68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 200 / ПЕТОК 08.02.2013 година IX звонко ТаСевСки: Архитектите не смеат да дозволат рамнодушност и затапеност ДАНОК НА СПАЛНА СОБА! Cidade de Deus неформално социјално домување броја со вас 200

Porta3 - 200

  • Upload
    porta3

  • View
    248

  • Download
    14

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Spisanie za gradeznistvo, arhitektura i ekologija

Citation preview

Page 1: Porta3 - 200

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 2

00 /

ПЕТ

ОК

08.0

2.20

13 го

дина

IXзвонко ТаСевСки:

Архитектите не смеат да дозволат

рамнодушност и затапеност

ДАНОК НА СПАЛНА СОБА!

Cidade de Deusнеформално социјално домување

броја

со ва

сбр

оја со

вас

броја

со ва

с

200

Page 2: Porta3 - 200

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

Page 3: Porta3 - 200

32

13

50

20 26

БРОЈ 200 ПЕТОК 08.02.2013 ГОДИНА IX

Денес во Вашите раце го имате 200. број на Порта3. Повеќе од осум години сме заедно. Кон крајот на далечната 2004 година , кога излезе првиот број, единствена желба ни беше да направиме списание кое ќе пополни една празнина во еснафската и медиумската средина во Македонија. И еве, ние и натаму ја продолжуваме нашата мисија. Се надеваме и на Ваше задоволство. - Не постои формула за успешен проект, затоа што секој за себе е посебна приказна. А секоја нова приказна нè воодушевува одново и одново, и станува нова, омилена - вели Звонко Тасевски, кој заедно со тимот од „ДСЦ Дизајн“ ја доби Големата награда за реализирано архитектонско дело за 2012 година. Инженерите од рудникот Бучим го решија проблемот со изворот на загадување на воздухот. Со биомелиорациска ревитализација на хидројаловиштето Тополница, со подигањето на шумските и тревните култури се промени пустинскиот амбиент на јаловиштето и тој се вклопи во околната природна средина. Неформално социјално домување. Во осумдесеттите години на минатиот век, Cidade de Deus претставува

едно од најнасилните места во Рио де Жанеиро. Меѓутоа она што некогаш беше набљудувано како изгубен случај, денеска со промената на економската клима во Бразил се разива како локален центар со економија во постојан пораст и сопствена локална валута на пари. Во последните години се направени големи промени во стандардите за изградба на средно-високи објекти во Европа и Северна Америка. Промените се направени за изградба на средно-високи објекти од лесна дрвна конструкција, без разлика дали се проектираат станбено-деловни или други објекти. "La Tallera Siguerios", едно од двете студија, кои го наследиле мексиканското културно наследство на уметникот Давид Алфаро Сигерос, повторно го отвора својот артистички програм во градот Куернавака, Морелос, Мексико. На прв поглед, со својата фасада од мрежeст бетонски блок кој ја маскира внатрешноста, музејот изгледа како приклонување на јазикот на мексикaнскиот модернизам. Но, постои нешто покомплексно зад контекстуалниот вел на објектот.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Насловна страница: ПОГЛЕД НА ФАВЕЛА, РИО ДЕ ЖАНЕИРО, БРАЗИЛ

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВАлександар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌБиљана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Ивана ГРУПЧЕКате АНТЕВСКАКире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати:

Маркетинг:

[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

ИНФО 06ЗЕЛЕНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИДНИНАТА

ГРАДЕЖНИШТВО 16МЕХАНИЧКА БРАНА - СПАС ЗА ВЕНЕЦИЈА

ДРВНО ГРАДЕЖНИШТВО 18

СРЕДНО-ВИСОКИ ЗГРАДИ ОД ЛЕСНА ДРВНА КОНСТРУКЦИЈА

УРБАНИЗАМ 20CIDADE DE DEUS, РИО ДЕ ЖАНЕИРО

НЕФОРМАЛНО СОЦИЈАЛНО ДОМУВАЊЕ

ИНТЕРВЈУ 26ЗВОНКО ТАСЕВСКИ:

АРХИТЕКТИТЕ НЕ СМЕАТ ДА ДОЗВОЛАТ РАМНОДУШНОСТ И ЗАТАПЕНОСТ

АРХИТЕКТУРА 32НОВА УМЕТНИЧКА ФАБРИКА

НА СИГЕРОС

ТЕХНОЛОГИЈА 50ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА КРСТОПАТ

ЕКСПЕРТ 52ДАНОК НА СПАЛНА СОБА!

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 2

00 /

ПЕТ

ОК

08.0

2.20

13 го

дина

IX

ЗВОНКО ТАСЕВСКИ:

Архитектите не смеат да дозволат

рамнодушност и затапеност

ДАНОК НА СПАЛНА СОБА!

Cidade de Deusнеформално социјално домување

броја

со ва

сбр

оја со

вас

броја

со ва

с

200

,

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

Page 4: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 201334

4

инфо BAU 2013, Минхен, ГерМанија

Намалување на CO2 емисиите преку паметни решенија во градежништвото Марија Гиновска, дипл.инж.арх.

александра Петровска, дипл.инж.арх.

Во периодот од 14 до 19 јануари, во Минхен, Германија, се одржа Саем за архитектура, градежни материјали и системи, BAU 2013. На овогодишниот

Саем, на површина од 183.000 м² и распределен во 16 хали, се претставија 2.060 изложувачи од 41 земја. Учествуваа водечки европски градежни брендови, како и нови компании кои со своите производи полека си го зацртуваат своето место на европската и светската градежна мапа. Халите беа тематски распределени според типот на материјали, разработувајќи ги сите градежни материјали, техничките решенија каде тие се вградуваат, како и поединечните системи на објектите од аспект на енергетика и безбедност. Покрај системите, кои се директно вградливи, саемот оваа година понуди и компјутерски решенија за објектите од аспект на проектирање и раководење на изведбата. Па така, во халите во одделот А беа застапени компании кои произведуваат и продаваат хемиски производи за градежништво, фасадни системи, префабрикувани елементи, кровни системи, завршни подни системи, материјали за заштита од пожар, звук, топли и ладни температури. Во халите во одделот Б беа застапени компании кои произведуваат и продаваат алуминиумски, дрвени и пластични производи за градежништво, како и елементи за изведба на соларна архитектура. Одделот Ц беше исполнет со компании кои ја поврзуваат ИТ технологијата со изградба и функционирање на објектите. Треба да се напомене дека кај поголем дел од компаниите, кои изложуваа на саемот, фокусот беше ставен на зголемување на енергетската ефикасност на објектите и намалување на CO2 емисиите преку паметни решенија во градежништвото.

наСТани Покрај изложбениот дел, во рамки на саемот се одржаа 24 трибини, распределени на четири основни теми, а се однесуваа на различни проектантски, урбанистички и енергетски аспекти на објектите.

Page 5: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 5

5

инфо

Уште еден значаен аспект на саемот се и натпреварите за најдобри решенија во различни области од градежништвото, а наградите ги додели Archi-World Academy Awards. Главната награда ја доби Диана Ватинјан од Русија, а ја додели познатиот архитект Даниел Либескинд, проектант на Еврејскиот Музеј во Берлин. Како врв на саемската манифестација

BAU 2013, во соработка со градот Минхен, се одржа 'The long night of Architecture', кога посетителите на саемот, заедно со граѓаните на Минхен имаа можност во текот на ноќта да ги посетат најинтересните објекти на градот. Овој настан вклучи 20.000 учесници, што дополнително зборува за неговата исклучителност и важност. Според последниот извештај од

саемот, оценката за неговата успешност е високо позитивна, како од страна на посетителите така и од изложувачите. Саемот беше одлично организиран и успешно маркетиншки обработен. Посетеноста го надмина рекордот од 2011 година со 235.000 посетители, од кои 60.000 странци, меѓу кои и познати светски архитекти со своите проектантски тимови.

аДора инЖенеринГ и стоПанска Банка нУДат ПовоЛен станБен креДит со 3,20% каМата

Станбен кредит со 3,20%, најниска каматна стапка досега во Македонија, со најповолни услови за купување стан, е новата специјална промотивна понуда нa „Адора Инженеринг“ со Стопанска банка. Со овој пакет, купувачите од страна на компанијата се субвенционирани при плаќањето на каматата во првите 3 години. Целта е да се стимулираат граѓаните да станат сопственици на нов квалитетен дом и да го решат животното прашање на најповолен начин. Приоритет на „Адора Инженеринг“ е и во услови на глобална економска криза, купувачите за цената која ја плаќаат, да добијат врвен квалитет на сигурен, асеизмичен, цврст и енергетски ефикасен дом, изграден по најновите светски стандарди, кој ќе им штеди енергија и пари, што е особено важно за стадардот на граѓаните.

Page 6: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 201336

6

инфо енерГеТСка ефикаСноСТ во зГраДи

Зелена стратегија за иднинатаАктуелните европски тенденции за зголемување на бројот на згради со енергетски потреби блиску до нула стануваат важни и во нашите национални планови, а обврските што произлегуваат од европската стратегија наложуваат обезбедување на механизми за нејзино спроведување преку донесување на подзаконски акти, одржување на обуки и издавање на сертификати за енергетските особини на зградите

Како земја кандидат за влез во ЕУ, преземаме обврска во своите национални планови, според донесената Директива на ЕУ 2010, да предвидиме зголемување на бројот на

згради со енергетски потреби блиску до нула. Актуелните европски тенденции за зголемување на бројот на згради со енергетски потреби блиску до нула стануваат важни и во нашите национални планови, а обврските што произлегуваат од европската стратегија наложуваат обезбедување на механизми за нејзино спроведување преку донесување на подзаконски акти, одржување на обуки и издавање на сертификати за енергетските особини на зградите. Со таа цел, а во организација на EBRD - BAS (European Bank for Reconstruction and Development - Business Advisory Services), Европска банка за обнова и

развој - Советодавен бизнис сервис и ТЕД Консалтинг, кон крајот на јануари, во пријатна атмосфера на хотелот Водно беше одржан неколкудневен семинар-обука за енергетска ефикасност во згради. Програмата поделена на повеќе модули започна со воведно излагање на организаторот и авторот на обуката м-р Живко Димов, дипл.маш.инж. експерт за термоенергетика и прв меѓународно сертифициран менаџмент консултант во Македонија, а слушателите ги поздравија директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија Лазар Гечевски, националниот програм директор на EBRD-BAS Македонија Маја Антеска, како и Елизабета Георгиевска претставник од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, институции кои го финансираа овој семинар. Актуелните тенденции во градежниот

сектор во земјите од ЕУ, начинот на кој тие се ефектуираат и нивната основна цел, како и состојбата во Република Македонија со енергетската ефикасност во зградите, механизмите за нејзино подобрување, изготвувањето на подзаконски акти и одржување на обуки беа темите за кои тој говореше. Посебно внимание привлече информацијата за подготовката на Правилник за ЕЕ во згради кој ќе биде даден на јавна расправа. Со него ќе се пропишуваат минималните барања за новите згради, енергетската контрола, правилата за проектирање и реконструкција на зградите, нивната типологија, евиденција и сертификација. Стручниот дел започна со обука водена од д-р Сања Поповска Василевска, а се однесуваше на соларната енергија во зградите. Беа прикажани можните технологии за користење на соларната

Билјана стевковска-савиќ, дипл.инж.арх.

Учесниците на семинарот посветен на енергетска ефикасност во зградите

Page 7: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 7

7

инфо

сектор во земјите од ЕУ, начинот на кој тие се ефектуираат и нивната основна цел, како и состојбата во Република Македонија со енергетската ефикасност во зградите, механизмите за нејзино подобрување, изготвувањето на подзаконски акти и одржување на обуки беа темите за кои тој говореше. Посебно внимание привлече информацијата за подготовката на Правилник за ЕЕ во згради кој ќе биде даден на јавна расправа. Со него ќе се пропишуваат минималните барања за новите згради, енергетската контрола, правилата за проектирање и реконструкција на зградите, нивната типологија, евиденција и сертификација. Стручниот дел започна со обука водена од д-р Сања Поповска Василевска, а се однесуваше на соларната енергија во зградите. Беа прикажани можните технологии за користење на соларната

енергија во зградите, пасивното користење, термалните системи за санитарна вода и за греење, соларните термални системи за разладување, како и фотонапонските системи за производство на струја. Се анализираа главните компоненти на секој поединечен систем и се прикажаа примери од светската практика. Детално беше објаснет и поимот пасивна куќа со техничка спецификација, детали и примери. Низ посебни модули кои ја третираа проблематиката за обвивка на зградите, изведба на енергетски ефикасни фасади, ефикасни инсталации за греење, вентилација и климатизација, фотонапонски системи итн.,слушателите беа запознати со начините на природно осветлување, методологијата за подобрување на технологијата на зградите и згради со една и двојна обвивка. Исто така се презентираа подземните топлински пумпи, принципите на работа и дистрибуцијата на топлината, како и воздушните топлински пумпи, видови и опрема. Презентацијата на модулите за употребата на био маса во загревањето на ЕЕ згради, преку табели и дијаграми ги даваше карактеристиките на одделните видови гориво и примери за чинењето при загревањето со таков вид гориво. М-р Петар Евросимовски ги запозна слушателите со ЕЕ во осветлувањето. По воведното објаснување за природата на светлината, температурата на боите, светлинските технички величини и видови светлосни извори, беа дадени примери за енергетски ефикасно осветлување. Следеше анализа на фотонапонската технологија за добивање електрична енергија и објаснети соларните фотонапонски материјали, типовите и начинот на работа. На крајот, со слика беа прикажани примери на различни типови фотонапонски системи и различни можности за нивно користење. Своето долгогодишно искуство и знаење од областа на ЕЕ, м-р Живко Димов го пренесе зборувајќи за прелиминарна и детална енергетска контрола (ЕК), процедурите, состојбата со законската рамка за ЕЕ во

Република Македонија, видови на ЕК, начин на спроведување, што треба да содржи извештајот за ЕК, како и за начинот, постапката и условите за избор на правни лица кои ќе вршат обуки за енергетски контроли. Модулот што следеше, презентиран од Димитар Болиновски, прикажа различни инструменти за енергетска контрола, а со термална камера практично беше покажана енергетската контрола на самата зграда на хотелот. Посебно беа објаснети методи за недеструктивна контрола, кога и како се применуваат, генералната процедура и како таа се применува на згради. Особен интерес кај присутните побуди приказот на извршената енергетска контрола на хотел во Охрид минатата година. Постапно беше објаснета процедурата на деталната енергетска контрола, предложените енергетско ефикасни мерки и нивните технички решенија. Тој хотел сега е во фаза на реконструкција.Управувањето и одржувањето во зградите како важен дел од енергетската контрола беа разгледувани одделно и детално. На крајот од обуката ЕЕ во згради беше разгледувана од економски аспект. За ESKO компаниите (Energy Service Companies), нивната улога, регулирањето на ризиците, бизнис моделот и неговата имплементација, пазарните механизми за користење на компаниите како и разликата со другите модели, зборуваше м-р Ристо Иванов. Претпладневната сесија од последниот ден на обуката заврши со вежба. Лидерите на трите тима слушатели ги образложија решенијата на зададената вежба за енергетски услуги во различни објекти, за потоа да се дискутира за добрите или лоши страни на предложеното решение. Пред доделувањето на сертификатите за учество во обуката, м-р Иванов информираше за потребата од следење на ЕУ стратегијата за ЕЕ преку програмите на ЕУ. Притоа важно место зазема Build up skills (градење на капацитети во сектор високоградба) т.е. иницијативата за оспособување на работната сила за реализирање на ЕЕ објекти.

М-р Живко ДиМов:вреМе за пракТично ДејСТвувањеГосподине Димов, ве молам да ни одговорите зошто се одржуваат вакви обуки? Потребите на ЕУ за стратегијата 20-20-20, заштеда на енергија во Република Македонија, потребите на фирмите ефикасно да работат со оптимална потрошувачка на енергија, потребата да живееме во загреани станови со умерена потрошувачка на енергија, потребата да ја сочуваме нашата планета за идните поколенија бара и одржување на вакви обуки.

кои образовни профили се опфатени со овој вид на обука? Обуката е наменета за архитекти, машински инженери (термика), електро инженери, екологисти, градежни инженери, економисти, фирми кои се занимаваат со високоградба и реконструкции.

Дали се планира и некој друг вид обуки за други образовни профили? Да, специјализирани, на пример само за архитекти од областа на енергетска ефикасност, или за инженери за инсталации за греење, вентилација и климатизација итн...

колку реализирањето на енергетски ефикасни објекти во република Македонија е визионерска работа? Веќе не е визионерска работа, туку време за практично дејствување: градење на згради со енергетска ефикасност, интензивна реконструкција на згради, отворање на фирми за изведба на енергетска ефикасност, нови работни места (7-8 илјади), практичен бизнис од над 80 милиони евра годишно!!!This project is funded by The European Union

Page 8: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 201338

8

Б

инфо Љубица и анГел СТефановСки уЖиваа во аТракцииТе на Дубаи

„Адора инженеринг“ ни го откри чудесниот свет на Дубаи

„Никогаш нема да го заборавиме прекрасното патување во Дубаи. Благодарение на „Адора инженеринг“.

Прв пат стапнавме на Блискиот Исток и го откривме магичниот град, кој несопирливо се развива, многу се гради и е една од најпосетените туристички дестинации во светот. Дубаи плени со модерниот сјај, кој е совршено споен со ориентралната традиција и култура на една од најбогатите држави на земјината топка“, импресионирано раскажуваат Љубица и Ангел Стефановски од Скопје, кои од 24 до 29 јануари беа на петдневно наградно патување во Дубаи. Имињата на двајцата купувачи од Скопје беа извлечени меѓу повеќе од 1.000 купувачи на станови во наградната игра што градежната компанија ја организираше за 10-годишниот јубилеј. „Кога ја дознав веста, не ми се веруваше. Не знаев за наградната игра, но кога ми се јави извршната директорка на „Адора инженеринг“, Драгана Чифлиганец, со

големо изненадување и возбуда сфатив дека прв пат во животот некој ми подари нешто. Досега се што имаме, со сопругата Љубица сме заработиле чесно со многу труд и со сопствени раце. Многу сме задоволни од „Адора инженеринг“, која е сериозна компанија, со професионален и коректен однос кон купувачите, чии станови се многу квалитетни и сигурни, во што се уверивме со купените два стана во Ѓорче Петров во Скопје, кои ни донесоа и среќно патување, зашто не извлече благородната рака на Архиепископот и поглавар на МПЦ, г.г. Стефан“, вели Ангел Стефановски, кој е многу благодарен на генералниот директор на „Адора инженеринг“, д-р Ванчо Чифлиганец и на целиот тим на компанијата. Дубаи во сеќавањата на сопружниците Стефановски ќе остане запаметен како градежно чудо. Во сред пустина успеале да направат модерни зданија кои се градат секојдневно, со многу хотели, меѓу кои и атрактивниот „Едреник“ во водите на океанот, хотел со седум ѕвезди, каде ноќевањето чини 30.000 евра. Ќе се сеќаваат и по „Бурџ Халифа“, највисокиот облакодер во светот со 825 метри, Златниот

пазар преполн со прекрасен накит, по најголемиот аквариум во светот со 3.500 видови риби, по фонтаната на езеро со светлосни ефекти во различни бои, кои танцуваат на музика од приказните на 1001 ноќ и француските шансони, каде ги прошета нивниот домаќин Душко Чифлиганец. Градот-држава во Обединетите Арапски Емирати, според раскажувањата на Стефановски, е екстремно чист, преполн со цвеќе и живописна вегетација, иако се наоѓа во сред пустина, со беспрекорна хигиена и безбедност, со чесни граѓани, каде само 22.000 од жителите се староседелци, додека 3.500.000 се странци од целиот свет дојдени на работа. Љубица и Ангел Стефановски, кои од Скопје до Дубаи директно летаа пет часа, беа сместени во атрактивен хотел во централниот дел на Дубаи Марина и го доживеаја овој интересен град на дневна температура од 25 степени. Велат дека повторно би се вратиле во оваа туристичка дестинација, што за нив ќе останеше неоткриена доколку не купеа стан во „Адора инженеринг“, кој им донесе среќа и наградно патување.

Page 9: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 9

9

енергетска ефикасност

Б

Page 10: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013310

10

градежништво биоМелиорациСка ревиТализација на хиДројаловишТеТо Тополница во руДникоТ бучиМ - раДовиш

Решен проблемот со изворот на загадување на воздухот Со подигањето на шумските и тревните култури се промени пустинскиот амбиент на јаловиштето и тој се вклопи во околната природна средина

николајчо никоЛов, дипл.инж.металургГерасим конзУЛов, дипл.руд.инж.

Живко Гоцев, дипл.руд.инж.

Рудникот Бучим сè уште е единствен рудник во Република Македонија во кој се врши ископ и преработка на бакарна руда до бакарен концентрат, кој содржи 21% бакар и 10-15 гр/тон злато. Самиот рудник со погонот флотација е пуштен во работа во 1979 година, кога е и започнато складирањето (депонирањето) на флотациска јаловина, така што денес ја има достигнато висината од 124 метри (642 мнв). Според расположливите податоци, заклучно со 2012 год., на песочната брана е складирано над 110 милиони тони јаловина од флотацијата. Со основниот проект е избрано хидројаловиштето на рудникот Бучим да се гради во реката Тополница, со правец на простирање исток-запад. Самото речно корито е преградено со почетна

– иницијална насипна земјена брана со висина од 40 метри, над која е извршена изградбата на постојната јаловинска песочна брана, најпрвин низводно до кота 610 мнв, а потоа надвишена возводно до кота 642 мнв (проектирана 654 мнв). Вкупната површина на браната од хидројаловиштето изнесува 48 хектари и тоа: 38 хектари се на низводната јужна падина, 2 хектари припаѓаат на круната од браната, а 8 хектари се на северната страна (спрема таложното езеро). Бидејќи јаловината како производ на флотацијата е со многу ситна фракција (под 1 мм), а се складира на отворен простор, кој поради географската положба е изложен на влијанието на ветровите, логично е што самото хидројаловиште претставува потенцијален загадувач на воздухот, што било и една од причините комбинатот Бучим да биде прогласен за една од „жешките точки“ во државата од аспект на загадувач на животната средина. Иако хидројаловиштето формира песочна брана и езеро со над 3 милиони м3 вода, со средна Ph вредност од 9,5 до 10,5, поради квалитетната изведба и постојаната грижа за правилна функција на истото, во практика се покажа дека ова езеро не претставува загадувач на водите. Редок, но реален е податокот дека во горните делови на самата брана живее рибата сом и други речни животни. Како што беше спомнато, поради големата површина на пасивниот дел на браната и поради многу ситната фракција и влијанието на ветровите, со цел да се заштити животната средина, во 1997 година е почната првата рекултивација на песочната брана, која е продолжена и во 1998 година, при што се пошумени 17 Ха површина и засадени се над 40.000 дрвца, главно багрем и малку чемпрес, со претходно нанесување на плодна земја врз песочната површина со дебелина од мин.20 см и плодна почва околу корените на дрвцата. Во овој период се засадени над 40.000 дрвца, кои се сочувани во добра состојба до денес, а покрај заштитата на ЖС поволно влијаат и на стабилноста на самата песочна брана.Во периодот 2006-2011 година продолжени се активностите околу рекултивацијата на песочната брана и засадени се нови 45.000 дрвца (багрем,чемпрес и др), на површина од 15 Ха, сега со нивниот подобар распоред (2х1м), со подебела земјина почва и комплетно уредување на површината и целосно решавање на системот на наводнување, како и квасење на активниот дел површината од браната.

Наводнување со БУМ систем на веќе рекултивирани површини - 2010 год.

Page 11: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 11

11

градежништво

На овој начин се смета дека проблемот е наполно решен и во колку се продолжи, а тоа и се планира, изворот на загадување на воздухот може да се смета за решен. Според расположливите податоци, заклучно со 2012 година, на песочната брана е складирана над 110 млн. тони јаловина од флотацијата.

Хидројаловиштето Тополница на рудникот Бучим е проектирано и се гради како објект за складирање на флотациска јаловина и како објект за снабдување на флотацијата за технолошка вода, односно тоа има двојна намена. Хидројаловиштето целосно е изградено со флотациска јаловина, така што со хидро-циклонирање се добива производ - песок (75-80% цврста фаза), со кој се гради круната од браната и производ - прелив од циклоните - ситна фракција (20-25% цврста фаза), кој оди во таложното езеро.

Рекултивирани површини до кота 642 - 2010 год.

Ситуациона карта на хидројаловиште Тополница, со кота на круна, кота на водено огледало и рекултивирана површина од 32 hа

Page 12: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013312

12

градежништво

Хидројаловиштето на рудникот Бучим е градено во неколку етапи и тоа:Прва етапа на градење на хидројаловиштето е од кота 558,5 м до кота 610 м,(мнв) според проектот за развод и складирање на флотациска јаловина на хидројаловиштето Тополница, изработен од РИ-Скопје. Според овој проект, флотациската јаловина е складирана низводно, од таложното езеро до 1994 година и е депонирано вкупно 48 милиони тони јаловина, од кои околу 19 милиони тони како песок за градење на круната и 29 милиони тони испуштено внатре во таложното езеро. Паралелно со реализацијата на проектот за складирање на флотациската јаловина, на хидројаловиштето се вршеше набљудување на стабилноста на браната, според проектот за техничко набљудување на хидројаловиштето Тополница на рудникот за бакар Бучим. Според овој проект, на браната се поставени 20 пиезометри, со кои се следи нивото на провирните води. Во втората етапа на хидријаловиштето е складирано јаловина возводно (према таложното езеро), според дополнителниот проект за развод, класирање и складирање на јаловина до кота 630 метри, изработен од РИ-Скопје. Според овој проект е депонирана јаловина до 2002 година, при што е депонирано вкупно 28 милиони тони јаловина. Во овој период, според проектот за техничко набљудување на хидројаловиштето Тополница, се изработени уште 6 нови пиезометри за следење на провирните води во браната.

Во третата етапа, според која моментално се врши возводно градење на хидројаловиштето, складирањето на јаловината се врши според основниот проект за развод, класирање и депонирање на флотациска јаловина до кота 654 мнв изработен од РИ- Скопје во 2006 година. Хидројаловиштето како објект, секако претставува еден од најризичните во целиот руднички комплекс. Можното рушење (целосно или делумно) на овој објект би имало катастрофални последици, вклучувајќи и човечки жртви, големи материјални штети и трајни оштетувања на животната средина. Дури и при појава на помали оштетувања, кои досега се имаат случувано, можно е истекување на големи количества флотациска јаловина, што директно доведува до физичко и хемиско загадување на сите медиуми на околната средина во зоната во која се шири истекувањето. Од овие причини хидројаловиштето има посебен третман, почнувајќи од фазата на проектирањето, неговата изградба, како и контрола на сите параметри важни за негово безбедно функционирање. Овие објекти согласно важечките закони се третираат како земјени брани, така што тие се проектираат, градат и контролираат според строги правила пропишани за овие објекти. После реприватизацијата на Бучим во 2005 година, менаџментот на рудникот му даде особено внимание на овој објект и во секоја година се издвојуваат значителни материјални средства за правилен развој и градба на хидројаловиштето и нормално е што се видливи резултатите од оваа инвестиција. Браната и преливните органи се дизајнирани со висок степен на сигурност, при што согласно со законските прописи се земани предвид можните влијанија на природните фактори (земјотреси, големи поплавни води). На браната има голем број на објекти за контрола на нејзината стабилност (пиезометри, инклинометри, тригономоетри), кои се контролираат согласно проектот за оскултација и набљудување на хидројаловиштето.Дополнително, а согласно законската регулатива, изработена е студија за поплавен бран на хидројаловиштето, во која се квантифицирани сите можни негативни влијанија од рушење на браната, вклучувајќи анализа на зоната зафатена со ширење на поплавниот бран. Во оваа студија освен ризиците од рушењето на браната детално се анализирани мерките за намалување на ризикот од вакви појави, како и процедурите за заштита и спасување на луѓето и материјалните добра во случај на ваков настан.

оСновни каракТериСТики на хиДројаловишТеТоПриродната вегетација во околината на јаловиштето е многу важен индикатор за локалните услови и нивното познавање има важна улога при изборот на дрвенестите видови за биомелиорацијата на јаловиштето. По падините од околните брда, природната шумска вегетација претставува силно деградиран стадиум - жбунови од шумската асоцијација на белиот габер со дабот благун. Оваа шумска заедница како индикатор на локалните услови претставува најтермофилен и најксерофилен тип на асоцијација со сиромашен флористички состав. Со оглед на близината до село Тополница, шумите на овие брда биле и се перманентно под удар на стоката и човекот, заради што се

Нанесување на хумусен слој према таложното езеро

Page 13: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 13

13

градежништво

деградирани до степен на разредени жбунови, во кои доминира дабот благун. Општо земено овој тип на жбун е дел од субмедитеранската заедница на белиот габер во рамките на најнискиот и најтермофилен регионален вид, кој во Македонија се простира врз најмалите надморски височини, по потоплите падини од брдата покрај реката Вардар и нејзините притоки. Овој тип на шумска заедница се јавува како индикатор на важни еколошки услови чие познавање е многу важно при изборот на дрвенестите видови за биомелиорацијата на јаловиштето, а тоа се:- Сиромашни почвени услови со плиток и сув почвен слој;- Мала количина на врнежи во текот на годината;- Долготрајни летни суши со изразито високи температурни разлики;- Студени, долги и суви зими, со мали количини на врнежи и повремени ниски екстремни температури. Ваквите еколошки услови во непосредната близина на јаловиштето недвосмислено укажуваат на фактот што изборот на дрвенестите видови мора да се насочи кон видови со широка еколошка амплитуда, изразито термофилни, со јак широко разгранет корен кој освен биолошка, ќе треба да врши и механичка улога во стабилизирањето на јаловиштето. Степенот на деградација на шумската заедница исто така недовосмислено укажува на присуството на силен деградациски процес од антропогена и зоогена природа и единствено решение за стопирање на овој процес и за заштита на биомелиорациските зафати во јаловиштето ќе биде комплетно оградување на објектот со соодветна заштитна мрежа. Според климатските услови Радовишко - Срумичкиот регион спаѓа во континентално-субмедитеранската зона на Македонија, во која се комбинираат влијанијата на субмедитеранската и источно-континеталната клима. Медитеранското влијание од југ од Егејското Море делумно е спречено од планинските масиви на Беласица, Огражден и Плачковица. Според анализата на просечните средни месечни температури на воздухот, Радовишко - Струмичкиот регион се одликува со високи температури, кои се признак на изменето медитеранска клима, која условува меки зими со средни температури над нулата, есента е потопла од пролетта, а летата се суви и жешки. Годишната амплитуда на температурата е потенцирана од месниот релјеф. Заради оголеноста на околните брда, почвата преку летото силно се загрева и достигнува висока температура. Според прегледот на месечните температури на воздухот најстуден месец е јануари. Жешкото лето се одликува со високи максимални температури, при што скоро сите денови во периодот јули - септември имаат температура над 250 С. Радовишко - Струмичкито регион има нешто повеќе врнежи од најсушните реони во нашата земја, заради посилното влијание на медитеранската клима. Повеќегодишниот просек изнесува 550л/m2 . Сувото лето е последица од комбинирањето на главниот минимум на медитеранската клима и споредниот минимум на континенталната клима. Релативната влажност и облачноста имаат сличен тек, одликувајќи се со ниска релативна влажност и облачност во лето и висока релативна влажност и облачност во зима.Просечната годишна ружа на ветрот, на зачестените и средни брзини на ветрот е претставен на графикон бр 1.

Основните агрохемиски својства на јаловинскиот материјал се испитани со стандардни методи. Пробите за испитување на плодноста на супстратот од јаловиштето се земани од следните локации: Круна 1, Стара круна 2, Стара круна 2-ерозија и Порој 3. Од табелата се гледа дека јаловината е со слабо карбонатна до неутрална реакција (Рн од 6,30 до 7,08). Тоа значи дека почвената реакција е поволна за одгледување растенија. Хумусниот слојот на лавината е со дбелина од 0 - 30 см и е сиромашен (од 0,39 до 0,78%). Содржината на вкупниот азот во супстратот е мала, како и хумусот. Со оглед на механичкиот состав и реакцијата, супстратот спаѓа во категорија на многу сиромашни средини со достапен фосфор (0,2 - 0,4 мг на 100/гр почва). Во однос на достапен калиум, испитуваната јаловина се наоѓа помеѓу сиромашно обезбедена и средно обезбедена со достапен калиум за исхрана на растенијата.

Page 14: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013314

14

Имајќи го предвид механичкиот состав и агромеханичките својства, потребно е овој супстрат од флотациска јаловина да се ѓубри со умерени дози на азотни, фосфорни, калиумови и други ѓубрива, заради спречување на процесите на измивање.

Нанесување на хумусен слој према таложното езеро

Табела 1 - Агрохемиски својства на супстратот од јаловиштето

Табела 3 – Просечна Ситова анализа на песокот од хидројаловиштето

Табела 2 - Просечна хемиска анализа на флотациската јаловина

Локација CaCO Актив.вар % PH во Хумус

%

Вкупен азот %

мг/100 гр.почва

NKCl H O P O K O

Круна -1 1,26 1,75 7,08 8,77 0,52 0,03 0,2 10

Стара Круна - 2 2,52 1,00 6,91 0,63 0,39 0,02 0,4 10

Стара Круна - 2 ероз.

2,52 0,75 6,30 3,54 0,78 0,04 0,2 5

Пор - 3 2,52 0,50 6,40 7,28 0,34 0,02 0,2 5

Cu % Cu (ox) % Au g/t Ag g/t Al2O3 % SiO2 %

0,015 - 0,04 0,004 - 0,007 0,08 - 0,2 0,6 - 0,8 10 - 13 60 - 70

Fe % Fe3O4 % S % K3O % Na2O % MgO % CaO %

3 – 5 1 – 2 0,8 – 1,2 4 - 6 2 – 3,5 1,5 – 4,5 1,5 – 3,5

m m Пр.1 Пр.2 Пр.3 Пр.4 Пр.5 Пр.6 Средна вредност

-0,833 0,36 0,10 1,3 0,76 2,8 0,57 0,98

-0,833+0,589 0,74 0,90 1,4 1,14 4,0 1,37 1,82

-0,589+0,417 2,76 2,00 3,54 3,12 6,83 3,53 3,63

-0,417+0,295 10,64 8,30 11,70 11,22 14,33 10,70 11,15

-0,295+0,208 18,64 15,30 16,70 18,32 23,37 15,63 17,99

-0,208+0,147 23,06 20,30 19,84 20,12 13,73 19,03 19,34

-0,147+0,104 18,46 10,58 16,10 15,90 11,77 17,63 15,07

-0,104+0,074 7,36 14,84 8,24 7,30 6,70 11,00 9,24

-0,074-0,000 18,16 28,16 21,18 22,12 16,47 20,54 21,12

градежништво

Page 15: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 15

15

еколошки и ДруГи нарушувања Флотациската јаловина со гравитациски транспорт по каналети преку пумпна станица се доведува до хидроциклони каде се врши класирање на крупната и ситната фракција. Ситната фракција заедно со водата оди во акумулацијата, додека крупната фракција служи за градење на браната. Оваа фракција има многу фина песочна структура со светло сива боја. Со оглед на нејзината стерилност, природната вегетација многу тешко се населува врз нејзе и како таква се разликува од природната околина и прави повеќе еколошки и други непогодости. Со својата светло сива боја се разликува од околната средина и дава асоцијација на пустина. Воопшто не се рекултивира по природен пат.

Специфичните физичко-механички својства на површината од јаловината создаваат посебни микро-еколошки услови, кои се одликуваат со температурни екстреми особено во летниот период. Површинскиот слој од јаловиштето се загрева многу повеќе отколку почвите во непосредната околина. Ваквите температурни екстреми се многу неповолни за опстанок на вегетацијата воопшто. Капиларитетот помеѓу површинскиот слој и подлабоките слоеви не е континуиран, па површинскиот слој е сув и лесно подвижен особено од страна на ветрот. Најтешкото еколошко нарушување што го предизвикува јаловиштето е прашината, која се крева при најслаби движења на воздухот и паѓа врз селото и околните ридови. Прашината создава неподносливи услови за живот, пред сè на населението во селото, а потоа и на целиот жив свет (животни и растенија). Исто така поголемите ветрови го носат песокот од круната на браната и го отежнуваат нормалното градење на браната. Најчестиот правец на движење на ветровите е од северозапад кон југоисток, а најголемиот дел од прашината се крева од круната на браната. Според тоа, најтешкиот проблем, кој со биолошката рекултивација на јаловиштето треба да се реши, е запирањето на прашината и овозможување на населението од село Тополница да има нормални услови за живот. Со нанесувањето на новите слоеви на јаловина, трупот на браната од ден на ден се зголемува, а фината структура на супстратот ја прави оваа голема маса статички нестабилна. При поголеми катаклизмички промени (земјотреси, поројни

дождови и сл.) може да доведе до покренување на поголеми слоеви од јаловината.

биоМелиорациСка ревиТализација на јаловишТеТоПроблемот со оштетените почви предизвикани од работите во рударството последните години станува многу актуелен и во светот, а од аспект на заштита на природата станува приоритетен. Површината оштетена со складирањето на јаловинскиот материјал од рудникот Бучим кај Радовиш е релативно со скромни размери во однос на вкупните површини кои се оштетуваат на други начини. Биолошката рекултивација на вакви јаловини е многу сложен процес, пред сè поради подвижноста на материјалот од ветрови и поради малиот процент на хранливи елементи што ги содржи јаловината. Но и покрај тоа, биомелиорациската ревитализација на јаловиштето е една од најефикасните и трајни методи. Во нашиот случај таа се состои од подигање на тревни и шумски култури на површината од јаловиштето со што се постигнати следните ефекти:- Механичко стабилизирање на подлабоките слоеви од јаловиштето со помош на јаките, длабоки и разгранети корења од дрвните видови - багрем, како и стабилизирање на поплитките слоеви од густата коренова мрежа на тревните видови - есперзета и троскот.- Густиот тепих од тревните видови од круната на браната го спречува подигањето на прашината кое се јавува како најголем загадувач на околината.

Надземните делови од дрвенестите видови освен спречување на прашина ќе вршат и други функции во текот на трајната биомелиорациска ревитализација како:- Намалување на брзината на струење на воздушните маси непосредно над јаловиштето.- Намалување на температурните екстреми во површинскиот слој од јаловиштето, со што ќе се создадат поблагопријатни микро еколошки услови за опстанок на вегетацијата.- Органската маса што ќе паѓа секоја година од тревата и дрвјата, ќе создава мртва покривка и хумусен слој, со кој ќе започне иницијалниот стадиум од континуираниот и траен педогенетски процес на овој простор.

Со подигањето на шумските и тревните култури се промени пустинскиот амбиент на јаловиштето и тој се вклопи во околната природна средина.Имајќи предвид дека биолошката рекултивација претставува долготраен, тежок и неизвесен процес, ДПТУ Бучим - Радовиш на овој проблем му посветува поголемо внимание и искуствата од првата фаза и внесување на нови видови и идеи во наредните фази доведе до успешно изведување на операцијата на ревитализација.

Резултати од седиментна прашина во село Тополница, пред започнување со припрема и рекултивација на низводната косина од круната на браната Тополница, од кота 630 до кота 642 мнв.

СЕДИМЕНТНА ПРАШИНА

Параметар/мерно место ТЅ – 1, с.Тополница МДК

Координати на мерното место N : 41392421

E : 22223741

Период на мерење 07.06.-06.09.2012

Вкупна седиментна прашина mg/m2 ден 28,9 300

Вкупно седиментна прашина

mg

35,2

рН на растворот 6,22

Cu , mg/m2 ден 0,016

Cu , mg 0,020

Cu , % во седиментот 0,05

Fe, mg/m2 ден 0,074

Fe, mg 0,090

Fe , % во седиментот 0,25

градежништво

Page 16: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013316

16

градежништво

МЕХАНИЧКА БРАНА - СПАС ЗА ВЕНЕЦИЈАСо проектот МОSЕ (Modulo Sperimentale Elettromeccanico), започнат во 2003 година, се предвидуваат технички мерки за заштита на Венеција од поплавување. Градежните активности требаше да бидат завршени до крајот на 2011 година, но рокот е продолжен до 2014 година. Буџетот за изведување на овој проект изнесува 3 милијарди евра, но се предвидува цената на чинење да достигне 5 милијарди. Годишното одржување по предавањето во употреба се предвидува да изнесува 9 милиони евра.

Климатските промени на глобално ниво предизвикуваат чести поплави на градовите што излегуваат на светските води. Нивото на водните површини е алармантно

зголемено, со тенденција за понатамошно растење. Тоа предизвикува бројни проблеми на приморските држави, кои со примена на различни механизми се обидуваат да ја заштитат територијата и населението од прекуменрните поплави и оштетувања. Светските метрополи како Венеција, Ротердам, Лондон, Санкт Петербург и Њујорк се можеби и едни од најзагрозените. Борбата со водата едни веќе ја добија,

другите се обидуваат, додека властите на Њујорк сè уште размислуваат на кој начин тоа да се изведе. По градбата на заштитни бариери, лондонската во 1982 и браната во Санкт Петербург во 2011 година, овие урбани центри се парцијално заштитени од големи водни наноси и уништување. Според овие примери, моментално се гради механичка брана за спас на Венеција од поплави, која треба да биде завршена до крајот на 2014. Но водата нема да мирува до тогаш. Доказ за тоа е последната поплава која го зафати овој град во ноември минатата година. Венеција го држи шестото место на листата на катастрофални поплави, со енормно ниво на високата вода

од 149 см. Ова скорешно случување ни даде повод да ја претставиме технологијата на градење на оваа заштитна бариера. Градот Венеција, познат по својата убавина но и по честите поплави, се протега на 117 острови во мочурливата венециска лагуна на Јадранското Море. Ендемичната архитектура, водните улици со над 150 канали, гондолите и сјајната историја го прави овој град културен, но и моќен економски центар на северот на Италија. Низ времето, во зависност од историските моменти, бил именуван со различни имиња: „Кралица на Јадранот“, „Воден град“, „Градот на маските“, „Градот на мостовите“, „Градот на каналите“,

Биљана стојановиќ, дипл.град.инж.

Шема на подигање на бранатаТуристи во поплавена Венеција

Page 17: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 17

17

градежништво

„Лебдечки град“, а во последните години Венеција станува позната како „Градот што тоне“ (Sinking city). Катастрофалните поплави што сè почесто го зафаќаат овој град делумно се поради слегнувањето на тлото, но најголемо влијание, секако, има зголемувањето на нивото на Јадранското Море. Само во последниот век, нивото на морето се зголемило за цели 23 сантиметри.

национално значењеИдејата за заштита на градот од поплавување датира од далечната 1966 година, по катастрофалната поплава на Венеција кога нивото на водата достигнало цели 194 сантиметри, проследено со силен ветер познат како „Широко“. По овој немил настан, со многу жртви и материјална штета, италијанската влада донела декрет со кој овој проблем се класифицира како „приоритет од национално значење“. По многубројни истражувања, испитувања и студии за можностите за заштита на Венеција од поплави, во 1989 година е поднесен, за во 1994 година да биде и одобрен проектот МОSЕ (Modulo Sperimentale Elettromeccanico - експериментален електромеханички модул) со кој се предвидуваат технички мерки за заштита на Венеција од поплавување. Овој проект официјално започнал да се изведува во 2003 година, а претставува интегриран заштитен систем кој се состои од серија мобилни брани, кои се во можност да ја изолираат венециската лагуна од Јадранското Море во случај плимата да ја надмине граничната вредност од 110 см, па се до максимални 3,0 метри. Заедно со останатите пропратни мерки како што се зајакнување на кејот, како и поплочување и подобрување на

околината на лагуната, овие бариери се проектирани така што ја штитат Венеција од екстремни случувања, како што се поплавите и морфолошкото пропаѓање. Тие ќе бидат поставени на трите заливи за влез во лагуната и тоа: Лидо, Маламоко и Чиоџија (Lido, Malamocco, Chioggia). Градежните активности требаше да бидат завршени за осум години, односно до крајот на 2011 година, за потоа рокот на градба да биде продолжен до 2014 година. Вкупно ќе бидат вградени 78 бариери, секоја е челична со димензии 30,0 метри висина и 20,0 метри должина, кои ќе се подигаат при секоја најава за надоаѓање на плимата, при што нивото на морето во венециските канали би останало непроменето. Кога нивото на морето е во нормални граници, тогаш самите бариери би биле спуштени на бетонски подлоги, на дното на лагуната. Но, кога би се појавила опасност од надоаѓање на вода, во тој случај воздух под притисок би се компресирал во специјалните отвори на браната, при што би се предизвикало нејзино подигање. Целиот механизам на механичката брана се наоѓа во морска средина, па поради тоа се проценува дека одржувањето би било прилично тешко и скапо. Буџетот за изведување на овој проект изнесува 3 милијарди евра, но се предвидува цената на чинење да достигне 5 милијарди. Годишното одржување по предавањето во употреба се предвидува да изнесува 9 милиони евра. Иако екологистите стравуваат дека овој проект значајно ќе влијае на и онака чувствителниот екосистем на лагуната, како и многубројните спротивставени мислења и контроверзии, проектот МОSЕ останува единствената надеж за спас на Венеција од потонување.

Изглед на бариерата

Page 18: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013318

18

дрвно градежништво

Средно-високи згради од лесна дрвна конструкција

Новите технологии во дрвната иднустрија произведуваат нови материјали од дрво. Пример за ова се лепените ламелирани носачи или попречно слепените плочи, материјали кои имаат се поголем конструктивен и противпожарен капацитет, а практиката покажала дека го намалуваат времето на изградба на објектот, без притоа да го загрозат квалитетот и високиот процент на прецизност.

александар ЧереПнаЛкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија

Во последните години се направени големи промени во стандардите за изградба на средно-високи објекти во Европа и Северна Америка. Промените се направени

за изградба на средно-високи објекти од лесна дрвна конструкција, без разлика дали се проектираат станбено-деловни или други објекти. На објектите со ваков тип на конструкција им се приоѓа со врвно проектирање како за дизајнот така и за безбедноста, како што е безбедност од пожари и земјотреси, а бројот на комплетирани објекти е се поголем.

Истражувањата во научните институции и изградбите на терен покажуваат дека дрвото како градежен материјал може без проблем да се натпреварува со останатите широко употребувани материјали како што се челикот и бетонот. Како најекономична опција при изградба на семејни куќи, лесната дрвна конструкција може да понуди и многу предности. Според спроведените истражувања, со користење на дрвото како градежен материјал можат да се издвојат повеќе позитивни предности како на пример: одржливост, намалување на времето на изградба и, како еден од најбитните фактори, економичност. Една

од главните причини зошто овој начин на градба брзо се развива во Европа и Северна Америка е можностите на примена на материјалот и намалените трошоци при изградбата. Како пример може да се посочи малата тежина на дрвената конструкција на изградениот објект со што директно се влијае врз големината на бетонските фундаменти, а со тоа и на вкупната цена на изградбата.

иновацииСпоред луѓето коишто секојдневно работат со оваа проблематика, како што се архитекти, градежни инженери,

Page 19: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 19

19

дрвно градежништво

претприемачи во градежниот сектор, за лесните дрвни конструкции ги наведуваат следните предности: помали трошоци за работна сила и за градежен материјал, намалување на времето за изградба, подобрување на квалитетот на објектот со префабрикување на елементите, лесна конструкција - поедноставен транспорт, градежниот материјал е честопати локално достапен и друго. Впрочем, пресметката за изградба на објект од лесна дрвена конструкција, во споредба со бетон и челик, заштедува и до 10% од вкупните трошоци. Новите технологии во дрвната иднустрија произведуваат нови материјали од дрво. Пример за ова се лепените ламелирани носачи или попречно слепените плочи, материјали кои имаат се поголем конструктивен и противпожарен капацитет, а исто така во практиката се покажало дека го намалуваат времето на изградба на објектот без притоа да го загрозат квалитетот и високиот процент на прецизност. Иновации како спомнатите примери ни овозможуваат да го користиме дрвото за конструктивни системи кои се повисоки и од шест ката. Со ова се создава една нова гранка во градежништвото која ќе доживува подем во наредните години. Со текот на времето, иновациите ги променуваат начините

на кои градиме со дрво и воопшто начинот на кој го перцепираме дрвото како градежен материјал. Објектите со средена височина, во споредба со висококатниците, овозможуваат поголема разновидност во однос на урбаното живеење, а со тоа и го одржуваат шармот на соседството и на заедницата.

еколошка СуровинаЛесните дрвни конструкции во Северна Америка полека станаа преферирано решение за изградба на средно високи згради од социјален карактер, со тоа задоволувајќи важни критериуми како побрза изградба и заштеда при изградбата. Друга важна причина зошто треба да се користи дрвото како градежен материјал е импактот што овој материјал го има врз екологијата и животната средина. Дрвото е материјал кој, во споредба со останатите градежни материјали, при неговото производство има ниска емисија на штетни гасови и дополнително не ја загадува животната средина. Следствено на ова, може да се констатира дека дрвото е еколошка суровина со големи можности за употреба кои се детерминирани од потребата за безбедност на објектот, неговата функционалност и секако квалитетот на живеење.

Важно е да се напомене дека мора да се направи промена во начинот на кој го разбираме и спроведуваме градежништвото. Повеќе од еден век објектите со средна височина се градени со материјали како што се бетон, челик и слично. Овие материјали биле одличен избор за градење долго време и ќе продолжат да бидат важни градежни материјали. Тука доаѓаме до прашањето, зошто ни се потребни алтернативни начини на градба и зошто токму сега? Одговорот едноставно е глобалното затоплување и климатски промени. Во производството на бетонот и челикот се употребува огромно количество на енергија и се создаваат големи емисии на карбонски гасови кои ја загадуваат прородата. Со истражувањата на глобалната промена на климата се заклучува дека градежниот сектор има огромен удел во создавањето на стакленичките гасови. Производството на бетон зазема 5% од вкупните емисии на јаглероден диоксид во атмосферата, а пак заедно со транспортот на бетонот предизвикува пет пати поголемо загадување на околината во споредба со целата авионска иднустрија. Со овие податоци јасно е дека од огромно значење е изборот на градежните материјали кои ги избираме за објектите.

Page 20: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013320

20

урбанизам CidAde de deUs, рио Де Жанеиро, бразил

Неформално социјално домување

Во осумдесеттите години на минатиот век, Cidade de Deus претставува едно од најнасилните места во Рио. Меѓутоа она што некогаш беше набљудувано како изгубен случај, денеска со промената на економската клима во Бразил се разива како локален центар со економија во постојан пораст и сопствена локална валута на пари.

м-р александра ШекУтковска, дипл.инж.арх.

Популарната литература и јавните медиуми засекогаш ја изгравираа приказната за соседството Cidade de Deus во нашата колективна меморија

за јужноамериканските градови. Портретирана во истоимениот филм, адаптација на новелата на Пауло Лин, денеска оваа населба на прв поглед сè уште претставува синоним за мрачниот круг помеѓу криминалот и жителите. Меѓутоа, доколку погледнеме одблиску, новата слика покажува дека современото Cidade de Deus се има значително променето од премиерата на филмот во 2002 година, и во него засекогаш се замрзнати спонтани урбанистички процеси коишто се спротивставуваат на многу од општествените постулати: значењето на редот, контролата на јавен простор и

пристапот до јавни и приватни добра. Во 2011 година во напредните магистерски студии по урбан дизајн на ETH Zurich беше лансирана иницијатива за истражување на седиментната историја на Cidade de Deus и неговите промени од процесот на депасификација спроведен во 2009 година. Публикацијата посветена на Cidade de Deus претставува кондензирано истражувачко дело во коешто се испреплетува спонтаниот урбанизам, самоорганизираните системи, секојдневието во неформалните соседства, како и посвета кон програмските квалитети и убавината на обичното во популарната бразилска архитектура.

хибриДни СТрукТуриСоседството се раѓа во 1966 година како периферна област изработена според американскиот модел на предградија, како проект за колективно домување

во индивидуални куќи и блок згради. Основната цел на миграцијата на луѓето кон оваа нова урбанистичка клетка е потребата на општествената структура да воведе ред во фавелите и да воспостави некаква основна организираност во градот. Низ годините просторните модификации, додавањата, продолжетоците, го трансформираат евтино изработеното моно функционално соседство со густина на внатрешниот свет - историја којашто ја раскажува и неговото слоевито физичко ткиво. Во однос на политиката на урбаните неформални соседства, Перлман поставува студија дека социјалната, културната и политичката маргиналност се „емпирички неточни“. Слично на нејзината студија можеме да извлечеме паралела за Cidade de Deus, каде што нерегуларната активност на објектите резултира со хибридни структури

Page 21: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 21

21

Стратегија за развиток со линеарна

интервенција

коишто ги комбинираат станбените и комерцијалните програми. Продолжетоците на оригиналните куќи, мултифункционалното и мултифамилијарното стопанство резултира со повеќевалентност и програмска разновидност на секојдневниот живот заокружена со посебна енергичност на неговите жители. Диверзитетот на адаптациите се чини дека е бескраен и иако го следи процесот и еволуцијата на единечна семејна клетка е хиперспецифичен за секоја од куќите. Ѕидовите коишто ги преградуваат приватните парцели многу често се користат како социјални и комерцијални шалтери. Комбинацијата на постоечките и додадените структури овозможува простори од различни размери, од урбани улични фронотови до мали дворни површини кои како референца го носат оригиналниот карактер на населбата.

преСекМртвите простори помеѓу модернистичките објекти се активирани од граѓаните со редици барови и продавници, зад колажираните фасади се развиваат најразлични идеи и вкусови на постепено формираната средна класа. Развитокот на Cidade de Deus не е типичен како и кај повеќето неформални населби. Проблемот со миграцијата на луѓето од фавелата само привремено го делоцирала населението од центарот кон периферијата на Рио. Во 80-тите години, Cidade de Deus претставува едно од најнасилните места во Рио. Меѓутоа она што некогаш беше набљудувано како изгубен случај, денеска со промената на економската клима во Бразил се разива како локален центар со економија во постојан пораст и сопствена локална валута на пари. Оваа публикација, „Cidade de Deus, Работење со неформално социјално домување во Бразил“, прави пресек на феномен којшто ги предизвикува смрзнатите категории на урбан развој. Хибридизацијата на формалните и неформалните студии служи како почетна точка за нов модел на урбан развиток којшто е синтетизирано поврзан и со top down и bottom up процеси. Програмата зема инспирација од изработените студии и понатаму ги претвора во проекти

Citade de Deus во 1966 урбанизам

Page 22: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013322

22

урбанизам

коишто го тестираат перформативниот потенцијал на иновативните стратегии и предлагање на проекти коишто би го трансформирале ова соседство +20 години во урбанистички пример за Рио. Формалното домување може да биде трансформирано во неформално и обратно како одговор на променливите економски и социјални услови. За да се разбере динамичноста на урбаниот простор и неформалноста во етнократските градови или држави, треба да се земат превид неколку сили: логиката на акумулирање на капитал, еволуцијата на модерната влада и потребата за етничка и национална контрола. Постоечката ера на либерализација и глобализација треба да се гледа како ера која дава развиток на нова форма на неформалност: индивидуалците можат да припаѓаат и на формалниот и на неформалниот сектор, неформалните процеси се распрснуваат помеѓу урбаните сиромашни и руралните мигранти, меѓутоа истовремено и низ средната класа и неформалноста се манифестира во нови форми и нови географии во двојното огледало помеѓу руралното и урбаното преку начини на имотно поседување. Никој од феномените на неформалниот урбан сектор денеска не може да биде разбран надвор од рамките на контекстот на глобализација и либерализација.

СТраТеГииВо публикацијата се прикажани осум стратегии за развиток на компактен град, коишто произлегуваат од три различни сценарија за развитокот на градот Рио во следните 20 години: 1. Развиток на Рио како хибридна структура од инфраструктурни

Page 23: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 23

23

урбанизам

мрежи - како да се создадат врски, точки на социјално, урбанистичко, економско и општествено поврзување во град во којшто гентрификацијата како процес и фрагментарноста се постојано присутни 2. Рио како архипелаг (сценарио коешто се темели на студијата на Унгерс за градот Берлин) – да се набљудува фрагментарноста на градот според сврзното ткиво на поединечните населби-острови и 3. Рио како кондензација на икони - како да се

пренесат иконите на популарната бразилска архитектура и секојдневниот живот, и да се родат одново како единечни точкасти интервенции низ ткивото на Cidade de Deus.

нефорМалноТоУрбанистичките стратегии имаат јасни концепти и се фокусирани на поединечно сценарио за населбата, коешто понатаму фрактално се развива низ сите аспекти на секојдневното живеење. Како да

се максимизира диверзитетот и да се постави паралела помеѓу формалното и неформалното? Како да се употреби популарното за да се создаде мрежа помеѓу јавните простори? Како да се употреби инфраструктурата како катализатор? Како да се згуснува градот преку идни слоеви? Како да се стимулира идентитетот на граѓаните преку референци? Притисокот што расте за развитокот на фавелите и откритието на фавелата како нов пазар,

Page 24: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013324

24

урбанизам

бара да се земат предвид и двете страни на процесот на експанзија, и на популарното население и на агенциите за недвижности. Прегрнувањето на неформалното ги разгледува паралелно развивањата на двете страни и остварува правила кои даваат насоки за процесот на преговарање, којшто е еден од најважните кога се работи во неформалниот сектор. Активните урбанистички семиња, атрактори коишто го стимулираат архитектонскиот развој, се обединуваат со медијаторите, јавни простори, места за колективно живеење кои го стимулираат процесот на растење и создаваат нежна транзиција помеѓу компонентите. Стратегиите имаат глобален карактер, се развивани на таков начин што можат да бидат применливи на различни географии каде што преовладуваат неформалните соседства и населби. Публикацијата уште еднаш ја потврдува современата тенденција да се размислува за урбанизмот надвор од рамките на градот, вовед во нови можности за развиток кои се базираат на механизмите на економскиот пазар

и постојаното препрашување за фактот дека урбаниот популизам продолжува во сенката на урбаниот развиток. Студијата претставува обид да се подигне стакленото ѕвоно, да се обрне внимание на критичкиот урбанизам, оној што повикува на учење на

парадоксите и контрадикциите на разработените правила на развиток на одредена територија, отколку само да се биде склон на копирање на литании од најдобри примери на чуда на модерниот развиток на архитектурата. страни и остварува правила кои даваат

стимулираат процесот на растење и создаваат нежна транзиција помеѓу компонентите. Стратегиите имаат глобален карактер, се развивани на таков начин што можат да бидат применливи на различни географии каде што преовладуваат неформалните соседства и населби. Публикацијата уште еднаш ја потврдува современата тенденција да се размислува за урбанизмот надвор од рамките на градот, вовед во нови можности за развиток кои се базираат на механизмите на економскиот пазар

урбанизам, оној што повикува на учење на развиток на архитектурата.

Пресек, предлог стратегијаза надградба

Макета, предлог стратегија за

надградба на куќите

Page 25: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 25

25

урбанизам

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Page 26: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013326

26

интервју архиТекТ звонко ТаСевСки, ДСц Дизајн

Архитектите не смеат да дозволат рамнодушност и затапеностНе постои формула за успешен проект, затоа што секој за себе е посебна приказна. А секоја нова приказна нè воодушевува одново и одново, и станува нова, омилена - вели Тасевски. Заедно со тимот од „ДСЦ Дизајн“ досега реализираа многу проекти, за кои, секако, добија и голем број признанија. Да поразговараме за нивната повеќедецениска работа.

Големата награда за реализирано архитектонско дело за 2012 година ја добивте токму вие за трговскиот центар „скопје сити мол“. со што овој објект ја заслужи оваа награда, во што се крие неговата посебност? Посебноста на „Скопје Сити мол“ се препознава во создавање на современо дизајниран трговски центар од една страна, и

успешно место за бизнис и услуги од друга. Реинтерпретирање на традиционалнато шопинг искуство, преку улици како во центарот на градот, кои завршуваат и се спојуваат преку мали плоштади каде се лоцирани рекреативно-забавните содржини. Добриот микс и распоред на малопродажните содржини е крвотокот на еден успешен трговски центар. Фактот што микролокацијата на „Скопје

кате антевска, историчарка на уметност

Skopje City Mall, добитник на наградата за реализирано архитектонско дело за 2012 година

Page 27: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 27

27

интервју

Сити мол“ е во станбена населба и во близина на центарот на Скопје, резултираше со исклучителни анализи во поглед на сместување на влезовите/излезите за пешаци и пристап за автомобили, поврзаност со јавниот и такси транспортот, пристап за лица со посебни потреби, сигурност и безбедност на објектот.

на проектирањето на овој трговски центар работевте заедно со американски експерти. Дали беше неопходно да се консултираат архитекти кои имаат искуство со работа на вакви габаритни објекти? Ние архитектите не смееме никогаш, ниту на кратко, да дозволиме да бидеме фатени во стапицата на секојдневието,

да дозволиме затапеност, страв или рамнодушност. Секогаш мора да доминира стремежот за подобар избор во архитектурата. Постојан избор на своите најдобри мисли, мечти, визии, во служба на задоволен и среќен инвеститор, во служба на квалитетно дело. Сите имаме капацитет да бидеме извонредни, да го одбраниме својот став, затоа бараме можност и слобода. Во овој случај, или ќе го изберевме вистинското - најдобро користење на времето и талентите и ќе порасневме како архитекти, или ќе потоневме. Изборот на учење и соработка беше наша одлука. Забораваме што сè сме научиле, и тогаш конечно осознавме дека знаеме. Добивме инвеститор кој бара добра организациска

поставеност, затворена конструкција и најважното за нас - поставувач на базата, познавач на едноставното, искусител на човечкиот интерес и движење.

во „скопје сити мол“ има иновативен пристап во употреба на нови материјали, кои ја подобруваат енергетската ефикасност на објектот. ве молам, објаснете на што точно се однесува ова, во што е иновативноста? Особено внимание посветивме на обезбедување на климатски стабилна средина за потрошувачите, што е исклучително сериозен момент земајќи ја предвид големината на објектот. Фасадните материјали (стаклото и панелите) се со високи технички карактеристики.

Skopje City Tower

Page 28: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013328

28

интервју

Обесената структурална фасада е со стаклен пакет употребен за првпат на овие простори, произведен непосредно пред вградувањето, од реномираниот производител „Главербел“. Се работи за STOPRAY Ултрависион стакло пакет од ламелирани слоеви, кој ги спречува ултравиолетовите и инфрацрвените зраци. Композитната фасада е изведена како вентилирачка, со системска алуминиумска потконструкција, термоизолирана со 15 см слој од камена волна и воздушен слој помеѓу надворешната и внатрешната структура. Третирани се и ПП парапетите на структуралните делови од фасадата како и на композитната фасада, што е во согласност со највисоките ЕН норми.

од 1996 година, „Дсц Дизајн“ егзистира како претпријатие во приватна сопственост кое реализирало многу проекти од сферата на изградба на објекти, од идејни решенија до проектен менаџмент. кој е тимот на „Дсц Дизајн“? Тимот на „ДСЦ Дизајн“, како резултат на големото работно искуство, е константно ангажиран во проекти од посебен јавен и државен интерес каде особено внимание се придава на правилата, процедурите и регулативите за проектирање, однесување и работење. Тим од шеснаесет архитекти, еден техничар и еден економист, се одговорни за изработка на проектите, техничките анализи, водење на објектите и вршење на надзор.

работите на прокетирање на различни видови објекти, од административни, комерцијални, спортски, па се до индивидуални. Можете ли да издвоите катагорија на објекти на кои најмногу работите и зошто? Не постои формула за успешен проект, затоа што секој за себе е посебна приказна. А секоја нова приказна нè воодушевува одново и одново, и станува нова, омилена. Но, земајќи предвид дека најголем процент од нашите проекти се лоцирани во државава и во соседните земји, зеднички именител е што категориите некако доаѓаат во бранови, односно по неколку истонаменски објекти се проектираат во еден временски период. Пазарот е ограничен, брзо се заситува, интересите и потребите на клиентите се префрлуваат од едно на друго поле, а со тоа и нашите проектантски ангажмани. Во последните неколку години преовладуваат

станбено-административни објекти, потоа комерцијални и трговски центри, а од минатата и оваа година на наше големо задоволство се интензивира побарувачката за проектирање на индустриски објекти, производствени погони и фабрики.

со какви впечатоци се вративте после работата на трговските центри надвор од земјата, оние во косово? Не постои поголема сатисфакција за еден архитект од успешно реализирано дело, високо валоризирано и примено од страна на клиентот. Неколкуте проекти кои ги работевме изминатите пет години во соседно Косово беа проекти

Станбен објект во Буњаковец

Фабрика за автобуси Van Hool

Page 29: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 29

29

интервју

за трговски центри, дистрибутивни објекти, викенд населба и комерцијален комплекс во центарот на Приштина. Центрите беа со помала површина од „Скопје сити мол“, но со слични услови и потреби. Одлично искуство и одлична соработка со клиентите, надлежните институции и градителите. Нивната подготвеност за иновативни форми, технологии и материјали е за пофалба.

ентериерното уредување е едно од вашите полиња на дејствување. Може ли да се направи споредба меѓу проектирање на објекти и уредување на внатрешен простор, што е тоа што повеќе ве предизвикува, забавува? За да се понуди квалитет, прво треба да се разбере, да се научи што е квалитет. Дизајнот на ентериер го овозможува токму тоа. Азбуката на деталите започнува тука, наспроти мислењето дека ентериерите се скалило кое може да се

прескокне. Производствените трендови на серискиот мебел и опрема достигнаа драматични промени во последните неколку години. Да се остане во чекор со тие промени е можеби и полесно отколку да се едуцира клиентот дека ентериерното уредување не се сведува на купување туку е процес кој го спроведува професионален кадар. Тоа понекогаш не е воопшто забавно. Ние бевме едни од ретките што долги години успешно го калеа ентериерниот занает на овие простори. Секогаш кога ќе ни се укаже доверба за нов предизвикувачки проект, со задоволство одговараме на истиот, иако да бидам искрен, тоа е се поретко.

Претпоставувам дека како тим заедно решавате за реализиацијата и конечниот изглед на еден објект. Што е со стиловите? современо наспроти традиција? Архитектурата е одраз на моменталната слика на едно општество. Естетиката е филозофски поим за убавина и резултат на образование и културна свесност за вредностите. Нашите проекти се дел

од таа естетика, дел од таа стварност. Одговорноста во креирањето на таа слика е во секој од нас. Наша цел и задача е да создаваме нова, авторска архитектура во духот и епохата на времето во кое живееме. Во последно време нè предизвикува поимот „нова естетика“, каде преку еден поинаков сензибилитет се третира архитектонската форма, како бескрајно поле на нови можности.

Skopje City Mall има иновативен пристап во употреба на нови материјали, кои ја подобруваат енергетската ефикасност на објектот

Посебноста на Skopje City Mall се препознава во создавање на современо дизајниран

трговски центар од една страна, и успешно место за бизнис и услуги од друга

Page 30: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013330

30

архитектура

ЕКОРГАНИК Филип конески

Концептот на органската архитектура во светот, денес е се поприсутен во популарните тековни проекти. Морам да забележам дека постои опасност да се соочиме со изградба на нефункционални „скулптури“, иако органската архитектура овозможува целосно нејзино инкорпорирање во функционални цели.

Се појавува чувство дека започнува период на злоупотреба на овие концепти, бидејќи естетски се лесно допадливи.

концепТВо потрага по балансиран концепт на духовното и функцијата, започнав со анализа на дрвото како присуство во просторот. Има незаменливо значење за човековото постоење и одржливост на планетата Земја. Содржи незаменливи природни процеси, конструкција и естетика. Некогаш некој рекол – правата линија е создадена од човекот, додека кривата линија е од Бога дадена (природата). Не обидувајќи да се копира Господовото, правам компромис помеѓу човековото и природното (искршена права линија), и го користам во стилизацијата на дрвото со цел употреба и создавање самоодржлив концепт за удобно домување, кое во понатамошниот развој може да произведе концепт и за колективно домување.

орГанизацијаКорен - темел (подрумски простор, резервоар за вода).Стебло - вертикална комуникација (галериско отворање, процеси на транспирација).

Крошна - стан (кружно редење на функции, околу стеблото - сектори поставени на „гранки“).Врв - (кровна тераса, градина, дрвја, сончеви колектори).

МаТеријализацијаСтебло - јадрото е изработено од армиран бетон, а во него се „втемелени“ дрвените косници, кои го носат станот изработен од дрвени елементи и конструкција.

ДополниТелни опиСи- Предвидена е и техничка просторија потребна за инсталации за колекторискиот систем, улога на остава, итн. - Во случај семејството што го користи објкетот да биде дополнето со членови, возможна е реорганизација на просторот или доградба.- Кровната тераса не е рамна, туку е благо накосена кон атриумот, со цел собирање на дождовницата. Таа во услови на дожд, создава водопад со слободен пад во внатрешноста на јадрото, креирајќи природна атмосфера и соочување со природните процеси. Во дното на јадрото водата минува низ филтри, кои ја прочистуваат водата и ја доведуваат до употребливост. Потоа таа се собира и складира во подземен резервоар, од кој се одлива вишокот. Зависно од количината на врнежи, објектот може да се снабдува со вода независно од мрежата.- На кровната тераса е предвиден простор за сончеви колектори, кои се наменети за производство на ел.енергија, доволна за потрошувачката на објектот.- Кровната тераса е покриена со песок и чакал, намерно

Page 31: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 31

31

архитектура

избегнувајќи ја кровната градина, со цел помала инвестиција и избегнување дополнителни товари на конструкцијата. Но, успешно и компромисно е решена со дрвја и градинарски растенија во саксии, кои се независни од конструкцијата и се мобилни. На тој начин на терасата се појавува и градината во која се предвидени саксии со зеленчукови насади. - Објектот овозможува дополнување на комуникациските елементи – лифт или рампа која би го обвила јадрото од надворешната страна.

ДирекТна аСоцијација Со инСпирацијаТаФотосинтеза - реално се остварува преку кровните растенија.Транспирација - објектот е отворен, воздухот циркулира и природно се вентилира.Апсорпција на вода од земјата - објектот се снабдува со вода од резервоарите сместени во визбата.Природна фортификација - станот е поставен на 6,5 метри над земјата, вертикалното бетонско платно создава фортифицираност.Дом за животно - успешна трансформација во дом за луѓе.Храна - овошни дрвја и зеленчукови растенија.Стеблото ја носи крошната - објектот е целосно потпран на централното јадро.Залезни сенки - ефектот на ролетните (во вечерните часови рефлекција кон надворешноста, во дневните кон внатрешноста).

заклучокOбјектот е органски, не единствено по сопствениот физикус и директната реинтерпретација на дрвото како форма, туку многу повеќе поради природните процеси на апсорпција на водата, сончевата енергија, траспирацијата, фотосинтезата и производството на храна преку кровните растенија, што го чини и самоодржлив.

Page 32: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013332

32

архитектура

НОВА УМЕТНИЧКА ФАБРИКА НА СИГЕРОССтудиото е адаптирано како комплексен програм, кој вклучува изложбен простор, дигитален документарен центар на еден од најконтрадикторните политички ликови на модернизмот, интернационални резиденции за уметници, уметнички критичари и куратори, како и простор за работилници и конференции

"La Tallera Siqueiros", едно од двете студија, кои го наследиле мексиканското културно наследство на уметникот Давид Алфаро Сигерос, повторно го

отвора својот артистички програм во градот Куернавака, Морелос, Мексико. На прв поглед, со својата фасада од мрежeст бетонски блок кој ја маскира внатрешноста, музејот изгледа како приклонување на јазикот на мексиканскиот модернизам. Но, постои нешто покомплексно зад контекстуалниот вел на објектот. Она што сегашната интервенција го претставува е период на транзиција во продукцијата на современата мексиканска култура; нова работна стратегија која ги претставува новите генерации на визионери, кои

излегуваат од стегите на наследството, кое повеќе не ги претставува. По тригодишна реконструкција и реновирање, "La Tallera" го прикажува иновативниот архитектонски склоп на архитектката Фрида Ескобедо, кој преку истакнување на монументалните и социјални квалитети на мексиканските мурали, предлага и институционален модел, кој го потенцира студиото и развојот на дијалог како идеал за артистичка продукција. Дизајнот поседува одредени елементи на рускиот конструктивизам и популарниот мотив на „мрежа“ од мексиканската архитектура на 50-тите години на минатиот век. Студиото е адаптирно како комплексен програм, кој вклучува изложбен простор, дигитален документарен центар на

Бојана ФиЛиПовиќ, дипл.инж.арх.

Page 33: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 33

33

архитектура

НОВА УМЕТНИЧКА ФАБРИКА НА СИГЕРОС

еден од најконтрадикторните политички ликови на модернизмот, интернационални резиденции за уметници, уметнички критичари и куратори, како и простор за работилници и конференции. Пред сè, Ескобедо го задржува индустрискиот карактер на оригиналниот изложбен простор, дизајниран од Сигерос, кој е инспириран од монтажни подвижни објекти и послужил за создавање на големиот мурал, кој го испорачал за Полифорумот Сигерос во Мексико Сити.

МеСТо на МеМоријаДавид Алфаро Сигерос бил сликар, чии дела заедно со оние на Диего Ривера и Жозе Клементе Ороско овозможиле развој на мексиканската ренесанса на мурали. Неговите комунистички идеали го воведуваат во поддржување на социјалистички движења, работнички штрајкови и други манифестации. Но, неговата вистинска пасија - спојот на скулптурата и сликарството му овозможува остварување на големите и познати мурали.

Во 60-тите години на 20 век во Куернавака, тој го гради сопственото студио, нарекувајќи го "La Tallera" како референца на женската страна на креацијата. Или, како што самиот сликар појаснува: „Работилницата е идеја која Диего Ривера и јас ја создадовме како простор за работа со мурали, каде ќе се обучуваат нови техники во сликањето, материјали, геометрија и перспектива“. Главниот работен простор во студиото бил исполнет со електрични и мануелни дигалки кои служеле за подигање и движење на азбест цементните панели за муралите. Другите простори вклучувале лаборатории за материјали и фотографија, канцеларии, помошни содржини и неговата приватна резиденција. Во 1966 година, во овие простории тој го создава својот познат мурал „Маршот на човештвото на земјата и кон космосот“ , кој бил нарачан од неговиот патрон Мануел Суарез и Сурез, за објектот Полифорум Сигерос во Мексико Сити. За изведба на ова дело, Сигерос побарал конструирање на интегрална работилница

Page 34: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013334

34

архитектура

за подучување на мурализам. И токму во тој простор, уметникот соработувал со мултидисциплинарна група на работници – научници, уметници, заварувачи, како производствен систем, кој ги спојува техничките, архитектонските и уметничките знаења во едно.

реМоДелирање на инДуСТриСка рабоТилница Според архитектката Фрида Ескобедо, проектот е фокусиран на две идеи: „Отворање на дворот на муралите кон плоштад, со што уметноста добива јавен карактер, и употреба на економични материјали кои се интегрирани со просторот на работилницата. Затоа сè е покриено во мрежа“. Музејот "La Tallera" генерира врска која ги помирува музејот и работилницата со околниот простор со едноставен гест: отворајќи го дворот на музејот кон соседниот плоштад и ротирајќи серија на мурали од нивната постоечка позиција.

И Сигерос го дефинирал овој работен простор и резиденција како фокус на уметничка продукција и критика. Со разоткривање на дворот, музејот созадава простор за зедничка активност која одговара на јавната функција на плоштадот. Муралите, оригинално наменети за надворешен простор, сега имаат двојна улога: прво, визуелна и програмска врска со плоштадот, со тоа што ги содржи јавните простори на музејот – кафетерија, книжрница и продавница, и второ, како ѕид/програм кој ги одвојува куќата на уметникот од музејот и работилницата. Ротирањето на муралите ги става во игра симболичните елементи на архитектонската синтакса на фасадата, навлегувајќи во врската помеѓу посетителот и галеријата. Како и екстериерот, галерискиот простор од дизајнерска и артистичка гледна точка се отвора и генерира нови просторни врски. Распределбата на овие простори и заемната игра на плановите - мурали и ѕидови - се разоткрива преку поминување покрај периметралната фасадна мрежа која поставува граница со урбаното опкружување. Внатрешниот простор претставува единствено скулптурално дело кое ја содржи и ја изложува работата на Сигерос. Преку употреба на основни материјали, музејот на Ескобедо е контекстуален и привлечен за модернистички настроените локални посетители. Со задржување на скелетот на постоечкиот изложбен простор во бело и употребувајќи единствено бетон за новиот дел, проектот ги изложува фрагментите на старата работилница, кои служат како визуелна референца на додадениот простор. Исто така, дизајнот ја обновува и иновативната технологија на Сигерос за креирање на мурали– системот на кранови – не заради славење на неговите дела, туку како алатка која се нуди да се користи и денеска.

МоДерниСТичка МаСкаОбвивката ги обединува, компромитира и ги подредува серијата на објекти за решавање на различните потреби на програмата во интегрирана архитектонска експресија. На главната фасада, таа е протагонист кој го нагласува пристапот со гест кој кореспондира со надворешниот мурал. Во внатрешното пацио и главната галерија, презема пофункционална улога на заштитување на муралите од надворешните влијанија. Во канцелариите и студиото таа се адптира на зададената геометрија и продукт е самата форма. За уметничката работилница е избран архитектонски

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Page 35: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 35

35

архитектура

јазик кој потсетува на модернистичкото движење на 20-тите години на 20 век, каде функционалните елементи и линии ги следат потребите на просторот. Мрежест ѕид со архетипска форма на куќа ја дефинира поранешната куќа на Сигерос, која сега е резиденција за посетители. Обвивката му дава на ентериерот приватност и сенка, и генерира чувство на обединетост и диференцијација на обвивката на музејот.

уМеТничка фабрика во ДвиЖењеВремеплов со најзначајните настани во животот на Сигерос започнува со маркирање на неговото раѓање на јужниот дел од надворешниот плоштад и се движи по неговата должина, влегувајќи во музејот и кулминирајќи со модел на Полиформ Сигерос, неговото ремек-дело. Просторот што Сигерос го создава за своја работлница, оските на движење, светлото, подвижните механизми и подрумите се прецизно калкулирани за да овозможат мобилност на муаралите што тој ги произведувал. Во таа смисла, новата "La Tallera" е работилница со креативен, променлив, жив работен процес, а не само излог за уметничка презентација. Системот на подвижни кранови не само што го задржува карактерот на работилницата, туку служи за движење на галериските панели за поразновидна конфигурација на просторот. Галеријата е во постојано движење и секогаш се адаптира и се менува според различните потреби на изложбите. Маскираниот објект развива креативен музеографски простор инспириран од концептот за полиаголна перспектива на Сигерос, каде публиката може да ужива во подвижната уметничка фабрика и место за лабораторија за експериментите на новите културни продуценти. Пораката на Ескобедо отсликува смелост на театарски актер – некој што краткотрајно се маскира за да искаже одреден карактер. Новиот музеј покажува маестрална социо-политичка и архитектонска игра – добро одигран акт, кој внимателно ја изложува потребата да се погледне кон внатре, само за да создаде вистински автономен простор во внатршноста. Се маскира себеси како модерен, за да стане современ.

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Page 36: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013336

36

LogroÑo, LA rioJA, sPAin

Проект: Campo Viejo Winery Архитект: Ignacio Quemada Arquitectos

Винаријата Campo Viejo лежи на брегот на реката Ебро користејќи ги сите природни поволности за одгледување на винова лоза. Овој комплекс сместен во ридски предел програмски е поделен во два дела; полињата со насади од винова лоза и корпусот на винаријата во чии рамки се сместени производствен погон, продажба, адиминистрација и други сервисни содржини. Ефикасноста и рационалноста во проектирање винарија типолошки се повикува на модерните објекти, но сепак со доследност во специфичноста при вградувањето на прогамата што се негувала кај старите винарии. Таа традиција подразбира винарска визба позиционирана исклучиво под земја, како на природен начин би се постигнале вистински услови за изработка и стареење на виното: грозјето влегува од гравитацијата, со ведрина, темнина, стабилна температура и влажност и природна вентилација. Кај оваа винарија визбата ги ужива сите традиционални квалитети; таа е темна, со мирни простории во голема мера одбележани со формата и текстурата на ѕидовите како и слабата пенетрација на индиректна и бледа вештачка светлина која лизга низ пукнатините. Овие квалитети се воспоставени благодарение на единствената симбиоза помеѓу користењето на современи методи, архитектонското искуство од традиционалните винарски визби и интегрирањето на просторните сензации кои сите ги имаме во нашата меморија.

архитектура инфо

singAPore

Проект: Lucky shophouse Архитект: CHANG Architects

Станува збор за конзервација и реставрација на стара куќа во областа Joo Chiat, при што водечки елемент во изготвувањето на проектот е секако страста да се задржи шармот на ова историско место. Регулативите строго ги дефинираат условите за изградба во историските јадра како Joo Chiat и Katong во Сингапур. Зачувувањето на автентичноста е вредност која се негува и во таа насока за оваа област се бара предната фасада која го формира фронтот на улицата да биде конзервирана и реставрирана, додека задниот дел може да се подигне максимум до четири нивоа во височина. Доколку земеме предвид дека Lucky Shophouse во однос на својата намена се конвертира од трговски во станбен објект, регулативата во однос на катноста оди во прилог на проектот. Изворно овој објект е подигнат во 1920 година, во приземјето била сместена книжарница, додека катот бил користен како магацин за складирање. Новата станбена програма е вметната во старата лушпа на објектот. И покрај можностите за развивање во вертикала, проектантот сепак се вгнездува во постоечката структура, засилувајќи ја носивоста со додавање на челична конструкција. Ентериерот го чини симбиоза од масивно дрво и оригиналниот опус на градење во тула.

Page 37: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 37

37

архитектура инфо

Предлог-решението на Studio Alfirevic за овој конкурс претставува еден вид театар на отворено, на чија сцена би се одвивале и промовирале активности и перформанси од различни полиња на уметноста како: театар, кино, танци, предавања, изложби итн., поддржани од Големиот народен театар на Варшава. Кружната форма на овој павилјон е суптилен одговор на непосредната локација и овозможува еднакво визуелно искуство од сите страни. Третманот на фасадата се состои од подвижни ѕидови-завеси кои се придвижуваат автоматски и мануелно преку лизгачи поставени веднаш под таванот. Со поместување на завесите се дефинираат различни просторни рамки и тоа овозможува повеќенаменско користење на просторот, па така овој павилјон има интровертно-екстровертен карактер. Во зависност од позицијата на ѕидот-завеса и видот на активноста, просторот може да се затвори целосно (за предавања, проекции, промоции), делумно или може да се отвори во околината со ангажирање на неговата непосредна близина (претстави и концерти).

подготви: анастасија никоЛовска

Port-AU-PrinCe, HAiti

Проект: notre dame de l’Assomption Архитект: NC-Office

Проектот се состои од реновирање на дистрибутивен простор кој го чинат три големи магацински сали. Интервенцијата е вгнездена во шестаголното јадро на композицијата што ја градат овие три простори во форма на буквата Y. Во горното ниво на овој индустриски објект програмата вклучува административен сектор, настава за енологија и соба за професионална дегустација на вино. Избраниот архитектонски облик одговара на силната геометрија на постојните елементи на винаријата. Со групирање, одделување и реорганизација на комуникациите, секој елемент на композицијата може да функционира независно. Одличната диспозиција на елементите овозможува корисниците на просторот да се восхитуваат на импресивниот атриум и структурата на оригиналната градба, односно на синергијата помеѓу историските и современите вредности кои ги носи самата архитектура на винаријата Olarra.

WArsHAW, PoLAnd

Проект: конкурс за влезна партија на operlab theatre Pavilion Архитект: studio Alfirevi

Page 38: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013338

38

50 ГоДини обнова и изГраДба на Скопје

ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (2)Михаил токарев1963 2013

Во конкурсните планови на југословенските архитекти од 1965 година за централното градско подрачје на Скопје (1965) многу подобро се

разработени проблемите поврзани со содржините на центарот, социјалните и техничките прашања, како и со реализацијата. Сепак, за победник е прогласен афирмираниот јапонски архитект Кензо Танге (1913-2005), чија основна идеја нуди компактна изградба и релативна изолираност на градскиот центар. По периметарот на центарот е предвидено создавање на Градски ѕид оформен со повеќекатни блокови. На влезот се предлага висински акцент, создаден од група кули, кои би требало да ја оформат портата на центарот. До неа се доаѓа од железничката станица, која денес, според проектот на Кензо Танге, веќе е изградена како дел од првата фаза на идниот Транспортен центар. Конкурсната идеја на Кензо Танге за централното градско подрачје е разработена и доведена до фаза на реализација од страна на група македонски архитекти. Тие ја создаваат т.н. деветта варијанта

на планот, во која се вградени повеќе квалитетни елементи и од останатите конкурсни решенија, а најмногу од Кензо Танге и од Едвард Равникар. Во рамките на центарот подоцна се изградени нови општествени објекти со разновидна намена, големина и облик, а особено со различни архитектонски изрази. Поради тоа, може да се каже дека и покрај релативно големата дисциплина, во реализацијата на планот е испуштена можноста за интегрално обликување на центарот на Скопје. Во тој период, надвор од градскиот центар, на ридот Гази Баба се подига првата фаза од Природно-математичкиот факултет (1965), според проектот на Едвард Равникар (1907-1993), реномиран словенечки архитект, урбанист и професор. Овој објект со своето решение, во чија симетрала се наоѓа влезната партија

Кензо Танге. Конкурсното урбанистичко решение за центарот на Скопје (1967). Макета на делот со Железничката станица и Градската порта

Урбанистичкото решение за центарот на Скопје (1968). Шематски приказ на синтезната верзија

Деветтата варијанта на планот

Page 39: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 39

39

и амфитеатарот, наликува на огромна птица вгнездена на врвот од ридот. Славко Брезоски (1922-) го продолжува своето мајсторско творештво, започнато во претходниот период, при што се зафаќа со решавање и на позначајни урбанистички зафати. Тој е еден од осумтемина повикани автори заедно со проектантскиот тим на Македонијапроект да учествуваат на конкурсот за Урбанистички план за централното градско подрачје на Скопје (1965). Во концепцијата на овој план e направена една своевидна интерпретација на композицијата од Капитолот во Бразилија.

архиТекТонСки реализацииВо следната година, Брезоски се зафаќа со проектирање на Соборниот храм Св. Климент Охридски (1966, осветен 1990 г.), сместен на една несоодветна локација меѓу два булевари. Со долгогодишната изградба на храмот се направени голем број отстапувања од првобитниот проект, така што до израз доаѓа некомпатибилниот спој на релативно модерниот архитектонски концепт со оној на традиционалната црковна иконографија. Трајко Димитров (1930-), кој своето творештво го има отпочнато со примерното функционално и обликувано решение на Домот на културата Кочо Рацин (1959, урнат 1963 г.) создаден под влијанието на интернационалниот стил,

во овој период употребува комбинација од геометриски расчленет натур-бетон и фугирана тула. Тоа најнапред е видливо кај раздвижените волумени на Природонаучниот музеј (1968), а потоа кај покриениот пливачки базен Младост (1978). Во исто време Трајко Димитров создава и неколку значајни училишни и спортски објекти, што постепено станува негова потесна стручна специјалност. Слично комбинирање на натур-бетон и тула употребува и Никола Богачев (1933-1969) при обликувањето на училишните објекти во Скоје, како што се Осумгодишното училиште во населбата Карпош IV (1968) и гимназијата Орце Николов (1969), подигната во соработка со Александар Смилевски. Таквата постапка ја применува и Слободан Здравков (1931-) кај гимназијата Раде Јовчевски-Корчагин (1968). Комбинацијата на натур-бетон со тула, но во една подинамична просторна композиција, пред тоа веќе е применета кај гимназијата Јосип Броз Тито (1966) од В. Ладинска, Ж. Гелевски и С. Ѓуриќ.

Едвард Равникар. Природно-математичкиот факултет, Скопје (1965). Основа и изглед

Славко Брезоски. Соборниот храм Св. Климент Охридски, Скопје (1966, осветен 1990)

Трајко Димитров. Базенот Младост, Скопје (1978).

Page 40: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013340

40

архитектура Bridge HoUse, роТерДаМ, холанДија

Куќа-мост како пасторална визија

Вила од соништата, патишта преполни со полско цвеќe. Куќа со дрвени рамки, со затворени ливади, антички полиња и со прекрасни дабови дрвја

ве навраќа на некои дамнешни времиња, кои веќе одамна ги нема. Оваа вила, дело на холандското архитектонско и дизајнерско студио „123DV“, е поставена на новоформирана парцела на ридесто земјиште, која плови во еден пејзаж од дрвја и полиња со цвеќе и оформува идилична селско – пасторална визија. Фронталната

фасада е целосно застаклена во манирот на модернизмот, односно третманот на фасада што го употребува Мис Ван де Рое, врамувајќи незаборавни природни сензации. Пред самата куќа има отворен простор, кој на мошне модерен начин го врамува паркот отворен за пешаци. Паркот буквално се слева со околниот пејзаж, како да е дел од него. Архитектот на овој проект внимателно го реставрирал имотот во неговата изворна варијанта, со редови на дрвја низ пејзажот кои наликуваат на театарски седишта. Со цел да се направи почвата помалку плодна, нејзиниот

горен слој е отстранет. А во интерес на одржливоста, оваа земја е искористена како еден вид база под вилата. Крајниот резултат е традиционална холандска куќа поставена на врв на рид, која има и подрумски простории. Самоодржливоста, исто така, е инспирирана од дизајнот на куќата. Нејзината практичност е изразена преку вградените соларни панели поставени на покривот. Овие стаклени панели се карактертистични по уникатниот еколошки начин на акумулирање на вишокот топлинска енергија за нејзино понатамошно експлоатирање.

Page 41: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 41

41

архитектура

Page 42: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013342

42

архитектура

Објавени финалистите на награ дата „Мис ван дер Рое“ за 2013Европската комисија и Фондацијата Мис ван дер Рое ги објавија имињата на петте финалисти за европската награда за современа архитектура „Мис ван дер Рое“ за 2013 година. За наградата беа номинирани 335 трудови од 37 европски земји. Добитникот на наградата како и на посебното признание за труд на млади професионалци на почеток на својата кариера, ќе бидат објавени во месец мај, а церемонијата на свечено доделување ќе се одржи на 6 јуни во павилјонот на Мис ван дер Рое во Барселона.Номинирани се:

Градско собрание, Гент, БелгијаRobbrecht en Daem architecten; Marie-José Van Hee architecten

Metropol Parasol, Севиља, ШпанијаJ. Mayer H.

Page 43: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 43

43

архитектура

Објавени финалистите на награ дата „Мис ван дер Рое“ за 2013

Концертна сала и конференциски центар, Harpa, Рејкјавик, ИсландBatteríid architects; Henning Larsen Architects; Studio Olafur Eliasson

Superkilen, Копенхаген, Данска

BIG Bjarke Ingels Group; Topotek1; Superflex

Дом за стари и немоќни, Алкасер-ду-Сал, ПортугалијаAires Mateus Arquitectos

Page 44: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013344

44

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í,èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon.Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñîñâî¼àòà óíèêàòíîñò.Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signumïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíèíå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíàíà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk [email protected] +389 75 431 135

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

ентериер HAosHi design stUdio

Часовникот „Ластовица“ нов изум од Тајван

Една ластовичка не може да го направи летото, но дали можат дванаесет ластовички? Ова е коментарот за часовникот со ластовички, новиот

изум на дизајнарското студио Haoshi од Тајван. Студиото Haoshi е основано во 2009 година од страна на двајца дизајнери од Тајван, кои веруваат дека животот е полн со радосни и интересни работи, а со тоа нивната цел е овој став

да го изразат преку нивните креации. Водејќи се со оваа оптимистичка премиса произлезе и идејата за таканаречниот часовник „Ластовица“, велат од Haoshi. Часовникот самиот по себе претставува скулпторско дело

Page 45: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 45

45

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í,èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon.Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñîñâî¼àòà óíèêàòíîñò.Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signumïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíèíå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíàíà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk [email protected] +389 75 431 135

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

ентериер

каде што дванаесет ластовички, рачно изработени од смола, летаат и ги придвижуваат бројките. Монтирани на ѕидот, ластовичките летаат на различни височини околу „гнездото“, како да го следат изминувањето на времето. „Секојдневниот живот стана

многу брз, времето брзо лета, лета покрај нас со иста брзина на лет на ластовици“, велат креаторите. Преку оваа комбинација на движење, која му пркоси на времето, тајванските дизајнери се надеваат дека часовникот „Ластовица“ ќе го стимулира

позитивното размислување кај луѓето и ќе го направат животот поубав. „Овој часовник симболизира среќа и надеж, ластовиците на часовникот можат да ви дадат крилја на среќа и способност да летате високо во животот“, велат дизајнерите од Haoshi.

Page 46: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013346

46

ентериер

Зелената е тренди боја за 2013

Актуелната боја на мандарина од мината година, оваа година ја заменува зелената. Зелената боја е помирна, а стручњаците ја опишуваат како нежна, свежа, спонтана и природна боја која му годи на човечкото око. Оваа година архитектите и дизајнерите за ентериери најмногу ќе ја користат смарагдно зелената боја.

Page 47: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 47

47

арт инфо

Скопје

изложба на фотографии за (не)грижата за културното наследствоВо изложбениот салон „Империјал 1“ во КИЦ, во тек е изложба на фотографии кои отсликуваат дел од состојбата со културното наследство во Македонија. Изложбата како материјал е евидентирана минатата година од Центарот за културно наследство. Таа се состои од 50 фотографии кои се дел од проектот „Мониторинг на културното наследство, промоција и популаризација на неговиот мултиетнички карактер“. Преку проектот, финансиран од ФООМ, почнувајќи од лани, Центарот до 2014 година ќе продолжи да врши увид и анализа на состојбата на најзначајните зачувани објекти од културното наследство: археолошки локалитети, сакрални споменици (цркви, манастири, џамии), профани споменици - поединечни објекти и целини, градска архитектура и рурални целини/народно градителство, значајни галериски и музејски збирки. Според Донка Барџиева-Трајковска, претседателката на Центарот, „изложбата има вредност како манифестација и настан од посебен карактер што отвора нова страница во правец на поопштествување на дејноста заштита во граѓанскиот сектор. Нејзината мобилност во повеќе градови во државата овозможува актуализација и насочување на јавноста за примарното значење на наследството како културен идентитет и универзална вредност“.

лонДон

ретроспективна изложба на курт швитерс во лондонски tateИзложба посветена на германскиот сликар Курт Швитерс, еден од водечките уметници на европскиот модернизам, е поставена во лондонскиот музеј Tate Britain. Станува збор за прва голема ретроспектива на делата на Курт Швитерс во речиси последните три децении, а е посветена на подоцнежната фаза на германскиот уметник, по неговото бегство од нацистичка Германија и пристигнувањето во Велика Британија. Тој воедно е и автор на некои од најубавите и најзрелите колажи од XX век со кои отвори пат за поп-артот и движењето наречено "arte povera", најпознат по своите колажи од серијата "Merz Pictures" во кои ги комбинира „за потребите на уметноста, сите материјали што може да се замислат“, се наведува во материјалот на лондонскиот музеј по повод најавата на изложбата на Швитерс. Изложбата под наслов „Швитерс во Британија“, којашто ќе биде отворена до 12 мај, претставува своевиден британски омаж на овој голем уметник, а го опфаќа периодот од неговите бегалски почетоци во 1940 година до неговата смрт во Камбрија во 1948 година, со акцент на последиците од егзилот, низ повеќе од 150 колажи, композиции и скулптури, од кои некои првпат ќе бидат изложени по повеќе од 30 години.

лонДон

портрети од Ман реј Националната галерија на портрети во Лондон ја организираше првата голема ретроспектива на еден од најиновативните уметници на 20 век, Ман Реј. Изложбата од 150 фотографии претставува пресек на револуционерните фотографски техники, коишто ги користел славниот Реј. „Фотографскиот волшебник“, како што го нарекуваа Ман Реј, кој живеел од 1890 до 1976 година, веројатно е еден од најсестраните и најиновативни уметници на 20 век, уметник на парадоксот, кого го карактеризираат секоја поединечна фаза од неговото долго творештво, правејќи го централна личност на модернизмот во уметноста. Изложбата со едноставен наслов „Ман Реј: Портрети“ ќе трае од 7 февруари до 27 мај, и ги претставува неговите славни фотографски портрети, меѓу кои се портретите на славната француска актерка Кетрин Денев, на генијалниот шпански уметник Пабло Пикасо, како и на неговата муза и уметничка соработничка, фотографката Ли Милер, а многу од нив првпат ќе бидат претставени во Велика Британија.

Page 48: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013348

48

занимливости

Месечевата визија на Фостер

Идејата на Фостер за база на Месечината е заснована на изградба со помош на 3Д печатач кој би се носел заедно со вселенското

летало. Во прашање е најголемиот 3Д печатач некогаш направен, способен да направи база во која можат да се сместат четворица заедно со целата опрема потребна за истражување. Откако ја

освои планетата Земја, Норман Фостер и партнери одлучија да ги прошират своите амбиции – и тоа кон најблискиот земјен сателит. Еднаш кога ќе слетаат на Месечината, цевкастите модули сами

Page 49: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 49

49

занимливости

ќе се распакуваат и ќе се наполнат со воздух. Роботскиот контролиран 3Д принтер ќе испечати слој по слој школкасти обвивки употребувајќи ја земјата од Месечината (риголит). Градбите

од овој материјал ќе бидат доволно цврсти да го заштитат човештвото од метеорските дождови, гама радијациите и екстремните осцилации на температурата. Во соработка со

Европската вселенска агенција се проектирани градби во кои може нормално да се диши и да се работи. Направена е и пробна макета тешка 1,5 тон, која се тестира во лабораториите.

Норман Фостер

Page 50: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013350

50

технологии

Телевизијата на крстопатРазвојот и трендовите во ИТ се закануваат дека целосно ќе ни го променат животот и начинот на нашата интеракција со електронските уреди. Телевизорите, телефоните и од скоро воведените таблет компјутери стануваат едно исто. Различна е само дијагоналата на екранот. Инаку сите уреди имаат моќни процесори, голема меморија, брзи модеми и рамни и тенки екрани.

трајче стојанов, дипл.инж.арх.

Турбулентен е патот по кој се движат телевизиските куќи. По радиото, филмската и музичката индустрија, печатените медиуми, на ред дојде и телевизијата.

Во втората половина на минатиот век, телевизијата, односно телевизорот претставуваше собирна точка, фокус, „огниште“ кое го собираше семејството. Сите, во уво сторени, слушаа и гледаа што големата бучна кутија имаше да каже. Телевизијата суверено владееше над својот гледач. Денес, гледачот (ако така може да се нарече оној што користи телевизор) одлучува што и кога ќе гледа. Тој владее со неа, не обратно. Телевизиските куќи, сардисани од „пакоста“ наречена интернет-телевизија, губат тло под нозете бидејќи не се снаоѓаат во комуникацијата со својот корисник. Се чини не го разбираат новото време и не се спремни да го напуштат историскиот бизнис модел кој веќе тоне. Наспроти нив, „хардверашите“ не знаат за криза. Тие одлично го знаат својот потрошувач. Имам телевизија на мојот мобилен, на мојот таблет, на мојот лаптоп и се разбира на мојот телевизор. Гледам филмови кои биле на програмата вчера и снимам други кои не знам кога точно (и дали некогаш) ќе ги погледам. Омилена реклама немам, а не можам ни да се сетам на некоја. Рутина во гледањето телевизија немам. Мечтаам по најголемиот телевизор што ќе го погледам на излозите. Јас сум секој трет жител на оваа планета. Потрошувачката eлектроника (ПЕ) е сегментот од ИТ пазарот што во моментов ја придвижува цела ИТ индустрија. И има зошто: пазарниот сегмент на ПЕ има исклучително голем потенцијал и во моментов таму се случуваат и најголемите напори (читај: иновации). Доказ за тоа е неодамна завршениот CES (Consumer Electronics Show) 2013 кој се одржа во Лас Вегас, САД. Извештаите оттаму велат: телевизија, телевизори, екрани. Некако, годинава започнува во знакот на Телевизијата: Samsung го претстави својот 100-инчен телевизор, Corning своето ултратенко стакло кое ветува уште потенки екрани, а од Google веќе се шушка дека ќе го искомерцијализира YouTube сервисот. YouTube како синоним за интернет-телевизија се очекува да биде целосно редизајниран со цел да добие

Page 51: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 51

51

технологии

нови професионални и богати содржини понудени за месечна претплата. Општо познато е дека токму интернет-телевизијата (или телевизија преку Интернет, ако повеќе претпочитате) е основа за турбулентните времиња кои меѓу другите ги зафатија и телевизиите како медиуми. Експоненцијално се зголемува бројот на видео содржините што се поставуваат на Интернет. Интернетот од друга страна веќе е прилично стабилна и распространета инфраструктура. Користејќи ја предноста на ниските трошоци, многу знајни и незнајни јунаци „глумат“ телевизија на Интернет и што е најинтересно: баш добро им оди. Нема трошоци за лиценци, закупи на фреквенција, не знам какви студија, новинари, инфраструктура итн. Добивката овие „јунаци“ претежно ја оставаат за подоцна, но најмногу се надеваат на некоја реклама или уште подобро: на богати инвеститори. Оние

што ги сметаат ваквите обиди за „ситна боранија“ се оние што први го напуштаат ТВ бизнисот. Дури и прославените телевизиски куќи кокетираат со Интернетот, поставувајќи свои содржини, барајќи регистрација на корисниците, нудејќи членство и уште мал милион услуги. Како и да е, Интернетот стана ризница на видео содржини, а таа содржина може да се организира и спакува како телевизиска програма, и тоа програма по мерак и желба на корисникот. Така, веќе неколку години имаме Apple TV, Google TV, WD TV и слично. Набројаните претставуваат уреди од типот DMR (Digital Media Receiver), кај нас познати како дигитални рисивери, чија задача меѓу другото е да обезбедат дигитална медиумска содржина со одлична

резолуција од Интернет, а со помош на фини апликации да ја емитуваат преку ТВ уред. Можете да претпоставите, NetFlix и YouTube се сервисите што најчесто се нудени преку овие уреди. На крајот на краиштата, ги имаме и телевизорите со SmartTV технологија (се во едно: телевизор, wi-fi модем и апликации за пребарување и прикажување на видео содржините) и тоа по ѓаволски одлична цена, па дури и во Македонија. Во повеќето земји, овие опции се проследени и со месечна претплата за што за возврат се добива многу повеќе избор на комерцијални висококвалитетни содржини (пр. спорт, филмови итн.) кои не се така достапни бесплатно. И сега веројатно најинтересното: хардверот. Развојот и трендовите во ИТ се закануваат дека целосно ќе ни го променат животот и начинот на нашата интеракција со електронските уреди. Телевизорите,

телефоните и од скоро воведените таблет компјутери стануваат едно исто (веројатно и со едно, но ново име, се чека кумот). Различна е само дијагоналата на екранот. Инаку сите уреди имаат моќни процесори, голема меморија, брзи модеми и рамни и тенки екрани. Практично, оставено е на оперативните системи (и кориснички апликации) содржините да ги прикажат во графички интерфејс соодветен на големината на екранот и евентуално да ги синхронизираат уредите меѓу себе. Ова е замисла која се остварува од страна на неколку компании, а меѓу нив се и Samsung, Google, Apple, Ubuntu итн. Доаѓа времето кога едно семејство можеби ќе биде собрано во дневната соба за да гледа телевизија, но голема е веројатноста дека секој член ќе гледа (тв) содржини по свој избор на својот (личен) уред. Моќта е во потрошувачот, а потрошувачот е сè.

Page 52: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013352

52

експерт

ДАНОК НА СПАЛНА СОБА!

Според проценките на Националната федерација за домување, се очекува околу 660 илјади станари, коишто примаат надомест за домување во социјалниот сектор за домување, да бидат погодени од претстојните реформи во областа на социјалната заштита во Британија д-р владимир Б. ЛаДински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Крајот на месец јануари оваа година кулминираше со жолчни дебати во Британскиот парламент предизвикани од најновите реформи во доменот на социјалната заштита во

земјата, а со коишто дополнително ќе биде погоден дел на најранливите сегменти на британското општество. Станува збор за промени содржани во Законот за реформа на социјалната заштита од 2012 година (The Welfare Reform Act 2012), што стапува на сила во месец април оваа година. Британската коалициона влада се обидува да го намали нивото на социјална помош која се дава на граѓаните, со образложение дека со вакавиот пристап ќе се помогне за намалување на националниот долг и ќе се придонесе за излез на земјата од сегашната економската криза. Промената за која станува збор во овој случај се однесува на намалување на надоместот за домување, којшто економски најзагрозените станари ќе го добиваат од државата доколку се процени дека имаат вишок на станбен простор. Според проценките на Националната федерација за домување (National Housing Federation), се очекува околу 660 илјади станари, односно 31 процент од сите станари од работноспособна возраст, кои примаат надомест за домување во социјалниот сектор за домување да бидат погодени од претстојните промени.

заГрозени лицаСпоред британските закони, економски загрозените лица можат да побараат од државата да им се додели надомест за домување преку којшто, во зависност од утврдената економската состојба на станарот, се покрива или делумно или целосно наемнината за станбениот простор во кој живеат. Со претстојните промени во законот е воведен и нов критериум, кој се однесува за вишокот на станбен простор. Така, доколку според овој критериум се утврди дека станарот што прима надомест за домување има вишок на станбен простор во станбената единица во која живее, во тој случај на станарот ќе му се намали износот на надоместот за домување што го прима. Со новите прописи се опфатени само станарите што се на работоспособна возраст од 16 до 61 година, а кои живеат во социјална станбена единица. Спред законот, критериумот за вишок станбен простор се однесува само на вишокот на спални соби во рамките на стабената единица, при што на секој станар му следува по една спална соба за:

• секоја брачна двојка;• секое друго лице постаро од 16 години;• две деца од ист пол помали од 16 години;• две деца помали од 10 години без оглед на нивниот пол;• за кое било друго дете; како и за• негувател (кој вообичаено не

живее во станот) доколку на станарот или неговиот партнер му е потребна нега во текот на ноќта.

Спални СобиЗа разлика од Република Македонија, во Велика Британија големината на станбените единици се мери според бројот на спалните соби, при што не се зема предвид дали спалната соба е еднокреветна или двокреветна. Така на пример, во Британија

Page 53: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 53

53

експерт

стан со кујна, дневна, трпезарија, една двокреветна и една еднокреветна соба се смета за стан со две спални соби. Новите британски правила не земаат предвид како „вишокот“ на спални соби се користи, да речеме во случаи кога на пример има потреба брачните другари да спијат одвоено во засебни соби од здравствени причини, или пак кога децата живеат на друго место но за нив има слободна спална соба кога ќе дојдат во посета, итн. Во оние случаи кога ќе се утврди дека станарот има вишок спална соба, тогаш за вишок од една спална соба на станарот ќе му се намали надоместот за домување за 14 проценти, а доколку се утврди дека вишокот е две или повеќе спални соби, тогаш на станарот надоместот за домување ќе му се намали за 25 проценти. Во вакви случаи станарот треба самиот да ја плати разликата во наемнината на станбената единица на сопственикот на истата. Така на пример, ако за еден брачен пар, којшто живее во станбена единица за која наменината е 100 евра недело, се утврди вишок од една спална соба, тогаш станарот ќе треба да му плати 14 евра неделно на сопственикот на станбената единица. Доколку на станарот му следел надомест за домување кој целосно ја покрива наемнината за станбената единица, тогаш нему за 14 проценти ќе му се намали неделниот надомест за домување. Доколку пак на станарот му следувал само надомест за домување во износ од 10 проценти од неделната наемнина, тогаш станарот ќе го изгуби во целост правото на надомест за домување. Со оглед на тоа што во законот не е дефинирано што е спална соба, утврдувањето на тоа дали станарот има вишок или не на спални соби ќе се врши според големината на станот (бројот на спални соби) наведени во договорот за наемнина на станбената единица од една страна, и бројот на лицата што живеат во станот, при што се разбира ќе се земат предвид сродството, возраста, полот и статусот на лицата што живеат во станбената единица, од друга страна. Проценките се дека со новиот закон најпогодени ќе бидат следните

категории на станари, корисници на државен надомест за домување:• семејства во коишто има деца со посебни потреби;• лица со посебни потреби, вклучително со оние лица коишто живеат во приспособени или специјално испроектирани станбени единици;• раздвоени родители кои заеднички се грижат за своите деца, во коишто случаи само оној родител кој официјално се води како „главен згрижувач“ нема да биде погоден од законските промени;• брачни двојки кои ја користат

„вишокот“ спална соба за закрепнување по операција или од болест;• родители чиишто деца доаѓаат во посета но не се дел од домаќинството, односно не живеат постојано во станбената единица, како на пример студенти кои студираат надвор од дома подолго од 52 недели, или пак војници кои се на воена тура подолга од 52 недели;• лица кои времено се грижат за деца без родители (foster carers);• домаќинства во кои некој починал пред 52 недели, итн. Новите правила за намалување на надоместот за домување во случаи на „вишок“ на простор веројатно не би

биле толку контроверзни доколку има доволен број на социјални станбени единици, така што станарите лесно можат „преголемата“ станбена единица да ја заменат за друга која е „соодветна“ за нив по големина, според новите прописи. неДоСТиГ на Социјални СТановиВеќе подолго време во земјата има недостиг на станбени единици во социјалниот сектор, кој дополнително е продлабочен со повеќедецениската забрана за градење на социјални станбени единици од страна на

локалните власти (законската регулатива во оваа насока дури неодамна беше смената за повторно да се дозволи ваква изградба). Голем број домаќинства останале бездомници бидејќи ги имаат изгубено своите домови како резултат на неможноста да го отплаќаат станбениот кредит, или пак како резултат на контроверзно формулираната Програма за модернизација на социјалниот станбен фонд, која резултираше со бројни рушења на постојни социјални станбени единици. Имено, последниот критериум за мерење на успешната реализација беше базиран на тоа колкав процент од вкупниот број на социјални станебни единици во рамките на една општина ги задоволуваат минималните стандарди за домување. Ова отвори можност задоволувањето на овие критериуми да може полесно да се реализира преку рушење на постојниот субстандарден станбен фонд отколку преку негова модернизација.

Се разбира, преку новите прописи и очекуваното намалување на јавните расходи може да се придонесе за намалување на националниот долг и ублажување на последиците од економската криза. Прашањето е само дали фокусирањето на заштедите на најекономски загрозените слоеви на општеството ќе ги зголеми можностите за излез од економската криза, или пак ќе турне уште поголем дел на населението кон спиралата на сиромаштијата, од која многу тешко се излегува, особено во услови кога веќе јавно се говори за економска криза не со една или две туку, барем засега, со три најниски точки (дна).

Page 54: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013354

54

еко инфо

Женева

економијата и екологијата најголеми глобални ризициСветскиот економски форум предупредува дека поради продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните, како и се поголемите штети од климатските промени, светот се наоѓа исправен пред огромни ризици. Врз основа на испитувања на околу 1000 врвни експерти од областа на економијата, науката и политиката, направено е рангирање на најголемите глобални ризици, при што меѓу првите пет, на високото трето место се наоѓа загадувањето на животната средина. Несоодветното реагирање на климатските промени се смета за сериозен ризик, и се предвидува дека тоа ќе предизвика големи глобални последици во наредните десет години.

(Deutsche Welle)

бриСел

европската комисија со нова стратегија за квалитетот на воздухотЕвропската комисија ја прогласи 2013 година за година на воздухот, најавувајќи нова стратегија за подобрување на квалитетот на воздухот во Европа. Европската Унија се бори против загадувањето на воздухот уште од седумдесеттите години од минатиот век. Мерките за контрола на емисијата на стакленичките гасови и подобрувањето на квалитетот на горивата придонесоа за напредок на ова подрачје, но проблемите и понатаму постојат. Главно, тоа е последица на човечкиот фактор: согорување на фосилни горива и драматичен пораст на сообраќајот. Загадувањето на воздухот е главниот причинител на болестите на дишните патишта, како на пример астмата што денес е два пати позастапена отколку пред 30 години. Во земјите на ЕУ секоја година умираат 350 луѓе како последица од загадениот воздух.

(France Presse)

бриСел

Сараево најзагаден главен град во европаВрз основа на податоците од европскиот инвентар за квалитет на воздухот, Сараево е прогласен за најзагаден главен град во Европа. Предмет на обработка се годишните количини на загадувачки супстанции од 2008 година, при што градовите се поделени на повеќе групи означени со различни бои според степенот на загаденост. Сараево е обележено со црвена боја, што значи дека концентрацијата на цврсти честички надминува 371µg/m3 . Според истиот извор, Скопје е на високото второ место.

(Guardian)

Page 55: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 55

55

еко инфо

неваДа

најдобриот проект на ветерен парк во 2012На Светската конференција за обновлива енергија се доделени награди за најдобри проекти во 2012 година во 5 категории. Во категоријата проекти за ветерни електрани првото место го освои електраната Spring Valley, сопственост на Pattern Energy, која се наоѓа во Невада, САД. Моќноста на електраната е 151,8MW, обезбедена од 66 Сименсови агрегати. Процесот на проектно планирање започнал уште во 2006 година, а самата изградба во август 2011. Електраната е пуштена во погон во јуни 2012 година. Во текот на проектното планирање се користени бројни иновативни решенија, особено од областа на заштитата на животната средина: модифицирани електрични водови за да се намали ризикот за птиците, радари со напредна технологија и сл. Проектот, исто така, сериозно ја зајакнал и локалната економија бидејќи во изградбата учествувале над 40 локални компании. Во текот на идните 20 години локалната заедница треба да добие над 20 милиони долари од даноци.

(Vjetroturbine)

подготви: Даниела МЛаДеновска

Сан хозе

Apple вложува во обновливи извориПознатиот американски производител на електроника и компјутерска опрема Apple, ја интензивира примената на обновливи извори на енергија. Со цел да овозможи што повеќе функции на своите производи како што се: iTunes, iCloud, Apps и сл., компанијата мора да гради повеќе центри за обработка на податоци кои се големи потрошувачи на енергија. Поради тоа, Apple покрена иницијатива за чиста енергија, со крајна цел сопствената потрошувачка на енергија да ја покрива 100% од обновливи извори. Во пролетта 2011 година компанијата изгради фотоволтаична електрана од 20MW за потребите на својот центар во Северна Каролина, а во 2013 година ќе изгради уште две електрани на обновливи извори.

(Renewable Energy World)париз

Peugeot Citroen со планови за автомобил на воздухРаководството на компанијата PSA Peugeot Citroen верува дека до 2016 година на пазарот ќе го промовира првото хибридно возило кое ќе користи и воздух како гориво. Истражувачкиот тим од оваа компанија уверува дека овој автомобил ќе ја намали просечната потрошувачката на конвенционално гориво за 45%. Системот работи со помош на стандарден мотор со внатрешно согорување, специјална хидраулика и адаптиран менувач заедно со цилиндри со компримиран воздух, кои ја акумулираат и ослободуваат енергијата. Ваквиот систем му овозможува на автомобилот да користи гориво или воздух, односно нивна комбинација. Компанијата предвидува дека до 2020 година на пазарот ќе се појават автомобили кои ќе минуваат 50km со еден литар гориво.

(Daily Mail)

Page 56: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013356

56

екологија научнициТе оТкривааТ позиТивни оСобини на МаСлиновиТе Дрвца

Маслинките ќе не спасат од опустошувањеМаслиновите дрвца не се пребирливи, може да опстанат на екстремни временски услови и бараат многу малку грижа и вода. Маслиновите дрвца се корисни за животната средина со тоа што го намалуваат нивото на СО2 во атмосферата

сашо кУзМановски

Засадувањето на десетици илјади маслинови дрвја во сушните подрачја на Израел се покажало многу корисно за животната средина, тврди најновата студија, според

која, маслиновите дрвја обезбедуваат сенка за животните, го прочистуваат воздухот, а произведуваат и врвно маслиново масло. Студијата нуди решение за спречување

на опустошувањето, зашто маслиновите дрвја го намалуваат ветерот и ерозијата на почвата во пустината, па може да се зборува за одржливо решение против ширењето на пустините од еколошки аспект, а исто така и од економска и социјална гледна точка, поради креирањето извори на заработувачка. Како што пренесува Мрежата на еколошки вести (ЕНН), студијата ја

спровеле истражувачите од Земјоделскиот факултет при Еврејскиот универзитет во Ерусалим, со помош на Организацијата за земјоделски истражувања. Доктор Зохар Керем, раководител на лабораторијата за истражување на маслиновото масло на овој факултет, кој учествувал во студијата, објаснува дека научниците будно го следеле пошумувањето на пустината во Израел. „Маслиновите дрвца не се пребирливи,

`

Page 57: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 57

57

екологија

може да опстанат на екстремни временски услови и бараат многу малку грижа и вода. Маслиновите дрвја во голема мера ѝ користат на животната средина со тоа што го намалуваат нивото на СО2 во атмосферата“, ја пренесува ЕНН изјавата на Керем.Според него, дрвцата во исто време обезбедуваат сенка и засолниште за дивиот свет. Во набљудуваното подрачје биле забележани елени, бодликави прасиња, глодачи и влекачи, а се зголемил и бројот на птиците - многу важен податок со оглед на тоа што Израел е попатна станица за милиони птици преселници, секоја година. Некои истражувачи, како што коментира ЕНН, се против акции за засадување дрвја во сушните подрачја, тврдејќи дека тоа доведува до промена во природното ткиво и локалниот див свет. Но, Керем има поинакво мислење. „Станува збор за одлична мерка. Иако земјата се обработува, подрачјето останува недопрено“, вели тој. Неговото гледиште го поддржува доктор Ади Наали, агроном во Бордот за производство на растенија и маркетинг. Наали, како што пренесува ЕНН, тврди дека маслиновите дрвја обезбедуваат одлично засолниште за животните зашто

во својот животен век не бараат употреба на пестициди ниту каква било друга човечка грижа. Истражувачите утврдиле и дека насадите со маслинки не се пријателски настроени кон инвазивните видови, како што се чакалите, чиј број пораснал на загрижувачко ниво во тие подрачја. „Чакалите се хранат со широк избор на животински видови и може да го нарушат синџирот на исхрана. Тие сакаат пространи терени. За нив е тешко да ловат во маслиновите насади“, вели Наали. Според доктор Керем, истражувањата на квалитетот и хемискиот состав на маслиновото масло произведено од овие насади покажало дека тие даваат квалитетно маслиново масло со голема корист по здравјето на луѓето, поради големиот процент на антиоксиданси.

СовреМенициТе на ДеДо ноеСтуткани во едно заспано селце во Либан, 16 маслинови дрвца сведочат за 6.000 години политички превирања, чуми, болести, промени во климатските услови и промена на цивилизациите, јавува порталот Green Prophet, портал специјализиран за

еколошки вести од Блискиот Исток. Овие дрвца се најстарите дрвја во светот и се позагрозени од бенгалските тигри и од дивите панди, коментираат еколозите. „Сестрите“, како што локалните жители ги нарекуваат овие маслинови дрвца, веќе се прогласени за национално богатство, а се наоѓаат и на либанските поштенски марки.Локалните жители прават се што можат локалитетот да се заштити преку реализација на бројни проекти: да се формира природен резерват, да се воведе забрана за лов, да се поврзе ова историско место со модерните текови и многу други. Проектите во голема мера зависат од обезбедувањето финансии.

Page 58: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013358

58

екологија

Page 59: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 59

59

спортски храмови

Азиската инвентивност повторно импресионира

СпорТСки парк јонГин, јонГин, јуЖна кореја

сашо кУзМановски

Дека Азијците се секогаш подготвени да изненадат со своите необични архитектонски решенија за големите спортски објекти, говори и најновиот проект во јужнокорејскиот град Јонгин, кој од

оваа година почна забрзано да се гради. Всушност, станува збор за стадионски комплекс кој содржи еден модерен стадион со капацитет до 37.000 места и еден помал тренинг стадион со трибински простор од 1.800 места. Целиот комплекс ќе опфати и едно отворено игралиште за футсал, ракомет, кошарка или одбојка, како и фантастично хортикултурно уредување кое ќе го оправда целосниот назив на комплексот, Спортски парк Јонгин. Корејците не ретко знаат да иновираат, па така ќе биде и овој пат со овој спортски комплекс. Дизајнот и идејното решение се на DRD Studio од Сеул, архитектонско биро кое потекнува од САД со седиште во Лос Анѓелес, но кое има свои претставништва во Лас Вегас, Сеул и во кинескиот град Шангај. Вкупната цена на изградбата на спортскиот парк во Јонгин ќе ја надмине сумата од 125 милиони долари, која беше првично испланирана за изградба на целиот комплекс. Последните анализи на јужнокорејските инвеститори во проектот, велат дека сумата ќе надмине и 150 милиони долари, но проектот е отпочнат со градба и ќе биде завршен во предвидениот период.За комплетно опслужување на потребите на спортските стадиони и терени, ќе биде изграден паркинг со 1.500 места за автомобили, но исто така ќе има и помал паркинг простор под големиот стадион, кој ќе има капацитет од 240 возила. Според планот на градба, Спортскиот парк Јонгин ќе биде комплетно готов до 2015 година. Рекреативните зони ќе опфатат неколку детски игралишта, како и неколку тениски терени кои дополнително ќе бидат изградени. Огромна предност на стадионскиот комплекс во Јонгин, е тоа што до него води директна железничка линија, така што пристапот до објектите за сите жители на овој јужнокорејски град ќе биде многу едноставен.

Факти за Спортски парк Јонгин - Јонгин, Ј. Корејацентрален стадион: 37.000 места Помал тренинг стадион: 1.800 местаПридружни објекти: отворено игралиште, тениски терени, рекреативни зони со детски игралишта, водни парковиПаркинг простор: 1.500 + 240 места Период на изградба: 2013 - 2015цена на градба: 150 милиони долари Дизајн: DRD Studio, Seul

Page 60: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013360

60

хортикултура

Приватноста во дворовитеПотребата од приватен дел во градината е се поголема, со оглед на динамичниот начин на живеење и потреба за одмор и релаксација во природа со потесниот круг на фамилијата. Поради густината на населеност, ваквиот тип на распределување на дворната површина е многу популарен во САД и е познат како "backyard garden".

Со зголемување на вредноста на земјиштето во централните градски подрачја, луѓето сè почесто се одлучуваат за купување на помали парцели, со што си го

скратуваат задоволството за простран двор. Во помалите дворни површини тешко е да се изврши рамномерно зонирање на териториите, па затоа најчесто се оди на варијанта со помал јавен дел пред самата куќа на сметка на приватниот дел кој најчесто се подига зад куќата или странично. Потребата од приватен дел во градината е се поголема, со оглед на динамичниот начин на живеење и потреба за одмор и релаксација во природа со потесниот круг на фамилијата. Поради густината на населеност, ваквиот тип на распределување на дворната површина е многу популарен во САД и е познат како "backyard garden". Постојат најразлични решенија

за зачувување на приватноста. Ние во овој број ви нудиме едно од нив. Во зависност од тоа какво е опкружувањето, секогаш кога е во прашање приватниот дел, се стремиме кон целосно или делумно затворање на видното поле од страната на минувачите. Тоа може да се постигне со подигнување на жива ограда од најразлични видови дрвја и грмушки (пр. Cupressocyparis leylandii, Thuja spp; Prunus laurocerasus, Photinia spp; Berberis julianae; Berberis thunbergii и многу други), со поставување на дрвени паравани, или рогозина ако веќе имате подигнато метална ограда. Организацијата во овој дел исто така е многу важна со оглед на ограничениот простор. Доколку оградата е метална и заштитена со рогозина, најдобро е да се подигнат мешани линиски насади од дрвја и грмушки по должина на самата ограда. Комбинирањето на боите и формите претставува вистинско задоволство кога станува збор за дизајнирањето на формата

на овие насади. Обрабувањето исто така дава посебена убавина на целата композиција така што ја разграничува тревната површина со дрвјата и грмушките. Тоа може да се изведе со обични дрвени трупчиња, со циглички, или наједноставно со остар засек на фино обработената почва. Во никој случај не препорачуваме да се употребуваат пластични ленти поради тоа што создаваат кич ефект. Посебен визуелен ефект се постигнува со начинот и правецот на косење на тревникот. Доколку површината е тесна, а долга, најдобро е

Филип ФиЛиПоски, дипл.шум.инж.

Предлог во 2Д

Page 61: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 61

61

хортикултура

да се коси во попречни ленти, во спротивно ако просторот е широк, а кус, се коси надолжно. Просторот за седење најдобро е да биде поплочен, а пристапот до него може да биде по бетонска или поплочена патека, песок со покрупна фракција или само да се постават големи рамни плочи од природен камен т.н. flagstones. Сепак, доколку просторот дозволува, добро е површината предвидена за седење (плочникот) да се позиционира на една од страните за да се

создаде можност за поголема тревна површина за забава на најмладите. Не се исклучува и можноста од поставување на лулашка, тобоган и сл. Како одлична заштита од силното сонце во текот на летните денови може да послужи пергола околу која би се насадиле повеќе видови на лијани, кои би се потпреле на конструкцијата од перголата (пр. Parthenocissus quinquefolia, Parthenocissus tricuspidata, Hedera helix, Clematis spp; Lonicera acuminata и др).

Предлог рендер

Предлог рендер

Page 62: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013362

62

совети

МАНСАРДЕН СТАНКупивме мансарден стан од 53 м2. Целиот стан е под коса таваница а височината во средината на просторот изнесува 4 м. Ние сме млад брачен пар без деца па бараме оригинално и инвентивно решение за нашиот нов дом. Ве молиме да ни помогнете да најдеме такво решение.

Ана и Марко Попови, Скопје

Технолошкиот образец и шаблонската изградба резултираат со унифицирани станови сиромашни со оригинални решенија, па е вистинско задоволство

да се живее во нестандарден простор кој на некој начин ќе ја изразува особеноста на сопствениците.Тргнувајќи од вашите потреби, а имајќи ја предвид височината на просторот, станот може да се подели на две зони и тоа по височина. Постои можност покрај гардеробниот простор да се интерполираат скали и така да се оформи галерија.Тука би се организирал мирниот дел од станот, спалната и работната соба, а долниот дел би бил за дневната, трпезаријата, кујната и бањата. Ваквата поделба на просторот нуди многу амбиентални вредности, можност за поставување на полутранспарентни прегради и пријатни доживувања како примарна функција. Направете и мала денивелација пред скалите што водат на галеријата, така што дневната соба ќе се одвои во помирниот дел блиску до прозорецот. До скалите, под галеријата е влезот во кујната и трпезаријата. Право од влезот, преку гардеробата се влегува во бањата. На галеријата е сместен брачниот кревет, гардеробата и работната маса со полици за книги. Во двевната соба, троседот и двоседот можат да бидат во црвена кожа. Така ведро ќе се истакнуваат во однос на природните тонови кои би преовладувале во целиот стан. Играта на осветлувањето и боите дополнително ќе придонесе за пријатен амбиент.

Билјана стевковска-савиќ, дипл.инж.арх.,

[email protected]

53m2

потоа

пред

Page 63: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 63

63

најчудни градби

Арапскиот „Лувр“ ќе голтне над 100 милиони евра

Драган ристов

Во „Порта 3“, во оваа рубрика претежно сме пишувале за постоечки објекти, иако поретко имало моменти кога сме биле предизвикани од нешто

што е во фаза на изградба или допрва ќе се гради. Мора да признаеме дека кога се во прашање Обединетите Арапски Емирати, имаме чудно чувство на новина која повторно е во насока на рушење на архитектонски граници, рекорди или нетипична благодет за нашите очи. Од тие причини, се одлучивме овој пат да пренесеме информации за проект кој е во фаза на изградба во Абу Даби во ОАЕ, а кој се однесува на новиот музеј „Лувр“. За ова постои важечки договор на 30 години помеѓу Владите на ОАЕ и на Франција. Објектот веќе се гради, и иако со планот се предвидувало да биде завршен до крајот на оваа година, сепак финалето најверојатно ќе биде во 2015 година. Музејот е лоциран на островот Саадијат, кој вклучува и други објекти освен овој музеј, поточно ќе се градат уште три други музеи, вклучувајќи и арапска верзија на славниот музеј „Гугенхајм“. Арапскиот „Лувр“ ќе биде на површина од околу 24.000 квадратни метри. Конечната цена на изградбата се очекува да биде помеѓу 83 и 108 милиони евра. Од оваа сума околу 800.000 евра ќе отпаднат на покривање на правото на користење на името „Лувр“. Уметнички дела од целиот свет ќе бидат демонстрирани во музејот, со посебен фокус поставен на премостување на јазот помеѓу источната и западната уметност. Архитект на објектот е Жан Нувел, а инженерските работи се на Buro Happold. Музејот е дизајниран како „навидум лебдечка купола“ која ќе има мрежеста структура и ќе овозможува продирање

на сончевите зраци во внатрешноста на музејот. Постојаната колекција ќе окупира 6.000 квадратни метри простор, додека за повремени изложби се предвидени над 2.000 квадратни метри простор. Изградбата на овој музеј е одобрена од францускиот Парламент на 9 октомври 2007 година. Градежните работи на „Лувр“ во Абу Даби официјално започнаа на 26 мај 2009 година, што беше и причина да се планира отворање за 2013 година. И покрај градежните проблеми, ОАЕ во изминатите години работеа на прибирање на експонати, во договор со Франција. Во меѓувреме, само се потврдија шепкулациите дека отворањето на музејот е пролонгирано заради новата економска стратегија на

Емиратите, а иако нема нов датум, се претпоставува дека ќе бидат потребни уште две години за завршување на изградбата. Инаку, музејот во техничка и градежна смисла речиси и да нема некаква слична точка со францускиот „Лувр“. Дизајнот на арапскиот „Лувр“ е комплетно поинаков, исто како што и дизајнот за новиот арапски „Гугенхајм“ се разликува од американскиот комплекс. Дизајнот е адаптиран на ресурсите и на стилот што ќе доминира на островот Саадијат. Големата „лебдечка купола“ изгледа и како масивна чинија чија монотоност е разбиена со неколку придружни објекти, но самата внатрешност на музејот според илустрациите ќе биде спектакуларна и привлечна.

Page 64: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013364

64

излог

2

1

4

Page 65: Porta3 - 200

8 февруари 2013 ПОРТА3 65

65

излог

3

1. Флексибилна и континуирана структура на фотелја наменета за релаксација или привремена работа од Michele Franzina и Venezia Homedesign.

2. Геометриски форми на регистри наменети за санитарии од Luigi Brembilla.

3. Колекцијата плафонски и ѕидни светилки наречена Memory (Меморија), се инспирација од спомените од детството на дизајнерот Boris Klimek. Висечката врвка е наменета за гасење и палење на светилките.

4. Масичката Volcane е спој на функционалноста и естетиката. Направена од лакиран медијапан и масивно дрво во која има вазна, која се отстранува за чистење. Дизајнот е на студиото Bellila.

5. Полици направени од гајби, креација на фирмата rolf Benz.

подготви: сандра ДонЧева теоХарова, дипл.инж.арх.

5

Page 66: Porta3 - 200

ПОРТА 8 февруари 2013366

66

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 11/2013

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА

ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА,

РЕХАБИЛИТАЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ И ЗАШТИТА

НА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА ЗА 2013 ГОДИНА НА ЈАВНОТО

ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА

ИСПРАВКАНА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА

ЗА ИЗГРАДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СТАНБЕНИОТ ПРОСТОР

ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА

2013 ГОДИНА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 13/2013

ПРАВИЛНИКЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА

БАРАЊЕТО, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И

ОБРАЗЕЦОТ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДБИТЕ

ОДНОСНО ПОСТАВУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА ЗА КОИ НЕ Е ПОТРЕБНО ОДОБРЕНИЕ ЗА

ГРАДБА

ПРАВИЛНИКЗА ФОРМАТА И

СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИЗВРШЕН

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ОД НАДЗОРЕН ИНЖЕНЕР ЗА ГРАДБИ ОД ВТОРА

КАТЕГОРИЈА

ПРАВИЛНИКЗА ФОРМАТА И

СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА

НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ОБЈЕКТИ ИЛИ ПОСЕБНИ ДЕЛОВИ ОД ОБЈЕКТИ ЗА

КОИ Е ДОНЕСЕНО РЕШЕНИЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН

СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ ВРЗ ОСНОВА НА КОИ СЕ ЗАПИШАНИ ВО ЈАВНАТА КНИГА НА НЕДВИЖНОСТИ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

ОГЛАСЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

БРОЈ: 05-121/4/2013Податоци за јавниот партнер: Општина Ѓорче Петров, ул. Ѓорче Петров бр. 73, 1060, Скопје.ПРЕДМЕТ:Јавно приватно партнерство за изградба на административно деловен објект и подземен паркинг простор.Контакт тел/факс: 003892 2045-658, 003892 2033-309, лице за контакт: Димитар Руменов.Краен рок за поднесување на понудата: 10.05.2013 година.

БРОЈ: 01/2013Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Надзор над изградба на регионален пат Р2138, врска со регионален патР2134 со населбата Сончев Град.Контакт тел/факс: 02 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска-

Богдановска.Јавно отворање на понудите на ден 11.03.2013 год.

БРОЈ: 02/2013Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Надзор над изградба на регионален пат Р29272, делница Опае – Белановце – Станичиќ, граница со Косово.Контакт тел/факс: 02 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска.Јавно отворање на понудите на ден 12.03.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 15/2013

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ИЗВЕСТУВАЊЕЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА

ПОСТАПКИТЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПО ПАТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 02/2013Назив на договорниот орган:АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведба на реконструкција и адаптација на фасада со цел подобрување на енергетската ефикасност и реконструкција на внатрешност на административна зграда – Дирекција на АД МЕПСО.Контакт тел/факс: 3149-693, 3111-160, лице за контакт: Панче Манојловски.Јавно отворање на понудите

на ден 11.03.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 17/2013

ОПШТИНА КАРПОШ

ИЗВЕСТУВАЊЕЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА

ПОСТАПКИТЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО

НАДДАВАЊЕ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 08/2013Назив на договорниот орган:Министерство за транспорт и врски, ул. “Даме Груев“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Услуга за вршење на надзор над изградба на колекторски систем на речното корито на река Кратовска во населено место Кратово, општина Кратово и вршење технички преглед на градбата.Контакт тел/факс: 02 3145-519, 3226-392, лице за контакт: Тијана Маневска.Јавно отворање на понудите на ден 21.02.2013 год.

БРОЈ: 5/2013Назив на договорниот орган:Министерство за труд и социјална политика, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведување на градежно – занаетчиски работи за објект за детска градинка во општина Липково.Контакт тел/факс: 02 3106-239, 02 3106-409, лице за контакт: Благица Мојсова.Јавно отворање на понудите на ден 19.02.2013 год.

јавни набавки

Page 67: Porta3 - 200
Page 68: Porta3 - 200