68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 171 / ПЕТОК 02.12.2011 година VII Пет кратки приказни од Токио „Сибелиус“ акустично ремек-дело Колку е квалитетен воздухот во Скопје? Подготовка на градината за презимување

Porta3 171

  • Upload
    porta3

  • View
    246

  • Download
    7

Embed Size (px)

DESCRIPTION

gradeznistvo, arhitektura, ekologija

Citation preview

Page 1: Porta3 171

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

171

/ ПЕТ

ОК

02.1

2.20

11 г

один

а VI

I

Пет кратки приказни од Токио

„Сибелиус“акустично ремек-дело

Колку е квалитетен

воздухот во Скопје?

Подготовка на градината за

презимување

Page 2: Porta3 171

ГРАДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 165

/ П

ЕТО

К 09

.09.

2011

годи

на V

II

ДВЕ

ЛИЦА НА

УРБАНАТА ОБНОВА!

АЕРОДРОМОТ

„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

СО НОВ ЛИК

ПРВА КУЌА

ОД БРОДСКИ

КОНТЕЈНЕРИ

ВО МАКЕДОНИЈА

Неповторлив амбиент

под златниот врв

АДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈ

ЕКОЛОГИЈ

ЕК

А

ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11 го

дина

VII

АЕРОДРОМОТ

„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

ГРАДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

8 / П

ЕТО

К 21

.10.

2011

год

ина

VII

Шарената џамија ќе се

зачува за идните генерации

Претходниот Закон за

градење во некои одредби

е подобар од сегашниот

Преку јазикот

на просторот,

светлината и

геометријата

комуницирам

со публиката

БРИТАНСКИТЕ

АРХИТЕКТИ ЌЕ

СЕ ЕДУЦИРААТ

СПОРЕД НОВА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА

ПРОГРАМА

Марио Бота

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11

ГРАДЕЖНИШТВОГРАДЕЖНИШТВОГРАРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈЕКОЛОГИЈЕК А

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

8 / П

ЕТО

К 21

.10.

2011

год

ина

VII

Шарената џамија ќе се

зачува за идните генерации

Претходниот Закон за

градење во некои одредби

Преку јазикот

на просторот,

светлината и

геометријата

комуницирам

со публиката

БРИТАНСКИТЕ

АРХИТЕКТИ ЌЕ

СЕ ЕДУЦИРААТ

СПОРЕД НОВА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА

ПРОГРАМА

Марио БотаМарио БотаМарио Бота

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИпроф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИпроф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

9 / П

ЕТО

К 04

.11.

2011

годи

на V

II

НОВАТА СОБРАНИСКА КУПОЛА - ПРВЕНЕЦ ВО ДРЖАВАТА

„ЛИНА“ - ЗАСОЛНИШТЕ ОД ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ

МИМОЗА НЕСТОРОВА ТОМИЌ, ЛАУЕРАТ НА НАГРАДАТА

„АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2011

800

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

СОРАБОТУВАЈ

ПРЕТПЛАТИ

СЕ!

годишна п

ретплатаПИШУВАЈ

денари

промотивна цена за студенти 800ДЕН.

уплати на:жиро сметка: 300000001995035Комерцијална банка АД Скопје

за повеќе информации

02 3109 [email protected] www.porta3.com.mk

Соработувајте со Порта3 - претставете ги вашите проекти, размислувања, дизајни, иновации, интерни настани...

Ве очекуваме!

www.porta3.com.mk

Page 3: Porta3 171

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

171

/ ПЕТ

ОК

02.1

2.20

11 г

один

а VI

I

Пет кратки приказни од Токио

„Сибелиус“акустично ремек-дело

Колку е квалитетен

воздухот во Скопје?

Подготовка на градината за

презимување

БроЈ 171 ПетоК 02.12.2011 гоДина Vii

50

Голема инспирација на Рем Колхас да стане архитект биле цртежите на Кензо Танге од конкурсот за постземјотресно Скопје, пишува архитектот Иван Мирковски, во една од неговите пет кратки приказни од Токио. Неговата средба со Јапонија, со јапонските архитекти и јапонската архитектурата се предизвик за текст на кој не може да му одолеете. Во градот Лахти, во јужна Финска, се наоѓа една од десетте најдобри концертни сали за снимање на носачи на звук. Ова го овозможува одлично проектираниот објект и изборот на материјали кои се користени во градбата. Концертната сала е наречена „Сибелиус хол“, во чест на големиот фински композитор Јан Сибелиус. Како реновирана стара фабрика – пилана, концертната сала е пуштена во употреба во март 2000 година и претставува пример за иновативни решенија во употребата на дрвото како конструктивен материјал. Лондон - домаќинот на Олимписките игри во 2012 почна да ги претставува олимписките објекти. Олимпискиот

велодром е добитник на наградата за најдобар јавен објект што ја доделува британскиот премиер. Станува збор за награда преку која се оддава признание на новоизградените објекти и простори со кои се подобрува извршувањето на јавните услуги, се создава чувство на идентитет и заедница, и кои помагаат да се изгради одржлива иднина. За него велат дека е инспиративен и чудесен објект. Скопјани мака мачат со загадениот воздух. Еден од главните проблеми со загадувањето на воздухот се должи на преголемата застапеност на автомобили. Друга причина поради која во Скопје се дише неквалитетен воздух претставуваат несоодветните местоположби на индустриските објекти, кои се лоцирани во непосредна близина на населени места. Трета причина поради која во Скопје концентрациите на штетни гасови се големи, а и се задржуваат подолго во градот, претставува опкружувањето на самиот град поставен во котлина.

од редакЦијата

ГРАДЕЖНИШТВО 14OСНОВНИ ПРИНЦИПИ И

КОНСТРУКТИВНО ПРОЕКТИРАЊЕ

ДНЕВНИК 20ПЕТ КРАТКИ ПРИКАЗНИ ОД ТОКИО

АРХИТЕКТУРА 28„СИБЕЛИУС“ - АКУСТИЧНО

РЕМЕК-ДЕЛО

РЕПОРТАЖА 32РИО - ГРАД НА КОНДЕНЗИРАНА

ДИХОТОМИЈА

УРБАНИЗАМ 36ФУНКЦИОНАЛНА

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗАПУШТЕНИТЕ ФАБРИЧКИ

КОМПЛЕКСИ

ЕКСПЕРТ 50ВЕЛОДРОМ - ИНСПИРАТИВЕН

И ЧУДЕСЕН ОБЈЕКТ

ЕКОЛОГИЈА 52КОЛКУ Е КВАЛИТЕТЕН

ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ?

ХОРТИКУЛТУРА 54ПОДГОТОВКА НА ГРАДИНАТА

ЗА ПРЕЗИМУВАЊЕ54

Насловна страница: neues museum,БерЛин, герМаниЈа

автор: дејвид чиперфилд

2820

52

драГи читатели,Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАВесна КОСТОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИЛеонида Пенка БАШАМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати: Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Page 4: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 201134

4

рубрика

Page 5: Porta3 171
Page 6: Porta3 171

инфо

ПОРТА 02 декември 201136

6

Центарот за културно наследство на Гејтсхед при ст. Мари со нови наГради

Уште две признанија за македонскиот архитект Владимир Ладински

Page 7: Porta3 171

инфо

02 декември 2011 ПОРТА3 7

7

Уште две признанија за македонскиот архитект Владимир Ладински Центарот за културно наследство на Гејтсхед при Ст. Мари, објект

чијшто проект-архитект е македонскиот архитект Владимир Ладински, се здоби со две признанија, Златна награда за архитектура и специјалната награда за Конзервација, на свеченото, официјално доделување на овогодишните награди на „Северната мрежа на Кралскиот институт на британските архитекти“. Доделувањето на наградите се одржа на почетокот на месецов во преполната свечената сала на Градската куќа во Њукастел. Според жирито „овој објект јасно демонстрира дека проектната програма на клиентот била задоволена и ги пофалува клиентот и архитектот за тоа што успеале овој важен историски споменик да го вратат повторно во осмислена употреба“.Преку овој проект, за кој „Порта 3“ опширно пишуваше во минатото, е извршена адаптација и доградба на постојна напуштена црква (која е еден од двата најстари објекти во Гејтсхед), заштитен објект на градителско наследство од прва категорија и репер објект (Landmark Building), во градски центар за градителско наследство. Ова е постигнато преку: отстранување на несоодветните внатрешни интервенции од 1990 година со цел повторно да се разоткрие внатрешноста на објектот и овозможи оргиналната форма и употреба да се разберат и интерпретираат; и подредена современа доградба со новите помошни простории обложена со природно дрво, а поврзана со објектот на црквата преку застаклена врска од конструктивно стакло.Со овие две награди овој проект досега е добитник на вкупно пет награди и има две номинации на награди за архитектура.

Page 8: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 201138

8

урбанизам

Како и во изминатите години така и годинава Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија

на Салонот за урбанизам 2011 во Ниш доби признанија, и тоа три награди за три различни трудови во различни категории. Во изминатите години Агенцијата има освоено повеќе награди меѓу кои најзначајни се втората награда за Просторниот план на Охридско-Преспанскиот регион во 2009 година во конкуренција од 120 различни трудови, и прва награда и највисока оценка за Просторниот план на Националниот парк Галичица. Во категоријата Примена на информатички технологии, во конкуренција од три трудови, Агенцијата за планирање на просторот доби прва награда за интегрирање на DMS (Document Menagment System) и GIS (Geographic Information System). Основната цел на проектот е воспоставување стандардизирана и структуирана база на документи и податоци во максимална систематизација на повторливите работни процеси. Врз основа на стандардот ISO 9001, изработени се модели на сите документи и планови, дефинирани се групи на корисници и привилегии за пристап до централната база на податоци. GIS ги интегрира различните софтверски платформи (ESRI и Autodesk) во единствена гео-база на просторни податоци, што овозможува поставуање на Интернет сервисите за преглед и размена на податоците. На овој начин Агенцијата е подготвена да биде една од клучните институции за изградба на Националната инфраструктура за просторни податоци на Република Македонија. Во категоријата Детални регулациски планови, во конкуренција од 14 планови, Деталниот урбанистички план за нов Универзитетски клинички центар освои втора награда. Планот е изработен во нацрт фаза во 2011 година. Тој е изработен на локација која е во согласност со Генералниот урбанистички план на Скопје (2001-2020), а изразена

е и погодноста на Greenfield локација која беше во препораките од Физибилити студијата изработена од Европската банка за обнова и развој. Површината на опфатот е 90 хектари. Локацијата овозможува чиста, брза и сукцесивна дислокација на постојниот Универзитетски клинички центар согласно зацртаната динамика за дислокација, со што ќе се овозможи несметано функционирање на постојниот, сe до комплетно оформување на новиот Универзитетски клинички центар.

Новиот Универзитетски Клинички центар ќе претставува клинички центар на иднината, „поплочување“ на уште еден пат кон беспрекорен здравствен систем и кон доближувањето на светските достигнувања во медицината во развојот на Македонија, потполно нов современ модел на клинички центар со светски перформанси, што претставува визија за идно современо здравство и медицина во Македонија. Во категоријата Публикации, во конкуренција од 12 изложени

публикации, публикацијата за Просторниот план на Охридско-Преспански регион, издадена годинава, изработена од Агенцијата за планирање на просторот доби признание. Публикацијата го претставува Просторниот план на Охридско-Преспанскиот регион, кој е разработка на Просторниот план на Република Македонија, а усвоен од Собранието на Република Македонија. Охридско- Преспанскиот регион се простира на територија дефинирана од природните граници на двата басена

(Охридски и Преспански басен), кои се простираат и на територијата на Грција и Албанија. Меѓународниот карактер на регионот подразбира соработка на трилатерално ниво во сите сегменти на развојот, со што се поставува основа за одржлив економски и општествен развој и интегрирана заштита на просторт во сите три држави (Албанија, Грција и Македонија). Публикацијата е кратка популарна верзија на планот. Таа е изготвена на англиски јазик, што овозможува да е пристапна за пошироката

стручна јавност. Публикацијата има за цел да го популаризира и актуелизира планот, со што би се создала можност за капитални инвестиции како и промовирање на природното и културно наследство и севкупниот туристички потенцијал на Охридско-Преспанскиот регион. Публикацијата содржи 60-ина страни, со бројни илустрации, фотографии, табели и графикони, фрагменти од целосната верзија на планот, кои укажуваат на сериозноста и темелноста во планерскиот пристап. Публикацијата

е финансирана од UNDP, како дел од активностите реализирани во рамките на проектот ПРЕСПА - ПАРК. Ваквите вредни признанија на стручниот тим на АПП, несомнено, се должат на континуираната тимска работа и интердисциплинарниот пристап, како и повеќегодишното искуство во примената на ГИС технологијата, како дел од методолошкиот пристап во изработка на плановите. Агенцијата за планирање на просторот е еден од првите субјекти

по успешниот настап на аГенЦијата за планирање на просторот на 20. издание на салонот за урбанизаМ - ниш

Маја Лукаревска

Признанија за непрекинатата тимска работа

Page 9: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 9

9

урбанизам

во Република Македонија која ја има имплементирано ГИС технологијата во секојдневното работење. Непрекинатото и упорно работење во оваа област резултираше со повеќе признанија и награди на меѓународни конференции, започнувајќи со Просторниот план на Република Македонија, презентиран на конференцијата во Сан Диего 2000 година, каде ја доби наградата за посебни достигнувања во ГИС технологијата. Во галеријата Србија во Ниш, во ноември, под покровителство на Градот Ниш, а во организација на ЈП Завод за урбанизам, Друштво на урбанисти во Ниш и Здружение на урбанисти на Србија, беше одржан јубилеен 20. меѓународен Салон за урбанизам.Салонот за урбанизам е традиционална манифестација на Здружението на урбанисти на

Србија кое одбележи 55 години од своето постоење и две децении од постоењето на Салонот за урбанизам, што укажува на успешната соработка и активното работење. Тојпретставува смотра на најзначајните, актуелни остварувања во областа на просторното и урбанистичкото планирање, урбанистичкото проектирање и реализацијата на плановите. Целокупната или делумна поставка на Салонот се презентира во градовите на покровителите и во другите градови во Србија и во регионот. Учесници на Салонот се членовите на Здружението на урбанисти на Србија како и сите останати организации, претпријатија и поединци од подрачјето на Србија, но значајно учество земаат и организации од областа на урбанистичкото и просторното планирање од странство.

Бројот на изложени трудови во последните години се движеше во интервал од 140-180 учестници, а бројот на посетителите на премиерните поставки достигнуваше 500-600 посетители. За две децении, Салонот за урбанизам вкупно презентирал 2200 трудови. Трудовите се поделени во 11 категории. Годинава беа изложени 19 просторни планови, два генерални урбанистички плана, 18 генерални регулациски планови, 14 детални регулациски планови, 16 урбанистички проекти и реализации, 9 конкурсни решенија, 20 истражувачки студии во областа на урбанизмот, 7 трудови во категоријата за заштита на животната средина преку студии и планови, 3 трудови во категоријата за примена на информатичката технологија, 12 публикации и 17 студентски трудови. На 20-тиот роденден Салонот за урбанизам беше почестен со присуството на

Joao Teixerira, претседател на European council of spatial planners, кој изјави дека одржувањето по 20-ти пат на оваа значајна манифестација е показател на виталноста во планирањето во Србија, како и на заедничката работа и соработка на српските урбанисти. Тој додаде дека изложувањето на плановите го поттикнува квалитетот. Размената на идеи околу плановите го мотивира унапредувањето на урбанизмот. На ваквите изложби, пазарот станува потранспарентен и појасен. Уште една предност на ваквите изложби е признанието на квалитетот. Наградените урбанисти и планери се позадоволни ако нивните трудови добијат признание. Претседателот на жири комисијата и директор на Заводот за урбанизам Ниш, посочи дека во текот на своето постоење, Салонот прерасна во институција на Балканот, а и можност за преглед, запознавање и поврзување на урбанистите и планерите и размена на искуства и идеи во процесот на планирање.

по успешниот настап на аГенЦијата за планирање на просторот на 20. издание на салонот за урбанизаМ - ниш

Page 10: Porta3 171

интервју

ПОРТА 02 декември 2011310

10

Page 11: Porta3 171

интервју

02 декември 2011 ПОРТА3 11

11

авто салон CITROEN и FIAT, скопје

Page 12: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011312

12

региони

РЕСТАВРАЦИЈА НА БЕГОВАТА КУЌА И НА СААТ-КУЛАТА

На почетокот на ноември започнаа конзерваторските работи на Беговата куќа во Гостивар. Таа е

изградена во 18 век и претставува уникатен примерок на автентична староградска архитектура. Со проектот што го изработи и започна да го реализира Националната установа Конзерваторски центар - Гостивар, ова вредно здание, презент на архитектонскиот израз со оригинални елементи, ќе се заштити и ќе се сочува во оригинал. Тоа ќе се оствари со реализација на планираните работи на санирање и реставрирање на куќата, што ќе се изврши во три фази. Во првата фаза, која е во тек и се планира да заврши до крајот на годинава, ќе се изврши замена на кровната конструкција, ќе бидат поставени нови олуци и ќе се заштити оџакот. Во оваа фаза, како што ни рече м-р Аднан Фејзулаи,

директор на институцијата, кровната конструкција на Беговата куќа ќе биде зајакната со носечки конструктивни елементи на места каде што тие се дотрајани, изгниени и не ја вршат функцијата. Работите на конзервацијата на Беговата куќа ќе продолажат идната година со реализација на втората и на третата фаза. Тогаш дрвените меѓукатни греди ќе се поврзат со челниот фасаден ѕид од камен, а со вметнување на конструктивни зајакнувања ќе се изврши инјектирање со матерјал со кој е изграден објектот, камена ѕидарија со варов малтер. Во третата фаза ќе се обнови фасадата на куќата, а ќе се интервенира и на ентериерот. За реализација на целиот проект се планира да бидат вложени околу 2.000.000 денари. Инаку, Беговата куќа во 1984 година беше прогласена за споменик на културата. Во 2005

година, во непосредна близина на овој објект, започнаа работите на изградбата на центарот „Сити“. Куќата што е заштитена со закон и е споменик на културата, претрпе видни отштетувања и во внатрешниот и во надворешниот дел. Со зафатот, што е во тек на реализација, сите отшетувања ќе бидат целосно санирани. Идната година Конзерваторскиот центар планира да го реализира и проектот за конзервација и реставрација на архитектурата на Саат-кулата во Гостивар. Целта на зафатот е да се зачува и да се заштитат основните архитектонски карактеристики на оригиналниот архитектонски израз. Како што истакнува архитект Билјана Кузмановска, конзерватор во НУ Конзерваторски центар – Гостивар, од сите нивоа на фасадните површини ќе се отстранат нанесените цементни малтери врз камениот дел на кулата. Оваа постапка на чистење ќе се применува постапно по целата висина на камените ѕидови, кај сите четири фасади. Обемот на конзерваторско-реставраторскиот зафат на фасадните површини ќе биде одреден на самото место. Откако ќе се изврши подготовката (чистењето на фасадните површини), како што вели Кузмановска, ќе се извршат заштитните интервенции. Постоечките прозорски отвори - пушкарници, кои ги има на сите четири фасади, ќе се задржат на нивната позиција, ќе се направи отворање на заѕиданиот прозорски отвор на југоисточниот фасаден ѕид, ќе се изврши повторно фугирање на претходно исчистените фуги кај ѕидните површини со варов малтер, конзерваториски третман - обработка на рабовите и површините на камените блокови со

соодветен материјал. На крајот од конзерваторските работи на Саат-кулата ќе се отстранат постојните камени скали на северозападната фасада за влез во кулата и на нивно место ќе се постават нови скали, со крак нормален на фасадниот ѕид. Со овој зафат се планира да се изврши реставрација на ентериерниот простор на Кулата, која пред сè има заштитно-конзерваторски карактер на сите постојни елементи. Екстериерот на Саат-кулата, како што нагласува Кузмановска, ќе овозможи реализација на одредени програми, проекти со културно-уметничка содржина. Националната установа Конзерваторски центар - Гостивар, во првата година од постоењето целосно ги оствари програмските задачи. Откако кадровски и технички се екипира со стручен кадар и со неопходните стручни помагала и лаборатории, центарот започна да ги релизира програмските активности. За овој кус период беше извршена евиденција на недвижното културно наследство на подрачјето на општина Гостивар. Беа направени разни проекти и еве, со реставрацијата на Беговата куќа и Саат-кулата, почна и нивната реализација.

киро кипроски

Page 13: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 13

13

инфо

Компактниот теренец Audi Q3 пристигна во салоните на Porsche Македонија. Со новиот модел, Audi влегува во еден нов сегмент, создавајќи премиум SUV, кој е

значително покомпактен од поголемите браќа Q5 и Q7. Препознатлив е по впечатливиот дизајн и робусниот, а сепак елегантен настап. Тој е компактен однадвор, но изненадувачки простран и комфорен одвнатре. Audi Q3 претставува спортско и ефикасно трендсетерско возило, кое ги користи најсовремените системи за помош, информирање и забава на возачот. Во Q3 има многу решенија преземени од највисоките класи на возила: Bose surround систем со 14 звучници и MMI плус систем за навигација. Може да се користи 3G за пренос на податоци како и WLAN. Достапен е во 12 различни бои на каросеријата и во пет различни нивоа на опрема. S-line, пакетот на опрема е дизајниран за сите оние што сакаат понагласени спортски карактеристики на возилото. „Ние во Porsche Македонија веруваме дека среќните и задоволни клиенти се единствената гаранција за успех. Поради тоа, во рекорден период и веднаш по стартот на продажбата во Европа, Porsche Македонија го донесе новото Audi Q3“, вели Златко Муцунски, генералниот директор на Porsche Македонија.

Пристигна новиот теренец Audi Q3

Page 14: Porta3 171

градежништво

ПОРТА 02 декември 2011314

14

Постројките за производство на енергија со вертикално струење на воздухот загреван од сонце претставуваат нова генерација на обновливи извори на енергија, кои го претвораат сончевото зрачење во електрична енергија. Ветерот и сеизмичката активност се главните природни хазарди на кои треба да се смета при проектирање на кулите.

Постројките за производство на енергија со вертикално струење на воздухот загреван од сонце ја

претставуваат новата генерација на обновливи извори на енергија, претворајќи ја сончевата енергија во електрична. Додека фосилните енергетски извори се ограничени, а со тоа и нивната експлоатација, обновливите извори на енергија се неисцрпни и ќе дадат поголем придонес. Постојат неколку извори на обновлива енергија. На пример: ветер, вода, геотермални извори, биомаса и сончева енергија. Технологијата на постројките за производство на енергија со вертикално струење на воздухот е предизвикувачка идеја за комбинирање на два вида обновлива енергија: ветер и сончева енергија.

слика1. Постројка за производство на енергија со вертикално струење на воздухот загреван од сонце

Постројката за производство на

енергија со вертикално струење на воздухот се состои од три елементи: колектор, турбина со неколку дупли генератори како агрегат за конверзија и сончева кула. Во областа на колекторот во простор покриен со стакло, сончевото зрачење го загрева просторот во него и го загрева воздухот во неговата внатрешност преку механизмот на природно струење. Густиот воздух се издига низ оџакот на постројката, притоа носејќи повеќе воздух во периметарот на колекторот, со што се предизвикува присилна конверзија, која многу побрзо го загрева воздухот во колекторот. Движечката сила или потенцијалот што предизвикува воздухот да тече низ сончевата кула, се должи на разликата на притисокот помеѓу ладниот воздух надвор и топлиот

воздух внатре во оџакот. Струењето на топлиот воздух ги врти турбините во оџакот и во агрегатот за конверзија кинетичката енергија се претвора во електрична енергија.

Производството на енергија е нелинеарно пропорционално на волуменот од цилиндерот, кој зависи од висината на кулата и дијаметарот на колекторот. Поради оваа причина, интензивното зрачење (како што се случува на пример во пустините) овозможува многу добра ефикасност на електраната што може да се достигне со екстра големи димензии на кулата или колекторот. Кула со висина од 500 метри може да донесе околу 50 мегавати енергија, а вредности до 400 мегавати може да се постигнат со градби сè до 1,5 километар висина и седум километри дијаметар на колекторот. Проценката на електричната моќност е претставена во Табела 1.за 3 студии на случаи кои се разликуваат според димензиите на кулата и колекторот.

Сончевите кули се изложени на оптоварување и други влијанија карактеристични за високите армирано-бетонски кули: сопствена тежина; оптоварување од ветер и

на надворешните и внатрешните површини на обвивката (земајќи ги предвид флуктуациите од притисок предизвикани од ветерот и предизвикана турбуленција со тело и звучни вибрации на структурата предизвикани од налетот на ветерот); товарот од страничен ветер предизвикан од вртлог; сеизмички влијанија; температурни промени; сила на претходно напрегање (ако е применето).

осетливоста на сончевите кули на зеМјотресОсетливоста од земјотрес зависи од природните фреквенции на кулата предизвикана од земјиното движење. Сопствената фреквенција на фундаменталната осцилација на сончевата кула - насочениот закривен начин е околу 0.17 Hz

за кула висока еден километар. Ваква вредност лежи над регионот на сеизмичкиот спектар, што ги покажува најголемите придонеси на одговорот. Така што кулата реагира како многу лесен носач. Релативното поместување помеѓу основата и врвот на ваква флексибилна структура е приближно еднаква со поместувањето на земјата. Како резултат на тоа, апсолутното

технолоГија за добивање енерГија со вертикално струење на воздухот заГреван од сонЦе

Oсновни принципи и конструктивно проектирање

Франческа Лупи, Ханс-Јирген НиМаН, клаудио Бори, ридигер ХеФер

Табела 1.Каде што:H = висина на кулатаdc = дијаметар на кулата Dcoll = дијаметар на колекторотG = сончево зрачење ( 2500 kWh/m2a)T0 = температура во просторот ΔT= пораст на температурата во просторот

Page 15: Porta3 171

градежништво

02 декември 2011 ПОРТА3 15

15

поместување на врвот на носачот останува значително мало за време на удар на земјотрес, така што не се очекува доминантно искривување на базата. Како и да е, кривината на обвивката поврзана со овалните модални форми (сопствени фреквенции од 0.3-0.35 Hz карактеризира 3-та и 5-та сопствена форма на осцилации) може да доведе до значително зголемување на локалните потреси. Друг поважен аспект што не е анализиран во детали во овој контекст, е интеракцијата на структурата на почвата. Брановите на земјотресот може да не предизвикуваат симултани забрзувања на земјата на сите делови од големиот темел на сончевата кула. Ваква повеќекратна асинхронична сеизмичка екситација води до пониско целокупно оптоварување каде локалните ефекти може да бидат релевантни. Од особен интерес е, исто така, и вертикалното оптоварување на темелите што се должи на забрзана маса на кулата. Вертикалното забрзување на земјата може да биде од редот на хоризонталната компонента. Поради споредбено повисоката закоченост на осовината во осовинската насока, ова може да доведе до високо ефективни оптоварувања од земјотрес во вертикална насока. За среќа, повеќето африкански региони кои имаат висока сончева радијација имаат слаба изложеност на удар од земјотрес. Сеизмичката мапа на опасности на американското геолошко истражување од 2007 година покажува, на скоро целокупната територија, дека максималното забрзување на земјата

е помало од 0,17 gr (со 10 % можност за зголемување за 50 години). Некои исклучоци постојат во Северна Африка, пример Мароко и Египет и источна и југоисточна Африка, пр. Танзанија, Етиопија и Џибути.

оптоварување од ветер и ефекти предизвикани од ветерДејството на ветерот врз сончевите кули вклучува средно оптоварување од ветер, просечно околу 10 минути. Флуктуативното оптоварување од ветер се должи на турбуленција, сумата на резонанца на турбуленција

и оптоварување предизвикано од страничниот ветер со вртлог. Извршени се прелиминарни испитувања на кули високи еден километар под оптоварување на еквивалентен страничен ветер. Целите на истражувањето се: проценка на изводливоста на сончевите кули според дејството на ветерот, да се најде стратегија за оптималност на структурата за намалување на влечните потреси предизвикани од ветер (намалување на челичното појачување). Во сето тоа е докажано дека клучна улога во дизајнот на структурата играат крутите прстени, т.е кружните прстенести греди (направени од појачан бетон или челик, евентуално со внатрешни запци). Тие се поставуваат на врвот и на различни нивоа долж висината, со цел да се стабилизира страничниот дел и да се постигне подобра дистрибуција

на внатрешните сили. Крутите прстени гарантираат однесување во вид на греда во првата сопствена форма на осцилации. Еден од првите проблеми што се проучува со цел да се оцени изводливоста на сончевите кули е превртување на кулата под дејство на ветер. Анализите се извршени во комбинација со конечните

ограничени состојби: D + 1,6W, каде статичниот товар (D) не е појачан бидејќи се смета за поволно дејство, додека дејството на ветерот (w) е појачано со делумен безбедоносен фактор од 1,6. Оваа вредност е предложена од VGB водичот за ладење на кулите. Истражувањето покажа дека регионот на кулата, кој е почуствителен на дејството на ветерот, е околу 200-450 метри во висина, каде што влечните потреси предизвикани од товарот на ветерот не се целосно балансирани од својата тежина. Влечните потреси се предизвикани од максимален напон во обвивката. Во студијата е забележано и дека зголемувањето на крутоста на прстенестите греди ја подобрува дистрибуцијата на внатрешните сили, што е последователно намалување на максималноста на тензијата. Причината се должи на улогата што ја играат крутите прстени, што ги намалува деформациите на обвивката на страничната страна (Слика 2). Така, дистрибуцијата на внатрешните сили во страничниот дел тежи да биде послична со онаа на гредата (линеарна дистрибуција, поминувајќи ја X оската за 90 степени). Откако ќе се постигне рамнотежа на секое ниво, подобра дистрибуција на внатрешните сили, идеално налегнати на една греда, се постигнува намалување на максималноста на напонот. Овој резултат е покажан во (Слика 3), каде периферната дистрибуција на

меридионалната сила при конечните ограничени состојби се планира за различни вредности на делумниот безбедоносен фактор на дејството на ветерот: D+1.4W, D+1.5W, D+1.6W. Графите на десната страна се однесуваат на кулата (1 км во висина со 20 крути прстени) каде некоипрстени (најгорните пет) се зголемени во крутоста.

технолоГија за добивање енерГија со вертикално струење на воздухот заГреван од сонЦе

слика2.

слика3.

Page 16: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011316

16

градежништво

Веднаш е очигледно дека дистрибуцијата на внатрешните сили тежи кон дистрибуција на гредата, напонот на превртената страна е избегнат благодарение на крутите прстени. Како заклучок, анализите на глобалните ефекти предизвикани од ветерот ја покажуваат важноста на крутите прстени во намалување на ризикот за превртување на кулата поради ветерот, зачувување на челичното појачување што се должи на намалување на напонот во школката. По оваа точка се појавуваат повеќе прашања. Прво, важна е евалуацијата на локалните ефекти во близина на прстенестите греди. Уште повеќе, откако прстенестите греди ќе бидат дизајнирани како кружни прстенести греди кои штрчат од структурата, надворешно, нивното влијание на текот на ветерот може да има важни ефекти. Со цел да се одговори на овие и на други прашања, е потребен пософистициран модел со оптоварување од ветер. Во поглед на тоа, се извршени тестови со ветерен тунел на универзитетот Рур во Бохум.

истражување во тунел за ветер Моделот за тестирање во тунелот за ветер претставува општ прототип на сончева кула со висина од еден километар и дијаметар од 150 метри, во размер 1:1000. Додека вообичаената форма на кулата во подножјето најчесто е дел од хиперболоид, моделот испитуван во тунелот за ветер е цилиндер. Оваа форма, што ја прави изработката поедноставна, дозволува евалуација на аеродинамични ефекти генерално со незначителен фактор на грешка. За време на мерењата, притисоците се добиваат едновремено по периметарот на цилиндерот, со цел да се

Page 17: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 17

17

градежништво

добие врската помеѓу симултаните притисоци кои дејствуваат на големата површина на лушпата. Се мерат и надворешните и внатрешните притисоци. Дополнително, протокот на воздухот внатре во кулата е исто така симулирано. Иако во реалноста вредноста на брзина на воздухот за време на работата на електраната зависи од неколку услови (пр. покачување на температурата во колекторот, падот на притисокот кај турбината, итн.) доста реален услов е постигнат кога брзината на струењето е една половина од брзината на ветерот на врвот од кулата. Ваков однос на брзините е искористен при експерименталното истражување во воздушниот тунел. Кулата е исто така опремена со 10 поместливи крути прстени. Тестовите се повторени со и без нив. Се добива впечаток дека местоположбата на прстените влијае на протокот на воздух околу кулата, што може да доведе до потреба за анализирање

на карактеристични товарни комбинации при проектирањето. Интересен аспект, кој се должи на размерот на моделот, е ефектот на Рејнолдсовиот број (Re). Неговата вредност, која во целосен размер е три реда на величините повисоки од нашиот модел во ветерен тунел, влијае на условите на текот на ветерот околу кружните цилиндри. Тековниот модел е одреден од местото на издвоената точка, каде на горниот граничен слој ја остава површината на цилиндерот да го формира делот. Локацијата на издвоената точка на рамниот кружен цилиндер во невознемирувачки тек е одреден од Рејнолдсовиот број и независноста е постигната со висок Re. Во ветерниот тунел, можно е да се репродуцира истиот тип на тек на граничен слој со комбиниран ефект на Re, рапавост на површината (која се состои од вертикални ребра залепени на површината на моделот) и турбуленција на текот што надоаѓа. Фр

анче

ска Л

упи

за в

реме

на е

кспе

риме

нтот

(Франческа Лупи - дипл.инж. од Универзитетот во Фиренца, Италија;Ханс-Јирген Ниман - проф. д-р инж. од Универзитетот во Бохум, Германија; Клаудио Бори - проф. д-р инж. од Универзитетот во Фиренца, Италија; Ридигер Хефер - проф. д-р инж. од Универзитетот во Бохум, Германија)

Page 18: Porta3 171
Page 19: Porta3 171

архитектура инфо

18 ноември 2011 ПОРТА3 19

19

Page 20: Porta3 171

дневник

ПОРТА 02 декември 2011320

20

Пет кратки приказни од ТокиоГолема инспирација на Рем Колхас да стане архитект биле цртежите на Танге од конкурсот за постземјотресно Скопје!

пишува: м-р иван Мирковски,

дипл.инж.арх.

интроНа почеток на 2011 година, имав една кратка комуникација со Јапонија преку Интернет околу изложба, која беше испланирана за месец јули во Токио. Изложбата беша на тема: „Метаболизам - Градот на иднината“.На 11 март 2011 година, Јапонија ја погоди катаклизма од невидени размери, случување кое го раздрма физикусот на една голема цивилизација. Додека светот сè уште со неверување клима со главата, Јапонија се поврати. Судбината на изложбата, во чија организација и самиот бев во одредени аспекти случајно вмешан, висеше на тенок конец. Истрајноста на Јапонците превлада. Изложбата доби нов термин: 17 септември 2011 година.Мојот втор контакт со Токио ми ја откри оваа информација во август, за да веќе неколку дена

подоцна го испланирав патувањето за Јапонија, помогнато од Универзитетот Американ колеџ/ФАД во Скопје, каде што предавам урбанизам. Професор Хаџиме Јатсука, главниот куратор на првата светска изложба за метаболизам, ме покани на отворање, а сите мои истражувачки материјали околу Кензо Танге и постземјотресно Скопје веќе беа испратени на пат кон музејот „Мори Арт“ во Токио. Моето пронаоѓање на конкурсната макета од Кензо Танге во 2008 година, како и мојата магистерска теза на таа тематика, ме вмешаа во сплет на неколку приказни...

приказна 1Мори Арт Музеј, Токио, 17 септември - 15 јануари 2012- Метаболизам

Во 1960 година, група јапонски

архитекти сонувале за градовите на иднината и почнале да креираат нови возбудливи концепти. Светската конференција за дизајн во 1960 година била можност која водела кон формирање на групата Метаболисти создадена од: Кишо Курокава, Кикутаке Кијонори, Фумихико Маки, Кензо Танге и Масато Отака; дизајнерите Кенџи Екуан и Кијоши Авазу, како и архитектонскиот критичар Нобору Кавазое. Името на групата е изведено од биолошкиот концепт - архитектурата и градовите треба да ја имаат онаа способност на живите организми, континуирано да растат, да се репродуцираат и трансформираат во контекст на околината. Нивните концепти биле фасцинантни: планот за Токискиот Залив (Танге, 1960) - живеење на вода, територијални проширувања на Токио, па сè до оние концепти за

градот Марина на Кијонори Кикутаке од 1963 година. Метаболизмот се раѓа како последица од поствоената јапонска клима. Во тој период, земјата влегува во рапиден економски развиток и со тоа ги поттикнува најголемите архитектонски филозофи да создадат правец кој ќе го инспирира Светот (Скопје е дел од тој пример).

приказна 217 септември 2011, 17 часот, Токиски Универзитет- во разговор со Рем Колхас:

Максим Наумовски во разговор со професор Хаџиме Јатсука, дознава дека голема инспирација на Рем Колхас да стане архитект биле цртежите на Танге од конкурсот за постземјотресно Скопје! Истиот ден, во разговор со Рем Колхас на Токискиот универзитет,

Доделување на златен медал на алваро сиза на светскиот конгрес на архитектура

Page 21: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 21

21

дневник

се обидовме да го потврдиме тоа. Рем климна со главата.Колхас оваа година ја одбележа со издавање на својата нова книга „Проект Јапонија: Метаболистички разговори“. Во Токио беше дојден за отворањето на изложбата како и промоција на книгата по лична покана од професор Хаџиме, кој воедно беше и нашиот домаќин. На прашање за Кензо Танге, Рем вели: „лабораторијата на Танге при Токискиот универзитет каде сега се наоѓаме, може да се гледа како еден вид инкубатор кој создавал процеси. (Концептот за Скопје бил роден во таа лабораторија). Таа лабораторија давала живот преку тие процеси, била една фамилија. Сите членови кои работеле на петтиот кат лево во канцеларијата на Танге (сега преземена од арх. Кенго Кума), биле константно заедно - јаделе, спиеле, се венчавале...“.

Понатаму Колхас раскажува за проектот „Скај Хаус“, приватната куќа на Кикутаке, каде што во 1958 година се води првиот разговор за формирање на правец кој настанува по две години. „Во тие разговори, тогаш уште како неименуван правец, 'метаболизмот' е дефиниран од Курокава како концепт за град кој е способен да ги антиципира промените во општеството и во ист контекст да се менува“. Амбицијата на метаболистите, раскажува понатаму Рем, е амбицијата кон небото, новите технологии, кои се аргументирани преку традицијата (проектот „Градот во воздух“ од Изоцаки Арата, „Градот Хеликс“ од Курокава).Метаболизмот бил толку силен правец што влијаел до таа мера што можел да дефинира Нација. „Знаеме дека постојат многу проблеми кога политиката е вмешана. Но напротив,

би рекол Метаболизмот покажа дека ако постои доволно интелегентна власт со агенда, како и власт која е заинтересирана да ги искористи архитектите како актери за да игра со таа агенда, е во состојба да креира многу моќна ситуација! Јапонската власт во принцип била во својство на огромен спонзор на архитектите во 60-тите, може да се каже дека токму тие, власта, креирале архитекти ѕвезди. Затоа мојата книгата се вика „Проект Јапонија“, заклучи Колхас.

приказна 317 септември 2011, 19 часот, Мори Арт Музеј, Ропонги Хилс, Токио- во разговор со Кенго Кума за Скопје

Како специјални гости од Скопје, јас, Максим Наумовски и Оливер Илиевски бевме пречекани со неочекувани почести од главната

кураторка на музејот „Мори Арт“, г-ѓа Тагомори Михо, и директорот Фумио Нанџо. На специјалното отворање, нашиот домаќин нè запозна со архитектот Кенго Кума, кој во разговорот што го водевме изрази длабоко интересирање за Скопје, за сагата на Танге, заСкопската недела на архитектура. По неколку чашки саке, разговорот со Кума што продолжи во различни насоки, останува во наше друштво долго време...Господинот Фумио Нанџо ја прогласи изложбата за отворена, при што ние со нетрпение побрзавме да видиме каде е изложена макетата на Скопје. Просторот на музејот „Мори Арт“ се наоѓа на 53 кат во облакодерот Мори во областа Ропонги Хилс. Изложбата е огромна, а изложбениот простор, за споредба, е десет пати поголем во однос на Музејот на Современа

вип отворање на светскиот Конгрес во облакодерот МориПоглед на токио од галеријата

Иван Мирковски на изложбата 10.000 светски архитекти во Форум Токио

Page 22: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011322

22

дневник

во Скопје, на пример. Макетата на Скопје од Танге, по речиси 50 години, повторно е дома во Токио, изложена во просторија со панорамско стакло од кое го набљудувате Токио од 283 метри височина. Интернационалниот метаболизам привлекува огромно внимание. Со голема стрпливост разговараме со нашите домаќини и со гордост раскажуваме за Скопје.

приказна 418 септември, 20 часот, облакодер Мори, 52 кат, дебата со: проф. Хаџиме, арх. Колхас- во разговор со арх. Арата Исозаки

Професорот Хаџиме фактографски ги изложи поставките за метаболизмот како и прогресот

кон правец, кој бил влијателен во целиот свет. Во дискусијата се вклучи и архитект Арата Исозаки, кој ги дополни овие излагања од гледиште на директен автор на некои најзначајни метаболистички проекти. Изоцаки го спомна проектот за Скопје, како автор заедно со Танге, Танигучи и Ватанабе, со што се надоврза за дејствувањето на метаболистите на интернационалната сцена. Преку директен разговор со Арата Исозаки, непосредно по дебатата, дознаваме дека има големо интересирање за прогресот на град Скопје во однос на изминатиот постземјотресен период. Зборувавме за аспирациите на еден мал град во однос на мегалополиси како Токио. Во контекст на тоа

бевме поканети и кај него во студио.

приказна 525-28 септември, отворање на Светскиот конгрес за архитектура, UIA2011- во разговор со Тадао Андо, Тојо Ито, Руе Нишизава

24. Светски конгрес за архитектура е огромно светско тело создадено од 124 земји и повеќе од 1,4 милиони архитекти, како и половина милион студенти глобално. Оваа глобална мрежа посветена исклучиво на архитектонската професија е невладина организација која од 1948 година во Лозана ја започнува својата сага секој 3 години. Темата за 2011: „Дизајн 2050 - по катастрофи, преку

солидарност, кон самоодржливост“.Разговаравме со архитектот Тадао Андо веднаш по неговото предавање, кое го следеа повеќе од 7.000 публика во салата на Токио Форум. На прашањето што мисли за модерна Јапонија и авангардните правци по војната, дали едното го условува другото, Андо вели: „Во денешно време мора повторно да се размисли за метаболизмот! Како нација мора да се регионализираме со соседните земји: Кореја, Тајван, Кина... Тоа мора да се случи, луѓето што живееа во 50-тите години, и беа полни со амбиција и порив за новости, бестрашни пред својата професија, денеска за жал не постојат повеќе!“.По предавањето на архитектонското студио „САНАА“ имав можност

од предавањето на тадао андо, се проценува дека имало над 7000 посетители

рем Колхас

главните куратори на изложбата, г-ѓа Михо тагомори и г. нанџо Фумио

Казујо сеџима и руе нишизава

Page 23: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 23

23

дневник

лично да позборувам со архитект Руе Нишизава. На прашање околу неговиот проект Тешима Арт Музеј и поврзаноста со римскиот Пантеон, Нишизава вели: „За мене Пантеонот е најспектакуларното архитеконско дело некогаш направено од човекот.“ Галерискиот простор не е резултат на капсулизација, туку на внимателни преговори помеѓу земјата и небото. Изградбата на ова парче архитектура е технолошки исто како она на Пантеонот во Рим: голема површина земја е залеана со бел 25см бетон, а потоа истата е ископана за да се добие кохерентен архитектонскиот простор!Во излагањето на архитект Тојо Ито нашето внимание беше целосно насочено кон неговите социолошки концепти. Човек мора да ја осети

неговата клупа „Рипл“, за да знае за што точно зборувам. „Еластичност во архитектонската технологија“ беше темата на неговото предавање. Ито се насочи кон синтагматски и парадигматски приод кон архитектурата. Геометријата како фундаментален процес за креирање на визуелизацијата. Во тој аспект Тојо Ито ја анализира водата, што преку својата не-форма ја покажува 4-та димензија како и непостојаноста. Понатаму, преку овие постулати за водата и геометријата Ито ја анализираше катастрофата што ја погоди Јапонија во март 2011. Ја нарече „катастрофа од човечки фактор“, и преку рачни скици ни објасни како бариерата што ги штити реакторите во Фукушима е недоволно добро

обмислена за да може да ја врши својата функција. Со остра бариера, како бетонски ѕид, не можеш да го одвоиш технолошкото од природното... Субдивизијата како базис зад концептот на архитектурата дава нови видувања како ние може да коегзистираме со природата. Нежни граници, меки линии се тие што треба постепено да градат штит. Ито границите ги дели на: градациски, комплексни, фрактални, замаглени и флексибилни. Пост-катастрофа-градот треба да има 5 обвивки на заштита кои треба да ги содржат сите погоре наброени својства. Самата природа треба да биде поставена како заштита. Во тој контекст објектот на Националната Опера во Тајван, Ито ја посочи како

врска помеѓу луѓето и природата. Во личниот разговор со Тојо Ито веднаш по предавањето, тој изјави: „Архитектурата плови, таа е само состојба, плови помеѓу физичката и психичката егзистенција“. На прашањето: „Ако ги замаглиме границите и се обидеме да гледаме во поголем размер, а да учиме од помалиот размер на градот, во која насока би прогресирал градот на иднината?“. Тојо Ито: „Мора повторно да се размисли за традицијата. На традиционалното општество, денеска во иста мера му треба технологија - но нова технологија, друг тип на технологија, односно системот за информација. Тоа е насоката кон која ќе се движи градот на иднината“.

тадао андо

Макетата на скопје од танге во токио

„скај Хаус“, куќата на Кионари Кикутаке

Кензо танге, тokyo Bay Broject

Page 24: Porta3 171

архитектура

ПОРТА 02 декември 2011324

Дејвид Чиперфилд ќе биде именуван како главен куратор на Венециското биенале за архитектура за

2012 година. За ваквата одлука било одлучено неодамна, од страна на комитетот на Биеналето. Одлуката сè уште јавно не е потврдена поради неизвесноста околу изборот на новиот директор на Биеналето.Исто така, и португалскиот архитект и добитник на Прицкеровата награда за архитектура за 2010 година, Едуардо Соуто де Моура, бил повикан да се вклучи во организацијата на две огромни групи на изложби, кои би се одржале во изложбените простори „Арсенале“ и „Џардини“ во Венеција. Излегува дека откако именувањето на Чиперфилд ќе стане официјално, тој ќе има само осум месеци тематски да го конципира Биеналето и да биде куратор на најголемата светска изложба за архитектура.Чиперфилд, чиј проект за проширување на венецијанските гробишта Сан Мишел е во тек, ќе стане третиот британски куратор по Дејан Суѓиќ во 2002 година и Рики Бардет во 2006 година. Тој има неверојатно јака интелегенција и поддршка од многу архитекти ширум светот, и се верува дека ќе направи успешно биенале.Чиперфилд бил предложен за куратор уште пред неколку месеци, но управниот одбор на Биеналето

чекал да се разреши случката околу контроверзното именување на Џулио Малагра за директор на Биеналето, инаку италијански увозник на храна и близок пријател на бившиот италијански премиер Силвио Берлускони.Имено, Малагра, кој бил повикан од страна на италијанскиот министер за култура минатиот месец, требаше да го замени досегашниот директор Паоло Барата, но по повлекувањето на Берлускони од премиерската функција, тешко дека ќе биде наименуван на оваа функција. Најверојатно

дека Барата ќе го продолжи својот мандат како директор за најмалку уште една година.

просторни структуриДејвид Чиперфилд припаѓа на генерацијата британски архитекти, која по постмодернизмот на сосема поинаков начин го интерпретира класичниот модернистички тренд. Она што е карактеристично за овие архитекти е т.н. конвертирање на сите просторни структури.

Со искуството стекнато со хај-тек архитектурата на Норман Фостер, Ричард Роџерс и на Даглас Стефенс во нивните бироа во Лондон, конструктивните карактеристики и визијата на Чиперфилд доаѓаат до полн израз. Кај него, ниту едно од стилските влијанија не е применето директно или исклучиво, со што на еден перфектен начин го минимизира впечатокот на стилскиот идиом. Правецот и стилот на архитектурата на Чиперфилд фундаментално е одреден од просторот, светлината и од „традиционални“ материјали.

Инаку, неговите теориски почетоци во архитектурата се поврзани со практични работи, кои ги започнал во модната индустрија и со тоа го постигнал својот пробив во светската архитектура. Во 1984 година ја формирал сопствената фирма D.C. Architects во Лондон, а во 1987 година отвора свое биро и во Токио. Гостувачки професор е на Харвард универзитет, Кембриџ, Неаполски универзитет, Кралскиот колеџ за уметност во

Лондон, Универзитетот во Грац, Политехничкиот институт во Лозана, Технички универзитет во Штутгард. Првиот јавен објект на Чиперфилд - продавница за јапонскиот моден дизајнер Исеј Мијаке, довел до серија слични објекти ширум Јапонија, вклучувајќи го и “Design Store“ во Кјото. Неговите идеи за дизајн кои се фокусирани на простор, светлина и уметност, оставаат силен впечаток на јапонскиот сензибилитет, кој на сличен начин гледа на дизајнот на изградената околина. Чиперфилд го отфрлува типичниот процес,

со кој архитектите ги завештуваат проектите и ги издигнуваат до дела согласни со планот, и токму затоа неговите згради се сметаат за сукцесивни и експериментални пред планот и елевацијата да станат артефакт. Чиперфилд не покажува само чувство за простори и материјал, туку и за секојдневните активности кои се случуваат внатре во просторот. Кај него, наместо дизајн сместен во рамките на дизајнот со

карактеристични компоненти за продуктот, сензитивните аспекти се тие што имаат предимство. Материјалите и осветлувањето се обликувани во еден интуитивен, и конечно интелектуален манир. Чиперфилд го усогласува својот став за хуманите обликувања на физичкиот свет со уметниците, какви што се Ричард Сера и Џозеф Бевис, кои се обидоа да го оживеат физичкиот свет со идејата и интелектуалниот свет со физичкиот. “Design Store“ ги рефлектира идеите во дизајнот на Чиперфилд со промислена сукцесија на

24

венеЦиско биенале за архитектура за 2012

Чиперфилд автор со совршена интуиција и интелектуален манир

„Нештата мора да имаат значење. Не ми е важно како нешто изгледа, но мора да значи нешто“

подготви: дејан БуЃеваЦ

дејвид Чиперфилд

Page 25: Porta3 171

архитектура

02 декември 2011 ПОРТА3 25

25

просторот, како надворешниот така и внатрешниот. Просторот не нè потсетува дека е тука за да ги прикажува нештата за купување, туку како контемплативна средина која го трансцендентира својот „тип“. Контролата на природната светлина е доминатна, особено во истакнувањето на вистинскиот квалитетет на материјалот (принципиелно тоа се бетон, челик, стакло и дрво), и на тој начин влијае на расположението и на карактерот на просторот. Слично на Тадао Андо, и Дејвид Чиперфилд работи со ограничена палета, создавајќи моќни, содржајни простори кои внимателно се однесуваат и кореспондираат со човечкото искуство и разбирање. „Сè почнува од просторот. Да се прави простор е прва мотивација, прва одговорност, прв проблем. Просторот дава форма, просторот дава план. Планот не е творец, тој е дијаграм за просторни идеи“, вели Дејвид Чиперфилд. „Мислам дека постојат два начина за оценување на архитектурата: еден е нејзиниот изглед, а вториот е кои се нејзините амбиции“. Еден од најинтересните делови од опусот на Чиперфилд, област во која оставил траги од деведесеттите години на 20 век, е спасувањето на идејата на архитектонската историја и нејзината типологија од модернистичкиот функционализам и од употребливоста на постмодернизмот. Неговата работа избегнува употреба на грациозни обликувања, и е окарактеризирана со употреба на апстрактни „домашни“ форми како што е искривениот кров на “Henley river & Rowing Museum“, или дворот на неговата зграда за „Тојота“ во Кјото, Јапонија. Градбата е манифестација на мисли, како што формата е начин на визуелна комуникација. Формата го фиксира моментот на гледање и на објектот му дава моќ на отфрлување на времето и на навиките. „Нештата мора да имаат значење. Не ми е важно како нешто изгледа, но мора да значи нешто“.

The Hepworth Wakefield, Западен Јоркшир

Henley river & Rowing Museum, оксфордшир

Edificio Verona 203A, вилаверде, Мадрид

Page 26: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011326

26

проекти

Page 27: Porta3 171
Page 28: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011328

28

архитектура конЦертна сала „сибелиус“

Акустично ремек-дело

александар ЧерепНаЛкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија

Во градот Лахти, во јужна Финска, се наоѓа една од десетте најдобри концертни сали за снимање на носачи на звук. Ова го

овозможува одлично проектираниот објект и изборот на материјали кои се користени во градбата. Концертната сала е наречена „Сибелиус хол“, во чест на големиот фински композитор Јан Сибелиус. Оваа сала е дом на Филхармонијата на Лахти, која со бројните успеси во земјата и во странство заслужила објект кој ќе овозможи беспрекорен звук и ќе понуди вистинско уживање во симфониските мелодии. Уште при влезот во објектот неминовно се забележува употребата на дрво во речиси секој негов дел. Природниот и топол допир на дрвото веднаш ги плени сите сетила и дава чувство на пријатност и добродојденост. Како реновирана стара фабрика - пилана, концертната сала е пуштена во употреба во март 2000 година и претставува пример за иновативни решенија во употребата на дрвото како конструктивен материјал. Основната инспирација и извор на креативноста на архитектите Хану

Тика и Кимо Линтула е мистичната финска шума, која се забележува уште при влезот, во фоајето. Долгата историја на пиланата, која датира од пред 130 години, била само уште една причина повеќе за да биде избрано дрвото како основен материјал за изградба на новиот објект. Сo поддршка на финската дрвна индустрија, a со цел да се промовираат иновативни дрвни градежни решенија, објектот „Сибелиус“ e избран како главен проект за кампањата „Година на дрвото 1996” уште во фазата на проектирање. За време на нејзината изградба, концертната сала се смета за предводник во дрвните градежни конструкции, а по нејзиното комплетирање, за тоа време, претставува најголем јавен објект од дрво во Финска изграден во последните 100 години. Објектот „Сибелиус“ има зафатнина од 90.000м3, а е составен од четири главни делови: Концертна сала, Реновирана столарска фабрика, Фоаје и Конгресно крило. Дрвото како конструктивен материјал е застапено во сите делови. Главните конструктивни компоненти се

од лепени ламелирани носачи од дрво, додека фасадата на Концертната сала е составена од сендвич панели од фурнирани плочи исполнети со песок и стаклена „завеса”, која е во допир со надворешноста. Интересно е да се каже и тоа дека димензиите на ѕидните елементи се 9 м во ширина на 1,8 м во висина, дебелината на ѕидот е 30 см, додека нивната тежина достигнува 5.000 кг. На прв поглед, веднаш се забележува и искривеноста на ѕидовите на салата. Овој состав на материјали и начин на конструкција е избран со цел да се направи што подобра звучна изолација. Искосениот ѕид од 30 см, кој е составен од панели исполнети со песок, постигнува звучна изолација од 63dB, што е супериорно во споредба со 20 см бетонски ѕид. Стаклената „завеса” постигнува дополнителни 32dB звучна изолација.

конЦертна салаКонцертната сала претставува акустично ремек-дело, во кое во потполност се ужива во концертната музика. Акустичната флексибилност се постигнува со висечки балдахини

кои можат да се подигнуваат или спуштаат, во зависност од видот на музиката и ефектот што треба да се постигне во салата. Исто така, и 188 дрвени врати кои се наоѓаат по должината на ѕидовите се отвораат и затвораат, со цел да се постигне посакуваната акустика во салата. Зад овие врати се наоѓа мембрана направена од волна во должина од 2,7 км, а потоа накосени плочи полнети со песок. Балдахинот се состои од три дела. Централно, првиот дел е во форма на круг, додека двата други дела се полукружни обвивајќи го кругот. Тие можат да се поместат на различни висини, а се опремени со одбивачки површини, светла и гласни звучници. По површина балдахинот зафаќа скоро половина од целата концертна сала. Заедно со сите конструктивни додатоци, механизмот и опремата, тој тежи 30 тони. Главната функција на балдахинот е да го контролира звукот во салата. Така на пример, за рок концерт би бил подигнат највисоко, додека за камерна музика се спушта ниско во близина на оркестарот. Неговото поместување се прави компјутерски, чии контроли се поставени зад главната сцена.

Page 29: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 29

29

архитектура

Во 2006 година од страна на англиското списание „Британс грамофон магазин“, концертната сала „Сибелиус Хол“ заради своите акустични квалитети се издвојува во најдобрите пет сали во светот

конструктивни факти за објектот „Сибелиус“Во оригиналниот проект на целиот објект се искористени следните количества дрвни материјали:Лепени ламелирани носачи: 920м3 од смрчаЛепени фурнирани плочи: 700м3 од смрчаФурнир: 18.000м2, направен од 290м3 бреза и смрчаБичена граѓа: 700м3 од смрча и борвнатрешна ѕидна облога: 1.200м2 од смрча и брезапаркет: 2.500м2 термички обработена бреза и премачкана со маслен премачкувач

Page 30: Porta3 171

архитектура

ПОРТА 02 декември 2011330

30

Рефлектирачките површини на балдахинот се направени од ламелирани фурнирани плочи од дрво. Во фазата на проектирање на концертната сала е предвидено и место за оргули. Тие се поставени во 2007 година. Во ентериерот во целост e употребено дрвото. На подот има паркет кој е направен од бреза (Betula sp.), термички обработена и премачкана со маслен премачкувач. На балконите и кај балдахинот, пак, се употребени фурнирани плочи од бреза, а ротирачките акустични врати се направени исто така од фурнирани плочи од дрвото смрча (Picea sp.) што е познато по одличните акустични својства. Салата, покрај концертите, претставува и одличен простор за конференции или приватни веселби за кои секако е потребен различен акустичен амбиент. Kонцертната сала има вкупно 1.250 седишта, од кои 650 се на приземјето, 430 на првиот балкон, додека 150 седишта има на вториот балкон. Салата e долга 51 м, широка 36 м, а висока 22 м. Интелегентното проектирање на внатрешноста овозможува од секое столче одлично да се гледа сцената и да се слуша музиката.

фоајеФоајето чија површина е 1.000 м2

претставува срцето на целиот објект и е просторија која ги поврзува стариот дел на фабриката и новата концертна сала. При влезот во објектот веднаш се забележува главната инспирација на архитектите. Конструкцијата се состои од лепени ламелирани дрвени столбови од бор (Pinus sp.) кои треба да ги симболизираат високите фински борови шуми. Низ гранките на дрвjата се наѕираат светла распоредени во група на соѕвездија, онака како на денот на раѓањето на големиот фински композитор Јан Сибелиус. Ова ѝ дава дополнителeн шарм и убавина на просторијата. Високата стаклена фасада ја пропушта природната светлина во внатрешноста, и овозможува нејзина поврзаност со прекрасниот надоврешен амбиент покрај езерото Весијарви. Амбиентот на фоајето, и покрај неговата големина, создавa пријатно чувство на интимност и топлина. Просторот е проектиран

Page 31: Porta3 171

архитектура

02 декември 2011 ПОРТА3 31

31

така што ги абсорбира сите звуци. Тука можат да се организираат и мали концерти, банкети и други културни манифестации.

реконструирана столарска фабрикаВо стариот дел од фабриката, таканаречена столарска фабрика, просторот е адаптиран за повеќе активности. Тука се предвидени деловните простории, просториите за вежбање на музичарите и рестораните. Овој дел од фабриката претставува еден од најстарите индустриски градби во градот Лахти, изграден во 1908 година. Во периодот кога фабриката работела, во овој простор сe преработувало дрвото за производство на хартија. Со реконструкцијата е изградена и сауна за посебни гости со капацитет за 25 луѓе. До неа има заедничка просторија за освежување по топлата сауна, мала кујна и просторија за пушење. Во овие простории дрвото секаде се употребува како решение за ентериерот, а како дрвни видови се употребуваат: топола (Populus sp.), бреза, смрча и бор.

конГресно крилоКонгресниот центар, како посебна

зграда, е поврзан со останатиот дел од објектот со стаклен премин, и овозможува воодушевувачки поглед кон езерото Весијарви од секоја просторија. Како конструктивно решение и тука се употребуваат лепените ламелирани носачи од дрвото смрча, ѕидовите се обложени со фурнирани плочи од борово дрво, додека подот е од брезови бичени елементи. Петте конгресни простории од овој блок се наречени по имињата на петте делови од опусот 75 на Јан Сибелиус наречен „Дрва” и тоа: „Топола” (96 м2, 4,5 м височина и капацитет од 80 гости), „Бор”, „Оскоруша” (Sorbus sp.) и „Бреза” (секоја по 42 м2, 3,5 м висина и капацитет од 20 гости) и „Смрча” (површина 196 м2, 4,5 м висина и капацитет од 150 гости).По големото отворање на „Сибелиус Хол“ на 9 март 2000 година, заради неговите акустични квалитети привлекува големо внимание во светот. Во 2006 година од страна на англиското списание „Британс грамофон магазин“, концертната сала се издвојува во најдобрите пет сали во светот. Додека „Сиднеј морнинг хералд“ ја става на својот список од десет најдобри сали во светот заедно со „Карнеги Хол“ и „Берлинската Филхармонија“.

Page 32: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011332

32

РИО ГРАД НА КОНДЕНЗИРАНА ДИХОТОМИЈА

александра ШекуТковска, дипл.инж.арх. (специјално за порта3 од Бразил)

репортажа

Page 33: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 33

33

Првата асоцијација која ми доаѓа за Рио кога и да се потсетам на прошетките низ него, е неговата кондензирана дихотомија, блиската релација на спротивните поларитети како што

се неформалните спонтани населби и богатите куќи заградени со ѕидови и обезбедување, социјалната нееднаквост, спротивностите на две различни населби кои се една до друга - во едната се чувствуваш слободно, а во другата веќе е во прашање твојата лична безбедност. Оваа дихотомија карактеристична за градот е видлива од нивото на пешакот што ги извршува своите секојдневни обврски до целосниот урбанистички план на градот и неговото зонирање. Ако ги разгледаме фотографиите од еволуцијата на градот, уште од почетокот на неговиот развој, можеме да ги забележиме првите неформални населби. Зачудувачки е дека и покрај фрагментарноста на градот, постои чудесен сензибилитет за ред и план, дека градот во однос на својата организација и функција покажува колку оваа разновидност го збогатува и во големата слика понекогаш фрагментарноста станува и релативна. Неформалноста не значи маргиналност. Во Рио таа е интегрален дел на градот, претставува еден од различните фрагменти на овој колаж.

паралелиРио де Жанеиро како една од териториите што се во постојан развој, може да се искористи и

како паралела со нашата земја, која исто така претставува територија во развој, и дури можеме консеквенто да си поставиме најразновидни урбанистички прашања и одговори кои можат да прераснат во најразновидни архитектонски проекти. Како да ја разбереме организацијата на градот ако ја препознаеме неговата неформална компонента? Како се случува формалното и неформалното домување, каде се надоврзува едното на другото? Дали треба да се постават граници помеѓу едното и другото или треба да се стремиме овие граници да станат помалку видливи? Дали треба да се прелеат фрагментите на градот едни во други, или треба да останат такви какви што се - секој фрагмент со сопствената природа како симбол на диверзитетот на градот? Прашањата како да се развива градот во однос на овие дихотомии, е главна тема на неколку урбанистички планови во развитокот на Рио де Жанеиро. Карактеристично е дека индустријализацијата и инфраструктурата на градот се случуваат паралелно, секогаш проследени со формирањето и на неформалните илегални населби - фавелите. Дури и ден-денес кога стапката на пораст на популацијата се стабилизира, бројот на луѓето што живеат во овие населби и локациите што ги вдомуваат продолжуваат да растат. Рио живее помеѓу точките природа, град, формално, неформално како и темата на приватно и јавно. Во 1964 година, Константинос Апостолос Доксиадис, познатиот архитект на грчката модерна, е поканет да изработи мастер план за областа на Гуанабара и градот Рио де Жанеиро. Студиото две години работело на истражување и документација на различни аспекти на градот. Планот е изработен во три размери:

1. Макроскала која ја покрива целата територија на Бразил 2. средна скала која ја покрива државата Гуанабара и градското подрачје 3. Микроскала која се занимава со одредени заедници во рамките на истражувачката област

Последната точка зборува токму за неформалните населби на Рио. Планот на Доскиадис во својата содржина има детални описи и цртежи во кои се вклучени дури и упатства како луѓето од неформалните населби треба да ги градат своите куќи. Ова потсетува на работата на архитектонското студио „ЕЛЕМЕНТАЛ“, кое преку своите проекти во последните неколку години за неформалните населби ја покажува улогата на партиципативниот дизајн, односно како луѓето што живеат во овие неформални населби кога ќе ги добијат своите нови формални живеалишта, треба да продолжат да бидат дел од создавањето на нивниот дом. Архитектот Лусио Коста претставува уште едно име значајно за урбанистичкиот развој на Рио. Следбеник на модернизмот на Корбизје, во својата архитектура ги комбинира традиционалните елементи на бразилската архитектура. Карактеристично за неговиот

репортажа

Page 34: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011334

34

план е дека се концентрира на развитокот на брегот Бара де Тижука, и го става на пиедестал слободниот простор, зеленилото, односно цел зелен појас, кој треба да се зачува во овој дел. Акцентот на неговиот план е да се градат масивни вертикални кули, кои би ги исполнувале потребите за домување, додека приземјето треба да се остави слободно колку што е можно повеќе. Карактеристично за него, планот ја има вертикалната и хоризонталната оска од која денеска постојат само остатоци. Центарот воопшто не е развиен, а некои од објектите изградени од Лусио Коста се останати празни. Зелениот појас е претворен во појас од објекти за домување, кои претставуваат најатрактивната слика за дом на секој Бразилијанец.

олиМписки иГриВо последните децении, особено во овој период неколку години во пресрет на Олимписките игри, општините на Рио работат напорно на регулација на неформалните населби, обезбедување на нормални услови за живеење, отстранување на куќи кои се во опасност од климатски фактори и изградба на нови објекти за колективно домување. Неформалното и формалното

продолжуваат да се развиваат во заеднички чекор. Неформалното обезбедува работна сила за формалното, додека формалното обезбедува работа. Неформалното го претставува телото на градот, и заедно го создаваат консолидираниот економски систем. Прашањето е како да им се даде сила на неформалните населби, како да се зајакнат сиромашните делови, како да се направат да бидат самодоволни делови на градот, без да се направи формален начин или формална интервенција? Кога во 2003 година познатите економисти на Голдман Сакс ја сместија државата Бразил заедно со Русија, Индија и Кина, како економии кои допрва ќе доминираат во светот, имаше многу скептицизам во однос на Бразил. Земја со стапка на пораст на популација која постојано расте, не им се чинеше на луѓето дека тоа може да биде реалност. Предвидувањата се дека Бразил после 2014 година ќе стане петтата најмоќна економија во светот. Во 2016 година Рио ќе биде домаќин на Олимпските игри. Ова за градот претставува историски момент од многу аспекти заради тоа што претрпува многу трансформации. Како што стои во официјалното објаснување,

градот ќе ги искористи своите природни ресурси, искуството во спектакуларни настани и историјата на Рио за да организира големи настани. Од архитектонски аспект, градот веќе започнува со големи инвестиции во инфраструктурата и архитектонски проекти. Пред извесно време, со пушки, хелихоптери и тенкови во Рио се случи историски чекор. Градот, односно бразилската полиција за првпат навлезе во Рошина, најголемата фавела во Рио, со цел да ја започне депасификацијата, чистењето на фавелата од трговијата со дрога. Се разбира дека во агендата на градот пред Олимписките игри се и неформалните населби. Последните неколку години, општините напорно работат на депасификација на фавелите и на нивна регулација. Прашањето што најверојатно уште многупати ќе си го поставуваме пред овој настан, е како разликите на градот ќе бидат или нема да бидат ставени во функција на Олимписките игри и какви реперкусии ќе има за обичниот човек којшто живее во фавелата. Каде и како ќе ги воочуваме разликите и еднаквостите во фрагментарноста на градот, што во себе има уште еден особен фрагмент. Фрагментот на бразилската модерна архитектура.

репортажа

Page 35: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 35

35

репортажа

Page 36: Porta3 171

урбанизам

ПОРТА 02 декември 2011336

36

МетаМорфозите на северна франЦија (втор дел)

Функционална трансформација на запуштените фабрички комплексидоц. д-р александар аНдовски

Туркоан и Рубе се две од вкупно 85 општини кои ја сочинуваат агломерацијата Лил-Метропол, и сите заедно

бројат 1,2 милиони жители. Својот имиџ на индустриски градови, граден повеќе од 150 години, почнува да се менува. Причина за ова е економската криза во Северна Франција и затворањето на бројните текстилни фабрики во овој регион. Со згаснувањето на текстилните капацитети, згаснуваат

и ископите на руда, металната индустрија... Денес, во Рубе степенот на невработеност е околу 20% и истовремено претставува една од најсиромашните општини во цела Франција.

„кондисион публик“ во рубеВо дваесеттиот век, Северна Франција и лилската метропола биле лидери во текстилната индустрија. Волната, како една од главните текстилни суровини,

требало совршено да биде подготвена за понатамошната обработка, со цел да се постигнат високи резултати во завршните текстилни производи. Со зголемувањето на производството на волна кон крајот на 19 век, се создал недостиг на простор за складирање на суровините. Така настанува „Кондисион Публик“ во 1902 година, како објект наменет за сушење, складирање и калибрирање на волната. Автор на проектот бил

архитектот Алфред Буви. Објектот претставува комплекс од две посебни згради од 2500 и 2600 квадратни метри, кои се обединети под заеднички кров. Средишниот дел што ги поврзува двата објекти е покриен со стаклени плочи, еден од тогашните актуелни материјали и начини за суптилно доведување на зенитална природна светлина во главната внатрешна хоризонтална комуникација. Друга актуелност во градежништвото, која ја употребил Буви, е методот

Page 37: Porta3 171

урбанизам

02 декември 2011 ПОРТА3 37

37

Функционална трансформација на запуштените фабрички комплексиwww.aleksandarandovski.webs.com

на Франсоа Енебик и армираниот бетон со зголемена противпожарна заштита. Тоа овозможило издигнување на бетонски столбови со височина од осум метри, кои за тоа време претставувале престиж во тогашното градителство. Тоа што го прави „Кондисион Публик“ толку специфичен е неговата интегрираност во постоечкиот контекст и околината, што во почетокот на дваесеттиот век се сметало за голема градежна експанзија предизвикана од

индустрискиот развој на Франција. Во таа смисла, капацитетите проектирани од Алфред Буви имаат една логичка поврзаност и со постоечката улична мрежа во чија оска е поставена и внатрешната улица на „Кондисион Публик“. Фасадните ѕидови претставуваат една импозантна архитектонска композиција со должина од 241 метар. Таа фасада всушност претставува ѕид и ограда со надворешноста, но не каков било ѕид, туку ѕид

со високо естетско значење. Декорации сочинети од пиластри и фризови, украсениот фронтон на влезната партија, капителите и емајлираните интерполирани тули во бела и црвена боја, формираат една издржана архитектонска композиција. Во седумдесеттите години од минатиот век, текстилната индустрија бележи голем пад не само во Франција туку и во цела Европа. Тоа значело, намалување на вработеноста, намалување на

текстилното производство, а со тоа и потребата од сушење, складирање и калибрирање на волната. „Кондисион Публик“ става клуч на својата врата во 1972 година. Понатаму, неговите простории биле купени од транспортни компании и се користени сè до крајот на дваесеттиот век. Во 2004 година Лил станува европска престолнина на културата. Заедно со сите негови 85 општини, Лил масовно се вклучува во претставувањето на

Page 38: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011338

38

урбанизам

културата и знаменитостите на Северна Франција во таа година. Рубе, како една од овие општини, се вклучува со повеќе проекти од културата, а еден од нив е и обновувањето на „Кондисион Публик“ и неговата пренамена во мултинаменски и универзален културен центар. Атрактивноста на овој објект, естетските квалитети и традиционалните елементи

вклопени под еден заеднички покрив, преставувале клучните точки од одлуката на локалните власти за неговото повторно активирање. За таа цел, бил повикан архитетктот Патрик Бушан, познат како пионер во пренамената на запуштените индустриски капацитети во културни центри низ цела Франција. Неговата интервенција е фокусирана на

неколку точки: искористување на затворениот простор како „урбан остров“ во срцето на градот, во чија закрила можат комфорно да се сместат содржини од културата; место каде што ќе се почувствува производството и работата; место каде ќе се пробие повеќе дневна светлина, која за разлика од минатото кога таа била непожелна во магацинските простории за

чување на волна, сега е потребно да се внесе заедно со светлината и живот во тој ист простор. Токму ова внесување на живот, е клучната точка во пристапот на Бушан при пренамената на „Кондисион Публик“. Патрик Бушан има еден уникатен пристап при интервенцијата во објектите што имаат своја историја и естетско-архитектонски квалитети

Page 39: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 39

39

урбанизам

врзани за традицијата. Тоа е пред сè, внесувањето нови активности во тие објекти, но притоа целосно респектирајќи го нивниот автентичен изглед и нивната претходна функција. Сè додека еден објект живее, тој објект си ја извршува својата служба кон граѓаните, а за тоа е неопходно да се имплементираат соджини кои

се во согласност со актуелните потреби на граѓаните. Потребни се само минимални физички корекции на самиот објект, корекции поврзани со новите планирани активности, а стариот изглед треба да ја покаже старата функција на објектот. На пример, во салата каде што се чувале големи бали на волна, сега е сместен изложбен

павилјон. За таа цел архитектот пробива три четвртини од кровот, и на негово место го покрива објектот со стакло добивајќи зенитално светло во новиот изложбен простор. Респектот кон минатото и текстилното производство, архитектот современо го интерпретира со формирање на простор за: созадавање на идеи,

работа на проекти од културата, архитектонски ателјеа и.т.н. Едноставно кажано, поранешниот работен простор повторно е исполнет со работни содржини од јавен карактер, и на тој начин е воспоставена врска со минатото, а новите содржини го отвораат патот кон идниот развој на „Кондисион Публик“.

Page 40: Porta3 171

www.gim.com.mk

Page 41: Porta3 171

рубрика

02 декември 2011 ПОРТА3 41

41

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Page 42: Porta3 171

42

42 ПОРТА 02 декември 20113

ентериер

Доколку сте и вие едни од среќнците што ја имаат таа можност да живеат во куќа, тогаш сигурно можете да

направите разлика во квалитетот на животот помеѓу стан и куќа. Постојат повеќе нивоа по однос на кои се вреднува едно живеалиште, како на пример: локација, квадратура на земјиштето и на објектот, инфраструктура, соседство, близина до населено место или до центар и слично. Објектот ги исполнува барањата на повеќето луѓе или сите овие нивоа, притоа исполнувајќи го и најзначајното, а тоа е куќата да дише заедно со семејството. Да го следи во секојдневните обврски секој негов член, да обезбеди услови за работа, одмор, игра на децата итн. Зашто убаво уредената куќа не е само прашање на престиж, туку многу повеќе начин на живот. Со внимателно уредување на домот ние го менуваме животниот стил. На тој начин честопати се случува од стандардно домување да преминеме во ексклузивно и слично. Внатрешноста на објектот е уредена со големо внимание, и при самиот влез во него веднаш ви станува јасно дека околу неговото уредување е вклучен тим од архитект, изведувач на објектот и професионалец за мебел. Ентериерот е уреден ексклузивно, но со човечка мерка. На приземјето препознаваме: дневна зона со трпезарија и кујна оградена од истата, како и една голема тераса, со поглед на Скопје. Куќата, воопшто, ја красат преубави големи прозорски окна, кои обезбедуваат убаво природно осветлување и погледи. Приемниот дел од дневната е со огромна висина, тука се наоѓаат извиените скали за горниот кат, а во вториот дел каде што е аголот за комуникација и трпезаријата, висината се намалува. Трпезарскиот простор го карактеризира една мегамаса со огромни димензии и 12 стола. Во нејзината заднина еден стар креденец (ковчег) антиквитет. Модерен е дизајнот на мебелот во трпезаријата, па во истиот стил е

Концепт - луксуз пред сеЕден од предусловите за луксузно домување е голем простор

текст: доц. д-р елена НикоЉски паНевски, дипл.инж.арх.

фото: владимир секуЛовски

Page 43: Porta3 171

3

43

02 декември 2011 ПОРТА 43

избран и тапацираниот мебел во дневната, реализиран преку една софа во крем боја и две фотелји во боја на црвено вино, од кадифе со цветен релјефен декор под влијание на 70-тите, а присуството на уште неколку елементи во различни стилови го прави просторот еклектичен. Линиите на рабовите се остри, а димензиите на мебелот во фина пропорција. Доминираат квадратните и правоаголните форми и едноставните полици. Без видлив оков од кој било вид, или конзоли за полиците. За подот во просторот се одбрани неколку завршници, најнапред во холот има синтетички мермер во крем боја, а бродскиот под е поставен во делот за седење и е завршен со ефект на орев, значи темнокафеаво, но не толку темно колку венге ефектот од комодите. Секој детаљ во просторот е осмислен потполно да одговара на функцијата, а понатаму и на естетиката на модерниот мебел. Асоцијациите на „модерната“ ќе бидат протагонисти на дизајнот на целиот мебел, како и останатото уредување. Протагонисти да, но нема да значат и дефинитивен израз, бидејќи тој треба да се бара некаде во еклектичните ентериери. Ако нешто можеме со сигурност да кажеме, е тоа дека овој простор е уреден тенденциозно еклектички. Тоа е оној стил каде повеќе различни парчиња мебел се вклопуваат во една целина, поради некои моменти кои естетски ги доближуваат. Тоа е стил за кој е потребно многу вкус за да го уредите, поседувате и одржувате. Добро организираната кујна нуди простор за јадење во неа со преубав поглед. Дизајнот на мебелот во кујната е под влијание на скандинавскиот, а изборот на завршинците и боите особено: светло дрво, црвено, црно, бело. Организирана е како паралелна кујна, во која едниот сегмент е за готвење и миење, а другиот е пополнет со високи елементи. Елементите се едноставно дизајнирани, но многу убаво пропорционално решени, така што мирно можеме да заклучиме дека на оваа кујна не и треба ништо повеќе - таман си е.

Page 44: Porta3 171

44

44

ПОРТА 02 декември 20113

Б

наука

РЕНЦО ПИЈАНО (1937-) е роден во Џенова. Студирал и се усовршувал на Политехниката во Милано, по што соработувал со Ричард Роџерс (од 1970 до 1977), а потоа и со инженерот Питер Рајс. Неговите први проекти, кои потекнуваат од средината на 60-тите години на минатиот век, повеќе се приспособени на потребите на корисниците отколку на естетските квалитети, настојувајќи да ја достигне технички совршената архитектура. Со проектот за центарот Жорж Помпиду во Париз (1971-1977) Р. Пијано и Р. Роџерс победуваат на голем меѓународен конкурс. Архитектурата на овој објект произлегува од технолошки совршената структура, која искрено па дури и нападно се покажува на надворешноста. Со цел да се создаде целосно адаптибилен простор,

носачите на челичната конструкција се исфрлени пред обвивката на објектот во вид на градежни скелиња, за кои се закачени стаклените туби на ескалаторите. Со таквите карактеристики овој објект недвосмислено потсетува на футуристичките проекти на Антонио Сант 'Елија, на рускиот конструктивизам и на проектите на групата Архиграм. Во понатамошното творештво, Р. Пијано постојано експериментира и бара нови можности во архитектурата и урбанизмот. Патувачкиот изложбен павилјон на IBM (1982) со својата лесна набрана и издолжена полуцилиндрична форма во вид на хармоника наликува на огромна гасеница. Музејот на колекцијата Менил во Хјустон, Тексас (1981-1986), претставува мултифункционален, флексибилен и отворен

објект за културни потреби. Неговите надворешни ѕидови се обликувани на сличен начин како и постарите дрвени објекти од непосредната околина, а експонатите се осветлени со помош на специјално профилирани тавански елементи. Работилницата на УНЕСКО во Пунта Нове, Џенова (-1991), е сместена покрај морскиот брег и со кровот на својата транспарентна структура го следи наклонот на теренот. Работните единици се распоредени терасесто, а преку посебни елементи кровот пропушта светлост и сончева топлина по потреба. Од друга страна, Меѓународната изложба Колумбус во Џенова (-1992), сместена на вода во старото пристаниште, со своите јарболи, сајли и шаторести лушпи наликува на егзотична жива форма од морските длабочини.

италија (11)Михаил токарев: 100 Години Модерна архитектура (122)

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ - РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

Р. Пијано. Музејот на колекцијата Менил, Хјустон.

Изглед и пресек

Р. Пијано. Павилјонот на Меѓународната изложба Колумбус, Џенова

Р. Пијано. Патувачкиот изложбен павилјон на IBM

Р. Пијано и Р. Роџерс. Центарот Жорж Помпиду, Париз

Page 45: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 45

45

рубрика

Б

Page 46: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011346

46

рубрика

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

29ти Ноември бр.60

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Page 47: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 47

47

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

29ти Ноември бр.60

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

спортски храмови„крал абдула спорт сити“ - Џеда, саудиска арабија

Спортски градВо минатиот број пишувавме за најскапиот стадион од проектот СП во фудбал во Катар 2022 година. Денеска ви претставуваме уште еден од стадионите што се во план

за градба. Овој пат станува збор за стадион кој до 2014 година треба да го види „светлото на денот“ во градот Џеда во Саудиска Арабија. Мегамилионскиот проект наречен „Крал Абдула Спорт Сити“ почна да се реализира уште во февруари 2009 година. Овој стадион, чиј проект предвидува изградба на објект со капацитет над 60.000 места (истиот ќе може за одделни настани да собере и 100.000 луѓе) се гради на 3 километри северно од меѓународниот аеродром во Џеда, и треба да биде најмодерниот спортски објект во богатата азиска држава. Сега актуелниот стадион „Крал Абдула“ има капацитет од 25.000 места и по изградбата на овој нов спортски храм, дефинитивно ќе замине во историјата. Во рамките на самиот комплекс кој е замислен како вистински Спортски град, покрај стадионот е предвидена изградба и на затворена спортска арена со капацитет до 10.000 места. Таа ќе биде повеќенаменска и ќе ја користат главно репрезентациите на С. Арабија во повеќе спортови. За потребите и нормалниот проток на возила за комплексот „Крал Абдула Спорт Сити“ се гради и еден од најголемите паркинзи, кои обично ги опслужуваат стадионските комплекси. Овој во Џеда треба да има капацитет од 8.000 места за возила, што можеби е трикратно поголем од паркинзите што ги имаат и најмодерните европски стадиони. Стадионот ќе биде олимписки, со атлетска патека, со исполнување на стандардите за организирање на атлетска манифестација од највисок светски ранг под капата на Светската федерација (ИААФ). Дизајнот на проектот е на Зухаир Фаѕез Партнерсхип, една од најпознатите компании во светот за архитектура на Блискиот Исток. Функционалноста, велат архитектите, ќе се види и во непречениот проток на навивачи на сите влезови на стадионот, со највисоки стандарди за безбедност и при непосакувани настани на трибините. Дизајнот на стадионите, по барање на финансиерите, а тоа во најголем дел е националната нафтена компанија Сауди Арабиан Оил Цомпанѕ, се базира на традиционалната исламска архитектура, пред сè онаа од Џеда, која е еден вид порта кон светиот град на муслиманите, Мека. Директорот на проектот, Тоњфиг Ал-Јохани, вели дека стадионот се гради за организација на локални, регионални и меѓународни натпревари, согласно стандардите на ФИФА. Главната зграда треба да има 6 ката, а покрај стадионот и салата, комплексот ќе опфати игралиште за голф, болница, спортска академија и еден луксузен хотел со 5 ѕвезди. Целиот проект се протега на неверојатни 9 милиони м2.

сашо куЗМаНовски

ФакТи за „КРАЛ АБДУЛА СПОРТ СИТИ“ - Џедастадион капацитет: 60.000сала капацитет: 10.000паркинг: 8.000период на изградба: 2010 - 2014површина на градба: 9 милиони м2

придружни објекти: Хотел, Спортска академија, болница, голф терен.дизајнери: Zuhair Fayez Partnershipпроект менаџер: Towfig Al-Johani

Page 48: Porta3 171

технологии

ПОРТА 02 декември 2011348

48

Светот во 2011 во слики

Зад нас е исклучително значајна година. Година која ќе ја памтиме, пред сè, по крвавите настани и непогоди, кои имаа големо влијание врз

нашите животи. Без разлика на која точка од планетата се случиле, со помош на информатичката технологија, секој жител на земјата беше сведок на уривањето на диктаторските режими, силината на терористичките напади, суровоста на природните катастрофи. Со помош на мобилен телефон се снимаа неверојатни сцени на масовни демонстрации, преку социјалните мрежи се организираа револуции, со сателитски снимки се координираа акции, преку камерите се пренесуваа во живо најважните настани. Од сето тоа, стана и повеќе од јасно дека јавноста ја има и владее со информацијата.

Трајче сТоЈаНов, дипл.инж.арх.

НасТаНи кои Ја одБеЛежаа 2011 ГодиНа:

Јануари: започна Арапската пролет. Тунискиот претседател Зинедин Ел Абедин Бен Али, по 23 години владеење ја напушти власта под притисок на насилните демонстрации. Овој успех на демонстрантите во Тунис им даде самодоверба на незадоволните во соседните земји. Февруари: Хосни Мубарак, египетскиот претседател ја напушти власта по 20 години на чело на државата. Силите на редот заедно со армиските сили не успеаа да ги смират демонстрантите што бараа негова смена.

Март: Апокалиптичен земјотрес ја погоди Јапонија. Иако земјотресот не однесе големи човечки жртви, надојденото цунами направи невиден пустош, додека оштетувањата во нуклеарната централа во Фукушима засекогаш го смени ставот на владите околу безбедноста на нуклеарните централи. Април: Конечно убава вест. Во британското кралско семејство, кое со децении беше потресувано со скандали, се случи венчавката на векот помеѓу принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон. Британците здивнаа во надеж дека престолот ќе обезбеди потомство.

Мај: Најбараниот терорист на светот, Осама бин Ладен, е убиен во софистицирана воена операција на американските специјални сили во Пакистан. Настанот е следен во живо од Белата куќа. Се покажа дека и најконзервативниот терорист активно се служел со ИТ без разлика што не бил конектиран на Интернет. Јуни: Грчкиот парламент ги усвои предложените мерки за штедење, по што избувнаа тешки судири на демонстрантите со полицијата. По ова стана јасно дека уште една влада паѓа. Јули: 76 луѓе загинаа во терористички напади во Норвешка во експлозија на кола-

Page 49: Porta3 171

технологии

02 декември 2011 ПОРТА3 49

49

бомба во центарот на Осло и во пукањето во политички камп на островот Утоја. Обвинетиот Ендру Бревик покажа дека заканата од тероризам е се поприсутна и дека корените на ова зло не треба да се бараат само во исламистичкиот милитаризам, туку и во ксенофобичниот антисемитизам. Август: НАСА објави дека на Марс има вода, што е еден од предусловите за постоење на живот. Доказот е фотографија снимена од мултифункционално вселенско летало Марс Орбитер. Септември: САД одбележаа

10-годишнина од терористичкиот напад во Њујорк, настан кој го смени светот. Октомври: Либискиот претседател Муамер Ел Гадафи ја дочека својата маченичка смрт во неразјаснети околности, додека бунтовниците го освојуваа последното упориште на лојалистите - градот Сирте. Ноември: Јеменскиот претседател Али Абдула Салех ја потпиша одлуката за напуштање на власта под притисок на демонстрантите. Истото го стори и Силвио Берлускони, човекот што успешно ги избегнуваше сите обиди за негово дискредитирање, преку многубројните

скандали. Покрај Берлускони, оставка поднесе и Јоргос Папандреу, премиерот на Грција, додека поради кризата на општите избори во Шпанија социјалистите ја загубија власта. Со тоа, Медитеранот доби нова политичка перспектива. Декември: иако месецот не завршил, може да се очекува дека ќе падне и последниот бастион исправен пред Арапската пролет, сирискиот претседател Башар Ел Асад. Со тоа ќе се заокружи еден битен дел од историјата на Блискиот Исток и Северна Африка, и тежиштето на настаните во следната 2012 година ќе се пренесе во незгодниот Иран.

Page 50: Porta3 171

експерт

ПОРТА 02 декември 2011350

50

Инспиративен и чудесен објектОлимпискиот велодром е добитник на наградата за најдобар јавен објект што ја доделува британскиот премиер. Станува збор за награда преку која се оддава признание на новоизградените објекти и простори со кои се подобрува извршувањето на јавните услуги, се создава чувство на идентитет и заедница, и кои помагаат да се изгради одржлива иднина.

д-р владимир Б. ЛадиНски, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

На официјалната церемонија одржана на 12 октомври оваа година, Олимпискиот велодром (Velodrome)

ја доби престижната награда за најдобар јавен објект што ја доделува британскиот премиер (The Prime Minister's Better Public Building Award). Се работи за награда која заеднички е спонзорирана од страна на Кабинетот на владата (The Cabinet Office) и Министерството за економија, иновација и вештини (The Department for Business, Innovation and Skills), а се доделува во изминатите десет години во рамките на Наградите на британската градежна инустрија (British Construction Industry Award).Станува збор за награда преку која се оддава признание на новоизградените објекти, места и простори со кои се подобрува извршувањето на јавните услуги, се создава чувство на идентитет и заедница, и кои помагаат да се изгради одржлива иднина.

Жирито ја има доделено оваа национална награда на објектот Олимписки велодром во конкуренција на 27 објекти од целото Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, меѓу кои се наоѓале и објектите на Олимпискиот стадион и на Мостот на централниот (олимписки) парк, со кои се поврзува Олимпискиот стадион со Центарот за водни спортови преку реката Лиа. Велодромот е првиот објект завршен во февруари 2011 година во склоп на Олимпискиот парк, во кој ќе се одвиваат натпревари во рамките на Олимписките игри Лондон 2012. Инвеститор на овој објект е Организацијата задолжена за организација на олимпијадата (Olympic Delivery Authority - ODA). Проектантскиот тим е предводен од архитектот Хопкинс од “Hopkins Architects“, градежениот дел е на “Expedition Engineering“ и консултантот за машински и електрични инсталации “BDSP“, кои биле ангажирани во 2007 година откога го добиле

архитектонскиот конкурс. Објектот е изграден од страна на градежната организација “ISG“ во рок од 98 недели (изградбата отпочнала на 23 февруари 2008 година), по цена од околу 103 милиони евра. Станува збор за објект со 250 метри долга велосипедска патека и капацитет од 6.000 седишта со бруто внатрешна површина од 21.700м2, во кој ќе се одржуваат олимписките и параолимписките натпревари во велосипедизам во рамките на Олимписките игри Лондон 2012. Она што го прави уникатен овој објект, е тоа што се знае неговата иднина по завршувањето на Олимписките игри, што не е случај со сите објекти. Според аналитичарот Хати Хартман (АЈ 24.04.11:27), велодромот имал огромна предност во однос на другите олимписки објекти не само заради тоа што имал добра проектна програма, туку и однапред определен краен корисник - Регионалната служба на паркови за долината Ли (LVRPA). Според нивниот главен извршен директор Шон Досон, велодромскиот тим

наполно ја има заслужено наградата со оглед на тоа што има создадено инспиративен и чудесен објект. Заслугата за успехот на проектот лежи во исклучителната тимска работа помеѓу Регионалната служба за паркови, проектантите, изведувачите, Организацијата задолжена за организација на олимпијадата, Англиската агенција за спорт (Sport England) и Организацијата на британски велосипедизам (British Cycling). По завршувањето на Олимписките и параолимписките игри Лондон 2012, велодромот ќе се користи од страна на бристанските елитни атлетичари, локалната и пошироките заедници, а ќе содржи кафетерија, велосипеди за изнајмување и работилница за одржување на велосипеди. Според Мајк Тејлор, постар партнер во „Хопкинс архитектс“, концептот на објектот го карактеризира двојно закривената конструкција која ја обвива велосипедската патека како и шеталиштето по обиколката на објектот. Шеталиштето преку

спроти олиМписките иГри во 2012 - олиМписки велодроМ

Page 51: Porta3 171

експерт

02 декември 2011 ПОРТА3 51

51

застаклувањето на објектот, е поделено на надворешно и внатрешно, но овозможува двострани визури (од надвор кон патеката и од објектот кон Олимпискиот парк). Со оглед на очекуваната намалена посетеност (само 6 дена годишно со полн капацитет) на објектот по завршувањето на игрите, а со цел да се создаде попријатно чувство за посетителите и корисниците во услови кога велодромот не е полн, архитектот визуелно ги поделил трибините на долно и горно ниво. Исто така, објектот е испроектиран на што е можно поефикасен начин, со цел да се создаде покомпактен одржлив објект, што резултирало во предложениот концепт на патека обвиткана со обвивка, концепт кој асоцира на велосипедско тркало не само според планот, туку и според инженерскиот пристап сличен на оној кога се проектираат велосипеди кога максимално се избегнуваат непотребните работи. Според Хартман (Hartman, АЈ 24.04.11:27) објектот што

произлегол од ваквиот пристап е елегантен и останува во сеќавањето без да биде монументален. Внатрешното уредување на објектот го карактеризира велосипедската патека поставена под агол и завршена со дрвен бродски под од сибирски ариш (Siberian Larch), и завршната обработка на плафонската касетирана конструкција со фурнирани шперплочи од бреза (Birch). Под велосипедската патека е поставено подно греење со цел да се обезбеди оптималната потребна температура на воздухот за велосипедистите во споредба со пониската потребна температура за посетителите. Светлите тонови на дрвените површини се избалансирани со неутрално сивата боја на седиштата и сината боја во централната зона околу која е поставена велосипедската патека. Ваквиот пристап го прави внатрешниот простор и светол и лесен. Надворешно објектот е завршен со фасада обложена со древени

летвички, додека кровот е елегантно и рационално испроектиран со двојна кривина, со што е намален волуменот на објектот и трошоците за греење на истиот. Носечката кровна конструкција е од мрежа на затегнати челични кабли исполнети со дрвени касети и одозгора обложена со ОСБ плочи, 30 см термичка изолација, и завршно обработена од и до 130 м долги ленти од филцуван метален лим со ленти од дифузно кровно надсветло.Ваквиот пристап кон проектирањето на кровната конструкција овозможил заштеда од околу 2,3 милиони евра во споредба со примена на покласична челична кровна конструкција и ја намалил тежината на носечката челична конструкција на само 100 тони. Со оглед на определбата за најрционално проектирање на кровна конструкција, на кровот не се поставени соларни ќелии за производство на електрична енергија поради оптоварувањето што би го додале на кровот. И покрај ова, објектот има забележителни

енвиронменталистички карактеристики со предвидена годишна емисија на јаглероден диоксид од 67 кг по метар квадратен површина, високо ниво на топлинска изолација, 28% учество на рециклиран материјал и погодности за реонско греење на објектот. Како резултат на искажаното, не е за чудење што Олимпискиот велодром ја има добиено оваа престижна награда. Според претстедателот на Организацијата задолжена за организација на олимпијадата, Џон Армит, наградата претставува исклучително достигнување за објектот што комбинира иновативна архитектура, инженерство и градежништво во зачудувачки убав и одржлив објект. Напоредно со забележителниот дизајн велодромот, исто така, го поставува спортот во „срцето“ на објектот, преку создавањето на велодром од меѓународно ниво за потребите на Олимписките игри и за создравањето на нова генерација велосипедисти, кои ќе се обучуваат и натпреваруваат во иднина.

Page 52: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011352

52

екологија

КОЛКУ Е КВАЛИТЕТЕН ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ?На годишно ниво, граѓаните на градот Скопје се изложени на 4.169 тони јаглероден моноксид, 1.943 тони азотни оксиди, 6.345 тони јаглероден диоксид и 284 тони прашина. Поединечно, бројката изнесува околу 20 килограми штетни гасови вдишени од страна на секој жител на градот Скопје, на годишно ниво

Како што знаеме, загадувањето на воздухот најчесто е предизвикано од човековите активности, какви што

се производството на енергија, индустријата и нејзините процеси, издувните гасови од сообраќајот, но и несоодветното управување со шумите можат да предизвикаат високи концентрации на разни загадувачки супстанции со значителни последици врз човековото здравје. Европската Унија со години работи на проекти за подобрување на квалитетот на воздухот, како и на намалување на штетните влијанија врз човековото здравје и животната средина во Европа. Тоа

го прави преку контролирање на емисиите на штетни супстанции, усвојување на законски решенија за дозволените нивоа на концентрација на загадувачите, спроведување на истражувања за ефектите на загадувачите врз човековото здравје и фокусирање на меѓународната соработка за намалување на меѓуграничното загадување. Иако нивоата на концентрација на некои штетни загадувачки супстанции значително се намалени, квалитетот на воздухот и понатаму предизвикува негативни здравствени ефекти во Европа. Македонија не е исклучена од претходно наведените факти и податоци. Ова посебно се однесува на градовите Скопје, Велес, Тетово и Битола.

скопјеКонкретно за Скопје, еден од главните проблеми со загадувањето на воздухот се должи на преголемата застапеност на автомобили. Притоа, најчесто, во еден автомобил е присутен по еден човек, со што се зголемува бројот на автомобили во сообраќајот, и аналогно на ова се зголемува и загадувањето на воздухот што го дишеме. Друга причина поради која во Скопје се дише неквалитетен воздух претставуваат несоодветните местоположби на индустриските објекти, односно тие се лоцирани во непосредна близина на населени места. Трета причина поради која во Скопје концентрациите на штетни гасови се големи, а и

се задржуваат подолго во градот, претставува опкружувањето на самиот град. Градот Скопје е поставен во котлина и е опкружен со планини кои создаваат услови за зголемување и подолго задржување на концентрациите на штетните гасови во воздухот. На годишно ниво граѓаните на градот Скопје се изложени на: 4.169 тони CO (јаглероден моноксид), 1.943 тони NO (азотни оксиди), 6.345 тони CO2 (јаглероден диоксид), 284 тони прашина. Замислете само кога оваа количина на штетни гасови ќе се подели на секој жител поединечно. Тогаш се добива бројка која е фрапантна, бројка која изнесува околу 20 килограми штетни гасови вдишени од страна на секој

Никола НеШкоски, дипл.инж.на жив.средина/еко-менаџер

Page 53: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 53

53

екологија

КОЛКУ Е КВАЛИТЕТЕН ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ?жител на градот Скопје, на годишно ниво, при што секоја наредна година оваа бројка драстично се зголемува. Уште малку попрецизно, оваа бројка би изгледала вака: околу 50 грама штетни гасови и честички внесуваме секојдневно во текот на една година. Можете ли само да замислите што се случува? Просечен човек не внесува толкаво количество на чоколадо во својот организам, а не па штетни гасови и честички. Но, податоците од страна на надлежните го кажуваат следново:Во градот Скопје се поставени вкупно три станици за мерење (од кои една не работи), додека на ниво на цела држава нивната бројка изнесува 15.Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух, што пристигнуваат во Централната станица која се наоѓа во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, за периодот од година дена е утврдена следната состојба: податоците за среднодневните концентрации на сулфурен диоксид, азотен диоксид, јаглероден моноксид се во рамките на граничната вредност одредена за 2011 година, на сите мерни места во државата. Но, што е со жалбите на граѓаните на одредени населби во Скопје, каде што има индустриски постројки? Што е со нивните убедувања дека живеат во места со највисока аерозагаденост

во земјава? Од друга страна пак, некои објавени податоци во јавноста ја оправдуваат загриженоста на овие граѓани, но и истовремено ги заплашуваат останатите жители на Скопје и неговата околина. Според тие податоци, во последниве години максималната дневна концентрација на сулфурен диоксид ја надминала за триесет пати дозволената граница од 150 mg/m3 на годишно ниво. Додека, пак, максималната дневна концентрација на чад ја надминува дозволената граница од 50 mg/m3 до околу стотина пати годишно. Што со овие податоци? Друг показател за квалитетот на воздухот во нашиот главен град може да биде сè поголемата зачестеност на респираторните болести, кои според многу од показателите се јавуваат како резултат на загадениот воздух што го дишеме сите ние. Сè почеста појава се и облаците обоени во непријатна темна боја, облаци за кои претставниците од компаниите-загадувачи тврдат дека се безопасни, а податоците кажуваат друго. Но, сепак податоците што покажуваат концентрации кои се над дозволените максимални концентрации секогаш се неофицијални. Дали ова значи дека големите компании - загадувачи имаат моќ да ги претстават работите во своја корист, или пак резултатите се навистина позитивни по здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина? Некои работи иако се навидум повеќе од јасни, ќе останат засекогаш „нејасни“. Дали овие податоци се доволни за да се преземе нешто од страна на главните загадувачи во Скопје и општо во цела Македонија? Дали на самите нив ќе им текне за штетите што ги предизвикуваат? На последиците што ќе ги сносат и нивните деца? Останува времето да покаже дали ситуацијата со неодговорното однесување на одредени компании ќе се смени, дали можеби нивната свест во поглед на животната средина и кон здравјето на луѓето ќе проработи? Од друга страна, соодветна легислатива донесена од страна на државните органи постои, но истата не се почитува, што истовремено ја прави проѕирна и бледа.

Page 54: Porta3 171

хортикултура

ПОРТА 02 декември 2011354

54

Подготовка на градината за презимувањеФилип ФиЛипоски, дипл.шум.инж.

Многумина сметаат дека со паѓањето на температурите прекинуваат сите активности во

градината. Тоа не треба да биде така затоа што градината треба да се подготви за презимување. Иако календарски зимата (21 декември) е далеку, сепак треба да се отпочне со подготовка на градината за презимување. На видовите како палми и декоративни треви мора да им се посвети посебно внимание при заштита. Кај палмите најдобро е

стеблото да им биде обвиткано со јута или друг вид на текстил. Доколку се користи пвц фолија, најдобро е на истата да се направат дупки за да има циркулација на воздух за да не дојде до кондензирање на воздухот во неа и скапување на стеблото на растението, додека листовите се собираат во еден сноп и се врзуваат. Декоративните треви (пример Cortaderia selloana, Carex spp.) за презимување може да ги подготвиме на два начина. Едниот е зеленилото да се исече до земја, а другиот е да се собере

целокупното зеленило и да се врзе во еден сноп, како кај палмите. Ваквата заштита на надземните делови од растенијата се прави со цел да се избегне замрзнувањето на соковите во нив, со што би се зголемила запремнината на водата и би дошло до пукање на стеблото под притисокот на мразот. Растенијата што ги чуваме во садови мора да бидат заштитени од ниските температури, за да не дојде до мрзнење на коренот. За таа цел најдобро е истите да бидат сместени на потопло место, заштитено од провев. Доколку имаме стакленик

тоа би било идеално место за презимување на растенијата во садови. А ако немаме услови за голем стакленик истиот може сами да направиме со помали димензии. Остатоците од сезонските цвеќиња ги отстрануваме. Кај луковичестите растенија ги собираме луковиците и ги складираме преку зимата. Најдобро е тие да се складираат во гајби за да останат суви и да имаат непречен доток на воздух, со што ќе се спречи нивното гниење. Откога ќе ги собереме плодовите од мушмулите, калинките, јапонските јаболка или другите плoдови,

Page 55: Porta3 171

хортикултура

02 декември 2011 ПОРТА3 55

55

кои се засадени во градината, пристапуваме кон чистење на дрвјата и грмушките од исушените гранки или делови, a исто така треба да се соберат и сите паднати гранки и листови на тревниците. Тоа се прави со цел да не дојде до гниење на органската материја врз тревникот што би предизвикало трајни штети. Доколку имаме услови за компостирање, може да се собере целокупниот органски отпад и да произведеме компост кој би бил идеален за прихрана на растенијата следната сезона. Како материјали кои би можеле да ни

послужат за компостирање може да се употребат: суви лисја и гранчиња, сено, суви растенија, пепел од дрва, струготини, отпадоци од зеленчук и овошје, цвеќиња и слично. Материјали кои може да се најдат во градината во овој момент, а кои не се погодни за компостирање се: многу крупни гранки (пожелно е да се исечат на помали делови), пластика, коски, мртви животни и животински измет, јаглен и слично. Во овој период на годината тревникот треба да се искоси за последен пат, при што висината на која ќе се коси тревата треба да е

поголема од вообичаеното. Доволно би било ако таа се искоси на висина од 6-7 см. Исто така, многу важно е да се зголеми аерацијата во тревникот, а тоа се постигнува со помош на правење дупки. Дупките се прават наједноставно со вила, со помош на посебни додатоци за чевли со клинови, или со помош на специјални цевчиња со што почвата се вади во облик на сонди. Полевањето се прекратува. Водата во цревата се испушта, особено ако се челични. Ако цревата се пцв, пожелно е водата да се испушти, но не е задлжително. Единствено

не смее пвц цревата да се остават под полн притисок, зата што истите можат да се деформираат на некои места зависно од замрзнувањето на водата. Откога ќе ги завршиме сите овие „операции“ може да се сконцентрираме на собните растенијата во нашиот дом или стаклена градина, и да го чекаме појавувањето на кокичињата и доаѓањето на пролетта. Дотогаш има време да ни созреат идеите за промените што сакаме да ги направиме во градината, со цел да ја разбиеме монотонијата.

Page 56: Porta3 171

НЕКОНВЕНЦИОНАЛЕН КАФЕ-БАР НА АНГЛИСКОТОКРАЈБРЕЖЈЕ

Heatherwick studio го изработил дизајнот на невообичаениот кафе-бар на брегот на Литлхемптон,

традиционален крајбрежен град на јужниот брег на Англија. Изложен на немилост на времето и вандализмот, овој објект е сместен помеѓу морето и населба со куќи. На барање на инвеститорите - семејството Вуд, постоечкиот киоск на брегот да се реновира, архитектите од Heatherwick studio одговориле со несекојдневен дизајн како обид повторно да се воспостави значењето на крајбрежјето на градот. За студиото било предизвик да се изведе долг, тенок објект со дводимензионални фасади. Објектот East Beach Cafe е создаден од 36 челични ленти, кои се составени еднододруго, и дејствуваат заедно, формирајќи слоевита заштитна школка отворена кон морската широчина. За разлика од конвенционалните варосани фасади на приморските објекти, фасадата на овој објект е сурова, обликувана и изведена од челик, кој иако премачкан со заштитен маслен слој ѝ дозволува на 'рѓата да се развие без да влијае на структурните перформанси. Страната на објектот која гледа кон морето е целосно застаклена, со што им се овозможува на посетителите и од внатре да уживаат во прекрасниот поглед, а посетителите сместени на терасата на кафе-барот, да уживаат заштитени од сончевите зраци под стреата, што е дел од челичната конструкција. Објектот преку ден функционира како кафе-бар, а навечер како ресторан, на површина од 205 м2, со 45 места за седење внатре и 80 места за седење на терасата. East Beach Cafe е предодреден да стане собиралиште на туристи и без сомнение го означува почетокот на ренесансата на овој тивок англиски крајбежен град.East Beach Cafe е добитник на престижни награди:

- риБа регионална награда 2007- риБа Национална награда 2007- Награда на градежен институт 2007- ресторан и бар дизајн награда 2007- Награда за дизајн на округот на Западен сасекс 2007- Граѓанска "trust" награда 2007

занимливости

александра пеТровска, дипл.инж.арх.

ПОРТА 02 декември 2011356

56

Page 57: Porta3 171
Page 58: Porta3 171

музеи

ПОРТА 02 декември 2011358

58

10

најдобри приватни музеи во светот

Rubell FAmily ColleCtion (Колекцијата на Рубел) е музеј на Дон и Мера Рубел кој се наоѓа во Мајами. Овој брачен пар започнал да собира современи уметнички дела уште во далечните шеесети години од минатиот век, но својата колекција ја ставаат на

светската мапа во 1993 година и започнуваат да организираат изложби. Во нивната колекција има дела на славни уметници како што се Жан Мишел Баскијат (Jean Michel Basquiat), Синди Шерман (Cindy Sherman), Кит Херинг (Keith Haring) и Такаши Мураками.

CRystAl bRidges museum oF AmeRiCAn ARt (Кристал Бриџис музеј на американската уметност) се наоѓа во Бентонвил, Арканзас. Алис Волтон (Alice Walton) е идеен творец и финансиер на ова вредно здание. Таа е наследничка на Сем Волтон (Sam Walton), сопственик на фирмата Wal-Mart. Музејот званично се отвори на 11 ноември 2011 година. Изграден е од дрво и стакло, а се простира дури на 100.000 квадратни метри! Го проектирал архитектот Моше Сафди (Moshe Safdie). Целта е музејот да стане првокласна институција на националната (американска) уметност која содржи уметнички дела настанати од периодот на т.н. „колонијален“ стил до денес.

Во музејот се сместени дела од најпознатиот претставник на колонијалниот стил Џон Синглтон Копли (John Singleton Kopley); 19. век е застапен со дела на сликари како што се Томас Моран (Thomas Moran), Џорџ Форест Браш (George de Forest Brush), Ашер Браун (Asher Brown Durand) и Артур Тејт (Artur Fitzwilliam Tait). Од модерната уметност во Америка: Аршајл Горки (Arshile Gorky), Норман Роквел, Хери Стенберг(Harry Strenberg) и Чарлс Шилер (Charles Sheeler), а од современата уметност Енди Ворхол и Волтон Форд како и скулптури на Олденберг, Кери Маршал и Ник Кејв.

Брачниот пар рубел

Page 59: Porta3 171

музеи

02 декември 2011 ПОРТА3 59

59

leeum, sAmsung museum oF ARt (Лееум, Самсунг - Музеј на современа уметност) е сместен во Сеул. Фондацијата за култура на корејскиот електронски гигант Самсунг во 2004 година го отвори овој музеј. Тоа е голем комплекс кој се состои од три архитектонски целини, кои ги проектирале Рем Колхас, Марио Бота и Жан Нувел. Во нив се сместени дела од корејската традиција, односно уметнички дела од локаните автори кои настанале во минатото. Овде можат да се најдат и интернационални дела од модерната уметност на 20.век, а се изложуваат и дела на уште неафирмирани уметници кои со својата оригиналност заслужуваат да бидат прикажани во јавноста.

FondAtion CARtieR pouR l’ARt ContempoRAin (Фондација Картие за современа уметност) е музејски простор во Париз. Отворен е во 1994 година, а негов дизајнер е францускиот архитект Жан Нувел. Поседува дела од интернационална современа уметност, но и колекција на луксузни часовници и накит на „Картие“ кои датираат уште од 1984 година. Колекцијата на овој музеј поседува повеќе од 1000 уметнички дела: слики, скулптури и инсталации на 300 автори, вклучувајќи ги делата на Вин Делвој (Win Delvoye), Вилијам Кентриџ (William Kentridge), Метју Барни (Mathew Barney), Рон Муек (Mueck) посебно внимание предизвика неговата инсталација под наслов „В кревет“(In Bed).)

FRAnCois pinAult FoundAtion (Фондација Франсоа Пино) е музеј во Венеција. Главата на аукциската куќа „Кристис“, францускиот магнат Франсоа Пино ја донесол својата лична збирка на современи уметнички дела во овој галериски простор. Музејот опфаќа две згради. Едната е палатата Палацо Граси (Palazzo Grassi) отворена за посетители во 2005 година. Втората е прекрасната палата Пунта дела Догана (Punta della Dogana) која ја преуредил и проектирал архитектот Тодао Андо, а за јавноста е отворена во 2009 година Оваа колекција вклучува дела на Маурицио Кателан (Maurizio Cattelan), Рејчел Вајтрид, Пјотр Уклаински, Такаши Мураками, Синди Шерман, Сигмар Полке и др.

Page 60: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011360

60

музеи

deste FondAtion FoR ContempoRARy ARt (Фондација Десте за современа уметност) е уметничка институција основана во Женева во 1983 година, а потоа е преместена во Атина во 1998 година. ДЕСТЕ е во сопственост на Дакис Јоану (Dakis Joannou). Колекцијата содржи уметнички дела од Тим Нобл, Сју Вебстер (Sue Webster), Ауербах (Tauba Auerbach), Џеф Кунс (Jeff Koons), кој ја насликал јахтата на Дакис. Во овој музејски простор можат да се видат и многу мултимедијални проекти. Постои и награда DESTE која се доделува секоја година на грчки уметници кои придонеле за развојот на современата уметност во својата земја. Исто така, постои и модна линија за облека DESTE која ја дизајнираат најдобрите грчки дизајнери.

Јахтата на дакис ја насликал Џеф кунс

ullens CenteR FoR ContempoRARy ARt (Центар за современа уметност Уленс) е уметничка институција која ја основале белгиските колекционери на уметнички дела, Гај и Миријам Уленс (Ullens), во 2007 година. Овој музеј бил еден од првите непрофитабилни уметнички центри во Кина. Се наоѓа во некогашна фабрика за муниција, во Пекинг. Овде се излагаат дела на современа кинеска уметност и дела на најдобрите уметници кои живеат и работат во Кина, како што се Huan Jon Ping, Zang Huan i Jan Pei Ming.Овој музеј е отворен за јавноста со изложбата под наслов 85 Нов бран: раѓање на кинеската современа уметност (85 New Wave: The Birth of Chinese Contemporary Art), и ги прикажува уметничките дела на кинески автори кои настанале во периодот 1985 – 1990 година. Овој период ја одбележал промената на правецот во кинеската уметност и нејзиното поврзување со светската уметничка сцена. Центарот UCCA е еден од најголемите изложбени простори во Кина и прва културна институција која ја основале странци. Тој пружа различни содржини, како уметнички, модни, музички, дизајнерски и мултимедијални манифестации, и ги поттикнува младите кинески автори да се едуцираат и да ги изложуваат своите дела.

Белгискиот брачен пар Уленс во 2002 година ја продал вредната колекција на акварели од славниот англиски сликар Тарнер (J. M. W. Turner) за да вложи во купување на кинески дела и во изградба на музејот што се простира на 8.000 квадратни метри. Музејот го проектирале Жан Мишел Вилмотл (Jean – Michel Wilmotle) и Ма Кингун (Ma Qingyun). Содржи две галериски сали, а едната има подвижни ѕидови за да може да прими и инсталации со големи димензии. Изложбата со наслов Куќата на Оракле (House of Oracle) е отворена во 2008 година како ретроспектива на делата од контроверзниот кинески уметник Хуан Јонг Пинг (Huan Yong Ping) кој инспирацијата ја пронашол во дадаизмот и во традицијата на кинеската нумерологија. Неговите инсталации содржат и необични материјали како што се змии или шкорпии.

Занг Хуан, инсталација

Page 61: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 61

61

музеи

ZAbludowitCZ ColleCtion (Колекција Заблудович) се наоѓа во Лондон. Оваа уметничка институција ја основал милионерскиот брачен пар Заблудович во 1994 година. Содржи повеќе од 2000 дела на современа уметност со фокус врз оние дела кои претставуваат уметнички тенденции во повој. Во овој музеј има уметнички остварувања кои датираат од 1970 година до денес. Застапени се многу познати модерни уметници како што се Габријел Акеведо (Gabriel Acevedo), Кристиан Андерсон (Christian), Марчела Асторга (Marcela Astorga), и многу други.

FoundAtion beyeleR (Фондација Бајелер) е музеј кој го основал брачниот пар Бајелер, а настанал од значителна колекција на уметнички дела од 20.век која ја собирале швајцарскиот трговец со уметнички дела, Ернест Бајелер (Ernst Beyeler) и неговата сопруга Хилди (Hildy). Фондацијата е основана во 1982 година, а за јавноста е отворена во 1997 година во музејското здание во близина на Базел. Зградата ја проектирал архитектот Ренцо Пијано (Renzo Piano). Овој музеј содржи многу капитални дела на светски сликари како што се Пол Сезан (Paul Cezanne), Ван Гог (Vincent van Gogh), Пабло Пикасо (Picasso), Мондријан (Piet Mondrian), Шагал (Marc Chagall), Едгар Дега (Degas), Василиј Кандински, Алберто Џакомети (Giacometti), Клод Моне (Claude Monet), Огист Роден (Auguste Rodin), Енди Ворхол и многу други.

mAthAF: ARAb museum oF modeRn ARt (Матаф: арапски музеј за модерна уметност) се наоѓа во главниот град на Катар, Доха. „Mathaf“ се изговара „mat - haf“ и на арапски значи „музеј“. Го основал шеикот Хасан ал Тани (Sheikh Hassan bin Mohamed bin Ali Al Thani) кој пред 20 години почнал да откупува дела од арапската современа уметност. Тој се вбројува во првите 10 колекционери на дела од модерната уметност во светот. Музејот е отворен во 2010 година. Зградата ја проектирал францускиот архитект Жан Франсоа Бодин (Jean Fracois). Содржи уметнички дела кои потекнуваат од сите арапски земји, а датираат дури од 1840 година до денес. Во овој музеј има преку 1000 скулптури и слики.

Page 62: Porta3 171

совети

ПОРТА 02 декември 2011362

62

Со дијалог на навидум непомирливи стилови може да создадете посебен визуелен впечаток на ентериерот. Од влезот неосетно се преминува во дневниот престој

кој е всушност и дневна соба, трпезарија и кујна. Првиот впечаток е добриот баланс меѓу темните тонови на мебелот и светлите ѕидови и подови. Употребени се хармонични бои (тонови на земјаните бои, кафеава и беж со додаток на портокалова и зелена), кои секогаш ќе бидат модерни. Темнокафеавата аголна гарнитура во дневната соба надополнета е со стилска махагони комода и витрина. Во кујната, заради малата квадратура, треба да се води сметка просторот да не се загуши. Елементите изработени по мерка се едноставни и во светла боја какви што се и плочките на ѕидот и подот. Пултот претставува своевидна преграда меѓу трпезаријата и кујната, но и место за брз појадок за двајца. Декоративна ѕидна облога во

вид на мозаик може да се постави на ѕидот покрај пултот и трпезариската маса. Спалната соба нека биде во модерен стил и мебел со рамни линии во нежни, релаксирачки бои. Тренд во уредувањето на детските соби е уредување на различни теми (џунгла, јунаци од цртани филмови и сказни).

Станот во знакот на топлите тонови и хармонија на стилови, традиција и современост, ќе биде дом на удобност и убавина.

Билјана сТевковска-савиЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

Наскоро се вселуваме во нов стан. Ние сме тричлено младо семејство. Имаме идеи за уредување на станот, но би сакале да го знаеме и вашето мислење. Мебелот што го имаме за дневниот престој (аголна гарнитура во темнокафеава боја, наследена стилска комода и витрина) би го задржале и искомбинирале со новата кујна и трпезарија. На еден ѕид од дневната соба би сакале да употребиме декоративна облога во вид на мозаик.

Семејство Миновски, Скопје

Хармонија на традиционалното и модерното

Page 63: Porta3 171

најчудни градби

02 декември 2011 ПОРТА3 63

63

СТАКЛЕН МОСТ НА 1500 МЕТРИ ВИСОЧИНА

Иако сме пишувале за многу страшни мостови (од аспект на безбедност и опасност), луѓето очигледно не се

уморни од нови проекти и примери за ваква возбудлива архитетура. Своевремено, предизвик беше стаклената проѕирна платформа кај кањонот Колорадо во САД во форма на коњска потковица, па потоа стаклената мини платформа во Чикаго на врвот на еден од најголемите облакодери, а сега веќе имаме нова атракција. Новата стаклена-мост авантура ни доаѓа од Кина. Не само што е чудна градба, туку е и вистински адреналински предизвик кога е во прашање преминувањето преку овој мост. Тој се наоѓа на врвот на планината Тијанмен, во провинцијата Жангџаје, на височина од неверојатни 1500 метри. Мостот е широк околу еден метар (90 сантиметри), а долг е 60 метри. Важно е да се напомене дека целата структура не е стаклена, туку само на одреден сегмент, бидејќи мостот има и дрвени делови со бетонски потпирачи и основа. Го нарекуваат со чудни имиња, како „патека на стравот“, „длабока јама“ и уште како ли не, но дефинитивно не е патека за луѓе со слабо срце. Мостот е вкопан во висока карпа, приближно до врвот, и овозможува перфектна слика во длабочина кога човек преминува преку него. Исклучок е магловитото време кога ништо не се гледа. Мостот има свој водич, кој на посетителите им ја објаснува постапката на изградба, и секако ги охрабрува и најсмелите што се соочуваат со сомнеж или двоумење за премин преку стаклената површина. Мостот е отворен пред извесно време, а ги воодушеви и класичните медуми кои му дадоа значајно внимание со оглед на неверојатноста и големата љубопитност. Интересно е што вакви мостови се градат и на неколку други локации. Се посочува примерот со планината Хунан во истоимената провинција каде веќе се прави дрвен мост на височина од 2000 метри, или пак мостот на планината Шифу што воедно ќе биде и најдолг планински-стрмен дрвен мост. Истиот ќе биде долг неверојатни 1.8 милји или околу 2,6 километри.Очигледно, стандардите за опасност во моментов се менуваат. Трудољубивите Кинези на секој можен начин го привлекуваат човековото внимание, а авантуристите се меѓу првите што ја тестираат својата издржливост, но и силината на срцето кога поминуваат преку овие чудни градби.

драган рисТов

Page 64: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011364

64

Масички инспирирани од едноставната форма на листот, претставени

од Tacchini Italia.

Висечки сферични стаклени лустери од Bocci, магични,

елегантни и модерни за секој простор.

Page 65: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 65

65

подготви:сандра доНЧева ТеоХарова,дипл.инж.арх.

излог

Подна ламба направена од

алуминиум, дизајнирана од

Brian Rasmussen.

Strip столица од Fabio Novembre направена од полиетилен. Се одликува со бесконечна форма според перцепцијата на корисниците, а се менува и адаптира според окото на набљудувачот.

Page 66: Porta3 171

ПОРТА 02 декември 2011366

66

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 158/2011

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕКС НА ГРАДБА, КО ГРАДОВЦИ, ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ПРОСТОР

ЗА ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА (КАМИОНИ-ВЛЕКАЧИ СО ПОЛУПРИКОЛКИ), СО ОБЈЕКТ ЗА ДНЕВНА НЕГА И МАЛА ГАРАЖА ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ, КО КРУПИШТЕ, ОПШТИНА КАРБИНЦИ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА И ОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА

УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ФАБРИКА ЗА ФЛАШИРАЊЕ НА ВОДА КО РОЖДЕН, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН

НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС СО ПРОПРАТНА СОДРЖИНА – РУДНИК

“ВЕПРЧАНИ“ КО ВЕПРЧАНИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА

БАЗНА СТАНИЦА ЗА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА VLS 6096, КО НОВО КОНСКО, ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА

ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ФАРМА ЗА КОКОШКИ, КО ЛИВАДА, ОПШТИНА СТРУГА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ, ВО КО ЧЕЛОПЕК, ОПШТИНА БРВЕНИЦА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА

БАЗНА СТАНИЦА ЗА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИКА СТП 6066, КО ГОРОБИНЦИ, ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МИНЕРАЛНА

ВОДА И СО2, КО ТРН, ОПШТИНА БИТОЛА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА

ЦЕНТРАЛА, КО БЕЛЧИШТЕ, ОПШТИНА ДЕБАРЦА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ

ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА, КО ГАЛАТЕ, ОПШТИНА ВРАПЧИШТЕ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА

УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ХАЛА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛИМЕНИ КОНСТРУКЦИИ, КО ЧАЈЛЕ, ОПШТИНА ГОСТИВАР

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС, КО СТРИМНИЦА, ОПШТИНА ЖЕЛИНО

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА

ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА БАЗНА СТАНИЦА БРОЈ СРМ7071 – ПЕХЧЕВО ЗА МОБИЛНА

ТЕЛЕФОНИЈА, КО ПЕХЧЕВО, ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ГРАДЕЖНО, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО – ОРОВНИК ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА 1 ЗА ИЗГРАДБА НА БАЗА НА БЕТОН

ВО КО ОРОВНИК, ОПШТИНА ДЕБАРЦА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА РАБОТИЛНИЦА ЗА МОНТАЖА НА ПЛАСТИЧНИ И АЛУМИНИУМСКИ

ПРОФИЛИ, КО ЧАЈЛЕ, ОПШТИНА ГОСТИВАР

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА

ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС ЗА ЛЕСНА И

НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА И МАГАЦИНСКИ ПРОСТОР, КО ТАБАНОВЦЕ, ОПШТИНА КУМАНОВО

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА

УГОСТИТЕЛСКИ И ТУРИСТИЧКИ КОМПЛЕКС, КО НОВО КОНСКО, ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ СО ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ, КО МЛАДО

НАГОРИЧАНЕ, ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СОЛАРНА ЦЕНТРАЛА, КО НОВО СЕЛО, ОПШТИНА СТРУГА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА

ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ХАЛА ЗА ИЗРАБОТКА НА АРМАТУРНО

ЖЕЛЕЗО, КО ВРУТОК, ОПШТИНА ГОСТИВАР

ОГЛАСЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 3/2011Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на идејно архитектонско решение за изработка на фасада на објект на Влада на Република Македонија, ул. “Илинденска“ бб – Скопје.Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до 19.12.2011 година.

ОГЛАСЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 170/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на архитектонско – урбанистичко идејно решение за панорамско тркало со придружни објекти и мостови во централно градско подрачје на Скопје – Мал Ринг.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до 12.01.2012 година.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 11/2011Назив на договорниот орган:Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, ул. “Орце Николов“ бр. 138, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Контрола на квалитет на вграден бетон за објект, Катна Гаража 6.7. Мал Ринг во Скопје.Контакт тел/факс: 072 260-910, 02 3111-195, лице за контакт: Лидија Мицева.Јавно отворање на понудите на ден 12.12.2011 год.

БРОЈ: 23/2011Назив на договорниот орган:Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито, бб, 1430, Кавадарци.ПРЕДМЕТ:

Набавка на градежни работи за реконструкција и доградба на Општинска зграда.Контакт тел/факс: 043 416-107, 043 400-216, лице за контакт: Елена Трајкова.Јавно отворање на понудите на ден: 04.01.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 159/2011

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА

НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА Г2

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА Г2 СО КОМПАТИБИЛНИ НАМЕНИ

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА КОМУНАЛНА СУПРАСТРУКТУРА Е2

ЈАВЕН ПОВИК БРОЈ 24-10106/2ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА

ГРАДБА НА ОБЈЕКТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС – ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ

БР. 51-6488/1 ОД 08.11.2011 ГОДИНА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 172/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на основен сообраќаен проект и студии за сообраќајниот коридор: булевар “Кузман Јосифовски – Питу“, потег од улица “Никола Карев“ до булевар “Кочо Рацин“, подземна сообраќајница Кеј “13 Ноември“ и булевар “Илинден“ и кракот на сообраќајниот коридор до булевар “Партизански одреди“ преку булевар “ВМРО“.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 23.12.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 160/2011

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 4/2011Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Репбулика Македонија, бул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на Идејно архитектонско решение за изградба на објектот Јавна администрација – Државни институции, во кои ќе бидат сместени: Централен регистар на РМ; Комисија за хартии од вредност на РМ; Агенција за супервизија на РМ; Регулаторна комисија за енергетика на РМ; АД во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација М – НАВ; АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење на Републиката – Скопје и Фонд за осигурување на депозити на ул. “Македонија“ бб – Скопје.Контакт тел/факс: 24650225, лице за контакт: Соња Полизовска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до 09.01.2012 година.

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 60/2011Назив на договорниот орган:Министерство за транспорт и врски, ул. “Црвена скопска општина“ бр. 4, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Конкурс за изработка на идејно решение за фасадно обикување на објект Катна гаража, локација: ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“, КП 12539 КО Центар 1.Контакт тел/факс: 02 3145-445, 02 3226-392, лице за контакт: Борче Размоски.Плановите или проектите да се достават најдоцна до 09.01.2012 година.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 161/2011

ОГЛАСЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 01-213/2011Назив на договорниот орган:

АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на Идејно Архитектонско Решение за објект Деловна зграда ЕЛЕМ, ул. “Македонија“ бб, К.П. 13526 К.О. Центар.Контакт тел/факс: 02 3149-171, 02 3111-309, лице за контакт: Катерина Буцевска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до 22.12.2011 година.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 03/2011Назив на договорниот орган:СОУ “Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, ул. “Македонија“ 1, 1480, Гевгелија.ПРЕДМЕТ:Замена на постоечката кровна конструкција на СОУ “Јосиф Јосифовски“ Гевгелија.Контакт тел/факс: 034 212-032, лице за контакт: Мирјана Мурџева.Јавно отворање на понудите на ден 13.12.2011 год.

БРОЈ: 2/2011Назив на договорниот орган:СОУ Коста Сусинов – Радовиш, Кеј “8 Септември“ бб, 2420, Радовиш.ПРЕДМЕТ:Изградба на мултифункционално игралиште.Контакт тел/факс: 032 635-437, лице за контакт: Елена Захариева – Атанасова.Јавно отворање на понудите на ден 13.12.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 162/2011

ОБЈАВА БРОЈ 1(18.11.2011)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА ВО ОПШТИНА ГРАДСКО

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО

НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ А1 СОГЛАСНО ДУП ЗА “АРМ

ЧЕТВРТ 1, АРМ ЧЕТВРТ 2 И АРМ ЧЕТВРТ 3“ Битола

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА

НА ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ Б2 ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС Б5, КУЛТУРА В3, ОБРАЗОВАНИЕ Б1 И

ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИ Б4 СОГЛАСНО ДУП ЗА “АРМ ЧЕТВРТ 1, АРМ ЧЕТВРТ 2 И АРМ ЧЕТВРТ 3“ БИТОЛА

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА КОМУНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА Е1 – СОЛАРНА ЕЛЕКТРАНА СО СНАГА ОД 1МW

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 08/2011Назив на договорниот орган:Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на проектна документација за изградба и реконструкција на објекти во комплексот на Казнено – поправната установа затвор Скопје (Општина Шуто Оризари).Контакт тел/факс: 02 3106-556, 02 3110-437, лице за контакт: Јасминка Дончевска.Јавно отворање на понудите на ден 11.01.2012 год.

БРОЈ: 07/2011Назив на договорниот орган:Агенција за планирање на просторот, ул. Плоштад “Македонија“, бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на план на примарната сообраќајна инфраструктура и нивелмански план за истата за потребите на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје.Контакт тел/факс: 02 3227-244, лице за контакт: Ивана Ѓоргова.Јавно отворање на понудите на ден 19.12.2011 год.

БРОЈ: 173/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на подземна пристапна сообраќајница за објект катна гаража на ул. “Даме Груев“.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 20.12.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 158/2011 ЗАКОН ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАНБЕН КРЕДИТ

Page 67: Porta3 171

02 декември 2011 ПОРТА3 67

67

рубрика

Page 68: Porta3 171