22
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 144 www.mchamber.mk 11.07.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЦЕФТА 2006 И НА СТРАТЕГИЈАТА 2020 ЗА РАЗВОЈ ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Втора фаза од Партнерскиот проект ЦЕФТА – ДИХК до 2016 година Следнито број на Бизнињс ИНФО излегува на 29 август 2013 година

Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO 9001:2008FS 549642

Founded 1922

Osnovana 1922

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 144 www.mchamber.mk 11.07.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЦЕФТА 2006 И НА СТРАТЕГИЈАТА 2020

ЗА РАЗВОЈ ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Втора фаза од Партнерскиот проект ЦЕФТА – ДИХК до 2016 година

Сл

ед

ни

то б

ро

ј н

а

Би

зни

њс

ИН

ФО

изл

егу

ва

на 2

9 а

вгу

ст 2

01

3 г

од

ин

а

Page 2: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФО2

ПОДВЛЕЧЕНО четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

За изградба и рехабилитација на делницата од Kуманово до Бељаковце до 16 септември оваа година е крајниот рок за доставување на понудите, по што ќе следува постапка за процена на истите, а потоа ќе се склучи договор меѓу „МЖ Инфраструктура“ и прворангираната компанија. Во фазата на претквалификација, од 16 компании што доставија понуди, девет ги исполнија условите. За оваа делница, која е со должина од 30 километри, комплетно е завршена изработката на основните проекти во јуни оваа година, за што обезбедивме грант од инструментот ВБИФ во висина од еден милион евра, додека парите за градежните работи се обезбедени од ЕБОР, во висина од над 46 милиони евра. За оваа делница, исто така, е обезбеден грант од инструментот ВБИФ во висина од 2,5 милиона евра за избор на консултантска куќа која ќе врши надзор над градежните работи. Во текот на следната недела, по претходно спроведена постапка, ќе биде склучен договор меѓу „МЖ Инфраструктура“ и компанијата „Обермајер“ за изработка на основни проекти, како и потребната документација за избор на градежна компанија за делницата Бељаковце- Kрива Паланка од Kоридорот 8, која е во должина од 34 километри. Ангажманот на консултантот ќе биде две години, од кои 18 месеци ќе бидат наменети за изработка на основни проекти, а последните 6 месеци ќе се спроведува постапката околу изборот на градежната компанија. Во однос на третата делница, од Kрива Паланка до граница со Бугарија, алоцирани се околу 3,5 милиони евра од ИПА-фондовите. Овие средства се наменети за изработка на целокупната проектна документација за оваа делница, која е неопходна за идни инвестиции во градежни активности. Предлог-проектот е испратен на одобрување до службите на Делегацијата на ЕУ во земјава и во тек се консултации околу опфатот, односно активностите што треба да се реализираат. По одобрувањето на предлог-проектот, ќе почне постапката за избор на компанија која ќе ја изработи потребната проектна документација. Очекуваме постапката да почне до крајот на годинава, а документацијата да биде изработена до крајот на 2016 година.

(Mиле Jанаkиесkи, министер за транспорт и врсkи)

Во 2009 година формиравме и доброволен пензиски фонд, кој е третиот столб од пензискиот систем. Тој е креиран за да овозможи граѓаните да штедат за пензијата дополнително на веќе постојните задолжителни пензиски фондови. Мораме да напоменеме дека и државата активно помага во овој столб, со тоа што овозможува даночни стимулации за штедењето во трет столб. Државата го враќа персоналниот данок пресметан на парите што граѓанинот го вложува во третиот столб, до некое ограничување, што, на пример, значи дека ако некој вложи 10.000 денари во текот на годината во третиот столб, државата ќе ја дополни неговата сметка за околу 1.100 денари со извршен поврат на персонален данок.

Даночни стимулации има и кај фирми што уплаќаат дополнителен доброволен придонес за нивните вработени, со тоа што тие се ослободени од плаќање персонален данок, социјални давачки, а уплатата се третира како признат расход од аспект на данок на добивка.

(Давор Вукадиновиќ, претседател на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд)

ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА СТАНУВА РЕАЛНОСТ

ДАНОЧНИ СТИМУЛАЦИИ ЗА ШТЕДЕЊЕТО ВО ТРЕТИОТ СТОЛБ

Page 3: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФО 3

ПОДВЛЕЧЕНО четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Во голем дел држави од Европската унија веќе се воведени услуги од четвртата генерација на мобилна телефонија како на пример: Австрија, Франција, Германија, Хрватска, Белгија, Чешка, Естонија, Финска, Холандија, Шведска и други. Иако е се уште многу рано за да се даде реална оцена за тоа какви се ефектите и придобивките од новите услуги, може да се забележи дека во сите држави каде се применува ваква технологија се зголемува употребата на широкопојасниот мобилен интернет. Согласно на тоа се зголемува употребата на паметни телефони и таблети, што предизвикува голем пораст на целата индустрија на информатички комуникациски технологии. Се креираат голем број мобилни апликации за секаков вид услуги со што се стимулира развојот на целата индустрија во една земја. Во сите земји каде е воведена ваква технологија се работи на брзо развивање на ваквиот тип мрежи што значи дека има побарувачка на услугите. Можеби најдобар пример е Шведска каде операторите имаат повеќе од 95 procценти покривање од населението и некои од нив планираат до крајот на оваа година да имаат 99 проценти покривање. Во периодот јуни 2012 - јуни 2013 година во Шведска има пораст од 871 процент на бројот на претплати на услуги од четвртата генерација на мобилна телефонија. Исто така, од година на година бројот на претплати на мобилен интернет се зголемува за околу 82 проценти. Веќе 30 проценти од протокот на мобилен интернет поминува преку мрежите од четвртата генерација на мобилна телефонија.

(Роберт Орданоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации)

Пропаѓањето на големите гиганти во Република Македонија, покрај многубројните лузни што ги остави во нашето стопанство, придонесе за еден мој смел чекор, за кој сигурно немаше да се решам во други околности. Така во едно од најтешките времиња на македонскиот пазар, мојата фамилија ме охрабри да основам мал сопствен бизнис и таа 1994 година се роди фирмата Аутодизел. Во овие неполни 20 години преживеавме многу промени во ресурси, локација, капацитети, но она што остана непроменето е нашата слога и желба за успех. Така денес од мал семеен бизнис со двајца вработени, прерасна во компанија со седум вработени, три службени возила и сопствен простор од 1000 м2, што секако покажува дека имаме континуиран раст во бизнисот, од образование, стручност, професионализам, посветеност и слично. Фирмата Аутодизел ДОО – Скопје е трговско претпријатие специјализирано за трговија со резервни делови за товарни возила, автобуси и земјоделска механизација.

(Цветан Марковски, директор на Аутодизел ДОО – Скопје)

ГОЛЕМ ПОРАСТ КАЈ ИНДУСТРИЈАТА НА ИНФОРМАТИЧКИ КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

СЕКОЈ ПРОБЛЕМ И СЕКОЈ УСПЕХ Е НАШ

Page 4: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФО4

ФОКУСИРАНО четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Федералното министерство за економската соработка и развој продолжува да го поддржува приватниот сектор во ЦЕФТА-регионот во натамошната имплементација на ЦЕФТА 2006 и имплементацијата на Стратегијата 2020 за развој Југоисточна Европа. Втората фаза на оваа техничка помош ќе трае три години, до 2016 година, и ќе ја имплементираат стопанските комори на Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, БиХ, Албанија, и Молдавија со Унијата на германските индустриски и трговски комори (ДИХК), како корисници и коморите на Хрватска, Турција, Грција, Бугарија и Романија како комори-поддржувачи. Ова го истакна Љубица Нури, виш советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, редовната прес-конференција во Комората (8.7.2013 година). Проектот со своите активности ќе одговори на натамошната имплементација на ЦЕФТА 2006, а тоа е либерализација на трговијата со услугите, елиминација на нетарифните и тарифните бариери во однос на трговијата, олеснување на трговијата, постигнување транспарентност, стратешката синергија во ЈИЕ, унапредување на инвестициите, воспоставување на регионални добавувачки синџири, воспоставување на транспортни, трговски канали. Германија на регионов се` уште гледа како на потенцијален пазар, но, откако, тој ќе стане вистинска зона на слободна трговија. До тогаш, преку техничката помош, таа ќе ги поддржува владите во ЦЕФТА-регионот, но и приватниот сектор, коморите и компаниите, оптимално да ги искористат бенефитите од ЦЕФТА 2006 за зголемување и креирање на нови бизниси и вработувања, стекнување на нови високи компетенции, зголемување на профитите, поголема интернационализација, а преку коморите да профилираат платформи за приватно-јавен дијалог. Проектот е и во функција на имплементација на Стратегијата 2020 за Југоисточна Европа, кон која нашите влади имаат пристапено во ноември 2011 година. Во Тирана во ноември 2012 година беа потврдени целите за важноста на трговијата за економскиот раст на регионот, а во јануари оваа година, на конференцијата за за ИПА II, организирана од страна ан Европската комисија, беше потврдена и финансиската рамка за оваа мултилатерална активност во периодот 2014-2020. Стратегијата претставува подготовка на економиите од Западен Балкан за идното членство во ЕУ, и таа е одговор на регионот на Стратегијата Европа 2020. Регионот до 2020 година мора да одговори на економските, социјалните и политичките предизвици кои ќе го унапредат капацитетот за да биде партнер на ЕУ. Целата Стратегија ќе се реализира во пет паралелни столба, кои со интегрирани активности треба да ги остварат нејзините стратешки цели: зголемување на регионалниот БДП по глава на жител од 38% на 46% од просечниот на 28 ЕУ-членки; раст на вкупната регионална вредност на трговијата со стоки и услуги за 130% и намалување на регионалниот трговски дефицит од 14,1 на 11,6 % од регионалниот БДП. Првиот столб којшто треба да доведе до реализација на Стратегијата е интегриран раст: да се зголеми интрарегионалната трговија со стоки за 230% или на 42 милијарди евра; да се зголемат директните странски инвестиции најмалку на 7,5 милијарди евра. Овие цели ќе се реализираат преку натамошна либерализација на трговијата; олеснување на трговијата и подобрување на инвестиционата клима. Вториот столб – интелигентен раст, треба да резултира во зголемување на БДП по вработен за 33%; а во регионот 300 000 луѓе да се стекнат со високо образование. Тоа ќе се постигне со едукација и зголемување на компетенциите и поддршка на културата и креативниот сектор. Третиот столб – одржлив раст, подразбира зголемување на бројот на новите претпријатија за 20% и зголемување на извозот на стоки и услуги од регионот, по глава на население, за 130%. Тоа подразбира да се зголеми конкурентноста на компаниите и ефикасноста во користењето ресурси. Четвртиот столб – инклузивен раст, треба да го доведе регионот до зголемена стапка на вработеност за 15% или општата вработеност да биде на ниво на 40,2%-45,2%. Оваа стратешка цел ќе треба да се реализира преку реструктуирање и отворање на пазарот на трудот во регионот, вештини и инклузивна едукација, како и реформи во областа на здравјето. Петтиот столб – владеење за раст, подразбира зголемување на ефикасноста на владите за 20% преку ефикасност на јавните услуги и антикорупциско делување.

Љубица Нури

Втора фаза од Партнерскиот проект ЦЕФТА

– ДИХК до 2016 година

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЦЕФТА 2006 И НА СТРАТЕГИЈАТА 2020 ЗА

РАЗВОЈ ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Page 5: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФО

Стопанска делегација од Бугарија, составена од шест трговски компании од кои поголемиот дел се од типот „се’ за домаќинството“, со посредство на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на Република Македонија, на 9.7.2013 година оствари работна посета на Стопанската комора на Македонија. Во рамките на посетата, делегацијата од Бугарија, предводена од претседателите на Трговската комора на Бугарија и на Асоцијацијата на индустрискиот капитал на Бугарија и претставници на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, предводени од претседателот на Здружението, Соња Тасевска, одржаа работен состанок на кој беа разменети мислења за можноста за организирање на меѓународен трговски бизнис-форум во Софија, за поширок круг на компании од двете земји. Форумот би бил наменет за трговија на големо и на мало претежно за увоз на стоки од Република Македонија во Република Бугарија. Македонската делегација, покрај претседателот на Здружението на трговијата, ја сочинуваа и претставници на трговските компании: „Тедико супер“ - Скопје, „Веро“ - Скопје, „КАМ“ - Скопје и „Рептил маркети“ - Скопје. Стопанската делегација од Бугарија беше составена од претставници на компаниите: „Кооптрговија” АД и „Градски кооперативен сојуз”, РПК „Наркоп”, „Искра” АД, „Елби Булгарикум” АД, Национална организација на слепите и Трговскиот синџир “Наш дом“, сите од Софија. Нагласувајќи ја добрата и успешна досегашна меѓусебна стопанска соработката меѓу Република Македонија и Република Бугарија, која има реални потенцијали за натамошно унапредување, претставниците на Комората преку бројки ја презентираа остварената меѓусебна трговска размена во изминатата година која се карактеризира со следното:

- стопанската размена меѓу Република Македонија и Република Бугарија се одвива согласно Договорот за стабилизација и асоцијација со •ЕУ;- вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Бугарија во 2012 година достигна вредност од 818,6 милиони САД •долари. Извозот изнесува 285,4 милиони САД долари, а увозното салдо изнесува 407,7 милиони САД долари. Трговскиот дефицит изнесува 122,3 милиони САД долари; - Р. Бугарија е четврти најголем трговски партнер на Р. Македонија во 2012 година; •- во структурата на извозот на Република Македонија најмногу се застапени: руди на бакар, олово и цинк и концентрати, валани производи •од цинк и жици од железо и челик, потоа прехранбени производи, тутун неизжилен, готови текстилни производи и облека и др.;- во увозното салдо, редоследно, најголемо учество имаат: нафтени масла, битумен и парафин, отпадоци од железо и челик, топло и ладно •валани и други производи од железо и челик, сурово масло од сончоглед, електрична енергија, прехранбени производи, сурово дрво и др.

На состанокот беше истакнато дека како резултат на традиционално добрите партнерски односи на Стопанската комора на Македонија со Бугарската трговска и индустриска комора, во април 1999 година, двете комори потпиша Протокол за формирање на Македонско-бугарска стопанска комора. Истата комора беше иницијатор за основање на Асоцијацијата на балканските комори (АБК). Билатералната соработка се одвива и преку партнерскиот проектот АБК - ДИХК којшто има седиште во Бугарската трговска и индустриска комора. Членовите на бугарската делегација поединечно ја презентираа состојбата со нивните продажни капацитети и арсеналот на нивните стоки за продажба, истакнувајќи дека се заинтересирани за проширување на соработката со што поширок круг на македонски компании за купување и продажба на трговски стоки. Во функција на проширување на соработката, беа разменети и идеи и предлози за реализација на целта на посетата, врз основа на што беше договорено во втората половина на септември или во почетокот на октомври годинава да се одржи трговски бизнис-форум во Софија, на кој би зеле учество широк круг на стопанственици од двете земји за разни видови стоки од меѓусебната трговска размена. За време на престојот во Република Македонија, бугарската делегација ќе има можност да воспостави контакти и соработка со поширок круг на стопанственици од нашата земја, а ќе реализира и работни средби со одредени државни институции и други асоцијации од областа на трговијата. Митко Митевски

5

ПОСЕТИ четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Стопанска делегација на

Бугарија во посета на Стопанската

комора на Македонија

ВО СЕПТЕМВРИ ГОДИНАВА МЕЃУНАРОДЕН ТРГОВСКИ

БИЗНИС-ФОРУМ ВО СОФИЈА

Page 6: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОСОРАБОТКА

6 четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Мешовита делегација од општина Прилеп, предводена од градоначалникот Марјан Ристески и извршниот директор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ристо Најдоски, од 30 јуни до 8 јули 2013 година престојуваше во работна посета на Народна Република Кина. Во мешовитата делегација покрај соработниците на градоначалникот учествуваа и раководните лица на најголемите прилепски компании: Сашо Наумоски, генерален директор на АД „Витаминка“; Марјан Мијоски, директор на Тутунскиот комбинат ДООЕЛ Цигари, Ирена Јакимоска, косопственик и менаџер на конфекцијата „Комфи Ангел“ и раководните лица на АД „Мермерен комбинат“, Мехмет Гунајдин и Јасна Аџиевска Петрушева. Во организација на Министерството за надворешни работи на Р. Македонија, во периодот од 2 до 4 јули 2013 година делегацијата учествуваше на „Бизнис-форумот Чонгчинг 2013“. На форумот свое обраќање имаше претседателот на Владата на Р. Македонија, м-р Никола Груевски и активно учествуваше на Бизнис-саемот на 16 држави од Источна и Централна Европа, меѓу кои и Р. Македонија и 17 провинции од Народна Република Кина. На Саемот Р. Македонија имаше свој штанд од 60 м2, каде што беа изложени производи и пропагандни материјали од неколку македонски компании, меѓу кои и на „Витаминка“, „Тутунски комбинат“, „Мермерен комбинат“ , конфекцијата „Комфи Ангел“ и други компании од регионот на Прилеп. Македонскиот штанд беше посетен и од страна премиерот Никола Груевски, како и од градоначалникот на градот домаќин. Делегацијата од општина Прилеп на покана од градоначалникот на градот Дејанг, Чен Кшинјоу, ја продожи посетата од 5 до 7 јули 2013 година. Притоа беа остварени повеќе средби, како со градоначалникот на општина Дејанг, Чен Кшинјоу, претседателот на Советот на општината, Лиу Шоупеј, секретарот на Националниот комитет, Ли Чи, со директорите на бироата за промоција на инвестициите и за eкономија при општината. Беа одржани и билатерални средби со претставници од тамошниот бизнис-сектор. На средбите беше разговарано за повеќе прашања од областа на економијата, културата, образованието и други области во кои двете општини можат да промовираат идна искрена и пријателска соработка. Делегацијата од Прилеп пред претставницита на општината Дејанг и пред поголем број инвеститори ги презентираше културата и традицијата на Република Македонија и општина Прилеп, како и можностите за инвестирање во општина Прилеп, а особено поволностите во технолошко-индустриската зона Алинци. За време на посетата беа посетени голем број индустриски објекти и компании од различни области, меѓу кои од енергетиката, тутунската и индустријата на цигари, прехранбената и текстилната индустрија, компании-лидери во своите области, како во Кина така и во светот. Градоначалникот на Прилеп и градоначалникот на Дејанг, потпишаа Меморандум за воспоставување пријателска соработка меѓу општините Прилеп и Дејанг. Општина Дејанг се наоѓа во кинеската провинција Сичуан, која се наоѓа во јужно-централниот дел на Кина и во неа живеат околу 4 милиони жители. Дејанг е богат и развиен индустриски град, а свои седишта и индустриски капацитети имаат едни од најголемите компании во Кина и во светот: Dongfang Electric Corporation (DEC), фабрика за производство на машини, турбини и слично од областа на енергетиката, а особено за хидроцентрали, China Tobacco Chuanyu Industrial Corporation, најголемата компанија во Кина за производство на пури и цигари и др.

Делегација од општина Прилеп, заедно со претставници од бизнис-секторот, во посета на Република

Кина

КИНЕСКИ КОМПАНИИ СЕ ОЧЕКУВААТ ВО ТЕХНОЛОШКО- ИНДУСТРИСКАТА

ЗОНА АЛИНЦИ

Page 7: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОМОЖНОСТИ

7четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Во рамките на посетата на шефот на дипломатијата на Романија, Титус Корлацеан, во Република Македонија, романската делегација предводена од државниот секретар, Мануел Донеску, на 3.7.2013 година во Скопје оствари средба со претставници од бизнис-заедницата на Македонија. Како претставник на Стопанскаta комора на Македонија, а по покана од почесниот конзул на Романија во Битола, на средбата беше присутна делегација на Регионалната комора со седиште во Битола, предводена од в.д претседателот на Регионалната комора, Мирко Велковски од „Хемометал“ - Битола. Пред околу 50-тина гости од двете земји присутни на средбата во „Александар Палас“, Донеску го изрази своето задоволство од доаѓањето во Македонија и искажа благодарност за големиот одѕив на нивната покана. Тој, меѓу другото, го истакна значењето на соработката на двете национални стопанства и се заложи за подобрување на севкупната комуникација меѓу бизнис-заедниците. Го посочи и значењето на амбасадите, како и на конзулатите во двете земји, како фасцилитатори во креирањето на таа комуникација за заедничка корист. Особена благодарност тој истакна кон Стопанската комора на Македонија и нејзината улога во процесот на спојување на бизнисите, а искажа и желба за помош во организација на економски форуми кои би се одржале во неколку региони на Република Македонија. Мирко Велковски зборуваше за потенцијалите на Пелагониско-преспанскиот регион, акцентирајќи го земјоделството. Подвлечени беа можностите на Пелагонија како најголема житница во државава, потоа, производството на млеко и млечни производи и месо, особено на јагнешкото месо што е посебно барано за извоз. Тој се осврна и на потенцијалите на Индустриската зона „Жабени“, која со своите инвестициски бенефиции би била интересна за романските инвеститори. Од негова страна, исто така, беше упатена покана за посета во блиска иднина на стопанска делегација од Република Романија во битолскиот регион, но и возвратна, во регионот на Телеорман. Регионалната комора со седиште во Битола со тамошната комора има потпишано и спогодба за соработка. Мануел Донеску со задоволство ја прифати поканата и се заложи за што поскоро остварување соработка со Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Битола и Конзулатот на Романија во Битола. Посебно тој ја истакна можноста за извоз на македонски прехранбени продукти во Романија и бидејќи тоа е навистина примамлив и интересен пазар за македонските компании. Годишно во Романија се остварува увоз на храна во висина од 5 милијарди американски долари. На средбата се претставија и повеќето присутни компании од Македонија со свои излагања. Ја претставија својата досегашна соработка со романски претпријатија и желбата за продлабочување и подобрување на истата. Истовремено се осврнаа и на проблемите со транспортните трошоци меѓу двете земји, барајќи решенија за нивно намалување со што македонските производи би биле поконкурентни на пазарот во Романија. Од особен интерес тој го истакна значењето на најавените економски форуми и однапред искажаниот интерес за учество на таквите средби. На присутните гости им се обрати и министерот за надворешни работи на Република Романија, Титус Корлацеан, кој изрази задоволство од средбите со македонскиот државен врв и бизнис-заедницата во земјата.

М-р Никола Димковски

Делегација од Романија на средба со бизнис-заедницата во Република

Македонија

ПРЕКУ ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА КОНТАКТИТЕ ДО ПОГОЛЕМА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

Page 8: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОМОЖНОСТИ

МОЖНОСТИ

8 четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Регионалната комора со седиште во

Куманово во функција на помош на малите и средни бизниси во

регионот

Регионална комора со седиште во Битола

ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИТЕ КРЕДИТНИ ЛИНИИ НА МАКЕДОНСКАТА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ

ИПАРД НУДИ НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ

На 9 јули 2013 година, пред членките на Стопанската комора на Македонија од Регионалната комора со седиште во Куманово, беа презентирани новите кредитни линии на Македонската банка за поддршка на развојот, наменети за мали и средни претпријатија. Презентацијата ја изврши Александар Станојковски, директор во банката. Во својата презентација тој посебно се задржа на Кредитната линија на Европската инвестициона банка, на кредитите за производство/преработка/извоз на земјоделски производи, на финансирањето на производството наменето за извоз, на стоковната кредитна линија од Република Италија (револвинг фонд), на кредитната линија за трајни обртни средства, на условите од земјоделскиот кредитен дисконтен фонд, на кредитната линија за финансирање на мали и средни претпријатија. Исто така, во своето излагање, тој ги информира присутните и за факторингот и за услугите на банката во делот на осигурувањето на извозните и домашните побарувања на претпријатијата. Ацо Спасовски

Како дел од кампањата на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и во организација на Регионалната комора со седиште во Битола, на 10.7.2013 година, во Битола се одржа презентација за новите можности за реализација на инвестициони проекти согласно ИПАРД-Програмата. Како целна група на презентацијата беа деловни субјекти од Пелагониско-преспанскиот регион. Во поздравното обраќање пред 20-тина присутни компании, в.д. претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, се осврна на фактот дека компаниите ќе ја искористат оваа можност директно да се запознаат со поволностоте за реализација на инвестиционите проекти согласно ИПАРД-Програмата која нуди неповратна поддршка во висина до 50% од вкупната пресметковна вредност за проекти од земјоделството, прехранбената индустрија, туризмот, руралниот развој, инфраструктурата и сл. Тој особено го истакна фактот дека е потребна поголема искористеност од овие фондови кои се на располагање на стопанството во регионот. На присутните им се обрати и детално им ги презентира основите на ИПАРД - повикот, Виктор Младеновски, од секторот за ИПАРД-Програмата при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. Тој им даде детален осврт на мерките:- Мерка 101: Инвестиции на земјоделските стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на Европската унија во кои спаѓаат инвестиции кои ќе доведат до надградба на земјоделските стопанства како што се ивестиции во: лозови насади, овошни насади, производство на зеленчук, одгледување на животни за производство на млеко, одгледување на животни за производство на месо.- Мерка 103: Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување

на стандардите на Европската унија во кои спаѓаат инвестиции во производство на вино, преработка на овошје и зеленчук, млеко и млечни производи, како и месо и месни производи.- Мерка 302: Диверзификација и развој на рурални економски активности која е мерка со најголем број новини и во која спаѓаат инвестиции од неземјоделски активности во руралните средини, диверзификација на приходите од земјоделска дејност, услужни дејности во земјоделството и рурален туризам. За секоја мерка поодделно беа посебно објаснети правилата за барателите и корисниците кои се прифатливи, како и мерките за искористување на финансиските средства. Презентацијата поттикна обемна дискусија од страна на присутните кои со свои конкретни идеи поставија голем број прашања за секторите во кои може да се аплицира за повраток на средства согласно ИПАРД-Програмата.

М-р Никола Димковски

Page 9: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОСОВЕТИ

9четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Регионални комори со седиште во Кочани и

БеровоПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИТЕ МОЖНОСТИ НА

ИПАРД ПРОГРАМАТА И АРБИТРАЖАТА

Претставници на министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, од секторот за ИПАРД програмата, во Кочани пред бизнисмени од Регионалната комора Кочани и Регионалната комора Берово ги презентираа „Новите можности за реализација на инвестициони проекти согласно ИПАРД - Програмата“. Присутните беа запознаени со поедноставените процедури и можностите што ги нуди ИПАРД, секторите и дејностите во кои може да се аплицира за неповратни средства, како и спецификите на аплицирање.

3 мерки се опфатени со ИПАРД програмата:

Мерка 101 – која се однесува на •инвестиции во земјоделски стопанства, за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската унија;

Мерка 103 – за инвестиции за •преработка и маркетинг на земјоделски производи, согласно европските стандарди;

Мерка 302 - наменета за проектите •предвидени за диверзификација и развој на економијата во руралните средини.

Со мерката за инвестиции во земјоделски стопанства ќе се кофинансираат сите проекти кои имаат допирна точка со примарното земјоделско производство. Ќе се финансираат проекти за набавка на земјоделска механизација, за системи капка по капка, оранжерии, компјутерска опрема итн. Проширена е

основата на мерки што може да се финансираат. Ако досега беше дозволено само финансирање, односно кофинансирање на оранжерии или на фарми, сега ќе биде дозволено и комплетна изградба. За проектите до 50.000 евра значително се поедноставува деловниот план, со што тие што ќе аплицираат ќе имаат пониски трошоци за апликација. Се дава поголем период за достигнување на европските стандарди, нешто што беше детектирано како главен предизвик во досегашните процеси, а исто така и се проширува интервалот за средствата што ќе се кофинансираат. Мерката за инвестиции во преработката на земјоделски производи опфаќа финансирање проекти за набавка на машини за преработување, за изградба на капацитети, погони, набавка на ладилници. Наместо досегашните инвестиции само за реконструкција сега се дозволува и комплетна изградба на погони со потребна опрема, се дава нова дефиниција на малите и средни претпријатија согласно европската терминологија. И кај оваа мерка се проширува обемот за финансирање. Со третата мерка, за диверзификација на руралниот развој се дава можност за финансирање на фамилијарни бизниси, односно финансирање елаборати и бизнис -планови за отворање бизнис во рурални места. Предвидена е и значителна поддршка за развој на туристичката дејност преку финансирање проекти за модернизација на сместувачки капацитети. Претставниците од компаниите се интересираа подетално за административните процедури на локално ниво кои се подолги од роковите што ги предвидува ИПАРД повикот, за опциите да се финансира поддршка на полјоделство, конкретно пченица, како и можноста за инвестирање во сончеви колектори. На состанокот во Кочани беше направена и презентација на можностите и поволностите што ги нуди Арбитражниот суд. Претседателот на постојниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија Арсен Јаневски пред стопанствениците ги потенцираше предностите на овој начин на решавање на споров и меѓу фирмите.

Даниела Михајловска Василевска

Page 10: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОМОЖНОСТИ

10 четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Групацијата на пазари со барање што побрзо

да биде донесен Законот за трговија на

зелени пазари

СЕКОЈДНЕВНО СЕ` ПОГОЛЕМ БРОЈ ДИВИ ПАЗАРЏИИ

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија сигнализира на алармантен пораст на дивите пазарџии околу просторот на пазарите (10.7.2013 година). На седницата во Комората е предупредено дека нивниот број од ден на ден се` повеќе се зголемува. Во отсуство на дефинирана законска рамка и некоординирана активност на инспекциските и другите надлежни институции во државата, закупците на тезги кои редовно плаќаат закуп и се оданочени со паушален персонален данок, се револтираат и ги откажуваат тезгите. За сметка на тоа излегуваат надвор и стануваат нелегални (диви) пазарџии. На некои од пазарите ширум земјата има случаи кога едно семејство има закупено тезга и на пазарот внатре, но продава и на нелегална тезга пред пазарот. Во некои од градовите се` поизразени се диви пазари на стара стока за која немаат дозвола за работа. Директорот на Државниот пазарен инспекторат, кој беше присутен на состанокот, посочи дека нивните инспектори се активни веќе одреден период на терен, но забележа дека сами не се во можност да го решат проблемот. Затоа побара на локално ниво да се направи координација со другите надлежни државни институции за да има поголем ефект и решение на подолг рок. Организаторите на пазари го посочија и проблемот со продажба од камиони на сезонски зеленчук и овошје. Со цел да се стави ред на ваквиот начин на трговија се отвори дилемата дали на локално ниво треба да се регулира простор каде овие пазарџии би го продавале во еден до два месеца својот род и на тој начин да се стават во ред и овие продавачи. Организаторите на пазари побараа што побрзо да се донесе законот за трговија на зелени пазари за да се регулира работењето на закупците на тезги внатре во пазарите, но и за да се има оправдување да се бара од надлежните институции да се справат со нелегалната продажба околу пазарите и на тој начин намалување на „сивата“ економија. Претставниците од Министерството за економија, кои беа присутни на состанокот, информираа дека законот за трговија на зелени пазари е во владина процедура. Истиот е веќе прифатен во Министерството за економија. Се чека само на усогласување со останатите државни институции во делот на висината на придонесите кои би ги плаќале закупците на тезги. За таа цел, беше заклучено дека сите наведени проблеми на состанокот ќе бидат таксативно наведени и како такви ќе бидат доставени до Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, Државниот комунален инспекторат, Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, МВР, Агенцијата за храна, Управата за јавни приходи, со барање за планирани и координирани активности во решавање на проблемите со цел да се намали нелегалната трговија, а дејноста на пазарите да се издигне на повисоко ниво и да се вложи во нејзина модернизација во насока на следење на европските текови.

Даниела Михајловска Василевска

Page 11: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФО

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Модули на доживотно учењеАкредитирани програми од

Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објектГипсер – монтер

ФасадерАргон Заварувач

Page 12: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОПРОЕКТИ

12 четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

-Хрватска, сега како членка на ЕУ, ќе биде доследна во ставот за целосна поддршка на земјите од регионот на патот кон интеграција во ЕУ, а билатералните проблеми не се дел од преговарачкиот процес или услов за него, - изјави Хрвоје Марушиќ, помошник-министер и раководител на Управата за европски прашања во хрватското Министерство за надворешни и европски прашања, во освртот на процесот за зачленување на Република Хрватска во семејството на Европската унија. Овој став тој го изнесе во дебатата на тема: „По влегувањето на Хрватска во ЕУ - перспектива на односите Хрватска - Македонија”, организирана од Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во Скопје на 9.7.2013 година. Пренесувајќи ги искуствата на Хрватска во преговарачкиот процес, тој истакна дека процесот претставува изградување на државата во кој без искреност и отвореност кон ЕУ-преговарачите тешко е да се постигне напредок. -Тогаш, кога престанавме да глумиме и да се преставуваме нереално, кога прозборевме отворено за проблемите и за слабостите, тогаш бевме прифатени како партнери и по пат на дијалог, доаѓавме до решенијата што значеа напредок во преговорите. Носечки сегменти во преговорите е Поглавјето 24:Правда, слобода, безбедност и економија. Реформа на правосудството е клучот за успех и не верувам дека овој приоритет ќе се промени. Напротив, се` поголеми ќе бидат барањата во тој правец од новите кандидати. Хрватска и по влегувањето во ЕУ продолжува со реформите во овој домен, кој е, всушност, катализатор на севкупното функционирање на државата, – подвлекува Марушиќ. Во однос на економијата, ЕУ очекува од новата земја-членка да биде без дубиози и да има целосно среден пазар, кој ќе биде новата трговска и инвестициона дестинација без какво било задржување. За хрватските компании се отвори не само пазарот на ЕУ, туку и пазарите на трети земји со кои ЕУ има договори за преференцијална трговија. Тој факт битно ќе влијае и за привлекување странски инвестиции. -Грешката што ја направивме со непочитување на обврските од Договор за стабилизација и асоцијација, како што беше укинувањето на државната помош за јавните претпријатија и бродоградилиштата, бидејќи продолживме со таа практика и јавно и скриено, ни се врати како бумеранг со опција за затворање на сите три бродоградилишта. Откако ја укинавме државната помош, беше отворен простор за преговори. Вистинската транспарентност на јавните набавки и борбата против корупцијата се важни двигатели на економијата и во привлекувањето странски инвестиции. Ги повикувам македонските компании, со хрватските, во новите услови, да излезат заеднички на новите пазари и да учествуваат заеднички во искористување на ЕУ-повиците за јавните набавки во трети земји, особено за проекти во инфраструктурата. Исто така, би препорачал да почнете со стратешки планирања за да станете корисници на ЕУ-фондовите за инфраструктура, – советува Марушиќ. Во целиот процес на пристапување од клучна важност се инклузивноста на целото општество и јавната поддршка. А, за да се постигне тоа, потребно е разбирање на самиот процес и транспарентност, што не го сфативме од самиот почеток. Можете да имате политичка волја, беспрекорна апроксимација на законската и подзаконската регулатива, но без луѓе кои го имплементираат сето тоа, нема краен резултат. За да имаме капацитет да ги користиме ЕУ-фондовите, сфативме дека треба целосно да ја смениме администрацијата во тој сектор, да ја обучиме од почеток и да одбереме луѓе кои се мотивирани да работат на таа проблематика. За тоа треба време и сопствени финансии, без оглед на средствата кои ги користиме од ИПА- фондовите, – додава Марушиќ. Според него, целото знаење, искуство и документацијата од процесот на пристапувањето кон ЕУ и НАТО, како и експертите кои учествуваа во овие процеси, се во основаниот Центар за извонредност. Идејата е со него да го пренесуваме нашето знаење во земјите во регионот, во поширокото соседство, јужниот Медитеран, но и понатаму. Неодамна веќе имале едно барање од Авганистан. Центарот е на располагање и на Македонија. -Нашето искуство вели дека најдобри резултати се постигнуваат доколку во преговорите ce влезе како евроскептик – со трезна глава, а не како еврофобик или евроеуфорик, - порачува Хрвоје Марушиќ. Љубица Нури

Хрвоје Марушиќ, помошник-министер и раководител на

Управата за европски прашања во хрватското Министерство за надворешни и европски прашања за искуството на

неговата земја во процесот на приближувањето кон Европската

унија

ПРОЗБОРЕТЕ ОТВОРЕНО ЗА ПРОБЛЕМИТЕ И ЗА СЛАБОСТИТЕ,

АКО САКАТЕ ДИЈАЛОГ И ПОМОШ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО

Page 13: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОПРЕДУПРЕДУВАЊА

13четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Извршниот одбор на Меѓународната трговска

комора (ИЦЦ) неодамна ја изрази својата загриженост

во врска со зголемените трговски тензии во целиот

свет

ТРГОВСКИТЕ РЕСТРИКЦИИ СЕ САМОУНИШТУВАЧКИ И КОНТРАПРОДУКТИВНИ

Извршниот одбор на Меѓунардоната трговска комора (ИЦЦ) ја изрази својата загриженост во врска со зголемените трговски тензии во целиот свет, а особено на оние кои се појавија неодaмна меѓу ЕУ и Кина. Овие тензии следеа по најавите од ЕУ за наметнување на антидампинг давачки за увоз на кинеските соларни панели од Кина, како и намерата на кинескиот министерот за трговија да отпочне истрага за увозот на вино од Европа. ИЦЦ смета дека таквите трговски рестрикции се самоуништувачки и контрапродуктивни и ја прават уште попроблематична и понеизвесна меѓународната трговска клима. Покрај тоа, овие предизвици доаѓаат во особено лошо време, бидејќи земјите-членки на СТО треба да се фокусираат кон постигнување договори на претстојната министерска конференција на СТО, што ќе се одржи во декември во Бали. Заедничките напори да се постигнат конкретни резултати во Бали ќе создадат позитивна динамика да се рестартираат мултилатерални трговски преговори, либерализација на светската трговија и зајакнување на правилата на СТО. Протекционизмот и рестриктивните мерки треба строго да се избегнуваат од страна на сите членки на СТО, особено од страна на земјите-членки на Г 20, кои треба да бидат пример во преземање иницијативи за создавање поголема отвореност кон прекуграничната трговија и инвестиции. Таквите активности и` штетат на глобалната бизнис-средина и на изгледите за целосно економско заздравување, токму кога поголемите текови на меѓународната трговија и инвестиции би можеле да обезбедат долгорочен развој и поттик за светски економски раст и создавање нови работни места, – сметаат од ИЦЦ. Ваквиот спор меѓу ЕУ и Кина, како и прибегнувањето кон протекционистичките мерки се делумно производ на неуспехот да се постигне договор преку преговори во СТО. Исто така, тие се последица на скршнувањето од патот на мултилатерализмот, којшто и` служеше на светската економија во претходните 60 години во избегнување или решавање на овој вид на конфронтација, како и во извлекувањето на милиони луѓе од сиромаштија. Во cветлина на горенаведеното , ИЦЦ ги повикува ЕУ и Кина, како и сите други членки на СТО, а особено земјите-членки на Г 20, да ги отфрлат протекционистичките мерки и да го фокусираат своето внимание на постигнување видливи резултати на состанокот на СТО во Бали. Ваквите резултати треба да вклучуваат договор за олеснување на трговијата, мерки за либерализација на мултилатералната трговија во голем број области за доброто на сите членки на СТО, како и поефикасно функционирање на правилата на СТО. Тоа би довело до враќање на глобалната бизнис-доверба на кревката економска средина, – смета Меѓународната трговска комора (ИЦЦ). Наместо тензии, Меѓународната трговска комора ги повикува ЕУ и Кина, како и останатите членки на СТО, да се фокусираат на процесот на олеснување на трговијата и на либерализација на мултилатералната трговија, како и поефикасно функционирање на правилата на Светската трговска организација. ИЦЦ ја искористи можноста да ја потврди својата силна посветеност на мултилатералниот трговски систем и да го признае својот придонес кон економски раст и создавање работни места.

Page 14: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФО

Саем

„ТУРКМЕНИСТАНСКО ГРАДЕЖНИШТВО 2013” И НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „РАЗВОЈ НА

ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ТУРКМЕНИСТАН”(27 – 29 август 2013 година, Aшхабат - Tуркменистан)

Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Туркменистан, организираат посета на 5. Mеѓународен саем „Туркменистанско градежништво 2013” и на Научната конференција „Развој на градежната индустрија во Туркменистан”, што ќе се одржат од 27- 29 август 2013 година, во Ашхабат, Туркменистан.

Според видот и типот на излагачите, овој Меѓународен саем е место каде што може да се создаде ефикасна соработка меѓу компаниите од пазарите на Европа, Азија и на земјите од Блискиот Исток. Профил на излагачите: -градежни компании; -градежни машини и алати; -градежни материјали и технологии; -врати и прозорци; -материјали за изолација; -завршна обработка на ентериер и екстериер; -префабриковани структурни елементи; -челични конструкции, префабриковани системи; -лифтови и механички системи; -електрични системи.

Туркменистан е исклучително динамична земја која во последните 5 години има раст на БДП во просек за 11 проценти и буџет од околу 70 милијарди САД $ за нови инвестиции до 2016 година, од кои 17 се веќе планирани за 2013 година. Со своите богати енергетски извори и влијателна позиција во централна Азија, Туркменистан е четврта најбогата земја во светот со природен гас. Земјата нуди можности за соработка во сектори како што е енергетиката, градежништвото, телекомуникации, туризам, здравството, прехранбената и текстилната индустрија и друго. Посебно внимание се посветува и на инвестиции наменети за објектите за зиските олимписки игри во 2017 година. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании, кои ќе се претстават со своите најдобри производи, технолошко-урбанистички развојни инфраструктурни решенија, дизајн, опрема и услуги од наведените сектори.

Комората ќе обезбеди: влезна виза за пријавените лица за Туркменистан, преку нивната Амбасада во Анкара, Турција; Б2Б средби со компании за кои ќе се искаже интерес во соработка со Стопанската комора на Туркмeнистан. Посетителот ги покрива трошоците за пат, за хотелско сместување и за влезна виза. Цената, според првичните пресметки се предвидува да не надминува повеќе од 1.500 евра по лице. Тргнувањето се планира да биде на 26.8.2013 година, а враќањето на 30.8.2013 година, при што ќе има три ноќевања. Исто така, се плаќаат и административни трошоци кон организаторот – Комората (2.950 денари по лице - за членки на Комората, а 5.900 денари по лице - за нечленки на Комората). Со цел да се преземат потребните активности за патување на Саемот, посебно за вадење влезна виза, Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 16.7.2013 година (вторник).

Контакт лице : Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: ++ 389 2 3244034Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

14 четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Page 15: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

15четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

15

Семинар

ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ И ПОСЛЕДНИТЕ

ИЗМЕНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ12.09.2013 година, 09:30-15:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ПРОГРАМА:

Престанување на работниот однос со :•изминување на времето за кое е склучен и •

договорот за вработувањесмрт на работникот и работодавачот (физичко •

лице)престанување на работодавачот•спогодбен престанок на работен однос•престанок на работниот однос со отказ и •престанок на работниот однос со судска пресуда •понуда на нов променет договор пред отказ•

Основни причини за отказ•Откажување на договорот за вработување поради •

кршење н аработниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок.

Одстранување на работникот од работа до •донесување на конечна одлука

Надлежен орган за изрекување на отказ на договор •за вработување

Парична казна наместо отказ•Новини во Законот за Работни односи (Образец М1 и М2)•

Права и обврски за време на отказот •Отказни рокови и застареност•Откажување на договорот за работа од деловни причини•

Предавачи:

* Миле Стојановски, државен советник при Министерството за труд и социјална политика * Злате Стојановски, раководител на трудова инспекција, сектор работни односи.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 11.09.2013 година.

Контакт лице :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 16: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16 четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Семинар

ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО - МОБИНГ

13.09.2013 година, 9:00 – 16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ПРОГРАМА:

меѓународната правна •рамка МОТ и ЕУ Компаративни искуства •за заштита од мобинг во националните законодавства

Поим – дефиниција за мобинг

Закон за заштита од •вознемирување на работно место предмет, содржина и цел •на законот опфат и примена на •законот видови на мобинг •место и време на вршење мобинг •Права, обврски и одговорности на работодавачот и на вработените за заштита од мобинг •Постапка за заштита од мобинг кај работодавачот •Судска заштита •Инспекциски надзор, прекршочни одредби, преодни и завршни одредби •

Предавачи:

Стојан Трајанов, дипломиран правник со повеќегодишно работно искуство во областа на трудовото законодавство. Работел на •повеќе проекти во врска со легислативата, законски и други проекти поврзани со имплементација на истата. Д-р Зоран Михајловски – судија во Апелационен суд Скопје•

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Пријавување до 11 спетември 2013 година.

Контакт лице :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 17: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

17четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

17четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Од 25 до 29 септември 2013 , Јадрански саем, Република Црна Гора

САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА ВО БУДВА

Саемот за енергетика е можност компаниите кои работаат во области на :•Енергетскаефикасност;•Обновливиизворинаенергија;•Производствоипреноснаелектричнаенергија;•Геотермалнаенергија;•Соларнаенергија•Ветернаенергија•Биомаса•Нафта•Гас•Јаглен

Компаниите од овој сектор имаат можност да ги престават новите технологии и достигнувања. Саемот за енергетика се одржува во време кога се вршат опсежни активности и подготовки за изградба на енергетски јазол во Црна Гора, вклучувајќи ја и изградбата на енергетскиот кабел помеѓу Црна Гора и Италија , изградба, експлоатација и одржување на постојните енергетски објекти во Црна Гора и во регионот. И оваа година, Јадранскиот саем во соработка со научните и стручни институции , излагачи и други заинтересирани поединци и организации , ќе креира богата програма на манифестации, кои ќе опфатат тркалезни маси и презентации на актуелни теми од енергетската област.

Во исто време кога се одржуваа саемот за енергетика , се одржуваат и 35 –ти саем за Градежништво, 15-ти Саем на бизнис и 8-ми Саем за вода. За подетални информации можете да го контактирате организаторот, Јадрански саем телефон: +382 33 410 413, fax: +382 33 410 425, 452 032 или на e-mail: [email protected]

Контакт лице : Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 18: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА

НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER

OF MACEDONIA

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Economic Chamber of Macedonia

Стопанска комора на МакедонијаExcellent SME Македонија„Димитрие Чуповски“ 131000 Скопје

Т: (02) 15015Ф: (02) 3244071E: [email protected]: excellent-sme.mchamber.mk

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Economic Chamber of Macedonia

Што претставува сертификатот Excellent SME?

Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата.

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Page 19: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 11 Јули 2013, Бр. 144 19

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

ПОВИК

Page 20: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФО

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични производи (палети, гајби и сифони за одвод).Валидност дo: 12.7.2013 годинa

Компанија од Турција бара застапник во Република Македонија за пласман на декоративни платна.Валидност дo: 12.9.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка со градежни компании во Република Македонија во областа на проектирање и инжeнеринг.Валидност дo: 12.8.2013 година

Компанија од Грција бара соработка со трговци на фотоволтаични системи и опрема за соларни и хибридни системи кои користат обновливи извори на енергија во Република Македонија.Валидност дo: 12.8.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ткаенини од памук, полиестер, еластин и вискоза.Валидност дo: 12.9.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер од Република Македонија за пласман на акцесори од ПВЦ и легура од цинк (шарки, конектори, клипови и др.).Валидност дo: 12.9.2013 годинаКомпанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластична фолија за пакување на производи во индустријата.Валидност дo: 13.8.2013 година

Компанија од Турција специјализирана за производство на чевли, сака да соработува со трговци на чевли од Македонија. Оваа компанија исто така би сакала да оствари соработка и

со производители на чевли од Македонија за размена на искуства и можност за заеднички вложувања.Валидност дo: 13.8.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на специјализирани додатоци во исхраната наменети за правилен раст и развој на домашни животни и добиток.Валидност дo: 13.9.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман специјализирани алуминиумски делови (додатоци) и други производи од алуминиум.Валидност дo: 13.9.2013 година

Компанија од Турција бара соработка со производители на прехранбени производи и зачини во Република Македонија.Валидност дo: 14.8.2013 година

Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 / 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунарa) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да откупува разни прехранбени производи,

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

20 четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Page 21: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФО

пастеризирано млеко, сирење, конзервирано и сушено овошје и зеленчук од Република Македонија за пласман во Кина.Валидност дo: 14.10.2013 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да купува мебел од Република Македонија за продажба во салоните на компанијата.Валидност дo: 14.9.2013 година

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на авотделови за ауди, сеат, шкода и опел.Валидност дo: 14.9.2013 година

Турска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на висококвалитетна санитарна опрема.Валидност дo: 14.9.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кровни панели со

камена волна.Валидност дo: 14.8.2013 година

Компанија од Азербејџан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ролни хартија за автомати за пари, за факс и фискални каси.Валидност дo: 18.8.2013 година

Германска компанија бара соработка со производители на обувки во Република Македонија за пласман на сучен конец и други видови конци со различна јачина, боја и дизајн.Валидност дo: 18.8.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија или застапник за пласман на котли, дизајнирани камини за централно греење, шпорети на цврсти горива.Валидност дo: 18.8.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутери во Република

Македонија за пласман на медицински помагала и опрема, како и директна продажба на истите во болници, клинички центри, амбуланти итн.Валидност дo: 18.9.2013 година

Компанија од Шпанија бара соработка со фирми во Република Македонија во областа на металната индустрија кои се бават со механичка обработка, монтажа и заварување на наменски машини и делови. Изработката на опремата и деловите ‘е се работат по предходно направени скици и документи.Валидност дo: 18.9.2013 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на хидраулични цилиндри, опрема за рудници и каменоломи, редуктори, транспортери за пренос на руда, јаглен и камен, лагери, лесни и товарни гуми и челични јажиња во Република Македонија.Валидност дo: 19.9.2013 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Контакт:

Мирјана КоцеваТел: (02) 3244-035Факс: (02) 3244-088 [email protected]

21четврток, 11 Јули 2013, Бр. 144

Page 22: Бизнис ИНФО, број 144 од 11 Јули 2013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

http://www.youtube.com/user/MKChamber

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители