68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 196 / ПЕТОК 30.11.2012 година VIII PIXEL - Еколошки пример „ЖИВА“ ЗГРАДА

Porta3 196

  • Upload
    porta3

  • View
    266

  • Download
    12

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Spisanie za gradeznistvo, arhitektura i ekologija

Citation preview

Page 1: Porta3 196

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

96 /

ПЕТ

ОК

30.1

1.20

12 го

дина

VIII

PIXEL - Еколошки пример

„ЖИВА“ ЗГРАДА

Page 2: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 201232

2

рубрика

D Messe München GmbH . [email protected] . Тел. +49 89 949-11308 . Факс +49 89 949-11309

MK ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје . [email protected] . Тел. +389 2 3228 824 . Факс +389 2 3296 790

Иднината на градежништвото

20. издание на BAUпет децении успех

14 – 19 јануари во МинхенСветски водечки саем за архитектура, материјали и системиwww.bau-muenchen.com

BAU13Orchid-Porta3-207x270-MK.indd 1 06.11.12 09:36

Page 3: Porta3 196

30

40

34

18

26

D Messe München GmbH . [email protected] . Тел. +49 89 949-11308 . Факс +49 89 949-11309

MK ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје . [email protected] . Тел. +389 2 3228 824 . Факс +389 2 3296 790

Иднината на градежништвото

20. издание на BAUпет децении успех

14 – 19 јануари во МинхенСветски водечки саем за архитектура, материјали и системиwww.bau-muenchen.com

BAU13Orchid-Porta3-207x270-MK.indd 1 06.11.12 09:36

БРОЈ 196 ПЕТОК 30.11.2012 ГОДИНА Viii

Доаѓа време на одржливата архитектура. Во светот, таа одамна е одомаќена. Во овој број од перото на нашиот дописник од Австралија ви претставуваме еден објект правен под нејзин диктат. Станува збор за Pixel – седиште на компанијата „Грокон“ во Мелбурн. Високите квалитети кои ги постигнува зградата се должат, пред сè, на иновативноста за намалување на јаглеродното зрачење, на вакуумскиот санитарен систем, на анаеробниот дигестивен систем, на одржливоста на водата... Одржливоста како тема во индустријата тесно го притиска и градежништвото заедно со сите негови гранки. Традиционалното производство на бетон со додавање на портланд цемент е наједноставен начин, но денешниот тренд е пронаоѓање на други методи кои се енергетски поефикасни и не ја загадуваат животната средина. „Сакам објекти кои се како скулптури“, вели Мишо Арсов од фирмата „Инженеринг импекс СА“, која годинава доби едно важно признание - главната награда за архитектура на град Скопје. Според

него, исклучителноста на објектот „Брути“, за кој ја добија наградата, е неговата хармоничност и отсуството на непотребна декорација. Хавариите што се случувале на хидројаловиштата во минатото се аларм за примена на современи методи и техники при нивно проектирање. Проектирањето на современо хидројаловиште во денешно време е многу актуелна тема, пред сè, поради фактот што со проектирањето би се разрешиле многу битни прашања за заштита на животната средина. Центарот за интерактивно истражување на одржлив развој, лоциран во Универзитетот Британска Колумбија, во Ванкувер, Канада, е дом на повеќе од 200 истражувачи од приватни, државни и невладини организации, чијашто цел е да се промовира одржливиот развој. Дизајниран да биде најзелена зграда во Северна Америка, тој е „жива“ лабораторија која ги демонстрира можностите на одржливиот дизајн и конструкција.

од редакцијата

драги читатели,

Насловна страница: Pixel – СЕДИШТЕ НА КОМПАНИЈАТА „грокон“, мелбурн

Архитект: STUDiO 505

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВАлександар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌБиљана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Кате АНТЕВСКАКире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати:

Маркетинг:

[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

ГРАДЕЖНИШТВО 12ВИСОК СТЕПЕН НА ЗАШТИТА

НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

ГРАДЕЖНИШТВО 18ПОД ДИКТАТ НА ОДРЖЛИВАТА ГРАДБА

ИНТЕРВЈУ 26МИШО АРСОВ:

САКАМ ОБЈЕКТИ КОИ СЕ КАКО СКУЛПТУРИ

АРХИТЕКТУРА 30ОРТОГОНАЛЕН РАСТЕР КАКО

СОВРШЕНА ФОРМА

ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА 34

PIXEL – ЕКОЛОШКИ ПРИМЕР

ЗЕЛЕНА АРХИТЕКТУРА 40„ЖИВА“ ЗГРАДА

ЕКОЛОГИЈА 54УПРАВУВАЊЕ НА СЛИВОТ

НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

ПЕЈЗАЖНА АРХИТЕКТУРА 60

ЦЕНТРАЛ ПАРК - БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА ЊУЈОРК

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

96 /

ПЕТ

ОК

30.1

1.20

12 го

дина

VIII

PIXEL - Еколошки пример

„ЖИВА“ ЗГРАДА

Page 4: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 201234

4

инфо

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

Page 5: Porta3 196

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

Page 6: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 201236

6

инфо Скопје ќе Се поднови Со уште еден СпортСки комплекС Според европСки Стандарди

Нов модерен и мултифункционален спортски комплекс ќе се гради на местото на салата „Јане Сандански“ позната како МЗТ,

која е стара три децении. Локалната власт од Аеродром распиша јавен повик за избор на инвеститор преку моделот на јавно-приватно партнерство, а на него ќе може да се пријават само македонски фирми. Избраната компанија ќе мора да вложи 100 отсто свои средства, а за возврат ќе добие концесија, најмногу на 35 години. Тој рок е максимално дозволен со закон, а доколку некој понуди пократка концесија, ќе биде во предност при изборот. Доколку се случи таков договор, постојната

сала ќе биде урната, а новиот центар ќе се изгради за 18 месеци. Инвеститорите ќе бидат ослободени од плаќање комуналии за објектот, децидни се општинарите. Проектот предвидува многу нови содржини. За гостинските тимови ќе се гради хотел и ресторан, кои ќе бидат поврзани со центарот. Ќе се градат фитнес-сали и помошна сала за тренинзи. Исто така, објектот ќе содржи локали, продавници, сала за состаноци, ВИП-зони, блок за медиуми, административен дел, амбуланта за спортисти и гледачи, како и сите неопходни простории за судии и за натпреварувачи, билетарница, гардероби и тоалети. Се ќе биде подредено на стандардите на ФИБА и ЕХФ. Мултифунцкионалноста ќе овозможи во

комплексот, освен кошарка, да се игра и ракомет, мал фудбал и одбојка. Проектот е донација од фирмата „Радо-инженеринг“. Салата ќе биде висока 21 метар, ќе има капацитет од 5.000 седишта, а предвидената бруто површина за градење е околу 11.000 квадратни метри. Влезот во салата ќе биде овозможен од три страни. Само делот од кај реката Вардар не е пристапен за влез на гледачи. Салата со трибините ќе биде со димензии 65 метри од едната страна и 88 метри од другата страна. Исто така ќе има и помошна сала која ќе биде под земја на кота 4,70 метри. Околу теренот од сите страни ќе има трибини. Надвор од трибините, пак, околу целата сала ќе има распоредено дуќани, сала за состаноци, ВИП-зони,

Тридецениската МЗТ ќе добие нов лик

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Салата ќе биде висока 21 метар, ќе има капацитет од 5.000 седишта, а предвидената бруто површина за градење е околу 11.000 квадратни метри. Салата ќе биде поврзана со хотел кој ќе има 30 апартмани.

Page 7: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 7

7

инфо

блок за медиуми, административен дел. Салата со хотелот ќе биде поврзана со посебен ходник. Хотелот, пак, во основата ќе биде 140 метри квадратни, а во висина е предвидено да има приземје и седум ката. Во хотелот ќе има 30 апартмани од кои најголемиот ќе биде 26 квадратни метри, а останатите се околу 17 квадрати. Надворешноста на салата, партерот, ќе биде разигран со зеленило, но за тоа ќе се прави посебен проект затоа што надворешноста треба да е осмислена да прими наеднаш поголема група луѓе. Околу салата на три нивоа ќе има паркинг места за околу 530 возила. Во идејниот проект е наведено дека салата ќе биде направена од модерни материјали, а се бара таа да биде и енергетски ефикасна. Проектантите од „Радо инженеринг“ велат дека ова е проект кој ќе претрпи многу измени затоа што концесионерот сигурно тоа ќе го бара. Во оваа фаза објектот е предвидено да се направи од материјали кои ќе го направат енергетски ефикасен. Ќе се користи комбинација од стакло и метал. - Материјалите ќе бидат со термоизолациони, водоотпорни, огноотпорни својства, а исто така ќе се внимава да не пречат на акустиката - вели

Ѓоко Радовановиќ од „Радо инженеринг“. Внатрешноста на објектот ќе се прави со кнауф-систем затоа што на тој начин се задоволуваат водоотпорноста, звучноста, изолацијата. Паркетот на терените, пак, ќе биде специјален за спортски сали. Радовановиќ вели дека сите материјали кои се предвидени во идејниот проект се за еден

степен поквалитететни од стандардните. Со изградбата на оваа мултифункционална сала, Скопје ќе добие уште еден објект кој задоволува европски стандарди. Инаку, споредбата со салата „Борис Трајковски“ е неблагодарна, затоа што, како што велат проектантите, во секој нов проект нешто е подобрено и помодерно.

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

К.С.Т.

Page 8: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 201238

8

скопје наСкоро ќе Се чиСти линданот од оХиС

Се најавува елиминација на тивкиот трујачЗа да се сузбие неподносливата реа од 10.000 тони линдан истурени во депонијата во ОХИС, врз неа биле ставени 20.000 тони земја. Но со тоа само се создале 30.000 тони опасен отпад. Ова е четиридецениски проблем.

Катерина СпаСовСКа-ТрпКовСКа

Високи дрвја, грмушки и обрасната трева. Длабоко под нив базен од околу 5.000 квадратни метри полн со 30.000 тони токсичен отпад, од кои 10.000

тони линдан. Ова е „пејзажот“ што ќе ве пречека по само неколку метри од влегувањето во хемиската фабрика ОХИС. Таму сега има навидум запуштен простор во кој времето застанало уште

пред 30 години, но линданот „работи“ и денес. Скопскиот воздух не е загаден само со прашина, туку и со испарувања од несоодветно складираниот линдан во фабриката ОХИС. Инсектицидот, кој веќе неколку децении е забранет во огромен број држави во светот, сè уште се наоѓа во дворот на некогашниот хемиски капацитет. Еколошката бомба која е број еден на листата на жешките точки во нашата земја, може да биде причинител на голем

број болести кои ги мачат скопјани. Хемичарите велат дека поради концентрацијата на линданот загаденоста во Скопје е секогаш на границата на дозволеното. Еколозите со години апелираат оваа депонија под итно да се отстрани. Надлежните, пак, никако да најдат пари да ја преселат и да ја уништат. Факт е дека со години постојат докази дека отровниот базен преку подземните води и ветрот ги труе скопјани.

Конечниот исход зависи од финансиите - ОХИС

Page 9: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 9

9

скопје

Се најавува елиминација на тивкиот трујач

Надлежните потврдуваат дека депонијата со линдан во ОХИС е проблем за кој 30-ина години не можат да најдат чаре. Секое врнење дожд исплакнува извесно количество линдан, кој потоа завршува во подземните води, кои се контаминираат. Ако има ветер, се разнесува и дел од прашината во која исто така има токсични материи. Целото количество во базенот мора да се деконтаминира. Депонијата претставува голем еколошки проблем, бидејќи не постои изолација на бункерите, туку е обичен бетон кој има своја пропустливост и во ситуација кога атмосферската вода ќе навлезе во телото на депонијата се создава исцедок кој потоа комуницира со подземните води. Во рамките на истражувањата за оваа „жешка точка“ за ОХИС, биле предложени неколку можни решенија, од кои за најадекватно се смета дислоцирањето и уништувањето на опасните отрови во странство. Конечно после 30 години Министерството за животна средина и просторно планирање реши да преземе чекор напред за решавање на овој проблем. Но, сепак конечниот исход зависи од финансиите. Стево Темелковски, заменик министер за животна средина вели: „Имаме пилот проект со кој се предвидува згрижување на овие опасни материи. Во нашата земја беа дојдени претставници од

германската фирма „К+С“ и романската „СЕТЦАР“, кои треба да направат детални истражувања за тоа што може да се направи со овој вид отпад. Романците се дојдени со опрема, пробно да направат неутрализација на линданот и потоа обработен да го однесат во рудниците за камена сол во Германија. За два дена околу 10 тона земја ја деконтаминираа. Сè се одвиваше на самиот бункер. Таму ја поставија опремата. Се црпеше земја која потоа се ставаше во дозер од каде со лента се носеше на ситнење. Така иситнета се ставаше во реактор каде се грее, се пушта водена пареа и се кондензира лошата материја. За еден час се деконтаминираа пет тони земја“, го објаснува Темелковски процесот. Но, како што додава тој, опремата што ја донеле романците не е доволна за целото количество линдан да се деконтаминира. Најверојатно ќе треба да се црпи отпадот и со камиони да се транспортира во Германија или, пак, да се донесе тука поголема машина да се монтира и на самото место да се реши проблемот. Но, и во двата случаи се потребни

многу пари, дециден е Темелковски додавајќи дека Глобалната асоцијација УНИДО е подготвена да помогне, но за тоа треба да се склучи договор. Според Милкис Ајдековерс, менаџер во „СЕТЦАР“ компанијата од Романија, во ОХИС има од 35 до 38 илјади тони контаминирана земја со линдан и тој смета дека најмногу за една година може да се неутрализира. Во оваа пилот фаза, Ајдековерс рече дека донеле мобилна единица за термална ресорпција со релативно мал капацитет и за деконтаминација на 10 тони почва контаминирана со линдан. Почетната концентрација, според него, била 4.000 ППМ (пи-пи-ем), а по третманот стигнала до пет ППМ.Директорот на компанијата „К+С“, Форка Лукас вели дека идејата им е соодветно да ја спакуваат контаминираната земја со линдан и жива од ОХИС и да ја складираат во рудниците за сол под земја, според него, геолошки стабилна локација. Што се однесува, пак, до складираната жива исто така во ОХИС, Темелковски вели дека сега Германците имаат извадено мала количина која со посебни методи се товара и се носи на нивната

локација. Но, и тоа беше пилот проект, а за остатокот ќе треба понатаму да се договараме како и за линданот. Инаку, линданот е високо канцерогена хемикалија која има специфичен мирис, а која до 1978 година се вградувала во производство на пестициди. За нејзиното присуство во воздухот во околината на ОХИС сведочат и жителите на населбите што гравитираат кон капацитетот. Особено се чувствува во лето, кога при високи температури има и поголеми испарувања, но и во зимски услови, како сегашните, кога скопската магла не дозволува струење на воздухот, па сите загадувачи се задржуваат во градот. Целата работа започнува во 70-тите години од минатиот век кога Европа носи забрана за производство на сите пестициди кои во својот состав содржат активна материја линдан. Во ОХИС, кој во тоа време има огромни резерви линдан, се донесува експресна одлука тој да заврши во кругот на фабриката во базен кој е висок одвај еден метар. По извесно време, поради неподносливата реа што се шири од депонијата во која се истура 10.000 тони линдан, се носи нова одлука да се донесат 20.000 тони земја со која се покрива депонијата. Наместо решение за проблемот, одеднаш се појавуваат 30.000 тони контаминиран отпад за кој нема решение. Повеќе од 20 години се молчело за проблемот. По пропаѓањето на ОХИС тој се актуелизира.

Стево Темелковски: Имаме пилот проект со кој се предвидува згрижување на овие опасни материи

Page 10: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012310

10

региони „порта пролет“ - нова зграда во штип

Дизајн со италијански потписДраган ристов

По петте приватни градежни инвестиции кои се под полна пареа, Штип добива уште една модерна градежна инвестиција. За разлика од петте згради кои се чист модернизам во комбинација со модерните

градежни материјали, новиот објект за кого почна ископот на улицата „Михајло Апостолски“ ќе биде комбинација на „барок“ со енергетска ефикасност. Објектот официјално носи име „Порта пролет“, бидејќи се наоѓа на локација која долги децении постоела како историска куќа и кафеана, а која пак во минатото била центар на сите видни луѓе од поодамнешната и поновата историја на градот. Целата сопственичка парцела, по место и локација претставува влез кон месноста Суитлак позната по парковите, шеталиштата и зоната за одмор К’ртеке, со што и ќе добие вистински репрезент на градежништвото. Дизајнот на зградата има

Комбинација на „барок“ со енергетска ефикасност

Page 11: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 11

11

региони

италијански потпис за што, според сопственикот на градбата, се вложени неколку десетици илјади евра. Овој европски потпис на архитектурата е гаранција за вкус за сечие око, бидејќи ако се преточат колоритните шеми во реалноста, сосема е јасно дека Штип ќе добие препознатлив објект. Техничките параметри говорат дека градежната зона на објектот е 14.329 м², од кои резиденцијалниот комплекс ќе се простира на површина од 8.304 м² со капацитет од 86 станови, за деловен простор се обезбедени 1.210 м², додека гаражниот простор во подземниот дел ќе има капацитет од 2.330 м². Проектот е на фирма од Италија, додека за градбата е задолжена „Бауер БГ“ од Скопје. Според информациите, во објектот ќе бидат инвестирани околу 9,8 милиони евра, имајќи ја предвид и комплексната фасада во „барок“ стил. Според инвеститорот, зградата нуди перфектно решение во склад со

модерните потреби, а посебно внимание е посветено на деталите, на „барок“ изведбата и на енергетската ефикасност. „Барокните“ детали е предвидено да бидат изведени со природни материјали (природен дробен камен), додека опколувањето на зградата ќе биде со осветлување со автентични канделабри. Доказ за квалитет, инвеститорот нуди и преку објектите и фасадите што ги реализирале во изминатиот период во Скопје, како што се фасадите на плоштад „Македонија“, хотел „Пелистер“ и на Агенцијата за електронски комуникации. Интерес за продажба на становите постои, што е сосема разбирливо, бидејќи настрана од дизајнот, зградата „Порта пролет“ е лоцирана во строгиот центар на Штип каде што пред неколку години беа изградени уште две станбени згради. Со овој објект се заокружува станбено целиот тек на улицата „Михајло Апостолски“ по Народниот театар во Штип. Освен надворешноста во која

доминираат декорираните тераси со „барокните“ столбови, големо внимание е посветено и на внатрешноста, и на зградата, но и на становите. Секој стан ќе има големи стаклени термопан прозорци со звучна и топлинска изолација, а во поголемите станови ќе има и камин со ниско седење. Паркинг просторот ќе биде на две нивоа, со хидраулични платформи за возила со носивост од 2.500 килограми. Предвидено е објектот да има три лифтови од кои два за станарите и еден товарен. Значително внимание е посветено и на безбедноста на објектот со 24-часовна мониторинг служба и видео надзор во и надвор од објектот. Ваков објект е повеќе од потребен во Штип, со оглед на тоа што овој дел од градот во себе носи своевиден мирис на минатото. „Барокните“ фасада одлично ќе се вклопи во околниот простор во кој доминира широкиот простор за одмор, рекреација и уживање.

Page 12: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012312

12

градежништво инженерСтво Со Современи материјали за проектирање Хидројаловишта

Висок степен на заштита на животната срединаСо примена на современи материјали за формирање изолирана геосредина кај хидројаловиштата, со рециркулација на водата или со вршење повеќестепено прочистување на отпадните води преку помошни таложни езера, со ефикасна рекултивација на хидројаловиштата, несомнено степенот на заштита на животната средина би бил многу висок, а со тоа придобивките за околината би биле големи

Хавариите што се случувале на хидројаловиштата во минатото се аларм за примена на современи методи и техники при нивно проектирање. Проектирањето

современо хидројаловиште во денешно време е многу актуелна тема, пред сè, поради фактот што со проектирањето би се разрешиле многу битни прашања за заштита на животната средина. За едно хидројаловиште да биде изработено и да функционира во согласност со современите светски стандарди, се користат современи материјали (геосинтетици) при неговата изградба. Со примена на геосинтетичките материјали, целокупната флотациска јаловина се сместува во една т.н. геобариера и на тој начин се обезбедува висок степен на заштита на животната средина. За модел на хидројаловиште е изработена техноекономска анализа за тоа колку би чинеле современите материјали што ќе се вградат во подготвителната фаза, во период при експлоатација и во постексплоатацискиот период. Современи материјали кои имаат широка примена за да се исполнат условите едно хидројаловиште да биде изработено според светски стандарди се геосинтетиците. Најчесто применувани геосинтетици се: геотекстили, геомембрани, геомрежи, геоцевки, геосинтетички глинени слоеви, геокомпозити и др. Геосинтетичките материјали вршат функција на сепарација, армирање, филтрација, дренирање, а по потреба и како бариера за задржување течности и гасови, а со тоа се обезбедува висок степен на заштита на животната средина. Со примена на геосинтетички материјали се овозможува целокупната

флотациска јаловина да се смести во една т.н. геобариера и на тој начин се прави комплетна изолација на тлото и на боковите од флотациската јаловина, и се овозможува дренирање на процедните води.

СветСки иСкуСтваСовремените геосинтетички материјали наоѓаат сè поголема примена кај хидројаловиштата во светот. Законската регулатива во многу земји уште пред повеќе од десетина години го има регулирано управувањето со хидројаловиштата, односно имаат воспоставено строги критериуми за заштита на животната средина од хидројаловиштата. Во рудникот за олово, цинк и за сребро „Ел Мохито“ (El Mochito) во Хондурас, хидројаловиштето е изградено со помош на геосинетички материјали: геотекстил, геомембрана, геотуби и др. Хидројаловиштето е изградено со поставување изолирачки слоеви од геотекстил и геомембрана по целото дно на хидројаловиштето. Низводно од хидројаловиштето се изградени две прегради од пропустливи геотуби, со кои се врши дренирање на вишокот води од хидројаловиштето. Геотубите се ткаенини од синтетички влакна кои се наполнети со ситен песок. Во рудникот за злато „Ел Валје“ (Еl Valle), кој се наоѓа во областа Астуријас во северна

Шпанија, современите материјали за заштита на животната средина се користат повеќе од 15 години. Хидројаловиштата во овој рудник се обложуваат со глинен геосинтетички слој и со геомембрана заради заштита на подземните води. Изолацијата на хидројаловиштата е извршена поради тоа што во карпестите маси се регистрирани пукнатини низ кои се можни продирања на водата. За обложување на тлото е искористена геомембрана со дебелина од 2 mm од типот HDPE (полиетилен со висока густина). Првото хидројаловиште било надвор од рудникот, во северозападниот дел од рудникот, со преграда од брана со поставување изолирачки слоеви, додека следното хидројаловиште е лоцирано во североисточниот дел од рудникот и е искористен откоп, кој е завршен со експлоатација (сл. 1). На првото хидројаловиште е извршена рекултивација.

Слика 1. Хидројаловиште на рудникот „Ел Валје“ - Астуријас, Шпанија

Page 13: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 13

13

градежништво

Во Јужна Африка, во рудникот за јаглен „Холфонтеин“ (Holfontein) сите потребни хидројаловишта се градат со помош на современи материјали (сл. 2). За обложување на тлото на хидројаловиштата се употребува геотекстил и геомембрана со дебелина од 2 mm од типот HDPE (полиетилен со висока густина).

проектирање модерно ХидројаловиштеСовремените материјали имаат значајна улога при проектирање модерно хидројаловиште, кое ќе обезбедува висок степен на заштита на животната средина. Најчесто применувани современи материјали се геосинтетиците. Повеќе од 95 % од геосинтетиците се изработуваат од полимерни материјали. Полимерите се аморфно термопластични или семикристално термо¬пластични, при што големината на кристалноста варира од 30 % за поливинил хлорид до 65 % за полиетилен. Најчесто користени полимери при производство на геосинтетици се: полиетилен (PE), полипропилен (PP), поливинилхлорид (PVC), полиестер (PET), полиамид (PA), полистирен (PS). Полиетиленот се појавува во два облика: PE LDPE - полиетилен со ниска густина и PE HDPE - полиетилен со висока густина. Геосинтетичките материјали вршат функција на сепарација, армирање, филтрација, дренирање, бариера (заштита од гасови и од течности) и сл. Најчесто применувани геосинтетици се: геотекстили, геомембрани, геомрежи, геоцевки, геосинтетички глинени слоеви, геокомпозити и др.Геотекстилите се оформени од синтетички влакна и нивната функција е да вршат сепарација, армирање, филтрација, дренирање и заштита на геомембраната од механички оштетувања.Геомембраната е слабопропустлив синтетички материјал и се користи во инженерството при контрола на миграција на течности во еколошки проекти. Коефициентот на водопропустливост на геомембраните е во граници 10–12÷10–15 m/s, а најчесто се користат со дебелина од 1÷3 mm.Геомрежите се геосинтетици изградени со отвори меѓу надолжни и попречни снопчиња од полимерни влакна, кои се доволно големи за почвата да може да пробива од едната страна на геомрежата на другата. Геомрежите располагаат со голема сила на затегање и ги примаат напрегањата на смолкнување. Геомрежите ја извршуваат функцијата на армирање, благодарение на развојот на методите на високомодулни полимерни материјали со

голема јакост на затегање.Геоцевките се изработуваат од синтетички материјал, при што најголема примена имаат цевките изградени од полипропиленски материјал, а имаат широка примена при одведување води од хидројаловиштата, транспорт на флотациска јаловина и сл.Геосинтетичките глинени слоеви претставуваат ролни од тенки слоеви бентонит - глина поставена меѓу два слоја од геотекстил или сврзана со геомембрана. Во присуство на вода, слојот на бентонит набабрува и значително го редуцира движењето на водата. Овој материјал се користи од 1988 година во САД како подлога на геомембрана кај депонија. Геосинтетичките глинени слоеви најчесто се применуваат под геомембраните кај јаловишта и депонии како заштита од пробивање на материјалот од тлото, со што се спречува оштетување на геомембраната.Геокомпозитите се изработуваат со комбинирање на два или повеќе типа од постојните видови геосинтетици: геотекстил со геомембрана, геомембрана со геомрежа или геотекстил со геомрежа. Геокомпозитите може да имаат дренирачка улога или заштита на косини од ерозија.Постојат и други видови материјали кои се изработуваат од споменатите материјали. Такви се геотубите, Incomat и др. Геотубите се ткаенини од синтетички влакна кои вршат функција на заштита на насипи од ерозија, филтрирање материјал со различна големина на честичките и сл. Целта на геотубите е да ги задржат суспендираните честички од јаловинскиот материјал од преработка на рудите и да ги дренираат водите. Употребата на геосинтетичкиот полипропиленски материјал, кој е фабрикуван во

цилиндрична цевка наречена геотуба, доби широкораспространето внимание во текот на изминатите неколку години. Incomat е високојакосна двослојна ткаенина за стабилизирање насипи и темели кај работи во хидротехничкото инженерство. Се состои од два високојакосни поврзани полиамидни или полиетиленски ткаени слоеви за да формираат флексибилна структура, која може да се наполни со песок.За проектирање на модерно хидројаловиште најчесто тлото се подготвува на тој начин што се врши израмнување на теренот, се поставува геотекстил или геосинтетички глинен слој, па се поставува рапава геомембрана, најчесто со дебелина од 2 mm, и врз неа се поставува геотекстил и дренажен геокомпозит (сл. 3).

Слика 2. Хидројаловиште на рудникот „Холфонтеин“, секција 6А - Јужна Африка

Слик

а 3.

Инж

енер

ство

со со

врем

ени

мат

ериј

али

во п

очет

на ф

аза

Page 14: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012314

14

градежништво

Геосинтетичкиот глинен слој и геотекстилот служат за заштита на геомембраната од оштетување. На тој начин се прави комплетна изолација на тлото од флотациската јаловина и се овозможува задржување и дренирање на процедните води. Со дренажниот геокомпозит се врши дренирање на процедните води од флотациската јаловина, на тој начин што во најниската точка од дното на хидројаловиштето се поставува дренажна геоцевка. Со дренажната цевка се врши одведување на процедната вода надвор од хидројаловиштето и се постигнува поголема стабилност на браната од хидројаловиштето.Во случај флотациското хидројаловиште да се лоцира во рамничарски предел, тогаш изолирачките геосинтетички слоеви задолжително треба да се постават и на почетните иницијални брани. Доколку флотациското хидројаловиште се лоцира во долина, а околниот терен е карпеста маса, во тој случај се врши изолација само на најниските делови од долината и на деловите во кои се регистрирани раседни зони. За дефинирање на теренот најдобро е да се извршат геофизички испитувања на локацијата за целото хидројаловиште (сл. 4).

Најпрво се отстранува одреден дел од површинскиот слој, се рамни теренот со потребните падови, се поставува изолациски слој (заштитен слој за геомембрана и геомембрана) од матичната цврста карпа на едната страна до матичната цврста карпа до другата страна. Тоа треба да се направи на тлото на локацијата за целото хидројаловиште, како и да се постави изолациски слој и на косината од претходно завршеното хидројаловиште, во висина до која е планирано изградба на ново јаловиште. На тој начин, би се обезбедило задржување на целокупните води од флотациската јаловина, која преку дренажен систем ќе се одведува надвор од јаловиштето во помошно таложно езеро или во систем на лагуни, и на тој начин би се постигнал висок степен на заштита на подземните и на површинските води низводно од јаловиштето. Со изградба на помошно таложно езеро низводно од хидројаловиштето, исто така со изолирање на тлото и со поставување хоризонтална и вертикална дренажа, заштитата на површинските и на подземните води би била на многу високо ниво. По завршувањето со депонирање на флотациската јаловина, потребно е да се изврши рекултивација на хидројаловиштето. Техничката рекултивација и претходи на биолошката и во неа се вклучени мерките за подготовка на земјишната површина, истиснување на водата, изолација на флотисолите и мерките за обнова на плодниот слој. За да имаме ефикасна техничка рекултивација, потребно е врз флотациската јаловина да се постави геотекстил, геомембрана, дренажен геокомпозит, геомрежа и потоа да се распостели хумусен материјал со дебелина од околу 50 cm (сл. 5).

Значи, врз депонираната флотациска јаловина повторно се поставуваат геосинтетички слоеви, редоследно како што е прикажано на слика 6. Се поставува геотекстил, рапава геомембрана, најчесто со дебелина од 1 mm, дренажен геокомпозит, геомрежа по косините и потоа се распостила хумусен материјал и се врши биолошка рекултивација.

Слика 4. Сеизмички профил и приказ на поставеноста на изолацијата на тлото

Слика 5. Поставување геомрежа за заштита од ерозија и од хумусен материјал

Слика 6. Инженерство со современи

материјали во финална фаза

Page 15: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 15

15

градежништво

Биолошката рекултивација ги вклучува мерките за агробиолошко оспособување на почвата. Таа се состои од пошумување, затревување, уредување на просторот и сл. За поуспешна појава на вегетација на косините на хидројаловиштата, може да се користат современи материјали, како што е Biomac S/C. Biomac S/C претставува биодеградибилна покривка направена од мешавина од потполно биоразградливи влакна споени во текот на производството. Влакната се поставени на слој од целулоза и се подзасилени со полипропиленска мрежа. Biomac S/C се состои од мешавина на слама и кокосови влакна и со неа на растенијата им се обезбедува поволна влага и привремена заштита од ерозија.

На следните слики (сл. 8 и сл. 9) е прикажан сликовит приказ на јаловиште без употреба на геосинтетички материјали и јаловиште на кое се употребени геосинтетички материјали при рекултивација.

теХничко-економСка анализа за Современо јаловиштеВо случај кога флотациската јаловина не може да се складира во веќе откопани простори (подземни или површински), се пристапува кон избор на локација за флотациско хидројаловиште. Се тргнува од фактот, флотациското хидројаловиште да биде што поблизу до флотациската постројка, транспортот да биде гравитациски, работниот век да биде подолг и последиците кон животната средина да бидат сведени на минимум. Изградбата на посебни простори за депонирање флотациска јаловина е посебен проблем во рудниците и треба да се решава од техничко-економски аспект, земајќи ја предвид и заштитата на животната средина. Значи, изборот на локација за флотациско јаловиште е комплексен проблем, чие решение претставува компромис од голем број спротивставени услови (технолошки, геотехнички, урбанистички, економски, еколошки и др.). Кога нема услови за депонирање на флотациската јаловина во откопни простори, подобни подрачја за формирање флотациски хидројаловишта се долините (ридски тип на флотациско хидројаловиште), со оглед на тоа што не се заробуваат земјишта со подобар бонитет, како што е случај кај рамничарските флотациски јаловишта. Во нашата земја

Од сликите се гледа дека со примена на геосинтетичките материјали се врши дренирање на водата и се градат стабилни и сигурни косини на флотациските хидројаловишта.

Слика 7. Приказ на геосинтетички

слоеви

Слика 8. Рекултивација без и со дренажен геокомпозит

Слика 9. Рекултивација без и со геомрежа (контрола на ерозија)

Page 16: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012316

16

градежништво

сите флотациски хидројаловишта се од ридски тип, со главно таложно езеро. Во техноекономската анализа е претставен модел на флотациско хидројаловиште од ридски тип, со главно таложно езеро и со две помошни таложни езера (сл. 10). Надолжниот наклон на теренот е 10%, дното е дефинирано да биде со ширина од 100 m, а попречните косини се со наклон од 45%. Браната на хидројаловиштето е со висина од 100 m. За вака дефинираниот модел, зафатнината на хидројаловиштето е прикажана во табела 1.

Моделот за флотациско хидројаловиште е со капацитет од 12.550.000 m3, односно капацитетот за флотациска јаловина од олово-цинкова руда би бил околу 20.000.000 t (за специфична тежина од 1,6 t/m3).За моделот на флотациско хидројаловиште е направена пресметка за тоа колку би чинеле современите материјали што ќе се вградат во подготвителна фаза, во период при експлоатација и во постексплоатацискиот период, а добиените податоци се прикажани во табела 2. Цените во пресметката се важечки цени за период од јуни 2012 година.

Слика 10. Модел на хидројаловиште

Табела 1. Зафатнина на модел на хидројаловиште

стационажа површина (m2)

средна површина (m2)

растојание меѓу профили (m)

зафатнина (m3)

вкупна зафатнина (m3)

0 0 550 100 55.000 55.000100 1.100

1.750 100 175.000 230.000200 2.400

3.150 100 315.000 545.000300 3.900

4.750 100 475.000 1.020.000400 5.600

6.550 100 655.000 1.675.000500 7.500

8.550 100 855.000 2.530.000600 9.600

10.750 100 1.075.000 3.605.000700 11.900

13.150 100 1.315.000 4.920.000800 14.400

15.750 100 1.575.000 6.495.000900 17.100

18.550 100 1.855.000 8.350.0001.000 20.000

10.000 420 4.200.000 12.550.0001.420 0

Page 17: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 17

17

градежништво

Од извршената пресметка се гледа дека трошокот за современи материјали за изградба на флотациско хидројаловиште е околу 0,4 €/t флотациска јаловина, односно тоа и не е некоја голема сума за хидројаловиште кое ќе биде во експлоатација повеќе од 20 години, а треба да ги имаме предвид и придобивките за животната средина од современо уредено флотациско хидројаловиште. На крај би кажале дека со примена на современи материјали за формирање изолирана геосредина кај хидројаловишта, со рециркулација на водата или со вршење повеќестепено прочистување на отпадните води преку помошни таложни езера, со ефикасна рекултивација на хидројаловиштата, несомнено степенот на заштита на животната средина би бил многу висок, а со тоа придобивките за околината би биле големи. Пред сè, околното население нема да пие загадена вода, нема да вдишува загаден воздух, нема да внесува контаминирана храна, едноставно кажано, ќе има квалитетни амбиентални животни услови. Со успешна рекултивација на хидројаловишта се постигнуваат значајни придобивки за околниот терен, со тоа што се озеленува и пошумува околината и во иднина би имале придобивки и сточарството, шумарството и сл.Со оглед на тоа што сите наши хидројаловишта во минатото имале несакани хаварии, преку контаминација на земјишта, контаминација на вода и загадување на воздухот, примената на современи материјали на постојните и на идните хидројаловишта во Република Македонија ќе придонесе за поголемо одржливо управување со флотациската јаловина и заштита на животната средина.

Табела 2. Пресметка за современи материјали за модел на хидројаловиште

Ред. бр. Вид материјал Ед. мера Количина Ед. цена

(€)Вкупно (€)

1 Геофизички испитувања m2 240.000 0,5 120.000,0

2 Геоцевки за колектор, 400 mm m 1.450 110,0 159.500,0

3 Геотекстил за тло, 300 gr/m2 m2 180.000 1,2 216.000,0

4 Рапава геомембрана за тло, 2 mm m2 180.000 6,3 1.134.000,0

5 Дренажен геокомпозит за тло m2 180.000 6,0 1.080.000,0

6 Геотекстил за коси раседни зони m2 20.000 1,2 24.000,0

7 Рапава геомембрана за коси раседни зони, 2 mm m2 20.000 6,0 120.000,0

8 Дренажни геоцевки, 250 mm m 150 110,0 16.500,0

9 Габионски ѕид - габиони со кршен камен m3 1.650 50,0 82.500,0

10 Геотекстил за првo помошно езеро, 300 gr/m2 m2 26.000 1,2 31.200,0

11Рапава геомембрана за првo помошно езеро, 2 mm

m2 26.000 6,3 163.800,0

12 Геотуби за прво помошно езеро m2 11.220 7,0 78.540,0

13 Геотекстил за второ помошно езеро, 300 gr/m2 m2 20.000 1,2 24.000,0

14Рапава геомембрана за второ помошно езеро, 2 mm

m2 20.000 6,3 126.000,0

15 Геотуби за второ помошно езеро m2 7.480 7,0 52.360,0

16 Дренажни геоцевки за помошни езера, 250 mm m 300 110,0 33.000,0

17Високојакосен геотекстил врз јаловина - рамен дел

m2 210.000 2,5 525.000,0

18Геомембрана за врз јаловина - рамен дел, 1 mm

m2 210.000 4,5 945.000,0

19Дренажен геокомпозит за врз јаловина - рамен дел

m2 210.000 6,0 1.260.000,0

20 Геомрежа за врз јаловина - рамен дел m2 210.000 2,5 525.000,0

21 Високојакосен геотекстил врз јаловина - косина m2 87.000 2,5 217.500,0

22 Геомембрана врз јаловина - косина, 1 mm m2 87.000 4,5 391.500,0

23 Дренажен геокомпозит за врз јаловина - косина m2 87.000 6,0 522.000,0

24 Геомрежа за врз јаловина - косина m2 87.000 2,5 217.500,0

25 Biomac S/C за поефикасна рекултивација m2 87.000 2,0 174.000,0

ВКУПНО 8.238.900,0

Љ. Костадинов м-р, дипл.руд.инж., „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.“ Б. Крстев проф. д-р, дипл.инж. технолог, Универзитет „Гоце Делчев“, ФПТН

Б. Голомеов проф. д-р, дипл.руд.инж., Универзитет „Гоце Делчев“, ФПТНМ. Голомеова проф. д-р, дипл.руд.инж., Универзитет „Гоце Делчев“, ФПТН

Д. Илиевски м-р, дипл.град.инж., „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнел и др.“

Page 18: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012318

18

градежништво нови трендови во производСтвото на бетон

Под диктат на одржливата градба

Иако додавањето на портланд цемент во мешавината за производство на бетон

е еден од наједноставните начини за добивање на посакуваните резултати,

сепак тој начин не е и одржлив. Денешниот тренд е пронаоѓање на други

методи кои се енергетски поефикасни и не ја загадуваат животната средина.

Биљана СТојановИќ, дипл.град.инж.

Одржливоста како тема во индустријата тесно го притиска и градежништвото заедно со сите негови гранки. За следење на

светските текови, а пред сè зелената градба, потребно е придвижување на производството на градежните материјали кон овие нови пристапи со што во целост би се добила одржлива градба.

Ниту индустријата за производство на бетон не е исклучок во генералната слика. Иако споро, сепак се изнаоѓаат нови начини и нови методи за добивање на овој примарен градежен материјал, а се со цел намалување на потрошувачката на енергија при производството, транспортот и одржувањето на бетонските конструкции. Идејата дека клучот за квалитетен бетон е односот на цементот, водата и агрегатот полека се напушта. Иако

додавањето на портланд цемент во мешавината за производство на бетон е еден од наједноставните начини за добивање на посакуваните резултати, сепак тој начин не е и одржлив. Денешниот тренд е пронаоѓање на други методи кои се енергетски поефикасни и не ја загадуваат животната средина.

Соодветна замена на цементотЕдна од методите е делумна замена на

Производство на бетон

Page 19: Porta3 196

градежништво

цементот со еден од следните производи: пепел, згура од високите печки, метакаолинот или пак други позолани (позолан – pozzolan – е материјал кој во комбинација со калцијум хидроксидот покажува особини слични на цементот и ваков материјал за прв пат е пронајден во местото Позоли близу Везув, во вид на песковит, вулкански пепел). Како нуспроизводи при одвивањето на други индустриски процеси, овие материјали служат како дополна на цементниот дел во бетонот пружајќи ги соодветните јакосни карактеристики пожелни кај бетонските мешавини, а притоа се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на СО2 во воздухот во однос на производство на бетон само со употреба на портланд цемент.

рециклиран агрегатОсвен замената на цементот, во бетонската смеса може битно да се игра и со употребениот агрегат и тоа да се применува рециклиран материјал. Иако предрасудите за рециклиран агрегат се големи, со акцент на квалитетот на бетонот со употребата на овие материјали, сепак, со последните

истражувања се одобруваат за примена во градежништвото, со напомена дека можеби имаат и подобри карактеристики поради остатоците на цемент во него.

додаток на адитивиКарактеристиките на бетонот значајно можат да бидат подобрени и со употребата на адитиви. Еден од поинвентивните производи е адитивот Elemix, и за прв пат на стручната јавност и беше претставен на саемот за бетон и бетонски производи World of Concrete во САД во 2009 година. Тој се состои од униформисани полимерни сфери или перли на екструдиран полистирен кои ја намалуваат можноста за варијабилност на бетонските мешавини и воедно ги подобруваат јакосните карактеристики на бетонот. Користењето на овој адитив ја дополнува или во потполност ја отфрлува употребата на други адитиви, создавајќи лесна бетонска мешавина која постигнува подобра структурална јакост. Исто така во низата на добри карактеристики се вбројува и подобрувањето на термичките карактеристики на бетонот, поголема отпорност на појава на пукнатини и микро пукнатини и полесно изливање на бетонот

при користењето на пумпи за бетон.

инвентивни начини на армирањеДруг начин за подобрување на својствата на бетонот е употребата на синтетички влакна за зајакнување на бетонските својства и постигнување на посакуваните резултати. Микросинтетичките влакна, на пример полипропиленските или пак најлонските влакна, се достапни со децении. Најчесто беа употребувани да го смалат пластичното собирање на бетонот и да помогнат во контролата на термичките пукнатини. Нивните ефекти

Сепарација за агрегат

Агрегат

30 ноември 2012 ПОРТА3 19

19

Page 20: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012320

20

градежништво

пред сè беа ограничени поради фактот што самите влакна за постигнување на ефектите беа ставани во големи количини и со самото тоа го отежнуваа мешањето и изливањето на бетонската смеса. Во 1999 година е претставена новата генерација на синтетички влакна под името макросинтетички влакна, чии карактеристики не го отежнуваат процесот на мешање, изливање и обликување на бетонот. Новиот производ има специфичен облик кој го спречува згрутчувањето, а воедно и ја појачува бетонската смеса. Со употребата на ваков тип на синтетички влакна, освен подобрувањето на својствата на бетонот, се намалува количеството на употребена арматура и потребната работна сила, а и времетрањетото на изведбата е драстично скратена. Во последно време се развива нова технологија за армирање на бетонските конструкции со т.н. текстилен бетон, на чиј развој веќе десет години работат истражувачите од Техничкиот факултет во Ахен. Клучниот елемент на пронајдокот е во тоа што за стабилизацијата на бетонот, место челични шипки, се користат текстилни влакна. Градбите кај кои се користи обичен, армиран бетон, мораат

да се обезбедат од различни опасности - пред сè челичните елементи мораат да се заштитат од корозија. Со употребата на текстилен бетон, дебелината може да ја намалиме на два до два и пол сантиметри. Покрај штедењето, главната предност е што на тој начин можат да се градат многу „пофилигрантски“ градби. Кога ќе се спомне зборот текстил, луѓето обично помислуваат на облека или постелнина. Но, текстилот што се користи за стабилизација на бетонот со тоа нема никаква врска. Влакната се произведуваат од карбон, значи од јаглерод или од стакло. Тие текстили имаат поинаква структура од другите. Стаклените влакна се поставуваат едни преку други, така што се создава еден вид решетка - која потоа се зацврствува во специјален процес. Таа решетка се вградува во течниот бетон кој потоа мора да се стврдне. Кога е во прашање издржливоста, така направениот текстилен бетон може и тоа како да му конкурира на армираниот бетон. Научниците овој нов вид градежен материјал прво го користеле за одделни делови на згради - и тоа само во Германија. Сега текстилниот бетон се користи и во САД, Израел, Грција и Јапонија. Меѓутоа и во тие земји текстилниот бетон се користи само

во одделни делови на зградите, бидејќи армираниот бетон е стандард веќе со децении и скепсата кон нешто што се вика текстилен бетон е голема. Со промоцијата на овој материјал и со неговото помасовно производство, градежниците од целиот свет ќе можат при градењето на новите згради да употребуваат потенки бетонски делови и со тоа не само да штедат бетон, туку и пари. Ова е шанса посебно за сиромашните земји, конечно да ги исфинансираат капиталните инфраструктурни проекти за кои претходно беа потребни илјадници тони бетон. Технологијата оди напред, се испитуваат нови начини и нови пристапи за добивање на што позелена градба, со скратени рокови на градба и полесни конструкции. Во конекст на олеснетите бетонски конструкции, големите лаборатории развиваат нови методи за имплантирање на воздух во бетонските мешавини. Со самото тоа во бетонот се уфрлуваат многу мали и правилно распоредени воздушни меурчиња со што би се задржала структуралната јакост на бетонот, додека неговите карактеристики многукратно би се подобриле. Овие истражувања се на почеток, но сепак сите настани водат кон вистинскиот тек, каде градежништвото треба и мора да се движи.

Вградување на бетон

Асоцијацијата на архитекти на Македонија - ААМ објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на Големата годишна награда на ААМ за 2012 година

Големата годишна награда за архитектура на Асоцијацијата на архитекти наМакедонија се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело вотекот на календарската година.

Покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија, аспонзор на наградата е Македонската авторска агенција.

Право на учество имаат сите архитекти членови на ААМ кои се државјани наРепублика Македонија, односно сите овластени правни и физички лица воРепублика Македонија.

Рокот за пријавување на трудовите што ќе конкурираат за Големата годишнанаграда на ААМ е 30.11.2012 г.

Рокот за предавање на трудовите што ќе бидат селектирани од страна нажирито е до 09.12.2012 г.

Пријавата треба да ги содржи следниве податоци: име на проектот (објектот),локација, автор/и, соработници, фирма, инвеститор, година на проектирање иизведувач. Материјали кои треба да се достават во прилог на пријавата се(минимум) 3 листа со графички прилози (карактеристични основи, пресеци ифасади и фотографии) и (минимум) 1 лист со текстуален опис на задачата,локацијата, концептот, материјалите и сл, на А4 формат.

Пријавите можат да се достават во канцеларијата на ААМ, на ул. Даме Груевбр. 14а во Скопје. Телефон/факс за информации е 3237-277, е-пошта:[email protected]

Пристигнатите трудови ги разгледува, оценува и донесува одлука задобитникот на наградата петчлено жири, кое е составено од: претставник одАрхитектонската академија на ААМ и четворица афирмирани архитекти, членовина ААМ.

Големата годишна награда на лауреатот му ја доделува Претседателот наРепублика Македонија, на традиционалната Новогодишна средба на архитек-тите која се одржува кон крајот на месец декември.

Page 21: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 21

21

градежништво

Асоцијацијата на архитекти на Македонија - ААМ објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на Големата годишна награда на ААМ за 2012 година

Големата годишна награда за архитектура на Асоцијацијата на архитекти наМакедонија се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело вотекот на календарската година.

Покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија, аспонзор на наградата е Македонската авторска агенција.

Право на учество имаат сите архитекти членови на ААМ кои се државјани наРепублика Македонија, односно сите овластени правни и физички лица воРепублика Македонија.

Рокот за пријавување на трудовите што ќе конкурираат за Големата годишнанаграда на ААМ е 30.11.2012 г.

Рокот за предавање на трудовите што ќе бидат селектирани од страна нажирито е до 09.12.2012 г.

Пријавата треба да ги содржи следниве податоци: име на проектот (објектот),локација, автор/и, соработници, фирма, инвеститор, година на проектирање иизведувач. Материјали кои треба да се достават во прилог на пријавата се(минимум) 3 листа со графички прилози (карактеристични основи, пресеци ифасади и фотографии) и (минимум) 1 лист со текстуален опис на задачата,локацијата, концептот, материјалите и сл, на А4 формат.

Пријавите можат да се достават во канцеларијата на ААМ, на ул. Даме Груевбр. 14а во Скопје. Телефон/факс за информации е 3237-277, е-пошта:[email protected]

Пристигнатите трудови ги разгледува, оценува и донесува одлука задобитникот на наградата петчлено жири, кое е составено од: претставник одАрхитектонската академија на ААМ и четворица афирмирани архитекти, членовина ААМ.

Големата годишна награда на лауреатот му ја доделува Претседателот наРепублика Македонија, на традиционалната Новогодишна средба на архитек-тите која се одржува кон крајот на месец декември.

Page 22: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012322

22

градежништво

ПОМАЛКУ ЕНЕРГИЈА ЗА ПОДОБРО ГРАДЕЖНИШТВО

Горан Фиданоски, дипл.маш.инж.

www.2xe.org.mk

Медиумите и експертите постојано и сè повеќе зборуваат дека треба да внимаваме на проблемот со глобалното затоплување, недостатокот од енергенси и проблемите со дистрибуцијата на горивото. За овие проблеми да бидат поизразени, значаен придонес има и градежната индустрија. Ако не се јавиме на повикот за регулирање на глобалното затоплување, тоа може до

средината на ова столетие да не чини 5% од вкупниот светски економски раст, а што се однесува до влијанието врз животната средина некаде околу 20% од вкупниот домашен бруто производ. Од друга страна, пак, мерките што треба да се преземат за намалување на глобалното затоплување изнесуваат само 1% од вкупниот бруто домашен производ. (Извор: »The Stern Review on the Economics of Climate Change«, Nicholas Stern, 2006). Тогаш не знам што чекаме. Ајде да преземаме мерки. Во прв ред за енергетски заштеди, а потоа и за развој на технологии за енергетска ефикасност. Домаќинствата трошат енергија за осветлување, напојување на електричните уреди, санитарна топла вода и готвење. Најголемиот дел од таа енергија (приближно две третини) оди за загревање на објектот. Голем број на такви објекти се енергетски неефикасни и непотребно ја расфрлаат енергијата. Објектите ја губат енергијата поради нејзината трансмисија низ градежните склопови коишто имаат голема топлоспроводливост, како и поради лошата изолација. Кај старите објекти топлотната спроводливост на ѕидовите изнесува 1,2 W/m2K, а кај неизолираните покриви 2,5W/m2K. Исто така, голем дел од топлината се губи низ прозорците што имаат голема топлоспроводливост. Освен поради големата топлоспроводливост на обвивката од објектот, самиот објект губи топлина и поради слабата воздушна непропустливост. Енергијата понатаму се губи низ разните шуплини и зазори во топлинската обвивка на објектот и низ споевите кај вратите и прозорците. Сите овие губитоци многу зависат од температурниот градиент меѓу надворешната и внатрешната температура, па поради тој факт во потоплите климатски предели губитоците се значително помали.

Сета изгубена топлина објектот мора постојано да ја надокнадува со адекватно силен систем за греење. Една таква енергетски неефикасна семејна куќа со станбена површина од 100 m2 троши некаде околу 200 kWh/m2 енергија годишно, што е приближно 2.000 литри нафта за домаќинство. Со едноставни заштитни мерки, и со штедење, една таква куќа многу брзо може да стане енергетски поефикасна. Со заштитните мерки од типот на изолирање на објектот, дихтување на споевите и со вградување на прозорци и врати со ниска топлинска пропустливост, енергетските загуби може драстично да се намалат. После овие мерки, ако уште дополнително вградиме ефикасни машински системи можеме дополнително да ја зголемиме целокупната енергетска ефикасност на објектот. Голем број држави во своите законски регулативи имаат имплементирно повеќе мерки за енергетска ефикасност на објектите и разните уреди и на тој начин директно ја стимулираат енергетски ефикасната градба. Решението за намалување на потрошувачката на енергија во домаќинствата

Решението за намалување на потрошувачката на енергија во домаќинствата е токму ниско-енергетската куќа. Како највисок степен на ефикасност се појавила пасивната куќа која троши и до 10 пати помалку енергија во споредба со класичните неизолирани градби.

Мув

лат

а е

еден

од

сим

птом

ите

за е

нерг

етск

и не

ефик

асен

обј

ект

Ниско-енергетска куќа која троши 2 литри нафта за домаќинство на m2 за греење во текот на една година

Page 23: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 23

23

градежништво

е токму ниско-енергетската куќа. Како највисок степен на ефикасност се појавила пасивната куќа која троши и до 10 пати помалку енергија во споредба со класичните неизолирани градби. Во една таква пасивна куќа, во споредба со класичната куќа, едно семејство може да заштеди околу 1.800 евра годишно. Тука треба да се истакне дека многу поевтино е да се изгради квалитетна ниско-енергетска куќа уште од почеток, отколку подоцна објектот да се реновира и доградува. Во ред. Да речеме дека од сега ќе градиме само ниско-енергетски објекти. Што да правиме со постоечките? Од големо значење е изнаоѓањето решенија за подобрување на енергетската ефикасност кај старите објекти. Во првата фаза секако дека се прави изолирање на објектот. Со тоа не само што штедиме, туку го спречуваме и појавувањето на мувлата на внатрешните ѕидови. После изолирањето како втора фаза може да пристапиме кон замена на старите со нови, поефикасни прозорци. Да напоменеме дека овие две фази не смеат да бидат по обратен редослед бидејќи може да дојде до дополнително зголемување на влажноста во внатрешните простории и создавање на уште подобри услови за појава на мувла. Во третата фаза се пристапува кон вградување на систем за вентилација кој има можност за рекоперација. На крај, може слободно да ги замениме и уредите за греење, со уреди кои се поефикасни и имаат многу пати помала моќност. Освен со претходно спомнатите мерки, глобалната потрошувачка на енергија може да ја намалиме и со користење на градежни материјали кои во својот „животен циклус“ трошат малку енергија. Увид во „животниот циклус“ на еден материјал може да се добие со примена на LCA методата (» Life Cycle Analysis«). Со оваа метода се добиваат податоци од кои се гледа како еден градежен материјал влијае на животната средина за време на целиот свој „животен циклус“, од фазата на негово производство, преработка, употреба и рециклажа. Еден пример за таква анализа даден е во прилог. Од графиконите јасно се гледа кои материјали „трошат“ помалку енергија во текот на својот „животен циклус“.

За крај, доколку сакате да ја сочувате нашата мила планета Земја, ви препорачувам да градите ниско-енергетски објекти, постоечките да ги реновирате со цел постигнување на подобра енергетска ефикасност, да употребувате само енергетски ефикасни уреди и што е можеби ново за сите нас, да употребуваме само природни градежни материјали кои трошат помалку енергија во својот „животен циклус“. Да го сториме тоа и да им дадеме на нашите деца шанса да имаат енергетски одржлива иднина.

-2-101234

1 2 3 4 5 6 7 8

GWP kgCO2eq/kg

0,015

0,02

0,025

AP kgSO2eq/kg

020406080

100120

1 2 3 4 5 6 7 8

PEI MJ/kg

1 плоча од дрвени влакна2 polistiren EPS 253 polistiren XPS4 стаклена волна MW WF5 камена волна

0

0,005

0,01

0,015

1 2 3 4 5 6 7 8

5 камена волна6 изолација од коноп со додадени влакна7 изолација со целулозни делчиња8 волна од овца

Потенцијал за предизвикување на топлограден ефект (GWP)Потенцијал за предизвикување на закиселување (AP)Содржина на примарна енергија (PEI)

Вредностите се земени од книгата T.E. Waltjen, Details for Passive Haus, A catalogue of ecologically rated constructions, IBO-Austrian Institute for Healthy and Ecological Building, Springer Wien NewYork 2009.

Изолација од целулозни делчиња

Page 24: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012324

24

арт инфо

Page 25: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 25

25

архитектура

Page 26: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012326

26

интервју главна награда за арХитектура на град Скопје

Сакам објекти кои се како скулптури

Фирмата „Инженеринг импекс СА“ добивала повеќе награди во текот на своето

повеќедецениско постоење, но годинава доби уште едно мошне важно призание - Главната награда за архитектура на град

Скопје. Архитектот Мишо Арсов вели дека исклучителноста на објектот „Брути“, за кој ја добиле наградата, е неговата хармоничност

и отсуството на непотребна декорација. Да слушнеме кои се неговите гледишта за

архитектонските трендови во светот и кај нас.Кате анТЕвСКа

За главната награда за архитектура на град Скопје конкуриравте со три ваши проекти, сепак ова признание го доби објектот „Брути“. Спред вас, во што се состои неговата издвоеност? Исклучителноста на објектот „Брути“ ја гледам во чистотата на решението, односно е добиена хармонична целина со обликувањето на фасадата без да се оптоварува со дополнителна декорација. Оформена е обвивка од панели-алкубонд на две затворени површини кои продолжуваат на аголните делови од застаклените фасади. Од оваа фасадна обвивка во форма на „Г“ продира стаклен кубус кој габаритно се поврзува со страничните

полни површини. Ваквото решение придонесува за стабилен и хармоничен изглед на објектот. Комбинацијата на бои со топли и ладни тонови, како и чистите и рејлефни површини придонесуваат за постигнување на хармоничниот изглед. Во функционална смисла, добиен е отворен мултинаменски простор меѓусебно поврзан со две вертикални комуникации.

на објектот „Брути“ работевте заедно со уште двајца ваши колеги. Како ги распределувате работите? Работевме како тим, колегата Аднан Сарачини на функцијата на објектот, јас на негово обликување, а колегата Игор Димов на компјутерската презентација. Со тимска работа се скратува времетраењето на проектирањето, се добива сублимат на идеи, а резултатот е поквалитетни решенија за објектите. Сметам дека ваквиот тип на работа е неоходен за проектирање на поголеми објекти, а особено кога е потребна соработка со останатите проектанти за конструкција и инсталација.

„Инженеринг импекс Са“ има богато и долгогодишно проектантско искуство. Каков вид објекти проектирате и дали архитектонскиот стил е диктиран од барањата на нарачателите? „Инженеринг Импекс СА“ постои повеќе од 20 години, а негова основна дејност е проектирање објекти. Проектираме јавни објекти, индивидуални станбени објекти и реконструкции со ентериерни решенија. Архитектонскиот стил не е секогаш диктиран од инвеститорот. Инвеститорот ја

диктира функцијата со проектна програма, додека за стилот се договараме во текот на работата. Во решенијата на куќите применуваме стилизирани елементи од традиционалната македонска архитектура како тремови, еркери, чардаци и резби во ентериерните решенија на плафоните. Од поновите јавни објекти на кои сме работеле, а кои заслужуваат да бидат претставени се: „Пауер Груп“ на ул. Скупи бб во Злокуќани, мултифункционална градба која содржи сервиси, технички

Објектот „Брути“

Page 27: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 27

27

интервју

преглед, салон за автомобили и администрација, потоа синџирот на маркетите „Супер Тинекс“, трговскиот центар „Биг Бокс“, реконструкцијата на хотелот „Македонија“ во Дојран, хотелот „Солун“ во Скопје, еден станбено-деловен објект на булевар Пардизански одреди и други. Од ентериерните решенија позначајни се деловните простории на „Сава Осигурување“, дискотеката „Процес“ кафе - барот „Иносомнија“, баровите „Имиџ“, „Тренд“ и „Змија“, аптеките „Галениум фарм“, казината во Дојран и Скопје и други. Во обликувањето на ентериерот на овие градби применуваме модерни, но и традиционални решенија во зависност од намената.

повеќето од зградите и куќите на кои сте работеле имаат модерен изглед. Колку ги следите светските или европските трендови во архитектурата? Јас преферирам модерен изглед и ги следам светските и европските трендови во архитектурата. Постојано учествувам на

светски конгреси за архитектура, семинари и изложби. Техногијата оди напред, се обидуваме колку е можно повеќе да ја вградиме во констуктивните системи, во фасадното обликување, а тоа значи да се употребат енергетско ефикасни материјали за заштеда на енергија, топлински пумпи и соларни панели, и еколошко одржливи елементи. Што се однесува до обликувањето на изгледот сметам дека вредноста на едно архитектонско дело произлегува од многу елементи како односот на масите, хармонијата на пластиката, колоритот и слично. Стиловите се менуваат, трендовите исто така, во тек сум со случувањата, активно следам, но сепак имам изградено препознатлив сопствен стил кој постојано го надградувам.

природните материјали, сивите и белите тонови, велите, се мометално актуелни во архитектонската практика. Се бара ли инспирација во архитектонските и уметничките стилови од минатото? Природните материјали како камен,

Објектот „Брути“ ја доби главната награда за архитектура на град Скопје

Page 28: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012328

28

интервју

тула и дрво се секогаш актуелни. Тие имаат свој природен колорит. Јас секогаш правам комбинации од ладни и топли тонови во хармоничен сооднос. Архитектонските уметнички стилови од минатото се користат делумно во одредени објекти. Во обликувањето на современите градби се користат ретро-елементи како лустери, рамки за огледала. Ретро-стиловите не се актуелни само во архитектурата, тие се користат и во модниот свет и во автоиндустријата. Еве, на пример, во светот моментално е актуелен редизајн на возилата од 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Кои архитекти извршија најголемо влијание на вас и зошто токму тие? Ричард Мејер и Френк Гери се архитектите што најмногу влијаеја врз моето формирање како архитект, ме инспирираа да проектирам објекти во современ стил. На пример, во делата на Ричард Мејер ми се допаѓа чистотата во изразувањето со префинети форми кои изгледаат лесно, а всушност се мошне масивни. Комбинацијата на материјалите

од алуминиумски композитни панели со камен во бело-жолтеникав колорит ги надополнува успешно компонираните форми. Во делата на Френк Гери, пак, формите се послободни и даваат одредена динамика на објектот. Неговите дела изгледаат скулптурално, а мене тоа ми се допаѓа, кога еден објект има облик на скулптура, на уметничко дело. Инспирација пронаоѓам и во уметноста на сликарите, како Пабло Пикасо, Џорџ Брак и Пит Мондријан. Често соработувам и со македоските уметници кои ги надополнуваат ентериерите со нивните витражи, мозаици, скулптури и уметнички слики, меѓу кои и со Никола Иванов - Балтон, Боро Митриќески, Томе Бундевски, Цане Јанкуловски, Димитар Стојчевски и Владимир Лазоски.

Моментално кај нас се актуелни монтажни градби. Колку е исплатливо и сигурно да се инвестира во куќи од овој тип? Монтажни куќи правиме за приградските населби. Поисплатливи се од објектите со тврда градба, но бараат посебен третман и треба да се одржуваат во

текот на годината. Кај куќите од дрво тоа би значело нивно премачкување со специјални премази во текот на годината, со што дрвото би се заштитило од атмосферски влијанија и од инсекти. Една од позитивните страни кај овие објекти е што се безбедни од сеизмички влијанија. Сепак, кај нас традиционално се позастапени објектите од поцврста градба.

велите дека една од работите што го нагрдуваат ликот на зградите во Скопје, а со тоа и на целиот амбиент, е тоа што на своја рака граѓаните прават проширувања и доградби. ве молам, искоментирајте го овој проблем. Сметам дека ликот на зградите во Скопје е нагрден од интервенциите што ги прават станарите, во смисла на затворање балкони, поставување несоодветни настрешници, делумно покривање на равни кровови и слично. Се надевам дека во иднина ова ќе се промени, ако доследно се почитува законот за градење ќе се спречи самоволието на некои граѓани во нагрдувањето на објектите.

160

17h4218h16.65

10h1

59h

30

9h30

10h1

5

1

1

2

2

3

3

4

4

A A

B B

V V

37 575 575 575 300 3720 88

1250 525 50 525 50 525 50 250 50 12

108 2.099

2557

557

537

1012

050

525

5052

550

1213

01.

212

2.09962 525 50 525 50 525 85 180 97

12 50 525 50 525 50 525 50 250 50 1230 582 575 575 307 30

3058

257

537

1250

525

5052

550

6252

563

71.

224

301.

164

30

30 597 10 1.138 12 282 30

20 88 30 597 10 650 140 310 128 12 9012

90 30

944

8060

8030

3015

527

015

812

282

1214

012

112

30

OSNOVA NA PRIZEMJE M=1:100

10h1

59h

30

9h30

10h1

5

1

1

2

2

3

3

4

4

A A

B B

V V

20 145 575 575 575 300 3720 120 50 525 50 525 50 525 50 250 50 1220 2.207

145

575

575

3712

050

525

5052

550

121.

332

165 575 575 575 307 30140 50 525 50 525 50 525 50 250 50 12

2.227100 1.500 315 35 180 97

165

575

575

3714

050

525

5052

550

1210

074

030

021

21.

352

301.

027

526

030

30 684 12 563 12 544 12 11612

9012

90 30

30 1.873 12 282 30

1012

030

583

1243

412

112

30

OSNOVA NA KAT-2 M=1:100

V

V

B

B

A

A

575 575

1

1

2

2

3

3

4

4

575 575 575

Page 29: Porta3 196

интервју

„арХитектура Скопје 2012“пофалници за другите учеСници

Во рамки на „Архитектура Скопје 2012“, освен главната награда, беа доделени и пофалници за придонес во архитектурата, и тоа на архитектите Сања Раѓеновиќ и Ненад Раѓеновиќ за деловниот објект „АД Осигурителна полиса“ во Скопје, како и на архитектите Грегори Ибнез, Звонко Тасевски и Крсте Петров од „ДСЦ Дизајн“ за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“. - „Архитектура Скопје 2012“ претставува точка на среќавање на архитектонските идеи, натпревар на проекти и дијалог меѓу визиите коишто го креираат лицето на Скопје, но и проникнуваат во неговата душа - рече градоначалникот Коце Трајановски во своето обраќање пред доделувањето на наградите.Манифестацијата „Архитектура Скопје 2012“ е традиционална и веќе 13 години се одржува во чест на 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, а се реализира под покровителство на Град Скопје.

Трговскиот центар „Биг Бокс“ Синџирот на маркети „Супер Тинекс“

Станбена куќа во Злокуќани

Ентериер на интернет-кафе во Дебар Маало

Page 30: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012330

30

архитектура национална галерија во берлин, германија

Ортогонален растер како совршена форма Повикан на крајот од својата кариера, Мис ван дер Рое ја прифатил понудата да ја проектира Новата национална галерија во Берлин, музеј кој ќе ја „вдоми“ современата уметност анастасија нИКоловСКа

Лудвиг Мис ван дер Рое со својот значителен творечки опус, како од изведени така и од нереализирани објекти, зазема посебно место во историјата на модерната

архитектура. Кариерата на Мис ван дер Рое е целосно обликувана од настаните што се случувале во дваесеттиот век. Исто така, тој имал една позиција во германската архитектура до доцните триесетти години, и е сосема различна преку океанот во Чикаго после 1938 година. Одметничкиот

талент од провинцијата, далеку од космополитскиот центар на Берлин, оставил свој печат преку цврстината на својот карактер, без финансиска помош или образование стекнато од елитни институции. Кога за прв пат стапнал на американско тло, во Чикаго, Мис ван дер Рое веќе бил познат како најталентиран европски модерен архитект, и експерт во областа на прогресивната европска култура. Како и да е, во текот на неговиот долг живот тој останал фокусиран на една единствена задача; изнаоѓање

решенија на новите архитектонски предизвици на индустриската епоха. Новата национална галерија во Берлин, или како што популарно ја нарекуваат храмот на светлината и стаклото, е дел од еден од најголемите културни комплекси во Европа – Kulturforum. Во овој огромен зафат учествувале Мис ван дер Рое, Хајнц Хилмер и Кристоф Сатлер. Карактеристичен е и по иновативната модернистичка архитектура; неколку објекти се одликуваат со органскиот дизајн на Ханс Шараун. Изграден во

Page 31: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 31

31

архитектура

периодот 1950-1960 година, овој комплекс се наоѓал на работ на Западен Берлин, откако повеќето културни објекти на претходно обединетиот град останале зад Берлинскиот ѕид. Своевремено, Kulturforum претставувал јасен политички знак за виталноста и развојот на Западен Берлин. Денес овој културен центар е непосредно поврзан со Потсдамер плац. Културните објекти сместени во и околу Kulturforum се: • Neue Nationalgalerie• Gemäldegalerie• Museum of Decorative Arts• Musical Instrument Museum• Kupferstichkabinett (Print room)• Art Library• Berliner Philharmonie• Chamber Music Hall• Berlin State Library• Ibero-American Institute• Wissenschaftszentrum• St. Matthäus-Kirche

елементи во програмирање и планирањеНовата национална галерија е дел од апсолутниот свет на Мис ван дер Рое, со својата апсолутна форма произлезена од ортогонален растер, потпрена на периферни столбови – иако најзначајната функција, постојаната изложбена поставка, е спуштена во подземниот дел. Во апсолутниот свет на Мис ван дер Рое нема место за грешки, бидејќи крајната едноставност го прави човекот чувствителен и на најмалиот детаљ на конструкцијата, а платонската форма со својата претензија

Мис ван дер Рое

Инсталација од Рудолф Стингел

Изложба на Ернст Вилхелм Неј

Изложба на Герхард Рихтер

Page 32: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012332

32

за трансценденталност бара потполно совршенство. Користењето на „совршената форма“, заснована на ортогонален растер, е оправдана бидејќи „во таков објект може да правите што сакате“. Луис Мамфорд во своите „Аргументи против модерната архитектура“, вели дека Мис ван дер Рое ги користи можностите што ги овозможуваат челикот и стаклото, за да создаде елегантни споменици речиси од ништо. Нивниот сувопарен стил потсетува на обликот на машините. Според својот личен прочистен вкус, тој на шупливите стаклени школки им вдахнува кристална обликувана чистина; но тие постојат само во платонскиот свет на неговите фантазии и не се приспособени на локацијата, климата, потребите за изолација, функцијата и активностите што се одвиваат во нив. Всушност, неговите објекти потполно „вртат грб“ на тие реалности, баш како што и круто распоредените столици во неговите дневни соби ја игнорираат потребата за интимност и неформална конверзација. Неговите објекти се апотеоза на принудниот, бирократски дух. Би можело да се каже дека ова е класично обвинување и оцрнување, бидејќи повеќето замерки се точни во

буквална смисла: неговата архитектура не секогаш е совршено приспособена на локацијата, климата, итн. Но, во одбрана на Мис ван дер Рое – неговата архитектура, како ни поезијата, не треба да се сфаќаат во буквална смисла. Тоа би било како да се чита Хамлет само заради некои негови поединечни размислувања за „животот“ или „жените“.

проектантСки аСпектиПовикан на крајот од својата кариера, Мис ван дер Рое ја прифатил понудата да ја проектира Новата национална галерија во Берлин, музеј кој ќе ја „вдоми“ современата уметност. Проектот сигурно бил предизвик за архитектот, кој во тој период бил пред крајот на својот живот. Тој во овој проект ги сумирал сите претходни знаења од повеќедецениското искуство, враќајќи го буквално и метафорички на земјата на Карл Фридрих Шинкел, неговата стара татковина – и на неговите почетоци. Генезата на оригиналната идеја, од дизајн на куќа за домување, преку административен објект, до уметнички музеј, го поддржува убедувањето на архитектот за мултинаменскиот потенцијал.

Тој го задржал ова свое убедување, бидејќи стаклениот павилјон навистина може да прими многу функции. Во конкретниот случај, подземните галерии се надоврзуваат на голема градина која овозможува осветлување од едната страна во внатрешноста. Канцелариите главно остануваат без природно осветлување. За сметка на недостатокот од природна светлина во долното ниво, на приземјето тоа го има во изобилство.

Специфични обликувани детерминантиИзразувајќи го духот на столетието преку својот силен „интегритет на обликот“, Мис ван дер Рое знаел да ја примени суштината на модерната технологија. Овие тврдења треба да се сфатат на ниво на аналогија, бидејќи во буквална смисла не се сосема точни: имено, модерната технологија напреднала многу повеќе од системот на архитравна конструкција, која Мис ван дер Рое ја применил во Новата национална галерија; потоа, формата едноставно не може да постигне интегритет ако не е поврзана со функцијата или техниката; а духот на нашето столетие е во иста мера

Скулптура од Александер Калдер

архитектура

Page 33: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 33

33

задоен со демократски идеализам како и платонски елитизам. Но повеќето критичари и почитувачи на делото на Мис ван дер Рое просто преминуваат преку овие замерки. Зигфрид Гиодион го споредува духот на архитектурата на Мис ван дер Рое со мирните, кристално јасни ентериери на Де Хох, холандскиот сликар од седумнаесеттиот век, кој ја постигнал истата чистина на светлината и острите контури, апстрактните форми и мирниот ред, кој се граничи со пасивен мистицизам. Гиодион кај Мис ван дер Рое пронаоѓа „интегритет на формата“, бидејќи тој „сите облици ги подредил на крајна јасност“, а тоа го постигнал нагласувајќи ги суштинските својства на секој материјал и правејќи модели на конструктивните детали во природна големина, сè додека не ги елиминира оние елементи кои визуелно не се вклопувале. Визуелниот перфекционизам на Мис ван дер Рое ги освоил и останатите критичари, како Вилијам Џорди, кој говори за брилијантното решавање на аголните споеви и за се поголемата прочистеност на ѕид- завесата во секој нов проект. Питер и Алисон Смитсон зборуваат и за „бесмртността на Мис“, што се темели на воведувањето на неутрална мембрана и конструкција која овозможува континуитет на просторот. Тие ја величат неговата суптилна употреба на материјали и неговиот посебен сензибилитет. Во Новата национална галерија се препознаваат универзалните верувања на Мис ван дер Рое, додека номиналистичките филозофи и прагматичари кои не веруваат во постоењето на универзални вистини, платонските поставки на Мис ван дер Рое главно ги сметаат за смешни. Новата национална галерија е во најубаво издание кога е целосно испразнета, или се користи

како изложбен простор за слободно постоечки скулптури со големи димензии – како резултат на крајниот формализам – при што функцијата е подредена на формата.

конСтруктивни аСпектиРеализирајќи ја идејата што го окупира уште од Куќата 50 x 50 од 1951 година, Мис ван дер Рое го развил дизајнот во облик на квадратен павилјон целосно застаклен, без никакви внатрешни потпори. Масивната касетирана метална конструкција е носена од осум столба периферно поставени надвор од објектот. Како одговор на двостраното конзолно испуштање на аглите од кровната конструкција, како резултат на аглите ослободени од столбови, Мис ван дер Рое и неговите инженери смислиле ингениозно решение. Масивниот покрив бил конструиран од различни челични кутии со јачина која варира, составени во еден компактен волумен. Така челикот на аглите ги има истите карактеристики како и во пределите што се помалку напрегнати. Целата покривна конструкција била поставена во еден ден. Прво била составена на земја и потоа крената со помош на хидраулични дигалки и поставена врз осумте столбови. Мис ван дер Рое го следел поставувањето, седејќи во бел Мерцедес.

личен коментарМис ван дер Рое умеел со особена леснина да се провлече од верувањата во Zeitgeist до конзервативните аргументи во прилог на затвореното друштво – односно друштвото во кое сè е на своето право место во согласност со својата природа. Спротивно на неговите убедувања и ставови, универзалните вистини никогаш не може да се осознаат преку дијалектиката на Zeitgeist, туку до нив

може да се стигне само преку постојан и истраен критички пристап. Сфаќањето дека тие вистини се отелотворени токму во вид на празни паралелопипеди, засновани на принципот на архитравна конструкција, кои затвораат еден универзален простор, претставува драстична симплификација. Можеби спротивно на верувањето на номиналистите, зад сите привиди навистина се кријат универзалните вистини, но идејата дека имаат правоаголен геометриски облик или дека се воопшто геометриски – тоа можеби е чиста фарса. Всушност кога архитектурата на Мис ван дер Рое ќе ја споредиме со комплексните верувања, ќе сфатиме дека неговиот свет, баш како и случајот со фарсата, се заснова на радикалната редукција на нештата на мал број едноставни формули и крути закони кои би требало да одразуваат една богата стварност. Можеме да го користиме тој свет каде „помалку“ претставува „повеќе“, и каде што крстовидниот столб доведен до совршенство симболизира убавина, вистина, бескрајност, онака како што можеме и да се насмееме кога балетан ќе се слизне на кора од банана. Со други зборови, во двата облика на фарсата ние може да уживаме ако, и само ако, нам ни е позната и ја имаме на ум онаа област на вредности која е изоставена, а се подразбира: во случајот на Мис ван дер Рое – неговиот конечен свет, а во случајот на балетанот – неговиот свет на органска контрола. Ако архитектурата на Мис ван дер Рое се зема здраво за готово, човек всушност почнува да верува дека фарсата е поважна и посодржајна од трагедијата, или дека недопечената, едновалентна архитектура е повредна од инклузивната.

архитектура

Page 34: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012334

34

одржлива архитектура Pixel – Седиште на компанијата „грокон“ во мелбурн

Еколошки пример

александар пЕТров, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија)

Високите квалитети кои ги постигнува зградата се должат, пред сè, на иновативноста за намалување на јаглеродното зрачење, на вакуумскиот санитарен систем, на анаеробниот дигестивен систем, на одржливоста на водата и намалениот паркинг

Еден прекрасен и иновативен пример во серијата еколошки згради во Мелбурн претставува и седиштето на „Грокон“. Уште една зграда која перфектно се вклопува во политиката за

намалување на емисиите на штетни гасови, која ја застапува општината. „Грокон“ е градежна фирма, која долги години е лидер на мелбурнскиот пазар, производител на бетон, а е доста присутна и во секторот на недвижности каде интензивно инвестира. Зоната во која се наоѓа зградата се

вика Carltonbrewery (која е купена од нив во сосопственост со универзитетот RMIT), каде веќе се подготвени проектите од водечките локални архитекти, кои во најскоро време ќе почнат да ги градат на тоа место. Во случајов станува збор за нивната прва градба на таа парцела (еден вид на прототип), каде што ќе биде сместено нивното главно седиште од каде што ќе се контролира целокупната градежна операција. Тоа парче од градот ќе достигне силна експанзија поради близината со централниот бизнис дистрикт, а и поради

атрактивноста на содржините што се нудат. Зградата се нарекува Pixel во чест на типот на бетонот Pixelcrete што се користи при нејзината изградба. Овој тип на бетон е развиен, патентиран и дистрибуиран од „Грокон“, а со изградбата на оваа зграда ќе се стреми кон негова комерцијализација. Pixelcrete е смеса која користи висока пропорција на рициклирани агрегати и успева да ја преполови емисијата на јаглерод во споредба со традиционалниот 40Mpa портланд цемент. Pixel building ги достигнува највисоките

Page 35: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 35

35

одржлива архитектура

стандарди и затоа е многу високо рангиран на листата на Green Star која ја спроведува The Green Building Council of Australia. Високите квалитети кои ги постигнува се должат, пред сè, на иновативноста за намалување на јаглеродното зрачење, на вакуумскиот санитарен систем, на анаеробниот дигестивен систем, на одржливоста на водата и намалениот паркинг. Проектирана е од страна на архитектонското Studio 505 во соработка со инженерите Umow Lai & Associates. Основната катна плоча е со димензии 14,5 х 20 метри и се повторува на три ката плус приземјето. Фасадната обвивка е двослојна и се состои од надворешниот заштитен, декоративен слој и внатрешниот, што користи smart windows технологија. Помеѓу двата слоја се наоѓаат жардиниери каде се одгледува вегетација. Обвивката кружи на три страни, додека на југ е заѕидана најверојатно затоа што би била залепена некоја следна градба. Најекспониран дел, секако, претставува надворешниот слој на живо раздвижената фасада. Спакувана е со обоени рициклирани панели, кои со својата ротација, во зависност од сезоната овозможуваат максимален влез на дневна светлина, просенченост и поглед. Панелите вариаат со три нијанси

Page 36: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012336

36

одржлива архитектура

на бои (зелена, портокалова и сива) и овозможуваат различни комбинации. Фасадниот патерн е составен од попречни и напречни шестоаголни форми, кои се спојуваат или разидуваат околу нивните оски на растојание од по еден метар. Фасадната обвивка константно кружи околу зградата и создава вибрации на различни комбинации кои ја прават оригинална. Се работи за готови панели направени од пластичен материјал, комплетно рициклирани, од двете страни покриени со тенок алуминиумски лим. Smart windows технологијата автоматски ги отвора прозорците и во ладните ноќи на природен начин ги разладува таваните и загреаната структура во таканаречениот процес на „ноќно чистење“. Во внатрешноста канцелариите користат 100 процентно свеж воздух. Објектот исто така користи и софистициран енергетски систем на достава, каде издувниот воздух, кој се лади или грее, се отстранува пред да биде испуштен во околина, за да поттикне помала потрошувачка. Како извор на енергија се користи систем од чилер кој работи на апсорбиран гас, кој користи амонијак како природен ресурс за ладење. Оваа технологија во споредба со класичниот чилер, кој функционира на електрична енергија, значително ја намалува

Шема на функционирање на ладење и топлење на користениот систем

Page 37: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 37

37

одржлива архитектура

емисијата на јаглеродот, а воедно и не ја оштетува озонската обвивка. Интересен приод се спроведува и во начинот на користењето на водата. Дождовната вода се складира откога ќе биде искористена за наводнување на зелената градина на покривот. Таа се складира во резервоар пред да биде повторно користена преку осмоза како вода за употреба и конзумирање. Вака третираната вода потоа се дистрибуира и подесува до сите санитарни јазли. Отпадната вода се филтрира и се користи за наводнување на фасадното зеленило, кое се наоѓа меѓу фасадните слоеви. Ова значи дека не се испушта отпадната вода во канализација, освен во подождливите периоди од годината. Во санитарните јазли се користи вакуумска технологија. Вакуумските тоалети го намалуваат користењето на водата на апсолутен минимум (таква технологија се користи во авионите бидејќи немаат спој со канализација). Резерварот што се наоѓа во подземјето ја апсорбира целокупната отпадна вода од кујната и тоалетите. Од неа се одзема метанот и се користи како енергетски ресурс за топлата вода која се добива од бојлерите на покривот. Таа топла вода се користи за тушевите, која еднаш искористена ќе премине во сива вода и повторно ќе се користи, овој пат за наводнување на канцелариската вегетација (саксии со најразлични цвеќиња). Црната отпадна вода, од тоалетите и кујната, се испушта во канализација во течна форма, без метанските примеси. Одржливост на водата значи нејзин повраток во период од 10 години на просечни врнежи, кога зградата би се дисконектирала од главната градска достава и би била самодоволна за достава на вода. На покривот се користат низа од три структури на фотоволтаични табли. Шест од нив се монтирани на подвижна лента која се движи во зависност од различната положба на сончевите зраци во текот на годината, за да можат максимално да ја искористат топлотната енергија. Останатите 12 табли се фиксни и сите заедно произведуваат 6,4 kW електрична енергија. Тука се наоѓаат

и три еолски турбини од 5,4 kW кои се посебно дизајнирани за максимално да го искористат капацитетот на производство на електрична енергија, притоа приспособувајќи се на искористувањето на локалните ветрови. Целокупниот овој систем е димензиониран за да се напои целиот објект со енергија произведена ексклузивно од обновливи извори. Зградата посебно добива на тежина и од политичките заложби на владите на САД и Австралија. Имено, во 2010

година зградата Pixel беше посетена од американскиот државен секретар, кој беше гостин на Giulian Gilard (премиерката на Австралија). Со успехот на оваа зграда се потенцираа понатамошните цели на двете влади за решителноста во понатамошниот развој на ваков тип технологии, каде ќе се финансираат истражувања во овој правец, се со цел да се достигне поголема нивна застапеност, а со тоа и намалување на огромните трошоци при нивната реализација.

Шема на функционирање

на ладење и топлење на

користениот систем

Page 38: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012338

38

архитектура

Отворен простор со природни материјали и едноставни формиКуќата има едноставна правоаголна форма и e проектирана околу дневната соба, која е замислена како центар во кој се одвива секојдневниот живот во овој дом

ангел СИТновСКИ, дипл.инж.арх.

Куќата Бер е најновиот проект и ремек-дело на архитектонското студио Nico van der Meulen и дизајнерите на ентериерот од студиото M Square Lifestyle Design. Смелиот и

ултрамодерен концепт на проектирање во потполност одговара на современиот начин на живеење во Јужна Африка. Проектот ни покажува што се случува кога гранитот, стаклото и челикот, светлината и водата, ќе се најдат едно покрај друго. На тимот архитекти од ова студио, најважно им било како да го отворат просторот на куќата и со тоа да го

подобрат циркулирањето на воздухот, што е неопходен во врелите летни денови во овој дел од светот. На сопствениците им е овозможено да уживаат во природата што ги опкружува. Направен е естетски убав и единствен објект, претставен како секвенца од неправилни челични профили. На челичната носечка конструкција се поставени челични шипки, кои првично биле замислени како решетки, кои ќе ја обезбедуваат куќата, но визуелно станале интересни и сега се карактеристични за оваа куќа, која според авторите се разликува од останатите во околината. Куќата има едноставна правоаголна

форма и e проектирана околу дневната соба, која е замислена како центар во кој се одвива секојдневниот живот во овој дом. Транспарентни и речиси невидливи стаклени врати и панели, беспрекорно ја одвојуваат внатрешноста од надворешноста, така што оние што за прв пат доаѓаат во оваа куќа се прашуваат дали се внатре или надвор? Дизајнерите од M Square Lifestyle Design ја демонстрираат нивната способност да работат со природни материјали и едноставни форми. На белите и осветлени плафони им додаваат темен контраст и ја нагласуваат различноста помеѓу различни текстури и форми, што создава состојба на

Page 39: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 39

39

архитектура

Отворен простор со природни материјали и едноставни форми

исчекување кога се движите низ куќата. Дневната соба, трпезаријата и кујната се отвораат спрема пространата наткриена тераса со лизгачки врати без рамки, што е извонредна идеја затоа што го зголемува просторот и го прави извонреден за седенки и забави во долгите и топли лета на Јужна Африка. Внатрешните ѕидови речиси и да ги нема, со што е создаден спектакуларен животен простор со голема површина. Кровот се надвиснува над терасата, која е потпрена на челични греди и е со еден дел над базенот во висина на првиот кат. Резултатот е современ дом со отворен простор, идеален за семеен живот и забава.

Кујната и трпезаријата овозможуваат поглед „од првиот ред“ кон дневната соба, базенот и сè она што се случува надвор. Од дневната соба водат скали кон катотот. Поставени се како да лебдат во просторот. Спалните соби се на катот, со свои купатила, и тие гледаат кон балконот. Симбиозата помеѓу ентериерот и екстериерот е видлива во спалните соби и купатилото. Столбовите не се забележуваат и се создава впечаток како кровот да лебди над нив. Студиото M Square Lifestyle Design го дизајнирале ентериерот, кој го одразува богатствотото и најновите трендови во дизајнот. Тоа се гледа во аспектите

како што се успешното користење на афричкиот гранит по ѕидовите и подот, користењето на светилките за креирање на еден динамичен слој во просторот, поставување на модернистички скулптури. Стратешкиот распоред на мебелот го дели просторот за различни активности и на тој начин го промовира за интерактивен семеен живот. Применета е современа палета на бои како би се унапредила темата за современиот ентериер. Крајниот резултат е простор кој е отворен, модерен, топол и извонредно допадлив. Мебелот е производ на најпознатите европски дизајнери и производители.

Page 40: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012340

40

зелена архитектура центар за интерактивно иСтражување на одржлив развој, ванкувер

„ЖИВА“ ЗГРАДАЦентарот како мултидисциплинарен едукативен и истражувачки центар е една од најзелените градби во светот, и претставува база која идните проекти ќе се стремат да ја совладаат

александар ЧЕрЕпналКоСКИ, дипл.инж. по дрвна индустрија

Центарот за интерактивно истражување на одржлив развој, лоциран во Универзитетот Британска Колумбија, во Ванкувер, Канада, е дом на повеќе од

200 истражувачи од приватни, државни и невладини организации чијашто цел е да се промовира одржливиот развој. Опремен со лабораторија, канцеларии, сали за состаноци и социјални места, Центарот е организиран во две четворокатни крила поврзани со атриум кој служи како лоби на објектот од кој исто така се влегува и во амфитеатар со 450 седишта. Дизајниран

да биде најзелена зграда во Северна Америка, Центарот е „жива“ лабораторија која ги демонстрира можностите на одржливиот дизајн и конструкција. Објектот на Центарот е проектиран така што ги промовира и ги претставува сите аспекти на одржливиот дизајн, започнувајќи од енергетската ефикасност во употребата на објектот преку складирање, употребување и пречистување на атмосферските води, сѐ до промовирање на здрава, продуктивна и среќна средина за работа. „Живата зграда“ ја акумулира сончевата енергија, ја употребува вишокот на топлинска енергија од соседните

згради, разменува греење и ладење со земјата и враќа 600 мегават/часови вишок на енергија назад во кампусот на годишно ниво. Атмосферските води се користат за санитарна вода, додека дел оди и во специјални базени каде што се прочистува преку биофилтрациони системи. Големите прозорци ја задоволуваат потребата од светлина, додека надворешниот ветер преку специјално проектираниот вентилационен систем го провертува целиот објект. На кровот над амфитеатарот се наоѓа зелена градина која служи како мал двор за одмор по долгите работни часови. Фотоволтаичните фасадни панели

Page 41: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 41

41

зелена архитектура

произведуваат електрична енергија повеќе од потребите на самиот објект. На западната страна се наоѓа зелената жива фасада која е посадена со сезонско зеленило и служи за засенување. Со ова се покажува дека Истражувачкиот центар е всушност демонстрационен објект за можностите што ги нуди современиот дизајн и технологија.

материјалПри проектирањето на објектот било направено темелно анализирање за изборот на материјалите за градба. Пресудни фактори за избор на градежните материјали

биле еколошките и постигнување на здрава и пријатна средина за работа, како и високите естетски критериуми. Покрај овие фактори, исто така, биле земени предвид цената, трајноста на материјалот и одржувањето. Анализата покажала дека дрвото ги задоволува сите критериуми и е избрано како главен градежен материјал. Објектот е едноставно конструиран употребувајќи лепени ламелирани носачи (ЛЛН) со правоаголен пресек како главни конструктивни компоненти, потоа бичена граѓа со разни димензии, фурнирани плочи и минимум количина на бетон.

Конструкцијата е проектирана на тој начин што овозможува широки отвори во целиот објект од каде се добива многу дневна светлина. На вертикалните ЛЛН се прицврстени хоризонтални греди врз кои, пак, се поставени бичените дрвни елементи како под. Дополнителната цврстина за совладување на страничните сили се постигнува со два система. Првиот е со фурнираните плочи поставени на ѕидовите што служат да обезбедат вкрутување во дијагонална насока. Додека вториот систем е со момент-рамка во комбинација со панел плочи слично на

Page 42: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012342

42

зелена архитектура

вкрутувањето со фурнираните плочи. Димензиите на носачите се константни во целиот објект освен кај широките распони кои треба да се премостат на зелениот покрив кој се наоѓа врз амфитеатарот.

вредноСтиЦентарот за интерактивно истражување на одржлив развој е мултидисциплинарен едукативен и истражувачки центар. Но и покрај тоа што се смета за една од најзелените градби на земјината топка, целта е овој објект да стане основа врз која проектите во иднина ќе се стремат да ја совладаат. Живиот пулс во зградата се насетува уште при самиот нејзин влез преку четирите големи екрани, формирајќи видео-ѕид, каде што можат да се видат вредностите за употреба на енергија и вода и нивна продукција, како и сите други активности кои се случуваат во тој момент во зградата. На екранот, исто така, можат да се видат и одржливите индикатори на целиот кампус. Едно од истражувањата во зградата почнува да се фокусира на однесувањето на луѓето внатре во просторот на зградата. Се истражува како може најлесно да се постигнат урбани одржливи решенија кои ќе функционираат локално, а ќе можат да се употребуваат низ целиот свет. Истражувачкиот центар е почетна точка на еден визионерски експеримент кој треба да биде голем напредок во областа на одржливиот развој.

Page 43: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 43

43

архитектура

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Page 44: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012344

44

лонг ајленд, Сад

Објект: музеј за уметности "Parrish" Архитекти: Herzog & de Meuron

Својата инспирација архитектите ја повлекуваат од концептот на традиционална, архетипска куќа, реинтерпретација на специфичната типологија на форми од долгогодишното творештвото, со цел да креираат две калкански структури кои го дефинираат објектот. Она што е карактеристично за применетата типологија е фактот што е отворена кон најразлични функции, простори и култури и при секоја нејзина појава едноставното, навидум баналното, се претвора во нешто несекојдневно,

прецизно, освежително во однос на секојдневната архитектура. Изразот на целината истовремено претставува и реминисценција на множеството напластени волумени кои архитектите Herzog & de Meuron ги имаат испроектирано за галеријата VitraHaus за гарнитура во Германија. Објектот се простира на површината на екстензивна долина чиј природен пејзаж е збогатен од богатата вегетација специфична за Лонг Ајленд и неговото опкружување. Неговата позиционираност претставува директен резултат на зениталните отвори, ориентирани кон север. Оваа источно - западна ориентација заедно со инцидентната дијагонална релација со опкружувањето генерира драматично менливи перспективни визури при набљудувањето на објектот истовремено потенцирајќи ги неговите екстремно едноставни пропорции.

архитектура инфо

далаС, Сад

Објект: природонаучен музеј "Perot" Архитектонско студио: Morphosis

Основачот на архитектонското студио Morphosis го конципирал објектот како монументална коцка произлезена од серија на неколку пејзажно обликувани пониски низи/платформи, дизајнирани во соработка со пејзажните архитекти Talley Associates, покриени со камени делови и сува вегетација кои се карактеристични за пејзажот на Тексас. Со својот дизајн, музејот се стреми кон постигнување на највисоките возможни стандарди на самоодржливост за објект од овој тип, со цел да создаде нова структура која ќе го минимизира нејзиното негативно влијание кон опкружувањето. Природонаучниот музеј примарно се дефинира како јавен објект - значаен атрактор кој неминовно му припаѓа на градското опкружување. Тој претставува место за размена, кое во себе негува знаење, презентира информации и пренесува идеи. Јавноста се перципира како интегрален елемент на музејот исто како што и музејот за целиот град.

Page 45: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 45

45

архитектура инфо

краков, полСка

Објект: градина на уметности "Malopolska" Архитектонско студио: Ingarden & Ewý

Концептот за објектот на градината на уметности претставува соединување на две различни организации, театарот Juliusz Słowacki и библиотеката „Małopolska Voivodeship“, во една современа структура која како контраст ги заобиколува фасадите на поранешна арена за јавање коњи од 19 век. Формата на објектот е произлезена како производ од контекстуална игра помеѓу имитација и апстракција. Тоа не значи дека објектот претставува симулакрум на контекстот, туку напротив, цртана инспирација преземена од кодот на контекстуалните форми, создавајќи релација со геометријата на соседните структури применети за апстрактната геометриска композиција на фасадата. Големината на објектот беспрекорно се претопува во опкружувањето задржувајќи ги линиите на кровната покривка и дивизиите на фасадата во линија со целокупната композиција, како и со линеарните солуции на околните објекти. Како афирмација на извонредната креативност за просторна композиција и креативна форма во историски контекст, дизајнот на објектот е награден со наградата Professor Janusz Bogdanowski Prize, за најдобро архитектонско достигнување во Краков за 2012 година.

подготви: андреа јаМаКоСКа

Сант јуСт деСверн, шпанија

Објект: главно седиште на студиото Taller de Architectura - "The Factory" Архитектонско студио: Taller de Arquitectura, Ricardo Bofill

Концептот на поранешната фабрика за цемент, која заземала дел од индустриски комплекс на почетокот на 20 век и во својата целина содржи 30 силоси, подтеренски галерии и екстремно големи машински простории, претставува предмет на трансформација, т.е. ревитализација во главно седиште на архитектонското студио Taller de Arquitectura. Мајорна инспирација за редизајнирање и оживување на објектот претставува магичната атмосфера која се провлекувала низ напуштениот и делумно разрушен објект како компендиум на надреалистични елементи: скали кои не водат никаде, снажни армирано-бетонски структури кои немаат конструктивна особина, парчиња железа кои висат во воздухот, огромни неупотребени простори... Целокупниот комплекс се наоѓа во средиштето на градини обогатени со еукалиптус, палми, чемпреси и маслинки. Проектот како целина зборува за тоа како имагинативниот и креативен архитект може ефективно кој било простор да го адаптира на некоја нова функција, неминовно колку и новата концепција да би се разликувала од оригиналната.

аликанте, шпанија

Објект: резиденцијален објект "House on the cliff" Архитектонско студио: Fran Silvestre Arquitectos

Белиот единствен монолитен волумен кој се „вгнездува“ во карпестата стрмнина, истовремено отворајќи се кон Балеарското Море, создава визуелно контрастен израз на перципираната целина. Должејќи се на стрмниот терен и желбата за дизајнирање на објект со едно ниво, архитектите доаѓаат до создавање на решение од тридимензионална структура од армирано-бетонски греди и платна, создавајќи чувство за постоење на волумен кој лебди во воздухот, истовремено пловејќи по морските површини, дело кое ги почитува природните контури на опкружувањето во кое се наоѓа, тивко засолниште кое ги ужива и апсорбира убавините на медитеранот.

Page 46: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012346

46

технологии во иСчекување на новиот бран теХнолошки промени

Ништо не смее да се потценуваПрактично нема причина да не ја прегрнеме новата надоаѓачка технологија која сигурно ќе остави белег и во нашата индустрија

Трајче СТојанов, дипл.инж.арх.

Вестите што стигаат од ИТ индустријата се однесуваат претежно на смарт телефоните и таблет компјутерите. Едноставно, масовната хистерија што

владее по овие условно кажано „гаџети“ не остава простор за сериозна дискусија за други професионални теми од областа на примената на хардверот и софтверот во различни индустриски области. Сепак, ништо не смее да се потценува. Смарт телефоните и таблет компјутерите направија сериозни поместувања во ИТ индустријата, а економските показатели покажуваат дека има простор за уште поголем пробив. Има и настрадани, а веќе се гледаат и победниците. Оние што не успеаја да фатат чекор со новата ситуација изгубија. Наместо NOKIA, LG, Motorola, Ericsson, сега владеат Samsung и Apple. Наместо Symbian OS, Windows Mobile, сега владеат Android и iOS. Кратко време популарните Notepad-ови, сега се заменети со Tablet PC. Таблетите начнаа и од колачот резервиран за лаптоп компјутерите. Компјутерите станаа помобилни, покомпактни, помоќни и подостапни. Она што некогаш беше компјутер, сет на поврзани кутии (куќиште и монитор), огромен, тром и скап, денес тешко да се препознае како таков. Некогаш компјутер, денес опфаќа цела низа на производи по сегменти како сервери, десктоп компјутери (најчесто работни станици), лаптоп компјутери (потенки и од чоколадна табла), таблет компјутери. На самиот крај се паметните телефони. Разликите помеѓу компјутерите, телефоните, па и фотоапаратите се повеќе бледнеат, и се повеќе преовладува мислењето дека на крај ќе завршиме со низа технолошки мултифункционални уреди, кои нема да се викаат ни компјутери, ни телефони, ни фотоапарати. Колку и да изгледаат предвидувањата невозможни, историјата не учи да се

воздржуваме од негирање и неверување, бидејќи во ИТ светот ништо не е невозможно. Впрочем Томас Вотсон, извршиот директор на ИБМ, беше тој што во далечната 1943 година предвиде дека во светот во иднина ќе има потреба од само 5 компјутери. Денес во употреба се околу 1,1 милијарда компјутери. До 2014 година ќе бидат околу 2 милијарди. Првиот чекор во CAD (Computer Aided Design) индустријата е направен во 1960 година од страна на д-р Иван Сатрленд, со проектот Sketchpad, софтвер за графика во истражувачки цели. Неколку години подоцна следи хардвер – компјутер кој ќе биде предок

на познатиот персонален компјутер. Во 1973 година, истражувачкиот центар на Ксерокс го развива графичкиот интерфејс и глувче во релативно напредна фаза. Веќе на почетокот на осумдесеттите почнува масовната примена на компјутерите и CAD софтверите во АИГ индустријата. Долго време проектантите со сомнеж и негирање гледале на употребата на ИТ во нивната практика. Исцртувањето на компјутер било тешко и бавно, совладувањето на вештините заморно и фрустрирачки. Затоа и голем број од нив продолжиле со традиционалниот начин на работа (рачно исцртување),

Page 47: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 47

47

технологии

за подоцна да се пренасочат или да ризикуваат времето да ги прегази. Денес е комплетно поинаква ситуацијата. Студентите ретко и да користат рапидографи, традиционалното исцртување го сметаат за тешко и бавно, заморно и фрустрирачки. Зошто тогаш да ја отфрлиме идејата дека наскоро ќе исцртуваме со допир на прстите врз дисплеј, или со мафтање на рацете наместо со употреба на глувчето? Сите настани одат во прилог на тоа. Телефоните во огромен процент се со дисплеј сензитивен на допир. Благодарение на тоа, ги имаме Таблет компјутерите каде тастатурата се појавува виртуелно на дисплејот. Впрочем затоа и ги снемува notepad-компјутерите кои од сегашна перспектива ни личат на таблет компјутери со прикачена (непотребна) физичка тастатура. Погледнете само каква конфигурација имаат таблет компјутерите. Спремни се да извршуваат и најкомплексни операции. Прашајте се дали навистина ни требаат десктоп компјутерите за професионална работа? Веќе извесно време, BIM (Building Information Modeling) технологијата се обидува да ја замени застарената CAD (Computer Aided Design) технологија на која сме се навикнале. BIM технологијата промовира сложено и целoвито проектирање со целосна контрола на моделот, за разлика од застарениот CAD систем на 2д линии. Разбирањето на 3д моделот, навигацијата околу и низ него, расчленувањето и синтезата на деловите бараат поинаков начин на манипулација од оној на кој сме се навикнале. Мафтањето со рацете, како систем на манипулација со компјутерски податоци

е веќе видено во неколку sci-fi филмови. Но технологијата е веќе присутна. Чека на доработки. Чека на комерцијализација.

Сосема е веројатно дека нашите внуци, компјутерски глувчиња ќе сретнат единствено во музеите на технологијата. Ако оваа теза ви е тешка за прифаќање и премногу сте се навикнале на глувчињата за да прифатите нов начин на компјутерски инпут, погледнете што се случува во гејмерската индустрија. Игрите на компјутер со помош на компјутерско глувче, џојстик или волан ни се добро познати. Но веќе неколку години имаме играчки конзоли кои ја детектираат нашата положба и движење на неколку метри оддалеченост од нив, па секое наше мафтање со рацете го процесуираат во рамки на виртуелна игра прикажана на соодветен дисплеј. Ако ги споредиме инпутите од глувчето кое го движиме на една 2д рамнина и нашето слободно движење во 3д просторот, евидентна е разликата во квалитетот на она што го правиме. Практично нема причина да не ја прегрнеме новата надоаѓачка технологија која сигурно ќе остави белег и во нашата индустрија. Дотогаш чекаме на добри вести.

Page 48: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012348

48

експерт

КОЛКУ ЧИНИ НЕЛЕГАЛНО ПРЕСЕЧЕНО ЗАШТИТЕНО ДРВО?

Според британските закони, властите на локалната самоуправа во земјата

имаат законска обврска да ги заштитат дрвјата. Еден од начините преку коишто

тие ја исполнуваат оваа законска обврска е издавање Наредби за

заштита на дрвја, со кои се заштитуваат поединечни или групи на важни дрвја, без оглед на тоа дали постои директна

закана за нивното постоење.д-р владимир Б. лаДИнСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Додека во Република Македонија се празнуваше Денот на дрвото (21.11.2012), во Британија се одвиваше драматичен судски процес во кој

требаше да се одговори на прашањето: колку чини нелегално пресечено заштитено дрво? Петдневниот судски процес кој се одвиваше во Кралскиот суд во Бормут го плени вниманието на британските медиуми (BBC News, The Times, Mirror, Metro, Daily

Echo, итн.) заради својата бизарност, а уште повеќе заради законскиот преседан којшто ќе се воспостави преку истиот.

жртваСпоред британскиот правен систем, пресудата што ќе се донесе во овој процес ќе послужи како патоказ за тоа како да се постапува при сличните судски процеси во иднина. Жртвата во овој случај е 55 години старо и 12 метри високо иглолисно дрво кое било заштитено во 1990 година

преку Наредба за заштита на дрво (Tree Preservation Order – TPO). Поточно, станува збор за бор од видот Pinus Pinaster или Pinus Maritima, според старото латинско име. Овој вид потекнува од западниот и јужно-западниот медитерански регион (Португалија, Шпанија како и делови на Франција, Италија и Мароко), а е одомаќен во Јужна Англија, Јужна Африка и Австралија. Вообичаено, овој вид дрвја се со средна големина, кои можат да достигнат височина од 20-25 метри и пречник на

Pinus Pinaster

Page 49: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 49

49

експерт

стеблото до 1,2 метри, а најчесто растат на ниска (од ниво на морето) до средна (до околу 600 метри) надморска височина. Покрај индустриската, нивна најчеста примена е како орнаментално дрво, кое се сади во праковите и градините. Во овој процес се оптужени две лица: 34-годишен хирург за дрвја, кој е обвинет дека го исекол дрвото и 51-годишен сопственик на агенција за продажба преку наддавање, кој е обвинет дека или платил или на друг начин го нарачал сечењето на дрвото. Во рамките на судскиот процес било искажано дека двете оптужени лица се знаеле околу десет години, и дека обвинениот хирург за дрвја во минатото работел во градината на сопственикот на агенцијата. Според обвинението, хирургот за дрвја се товари дека на 20 јуни 2010 година околу 2 часот по полноќ (што било поткрепено со докази за локацијата на неговиот мобилен телефон во тоа време) влегол во градината на сосед на сопственикот на агенцијата и го исекол дрвото со моторна пила. Во тоа време сопственикот на агенцијата се наоѓал на брачно патување во Франција. Според обвинението, сопственикот на агенцијата се товари дека нарачал да се исече дрвото, што се наоѓало во градината на соседот. Како мотив за ова дело се претпоставува дека сечењето на дрвото било најверојатно нарачано како венчален подарок од сопственикот на агенцијата на својата нова сопруга, со оглед на тоа што со сечењето на дрвото се овозможил директен поглед од неговата куќа (вредна 550 илјади фунти или околу 660 илјади евра), стаклената градина и џакузи кадата кон спектакуларните локални знаменитости, како на пример, Пурбек (Purbeck), Дворецот Корфи (Corfe Castle) и Заливот Пули (Poole Harbour). Дополнително со актот на сечењето на дрвото и отворањето на погледот од куќата кон локланите знаменитости била зголемена и вредноста на неговиот недвижен имот.

казнаПо разгледувањето на доказите во овој процес, Кралскиот суд во Бормут ги

нашол за виновни обвинетите во овој случај. На обвинетиот хирург за дрвја му била изречена казна од 5.500 фунти (околу 6.600 евра) за тоа што го исекол дрвото. На сопственикот на агенцијата му била изречена казна од 75.000 фунти (околу 90.000 евра) за тоа што го нарачал сечењето на дрвото. Исто така, судот му изрекол дополнителна казна од 50.000 фунти (околу 60.000 евра) за преку оваа казна тој никогаш да не може да профитира од зголемената вредност на својот недвижен имот како резултат на исеченото дрво и новостекнатите непречени погледи кон локалните знаменитости. Оттука, веројатно и следи одговорот на поставеното прашање: колку чини нелегално пресечено заштитено дрво? Во овој случај, најмалку 125 илјади фунти (околу 150 илјади евра). За споредба, ова е износ отприлика еднаков на пет

просечни британски бруто годишни плати или 18 основни модели на возилото Ситроен Ц1, коишто можат да се купат во Велика Британија. Според извештаите, се проценува дека ова е највисоката казна изречена за исечено заштитено дрво во земјата, и дека со неа ќе се укаже на последиците со кои ќе се соочат во иднина оние лица кои сакаат преку сечење на заштитени дрвја да се стекнат со дополнителна добивка, без оглед на тоа колку нивниот акт ќе придонесе за

нарушување на животната средина и придобивките што прозилегуваат од неа. Според британските закони, властите на локалната самоуправа во земјата имаат законска обврска да ги заштитат дрвјата. Еден од начините преку кои тие ја исполнуваат оваа законска обврска е издавањето Наредби за заштита на дрвја, со кои се заштитуваат поединечни или групи на важни дрвја, кои се особено атрактивни, без оглед на тоа дали постои директна закана за нивното постоење. Преку наредбата, исто така, се озвоможува да се заштитат дрвјата на една локација, дури и доколку тоа значи дека ќе треба да се насадат нови дрвја за да се заменат оние што ќе се дозволи да бидат исечени. Преку заштитата на дрвјата и на групи на дрвја се заштитува и животната средина од губењето на опкружувањето на поединечните објекти и поширокото

урбано опкружување, особено со оглед на тоа што тие придонесуваат за карактерот и изгледот на урбаната средина. Според постојните закони, не е дозволено да се изврши никаква интервенција на заштитени дрвја без претходно добиена согласност од надлежните власти. Општините можат по судски пат да ги прогонат и казнат прекршителите на овие наредби, при што казните за оние што ќе бидат oсудени од страна на најниските судови (Magistrates Court) е лимитирана на најмногу 20.000 фунти (околу 24.000 евра) по дрво. За разлика од ова, судењето на оние што ја прекршиле Наредбата за заштита на дрвја од страна на повисоките Кралски судови овозможува да се

изречат неограничени казни за осудените. Покрај казните постои и законска обврска да се замени секое она дрво коешто е незаконски исечено со ново. На оние дрвја коишто се заштитени со Наредбата за заштита на дрвја, законски може да се интервенира само во ограничени случаи како на пример кога тие се мртви, умираат или стануваат опасни по луѓето и имотите, но само откако ќе се добие согласност за предложената интервенција од надлежниот орган на локалната власт.

Page 50: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012350

50

рубрика

Б

www.geze.com

Page 51: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 51

51

спортски храмовиарена „квебекор“, квебек - канада

Сашо КуЗМановСКИ

Квебек гради НХЛ арена

Новата мултифункционална затворена арена во Канада ќе го носи името „Квебекор“. На трети септември оваа година, на местото на досегашната мала хокеарска

арена во Квебек Сити, почна со изградба новиот модерен спортски објект, според стандардите на американската Национална хокеарска лига (НХЛ), со што градот и хокеарскиот тим ќе добијат репрезентативен спортски дом, со кој од 2015 година ќе конкурираат за место во најсилното светско хокеарско натпреварување. На простор од 64.000 м², во стилот на популарниот центар „Консол енерџи“ домот на хокеарскиот НХЛ тим Питсбург, арената „Квебекор“ треба да донесе репрезентативен објект со капацитет од 18.000 места за хокеарски средби, како и проширен капацитет до 20.000 места за останати настани, спортски натпревари и концертни настапи. Она по што ќе биде специфична оваа арена, за разлика од најголемиот број кој се изградени во Канада, е огромното ТВ-студио, чија проценета вредност се движи меѓу 30 и 40 милиони долари. ТВ-студиото треба да се користи за потребите на големите медиумски магнати при реализацијата на преноси од спортските натпревари, но и за снимање на играна програма. Цената на изградбата на арената „Квебекор“ ќе достигне 400 милиони долари, а финансиите доаѓаат по половина од градот Квебек и од покраината. Името на новата арена „Квебекор“ е всушност име на компанијата за телекомуникации лоцирана во Монтреал, која уште во 2011 година платила 33 милиони долари за откупување на правото да биде кум на новиот објект. Во зависност од тоа дали хокеарскиот тим на Квебек ќе заигра од 2015 година во НХЛ лигата, компанијата треба да доплати уште 30 милиони долари. Новиот објект треба да отвори нови 500 работни места, но и поголем деловен простор кој ќе биде ставен на продажба и на изнајмување. Зад дизајнот на арената стои потписот на мега-популарната компанија Populous која е најактивна во изградбата на спортските објекти низ целиот свет.

ФаКТИ за АРЕНА „КВЕБЕКОР“ - Квебек, КанадаКапацитет: 18.000 места период на изградба: 2012 - 2015Цена на градба: 400 милиони долариДизајн: Populous Инвеститор: Квебек Сити и покраина Квебек

Б

www.geze.com

Page 52: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012352

52

букурешт

европски пари за санација на романските зградиБукурешт се задолжи кај Европската инвестициона банка 27 милиони евра за финансирање на програмата за обнова на старите станбени згради во поширокото централно подрачје, со цел подобрување на нивната енергетска ефикасност. Со овој кредит термички ќе се изолираат 94 згради, со што ќе се обезбеди годишна заштеда на 40GWh енергија. Ова е трет кредит кој ЕИБ го обезбедува за обнова на зградите во Букурешт.

(Nine o’ Clock)

бриСел

европските реки со намален проток?До 2030 година, половина од европските реки ќе се соочат со сериозен недостаток на вода, доколку итно не се преземат конкретни мерки. Државите членки на ЕУ, веќе во 2009 година имаа обврска да достават до Европската комисија планови за управување со речните корита, на ниво на задоволителен еколошки статус до 2015 година. Според досегашните информации, само 43% од реките се во добра состојба, со прогноза до 2015 година тој процент да се зголеми на 53%. Многу земји немаат навреме изработени планови. Најлоша е состојбата со Шпанија, која нема планови за дури 19 од вкупно 25 речни системи.

(HRT)

Софија

пониски цени на природниот гас за бугарија и полскаБугарија и Русија веќе се договорија за цената на природниот гас во новиот договор за 2013 година. Новата цена ќе биде 11% пониска од онаа во 2012 година. Се очекува наскоро да биде потпишан новиот договор со „Газпром“. Исто така, „Газпром“ веќе објави дека со своите полски партнери постигнал нов „заемно прифатлив“ договор, односно и полската компанија PGNiG во 2013 ќе плаќа 10-15% пониска цена од онаа во 2012 година.

(UPI)

еко инфо

Page 53: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 53

53

подготви: Даниела МлаДЕновСКа

рејкјавик

исланд ќе и помага на африка во областа на геотермалната енергијаИсланд потпиша договор со Светската банка, според кој ќе има главна улога во проектот за развој на геотермалната енергија во Африка. Се работи за планот на Светската банка да се развиваат геотермалните извори во источна Африка, со што би се помогнало во задоволувањето на енергетските потреби на 13 земји кои се сиромашни со други енергетски извори. Во првата фаза, во следните две години ќе се спроведуваат истражни работи во Џибути, Етиопија, Уганда, Еритреја, Кенија, Јужен Судан, Танзанија, Малави, Мозамбик, Бурунди, Руанда, Замбија и Сомалија. Светската банка проценува дека моќноста на геотермалните извори во тоа подрачје би можела да биде 14.000 MW.

(energetika-net)

бриСел

ограничување за биогоривата од земјоделски културиЕвропската Унија ќе воведе ограничување за користењето на биогорива произведени од земјоделски култури. Стручњаците предупредуваат дека тие се поштетни за животната средина отколку што се сметаше порано, и се директна конкуренција на производството на храна. Со нацртот нови прописи од оваа област, се предвидува да се укинат сите државни субвенции за биогорива произведени од маслена репка, пченица и шеќерна репка. Комисијата смета дека по 2020 година биогоривата треба да бидат субвенционирани само доколку нивното користење придонесува за значително намалување на емисијата на стакленички гасови, и ако не се произведуваат од земјоделски култури наменети за исхрана.

(energetika.ba)

бриСел

критики од еу за неретва и омблаВо својот најнов извештај Европската комисија ја критикува хрватската политика за заштита на животната средина. Посебно е истакнат лошиот квалитет на студиите за оценка на влијанието врз животната средина, според кои надлежното министерство одобрило низа големи проекти штетни за животната средина како ХЕ Омбла и хидроцентралите во Херцеговина познати како Горни хоризонти. Пред објавувањето на овој извештај, хрватските и меѓународните невладини организации во повеќе прилики предупредуваа дека со проектите на Дунав, Драва, Мура, Сава, Неретва и Омбла се загрозуваат повеќе од 500 km вредни хрватски реки и нивните екосистеми.

(energetika-net)

еко инфо

Page 54: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012354

54

екологија

Управување на сливот на реката БрегалницаСливот на реката Брегалница, што покрива територија од 4.300 км2 и претставува главна лева притока на реката Вардар, се планира да се подели на три до шест подсливови. Оваа поделба треба да резултира во похомогени подсливови во однос на хидрометеорологијата, користењето на земјиштето и социо-економските услови.

На својот пат кон Европската Унија, Република Македонија го приспособи своето законодавство кон европското. Меѓу останатите закони е и

Законот за води, кој беше донесен во 2008 година, а целосно стапи на сила на 1 јануари 2011 година. Законот е хармонизиран со европските директиви за води, пред сé со Рамковната директива за води 2000/60/ЕЦ, Директивата за квалитет на водата наменета за пиење 98/83/ЕЦ, Директивата за пречистување на урбаните отпадни води 91/271/ЕЕЦ, Директивата за квалитет на водата за капење 76/160/ЕЕЦ, Директивата за заштита на водите од загадување предизвикано од нитрати од земјоделско потекло 91/676/ЕЕЦ и Директивата за заштита на животната средина при употреба на милта од пречистувањето во земјоделството 86/278/ЕЕЦ. Според овој закон, управувањето со водните ресурси треба да се уреди по сливови и да се почитуваат принципите на интегрирано управување. За главните сливови дефинирани со Законот (слив на реките Вардар, Црн Дрим, Струмица и Јужна Морава) треба да се изработат Планови за управување со речните сливови, а тоа се дозволува да се направи и за под-сливови, доколку има потреба и можности. Така, за прв пат во нашата земја се изработи План за управување со сливот на Преспанското Езеро, во рамките на проектот на ГЕФ за Паркот Преспа, а во реализација на УНДП канцеларијата во Македонија. Како следен План за управување на уште едно под-сливно подрачје е Планот за управување на сливот на реката Брегалница, кој се реализира во соработка на Министерството за животна

средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водотопанство, а со финансиска и техничка поддршка на швајцарската влада.

швајцарСка поддршка на Секторот водиШвајцарија го поддржува секторот води на Република Македонија од 1994 година преку реализација на бројни проекти од областа на пречистување на отпадните води, водоснабдување, мониторинг на водите, уредување на водотеци и управување со водите. Во текот на таа соработка, досега се донирани преку 40 милиони швајцарски франци за реализација на различни проекти

(подобрување на квалитетот на водата на Охридското Езеро преку реконструкција на станицата за пречистување на отпадните води Враништа и набавка на софистицирана опрема за мониторинг за Хидробиолошкиот завод од Охрид; подобрување на мониторингот на реките на национално ниво (River Monitoring System in Macedonia – RIMSYS), проширување на услугата за пречистување на отпадните води преку изградбата на пречистителни станици за отпадни води во Куманово, Берово и Гевгелија, уредување на Голема Река, реализација на мерки од Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро, подобрување на водоснабдувањето

д-р Станислава ДоДЕва, Швајцарска канцеларија за соработка

Сл.1 Сливот на река Брегалница поделен на подсливови

Page 55: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 55

55

екологија

во Берово и Гостивар и поддршка на јавните водоводни претпријатија. Во актуелната Стратегија за соработка со Македонија 2009 - 2012, еден од двата главни домени на интервенција е доменот „Води и животна средина“. Во рамките на оваа Стратегија, концептот на швајцарската поддршка на секторот води започна да се трнсформира од ад хок интервенции кои најчесто беа одговор на моменталните потреби во секторот, во системски интервенции кои ги почитуваат принципите и пристапот на интегрираното управување со водните ресурси и кои се однесуваат на сите нивоа: национално, регионално/локално (речен слив), оперативно и основното ниво – граѓаните. Оваа поддршка ќе продолжи и во следните четири години, што ќе биде потврдено во новата Стратегија за соработка со Македонија 2013-2016. Сите интервенции во секторот води кои се поддржани и финансирани од швајцарската влада имаат една заедничка цел: да ѝ помогнат на Македонија во нејзината интеграција во Европската Унија преку исполнувањето на барањата од европските директиви за води кои се транспонирани во националното законодавство.

интегрирано управување Со Сливот на реката брегалницаИдејата и концептот за проектот за управување со сливот на реката Брегалница потекнува уште од 2004 година, но за негова реализација мораше да се почека целосното стапување на сила на Законот за води, во јануари 2011 година. Со потпишување на меѓудржавниот договор помеѓу владите на Швајцарија и Република Македонија во декември 2011 година и договорот за консултанските услуги за овој проект во јули 2012 година, се создадоа услови за започнување на реализацијата на проектот. Со неговото имплементирање ќе се помогне во основањето на структурите потребни за управување на овој слив и ќе се изгради знаење за одржливо управување со водните ресурси во сливот на реката Брегалница. Преку ова, ќе се потпомогне економскиот резвој на регионот, како земјоделството, индустријата и туризмот. Подетално, целите на овој проект можат да се дефинираат на следниов начин:1) Поддршка за формирање и функционирање на Тело за управување со сливот на река Брегалница.2) Воспоставување на база на податоци за актуелната состојба со водните ресурси во сливот (на пр. количесто, квалитет, инфраструктура поврзана со водите и сл.).3) Оптимизација на користењето на водата по жител и единица производ.

Сл.2 Филтер станица за вода за пиење, Берово

Сл.3 Станица за пречистување на отпадни води, Берово

Сл.4 Брана Ратево

Page 56: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012356

56

екологија

4) Малите инфраструктурни проекти ќе придонесат за оптимално искористување на водите.5) Проектот ќе овозможи спроведување на Законот за води, со што ќе може да се користи како пример на функционирање на управувањето со водите по сливови и да се примени на други сливови во земјата.Проектот ќе се реализира преку две компоненти: 1) изработка на План за управување на сливот на реката Брегалница и 2) реализација на помали инфраструктурни проекти поврзани со водите.

компонента 1 - план за управување со речниот сливИзработката на Планот за управување со сливот на реката Брегалница ќе се одвива во согласност со одредбите во Законот за води, како и во Правилникот за содржина и начинот на подготвување на Плановите за управување со речните сливови (Сл. Весник на РМ бр.148/2009). Самата изработка на Планот ќе ги опфати следните фази:

• Делинеација на водните тела, типови и услови• Анализа на антропогените притисоци и влијанија • Студии за одредување на минималните протеци и нивното влијание врз потребите за вода

• Инвентаризација на природните ресурси и проценка на влијанието на климатските промени врз идните сценарија• Инвентаризација на користењето на водите, потребите и идните проекции• Дефинирање на системите и подсистемите за управување и изработка на студии за билансирање помеѓу расположивите ресурси и потребите• Идентификување на заштитените подрачја и посебните барања• Дефинирање на целите на животната средина и предложените исклучоци поради техничките неможности или несоодветните трошоци• Економска анализа и карактеризација на користењето на водата• Студија за нивото на повраток на средствата за одредената услуга, проценка на трошоците за заштита на животната средина и трошоците за заштита на извориштата• Изработка на програма на мерки со економски план и временска рамка• Координација со надлежните институции• Развивање на системот за информирање на јавноста• Процесот на консултирање на јавноста

Според законските барања, ќе се изработи и Стратешка оценка на Планот како документ со стратешко значење. На самиот почетокот на реализација

на Проектот, направени се одредени истражувања во однос на изборот на хидролошкиот модел/модел на дистрибуција на водата и ГИС апликациите. Анализирани се повеќе хидролошки модели, меѓу кои MIKE BASIN, RIBASIM, AquaToolDMA, HEC-HMS и WaSiM-ETH и споредувајќи ги нивните каракеристики во однос на неколку критеруми: функционалност, модули, едноставност при користењето, поддршка, развој на апликацијата, искуството на консултантите и чинењето, како најсоодветен е избран моделот WEAP. Овој модел е креиран во рамките на проектот на Светска банка за Green Growth Development и според своите карактеристики, може да претставува одлична база за поставување на хидролошкиот модел, кој понатаму, може да се искористи и за другите сливови. При изборот на апликацијата за ГИС, направена е споредбена анализа на MapInfo и ArcView апликациите, и како резултат на таа анализа и на разговорите водени со одговорните лица во институциите и министерствата, избран е ArcView како апликација која е најсоодветна да се примени. Сливот на реката Брегалница, што покрива територија од 4.300 км2 и претставува главна лева притока на реката Вардар, се планира да се подели на три до шест подсливови, како што е прикажано на сл.1, а со цел да се олеснат

Сл.5 Оризови полиња, Кочанско поле

Page 57: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 57

57

екологија

дискусиите на резултатите од моделот со локалните заинтересирани страни. Оваа поделба треба да резултира во похомогени подсливови во однос на хидрометеорологијата, користењето на земјиштето и социо-економските услови. По дефинирањето на подсливовите, со примена на моделот WEAP ќе се воспостави концептуален модел на расположивите водни ресурси и потребите и размената на водите помеѓу подсливовите, а потоа и на ниво на целиот слив на река Брегалница. Градењето на капацитетите ќе се одвива преку самата работа и активно учество во изработката на планот. Покрај тимот во Телото за управување на сливот од двете министерства, важна улога ќе имаат Советот на сливот, Планирачката група и Групата за национален дијалог. Сите овие групи и платформи за дијалог треба да ја подобрат соработката помеѓу различни институции, да го споделат искуството на национално ниво, како и да го поуспешат процесот на планирање. Исто така, на службениците од министерствата ќе им се овозможи посета на слични сливови во Европа, каде веќе ваквите планови за управување се изработени и каде програмата на мерки за постигнување на целите на животната средина се спроведува и нејзините ефекти се мониторираат. Во текот на изработката на Планот, се планира и научна соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Institute for Water Education, UNESCO –IHE од Делфт, Холандија, преку користење на податоците од овој слив за изработка на докторска теза од страна на докторант на штипскиот универзитет.

компонента 2 - мали инфраструктурни проекти, поврзани со водите Втората компонента на Проектот ќе овозможи формирање на инвестициски фонд од 2,4 милиони швајцарски франци (CHF) (2 милиони CHF донација и 400.000 CHF локално учество на општините) со кој ќе се финансираат од 6 до 12 помали инфраструктурни проекти со поединечна вредност од 50.000 CHF до 500.000 CHF. Во вредноста на проектите, 80% ќе учествува донацијата, а 20% ќе бидат покриени со локалното учество на општините од сливот на реката Брегалница. Пријавувањето на проектите ќе биде на јавен оглас, а нивното оценување ќе биде според утврдените критериуми од страна на управниот комитет и според приоритетноста дефинирана од страна на граѓаните. Телото за управување со сливот ќе биде задолжено за оперирање со фондот, финансиското работење и ќе го надгледува

напредокот на реализацијата на проектите. Исто така, се планира да се предложи финансиски инструмент за продолжување на постоење на овој фонд и после завршувањето на проектот. Овој предлог се разбира, треба да биде разгледан и прифатен од страна на македонската влада за да може да се реализира.

буџет и времетраењеВкупниот буџет на овој проект изнесува 5,27 милиони CHF, од кои Швајцарскиот секретаријат за економски прашања (SECO) донира 4,46 милиони CHF, а македонската влада и општините во брегалничкиот слив 0,81 милиони CHF. Практичната имплементација на проектот започна во септември 2012 година и се планира да трае до средината на 2016 година.

други проекти во Сливот на река брегалницаПочитувајќи го принципот на интегрираното управување на сите природни ресурси во подрачје со природни граници, како што е речниот слив, покрај Проектот за управување со сливот на реката Брегалница, развиена е и група на други интервенции и мерки за истиот слив. Активностите започнаа во 2006 година со проектот за „Урбан водоснабдителен и санитарен систем Берово“, кој веќе е целосно завршен и функционален (сл.2 и сл.3). Со овој проект се подобри водоснабдувањето на градот и околните села и се изгради колектор и станица за пречистување на отпадните води. Интервенциите продолжија во втората половина на 2012 година преку имплементација на програмата „Зачувување на природата“ (оваа програма е наменета за зачувување на биодиверзитетот и

природните вредности преку примена на принципите за одржливо управување со природните ресурси), „Образование за животната средина“ (со овој проект младите во сите нивоа на образовните институции – градинки, основни и среди училишта учат за природните ресурси и за нивното одржливо искористување и зачувување), како и проектот „Обуки за јавните претпријатија“, кој се реализира во јавното претпријатие „Услуга“ од Берово и со кој проект се подобруваат менаџерските капацитети на претпријатието. Дополнително, наскоро се очекува да се развие проектот за изградба на станица за пречистување на отпадните води за Кочани со капацитет од 58.000 еквивалент жители. Ваквиот фокусиран пристап ги отвора можностите за синергија помеѓу различните проекти и за повисока ефикасност при нивното реализирање. Исто така, овозможува примена на интегрираниот пристап и обезбедување на комплементарност со другите медиуми/компоненти на животната средина, како природата, земјиштето, почвата, шумите и слично. Сливот на реката Брегалница се смета како „пример за интегрирани акции“ каде бројните напори да се постигнат меѓусебно поврзаните и комплементарни цели се фокусирани во еден регион. Се очекува дека создавањето на „големата слика“ од различните елементи кои меѓусебно се надополнуваат, може да резултира во подобрена состојба на животната средина, зголемени капацитети на властите и одговорните, како и во подобрени услови за живот на населението. Во зависност од успехот на овој пристап, ќе се разгледуваат можностите за негова примена и во други речни сливови.

Сл.6 р. Брегалница излеана од речното корито, 2007

Page 58: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012358

58

екологија нов извештај на СветСката банка

Ниту една земја не е имуна на климатските промениСтудијата на Светската банка доаѓа токму пред самитот во Доха, Катар, што се одржува од 26 ноември до 7 декември, а на кој 200 нации ќе разговараат како да го продолжат познатиот Протокол од Кјото, постојниот план за намалување на емисиите на стакленички гасови од страна на развиените земји, кој истекува на крајот од оваа година Сашо КуЗМановСКИ

Сите земји ќе страдаат под налетот на климатските промени во светот што станува се потопол, но сепак, најсиромашните земји ќе бидат најсериозно погодени од недостигот на храна, растечкото ниво на морињата, циклоните и сушата, објави

деновиве Светската банка во својот најнов извештај. Предводена од новиот претседател, Јим Јонг Ким, Светската банка којашто важи за светски финансиски поддржувач за развој најавува дека поагресивно ќе се залага за интеграција на климатските промени и развојот. - Никогаш нема да и ставиме крај на сиромаштијата ако не се справиме со климатските промени. Тоа е еден од најголемите предизвици за социјалната правда во денешно време - смета Ким, а пренесува новинската агенција „Ројтерс“. Извештајот со наслов „Намалете го греењето“ го нагласува уништувачкиот ефект на порастот на глобалната температура за четири Целзиусови степени до крајот на овој век, сценарио кое е веројатно да се оствари ако продолжи сегашниот тренд на загадување. Светот веќе ги гледа ефектите на климатските промени. Арктичкиот мраз, како што пренесува „Ројтерс“, во септември го достигна својот минимум. Екстремни топлотни бранови и суши во последниве десет години погодуваа земји како Русија и САД многу почесто отколку што се очекуваше, според статистичките податоци. Ваквото екстремно време ќе стане „нормално“ ако температурата се зголеми за 4 степени, го анализира „Ројтерс“ извештајот на Светската банка. Ова е веројатно да се случи ако сите земји не ги завршат своите обврски во врска со намалувањето на емисиите на стакленички гасови.

поСледициВо таква, потопла клима, морското ниво ќе порасне за 1,5 метри и ќе ги поплави градовите во земји како Виетнам и Бангладеш. Недостигот од чиста вода за пиење и намалениот род на нивите ќе ја засили гладта и сиромаштијата. Најтоплиот јули во Медитеранот може да биде за девет степени потопол отколку што е денес, слично на температурата во Либиската пустина, се вели во извештајот. - Комбинираниот ефект на сите овие промени може

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í,èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon.Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñîñâî¼àòà óíèêàòíîñò.Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signumïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíèíå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíàíà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk [email protected] +389 75 431 135

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

Page 59: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 59

59

екологија

да биде уште полош, со непредвидливи појави кон кои луѓето нема да можат да се приспособат. Ние не би сакале светот да стигне дотаму - ја пренесува „Ројтерс“ изјавата на Џон Шелнабер, директор на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, кој работел на извештајот на Светската банка. Јим Јонг Ким, директорот на Светска банка, вели дека 97 проценти од светските научници се согласуваат дека климатските промени се факт.- Се надевам дека овој извештај ќе не натера на акција - пишува Ким во извештајот. Минатата година, како што анализира „Ројтерс“, Светската банка двојно го зголемила финансирањето за земјите што барале средства за да се приспособат кон климатските промени, па сега во обрт се 7,2 милијарди американски долари во климатските инвестициски фондови во 48 земји.

катар - центар на климатСките преговориИзвештајот на Светската банка доаѓа токму пред самитот во Доха, Катар, на којшто претставници од 200 нации ќе разговараат како да го продолжат познатиот Протокол од Кјото, постојниот план за намалување на емисиите на стакленички гасови

од страна на развиените земји, којшто истекува на крајот на оваа година. Со својот еко-френдли дизајн и системот за напојување со соларна енергија Националниот центар за конвенции на Катар се чини како идеално место за одржување на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени на која ќе се разгледува можноста

за продолжување на Протоколот од Кјото. Центарот е изграден според стандардите за Leadership in Energy and Environment Design (LEED). Останува интересно што, како што анализира британски Телеграф, земјата домаќин на преговорите за климатските промени, во атмосферата испушта најмногу јаглероден диоксид по глава на жител во светот.

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í,èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon.Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñîñâî¼àòà óíèêàòíîñò.Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signumïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíèíå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíàíà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk [email protected] +389 75 431 135

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

Page 60: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012360

60

пејзажна архитектура

Централ паркбелите дробови на Њујорк Филип ФИлИпоСКИ, дипл.шум.инж.

Како што кажува и самото име, Централ парк претставува јавен парк лоциран во центарот на Менхетен, Њујорк. Паркот првенствено бил отворен пред 1857 година

на површина од 750 ари. Паркот не бил дел од Комисионерскиот план од 1811 година. Тој бил изграден на барање на сите граѓани на Њујорк, кои на неколку пати потпишувале петиција за изградба на едно вакво здание, од причини што во тоа време зелените површини во и околу градот биле минимални. Како најгласни иницијатори за изградба на овој парк биле неколку јавни

личности, меѓу кои и првиот американски пејзажен архитект Ендру Џексон Даунинг, кој силно ја пропагирал својата идеја за неопходната потреба на градот за зеленило. Во 1853 година распишан е јавен конкурс за дизајнерско и функционално решение за реновирање на Централ парк на кое победуваат Лу Омстед и Калверт Вокс, со нивниот проект наречен „greensward plan“, а изведбата на овој проект започнал и бил завршен пред 1873 година. Цената за изградба на овој парк властите ги чинела за тоа време неверојатни пет милиони долари. Според наодите на НИА (Националната историска архива), уште од пред 1963

година па сè до денес, паркот е под надлежност на Central Park Conservancy, кој имал склучено таков договор со општината. Денес, за тековно одржување на паркот се издвојува буџет од 25 милиони долари годишно. За задоволување на потребата од плодна почва за изградба на овој парк биле донесени преку 15.000 м3 почва од Њу Џерси. Паркот го красат преку 30 илјади растенија од 1500 различни видови. Денес паркот го посетуваат приближно 40 милиони посетители, со што го добива епитетот најпосетуван парк во САД. Целокупната површина на која се распространува е околу 3,4 км2. Неговата

Page 61: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 61

61

должина изнесува околу четири километри, а широк е 0,9 км. Се простира помеѓу 59 Улица (Јужен Централ парк) и 110 Улица (Северен Централ парк), позициониран помеѓу Пета авенија и Западен Централ парк. Иако зафаќа толку голема површина, ниеден дел од паркот не е запоставен. Тој претставува перфектно организирана површина, каде што секој може да си најде свое омилено катче. Така, има преку 95 километри пешачка и велосипедска патека, зоолошка градина, резерват, театар, голем број бини за одржување на концерти на отворено, спортски терени, плоштади, пространи тревни површини за фамилијарни и масовни излети, езера,

раскошни фонтани и водоскоци, споменици, скулптури и сл. Во текот на зимскиот период се поставуваат лизгалишта, од кои повеќето се монтажни со исклучок на еден пловен базен кој се заледува во овој период. Пајтоните и уличните артисти со ширење на својата уметност секојдневно му даваат дух на паркот. Според последната проценка за вредноста на паркот извршена во декември 2005 година, тој чини повеќе од 520 милијарди долари. Централ парк не може да се каже дека денес е целосно изграден, бидејќи во него постојано се гради и доградува, се градат и се додаваат нови содржини, се со цел да се задоволи потребата на граѓаните и туристите.

Page 62: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012362

62

совети

ВЛЕЗЕН ХОЛ СО ПОВЕЌЕ ФУНКЦИИ

Организацијата на просторот за живеење во модерните станови првенствено го почитува принципот на функционалноста. Како и останатите простории во станот и влезниот хол мора да биде функционален. Тој треба да овозможи комуникација, складирање на облека,

кондури и предмети, да обезбеди интимност но воедно да обезбеди и убав прв впечаток за домот. Најчеста форма на влезниот хол е правоаголната, но во вашиот случај тој има форма на буквата Г. Од него, право од влезот, се влегува во дневната соба, десно во кујната а лево во мирниот дел од станот. Во холот треба да сместите плакар, најдобро во поширокиот дел, а комода со фиоки и огледало можат да се сместат во потесниот дел од холот. Височината над вратите и плакарот може да се искористи за складирање на предмети кои не

ги користите често. Холот не би требало да изгледа поинаку од останатиот простор. Стилски треба да се поврзе со остатокот од станот. Особено треба да се обрне внимание на осветлувањето. Добро е вратите од дневната соба и кујната да бидат стаклени. Системот на осветлување треба да биде добро осмислен. Нишите на таваницата во вид на спуштена рамка даваат можност за поставување на осветлување по рабовите на холот, додека мала ламба на комодата пред огледалото ќе биде посебен декор. Ускладите ја бојата на ѕидовите, подот и мебелот бидејќи шаренилото во мал простор дава впечаток на неуредност.

Билјана СТЕвКовСКа-СавИќ, дипл.инж.арх.,

[email protected]

Живееме во Скопје, во новоизграден стан и поголемиот дел веќе го опремивме, но проблем ни претставува влезниот хол кој, секако ќе се согласите, е важен дел од секој дом. Влезот во станот е темен, а од холот што е со искршена форма водат неколку врати. Ве молиме да ни дадете предлог како да го опремиме влезниот хол. Би сакале да има гардеробен плакар, огледало и простор за оставање многубројни предмети кои не ги користиме често.

Божин и Верица Стојчевски

Page 63: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 63

63

најчудни градби

ПИКАСО ВО ГРАДЕЖНА ВЕРЗИЈАДраган рИСТов

Во „Порта 3“ се пишувало за неколку музеи во светот, кои се одлична инспирација за најчудните градби на светот. Прилозите се вистинска слика и можност на чудната

архитектура кога се во прашање музеите, но ако треба да избираме за вистински „соломонски“ градежни решенија, тогаш уметничкиот музеј во Денвер, во сојузната држава Колорадо во САД, го има префиксот најчуден музеј. Има неколку моменти кои упатуваат на ваков заклучок, а најважниот е секако дизајнот, што е главен услов за сместување во оваа категорија. Ако се додаде и материјалот од кој е изграден музејот, тогаш можеме со сигурност да кажеме дека овој музеј е вистинско „чудно“ ремек-дело. Уметничкиот музеј во Денвер се градел во две фази иако потекнува уште од крајот на 19 век. Северната зграда на музејот е конструирана во 1973 година, според дизајн на италијанскиот архитект Џио Понти. Имала седум ката и за прв пат сите изложби се случувале на еден простор, во еден објект. Самиот објект бил составен од милион мали стаклени парчиња кои за првпат уште во 70-тите години на минатиот век понудиле нешто несвојствено за архитектурата во САД. Сепак егзибиционизмот бил далеку, бидејќи зградата на музејот била класична, без некои поголеми иновации. Во 2006 година, музејот е проширен

со уште еден комплекс кој го дизајнирал познатиот Даниел Либескинд, а официјалното име на објектот е Хамилтон билдинг. Токму оваа додавка, овој нов објект, го прави Денверскиот музеј чуден, магичен и атрактивен не само за љубителите на уметноста туку и за посетителите. Дизајнот е толку впечатлив што веднаш се јавуваат асоцијации за неговиот лик. Самиот Либескинд вели дека инспирацијата за конструкцијата ја нашол во врвовите на познатите планини Роки (Rock mountains) и на геометриските кристали од карпи кои биле пронајдени во подножјето на оваа планина. На некој начин, ако секој си ја толкува градбата според свое видување, може да ја поврзе на различен начин. Превртена пирамида, кубизам на Пикасо во живо, кристали во

различни правци или челична птица во лет. Се зависи каква е вашата перцепција. Што се однесува до конструкцијата, градена е од титаниум во комбинација со челични основи за стабилност. Такво нешто прв пат се комбинира, ако се знае дека титаниумот како материјал е прилично лесен материјал. Комбинирани се над 20-ина огромни титаниумски панели, а аглите на оваа структура која тежи 2.700 тони (замислете колку би тежела ако е од чист челик или железо!?) содржат над 3.000 парчиња на челик. Еден од аглите дури и се надвиснува над локалниот пат. Сепак, конструкцијата изгледа импозантно и величествено, што го прави музејот на модерната уметност во Денвер еден од најубавите архитектонски градби на денешницава.

Page 64: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012364

64

излог

3

4

5

Page 65: Porta3 196

30 ноември 2012 ПОРТА3 65

65

1. Oрганска и скулптурална форма на полици која воедно нуди и простор за релаксација. Дизајнот е на холандското студио Atelier 010.

2. Мексиканецот Joel escalona е дизајнер на овој креативен фиокар претставен на саемот за дизајн во Мексико.

3. Затворени полици направени од матиран бел медијапан, од enaip lombardia Cantu.

4. Столица Sketch (Скица) од lukas Dahlen, направена од метална жица и метална основа, обоена во повеќе бои.

5. Столица - фотелја од lukas Dahlen, направена од стакло и дрво јасен.

излог

подготви: Сандра ДонЧЕва ТЕоХарова, дипл.инж.арх.

1

2

Page 66: Porta3 196

ПОРТА 30 ноември 2012366

66

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 141/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ

ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА

ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА

МАЛА ХИДРОЕЛЕКТРАНА “ДОБРЕНОЕЦ“ НА РЕГИОНАЛНИОТ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН

СИСТЕМ “СТУДЕНЧИЦА“ КО ЈАОРЕЦ, ОПШТИНА ДРУГОВО

ОБЈАВА БРОЈ 94 (09.11.2012)ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН

ЗАКУП ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА КРАТОВО

ОБЈАВА БРОЈ 01/2012ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА ИНДИВИДУАЛЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО ОПШТИНА КУМАНОВО

КОНКУРС

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 188/2012Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. Илинден 82, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на фасади на постојни објекти во централно градско подрачје на Град Скопје на ул. “Македонија“.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Ирена Стоименова.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 13.12.2012 во 12.00 часот.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 142/2012

ОДЛУКАЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР

ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА,

УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕНИСКИ ТЕРЕНИ ВО ООУ “ДИМО ХАЏИ

ДИМОВ“ – ОПШТИНА КАРПОШ

ОБЈАВА БРОЈ 95 (10.11.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА СО ПОДЗЕМНО

ПАРКИРАЊЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 143/2012

ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА Г2-ЛЕСНА И

НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА И ОТКУПНО-ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР, СО

КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ Б1, Б2, Д2, Д3, Д4, Г3 И Г4

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПБУЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ЗА ИЗГРАДБА НА А1 – ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ СО КОМПАТИБИЛНИ

КЛАСИ НА НАМЕНИ Б1, В1 И Д3

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 144/2012

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ

НА ЗАКОНОТ ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

ПРОГРАМАЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА,

РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2012 ГОДИНА

ОБЈАВА 4 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА А1-СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ

ОБЈАВА 5ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА А2-СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 145/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА

ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА

ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО “СТАНИЌ“ ЗА ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ КОМПЛЕКС,

ОПШТИНА КРУШЕВО

ОБЈАВА 04/2012ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО

ОПШТИНА НЕГОТИНО

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА А1-ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ СО КОМПАТИБИЛНИ

КЛАСИ НА НАМЕНИ Б1, В1 И Д3

ОБЈАВА 6ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ

ОБЈАВА 7ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА А2-СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

ОБЈАВА БРОЈ 96 (15.11.2012)ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН

ЗАКУП ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ДЕБАРЦА

ОБЈАВА БРОЈ 97 (15.11.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО

ОПШТИНА КОНЧЕ

ОБЈАВА БРОЈ 98 (16.11.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА (СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС ЗА ОТКУП, СКЛАДИРАЊЕ, ПРЕРАБОТКА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ) ВО ОПШТИНА РЕСЕН

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 146/2012

ОБЈАВА 05/2012 (16.11.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО

ОПШТИНА СТРУМИЦА

ОГЛАС БР. 6/2012ЗА ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП НЕДВИЖНИ

СТВАРИ – ЗЕМЈИШТЕ ВО АП КРИВОЛАК СО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 183/2012Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. Илинден 82, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Консултантски услуги за изработка на Физибилити студија за оправданост на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција, управување и одржување на СРЦ “Езеро Треска“ и базен “Сарај“.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Ирена Стоименова.Јавно отворање на понудите на ден 10.12.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 147/2012

ОДЛУКАЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ

НА ОДЛУКАТА ЗА ДАВАЊЕ НА ПРАВО НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА

ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ДРУШТВОТО ЗА ИЗГРАДБА, УПРАВУВАЊЕ И ИЗДАВАЊЕ НА

ПОВЕЌЕНАМЕНСКА САЛА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ – СКОПЈЕ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА ПРАВО НА ТРАЈНО

КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ

ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА

ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА СО ПРИДРУЖНИ СОДРЖИНИ КО

ПЕТРАЛИЦА, ОПШТИНА РАНКОВЦЕ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА ПРАВО НА ТРАЈНО

КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА НА АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 43/2012Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, ул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Стручен надзор над изведувањето на работите за конзолно проширување и партерно уредување.Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска.Јавно отворање на понудите на ден 12.12.2012 год.

БРОЈ: 68/2012Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на проекти за рехабилитација на 10 (десет) основни училишта во Република Македонија.Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски.Јавно отворање на понудите на ден 10.12.2012 год.

БРОЈ: 69/2012Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на проекти за рехабилитација на 6 (шест) средни училишта во Република Македонија.Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски.Јавно отворање на понудите на ден 11.12.2012 год.

БРОЈ: 07-64/2012Назив на договорниот орган:Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на регионален пат Р2138, врска со регионален пат Р2134, со населбата Сончев Град.Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска.Јавно отворање на понудите на ден 25.01.2013 год.

БРОЈ: 18/2012Назив на договорниот орган:ЈПКД Комуналец – Струмица, ул. “24 Октомври“ бр. 2, 2400, Струмица.ПРЕДМЕТ:Зафатна градба со таложница на река Српска река за водоснабдителен систем Куклиш.Контакт тел/факс: 034 320-773, 034 346-548, лице за контакт: Лора Ѓотева.Јавно отворање на понудите на ден 10.12.2012 год.

јавни набавки

Page 67: Porta3 196
Page 68: Porta3 196