59

Православна Светлина (14)

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Православна Светлина (14)
Page 2: Православна Светлина (14)
Page 3: Православна Светлина (14)

P r a v o s l a v n a S v e t l i n a

Spisanie za pravoslavna vera, obrazovanie i kultura;

broj XIV јули 2010, izleguva ~etiri pati godi{no.

Izdava~: Povardarska eparhija na Makedonskata Pravoslavna Crkva, Veles.

Glaven i odgovoren urednik: Mitropolit Povardarski g. Agatangel.

Spisanieto izleguva so blagoslov na

Negovoto Visokopreosve{tenstvo

Mitropolitot Povardarski

g. Agatangel

Ureduva~ki odbor: |akon Vlatko Stoimenov,

ѓакон Jani Mulev, dipl. politikolog Nikola Cilakov. Dizajn i kompjuterska podgotovka:

Nikola Cilakov. Lektura: Kosovka Saveska

Pe~ati: “Evropa'92” - Ko~ani www.povardarska-eparhija.org.mk

e-mail: [email protected]

С о д р ж и н а :

Правила за благочестив животЗамките на индивидуализмот и рационализмот Приговор против честото причестување Основање на монашка обителЗа целивањето на свештеничката рака Отец Василиј Чудотворец Може ли да оди свештеник на плажа За духовната чистота Големата љубов Божја кон човештвото Убавата старост е Божји дарЗа болестите Сеќавање на смртта За самоубиството Детско поетско катчеДневникот на една мајка

PRAVOSLAVNA SVETLINA

Page 4: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

2

Принудувај се себеси да стануваш порано и во определено време. Откако ќе се разбудиш, во истиот момент насочи ја својата мисла кон Бога, па откако ќе се прекрстиш, заблагодари Му на Бога за изминатата ноќ и за сите Негови милости кон тебе. Моли се на Бога да раководи со твоите мисли, чувства и желби, па така, сè што говориш и работиш, да Му биде угодно Нему.

Облекувајќи се, потсети се за присуството на Господа и ангелот-чувар. Проси од Господ Исус Христос да те облече во облеката на спасението.

Откако ќе се измиеш, пристапи кон читање на утринските молитви. Приклонувајќи ги колената, сосредоточено, благоговејно и со смирение моли се, како што прилега, зашто не си скриен од погледот на Семоќниот. Проси од Него вера, надеж и љубов, но и сили спокојно да примиш сè, што ќе ти донесе тебе денот кој настапува – секакви тешкотии и непријатности. Проси да биде благословен твојот труд и да имаш помош да извршиш било какво добро дело и да ги избегнеш гревовите.

Доколку можеш, прочитај неколку страници од Библијата, давајќи предност на книгите од Новиот Завет или Псалтирот. Читај со намера да стекнеш духовно озарување, приклонувајќи го своето срце кон умилност. Откако ќе прочиташ неколку редови, размисли за прочитаното, потоа читај понатаму, внимавајќи што Господ му вдахновува на твоето срце.

Потруди се барем петнаесет минути да посветиш на духовно размислување за вистините на верата, како и за душеспасителното, што си го прочитал.

Секогаш благодари на Бога за тоа, што не дозволил да погинеш во гревовите, туку се грижи за тебе и те води по патот до Царството небесно.

Секое утро разбудувај се со помислата, дека од денес ќе станеш вистински христијанин, кој строго ќе живее според Божјите заповеди.

ПРАВИЛА ЗА БЛАГОЧЕСТИВ

Ж ИВОТ

ОД РИЗНИЦАТА НА СВЕТИТЕ ОТЦИ (VIII)ПЛАТОН, АРХИЕПИСКОП КОСТРОМСКИ

Page 5: Православна Светлина (14)

3

Пристапувајќи кон своите обврски, труди се сè да извршуваш во слава Божја. Ни една работа не ја започнувај без молитва, зашто оној труд, кој го започнуваме без молитва, подоцна се покажува како залуден или некорисен. Вистински се Господовите зборови: ,,Без Мене не можете да направите ништо“.

Подражавај Го Спасителот, Кој се трудел, помагајќи им на Јосиф и на Својата пречиста Мајка. Во трудот биди добродушен, надевајќи се на помош од Господа. Убаво е постојано да се повторува молитвата: ,,Господи Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене грешниот“.

Доколку твојот труд се заврши успешно, тогаш благодари Му на Господа; доколку, пак, е неуспешен, тогаш предај се себеси на Неговата волја, зашто Он се грижи за нас и сè насочува кон подобро. Сè што е тешко прифаќај го како епитимија за своите гревови, исполнет со послушание и смирение.

Пред јадење помоли се, за Бог да го благослови јадењето и пиењето, а по јадењето заблагодари Му на Бога и испроси од Него да не те лишува од духовните богатства. Убаво е да се станува од трпезата помалку гладен. Во сè избегнувај ги изобилствата. Во среда и петок пости, според примерот на древните христијани.

Не биди алчен: биди задоволен со храната и облеката која ја имаш, подражавајќи Го Исуса Христа, Кој осиромашил заради нас.

Труди се во сè да угодуваш на Бога, та совеста твоја во ништо да не те укорува. Внимателно бдеј над своите чувства, мисли и движењата на срцето, сеќавајќи се дека Бог постојано гледа на тебе.

Избегнувај ги и најмалите гревови, за да не навлезеш во поголеми. Секоја помисла, која те оддалечува од Бога, а особено нечистите помисли, веднаш бркај ги од срцето, како искри од оган, кои паѓаат на алиштата. Доколку сакаш да не те раздразнуваат лошите помисли, тогаш со смирение прифаќај ги понижувањата од луѓето.

Не говори напразно, сеќавајќи се дека, за секој збор ние ќе дадеме одговор пред Бога. Подобро е да се слуша, отколку да се говори, зашто при многу говорење не може да се избегне гревот. Не биди љубопитен за новостите, тие

Page 6: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

4

го расејуваат духот. Никого не осудувај, но сметај се себеси полош од сите. Оној, кој го осудува другиот, тој ги зема неговите гревови врз себе. Подобро е да тагуваш за оној кој згрешил и помоли се за него, та Бог на чудесен начин да го поправи него. Доколку некој не сака да ги послуша твоите совети, немој да влегуваш со него во расправии. Но, доколку неговата постапка ги соблазнува другите, тогаш преземи потребни мерки, зашто општото добро е поважно од личното.

Никогаш не расправај се и не оправдувај се. Биди кроток, тивок и смирен; сè трпи и поднесувај по примерот на Исус Христос. Он нема да стави крст на твојот грб, кој ќе ги надминува твоите сили. Он ќе ти помогне дури и да го носиш крстот.

Проси од Господа благодат за да можеш што подобро да ги исполнуваш Неговите свети заповеди, па дури и да ни се причинуваат тие тешки. Откако ќе направиш добро дело, не очекувај благодарност, туку искушение, зашто љубовта кон Бога се испитува преку искушенија. Не размислувај да стекнеш било каква добродетел без тешкотии. Среде искушенијата немој да очајуваш, туку обраќај се кон Бога со куси молитви: ,,Господи, помогни ми... вразуми ме... не оставај ме... заштити ме...“. Господ дозволува да нè снајдат искушенија, но Он дава и сили за да ги надминеме.

Проси од Господа да оттргне од тебе сè, што го храни твоето самољубие, па дури тоа и да ни причинува болка. Избегнувај ги суровоста, нерасположението, скржавоста, недоверливоста, сомнежот, лицемерието, ривалството... Со сите биди искрен и едноставен во разговорите. Со смирение примај ги поуките од другите, иако можеби ти си поискусен и поумен од нив.

Она, што не сакаш да ти го прават тебе, не прави им го ни ти на другите, а прави им го она, кое и ти го посакуваш. Доколку некој те посети, со него постапувај нежно, скромно и благоразумно, а доколку посетителот разговара за непотребни работи, тогаш биди глув и слеп.

Во време на малодушност и ладење на верата, не го напуштај молитвеното правило и навиката да правиш добри дела. Сè што работиш во името на Господа Исуса Христа, па дури и да е мало и несовршено, ќе постане дело на благочестивоста.

Доколку посакуваш да стекнеш мир, тогаш целиот предај се на Бога. Сè додека не го направиш тоа, сè додека не се успокоиш во Бога, љубејќи Го само Него единствениот, ти нема да стекнеш душевен мир.

Одвреме-навреме пребивај во самотија, според Христовиот пример, за молитва и богомислие. Размислувај за бесконечната љубов на Господа Исуса Христа, за Неговите страдања и смртта, за Неговото воскресение, за Второто доаѓање и Страшниот суд.

Колку што е можно почесто оди во храмот. Често исповедај се и причестувај се со Светите Тајни. Постапувајќи вака, ќе пребиваш во

Page 7: Православна Светлина (14)

5

Бога, а тоа е најголемото богатство. На исповедта отворено и со скрушеност покај се за сè, зашто непокајаниот грев води во смрт.

Неделните денови посветувај ги на дела на милосрдноста и љубовта: посетувај болни, утешувај несреќни, спасувај ги заблудените... Оној, кој им помага на заблудените да се обратат кон Бога, за него е подготвена голема награда, како во овој, така и во идниот век. Поттикнувај ги пријателите да читаат духовна литература и да учествуваат во духовните разговори.

Нека биде Господ Исус Христос твој учител во сè. Постојано обраќај се кон Него со својот духовен поглед, прашувајќи се себеси, како би постапил Он во секој момент од твојот живот.

Пред спиење искрено и топло помоли се, испитувајќи се себеси, во што си згрешил во текот на денот. Поттикнувај се да се каеш со болка во срцето и со искрени солзи, за да не ги повторуваш претходните гревови. Легнувајќи во постелата, прекрсти се, бакни го крстот и довери се на Господа Бога, твојот добар Пастир, размислувајќи што ќе се случи со тебе, доколку таа ноќ го предадеш својот дух во рацете на Бога.

Сеќавај се на Господовата љубов кон тебе, но и самиот љуби Го Него со сето срце, душа и разум.

Постапувајќи вака, ќе достигнеш блажен живот во Царството на вечната светлина.

Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со тебе. Амин.

Избор и превод од руски јазик:Протоереј Златко Ангелески

Page 8: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

6

Епископ д-р Игнатиј Мидиќ

Многубројни се причините кои обично се спомнуваат кога се говори за војна и непријателство меѓу луѓето и државите. Нив најчесто ги гледаме во националните, политичките, економските и религиозните разлики на спротивставените страни. Со цел да се надмине кризата, современата цивилизација тежнее токму кон бришење на тие разлики воведувајќи единствени економски, политички и општествени системи. Со еден збор современиот свет тежнее кон интеграција на општествени заедници на сите нивоа, до заговарање на единствена држава и религија, со цел да се надмине непријателството меѓу луѓето. Колку ова било успешно, или поточно неуспешно, покажува распадот на сите сојузи, наспроти сите напори, и сè подостапното раслојување на луѓето на сите нивоа, кое води во сè поотворени конфликти и сè покрвави војни. Ваквата стварност нè тера, сакале ние или не, повторно да ја испитаме дијагнозата на причинителот на сè почестите и сè покрвавите конфликти меѓу луѓето, за да можеме да преземеме и правилна терапија, додека имаме уште време и можност за тоа. Значи, дали причината за непријателство меѓу народите е во нивните разлики: во различните политички и општествени, или пак религиозни системи, или во нешто друго?

Омраза во името на Бога

Евидентно е дека православното христијанство не учествувало многу во создавањето и развојот на современата цивилизација. Тоа е за жал оттаму, што православната црква во овој период, кога е и градена современата цивилизација, малку се грижи за историјата. Определбата за Царството Небесно, како суштина на

ЗАМКИТЕ НА ИНДИВИДУАЛИЗМОТ И РАЦИОНАЛИЗМОТ

Page 9: Православна Светлина (14)

7

ЗАМКИТЕ НА ИНДИВИДУАЛИЗМОТ И РАЦИОНАЛИЗМОТ

христијанскиот живот, од многумина се сфаќало како бегање од светот. Заради тоа Црквата на Исток не придонела многу во создавање на бројните проблеми, кои ги создала современата цивилизација, но исто така нема ни многу удел во големи откритија кои, во многу, ја преобразиле историјата, а за доброто на целиот свет. Меѓутоа, тоа не значи дека таа не се служи со сите овие достигнувања, како и дека сите проблеми кои го оптоваруваат современиот свет, не се и нејзини проблеми. Достигнувањата на модерниот свет се наследени, како од Запад, така и од Исток. Имено, индивидуализмот и рационализмот, а врз основа на тоа и убедувањето за самодоволноста на еден човек и народ во однос на друг, се сè поприсутни и навлегуваат во сите сфери на животот: како во општествениот, така и во црковниот, и во традиционално православните земји. Поновите, и најновите крвави конфликти на Балканот, и во Европа, па и пошироко, се доволен доказ за тоа. Во Православната црква, а врз основа на современиот модел на живеење и односите кон она што нè опкружува, сè почесто и самото црковно предание се користи заради дистанцирање од другите, како на општ план Исток-Запад, така и внатре во Црквата помеѓу нејзините членови. Црковниот идентитет денес и на Запад и на Исток, не ретко се одредува, не на основа на заедништво и љубов кон другите, туку на дистанцирање од нив и не дај Боже, омраза кон другите, заради Бога и во името на Бога.

Современата цивилизација, или таканаречениот нов век, како што многумина тврдат, изобилува со конфликти кои се, без преседан, најкрвавите во историјата и по бројот на жртви и уништување, и по монструозноста на злосторствата. Како по правило тие избувнуваа во иста држава (револуција), или помеѓу државите со ист општествен и економски систем, па дури и со иста религија. Тоа дека коренот на конфликтите не е само во различноста на нациите и политичките системи, макар што го има и таму, ниту, пак, во стремежот за ослободување, туку изгледа дека во коренот на современата цивилизација е поставено нешто, што неизбежно води во конфликти. На ова укажува уште и фактот дека најновите конфликти во поновата историја на човештвото, како што се Првата и Втората светска војна, своите почетоци ги имаа во Западна Европа која е и лулка на современата цивилизација, на државите, кои се изградени по примерот на европската цивилизација, како што се: Америка, Русија, Јапонија и др. Во што е проблемот на современата цивилизација, и каде се изворите на сите тие конфликти? Пред да се свртиме кон овој проблем, а заради полесно идентификување на овој проблем во современото општество, потребно е да се спомне еден факт кој е многу битен, а кој, како по правило, често го занемаруваме како спореден.

Опасна поделеност

Индивидуализмот во начинот на живот, проследен од рационализмот, опасно го дели единствениот и неделлив Божји свет, дури до уништување. Светските војни, па и најновите конфликти на Балканот, и воопшто во светот, ни ја подотворија вратата да можеме да предизвикаме катастрофа која може да ни се случи ако сериозно не се замислиме над својот, современ, начин на живот. А него

Page 10: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

8

го карактеризира опасна поделеност, како во светот во целина, така и во сферата на црковниот живот. И што е уште потрагично, кај многумина постои стремеж, и на Исток и на Запад, поделеноста да се втемели како единствена вистина за постоењето и свесно да се тежнее таа да биде прогласена за најголема доблест.

Постои една суштинска причина која го тера човекот да се оградува и дистанцира од другите, а со тоа во другиот да гледа и непријател, а тоа е смрт. Дури и кога не сме потполно свесни, нашата смртност и загрозеноста на нашето битие од смртта природно го води секое битие, а особено човекот, во изолација и создава страв од другиот, заради самоодржување. Кај човекот, бидејќи тој е единственото битие на земјата кое таа своја загрозеност од смртта ја гледа во перспективата на апсолутно непостоење, затоа што тој не ја доживува смртта како еден природен процес во низата на процеси, туку на неа гледа како на целосно неприроден и, во однос на постоењето и животот, кое го доживува како вечно траење, опасен зашто се заканува со ништожност, тој однос кон другите може да биде непријателски до крајни граници. Со еден збор, човекот е склон кон тоа, непријателството кон другите да го оправдува со тоа, дека на тој начин се штити самиот себеси, односно, поблаго речено, во дистанцирањето од другите да ја гледа единствената можност за својот просперитет. Оваа состојба во Црквата е позната како состојба на паднатиот свет, зашто суштината на гревот се состои во индивидуализмот и затворањето во себе, пред сè во однос на Бога, а потоа и во однос на сè она што нè опкружува. Затоа во христијанството љубовта како заедница со другите и со сè она што нè опкружува е онтолошка подлога на животот, а не просто една од многуте доблести. Меѓутоа, покрај оваа состојба која му се заканува на светот уште откако е тој создаден, а пред сè од гревот на првите луѓе, во светот се случило нешто дополнително и тоа, ни се чини, во современата цивилизација, а што непријателството меѓу луѓето го претвора во светски катастрофи од невидени размери. За што се работи?

Корените на современата цивилизација, која е родена во Западна Европа, се во индивидуализмот и во рационалистичкиот однос кон светот и животот. Почнувајќи од блажениот Августин (V век), кој го гледал човекот како индивидуа, која во самата себе има основа на својот идентитет, па преку Боециј, кој и го дефинираше човекот како natura individual supstantia rationabilis, се втемелила една нова онтологија апсолутно спротивна на христијанството, а сепак во христијанските култури – онтологија на индивидуализмот.

Значи, нешто што е иманентно на секое човечко општество откако светот постои, а тоа е индивидуализмот и тежнеењето за дистанцирање од другите, па и од самиот Бог, што го карактеризирало христијанството како грев и лажен живот, во современата цивилизација станало единствена вистина, вечна онтологија и единствена вистинска состојба на човекот и на секое битие. Човекот е дотолку поголем, во колку е понезависен од другите, што современата дефиниција на личноста всушност и говори кога кажува дека човекот е толку личност, колку што

Page 11: Православна Светлина (14)

9

е свесен за самиот себе и за разликите во однос на другите и одвоеноста од другите.

Подоцна врз основа на ваквите сфаќања на човекот, а со посредство на Декартовата философија, е втемелен рационализмот како основа на целокупниот живот. Декартовата максима corgito ergo sum, „мислам, значи постојам“, укажува на тоа дека логиката е основа на постоењето, и тоа не само на оној кој мисли за себе, туку на сè што нè опкружува.

ЦРКВАТА И УЧИЛИШТЕТО

Ваквото сфаќање не било само периферно мислење на поедини луѓе. Станало систем на животот, кој се разгранил насекаде и ги опфатил сите сфери на битисувањето. Како доказ на ова е развојот на схоластиката во средниот век, која имала за цел оспособување на човечкиот ум правилно да функционира, а потоа преку појавата на енциклопедистите и воспоставување на училишта за широките народни маси, и обучување на луѓето врз основа на својот ум да одредуваат што е вистина, и што е добро, а што зло. Тој начин на живот станал единствен можен и единствен вистинит. Дотолку повеќе што врз негова основа се одредувало дали постои Бог, или не. Создадениот свет е прогласен за единствено постоечки и на тој начин дефинитивно одвоен од Бога. Во таа одвоеност е, дотолку повеќе, и неговото вистинско постоење.

Врз основа на вакви претпоставки, малку по малку, целиот живот почнал да се раслојува на составни делови и како таков да се мери со логика. Светот стана објект на нашето умно истражување. Вистината и постоењето на светот се збир на многу индивидуи кои не се поврзани меѓу себе органски и затоа трагедијата на еден не претставува трагедија за друг и обратно: постоењето на еден не претставува нужно постоење на другите. Светот е логички систем. Во него треба само да се продре и да се ѕирне. Кога ќе го направиме тоа, тогаш целокупниот свет ни служи нам и ние можеме да го менуваме, со оглед на своите логични барања и потреби. Ако нешто не можеме логички да го разбереме, тоа не значи дека тоа ја надминува логиката, туку дека тоа ќе го сфатиме кога ќе постигнеме повисок степен на сфаќање на логиката. Токму она што со логиката не може никако да се опфати и да се контролира, како што е Бог и човековата слобода, се прогласува за непотребно и непостоечко, односно ирационално. Така сè што не можело да се објасни и опфати со умот станало сомнително и, ако не опасно по живот, тогаш сигурно непотребно. Ако на ова се додаде дека човекот сфаќајќи се себеси како индивидуа, всушност тежнее да се осигура себеси во однос на другите и да се заштити себеси во однос на другите, што сега е крајна цел на секоја единка и на нејзината среќа, од тоа следи дека тој затоа го користи својот ум барајќи логични објаснувања за сè што го опкружува, за да го искористи што поадекватно за постигнување на оваа цел. Затоа во современиот свет науката и

Page 12: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

10

техниката се синоними за една и иста реалност и не можат една без друга. Сè она што е немерливо со логиката и човечкиот ум и со инструменти, кои исто така се конструирани врз основа на логиката, не е наука, додека техниката единствено се оправдува... Знаењето се мери единствено со употребна вредност. Ако нашето знаење не може да се употреби во некаква цел, значи ако не може да се искористи, е еднакво на незнаење. Во ваквата цивилизација училиштето станало сè. Станало црква во која се обоготворил човечкиот ум. Црквата, ако не сакала да исчезне, требало и самата да се претвори во училиште.

СРЕЌА ПРОТИВ ДРУГ

Од сето ова произлегло дека човекот е доволен на самиот себе, и дека самиот себе, а на основа на својот ум, си ја изградува среќата. Другиот човек, како и сè што го опкружува, е тука за да се оствари таа среќа преку него. Доколку тој би одбил да го направи тоа, а врз основа на својот ум и своите сфаќања (зашто на крајот и тој завршил некое училиште!) сакајќи да не биде средство на другиот заради остварување на туѓа среќа, туку другите да бидат средство за остварување на неговата среќа, другиот неминовно станува непријател. Со цел да се дојде до задоволување на побарувањата на индивидуата, се создаваат групи на истомисленици околу прашањето што е тоа среќа, и колку се побројни во однос на другите партии, нивната визија за животот преовладува и станува модел врз чија основа светот се уредува. Партиите се појавуваат на изборите за власт со своите модели за среќен живот ветувајќи им среќа на поединците. Колку е ова на прв поглед убаво и заводливо, зашто навидум нуди среќа и слобода за секого и можност, секој поединец да го уредува светот по своја замисла и еден ден, ако има среќа, да го уреди целиот свет врз основа на својата шема и така да стане апсолутно среќен, покажува стремеж на сите и насекаде на Земјата, независно од своето географско и културно поднебје, да го достигне овој начин на живеење. И сето тоа би било убаво да не се ресурсите и изворите на богатства, кои неминовно одат со поимот среќа на современата индивидуа, заеднички и, за несреќа, ограничени. Затоа овој вид на среќа на еден човек или на една држава, неминовно подразбира несреќа, или, со други зборови, помалку среќа, на другиот. Национализмот исто така е продукт на векот на просветителството и индивидуализмот и не е нималку случајно тоа, што се појавува во XIX век, и да служи како поттик во повеќето конфликти, кои се случиле во поново време, во Европа и пошироко.

Ваквиот начин на живот неизбежно води до непријателства меѓу луѓето и државите што, одвреме навреме, доведува до ескалација на непријателства од пошироки размери, како што се светските војни, а во последно време, и до големи еколошки проблеми кои се закануваат да прераснат во светска катастрофа. Ваквата состојба, некои луѓе ги тера на размислување и сомнеж за совршеноста на современата цивилизација, како и за причините за војните во XX век и сè она што се случувало и се случува во овој век. (XX век од рационалистите и

Page 13: Православна Светлина (14)

11

енциклопедистите е прогласен за век на рајот на Земјата, во кој сите ќе бидат образовани, и со самото тоа ќе исчезне и секое зло и затоа е дотолку почудно за светот што најкрвавите војни се случуваат токму во овој век.) Но, уште се многумина оние кои за таквите конфликти ги обвинуваат оние народи кои, по нив, се на низок степен на образование и развој, а ако е тоа неубедливо, тогаш за тоа се виновни погрешните лидери кои ги водат тие народи, што укажува на тоа, дека тие ни малку не се сомневаат во совршеноста на моделот на живеење во современиот свет.

Превод од српски јазик:Трајче ЈаневНаслов на изворникот:еп. д-р Игнатије Мидић,Замке индивидуализма и рационализма, http://www.spc.rs

Page 14: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

12

Приговор 10

Некои го изложуваат „Томосот на Единството“ и велат дека постои правило, запишано во Часословот, според кое христијаните треба да се причестуваат само три пати годишно.

Кажете ми, ве молам, дури и ако правилото кое го изложиле тие благословени и навистина и автентично (иако фактички е искривено), дали би било праведно тоа правило да биде посилно од толку многу труби на Светиот Дух, чиишто сведоштва ги наведовме? Царските закони пишуваат, дека ако некој од тие царски закони се покаже спротивен на свештените канони на Божествените Отци, тогаш тој да биде неважечки.

Божествениот Златоуст вели, дека обичаите, кои се противат на божествените закони треба да се искоренуваат. Исто така вели: „Обичајот е нешто, што е незгодно да се заобиколи и од што тешко е да се сочуваш. Значи, колку што е силен обичајот, толку и сила вложувај за да се избавиш од тој бесмислен обичај и да стекнеш добар обичај“.

Зошто тогаш тие луѓе сакаат да го воспостават овој штетен за душата обичај? Но бидејќи тие сакаат да ја сокријат вистината со помош на тоа правило, ќе покажеме на кусо за што всушност зборува тоа правило, за да се објави чистата вистина и никој повеќе да не се лаже.

Тоа правило е прифатено поради следнава причина. Лав Мудри бил исклучен од Црквата од страна на патријархот Николај затоа што по четврти пат се оженил, а царот пак го

ДУШЕПОЛЕЗНА КНИГА ЗА ЧЕСТОТО ПРИЧЕСТУВАЊЕ СО

СВЕТИТЕ ХРИСТОВИ ТАИНСТВАПреподобен Никодим Светогорец и свети Макариј Коринтски

Page 15: Православна Светлина (14)

13

симнал од престолот патријархот Николај, бидејќи овој не сакал да му го благослови четвртиот брак. На местото на Николај за патријарх бил поставен Ефтимиј, кој го разрешил царот од одлачувањето. И така поради таа причина се поделиле на две страни како архиереите, така и целиот народ: едни биле за патријархот Николај, а други за патријархот Ефтимиј. Кога царот Лав починал, по него се зацарил неговиот брат Александар, кој го симнал Ефтимиј од престолот и повторно го вратил Николај. А кога починал и Александар, се зацарил неговиот роднина, т.е. синот на царот Лав – Константин Порфирогенит, кој бил оженет со ќерката на Роман – наречен „Отец – Цар“.

Оние кои го организирале Соборот во 992 година по Христовото Раѓање, не само што го забраниле четвртиот брак, туку биле и против третиот брак, па затоа и го востановиле следното правило кое вели: „Ако некој кој наполни четириесет години и притоа не се срами од возраста, ниту се грижи за христијанскиот благочестив живот, и само заради страсна желба влегува во трет брак, тој внимателно да се надгледува во текот на пет години да не се причести со Светите Тајни, и тој временски период никако не може да биде скратен. Но и потоа откако ќе се удостои за Света Причест, да не му биде дозволено да се причестува во друго време, освен на самото Воскресение на Христа нашиот Бог, заради очистувањето, колку што е можно, кое произлегува од воздржанието за време на Великиот Пост. Ако некој, кој наполнил триесет години и има деца од претходните бракови, а се состанува со трета жена, тој безусловно да не се причестува во текот на четири години. И потоа откако ќе се удостои за причестување да се насладува само трипати годишно: првиот пат – на Воскресението на Христа нашиот Бог, вториот пат – на Успението на Пресветата Владичица наша Богородица, и третиот пат – на Рождеството на Христа нашиот Бог, заради постите кои им претходат на овие празници и ползата која ја имаме од нив“.

Тоа Дело на Соборот е наречено Томос на Единството, бидејќи на него повторно се обединиле архиереите и целиот народ, кој дотогаш бил разделен поради четвртиот брак на царот Лав.

Меѓутоа, не знам од која причина, некој благословен – дали од неписменост, или со намера да им стави препрека на христијаните кон вечниот живот – го скратил ова правило и го сместил во Часословот во скратена форма. А нашите благословени духовници, кога го откриле, го раструбиле тоа правило по целата вселена, ставајќи епитимија и правило за третиот брак на сите христијани: за оние во втор брак, за оние во прв

„Обичајот е нешто, што е незгодно да се заобиколи и од што тешко е да се сочуваш. Значи, колку што е силен обичајот, толку и сила вложувај за да се избавиш од тој бесмислен обичај и

да стекнеш добар обичај“.

Page 16: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

14

брак, за девствениците и општо за сите од секоја возраст.Но јас не им се чудам толку на духовниците, колку што им се

чудам на добрите архиереи и пастири, што веднаш не ја разгласиле со боговдахновени труби вистината, за да го посрамат злобниот сејач на тие плевели и да ги искорнат тие лоши тревки од Црквата. Бидејќи тие имаат власт од благодатта на Светиот Дух да го поткрепуваат секое добро и да го исправаат тоа, што треба да се исправи.

Навистина, архиереите го наведуваат тоа оправдување, дека доколку се наоѓаат во ропство под Турците и имајќи премногу грижи, решавањето на овие прашпања го доверуваат на учителите и проповедниците. Но, тие, со самото тоа – еден не сакајќи да го изгуби својот спокој, друг приложувајќи други оправдувања – сите заедно се повлекуваат и си го префрлаат товарот еден на друг, криејќи ги, како во гроб, Божјото слово и вистината и молчешкум даваат до знаење, дека се согласни со тоа што се случува, како што вели божествениот Мелетиј Исповедник:

„Кога некој, откако достигнал знаењеи правилно ја спознал вистината,се обидува да ја сокрие,пронаоѓајќи некои методи,и смело не возгласува,отворено, гласно велејќи;Кој не се грижи за чесните,ниту за Божествените Канони,не ги штити Правилата, дадени одсветите славни отци,тој не подлежи на помала казна,од оној кој ги нарушил.„Оној кој молчи за вистината,Христа Воскреснатиот во гроб го сокрива“, -така вели еден отец,и со него се согласни зборовите на друг:„Навистина, многу опасно еда се молчи за благочестивоста,тоа е погибел, и макаво вечни векови“.Неправедно е, недозволено е,не е добро за благочестивитеда молчат тогаш, кога Господовите Закони дрско се

нарушуваат,

Page 17: Православна Светлина (14)

15

Превод од руски јазик: свештеник Љупче Миланов

Наслов на изворникот:Преп. Никодим Святогорец, Свт. Макарий

Коринфский. Книга душеполезнейшая о непрестанном причащении

Святых Христовых Таин. Сумы, 2001

кога се трудат со измамада докажат прелест зла.Како што рече еден великан:„Кога благочестивиот ќе видиопасност - одвојување од Богаи навредување на Бога,зарем тогаш тој ќе молчи?Ќе биде ли потполно спокоен?Бидејќи да премолчиш тогаш е исто,како да се согласиш и да одобриш.Пример ни даваСветиот Претеча Спасителов Јован,а заедно со него –Светите браќа Макавеи.Бидејќи и за малите правила наЗаконот Божји тие,презирајќи ја смртната опасност,стоеле цврсто, до крај,не издавајќи ни најмала јота од Свештениот Закон.Често за пофална и праведнасе признава војната,и битката – неспоредливо подобра,отколку душегубниот, матен мир.Зарем не е подобро да се војува со такви,кои мудруваат лошо, злобно,отколко да се следат и доброволнода се согласиш со нив во неправда,За навек од Бога раздвојувајќи се,а со таквите соединувајќи се“.

Божествениот Златоуст вели: „Ако за човекот не е безопасно да молчи кога го навредуваат, тогаш зарем нема да биде достоен за секаква казна оној кој молчи и е рамнодушен кога се прави штета на Божествените закони?“

Page 18: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

16

Јеромонах Сергиј (Рибко)

2. ДО ДРЕВНОТО МОНАШТВО ЛИ НИ Е ДОЈДЕНО?Повеќето новоотворени манастири ја повторуваат истата грешка. Во нив се

воведува строг устав со секојдневни потполни богослуженија (понекогаш, ноќни) задолжителни за сите, со долго молитвено правило, со строг испоснички устав, со забрана да се вкусува храна во ќелијата. Притоа новоустроениот манастир, како по правило, е сиромашен и има разни потреби, па затоа во времето помеѓу богослуженијата браќата работат без здив, практично без никаков одмор. Наместо да се размисли како да се олесни овој понекогаш пренапорен труд, напротив, го сметаат за неопходен услов на монашкиот подвиг. Особено ова се однесува на женските манастири.

Постојат и такви манастири кои наместо да обноват какво – такво монаштво, тие пред себе ставаат задача безусловно да го обноват древното монаштво, со сите форми на неговото подвижништво. Од житијата на преподобните се гледа дека никој од нив не поставувал такви цели. Напротив, сите тие зборуваат за големината на поранешните отци и жалат што денес нема такви.

„Древното монаштво“ во тие манастири се сфаќа пред сè како најстрог пост, трпење студ и лишувања, беспрекорно послушание кон игуменот или игуменијата, кои целосно имаат духовна контрола над сите кои стапуваат во обителта, и тешки трудови при посетување на долгите богослуженија. Притоа како по правило се наметнува презрив однос кон лекувањето и кон сите телесни потреби. Таквото разбирање на монаштвото според свети Игнатиј (Брјанчанинов) наречено е еднострано, со застранување во телесен подвиг. Големата тајна на монашкиот живот, која се состои во покајанието, останува несфатлива.

„Монашкиот живот, кој не е вдахновен со евангелските заповеди, е како

КАКО ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО УСТРОЈУВАЊЕ НА СВЕТА МОНАШКА ОБИТЕЛ?

Page 19: Православна Светлина (14)

17

тело без душа: ќе засмрди тоа со смрдеата на фарисејството, и ќе засмрди дотолку повеќе, колку што ќе биде облечено по надворешност во телесен подвиг или ќе се преправа дека го има тој подвиг. Животот на монахот не е ништо друго освен делотворно и непрестајно покајание. Ние задолжително треба да се нурнеме целосно во покајанието, ако сакаме не попусто и не за осуда да го носиме името и призивот монах. Само тогаш монахот ќе може да чекори правилно, кога ќе биде преисполнет и раководен од чувството на покајание. Кога чувството на покајание ќе отстапи од неговото срце, тогаш тоа е вистински показател, дека монахот е вовлечен во лажни помисли, предложени од сатаната или изникнати од паднатата природа. Постојаното отсуство на покајание е показател на потполно неправилно расположение“ (Свети Игнатиј Ставрополски).

Па и древните Отци пред сè ги поучувале браќата на исполнување на заповедите Божји, мерката на постот и бдението била исклучително индивидуална; односите со послушниците се граделе на заемна доверба и љубов.

Па така излегува, дека оние кои го возобновуваат „древното монаштво“ не разбирајќи ја неговата суштина, се обидуваат да возобноват само некои надворешни форми. А како резултат – не возобновуваат ништо. А од нив создадените „манастири“ ги оддалечуваат како оние кои се стремат кон монашки живот, така и мирјаните од бројот на поклониците. Нивните жители неретко стануваат осакатени луѓе, не само физички, туку и духовно. И што е најопасно, го пренесуваат тоа изопачено, унакажено сфаќање на монаштвото во другите манастири, бидејќи друго монаштво тие не знаат, никогаш не виделе.

За жал по обемот на распространетоста на таквото надворешно монаштво, се создава впечаток, дека никакво друго никогаш и не постоело. Меѓутоа, тоа: било секогаш и ќе остане до Второто Христово доаѓање. Незабележано од светот, кој бара надворешна впечатлива праведност, прогонувано и навредувано од него, до ден денес се сочувало во своите ретки претставници, верни на отечките дела и преданија. Монаштвото, раководено од словото на преподобните отци и светите учители на Православната Црква, до ден денес остана непознато за светот: „Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна. Дојде кај своите, но своите не Го примија. А на оние кои Го примија и поверуваа во името Негово им даде власт да бидат чеда Божји“. (Јован 1, 10-12). „Откажувањето од светот може ли да биде разбрано, да биде протолкувано од оние, кои се потполно освоени од светот, потонати со умот, срцето, телото и душата во насладите на светот? Учењето на Отците на Црквата ме извлече од светот: тоа ми помогна да истрпам во жалостите од светот: тоа повикува кон самотија, та таму да се загледаме во вечноста пред да стапиме во нејзините безгранични простори“ (свети Игнатиј Кавкаски).

Превод од руски јазик:Ангелина Јанева, дипл. проф. по руски јазик

Наслов на изворникот:С чего начатъ устроение святой обители?,

иеромонах Сергий (Рыбко),Журнал Московской Патриархии. № 2, 2003.

Главы из книги „Записки приходского инока“.

КАКО ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО УСТРОЈУВАЊЕ НА СВЕТА МОНАШКА ОБИТЕЛ?

Page 20: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

18

Мисионерски писма

Владика Николај Охридски и Жички

159 писмо до печатарот Ј.К.: За целивањето на свештеничката рака

Ви почина стариот свештеник, и на негово место дојде сосема млад теолог. Со радост сте ја целивале реката на стариот свештеник, но кажувате, непријатно ви е да ја целивате раката на свештеник помлад од вас. Не сте ја слушнале приказната за кнезот Милош и младиот свештеник? Вака се вели во приказната: „Некој млад свештеник служел Литургија во Крагуевац во присуство на кнезот Милош. Стариот кнез бил необично благочестив. Црковната служба не почнувала сè додека не пристигнел тој. Во црквата стоел на своето место, како закопан и со скрушено срце Му се молел на Бога. Кога младиот свештеник завршил со службата, тој го донел пред кнезот крстот и нафората. Кнезот го целивал крстот, а се потрудил да ја целива и раката на свештеникот. Но младиот свештеник ја тргнал раката, како засрамен, заради тоа, како стариот земен господар да му ја целива раката. Кнезот Милош го погледнал и му рекол: дајте да ви је целивам раката! Не ја целивам јас твојата рака, туку твојот чин кој е постар и од мене и од тебе“.

Со ова мислам сè е кажано и објаснето. Стариот кнез проговорил во Црквата и кажал зборови како да се од Самиот Дух Божји. Размислете малку, ако вашиот свештеник има 25 години, неговиот чин е 1900 години. И кога вие ја целивате неговата рака, го целивате чинот, кој од Христовите апостоли преминал на илјадници служители на Божјиот олтар. Целивајќи го свештеничкиот чин вие ги целивате сите големи светии и достојни духовници, кои тој чин го носат од апостолите па сè до денес. Ги целивате иконите на свети Игнатиј, свети Никола, свети Василиј и на свети Сава и Арсениј и Јоаникиј и на многу многу други, кои додека живееле биле земен украс, а сега на небото се небесен украс, и кои се нарекуваат: „земни ангели и небесни луѓе“. И така целивањето на свештеничката рака не е обично целивање, туку тоа е како што вели свети апостол Павле: „свет целив“ (Кор. 16. 20.)

Значи, без снебивање целивајте ја раката која благословува, и чинот кој е благословен од Светиот Дух. Целивањето на помлад (по тело) од вас, како и слушањето на помлад од вас, добро е поради тоа што, нè штити од гордост и нè учи на смиреност. Од Бога радост и Мир вам!

Превод од српски јазик: Бобан Ѓорѓиевски, студент на Теологија

Наслов на изворникот: Владика Николај Жички, Мисионарска писма, Писмо 159, Зрењанин, 2004

Page 21: Православна Светлина (14)

19

Во Кападокија, родителката на многу светители, се роди, живееше и се упокои попот Василиј. Според сведоштвата на неговите современици се родил во Конџук или Голџик (Лимна) кој се наоѓа 65 километри југо-југозападно од Кесарија, па затоа го нарекоа поп Василиј Конџиклис, за да го разликуваат од другите кои го имаа истото име.

Василиј Конџиклис ја зема за жена Султана од селото Сармусакли (Хаминтие). Им се родија четири момчиња и повеќе девојчиња.

Василиј, пред да стане свештеник, живееше извесен период со подвижниците кои живееја во неговото место, од кои научи да пости строго и да се моли многу. Тоа го запазуваше во неговото понатамошно свештеничко служење.

Имајќи вроден призив за свештенство, беше ракоположен за свештеник околу 1830 година во селото Цат, најсеверното од грчките села во Кападокија, преку реката Али. Во тоа село живееја заедно Роми, Турци и Ерменци. По геноцидот на Ерменците во 1915 година и населувањето на Черкезите во куќите на Ерменците, Ромите принудени избегаа од селото и се населија во турско-грчкото село Таслик, 31 километар јужно од Цат.

Попот Василиј имаше страв Божји, побожност, голема вера и посветеност кон неговата свештеничка служба. Од Бога доби дар да лечи болни и гласот за него се прошири низ цела Кападокија. Кај него трчаа христијани и Турци за да се лечат.

Во соседните планини на Понт живееше некој свет пустиножител чиешто име не се сочува. Една ноќ му се појави ангел Господов и му рече: „Дојде времето да се одмориш од твојот подвижнички труд. Господ те вика кај Него. На Велики Петок вечерта ќе дојдеш во Рајот. Да се подготвиш и да се причестиш со Непорочните Таинства три недели по ред“. Пустиножителот, штом се увери

Отец Василиј Чудотворец

Page 22: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

20

дека навистина е вистински ангел Божји, а не демонска прелест, направи како што му укажа ангелот и отиде кај поп Василиј, парохискиот свештеник во Цат. Му раскажа сè што се беше случило и побара Света Причест. И навистина поп Василиј го причести. Пустиникот му рече дека пак ќе дојде наредната недела да се причести.

Поп Василиј сакајќи да ја испита светоста на пустиникот, вечерта во неделата кога го чекаше, ги замандали портите и ги остави одврзани кучињата. Штотуку се стемни се појави светиот подвижник и веднаш сами од себе се отворија пред него замандалените порти; кучињата, пак, ниту залајаа, ниту се поместија од своите места.

Поп Василиј кој го чекаше, го праша со чудење како се отвориле вратите. „За нас клучевите немаат сила. Да одиме во црква за да ме причестиш“ – му рече. Штом го причести, го праша: „Светителу Божји, кажи ни, каде живееш, за да дојдеме и да се погрижиме за твојот гроб?“

„Нема потреба“, - му одговори подвижникот. „Има лавови Божји кои ќе дојдат и ќе ни ископаат гроб“.

„Што јадете вие?“- го праша поп Василиј.„Манна од небото ни испраќа Бог и нè храни“. „Кога ќе дојдеш наредниот пат, донеси и едно парче како нафора за да го

имаме и ние благословот Божји, како и една од книгите кои ги читате, да ја имам за спомен во овој лажен свет.

Наредната недела пак дошол светиот пустиножител. Го причестил за последен пат поп Василиј и пред да се разделат му го дал пустиникот парчето храна велејќи му: „Земи го ова парче манна: да го изедеш едното парче а другото да го ставиш во твојот амбар, за да го има благословот Божји, да биде секогаш полн со богатства и никогаш да не недостасува леб од твојот дом“. Потоа извадил од градите една книга со кожени корици и давајќи му ја на поп Василиј, му рекол. „Земи ја оваа книга, и кои ќе ги сврзеш, ќе бидат сврзани, кои ќе ги разврзеш ќе бидат разврзани“.

Заедно со неа пустиникот му даде и благослов и на тој начин го направи наследник на неговите дарови кои му ги имаше дадено Бог, и оттогаш не се појави повторно.

Сето ова се прочу низ околните грчки христијански села во околината. Подоцна го поканија поп Василиј во селото Таслик, во кое веќе се беа преселиле и христијаните од Цат, за да биде парохиски свештеник таму, и поп Василиј ја прифати нивната молба. Таслик се наоѓа понатаму од реката Али и е оддалечен 57, 5 километри североисточно од Кесарија. Во 1924 год. имаше 154 семејства, број на жители – 775 души, кои зборуваа турски.

Во Таслик активноста на поп Василиј стана поголема. Одеше каде што го повикуваа измачените луѓе и им помагаше со дарот што му го даде Бог. Наутро и навечер служеше во црквата, додека преку ден ги примаше сите кои имаа некоја болка во својот дом и ги лечеше.

Пари не примаше за лечењето. Остануваше сиромашен и несреброљубив. Сострадуваше со страдалниците и често пати плачеше за несреќните луѓе. Самиот тој доби рана на ногата, за која се грижеше неговата снаа Деспина. Заради раната

Page 23: Православна Светлина (14)

21

тој малку кривеше и затоа го нарекоа некои на турски Топал-кеис (куц поп).Во една година, додека во Таслик врнеше, во соседните села имаше голема

суша. Почнаа житните полиња и дрвата да се сушат поради недостатокот од вода. Тогаш жителите од околината се сетија дека од тоа зло само поп Василиј може да ги избави. Направија совет, отидоа и го замолија да дојде и да им помогне. Отиде со нив и му се обрати на насобраниот народ кој го чекаше, да го следат сите до еден мал рид за да се помолат да им го испрати Бог посакуваниот дожд. Штотуку стасаа на височинката им рече да клекнат на колена сите и тој ги читаше молитвите. По кратко време почнаа да се појавуваат на небото првите облаци, да паѓаат првите капки и потоа врнеше добро подолго време.

Еден ден поп Василиј седеше со старите луѓе на терасата од неговата двоспратна куќа и разговараа. Одеднаш им рече: „Погледнете кон Аас Пунар (Бела чешма, бела вода). Го гледате Турчинот седнат на магаре? Тој е сиромашен, измачен, болен и доаѓа кај мене да му читам молитва бидејќи страда. Во пазувите носи четириесет лепти (еден грош) за да ми даде како надомест за молитвата што ќе му ја читам“. Старците се изненадија, се погледнаа меѓу себе и рекоа: „Ако е така, поп Василиј, како што велиш, и го знаеш сето тоа, тогаш ти си светител!“

Со љубопитство чекаа да дојде Турчинот. Кога дојде ги поздрави правејќи им темене (поклон) до земја.

Попот Василиј го отпоздрави и го праша, што сака. Одговори: „Ох, ефенди попе, од далеку доаѓам, голем зорт (мака) имам. Многу болки имам. Не можам да спијам ниту ноќе ниту дење. Дојдов да ми прочиташ молитва од светиот „китап“ (книга) што го имаш, можеби ќе најдам иљач за мене“.

Попот Василиј му прочита молитва и веднаш му престанаа болките. Од благодарност извади од пазувите 40 лепти и му ги даде на попот, кон когошто постојано кажуваше благослови и благодарности.

„Што е ова, златен“, - го праша попот, како да не разбира.„Ефенди попе, тоа е еден грош, тоа е надомест за вас“. „Абре, дете мое, со еден грош ли се фаќа молитвата? Немаш ли повеќе

пари?“„Аман, ефенди попе, те молам, прими ги. И овие ги собрав од други на

заем“.„Во ред, мило, не грижи се, се пошегував со тебе, сакав да те помајтапам.

Земи ги и овие. Сега дојди да јадеш и да се одмориш“.Си замина Турчинот излечен и задоволен, и попот Василиј му даде леб и

сол за неговите деца.Тој, избраниот и свет служител на Вишниот, со неговиот дар правеше

иноверните да ја почитуваат нашата вера, преку чудесата кои ги правеше божествената благодат, славејќи го името на Вистинскиот Бог.

Најголемиот негов син беше свршен со Султана Кулаксизоглу, ќерка на Авраам и Елена (родители на Никола Кулаксизоглу, кој го раскажа овој настан). Султана имаше во нејзината ризница и еден ѓердан со 20 златници со голема вредност. Еден ден се увери дека ѝ го нема ѓерданот. Во тоа време во истата куќа живееше и семејството на нејзиниот чичко Сава кој имаше три-четири ќерки.

Page 24: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

22

Тогаш почнаа сомнежите за тоа, кој ги украл златниците и во куќата завладеа студенило. Го бараа и не можеа да го најдат. Наредното утро мајка ѝ отиде да го праша попот Василиј. Го најде како го чита Стариот Завет. Откако се поздравија ѝ рече: „Внимавај, сваќе, немој да осудиш некого неправедно и да се огрешиш. Богатството е изгубено, никој не го украл. Ноќта глушецот го извлече ѓерданот за да го однесе во гнездото, но не можеше да го извлече целосно. Оди дома, потргни го сандакот и ќе го најдеш“.

Навистина, се врати дома каде што ја чекаа сите замислени. Ѝ помогнаа да го потргне сандакот и изненадени го видоа ѓерданот во глувчешката дупка која беше направена во ѕидот. Се восхитија сите од дарот на поп Василиј.

Друг пат дојдоа двајца Турци за да се излечат. Едниот имаше пет гроша, а другиот само еден. Поп Василиј ги виде оддалеку и пак им кажа на старците од селото, со кои разговараше, нешто во врска со Турците. Кога стигнаа во неговата куќа, турчинот, кој имаше пет гроша беше подрзок зашто имаше повеќе пари, додека, пак, другиот, беше несигурен и исплашен. Тогаш му рече поп Василиј: „Дојди внатре, не срами се. Се снебиваш оти имаш само еден грош, а другар ти има пет гроша?“ Турците штом го чуја тоа останаа вчудовидени и рекоа: „Ефенди попе, многу чувме за тебе, за сите добрини што му ги правиш на народот, но првпат гледаме и слушаме поп да ги знае помислите на луѓето и да знае што има секој во џебот“.

Откако му прочита на секого од нив соодветна молитва, на крајот им рече: „Сега одете со благослов Божји. Штом имате вера и направивте толку голем труд за да дојдете од далеку, не плашете се, Бог ќе ве излечи“. Турците ги подадоа рацете за да му ги дадат парите, но отецот одби да ги земе. Им рече: „Сиромаси сте. Купете нешто за вашите семејства“.

Во меѓувреме пријателите на попот, старците од селото кои го видоа сето тоа, му рекоа: „Бре, попе Василиј, не знаеме што да речеме. Се изгубивме. Нешто се случува со тебе. Како ти даде Бог такви дарови?“ Тој, пак, им одговори: „Секогаш да се молите со вера и побожност на Бога, да ги запазувате заповедите Божји и Он ќе ви ја даде Неговата благодат“.

Во селото Андроники еден богат Турчин имаше едно дете кое беше многу болно. Боледуваше од некој вид лудило и не знаеше што прави. Беше лошо кон луѓето, кршеше, правеше штети и неговото семејство не можеше да го задржи. Татко му најпосле го заклучи во една соба, ги заклучи вратите и му даваше храна низ едно мало прозорче. Толку беше здивено така што никој не можеше да му се приближи. Татко му претходно го имаше носено детето по лекари и на бајачи но никој не можеше да му помогне.

Имаше чуено за чудотворецот свештеник и во сиот негов очај си помисли: „Што седам и чекам? Што не го однесам моето дете кај поп Василиј да му прочита некоја молитва за да биде добро, кога толку многу луѓе најдоа лек кај тој свет човек?“

Повика десетина млади и силни момчиња кои се нафатија да го врзат и да го товарат детето врз едно магаре, врзано исто така врз самарот.

Гледајќи ја таа глетка жителите на Таслик се собраа од љубопитност во

Page 25: Православна Светлина (14)

23

куќата на поп Василиј да видат дали ќе оздрави детето.Таткото на детето падна на колена пред попот и плачејќи го молеше:

„Ефенди попе, моето единствено дете се збудале и не можам да го задржам. Се тепа, тропа, крши и сите се плашат. Слушнав за твојата светост и дојдов кај тебе за да го исцелиш. Сожали ме и оздрави го моето дете, за моја радост и јас ќе ти дадам сè што ќе посакаш“.

„Смири се, дете мое, син ти ќе биде добро“, - му одговори попот.Го донесоа детето пред него. Го стави епитрахилот и му прочита молитви

од молитвословот на пустиникот; го прекрсти и му рече на таткото да го одврзат детето кое сега беше мирно. Го фати за рака, го исправи и му рече: „Дете мое, отсега си добро, немаш веќе ништо. Понатаму да бидеш добро и внимателно дете, да ги сакаш твоите родители и ближните. Оди со Божји благослов“.

Богатиот татко падна на колена благодарејќи му и му донесе многу бакшижи (дарови), коишто попот, се разбира, не ги прими.

Еднаш донесоа од Кесарија еден демонизиран. Додека изгледаше мирен, испушташе крици и пена од устата. Го донесоа врзан и отецот им рече да го внесат во неговата соба. Сите излегоа од собата, а тој ја затвори вратата и почна да му чита егзорцизми. Но едно негово внуче, на четири-петгодишна возраст, се скри во собата, и виде и раскажа сè што се беше случило. Попот ги читаше егзорцизмите заповедајќи им на демоните да излезат. Секогаш кога свештеникот ќе тропнеше со ногата на подот, детето гледаше како од устата на демонизираниот излегуваат демоните во облик на глувци. Егзорцизмите траеја подолго време и детето гледајќи ги глувците (демоните) како ја полнат собата, исплашено почна да вика:

„Дедо, дедо, се наполни нашата куќа со глувци“.„Не плаши се, дете мое, тоа не се глувци, ќе си заминат“.Штотуку завршија егзорцизмите демонизираниот се смири и заспа. Кога се

разбуди, му дадоа храна и вода. Ги препозна неговите роднини и веќе мирен раскажа што претрпе од демоните благодарејќи Му на Бога што го ослободи од тоа мачење. Му се заблагодарија на попот Василиј, му ја целиваа раката и заминаа.

Еднаш попот Василиј се враќаше во селото ноќе јавајќи на коњ. Се враќаше од посета на неговиот пријател Ерменец, Хамберага Ехмалоглу, многу добар човек од Кемерек. Оддалеченоста на Таслик-Кемерек беше четири часа. Кога стигна кај местото Ејтелик, што значи добра дупка, наиде на разбојници, без тие да го препознаат кој е. Отецот приближувајќи им се ги сфати нивните намери, ги осени со знакот на крстот и разбојниците станаа неподвижни (се вкочанија) на нивното место. Помина покрај нив и, откако ги измина и се оддалечи, се сожали и ги ослободи од врзаноста.

Разбојниците почнаа да се прашуваат што се случи, и си раскажаа еден на друг, дека како што сакаа да го уловат човекот на коњ кој поминуваше, не можеа, нешто ги врза. Тогаш помислија дека тој што поминуваше не би можел да е никој друг, освен попот Василиј од Таслик. Тогаш го сфатија нивниот грев што го сторија и веднаш поитаа кон Таслик, го најдоа попот и побараа прошка. Им

Page 26: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

24

прости и им даде да јадат. Но ги советуваше да престанат со разбојништвото и да живеат чесно од нивната работа. Разбојниците му целиваа рака и заминаа покајани.

Многуте чудеса што ги правеше Бог преку попот Василиј стануваа познати во цела Кападокија и многумина доаѓаа кај него за да се излечат. Но тоа беше причина да му позавидат некои, бидејќи мислеа дека се збогатил, иако тој не земаше пари. Отидоа, значи, и го наклеветија кај митрополитот на Кесарија обвинувајќи го дека е голем факир и дека им прави магии на болните. Митрополитот не испита точно дали се веродостојни тие клевети, им поверува и го казни со суспензија попот Василиј. Престана веќе да служи и да им чита молитви на болните. Црквата од нивното село, храмот на свети Ѓеоргиј, во неделите и празниците остана без литургија. Суспензијата траеше три месеци и се разреши на следниов начин:

Во тоа време, во соседното село Румкавак, оддалечено 5,5 километри од Таслик, беше изграден нов храм и дојде владиката за да изврши осветување. Во истата прилика направи и обиколка низ селата од неговата епархија. Додека се наоѓаше во Румкавак отидоа настојателите од Таслик со претседателот Авраам Ќаја и другите членови, да го замолат владиката да ја укине суспензијата на попот Василиј. Владиката прифати да дојде во Таслик и на лице место да ја испита ситуацијата. Стигна со неговиот ѓакон јавајќи врз коњите, како што беше обичај, и отседна во куќата на хаџи Онимфиј кој беше најбогатиот човек во селото и настојател на црквата. Целото село го пречека владиката, му целиваа рака, но ја покажаа и болката поради тоа што го казни нивниот свештеник. На пречекот недостасуваше само отецот, кој како казнет не се појави и остана дома.

Додека беше распитот, го известија владиката дека неговиот коњ легнал на земја, збивта, и се тресе целиот и постои опасност да пцовиса. Се обидоа да го згрижат, му дадоа да јаде, му донесоа лекари, но се влоши. Владиката вознемирен го испрати ѓаконот да му прочита молитва, но не се управи коњот. Слезе и самиот владика, му прочита молитва и состојбата на животното се влоши.

Жителите на Таслик знаеја дека таквите болести лесно ги лечеше попот Василиј и му предложија на владиката преку претседателот да го повикаат, но владиката не прифати. Тогаш претседателот му рече: „Слушнете, владико. Откако дојде овде овој човек ниту нашите животни пцовисуваат, ниту луѓето умираат од болести. Неговата молитва на сите им помага.

Владиката се согласи да го повикаат, но отецот не отиде велејќи му на оној што го испратија да го повика: „Може ли поп пред Владика да благословува?“ Испратија друг човек но пак одби. Владиката веќе го чекаше со немир, зашто ја гледаше опасноста што му се закануваше на неговиот коњ. Тогаш отиде самиот претседател Авраам Ќаја и го замоли да дојде; да види владиката со свои очи дека попот Василиј Му служи на Бога а не на ѓаволот, и да ја отвори црквата која е затворена а народот оставен без литургија.

Конечно отецот беше убеден, го зеде епитрахилот, молитвословот на пустиникот и отиде по претседателот. Отидоа право во шталата, додека

Page 27: Православна Светлина (14)

25

мноштвото народ со немир чекаше и, без да се поздрави, стигна кај болниот коњ. Почна да ја чита молитвата. Владиката љубопитен отиде зад попот Василиј да види која молитва ја чита. Попот во текот на читањето на молитвата прекина три пати и го прекрсти коњот допирајќи го нежно со неговата нога.

На крајот, коњот се исправи на нозе и потоа почна да јаде. Попот рече „нека му помине“ и замина дома. Владиката со радост заборави да му заблагодари. Кога се созеде поита кон него и го замоли да оди со него; го фати под рака и го придружуваше до куќата во која беше отседнал, додека народот чекаше надвор. Потоа излезе надвор заедно со попот и обраќајќи му се на мноштвото христијани рече: „Браќа мои, молитвата што ја прочита попот Василиј, ја прочитав и јас, ја прочита и ѓаконот. Бог не ги послуша нашите молитви. Но ги послуша молитвите на поп Василиј. Нешто се случува тука и затоа неговите молитви Бог ги прима. Сега јас ќе го исповедам него“. Сите излегоа надвор, и откако му постави разни прашања на попот Василиј и го исповедаше, излезе и му рече на народот што чекаше: „Слушнете, возљубени мои. Сега попот Василиј нема да побара прошка од мене. Јас ќе побарам прошка од него, зашто поверував на клеветите и го казнив со суспензија. Дарот му е даден од Бога и никој не може да му го одземе“.

Потоа му прочита молитва и го разреши од суспензијата. Наредниот ден се отворија вратите на селската црква и сите заедно отслужија божествена литургија.

Ова се само малку од многуте чуда кои им ги изврши попот Василиј Кападокиецот на христијаните и на Турците.

Според сведоштвата на неговите роднини и соселани кои се живи до денес, се упокоил околу 1900 година и е погребан таму во селото каде што служел, во Таслик Кападокиски.

Нека му е вечен споменот. Неговиот благослов да го имаме и неговите молитви да помогнат да профункционира пак храмот на свети Ѓеорги во Таслик, кој денес е џамија. Амин.

(Потомците на поп Василиј кои дојдоа во Грција, некои го носат презимето Конџиклис, што го означува потеклото на поп Василиј, значи од селото Конџук или Голџик, и други давајќи му тежина на неговото свештеничко служење се нарекоа Кеисоглу, што значи син на свештеник (кеис – свештеник, оглун – син). Подоцна Кеисоглу го променија во Папазоглу и потоа во Пападопулос. Тоа презиме денес го носат повеќето од неговите внуци. Тие и неговите соселани се раселија и денес живеат во Тириопетра Аридејска и во кападокиското село Свети Константин во Фарсала. Со побожност ги чуваат раскажувањата поврзани со попот Василиј и ги чуваат како реликвии неговиот крст и Молитвословот што му го даде светиот пустиножител.)

Превод од новогрчки јазик:Ѓакон Јани МулевНаслов на изворникот:Ασκητές μέσα στον κόσμο Α΄, Άγιον Όρος, 2008

Page 28: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

26

Дојдоа летните горештини, и најактуелна тема е: каде на одмор? Сите се подготвуваат да заминат некаде, обично на езеро или море, а меѓу нив се и свештениците со своите семејства. Но кај нив, заради осетливоста на нивната служба, изборот каде и како не е едноставен. Речиси на секој свештеник му е непријатно да се соблекува на плажа, особено не пред многу луѓе кои го познаваат. Иако во самото одење со семејството на плажа нема ништо грешно, едноставно, одиме да се разладиме, да се исончаме на сонцето (а тоа е и здраво за коските) и ништо повеќе, но сепак, луѓето чудно реагираат кога ќе видат свештеник на плажа. Се сеќавам, пред неколку години, слушнав критики од некои млади луѓе, кои виделе некој свештеник како се капе во езерото со своите деца, и веднаш следи осуда: „Како може свештеник да се соблекува на плажа и да се капе? Па кај таков ли потоа да одиме на исповед или по било која потреба?“ Отприлика така размислува голем дел од народот. Што треба да направи свештеникот за да не ги соблазни луѓето?

Постојат неколку опции: 1. Да оди со семејството на плажа, тој во

мантија на плажа, а попадијата во вода со децата. Така прават некои свештеници. Но, како родител се прашувам, како може мајката да се справи во вода со две или повеќе деца? Децата по природа

Може ли свештеникот да оди на плажа?Ѓакон Јани Мулев

Page 29: Православна Светлина (14)

27

се непослушни, и секогаш без страв одат каде што е длабоко и не ги слушаат родителите. Што ако некое од нив се удави? Ќе има ли свештеникот – родител мирна совест?

2. Да оди со семејството на некоја поприкриена плажа. Но и таму може секој да дојде, па да помисли дека свештеникот нешто крие, дека прави нешто забрането.

3. Или, како и сите луѓе, да оди на плажа со семејството. Но што ако на плажата се погодат луѓе кои го познаваат, се исповедаат кај него, или, пак, би сакале да се исповедаат кај него? Што ако тоа им биде пречка? Во тој случај, или нека сфатат дека и тој е човек со исти потреби како и другите, дека и тој има семејство, кое не смее да страда или да се лишува од одмор заради неговата служба (сепак, п р а в о с л а в н и т е свештеници не се Амиши, па да бегаат во некаква изолација), или, пак, ако некому толку му пречи да го гледа свештеникот разголен на плажа, едноставно, нека си замине од таа плажа и нека оди на некоја друга за да не го гледа, без да го осудува. (Или, пак, можеби треба, како што на шега дискутиравме на оваа тема во студентските денови, секој свештеник да има куќа со свој базен, и така проблемот би бил решен?)

По сето ова, мислам дека, свештеникот каде и да отиде на одмор, не треба да заборави кој е и што е, да го гледа она што Му е угодно на Бога, и да се труди да не ги соблазнува слабите во верата. А, пак, оние кои мислат дека е срамно за свештеникот да оди на плажа со своето семејство, таквите барем за миг во умот нека се стават на нивно место, па потоа, ако сакаат, нека судат.

Page 30: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

28

Што е тоа чистота? Накусо кажано: срцето, кое има милост за секое живо суштество. (Слово 48, стр. 205)

Чистота на умот

Прашање: Што е тоа чистота на умот?Одговор: Чист ум не е оној кој не знае

за зло (затоа што таквиот ум ќе наликува на животински), не оној, кој по природа се наоѓа во детска состојба, не тој, кој навидум прима изглед на чистота. Но еве ја чистотата на умот – просветление Божествено, преку делотворно учество во добродетелите. И не смееме да кажеме, дека некој го постигнал ова без искушенија со помислите, затоа што во тој случај тој би бил бесплотен. Затоа не се осмелуваме да зборуваме, дека нашата природа до самата смрт не е победувана и не трпи штета. Искушенија со помислите го нарекувам не тоа, за да им се потчинуваме, туку дека треба да започнеме борба со нив. (Слово 4, стр. 23)

Чистотата на умот и чистотата на срцето

Прашање: По што се разликува чистотата на умот од чистотата на срцето?

Одговор: Едно е чистотата на умот, а друго чистотата на срцето. Затоа што умот е едно од душевните чувства, а срцето опфаќа во себе и ги држи во своја власт внатрешните чувства. Тоа е коренот, а ако коренот е свет, тогаш и гранките ќе се свети, т.е. ако срцето се доведе до чистота, тогаш е јасно, дека ќе се очистат и сите чувства. Ако умот пројави стремеж кон читање на Божествените Писанија или малку се потруди во постот, во бденијата, во безмолвието, тогаш ќе го заборави својот

За духовната чистотаПреподобен Исаак Сириски

Page 31: Православна Светлина (14)

29

поранешен начин на размислување и ќе достигне чистота, колку што поскоро ќе се оддалечи од валканиот начин на живот; меѓутоа нема да има постојана чистота, затоа што колку брзо се очистил, исто толку брзо и ќе се оскверни. Срцето пак достигнува чистота преку многу таги, лишувања, оддалечување од општење со сите што се во земниот свет, и умртвувајќи се себеси за сето тоа. Ако срцето достигнало чистота, тогаш таа негова чистота не се осквернавува со ништо мало, не се плаши од големи, јавни борби, затоа што стекнало силен желудник, кој може брзо да ја свари секоја храна, а која е несварлива за немоќните луѓе. Затоа докторите велат дека секоја храна која содржи месо е тешка за варење, но им дава многу сила на здравите тела, кога се прима со силен желудник. Така секоја чистота, здобиена набрзина, за кратко време и со мал труд, брзо се губи и се осквернува. Чистотата, пак, добиена со многу таги и добиена во текот на подолг временски период, не се плаши од каков и да е предлог кој не е над силите во било кој дел од душата, затоа што Бог ја укрепува душата. Нему слава во веки веков! Амин. (Слово 4, стр. 24-25)

Со што се зачувува и со што се нарушува чистотата на умот?

Целомудрените и собрани чувства соединети заедно во душата создаваат мир и не ѝ дозволуваат да вовлекува во испитување на нештата. А кога душата не ги прима во себе допирите на нештата, тогаш победата е добиена без борба. Ако човек е мрзлив и дозволи лошите предлози (на помислите) да имаат достап кон него, тогаш тој ќе трпи напади. Се нарушува и првоначалната чистота, која е сосема едноставна и сталожена. Токму поради таа мрзливост поголемиот дел од луѓето, па и целиот свет, излегува од природната и чиста состојба. Затоа, луѓето кои живеат во светот, во тесни врски со световните луѓе, не можат да си го очистат умот, поради тоа што, длабоко го спознале злото. Малкумина се во состојба да се вратат кон првобитната чистота на умот. Затоа, секој човек треба внимателно да ги чува своите чувства и својот ум од лоши предлози. Затоа е потребна трезвеност, бдеење, претпазливост. Прекрасна е великата едноставност. (Слово 5, стр. 25-26)

Превод од руски јазик:Миле Иваноски, апсолвент на Руски јазик

Наслов на изворникот: Преподобный Исаак Сирин,

Азбука духовная, „Православие и современность.

Электронная библиотека“ (www.lib.eparhia-saratov.ru).

Page 32: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

30

(преземено од „Евергетинос“ – „За покајанието: Никој и никогаш не треба да очајува, па дури и ако има направено многу гревови, туку треба да има надеж дека преку покајанието ќе биде спасен.“)

Еден брат, обземен од страста на блудот, грешеше секој ден. Но секој пат, со солзи и молитви ќе паднеше пред Господ и добиваше прошка од Него.

И откако ќе се покаеше, наредниот ден, бивајќи повторно заведен од срамната навика, пак ќе паднеше во грев.

Подоцна, откако ќе згрешеше, тој ќе отидеше во Црква, каде што ќе паднеше ничкум пред чесната и почитувана икона на нашиот Господ Исус Христос и со солзи Му се исповедаше на Исуса: „Господи, смилуј се на мене и отстрани го од мене ова страшно искушение, зашто тоа жестоко ме вознемирува и ме повредува со горкиот вкус на задоволствата. О, мој Господару, очисти ме уште еднаш, та да можам да погледнам кон Твојата икона и да Го видам Твојот свет образ и погледот на Твоето лице, посветло од сонцето, та моето срце да биде засладено и благодарно“.

И иако неговите усни штотуку ги прошепотија овие зборови, штотуку ќе излезеше од Црквата тој пак паѓаше во грев.

Но и покрај ова тој не очајуваше за неговото спасение, туку, враќајќи се од грешните дела, ќе се исплачеше во Црквата со истите зборови кон Бог, Господ, Кој го љуби човештвото, додавајќи го следново: „Господи мој, ти се заколнувам

дека повеќе нема да го правам овој грев. Само прости ми, Добар и Семилостив Господи, за сите гревови кои сум ги направил од почетокот до овој момент“.

Но штотуку ќе ги кажеше овие страшни зборови, веднаш ќе се најдеше заробен од овој злобен грев. Никој да не престанува да ѝ се чуди на огромната љубов Божја кон човештвото и на Неговата безгранична добрина, со која Он секојдневно го толерираше непоправливиот и лош престап и неблагодарноста на братот. Навистина, Бог, поради големината на Неговата милост, трпеливо го примаше покајанието на тој грешен брат и неговото неизбежно враќање. Зашто ова не се случуваше само една,

Г о л е м а та љ у б ов

Б о ж Ја ко н ч ов е ш т в о то

„Никој и никогаш не треба да очајува, па дури и ако има направено многу гревови, туку треба да има надеж дека преку покајанието ќе биде спасен.“

Page 33: Православна Светлина (14)

31

две или три години, туку повеќе од десет години.

Го гледаш ли брате, безграничното трпение и бескрајната љубов на Господ? Како Он постојано трпи, покажувајќи кон нас љубов, толерирајќи ги ужасните престапи и гревови? И она што предизвикува вчудовиденост и чудење од богатата милост Божја, е тоа што Он не се разгневи на братот, иако братот, ветувајќи дека нема повторно да падне во грев, постојано си го погазуваше зборот.

Во секој случај, еден ден, кога сè што претходно опишавме пак се случи, братот, откако падна во грев, поита кон Црквата, ридајќи, липајќи и плачејќи со болка, за да ја повика милоста Божја, за Он да го помилува и да го одземе од него гревот на неморалноста.

Но откако ќе Го повикаше Бога Кој ги љуби луѓето, веднаш ѓаволот, злобниот уште од дамнини, уништувачот на нашите души, гледајќи дека нема ништо да добие, зашто што и да стореше преку гревот, братот го бришеше преку неговото покајание, стануваше бесен и видливо се појавуваше пред братот. Застанувајќи пред иконата на Христос, ѓаволот Му рече на нашиот сострадателен Спасител: „Што има меѓу мене и Тебе, Исусе Христе? Твоето сочувство кон овој грешник ме поразува и го зема местото што јас го стекнав, зашто Ти постојано го прифаќаш овој распуштен и блуден човек, кој секојдневно Те исмева и го презира Твојот авторитет. Навистина, зошто не го изгориш, туку попрво, го толерираш и го трпиш?... Тоа е зашто еден ден планираш да ги осудиш сите прељуботворци и распуштеници и ќе ги уништиш сите грешници.

Всушност, Ти не си праведен Судија. Туку поради каприциозност Твојата сила понекогаш ја применуваш благо и ги превидуваш нештата. Па така, иако јас бев фрлен од небесата долу во бездната, поради малку гордост, овој човек овде, иако е неморален и блудник, Ти спокојно покажуваш сочувство, само затоа што тој паѓа ничкум пред Твојата икона.

Тогаш како може да бидеш наречен праведен Судија? Зашто, како што гледам, некои луѓе ги примаш со голема љубезност, но главно ја игнорираш правдата“.

Ѓаволот го кажа сето ова, затруен од голема горчина, додека од неговите ноздри испушташе црн пламен.

Откако ги кажа овие работи, замолкна. Како одговор се слушна глас кој

Page 34: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

32

доаѓаше од светиот олтар, велејќи го следново: „О, прелукав и погубен Змеју, уште ли не си задоволен од твојата злобна и деструктивна желба да го сотреш светот? Уште имаш и дрскост, па се обидуваш исто така да го проголташ овој човек овде, кој дојде со скрушеност да ја измоли милоста на Моето сострадание? Можеш ли да ми понудиш доволно гревови, па со нив, да ја натежнеш вагата на правдата наспроти скапоцената крв која ја пролеав на Крстот за овој човек? Гледаш ли ти, кој си убиец и смрт, што поднесов Јас за простување на гревовите?

Ти, кога тој пак ќе му се врати на гревот, не го одвраќаш, туку со радост го примаш, ниту го казнуваш ниту го заштитуваш од правење грев, со надеж дека можеби ќе го придобиеш; но Јас, Кој сум милосрден и ги сакам луѓето, Кој го советував мојот достофален апостол Петар, да ги простува гревовите седум пати по седумдесет (Мат. 18, 22), зарем не треба Јас да му покажам милост и сострадание? Навистина, едноставно зашто тој прибегнува кон Мене, јас нема да го оставам сè додека не го придобијам. Освен тоа, јас бев распнат заради грешниците и за нивно спасение; моите непорочни раце беа заковани на Крстот, така што оние кои сакаат можат да најдат прибежиште во Мене и да се спасат. Поради оваа причина, тогаш, јас ниту отфрлам ниту прифаќам некого, па дури и ако тој паѓа многу пати во денот и многу пати се враќа кај Мене; таквата личност не ќе го напушти мојот Храм тажна, зашто Јас дојдов не да ги повикам праведните, туку грешните на покајание“.

Додека се слушаше овој глас, ѓаволот беше закопан на место, треперејќи и немајќи можност да избега. Пак се слушна гласот кој рече: „Слушнавме дека велиш, Заведувачу, дека Јас не сум праведен; напротив, Јас сум праведен над сè. Во каква морална состојба ќе ја затекнам личноста, во таа и ќе ѝ судам. Види го овој човек кој пред малку се покаја, се одврати од гревот и падна пред моите нозе со искрена одлука да го напушти гревот, и така те победи.

Затоа Јас веднаш ќе го примам и ќе му ја спасам душата, затоа што тој не изгуби надеж во неговиот тежок труд за спасение.

Види колку многу вреди тој пред Мене преку покајанието, за што и ќе биде награден. А што се однесува до тебе, твојата омраза нека биде распарчена и ти да бидеш посрамотен“.

Додека го кажуваше ова, покајаниот брат се фрли пред иконата на Спасителот. Со лицето на подот и ридајќи, тој Му го предаде духот на Господа. Во истиот момент кога покајаниот брат се престави пред Господ, огромна бура падна врз Сатаната, како оган од Небесата, и го проголта.

Од овој настан, браќа, да се поучиме за безграничното сострадание Божјо и за Неговата љубов кон човекот – добар Господар имаме – та никогаш повторно да не се обесхрабруваме од нашите гревови, туку попрво со ревност да се грижиме за нашето спасение.

Превод од англиски јазик:Ѓакон Јани Мулев

Page 35: Православна Светлина (14)

33

„Обврска на општеството и Црквата е да се грижат за старите.Денешниот општествен систем на вредности не е благонаклонет кон старите.Што можат старите да направат сами за себе?Молитвата и внатрешниот Христов мир се појдовна основа за среќна старост.

Правење добри дела секому е смисла на староста и исполнување на евангелската љубов“.

Иако по прашањето за згрижување на старите лица нешто и е направено, сепак, мора да се констатира дека уште многу прашања се отворени

и нерешени. За жал, анализата на општествените вредности, посебно оние, со кои нè засипуваат медиумите, кажуваат дека старите немаат адекватно место во општеството, а младите се поттикнати да ги уриваат традиционалните односи кон нив.

Модерната философија на индивидуализмот и потрошувачкиот менталитет, бара да се живее и во животот да се ужива сам, односно, само со своето семејство. За родителите, роднините и пријателите, место има дури за Божик.

Од ТВ екраните нè заслепуваат со младост, убавина, здравје... На ТВ екраните нема место за реалноста, за болните, дебелите, старите... И зошто, потоа, сме зачудени кога младите ги доживуваат старите и староста на искривен начин, претставувајќи ја староста како ,,болест“, а секоја смрт како непријатност, секој погреб како мака. Таквото претставување на староста не е во сооднос со христијанското, православно сфаќање на општеството и животот.

КОГА СТАРОСТА СТАНУВА ,,ОПШТЕСТВЕН ПРОБЛЕМ“По ова прашање, Светото Писмо е извор на конкретни знаења и морални

начела. На пример, во Посланието до Ефесјаните, апостол Павле советува: ,,Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои, во името на Господа, зашто тоа е справедливо. Почитувај ги татка си и мајка си! – тоа е првата заповед со ветување, за да ти биде добро, и да живееш долго на земјата“ (6, 1-3). А во Посланието до Тимотеј, истиот апостол пишува: ,,Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко... старите жени – како мајки“ (5, 1-2). Во Посланието до Тит, апостолот, во духот на здравата наука, им дава совет и на старите како да се однесуваат: ,,Старците да бидат трезвени, целомудрени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението; старичките, исто така...“ (2, 2-3).

Доколку старите пропуштат да ги поучат младите во верата и здравата Христова наука, тие ќе ги заборават Божјите заповеди, па и советите на апостол Павле, да ги почитуваат своите родители, како и старите воопшто. Тогаш системот на вредности радикално се менува и настанува проблем во комуникациите меѓу

УБАВАТА СТАРОСТ Е БОЖ ЈИ ДАР

СТАРИТЕ Ò

Page 36: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

34

генерациите, а староста станува ,,општествен“ проблем.

ДА СЕ БИДЕ СТАРСо бели влакна и пензија, човекот некако се чувствува отфрлен од

општеството. Не е мал бројот на луѓето, кои во тој период се чувствуваат понижено, навредено, а многумина не го преживуваат тој (не)очекуван период од животот. Од друга страна, пак, и самите се свесни дека повеќе не се во состојба да ги следат иновациите и новотариите во процесот на производство. Поради тоа, кога ,,ќе заминат во пензија“, сè повеќе се сеќаваат на минатото, каде што сè е јасно и ним им е препознатливо, па затоа за себе мислат дека се млади и моќни и на сите потребни. Затоа старите се слични на децата. Сè повеќе се занимаваат со самите себе, а живеат од несреќа до несреќа, очекувајќи ја смртта. Се обидуваат да побегнат од неа, па дури се трудат да ги избегнуваат и мислите за неа. И повторно, во сето тоа, минатото се јавува како излез. Поради тоа, старите често им досадуваат на младите со оние познати рефрени, во кои го идеализираат минатото: ,,Во наше време...“, ,,Е, ние...“, ,,Некогаш...“. Сето ова не дава никаква основа за убава и среќна старост, а за младите ова е повод да ги избегнуваат ваквите луѓе. Овие искушенија треба да се победат. Впрочем, зошто се јавува паника? Па, можеби претстојат да се проживеат уште 10-20 години од животот. И, зошто тие години да ги проживееме во таква состојба? Поради тоа потребно е да го зграпчиме животот и од него да направиме нешто, да му дадеме смисла, да ѝ дадеме вредност на својата старост. Сето ова делува преродувачки, посебно на духовен план, а и самите стари ќе бидат задоволни кога ќе слушнат: ,,Колку е пријатен овој дедо“ или ,,Колку е пријатна оваа баба“. На крајот на краиштата, сè зависи од самиот човек.

МОЛИТВАТА ВОСПОСТАВУВА ВНАТРЕШЕН МИРСтарите најчесто посакуваат, младите (роднините, внуците, комшиите...) да

имаат повеќе време за нив, заедно да прошетаат, да им поправат некој апарат или намештај во домот, да поминуваат навечер во пријатен разговор... Секако, желбата им е оправдана.

Но, пред да се свртат старите кон младите, потребно е да погледаат дали самите можат да си помогнат на себеси. Тогаш времето е под целосна контрола. Првиот пат немате работни обврски, не морате да бидете ,,робови на работата, должностите и обврските“, а пензијата стигнува. Тоа е еден од убавите текови на модерното доба. Сега времето им е потчинето на старите, а не обратно. Тоа, навистина, е убава привилегија. ,,Ти ќе јадеш од плодовите на рацете свои: блазе тебе и добро ќе живееш“ (Псал. 127, 2). Значи, потребна е организираност. Имањето на некакво хоби е корисно потрошено време. Можеби грижата за градината или малиот овоштарник претставува мало задоволство. Меѓутоа, не треба да се заборави на Црквата и христијанската заедница. Ако сте немале време почесто да ја посетувате црквата и да учествувате во заедничките молитви, пригодните предавања или да учествувате во поклоничките патувања – еве можност! Ако некој, барем малку, е запознат со Православието, тогаш таквиот знае дека молитвата воспоставува внатрешен мир. Затоа е потребно, доколку поради заминувањето во пензија внатрешниот мир е нарушен, ова е можност

Page 37: Православна Светлина (14)

35

повторно истиот да се воспостави.Нашите молитви, упатени кон Господа Исуса Христа, се вистински начин, односно,

една од првите задачи на оние, кои влегле во животното доба, кое го нарекуваме старост. Потоа својот мир го подредуваме со другите. Мирот не е бесчувствителност, нирвана, мрзливост. Христовиот мир е најдобар внатрешен говор, заспивалка за дете, мелем на рана. Тоа е мир, кој не може светот да ни го даде, никој, освен нашиот Жив Господ Исус Христос. Христос ни ветил мир, а преку молитвата тоа ветување се исполнува. Според тоа, како да не се биде среќен, кога имаме таков, Божји мир во себе (,,Ете, Бог ми помогна; Господ е заштитник на животот мој“ (Псал. 53: 4)). Тој мир не може да ја наруши ни неправдата на младите, ни ситната злоба на познаниците... Благословена е староста, која носи мир за себе, но и за другите. Според тоа, помогнете и другите да стекнат Христов мир.

Внатрешниот мир ќе донесе и ведро срце, но и голема доверба во Божјите планови. Ако Христос говори дека ни влакно не паѓа од нашата коса, без волјата на Отецот, тогаш, според тоа, треба да веруваме дека староста можеме да ја уредиме со сопствените човечки сили, нормално, со Божја помош. Зашто, ако погледнеме околу себе и ако видиме кој од нашите познаници заминал на оној свет, тогаш не можеме, а да не се запрашаме, зошто Бог не нè повикал и нас? Дали Он има уште некои планови со нас овде, на земјава? И зошто, тогаш, да им се спротивставуваме на тие планови и зошто да не се соочиме со животот? Човекот е стар само еднаш во животот, а тоа е доволна причина тој период да го направиме убав и богат.

РЕШЕНИЕ: ДА ПРАВИМЕ ДОБРО СЕКОМУ!Едно од најтешките човечки чувства е дека повеќе не сме потребни никому,

па дури ни на сопствените деца. Можеби и не сме, но да размислиме: дали некому сме потребни? Легитимацијата на православниот христијанин е добрина и љубов кон ближните. Па, зошто нив да ги нема во староста? Во тоа е решението. Да се потсетиме дека апостол Павле, во Посланието до Галатјаните рекол: ,,Добро е секогаш да ревнувате во доброто“ (4, 18), односно: ,Додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера“ (6, 10).

Значи, според Светото Писмо, старите луѓе имаат место во општеството, и не само место, туку и одредена мисија. Да ги нема старите, општеството не би било комплетно и нешто би му недостигало. Староста, на одреден начин, ја потсетува младоста дека сè има крај, па и младоста, и дека треба да се мисли и на душата. А душата се спасува со вера и добри дела. Само да се потсетиме, кој нам ни ја проповедаше верата во родителскиот дом. Бабите и дедовците. Додека нашите родители заработуваа за живот, нашите баби и дедовци (нормално, оние, кои имале среќа да ги имаат), тие ,,мудреци без училиште“, на внуците им ги пренесуваа даровите на верата. На таков начин тие двојно биле корисни – и себеси и на другите. Тоа е начин и денешните постари лица да не очајуваат, зашто тоа не е својство на христијанинот, туку да ја следат евангелската и народната мудрост и да бидат расадници на Христовата вера. Меѓу нас, главно, така било, а дај Боже така и да остане. И зошто оваа, од Бога благословена пракса, да не ја задржиме и понатаму?

Д-р Зоран Милошевиќпревод од српски јазик: протоереј Златко Ангелески

Page 38: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

36

БОЛЕСТИТЕ се ненормална и неприродна појава, најчесто стекнати во текот на животот. Истите се директна последица на непочитувањата и кршењето на основните природни закони кои се однесуваат на чувањето и унапредувањето на здравјето. Се јавуваат поради намалената општа отпорност на организмот, загадената животна и социјална средина, телесните и психичките напори, душевната дисхармонија, како и грешките во исхраната. Болестите се последица и на гревовите и уживањето како што е кариесот, кој се јавува поради консумирање на храна богата со шеќери, потоа сидата и другите сексуално преносливи болести, кои се последица од уживањето во развратот. Сидата е болест на болни навики, а се јавува кај оние кои не водат благословен брачен живот од Бога.

Болестите како судбинаБолестите ги прифативме како неизбежна судбина, помирувајќи

се со фактот дека порано или подоцна ќе се разболиме. Болестите се срам на целото човештво кое и покрај напредокот на современата медицина, сè повеќе и повеќе здравствено дегенерира. Во светот во кој живееме, болен и исполнет со променливи и смртни материјални предмети, болестите, страдањата и тагата станаа нормални животни сопатници. Веќе се навикнавме и некако стана нормално луѓето физички да пропаѓаат и да боледуваат, и наместо од старост, да умираат од болести, „нормалност“ што во својата суштина значи ненормалност. Иако за т.н. модерен свет здравјето претставува единствена нормална состојба на човекот, истото има своја граница, а тоа се болестите и смртта кои го откриваат конечниот и непрестан пораз на човекот и животот, порази кои не можат да ги надминат дури ни делумните победи на медицината, колку и да се тие чудесни и фасцинантни.

И СЗО во своите извештаи предупредува за значењето на хроничните незаразни болести чие ширење добива светски размери. Се предвидува дека за три децении причините за глобалниот морталитет ќе бидат слични насекаде (ако не ја броиме сидата, која ќе биде водечка во сиромашните земји). Повеќето од луѓето ќе умираат во поодмината старост од болести на срцето и крвните садови, карцином и болести на дишните патишта, со тоа што големи изгледи да избие на прво место има карциномот.

Како причина за тоа во неразвиените земји се наведува пред

За болестите

Page 39: Православна Светлина (14)

37

сè преземањето на нездравиот „западен“ начин на живот, потоа неправилната исхрана, недоволното движење, уживањето во алкохол и цигари, како и стресот. На ова се надоврзува и отсуството на хармонија, душевна рамнотежа, мирољубивост и разбирање.

Болестите се добар лек против многу гревовиБолестите според Библијата во својата суштина се манифестација

на злото, гревот (на првиот човек) и на Божјиот суд. Оттука, од повеќето патишта кои водат кон здравјето, патот кон Бога е еден од најважните, а негови правци се верата и потребата од Бога, молитвата и покорувањето на Божјите закони. Сè додека првите луѓе не згрешиле, дотогаш тие биле здрави и со тело и со душа. А потоа, бидејќи повеќе не биле во можност да се зачуваат од гревот, како последица од паѓањето во грев следувале и болестите. Затоа сите ние сме болни, кој помалку, кој повеќе во зависност од напластените гревовни талози во нас.

Од болестите слабеат страстите и затоа, за да ги исцели нашите души, Бог од љубов кон нас допушта телесни болести. Болеста ни доаѓа за да ја промениме нашата животна философија. Болеста не е зло, туку начин да се запре распаѓањето на програмата на духот. Без духовна промена не може да се излечат ниту телесните, ниту душевните болки.

Блажен е оној кого го казнуваш Ти, Господи, и го подучуваш на Твојот закон. Оној што го сакаш Ти и мака му даваш. Ти допушташ глад и жед, болест и мака и сиромаштија врз луѓето од две причини: прво, оние кои го поднесуваат сето тоа преку трпение да го омекнат и облагородат своето срце и да се сетат на Тебе и да Ти пристапат со вера и молитва, а второ, оние што не трпат, богатите и ситите, облечените и здравите, моќните и ослободените, да ја видат бедата на човекот и со милостина да ги омекнат и облагородат своите срца и во страдањето на другите да го почувствуваат своето страдање, во туѓото понижување - своето понижување, та да го разберат братството и единството на сите луѓе на земјата.

Бог и лекаротБог ги викнал сите луѓе и почнал да им дели казни, заради кршење

на Неговите закони. Притоа лекарот добил најголема казна. Тој се побунил: „Зошто јас

добив најголема казна? Јас сум лекар, им помагам на луѓето и ги спасувам од секакви болки“. Бог одговорил: „Токму затоа, зашто јас им праќам болести на луѓето заради нивните гревови како претпазливо средство против идните прегрешенија, а ти им пречиш да го сфатат тоа“.

Штип, 2.XII 2009 лето ГосподовоПрим. д-р Тодор ВлахчевПрим. д-р Зоран Живков

Page 40: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

38

Еден од најважните начини за подготвување за смртта е сеќавањето и размислувањето за смртта. Очигледно е од горенаведените зборови на Спасителот, дека тоа е заповедано од Господ. И Светото Писмо на Стариот Завет говори: „Спомнувај си за твојот крај, и никогаш нема да згрешиш“ (Мудр. Сир. 7, 39). Светите монаси со посебно внимание го обработувале овој дел од умствениот подвиг. Кај нив размислувањето за смртта, осенето со благодатта, се претворало во живо созерцание на тајните на смртта, а таквото созерцание го следела горешта молитва со обилни солзи и длабоки крикови на срцето. Без сеќавање на смртта и Судот Божји, тие го сметале за опасен и самиот возвишен подвиг, кој би можел да даде повод кон себеизмама.

Преподобен Антониј Велики во поуките своите ученици ги советува на размислување за смртта: „Набљудувајќи ја, - вели тој - превртливоста на човечкиот живот и неизвесноста на неговиот крај, ние со такво размислување ќе се оддалечиме од гревот. Кога ќе се разбудиме, сосема е несигурно – дали ќе ја дочекаме вечерта. Повторно, кога сакаме да го одмориме телото со сон, исто е така неизвесно дали ќе ја видиме светлоста на наредниот ден. Размислувајќи за несигурноста на нашиот живот и природа во секој поглед, ние доаѓаме до познание дека Божјата Промисла управува со нас. Тогаш престануваме да грешиме и да им се восхитуваме на позициите пусти и ништожни, тогаш не се гневиме на никого, не се стремиме кон собирање на земски богатства, сè што трулежно го уништува со стравот од можното секојдневно заминување од тука и со непрестајното размислување за одвојувањето на душата од телото; тогаш престанува да дејствува љубовта кон женскиот пол, се гаси пламенот на плотската љубов, си ги простуваме гревовите еден на друг, имајќи го пред очите непрестајно доаѓањето на конечниот исход. Со бојазливоста од судот и стравот од маките се уништуваат лажливите похоти на телото и воедно се попречува душата, кога ќе тргне кон гревопад.

Свети Исаак Сириски вели: „Кој е достоен да се нарече разумен? Оној кој вистински разбрал што е крајот на овој живот; тој може да стави крај на своите гревови. Првата мисла е упатена од човекољубието Божјо кон човекот, насочувајќи ја душата негова кон вечен живот, е мислата за исходот која се врежува во срцето. Таа мисла природно ја следи презирот кон светот; со неа се зачнува во човекот секоја добра побуда која го поучува во животот. Божествената сила, која содејствува во човекот, кога сака да го покаже животот во него, му ја полага таа мисла како темел,

авање на смрттаСв. Игнатиј Брјанчанинов

Page 41: Православна Светлина (14)

39

како што рековме. Ако човек не ја згасне со животни грижи и суета, туку прерасне во безмолвие, задлабочувајќи се во себе и занимавајќи се со неа: тогаш ќе го однесе таа во длабоко спознание, неискажливо со збор. Оваа мисла крајно ја мрази сатаната и ја употребува сета сила, за да ја искорени од човекот. Кога би било можно, тој би му го дал на човекот царството на целиот свет, та по пат на заборав да ја избрише таа мисла од човечкиот ум; тој тоа би го направил со радост, кога би можел. Лукав еден! Знае тој, ако помислата за смртта се вкорени во човекот, дека неговиот ум нема да остане повеќе на страната на измамата и дека демонските лукавства нема веќе да ги прима. Немојте да помислите дека ние говориме за првата помисла која со своето напомнување поттикнува во нас сеќавање на смртта; ние говориме за полнота на делото, кога непрестајно му доаѓа на човекот потсетување и размислување за смртта, која секогаш го утврдува и доведува до восхит. Првата помисла е телесна, а оваа втората е - духовна состојба и прекрасна благодат, кога човек е облечен со светли мисли. Кој го стекнал тоа, не обраќа внимание на светот и не се грижи за своето тело“.

Кога ќе се приближиш до својата постела речи ѝ: „О, кревету мој! Нема ли оваа ноќ да ми станеш гроб? Неизвесно ми е, ќе сака ли оваа ноќ наместо времен сон, да ме стигне идниот вечен сон. Додека имаш нозе, итај на работа, пред да бидат врзани со синџири, кои веќе не можат да се одврзат. Додека имаш раце, шири ги на молитва, пред да дојде смртта. Додека имаш очи, исполнувај ги со солзи, пред да ги покрие прав. Како што вене ружата, штом ќе ја дувне ветар, така и ти умираш штом ќе се измести во тебе било која од стихиите кои влегуваат во твојот состав. О, човеку! Вкорени во твоето срце мисла за твоето заминување, и предупредувај се себеси непрестајно: Еве! Оној кој за мене е испратен веќе стигнал до вратата. Зошто седам? Ме чека патување вечно, без враќање!“.

„Како што е лебот попотребен од секоја друга храна“, - вели свети Јован Лествичник, „така и размислувањето за смртта е попотребно од секој друг подвиг. Сеќавањето на смртта ги поттикнува монасите кои живеат во заедница на труд, на непрестајно усовршување и остварување на евангелските заповеди, а особено на радосно поднесување на навредите. А кај оние кои живеат во безмолвие тоа доведува до прекратување на грижите за било што земно, до непрестајна молитва и чување на умот. Тие добродетели истовремено се мајка и ќерка на сеќавањето на смртта. Дејственото сеќавање на смртта го пресекува невоздржувањето во храната; а кога тоа е пресечено со смирение - заедно со нив се отсекуваат и другите

Page 42: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

40

страсти. Како што отците тврдат дека совршената љубов не може да падне, така и јас мислам дека совршеното чувствување на смртта е лишено од страв. Како што некои ја замислуваат бездната бесконечна, врз основа на самиот назив, така и помислата на смртта прави нашата чистота и подвиг да станат бесмртни. За човекот е невозможно еден ден да помине побожно, ако не мисли дека тоа е последниот ден од неговиот живот. Треба да знаеме дека сеќавањето на смртта, како и секоја друга добрина, е дар Божји. Ние често остануваме без срце, рамнодушни, дури и кога се наоѓаме крај самите гробови, а многу често нè допира сосема спротивна глетка.

Великиот Варсонуфиј тврди дека човекот кој ја отсекува својата волја во сè, имајќи смирено срце и секогаш смртта пред очи, може да се спаси со благодата Божја било каде и да е, со него нема да завладее страв: таквиот го заборава она што е зад него, а се стреми кон она што е пред него. „Нека ја закрепне твојата мисла“, - му пишува овој преподобен отец на некој брат, „сеќавањето на доаѓањето на смртта чиј час е неизвестен за било кој од луѓето. Да се погрижиме да правиме добро, пред да заминеме од овој живот. Не знаеме во кој ден ќе бидеме повикани, да не ни се случи да бидеме неподготвени и да останеме надвор од дворот со петте немудри девојки кои ги зедоа фитилите, но не зедоа елеј во своите садови“. На друг брат преподобниот му пишува: „Сфати, дека времето не се колеба, и кога ќе дојде часот, весникот на смртта е неумолив. Кој го молел, и бил услишан? Тој е вистински слуга на вистинскиот Владика, кој во потполност ја исполнува наредбата Негова. Да се исплашиме од страшниот ден и час, во кој нема да нè заштити ни брат, ни роднина, ни управител, ни власт, ни богатство, ни слава: туку ќе остане само човекот и неговиот труд“. Добро е човекот да се сеќава на смртта, за да го усвои знаењето за својата смртност: смртниот - не е вечен; а невечниот ќе биде принуден да го напушти овој век. Со непрестајното сеќавање на смртта човекот почнува и несакајќи да прави добро.

Преподобен Филотеј Синајски го советува Христовиот подвижник, цело утро да го посветува на трезвена и долготрајна молитва, а по земањето на храната некое време да посвети на сеќавањето и размислувањето за смртта. Наведувајќи го сведочењето на овој древен Отец, преподобниот Нил Сорски исто така советува за време на трпезата да се посветува на размислување за смртта и судот. Со оваа поука на Светите Отци, изведена од блажениот опит, корисно и потребно е да се служат сите кои сакаат да се научат на сеќавање на смртта, кои сакаат да се ослободат од лажната и измамлива мислена состојба, со која човек самиот на себе му се чини како да е вечен на земјата, и смртта ја смета како дел само на другите луѓе, а никако за свој. По напорното принудување на активно размислување за смртта, милосрдниот Господ испраќа жив предвкус на тоа сеќавање – и тоа доаѓа да му помага на подвижникот Христов при неговата молитва. Тоа благовремено го возведува на страшниот Христов суд; на тој суд човекот правовремено го измолува човекољубивиот Господ за простување на своите гревови, и го добива. Поради тоа свети Јован Лествичник и рекол дека „за оној кој вистински се моли, молитвата е суд Господов, судење пред престолот Негов уште пред Страшниот суд“ (Лествица, XXVIII).

Преподобниот Филотеј Синајски сведочи дека сеќавањето на смртта (така

Page 43: Православна Светлина (14)

41

воопшто светите Отци го нарекуваат размислувањето за смртта) го очистува умот и телото. „Гледајќи ја нејзината убавина, - вели тој - и како обземен со духот, а не со окото, посакав таа да ми биде сопатничка во текот на овој земен живот, станувајќи љубител на нејзиното благолепие и добродетели. Колку е таа смирена, радосно-тажна, промислена! Колку таа непрестајно се плаши од идните праведни маки! Колку таа се плаши да го одолговлекува од ден на ден добродетелниот живот! Таа излива од сетилните очи жива, исцелителна вода, а од духовните очи – извор на најмудрите мисли кои течат и избиваат, веселејќи го разумот. Оваа, како што реков, ќерка Адамова, сеќавањето - велам - за смртта, копнеев постојано да го добијам за нераздвојна сопатничка, и со неа да беседам и истражувам, што ќе биде по раздвојувањето од телото“.

„Постојаното и живо сеќавање на смртта раѓа плач, соединет со радост и умиление, и трезвеност на умот“ (преп. Филотеј, гл. 13).

„Кој внимателно го поминува својот живот, непрестајно пребивајќи во сеќавањето на смртта и размислувајќи за неа, и со тоа премудро го одвлекува умот од страстите, појасно ги гледа постојаните наезди на демонските предлози, отколку оној кој сака да го минува животот надвор од сеќавањето на смртта, чистејќи го срцето само со помош на разумот, а не чувајќи ги своите мисли секогаш со плач и тага. Таквиот мислејќи дека со својата остроумност ќе ги победи сите погубни страсти, врзан е, не знаејќи го тоа, со најлошата од нив, и често тргнува далеку од Бога со своето високоумие. Таквиот мора строго да пази на себе, за да не се возгордее, и поради тоа да се мрдне од умот. Обично душите, вели Павле, кои собираат знаење од сите страни, се вознесуваат над малите, какви што им се чинат тие: во нив нема ни пламенче вистинска љубов, како што мислам јас. Наспроти тоа, кој има сеќавање за смртта, ги гледа појасно наездите на демоните, и секоја вечер ги победува и прогонува“ (преп. Филотеј, гл. 21).

Page 44: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

42

Навистина, многу добродетели содржи во себе активното сеќавање на смртта: тоа е мајка на плачот, поттик кон воздржување во сè, потсетување на геената, мајка на молитвата и солзите, раѓање на бестрастието со разоткривање на краткотрајноста на животот, извор на остроумие соединето со благоразумноста; нивни деца се - двостраниот страв Божји и очистувањето на срцето од страсните помисли, со што се опфаќаат многу заповеди“ (преп. Филотеј, гл. 38).

Свети Исихиј Ерусалимски вбројува меѓу начините за трезвеност непрестајно држење во душата на сеќавањето на смртта. Тој го споредува сеќавањето на смртта со вратар кој стои на вратата на душата и им забранува на злите помисли да влегуваат во неа. „Треба“, - вели тој – „ако е можно постојано да се сеќаваме на смртта. Од таквото сеќавање во нас се раѓа одложувањето на грижите и на сè што е суетно, чување на умот и постојана молитва“ (Слово за трезвеноста, гл. 17, 18).

Постојаното сеќавање на смртта е прекрасна благодат, учество на светите Божји, првенствено на оние кои се предале на грижливо покајание во ненарушено безмолвие. Само во безмолвие созреваат и цветаат највозвишените добродетели, како што во стаклени бавчи се негуваат најретките и најдрагоцени садници! Но и ние, немоќните и страсни, треба да се принудуваме себеси на спомнување на смртта, да создаваме во срцето навика за размислување за неа, без оглед што

Page 45: Православна Светлина (14)

43

таквото размислување за неа е спротивно на гревољубивото и сластољубиво срце. За таквото поучување, согласно со горенаведеното учење на светите Отци, корисно е секојдневно да се одвои извесно време, ослободено од грижи, кое ќе се посветува на сеќавањето на страшната, неумолива смрт. Колку и да е неизбежен тој настан на секој човек, сепак на почетокот е потребен голем труд во принудувањето на себеси дури и на површно сеќавање на смртта, што служи како еден од бескрајните докази на падот на нашата природа, кои таа во себе ја носи. Непрестајното расејување на мислите, на што сме навикнати, и мрачниот заборав, непрекинато им ја поткраднуваат мислата за смртта на оние кои почнуваат да се трудат често да размислуваат за неа. Потоа се јавуваат други противења: неочекувано се појавуваат поважни работи и грижи токму во оној час, кој сме го одвоиле во денот за грижа за својата вечност, за да ни го украдат тој час, а потоа, потполно да ни го украдат и самиот труд, дури и самото сеќавање за духовниот опстанок, најспасоносното дело – размислувањето за смртта. А откако ќе ги видиме замките на воздушните власти, и ќе го прекинеме подвигот: тогаш ќе видиме во себе нова борба против него – помисли на сомнеж во исправноста и ползата на подвигот, помисли на исмевање и хула како го нарекуваат чуден, глуп и смешен, помисли на лажно смирение кои ни советуваат да не се одвојуваме од другите луѓе во нашиот живот. Ако по големата милост Божја, се освои и оваа битка, - самиот мачен страв, предизвикан од делотворното сеќавање и претставување на смртта, како нејзин предвкус, на почетокот е необично тежок за нашиот стар човек: тој доведува до ужас на умот и мечтата; студен трепет поминува низ телото, го потресува, раслабува; срцето се мачи со неподнослива тага, поврзана со безнадежност. Не треба да се отфрла оваа состојба, не треба да се плашиме дека неговите последици ќе бидат погубни. „За секого кој почнува да живее по Бога“, - вели свети Симеон Нов Богослов, - „полезен е овој мачен страв и болката која од него произлегува. Кој мисли да постави почеток без ваква болка и оков, не само што полага темел на песокот од својот труд, туку е и сличен на оној кој се обидува да изгради храм на воздух, без никаков темел, што е невозможно. Од оваа болка наскоро се раѓа секоја радост; со овие окови се кинат сите прегрешенија и страсти; овој мачител станува причинител не на смртта, туку на вечниот живот. Кој нема да ја избегне болката која се раѓа од стравот од вечните маки, и не избега од неа, туку по волја на срцето му се предаде и ги стави на себе синџирите, тој, сообразно на тоа, почнува наскоро да се качува и тој го претставува Царот на царевите. А кога ќе се случи тоа, и подвижникот донекаде ќе ја види славата Божја: тогаш брзо се раскинуваат оковите, го снемува мачниот страв, болката на срцето прераснува во радост, се јавува изворот на чувството од кое како река течат непрестајни солзи, а во мислите се раѓа тишина, кротост, неискажано умиление, смелост што слободно и непречено водат кон потполно исполнување на заповедите Божји“ (Добротољубие I дел). Очигледно е дека: до таква промена доаѓа од благодатната појава на надеж за спасение во срцето. Тогаш, при размислувањето за смртта тагата се меша со радост, а горките солзи преминуваат во слатки солзи. Човекот кој почнува да плаче спомнувајќи си за смртта, мислејќи при тоа на казната, ненадејно почнува да плаче при тоа размислување како за враќање во својата бесценета татковина. Таков е плодот на

Page 46: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

44

сеќавањето на смртта. Со оглед на вредноста на плодот, потребна е внимателност при неговото обработување и надминување на сите препреки со разумен труд и постојаност: треба да веруваме дека плодот ќе го обереме во свое време, по милоста и благодатта Божја. Сеќавањето на смртта, проследено со стравовите кои не го напуштаат, ова сеќавање, поврзано со усрдната молитва и плачот за себе, може да ги замени сите подвизи, да го опфати сиот човечки живот, да му овозможи чистота на срцето, да ја привлече кон него благодатта на Светиот Дух, и со тоа да му подари слободен лет кон небото, покрај воздушните власти.

Пред да достигнеме до таква молитвена блажена состојба, при која умот непосредно го гледа претстојниот крај, и се ужаснува од смртта, како што и му приличи на созданието да се ужаснува од заканата на Творецот, изречена заедно со заповедта, - полезно е да се буди во себе сеќавањето на смртта со посетување на гробовите, со посетување на болни, со присуствување при смрт и погреб на блиски, со често размислување и обновување во сеќавањето на различните начини на смрт во нашето време, за кои сме слушале и чии сме биле очевидци. Колку наши познаници, сакајќи го овој земен живот и уживајќи во неговите волшепства, надевајќи се дека долго ќе живеат, зашто не биле стари, беа покосени со ненадејна смрт! Никој од нив не беше во состојба да ѝ каже на смртта откако дошла: „Почекај! Бегај! Јас уште не сакам да умрам!“ Некој од нив не стигнале ни на смртниот час да остават било каква порака или простување; некои биле зграбени сред весела гозба, со раскошна трпеза: некои умреле на пат; некои се убиле самите, а некои биле убиени; едни биле растргнати од ѕверови, а други легнале на постела за со краткотраен сон да го одморат телото, а заспале во вечен сон. Да погледнеме околу себе: колку од многу роднини, пријатели и познаници, земени од смртта, се оттргнати од нашето општество! Славните меѓу нив оставиле имот и пари, собирани со голем труд, чувани со голема себичност. Смртта ги раздвоила родителите од многубројните семејства, сопругот од сопругата, другарот од другар; таа го погодила генијот среде неговите велики дела; таа го грабнала од човечкото општество неговиот најважен член, и тоа во моментот кога имало најголема потреба од него. Никој не можел да ја запре и да ѝ се спротивстави; никој не можел од нејзе да добие објаснување за нејзиното дејствување, толку непомирливо со човечкиот разум. Што не е променливо? Што има било каква постојаност? Навистина – само животот во Христа, кој се продолжува надвор од границите на гробот и расцутува во полна убавина и светлост по смртта на телото. А сè друго се слаби отсјаи, лажливи како сновиденија... Долгогодишните човечки маки ги уништува смртта во еден момент, во еден миг (Свети Нил Сорски, 7 слово).

Превод од српски јазик:Снежана Колевска, дипл. теолог

Наслов на изворникот:Свети Игњатије Брјанчанинов,

Слово о смрти, Памћење смрти или сећање на смрт,

Београд, 1994.

Page 47: Православна Светлина (14)

45

Нашето тело е храм на Светиот Дух (1. Кор. 6, 19). Како дар Божји и како живеалиште т.е. дом на Светиот Дух, ние треба да го чуваме и негуваме, не само надворешно, преку одржување на хигиената, туку и внатрешно, што е многу поважно од претходното, чистејќи го со небесните средства, молитвата, постот и подвигот, подготвувајќи го на тој начин за достоен дом на Оној, Кого ни вселената не го собира.

Постојат многу постапки преку кои ние не одговараме соодветно на поставената задача, односно на смислата на нашето постоење која се состои во целосно предавање на нашето психосоматско битие во служба на Бога, т.е. во исполнување на Неговите заповеди и достигнување на крајната цел - благодатно уживање во заедница со Бога и со оние кои се удостоиле да Го носат Бога во своето срце. Сите тие наши недела се вбројуваат главно во две групи: во правење на зло, во сите негови форми и начини, и во неправење на добро, во сите негови форми и начини. И двете, како свои карактеристики, ги поседува гревот на самоубиството.

Со последиците што ги предизвикува, самоубиството претставува една, условно кажано, пасивна состојба од која човекот не може да се движи ни кон доброто ни кон злото, и претставувајќи истовремено совпаѓање на гревот и на смртта, го лишува самоубиецот од благодатната помош на молитвите на Црквата, бидејќи нејзе ѝ е наредено да се моли за оние кои умираат во покајание. Како такво тоа претставува грев против самиот живот, како најголем дар Божји, а воедно и хула против Светиот Дух, бидејќи со него се разрушува храмот на Светиот Дух - човековото тело. Токму затоа самоубиството во црковната терминологија се именува како непростив грев.

†Со занемарливи исклучоци, во тек на болна состојба или пак предано

заштитување на стопанот по соодветна дресура, самоубиството не е познато во животинскиот свет, а скоро во сите религии и философски системи е осудувано како тежок грев. Во номадските и ловечки племиња немоќните и стари луѓе, по нивна желба, биле или убивани или се самоубивале. Кај старите Скити, старите и неподвижни луѓе, сами се спалувале на клада за на тој начин да ги поштедат младите од чувството на виновност поради убиство. Во многу индијански племиња, пак, жените сами се спалувале по смртта на мажот или детето. Старите Грци го сметале за разумен и херојски чинот на самоубиство кога станувало збор за

ЗА САМОУБИСТВОТОБобан Митевски, дипл. теолог

Page 48: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

46

родољубие, избегнување на обесчестување и кога биле во ситуација да паднат во рацете на непријателите. Доколку самоубиството било направено од други причини, тогаш постоел закон според кој таквите самоубијци биле погребувани надвор од општите гробишта, а раката со која е извршено самоубиството била отсекувана и закопувана посебно од трупот. Оправдување за овој закон наоѓаме кај Аристотел и Платон, кој вели дека таквите гробови не биле означувани ни со стапови, ни со име. Во некои секти на будизмот, заради достигнувањето на посебна состојба - нирвана, било одобрувано самоубиство, кое било разбирано како моментална смрт, преку умртвување на секаква желба и потреба. Јаинистите го осудувале ваквиот начин, препорачувајќи смрт преку гладување, а, пак, други го осудувале велејќи дека самоубијците се раѓаат како демони, а монасите кои проповедаат самоубиство за излез од овој беден живот повеќе не биле сметани за монаси. Во Кина на војсководците што ќе претрпат пораз, на управниците што ќе паднат во немилост на царот и на оние чија завера ќе биде откриена им било дозволувано да се убиваат, не чекајќи тоа да го направи џелатот. Исто така, постојат и случаи кога на жените што не сакаат да се венчаат за некого, сметајќи го тој брак за понижување, им било дозволувано да се самоубијат, а исто така и на робовите што не сакале да ја исполнат волјата на својот господар, на осуденикот што не сакал да оди во ропство итн. Неколку философски системи го одобрувале самоубиството, и тоа: циниците, а особено стоиците кои во него гледале беспрекорен аристократски чин, опишувајќи го како привилегија на мудриот, т.е. на човекот на доброто, кој содржи специфичен римски квалитет што се гледал во приврзаноста кон слободата, доблеста, достоинството и верноста, велејќи притоа дека обичниот човек живее колку што може, а возвишениот човек колку што мора. Оваа девиза јасно се заклучува од нивното учење во кое тие велат дека вечниот закон ништо подобро не можел да даде од тоа, да му обезбеди на нашиот живот, кој има само еден влез, повеќе излези. Тие велеле: Ти се допаѓа ли да живееш? Живеј! Не ти се допаѓа? Можеш да се вратиш од каде што си дошол. Во духот на ваквото поимање на животот лежи и еден од двата столба на стоицизмот - слободата, поврзан како поим со смртта на Катон, кој во една прилика извикува: …и докрај ќе го следам твоето име, Слободо, дури и тогаш кога ќе бидеш празна сенка. Имено, откако ја изгубил војната со Цезар, кај островот Џерба (Дјерба), тој заедно со своите соработници се повлекол во градот Утика, што се наоѓал северо-западно од Картагина. Сенаторите на градот сакале да пратат молба до Цезар да биде поштеден Катон, но самиот тој го одбил тоа, велејќи: Победениот треба да се моли и да бара прошка од оние на кои им нанел зло. А јас се чувствувам како победник во војната со Цезар. Вечерта, по една исцрпна дискусија, Катон им рекол на своите команданти да го напуштат градот со војниците и со сите жители. Откако се поздравил со сите и со својот син, отишол да легне, читајќи го пред да заспие Платоновиот дијалог за душата. Подоцна, откако се разбудил, побарал од слугата да му донесе меч и по констатацијата дека е остар, извикал: Сега сум свој господар. На полноќ, кога неговиот пријател Бутас го известил дека сè е мирно на пристаништето, му рекол да си оди и да ја затвори вратата и инсценирал дека легнува да спие. Бутас сè уште не бил излезен од просторијата кога Катон си го зарил мечот во градите, но поради повредата на раката раната не била доволно

Page 49: Православна Светлина (14)

47

кобна. Бутас го повикал лекарот и тој го сошил искрвавениот Катон. Но овој, откако дошол при свест, со рацете ја отворил раната и умрел. Еден век подоцна, Сенека, кој исто така ќе се убие поради тиранството на Нерон, повикувајќи еден бог што го нарекувал Јупитер Либератор (Ослободител), во својот трактат „За Провидението“, каде ја опишува и смртта на Катон, вели: Се погрижив (зборувајќи од името на Бога) да не ве спречувам за нешто што го правите по сопствена волја; излезот ви е широко отворен; од сите неизбежности на кои ве подложив, не направив ни една што е полесна од смртта… Вие си ја носите смртта под рака. Цицерон во еден трактат напишан во 46 година пред Христа, кога и умрел Катон, вели: Катон умре со еден таков квалитет на духот што тоа за него беше радост што најде можност да се збогува со животот. Бидејќи животот не треба да се напушта без наредба на Господ Бог кој има над нас суверена моќ. Но, кога самиот Бог ќе направи во нас да се роди еден правичен мотив, како некогаш за Сократ, и како денес за Катон…, мудриот човек излегува задоволен од мракот, за да навлезе и да престојува во светлината.

Во Светото Писмо ни се спомнуваат неколку случаи на самоубиство. Во Првата книга Царства, во триесет и првата глава, каде што се опишува пропаста на Саул во неговата борба со Филистејците, во четвртиот и петтиот стих се вели: Тогаш Саул му рече на оруженосецот свој: извади го мечот и заколи ме со него,

Page 50: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

48

да не дојдат оние необрезани и да ме убијат и да не си поигруваат со мене. Но оруженосецот не сакаше, бидејќи многу се плашеше. Тогаш Саул го зеде мечот и се фрли врз него. Оруженосецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре со него. Друг случај на самоубиство е примерот со Ахитофел, предавникот на царот Давид: Ахитофел кога виде дека советот негов не се исполни…, направи завештание за домот свој и се обеси… (2. Цар.17, 23).

Во Новиот Завет како единствен случај се споменува самоубиството на Јуда, предавникот на Господ Исус Христос. Тој иако рекол: Згрешив што издадов крв праведна (Мат. 27, 3-4), не се покајал искрено, туку површно и кобно, како што велат Светите отци, со што најдобро ни се покажал падот во очајание, по кој следи самоубиството. Во грчкиот текст, на ова место не е употребен глаголот „метаноја“, со кој обично се означува вистинското покајание, туку глаголот „метамеломе“ за да се означи површното каење. Случајот на Јуда, архимандритот Јустин Поповиќ го оценува вака: Богоубиството заврши со самоубиство.

Во нововековието, познати луѓе од областа на литературата, уметноста и философијата, што извршиле самоубиство се: францускиот поет и прозаист Жерар Де Нервал, кој пред да се обеси, во своето проштално писмо напишал: Ноќта ќе биде црна и бела. Потоа рускиот поет Сергеј Есенин, кој со крвта од пресечените вени ја напишал песната: Догледање другар, догледање. Српскиот поет Бранко Миљковиќ се збогувал од овој свет со своите последни зборови: Ме уби пресилниот збор. Потоа познати се и самоубиствата на германските писатели Штефан Цвајг и Валтер Бенјамин, извршени поради срамот и несогласувањето со нацистичката политика на Хитлер; Фридрих Ниче, Винсет ван Гог, Хајнрих фон Клајст, Владимир Мајаковски, Вирџинија Вулф, Чезаре Павезе, Паул Целан, Анри де Монтерлан, Ромен Гари, Антонин Арто, Бранко Ќопиќ, Наум Манивилов, Радмила Трифуновска, Јасунари Кавабата, автор на познатиот роман „Земјата на снегот“, потоа Ријуносуке Агатава, Мишима, Ернест Хемингвеј, Марина Цветаева и др. Во областа на философијата како проповедници на самоубиството, а и виновници за оние што скокале во Сена и си ставале јаже на вратот, се посочени француските философи на светлината. Монтескје во своето дело „Персиските писма“ и Жан-Жак Русо во „Јулија или новата Елоиза“ го оправдуваат самоубиството. За вториот постои и сомневање дека не умрел од природна смрт, туку дека се самоубил во миговите на депресија. Постојат и симболични убиства, како оние опишани во литературните дела кога се убиваат книжевните јунаци: Офелија во делото „Хамлет“ од Шекспир, потоа Ромео и Јулија, Ана Каренина на Толстој, Ема Бовари на Флобер, Вертер на Гете и др. Сите овие ликови Кревел ги дефинира со три зборови: Ноќ на црниот ирис.

Етимолошкото потекло на зборот самоубиство (суицид), доаѓа од латинскиот јазик т.е. е спој од зборовите sui - себе и occidere - убива. Самоубиството, како начин на којшто грешиме во однос на нашата должност за одржување на животот и здравјето, е осуден т.е. забранет уште преку шестата заповед од Божјиот декалог,

Page 51: Православна Светлина (14)

49

која вели: Не убивај. Иако овие зборови не посочуваат директно на самоубиството, сепак, имаат широк дијапазон на значење во кој влегува токму и самоубиството како форма на убиство. Тоа уште повеќе се докажува и со тоа дека на оваа заповед не се додадени зборовите „ближниот свој“ како што е случај со деветата заповед: Не сведочи лажно против својот ближен. Ставот на доцното јудејство кон самоубиството како грев, јасно го изнесува Јосиф Флавиј во своето дело „Јудејска војна“: Бидејќи од Него сме го примиле нашето постоење, на Него треба и да му допуштиме да ни го земе… Некој ќе рече дека е јунаштво да се убиеш самиот себе. Но тоа не е така, зашто тоа е најголем кукавичлук. Зашто сметам дека е најлош оној морнар кој од страв од бурата ќе го потопи својот брод, не чекајќи тоа да го направат ветровите. Самоубиството е против заедничката природа на сите битија. А злочин е и против Бог кој нè создал… Душата на оние кои подигнаа рака против себе ја зема најмрачниот Ад….

Уште во V век, Блажени Августин вели дека кој самиот себе ќе се убие, убива еден човек. Во своите дела, осудувајќи го самоубиството како гнасен престап и злочин достоен за осуда, тој вели: Ние говориме едно, едно потврдуваме, едно докажуваме на секаков начин: дека самоволно никој не треба на себе да си предизвикува смрт, дури ни поради избегнување на временска жалост, зашто на тој начин само ќе се врзе со вечната жалост; ни поради туѓите гревови, зашто сè уште неосквернет од туѓите гревови, може да го изврши сопствениот најтежок грев; ни поради претходните гревови, зашто сегашниот живот е неопходен за тие да се излечат преку покајанието, ни поради желбата за подобар живот по смртта, зашто со таквата своја вина за сопствената смрт нема подобар живот по смртта. Црквата од Исток во VI век ги осудила самоубијците како луѓе маловерни или безверни, малодушни и слаби и достапни (поради своите гревови) на демонско влијание, и преку четиринаесеттиот канон на александрискиот патријарх Тимотеј ги лишила од опело и црковен погреб. На оние, пак, што се обиделе да се самоубијат, им задава епитимија од дванаесет години непричестување. Во единаесеттиот канон на Тимотеј Александриски се издвојуваат случаите на луѓе што се психички болни, состојба наречена „надвор од себе“, односно што не биле свесни за тежината на гревот што го направиле, и за нив, по претходна согласност од архиерејот, се дозволува погреб или опело, ако претходно не било извршено, во тишина и во присуство на најблиските роднини. Исто така, се изземаат и случаите на ненамерно самоубиство, ако претходно се заклучи дека умрениот не се занимавал, свесен за ризикот, со некоја опасна работа, како што се некои занимања и спортови опасни по животот. Во тој начин на т.н. посредно самоубиство спаѓаат и пушачите и оние што од предрасуди или мрзливост дозволиле нехигиената да се претвори во болест, а пак, болеста во хронични нарушувања на виталните функции на организмот, што резултирало со смрт. Исто така, тука спаѓаат и случаите на алкохолизам и труење со наркотични и халуциногени средства. Во однос на ваквите мерки што ги презема Црквата, изгледа многу либерален ставот на Јустинијановиот „Законик“, во кој се вели дека самоубиствата извршени во текот на неизлечлива болест, лудило, страв од обесчестување и замор од животот не подлежат на законски мерки.

Мислата за самоубиството, според д-р Владета Јеротиќ, е специфична

Page 52: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

50

човекова особина која сраснала за нашата природа заедно со слободата со која сме создадени и со која можеме да одлучуваме за својот живот и за својата смрт.

Самоубиството најчесто се јавува во следниве ситуации: 1) воспитување во еден авторитативен, рационален и милитантен дух, што создава страв кај детето или младиот, и развој во потиштеност, безволност и депресија кои на крајот можат да завршат кобно; 2) кај луѓе со пониска интелигенција од нормалната; 3) во состојба на афективно возбудување, односно како реакција на т.н. краток спој; 4) во состојба на душевни болести; 5) во случај на наговарање т.е. влијание со зборови; 6) во состојба на тешки хронични и неизлечливи телесни болести; 7) за време на војна, да не се падне во рацете на непријателот; 8) за време на сиромаштија и презадолженост; 9) во нервозна состојба; 10) при губење на имот; 11) мачење и затвор; 12) кај човекот и општествата во кои расте степенот на цивилизација, од што се раѓаат тежнеењата кон материјалното; 13) феноменот на недоволна агресивност кон надворешниот свет, која се манифестира како депресија и меланхолија, или состојба во која, поради неможноста за наметнување на непријателско чувство кон некого или околината, тоа преминува во непријателство против самиот себе. Доколку ваквото непријателство трае долго без можност за повремено празнење преку гнев и лутина, тоа преминува во депресија, која се препознава преку типични и видливи знаци на: нерасположение, молчаливост, рамнодушност, губење на апетит, слаб сон, тага, безволност и апатичност - последици кои водат кон губење на смислата за живот (емпириските и долгогодишни проучувања на ваквиот тип на самоубијци дошле до застрашувачки заклучок дека самоубиецот е скриен убиец); 14) со зајакнувањето на свеста и самосвеста кај човекот расте и неговата слобода, со што се отвораат многу можности и амбиции, а слабее неговиот биолошки нагон за самоодржување, неговата врска со семејството и семејниот морал, со државата и со верата, културата и традицијата на своите предци, по што тој станува слободен човек кој сака да експериментира, при што се јавува можноста да не успее во таквите експерименти. Последната и најважна причина е губењето на верата со кое заедно се појавуваат неморалноста и одрекувањето од секаков судија, надворешен или внатрешен. Таквиот човек може да излезе задоволен од секакво светско задоволство, по што, немајќи за што веќе да живее, се случува да посегне по својот живот или пак, не наоѓајќи смисла во таквиот начин на живеење да го стори истото, итн. Еве како говори Берѓаев во своето дело „За самоубиството“ за овој начин на одземање на животот: Самоубиецот е човек што ја изгубил својата вера. За него Бог престанал да биде реална, добра сила што управува со животот. Тој го мрази својот несреќен живот… потребно е поголемо обраќање кон привременото и земното, заборавање на вечното и небото за да се создаде психологијата на самоубиството. Самоубиецот е егоцентрик, тој мисли само на себе, а не мисли на ближните. Карл Менингер, кој ги востановил поимите хронично и парцијално самоубиство, во ваквиот чин го увидел следното тројство: желба да се убие, желба да се биде убиен и желба за смрт. Дикрем, кој својата теорија, т.е истражувањата за самоубиството ги започнува со дефиницијата: Самоубиство се нарекува секоја смрт која е резултат директно или индиректно на еден позитивен или негативен акт преземен од самата жртва, издвојува четири вида на самоубиство, кои се јавуваат како последица на степенот на интеграција

Page 53: Православна Светлина (14)

51

на единката во општеството и влијанието на дезорганизацијата на истото врз индивидуалниот живот.

Првото е т.н. егоистично самоубиство, кое е предизвикано од преголема индивидуализација, со што се доаѓа до заклучокот дека стапката на самоубиства во овој случај е поголема кај немажените и неженетите отколку обратно.

Второто е т.н. алутристичко самоубиство, кое е предизвикано од недоволна индивидуализација. Тоа се јавува најчесто кај болните, зависниците и старите лица, категории на луѓе што го „изгубиле“ својот интегритет во општеството, покажувајќи се како „непотребни“.

Третиот тип на самоубиство е аномичното, карактеристичен за напредните општества. Причина за неговата појава е непостоењето или губењето на нормите според кои индивидуата се раководи во своето однесување. Таквата состојба најчесто се јавува за време на економска криза, и тоа во големите градови каде што човекот се чувствува дезориентиран. Покрај оваа, постои и семејна аномија која се јавува по смртта на брачниот другар или некој близок, па лицата што нема да се адаптираат на новонастанатата состојба (најчесто емотивно), т.н. испразнетост, полесно посегнуваат по својот живот.

Четврто е фаталистичкото самоубиство кое се јавува како последица на претераното нормативно ограничување во однесувањето на поединци. Порано било застапено меѓу робовите, а денес е честа појава во логорите и затворите и во претерано патријархалните семејства.

Апсурдноста на Дикремовата теорија се состои во тоа што тој самоубиството и другите девијантни појави, на пр. криминалитетот, ги оправдува како нормални општествени појави, неопходни за секое општество, кои, според него, преминуваат во патолошки појави само кога имаат претеран пораст.

Адлер самоубиството го става меѓу облиците на невротично однесување. Тој наведува дека како причина за самоубиство може да биде и стерилитетот, па дури и влијанието на природните фактори: климата, температурата, должината на денот, потоа припадноста на расата, полната месечина и др.

Големиот руски писател Ф. М. Достоевски, како причина за самоубиството ја наведува загубата на идејата за бесмртноста. Самоубиството е нешто потполно неизбежно по загубата на идејата за бесмртноста, па дури и потребно за секој што макар за малку се издигнал над животните. Бесмртноста, што како идеја ни го нуди вечниот живот, многу посилно го врзува човекот за земјата. Во ова, на прв поглед, има противречност: ако веќе постојат толку други животи, т.е. ако освен земниот, постои и бесмртен живот, зошто тогаш до таа мера да го цениме земниот живот? Но излегува спротивното: само со помош на верата во својата бесмртност, човекот може да ја разбере својата разумна цел на земјата. Без вера во својата бесмртност, исчезнува човековата врска со земјата, вели тој.

Во откривањето на причините за обидот (обидите), но и за веќе извршеното самоубиство, покрај разговорите со т.н. луѓе со претсуицидален синдром, кој се дијагностицира кај оние што повеќе пати посегнале по својот живот, но не успеале, постои и методот психичка аутопсија, односно грижливо испитување на животот на починатиот, врз основа на што се реконструира неговиот живот.

Обвинувањата против христијанските маченици и маченички, па дури и против

Page 54: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

52

Христа како самоубиец, се голем галиматијас и нема потреба од објаснување затоа што доаѓаат од атеисти, антитеисти и нецрковни луѓе.

Самоубиството денес не се смета само како грев против Бога-животодавецот и како деструктивно дело против нашето тело, зашто оној што не собира со Христа, тој растура, туку и против нашите родители и најблиски, кои имаат удел во нашето создавање, а и против општеството, бидејќи на тој начин се дава лош пример. Во светските статистики, како земји со најголем степен на самоубиство се посочуваат Данска, Австрија, Унгарија и САД. Македонија на Конгресот на суицидолозите на поранешна Југославија, одржан во Охрид во 1983 година, била посочена како земја со најмал степен на самоубиство, а покрај останатото, како причина за тоа се посочувало значењето на религијата. Денес е повеќе од очигледно дека во нашата држава, која се обидува во чекор да ги следи хуманистичките модерни текови на светската глобализациска сцена, губејќи ги притоа животните вредности на православието и традицијата наследени од Црквата и нашите предци во минатото, самоубиството, токму како причина на тие форми за нездраво и дезориентирано живеење, е во голем пораст.

Единствен излез од ваквата состојба е враќањето на човекот кон вистинските вредности, а нив може да ги понуди само Православната црква. Верата во бесмртноста на душата и обожението на човекот по благодат, што се скапоцена придобивка од спасителната жртва на Господ Исус Христос, треба да се најголемиот мотив за здрав духовен живот на земјата. Зашто по заслуга се наследува Царството Божјо, а не по случаен избор или, пак, сопствена желба. Природниот (вистински) живот на човекот е остварлив само преку светите тајни на Црквата. Во Црквата ги наоѓаме решенијата на сите проблеми, попрецизно кажано на вистинските проблеми, а не на оние што ние ги дефинираме како такви, а кои, всушност, се само желби на некоја наша страст. Разговорот со опитен свештеник, односно со духовниот отец, не ни нуди само утеха во тешката состојба, но ни нуди и излез, но само доколку сме подготвени на целосно послушание и на следење на насоките што ни се даваат.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1) СВЕТО ПИСМО НА СТАРИОТ И НОВИОТ ЗАВЕТ, второ издание, 1991;2) ХРИСЧАНСТВО И ПСИХОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ ЧОВЕКА, др. Владета Јеротиќ, Белград, 1995 г;3) ДА НАМ БУДУ ЈАСНИЈА НЕКА ПИТАЊА НАШЕ ВЕРЕ II, Патријарх Павле, Белград, 1998 г;4) О НЕРВОЗНОМ КАРАКТЕРУ, А. Адлер;5) ДИКРЕМОВАТА ТЕОРИЈА ЗА САМОУБИСТВОТО, Нелко Стојановски, Филозофски факултет,

Институт за социологија, Скопје, 1995 г;6) МИСИОНАРСКА ПИСМА, Владика Николај Велимировиќ, Белград, 2000 г;7) ДЕКАЛОГ, ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ, протоѓакон м-р Ратомир Гроздановски, Скопје,

1996 г;8) ЕТИКА, скрипта II дел, (предавања на) отец Методиј Златанов, Скопје, 2001/ 2002 г;9) HACHETTE, dictionnaire encyclopedique en couleurs, од група автори, Hachette Livre, 1998 г;10) LE PETIT ROBERT des noms propres, од груга автори, 1997 г.

Page 55: Православна Светлина (14)

53

СветецКога ѕвездите сјаеја силно,Кога овците блееја милно, Тогаш се роди еден нов свет,Едно дете, еден цвет.

Кога дожд од небо паѓаше,Кога војна од некаде доаѓаше,Тогаш огреа едно сонце,Еден светец, едно момче.

Кога црна магија се појави,Кога злото се прошири,Тогаш на крст распнат беше,Еден човек голем, чесен.

Кога сонцето полека зајде,Кога срцето веднаш запре,Тогаш победи еден верник,Еден живот, еден исцелник.

Кога сонцето блесна силно,Кога смреките шумолеа мирно,Тогаш воскресна еден човек,Еден свет, една жед.

Кога правдата пред очи излезе,Кога грешникот в зандана отиде,Тогаш победи еден верник,Еден живот, еден исцелник.

Кога во народот среќа посади,Кога туѓата болест ја победи,Тогаш се истакна едно дете,Едно момче, еден човек, еден светец.

Емилија Манасијева, Гевгелија

Ж елбаКај си сега, Господи?често јас се прашамдали некој можедо кај вас да стаса?

Дали си на земјаили во небесна шир?Дали ме слушна и видеда ми дадеш спокојство и мир?

Одам во Црква честона тоа свето местопричест јас примамза да ми е полесно.

И благослов саками нафора земам,а отецот нашбез зборови го оставам.

Благослов од небото, светлина на патот, радост во душата, насмевка во очите,сила во чекорите и љубов во срцетонека ви донесе секое ново утро.

Ева-Марија Николова

ВелигденИма еден денБожествен, свечен денцрковен голем денВелигден, Велигден.

Велигденски јајцако лампиони светат,приказни на внучињатабабите им плетат.

За Исус Господза верските чудаво Црква ги водатрано ги будат.

Ева-Марија Николова

Детско поетско катче

Page 56: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

54

9.VII.1975 година

По подолго време повторно седнав да напишам нешто во оваа книга. Повод ми даде писмото кое случајно го најдов, средувајќи ги фиоките. Писмото беше напишано многу значајно за мене и за тебе во деновите кога се решаваше нашата судбина. Затоа ќе го ставам на овие страни за да ме потсетува какви сè постапки сум правела само за да бидеш моја. А сега кога ќе погледнам колку си среќна; ти спиеш, а јас сум покрај тебе; го чекаме тато да си дојде од работа, да те прегрне и ти со својот мил глас да му раскажуваш: „Тато, јас сум умна, ја слушав мама“, па потоа ќе му ја испееш песната што ја научи од мене преку денот: „Тато, купи ми автомобил“ или „Јас те сакам, тоа е вистина, мил во моето срце, а твоето срце спие“.

Колку тешки мигови поминав кога имаше висока температура и некоја треска, имаше заушки, додека ние бевме во Лесковац на свадба кај М. Колку ли само се укорував себеси што те оставив на друг (на мојата свекрва, твојата баба Р.). Ми се чинеше дека за мене не ќе има живот, ако ти се случеше нешто лошо. Но сега сè е добро, те набљудувам, и ти се радувам, зашто полека се опоравуваш, весела си и јадеш. За мене тоа е најголема среќа. На 26.VII.1975 година ти наполни три години. Имаше многу гости и доби убави фустанчиња и играчки. Толку им се радуваше на тортите, кои ти ги направи твојата мајка. На едната од нив беше напишано: „три години“. Убаво си научила да ги изгаснеш трите свеќи во розова боја. Те сликаа и ти беше среќна и весела опкружена со љубов од сите нас.

Кога заспа, по роденденската забава, тато дојде кај тебе, те виде како спиеш, но не сакаше да те буди. Отиде во сервис да го провери автомобилот, зашто се подготвувавме да заминеме на одмор во Грција, со сите оние кои ти се драги и со кои ќе играш во песокот покрај морето.

Само да те чува Мајката Божја и да ти дава здравје. Јас те

Дневникот на една мајка

Page 57: Православна Светлина (14)

55

препуштив во нејзини раце, Нејзе ѝ се молев да ми ја услиши желбата да те имам, и Нејзе ѝ се молам да те усреќи и да те води по добар пат. Мило мајкино, запамти: на 28.VIII. е празник на Мајка Богородица и оди во манастирот Лешок кај Тетово и запали свеќа, целивај ја иконата на Мајка Богородица со Исуса Христа, како бебе, зашто Нејзе ѝ должиме за оваа наша среќа што сме заедно. Тоа прави го секоја година – тоа ти е мој аманет. И кога ќе бидеш мајка, помоли ѝ се за здравје на своите деца.

21.VI.1980 година

Се чудиш зошто толку голем интервал не сум пишувала. Злато мое, кога е среќата во срцето, тогаш нема што да се пишува. Животот тече со својот тек, годините минат една по друга. Сите сме среќни заедно. Денес ти со својот татко отиде во село кај дедо и баба. Колку само се радуваше на средбата со нив, со Г.Б.Д. Рече дека ќе ја викнеш баба на гости за да те чува. Јас останав дома, за како и секоја година, да се подготвам за најзначајниот ден од годината – за твојот роденден. Сега полниш 8 години од својот живот, и тоа првпат како ученичка. Утре ќе ги добиеш оценките. Мама те подготви за тој свечен момент во твојот и во нашиот живот. Се веселиме што си среќна. Секој ден кога се враќам од работа, ме бакнуваш и веднаш прашуваш: „Што ми купи?“ Некогаш, кога ти купувам, веднаш распакуваш и се радуваш. Но не се лутиш ако некој ден не ти донесам ништо. Ти си веќе голема и сфаќаш дека не може секој ден да се купува по нешто. Ти си вредна и паметна татина и мамина ќерка, многу самостојна, што посебно ме радува. Самата ја суредуваш својата соба и креветот. Самата си направи ред и знаеш каде се твоите предмети.

Колку ми беше тешко кога пред некој ден ми рече дека „некои“ деца ти викале дека не сум те родила јас. Ти беше многу навредена. Јас само изгледав мирна, а во мојата душа владееше пекол. Не сакав, и тешко ми беше во душата, сега на овие години, да ти ја разоткријам вистината, за да не страдаш ти. Го оставам тоа за годините кога ќе можеш да сфатиш, што е тоа, што ја прави жената „мајка“, дали по нешто се разликува родителската љубов, која за сиве овие години си ја чувствувала, од онаа љубов, на биолошките родители? Знам дека во еден миг ќе ти биде тешко, но доволно си разумна за да го сфатиш сето тоа. Најголема гаранција ми е твојата љубов која ја чувствуваш за нас, за мене и за твојот татко. Луѓето се злобни, ни завидуваат на среќата, иако се преправаат дека ни се пријатели (секоја чест за исклучоците).

Page 58: Православна Светлина (14)

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

Naslovi od izdava{tvoto na Misionersko - humanitarnata dejnost \akonija i

izdava~kata dejnost pri Povardarskata eparhija Sv. \or|i Polo{ki

Page 59: Православна Светлина (14)

Naslovi od izdava{tvoto na Misionersko - humanitarnata dejnost \akonija i

izdava~kata dejnost pri Povardarskata eparhija Sv. \or|i Polo{ki