40
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 24 март 2011 Број 46 од 24.03.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Членка на: СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Бизнис-заедницата со сугестија до државата СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КОМПОНЕНТИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ Нелојалната конкуренција го „меша“ прилагодувањето кон европските стандарди за бетон и бетонски производи ДИРЕКТИВИТЕ ТЕШКО ЌЕ СЕ „СТВРДНУВААТ“ ПРЕДУПРЕДУВАЊА Стопанската комора на Македонија предлага да се укине давачката за задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати за годинава, инаку... СКАПИТЕ ГОРИВА ЌЕ ГИ ПРЕГРЕЈАТ ФАБРИЧКИТЕ КАСИ! АНАЛИЗИ

Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 24 март 2011

Број 46 од 24.03.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Бизнис-заедницата со сугестија до државата

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КОМПОНЕНТИТЕ

НА ПРОИЗВОДСТВОТО

ЗА ПОГОЛЕМА

КОНКУРЕНТНОСТ

Нелојалната конкуренција го „меша“ прилагодувањето кон европските стандарди

за бетон и бетонски производи

ДИРЕКТИВИТЕ ТЕШКО ЌЕ СЕ

„СТВРДНУВААТ“

ПРЕДУПРЕДУВАЊА Стопанската комора на Македонија предлага да се укине давачката за задолжителните резерви

на нафта и нафтени деривати за годинава, инаку...

СКАПИТЕ ГОРИВА ЌЕ ГИ ПРЕГРЕЈАТ

ФАБРИЧКИТЕ КАСИ!

АНАЛИЗИ

Page 2: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 24 март 2011

БИЗНИСИТЕ ЌЕ УЖИВААТ ВО БЛАГОДЕТИТЕ НА ЦЕНОВНА СТАБИЛНОСТ

Ми претставува особена чест, но истовремено чувствувам голема одговорност што сум избран за гувернер на Народната банка на Република Македонија. Целосно ќе се посветам на остварувањето на основните цели на Народната банка. Ќе им овозможам на бизнисите и граѓаните на Република Македонија да продолжат да ги уживаат благодетите од ценовната стабилност

и стабилноста на курсот на денарот. Ќе работам на зацврстување на стабилноста и конкурентноста на банкарскиот

систем, преку воведување на најдобрите европски практики во супервизијата. Не загрозувајќи ги претходните две цели, Народната банка ќе ја поддржува економската политика на земјата.

(Димитар Богов да биде иден гувернер на Народната Банка на Република Македонија)

ПАРИ ИМА, ТРЕБА ПРОЕКТИ ЗА ПРИСТАП ДО ПАЗАРИТЕ

Банките располагаат со финансиски средства, она што треба да го направиме заедно со реалниот сектор и со носителите на економските политики е прво да се намалат ризиците и да има

профитабилни и одржливи проекти, како тие да бидат конкурентни со проектите во опкружувањето и да се отвори

пристапот до пазарите.Зголемен е бројот на кредитни барања и очекуваме дека кредитниот раст ќе биде

поголем од лани. (Глигор Бишев, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска

банка АД - Скопје)

АДМИНИСТРАЦИЈАТА ГО ЦЕДИ НАРОДНИОТ ПАРИЧНИК

Проблемот со бројноста, а со тоа и неефикасноста и нефункционалноста на јавната администрација се посебни проблеми кои се меѓу најтешките за решавање. Тие не може и нема да се решат ниту лесно ниту за кратко време. Во услови кога водењето бизнис кај нас е многу тешко, јасно е дека многу голем број граѓани својот економски опстанок го бараат во вработување во администрацијата. Не е точно дека сите луѓе обожаваат да работат во администрација наместо во приватен сектор. Но, немаат каде. А имаме создадено таков систем со кој за вработување во администрацијата треба да се биде послушен и партиски лојален. И толку. За се’ останато ќе се грижи некој друг. Затоа администрацијата, со текот на времето, стана армија. Имаме една армија навработени, и уште една армија „прикриено невработени“ луѓе, тоа се оние напиканите во администрација. Меѓутоа, пред да почне да се намалува тој број на еден одржлив начин, секако, не се доволни само масовни отпуштања од администрација. Прво ќе треба да се создадат добри и поволни услови за работа на приватниот сектор, а потоа ќе треба да се инвестира и во подигнувањето на степенот на вработливоста и на невработените и на луѓе кои се вработени во јавната администрација. Тоа ќе биде многу тешко.

(Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и претседател на

„Транспарентност - Македонија“)

Оценка на Ѓорге Иванов и Бамир Топи во Тирана

ПОТРЕБНА ПОИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА НА ЕКОНОМСКИ ПЛАН

Добрите политички односи меѓу Македонија и Албанија треба да бидат проследени и со поинтензивна соработка на

економски план која засега заостанува. Искористувањето на потенцијалите се иден приоритет, а предуслов за тоа е добра инфраструктура, што ќе овозможи слободно движење на луѓе, стоки и услуги, - оценија на 17.3.2011 година во Тирана претседателите на двете земји, Ѓорге Иванов и Бамир Топи.Во контекст на инфраструктурата беше потенцирано значењето на Коридорот 8 и потребата за повеќе работа на тој план. За граничниот премин кај Голо Брдо, Иванов рече дека од македонска страна обврската е завршена, а за доцењето од страна на Албанија, каде што патот не е асфалтиран 20 км до границата, Топи информира дека прашањето е само техничко.

Покровители

СРЕДБИ

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 24 март 2011

Стопанската комора на Македонија на редовната прес конференција соопшти дека предлага укинување на давачката за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати за годинава за индустриските капацитети и за земјоделството (21.3.2011 година). Со нејзиното укинување, според пресметката на Стопанската комора на Македонија, државната помош на индустриските капацитети би изнесувала околу 830.000 евра, а за земјоделството околу 80.000 евра. Пропишаната давачка согласно Законот за задолжителна резеерва на нафта и нафтени деривати, во апсолутен износ изнесува 0,3 денари за литар екстра лесно и дизел, а 0,74 денари за килограм мазут.- Условно земено доколку последните цени на горивата останат исти тогаш трошоците на индустриските стопански капацитети и земјоделскиот сектор на годишно ниво, во споредба со цените на крајот на декември лани, ќе бидат поголеми за 15 милиони евра, - истакна Стојмирка

Тасевска, советник во Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. - Трошоците за мазут на годишно ниво, наведе Тасевска, ќе се зголемат за околу 10 милиони евра или за 22,47 отсто, за екстра лесното гориво и дизелот за 3,5 милиони евра или за 13,6 отсто, а за земјоделскиот сектор вкупниот трошок по основ на зголемени цени на мазутот и дизелот, ќе изнесува околу милион евра или 21,72 проценти. Во последните три месеци, според анализата во Комората, цената на мазутот се зголемила за 22,5 проценти, на екстра лесното гориво за 15,8, а на дизелот за 13,7 проценти. Најголеми потрошувачи на мазут се индустријата на железо и челик, за градежни материјали, додека за екстра лесно гориво и дизел најголеми потрошувачи се рударската индустрија, прехранбената, и со дел таа на железо и челик, за градежни матријали, стакло и ќерамика. Во сообраќајот, како најголем потрошувач на горивата (со 56 проценти), по пoдатоците презентирани во Стопанската комора на Македонија покажуваат дека зголемените цени на моторните бензини и дизелот, од декеври лани до средината на месецов, придонеле за зголемени транспортните трошоци за околу 30 милиони евра. Учеството на горивото во цената на транспортната услуга од 36,5 проценти е зголемено на 37,5 проценти, односно за еден процент. Ако до пред зголемувањето од 2,5 денари

цената на услугата по километар изнесуваше 65 денари, таа сега е 66 денари. Доколку не се смени тенденцијата на раст на цените на горивата во јавниот патен сообраќај за една година, сегашното зголемување од 2,5 денари би значело околу 1.500 евра годишен трошок по возило, а во вкупниот патен сообраќај околу 6,3 милиони евра. Тоа ќе се одрази на трошоците за обнова на возниот парк, што пак оди во прилог на нелојалната конкуренција, предупредува Комората. Стопанската комора на Македонија најави и дека ќе ја актуелизира минатогодишната иницијатива за целосно ослободување од давачките при увоз на гас и за примена на повластена даночна стапка од 5 проценти кај тој енергенс. Високата на цена на гасот во најголем дел е заради малите количини што Македонија ги набавува и недоволната инфраструктура.

ЗА И ПРОТИВ

СО РЕСТРИКТИВНА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКАНЕМА КРЕДИТИ ЗА БИЗНИСИТЕСлободниот курс, потег кој некое време се сугерира како мерка за поттикнување на економијата, треба да се остави за понатаму, откако целосно ќе се надмине кризата. Освен повременото интервенирање од стоковните резерви, Владата има можност да се откаже од непродуктивните трошоци или да ја намали акцизата на горивата.Секое стегање, монетарно или фискално, ќе се одрази врз работењето на

претпријатијата, но ако немате избор морате да го сторите, бидејќи распламтувањето на инфалцијата може да биде многу опасно за развојот на Македонија и тука Владата апсолутно има можности. Таа може да спречи висока инфлација, само преку координирани политики на монетарната и фискалната политика.

Опасно за растот и развојот е ако се води рестриктивна монетарна политика, што ќе значи дека бизнисите нема да имаат кредити.

(Академик Таки Фити)

ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ЗА - СУРОВИНИ

Растечките цени на нафтата и храната се вовед во нова светска економска криза во којашто поскапувањата ќе продолжат, од што ниту една земја не може да се заштити на долг рок. Наместо да ги топи девизните резерви за зачување на стабилноста на денарот државата тие пари треба да ги

искористи за набавка на основни суровини бидејќи кратење од буџетот може да ги загрози социјалните трансфери. Оттука, опцијата што преостанува е барем времено девалвирање на денарот. Ако во сиот свет економијата оди на лошо, неминовно е дека и нашиот стандард ќе опаѓа и тоа значително. Идејата е да се искористат

девизните резерви за набавка на суровини кои и` требаат на економијата за да фунцкионира. И при тоа флуктуирачкиот курс е неминовен бидејќи немате друг механизам како да се заштитите. Ќе мора да го изберете помалото зло.

(Ирена Кикеркова, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје)

АНАЛИЗИ Стопанската комора на Македонија предлага да се укине давачката за задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати за годинава, инаку...

СКАПИТЕ ГОРИВА ЌЕ ГИ ПРЕГРЕЈАТ ФАБРИЧКИТЕ КАСИ

Page 4: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 24 март 2011

„Како да се постигнат повисоки стапки на раст во посткризно опкружување?“ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТАИ УШТЕ ПОДОБАР БИЗНИС-АМБИЕНТ

Финансиската и глобалната светска криза ги променија стандардните перцепции за економскиот развој и влијаеја во насока на забавување на економскиот раст, а Македонија во однос на останатите земји помина релативно добро, но тоа не значи дека нема предизвици за идниот економски развој.Ова се главните заклучоци на тркалезната маса на тема: „Како да се постигнат повисоки стапки на раст во посткризно опкружување?“, што се одржа во Скопје, во организација на вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески, а по повод посетата на главниот економист на Светската банка за регионот на Европа и Централна Азија, Индермит Гил, а ги пренесува МИА.На тркалезната маса, чија цел беше отворање на неколку прашања од аспект на можноста и моделите на економскиот развој во посткризниот период и како да се постигне висока стапка на економски раст во такви услови, присуствуваа претставници од македонската Влада, опозицијата, бизнис-заедницата, стопанските комори и банкарите.- Една ваква дебата е многу корисна за да се идентификуваат состојбите во глобалната, но и македонската економија и да видиме како да се засили потенцијалот за раст на нашата економија. За економскиот раст на Македонија битни се отвореноста на земјата и способноста за интеграција во европската економија, односно создавање поконкурентни производи кои ќе содржат повисок степен на додатна вредност, - изјавил вицепремиерот Ставрески на паузата на тркалезната маса.За да се случи тоа, нагласил, потребно е да продолжат инвестициите во делот на подобрување на вкупната инфораструктура и подобрување на бизнис-амбиентот.- Она што досега го правевме на доста успешен начин во делот на реформите во бизнис-климата мора да продолжи и натаму, бидејќи тука е клучот за поконкурентна економија. Секако, придонес за тоа има и квалитетната работна сила, рекол Ставрески, истакнувајќи дека се неопходни натамошни инвестиции во образованието, посебно во делот на високото, со цел да се произведува поиновативен кадар кој полесно ќе се прилагоди на понудата и побарувачката на пазарот на работна сила.Улогата на државата, посочил, треба да биде и понатаму да овозможува општ амбиент за работа.- Прашањето по кризата не е толку во големината на јавниот сектор и на државата, туку во нејзината ефикасност. Ние мора да продолжиме да ја подобруваме ефикасноста на државата во обезбедувањето на општите услови за да може да се развива приватниот сектор, - рекол м-р Зоран Ставрески.Може да се очекува, нагласил, дека идниот раст ќе биде базиран на малку променета улога на финансискиот сектор, каде што е потребна постриктна контрола во светски размери, а и кај нас.- Контролата е неопходна за да се одржи стабилноста на финансискиот сектор и тој да може постепено да испорача поголем износ за развој на приватниот сектор, а притоа да не ја загрози општата стабилност, односно да не дојде до финансиска криза или криза на некоја финансиска

институција, додал м-р Зоран Ставрески, напоменувајќи дека секоја држава мора на флексибилен начин да ги искомбинира параметрите за да се оствари повисок економски раст.Главниот економист на Светската банка за регионот на Европа и Централна Азија, Индермит Гил, истакнал дека стекнал впечаток оти Македонија многу добро успеа да ја одржи стабилноста во текот на кризата.- Првата причина за тоа се фискалните политики на

Министерството за финансии кои дадоа голем придонес, втората е значајниот придонес на монетарната и финансиската политика на Централната банка и третата - подобрувањето во деловното опкружување и бизнис-климата. Сега прашањето е како земјата ќе може да продолжи да надградува врз овие стабилни основи и да го зголеми економскиот пораст и стапката на

вработеност, - рекол Гил.Македонија, како што нагласил, не е единствената земја која размислува за овие прашања, бидејќи со нив се соочуваат сите делови на Европа.- Сите земји ги преиспитуваат нивните модели за економски раст. Еден добар начин да се размислува за овие модели на економски пораст е преку компонентите - трговската размена, финансии, претприемништво, работна сила или труд и јавни услуги. Исто како, и другите земји и Македонија треба да преиспитаат кои од овие компоненти нема да ги менуваат, а кои ќе ги менуваат. Ние сме подготвени да и` пружиме помош на Владата на РМ и во тоа преиспитување и разгледување на овие компоненти, но и во спроведувањето на промените, рекол Гил, истакнувајќи дека Светската банка е подготвена добрата соработка и односите со македонската Влада да ги преточи во добри резултати.

ТРИБИНА

Бизнис-заедницата со сугестија до државатаСУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КОМПОНЕНТИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ

Новиот начин на стимулација не треба да се однесува на финалните производи, туку на основните агрегати кои ја генерираат крајната цена, како мазутот во производството, енергенсите и други супстанци за поевтино производство. За да нема манипулации, секоја компанија ќе треба да гарантира одрeдено ниво на производство, за што на крајот од годината би се поднел и извештај.

Ваквиот концепт веќе е применет во регионот. Пример е Турција која со субвенционирање направи бум во туризмот. Дел од механизмите нема да бидат достапни, пред се`, поради обврските од Договорот со ЦЕФТА, но има сегменти кои не се покриени, а во кои e можно да се интервенира на ваков начин.

(Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија)

Page 5: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 24 март 2011

Стопанската комора на Македонија и другите деловни асоцијации од земјава потпишаа Меморандум за разбирање со девет стопански комори од Велика Британија

ОТВОРЕН ПАТОТ ЗА ДИРЕКТНИ КОНТАКТИ НА БИЗНИСОТ

Со цел подобро запознавање, унапредување на односите, интензивирање на бизнис-контактите и реализирање повеќе инвестиции, Стопанската комора на Македонија и другите деловни асоцијации од земјава потпишаа Меморандум за разбирање со девет стопански комори од Велика Британија (17.3.2011 година). Велика Британија годинава првпат се наоѓа во групата пет држави со кои Македонија има најголема трговска размена, но економската соработка на двете земји се` уште далеку заостанува зад реалните можности. Во јануари 2011 година Велика Британија е прв трговски партнер на нашата земја со вкупна размена од 184 милиони САД долари, со изразито голем дефицит на наша страна од 178 милиони САД долари. Во цела 2010 година остварена е вкупна трговска размена од 343 милиони САД долари, со што Велика Британија се најде на 9 место во нашата размена со светот. Туризмот, земјоделството, металната и прехранбената индустрија се секторите со најголем потенцијал за соработка. Македонија е посебно атрактивна зашто нуди евтин, но висококвалификуван кадар и има потенцијал да привлече британски инвестиции.Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, оцени дека Македонија не е крупен играч, но може да биде значаен во пополнување на празнините во британската економија и тука треба да го бара својот простор. Малата трговска размена со голем трговски дефицит на македонска страна треба да биде поттик за воспоставување нов приод за соработка. - Македонија е една од последните земји во регионот која нуди висококвалификувана работна сила по се уште ниски цени што е добар потенцијал и за што е доказ инвестицијата на „Џонсон Мети“, рече Антони Пешев на прес конференцијата по потпишувањето на Меморандум за разбирање со девет стопански комори од Велика Британија- Денешната средба на стопанствениците е мотивација македонските компании да ги увидат можностите во Велика Британија, но и британските компании да научат повеќе за Македонија. Не е секогаш доволно само владите да даваат поддршка. Британските комори тука слушнаа за повеќето добри примери на инвестиции, не само за „Џонсон Мети“. Во Македонија има многу британски вложувања и многу добри примери. Тоа треба да им се претстави на нашите фирми за да можат потоа тие нивните искуства да ги пренесат во Велика Британија, - рече британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон. Целта е, додаде Ивон, на британските бизнисмени да им се претстават условите во Македонија врз основа на што тие ќе се одлучат за евентуални инвестиции. - Владите не носат одлуки за инвестирање, затоа е важно на компаниите да им се даде платформа и да се потенцира дека Велика Британија е отворена за бизнис, - порача амбасадорот.Бизнисмените би сакале да имаат чувство на предвидливост, бидејќи инвестициите во суштина претставуваат ризик. - Предвидливоста и стабилноста се многу важни, битен фактор кога компаниите прават планови за иднината. Членството во ЕУ и НАТО овозможува одредени стандарди кои ја зголемуваат довербата за инвестирање. Но, постојат примери на земји кои не се членки, а имаат поволна клима

за инвестирање. Точно е дека ЕУ и НАТО ги стимулираат инвеститорите што не значи и дека земјата нема услови за вложувања ако не е нивна членка. Затоа треба инвеститорите да дојдат тука, да ја испитаат бизнис-климата, - нагласи Кристифор Ивон. Според него, во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија има многу позитивни пораки за макроекономската стабилност и политиката кои влеваат доверба. - Бизнисмените ги интересира и какво е судството, дали администрацијата е ефикасна. Тоа се, секако, важни полиња на кои владите и бизнис-заедницата треба да работат. Би сакал да видам дека се работи и на тоа во Македонија, - рече британскиот амбасадор.

Министерот за економија, д-р Фатмир Бесеми, посочи дека само тие што комуницираат може да се разберат, а за да се случи соработка во бизнисот треба да се искажат интерсите.- Со оваа иницијатива правиме чекор во таа насока. Се воспоставува повисоко ниво на комуникација меѓу бизнис-заедниците. Тоа ќе овозможи подобрување на нашите економски перспективи, подинамичен раст, поголема конкурентност, отворање повеќе работни места и подобар животен стандард. За да успее ова, не е доволно само политика, потребна е комуникација и реализирање бизнис, а овие процеси реално може да ги води бизнис-заедницата, - истакна Бесими. Трговијата со Велика Британија лани достигна околу пет отсто, а претходно изнесуваше само 1,5 проценти. Околу три отсто од вкупните странски инвестиции во земјава се британски, а само еден процент од вкупниот број туристи што ја посетуваат Македонија се Британци.- Има огромна можност за соработка, како и можност овие бројки на среден рок да бидат најмалку двоцифрени. Во Македонија има потенцијал да се оствари бизнис, како и во Велика Бртијанија македонските производи да станат конкурентни, - рече Бесими.Стопанствениците го посочија слабото познавање на македонската економија од британска страна како клучна причина за досегашното ниско ниво на деловна комуникација. Денешната средба на претставниците од македонските и британските стопански комори ја организираа „Генезис комуникации“ и “Македонија Експорт“, со поддршка на Британската амбасада.

СОРАБОТКА

Page 6: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 24 март 2011

Нелојалната конкуренција го „меша“ прилагодувањето кон европските стандарди за бетон и бетонски производиДИРЕКТИВИТЕ ТЕШКО ЌЕ СЕ „СТВРДНУВААТ“

Во организација на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија и Институтот за стандардизација на Република Македонија –ИСРМ, на 17 март 2011 година, беше организирана тематска расправа за хармонизација на националната со европската стандардизација и имплементација на усвоените

европски стандарди во градежништвото и производството на градежни материјали во Република Македонија, со посебен осврт врз стандардите за бетон и бетонски производи.Согласно Директивата за градежни производи (CPD) 89/106 ЕЕС, донесен е Законот за градежни производи и подзаконките акти, кои ги регулираат суштинските барања на градежните објекти, сообразност, заштита од пожар и друго. Во завршните одредби од Законот е наведено дека до пристапување на Република Македонија во Европската унија или до влегувањето во сила на соодветен протокол за оценка на сообразноста со Европската заедница (АКА) или до влегување на сила на соодветен билатерален договор за меѓусебно признавање на документи, производителот или неговиот овластен застапник за производот што е произведен во Република Македонија и наменет за домашниот пазар пред негово пуштање на пазарот или ставање во употреба треба да обезбеди сертификат за сообразност издаден од овластено тело. Сертификатот за сообразност ја заменува СЕ-ознаката.Министерството за економија согласно сертификатите за акредитација издадени од Институтот за акредитација на Република Македонија од областа 2.12 Градежништво (во

зависност од опсегот на акредитацијата) им издаде Решенија за именување на тело за атестирање на сообразност на Градежен институт „Македонија“ АД Скопје, Лабораторија за испитување на градежните производи и Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ АД - Скопје, Лабораторија за испитување на градежните производи.Со посебен осврт и презентации за стандардите за бетонот (EN 206-1) од страна на стручњаци во оваа област, беше истакнато дека контролата на производството мора да биде документирана и јасно прецизирана од организациски аспект кои можат да имаат влијание на квалитетот. Почетната контрола ја прави прозводителот и лабораториската опрема која ќе се користи ќе мора да ги задоволи предвидените услови со стандардот европска норма MKSEN 17025.Сите проверки на опремата ќе се спроведуваат по утврдена процедура од страна на испитувачката лабораторија или Институтот за акредитација на Република Македонија доколку се бара акредитирана лабораторија.Според некои пресметки, потребно е да се вложат средства за неопходна опрема cca 14.000 евра за одредување на еден мал број карактеристики на материјалите, без да се евидентираат трошоците за потребните човечки ресурси и опремата за технолошката изработка на производот.

Во дискусијата беше потенцирано, дека фабриките за бетон прават напори за нивно опремување и контрола на квалитетот на бетонот, но нелојалната конкуренција се` почесто ги руши пазарните правила и се нудат нереални цени на готовиот бетон. Со тоа се наметна потребата од формирање Групација за бетони, каде што заеднички ќе се предлагаат мерки за надминување на одредени проблеми, но и размена на искуство за имплементација на европските стандарди во оваа област.

Марија Петроска

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Page 7: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 24 март 2011

Формирана Групација на клучариКАЛАУЗОТ КАЈ НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА!

Во Стопанската комора на Македонија, на 17.3.2011 година, конституирана е Групацијата на клучари како стручен облик на организирање и работење на оваа дејност која ќе делува во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата. Во Групацијата се здружија правни лица кои се занимаваат со изработка на клучеви.Формирањето на Групацијата произлезе од потребата за заедничко разгледување на прашања за унапредување на работењето, заедничко разрешување на тековните проблеми, предлагање мерки од заеднички интерес, давање мислења и предлози по законски регулативи, соработка со надлежни органи, институции и организации и други прашања од заднички интерес. Расправајќи на седницата, присутните истакнаа дека активностите на Групацијата треба да бидат насочени кон разрешување на проблемите со кои се соочуваат компаниите од овие дејности, посебно во правец на разрешување на проблемите на нелојалната конкуренција од нерегистрираните клучари. Во расправата се истакна потребата да се информираат државните институции и инспекциите да се врши

поголема контрола на „дивите“ произведувачи на клучеви.Исто така, на седницата се истакна проблемот на непостоење на законска регулатива за издавање лиценци за работа на правните лица од оваа дејност, како и вклучување на оваа дејност во правната регулатива што ги третира специфичните дејности.На конститутивната седница на предлог на членките беше избран Управен одбор од 7 членови. За претседател е избран Никола Димушевски од „Вуле јуниор-Н“ од Скопје, а за заменик-претседател е избран Ѓорги Трифунов од „Младост“ - Скопје.

Војкан Николовски

Регионалната комора со седиште во Кочани домаќин на словенечкиот амабасадор во Република МакедонијаЗАЕДНИЧКИ НА ПАЗАРОТ ВО ЕУ

На 17 март 2011 година, во официјална работна посета на Кочани претстојуваше словенечкиот амбасадор во Република Македонија, Алан Брајан Бергант. Амбасадорот беше придружуван од економскиот советник Јернеј Товшак, а неговата посета беше во организација на Регионалната комора со седиште во Кочани.Работната посета започна со прием во компанијата „ТИНГ“, каде што сопственикот на компанијата Славе Јорданов, инаку и претседател на Регионалната комора со седиште во Кочани, ја претстави својата дваесет годишна работа како приватен стопанственик, ги презентираше дел од своите развојни планови и проекти на коишто во моментот се работи и кои во иднина ќе бидат во фокусот на работата на компанијата. Амбасадорот се интересираше околу моменталната соработка со словенечките компании, дали постои и доколку има интерес од „ТИНГ“ – Кочани, ја изрази подготвеноста преку Амбасадата некои контакти да бидат воспоставени и олеснети. Амбасадорот со своите домаќини направи и обиколка на работните погони на фабриката. Беа реализирани и три други посети на компаниите „Европа 92“, модната конфекција „Голдентекс“ и фабриката за производство на печурки „Шампињони“. Покрај овие посети, веше одржан и работен состанок во локалната самоуправа на Општина Кочани, на која присутвуваа стопанственици од регионот, заедно со градоначалникот на Кочани. Како што истакна амбасадорот, оваа посета е дел од т.н економска дипломатија на Министерството за надворешни работи на Република Словенија, која има за задача да ја поттикне економската соработка на македонски со словенечки компании, како и обезбедување на заеднички настап на пазари на трети земји, особено во ЕУ.

Кирил Ковачев

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 8: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 24 март 2011

Во Белград, Република Србија, формирана Меѓукоморска ЦЕФТА-работна група за осигурувањеПОСТЕПЕНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА РЕГУЛАТИВАТАИ УКИНУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ БАРИЕРИ

Формирањето на Меѓукоморската ЦЕФТА-работна група за осигурување претставува сигнал дека потписничките се активни и во областа на услугите. Во овој случај, согледувањето на можностите и ограничувањата за постепена либерализација на пазарот на осигурување, во голема мера зависи од соработката на членките на ЦЕФТА, со оглед на различната брзина на приближување на сите потписнички на Договорот кон Европската унија, – беше оценето на првиот состанок на Меѓукоморската ЦЕФТА-работна група за осигурување, одржан во Стопанската комора на Србија на 17.3.2011 година.

ЦЕФТА-работната група за осигурување е формирана со цел да се согледаат регулативата, отворените прашања и ограничувањата за работата и достапноста на осигурителните услуги во зоната на ЦЕФТА. Од неа се очекува да предлага мерки за постепена либерализација на регулативата и укинување на административните бариери, доколку постојат. Првиот работен состанок на ЦЕФТА-работната група за осигурување го отвори д-р Слободан Самарџиќ, потпретседател на Стопанската комора на Србија, а учесниците на состанокот од ЦЕФТА-земјите ги претставија условите за работење и пазарот на осигурување, секој поединечно од земјите од каде што доаѓаат. Работната група ја усвои Програмата за работа за 2011 година, која ги вклучува активностите за либерализација на работите на соосигурување во рамките на осигурувањето, либерализација на услугите и актуарите и услугите за посредување во осигурувањето. На состанокот беше заклучено дека постои економски интерес за создавање рамка за либерализација на соосигурувањето во регионот, а притоа се прифатени основните принципи и начела на соосигурувањето. Беше договорено дека, со оглед на неразвиената пракса за соосигурување во земјите-потписнички на ЦЕФТА-договорот, потребно е да се подготват соодветни практични примери на договор за соосигурување, како модел којшто ќе се развива понатаму. Беше потенцирано дека овој предлог треба да се гледа како можност за работа, а не како обврска.

Значи, на осигурителните компании ќе им се остави на располагање, во согласност со својата деловна политика да ја користат оваа предложена можност за соосигурување во земјите на ЦЕФТА-регионот. Во подоцнежна фаза треба да се предвиди и организирање на соодветни семинари за осигурителните компании во регионот на ЦЕФТА. На седницата беше заклучено дека Работната група своите заклучоци од состанокот ќе ги достави до релевантните институции за нивна натамошна реализација.

Турската „Халк банкаси“ ќе стане доминантен сопственик во „Извозна и кредитна банка“ АД СкопјеГУВЕРНЕРОТ ИЗДАЛ СОГЛАСНОСТЗА КУПУВАЊЕ 91,56 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ

Турската „Халк банкаси“ А.Ш. со седиште во Анкара ќе стане доминантен сопственик во „Извозна и кредитна банка“ АД Скопје. Таа планира да купи 91,56 проценти од вкупниот број на акции на ИК банка, за што согласност издал гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Петар Гошев.„Халк банкаси“ има намера да ги купи 27.869 акции што ги поседува акционерот холандската „ДХБ банка“ и 10.468 акции од Европската банка за обнова и развој со седиште во Лондон. Од НБРМ истакнуваат дека основната цел на банката како потенцијален доминантен акционер на „Извозна и кредитна банка“ АД Скопје, е да го зголеми нејзиното пазарно учество и да придонесе во проширувањето и подобрувањето на квалитетот на финансиските услуги коишто се нудат на македонскиот пазар.

Турската „Халк банкаси“ А.Ш. е основана 1938 година. Присутна е на пазарите во Турција, Холандија, Германија, Кипар, Бахреин и Иран. На крајот на 2010 година, нејзината вкупна актива изнесуваше 35.408 милиони евра и според нејзината големина, се наоѓа на седмото место на пазарот во Турција. Минатата година остварила добивка од 976 милиони евра. Агенцијата за приватизација, којашто е во составот на турската влада, поседува 75 проценти од акциите на „Халк банкаси“, а останатите 25 проценти те слободно котираат на берзата. Во банката се вработени 13.450 лица.

ОСИГУРУВАЊЕ И БАНКАРСТВО

Page 9: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 24 март 2011

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ

„Пивара Скопје“ АД инвестира 2,5 милиона евра за заштеда на вода и енергијаИНОВАТИВНА СТАНИЦА ЗА БИО-ТРЕТМАН НА ВОДИ

„Пивара Скопје“ АД инвестира 2,5 милиона евра во иновативна станица за био-третман на водата, која треба да придонесе за заштеда на вода и енергија неопходни за производствениот процес. Постројката треба да биде пуштена во работа оваа есен. Во тек се интензивните градежни работи коишто се очекува да завршат оваа пролет, по што ќе почне инсталирањето на опремата. Планираната инвестиција за изградба на новата постројка, како и инвестицијата во технологијата за нејзино функционирање надминува вредност од 2,5 милиона евра. Според инвестициониот план, проектот треба да биде завршен до

последниот квартал оваа година.- Она што го чини овој проект уникатен е фактот дека станува збор за иновативен биолошки третман на водата која останува за време на производните процеси, по што таа ќе може повторно да се користи како техничка вода, а гасовите кои ќе се ослободуваат за време на третманот ќе бидат искористени за производство на енергија, - информираат од компанијата.Придобивките од овој иновативен и општествено корисен проект ќе бидат повеќекратни, сметаат во „Пивара“.- Со заштедата на вода и енергија што се овозможува со примена на најсовремена технологија која ќе биде вградена во новата постројка, се зголемува целокупната енергетска ефикасност на компанијата, но истовремено остануваме конзистентни во нашите напори за заштита на животната средина што не` чини посебно горди. И со оваа инвестиција „Пивара Скопје“ АД уште еднаш покажува дека е општествено одговорна компанија која континуирано инвестира во својот развој, истовремено водејќи сметка и за интересите на пошироката заедница, - објаснува раководителот на проектот, Кирчо Стојанов, менаџер за производство во „Пивара Скопје“ АД, а пренесува МИА.Целокупната реализација на оваа значајна инвестиција, „Пивара Скопје“ ја спроведува преку партнерски однос со надлежните институции, пред се` Општината Гази Баба и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Нова наградна игра на „ЕВН Македонија“„ЧИСТА СМЕТКА - ДОЛГА ЛИСТА НАГРАДИ“

„Чиста сметка - долга листа награди“ е новата наградна игра на „ЕВН Македонија“ која ќе стартува од април годинава.Право на учество во наградната игра имаат сите корисници

кои редовно ги подмириле тековните нетужени сметки за потрошена електрична енергија, со што автоматски влегуваат во базата на компјутерскиот систем преку кој ќе се одвива извлекувањето на наградите.Во првото извлекување на 9 април, најсреќните корисници ќе добијат енергетско ефикасни апарати за дневната соба (ЛЦД-телевизори, правосмукалки), во второто извлекување на 7 мај енергетски ефикасни апарати за кујна (фрижидери, микробранови печки), а во последното извлекување на 4 јуни апарати за бања (машини за перење и пегли). Покрај овие награди, во сите извлекувања ќе се доделуваат и енергетско ефикасни светилки, како и брошури и стручни совети за штедење електрична енергија.Наградната игра е одлична можност за редовните корисници да освојат енергетски ефикасни апарати за домаќинство и да бидат дел од кампањата за разумно користење на енергијата, - наведуваат во соопштението од компанијата.

Стопанска банка годинава одбележува значаен јубилеј – 15 години од првата платежна и 10 години од првата кредитна картичка во земјаваПOТВРДЕН ЛИДЕР ВО КАРТИЧНОТО РАБОТЕЊЕ

Стопанска банка годинава одбележува значаен јубилеј - 15 години од издавањето на првата платежна картичка во РМ и 10 години од издавањето на првата кредитна картичка на македонскиот пазар. По 15 години од издавањето на првата платежна картичка, Стопанска банка е потврден лидер во картичното работење во нашата земја. Секоја трета кредитна картичка во нашата држава го носи знакот на Стопанска банка, претставувајќи го најголемото семејство на задоволни корисници. Секако, Стопанска банка продолжува да подготвува новитети кои дополнително ќе ги направат картичките неопходен додаток на секој паричник.Стопанска банка АД – Скопје нуди да изберете картичка од најреномираните брендови VISA и MasterCard од 2010 година и со чип-технологија за најголема заштита.Следејќи ги современите текови, но пред се` внимавајќи на безбедноста, Стопанска банка уште во 2005 година издаде VISA Интернет-картичка наменета исклучиво за едноставни и безбедни купувања преку Интернет.Со платежните картички од Стопанска банка се купува

безгрижно се` што е потребно каде и да се наоѓа купувачот - секојдневни артикли, посета на ресторан, авионски билети, одмор итн. Со платежните картички нема потреба да се носат пари во готово.Стопанска банка АД – Скопје нуди да се избере картичка од најреномираните брендови VISA и MasterCard секоја со уникатни карактеристики.

Page 10: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 24 март 2011

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Корисникот на платежните картички од Стопанска банка има пристап до неговите сметки 24 часа, 7 дена во неделата и потполна слобода во секој миг, каде и да се наоѓа. Истовремено е и посигурно отколку кога се носат пари во готово.• Купување во милиони трговски синџири во земјата и во странство без провизија, во повеќе од 170 земји во светот.• Со интернационалните картички може да се подигнат пари во готово во валутата важечка во земјата на подигање, на над милион банкомати низ целиот свет. Подигнувањето на пари во готово со дебитните картички е без провизија на шалтерите и банкоматите на Банката.• За клиентите кои преферираат чип-технологија, засега е достапна кај MasterCard картичките од Стопанска банка.

На најпрестижниот специјализиран натпревар за вино „Chardonnas du Monde“ во ФранцијаСРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА „ШАРДОНЕ“ НА „ТИКВЕШ“

Виното на Винарската визба „Тиквеш“, Chardonnas Lim-ited Edi�on од бербата 2010-та, доби сребрен медал нанајпрестижниот специјализиран натпревар за шардоне вина „Chardonnas du Monde“, што се одржа во Франција.На тиквешкото „Шардоне“ ова значајно признание му го додели жири од 300 интернационални експерти, во конкуренција на 914 шардоне вина од 38 земји во светот.Секое од вината е оценувано според своите индивидуални квалитети, а особено според добрата типизираност и

интензитетот на шардоне-аромите.Годинашниот 18-ти по ред светски натпревар на вината шардоне беше организиран на винскиот имот на прочуениот Институт „Пастер“ во Бургундскиот вински регион во Франција.

Рудникот „Бучим“ ќе го финансира истражувањето на археолошкиот локалитетКОНЦЕСИЈА ЗА „БОРОВ ДОЛ“ПО АРХЕОЛОЗИТЕ

Раководството на Рудникот за бакар и злато „Бучим“, во Штип имаше средба со градоначалниците на општините Штип и Конче, како и со директорот на Заводот за заштита на споменици и Музејот на град Штип. Заменик-менаџерот Николајчо Николов на средбата посочи дека во Рудникот „Бучим“ по добивањето на концесијата за новото рудно наоѓалиште во „Боров Дол“ се соочиле со проблем, бидејќи парцелата каде што е главното рудно тело не им е доделена под концесија.- На оваа парцела има неистражен археолошки локалитет, но ние како раководство сме подготвени да ги финансираме истражувањата на локалитетот, со цел да ја добиеме парцелата каде што според првичните истражувања на поранешен „Бучим“ е покажано дека е главното рудно наоѓалиште, предложил Николов, - пренесува МИА.На средбата е констатирано дека е потребно во интерес на Рудникот „Бучим“ веднаш да се поднесе барање за парцелата до штипскиот Музеј.Директорот на ЗЗС и Музејот на град Штип, Зоран Читкушев, нагласил дека по добивањето на барањето веднаш археолозите ќе излезат на терен со цел да увидат за колкав простор станува збор и колку време ќе им треба

да го истражат.Раководството на „Бучим“ е децидно дека во интерес на отворање на новиот рудник „Боров Дол“ на територијата на општините Штип и Конче ќе го финансираат истражувањето на археолошкиот локалитет. Николов укажува дека по завршувањето на археолошките истражувања, веднаш ќе конкурираат за добивање концесија и на оваа парцела.Според плановите, истражувањата на рудното наоѓалиште во „Боров Дол“ треба да завршат во 2014 година, а рудникот да се отвори во 2018 година.Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов, истакнал дека е задоволен од позитивниот исход од средбата меѓу сите надлежни институции за решавање на овој проблем, бидејќи Штип прв пат годинава доби пари од концесијата која ја уплати „Бучим“ за новиот рудник за бакар и злато „Боров Дол“. Новиот рудник е оддалечен само 8 километри од единствениот рудник за бакар и злато, а на него се претпоставува дека има рудни резерви од 40 милиони тони бакар и злато, коишто ќе го продолжат постоењето на „Бучим“ во наредните 20 години.

Печатница „Kиро Дандаро“ АД БитолаИЗВОЗОТ ЗГОЛЕМЕН ЗА 30 ОТСТО,ПРВЕНСТВЕНО НА БАЛКАНОТ

Битолската печатница АД „Киро Дандаро“ го зголеми извозот на своите производи во странство. Според менаџерскиот тим на печатницата, извозот е реализиран во државите од Балканот односно на традиционалните пазари и за повеќе индустриски гранки, – објавува МИА.- Споредено со минатата година, извозот е зголемен за 30 насто. Печатницата оствари извоз во висина од 4,2 милиони евра кои во најголем дел ги обезбедивме благодарение на производството на флексибилна амбалажа за прехранбената и индустријата за пиво, потоа фабриките за производство на минерална вода и други компании, - изјавил Драги Милошевски, менаџер на печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола.Најголем дел од производите на битолската печатница извезени се во Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска, додека мал дел од п р о и з в о д с т в о т о се извезува и во соседна Грција.- Нашите намери се да реализираме една голема инвестиција, но се` уште се воздржуваме затоа што во регионот не е поволна генералната економска ситуација, иако има поволни кредити кои се нудат преку Европската кредитна банка со кои се врши враќање на средствата и до 15 проценти, - посочува Милошевски.Во печатница АД „Киро Дандаро“ - Битола во моментов работат околу 200 лица.

Page 11: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 24 март 2011

МОЖНОСТИ

Донација на „Дуна компјутери“ за 10 македонски ИТ-компанииСОФТВЕР ВРЕДЕН 100 ИЛЈАДИ ЕВРА

За поддршка на ИТ-индустријата во нашата земја и за користење деловен софтвер, „Дуна компјутери“ донира лиценци од софтверот „ултима ентерпрајс“, во вкупна вредност од 100 илјади евра за десет македонски ИТ-компании. Со оваа донација, „Дуна компјутери“ ќе им овозможи на компаниите да работат поефикасно, побрзо и профитабилно, воведувајќи го бизнисот во нова технолошка ера, - се вели во соопштението на компанијата до медиумите.„Дуна компјутери“, една од водечките македонски ИТ-компании, неодамна ја претстави „ултима“, комплетно софтверско решение за мали, средни и големи компании. За поддршка на корисниците низ земјата, „Дуна компјутери“ развива широка мрежа на партнери.Оваа недела завршува првата конференција за софтверот „ултима“, на која учествуваат десет македонски ИТ-компании. Целта на обуките е да се сертифицираат партнерите на „Дуна“, кои ќе им го продаваат и имплементираат софтверот на крајните корисници.

ЈП „Пазари“-БитолаПОДГОТВЕНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ И ШТЕДЕЊЕ

Јавното претпријатие „Пазари“, чиј основач е Општина Битола, подготви Програма за развој и штедење во наредниот период.Според менаџерскиот тим на претпријатието, наскоро во индустрискиот дел на градот, каде што се наоѓа сточниот пазар и со кој управува ЈП „Пазари“ ќе биде отворен пазар на големо за што е подготвен елаборат и идејно решение, изработен е план за покривање на таканаречениот „Мас-пазар“, како и план за замена на светилките со штедливи светилки. Од ЈП „Пазари“ - Битола информираат, како што пишува МИА, дека во текот на оваа година ќе биде извршено вградување на соларни системи за обезбедување топла вода, како и изградба на пумпна станица за подземна вода со која секојдневно ќе се чисти централниот градски пазар во Битола.

„Фруктал Селекшн“ и на македонскиот пазарДОСТАПЕН СО ЧЕТИРИ ВКУСААНАНАС, ПОРТОКАЛ, ГРЕЈПФРУТ И МАЛИНА

„Фруктал“ на македонскиот пазар со нова понуда на сокови – „Фруктал Селекшн“, производи кои ќе бидат достапни само во селектирани продавници.„Селекшн“ е 100 проценти природен сок, направен од свежо цедено овошје и без додаток на засладувачи и вода.

Достапен е со четири различни вкусови - ананас, портокал, грејпфрут и малина.- „Селекшн“ е резултат на развојот на стручните лица во „Фруктал“ и одѕивот на сè поголемите потреби на потрошувачите за здрава храна богата со витамини.

Категоријата на сокови од свежо цедено овошје е веќе водечка и омилена во светот, па затоа и ние во „Фруктал“ ја следевме нашата мисија. Со соковите „Селекшн“ ги пречекоруваме достигнатите рамки, за што е доказ огромниот интерес од страна на потрошувачите во Словенија и Хрватска. Сигурен сум дека соковите „Селекшн“ позитивно ќе ги изненадат и македонските потрошувачи, вели претседателот на Управниот одбор на Фруктал, Драго Кавшек. Соковите „Селекшн“ ќе бидат во продажба во маркети во Скопје: Веро 2 (Тафталиџе), Веро 9 (ТЦ Веро), Супер Тинекс 2 (ТЦ Зебра), Супер Тинекс 4 (Кончар) и Рамстор - Центар.Произведени се од свежо цедено овошје кое успева на плантажите ширум светот: ананас од Костарика, портокали од Бразил, грејпфрут од Средоземното крајбрежје, малини од Србија, црвено грозје од Италија, јагоди од Шпанија и јаболка од Словенија. Како и за сите сокови, нектари и овошни пијалаци, така и за соковите „Селекшн“, „Фруктал“ употребува модерна постапка на пастеризација и технологија на полнење во асептично затворен простор, со што се обезбедува долг рок на траење на производот без употреба на конзерванси.

Винер животно осигурување почнува со работа на македонскиот пазарМЕСЕЧНАТА ПРЕМИЈА ПОЧНУВА ОД 900 ДЕНАРИ

Винер животно осигурување почнува со работа на македонскиот пазар со четири типа животно осигурување - семејно, детско, профитно и за ризик.- Во четирите типа производи може да се најде секој граѓанин. Базирани се на потребите на граѓаните и на можностите што можат да ги платат месечно, истакнал на

прес-конференција директорот на Винер животно осигурување Македонија, Елена Мартиновска и додадала дека месечната премија што треба да се одвои е 900 денари.

Елена МартиновскаПлановите за првата година, како што истакнала Елена Мартиновска, се скромни, 1.600 полиси со бруто премија од 1 милион евра:- Македонскиот пазар е на маргините на развојот, но нашата цел е овој вид осигурување да го развиеме и да ја подигнеме свеста кај населението.Ханс Раумауф, претседател на надзорниот одбор на Винер Животно осигурување, рекол дека во Македонија животната премија е 20 евра по жител, во Словенија во просек е 300 евра, но оти се оптимисти и оти ќе го достигнат овој просек иако треба време за тоа.- Македонија во наредниот период ќе има позитивен развиток и ние веруваме дека Македонија се наоѓа на добар пат, - додал Раумауф.Планови се да станат први во животното осигурување во Македонија, како и резултатите што се постигнати во Винер неживотното осигурување ќе се пренесат и во животното осигурување.Винер животното осигурување е 100 проценти австриски капитал. Компанијата е дел од Виена осигурителната групација. Винер животно осигурување доби работна дозвола на крајот на 2010 година. Австриската осигурителна групација е лидер во Европа во сегментот животно осигурување со традиција од 186 години.

Page 12: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 24 март 2011

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Комерцијалните фарми со обврска за редовно водење сметководствоБАЗА ЗА ВОДЕЊЕ ПОЛИТИКИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕИ ДРУГИ ВИДОВИ ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Македонија ги привршува подготовките за воспоставување мрежа за сметководствени податоци од фарми со што тие земјоделски стопанства имаат обврска редовно да водат сметководство. Со нејзино воспоставување ќе имаме целосен увид во нивното економско и финансиско работење за да можеме соодветно и прецизно да ги прилагодиме политиките и за субвенционирање и сите други типови на поддршка на земјоделското стопанство.Тоа го истакна, како што наведува МИА, заменик-министерот за

земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Ивановски, на отворањето на првата Национална конференција за мрежата од сметководствени податоци од зејоделски стопанства (ФАДН).Системот што се воспоставува веќе две-

три години овозможува прибирање економски и финансиски податоци од земјоделските стопанства. Целта е да се направи пресметка на економските влијанија, со што ќе се утврди колку одредени фарми по типови и големина се профитабилни по одредени потсектори во Македонија.Согласно пресметките од Државниот завод за статистика, репрезентативен примерок кој ја отсликува реално структурата на земјоделското стопанство во Македонија треба да вклучува 1200 фарми. Годинава, информирал Ивановски, ќе бидат вклучени 600 фарми, односно за 200 повеќе во однос на 400 колку што беа вклучени досега. Бројката ќе се зголемува постепено за да се достигне таа од репрезентативниот примерок за да се види целосната слика.- Се прибираат податоци за трошоците, за приходите, субвенциите кои ги земаат и колку секоја од нив е профитабилна. Земјоделските стопанства се поделени по големина. Има седум типови, од фарми кои се занимаваат искучиво со одреден тип производство, до мешовити фарми со различни култури, - истакнал заменик-министерот за земјоделство.Според него, системот за редовно сметководство на фармите ќе биде поддржан од Владата преку финансии кои ќе им бидат дадени за да водат сметководство. Системот на мрежата на сметководствени податоци или ФАДЕМ ги вклучува само комерцијалните фарми, односно тие кои имаат пазарен вишок, односно произведуваат за пазар.Во имплементација на проектот е вклучено Министерството за земјоделство како Агенција за врски која ќе комуницира со Брисел за испраќање на овие податоци за формулирање на заедничка економска политика во делот на земјоделството, заедно со членките на Европската унија.

Одложена обврската за правните субјекти за упис на електронско сандаче како e-mail адресаПОСЛЕДНИОТ РОК ДОПОЛНИТЕЛНОЌЕ БИДЕ СООПШТЕН

Централниот регистар на Република Македонија (ЦР) на сите правни лица кои се регистрирани во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица ќе им овозможи бесплатно пријавување за упис на електронско сандаче како e-mail адреса и по 1 април годинава.На овој датум, согласно измените и дополнувaњата на Законот за едношалтерски систем и за водењето на трговскиот регистар и на регистарот на други правни лица, кои стапија во сила на 25 февруари годинава, истекуваше рокот во кој околу 100 илјади регистрирани правни субјекти имаа обврска да пријават електронско сандаче со e-mail адреса до ЦР на кое ќе може да им се доставуваат пишани документи и другу видови на податоци во електронска форма.- Поучени од другите постапки и закони од кои произлегуваа обврски за вршење на доплнителен упис на субјектите кои се веќе

упишани во регистрите дека секогаш се чека последниот датум и имајќи предвид дека рокот е релативно краток одлучивме да предложиме одложена примена и во делот на прибирање на надомест и во делот на изрекување на глоби кон правните лица, рече директорот на ЦР Ванчо Костадиновски на прес-конференција од која известува МИА.

Мотивот за одлагање на примената на Законот, нагласи, е што до денеска многу малку субјекти ја извршиле својата обврска.Костадиновски посочи дека Централниот регистар е целосно подготвен навреме да ги прифати сите апликации за упис на e-mail адреса, но додаде дека според бројката на досега поднесените пријави е очигледно дека правните лица нема да можат да ја исполнат својата обврска поради што во консултации со Министерството за економија се одлучиле да ја одложат примената на Законот.- Тоа значи дека странките ќе можат да поднесуваат пријави за упис и после 1 април годинава без примена на одредбите за глоба или за надомест во ЦР. За последниот рок за извршувањето на оваа обврска, кој дополнително ќе биде утврден, сите правни лица навремено ќе бидат информирани, рече Костадиновски.Досега, како што истакна, до ЦР пријави за упис поднеле 6.495 правни субјекти од кои на 6.000 тоа веќе им е одборено.- Целта на ЦР не е преку оваа мерка да прибира средства, туку да се овозможи упишување на e-mail адресите кои ќе бидат еден вид електронско поштенско сандаче преку кое ќе се доставуваат сите видови на писмена документација по електронски пат. Поштанското сандаче како e-mail адреса ќе биде релевантен податок упишан во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица во ЦР и ќе биде јавно достапен за секого, појасни Костадиновски.Предвидена е глоба од 500 до 1.000 евра за правното лице, а од 250 до 500 евра за одговорното лице во правниот субјект за неисполнување на обврската за упишување на e-mail адреса како електронско поштенско сандаче.

Отворена Канцеларија и Инфо-центар за енергетска ефикасност на Град СкопјеПОСТОЈАТ МНОГУ МОЖНОСТИ ЗАИСКОРИСТУВАЊЕ ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈАСкопскиот градоначалник Коце Трајановски и заменик-амбасадорот на Република Германија во Македонија Валтер Лојкс отворија Канцеларија за управување со енергија и Инфо-центар за енергетска ефикасност и обновливи извори. Канцеларијата и Инфо-центарот, кои се сместени во Град Скопје, се дел од регионалниот Проект за „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите‘‘, чии партнери се градовите Загреб, Фрајбург, Сараево, Подгорица и Скопје, – објавува МИА.Заменик- амбасадорот Валтер Лојкс рекол дека во Инфо-центарот граѓаните ќе можат да добијат информации за користењето на обновливите извори на енергија.- За поздравување е фактот што Град Скопје става на располагање свои простории и експерти, рекол Лојкс и додал оти Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) интензивно го поддржувало Проектот.

Page 13: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 24 март 2011

Во оваа држава, како што порачал Лојкс, постојат уште многу можности за искористување на обновливите извори на енергија.Градоначалникот Трајановски информирал дека Град Скопје ќе спроведе повеќе активности со кои ќе се воспостави систем за управување со енергијата во сите објекти кои се во сопственост на Градот.

- Град Скопје има за цел намалување на трошоците за енергија во износ од најмалку пет отсто секоја година во текот на следните пет години. Се однесува на намалување на емисијата на стакленички гасови, управување со трошоците за енергија за подобрување на економската ефикасност

во објектите, подобрување на продуктивноста и работните услови на вработените, континуирано работење на зачувување на животната средина, - рекол Трајановски.Тој соопштил дека во првата фаза Канцеларијата и Инфо-центарот ќе почнат да работат со двајца вработени кои се веќе обучени како советници во областа на енергетската ефикасност од Секторот за локален економски развој и најави дека потоа ќе почне компонента за реално следење на потрошената енергија во јавните објекти на Град Скопје.Владимир Калински, раководител на Проектот „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите‘‘, истакнал дека на граѓаните треба да им се доближи важноста на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.- Енергијата и климата во моментов во светот се две најважни теми, покрај политичките односи. Приморани сме да размислуваме за овие нешта бидејќи енергијата секој ден е се поскапа, - рекол Калински.Тој додал дека Инфо-центарот е наменет за скопјани, но и за сите жители на Македонија, кои можат бесплатно да се информираат за тоа како да ги намалат трошоците на енергија.- Во Инфо-центарот работат двајца млади инженери кои се обучени во Загреб за да даваат стручни информации за енергетска ефикасност и обновливи извори, - рекол Калински.Експертот Константин Димитров, претседател на Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ), изјавил дека постојат повеќе мерки за намалување на трошоците со енергија, како изолирање на станот, користење економски светилки, купување производи кои трошат помалку енергија.Тој додадал дека има и неколку банки кои нудат посебни кредити за енергетска ефикасност.

Промовирани прирачниците за преведување на правните акти на ЕУ и МакедонијаПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРАВНИ АКТИИ НИВНА МАКЕДОНСКА ВЕРЗИЈА

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Васко Наумовски ги промовираше Прирачникот за преведување на правните акти на Европската унија и Прирачникот за преведување на правните акти на Република Македонија.Прирачникот за преведување на правните акти на ЕУ е второ ажурирано издание и е резултат на новите сознанија и мислења стекнати во последните пет години, кои произлегоа од досегашниот процес на подготовката на националната верзија.Новото издание е сеопфатно четиво кое содржи користени поими и фрази, практични примери на европски правни акти и нивна соодветна македонска верзија.- Подготовката на националната верзија на правото на Европската унија е исклучително важен и сложен аспект на севкупниот интегративен процес на Македонија и не само што е во функција на усогласување на правото на Унијата со националниот правен систем, туку е и процес кој сам по себе отвора многу предизвици на кои треба соодветно да се одговори, истакнал како што објавува

МИА, вицепремиерот Васко Наумовски.Аналитичкиот преглед и степенот на усогласеност на националните правни акти со оние на Унијата, потенцирал Наумовски, подразбира потреба од квалитетно преведување на низа правни документи кои се потребни за успешна комуникација меѓу двете страни вклучени во процесот.Во однос на првото издание на македонската верзија, вицепремиерот истакна дека се работи за квалитетен превод на македонското законодавство, со што се добива корисна алатка за прецизно преведување. Вклучува поими и фрази, но и практични примери и нивен соодветен превод на англиски јазик.- Овие два прирачника се резултат на стекнатото знаење при секојдневната работа во Секретаријатот за европски прашања. Голем предизвик е да се најде соодветен одговор на новите поими и концепти кои ги носи самиот процес на ЕУ-интеграцијата, додал Наумовски.На промоцијата на прирачниците се обрати и амбасадорот на Кралството Норвешка Кјетил Паулсен кој рече дека Норвешка сака да и помага на Македонија и ја дава сета поддршка за исполнување на реформите за земјата да ги подигне своите стандарди на нивото што е потребно да стане членка на ЕУ.- Постоењето вакви прирачници ќе даде огромен придонес и ќе го олесни процесот на зачленување во Унијата, како и реформите на јавната администрација во Македонија, потенцирал Паулсен.Печатењето на прирачниците беше финансиски поддржано од Амбасадата на Кралството Норвешка во рамки на заеднични проект со Секретаријатот за европски прашања.

Осум нови плажи понудени под концесија во струшкиот дел на Охридското EзероЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ НА 30 МАРТ

Министерството за транспорт и врски распиша оглас за доделување концесии за осум нови плажи на подрачјето на Општина Струга покрај самиот езерски кеј. Три од плажите кои би добиле нови концесионери се во непосредна близина на „Евро Хотел“, две се пред ресторанот „Матадор“, една пред хотелот во изградба „Мираж“, една на потегот меѓу ресторанот „Мираж“ и Центарот за нефрологија и уште една пред Центарот за нефрологија во Струга.Почетната цена на закупнината изнесува 55 денари за еден метар квадратен за една година. Плажите ќе се издаваат во период од две години.Идните концесионери плажите треба да ги уредат најдоцна до 10 јуни годинава и веднаш потоа да ги пуштат во употреба. За користење на плажата закупецот е должен да овозможи слободен влез за посетителите, односно да не наплаќа надоместок на плажите, пред почнување на дејноста, да достави доказ за ангажирани лица во работен однос за чистење и одржување на тоалет и плажата во текот на целата година, да врши наплата на лежалки, управување.Јавното наддавање ќе се одржи на 30 март оваа година.

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 14: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 24 март 2011

Продадени 19 парцели од Индустриската зона „Жабени“ - Битола ИНВЕСТИЦИИ НА ДОМАШНИ И ФИРМИОД ИТАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА И ГРЦИЈА

Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески соопшти дека во ЈП Индустриска зона „Жабени“ продадени се 19 парцели, со вкупна површина од 25 хектари. Парцелите ги купиле девет бизнисмени од Македонија и три од странство, односно од Италија, Германија и Грција, кои деновиве ќе потпишат купопродажен договор со Министерството за транспорт и врски и ќе добијат одобрение за градба од Општина Битола, – објавува МИА.

- Фирмите што купија парцели за градба во зоната делуваат во прехранбената индустрија, односно производство и преработка на млеко, фирми кои се определиле за складирање и преработка на овошје, како и фирми од дрвната и текстилната индустрија. Нашите првични проценки се дека преку овие фирми ќе се вработат околу 500 лица, посочил градоначалникот Талески. Битолскиот градоначалник најави продажба на уште десет парцели за кои е заинтересирана голема компанија, чии намери се да вложи околу 20 милиони евра во Индустриската зона „Жабени“- Битола.

Објавен огласот за јавно приватно партнерство за технолошката индустриска развојна зона во Тетово ИЗГРАДБА НА ТРИЕСЕТИНА ФАБРИКИ КОИ ЌЕВРАБОТАТ ОД 7.000 ДО 10.000 РАБОТНИЦИ

Од 18.3.2011година сите заинтересирани домашни и странски компании ќе можат да аплицираат на повикот за јавно приватно партнерство. Крајниот рок за доставување на понудите е 1 август 2011 година по што ќе следи фазата на квалификација не подолга од 40 дена, - соопштува Наташа Хаџи Лега, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), а пренесува МИА. На 94,7 хектари во технолошката развојна зона во Тетово се очекува да бидат изградени 25 до 30 индустриски објекти кои ќе вработуваат 7.000 до 10.000 лица. - Владата останува на концептот на технолошки индустриски развојни зони како модел за привлекување инвестиции зашто покажа дека функционира успешно во светски рамки. Но, паралелно, како комплемент, го воведуваме и јавното приватно партнерство. Тоа не значи дека се откажуваме од ТИРЗ, напротив, тој концепт продолжува, но ги прошируваме можностите и со нови модели за развој на технолошките

индустриски зони, истакнал на прес-конференција министерот за економија, д-р Фатмир Бесими. Развојот на технолошките зони почна пред околу 40 години во околу 30 земји, а денес е пракса во 120 држави. - Од 80 зони во 70-тите години, сега во светски

рамки има 3.000 развојни зони кои глобално вработуваат околу 50 милиони луѓе. Во САД се евидентирани 400 развојни зони, а во земјите од ЕУ 170. Концептот функционира, сметаме дека таквиот тренд ќе продолжи и затоа го прифативме, - истакнал д-р Фатмир Бесими. И кога ги почувствува ефектите од економската криза, Македонија не престана да работи во насока на привлекување нови инвестиции зашто само така се создаваат нови работни места, се воведува нова технологија и економијата станува поконкурентна. Јавниот повик за јавно приватно партнерство за технолошката индустриска развојна зона во Тетово ќе се реализира во две фази, претквалификациска и квалификациска. Од компаниите, независно дали се странски или домашни, освен финансиска стабилност, ќе се бара и искуство во развивање на технолошките зони. Тие ќе бидат обврзани да достават и бизнис-план.

Донесен урбанистички план за Граничниот премин Богородица кај ГевгелијаЗАОКРУЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КАЗИНО ТУРИЗАМ

Советот на општина Гевгелија на 33-та редовна седница го донесе Урбанистичкиот план вон населено место за мултунаменски стопански комплекс на потегот Гевгелија - Граничен премин Богододица за периодот 2009-2019 година. Со овој значаен документ се урбанизира простор од 120 хектари распореден од двете страни на меѓународниот автопат Е-75 наменет за изградба на туристичко-угостителски комплекси, шопинг центри, терени за рекреација, бензински пумпи, сообраќајници и други придружни содржини. Од општината велат, како што наведува МИА, дека тоа се во моментот најатрактивните локации поради близината на Граничниот премин Богородица, Царинскиот терминал, потоа елитните хотелско-казински комплекси „Принцес“, „Рамада Плаза“, „Фламинго“ и казиното „Базент“ и оти наскоро ќе бидат понудени на продажба, пред се оние што се во државна споственост, зошто на просторот се наоѓаат и локации кои имаат приватни сопственици. Изработувач на проектот е Институтот за урбанизам, сообраќај и екологија „Инпума“ од Скопје на чело со архитектот Благоја Тагасовски, кој ја презентираше урбаната мапа пред членовите на Советот на општина Гевгелија. Со носењето на урбанистичкиот план за овој дел од општинскиот атар, се отвора можност за влез на странски инвеститори во Гевгелија, кои веќе однапред пројавиле интерес кај локалните власти за изградба на нови хотелско-туристички комплекси, на просторот околу граничниот премин Богородица, каде во подем е меѓународниот казино туризам.

Општина Босилово ќе ги чисти дивите депонии во населените места ПРОЛЕТНА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА

Комуналното претпријатие „Огражден“ од Босилово поведе акција за чистење на комуналниот отпад од дивите депонии во сите населени места во општината. Во претстојната пролетна еколошка акција ќе бидат исчистени сите привремени собиралишта на комунален отпад што минатата есен не беа целосно опфатени, а средствата за нејзината реализација се обезбедени од општинскиот буџет.- Најпрво го чистиме комуналниот отпад од дивите депонии, а потоа вршиме рекултивирање на овие локации. Со овие акции се овозможува непречено собирање на комуналниот отпад чие

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 15: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 24 март 2011

што транспортирање во зимскиот период е отежнато поради наноси од снег, кал, надојдени води и други временски непогодности, изјави градоначалникот на Босилово, Љупчо Колев, а го цитира МИА.О п ш т и н с к о т о комунално претпријатие „Огражден“ врши комунални услуги на

околу две илјади домаќинства и фирми, а бројот на корисниците во последно време е зголемен за трипати.

Околу 60 милиони денари од буџетот на општина Василево наменети за развојни програмиПОЛОВИНА БУЏЕТ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ

Буџетот на општина Василево за 2011 година е проектиран на над 110,5 милиони денари, кои треба да се остварат преку реализирање на предвидените даночни, неданочни и капитални приходи и трансфери. Најголем дел, односно над 45,2 отсто од вкупниот буџетски пакет, според градоначалникот Ванчо Стојанов, како што баведува МИА, ќе биде остварен преку блок дотации од Владата на Република Македонија во износ од околу 50 милиони денари, кои имаат строго наменска цел за финансирање на образованието во општината.Основните буџетски средства во износ од 60 милиони

денари, како што посочи, ќе се трошат за функционирање и развој на општината во согласност со донесените програми и планови. - Капиталните инвестиции за нас се најзначајни од аспект на реализација на програмите за локален економски развој, за уредување на градежното земјиште, за изградба,

реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општината и друго, изјави Стојанов.

Меѓуопштинска соработка меѓу Крива Паланка и РанковцеЗАЕДНИЧКИ ВО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Во рамки на заедничкото дејствување и вршење на работи од надлежност на општината кои се однесуваат на заштитата на животната средина и природата се воспоставува меѓуопштинска соработка меѓу соседните општини Крива Паланка и Ранковце. Во насока на меѓуопштинската соработка се опфатени мерки и активности за заштита и спречување од загадување на водите, воздухот, земјиштето, потоа заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење. Во тој контекст Општината Крива Паланка ќе дава услуги во делот на издавањето на Б-интегрирани еколошки дозволи и елаборати за заштита на животната средина, а спротивно дaвањето услуги од страна на Општината Ранковце ќе бидат насочени во сегментите на инспекцискиот надзор во делот на заштита на животната средина, – објавува МИА.Наскоро се очекува да биде формирано и постојано заедничко работно тело од шест членови, кое ќе врши мониторинг во спроведувањето на меѓуопштинската соработка во делот на заштитата на животната средина, како и иницирање на изработка на проекти за изготвување на плански документи од областа на заштитата на животната средина и природата на

двете општини кои се наоѓаат во Североисточниот плсаански регион на Република Македонија.

Забрзано се гради струмичката АгроберзаФИНИШИРАЊЕ ДО ПОЧЕТОК НА ЛЕТОТОХрватската компанија „Агрокор“ забрзано го гради долго најавуваниот откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи, односно агроберзата во Струмица, за која ќе бидат инвестирани околу девет милиони евра. Комплексот се очекува да биде готов до почетокот на летото и веќе во годинашнава градинарска сезона, со откуп на околу 30 илјади тони зеленчук и овошје, да реши барем дел од проблемите поврзани со откупот и пласманот на зеленчук во регионот. – пишува МИА.- Струмичката Агроберза ќе се простира на површина од околу осум илјади метри квадратни. Очекуваме веќе во текот на јули да почне откупот на градинарски производи во новиот откупно-дистрибутивен центар, како еден од најсовремените објекти од таков тип во Републикава. Досега имаме склучено договори за откуп на зеленчук и овошје со над 2.000 кооперанти, кои однапред ќе добијат субвенции во вештачки ѓубрива, заштитни средства, семенски и други репроматеријали, вели Блажо Витанов, директор на фирмата „Плодови-фруктус“, претставник на „Агрокор“. Се надеваме, наглси, дека годинава ќе соработуваме со околу 5.000 земјоделци од Струмичко од кои ќе откупиме вкупно 30 илјади тони градинарски производи, или 30 отсто повеќе од лани.Како што е предвидено, струмичката Агроберза ќе располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за дистрибуција на ран и индустриски зеленчук и овошје.

Струшките хотелиери со очекувања за поголем број гости во претстојната сезонаБУКИРАНИ АРАНЖМАНИ СО ГОСТИОД ХОЛАНДИЈА, ФИНСКА, СЛОВЕНИЈА...

Струшките хотелиери очекуваат претстојната туристичка сезона да биде многу поуспешна од минатогодишната поради букираните аранжамани со гости од Холандија, Финска и Словенија. Хотелиерите велат, како што пренесува МИА, дека претстојната сезона во Струга годинава ќе започне многу порано од вообичаеното, односно при крајот на април кога ќе пристигнат првите групи со гости од Финска. Од мај до почетокот на октомври ќе летуваат гостите од Холандија. Од струшкиот хотел „Дрим“ информираат дека имаат позитивни најави и од Грција, чии граѓани поради евтините аранжмани кои ова лето се нудат за Струга изразиле подготвеност повторно да се вратат на струшкото крајбежје. - Презентацијата на нашата туристичка понуда на некои од саемите во регионов и Европа, е единствениот начин надвор да биде виден нашиот туристички производ, вели Биљана Тодоровска, менаџер на продажба во Хотел „Дрим“.Според неа, резултати од настапот на тие саеми е токму зголемувањето на гости ова лето. Ако есенскиот дел од сезоната е резервиран за таканаречениот конгресен туризам, останува уште да се најде решение за периодот кој следи после новогодишните празници.Решавање на проблемот со овој, таканаречен мртов дел од сезоната, е можно, - вели Тодорвска. Со сличен оптимизам и надеж се и од останатите хотели на струшката ривиера.

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 16: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 24 март 2011

* Основачите на ПроКредит групата формираа финансиски институции во Источна Европа, Латинска Америка и во Африка кои се специјализирани во опслужување на целните групи составени од многу мали и средни претпријатија

* Во развојот на малите претпријатија oсобено е значаен индивидуалниот “случај -по- случај” пристап, што значи добро да се познава клиентот

Пишува: Билјана Хаџи Јанева

Речиси 80% од економиите на развиените земји се базираат на малите и средни претпријатија. Токму тие најмногу придонесуваат во бруто домашниот прозивод на една земја и отвораат нови работни места. Тие се моторот на економијата во една земја без кој таа не може да продолжи со својот развој. Во земјите во развој пак постои тенденција на исклучување на помалите бизниси, како и групите граѓани со пониски примања од банкарскиот сектор. Овие целни групи обично се заобиколуваат затоа што постои мислење дека се скапи за опслужување и се економски непривлечни. Малите бизниси се сметаат за особено тешки за финансирање затоа што немаат официјални финансиски извештаи или обезбедување кое повеќето традиционални банки го бараат за да исплатат кредит. Сè уште многу мал број финансиски институции поседуваат капацитет да ги опслужуваат овие клиенти, бидејќи за тоа е потребен добро обучен кадар кој е способен да гради долгорочни врски со клиентите.

Нашироко е прифатено мислењето од страна на економистите и

експертите за развој, дека токму малите бизниси се главни двигатели на растот во земјите во развој. Од политичка перспектива, средната класа која се создава како резултат на растот и развојот на многу малите, малите и средни претпријатија претставува стабилизирачки фактор во општеството. Овие наоди ги поттикнаа основачите на ПроКредит групата да формираат финансиски институции во Источна Европа, Латинска Америка и во Африка кои ќе бидат специјализирани во опслужување на целните групи составени од многу мали и средни претпријатија. За кредитирање на малите и средни бизниси банките треба да користат посебна методологија којашто се карактеризира со суштинско разбирање на проблемите и можностите на претпријатијата и случувањата во нивното опкружување. Тоа подразбира внимателна анализа на сите кредитни ризици со цел да се заштити инвестицијата на клиентот. Притоа се следат високите стандарди според кои се постигнува ефикасност и опслужување на голем број мали кредитобаратели. Искуството покажува дека малите

кредитобаратели се навистина кредитоспособни кога давателот на кредит користи соодветна кредитна методологија.

Меѓутоа, во развојот на малите претпријатија oсобено е значаен индивидуалниот “случај-по-случај” пристап, што значи добро да се познава клиентот. Банката не исплаќа само кредит на претприемачот, туку треба и да го следи неговиот развој овозможувајќи му беспрекорна услуга, на тој начин градејќи цврсти, долгорочни врски со клиентите. Клучот на успехот е проактивниот и редовен дијалог со секој клиент со цел навистина да се разберат неговите потреби.

Но, за заживување на малите бизниси во една земја, покрај финансиската форма на поддршка на бизнисите потребно е да се реализират и следниве услови:

• создавање на институционална инфраструктура за промоција на претприемништвото и конкурентноста;

• воспоставување на поволно бизнис-опкружување;

• легислатива и услови за отпочнување и вршење на бизнис-активности;

• нефинансиски форми за поддршка на претприемништвото.

ПроКредит Банка редовно поддржува активности насочени кон создавање на поактивно деловно опкружување, промоција на претприемничката култура и креирање на поволно опкружување за претпријатијата преку организирање на саеми, бизнис-форуми, промоција на македонските стопанственици надвор од земјата...

(Авторот е директор на Дивизија за мали претпријатија во ПроКредит Банка)

ОД МОЈ АГОЛ Поддршка на бизнисите што го стимулираат економскиот развој

МАЛИТЕ БИЗНИСИ ДВИГАТЕЛИ НА РАСТОТ

Page 17: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 24 март 2011

Индекс на прометот во индустријата во јануари 2011 година ПРОМЕТОТ ВО ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈАЗГОЛЕМЕН ЗА 41,8 ОТСТО

Државниот завод за статистика со ова соопштение започнува со објавување на податоците за индексот на прометот во индустријата. За прибирање и обработка на податоците е применета новата Национална номенклатура на индустриски производи (ННИП) 2008, а за пресметка и објавување на индексите, новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, изнесува 138,9.Индексот на прометот во индустријата, остварен на домашниот пазар, во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, бележи пораст од 25,6%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 49,5%.Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен, во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, бележи опаѓање од 2,0%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 41,8%.Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, бележи пораст во групите: Енергија за 53,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 31,3%, Капитални производи за 141,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,9%.

Странски директни инвестиции во земјава во 2010 годинаОД 221 МИЛИОН ЕВРА МАЛКУ ГРИНФИЛД ИНВЕСТИЦИИ

За дванаесет месеци минатата година во земјава влегле 221,4 милион евра странски директни инвестиции, (СДИ) покажуваат податоците на Народна банка. СДИ лани изнесувале за речиси 50 проценти повеќе од лани, но се на многу пониско ниво од 2008 година,

кога биле 399, 9 милиони евра.Таканаречените гринфилд инвестиции ги има многу малку, како на пример турската инвестиција за отворање очна клиника во вредност од 12 милиони долари. Најголемиот дел од инвестициите се во форма на кредит што постојните инвеститори го земаат од своите мајки-фирми. Освен вложувањата на странски компании во нови бизниси, во вкупната бројка на инвестиции влегуваат и реинвестираните добивки на фирмите што веќе работат во земјава, акционерскиот капитал, кредитите што овие компании ги земаат, како и нивните побарувања.

Бруто-домашен производ во четвртото тримесечје 2010 година РАСТ ОД 2,3 ОТСТО

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2010 година изнесува 2,3%. Вредноста на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2010 година, во однос на истиот период од 2009 година, номинално порасна за 7,4%. Бруто-инвестициите, во однос на истиот период од 2009 година, номинално пораснаа за 24,8%,а нивното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесуваше 32,5%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 37,5%, а увозот на стоки и услуги номинално порасна за 19,7%.

Во четвртото тримесечје од 2010 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво

СТАТИСТИКА

Page 18: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 24 март 2011

од 38,2% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 6,4%.Во ова соопштение се објавени ревидираните податоци за БДП според производниот метод, по тековни цени, за периодот 2003-2007, во согласност со ревизијата на годишните податоци. Истовремено се објавени и ревидираните тримесечни податоци за БДП по постојани цени, според производниот метод, за периодот 2004-2007 (БДП изразен во референтна 2000 година и волуменски индекси).

Структурни деловни статистики, 2008 годинаВКУПНО 53.152 ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ ОСТВАРИЛЕ ПРОМЕТ ОД 821 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Според податоците на Државниот завод за статистика за основните структурни показатели за деловните субјекти од нефинансиската деловна економија, во 2008 година се забележани вкупно 53 152 активни деловни субјекти во кои биле вработени 290 261 лица. Во овие деловни субјекти е остварен вкупен промет од 821 496 милиони денари и додадена вредност во износ од 192 861 милиони денари. Најголемо е учеството на деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало (49.3%) каде што биле вработени 25.4% од вкупниот број на вработени. Во рамките на овие субјекти е остварен промет од 314 126 милиони денари, односно 38.2% од вкупниот промет.

Во секторот Преработувачка индустрија, кој претставува 16.7% од активните деловните субјекти во 2008 година, биле вработени 38.0% од вкупниот број на вработени лица, а во него се остварени 31.5% од вкупниот прометот. Во вкупната додадена вредност пресметана според трошоците за факторите на производство, во 2008 година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (28.3%), а потоа следат секторите Трговија (25.5%) и Сообраќај, складирање и врски (17.2%). Најмал придонес во додадената вредност имал секторот Хотели и ресторани (2.3%). Во однос на големината на претпријатијата, во

2008 година, најголемо (93.2%) е учеството на оние претпријатија кои вработуваат од 0 до 9 лица. Во нив биле вработени 34.4% од вкупно вработените кои, пак, создале 24.2% од додадената вредност. И покрај тоа што ангажираат помалку вработени (27.2%), сепак, во 2008 година, придонесот на големите претпријатија во додадената вредност е најголем (37.9%).

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА

Нов скок на инфлацијата во Велика Британија ПРОДОЛЖУВААТ ПОСКАПУВАЊАТАНА ХРАНАТА И ГОРИВОТО Инфлацијата во Велика Британија подолжува да расте и во оваа година, откако на крајот на февруари е регистрирано натамошно зголемување на потрошувачките и на трговските цени, - соопшти британското Биро на државната статистика.Како што јавува дописникот на МИА од Лондон, според податоците со кои располага статистиката, потрошувачките цени според кои се мери и вкупната инфлација во земјата се зглемени за еден месец од четири на 4,4 отсто.

Ваквиот скок се објаснува со натамошното поскапување на храната, горивото, кое достигна цена од цели шест фунти за еден галон (4,5 литри) и на облеката. Ова е највисок скок на овие цени во еден месец во последните две години. Трговските цени се зголемени уште повеќе и на крајот од февруари тие бележат скок од 5,5 отсто, што е највисок во последните 20 години. Ваквото движење на цените претставува изненадување за економските експерти кои не очекуваа ваква состојба на почетокот од годината. Според владините проекции, инфлацијата во земјата во следните 15 месеци требаше да се задржи на два отсто. Овие движења во домашната економија ќе го засилат уште повеќе притисокот врз Банката на Англија, која ја има улогата на британска централна банка, за зголемување на основната камата во земјата, која е „замрзната“ на 0,5 отсто повеќе од 20 месеци.Банкарски експерти сметаат дека каматата ќе мора брзо да се зголеми за да може да се запре растот на цените и зголемувањето на инфлацијата.

СТАТИСТИКА

Page 19: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 24 март 2011

Владата на Република Србија забрани извоз на пченица ВРЕМЕНА МЕРКА НЕ ПОДОЛГА ОД ТРИ МЕСЕЦИ

Владата на Република Србија, на седницата што се одржала телефонски на 16.3.2011 година одлучила да го забрани извозот на пченица и брашно од Србија.Во изјава за Б92 министерот Душан Петровиќ оваа мерка ја образложил со тоа што билансите на Србија се загрижувачки, затоа што, наместо планираниот извоз на 500 000 тони, веќе се извезени околу 650 000 тони.Тој додал дека целта на Владата е стабилизирање на пазарот и дека со тоа ќе се овозможи да се решат проблемите коишто се појавиле кога се зголемила цената на лебот.Новиот министер за трговија и земјоделство истакнал дека оваа мерка е привремен и дека “вака како што е предложена” нема да важи подолго од три месеци. Петровиќ додал дека биле направени консултации и со Европската унија за оваа мерка.Според податоците на Фондот за жито, од Србија од минатогодишната жетва до почетокот на март, извезени се 615 000 тони, што е 115 000 тони повеќе од планираното. И Фондот за жито и Унијата на пекарите барале да се забрани извозот на пченица од Србија, со цел да се регулира состојбата на пазарот.Министерот Петровиќ додал дека целта на Србија е да се зголеми извозот, но не и на примарни производи, туку на преработки, бидејќи тоа ќе придонесе за отворање нови работни места за повеќе луѓе, а воедно и ќе го поправи платниот биланс на земјата.

Србија и Гвинеа Бисао, рекордери по одлив на мозоци, според Мерилин Шмит од УСАИДБЕЗРАБОТИЦАТА ГИ БРКА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИТЕ

Заменик-директорот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Мерилин Шмит изјави во Врање дека Србија е втора земја во светот, според бројот на млади лица, кои по завршувањето на образованието ја напуштаат земјата.- Податоците до кои дојдовме покажуваат дека Србија, по Гвинеа Бисао, е втора земја во светот по одлив на мозоци, односно според бројот на младите во однос на бројот на населението, кои по завршеното образование ја напуштаат земјата, истакна Шмит на средбата со младите од Врање, Бујановац и Прешево. Таа нагласи дека алармантни се податоците за броајот на невработените млади луѓе во Србија, особено во општините во јужниот дел на земјата.- Исто така алармантни се податоците дека од пет млади луѓе на возраст од 18 до 25 години, двајца немаат работа.

Мораме да сториме се тој однос да се смени во нивна корист, нагласи Шмит.

Бранот немирите во арапските земји буди нови интереси кај деловните луѓе од БосфоротТУРСКИОТ БИЗНИС СЕ ВРТИ КОН БАЛКАНОТ

Глобалната криза во Европа ги принуди турските бизнисмени активно да се насочат кон пазарите на Блискиот Исток и Африка, но бранот немири, кој ги зафати Египет, Тунис, Либија создадоа ризик за турските инвестиции, така што турскиот бизнис се пренасочи кон Балканот, - јавуваат турските медиуми.Балканот, чие минато е тесно поврзано со Отоманското царство, а исто така и со опстојувањето на компактни заедници, кои имаат турски и муслимански корени, отсекогаш го имал интересот на Анкара. Со доаѓањето на власт на Партијата на правдата и развојот и главно блaгодарение на политиката за „нулта проблеми со соседите“, чиј стратег е министерот за надворешни работи Ахмед Давутоглу, Балканот стана објект од исклучително внимание од страна на Анкара и на турските бизнис-средини. Оваа политика не наидува на одобрување на некои од балканските земји. Некои српски аналитичари остро ја критикуваат Анкара дека турската дипломатија води неоосманска политика кон Балканот. Турскиот вице-премиер Булен Аранч неодамна изјави дека некои кругови во Бугарија, како партијата Атака, ја поттикнуваат омразата кон Турција и Турците. Во земјите од Западен Балкан, додаваат турските медиуми, со симпатии се гледа кон Турција. Медиумите напоменуваат дека во Македонија и во Босна и Херцеговина се отвораат турски културни институции, училишта, универзитети и нивниот број расте се` повеќе.Во анкетата, спроведена од турскиот Центар за анализи, се тврди дека околу 40 проценти од населението во земјите од Западен Балкан ја симпатизира Турција.

Европски фондови за Албанија во висина од 50 милиони евраПОТТИК ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ

Албанија ќе добие европски фондови во висина од 50 милиони евра за поттикнување на бизнисот во земјата, - објавија медиумите во Тирана.Средствата ќе бидат одобрени од ЕУ и ќе се употребат за организирање конкурси за усвојување на финансискиот ресурс, кој е по линија на претпристапниот механизам за поддршка, со цел да бидат реализирани инфраструктурни проекти.Процедурите за ваквото финансирање се започнати.Експертите во Тирана ја оценуваат како многу важна иницијативата на ЕУ, која ќе им даде можност на претприемачите во Албанија да користат европски фондови за развој на бизнисот во земјата.

РЕГИОН

Page 20: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 24 март 2011

ПУТИН НА БАЛКАНОТ Економска мисија на премиерот на Руската Федерација БЕЗ ТАЈНИ ДО СОПСТВЕНИОТ ИНТЕРЕС

ЗОШТО Путин пристигнува во посета после десет години „заобиколување“ на Белград е прашање кое многумина си го поставија од моментот кога се прошири веста дека ќе пристигне на 23 март 2011 година. Фантазираа тие кои веруваат дека Русија која економски е се` посилна, треба како

„богат роднина“ финансиски да ни помогне, барем малку да го исправиме `рбетот под товарот на економските проблеми.

Противниците за влез на Србија во НАТО измислија

приказна дека Путин на српското раководство ќе му каже да се откаже од таа организација која многу народи ги зави во црно. А всушност, нема енигма околу посетата на Путин. Основната причина за доаѓањето на премиерот на Русија во Белград се разговори за развивање на економската соработка. Значи, нема да има никакви тајни теми. Посетата на Путин сигурно ќе ги разочара тие кои очекуваат дека ќе дојде со авион полн со долари и ќе ги подели како добар роднина кој пристигнал од светот. Руската помош не е во делење на подароци, туку во подготвеност за соработка во корист на двете страни. Путин има намера, прво во Словенија, а потоа и во Србија да каже дека наспроти разните притисоци, Русија нема да се откаже од изградбата на гасоводот „Јужен тек“. Неоспорно

е дека цената на тој проект од година во година расте, но точно е и дека таа инвестиција на Русите долгорочно ќе се исплати. Освен тоа, кога ќе проработи гасоводот, Москва повеќе никој нема да може да ја уценува, што неодамна се случуваше со Украина. Тоа што сега Турција зборува дека не сака гасоводот да помине низ нејзина територија не е нерешлив проблем. За нас е најважно тоа, дали можеме во Русија да извезуваме повеќе. Ако се анализира структурата на руско-српската трговска размена, лесно може да се види дека ни стигнуваат главно енергенси и суровини, а ние извезуваме храна, лекови, синтетички подни прекривки, дрвена столарија и евтина градежна работна сила. Точно е дека постои добра волја тој извоз да биде поголем, но српското стопанство е во таква состојба што реално не е способно за поамбициозен извоз. Приказните за тоа дека некогаш во Русија ги сакаа нашите чевли и облека, само можат да разбудат носталгија од која нема корист. Што се однесува до туризмот и старите приказни за нашите бањи, желбите ни се поголеми

од можностите. Колку Руси можеме да угостиме во зимувалиштата? Колку наши бањи имаат понуди кои можат да привлечат странци? Ние навистина имаме привлечна позиција што се однесува до царинските повластици кога се работи за извоз во Русија, но поради слабото стопанство немаме доволен асортиман на стока за поамбициозен експорт. Реална шанса постои во аграрот, ако државата помогне земјоделски подобро да се организира и да се зголеми продажбата на овошје и зеленчук.

НАФТА И ГАС ЗА ДВЕ МИЛИЈАРДИ САД ДОЛАРИ

Минатата година Србија на пазарот на Русија извезе стока вредна 541 милион САД долари. Истовремено, во овој период од Русија увезовме производи за 2,16 милијарди САД долари. Од тие, дури 74 отсто одат на нафта и гас. Според руски официјални податоци, во Русија работат околу 24.000 наши луѓе. Околу 3000 се во мешани руско-српски бракови. Повеќето се занимаваат со градежништво. На прсти можат да се избројат сериозни градежни фирми чии сопственици се Срби. А на сопствениците кои плаќаат даноци во Србија и здравствено и пензиско осигурување на своите работници, веднаш треба да им се дадат највисоки државни одликувања. Неоспорно е дека Путин и Медведев се луѓе кои се држат до традициите и не ги забораваат историските врски на својот и на другите народи. Меѓутоа, денешните односи на Русија и на другите земји пред се`, се однесуваат врз основ на бројки за меѓусебна трговска размена. Ако се погледне таа статистика, ќе се добие и одговор зошто Путин го немаше кај нас во последните десет години. На тие кои бараат недостатоци и „скриени намери“ па не им е по волја соработката со Русија, треба да им биде јасно дека Москва на никого, па ниту на Србија не врши притисок економски да соработуваат со неа. Добивме од Москва царински повластици, а не моравме да исполниме прашалници и да одговараме на илјадници прашања, што беше услов за Западот. Дали му се допаѓало на некого или не, Словенија има подобри односи со Русија од другите балкански држави. Зошто е тоа така, не е никаква тајна. Делегациите на највисоко ниво кои стигнуваат од Љубљана не доаѓаат да молат за кредити, туку самите ги нудат на големата Русија. Таа добра соработка е и причина што Путин прво доаѓа во Љубљана, а потоа во Белград, а воопшто не оди во другите главни градови во поранешните југословенски републики.

ХРВАТИТЕ ЛУТИ И другите поранешни југословенски републики беа заинтересирани да ги посети Путин. Тоа „прескокнување“ се чини најмногу ги погоди Хрватите. Пред посетата на Јадранка Косор на Москва хрватските весници објавија „список на желби“ за можни договори, па можеше да се стекне впечаток за деловен бум на Хрватска во Русија. Меѓутоа, тоа е далеку од вистината – хрватскиот извоз во Русија е само околу 150 милиони евра, а увозот е десет пати поголем. При последната посета на Москва од страна на Јадранка Косор, таа во кусата средба со Путин зборуваше што би можело заедно да се работи. Тогаш Путин потсети дека Загреб не ги исполнил ветувањата дека ќе ги реши правно-имотните спорови што во Хрватска ги имаат руските компании.

(„Вечерње новости“ – Белград)

Page 21: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 24 март 2011

ПУТИН НА БАЛКАНОТ

На Брдо крај КрањНИШТО НЕ СМЕЕ ДА ЈА ЗАГРОЗИИЗГРАДБАТА НА „ЈУЖЕН ПОТОК“

Ништо не смее да ја загрози изградбата на магистралниот гасовод „Јужен поток“, изјавил во Брдо кај Крањ рускиот премиер Владимир Путин. Тој нагласил дека Москва очекува позитивен одговор од Турција за реализација на проектот низ турските територијални води на Црното Море, но дури и да не се случи тоа, Русија е подготвена „за поставување на гасоводот до Бугарија независоно од развојот на настаните“.- Постојат многу варијанти и сите се проучуваат. Можно е гасот да се компримира на брегот на Црното Море и со танкреи да се пренесе до бугарскиот брег, каде што ќе се регасифицира и ќе се насочи во гасоводот, потенцирал Путин на крајот на својата посета на Словенија.

Путин во разговор со Борут Пахор

Според него, како што пренесува МИА, Турција не го загрозува овој проект и Русија не смета дека постои каква било закана за неговата реализација. - Од „Јужен поток“ полза ќе имаат сите европски земји, потенцирал Путин.Тој најавил дека во наредниот период Русија на Турција ќе и` достави дополнителна документација за „Јужен поток“ и дека очекува позитивен одговор од Анкара за изградба на подводната делница од гасоводот низ турските територијални води на Црното Море.Минатата недела рускиот весник „Комерсант“, повикувајќи се на изјава на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, објавил дека Русија може да се откаже од изградбата на гасоводот „Јужен поток“, доколку се судри со ненадминливи препреки, а алтернативата на овој проект би била изградба на фабрика за течен гас на Црното Море.- Фабриката за течен гас е хармоничен составен дел од проектот „Јужен поток“, истакнал Песков, според кој во случај на појава на ненадминливи препреки фабриката може да стане алтернатива на гасоводот.Рускиот вице-премиер Игор Сечин претходно соопштил дека Русија не успеала да добие согласност од Анкара за реализирање на проектот „Јужен поток“ по дното на Црното Море во територијалните води на Турција, па Москва ја разгледува можноста за поевтина варијанта, вклучувајќи ја алтернативната

можност за пренос на руски гас до Европа не преку гасовод, туку во вид на течен природен гас.- Во моментов руската компанија „Газпром“ и Владата разгледуваат различни варијатни за минимизирање на трошоците при реализацијата на проектот „Јужен поток“, истакнал Сечин.Гасоводот „Јужен поток“ има за цел да ја намали транзитната зависност на Русија од Украина. Спорниот дел од делницата, за кој Турција засега изразува рерзеви, е со должина од 900 километри и треба да почне од компресорска станица на рускиот црноморски брег, а да заврши на јужниот дел од бугарскиот брег на Црното Море. За изградбата на оваа подводна делница, која ќе чини околу 15,5 милијарди евра, се задолжени „Газпром“ и италијанската компанија „Ени“, а до крајот на годината кон нив треба да се приклучи и француската „Е Де Еф“.

Путин со предлог за помош на Јапонија УЧЕСТВО НА ЈАПОНСКИТЕ КОМПАНИИВО ПРОИЗВОДСТВО НА ПРИРОДЕН ГАС

Според неодамнешните изјави на рускиот премиер Владимир Путин, Русија е подготвена да и` помогне на Јапонија преку стимулирање на снабдување на ЕУ со гас и да дозволи учество на јапонски компании во производството на природен гас во источна Русија. За таа цел, Путин им понуди на јапонските компании удел во двете најголеми сибирски полиња со гас кои имаат вкупни резерви од околу 3,2 трилиони кубни метри. Рускиот монопол на гас, „Газпром“ е подготвен да ја стимулира испораката на гас за Европа од 60 милиони кубни метри на ден, така што дополнителни LNG карга/товари (LNG – природен гас во течна состојба) може да бидат испорачани до јапонската нација која е уништена од земјотресот и цунамито, - Путин изјави пред Собранието во градот на далечниот исток Јужен Сахалинск 1000 км (600 милји) северно од погодената од земјотрес јапонска нуклеарна централа Фукушима. Русија вети дека ќе го достави овој предлог до Европската унија што е можно поскоро.

Page 22: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 24 март 2011

ДОСИЕ: ГРЦИЈАТоварот на грчката државаКОНКУРЕНТНОСТ ЗАРОБЕНА ОД ДЕЦЕНИСКАТАНАДУЕНОСТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР

Грчката економска криза и ја врати на ЕУ во сеќавање потребата од засилена конкурентност на земјите воопшто. Притоа проблемите на Грција своите корени ги имаат пред се во преголемиот државен апарат и заштитата на одредени професионални групи.

ЕУ и земјите од ЕУ во тест за конкурентност

Ако ЕУ деновиве повторно се сконцентрира малку повеќе на сопствената конкурентска сила, тогаш тоа ќе се случи поради алармот од југо-источната граница на Унијата. Грчката криза на Унијата на многу скап начин и предочи дека поради недомаќинското работење на една единствена земја членка може да страда целата Унија. Покрај тоа се покажа како една земја благодарение на ниските евро-камати успевала успешно да ја прикрие својата неконкурентност која со години се разградува. Така, во презадолжената земја ефтино понудените пари со години го помагале порастот, но истовремено го замаглувале погледот на структуната нерамнотежа и дисфункционалниот државен апарат.

Лажна стабилност

Навидум солидниот економски пораст што оваа средоземноморска земја го доживеа во изминатата деценија, всушност се засноваше на

нестабилна подлога. Пораст имаше благодарение на кредитираните ивестиции во приватниот и јавниот сектор. Зголемените државни расходи се состоеја во зголемените социјални трансфери, како исплатата на високите пензии. Исто така и исплатата на плати во јавниот сектор бележеше висока динамика. Порастот на државните расходи примарно биле наменети за непродуктивни цели. Влегувањето во евро-зоната од почетокот на 2001 година на Грција и ја донесе до тогаш незнајната стабилност. Од почетокот на осумдесетите до средината на деведесетите години државата не се бореше само со високи буџетски дефицити, туку и со двоцифрени стапки на инфлација. Со измама постигнатото членство во Монетарната унија и ниското ниво на камати на Грција во периодот од 2001 до 2008 година и донесоа реална стапка на пораст од 3,9% годишно, што – после Ирска – беше втората по големина експанзија во рамки на евро-зоната. Инфлацијата, која во деценијата пред воведувањето на еврото во просек изнесуваше 10%, во периодот што следуваше се стабилизира на споредбено ниско ниво од 3,4%. Со лажната стабилност меѓутоа се нагласи и економско-политичката разузданост. Финансиската политика од 2001 до 2009 година остана на процикличен курс, а од ЕУ наложениот буџетски дефицит од 3% (од БДП) од година во година останувше недофатлив. Експанзивната финансиска политика беше причина за порастот на државните расходи од 2006 до 2009 година од 43% на 50% од БДП.

Интерна девалвација

На конкурентноста негативно се одразуваше притоа не само инфалцијата, која беше на ниско ниво, иако во споредба со другите членки за еден процент повисока, туку и исплатата на платите кои во споредба со другите беа на значително повисоко ниво. За да

се пресмета колку вистински страдала конкурентноста, зависи од употребениот индикатор. Ако за мерка се земат трошоците за плата, тогаш Централната банка помеѓу 2001 и 2009 година ќе пресмета намалување на конкурентноста од 25%. Ваквата политика на плати, целосно независна од напредокот во продуктивноста, беше водена примарно од државата. Согласно Европската економска консултнтска група (European Economic Ad-visory Group) кумулативниот пораст на номиналните плати помеѓу 1995 и 2009 година во приватниот сектор (без банките) изнесувал 116%, во јавниот сектор 159% а во државните претпријатија дури 221%, што не беше само товар за државниот буџет. Великодушната политика на плати на државата во приватниот сектор ја зголеми и резервната плата, односно онаа плата за која работниците би се согласиле да работат. Што да се стори за да се подобри влошената конкурентност? Добар предлог би било излегување на Грција од евро-зоната и повторното воведување на драхмата. Преку надворешна девалвација на домашната валута би можело да се корегира високото ниво на трошоци што би се јавило како последица и да се поврати изгубената конкурентност. Меѓутоа во Атина ова сценарио едногласно се отфрла. Најважен аргумент против се државните долгови од над 120% од БДП кои главно се изразени во евра. Ник Магинас, економист во Националната банка на Грција смета дека драхмата во тој случај оставена сама на себе на пазарот, брзо ќе изгуби вредност и би го зголемила државниот долг за 40%. Енормно големи финансиски средства би биле потребни дополнително, намалената куповна моќ би била придружена од социјално незадоволство, а банките кои веќе денес се борат со проблеми на ликвидност исто така би стоеле пред колапс. Така, опцијата за екстерно девлавирање од политичко-економски причини се чини малку реален рецепт против разорената конкурентност. Како алтернатива останува „внатрешната девалвација“, значи намалување на домашните плати и цени преку ригорозна политика на штедење. Според оваа логика во мај 2010 година беше договорен спасувачкиот пакет на Меѓународниот монетарен фонд и ЕУ од 110 милијарди евра. Во фокусот се мерки за помош заради избегнување на државниот банкрот и намалувањето на буџетскиот дефицит. Но, во поширока смисла оваа реформска програма се однесува и на тоа со ниски трошоци да се подобри конкурентноста.

Пониски плати

Под притисокот на ММФ и ЕУ, Грција на овој пат постигна веќе одреден напредок. Така на пример, платите во јавниот сектор во 2010 година беа намалени за 15%, а пензиите беа замрзнати до истекот на програмата за помош во 2013 година. Многу привилегии на службениците, како исплатата на бонуси за Божиќ, Велигден и во лето беа целосно укинати. Од 5 пензионирани државни слижбеници ќе има само едно ново вработување. Дури се избоксува и реформа на високо-дефицитарниот и преку гротескни регулативи перверзиран пензиски систем – што со години беше политичко табу. Новата регулатива предвидува еднаква старосна граница од 65 години, а списокот со професии во кои следуваше бенифициран стаж многу се скуси. Дали се ова е доволно за да се растовари државата, останува прашање. Социјалистичката влада избегнува отпуштања од работа, па дури и во институции, чија што оправданост за своето постоење им е чудна дури и на многу бирократи. Но, независни

економисти сметаат дека отпуштањата сепак би биле законски поткрепени. Поради злоупотребата од вработувања во јавната администрација како награда за партиска лојалност од страна на секоја нова влада, државниот апарат од 1976 до 2010 година се зголемил за три пати. Денес секој 4 Грк е на

платен список на државна институција. Фокусот на високите плати и надуената администрација често остава во сенка еден друг хендикеп: високите административни трошоци при водењето бизнис. Затоа земјата е на последното

Page 23: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 24 март 2011

ДОСИЕ: ГРЦИЈАместо од сите ЕУ-држави, после Бугарија, Летонија и Романија на ранг-листата на Светскиот економски форум по прашањето на глобалната конкурентност. Како особено негативни појави се наведуваат неефикасната државна бирократија, ендемската корупција, рестриктивните прописи на пазарот на трудот, политичката нестабилност, даночните регулативи и отежнатиот пристап до извори за финансирање.

Во лов по политички „пензии“

Грција, покрај се, е неславен пример за појавата, која економистите ја нарекуваат Рент-Сеекинг општество. Добро организирани и здружени групи вложуваат скромни економски ресурси за од страна на државата да бидат наградени со привилегии или заштитени од конкуренција. Интересно е да се набљудува дека во изминатите месеци речиси исклучиво припадници на овие организирани и од страна на државата привилегирани групи ги предводеа демонстрациите во Атина. Лошо организираните групи како невработените речиси и да ги немаше. До што може да доведе колективниот лов по „политички пензии“, покажува високата бројка на заштитени професии. Така во изминатите децении на многу професионални групи им успеа да се стекнат со пренадуени маржи и добивки под закрила на државата, а на голема штета на потрошувачите и државната каса. Списокот на таквите професии е голем, дел од нив се адвокати, шпедиции, инженери, архитекти, ревизори па се до аптекари. Конкурентност во овие гранки до скоро речиси и да немаше. Доделувањето на лиценци или утврдени маржи од државата застанаа на местото на пазарните сили. На аптекарите, на пример, државата им гарантираше маржа од 35%. Затоа и не зачудува фактот што Грција по глава на жител има три пати повеќе аптеки од други европски држави. Владата наспроти ММФ и ЕУ се обврза ваквите изместени прилики да ги отстрани и да обезбеди конкурентност во до сега заштитените професии. Но овие пак веројатно нема без отпор да се лишат од досегашните привилегии, така што набљудувачите се скпетични дали новите закони ќе можат да се спроведат според планот, како на пример во здравството. Тоа важи и во поглед на уделите на државата во најразлични области како, на пример, во игрите на среќа или телекомуникациите.

Доминантност на микро-претпријатија

Засилувањето на конкурентноста се отежнува и поради структурата на стопанството и доминантноста на најмалите претпријатија. Според податоците на Народната банка во Грција во приватниот сектор со исклучок на финансискиот, се вработени во просек 1,7 лица. За споредба, во евро-зоната овој број изнесува 5,2 лица, а приближување во изминаите 10 години не е забележливо. 92% од сите фирми спаѓаат во категоријата на микро-фирми и вработуваат помалку од 10 луѓе. Продуктивноста и ефикасноста на овие фирми е мала, исто како и нивните финансиски средства и шансите за развој на производи наменети за извоз. Дополнително отежнувачки фактор е што овие микро-фирми тешко се контролираат, нивните приливи често остануваат незабележани од институциите, со што

соодветно се зголемува проблемот со даночното затајување. Потребни би биле поголеми фирми, за да може да се профитира од скалести ефекти. Тоа важи и за банките. Позитивно за финансиската бранша е тоа што за разлика од Ирска и Исланд – во Грција во минатото не се преземаа ризични инвестиции, но поради големиот број домашни државни обврзници, банките сепак се

ранливи. Затоа и владата гласно се залага за консолидирање на браншата. Првиот обид неодамна беше неуспешен со одбивање на понудата за преземање на Алфа Банка од страна на НБГ. На Грција, покрај силни банки, и се потребни повеќе сектори кои ќе придонесат да се разгради надворешна нееднаквост, да се генерираат експорти и да се привлечат директни инвестиции. Важни надворешно-економски столбови се туризмот, кој без голем труд профитира од убавата природа и култура, и бродскиот сообраќај, кој поради интернационалната ориентација од секогаш игра значајна и позитивна улога. Економистите гледаат потенцијал кај прехранбените производи или „зелените„ енергетски извори како ветерна и сончева енергија. Но сепак, без политика на штедење и ослободување на децениски потиснатите сили на пазарот, и овие сектори многу малку ќе можат да придонесат за подобрување на конкурентноста на земјата.

(Томас Фустер од Атина)

Интервју на Димитрис Репас, министер за инфраструктура, транспорт и комуникациски мрежи во Владата на Република ГрцијаНАМАЛУВАЊЕ НА ПАТАРИНИТЕ ПОРАДИПРОТЕСТ НА ВОЗАЧИТЕ

Грчките власти планираат да ги намалат трошоците за патување на патарините, со што делумно ќе ги задоволи барањата на возачите кои одбиваат да платат за овие услуги. Ова во интервју за руската агенција РИА Новости го соопшти грчкиот министер за инфраструктура, транспорт и комуникациски мрежи, Димитрис Репас. Според востановената практика во Грција, владата ја финансира изградбата на националната автопатна мрежа, а потоа се наплаќа. На секоја патарина, цените се движат од 0,95 до три евра или повеќе. Така, за изминување на делницата од 500 километри од Солун до Атина, во двата правца возачите треба да го платат најмалку околу 50 евра, не сметајќи ги трошоците за бензин, што е највисока цена во земјите од Европската унија.Грчките возачи формираа Здружение „Јас нема да платам“ кое редовно организира протести на коишто бара отворање на рампите на патарините. - Во оние подрачја каде што патиштата се’ уште се во изградба, намалувањето на цената ќе биде драстично, а во другите ќе се воведе плаќање во зависност од далечината, - вели во интервјуто министерот Репас. Според него, барањата на некои локални жители да се отстранат или да се намалат цените на патарините биле оправдани. - Навистина, во некои места, луѓето треба да плаќаат за патување на кратки растојанија. Во областа каде што живеат, тие не можат да патуваат од едно место до друго без да го користат патот за кој се плаќа, - објаснува грчкиот министер за транспорт.Меѓутоа, како што вели Димитрис Репас, спомнатото движење добило политички карактер, со што Владата во Атина не може да се согласи. Во врска со механизмот за намалување на цените за патарината, Репас вели дека има проблеми што ги предизвика економската криза којашто ги зафати градежните фирми кои работеле на патната мрежа, како и банките што ги кредитираат.-Сега сме во преговори со банките, за да се продолжи финансирањето под исти услови. За возврат, изведувачите, инвеститорите се соочуваат со проблемот на ликвидноста, бидејќи банките не сакаат да ги финансираат овие проекти. Мислам дека сега се многу блиску до договор, - вели Репас, нагласувајќи дека Владата може да обезбеди гаранции на банките за нивните кредити, што ќе обезбеди финансирање на изведувачите и на некој начин ќе влијае врз намалувањето на цените. Димитрис Репас во интервјуто вели дека неизбежно било и зголемувањето на цените за јавниот сообраќај и транспорт во престолнината Атина, што годинава се движи меѓу 20 и 40 отсто.

Page 24: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 24 март 2011

ДОСИЕ: ГРЦИЈАГрчкиот министер ова го објаснува со големите загуби што овој сектор ги доживеал и потребата да се намалат финансиските обврски на државата. Инаку, штрајкот на вработените во атинскиот транспорт кој почна во декември 2010 година, со различен интензитет трае веќе околу три месеци. - Од една страна, точно е дека државата има субвенции во овој сектор, бидејќи јавниот превоз има социјален карактер, но од друга страна, неопходно е за дел од трошоците да платат оние кои ги користат овие услуги, -

заклучува грчкиот министер за транспорт.

По две „посни“ сезони грчкиот туризам очекува растРЕЗЕРВАЦИИТЕ „УЛОВЕНИ“ СО НИСКИ ЦЕНИ

По две „посни“ сезони и години кои беа проследени со жестоки протести, грчките туристички работници очекуваат раст во 2011 година, имајќи ја предвид умерената стабилизација на глобалното стопанство и немирите во северна Африка, кои ја насочуваат побарувачката во други региони.Иако сите посетители кои ги избегнуваат Египет и Тунис нема да се упатат кон Грција, која исто така има неволји со сопствените непопуларни мерки на стопанските реформи, екстра побарувачката сепак ќе биде доволна за целиот регион, сметаат претставници на туристичкото стопанство. Како центри кои туристички се активни во текот на целата година, Шпанија и Турција веројатно ќе преземат дел од египетскиот пазар, смета Јанис Пападакис, заменик-претседател на „Хеленик асоцијација на туристички и патнички агенции“ (Хатта). Но, сега се поставува прашањето за можноста за прифаќање на „вишокот“ туристи, бидејќи Турција од 80 до 85 проценти веќе е резервирана, а за два месеца ќе се продадат сите аранжмани, - додаде Пападакис.

Претходните резервации за престој од клучните европски пазари, како што се Германија, Британија, Франција и Русија, ветуваат многу и сега семејните патувања се` повеќе се оддалечуваат од поранешните центри кои имаа апсолутна предност, како што се земјите на Северна Африка и Блискиот Исток, зафатени со политички немири.

Резервациите од Германија се зголемија осум проценти, од Британија 12 отсто и од Русија за над 20 отсто, а и Франција бележи двоцифрена стапка на раст, - вели Андреас Андреадисам, шеф на „Панхеленската конфедерација на хотелиери“ (ПОХ). Официјалните податоци во јануари покажуваат дека бројот на странските гости во Грција за девет месеци во 2010 година пораснал 1,5 отсто, наспроти стопанските проблеми во земјата и бранот на протести во Атина и Солун. Синдикатите организираа генерален штрајк во Грција оваа година против намалувањето на платите и пензиите, кои се намалени по барање на Европската унија и ММФ, по спасувањето на земјата од банкрот, со одобрување на кредит од 110 милијарди евра. Минатата година се организираа седум слични протести во Грција. Протестите против мерките на Владата поради незапаметената должничка криза посебно ја погодуваат инфраструктурата која е во директна врска со туризмот, пред се` хотелите, како и главните пристаништа Солун и Пиреј, како и Акрополис, најпосетен туристички центар во земјата. На патниците кои беа оштетени со протестите и штрајковите, Владата мораше да им ги надомести трошоците, што влијаеше на падот на профитот и на лошата сезона. Жителите на популарниот остров Родос ја преземаа работата во свои раце, забранија штрајкови во пристаништата и испраќаа

делегации да ги поздрават патниците кои пристигнуваа со туристички бродови. Агенциите исто така ги намалија цените на аранжманите за да се намалат трошоците предизвикани со протестите, но со тоа се намали и туристичкиот профит. Банката на Грција соопшти дека профитот од туризмот до ноември минатата година достигна 9,45 милијарди САД долари, што е за 7,3 отсто помалку од истиот период лани. За да го поттикне авионскиот превоз, Владата оваа недела ги укина авионските такси на сите аеродроми, освен во Атина, од 1 април до 31 декември. Туризмот во БДП на земјата учествува со 18 проценти.Заменик-претседателот на „Хатта“ Пападакис изјави дека туристичките агенции ги намалуваат цените според системот „купување во последна минута“ во последните две години, за да се поттикне побарувачката.За да се зголеми туристичкиот прилив хотелиерите ги намалија цените до 13 проценти во 2009 година, а седум отсто во 2010 година, а цените на собите од 50 евра ги намалија на 30 евра, рече Пападакис и потенцира дека тоа „нема да се случи оваа година“. Русите засилено меркаат недвижнини во Грција НАЈИНТЕРЕСНИ ВИЛИТЕ КРАЈ МОРЕ

Се повеќе Руси се заинтересирани за купување на недвижен имот во Грција, соопштува електронското издание на весникот „Експрес“, повикувајќи се на оценка дадена на средбата на трговско-индустриската комора во Атина. Русите посебен интерес пројавуваат за туристички имоти во Грција. На средбата, на која учествувале 20 големи руски брокерски компании, специјализирани за продажба на сезонски куќи и туристички објекти, било соопштено дека седум отсто од руските туристи кои ја посетуваат Грција се заинтересирани да купување имоти и конкретно вили, најмногу на крајбрежјето. За деветте месеци од минатата година Грција била посетена од 443.000 руски туристи. Во моментов грчката влада разработува предлог закон за олеснување на можностите за инвестиции во туристички објекти во Грција. Заменик министерот за надворешни работи Спирос Кувелис вели дека туристите од Русија минатата година се зголемиле за 25 отсто во споредба со 2009 година, а издавањето на визи од грчките конзуларни служби се зголемило за 50 отсто. -Како дел од Шенгенскиот простор Грција не може радикално да го промени овој визен механизам, но ние правиме се што е можно за да ја поедноставиме оваа процедура во конзулатите на земјата во Москва и другите руски градови, изјави заменик мнистерот.

Грција ќе инвестира во еколошки енергетски проектиДО 2020 ГОДИНА 20 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Грција ќе инвестира повеќе од 20 милијарди евра во изградба на капацитети за обновливи и други енергетски извори до 2020 година.

Предвидената цел се содржи во извештајот на новоформираната служба за обновливи извори при грчкото Министерство за животна средина, енергетика и климатски промени.Во документот се наведува дека само оваа година инвестициите поврзани со обновливите извори ќе изнесуваат 1,35 милијарди евра, а се очекува да бидат пуштени во употреба станици на соларна енергија со моќност од 200 мегавати, ветерници со моќност од 300 мегавати и да се изградат мрежи за одржување на обновливите извори во вредност од 250 милиони евра.Се предвидува кон крајот на годинава вкупната моќност на сите инсталации на обновливи енергетски извори да надмине 220 мегавати.

Page 25: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 24 март 2011

ЕВРОПСКА УНИЈА Пакт за стабилност: Шест земји од источниот блок најавија реформа на буџетскиот дефицит ВКУПНИОТ ДРЖАВЕН ДОЛГ НЕ СМЕЕ ДА ПРЕОЃА НАД 60 ОТСТО ОД БДП

Земјите коишто во иднина ќе ја надминат границата на буџетскиот дефицит ќе мора да се соочат со поголеми, построги и побрзи казни. Тоа го договориле министрите за финансии на ЕУ. Но, Европскиот парламент мора тоа да го поддржи со шест нови закони.Иако во Пактот за стабилност веќе постојат построги казни, тие во практиката никогаш не се применувани. Во новиот Пакт и понатаму останува во сила старата граница од три отсто од дозволениот буџетски дефицит. Во иднина, поголем акцент ќе се става на вкупниот државен долг којшто според европските правила не смее да ја надмине границата од 60 отсто од вкупниот

о п ш т е с т в е н производ. На членките сега им се закануваат со казни не само при прекршување на лимитите на буџетскиот дефицит, туку и во случај на п р е к р ш у в а њ е на границите на државниот долг. Паричните казни би се уплатувале во Фондот за спасување на еврото, односно

после 2013 година во Фондот за траен кризен менаџмент. Новите мерки предвидуваат построга контрола на државните буџети. Во случај на покренување кривична постапка, засегнатата земја мора да плати кауција во износ од 0,2 отсто од својот БДП, а тоа за Германија би било пет милијарди евра. Доколку не успее санацијата на буџетот, кауцијата може да биде претворена во парична казна. Според информации од медиумите, шест источноевропски земји-членки на Унијата имаат најавено блокада на реформите на Пактот за стабилност, доколку клучот на распределба на идниот кризен менаџмент не се смени во нивна полза. Моменталната распределба на товарот и на уделот на членките во Европската централна банка е на штета на посиромашните членки, тврдат балтичките земји, како и Чешка, Словачка и Бугарија. При одредувањето на клучот за учество, потребно е да се земе предвид економската сила на одредена земјата. “Членка со висок доход по глава на жител, на пример, како што е Луксембург, би платила помалку во однос на својата економска сила”, - го цитираат лицето кое е “запознато со иницијативата на шесте нови земји-членки”.

Раст на февруарската продажба на возила во ЕвропаПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ГИ ПЛАШИ СКОКОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Регистрирањето на нови возила во Европа првпат порасна во последните 11 месеци, како резултат на растот на побарувачката во Германија и Франција и зголемените испораки на автокомпаниите, како што се „Фолксваген“ и „Опел“, една од филијалите на американскиот „Џенерал моторс“. Продажбата на нови автомобили во регионот достигна 1,10 милиони во февруари, односно 1,4 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, - соопшти Здружението на европски производители на автомобили (АЦЕА).Продажбата на групацијата „Фолскваген“ порасна за 9,1 отсто на годишно ниво, додека ГМ продаде 8,3 отсто возила повеќе од лани. „Фиат“, „Форд“ и „Пежо - Ситроен“ (ПСА) продадоа помалку возила во истиот месец во 2010 година.Побарувачката во Германија и Франција, двата најголеми пазари во Европската унија, е зголемена за 15, односно 13 проценти. Од друга страна, регистрацијата на нови возила опадна за 21 отсто во Италија, за 28 отсто во Шпанија и за 7,7 отсто во Велика Британија, - соопштува Здружението со седиште во Брисел.„Фиат“, „Рено“, „Пежо“ и „Фолскваген“ се наоѓаат меѓу автокомпании кои се обидоа да ги привлечат купувачите со намалување на цените, поевтино финансирање и одобрување на поволни кредити без учество, откако беа укинати владините субвенции во периодот на стопанското зајакнување. Државната помош им помогна на европските производители да избегнат затворање на фабриките во периодот на финансиската криза, како што се случи во САД, но од друга страна во ЕУ „преживеаја“ и многу автомобилски компании со прекумерни капацитети, иако на европскиот пазар владее голема конкуренција.

Аналитичарот Стефан Брасел смета дека се забележува зајакнувањето на пазарите во земјите како што е Германија, која бележи добри економски резултати. „Фолксваген“, кој е најголем европски производител на возила, во февруари продаде околу 226.000 модели, со што обезбеди удел во вкупната продажбата од 22 отсто, вклучувајќи ги и испораките на стоковните марки „Ауди“, „Шкода“ и „Сеат“. „Фолскваген“ се обидува да ја надмине јапонската компанија „Тојота“ на местото најголем производител на автомобили во светот. Француската компанија „Рено“, која планира интернет-продажба на брендот „Дачија“, ги зголеми испораките за 3,1 отсто, на околу 113.000 возила. Главниот француски конкурент на „Рено“, „Пежо - Ситроен“ продаде околу 142.000 возила, односно пет отсто помалку од истиот период лани. „Фиат“ забележа пад на испораките за 17 проценти, на околу 76.000 модели, вклучувајќи ги и стоковите марки „Ланча“ и „Алфа Ромео“. Продажбата на групацијата „Фиат“ во Италија е намалена за 20,49 проценти, на околу 160.000 возила, а испораките на стоковните марки „Фиат“ на домашниот пазар се намалени за 27,09 отсто. „Опел“, еден од брендовите на „Џенерал моторс“, кој оваа година планира повторно да почне да работи со профит, не сметајќи на трошоците на реструктуирањето, забекежа раст на продажбата за 8,9 проценти на околу 72.000 возила. „Форд“ почна да го губи уделот во продажбата на европскиот пазар по падот на испораките за 12 отсто, на околу 73.000 возила. Производителите на луксузни возила, како што се „Ауди“, „БМВ“ и „Дајмлер“, во чии рамки работи и „Мерцедес-Бенц“, кои не добија владини субвенции наменети пред се` на енергетски поефикасни модели, ги утврдија целите за рекордна продажба во оваа година. Регистрациите на „Ауди“ во февруари во Европа се зголемени за 15 отсто, „БМВ“ ги зголеми испораките за 13 отсто, не сметајќи го брендот „Мини“, а „Мерцедес-Бенц“ за 3,3 отсто. Вкупната продажба на автомобилската индустрија во Европа е намалена на 13,8 милиони возила во 2010 година, од 16 милиони во 2007 година, според податоците на АЦЕА. Извршниот директор на „Дајмлер“, Дитер Цече предупреди дека можниот раст на цените на нафтата и челикот, може понатаму да го загрози работењето на големите авто-куќи, а директорот на „БМВ“, Норберт Рајтхофер смета дека растот на цените на нафтата може да влијае на купувачите да купуваат возила со помала потрошувачка на гориво, што ќе ги загрози производителите на премиум брендовите.

ЕУ предлага воспоставување заедничка база за наплата на корпоративните даноци УСЛОВ ЗА ИДНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ

Европската комисија денеска претстави предлог за изработка на нов систем за стандардизација на корпоративното оданочување во рамките на ЕУ. Со предлогот се превидува постоење на заеднички пристап во пресметката на оданочениот профит, преку стандардизација на даночните олеснувања за компаниите, иако на секоја земја-членка на Унијата ќе и` биде оставено самата да ја определува висната на стапката на корпоративниот данок.Ирска има рерзерви кон ваквиот модел бидејќи стравува дека со неговото воведување ќе биде принудена да ја зголеми стапката на корпоративниот данок, која во земјата е најниска во рамките на ЕУ.На последниот Самит на ЕУ, Германија и Франција побараа од Даблин да ја усогласи висината на коропоративниот данок со нивото во другите членки на Унијата, како услов за исплата на финансиската помош.

Page 26: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 24 март 2011

Ирските власти сепак го одбија ваквото барање со образложение дека ниската стапка на корпоративниот данок би ги попривлекла странските компании да инвестираат во земјата, што би придонело за заздравување на ирската економија која е сериозно погодена од финансиска и должничка криза.

ЕК предлага реформирање на Европската служба за борба против измамитеПОДОБРА ЕФИКАСНОСТ И ЗГОЛЕМЕНА ОДГОВОРНОСТ

Европската комисија предложи реформирање на Европската служба за борба против измамите (ОЛАФ). Предложените реформи се со цел да се подобри ефикасноста и оговорноста, како и да се зачува независноста на службата во истрагите. Реформите предвидуваат мерки за заштита на правата на иследниците и интензивирање на соработката меѓу ОЛАФ и

нејзините стратешки партнери во борбата против измамите. Предвидено е и воведување на процедура на преразгледување во случај ако е прекршена процедурата.ОЛАФ од нејзиното формирање во 1999 година извршила околу 4.500 истраги и придонесе за значително за заштита на буџетот на Европската унија против измамите.

Странците кои ќе вложат во британскиот бизнис побрзо ќе можат да добијат државјанство и пасош ФУНТИТЕ ПРЕСУДНИ ЗА СТАТУСОТ

Странските бизнисмени кои се подготвени да вложат десет милиони фунти во економијата на Велика Британија, ќе бидат наградени со добивање на британско државјанство и пасош по забрзана постапка, јавува дописникот на МИА од Лондон. На овие луѓе ќе им биде дозволено право за трајно населување веќе по две години престој во земјата, а не како на сите други, по најмалку пет, како и стекнување на право за британски пасош по пет, а не по шест години. Ваквата можност и бенифиција за богатите имигранти е предвидена со новите имиграциони прописи на британската Влада, што деновиве за прв пат се објавени. Оние кои што ќе сакаат да вложат пет милиони фунти ќе стекнат право на трајно населување по три години престој во земјата.Минатата година преку 300 милионери од разни делови на светот, инвеститори и претприемачи дошле во Велика Британија и вложиле пари во британската економија. Според министерот за имиграција Демијан Грин, оние странци кои најмногу ќе понудат, ќе можат да дојдат и да се населат. - Овие луѓе, со својот бизнис можат да и` понудат многу на земјата и на тој начин да помогнат за побрзото закрепнување на домашната економија, - објаснува министерот Грин. Во рамките на реформите на имиграциониот систем, што Владата на премиерот Дејвид Камерон го најавува веднаш по минатогодишните парламентарни избори, се предвидува давање право на илегалните имигранти да може побрзо да се вратат во Велика Британија, доколку доброволно си заминат од земјата, наместо да бидат протерани. Оние кои што ќе го направат тоа, имаат можност, со новите прописи да се вратат и да работат одново, по само две години, додека за имигрантите „илегалци“ кои ќе бидат депортирани, рокот за враќање изнесува најмалку пет, а најмногу 10 години. Сите тие кои што ги имаат прекршено имиграционите прописи и ја злоупотребиле визата, потоа многу потешко ќе може одново да добијат право на влез и престој во Велика Британија.

Фалсификати: Правна битка за патентите за машините за кафе „Неспрессо“ПАЗАРОТ ОД 2,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРАДОВОЛНА ДОЗА ЗА ПРЕСМЕТКА

Швајцарските компании „Нестле“ и конкурентската „Етикал Кофи Компани“ (ЕЦЦ) меѓусебно се обвинуваат за фалсификат околу машините и капсулите со доза за кафе „Неспрессо“. Правната битка доби нов тек откако судските извршители на 10 март ги запленија машините за кафе на „Неспрессо“ во неговата елитна продавница на Елисејските полиња во Париз. Како што јавува дописникот на МИА од Париз, заплената на машините била направена по барање на „ЕЦЦ“, која исто така е обвинета од страна на „Нестле“ за фалсификат, која води од своја страна исто така судска постапка против „Неспрессо“, „Франс СА“, „Мажимакс СА“ и уште некои други произведувачи на машини за кафе од марката СЕБ.Првиот човек на „ЕЦЦ“, Жан-Пол Гајар оценува дека еден од елементите на машините за кафе е заштитен со патент од „ЕЦЦ“. Запленувањето на машините било направено на пет различни места и првиот човек на „ЕЦЦ“ објаснува дека неговата компанија го патентирала изумот во случај ако „Неспрессо“ ги промени машините за да го спречи користењето на дозите за кафе на „ЕЦЦ“. „Неспрессо“ се брани дека нема фалсификат и дека машините за кафе постојано се изменуваат за да се подобри нивниот квалитет, негирајќи дека промените биле направени за да се спречи користењето на дозите за кафе на еден или друг конкурент. Имено капсулите со кафе на конкурентите на „Нестле“ не се компатиблини со машините „Неспрессо“. Судската ескалација во битката за машините за кафе се должи и на „ултра-сочниот“ пазар на капсулите со кафе, на кој само „Неспрессо“ лани продаде капсули во износ од околу 2,3 милијарди евра, односно 20 проценти повеќе за само една година.„Нестле“ од своја страна има поднесено тужба за фалсификат против францускиот синџир на супермаркети „Казино“, кој се снабдува со капсули кај „ЕЦЦ“, исто како и американската компанија „Сара Ли“ со нејзините капсули „Л’Ор“, кој можат да се најдат во сите супермаркети.

Анкета меѓу европратениците и Европската Комисија ЗБОГУМ БРИСЕЛ, ЗДРАВО ЛОНДОН

Во анкета меѓу европратеници и службеници во ЕК се вели дека постои значително незадоволство меѓу нив од Брисел и би сакале да се преместат вон Белгија, се вели во прес-соопштение од проектот „Збогум Брисел“, во Форумот на европски новинари.И во анкета во 27-те членки на Унијата е регистрирана недоверба кон Брисел и желба ЕП и ЕК да бидат преместени оттаму. Ако Белгија беше само една мала европска држава со раширена корупција и некомпетентност, тоа не би го загрижило никого. Фактот дека во Брисел се ЕК и ЕП значи дека недостатоците на Белгија се одразуваат на сите дејности на тие две институции и им штетат на сите граѓани во ЕУ, сметаат авторите на анкетата. И во ЕК и во ЕП расте желбата да бидат преместени институциите на помирно и ефикасно место. Мнозинството претпочитаат тоа да биде во Лондон. Проектот е двегодишна анализа за проблемите на европските институции во Брисел.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 27: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 24 март 2011

Светската банка препорачува заострување на монетарните политики на источноазиските земјиИНФЛАЦИЈАТА ОСТАНУВА СЕРИОЗЕН ПРЕДИЗВИК

Инфлацијата и натаму ќе остане сериозен предизвик за Источна Азија, па затоа државите од овој регион треба да ги заострат своите монетарни политики, оцени Светската банка во својот полугодишен извештај насловен „Економска прогноза во Источна Азија и Пацификот“. Во документот, Светската банка ја зголемува прогнозата за економскиот раст во овој регион за 2011 година, предупредувајќи дека економиите на источноазиските земји во развој ќе бидат посебно оптоварени со мерките за борба против инфлацијата.Експертите на Банката предвидуваат дека земјите во развој од Источна Азија во текот на оваа година ќе остварат економски раст од 8,2 проценти, што е повеќе 7,8-отстниот раст што оваа меѓународна финансиска институција го прогнозираше пред шест месеци. Лани земјите од овој регион имаа економски раст од 9,6 проценти.На ваквиот раст најголемо влијание ќе има Кина за која се предвидува пораст на економијата од девет проценти. Сите останати земји во регионот, без Кина и Јапонија, ќе забележат економски раст од 5,3 отсто, проценува Светската банка. Експертите на Банката предвидуват дека разурнувачкиот земјотрес и цунамито, што на 11 март 2011 година ја погодија Јапонија, ќе имаат само ограничено влијание врз регионалната економија.Во справување со растот на инфлацијата земјите од Источна Азија се решаваат на зголемување на своите основни каматни стапки, а во некои случаи и со зајакнување на националните валути. Сепак по катастрофата во Јапонија, источноазиските валути забележаа пад на своите вредности.Во својот извештај Светската банка не објавува сопствена проценка за штетата од елементарната непогода во Јапонија, туку само пренесува предвидувања на повеќе консултантски фирми, кои проценуваат дека штетите ќе се движат од 122 милијарди до 235 милијарди САД долари, што претставува меѓу 2,5 и четири проценти од јапонскиот бруто домашен производ.Искуството на Јапонија со заздравувањето по земјотресот во Кобе во 1995 година добро ќе им дојде на напорите на земјата за заздравување од најновиот земјотрес. Искуството од историјата наведува дека реалниот раст на јапонскиот БДП ќе биде успорен до средината на 2011 година, но во следните месеци би требало тој да се зголеми благодарејќи на обновата, што би можела да трае и до пет години, - проценува Светската банка.

Очекувања на Меѓународниот монетарен фондГОДИНАВА ГЛОБАЛЕН РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА 4,4 ОТСТО

М е ѓ у н а р о д н и о т монетарен фонд очекува оваа година глобален пораст на економијата за 4,4 , а следната 4,5 отсто. Тоа значи дека не се променети анализите во однос на нивната претходна прогноза, се вели во концепт-извештај за светската економија. Концептот бил подготвен пред интервенцијата на оружените сили во Либија и земјотресот во Јапонија. ММФ во јануарската прогноза наведе дека американската економија оваа година ќе забележи пораст од три отсто. Економијата на еврозоната, според Фондот, ќе бележи раст од 1,5 отсто.

Фед исплаќа рекордна заработувачка на американската ВладаПРИНОС ОД ПРОГРАМАТА ЗА ОПОРАВУВАЊЕНА ЕКОНОМИЈАТА

Американската Управа за федерални резерви ќе и исплати на Владата на САД рекордни 79,3 милијарди долари благодарение на тоа што минатата година заработиле досега највисок износ од програмата која има за опоравувањето на економијата.

Бен Барнаки, претседател на ФедВо соопштение од Фед се вели дека износот за 2010 година кој ќе се исплати на Министерството за финансии е 67 отсто повисок во однос на сумата од 2009 година од 47,4 милијарди долари. Централната банка на САД лани оствари рекордна добивка од 81,7 милијарди долари од хартии од вредност. Дел од таа заработка е наменет за финансирање на Фед кој не добива средства од Конгресот.

Опаѓа процентот на жени на менаџерски позиции нa глобално нивоВО МАКЕДОНИЈА ВРАЌАЊЕ ВО 2004 ГОДИНА

Во светот лани имало за четири проценти помалку жени на менаџерски позиции, покажува истражувањето од 2011 година на „Грант Тортон Интенешнл“. На глобално ниво во 2009 година бројот на жени кои се на менаџерски позиции изнесувал 20 отсто, а во 2009 година тој број бил 24 отсто. Во тримесечно истражување кое се однесува на приватниот бизнис-сектор, се покажува дека бројот на компаниите кои немаат жени во својот менаџмент е зголемен за 38 проценти, во споредба со 35 отсто во 2009 година. Според истражувањето, Тајланд е со најголем процент на жени

во повисокото раководство (45%), по што следуваат Грузија (40%), Русија (36%), Хонг Конг и Филипини со (35%). Земјите со најниски стапки се Индија, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија, каде што помалку од 10 отсто се жените на високи менаџерски позиции. Ружица Филипчева,

менаџер-партнер во „Грант Торнтон Македонија“, како што наведува МИА, вели дека разочарувачки е да се види дека глобалното учество на жените во повисокото раководство не покажува знаци на раст, туку враќање како во 2004 година: - Се чини, додава, дека жените манаџери го носат товарот од глобалната економска криза, и голем дел од компаниите на клучни позиции поставуваат мажи.Истражувањето покажува дека земјите од Г-7 заостануваат зад глобалниот просек, со само 16 отсто од жени кои се на високи позиции, додека регионално Азија (без Јапонија) има највисок процент на жени на менаџерски позиции, дури 27%. Најголем процент на жени-менаџери има во Тајланд, потоа Хонг Конг, зад кои се Грција, Белгија и Боцвана, каде што процентот е зголемен за дури 7 отсто во споредба со 2009 година.Според секторска поделеност во компанијата, најголем процент на жени-менаџери, 22% се на позиции финансов директор, зад која позиција следуваат, со 20% секторот човечки ресурси, маркетинг секторот и продажба 9%. Глобално, во само 8% од компаниите, на чело на истите се жени, додека во Тајланд тој процент е дури 30, Кина 19, Тајван 18 и Виетнам 16 %.

СВЕТ

Page 28: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 24 март 2011

АТ&Т ја презема американската филијала на „Дојче телеком“

Американската телекомуникациска групација АТ&Т соопшти дека ја презема филијалата на германскиот гигант „Дојче телеком“ во САД, „Т-мобајл УСА“, за сума од околу 39 милијарди долари, со што ќе стане најголема компанија во секторот за м о б и л н а т а телефонија во земјата.Со ова преземање АТ&Т, кој сега е втора по големина мобилен оператор во САД, ќе го зголеми бројот на своите претплатници за околу 34 милиони, со што ќе го надмине главниот конкурент „Верајзон вајерлес“.Аналитичарите проценуваат дека тоа најголемо преземање во американскиот сектор на мобилната телефонија по 2004 гдоина, би можело да се најде под лупа на државните органи за заштита на конкурентноста, затоа што се здружуваат вториот и четвртиот по големина мобилен оператор во САД, со што се намалува изборот на потрошувачите.Интерес за преземање на „Т-мобајл УСА“ од „Дојче телеком“ пројавила и компанијата „Спринт“, но според извори блиски до лицата вклучени во преговорите, тие завршиле неуспешно бидејќи не бил постигнат договор околу цената.

„Нисан“ преговара за купување на 25 отсто на руски „Автоваз“ЦУНАМИТО НЕ ГИ ПРЕДОМИСЛИ ЈАПОНЦИТЕ

Компанијата „Нисан“, трет јапонски производител на автомобили, преговара со руската корпорација „Раша технолоџис“ која се наоѓа во државна сопственост, за купување на повеќе од 25 отсто акции на „Автоваз“ за да може со францускиот партнер „Рено“ да обезбеди контрола над рускиот голем производител на возила. „Нисан“ преговара со акционерите на „Автоваз“, корпорациите „Тројка дајалог“ и „Раша технолоџис“ за преземање на руската компанија во идните неколку години, изјави директорот на „Тројка дајалог“ Сергеј Сворцов. „Рено“, како „Нисанова“ партнерска фирма, ќе продолжи да го држи контролниот пакет на акции во „Автоваз“, додаде Сворцов. Генералниот директор на компанијата „Раша технолоџис“ Сергеј Чемезов

изјави дека руската компанија е „загрижена и дека ја разбира состојбата“ во Јапонија по катастрофалниот земјотрес и потврди дека сепак ќе продолжат преговорите со „Нисан“ за соработка и заеднички проекти. „Раша технолоџис“ заедно со „Рено-Нисан“ е акционер во „Автоваз“. „Нисан“ отвори фабрика во Санкт Петерсбург и планира да отвори уште еден погон на рускиот далечен исток. Некои медиуми пишуваа дека по земјотресот и цунамито во Јапонија, прекинале преговорите меѓу акционерите на „Автоваз“ и на „Рено-Нисан“ алијансата. Директорот на „Рено-Нисан“ Карлос Гон има намера да стане мнозински сопственик на „Автоваз“, кој произведува „Лада“, откако француската компанија инвестира милијарда долари во 25 отсто акции во руската фирма во 2008 година. Гон во ноември минатата година изјави дека здружената француско-јапонска компанија сака да ја преземе контролата над „Автоваз“, за да обезбеди мнозински удел на рускиот пазар во развој. „Нисан“ најверојатно ќе ги плати акциите по пазарна вредност за 25 отсто удел, околу 350 милиони долари. Во момент кога пазарот на возила во западна Европа се соочува со уште една тешка година, големите авто-куќи бараат партнери во Русија. Експертите проценуваат дека продажбата на патнички автомобили во Русија може да достигне три милиони до 2014 година, со што ќе се надмине германскиот пазар кој е најголем во Европа. Преговорите за зголемување на уделот во руската компанија продолжуваат, но конечна одлука не е донесена, изјави портпаролот на „Рено“ Оксана Назарова, а официјалниот претставник на „Нисан“ Татјана Нтарова го одби коментарот. „Рено“, кој поседува 43 отсто акции на „Нисан“, ја разви фабриката на „Автоваз“ во Тољати, за да се монтираат модели на сите три компании. Трите страни не се согласија за вредноста на уделот во „Автоваз“ ниту за времето во кој „Нисан“ може да ги купи акциите. „Тројка“ и „Раша технолоџис“ имаат по 25 отсто акции во „Автоваз“. „Рено“ и „Нисан“, како што се проценува, заедно ќе имаат 50 отсто акции во „Автоваз“ плус една акција, додека „Нисан“ најверојатно ќе има нешто помалку од контролниот удел.

КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС

Page 29: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 24 март 2011

Одбележан 22 март - Светскиот ден на заштита на водитеВОДА ЗА ГРАДОВИТЕ – ОДГОВОР НА УРБАНИОТ ПРЕДИЗВИК

Под мотото „Вода за градовите: одговарајќи на урбаниот предизвик“, денеска во Скопје е одбележан 22 март - Светскиот ден на заштита на водите.Слатката вода претставува ограничен и драгоцен ресурс, неопходен за одржување на живот со кој се обезбедува социјална добросостојба, економски просперитет и здрав екосистем. Оттука, смета министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, кој во Клубот на пратеници се обрати по повод денот, управувањето на водените ресурси мора да ја третираат потребата за еднаков пристап и нивното одржливо користење во интерес на општеството.- Грижата за животната средина, а пред се заштитата на водите е примарен фактор кој не загрижува, обврзува и упатува на мултидисциплинарен пристап и комуникација меѓу сите заинтересирани страни. Владата и Министерството будно ги следат барањата на европското семејство во доменот на управување со водните системи и ги спроведуваат барањата

на европските директиви, рекол министерот Јакупи. Тој потенцираше дека мотото на настанот претставува една од основните мерки за спроведување на Програмата на мерки од Планот за управување со речен слив, кои, истакна, Владата ги има зацртано во новата национална законска Рамка за води, што почна да се спроведува.Според Јакупи, во земјата нема граѓани кои немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, но системите треба да се надоградат. Во наредниот период, најави, ќе бидат заокружени сите пречистителни станици, а сите населени места ќе се снабдуваат со филтрирана вода за пиење.Владата неодмна одобрила 800 илјади евра за изградба на филтер станицата за вода за пиење за Тетово, како еден од критичните региони, како и за липковскиот крај, за кој се обезбедени средства за крајната фаза. Министерот подвлекол дека се работи интензивно на подобрување на севкупната состојба со водите.Скопскиот градоначалник Коце Трајановски подвлекол дека Градот во изминатиот период посветил големо внимание на оваа област.- Лани Градот направи проект со кој се испитуваат подземните и површинските води на изворот Рашче, на бунарите во Нерези и на скопската околија за влијанието на факторите кои може да придонесат квалитетот на водите да биде оневозможен. Долгорочно ќе ги следиме причините поради кои се загадуваат водите на скопската котлина, а и во иднина ќе се ориентитаме кон заштита на водите, изјавил Трајановски и апелираше граѓаните економично да

ја користат водата.Во рамки на одбележувањето на Денот на водите , беше промовирана нова опрема и возило на ЈП „Комунална хигиена“ кое треба да ги открива сите дефекти што ќе се појават на водоводната мрежа, а не може да се видат со голо око. Според директорот на претпријатието Сашо Лазаревски, ова е најсовремена опрема во регионот која ќе придонесе скопјани да пијат здрава вода. Тој најави дека и во иднина ќе се инвестира во набавување современа опрема.Хидрографската територија на Македонија претставува уникатен базен на Балканскиот Полуостров и пошироко, бидејќи повеќе од 80 отсто од водните ресурси се формираат на територијата на земјата.

Скопје има најквалитетна вода, но...МОРА ДА СЕ ШТЕДИ

Скопјани имаат среќа да пијат здрава и чиста вода. Тоа го потврдуваат и резултатите од секојдневните контроли на водата од изворот Рашче и од бунарите кои ги вршат експерти од Центарот за санитарна контрола, Дирекцијата за храна, Републичкиот и Градскиот завод за здравствена заштита. Тие секојдневно ја следат бактериолошката, хемиската и биолошката исправност на водата за пиење од 41 пункт. Изворот Рашче има доволен капацитет да ги задоволи потребите за вода најмалку за уште 20 години, па затоа од особена важност е таа да се користи рационално. Досегашните искуства покажуваат дека во летниот период се трошат трипати повеќе вода отколку во зимскиот период. Во споредба со просечната годишна потрошувачка по жител која изнесува 240 литри, во жешките месеци таа достигнува дури до 650 литри. Имаме најквалитетна вода за пиење, но таа мора да се штеди.

На Денот на шумите – 21 март: Зелениот појас во Европа и Северна Америка растеЗАКАНИТЕ, СЕПАК, И НАТАМУ ОСТАНУВААТ

По повод Светскиот ден на шумата – 21.3.2011 година, експертите се собраа во Женева за да го разгледаат статусот и трендовите на шумите и шумските ресурси во Европа и во Северна Америка, како и да дискутираат за соодветните сознанија од Проценката на ФАО за глобалните шумски ресурси во 2010 година (FRA 2010) и да ги земат предвид прелиминарните наоди од Состојбата на европските шуми во 2011 година, извештај што ќе стартува во јуни 2011 година во Осло, Норвешка, на Министерската конференција за заштита на шумите во Европа. Во 2010 година, вкупната површина под шума во Европа, Северна Америка, Кавказ и Централна Азија (регион на UN-ECE) беше над 1,6 милијарди хектари – од која половина се во Руската Федерација, а 37% во САД и Канада. Целосно, UN-ECE-регионот вклучува 40% од шумите во светот, а повеќето од овие шуми се класифицирани како северни/бореални шуми или шуми во умерениот појас. Од 1990 година, шумската област во Европа, Северна Америка, Кавказ и Централна Азија е во постојан пораст. Површината на шуми во регионот се зголемила за 25 милиони хектари во текот на последните 20 години (со големина еднаква на површината на Обединетото Кралство), или во просек по 1,25 милиони хектари годишно (еквивалент на површина малку помала од Црна Гора). Само во пан-европскиот регион, површината под шуми се

ЗНАЧАЈНИ ДАТУМИ

Page 30: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 24 март 2011

зголемила за 17 милиони хектари во послените две децении. Во однос на површините под шума, обемот на дрвја во пан-европските шуми се зголемува за повеќе од 430 милиони кубни метри секоја година (што одговара на 1 кубен метар прстен околу земјината топка), поради проширувањето на шумската површина и зголемување на нивоата на залихи. Во Северна Америка, областа на шумите е зголемена за скоро 8 милиони хектари во истиот период, што се должи на пошумувањето во САД.

Шумите играат важна улога во зачувувањето на биолошката разновидност и површините на шума првенствено наменети за оваа цел се зголемуваат исто така. Регионот на UNECE се зголеми за 25 милиони хектари, во периодот 1990-2010 година, и во моментов изнесува околу 8% од вкупната површина под шуми во регионот. Повеќето од ова зголемување се случува/одвива во Европа, Кавказ и Централна Азија, каде што површината на шуми специфично одгледувани за зачувување на биолошката разновидност е зголемена за речиси еден милион хектари годишно во текот на изминатите 20 години, додека во Северна Америка е зголемена за повеќе од 5 милиони хектари од 1990 година. Додека, на глобално ниво, резервите на јагленород се намалуваат како резултат на губењето на површините под шума, што предизвикува значителни емисии на јаглерод, шумите на UNECE, кои складираат речиси 80 милијарди тони на јаглерод во нивната биомаса, продолжуваат да ги зголемуваат износите на атмосферскиот јаглерод што го одвојуваат тие. Залихите, односно резервите на одвоениот јаглерод се зголемени за речиси 5 милијарди тони во текот на последните дваесет години. Во помалиот, пан-европски регион нето-секвестрацијата на јаглеродот во шумската биомаса достигна околу 3 милијарди тони во периодот меѓу 1990 и 2010 година. Ова значи дека шумите апсорбираат околу 7 отсто од годишните емисии на стакленички гасови во регионот.

Во прилог на зголемувањето на резервите на биомаса и јаглерод, шумите исто така обезбедуваат суровина за индустриски и енергетски цели. Шумите генерирале 20 милијарди кубни метри дрвни суровини во периодот 1990-2010 година. Сепак, катастрофалните настани, главно резултат на зголемувањето на климатските промени, имаат негативно влијание врз растот и здравјето на шумата. Северна Америка објави за постоење на најголема област на шуми кои имаат здравствени проблеми заради инсекти во 2005 година во споредба со кој било друг регион (некои 23 милиони хектари или 3,7 отсто од шумската област). Ова вклучува големи

епидемии на златица на планинскиот бор (Dendroctonus ponderosae), која уништи повеќе од 11 милиони хектари на шума во Канада и во западниот дел на САД во доцните 1990-ти – незапаметена епидемија отежната со повисоки зимски температури. Инсектите и болестите се сметаат за сериозни закани за европските шуми исто така, иако причинетата штета е помала во однос на сегашното ниво. Меѓу 1990 и 2005 година забележаната/снимена шумска површина погодена од овие закани е двојно зголемена во Европа, без да се земе предвид Руската Федерација. Земјите од пан-европскиот регион пријавиле штета предизвикана од инсекти и болести на 2,7% од нивната површина под шуми, додека пожарите уништиле 0,1% од шумските површини (просек за 2003-2007 година). Во истиот период оштетувања предизвикани од бури, ветер, и снег погодуваат 0,4% од шумските површини. Оштетувањата причинети од бури, ветер, снег и пожари влијаат врз помалку значајни области во споредба со нарушувањата предизвикани од инсекти и болести. Меѓутоа, нивното влијание е со многу повисок интензитет, со катастрофални еколошки и економски влијанија на локално ниво.

FRA 2010 – ПРОЦЕНКА НА ГЛОБАЛНИТЕШУМСКИ РЕСУРСИ

Проценка на глобалните шумски ресурси во 2010 година (FRA 2010) е најсеопфатна проценка на шумите и шумарството до денес – не само во однос на бројот на земјите и луѓето кои се вклучени, туку и во поглед на опсегот. Таа ја проценува сегашната состојба и последните тенденции на околу 90 варијабили кои ги опфаќаат опсегот, состојбата, користењето и вредностите на шумите и на другата пошумена земја, со цел да се проценат сите бенефити од шумските ресурси. Информациите се собираат од 233 земји и територии за четири временски периоди: 1990, 2000, 2005 и 2010 година. Главниот извештај FRA 2010 може да се најде на : h�p://www.fao.org/forestry/fra/fra2010/en/

ЗНАЧАЈНИ ДАТУМИ

Page 31: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 24 март 2011

Отфрлањето на нуклеарната енергија не треба да загрижува НОВАТА СВЕТСКА ЕНЕРГИЈА Е - ГАСОТ

Па, ова беше предвидливо. Додека јапонската нуклеарка Фукушима Даичи се претвора во зачадена, радиоактивна руина, светската индустрија за обновливи извори го започна својот напад. Не плашете се, велат тие, секоја загубена нуклеарна енергија ќе биде заменета со чист ветар, соларна, хидро и енергија од биомаса. Германскто лоби за зелена енергија БЕЕ вели дека нивните членки до 2020 ќе можат да обезбедат 47 проценти од потребите на Германија за енергија, а тоа е повеќе отколку замената на сокот од нуклеарките во државата бидејќи сите треба да бидат исклучени.

И ако верувате во ова, веќе имаме електричен автомобил кој ќе вози 500 километри помеѓу две полнења.Нема сомнение дека јапонската нуклеарна катастрофа со години ќе го забави развојот на нуклеарна енергија, а можеби и со децении, исто како што несреќата на осторовот Три милји од 1979 и во Чернобил седум години подоцна го направија тоа. Во САД не е изградена нова нуклеарна централа цели 30 години. Но производителите на зелена енергија за нивната иднина треба да бидат загрижени исто колку и оние од нуклеарната индустрија, или пак за немање на истата. Причината: ефтиниот природен гас, големи количини, кој тече на енергетскиот пазар.Сеж до 2008, гасот се сметаше за редок комодитет и цените на гасот ја следеа цените на нафтата, односно одеа нагоре. Од тогаш, геолошката убавина наречена камен гас од комерцијална фантазија стана реалност. Благодарејќи на камениот гас, производството во САД е на највисоко ниво уште од 1973.Камениот гас е наречен „енергетска револуција“. Гасот е сместен во камените слоеви, во седиментите богати со калциум, длабоко под површината на земјата (огромните залихи Марцелиус се наоѓаат на 1,5 километри во длабочина). За да се истисне гасот, пумпите во каменот вбризгуваат мешавина од вода, песок и хемикалии, некои од нив и отровни, под огромен притисок. Овој процес, познат како „растурање“, е еквивалент на подземен земјотрес. Така се крши каменот и се ослободува гасот.Во САД, во функција се илјадници извори на камен гас, кои ги зголемуваат набавките на гас кои до пред само неколку години никој не можеше да ги замисли, и со тоа земјата стана трет најголем производител на гас во светот. И Канада е во играта со камениот гас, а компаниите Енкана и Талисман енерџи се во жестока потрага по домашни и меѓународни ресурси. Различни пресметки предвидуваат дека резервите на гас во Северна Америка се доволни за следните 100 години.Каменот гас ги спушти цените на гасот. Со цена од 4 долари за илјада кубички фита, тие сега се на половина од нивната цена од 2009, па така овој гас е единствениот комодитет кој минатата година не поскапе. Некои аналитичари дури зборуваат и за слободно производство на гас во САД. Во фебруарскиот извештај на Барклис капитал за енергетската анализа, се потенцира дека „неколку извори на камен гас сега го создаваат ефтиниот дел од кривата на цената“.Дали можат нуклеарното гориво, јагленот и обновливите извори на енергија да се споредуваат со огромните залихи на камен гас? Не можат. Дури и некои високи претставници од нуклеарата енергија го потврдуваат тоа.Во говор во фебруари во Вашингтон - еден месец пред распадот на јапонскиот реактор од земјотресот и цунамито - Џон Роув, извршен

дирекор на Екселон, американската енергетска компанија која поседува повеќе нуклеарни реактори (17) од било кој од нивната конкуренција, уверливо објави дека нуклеарната ера заврши. Во споредба со гасот, тој рече дека „ниту нуклеарнто гориво, нити јагленот збогатен со калциум, ниту пак ветерот или соларната енергија се економични“.И Џон Хес, шеф на Хес Корп., компанијата за нафта, гас и рафинерија која порано беше позната како Амерада Хес, се согаслува со Роув. „Нуклеарните централи едноставно не можат економично да се натпреваруваат со гасот“, рече тој на почетокот на месецов во рамките на ЦЕРА конференцијата во Хјустон.Не само што гасот е ефтин, туку и гасните централи се релативно џабе. Хес вели дека за изградба на нуклеарна централа се потребни десет години и 6 милијарди долари, а за термоцентрала три години и три милијарди долари. А за гасна централа? Две години и 1 милијарда долари.Да бидеме јасни, гасот, камениот или конвенционалниот, не е е чудесно гориво. Исто како што никој не сака нуклеарна централа во својот двор, така никој не сака ниту гасна. Ова само ако пример за тешкотиите со кој се соочи Онтарио Пауер Џенерејшн (ОПГ) во планирањето на нова гасна централа. Ова го објаснува тоа што ОПГ инсистира на реконструкција на нуклеарките, без разлика на јапонската катастрофа.Додека често гасот се смета за чисто гориво, ништо не може да биде подалеку од вистината. Почисто е од јаленот, а ниту приближно чисто колку нуклеарното гориво. Гасот кој гори произведува половина од карбондиоксидот кој излегува од јагленот. Изградбата на гасни централи може да ја успори стапката на глобалното загревање. А испумпувањето на камениот гас може да биде соочено со проблеми од заштитата на околината. Во САД, индустријата на камениот гас е преплавена со судски тужби заради загадување на околината.Сепак, не може да се негира дека камениот гас е радикална алтернатива во економичноста на производство на електрична енергија. Јапонската катастрофа не ја убива нуклеарната индустрија туку гасот, кој пак просто го уништува валканиот јаглен. Е, тоа се добри вести.

(Глоуб енд мејл – Торонто)

Носталгија или економски факт?БЕЗ ЈУГА СИТЕ СМЕ ГУБИТНИЦИ „ИНА“ и „НИС“, на пример, можеа да ја купат унгарската „Мол“, а „Крка“, „Плива“ и „Галеника“ да држат добар дел од пазарот на лекови во Источна Европа. „Горење“ ќе ја преземеше нишката електронска индустрија, попатно уште и „РИЗ“ и „Руди Чајавец“. Југословенските тенкови и натаму ќе беа конкурентни на светскиот пазар, а откажувањето од планираното производство на млазни авиони ловци, веројатно ќе се надоместеше со производство на помали цивилни авиони во панчевската фабрика „Утва“. Југославија би била спортска и туристичка сила која, како членка на ЕУ со респект ќе ја слушаа во Брисел. За овие 20 години можеше и вака, а се` испадна поинаку и многу полошо за сите поранешни републики и нивните граѓани. Ако не се распаднеше Југославија, Србија одамна ќе беше членка на Европската унија, ќе живеевме како Грците или Шпанците и ќе се возевме по патишта. Барем три фабрики за автомобили кои во 90-тите дојдоа во Словачка, денес би биле во Шумадија. Во инвестицијата на „Фиат“ немаше да гледаме како смрзнати на сонце, а наместо 320 евра, во Србија во просек ќе се заработуваа барем 700 евра месечно, колку што денес е просечна плата во Хрватска. За 20 години колку што поминаа од дестабилизацијата и распаѓањето на СФРЈ, Србија изгуби најголем дел од тоа што се гордееше во 80-тите години. Така го доведе во прашање не само опстанокот на илјадници семејства, туку го извлече и најдебелиот крај од сите републики. Нема економист кој нема да каже дека меѓу членките на поранешна Југославија денес најголем губитник е токму Србија, заедно со БиХ, а дека најдобро поминаа Словенија и Хрватска. - Сигурно ќе бевме во Европа, ја почнува многу носталгичната приказна економистот Зоран Попов, кој многу добро ја познава српската економија од 80-тите години. - Како поранешна република денес ќе имавме се`, прво животен стандард на високо ниво, бидејќи Југославија беше развиена како Грција, Шпанија и Португалија. Од Унгарија до Црна Гора сигурно ќе возевме по автопат и неоспорно ќе ги имавме сите коридори. Фабриките ќе работеа, а високата невработеност ќе беше мислена именка, - вели Попов. Се верува дека Србија пред се` ќе го зачуваше силното производство. Денес индустријата е на ниво на 37 отсто од нивото во 1986 година и БДП е на една третина од БДП од пред 30 години. Србија во западна Европа

ПРЕНЕСЕНО

Page 32: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 24 март 2011

би била многу позната по текстилната индустрија, ќе извезувавме облека, ќе имавме силна прехранбена индустрија, а сериозен рејтинг имаше и „Застава“ од Крагуевац. Денес го немаме ни „Центротекстил“, ни „Клуз“, пропаднаа и „Беко“ и „ЕИ„ - Ниш, индустријата за часовници „Инса“, текстилната индустрија во Земун (ТИЗ)... - Од солидната индустрија за обувки остана само „Борели“. Се сеќавам на фабриката за автовентили во Сремска Митровица за која британски експерти тврдеа дека е во рангот на најдобрите во Европа. И навистина беше, се` додека не се приватизира, а подоцна и се затвори. Ги испуштивме и автомобилските фабрики. Денес Словачка ги има „Хјундаи“, „Кија“, „Ситроен“, „Пежо“, а во 90-тите години немаше ништо од тоа. Сето тоа можеше да биде во Србија, - вели Попов. Проценуваме дека БДП денес можеше да биде двојно поголем, вака

нивото од 80-тите ќе го достигнеме во 2025 година, – тврди Попов.

Долгот на Србија поголем од долгот на СФРЈ

Од почетокот на транзицијата, по политичките промени, сите поранешни социјалистички земји имаа пад на БДП, некои од нив со сериозни размери. Нивото од 1989 година прва го достигна Полска во 1995 година, па Словенија во 1998 и Унгарија во 2000 година. Останатите тоа го достигнаа по повеќе од една деценија. Единствени кои до денес не го достигнаа нивото од 1989 година се двете најмногу оптоварени со политика – Србија и Украина. Значи, првите 10 години од 21-от век се години на стагнација, наспроти милијарди директни странски инвестиции, фондови за помош, донации и задолжувања. Во 90-тите Србија направи неколку историски единствени економски потези, со кои практично ја уништи сопствената економија. Најголема хипер-инфлација во светската историја, финансирање на повеќе војни, прекин на инвестиции во одржувањето на постојните капацитети, уништување на наследените институции, раст на јавната потрошувачка...Вкупниот надворешен долг на Србија денес е 23 милијарди евра, додека надворешниот долг на СФРЈ изнесувал 25 милијарди САД долари. И пензиите ќе беа поголеми

Денес во просек ќе заработувавме барем како граѓаните на Хрватска, оценуваат економистите. И пензионерите во просек секој месец ќе добиваа по 320 наместо по 210 евра. Кога паричниците на поранешните југословенски државјани би се мереле по дебелина, најдобро поминаа Словенците кои во 2011 година влегоа со плати од 1000 евра месечно. Во Хрватска платите се околу 700 евра, следат Црна Гора, БиХ, Србија и Македонија. По сите основи Словенија и Хрватска денес економски се многу поразвиени од Србија. Овие две земји се најдоа и на листата на 40 земји во кои најдобро се живее, покажува истражувањето на американскиот неделен весник „Њузвик“. Анкетарите ги вреднуваа условите за живот во пет категории: образование, здравство, квалитет на живот, стопанска динамика и политичко опкружување. Од поранешните југословенски републики, Светската банка најдобро ја рангираше Словенија и по состојбата на државната економија.

Словенија помина најдобро

Љубомир Маџар се занимава со економија 45 години, магистрирал во САД и ја помни Словенија како земја која секогаш била поразвиена од останатите југословенски републики. - Словенија најдобро помина. На второ место е Хрватска, која ја спаси туризмот. Србија е поголем губитник од Црна Гора, но на ниво на БиХ која брзо зајакнува. Македонија има внатрешни политички проблеми и

нејзината иднина е неизвесна, - вели Маџар. Тој додава дека Словенија пред 30 години имала двојно поголем доход по жител од Србија. Секогаш била поефикасна, бидејќи немала политички проблеми. Србија истовремено политички е распарчена на многу партии, а дефиниција е дека при политички судири обавезно трпи економијата. По два многу важни макроекономски аспекта - состојбата на инфраструктурата и ефикасноста на правниот систем, поранешните југословенски републики многу се разликуваат. Познат е проблемот со лошата инфраструктура во Србија. Таа е една од ретките транзициски земји која не инвестираше ни во одржување на постојната инфраструктура, па заедно со Украина е на последно место на транзициските земји по развиеност на инфраструктурата. Зачудува дека Србија веќе 20 години нема реализирано сериозни инфраструктурни инвестиции. Коридорот 10 и денес е само приказна во продолжетоци. Хрватска, истовремено, патиштата на ниво на тие во Австрија, ги изгради по војната во 1995 година.

Расцепкан пазар

Статистиката говори дека тешко се бориме со проблемот околу функционирањето на правната држава. На скала од 1 до 7 само Словенија има оценка 4. Србија има оценка 3, Хрватска 3, а лошиот правен систем значително ги влошува потенцијалите на општествениот и економскиот развој. Меѓутоа, тоа што се повисоко на скалата, се чини не е доволно да не бидат носталгични и економистите во опкружувањето. Ставовите на соговорниците за „Блиц“ од Словенија и Хрватска се такви што може да се заклучи дека создавањето на „економска СФРЈ“ би било повеќе потреба од носталгија. Сандра Шваљек, директорка на Економскиот институт во Загреб, вели дека Хрватска несомнено би имала поголемо производство ако останела во поранешна Југославија. - Причината е едноставна – пазарот од 22 милиони жители, колку што имаше Југославија, значително ќе беше поголем од пазарот на Хрватска, која има 4,5 милиони граѓани. Вистина е дека „Агрокор“ се проби на пазарот на поранешна Југославија, но на претприемачите, по правило, им е многу потешко кога освојуваат земја по земја. Во овој момент ако некој со некое чудо не` спои, прашање е како системот ќе функционира и дали политиката ќе создаде добра рамка за развој на стопанството, - се прашува Шваљек. Да потсетиме и дека Србија во 10 месеци минатата година 32 отсто од вкупниот извоз го реализираше токму во поранешните југословенски републики и дека со сите, освен со Хрватска и Словенија, има суфицит. Значи, во пет поранешни републики Србија извезла повеќе отколку што вкупно извезла во Германија, Италија, Русија, Кина, двете Америки, Африка, Азија...

И ЕУ се обедини од економски причини

За поголема заедница жали и Боле Велимир, економски аналитичар од Словенија, чии граѓани имаат најмалку причини за носталгија.- Денес стапката на невработеност во Словенија е 6,8 отсто, во Србија е 20, во Македонија е 30 отсто. Нашата просечна плата е три пати поголема од останатите поранешни југословенски републики, а цените се речиси исти. Сепак, влијанието на Југославија во ЕУ би било на ниво на Полска. Поголема земја има и поголема моќ, лесно се постигнува политички консензус, преговарачката позиција е посилна, - вели Велимир. Поголема заедница е и поатрактивна за инвеститорите. И ЕУ се обедини од економски причини. - Во тој случај, многу сектори би можеле многу подобро да поминат, пред се` прехранбената, хемиската и фармацевстката индустрија, во кои Хрватска има компаративни предности, - вели Шваљек.

(„Блиц“ – Белград)

ПРЕНЕСЕНО

Page 33: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 24 март 2011

Назив на Проектот MK-Скопје: Консултантски услуги за телекомуникации

Референца ECZ63690-земји кандидати

Финансиска референца.

2011/S 51-084138

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 11.3.2011 година

Краен рок за апликација

4.5. 2011 година

Сектори Телекомуникации

Опис на Проектот Развој и имплементација на bo�om-up LRIC модел за Bitstream услуги

Контакт Агенција за електронски комуникацииДимитрие Чуповски 13 СкопјеA�n: Violeta PopAceva1000 СкопјеРепублика МакедонијаTel. +389 23289212 +389 23289212 E-mail: [email protected] h�p://www.aec.mkAddress of the buyer profile www.aec.mk

Назив на Проектот Евалуација на правна транзициска програма

Референца EBRDZ63680

Финансиска референца

32736

Вид на набавка Услуги

Финансиер ЕБРД

Земја Albania, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croa�a, Estonia, Georgia, Hungary, Kazakhstan, Kyrgyz Republic, Latvia,Lithuania, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Russian Federa�on, Serbia, Slovakia, Slovenia, Tajikistan, Turkey, Turkmenistan,Ukraine, Uzbekistan

Објавено на

Краен рок за апликација

28.3. 2011 година

СекториЕкономски развојуправување со програмијавна администрацијазакон

Опис на Проектот Консултантски услуги за :(а) концесии, јавно-приватно партнерство (б) корпоративно управување; (в) регулаторна реформа за инфраструктура и конкуренција; (г)неликвидност; (д) јакнењње на капацитетот на судството; (ѓ) јавни набавки; (е) сигурност на трансакциите (ж) пазар на хартии од вредност

КонтактEBRD contact person: Ginny Makepeace Awosunle, [email protected]

Назив на Проектот Македонска агенција за супервизија на осигурувањето – развој на системот за раководење со информатичкиот систем

Референца EBRDZ63703

Финансиска референца

31947

Вид на набавка Услуги

Финансиер ЕБРД

Земја Македонија

Објавено на 15.3. 2011 година

Краен рок за апликација

28.3. 2011 година

СекториИнформатичка технологија:Финансии - банкарство

Опис на Проектот Развој и имплементација на информатички систем (so�ware) заподдршка на супервизорските процеси.максимален буџет: 292,000.00 евра; времетраење 24 месеци

КонтактАгенција за супервизија на осигурувањето e-mail: [email protected]. Petar Javevski, email: [email protected]. Slagjana Miljkovik, [email protected] Ginny Makepeace Awosunle (Enquiries)European Bank for Reconstruc�on and DevelopmentTel: + 44 207 338 6369 Fax: + 44 207 338 74 [email protected]

Назив на Проектот META-евалуација на GEF по земји

Референца WB1345-795/11

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Baha-mas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republicof the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, DominicanRepublic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�,Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon,Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Is-lands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco,Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�sand Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Ara-bia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emir-ates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на

Краен рок за апликација

28.3. 2011 година

Сектори Животна околина

управување со програми

Опис на Проектот Проектот бара консултанти за евалуација на -портфолиото на земјата -случаи по земји

КонтактContact: Web site:. h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

Назив на Проектот BA-Сараево: IPA — испорака на опрема за 3 иновациски и истражувачки центри во БиХ Update

Референца EuropeAid/129679/C/SUP/BA

Финансиска референца

BGUE-B2010-22.020200-C8-ELARG DELBIH

Вид на набавка испораки

Финансиер Европска комисија

Земја БиХ

Објавено на

Краен рок за апликација

18.4. 2011 година

СекториИнформатичка технологија: - Hardware / Equipment / So�wareкомуникации, односи со јавност

Опис на Проектот LOT 1. servers, desktops and so�ware. LOT 2. printer, scanners and ac�venetwork equipment LOT 3. projectors and accessories. LOT 4. conference rooms equipment. LOT 5. mul�media equipment and so�ware. LOT 6. vide-oconferencing equipment. LOT 7. computer integrated manufacturing unit equipment (CIM). LOT 8. measuring equipment. LOT 9. prototyping/model-ling equipment

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Page 34: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 24 март 2011

Контакт(Supplement to the Official Journal of the European Union, 21.1.2011, 2011/S 14-020360

Назив на Проектот Проект за регистрација во катастарот на недвижнини

Референца WB1378-796/11

Финансиска референца

Loan No. 7928-MK; Project Id: P083126

Вид на набавка услуги

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 17.3. 2011 година

Краен рок за апликација

4.4. 2011 година

Сектори Земјоделство-рурален развој

комуникации, односи со јавност

Опис на Проектот Зголемување на јавната свест и поддршка на имплементацијата на реформата во системот на регистрација на недвижнините, дигитализација на мапите и промоција на новата интернет технологија

КонтактАгенција за катастар на недвижнини Проектна единица Татјана Ценова Митревска Трифун Хаџи Јанев 10. 1000 Скопје, Република Македонија. Fax: +389 2 3175 987 ext. 103. E-mail: [email protected]

Назив на Проектот MK-Скопје: IPA — надзор на врските долж коридорот 10 на автопатот секција Демир Капија- Смоквица Надополнување

Референца EuropeAid/131014/D/SER/MK

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 3.3.2011 година

Краен рок за апликација

18.4. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг

Опис на Проектот Надзор над градежните работи на новиот автопат на секцијата Демир Капија-Смоквица. Максимален буџет: 13 000 000 евра

КонтактМинистерство за финансии, Централна единица за финансирање и договарање, Скопје, Република Македонија. Internet: h�p://cfcd.finance.gov.mk/

Назив на Проектот MK-Скопје: градежни работи на катна гаража, надополнување Update

Референца ECZ60900 – земји-кандидати

Финансиска референца

ECZ60900-Candidate countries 2010/S 220-337212; 2010/S 236-359007; 2010/S 254-389943

Вид на набавка Услуги, испораки, градежни работи

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 16.3.2011 година

Краен рок за апликација

19.4. 2011 година

СекториГрадежништво – инженеринг:информатичка технологија комуникации, односи со јавност транспорт Опис на Проектот Испорака и инсталација на машинска и електроинсталација, опрема и софтвер, тестирање на опремата, тренинг на операторите, одржување на системот и на опремата за гарантниот период

КонтактЈавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен просторОрце Николов .138Contact: Aleksandra Pecova1000 Скопје Република МакедонијаTel. +389 72241151 +389 72241151 E-mail: [email protected], [email protected] +389 23111195Internet address(es) h�p://www.jpssdp.gov.mkAddress of the buyer profile h�p://www.jpssdp.gov.mk

Назив на Проектот Македонија – Проект на Коридорот 10 - имплементација на систем за наплата, надополнување

Референца EBRDZ63768

Финансиска референца.

Procurement ref: 32206; Project number: 42504

Вид на набавка услуги

Финансиер ЕБРД

Земја Македонија

Објавено на 16.3. 2011 година

Краен рок за апликација

8 .4. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг

Управување со програми транспорт

Опис на Проектот Имплементација на системот за наплата и заштита на инвестициите и испорака на модерен систем за наплата со соодветна опрема и системи. Консултантот треба да помогне за пробниот период на работа на системот за период од 6 месеци.

КонтактЉупка Аврамовска Агенција за државни патиштаДаме Груев 141000 Скопје Република МакедонијаTel. + 389 2 3 118 044 ext. 135Fax. + 389 2 3 220 535Email: [email protected] EBRD’s Contact Person:(Enquiries to:)Ginny Makepeace AwosunleEuropean Bank for Reconstruc�on and DevelopmentOne Exchange SquareLondon EC2A 2JNTel: + 44 20 7338 6369 Fax: +44 20 7338 7451E-mail: [email protected]

Назив на Проектот Проект за испорака на локални услуги

Референца WB1438-796/11

Финансиска референца

Loan Number 7510-YF; Project Id: P096823

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

Земја Србија

Објавено на

Краен рок за апликација

10.5. 2011 година

СекториИнформатичка технологија: - Hardware / Equipment / So�ware

Опис на Проектот Испорака на опрема за мрежно поврзување

КонтактContact: Dom zdravlja Savski venac. Delivery of Improved of Local Services (DILS) Project. Fiduciary Service Unit / Procurement Office.Pasterova 1. 11000 Belgrade, Republic of Serbia. Tel/Fax: +381 (11) 3606 400. E-mail: [email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАКонтакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044

факс.3244088е-маил[email protected]

www.mchamber.mk

Page 35: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 24 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 24.3.2011 годинаМАКЕДОНСKO-КОСОВСКИ БИЗНИС-ФОРУМ Хотел „Александар Палас“ - Скопје

Претстојната официјална посета на претседателот на Република Косово, Беџет Пацоли, на Република Македонија, ќе се реализира со придружба на стопанска делегација. Во рамките на посетата ќе се одржи Македонско-косовски бизнис-форум, на 24 март 2011 година, во Скопје, во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 9.30 часот.Потврдено е учество на дваесетина косовски компании од повеќе стопански дејности: земјоделие и прехранбена индустрија, производство на мебел, градежништво, осигурување и др.Домаќин на Бизнис-форумот ќе биде Др. Фатмир Бесими, министер за економија.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Клуб за Блиски Исток и МагребСРЕДБА ВО ПРЕСРЕТ НА ПОСЕТАТА НА ИНВЕСТИТОРИ ОД КАТАР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА24.3.2011 година, во 10:00 часотСтопанска комора на Македонија, сала 3 на 3. кат

Доколку имате инвестиционен проект, слободен инвестиционен капацитет, барате инвеститор за green field инвестиција или jointventure, постои можност Вашите проекти да ги реализирате со

инвеститори од Катар, од 6-7 јуни 2011 година во Скопје. За време на официјалната посета на Емирот на Катар на Република Македонија, македонските компании, со инвестициони проекти, ќе имаат можност да се сретнат со катарски инвеститори – компании-членки на Трговската комора на Катар и Асоцијацијата на бизнисмени на Катар. Доколку сте заинтересирани за настанот, потврдете го Вашиот интерес за учество на подготвителната седница, на 24 март 2011 година. во Стопанската комора

на Македонија. На средбата ќе се разговара за следното: 1. Информација за претстојната официјална посета на Емирот од Катар на Република Македонија, предвидена во јуни 2011 година; 2. Подготовки за промоција на инвестиционите можности на Република Македонија - доставување инвестициони проекти со цел привлекување инвеститори од Катар.

Регионалната комора со седиште во Скопје, ве води на Меѓународниот саем за висока технологија во НР Кина, од 18 do 21 мај 2011 година „CHITEC 2011” ВО ПЕКИНГОбезбеден бесплатен штанд за излагачите!

Во периодот од 18 до 21 мај 2011 година, Регионалната комора со седиште во Скопје, во соработката со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за висока технологија “CHITEC 2011”, во Пекинг, Народна

Република Кина.Саемот за висока технологија во Пекинг е исклучителен настан во својата област, се простира на површина од преку 60 илјади м2, а на кој преку 2000 организации и компании вообичаено учествуваат секоја година. Саемската манифестација ја посетуваат над 200 илјади луѓе од Кина и од светот.На Саемот се излагаат најновите достигнувања во индустријата на високата технологија, вклучувајќи ја електрониката, комуникациските и информатичките технологии, енергијата и заштитата на животната средина, во биомедицината, технологијата за автомобилската индустрија, индустријата за рециклажа, зелени и иновативни технологии, а присутни се и компании кои бараат инвеститори и вложувања во постојни проекти.Р е г и о н а л н а т а комора со седиште во Скопје врз основа на својата соработка со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, која е еден од организаторите на Саемот, обезбеди бесплатен штанд за излагачи кои ќе се претстават на колективниот штанд на Стопанската комора на Белград. Покрај тоа, на сите излагачи им се нуди можност за организирање деловни средби со кинески стопанственици и презентација на нивните производи, идеи, проекти и изнаоѓање на адекватни партнери за соработка.Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2011 година. Пријавниот лист, регистрациониот формулар и програмата може да се преземат од веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk

Контакт:Венера АндриевскаТел:02 3244037; Факс:02 [email protected]

На 25 март 2011 годинаИНФОРМАТИВНА СРЕДБА ЗА СВЕТСКИ КОНГРЕС НА ЕХЕДГЗА ХИГИЕНСКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈНСтопанска комора на Македонија, во 11 часот

ЕХЕДГ (Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн) e организација основана во 1989 година и претставува светска мрежа со членство од околу 700 експерти и над 150 компании/институти, кои обезбедуваат поддршка и даваат насоки на производителите и преработувачите на храна, производителите на опрема и материјали за пакување, националните и меѓународните организации за стандардизација итн.Со својата работа во 16 регионални секции и 18 активни подгрупи, во Европа и ширум светот, експертите на ЕХЕДГ до сега имаат развиено и објавено повеќе од 40 прирачници, покривајќи широк спектар на теми, како и организирано бројни меѓународни и локални тренинзи, семинари, конференции и настани за да го дисеминираат своето знаење од областа на хигиенски дизајн. Сертификацијата на опрема што се изведува во ЕХЕДГ тест институтите, претставува највисок меѓународно признаен хигиенски стандард.Проф. д-р Владимир Какуринов е претседател на Македонската регионална секција на ЕХЕДГ. На конференцијата во Санкт Петербург во октомври 2010 година на земјава и беше доделена организацијата на Светскиот конгрес на ЕХЕДГ за хигиенско инженерство и дизајн 2011 - Македонија.Конгресот кој ќе се одржи во Охрид ,од 22 до 24 септември 2011 година, во Хотел „Гранит“. Крајниот рок за поднесување на апстрактите за стручни и научни трудови е 31.3.2011 година. Повеќе за овој настан може да се најде на сајтот на Конгресот:

Page 36: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 24 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ www.ehedg.mk За условите за членство во ЕХЕДГ повеќе детали може да се најдат на веб-страната: h�p://www.key.com.mk/catego-ries/view/8 или на www.ehedg.org Конгресот ќе го отвори директорот на новата Агенција за ветерина и храна, Дејан Рунтевски. Со цел успешно промовирање на Конгресот, во просториите на

Стопанската комора на Македонија ќе се одржи ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА, на којашто ќе говори претседателот на Македонската регионална секција на ЕХЕДГ, проф. д-р Владимир Какуринов, како и директорот на Агенцијата за ветерина и храна, Дејан Рунтевски. Средбата е со информативна функција, но изаради директен повик до сите стопанственици, членки на Комората, да земат активно учество на овој Конгрес, поради големото значење на овој настан за Македонија, а особено за секторот на производство на храна, опрема за производство на храна, амбалажа, транспорт ...

Контакт: Васко Ристовски Тел: (02) 3244014; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Еднодневен семинар „ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ“

29 март 2011 година (вторник)од 10-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

1. Обврските на надлежните органи за спроведување на Законот:-предмет на законот-инвентаризација на бесправните градби-анализа на можностите за легализација на едидентираните бесправни градбиФиданчо Стоев, судија во пензија2. Постапка за утврдување статус на бесправна градба:- барање за утврдување статус на бесправна градба;- урбанистичка согласност;- стандарди за вклопување на бесправните градби во плановите за

урбанизација. Ранко Максимовски, судија во пензија3. Надоместок за утврдување на правен статус и Решение за утврување на правен статус на градбата:-висина на надоместок за бесправна градба;-содржина на Решение за утврдување на правен статус на градбата;

-откуп на земјиште сопственост на РМ на кое е изградено бесправна градба;-подзаконски прописи за спроведување на законот.Теофил Томановиќ, судија во пензијаСите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25 март 2011 година. Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари за 1 учесник (4500+ДДВ) за компании членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Лица за контакт:Ленче Зикова Елизабета Ефтимовател:02 32 44 054 тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 088 [email protected] be�@mchamber.mk

Покана Конститутивна седница на Асоцијацијата за здравство

Поканата е врз основа на Заклучокот од Иницијативниот состанок (10.3.2011 година) и прифатената иницијатива за формирање на Асоцијација за здравство како посебна организациона форма на делување на заинтересираните стопански субјекти кои во рамките на својата стопанска дејност вршат активности во: производството, увозот и користењето на фармацевтски производи, медицински помагала, медицинска опрема и потрошен материјал и кои вршат здравствени услуги во приватни здравствени установи, а согласно членот 34 од Статутот на Стопанската комора на Македонија. Д н е в е н р е д1. Усвојување на Предлог-статутот на Асоцијацијата за здравство;2. Избор на претседател и заменик-претседател на Асоцијацијата за здравство;3. Програмски насоки на делување и активности на Асоцијацијата во тековната година – предлози од членките;4. Р а з н о.

Конститутивната седница ќе се одржи на 30.3.2011 година (среда), со почеток во 14:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на трети кат.

Oд 31 март до 3 април 2011 година во Република Турција“EXPOMED 2011” ВО ИСТАНБУЛ*Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во периодот од 31 март до 3 април 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Меѓународниот саем за медицина , “EXPOMED 2011”.Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа:

18. Меѓународен саем за медицинска анализа, дијагностичко здравство, болнички материјали и сида-рехабилитација ”EXPOMED 2011”; 14. Меѓународен саем за лабораториска технологија и опрема “LABTEH 2011”; Меѓународниот саем за бањи, центри за рехабилитација, медицински производи и опрема “EXPOTHER-MAL 2011” и Меѓународниот саем за болници и здравствени центри “HOSPI-TALS AND HEALTH CENTERS FAIR и ICSM EXPO 2011“.Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на медицината, медицинска опрема, бањи и центри за рехабилитација, на кои свое учество ќе земат реномирани

компании од поголем број земји. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор, АДОНИС ГРУП, организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на саемската манифестација од 31.3 до 2.4. 2011 година.Обезбедено е бесплатно сместување за две ноќевања со појадок, влезници за Саемот, трансфер од хотел до Саемот и ручек за два дена. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци по лице за саемскиот организатор АДОНИС ГРУП од 95 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци), како и организаторски трошоци за Комората. Пријавување за посета на саемската манифестација е најдоцна до 25 март 2011 година. Пријавниот лист може да се преземе од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Венера Андриевска, Влатко Стојановски,Тел: 3244037; Факс:3244088 Тел:3244004; факс: 32 44 088 [email protected] [email protected]

Page 37: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 24 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 9.4.2011 годинаСеминар:„ИНКОТЕРМС 2010“Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3 катод 12 до 16 часот

-Што е тоа Инкотермс и зошто 2010? - Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс-правило?-Дали сте информирани за најновите измени на Меѓународните трговски правила – Incoterms® 2010 by the Interna�onal Chamberof Commerce (ICC)?Во насока на еднообразното толкување на правилата во меѓународната трговија коешто ја олеснува размената и помага да се избегнат меѓународните спорови и недоразбирање меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија, организира семинар на тема: “Инкотермс 2010”, што ќе се одржи на 9.4.2011 година, од 12 до 16 часот, во Комората. Програма 1. “ИНКОТЕРМС 2010”- Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2010?- Зошто се содржани во секоја фактура за промет со стоки во надворешната трговска размена?- Кои се предностите на ИНКОТЕРМС?- Тие се дел од договорот за ...?- Што не е ИНКОТЕРМС?- Поделба во 2 и 4 групи - ИНКОТЕРМС и институциските карго-клаузули за осигурување на стока- ИНКОТЕРМС и царинската вредност- Како да се користат правилата ИНКОТЕРМС 2010?- Кои се главните карактеристики на ИНКОТЕРМС 2010?- Кои правила се укинати, а кои се НОВИ?- Поединечните карактеристики на сите ИНКОТЕРМС правила:EXW, FCA, CPT, CIP, DAT, DAP, DDU, FAS, FOB, CFR, CIF.Предавач: Карло Змајшек, директор на Центарот за шпедиција во „Макпетрол“ АД – Скопје.Семинарот е наменет за: компании извозници, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со меѓународна трговија, сметководители, финансии и слично.Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 5 април 2011 година.Сите учесници на семинарот ќе добијат практичен прирачник за „Инкотермс 2010“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mkКонтакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 14 до 16 април 2011 година во ОхридМЕЖУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗАТЕХНИКА ЗА ЛАДЕЊЕ

Во покануваме на 4. Меѓународна конференција за техника за ладење (климатизација и топлински пумпи) во организација на Машинскиот факултет - Скопје и Меѓународниот институт за ладење (Interna�onal Ins�tute of Refrigera�on - Paris).Подготвена е и прелиминарната програма со трудови од врвни светски експерти. Искористете ја оваа можност да се информирате за вистинските насоки на развојот на ладилната технологија, со оглед на потресите во оваа област предизвикани од глобалните закани: климатските промени и оштетувањето на озонска обвивка. Исто така, ќе имате можност да се сретнете и да размените искуства со експерти од водечките фирми за ладење и климатизација: GEA,

Johnson Controls/Sabroe, Mayekawa, Bal�more Aircoil, Evapco, LU-VE,Guentner, Alfa Laval, Axima, Star Refrigera�on, Ingersoll Rand, EmersonClimate Technologies, Zudek, Unilever, Kra� Foods Global, од познатиуниверзитети и истражувачки институции. Подетални информации можете да најдете на веб-страницата на Конференцијата www.mf.edu.mk/web_ohrid2009/ohrid-2009.html Претседател на Организациониот одбор, проф. д-р Ристо Цицонков (тел. 3064-762; 070 379-366, [email protected]).

Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 13 до 17 април 2011 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Супетар, Република ХрватскаБРАЧ СО „БИСЕР НА МОРЕТО“

Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 13 до 17 април 2011 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на шестата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит.

„Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во шест дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и редавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето на рацепти од ова поднебје и се вратија со вкупно 36 медали. Стопанската комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено бесплатно сместување. Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба

Page 38: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 24 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 30 март 2011 година. Повеќе информации и Пријавниот лист може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Венера Андриевскател:3244037; факс:3244088E-mail:[email protected]

Од 20 до 22.4.2011 година во Република Црна ГораСАЕМ ЗА ЕКОЛОГИЈА ВО БУДВА

Саемот е наменет за презентација и комерцијализација на опрема, уреди и средства за рециклажа и заштита на животната средина, алтернативни извори на енергија, обновлива енергија, опрема и средства за заштита и уредување на урбаните населби, природни реткости и културно богатство.Интерес за учество на овој саем посебно изразуваат креатори на еко-проекти, производители на еко-храна, еколошки сојузи и стручни здруженија.

Посебен интерес за оваа саемска манифестација има и кај креаторите на политиките за животна средина, од ресорни министерства, до специјализирани агенции, јавни претпријатија и институции. Низ претставување на проекти за мониторинг-системи за заштита на животната средина, како и стратегии и едукативни програми, значително се придонесува кон зголемување на свеста за екологијата, како предуслов за општествено-економскиот развој.Во рамките на оваа манифестација, традиционално ќе се одржи и 6. Саем за вода, водовод и санитарна технологија.Заинтересираните за подетални информации може да го контактираат саемскиот организатор на тел. +382 33 410 405 или на e-mail: marke�[email protected]

Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 7 – до 11.5.2011 година во Република ИталијаСАЕМ ЗА ХРАНА “TUTTOFOOD 2011”ВО МИЛАНО

Во периодот од 7 до 11 мај 2011 година, Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на Меѓународниот саем за храна “TUTTOFOOD 2011” во Милано, Република Италија.Оваа саемска манифестација со својата разновидна

концептуалност, професинална публика и излагачи, меѓу кои и најголемите светски трговски синџири го зазeма приматот на една од најзначајните манифестации од меѓународен карактер за прехранбена индустрија.“TUTTOFOOD 2011” ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на сите видови прехранбени производи и тоа:- леб, замени за леб и пекарски производи; ориз, житарки и додатоци; какао, шеќер и засладувачи; кафе; млечни производи; кондиторска индустрија и додатоци; слаткарство; диететска и храна за бебиња; месо, сувомесни производи, јајца и масла за јадење; свежа и замрзната храна; гастрономија; здрава и органска храна; суровини, полупроизводи и адитиви; вино, алкохолни безалкохолни пијалаци; кетеринг-услуги и др.Идеалниот амбиент за ваков реномиран настан може да биде само Италија, каде што потрошувачката на храна претставува еден од најважните економски извори на земјата, а посебно Милано, кој е познат како светски гастрономски центар. Стопанската комора на Македонија организира заедничка посета на македонски компании на овогодинешното издание на “TUT-TOFOOD 2011”, со организиран авионски превоз и хотелско сместување. Посетата на Саемот ќе се одржи од 7 до 11 мај 2011 година (четири ноќевања), а трошоците за превоз и сместување ги покриваат учесниците. Сите заинтересирани компании своето учество на Меѓународниот саем за храна во Милано, можат да го пријават најдоцна до 6.4.2011 година.Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 10 до 12 мај 2011 година Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа во Република Србија„SEE AUTO COMPO NET 2011“ ВО КРАГУЕВАЦ

Од 10 до 12 Мај 2011 година во Крагуевац, Република Србија, ќе се одржи Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа „SEE Auto Compo Net 2011“. На овој саем ќе се престават нај еминентните производители, добавувачи, купувачи и корисниците на производите и услуги за производство на компоненти од Србија и Југоисточна Европа. Со неговото повторно одржување овој саем станува централно место на кое учествуваат добавувачи, купувачи и монтажери, производители на опрема и машини заедно со корисниците на производите и услуги за производство, одржување и сервисирање на автомобили и комерцијални возила. Саемот „SEE Auto Compo Net 2011“ ќе се одржи на 1.600 м2 изложбен простор. Саемот ќе трае три дена, при што е планирано во рамките на истиот да се организираат и одржат многубројни манифестации од типот на тркалезни маси, презентации, програм за развој на добавувачите, средби со купувачи и сл. Со учество на оваа манифестација на која производителите на компоненти можат да ги презентираат своите производи, ќе можат да остварат деловно комерцијални резултати. На првиот ден на Саемот ( 10 мај 2011 година) како централен настан се најавува „Средба со купувачите“, што ќе го привлече вниманието на производителите на компоненти од земјата поради можноста за директни деловни средби со производителите од Југоисточна Европа. Исто така, во рамките на саемот ќе се одржи средба на коморите и автомобилските кластери од регионот. Подетални информации може да се добијат во Стопанска

Page 39: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 24 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ комора на Македонија.Контакт:Војкан Николовски,тел.02 3244068E-mail [email protected]

Од 18 до 21.5.2011 година во Република КосовоСАЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ТЕХНИКА, ДРВНА ИНДУСТРИЈА „EXPOKOS 2011“ ВО ПРИШТИНА

*За излагачите 10 отсто попуст на саемскиот аранжман *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници

Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организираучество и посета на македонски компании на

најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2011“ во Приштина, Косово.„EXPOKOS 2011“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, електроиндустрија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти.Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 15 април 2011 година.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 4 до 13 ноември 2011 година во ШвајцаријаСАЕМ ЗА ПРЕХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН * Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за прехрана и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати

Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови:- бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување;- во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалоци;- за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна;- за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно). „COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: - месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници;- млеко и млечни производи;- риба; - какао, бонбони, чоколади, сладолед;- брашно и производи од брашно;- диетална, макробиотичка храна;- производители на здрава, био и органска храна;- пакување (хартија, фолија, пластика);- конзервирана храна;- природна минерална и изворска вода;- безалкохолни и енергетски пијалаци;- сокови сирупи и екстрати;- пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво;- вина од сите винарски земји и региони;- вински и овошни ликери, овошни и други ракии;- јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство;- опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност на учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбенатаиндустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни) туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMP-TOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 15.3.2011 година.

Контакти:Венера Андриевскател:3244037; факс:3244088E-mail:[email protected]

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) [email protected]

Page 40: Бизнис ИНФО број 46 од 24.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО40 четврток, 24 март 2011

Македонска компанија нуди на продажба на објекти лоцирани на 14 км од градот Делчево,

во с. Бигла на 800 м надморска височина, постојат 3 производствени погони и повеќе услужни објекти ( портирница,ресторан со

кујнаи магацин,котларница за јаглен и магацин за готови производи)

Локацијата зафаќа површина од 1.850 м2 под објекти и вкупна површина на останато

земјиште од 26.841м2.Валидност до:15.11.2011

Македонска компанија нуди на продажба фабрика лоцирана во градот Гостивар 60 км од Скопје фабриката е соодветно поврзана

со патишта и железница во рамките на Македонија и меѓународно преку соседните

земји Грција,Бугарија,Србија, Црна Гора и Албанија,комплексот зафаќа површина

147.000 м2 а опфаќа производни,услужни и административни објекти со вкупна

површина од 30.095 м2 и вкупна површина на останато земјиште од 115.100м2.Во рамките

на локацијата е изградена и станица за складирање, дистрибуција и полнење на течен

нафтен гас(пропан -бутан) сопственпост на компанијата

Валидност до:15.11.2011

Компанијата ИМПУЛС ДОО Скопје од Република Македонија-компанија за

телекомуникации бара соработници за отварање свое претставништво во Белград,

Приштина и Тирана за дистрибуција и продажба на мобилни телефонски апарати на

големо и малоВалидност до:18.11.2011

Австриска компанија бара соработка со македонски компании кои произведуваат

лимови,шипки и цевки во Република Македонија

Валидност до:22.04.2011

Македонска компанија нуди на продажба ексклузивен објект од 600 м2 на

ексклузивна локација во Скопје, кој може да биде пренаменет за хотел, лабораторија,

амбуланта или др. ДејностВалидност до:20.09.2011

Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за продажба на

големо на копчиња за облекаВалидност до:22.04.2011

Хрватска компанија бара соработка со македонски производители на конфекција за

пласман на копчињаВалидност до:22.05.2011

Грчка компанија бара соработка со македонски производители на обоено

предиво (ацрѕлиц ханд книттинг дѕед ѕарнс он баллс) за увоз во ГрцијаВалидност до:23.11.2011

Грчка компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на дрвен и метален

канцалариски мебелВалидност до:9.04.2011

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини

за производство на сладоледВалидност до:9.04.2011

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

сладолед во прав, млеко во прав и преливиВалидност до:9.04.2011

Македонска компанија бара соработка со трговци на големо на канцалариски

материјали во ТурцијаВалидност до:10.12.2011

Македонска компанија бара соработка со трговци на големо на канцалариски

материјали во БугаријаВалидност до:10.12.2011

Компанија од Полска бара заедничко вложување во фирми производители на лакови и бои во Република Македонија

Валидност до:11.05.2011

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на големо

на ткаенини за женска и дечја облека во модерни бои и по специјални цени

Ткаенини како кепер, пуплин, памучен сомотВалидност до:11.06.2011

Компанија од Романија бара да соработува со фирми во Република Македонија кои

рециклираат стари акумулатори за возилаВалидност до:11.07.2011

Компанија од Шведска бара дистрибутер во Република македонија за пласман на

алуминиумски конструкции наменети за ( автобуски постројки,билборди,огласни табли

и др.)Валидност до:14.06.2011

Компанија од Црна Гора бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на цвеќе

–лалињаВалидност до:14.06.2011

Компанија од Црна Гора бара соработка со македонски производители на канцалариски

мебелВалидност до:15.08.2011

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лепила за етикети за хартиена, стаклена, метална и

пет амбалажаВалидност до:15.06.2011

Компанија од Шведска заинтересирана е да ги пласира македонските вина по

принципот пробен третман од 12 месеци по што се согледува интересот за продажба за

одреден тип на вино а потоа следи одлука за понатамошен пласман

Валидност до:15.12.2011

Компанија од Германија бара соработка во областа на туризмот во организирање на Е-Леарнинг Программе во Република

Македонија за германски туристиВалидност до:16.12.2011

Компанија од Германија бара соработка со пекарската индустрија во Република Македонија нудат продукти и идеи за

подготовка на пекарски производиВалидност до:16.07.2011

Германска компанија бара фирма во Република Македонија која може да

произведе чанти од кожа по нарачка 7000 до 10000 парчиња

Валидност до:16.12.2011

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

модерна опрема за чистење вклучувајки и машини

Валидност до:17.08.2011

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за еко-натурални производи со висок квалитет за чистење

Валидност до:17.08.2011

Компанија од Германија бара соработка со фирми во Република Македонија кои се

занимаваат со преработка на пластикаВалидност до:17.07.2011

Компанија од Турција бара соработка со македонски компании во пластичната индустрија за заедничко вложување

Валидност до:17.12.2011

Компанија од Чешка бара застапник во Република Македонија за пласман на

машини за хазардни игриВалидност до:17.12.2011

Бугарска компанија нуди канцалариски мебел за пласман во Репувлика Македонија

Валидност до:18.06.2011

Компанија од Германија бара застапник во Република Македонија за пласман на

настрешници за заштита од сонце (внатрешни и надворешни),тенди,ролетни,тенди за летни

бафчи,во разни бои,големини и дезениВалидност до:18.09.2011

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mkКонтакт:

Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски