стакленички гасови да замени 31,3 милиони тони и за 90 милиони тони на годишно ниво да ја снижи емисијата на јаглен диоксид. Наспроти Кина, во САД минатата година биле инсталирани 5 GW во ветроелектраните и сега има вкупно 40,2 GW.

(UPI)

ИСТАНБУЛ

Приватизација на најголемата турска термоелектрана

Во Турција ќе биде распишан тендер за приватизација на најголемата

турска термоелектрана HEAS, најавил потпретседателот на турската Управа за приватизација (OIB). Термоелектраната со струја го снабдува и европскиот дел на Истанбул, а нејзиниот капацитет е 1120 MW и има 7% учество во вкупното турско производство на електрична енергија. Турција со потполната приватизација на енергетскиот сектор сака да ја зголеми ефикасноста и конкурентноста на своите енергетски објекти и компании.

(Today's Zaman)

Енергетските пијалаци како гориво

“Four loco“ и уште четири видови на енергетски пијалаци, кои американската Управа за храна и лекови (FDA) ги прогласила за опасни по здравјето на луѓето, ќе бидат

рециклирани во етанол за биогориво за автомобили. Се работи за количество од неколку стотина шлепери на такви производи во конзерви и шишиња кои ќе се преработуваат во фабрика за етанол во Вирџинија. Се работи за пијалаци чиј хемиски состав на алкохол и кофеин е таков што предизвикува состојба на т.н. будна опиеност, заради која доаѓало до автомобилски несреќи и други штетни последици по здравјето на луѓето.

(Car Advice)

СИДНЕЈ

`

Page 47: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 47

47

екологија

РИМ

Италија планира нуклеарки на своја територија

Италија, најголемиот светски увозник на електрична енергија, планира до 2020

година да обезбеди задоволување на 25% од потребите за струја од нуклеарните електрани, 25% од обновливите извори и 50% од фосилните горива. Комесарот на италијанската Агенција

за нови технологии, Џовани Лели, истакнал дека Италија планира до 2015 година да почне со изградба на осум нови нуклеарни реактори. Италијанска електроенергетска компанија Enel, која 14% од своето производство на електрична енергија го добива од нуклеарките во Словачка и Шпанија, планира да инвестира од 20 до 24 милијарди евра во градењето на четири нуклеарки во Италија.

(Energoportal)

МОСКВА

Уште ќе има ирански гас

Иранскиот министер за нафта Масуд Мирказеми, објави дека Иран во Персискиот залив откри гасно поле наречено Khaiyam. Според проценките, полето содржи

260 милијарди м3 природен гас, од кои дури 80% е со можност за комерцијална употреба. Според сегашните цени, полето вреди околу 50 милијарди долари.

(Oil and Gas Eurasia)

ФРЕДЕРИЦИА

Нова британска ветроелектранаДанската енергетска групација

DONG Energy информира дека на британскиот енергетски систем е споена ВЕ Walney 1. Се работи за нова британска ветроелектрана која е изградена по брегот на Кумбрија. Електраната ќе се состои од вкупно 51 ветротурбини, а кога целиот проект ВЕ Walney 1 и 2 ќе биде готов, ќе содржи вкупно 102 турбини со вкупна јачина од 367,2 MW, што се смета доволно за снабдување на околу 320.000 британски домаќинства. Вкупната цена на вложување во проектот се проценува на околу 1 милијарда фунти. Инаку, во проектот учествуваат DONG Energy (со 50,1%), британската електроенергетска компанија Scottish & Southern Energy (со 25,1%) и конзорциум кој го чинат холандскиот пензионерски фонд PGGM и Ampire Equity Fund со кој управува Triodos Investment Management (24,8%). Се планира целиот проект да заврши до крајот на 2011 година.

(DONG Energy)

ВАШИНГТОН

2011 - година на електричниот автомобил

Електричните автомобили со години се во развој, но експертите велат ефикасноста на батериите, подобриот

перфоманс и поголемата отвореност на потрошувачите би можела да ја направат 2011 – година на електричниот автомобил. Според најавите, електричните автомобили ќе станат повеќе застапени на пазарот во 2011 година. Јапонскиот автомобилски производител „Нисан“ верува дека новиот модел “Leaf“ ќе биде привлечен за еколошки свесните потрошувачи кои не се со длабок џеп. Цената на овој модел се движи околу 30 илјади долари, а еден од директорите во „Нисан“, Марк Пери, автомобилот го именуваше како „електричен фамилијарен автомобил“.

(VOA)

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Page 48: PORTA3 149

48

48

екологија

ПОРТА 28 јануари 20113

Почнува Меѓународната година посветена на зачувување на шумското богатство

Во последнава деценија годишната загуба на шуми изнесува околу 5,2 милиони хектари, површина колку Костарика. Во просек, секоја година околу еден отсто од шумите во светот се сериозно оштетени од пожари. Наездата од инсекти штетници оштетува околу 35 милиони хектари шуми годишно

Шуми за луѓето, луѓето за доброто на шумите Загубата на шумите

низ бројкиВкупната површина под шуми во светот изнесува повеќе од 4 милијарди хектари, или 31 отсто од вкупната копнена површина. Во светот, меѓу 2000 и 2010 година, околу 13 милиони хектари под шуми годишно беа претворани во земјиште за друга намена или загубени во природни околности. За периодот од 2000 до 2010 година годишната загуба на шуми изнесува околу 5,2 милиони хектари, површина колку Костарика. Во просек, секоја година околу еден отсто од шумите во светот се сериозно оштетени од пожари. Наездата од инсекти штетници оштетуваат околу 35 милиони хектари шуми годишно. Годината на шумите доаѓа по Меѓународната година на биодиверзитетот 2010.

Page 49: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 49

49

екологија

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2011 година за

Меѓународна година на шумите за да ја подигне јавната свест за одржливиот менаџмент, конзервацијата и одржливиот развој на шумското богатство. Темата на годинашното одбележување е „Шуми за луѓето“ и има за цел да ја истакне централната улога на луѓето во одржливиот менаџмент и зачувувањето на шумите што обезбедуваат засолниште за човекот и хабитат за биодиверзитетот, претставуваат извор на храна, лекови и чиста вода и играат важна улога во одржувањето стабилна клима и животна средина. Сите овие елементи одат во прилог на тезата дека шумите се клучни за доброто на луѓето ширум целата планета, на сите седум милијарди од нас.

Шумскиот биодиверзитет во опасност

Според последниот извештај на Обединетите нации, повеќе од една третина од шумите во светот се класифицирани како примарни - не покажуваат видливи знаци на човечка интервенција. Примарните шуми, особено тропските шуми, ги опфаќаат некои од најбогатите екосистеми на планетата, и тоа дури околу 36 отсто од вкупната

пошумена површина во светот (околу 1,4 милијарди хектари), но нивната површина во последниве десет години се намалила за повеќе од 40 милиони хектари. Ова не значи дека шумите на таа површина исчезнале, туку дека се класифицирани во други групи поради селективното сечење на шумите за огревно дрво и други активности кои ги спроведува човекот во дадениот период. Од Обединетите нации нагласуваат дека и шумите во кои се гледа човечка интервенција имаат вредност во поглед на биодиверзитетот, значително придонесуваат за заштита на средината и се пример за доброто и одржливо менаџирање (во случаите во кои навистина е така).Извештајот посочува дека во Јужна Америка е забележана најголема загуба на примарните шуми, а следат Африка и Азија. Освен неконтролираната сеча, за губење на шумите во светот се заслужни и климатските промени, пожарите, болестите и наездата на штетници, природните катастрофи и инвазивните видови. Во исто време, површината под шуми одредена за заштита на биолошката разновидност е зголемена за повеќе од 95 милиони хектари од 1990 година. Денес, 12 отсто од светските шуми (повеќе од 460 милиони хектари) се предмет на заштита на биодиверзитетот,

посочуваат експертите. Законски формираните заштитени области, како што се националните паркови, резерватите и зоните на недопрена дивина сега покриваат повеќе од 10 отсто од вкупната површина под шуми во повеќето земји и региони. Нивната позитивна функција се гледа во зачувувањето на биолошката разновидност, заштитата на почвата и на водните ресурси.Шумскиот биодиверзитет е огромно богатство, особено затоа што шумите нè само што ќе мора да се адаптираат на климатските промени, туку се очекува и да ги ублажат, коментираат експертите.Шумите имаат четири улоги во врска со климатските промени: придонесуваат со една шестина од глобалните емисии на јаглерод кога се сечат, претерано експлоатираат или се деградираат; покажуваат чувствителност пред налетот на климатските промени; кога одржливо се менаџираат даваат горива како бенигна алтернатива на фосилните горива и на крајот, имаат потенцијал да апсорбираат една десетина од глобалните емисии на јаглерод во нивната биомаса.

Меѓународен филмски фестивал за шумите

Во светот веќе почнаа подготовките за одбележување на Меѓународната година на шумите,

на национално, регионално и меѓународно ниво. Централен настан секако ќе биде филмскиот фестивал што ќе го означи официјалниот почеток на Годината на шумите. Секретаријатот на Форумот за шуми при Обединетите нации во соработка со The Jackson Hole Wildlife Film Festival ги привршуваат подготовките за Меѓународниот филмски фестивал за шумите (IFFF). Победничките филмови на фестивалот ќе бидат презентирани пред претставниците на 192 земји на почетокот на Меѓународната година на шумите 2011, во седиштето на Обединетите нации, во Њујорк, од 2 до 4 февруари. Тие ќе бидат прикажани и ширум светот. Филмскиот фестивал за шумите има за цел да ја подигне јавната свест за значењето на шумите, нивната поврзаност со луѓето и со планетата што ја делиме и да инспирираат одговорност за позелена, поеднаква и поодржлива иднина, велат од организацијата. Филмовите што влегоа во конкуренцијата се пријавуваа до 30 ноември минатата година, а победниците ќе бидат познати на централната манифестација. Темата на фестивалот е „Шуми за луѓето“.

Сашо КУЗМАНОВСКИ

Page 50: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011350

50

екологија Глобализацијата претставува меч со две острици. Од една страна, со новите технологии овозможува

да се создадат услови за здрава животна средина, а од друга страна носи и закани кон неа поради трошењето на необновливите ресурси и генерирањето на огромни количини отпад. Сите сме свесни дека трендот на потрошувачко општество, што се базира на принципот употреби - искористи - исфрли (најмногу што може) треба да се смени во употреби - рециклирај - преработи, а неискористениот отпад треба да се инертира и соодветно да се депонира. Постоечките необновливи ресурси се веќе при крај, а од друга страна со зголемување на популацијата растат и нејзините потреби. Напредокот на технологијата посочен како еден од виновниците за деградација на животната средина, многу лесно може да го докаже спротивното. Решението е јасно, сè е можно со помош на високоразвиена технологија. Идеи и решенија за спас на животната средина има. Во Македонија, првото нешто што мора да се спроведе по собирањето на цврстиот комунален отпад е извршувањето на потребните анализи, односно одредувањето на физичкиот состав, преку кој ја одредуваме застапеноста на поединечни категории материјали (стакло, хартија, пластика, органски остатоци, метали итн.), понатаму елементарниот состав, при што се врши анализа на застапеноста на најчестите хемиски елементи (C, H, N, S, O), и на крај проксимативниот состав (застапеноста на влага, пепел и согорливи материи). Добиените податоци варираат во различни региони. Ова може да зависи од многу фактори како на пример, во какви услови се земени пробите, економската моќ на населението во тој регион, потрошувачките навики итн.Решенијата зависат од податоците што ќе ги добиеме. За да може да се третира цврстиот комунален отпад термички, потребни ни се материи во составот на ЦКО кои поседуваат голема топлинска моќ. Анализите според одредени експерти (Rodriguez et al. 1995) покажуваат дека пластиката се карактеризира со најголема

Најефикасен термички третман на отпадот претставува инсинерацијата во комбинација со пиролиза, во која отпадот се согорува на високи температури. Треба да се напомене дека користа од инсинерацијата е двојна, односно се намалува на количината на цврстиот комунален отпад (маса -75%, волумен -90%), и се добива топлинска и електрична енергија. Ефектот од инсинерацијата може да се види од следниов пример: количината на собран отпад во Македонија изнесува 531.281 тони (мерења за 2008 год. Завод за Статистика), а после третманот на инсинерација ќе изнесува околу 50.000 тони

ОТПАДОТ НЕ Е ЃУБРЕ

Page 51: PORTA3 149

екологија

51

part of Gretsch Unitas Gruppe

Óë. 29 Íîåìâðè 60

1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à

Òåë.: + 389 (0)2 3246-586

Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586

[email protected]

Ãåðìàíñêè îêîâè

çà ïðîçîðöè è âðàòè

ñî ïîâå�å îä 100

ãîäèíè òðàäèöè¼à

part of Gretsch Unitas Gruppe

Óë. 29 Íîåìâðè 60

1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à

Òåë.: + 389 (0)2 3246-586

Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586

[email protected]

Ìóçå¼ „Ãóãåíõà¼ì“ - Áèëáàî, Øïàíè¼à

Ñîâðåìåíà òåõíîëîãè¼à çà ïðîçîðöè è âðàòè

part of Gretsch Unitas Gruppe

Óë. 29 Íîåìâðè 60

1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à

Òåë.: + 389 (0)2 3246-586

Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586

[email protected]

Äóðè è ïî 100 ãîäèíè

íàøàòà âèçè¼à íåìà äà

çàñòàíå. Íîâè ïîãëåäè

êîí ñâåòîò, çàñåêîãàø.

Ãåðìàíñêè îêîâè çà

ïðîçîðöè è âðàòè.

BMW Welt- Ìóçå¼îò íà ÁÌ âî Ìèíõåí, Ãåðìàíè¼à

топлинска моќ (40.000 kj/kg), а по неа следат дрвото (20.000 kj/kg), хартијата (18.000 kj/kg),отпадоците од лисја (18.000 kj/kg), и на крај остатоците од храна (4.200 kj/kg). Бидејќи зборуваме за искористување на комуналниот отпад во Македонија, да го спомнеме и составот (%) на ЦКО кај нас, и истовремено да го споредиме со развиените земји. Овие податоци според анализата на Марија Лазова, дипл.маш.инж. изгледаат вака:

Составот на ЦКО во Македонија изобилува со материи со голема топлинска моќ. Ова го прави

погоден за согорување. Најефикасен термички третман претставува инсинерацијата во комбинација со пиролиза, во која отпадот се согорува на високи температури. Треба да се напомене дека користа од инсинерацијата е двојна, односно доаѓа до намалување на количината на ЦКО (маса -75%, волумен -90%), и добивање на топлинска и електрична енергија. Тоа всушност значи дека количината на собран отпад

во Македонија изнесува 53.281 тони (мерења за 2008 год. Завод за Статистика), а после третманот

на инсинерација ќе изнесува околу 50.000 тони. Од оваа количина, дел претставуваат железото, металите, стаклото и керамиката, материи кои се издвојуваат како резултат на овој процес и се спремни за понатамошно нивно рециклирање, односно формирање нови суровини. Остатокот се инертира и после тоа може да се употреби како дополнителна суровина во градежната индустрија. Бидејќи ова е процес на согорување, нормално е и создавањето на штетни гасови. Но истите се пречистуваат со помош на специјализирани филтри, па потоа се испуштаат во атмосферата, а нечистотиите (токсичните материи) што се во мала количина, се инертираат и потоа депонираат. Во ситуација кога Македонија е во дефицит со електрична енергија и истата ја увезува од соседните држави, инсинерацијата би претставувала идеално решениe. Самите ќе произведуваме доволно количество електрична и топлинска енергија и воедно ќе се ослободиме од купиштата отпад

што моментално ја затрупуваат територијата на нашата земја. Пред некое време одредени компании започнаа да произведуваат мини инсинератори кои ја олеснуваат целата постапка. Нема да има потреба да се врши секојдневен далечен транспорт на отпадот до околните депонии (пример Дрисла), и со истиот ќе се управува речиси на самото место на создавање. Поради малите димензии тие можат да бидат поставени во различен број во сите општини, зависно создадената и собрана количина отпад во истата. Државата и приватните инвеститори би требало сериозно да размислуваат за имплементирање на овие ефикасни третмани во поглед на искористувањето на можностите што ги нуди отпадот. Наместо да се затрупуваме во него и да ја загадуваме средината во која живееме, можеме да добиеме финансиски бенефит, и воедно да ја заштитиме животната средина.

Никола НЕШКОВСКИ, дипл. еко-менаџер на животна средина

Page 52: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011352

52

Моќта на биберчето

експерт

За британците едно биберче (pepercorn), било да е црно или бело, е важна монетарна

единица во англискиот правен систем. За разлика од сегашниот македонски систем каде купувањето на приватизираното градежно земјиште под колективните станбените згради по цена од едно евро е крајната цел на процесот, кај англичаните тоа е изнајмување на градежното земјиште на кое лицето има веќе делумна сопственост по цена од едно биберче годишно. Звучи нелогично? Можеби да, но веројатно не, ако се знае дека во Англија лице не може да купи стан во сопственост во вистинска смисла на зборот. Вообичаено во Англија становите не се продаваат во сопственост на купувачот, туку преку процесот на купопродажба се изнајмуваат за одреден број години, со тоа што

наемнината однапред се плаќа за сите години. Правилото е сопственикот на земјиштето, што може да биде правно или физичко лице, откога ќе го изгради објектот да изготви правен документ со кој се утврдува денот од кој почнува истиот да важи, времетраењето и условите на изнајмување на поединечните единици, итн. Ваквото изнајмување во минатото било на 999 години, а во поново време е на 99 или пак 125 години. Купувачот секогаш може да го купи само преостанатиот дел од оргиналниот период за изнајмување. Така на пример, ако еден купувач го купи (долгорочно изнајми) станот на првиот ден од воспоствување на оргиналниот документ за изнајмување со времетраење од 99 години, тој ќе го изнајми станот за целиот овој период. Доколку друг купувач купи друг невселен стан

во истиот објект, но по четири години, тој истиот ќе го изнајми за само 95 години. Ако првиот купувач се реши да го продаде станот по 19 години, лицето што ќе го купи станот всушност ќе го изнајми истиот само за преостанатите 80 години. Во случај истиот стан повторно да се продаде по 30 години, наредниот купувач ќе го изнајми само на 50 години, итн. Колку е помал рокот толку повеќе се намалува цената за купување (долгорочно изнајмување) на истиот, но и толку станува потешко да се финансира ова, со оглед на тоа што банките вообичаено не даваат кредити за вакво изнајмување, особено ако тој период е помал од 30-тина години од кога ќе заврши отплатата на кредитот. Се разбира, по истекот на периодот за изнајмување, становите се враќаат во сопственост на сопственикот

на земјиштето на коешто се наоѓа објектот. Вообичаено не е можно еден субјект да е сопственик на земјиштето, а друг сопственик на објектот, кога станува збор за колективни станбени згради. Ваквиот пристап резултира кај најмалку две страни во процесот на купување стан, и тоа сопственикот на земјиштето (landlord) и најмувачот на станот (leaseholder). Предноста на ваквиот пристап е што секогаш се знае кој е сопственик на земјиштето и објектот, а кој е најмувач на станбена единица во објектот, коешто, во принцип помага да се регулираат заемните обврски на двете страни во договорот. Долгорочниот најмувач на станот има право на „тивко уживање“ (quiet enjoyment) на изнајмената единица и е во контрола само на внатрешниот

Во Англија становите не се продаваат во сопственост на купувачот, туку преку процесот на купопродажба се изнајмуваат за одреден број години, а наемнината однапред се плаќа за сите години. Сопственикот на земјиштето, што може да биде правно или физичко лице, откога ќе го изгради објектот изготвува правен документ со кој се утврдува денот од кој почнува истиот да важи, времетраењето и условите на изнајмување на поединечните единици, итн. Ваквото изнајмување во минатото било на 999 години, а во поново време е на 99 или пак 125 години

БРИТАНСКИ ИСКУСТВА

Page 53: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 53

53

експерт

Во Англија становите не се продаваат во сопственост на купувачот, туку преку процесот на купопродажба се изнајмуваат за одреден број години, а наемнината однапред се плаќа за сите години. Сопственикот на земјиштето, што може да биде правно или физичко лице, откога ќе го изгради објектот изготвува правен документ со кој се утврдува денот од кој почнува истиот да важи, времетраењето и условите на изнајмување на поединечните единици, итн. Ваквото изнајмување во минатото било на 999 години, а во поново време е на 99 или пак 125 години

Предноста на ваквиот пристап е што секогаш се знае кој е сопственик на земјиштето и објектот, а кој е најмувач на станбена единица во објектот, што во принцип помага да се регулираат заемните обврски на двете страни во договорот

простор во станот ограничен со завршната обработка на подот, плафоните, ѕидовите, вратите, прозорците и веќе вградените приклучоци за инсталации. Значи, во еден ѕид кој дели два стана, секој од најмувачите располага само со малтерот на неговата страна од ѕидот, додека ѕидот е во сопственост на сопственикот на земјиштето. Оттука, најмувачите се задолжени за одржување само на она што е под нивна контрола, додека сè друго е одговорност, исклучиво во смисла на организрање, на сопственикот на земјиштето. Тој има обврска да го осигура објектот како целина, да се грижи за неговото тековно и инвестиционо одржување, и сл. Од друга страна, најмувачите се должни да ги плаќаат сите трошоци сврзани со обврските што сосптвеникот на земјиштето ги има, плус годишна наемнина за земјиштето на кое објектот се наоѓа со придружното партерно уредување. Дел од предностите што потенцијално произлегуваат од овој принцип, можат веднаш да се согледаат. На пример, ако дојде до катастрофална случка,

да речеме пожар, во која објектот е тешко оштетен, обврска е на сопственикот на земјиштето да обезбеди соодветно времено сместување за најмувачите на становите и нивните домаќинства, како и да го реконструира или преизгради објектот. Притоа, ова би се покрило преку осигурувањето на објектот што сосптвеникот на земјиштето го организирал. Наспроти ова е домашното сценарио, во кое можеби само неколку стана во станбена зграда се осигурани. Како резултат на ова, во слично сценарио, не ќе може да се обнови објектот со оглед на тоа што само негови делови ќе бидат осигурени. За да си ја олесни работата, сопственикот на земјиштето, може да назначи компанија која ќе раководи со објектот во негово име, но исто така и најмувачите на становите имаат право да се самоорагнизираат и формираат своја компанија за упрвавување на објектот со која нивните избрани претставници ќе раководат, но во консултација со сопственикот на земјиштето. Законите им даваат две можности на најмувачите на

становите. Откако ќе живеат во станот најмалку две години, тие имаат право да побараат продолжување на периодот за кој е изнајмен објектот, или пак да побараат да го купат земјиштето на кое се наоѓа објектот. Во овој случај најдобро е ако сите најмувачи земат учество во процесот. До колку станува збор за купување на земјиштето, најмувачите треба да се самоорганизираат и формираат фирма (правно лице) која ќе го купи земјиштето, при што секој стан (односно неговиот најмувач) станува акционер и сопственик на, вобичаено, идеален дел од земјиштето. Со овој акт, најмувачите на становите колективно преку заедничката фирма стануваат сопственици на земјиштето и објектот. Ова им дава можност да изготват нов правен документ за изнајмување со кој најчесто ќе си го продолжат рокот на изнајмување на становите, на пример, за нови 999 години, и плаќањето на годишната наемнина за земјиштето ќе го сведат на номинално плаќање од едно биберче годишно, кое се разбира не се наплатува. На овој

начин тие и колективно управуваат со земјиштето и објектот, но исто така се зачувува односот помеѓу сопственикот на земјиштето и објектот (каде што секој од нив има удел) и најмувачот на станот каде тие настапуваат индивидуално. Ваквиот пристап овозможува колективното да ги заштити интересите на мнозинството во објектот.

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж. арх.

Page 54: PORTA3 149

55

5555TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

54

наука

ОСВАЛД МАТИЈАС УНГЕРС (1926-) најнапред гради неколку значајни објекти во Франкфурт, како што се: Германскиот архитектонски музеј, поставен на брегот на реката Рајна (1980-83), Конгресната сала 9 со галерија (1980) и т.н. саемска Гејт хаус (Нојен тор). Саемската Гејт хаус (1983) е компонирана од три геометриски елементи: камена плоча, камен портал и стаклено јадро. Во средината на 80-тите години од минатиот век, овој објект станува пример за германската рационална ,,нова чистота во архитектурата”. Сепак, нејзиното тричлено расчленување наликува на некои штотуку изградени дела на Филип Џонсон и Мајкл Грејвс. Како теоретичар на архитектурата, на Унгерс му се припишува разработката на постмодерниот контекстуализам во еден ,,неодолив” јазик на градот, за што посебен придонес има дадено и Леон Крир. Архитектонската библиотека на Унгерс (1989-90) е направена како анекс на неговата куќа во Келн, изградена 30 години порано, во вид на манифест на рационалната и скулптуралната архитектура. Со направените модификации и проширувања, Унгерс куќата ја претвора во минијатурен приватен град, каде што уметноста и природата се соединети во еден урбан ансамбл на многу мал простор. Фасадите на оваа необична композиција се направени од тула и базалт, донесени од родното место на Унгерс. Библиотеката подоцна е наменета за студиски истражувања

во рамките на ,,Архитектонската фондација Унгерс”. Резиденцијата на Германската амбасада во Вашингтон (1995), Унгерс ја конципира во вид на модерен антички храм со трем од колосални бетонски столбови, кои носат лесна стаклена покривка. Монументалноста на објектот се зголемува со неговата поставеност на возвишение, кое наликува на ,,зелен Акрополис”. Музејот Валраф-Рихарц во Келн (1998-2001), Унгерс го подига врз основа на проектот со кој има победено на конкурс во 1996 година. Во неговата концепција до целосен израз доаѓа т.н. архитектура во контекст, бидејќи новиот објект прави органска целина со затекнатите урнатини на црквата Св. Албан. Преку суперпонирање на волумените, во новиот објект на мајсторски начин се интерпретирани ритамот и пропорцијата на соседните објекти. Готфрид Бем во овој период, освен со доградбата на Универзитетот во Бременсхафен, својот позитивен однос кон старата вредна архитектура го докажува на мајсторски начин и преку реставрацијата и адаптацијата на палатата во Сарбрикен (1979-89). Кај оваа барокна палата тој го обновува урнатиот централен дел во неговиот историски габарит, но со модерно архитектонско обликување во вид на ,,глазирана” врска меѓу историските крила. Готфрид Бем, со нагласен геометризам го дизајнира колоритот на таванот и муралите на собраниската сала.

Сл. 1. О. М. Унгерс. Саемската Гејт хаус, Франфурт на Мајна.Сл. 2. О. М. Унгерс. Архитектонската библиотека Унгерс, КелнСл. 3. О. М.Унгерс. Резиденцијата на Германската амбасада, ВашингтонСл. 4. О. М. Унгерс. Музејот Валраф-Рихарц, КелнСл. 5. Г. Гем. Реставрација и адаптација на палатата во Сарбрикен. Внатрешност

МИХАИл ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (101)

ГЕРМАНИЈА (5) Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци

ПОРТА 28 јануари 2011354

Page 55: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 55

рубрика

5555

ПОРТА 03 декември 2010355 ПОРТА 19 ноември 2010355TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА”Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Page 56: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011356

арт инфо

56

СКОПЈЕ

„Соништа во длабок печат“Во Националната галерија на Македонија, во

објектот Чифте амам, е отворена самостојната изложба на Соња Димовска под наслов „Соништа во длабок печат“. Оваа изложба е десета самостојна изложба на Димовска која дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, оддел графика, во 1998 година во Скопје, а магистрирала на истиот факултет и истиот оддел во 2005 година. Нејзините досегашни изложби се реализирани во Скопје, Прилеп, Дрезден и Монца, Италија.На изложбата со наслов „Соништа во длабок печат“ се изложени 36 дела од истоимениот циклус, изработени во период 2008-2010 година. Делата се минијатури, сите со исти димензии 12 см во дијаметар и кружна основа, а се изработени во традиционалните графички техники како акватинта, бакропис и сува игла, техники кои авторката најмногу ги користи во своето творештво.

ЊУЈОРК

Повеќе од 300.000 долари за графика на Ворхол

Графика на Анди Ворхол издупчена со куршуми од огнено оружје, сопственост

на познатиот актер Денис Хупер, кој почина минатата година, е продадена за 302.500 долари на аукција во Њујорк. Се работи за графика од 1972 година на која уметникот го претставил кинескиот лидер Мао Ѕедунг во сини тонови и со зелени усни. Графиката е меѓу 300 уметнички дела кои наследниците на Хупер ги понудиле на продажба преку аукциската куќа „Кристи“. Инаку, самата графика е издупчена на две места, после една бурна ноќ во која Хупер дивеел и кога помислил дека пред него стои вистинскиот Mao, па пукал во него. Откако актерот му покажал на Ворхол што сторил, двајцата подоцна се сложиле ова дело да го третираат како плод на заедничка соработка.

ЛОНДОН

Пикасо и Моне на аукција во „Сотби“

Делата на Пабло Пикасо и Клод Моне ќе бидат дел од големата аукција

во „Сотби“ во Лондон што ќе се одржи на 8 февруари. Оваа аукциска куќа соопшти дека во понудата се и дела на Алберто Џакомети, Хуан Миро и Рене Магрит и дека лицитацијата би можела да донесе околу 400 милиони фунти. Сликата „Читање“ на Пикасо, според оценките на експертите, би можела да достигне цена помеѓу 12 и 18 милиони фунти. Шпанскиот мајстор на оваа слика ја насликал својата љубовница и муза Mари Терез Волтер со сонлив поглед и со отворена книга на колената. Пикасо, својата врска со неа ја криел заради фактот што девојката имала само 17 години, но и заради тоа што бил во брак со танчерката Олга Коклова.

Page 57: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 57

57

Во Музејот на современата уметност во Скопје е

поставена изложбата насловена како „Минимализмот, конструктивизмот и монохромијата во македонската уметност“. Се работи за поставка која ги претставува влијанијата на конструктивизмот

и минимализмот во однос на уметничките објекти во кои се здружуваат концептите и техниките на сликарскиот и скулпторскиот медиум. Изложбата го опфаќа периодот од средината на 1960 година до крајот на 1990 година и ги претставува делата на Петар Хаџи Бошков, Јордан

Грабул, Стефан Маневски, Томо Шијак, Ристо Калчевски, Благоја Николоски, Глигор Стефанов, Петре Николоски, Благоја Маневски, Станко Павлески, Јован Шумковски, Кољо Мишев, Томе Аџиевски, Исмет Рамичевич, Богоја Ангелкоски и Гоце Наневски.

ВИЕНА

(Авто)Портрети на Шиле во „Белведере“

Во музејот на виенскиот дворец

„Белведере“, на 17 фебруари ќе биде отворена големата изложба за Егон Шиле (1890-1918), а на неа ќе бидат прикажани над 100 автопортрети и портрети на славниот австриски сликар. Изложените дела ќе го прикажат уметничкиот развој на Шиле и неговите извонредни дела во кои тој се претставува како сликар на портрети. Иако имал само 28 години кога починал од „шпанска треска“, Шиле зад себе оставил значаен опус, а во средиштето на неговите прикази се само луѓе.

Сања Ивековиќ е првиот хрватски уметник, кој ќе

има самостојна изложба во престижниот њујоршки Музеј на модерна уметност - MoMA. На официјалните страни на MoMA, изложбата се најавува како прво службено претставување на Ивековиќ во САД, во кое ќе биде претставено творештвото на оваа пионерка на видео уметноста. Кустос на изложбата е критичарката

Роксана Маркочи. Изложбата со наслов „Слатко насилство“ ќе трае од 18 декември оваа година до 26 март 2012. На изложбата ќе бидат претставени дела од нејзиното 40 годишно творештвото. Инаку, насловот „Слатко насилство“ е според нејзиното истоимено видео дело од 1974 година. Во него, Ивековиќ преку рекламите што во тоа време се вртеа на загрепската телевизија ставала црни решетки.

СКОПЈЕ

Минимализмот и конструктивизмот во македонската уметностарт инфо

ЊУЈОРК Ивековиќ во MoMA

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Page 58: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011358

58

портрет

„Трудољубивиот градинар“ Патрик Доерти, американски

уметник, последните 25 години од својот живот ги посвети на изградба на природни, робустни гнезда, во потполност изградени од гранки, прачки или исушени дрва. Неговата примарна идеја е соживот меѓу околината, човекот и неговите гнезда. Досега овој уметник има реализирано повеќе од 200 инсталации, користејќи го целиот достапен природен материјал, а конечниот резултат ја брише границата меѓу уметничката инсталација, архитектурата или пејзажниот дизајн. Наместо типичните геометризирани форми, карактеристични за современата архитектура, Доерти се одлучил за структури кои делуваат архетипски и потсетуваат на првобитните техники на градење. Неговите „site-specific“ дела понекогаш се самостојни во просторот, но честопати се потпираат на околните дрва,

куќи... Во секој случај, според реакциите на посетителите, инсталациите делуваат неочекувано, по малку бајковито и секогаш носат свест за почитување и заштита на природата. Инаку, секоја изведена инсталација е оставена на милост на времето, па така нивното природно пропаѓање и нивната непостојаност како скулптури е составен дел од самата уметничка идеја.

МИНЛИВИ СКУЛПТУРИ Вајарот Патрик Доерти своите уметнички дела ги создава уште од 1982 година. Изложува ширум светот, во разни отворени и затворени простори и услови, почнувајќи од мочуришта во Ирска, па сè до големите градски центри во САД. Моментно е еден од најбараните уметници на меѓународната сцена. Непостојаните скулптури се суштинскиот момент во неговото творење. „Мислам дека заводливоста во мојата работа е токму во нивната минливост, во

нивниот животен циклус кој се состои од градење и пропаѓање. Мојот фокус на интерес секогаш беше процесот на градење и можноста оние што поминуваат покрај нив да уживаат, како во дневните промени на уметничките дела, така и во ‘драмата’ на создавање на скулптурата како конечен производ. Скулптурите направени од прачки, почнуваат да бледеат после две години. Јавноста е навикната во замислата дека секое уметничкото дело треба вечно да трае, но јас верувам дека скулптурата како и убавиот цвет си имаат своја сезона.“Последната реализирана инсталација на Доерти, со наслов „Natural History“, се наоѓа во бруклинската ботаничка градина во Њујорк. Таа е збир од пет наведнати колиби предвидени за, како што самиот автор кажува, „дивите деца и возрасните што се чувствуваат своеглави“. Градењето траело три недели, а во него учествувале деца од

околните училишта кои биле подучувани за техниката ткаење со прачки и гранки од врба. Уметникот смета дека освен мирот и поврзаноста со природата, неговите колиби овозможуваат и креативни решенија за сите оние што се незадоволни со високите цени на недвижности, и предвидува дека еден ден тие можеби би претставувале и реална можност за живеење.

ПОМОШ Во креирањето на овие уметнички дела на Доерти му помагаат екипи од доброволци чија бројка зависи од сложеноста на проектот. „Најчесто со четворица работам во секој момент, но во текот на трите недели работа на еден проект, можат да бидат вклучени и до педесетина луѓе во самиот развој. Екипата вклучува и богати и сиромашни, образовани или не, луѓе од сите возрасти“.

Дејан БУЃЕВАЦ

ЏИНОВСКИ гнезда за луѓе

Page 59: PORTA3 149

3 59

59

28 јануари 2011 ПОРТА

Патрик Доерти

„Јавноста е навикната во замислата дека секое уметничко дело треба вечно да трае, но јас верувам дека скулптурата како и убавиот цвет си имаат своја сезона“

ЏИНОВСКИ гнезда за луѓе

Page 60: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011360

60

арт и дизајн

Познатите уметници и архитекти Умберто и Фернандо Кампана за компанијата „Cosentino“ креираa уметничко дело составено од рециклирани материјали од порцелан, стакло и дрво, како и најновиот „eco-resin” што содржи 22% растително масло

Page 61: PORTA3 149

3 61

61

28 јануари 2011 ПОРТА

Умберто и Фернандо Кампана

Во текот на одржувањето на минатогодишната Недела на дизајн во Милано, познатиот

италијански бренд „Cosentino“ направи мошне интересна уметничка инсталација, дело на браќата архитекти Умбрто и Фернандо Кампана. Овој концепт е направен за да се презентира една уметничка интерпретација на материјалот „ECO”, што настана во лабораториите на оваа позната компанија. Важно е да се истакне дека се работи за материјал во чиј состав влегуваат рециклирани

материјали како порцелан, стакло, дрво и огледало, како и најновиот „eco-resin” што содржи 22% растително масло. Оценката на критичарите што ја виделе оваа инсталација е дека „Cosetino” повторно се покажа како мошне иновативен и технолошки напреден бренд. Тој овозможува современи и креативни решенија кои се истакнуваат со атрактивен дизајн, различна можна употреба на креираните материјали и со естетика надвор од препознатливите стандарди.

Инсталацијата се состои од голем број слоеви, распоредени така да потсетуваат на контурите на карпест терен, што е логично, ако се земе предвид дека бизнисот со природниот камен е примарна дејност на оваа компанија со години наназад. Двајцата уметници избрани за изработка на оваа инсталација, се доста познати по употребата на рециклираните материјали во своите архитектонски проекти, што се покажува и во оваа необична естетика,

која е производ на оригинално креативно размислување. Според Сантјаго Алфонсо, маркетинг директорот на „Cosentino Group“, креативноста, инспирацијата и меѓународното искуство на Умберто и Фернандо Кампана се елементи кои ја поврзуваат нивната работа со вредностите на „Cosentinо“. Овие двајца уметници се познати ширум светот со своите дизајнерски вештини врз основа на користење рециклиран материјал.

Дејан БУЃЕВАЦ

Материјалот „ECO“ како дизајнерска инсталација

Page 62: PORTA3 149

занимливости

ПОРТА 28 јануари 2011362

62

ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗА ДНЕВНА СОБА

-Сакаме да го прошириме приземјето на нашата семејна куќа кое заедно со скалишниот простор изнесува околу 70 м2. Станот може да се прошири за сметка на шпајзот во кој се влегува од терасата. Секако, делумно би го промениле и распоредот на просториите за да ги задоволиме потребите на нашето четиричлено семејство.

Семејство Николовски, Скопје

Шпајзот што нема врска со станот и во кој се влегува

преку терасата, искористете го за кујна. Пробијте го ѕидот меѓу кујната и шпајзот со што ќе добиете слободен отвор без врата. Така станот ќе го проширите со слободен пристап од дневниот престој. Во новата кујна има доволно место за еднострана кујна. За разлика од досегашниот распоред, кога кујната била поставена на мала површина и била вклопена во дневната соба, сега е посебна целина која може, но и не мора да се оддели со врата. Под прозорецот поставете го садоперот и машината за миење садови.

Најпознатиот индустриски дизајнер во Америкa, како што во едно свое издание го нарече магазинот

"TIME" е блиску до нас. Карим Рашид крајот на 2010 година го одбележа со отворање на своја продавница во Белград. Продавницата наречена "KARIM SPACE" е уште еден доказ за љубовта на Рашид кон неговата сопруга, Србинката Ивана Пуриќ, и се смета дека може да придонесе за ренесансата на дизајнот во Србија. Во продавницата се продава мебел и предмети за домаќинство, вклучувајќи часовници, ламби, книги и килими, од кои 75 отсто се дизајнирани од Рашид, а останатите од други современи дизајнери, кои Рашид ги смета за добри и квалитетни. Цените се поволни, а ќе има и повеќе луксузни предмети. Со тек на време, зависно од тоа како ќе се развива продавницата, планот е во Белград да се донесат што повеќе ексклузивни работи. Паралелно со отворање на свои продавници, Рашид работи и на дизајн за хотел со 600 соби во Бангкок, клиника за пластична хирургија во Сеул, детско одделение на стоковна куќа во Москва, моден бутик во Њујорк, лаптоп во Тајван, накит за француска компанија, микробранова во Словенија и мебел за компании низ целиот свет. Исто така, тој работи и на својата книга која ќе биде составена од негови скици наравени во последните 20 години, а подготвува и голема ретроспективна изложба во Москва, Хрватска и Финска.

Александра ПЕТРОВСКА, дипл.инж.арх.

Колоритот на Карим Рашид блиску до нас

пред потоа

СОВЕТИ

Page 63: PORTA3 149

најчудните градби на светот

28 јануари 2011 ПОРТА3 63

63

Зградата на германската филхармонија во Хамбург се смета за една од

најубавите, најскапите, но и најчудните објекти од ваков тип во светот. Ја дизјанираше Пјер Де Меурон од студиото Херцог.Објектот се смета за чудна градба бидејќи изграден врз фабричка хала, или пристанишно складиште кое датира од1960-та година. Комплексот покрај концертната сала ќе вклучува и хотел како и 250 луксузни апартмани од кои највисокиот ќе биде 110 метри над реката Елба.За разлика од фабриката Кајспахер од 60-тите архитектот Вернер Калморг, надградбата ќе биде во кубистички стил, со фасцинатни стаклено-челични сцени. Според замислата, фасадатa која веќе се гради ќе биде од стакло Отворите за вентилација ќе имаат изглед на брановидни капаци, како да се извиткани од преголема топлина, додека балконите од апартманите ќе имаат форма на потковица. Салата за филхармонијата нема да има класични подредени седишта, туку ќе биде во форма на школка со каскадно наредени партери, а музичарите ќе бидат во центарот. Ќе бидат обезбедени посебни лифтови во височина од 37 метри.

Драган РИСТОВПРОШИРУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗА ДНЕВНА СОБАПросторот што порано го зафаќала кујната наменете го за трпезарија. Трпезариската маса поставете ја до скалите. Просторот ќе биде удобен за дружење на целото семејство и дружење со пријателите. Во останатиот дел од дневната соба организирајте зона за одмор со тросед и двосед. Наспроти гарнитурата за седење поставете го телевизорот, меѓу прозорецот и балконската врата. Во останатиот дел од станот распоредот може да остане ист. Детската соба покрај два кревета има и гардеробер поставен во аголот спроти вратата. Спалната соба е доволно голема за брачен кревет со димензии 180х200 см и гардеробен плакар 180х60 см.

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

ФИЛХАРМОНИЈА во СТАР ФАБРИЧКИ СКЛАД

Page 64: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011364

64

Колку пати сте изгубиле предмети во својата гарнитура? Телефони, накит, книги... Оваа интересна идеја е од Daisuke Motogi, наречена Lost in Sofa. Има безброј џепчиња за сите работи, далечински управувач, очила, книги, весници, телефони, па дури и пијалaци

Page 65: PORTA3 149

ИЗЛОГ

подготви:Сандра ДОНЧЕВАдипл.инж.арх.

28 јануари 2011 ПОРТА3 65

65

Генијален, минималистички начин за чување на својот велосипед. Дизајниран за луѓе кои го ценат својот простор

и велосипед. Оваа мала, едноставна полица која служи и за чување книги ја дизајнираше Chris Brighman

Огледало во форма на риби кои служат и како закачалки од италијанската компанија Pacini&Cappellini

Иновативна ниска маса дизајнирана од Devin Rutz,

чии празнини може да служат за чување вазни

или други предмети

Marc Heldermann ги креираше овие полици во полици кои помагаат да се избегне нередот при додавањето на мошне разнобојниот спектар од книги

Page 66: PORTA3 149

ПОРТА 28 јануари 2011366

66

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 170/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 07-23/2010Назив на договорниот орган:Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Рехабилитација на магистрален пат М-1, делница Катланово – Велес.Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска.Јавно отворање на понудите на ден 25.02.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 171/2010

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 07-24/2010Назив на договорниот орган:Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Консултантски услуги за вршење надзор над рехабилитација на магистрален пат М-1, делница Катланово – Велес.Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска.Јавно отворање на понудите на ден 28.02.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 3/2011

КОНКУРС

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 187/2010Назив на договорниот орган: Град скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на идејно решение за дизајн на Урбана опрема – монтажно демонтажна повеќенаменска тезга.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до 18.02.2011 година.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 4/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 2/2010Назив на договорниот орган:Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, ул. “Димитрие чуповски“ бр. 9, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на проектна документација за изградба и реконструкција на објекти во комплексот на установата Казнено поправен дом Идризово.Контакт тел/факс: 02 3106-556, 02 3110-437, лице за контакт: Јасминка Дончевска.Јавно отворање на понудите на ден 04.03.2011 год.

БРОЈ: 8/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма, со потребна лиценца според Закон за градење – лиценца ц за изведувач, за изведба на фекална канализација во село Долно лисиче.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 07.02.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 5/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 02/2011 Назив на договорниот орган:Министерство за здравство, ул. “50 Дивизија“ бр. 6, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Набавка за изработка на проектна документација за изградба на објект за позитронска емисиона томографија – ПЕТ центар.Контакт тел/факс: 02 3112-500, 02 3113-014, лице за контакт: Бетим Љамалари.Јавно отворање на понудите на ден 07.02.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 6/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 9/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма со потребната лиценца, според Закон за градење – лиценца ц за изведувач, за изведба на фекална канализација во населба Реонски центар – ул. “Гаврил Константинович“.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 08.02.2011 год.

БРОЈ: 01/2011Назив на договорниот орган:ЈУ Зоолошка градина на Град скопје – скопје РМ, ул. “Илинден“ бр. 88, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Партерно уредување на Зоолошка градина скопје.Контакт тел/факс: 02 3220-578, 02 3116-657, лице за контакт: Мирјана Крстевска.Јавно отворање на понудите на ден 14.02.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 7/2011

КОНКУРС

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 01/2011Назив на договорниот орган:Општина центар, ул. “Михаил чоков“ бб, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Конкурс за избор на идејни решенија за скулптури поставени на архитектонски споменик Колонада.Контакт тел/факс: 3203-645, 3211-089, лице за контакт: Ненад Крстевски.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 16.02.2011 во 14.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 53/2010Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор

на Република Македонија.ПРЕДМЕТ:Изработка на проектна документација за објекти: Бејбунар Блок 7.10 и Бејбунар Блок 7.11 во Охрид.Контакт тел/факс: 3213-776, 02 3225-094, лице за контакт: Зоран Дамјанов.Јавно отворање на понудите на ден 18.02.2011 год.

БРОЈ: 11/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма со потребната лиценца, според Закон за градење – лиценца ц за изведувач, за одржување на улици на територија на Општина Аеродром.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 10.03.2011 год.

БРОЈ: 7/2011Назив на договорниот орган:Општина Карпош, бул. “Партизански Одреди“ бр. 68, 1000, скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба, реконструкција и одржување на пешачки патеки и тротоари на територија на Општина Карпош.Контакт тел/факс: 02 3079-694, лице за контакт: Душко Бужаровски.Јавно отворање на понудите на ден 08.02.2011 год.

БРОЈ: 10-03/2011Назив на договорниот орган:Елс Општина Берово, ул. “Димитар Влахов“ бр. 10, 2330, Берово.ПРЕДМЕТ:Набавка на бетонски павер елементи за изградба и реконструкција на улици и тротоари.Контакт тел/факс: 033 471-057, 033 471-026, лице за контакт: Анита Пуреовска.Јавно отворање на понудите на ден 15.02.2011 год.БРОЈ: 01/2011Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за енергетски дејности “струмица – Гас“ струмица, ул. “Боро Џони“ бр. 10, 2400, струмица.ПРЕДМЕТ:Изградба на примарен гасоводен цевковод во град струмица.Контакт тел/факс: 070 214-003, 034 320-544, лице за контакт: Зоран Китанов.Јавно отворање на понудите на ден 15.02.2011 год.

ДООЕЛ ТАТЈАНА

www.porta3.com.mk

Page 67: PORTA3 149

28 јануари 2011 ПОРТА3 67

рубрика

67

ДООЕЛ ТАТЈАНА

Page 68: PORTA3 149

Новоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: ++ 389 / 02 2034 840, 2034 820, Факс:++389 / 02 2034 821, [email protected]

ХИДРОЗИМ-ТАДИТИВИ ЗА ЗИМСКО БЕТОНИРАЊЕ

состојка на секоја градбасостојка на секоја градба